934 kapital magazin

Page 1

КАПИТАЛ АНАЛИЗА СЕКОЈ ВРАБОТЕН ДОЛЖИ ПО 7,5 ПРОСЕЧНИ ПЛАТИ ВО БАНКА

ПОЛИТИКА РЕГИОНОТ ДОБИ КОНКРЕТЕН РОК ЗА ВО ЕУ!

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БАЛКАН СЕ СОЗДАВА ГОЛЕМ ХРВАТСКИ КОНЗОРЦИУМ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА АГРОКОР!

WWW.KAPITAL.MK

18 ГОДИНИ КАПИТАЛ

INTERVIEW

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија

COVER STORY

ЌЕ ГО ВРАТИМЕ ДОСТОИНСТВОТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ!

БРОЈ 934 | ЦЕНА 100 ДЕН. 22 СЕПТЕМВРИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 18

НОВИ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ ЗА ПОГОЛЕМ РАСТ

ДРЖАВАТА ЌЕ ГИ СТИМУЛИРА ДОМАШНИТЕ И СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИНВЕСТИРААТ И ОТВОРААТ РАБОТНИ МЕСТА! ММФ: ЗГОЛЕМЕТЕ ГИ ДАНОЦИТЕ НА ГОРИВА И ИМОТ!




20 октомври

СПЕЦИЈАЛНА ЕДИЦИЈА

200

НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ “Капитал Медиа Гроуп” ја подготвува традиционалната годишна едиција “КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И 200 НАЈУСПЕШНИ” во Македонија, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во Едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето добивката остварени во 2016 година, но во рангирањата ќе бидат вклучени и повеќе податоци за компаниите како вредноста на активата, вредноста на капиталот и уште многу други показатели и коефициенти за успешноста и ефикасноста во работење. Сите рангирања и показатели, како и секоја година, ќе бидат изработени врз основа на официјални и евидирани податоци обезбедени од годишните сметки на компаниите. Во едицијата ќе бидат рангирани компаниите според повеќе показатели како на пример: 

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМИ ПРИХОДИ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМ ПРОФИТ

КОМПАНИИ КОИ НАЈМНОГУ ВРАБОТУВААТ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМ КАПИТАЛ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМА АКТИВА

КОМПАНИИ КОИ НАЈБРЗО РАСТАТ

Во едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со најголемите и најуспешните компании во клучните индустрии, како и повеќе анализи: 

ШТО НОСИ НОВАТА ЕКОНОМСКА И ПОЛИТИЧКА РЕАЛНОСТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС?

КОМПАНИИТЕ И ИНДУСТРИИТЕ КОИ ЌЕ ГО НОСАТ РАСТОТ СЛЕДНАТА ГОДИНА

КОЈ ГИ “ВРТИ” ПАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА КОМПАНИИТЕ ЗА 2018 ГОДИНА

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ ВО РЕГИОНОТ?

Во рамките на Едицијата во одделни анализи ќе биде анализирано работењето на компаниите од клучните индустрии: 

ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА

ГРАДЕЖНА ИНДУСТРИЈА

ТРГОВИЈА

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

ЕНЕРГЕТИКА, НАФТА И ГАС

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


5

Капитал број 934 22.09.2017

СОДРЖИНА

30 06 08 10

ВО ФОКУС

Поделени реакции по предлогот на Јункер за зауздување на бранот кинески инвестиции: ЕУ ризикува трговска војна

НАВИГАТОР

Меѓу предлозите на ММФ и покасно одење во пензија Тевдовски: “Не размислуваме за зголемување на старосната граница“

COVER STORY

Нови економски мерки за поголем раст Државата ќе ги стимулира домашните и странските компании кои инвестираат и отвораат работни места!

36 22

INTERVIEW

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ министер за за земјоделство, шумарство и водостопанство

52 44

БАЛКАН БИЗНИС

48

КЛУБ НА ИСТРАЖУВАЧИ

52

ТЕХНОЛОГИЈА

54

ЛИДЕРИ

Ќе го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец!

30

БАНКИ И НАСЕЛЕНИЕ

36

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Кредитирањето на граѓани забавува со растот Секој вработен должи по 7,5 просечни плати во банка

Регионот доби конкретен рок од Брисел Може ли Македонија да фати приклучок со Србија и Црна Гора за приклучувањето на ЕУ?

Се создава голем конзорциум за преземање на хрватскиот гигант Агрокор! Адрис група и Атлантик сакаат да го купат Агрокор! Промовирани две економски истражувања во Народната банка

Вооружената вештачка интелигенција нè воведува во Терминатор ерата РИД ХАСТИНГС

ко-основач и директор на Netflix

Се случува револуција!

МЕРКИ ЗА УСПЕХ

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ

КРЕДИТИ

Економските мерки кои ги предложи Владата ќе обезбедат финансиски импулс и за домашните, а не само за странските компании кои сакаат да инвестираат и отвораат нови работни места, поддршка за извозните компании и за здравите компании кои имаат потенцијал да ја повлечат целата економија напред. Ова е првичната оценка од бизнис секторот и експертската јавност за ефектите кои можат да се очекуваат мерките за поголем економски раст кои минатата недела ги промовираа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

“За нас како мала економија е најважно е да имаме конкурентно земјоделско производство, конкурентни производи на странските пазари, а тоа се постигнува преку намалување на производните трошоци, односно кога земјоделците ќе имаат поевтина нафта, семе, ѓубрива и заштитни средства, а субвенциите ќе ги добиваат навреме, за истите да имаат развоен карактер. За таа цел ќе почнеме силна инвестициска активност која ќе доведе до модернизација на земјоделството и создавање на конкурентно земјоделско производство“, вели во интервјуто за Капитал ресорниот министер Љупчо Николовски.

Растот на кредити за население лани бил 8,3%, со што забавува растечкиот тренд од претходните три години. Најголем интерес постои за кредитите наменети за финансирање на потрошувачката на домаќинствата - годишен раст на барањата од 15,4% - и тоа за кредитните картички и пречекорувањата на тековните сметки. Според извештајот на НБРМ за финансиска стабилност, минатата година и покрај политичката криза, банките одобриле поголем износ на кредити за население во однос на 2015, при што најголема стапка на пораст во одобрените имаат станбените кредити – 13,5%, додека пак најголем пад имаат автомобилските – 36%.

 Стр. 10

 Стр. 22

 Стр. 30

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 20.09.2017


Капитал број 934 22.09.2017

www.kapital.mk

ВО ФОКУС 6 ФОКУС ВО

ПОДЕЛЕНИ РЕАКЦИИ ПО ПРЕДЛОГОТ НА ЈУНКЕР ЗА ЗАУЗДУВАЊЕ НА БРАНОТ КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИИ:

ЕУ РИЗИКУВА ТРГОВСКА ВОЈНА Финска е меѓу главните противници на предлогот на претседателот на ЕК, Јункер, за построги мерки против влезот на кинески и други странски инвестиции на европските пазари. „Сфаќам дека ова е нешто што би ги задоволило Германија и Франција, но исто така може да ги испровоцира Кина, Индија и САД, а претпоставките за трговска војна се доволно и без протекционистички дејства од страна на ЕУ“, вели финскиот министер за меѓународна трговија и развој

ФИНСКА: НАИВНО Е ЕУ ДА НЕ ОЧЕКУВА ПОСЛЕДИЦИ


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

7

П

Предложената засилена контрола на странските инвестиции во Европската унија нема да постигне многу, смета министерот за меѓународна трговија и развој на Финска, Каи Мукaнен. За британски Financial Times, Муканен вели дека овој план попрво претставува ризик за трговска војна. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во својот говор на 13 септември одговори на растечката загриженост во однос на бранот кинески инвестиции, како дел од планот за заздравување на европската трговска политика. Загриженоста на некои од државите членки се дека ќе има многу големо меѓународно присуство во клучни сектори како високотехнолошкото производство, енергетиката и инфраструктурата. Но, предлогот Брисел да учествува во зделки со странски инвестиции, како и да се обезбеди подобра координација на националните закони, може многу лесно да доведе до негативни последици, смета Муканен. „Сфаќам дека ова е нешто што би ги задоволило Германија и Франција, но исто така може да ги испровоцира Кина, Индија и САД, а претпоставките за трговска војна се доволно и без протекционистички дејства од страна на ЕУ“, вели Финецот, дополнувајќи дека е „наивно ЕУ да не очекува последици“. Пред предлогот да се претвори во закон, Европскиот парламент (ЕП) треба да гласа за промените, а големите држави членки да формираат мнозинство. Меѓу приврзаниците на планот на јункер се најмногу Германија, Франција и Италија, но им треба дополнителна поддршка. Францускиот претседател Емануел Макрон ветуваше брзо решавање на прашањето, но негативните коментари на финскиот министер веројатно ќе го забават носењето на овие мерки. Муканен дури претпоставува дека години ќе поминат пред да се постигне конечно решение. Скандинавската држава е една од малкуте што имаат функционален систем за контрола на инвестициите. Пред неколку месеци Германија прифати законска измена што и дозволува на Владата да ги запира обидите да бидат придобиени бизнисите кои се клучни за државата. Од Брисел коментираат дека овој план ќе ја изедначи Европа со други држави, како

САД, каде веќе има ограничувања за странските инвестициски навлегувања. Пред некое време ЕП дури предлагаше да се основа орган сличен на американскиот комитет за меѓународни инвестиции.

Европските процедури да бидат над националните

Во основата на предлогот на Јункер стои постојана комуникација меѓу државите членки. Во случај на непријателска инвестиција владите ќе треба да ги информираат останатите, што ќе му овозможи на Брисел директно да учествува во зделката. Овие овластувања досега беа целосно под раководство на националните влади. И додека европските чиновници инсистираат дека заедничкиот систем ќе биде од корист, во Хелсинки не се сложуваат. Европските процедури што ќе бидат над националните „поверојатно ќе создадат проблеми за слободниот пазар и за политиката на отворена економија, а нема да бидат особено корисни“, вели министерот Муканен. Тој додава дека бројката на запрени зделки одвај дека ќе се зголеми, но за сметка на тоа бирократијата ќе се зголеми за неколку пати. Уште во јуни лидерите на неколку држави се спротивставија на предложените мерки. Освен Финска и останатите скандинавски држави, тука се Холандија, Грција, Португалија, Шпанија.

Пекинг обвинува за протекционизам

Последниве години кинеските инвестиции се зголемиле многукратно. Само во 2016 година инвестициите во ЕУ

биле 35 милијарди евра – за две третини повеќе отколку во 2015. Истовремено Кина не ги отвора пазарите за странските инвеститори, а обидите за трговски договор меѓу Европа и азискиот џин не успеаја. Власта во Пекинг официјално изрази загриженост од предлогот на Јункер, што може да го ограничи навлегувањето на Кина во инфраструктурни, високотехнолошки и енергетски компании од ЕУ. Кинезите се на став дека одамна ЕУ ја штити слободната трговија и олеснувањето на инвестициите, од што корист имаат сите држави членки. Но, со затворањето на вратата нема да се постигне траен развој. „Практикувањето на трговски и инвестициски протекционизам во името на краткорочни интереси води до тоа на долг план загубите да бидат поголеми од користа“, сметаат Кинезите. Пекинг ја повика ЕУ да ги сочува сите преземени мерки според принципите на Светската трговска организација, и особено тие против дискриминирањето на странските инвеститори. „Треба да се избегнува испраќањето погрешна, збунувачка и негативна информација кон останатиот свет“. Повик до ЕК да изгради механизми за построги проверки на инвестициите од трети држави во стратешките сектори во ЕУ, упати во јуни Макрон. Париз веќе има национално законодавство за блокирање на зделки во сектори како енергетика и телекомуникации. Месец подоцна Германија стана прва држава во ЕУ што ги направи построги правилата за корпоративни придобивања по низа зделки во кои Кинези добија достап до западни технологии и експертиза. nnn

И АКО ГО ПРИФАТИ ПРЕДЛОГОТ НА ЈУНКЕР


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

8

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА

3%

е намален прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2017

ДОНАЛД ТРАМП

претседател на САД:

Бирократијата ги кочи Обединетите нации. Мора да се поедностават бирократските процедури за поефикасно да им се помага на оние на кои тоа им е потребно

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА САМИ НОВАТА ФАЗА НА ПРОЕКТОТ

Н

епосредно пред почетокот на европската недела на мобилност, минатиот викенд во Целје беше лансирана нова фаза на проектот EDISON eCity – еден од најзначајните регионални проекти во областа на еколошкиот транспорт. Настанот го организираше регионалната иницијатива Самит100 во партнерство со локалната власт на Целје и со Rotary клубовите од регионот. Платформата ЕДИСОН (EDI-

МЕЃУ ПРЕДЛОЗИТЕ НА ММФ И ПОКАСНО ОДЕЊЕ ВО ПЕН

ТЕВДОВСКИ: “НЕ РАЗМИС ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СТАРО

Р

Растот на БДП се очекува да биде 1,9% за цела 2017 година, по нултиот раст во првиот и падот во вториот квартал, за разлика од растот од 2,4% во 2016, како последица на долготрајната политичка криза во земјата, вели Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот извештај по направениот годишен преглед на македонската економија од 6 до 18 септември. “Реалниот раст на БДП се очекува одново да се врати на повисоко ниво во 2018 година и постепено да се зголеми до 3,75% на среден рок, поддржан од подобрената клима за инвестирање, зголемените извозни капацитети и континуираното подобрување на пазарот за работна сила. Владејачката коалиција која има тесно мнозинство може да биде исправена пред предизвици во контекст на претстојните локални избори, а обновената политичка неизвесност може да ја поткопа и онака ранливата економска ситуација. Постојат и надворешни ризици заради послабиот раст на економиите во најзначајните трговски партнери на Македонија, како и глобалната економска неизвесност што може да го намали извозот и приливот на странски директни инвестиции. На позитивната страна пак, зајакнувањето на политичката стабилност може да води кон порешително спроведување на

Мисијата на ММФ во Скопје предложи реформи во пензискиот систем со пензионирање на постари години, поголема ефикасност во наплата на ДДВ и повисоко оданочување на имот и гориво. структурните реформи и зајакнување на евроинтеграциските процеси и потенцијалот за раст“, се вели во извештајот на ММФ. ММФ забележува дека ефикасноста на наплатата на ДДВ е влошена и значително пониска споредено со останатите земји од Западен

Балкан, а македонскито министер за финансии Драган Тевдовски вели дека потфрлувањето на приходите се однесува на првите шест месеци. „Има потфрлување споредено со 2016 и планот за годинава. Во јули и август веќе има подобрена наплата. И кај големите обврзници има простор за


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

9 > БРОЈКА

ИТ100 ПРОМОВИРАНА EDISON ECITY SON) настана во Словенија во 2015 г., како резултат на хуманитарна иницијатива во која за потребите на деца со инвалидитет во рентакар-услугите беа воведени електрични возила, модел BMWi13, со што се воспостави првата еколошка економија на споделување – еден од најбрзо растечките светски економски трендови. Минатиот викенд беа претставени првите резултати од платформата и беше лансирана фазата eCelje, со која проектот ЕДИСОН го продолжува

поврзувањето во рамките на регионот на Југоисточна Европа. На промоцијата на новата фаза, во Целје, присуствуваше и европската комесарка за транспорт, Виолета Булц. Еден од творците и главните придвижувачи на проектот е д-р Изток Селјак, претседател на Управниот одбор на словенечката компанија „Хидрија“ , една од водечките европски компании од областа на автомобилската технологија, и потпретседател на Управниот одбор на Самит100.

