933 kapital magazin

Page 1

ВЛАДАТА ГИ ПОСЛУША ПРЕРАБОТУВАЧИТЕ НА МЕСО: СЕ УКИНУВА ЦАРИНАТА ЗА УВОЗ НА СУРОВИНА

КАПИТАЛ АНАЛИЗА БДП ПАДНА ВО ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ, ДОБИВКАТА НА КОТИРАНИТЕ КОМПАНИИ НА БЕРЗА ПОРАСНА!

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

ПОЛИТИКА ШТО ЌЕ ГИ ОДЛУЧИ ПРЕТСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ?

WWW.KAPITAL.MK

INTERVIEW

ПАРАЛЕЛНА ЕКОНОМИЈА КОМПАНИИТЕ ОД ЗОНИТЕ РАБОТАТ ТРИ ПАТИ ПОДОБРО ОД ОСТАНАТИОТ БИЗНИС!

БРОЈ 933 | ЦЕНА 100 ДЕН. 15 СЕПТЕМВРИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

АЛЕКСАНДАР МИХАЈЛОСКИ

иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ЦЕЛОСНО ЗАСТРАНИ ОД ПРОЗАПАДНИОТ И ЕВРОПСКИОТ ПАТ И СЕ СВРТЕ КОН ДРУГИ ВЛИЈАНИЈА

СВЕТ: АМАЗОН СТАНУВА НОВ РЕКЛАМЕН ЏИН



3

Капитал број 933 15.09.2017

СОДРЖИНА

16 04

ВО ФОКУС

06

НАВИГАТОР

08 16

Apple претстави специјален iPhone со најголем „X“ фактор досега Економијата падна за 1,8% во вториот квартал Македонија на чекор до рецесија

COVER STORY

Паралелни економии Компаниите од зоните работат три пати подобро од останатиот бизнис!

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Владата ги послуша преработувачите на месо: се укинува царината за увоз на суровина

ЗОНИ

Странските извозни компании што работат во технолошко индустриските развојни зони работат три пати подобро отколку останатите компании од бизнис секторот. Најновиот Извештај за финансиска стабилност на Народната банка, покажа дека 19 компании лоцирани во технолошко индустриските развојни зони минатата година ги зголемиле приходите од продажба за 18,6%, додека пак растот на продажбата на годишно ниво кај сите останати 53.446 фирми во земјава изнесува 5,5%. Ако се споредува добивката што ја оствариле извозните компании, таа е зголемена за дури 38,9%, додека пак сите останати компании пријавиле добивка што е 12,1% поголема отколку во 2015 година.

 Стр. 8

20 20

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

30

ПОЛИТИКА

36

INTERVIEW

БДП падна во првото полугодие, добивката на котираните компании на Берза порасна 10-тенајпрофитабилни прават 83% од ќарот на сите 100 Мисли централно – дејствувај локално Што ќе ги одлучи претстојните локални избори? АЛЕКСАНДАР МИХАЈЛОСКИ

Иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ целосно застрани од прозападниот и европскиот пат и се сврте кон други влијанија

БДП ПАЃА, БЕРЗА РАСТЕ

На Македонската берза во задолжителна котација пласирани се акции од 107 компании. Од нив точно 102 поднеле финансиски извештај за работењето во првото полугодие од 2017-та, во законскиот рок. Од овие 102, 73 имаат добивка, останатите 29 работеле со загуба. Од овие 73 што работеле позитивно, на најпрофитабилните 10 отпаѓа дури 83% од целиот ќар на сите, или 75 милиони евра. Целата добивка е, инаку, 90,6 милиони евра, што е за 10,3% повеќе од истиот период лани. Компаниите со најтргувани акции на Берзата, членките на МБИ-10 индексот, имаат вкупна добивка од 62 милиони евра што е за 20% поголема во однос на првите шест месеци од 2016-та.

 Стр. 20

42 42

БАЛКАН БИЗНИС И ФИНАНСИИ

48

МАРКЕТИНГ

50

ЛИДЕРИ

Нов начин на инвестирање Словенците градат куќи на Крк со дигитални пари, а биткоин лудилото ги тресе и Хрватите и другите во регионот Се раѓа ли нов рекламен џин? Amazon сака да им го земе бизнисот на Google и на Facebook МЕРИ БАРА

претседател и извршен директор на General Motors

Автономните возила ќе ги променат нашите животи

КАЛКУЛАЦИИ

При многу големи влогови - Груевски бара спас – Заев потврда на власта, партиите до последен момент калкулираат со објавувањето на кандидатите за градоначалници, и немаат јасно дефинирани пораки за кампањата за изборите. Референдумите за бегалците закажани за денот на изборите го покажуваат стеснетиот маневарски простор за ВМРО-ДПМНЕ за создавање ефикасни носечки теми, а СДСМ ќе се обиде да продолжи по патот што го отвори кампањата за парламентарните избори, со акцент на враќањето на правната држава, очекувано од мнозинството граѓани. Локалните прашања – што (не)сработиле општинските власти - ќе бидат во сенка на партискиот судир проектиран на централно ниво.  Стр. 30

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 13.09.2017


Капитал број 933 15.09.2017

4

www.kapital.mk

ВО ФОКУС

НА ДЕСЕТГОДИШНИНАТА ОД ТЕЛЕФОНОТ ШТО ЈА ПРОМЕНИ ИНДУСТРИЈАТА

APPLE ПРЕТСТАВИ СПЕЦИЈАЛЕН IPHONE СО НАЈГОЛЕМ „X“ ФАКТОР ДОСЕГА Десет години по првиот iPhone, што ја почна серијата од која досега се продадени 1,2 милијарди парчиња, вообичаената „само уште една работа“ на конференцијата на Apple беше „специјалниот“ iPhone X, чиј „X“ фактор (иако во името на уредот X е римска цифра) се очекува да ги залуди фановите повеќе од кој и да е уред што излегол од Купертино

FACE ID: МОЖНОСТА НЕКОЈ ДА ЈА ПРОБИЕ ЗАШТИТАТ


www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

5

Д

Декада по претставувањето на првиот iPhone, кој имаше неспорно влијание врз натамошниот развој на смартфоните, особено во однос на дизајнот, Apple го одржа долго очекуваниот (како и секој друг од овој вид на џинот од Купертино) настан; прв во Steve Jobs Theater – салата во новиот објект на компанијата, која е, како што велат оние што го познавале легендарниот директор на Apple, токму она што тој би го посакал – ремек-дело на дизајнот. Настанот, на кој (како и секогаш) освен технолошките новостипромоции на Apple, бевме сведоци и на добро осмислена за создавање дополнителна магија, вешта употреба на ефекти од сценските уметности, почна со своевиден омаж на Стив Џобс, пред неговиот наследник, Тим Кук, да премине на главното, претставувањето на новите iPhone 8 и iPhone 8 Plus. Но, и овој пат, во стилот на Apple, Кук вети „уште само една работа“, која дефинтивно ќе биде хитот меѓу во вторникот претставените уреди и технологии. Десет години по првиот iPhone (досега од сите негови инкарнации се продадени 1,2 милијарди уреди), Apple ја претстави „десетката“, која во името има римска бројка, и се вика iPhone X. Кук овој уред го претстави со следниве зборови: „Во тек на последните 10 години, одевме напред со иновациите, што нè доведе до овој момент, кога можеме да креираме уреди што се значајно покреативни од претходно“. Овој смартфон од специјална едиција има edge-to-edge (од работ до работ) екран, со „исечен“ дел од предната страна за да може да се смести сензорот за предната камера, како и новиот Face ID сензор. Apple iPhone X е заштитен со стакло и од предната и од задната страна (отпорен е на вода и на прашина), додека рамката е од метал. Опремен е со 5,8-инчен екран (2436x1125p) со OLED панел. Екранот има пикселска густина од 458 ppi, поголема од која и

Промоцијата на новитетите на Apple се одржа во штотуку отворениот Steve Jobs амфитеатар, дел од новото седиште на компанијата, чија изградба чинеше 5 милијарди долари. Шефот на Apple, Тим Кук, со иконата на компанијата Стив Џобс во позадина на видео-бимот.

да е iPhоne досега, а Apple го нарекува Super Retina дисплеј. Овде Apple првпат одлучиле да не имплементираат „home“ копче, чија функција сега се извршува со повлекување (со прстот) одоздола нагоре. Не е имплементиран ниту Touch ID со сензор за отпечаток на прст, зашто новиот метод на потврда на идентитетот на сопственикот на уредот е Face ID, и го отклучува телефонот со едноставен поглед на него. Технологијата комбинира IR („инфрацрвен“) систем со предната камера и со таканаречениот „flood iluminator“, што го осветлува лицето за да овозможи препознавање (на лицето) и во темница. Според кажаното на конференцијата, Face ID е многу посигурна опција од Touch ID, и можноста некој да ја „пробие“ заштитата е еден во милион обиди (во телефонот да погледне друга личност и

да го отклучи). iPhone X има две камери на својата задна страна од 12 MP, а опремен е со оптичка стабилизација на сликата. Секако, сензорите се побрзи и поголеми отколку кај претходниците, а главната камера има f/1.8 отвор на блендата, додека „телефото“ објективот има f/2.4 отвор. Камерите се опремени со quadLED True Tone блиц. Процесорот на уредот е A11 Bionic, претставен и на „обичните“, iPhone 8 модели. На настанот беше претставено и новото безжично полнење, наречено AirPower, кое може да полни и повеќе уреди истовремено, но, ќе биде достапно дури догодина. Apple iPhone X ќе се продава по цена од 999 долари за 64GB моделот, а ќе има и варијанта со 256GB. Нарачките почнуваат на 27 октомври, а во продажба ќе го има на 3 ноември.

nnn

АТА НА НОВИОТ IPHONE X Е ЕДЕН ВО МИЛИОН ОБИДИ


www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

ГОЛЕМО ОТВОРАЊЕ НА НОВ

> БРОЈКА

19,9%

е намален бројот на издадени одобренија за градење во јули годинава во споредба со лани.

Светот се наоѓа во најопасна ситуација во последните 30 години. Работите се многу сложени и се понеизвесни.

ЈАНС СТОЛТЕРБЕРГ

Генерален секретар на НАТО

Н

а 20 септември се отвора новиот маркет ТИДЕА, што ќе има голема понуда на производи со атрактивни цени. „Ќе ни биде огромно задоволство да присуствувате на свеченото отворање на нашиот маркет ТИДЕА“, соопштија од ТИДЕА. Од ТИДЕА пренесуваат дека ќе има голема целодневна забава и понуди на кои не може да се одолее. Во ТИДЕА ќе може да најдете сè што посакувате за својот дом. ТИДЕА ги поканува сите заинтересирани потрошувачи на 20 септември на ул. Перо Наков бр.108 а.

ЕКОНОМИЈАТА ПАДНА ЗА 1,8% ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ

МАКЕДОНИЈА НА ЧЕКО

Д

Државниот завод за статистика објави дека бруто домашниот производ (БДП) на Македонија во второто тромесечие годинава бележи пад од 1,8%. Најголем пад од дури 17,3% има кај градежништвото, а пад од 1,6% има и кај преработувачката индустрија. Статистиката бележи пад на БДП и кај рударството од 1,4%, дејностите поврзани со недвижен имот од 2,6% и јавната управа, каде е регистриран пад од 4,1%. Најголем раст на БДП во вториот квартал годинава има кај Земјоделството од 4,1% и трговијата на големо и мало, каде има раст на БДП од 3,9%. Според податоците на Државниот завод за статистика, финалната потрошувачка на домаќинствата која учествува со 70,7% во структурата на македонскиот БДП, во второто тримесечје од 2017 година номинално пораснала за 6 %. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 16%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 7,3%. Ова е втор последоватален квартал во кој македонската економија бележи лоши резултати, откако во првиот квартал статистиката покажа стагнација, односно 0% раст на БДП. “Економијата во Македонија во вториот квартал од 2017 година

се намали за 1.8 отсто споредено со истиот квартал од 2016 година. Во поголем дел од овој период, економијата остана „замрзната“: домашните инвеститори речиси целосно се воздржаа од развојни активности, а влез на нови странски инвеститори речиси и немаше”, се вели во анализата на Finance Think. Од Фајненс тинк велат дека се песимисти дека новата влада ќе може за најкус временски период да се врати на патеката на структурните реформи, па заради тоа ја намалува проекцијата за раст на БДП годинава на 0,8%.

