929 930 kapital magazin

Page 1

COMPANY PROFILE INPLAYER - СТАРТАПОТ ШТО ДОБИ НАЈГОЛЕМА ВЕНЧР ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

ЛЕКЦИИ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА МОЌНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ КОМИТЕТИ ПРОВЕРУВААТ КАКО СЕ ТРОШИ СЕКОЈА ФУНТА НА БРИТАНЦИТЕ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

ДОСИЕ КАКО ЕСТОНИЈА СТАНА Е - ДРЖАВА И ДИГИТАЛЕН ЦЕНТАР НА ЕВРОПА

WWW.KAPITAL.MK

10 МЕРКИ СО КОИ ДРЖАВАТА МОЖЕ ДА ИМ ПОМОГНЕ НА ДОМАШНИТЕ ИЗВОЗНИ КОМПАНИИ НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

ВИЗИЈАТА НА ИЛОН МАСК ЗА ЧОВЕЧКА КОЛОНИЗАЦИЈА НА МАРС БРОЈ 929/930 | ЦЕНА 100 ДЕН. 18/25 АВГУСТ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

ВИЗИЈА: ДУБАИ ЌЕ БИДЕ ПРВА BLOCKCHAIN ПРЕСТОЛНИНА



3

Капитал број 929/930 18.08.2017

СОДРЖИНА

16 04 12

34

38

COVER STORY

16

АНАЛИЗА

38

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

24

46

СТРЕС МЕНАЏМЕНТ

STARTUP

ДОСИЕ: ЕСТОНИЈА

34

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА

50

ЛИДЕРИ

10 МЕРКИ со кои државата може да им помогне на домашните извозни компании Запознајте го стартапот што доби најголема венчр инвестиција во Македонија досега INPLAYER: компанија што ви помага да заработите од вашите видео содржини

Лекции од Велика Британија Моќни парламентарни комитети проверуваат како се троши секоја фунта на Британците Лекции од Балтикот Како Естонија стана е-држава и дигитален центар на Европа Визија за град на иднината Дубаи планира да стане прва blokchain престолнина во светот

Визијата на Илон Маск за човечка колонизација на Марс Како успешни бизнисмени се справуваат со стрес? КЕВИН СИСТРОМ

ко-основач на Instagram

Одличните производи се продаваат сами

САМО ИЗВОЗ

ЛЕКЦИИ ОД БРИТАНИЈА

ИДЕМО НА МАРС!

Македонската економија во последните неколку години беше под силно влијание на повеќе фактори, пред се’, од неекономска природа, кои негативно влијаеа врз сите компании, но посебно на оние чие работење е насочено надвор од границите на државата. Целата државна политика изминативе години беше фокусирана на економски развој базиран исклучиво на странските инвестиции, додека домашните извозни компании како да беа ставени настрана од тие развојни политики и оставени сами на себе. Домашните извозници велат дека време е тие да го добијат своето место во државните економски политики и предлагаат конкретни мерки со кои државата може да помогне македонскиот извоз да се зголеми и да стане поконкурентен.

Специјални парламентарни тела во Велика Британија, како што е Комитетот за јавни сметки, или Комитетот за трезор, преку јавни распити истражуваат како властите ги трошат парите на даночните обврзници, дали е постигната најдобрата вредност за потрошените пари и колку политиките што се финансираат ги испорачуваат очекуваните резултати. Посебни службеници за сметки во секое министерство, се должни да достават докази до Парламентот за потрошените пари. Капитал од Лондон ги претставува искуствата во контрола на јавните трошења на земјата која што е рангирана на високото 10 место на Индексот за перцепција на корупцијата на Transparency International.

Илон Маск никогаш не бил од оние луѓе кои долгорочните планови ги чува само за себе. Покрај развојот на неколкукратните ракети, електрични автомобили, револуцијата со соларната енергија, тој исто така е прилично гласен за воспоставување на човечка колонија на Марс. Целта на оваа негова последна визија е да се обезбеди преживување на човечката раса преку креирање на бекап локација. Во јунското издание на New Space беше објавен неговиот есеј под наслов “Making Humans a MultiPlanetary Species” (“Како луѓето да се направат мулти-планетарна раса”), во кој тој ги објаснува сите аспекти од неговата предлог идеја за мисија на Марс.

 Стр. 4

 Стр. 16

 Стр. 38

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, Кочани  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 16.08.2017


COVER STORY

Капитал број 929/930 18.08.2017

4

www.kapital.mk

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

10 МЕРКИ СО КОИ ДРЖАВАТА МОЖЕ ДА ИМ ПОМОГНЕ НА ДОМАШНИТЕ ИЗВОЗНИ КОМПАНИИ Целата државна политика на Македонија во изминативе години беше фокусирана на економски развој базиран исклучиво на странските инвестиции, додека домашните извозни компании како да беа ставени настрана од тие развојни политики и оставени сами на себе. Домашните извозници велат дека време е тие да го добијат своето место во државните економски политики и предлагаат мерки со кои државата може да помогне македонскиот извоз да се зголеми и да стане поконкурентен.


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

5  ПОДОБРУВАЊЕ НА ПАТНАТА И ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ИНФРАСТРУКТУРА  ГАСИФИКАЦИЈА НА ИНДУСТРИСКИТЕ КАПАЦИТЕТИ  СОЗДАВАЊЕ НА МОДЕЛ И МЕТОДОЛОГИЈА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО НАМЕНЕТО ЗА ИЗВОЗ  ПОДДРШКА НА МБПР ВО ДЕЛОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА  СУБВЕНЦИИ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА САЕМИ ВО СТРАНСТВО  ДАНОЧНИ ОСЛОБОДУВАЊА ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА И НОВИ ТЕХНОЛОГИИ  СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕВРОПСКИ ФОНДОВИ ЗА НАБАВКА НА НОВА ОПРЕМА И ТЕХНОЛОГИЈА  МЕРКИ ЗА СТИМУЛИРАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВО ПОМЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ  ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА СО ШТО ПОВЕЌЕ ЗЕМЈИ КАКО И НА ДОГОВОРИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ  ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ НА ЦАРИНСКИТЕ ИСПОСТАВИ


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

6

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

П

ЖИВКО МУКАЕТОВ

претседател на Управен одбор на Алкалоид

остојат начини како да се стремиме кон подобри извозни резултати. За таа цел мерки кои би можеле да помогнат се поголемо учество на МБПР во обезбедување на извозните аранжмани на домашните компании и похрабро споделување на ризиците заедно со деловните субјекти, потпишување на договори за слободна трговија со што повеќе земји како и на договори за ослободување од двојно оданочување, создавање на модел и методологија за субвенционирање на производството наменето за извоз и намалување на ДДВ стапката од 18% на 5% при увоз на суровини за производи кои понатаму се продаваат со 5% ДДВ како финален производ итн.”, предлага Мукаетов.

пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска

M

biljana.zdravkovska@kapital.mk

Македонската економија во последните неколку години беше под силно влијание на повеќе фактори, пред се’, од неекономска природа, кои негативно влијаеа врз сите компании, но посебно на оние чие работење е насочено надвор од границите на државата. Предолгата внатрешна политичката криза во која се наоѓаше Македонија, дополнително им го отежна работењето на извозните компании, и многу потенцијални клиенти со право станаа посомничави во поглед на квалитетот и доверливоста на извозните компании од компаниите од Македонија. Многу извозни компании се соочуваат со неликвидност и отежнат пристап до финансии. Домашните инвестициски се слаби, нема развиени институции за капитал за финансирање, банкарскиот сектор не развива доволно финансиски инструменти за поддршка на извозните компании, директната буџетска поддршка речиси и да не постои, а државната развојна банка МБПР е премногу слаба за да може да биде вистинска поддршка на извозните компании. Ако на тоа се додадат и финансиската криза во еврозоната, состојбите во соседна Грција и честите блокади на граничните премини, железницата и Солунското пристаниште, глобалната воздржаност и намалената економска соработка на меѓународен план се добива малку појасна слика зошто производството и извозот во Македонија во изминатиов период станаа прилично

O

громен неискористен потенцијал за нашите домашни компании има на пазарите на земјите од Магреб и Блиски исток кои се значајни пазари од над 400-тини милиони жители. Овде државата би можела да превземе одредени олеснувања ГЛИГОР поедноставување ЦВЕТАНОВ како на визните процедури извршен директор на за полесен проток на Макпрогрес деловните луѓе до и од тие земји, зголемување на дипломатските активности со тие земји, потпишување на договори за слободна трговија и договори за ослободување од двојно оданочување.

тежок, сложен и скап процес. Покрај сето ова, целата државна политика на Македонија во изминативе години беше фокусирана на економски развој базиран исклучиво на странските инвестиции, додека домашните извозни компании како да беа ставени настрана од тие развојни политики и оставени сами на себе. “Како резултат на сите овие внатрешни и надворешни влијанија, македонските извозни компании се соочуваат со многу проблеми и предизвици, меѓу кои најсилно влијание имаат изразената неликвидност која негативно се рефлектира врз задоволување на финанските потреби и обврски од тековното работење, присуството на нетарифни и техничките бариери кои се јавуваат во надворешно трговската размена со странство, претежно во соработката со земјите од Западен Балкан, честите промени на законската регулатива на внатрешен план, без навремена и соодветна вклученост на бизнис-заедницата во тој процес, присутната неможност за редовна наплата на приходите што компаниите ги имаат остварено по разни основи, вклучувајќи ги побарувањата и од државните органи и институции, и покрај тоа што се донесени и конкретни законски прописи што ја регулираат оваа материја, потоа недостаток на стручен кадар согласно потребите на бизнисот; несоодветна инфраструкурна поврзаност на државата со странство што ги зголемува трошоците на извозните компании”, вели Билјана Пеева Ѓуриќ, директор во Стопанската комора на Македонија. Со оглед дека производните извозни компании се токму тие коишто во најголем дел го градат бруто-домашниот производ на земјата, најголемите напори на власта треба да бидат насочени пред се’ кон тоа како да се релаксираат условите за тие да бидат пофункционални и попродуктивни работење, без да се прави разлика дали станува збор за странски или домашен капитал.

Од Стопанската комора велат дека уште во 2010 година понудиле модел на економски развој кој вклучува 10 клучни прашања на кои е потребно да се работи. “Овој модел беше замислен да биде во насока да го поттикне производството и извозот, економската поврзаност со претприемачите од малите земји, поддршка и промоција на извозот како потреба на бизнисот и привлекување на странски инвестиции за зголемување на надворешно-трговската размена, да услови подобрување на состојбите во правосудството како императив за подобра бизнис клима, како и квалитетни и брзи услуги испорачани од државата”, велат од Стопанската комора на Македонија каде се обединети најголемите извозни компании.

И домашните извозни компании бараат извозни стимулации

Домашните извозници велат дека време е тие да го добијат своето место во државните економски политики. Бидејќи вистината е дека како помала национална економија, растот и развојот, мора да ги бараме преку поголеми извозни активности. А кога станува збор за мерките и политиките како да се зголеми и поддржи извозот, не треба да се измислуваат нови форми и политики, туку само да се погледнат политиките и мерките кои ги имаат државите со силна и развиена извозна индустрија. Од Алкалоид, која е една од најголемите домашни извозни компании, велат дека се соочуваат со многу предизвици и пречки на извозните пазари, но со посветеност и енергија успеваат да се справат со секојдневните предизвици. “Во изминативе години на странските пазари се поизразено е присуството на најразлични механизми и изнаоѓање на начини за се поголеми ограничувања за влез на пазарите или за присуство на истите како странска компанија. Се чувствуваат трендовите на затворање на одредени пазари, поголема заштита (протекционизам) на домашните деловни субјекти исл. Потекнувајќи од помала


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

7 С

тимулативни мерки со намалување на одредени давачки спрема државата сразмерно со остварениот извоз на извозните компании би помогнале во подобрувањето на конкурентноста. Од помош би било и олеснет пристап до кредитни линии со ниска каматна стапка за набавка на нови машини и технологии со која ќе се произведува ЗЛАТКО со поголема додадена СИМОНОВСКИ производи вредност наменети за извоз, генерален директор понатаму поедноставно и полесно на Факом финансирање на поголеми проекти на принципот “клуч на рака“ и можност за поврзување на поголем број домашни компании од различни дејности во конзорциуми за заеднички настап со други домашни или странски компании на странски пазари. национална економија потребни се огромна упорност, добри вештини и истрајност за континуиран раст на извозните пазари”, вели Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид . Мукаетов вели дека покрај предизвиците

М

ерките со кои Владата би можела да го стимулирала извозот на ниво на држава вклучуваат подобрување на патната и железничката инфраструктура, поддршка на МБПР во делот на осигурување на побарувањата, субвенции за промоција и настап на саеми во поголема ефикасност на АЛЕКСАНДАР странство, царинските испостави (посебно кај ГЕЧЕВ НКТС процедура), дел од мерките генерален директор за привлекување и стимулирање на ИГМ Трејд на странски директни инвестиции да бидат достапни за извозноориентирани домашни компании или домашни компании лоцирани во индустриски зони, договори за користење на европски фондови за набавка на нова опрема и технологија.

со навремената наплата на побарувањата и одржувањето на тековната ликвидност, во сегментот Фармација континуиран предизвик со кој се соочува Алкалоид е притисокот врз продажните цени на фармацевтските производи и нивното постојано верижно намалување.

Првиот човек на Алкалоид, Мукаетов, вели дека кога станува збор за Македонија, како мала и национална економија, растот и развојот, а воедно и сите позитивни економски импликации кои доааѓаат со тоа, мора да ги бараме преку поголеми извозни активности.