50%

изнесува невработеноста кај младите во Македонија

лидери

НЗИЈА

СЛУВАМЕ ЗА ОСНАТА ГРАНИЦА“

КОЧО АНЃУШЕВ

Конечно конкретни мерки за поддршка на успешните компании

БРОЈКИ

1,9%

раст прогнозира ММФ за 2017

1,2%

годишна инфлација прогнозира ММФ

зголемена наплата”,изјави Тевдовски ММФ предлага токму подобрувањето на работењето на канцелариите за големи даночни обврзници и воспоставувањето на целосно функционална единица за управување со ризици. „Дополнителни добивки во приходите може да се остварат со повисоки даночни стапки на горивото, кои се меѓу најниските во регионот, како и кај стапките на оданочување на имот“, се вели во изјавата на Мисијата на ММФ ММФ ја поддржува одлуката на македонската влада за поддршка на вработените со ниски примања и покачување на животниот стандард

во земјата, но владиниот план за постигнување на овие цели првенствено преку субвенционирање на покачената минимална плата носи ризик по фискалната одржливост. За постигнување на долгорочни резултати, ММФ предлага овие цели да се постигнат преку сет од политики за зајакнување на стимулациите за учество во пазарот на работна сила, намалување на неефикасноста во трошењата за социјални политики и креирање дополнителен простор за јавни инвестиции во човечки капитал и инфраструктура. Мисијата ја поздравува намерата на Владата да го зајакне управувањето со јавните финансии и да ја зголеми фискалната транспарентност, а банкарскиот систем го оценува како здрав. Во извештајот се оценува дека подобрувањето на среднорочниот потенцијал за раст зависи од одлучното справување со слабостите на судството и сеопштото управување. 

ЖАН-КЛОД ЈУНКЕР

Регионов доби конкретен рок за придружување на Европската унија

не им беше неделата

РЕЏЕП ТАИП ЕРДОГАН

Почна судењето на 31 турски новинар поради наводна поврзаност со обидот за пуч

БЈАРНИ БЕНЕДИКТСОН

Премиерот на Исланд поднесе оставка поради педофилски скандал


COVER STORY: НОВИ ЕКОНОМС 10 COVER STORY Капитал број 934 22.09.2017

www.kapital.mk

ШТО СЕ ОЧЕКУВА ОД НОВИТЕ ЕКОНОМСКИ

 РАСТ НА ПРИВАТНИТЕ ДОМАШНИ И СТРАНС  ПОРАСТ НА ВРАБОТЕНОСТА  ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА И КОН  ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ И РЕГИОНАЛНА  ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД  ПОРАСТ НА БДП

ДРЖАВАТА ЌЕ Г ДОМАШНИТЕ И КОМПАНИИ КОИ ОТВОРААТ РАБ


СКИ МЕРКИ ЗА ПОГОЛЕМ РАСТ 11 www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

МЕРКИ?

СКИ ИНВЕСТИЦИИ

НКУРЕНТНОСТА НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР АТА ПОВРЗАНОСТ НА ГРАЃАНИТЕ

ГИ СТИМУЛИРА И СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИРААТ И БОТНИ МЕСТА!


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

12

COVER STORY

Овие мерки ќе се финансираат со парите на граѓаните и даночните обврзници, кои се еден вид инвеститори, а Владата мора да води сметка таа нивна инвестиција на крајот да се исплати и да не биде загубена”, објаснува премиерот Заев. Економските мерки кои ги предложи Владата ќе обезбедат финансиски импулс и за домашните, а не само за странските компании кои сакаат да инвестираат и отвараат нови работни места, поддршка за извозните компании и за здравите компании кои имаат потенцијал да ја повлечат целата економија напред. Ова е првичната оценка од бизнис секторот и експертската јавност за ефектите кои можат да се очекуваат мерките за поголем економски раст кои минатата недела ги промовираа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

фото: МИА

E

Економските мерки кои ги предложи Владата ќе обезбедат финансиски импулс и за домашните, а не само за странските компании кои сакаат да инвестираат и отвараат нови работни места, поддршка за извозните компании и за здравите компании кои имаат потенцијал да ја повлечат целата економија напред. Ова е првичната оценка

од бизнис секторот и експертската јавност за ефектите кои можат да се очекуваат мерките за поголем економски раст кои минатата недела ги промовираа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Иако станува збор за драфт верзија која во следниот период ќе биде ставена на разгледување и дополнување пред бизнис и стручната јавност, првиот впечаток е дека станува збор за мерки кои ќе ги наградат компаниите на кои добро им оди, компаните кои инвестираат и извезуваат, додека лошите компании кои не покажуваат резултати нема да можат да сметаат на државна финансиска поддршка. Веројатно оној кој ги креирал и поставил овие мерки знае дека само така може да се постигнат ефикасни резултати, ако се награди успехот, онака како што се прави во целиот нормален свет. Тоа е спротивно на досегашниот воспоставен модел и матрица на размислување и делување во економијата според кој државата креираше

мерки за да им помогне на компаниите само ако се во криза или лошо им оди, со што државните пари на даночните обврзници беа користени за заедничко санирање на загубите или за поддршка на компании без да се бара резултат за потрошените државни пари. Како што вели премиерот Заев овие мерки ќе се финансираат со парите на граѓаните и даночните обврзници, кои се еден вид инвеститори, а Владата мора да води сметка таа нивна инвестиција на крајот да се исплати и да не биде загубена. Затоа главната цел на владиниот План за економски раст е зголемување на конкурентноста на приватниот сектор, инвестициите и извозот, кои се очекува да доведат до брз економскиот раст и подобрување благосостојбата и животниот стандард на граѓаните. “Планот содржи три групи мерки. Мерки за нови гринфлинд инвестиции и зголемување на конкуретноста на економските субјекти, мерки за поддршка на извозот

ЗАЕВ: ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ЌЕ СЕ ОДЛОБОДИ ОД ПОЛИТИЧКИТЕ СТЕГИ


www.kapital.mk

6

Капитал број 934 22.09.2017

13 ПРИНЦИПИ НА КОИ ЌЕ СЕ ПОТПИРА ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ

 ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОД ПОЛИТИЧКИТЕ СТЕГИ  ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ПОЛИТИКИТЕ ПРИ НИВНОТО СПРОВЕДУВАЊЕ,  НЕУТРАЛНОСТ И ЕДНАКОВ ТРЕТМАН ЗА ДОМАШНИ И ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ  ДОБРА КООРДИНАЦИЈА ПРИ СПОВЕДУВАЊЕ НА ПОЛИТИКИТЕ  ЕФИКАСНОСТ И ЕФЕКТИВНОСТ НА ПОЛИТИКИТЕ  СЛЕДЕЊЕ И ПОСТОЈАНО МЕРЕЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ и за поддршка на малите и на средните претпријатија”, истакна премиерот Заев. Планот за економски раст, според Заев ќе се потпира на шест принципи и тоа ослободување на приватниот сектор од политичките стеги, транспарентност на политиките при нивното спроведување, неутралност и недискриминација и еднаков третман за домашни и за странски инвеститори, добра координација при

споведување на политиките, ефикасност и ефективност на политиките и следење и постојано мерење на резултатите. “Главните цели кои очекуваме да се постигнат со овие економски мерки се раст на приватните домашни и странски инвестиции, пораст на вработеноста, зголемување на продуктивноста и конкурентноста на приватниот сектор, зголемување на извозот и регионалната

поврзаност, пораст на БДП и материјалната благостостојба на граѓаните. Крајната цел е зголемување на инвестициите, извозот и конкурентснота во економијата, кои треба да доведат до раст на платите, како еден од важните двигатели на економскиот раст ”, потенцираше Заев. Вицепремиерот Анѓушев кој ја презентираше Програмата со економските мерки истакна дека таа ќе биде максимално

ЗАРАБОТИ И КОГА ТРОШИШ СО КРЕДИТНИТЕ КАРТИЧКИ • 1% рефундирање од износот на секое купување над 300 мкд • БЕЗ ограничување на трговците • БЕЗ ограничување на локацијата на продажните места • БЕЗ ограничување на производите • БЕЗ максимален износ за плаќање

НА

CASH

• БЕЗ лимит на износот кој Ви го враќаме на располагање • Средствата се враќаат на Ваша трансакциска сметка 10 дена по изминување на месечниот циклус • Вратените средства може да ги користите кога, каде и за што ќе посакате

ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД ДО 31.12.2017

BACK Инфо центар: 02 3 111 111 www.unibank.mk


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

14

COVER STORY

Мерките ќе важат подеднакво за домашните и за странските инвестиции. Главен критериум за добивање помош од државата ќе биде резултатот од работењето, односно ќе бидат помогнати оние компании кои ќе испорачаат раст на приходите од работењето и кои нема да го намалат бројот на врабтените. Целта е да се поддржат здравите компании”, вели Анѓушев

ТРИ ГРУПИ МЕРКИ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ  МЕРКИ ЗА НОВИ ГРИНФИЛД ИНВЕСТИЦИИ  МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ  МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА МАЛИ И СРЕДНИ ФИРМИ И СТАРТАПИ транспарентна и ориентирана кон резултати. “Мерките ќе важат подеднакво за домашните и за странските инвестиции. Главен критериум за добивање помош од државата ќе биде резултатот од работењето, односно ќе бидат помогнати оние компании кои ќе испорачаат раст на приходите од работењето и кои нема да го намалат бројот на врабтените. Целта е да се поддржат здравите компании, кои се изложени на слободен пазар со цел тие да бидат поконкурентни на домашниот, а посебно на странските пазари и да се поттикне

спирала на инвестициите и развојот”, истакна Анѓушев. Она што треба да се појасни е дека парите нема да се даваат однапред, туку секоја компанија која сака да добие финансиска поддршка ќе може да аплицира отпосле по завршувањето на годината. Но, за да може некоја компанија да аплицира за државна поддршка ќе мора да има раст на приходите од работењето повеќе од просечниот раст кој го имала компанијата во последните три години. Мерките нема да важат за компаниите кои се веќе субвенционирани, кои работата

во регулиран сектор, во лиценцирани дејности и кои имаат пристап до концесии и националните природни ресурси, објасни вицепремиерот Заев. “Првата група мерки ќе важат за сите компании во економијата, подеднакво и за домашните и за странските и за оние кои работат во или надвор од зоните и ќе имаат за цел зголемување на инвестициите и конкурентноста на комапниите. Втората група мерки се однесуваат извозните компании, додека третата група на мерки ќе се однесуваат на малите и средните претпријатија кои треба да бидат носители


6% за

фиксна ве првите д години

НЛБ Потрошувачки кредити

За испишување на најубавите заеднички спомени! Аплицирајте за НЛБ Ризико виолетовиот потрошувачки кредит до 30 - ти септември и искористете ја понудата со најниска каматна стапка од 6% фиксна за првите две години, без трошоци за одобрување! - Брза и едноставна процедура. - Поволни услови. - Бесплатна Visa Classic или Mastercard Standard кредитна картичка.

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600

ПРИМЕР ЗА ПРЕСМЕТКА ЗА НЛБ РИЗИКО ВИОЛЕТОВ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ Износ: 600.000 МКД, каматна стапка 6% - фиксна за првите две години (СВТ: 7,23%), рок на отплата 120 месеци, 0% манипулативен трошок, 600 МКД трошок за апликација, месечен ануитет: 6.661 МКД, вкупен износ за враќање: 838.447 МКД *Каматната стапка од 6% е фиксна за првите две години, за остатокот од периодот каматната стапка е променлива и во моментот изнесува 7,6%.


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

16

COVER STORY

на економскиот развој заедно со големите комапнии”, изјави Анѓушев. Што се однесува до финансиските трошоци за спроведување на оваа Програма, Анѓушев објасни дека таа ќе чини помалку од она што досега се трошело за поддршка на бизнисите, но ќе биде целосно транспарентно и недискриминаторски. Првичните проценки се дека за оваа Програма за раст годишно од Буџетот ќе се трошат околу 30 милиони евра. Експертите велат дека мерките кои се предложени ќе им помогнат на инвеститорите и дека владата мора да биде силно фокусирана на подобрување на капацитетите домашните компании. “Најавените мерки се очекува да имаат позитивен финансиски импулс на домашните компании на краток и среден рок. Стратегијата за ориентирање кон извозот би обезбедила подолгорочна стабилност на бизнис секторот. Но, треба да се води сметка и за унапредување на капацитетите на домашните компании од аспект на технолошки развој, иновативност и меки вештини за доближување до капацитетите на странските компании. Ова е важно, на среден рок компаниите да станат самоодржливи”, вели Благица Петрески, аналитичар од Finance Think.

Државата ќе го стимулира секое отворено работно место!

