931 932 kapital magazin

Page 1

КАКО РАБОТЕШЕ МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ? НЕКОЈ РАБОТИ ДОБРО БЕЗ ВЛАДА!

СКАНДАЛ ВРАБОТЕНИ ВО УЈП АМНЕСТИРАЛЕ КОМПАНИИ ОД ПЛАЌАЊЕ ДАНОК

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

ИНТЕРВЈУ ФРЕНСИС ФУКУЈАМА: ПОПУЛИЗМОТ НЕМА ДА ЈА ПОТКОПА ГЛОБАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА!

WWW.KAPITAL.MK

ПОПУЛИСТИЧКИТЕ ПОЛИТИКИ ТРОЈНО ГО ЗГОЛЕМИЈА ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ! ПОТРЕБНА Е ИТНА

2011

2012

343 2013

2014

2015

2016

463

433

388

2010

255

2009

374

2008

231

2007

229 167

2006

170

153

ТРАНСФЕР ОД БУЏЕТ ЗА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ (во милиони евра)

287

РЕФОРМА! 2017

ПОЛИТИКА

ОД КАДЕ И КАКВИ ПРОБЛЕМИ МОЖЕ ДА ОЧЕКУВА МАКЕДОНИЈА СО ПРИБЛИЖУВАЊЕТО ДО ЧЛЕНСТВО ВО НАТО? БРОЈ 931/932 | ЦЕНА 100 ДЕН. 1/8 СЕПТЕМВРИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

10 НАЈВИСОКО - ТЕХНОЛОШКИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ



3

Капитал број 931/932 01.09.2017

СОДРЖИНА

12 04 06 12 18

ВО ФОКУС

Меркел најавува укинување на санкциите кон Русија и отворени врати за бегалците!

НАВИГАТОР

Вработени во УЈП амнестирале компании од плаќање данок Истрагата за неплаќање данок се проширува

26 26 30

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

Популистичките политики тројно го зголемија пензискиот дефицит ! Потребна е итна реформа!

КАКО ПОМИНАВТЕ НА ПОЛУГОДИЕ?

Од каде и какви проблеми може да очекува Македонија со приближувањето до членство во НАТО?

INTERVIEW

36 38

 Стр.12

INTERVIEW

НАДЈА ПЕТРОВИЌ ликовен уметник

Во глобализиран свет местото на живеење како уметник не те ограничува

42

ТЕХНОЛОГИЈА

ЛИДЕРИ

БИЗНИС И ФИНАНСИИ

48 50

ЛИДЕРИ

Извозот и фискалните стимули ги движат економиите во централна Европа

СВЕТ БИЗНИС

Јужнокорејскиот технолошки џин ги обедини силите со јапонска Takeda

ПЕНЗИСКА БУЛА

Добар дел од најголемите македонските акционерски друштва чии што полугодишни финансиски резултати ги проверивме на Македонската берза, имаат исти или поголеми приходи од продажба како и минатата година, иако првите шест месеци од 2017-та земјава ги помина практично без Влада и во услови на тешка политичка криза. Металурзите имаат поголем извоз, но и зголемени трошоци за суровини што им ја јадат добивката; прехранбената индустрија и покрај поголемите продажби, има помали добивки заради натрупаните залихи и финансиски расходи; фармацевтските фабрики продолжуваат со стабилниот раст...

40

автор и професор по политички науки на Stanford University

ФРЕНСИС ФУКУЈАМА

Популизмот нема да ја поткопа глобалната демократија

COVER STORY

Како дишеше македонската индустрија во првите шест месеци Некој добро работи и без влада

ПОЛИТИКА

30

За да се исплатат пензиите на сите пензионери, годинава од буџетот ќе мора да се одвојат 463 милиони евра. Трансферот на пари од државниот буџет кон Фондот за пензиско осигурување е речиси тројно зголемен во периодот од 2006 до 2016 година, пред се заради неоснованото и популистичко зголемување на пензиите од страна на претходната власт, во време кога приливите во Фондот се намалуваа. Доколку новата Влада не најде начин да го сопре зголемувањето на “дупката” во Фондот, останува сосема неизвесно до кога од буџетот ќе може да се одвојуваат пари за пензии и дали ќе има пари за идните пензионери?!  Стр. 18

Од Лондон до Сингапур Највисокотехнолошките градови во светот Рекоа за... неуспехот и стравот од него ТОНИ РОБИНС

претприемач, автор и мотивациски говорник

Квалитетот на вашиот живот е всушност квалитетот на вашите врски со луѓето

СОПКИ ПРЕД НАТО

И покрај брзата сатисфакција што ја доби Македонија по дипломатскиот инцидент приреден од Србија, издејствувана (и) со одлучноста со која Западот ја брани својата стратегија за регионот, земјава не може да биде спокојна во однос на проблемите што со приближувањето кон членството во НАТО е логично да се очекуваат од факторите против ширењето на Алијансата. Дипломатскиот инцидент со Србија, виден од аспект на стратегиската определба на Македонија за членство во Европската унија и во НАТО, е уште еден показател дека е догледен крајот, особено на аспирацијата за зачленување во Алијансата.  Стр. 26

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 30.08.2017


Капитал број 908 24.03.2017

www.kapital.mk

4 ФОКУС ВО

ГЕРМАНИЈА НА ЕДЕН МЕСЕЦ ПРЕД ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

МЕРКЕЛ НАЈАВУВА УКИНУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА И ОТВОРЕНИ ВРАТИ ЗА БЕГАЛЦИТЕ!

МЕРКЕЛ: АКО СЕ ПРИМЕНАТ МИНСКИТЕ ДОГОВОРИ, ТОГАШ


www.kapital.mk

Капитал број 925/926 21.07.2017

ВО ФОКУС

5

ЦДУ на Ангела Меркел очекува победа под наметката на мирољубива програма, во која се предлага за секого по нешто. Нејзиниот конкурент од социјалдемократската партија, Мартин Шулц, е пред тежок избор: да се конфронтира и да ризикува губење гласачи од кампот на Меркел, или да ги имитира смирувачките манири на канцеларката, со што, пак, ќе им даде на гласачите малку причини да го изберат него место неа.

E

Европа се уште не ја одработила својата домашна задача во решавањето на бегалската криза, оцени германската канцеларка Ангела Меркел, на традиционалната летна конференција за новинари која се одржува само на месец дена пред парламентарните избори. Една од најбомбастичните изјави на Меркел беше најавата за укинување на санкциите кон Русија, а своја поддршка најави и за формирањето на Европски монетарен фонд Германската канцеларка Меркел стои на ставот дека е важно и исправно тоа што Германија ги прифати бегалците и другите мигранти во една сложена ситуација пред две години, но дека е исто така многу важно Германија да има долгорочно одржливи структури. “Европјаните можат да живеат во благосостојба и безбедност само ако гледаат подалеку од својот нос и ако се занимаваат со соседството и неговиот економски развој”, изјави Меркел, потенцирајќи дека проблемите не може да се решаваат изолирано. “Политиката кон бегалците е глобален предизвик. Не може едноставно да се изолираме”, вели Меркел. Зборувајќи за санкциите кон Русија, Меркел изјави дека укинувањето на санкциите ќе му користи и на Берлин и на Москва, но дека тие ќе останат на сила се додека Русија не ги исполни условите за нивно укинување. “Санкциите ќе бидат укинати кога веќе нема да постојат причини за нивно постоење. Економските санкции се воведени заради ситуацијата со Украина, посебно во регионите Доњецк и Луганск, каде Киев нема суверенитет над својата територија”, им објасни на новинарите Меркел. Според нејзе, ако неодамна прогласеното примирје во Донбас се покаже како одржливо, тоа ќе создаде услови за понатамошни политички одлуки. “Ако успееме да ги примениме Минските

договори, тогаш ќе се појави можност за укинување на санкциите”, најави Меркел.

Германија оди на избори на 24 септември.

Десноцентристичката Христијанскодемократската унија (ЦДУ) на Ангела Меркел очекува победа под наметката на мирољубива програма, во која се предлага за секого по нешто. Нејзиниот конкурент од социјалдемократската партија, Мартин Шулц, е пред тежок избор: да се конфронтира и да ризикува губење гласачи од кампот на Меркел, или да ги имитира смирувачките манири на канцеларката, со што, пак, ќе им даде на гласачите малку причини да го изберат него место неа, гласи коментар на The Economist. Засега Шулц изгледа дека ја избира полошата од двете опции. Обидите да испровоцира битка со Меркел, на пример, со тврдењата дека Германија е лошо подготвена за идната бегалска криза, го претставуваат како паничар. Истовремено, маркетиншките пораки и на двете партии се меки – ЦДУ повикува во „Германија сите да живееме добро и среќно“, а социјалдемократите прокламираат дека „иднината бара нови идеи, и некој што ќе ги реализира“. Меркел е ненадминат мајстор за надминување на разликите, и во 8 од 12-те години како канцелар, управуваше комфорно заедно со партијата од која доаѓа Шулц. Со исклучок на мали разлики, таа и Шулц делат ист светоглед: интернационален, пријателски кон бизнисот и социјалдемократски. Државата им е стабилна и успешна; земја на забревтани фабрики, на модерни возови и полни пабови. Па, штом нема поголеми проблеми, што во неа да се поправа? Но, ваквиот пристап би бил грешка – на долгорочен план Германија ќе се соочи со огромни предизвици, што ќе ги принудат нејзините лидери да направат тежок избор, што ќе ги подели. Францускиот претседател Емануел Макрон настојува да ја продлабочи интеграцијата на еврозоната на начин што Германците го доживуваат како посегање по нивните џебови. САД, пак, настојуваат расходите за одбрана на Германија да се зголемат од 1,2% на 2% од БДП. Во меѓувреме германските граѓани

изгледа се колебаат да ги поддржат сегашните воени активности, како распоредувањето трупи во Литванија. Во мај годинава само 40% од анкетираните од истражувачкиот центар Pew се согласиле за употреба на воена сила од страна на нивната држава со цел заштита на своите сојузници од НАТО при евентуален конфликт со Русија. Економските предизвици се исто така сериозни. Моќната германска автомобилска индустрија е поделена на картели. Таа ќе плати висока цена за минатите скандали со дизел моторите, а е исправена и пред дополнителни предизвици на револуцијата со електричните и автономните возила. Ниското ниво на инвестиции и високите трошоци за енергија на државата влијаат врз развојот на дигиталната и инфраструктурната конкурентска способност на Германија. Масло на огнот долева и конзервативното однесување кон некои нови технологии. Исто така, се менува и демографската структура на германското општество. Интеграцијата на 1,2 милиони бегалци, коишто пристигнаа во 2015 и 2016 година сè уште е во својата почетна фаза. Меѓутоа, во државата не се дебатира вистински за тоа како да се справи општеството со оваа задача. Левицата ја избегнува темата, а десницата едноставно предлага да се практикува традиционалното германско интегрирање на новодојдените во германската нација. Малкумина дискутираат за некаква пореалистична визија за хибридна фирма на германско интегрирање на мигрантите, а во меѓувреме германското општество станува се поизмешано и поинтернационализирано. Вистинската предизборна трка почнува деновиве, но досегашните индикатори – партиските програми, првите митинзи и интервјуа со политичарите, покажаа дека заспаната кампања во Германија ќе остави нечепнати многу тешки прашања. Загриженоста околу овие моменти не значи дека треба да се минимизира успехот и стабилноста на Германија. Но, драмите од 2015 година, вклучително и подемот на Алијансата за Германија (екстремната десница) покажуваат дека длабока политичка несигурност лежи под површината и дека гневот многу брзо може да избувне. nnn

Ш СЕ ПОЈАВУВА МОЖНОСТ ЗА УКИНУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ


www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СЛАВИ 40 ОБЈЕКТИ, 2700 ДОМОВИ И 1

> БРОЈКА

68%

од струјата потрошена во јули месец е произведена во Македонија

Турција се оддалечува со гигантски чекори од Европската унија!

ЖАН – КЛОД ЈУНКЕР

претседател на Европската комисија

А

дора инженеринг, една од најуспешните компании во високата градба во Македонија, одбележува 15 годишен јубилеј. Компанијата позната по подигнувањето на стандардите за квалитетно домување со примена на светските трендови е синоним за изградба на безбедни домови, докажано за прв пат со вештачки земјотрес и по воведувањето на еко домовите, за што го доби првиот енергетски пасош А-класа во Македонија.

