927 928 kapital magazin

Page 1

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

INTERVIEW

FINTECH – СЛЕДНАТА ИНДУСТРИСКА РЕВОЛУЦИЈА GOOGLE И FACEBOOK БИ МОЖЕЛЕ ДА БИДАТ БАНКИТЕ НА ИДНИНАТА

ТОНИ ДЕСКОСКИ

професор по меѓународно право

СЕ ТОПИ ЕДНОГЛАСНАТА ПОДДРШКА НА СОЈУЗНИЦИТЕ ЗА ГРЦИЈА

WWW.KAPITAL.MK

СО МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ ДРАГАН ТЕВДОВСКИ И НЕГОВИТЕ СОВЕТНИЦИ

САКАМЕ МАКЕДОНИЈА ДА ЈА НАПРАВИМЕ СКАНДИНАВИЈА НА БАЛКАНОТ УНИТАЈАРС, СОПСТВЕНИЦИ НА ПОРАНЕШНАТА ФАС 11 ОКТОМВРИ ПОРАЧУВААТ:

БРЕНДОТ САНОС Е ЖИВ, ПРОИЗВЕДУВАМЕ НОВИ И КВАЛИТЕТНИ АВТОБУСИ И ПОКРАЈ СЕ ШТО ПРЕЖИВЕАВМЕ! БРОЈ 927/928 | ЦЕНА 100 ДЕН. 4/11 АВГУСТ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

ТРЕНДОВИ: 10-ТЕ НАЈГОЛЕМИ ПРЕДИЗВИЦИ НА СВЕТОТ ДО 2050



3

Капитал број 927/928 04.08.2017

СОДРЖИНА

06 04

НАВИГАТОР

06

COVER STORY

14

30

Алкалоид со раст на приходите од 9% и раст на профитот од 11% во првото полугодие годинава Унитајарс, сопственици на поранешната ФАС 11 Октомври порачуваат: Брендот Санос е жив, произведуваме нови и квалитетни автобуси и покрај сè што преживеавме!

ФИНАНСИИ

Капитал со министерот за финансии Драган Тевдовски и неговите советници Сакаме Македонија да ја направиме Скандинавија на Балканот

20

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА

26

ИНТЕРВЈУ

FINTECH – СЛЕДНАТА ИНДУСТРИСКА РЕВОЛУЦИЈА Google и Facebook би можеле да бидат банките на иднината ТОНИ ДЕСКОСКИ

ПОЛИТИКА

Деталниот план за реформи ќе произлезе од инклузивни процеси: Со планот 3-6-9 Владата се обврза на конкретни чекори од суштински реформи

БРЕНДОТ САНОС Е ЖИВ!

ПЛАНОТ 3-6-9

Веста дека скопската компанија Унитајарс, сопственик на фабриката за автобуси, ќе испорача 5 нови автобуси Санос за купувач од Казахстан што ја објавивме и ние од Капитал на нашиот вебсајт пред две недели, а потоа ја споделивме на нашата фан страница на Facebook, предизвика внимание како ниедна вест претходно. Капитал отиде на лице место да види дали и како се произведуваат автобусите со брендот Санос.

Планот 3-6-9 е производ на итноста/ неопходноста од реформи на целото општество што конечно би биле во согласност со евроатланските аспирации на Македонија. Забелешките на дел од експертската јавност дека во Планот 3-6-9 нема доволно конкретизирани мерки, туку повеќе заложби на Владата, се во сенка на акламативната поддршка што од меѓународната заедница ја добива Владата за планот и воопшто „за нејзината одлучност за суштински реформи и за определбата за интегра-ција на Македонија во ЕУ“, како што му порача на Меркел на Заев во Трст.

 Стр. 6

36

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА

40

СВЕТ

44

МЕНАЏМЕНТ

50

ЛИДЕРИ

професор по меѓународно право

Нимиц отвора нова рунда преговори зашто се топи едногласната поддршка на сојузниците за Грција

30

40

 Стр. 30

Илон Маск продолжува да остварува на планот за превоз на иднината

Предвидувања на BBC Future Десетте најголеми предизвици со кои ќе се соочи светот до 2050 година 8 часовното работно време не е ефикасно ДРУ ХЈУСТОН

ко-основач и директор на Dropbox

Најголем ризик не е да не успеете, туку да станете премногу комфорен

ЊУЈОРК - ВАШИНГТОН ЗА 29 МИНУТИ Најновата опсесија на родениот во Јужноафриканската Република, канадскоамерикански претприемач, иноватор, милијардер, Илон Маск, се тунелите. Подземниот Hyperloop на Маск би решил неколку проблеми со кои моментално се мачат инженерите во другите компании што го развиваат овој систем за превоз, како заштитата на цевките од пробивање (на пример, со куршум), потоа, би биле минимизирани деформациите (на цевките) поради промените на температурата; а можеби и малку би ги намалил трошоците.  Стр. 36

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, Кочани  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 02.08.2017


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

4

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА

4,0%

порасна индустриското производство во јуни во споредба со истиот период лани

САМУЕЛ ЖБОГАР

амбасадор на ЕУ во Скопје

Договорот Македонија-Бугарија кој ќе ги промени односите не само меѓу двете земји, туку и во регионот. Тоа е пример како две држави можат да го решат проблемот кој постоел многу години, и како можат да го отворат патот на соработка за во иднина

ЗАЕВ: ЌЕ ГО СТИМУЛИРАМЕ И

Д

окапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) со цел стимулирање на извозот, поделба на тендерите за капиталните инвестиции на лотови за да може што поголем број домашни компании да се пријават, вклучат и учествуваат, како и воспоставување механизам за автоматски поврат на ДДВ без какво било влијание на министерот за финансии, се нови мерки што ги соопшти премиерот Зоран Заев на средба со Стопанската комора на северозападна Македонија.

АЛКАЛОИД СО РАСТ НА ПРИХОД ПРОФИТОТ ОД 11% ВО ПРВОТО П Фармацевтската компанија Алкалоид објави дека во првите шест месеци работела со раст на консолидираните продажби од 9%, раст на консолидираната нето добивка од 11%, раст на извозот од 10%, а реализирала и 54 нови вработувања.

А

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2017 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – јуни, продажбите достигнуваат 57 милиони евра (3.507.290.746 денари), што е за 8% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува10,6 милиони евра (649.689.157 денари), бележи зголемување од околу 11%, единечната нето добивка изнесува околу шест милиони евра (374.886.745 денари) и истата е зголемена за 9%. Во првата половина годинава, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 74 милиони евра (4.554.009.259 денари), што е за 9% повеќе во споредба со истиот период

Во првата половина годинава, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 74 милиони евра (4.554.009.259 денари), што е за 9% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 7%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 10%. Од вкупните консолидирани продажби, 39% се остварени на домашен пазар, додека 61% се остварени на странски пазари. од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 7%, додека

вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 10%. Од вкупните консолидирани продажби,


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

5

ИЗВОЗОТ ПРЕКУ МБПР Заев пред бизнисмените најави и реализирање 90 милиони евра или еден отсто од БДП годишно во рамномерен регионален развој. „Во делот на капиталните инвестиции, завршува времето кога приоритет добиваа странските компании заради тоа што се гиганти или големи капацитети. Целта е да има поголем ангажман кон домашните компании. Еден дел од финансиските ресурси се одлева надвор, наша намера е тука да остане”, вели Заев.

мисла на неделата

Бранот на автоматизација ќе намете потреба од нов социјален договор помеѓу владите и граѓаните. Треба да се разгледаат идеите за универзален доход кој ќе им даде на сите шанса да се обидат во нешто ново.

Марк Закерберг основач на Facebook

ДИТЕ ОД 9% И РАСТ НА ПОЛУГОДИЕ ГОДИНАВА

39% се остварени на домашен пазар, додека 61% се остварени на странски пазари. Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 32%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 7%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 21% и на останатите пазари се остварени 1% од вкупните консолидирани продажби. Најзабележителен раст е остварен во В.Британија со продажби од два милиони евра (127.873.079 денари), што претставува зголемување за 18 пати споредено со истиот период од минатата година. Кај

> БРОЈКА

23%

од БДП изнесува задолженоста на домаќинствата на крајот на 2016 година

лидери

ЗОРАН ЗАЕВ

Од вкупните продажби на Алкалоид во земјите од Југоисточна Европа се остварени 32%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 7%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 21% и на останатите пазари се остварени 1% од вкупните консолидирани продажби.

Со договорот за добрососедство даде пример за решавање балкански спорови

извозните пазари пораст бележат и следните земји: Русија со раст од 24%, Романија раст од 52%, Словенија раст од 24%, Украина раст од 33%, Црна Гора раст од 17% итн. Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација, и тоа 84%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 21%, Кардиолошките препарати со 16%, Антибиотиците со 14%, Невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, козметика и билкарство учествува со 16% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 3%, Козметика со 10% и Билкарство учествува со 3%. Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 10,8 милиони евра (668.995.343 денари) бележи раст од 12%, додека нето консолидираната добивка во износ од 5,9 милиони евра (361.750.584 денари) е зголемена за 11%. Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - јуни 2017 година изнесуваат 323.470.022 денари. Во периодот јануари - јуни 2017 година во Алкалоид се реализирани 54 нови вработувања во Република Македонија. 

Основачот на Амазон го надмина Бил Гејст како најбогат човек на светот.

ЏЕФ БЕЗОС

не им беше неделата

ДОНАЛД ТРАМП

Пропадна и вториот обид за укинување на „Обамакер“ – и републиканци во Сенатот гласаа против

СТЕФАН ЛОФВЕН

Шведскиот премиер мораше да се одрече од двајца министри поради протекување доверливи податоци


COVER STORY

Капитал број 927/928 04.08.2017

6

COVER STORY

www.kapital.mk УНИТАЈАР ФАС 11 ОК

БРЕНДОТ СА ПРОИЗВЕДУВ КВАЛИТЕТНИ ПОКРАЈ СÈ ШТО “Некои 'душегрижници' се прашуваа како правиме автобуси со дваесет луѓе. Па еве ќе им кажам: Со многу знаење и многу залагање господа! Колку и да сакаше некој да ја уништи оваа фабрика со огромна традиција, таа е жива.


Капитал број 927/928 04.08.2017 www.kapital.mk РС, СОПСТВЕНИЦИ НА ПОРАНЕШНАТА КТОМВРИ ПОРАЧУВААТ: 7

АНОС Е ЖИВ, ВАМЕ НОВИ И И АВТОБУСИ И ПРЕЖИВЕАВМЕ! Работи и произведува автобуси. Брендот Санос е жив, за жал на некои што сакаа во земјава повеќе да не постои домашна фабрика за автобуси“, вели сопственикот на компанијата Унитајарс, Славе Распашковски.


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

8

COVER STORY

Славе Распашковски, сопственик на Унитајарс, во погонот кај што се изработуваат каросериите на автобусите Санос

пишува:

В

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Веста дека скопската компанија Унитајарс, сопственик на фабриката за автобуси, ќе испорача 5 нови автобуси Санос за купувач од Казахстан што ја објавивме и ние од Капитал на нашиот вебсајт пред две недели, а потоа ја споделивме на нашата фан страница на Facebook, предизвика внимание како ниедна вест претходно. Фрчеа еден куп коментари од читателите, некои со поддршка за компанијата, некои пак со неверица дека поранешната ФАС 11 Октомври уште постои и произведува автобуси и сл.

Веќе следниот ден се појавија написи на неколкуте интернет портали познати како силни поддржувачи на претходната владејачка гарнитура коишто ја оспорија зделката на Санос со казахстанските нарачатели, шпекулирајќи дека сето тоа е една измама и дека не може со 20 луѓе да се прави автобуси, туку се работи за стари возила, коишто само се репарираат и потоа се прикажуваат за извоз како нови, за да се земе поврат на ДДВ и да се профитира на штета на буџетот на Македонија. А, за скандалот да биде комплетен, според Курир, Република и останатите портали, оваа сомнителна зделка со своето присуство ја почести и премиерот Зоран Заев, којшто вети и поддршка за сите домашни производители, коишто се и извозно насочени. Капитал отсекогаш бил силен поддржувач на домашните инвестиции и критички пишувал за фаворизирањето на странските инвеститори со огромните субвенции што Владата им ги доделуваше изминативе десетина години. Сакавме да провериме што навистина се случува во поранешната ФАС 11 Октомври, а од пред скоро 14 години сопственост на Унитајарс, компанијата

на Распашковски, којшто ја купи тогаш пропаднатата фабрика за 2,2 милиони евра. Тој со задоволство не прими и рече дека е среќен што некој воопшто се интересира за, како што рече, некогашната гордост на Македонија, која што во меѓувреме преживеала вистинска голгота. “Премиерот Заев е првиот претседател на влада и воопшто прв владин политичар што од почетокот на транзицијата се заинтересирал да влезе во погоните на фабрикава, да види што овде се произведува и со какви се проблеми секојдневно се соочуваме. Ниедна политичка гарнитура досега изминативе 25 години, уште помалку откако ние станавме сопственици со семејната компанија Унитајарс во 2004 година,не се грижеше воопшто за судбината на овој некогашен гигант, напротив, од претходната владејачка гарнитура бевме опструирани на секој можен начин во нашите напори да ја застанеме фабриката повторно на нозе“, ни рече Распашковски, пред да не поведе да ги разгледаме погоните. А, таму, моментално затекнавме неколку ново произведени каросерии за автобуси што наредниве месеци треба

ИЗВОЗ: САНОС АВТОБУСИТЕ СЕ ВОЗАТ ВО СРБИЈА, ЦРНА ГОРА, БУГАРИЈА, ТУРЦИЈА...


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

9 да се финишираат за споменатата зделка со Казахстан. Распашковски вели дека по колективниот летен одмори во фабриката поинтензивно ќе продолжи производството на автобуси.