Првата група на мерки кои ќе можат да аплицираат сите компании, односно ќе важат за гринфилд и браунфилд инвестиции, постојни компании и компании кои ќе бидат рестартирани по ликвидација или стечај ќе се однесуваат за финансиска поддршка за секое новокреирано работно место и за новокреирано високо платено работно место. Компаниите ќе можат да аплицираа за финансиска поддршка од минимум 10% од платата во период од 5 години од основањето за секој нов субјект, но фирмите

ќе имаат обврска за го задржи истиот број на вработени најмалку 10 години. “Она што сакам да го потенцирам дека ќе може да се субвенцинираат плата која ќе биде 50% над минималната загарантирана плата, што значи дека нема да може да се субвенционира месечна нето плата под 18.000 денари. За секој дополнителни 10% повисока плата финансиската поддршка ќе расте за 2%, до максималните 16%”, појасни Анѓушев. Уште една мерка за која ќе може да аплицираат сите компании е финансиска поддршка од 20% за исплатени плати над двојно повисоки од просечната плата. Целта на оваа мерка, како што појасни Анѓушев, да се поттикне зголемувањето на плати во државата и на тој начин да се мотивираат младите и едуцирани луѓе да останат и својата кариера да ја градат во Македонија, а не да заминуваат во странство. На пример, компаниите кои ќе одлучат да исплатат нето плата од 45.000 денари ќе може да аплицираат и да добијат финансиска поддршка од 9.000 денари, со што реалниот трошок за плати ќе изнесува 36 илјади денари. Она што е интересно е што финансиската поддршка за овие две мерки ќе може да се добие само ако најмалку 80% од нововработените лица биле евидентирани во Агенцијата за вработување во период од најмалку три месеци или ако се вработат лица кои штотуку го завршиле образованиот процес. Голема финансиска поддршка од 20% за трошоците за плати и 30% на трошоците за набавена опрема ќе можат да користат оние компании кои ќе одлучат во Македонија да ги префрлат своите развојни центри, во кои би се вработувал високо образован кадар. На пример, ако некоја странска компанија одлучиле во Македонија да отвори фабрика за производство, може да добие уште

поголеми инвестиции ако одлучи во Македонија да го префрли развојниот центар, во кој би се вработувале високо едуцирани кадри и преку кој би се пренесувало поголеми знаења во земјата. Една мерка која се очекува да предизвика интерес кај домашните и странските инвеститори е и мерката за финансиска помош за рестартирање на некоја фирма која е во стечај или ликвидација. Така, финансиска поддршка ќе биде предвидена и за компаниите кои ќе одлучат да инвестираат и да купат некоја фирма која е во ликвидација или во стечај. Тие фирми ќе можат да добијат поврат на инвестициите направени во претходната година во висина од 10%, но парите ќе бидат доделени само по рестартирањето на фабриката во нејзината дејност. Постојните компании кои ќе го зголемат бројот на вработени над просечниот број на вработени во последните 3 години, како и за оние кои ќе ги зголемат приходите од работењето над просекот кој го имале во последните три години исто така ќе може да аплицираат и да добијат финансиска помош за отворените работни места во износ од минимум 10% од нето платата, под услов таа да е над 18.000 денари, до максимални 16% од исплатената нето плата.

Неповрата финансиска поддршка за извозните компании

Втората група на мерки се однесуваат на поддршка на извозните компании, кои без разлика дали се домашни или странски чија цел е да се зголеми извозот од сегашните 50% од Бруто-домашниот производ (БДП) до 65% до 70% од БДП. вклучува неповратна финансика помош на извозните компании. “Фирмите кои ќе остварат годишен пораст својот извоз за најмалку 5% повеќе над просекот во последните три години, ќе можат да аплицираат за поврат на 10% од направените директните дополнителни

АНЃУШЕВ: МЕРКИТЕ ЌЕ ВАЖАТ ЗА ДОМАШНИТЕ И СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ.


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

17 инвестиции направени за тој пораст. За зголемување на извозот во земјите од Западен Балкан помошта се зголемува за дополнителни 10%, но помошта не може да биде повисока од 3% од зголемувањето на извозот”, изјави Анѓушев, појаснувајќи дека во инвестиционите трошоци нема да смеат да се калкулираат трошоците за плати на вработените и за набавките од домашните јавни претпријатија. Исто така, извозните компании ќе можат да добиваат и поврат до 20% од парите потрошени за откривање и освојување на нови пазари, во кои спаѓаат настапи на саеми во странство, Б2Б средби, истражување на пазари, сертифицирање на пазари и слично. Што се однесува до краткорочното кредитирање на извозот, осигурување и издавање на гаранции за извозниците, вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека дополнително ќе ја информираат јавноста откако ќе биде готова програмата која треба да ја изготви Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР). Владата размислува за зголемување на капиталот на МБПР, но со сигурност ќе се инсистира оваа државна развојна банка во иднина да понуди поголема поддршка на извозните компании во поглед на осигурувањето и гарантирањето на извозот на странските пазари. Овие мерки веќе подолго време ги бараат

домашните извзони компании, бидејќи реално со сегашниот капацитет МБПР не може да понуди вистинска поддршка за македонскиот извоз.

Финансиска поддршка за малите стартап бизниси

Третата група мерки се однесува на поддршка на малите и средните претпријатија и новоформираните стартап компании. Малите бизниси со потенцијал за брз раст или т.н. “газели” ќе можат да добијат финансиска поддршка преку покривање на 30% од направените директни трошоци, со исклучок на трошоците направени за плати и набавки од домашни јавни претпријатија. Бизнисмените велат дека ова особено ќе им биде од корист на оние фирми кои сакаат сериозно да се развиваат и да вложуваат во својот бизнис за да растат. Тие по завршувањето на годината ќе можат да побараат од Владата поврат дури до третина од направените инвестиции и трошоци за развој. Со оваа мерка на пример е предвидено ќе се покриваат трошоци за усогласување со европските прописи во однос на безбедноста на производите, трошоци за стекнување сертификати за квалитет, изработка на проектна документација и студии за нови инвестиции и производи, за подобрување на енергетската ефикасност, воспоставување на системи за управување со отпадот и изработка на елаборати

за заштита на животната средина, воведување на информациони системи. Понатаму, малите бизниси ќе можат да добијат дополнителна поддршка во износ до 30% од трошоците направени за развојни проекти за деловно поврзување и трајна соработка со странски инвеститори и домашни претпријатија, подобрување на организационата структура на фирмите, специјализирани менаџмент обуки, набавка на специфичен софтвер. Предвидена е и поддршка на малите бизниси за подобрување на иновативноста, посебно во делот на финансиска поддршка за развој на нови производи и услуги, изработка на нови модни колекции, индустриски дизајн или редизајнирање на производи, изработка на амбалажа. Малите и почетни бизниси ќе можат да добиваат финансиска поддршка за стручно усовршување и пракса на нововработени млади лица. Владата во Програмата се обврзува да работи на создавање на амбиент и изработка на законски основи за развој на ризичен капитал и бизнис ангели. Вицепремиерот Анѓушев вели дека во изминатиот период посебна делегација биле во посета на Израел за да видат како функционираат акцелераторите и стартап центри и на кој начин Израелците успеваат да бидат лидери во иновациите и светската стартап сцена. 


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

18

COVER STORY

СУБВЕНЦИИТЕ ЗА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ПРОДОЛЖУВААТ, НО ТРАНСАПАРЕНТНО И СО ЈАСНИ КРИТЕРИУМИ!

О

на што се покажува и со овие мерки е дека новата Влада нема проблем со привлекување на странските директни инвестиции и со субвенциите кои тие ги добиваат за отварање на работни места и во вид на ослободување од даноци. И во новата Програма со мерки се јасно и транспарентно пропишано како и колку државна поддршка ќе добиваат странските инвеститори. “Чекорот со кој не се отфрли стратегијата за привлекување странски инвестиции, туку истата се надополни со слабостите кои беа претходно идентификувани е за поздравување. Субвенционирањето по учинок и пот тикнувањето на поврзувањето на странските инвестиции и домашните компании, ќе ги интензивира бенефитити од трансфер на знаење и технолошки напредок од една страна, а од одруга страна ќе го зголеми производството на домашната компании. Сепак, потребно е да се размисли и во насока на таргетирање на секторите во кои странските компании ќе работат, се со цел да привлечеме компании кои се најкомпатибилни со домашните компании, за поврзувањето да биде поедноставно и со поголеми ефекти”, вели Благица Петрески, аналитичар од Finance Think. Финансиската поддршка за секое новоотворено работно место која ќе ја добиваат странските инвеститори ќе биде подеднаква како и поддршката која ќе можат да ја добијат домашните компании. Ако инвеститорот дава плати пониски од 18 илјади денари, нема да има право

да аплицира за државна поддршка за новоотворено работно место, но ќе може да аплицира за некој друг вид на поддршка, на пример за извоз, за остварена соработка со домашните компании... Мерка која ќе важи само за странските инвестиции ќе опфаќа финансиска поддршка за нивната воспоставена деловна соработка со домашните компании. На пример, ако странскиот инвеститор набави 10% од инпутите и суровините за производство над просекот за последните три години, ќе може да добие финансика поддршка од 1% од набавките. За секои дополнителни 10% набавени суровини од домашните фирми, финансиската поддршка ќе се зголемува за 2% од вредноста на набавките. “Ако некој странски инвеститор имал набавки од просечно 100 милиони евра, ако набави 10% од домашни компании, ќе добие 1% субвенција на тие 100 милиони евра”, објаснува Анѓушев. Сегашните податоци покажуваат дека помалку од 1% од вкупните набавки на странските инвестиции се направени од домашните компании, што индиректно п о ка ж у в а д е ка о в ој си с тем н а привлекување на странски инвестиции кои немаат никаква врска со домашната економија не е одржлив на долг рок. Оттука, експертите велат дека е вистински погодок што мерките за поддршка на Владата се директно врзани со поголема соработка на странските инвеститори со домашните компании. Уште еден интересен податок од Програмата е дека за привлекување

АНЃУШЕВ: ЌЕ СЕ ПОДДРЖУВААТ РЕЗУЛТАТИТЕ!

на големи инвеститори, односно компании кои имаат вкупен приход од над 1 милијарда долари годишно, ќе се креираат и дополнителни стимулации согласно Законот за државна помош. Она што треба да се напомене е дека веќе потпишаните договори со странските компании и државната поддршка која е во нив предвидена ќе остане иста, односно нема да се оди кон раскинување на договорите. Тоа е добро за имиџот на Македонија како инвестициска дестинација, но и за имиџот на комапниите кои веќе одлучиле да инвестираат. Но, она што го проблематизира власта се парите што биле давани на странските компании без критериуми и надвор од предвиденото со закон и нетранспрантноста на доделувањето на државните пари, како и трошењето на државни пари за целата програма за привлекување на странски инвестиции, патувања, роуд шоуа и слично, кои се во далеку поголем износ од субвенциите и ослободувањата кои ги користеле странските инвеститори. Вицепремиерор Анѓушев потенцираше дека ова е драфт верзија за која во наредните две до три недели ќе биде организирана јавна дискусија со стопанските комори, финансиските институции, МАНУ, универзитетите и сите оние кои сметаат дека можат да дадат придонес. Тие ќе може да достават писмени забелешки на Планот, а потоа сетот мерки ќе стапи на сила. Првите резултати од пакетот мерки се очекуваат во 2018 година, а ќе се однесуваат на резултатите од работењето на компаниите од 2017 година. nnn


AVAI LAB LE AT:

ул. Македонија бр. 29.

EDDIE R E DM AY N E ’ S CHOICE SEAMASTER AQUA TERRA MASTER CHRONOMETER


29

септември СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

КРЕДИТИРАЊЕ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА Капитал во специјалниот прилог “Банки“ што во актуелниов контекст го насловивме “Кредитирање во време на криза“ ќе направи анализа на работењето на домашниот банкарски сектор во првите шест месеци годинава. Од она што можеше да се види во банкарските биланси на успех за првото полугодие од 2017, се гледа генерално пораст на приходите од камати и надоместоци, но кај некои од поголемите банки и пад на добивката заради влошеното кредитно портфолио. Со самите банкари, но и релевантни економски експерти ќе разговараме за тоа што ја очекува економијата од крајот на годинава, како и во следниот период, а што ќе влијае на крајот и врз резултатите на банките.

Во “Банки“ ќе може да прочитате: 

КОЈ Е КОЈ НА БАНКАРСКИОТ ПАЗАР: ПРАВИМЕ РАНГИРАЊЕ СПОРЕД ОСНОВНИТЕ ПОКАЗАТЕЛИ – АКТИВА, БИЛАНС НА УСПЕХ, ПРОФИТАБИЛНОСТ...

ДИНАМИКА НА РАБОТЕЊЕТО НА БАНКИТЕ: КОЈ НАЈМНОГУ КРЕДИТИРАШЕ КОМПАНИИ И НАСЕЛЕНИЕ ВО ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ

БАНКАРИ – АНАЛИТИЧАРИ: РАЗГОВАРАМЕ СО ТОП МЕНАЏЕРИТЕ ВО ДОМАШНИТЕ БАНКИ ОКОЛУ НИВНИТЕ ПРОГНОЗИ И ОЧЕКУВАЊА ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ДВИЖЕЊА ВО ЗЕМЈАВА СЛЕДНИОТ ПЕРИОД

ШТО Е НОВО ВО КРЕДИТНАТА И ШТЕДАЧКАТА ПОНУДА НА БАНКИТЕ ПЕРИОДОВ

БАНКИТЕ ГИ ПРЕТСТАВУВААТ СВОИТЕ ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОДОБРА УСЛУГА КОН КЛИЕНТИТЕ

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА



Капитал број 934 22.09.2017

22

www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

За нас како мала економија е најважно е да имаме конкурентно земјоделско производство, конкурентни производи на странските пазари, а тоа се постигнува преку намалување на производните трошоци, односно кога земјоделците ќе имаат поефтина нафта, семе, ѓубрива и заштитни средства, а субвенциите ќе ги добиваат навреме, за истите да имаат развоен карактер. За таа цел ќе отпочнеме силна инвестициска активност која ќе доведе до модернизација на земјоделството и создавање на конкурентно земјоделско производство, со висока додадена вредност, што е наша главна стратешка цел како Влада”, вели во интервјуто за Капитал министерот Николовски, кој ветува дека со низата активности и кои ќе бидат преземени во неговиот мандат ќе се врати достоинството на земјоделците, кое се изгубило низ бирократските лавиринти и под притисокот и уцените кои ги трпеле во изминатиот период.