СКАНДАЛ: ВРАБОТЕНИ ВО УЈП АМНЕСТИРАЛЕ КОМПАНИИ О

ИСТРАГАТА ЗА НЕПЛА ДАНОК СЕ ПРОШИРУ

В

Вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) помагале фирми да не плаќаат данок, а истрагата ќе покаже колку компании биле амнестирани од даноци и колку го оштетиле државниот буџет со тоа. Од УЈП велат дека истрагата за даночната шема за неплаќање даноци се проширува, и освен двајцата вработени, може да се

прошири и на уште неколкумина. Проценката е дека штетата на државата изнесува околу милиони денари. Имињата на фирмите не се обелоденуваат затоа што, според УЈП, се работело за даночна тајна. „Овие 37 фирми биле во привилегирана состојба, и преку електронскиот систем на УЈП имало посебна забрана за нив да се печатат опомени за неплатен данок на добивка. Ова се случувало во период од две години, кога даночните

обврзници биле изземени од постапки за присилна наплата на милионски долгови. Сите 37 фирми се од Скопје, меѓу нив има и државни и приватни компании, а дел од фирмите се познати на јавноста, а апсурдот да биде поголем, дел од нив се објавени и на листата на должници на УЈП“, изјави директорот на УЈП, Сања Лукаревска. Во случајов не се почитувани одредбите од Законот за Управата за јавни приходи и Законот за даночната постапка. Според овие


www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

7

15 ГОДИНИ СО ИЗГРАДЕНИ 12000 СТАНАРИ Енергетски ефикасните домови на Адора повеќекратно штедат енергија и пари за греење и ладење, нудејќи здраво и мирно домување со одлична звучна изолација, 80 % над македонските стандарди. Адора инженеринг позната како општествено одговорна компанија, има изградено 40 објекти со 2.700 домови и 12.000 станари. Јубилејната година е во знакот на довршувањето

на новиот урбан симбол на Скопје, комплексот Адора Flatiron, изградбата на Diamond Garden во Карпош-Тафталиџе и Рекреативниот комплекс Адора Илинден СкопјеДомот „Втора младост“. Ќе биде објавена и публикација за 15 годишниот развој на компанијата и четиридецениската плодна кариера на нејзиниот основач проф. д-р Ванчо Чифлиганец.

лидери

ОД ПЛАЌАЊЕ ДАНОК

АЌАЊЕ УВА

ФЕДЕРИКА МОГЕРИНИ

Шефицата на европската дипломатија истакна дека Балканот е приоритет на ЕУ

Вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) помагале фирми да не плаќаат данок, а истрагата ќе покаже колку компании биле амнестирани од даноци и колку го оштетиле државниот буџет со тоа. Од УЈП велат дека истрагата за даночната шема за неплаќање даноци се проширува и освен двајцата вработени, може да се прошири и на уште неколкумина. одредби, испраќање на опомена за плаќање на данок е законска обврска и УЈП има право 30 дена по доспеаноста на долгот присилно да го наплати долгот. Но, без опомена не е можно да се изврши присилна наплата. Во случајов се работи за злоупотреба на службената положба и непрофесионално работење. Истрагата за вработените во УЈП ќе се проширува. Дел од нив веќе се суспендирани од работа, а можен е и отказ од работа и покренување кривична постапка. „Никој нема да биде привилигиран надвор од законот, ниту даночните обврзници, ни бизнисите, сметководителите, граѓаните, а најмалку вработени во УЈП. Злоупотреба на положбата на даночниот службеник за остварување каква било корист за друго службено лице или за друго правно или физичко лице нема да се толерира и за сите инволвирани ќе бидат отворени постапки“, рече директорката на УЈП. Обвинителството води и предистражна постaпка, а се комплетира и целокупната документација поврзана со компаниите

кои во периодот од 2015 – 2016 година не плаќале данок на добивка. „Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на своите надлежности веќе оформи предмет со кој ќе се истражува постоење на евентуална кривична одговорност. По спроведената истрага во рамките на УЈП и самата институција доколку утврди постоење на елементи на кривични дела е должна да го извести Јавното обвинителство и да поднесе соодветна кривична пријава по која истото ќе постапува“, се вели во известувањето од ОЈО. Инаку, на листата на должници на УЈП кои управата ги објавува се наоѓаат четири и пол илјади фирми. Меѓу најголемите неплаќачи се триесетина јавни претпријатија меѓу кои и Македонија пат , МЖ Инфраструктура и Македонската радиотелевизија, а од од приватните компании најголем должник на данок е Отекс од Охрид. Покрај јавниот сервис, долг за данок имаат и две приватни телевизии, Алфа и Телевизија Нова. 

ЧЕДЕ ЈАНЕВСКИ

Новиот тренер на Вардар го постигна најголемиот успех во историјата на клубот.

не им беше неделата

ЛИ ЏЕ – ЈОНГ

Наследникот на бизнис империјата Самсунг го осудија на 5 години затвор заради корупција.

ДОНАЛД ТРАМП

Безмалку 70% од Американците сметаат дека претседателот може да ја вовлече земјата во меѓународен конфликт.


COVER STORY КАКО ДИШЕШЕ МАКЕДОНСК 8 Капитал број 931/932 01.09.2017

НЕКОЈ ДОБРО РАБОТИ И БЕЗ ВЛАДА

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

КАТА ИНДУСТРИЈА ВО ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ 9


www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

10

COVER STORY

Добар дел од најголемите македонските акционерски друштва чии што полугодишни финансиски резултати ги проверивме на Македонската берза, имаат исти или поголеми приходи од продажба како и минатата година, иако првите шест месеци од 2017-та земјава ги помина практично без Влада и во услови на тешка политичка криза. Металурзите имаат поголем извоз, но и зголемени трошоци за суровини што им ја јадат добивката; прехранбената индустрија и покрај поголемите продажби, има помали добивки или загуби заради натрупаните залихи, финансиски расходи и неисплатени субвенции; текстилците со помалку нарачки од странство; фармацевтските фабрики продолжуваат со стабилниот раст... пишува:

Игор Петровски

Н

igor.petrovski@kapital.mk

Неможност за формирање нова влада, крвав упад во парламентот, протести... ова беше општествениот амбиент во

коишто функционираше македонската економија првите шест месеци од 2017. Од компаниите апелираа што поскоро да се реши политичката криза за да може бизнисот нормално да функционира, но судејќи според резултатите што ги покажаа акционерските друштва котирани на Македонската берза, во чии што полугодишни извештаи јавноста има увид (извештаи коишто беа објавени на Берзата до 24.08., денот на затворање на овој текст, н.з.), периодот на функционирање практично без влада и не се одразил нешто посебно врз нивното работење, напротив,

добар дел од нив покажуваат и раст на продажбите и извозот. Ќе почнеме со претставниците на прехран-бената индустрија, којашто во вкупната преработувачка индустрија има најголемо учество, од 12%, според Заводот за статистика. Прилепска Витаминка во првите шест месеци има оперативни приходи од 862 милиони денари, што е речиси идентично како минатата година. Продажбата на домашниот пазар е порасната за 4% на 438,3 милиони денари, додека извозот е идентичен како и минатата година, и изнесува 403,2 милиони денари. Оперативните

ПОРАСТ: 1,2% ПОГОЛЕМО ИНДУСТРИСКО ПРОИЗВОДСТВО ВО ПРВО ПОЛУГОДИЕ



www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

12

COVER STORY: КАКО ДИШЕШЕ МАКЕДОНСКАТА ИНДУС

НАЈГОЛЕМИТЕ БАНКИ СО ПРОМЕНЛИВИ РЕЗУЛТАТИ

М

акедонските деловни банки минатата година ги срушија сите рекорди – на ниво на банкарска индустрија остварија вкупна добивка од 103 милиони евра, додека само петте најголеми банки, од вкупно 14, имаа чиста добивка од речиси 90 милиони евра, повисока од онаа во 2015 година за дури 30 милиони евра. Во првите шест месеци од годинава, забележлив е тренд на променливи резултати, поточно во делот на нето добивката кај најголемите домашни банки. Кај некои продолжува растот на заработката, поткрепен со растот на приходите од камати и провизии, додека кај други заради одвоените резервации како последица на влошување на состојбата со плаќање на кредитите од страна на корпоративниот сектор, нето добивката се топи. Па така, во првите шест месеци Стопанска Банка АД Скопје има нето добивка пред оданочување во износ од 1,3 милијарди денари, што е за 7,6% повеќе споредено со истиот период од минатата година, покажува билансот на успех. Нето приходите од камати се поголеми за 3,75% на 1,83 милијарди денари. Од провизии и надомести СБ има пораст

расходи на компанијата се покачени за 4% на 843,4 милиони денари, но оперативната добивка е намалена за 43%, на 18,5 милиони денари. Добивката пред оданочување изнесува 15,55 милиони денари, наспроти ланската од 32,8 милиони денари, што во компанијата го објаснуваат со негативното салдо на залихите на почетокот и крајот на периодот и зголемената амортизација на материјални средства.

Без субвенции најголемиот земјоделски комбинат во загуба

Производителот на месни преработки Пекабеско првото полугодие го завршил со пораст на приходите од продажба за 13%, на 2,07 милијарди денари. Расте продажбата и на домашниот и на странскиот пазар, којшто во моментов учествува со околу 10% во пласманите на компанијата. Пораснале и оперативните расходи на Пекабеско, и тоа за 17%, на 2,04 милијарди денари. Оперативната добивка на фирмата е 56,2 милиони денари, за 22% помалку од лани, додека по пресметувањето на финансиските приходи и расходи, билансот е 50,8 милиони денари добивка пред оданочување, што е за 16% помалку од лани. Најголемиот земјоделски производител во Македонија, ЗК Пелагонија, во првите шест месеци има оперативни

на нето приходите од скоро 4% на 477,2 милиони денари, како резултат на порастот на приходите од провизии за 3% и истовремено намалување на расходите за провизии за 5,8%. Останатите приходи од дејноста забележаа пораст 40,5 милиони денари, додека останатите расходи од дејноста забележаа пад за 2% и истите изнесуваа 497 милиони денари. Во првата половина на 2017 година СБ издвои исправка на вредност на финансиските средства во износ од 301, 8 милиони денари, што е повеќе за 13,6% во однос на истиот период од минатата година. НЛБ банката исто така има поголема нето добивка во првите шест месеци, и тоа за цели 61,5% на 929,7 милиони денари. Нето каматните приходи, заклучно со 30.06.2017 година се повисоки за 6,7% споредено со истиот период од претходната година, при што приходите од камати се пониски за 1,1%, главно поради пониска состојба на кредити од нефинансиски правни лица, додека расходите по камати се пониски за 24,7%. Нето приходите од провизии се повисоки за 4,8%, при што приходите од провизии се зголемени за 7,7% како резултат приходи од 454 милиони денари, за 6,3% повеќе од истиот период лани. Приходите од продажба се зголемени пред сè како резултат на зголеменото производство на млеко, објаснуваат од комбинатот. Расходите на компанијата се поголеми од приходите и изнесуваат 653,5 милиони денари. Кога ќе се додаде позитивната разлика помеѓу вредноста на залихите, се добива оперативна загуба од 90,1 милиони денари, што е речиси трикратно поголема во однос на лани. На крајот, нето загубата на ЗК Пелагонија е 109,23 милиони денари, или двојно повеќе во однос на првите шест месеци лани. Од компанијата велат дека годинава продолжила со инвестирање, заради што финансиските расходи се поголеми од финансиските приходи, што влијае врз крајниот финансиски резултат. Најмногу е инвестирано во современи краварски штали, молзилишта, боксови за телиња, итн. Годинава ЗК Пелагонија немала приходи од субвенции, односно истите ќе се наплатат во второто полугодие и меѓу другото и заради тоа во компанијата велат дека е зголемена оперативната загуба во првите шест месеци.