“ Од трговијата заработувавме одлично, но сакавме да направиме вистинска додадена вредност за македонската економија“

“Произведуваме автобуси Санос , и тоа од почеток, како што и сами можете да се уверите од цевки,профили и лимови со специјален квалитет одобрен од страна на Мерцедес, од што се изработуваат решетките,шасиите и каросериите на прославените автобуси,кои досега се произведени и продадени во над 31.000 примероци“, вели Распашковски. “Некои 'душегрижници' се прашуваа како правиме автобуси со дваесет луѓе“, продолжи тој . “Па еве ќе им кажам: Со многу знаење и многу залагање господа! Колку и да сакаше некој да ја уништи оваа фабрика со огромна традиција, таа е жива. Работи и произведува автобуси. Брендот Санос е жив, за жал на некои што сакаа во земјава повеќе да не постои домашна фабрика за автобуси. Пробаа со сè да ни ја одземат и затворат фабриката, односно земјиштето што некого го

Премиерот Зоран Заев присуствуваше на промоцијата на новите автобуси и вети поддршка за сите извозно насочени компании интересираше за да гради станбени згради, но после повеќегодишна голгота по судови, неоправдано активирани хипотеки и што уште не, ние не се предадовме. Автобуси излегуваат од погоните сите овие изминати скоро 14 години откако мојата компанија е сопственик на поранешната ФАС. Некоја година со поголем, некоја година со помал успех, но ние не се предаваме. Точно е дека сега во моментов не гледате стотици работници во халите како во старите добри

времиња, но јас не можам да си дозволам да држам поголем број луѓе цело време, затоа што немам толкави нарачки и приходи, па затоа за секоја поединечна фаза во правењето на автобусите ангажираме надворешни соработници - компании што секоја посебно ќе изведат подделна фаза од производството. На пример, разни инсталации, електриката, аудио - видео , седиштата, итн. Затоа и процесот на склопување на автобусите во нашите погони е нешто подолг од вообичаено.“,

Аплицирај ONLINE. Аплицирај Брзо и едноставно. Аплицирај за Кредит! Инфо центар: 02 3 111 111 www.unibank.mk


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

10

COVER STORY

објасни Распашковски. Тој ни рече дека неговата компанија постои уште од 1994 година, и во минатото била застапник на повеќе познати брендови во областа на автомобилските гуми,транспортни траки, моторни и индустриски масла и сл., за територијата на цела поранешна Југославија со исклучок на Словенија . Се разбира, вели, немале искуство во производството на автобуси кога решиле да ја купат поранешната ФАС, но биле свесни за големината на брендот Санос и што значи за една економија да извезува производи со толкава додадена вредност. “Иако со трговијата заработувавме одлично, сакавме да влеземе во производство и да направиме навистина нешто вредно за домашната економија. Фабриката беше целата во долгови, стечај, работниците по принудни одмори, отпуштени, и сл. Во еден момент успеавме да активираме и 420 вработени, кога добивме зделка за српскиот пазар, од 40 автобуси, но немавме континуитет во нарачките, затоа што беше мошне тешко на старите деловни партнери да им докажеме дека после цела деценија и повеќе неактивност дека производството е рестартирано, а нови клиенти во оваа индустрија исто така макотрпно се стекнуваат. Истовремено пак, на домашен терен, сопки колку што сакате. Наместо одговорните да ја сфатеа важноста на оваа фабрика за Македонија,и да дадеа барем една мала нарачка од 20 автобуси да се одржи континуитетот во веќе стабилизираното производство, од високата политика добивме само закани за тужби, активирани хипотеки, забрана за комуницирање со јавноста...“, вели Распашковски. “Зошто? Македонска пакост, или болка што некој успева без нивна помош и секојдневно не ги моли!? Подоцна, во 2009 година, кога јавно кажав дека тогашната влада која толку пари потроши на кампањата "купувајте македонски производи", прави сосема спротивно со изнаоѓањето начин како да не и се додели на македонската фабрика Санос барем мал дел од колачот за набавка на нови автобуси која се случува еднаш на 20 години, а оваа вредна дури 60-тина милиони евра , веднаш по мојата изјава го почувствував бесот на некoго кому не му се допадна оваа моја изјава. Истиот ден следеа најави од тогашниот министер Миле Јанакиески за кривична пријава за наводно прејудицирање кој ќе биде добитникот на тендерот за автобуси - но сето тоа остана само на изјава бидејќи тој човек близок до владата навистина го доби тендерот за набавка на двоспратните автобуси, а ние како компанија потоа трпевме страшни притисоци, меѓу кои и обиди за наше банкротирање и преземање на земјиштето на кое што е изградена фабриката заради други интереси“, вели Распашковски .

“ Некој сакаше Санос сосема да пропадне, за да го приграби земјиштето“

Тој додава дека е крајно разочаран што по објавувањето на веста за извозот во Казахстан, неколку домашни

Петте автобуси што тргнаа за Казахстан, од вкупно договорените 70

“ СО ДЕЦЕНИИ ГРАЃАНИТЕ НА ВАРШАВА ВЕЛЕА ‘ ОДАМ НА САНОС’ , НЕ ‘ НА АВТОБУС ’ “

З

а тоа колку бил ценет брендот Санос на европските пазари, Распашковски ни ја раскажа случката за време на одржувањето на минатогодишниот саем за моторни возила во главниот град на Полска. “Проаѓа градоначалникот на Варшава заедно со делегација покрај нашите два изложени автобуси и сите беа изненадени што го видеа логото на Санос. ‘Ова е Санос, оној Санос од Скопје, автобусите ви се убави и делуваат моќно?!’, прашуваа со неверица и восхит, а ние објаснивме дека доаѓаме од истата фабрика којашто сега во независна Македонија продолжува да ги прави автобусите кои што во бројка од 4.000 изминативе децении се продадени во Полска и ги превезуваа граѓаните на Варшава и други места. “Знаете, во Полска во местата каде што овие автобуси биле распределени, и ден денес луѓето знаат да кажат, ‘одам на Санос,’, место ‘одам на автобус’. Ние ја продолживме традицијата на квалитетните автобуси за најдобра цена, по што ФАС беше познат ширум Европа и светот.“

интернет портали објавија дека во Санос наводно не се произведувале нови автобуси,туку репарирале стари автобуси и ги извезувалe како нови, за да компанијата добие поврат на ДДВ и на тој начин да го оштети буџетот на државата. Вели „не сум изненаден, по се што ни се случуваше изминативе години, но сепак не можеме да сфатиме до каде може да оди човековата злонамерност и тенденциозност„. “Дошле во кругот на фабриката, сликале неколку скршени стакла од некогашната

менза која Градот Скопје и онака планира да ја сруши заедно со делот од главната производна хала,како дел од планот за изместување на трасата на планираниот булевар, и напишале дека внатре во фабриката нема ништо. Токму таа приказна дека фабрика е срушена и повеќе не постои, ја кажуваа нивните налогодавци и газди на сите странци и па и на наши странски партнери кои ние сами сме ги донеле и сме употребиле многу средства и време за да ги донесеме и да ги убедиме да



www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

12

COVER STORY

“ КИНЕСКИТЕ ДВОКАТНИ АВТОБУСИ ЗА СКОПЈЕ ГИ НАПРАВИЈА ПО НАШИТЕ НАЦРТИ!“

Р

аспашковски објасни дека уште во 2005, 2006 година, неговата компанија Унитајерс почнала иницијатива да се обнови возниот парк на ЈСП Скопје, и тој предложил неколку поволни варијанти за градот каде што со помош на странски кредити и грантови, би биле набавени неколку стотини автобуси што Санос ќе ги произведе. Корист би имале и граѓаните на метрополата, но и домашната економија, која на тој начин ќе повлече ангажман на многу работници, добавувачи на делови, итн. “Но, ниту еден предлог не наиде на разбирање кај надлежните, во било која владејачка гарнитура. Владата на Груевски којашто реши навистина да го обнови возниот парк на ЈСП, избра да купи 300 автобуси од Кина и Украина и за тоа да потроши преку 60 милиони евра. Притоа не се потрудија да изнајдат начин барем 10 автобуси да нарачаат од домашниот производител на кого му ги превземаа идејно - техничките решенија на двоспратните автобуси. Едно мора да биде кристално јасно кажано: нашата понуда ако правилно се бодуваше, беше најповолна. Условите беа цената на автобусите да биде без царина и други давачки, со што ние автоматски сме поскапи во старт, затоа што за да ги направиме нашите автобуси, мора да вградиме во нив неколку илјади компоненти коишто се од увоз, затоа што немаме домашно производство – мотори, електроника, клима уреди, итн. На тој увоз се плаќа царина, којашто

во просек во таа 2008 година за 11-12% ја крена крајната цена на автобусот. Но, но ние и покрај тоа имавме иста или пониска цена од кинескиот производител“, објаснува Распашковски. Тој додава, дека, трагедијата да биде поголема за него, кинескиот дизајн на автобусите што бил приложен на првите два поништени тендери, не бил како оној што сега го гледаме на улиците во Скопје. “Тие всушност направија автобуси по дизајнот што ние го дадовме на претходните два поништени тендери , на кои Кинезите и нивните домашни претставници понудија сосем поинаков дизајн и решенија . На последниот тендер на кој беа избрани за добитници (беа избрани за победници и на претходно поништениот тендер, но со поинаков дизајн и техничко решение) тие го понудија нашето техничко решение и надворешен ретро изглед на автобусот, само со кинески делови. Нашите автобуси претежно беа со германски делови и најголем дел од светски реномираниот производител на мотори и осовини МАН и со пониска цена. Некој едноставно се дрзна нашата понуда да ја препрати кај Кинезите и тие така направија најверојатно прв пат двоспратен нископоден автобус со ретро дизајн, а токму тој ретро дизајн носеше цели 30 бода од вкупно 100 на тендерот. За ова постојат многу докази.“, вели нашиот соговорник.

Славе Распашовски со сестра му Виолета Терзиоска, која е заменик генерален директор и финаниски директор на Унитајарс инвестираат во Македонија. Затоа што сакаа автобуси да произведува некој друг што тие дебело ќе го субвенционираат со државни пари и ќе му овозможат лесно да го преземе обучениот кадар, ВКВ работници кои со години ги чувавме на работа без оглед дали имало или немало доволно нарачки. Секако тоа го направија за не така мал интерес, а оние автобуси пак наменети за градот Скопје требаше да ги увезaт нивни блиски луѓе, додека земјиштето на кое што е фабрикава да заврши како градежна парцела за која што се заинтересирани повторно нивни блиски инвеститори во станбени објекти. Како е можно една прочуена фабрика како Санос која произвела десетици илјади решетки и шасии да нема предност пред фирмата Актива од Штип во правењето решетки и

шасии за Ван Хол!? Прво е поблиску, а второ до тој момент Актива немаше произведено ниту една решетка или шасија за автобуси и од браварска работилница станува производител и главен снабдувач на Ван Хол, а Санос се прикажува како срушена фабрика! Ете, тоа се причините заради кои досега на македонската фабрика за автобуси не и се дава глава да крене, а ние се мачиме повеќе од деценија да ја рестартираме фабриката како што треба. Но, не се предаваме и ќе се бориме до крај бидејки правдата е на наша страна “, вели Распашковски.

“ Не бараме бенефиции, се знае како држава може да помогне производител на автобуси“

Нашиот соговорник вели дека и покрај се што преживале со Санос, продолжуваат да си ја тераат својата приказна и се надеваат на подобри денови со политиките на новата владејачка гарнитура, којашто вети подеднаков третман на странските и домашните инвеститори. “Ние не бараме никакви субвенции и бенефиции, се знае како државата може да помогне домашен производител на автобуси – да купува од него, а не да ги одлева скапоцените девизи надвор. Јас уште не можам да се помирам со тоа како Македонија даде, како од државниот буџет, со пари на даночните обврзници, се платија толку милиони евра на странски производители, при жива фабрика што ја имате во сопствениот двор. Со тие пари да се платат некои туѓи работници, инженери, комерцијалисти, некој друг државен буџет да се наполни од данокот на добивка и сл. Само и само некој да има приватен интерес и корист, кинеските автобуси се навистина скапо платени,па каков патриотизам е тоа?! Да не зборувам за задните намери околу приграбувањето на земјиштето, за кое што, патем, според последниот ГУП, предвидена е изградба на станбени објекти. А, нас никој не не прашал ништо, никој не се консултирал што ќе се прави со фабрикава. За претходните властодршци, оваа фабрика одамна е старо железо, мртва, тие така ја прикажуваа на сите потенцијални заинтересирани инвеститори од надвор, дека нема што да се замараат со неа, бидејќи таа повеќе не постои. Е, па постои, и тоа како постои и допрва ќе слушате одлични вести од Санос“, порача на крајот Распашковски. nnn

АПСУРД: “НАМЕСТО ПОДДРШКА, СИТЕ ИЗМИНАТИ ГОДИНИ САКАА ДА НÈ УНИШТАТ!“


НЛБ мКлик - мобилно банкарство

Твое време, твој избор! Со НЛБ мКлик мобилното банкарство можете да ги плаќате сите Ваши сметки, обврски по кредити или картички, да ја лоцирате најблиската експозитура или банкомат и да ги вршите сите банкарски работи преку Вашиот мобилен телефон, од кое било место и кое било време.

www.nlb.mk www.nlbtb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


Капитал број 927/928 04.08.2017

14

www.kapital.mk

ФИНАНСИИ

КАПИТАЛ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ ДРА

САКАМЕ МАКЕДО ДА ЈА НАПРАВИМ СКАНДИНАВИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

15

АГАН ТЕВДОВСКИ И НЕГОВИТЕ СОВЕТНИЦИ

ОНИЈА МЕ А НА БАЛКАНОТ

Министерот за финансии Драган Тевдовски одлучи да се потпре на истражувачи што ќе го советуваат каква фискална политика да води. Негови најблиски соработници станаа луѓе што претходно се занимавале со истражувачка работа во областа на економијата. Двајца од нив доктори на економски науки, коишто докторирале во Велика Британија и Италија, и еден магистер што студирал во САД. Со министерот Тевдовски, и неговите советници, Бранимир Јовановиќ, Рилинд Кабаши и Виктор Митевски, се сретнавме во кабинетот на министерот, во паузата од парламентарната расправа за ребалансот на буџетот и разговаравме како ќе ги трошат народните пари, колку и за што ќе се задолжуваат, какви даноци ќе воведат, но и за нивните искуства од студиските престои во најразвиените земји и што од тоа може Македонија да примени.


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

16

ФИНАНСИИ

ДРАГАН ТЕВДОВСКИ Тимот на луѓе што работат со мене е многу важен. Јас сум среќен што во првите неколку месеци во овој кабинет дојдоа врвни економисти.