“Оваа значајна надолна ревизија на БДП е одраз и на повисокиот пад на економијата од очекуваниот во вториот квартал годинава, како и на застојот во реализацијата на капиталните инвестиции, понатамошната воздржаност на потенци јалните странски инвеститори и отсуството на амбициозна и структуирана економска цел и програма во моментов, оценува овој институт за економски истражувања и политики”, велат од Фајненс тинк. Бруто инвестициите во вториот квартал се намалиле за 19,9, а истовремено,


www.kapital.mk

В СЕМЕЕН МАРКЕТ – ТИДЕА

Капитал број 933 15.09.2017

мисла на неделата Способноста на учење е најважниот квалитет што треба да го има еден лидер.

Шерил Сандберг главен оперативен директор во Facebook.

7 > БРОЈКА

17,3%

е падот во градежништвото во вториот квартал годинава

лидери

ОР ДО РЕЦЕСИЈА Најголем пад од дури 17,3% има кај градежништвото, а пад од 1,6% има и кај преработувачката индустрија. Статистиката бележи пад на БДП и кај рударството од 1,4%, дејностите поврзани со недвижен имот од 2,6% и јавната управа, каде е регистриран пад од 4,1%.

во отсуство на владин импулс, капиталните инвестиции, особено оние во крупната инфраструктура, се реализираа со значително забавено темпо, па како резултат на тоа градежништвото се намали за 17,3%. Бизнисмените бараат државата да донесе конкретна стратегија и мерки кои ќе генерираат повисоки стапки на раст, зголемена конкурентност на домашните фирми, извоз и ќе отворат нови работни места. “Потребни се конкретни мерки за развој на домапнотот производтсво , за зголемен извоз а со тоа ќе се отворат и нови работни

места и дирекно ќе се влијае на стапката на невработеност. Потребна е стратегија на долг рок која ќе помогне за повисок економски раст и тоа од 5 проценти годишно повисоки минимална и просечна плата кај работниците”, смета Неби Хоџа, претседател на Комората на северозападна Македонија. Проценките на Комората се дека Македонија годинава ќе ја заокружи со раст на економијата не поголем од еден процент. Од Комората подвлекоа дека она што мора најитно да се подобри е пристапот до финансии за домашните компании преку пониски каматни стапки и да се искористат грантовите, со цел бизнисите да напредуваат и да бидат поконкурентни на регионалните и глобалните пазари. “Поддршка треба да имаат иновациите, женското претприемништво и конечно да започне квантитативно и квалитативно поддржување на рамномерниот регионален развој”, велат од Комората. 

ЈОНУЦ МИША

Романија е европски шампион со економски раст од 5,9% во вториот квартал

РЕН ЗЕНГФЕЈ

HUAWEI стана втор најголем светски производител на смартфони

не им беше неделата

СУНДАР ПИЧАИ

Google се жалеше на рекордната казна од ЕУ, но не успеа да ја одложи

ЕМАНУЕЛ МАКРОН

се соочи со првите улични протести, поврзани со реформата на законите за работни односи


COVER STORY: ПАРАЛЕЛНИ ЕК 8 COVER STORY Капитал број 933 15.09.2017

КОМПАНИИТЕ ОД ЗОНИТЕ РАБОТАТ ТРИ ПАТИ ПОДОБРО ОД ОСТАНАТИОТ БИЗНИС!

www.kapital.mk


КОНОМИИ www.kapital.mk

ПОКАЗАТЕЛИ ЗА ИЗВОЗНИТЕ КОМПАНИИ И ЗОНИТЕ VS. ОСТАНАТИОТ КОРПОРАТИВЕН СЕКТОР Раст на добивка по оданочување Раст на приходи од продажба Раст на вкупни средства Поврат на средствата (РОА) Нето профитна маржа Тековна ликвидност Денови на наплата на побарувања Денови на исплата на краткорочни обврски

Капитал број 933 15.09.2017

9 ИЗВОЗНИ КОМПАНИИ ВО ЗОНИТЕ

ОСТАНАТ КОРПОРАТИВЕН СЕКТОР

38,9% 18,6% 26,3% 13,5% 7,8% 2,1 79 80

12,1% 5,5% 7,4% 3,3% 4,5% 1,2 120 179


Капитал број 933 15.09.2017

10

www.kapital.mk

COVER STORY

Странските извозни компании што работат во технолошко индустриските развојни зони работат три пати подобро отколку останатите компании од бизнис секторот. Најновиот Извештај за финансиска стабилност на Народната банка, покажа дека 19 компании лоцирани во технолошко индустриските развојни зони минатата година ги зголемиле приходите од продажба за 18,6%, додека пак растот на продажбата на годишно ниво кај сите останати 53.446 фирми во земјава изнесува 5,5%. Ако се споредува добивката што ја оствариле извозните компании, таа е зголемена за дури 38,9%, додека пак сите останати компании пријавиле добивка што е 12,1% поголема отколку во 2015 година. Профитабилноста мерена преку индексот РОА (поврат на средствата) кај странските извозни компании изнесува 13,5%, додека во остатокот од бизнис секторот е измерена профитабилност од 3,3%. Индексите за ликвидност се двојно повисоки во технолошко индустриските зони наспроти останатиот бизнис сектор. финансиска стабилност на Народната банка, покажа дека 19 компании Александар Јанев лоцирани во технолошко индустриските aleksandar.janev@kapital.mk развојни зони минатата година ги зголемиле приходите од продажба за 18,6%, додека пак растот на продажбата кај сите останати 53.446 фирми во земјава изнесува 5,5% на годишно ниво. Ако се споредува добивката што ја оствариле извозните компании, таа е зголемена за дури 38,9%, додека пак сите останати компании пријавиле добивка што е 12,1% поголема отколку во 2015 година. Профитабилноста мерена преку индексот Странските извозни компании што РОА (поврат на средствата) кај странските работат во технолошко индустриските извозни компании изнесува 13,5%, развојни зони работат три пати подобро додека во остатокот од бизнис секторот е отколку останатите компании од бизнис измерена профитабилност од 3,3%. секторот. Најновиот Извештај за „Новите извозно ориентирани капацитети пишува:

С

забележаа подинамичен годишен раст во 2016 година во споредба со растот на домашниот корпоративен сектор во целина, но и со растот на остатокот од корпоративниот сектор без овие нови капацитети. Споредбата на показателите за работењето на новите извозно ориентирани производствени капацитети со показателите на останатите субјекти од корпоративниот сектор покажува дека ваквите субјекти бележат подобри остварувања во секој аспект од нивното деловно работење“, пишува во Извештајот на Народната банка. Показателите кои што покажуваат каква е ликвидноста во бизнис секторот покажуваат дека овој проблем е далеку поизразен во домашните фирми споредено со странските инвестиции што

НБРМ: ДОБИВКАТА НА КОМПАНИИТЕ ОД ЗОНИТЕ Е ЗГОЛЕМЕНА ЗА 38,9%


www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

11 работат во индустриските зони. Коефициентот за тековна ликвидност кој што би требало да изнесува 2, според податоците од Извештајот за финансиската стабилност за 2016 година, кај извозните компании ја надминува оваа граница и изнесува 2,1. Во сите останати фирми, измерена е коефициент на ликвидност од само 1,2. Коефициентот на моментална ликвидност, пак, кој што треба да биде 1, минатата година кај странските извозни компании изнесува 1,5, додека пак кај останатите фирми од бизнис секторот под минималната граница и изнесува само 0,9. Висината на овие коефициенти јасно покажува дека најголемиот проблем на домашниот корпоративен сектор е одржување задоволителна ликвидност, додека пак странските компании што работат во зоните го немаат овој проблем. „Новите извозно ориентирани производствени капацитети бележат значително повисока профитабилност, имаат побрз обрт на залихите и побарувањата, повисоки показатели за ликвидноста и прилично помала задолженост и оптовареност со каматни плаќања. Според ова, разликите во показателите за работењето на овие компании споредено со остатокот од македонскиот

корпоративен сектор, на извесен начин ги објаснуваат разликите во успешноста поврзана со спроведувањето на деловните цели, функционалноста на избраниот деловен модел и квалитетот во управувачките процеси“, објаснуваат аналитичарите на Народната банка. Единствена ставка од билансите чијшто раст во 2016 година каде што не се забележуваат значителни разлики споредено со останатите фирми од домашниот корпоративен сектор, е каматоносниот долг на претпријатијата, главно од кредити. „Можно е еден дел од разликите во растот, особено оние кои се однесуваат на конкретни видови средства, да се јавуваат и поради тоа што дел од овие нови претпријатија сè уште го немаат комплетирано планираниот инвестициски процес“, пишува во Извештајот за финансиската стабилност на Народната банка. Во минатите неколку години, извозните компании што отворија фабрики во технолошко индустриските развојни зони, го предводеа растот на извозот и со тоа и значителен дел од растот на бруто домашниот производ. За илустрација, во минатите четири години, најголем придонес во годишниот

раст на извозот од Македонија имаше извозот на машини и транспортни уреди, што во најголем дел се должи на работењето токму на овие нови производствени капацитети. Иако станува збор за само 19 компании од вкупно 53.446 субјекти од корпоративниот сектор со доставени годишни сметки, учеството на овие претпријатија во вкупните средства на крајот од 2016 година изнесува 4,5%, во приходите од продажба е 9,7%, а во добивката по оданочување е 15,3%. Некои од овие субјекти се дел од меѓународно активни компании, што од своја страна најверојатно значи поголем квалитет во нивното управување, подобра организација во работењето и полесен пристап до пазари за продажба на производите, и следствено, помал оперативен ризик во нивното работење.

36,3% од фирмите во загуба

Домашниот бизнис сектор минатата година се покажа отпорен на негативните ефекти од нестабилното домашно политичко опкружување ако се земат предвид показателите за растот на приходите од продажбите, и остварените финансиски резултати. Додадената вредност на домашниот корпоративен сектор лани, и покрај нестабилниот домашен политички


www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

12

COVER STORY

амбиент и присутната неизвесност, сепак забележа умерен годишен пораст. Според податоците од Извештајот, додадената вредност на корпоративниот сектор, изразена по тековни цени се зголеми за 6,2%. Речиси сите одделни стопански дејности имаат позитивен придонес во формирањето на годишниот раст на додадената вредност на корпоративниот сектор. Споредено со 2015 година, нивниот раст е нешто понизок, а само дејноста „индустрија“ забележа негативна реална стапка на промена. Најголемиот придонес во реалниот раст на додадената вредност на корпоративниот сектор има градежништвото, најверојатно поради спроведувањето на јавно финансираните инфраструктурни проекти. Политичката нестабилност минатата година не предизвика значителни промени и во обемот на претприемачката иницијатива. Формирањето нови економски субјекти забележа благо зголемување споредено

со претходната година, а учеството на новооснованите фирми во вкупниот број активни компании има стабилно движење. Од друга страна, како последица на законските одредби за постапување со субјектите со утврден неактивен статус, се забележа намалување на бројот на компаниите со блокирана сметка. Намалување се забележува и кај излезот на фирми од пазарот преку отворање стечајна постапка. Притоа, стапката на банкротирани компании е намалена од 3,2% на 2,1%. Вкупните приходи на корпоративниот сектор остварија годишен раст од 6,7%, приходите од продажба и оперативните расходи од работењето за 6,6%. Ваквата динамика на приходните и расходните категории овозможи раст на нето добивката на домашниот корпоративен сектор и добивката од редовно работење од 15,5% и 8,8%, соодветно. Независно од нестабилноста во домашното политичко опкружување, корпоративниот сектор во 2016 година успеа да забележи подобрување на

профитабилноста, што се потврдува преку позитивните промени на показателите за профитабилноста. Така, повратот на просечните средства (РОА) и повратот на просечниот капитал и резерви (РОЕ) забележаа благо зголемување во 2016 година. Главен носител на подобрувањето на профитабилноста е подобрувањето на нето профитната маргина на корпоративниот сектор од 4,3% во 2015 на 4,6% во 2016 година, додека ефектот на промените на обртот на средствата и во т.н. „финансиски левериџ“ на корпоративниот сектор беа поскромни. Аналитичарите на Народната банка констатираат дека подобрувањето на профитабилноста на домашниот корпора-тивен сектор во 2016 година повеќе се должи на одложените ефекти од тековната ниска цена на финансиските ресурси и ниското ефективно оданочување на добивката, отколку на промените во оперативниот левериџ или на подобрувањето на избраните деловни модели на претпријатијата.



www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

14

COVER STORY

Во 2016 година 36,3% од вкупниот број субјекти во корпоративниот сектор прикажаа загуба наспроти 36,4% од фирмите во 2015 година. Нето работниот капитал на домашниот корпоративен сектор забележа зголемување за 8,2%. Најголем придонес за овој раст имаат различните форми на краткорочни побарувања на претпри-јатијата, растот на залихите и растот на паричните средства, додека краткорочните обврски придонесоа во насока на намалување на нето работниот капитал. Показателите за ликвидноста сè уште се наоѓаат на релативно скромно ниво, а постои и висок степен на нееднаквост при распределбата на ликвидноста меѓу одделните субјекти од корпоративниот сектор. Така, се забележува корелација меѓу показателите за ликвидноста и резултатот од работењето на субјектите, при што оние претпријатија што прикажале загуба од работењето располагаат со значително помала ликвидност. Од аспект на големината

на претпријатијата најмали показатели за ликвидноста се присутни кај микро фирмите коишто всушност се и најбројни.