Текстилците со намалени приходи Во текстилната индустрија,

на остварен пораст во доменот на картичното работење (зголемен број на трансакции на ПОС терминали), повисоки приходи од платен промет во земјата, повисоки приходи од зголемениот број на корисници на трансакциски сметки, електронско банкарство и лично банкарство, како и повисоки приходи од провизии од продажба на полиси. Вкупните оперативни приходи на НЛБ се 2,04 милијарди денари и се повисоки за 4,3% во однос на истиот период лани, додека вкупните оперативни трошоци се намалиле за 12,6%, на 886,4 милиони денари. Заклучно со 30.06. НЛБ издвоила 102,7 милиони денари за исправки на вредноста на финансиските средства, односно како резервација за спорни и сомнителни побарувања, но тоа е за 63% помалку во однос на минатата година. Комерцијална банка, пак, единствена од големата тројка, има помала добивка првите шест месеци годинава, во однос на истиот период лани, во износ од 39,2 милиони денари, што е за 162 милиони денари или 80,5% помалку. Од Комерцијална објаснуваат дека ова се должи на зголемената исправка на производството на ткаенини и облека, кое што зафаќа преку 12% во целата преработувачка индустрија, има неколку компании што учествуваат на домашниот пазар на капитал. Тетекс од Тетово во првата половина од годинава има помали приходи од продажба за 4%, или вкупно 101 милион денари, од кои што на домашниот пазар остварува 55%, со пад на приходите за 14%, а остатокот на странските пазари, каде што има пораст од 11%. Меѓутоа, заради падот во капитализираното сопствено производство и останатите приходи, вкупните оперативни приходи на компанијата се паднати за 22%, на 137,4 милиони денари. Оперативните расходи се паднати исто така, за 16%, на 130,5 милиони денари, а оперативната добивка на компанијата е помала за речиси 80%, на скромни 3,2 милиони денари. Сепак, на крајот, со сè финансиските приходи итн., Тетекс има добивка од 23,5 милиони денари, за 9% повисока од истиот период лани. Мода од Свети Николе, во првите шест месеци има приходи од продажба од 122,5 милиони денари, за 2% помали од лани, каде што извозот има најголем дел, од безмалку 90%, а тој е намален за 3%. Оперативните расходи се за еден милион денари помали од приходите, колку што изнесува и оперативната добивка, која

ЕНЕРГИЈА: 12,7% ПОГОЛЕМО ПРОИЗВОДСТВО ВО ПРВИ ШЕСТ МЕСЕЦИ


www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

СТРИЈА ВО ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ

13 Проблемите на индустриските компании со враќањето кредити ги преполови добивките на некои банки

вредноста на корпоративните кредити заради влошување на кредитното портфолио што било очекувано. Вкупните приходи од работењето изнесуваат 2.31 милијарди денари и бележат пораст од 2% во однос на истиот период минатата година. Нето-приходите од камата бележат намалување од 6,4%, додека нето приходите од провизии изнесуваат 420 милиони денари и се на приближно

исто нови како и во истиот период лани. Исправката на вредност на финансиските средства на нето основа на 30.06.2017 година достигна износ од 1.4 милијарди денари и во однос на истиот период минатата година бележи зголемување од 29,5%. Охридска банка Сосиете Женерал, која што влегува во петте најголеми банки во земјава според големината на активата,

првото полугодие го завршила со раст на нето приходи од камати за 6,8%, на 590 милиони денари, додека нето приходите од провизии се намалени за 1,2% на 130 милиони денари, поради заострените конкуренциски услови на пазарот и влијанието на трошоците за картично работење, како што објаснуваат од ОБ. Нето приходите од курсни разлики изнесуваат 62,7 милиони денари, со раст од 27,7%, а останатите приходи, во коишто е вклучена капитална добивка од продажба на недвижност во Охрид, изнесуваат 48 милиони денари. Резервациите за влошени кредитни пласмани на крајот од првото полугодие изнесуваат 283,6 милиони денари и се повисоки за 122%, заради повисоката исправка кај неколку значајни клиенти на банката, со коишто таа има долготрајни односи, како што вели во образложението на финансискиот резултат, а коишто се соочуваат со тешкотии во исполнување на обврските. На крајот, нето добивката на ОБ е намалена за 38,5% на 157,3 милиони денари.

Аплицирај ONLINE. Аплицирај Брзо и едноставно. Аплицирај за Кредит! Инфо центар: 02 3 111 111 www.unibank.mk


www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

14

COVER STORY

14,6% ПОРАСТ НА ФАРМАЦЕВТСКО ПРОИЗВОДСТВО

14,9% ПОРАСТ НА ПРОИЗВОДСТВО НА МАШИНИ И УРЕДИ

16,5%

ПАД НА ПРОИЗВОДСТВО НА ОБЛЕКА

3%

ПАД НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ што е практично стопена во однос на минатогодишната.

Расте извозот на челик, но повеќе растат трошоците

Во рамки на металургијата, челичарницата Макстил покажува голем пораст на приходите од продажба, за 45%, на 2,6 милијарди денари. Тоа се должи на раздвжувањето на европската челична индустрија, но во компанијата стравуваат дека заштитните мерки што САД ги преземаат околу увозот на европски челик ќе го намалат овој раст. Оперативните расходи се пораснати за 9%, на 2,25 милијарди денари, а се очекува нивен силен раст во втората половина од годинава заради големото поскапување на суровините на светските берзи. Макстил има оперативна добивка од 41,8 милиони денари, речиси двојно поголема од лани, додека на крајот, нето добивката е само 1,62 милиони

денари, заради големите финансиски расходи за камати, курсни разлики и сл. И покрај добрите продажби првото полугодие годинава, во Макстил и понатаму ги истакнуваат сложените и неизвесни услови за работење кои што, според нив, во континуитет се одржуваат уште од крајот на 2008 година - незадоволително ниво на нарачки и пад на продажните цени, дополнително усложнети со некои состојби од претходно, нерешени имотно правни прашања, нерешени судски спорови кои траат неразумно долго време итн. “Посебно треба да се истакне и неразумно долгото одолговлекување на регулативата за увоз на старо железо како најсериозен лимитирачки фактор за производство на сопствен челичен фабрикат. Дополнително честите штрајкови на железничките претпријатија во земјата и околните соседни држави придонесуваат за

намалување на конкурентноста на нашите производи.“, велат во Макстил. АрцелорМитал Скопје, производител на ладно валани, поцинкувани и пластифи-цирани лимови, исто така има одличен раст на продажбите, односно извозот во првата половина од годинава. Приходите се 3,5 милијарди денари, што е за 34% повеќе од лани, но оперативните расходи од 3,6 милијарди денари, што се должат на зголемените трошоци за суровини и други материјали. Затоа компанијата покажува оперативна загуба од 148 милиони денари, која е поголема од минатогодишната, а финансиските приходи ја ублажуваат оваа загуба до 105,5 милиони денари. Во нафтениот бизнис, најголемиот домашен дистрибутер на нафтени деривати, Макпетрол, првите шест месеци ги завршил со 8,6 милијарди денари приходи од продажба, што е за 16% повеќе од лани. Расходите се

ПРЕРАБОТУВАЧИ: МИНИМАЛНИ 0,2% ПОРАСТ КАЈ ОВИЕ ИНДУСТРИИ



www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

16

COVER STORY

8,5 милијарди денари, а оперативната добивка на компанијата е 91 милион денари. По пресметувањето на финансиските приходи и расходи, профитот пред оданочување е 121,6 милиони денари, или 7% повеќе од лани. Во Макпетрол зголемените приходи од продажба ги објаснуваат со зголемената продажба на енергенси во малопродажба, особено продажбата на светлите деривати за 4%, како и заради зголемувањето на цените на дериватите во однос на првото полугодие лани. Исто така зголемени се приходите од продажба на странски пазар за 33%, иако тој учествува со само 4% во вкупните продажби. Намалени се и расходите од камати, курсни разлики и сл., за 31% поради трендот на намалување на кредитната задолженост на компанијата кон банките, но и намалување на каматните стапки од страна на банките.

Фармацевтските фабрики стандардно добри

Фармацевтските фабрики продолжуваат со стабилниот раст како и години наназад. Алкалоид, има консолидирани продажби од 4,55 милијарди денари, што е за 9% повеќе од првите шест месеци лани. На домашен пазар, каде што се пласира 39% од производството, приходите се зголемени за 7%, додека извозот пораснал за 10%. Најголем раст бележат продажбите во В.Британија, Русија, Романија, Словенија, итн., додека главни извозни пазари се земјите од регионов (32%), западна Европа (21%), Русија и другите земји од ЗНД (7%), итн. Консолидираната добивка пред даночење изнесува 10,8 милиони евра и е порасната за 12%, додека нето добивката е 5,9 милиони евра, зголемена за 11%. Алкалоид инвестирала вкупно 323 милиони денари во основни средства во првите шест месеци од 2017 г. Реплек од Скопје, исто има одличен раст на приходите од продажба во првото полугодие, од 11%, на 411 милиони денари, додека расходите се пораснати за 6%, на 360,5 милиони денари. Странските пазари учествуваат со 55% во вкупната продажба, а извозот е зголемен за дури 39%, додека консолидираната добивка пред оданочување изнесува

49,2 милиони денари и е поголема за 17% во однос на истиот период лани. Раст на приходите во првите шест месеци покажуваат и двете компании од секторот вадење руди и камен, Цементарница Усје и Мермерен комбинат - Прилеп. Усје има зголемени приходи од продажба од 5%, на 2,15 милијарди денари и зголемување на расходите од 8%, на 1,56 милијарди денари. На домашниот пазар продажбата е опадната за 11%, на

1,34 милијарди денари, а на странски пазари извозот е зголемен за дури 58%, на 730 милиони денари. Оперативната добивка изнесува 551 милиони денари и е помала за 12% од лани, односно за 75 милиони денари. Мермерен комбинат, пак, има фантастичен раст на приходите од дури 122%, на 757,4 милиони денари, додека оперативната добивка е за цели десет пати повисока од лани и изнесува 333 милиони денари. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

18

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

ПОПУЛИСТИЧКИТЕ ТРОЈНО ГО ЗГОЛЕМ ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИ ПОТРЕБНА Е ИТНА

2008

231

2007

229 167

153

За да се исплатат пензиите на сите пензионери, годинава од буџетот ќе мора да се одвојат 463 милиони евра. Трансферот на пари од државниот буџет кон Фондот за пензиско осигурување е речиси тројно зголемен во периодот од 2006 до 2016 година, пред се заради неоснованото и популистичко зголемување на пензиите од страна на претходната власт, во време кога приливите во Фондот се намалуваа. Доколку Владата не најде начин да го сопре зголемувањето на “дупката” во Фондот, останува сосема неизвесно до кога од буџетот ќе може да се одвојуваат пари за пензии и дали ќе има пари за идните пензионери?! Експертите предупредуваат дека мора да се направи сериозна анализа и итна реформа на пензискиот систем, кој вака како што е сега поставен очигледно не е одржлив. 2006

170

РЕФОРМА!

2009

2010


www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

19

ПОЛИТИКИ МИЈА ИЦИТ !

Според анализата на Светската банка, дури 89% од новокреираните работни места се со фискален стимул, односно работодавецот е ослободен од плаќање на социјални придонеси и слични давачки, што значи помалку приливи до Фондот за пензиско и поголем недостиг на пари за исплаќање на тековните пензии. пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска

Д 343 2013

2014

2015

433

388

2012

374

2011

287

255

ТРАНСФЕР ОД БУЏЕТ ЗА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ (во милиони евра)

2016

463

biljana.zdravkovska@kapital.mk

2017

Додека во јавноста се водат дебати колкаво ќе биде зголемувањето на пензиите годинава, односно дали новата Влада ќе ги исплати ветените 5% покачување или помалку од тоа, се чини никој не сака да го објасни вистинскиот проблем со пензиите во Македонија. Пресметките покажуваат дека годинава, за исплата на пензиите на вкупно 312.857 пензионери, потребни се 832,7 милиони евра. Од нив, дури 452,5 милиони евра, односно 54,3% ќе дојдат како трансфер од државниот буџет и оваа сума е за 20 милиони евра повеќе отколку лани, што покажува дека дефицитот во пензискиот фонд, односно разликата меѓу трошоците за пензии и приходите од придонесите се зголемува. Исплатата на пензиите се‘ повеќе зависи од парите од централниот буџет бидејќи приходите од придонесите во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) се доволни само од половина од пензиите. Трансферот на пари од државниот буџет кон Фондот за пензиско осигурување е речиси тројно зголемен во периодот од 2006 до 2016 година. Или за овој период од 11 години од државниот буџет се исплатени 3 милијарди евра за да се обезбеди редовната исплата на сите пензионери. Ако на оваа слика се додаде и лошиот демографски тренд во кој е влезена Македонија, односно фактот дека се поголем број работоспособни луѓе си заминуваат надвор, станува се појасно дека без реформа на пензискиот систем, пензионерите не само што нема да добиваат покажување, туку во прашање ќе биде доведена и исплатата на пензиите во целост!

Проблемот треба да се нарече со вистинското име!


www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

20

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

П

МАРЈАН ПЕТРЕСКИ професор на Американ Колеџ Скопје

отребно е длабинско истражување за тоа која комбинација би дала најдобри ефекти врз поправањето на состојбата којашто ја имаме сега. Опциите во игра се зголемување на стапката на придонес за пензиско осигурување, ревидирање на правата за бенефициран стаж, ревидирање на границата за пензионирање за вработени кои се на разумна дистанца од пензионирање и сл".