Аплицирај ONLINE. Аплицирај Брзо и едноставно. Аплицирај за Кредит! Инфо центар: 02 3 111 111 www.unibank.mk


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

8

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

КОЧО АНЃУШЕВ вицепремиер за економски прашања

ЌЕ ГИ ПОДДРЖИМЕ СИТЕ КОМПАНИИ КОИ САКААТ ДА ИЗВЕЗУВААТ И ДА СЕ ШИРАТ ВО СТРАНСТВО

В

ицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев најавува дека во делот на економските мерки со кои Владата да го оствари економскиот раст од 5% се и мерките за поддршка на извозот, односно поддршка на компаниите кои имаат потенцијал да извезуваат или да прават аквизиции и да купуваат фирми надвор од Македонија. “Македонија е мал пазар, за да растат мора да излезат надвор од границите на земјата и повеќе да извезуваат и да освојуваат нови извозни пазари. За компаниите кои имаат желба и потенцијал да растат и да се развиваат преку поголем извоз или преку аквизиции на фирми надвор од Македонија, ние како Влада ќе им обезбедиме механизми и поддршка тоа да го направат. Во делот на поддршка за македонските извозни компании имаме повеќе механизми преку кои ќе им дадеме поддршка, тука ќе ја споменам повторно и МБПР, потоа вклучување на дипломатските мисии во насока на зголемување и промоција на извозот”, вели Анѓушев. Не треба да заборавиме, потенцира Анѓушев, дека преку извозот или со купувањето на фабрики во други држави, компаниите го купуваат и пазарот.

“Постојат начини како да се стремиме кон подобри извозни резултати. За таа цел мерки кои би можеле да помогнат се поголемо учество на МБПР во обезбедување на извозните аранжмани на домашните компании и похрабро споделување на ризиците заедно со деловните субјекти, потпишување на договори за слободна трговија со што повеќе земји како и на договори за ослободување од двојно оданочување, создавање на модел и методологија за субвенционирање на производството наменето за извоз и намалување на ДДВ стапката од 18% на 5% при увоз на суровини за производи кои понатаму се продаваат со 5% ДДВ како финален производ итн”, предлага Мукаетов. Од ИГМ-Трејд, која е исто така во групата на најголеми домашни извозници, потенцираат дека се поголемите протекционистички тенденции во ЕУ го отежнуваат извозот и се наметнуваат како голема закана во иднина. “Како дел од актуелните антидампинг истраги секој увоз во ЕУ од трети земји мора да се регистрира и секој наш купувач е должен да аплицира за увозна дозвола и да чека да биде издадена што го одолговлечува рокот за испорака и автоматски ја намалува нашата конкурентност. Оваа процедура уште повеќе го отежнува придобивањето на нови клиенти во Германија и другите развиени ЕУ членки”, вели Александар

Гечев, генерален директор на ИГМ Трејд. Според Гечев, најголема бариера за извоз на ниво на држава е фокусот на македонските производители на производи со мала додадена вредност и полу-фабрикати, релативно непознатите брендови, централизирана продажба и слаба продажна/дистрибутивна мрежа во странство, слабо искористување на економските промотори и дипломатски претставништва за промовирање на македонскиот извоз. Што се однесува до мерките со кои Владата би можела да придонесе за зголемува-ње на извозот, Гечев како мерки кои би го стимулирале извозот ги посочува подобрување на патната и железничката инфраструктура, поддршка на МБПР во делот на осигурување на побарувањата, субвенции за промоција и настап на саеми во странство, поголема ефикасност на царинските испостави (посебно кај НКТС процедура), дел од мерките за привлекување и стимулирање на странски директни инвестиции да бидат достапни за извозно-ориентирани домашни компании или домашни компании лоцирани во индустриски зони, договори за користење на европски фондови за набавка на нова опрема и технологија. “Како најбитна мерка за зголемување на конкурентноста на производните капацитети би ја издвоил гасификацијата –

поврзување на сите позначајни индустриски капацитети како приоритет и изградба на секундарна мрежа во втора фаза за зголемување на потрошувачката и намалување на цената на гасот на долг рок”, вели Гечев. Според Глигор Цветанов од Макпрогрес, за поголем извоз од Македонија најважно е компаниите “најпрвин да ја одработат домашната задача – да креираат квалитетни и конкурентни производи па потоа да се охрабрат да излезат надвор и да ги понудат производите преку директно таргетирање на потенцијални клиенти или преку изложување на светски најпознатите саеми”. Цветанов смета дека огромен неискористен потенцијал за нашите домашни компании има на пазарите на земјите од Магреб и Блиски исток кои се значајни пазари од над 400-тини милиони жители. “Овде државата би можела да превземе одредени олеснувања како поедноставување на визните процедури за полесен проток на деловните луѓе до и од тие земји, зголемување на дипломатските активности со тие земји, потпишување на договори за слободна трговија и договори за ослободување од двојно оданочување”, предлага Цветанов. Златко Симоновски од Факом вели дека стимулативни мерки со намалување на одредени давачки спрема државата сразмерно со остварениот извоз на


НЛБ мКлик - мобилно банкарство

Твое време, твој избор! Со НЛБ мКлик мобилното банкарство можете да ги плаќате сите Ваши сметки, обврски по кредити или картички, да ја лоцирате најблиската експозитура или банкомат и да ги вршите сите банкарски работи преку Вашиот мобилен телефон, од кое било место и кое било време.

www.nlb.mk www.nlbtb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

10

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

извозните компании би помогнале во подобрувањето на конкурентноста. Тој вели дека од помош би било и олеснет пристап до кредитни линии со ниска каматна стапка за набавка на нови машини и технологии со која ќе се произведува производи со поголема додадена вредност наменети за извоз, понатаму поедноставно и полесно финансирање на поголеми проекти на принципот “клуч на рака“ и можност за поврзување на поголем број домашни компании од различни дејности во конзорциуми за заеднички настап со други домашни или странски компании на странски пазари. Што се однесува до конкретното стимулирање на извозот, од Стопанската комора на Македонија сметаат дека е потребно субвенционирање на домашните компании со државна помош во делот на вработување и стручно оспособување, како и со мерки на економската политика со кои ќе се стимулираат партнерството помеѓу странските производствени компании што работат во Република Македонија, локалните мали и средни претпријатија и финансиските институции преку обезбедување помош за унапредување на квалитетот, количествата и сигурноста на производите преку технички и менаџерски вештини, деловно планирање и пристап до капитал. Бизнисмените сметаат дека Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) треба да биде реална и конкретна алтернативна поддршка на домашниот бизнис. Државната развојна банка мора да има поголемо учество во обезбедување на извозните аранжмани на домашните компании и похрабро споделување на ризиците заедно со деловните субјекти. треба да придонесе за надминување на значен дел од недостатоците на ова поле, посебно ако биде ставена во функција осигурувањето на извозот на домашните компании. Домашната бизнис заедница верува дека покрај со одредени даночни ослободувања, домашните компании треба да се стимулираат и со мерки за модернизација на капацитетите и иновирање на технологијата, помош и даночни ослободувања за отворање на нови работни места и за обука и усовршување на вработените кадри кои што му недостасуваат на пазарот на трудот. Поагресивно треба да се стимулира воведувањето и примената на нова технологија, да се наградува ангажирањето на домашни иноватори и да се организира производство на база на домашни иновации. “Посебен третман во стимулирањето треба да имаат дејностите коишто се главни носители на економскиот раст на земјата и на бруто-домашниот производ, како што се металургијата, градежништвото, преработувачката дејност и одредени услужни дејности. Кога станува збор за македонската преработувачката индустрија, таа произведува производи главно со ниска додадена вредност, што

ја отежнува конкурентноста на странските пазари, особено на пазарите во ЕУ, што ја наметнува потребата од соодветен пристап за подобрување на оваа состојба. Во оваа насока, Стопанската комора на Македонија, како и досега така и во иднина, ќе предлага конкретни мерки кои ќе произлегуваат од научно истражувачки анализи и студии, како што беше и последната направена анализа на развојниот потенцијал и можности за производна диверзификација на металната, металопреработувачката, машинската и електро индустријата. Преку оваа анализа се постигна идентификување на развојните потенцијали и можности, односно откривање на оние производи кои земјата не ги произведува или ги произведува без стекнати компаративни предности (во мали количини без значително учество во вкупниот извоз на земјата), а кои врз основа на постоечката производна и индустриска структура на земјата има потенцијал да отпочне да ги произведува со компаративни предности”, вели Билјана Пеева Ѓуриќ, директор во Стопанската комора на Македонија. Од Комората на Северозападна Македонија велат дека Владата може многу да направи за извозно ориентираните компании за да тие бидат поконкурентни во странскиот пазар. “Во поглед на пристапот до поголем пазар за поздравување е неодамнешното промовирање на слободната Балканска зона од страна на Јоханес Хан во Белград, како можност за поголема соработка со соседството и пошироко, и секако влегувањето во ЕУ како можност за поголем пазар. На извозните компании им е неопходен подобар пристап до финансии, односно до кредити со повластена каматна стапка, потоа ослободување или намалување на даноците за репроматеријалите, достапноста на поевтини енергенеси, како што е природниот гас, што во голема мера би ги намалиле трошоците на компаниите. Исто така, потребно е влада да биде поактивна и да даде поддршка за изготвување на анализи и истражувања

од страна на експерти за можностите за нашите компании на странските пазари. И секако потребна е добро поставена политика за промовирање на нашите производи на меѓународни саеми и форуми и сл.”, вели Исени. Речиси сите извозни компании потенцираат дека извозниот маркетинг, како и процесот на собирање на пазарни информации, за барањата и потребите на купувачите, конкуренцијата и културата, претставуваат предуслов за успешен извоз, но исто така се и многу скап процес, кој не може да си го дозволи некоја мала или седна компанија. Оттука тие предлагаат дека очекуваат помош од државата за промоција на извозните компании на странските пазари и воспоставување на соработка и партнерски односи со странските компании, како и целосно вклучување на амбасадите и сите државни агенции во насока на зголемување на извозот. Бизнисот смета дека од стратешко значење за зголемен раст на извозот е создавање на реални услови за освојување нови пазари, вклучувајќи го регионалното вмрежување за таа цел, како и преку користење на заеднички регионални проекти од стабилни финансиски извори. Кратко кажано, бизнисмените клучот на успехот на извозните компании го гледаат преку создавање еднакви услови на стопанисување меѓу сите субјекти на пазарот, поинтензивно користење на предностите на информационите технологии, вложување во тренинг и обука на вработените, фокусираност за влез на нови пазари, воведување нови иновативни производи, технологии и услуги, неопходна помош и поддршка од државата за преземање ризик како фактор за постигнување на долгорочен успех во извозните активности, регионално економско вмрежување, законодавна сигурност и др.. Секако сите овие работи не можат да бидат направени и спроведени во пракса без поголема соработка помеѓу компаниите и државните институции. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

12

STARTUP

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО СТАРТАПОТ ШТО ДОБИ НАЈГОЛЕ ВЕНЧР ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ДОСЕГА

INPLAYER: КОМПАНИЈА ЗАРАБОТИТЕ ОД ВАШИТ пишува:

Игор Петровски

Н

igor.petrovski@kapital.mk

а видеа отпаѓа преку половина од сиот интернет сообраќај денес. Секој ден се гледаат милијарди видео записи, а објавата на видео за компаниски бренд, бизнис или организација се смета за составен дел од секоја маркетинг стратегија.

Ако веќе трошите пари, време и човечки ресурси за да направите висококвалитетна видео содржина, сигурно ќе сакате и да заработите од сето тоа. Е, во тоа ви помагаат компаниите како што е InPlayer : македонско – британски тим којшто деновиве и стана познат на домашната јавност како стартапот што добил најголема инвестиција од некоја венчр капитал организација . Се работи за 500 илјади фунти (околу 560 илјади евра) што регионалниот инвестициски фонд South Central Ventures (SCV), којшто има канцеларија и во Скопје, реши да

ги вложи во идејата на InPlayer, компанија којашто постои од 2010 година. Оваа инвестиција, како и промоцијата на новите простории на компанијата се случија во исти ден, 24 јули, а на настанот присуствуваше и министерот за информатичко општество во Владата на Македонија, Дамјан Манчевски. “Парите од SCV ќе ги вложиме првенствено во проширување на тимот во Македонија, но и интернационално, за што во моментов имаме реална потреба бидејќи бизнисот рапидно ни расте. Сега имаме 35 вработени во Скопје, во Лондон

КЛИЕНТИ: РЕШЕНИЈАТА НА INPLAYER ГИ КОРИСТАТ КОМПАНИИ ОД РАНГОТ НА FIL


www.kapital.mk

ЕМА

Капитал број 929/930 18.08.2017

13

ЏОРЏ МИК извршен директор на InPlayer

НЕНАД ЧУБРИНОВСКИ оперативен директор на InPlayer

Само во македонската канцеларија очекуваме до крајот на 2017 да пораснеме на околу 50 вработени, додека до крајот на следната година планираме уште 50 нови вработувања. Инвестицијата во голем дел ќе ја искористиме токму за експанзија на тимот.

Покрај платите, коишто постојано растат во ИТ бизнисот, за младите програмери е битно и да работат на интересни проекти, а ние тоа им го нудиме. Нашата предност е што не работиме аутсорсинг, туку развиваме сопствен продукт и решенија за клиенти од целиот свет.

А ШТО ВИ ПОМАГА ДА ТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ Бевме на лице место да се увериме зошто регионалниот инвестициски фонд SCV одлучи да вложи околу 560 илјади евра токму во InPlayer, компанија со топ менаџмент во Скопје и Лондон и со 90% од тимот професионалци лоцирани во земјава – креативни ИТ инженери што развиваат решенија за наплата на видео и останати дигитални содржини, а ги користат големите светски медиумски и технолошки компании.

LMBOX, MASSIVE INTERACTIVE, PAGEANT MEDIA, LIVESTREAM, OOYALA, JW PLAYER...


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

14

STARTUP

уште 5-6 луѓе, а само во македонската канцеларија очекуваме до крајот на 2017 да имаме околу 50 вработени, додека до крајот на следната година планираме уште 50 нови вработувања. Ние всушност веќе подолго време имаме постојано отворен конкурс за 10-15 софтвер девелопери, специјалисти за дигитален маркетинг, итн.“, вели Џорџ Мик, извршен директор на InPlayer. Инаку, тој додава, дека ова не е прва надворешна инвестиција за компанијата, туку и претходно, таа била поддржана од Andurance Ventures, инвестициски фонд од Лондон.

