925 926 kapital magazin

Page 1

ИСТОРИСКИ САМИТ НА ЕУ И ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ТРСТ ПОД ПАТРОН НА ГЕРМАНИЈА, ЕКОНОМСКАТА УНИЈА СТАНУВА РЕАЛНОСТ!

АНАЛИЗА

КРИСТИЈАН ДАНИЛОВСКИ FX3X ексклузивно за „Капитал“ СО КАНЦЕЛАРИЈА ВО ХОЛИВУД, КОН НОВА ЕТАПА ОД НАШИОТ РАЗВОЈ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

EXCLUSIVE

ИВ МЕРШ

член на Извршниот одбор на Европската централна банка

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ГО СМЕНИ НАЧИНОТ НА ПЛАЌАЊАТА. СЛЕДУВААТ УШТЕ ПОГОЛЕМИ ВОЗБУДУВАЊА НА ФИНАНСИСКИОТ ПАЗАР! ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО МЕСНАТА ИНДУСТРИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА “КАПИТАЛ“

ПРЕРАБОТУВАЧИТЕ АЛАРМИРАА ЗА КОЛАПС НА БИЗНИСОТ, АНЃУШЕВ И НИКОЛОВСКИ ВЕТИЈА СИСТЕМСКА ПОДДРШКА БРОЈ 925/926 | ЦЕНА 100 ДЕН. 21/28 ЈУЛИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

ИСТОЧНА ЕВРОПА: MАГНЕТ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ГЕЈМИНГ ИНДУСТРИЈА



3

Капитал број 925/926 21.07.2017

СОДРЖИНА

16 04 06

ВО ФОКУС

Западот и Русија во битка за контрола над коридорите на гас на Балканот

НАВИГАТОР

Ребалансот ги скрати непродуктивните трошоци, но и дел од капиталните инвестиции

08

COVER STORY

16

КОНФЕРЕНЦИЈА НБРМ

Самит Западен Балкан-ЕУ во Трст Балканската економска унија станува реалност Банкарите и регулаторите ја нацртаа мапата на дигиталната иднина Во платежните услуги повеќе ништо нема да биде исто!

УТЕШНА НАГРАДА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Регионалната економска област на Балканот станува реалност откако веќе неколку години проширувањето на Европската Унија со нови членки е ставено на пауза. Со тоа ЕУ создаде перцепција дека се уште „и е гајле“ за аутсајдерите од Западен Балкан, особено по изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан кој што најави дека ЕУ планира да инвестира една милијарда евра во овој регион до 2020 година. Фокусот на Регионалната економска област што ќе ја сочинуваат шесте земји од Западен Балкан, Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово е да се создаде царинска унија во која што ќе се олесни тргувањето меѓу земјите, а компаниите ќе продаваат на интегриран пазар од речиси 20 милиони луѓе.  Стр. 8

30 20

34

ЕКСКЛУЗИВНО: ИВ МЕРШ

член на Извршниот одбор на Европската централна банка

Од следната година почнуваме со инстант плаќањата во ЕУ

24 30

44

ИНДУСТРИЈА

Тркалезна маса за состојбите во месната индустрија во организација на “Капитал“ Преработувачите алармираа за колапс на бизнисот, Анѓушев и Николовски ветија системска поддршка

ИНТЕРВЈУ

БРАНИСЛАВ ВУЈОВИЌ

основач и претседател на New Frontier Group

Нема индустрија имуна на ефектот на дигиталната револуција

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ

КРИСТИЈАН ДАНИЛОВСКИ FX3X, ексклузивно за „Капитал“

Со канцеларија во Холивуд, кон нова етапа од нашиот развој

40

ИНТЕРВЈУ

Д-Р ДАРКО ЛАЗАРОВ

професор на Универзитет Гоце Делчев

Д-Р МИТКО КОЧОВСКИ Макстил

Структурните промени и извозната диверзификација како главни мотори на растот на долг рок

44

СВЕТ БИЗНИС

Во поширокиот регион работат над 200 студија за видео игри со 10 илјади вработени Источна Европа магнет за инвестиции во гејминг индустријата

FX3X GOES TO HOLLYWOOD

КОНКУРЕНЦИЈА ЗА БАНКИТЕ

Банките нема да бидат повеќе единствени провајдери на платежни услуги, туку тоа ќе може да го прават и трети страни, односно компании од т. н. fintech сектор, технолошки компании, односно социјални мрежи како Facebook, Google, итн., и сите останати играчи на пазарот заинтересирани за дел од колачот во бизнисот со платежни услуги. Ова се промените што ги носат новите европски регулативи во доменот на плаќањата, а коишто Македонија треба да ги инкорпорира во сопственото законодавство. За ова, меѓу останатите теми, се дискутираше најмногу на 10-та јубилејна Конференција за платни системи и инфраструктура што НБРМ традиционално ја организираше во Охрид од 5 до 7 јули.

 Стр. 16

Конкретниот повод „Капитал“ одново да ја посети FX3X беше премиерата на новиот блокбастер во кој таа учествува со својата специјалност. Се работи за новиот филм за марвеловиот супер-јунак, човекот-пајак, „Спајдермен: Враќање дома“ (Spider-Man: Homecoming), кој само во првиот викенд од прикажувањето во САД заработи 117 милиони долари. „Канцеларијата во Холивуд е битен чекор во нашиот развој“, сепак ни потенцираше косопственикот и основач на FX3X, Кристијан Даниловски. Објектот е сместен во старото, оригинално студио на легендарниот Чарли Чаплин, кое на посетителите на квартот од Лос Анџелес што е филмски епицентар на светот, туристичките водичи им го посочуваат како локација што мора да се види.

 Стр. 34

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, Кочани  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 19.07.2017


Капитал број 908 24.03.2017

www.kapital.mk

4

ЗАПАДОТ И РУСИЈА ВО БИТКА ЗА КОНТРОЛА НАД КОРИДОРИТЕ НА ГАС НА БАЛКАНОТ Москва претрпи редица неуспеси на Балканот. Црна Гора се присоедини кон НАТО, додека новата социјалдемократска власт во Македонија изгледа дека јасно се оддалечува од претходната проруска позиција на минатата влада. Но, додека Западот може да им предложи на Балканските земји стимулации како перспектива за членство во Европската унија или големи инвестиции во локалната инфраструктура, Русија може да игра на енергетската карта.

ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА: РЕГИОНОТ СТАНУВА СЕ П


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

ВО ФОКУС

З

Западот и Русија се борат за контрола над коридорите за гас на Балканскиот полуостров, кои се дел од нивните геополитички цели во овој нестабилен регион, пишува Франс прес. Москва претрпи редица неуспеси на Балканот. Црна Гора се присоедини кон НАТО, додека новата социјалдемократска власт во Македонија изгледа дека јасно се оддалечува од претходната проруска позиција на минатата влада. Но, додека Западот може да им предложи на Балканските земји стимулации како перспектива за членство во Европската унија или големи инвестиции во локалната инфраструктура, Русија може да игра на енергетската карта. Природниот гас учествува со околу една четвртина од потребите за енергија во државите од Балканскиот регион, а во текот на 2016 година рускиот енергетски гигант доставил една третина од вкупно потрошениот гас. Зависноста на државите на Балканот, но и од Европската унија, од доставите на гас во иднина само ќе се зголемува, бидејќи електроцентралите кои работат на јаглен ќе мораат да се затвораат под притисок на официјален Брисел. Хрватска веќе е член на Европската унија, но останатите држави од Западниот Балкан, како Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Косово и Србија, се на различни етапи по патот кон присоединувањето кон

Европската унија. “Во Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Македонија, Русија се обидува во последно време зависноста од доставата на гас да ја претвори во политичка зависност и да ја попречи интеграција на државите кон Западот”, изјави Тимоти Лес, раководител на консултантската фирма за политички ризици “Нова Европа”. Руското влијание во енергетскиот сектор за момент е ограничено од недостатокот на инфраструктура во државите од Балканскиот регион. Без гасоводи, Москва не може да врши ниту достава во повеќето земји во регионот. Токму тука Западот се надева да ја надмине Русија со поддршката за проекти кои се конкурентни на руските проекти. Конкурентските интереси на Западот и Русија околу бизнисот со гас на Балканот служат само за зголемување на геостратегиското значење во регионот. “Југоисточна Европа се наоѓа на крстопат на енергетските коридори кои ги поврзуваат Истокот и Западот. Регионот не е интересен за никого како економски ресурс, но станува се поважен како транзитна територија за други стратешки пазари во Европа и за складирање на природен гас”, смета поранешниот министер за внатрешни работи на Албанија, Паскал Мило. Многу аналитичари сметаат дека Западот е уверен дека треба да реагира на користењето на енергијата од страна на Москва како средство за политичка контрола во регионот. “После неколку години, во кои Русија добиваше во енергетската игра, Западот изгледа придобива предност”, вели Лес, споменувајќи редица проекти за пренос

5

на гас, кои во крајна линија ќе ја намалат енергетската зависност на регионот од Русија. Трансјадранскиот гасовод поддржан од ЕУ се очекува да проработи до 2020 година и преку него ќе може гасот од Азербејџан да се транспортира преку Турција до Грција и Албанија, а преку Јадранското море до Италија. Во однос на капацитетот на овој гасовод кој изнесува 10 милијарди кубни метри годишно, тој може и да не изгледа толку важен од економска гледна точка. “Ова е повеќе геополитички проект, кој може да ја подобри, макар и минимално, енергетската сигурност во ЕУ”; вели Никола Мазучи, истражувач во францускиот IRIS. Западот бара начин да стигне до Кавказ, а еден ден може ако ја заобиколи Русија да се доближи и до Каспиското море и Блискиот Исток. ЕУ и САД се подготвени да го прошират Трансјадранскиот гасовод за да создадат гасен прстен, кој преминува преку Албанија, Црна Гора и Херцеговина до Хрватска. Заедно со планираниот хаб за течен природен гас LNG во северниот хрватски остров Крк, финансиран од ЕУ, тој ќе создаде силна конкуренција меѓу Западот и Русија. Во текот на мај годинава седум земји од регионот- Албанија, Босна, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија и Црна Гора-потпишаа договор за заедничко разработување на гасовод за природен гас, кој може да ја намали зависноста од Русија. Овој проект е поддржан и од американската агенција USAID, што е уште еден показател за неговата геостратешка важност. nnn

ПОВАЖЕН КАКО ТРАНЗИТ ЗА РУСКИОТ ГАС


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА

17,5%

помалку одобрувањата за градба се издадени во мај во однос на истиот период лани

НАПОЛИТАНКИТЕ НА VINCINNI П ВО НАЈГОЛЕМИОТ СВЕТСКИ ТРГО Политичката стабилност на регионот на Западен Балкан значи стабилност и за нас исто така. Ова го знаеме од искуството во минатото.

АНГЕЛА МЕРКЕЛ

канцелар на Германија

О

д неодамна производите на македонската кондиторска фабрика Макпрогрес, од брендот Винчини, може да се најдат во дел од маркетите на Walmart- светскиот трговски ланец кој направи револуција во трговијата. “Благодарение на нашите партнери во Америка, засега во некои од маркетите може да се најдат Наполитан коцки од Винчини, а во блиска иднина е предвидено

РЕБАЛАНСОТ ГИ СКРАТИ НЕПРО ТРОШОЦИ, НО И ДЕЛ ОД КАПИТ

Н

Новата Влада објави дека годинава ќе се потрошат вкупно 3,3 милијарди евра, што е за 47 милиони евра помалку отколку во првичниот Буџет. Со ребалансот што властите го усвоија на седница во петокот, се предвидува приходите во државната каса да изнесуваат точно 3 милијарди евра, а буџетскиот дефицит останува на истото ниво од околу 302 милиони евра, што е 3% од бруто домашниот производ. По одредени ставки, се забележува кратење на парите за стоки и услуги, за 32,5 милиони евра и за капиталните инвестиции, каде што има намалување од 57,6 милиони евра. Објаснувањето

ТЕВДОСКИ: Ребалансот на буџетот е направен на проекција на економски раст од 2,2%. на властите е дека капиталните инвестиции биле проектирани на нереално високо ниво. Во исто време, пак, се зголемуваат буџетите за социјални трансфери и субвенции. Властите објаснија дека главниот рез е направен кај непродуктивните трошења за патувања, репрезентации, економски промоции, рекламирања, набавка на мебел, возила а според владата со буџетот ќе се обезбеди стабилно финансирање на 2017 година. По одредени сектори, владата предводена од Заев реши повеќе пари да одвои за здравство, социјала, економија и МНР, додека пак скрати во централниот буџет на министерствата за одбраната, образование, финансии,

полицијата, правда, транспорт и земјоделие. Со ребалансот, се опфатени неколку мерки што ги најавија властите во првите недели, а тоа е укинувањето на радиодифузната такса со што се предвидува сума од околу 3,25 милиони евра за субвенционирање на јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија. Исто така, превидени се и пари за поддршка на фирмите за зголемување на минималната плата на 12 илјади денари од септември годинава, пари за решавање на проблемот со стечајците. Премиерот Заев најави дека 9 милиони евра ќе им бидат на располагање на младите како поддршка за нови вработувања преку проектот


www.kapital.mk

ПОЧНАА ДА СЕ ПРОДАВААТ ОВСКИ ЛАНЕЦ WALMART проширување на асортиманот”, велат од компанијата Макпрогрес. Walmart е една вистински успешна американска приказна. Ем Волтон, основачот на компанијата во далечната 1962-ра година изгради стратегија врз непоколеблива основа: Најниска цена, секогаш и секаде. Walmart работи со повеќе од 11.720 продавници во 28 земји во светот

Капитал број 925/926 21.07.2017

мисла на неделата Ако правите нешто интересно во светот, ќе бидете критикувани. Ако не можете да толерирате критики, тогаш немојте да правите ништо ново или интересно.

Џеф Безос

основач на Амазон

7 > БРОЈКА

11,7%

е зголемен бројот на туристи во мај во однос на истиот месец лани

лидери

ОДУКТИВНИТЕ ТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ Новата Влада објави дека годинава ќе се потрошат вкупно 3,3 милијарди евра, што е за 47 милиони евра помалку отколку во првичниот Буџет. Со ребалансот што властите го усвоија на седница во петокот, се предвидува приходите во државната каса да изнесуваат точно 3 милијарди евра, а буџетскиот дефицит останува на истото ниво од околу 302 милиони евра, што е 3% од бруто домашниот производ.

ФЕДЕРИКА МОГЕРИНИ

„Перспективата на интегрирањето на Македонија во ЕУ е клучен дел на нашиот ангажман во Западниот Балкан“

РИД ХЕЈСТИНГС

„Гаранција за млади“, околу 2,2 милиони евра како поддршка за мали и средни претпријатија и поттикнување на домашни гринфилд инвестиции. „Тоа значи, штом ќе се донесе ребалансот на буџетот, условите што важеа за странските компании, од истиот момент ќе важат и за домашните компании“, истакна Заев. Според него, властите досега утврдиле скриен долг кон стопанството од околу 400 милиони евра, и рече дека се очекува оваа бројка и понатаму да се зголемува. „Рековме дека парите ќе одат кај граѓаните, дека ќе растат платите, дека ќе ги поддржиме домашните претпријатија за нови работни места. Еве не со вистинска реформа со која создаваме услови за нови финансиски и економски политики, нови политики кои живот значат, живот за сите во Македонија“, изјави Заев. Министерот за финансии Драган Тевдовски во образложението до Комисијата за финансирање и буџет соопшти дека основната идеја е да се намалат непродуктивните трошоци и реализација на проекциите на новата Влада. Според Тевдоски, ќе се крати во делот на трошоците за службени патувања и репрезентации, но посочи дека новата влада при ребалансот морала да води сметка за преземените и неплатени

обврски на претходната власт, како и за склучени договори кои доколку се раскинат државата би плаќала казни и пенали. Ревидирањето на Буџетот, како што рече Тевдовски е за 1,5 %, односно за 2,7 милијарди денари, а најсериозни кратења има кај стоките и услугите од 2 милијарди денари, наменети за службени патувања, репрезентации, кампањи, рекламирање… Договорните услуги се намалени за 932 милиони денари, освен делот за здравственото осигурување. Со ребалансот на Буџетот се додаваат 1,2 милиони денари на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за непречена исплата на пензиите, потоа се остварување на социјалните права на населението, како и 600 милиони денари за Фондот за здравствено осигурување за подобрување на здравствените услуги. Дефицитот како што рече Тевдовски е проектиран на 18,57 милиони денари или 2,9 % од БДП. За негово финансирање предвидени се задолжувања на домашниот пазар и кредити наменети за финансирање на одредени проекти. Прдвидено е и странско задолжување, но тоа, како што рече министерот за финансии, зависи од каматите на странските пазари на капитал и од домашниот пазар. 