Загрижувачкиот тренд на пораст на трансферите од државниот буџет кон Фондот за ПИОМ повторно го отвори прашањето за одржливоста на пензискиот систем вака како што е поставен. Експертите коментираат дека штом трансферите од државниот буџет до Фондот постојано се зголемуваат и веќе достигнуваат 50% од вкупниот износ за пензии, мора да го запали црвениот аларм дека е потребна итна реформа на пензискиот систем. Наспроти зголемувањето на пензискиот дефицит, она што е уште поалармантно е стеснувачкиот јаз меѓу оние што земаат пензија и оние што ја полнат фондовската каса. Според податоците од ПИОМ, Македонија има 558.821 осигуреници, што значи дека за пензијата на еден пензионер придонеси уплатуваат 1,9 осигуреници. Овој сооднос од 1:1,9 треба исто така да го вклучи алармот за долгорочна одржливост на Фондот за редовна исплата на пензиите. Марјан Петрески, професор на Американ Колеџ наведува неколку причини заради кои износот што од буџетот кој се префрла во пензискиот фонд постојано растеше во претходните години. “Најголемиот удар беше зададен со намалувањето на придонесите пред неколку години, а вториот удар беше постојното зголемување на пензиите во износи поголеми од номиналниот раст на економијата. Со оглед дека тоа зголемување не произлегло од ново-создадената вредност на економијата, произлегува дека морало да се надокнади со секундарна распределба, и тоа преку префрлање средства што се прибираат од општото оданочување. Така произлегува дека половина од пензиите ги плаќаме сите, вклучително и невработените преку својата потрошувачка, иако тие со тоа не стекнуваат право на пензија. И, трето, пензискиот дефицит настана и со транзицијата од едностолбен кон тростолбен систем. Меѓутоа во јавноста постои заблуда дека овој ефект е голем,

Н

а пензионерите и граѓаните на Република Македонија им се потребни системски решенија коишто обезбедуваат навремено исплаќање и економски издржано покачување на пензиите. Заради системско решавање на проблемите во пензискиот систем уште во јули годинава е формиран посебен Совет за следење на состојбите во пензискиот систем. Во наредниот МИЛА ќе се предложат конкретни мерки ЦАРОВСКА период кои треба да влијаат на одржливоста министер за труд и социјална на пензискиот систем и сигурност на работа пензионерите и работниците”.

4 РЕШЕНИЈА ЗА СПАС НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ

О

ткако се вклучи алармот дека “дефицитот во Фондот за пензиско осигурување е прилично голем со тенденција да расте“, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) даде неколку препораки за намалување на трансферите од буџетот за исплата на пензии. Тоа се :

XX Зголемување на законската возраст за пензионирање со оглед на големиот јаз во однос на просекот во ЕУ XX Ревидирање на индексацијата според трошоците на живот во согласност со многуте земји во ЕУ, а не согласно порастот на платите XX Спроведување реформи за зголемување на учеството на работната сила, особено на жените (кое е едно од најниските во Европа) XX Разгледување на можно зголемување на стапките на придонеси, доколку одржливоста не е обезбедена преку други мерки додека пресметките го покажуваат спротивното, дека овој транзиторен ефект не е голем и не е примарна причина за големиот пензиски дефицит со кој се соочуваме денес”, објаснува професорот Петрески. Според него, Владата ќе мора да се зафати со сериозен ремонт на

пензискиот систем, што секако ќе вклучува и непопуларни мерки. “Во игра се повеќе опции, при што добро е ако реформата се сведе на комбинација од мерки со цел трошокот од санацијата на пензискиот систем да не падне само на една засегната група. Потребно е длабинско истражување за тоа која комбинација би дала најдобри ефекти врз поправањето на состојбата којашто ја имаме сега. Опциите во игра се зголемување на стапката на придонес за пензиско осигурување, ревидирање на правата за бенефициран стаж, ревидирање на границата за пензионирање за вработени кои се на разумна дистанца од пензионирање и сл.”, смета професорот Петрески. Капитал за овој проблем побара став и од Министерството за труд и социјална политика, од каде ни потврдија дека во наредниот период ќе се предложат конкретни мерки кои треба да влијаат на одржливоста на пензискиот систем и сигурност на пензионерите и работниците. “Во последните неколку години се случија низа измени кои дополнително ја отежнaa финансиската состојба на системот. Како посуштински отежнувачки измени се намалувањето на стапката на придонес за пензиското и инвалидското осигурување во 2009 година, ослободувањето од плаќање придонес за пензиското и инвалидското осигурување за некои субјекти, како и недостатокот од редовното усогласување на пензијата итн. Како последица на сето ова, секоја година дополнително се зголемува дефицитот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонијa, а со тоа и трансферите од Буџетот на Република Македонија кон Фондот на ПИОМ, заради обезбедување на средства за тековно извршување на функциите на Фондот т.е. исплата на пензија и други надоместоци од пензиското и инвалидското осигурување”, велат од Министерството за труд и социјална работа. Од Министерството за труд и социјална

ПЕТРЕСКИ: ПОЛОВИНА ОД ПЕНЗИИТЕ ГИ ПЛАЌАМЕ СИТЕ



www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

2011

2012

работа велат дека Владата особено е посветена на обезбедување стабилен и одржлив пензиски систем како за постојните пензионери, така и за идните пензионери, а сегашни осигуреници. “На пензионерите и граѓаните на Република Македонија им се потребни системски решенија коишто обезбедуваат навремено исплаќање и економски издржано покачување на пензиите”, велат од Министерството за труд и социјална политика, од каде потенцираат дека заради системско решавање на проблемите во пензискиот систем уште во јули годинава е формиран посебен Совет за следење на состојбите во пензискиот систем во кој членуваат претставници од повеќе надлежни институции. Од формирањето на Советот досега одржани се две седници на кои се разгледувале прашањата поврзани со одржливоста на пензискиот систем, анализа на резултатите од досегашната имплементација на реформата, подобрување на состојбите во капитално

2013

2014

2015

финансираното пензиско осигурување, предлози за мерки кои ќе обезбедат одржливост на пензискиот систем на долг рок преку следење на финансиската одржливост на првиот пензиски столб. И од Министерството за финансии велат дека заедно со Министерството за труд и социјална политика и другите надлежни институции активно работат на унапредување на пензискиот систем и долгорочно решавање на проблемите со ПИОМ. “Една од мерките кон која веднаш пристапивме е токму во насока на намалување на трансферите кон ПИОМ, а тоа е мерката за зголемување на минималната плата. Зголемувањето на минималната плата ќе значи и зголемување на бруто платата со што ќе пораснат и придонесите кон ПИОМ, Фондот за здравствено осигурување и кон Агенцијата за вработување. Значи оваа мерка не само што директно ќе го зголеми животниот стандард на населението, туку ќе придонесе и кон намалување на дупката во ПИОМ”,

2016

312.857

305.883

289.114

282.334

277.441

БРОЈ НА ПЕНЗИОНЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА

299.640

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

296.216

22

2017

велат од Министерството за финансии. Дополнителни проблеми за македонскиот пензиски систем создава и фактот што невработеноста во земјава е висока, има голема неформална вработеност, односно луѓе на кои што не им се плаќаат социјални придонеси на целата плата, а и иселувањето на младите кои што би требало да придонесуваат во пензискиот фонд, исто така влијае на продлабочување на дефицитот. Од друга страна, најголем дел од работните места кои се отворија во земјава во изминативе неколку години беа во фабриките на странските инвеститори, за кои половина од платите, односно придонесите и персоналниот данок се покриваат од државниот буџет, и за нив не се уплаќаа приходи во Фондот за ПИОМ. Една неодамнешна анализа на Светската банка покажа дека дури 89% од новокреираните работни места во изминатите неколку години во Македонија се со фискален стимул, односно работодавецот е

ФАКТ: СООДНОСОТ ПЕНЗИОНЕР-ОСИГУРЕНИК НАМАЛЕН НА 1:1,9!



www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

24

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

ослободен од плаќање на социјални придонеси и слични давачки, што значи помалку приливи до Фондот за пензиско и поголем недостиг на пари за исплаќање на тековните пензии. Македонија не е единствена земја која се соочува со проблеми во пензискиот систем. Дел од земјите во Источна Европа кои што со пензиските реформи воведоа втор столб, наголемо дебатираат за иднината на приватните пензиски фондови, од предлози за нивна национализација, до намалување на уделот од придонесите што го добиваат, па до суспендирање на уплатата на придонеси во приватните пензиски фондови во период од неколку години и слично. Лошите демографски трендови, односно се поголемото иселување на лица кои се во работоспособна возраст дополнително ја зголемува дупката во пензиските системи. Експертите посочуваат дека се потребни итни реформи и дека креаторите на политиките мора да размислуваат како да ги зголемат приходите во пензискиот фонд, бидејќи ситуацијата е финансиски неодржлива. Ако се споредува што прават соседните земји за да се справат со проблемите во пензискиот систем, тогаш Македонија ќе мора во следните неколку години да посегне и по непопуларни мерки од типот на зголемување на стапката на пензиски придонес и поместување старосната граница на пензионирање, мерки кои финансиски би го растовариле Фондот во иднина.

Алармантни препораки од ММФ и Светска банка Предупредувања дека “дефицитот во Фондот за пензиско осигурување е прилично голем со тенденција да расте“ доаѓаат и од меѓународните финансиски институции како Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). „Без реформи и со намалувањето на работоспособното население, пензискиот дефицит се проектира двојно повеќе да се зголеми до 2030 година“, предупредуваат од ММФ. Во својата последна анализа за македонската економија, монетарците предупредија

дека јавните финансии се соочуваат со долгорочните предизвици поради стареењето на населението. „На 4,5% од БДП, дефицитот на пензискиот фонд на Република Македонија е прилично голем. Ова е одраз на релативно големите поволности, ниските стапки на придонеси и ниското учество на работната сила“, пишува во извештајот на ММФ а потоа во продолжение ги охрабрува властите да ги разгледаат следните опции како средства за да се обезбеди долгорочна одржливост на пензискиот систем. „Зголемување на законската возраст за пензионирање со оглед на големиот јаз во однос на просекот во ЕУ; ревидирање на индексацијата според индексот на цените на трошоци на живот во согласност со многуте земји во ЕУ; спроведување реформи за зголемување на учеството на работната сила, особено на жените (кое е едно од најниските во Европа), и разгледување на можно зголемување на стапките на придонеси, доколку одржливоста не е обезбедена преку други мерки“, сугерира ММФ. Аналитичарите на Фондот заклучија дека стапката на невработеност значително опадна во последниве години и како придобивка од активните политики на пазарот на трудот и широко базираниот раст, вкупната стапка на невработеност се намали за 10 процентни поени од 2008 година наваму, но сепак, според нив, стапката на невработеност од 24% останува многу висока како одраз на недостатокот на вештини кои произлегуваат од емиграцијата на квалификувана работна сила и општо ниското ниво на образование. „Стапката на учество на работната сила сепак е намалена во последниве години, особено во поглед на младите работници. Со намалувањето на учеството на работната сила во растот и стареењето на населението, ниските стапки на учество се препрека за долгорочните перспективи. Понатамошните напори треба да бидат насочени кон подобрување на техничките вештини и зголемување на учеството на работната сила. Политиките

за поддршка на обуки на работното место и стручното образование вродуваат со плод и треба да продолжат, но секако имајќи ги предвид и фискалните трошоци. Зголемувањето на учеството на работната сила, особено на младите како и на женската работна сила, ќе помогне за подобрување на потенцијалниот раст“, пишува во извештајот на ММФ. Светска банка, пак, посочи дека зголемувањето на вработеноста е главно резултат на субвенционираните работни места од страна на државата, и тоа создава сериозни проблеми во опстојувањето на пензискиот фонд, кој станува се повеќе зависен од парите што му ги префрла државата за да може да исплати пензии. „Може да се види дека практично 89% од ново креираните работни места се со фискален стимул. Со оглед на тоа што имате работни места што се креираат, каде што работодавецот е ослободен плаќање на социјални придонеси и слични давачки. Така што ова од друга страна создава притисоци на среден рок, пред се притисоци врз Фондот за ПИОМ. Во последните години тој дел што Фондот го добива од државата достигнува некаде околу 46%. Тоа е значителна зависност на пензискиот систем од трансфери од централниот буџет, што на среден и на долг рок секако создава притисоци врз овој систем со оглед на тоа што еден од неговите постулати е на генерациска солидарност. Така што не треба да се одзема од идните генерации за бенефит на сегашните,“ изјави неодамна Бојан Шимбов, економист на Светска банка. Финансиската кондиција на пензискиот фонд почна да се влошува од 2008 година наваму откако властите одлучија да ја намалат стапката на придонес за пензиско осигурување од 21,2% од основицата, на 18% колку што е и денес. Намалените придонеси не обезбедија поголеми приходи од придонеси преку поттикнување на вработеноста, туку напротив креираа голем дефицит во пензискиот фонд. nnn



Капитал број 931/932 01.09.2017

26

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА

ДИПЛОМАТСКИОТ ИНЦИДЕНТ СО СРБИЈА ЗНАК ЗА ИЗВЕСНОСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРОАТЛАНСКИ

ОД КАДЕ И КАКВИ ПРОБЛЕМИ МОЖЕ ДА ОЧЕКУВА МАКЕДОН СО ПРИБЛИЖУВАЊЕ ДО ЧЛЕНСТВО ВО НА

БИБЕР: СРПСКАТА ВЛАДА СЕ ПЛАШИ ОД НОВИОТ „МАКЕДОНСКИ


www.kapital.mk

А ИНТЕГРАЦИИ

А НИЈА ЕТО АТО?