пишува:

П

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Прво нешто што ќе заклучите откако ќе ги прочитате биографиите на новите советници во кабинетот на министерот за финансии Драган Тевдовски, е дека одлучил да се потпре на советите од научници. Негови најблиски соработници станаа луѓе што претходно се занимавале со истражувачка работа во областа на економијата. Велат, дојдовме да водиме политики креирани врз основа на факти, докази, анализи што произлегоа од долгогодишната истражувачка работа во областа на економија. Двајца од нив доктори на економски науки, коишто докторирале во Велика Британија и Италија, и еден магистер што студирал во САД. „Тимот на луѓе што работат со мене е многу важен. Јас сум среќен што во првите неколку месеци во овој кабинет дојдоа врвни економисти. Тоа што моите советници имаат докторати на престижни универзитети и имаат големо истражувачко искуство во областа на економијата, не значи дека ќе теоретизираме, туку дека навистина ќе се зафатиме со реформи и теоријата да ја

примениме во политиката што ќе ја водиме“, вели министерот Тевдовски. Тој, исто така доктор на економски науки, прогласен за најдобар научник на универзитетот Кирил и Методиј, и постдокторски студии во Данска, од каде што веројатно произлегува и неговата фасцинација од оваа земја. Со министерот Тевдовски, и неговите советници, Бранимир Јовановиќ, Рилинд Кабаши и Виктор Митевски, се сретнавме во кабинетот на министерот, во паузата од парламентарната расправа за ребалансот на буџетот. „Имаме голем раст на приходите во буџетот во јули“, им кажа министерот на своите соработници додека се подготвувавме да го водиме разговорот. „Тоа е добар знак дека економијата почнува да расте откако економскиот раст во првиот квартал беше нула“, додаде Тевдовски охрабрен од овие статистички податоци како своевидна потврда за работењето по преземањето на функцијата пред два месеца. Иако повеќето луѓе што се занимаваат со финансии често користат прилично комплициран речник и поими што не се разбираат, сепак, луѓето од кабинетот на министерот за финансии, оставаат впечаток дека сакаат да зборуваат со јазик што ќе го разберат сите граѓани.

Како ќе ги трошат народните пари?!

После два часа разговор со министерот за финансии и неговите најблиски соработници, добивме впечаток дека постои консензус за сите прашања што ги поставивме, од тоа како ќе се трошат

народните пари, за што ќе се задолжува новата власт, до промената на даночниот модел со воведување на прогресивни стапки. Но, ако треба да се издвои нешто што најмногу го потенцираа и повторуваа сите во кабинетот, тоа е транспарентност. „Темел на нашата политика е фискалната транспарентност. За нас транспарентноста е многу важна за да ги подобри институциите ,бидејќи ќе врши силен притисок луѓето што се на власт да не ги злоупотребуваат парите што ги земаат од даночните обврзници“, вели министерот Тевдовски, и додава дека само во првите два месеца, Министерството почна да објавува повеќе податоци што беа непознати за јавноста, како, на пример, достасаните неплатени обврски на државните институции, повеќе податоци за приходите и трошењето на парите од буџетот на месечно ниво. „Прво нешто што мораше да се промени беше да се зголеми транспарентноста, отчетноста, одговорноста и дисциплината во водењето на јавните финансии. Станува збор за пари на граѓаните и поради тоа луѓето мора да знаат како тие се трошат. Властите мора редовно да ги известуваат граѓаните што прават со тие ресурси, односно да бидат отчетни, да носат одговорност за сите политики, и да бидат дисциплинирани, односно тоа што го ветиле да го направат“, вели Бранимир Јовановиќ, кој што од порано е познат во јавноста како жесток критичар на претходната власт. „Она за што се борев и критикував во изминатите неколку години, сега ми се овозможи да го реализирам. Можноста да се смени нешто во општеството е тоа

ТЕВДОВСКИ: ТЕМЕЛ НА НАШАТА ПОЛИТИКА Е ФИСК


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

17 За нас транспарентноста е многу важна за да ги подобри институциите ,бидејќи ќе врши силен притисок луѓето што се на власт да не ги злоупотребуваат парите што ги земаат од даночните обврзници, вели министерот за финансии Тевдовски пред своите најблиски соработници.

што ме привлече да се приклучам во тимот на министерот за финансии и ќе беше неодговорно да ја одбијам понудата“, вели Јовановиќ. Тој важи за човек кој што силно се противставуваше на непродуктивните трошења на претходната власт, особено на проектот Скопје 2014. „Со споменици и барокни фасади не се подобрува квалитетот на живот на луѓето, туку со изградба на нови училишта, градинки, болници, со градење на хидроцентрали, автопати, железници. Таква фискална политика ќе водиме“, истакна Јовановиќ обидувајќи се да го аргументира ова тврдење и со наоди од негово претходно истражување. „Резултатите од мојот докторат на тема како државите закрепнуваат од финансиска криза покажаа дека мора да се води експанзивна фискална политика, и пред се зголемени јавни инвестиции за да се забрза економскиот раст. Ова е конкретен патоказ за водење на фискалната политика“, додаде Јовановиќ. Истиот став го дели и Кабаши, кој што истакна дека ќе го советува министерот приоритет во новиот буџет да биде изградбата на патната, железничката, енергетската инфраструктура во државата. „Но, важно е тоа што ќе се планира навистина да се изгради, а не да остане напишано само на хартија како досега. Нереализирањето на капиталните инвестиции е хроничен проблем во земјава. Предизвик ми е да направиме реални проекции што ќе бидат возможни да се реализираат“, истакна Кабаши кој што во министерството доаѓа од Народната банка каде што десетина години

ГРАЃАНИТЕ МОРА ДА ЗНААТ КАКО ИМ СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ

В

о насока на зголемување на транспарентноста, од Министерството за финансии објаснуваат дека кадровски се засилува и одделот за односи со јавност. „Не случајно го повторуваме тоа транспарентност толку многу. Ова е една од работите што најмногу ме привлече да станам дел од министерството. Моја задача е да ги доближам политиките и заложбите на министерството до граѓаните, да им пренесам на луѓето како им се трошат нивните пари, односно какви мерки ќе се финансираат со нивните пари и колку тоа може да ги подобри условите за живот. Наша цел е сите податоци што ги имаме, да и ги ставиме на располагање на јавноста“, вели Јована Аврамовска, која што на јавноста и е позната од проектот Фчерашни новости а од неодамна се приклучи во ова министерство. „Ако наша заложба е да објавуваме што е можно повеќе информации и податоци за јавните финансии во јавноста, задача на пратениците во Парламентот е тоа да го дискутираат и да го издигнат тој проблем“, додаде Митевски.

работел во Дирекцијата за монетарна политика и истражување со фокус на макроекономските проекции. Но, вели, не дошол овде да ги усогласува проекциите на двете институции кои што во последните десет години значително се разликуваа (Владата секогаш имаше проекции полни со оптимизам за разлика од поконзервативните проценки на Народната банка), туку да го советува министерот во врска со фискалната политика, јавниот долг, буџетот. „Структурата на трошењето на народните пари во земјава е многу нефлексибилна и тешко е да се промени бидејќи на голем

КАЛНАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ

дел од луѓето треба да им се скрати доходот преку социјалните издатоци што ги добиваат од буџетот. Било кој министер тоа нема да може лесно да го скрати. Но, сепак постои простор да се заштеди кај сите непродуктивни трошоци и за сметка на тоа да се инвестира во инфраструктурата“, смета Кабаши. Министерот Тевдовски во таа насока, истакна дека ребалансот на буџетот веќе го трасирал патот на новата фискална политика што ќе ја води оваа власт. „Настојувавме да ги елиминираме сите неефикасни трошења, главно од рацете на луѓето што управуваат со државата,


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

18

ФИНАНСИИ

како на пример огромните трошоци за репрезентации, разни кампањи кои што неретко биле и за партиски цели. Всушност направивме рестрикции секаде каде што им се овозможуваше на луѓето на власт субјективно да одлучуваат за трошењето на парите на граѓаните и за сметка на тоа да финансираме програми што ќе имаат поголем ефект за граѓаните и за фирмите“, истакна Тевдовски, додавајќи дека во буџетот се инкорпорирани и неколку владини ветувања како зголемување на минималната плата, пари за стечајците, поголема поддршка за мали и средни претпријатија, особено за домашните компании. Во исто време, се поставуваат контурите и за новиот буџет за следната година. Од министерството засега не откриваат детали околу нивото на приходи и трошоци, или, пак, нивото на задолжување, но сепак, велат дека ќе се обидат да вметнат повеќе ставки за инвестиции. „Наша намера е реално да ги проектираме приходите и расходите во буџетот и соодветно да ги поставиме приоритетите за финансирање, меѓу кои секако се капиталните инвестиции во инфраструктурата и потоа навистина да ги реализираме“, истакна Тевдовски. На прашањето колку планираат да ја задолжуваат државата, велат, побитно е не колку, туку за што се трошат позајмените пари. „За земја како Македонија разумно ниво на дефицит е под 3% од БДП, и во оваа фаза на развој тоа ниво може да се финансира. Имаме простор за толкав дефицит но ако ги вложиме парите непродуктивно, таа одржливост ќе се намали и ризиците ќе се зголемат. Дефицитот сам по себе не е проблем, но битно е што правиме со тие

трошења“, вели Кабаши. Министерот Тевдовски пак, вели дека ќе се обидува да се задолжува поевтино и сподели податок дека во првите шест месеци, просечната каматна стапка на задолжувањето на државата е 2,2%, и дека во исто време е вратен долг земен со камата од 6,5%. Итните реформски приоритети и усогласувањата со барањата на ЕУ се главните задачи на Митевски, кој што освен советник, е и шеф на кабинетот на министерот. Тој доаѓа од Здружението на млади истражувачи, и вели дека имајќи таков бекграунд, може многу подобро да се управува со проектите и задачите во кабинетот на министерот. „Соработуваме многу блиску со Европската Унија, од нас се бараа многу реформи и некои од нив се тешки и ќе се одвиваат етапно, но имаме целосна поддршка, па дури и финансиска“, вели Митевски. Една од првите негови задачи е и донесувањето на Стратегијата за управување со јавни финансии, која што неколку години не се носела иако Европската Унија постојано го барала овој документ од нас и редовно го нотирала како пропуст во Извештајот за напредокот на земјата. „Стратегијата за управување со јавните финансии значи дека тие нема да зависат од личност, туку систем во кој што институциите кои што работат со јавните финансии ќе бидат поврзани. Ќе се зголеми транспарентноста и ќе се дадат јасни граници во кои што ќе може институциите да функционираат. Ова е една од работите што ме импресионираше и додека бев на студиски престој во САД. Без оглед дали се бира претседател, или се менува администрацијата, без оглед

на луѓето, системот функционира. Особено кога станува збор за јавните финансии“, коментира Митевски кој што дипломирал на Економскиот факултет во Скопје каде што професор му бил и министерот Тевдовски, а потоа станал магистер на економски науки во областа на финансиска економетрија во САД. Вели дека учел од профе сори со долгогодишно искуство, па дури и од еден од клучните статистичари на кинеската влада којшто ја водел најголемата анкета за потрошувачката на населението, која што имајќи ја предвид популацијата во Кина може да се спореди со попис на една земја. „Се надевам дека ќе можам да придонесам овие луѓе да ни бидат од корист во градењето на политиките овде“, додаде Митевски.

Даночни реформи

Министерството за финансии е прилично многу во фокусот на интерес на јавноста, не само поради ребалансот на буџетот, и објавувањето на податоци што беа тајна во последните неколку години, туку и поради неколку други реформи што најави дека ќе ги прави. Една од нив е и даночната реформа со воведување на прогресивни стапки на персоналниот данок на доход. „Реформа во даночниот систем мислиме дека е многу важна и приоритетна оти Македонија има висока нееднаквост во распределбата на доходот, нема податоци за распределбата на имотот но верувам дека тука нееднаквоста е уште поголема. Идејата е да воведуваме умерени промени и тие да се одвиваат паралелно со подобрување на ефикасноста на институциите“, истакна Тевдовски. Најгласен во одбраната на оваа политика е Јовановиќ што создаде перцепција за него како Робин Худ во кабинетот на министерот.

КАБАШИ: ПОСТОИ ПРОСТОР ДА СЕ ЗАШТЕДИ КАЈ С


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

19 „Државата мора да прибира повеќе од оние што имаат повеќе, и да дава на оние што имаат помалку. Мора да има праведност во јавните финансии“, дециден е Јовановиќ. „Одговорот зошто ние сериозно заостануваме зад Велика Британија или Италија каде што имав можност да студираме, меѓу другото е и во даночниот систем. И во двете земји, има многу повисоки стапки на персонален данок. Кај нас е 10%. Кога се толку ниски даноците во една држава, не можете да соберете доволно приходи за да инвестирате повеќе во образованието и здравството кои што пак, најмногу фасцинираат во овие земји“, вели Јовановиќ. Тој вели дека во Македонија не може такви високи стапки да се воведат веднаш, туку промените мора да почнат како маргинални а не радикални. „Во исто време, мора да се смени и перцепцијата на граѓаните, односно тие да стекнат доверба во економските политики, оти ако им земате повисок данок, тие мора да знаат и да одобрат како ќе ги потрошите. Се додека граѓаните не се уверат дека парите од даноци нема да се трошат неразумно за споменици или за плати на партиски луѓе во администрацијата, зголемувањето на даноците нема да биде возможно“, истакна Јовановиќ.

Претприемачки дух во кабинетот

Меѓу советниците на министерот, еден особено го својот претприемачки дух. Најмладиот меѓу нив, Митевски, вели дека една од причините зошто се вклучил во тимот на министерот Тевдовски е и заложбата да се поттикнеме претприемачката сцена во Македонија. „Иновациите и малите бизниси мора да имаат поголема поддршка од државата и тоа е иднината за младите. ВО САД банките не се ригидни кога треба да инвестираат во нови иновативни бизниси, како што и бизнис заедницата е желна да поддржи млади луѓе што имаат добри идеи. Сум работел со млади луѓе и знам дека во Македонија има одлични идеи. Колку и да звучи наивно, јас Македонија ја гледам како извор на иновации, во секоја сфера“, вели Митевски додавајќи дека претприемништвото му е пасија уште од кога бил одговорен за акцелераторската програма во универзитетскиот кампус во САД додека бил на студии. И советниците и министерот ја истакнаа важноста на приватниот сектор во економијата и најавија дека тоа ќе се види и во буџетот за следната година. „Сметам дека е потреба поголема инволвираност на државата во економијата. Притоа не мислам партијата на власт да им се меша во работата на приватните фирми, да ги рекетира или слично, туку да се вклучи со поголема поддршка за да го зголемат производството, извозот, или пак да отворат нов погон. Нема земја во

Државата мора да прибира повеќе од оние што имаат повеќе, и да дава на оние што имаат помалку. Мора да има праведност во јавните финансии, дециден е БРАНИМИР ЈОВАНОВИЌ којшто е најгласен во одбраната на оваа политика што создаде перцепција за него како Робин Худ во кабинетот на министерот.

