935 kapital magazin

Page 1

АКВИЗИЦИЈА ВО ДОМАШНАТА ИНДУСТРИЈА МАКПРОГРЕС ОД ВИНИЦА ЈА ПРЕЗЕДЕ ПРИЛЕПСКАТА КОНДИТОРСКА ФАБРИКА ДОНИА

д-р ВЕНЕРА КРЛИУ - ХАНЏИСКИ ДОБИТНИК НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА “МАЈКА ТЕРЕЗА“ ЗА 2017 ГОДИНА

СЕ ЗАЛАГАМ ХУМАНОСТА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД СЕКОЈДНЕВИЕТО НА СИТЕ НАС

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

ДРЖАВНИТЕ ПРОЕКТИ СОПРЕА, ЕКОНОМИЈАТА ПАДНА ЗА 0,9%

0,00%

КВ. 2/2017

КВ. 1/2017

-1,80%

2,40% КВ. 4/2016

2,00% КВ. 3/2016

2,90% КВ. 2/2016

2,40%

БДП годишна стапка на раст %

КВ. 1/2016

КВ. 4/2015

КВ. 3/2015

КВ. 2/2015

КВ. 1/2015

0,80%

4,20%

4,50%

6,00%

КОЈ ЌЕ ГО ДИГА БДП?!

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ БАНКИ: КОЈ Е КОЈ НА

БАНКАРСКИОТ ПАЗАР ВО МАКЕДОНИЈА?

СТОПАНСКА СКОПЈЕ ДРЖИ 30% ОД КРЕДИТИТЕ ЗА НАСЕЛЕНИЕ, А КОМЕРЦИЈАЛНА 25% ОД ФИНАНСИРАЊЕТО НА КОМПАНИИ БРОЈ 935 | ЦЕНА 100 ДЕН. 29 СЕПТЕМВРИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 19

ГЕOРГИЕВСКИ: “ТИДЕА” Е МАРКЕТ КАДЕ КУПУВАЧOТ СЕ ЧУВСТВУВА КАКО ДОМА



3

Капитал број 935 29.09.2017

СОДРЖИНА

04 04

ВО ФОКУС

06

НАВИГАТОР

08

COVER STORY

14

INTERVIEW

30 19

Визијата на Макрон за посилна ЕУ Макпрогрес од Виница ја презеде прилепската кондиторска фабрика Дониа Државните проекти сопреа, економијата падна за 0,9% Кој ќе го дига БДП?!

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ  Кој е кој на банкарскиот пазар во Македонија Стопанска Скопје држи 30% од кредитите за население, а Комерцијална 25% од финансирањето на компании  “ProCredit Direct banking” иновативност во банкарското работење со физички лица

40 40

Д-р ВЕНЕРА КРЛИУ ХАНЏИСКИ

добитник на државната награда “Мајка Тереза“ за 2017 година

Се залагам хуманоста да биде дел од секојдневието на сите нас

И во време на ниски каматни стапки на пазарот, успеавме да ги зголемиме штедните влогови

АЛЕКСАНДАР ГЕОРГИЕВСКИ комерцијален директор на ТИДЕА:

„ТИДЕА е маркет каде купувачoт се чувствува како дома“

44

ПОЛИТИКА

50

ЛИДЕРИ

INTERVIEW  ЅВОНКО СТАНКОВСКИ директор на Дирекција трежри, дилинг и хартии од вредност, УниБанка

INTERVIEW

„Локален избор“ онлајн алатка за ориентирање во политичката понуда за локалните избори „Демократурата“ на партиите се крши со информирано гласање на изборите ЛИ КА - ШИНГ

кинески бизнис магнат

На времето си бев сам свој газда, така што знам што сакаат вработените

“СЛАТКО“ ПРЕЗЕМАЊЕ

КОЈ ЌЕ ГО КРЕВА БДП-ТО?

ВЕНЕРА КРЛИУ - ХАНЏИСКИ

Компанијата Макпрогрес со годишен извоз од околу 20 милиони евра која продава кондиторски производи на 55 пазари во светот, потпиша договор за целосно преземање на кондиторската фабрика Дониа, со седиште во Прилеп и со тоа го прошири бизнисот. Преземањето на кондиторската фабрика Дониа со својата палета на препознатливи бонбони, бисквити и кекси со врвен квалитет, претставува зајакнување на брендираниот асортиман на Макпрогрес и додатен импулс во интернационализација на бизнисот, велат од Макпрогрес. Асортиманот на Дониа е присутен на македонскиот пазар, а половина од неговото вкупно производство се извезува на пазарите вон регионот.

Лекцијата која мора Македонија да ја научи од падот на економијата во првото полугодие, е дека моделот во кој најголем носител на економскиот раст е државата која преку големото трошење и задолжување финансира разни градежни проекти мора да прекине. Новата влада мора да создаде услови во кои носител на економскиот раст во иднина ќе бидат приватните компании кои инвестираат, произведуваат и извезуваат. Мерките за економски раст кои ги предложи неодамна ги предложи Владата за нив обезбедуваат и директни финансиски субвенции. Топката сега е кај домашните извозно ориентирани компании.

Со проректорот за настава и потпретседател на Бордот на директори на Универзитетот Американ Колеџ од Скопје, доц. д-р Венера Крлиу, разговаравме за нејзината филантропска работа и посветеност кон хуманитарната дејност, за што годинава го доби високото државно признание “Мајка Тереза“. “Кога знам дека со помошта ќе изнудам насмевка на нечие лице и некому ќе му го направам денот поубав, сето тоа ме прави да се чувствувам исполнето во срцето. Токму овие вредности ги пренесувам и ќе настојувам да ги пренесувам на идните генерации студенти на нашиот Универзитет Американ Колеџ Скопје и на идните поколенија.“

 Стр. 6

 Стр.8

 Стр. 14

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 27.09.2017


Капитал број 934 22.09.2017 ВО ФОКУС

4

www.kapital.mk

ВО ФОКУС

ЕМЕНУЕЛ МАКРОН претседател на Франција

ШТО ПРЕДЛОЖИ МАКРОН ВО СВОЕТО ОБРАЌАЊЕ: XX БУЏЕТ НА ЕВРОЗОНАТА ЗА ЗАЕДНИЧКИ ИНВЕСТИЦИИ И СТАБИЛНОСТ XX ЗАЕДНИЧКИ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ НА ЕВРОЗОНАТА XX ОДРЕДУВАЊЕ ШТО Е МИНИМАЛНА ПЛАТА XX ДЕФИНИЦИЈА ШТО Е „КОРИДОР ЗА КОРПОРАТИВЕН ДАНОК“ XX РАЗЛИЧЕН НАЧИН НА ОДАНОЧУВАЊЕ НА ДИГИТАЛНИТЕ КОМПАНИИ ВО ГРАНИЦИТЕ НА ЕУ XX ЗАЕДНИЧКИ БУЏЕТ, СИЛИ И ДОКТРИНА ЗА ОДБРАНА XX ЕВРОПСКИ КОМПОНЕНТИ ЗА ГРАЃАНСКА ЗАШТИТА XX ЕВРОПСКА ГРАНИЧНА ПОЛИЦИЈА XX ЕВРОПСКА СЛУЖБА ЗА БЕГАЛЦИ XX ЕВРОПСКА АГЕНЦИЈА ЗА ИНОВАЦИИ XX ПОВЕЌЕ ПОМОШ ЗА РАЗВОЈ НА АФРИКА XX НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЕВРОКОМЕСАРИ ЗА ПОЛОВИНА – ДО 15 ЛУЃЕ

ДОДЕКА СЕ ЧЕКА ИЗЈАСНУВАЊЕ НА ПОДДРШКАТА ОД БЕРЛИН ВО НОВИОТ ПОСТИЗБОРЕН КОНТЕКСТ

ВИЗИЈАТА НА МАКРОН ЗА ПОСИЛНА ЕУ

МАКРОН: НЕ МОЖЕ ЕВРОПСКИ КОМПАНИИ ДА СЕ ОД


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

5

Ф

Францускиот претседател Еменуел Макрон ја престави во обраќање на Сорбона својата визија за реформирање на Европската унија, што вклучува промени во еврозоната и подлабока соработка во одбраната и во миграциската политика. По својот говор тој потврди дека намерно избрал да се обрати веднаш по парламентарните избори во Германија, за да постигне поголем ефект со неговите идеи. „Некои велат дека требало да почекам да завршат коалициските преговори во Берлин. Но, ако постапев така, реакцијата во Германија ќе беше „предлозите ти се одлични, но ги правиш многу доцна – коалицискиот договор веќе одреди што ќе правиме во Европа во следните 4 години“, рече Макрон. Францускиот претседател ја повтори идејата државите што користат иста валута, да се договорат и за заеднички буџет со кој ќе финансираат заеднички инвестиции, и ќе се гарантира стабилноста на еврозоната против економски потреси. Кога ја отвори темата за економскиот суверенитет, Макрон објасни дека „стабилна економска сила може да се изгради единствено околу една валута – од таа форма на економска и монетарна унија можеме да создадеме интегрирана Европа“. „Фундаменталното прашање не е за механизам што со магично стапче ќе ни ги реши сите проблеми. Не станува збор и за споделување на натрупаните во минатото долгови или за решавање на финансиските проблеми на една или друга држава. Тоа за што се залагаме е намалување на невработеноста, што засега една петина од европската младина“. „Таков буџет може да оди рака под рака само со силно политичко лидерство на заеднички министер и парламентарна контрола на европско ниво“. Европа треба да дефинира минимална плата, што ќе ја одразува економската реалност во секоја држава, додаде Макрон. Европа има потреба од „агенција за особено значајни иновации ... за да финансираме истражувања во нови области како вештачката интелигенција“, рече говорејќи за проблеми од дигиталната сфера. „Не можеме да прифатиме дека има европски компании кое се оданочуваат, и меѓународни кои не плаќаат“, изјави Макрон, имајќи ги предвид транснационалните корпорации, кои го злоупотребуваат неразјаснетото прашање каде треба да се плаќа данок – таму каде што се регистрирани, или таму каде што им се реализира продажбата. Лидерството на ЕУ треба да се заложи за