Задолженоста продолжува да расте

Долгот на домашниот корпоративен сектор продолжи да расте и минатата година заради значително поголемото користење на надворешни извори на финансирање за сметка на помалото задолжување кај домашните банки. Нето - задолженоста на корпоративниот сектор кон надворешните доверители се зголеми, додека кон домашните банки забележа намалување. Иако растот на надворешните извори на финансирање за домашниот корпоративен сектор главно се должи на меѓу - компаниските заеми поради странските директни инвестиции, сепак го зголемува значењето на движењата на меѓународните финансиски пазари. Трендот на намалување на висината на каматните стапки на кредитите продолжи и лани, што сигнализира

дека домашните банки вградуваат намалена премија за кредитниот ризик во одобрените кредити на домашните претпријатија. „Показателите за задолженоста на корпоративниот сектор во 2016 година се задржаа на релативно стабилно ниво, што покажува дека промените на обврските на корпоративниот сектор, генерално ги следат промените кај неговата капитална позиција. Анализирано по одделни дејности, показателите за задолженоста се највисоки кај градежништвото и кај дејностите во врска со недвижниот имот, стручните, научните, техничките, административните и помошните услужни дејности. Најмали показатели за задолженоста се забележуваат кај дејноста земјоделство, шумарство и рибарство. Изразено повисоки показатели за задолженоста имаат субјектите што прикажале загуба во работењето и микропретпријатијата“, пишува во Извештајот за финансиска стабилност на Народната банка. nnn


Elegance is an attitude Simon Baker

The Longines Master Collection


Капитал број 933 15.09.2017

16

www.kapital.mk

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ БРОЈКИ

28%

само е искористен капацитетот за преработки од месо на македонските производители

15%

само е преработената количина месо од домашно потекло

53%

е зголемен увозот на сувомеснати производи во количински износ за 4 години

21%

е зголемен увозот на сувомеснати производи во вредносен износ за 4 години

ВЛАДАТА ГИ ПОСЛУША ПРЕРАБОТУВАЧИТЕ НА МЕСО: СЕ УКИНУВА ЦАРИНАТА ЗА УВОЗ НА СУРОВИНА

МАКЕДОНСКИТЕ КОЛБАСИ И САЛАМИ ЌЕ СТАНАТ ПОКОНКУРЕНТНИ

Она што го побараа преработувачите на месо пред месец и половина од вицепремиерот Кочо Анѓушев и ресорниот министер Љупчо Николовски на тркалезната маса организирана од Капитал веќе ги дава првите резултати. Компаниите очекуваат укинувањето на царината за смрзнатото месо наменето за преработка да почне да важи веќе од 1 октомври. После 12 месеци ќе се направи анализа за влијанието на мерката врз пазарот на месо и преработки од месо. Ослободувањето од царина за смрзнатото месо наменето исклучиво за преработка се очекува да донесе поголемо производство и извоз на преработки од месо, нови вработувања, поголеми плати и ефекти за буџетот преку повеќе уплатени давачки и сл.


ЗА ПРВИ ЧЕКОРИ Некои велат дека сум скромнa, но мене за почеток сосем ми е доволен и наједноставниот банкарски пакет. Тој вклучува основни производи - трансакциска сметка, VISA Classic дебитна картичка, пристап до OBSGNet електронско банкарство, како и СМС известување.

ЗА СЕКОЈДНЕВНИ ПОТРЕБИ Како и на повеќето, мене највеќе ми одговара стандардниот пакет на услуги. Го препорачувам на сите, бидејќи покрај трансакциската сметка, СМС известувањето и VISA Classic дебитната картичка, пакетот вклучува и кредитна картичка MasterCard Standard или VISA Classic како и електронско или мобилно банкарство.

ЗА ВИСОКИ ЦЕЛИ

Денес времето е пари, затоа ми е потребен напреден пакет на банкарски производи. Го препорачувам SUPERIOR на сите кои сакаат паметно да располагаат со своите финансии. Ги користам сите негови поволности, бидејќи покрај стандардните услуги можам да користам електронско или мобилно банкарство, така заштедувам време и пари. Oвој пакет нуди и избор помеѓу VISA Gold и MasterCard Gold кредитните картички.

КОГА САКАМ СЀ Моите очекувања се навистина големи, и Банката ги исполнува. Ми понудија специјален пакет на врвни банкарски производи, кој вклучува трансакциска сметка, MasterCard GOLD дебитна картичка, електронско или мобилно банкарство, како и ексклузивна MasterCard PLATINUM кредитна картичка.

ЗА ЗАСЛУЖЕНА СИГУРНОСТ Се разбира дека го одбрав пакетот кој е наменет за пензионери. Особено ми е важно што можам да повлекувам готовина на секој банкомат во земјата и веднаш добивам СМС. Освен овие поволности, со мојот пакет добивам и Visa Classic дебитна картичка.

ЗА ЖИВОТ ВО ДВИЖЕЊЕ Како студент избрав пакет со минимални трошоци за одржување. Cool пакетот го препорачувам на сите млади луѓе, бидејќи нуди трансакциска сметка, Visa Classic дебитна картичка, СМС известување и најкул мобилно банкарство. Сѐ според моите потреби.

Koнтакт центар:

15 050


www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

18

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Д

олго време бевме во нерамноправна положба со увозниците на месни преработки и баравме од државата да донесе мерки за заштита и стимулирање на домашното производство и извозот. Конечно, актуелнава влада, ВЛАТКО кабинетот на ЃОРЃИЕВСКИ односно вицепремиерот Анѓушев МИК Свети Николе ги уважи нашите барања и подготвија предлог мерка којашто е своевиден компромис помеѓу нас како преработувачи и производителите на свежо свинско месо.

омашните преработувачи на месо ќе станат поконкурентни на домашниот и извозните пазари, индустријата ќе почне да ги користи капацитетите во што поголем обем, ќе расте бројот на СЛОБОДАН извозот, вработените, како и КУТРЕВСКИ платите во овој сектор. Пекабеско Оваа мерка очекуваме да ја смени состојбата во маркетите, кога сега е во прилог на странските производи коишто полнат три полици, а домашните само една.

пишува:

В

Д

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Во период од една година увозот на замрзнато свинско месо наменето за натамошна преработка ќе биде ослободено од царинска давачка откако ќе се прифати предлог одлуката изработена од Владата, поточно од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Владата ја изработи оваа предлог одлука на барање на Групацијата на преработувачи на месо и производство на преработки од месо, како и Групацијата за производство на свинско месо при Стопанската комора на Македонија, заради, како што велат оттаму, стимулирање на домашното производство на месни преработки и извозот, но и заштита на производителите на свежо месо. За проблемите на преработувачите на месо беше впрочем дискутирано и на неодамнешната тркалезна маса организирана токму од Капитал Медиа Груп, на која што покрај сопствениците на најголемите фабрики за месни преработки во земјава, присуствуваа и вицепремиерот Анѓушев и министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски. “Долго време баравме од државата да донесе мерки за заштита на домашното производство на месни преработки од нелојалната конкуренција од увоз. Во Македонија се увезуваат месни преработки без царина, заради договорите за слободна трговија што ги има потпишано државата, но постои висока царина за замрзнатото свинско месо, коешто најмногу го употребуваме ние преработувачите како суровина. Со тоа станавме неконкурентни на домашниот и странските пазари заради поскапеното производство. Со новата мерка очекуваме зголемено домашно производство на трајни и полутрајни месни преработки за 16.000

тони веќе до крајот на оваа година, или за 30% повеќе во однос на минатата, како и пораст на извозот за 10%“, рече Влатко Ѓорѓиевски, директор и сопственик на месната индустрија МИК од Свети Николе, претставник на Групацијата на производители на месни преработки на прес конференцијата при претставувањето на новата мерка пред неколку денови. Тој додаде дека користа од примената на мерката ќе ја имаат како домашните компании, така и крајните потрошувачи преку квалитетните производи и пониските цени.

Ќе се заштитат и домашните производители на свежо месо

“Во отсуство на бараната мерка, позитивните движења во оваа индустрија секојдневно добиваат негативна насока, пред сè поради повисокиот степен на либерализација со ЕУ, каде се добро познати системските мерки за поддршка на домашните фармери и извозни рефундации, како целосната либерализација со Србија и со Црна Гора, кои покрај производните субвенции имаат и извозни стимулации“, објаснува Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија. Тој објаснува дека предлог одлуката доставена од страна на Владата предвидува ослободување од царинската давачка за замрзнато свинско месо за регистрирани преработувачи на месо и производители на сувомеснати преработки кои преработуваат во сопствени објекти. “За таа цел, компаниите се должни да дадат банкарска гаранција во износ од вредноста на царинската давачка на суровината која се увезува, а ќе се отчитуваат преку предадениот готов производ. Инструментот за контрола од страна на надлежните институции компаниите го прифаќаат во целост, а готовото решение изготвено од страна на Царинската Управа, компаниите ќе го имплементираат на свој трошок. Дванаесет месеци од денот на донесување на одлуката е периодот на важност на истата по што би се направила анализа за влијанието на мерката врз пазарот на месо и преработки од месо.“, велат од

Н

а домашниот пазар нема доволно месо за преработка и она што ќе се понуди се откупува. Уверуваме дека смрзнатото месо за преработка нема да заврши во трговијата, за тоа ќе има ригорозни казни, па дури и одземање дозвола за ВАСКО Преработувачите РИСТОВСКИ работа. се должни да дадат Стопанска комора банкарска гаранција на Македонија во износ од вредноста на царинската давачка на суровината која се увезува, а ќе се отчитуваат преку предадениот готов производ.

ГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА ЗА МЕСО

С

поред податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство, во земјава се регистрирани 50 објекти за преработка на месо, од кои 12 веќе не работат. Од 38-те капацитети кои сè уште работат, 15 капацитети се регистрирани за производство на полутрајни и трајни производи со капацитет од 45.000 тони на годишно ниво/ работа во една смена. Со преработка на 11.500 тони месо минатата година, од можниот капацитет за производство на полутрајни и трајни преработки од месо кај членките на Групацијата на преработувачи на месо, се користи само 28%. Од вкупно преработената количина на месо само 1.700 тони, или само 15% е од домашно потекло, односно месо од домицилните производители. Останатото е од увоз, покажуваат податоците на Стопанската комора. Комерцијалните потреби од полутрајни и трајни преработки на месо годишно изнесуваат околу 17.000 тони, кои од домашното производство се подмируваат со 65%, а 35% од увоз, при што се увезуваат околу 6.000 тони. Групацијата на преработувачи на месо. Со тоа, велат тие, ќе се гарантира заштитата на домашните производители на свежо месо, односно ќе се превенираат злоупотребите на увезеното смрзнато месо без царина и негово пуштање во продажба како свежо за консумација. nnn

ПРОГНОЗИ: 30% ПОГОЛЕМО ПРОИЗВОДСТВО ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА



Капитал број 933 15.09.2017

20

www.kapital.mk

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

БДП ПАДНА ВО ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ, ДОБИВКАТА

10 -те НАЈПРОФИТАБИЛНИ ПРАВАТ

83% ОД ЌАРОТ НА СИТЕ

100

На Македонската берза во задолжителна котација пласирани се акции од 107 компании. Од нив точно 102 поднеле финансиски извештај за работењето во првото полугодие од 2017-та, во законскиот рок. Од овие 102, 73 имаат добивка, останатите 29 работеле со загуба. Од овие 73 што работеле позитивно, на најпрофитабилните 10 отпаѓа дури 83% од целиот ќар на сите, или 75 милиони евра. Целата добивка е, инаку, 90,6 милиони евра, што е за 10,3% повеќе од истиот период лани.


www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

21

А НА КОТИРАНИТЕ КОМПАНИИ НА БЕРЗА ПОРАСНА


www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

22

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

РЕЗУЛТАТИ НА КОТИРАНИ КОМПАНИИ ПО СЕКТОРИ Дејност

Добивка за прво полугодие 2017 (евра)

Промена во однос на 2016

Банкарство

42.819.870

14,68%

Индустрија

15.445.628

15,35%

Услуги

11.055.886

151,82%

Фармација

6.586.325

7,70%

Градежништво

3.194.407

-36,25%

Нафтени деривати

2.374.976

-42,46%

Осигурување

1.336.916

-38,24%

Угостителство

635.642

-32,30%

Земјоделство

505.317

-55,45%

Трговија

Банкарство

-2.810.455

Прва половина од 2016 Оствариле Оствариле добивка загуба 6 2

-

Прва половина од 2017 Оствариле Оствариле добивка загуба 7 1

Градежништво

5

-

3

1

Земјоделство

4

1

3

2

Индустрија

34

9

32

10

осигурување

2

0

2

-

трговија трговија со нафтени деривати угостителство

9

5

7

6

2

-

2

-

2

2

2

2

Извор: Македонска берза

пишува:

M Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Македонската економија забележа пад од 1,8% во вториот квартал од 2017, пред сè заради падот на градежништвото од 17,3% во однос на истиот период лани. Политичката криза, со својата кулминација на 27 април и настаните од Парламентот и неможноста да се формира влада половина година предизвика да замрат инвестициите во градежни капитални објекти кои што претходно беа главен двигател на растот на бруто домашниот производ – БДП. Токму заради тоа и во првиот квартал се

случи стагнација, односно нула раст на економијата, а во следните три месеци и пад. Уште еден квартал со пад на БДП и Македонија официјално ќе влезе во рецесија, предупредуваат економските аналитичари. Во вториот квартал пад на БДП според производниот метод, волуменски индекси, бележат и преработувачката индустрија (-1,6%), рударство и вадење камен (-1,4%), итн. Од резултатите пак што ги бележат стотината компании што се на задолжителна котација на Македонската берза, може да се добие поинаков впечаток за бизнис активноста во првите шест месеци – се разбира, тие се само мал дел од домашната економија, но се релевантен индикатор за тоа во каква кондиција е поедина индустриска гранка. Прво, нивната вкупна добивка во првото полугодие е поголема во однос на истиот период лани. Според анализата направена од Македонската берза, сите котирани друштва заедно

Компаниите со најтргувани акции на Берзата, членките на МБИ10 индексот, имаат вкупна добивка од 62 милиони евра што е за 20% поголема во однос на првите шест месеци од 2016-та. МБИ-10 компаниите имаат безмалку 70% од целата добивка на сите котирани компании собрани заедно, преку 100. Самиот пак, индекс во периодот јануари – јуни е пораснат за 34%, а на домашниот пазар на капитал се истргувани акции од овие 10 компании за вкупно 19 милиони евра, или дури 76% повеќе од лани. оствариле нето резултат во износ од 4,99 милијарди денари (81 милион евра) што е повеќе за 7,47%. Од вкупно 107 котирани друштва, 102 објавиле неревидирани финансиски извештаи, од кои 73 компании објавиле дека имаат добивка, наспроти 29 коишто работеле со загуба. Вкупно остварената добивка на друштвата што работеле со позитивен финансиски резултат е 5,57 милијарди денари (90,6 милиони евра), што е за 10,3% повеќе во однос на првото полугодие лани, додека вкупната загуба на оние што всушност работеле со загуба е 583 милиони денари (9,48 милиони евра).

Банкарскиот сектор со најголема добивка

Гледано по сектори, најголема нето добивка оствариле компаниите од секторот банкарство (котирани се следниве банки: Комерцијална, Стопанска Скопје, НЛБ, Стопанска Битола, Унибанка, Охридска банка СГ, Централна - кооперативна банка и ТТК) со вкупен износ од 2,63 милијарди

БИЛАНС: 73 КОМПАНИИ СО ДОБИВКА, 29 СО ЗАГУБА


www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

23 БРОЈКИ

5

најпрофитабилни компании прават 67% од добивката на сите котирани на Берза

3

најпрофитабилни банки прават 43% од добивката на сите котирани друштва

90,6

милиони евра е вкупната добивка на 73-те котирани компании што работеле позитивно

10,3%

денари (42,8 милиони евра), што е зголемување за 14,7% во однос на првите шест месеци лани. Најголема добивка има Стопанска банка – Скопје, од 1,3 милијарди денари (21,1 милиони евра), што значи половина од вкупната добивка на сите 8 котирани банки, пред НЛБ со 930 милиони денари (15,1

милиони евра) и Охридска банка СГ со 157,3 милиони денари (2,6 милиони евра). Комерцијална банка, како една од најголемите три банки во земјава, има пад на добивката од дури 80,5%, на 39,2 милиони денари (637 илјади евра) и покрај порастот на вкупните приходи од 2%, заради зголемените резервации

е поголема добивката во однос на прво полугодие 2016-та

9,5

милиони евра е вкупната загуба на 29-те котирани компании со негативен финансиски резултат


www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

24

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

10 КОТИРАНИ КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМА ДОБИВКА ВО ПРВО ПОЛУГОДИЕ 2017 Стопанска банка - Скопје

21.280.683

Промена во однос на 2016 7,60%

НЛБ Банка

15.117.724

61,48%

(евра)

Македонски Телеком

9.935.935

136%

Цементарница Усје

8.106.114

-13,16%

Алкалоид

5.882.211

10,81%

Мермерен комбинат

4.727.398

1197%

Гранит

3.314.341

1,70%

Охридска банка СГ

2.557.805

-38,47%

Уни Банка

2.025.854

64,67%

Макпетрол Вкупно/% од вкупна добивка на сите котирани

1.923.187

24,40%

74.871.252

83%

Извор: Македонска берза

предизвикани од влошеното портфолио на корпоративни кредити. Во секторот индустрија 32 друштва остварија добивка, додека 10 направија загуба, при тоа остварувајќи кумулативна нето добивка од 950 милиони денари (15,4 милиони евра), што е зголемување за 15,3% во однос на 2016-та. Конкретно, во секторот фармација трите котирани друштва остварија профит од 405 милиони денари (6,6 милиони евра) и зголемување од 7,7%. Алкалоид е предводник со нето добивка од 5,9 милиони евра, зголемена за 11%, при остварени приходи од продажба во износ од 4,55 милијарди денари (74 милиони евра), или за 9% повеќе од лани. Од прехранбената индустрија, меѓу котираните компании според приходите и добивката лидер е скопски Пекабеско, со приходи од продажба од 2,07 милијарди денари (32,5 милиони евра) и пораст од 13% (Пекабеско не остварува приходи само од производство на сувомеснати

производи, н.з.) Нето добивката на Пекабеско за првото полугодие е 50,8 милиони денари (826 илјади евра), што е за 16% помалку од лани. Витаминка како најголема според приходите меѓу компаниите од кондиторската индустрија котирани на Берза, има остварено продажби од 862 милиони денари (13,4 милиони евра), речиси идентично како минатата година, додека нето добивката е намалена на 15,5 милиони денари (252 илјади евра) за 43% заради негативното салдо на залихите на почетокот и крајот на периодот и зголемената амортизација на материјални средства.

Металургијата со поголеми приходи, но поскапените суровини ја јадат добивката

Во металургијата, најголемите компании котирани на берза од овој сектор, имаат одличен пораст на приходите, но и зголемени трошоци за суровини што им ја јадат добивката. Челичарницата Макстил покажува голем пораст на приходите од продажба, за 45%, на 2,6

милијарди денари (42,3 милиони евра). Тоа се должи на раздвижувањето на европската челична индустрија, но во компанијата стравуваат дека заштитните мерки што САД ги преземаат околу увозот на европски челик ќе го намалат овој раст. Оперативните расходи се пораснати за 9%, а се очекува нивен силен раст во втората половина од годинава заради големото поскапување на суровините на светските берзи. Макстил има оперативна добивка од 41,8 милиони денари (683 илјади евра), речиси двојно поголема од лани, додека на крајот, нето добивката е само 1,62 милиони денари (263 илјади евра), заради големите финансиски расходи за камати, курсни разлики и сл. АрцелорМитал Скопје, производител на ладно валани, поцинкувани и пластифицирани лимови, исто така има одличен раст на продажбите, односно извозот во првата половина од годинава. Приходите се 3,5 милијарди денари (57 милиони евра), што е за

ДИНАМИКА: УСЛУГИ СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА ДОБИВКАТА


20 октомври

СПЕЦИЈАЛНА ЕДИЦИЈА

200

НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ “Капитал Медиа Гроуп” ја подготвува традиционалната годишна едиција “КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И 200 НАЈУСПЕШНИ” во Македонија, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во Едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето добивката остварени во 2016 година, но во рангирањата ќе бидат вклучени и повеќе податоци за компаниите како вредноста на активата, вредноста на капиталот и уште многу други показатели и коефициенти за успешноста и ефикасноста во работење. Сите рангирања и показатели, како и секоја година, ќе бидат изработени врз основа на официјални и евидирани податоци обезбедени од годишните сметки на компаниите. Во едицијата ќе бидат рангирани компаниите според повеќе показатели како на пример: 

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМИ ПРИХОДИ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМ ПРОФИТ

КОМПАНИИ КОИ НАЈМНОГУ ВРАБОТУВААТ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМ КАПИТАЛ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМА АКТИВА

КОМПАНИИ КОИ НАЈБРЗО РАСТАТ

Во едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со најголемите и најуспешните компании во клучните индустрии, како и повеќе анализи: 

ШТО НОСИ НОВАТА ЕКОНОМСКА И ПОЛИТИЧКА РЕАЛНОСТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС?

КОМПАНИИТЕ И ИНДУСТРИИТЕ КОИ ЌЕ ГО НОСАТ РАСТОТ СЛЕДНАТА ГОДИНА

КОЈ ГИ “ВРТИ” ПАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА КОМПАНИИТЕ ЗА 2018 ГОДИНА

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ ВО РЕГИОНОТ?

Во рамките на Едицијата во одделни анализи ќе биде анализирано работењето на компаниите од клучните индустрии: 

ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА

ГРАДЕЖНА ИНДУСТРИЈА

ТРГОВИЈА

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

ЕНЕРГЕТИКА, НАФТА И ГАС

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

26

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

ДОБИВКА НА КОТИРАНИ КОМПАНИИ ЧЛЕНКИ НА МБИ-10 ИНДЕКСОТ

Стопанска банка Скопје

21.280.683

Промена во однос на 2016 7,60%

НЛБ Банка

(евра)

15.117.724

61,48%

Македонски Телеком

9.935.935

136%

Алкалоид

5.882.211

10,81%

Гранит

3.314.341

1,70%

Охридска банка СГ

2.557.805

-38,47%

Макпетрол

1.923.187

24,40%

Македонијатурист

680.098

-32,98%

Комерцијална банка

804.683

-76%

Стопанска банка Битола Вкупно/% од вкупна добивка на сите котирани

522.829

-

62.019.496

68,43%

Извор:Македонска берза

34% повеќе од лани, но оперативните расходи од 3,6 милијарди денари, што се должат на зголемените трошоци за суровини и други материјали. Затоа компанијата покажува оперативна загуба од 148 милиони денари (2,4 милиони евра), која е поголема од минатогодишната, а финансиските приходи ја ублажуваат оваа загуба до 105,5 милиони денари. Секторот услуги има 13 друштва со добивка и 7 со загуба, при што вкупната добивка е 680 милиони денари (11 милиони евра), или пораст за 151,8%. Тука убедлив лидер е Македонски телеком со приходи од пет милијарди денари (81,3 милиони евра), за 2% помали од претходната година, и нето добивка зголемена за дури 136% на речиси 10 милиони евра, којашто се должи пред сè на намалените расходи во делот трошоци за вработени од околу 4,5 милиони евра (компанијата направи аутсорсинг на добар дел од техничкиот кадар, н.з.). Практично, на Македонски телеком отпаѓа 90% од вкупната добивка остварена од котираните компании што припаѓаат на секторот услуги.