Капитал број 931/932 01.09.2017

фото: МИА

27

И покрај брзата сатисфакција што ја доби Македонија по дипломатскиот инцидент приреден од Србија, издејствувана (и) со одлучноста со која Западот ја брани својата стратегија за регионот, земјава не може да биде спокојна во однос на проблемите што со приближувањето кон членството во НАТО е логично да се очекуваат од факторите против ширењето на Алијансата пишува:

Максим Ристески

Д

maksim.risteski@kapital.mk

Дипломатскиот инцидент со Србија, виден од аспект на стратегиската определба на Македонија за членство во Европската унија и во НАТО, е уште еден показател дека е догледен крајот, особено на аспирацијата за зачленување во Алијансата. Како што рече и професорот Тони Дескоски во едно од последните интервјуа, „колку сте поблиску до Сонцето толку повеќе ве пржи - колку сте поблиску до целта толку повеќе противниците ќе се обидуваат да ве пресечат за да не стигнете дотаму“. Во случајот се виде и дека западната поддршка во контекстот е сериозна, благодарение на што инцидентот се разреши дотолку позитивно, што премиерот Зоран Заев, откако беше издејствувана усогласена, заедничка изјава со српскиот претседател Александар Вучиќ, доби и покана за заедничка седница на двете влади, македонската и српската.

Но, ова не значи дека Македонија може да биде спокојна во однос на проблемите што е логично да се очекуваат од факторите против македонското зачленување во НАТО. Доволно е да се сетиме на примерот со Црна Гора. Како кулминација на опструкциите што è се случуваа, во државата која официјално стана членка на НАТО на 5 јуни годинава, на парламентарните избори одржани на 16 октомври 2016 година имаше терористички напад, односно, според обвинението, бил спречен државен удар, чии организатори биле двајца руски државјани за кои црногорското специјално обвинителство тврди дека се руски разузнавачи, и дел од „руските националистички центри“, заговорници на пансловенската идеја за обединување на словенските народи и, соодветно, за спречување на нивно влегување во НАТО. Покрај руските државјани на кои им се суди во отсуство за „создавање криминална организација и тероризам во обид“, обвинети се и повеќе српски државјани, за помагање на Русите во подготовката на терористичкиот план. Дел од заговорот, според обвинението, се и челниците на најголемиот противник на членството на Црна Гора во НАТО, Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ. Москва, секако, отфрла каква и да е поврзаност на руски официјални адреси со овој случај. Претседателот на црногорската

И МОДЕЛ“ И СЕ ПОВРЗА СО ПРЕТХОДНАТА МАКЕДОНСКА ВЛАДА


www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

28

ПОЛИТИКА

Влада, Душко Марковиќ, пак, изјави дека нападот на денот на парламентарни избори бил планиран во странска држава, со цел Црна Гора да биде запрена на патот на интеграциите. А специјалниот обвинител на Црна Гора, Миливоје Катниќ, изјави дека планот преку насилно заземање на Парламентот, требало да заврши и со ликвидација на тогашниот црногорски премиер, Мило Ѓукановиќ: „Терористичкиот напад на изборниот ден во Црна Гора се обидоа да го организираат националисти од Русија, со помош на лица од Србија и од Црна Гора, со цел насилно уривање и промена на власта, за да се запре Црна Гора на нејзиниот евроатлански пат, и особено да се запре нејзиното влегување во НАТО. Организаторот на членовите на криминалната група јасно им издал наредба да се ликвидира премиерот на Црна Гора“, изјави Катниќ. Аналитичарите што ги консултиравме се на став дека инциденти со ваков замав не може да се случат во Македонија на патот по кој се приближува до членство во НАТО. Со нив разговаравме за тоа

од каде сè Македонија треба да очекува обиди за дестабилизација во контекстот, имајќи предвид дека одредени нивни колеги (аналитичари), покрај Србија, која ја сметаат за сојузник на Русија (и истражувањата на јавното мислење покажуваат дека повеќето Срби се проруски определени и негативно настроени кон НАТО), се на став оти и Грција, поради поклопувањето на нејзините интереси поврзани со спорот за името, со оние на Русија - да се блокира членството на Македонија во НАТО, е адреса која не може со сигурност да се смета оти ќе ги брани боите на Алијансата на која и припаѓа. Руските мотиви да се спречува натамошната интеграција на регионот во НАТО се очигледни, како во економскиот дел – за да не продолжи намалувањето на маневарскиот простор за продавање на рускиот гас во Европа, така и во политичкиот – во реториката за внатрешна употреба на рускиот претседател Владимир Путин, важна улога игра тоа каква е позицијата на Русија на Балканот, во православните земји. За позициите, пак, на Србија, свое

видување имаше експертот за Балканот и професор на Универзитетот во Грац, Австрија, Флориан Бибер, кој смета дека во последниот дипломатски инцидент со Македонија, Србија покажала оти западните сојузници не треба да ги залажува создадената претстава дека во Белград има проевропска Влада. „Овој потег навестува дека Србија не е многу заинтересирана да има добри дипломатски односи со своите соседи и покажува колку се празни нејзините тврдења оти има проевропска, реформска Влада. Српската Влада се плаши од новиот „македонски модел“ и се поврза со претходната македонска Влада. Со овие чекори, за жал, Србија не се однесува како регионален лидер во реформите, како што сака да се претстави, туку како бик во продавница за порцелан“, наведе Бибер во разговор за МИА по одлуката на Белград да го повлече целиот персонал од амбасадата во Скопје, поради, како што рече српскиот претседател, „сознанија за многу офанзивно разузнавачко дејствување против органите и институциите на Србија“.


www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

29

В

ИСМЕТ РАМАДАНИ претседател на ЕАСМ:

о однос на македонската интеграција во НАТО единствено Србија може да се обиде да прави проблеми, зашто кај нив нема интерес за членство во НАТО. Но, олеснувачки фактор е што Србија е веќе определена за членство во ЕУ, зашто повеќето членки на ЕУ истовремено се и во НАТО. Тие во вакви ситуации ќе реагираат брзо.

Аналитичари: Само Србија може да биде руска „маша“ во Македонија

Претседателот на Евроатлантскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани, смета дека само од Србија може да се очекуваат обиди во својство на руска „маша“ во Македонија, но дополнува оти во Белград веќе ја пресметале штетата што може да ја претрпат на планот на интеграцијата во Европската унија ако се обидат овде пак да приредат нешто слично на последниот дипломатски инцидент. „Во однос на македонската интеграција во НАТО единствено Србија може да се обиде да прави проблеми, зашто кај нив нема интерес за членство во НАТО од познатите причини. Но, фактот што Србија е веќе определена за членство во Европската унија е олеснувачки фактор, зашто повеќето членки на ЕУ истовремено се членки и на НАТО. Тие во вакви ситуации како последната ќе реагираат брзо, и секој сличен обид на Србија ќе заврши со дипломатско фијаско на Белград“, смета Рамадани. Тој вели дека Србија во Црна Гора на овој план била малку поуспешна, зашто про-НАТО расположението на црногорските граѓани беше во границите на педесетина отсто - таму повеќе од 30% се Срби и тие и даваа простор за игра на Србија, односно на Русија. „Кај нас таква можност им даде владата на Никола Груевски. Таа им овозможи на српските разузнавачи, согласно српската политика врзана со руското влијание, да создадат овде ситуации, за жал и со помош на врвот на владата, на државата, за да се оспори, и по можност да се спречува членството на Македонија во НАТО“, вели претседателот на Евроатлантскиот совет на Македонија. Но, смета Рамадани, промената на власта, односно новата Влада „која јасно го покажува својот курс уште со првите потези, вклучително и со договорот со Бугарија, со проактивната надворешна политика, за што имаат поддршка премиерот и Владата од врвот на ЕУ и од генералниот секретар на НАТО, ги прави нервозни овие фактори што сакаат да опструираат. Последниот акт од Белград е израз на оваа нервоза“. „Но, мислам дека по разговорот што премиерот Заев го имаше со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и соодветните интервенции од ЕУ и од другите европски и евроатлански структури, власта во Србија сè помалку ќе се обидува да прави вакви гафови, зашто македонската Влада е безрезервно определена за членство во НАТО и за тоа има голема меѓународна поддршка. Српската политика не може да си дозволи да собира негативни поени на нивниот пат кон ЕУ. Дури и со Косово Белград ќе мора понатаму нештата да ги стави на јасен колосек, преку дијалог, што сето и помага на Македонија побезболно да го изоди патот до членство во НАТО“, е ставот на Рамадани. И професорот и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин, смета дека само од Србија би можело да се очекуваат некакви обиди за опструкции пред зачленувањето на Македонија во НАТО, од структури кои и покрај загубената кауза во ситуација на зголемен и конкретен интерес на САД за регионот, се чувствуваат обврзани макар симболично да одработат за Русија. „Најмногу геополитика има во односите меѓу Македонија и Србија, во смисла на економските и политичките интереси на Русија на Балканот. Македонија е секако интересна за Русија,

М НАНО РУЖИН

поранешен амбасадор во НАТО:

акедонија е секако интересна за Русија, како православна држава што Москва ја смета за слична на кон неа лојалната Србија, но со поголема етничка хетерогеност. Оттука, не може да се исклучи дека со Србија ќе има одредени мали дипломатски и останати ситуации, напнатости, можеби некој вид економска војна.

како православна држава што Москва ја смета за слична на кон неа лојалната Србија, но со поголема етничка хетерогеност. Оттука, не може да се исклучи дека со Србија ќе има одредени мали дипломатски и останати ситуации, напнатости, можеби некој вид економска војна“, вели Ружин. И тој, како и Рамадани, е на став дека по разговорот на Заев со Вучиќ ризикот е намален – „јасно му е и на Вучиќ кој е ставот на ЕУ, но можни се одредени компликации ако дојде до гласање за членство на Косово во УНЕСКО и Македонија гласа потврдно“. nnn


Капитал број 931/932 01.09.2017

www.kapital.mk

30 ИНТЕРВЈУ INTERVIEW

ФРЕНСИС ФУКУЈАМА

АВТОР И ПРОФЕСОР ПО ПОЛИТИЧКИ НАУКИ НА STANFORD UNIVERSITY

ПОПУЛИЗМОТ НЕМА ДА ЈА ПОТКОПА ГЛОБАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА Френсис Фукујама e светски познат политиколог и автор на книгата “The End of History and the Last Man” (1992), познат на пошироката јавност по неговите тврдења дека крајот на Втората светска војна ја наметна либералната демократија како единствена идеологија и крајна фаза во еволуцијата на човековото општество. Интервјуто со Фукујама кое е објавено на порталот European Western Balkans е направено во Сараево, каде што Фукујама беше учесник на дебатата “Western Balkans-The Future of Integration”.