Францускиот претседател почека да завршат изборите во Германија за да ја изложи својата визија за реформирање на ЕУ, но не чекаше и да завршат преговорите за новата владина коалиција на Меркел, зашто сака новите потенцијални партнери на канцеларката да ги имаат предвид неговите предлози кога ќе преговараат за тоа што Берлин планира за Европа во следните четири години „оданочување на вредноста таму каде што таа се создава, и тоа ќе ни помогне да ги реформираме од корен даночните системи; да ги оданочуваме компаниите регистрирани надвор од Европа со единствена цел да избегнат оданочување“. Франција не се откажува од целта по помалку од декада – околу 2024 година, да се постигне целосна интеграција на француските и германските пазари, за што ќе се изврши хармонизирање на соодветните закони. „Една уште покревка Европа денес е подложена на ударите на бранот од глобализацијата“, изјави во говорот францускиот претседател. „Единствениот пат што ни ја гарантира иднината е преродбата на Европа – суверена, обединета и демократска“. Според него, до 2024 година државите членки треба да се договорат за една „поедноставена, потранспарентна и помалку бирократска Европа“. Не можеме да продолжиме со Европска комисија која брои 30 членови – по еден од секоја држава членка“, додаде тој по повод проширувањето на ЕУ. За тоа, Макрон предлага бројот на еврокомесарите да биде ограничен до 15. Според Макрон, „на почетокот на следната деценија Европа треба да располага со сопствени одбранбени сили, општ буџет за одбрана и заедничка доктрина за дејствување“, додаде тој. Францускиот претседател се изјасни против индивидуални потези за проблемот со мигрантите „бидејќи само во рамките на Европа можеме ефективно да ги заштитиме границите и да ги задоволиме потребите од заштита на соодветен начин, и во исто

време да ги враќаме назад оние кои не ги исполнуваат критериумите да станат бегалци“. „Потребна ни е европска служба за бегалците и оние што бараат азил, за да се забрзаат и хармонизираат процедурите во различни држави“, додаде Макрон. Постепено треба да се создаде и европска гранична полиција за да гарантира подобра заштита на надворешните граници на Европската Унија, истакна Макрон. Во врска со мигрантските бранови и проблеми коишто ги создава Африка, претседателот истакна дека „повеќе не можеме да гледаме на Африка како на закана, таа ни е партнер и помошта за развој на овој континент треба да се зголеми“. Во врска со заштитата на животната средина и цената што ја плаќаат претпријатијата и потрошувачите, Макрон рече дека „ние треба данок на јаглерод на границите на Европа, тоа е неизбежно". Според него, "истражувањата покажуваат дека тоа не е ефективен данок за емисиите на јаглерод под 25-30 евра по тон". Така, тој предлага дополнително да се оданочува увозот на производи од странство, каде што еколошките стандарди се пониски и оттаму поевтини, но загадувањето предизвикано од нивното производство се шири низ целата планета. Според нацрт буџетот за следната година, Франција ќе го јаглеродниот данок од 30,5 евра на 44,6 евра по тон. Според планот од 2015 година, усвоен од претходната администрација, големината на оваа еко такса треба да достигне до 100 евра за тон до 2030 година. nnn

ДАНОЧУВААТ, А МЕЃУНАРОДНИ ДА НЕ ПЛАЌААТ


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА Во светлината на предизвиците со кои се соочени Европа и светот, на ЕУ и е потребна силна германска влада повеќе од кога и да е претходно.

308,9

милиони евра изнесува салдото на лоши кредити заклучно со август годинава, објави Народната банка

ЖАН-КЛОД ЈУНКЕР

претседател на ЕК

МАСИТ БАРА СО СПЕЦИЈАЛН ДА СЕ СПРЕЧИ ОДЛИВОТ НА

И

КТ компаниите бараат промена на законите за да можат да обезбедат стимулации со кои ќе ги задржат инженерите кои заминуваат во странство, кадар од кој на домашниот пазар на труд има недостиг од 15%. Од Стопанската комора за информатичка и комуникациска технологија, МАСИТ, порачаа дека се потребни промени во делот на оданочувањето на примањата на инженерите, и да се прецизираат одредбите за практиканство, но и за работа од дома,

АКВИЗИЦИЈА ВО КОНДИТОРСКАТА ИНДУСТРИЈА

МАКПРОГРЕС ОД ВИНИЦА ЈА ПРИЛЕПСКАТА КОНДИТОРСК

М

Македонскиот водечки производител на кондиторија, Макпрогрес од Виница потпиша договор за стопроцентно преземање на кондиторската фабрика Дониа, со седиште во Прилеп. Преземањето на кондиторската фабрика Дониа со својата палета на препознатливи бонбони, бисквити и кекси со врвен квалитет, претставува зајакнување на брендираниот

асортиман на Макпрогрес и додатен импулс во интернационализација на бизнисот, велат од Макпрогрес. Асортиманот на Дониа е присутен на македонскиот пазар, а половина од неговото вкупно производство се извезува на пазарите вон регионот. „Понатамошниот развој на компанијата и производите во асортиманот бараат значителни инвестиции и во тој поглед Макпрогрес е сериозен соговорник кој ја разбира природата на нивната работа, начинот на кој работат, вредноста на брендовите, но и потребата од континуирано вложување во нови и подобрени развојни линии. Макпрогрес како стратешки

инвеститор совесно ќе управува со брендовите на Дониа, ќе работи на развивање на продуктното портфолио и ќе ги унапредува пазарните позиции“, изјавија од Макпрогрес. Макпрогрес детерминирано ќе се труди да ги зголеми интернационалните потенцијали на Дониа, чиј асортиман е исклучително комплементарен со асортиманот на брендот Винчини и со помош на својата дистрибутивна мрежа и бескомпромисна определба за врвен квалитет, ќе овозможи конкурентност на пазарниот натпревар во глобални рамки, што отвора огромен простор за значителни синергии и унапредување на позицијата на сите брендови во


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

7

НА РЕГУЛАТИВА ИКТ КАДРИ која опција иако општо прифатена во светот, работодавачите ја избегнуваат поради нејаснотиите. Според Анета Антова Пешева, заменик претседател на Управниот одбор на МАСИТ, со Владата ќе се разговара за специјална регулатива, затоа што, како што рече, иако фирмите ги вработуваат младите инженери веднаш по образованието и ги обучуваат, откако ќе ги добијат сите сертификати заминуваат во странство.

мисла на неделата Не треба да бидете гениј, ниту визионер за да бидете успешен. Се што ви треба е сон и рамка за делување.

Мајкл Дал американски бизнисмен

> БРОЈКА

106,1

милиони евра во минус на тековните сметки биле граѓаните во август годинава, покажуваат податоци на Народната банка

лидери

А ПРЕЗЕДЕ КА ФАБРИКА ДОНИА Компанијата Макпрогрес со годишен извоз од околу 20 милиони евра која продава кондиторски производи на 55 пазари во светот, потпиша договор за целосно преземање на кондиторската фабрика Дониа, со седиште во Прилеп и со тоа го прошири бизнисот.

АМАНСИО ОРТЕГА

Inditex има раст на приходите од 12%, и од 9% на добивката

МАТЕ РИМАЦ

продуктното портфолио, додаваат во виничката компанија. “Производите на Дониа се вистинска скапоценост во кондиторското производство и амбасадор на квалитетот на автентичното домашно производство на светскиот пазар. Овој бренд има значителен развоен потенцијал и со тоа оваа интеграција ги опфаќа двете цели дефинирани во развојната стратегија на Макпрогрес – ширење на брендираното портфолио и интернационализација на бизнисот“, истакнаа од Макпрогрес. Според финансиските резултати од Централниот регистар, Макпрогрес лани оствари вкупни приходи од 28,2 милиони евра што е зголемување од 6,2% и добивка од 1,5 милиони евра, намалена за 31% во споредба со годината претходно. Од компанијата истакнаа дека 2016 година е најуспешната година во 26 годишното постоење на компанијата Макпрогрес од Виница во поглед на остварените продажби особено на странските пазари. Помалку профитабилното работење во споредба со 2015 година, според менаџментот на Макпрогрес се должи на зголемувањето на трошоците, главно поради зголемените цени на суровините а посебно шеќерот како и растот на платите и другите давачки за вработените.

Со своите 550 вработени, само лани зголемени за 70 нови работници, компанијата остварила производство од 14.500 тони на различни производи, од кои 80% наменети за странство. Трендот на раст, велат во Макрогрес, се должи на континуираните инвестиции во нови производни капацитети, зголемување на асортиманот на производи како и на континуираните подобрувања во сите сегменти од работењето. Во 2016 година е регистрирано зголемување на бројот на вработени, и пуштени се неколку нови производи меѓу кои Триофино, Твингерс, Наполитан коцки и Тортина плус со нов вкус на портокал. Главната продажба оди на пазарите на Централна и Југоисточна Европа, односно земјите од екс Југославија, Бугарија, Романија, Албанија, Грција, Чешка , Словачка. Не е мала продажбата ниту во западно европските земји како што се Германија и Италија. Она што го карактеризира Макпрогрес е извозот во земјите од Магреб и Блискиот исток каде што 10% од вкупното производство оди во тие земји. Компанијата има годишен извоз од околу 20 милиони евра во 55 држави а на последниот саем во Келн освоени се уште два нови пазари, Мароко и Малта. 