Најголем пад на добивката има кај земјоделските производители

Најголемо намалување на добивката во првата половина од 2017 година од 55,5% има кај компаниите од секторот земјоделие, коишто имаат добивка од 31 милиони денари (505 илјади евра). Најголемиот земјоделски производител во Македонија, ЗК Пелагонија, во првите шест месеци има оперативни приходи од 454 милиони денари (7,4 милиони евра), за 6,3% повеќе од истиот период лани. Расходите на компанијата се поголеми од приходите и изнесуваат 653,5 милиони денари (10,3 милиони евра). Кога ќе се додаде позитивната разлика помеѓу вредноста на залихите, се добива оперативна загуба од 90,1 милиони денари (1,46 милиони евра), што е речиси трикратно поголема во однос на лани. На крајот, нето загубата на ЗК Пелагонија е 109,23 милиони денари (1,8 милиони евра), или двојно повеќе во однос на првите шест месеци лани. Од компанијата велат дека годинава продолжила со инвестирање, заради што финансиските расходи се поголеми од финансиските приходи, што влијае врз крајниот финансиски резултат. Секторот трговија со нафтени деривати има намалување на добивката од 42,5%, со вкупен профит од 146 милиони денари (2,37 милиони евра). Најголемиот домашен дистрибутер на нафтени деривати, Макпетрол, првите шест месеци ги завршил со 8,6 милијарди денари (140 милиони евра) приходи од продажба, што е за 16% повеќе од лани. Оперативната добивка на компанијата е 91 милион денари (1,48 милиони евра). По пресметувањето на финансиските приходи и расходи, профитот пред оданочување е 121,6 милиони денари (1,98 милиони евра), или 7% повеќе од лани. Во Макпетрол зголемените приходи од продажба ги објаснуваат со зголемената продажба на енергенси во малопродажба, особено продажбата на светлите деривати за 4%, како и заради зголемувањето на цените на дериватите во однос на првото полугодие лани. Секторот градежништво има намалување на профитот за 36,2% на 196,5 милиони денари (3,2 милиони евра), додека секторот осигурување има за 38,2% помала добивка, или 82,2 милиони денари (1,34 милиони евра). Единствено секторот трговија претставен преку задолжително котираните компании на Берзата има вкупен негативен финансиски резултат од 172,8 милиони денари (2,8 милиони евра), каде што од 13 друштва 7 имаат добивка, а 6 го завршиле полугодието со загуба. Показател за тоа всушност колку малку силни домашни компании има во македонската економија е што најпрофитабилните 10 котирани друштва на Берзата имаат вкупна добивка од 4,6 милијарди денари (74,8 милиони евра), што е безмалку 83% од целата добивка на сите 102 компании што објавиле финансиски извештај за првите шест месеци. Членките пак на МБИ-10 индексот имаат вкупна нето добивка од 3,8 милијарди денари (62 милиони евра) што е пораст од 20% во однос на лани, или 68,4% од целата добивка на сите котирани друштва заедно. nnn



РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 27 СЕПТЕМВРИ 2017

ЕДНОДНЕВЕН ТРЕНИНГ:

НАПРЕДЕН EXCEL ЗА ФИНАНСИСКО ПЛАНИРАЊЕ  29 септември 2017 година  10:00-16:00 часот

Институт КОНЦЕПТ, Скопје

На тренингот ќе се користат само бизнис примери од анализа на продажба, трошоци и финансии. Ова е листата на некои од прашањата кои ќе се решат на тренингот: ЈАС СУМ АНАЛИТИЧАР НА ПРОДАЖБА ИЛИ ОДГОВОРЕН ЗА ФИНАНСИИТЕ:  Како да ја предвидам продажбата во иднина?  Како да создадам во Ексел Про-Форма финансиски извештаи?  Како да создадам во Ексел табела со преглед на планираната продажба на компанијата?  Како да ги форматирам показателите?  Како да направам анализа на профитабилноста?  Анализа на стапките на раст?  Како се користи What-If анализа?

ТРЕБА ДА СОЗДАДАМ ПЛАНСКИ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ ВО ЕКСЕЛ:  Како да користам Метод на Процент на продажба за подготовка на Про-Форма финансиски извештаи и како да се создадат такви извештаи во Ексел?  Употреба на TREND функцијата за предвидување на продажбата и други варијабли во Ексел.  Употреба на регресиона анализа во Ексел и користење на вградени регресиони алатки.  Користење на Тренд графикони во Ексел  Користење на Скатер графикони во Ексел КАКО ДА ЈА АНАЛИЗИРАМ ПРОДАЖБАТА И ФИНАНСИСКИТЕ ПОТРЕБИ НА КОМПАНИЈАТА:  Како да ја предвидам и следам продажбата во ексел?  Како да ги следам финансиските потреби во ексел? За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова e-mail: institut@koncept.com.mk 02 3128 526 070 272 207


НЛБ Проклик и НЛБ мПроклик

Вашата банка секаде со Вас! Станете корисник на НЛБ Проклик - електронското банкарство и НЛБ мПроклик - мобилното банкарство за правни лица до 30.09.2017 година и искористете ги промотивните поволности: • Без трошоци за електронско банкарство за сите плаќања до крајот на октомври • Бесплатна Mastercard Business или Visa Business картичка за првата година на користење Со НЛБ Проклик – електронското банкарство и НЛБ мПроклик - мобилното банкарство имате постојан увид на состојбата и прометот на Вашите сметки и можете самостојно да ги извршувате банкарските трансакции брзо и едноставно. Повеќе информации можете да добиете во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02 / 15 600 или на веб страницата: www.nlb.mk

www.nlb.mk www.nlbtb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


Капитал број 933 15.09.2017

30

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА

МИСЛИ ЦЕНТРАЛНО – ДЕЈСТВУВАЈ ЛОКАЛНО

ШТО ЌЕ ГИ ОДЛУ ПРЕТСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОР

ЗАЕВ: РЕФЕРЕНДУМИ НА НЕПОСТОЧЕКИ ТЕМИ НЕМА ДА


www.kapital.mk

УЧИ

РИ?

Капитал број 933 15.09.2017

31 При многу големи влогови - Груевски бара спас – Заев потврда на власта, партиите до последен момент калкулираат со објавувањето на кандидатите за градоначалници, и немаат јасно дефинирани пораки за кампањата за изборите. Референдумите за бегалците закажани за денот на изборите го покажуваат стеснетиот маневарски простор за ВМРО-ДПМНЕ за создавање ефикасни носечки теми, а СДСМ ќе се обиде да продолжи по патот што го отвори кампањата за парламентарните избори, со акцент на враќањето на правната држава, очекувано од мнозинството граѓани. Локалните прашања – што (не)сработиле општинските власти - ќе бидат во сенка на партискиот судир проектиран на централно ниво. Што ќе ги одлучи претстојните локални избори? пишува:

Максим Ристески

П

maksim.risteski@kapital.mk

Поради степенот на исполитизираност на општеството, во Македонија локалните избори секогаш се силно асоцирани со политичките состојби на централно ниво, но овој пат како веројатно никогаш досега стратезите со трката за градоначалници и за општински советници нишанат за дострел визирајќи нови предвремени парламентарни избори. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ уште додека се договараше датумот за локалните избори побараа истовремено (со локалните) да има и парламентарни избори. Сега, пак, е јасно дека партијата предводена од Никола Груевски сака потребниот притисок врз власта за нови предвремени парламентарни избори, да го направи „фрлајќи и ракавица“ на СДСМ со евентуален успех на локалните избори. И извори упатени во круговите на власта велат дека имаат основа гласините за расположение и на Илинденска број 2 за нови предвремени парламентарни избори догодина, кое е условено со можниот голем пробив на надворешно политички план – поврзан со аспирациите за членство во НАТО. Надежите (на власта) се дека по изборите што би го следеле споменатиот

ДА ГО СПАСАТ ВМРО-ДПМНЕ ОД ПОРАЗ

успех би можело да се состави посилно парламентарно мнозинство, а соодветно и поцврста владина коалиција. Во ВМРО-ДПМНЕ калкулациите ги прават под притисок, зашто кај нив загубата ќе биде извесна ако како референтна точка се земат претходните локални избори, кога СДСМ освои само четири градоначалнички мандати. И во најоптимистичките очекувања на најголемата опозициска партија, секако е предвидено да загубат барем во одреден број општини каде сега имаат градоначалници. Затоа на Груевски му останува опцијата за притисок за ново централно одмерување на силите само во случај вкупниот број на освоени гласови за ВМРО-ДПМНЕ да биде поголем од оној на СДСМ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е под притисок (со сè уште недоволно измерен потенцијал, но евидентен по реакциите од партијата) и од сè погласната внатрепартиска Иницијатива за реформа, со одек дури до Брисел, и тоа во редовите на сестринската (на ВМРО-ДПМНЕ) Европска народна партија, која, јасно, очекува нејзиниот партнер во Македонија да биде прозападно ориентиран, односно, соодветно да негува добри односи со Западот. Одредени аналитичари сметаат дека со стратегијата на Груевски да игра на картата на бегалците, тој покажува дека не ја научил лекцијата од парламентарните избори, односно од тоа како му се врати кампањата во која инсистираше на опасноста од „Тиранската платформа“ – дури и најлукративните интереси на која и да е од албанските партии во Македонија веќе не можат да ги натераат истите макар да најават соработка со ВМРОДПМНЕ.


www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

32

ПОЛИТИКА

Груевски се надева дека со евентуална победа на локалните избори ќе се отвори можност за предвремени парламентарни избори, но, сметаат аналитичарите, наративот што ВМРО-ДПМНЕ го форсира, за мигрантите, покажува дека за партијата е многу стеснет просторот за „големи теми“

Според овие аналитичари, наездата од референдуми (во врска со прашањето за населување и интеграција на мигранти) што ќе се одржат на ист ден со изборите (во Штип, Кавадарци, Битола, Гевгелија, ... и во скопските општини Гази Баба, Аеродром и Карпош) е за дополнителна мобилизација на членството на ВМРОДПМНЕ и за придобивање други гласачи кои ќе наседнат, ќе бидат застрашени од кампањата за бегалците, да направат соодветен избор гласајќи за градоначалник и за општински совет. Дел од аналитичарите сметаат дека, напротив, ВМРО-ДПМНЕ со закажувањето на референдумите на ист ден со локалните избори сака да обезбеди излезност на првите, кои инаку би пропаднале, а постојат само за да се обезбеди трајност (до локалните избори) на темата (бегалци) со која партијата на Груевски сака да ги сензибилизира гласачите. Адутите, пак, во кампањата на власта, се евидентната ренесанса што и се случува на Македонија на надворешен план, со која се зазема јасен курс и одново се отвораат перспективите за членство во НАТО и во Европската унија, а што секако е значајно во земја со солиден евроентузијазам. Друг адут што би можел да ги насочи гласачите (како на парламентарните избори) се очекувањата за враќање на правната држава, преку реформи во правосудството, со цел создавање услови за независно, департизирано и ефикасно судство со цел правдата да биде достапна до сите.