Digital asset monetization пазарот расте – шанса за InPlayer

Како всушност InPlayer им помага на клиентите да монетизираат, односно, заработат од видео и останатите дигитални содржини? Преку креирање иновативни софтверски платформи со коишто бројните медиумски и технолошки компании низ светот можат да продаваат содржина, без оглед дали се работи за настан пренесуван во живо или пак нешто што е веќе снимено и може да се изнајмува повеќе пати, content on demand и сл. Секојдневно, со решенијата на InPlayer, се процесира содржина за преку 100.000 претплатници на нивните клиенти од рангот на FilmBox, Massive Interactive, Pageant Media, Livestream, Ooyala, JW Player и др. Директорот Џорџ Мик објаснува дека бизнисот со монетизација на дигиталните содржини – digital assets monetization – се очекува да расте со двоцифрени стапки следниве неколку години. Аналитичката куќа Markets & Markets проценува дека само пазарот за видео стриминг од 2016 до 2021 година ќе порасне од 3,3 на 7 милијарди долари, благодарение на сè поголемото користење на онлајн стримингот. “Успеавме да потпишеме договор и со нашите први клиенти од

редот на ТВ каналите, тоа се една скандинавска ТВ мрежа и една американска кабелска телевизија. Моментално работиме и со нашите први големи спортски агенти, развивме комплетно video on demand решение за една од водечките стриминг компании во централна и источна Европа, FilmBox, а сме работеле и со неколку глобални спортски брендови“, објаснува Мик.

Слобода и креативност за програмерите

Со Џорџ Мик и оперативниот директор на компанијата, Ненад Чубриновски, разговаравме во нивните нови простории, што зафаќаат два ката во штотуку отворената деловна зграда “Челзи“ во строгиот центар на Скопје, уредени во minimalistic industrial стил. Чубриновски вели дека добрата локација, комфорот и удобноста, се најмалку што мораат да им пружат на своите вработени за да го изберат InPlayer за свој работодавец. “Како што знаете, пазарот на ИТ професионалци е мошне динамичен во Македонија последниве години, и сè потешко станува да привлечете и задржите квалитетни кадри. Покрај платите, коишто постојано растат, за младите програмери е битно и да работат на интересни проекти, а ние токму тоа им го нудиме. Нашата предност е што не работиме аутсорсинг, туку развиваме сопствени решенија за клиенти од целиот свет. Нудиме интернационална работна средина, каде што секој има слобода да ја користи својата креативност, доделуваме одговорности, избегнуваме микроменаџирање, и сметаме дека овозможуваме одлични услови за личен развој и надградба на сите вработени“, вели Чубриновски. Инаку, покрај него, од топ менаџментот на InPlayer, во Скопје работи и Филип Димчевски, главен менаџер за технологија, додека Мик и остатокот од тимот за бизнис развој функционираат од Лондон. “Нашите луѓе ги охрабруваме да работат посветено, што е помогнато од тимскиот дух што владее во нашата компанија. Имаме овде повеќе тимови – за продажба, за маркетинг, за корисничка поддршка ... сето ова е базирано во Македонија. Отворени сме – секој во тимот може да предложи нова функција во она што го развиваме или да даде каков и да е предлог.“, се надоврзува Џорџ Мик. nnn

ТАТЈАНА ЗАБАСУ, SCV “InPlayer e добро позициониран да стане еден од најдобрите играчи на светскиот пазар“

Н

ие сме возбудени што ќе работиме со тимот на InPlayer и ќе ги поддржиме понатаму во нивниот раст и зголемување на нивното портфолио на клиенти. Монетизацијата на дигитални содржини е дефинитивно една од најатрактивните области во бизнисот и јас навистина верувам дека InPlayer со нивната напредна платформа за монетизација како и својот искусен и посветен тим е добро позициониран да стане еден од најдобрите играчи на пазарот ", рече Татјана Забасу, партнер во South Central Ventures, инвестицискиот фонд што вложи 500 илјади фунти во идниот раст и развој на InPlayer . SCV е фонд за ризичен капитал (VC fund) кој располага со 40 милиони евра за инвестирање во иновативни компании од Балканот кои развиваат технолошки решенија со голем потенцијал за раст. Официјално фондот функционира од своите канцеларии во Загреб, Белград и Скопје и досега има инвестирано во 9 компании во регионот со инвестиции кои се движат меѓу 100 илјади и 2 милиони евра. Во Македонија досега фондот инвестираше во компаниите Letz и Cognism.



Капитал број 929/930 18.08.2017

16

www.kapital.mk

СВЕТ

Специјални парламентарни тела во Велика Британија, како што е Комитетот за јавни сметки или Комитетот за трезор, преку јавни распити истражуваат како властите ги трошат парите на даночните обврзници, дали е постигната најдобрата вредност за потрошените пари и колку политиките што се финансираат ги испорачуваат очекуваните резултати. Посебни службеници за сметки во секое министерство се должни да достават докази до Парламентот за потрошените пари. Капитал од Лондон ги претставува искуствата во контрола на јавните трошења на земјата која што е рангирана на високото 10. место на Индексот за перцепција на корупцијата на Transparency International.

ЛЕКЦИИ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

МОЌНИ ПАРЛАМЕН ПРОВЕРУВААТ КАК СЕКОЈА ФУНТА НА


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

17

НТАРНИ КОМИТЕТИ КО СЕ ТРОШИ БРИТАНЦИТЕ


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

18

СВЕТ

К

ЧАРЛС ГАРЕТ

британски амбасадор во Македонија

онтрола и надзорот на јавното трошење се клучни за отчетна влада. Им помага на граѓаните да дознаат како се трошат нивните пари и да имаат доверба дека Владата дека троши во јавниот интерес. Но, многу придонесува и за квалитетно носење на одлуки. Ова се пред се прашања на отчетност и транспарентност, за кои во Британија, Парламентот има клучна улога. Зависи од Македонија како ќе одлучи, кој модел ќе го избере за да има целосно отчетна и транспарентна влада. Британија, каде што може, е подготвена да ја поддржи Македонија да ја исполни оваа цел.

пишува од Лондон:

В

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Велика Британија важи за земја што нема значителен проблем со корупција во јавниот сектор и тоа го покажува и последниот Индекс за перцепција на корупцијата на Transparency International каде што земјата е рангирана на високото 10 место. За споредба, Македонија на овој Индекс е рангирана 80 места подолу. Британските политичари што ги трошат парите на даночните обврзници ќе ви речат „таква е културата на граѓаните“, но аналитичарите велат дека постојат моќни механизми за контролирање на трошењето на народните пари што ги држат властите „на око“. Македонските политичари, пак, коишто раководеа со државата во последните десет години, се соочуваат со сериозни обвиненија за злоупотреба на народни пари. Да се огледаме на земја како Велика Британија и да го пресликаме искуството во надзорот на јавните трошења, може да ги спречи сегашните и идните власти да се однесуваат по старо. „Контрола и надзорот на јавното трошење се клучни за отчетна влада. Им помага на граѓаните да дознаат како се трошат нивните пари и да имаат доверба дека Владата троши за јавниот интерес. Но,

П

ТИМОТИ СТАФОРД

директор на одделот за истражувања во Henry Jackson Society

арламентарните комитети на Долниот Дом се многу важни и нивната улога отсекогаш била од големо значење, но особено сега откако Велика Британија почна да го намалува јавното трошење во одредени области, како дел од мерките за штедење. Комитетот може да ги оценува и поединечни предлози за трошење и да испита дали се постигнува "вредноста за парите". Ова го прави трошењето на владата поефективно. Всушност, Владата мора да направи многу детален план за политиките, за да избегне критики од јавноста. Корупцијата е прашање и тука, но во повеќето случаи, дебатата е главно фокусирана на неразумно трошење на пари на проекти кои нема да донесат економски ефекти, а не за злоупотреби.

многу придонесува и за квалитетно носење на одлуки. Ова се пред се прашања на отчетност и транспарентност, за кои во Британија, Парламентот има клучна улога“, оценува за Капитал британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет. „Ефективниот надзор на јавните финансии е суштински за намалувањето на ризикот дека парите од даночните обврзници ќе бидат злоупотребени или украдени од службениците. Контролата би требало да ја прават луѓе независни од владата, доволно храбри да постават тешки прашања и да водат сметка да се обезбеди јавниот интерес во јавните набавки“, оценува Стив Гудрич, директор за истражување во Transparency International UK. Она што е специфично за Велика Британија е моделот на индивидуална одговорност за секоја потрошена фунта од вкупно 790 милијарди фунти колку што тежи буџетот годинава, што е околу 39% од бруто домашниот производ (БДП). Македонија, пак, троши помалку пари во споредба со Велика Британија. Годинава е планирано да се потрошат вкупно 3,3 милијарди евра, што е околу 31% од БДП. Секое министерство има посебен службеник за сметки кој што е одговорен за примената на политиките на министерствата и какви ефекти испорачуваат, и е човекот кој што Парламентот го повикува на распит за начинот на трошењето на парите. Тоа е вообичаено најстариот и највисокиот службеник во министерството, а овој модел има за цел одговорноста да се лоцира кај одреден човек. „Не може да кажете не бев јас. Секој мора да биде лично одговорен за трошењето на парите што ги земаме од даночните обврзници. Кога постои лична одговорност, јавните службеници мора да се погрижат да водат добри политики и да трошат разумно, притоа обидувајќи се да ја обезбедат најдобрата вредност за потрошените пари“, објаснуваат од Министерството за

финансии и економија на Велика Британија, односно Трезорот, како што го викаат Британците. Овие службеници, задолжени за сметките на министерствата, директно и лично одговараат пред Парламентот, а не преку министрите. А во Парламентот, постојат посебни комитети за секој сектор, кои што вршат контрола и надзор на трошењето и политиките што ги спроведува секое министерство. Меѓутоа, специјални парламентарни тела како што е Комитетот за јавни сметки вршат истраги на целото владино трошење, излегувајќи од границите на еден сектор или едно министерство. За споредба, кај нас единствено парламентарно тело што се занимава со трошењето народни пари е Комисијата за финансирање и буџет и притоа ги разгледува предлог буџетите, завршните сметки, и одобрува предлог закони од оваа сфера, без да навлегува во истраги за начинот на трошењето. Парламентарното контролирање на јавното трошење е механизам од витално значење во Велика Британија, што бара одговорност од владата и нејзините институции за парите на даночните обврзници. Парламентарниот надзор на трошењето народни пари треба да биде одлика на секој модерен демократски систем, пишува во еден од последните извештаи на Комитетот за буџетска контрола при Европскиот Парламент. „За Обединетото Кралство, отчетноста на владата преку Парламентот е еден од основите на демократијата. Но, британскиот модел не е единствениот. Зависи од Македонија како ќе одлучи, кој модел ќе го избере за да има целосно отчетна и транспарентна влада. Британија, каде што може, е подготвена да ја поддржи Македонија да ја исполни оваа цел“, истакна амбасадорот Гарет.

ПАРЛАМЕНТ: БРИТАНСКИ ПРАТЕНИЦИ ПОВИКУВААТ ВИСОКИ ФУНКЦИОНЕР


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

19 Е

СТИВ ГУДРИЧ

директор за истражување во Transparency International UK

фективниот надзор на јавните финансии е суштински за намалувањето на ризикот дека парите од даночните обврзници ќе бидат злоупотребени или украдени од службениците. Контролата би требало да ја прават луѓе независни од владата, доволно храбри да постават тешки прашања и да водат сметка да се обезбеди јавниот интерес во јавните набавки.

Сослушувања на сведоци во Парламентот

Комитетот за јавни сметки во британскиот Долен Дом е централно парламентарно тело чија главна улога е да проверува колку ефективно се трошеле парите од даноците и дали е постигната најдобрата вредност за потрошените пари. Овој Комитет често пати анализира извештаи на Националниот завод за ревизија за добиената вредност за потрошените пари, меѓутоа, води и самостојни истраги. Ова е непартиски комитет со цел да се обезбеди независна контрола. „Има одреден напредок во начинот на кој владата планира и управува со одделните сектори, меѓутоа, сè уште не постои соодветен пристап за постигнување на владините цели и обезбедување соодветна вредност за потрошените пари“, пишува во воведниот дел од последниот Извештај на Комитетот за јавни сметки за владините трошења објавен од Парламентот во Велика Британија. Она што е специфично е што во текот на истрагите што ги води за владините трошења, Комитетот за јавни сметки ги повикува јавните службеници задолжени за сметки и други високи функционери на јавни сослушувања да изнесат докази за потрошените пари. За да ја прошири истрагата, Комитетот, исто така, може да повика и други засегнати страни кои вршат јавни услуги, како и големи бизниси кои имаат значителна корист од работењето во Обединетото Кралство. Главниот ревизор од Националниот завод за ревизија исто така присуствува на сите сослушувања и може да биде испрашуван, но и да им поставува прашања на сведоците. Овие сослушувања, особено за одредени истраги, привлекуваат големо внимание во јавноста и значителен медиумски интерес,

Р

аботата на Комитетот за јавни сметки никогаш не е завршена. Секоја заштедена фунта е важна и политичарите мора да продолжат да ја докажуваат нашата доверба. Наша работа е да копаме подлабоко направените МЕГ ХИЛЕР во трошоци и да ја гледаме претседавач имплементацијата. на Комитетот за јавни сметки Очекувам веднаш да почнеме да работиме онаму каде што застанавме пред изборите, за да продолжиме со внимателно разгледување на трошењето на владата.