Rimac Automobili ја доби најголемата странска инвестиција во хрватски технолошки проект досега

не им беше неделата

АНГЕЛА МЕРКЕЛ

„пирова“ ја нарекоа нејзината победа - следат тешки преговори за влада

ЏАРЕД КУШНЕР

И по скандалот со Хилари, советникот на Трамп службено користел приватен меил


COVER STORY 8 COVER STORY

www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

ДРЖАВНИТЕ ПРОЕК ЕКОНОМИЈАТА ПАД

4,50% КВ. 4/2015

КВ. 3/2015

КВ. 2/2015

0,80%

4,20% КВ. 1/2015

Лекцијата која мора Македонија да ја научи од падот на економијата во првото полугодие, е дека моделот во кој најголем носител на економскиот раст е државата која преку големото трошење и задолжување финансира разни градежни проекти мора да прекине. Новата влада мора да создаде услови во кои носител на економскиот раст во иднина ќе бидат приватните компании кои инвестираат, произведуваат и извезуваат. Мерките за економски раст кои неодамна ги предложи Владата, за тие компании обезбедуваат и директни финансиски субвенции. Топката сега е кај домашните извозно ориентирани компании од кои најмногу се чека да ја повлечат економијата напред. Топката сега е кај домашните извозно ориентирани компании од кои најмногу се чека да ја повлечат економијата напред.

6,00%

КОЈ ЌЕ ГО ДИГ


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

9

КТИ СОПРЕА, ДНА ЗА 0,9%

ГА БДП?!

БДП

0,00%

КВ. 2/2017

КВ. 1/2017

-1,80%

2,40% КВ. 4/2016

2,00% КВ. 3/2016

2,90% КВ. 2/2016

КВ. 1/2016

2,40%

годишна стапка на раст %

пишува:

П

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

“Продолжената политичка криза и нанесе сериозни штети на македонската економија и тешко дека ќе постигнеме некаков раст оваа година, по падот во првата половина”, изјави гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, додавајќи дека превидувањата на НБРМ за економскиот раст од 2,5% очигледно биле премногу оптимистички. “Би бил среќен ако оваа година ја завршиме со позитивен економски раст“, вели Богов. Оваа изјава на гувернерот на Народната банка е можеби најпесимистичката досега изјава за штетите што политичката криза ги нанесе врз економијата во изминативе две години, колку што земјава беше заглавена во политичкиот безизлез. Македонската економија лани забави и порасна за 2,4%, додека економскиот пад од 0,9% за првата половија годинава е прв пад од 2012 година. И додека ВМРО ДПМНЕ го обвинува СДСМ за падот во економијата, СДСМ тврди дека падот на БДП е заради пролонгирањето на политичката криза од страна на ВМРОДПМНЕ и систематското уништување на економијата изминативе 11 години. “Последните податоци на Министерството за финансии за БДП, по периодот на кризата покажуваат раст на приходите, стабилен раст на извозот и забрзување на растот на потрошувачката на домаќинствата. Владата предводена од СДСМ ги санира наследените штети во економијата од претходната расипничка власт на ВМРОДПМНЕ и поставува здрави основи за реален економски раст од кој бенефит ќе почувствуваат сите граѓани“, се вели во реакцијата на СДСМ. Статистиката покажува дека по големиот пад на индустриското производство во првиот квартал, тоа бележи раст во вториот квартал од годината. Порастот во најголем дел се должи на порастот на производството во преработувачката индустрија, а позитивен придонес има и скромниот растот на производството во рударството. Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, која во првата половина од септември спроведе годишен преглед на македонската економија, очекува дека по забавувањето на реалниот раст на БДП на 2,4% во 2016 година, тој да се ублажи до 1,9% во 2017 година, а инфлацијата да достигне 1,2%, со што ќе заврши тригодишната дефлација. “Продолжената политичка неизвесност


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

10

COVER STORY

П

ДИМИТАР БОГОВ гувернер на НРБМ

родолжената политичка криза и нанесе сериозни штети на македонската економија и тешко дека ќе постигнеме некаков раст оваа година, по падот во првата половина. Би бил среќен ако оваа година ја завршиме со позитивен економски раст.

го зеде својот „данок” врз економскиот раст, преку страдање на инвестициите поради слабите одлуки. Формирањето на новата Влада означи важна пресвртница. Политиките сега треба да се фокусираат на обновата на баферите за фискална политика и спроведувањето на критичните реформи за повторно оживување на растот и да се направи нов притисок кон изгледите за пристапување кон ЕУ”, се вели во завршната изјава на Мисијата на ММФ по член 4 за 2017 година. Министерот за финансии, пак, Драган Тевдовски, очекува дека нема да има потреба од ревидирање на предвидениот пораст на домашниот бруто-производ (БДП) од 2,2 %. Според министерот, негативните показатели за порастот на економијата биле привремени, а одговорноста за падот на БДП ја лоцира кај претходната влада, односно во проблемите кои произлегоа со автопатиштата. “Последните податоци за полнење на буџетот укажуваат дека во земјава почнува придвижување на економијата и очекувам дека нема има потреба од ревидирање, а Министерството успева да обезбеди стабилен пораст и финансии до крајот на оваа година”, смета Тевдовски.

Кој ќе го носи растот?

Податоците за економскиот раст во првата половина од годинава покажуваат дека Македонија е пред рецесија, која се случува кога економијата во два последователни квартали бележи негативен раст. Градежништвото кое сега паѓа, во минатиот период беше еден од главните носители на економскиот раст. Инвестициите кои ги имаше почнато државата, посебно во крупната инфраструктура, во вториот

М

ТАКИ ФИТИ

претседател на МАНУ

БПР мора брзо да се докапитализира. Инвестицијата во докапитализација на МБПР ќе даде многу поголеми ефекти отколку директните субвенции на компаниите.

квартал забавија или се сосема стопирани. Оттука, дилемата која се наметнува во јавноста е од каде ќе дојде новиот економски раст или кој ќе го носи растот на економијата во следниот период. Економистот Владимир Глигоров смета дека за пораст на економијата во Македонија најважна е поддршката на домашните компании, кои своите производи треба да ги пласираат на странските пазари. Тој препорачува да се вложува во иновативни проекти, во научно-технолошки процеси и да се спроведат активни мерки за вработување. “Странските инвестиции и технологијата се добредојдени, но земјата мора да има сопствен претприемнички потенцијал”. И премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев се убедени дека поддршката на домашното стопанство и странските инвестиции се најважната спирала на порастот на економијата и на развојот на среден и на долг рок. “Убеден сум дека не мора да чекаме да дојдеме до 90% од она што е просекот на Европа. Еве, со 4 $ пораст тоа се постигнува. Целта на Владата е економскиот пораст да се зголеми на 5% годишно”, смета Заев. Вицепремиерот Кочо Анѓушев во изминатиот период вели дека економските мерки кои ги презентираше во изминатиот период, а кои се дел од Програмата за економски раст треба да го донесат поголемиот економски раст. “Со овие мерки ги поддржуваме успешните компании, компаниите кои инвестираат и вработуваат, и компаниите кои имаат потенцијал да ја повлечат економијата напред”, смета Анѓушев, кој очекува првите резултати од оваа економска програма да

E

ЖИВКО МУКАЕТОВ

претседател генерален директор на Алкалоид

кономските мерки на Владата ќе бидат дополнителен стимул за компаниите, бидејќи се поттикнуваат инвестициите и извозот. Нaпоредно, државата треба да направи напор и да се погрижи да ги пресмета сите достасани обврски и да направи план за нивна исплата кон компаниите.

се видат дури во 2018 година. Со овие нови економски мерки секој нов производен погон и секоја инвестицијата на територијата на Македонија, ќе можат да добијат субвенции и финансиска поддршка од државата, без разлика дали станува збор за домашна или странска компанија, под услов да остваруваат раст на приходите и да не го намалуваат бројот на вработени. Бизнисмените и економските експерти пред кои минатата недела беа презентирани овие мерки се едногласни дека овие мерки ќе бидат добар поттик за домашните компании, но дека државата треба да биде внимателна при нивното спроведување, посебно во услови кога Македонија има целосно нефункционална економија и компании кои се неконкурентни и оптоварени со секакви државни и парафискални трошоци. Тие препорачуваат Владата во следниот период максимално да направи ангажман околу ефектуирањето на оној дел капитални трансфери коишто се во буџетот, да се отплатат капитални инвестиции во државата поврзани со претпријатието за патишта, како и да се отплатата сите долгови кои државата ги има кон компаниите . Живко Мукаетов,генерален директор на Алкалоид вели дека економските мерки кои ги презентираше Владата ќе бидат од голема помош за компаниите, бидејќи се поттикнуваат инвестициите и извозот. “Нaпоредно, државата треба да направи напор и да се погрижи да ги пресмета сите достасани обврски и да направи план тие долгови да бидат исплатени кон компаниите”, вели Мукаетов. И Глигор Цветанов од прехранбената компанија Макпрогрес смета дека мерките


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

11 М

ерките ќе бидат дополнителен стимул за македонската економија, посебно за успешните и извозно ориентираните компании, каква што е и Макпрогрес. Посебно ако се зголеми капацитетот за осигурување на ГЛИГОР од МБРП и ако ЦВЕТАНОВ извозот извршен директор се обезбеди финансиска на Макпрогрес поддршка за отворање на развојни центри од домашните компании.