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

23

INTERVIEW

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ МИНИСТЕР ЗА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

ЌЕ ГО ВРАТИМЕ ДОСТОИНСТВОТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ! разговарал:

В

Љупчо Зиков

ljupco.zikov@kapital.mk

XВо X изминатите три месеци откако сте на оваа функција успеавте да ја одблокирате исплатата на субвенции и да ги исплатите сите заостанати исплати кон земјоделците. Колку пари легнаа на сметката на земјоделците? Активностите кои ги презедовме во првите два месеци, во голема мера го надминуваат прашањето со неисплатени субвенции. Контекстот во кој се одвиваа овие активности, пред се имаше за цел, преку низа активности да се врати достоинството кај македонскиот земјоделец. Достоинството, кое се изгубило низ бирократските лавиринти, кое се намалувало со секоја уцена и притисок. Од самиот старт кога ја презедов функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со мојот тим прва задача која што си ја поставивме беше да ја одблокирам исплатата на субвенциите, која беше закочена неколку месеци. И покрај тоа што се соочивме со низа опструкции од претходната власт, за краток период успеавме да ги надминеме сите проблеми кои секојдневно се јавува како пречка, и да

ја облокираме исплатата. Нашето мото е транспарентно и неселективно исплаќање на субвенциите за земјоделците, затоа што само на тој начин ќе ја вратиме довербата кај земјоделците. Ние не ги делиме земјоделците по партиска припадност, земјоделците добија Влада која финансиските средства, ги насочува исклучиво за потребите на земјоделските производители. Отворивме интензивен дијалог со земјоделците и со бизнис секторот од областа на земјоделството, кој континуирано продолжува и во овој период. Сакаме да ги слушнеме нивните предлози, сугестии, размислувања, бидејќи само така, со постојани, конзистентни, искрени разговори, ќе дојдеме до квалитетни решенија. Со цел непречена и брза реализација на исплатата на субвенциите, направивме и измени на Законот за земјоделство и рурален развој, со кои се одложи законската обврска, со која еден од условите за добивање на субвенциите беше земјоделците да немаат долгови кон Управата за јавни приходи. На овој начин ја олеснивме процедурата за исплата, со цел земјоделците побрзо да ги добијат парите. За три месеци се исплатија над 60 мили-они евра за субвенции по мерките од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и за рурален развој, пари кои легнаа директно на сметките на околу 50.000 земјоделци. Во овие изминати 100 дена, реализиравме 36 исплати за субвенции за различни мерки од растително и сточарско производство, како и за рурална инфраструктура. Во склоп на овие исплати се и субвенциите за тутунот за 2017 година, во износ од 25 милиони евра, кои ги исплативме неселективно, без никакви списоци на приоритети, во еден ден.

XПланирате X ли некои промени во моделот по кој досега се исплаќаа субвенциите? Во однос на моделот на субвенционирање, би напоменал дека во моментов се подготвува петгодишната Национална програма за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во која ќе бидат преточени нашите мерки од Програмата на Владата. Предлог-верзијата која што ја подготвува работната група составена од членови од сите надлежни институции вклучително и науката, ќе биде доставена на разгледување кај сите чинители во земјоделскиот сектор, односно земјоделските здруженија и стопанските комори, со цел да ги слушнеме нивните мислења и предлози, бидејќи тие се најзасегнати. Подготовката на Програмата вклучува промени и новини во моделите на финансиска поддршка. Владата на Република Македонија ќе обезбеди годишна финансиската поддршка за земјоделството во износ од 160 милиони евра, почнувајќи од следната година. Оваа сума соодветно ќе биде распределена во мерките од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Моделот на субвенционирање ќе биде во насока на окрупнување на земјоделското производство, поддршка не само за примарното земјоделско производство, туку и за преработувачката индустрија, со цел создавање на финални производи со висока додадена вредност кои ќе можат да бидат конкурентни на странските пазари. Ќе работиме на создавање на цврсто договорно производство меѓу земјоделците и бизнис секторот, што е основа за едно модерно и конкурентно земјоделско производство. Мора да го избришеме приматот на


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

24

ИНТЕРВЈУ

суровинска земја, и да се насочиме кон поголема финализација на производите. А тоа може да се постигне со инвестиции во воведување на нови технологии и модернизирање на производството. За таа цел наш врвен приоритет е поголемото искористување на средствата од ИПАРД програмата. Ќе работиме на отстранување на една од главните пречки во искористување на ИПАРД средствата – достапни средства за предфинансирање на инвестициите за што најчесто се потребни кредити од комерцијалните банки. За ова ќе се користи Гарантниот фонд кој се воспостави со помош на УСАИД. Тоа е многу важен инструмент за полесен пристап до земјоделски кредити и ќе се субвенционираат каматните стапки на кредитите подигнати од комерцијалните банки. Во таа насока ќе се искористи и Македонската банка за обнова и развој (МБПР). На последниот рок за ИПАРД програмата имавме рекорден број на поднесени барања, што е добар знак за заинтересираноста. Со самото доаѓање на министерската позиција, побарав анализа на сите секторски параметри поврзани со ИПАРД. По добиената анализа, подготвивме акционен план за обучување на кадри, промоција на ИПАРД преку инфо-сесии, формирање на гарантен фонд и акредитирање на нови мерки, меѓу кои мерката ЛИДЕР и мерката Рурална инфраструктура. Воспоставена е и сериозна комуникација со Бугарија, Хрватска и Словенија за размена на добри практики и експертска асистенција за подигање на целокупниот систем на ИПАРД во Македонија на многу повисоко ниво. Во периодот што следува ќе работиме на подигање на ефикасноста на советодавните услуги на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Токму во овој дел добивме силна поддршка од владиниот врв на Словенија, чии што тимови ќе ни помогнат во делот на подобрување на функционирањето на македонската Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како институција која е важна за распределбата на националните и европските пари. Исто така, Словенија ќе помогне и во јакнењето на советодавните служби за земјоделците во Република Македонија, како на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и руралниот развој, но и на приватните советодавни служби.Тимови од Република Македонија и од Република Словенија, со следниот период ќе работат на реализација на овие два клучни приоритети за развојот на македонското земјоделство. Субвенциите на земјоделците им се загарантирани со закон и ние тоа право нема да им го скратиме, никогаш не била разгледувана опцијата за кратење на субвенциите, туку напротив како Влада на секој начин се обидуваме да ја зголемиме

финансиската поддршка за земјоделството. Со ребалансот на Буџетот за 2017 година, се обезбедија дополнителни два милиони евра, од кои најголемиот дел се за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, односно како директна поддршка за земјоделците. Со измени на Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2017 година, обезбедивме дополнителни 10 милиони евра за активни мерки за поддршка во земјоделството. За 10% ја зголемивме постоечката поддршка по хектар за лозови и овошни насади, и за градинарски и фуражни култури. Со

Земјоделското земјиште да биде во рацете на оние земјоделци на кои земјоделството им е примарна дејност. оваа поддршка ќе бидат опфатени 18.000 лозари, 15.000 овоштари и 30.000 сточари. Околу 25.000 производители на пченица ќе добијат дополнителни 6.000 денари по хектар за засеани површини со пченица. Ги изменивме критериумите за мерката за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за млади земјоделци, се со цел парите да завршат кај вистинските земјоделци. На овој начин ќе се придонесе за развој на руралните средини, отворање на нови работни места за младите, но и спречување на миграцијата на младите од село во град. Исто така, со цел поголема ефикасност на буџетските средства во инвестициите, ги променивме критериумите за мерката за финансиска поддршка за набавка на приплодни грла и подигнување на повеќегодишни овошни и лозови насади. Во периодот што следува планираме да го поедноставиме процесот за поднесување на барања за субвенции, да се намалува бројот на документи, односно наместо земјоделците да ги доставуваат документите, институциите сами да ги обезбедуваат по службена должност од соодветни регистри и евиденции. Во таа насока, во тек се подготовките за објавување на оглас за јавна набавка за изготвување на софтвер за интегриран систем за администрација и контрола, кој ќе биде финансиран од Европската унија, а кој што ќе овозможи софтверско поврзување на сите регистри кои се неопходни за поднесувањето на барањата и за реализација на Програмите. XНајавивте X ревизија на процесот на исплатата на субвенции во изминатите години, а додека бевте

во опозиција јавно обвинивте за селективна распределба на субвенциите и на нивна злоупотреба од луѓе блиски на власта. Имате ли некои основани сомневања дека се правени злоупотреби со државните пари за поддршка на земјоделството и дали тие ќе бидат процесирани? Фактичката состојба во земјоделството, сама по себе е доволна причина да се преиспитуваат начините на кои се трансферирале субвенциите, односно целокупниот модел на субвенционирање во изминатите години. Оттука, проблемите ќе бидат решавани во две насоки. Првата ќе овозможи санација на штетите во секторот преку директна и навремена помош со субвенции, а втората, преку силна инвестициска активност, ќе доведе до модернизација на секторот и создавање на конкурентно земјоделско производство, со висока додадена вредност, кое е наша главна стратешка цел. Од 2006 година досега се издвојуваа милионски суми за субвенции, иако според анализите не секоја година оваа сума се искористувала

НИКОЛОВСКИ: ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОБЕЗБЕДИ ГОДИШНА ФИН


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

25

СУБВЕНЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ НАСОЧЕНИ КОН ОКРУПНУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО Моделот на субвенционирање ќе биде во насока на окрупнување на земјоделското производство, поддршка не само за примарното земјоделско производство, туку и за преработувачката индустрија, со цел создавање на финални производи со висока додадена вредност кои ќе можат да бидат конкурентни на странските пазари. Ќе работиме на создавање на цврсто договорно производство меѓу земјоделците и бизнис секторот, што е основа за едно модерно и конкурентно земјоделско производство. во целост. Во соработка со Светска банка спроведуваме Анализа на ефектите на субвенциите во земјоделството, преку која ќе се евидентираат ефектите од финасиската поддршка, а добиените резултати ќе се искористат за понатамошните политики во начинот на распределбата на субвенциите. По толку години, мора да се истражи како е можно да се издвојуваат милионски суми за субвенции изминативе години, а статистиката да бележи намалено производството, површини и број на добиток, или стагнирачки податоци. Резултатите, неминовно ќе доведат до заклучоци во однос на зголемувањето на ефектот од инвестирањето на овие буџетски средства во земјоделството. Во контекст на внатрешните ревизии, ние веќе ја започнавме ревизијата на регуларноста на процесот на доделување под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, со која што ќе биде опфатено доделувањето на земјоделското земјиште во изминатите години. И ова е само дел од нашите ветувања од владината програма, кои ги релизираме во првата година од нашиот мандат. Резултатите

од спроведената внатрешна ревизија ќе покажат, на кој начин се доделувало државното земјоделско земјиште, дали се почитувале пропишаните услови и критериуми, законските одредби, дали целиот процес бил транспарентен, дали откако ќе се доделело земјиштето се користело согласно намената, дали редовно се плаќал закуп за земјиштето. Интенцијата е оваа ревизија да покаже дали земјоделското земјиште во државна сопственост било доделувано во рацете на вистинските земјоделци. Сепак, се работи за долг и сложен процес, за кој јавноста ќе биде транспарентно и навреме известена. Планираме за почеток да се почне со последните години наназад, на пример 2016, 2015, 2014 година. Резулатите ќе се објавуваат етапно, а со првиот пресек очекуваме да излеземе на крајот на годината.Ревизијата ја започнуваме затоа што имаме сознанија за сериозни злоупотреби, за неплаќање на наемнината за илјадници хектари со години наназад и за склучување на договори без овластување. За поголем број случаи е веќе почната постапка за раскинување на договорите.

Нашата интенција како Влада е целосно искористување на развојниот потенцијал на земјоделскиот сектор, преку зголемување и окрупнување на земјоделските површини и приноси, што ќе значи и поголеми приходи за семејствата кои се занимаваат и кои егзистираат од земјоделството. Поради овие причини е важно земјоделското земјиште да биде во рацете на оние земјоделци на кои земјоделството им е примарна дејност. Досега Македонија од буџетот има исплатено стотици милиони евра за земјоделски субвенции, а увозот на земјоделско-прехрамбени производи е двојно зголемен. Имате ли план како да се зголеми производството на храна во Македонија? Милионските суми исплатени за земјоделски субвенции наспроти порастот на трговскиот дефицит, е доволен доказ за коруптивниот и непродуктивен модел на субвенционирање. Статистичките податоците покажуваат дека во 2008 година увозот на земјоделскопрехрамбени производи бил 535 милиони евра, а субвенциите 45 милиони евра, а во

ИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ВО ИЗНОС ОД 160 МИЛИОНИ ЕВРА.


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

26

ИНТЕРВЈУ

годините потоа како растеле субвенциите, така се зголемувал увозот. Така, лани увозот на земјоделско-прехрамбени проиозводи се зголемил на близу 720 милиони евра, а субвенциите изнесувале 120,3 милиони евра. Паралено расте и трговскиот дефицит кој од 156 милиони евра во 2008-та година, минатата година изнесувал 187 милиони евра. Како Влада ќе посветиме сериозно внимание на стратешки извозните производи, кои носат поголем девизен прилив и со кои ќе го намалиме трговскиот дефицит. За нас како мала економија, е најважно е да имаме конкурентно земјоделско производство, конкурентни производи на странските пазари, а тоа се постигнува преку намалување на производните трошоци, односно кога земјоделците ќе имаат поевтина нафта, семе, ѓубрива и заштитни средства, а субвенциите ќе ги добиваат навреме, за истите да имаат развоен карактер. На овие предуслуви ние веќе работиме. Формирана е работна група за креирање на законско решение за т.н зелена евтина нафта за земјоделската механизација, со која драстично ќе се намалат трошоците на земјоделците, што е важно за едно конкурентно земјоделско производство. Република Македонија има голем природен потенцијал за развој на земјоделството, но факт е дека е потребно да се промени постоечката неповолна структура на земјоделските стопанства. Ќе воведеме мерки за стимулирање на производството на добиточна храна, органско производство, зголемено користење на сертифициран семенски материјал за да се постигнат повисоки стандарди за квалитет и безбедност на храна. Ќе работиме на модели и мерки за зголемување на површините и приносите. Тука ќе го споменам проектот за консолидација на земјоделското земјиште, за кој веќе во тек е постапка за избор на региони каде што ќе се спроведува консолидацијата. Овој месец треба да започне и проектот за развој на задругарството како модел на окрупнување на земјоделското производство, кој ќе се спроведува со финансиска помош од Европската комисија во вредност од 1,8 милиони евра. Наводнувањето е клучно за развојот на земјоделството, особено во период кога негативните ефекти од климатските промени се се позачестени. Затоа, започнуваме долгорочна стратегија за инвестирање во хидросистемите за наводнување. Секоја година ќе издвојуваме по најмалку 10 милиони евра од земјоделскиот буџет за капитални проекти за санација постоечките и изградба на нови хидросистеми за наводнување. Исто така, активно работиме на унапредување на соработкбата со странските трговски партнери. Изминатиов период остварив средби со многу странски министри и амбасадори со цел зајакнување на соработката во земјоделскиот сектор во делот на зголемување на извозот