Ќ

НИКИ МОРГАН

претседавач на Комитетот за трезор

е барам детали за сите трошења, ќе поставувам форензични прашања и се надевам дека ќе ја надминеме работата на претходниот состав на Комитетот. Ќе спроведеме повеќе истраги и за последиците од кредитната криза. Сигурна сум дека се уште не е крај. Облици на тие проблеми претендираат да се претворат во нови предизвици. Една мудра личност неодамна кажа дека, семето на следната финансиска криза е посеано во последната што се случи, а сите знаеме дека овие работи се случуваат во циклуси.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ГО НАМАЛУВА ТРОШЕЊЕТО НАРОДНИ ПАРИ

П

оследната деценија беше тежок период за Велика Британија во економска смисла. Пред финансиската криза од 2008 година, за британската влада беше својствено да троши многу, па така јавните расходи достигнуваа и до 50% од БДП. Од друга страна, и покрај експанзивната фискална политика, економскиот раст не забрза главно поради падот на довербата на потрошувачите и последиците предизвикани од финансиската криза. Оттогаш, владите реагираа на различни начини. Лабуристичката Влада на Гордон Браун одлучи да продолжи да троши како и претходно, па дури и благо да ги зголеми јавните расходи. Конзервативно-либералната влада предводена од Дејвид Камерон помеѓу 2010 и 2016 година се обиде значително да го забави порастот на јавните трошоци, а оваа политика ја продолжи и владата предводена од Тереза Меј. „Ова `штедење` наиде на контроверзни оценки во јавноста. Некои веруваат дека избегнувањето големи дефицити ќе ја стабилизира економијата. Сепак, други веруваат дека тоа ќе ги ослаби јавните услуги и ќе го намали економскиот раст“, коментира Стафорд, шеф на одделот за истражување во Henry Jackson Society.

па така често пати се директно пренесувани на телевизија, или скоро секогаш се емитуваат во живо на интернет. Само за прашања од национална безбедност или ако станува збор за деловни тајни, се одлучува јавноста да биде исклучена од сослушувањата. На овие сослушувања како постојан владин претставник присуствува службеникот за сметки од Трезорот. Со него се сретнавме токму во оваа институција, во Лондон, во време кога се подготвуваше за нови сослушувања во новоформираните парламентарни комитети откако завршија изборите и Тереза Меј успеа да формира малцинска влада. Ричард Браун, вели дека тој и други функционери од Трезорот постојано се на располагање на Парламентот и на специфичните комитети, да одговорат на сите прашања поврзани со одредени

политики и начинот на трошење на парите. „Парламентот има моќ постојано да поставува прашања, да бара податоци и ние сме должни на тоа да одговориме. Имаме високо ниво на контрола, и тоа е многу важно за да се осигури дека парите што ги добиваме од даночните обврзници, се потрошени за јавно добро за сите граѓани, а не за приватни цели“, вели Ричард Браун, службеник за сметките во Трезорот. Тој појаснува дека има два аспекти на проверката, од една страна се оценуваат политиките и какви резултати даваат споредено со парите што се трошат за нивно имплементирање, и од друга страна, строга проверка на начинот на трошење на парите за да се спречи корупција или злоупотреба за лични цели. Браун вели дека своевиден притисок за разумно трошење на парите на даночните

РИ НА ЈАВНИ СОСЛУШУВАЊА ДА ИЗНЕСАТ ДОКАЗИ ЗА ПОТРОШЕНИТЕ ПАРИ


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

20

СВЕТ

Со Ричард Браун, службеник за сметките на Трезорот се сретнавме токму во оваа институција, во Лондон, во време кога се подготвуваше за нови сослушувања во новоформираните парламентарни комитети. Вели дека тој и други функционери од Трезорот, постојано се на располагање на Парламентот и на специфичните комитети, да одговорат на сите прашања поврзани со одредени политики и начинот на трошење на парите.

обврзници прави и тоа што властите речиси сите податоци ги објавуваат јавно, па така одговорноста кај јавните службеници уште повеќе се зголемува. Со Комитетот за јавни сметки, и во следниот мандат ќе управува Мег Хилер, од Лабуристичката партија. Таа е повторно избрана месецов откако завршија предвремените парламентарни избори, а со овој Комитет управуваше и претходните две години. Правило е претседавач на овој Комитет да биде претставник на најголемата опозициска партија, што е пракса и во Македонија кога се избира претседател на Комисијата за финансирање и буџет. „Работата на Комитетот за јавни сметки никогаш не е завршена. Секоја заштедена фунта е важна и политичарите мора да продолжат да ја докажуваат нашата доверба. Наша работа е да копаме подлабоко во направените трошоци и да ја гледаме имплементацијата“, изјави Хилер откако беше назначена по втор пат за претседавач на Комитетот и додаде дека во изминатиот период докажала дека Комитетот може да дојде до вистината без сензационализам. „Очекувам веднаш да почнеме да работиме онаму каде што застанавме пред изборите, за да продолжиме со внимателно разгледување на трошењето на владата“, истакна таа. Вообичаено, во период од 4 до 5 недели,

Комитетот заедно со Националниот завод за ревизија, објавува извештај со сите прибрани докази. Во изминатите две години Комитетот објави 106 извештаи за испитување на економичноста, ефикасноста и ефективноста на начинот на кој Владата ги троши парите на даночните обврзници. Овој Комитет е основан уште во 1861 година за време на тогашниот премиер на Велика Британија, Вилијам Гледстоун, како една од мерките да му се даде на Парламентот поголема контрола на трошењето народни пари.

Борба да се биде претседавач

Освен Комитетот за јавни сметки, уште еден комитет во парламентот се смета за клучен во оценувањето на економските политики и резултатите што ги испорачуваат за сметка на потрошените пари. Тоа е Комитетот за трезор. Веднаш по последните избори во јуни годинава, во јавноста наголемо се дебатираше за тоа кој ќе биде нов претседавач на овој влијателен комитет. Па така, на оваа позиција сега дојде Ники Морган, која претходно беше министер за образование. Прецизните задачи на новиот состав на овој комитет се уште не се познати, се додека не се комплетира новото членство што се очекува да заврши до септември годинава,

но Морган во своето прво интервју за Financial Times посочи дека „планира да го прошири надзорот за клучни прашања како што е финансирањето на вештините, здравствената заштита на децата, трошењето за инфраструктура и цените на енергијата“. „Ќе барам детали за сите трошења, ќе поставувам форензични прашања и се надевам дека ќе ја надминеме работата на претходниот состав на Комитетот“, истакна Морган. Таа додаде дека Комитетот за трезор ќе спроведе повеќе истраги и за последиците од кредитната криза. „Сигурна сум дека се уште не е крај. Облици на тие проблеми претендираат да се претворат во нови предизвици. Една мудра личност неодамна кажа дека семето на следната финансиска криза е посеано во последната што се случи, а сите знаеме дека овие работи се случуваат во циклуси“, истакна Морган која што важи за противник на Brexit подгревајќи ги сомнежите дека Велика Британија може да се соочи со големи економски проблеми особено откако ќе ја напушти Европската Унија. Тимоти Стафорд, шеф на одделот за истражување во британскиот тинк тенк Henry Jackson Society, објаснува дека Комитетот за трезор игра важна улога во надзор на севкупната економска стратегија на Владата. Неговите членови имаат пристап

ЕКСПЕРТИ: НАДЗОРОТ Е ФОКУСИРАН НА ЕКОНОМСКИТЕ ЕФЕКТИ ОД ПОТРОШЕНИТЕ ПАРИ


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

21 до министрите и можат да поставуваат прашања на седници за да приберат докази. Комитетот, исто така, објавува влијателни извештаи кои се сметаат за независни, бидејќи неговите членови не се министри од Владата. „Парламентарните комитети на Долниот дом се многу важни и нивната улога отсекогаш била од големо значење, но особено сега откако Велика Британија почна да го намалува јавното трошење во одредени области, како дел од мерките за штедење“, коментира Стафорд. „Комитетот може да оценува и поединечни предлози за трошење и да испита дали се постигнува `вредноста за парите`. Ова го прави трошењето на владата поефективно. Всушност, Владата мора да направи многу детален план за политиките, за да избегне критики од јавноста. Корупцијата е прашање и тука, но во повеќето случаи, дебатата е главно фокусирана на неразумно трошење на пари на проекти кои нема да донесат економски ефекти, а не за злоупотреби“, коментира Стафорд. Според него, Комитетот за трезор е високо профилиран комитет и позицијата претседавач е многу посакувана. „Новиот претседавач Ники Морган ќе има

голема улога во наредните години што ќе го води надзорот врз Трезорот односно Министерството за финансии и ќе ја оценува владината економска политика генерално. Како критичар на Brexit, таа исто така ќе игра важна улога во оценувањето на економското влијание во Велика Британија од напуштањето на Европската унија“, истакна Стафорд. Едно најново истражување во Велика Британија покажува дека половина од сите забелешки на парламентарните комитети за трошењето на парите на даночните обврзници се прифатени од властите.

„Кучиња - чувари“ наместо пудлици

Парламентот во Велика Британија му делегира моќ и на Националниот завод за ревизија да ги истражува сите сметки за трошењето на владата, сите министерства и другите јавни институции вклучувајќи ја и Банката на Англија и јавниот сервис, Би Би Си. Државниот ревизор тесно соработува со Комитетот за јавни сметки од Парламентот и често отвора истраги за „вредноста за потрошените пари“ на барање на некој од членовите на овој Комитет. Парламентот во Британија му овозможува на Заводот за ревизија целосен пристап до сметки,

податоци и какви било информации од јавниот сектор. Главниот државен ревизор е службеник од Долниот Дом и работи независно од владата и Парламентот. На редовна основа доставува извештаи до Парламентот за трошењата на властите преку министерствата или на локално ниво. Ова тело пос тои од 1983 година, а вработените не се сметаат за јавни службеници. Се финансира директно од Парламентот, а не од Владата, со буџет кој што го одобрува Комитетот за јавни сметки. Годишно, Заводот доставува до 70 извештаи базирани на докази за „вредноста на потрошените пари“, која што ја дефинира како „оптимално искористување на ресурси за да се постигнат очекуваните резултати“. Ревизорите имаат форензичен пристап на ревизија, кој што е нов специјализиран пристап за откривање на измами. Интересно е што Државниот завод за ревизија веднаш може да отвори истрага по допрен глас од свиркачи, на барање на членови на Парламентот, за актуелни политики од голем јавен интерес или пак, по добиени информации од разузнавање за ефектите од одредени проекти за кои што се потрошени народни пари.


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

22

СВЕТ

Извештаите на Државниот завод за ревизија се објавуваат транспарентно во јавноста, предизвикуваат големо медиумско внимание и прашања во врска со нивните наоди редовно завршуваат на адресата на премиерот, Downing Street, 10. Само минатата година, Националниот завод за ревизија проверил вкупно 372 јавни сметки, направил 68 студии за „вредноста за потрошените пари“ и затворил 18 истраги. Ревизорскиот резултат од работата лани вклучува ревидирање на сметки за потрошени вкупно 1.700 милијарди фунти со што е направена заштеда на вкупно 734 милиони фунти. Како резултат на моќната парламентарна контрола на трошењто народни пари, но и силната улога на Заводот за ревизија во Велика Британија, повеќе политичари вмешани во финансиски злоупотреби во последните неколку години поднесоа оставки од функциите. Во насока на поголема независна контрола на јавните финансии, по 2010 година кога ескалираше должничката криза во Европа, Велика Британија формираше и Завод за буџетска одговорност. Ова е целосно независно тело што има задача да прави објективни проценки и анализа на фискалната политика, приходите и расходите од буџетот, како и дефицитот. „Заводот за буџетска одговорност стана важен дел од фискалниот пејзаж. Но сега мора да го искористи својот кредибилитет за да ја потврди својата независност од Трезорот, вклучувајќи и посилна критика против погрешните трезорски практики и потези на политичка погодност. Ако не успее во тоа, од `куче-чувар` ќе се претвори во пудлица на Трезорот“, истакна Џулијан МекКреј од британскиот Институт за владеење. Меѓутоа, ова тело не е супститут на парламентарниот финансиски надзор. Но, и британскиот модел на надзор на јавните финансии е критикуван со низа забелешки за поголема независност и построга контрола. Така, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во еден од своите извештаи оцени дека парламентарниот

Парламентот во Велика Британија му делегира моќ и на Националниот завод за ревизија да ги истражува сите сметки за трошењето на владата, сите министерства и другите јавни институции вклучувајќи ја и Банката на Англија и јавниот сервис, Би Би Си. Годишно, Заводот доставува до 70 извештаи базирани на докази за „вредноста на потрошените пари“, која што ја дефинира како „оптимално искористување на ресурси за да се постигнат очекуваните резултати“. Ревизорите имаат форензичен пристап на ревизија, кој што е нов специјализиран пристап за откривање на измами.

надзор на трошењето во Велика Британија бележи мал напредок, наспроти јакнењето на улогата на независната фискална институција, Заводот за буџетска одговорност. „Има одреден напредок во парламентарното истражување на трошењето на Владата, но сепак не може да се каже дека е направена револуција“. Во Македонија, Парламентот засега има неспоредливо помала улога во контролата на трошењето на народните пари. Пратениците вообичаено расправаат за буџетот, завршната сметка, кога се прави ребаланс, но не навлегуваат детално во истраги за начинот на трошењето или пак добиената вредност за потрошените пари. Овие задачи му се препуштени на Државниот завод за ревизија, кој што ги проверува сметките на државните институции. Резултатот од работата на вкупно 78 ревизори минатата година е 118 ревидирани институции, 76 извештаи за ревизија на

регуларност, 6 извештаи за ревизија на успешност, вкупно 795 наоди во овие извештаи. Но и покрај низата забелешки за недомаќинско трошење, само 7 ревисорски извештаи биле доставени до јавен обвинител, 4 до Државната комисија за спречување на корупција, но нема податок за покренати обвиненија. Во насока на поголем надзор на јавните финансии, новата влада најави дека ќе формира специјално тело, Фискален совет. nnn Овој новинарски текст е изготвен како дел од проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации во партнерство со Балканската истражувачка репортерска мрежа и НВО Инфоцентар со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на авторот и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

РЕВИЗИЈА: РЕВИДИРАНИ 372 СМЕТКИ, НАПРАВЕНА ЗАШТЕДА ОД 734 МИЛИОНИ ФУНТИ



Капитал број 929/930 18.08.2017

24

www.kapital.mk

ДОСИЕ: ЕСТОНИЈА

ЛЕКЦИИ ОД БАЛТИКОТ

КАКО ЕСТОНИЈА СТАНА Е-ДРЖАВА И ДИГИТАЛЕН ЦЕНТАР НА ЕВРОПА

СКАНДИНАВСКО ВЛИЈАНИЕ: ИНСПИРАЦИЈАТА ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА НА О


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

25 Естонците милуваат да кажат дека единствените три работи што во нивната земја не може да ги направите онлајн е да се венчате, разведете и да си го продадете станот. Естонија досега воведе електронски лични карти со чип, електронско гласање, електронско плаќање даноци, електронски медицински картони и рецепти, електронски билети за градски транспорт, e-банкарство, можност за онлајн регистрирање компании за не повеќе од 10 минути, онлајн постојано достапни материјали за наставниот материјал во училниците, а нуди и електронско државјанство... Најнапредната земја во Европа во развојот на дигиталното општество и' благодари на ЕУ за се' што добила од неа во процесот на ослободување од надледството на СССР и изградба на нов систем, и вели дека сега е време да се оддолжи. Од први јули годинава до први јануари 2018 Естонија е претседавач на Советот на ЕУ и вели дека еден од приоритетите во овие шест месеци е својот успешен модел на дигитално општество да го преслика во целата унија. Фокусот ќе биде на унапредување на прекуграничната е-трговија, обезбедување модерни и безбедни електронски комуникации достапни за сите во Европа и унапредување на дигиталните јавни услуги што ќе го олеснат секојдневниот живот.