ФУКУЈАМА: АВТОРИТАРИЗМОТ Е ЕДНОСТАВНО ПРИРОДЕН РАЗВОЈ Н


www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

31

В

XВо X 1989 година во книгата “The End of History” пишувавте за победата на либералната демократија како крајна форма на човечката социјална еволуција. Кои се според Вас најголемите предизвици за либералната демократија денес? Ги споменавте авторитаризмот, исламизмот, популизмот...? Кога зборуваме за предизвиците има неколку различни категории. Тука е категоријата на надворешни закани од авторитарните држави како Русија и Кина, кои се големо недемократски ентитети кои на различни начини го предизвикуваат глобалниот поредок и се обидуваат да се вмешаат, посебно Русите, во внатрешните политики на демократиите. Потоа, има внатрешни предизвици кои се манифестираат во форма на популистички национализам, каде имате демократски избрани лидери кои сакаат да го поткопаат либералниот дел од либералните демократии, да го предизвикаат владеењето на правото, независноста на судството и независноста на медиумите, и да се обидат да ја делегитимираат опозицијата која ќе им застане на пат на нивните агенди. Мора да се повлечете и да погледнете што стои зад овие предизвици. Мислам дека дел од тоа е поврзано со нееднаквоста и фактот дека со глобализацијата имаше значително зголемување на богатството на државите, кои не беше наш добро дистрибуирано. На пример, во САД половина од Американците се всушност помалку богати во реални услови отколку што биле пред 20 години, поради деиндустријализацијата, платите кои не држеа чекор со трошоците за живот, и слични такви работи. Тоа е во основата на поддршката што ја имаат популистичките лидери, бидејќи тие секогаш го обвинуваат системот во целина и ги обви-нуваат елитите дека ја создале оваа ситуација. XВерувате X ли дека популизмот е привремен предизвик или, пак, претставува поголема закана за либералните демократии? Тешко е да се каже. Мислам дека после изборите во Европа кои се одржаа во првата половина годинава во Холандија и Франција, се чини дека моменталната закана е помината. Но, исто така основната социологија покажува дека тоа ќе биде континуиран процес од оние групи кои се губитници од глобализацијата. Но, уверен сум дека демократијата е посилна отколку што многу луѓе стравуваат. Луѓето имаат личен интерес да продолжи овој либерален поредок. Интеграцијата на земјите ја помина

точката од која што може лесно да се вратат назад. Би кажал дека на долг рок, популизмот нема да ја поткопа глобалната либерална демократија. XДали X можеби би се согласиле дека популизмот може да се интерпретира како процес во кој либералната демократија се јаде самата себеси или можеби процес во кој демократијата се свртува против либералното? Мислам дека е последно. Популизмот го користи демократскиот легитимитет за да го поткопа владеењето на правото во либералниот дел од либералните демократии. XДа X се вратиме на авторитаризмот. Верувате ли дека државите како Русија и Кина, и од неодамна и Турција, можат да понудат алтернативен модел на либералната демократија? Ова е често потенцирани како сериозна закана за Западен Балкан, каде Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган имаат свои поддржувачи? Уверен сум дека има врска помеѓу популизмот и проблемите во демократиите. Мислам дека еден од најголемите предизвици на демократиите е што имаат тежок период за донесување на сложени одлуки. Тоа може да се види според инфраструктурата, буџетската дисциплина и уште многу други работи кои создаваат болка за многу граѓани. Демократиите имаа тенденција да ги одложуваат одлуките и не се способни да дојдат до консензус за тие одлуки. Ова подоцна создава перцепција дека демократските влади се слаби и потоа имате барања за посилен лидершип, за силен лидер кои ќе ги надмине сите тие расправии

и различни мислења во парламентите. Ова е причината зошто имате на власт луѓе како Орбан, Путин или Моди, и на некој начин Доналд Трамп кој е исто така производ на сето ова. XНо, X верувате ли дека ова може да биде некој алтернативен модел на долг рок? Проблемот е во тоа што тоа не е одржлив модел, бидејќи навистина се потребно институции и долгорочни решенија кои ќе бидат одржливи. Ако се зависи од еден лидер, кога тој лидер ќе умре или ќе ја напушти власта, или нешто ќе ми се случи, целиот систем ќе колабира. Тоа во моментов е навистина голема ранливост за Русија. Путин создаде систем во кој се се врти околу него. Тоа практично власт на Путин и неговите пријатели, и во моментот кога Путин ќе си замине, ќе постои голем ваккум во власта. Сите други центри на моќ, сите олигарси и власти ќе се борат помеѓу себе за мир во империјата на Путин, и мислам дека тоа ќе значи дека Русија би можела потенцијално да стане многу нестабилна во тој период. XСите X држави од Западен Балкан формално станаа либерални демократии и се движат кон членство во ЕУ. Како и да се, постои недостаток на демократски вредности, демократска политичка култура и легитимитет на либералната демократија, и ова водеше кон пад на демократијата во целиот регион. Што мислите дека треба да прават реформаторите во овие земји за да се унапреди либералната демократија? Културата не е нешто што е нужно даденo. Таа се обликува од страна на луѓето. Таа исто

НА ЖЕЛБАТА ДА СЕ ЗАЦВРСТИ МОЌТА И ДА СЕ ОСТАНЕ НА ВЛАСТ


www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

32

ИНТЕРВЈУ

Демократиите имаа тенденција да ги одложуваат одлуките и не се способни да дојдат до консензус за тие одлуки. Ова подоцна создава перцепција дека демократските влади се слаби и потоа имате барања за посилен лидершип, за силен лидер кои ќе ги надмине сите тие расправии и различни мислења во парламентите. Ова е причината зошто имате на власт луѓе како Орбан, Путин или Моди, и на некој начин Доналд Трамп кој е исто така производ на сето ова. така се обликува од страна на очигледниот успех на различни модели. Еден од големите проблеми е во тоа што и САД и ЕУ страдаа од големи финансиски кризи кои го забавија економскиот раст и доведоа до голема невработеност, посебно кај младите, која се уште е висока и денес, посебно во Западна Европа. Се додека овие проблеми не се решат, тие општества нема да изгледаат како успешни модели кои другите луѓе треба да ги следат. Ако сте реформатор во Западен Балкан, немате многу што да направите околу тоа. Она што може да се направи е да се постави конкретна агенда за да се решат одредени егзистенцијални проблеми. Политичките реформи мора да почнат со конкретни работи кои луѓето сакаат да бидат решени и ако политички тоа можете да го направите, тогаш автоматски ќе добијат легитимитет од таквиот успех. Каков пристап сметате дека треба да заземе Европската унија? Дали треба да инсистира на економски реформи и подобрување на животниот стандард или можеби пристапувањето да го условува со демократски реформи? Мислам дека Европската унија има прилично добар сет на критериуми за членство, критериумите за пристапување се добар бенчмарк за тоа како земјите треба да ги обликуваат нивните институции. Проблемот е малку поинаков. ЕУ никогаш нема поставено одредби за земјите кои станале членки на ЕУ, а потоа забегале во лоши практики, како корупција или воведување на авторитарни режими. Се уште постои високо ниво на

корупција во Романија и Бугарија, и има многу недемократски одлуки кои се носат во Унгарија или Полска, а ЕУ во пракса нема начин како да ги дисциплинира членките кој застраниле од вистинскиот пат. Дали сметате дека западноевропските лидери како Вучиќ во Србија и до неодамна Груевски во Македонија ги следат истите трендови кои ги гледате во другите делови од Европа, како Унгарија и Полска? Дали гледате сличности во овие режими? Да, сметам дека има сличности. Тие се сите демократски избрани лидери и тие ги искористија мандатите за да акумулираат голема моќ. Тоа е во основа приказната . Го следам Доналд Трамп и ми изгледа дека не постои прирачник за тоа како да станете авторитарен лидер, кој сите авторитарни лидери би го читале и од кој би учеле. Доаѓа некако природно тие да не се грижат премногу за владеењето на правото и за ограничувањата на моќта. Тие едноставно сакаат да останат на власт и размислуваат “Kако да останам на власт? Па, треба да ги нападнам медиумите ако тие се критички настроени кон мене. Ако транспарентноста им штети на моите интереси, тогаш ќе ја ограничиме транспарентноста. Ако судскиот систем ми пречат на мојот пат по кој сакам да се движат работите, или ако сакаат да ме гонат мене и моите пријатели, тогаш треба да се отарасам од нив”. Авторитаризмот е едноставно природен развој на желбата да се зацврсти моќта и да се остане на власт.

Западните, а посебно американските напори за изградба на државите во Западен Балкан, константно се критикувани како неуспешни, а Босна и Херцеговина и Косово многу често се обележуваат како неуспешни и пропаднати држави. Како ги гледате резултатите од овие американски напори во регионот? Не мислам дека американските напори во изградба на државите се нешто посебно успешни било каде. Тоа не е неопходно секогаш вина на САД. Странските власти и држави воопшто имаат лимитиран капацитет да градат држави. Можат да дадат пари и совети за креирање на национална политика, можат да дадат техничка поддршка, но она што е значајно да секоја држава е легитимитетот. Ако луѓето не веруваат во легитимитетот на државните власти тогаш ништо не може да биде успешно. Тоа е проблем со кои се соочуваат надворешните сили кога помагаат. Се чини дека проблемот, посебно во Босна и Херцеговина и Косово, е токму во недостатокот на кохезија помеѓу етничките групи и тоа е нешто за што се критикува американската политика. Верувате ли дека тоа заедништво помеѓу етничките групи може да израсне со градењето на државата? Мислам дека најголемиот дел од напорите за градење на држави беа комбинација од сето тоа. Дел од процесот е своевидно спонтано создавање на национална

ФУКУЈАМА: НЕГАТИВНИОТ НАЦИОНАЛИЗАМ Е ДОМИНАНТЕН НА БАЛКАНОТ


www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

33 култура - тоа доаѓа од поетите, музичарите и писателите кои креираат национален јазик кој луѓето го разбираат. Но, дел од процесот подразбира политичка моќ, бидејќи морате да имате наратив за тоа што е и што застапува вашата нација. Морате за тоа да ги учите вашите деца и тоа да биде апсорбирано во еден униформиран начин како дел од националната култура. Ако погледнете на успешните примери на градење на држави во минатото, тоа е комбинацијата од сето ова, што ги прави успешни. Кога зборуваме за национализмот, како гледате на улогата на национализмот во 21 век? Се чини се уште е основа за легитимитет во модерните нации-држави, но исто така и закана за либералната демократија, како што може да се види секојдневно во земјите од Западен Балкан. Има добар национализам и лош национализам. На сите земји им е потребен национален идентитет. Тие исто така мора да имаат начин на комуникација и соработка. Луѓето мора да веруваат дека живеат во еднаква базична политичка заедница, ако сакате да биде стабилно. Од друга страна, ако национализмот е базиран на етницитет или религија или некоја друга карактеристика која не е доброволна, тогаш тој може да стане тесен и затворен,

и исто така може да стане агресивен, каде што нема само да го штитите сопствениот идентитет, туку ќе им го наметнувате со сила и на останатите луѓе. На Балканот за жал негативната форма на национализам била доминантна во поголемиот дел од историјата на регионот. Градењето на национално единство се чини дека е еден од најголемите проблеми со кои се соочува Европската унија. Имате изјавено дека ја гледате ЕУ како модел на демократијата во 21 век. Како гледате на проектот за Европската унија? Може ли да преживее, да успее и да претставува модел кој ќе го следат и останатите во 21 век? Мислам дека секако ќе преживее, и факт е дека ЕУ е се уште тука како важен модел за пример, но навистина има потреба да се реформира на одреден начин. Треба да создаде посилни централизирани институции, бидејќи во надворешните и економските политики ако нема флексибилност да ги контролира буџетските дефицити и да зборува во еден глас, едноставно нема да биде ефективна институција. Да се вратиме на Западен Балкан. Неодамна видовме ескалација на кризата на релација Русија со Западот. Верувате ли дека Западен

Балкан може да стане своевиден полигон на прокси војна? Многу аналитичари предупредуваат на оваа опасност. Дали сметате дека регионот е под закана од вакво сценарио? Секако сека тоа е можно. Русите веќе се придвижија кон своевидна воена состојба. Тие мислат дека тие се во долгорочен конфликт и со ЕУ и со САД. Ако не сме внимателни, тоа може да ескалира во вистински конфликт. Секако, тоа што тие го прават во сајбер просторот е практично објава на војна и мешање во демократските институции на другите земји. По 25 години од вашата најпозната книга “The History and the Last Man”, дали се уште верувате во крајот на историјата и победата на либералната демократија? Не гледам друга алтернатива на либералната демократија за напредните економии. Не гледам како некој алтернативен политички систем ќе ги направи луѓето посреќни или на дол рок поуспешни или поодржливи. Како и да е, мислам дека е многу тешко да се оддржи модерна либерална демократија. Едно од прашањата кои не сум ги земал во предвид во изминатите 25 години е можноста за политичко распаѓања и ерозија на демократските институции. Мислам дека го гледаме тоа, вклучувајќи ја и САД. 