ќе бидат стимул за компаниите. Тој побара од Владата да размисли и да ја зголеми поддршката за домашните компании кои сакаат да инвестираат во развојни центри. И бизнисмените и експертите се согласни дека во следниот период Владата мора да најде начин да ја ги зголеми финансиските и човечките капацитети во државната Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) за таа невистина да може да ги следи извозните комапнии. Академикот Таки Фити и порача на Владата дека инвестицијата во докапитализација во МБПР ќе

даде многу поголеми ефекти отколку директните субвенции на компаниите. “МБПР мора брзо да се докапитализира. Обично се стравува дека парите од МБПР ќе завршат кај фирми блиски до власта. Но, не треба да се стравува, бидејќи оваа банка ги одобрува кредитите преку деловните банки. А кога таа ќе може да кредитира по пониски камати, ефектите за компаниите ќе бидат повеќекратни”, смета Фити. Професорот Ванчо Узунов, кој е еден од луѓето кои учествувале во изготвувањето на економските мерки вели дека треба да бидеме реални и да видиме кој навистина го носи растот на БДП. “И покрај сите големи приказни за ефектите од странските директни инвестиции и големите субвенции кои се исплаќаа во земјоделието, податоците покажуваат дека учеството на индустријата и земјоделието во создавањето на БДП останало непроменето и тоа е исто како и пред влезот на странските инвестиции”, објаснува Узунов. Анита Бежоска Ангеловска, вицегувернер на Народната банка смета дека голем потенцијал кој може да се иско-

ристи за поголем економски раст гледа во зголемување на соработката на странските инвестиции со домашните компании, како и во супституција на увозот преку домашно производство. “Мерките за поддршка на технолошкиот развој и вложувањата во технологија и поголем квалитет ќе донесат поголема вредност. Бидејќи со нив се таргетира понудата, а не побарувачката. Само со потикнување на понудата може да донесе поголема додадена вредност”, смета Бежоска. Според нејзе, СДИ имаат генерално позитивен ефект врз платниот биланс на Македонија. Но, имајќи предвид дека соработката на странските инвестиции со домашната економија изнесува нешто помалку од 1%, а дури 80% од извозот на овие компании е финансиран со увоз, постои голем простор да се делува. Она што е проблематично во македонската економија, според нејзе, е што продуктивноста во изминатиот период стагнира , додека во истиот период имало раст на платите. “Во периодот од 2008 до 2016 година продуктивноста во Македонија стагнира, додека во истиот период платите пораснале за 20%, што покажува дека

ЗАРАБОТИ И КОГА ТРОШИШ СО КРЕДИТНИТЕ КАРТИЧКИ • 1% рефундирање од износот на секое купување над 300 мкд • БЕЗ ограничување на трговците • БЕЗ ограничување на локацијата на продажните места • БЕЗ ограничување на производите • БЕЗ максимален износ за плаќање

НА

CASH

• БЕЗ лимит на износот кој Ви го враќаме на располагање • Средствата се враќаат на Ваша трансакциска сметка 10 дена по изминување на месечниот циклус • Вратените средства може да ги користите кога, каде и за што ќе посакате

ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД ДО 31.12.2017

BACK Инфо центар: 02 3 111 111 www.unibank.mk


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

COVER STORY 9,20%

Градежништво

стапка на годишна промена (%)

се зголемуваат трошоците по единица производ, што е значен фактор за конкурентноста”, смета Бежоска и предупредува Владата да биде внимателна со зголемување на платите. Бизнисмените од Северозападната комора, пак, сметаат дека Владата треба итно да го подобри пристапот до финансии на домашните компании за да не се случи економијата да влезе во рецесија. „Сметам дека најголем придонесувач за падот на економијата се погрешните политики во претходниот 10 -годишен период кои кулминираа во последниве три години. Ако сакаме да видиме

ЈУНИ

-20,80%

-13,00% МАЈ

ФЕВРУАРИ

ЈАНУАРИ

ЈУНИ

МАЈ

АПРИЛ

МАРТ

-23,20%

-16,70%

-21,30%

-4,20%

-5,20%

Кредити на компании

стапка на годишна промена (%) МАРТ

ФЕВРУАРИ

ЈАНУАРИ

ЈУНИ

МАЈ

-5,90%

-4,40%

4,00%

-1,90% АПРИЛ

-0,90% МАРТ

-1,30% ФЕВРУАРИ

ЈАНУАРИ

-2,60%

-2,80%

стапка на годишна промена (%)

АПРИЛ

Индустриско производство

0,00%

12

кои се секторите кои најмногу придонесуваат кон падот на БДП се секторите каде што имало директна интервенција на Владата за проекти кои ние ги нарекувавме непродуктивни. Тоа е секторот градежништво, кое за овие седум години има најголем пад од 82% “, смета бизнисменот Фатмир Битиќи од Комората на северозападна Македонија. Речиси сите се согласни дека новата Влада мора да создаде услови во кои главен носител на растот ќе биде приватниот сектор, односно домашните извозни компании, а не како досега растот да се билда до државни проекти финансирани од буџетот и преку задолжување. Тој модел мора да сопре, бидејќи еве се покажува на најлош начин дека не може вечно да се измислуваат нови и нови проекти за градење, како што не може ни вечно да се продолжува со големите трошења и задолжувања на државата за градење на непродуктивни проекти кои не носат никаква корист за економијата. 

ММФ предупреди на ризиците од субвенционирање на плати и работни места!

М

МФ ја поддржува одлуката на македонската влада за поддршка на вработените со ниски примања и покачување на животниот стандард во земјата, но владиниот план за постигнување на овие цели првенствено преку субвенционирање на покачената минимална плата носи ризик по фискалната одржливост. За постигнување на долгорочни резултати, ММФ предлага овие цели да се постигнат преку сет од политики за зајакнување на стимулациите за учество во пазарот на работна сила, намалување на неефикасноста во трошењата за социјални политики и креирање дополнителен простор за јавни инвестиции во човечки капитал и инфраструктура. Мисијата ја поздравува намерата на Владата да го зајакне управувањето со јавните финансии и да ја зголеми фискалната транспарентност, а банкарскиот систем го оценува како здрав. Во извештајот се оценува дека подобрувањето на среднорочниот потенцијал за раст зависи од одлучното справување со слабостите на судството и сеопштото управување. ММФ забележува дека ефикасноста на наплатата на ДДВ е влошена и значително пониска споредено со останатите земји од Западен Балкан. „Дополнителни добивки во приходите може да се остварат со повисоки даночни стапки на горивото, кои се меѓу најниските во регионот, како и кај стапките на оданочување на имот“, се вели во изјавата на Мисијата на ММФ



Капитал број 935 29.09.2017

14

www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

Кога знам дека со помошта ќе изнудам насмевка на нечие лице и некому ќе му го направам денот поубав, сето тоа ме прави да се чувствувам исполнето во срцето. Токму овие вредности ги пренесувам и ќе настојувам да ги пренесувам на идните генерации студенти на нашиот Универзитет Американ Колеџ Скопје и на идните поколенија. Драго ми е што хуманоста и добрите дела добиваат признание, но целам и сметам дека треба да живееме во општество каде тие се секојдневие на секој поединец.

Д-Р ВЕНЕРА КРЛИУ - ХАНЏИСКИ ДОБИТНИК НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА “МАЈКА ТЕРЕЗА“ ЗА 2017 ГОДИНА

СЕ ЗАЛАГАМ ХУМАНОСТА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД СЕКОЈДНЕВИЕТО НА СИТЕ НАС

НАСЛЕДСТВО: “ПОРАСНАТА СУМ ВО СЕМЕЈСТВО ВО КОЕ СПОДЕЛУВАЊ


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

15 разговарал:

Игор Петровски

С

igor.petrovski@kapital.mk

Со проректорот за настава и потпретседател на Бордот на директори на Универзитетот Американ Колеџ од Скопје, доц. д-р Венера Крлиу, разговаравме за нејзината филантропска работа и посветеност кон хуманитарната дејност, за што годинава го доби високото државно признание “Мајка Тереза“. XПред X сè, што значи за вас ова високо признание, државната награда „Мајка Тереза“? Нема зборови кои би можеле да го опишат значењето на ова признание за мене. Државната награда „Мајка Тереза“ ја посветувам на моето семејство, вработените, студентите на Универзитет Американ Колеџ Скопје и пријателите, без чија што несебична поддршка, немаше да успееме да допреме до луѓето на кои што навистина им е потребна рака за помош, љубов и разбирање. Средствата доделени со оваа награда, ќе бидат наменети за обновување на просториите на катедралата „Пресвето Срце Исусово“ при Скопската бискупија. Потребата да им се помогне на немоќните, сиромашните, болните и социјално загрозените групи во општеството ја наследив токму од моите родители. Порасната сум во семејство, во кое споделувањето, добрината, чесноста, хуманоста и дарежливоста се едни од клучните вредности. Секој празник, мојата баба подготвуваше оброци наменети за семејства кои се наоѓаат во незавидна општествена и финансиска состојба, и кои не беа во можност да си дозволат топол ручек. Исто така, и помагав на мајка ми да спакува подароци за луѓе кои дури не ги ни познавав. Денес, забележувам дека го правам токму истото. Сето тоа ме прави да се чувствувам исполнето во срцето, знаејќи дека ќе изнудам насмевка на нечие лице и некому ќе му го направам денот поубав. Токму овие вредности ги пренесувам и ќе настојувам да ги пренесувам на идните генерации студенти на нашиот Универзитет и на идните поколенија. Драго ми е што хуманоста и добрите дела добиваат признание, но целам и сметам дека треба да живееме во општество каде тие се секојдневие на секој поединец. XКои X се сегментите од општеството каде што вие лично најмногу ги фокусирате напорите на вашата