Структурата на трошењето на народните пари во земјава е многу нефлексибилна и тешко е да се промени бидејќи на голем дел од луѓето треба да им се скрати доходот преку социјалните издатоци што ги добиваат од буџетот. Но, сепак постои простор да се заштеди кај сите непродуктивни трошоци и за сметка на тоа да се инвестира во инфраструктурата“, смета РИЛИНД КАБАШИ кој што во ова министерство доаѓа од Народната банка. светот што се развила без на ваков начин државата да ја помага економијата“, истакна Јовановиќ.

Фасцинација од Скандинавија

„Би сакал Македонија да ја видам како Скандинавија на Балканот“, одговори Јовановиќ на прашањето кои практики и од кои развиени земји би биле модел по кој што би требало да се развива Македонија. „Но со сончево време“, на шега додаде тој. Министерот Тевдовски исто така во неколку јавни настапи не криеше дека е воодушевен од економскиот систем на скандинавските земји како Данска или Финска, меѓутоа вели дека „треба да се споредуваме со поразвиените земји и да се обидуваме да учиме од нивните добри искуства, но во исто време да поставиме политики што ќе одговараат на потребите на нашите граѓани“. „Од Финска, на пример користиме знаења преку еден твининг проект кои ќе ни

СИТЕ НЕПРОДУКТИВНИ ТРОШОЦИ

овозможат преку среднорочното буџетско планирање да поставиме реални проекции на здрави основи“, додаде Тевдовски објаснувајќи дека ќе се донесе и нов закон што ќе овозможи буџетот за секоја следна година да се носи порано. „Тоа значи дека буџетот за 2019 година, ќе почне да се подготвува уште во јануари 2018 година“, истакна Тевдовски. „Треба да следиме странски искуства, но да направиме уникатен систем за нашите граѓани. Балтичките земји направија економски системи во кои што вклучија најдобри практики од најразвиените земји во светот, но сепак уникатни за нив“, смета Митевски. Ако визијата за земјата е таа да функционира како скандинавските земји, за министерството, тимот на советници и министерот Тевдовски велат дека „целта е ова министерство да биде најкредибилна институција во земјава“. 


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

20

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА

FINTECH – СЛЕДНАТА ИНДУСТРИСКА

GOOGLE И FACEBOOK БИ ДА БИДАТ БАНКИТЕ НА И пишува:

Игор Петровски

Д

igor.petrovski@kapital.mk

“Дами и господа, се наоѓаме на прагот на нова технолошка револуција - онаа во доменот на плаќањата, каде што веќе ништо нема да биде исто како порано“, порача високиот гостин од Европската централна банка, Ив Мерш,

Ако плаќањата може да бидат направени било каде, било кога, од било каков уред, тогаш зошто ви треба валута? Или дури и банка? на неодамна одржаната Конференција за платни системи во организација на НБРМ во Охрид. Членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, презентираше пред присутните учесници, што се случува во моментов

во областа на платежните трансакции во ЕУ, каде што функционира Единствената област за плаќања во евра (Single Euro Payments Area - SEPA), која што во голема мера го олесни плаќањето во еврозоната и им овозможи на граѓаните

ПОТЕНЦИЈАЛ: СВЕТСКИОТ ОБРТ ВО ДИГИТАЛНИТЕ ПЛАЌАЊА ЌЕ СЕ КАЧИ ОД


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

21 FinTech и системот на инстант плаќања во ЕУ ќе донесат револуција!

Д

игитализацијата резултираше со зголемено ниво на ‘брзина’ во сите области на животот. Потрошувачите пристапуваат кон музика, вести и сообраќајни информации во реално време. Ова, исто така, влијае на начинот на кој потрошувачите сакаат да пристапат до нивните сметки и да вршат плаќања. Со системот на инстант плаќања TIPS, што ќе почне да функционира во ЕУ кон крајот на 2018, средствата ќе бидат достапни веднаш - што значи во рок од најмногу 10 секунди - за користење од страна на примателот, 24 часа на ден, 365 дена годишно.

ИВ МЕРШ члена на Извршен одбор, Европска централна банка

И социјални мрежи ќе може да нудат платежни услуги

С

РЕВОЛУЦИЈА

МОЖЕЛЕ ИДНИНАТА

и компаниите да ги споредат условите и квалитетот и да ја одберат за нив најатрактивната понуда, без да мора да ја земат предвид локацијата на обезбедувачот на платежните услуги. Но, она што го најави Мерш, а предизвика огромен интерес кај публиката, во добар дел домашни и регионални банкари, е TIPS, новиот систем за инстант плаќања што од крајот на 2018 ќе почне да функционира во ЕУ и ќе го забрза порамнувањата во банкарскиот систем, од стандардниот еден ден најмалку, во само неколку секунди. “Со инстант плаќањата средствата ќе бидат достапни веднаш - што значи во рок од најмногу 10 секунди -

поред новата PSD2 европска регулатива, банките нема да бидат повеќе единствени провајдери на платежни услуги, туку тоа ќе може да го прават и трети страни, односно компании од т. н. fintech сектор, технолошки компании, односно социјални мрежи како Facebook, Google, итн., и сите останати играчи на пазарот заинтересирани за дел од колачот во бизнисот со платежни услуги. Сите овие промени ги правиме за да ја зголемиме конкуренцијата и иновативноста во финансискиот сектор, се' со крајна цел поквалитетни и поевтини услуги за корисниците.

РАЛФ ЈАКОБ шеф на сектор, директорат на Европска комисија

Ако банките не го сфатат fintech моментот, ќе се соочат со својот Kodak момент

К

риптовалутите како биткоинот, па дури и вештачката интелигенција, се само почеток на трансформацијата што ќе претстои во банкарскиот бизнис. Како што ќе се развиваат овие технологии, ќе можеме да замислиме тотална промена на банкарскиот сектор, во свет, каде што банките како што ги знаеме, всушност нема ни да постојат повеќе. Ако не го сфатат банките ова навреме, и не влезат во овие промени со целосна посветеност кон иновации, ќе се соочат со својот ‘Кодак момент’ и ќе станат нерелевантни на пазарот.

ЕНТОНИ ЏЕНКИНС поранешен CEO, Barclays групација

Д 635 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО 2016, НА ИЛЈАДА МИЛИЈАРДИ ВО 2020 ГОДИНА


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

22

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА Македонија спрема регулатива за влез на FinTech фирми на пазарот

С МАЈА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ вицегувернер, НБРМ

о новата регулатива што се спрема во Македонија се воспоставува правна основа за побрза интеграција на земјава во ЕУ и вклучување во Единствената европска платежна област (СЕПА). Истата треба да ја поттикне конкуренцијата во финансискиот сектор со овозможување влез на играчи, различни од банките, на пазарот со иновативни решенија за плаќање, да ги зајакне правата на корисниците на платежните услуги за добивање на појасни и навремени информации и да донесе пониски цени на платежните услуги за корисниците.

Мудрите банки денес купуваат FinTech стартапи

С КОЧА БОШКУ CEO, Сеавус групација

о FinTech и банкарството ситуацијата е слична на тоа што се случи во телекомуникацискиот сектор, кога т.н. over the top играчи коишто не се регулирани во индустријата - Skype, Viber, WhatsApp, итн, - користејќи ја инфраструктурата на телекомите, понудија бесплатни пораки, разговори, итн. При тоа, им земаа голем дел од профитот на операторите, за што овие и ден денес остро реагираат и бараат помош од регулаторите на пазарот. Истото ќе се случи и во банкарскиот сектор, со тоа што, банките кои имаат мудар менаџмент денес купуваат fintech компании за да бидат пред останатите.

за користење од страна на примателот, 24 часа на ден, 365 дена годишно.“, рече Мерш во Охрид и најави уште многу возбудувања на финансискиот пазар, што ќе значат олеснување на животот на сите нас, но предизвик за комерцијалните банки и останатите играчи од традиционален тип (картични организации и сл.), затоа што во платежните услуги ќе влезат фирми од т.н. FinTech сектор, кој што не се неминовно банки, а ќе можат да ја користат нивната инфраструктура и податоци и да нудат сервиси за потрошувачите. FinTech ќе го трансформира начинот на кој што живееме и работиме. Дали ќе бидат тоа безготовински брзи трансакции помеѓу деловни партнери или блиски пријатели или пак апликација што автоматски ги инвестира нашите заштеди таму каде што има најдобри каматни стапки, сеедно. Битно е дека fintech ќе им обезбеди на луѓето подобри услуги, повеќе избор, за пониски цени.

Тоа што им се случи на телекомите со Skype и Viber, може да им се случи на банките со fintech компаниите Во банкарството во Европа допрва ќе има голема промена, што е резултат на новата европска регулатива PSD2 која

стапува на сила од почетокот на 2018 година. Тоа значи дека fintech компаниите ќе можат да ја користат инфраструктурата и податоците за клиентите од банките и да нудат сопствени услуги. Едноставно кажано, некоја компанија како Skype да речеме, ќе ви нуди да вршите трансакции, додека вашата сметка сè уште си е на безбедно во некоја банка. “Ова е слична ситуација на тоа што се случи во телекомуникацискиот сектор, кога т.н. over the top играчи коишто не се регулирани во индустријата, меѓу кои и веќе споменатиот Skype, Viber, WhatsApp и останатите, користејќи ја инфраструктурата на телекомите, понудија бесплатни пораки, разговори, итн. При тоа, им земаа голем дел од профитот на операторите, за што овие и ден денес остро реагираат и бараат помош од регулаторите на пазарот. Истото ќе се случи и во банкарскиот сектор, со тоа што, банките кои имаат мудар менаџмент денес купуваат fintech компании за да бидат пред останатите“, рече во скорешното интервју за Капитал, Коча Бошку, главен извршен директор на групацијата Сеавус, најголемата ИТ компанија во Македонија, која што и самата е инволвирана во развојот на иновативни технолошки

решенија од финансиската и други области. Тој како пример спомна една од најголемите француски банки, силно присутна и во регионов, којашто во 2015 прва во својата држава купи една fintech компанија, за онлајн менаџирање на личните финансии. Исто така, BBVA, втората по големина банка во Шпанија, досега има купено неколку fintech компании, едната е стартап во Мексико, специјализиран за платформи за онлајн плаќања.

Биткоинот е само почеток н а трансформацијата што следи во финансискиот бизнис

За тоа колку подем има fintech секторот во глобални рамки, покажува примерот на В.Британија, каде што само минатата година овој бизнис генерирал околу 7 милијарди евра приходи и во моментов вработува преку 60.000 луѓе, според написот на Manchester Evening News. Колку сериозно и банките ја сфатиле потребата да работат заедно со fintech компаниите е и британскиот гигант Barclays, кој што во мај отвори fintech акцелератор во Лондон, нудејќи простор за 500 иновативни стартапи од оваа област. И самиот поранешен прв човек на оваа групација, Ентони Џенкинс, повеќе пати има изјавувано дека банките мора добро да се спремат и да го дочекаат fintech моментот инаку ќе ги снајде судбината на Kodak, и останатите некогашни предводници во сопствената индустрија, како Nokia на пример, коишто пропаднаа затоа што не успеаја да видат што е следната голема промена на пазарот. Во случајот на Kodak тоа беше дигиталната фотографија, а кај Nokia појавата на смартфоните со екран на допир. “Криптовалутите како биткоинот, па дури и вештачката интелигенција, се само почеток на трансформацијата што ќе претстои во банкарскиот бизнис. Како што ќе се развиваат овие технологии, ќе можеме да замислиме тотална промена на банкарскиот сектор, во свет, каде што банките како што ги знаеме, всушност нема ни да постојат повеќе. Ако не го сфатат банките ова навреме, и не влезат во овие промени со целосна посветеност кон иновации, ќе се соочат со својот ‘Kodak момент’ и ќе станат нерелевантни на пазарот“, изјави Џенкинс на fintech конференција во Копенхаген годинава. Во Македонија, каде што ни PayPal не можеше да профункционира досега како што треба, банките исто така немаат причина да “си спијат на увцето“ дека уште долго ќе бидат комотни држејќи го приматот на финансискиот пазар, затоа што се подготвува регулатива, којашто меѓу другото, ќе овозможи и влез на fintech компании наскоро. “Со новата регулатива што се спрема во Македонија се воспоставува правна основа за побрза интеграција на земјава во ЕУ и вклучување во

ПРИЛИКА, А НЕ ЗАКАНА: ТОА Е FINTECH ЗА ПАМЕТНИТЕ БАНКИ



www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

24

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА

ИТ ГИГАНТОТ ВЛЕГУВА ВО FINTECH БИЗНИСОТ

IBM РАЗВИВА НОВА БЛОКЧЕИН ТЕХНОЛОГИЈА,

ЌЕ ЈА КОРИСТАТ СЕДУМ ЕВРОПСКИ БАНКИ

I

BM развива блокчеин (blockchain) технологија што ќе ја користат седум големи европски банки – Deutsche Bank, HSBC, KBC, Natixis, Rabobank, Societe Generale и Unicredit - за да се олесни меѓународната трговија за малите и средни компании, пренесува CNBC. Проектот всушност ќе биде една од првите практични примени на блокчеин технологијата во финансиските институции во светот. Потенцијалот на блокчеинот беше истакнуван од банкарската индустрија последниве неколку години, но првите вистински практични решенија се на своите почетоци. Блокчеинот е генерален назив за дистрибуиран дигитален блок што може да чува записи за трансакции и е заштитен од злоупотреби. Тоа е технологија што овозможува функционирање (копање, тргување, итн.) на криптовалутите како биткоин и Етереум, но исто така од банките е разгледувана како начин да се усовршат и поевтинат платежните процеси. IBM си гради свој блокчеин, наречен Digital Trade Chain, што ќе им овозможи на засегнатите страни да следат, менаџираат и прават меѓународни трансакции. Кога некој ќе продаде производи/услуги и тие ќе пристигнат кај купувачот, блокчеинот ќе го активира процесот на плаќање, објаснува Вибе Драјер, претседател на Управниот одбор на холандската Rabobank, една од банките што учествуваат во проектот на IBM. “Ние се грижиме за плаќањето, што е всушност се’ уште старата технологија за плаќање. Но, целата инфраструктура и администрирањето е направено на блокчеин. На крајот целта е целосно платежната трансакција да се префрли на блокчеин решението, кога технологијата ќе биде спремна за масовна примена“,

Единствената европска платежна област (СЕПА). Истата треба да ја поттикне конкуренцијата во финансискиот сектор со овозможување влез на играчи, различни од банките, на

објаснува Драјер за CNBC. Технолошкото решение што го развива IBM за банките, ќе биде на Hyperledger Fabric, open source блокчеин платформа, и треба да се пушти во оптек до крајот на годинава. “Во моментов многу банки и fintech компании експериментираат со употребата на блокчеинот. Ние седумте банки засега правиме чекор напред, со апликацијава базирана на блокчеин, каде што ќе им помогнеме на мали и средни бизниси при извозот. А, блокчеин технологијата е многу моќна и го овозможува сето тоа“, објаснува Драјер. Досега повеќе банки во светот направија проба со блокчеин технологијата. Лани, Wells Fargo и Commonwealth Bank of Australia користеа блокчеин за да се реализира продажбата на пратка памук од САД во Кина. Британската банка Barclays пак, се обиде да тргува со финансиски деривативи користејќи блокчеин технологија.