Кога сме кај власта, на тезата дека овие локални избори ќе бидат главно лакмус за односот на силите што се мери на парламентарни избори, потврда даде и министерот за здравство, кој е и кандидат за градоначалник на Гостивар од неговата партија (Алијанса за Албанците), Арбен Таравари, кој одлуката да се трка на локалните избори иако министер одвај неколку месеци ја доведе во врска со кредибилитетот со кој неговата партија седи во Владата. „Каков кредибилитет ќе имаме како партија да бидеме во власта, а да не освоиме ниту едно градоначалничко место“, изјави Таравари. Оваа негова одлука, односно на Алијансата за Албанците, покажува и дека не се води многу сметка како на ова ќе реагира најголемата партија во владината коалиција, СДСМ; што може да значи дека меѓу владините коалициски партнери е јасно дека набрзо ќе има нови предвремени парламентарни избори; односно, нови преговарања/ договарања; и тука, секако, ќе игра улога постигнатото на локалните избори.

Аналитичари: Резултатот ќе биде близок

Аналитичарот Петар Арсовски смета дека политичката клима на ниво на државата вообичаено ќе има големо влијание на локалните избори, не само поради форсирањето на национални теми од страна на партиите, туку и поради авторитарниот карактер на масата гласачи во Македонија. „Општата политичка клима многу ќе

влијае на локалните избори, најмногу поради авторитарниот карактер на електоратот - луѓето повеќе има шанси да гласаат за градоначалник кој има добра соработка со централната власт, отколку за градоначалник кој нема добри односи со Владата. Но, сепак, не треба да се пренебрегне влијанието на локалните проблеми, бидејќи градоначалниците, некои од нив, тераат веќе втор мандат со зголемени ингеренции, и луѓето се навикнати градоначалниците да им се поблиски. Така што, можеби за изборите за општинските совети ќе влијаат само централните теми, но личноста и претходното портфолио, секако ќе влијае при изборот на градоначалникот“, вели Арсовски. Тој смета дека од големите теми со кои партиите ќе се обидат да ги заинтересираат гласачите подобро ќе помине онаа на власта, за враќањето на правната држава, отколку на опозицијата, за мигрантите. „Граѓаните најмногу ќе бидат „фатени“ на темата правна држава. А овој наратив што ВМРО-ДПМНЕ го форсира, за мигрантите, мислам дека нема да има многу влијание на локалните избори. Повеќе влијание на нивните гласачи ќе има обидот да се реконсолидира ВМРО-ДПМНЕ, зашто во оваа партија ги третираат овие локални избори како шанса да покажат дека тие, всушност, не загубиле на претходните парламентарни избори. Кај СДСМ главниот аргумент ќе биде правната држава, и повторно реконсолидирање, но во овој случај на

ГРУЕВСКИ: ... ДА СЕ ОТВОРИ ПАТ ЗА НОВИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ



www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

34

ПОЛИТИКА

власта“, смета аналитичарот. Неговите очекувања во однос на резултатот од локалните избори се дека истиот, „каков и да е, ќе биде близок“, односно, оти „ќе нема драматична разлика од, на пример, двесте илјади гласови повеќе за едниот или за другиот, каква што сме можеле да видиме“. Директорот на Агенцијата Рејтинг, кој е шеф и на регионалната канцеларија на SCL Group, SCL Balkans, Никола Спасов, во изјавата за Капитал ги анализира стратегиите на двете најголеми партии, и изгледите истите да дадат резултат. „Овие избори се специфични поради фактот што двете најголеми партии се чини сè уште немаат јасно дефинирани пораки, а изборите се на нешто повеќе од еден месец. ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја наметне темата за бегалците која што се чини тешко „фаќа корени“ во гласачкото тело. Според истражувањата, бегалците не се закана за повеќе од 60% од гласачите и прашање е дали и колку ќе може ВМРО-ДПМНЕ да ја темели кампањата на оваа тема. Референдумите засега немаат некој голем одек во јавноста и ќе видиме дали ќе успеат изборите да ги претстават како референдум „за“ и „против“ бегалците. Моите анализи засега се дека тоа ќе биде многу тешко“, вели Спасов. Тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ нема многу на располагање други поголеми национални теми. „Законот за јазиците е една од можните, но со последната воздржаност на нивната парламентарна група во Собранието, се чини дека нема силно да поларизираат околу ова. Факт е дека сериозен процент Албанци веќе гласа за СДСМ, и ВМРОДПМНЕ нема повторно да ризикува провокација кон нив. Дополнително, албански гласови им се потребни за вториот круг во повеќе општини, што не им дозволува силна антиалбанска кампања. Очекувам посуптилно да ја комуницираат оваа тема и да не биде носечката порака на изборите“, смета Спасов. Тој очекува ВМРО-ДПМНЕ поради малиот маневарски простор за „големи спинови

Адутот во кампањата на власта, евидентната ренесанса што и се случува на Македонија на надворешен план, ја потврди евроамбасадорот Жбогар, кој на премиерот Заев во понеделникот му порача: „Република Македонија ја има досега најголемата шанса за успех за остварување на стратешките евроатлантски цели“

и теми“ да се обиде да ги максимизира гласовите преку мобилизација околу добрите кандидати, и да ги задржи упориштата на партијата со силна локална кампања базирана на проекти, додека негативната да ја води претежно на темата бегалци, но и наводната „дестабилизација“ која се пласира преку проруските српски медиуми. Спасов смета дека СДСМ има почист терен и може да ја продолжи продуктивната кампања од изборите. „Од СДСМ очекувам комбинирана кампања од национални и локални решенија, темелени на економијата, стандардот, платите, но и меѓународната политика. Дополнително, нивните кандидати за градоначалници имаат можност да бидат локално фокусирани, бидејќи во најголем дел од општините има незадоволство од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Тука може и со локални, но и со национални теми да

се бараат промени. Верувам ќе го искористат и бранот на промени со пораки од видот „одиме до крај“, каде ќе се бара целосна промена на власта и режимот на Груевски, кој не може да биде целосно поразен сè додека има на располагање локална власт. Најавите се дека ќе стигне и силна поддршка за Македонија за влез во НАТО која може да биде исто, потенцијална национална тема“, вели шефот на SCL Balkans. За професорот Јове Кекеновски нема дилеми дека овие локални избори ќе ги одлучи повисоката политика – онаа што се води и ќе се води на државно ниво, и, за жал, многу малку ќе имаат значење локалните проблеми. Тој смета дека ваква ситуација наметнува тоа што ВМРО-ДПМНЕ, односно Никола Груевски, бара спас и ќе се обиде по секоја цена да ги добие изборите, а од друга страна СДСМ ќе сака да го потврди успехот, да ја зацврсти власта. nnn


Комбинирана потрошувачка на гориво: 3.7 – 6.7 l/km Комбинирана емисија на CO2: 97 – 154 g/km

#уживањетоестандард A-Class A-utomatic. Новата A-Class со вклучен 7G-TRONIC автоматски менувач и URBAN пакет на опрема, дополнета со предни LED светла и DYNAMIC SELECT со 4 програми на возење го прават секое ваше патување забавно и неповторливо.

од

23.490 € 1.451.682 ден.


Капитал број 933 15.09.2017

36

ИНТЕРВЈУ

Промовирањето на клиентелистички пристап во регрутирањето на нови поддржувачи, барањето надворешни и внатрешни непријатели што доведе до целосна изолација на партијата, користењето со „лажни вести“ преку нарачани текстови со цел контрола на членовите и гласачите, ширење параноја и страв, ширењето антиНАТО и анти-ЕУ пропаганда, целосно гушење на слободата, сето тоа доведе партијата да го изгуби кредибилитетот кај нашите партнери од Западот. ВМРО ДПМНЕ целосно застрани од прозападниот и европскиот пат и се сврте кон други влијанија.

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

37

INTERVIEW

АЛЕКСАНДАР МИХАЈЛОСКИ ИНИЦИЈАТИВА ЗА РЕФОРМИ ВО ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ ЦЕЛОСНО ЗАСТРАНИ ОД ПРОЗАПАДНИОТ И ЕВРОПСКИОТ ПАТ И СЕ СВРТЕ КОН ДРУГИ ВЛИЈАНИЈА разговара:

A Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Александар Михајлоски периодов го запозна и пошироката јавност, како најистурено, најпрепознатливо лице на внатрепартиската Иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ. Овој дипломиран правник, адвокат, е активен член на ВМРО-ДПМНЕ од 1996 година, и имал функции во многу од партиските тела и органи. Веќе во 1998 година бил избран за член на Извршниот комитет на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО ДПМНЕ, а го уредувал и гласникот на Унијата, „Завет“, пред во 2000 година да стане потпретседател на УМС. Почнувајќи од 1996 година членувал во дванаесет републички изборни штабови, а

во 1999 година бил избран за претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ. Професионалната кариера ја почнал во Министерството за внатрешни работи како советник за односи со јавноста на министерот, а во 2005 година ја основал адвокатската канцеларија Михајлоски & Поповска - денес со респектабилна листа на домашни и меѓународни клиенти. Адвокатот Михајлоски може да се пофали со опширно искуство во корпоративното и во комерцијалното право, и значајна пракса во процесното, облигационото, сопственичкото и кривичното право. XБевте X во Брисел, во Европскиот парламент, имавте средби со претставници на ЕПП, сестринската партија на ВМРОДПМНЕ, што е најголема група во Европарламентот. Како гледаат тие на она што им го соопштивте за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ, и на реформата што ја предлагате во вашата партија? Средбите со европарламентарците кои ги остваривме во Европскиот парламент беа голем успех за нас како Иницијатива во ВМРО-ДПМНЕ и за Република Македонија.

Целта на нашата посета беше изворно да ги презентираме целите на Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ и воедно да ја презентираме Декларацијата „Европско ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија“. Оценивме дека е потребно да им покажеме на нашите партнери и пријатели во Европа дека во Република Македонија навистина имаат кредибилен партнер кој силно се залага за интеграција во Европската Унија и НАТО. Во моментот, во Европскиот парламент, групата на европските народни партии е најголема, и воедно во неа членуваат најсилните политички партии во Европа, како ЦДУ на Ангела Меркел, која е најголем поддржувач на проширувањето на ЕУ и на интеграцијата на земјите од Западен Балкан. Оттука, јасно е дека на Република Македонија повеќе од кога и да е и е потребна силна партија со ориентација кон десниот центар, со цврсти европски вредности, за какво што се залагаме да биде реформираното ВМРО-ДПМНЕ. Потребата од таков партнер е препознаена и во Брисел, од нашите соговорници со кои остваривме средби, кои дадоа недвосмислена поддршка на реформите за кои се залагаме. Во нас

МИХАЈЛОСКИ: ПОДДРШКАТА ОД ЕПП МНОГУ ЗНАЧИ ЗА РЕФОРМИТЕ ВО ВМРО-ДПМНЕ


www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

38

ИНТЕРВЈУ

препознаа искрена желба и заложба Република Македонија да се врати на евроинтегративниот пат со отворен и инклузивен политички дијалог. Процесите кои ги започнавме во ВМРО-ДПМНЕ се внатрепартиски, но целта е реформирано ВМРО-ДПМНЕ да добие поддршка од граѓаните, затоа што сме уверени дека ќе препознаат нова енергија која ќе го отвори патот кон ЕУ и НАТО. Поради тоа, поддршката која доаѓа од ЕПП и која е само почеток на унапредување и зацврстување на односите, е од големо значење за реформите во ВМРО-ДПМНЕ, но повеќе за интеграцијата на Република Македонија. Јасно е дека Република Македонија нема алтернатива на интегративниот пат, и што побрзо се вложат поголеми напори во тоа, толку побрзо ќе се осетат придобивките за граѓаните, а особено за бизнисите. Уверени сме дека столбовите на Декларацијата „Европско ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија“ се цврста основа за градење на напредни политики кои ќе бидат одговор на реалните потреби на граѓаните и бизнисот, како помала администрација, либерализација на пазарот, ниски даноци, целосно редефинирање на системот на странски инвестиции, безусловна и приоритетна поддршка на малите и средни претпријатија, поттикнување на претприемништвото, нови иновативни бизниси и нови технологии, одговорно трошење на јавните финансии, сеопфатно стратешко планирање, сериозна буџетска контрола и буџетска дисциплина. XОд X кога датира незадоволството кај членовите на Иницијативата од начинот на кој актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ управува со партијата? Незадоволството од недостаток на демократски капацитет датира од 2008/2009та година кога на некој начин почна узурпацијата на партиските тела и органи. Иако не спорам дека првите три години од ерата на владеењето на Груевски беа добри, сепак, од како се востоличи, стекна популарност и почна да победува, почна и да застранува. Постојано се обидувавме да укажеме на овие појави и постојано повторувавме дека не е соодветно партијата да се претвори во движење. Дополнително, непринципиелно и некоректно е да ја прогласувате партијата движење, за да се отворела кон сите со различни идеологии и убедувања; едноставно кон сите, без разлика дали се со демохристијански идеали, дали се екстремни левичари, либерали и т.н., бидејќи тогаш сите оние кои не се од идеолошки причини блиски до десните принципи на ВМРО ќе ви пристапат од чисто лукративни причини, а не поради вербата во вредностите. Најпрво сите бевме затекнати и молчевме, но како одминуваа годините сè поголем број БАШ интелектуалци си заминуваа. Груевски екипираше строго сервилно - медиокритетски кадар преку кој ги реализираше неговите авторитарни пориви. Внатрепартиската демократија целосно замре, и секоја внатрепартиска