Д-р Венера Крлиу – Ханџиски ја прима наградата “Мајка Тереза“ на свеченото доделување што се случи неодамна во Скопје хуманитарна и општествено – одговорна активност? Многу често, луѓето ја поистоветуваат хуманата дејност со пружање финансиска помош. Според мене, тоа е само еден начин да се помогне. На пример, Американ Колеџ редовно ги посетува дневните центрите за згрижување на деца на улица. Нашето присуство таму не го означува само фактот што обезбедуваме потребни намирници за дневните кујни, ниту пак облеката, играчките и училишниот прибор за децата, но љубовта и топлината што тие ја чувствуваат со нашето присуство и времето поминато со нив. Нивните желби се многу скромни, а нивните срца се полни кога денот им е поразличен од претходниот. За мене, хуманост е да му помогнеш некому, кој се наоѓа во многу понезавидна положба од тебе, да му помогнеш да го пронајде вистинскиот пат во животот, да ги оствари своите права и да му помогнеш во обезбедување на подобри услови за живот, егзистенција и образование. Секогаш се стремиме да помогнеме онаму каде што е потребно, без разлика дали се работи за жртви од поплавените подрачја во државата и регионот, загрозени семејства, маргинализирани лица, или пак организации и здруженија кои се борат за подигнување на општествената свест за постоење на одредена состојба и поголема интеграција на засегнатите лица од истата во секојдневието. XКако X ја постигнувате синергијата помеѓу она што професионално го извршувате на УАКС и вашите лични определби и афинитети за филантропска работа? Можам со драго срце да кажам дека секоја активност на професионален план е тесно врзана со филантропските дејности и желбата да се биде во најмала рака општествено одговорен. Само за почеток размислете... Дали има нешто

поодговорно од тоа да ги образувате нашите млади умови? А токму тоа е фокусот на нашата работа. Квалитетно и врвно високо образование. Ова е нешто што е веќе познато како мисија на УАКС, но она што е помалку познато е дека голем дел од студентските и академски активности се насочени токму кон етичните постапки, хуманоста и општествено одговорната практики. Како што напомнав претходно, моја најголема желба е да не е потребно признание за филантропијата и хуманоста, туку таа да е дел од секојдневието на луѓето. Прек у мојата функција и нашиот Универзитет, се обидувам таа желба барем малку да се приближува до работ на реалноста, чекор по чекор, преку сите лица кои се дел од ова големо семејство. Јас можам да бидам сигурна дека нивната човечност потоа се пренесува и на нивните семејства, а потоа и кон нивните потесни заедници, кои понатаму пак го градат нашето општество. XКои X се најзначајните општествено – одговорни проекти во кои што вашиот тим бил ангажиран? За нас секој проект е значаен, бидејќи му посветуваме особено внимание, време и труд. Проектите се многубројни, и за нас сите имаат подеднакво значење, поради тоа што нашиот ангажман околу нив не доаѓа од желбата да се истакнеме како институција, туку поединечните залагања за одредени активности. Оттаму, поддржувачи сме на Здружението за дислексија „Ајнштајн“, бидејќи јас лично сметам дека малкумина знаат за оваа состојба, при која мозокот различно ги процесира пишаниот или говорниот јазик. Токму бариерите кои ги поставува општеството, со тоа што ја нарекува оваа состојба „болест“, ги спречува младите талентирани луѓе да напредуваат на приватен и професионален план. Пример за ова е и Американ Колеџ, на кој студираат

ЊЕТО, ДОБРИНАТА И ХУМАНОСТА СЕ ЕДНИ ОД КЛУЧНИТЕ ВРЕДНОСТИ“


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

16

ИНТЕРВЈУ

лица со дислексија, за кои можам да кажам дека без потешкотии се вклучуваат во наставниот процес, најмногу поради несебичната помош од нивните колеги и наставниот кадар. Традиционално, повеќе од 10 години, членовите на семејството на УАКС се чести крводарители, и токму тие организираат крводарителски активности. Воедно, за време на големите празници, организираме хуманитарна новогодишна активност, и собраните средства ги насочуваме кон една целна група, но настојуваме нашето најголемо внимание да им го посветиме на децата. Овие, како и многу други активности, не се медиумски истакнати за нас како институција, бидејќи не бараме за нив признание, туку се дел од нашето секојдневие и дел од нашата мисија. Можеби не сме успеале да „поместиме планини“, но да ја цитирам Мајка Тереза: „Не сите од нас можат да направат големи нешта. Но, можеме да правиме мали нешта со многу љубов“. Кои се следните хуманитарни и општествено-одговорни проекти и активности во кои што ќе ја насочите вашата енергија? Некои од активностите кои веќе се традиција на Американ Колеџ, секако дека ќе ги продолжиме и во иднина, бидејќи тие, како што веќе напомнав, се дел од нас и од она што го правиме. Понатаму, се надевам дека ќе можеме да придонесеме кон активности кои ја покреваат свесноста за потребата од хуманост. Исто така, целта ни е да ја направиме општествената одговорност и хуманитарните активности атрактивни за младите луѓе. Семејството на УАКС веќе вклучува членови од различни националности, па оттаму сме поттикнати да иницираме проекти за унапредување на меѓусебното разбирање меѓу народите од различна верска, национална и културна припадност. Со цел да ги подучиме нашите идни лидери за потребата да се биде хуман, во рамки на УАКС, ќе бидат поканети и гости - предавачи од Европската делегација. Тие ќе говорат за легислативата за општествено - одговорни практики во државите на Европската Унија и ќе ги споделат најдобрите искуства. Токму тие искуства би ги споделувале со учениците од средните училишта, со цел уште повеќе да се зголеми свеста за одговорност кон општеството. Еден од поголемите предизвици каде што планираме да ја насочиме нашата енергија, е да охрабриме нашите магистранти да спроведуваат истражување на теми поврзани со општествената одговорност и да објавуваат научно - истражувачки трудови со податоци и предлози за подобрување на целиот систем во РМ. Не би сакала да изоставам една група успешни жени, пред сè, мајки, кои многу често покренуваат иницијатива за донации, организираат пунктови за помош, собираат финансиски средства и ги донираат на лицата кои имаат потреба. Нивните дела

Можеби не сме успеале да „поместиме планини“, но да ја цитирам Мајка Тереза: „Не сите од нас можат да направат големи нешта. Но, можеме да правиме мали нешта со многу љубов“. даваат надеж дека можеме да станеме уште погрижливо и солидарно општество и да ги научиме помладите генерации, нашите деца, да бидат свесни дека со многу малку љубов, можат да бидат двигатели на промените во општеството. Воедно, би сакала да им се заблагодарам на членовите на нашиот Деловен совет, кои преку Фондацијата УАКС, овозможуваат финансиска поддршка, со цел обезбедување на стипендии за ученици од ранливи категории, како и да ги охрабрам сите заинтересирани институции да се приклучат кон оваа наша активност. Што треба според вас од аспект на регулатива и сл., да се направи во Македонија за да се создадат уште подобри услови за хуманитарна и општествено одговорна активност? Секогаш има потреба од регулативи со цел да бидат што позастапени хуманитарните активности и општествената одговорност. Но, за жал, понекогаш реализацијата на тие регулативи е она што ги прави недоволно атрактивни или едноставно неповолни. Да го земеме за пример оданочувањето на донациите. Можноста и желбата за финансиска донација на секоја компанија е различна, но без разлика на износот кој е одвоен од организацискиот буџет за оваа цел, тој речиси се удвојува со оданочувањето. Поради тоа, многу компании немаат иницијатива за да покренат вакви активности. Сепак, една од главните одговорности на компаниите е да ја одржуваат вработеноста и да допринесуваат кон подобрување на економијата. Во многу од европските држави, се случува токму спротивното – општествено одговорните компании се

оние кои имаат даночни олеснувања. Исто така, можеби би било убаво да се регулираат јавно – приватни партнерство кои се залагаат за одредена хумана или општествено одговорна цел. Компании со скромна поддршка од државата, би можеле да земат учество во бројни иницијативи, пред сè на млади луѓе, кои со скромни буџети имаат голем импакт и остваруваат сериозни резултати. Веќе постојат одредени регулативи кои се насочени кон општествена одговорност од аспект на заштита на животната средина и ги поздравувам, но нема толку кои се насочени кон грижата за ранливи категории или пак кон градење на свесност, кои би биле атрактивни не само за компаниите, но и за поширокото општество. Министерството за труд и социјална политика најави воведување на нов систем на социјална заштита. Најискрено се надевам ќе успеат да ја намалат стапката на сиромаштија во Македонија. Како за пример, би ја издвоила Шведска, која е водечка земја во светот во поглед на општествената одговорност. Тие имаат продолжена заштита на животната средина, активни мерки за почитување на човечките права и мерки за заштита од корупција. Можеби за почеток е доволно да се угледаме на веќе постоечки добри практики и да се обидеме да ги имплементираме во нашето законодавство. Сметам дека во нашето општество, постојат многу области на кои им е потребно подобрување. Треба сите заеднички да ја насочуваме нашата енергија кон хуманоста, а компаниите – кон општествено - одговорните практики, за да обезбедиме подобра заедница. 