пазарот со иновативни решенија за плаќање, да ги зајакне правата на корисниците на платежните услуги за добивање на појасни и навремени информации и да донесе пониски цени

на платежните услуги за корисниците.“, изјави вицегувернерот на НБРМ, Маја Кадиевска – Војновиќ, на претходно споменатата Конференција во Охрид.

nnn


National and International cuisine In the heart of Vinica Fine dining Weddings & ceremonies Reservations: 033/361-361; 072/209-039 www.facebook.com/HotelRestaurantAleksandarPark www.aleksandarpark.mk


Капитал број 927/928 04.08.2017

26

www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

пишува:

В

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Во ситуација кога медијаторот Метју Нимиц изнесе оценка дека со новата македонска Влада дошол „нов импулс“, и најави „нов план за движење напред“ во напорите за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција, со професорот по меѓународно право на Правниот факултет на УКИМ, кој беше и советник во Правниот тим што ја застапуваше државава пред Меѓународниот суд на правдата во тужбата против Грција, Тони Дескоски, разговаравме за опциите што се отвораат во новите околности, според сè геополитички поволни за евроатланските интеграции на Македонија, кои, сепак, зависат од решавањето на спорот за името XМедијаторот X Нимиц зборува за „нов импулс“ во напорите за решавање на спорот за името, благодарение на новата Влада на Македонија, и најави дека ќе биде во контакт со двете страни во следните месеци со цел да се развие нов план за движење напред. Каков би можел да биде овој план со оглед на тоа што Атина и во овој нов контекст ги повторува своите позиции? Медијаторот Нимиц во неодамнешните јавни изјави и интервјуа го потврди отпочнувањето на нова рунда во преговорите за решавањето на разликата за името меѓу Република Македонија и Грција. Ќе потсетам дека од 2013 година наваму, преговорите беа практично мртви поради внатрешните околности во Република Македонија (политичката криза предизвикана од злоупотреба на власта). Една од главните цели на медијаторот беше да се увери дали од наша страна има спремност за суштински преговори пред започнувањето на нова рунда. „Новиот импулс“ од нашата држава за кој тој зборува е всушност потврда дека добил позитивен одговор од новата реформска Влада. Во исто време, Нимиц јасно наведе дека работите започнуваат од основа, при што во наредните неколку месеци ќе треба да се разработи нов план за движење напред. Во тие рамки, најпрво ќе се разговара за некои „основни концепти“ пред да се премине на конкретни преговори. Тоа според мене значи потврда дека претходниот концепт на решение, кој се базираше на грчкиот предлог за промена на името на нашата држава во „Република Северна Македонија“ или во „Република

Грција е резолутна дека ќе инсистира на својата позиција во спорот за името. И не е за очекување дека тие ќе се откажат од големиот капитал од Букурешт. Но, во исто време, јасно е дека полека се топи едногласната поддршка на сојузниците за Грција и нејзиното кршење на Времената спогодба. Затоа Нимиц отвара нова рунда на преговори, во која се бара нова основа за решението за спорот за името, наместо Букурешката формула која е очигледно веќе напуштена

ДЕСКОСКИ: ОД СОПСТВЕН ИНТЕРЕС ЗАПАДОТ КООРДИНИР


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

27

ТОНИ ДЕСКОСКИ ПРОФЕСОР ПО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО

НИМИЦ ОТВОРА НОВА РУНДА ПРЕГОВОРИ ЗАШТО СЕ ТОПИ ЕДНОГЛАСНАТА ПОДДРШКА НА СОЈУЗНИЦИТЕ ЗА ГРЦИЈА Горна Македонија“ веќе не е во игра. И на големите играчи на меѓународната сцена, и на Нимиц, им е јасно дека Република Македонија тоа не може да го прифати, по ниту една цена. Идентитетските проблеми кои ги отвора ваквата суштинска промена на името на државата, го прават грчкиот предлог неприфатлив за нас, при што е ирелевантно која политичка гарнитура е на власт. Затоа е потребно, нашата дипломатија во комуникација со сојузниците кои помагаат во преговорите, да ги отвори основните концепти кои подоцна ќе доведат до некаков предлог кој би задоволил обете страни во спорот. Според моето мислење, меѓу таквите основни концепти, нашата држава би морала да инсистира на дефинирање на целта која треба да се оствари со договорот кој ќе биде производ на преговорите. Всушност тука е главната разлика меѓу нашата држава и Грција. Според грчката страна, цел на преговорите е сузбивање на нашиот иредентизам насочен кон Грција, а кој иредентизам е олицетворен во нашето име. Нашата позиција е дека Република Македонија не води иредентистичка политика, а името на нашата држава ни најмалку не олицетворува иредентизам. Во иницијалната фаза од преговорите, би требало да се надмине оваа разлика. Ако тоа се успее, потоа би било релативно лесно да се постигне спогодба. Мора да истакнам дека нашата дипломатија од 2011 година наваму има многу моќна алатка во овој сегмент на преговорите. Пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 5 декември 2011 година, целосно ги разби наводите на Грција за спроведување на иредентистичка шема од страна на нашата држава. Едноставно, сега и со судска пресуда е утврдено дека фактите се

на наша страна, а Грција неосновано нè клевети. Затоа, очекувам во иницијалната фаза, која според Нимиц ќе трае неколку месеци, нашата држава офанзивно да се постави во поглед на одредувањето на целта на преговорите и со аргументите кои се судски верифицирани, отворено да им парира на грчките обвинувања за наш иредентизам. Но, исто така, Република Македонија мора да афирмира уште еден став во кој суштински се разликуваме од Грција. Имено, Грција е незадоволна од она што го добила со Времената спогодба од 1995 година и во преговорите за името, постојано се обидува да издејствува и ревидирање на Спогодбата. За разлика од тоа, за нас Времената спогодба е траен договор за мир и добрососедство, и за нас е неприфатливо грчкото инсистирање за ревидирање на Спогодбата и нејзините одредби не можат да бидат отворени за нови преговори. Значи, двете страни мора да прифатат дека во преговорите се преговара единствено за разликата за името и за ништо друго. На изјавите дадени во Скопје од државниот секретар во германското МНР, Михаел Рот, дека спорот за името е апсурден, а Германија е подготвена да даде поддршка „на патот кон заедничка иднина“, Атина жестоко одговори. Ќе има ли одлучувачки притисок од најсилните адреси – Вашингтон и Берлин, со оглед на поволниот геополитички контекст за Македонија, за нејзино побрзо зачленување во НАТО? Во новата рунда на преговори, не е новина само отвореноста на нашата Влада за преговори. Нов е и регионалниот

РАНО ЌЕ ПОМАГА ЗА НАШ ВЛЕЗ НАТО

контекст, кој Нимиц изречно го наведе во својата изјава во Скопје. Имено, во овој момент е во тек голем стратешки судир помеѓу западните сојузници и Русија. Централните точки на тој судир се Украина и Сирија, а се рефлектираше и на стабилноста на Европската унија. Република Македонија има значење во поглед на секоја од овие две точки. Имено, во поглед на кризата во Сирија (каде Русија е на страната на Башар Ал Асад), нашата земја е на балканската бегалска рута и во изминативе две години одигра значајна улога во поставувањето на бедем, со кој практично се затвори балканската рута. Во поглед пак на кризата во Украина, без нашата земја Русија не може да ја заобиколи Бугарија и да го реализира првобитниот концепт на гасоводот Турски тек, а со тоа пропаѓа нејзиниот план за затворање на украинскиот гасовод со кој се снабдува Централна Европа. Токму таквиот нов регионален контекст, кај западните сојузници ја наметна потребата од спречување на секаква можност за отворање на ново кризно жариште на Балканот, кое би било плод на зовриените националистички страсти и подемот на екстремната десница. Станува јасно дека првиот чекор во таквото регионално стабилизирање е брзиот прием на Република Македонија во НАТО, по кој би уследило решавање на сите останати отворени регионални безбедносни прашања. Практично, би се случило нешто слично како со Дејтонскиот договор. Тогаш прво беше склучена Времената спогодба, па потоа дојде Дејтон. Поради нивниот сопствен интерес, Вашингтон, Берлин, Лондон, Париз и останатите западни центри на моќ координирано ќе го помагаат зачленувањето на нашата


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

28

ИНТЕРВЈУ

држава во НАТО, паралелно со поддршката на внатрешните реформи. На патот на реализирањето на тој интерес пречка е Грција, која со игнорирање на сопствените меѓународни правни обврски ја блокира интеграцијата на Република Македонија во НАТО. Грција е резолутна дека ќе инсистира на својата позиција. И не е за очекување дека тие ќе се откажат од големиот капитал од Букурешт. Но, во исто време, јасно е дека полека се топи едногласната поддршка на сојузниците за Грција и нејзиното кршење на Времената спогодба. Затоа е грчката нервоза на изјавите на Рот. И затоа Нимиц отвара нова рунда на преговори, во која се бара нова основа за решението за спорот за името, наместо Букурешката формула која е очигледно веќе напуштена. Мое мислење е дека поддршката на сојузниците ќе расте правопропорционално со нивното уверување дека нашата земја е активен чинител во преговорите, а не субјект кој е закопан длабоко во својот ров и се надева дека ништо нема да се случи. XДали X правната наука може да понуди решение од кое би биле задоволни двете страни, односно владите и во Македонија и во Грција да можат да кажат дека е отстранета опасноста од она од што се стравува во спорот за името? Спорот за името е меѓународен политички спор. Како и за секое друго прашање и овој спор бара стручни познавања кои на дипломатијата ќе и овозможат да изгради ефикасна стратегија, во која најоптимално ќе се исползуваат ресурсите со кои се располага. При позиционирањето на Република Македонија, нужно е да се направи добра проценка на сопствената

позиција, при што треба да се извагаат правните аргументи, но и моќта со која се располага и поддршката која може да се добие од големите центри на моќ. Еден многу добар таков баланс беше направен во периодот на избивањето на спорот за името во 1991-1992 година. Сигурно е дека во тоа голем придонес имаа знаењата и искуството на тогашниот шеф на дипломатијата проф. д-р Денко Малески, кој е врвен познавач на меѓународната политика. Само благодарение на добро поставената стратегија, со капиталот на позитивното мислење на Бадинтеровата комисија, една мала и нестабилна земја можеше да ја пробие Лисабонската декларација на ЕЗ и да биде примена во ООН, а потоа и да ја склучи Времената спогодба со Грција. Од друга страна, грчката надворешна политика од тој период е типичен пример за нерационална политика, со погрешна процена на сопствената моќ и интересот на сојузниците да ја подржат. Во секој случај, нема волшебно стапче за решение за спорот за името. Само макотрпна дипломатска работа, за да се убедат сојузниците да ја подржат нашата позиција, како поразумна и поблиска до нивниот сопствен интерес, а потоа со таа поддршка да се изврши притисок врз Грција. Многу добар водич во тој правец се аргументите артикулирани од правниот тим на Република Македонија во постапката пред Меѓународниот суд на правдата. Ќе потсетам, еден од факторите кои беа решавачки за нашиот триумф пред Судот, беа врвните експерти за меѓународно право кои ја застапуваа Република Македонија. Со нивна помош, беа артикулирани аргументи кои беа разбирливи за милјето на меѓународните

односи. А да не заборавиме, меѓународното право е збир на правила кои ги регулираат меѓународните односи. За жал, наместо да се задржи добриот тим, кој можеше и требаше консултантски да ја советува нашата дипломатија, македонската Влада едноставно го растури тимот. XШто X доколку и натаму нема напредок во решавањето на спорот за името? Има ли опции Македонија да влезе во НАТО под привремената референца, иако шефот на грчката дипломатија, Коѕиас, ја отфрли ваквата можност? Спорот за името е креиран од Грција за да биде нерешлив. Целта за таквиот грчки потег е нивниот обид да ја задржат Република Македонија во федерација со Србија, преку блокада на нашето меѓународно признавање. И тој обид пропадна уште пред две децении. Оттогаш натаму Грција настојува преку спорот за името да има решавачко влијание врз меѓународната позиција на Република Македонија, практично да нè држи во рака. Во 2005 година, со многу вешта процена, Грција радикално ја промени својата позиција во спорот за името, при што се откажа од инсистирањето дека не прифаќа во нашето име да стои зборот „Македонија“ и даде сопствен предлог за наше преименување во „Република Северна Македонија“. На тој начин Грција успеа да ја добие поддршката од НАТО сојузниците и го промени балансот на моќта во своја полза. Од 2005 до 2008 година, грчката дипломатија има остварено обемна активност образлагајќи ја својата позиција за да ја добие потребната поддршка од сојузниците. За разлика од тоа, нашата дипломатија не успеа да