Цела една млада генерација која растеше во време на владеењето на Никола Груевски последните неколку години, членови на Унијата на млади сили на ВМРОДПМНЕ, е сериозно индоктринирана со анти-ЕУ и анти-САД пропаганда дебата беше во корен сосечена. За илустрација е примерот дека најголем дел, ако не и сите одлуки на Централниот комитет во изминатите 6-7 години се донесувани едногласно. Зарем сите за секое прашање имаат идентичен став?! Сето тоа укажува на начинот на кој се водеше партијата и на притисоците што ги трпеа сите кои ќе се одважат да имаат сопствен став. Ваквите притисоци всушност направија автоцензура кај најголем дел од партиските функционери во дебатите во рамките на партиските тела. XВеројатно X е само реторичко прашањето - колку начинот на кој одредени структури во ВМРОДПМНЕ реагираат на вашата иницијатива може да се нарече внатрепартиска демократија. На каков притисок сте изложени во контекстот? Кога го започнавме ова, ние бевме подготвени дека ќе постојат некакви притисоци, но и во најдемократските партии во Европа, па и пошироко, постојат внатрепартиски притисоци, позиционирања, различни мислења и тоа е едно сосема нормално функционирање на партискиот живот. Проблемот настанува кога тие нормални притисоци ќе преминат во ненормални притисоци, како што е разрешувањето од партиските функции на сите наши приврзаници и како што беше и примерот со следењето на сопругата на еден член на ВМРО. Тоа е недозволиво и глупаво однесување. Се надевам дека ова беше еден изолиран инцидент кој нема да се повтори во иднина. Поголем притисок за нас представува неразгледувањето на поднесената Декларација до органите на партијата, во смисла на притисок за немањето слух за демократија во партијата и за овозможување на отворена дебата по некои прашања, со цел да се изнајдат соодветни решенија. Поминаа повеќе од два месеци од поднесувањето на тоа наше барање до Централниот комитет, а сè уште немаме никаков одговор. Игнорирањето на прашањата кои се од значење за партијата и државата, не е во полза на никого; напротив, придонесува кон продлабочување на

проблемите и се создава јаз, што е целосна спротивност на нашите заложби. Тоа што сакаме да го постигнеме е реален и отворен политички дијалог, кој ќе донесе стабилност во Република Македонија, кој е крајно потребен. Доколку не се дебатира може да се случи на следните избори ВМРО да има 59 пратеници, па доколку не најде партнер за коалиција, огромното мнозинство гласачи повторно да се најде во опозиција. Знае ли некој да одговори во овој момет што после таквиот можен след на настаните, особено поради тоа што принципот „победник со победник“ повеќе не постои. Пак ли ќе бидеме сведоци на некои нови настани од „27-ми“? Тоа ли е целта? XКои X политики/потези на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги сметате за најпарадигматични за состојбите во партијата поради кои сметате дека таму е неопходна реформа? Не станува збор за еден или друг потег, напротив, како што напоменав претходно, станува збор за комплетно застранување од патот во кој веруваме како партија. Напуштање на идеалите на ВМРО и промовирањето на клиентелистичкиот пристап во регрутирањето на нови поддржувачи, барањето на надворешни и внатрешни непријатели што доведе до целосна изолација на партијата, користењето со „лажни вести“ преку нарачани текстови со цел контрола на членовите и гласачите, преку ширење на параноја и страв, ширењето на анти-НАТО и анти-ЕУ пропаганда диригирана преку социјалните мрежи, целосно гушење на слободата, сето тоа доведе партијата да го изгуби кредибилитетот кај нашите партнери од Западот. ВМРО ДПМНЕ целосно застрани од прозападниот и европскиот пат и се сврте кон други влијанија, кои не се својствени за ВМРО-ДПМНЕ и кои не веруваме дека се патот по кој треба да се движи Република Македонија. Искрено многу жалам што цела една млада генерација која растеше во време на владеењето на Никола Груевски последните неколку години, членови на Унијата на млади сили, е сериозно индоктринирана со анти-ЕУ и анти-САД пропаганда. Тоа ќе биде најстрашното наследство, на кое ќе треба сериозно да работиме по реформите во ВМРО, со цел младите да разберат дека ВМРО било и ќе биде прозападно ориентирано. Република Македонија од самиот почеток е поддржана од САД и ЕУ како независна и унитарна држава и тие се нашите стратешки партнери. XКои X услови треба да се исполнат за да се овозможи и случи реформа во ВМРО-ДПМНЕ? Условите се исполнети. ВМРО е во опозиција само поради погрешните политики на нејзиниот претседател, без да ги дебатира тие политики во внатрепартиските тела и органи. Партијата освои 51 пратеник, а лидерот не успеа да формира влада, што значи дека му донесе на ВМРО победнички пораз. Со ова се исполнети двата неопходни услови.

МИХАЈЛОСКИ: БЕЗ РЕФОРМА ВМРО ЌЕ Е ОПОЗИЦИЈА И СО ОСВОЕН „61“ МАНДАТ



www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

40

ИНТЕРВЈУ

Груевски екипираше строго сервилно - медиокритетски кадар преку кој ги реализираше неговите авторитарни пориви. Внатрепартиската демократија целосно замре, и секоја внатрепартиска дебата беше во корен сосечена. За илустрација е примерот дека најголем дел, ако не и сите одлуки на Централниот комитет во изминатите 6-7 години се донесувани едногласно Првиот услов е тоа што ВМРО е во опозиција и покрај победата на партијата, и вториот е деспотското однесување на лидерот без да дозволи дебата за толку важно одлуки. Тоа фрла еден многу негативен впечаток врз неговиот личен карактер и отвара нови дилеми кај членството. Во тој контекст, можеби и меѓународните претставници ја забележале оваа тенденција кај лидерот со која сам ги носи одлуките, со што се јавува отворен сомнеж за тоа какви одлуки би можел во иднина да донесе без да ги консултира своите членови и да носи одлуки само според своите интереси. Тука се отвора и дилемата за логично расудување и донесување на правилни одлуки. Реформата во ВМРО ќе се случи. Оние кои и мислат добро на партијата веќе ги разбраа пораките, оние кои сè уште не ги разбрале пораките најверојатно имаат трпение да видат како ВМРО ќе биде опозиција и со освоени 59, па дури и „61 мандат“. Тоа ќе биде уште поболна и понеизвесна ситуација за сите, така што колку побрзо се влезе во реформи, толку полесно и побрзо ќе се излезе како победник. Никој не веруваше дека ВМРО ќе победи повторно ниту во 2002 година, но тогашните реформи во 2003 си го направија своето и за неполни 3 години ВМРО повторно

состави Влада на Р. Македонија. Ако се сеќава Груевски, тогаш тој беше во позиција во која ние реформаторите се наоѓаме сега, но тогаш, за разлика од сега, никој него не го нарекуваше деформатор. Тоа е разликата меѓу нас и него, иако и ние и тој припаѓаме кон иста политичка опција; различни сме, пред сè во разбирањето и неопходноста од демократски процеси во партијата. Што ќе ги одлучи локалните избори? Задоволството/незадоволството од сработеното од локалните власти или ставовите на граѓаните за генералниот тренд на промени во политиките на државно ниво? Исходот од локалните избори ќе зависи од две работи. Прво, од задоволството или незадоволството на граѓаните од сработеното или несработеното од градските татковци и советите на општините. Ова се објективните причини кога станува збор за локалните избори. Субјективните причини лежат во лошите потези на власта во изминативе 100 дена, а пред сè во непочитувањето на некои закони, насилното разрешување на директори со неквалитетни решенија, под изговор дека биле блиски до одредена политичка опција; нетранспарентност при предлагање

на законите, загушување на дебатата по однос на Законот за јазици; гледаме дека се најавуваат судски реформи со намалување на критериумите за избор на судии и обвинители, без да се води сметка дека пари од ЕУ се потрошени за воспоставување на тој систем на Академијата за судии и обвинители; палијативни кадровски решенија во повеќе владини комисии, загушување на слободата на изразување, без притоа да понудат поатрактивни решенија за медиумските слободи; нејасни позиции по однос на странските инвестиции, стопирање на пензиското покачување, ненавремено и несоодветно дејствување во справувањето со природните катастрофи, во случајот, пожарите и т.н. Од овие причини може да се донесе заклучок дека локалните избори ќе бидат доста неизвесни, а секој нов градоначалник кој ќе биде избран од редовите на СДСМ ќе значи пораз за нас, пораз за ВМРО, особено ако се има во предвид дека сега имаат 4 градоначалници. Доколку после овие избори освојат 30 градоначалнички места, тоа ќе значат 30 локални порази за нас, што ќе представува јасен сигнал, но и остро предупредување за раководството на партијата. 

МИХАЈЛОСКИ: НАШИТЕ ПРИВРЗАНИЦИ СЕ РАЗРЕШЕНИ ОД ПАРТИСКИТЕ ФУНКЦИИ



www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

42

БАЛКАН БИЗНИС И ФИНАНСИИ

НОВ НАЧИН НА ИНВЕСТИРАЊЕ

СЛОВЕНЦИТЕ ГРАДАТ КУЌИ НА КРК СО ДИГИТАЛНИ ПАРИ, А БИТКОИН ЛУДИЛОТО ГИ ТРЕСЕ И ХРВАТИТЕ И ДРУГИТЕ ВО РЕГИОНОТ Напредната технологија на „паметни договори“ годинава само во сферата на финансирање стартапи по волумен ги надминала традиционалните начини на прибирање капитал. Само во првите шест месеци од оваа година во светот се собрани 1,27 милијарди долари со продавање на биткоини и на други криптовалути

К

ина ја протресе криптовалутната сцена со забраната за собирање капитал преку иницијални јавни понуди на коини, но ICO практиката во светот веројатно нема да загуби на популарност, со оглед што ваквото финансирање е многу поедноставно отколку на регуларните берзи (со јавни понуди на акции), и многу поевтино.

„Денес, ако имате добра идеја, полесно и побрзо е од кога и да е да се дојде до средства за реализација преку ICO паметните договори. Освен тоа, ако имате биткоини или етериуми, инвеститор може да станете за пет минути“, вели косопственикот на хрватската биткоин берза BitKonan, Томислав Вајиќ. Напредната технологија на „паметни договори“, вели Вајиќ, годинава само во

сферата на финансирање страртапи по волумен ги надминала традиционалните начини на прибирање капитал. Само во првите шест месеци од оваа година во светот се собрани 1,27 милијарди долари со продавање на биткоини и на други криптовалути, објави неодамна CNBC. Во регионот на поранешна Југославија, Словенците веќе работат ICO проект Xaurum за изградба на куќи на островот Крк.