и користење на странски искуства за воведување на нови и современи технологии. Ќе ја посочам посетата во Израел, каде што имав средби со многу компании од областа на системите за наводнување, кои покажаа интерес за инвестирање во македонското земјоделство. Неодамна го потпишавте Проектот за реонизација на земјоделското производство кој ќе се реализира со ФАО. Зошто е значаен овој проект за македонското земјоделие ? Реонизацијата за прв пат се работи во Македонија и тоа ќе претставува добра основа за креирање на понатамошни среднорочни и долгорочни политики и нов стратешки пристап во сериозноста за развојот на земјоделскиот сектор. Воедно, реонизацијата ќе значи и давање на одредени насоки во кој правец ќе се движи производството и зголемување на конкурентноста на земјоделските производи, при што со помали вложувања ќе се добиваат поголеми приноси, но и поголеми приходи за земјоделците. Веќе потпишавме проект со ФАО за спроведување на реонизацијата во времетраење од две години. Во моментов се прават завршните под-готовки за започнување на активностите предвидени со проектот. Овој проект е од исклучително значење за нас, бидејќи ќе овозможи точни информации во кој реон која култура најмногу успева. Земјоделските производители и потенцијалните инвеститори честопати немаат информации и индикатори за тоа кои култури, сорти и семиња најдобро успеваат во дадените производни реони. Еден од главните предуслови за зголемување на приносите и подобрување на квалитетот на производот, е обезбедување на правилни информации за подобноста за одгледување на одредени земјоделски култури и сорти по производни региони во државата. Овие информации во голема мера ќе ги намалат погрешните инвестиции и ќе послужат за одредување идни насоки во кој правец треба да се адаптира нашето земјоделство во однос на климатските промени. Основа за реонизацијата ќе претставува почвениот информативен систем на Република Македонија кој ќе обезбедува информации за составот и структурата на почвите на територија на државата. На него ќе се надоградат климатските услови, агробиолошките карактеристики на културите и сортите, потребите од агротехнички мерки, потребите од инвестиции во инфраструктурата во производите региони (пат, струја, наводнување), агроекономските параметри, се со цел да се добие комплетна слика заснована на современи научни анализи. Добиените резултати ќе послужат за правење листи на препорачани култури и сорти. Со листите ќе се сугерира правилниот избор на културите и сортите кои одговараат за одгледување во конкретни реони и ќе дадат најдобри резултати во однос на количина и квалитет. Ова ќе овозможи максимално искористување на инвестициите и подобар

Мора да се истражи како е можно да се издвојуваат милионски суми за субвенции изминативе години, а статистиката да бележи намалено производството, површини и број на добиток, или стагнирачки податоци. Резултатите, неминовно ќе доведат до заклучоци во однос на зголемувањето на ефектот од инвестирањето на овие буџетски средства во земјоделството. Милионските суми исплатени за земјоделски субвенции наспроти порастот на трговскиот дефицит, е доволен доказ за коруптивниот и непродуктивен модел на субвенционирање. приход од земјоделските стопанства. ВМРО ДПМНЕ неодамна поднесе предлог за ваша интерпелација до Парламентот. Како ги коментирате овие потези на опозицијата? Нема подобра референца за работата на еден министер, од критиките од страна на ВМРО ДПМНЕ. Кога таквите критики ќе резултираат и со интерпелација, тоа значи дека правецот кој сме го трасирале е одличен и треба одлучно да се продолжи по тој пат. Ова е класична реакција, својствена за опозициската ВМРО ДПМНЕ, во момент на недостиг на инструменти за манипулирање на јавноста со лаги и невистини. Нивната цел беше јасна, со оглед на тоа дека во една недела испорачаа интерпелации за речиси сите министри од новата Влада – еден неуспешен обид да ја оцрнат и деградираат работата на Владата ипостигнатите успеси за само 100 дена. Во однос на обвинувањата што опозцијата ги посочува во предложената интерпелација, сметам дека се комплетно паушални и неосновани. Овие изминати 100 дена секој мој чекор беше во интерес на сите

НИКОЛОВСКИ: МОРА ДА ГО ИЗБРИШЕМЕ ПРИМАТОТ НА СУРОВИНСКА ЗЕМЈА


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

27

земјоделци и граѓаните неселективно. Сите мерки во однос на справување и превенција од појава на пожари беа навреме преземни. Од самиот старт и покрај сите секојдневни опструкции од претходната власт која сега е во опозиција, навреме реагиравме за секојдневните проблеми на земјоделците. Се појави проблем со откупот на праски и лубеници, експресно донесовме одлука на Влада за дополнителна субвенција од шест денари за праските и два денари за лубениците. Обезбедивме дополнителни 10 милиони евра за Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Дел од мерките од владината програма, ние веќе ги имлементиравме во првите три месеци, како што е 10 процентното зголемување на субвенцијата по хектар површина за лозови и овошни насади, градинарски и фуражни култури. Ги плативме заостанатите долгови за членарини во меѓународни институции од областа на земјоделството, кои претходната власт не ги плаќала, а чија што финансиска и техничка поддршка е од исклучителна важност за развој на македонското земјоделство. Распишавме

оглас за финансиска помош од неповртани 10.000 евра за млади земјоделци, мерка која беше во постоечката Програма, но со цел парите да стигнат кај вистинските земјоделци, ние го отстранивме критеримот „прв дојден, прв услужен“, и воведовме нови критериуми. Овие изминити три месеци преземавме низа мерки, решенија и измени на закони, се со цел да земјоделството да тргне во нагорна линија. Можеби на опозицијата и сметаше тоа што покажавме како треба да функционира едно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во функција на земјоделците. Претходната власт ги имаше речиси истите механизми и финансии, но она што го затекнавме од нивното владеење, се испразнети службени кредитни картички со народни пари, за разни луксузирања по скапи бутици, кафеани и дискотеки. XОна X што е сега актуелно е откупот на грозје. Очекувате и проблеми годинава околу откупот и исплатата на грозјето? Стратешка култура како што е грозјето, заслужува да добие стратешки пристап од институциите. Секојдневно сме во

тек со случувањата на терен о според последните податоци досега се откупени околу 44 милиони килограми винско грозје. Откупот на грозјето тече непречено и засега нема проблеми со откупот. Државниот инспекторат за земјоделство ги зајакна контролите на терен се со цел да нема манипулации со октупната цена на грозјето. Дополнително, откако ќе завршат анализите на терен, кон крајот на месецот ќе се утврди и висината на дополнителните субвенции кои ќе ги насочиме кон производителите на грозје, се со цел да ги амортизираме последиците од зимскиот мраз. Претходно со измени на програмата за финансиска подршка во земјоделството 2017 година се зголемија субвенциите за одржување на лозови насади за 10 % по хектар и субвенцијата сега изнесува 44.000 денари по хектар. Инаку, досега за одржување на површини со лозови насади по мерката од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2016 година се исплатени над осум милиони евра, а за 13 винарски визби по основ на откупено грозје исплатени се субвенции од околу 700 илјади евра. XКои X се вашите останати приоритети

ЈА И ДА СЕ НАСОЧИМЕ КОН ПОГОЛЕМА ФИНАЛИЗАЦИЈА НА ПРОИЗВОДИТЕ.


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

28

ИНТЕРВЈУ

ЌЕ ИМАМЕ УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ Македонија влегува во прилично турбулентен период, а во октомври следуваат и локални избори. Кои се вашите очекувања, што ќе ги одлучи локалните избори? Локалните околности во општините или општото политичко расположение во државата? Силната теренска работа што ја преземав во минатиот период ми дава за право да констатирам значително поместување во односот на силите на македонската политичка сцена. Најголем дел од општините со нетрпение ги чекаат локалните избори за да се придружат кон реформските и европски процеси на новата Влада. Луѓето се сведоци на една нова структура на политичари, кои вака поставени ја враќаат вербата дека во Македонија сепак е можно подобро да се живее. Сето тоа, заедно со исполнетите изборни ветувања во изминатиот краток период, ќе доведе до наша убедлива победа на овие избори, со што мрачниот период во македонската политика, конечно ќе заврши. како министер за земјоделие? Што може земјоделците да очекуваат од Вашиот мандат? Главниот приоритет на Владата е зголемување на земјоделските површини, приносот и квалитетот на земјоделските производи, што ќе доведе до поголеми приходи во сите семејства кои се занимаваат со земјоделство. Воведуваме сериозна практика за грижа за земјоделците која ќе биде континуирана во делот на интервенциите и субвенциите секогаш кога тоа ќе биде потребно Дел од долгорочните приоритети веќе ги започнавме во првите 100 дена, како што е проектот со ФАО за задругарството и за реонизацијата, но и проектот консолидација на земјиштетото. Започнавме процес на подготовка на акредитацијата на институциите за утврдување на области за инвестиции кои ќе се поддржат преку глобалниот Зелен климатски фонд на Обединетите нации. Тимот од ФАО веќе испрати официјално писмо до Владата во кое ја информираше дека се одобрени средства за да отпочне подготовка на институциите на Македонија за аплицирање во Зелениот климатски фонд. Свесни сме дека земјоделството е еден од најранливите сектори и кој најмногу е погоден од климатските промени, затоа и еден од нашите приоритети е преземање на мерки за убалажување на негативните ефекти. Целите кои ги поставивме како Влада, ќе овозможат развој на руралните средини и правилно и одржливо искористување на природните ресурси.

Освен гореспоменатите приоритети, како Влада посветено ќе работиме на зголемување на обработливите површини прек у инве с тирање во изградба, рехабилитација и реконструкција на хидросистеми за наводнување. Тоа ќе доведе до намалување на загубите од вода, трајно решавање на проблемите со наводнување и крајно зголемување на приносите од земјоделските стопанства. Тука би сакал да истакнам дека ја откочивме реализацијата на проектот Јужновардарска долина втора фаза, со тоа што го плативме долгот од 207 илјади евра за консултантски услуги, што претходната власт не платќала изминатите две години. Со овој проект е предвидено реконструкција, рехабилитација и изградба на систем за наводнување од околу 2.000 хектари во регионот на Удово, Јосифово и Пирава. Веќе стратува и проектот финансиран од Европска унија за „Мали, еколошки системи за наводнување“ во износ од 1,8 милиони евра. Во моментов се избираат локациите и подготовката на тендерската документација за почеток на работите. Целта на овој проект е да се придонесе кон зголемување на конкурентноста на земјоделскиот сектор, да се одржат приходите на земјоделските стопанства и да се ублажат негативните ефекти од климатските промени, преку искористување на малите еколошки системи за наводнување. Крајно проектот ќе придонесе кон одржлив и инклузивен економски, социјален и територијален развој на земјата и намалување на регионалните диспаритети преку развој на физичкиот

капитал во руралните средини. Дел од приоритетите се поддршка на преработувачката индустрија преку кофинансирање на изградба и реконструкција на постоечките објекти, набавка на опрема за винарски визби, опрема за преработка на овошје и зеленчук, преработка на млеко и производство на млечни производи. Ќе работиме на подобра организација на земјоделските производители и нивна едукација за придобивките од здружување на пазарни основи. Една од клучните цели на која што ќе посветиме внимание е унапредување на советодавните услуги на Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството затоа што за земјоделците е најважно да добијат квалитетни советодавни услуги. Интензивно ќе работиме на зголемување на шумскиот фонд и многу поквалитетно чување на шумите и заштита од дивата сеча. Уште сега за четири пати го зголемивме Буџетот за Програмата за проширена репродукција на шумите. Отпочнат е и процесот на инвентаризација односно попис на шумскиот фонд. Во периодот што следува ќе се насочиме на исполнување на стратешките цели за развој на земјоделството затоа што развојот на овој сектор не може да се гледа на дневна основа, туку потребни се долгорочни и системски решенија, на што како Влада посветено работиме. 

НИКОЛОВСКИ: СУБВЕНЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ НАСОЧЕНИ КОН ОКРУПНУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО.



Капитал број 934 22.09.2017

30

www.kapital.mk

БАНКИ И НАСЕЛЕНИЕ

КРЕДИТИРАЊЕТО НА ГРАЃАНИ ЗАБАВУВА СО РАСТОТ

СЕКОЈ ВРАБОТЕН ДОЛЖИ ПО 7,5 ПРОСЕЧНИ ПЛАТИ ВО БАНКА

Растот на кредити за население лани бил 8,3%, со што забавува растечкиот тренд од претходните три години. Најголем интерес постои за кредитите наменети за финансирање на потрошувачката на домаќинствата - годишен раст на барањата од 15,4% - и тоа за кредитните картички и пречекорувањата на тековните сметки. Според извештајот на НБРМ за финансиска стабилност, минатата година и покрај политичката криза, банките одобриле поголем износ на кредити за население во однос на 2015, при што најголема стапка на пораст во одобрените имаат станбените кредити – 13,5%, додека пак најголем пад имаат автомобилските – 36%.