Netflix ги надмина сите очекувања на инвеститорите и аналитичарите – за 3 месеци има 5,2 милиони нови претплатници

не им беше неделата

ДОНАЛД ТРАМП

најлош рејтинг во првите 6 месеци од мандатот од сите американски претседатели во изминативе 70 години

НИКОЛАС МАДУРО

народот на Венецуела гине, а тој не си оди од власт и покрај референдумот што му го оспори легитимитетот


Капитал број 925/926 21.07.2017

www.kapital.mk

COVER STORY: САМИТ ЗАПАДЕН БАЛК 8 COVER STORY

БАЛКАНСКАТА УНИЈА СТАНУВ Регионалната економска област на Балканот станува реалност откако веќе неколку години проширувањето на Европската Унија со нови членки е ставено на пауза. Со тоа ЕУ создаде перцепција дека се уште „и е гајле“ за аутсајдерите од Западен Балкан, особено по изјавата на еврокомесарот

Јоханес Хан кој што најави дека ЕУ планира да инвестира една милијарда евра во овој регион до 2020 година. Фокусот на Регионалната економска област што ќе ја сочинуваат шесте земји од Западен Балка, Македонија, Србија, Црнба Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово е


www.kapital.mk

КАН-ЕУ ВО ТРСТ

Капитал број 925/926 21.07.2017

9

А ЕКОНОМСКА ВА РЕАЛНОСТ да се создаде царинска унија во која што ќе се олесни тргувањето меѓу земјите, а компаниите ќе продаваат на интегриран пазар од речиси 20 милиони луѓе, регионот да се промовира како интегрирано место за инвестирање преку хармонизирање на условите за инвеститорите,

поголема мобилност во регионот и дигитализација. За скептиците што коментираа дека ЕУ се реши од Западен Балкан, Европската Комисија експлицитно нагласи дека регионалното поврзување не е алтернатива за влезот во Унијата, туку само чекор напред во тој процес.


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

10

COVER STORY

пишува:

Р

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Регионалната економска област на Балканот станува реалност откако веќе неколку години проширувањето на Европската Унија со нови членки е ставено на пауза. Со тоа ЕУ создаде перцепција дека се уште „и е гајле“ за аутсајдерите од Западен Балкан, меѓутоа, експертите стравуваат дека постои ризик оваа иницијатива на Ангела Меркел од пред три години, наречена Берлински процес, која што еволуираше до фаза на економско поврзување на шесте земји од Западен Балкан, да стане замена на проширувањето на ЕУ и со тоа да ги остави овие шест земји во лимбо позиција. Но, имајќи ги предвид овие дилеми, Европската Комисија експлицитно го истакна ставот дека „балканската економска област не е алтернатива за интеграцијата во ЕУ“, туку напротив, дека „иницијативата ќе

биде важен исчекор во подготвувањето за влез во ЕУ“. Фокусот на оваа иницијатива е регионално економско поврзување на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, со крајна цел овие земји да се консолидираат во мала унија што ќе биде подготвена да стане дел од Европската Унија. Во таа насока, шесте лидери на земјите од Западен Балкан на Самитот во Трст, го поддржаа повеќе годишниот Акционен план за регионална економска област. Овој план предвидува неограничен проток на стоки, услуги, капитал и квалификувана работна сила, правејќи го регионот поатрактивен за инвестиции, зголемување на извозот, а со крајна цел да се подобри животниот стандард на граѓаните во Западен Балкан. Планот вклучува детални мерки што треба да се реализираат во конкретни рокови, а ќе им овозможат на приватните компании да продаваат на интегриран пазар од 20 милиони луѓе и со тоа да забрза економскиот раст на регионално ниво. Мерките се фокусираат во четири области и тоа, промовирање на трговска интеграција, односно царинска унија. Притоа, во планот се наведува дека „земјите од Западен Балкан се посветени да ги спроведат активностите во областите на Акциониот план во трговската политика. Целта е да се создаде регионална економска област во ЦЕФТА врз основа на усогласеност со ЕУ со што ќе се создадат услови за

привлекување повеќе инвестиции, да се намалат трошоците за трговија и да се елиминираат пречките на пазарот за да се намалат трошоците и за производството. Овој регион треба да се трансформира во област во која стоки, услуги, инвестиции и квалификувани луѓе ќе се движат слободно, каде што трговијата ќе биде олеснета повеќе и од правилата на Светската трговска организација во насока на признавање на сите гранични документи, процедури и програми поврзани со трговијата откако една или повеќе членки на ЦЕФТА ќе се усогласат со регулативите на ЕУ“. Акциониот план предвидува и подобрување на условите за инвестирање во целиот регион, при што се наведува дека „поголема регионална хармонизација на политиките за инвестирање има значаен потенцијал за сите шест економии да го зголемат растот и да отворат повеќе нови работни места“. Останатите две главни точки од акциониот план се олеснување на регионалната мобилност и движење како и создавање на програма за дигитална интеграција. Притоа, Секретаријатот на Советот за регионална соработка доби задача заедно со ЦЕФТА, редовно да информира во рамките на следните самити за остварениот напредок во спроведувањето на мерките од амбициозниот план. „Овој акционен план е важна скала за Западен Балкан во правец на подобро интегрирање во европските и глобалните синџири на вредности и

САМИТ ВО ТРСТ: ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ОД ЕУ ДО 2020 ГОДИНА


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

11 БРОЈКИ

88

милијарди долари изнесува годишниот бруто домашен производ (БДП) на шесте земји од Западен Балкан

1/3

е просекот на БДП по жител во Западен Балкан споредено со просекот во ЕУ, но сепак регионот има повисоки стапки на економски раст меѓу 3% у 4% споредено со ЕУ

побрзо приближување кон остатокот од континентот“, изјави генералниот секретар на Секретаријатот, Горан Свилановиќ. „Шесте лидери од Западен Балкан изразија потполна определеност за спроведување на планот за регионална економска област. Ова ќе даде значаен поттик на процесите за пристапување кон ЕУ, ќе го забрза исполнувањето на економските

критериуми од Копенхаген и ќе ослободи поголеми економски потенцијали“, истакна Свилановиќ. Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека Владата ќе работи на развивање на добра соработка со соседите, а паралално силно ќе се посвети на спроведување на потребните реформи што го трасираат патот на земјата кон членството во Европската Унија.

Бизнисот навива за економска унија на Балканот

Главна поддршка на бизнис заедницата во регионот задолжена за реализација на заеднички проекти, кои ќе станат дел од повеќе годишниот план за создавање регионална економска област на Западен Балкан ќе биде канцеларијата


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

12

COVER STORY

П

КОЧО АНЃУШЕВ вицепремиер за економски прашања

азарот од два милиони луѓе е мал и пред сè треба да ги поддржиме нашите компании да растат и да бидат конкурентни во регионот, а потоа и во ЕУ. Владата силно ќе ги поддржи извозно ориентираните компании, да растат, да се развиваат и да создаваат производи со повисока додадена вредност. Ќе работиме на создавање на бизнис амбиент за здрави и успешни компании, а не да се создаваат политички компании од страна на власта. Изградбата на инфраструктурата ќе ни биде приоритет, ќе работиме на изградба на патната инфраструктура и гасификација на земјата, а токму преку изградба на инфраструктура ќе докажеме дека сме силно посветени на регионално поврзување.

на Постојниот секретаријат на Коморскиот Инвестициски Форум, во Трст чии основач меѓу останатите стопански комори од регионот е и Стопанската комора на Македонија. Од Стопанската комора информираа дека Коморскиот Инвестициски форум преку својот постојан секретаријат ќе ги насочи своите активности кон создавање на е ф ек т ив ни ин с т ит уц ио нални и политички структури на највисоко ниво од страна на владите на Западен Балкан за воспоставување на регионалната економска област. Притоа, бизнисмените ќе се обидат да воспостават рамка за соработка со политичарите за подобрување на јавно приватниот дијалог како алатка за успешно спроведување на сите мерки насочени кон подобра регионална соработка. Останатите активности на овој Форум ќе бидат фокусирани на застапување на слободното движење на стоки и услуги во целиот регион за намалување на трошоците и зголемување на конкурентноста на стоките и услугите на глобалниот пазар. „Во таа насока потребно е сите царински постапки да бидат јавно достапни на веб страниците на царинските испостави низ целиот регион и со тоа да бидат транспарентни, достапни и предвидливи. Да се постигне унифицирање на сите царински декларации, процедури и стандардизација на сите инспекции, вклучувајќи санитарни, фитосанитарни, ветеринарни на регионално ниво во согласност со стандардите на ЕУ, така што секоја земја ќе ги признае истите гранични декларации. Исто така, потребно е дизајнирање и имплементација

Ќ

ЈОХАНЕС ХАН

еврокомесар за проширување

е бидат реализирани цела дузина проекти во делот на транспортот и енергетиката во вредност од околу 200 милиони евра кои ќе покренат дополнителни инвестиции од околу 540 милиони евра. На тој начин ќе ја поставиме основата за еден регионален економски простор кој ќе треба да ја подобри меѓурегионалната економска трговија која што е неразвиена, а има голем потенцијал. Поаѓаме од тоа дека во следните години во регионот треба да се отворат нови 80 илјади работни места. До крајот на оваа деценија сакаме вкупно да инвестираме една милијарда евра за во регионот да создадеме нешто конкретно.

на регионален ИТ систем за поврзување на сите царини во регионот за поддршка на хармонизирана и усогласена регионална царинска документација и постапки за инспекција со цел да резултира со минимално време на чекање на границите“, пишува во соопштението од Стопанската комора. Потоа, Форумот ќе се залага за слободно движење на луѓето од регионот да патуваат, работат и студираат во рамките на регионот без дополнителна документација и премногу административни процедури. „Ова би му овозможило на заедничкиот пазар на труд до одредена мера да ги реши проблемите со невработеноста во регионот и да се направи чекор кон спречување на одлив на мозоци од регионот. За да се постигне оваа цел потребно е да се овозможи склучување мултилатерални договори за социјално осигурување и пензиски фондови кои ќе бидат признаени во одредени сектори, отстранување на пречките за мобилност на студентите, научниците и академиците во регионот за да се овозможи пренос на знаење, укинување на барањето виза за туристите кои го посетуваат регионот како и изготвување на регионална стратегија за хармонизација на образовниот систем со предвидените потреби на пазарот на трудот“, објаснуваат од Стопанската комора. Освен тоа, бизнисмените сметаат дека ќе биде потребна и заедничка промоција на регионот како единствена дестинација за инвестирање со здружување на фондовите и напорите во презентирањето на инвестицискиот потенцијал на регионот, а ќе се бара и заедничка стратегија за дигитална

трансформација и заедничка регионална енергетска стратегија особено во областа на производството на електрична енергија и трговијата со електрична енергија што може да го направи регионот по одржлив. На Самитот во Трст на една од дебатите учествуваше и генералниот директор на компанијата Алкалоид, Живко Мукаетов, кој што ја нагласи важноста на поврзувањето на регионот од повеќе аспекти. “Пораката која Европската Унија ја испраќа на овој еминентен собир, е дека тие сметаат на нас, но од друга страна, ние треба да покажеме дека имаме капацитет да создаваме синергии и да одиме напред“, истакна Мукаетов. Во поглед на мобилноста на работната сила, како алатка за развој на бизнисите, Мукаетов истакна дека е потребно да се унифицира и поедностави системот по примерот на Скандинавските земји, со што би се дестимулирало одлевањето на квалитетни кадри од регионот. Тој ја нагласи и важноста на димензионирањето на едукативниот систем во согласност со потребите на бизнисите, со што би се намалила дискрепанцата во понудата и побарувачката на некои струки, односно би се продуцирале повеќе инженерски кадри кои во моментов се дефицитарни, а би се намалил бројот на кадрите по општествени науки, кои пак се суфицитарни. Мукаетов истакна дека конкретни решенија за поврзувањето на регионот ќе се понудат и на Самитот 100 што ќе се одржи во Скопје во октомври.



www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

14

COVER STORY

Договорени проекти од милијарда евра до 2020 година

На Самитот во Трст бизнисмените и лидерите на земјите од Западен Балкан преговарале со претставници од Европската Унија инфраструктурни проекти во вредност од една милијарда евра што би требало да се реализираат до 2020 година, за што подоцна потврди и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. За почеток, ЕУ одобри грант за изградба на инфраструктурата во вредност од 194 милиони евра за сите шест земји, од кој Македонија зграби најголем дел, односно 70 милиони евра. Тоа значи дека земјава е добитник на дури 40% од сите пари наменети за земјите од Западен Балкан. „Ќе бидат реализирани цела дузина проекти во делот на транспортот и енергетиката во вредност од околу 200 милиони евра кои ќе покренат дополнителни инвестиции од околу 540 милиони евра. На тој начин ќе ја поставиме основата за еден регионален економски простор кој ќе треба да ја подобри меѓурегионалната економска трговија која што е неразвиена, а има голем потенцијал. Поаѓаме од тоа дека во следните години во регионот треба да се отворат нови 80 илјади работни места“, изјави Хан. „До крајот на оваа деценија сакаме вкупно да инвестираме една милијарда евра за во регионот да создадеме нешто конкретно“, додаде Хан. Овој грант од ЕУ за Македонија, ќе се искористи за доизградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка од Коридорот 8 што треба да ја поврзе земјата со Албанија на запад и Бугарија на исток. Ова е втората делница од овој коридор, која што ќе чини вкупно 152,3 милиони евра, што значи дека засега се обезбедени 46% од потребните пари. Останатите пари, ќе се побараат од други меѓународни финансиски институции, како на пример ЕБОР, а дел и од македонскиот буџет.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев рече дека Владата ќе работи на развивање на добра соработка со соседите, а паралелно ќе се посвети на спроведување на потребните реформи што го трасираат патот на земјата кон членството во Европската Унија. „Не е возможно да зборуваме за економски раст на земјата, ако не работиме на поддршка и стимулирање на извозот на компаниите кои работат во Македонија. Пазарот од два милиони луѓе е мал и пред сè треба да ги поддржиме нашите компании да растат и да бидат конкурентни во регионот, а потоа и во ЕУ. Владата силно ќе ги поддржи извозно ориентираните компании, да растат, да се развиваат и да создаваат производи со повисока додадена вредност. Ќе работиме на создавање на бизнис амбиент за здрави и успешни компании, а не да се создаваат политички компании од страна на власта. Изградбата на инфраструктурата ќе ни биде приоритет, ќе работиме на изградба на патната инфраструктура и гасификација на земјата, а токму преку изградба на инфраструктура ќе докажеме дека сме силно посветени на регионално поврзување“, изјави вицепремиерот Анѓушев. Тој се осврна и на политиката за привлекување на странски инвестиции во земјата. „Од Трст испраќам порака и покана до сите странски инвеститори дека се добродојдени во Република Македонија. Ние мора да направиме сè за да обезбедиме рамка за привлекување инвестиции. Инвеститорите ќе имаат потполна под дршка од институциите во административните процедури. Како Влада ќе го поддржиме секој инвеститор и гарантираме безбедност на нивниот капитал“, нагласи Анѓушев. Според него, владиниот тим е презадоволен од Самитот во Трст и додаде дека ЕУ го препознава реформскиот слух на новата македонска Влада поради што ги доделила