СИНЕРГИЈА: “РАБОТАТА И ФИЛАНТРОПИЈАТА МИ СЕ ИСПРЕПЛЕТУВААТ“



20 октомври

СПЕЦИЈАЛНА ЕДИЦИЈА

200

НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ “Капитал Медиа Гроуп” ја подготвува традиционалната годишна едиција “КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И 200 НАЈУСПЕШНИ” во Македонија, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во Едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето добивката остварени во 2016 година, но во рангирањата ќе бидат вклучени и повеќе податоци за компаниите како вредноста на активата, вредноста на капиталот и уште многу други показатели и коефициенти за успешноста и ефикасноста во работење. Сите рангирања и показатели, како и секоја година, ќе бидат изработени врз основа на официјални и евидирани податоци обезбедени од годишните сметки на компаниите. Во едицијата ќе бидат рангирани компаниите според повеќе показатели како на пример: 

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМИ ПРИХОДИ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМ ПРОФИТ

КОМПАНИИ КОИ НАЈМНОГУ ВРАБОТУВААТ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМ КАПИТАЛ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМА АКТИВА

КОМПАНИИ КОИ НАЈБРЗО РАСТАТ

Во едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со најголемите и најуспешните компании во клучните индустрии, како и повеќе анализи: 

ШТО НОСИ НОВАТА ЕКОНОМСКА И ПОЛИТИЧКА РЕАЛНОСТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС?

КОМПАНИИТЕ И ИНДУСТРИИТЕ КОИ ЌЕ ГО НОСАТ РАСТОТ СЛЕДНАТА ГОДИНА

КОЈ ГИ “ВРТИ” ПАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА КОМПАНИИТЕ ЗА 2018 ГОДИНА

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ ВО РЕГИОНОТ?

Во рамките на Едицијата во одделни анализи ќе биде анализирано работењето на компаниите од клучните индустрии: 

ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА

ГРАДЕЖНА ИНДУСТРИЈА

ТРГОВИЈА

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

ЕНЕРГЕТИКА, НАФТА И ГАС

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА КАПИТАЛ | СЕПТЕМВРИ 2017

WWW.KAPITAL.MK

КРЕДИТИРАЊЕ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА


Капитал број 935 29.09.2017

20

www.kapital.mk

БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ

КОЈ Е КОЈ НА БАНКАРСКИОТ ПАЗАР ВО МАКЕДО

СТОПАНСКА СКОПЈЕ ДРЖ ОД КРЕДИТИТЕ ЗА НАСЕЛ А КОМЕРЦИЈАЛНА 25% ОД ФИНАНСИРАЊЕТО НА КОМ

ТРЕНД: ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА НА 2017-ТА СЕ ЗАБЕЛЕЖУВА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

21 На ниво на цел банкарски сектор на крајот од првото полугодие од 2017, според извештајот на НБРМ, кога ќе се земе предвид и државната Македонска банка за поддршка на развојот – МБПР, вкупната актива е повисока од седум милијарди евра, односно 7,154 милијарди евра, додека вкупниот капитал и резервите на сите банки е 809 милиони евра, што е за 5,5% пораст во однос на 31.12.2016 г. Големите банки учествуваат со 73,7% во вкупниот капитал и резерви, средните со 22,7% и малите со само 3,6%. Најголема од банките според активата и понатаму е Комерцијална, со 1,6 милијарди евра, пред Стопанска банка – Скопје со 1,390 милијарди евра и НЛБ банка со 1,13 милијарди евра. Најголем удел во вкупно одобрените кредити за правни лица, има Комерцијална банка, речиси една четвртина (24,7%) или 597 милиони евра, пред НЛБ Банка (14,5%) и 351,2 милиони евра и Стопанска банка – Скопје (13,9%) и 334,7 милиони евра. Најголем удел во делот кредитирање население на пазарот традиционално има Стопанска банка –Скопје, 30,6% или 663 милиони евра, што значи дека држи речиси третина од пазарот на кредити за население, пред НЛБ со 21,3% и 461 милион евра, Комерцијална банка со 10,3% и 223 милиони евра, итн.

ОНИЈА

ЖИ 30% ЛЕНИЕ, Д МПАНИИ

С пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Сите 14 комерцијални банки во Македонија заедно (без државната МБПР), на крајот од првото полугодие од 2017 имале вкупна актива од 6,931 милијарди евра, што е за 0,83% помалку за разлика од крајот на 2016 година. Најголема од банките според

активата и понатаму е Комерцијална, со 1,6 милијарди евра, пред Стопанска банка – Скопје со 1,390 милијарди евра и НЛБ банка со 1,13 милијарди евра. Во групата на пет големи банки според класификацијата на НБРМ – банки со актива поголема од 522 милиони евра влегуваат и Халк банка и Охридска банка Сосиете Женерал со 642 и 549 милиони евра актива респективно. Петте најголеми банки во земјава заедно имаат околу 77% од активата на банкарскиот пазар. Во првите шест месеци, најголем пораст во активата има Халк банка, од 10,2%, или безмалку 60 милиони евра, додека најголем пад забележала Шпаркасе банка, од 9,7%, што изнесува точно 30 милиони евра. Во групата на средни банки НБРМ сместува седум банки, кои што

Кој колку депозити има прибрано во Македонија 30.06.2017 милиони

31.12.2016 милиони

Депозити на нефинансиски друштва

евра

евра

Промена(%)

депозити

Комерцијална банка

306,5

341,2

-10,16%

22,6%

Охридска банка Сосиете Женерал

194,3

231,2

-15,94%

14,3%

НЛБ банка

192,4

218,7

-12,00%

14,2%

Стопанска банка - Скопје

188,0

192,6

-2,37%

13,9%

Халк банка

Удел во вк.

167,4

145,3

15,24%

12,3%

ПроКредит банка

75,3

77,3

-2,50%

5,6%

Шпаркасе банка

68,4

94,5

-27,62%

5,0%

Универзална инвестициона банка

35,6

32,7

9,00%

2,6%

Стопанска банка - Битола

30,6

29,3

4,67%

2,3%

Еуростандард банка

25,8

26,0

-0,69%

1,9%

Силк Роуд банка

23,7

22,0

7,54%

1,7%

ТТК банка

23,6

26,4

-10,65%

1,7%

Централна кооперативна банка

21,0

23,5

-10,84%

1,5%

4,6

7,7

-40,30%

0,3%

1.357

1.468

-7,55%

100,0%

30.06.2017 милиони

31.12.2016 милиони

евра

евра

Промена(%)

депозити

1.011,9

998,1

1,38%

27,8%

Стопанска банка - Скопје

868,3

857,3

1,29%

23,9%

НЛБ банка

678,2

680,7

-0,38%

18,7%

Охридска банка Сосиете Женерал

173,6

173,1

0,33%

4,8%

Халк банка

167,9

163,1

2,93%

4,6%

Универзална инвестициона банка

141,3

138,2

2,27%

3,9%

ПроКредит банка

135,2

139,6

-3,19%

3,7%

Шпаркасе банка

100,8

100,0

0,81%

2,8%

Еуростандард банка

88,2

85,6

3,04%

2,4%

Централна кооперативна банка

79,6

72,0

10,56%

2,2%

Стопанска банка - Битола

74,7

72,2

3,47%

2,1%

ТТК банка

59,7

59,2

0,85%

1,6%

Силк Роуд банка

33,2

33,3

-0,39%

0,9%

Капитал банка

22,7

22,6

0,29%

0,6%

3.635

3.595

1,12%

100,0%

Капитал банка Вкупно: Извор: НБРМ

Депозити на домаќинства Комерцијална банка

Вкупно:

Удел во вк.

Извор: НБРМ

А ДЕПОЗИТИТЕ НА ПРАВНИТЕ ЛИЦА, И НАМАЛЕНОТО НИВНО КРЕДИТИРАЊЕ


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

22

БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ

Д

С ЈОВАНКА ЈОЛЕСКА ПОПОВСКА

генерален директор, ПроКредит Банка

табилизација на политичката состојба во Македонија донесе оптимизам кај поголем дел од претприемачите и очекуваме дека трендот на инвестирање ќе се интензивира до крајот на годината. Активноста на бизнисите ќе се одрази на економијата со можност за поголем број на вработувања и зголемување на ГДП, а резултатите од новите инвестиции ќе се почувствуваат во следниот период. ПроКредит Банка како специјализирана банка за бизниси, активно учествува во финансирање на одржливите проекти и очекуваме порастот на инвестиционите проекти да се одрази позитивно на нашето кредитно портфолио.

МАЈА СТЕВКОВА – ШТЕРИЕВА

главен финансов директор, Комерцијална банка

имаат актива вредна помеѓу 130 и 522 милиони евра (ПроКредит, Шпаркасе, УниБанка, Стопанска банка – Битола, Еуростандард и Централна кооперативна банка) и три банки со актива помала од 130 милиони евра (ТТК Банка, Силк Роуд и Капитал банка). На ниво на цел банкарски сектор на крајот од првото полугодие од 2017, според извештајот на НБРМ, кога ќе се земе предвид и државната Македонска банка за поддршка на развојот – МБПР вкупната актива е повисока од седум милијарди евра, односно 7,154 милијарди евра, додека вкупниот капитал и резервите на сите банки е 809 милиони евра, што е за 5,5% пораст во однос на 31.12.2016 г. Големите банки учествуваат со 73,7% во вкупниот капитал и резерви, средните со 22,7% и малите со само 3,6%.