ЕКСПЕРТИ: РЕГУЛАЦИЈАТА Е НУЖНА, ЗАШТО МНОГУ ОД ОВИЕ ICO СЕ ИЗМАМИ


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156


www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

44

БАЛКАН БИЗНИС И ФИНАНСИИ ВО ДУБАИ СТАНОВИ ЗА НОВАТА КЛАСА БОГАТАШИКРИПТОВАЛУТАШИ ЌЕ СЕ КУПУВААТ ЗА БИТКОИНИ

К

ога веќе го споменавме словенечкиот ICO проект Xaurum за изградба на куќи на островот Крк, не можеме да го премолчиме проектот со биткоини и со недвижнини што одекна светски. Имено, британската претприемачка и политичарка, а притоа и бароница, Мишел Мон, почна голем градежен проект во рамките на Science Park во Дубаи. Од над илјада достапни станови од проектот, околу 750 ќе може да се купат со плаќање со биткоини. Мон и нејзиниот бизнис и животен партнер, Даг Барумен, одлучија дел од становите да и го понудат на новата класа богаташи, на биткоин милионерите, кои се збогатиле со тргување со виртуелните криптовалути. Гарсониера од проектот може да се купи за веќе 3033 биткоини, еднособен стан за 54 од најпознатата криптовалута, додека двособен за околу 80-85 биткоини (последнава цена, на пример, според вредноста на биткоинот во моментот на подготвување на текстов е околу 390 илјади долари (за 85 биткоини)). За да се избегнат осцилациите во вредноста на биткоинот, кои не се ниту мали, ниту ретки, цените на овие станови ќе бидат фиксни во долари, и претворени во вредност во биткоини на денот на купувањето.

Потребни се прецизни правила

Меѓутоа, на некои држави им пречи овој начин на финансирање за кој уште нема прецизни правила. Кинеската централна банка, како што кажавме, забрани компаниите да прибираат капитал преку ICO, што создаде паника меѓу инвеститорите и ја урна цената на речиси сите криптовалути. Но, погоре цитираниот Вајиќ тврди дека Кина нема целосно да забрани ICO, бидејќи се работи за супериорна технологија, туку оти ќе спроведе одредена регулација на овој сектор. Во контекстот, кинеските регулатори велат дек забраната на ICO е веројатно само прва во низата строги мерки за надзор и за регулирање на пазарот на криптовалути. „Регулацијата е нужна, зашто многу од овие ICO се измами или недостасуваат многу релевантни информации за потенцијалниот инвеститор да може правилно да одлучи“, вели Вајиќ. Цената на најпопуларната

криптовалута, биткоинот, од почетокот на годината полета од 1.000 долари, за неодамна да ја допре цената и од 5.000 долари, по што следеше пад на вредноста. Веста за одлуката на кинеските власти имаше ефект на студен туш и цената на биткоинот падна на околу 4.300 долари, но и покрај падот од рекордното ниво инвеститорите и натаму се оптимистични.

Биткоинот е новото злато сигурно пристаниште во време на нестабилност

„Слична ситуација имаше пред три години. Биткоинот дојде во фокусот, па сите му се нафрлија и цената нагло му порасна, па му падна. Потоа две години траеше консолидацијата. И сега повторно е во фокусот. Сите сакаат да го купат“, напоменува Вајиќ. Говорејќи за ситуацијата во друга држава од регионот, неговата Хрватска, Вујиќ вели дека таму биткоинот се

користи како инвестициско, а сè уште не како платежно средство. Хрватите, вели тој, вложуваат во биткоин бидејќи се надеваат на зголемување на цената. „Имаме над 15 илјади корисници во Хрватска и до 50 илјади долари промет дневно“, вели Вајиќ. Криптовалутите станаа сериозна инвестиција, а дека тоа е така покажува и тоа што за биткоинот се заинтересираа и големи играчи, како фондовите и банките. Политичката несигурност во светот, се чини, само придонесува за еуфоријата. „Наглиот раст во последно време е поттикнат со влегувањето на инвестициските банки и фондови на пазарот на криптовалути, и со големата политичка нестабилност. Од оваа перспектива, биткоинот, а и другите криптовалути, на златото сè повеќе му го земаат приматот на сигурно пристаниште во време на нестабилност“, заклучува Вајиќ.nnn





www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

48

МАРКЕТИНГ

СЕ РАЃА ЛИ НОВ РЕКЛАМЕН ЏИН?

AMAZON САКА ДА ИМ ГО ЗЕМЕ БИЗНИСОТ НА GOOGLE И НА FACEBOOK

Д

олго време на пазарот за онлајн рекламирање имаше еден голем играч, Google, пред последниве години Facebook бурно да порасне и да се наметне како единствен потенцијален конкурент за лидерската позиција на гигантот од Маунтин Вју. Но, некако тивко во сегментот се позиционираше нов амбициозен учесник, кој всушност и не ги крие намерите да стане главен фактор – џинот на интернет трговијата, Amazon, односно да ја заокружи големата тројка на индустријата. Иако компанијата не објавува официјални податоци за приходите од својот рекламен бизнис, веќе станува сè појасно оти

истиот продолжува да расте. Неодамна, извршниот директор на најголемата рекламна агенција во светот, WPP, Мартин Сорел, објави дека прометот на Amazon од реклами бил 2,5 милијарди долари во тек на минатата година. За споредба, Twitter, кој со години се обидува да го стабилизира бизнисот и има многу поран старт во секторот, генерирал 2,25 милијарди долари во истиот сегмент. Рекламирањето во Amazon го сметаат за еден од идните главни двигатели, и јасно е зошто: маржата е повисока, поддржана е од малопродажната дејност на гигантот, и може да го има истиот позитивен финансиски и бизнис одраз врз групата, како „клауд“ услугите на Amazon Web Services, со кои

компанија е веќе лидер на пазарот. Amazon не дава прецизни податоци за овој бизнис, а го вклучува во категоријата „останато“, обединувајќи ги помалите дејности како брендираните кредитни картички на компанијата. За минатата година вкупниот промет во оваа категорија е околу 3,4 милијарди долари. Така што оценката на Сорел може да се покаже точна, особено кога се има предвид дека тој има прилично длабок увид во пазарот. Во исто време други аналитички компании се поконзервативни во своите предвидувања: eMarketer прогнозира дека рекламниот бизнис на Amazon ќе порасне за околу 30% годинава, до 1,5 милијарди долари и ќе натфрли 2,4 милијарди до 2019 година. За

eMarketer: РЕКЛАМНИОТ БИЗНИС НА AMAZON ЌЕ ПОРАСНЕ ЗА ОКОЛУ 30% ГОДИНАВА


www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

49 Ако Google, лидерот на пазарот за онлајн рекламирање, знае како луѓето пребаруваат, а Facebook има податоци за тоа што ги интересира, Amazon дознава што народот купува и на кој начин го прави тоа. Џеф Безос јасно ги согледува можностите во овој дел и не треба да изненади ако неговата компанија која сега многу вложува во својот рекламен бизнис за неколку години почне да им дише во врат на двајцата наведени владетели во сегментот споредба, Google покажа над 79 милијарди долари од реклами во 2016 година, а Facebook 27 милијарди. Очекувањата се прометот на Twitter да се намали, и токму Amazon да земе дел од овој бизнис.

Како почна сè во рекламниот бизнис на Amazon?

Amazon се впушти во рекламниот бизнис во 2007 година, откако првично постави реклами на производи на сопствените сајтови – нетаргетирани, статични банери на Amazon.com и на IMDb.com. Во продожение групата го зголеми своето присуство, привлекувајќи големи брендови како Lexus, Chrysler и многу други, што навлегоа и на уредите и апликациите на онлајн гигантот како Kindle, Amazon Shopping за iOS и за Android и други. Постепено компанијата ја разви сопствената DSP (Demand Side Platform) платформа. Таа се користи за автоматизиран закуп на рекламен простор. Оваа платформа се базира на целoкупната корисничка информација на Amazon и може да ги таргетира клиентите и надвор од сајтовите на групата. Во тек на последната година Amazon значително ја прошири својата понуда за агенциите и за брендовите.

На пример, агенциите можат сами да закупуваат реклами преку одделот Amazon Media Group (AMG).

Кога знаеш што и како купува клиентот

Во односите со своите партнери, сосем е природно Amazon да игра на огромната моќ што ја има како шопинг гигант. Компанијата располага со податоци за тоа како корисниците пребаруваат, одлучуваат и купуваат производи, и тоа не само од Amazon, туку и на други платформи. Богатството на податоци за клиентите е поголемо дури и од она на Google и на Facebook. Првата компанија знае како луѓето пребаруваат, а втората што ги интересира, но Amazon дознава што купуваат и на кој начин го прават тоа. Таргетирањето се спроведува преку наведувачки, контекстуални, демографски, географски и останати принципи. Amazon има над 300 милиони корисници на Amazon.com и информации за секој од нив – каде живеат, што бараат и купуваат, и така може да создаде корисничка слика подобро од кој и да е друг. Нормално е дека ќе сака да прави пари од овие податоци. Пред неколку месеци групата лансираше и нова авоматизирана платформа - Advertiser Audiences, што им дава можност на брендовите да внесуваат своите CRM податоци за клиентите, за да ги прилагодат со тие на Amazon. Во онлајн гигантот јасно ги согледуваат

можностите и по тој повод го зголемуваат својот тим во овој сегмент. Според финансискиот директор Брајан Олсавски, најмногу нововработени се дојдени токму во овој бизнис на компанијата. Потенцијалот пред Amazon е голем, зашто сè повеќе корисници почнуваат да пребаруваат производи директно преку Amazon, а не преку интернет пребарувачи. 55% од онлајн купувачите во САД во 2016 година, наспроти 44% година порано. Во меѓувреме делот на традиционалните пребарувачи е паднал од 34% на 28%. Така што нема да биде изненадување ако за неколку години Amazon се претвори во една од најголемите рекламни платформи. Во Morgan Stanley даваат најоптимистичка прогноза за бизнисот – да стигне до приходи од 7 милијарди долари во 2020 година. Аналитичарите, исто така, очекуваат овој сегмент да биде приоритет за групата и да го компензира евентуалното забавување на други дејности, како Amazon Web Services. А и маржата во секторот е околу 20-30%, во однос на одвај 5% во трговијата. Десет години по навлегувањето, рекламниот бизнис сè уште носи мал дел од приходите на Amazon. Но, ако заклучуваме според стратегијата на компанијата на Џеф Безос во други сегменти, каде постепено тие се претворија во хегемон, не е исклучено и во овој случај групата да биде меѓу лидерите во 2020 година. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 933 15.09.2017

50

ЛИДЕРИ

МЕРИ БАРА

ПРЕТСЕДАТЕЛ И ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА GENERAL MOTORS

АВТОНОМНИТЕ ВОЗИЛА ЌЕ ГИ ПРОМЕНАТ НАШИТЕ ЖИВОТИ

М

ари Бара е една од најпознатите жени менаџери во светскиот бизнис. Таа е на чело на автомобилскиот гигант General Motors од почетокот на 2014 година, а својата кариера во оваа компанија ја почнала уште во 1980 година. Иако таа е прва жена на чело на оваа автомобилска компанија, многу аналитичари

Направивме многу важни и стратешки инвестиции во клучни технологии кои не ставија во лидерска позиција во области во кои оваа индустрија се трнасформира. Планираме да бидеме лидери во таа трансформација.

Најголемата лекција која ја научив е следна: Ако имате проблем, морате да го решите. Ако чекате, тој само може да станува поголем, ама нема да се намали.

Не го мешајте прогресот со победувањето.

Никогаш не сум сакала да добијам некоја работа само заради тоа што сум жена. Сакам да ја добијам бидејќи сум ја заработила и заслужила.

Поборник сум на баланс помеѓу работата и приватниот живот. Пoтребно ни е забавување за да ги наполниме батериите за да бидеме сигурни дека кога ќе се вратиме на работа сме вистински и целосно посветени на работата.

јавно и признаваат дека таа за три години направиле повеќе од претходните директори за 30 години. Како лидер Бара покажува микс од дисциплина и визија, успевајќи притоа да ја оствари главната цел на GM, а тоа е да произведе автомобили кои луѓето ги сакаат по профитабилна цена. Еве некои од нејзините ставови за успех во бизнисот:

Автономните автомобили ќе донесат големи промени во нашите животи, посебно што се однесува на безбедноста, сообраќајот и како го користиме нашето време. Мојата дефиниција на иновативноста е обезбедување на вредност за потрошувачот.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.