парите од грантот. Како што кажа, на Македонија за инфраструктурни проекти во изминатите 2-3 години и биле блокирани сите грантови и кредити за кои аплицирала и додаде дека постојаните контакти во минатите месец и половина вродиле со плод. Нагласи дека биле направени контакти со Светска банка која била незадоволна што последните 2-3 години воопшто не биле склучени нови договори за изградба на инфраструктура во Македонија, а и тие што почнале да се градат, реализацијата не била на потребното ниво. Парите што ги нуди Светска банка биле се за автопатска мрежа, а било разговарано и за буџетска поддршка која, како што рече Анѓушев, конечно ќе заврши кај македонските компании што се извозно ориентирани. Најави дека за две недели во Македонија ќе дојде делегација на Светска банка за да се разговара за поддршка на извозно ориентираните македонски фирми за развој на нови технологии. За средбата на владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев со потпретседателот на Светска банка, Цирил Милер, придружуван од регионалната директорка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер и директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели, од Владата информираа дека претставниците на оваа меѓународна финансиска институција изразиле поддршка на новата Влада и оцениле дека завршувањето на политичката криза и реформските политики на Владата отвораат нови можности и перспективи за Македонија. „Светска банка изрази подготвеност да помогне на Владата во заложбите за нови работни места, добра бизнис клима, инвестиции. Се разговараше за поддршка на Светска банка преку системот за менаџирање на јавни финансии и конкурентност на економијата“, информираа од Владата. nnn

ГРАНТ: МАКЕДОНИЈА ДОБИ 70 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРУГА


НЛБ Станбени кредити

Твој дом, твоја слобода! Аплицирајте за НЛБ Станбен кредит до 31.07.2017 година и искористете ја промотивната понуда со нови намалени каматни стапки! • Без трошоци за проценка. • Без трошоци за одобрување за сите Ризико станбени кредити и 50% пониски манипулативни трошоци за останатите Станбени кредити. • Пониски каматни стапки и поповолни услови за приматели на плата во Банката. • Бесплатна полиса за осигурување на станот за првата година. • Бескаматен Happy + инстант кредит за опремување на станот. • Бесплатна Visa Classic или Mastercard Standard кредитна картичка.

www.nlb.mk www.nlbtb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

16

10-ТА ЈУБИЛЕЈНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА НБРМ ВО ОХРИД

БАНКАРИТЕ И РЕГУЛАТОРИТЕ ЈА НАЦРТАА МАПАТА НА ДИГИТАЛНАТА ИДНИНА

ВО ПЛАТЕЖНИТЕ УСЛУГИ ПОВЕЌЕ НИШТО НЕМА ДА БИДЕ ИСТО! пишува:

Игор Петровски

Б

igor.petrovski@kapital.mk

Банкарска сметка и смартфон наскоро ќе биде се' што ви треба за да платите сметка, или пак производ или услуга што сте ги купиле онлајн, да префрлите некому пари и сл., според новите регулативи што во ЕУ почнуваат да важат од 2018 година, а Македонија подготвува закон што треба сферата на плаќањата да ја прилагоди со европската пракса. Исто така, според новата PSD2 европска регулатива, банките нема да бидат повеќе единствени провајдери на платежни услуги, туку тоа ќе може да го прават и трети страни, односно компании од т. н. fintech сектор, технолошки компании, односно социјални мрежи како Facebook, Google,

итн., и сите останати играчи на пазарот заинтересирани за дел од колачот во бизнисот со платежни услуги. Овие новитети, меѓу другото, беа промовирани на 10-та Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура што неодамна се одржа во Охрид во организација на Народната банка на Македонија. На Конференцијата истакнаа дека во сферата на плаќањата ќе се поместат силите на пазарот, банките ќе мора да одговорат на новите предизвици и новата конкуренција, а исто така и картичните гиганти како Visa и Mastercard, ќе загубат дел од профитот затоа што во некои домени на платежните трансакции ќе бидат практично заобиколени. „Сите овие промени ги правиме за да ја зголемиме конкуренцијата и иновативноста во финансискиот сектор, сè со крајна цел поквалитетни и поевтини услуги за корисниците", рече Ралф Јакоб од Европската комисија, еден од говорниците на Конференцијата. „Секако, сите овие промени не одат без контроверзии и тешкотии, затоа што банките ќе треба со новите играчи на пазарот да ги споделат информациите за

банкарските сметки на своите клиенти и да отворат простор за конкуренција, што отвора предизвици, не само од аспект на загрозување на нивната профитабилност, туку и безбедноста и други фактори. Затоа, овие промени допрва отвораат можности за развивачите на софтвери за безбедност, оперативни системи за мобилни уреди, итн.", рече Јакоб.

Македонија спрема регулатива за “пречек“ на новите трендови во финансиската индустрија

Сите дискусии, презентации и панели на јубилејната Конференција за платежни системи НБРМ која традиционално одржува со поддршка на Централната банка на Холандија и Банката на Португалија, се однесуваа на промените што ќе се случат на пазарот за платежни услуги, односно платните системи во ЕУ, но Македонија и останатите земји што претендираат за членство во Унијата, помалку или повеќе ги прилагодуваат своите регулативи кон тоа што се случува на европскиот пазар. Па, така, гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, во своето излагање истакна дека и оваа институција постојано вложува во градење

ИДНИНАТА НА ПЛАЌАЊАТА: РАСТ НА Е-ТРГОВИЈАТА; ДИГИТАЛИЗАЦИЈА; МОБ


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

17 И

ДИМИТАР БОГОВ гувернер, НБРМ

нтеграцијата во ЕУ е иднината што ја посакуваме, и ние како Народна банка, постојано вложуваме во градење на нашите капацитети и усогласување на работењето согласно со стандардите за централно банкарство на ЕУ. Фокусирајќи се само на платните системи, презедовме значајни чекори во насока на усогласување на македонското законодавство со регулативата на ЕУ. Новиот Закон за платежни услуги и системи и поврзаните подзаконски акти кои се во подготовка ја имплементираат PSD и дел од одредбите од PSD2, Директивата за конечност на порамнувањата и Директивата за електронски пари II.

Банките нема да бидат повеќе единствени провајдери на платежни услуги, туку тоа ќе може да го прават и трети страни, односно компании од т. н. fintech сектор, технолошки компании, односно социјални мрежи како Facebook, Google, итн., и сите останати играчи на пазарот заинтересирани за дел од колачот во бизнисот со платежни услуги. Ова се промените што ги носат новите европски регулативи во доменот на плаќањата, а коишто Македонија треба да ги инкорпорира во сопственото законодавство. За ова, меѓу останатите теми, се дискутираше најмногу на 10-та јубилејна Конференција за платни системи и инфраструктура што НБРМ традиционално ја организираше во Охрид од 5 до 7 јули. на своите капацитети и усогласување на работењето согласно со стандардите за централно банкарство на ЕУ. “Фокусирајќи се на платните системи, презедовме значајни чекори во насока на усогласување на македонското законодавство со регулативата на ЕУ. Новиот Закон за платежни услуги и системи и поврзаните подзаконски акти кои се во подготовка ја имплементираат PSD и дел од одредбите од PSD2, Директивата за конечност на порамнувањата и Директивата за електронски пари II. НБРМ направи важен чекор кон усогласување со регулативата на ЕУ и во областа на надзорот со усвојување нова регулативна рамка којашто е во согласност со Принципите за

К

МАЈА КАДИЕВСКА – ВОЈНОВИЌ вицегувернер, НБРМ

омпаниите коишто применуваат fintech почнаа да нудат свои финансиски услуги, со што станаа конкурентни на банките. Дигиталните технологии претставуваат предизвик за финансиските институции, вклучувајќи ги и централните банки, во смисла на дигиталното банкарство и дигиталните трансформации. Имплементацијата на технологијата на дистрибуирани записи (DLT), особено технологијата на криптографски синџир од блокови (Blockchain), може значајно да ги промени финансиските пазарни инфраструктури, а и светскиот финансиски систем.

ИЗОБИЛСТВО НА HIGH PROFILE ГОВОРНИЦИ НА 10-ТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА НБРМ Меѓу учесниците и гувернерите на централните банки на Холандија, Бугарија и Хрватска, како и високи претставници на Европската централна банка, Европската комисија, неколку национални централни банки од ЕУ, бизнис секторот...

О

рганизаторите од НБРМ годинава со изборот на гости - говорници и учесници на панелите го потврдија и годинава високото ниво на настанот, но 10-та јубилејна конференција како да отскокнуваше од сите досега според бројноста на high profile учесници – претставници на банкарскиот,бизнис и политичкиот сектор од Европа, регионов и Македонија. Па така, покрај врвното раководство на Народната банка на Македонија, во Охрид присуствуваа и гувернерите на централните банки на Холандија, Хрватска и Бугарија – господата Клас Кнот, Борис Вујчиќ и Димитар Радев, како и членот на Извршниот одбор на Европската централна банка, Ив Мерш. Со господата Кнот и Мерш на овие страници може да прочитате и ексклузивни интервјуа што ги дадоа за Капитал. Од Банката на Португалија претставници со свои презентации беа членот на Извршниот одбор, Хелдер Росалино и шеф на еден од секторите, Руи Пиментел. Од Банката на Холандија претставник беше и Михаил ван Дуверен, којшто е своевиден домаќин во Охрид, учествувајќи во организацијата на конференцијата секоја година, како и Ричард Дерксен. На еден од панелите учествуваше и членот на Одборот на Народната банка на Белгија, Марсиа де Вахтер. Мортен Бек од Банката за меѓународни порамнувања од Базел исто така одржа презентација, како и Ралф Јакоб од Директоратот за платежни системи при Европската комисија. Со свои излагања се претставија и Марион Клајс од германската Комерцбанк, Едвин де Паув од Еуроклиар и Сузан Бишоприк од Global Sovereign Advisors. На панел сесијата “Дигитално банкарство и развој на платежни продукти“ учествуваа менаџерите од Македонски телеком, Слободанка Јосифовиќ, од ПроКредит Банка Македонија, Емилија Спировска и од Стопанска банка Битола, Наташа Несторовска. Претставници пак, на НБРМ од ресорните оддели дискутираа за стандардите за надгледување и управување со непрекинатост во работењето.

инфраструктурата на финансиските пазари, како и ревидираната рамка за надзор на платните системи на ЕЦБ. Понатаму, се изврши приспособување на домашната платежна статистика во согласност со Регулативата на ЕЦБ, обезбедувајќи методолошка и оперативна усогласеност со платежната статистика на Европскиот

систем на централни банки. Неодамна беше завршен уште еден капитален проект, со кој се изврши поврзување на домашниот платен систем со TARGET 2 преку Банката на Италија. Се очекува овој проект да придонесе за намалување на разликите во провизиите што се наплаќаат за прекуграничните плаќања во споредба

БИЛНИ РЕШЕНИЈА; БРЗИНА; НОВИ УЧЕСНИЦИ НА ПАЗАРОТ – FINTECH, BIGTECH


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

18

10-ТА ЈУБИЛЕЈНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА НБРМ ВО ОХРИД

Г

РАЛФ ЈАКОБ

шеф на сектор, директорат на Европска комисија

лавните играчи на пазарот за платежни услуги во иднина ќе бидат: банките, коишто ќе се конкурираат со атрактивни апликации и овердрафти како замена за кредитни картички; Fintech компании коишто ќе ги користат банкарските сметки со свој интерфејс и ќе нудат бројни услуги; социјалните медиуми коишто ќе додадат услуги за плаќање, менаџирање сметки, итн. преку своите мобилни апликации; производителите на оперативни системи и хардвер за мобилни уреди; глобалните картични системи и ewallets, коишто сè повеќе ќе ја шират својата мрежа кај трговците.

Д

П

ХЕЛДЕР РОСАЛИНО

член на Извршен одбор, Банка на Португалија

со плаќањата во земјата, и е во согласност со препораките од Извештајот за напредок на ЕУ и Извештајот на ЕЦБ за анализа на потребите за НБРМ од 2013 година.“, објасни Богов. Овогодишната агенда на Конференцијата на НБРМ ги опфати иницијативите за интеграција на плаќањата во ЕУ, позната како Единствена европска платежна област (SEPA); потоа, иновациите;безбедноста

латежните услуги сè повеќе ќе бидат третирани како производ, со 24/7 достапност и со инстантно порамнување. Ова ќе предизвика понатамошно диверзифицирање на употребата на традиционалните средства за плаќање, од кеш, картици, па сè до онлајн решенија достапни на секој мобилен уред. Истовремено, традиционалните комерцијални банки добиваат нова конкуренција во форма на fintech играчи, коишто допрва агресивно ќе влегуваат на пазарот на финансиски услуги. Секако, прашањето на безбедноста останува голем предизвик, и ќе има многу работа за компаниите за софтвер и хардвер од оваа област.

БОРИС ВУЈЧИЌ

гувернер, Народна банка на Хрватска

и ефикасноста на малите плаќања. Се дискутираше на теми поврзани со инстант плаќањата, финансиската вклученост и достапноста на платежните услуги, отпорноста на финансиските инфраструктури и многу други. Не изостанаа и “најжешките“ теми во моментов - дигиталното банкарство, крипто валутите и нивната регулатива, новите технологии како што се технологијата на дистрибуирани записи (DLT) и криптогра-

о 2025 година сè ќе биде во игра во областа на плаќањата: кешот ќе биде жив и во многу подобра форма одошто си мислиме денес. Но, секако, преку дигитализацијата ќе се намали неговата улога во нашите животи. Инстант плаќања, поедноставени прекугранични трансакции, Internet of things... сето ова ќе го олесни и поевтини плаќањето какво што го знаеме денес. Со криптовалутите треба внимателно, затоа што тие сè уште не служат како средство за плаќање, туку чувар на вредноста. Лично мислам дека во моментов премногу возбуда има околу криптовалутите, креирана првенствено на шпекулативна основа.

фски синџир од блокови (blockchain) - како теми од значителна важност во моментот чиешто значење само ќе расте во иднина.

И крипто валутите на агендата

Појавата на fintech (финансиската технологија) ги обележа глобалните случувања во последниве години, привлекувајќи го вниманието на финансиските институции за нејзино спроведување со цел подобрување

ЕКСКЛУЗИВНО ЗА КАПИТАЛ: КЛАС КНОТ гувернер на Централната банка на Холандија

ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ СЕ МЕНУВААТ, ВЛЕГУВААТ НОВИ ИГРАЧИ НА ПАЗАРОТ Банките се соочуваат со зголемена конкуренција од fintech и bigtech компаниите. Соработката помеѓу банките и новите оператори на пазарот може да биде предуслов за успех. XПод X какво влијание ќе биде банкарската индустрија допрва од страна на финансиските иновации кои привлекуваат нови учесници на пазарот? Поттикнати од воведувањето на втората Директива за платежни услуги – PSD2, традиционалната платежна инфраструктура се менува заради иновациите и влезот на новите оператори на пазарот. Банките се соочуваат со зголемена конкуренција од fintech и bigtech компаниите.