“ПРЕШАЛТУВАЊЕ“: ЗАРАДИ ЗГОЛЕМЕНИТЕ РИЗИЦИ ОД КОРПОРАТИВНИОТ СЕК


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

31 БРОЈКИ

Износ на одобрени кредити за домаќинства: состојба на 31.12 (во милиони евра) 2012

2013

2014

2015

2016

Износ

1.351

1.495

1.675

1.900

2.058

Годишна промена( %)

6,9%

10,7%

12,0%

13,4%

8,3%

Извор:НБРМ

Учество на поедини групи кредити во вкупни кредити за домаќинства состојба на 31.12 2016

2016/2015

Потрошувачки кредити

47,2%

10,7%

Кредити за набавка и реновирање

24,8%

13,5%

Негативни салда по тековни сметки

8,3%

2,5%

16,2%

-2,5%

Автомобилски кредити

0,3%

-36,3%

Други кредити

1,9%

9,4%

Трговци-поединци

1,2%

-15,1%

Кредитни картички

Извор:НБРМ

пишува:

П

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Преку две милијарди евра одобрени кредити за домаќинство во Македонија е состојбата на 31.12.2016, според извештајот за финансиска стабилност, што редовно го изработува НБРМ. Тоа значи дека во просек, секој жител на Македонија (според последниот валиден попис земјава има околу 2 милиони жители, н.з.) на крајот од минатата година бил задолжен во банка со кредит од 1.000 евра, или пак секој вработен во земјава (околу 740 илјади) должи во просек по 2.700 евра. Или пак, пресметано со друга мерка, секој вработен во банка е задолжен со по 7.5 просечни плати (ако земеме предвид дека просечната плата официјално е околу 360 евра според државната статистика). Аналитичарите на централната банка заклучуваат дека во последниве неколку години, се се забележува пресврт во преференциите на банките за кредитирање и поголема склоност за пласирање на средствата кон домаќинствата со оглед на помалата ризичност и повисокиот принос во споредба со корпоративниот сектор. Поголемиот интерес на банките за кредитна поддршка на овој сектор

Иако според НБРМ , секторот “домаќинства“ е релативно ниско задолжен во целина, концентрираноста на кредитите во домаќинствата со пониски примања и нивната задолженост која постојано расте со истовремено зголемување на рочноста, налага повнимателно следење на ризиците од можна висока задолженост на одделни сегменти на овој сектор. е поткрепен и со зголемената побарувачка на кредити при засилена лична потрошувачка, поволни остварувања на пазарот на труд и зголемен потрошувачки оптимизам, пред сè поради поволните очекувања во поглед на невработеноста и финансиската состојба. “И покрај зголемувањето на долгот на домаќинствата, нивото на задолженост на овој сектор во целина не е високо.“, велат од НБРНМ. На крајот на минатата година износот на одобрени кредити за домаќинство бил за 8,3% повисок одошто од крајот на 2015-та, но остварениот раст во 2016-та бележи извесно забавување

42,9% од вкупното кредитирање отпаѓа на кредитирање на домаќинства

2,1

милијарди евра се вкупно одобрените кредити за домаќинства на крајот од 2016

8,3%

е пораст на вкупно одобрените кредити за домаќинства на крајот од 2016

47,2%

е учество на потрошувачки кредити во вкупни кредити за домаќинства

10,7%

е пораст на вкупен износ на одобрени потрошувачки кредити на крај од 2016

15,4%

пораснал бројот на барања за потрошувачки кредити во 2016

9,7%

паднал бројот на одобрени барања за потрошувачки кредити

што претставува прекинување на трендот на забрзан раст на долгот на домаќинствата од претходните три години, кога 13,4%, 12% и 10,7% респективно за 2015, 2014 и 2013 година. Извештајот на НБРМ покажува

КТОР ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ, БАНКИТЕ СЕ НАСОЧУВААТ КОН ДОМАЌИНСТВАТА


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

32

БАНКИ И НАСЕЛЕНИЕ

дека расте уделот на долгот на населението во расположливиот доход и во финансиската актива. Извесно влошување забележаа и ликвидносната (способноста за подмирување на обврските во секој момент) и солвентната позицијa (способноста за подмирување на стасаните обврски рокот на стасување) на домаќинствата. Во услови на изразено забавен раст на расположливиот доход, повисоката потрошувачка на домаќинствата беше поддржана од поголемото кредитирање и раст на долгот на овој сектор, зад кое заостанува и годишната стапка на раст на финансиската актива. Ова предизвика извесно влошување на показателите со кои мери се способноста на домаќинствата за отплата на долгот, како и можноста за нивно натамошно задолжување, односно на солвентноста на домаќинствата. Влошувањето на ликвидноста се појавува поради поизразеното зголемување на долгот во однос на растот на расположливиот доход, кој апсорбира поголем дел од расположливиот доход за отплата на долгот.

Домаќинствата се релативно ниско задолжени, но долгот е концентриран кај посиромашните

Сепак, ова влошување на показателите не предизвикува загриженост. Тие се оценуваат како задоволителни поради релативно ниската задолженост на секторот „домаќинства“ во целина. Во 2016 година, делот од расположливиот доход кој се искористил за отплата на каматата и главницата е помал во споредба со 2015 година (7,1% во 2016 и 8,1% во 2015 година), што од своја страна покажува дека во 2016 година секторот имал подобра способност за отплата на долгот. Со оглед на фактот дека отплатите зафаќаат помалку од 10% од расположливиот доход, се наметнува заклучокот дека нивото на овој показател е релативно ниско.

КРЕДИТИТЕ ЗА ДОМАЌИНСТВА НИКОГАШ ПОЕВТИНИ Пред пет години просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинства била над 9% за денарските кредити, во 2016 изнесува 6,7%, додека кај денарските со девизна клаузула била нешто над 7% пред пет години, а лани 4,9%.

В

о 2016 година продолжи трендот на намалување на просечните пондерирани каматни стапки на новоодобрените кредити и на вкупните кредити на домаќинствата, со што цената на вкупните кредити го достигна најниското ниво во посткризниот период. Па така, ако во 2012 година просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинства била над 9% за денарските кредити,

во 2016 изнесува 6,7%, додека кај денарските со девизна клаузула била нешто над 7% пред пет години, а лани 4,9%. Надолното движење на каматните стапки е поизразено кај кредитите со девизна клаузула, а кај денарските речиси и да изостанува, со што практично распонот меѓу кредитите во денари и кредитите со валутна компонента бележи зголемување за првпат во посткризниот период, по достигнувањето на историски најниското ниво претходната година. Во околности на зголемување на каматната разлика меѓу кредитите во денари и кредитите со валутна компонента доаѓа до израз значењето на трошочниот фактор при изборот на домаќинствата на валутата на финансирање.


НОВИОТ RANGE ROVER VELAR

СЛЕДИ ГИ СВОИТЕ ИНСТИНКТИ

Некои избираат да го послушаат разумот, а други сопственото срце. Со новиот Range Rover Velar вие ја имате привилегијата да ги послушате и двете. Разумот ви вели: ова е легендарниот Land Rover којшто ниедна препрека не може да го сопре, со совршена аеродинамична линија која ги истакнува генијалните дизајнерски решенија и ги нагласува извонредните бакарни детали. Сега застанете и слушајте. Тоа е звукот на вашето забрзано срце. Посетете нè и дознајте повеќе: AUTOMOBILI GROUP ул. Скупи бр. 8, Скопје тел.: 02 30 93 024 macedonia.landrover.com

Емисија на CO2: 142 – 214 g/km. Комбинирана потрошувачка на гориво: 5,4 – 9,4 l/100 km.


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

34

БАНКИ И НАСЕЛЕНИЕ

УЧЕСТВО НА КРЕДИТИТЕ ЗА ДОМАЌИНСТВА ВО ВКУПНОТО КРЕДИТИРАЊЕ 42,9%

36,4%

2012

37,7%

2013

“Показателите за солвентноста и ликвидносната позиција на домаќинствата, и покрај малото влошување, се на задоволително ниво, што означува мала ранливост на

38,7%

2014

40,0%

2015

2016

секторот на шокови и пониски ризици за финансиската стабилност од овој сектор. Ова, заедно со солидната кредитоспособност на домаќинствата и подобрувањето на способноста за отплата на целиот долг, укажува дека не се исцрпени можностите за натамошен раст на долгот на домаќинствата. Сепак, концентрираноста на долгот кај домаќинствата со пониски примања и постојаниот раст на задолженоста со истовремено зголемување на рочноста, предизвикуваат потреба за повнимателно следење на ризиците од можна висока задолженост на одделни сегменти на овој сектор. Изложеноста на домаќинствата на валутен ризик произлегува од високото учество на долгот со валутна компонента, наспроти нивните приходи остварени во домашната валута, иако речиси половина од заштедите на домаќинствата се во девизи. Потенцијален ризик за домаќинствата претставува и нивната изложеност на каматниот ризик поради непредвидливоста на трошоците за отплата на користените кредити при евентуално нагорно придвижување на каматните стапки на банките, кај договорите со прилагодливи каматни стапки.“, велат аналитичарите од НБРМ.

Картичките и дозволените минуси како алва

Според типот на кредити, најголем удел во кредитите за население имаат потрошувачките ненаменски кредити, со 47,2%, пред кредити за набавка или реновирање на станбен и деловен простор со 24,8% и кредитни картички со 16,2%. Најголем раст пак, во 2016 бележат станбените кредити, од 13,5%, чијшто износ на 31.12.2016 изнесувал околу 580 милиони евра, додека стапката на раст на одобрените потрошувачки ненаменски кредити е 10,7%, а нивниот износ на крајот од годината е околу 1,1 милијарди евра. И покрај олеснувањето на кредитните услови при одобрувањето кредити на домаќинствата, банките остануваат релативно внимателни. Притоа, банките вообичаено одобруваат станбени кредити на вработени лица, со месечни примања коишто се барем двојно повисоки во споредба со месечната рата на кредитот. Стапката на одобрени кредитни барања (од вкупно примени барања) е најниска за станбените кредити. Според бројот на примени кредитни барања, најголема заинтересираност постои за кредитите наменети за финансирање на потрошувачката на домаќинствата (годишен раст од 15,4%), и тоа за кредитните картички и пречекорувањата на тековните сметки, додека бројот на одобрени барања за потрошувачките кредити забележа надолно поместување (за 9,7%), што може да се поврзе со претпазливоста насочена кон забавување на високиот раст на долгорочните потрошувачки кредити. 



Капитал број 934 22.09.2017

36

www.kapital.mk

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

РЕГИОНОТ ДОБИ КОНКРЕТЕН РОК ОД БРИСЕЛ

МОЖЕ ЛИ МАКЕДОНИЈ ПРИКЛУЧОК СО СРБИЈ ГОРА ЗА ПРИКЛУЧУВА

ЈУНКЕР: МОРАМЕ ДА ПОНУДИМЕ КРЕДИБИЛНА ПЕРСП


www.kapital.mk

ЈА ДА ФАТИ ЈА И ЦРНА АЊЕТО НА ЕУ?

Капитал број 934 22.09.2017

37 Охрабрувањата дека Македонија може да се искачи на распоредот за придружување на ЕУ, и да ја чека 2025 година со Србија и Црна Гора кои во Брисел се идентификувани како предводници во процесот, доаѓаат како од реформското расположение на Владата што е препознато и поздравено од највлијателните европски адреси, така и од сигналите дека има придвижување во решавањето на спорот за името пишува:

С

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Србија и Црна Гора добија рок – во наредните осум години ќе се подготвуваат за влез во Европската унија во 2025 година, како што конкретизираше претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во своето годишно обраќање „За состојбата на Унијата“. Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, кој набргу по обраќањето на Јункер отпатува во Белград за и лично да ја пренесе добрата вест, рече дека придружувањето на Србија на ЕУ може да се случи и порано, пред 2025 година, веднаш штом земјата биде подготвена, во зависност од исполнувањето на критериумите. Тој потсети дека во „Планот за пообединета, посилна и подемократска Унија“, Србија и Црна Гора се идентификувани како предводници за придружување на ЕУ, но, оти „ЕУ е сериозна во својата посветеност заедно со Србија да ги доведе и другите од регионот во Унијата“, и даде „големо охрабрување за Србија и за сите земји од Западниот Балкан“.

ПЕКТИВА НА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

38

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Овде доаѓаме до она што е важно за Македонија во однос на првпат конкретизираниот, догледен рок за Западниот Балкан, 2025 година; гледано од аспект на тоа дека сè што кажа Хан за Србија за најважната пречка на нејзиниот пат до членство - односите Белград-Приштина, е применливо и на нашиот случај со спорот за името. (Истото, секако, важи и за реформите како критериум) Имено, иако Хан потенцираше дека реформите во Србија поврзани со владеењето на правото, со основните права и борбата со корупцијата се најважен критериум, сепак, неопходниот услов за членство е нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина. Еврокомесарот во Белград потенцираше дека ЕУ не сака на мала врата да го увезе проблемот со Косово, а и известувачот на Европскиот парламент за Србија, Дејвид Мекалистер, брзо потоа потврди оти преговорите за членство на Србија во ЕУ бараат постојано движење кон подобри односи со Косово. „Проширувањето се заснова исклучиво на заслугите на секој од кандидатите. Вие ги држите клучевите од вратата на ЕУ, но ЕУ мора да види постојана, одржлива, нереверзибилна нормализација на односите со Приштина пред конечното пристапување во ЕУ. Не сакаме да го увеземе ова прашање на мала врата во ЕУ“, изјави Хан. Исто како што ЕУ не сака да го увезе проблемот со спорот со името што Македонија го има со Грција. Хан во пригодата (на предавањето одржано во Белград, „ЕУ-Србија: Стратешко партнерство за иднината“) го кажа и начинот на кој треба да се олесни постигну-вањето на оваа „постојана, одржлива, нереверзибилна нормализација на односите“, меѓу Белград и Приштина, што е порака и за Скопје и Атина. Тој истакна дека помирувањето не значи негирање на фактите во споровите и на одговорноста за стореното, туку извлекување поука од историјата за да се изгради подобра иднина, за што лидерите треба да бараат и да работат на најширок консензус, и тоа надвор од она што тесно се подразбира под политика. „За тоа се потребни визија, храброст и чувство за реалност. Да се биде патриот и да се членува во ЕУ не е во спротивност

Сè што кажа Хан за Србија за најважната пречка на нејзиниот пат до членство односите Белград-Приштина, е применливо и на нашиот случај со спорот за името

– тоа се две страни на истата монета. Но, ако ја пропуштите средбата со историјата, другите место вас ќе носат одлуки на ваша штета“, изјави Хан. Охрабрување дека Македонија може да го фати возот со Србија и да влезе синхронизирано со неа и со Црна Гора во ЕУ доаѓа од сигналите оти има придвижување и во решавањето на спорот за името. Последна индикација во контекстот беше информацијата дека на средбата пред заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации, грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, разговарале и за спорот со името. Според Коѕиас, разговорот бил „интересен“, а шефот на грчката дипломатија рекол и дека „постои отворен прозорец за можности“ да се разговара по завршувањето на локалните избори во Македонија, во октомври.