ШТО ДОБИВАТЕ СО ОН-ЛАЈН ПРЕТПЛАТА НА КАПИТАЛ: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал

заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

до електронското 3. Пристап издание од било каде во Светот

ШТО ДОБИВАТЕ СО ПРЕТПЛАТА НА ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ:  49 броја на редовното издание на Капитал  45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал  Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа  Платена поштарина  Вклучено ддв  Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози



www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

36

БИЗНИС И ФИНАНСИИ

БДП НА ЧЕШКА, ПОЛСКА, РОМАНИЈА СО РЕКОРДЕН РАСТ ЗА ЕВРОПСКИ ПОИМ

ИЗВОЗОТ И ФИСКАЛНИТЕ СТИМУЛИ ГИ ДВИЖАТ ЕКОНОМИИТЕ ВО ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА

Б

Бруто домашниот производ (БДП) на државите од централна и од источна Европа продолжи да расте со рекордни за Европа темпа и во второто тромесечие од 2017 година. При просечно зголемување од 2,3% за економијата на Европската унија во второто тромесечие на годишно ниво, Романија изгледа како економски тигар – растот на БДП на оваа држава е двојно поголем од европскиот, и изнесува 5,9%. По Романија се Чешка и Полска со 4,5% раст, односно 4,4%, во однос на второто тромесечие од 2016 година. Унгарија, пак, има раст од 3,6%, ист како и оној на Бугарија, а Словачка од 3,1%. Цикличното закрепнување од кризата е во тек, и зголемената побарувачка на стоки и на услуги од Еврозоната помага за високите нивоа на раст во отворените, ориентирани кон извоз држави од регионот. Овие економии, особено унгарската и словачката, се тесно поврзани со синџирите за снабдување на германската економија, која, исто така бележи високи темпа на раст, односно, најдобри резултати од 2014 година наваму. Други фактори што важат за повеќето држави од регионот се намалувањето на невработеноста, во комбинација со зголемувањето на платите над нивоата на инфлацијата во овие држави, пишува Financial Times. Но, во некои од државите растот на потрошувачката доаѓа и од воведувањето на државни фискални стимули. Во Полска Владата ја почна социјалната демографска програма „500+“, со која е предвидено за секое второ и следно дете во семејството да се одвојуваат 500 злоти (117 евра). Во Романија, пак, промената на даночниот систем и воведувањето данок на промет наместо стапката од рамниот данок од 16% ги тревожи инвеститорите, пишува

Ниските камати за кредити и намалувањето на невработеноста ги влечат нагоре БДП-та на државите од централна и источна Европа, но, демографската ситуација на овие земји продолжува да биде најголем ризик во однос на продолжувањето на растот романскиот клон на американската трговска комора, AmCham. Освен ова, Букурешт ја зголеми минималната плата за 20%, до 1450 романски леи (360 евра) во февруари, што ја зголеми куповната моќ на вработените во државниот сектор. Според Financial Times нема начин овој раст да продолжи вечно на бранот на фискалните стимули и на монетарна политика на ниски каматни стапки. Чешката централна банка, на пример, за првпат ги зголеми каматите од кризата наваму. Но, демографската ситуација на државите од регионот продолжува да биде најголем ризик за продолжување на растот. Во комбинација со ветената од полската Влада политика

за намалување на возраста за пензионирање, 200 Пољаци се очекува да излезат од пазарот на труд порано од очекуваното. Украинските работници делумно ги пополнуваат празнините во полскиот пазар на труд, но со олеснувањето на визниот режим на Европската унија во однос на Украина, може да бидат привлечени повеќе кон Запад. Останува прашањето како политичките турбуленции во некои од државите (Романија, Полска) ќе се одразат на довербата на инвеститорите. Кон втората половина од годината и двете држави страдаат од ограничен приватен инвеститорски интерес, и главно се надеваат на европските фондови. nnn

FT: РАСТОТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОТПИРА САМО НА ФИСКАЛНИ СТИМУЛИ



www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

38

СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

ЈУЖНОКОРЕЈСКИОТ ТЕХНОЛОШКИ ЏИН ГИ ОБЕДИНИ СИЛИТЕ СО ЈАПОНСКА TAKEDA

SAMSUNG СЕ ШИРИ КОН ФАРМАЦЕВТСКИОТ ПАЗАР

K

орејскиот технолошки џин Samsung неодамна објави дека ќе се насочи кон производство на лекови, а на темата пишуваше Financial Times. Аналитичарите се на мислење дека компанијата има голем потенцијал за раст во овој сектор, иако за неа ова може да значи и ризично скршнување кон фармацевтската индустрија. Биофарамцевтското одделение Samsung Bioepis објави дека ќе ги обедини силите со јапонската Takeda Pharmaceutical за да развива лекови против недоволно истражени болести. Одделението на Samsung постои од 2012 година, и досега беше фокусирано на производство на поевтини копии на биолекарства, но кои ја загубија ексклузивноста на пазарот откако роковите на соодветните патенти истекоа. Соработката со Takeda е сигнал за очекувана промена во стратегијата на Samsung. Од јужнокорејскиот џин сеуште не откриваат детали за партнерството, што го споменуваат во контекст на „споделување на ризикот“.

Првиот чекор на ризична територија

Аналитичарите го сметаат влегувањето на Samsung на прилично традиционалниот фармацевтски пазар како прв чекор на ризична територија. „Со последната зделка може да се види дека Samsung е одлучен да развива нови лекови во зони што досега биле занемарени“, вели аналитичарот од Shinyoung Securities, Ум Јео Ин.

Имајќи ги предвид технолошките, регулаторните и правните проблеми со кои може да се соочи Samsung при развојот на нови лекови, промената на насоката може да се покаже долг и скап процес. Но, мотивот е голем кога се очекува продажбата на лекови со рецепти да расте за 6,5% во следните години, и пазарот да достигне 1.06 илјади милијарди долари во 2022 година „Но, зделката е само прв чекор – ова попрво е начин компанијата да покаже дека нејзините планови за ширење стануваат сè поконкретни“. Имајќи ги предвид технолошките, регулаторните и правните проблеми со кои може да се соочи Samsung при развојот на нови лекови, промената на насоката може да се покаже долг и скап процес. Според последните истражувања одвај еден од секои десет нови лекови ги поминува клиничките тестови до одобрување од владата. И покрај тоа потенцијалот останува огромен. Evaluate Pharma смета дека продажбата на лекови со рецепти ќе расте за 6,5% во следните години, и пазарот ќе достигне 1.06 илјади милијарди долари во 2022 година. Слична е ситуацијата и со биотерапевтските лекови што се прават од живи клетки, а не се хемиски синтетизирани. Таму пазарот треба да достигне близу 390 милијарди долари кон почетокот на 2020 година, посочуваат податоците на BCC Research. Од Samsung Bioepis коментираат дека компанијата е уверена во навлегувањето на новиот пазар, како и во иднината на пазарот на

биоподобни производи. „Навлегувањето на овој пазар е цел за компанијата уште од почетокот, и во овој момент од развојот веруваме дека тоа е логичниот следен чекор“, се вели во изјавата на Samsung Bioepis.

Takeda, и уште партнерства

Samsung може да се насочи кон повеќе партнерства освен тоа со Takeda. „Продолжуваме да бараме можности за заедничка работа со меѓународни фармацевтски и биотехнички компании“, пишува уште во изјавата од јужнокорејскиот џин. Првичниот фокус ќе биде на Takeda, која посветено работи во редица сфери, меѓу кои лекување на рак и невролошки терапии. Takeda е најголемата јапонска фармацевтска компанија по приходи, но профитните маржи и се релативно ниски. Компанијата има проблем веќе две декади, зашто не може да создаде лек што ќе се наметне на пазарот. „Takeda има проблеми со продуктивноста и развојот на лекови. Имено, затоа тие бараат начин да ја променат оваа тенденција, така што ќе работат со други компании“, вели аналитичарот на фармацевтскиот сектор од USB Токио, Ацуши Секи. nnn

SAMSUNG BIOEPIS: ПАЗАРОТ ЗА БИОЛЕКАРСТВА НИ Е ЦЕЛ ОД САМИОТ ПОЧЕТОК


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 1 СЕПТЕМВРИ 2017

ЕДНОДНЕВНА ПРАКТИЧНА ОБУКА НА ТЕМА:

NEWSLETTER-ОТ СЕУШТЕ Е ЕДЕН ОД НАЈЕФИКАСНИТЕ КАНАЛИ НА ПРОДАЖБА НАУЧЕТЕ КАКО ДА КРЕИРАТЕ NEWSLETTER КОЈ ЌЕ ПРОДАВА ЗА ВАС  5 септември 2017 година  10:00-16:00 часот

Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Целта на обуката е да се објасни што е email marketing, spam и како да се избегне, како функционира email newsletter (кои се неговите елементи). На обуката ќе биде разгледана и можноста како на легален начи да се изгради своја сопствена база на податоци и контакти. Ќе се анализираат и newsletter-и на различни компании, ќе се коментира што е добро, а што лошо и што може да се подобри. Кои алатки да се користат и како да се состави ефикасен email newsletter?. Кое време е најсоодветно да се достави newsletter-от...Како да ја следите конверзијата која произлегува од вашиот newsletter...Ова се само дел од прашањата на кои ќе добиете одговор. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОБУКАТА:

Презентација, вежби во групи каде ќе се анализираат newsletter-и на повеќе компании, но и newsletter-ите на компаниите од кои доаѓаат учесниците.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:

Обуката е наменета за директори, маркетинг и бренд менаџери, директори за продажба, претприемачи и директори на мали и средни компании. Исто така обуката е наменета и за јавни установи и за сите други кои на било кој начин комуницираат со клиенти/корисници/купувачи/деловни партнери и го користат email-от како канал на размена на информации. Напомена: Поради практичниот карактер на обуката, потребно е учесниците со себе да понесат лап топ.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска  e-mail: institut@koncept.com.mk  02 3128 526  070 272 207


www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

40

ИНТЕРВЈУ

Во ерата на глобализацијата и уметноста добива глобални рамки. Претставниците на големите светски центри на уметноста се главни во организирањето на арт-пазарот на глобално ниво и даваат извесни шанси за пробивање и на младите македонски уметници

НАДЈА ПЕТРОВИЌ

ЛИКОВЕН УМЕТНИК

ВО ГЛОБАЛИЗИРАН СВЕТ МЕСТОТО НА ЖИВЕЕЊЕ КАКО УМЕТНИК НЕ ТЕ ОГРАНИЧУВА

Н

Надја Петровиќ е млад ликовен уметник од Македонија со диплома од престижниот универзитет за ликовни уметности во Фиренца. Како припадник на новиот бран македонски уметници кои творат во светски

рамки досега изложувала и во Фиренца и во Лондон, а на 4 септември првпат ќе се претстави пред македонската публика, со изложба во галеријата на NLB Banka. На 4 септември подготвувате изложба во галеријата на NLB банката. Со што ќе настапите на вашето македонско изложбено деби? Полесно ли е да се изложува дома, откако тоа веќе сте го сториле во Фиренца и во Лондон? Искрено се радувам што ќе го реализирам

моето прво ликовно претставување пред македонската публика. На оваа изложба ќе бидат изложени големи фигуративни платна, во маслена техника. Многу околности се битни за да заклучам каде е полесно да ги изложите своите уметнички творби. Секако, Италија и Англија се главните центри на уметноста, работаат цели екипи и тимови, има голема критична маса и многу е полесно да се изложува таму. Во Фиренца и Лондон имав прекрасна можност да настапам со дел од моето

ПЕТРОВИЌ: ПОДОБРУВАЊЕТО НА ЕКОНОМСКАТА СОСТО


www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

41

творештво и бев многу задоволна од успехот што го доживеав таму. Верувам и се надевам со оваа моја изложба, во Скопје ќе допрам до ликовниот вкус на посетителите. XШто X значи за еден уметник да се усовршува на докажани адреси, во случајов на Академијата за убави уметности во Фиренца и на Ст. Мартинс во Лондон? Секако дека многу значи, и привилегија е да се образуваш во институција со многувековна ликовна традиција како што е Аccademia di belle arti di Firenze, и да твориш во земја каде уметноста, воопшто, е вкоренета во текот на целата нејзина историја. Во текот на студиите и после магистрирањето, имав можност да запознам врвни професори, историчари, големи креативци и еминентни критичари. Ocвен моето петгодишно искуство од Академијата во Фиренца, посебно искуство за мене претставуваат и курсевите на Универзитетот Central Saint Martins Сolledge of art and design во Лондон 2009 година, и курсевите на Еuropean school of economics 2017 - art and cultural managementм кои ми овозмозија да добијам една поинаква перспектива за светскиот пазар во уметноста. Освен во контекст на школувањето сум учествувала и на повеќе студиски патувања како што се саемот за уметност

во Базел, Биеналето во Венеција, саемите во Болоња, многубројни изложби како Торино, Берлин итн. Среќна сум што имав таква можност за школување и се надевам дека тој бенефит ќе го преточам и ќе се рефлектира врз моето ликовно творештво. XКаква X е ситуацијата со пазарот за уметност, таканаречениот арт маркет во Македонија? Некои ваши колеги се прашуваат дали ваков пазар овде воопшто постои? Имам одредени сознанија за арт-пазарот во Македонија и тие ме загрижуваат и мене како и поголемиот број творци од скоро сите уметности. Во ерата на глобализацијата и уметноста добива глобални рамки. Претставниците на големите светски центри на уметноста се главни во организирањето на арт-пазарот на глобално ниво и даваат извесни шанси за пробивање на младите македонски уметници. Светот се глобализира и малите галерии и индивидуалните уметници тешко остануваат подолго на пазарот било каде во светот. XКако X да се раздвижи македонската ликовна сцена, во смисла да се создаде побарувачка за уметност, со сите позитивни последици? Во однос на ова ваше прашање, можеби е клучно решавањето на егзистенцијалните

проблеми на луѓето, нивниот животен стандард, пред сè. Подобрувањето на економската состојба сигурно би обезбедила поголем број конзументи на уметноста. Знам дека постои знаење, желба и љубов за сликарството како и за останатите уметности, но достапноста не e можна за сите. XМоже X ли во Македонија еден ликовен уметник, особено млад, како во вашиот случај, да живее, да заработува за живот, само од својата уметност? Младите уметници во Македонија одредено време ги држи ентузијазмот, но набргу, согледуваат дека не ќе можат да заработуваат за живот со својата уметничка дејност, па лесно се откажуваат. Местото на живеење како уметник не те ограничува и тоа е позитивната страна. Многу работи зависат од тимот со кој работиш, од пазарот, односно за кого работиш – која ти е таргетираната група. Доколку младиот уметник не успее во глобалната битка тоа станува демотивирачки фактор. Во секој случај постојат и многу други алтернативни можности за афирмација на младите уметници како што се онлајн галериите, онлајн продажбите и уметничките саеми на европско, односно на глобално ниво. XКаде X се движи уметноста во светот денес? Светот драматично се менува и бара од сите учесници, дури и во уметноста, да го следат тој тренд. Веројатно најдобрите пазари за уметниците денес се во Шангај, Хонгконг и Токио. Меѓутоа, зголемената побарувачка ги комерцијализира уметниците и денес повеќе од било кога пазарот е жеден за креативност и инвентивност. nnn

ТОЈБА ЌЕ ГО РАЗДВИЖИ ДОМАШНИОТ АРТ-МАРКЕТ


www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

42

ТЕХНОЛОГИЈА

ОД ЛОНДОН ДО СИНГАПУР НАЈВИСОКОТЕХНОЛОШКИТЕ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ Градовите кои ќе се развиваат најмногу се оние кои го потпираат развојот на високите технологии и создаваат нови можности за развивање на нови технологии.