Паѓа кредитирањето на компании, расте на домаќинства

Во првите шест месеци износот на вкупно одобрените кредити од страна на комерцијалните банки е зголемен за 1,43%, на 4,58 милијарди евра. На нефинансиски друштва, односно правни лица, банките имаат одобрено вкупно 2,41 милијарди евра, што е за 1,79% помалку одошто состојбата на крајот од 2016, додека на домаќинства износот на одобрени кредити е пораснат за 5,27%, на 2,17 милијарди евра.

о крајот на годинава макроекономските услови во кои Банката ќе ја остварува својата активност се очекува да бидат постабилни и со помала неизвесност. Ние ќе бидеме фокусирана пред сè на подобрување на квалитетот на портфолиото. Растот на кредитната активност на Банката се очекува да биде умерен во делот на кредитирање на нефинансиски правни лица, како и делот на кредитирање на население согласно регулативата од страна на НБРМ, при што не се планираат значителни промени во структурата на активата. Продолжуваме и со дорезервирањата на кредитните изложености кон клиенти со влошено портфолио во последниве години.

И

МИТО ЃОРЕСКИ

директор на Сектор за финансии и контролинг , Охридска банка Сосиете Женерал

мајќи ја во предвид поврзаноста со претходните периоди на политичка неизвесност, и подоцниот преносен ефект на економијата, цикличноста во движењето ќе има значајно влијание и на вкупниот раст на економијата со крајот на годината. Позитивно и оптимистички е што основната причина, политичката неизвесност, е надмината. Во тек се активности за решавање на капиталните инвестиции во патната инфраструктура, а дел од останатите сектори во структурата на БДП бележат раст што секако ќе има позитивно влијание на растот на економијата во периодот што следи. Исто така, и извозот бележи раст со подинамична стапка од увозот.

30.06.2017 милиони

31.12.2016 милиони

евра

евра

Промена(%)

банк. актива

Комерцијална банка

1.607,7

1.638,6

-1,89%

23,2%

Стопанска банка-Скопје

1.390,8

1.400,9

-0,72%

20,1%

НЛБ банка

1.131,9

1.168,0

-3,09%

16,3%

Халк банка

641,6

582,4

10,17%

9,3%

Охридска банка Сосиете Женерал

549,3

583,4

-5,84%

7,9%

ПроКредит банка

347,8

348,0

-0,07%

5,0%

Шпаркасе банка

277,4

307,4

-9,74%

4,0%

Универзална инвестициона банка

244,6

232,0

5,40%

3,5%

Стопанска банка - Битола

176,5

172,0

2,60%

2,5%

Еуростандард банка

159,2

154,1

3,28%

2,3%

Централна кооперативна банка

136,6

136,8

-0,19%

2,0%

ТТК банка

120,2

122,0

-1,48%

1,7%

93,6

91,8

2,00%

1,4%

Актива

Силк Роуд банка Капитал банка Вкупно:

Удел во вк.

53,5

51,3

4,28%

0,8%

6.931

6.989

-0,83%

100,0%

Извор: НБРМ

Најголем удел во вкупно одобрените кредити за правни лица, има Комерцијална банка, речиси една четвртина (24,7%) или 597 милиони евра, пред НЛБ Банка (14,5%) и 351,2 милиони евра и Стопанска банка – Скопје (13,9%) и 334,7 милиони евра. Карактеристично е што меѓу петте најголеми банки, првите четири имаат пад на кредитирањето на компании во првите шест месеци – Комерцијална банка (-2,9%), НЛБ (-7,51%), Стопанска Скопје (-9,49%) и Охридска банка (-2%),

додека само Халк банка има раст во оваа категорија кредити, од 13,1%. Халк воедно има најголем пораст на кредитирањето меѓу сите банки, додека најголем пад има Стопанска банка – Скопје. Меѓу 14-те комерцијални банки, точно половината имаат раст на кредитирањето правни лица, а останатите пад. Банкарите очекуваат дека стабилизација на политичката состојба во Македонија ќе донесе оптимизам кај поголем дел од претприемачите и

КОНЦЕНТРАЦИЈА: ПРЕКУ 70% ОД ДЕПОЗИТИТЕ НА ГРАЃАНИ СЕ ВО ТРИ БАНКИ



www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

24

БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ

дека трендот на инвестирање ќе се интензивира до крајот на годината. “Активноста на бизнисите ќе се одрази на економијата со можност за поголем број на вработувања и зголемување на БДП, а резултатите од новите инвестиции ќе се почувствуваат во следниот период. “, вели Јованка Јолеска - Поповска, генерален директор на ПроКредит банка, која што во делот кредитирање на компании според податоците на НБРМ има пазарно учество од безмалку 10% или 232 милиони евра, а во првите шест месеци има пораст од 4,13%. Позитивни очекувања за економијата во периодот што следи има и менаџментот на Охридска банка Сосиете Женерал, каде што вкупните кредити бележат подинамичен раст и во споредба со планот за првите шест месеци остварувањата се околу 30% повисоки во споредба со планираното ниво, како што вели директорот на Секторот за финансии и контролинг, Мито Ѓорески . По сегменти најдинамичен раст бележат кредитите на население со најзначаен придонес на потрошувачките, станбените и хипотекарните кредити. “Реализацијата на растот на кредитните пласмани го надминуваат просекот на банкарскиот сектор, што е и стратешка цел вградена во плановите за развој на Банката. Позитивно и оптимистички за развојот на економијата во следниот период е што основната причина, политичката неизвесност, е надмината. Во тек се активности за решавање на капиталните инвестиции во патната инфраструктура, а дел од останатите сектори во структурата на БДП бележат раст што секако ќе има позитивно влијание на растот на економијата во периодот што следи. Исто така, и извозот бележи раст со подинамична стапка од увозот.“, вели Ѓорески. Кај кредитирањето на домаќинства, очигледен е сосема друг тренд. Само две банки имаат пад на вкупниот износ на одобрени кредити – тоа се ПроКредит банка (-8%), којашто и онака е фокусирана на малите и средни претпријатија, како и Капитал банка (-4%). Сите останати банки имаат пораст на кредитирањето на домаќинства, меѓу кои води Еуростандард (+14%), пред Халк банка (+10,2%), ТТК Банка (+9,3%). Кај најголемите три банки, највисока стапка на пораст на кредитирањето население има Стопанска банка – Скопје (+4,6%), следат НЛБ (+4,48%) и Комерцијална банка (+1,35%). И Охридска банка СГ од групата големи банки има солиден пораст на кредитирањето домаќинства (+8,2%). Најголем удел во делот кредитирање население на пазарот традиционално има Стопанска банка –Скопје, 30,6% или

Кој колку кредити има дадено во Македонија 30.06.2017 милиони

31.12.2016 милиони

Кредити за нефинансиски друштва

евра

евра

Промена(%)

вк.кредити

Комерцијална банка

597,0

614,9

-2,90%

24,7%

НЛБ банка

351,2

379,7

-7,51%

14,5%

Стопанска банка - Скопје

334,7

369,9

-9,49%

13,9%

Охридска банка Сосиете Женерал

248,7

254,1

-2,09%

10,3%

Халк банка

237,4

209,8

13,16%

9,8%

ПроКредит банка

232,0

222,8

4,13%

9,6%

Шпаркасе банка

103,3

106,1

-2,68%

4,3%

Еуростандард банка

86,8

85,5

1,48%

3,6%

Стопанска банка - Битола

65,6

61,8

6,18%

2,7%

Универзална инвестициона банка

57,3

52,2

9,85%

2,4%

ТТК Банка

31,9

31,2

2,03%

1,3%

Силк Роуд банка

23,1

23,6

-2,20%

1,0%

Централна кооперативна банка

22,9

22,2

2,85%

0,9%

Капитал банка

Удел во

22,6

24,7

-8,67%

0,9%

2.415

2.459

-1,79%

100,0%

30.06.2017 милиони

31.12.2016 милиони

Кредити за домаќинства

евра

евра

Промена(%)

вк.кредити

Стопанска банка - Скопје

663,1

634,0

4,60%

30,6%

НЛБ банка

460,7

440,9

4,48%

21,3%

Комерцијална банка

223,1

220,1

1,35%

10,3%

Халк банка

192,4

174,7

10,19%

8,9%

Охридска банка Сосиете Женерал

173,9

160,7

8,20%

8,0%

Универзална инвестициона банка

107,5

100,4

7,13%

5,0%

Шпаркасе банка

93,6

86,6

8,05%

4,3%

Централна кооперативна банка

68,2

63,0

8,37%

3,1%

Стопанска банка - Битола

42,5

39,0

8,87%

2,0%

ПроКредит банка

41,3

44,9

-8,03%

1,9%

Силк Роуд банка

37,4

36,3

3,14%

1,7%

ТТК банка

33,0

30,2

9,27%

1,5%

Еуростандард банка

22,2

19,5

14,04%

1,0%

7,8

8,1

-4,02%

0,4%

2.167

2.058

5,27%

100,0%

Вкупно: Извор: НБРМ

Капитал банка Вкупно:

Удел во

Извор: НБРМ

ПРОСЕК: СЕКОЈ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИН Е СО ПО 2.500 ЕВРА ВО БАНКА



www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

26

БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ БРОЈКИ

6,93

милијарди евра е вкупната актива на сите 14 комерцијални банки во Македонија

4,58

милијарди евра е износот на сите одобрени кредити на македонските банки на крајот од првите шест месеци во 2017

1,43%

е порастот на сите одобрени кредити во првите шест месеци

4,99 милијарди евра

е износот на сите депозити кај банките во првите шест месеци

1,4%

е падот на вкупните депозити кај банките во првите шест месеци

663 милиони евра, што значи дека држи речиси третина од пазарот на кредити за население, пред НЛБ со 21,3% и 461 милион евра, Комерцијална банка со 10,3% и 223 милиони евра , итн. “Во изминатите неколку години, се забележува пресврт во преференциите на банките за кредитирање и поголема склоност за пласирање на средствата кон домаќинствата со оглед на помалата ризичност и повисокиот принос во споредба со корпоративниот сектор. Поголемиот интерес на банките за кредитна поддршка на овој сектор е поткрепен и со зголемената побарувачка на кредити при засилена лична потрошувачка, поволни остварувања на пазарот на труд и зголемен потрошувачки оптимизам, пред сè поради поволните очекувања во поглед на невработеноста и финансиската состојба.“, се вели во анализата на НБРМ.