ДЕСКОСКИ: НАШАТА ДИПЛОМАТИЈА ДА ГИ ИСКОРИСТИ ГРЧКИТЕ СЛАБИ МЕСТА


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

29 ги препознае променетите околности, остана предолго вкопана во т.н. „двојна формула“ и не реагираше благовремено. На крајот, како резултат на тој пропуст ни се случи консензусот за грчката блокада во Букурешт. Ако го погледнете заклучокот од Букурешт, веднаш се забележува целта: да и се оневозможи на Грција да отстапи од дадениот предлог, ако ние го прифатиме понуденото преименување. Сега доаѓа време за репозиционирање и прашање е која од двете страни подобро ќе го погоди пулсот на САД и другите сојузници, односно нивниот интерес. Во секој случај, првата можност за промена на одлуката од Букурешт е следната година, на Самиот на НАТО. Дотогаш, процесот на преговори под медијаторство на Нимиц има доволно време да влезе во втората фаза, фазата на конкретни предлози. Зависно од перцепцијата на сојузниците за поведението на секоја од двете страни во преговорите за името, ќе биде и поддршката за едната или другата страна на следниот Самит на НАТО. Морам да предупредам, дека доколку перцепцијата на сојузниците е дека нашата земја ја злоупотребува зголемената поддршка која ја добива, за да се однесува „нефлексибилно“ во

преговорите, едноставно ќе бидеме пуштени низ вода. Обратно, шансите да добиеме поддршка значително ни се зголемуваат ако јасно артикулираме дека преку името на државата ние не се обидуваме да добиеме монопол на името „Македонија“, и затоа сме отворени за некоја од компромисните формули за нашето име, со кои тоа би станало недвосмислено јасно. Затоа инсистирам на значењето на сериозен пристап во преговорите и за нова дипломатска стратегија која ефикасно ќе и парира на грчката. За наша среќа, грчката позиција е полна со лаги и полувистини кои се сега судски верифицирани, а тоа истата ја прави ранлива. Но, некој тие слаби места мора да ги искористи, а тоа е нашата дипломатија. Никој тоа нема да го заврши за нас. XНеодамна X ја издадовте книгата "Меѓународно арбитражно право". Како е регулирана арбитражата во Македонија и како таа може да помогне во водењето на бизнисите? Арбитражата е механизам кој е создаден од учесниците во бизнис трансакциите, за да се надмине еден од ризиците со кои тие се соочуваат – ризикот од настанување на

спор. Арбитражата овозможува стручно, ефикасно и релативно брзо решавање на споровите, а без инволвирање на судството на било која држава во светот. Затоа е таа толку популарна во современиот развиен деловен свет. Република Македонија наследи добра нормативна инфраструктура за арбитражата од поранешната Југославија, која вклучуваше внатрешно законодавство и членство во меѓународни договори. Тоа се надгради со донесувањето на Законот за меѓународната трговска арбитража во 2006 година. Но, реалноста е дека ние немаме развиена арбитражна практика. Градењето на култура на исполнување на преземените обврски, чиј составен дел е и договарањето на арбитража е малку подолготраен процес. Значајна улога во тоа има Постојаниот арбитражен суд при Стопанската комора на Македонија, кој не се бави само со решавање на спорови, туку и со промоција на арбитражата како начин за решавање на спорови во деловната заедница. Учебникот по меѓународна трговска арбитража е наслов кој арбитражата ќе ја доближи до студентите, но и ќе им биде од корист на практичарите.

nnn


Капитал број 927/928 04.08.2017

30

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА

ДЕТАЛНИОТ ПЛАН ЗА РЕФОРМИ ЌЕ ПРОИЗЛЕЗЕ ОД ИНКЛУЗИВНИ ПРОЦЕСИ:

СО ПЛАНОТ 3-6-9 ВЛАДАТА СЕ ОБВРЗА НА КОНКРЕТНИ ЧЕКОРИ ОД СУШТИНСКИ РЕФОРМИ Забелешките на дел од експертската јавност дека во Планот 3-6-9 нема доволно конкретизирани мерки, туку повеќе заложби на Владата, се во сенка на акламативната поддршка што од меѓународната заедница ја добива Владата за планот и воопшто „за нејзината одлучност за суштински реформи и за определбата за интеграција на Македонија во ЕУ“, како што му порача Меркел на Заев во Трст. Главна цел на планот во оваа фаза е да ја покаже обврзаноста на Владата кон претстојните чекори што нема да остават дилеми дека значат суштински реформи што Брисел ќе ги препознае како такви и соодветно ќе ги вреднува

РОТ: МАКЕДОНИЈА НЕМА ПОТРЕБА ОД НИШТО ПОВЕЌ


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

31 пишува:

П Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Планот 3-6-9 е производ на итноста/ неопходноста од реформи на целото општество што конечно би биле во согласност со евроатланските аспирации на Македонија. Истиот не може да не се гледа во контекст на она што премиерот Зоран Заев и неговиот тим со најдиректни ингеренции во однос на интеграциите во Европската унија и НАТО го демонстрираат како нова, јасна стратегија за надворешната политика, што, во исто време, како што вели премиерот, има за цел „сериозно подигање на севкупниот квалитет на животот на граѓаните на Македонија“. Оттука, забелешките на дел од експертската јавност дека во планот нема доволно конкретизирани мерки, туку повеќе заложби на Владата, се во сенка на акламативната поддршка што од меѓународната заедница ја добива Владата за планот и воопшто „за нејзината одлучност за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ“, како што му порача на Заев германската канцеларка Ангела Меркел на билатералната средба во Трст. Главна цел на планот во оваа фаза е да ја покаже обврзаноста на Владата кон претстојните чекори што нема да остават дилеми дека значат суштински реформи што Брисел ќе ги препознае како такви и соодветно ќе ги вреднува. Имајќи ја предвид поставеноста на Владата, иако планот не содржи разработени мерки, евроамбасадорот Самуел Жбогар изјави дека е оптимист и оти очекува Владата да го спроведе „3-6-9“. „Она што е добро е што Владата излезе со план. Се премина од зборување за реформи на реформи кои се ставени конкретно на хартија. Мислам дека тоа што е потребно е во следните три месеци да се направат чекори во тој контекст. Се разбира дека ние, како ЕУ, ќе ги поддржиме, меѓутоа да почекаме чекор по чекор да се реализираат овие работи“, изјави Жбогар. И државниот секретар за европски

прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, во Скопје изрази силна поддршка од неговата земја за чекорите на премиерот Заев и на новата Влада. Рот во името на Германија ја изнел оценката дека се направени видливи позитивни придвижувања што најавуваат резултати во евроинтеграциските процеси, а оти на премиерот Заев се гледа како на лидер кој може да ги понесе позитивните промени за Македонија и за нејзините граѓани. „Оваа држава нема потреба од ништо повеќе отколку што се реформите. Владата си постави сериозна програма за реформи. Јас само можам да посакам тие чекори конкретно да бидат реализирани. Важно е реформите да бидат спроведени во интерес на државата и на нејзиниот народ бидејќи иднината на Македонија е во ЕУ. Во изминатите години многу доверба беше изгубена, а сега мора повторно да се постигне“, рече Рот на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во Скопје. Поранешниот долгогодишен извршен директор на Македонскиот центар за европско образование - МЦЕО (сега Центар за европски стратегии – Евротинк) и поранешен претседател на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Македонија, Лидија Димова, има објаснување зошто во Планот 3-6-9 отсуствува конкретизација на чекорите. „Мораше прво да се најде начин да се покаже дека Владата навистина се обврзува и има намера да ги спроведе реформите. Конкретни, така да ги кажеме, индикатори во планот, во областите каде се бара Македонија да направи исчекор, не е можно да има. Зашто, ако зборуваме, на пример, за судството, ако тоа е независно не може Владата да му каже што треба да прави, за да има конкретен индикатор. Владата може да каже дека ќе прави реформи, ама заедно со судството, и тоа ќе биде процес што ќе трае многу повеќе од девет месеци. Фактот дека се сите земени предвид го прави процесот инклузивен и тоа дава потребниот квалитет на реформите. Од оваа гледна точка Владата не може да наметнува индикатори за нешто што треба да произлезе од процесите. Поентата е да се иницираат процесите, и власта да покаже дека има капацитет да усогласува, да гради консензус по одредени прашања, особено имајќи ги предвид сугестиите и од граѓанското општество“, вели Димова. И аналитичарот Петар Арсовски смета дека иако се вика план, „36-9“ е всушност платформа со која Владата се обврзува дека ќе ги

ЌЕ ОТКОЛКУ ШТО СЕ РЕФОРМИТЕ

преземе потребните чекори од Итните реформски приоритети. „Планот не е конректизиран, зашто не се работи за план, иако така се вика, туку за платформа на целите на Владата што се врзани за итните реформски приоритети на Прибе. Од тоа треба да произлезат разработени, детални планови за првата, втората и третата фаза, и откако ќе ги видиме истите можеме да цениме дали се реални, изводливи. Засега планот треба да добие декларативна поддршка, бидејќи убаво ги нотира итните реформски приоритети“, вели Арсовски. Професорот и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин, смета дека иако мерките не се конкретизирани, планот е опиплив, и покажува јасен курс за разлика од оној на претходните влади на ВМРОДПМНЕ. „Добро е што Владата настапува со нешто опипливо, со една визија, зашто кога сегашната опозиција беше власт постојано се зборуваше дека владата нема план, дека талка. Факт е дека планот е прилично глобален. Суштината му е да се надомести загубеното изминативе години. Доколку сакаме евроатлански интеграции ние мораме да го реформираме целото општество. Во таа насока, според Планот 3-6-9 и амбициите на премиерот, Македонија треба да се претвори во еден вид работилница каде ќе дојде до промени и на економски, и на социјален, и на надворешно-политички план ... Првиот мој рефлекс е позитивен во однос на планот, но битната работа е дали ќе се издржи, дали навистина ќе се оди согласно сите одлуки. Ова е план - времето ќе ги покаже неговите вистински ефекти“, вели Ружин.

Правецот на реформите

Правецот на реформите кои ги предлага Владата во Планот 3-6-9 произлегуваат од Програмата за работа на Владата 2017-2020, а го зема во предвид Договорот од Пржино и ги следи препораките од средбите на високо ниво со претставниците на институциите на ЕУ, насоките од Европската комисија во Итните реформски приоритети (2015), Препораките на групата високи експерти предводени од Рајнхард Прибе(2015), како и низата препораки до Владата од изминатите неколку години од телата на Советот на Европа (Венецијанската комисија, ГРЕКО), препораките на ОБСЕ/ОДИХР, наодите и препораките од годишните Извештаи на Европската комисија, вклучително и од Пристапниот дијалог на високо ниво, заклучоците од министерскиот


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

32

ПОЛИТИКА

С

НАНО РУЖИН

поранешен амбасадор во НАТО

поред Планот 3-6-9 и амбициите на премиерот Заев, Македонија треба да се претвори во еден вид работилница каде ќе дојде до промени и на економски, и на социјален, и на надворешнополитички план ...

В

ЛИДИЈА ДИМОВА поранешен претседател на МЦЕО

дијалог за Програмата за економски реформи, заклучоците од редовните состаноци на телата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, документот подготвен од група граѓански организации насловен како „Предлог за Итни демократски реформи“ (Блупринт) и резултатите од консултациите со граѓанското општество. Премиерот Зоран Заев, во своето обраќање на Комисијата за европски прашања во Собранието, кога го образложуваше Планот 3-6-9, уште еднаш го објасни значењето на бројките од овој план. „Во првите три месеци сакаме да го реализираме првиот пакет реформи за да обезбедиме аргументација за Европската Комисија да ја отстрани условеноста на препораката за почеток на пристапните преговори. За шест месеци планираме да го заокружиме вториот реформски круг. Со тоа да упатиме силна порака до Советот на Европа којшто ќе се одржи во декември 2017 година, дека остваривме сериозни резултати во повеќе области што ќе ја зацврстат перцепцијата за Македонија како земја кандидатка за член на Европската Унија. Во наредните 9 месеци, заеднички да го имплементираме третиот круг реформи и до следниот извештај на Европската Комисија за Македонија, да ги убедиме земјите членки на Европската Унија да отпочнат постапка за утврдување на датум за пристапни преговори на Европската унија со Република Македонија“, изјави Заев. Мерките од Планот 3-6-9 се во делот на изборите, на работата на Собранието, на соработката (кохабитацијата) со претседателот на државата, на имплементацијата на Охридскиот договор, на граѓанското општество, на медиумите, на реформата на јавната администрација, на судските реформи, на реформата на разузнавачките и безбедносните служби, на борбата

ладата не може да наметнува индикатори за нешто што треба да произлезе од процесите. Поентата е да се иницираат реформските процеси, и власта да покаже дека има капацитет да усогласува, да гради консензус по одредени прашања, особено имајќи ги предвид сугестиите и од граѓанското општество.

против организираниот криминал и корупцијата, и на миграциите. Мерките во делот на изборите, меѓу другото, предвидуваат дека ако во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори се констатира небалансирано известување, истото ќе повлече разрешување на директорот на јавниот радиодифузен сервис – Македонска радио-телевизија. Во контекст на подготовките за локалните избори ќе биде доекипирано правното одделение на Државната изборна комисија со цел навреме да испорачува мислења за поднесени приговори. Предвидено е и усвојување на упатство и на мерки за забрана, односно спречување на користење на државни ресурси од страна на учесниците и кандидатите за време на изборниот период (користење службени возила, репрезентација, службен канцелариски простор и административни капацитети). Во делот на работата на Собранието, во Планот 3-6-9 Владата му предлага на Парламентот, покрај редовните, да воведе и тематски пратенички прашања, еднаш неделно во траење од еден час. За имплеменатацијата на Охридскиот договор, во планот се вели дека „во духот на кохезија, Владата се договори за унапредување на имплементацијата на легислативните елементи“. Имено, тука е предвидено усвојување Предлог-закон за употреба на јазиците од страна на Владата, кој потоа ќе биде доставен на консултации во Венецијанската комисија. Во делот на медиумите се утврдува дека Владата го стопира комерцијалното рекламирање (стопирање на владините реклами на комерцијалните радиодифузери, со исклучок на социјалните медиуми) , ќе го зајакне и целосно професионализира јавниот радиодифузен сервис и ќе ги отвори

О

ва е платформа на целите на Владата врзани за Итните реформски приоритети на Прибе. Од тоа треба да произлезат разработени, детални планови за првата, втората и третата ПЕТАР и откако ќе ги АРСОВСКИ фаза, видиме истите можеме аналитичар да цениме дали се реални, изводливи.