Бесплатен интернет е со устав гарантирано право во Естонија XXВо 1991 година помалку од половината население во Естонија имаа телефонска линија XXДенес најголем дел од државата е покриен со бесплатен wi-fi XXОд 2007-та Естонците гласаат на избори електронски, без оглед каде се наоѓаат во светот XXОд 2000-та, владата и парламентот не користат хартија. Сите активности се одвиваат електронски. XXНе се користи хартија во здравството – издавање рецепти и сл. XXЕстонија планира до 2020 да не се користи кеш речиси воопшто. XXНа училиште, девата од 7-годишна возраст се запознаваат со компјутерско програмирање. XXЕстонија е единствена земја во светот каде што интернетот е бесплатн право гарантирано со устав.

пишува:

Редакција Капитал

M kapital@kapital.mk

Малата Естонија, со одвај малку над 1,3 милиони жители, успеа да стане дигитален центар на Европа, со државна администрација целосно управувана од дигитални технологии. Каков е процесот низ кој помина и продолжува оваа балтичка држава, благодарение на кој го има сегашното ниво на развој, зад кое признаваат дека заостануваат и најразвиените западноевропски земји? Инспирацијата Естонците ја добиле од северните соседи, Финците, чиј пат бил сличен - од индустриски неразвиена земја до држава што силно вложува во иновации и во високи технологии.

Во Естонија со помош на Ивар Тало, основачот и членот на управниот одбор на Академијата за е-администрација, и Сим Сикут, советник за ИЦТ (Information Communication Technology - ICT) во Владата на Естонија, е развиен концептот на е-општество и претворен во реалност. Кои биле факторите за успехот на Естонија 15 години претходно? Според Тало, на е-администрирањето не му треба многу за да функционира – бара писменост, струја и модерни телекомуникации. И секако, волја на политичарите. Тало ги набројува петте главни причини што стојат зад естонскиот пат кон е-општество од деведесеттите години од минатиот век: XXЕстонија мораше да го надомести заостанатото во однос на западните општества и постоеше широк консензус меѓу водечките интелектуалци дека ова може да се постигне со имплементација

ОПШТЕСТВОТО ЕСТОНЦИТЕ ЈА ДОБИЛЕ ОД СВОЈОТ СЕВЕРЕН СОСЕД ФИНСКА


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

26

ДОСИЕ: ЕСТОНИЈА

на нови комуникациски и информатички технологии. Ова помогна да се дојде и до одржлива политичка волја. XXЕстонија сè уште беше сиромашна земја што не можеше едноставно да ја префрли хартиената бирократија оналјн. Мораше да се најде поефикасна опција. XXПромените многу полесно можат да се извршат во општество во транзиција, кое е во процес на формирање на нови норми за однесување. XXЕстонија е мала земја со технолошки напредните нордиски земји како соседи. XXДонесени се здрави стратешки одлуки за процесот да се изведе во целост. Да речеме, беше воведен „тигровски скок“ за да се ангажира и вклучи општеството, а тоа не ги подразбираше само образовните институции, туку и банките, а исто така беше креиран и дигитален идентитет, како и унифициран слој на размена на податоци, наречен X-Road. Естонија досега воведе електронски лични карти со чип, електронско гласање, електронско плаќање даноци, електронски медицински картони и рецепти, електронски билети за градски транспорт, e-банкарство, можност за онлајн регистрирање компании за не повеќе од 10 минути, онлајн постојано достапни материјали за наставниот материјал во училниците ... Секој државјанин на Естонија поседува идентификациски документ – електронска лична карта, со која преку специјално изграден систем може да се логира и да ја пополнува својата даночна картичка, да ја провери состојбата на своите банкарски сметки, да отвори компанија, да ги провери оценките на своето дете во школо ... Кога Естонец оди на лекар, не му треба здравствена книшка – тој на прегледот се појавува само со споменатата единствена електронска лична карта, а на неа докторот ги има сите достапни податоци за историјата на болести и слично. По прегледот, ако на пациентот му е потребна терапија со некој лек, одново нема чекање, нема „папирологија“ – рецептот веќе електронски е пратен до аптека. Извршната и законодавната власт на Естонија не смее да користи хартија – сè е онлајн, а секој документ е потпишан со единствен дигитален код. Владата одржува седници на која сите материјали се однапред дигитализирани.

Е-гласање

Естонија е прва држава во светот што воведе гласање на интернет, во процес што почна во 2001 година со е-правецот

Естонија прва во светот понуди електронско државјанство

Е

-државјанство, или виртуелно државјанство што го нуди Естонија, е програма лансирана од државата во декември 2014 година. Програмата им овозможува на странците да имаат пристап до услуги како што се отворање компанија, банкарство, платежни трансакции, итн. Е-државјанинот добива т.н. паметна картичка (smart card) што може да ја користи за потпишување документи. Програмата е претежно наменета за претприемачи и професионалци за коишто физичката локација не е битна, како што се софтверски инженери, писатели, итн. Е-државјанството не значи добивање и естонски пасош, ниту пак право автоматски да се влезе слободно или да се престојува во Естонија. Првиот почесен е-државјанин на Естонија е британскиот новинар Едвард Лукас, додека првата личност што аплицирала и добила е-државјанство преку стандардна процедура е Хамид Тахсилдуст од САД.

што го зададе Владата. Пилот проект за избори на интернет, државата го спроведе во 2005 година, на локални избори, а откако го положи тестот, во 2007 година граѓаните електронски можеа да ги избираат и членовите на Парламентот. Интернет гласањето во Естонија се одвива меѓу шестиот и четвртиот ден пред самиот изборен ден. Гласачите можат да ги променат своите електронски гласови колку пати сакаат, бидејќи им се смета само последниот глас. Естонците може да гласаат електронски, а потоа и на физичко избирачко место (на изборниот ден), при што им се зема предвид последниот, односно, „физичкиот“ глас. Статистиката на е-гласањето во Естонија вели дека на пилот проектот во 2005 година правото да гласаат на интернет го искористиле 1,9% од Естонците со право на глас. Веќе во 2007 година, кога Естонија стана прва земја што воведе е-гласање, на ваков начин гласале 3,4%. Најголема искористеност на гласањето на интернет имало во 2014 година, на изборите за Европскиот парламент, кога на избирачките места физички не се појавиле 31,3% од вкупниот број Естонци чиј глас одлучувал.

Предност на е-гласањето е и што со воведување на истото би се олесниле многу демократски прашања, референдуми, таканаречената директна демократија. Теоретски, би можело секоја недела на референдум да се одлучува за некои прашање од интерес на општеството. „Само ако сме во нешто поразлични од другите можеме да успееме“, е една од максимите по кои се води оваа, една од најмалите европски држави и меѓу најретко населените. Нивниот начин на размислување високо ги искачи Естонците и на листата најпаметни нации. Според резултатите од тестирањата на PISA (Programme for International Student Assessment), Eстонија е број еден во Европа и трета во светот (зад Сингапур и Јапонија). Естонското основно образование е најдобро на светот, покажаа резултатите на PISA тестирањата за 2015 година. „Причините за вака добрите резултати во образованието на Естонија се во еднаквоста и во компактното образование, професионалноста на кадарот, ефективниот менаџмент во процесот на учење, поддршката за послабите ученици, посветеното внимание на специфичните образовни потреби. Најважно е што обра-

ИСТРАЈНОСТ: ТРАНЗИЦИЈАТА ДОНЕСЕ БОЛНИ РЕФОРМИ ВО ЕСТОНИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

27 зованието се почитува во општеството“, велат од Министерството за образование на Естонија.

Долгорочната стратегија на учење

Долгорочната стратегија на учење до 2020 година има 5 главни цели:  Променет пристап кон учењето (учењето е базирано на индивидуалноста, на интересите на поединецот, на искуството и на потенцијалот на секој ученик);  Компетентни и мотивирани наставници и директори на училиштата;  Подобра поврзаност на образованието со потребите на пазарот на труд;  Дигитална револуција што е процес на учење во тек на целиот живот;  Еднаква можност и зголемено учество во учењето што мора да трае цел живот. Во Естонија учениците не ги делат на напредни и на оние кои заостануваат. Не игра никаква улога ниту етничкото и социјалното потекло – сите добиваат еднакво образование, што е бесплатно. Уште во 1992 година во естонскиот закон за образование влезе дека државата им гарантира на сите малцинства во државата еднакви шанси за развој, и оти ги задолжува сите Естонци да се образуваат цел живот. Интересен факт е дека образовниот систем во Естонија се откажува од секакви педагошки новотарии и експерименти. Независно од тоа што наставниците имаат слобода да организираат часови на индивидуален начин, методите на предавање се повеќе конзервативни, а содржината на материјалот е јасно дефинирана и ориентирана кон фактологијата. Успехот на учениците во Естонија се проверува со национални тестови, што се спроведуваат во трето, во шесто и во деветто одделение. „Постојано правиме мали промени, но

КЕРСТИ КАЛИЈУЛАИД актуелен претседател на Естонија:

ЕУ ни подаде рака кога бевме слаби и ни помогна да изградиме пазарно и демократско општество. Сега, кога го зацврстивме своето место во европското семејство, време е да дадеме нешто за возврат.

секогаш внимаваме да не го превртиме целиот систем наглавечки“, велат од естонското Министерство за образование. „Митолошкиот“ почеток на трансформацијата на Естонија во држава на технологиите формално почнал во септември 1960 година, кога бил отворен Центарот за кибернетика, за да го помага изучувањето на информатиката. Во распаѓањето на Советскиот Сојуз, естонската Влада видела околности што даваат можност за нов почеток – за системот на владеење/управување да се изгради од нула. Уште пред да стане претседател на Естонија, Томас Хендрик Илвс (беше претседател на државата до 2016 година), работел на развој на дигиталните технологии во Европа. Квалитетите и компетенциите благодарение на кои е прозван „технократ“ придонеле многу за специфичниот развој на Естонија и позитивниот однос на Естонците кон овие процеси. Во земјата 88,4% од населението користи интернет, што го олеснува спроведувањето на сите електронски елементи на естонската државна администрација и ја поттикнува нивната употреба од, во рамките на можното, најголем дел граѓани, без разлика на возраста или други специфики. Според зборовите на сега веќе поранешниот претседател на Естонија, Хендрик Илвс, електронската администрација ја

направила естонската Влада една од најтранспарентните во светот. Ова, покрај останатото, ја има придобивката што државата е уште поомилена дестинација не само за стартување бизнис, туку и за добивање државјанство. Имајќи предвид дека инфраструктурата на еден елемент од електронската влада, еднаш имплементирана, функционира за еден милион луѓе исто толку добро колку што би функционирала и за 5 милиони, различни елементи на естонската електронска администрација можат да бидат имплементирани во држави со различна популација по број. Ако во Естонија почетокот бил направен со ентузијазмот со кој бил прифатен споменатиот Центар за кибернетика, или, да речеме, со создавањето на Skype (софтверот на интернет сервисот кој овозможува „бесплатно телефонирање“ е развиен од Естонците Прит Касесалу и Јан Талин), во другите земји може да се бараат други иницијални моменти, но важно е потоа посветеноста и напорите да не запрат, и да има континуирана и фокусирана работа за развој и имплементација на дигиталните технологии и управување. Важно е, поучува естонското искуство, амбициозните и компетентни млади луѓе со знаења од дигиталната сфера и идеи за развој да имаат можност за контакти со ментори и спонзори.




Капитал број 929/930 18.08.2017

28

www.kapital.mk

ДОСИЕ: ЕСТОНИЈА

ЗА ДА СЕ СЛУЧИ ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ОПШТЕСТВОТО, ПРЕТХОДЕА БОЛНИ РЕФОРМИ

ОД УНИШТЕНА ЕКОНОМИЈА ВО СССР ДО ЕКОНОМСКО ЧУДО Естонија е мала држава на брегот на Балтичко море (околу 1,3 милиони жители, н.з.) и претставува точка во која што се спојуваат Исток и Запад, Север и Југ. Тоа е држава којашто во 1918 година ја прогласи својата независност, а истата ја загуби во 1940-та со окупацијата од страна на Советскиот сојуз. Оваа окупација, која што траеше 50 години, во целост ја упропасти економијата на земјата. Во прилог на ова говори и фактот што во 1939-та Естонија и Финска имаат ист животен стандард, додека во 1987-та финскиот БДП изнесуваше 14.370 долари по глава на жител, додека естонскиот само 2.000 долари. Уште тогаш веќе беше јасно дека Естонија мора да спроведе драстични економски реформи за да се ослободи од оковите на комунизмот и да оствари животен стандард налик на оној од развиените земји на западна Европа. Но, никој не беше свесен за реалната тежина на ситуацијата во која што се наоѓаше оваа држава, ниту за бројот на промени и потребни реформи што беа единствениот можен излез од таквата ситуација.