Соработката и интеграцијата се исто така неопходни за успешни иновации. Сепак, исходот од овој динамичен процес сè уште не е јасен. Соработката помеѓу банките и новите оператори на пазарот може да биде предуслов за успех. XДали X шемите за виртуелни валути придонесуваат за финансиското вклучување на населението, или ги изложуваат корисниците на високи безбедносни и финансиски ризици? Зголемувањето на нивото на финансиска едукација и овозможувањето повеќе луѓе и фирми да добијат право на пристап до финансиски производи е важно за подобрување на финансиската вклученост. Паметните телефони би можеле да го поттикнат ова, додека пак во наредните години,

финансиската вклученост ќе биде полесно да се стимулира преку традиционалните парични канали, наместо преку виртуелните валути. Виртуелните валути често не се регулирани (и не се опфатени од системот за гарантирање на депозити). XКако X потрошувачите можат да бидат заштитени од сајбербезбедносните ризици? Од клучно значење е да им се помогне на потрошувачите и фирмите да го сфатат ризикот од сајбер - криминал. Банките мора да им обезбедат соодветни информации на своите клиенти. Повеќето банки и други платежни институции имаат воведено соодветни системи за следење и откривање коишто сигнализираат сајбер - криминал

БЛОКЧЕИН: МОЖЕ ДА БИДЕ ИДНИНАТА НА ПЛАТЕЖНИТЕ СИСТЕМИ, НО


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

19 Крајот на конференцијата го одбележа панелот на високо ниво – учесници беа тројцата гувернери на централните банки на Македонија, Хрватска и Бугарија

на сегашните финансиски производи и развој на нови производи. Од друга страна, компаниите коишто применуваат финтек почнаа да нудат свои финансиски услуги, со што станаа конкурентни на банките. “Притоа, дигиталните технологии претставуваат предизвик за финансиските институции, вклучувајќи ги и централните банки, во смисла на дигиталното банкарство и дигиталните трансформации. Имплементацијата на технологијата на дистрибуирани записи (DLT), особено технологијата на криптографски синџир од блокови (Blockchain), може значајно да ги промени финансиските пазарни инфраструктури, а и светскиот финансиски систем“,

истакна вицегувернерката на НБРМ, Маја Кадиевска - Војновиќ. Теоретски, оваа технологија би можела да ги олесни прекуграничните плаќања, да ја подобри ефикасноста на организациската единица за заднинско работење во врска со тргувањето (бек-офис), да ја отстрани потребата од усогласување на податоците, да го олесни финансиското вклучување и размената на информации, но и би можела да ја намали потребата од, или целосно да ги замени, некои од посредниците на финансискиот пазар. “Технологијата на дистрибуирани записи ги потенцира прашањата за ефикасна регулација, прудентна супервизија, надзор и безбедноста во кибер просторот, но може и да го катализира издавањето на дигитални валути гарантирани од централните банки и да го олесни спроведувањето на монетарната политика.“, додаде Кадиевска – Војновиќ.

Платежните услуги ќе бидат стока што ќе станува сè подостапна и поевтина

и финансиска кражба. Последен важен фактор е дека полициските и разузнавачките служби се способни да се борат против измама и сајбер - криминал, вклучително и со прекугранични активности.

Од неколкуте панели на Конференцијата посветени на идниот развој на платежните услуги во времето на дигитализацијата можат да се изведат следниве заклучоци, како што впрочем истакнаа Ралф Јакоб од ЕЦБ, Ричард Дерксен од холандската централна банка и останатите панелисти и говорници: Главните играчи на пазарот за платежни услуги во иднина ќе бидат следниве: банките, коишто ќе се конкурираат со атрактивни апликации и овердрафти како замена за кредитни картички; Fintech компании коишто ќе ги користат банкарските сметки со свој интерфејс и ќе нудат бројни услуги; социјалните медиуми коишто ќе додадат услуги за плаќање, менаџирање сметки, итн. преку своите мобилни апликации; производителите на оперативни системи и хардвер за мобилни уреди; глобалните картични системи и ewallets, коишто сè повеќе ќе ја шират својата мрежа кај трговците.

“Платежните услуги сè повеќе ќе бидат третирани како производ, со 24/7 достапност и со инстантно порамнување. Ова ќе предизвика понатамошно диверзифицирање на употребата на традиционалните средства за плаќање, од кеш, картици, па сè до онлајн решенија достапни на секој мобилен уред. Истовремено, традиционалните комерцијални банки добиваат нова конкуренција во форма на fintech играчи, коишто допрва агресивно ќе влегуваат на пазарот на финансиски услуги. Секако, прашањето на безбедноста останува голем предизвик, и ќе има многу работа за компаниите за софтвер и хардвер од оваа област.“, истакна во своето излагање Хелдер Росалино, член на одборот на централната банка на Португалија, којшто се осврна на предизвиците што централните банки ќе ги имаат во контекст на дигиталното банкарство и дигиталната трансформација. На крајот на конференцијата, беше одржан панелот на највисоко ниво, со учество на гувернерите на централните банки на Македонија, Бугарија, Хрватска – Димитар Богов, Димитар Радев и Борис Вујчиќ, како и членот на одборот на централната банка на Белгија, Марсија де Вахтер, коишто дискутираа за тоа како ќе се вршат плаќањата во 2025 година- во готово или со дигитални пари. Гувернерот на ХНБ, Вујчиќ, рече дека за десетина години отсега сè ќе биде во игра: кешот ќе биде жив и во многу подобра форма одошто си мислиме денес. “Но, секако, преку дигитализацијата ќе се намали неговата улога во нашите животи. Инстант плаќања, поедноставени прекугранични трансакции, Internet of things... сето ова ќе го олесни и поевтини плаќањето какво што го знаеме денес. Со криптовалутите треба внимателно, затоа што тие сè уште не служат како средство за плаќање, туку чувар на вредноста. Лично мислам дека во моментов премногу возбуда има околу криптовалутите, креирана првенствено на шпекулативна основа.“

nnn

ИМА ПРЕДИЗВИЦИ – БАЛАНС; ФРАГМЕНТАЦИЈА; ИНТЕРОПЕРАБИЛНОСТ...


Капитал број 925/926 21.07.2017

20

www.kapital.mk

ЕКСКЛУЗИВНО ЗА КАПИТАЛ:

ИВ МЕРШ

ЧЛЕН НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР НА ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА

ОД СЛЕДНАТА ГОДИНА ПОЧНУВАМЕ СО ИНСТАНТ ПЛАЌАЊАТА ВО ЕУ


www.kapital.mk

П

XПлатежната X инфраструктура во ЕУ е значително преструктуирана со спроведувањето на проектот SEPA. Кои се придобивките од SEPA за потрошувачите и компаниите? Единствената област за плаќања во евра (Single Euro Payments Area -SEPA) го усогласи начинот на којшто ги вршиме и ги обработуваме малите плаќања во евра. Во цела Европа плаќањата во евра станаа исто толку брзи, безбедни и ефикасни колку националните плаќања и тие се кредитираат во рок од еден работен ден - значително подобрување на времето пред SEPA. Денес, потрошувачите и компаниите користат заеднички платежни инструменти и услуги низ цела Европа. Тие не треба да прават разлика помеѓу тоа каде плаќањето се случува во Европа: сите плаќања во евра се извршени на ист начин и може да се стапи во контакт со кој било сопственик на сметка за плаќање. Тие (потрошувачите и компаниите) можат да ги споредат условите и квалитетот и да ја одберат најатрактивната понуда, без да мора да ја земат во предвид локацијата на обезбедувачот на платежните услуги. При извршувањето на малите плаќања, корисниците уживаат во целиот спектар на придобивки коишто ги нуди SEPA. Поконкретно, и во споредба со времето пред SEPA, провизиите што се наплаќаат за прекугранични кредитни трансфери се намалија за околу 90%. Времето на трансакција е намалено од три дена до максимум на еден ден и трансакциите наскоро ќе станат инстантни. За преку-граничните кредитни трансфери, сега е доволно да се наведе меѓународниот број на банкарската сметка (IBAN) и не е потребен посебен идентификатор на банката. Понатаму, во 2009 година беа воведени прекугранични директни задолжувања. Како последица на тоа, потрошувачите повеќе не треба да имаат сметка во земјата каде што е иницирано директно задолжување. Компаниите сега можат да го консолидираат бројот на сметки што ги имаат во целата Европска Унија, при што значително ги намалуваат нивните напори за усогласување и го подобруваат управувањето со

Капитал број 925/926 21.07.2017

21 Денес е потребно до еден работен ден плаќање во евра да стигне до корисникот. Со инстант плаќањата средствата ќе бидат достапни веднаш - што значи во рок од најмногу 10 секунди - за користење од страна на примателот, 24 часа на ден, 365 дена годишно. ликвидноста. Трансакциите со картички станаа посигурни, бидејќи речиси сите трансакции со картички на продажното место се базирани на чип технологии. Ако сè уште постои злоупотреба и / или измама, правната и регулаторната рамка обезбедува подобра заштита на потрошувачите, на пр. со безусловни права за враќање на паричните средства за директни задолжувања. Конечно, проектот SEPA ја зголеми конку-ренцијата преку обезбедување на рамка за специјализирани обезбедувачи на платежни услуги, на пр. fintech компаниите, да ги нудат своите услуги заедно со сегашните обезбеду-вачи на платежни услуги. Значи, SEPA донесе огромни придобивки за поединечните клиенти и економијата како целина. Сепак: со растечката иновација и брзиот напредок во нашето општество следниот важен чекор за SEPA се инстант плаќањата. Треба да се осигуриме дека фрагментацијата која е надмината за традиционалните кредитни трансфери и директните задолжувања нема да се случи повторно со инстант плаќањата, кои се насочени само на локалните пазари. XТаргет2-Хартии X од вредност е важен чекор кон интегриран финансиски пазар во Европа. Дали T2S ги постигна своите цели во однос на ефикасноста на порамнувањата и прекуграничното намалување на трошоците? Воспоставувањето на платформата на T2S навистина беше голем чекор кон финансиска интеграција во Европа и донесе големи придобивки на пазарот. Големите играчи на пазарот кои преминаа на T2S ни дадоа многу позитивни повратни информации. T2S не само што го усогласи порамнувањето на хартиите од вредност низ цела Европа туку и го донесе усогласувањето на активностите кои следат по тргувањето. Исто така, ја оптимизираше ликвидноста на банките и управувањето со обезбедувањето, што многумина веруваат дека е најголема корист. Со една сметка за хартии од вредност и една сметка за ликвидност кај

централната банка, играчите на пазарот можат да управуваат со својот целосен европски бизнис за порамнување на хартии од вредност. Што се однесува на ефикасноста на порамнувањата на платформата, исто така, ги достигнавме нашите очекувани високи нивоа. Нашите клучни засегнати страни на пазарот го повторуваат ова, но ова нема да нè натера да спиеме на нашите ловорики. Ние сме во постојан дијалог со нашите засегнати страни, со цел понатамошно подобрување на ефикасноста на порамнувањата преку функционални и оперативни промени. Во однос на воспоставувањето на платформата T2S , првата фаза на T2S е речиси комплетна со последниот бран на преминување кој ќе се приклучи во септември 2017 година. Денес, на платформата се порамнуваат дневно просечно околу 500.000 трансакции. Ова претставува 90% од обемот на трансакциите кој се очекува да се порамни на платформата по завршувањето на целосниот премин во септември. Така, сè на сè, концептот и функционирањето на T2S неизмерно го поедностави прекуграничното порамнување. Сепак, платформата е сè уште нова, а поврзаните пазари сè уште ги обликуваат своите деловни модели и се запознаваат со новата платформа. Преку размена на информации и дијалог за можностите и придобивките од платформата, убедени сме дека засегнатите страни, навремено, ќе ја прошират својата употреба на функционалностите, исто така и за проширување на нивниот прекуграничен бизнис. Конечно, во однос на трошоците, со воведувањето на T2S, просечната цена по трансакција на ниво на пазарната инфраструктура значително се намали - особено за трансакциите преку централните депозитари на хартии од вредност (ЦДХВ). Нашите првични процени на трошоците покажуваат дека просечната провизија за домашно порамнување на ЦДХВ во еврозоната е 73 центи, додека прекуграничните трансакции се до десет пати поскапи. Воспоставувањето на T2S ја спушти провизијата за трансакции по налог на 15 центи. Сепак, T2S е изграден на


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

22

ЕКСКЛУЗИВНО ЗА КАПИТАЛ:

принцип на целосно надоместување на трошоците и продолжуваме да ги следиме можностите за надоместување на трошоците. Ова е причината зошто беше започната ревизија на оперативните трошоци на T2S во првата половина на 2016 година. И покрај позитивното движење на пазарот, не можеме да исклучиме дека листата на цени ќе треба да се прилагоди по 2019 и / или периодот за надоместување на трошоците да биде продолжен. XЕЦБ X постојано се занимава со воспоставување инфраструктура која ги олеснува плаќањата низ цела Европа. Во овој контекст, какви придобивки ќе донесе новата инфраструктура за инстант плаќања во ЕУ за потрошувачите и компаниите? Дигитализацијата резултираше со зголемено ниво на "брзина" во сите области на животот. Потрошувачите пристапуваат кон музика, вести и сообраќајни информации во реално време. Ова, исто така, влијае на начинот на кој потрошувачите сакаат да пристапат до нивните сметки и да вршат плаќања. Имајќи го ова предвид, Советот за

плаќања во Европа разви шема за инстант кредитен трансфер на SEPA. Ова ги поставува правилата за инстант плаќања во евра низ цела Европа. Покрај тоа, за да ја поддржи појавата на решенија за инстант плаќања, Советот за управување на ЕЦБ одлучи да развие услуга за порамнување на инстант плаќања (TIPS) на TARGET. Оваа услуга ќе овозможи инстант порамнување на плаќањата со примарни пари и се планира да започне со работа во ноември 2018 година. Инстант плаќањата ќе ја зголемат брзината на плаќањата во евра во Европската унија. Денес е потребно до еден работен ден плаќање во евра да стигне до корисникот. Со инстант плаќањата средствата ќе бидат достапни веднаш - што значи во рок од најмногу 10 секунди - за користење од страна на примателот, 24 часа на ден, 365 дена годишно. Од гледна точка на крајниот корисник, придобивката од TIPS е можноста веднаш да се направат временско критични плаќања, каде било и било кога е потребно. Спроведувањето на инстант плаќањата исто така

може да обезбеди основа за подобрувања на услугите и услугите со додадена вредност, на пр. мобилни плаќања лице-на-лице. За фирмите, придобивките вклучуваат подобрување на готовинските текови и процесот на усогласување на плаќањата и оптимизирање на ликвидносните текови. За Евросистемот, како катализатор на европската интеграција на финансиските пазари, голем предизвик е да се осигури дека воведувањето на услуги за инстант плаќања - и поопшто иновативни решенија за мали плаќања - нема (повторно) да воведе фрагментација на европскиот пазар за мали плаќања - причината зошто го започнавме ова со SEPA. Постои ризик од нова фрагментација во еврозоната која произлегува од развојот на национални, сопственички или затворени циклус решенија кои не се интероперативни. Со обезбедувањето на TIPS, Евросистемот ќе осигури дека побарувачката за инстант плаќања се остварува на европско ниво и со тоа ќе ја промовира интеграцијата на еврозоната. nnn



Капитал број 925/926 21.07.2017

www.kapital.mk

24 ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО МЕСНАТА Укинување на царините и прелевманите за увоз на замрзнато свинско месо веќе подолго време бараат македонските производители на месни преработки за да може да издржат на пазарот, преплавен од увозни месни преработки, во најголем дел од

ПРЕРАБОТУВАЧИ ЗА КОЛАПС Н АНЃУШЕВ И НИКО СИСТЕМСКА


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

25 ИНДУСТРИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА “КАПИТАЛ“ Србија. “Капитал“ организираше тркалезна маса каде што овие, но и други конкретни барања истакнаа сопствениците на фабриките за месни преработки до вицепремиерот Кочо Анѓушев и ресорниот министер Љупчо Николовски.

ИТЕ АЛАРМИРАА НА БИЗНИСОТ, ОЛОВСКИ ВЕТИЈА ПОДДРШКА


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

26

Н

10-ТА ЈУБИЛЕЈНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА НБРМ ВО ОХРИД Месната индустрија е една од оние со најнеискористен потенцијал во Македонија!

ие како медиум што долги години ја следи и анализира македонската економија, сметаме дека индустријата за месни преработки е можеби една од оние што имаат најнеискористен потенцијал во моментов. Гранка која успеа со сопствени сили и големи инвестиции да супституира безмалку 90% од увозот на сувомесни производи, којшто до пред 20-тина години во целост ги покриваше потребите на домашниот пазар, затоа што домашно производство практично немаше. ЉУПЧО Сега оваа индустрија ЗИКОВ Капитал Медиа Гроуп заради високите царини и прелевмани на суровината – смрзнатото месо за преработка – се соочува со пад на конкурентноста и производството и е на работ на егзистенцијата. Ја организираме оваа дебата за да можат производители-те од прва рака да им ги кажат на владините претставници своите проблеми и да се најдат решенија. пишува:

Игор Петровски

У

igor.petrovski@kapital.mk

Укинување на царината и прелевманот за увозот на смрзнато месо како клучно барање на преработувачите не месо беше истакнато денеска на тркалезната маса ““Состојби, предизвици и перспективи на индустријата за производство на месо и месни производи – Предлози”, што ја организираше магазинот “Капитал“ во х.Александар Палас во Скопје минатата недела. Сопствениците и менаџери на дваесетина компании преработувачи

В

Досега не се водело доволно сметка за домашните производители и извозници, оваа влада тоа ќе го смени!