сите информации за јавноста кои се од јавен карактер и јавен интерес. За делот на реформата на јавната администрација, која во Планот 3-6-9 е наведена како еден од клучните приоритети, меѓу другото се вели дека Владата ќе донесе одлука за декласификација на сите документи од интерес на јавноста, и ќе биде укината одлуката за утврдување надоместок за материјални трошоци за дадена информација, од имателите на информации –институциите ќе бидат задолжени да ги објават на веб страниците документите од јавен карактер. Кај реформите во судството, каде Владата се обврзува на краток, среден и долг рок да изгради независен, непристрасен, професионален и ефикасен судски систем, покрај очекуваните заложби во контекстот, се најавува формирање Совет за спроведување на овие реформи. Во делот на реформата на разузнавачките и безбедносните служби, се најавува инклузивна дискусија во Собранието за избор на моделот за реформа на системот на следење на комуникациите. Се подготвува и план за реализација на препораките на Рајнхард Прибе со листа на правни акти, административни и технички мерки и финансиски импликации. Во Планот 3-6-9 стои дека Владата ќе се погрижи борбата против организираниот криминал и корупција од хартија да ја пренесе во пракса, со ослободување на механизмите од политичките влијанија и притисоци. Тука ќе се реформира одделението за борба против корупцијата во Министерството за внатрешни работи, зајакнување на финансиската полиција и формирање меѓуинституционална работна група со цел зајакнување на капацитетот и експертизата за спроведување на истраги и конфискација на имот на посистематска основа. nnn

ЖБОГАР: НЕ СУМ ЗАГРИЖЕН ЗА КОНКРЕТНАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА „3-6-9“





www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

36

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА

ИЛОН МАСК ПРОДОЛЖУВА ДА ОСТВАРУВ

СО ПОДЗЕМЕН HY ОД ЊУЈОРК ДО

Н

ајновата опсесија на родениот во Јужноафриканската Република, канадскоамерикански претприемач, иноватор, милијардер, Илон Маск, се тунелите. Поточно, подземните тунели што би служеле за транспорт и би ги намалиле градските метежи. Маск сега сака да го поврзе источниот брег на САД - од Њујорк, преку Филаделфија и Балтимор, до Вашингтон, така што ќе ископа подземен тунел и во него ќе смести

Hyperloop. Основачот на Tesla Motors и на SpaceX првпат споменува дека ќе гради Hyperloop – досега оваа работа им ја препушташе на други (иако токму Маск во 2012 година го предложи овој радикален концепт за масовен превоз). За овој проект веќе добил „усно одобрување“ од одговорните, и веста ја објави на својот Twitter профил. Hyperloop би ги поврзувал центрите на споменатите градови, но на таа, околу 350 километри долга релација, би имало и други станици – повеќе од десетина. Патувањето со посебните вагони од Вашингтон до Њујорк во подземна цевка со низок притисок би

МАСК: ОПТИМИСТ СУМ ДЕКА БРЗО


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

37 "Хајперлупот" што група американски и мексикански инженери предлагаат да го замени ѕидот на Трамп и да донесе многу пари и други погодности

Godot, првата машина за дупчење тунели на Маск, односно на неговата The Boring Company

ВА НА ПЛАНОТ ЗА ПРЕВОЗ НА ИДНИНАТА

YPERLOOP ЗА 29 МИНУТИ ВАШИНГТОН Подземниот Hyperloop на Маск би решил неколку проблеми со кои моментално се мачат инженерите во другите компании што го развиваат овој систем за превоз, како заштитата на цевките од пробивање (на пример, со куршум), потоа, би биле минимизирани деформациите (на цевките) поради промените на температурата; а можеби и малку би ги намалил трошоците траело 29 минути, пресметал Маск. Сместувањето на Hyperloop под земја би решило неколку проблеми со кои моментално се борат инженерите во другите компании што го развиваат овој

систем за превоз, како заштитата на цевките од пробивање (на пример, со куршум), потоа, би биле минимизирани деформациите (на цевката) поради промените на температурата; а можеби и

малку би ги намалило трошоците. Подземното решение, пак, си носи други проблеми, како проблематичната евакуација во итни ситуации … За дупчењето на подземните тунели Маск

О ЌЕ ИМА ФОРМАЛНО ОДОБРУВАЊЕ ЗА ТУНЕЛОТ NY-DC


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

38

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА

ја основа The Boring Company, која со помош на првата машина за дупчење на тлото, наречена Godot, неодамна го почна копањето на првиот тестен тунел во близина на седиштето на SpaceX (компанијата на Илон Маск за транспорт во вселената) во калифорниски Хоторн. Крајната цел на компанијата е да им се овозможи на градовите евтино и брзо да изградат мрежа од подземни тунели во кои би се одвивал сообраќај што би ги намалил вообичаените гужви. Овде треба да потенцираме дека Hyperloop-от на The Boring Company е различен од оној на Hyperloop One (подолу е објаснувањето за оваа Hyperloop компанија). Секако, ист е главниот концепт – вакуумска цевка низ кој лебдат и многу брзо се движат поради малиот отпор/триење соодветни транспротни „капсули“. Разликата е во тоа што The Boring Company освен патници, планира да превезува и возила. Но, во тунелите на Маск автомобилите нема да возат самостојно, туку таму ќе ги преземаат посебни автономни платформи задолжени за транспортот. Во The Boring Company цевките се под земја, а возилата е планирано да се спуштаат со лифт, до гондола во која истите (возилата) ќе се сместат и ќе патуваат извонредно брзо низ мрежата. Инаку, за „обичниот“ Hyperloop, компанијата Hyperloop One успешно го помина тестот по трасата во Невада, со нивниот маглев погонски систем во целосна големина, на 12 мај годинава. Hyperloop One развива систем на транспорт со магнетски левитирачки капсули во вакуумски цевки, а споменатиот таен тест беше прв во светот извршен во цевка со механизам за превоз во реална големина. Компанијата сепак не користела цела патничка капсула, иако нејзиниот прототип веќе бил изработен од алуминиум и јаглеродни влакна, туку само погонскиот маглев механизам што подоцна би требало да ги носи вагоните. Системот постигнал најголема брзина од 113 километри на час, и за само неколку мига го поминал патот долг 500 метри, внатре во вакуумската цевка. Тестот покажал дека системите функционираат како што е замислено, а во следните обиди ќе се цели кон поголеми брзини, од дури 400 километри на час на истиот 500-метарски

пат. Изворниот концепт на Илон Маск предвидува дека еден ден патничките капсули би можеле низ овие цевки со низок притисок да се движат со брзини и од над 1.200 километри на час. Точно една година пред ова тестирање, Hyperloop One го направи првото јавно тестирање на смален модел, и тоа на отворено. Успехот од 12 мај – тестирањето во функционални вакуумски цевки со платформа на саканата големина, секако е неспорен, особено со оглед дека напредокот е направен за само една година.

Наместо ѕидот на Трамп што одвојува – Hyperloop граница што поврзува

Досега интерес за изградба на Hyperloop покажаа САД, неколку европски земји, потоа Дубаи и Обединетите Арапски Емирати (Абу Даби); неодамна и Јужна Кореја ... Корејците сакаат со овој иновативен начин за превоз на луѓе и товар да ја поврзат својата престолнина на северот, Сеул, со пристанишниот град Бусан, што е на југот на земјата. Растојанието меѓу двата града е нешто повеќе од 320 километри, и супербрзите јужнокорејски возови го поминуваат за околу три часа, но планот е со Hyperloop патувањето на релацијата да не трае повеќе од триесетина минути. Владата на Јужна Кореја за целта потпишала договор со компанијата Hyperloop Transportation Technologies (HTT), која развива тунели и капсули за превоз со скоро надзвучни брзини. Од HTT при крајот на јуни (кога Јужна Кореја го конкретизираше интересот за Hyperloop) изјавија дека нивната технологија по четири години развој е речиси подготвена за изградба на првата вистинска траса цевки од Hyperloop, во фаза на изградба се и првите патнички капсули, а најголема препрека им се регулативите во одредени делови на светот. Но, бидејќи Јужна Кореја сака да има функционален превоз со Hyperloop за четири години, би можела да ја среди регулативата за истиот навистина таму да се изгради во овој рок. Hyperlopp Transport Technologies има истражувачки договор за развој на Hyperloop коридор и меѓу чешките градови Брно и Прага, што би продолжил до словачката престолнина Братислава. Кога сме веќе кај интересот на државите

за Hyperloop, интересно е што група мексикански и американски инженери пред неколку месеци дојдоа на идеја наместо ѕидот меѓу двете држави што го ветуваше претседателот на САД, Доналд Трамп, да направат гранична бариера што ќе служи како превозно средство. Тие ги поврзаа двете идеи – ѕидот на Трамп и Hyperloop-от на Маск. Ако проценките велат дека ѕидот би чинел 21 милијарди долари, колективот MADE (споменатите мексикански и американски инженери) пресметале оти мрежа за Hyperloop долга две илјади километри би можела да се изгради за 16 милијарди долари, а останатите пари (до 21 милијарда) би се вложиле во здравството, во образованието, во уметноста на САД. Освен што би служел како граница што поврзува, а не одвојува, овој заеднички потфат би отворил бројни работни места, и би имал вкупен позитивен финансиски ефект од дури илјада милијарди долари. Земјата искористена за негова изградба би имала, во оваа идеалистичка визија, статус на независна нација наречена Otra Nation, сопствена влада, и нејзин претставник во властите на САД и на Мексико. Секако, целиот проект би се потпирал на обновливи извори на енергија и на економија на споделување (sharing); би ја заштитувал животната средина, би поттикнувал економски раст; општествен и културолошки напредок ... MADE Collective и неговите архитекти, градежници, дизајнери, инженери, ... имаат и своја интернет страница за овој амбициозен проект, како и петиција во која граѓаните можат да ги поддржат во изградбата на проектот Otra Nation. Hyperloop е концепт за исклучително брз превоз на луѓе и на товар. Би можел да стане нов хит на транспортот и да има големо влијание врз мобилноста на луѓето и превозот на стоки. Според изворната замисла на Илон Маск, Hyperloop е превоз со капсула во која седат до 28 патници, а истата (капсулата) патува низ цевка (во која е намален притисокот – потполн вакуум би бил прескап и неблагодарен за одржување) на воздушно перниче движено од линеарни индукциски мотори и компресори. Системот би го правеле две цевки за патување во обратни правци. nnn


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 29 АВГУСТ 2017

ЕДНОДНЕВНА ОБУКА НА ТЕМА:

ФИНАНСИСКО ИЗРАЗУВАЊЕ НА НАБАВНАТА ВРЕДНОСТ КАЈ ТРГОВСКИ СТОКИ И ЦЕНА НА ЧИНЕЊЕ КАЈ ГОТОВИ ПРОИЗВОДИ  31 август 2017 година  10:00-16:00 часот

Институт КОНЦЕПТ, Скопје

ЦЕЛ НА ОБУКАТА:

 Залихи и набавна вредност на продадените

Финансиските пресметки за детерминирање на успехот на претпријатијата за одреден период се тесно поврзани со сметководствено пресметковните категории: набавната вредност кај трговските стоки или цената на чинење кај готовите производи. Овие категории може да се разликуваат во зависност од природата на дејноста на друштва.

трговски стоки и цена на чинење на продадени готови производи  Поделба  Евидентирање (признавање) на цена на чинење/ набавна вредност  Презентација во финансиските извештаи

СОДРЖИНА:

Обуката е наменета за вработени во финансиски сектор, сметководство, како и за сите оние на кои им е од интерес да го унапредат своето познавање на оваа проблематика.

 Дефинирање на набавната вредност и цена на

чинење

 Сметководствен метод

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска  e-mail: institut@koncept.com.mk  02 3128 526  070 272 207


Капитал број 927/928 04.08.2017

40

www.kapital.mk

СВЕТ

ПРЕДВИДУВАЊА НА BBC FUTURE

ДЕСЕТТЕ НАЈГОЛЕМИ ПРЕДИЗВИЦИ СО КОИ ЌЕ СЕ СООЧИ СВЕТОТ ДО 2050 ГОДИНА

ДОЛГОВЕЧНОСТ: БРОЈОТ НА СТОГОДИШНИЦИ ЌЕ ПОРА


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

41

Кои се најголемите предизвици со кои ќе се соочи човештвото во следните неколку децении? Невозможно е да се предвиди прецизно, но BBC Future го претстави својот поглед во овој аспект од иднината, имајќи предвид до што би можеле да доведат тенденциите што ги гледаме денес. Градови потопени од морињата и население кое е сè повозрасно се само почеток ... XX Генетска модификација на луѓе Лани меѓу научниците имаше дебати во однос на новата технологија што дозволува „уредување“ на човечката ДНК. Таа се вика Crispr (Clustered regularly interspaced short palindromic repeats) и е средство за промена на ДНК на луѓе, со цел болестите како ракот да станат минато. Иако ова звучи одлично, сето тоа може да има и своја темна страна гледано од етички аспект, и да прерасне во проект мотивиран од суетата што би барала „дизајнерски бебиња“, па да доведе до селектирање на ембрионите, така што бебињата што би настанувале од нив да имаат определена интелигенција и физички карактеристики. И покрај тоа што оваа технологија уште не се користи широко, таа се смета за актуелен „голем предизвик“ што ветува напредок, но со можни несакани последици за кои човештвото треба да биде подготвено. Во смисла, етичките прашања веднаш да бидат поставени на масата во секоја лабораторија, универзитет и корпорација, што ќе посакаат да ја менуваат човечката ДНК.

XX Повозрасно население од кога и да е

Не само што човештвото се бори со последиците од значајниот раст на бројот на луѓе на Земјата, тука е и фактот дека жителите на планетата

живеат сè подолго. Ова е, секако, одлично, но сите тие возрасни луѓе бараат грижа. Всушност, бројот на стогодишниците ќе се зголеми повеќе од 50 пати – од 500 илјади денеска, до над 26 милиони до 2100 година. Од Велика Британија, до Јапонија и Кина, општествата со голем број луѓе над 65 годишна возраст ќе станат сè повеќе. Во следните неколку десетлетија, кога ова ќе почне да се случува, ќе биде потребна подобра грижа за возрасните (Јапонија веќе обмислува како можат да помогнат роботите), а веројатно и политики што ќе дозволуваат повеќе мигранти да се обидуваат да го компензираат застарувањето на работната сила, а во некои случаи и намалувањето на наталитетот.