Распоредот за влегување на земјите од регионот во ЕУ е прашање на моментум

Дека она што Јункер го говореше во обраќањето „За состојбата на Унијата“, во ситуација кога охрабрувања за евроинтеграциите на Западниот Балкан доаѓаат веќе подолго време од Брисел (претседателот на ЕК проширувањето го опиша како инструмент за стабилноста на ЕУ и продолжувањето на процесот го поистовети со регионот, во кој како предворје на Унијата има раст на тензиите и на кризните ситуации, од кои своја игра очекува Русија), не мора да значи дефинитивен распоред за приклучување, на кој први се Србија и Црна Гора, во изјава за Дојче Веле коментира Корина Стратулат од Центарот за европска политика во Брисел. Таа иако вели дека „има смисла, технички

ХАН: ДА СЕ БИДЕ ПАТРИОТ И ДА СЕ ЧЛЕНУВА ВО ЕУ НЕ Е ВО СПРОТИВНОСТ



www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

40

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

причини и конкретни факти“ зошто некои земји од регионот би требало да бидат први, подвлекува оти тука има и прилично субјективни толкувања „кој е каде и како понатаму“, како и дека некои политички причини можат да доведат до прегрупирање во последен момент. Во принцип, во ставовите што преовладуваат во дипломатските кругови во Брисел, во нијанси се прават разлики меѓу земјите од Западен Балкан, од кои ниту една не е во добра економска ситуација; во сите има корупција; емигрираат младите. Во оваа фаза во Брисел неофицијално се споменуваат два брана на проширување на ЕУ на Западниот Балкан, при што зад Србија и Црна Гора се споменуваат Македонија и Албанија, пред последната Босна и Херцеговина. Европарламентарецот Едвард Кукан смета дека Албанија после добро спроведените избори може да очекува датум за преговори, и оти нашиот западен сосед ќе преговара за членство во полна брзина, а за Македонија вели дека со новата Влада брзо ќе напредува кон членство во НАТО и во ЕУ. „Очекуваме дека прашањето за името, како последна препрека за земјата на патот кон членство во ЕУ, сега ќе биде решено“, е изјава на Кукан, чија оценка е дека Македонија штом влезе во преговори со ЕУ ,тие може да одат брзо, „зашто тие во многу области се добро подготвени“. На фонот на сè од кажаното, неколку дена пред годишното обраќање на Јункер, евроамбасадорот во Македонија, Самуел Жбогар, на премиерот Зоран Заев му пренесе дека „постои голем оптимизам во Брисел дека Македонија е конечно подготвена да оди напред“, и оти „Република Македонија ја има најголемата шанса за успех досега за остварување на стратешките евроатлантски цели“. Заев, од своја страна, ја потврди фокусираноста на Владата на реформскиот план 3-6-9, односно, оти ќе бидат спроведени потребните реформи и низ политиките на градење мостови ќе бидат осигурани евроатланските перспективи. Неколку дена, пак, пред оваа средба на Заев и на Жбогар, од највлијателната европска адреса, од Берлин, на министерот за надворешни работи на Македонија, Никола

На највлијателната европска адреса, во Берлин, Зигмар Габриел на македонскиот колега Никола Димитров му пренесе дека Германија „заедно со партнерите во ЕУ работи на интензивирање на поддршката за Македонија“

Димитров, му беше пренесена германската оценка дека новата Влада имала импресивен почеток и била фокусирана на соработка со соседите преку амбициозни реформски проекти и позитивни чекори. „Сега е клучно најавените реформи да се спроведат, а реформскиот процес во Македонија повторно да добива во интензитет. Само на тој начин Македонија може да напредува на патот на евроатлантското приближување“, му порачал шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, на Димитров, и апелирал до опозицијата да не го блокира добриот почеток на новата Влада и да не одбива конструктивна соработка со неа. Габриел својот македонски колега го охрабрил и со уверувањето дека Германија „заедно со нашите партнери во ЕУ, работи на интензивирање на поддршката за Македонија“ на евроатланскиот пат. „Ако реформите во Македонија резултираат со сериозно решавање на проблемите во одредени области, тогаш секако дека можеме да им се приклучиме на Србија и на Црна Гора во однос на рокот за придружување кон ЕУ“, вели поранешниот долгогодишен извршен директор на Македонскиот центар за европско образование - МЦЕО (сега

Центар за европски стратегии – Евротинк) и поранешен претседател на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Македонија, Лидија Димова. Според неа, во реформскиот дел, најголема пречка за Македонија е судството. „Ако успееме таа пречка да ја решиме, тогаш ние ќе избиеме пред Србија и Црна Гора. Зашто благодарение на Рамковниот договор во поглавјето 23 (правосудство и фундаментални права) ние речиси и нема да имаме проблеми. Зашто, на пример, помалите етнички заедници се интегрирани во јавната администрација; најтешките работи кај нас во овој дел се сработени. Остана судството и корупцијата, кои одат во пакет, да ни висат во воздух, заедно со медиумите, но кај нив мислам дека се гледа оти на повидок е подобрување“, вели Димова. Таа смета дека ако Македонија успее сега да добие, како што планира Владата, некаков вид, форма на преговори со поглавјата 23 и 24; во рок од една година, година и половина, ќе се наметне потребата од регионален пристап, односно, влегување на сите земји од Западниот Балкан во пакет во ЕУ. nnn

ДИМОВА: АКО ГО ЗАЗДРАВИМЕ СУДСТВОТО ЌЕ ИЗБИЕМЕ ПРЕД СРБИЈА И ЦРНА ГОРА



Во првата половина од 2017 година реализирани се повеќе од 70 настани (семинари, обуки и курсеви), со над 1000 учесници од бизнис секторот.

ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ НАЈАВУВА Во периодот септември - декември 2017 очекувајте уште многу интересни теми од областите:  Финансии сметководство и ревизија  Правни теми  Канцелариско и архивско работење  Јавни набавки  Безбедност и здравје при работа  Стандарди  ЕУ Фондови  IT вештини  Soft skills

Следете не на:

www.koncept.com.mk

и на нашата фан страна

www.facebook.com/institutkoncept/



www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

44

БАЛКАН БИЗНИС И ФИНАНСИИ

СЕ СОЗДАВА ГОЛЕМ КОНЗОРЦИУМ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ХРВАТСКИ

АДРИС ГРУПА АТЛАНТИК САКАА ГО КУПАТ АГРОК

Х

Хрватските компании Атлантик група и Адрис се заинтересирани за заеднички влез во Агрокор. Оваа информација веќе ја објавуваат сите хрватски медиуми, како една од најважните бизнис приказни во современата историја на

Хрватските компании Атлантик група и Адрис се заинтересирани за заеднички влез во Агрокор. Оваа информација веќе ја објавуваат сите хрватски медиуми, како една од најважните бизнис приказни во современата историја на хрватскиот бизнис. Двете компании повикуваат во конзорциумот кој би го преземал работењето на Агрокор да им се придружат и други хрватски компании, меѓу кои и прехранбени компании, како и хрватските пензиски фондови, потенцирајќи дека е повисок национален интерес да се задржи Агрокор во доминантна домашна сопственост.

АГРКОР: АКО ДО ЈУЛИ 2018 ГОДИНА НЕ СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ З


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

45

Атлантик Група, која е во сопственост на хрватскиот бизнисмен Емил Тедески, е подготвена да инвестира и да влезе во конзорциумот за купување на Агрокор заедно со Адрис, но само во купување на Ледо и Јамница.

ИОТ ГИГАНТ АГРОКОР!

И АТ ДА КОР!

хрватскиот бизнис. Двете компании повикуваат во конзорциумот кој би го преземал работењето на Агрокор да им се придружат и други хрватски компании, меѓу кои и прехранбени компании, како и хрватските пензиски фондови. Освен бизнис интересите како што се ширење на работењето и заработката, заеднички интерес на членовите на новиот конзорциум е најзначајните делови на Агрокор да останат во доминантна хрватска сопственост. Како главни мети за преземање, Атлантик и Адрис во старт ги одредиле Јамница и Ледо, но не се исклучени ни другите компании од холдингот кој до неодамна

беше во сопственост на хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ. Освен бизнис интересите како што се ширење на работењето и заработката, заеднички интерес на членовите на новиот конзорциум е најзначајните делови на Агрокор да останат во доминантна хрватска сопственост. Како главни и најинтересни мети за преземање, Адрис и Атлантик група уште од самиот старт ги посочија Јамница и Ледо, но не се исклучени и другите компании во рамки на конгломератот Агрокор.

Битка за Агрокор

Додека многу заинтересирани инвеститори веќе лобираат тајно до сите потребни адреси. Адрис групата одлучи да ги отвори картите кога се во прашање нивните амбиции во врска со купување на одделни компании од Агрокор холдингот. Веќе е извесно дека Јамница и Ледо се најголемите мамци за инвеститорите, кои доколку Агрокор почне да се соочува со недостаток на пари заради лошото опоравување, ќе бидат уште поатрактивни за купување. Она што е сега официјално познато е дека Адрис потврдува дека се заинтересирани заедно со Атлантик група да основаат конзорциум на домашни фирми преку кој имаат план да преземат поодделни делови од Агрокор. “Адрис е подготвен заедно со успешни хрватски фирми да изнајде целосно решение за Агрокор, посебно заради тоа што станува збор за компании кои имаат деловна веродостојност и инвестициски потенцијал. Уверени сме дека тоа би било корисно не само за тие компании, туку и за хрватската економија во целина”, соопштуваат од Адрис. Од Атлантик група засега порачуваат дека нема да превземаат никакви активности поврзани со формирање на

конзорциум за купување на делови од системот Агрокор. “Како котирана компанија за таквите намери најнапред би ја информирале Загребската берза, а медиумските написи на оваа тема не можеме да ги коментираме”, се вели во соопштението од Атлантик. Вонредната управа на Агрокор го поздравува секое покажување на интерес со кое се препознаваат резултатите од работењето на преструктуирање и успешност на компанијата Агрокор. Меѓутоа, напомнуваме дека нема продажба на клучните компании, ниту предлог кој се однесува на продажба пред спогодба. За продажбата не одлучуваат ниту вонредната управа, ниту државата, туку доверителите”, порачуваат од Агрокор. Но, покрај овие официјални информации, постојат многу неофицијални и кулоарски информации шпекулации околу учеството на хрватските компании во спасување на Агрокор. Допрва треба да се види што ќе биде ставено на продажба, со претходна согласност на доверителите, дали тоа ќе бидат поодделни компании, секторите на производство, земјоделието, малопродажбата или целиот Агрокор. Адрис е една од најголемите компании во Хрватска, која е присутна во тутунската индустрија и туризмот. Нејзиниот сопственик Анте Влаховиќ летово изјави дека компанијата планира да инвестира над 550 милиони евра до 2021 година, од кои половина ќе бидат вложени во туризмот. Анализата на финансиските извештаи покажува дека Адрис има околу 1 милијарда евра готовина на располагање за аквизиции, без кредитната поддршка која може да ја добие од банките со толку кеш. Тоа е значителна сума за инвестирање и аквизиции.

ЗА РЕСТРУКТУИРАЊЕ, ХРВАТСКИОТ ГИГАНТ ОДИ ВО СТЕЧАЈ!


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

46

БАЛКАН БИЗНИС И ФИНАНСИИ

Кога станува збор за Атлантик Група, која е во сопственост на хрватскиот бизнисмен Емил Тедески, медиумите пишуваат дека е подготвена да инвестира и да влезе во Агрокор заедно со Адрис, и тоа само во купување на Ледо и Јамница. Ако не направи конзорциум со Адрис, Атлантик Група планира со заедно со други потенцијални инвеститори и еквити фондови да се вклучи во битката за Јамница или Ледо. Анализата на финансиските извештаи на Атлантик покажува дека компанијата има околу 100 милиони евра готовина на располагање за инвестирање, кој би бил секако поголем ако на тоа се додаде и кредитната поддршка од банките. Интерес за учество во конзорциумот за купување на Агрокор изразиле и од кондиторската компанија Краш. Од Подравка засега се уште нема официјална реакција, но неофицијално компанијата е подготвена на заеднички инвестициски проекти, првенствено во конзорциум со Адрис. Адрис истовремено е и еден од поголемите доверители во Агрокор кој има побарувања од речиси 33 милиони евра на име кредит и побарување од околу 123 милиони евра за испорачани производи и услуги, додека останатите големи доверители имале побарувања кон Агрокор во износ од околу 100 милиони евра. Планот на Адрис подразбира добавувачите на Конзум да ги купат Јамница и Чедо, но и некои други исплатливи компании во склоп на Агрокор. Според неофицијалните информации, Адрис група и останатите домашни инвеститори не би имале ништо против ако во конзорциумот се вклучат и задолжителните пензиски фондови, од кои засега нема никакви информации во јавноста дали би биле заинтересирани за тоа. Домашните аналитичари во Хрватска коментираат дека Адрис група и самостојно има капацитет да влезе во купување на Јамница и Ледо, за кој има и многу други поголеми заинтересирани инвеститори. Колку за потсетување, Coca Cola на почетокот на годинава неофицијално понудила за Јамница прво околу

Адрис е една од најголемите компании во Хрватска, која е присутна во тутунската индустрија и туризмот. Нејзиниот сопственик Анте Влаховиќ летово изјави дека компанијата планира да инвестира над 550 милиони евра до 2021 година, од кои половина ќе бидат вложени во туризмот.

960 милиони евра, а потоа цената ја спуштила на под 700 милиони евра. Веројатно се уште е во игра. Но, проблемот е какво решение ќе се најде за Конзум, односно за малопродажбата и големопродажбата во рамки на Агрокор, бидејќи за останатите производно-прехранбени компании лесно ќе се најде купувач. Од друга страна, аналитичарите проценуваат дека за доверителите е најдобро да не брзаат со продажба на најдобрите и најпрофитабилни компании од концернот Агрокор. Најдобра варијанта за доверителите е некој да го докапитализира Агрокор, па дури потоа да се има доволно време за да се продаваат компаниите, кои така би постигнале подобра цена. Но, крајниот збор за иднината на Агрокор ќе ја имаат доверителите, а не политичарите или вонредната управа во компанијата. Некои аналитичари реагираат што во последно време многу често се потенцира во јавноста дека преземањето на Агрокор од страна на домашни компании би било интерес и на хрватската економија во целина. “Кога некој се повикува на национални интерес во економијата, зад тоа секогаш се крие некој посебен бизнис

интерес. На Адрис група и на можниот конзорциум на домашни компании не им треба да се повикуваат на повисок интерес, бидејќи тука станува збор за строго деловни одлуки, како од страна на потенцијалните купувачи, така и од страна на доверителите”, вели Данко Сучевиќ, експерт за кризен менаџмент. До крајот на септември консултанстката куќа треба да заврши со регистрацијата и да ги објави вкупните побарувања кои ги имаат сите доверители од Агрокор, и да се објави ревизијата на финансиските извештаи на Агрокор за 2016 година. После тоа, вонредниот управник Анте Рамљак треба до доверителите да го достави првиот план за реструктуирање, кој мора да се усогласи во јули 2018 година, кога е крајниот рок кога престанува да важи и посебниот закон Lex Агркор. Во спротивно Агрокор ќе оди во стечај, по што ќе почне продажба на пооделни компании или на целиот Агрокор, на начин и цена по која ќе се договорат доверителите. Во меѓувреме, доверителите ќе мораат да отпишат добар дел од своите побарувања и да ги “реструктуираат” сите меѓусебни кредитни и должнички гаранции за фирмите на Агркорор. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

48

КЛУБ НА ИСТРАЖУВАЧИ

ПРОМОВИРАНИ ДВЕ ЕКОНОМСКИ ИСТРАЖУВАЊА ВО НАРОДНАТА БАНКА

Клубот на истражувачи на Народната банка промовираше два нови стручни трудови. Авторите Стефан Стојчевски и Ѓорѓи Гоцков го презентираат трудот „Поврат на ризично пондерираната актива како основа за нов пристап во управувањето со банките - примерот на Западен Балкан“, додека Магдалена Петровска и Даница Уневска Андонова се претставија како автори на вториот труд „Дезагрегирана верзија на Окуновиот закон: случајот на Македонија“. Капитал дава краток осврт врз двете истражувања.