о домашните маркети дали една третина од сувомесните производи се од домашните фабрики, и тоа мора да се промени. Очигледно досега не се водело доволно сметка за тоа да се задоволат домашните потреби за храна, а не пак да остане нешто за извоз. Владата во септември ќе претстави системски мерки што ќе го стимулираат, меѓу другото, и домашното производство на свежо месо и месни КОЧО АНЃУШЕВ преработки, вицепремиер задолжен односно на за економски прашања транспарентен начин ќе им помогнеме на сите што сакаат да инвестираат во овој бизнис. Царината и прелевманите се проблем што може да се решат на краток рок, додека за зголемување на суровинската база за преработка на месо, се разбира, ќе ни треба повеќе време. на месо им ги образложија своите проблеми и барања за подобрување на состојбата во оваа индустрија на вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, коишто присуствуваа на дебатата. “Плаќаме висока царина и прелевмани за увозот на смрзнато месо, претежно свинско, кое нам ни е суровина во производството, и потоа не можеме да бидеме конкурентни со увозните месни преработки. Тие доаѓаат од земји, претежно од Србија и уште неколку земји од регионов, каде што производителите не плаќаат или плаќаат помали царини за суровините, а во Македонија нивните преработки влегуваат без царина заради договорите за слободна трговија што ги имаме потпишано со овие земји. Не бараме никакви повластици и сл., само да имаме еднакви услови за работа со нашата конкуренција. Инаку, нема да

Г

Ќе ги разгледаме сите барања на преработувачите на месо

и разгледуваме барањата на производителите на месни преработки за укинување на царината за увоз на смрзнато месо како суровина, и откако ќе направиме анализи за тоа каков ефект би донело нивното влијание врз сите засегнати страни – буџетот, производителите на свежо месо, итн. – ќе донесеме одлука што ќе биде поволна за сите учесници на пазарот. Целта ни е да организираме заедничка средба и со ЉУПЧО преработува- НИКОЛОВСКИ чите на министер за земјоделство, шумарство месо, но и со и водостопанство производителите на свежо месо, да ги соочиме и слушнеме и двете страни, за да најобјективно можеме да донесеме одлуки што ќе имаат импликации врз идниот раст и развој на оваа индустрија.

може да издржиме на пазарот, десетина фабрики се веќе затворени, тоа ни се заканува на сите останати“, рече Влатко Ѓорѓиевски, сопственикот на МИК од Свети Николе. Тој додаде дека производителите на свежо месо во земјава не се воопшто загрозени со укинувањето на царините за увезено смрзнато месо, затоа што свежо месо за консумација и онака нема доволно на пазарот, а не пак да останува за преработка. “Ние не можеме да купиме суровина од домашните производители, затоа што тие не може ниту потребите за свежо месо на пазарот да ги задоволат, а не пак да остане нешто за нас. Стравовите за евентуално завршување на смрзнатото месо како свежо во продавниците можеби се оправдани со оглед на некои искуства од минатото, но со строга контрола од страна на надлежните институции овој проблем ќе се надмине“, додаде Ѓорѓиевски.

ТРЕНД: ОД 2007 ДО 2012 ДВОЈНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВ


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

27

В

На месната индустрија И се заканува колапс ако не се исполнат барем дел од барањата на компаниите

о моментов, комерцијалните потреби од полутрајни и трајни преработки на месо годишно изнесуваат околу 17.000 тони, кои од домашното прозводство се подмируваат со 65%, а 35% од увоз, при што се увезуваат околу 6.000 тони. Увозот на преработки на месо во одделни години достигнувал и до 9.000 тони, што покривало над 60% од домашната потрошувачка, но квалитетот и упорноста на младата индустрија ВАСКО за преработка РИСТОВСКИ Стопанска комора на на месо Македонија постепено го освојуваше домашниот пазар, а позитивни се и движењата во извозот. За жал, овој тренд е прекинат, производство на сувомесни преработки паѓа, а на индустријата и се заканува целосен колапс доколку итно не се донесат барем дел од мерките што ги предлагаат производителите.

Н

Царината само ги спроведува политиките, Владата е на потег околу евентуалното намалување или укинување на царините

ие не ги креираме политиките, туку ги извршуваме. Би сакал да свртам внимание на една работа: врз основа на една одредба од царинскиот закон, Владата на предлог на Министерството за економија, по претходно добиено позитивно мислење на Министерството за земјоделство и согласност од Министерството за финансии, може да донесе автономни мерки за намалување ДИМЧЕ или АЏИОСКИ укинување Царинска управа на царински давачки за стока која не се произведува во земјава, или не се произведува во доволни количини или не одговара на посебните потреби на домашната индустрија. Царинската управа има надлежности и да следи дали увезеното смрзнато месо се користи директно кај преработувачите или се пушта во продажба.

Н

Некому одговараше да се увезуваат месни преработки, наместо да се произведуваат во Македонија!

ие не бараме привилегии, ниту субвенции – бараме само еднаков третман на сите учесници на пазарот. Некои минати политички гарнитури мислеа дека е поедноставно да се увезуваат месни преработки, одошто да се произведува, па го форсираа увозното лоби! Македонија троши повеќе од 120 милиони евра годишно само за увоз на месо и преработки, а се сметаме за аграрна земја?! Ние не можеме да купиме суровина од домашните производители, затоа што тие не може ниту потребите за ВЛАТКО ЃОРЃИЕВСКИ свежо месо на пазарот да МИК Свети Николе ги задоволат, а не пак да остане нешто за нас. Стравовите за евентуално завршување на смрзнатото месо како свежо во продавниците можеби се оправдани со оглед на некои искуства од минатото, но со строга контрола од страна на надлежните институции овој проблем ќе се надмине.

НЕИСКОРИСТЕН ПОТЕНЦИЈАЛ НА ДОМАШНАТА ИНДУСТРИЈА

САМО 28% ОД КАПАЦИТЕТОТ НА ПРЕРАБОТУВАЧИТЕ НА МЕСО Е ИСКОРИСТЕН Според податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство, во Македонија се регистрирани 50 капацитети за месо и преработки. Од нив дваесетина веќе не работат. Некои од нив и од не до крај разјаснети околности. Од 30-те капацитети кои сè уште работат, 15 капацитети се регистрирани за производство на полутрајни и трајни производи со капацитет од 45.000 тони годишно во една смена. Со преработка на 11.500 тони месо минатата година, можниот капацитет за производство на полутрајни и

трајни преработки од месо од 45.000 тони, кај членките на Групацијата за производство на месо и преработки од месо при Стопанската комора на Македонија, се користи само 28%, што е поразителен податок. Од вкупно преработената количина на месо само 1.700 тони, или само 15% е од домашно потекло, односно месо од домицилните производители. Останатото е од увоз. Ова укажува на заклучокот дека домашно месо за преработка во нашата земја нема. Оттука некако поразителен е фактот дека од увозот на

преработки на месо во одделни години достигнуваше и до 9.000 тони, што покриваше над 60% од домашната потрошувачка, денес со квалитетот и упорноста на младата индустрија за преработка на месо постепено го освојуваше домашниот пазар, а позитивни беа и движењата во извозот. Денес, ситуацијата е сосема сменета, увозот на месни преработки расте, а домашното производство паѓа, заради неконкурентноста, предизвикана од нерамноправните односи на пазарот.

ВОТО НА МЕСНИ ПРЕРАБОТКИ, А ОД 2013 ДО 2016 Е ПАДНАТО ЗА 30%


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

28

Н

10-ТА ЈУБИЛЕЈНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА НБРМ ВО ОХРИД Добив решение за ослободување од увозна царина заради извоз, што набрзо ми го укинаа

ие како преработувачи користиме големи количини на увезено смрзнато месо, во најголем дел свинско, потоа пилешко, говедско, итн. Царините што ги плаќаме од 19-35% едноставно се превисоки и ние бараме нивно симнување за оние количини што се наменети за преработка. Јас минатата година добив едногодишно решение од надлежните за облагородување на увезено месо, што значи ослободен сум од царина доколку го преработам и потоа СЛОБОДАН извезам, но КУТРЕВСКИ по само три Пекабеско месеци ми го укинаа тоа решение. Бараме од новата влада да ги направи поефикасни овие процедури, како и контролите на пазарот за да се докаже евентуално негово нарушување. Со усвојување на нашите барања ќе се постигне и сузбивање на нелојалната конкуренција од увоз, како и стимулирање на извозот на македонските месни преработки.

Расте увозот, а паѓа домашното производство и извоз на месни преработки

Претставникот на Стопанската комора на Македонија, Васко Ристовски, каде што преработувачите на месо имаат своја асоцијација, истакна дека заради високите царини на увезената суровина и намалувањето на конкурентноста на домашните производители, нивното производство последниве години опаѓа, исто како и извозот. “Оваа гранка имаше извоз од 7.500 тони во 2013 година, вреден 20 милиони долари, за да следната опадне на 6.500 тони и 17,5 милиони долари, па 5.100 тони во 2015 вредни 11 милиони долари и во 2016 да изнесува 4.600 тони и 9 милиони долари. Во исто време увозот на преработки постојано расте, па така, само за колбаси и слични производи од 2.700 тони во 2013 вредни 9,5 милиони долари, во 2016 е стигнато до 4.300 тони за коишто се платени 11,6 милиони долари. Со преработка на 11.500 тони месо минатата година, можниот капацитет за производство на полутрајни и трајни

Р

Ние не сме криминалци, ние произведуваме, вработуваме и плаќаме даноци!

аботата е едноставна, имаме проблем со царината и прелевманот и тоа треба што побргу да се реши. Системските проблеми така ќе се надминат, инаку оваа индустрија ќе доживее затворања на уште фабрики. Да бидам искрен, ние во дискусиите со производителите на свежо месо се чувствуваме како анатемисани! Не обвинуваат како да сме криминалци, дека го рушиме пазарот, а ние се мачиме да увеземе АЛЕКСАНДАР суровина, ТРПЕВСКИ МИТ Карнем која што на домашниот пазар ја нема доволно ниту за трпеза, а не пак за преработка во фабрика. Ние сме производители на готов производ, создаваме додадена вредност, сакаме да го задоволиме домашниот пазар, и потоа и да извезуваме. преработки од месо од 42.000 тони, кај десетте најголеми членки на Групацијата, се користи само 28%. Од вкупно преработената количина на месо само 1.700 тони, или само 15% е од домашно потекло, односно месо од домицилните производители. Останатото е од увоз. Во тој контекст, со цел зголемување на конкурентноста на домашните производители на преработки во однос на странските конкуренти и во насока на обезбедување услови за повисок степен на користење на сопствените капацитети во оваа индустрија, неопходни се мерките за укинување на увозните давачки кај месото за преработка“, истакна Ристоски.

Царината може да се реши за кратко време, за суровинска база потребна е системска поддршка на подолг рок

Вицепремиерот Кочо Анѓушев, рече дека Владата ќе биде посветена на системско решавање на сите проблеми што ги имаат домашните производители. “Околу решавање на проблемот со царината, тука како предизвик се јавува контролата увезеното месо да не заврши

В

Зошто се дозволи подем на увозното лоби, само бившата власт знае

о 90-те години кога почнувавме со отворање на првите погони за преработка на месо, беа донесени прелевманите за увоз на свинско месо, како заштитна мерка за производителите на свежо свинско месо. Но, прелевманите сами по себе не може да им го решат проблемот на фармерите, на коишто им се потребни стимулации, грантови и сл., а ни штетат нам преработувачите. Нашето производство денеска паѓа, ако мојата компанија до 2014 имаше извоз, РАДЕ сега веќе го ТРАЈКОВСКИ МИС Глобус нема. Оваа година беше критичната, откако се случија некои небулозни работи во оваа индустрија и почна нејзиниот колапс. Зошто тоа се случи, само бившата власт знае. Испразнетиот простор во продавниците го пополнија увозниците, и нивниот налет се одржува и расте.

како свежо во месарница, наместо во погон за преработка. Но, овој предизвик може да се реши во соработка со инспекциите и останатите надлежни институции, а самото укинување на царината е прашање што може на краток рок да се реши откако ќе ги анализираме сите импликации што ќе произлезат од него. Што се однесува на проблемот со недостиг на свежо домашно месо за преработка, ова е предизвик за којшто треба подолго време за надминување, односно системска поддршка на домашните производители за да добиеме поголемо домашно производство на суровина. Ние како Влада се обврзавме дека на целосно транспарентен начин ќе ги поддржуваме домашните инвеститори, со еднаков третман каков што ќе добиваат и странските. Во контекст на месната индустрија, тоа значи дека секоја компанија што сака да инвестира во зголемување на производството на преработки или пак во примарно производство на свежо месо, ќе биде системски поддржана од државата.“, рече Анѓушев. nnn



Капитал број 925/926 21.07.2017

30

www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

Најголемата опасност што ја носи дигиталната економија е новите стартапи, односно вашата конкуренција да биде многу побрза и подобра од вас, ако воведе дигитално работење, ако изведе дигитална трансформација“, вели основачот и претседателот на австриската компанија New Frontier Group

БРАНИСЛАВ ВУЈОВИЌ

ОСНОВАЧ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА NEW FRONTIER GROUP

НЕМА ИНДУСТРИЈА ИМУНА НА ЕФЕКТОТ НА ДИГИТАЛНАТА РЕВОЛУЦИЈА


www.kapital.mk

Б

Бранислав Вујовиќ е основач и претседател на New Frontier Group, компанијата основана во Виена во 2006 година, со мисија да ја помага дигитализацијата на компаниите кои уште не ја направиле трансформацијата што ја бара дигиталната револуција што е во тек. New Frontier Group е присутна во 15 држави, вработува околу 2.000 луѓе, а во Македонија ќерка-компанија и е SAGA MK, чиј директор е Зоран Крстевски. XКако X дигиталната револуција го менува нашиот приватен и професионален живот? Луѓето не се подготвени да прифатат дека се работи за револуција – за дигитална револуција во која сè се менува. Таа подразбира дека многу работи се автоматизирани, оти се функционира на поинаков начин, за да се намалуваат трошоците, при што сè станува многу побрзо, многу поедноставно. Дигиталната револуција всушност го промени одговорот на прашањето што се нашите основни средства. Во минатото најголеми компании во светот беа оние што поседуваа материјални основни средства – објекти, фабрики, ... Денес најголемите светски компании немаат ништо од тоа, туку имаат или знаење, или платформа, или луѓе, а главно средство им е информацијата. Тоа го донесе дигиталната револуција – информацијата стана основно средство – сè се базира на информации. Дигиталната револуција влијае на сите гранки на индустријата. Многумина се залажуваат дека тоа можеби и не е така за нивниот бизнис. А видете само колку се промени и самиот живот на луѓето. Јас сакам да кажам дека кај мене се променија три работи: прстот ме боли малку повеќе; грбот помалку, а работам 24 часа дневно. Прстот ме боли повеќе зашто сега со него работам сè, преку смартфон; грбот ми е подобар зашто овие уреди се сè помали – сега ми е доволен телефон за да можам да правам сè како на компјутер; а работам, достапен сум во секое време, исто така, поради смартфонот. Нашиот живот и допрва ќе се менува. Мислам дека сите треба малку да погледнеме околу себе од овој аспект и да видиме што се случува, па да го прилагодиме и својот живот, но и својот бизнис на овој начин на работа. XШто X е дигитална трансформација? Дигитална трансформација е процес во кој компании кои работеле во индустриско време сега сакаат да се вклучат во дигиталната револуција, односно во дигиталната економија. Тука имаме доста проблеми, зашто луѓето стравуваат, не се подготвени да прифатат, и не сфаќаат колкава шанса е ова.