XX Загубени градови Покачувањето на морското ниво постепено води до исчезнување на некои градови. Поради климатските промени сè почесто сме сведоци на поплави по улиците, а променетите метеоролошки услови влијаат и на дизајнот на објектите што се градат. Освен што се градат повеќе ѕидови за заштита од морето, во градовите веќе се бара првиот кат на новите згради да биде повисоко издигнат. И тоа не е сè – ако оваа тенденција продолжи, светот ќе треба да се помири со губењето на цели реони од градовите кои се островски или се ниски. Економскиот ефект врз регионите ќе

РАСНЕ НАД 50 ПАТИ ДО 2100 ГОДИНА

стане, секако, поголем, а климатските бегалци ќе се претворат во нешто што често се среќава. Притисокот врз градовите ќе станува сè поголем, додека градското население ќе расте. Ако климатските промени донесат масовна миграција, постојната инфраструктура, услугите и економиите воопшто, може да стигнат до оптовареност до точка на прекршување.

XX Еволуцијата на социјалните мрежи

Социјалните мрежи го променија начинот на кој комуницираме во голем дел од последната декада. Сè повеќе луѓе и се информираат преку социјалните мрежи. Како истите (мрежи) ќе изгледаат по 30 години и какви закани ќе носат? Првата закана би била свет без приватен живот. Ова е проблем со кој веќе човештвото се соочува. Социјалните мрежи носат со себе многу проблеми поврзани со, така да го наречеме, малтретирање во дигиталниот простор. Многу добротворни организации, како и такви со неекономски цели се мобилизирани во борбата против интернет троловите, но останува прашањето дали властите и социјалните мрежи ќе се справат со ова или проблемот ќе се влоши. Понатаму, ако лажните вести продолжат да бидат фактор, останува прашањето како луѓето ќе гледаат на светот понатаму. Ако секој минува месеци,


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

42

СВЕТ

години, па дури и децении информирајќи се само од (благо кажано) несигурни извори, тоа не ветува цивилизирано општество и дебати. Ако се има предвид колку брзо социјалните мрежи го преземаа светот, оптимистите можат да заклучат дека овие проблеми ќе бидат брзо решени.

XX Нови геополитички тензии Последнава година доведе до разбивање и на и онака кревкиот геополитички баланс. Големиот прашалник во контекстот стои пред светската стабилност во следните неколку декади. Во 2016 година, а и досега во 2017, во вестите доминира бескрајната политичка драма, а сето тоа го подгрева „геополитичкото минско поле“ и „невидената геополитичка промена“, независно од тоа дали зборуваме за непредвидливата Северна Кореја, за тешката положба на сириските бегалци, или за процесот на напуштање на Европската унија од страна на Велика Британија.

XX Автомобилите не одат во историјата ... напротив И покрај брзата урбанизација и коментарите за ултрабрзи возови и фантастичните технологии како Hyperloop, автомобилите не се на пат да си одат во историјата. Всушност, во следните неколку децении ќе гледаме сè повеќе автомобили по патиштата. Технологијата за возила без човек зад воланот наскоро ќе ја преземе индустријата. Големите технолошки компании и производителите на автомобили агресивно се натпреваруваат во лансирањето автономни возила во следниве години. Но, без разлика, бројот на автомобили (автономни или не) ќе расте рапидно, покажуваат истражувања. Во држави како Кина, со раст на бројката припадници на средната класа, инфраструктурните потреби и справувањето со еколошките закани ќе бидат сериозни предизвици.

XX Ресурсите се намалуваат

Сите нови технологии и уреди што го одбележаа овој век бараат ретки метали. Еден смартфон, на пример, има над 60 „состојки“. Ова го поставува прашањето за исцрпувањето на природните ресурси на планетата. Во Кина, каде се наоѓаат 90% од ретките земјени метали, пресметано е дека рудниците ќе бидат исцрпени за две децении. А добри замени за овие метали сè уште нема.

XX Создавање други светови Прво ќе треба компаниите за космички туризам да нè уверат дека нивната дејност е безбедна. Потоа да се најде начин за испраќање луѓе на Марс или на други планети, за да живеат таму. Туризмот во космосот можеби засега изгледа како нешто резервирано за вселенските агенции и милијардерите, но кога ќе стане достапен за сите останати, ќе се отворат сосем нови предизвици.

XX Засилување на интелектот За ова предвидување треба да претпоставиме дека ќе има медикаменти што ќе помагаат луѓето побрзо да мислат, како и технолошки импланти што ќе овозможат моќи надвор од нормалните за човекот. Овде интересно прашање е кој ќе има пристап до евентуалната ваква технологија, односно, нема ли истата да ја продлабочи постоечката нееднаквост и богатите да ги направи уште побогати.

XX Доминација на вештачката интелигенција во нашите животи

Зад идејата дека вештачката интелигенција еден ден ќе биде посилна од човечката и ќе продолжи значајно да нè надминува застанаа повеќе авторитети од светот на технологијата и науката. Дали ќе биде така уште не може да се каже, но дека вештачката интелигенција станува сè помоќна е факт. Како и да е, и овде се отвораат социјални и етички прашања. Особено во случаите во кои вештачката интелигенција презема сфери од човечкиот живот како здравствената заштита и финансиските пазари, на пример.

nnn


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

PR

43

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НАЈСРЕЌНИТЕ КУПУВАЧИ ГИ НОСИ НА ЕГЗОТИЧЕН ОДМОР НА КУБА

A

Адора инженеринг по повод 15 годишниот роденден на компанијата, најсреќните купувачи ги носи на незаборавен одмор на Куба, една од најпосакуваните туристички дестинации во светот. Сите купувачи на стан или деловен простор во објектите Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden кои од 14-ти јули до крајот на септември ќе имаат склучено преддоговор за купопродажба и уплатено 30 % од вкупната цена на недвижниот имот, учествуваат во наградната игра „Адора Ве носи на егзотичен одмор на Куба“. Најсреќниот купувач кој ќе биде извлечен на 30-ти септември, добива наградно патување на Куба за двајца, што ќе се реализира од 1-ви до 13-ти ноември годинава, со авио превоз од Скопје, хотелско сместување во ексклузивниот туристички центар Варадеро, со полна пансионска услуга и можност за интересни екскурзии. Целта на градежниот бренд познат по бројните изненадувања за купувачите е да им ја збогати среќата од новиот дом со одмор на најпопуларниот Карипски остров. Куба е позната по белите песочни

плажи, тиркизното море, рајските острови, бурната историја, салсата и темпераментната музика, олдајмерите. Најсреќните купувачи во Адора ова лето, 2017-та ќе ја помнат по новиот квалитетен, безбеден, економичен дом и по егзотичното, далечно патување на Куба. Оваа награда е уште едно

изненадување годинава за довербата што купувачите и ја дават на Адора инженеринг, по доделениот дијамантски прстен, Винскиот викенд и наградата автомобил Мазда CX-3 што на крајот од 2017-та ќе ја добие најсреќниот купувач на стан или деловен простор во објектот Адора Flatiron Скопје. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

44

МЕНАЏМЕНТ

8 ЧАСОВНОТО РАБОТНО ВРЕМЕ НЕ Е ЕФИКАСНО

O

Осумчасовниот работен ден е создаден за време на индустриската револуција како обид да се намали бројот на часови на мануелна работа на кој работниците биле принудени да работат во фабриките. Во тоа време ова се сметало за похуман пристап, што денеска има мало значење. Како и претходните генерации, од работниците се очекува да се вложат во работата, со неколку или воопшто без паузи во текот на денот. Но, овој пристап кон работата денеска воопшто не ни помага, напротив не задржува назад во минатото.

Најдобар начин да се структурира денот

Во рамки на едно неодамнешно истражување спроведено од страна Draugiem Group, била користена компјутерска апликација за да се следат работните навики на вработените. Апликација посебно мерела колку време луѓето поминуваат на одредени задачи и го споредувале тоа со нивната

продуктивност. Во процесот на мерење на активноста на вработените, дошле до фасцинантен резултат. Должината на работниот ден не било многу важна. Она што било поважно било како луѓето го структурираат нивниот работен ден. На пример, луѓето кои земале почесто паузи биле далеку попродуктивни отколку оние кои работеле повеќе часови. Идеалниот однос за поделба на работниот ден се покажало дека е 52 минути работа, проследено со 17 минути одмор. Луѓето кои го практикувале овој распоред имале далеку повисоко ниво на фокусираност на нивната работа. За тој период од отприлика еден час тие биле 100% фокусирани на задачата што требале да ја завршат. Не проверувале Facebook “само кратко”, ниту, пак, биле деконцентрирани со проверување на електронската пошта. Ако почувствувале замор, земале кратки паузи, за време на кои комплетно се одделувале од нивната работа. Ова им помогнало повторно да се задлабочат во уште еден час на продуктивна работа.

На мозокот му треба еден час работа, 15 минути “исклучување”

Луѓето кои го откриле овој магичен однос на продуктивноста постигнувале многу подобри резултати, бидејќи успеале да влезат во она што се нарекува фундаментална потреба на човечкиот мозок. Мозокот природно функционира во напливи на висока енергија (кои траат отприлика околу еден час), кои се проследени со напливи на ниска енергија (кои траат околу 15 до 20 минути). За повеќето од нас, овој природен тек на енергијата не остава да се движиме помеѓу фокусирани периоди на висока енергија, проследени со помалку продуктивни периоди, кога сме уморни и подложни на разни дразби кои ни го одвлекуваат вниманието. Најдобар начин да се победи истоштеноста и фрустрирачките одвлекувања на вниманието е да пристапите разумно кон работниот ден. Наместо да работите час или повеќе и потоа да се борите со дразбите и замореноста, кога вашата продуктивност ќе почне да опаѓа, сфатете го тоа како знак дека е време за пауза.

ИДЕАЛЕН ОДНОС: 52 МИНУТИ РАБОТА ПРОСЛЕДЕНИ СО 17 МИНУТИ ОДМОР



Капитал број 927/928 04.08.2017

46

www.kapital.mk

МЕНАЏМЕНТ

Вистинските паузи е многу полесно да се земат кога знаете дека тие ќе го направат вашиот ден попродуктивен. Најчесто дозволуваме одморот да не победи со тоа што продолжуваме да работите, дури и откако ќе ни падне енергијата и ќе го изгубиме фокусот, како и заради тоа што паузите кои ги земаме не се вистински паузи, бидејќи во тоа време наместо да се оддалечите од работата, проверувате електронска пошта, гледате видеа, кои не ви ја враќаат енергијата на начин како што тоа може да го направи една прошетка.

3 совети за продуктивен ритам

Осумчасовното работно време може да биде ефикасно само ако успеете да го поделите денот во стратешки интервали. Еднаш кога ќе ја поврзете вашата природна енергија со работните напори, работите почнуваат да течат многу полесно. Во продолжение се четири совети кои можат да ви помогнат да влезете во добар продуктивен ритам: XXПоделете го денот во интервали. Природно она што треба да го направимe го планираме кон крајот на денот, неделата, месецот, но далеку сме поефикасни ако се фокусираме на тоа што треба во моментот да го направиме. Покрај тоа што ќе ве стави во добар ритам, планирањето на денот на интервали од околу еден час го поедноставува извршувањето на задачите во парчиња кои се полесни за менаџирање. XXПочитувајте го работниот час. Стратегијата за поделба на работниот ден во интервали функционира бидејќи се користат пиковите на енергијата за да се постигне висок фокус во релативно краток период. Кога не го почитувате работниот час со пишување на смс пораки, проверување на електронска пошта или правејќи брзи проверки на Facebook ја губите целата поента на овој пристап.

Осум часовниот работен ден е застарен и неефикасен пристап кон работата. Ако сакате што е можно поголема продуктивни, треба да се го напуштите оваа реликвија и да најдете нов пристап. XXЗемете вистински одмор. XXДржете се до распоредот. Истражувањето на Daugiem Во многу исполнет со обврски покажува дека работниците кои работен може да ви изгледа дека земале почести паузи биле многу е добро да се направи пауза попродуктивни од оние кои не со проверка на електронската правеле воопшто пауза. Исто така, пошта или да завршите оние кои земале пауза со намера некој телефонски разговор, да се одморат имале подобро но запомнете дека тоа не се резултати отколку оние кои имале вистински паузи и подобро не проблем да се оддалечат од нивната ни размислувајте во таа насока. работа. Затоа оддалечувањето Не чекајте додека вашето тело од компјутерот, од мобилниот самото не ви каже дека е време за телефон или од листата со задачи пауза. Ако чекате да земете пауза е суштинска за зголемување на кога ќе се почувствувате заморни, продуктивноста. Паузите кои се веќе сте ја пропуштиле шансата користат за прошетки, читање или за поголема продуктивност. разговарање на некои други теми Држењето до вашиот распоред ќе се далеку поефикасни форми за ви овозможи да работите кога сте полнење на батериите, бидејќи најпродуктивни и да се одморите тие за кратко ве оддалечуваат од во периодите кога и онака не сте работата. продуктивни. nnn



1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156



www.kapital.mk

Капитал број 927/928 04.08.2017

50

ЛИДЕРИ

ДРУ ХЈУСТОН

КО-ОСНОВАЧ И ДИРЕКТОР НА DROPBOX

НАЈГОЛЕМ РИЗИК НЕ Е ДА НЕ УСПЕЕТЕ, ТУКУ ДА СТАНЕТЕ ПРЕМНОГУ КОМФОРЕН

Д

Дру Хјустон е човекот на кој треба да му заблагодари секој кој ги користи услугите за онлајн споделување и складирање базирани на клауд Dropbox, кој денеска има над 200 милиони корисници низ целиот свет. Dropbox му е шести по ред стартап на Хјустон, еден од најпознатите и најуспешни претприемачи. Тој дипломирал на MIT Универзитетот во 2006 година,

Причината заради која некои луѓе многу напорно работат може да биде и во тоа дека работењето на некој проблем може да биде некогаш многу забавно.

Наместо да се обидувате животот да си го направите совршен, дај те си слобода да направите некоја авантура.

Обично постои едно место каде што се најдобрите. Не се задоволувајте со помалку. Следете ги вашите херои.

Најопасната мисла која може да ја имате како креативна личност е да знаете што работите и што треба да работите.

многу порано од редовниот рок, а во 2013 година бил поканет како гостин говорник на церемонијата која ја организира Универзитетот за дипломираните студенти. Иако е во раните 30-ти години, тој има прилично искуство околу тоа што е потребно за да се основа еден успешен стартап. Еве некои од неговите ставови околу стартапите:

Не се грижете за неуспесите, доволно е само еднаш да бидете во право.

Вашиот најголем ризик за бизнисмен не е да не успеете, туку да станете премногу комфорен.

Опкружете се со инспиративни луѓе. Тоа е еднакво важно како тоа да сте талентирани или да работите напорно.

Многу добри и иновативни работи се случиле кога луѓето не знаеле дека нешто не може да се направи.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.