Т

Трудот „Поврат на ризично пондерираната актива како основа за нов пристап во управувањето со банките примерот на Западен Балкан“ ја анализира заострената регулација на банките, која произлезе од последната финансиска криза, воспостави нови предизвици во работењето на банкарските институции. За да се справат со новите предизвици банките бараат нови пристапи, мерки и индикатори кои би го зголемиле квалитетот во управувањето со ризиците. Еден од тие пристапи се заснова на приносот на ризично пондерирана актива – RoRWA (Return on risk-weighted assets). Овој нов пристап е теоретски и емпириски обработен во овој труд. Неговата примена треба да овозможи превземање на соодветни мерки кои ќе ги подобруваат перформансите на банките и следствено макроекономските движења во земјата. Трудот посебен фокус става на квантитативна анализа и истражување на вредностите и трендот на овој индикатор во земјите од Западен Балкан. Притоа, квантитативната анализа е насочена кон три аспекти: (1) истражување на врската помеѓу RoRWA и економската активност, со цел да се утврди успешноста и ефикасноста на банките во вршење на својата функција; (2) истражување на трендот на RoRWA на ниво на вкупен банкарски сектор, со цел да се утврди отпорноста на банкарскиот систем на пооделните земји на последната финансиска криза и (3) истражување на трендот на RoRWA на најголемите индивидуални банки во анализираните земји, со цел да се утврди колку квалитетот на управување со ризиците кај пооделните банки влијае на успешноста во работењето на банките. Преку компаративна анализа трудот настојува да го согледа односот помеѓу ризикот и профитот кој го имаат постигнато банките во земјите од Западен Балкан наспроти поразвиените земји од Европа. Во анализата е опфатен периодот непосредно пред финаниската криза и годините после кризата со интенција да се согледат ефектите од кризата врз перформансите на банките и да се идентификуваат факторите кои допринеле одредени банки и банкарски системи да покажат подобра отпорност на кризата.

Окуновиот закон на примерот на Македонија

Неодамнешното економско искуство на Република Македонија, односно економскиот раст којшто апсорбираше значаен контингент на работна сила, а којшто во голем дел се поврзува со структурните реформи како макроекономски одговор на Глобалната финансиска криза и уште повеќе на последователната европска должничка криза, го поттикнува прашањето за стабилноста и природата на Окуновиот закон на примерот на Република Македонија. Истражувањето преку повеќе проверки на робустноста на резултатите, го издвојува т.н. Окунов закон во јаз форма како најсоодветен за специфицирање на релацијата помеѓу невработеноста и бруто домашниот производ во македонската економија. Притоа, преку агрегираната верзија на законот, за периодот кв.1 2004-кв.4 2014 година авторите утврдуваат ниво на Окуновиот коефициент од -0,16. Со други зборови, раст на позитивниот јаз на БДП од 1 процентен поен, после четири квартала креира очекувања за пад на јазот на стапката на невработеност од 0,16 процентни поени (т.е. позитивен јаз кај стапката на невработеност би се намалил, а негативен јаз би се продлабочил за 0,16 п.п.). Сепак, анализата на стабилноста на Окуновиот коефициент, детектираше нагла промена на неговото ниво, повеќе воочлива од средината на 2012 година. Со други зборови, веќе од средината на 2012 година, Окуновиот

коефициент се стабилизира на ниво од околу -0,12 (наспроти нивото од околу -0,19 во периодот непосредно пред регистрираната структурна промена). Ваквото намалување на коефициентот практично значи помала респонзивност на невработеноста на промените на бруто домашниот производ, што од една страна, може да е рефлексија на зголемената ефикасност на пазарот на трудот и тоа, во поглед на брзината на поврзување на понудата и побарувачката на вештини. Од друга страна, стапката на невработеност секој квартал во анализираниот период поставува нов историски минимум. Имајќи предвид дека стапката на невработеност во Република Македонија има и значајна структурна компонента, како и фактот дека е веќе позиционирана на пониско ниво од она што претставува нејзина историска норма, очекувано е натамошен раст на економската активност да има нешто послабо влијание во правец на натамошно намалување на невработеноста. Дезагрегираната верзија на Окуновиот закон пак, упатува на најголемо влијание на компонентите на домашната побарувачка врз движењето на невработеноста, наспроти ефектот на нето трговската размена. Една од можните причини е што најголемата компонента на домашната побарувачка, односно личната побарувачка, опфаќа голем дел на услуги коишто по својата природа се трудо-интензивни. Од друга страна, извозот (којшто има и висока увозна компонента) е доминиран од индустриски стоки. nnn

АНАЛИЗА: РИЗИКОТ И ПРОФИТОТ НА БАНКИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН



1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156



Капитал број 934 22.09.2017

52

www.kapital.mk

ТЕХНОЛОГИЈА

ТЕХНОЛОШКИТЕ ЛИДЕРИ ЧЕКААТ БРЗА РЕАКЦИЈА ОД ОН:

ВООРУЖЕНАТА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НÈ ВОВЕДУВА ВО ТЕРМИНАТОР ЕРАТА

МАСК: ТРКАТА ЗА AI ВОЕНА СУПЕРИОРНОСТ ЌЕ ДОВЕД


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

53 AI (вештачка интелигенција) оружјето нè внесува во ерата на Терминатор, пишува The Next Web. Се чека на ОН да побрза со регулирањето на создавањето роботи војници (по второто писмо од технолошките лидери), додека Путин е заговорник на воената употреба на AI, a Пентагон веќе вложи 18 милијарди долари во АI за воени потреби

В

Вештачката интелигенција (Artificial intelligence – AI), односно нејзиното значење за трансформацијата на индустријата, но и на општеството во целина, се споредува дури и со електрификацијата. Освен технолошките, тука се отвораат бројни етички и социолошки прашања, во дијапазон од опасноста од машините кои се (или ќе бидат) поинтелигентни од нас, до иднината на работните места во светот во кој повеќето луѓе нема да можат да им конкурираат на машините. Меѓу често споменуваните примери за работни места што вештачката интелигенција ќе ги збрише, се возачите, чии услуги ќе станат непотребни со развојот што веќе сега го следиме на автономните автомобили и камиони. Затоа, паралелно се технологијата, треба да се развива правна рамка за пресретнување на ситуацијата, која, прашање е на (кратко) време кога ќе ескалира. Од друга страна, многу од денешните професии ќе бидат делумно автоматизирани и трансформирани со вештачката интелигенција. На пример, ботовите ќе можат да ги разбираат и да одговорат на повеќето прашања што вообичаено ги добива еден кол-центар, но со оние најсложените и натаму ќе се справува оператор човек. Позитивното овде е што човештвото ќе биде растоварено од најздодевните работни активности, но процесот ќе бара да

Терминатор е нагаленото име за AI оружјеto (велиме нагалено, поради почитта кон култниот филмски серијал во кој вештачката интелигенција се свртува против човештвото)

бидеме поедуцирани за да можеме се фатиме во костец со посложените проблеми. Општо место е ако се каже дека секоја технологија може да се употреби на позитивен и на негативен начин, и оти некогаш најдобрите намери го поплочуваат патот „до пеколот“. На пример, по катастрофалните искуства од употребата на бојни отрови во Првата светска војна, многу научници не сакале да работат на проекти што некако би можеле да му наштетат на човекот. Некои токму од овие причини одлучиле да работат на „чисти теории“ што немаат практична примена, а една од нив е и квантната физика. На основа на нивните откритија настанала атомската бомба, една од најстрашните творби на човекот. Технологијата што ја нарекуваме вештачка интелигенција има огромен потенцијал, и претпазливоста и тоа како е потребна; особено во однос на опасноста да биде монополизирана од страна на неколку луѓе или мала група моќници. Пример за хумана употреба на вештачката интелигенција е медицината, каде со иновации може да се подигне квалитетот и достапноста на здравствената грижа/заштита, и така да се спасат многу животи. Спротивност се „паметните“ оружја и дронови без морални скрупули, што можат да ги заменат луѓето во најнеморалните мисии што може да се замислат. Терминатор е нагаленото име за ваквото оружје (велиме нагалено, поради почитта кон култниот филмски серијал во кој вештачката интелигенција се свртува против човештвото). Претставници на технолошката индустрија предупредуваат дека оставањето простор за слободна

ДЕ ДО ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА

волја на роботите е сигурен рецепт за катастрофа, но познато е дека Пентагон веќе вложи 18 милијарди долари во „воена АI“. Над сто научници од областа на роботиката и лидери од технолошката индустрија упатија отворено писмо до Организацијата на Обединетите нации, апелирајќи да се забранат AI оружјата, што е второ вакво писмо (првото го потпишаа и Стивен Хокинг, Илон Маск, Стив Вознијак ...). Најголем критичар на AI оружјата е основачот на SpaceX и соосновачот на Tesla, Илон Маск. Тој верува дека трката за наоружување што ја водат САД, Русија и Кина може да предизвика нова светска војна. Терористите се, пак, посебна закана, поради ризикот да дојдат до AI оружје на црниот пазар. Рускиот претседател Владимир Путин е заговорник на воената употреба на вештачката интелигенција, и смета дека идните оружени конфликти во кои ќе учествуваат роботи би можеле да ги ублажат човечките жртви. Од вооружените сили на САД, пак, уверуваат дека нема да се дозволи автономното оружје да одземе човечки живот без со него да управува човек. А како одговор на погоре споменатото отворено писмо, ОН формираше експертска работна група, од која се бара да побрза со регулирањето на создавањето вооружени роботи. Ако се праша Маск, сигурно ќе рече дека судбината на човештвото е во рацете на ОН, зашто впечатокот е дека вештачката интелигенција се развива многу побрзо од можноста пошироката популација да ја разбере истата, и научниците да најдат сигурен начин да ја запрат ако работите тргнат во несакан правец. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 934 22.09.2017

54

ЛИДЕРИ

РИД ХАСТИНГС

КО-ОСНОВАЧ И ДИРЕКТОР НА NETFLIX

СЕ СЛУЧУВА РЕВОЛУЦИЈА!

Р

Рид Хастинг (Reed Hastings) е американски претприемач и филантропист . Тој е ко-основач и извршен директор на Netflix. Од 2011 година Хастинг е и еден од директороте во бордот на Facebook. Toj e поранешен член на California State Board of Education и важи за еден од најгласните адвокати за

Како претприемач треба да бидете подготвени да скокнете од авион бидејќи сте уверени дека ќе ја фатите птицата која лета покрај авионот. Тоа е можеби акт на глупост, но неколку пати навистина успева.

Бидете брутално искрени на краток рок и оптимистични и самоуверени на долг рок.

Повеќето претприемачки идеи на почетокот звучат лудо, глупаво и неекономски. Потоа излегува дека биле во право.

Компаниите речиси никогаш не умираат затоа што се движеле пребрзо. Многу почесто умираат затоа што се движеле премногу бавно.

Оптичките кабли се како електричната енергија. Ако погледнете како електричната енергија се ширела во изминатите неколку декади, тоа сега се случува со оптичките кабли.

Никогаш не ги толерирајте брилијантните идиоти во тимот. Тоа е превисока цена за тимската работа.

реформи во образованието преку сертифицирани чартер школи, односно јавно финансирани независни школи од страна на наставници, родители и локални заедници. Еве некои од неговите изјави кои го отсликуваат неговиот претприемачки начин на размислување:

Ја научив вредноста на фокусирањето. Подобро е да направите еден производ одлично, отколку два просечни производа.

Секогаш работам многу напорно. Но, мојот живот секогаш бил забавен.

Се случува револуција. Мислам дека за период од две години Wi-fi и Netflix ќе бидат вградени во сите телевизии.

Со неуспесите учите која една работа од 99 други треба да ја избегнувате. Мислам дека е многу покорисно ако умеете да учите и од неуспесите на другите.

Бидете големи, брзи и флексибилни.

Не се плашете да го смените бизнис моделот.


HOTEL, FITNESS & SPA

УНИКАТНО ИСКУСТВО ВО ЦЕНТАРОТ НА ВИНИЦА Хотел Централ лоциран во строгиот центар на Виница е топло уреден и декориран со цел да го понуди најдоброто од удобноста и комфорот и да ги исполни очекувањата за урбано хотелиерство и угостителство. Хотелот располага со 22 луксузно опремени соби наменети за туристи, бизнис и семејни посетители во Источна Македонија. Секоја од гостинските соби и апартмани е стилски уредена со елегантен мебел и функционална бања, фен за коса, мини бар, сеф, ТВ, телефон, бесплатен безжичен интернет и избор на кафе и чај. Во склоп на хотелот се наоѓа фитнес центарот “Централ Gym & Fitness” кој веќе со години е избор на сите љубители на здравиот животен стил во регионот и на сите оние кои сакат да бидат во форма. Сега имате нова причина да ја посетите Виница, а по заминувањето ќе имате уште повеќе причини повторно да се вратите. ул. „Пионерска“ бр.2, 2310 Виница, Македонија Тел: +389 33 360022 Факс: +389 33 362022

HotelCentral

hotel@central.mk

www.central.mk



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.