Капитал број 925/926 21.07.2017

31 Вие сега можете од Македонија да го освоите целиот свет. Оваа шанса во ситуација кога сè е глобализирано некои луѓе не ја гледаат. Дигитална трансформација е процес на менување на вашиот бизнис, на бизнис моделот, од индустриски во дигитален. Најголем проблем е тоа што луѓето мислат дека за целта е доволно да имаат интернет страница. Друга грешка е процесот да им го препуштат на ИТ професионалци, кои се силно фокусирани на технологијата, и повеќе гледаат кон неа отколку кон бизнисот. Тие не можат да придонесат за промена на бизнис моделот, кој мора да се прилагоди на новиот начин на работење. Оваа промена на бизнис моделот се состои од повеќе точки. Не е работата само во тоа да имате веб сајт на кој ќе продавате. А луѓето најчесто се фокусираат само на ова. XКои X се опасностите од дигиталната економија? Најголемата опасност што ја носи дигиталната економија е новите стартапи, односно вашата конкуренција да биде многу побрза и подобра од вас, ако воведе целокупно дигитално работење. На пример, сите телекоми во светот пред неколку години заедно заработуваа околу 100 милијарди долари на SMS и MMS. И тогаш се појавија Viber, Skype, WhatsApp … Последниве (WhatsApp) беа вкупно 50 луѓе – инженери и администрација, и кога се продадени имаа 700 милиони, а денес милијарда корисници. И сè прават бесплатно, додека телекомот мора да купи лиценца, да плаќа данок, овде, во Македонија, скапа опрема, ... Што значи ова: за брзо време приходот на телекомите ќе биде преполовен на 50 милијарди долари, иако пораките ќе бидат илјада пати повеќе. Viber, WhatsApp ... им земале 50 милијарди на телекомите. Еден од големите проблеми е кога вие многу заработувате на она што сега го работите, па тешко се одлучувате да се префрлите на дигитално работење или да го менувате бизнис моделот. Тоа е опасноста – многу компании имаат потешкотии – и банките, и телекомите – она што тие го нудат, вредноста што ја нудат може да се добие на друг начин, многу полесно, со многу помалку луѓе. Од друга страна постои мислење дека со дигиталната револуција многу луѓе ќе останат без работа, но ние го застапуваме ставот оти ако на време почнете да работите на дигиталната трансформација можете да се одбраните од тоа. Зашто вам тие луѓе ви требаат; имаат одредени знаења и можете да ги префрлите на други работни позиции и добро да ги искористите. Ако доцните, тогаш не само што ќе мора многу да отпуштате, туку прашање е дали ќе ви опстане бизнисот. XКако X вие им помагате на компаниите да ги искористат предностите на дигиталната економија? Најмногу помагаме така што се обидуваме да им објасниме на нашите клиенти што се

тие опасности и како со нив да се изборат. Најголем проблем е она што рековме – на пример, банка ќе направи интернет банкарство - програма за мобилно банкарство, за на интернет, па одвоено за корпоративно и за банкарство на мало ... десетина системи што работат секој на свој начин, и таа банка мисли завршила работа, го решила проблемот „ние сме дигитални“. Па, се рекламираат дека се фокусирани на корисниците, иновативни ... А јас кога на ќерка ми ќе и пратам пари во странство внесувајќи сè што треба од податоци во тоа интернет банкарство, ќе притиснам „прати“, па од банката ќе ми пратат пин и ќе ми речат „ви благодариме многу“, парите ги снемува. Банкарска магија! Ги нема парите ниту кај мене, ниту кај ќерка ми. Не знам кога ќе стигнат, колку ќе ме чини услугата, ништо не знам. Мора да и се јавувам на ќерка ми да ми каже дали ги добила парите, а колку ме чини услугата ќе дознам дури потоа. Каков е овој фокус на корисниците?! Вакво нешто во дигиталната економија не постои. Таа има многу демократски карактер, зашто е транспарентна, отворена. Можете сега овде, во Македонија, да видите која е најповолна камата, услови за земање кредит ... Не може веќе никој да ве лаже. Ако денес некој ве измами сами сте виновни што не сте провериле на интернет. Ние на компаниите им помагаме да размислат за дигитална стратегија, како ќе се прилагодат, и потоа сме тука сè до егзекуцијата. Ние работиме на комплетниот процес, во што сме едни од ретките. New Frontier Group, преку ќерката компанија SAGA во Македониа, заедно со Клириншката куќа, КИБС, која е во сопственост на осум најголеми македонски банки, има направено стратешко партнерство за заеднички настап за дигитална трансформација во работењето на банките овде. Веќе имаме неколку банки што се префрлаат на овој систем, и ќе продолжиме и натаму да им покажуваме на банките нов пат за развој на бизнис процесите, со цел да ги зголемат профитите, а на клиентите да им овозможат многу поедноставен начин на работење, и да заштедат и банките и клиентите, и така да добиеме вин-вин комбинација. XКои X се чекорите на дигиталната трансформација? Прв чекор што ние го работиме со нашите клиенти е анализа на нивната актуелна состојба, за добро да разбереме што тие работат. Го анализираме бизнис моделот што го имаат и како тој функционира. После тоа со нив правиме работилница (воркшоп) на кој поминуваме низ анализа на нивниот модел, па гледаме какви сè модели се користат во светот, не само во нивната индустрија, туку во различни индустрии, зашто често може да се користат искуства од една во друга гранка. После тоа работиме на тоа како тие, клиентите, можат самите да го подобрат или да направат нов бизнис модел. Главно е што ние одиме низ сите елементи на бизнис моделот: од вредноста на понудата –

ВУЈОВИЌ: VIBER И WHATSAPP ИМ ЗЕМАА 50 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА ТЕЛЕКОМИТЕ


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

32

ИНТЕРВЈУ

што е тоа што го нудат на нивните клиенти, и како би можело да се промени таа вредност; дали може да се зголеми со тоа што ќе го дигитализираат нивниот производ или ќе користат нови канали за дистрибуција; или ќе ги променат, автоматизираат процесите што ги користат; или ќе имаат нови партнери што ќе им донесат нова, дополнителна вредност ... Се гледа и дали може да се применат новите модели на продажба, со воведување, на пример, на претплата за одредена услуга ... Ние во Виена го имаме Car2Go – оној малиот Smart автомобил што Mercedes не можеше да го продаде добро 2008-2009 година поради кризата, па одлучи индустрискиот производ – автомобилот, да го претвори во дигитален сервис. Ставија дури 500 автомобили на паркинзите во Виена, и на овие Smart возила монтираа мал уред, за да можете со картичка на компанијата Car2Go да го отворите автомобилот. Се пријавувате на интернет, добивате картичка, и можете да влезете во кој сакате од овие автомобили во Виена, да се возите колку сакате и да го оставите каде сакате во градот. Ова е многу голема вредност за корисникот, по цена меѓу онаа за јавниот превоз и за такси. Значи услугата е поевтина од такси. Луѓето масовно ја користат – можете на мобилен телефон да видите каде е најблискиот автомобил, да го резервирате, и штом завршите со возењето и излезете ви се наплаќа според минутите на користење. Ова е потполно нов бизнис модел. Ние токму ова го работиме – им помагаме на клиентите да размислат како може да се промени нивниот бизнис модел. На пример, работиме со Petrol во Словенија, најголемата тамошна нафтена компанија, зашто тие сфаќаат дека за пет, шест, ... десет години, нивните бензински станици нема да можат да продаваат толку бензин и нафта колку што продаваат денес. Сè повеќе се оди на електрични автомобили. Нивниот сектор многу ќе се промени и тие мораат веќе сега да мислат на тоа. XКои X се примерите за успешна дигитална трансформација во светот и во регионот?

Metropolitan Opera во Њујорк има 3.800 седишта. Толку карти може да продаде за една претстава. Но, тие воведоа пренос во живо на своите претстави, и прво направија тоа да оди во Cineplexx и други кина – картата во Виена беше 32 евра за да гледате опера во директен пренос од Њујорк, а потоа преминаа и на интернет, и сега имате опера на барање (opera on demand). Пазарот им е сега проширен на целиот свет, со милиони корисници. Но, Metropolitan Opera тука не застана, туку измисли мал екран што е поставен на столчето пред вас во операта – тоа е нивен патент, и на овој екран излегува текстот на операта на четири јазици, за да можете да го следите. И ова го продаваа на други опери. Ова е пример на една успешна дигитална трансформација. Најчесто се случува при дигиталната трансформација да се додаде дополнителен бизнис модел. Имате повеќе примери и во светот и во регионот. Најсветол пример е LEGO. Тие имаа огромен проблем, беа пред банкрот, и потоа во два чекори направија трансформација. Прво ја прилагодија технологијата и го намалија бројот на производи, и потоа тргнаа во дигитална трансформација. Почнаа да го менуваат бизнис моделот, снимија филм, анимирани серии ... и сега гледајте колку LEGO производите на овој начин се популаризираат. Денеска иновацијата стана релативно полесна, зашто информацијата е основно средство. Претходно ги имаше огромните лаборатории, на пример, на IBM, на HP, во кои се инвестираа милијарди за нешто да се добие, и само овие гиганти беа носители на иновациите. А сега еден студент може да направи иновација на лаптоп. Ова е таа демократизација на иновацијата. XКаде X е Македонија во дигиталната трансформација? Кои се можностите и има ли досега резултати? Соработуваме со компании во Македонија и добро сме прифатени. Мене повеќе ме интересира една друга страна, што ние

сите во регионот сме под влијание на ставот дека мора да се вложат милијарди за да се направи нешто. Ова време ни дава можност за успех со многу помали вложувања. Да се копира Силиконската долина можеби е во ред, но ние ниту ги имаме тие средства, ниту пак го имаме американскиот менталитет на фокусираност на профитот. Ние треба да се свртиме кон други нешта, кон некој друг модел. Постојат податоци што ги имаат јавните институции и тие треба да бидат достапни, отворени за сите. Па, да се направи малите стартап фирми да можат да се приклучат и да ги користат овие податоци, и да ги водите да направат нешто корисно за Македонија – на пример, во разни држави сега имате апликации со интегрирани информации за транспортот – ако сакате за превоз од точка А до точка Б, да користите и воз и автобус и нешто трето, некоја мала фирма може да ви го планира патот. Ние моментално работиме и во делот на туризмот и сакаме да направиме еден поинаков пристап во овој дел. Секој странски турист кога патува гледа во телефонот, на мапа, но кога треба да одбере ресторан оди во TripAdvisor. Зошто да не се направи апликација каде турист кој ќе дојде во Македонија сè ќе најде на едно место. Преку кој ќе бидат ангажирани од мали фирми со соодветна дејност поврзана со туризмот, до локални водичи. Компаниите треба да се поттикнуваат да размислуваат навреме како да се трансформираат, особено зашто Македонија има ниски даночни стапки на приходи, а сега се зборува за тоа дека ќе бидат уште пониски за ИТ секторот, со што би можело да се направи Македонија да биде соодветен центар. Но, наш регионален проблем е што про-даваме луѓе, што носи 10-15% маржа, наместо да правиме производи и да ги продаваме, што носи огромни средства. Сосем друга работа е да извезувате софтвер. Ние имаме паметни, напредни, иновативни луѓе, само треба да им се отвори можност да се реализираат. nnn



Капитал број 925/926 21.07.2017

34

www.kapital.mk

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ

КРИСТИЈАН ДАНИЛОВСКИ FX3X, ЕКСКЛУЗИВНО ЗА „КАПИТАЛ“:

„СО КАНЦЕЛАРИЈА В ХОЛИВУД, КОН НОВ ОД НАШИОТ РАЗВО

ДАНИЛОВСКИ: НÈ БИЕШЕ ГЛАС НА ПОЧЕТОКОТ Д


www.kapital.mk

ВО ВА ЕТАПА ОЈ“

Капитал број 925/926 21.07.2017

35 „Во Холивуд само еднаш можеш да згрешиш, и таму си добар онолку колку што е добар твојот последен проект“, вели основачот на FX3X, Кристијан Даниловски. Дека досега не згрешиле во долгата серија блокбастери на кои работеле и каков е квалитетот што го испорачуваат на најпозната филмска адреса, покажува и новата етапа од нивниот развој чиј битен чекор е отворањето канцеларија на FX3X во Лос Анџелес, во Холивуд пишува:

Максим Ристески

Д

maksim.risteski@kapital.mk

Дози опиплива инспирација, особено за младите во Македонија - во смисла на остварен високо амбициозен сон, со години доаѓаат од слушањето на името FX3X во редовни интервали поврзани со нови успеси. За оваа македонска компанија за анимација и за визуелни ефекти (чие име, ако си дозволиме интерпретација, значи ефект, и тоа триплиран) секогаш има за што и зошто да се пишува. Конкретниот повод

ДЕКА СМЕ СТУДИО СО ЛУДА СРЕЌА


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

36

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ

„Капитал“ одново да ја посети FX3X беше премиерата на новиот блокбастер во кој таа учествува со својата специјалност. Се работи за новиот филм за марвеловиот супер-јунак, човекот-пајак, „Спајдермен: Враќање дома“ (Spider-Man: Homecoming), кој само во првиот викенд од прикажувањето во САД заработи 117 милиони долари. Во прилог на погоре изнесеното тврдење за инспирацијата што ја зрачи FX3X, односно за постојаното додавање уверливост на ова конто, веднаш по пристигнувањето во просториите на компанијата ексклузивно ја дознавме новоста во нејзиното работење, отворањето на канцеларија во Лос Анџелес, во Холивуд. Значењето на овој потег кога сте во големиот филмски бизнис не треба да се објаснува. „Канцеларијата во Холивуд е битен чекор во нашиот развој“, сепак ни потенцираше косопственикот и основач на FX3X, Кристијан Даниловски. Објектот е сместен во старото, оригинално студио на легендарниот Чарли Чаплин, кое на посетителите на квартот од Лос Анџелес што е филмски епицентар на светот, туристичките водичи им го посочуваат како локација што мора да се види. „Веќе четиринаесетта година работиме со Холивуд, и на почетокот на оваа година отворивме канцеларија во Лос Анџелес, во Холивуд, во старото, оригиналното студио на Чарли Чаплин. Таму имаме наши канцеларии

и за комуникација и за презентација. Во самото студио имаме и наша опрема за „ловење“ на движења (motion capture – Mocap), сместена на 1.100 квадратни метри. Уште едно такво студио имаме и овде, клон во Скопје, каде развиваме наша технологија. Се користи најмодерна технологија за виртуелна присутност или комуникација меѓу нашите локации во Скопје и во Лос Анџелес. Сè e направено да имаме што подобра комуникација со нашите потенцијални клиенти и соработници во Лос Анџелес, каде реално е лоциран нашиот пазар“, вели Даниловски. Во канцеларијата работат продуцент и супервизор како локално, холивудско присуство на FX3X. „Засега функционира многу добро; малку и ја проширивме канцеларијата кон средината на годинава, и веќе почнавме со работа на нови холивудски филмови токму преку оваа канцеларија“. Кои се овие нови филмови, Даниловски не можеше да ни одговори: „Во оваа фаза обврзани сме на дискреција“. „Во секој момент работиме на нови филмски проекти. Најново што излезе од кај нас е „Спајдермен“, последен во серијата блокбастери (на овој проект работеле од јануари до мај оваа година, со тим од околу 70 артисти). Работиме доста и за американските телевизии. Лани бевме

дел од Game of Thrones, годинава цела анимирана серија се изведе кај нас, Splash and Bubbles (во продукција на The Jim Henson Company – Џим Хенсон е креаторот на The Muppet Show). Се работи за вистински голема серија од 80 епизоди од по 11 минути, направена за рекордно време според стандардите на нашата индустрија“, објасни Даниловски.