ЕДНОСТАВНО: ЗА Е-ДРЖАВА Е НАЈПОТРЕБНА ВОЛЈА НА ПОЛИТИЧАРИТЕ


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

30

ДОСИЕ: ЕСТОНИЈА

K

Крајот на комунизмот, 1992 година, предизвика општ хаос во Естонија. Празни продавници, редици луѓе што со часови чекаат за леб и млеко; беше тоа слика на секојдневието во Естонија тие денови. Истата година индустриското производство падна за 30%, а реалните плати дури за 45%. Естонија во целост зависеше од Русија заради фактот што 92% од нејзината меѓународна трговија беше со оваа земја. Естонија беше само една од бившите советски републики во чијашто иднина никој не веруваше. Естонија мораше за многу кратко време од пепелта да изгради стабилна економија и да го врати стариот сјај. Токму од тие причини, што и самите Естонци ги препознаа, на првите слободни избори по Втората светска војна (септември, 1992 г.) победата ја однесе опцијата што нудеше најрадикални промени и реформи потребни за целосно отцепување од советското минато. Новоизбраната влада постоечката криза ја виде како прилика. Беше јасно дека радикалните реформи мора да се спроведат многу брзо, и дека довербата што им е дадена од гласачите мора што побргу да се оправда и искористи. Формирање на легитимниот консензус за промени беше единствен начин истите и да се случат. Тој консензус беше единствено можен со посредство на демократија, како и слободни и праведни избори.

Први чекори: Монетарна реформа и макроекономска стабилност

Во летото 1992 се случува првиот вистински чекор во Естонија: монетарната реформа. Воведувањето на сопствена валута беше вистински предизвик за државата. Поборниците на реформата предлагаа различни начини за спроведување на реформите, но сите заговараа три цели: да се елиминираат инфлациските влијанија од исток, да се врамнотежи курсот базиран на понуда и побарувачка, како и да се преброди и контролира паричната криза. Го фиксираа курсот за тогашната германска марка, што навистина влеваше доверба во напредокот на економијата. Бенефитот од воведувањето на сопствената валута беше можно единствено со врамнотежувањето на буџетот, што воедно беше задача на новоизбраната влада во септември 1992-та. Владата на чело со Про Патриа Унијата беше изградена од групации и партии што беа дел од движењето на отпорот против советската окупација, па ги карактеризираше одлучност за борба против комунистичкото минато. Членовите на Владата беа исклучително млади, премиерот на Естонија , Март Лаар имаше само 32 години. Го освоија потребното мнозинство во парламентот со само еден глас предност, што им овозможи спроведување на потребните радикални реформи. Секој член на коалицијата мораше

да потпише договор, кој што беше од клучно значење за спроведување на реформите. Голем придонес во нивното спроведување имаа и непрофитните организации што креираа дискусии на теми од реформската агенда и со тоа ја запознаваа широката маса на луѓе со истата, а што всушност беше ветер во грб на нивното спроведување. Врамнотежувањето на буџетот подразбираше радикални резови во сите видови субвенции и намалување на големината на јавната администрација, што не беше баш многу пожелно. Меѓутоа, благодарение на коалицискиот договор, промените се спроведени брзо и динамично, без губење време на непотребни дискусии со опозицијата. Сето ова беше спроведено заради остварување на основната цел, а тоа е макроекономска стабилност. ММФ и понуди кредит на Естонија за да го врамнотежи буџетот, но тој не беше прифатен, затоа што естонската политика се засноваше на спроведување радикални реформи.

Отвореност

Преминувањето од првата во втората фаза на реформите е решавачкиот момент во целовкупниот процес на реформите. Успехот на втората фаза зависеше од вклучувањето на поширок круг луѓе во процесот, освојувајќи ги нивните срца и менувајќи ги нивните ставови. Потребно беше да им се пружи на луѓето нова надеж, перспективи и прилики. Без потребните промени на ставовите на луѓето, посткомунизмот би претставувал огромен проблем и понатамошниот развој на Естонија би бил неизвесен. Неопходно беше да се поттикнат луѓето да носат одлуки и преземаат одговорност за своите постапки. Владата на Естонија прогласи дека може да им помогне само на оние што сакаат да направат нешто за себе. Ова не беше најпожелен начин, но помогна во промената на ставовите и мислењата на луѓето за да се избегне замката на посткомунизмот. Владата на Естонија сфати дека единствениот начин за да ги оствари овие цели е да им пружи на граѓаните различни можности за работење. Тоа го направија преку отворената економија, што овозможува значително побрз и поедноставен начин за премин кон пазарна економија. Следствено, Естонија ги намали трговските царини и нецаринските бариери, ги укина целокупните извозни ограничувања, што всушност ја направи зона на слободна трговија. Политиката на отворена трговија се покажа многу успешна и доведе до зголемување на конкуренцијата, обнова и развој. Исто така, ваквата политика привлече многу нови компании, кои што отворија фабрики ориентирани кон извоз. Овој начин на функционирање беше политички непопуларен и предизвика протести, но кога се видоа првите резултати од овие промени никој не сакаше да го менува системот што добро функционира. За земја во транзиција, каква што беше

ФАКТИ ЗА ЕСТОНИЈА XXПовршина: 45.336 км2 XXНаселение: 1,3 милиони XXБДП по глава на жител XX30.000 долари (PPP); 18.000 долари (номинален) XXИндекс на човечкиот развој (HDI): многу висок, 0.865 XXТрета земја во светот со најнизок ризик од корупција, зад Шведска и Нов Зеланд XXШеста земја во светот според степен на економска слобода, зад Хонг Конг, Сингапур, Нов Зеланд, Швајцарија и Австралија Естонија, нејзината атрактивност за странските инвеститори беше поприфатлива опција одошто зајмување пари од меѓународните институции, како ММФ. Владата сметаше дека помошта во вид на пари, технологија и други работи, може да ја заслепат земјата во транзиција, каква што тогаш беше Естонија и да го кочат нејзиниот натамошен развој. За да ги охрабри и привлече странските инвеститори, Владата на Естонија донесе закон за продажба на земјиште и со тоа обезбеди странците да чувствуваат дополнителна сигурност и стави акцент на заштитата на нивните сопственички права. Во исто време, сите посебни привилегии за неколку странски инвеститори се укинати, со што се поттикнаа подеднакво сите видови инвестиции. Набрзо по спроведувањето на овие мерки, во текот на 1993-94 година, Естонија од непозната точка на светската мапа станува најатрактивно место за странски инвеститори. Големиот прилив на странски инвестиции доведе до поголем број на работни места, реконструкција на старите фабрики, и унапредување на технологијата, заради што Естонија стана многу посовремена и поконкурентна држава.

Владеење на правото

Радикалните економски реформи се спроведуваат со квалитетни правни регулативи во економската област во која што треба да се спроведат. Владеењето на правото е еден од најважните начини на

Е-ДРЖАВА: СЕ БАРА ПИСМЕНОСТ, СТРУЈА И МОДЕРНИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ



www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

32

ДОСИЕ: ЕСТОНИЈА

борба против корупцијата. Водејќи се од овој факт, Естонија како главен метод на решавање на проблемите на корупцијата и организираниот криминал го користи спроведувањето на пазарната економија, развој на граѓанското општество и владеење на правото. Намалувањето на контролата на надворешната трговија, отстранување на трговските бариери, како и приватизацијата на државните компании, всушност се процеси на поддршка на борбата против корупцијата. Ако правилата се транспарентни и јасни, а државата нема овластувања за лиценцирање на работењето, ниту можност за ограничување на извозот или увозот, со тоа се губи можноста за плаќање мито во тие сфери. Исто така, со елиминацијата на субвенциите, како и со можноста за едноставно добивање кредити и сите други видови на финансиска поддршка, се отстранува уште еден поттик за земање мито. Користејќи се со овие методи, Естонија успешно ја намали корупцијата и организираниот криминал. Естонија реформата на правосудството, законските реформи, полициските сили и изградбата на ефективна и транспарентна управа ги стави на листата приоритетни реформи и благодарение на тоа стана држава со најмал степен на корупција во однос на сите земји во транзиција. Со тоа на меѓународниот индекс на корупција постигна подобар пласман и од некои долгогодишни членки на ЕУ. Освен наведените мерки, со цел да се сузбие организираниот криминал во целост, неопходни беа реформи на банкарскиот систем. Перењето на пари и сите останати незаконски дејства мораа да бидат издвоени од банкарскиот систем. За да го реши овој проблем, Владата на Естонија ги отстрани сите државни банки и постави многу јасни барања на приватните банки. Банките почнаа да си конкурираат меѓусебно, некои одеа и во стечај, што воопшто не ја интересираше Владата. Токму овој цврст став овозможи Естонија да создаде најефикасен банкарски систем меѓу балтичките земји и постигне најмал степен на корупција во однос на сите нови членки на ЕУ.

Реформи на сопственичките права

Првата ваква реформа во Естонија е спроведена на почетокот од 1992-та и се однесуваше на враќањето на имотот што поранешните комунистички власти го одзеле или национализирале, на неговите вистински, законски сопственици. Во случаите кога враќањето на имотот не беше возможно, тие луѓе би добиле надомест, не во пари, туку во облик на приватизациски ваучери. Со истите можеа да се купат малцински удели во приватизираните компании и земјишта. Откако се одреди која имот ќе им биде вратен на законските сопственици, целокупниот останат имот беше приватизиран. Земјиштето и станбениот фонд беа приватизирани со помош на ваучери претходно врачени на луѓето. Сето ова е направено многу брзо и со цел што поголем број луѓе да станат сопственици на приватен имот. Ова беше комплициран процес и предизвика

МАРТ ЛААР

премиер на Естонија во два наврати (1992-1994, 1999-2002), чијашто влада почна радикални реформи што набрзо донесоа висок економски раст

различни протести, но властите, како и обично, беа истрајни и се потрудија во што пократок временски период да ги спроведат дадените реформи. Целта на приватизацијата беше да се обезбедат потребните инвестиции и да се минимизира бројот на работници што работат на одредено време, како и главниот фокус да не биде на создавањето државни приходи. Спроведувањето на вакви реформи ја направи Естонија држава на сопственици на имоти.

Единствена даночна стапка

За да се оствари траен напредок на Естонија и беше потребно поволен економски амбиент за приватните компании и инспирација за луѓето да преземат одговорност за својата иднина. За тоа да го оствари, Владата се обиде да се лиши од бирократијата, односно, да ги ограничи прописите и да ја намали непотребната администрација, но сето тоа не беше доволно. Луѓето што сакаа да покренат сопствени компании сфатија дека постоечкиот даночен систем, всушност, го казнува нивниот успех, па го губеа ентузијазмот и желбата за почнување бизнис, што значително ја одреди нивната иднина. Радикалните даночни реформи беа единствено решение. Властите беа свесни дека вакви реформи не се воопшто популарни и пожелни, па затоа овој политички потез бараше храброст. Новиот даночен систем мораше да биде едноставен, евтин за примена и на крајот транспарентен и разбирлив за даночните обврзници. Даночната основица требаше да биде што поширока со што помал број на исклучоци, за да се минимизираат мотивите за избегнување данок и сивата економија. Даночните стапки мораа да бидат ниски за да се стимулира бизнисот и постигне дополнителен раст. Најдобро решение за сите наведени цели беше единствената даночна стапка на доход. Ваков даночен систем Естонија воведе на 1 јануари 1994 година, а истиот доведе до зголемена ефикасност во работата на Даночната управа и усогласеност на даноците. Оваа реформа ја погоди сивата економија, а државните приходи забележаа рапиден пораст. Освен тоа, силен раст беше остварен и во економските активности. Естонците видоа дека со повеќе работа

може да заработат повеќе пари, а притоа државата да не ги казни со поголеми даноци. Сето тоа беше можно благодарение на новиот даночен систем. Основани беа илјадници мали и средни компании, ресторани, хотели и продавници. Во Естонија во 1992 година имало 2.000 компании, додека само две години подоцна нивниот број се искачил на 70.000. Естонија стана држава на претприемачи. Иницијативата граѓаните да ја преземат одговорноста за својата иднина им помогна на Естонците да го решат проблемот со масовната невработеност. Воведувањето единствена даночна стапка се покажа толку успешно што многу други држави како Литванија, Латвија, Русија, Украина, Грузија и Романија го копираа овој начин на оданочување. Споредувајќи ги државите на Средна и Источна Европа со единствени даночни стапки (Естонија, Литванија и Латвија) со слични држави (Словенија, Полска, Унгарија, Словачка и Чешка) што имаа диференцирани даночни стапки, гледаме дека овие првите се развија многу побрзо во првите години од воведувањето на ваков даночен систем, но исто така и во периодот од 2003 до 2005 година.

Естонското чудо

Радикалните реформи што траеја речиси 15 години, почнувајќи од 1992-та, Естонија ја променија до непрепознатливост. Таа ја загуби секоја сличност со државата каква што беше за време на комунизмот. Прогласена е за првата комунистичка земја што доби статус на слободна економија. Сега таа е една од најслободните држави во светот, а исто така, како резултат на оваа фасцинантна трансформација бележеше најбрз економски раст во цела Европа. Сега влегува во групата на развиени земји со ниска стапка на невработеност и инфлација, а животниот стандард е рапидно зголемен. Буџетот не само што е врамнотежен, туку и остварува вишок приходи. Освен тоа, Естонија помина низ неколку социјални реформи, како што се оние на здравствениот пензискиот систем, и стана членка на НАТО и ЕУ. Забележан е и исклучителен напредок во модерната технологија. Значи, Естонија е пример дека ништо не е невозможно и дека вистинските луѓе со голема визија и силна волја можат да направат незамисливи работи. nnn

РЕЦЕПТ: ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВО, НИСКА КОРУПЦИЈА И ЕКОНОМСКА СЛОБОДА



www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

34

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА

ВИЗИЈА ЗА ГРАД НА ИДНИНАТА

ДУБАИ ПЛАНИРА Д BLOKCHAIN ПРЕСТО

Д

Дубаи за многу кратко време успеа да се наметне како глобален трговски и финансиски центар. Но, властите во Дубаи како да не се задоволни со овој успех. Тие засилено работат на воведување на blokchain тхнологијата како основа на нивната економија, со што уште повеќе ќе го подобрат статусот на Дубаи како град на иднинатата. Blokchain технологијата има потенцијал да го поедностави чувањето на податоци и транспортот на стоки и услуги низ целиот свет. Заедно со напредната транспортна инфраструктура и ниските даноци, воведувањето на Blokchain ќе направи од Дубаи многу сигурна, доверлива и бизнис-пријателска средина за бизнисите од целиот свет.