Г

радовите се патот кон иднината. Според Светската здравствена организација после помалку од 35 години, дури две третини од светското население ќе живее во градовите. Градовите кои што ќе профитираат најмногу се оние кои го потпираат развојот на високите технологии и создаваат нови можности за луѓето, развивајќи нови технологии. За да утврди кои градови се најдобри во тоа, консултантската компанија 2thinknow, која

е специјализирана во анализата на иновативните градови, направи рангирање на нај-високотехнолошките градови во светот. Компанијата анализирала 10 фактори поврзани со технолошкиот напредоквклучително бројот на продадени патенти по глава на жител, бројот на стартап компании, компании за ризичен капитал, ниво на користење на паметни телефони, според кој ги рангира 85 градови во светот. Еве кои се градовите со највисока технологија во светот:

1

2

Њујорк - САД

Њ

ујорк е посебен вид на технолошки лидер. Овој град, иако е застарен остарен од гледна точка на инфраструктурата, во исто време е и исклучително прогресивен град. Според официјалните податоци на САД, повеќе од 7 илјади технолошки компании имаат свое седиште во Њујорк. Градот има воспоставено интегрирана технологија во целиот град – LinkNYC-бесплатна Wi-fi услуга со над 500 пунктови на Менхетен, кои се бесплатни за користење за граѓаните.

3

Сан Франциско - САД

А

ко секоја држава во светот си има по еден град кој тврди дека е како Силиконска долина, тогаш е повеќе од јасно дека Силиконската долина се има претворено во своевиден златен стандард за технологиите. Токму заради тоа и Сан Франциско, најголемиот град во близина на Силиконската долина е на првото место, како град со највисока технологија. Сан Франциско е своевиден епи центар на сите технолошки случувања- почнувајќи од гигантската стартап култура и огромна сцена за ризични инвеститори, како и место за живеење и работа на врвни дизајнери и програмери од целиот свет. Силиконската долина е победник во секоја категорија од истражувањето, бидејќи е светски дом на иновациите.

Лондон - Велика Британија

Л

ондон се претвори во посакуваното место од гледна точка на јавниот транспорт по воведувањето на проектот Crossrail. До 2018 година 10 нови линии на брзи возови ќе ги поврзуваат 30 станици со целосно нови тунели. Со вредност од над 20 милијарди долари тоа е најголемиот градежен проект во Европа. Според 2thinknow, Лондон има повеќе стартапи и програмери од секој друг град во светот. Некои проценки покажуваат дека во Лондон има повеќе ИТ позиции отколку во Калифорнија, а само во следното десетлетие во Лондон ќе бидат отворени 11 илјади нови технолошки места.



www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

44

ТЕХНОЛОГИЈА

ЛосАнѓелес - САД

Л

4

ос Анѓелес не е лидер само во филмската индустрија. Истражувањето на LA County Economic Development Corporation покажува дека Лос Анѓелес има повеќе позиции во технолошкиот сектор, отколку било кој друг регион во САД. А анализата на 2thinknow покажува дека стартап компаниите и ризичните инвеститори имаат сериозна улога во бумот на технолошкиот сектор на градот.

Таипеј - Тајван

С

поред анализата на 2thinknow, Тајпеј е неспорен лидер кога станува збор за индустриски дизајн. Во изминатите години Таипеј покажа дека повеќе претпочита да се занимава со хардвер, отколку со софтвер. Некои од најголемите компјутерски компании се базирани во Таипеј, вклучително Asus, MSI, gigabyte I Acer.

Сеул Јужна Кореја

Сингапур

С 5

Торонто - Канада 6

С

Г

ингапур може да се пофали со исклучително многу програмери и ризични инвеститорски фондови. Градотдржава постојано создава нова инфраструктура и високотехнолошки висококатници, вклучително и една од последните згради целата како атриум. Сингапур е во партнерство со унивезитетот МИТ за да создаде поумен транспорт, кои помалку се потпира на приватните автомобилите, а повеќе на јавните возови и метро.

9

еул уште се нарекува и град на иднинатата. И тоа со право е така. Бидејќи иновациите практично се внедрени во дизајнот и архитектурата на градот. Според 2thinknow, Сеул има регистрирано повеќе патенти во споредба со било кој друг град во светот. Во него се разработени технологии кои веќе се секојдневие во секој град, како на пример LED технологијата во паметните телефони, како и технологии кои се првично употребени во пракса, како виртуелни продавници, во кои скенирани снимки на предмети, кои треба да бидат подоцна доставени.

Бостон - САД

8

7

олем број на возбудливи технологии доаѓаат од Бостон во последните неколку години од елитните универзитети како Масачусетс технолошкиот универзитет, Универзитетот Харвард. Многу од технологиите кои доаѓаат wод Бостон се од областа на биотехнологијата и роботиката. Во градот има многу венчр капиал фондови, кои вложуваат пари во иновативни лабаратории и универзитетски стартапи. Големи компании како Facebooк и Amazon имаат формирано центри за проучување и развој во Бостон, за да ги искористат бројните таленти од престижните универзитети.

С

о бројни стартапи и иновативна инфраструктура, Торонто е дом на 30% од канадските ИТ компании. Повеќето од нив имаат помалку од 50 вработени. Тоа значи дека има значителен број на млади компании, кој веројатно ќе имаат сериозно влијание во следното десетлетие. Вкупните приходи од компаниите од Торонто достигнуваат до 52 милијарди годишно. Во Торонто е сместен и Центарот за иновации на Cisco.

10

Чикаго - САД

М

ожеби Средниот Запад во не е некој магнат за стартапи, но Чикаго брзо докажува дека тоа не е вистина. Според неодамнешното истрување на државата Илиноис, во која се наоѓа и Илиноис, е меѓу топ 5 местата во САД со највисокотехнолошки работни позиции во САД, а самиот Чикаго е меѓу најзаслужните за оваа позиција. Според Brookings Institute, Чикаго е жешка точка на иновациите во сферата на градското планирање, во најголем дел благодарение на CityWorks, проект кој има за цел на иновативен начин да ги реши проблемите поврзани со преносот на енергија и транспортот.


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 13 СЕПТЕМВРИ 2017

ЕДНОДНЕВЕН ТРЕНИНГ:

ДЕЛОВНА СТАТИСТИКА ВО EXCEL  15 септември 2017  10.00-15.00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје

Статистичките методи и модели спаѓаат во најважните алатки во деловното планирање, микроекономската анализа и носењето на одлуки. Во свет во кој сме постојано опкружени со податоци, бројки, трендови и статистики, неопходно е да ги разбираме и да бидеме способни да ги користиме статистичките модели и методи, бидејќи тие се дел од најважните алатки за носење на деловни одлуки.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:  Презентација и собирање на податоци - Дескриптивна статистика во Excel  Поврзаност на варијабли - Корелациона анализа во Excel  Kако да се предвиди однесувањето на појавите? Регресиона анализа во MS Excel  Постои ли навистина разлика помеѓу појава или не? Тестирање хипотеза на разлики кај аритметичките средини  VLOOKUP, HLOOKUP Functions  Data Tables

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:

Тренингот е наменет за сите оние коишти сакаат да научат како да: Препознаваат ситуации во кои примената на статистичките методи може да помогне во процесот на одлучување; да спроведуваат едноставна статистичка анализа во пракса користејќи MS Excel и на тој начин да издвојуваат дополнителни информации од собраните податоци; интерпретираат различни нумерички податоци прикажани во деловните извештаи или критички да пристапат во вреднувањето на статистичките податоци пред носењето на деловни одлуки. Напомена: Поради практичниот карактер на обуката, потребно е учесниците со себе да понесат лап топ. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска  e-mail: institut@koncept.com.mk  02 3128 526  070 272 207

Грижете се за з равјет на Вашата к жа

КОМПЈУТЕРСКА ДЕРМАТОСКОПИЈА НА БЕНКИ

Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски



www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

48

ЛИДЕРИ РЕКОА ЗА... НЕУСПЕХОТ И СТРАВОТ ОД НЕГО

СÈ ШТО ПОСАКУВАТЕ СЕ НАОЃА ОД ДРУГАТА СТРАНА НА СТРАВОТ

Се чини дека неуспехот е повеќе “популарен“ од успехот. Или барем ние така претпочитаме да го перцепираме. Неуспехот се обидуваме да го избегнеме по секоја цена, но вистината е дека нема успех без неуспех. Тој е патот по кој мора да изодиме во исполнување на нашите соништа.

Неуспехот е многу битен. Треба да се искористи како пат до постигнување успех. Среќавам луѓе што се плашат да се обидат било што заради стравот од неуспех.

Болката заради неуспехот е привремена. Но, откажувањето трае вечно.

ЛЕНС АРМСТРОНГ

поранешен шампион во велосипедизам

Џ.К.РОУЛИНГ

авторка на серијалот книги за Хари Потер

Врз неуспесите ја градите својата цврстина. Не гледајте во минатото. Не трудете се да ги заборавите грешките, но немојте да очајувате заради нив. Тие не смеат да ја цицаат вашата енергија.

Единствената вистинска грешка е онаа од којашто ништо не научуваме.

ХЕНРИ ФОРД

основач на компанијата Форд

ЏОНИ КЕШ

американски музичар

Победниците не се плашат од губење. Но, губитниците се плашат. Оние што избегнуваат неуспех, избегнуваат и успех исто така.

Неуспехот е тој што ти дава вистинска перспектива за успехот.

РОБЕРТ КИОСАКИ мотивациски автор

ЕЛЕН ДЕЏЕНЕРИС

американска ТВ водителка и глумица



www.kapital.mk

Капитал број 931/932 01.09.2017

50

ЛИДЕРИ

ТОНИ РОБИНС

ПРЕТПРИЕМАЧ, АВТОР И МОТИВАЦИСКИ ГОВОРНИК

КВАЛИТЕТОТ НА ВАШИОТ ЖИВОТ Е ВСУШНОСТ КВАЛИТЕТОТ НА ВАШИТЕ ВРСКИ СО ЛУЃЕТО

Р

Роден како Антони Моховорич во Калифорнија пред 57 години, Тони Робинс вели дека имал тешко детство, исполнето со хаос и насилство во домот. Семејството го напуштил на 17 години, не посетувал колеџ и работел како хигиеничар. Патот до успехот почнал да си го трасира кога станал промотор на мотивациските семинари на славниот автор Џим Рон. Денес Робинс е сопственик на неколку компании што заработуваат преку 5 милијарди долари годишно, одржува семинари за мотивација и личен успех низ целиот свет и е посветен филантроп. Автор е на неколку книги, меѓу кои бестселерите “Money: Mastering the game” и “Awaken the giant within”.

Без оглед колку грешки правите и колку тие ви го забавуваат патот до целта, сепак сте далеку пред оние што воопшто не се ни обиделе.

Квалитетот на вашиот живот е всушност квалитетот на вашите врски со луѓето.

Ништо во животот нема значење освен она што вие ќе му го дадете.

Луѓето не се мрзливи. Едноставно, имаат импотентни цели, цели што не ги инспирираат воопшто.

Успешните луѓе поставуваат подобри прашања, затоа добиваат подобри одговори.

Луѓето што постигнале огромен успех не го направиле тоа само зашто имале неверојатна среќа. Тие ги правеле нештата поинаку од сите други.

Не треба да знаете што правите, туку да правите она што знаете.

Единствени луѓе што немаат никакви проблеми се оние закопани на гробишта.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.