Секогаш има следно ниво

Имајќи предвид дека FX3X веќе со години работи на врвни филмски проекти, го прашавме Даниловски каде и како понатаму би се развивала компанијата. Има ли следно ниво? „Секогаш и за сите има следно ниво, дури и за најголемите. Ние на светско ниво сме уште мала компанија. Работиме на светски врвни проекти и би сакале и квантитативно и квалитативно да бидеме уште поинволвирани во нив. Следните чекори би биле да бидеме меѓу неколкуте големи компании во светот. Кон тоа стремиме. Се надеваме наскоро, во наредниве година-две, да станеме средна компанија на светско ниво во нашата индустрија, па во одредена перспектива да станеме и голема компанија“, ни одговори основачот на FX3X. Основаноста, пак, на овие очекувања доаѓа од фактите за FX3X, како тој дека „Спајдермен: Враќање дома“ е веќе

FX3X-МОТО: STAR PERFORMANCE WITHOUT A STAR ATTITUDE


ГИ ГРАДИМЕ ВАШИТЕ СОНИШТА РАПИД БИЛД е градежна компанија која изведува објекти од секаков вид и тоа: станбени, деловни, индустриски објекти, магистрални гасоводи комплет со блок станици и главно мерно регулациони станици, атмосферски и фекални канализациони системи, патна инфраструктура со придружни објекти (подпатници, надпатници, пропусти, клучки), реконструкции, доградби итн. Главната одлика на компанијата е брза, квалитетна и современа изведба, која се должи на користење на најсовремена опрема и материјали за градба, имплементирање на светските стандарди за квалитет и менаџмент, како и поседување на тим составен од високо-професионален и стручен кадар. Во реализација на работите во областите на својата дејност секогаш ја запазува техничката регулатива, ги запазува етичките и стручни стандарди на оваа професија, а со своето работење го застапува интересот на својот инвеститор во рамки на законските прописи, интересот на општеството и угледот и репутацијата на професијата и професионалноста.

www.rapidbild.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

38

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ Презентациската соба во состав на холивудската канцеларија е опремена според очекуваните стандарди за локацијата Во дворот на канцеларијата во Лос Анџелес, сместена во оригиналното студио на Чаплин, во „Стариот Холивуд“. Од лево кон десно: Стефан Вајлд, директор на дигиталното студио во Henson's; Миливоје Ѓорѓевиќ и Кристијан Даниловски, основачи и сопственици на FX3X; и Александар Ѓорѓевиќ, директор на одделот за аудио монтажа и звук

четиринаесетти марвелов филм на кој работеле. „Во Холивуд само еднаш можеш да згрешиш, и таму си добар онолку колку што е добар твојот последен проект. Се работи максимално професионално, човек не смее да се олабави, конкуренцијата е глобална, остра, од Кина, Индија, Канада ... каде имаат и субвенции од над 50%. Се разбира дека секогаш мораме да бидеме конкурентни по секоја основа: неспорен квалитет, испорака ... Голема гордост за нас е што работиме на толку многу филмови со врвни ефекти“, вели Даниловски. Тој во контекст на погоре кажаното за безмилосноста на холивудските стандарди и очекувања вели дека „една од убавите работи е што клиентите со кои работиме веќе ни се клиенти со години“. „Тоа зборува за квалитетот што го испорачуваме. Од кога почнавме да соработуваме со Холивуд јуначки се бориме да го задржиме местото под сонцето таму, постојано внесуваме иновации ... И, сè уште се држиме до мотото што го воспоставивме кога почнавме да работиме со Холивуд: „Star performance without a star attitude“, што во слободен превод значи испорачување врвен квалитет, но секогаш со приземјено примање на заслугите“. Со канцеларијата во Холивуд, FX3X очекуваат дa направат битен чекор од растот кон средно ниво на компанија од нивниот бизнис според глобалните стандарди, и сметаат дека голем дел од работата ќе доаѓа оттаму. „Глобално сме ориентирани, нè контактираат компании од Кина, од Велика Британија, од

Канада ...“, вели Даниловски.

Тим од 280 млади луѓе – сите од Македонија

Во Скопје тимот на FX3X има 280 вработени. Го прашавме Даниловски од каде и како доаѓаат луѓето во компанијата? „Тимот во Скопје е исклучиво од Македонија. Се работи за луѓе кои се долг период со нас, талентирани и проверени, и едуцирани најголемиот дел од нив, во FX3X. Дел од нив работеле овде, па во некои од најголемите светски компании во индустријата, па се вратиле и го пренесуваат нивното знаење“, објасни Даниловски, кој вели дека од самиот почеток идејата била FX3X да биде македонска компанија и во оваа смисла на зборот. Времето потребно за артистите да се дооформат до нивото потребно за да работат на проект во рамките на FX3X сè повеќе се намалува, зашто во соработка со неколку овдешни факултети што имаат допирни точки со работата на компанијата, истата развива одредена академска содржина со која барем делумно може да се образува кадар, со чие доаѓање во FX3X се заокружува процесот. Во неколку наврати во компанијата гостувале и врвни светски експерти кои унапредувале одредени делови од работењето – тренинг на артисти, технолошки, организациски, продукциски; за да се имплементираат светските стандарди. „Соработуваме со студија кои нам ни се сон, како што ние сме им сон на младите во Македонија. Кога ги гледаме нив, тие ни се репер до каде сме. Постојано соработуваме

со луѓето на врвот во оваа индустрија. Тоа е дополнителна сатисфакција“, велат од FX3X. Во контекст на споменатиот сон, се присетија и на нивниот прв (и успешен) обид за влез во Холивуд, и на последувателната серија учества во големи проекти, а која некои луѓе од индустријата си ја објаснувале и со „луда среќа“. „Кога се враќаме наназад сами на себе си изгледаме како лудо храбри млади луѓе кои беа спремни по секоја цена да влезат во Холивуд. Настапивме со герила маркетинг, со најмал штанд таму, со минимални инвестиции за тој стандард, но максимални за нас. Нè биеше глас на почетокот, дека сме студио со луда среќа. Прв проект ни беше „Авијатичарот“ (The Aviator) на Скорсезе, малку потоа падна номинација за ЕМИ (2007), малку потоа дојде „Златен компас“ (The Golden Compass) - проект на кој работевме што доби Оскар, и имаше луѓе од индустријата што ни викаа: 20 години сум во индустријава и не сум влегол во Kodak Theatre - вие стварно сте среќни! Но, среќа не може да биде 20 години. Треба да се докажеш“. На FX3X очигледно, и покрај сите успеси, не им се исцрпени мотивите да се докажуваат. Даниловски покрај ексклузивата за канцеларијата во Холивуд, ни го откри (и при прошетката низ различните оддели на компанијата ни го покажа) и новиот оддел за видео игри и за виртуелна реалност. Како што ни објаснија, во овој дел компанијата игра на нејзините силни страни, што значи визуелно побогати игри за мобилни платформи. nnn

ДАНИЛОВСКИ: НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ВРАБОТЕНИТЕ СЕ ЕДУЦИРАНИ ВО FX3X


КУРСЕВИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ТЕХНИЧКИ ВЕШТИНИ:

ADOBE PHOTOSHOP, ILLUSTRATOR, PREMIERE И MICROSOFT EXCEL  (промотивни цени од 3.000 ден + ДДВ)

Институт КОНЦЕПТ во претстојниот период ги организира следните курсеви ПОЧЕТЕН КУРС ЗА PHOTOSHOP

ПОЧЕТЕН КУРС ЗА ADOBE PREMIERE

 

 

Уписите се во тек! Цена: 3.000 денари + ДДВ

ПОЧЕТЕН КУРС ЗА ILLUSTRATOR  

Уписите се во тек! Цена: 3.000 денари + ДДВ

Уписите се во тек! Цена: 3.000 денари + ДДВ

ПРАКТИЧНО ИЗУЧУВАЊЕ НА ОСНОВИ НА РАБОТА ВО EXCEL  

Уписите се во тек! Цена: 3.000 денари + ДДВ

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ:  e-mail: institut@koncept.com.mk  02 3128 526  070 272 207


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

40

ИНТЕРВЈУ

СТРУКТУРНИТЕ П ИЗВОЗНАТА ДИВ КАКО ГЛАВНИ МО НА РАСТОТ НА ДО

M ДОЦ. Д-Р

ДАРКО ЛАЗАРОВ

ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Современата економска наука и досегашните искуства на успешните брзо растечки земји укажуваат дека извозната диверзификација (зголемување на бројот на производи што земјата ги извезува со компаративни предности) и промените во производната и извозната структура (насочување на економија од производство и извоз на производи со понизок степен на финализација кон производи со повисока додадена вредности) се фундаментални процеси во насока на забразување на економскиот раст во мали отворени економија, како што е тоа случај со Република Македонија. Сепак, тој процес воопшто не е лесен, ниту случаен. Истиот во голема мера е детерминиран од постоечката производна структура и активната улога на државата. Во таа насока, мапирањето и деталното проучување на носечките индустриски сектори и нивните репродукциски поврзаности и потребата од активна индустриска политика насочена кон поддршка и поттикнување на оние сектори кои имаат реални економски претпоставки за градње на компаративни предности се клучот за успехот во процесот на структурна трансформација и извозна диверзификација на земјата.

XМакедонската X економија во една подолга временска дистанца не успеа да ги испорача посакуваните стапки на економски раст. Кои се, според вас, главните причини за таквиот неповолен тренд? Сознанијата од современата економската наука и практичните искуствата на некои брзорастечки земји укажуваат дека извозната диверзификација или процесот на зголемување на бројот на производи што земјата ги извезува со компаративни предности и промените во производната и извозната структура преку градење на конкурентски предности во производството и извозот на производи со повисок степен на финализација се фундаментални процеси во насока на забразување на економскиот раст во мали отворени економија како што е тоа случај со Република Македонија. Тргнувајќи од овие сознанија. можеби една од клучните причини за ниските стапки на раст и бавната развојна динамика на земјата треба да се бараат токуму во лошите извозни перформанси на македонската економија, гледано низ призмата на извозната диверзификација и трансформација кон производи со повисок степен на финализација и додадена вредност. XЗошто X земјата не успеа да ги подобри извозните перформанси? Kоj e според вас најголемиот ограничувачки фактор? Постојат најмалку три причини за тоа. Прво, неповолната наследена производна структура на економијата. Имено, процесот

на структурни промени на производството и извозот во голема мера се детерминирани од постоечките акумулирани производни способности и реалните економски претпоставки на земјата. Во тој контекст, многу е поверојатно за една економија што произведува челик како основен металуршки производ, да го прошири сетот на производи со отпочнување на производство и извоз на производи во металопреработувачката и машинската индустрија, наспроти можноста, истата земја да се специјализира во производство на новата генерација на паметни телефони, кога воопшто претходно не произведувала никаков тип на телефони. Второ, недостигот на претприемачки способности на реалниот сектор. Во изминатиот период некако бизнис секторот не покажа претприемачки дух, иновативност и капацитет да влезе во борба со глобалната конкуренција преку отпочнување на производство на нови производи. Напротив, поголем дел од бизнис секторот беше насочени кон одржување и развој на оние бизниси кои беа наследени од претходниот економски систем. Трето, отсуство на развојна економска стратегија на земјата и недоволен институционален капацитет во спроведување на индустриски политики кои ќе бидат насочени кон поттикнување на извозната конкуретност и поддршка на оние индустрии кои имаат реални можности за градење на компаративни предности во услови на глобална конкуренција. Досега, или воопшто не се разговараше за инудстриски и развојни политики или најголем дел од нив беа популистички мерки без никаква практична применливост и конкретни резултати. XНеодамна X ја промовиравте студијата со наслов „Анализа на развојните можности и потенцијали за извозна диверзификација на металната, машинската и електро индустријата во Македонија„.


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

41

ПРОМЕНИ И ВЕРЗИФИКАЦИЈА ОТОРИ ОЛГ РОК Според нашите истражувања и анализи, на листата производи кои Република Македонија може да отпочне да ги произведува и извезува со компаративна предност се: земјоделски, градежни, текстилни машини и нивни делови, полупроизводи од железо и челик, апарати за домаќинството, електрични трансформатори и статички конвертори, котли за производство на вода и друга пареа, дискови, ленти, флеш мемориски единици, “паметни картички”. Ова е практично спротивно на досегашните нереални амбиции за преструктурирање на економија кон високо технолошки сектори vis-à-vis постоечките производни капацитети, акумулирани способности и економските претпоставки на земјата. Kој беше главниот мотив и кои се клучните поенти? Врз основа на спознавање на потребата и неопходноста од детално проучување на носечките индустриски сектори и нивните репродукциски поврзаности во насока на идентификување на развојните можности и потенцијали за извозна диверзификација и насочување кон производи со повисок степен на финализација ја превземавме обврската да изработиме една научно базирана студија која беше целосно поддржана од страна на Стопанската Комора на Македонија, која во изминатиот период со нејзината проактивна улога покажа еден нов начин на делување преку детални анализи и студии. Оваа студија е насочена кон неколку индустрии кои сметавме дека се важни за нашата економија и индустрии каде имаме реални можности за градење на компаративни предности. Сепак, нашата интенција е да ја прошириме оваа анализа на повеќе индустрии со што ќе добиеме многу појасна слика и патоказ каде треба да се движи нашата економија во наредниот период. Тоа се разбира ќе биде од исклучителна важност во градење на идните економски и индустриски

политики на земјата. XДо X кои се резултати и заклучоци дојдовте во студијата? Првата цел на истражувањето беша анализа на извозните перформанси и извозната структура на македонската економија во периодот 1995-2005 година, при што резултатите укажуваат дека и покрај значителниот пораст на вредноста на извозот од 1.56 милијарди долари во 1995 година, на 5.22 милијарди долари во 2015 година (или во релативен износ како учество во БДП од 33% во 1995 година на 48.5% во 2015 година), бројот на производи што земјата ги извезува со компаративна предност е намален од 696 производи во 1995 на 460 во 2015 година. Сличен тренд е забалежан при анализата на металната, машинската и електро индустријата. Имено, овие индустрии забалежале тренд на зголемување на извозот од 302 милини долари во 1995 година на 1.75 милијарди долари во 2015 година. Сепак, она што е неповолно е фактот што таквиот пораст во голема мера е резултат на отпочнување на производство и извоз на неколку нови производи, а не резултат на позначајна извозна диверзификација. За илустрација, отпочнувањето на производство и извоз на само два производи:

Д-Р

МИТКО КОЧОВСКИ МАКСТИЛ

Студијата со наслов “Анализа на развојните потенцијали и можности за производна и извозна диверзификација на металната, машинската и електро индустријата во РМ“ е продолжување на една претходна студија која имаше за цел да ги квантифицира ефектите на овие носечки индустриски сектори во рамките на македонската економија преку директните и мултипликативните канали. Двете студии беа реализирани со директна поддршка од страна на Стопанската Комора на Македонија како настојување на Комората за воспоставување на еден нов современ концепт на делување преку спроведување и поддршка на научно базирани истражувања и анализи кои ќе имаат за цел испорачување на издржани предлози и конкретни мерки во насока на градење на подобри економски и индустриски политики во земјата. Во таа насока, оваа студија е прва во серијата секторски студии кои во наредниот период ќе бидат направени со цел отворање на дебата и расправа за потребата од редефинирање на економските политики на државата, кои ќе бидат примарно насочени кон реидустријализација и зголемување на извозната конкуретност на македонската економија.