Заедно со напредната транспортна инфраструктура и ниските даноци, воведувањето на Blokchain ќе направи од Дубаи многу сигурна, доверлива и бизниспријателска средина за бизнисите од целиот свет. Иако blokchain е познат како технолошка база за дигиталната валута биткоин, самата технологија може да има многу поширока функција. Blockchain им дозволува на корисниците да споделуваат и следат информации од трансакции и договори користејќи дигитални записи, а сите податоци се сигурни, верификувани и трајни. Со користењето на blokchain како база за приватните бизниси и владините услуги во Дубаи, провизиите за услугите и трансакциите ќе бидат многу поевтини. На кратко, правењето бизнис во Дубаи ќе

се стане многу поедноставно и поевтино за сите видови на бизниси. “Сакаме Дубаи до 2020 година да стане прв град во светот во кој власта и бизнисот ќе работат на blockchain технологија”, изјавува за The Wall Street Journal Аиша Бин Бишр, генерален директор на Smart Dubai, владин оддел одговорен за поддршка на иновации. Оваа посветеност на користењето на blockchain и на државно ниво го прави Дубаи прв град во светот кој ја промовира оваа технологија на овој начин. Во март годинава веќе почнаа и

ВИЗИЈА: BLOKCHAIN ЌЕ ГО НАПРАВИ ДУБАИ СИГУРНА С


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

35

Smart Dubai, владин

оддел одговорен за поддршка на иновации преку кои се имплементираат сите проекти кои треба Дубаи да го напрааат град на иднината.

До 2030 година

се планира 25% од патниот транспортен систем да користи вештачка интелигенција и да биде речиси целосно автоматизиран.

Сакаме Дубаи до 2020

година да стане прв град во светот во кој власта и бизнисот ќе работат на blockchain технологија, изјавува за The Wall Street Journal Аиша Бин Бишр, генерален директор на Smart Dubai.

Дубаи е исто така

домаќин на Паметните палми, или 3D печатени дрва од палми со еден вид на пластични влакна кој имаат функција на технолошки хабови низ градот. Овие дрва обезбедуваат бесплатен бежичен интернет, важни информации за градот и полнење на разни уреди кои функционираат на на соларна енергија.

ДА СТАНЕ ПРВА ОЛНИНА ВО СВЕТОТ подготовките за воведување на оваа иновација кои се предводени од Smart Dubai. Властите прво ќе ги едуцираат приватниот и јавниот сектор за потенцијалот на blockchain технологијата. Потоа планирано е и одржување на работилници со клучните играчи, од приватниот и јавниот сектор, за да се идентификуваат кои услуги можат најдобро да бидат извршувани со blockchain со цел да се постават приоритети за имплементацијата. Кога овие напори ќе бидат финализирани, Smart Dubai предвидува дека кон крајот на годината може да се почне со почетната примена на оваа технологија со соработка на приватниот и јавниот сектор. Исто така предвидено е да се изгради споделувачки Blockchain како платформа на услуги за имплементирање на владини проекти.

Град на иднината

Визијата на Дубаи да стане град на иднината оди многу подалеку од вовдувањето на бlockchain економија. До 2030 година се планира 25% од патниот транспортен систем да користи вештачка интелигенција и да биде речиси целосно автоматизиран. Користењето на кровови за соларна енергија ќе биде задолжително до 2030 година, до кога државата планира да достигне 25% од нејзината цел која гласи до 2050 година 75% од енергијата која се троши во Дубаи да се добива преку соларна енергија. Во 2020 година е планирано во Дубаи да се отвори и најголемата во светот соларна електрана со моќност од 1000 MW. Дубаи е исто така домаќин на Паметните палми, или 3D печатени дрва од палми со еден вид на пластични влакна кој

СРЕДИНА ЗА СИТЕ БИЗНИСИ

имаат функција на технолошки хабови низ градот. Овие дрва обезбедуваат бесплатен бежичен интернет, важни информации за градот и полнење на разни уреди кои функционираат на на соларна енергија. Дубаи исто така ќе биде дом и на првите во светот 3D печатени облакодери, првите 3D печатени канцеларии кои се веќе во употреба. Се планира и воведување на хајперлуп, а за таа цел Дубаи ги кани најдобрите светски претпримачи и иноватори од целиот свет да придонесат со идеи за технички решенија. “Имаме многу јасна цел да го направиме Дубаи престолнина на Blockchain индустријата. До 2020 година ќе имаме владини услуги и трансакции кои ќе можат целосно да се реализираат преку blockchain технологијата”, вели Бин Бишр. nnn


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 25 АВГУСТ 2017

ЕДНОДНЕВЕН ТРЕНИНГ ЗА СОВЛАДУВАЊЕ НА АЛАТКАТА PREZI:

ВЛЕЗЕТЕ ВО МАГИЧНИОТ СВЕТ НА PREZI, ЗАБОРАВЕТЕ ГИ POWERPOINT ПРЕЗЕНТАЦИИТЕ  29 август 2017 година  10:00-15:00 часот

Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Prezi e комуникациска (презентациска) алатка која ќе ви помогне да ги организирате, презентирате и споделите вашите идеи со додавање на високо квалитетни анимирани графици и движење низ слики коишто ќе дaдат живост во вашата презентација. Гледањето слика може да замени илјада зборови, овозможувајќи им на луѓето да ја видат, разберат и запомнат.

ЦЕЛИ И ПРИДОБИВКИ ОД ТРЕНИНГ ПРОГРАМАТА:  Осознавање на придобивките од софтверот за презентирање Prezi  Совладување на техниките на работа во Prezi

 Развивање на вештини за работа во софтверот  Стекнување на знаење за презентирање и визуелна комуникација со потенцијалните клиенти  Примена на современ начин на визуелна комуникација во компанијата и надвор од неа.

ПРЕДАВАЧИ:

М-Р ИРЕНА БОГОЕВСКА магистер по економски науки од област на маркетинг на Економски факултет – Скопје.

М-Р БОЈАНА ДЕЛИДИНКОВА магистер по економски науки од област на МБА-Менаџмент на Економски факултет – Скопје.

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова e-mail: institut@koncept.com.mk 02 3128 526 070 272 207



Капитал број 929/930 18.08.2017

38

www.kapital.mk

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

ВИЗИЈАТА НА ИЛОН МАСК ЗА ЧОВЕЧКА КОЛОНИЗАЦИЈА НА МАРС


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

39

Покрај развојот на неколкукратните ракети, електрични автомобили, револуцијата со соларната енергија, тој исто така е прилично гласен за воспоставување на човечка колонија на Марс. Целта на оваа негова последна визија е да се обезбеди преживување на човечката раса преку креирање на резервна локација на Земјата.


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

40

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

МАСК: Веруваме дека многу поодамна Марс бил многу посличен со Земјата. Можеме повторно да го загрееме Марс, и повторно да има полесна атмосфера и течни океани

И

Илон Маск никогаш не бил од оние луѓе кои долгорочните планови ги чува само за себе. Покрај развојот на неколкукратните ракети, електрични автомобили, револуцијата со соларната енергија, тој исто така е прилично гласен за воспоставување на човечка колонија на Марс. Целта на оваа негова последна визија е да се обезбеди преживување на човечката раса преку креирање на бекап локација. Во јунското издание на New Space беше објавен неговиот есеј под наслов “Making Humans a Multi-Planetary

Species” (“Како луѓето да се направат мулти-планетарна раса”), во кој тој ги објаснува сите аспекти од неговата предлог идеја за мисија на Марс. Овој текст е всушност скратена верзија од презентацијата на Маск за време на 67-от Конгрес на Меѓународниот Астронаутски Конгрес, кој се одржа во септември 2016 година во Гвадалахара, Мексико, а во која се содржани неговите размислувања како колонизацијата на Марс да се реализира во овој век и кои прашања треба да бидат адресирани за тоа да се исполни. Во него се содржани и трошоците за праќањето на луѓе и опрема на Марс, техничките детали за ракетите и возилата со кои би се правело патувањето...Но, секако тој се осврнува и клучните филозофски прашања “Зошто да се оди?” и “Зошто токму Марс?”. Првото прашање е еден од најзначајните аспекти на

истражувањето на вселената. Се сеќаватe ли на легендарната изјава на Џон Ф.Кенеди “Ние избравме да одиме на Марс”?. Покрај обична декларација на намера, овој говор на Кенеди беше оправдување на администрацијата на Кенеди за сето време, енергија и пари кои беа одвоени за мисијата Аполо. Покрај се друго, говорот на Кенеди потенцираше зошто мисијата на Месечината бил благороден потег. Одговарајќи за Марс, Илон Маск имаше сличен тон, потенцирајќи ја човековата потреба за преживување со проширување кон Вселената. “Мислам дека има две основни патишта. Историјата ќе се развива во две насоки. Едниот е да останеме на Земјата засекогаш и некогаш да се случи некој настан за исчезнување на човештвото. Немам некое пророштво за таков катастрофичен настан, но историјата ни сугерира дека ќе има некој таков настан. Алтернативата е да

МАСК: ДА ИСЧЕЗНЕМЕ ИЛИ ДА СТАНЕМЕ НОСИТЕЛИ Н


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

41 Според проценките на Маск , Интерпланетарното вселенско летало ќе биде во можност да пренесува карго товар до 450 тони до Марс, а транспортот во еден правец од Земјата до Марс ќе трае 80 денови, со претпоставена брзина од 6 километри во секунда. Но, со текот на времето Маск се надева патувањето да се скрати на 30 денови.

станеме носители на цивилизацијата и мултипланетарна раса, што се надевам дека се согласувате, е правилниот начин кон кој треба да се насочиме”, смета Маск. Но, објаснувањата зошто токму Марс, малку потешко се продаваат. Марс има многу сличности со Земјата, и затоа често се нарекува близнак на Земјата, заради што отсекогаш бил таргет за истражување. Но, има и некои толку големи разлики, кои долгорочниот престој на Марс го прават нималку привлечен. Заради што се наметнува прашањето зошто Марс би бил природен избор? Како што објаснува Маск, близината на Марс до Земјата има големо значење. Секако дека Венера е поблиска до Земјата отколку Марс. Но, непријателската средина на Венера е многу добро документирана и вклучително и супер тешка атмосфера, висока температура која може да

истопи и железо и дождови со сулфурна киселина. Меркур е исто така премногу жежок и без кислород. Тоа според Маск, не остава со само две опции во блиска иднина. Едната е Месечината, на која е можно да има перманентна населба во следните години. Веќе има многу такви планови помеѓу разни меѓународни институции. Но, споредено со Марс, Месечината е посиромашна со ресурси, нема атмосфера и има големи разлики во поглед на гравитацијата и должината на денот. Тука лежи најголемата причина за да се оди на Марс, што е факт дека нашите опции се лимитирани и дека Марс е најсличен со Земјата во споредба со сите други тела кои ни се постигливи. “Ние сега веруваме дека многу поодамна Марс бил многу посличен со Земјата. Можеме повторно да го загрееме Марс, и повторно да има полесна атмосфера и течни океани.

Марс е на оддалеченост од Сонцето колку половина од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето, па има пристојна светлина. Малку е ладно, но можеме да го загрееме. Атмосферата може да биде од корист, во основа CO2 со малку нитроген и аргон и уште некои други елементи во трагови, што значи со компресирање на атмосферата можеме да одгледуваме и растенија. Би било многу забавно да си на Марс бидејќи има гравитација која е 37% од онаа која постои на Земјата, па би биле способни да кревате тешки работи и да скокате наоколу. Исто така должината на денот е приближно исто колку и на Земјата. Само треба да ја промениме популациите, бидејќи моментално има седум милијарди луѓе на Земјата и ниту еден на Марс”, вели Маск. Природно, не можеме да очекуваме ниту една мисија да се случи без потребните превозни средства. Тој за време на својот настап ги откри

НА ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА И МУЛТИПЛАНЕТАРНА РАСА


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

42

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

“Мислам дека има две основни патишта. Историјата ќе се развива во две насоки. Едниот е да останеме на Земјата засекогаш и некогаш да се случи некој настан за исчезнување на човештвото. Немам некое пророштво за таков катастрофичен настан, но историјата ни сугерира дека ќе има некој таков настан. Алтернативата е да станеме носители на цивилизацијата и мултипланетарна раса, што се надевам дека се согласувате, е правилниот начин кон кој треба да се насочиме”, смета Маск. плановите на неговата компанија SpaseX за формирање на Интерпланетарен Транспортен Систем. Апдејтираната верзија на Колонијалниот транспортер Марс ( за кој Маск почна да зборува уште во2012 година) би се состоела од два главни делови-повеќекратен бустер за ракети и Интерпланетарно вселенско летало. Процесот за пристигнување на Марс со овие компоненти би се состоел од неколку чекори. Прво, двете компоненти, бустерот за ракети и вселенското летало полетуваат заедно и леталото влегува во орбитата. Потоа лансирачот за ракети се враќа на Земјата за повторно да се товари со танкер, кoj се лансира во вселената. Танкерот потоа се полни со гориво за патување кон Марс. Овој процес ќе се прошири и ќе може повеќе вселенски летала да патуваат неколкукратно на Марс секои 26 месеци. “Што се однесува до структурата на ракетата, таа ќе се состои од надворешност од напредни карбон влакна. Што се однесува до вселенското летало, тоа ќе може да