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

42

ИНТЕРВЈУ

филтери за вшмукање воздух за мотори со внатрешно согорување и сетови на спроводници за палење и други сетови на спроводници за возила го зголемиле вкупниот извоз на Република Македонија во машинската и електро индустријата во 2015 година за 628 милиони долари, што е повеќе од 40% од вкупниот пораст на извозот во овие индустрии во анализираниот период. Ако на ова се додаде дека извозната вредност на фероникелот e зголемена од 52 милиони во 1995 година, на 286 милиони во 2015 година, што значи за 234 милиони долари, многу лесно може да се дојде до одговорот на прашањето на што се должи зголемувањето на извозот на овие индустрии во изминатите две декади. Уште еден аргумент во насока на заклучокот за неповолниот тренд на извозните перформанси на анализираните индустрии е податокот дека бројот на производи што земјата го извезува со компаративни предности во рамките на овие индустрии бележи тенденција на намалување (од 118 во 1995 година на 70 во 2015 година), додека извозната концетрација на десетте најизвезувани производи бележи тенденција на пораст (од 58% во 1995 година на 80% во 2015 година). Сепак, главната задача во оваа студија беше откривање на оние сектори и производи кои економијата согласно постоечката претходно детално идентификувана производна и извозна структура има реални множности да изгради компаративни предности. За таа цел беше применет современ научно базиран методолошки пристап развиен од светски реномирани истражувачки центри, при што, добиените резултати укажуваат дека Република Македонија има потенцијал за извозна диверзификација во анализираните

Потребно е брзо редефинирање на економските политики, со посебен фокус на индустриските политики кои ќе бидат насочени кон структурна трансформација и подобрување на извозната конкуретност на економијата. индустрии, но во производи кои се карактеризираат со средно ниво на софистицираност. За илустрација, според нашите истражувања и анализи, на листата производи кои Република Македонија може да отпочне да ги произведува и извезува со компаративна предност се: земјоделски, градежни, текстилни машини и нивни делови, полупроизводи од железо и челик, апарати за домаќинството, електрични трансформатори и статички конвертори, котли за производство на вода и друга пареа, дискови, ленти, флеш мемориски единици, “паметни картички”). Ова е практично спротивно на досегашните нереални амбиции за преструктурирање на економија кон високо технолошки сектори vis-à-vis постоечките производни капацитети, акумулирани способности и економските претпоставки на земјата. XКои X се главните пораки и какви сугестии им нудите на креаторите на економските политики во земјата? Потребно е брзо редефинирање на економските политики, со посебен фокус на индустриските политики кои ќе бидат насочени кон структурна трансформација и подобрување на извозната конкуретност на економијата. Најпрво, во делот на хоризонтални индустриски политики ја потенцираме потребата од подобрување на третманот на домашните компании,

реформирање на образовниот систем во насока на негово приближување кон реалните потреби на бизнис секторот, градење на иновациски капацитети и нивно вмрежување со индустријата, подобрување на патната инфраструктура, обезбедување на поволни кредити и финансиски гаранции за извозно ориентираните компании. Многу поважно, за успешно спроведување на процесот на извозна диверзификација и промена на неповолната извозна структура е потребно креирање и имплементирање на современи вертикални индустриски политики кои во студијата беа само најавени, а истите понатаму ќе бидат ставени на јавна дебата со цел нивно артикулирање и институциаонално канализирање. Но, пред дизајнирање на такви индустриски политики е потребно да се направи детална анализа на сите сектори и индустрии во земјата со цел да се мапираат оние индустрии, сектори и производи каде земјата има реални економски претпоставки да гради компаративни предности. Токму нашата студија беше првиот чекор во таа насока и се надеваме дека со поддршка на Стопанската Комора на Македонија и носителите на економските политики ќе успееме да ја комплетираме оваа студија со анализа на сите останати индустрии и сектори.

nnn

ЛАЗАРОВ: СЕ ЗГОЛЕМУВА КОНЦЕНТРАЦИЈАТА НА ИЗВОЗОТ



www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

44

СВЕТ БИЗНИС

ВО ПОШИРОКИОТ РЕГИОН РАБОТАТ НАД 200 СТУДИЈА ЗА ВИДЕО ИГРИ СО 10 ИЛЈАДИ ВРАБОТЕНИ

ИСТОЧНА ЕВРОПА МАГНЕТ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ГЕЈМИНГ ИНДУСТРИЈАТА

И

Инвестициите во индустријата за игри во источна Европа растат со брзо темпо, е заклучокот од бизнис конференцијата Game Dev Summit 2017, што беше спроведена во рамките на ON! Fest во Софија, Бугарија. Според зборовите на Андреа Пер од Романската асоцијација за развој на игри

(Romanian Game Developers Association), индустријата е носител на иновации и на економски развој. „Државната администрација во држави како Велика Британија, Финска и Полска јасно го сфаќа ова и се стреми да го развие овој сегмент од економијата преку различни програми, грантови и трговски мисии. Време е тоа да се случува и во источна Европа“, рече Пер. Во источна Европа работат веќе над 200 студија, а голем дел од нив се базирани во Романија. Бројот на вработени во овој сектор веќе е над 10 илјади. Романија води во оваа категорија, следена од Белорусија,

со најмногу специјалисти вработени во секторот. Клучни играчи во регионот се меѓународните компании Gameloft, Ubisoft, Electronic Arts, Wargaming и локалните како Империја Онлајн и Haemimont Games во Бугарија, Amber во Романија, Eipix Entertainment во Србија и други. Специјален гостин на Game Dev Summit 2017 беше претставничката на романскиот акцелератор за гејминг компании (поддржуваат независни развивачи од источна Европа), Carbon, Каталин Бунариу. И таа зборуваше за голема активност во овој сектор во регионот.

ПРОГНОЗА: ДО 2020 ГЕЈМИНГ ЌЕ НОСИ ПРИХОДИ ОД ДУРИ 1,5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ



www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

46

СВЕТ БИЗНИС

„Последниве години видлива е огромна активност во многу од државите во регионот – особено во Бугарија, во Романија, во Србија и во Украина, кои се развиваат исклучително брзо во сферата развој на видео игри. Секоја од државите во источна Европа може да се пофали со успешни гејминг компании, меѓу кои Империја Онлајн во Бугарија, Nordeus во Србија, како и со оперирањето на локални филијали на мултинационални развивачи и издавачи, меѓу кои Ubisoft, Gameloft и Creative Assembly в Бугарија, како и Electronic Arts во Романија. Овие меѓународни компании многу помагаат за развојот на индустријата и ги мотивираат независните развивачи на игри. Мислам дека допрва почнува да се обрнува внимание на локалната гејминг индустрија, што има огромен потенцијал за развој“, раскажа Бунариу. За гејминг индустријата на глобално ниво прогнозите се дека вистинската експанзија допрва треба да се очекува. Веќе до 2020 година индустријата за видео игри треба да донесе приходи од дури 1,5 милијарди долари. Понатаму, илустративно во контекстот е што еСпортот (ако со ова име обединиме сè врзано за гејмниг индустријата, како што често се прави) е предмет на интерес на големи светски компании, па дел од него (од еСпортот) е спонзориран од Red Bull, од Coca-Cola, од Intel, од Samsung …

Игрите за мобилни сега „прават“ повеќе пари од оние за PC или за конозли

Во последните неколку години мобилните игри имаат водечка позиција на светско ниво. На Game Dev Summit 2017 се спомена дека над 36% од развивачите (developers) на игри за мобилни уреди се базирани во Европа. Азиските пазари водат во категоријата, што се должи на спецификата на корисничките барања во тој регион. Азиските, пак, компании стануваат еден од главните инвеститори во секторот видео игри во Европа. Годинава се очекува игрите за смартфони и за таблети да донесат 42% од глобалните приходи на пазарот за игри, покажува извештај на Newzoо (компанија за аналитика во делот на гејмингот, на е-спортовите и на мобилните пазари). Со ова мобилните игри се наметнуваат над

Смартфоните се голем катализатор на растот во индустријата последниве години, благодарение и на нивната сеприсутност

Индустријата за видео игри и во моментов е многу силна, но прогнозите се дека експанзијата допрва следи. Последниве години видлива е огромна активност во многу од државите во регионот сфатен и пошироко – особено во Бугарија, во Романија, во Србија и во Украина, кои се развиваат исклучително брзо во сферата развој на видео игри. Учесниците на пазарот се сигурни дека локалната гејминг индустрија има голем потенцијал, и им порачуваат на тукашните влади да помогнат во развојот на овој сегмент од економијата, како што се прави во Британија, во Финска, во Полска ... традиционалните. На пример, игрите за конзоли како PlayStation 4, се очекува да донесат 31% од глобалната продажба, а за компјутерите 23%. Смартфоните се голем катализатор на растот во индустријата последниве години, благодарение и на нивната сеприсутност. Иако квалитетот на игрите за мобилни уреди не е толку висок како оние наменети за компјутери или за PS4, тие ги раширија хоризонтите на гејминг индустријата и ја направија достапна за повеќе луѓе. Според Newzoo, глобалните приходи во 2017 од гејминг индустријата, најмногу ќе дојдат од игрите за смартфони (32%), за конзоли (31%), за компјутери (23%), за таблети (10%) и за пребарувачи на компјутер (4%). Мобилните игри уште повеќе ќе се развиваат, бидејќи во новите сфери, како виртуелна и проширена реалност, нудат поедноставно користење. Најдобар пример

за тоа се VR (virtual reality) очилата, за какви што во компјутерска или верзија за конзола треба да се одвојат многу повеќе пари. И барањата на компјутерите за работа со VR се многу високи, а, како што рековме, треба да се купи и значително поскап VR уред како, на пример, HTC Vive, додека за користење VR на PS4 Pro треба да се вложи во уште еден дополнителен уред, PSVR. За да се играат VR игри на смартфон доволно е да се купат VR очила во кои се вметнува телефонот, а тие во интернет продавниците се достапни веќе за неколку долари. За волја на вистината, мобилните VR игри не се ниту приближно толку уверливи како оние за компјутери и за PS4, но доволно се добри за да ги заинтригираат играчите и за да понудат солидно искуство. Мобилните игри се и најчесто бесплатни (со реклами) или се достапни веќе за неколку долари, што е многу помалку од просекот за конзоли и за компјутери. 


УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК!!!

ПОЧЕТЕН КУРС ЗА СЛОВЕНЕЧКИ ЈАЗИК (ЗА ИДНИ СТУДЕНТИ И СИТЕ ОНИЕ КОИШТО САКААТ ДА ГО НАУЧАТ СЛОВЕНЕЧКИОТ ЈАЗИК) Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Курсот за словенечки јазик е наменет пред сè, за почетници на кои им е потребно да го научат или да го збогатат своето познавање за комуникација на овој јазик. Курсот е особено погоден за сите матуранти и заинтересирани лица за студирање во Словенија, бидејќи за 36 часа ќе се стекнат со основни познавања на јазикот, но и со посебен вокабулар соодветен на студиите коишто ќе ги слушаат во Словенија.

КОИ ЗНАЕЊА ЌЕ СЕ ПОСЕДУВААТ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА КУРСОТ?

 Правилна усна и писмена коресподенција  Проширување на својот вокабулар (речник со

професионални изрази)

 Корегирање на најчестите граматички грешки

кои се јавуваат во комуникацијата

 Подобрување на способноста за усна

комуникација (говорење)

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: e-mail: institut@koncept.com.mk  02 3128 526  070 272 207

Грижете се за з равјет на Вашата к жа

КОМПЈУТЕРСКА ДЕРМАТОСКОПИЈА НА БЕНКИ

Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

48

КАРИЕРИ

ЛЕКЦИИ ОД ХАРВАРД БИЗНИС ШКОЛАТА

ЗОШТО НЕМА БАЛАНС МЕЃУ РАБОТАТА И ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ

Х

ауард Стивенсон, професор кој започнал со сега веќе легендарната програма за претприемништво во Бизнисшколата на Харвард го презира терминот „баланс меѓу работата и животот“, затоа што според него, тоа е премногу симплифициран приказ. Тој го поистоветува животот на еден човек со жонглирањето со јајце, топче за тенис и нож во раката додека се движиш по греда – на Олимписките игри. Тој вели дека сите ние се бориме да балансираме меѓу најмалку седум различни страни на нашиот живот: семејната, социјалната, духовната, физичката, материјалната, личната и професионалната. Стивенсон смета дека повеќето од нас се обидуваат да добијат „петка“ во сите тие области, што е благородно, но таквите амбиции водат до „прегорување“. Како што вели еден претприемач во неговата книга: „Секое утро се будам прашувајќи се кого ќе разочарам денеска“. Животот е динамичен процес во текот на кој постојано правиме избори и компромиси меѓу седумте страни на нашата личност. Според Стивенсон, тајната лежи во тоа да можеме да одредиме кои се поприоритетни во секој период од нашиот живот и постојано да го менуваме фокусот во зависност од ситуацијата. За да знаеш на што да се концентрираш треба да знаеш што ти е најбитно во секој момент. Стивенсон го истакнува примерот на негов пријател, успешен претприемач, кој ја продал компанијата за голема сума пари. Човекот дотогаш успешно балансирал меѓу работата, семејството и играњето голф, но сега се нашол себеси во ситуација да може да прави што ќе посака, а се чувствувал целосно изгубено. Грешката што ја направил тој, а и многу други како него, смета Стивенсон, е во тоа што паднал во стапицата кога не си поставуваат едноставни прашања, како „Дали сега сакам да ги правам истите

Хауард Стивенсон, легендарен професор по претприемништво од универзитетот Харвард, смета дека сите ние се бориме да балансираме меѓу најмалку седум различни страни на нашиот живот: семејната, социјалната, духовната, физичката, материјалната, личната и професионалната. Според него, повеќе-то од нас се обидуваат да добијат „петка“ во сите тие области, што е благородно, но таквите амбиции водат до „прегорување“

нешта како лани?“, „Дали причината поради којашто ја прифатив работава сè уште важи?“. По извесно време успешниот претприемач сфатил дека всушност, не сакал да промени ништо, тоа што го правел порано е тоа што го исполнувало целосно: да работи за да го снабди семејството со сè што му треба. Токму поради тоа, се насочил кон својата професионална страна и отворил нова компанија.

Мамење на пасијанс

Уште една грешка којашто често ја прават луѓето е она што Стивенсон го нарекува „мамење на пасијанс“. Џејмс, поранешен студент на Стивенсон на Бизнис-школата на Харвард, бил фрустриран од неговата работа во агенција за недвижности. Тој бил многу интелигентен и највреден од

сите вработени, но никако не напредувал. Стивенсон вели дека Џејмс мамел на пасијанс – тој момент кога си ја добивал играта, но знаеш дека нема да ја извлечеш последната карта којашто ти треба, па ја вадиш од дното на купчето карти. Џејмс мислел дека би бил добар проект-менаџер во агенцијата, но ги немал потребните вештини и емоционалната интелигенција за да предводи тим. Му недостигала таа карта, но не си признавал – мислел дека може да победи дури и ако ја немал суштинската вештина за да напредува во работата. Кога искрено се соочил со тој факт, веќе бил подготвен за да се префрли на друга позиција, аналитичка, која одговарала на неговите таленти, со што се намалила и неговата фрустрација. nnn



Капитал број 925/926 21.07.2017

50

www.kapital.mk

ЛИДЕРИ

НИКЛАС ЗЕНСТРОМ

ПРЕТПРИЕМАЧ НЕ Е РАБОТА, ТУКУ СТИЛ НА ЖИВОТ

Н

Никлас Зенстром е шведски милијардер, кој во јавноста е познат по основањето на повеќе онлајн стартапи, меѓу кои и најпознатите Skype и Kazaa. Неодамна тој ја основаше и фирмата за технолошки инвестиции Atomico. Покрај тоа што важи за пример за претприемач во технолошкиот сектор, тој исто така е ко-основач на добротворната организација Zenstrom Philanthropies.

Кој сака да биде претприемач, треба да знае дека тоа не е работа, туку начин на живот. Заборавете на одмор, одење дома во шест попладне. Последно нешто што ќе правите пред спиење е праќање електронска пошта, а прво нешто наутро ќе биде читање на електронската пошта, а во текот на ноќта сигурно ќе имате по неколку будења. Но, огромно е задоволството дека работите на нешто што ве исполнува.

Телефонот е технологија стара 100 години. Време е за промени. Наплатувањето за телефонски разговори е нешто што се правело во минатиот век.

Исклучително е тешко да изградите компанија со производ кој сите го сакаат, кој е бесплатен и нема бизнис модел, а отпосле да иновирате бизнис модел. Тоа не е одржлив бизнис.

Опкружете се со паметни и посветени луѓе за да изградите нешто што не е само “шоу на еден човек”. Многу е позначајно да имате паметни луѓе кои навистина веруваат во тоа што го правите, отколку искусни луѓе кои не ги делат вашите визија и сон.

Најголем успех Zenstrom имаше со Skype, стартап кој во 2005 година беше купен од страна на e-Bay за 1,2 милијарди долари. Под негово водство Skype стана глобален лидер за интернет гласовна комуникација со над 309 милиони регистрирани корисници само пет години по неговото основање. Еве некои од неговите ставови околу стартапите и успехот:

Не треба да се плашите од неуспех. Кога нешто ќе пропадне запрашајте се што е тоа што сте го научиле од ова искуство. Потоа “убијте” го проектот и продолжете на следниот. Не се разочарувајте.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.