собере до 100 патници или максимум би се зголемувало до 200 патници по лет во предниот дел, додека потребниот карго товар за да изгради колонијата на Марс ќе бидат во долниот дел од леталото. Додека трае патувањето за да не им биде досaдно на патниците ќе има филмови, сали за предавања, кабини и ресторани. Движењето низ вселенското летало ќе биде забавно заради фактот дека ќе има нулта гравитација”, објаснува Маск. Во рамки на вселенското летало ќе има и танкери со кислород. Според проценките на Маск , Интерпланетарното вселенско летало ќе биде во можност да пренесува карго товар до 450 тони до Марс, а транспортот во еден правец од Земјата до Марс ќе трае 80 денови, со претпоставена брзина од 6 километри во секунда. Но, со текот на времето Маск се надева патувањето да се скрати на 30 денови. Неговите проценки се дека со сета оваа технологија ќе може да се воспостави прилично голема човечка колонија за релативно кратко време. Волшебната бројка се движи околу 1 милион луѓе,

што би било една одржлива колонија на Марс. Тој признава дека ова е прилично голем предизвик и дека би можело да помине еден век додека не се комплетира целосно. “Ако можете да одите на секои две години и ако имате капацитет од 100 луѓе по едно вселенско летало, тогаш би ни биле потребни околу 1.000 летала за да се заврши оваа мисија. Мора да се признае дека ќе биде потребно време за да се изградат 1000 летала. Колку време ќе биде потребно да се достигне таа бројка од милион луѓе, од моментот на полетувањето на првото летало кон Марс, ако се имаат во предвид сите овие работи, тогаш сигурно ќе бидат потребни од 40 до 100 години за да се изгради една одржлива цивилизација на Марс “, објаснува Маск. Кога Интерпланетарниот транспортен систем ќе биде готов, лансирањето ќе се прави на Кенеди Спејс Центарот во Флорида, кое моментално фирмата на Илон Маск, SpaceX го користи за лансирање на нивните ракети. Секако најголемата печка околу човечката колонизација на Марс е

МАСК: ТРОШОЦИТЕ ЗА КАРТА ДО МАРС БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ НАМАЛАТ ДО НИ


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

43

трошокот на мисијата. Од денешен аспект, користејќи ги моменталните методи, праќањето на 1 милион луѓе на Марс е мисија која едноставно не можеме да си ја дозволиме. Бидејќи според проценките на Маск, трошокот за Мисијата на Марс би чинела околу 10 милијарди долари по човек, а целиот трошок на мисијата би изнесувал помеѓу 100 до 200 милијарди долари. Тоа според сите пресметки е преголем трошок за креирање на човечка колонизација од милион луѓе на Марс. Целта на Маск е да се намали трошокот за транспортирање на луѓе на Марс. Тој е фокусиран кон намалување на трошоците поврзани со лансирањето на ракети и од таа причина тој ја креирање компанијата Space X и почна со развивање на технологија кој би можела неколкукратно да се користи. Како и да се трошоците за карта до Марс би требало да се намалат до ниво колку што чини една просечна куќа или околу 200.000 долари. Има неколку стратегии како ова може да се направи, кои веќе се разгледуваат од страна на Маск и НАСА. Тие вклучуваат целосна и неколкукратна искористливост на

ракетата и карго модулот. Полнењето со гориво во орбитата е втора фаза, што значи дека вселенското летало нема да мора да го носи целото гориво се себе уште од Земјата. И на крајот мора да се воспостави некаква опција за полнење со гориво на вселенското летало да се прави и на Марс за повратното патување кон Земјата. Овој концепт бил истражуван и порано за мисиите на Месечината и Марс. И во случајот на Марс,присуството на атмосферски и смрзнат CO2 и вода и во земјата и на деловите кои се покриени со мраз, би значело дека горива од метан, кислород и водород би можеле да бидат произведени. Има и дилеми околу тоа кое гориво би било најдобро, керозин, водород и метан. Сите овие имаат свои предности и би можеле да се произведат на Марс. Но, според кост-бенефит анализата, Маск тврди дека метанот би бил најефикасно гориво. Како и секогаш, Маск го покренува прашањето за времето со кое би се случувале следните чекори. Според него, развивањето на Интерпланетарно вселенско летало би

можело да се реализира во следните четири години, по што ќе следат суборбитални тест летови. Исто така, интерпланетарното летало би можело да се користи и за комерцијални летови за брз карго транспорт низ светот. За да се стават сите компоненти од процесот на транспортирање на луѓе на Марс би бил потребен период од околу 10 години. Илон Маск се надева и на други мисии и на други дестинации низ соларниот систем, како месечините на Јупитер и Сатурн и некои други дестинации, на кои ако не човечки колонии би можеле да се постават станици за производство на гориво од кои би се дополнувале вселенските летала на патот до подалечни летови во соларниот систем Објавувањето на овој есеј на Маск во јавноста предизвика различни реакции, од одобрување до скептицизам. Но, Илон Маск е познат по неговите големи идеи и сонови. Ќе биде многу интересно да се види дали тој ќе може својата компанија SpaceX, која ја основаше пред 15 години, да ја стави во функција на истражувањето на Марс и да стане предводник на процесот на човечка колонизација на Марс. nnn

ИВО КОЛКУ ШТО ЧИНИ ЕДНА ПРОСЕЧНА КУЌА ИЛИ ОКОЛУ 200.000 ДОЛАРИ


ШТО ДОБИВАТЕ СО ОН-ЛАЈН ПРЕТПЛАТА НА КАПИТАЛ: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал

заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

до електронското 3. Пристап издание од било каде во Светот

ШТО ДОБИВАТЕ СО ПРЕТПЛАТА НА ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ:  49 броја на редовното издание на Капитал  45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал  Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа  Платена поштарина  Вклучено ддв  Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози



www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

46

СТРЕС МЕНАЏМЕНТ

КАКО УСПЕШНИ БИЗНИСМЕНИ СЕ СПРАВУВААТ СО СТРЕС?

Н

е постои човек на планетата што од време на време не се чувствувал под стрес. Eдно истражување покажува дека 47% од луѓето чуствуваат одредена форма на стрес секој ден. Но најуспешните луѓе наоѓаат начин како да се справат со истиот и да останат со ладна глава, смирени и успешни на работа. Текстот подолу, ги истакнува лекциите што ги научиле познатите извршни директори во светот како Илон Маск и Бил Гејтс низ годините.

Џеф Безос

основач и извршен директор на Амазон

Преземајте акции

„Стресот најчесто доаѓа кога не преземате акција околу нешто на кое имате до некаде контрола... Штом ќе го идентификувате, и го направите првиот телефонски повик или го пратете првиот и-мејл, драматично го намалува стресот што може да дојде од тоа“. Идентификувајте го проблемот, преземете контрола и дејствувате. Со тоа што ќе го препознаете, а потоа го остранете стресот или стресната ситуација, ќе се чувствувате дека имате контрола на се и работите со мирна глава.

Бил Гејтс

ко-основач и поранешен извршен директор во Мајкрософт

Направи го едноставно „Можноста да ги оладиш работите, и само да работиш на она што навистина е значајно, да размислуваш од почеток... оа е специјалната формула на еден генијалец“. Тоа значи дека кога притисокот ќе почне да расте, намалија возбудата околу тоа и рефокусирај се на работите кои треба да ги завршиш. Држејќи ги работите едноставни ќе ви помогне да се сконцентрирате на работата и да чувствувате дека лесно менаџирате со стресот.

Илон Маск

ко-основач на ПејПал, извршен директор на Тесла Моторс

„Луѓето треба да го игнорираат стравот ако тој е нерационален. Но дури и да е рационален, сепак е важно да продолжите понатаму“. Место да дозволите стресот да влијае на вашиот прогрес, игнорирајте го и продолжете понатаму. Со самото тоа што ќе продолжите и нема да се грижите, ќе се ослободите од стресот, и нема да го чувствувате теретот врз вашиот грб.


УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК!!!

ПОЧЕТЕН КУРС ЗА СЛОВЕНЕЧКИ ЈАЗИК (ЗА ИДНИ СТУДЕНТИ И СИТЕ ОНИЕ КОИШТО САКААТ ДА ГО НАУЧАТ СЛОВЕНЕЧКИОТ ЈАЗИК) Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Курсот за словенечки јазик е наменет пред сè, за почетници на кои им е потребно да го научат или да го збогатат своето познавање за комуникација на овој јазик. Курсот е особено погоден за сите матуранти и заинтересирани лица за студирање во Словенија, бидејќи за 36 часа ќе се стекнат со основни познавања на јазикот, но и со посебен вокабулар соодветен на студиите коишто ќе ги слушаат во Словенија.

КОИ ЗНАЕЊА ЌЕ СЕ ПОСЕДУВААТ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА КУРСОТ?

 Правилна усна и писмена коресподенција  Проширување на својот вокабулар (речник со

професионални изрази)

 Корегирање на најчестите граматички грешки

кои се јавуваат во комуникацијата

 Подобрување на способноста за усна

комуникација (говорење)

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: e-mail: institut@koncept.com.mk  02 3128 526  070 272 207

Грижете се за з равјет на Вашата к жа

КОМПЈУТЕРСКА ДЕРМАТОСКОПИЈА НА БЕНКИ

Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски


www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

48

СТРЕС МЕНАЏМЕНТ Ричард Брансон

Сузан Војцицки

Вирџин Груп

извршен директор на ЈуТјуб

Приоритети

Создадете баланс

„Ако го изгубам целото царство Вирџин утре, тогаш ќе одам и ќе живеам на пример на Бали. Но, ако имам проблем со моето семејство, или здравје ... е тоа е веќе проблем“.

„Многу е важно да се одморите, и понекогаш додека одморите добивате многу повеќе видици како да се справите со проблемите“. Ако постојано работите тоа ќе доведе до ефект на согорување и ќе ја поткопа вашата продуктивност. Со тоа што ќе земете одмор и направете пауза од работа ќе направите баланс меѓу работата и личниот живот ќе се чувствувате освежени и полни со енергија.

Запомнете што е важно. Застанете и размислите кои проблеми се навистина стресни, имајќи ги предвид важните работи во животот: здравјето и фамилијата. Кога ќе го сфатите ова помалку ќе се нервирате на работа.

Стив Џобс

ко – основач и претседател на Епл

Џек Дорси ко-оновач на Твитер

Планирајте однапред „Стресот најчесто доаѓа од работи кои не сте ги очекувале дека ќе дојдат... Колку повеќе поставете темпо околу она што го правите и колку повеќе ритуали и постојаност создавате во вашите дневни обврски, толку помалку стрес ќе имате“. Создадете си ритампланирајте однпред и работите според структуриран распоред. Зголемувањето на постојаноста во вашата рутина ќе го поттикне фокусот и ќе ја зголеми вашето разбирање на сликата во целост.

Медитирајте

„Ако само седете и набљудувате, ќе видете како неуморна е вашата глава. Ако се трудите да се смирите, ќе направите само полошо, но со време навистина се смирувате... Вашата глава почнува да се смирува, и гледате одлично пространство и широчина за момент. Односно, гледате многу повеќе отколку што сте можеле да видите претходно, кога сте биле под стрес“ Ова значи дека потребно е да ја релаксирате вашата глава. Имајте момент да направите ретроспектива на актуелните потешкотии со кои се соочувате и тоа ќе го намали стресот, ја подобрува јасноста и ви ја поттикнува креативноста.



www.kapital.mk

Капитал број 929/930 18.08.2017

50

ЛИДЕРИ

КЕВИН СИСТРОМ КО-ОСНОВАЧ НА INSTAGRAM

ОДЛИЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ СЕ ПРОДАВААТ САМИ

К

Кевин Систром е американски претприемач и програмер, познат во јавноста на ко-основач на Instagram. По дипломирањето на Универзитетот Стенфорд тој се придружил на тимот вработени во Google, како помошник за маркетинг на производи, работејќи истовремено на Gmail. Google Calendar и други производи.

Instagram е нова форма на комуникација која е идеална во денешниот свет на социјални медиуми кога паметниот телефон ви е секогаш во рака.

Во 2010 година Систром заедно со Мајк Кригер го основаат Instagram, во почеток како платформа за размена на фотографии, а подоцна и за споделување и на видеа. Во 2012 година Instagram беше купен од страна на Facebook за 1 милијарда долари. Еве некои од размислувањата на Систром за тоа како се прави успешен стартап и производ кој се продава:

Правете го тоа што го сакате, тоа е многу позначајно отколку било кој друг показател.

Ако имате идеа, почнете денес. Нема подобро време од сега за да се почне со реализација. Тоа не значи да дадете отказ и да скокнете со идејата 100% уште од првиот ден.

Секој стартап треба да задоволува некоја реална и веќе демонстрирана потреба во светот. Ако изградите решение за проблем кој го имаат многу луѓе, тогаш продажбата на производот низ целиот свет ќе оди многу лесно.

Секогаш сум на страната на луѓето кои се уметници во својата област. Луѓе кои разбираат дека едноставно со претворањето на идеите во реалност се создава новата вредност во светот.

Ако правевме производи за огласувачите, никогаш немаше да имаме корисници и потрошувачи.


HOTEL, FITNESS & SPA

УНИКАТНО ИСКУСТВО ВО ЦЕНТАРОТ НА ВИНИЦА Хотел Централ лоциран во строгиот центар на Виница е топло уреден и декориран со цел да го понуди најдоброто од удобноста и комфорот и да ги исполни очекувањата за урбано хотелиерство и угостителство. Хотелот располага со 22 луксузно опремени соби наменети за туристи, бизнис и семејни посетители во Источна Македонија. Секоја од гостинските соби и апартмани е стилски уредена со елегантен мебел и функционална бања, фен за коса, мини бар, сеф, ТВ, телефон, бесплатен безжичен интернет и избор на кафе и чај. Во склоп на хотелот се наоѓа фитнес центарот “Централ Gym & Fitness” кој веќе со години е избор на сите љубители на здравиот животен стил во регионот и на сите оние кои сакат да бидат во форма. Сега имате нова причина да ја посетите Виница, а по заминувањето ќе имате уште повеќе причини повторно да се вратите. ул. „Пионерска“ бр.2, 2310 Виница, Македонија Тел: +389 33 360022 Факс: +389 33 362022

HotelCentral

hotel@central.mk

www.central.mk



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.