Крвна слика на банкарскиот сектор во Македонија Вкупна актива 31.12.2016 милиони

30.6.2017 милиони

евра

Удел

евра

Удел

Големи банки

5.373

74,3%

5.321

74,4%

Средни банки

1.592

22,0%

1.565

21,9%

265

3,7%

267

3,7%

7.231

100,0%

7.154

100,0%

Мали банки Банкарски систем Извор: НБРМ

Вкупен капитал и резерви 31.12.2016 милиони

30.6.2017 милиони

евра

Удел

евра

Удел

Големи банки

563

73,3%

596

73,7%

Средни банки

174

22,6%

184

22,7%

31

4,1%

29

3,6%

767

100,0%

809

100,0%

Мали банки Банкарски систем Извор: НБРМ

Вкупни депозити на нефинансиски субјекти 31.12.2016 милиони

30.6.2017 милиони

евра

Удел

евра

Удел

Големи банки

4.142

78,9%

4.088

79,0%

Средни банки

923

17,6%

908

17,6%

Мали банки

184

3,5%

179

3,5%

5.249

100,0%

5.176

100,0%

Банкарски систем Извор: НБРМ

Бруто кредити на нефинансиски субјекти 31.12.2016 милиони

30.6.2017 милиони

евра

Удел

евра

Удел

Големи банки

3.504

76,7%

3.521

76,1%

Средни банки

910

19,9%

949

20,5%

Мали банки

154

3,4%

156

3,4%

4.568

100,0%

4.627

100,0%

Банкарски систем Извор: НБРМ

Финансиски резултат 31.12.2016 милиони

30.6.2017 милиони

евра

Удел

евра

Удел

Големи банки

90

87,0%

46

90,2%

Средни банки

12

11,5%

6

9,8%

2

1,5%

-1

-

103

100,0%

51

100,0%

Мали банки Банкарски систем Извор: НБРМ

Компаниите си ги повлекуваат депозитите

Во првото полугодие од 2017 забележлив е пад од 1,4% на вкупните депозити кај банките, од 5,063 милијарди евра (состојба на 31.12.2016), на 4,993 милијарди евра. Кај депозитите

на правни лица падот изнесува 7,55%, на 1,36 милијарди евра, додека кај домаќинствата депозитите пораснале за 1,12%, на 3,64 милијарди евра. Кај депозитите на правни лица, најголем удел на пазарот имаат Комерцијална банка (22,6%), Охридска банка СГ (14,3%),

КРЕДИТИ: ДОМАЌИНСТВАТА ИМ СЕ ПОАТРАКТИВНИ НА БАНКИТЕ


O2 лимит

За развој на Вашиот бизнис! Аплицирајте за О2 лимит до 10.10.2017 година и искористете ја промотивната понуда со годишна каматна стапка од 5,9% само на искористениот дел и поволна еднократна провизија! О2 лимит е долгорочен револвинг кредит кој Ви овозможува заштеда на време, Ви дава сигурност и ликвидност во секојдневното работење.

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

28

БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ

НЛБ Банка (14,2%), Стопанска банка – Скопје (13,9%), Халк Банка (12,3%), итн. Од вкупно 14-те банки само четири имаат пораст кај депозитната база на правни субјекти, тоа се Халк банка (+15,2%), УниБанка (+9%), Силк Роуд (+7,54%) и Стопанска банка Битола (+4,7%). Најголем пад во кредитирањето правни лица има кај Шпаркасе банка, дури 27,8%, или 26 милиони евра. Оваа банка имаше и најголем пад на активата во првите шест месеци. Се обративме до надлежните во банката за официјално толкување на овие промени, но до моментот на

затворање на овој текст не добивме одговор. Од банките со најголем удел во овој сегмент, падот на депозитната база е следниов: Комерцијална банка (-10,2%), Охридска банка СГ (-15,9%), НЛБ банка (-12%), Стопанска банка Скопје (-2,37%). Во делот пак, на депозити на домаќинства, сликата е пооптимистична. Тука кај само три банки има пад на депозитите – ПроКредит (-3,2%), и незначителен пад кај Силк Роуд и НЛБ, односно 0,39% и 0,38% респективно. Сите останати

банки бележат раст на депозитите на население, кај што предничи Централна кооперативна банка со 10,56%. Останатите банки имаат раст на депозитите на население со стапка отприлика од 0,5% до 3% во првите шест месеци. Кај депозитите на население или домаќинства, најголем пазарен удел има Комерцијална банка, 27,8% или нешто над една милијарда евра, пред Стопанска банка- Скопје со 23,9% и 868 милиони евра и НЛБ банка со 18,7% и 678,2 милиони евра. nnn

КАКОВ ЌАР ИЗВАДИЈА БАНКИТЕ ВО ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ

СТОПАНСКА СО НАЈГОЛЕМА ДОБИВКА, КОМЕРЦИЈАЛНА СО ГОЛЕМ ПАД НА ИСТАТА ЗАРАДИ ЛОШИ ПЛАСМАНИ

В

о првите шест месеци од годинава, забележлив е тренд на променливи резултати, поточно во делот на нето добивката кај најголемите домашни банки. Кај некои продолжува растот на заработката, поткрепен со растот на приходите од камати и провизии, додека кај други заради одвоените резервации како последица на влошување на состојбата со плаќање на кредитите од страна на корпоративниот сектор, нето добивката се топи.

Финансиски резултати во првите шест месеци* (евра) Добивка/

Годишна

Загуба

промена

Стопанска банка -Скопје

21.280.682

7,6%

НЛБ

15.117.723

61,5%

Охридска банка

2.557.804

-38,5%

УНИ банка

2.025.853

64,7%

Комерцијална банка

637.560

-80,5%

ТТК банка

580.536

304,2%

Стопанска банка - Битола

522.829

/

Централна Кооперативна банка

-70.243

/

*Прикажани се резултати на банките што имаат обврска да доставуваат извештаи до Берзата

Најголема добивка има Стопанска банка – Скопје, од 21,3 милиони евра и раст на истата од 7,6%, додека најголем раст на добивката, од банките коишто доставуваат извештаи до Македонската берза како јавно котирани, е ТТК банка од Тетово, со раст од 304% на 580,5 илјади евра. Од големите банки, НЛБ има раст од 61,5%, на 15,1 милиони евра, а трета според висината на добивката е Охридска банка Сосиете Женерал, која пак има пад на профитот од 38,5%, на 2,56 милиони евра. Од редот на средните банки, УниБанка покажува одличен раст, раст на добивката од цели 65%, на два милиони евра, додека најголем пад на добивката гледаме кај најголемата според актива банка во земјава, Комерцијална, од дури 80,5%, на 638 илјади евра. Од Комерцијална објаснуваат дека ова се должи на зголемената исправка на вредноста на корпоративните кредити заради влошување на кредитното портфолио што било очекувано. Кај Охридска банка, исто така, резервациите за влошени кредитни пласмани на крајот од првото полугодие се повисоки за 122%, заради повисоката исправка кај неколку значајни клиенти на банката, со коишто таа има долготрајни односи, како што вели во образложението на финансискиот резултат, а коишто се соочуваат со тешкотии во исполнување на обврските.

ЌАР: ПЕТТЕ НАЈГОЛЕМИ БАНКИ ИМААТ 90,2% ОД ЦЕЛИОТ ПРОФИТ


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ

29

“PROCREDIT DIRECT BANKING” ИНОВАТИВНОСТ ВО БАНКАРСКОТО РАБОТЕЊЕ СО ФИЗИЧКИ ЛИЦА

ПроКредит ќе стане првата банка во Македонија со комплетно автоматизирана услуга

Е

динствената германска банка во Македонија, ПроКредит Банка најавува новитети во работењето со физички лица. ПроКредит Банка е препознатлива на пазарот како банка специјализирана за мали и средни претпријатија (МСП), но во последната година банката започна интензивно да работи и со физички лица кои сакаат да бидат во тек со најновите банкарски трендови и преферираат брза и едноставна електронска услуга. “Наша цел е да овозможиме одлична услуга на клучните клиенти на банката: МСП во Македонија кои се клучен дел за развој на економијата во земјата, како и проактивни физички лица кои уживаат во електронски услуги и немаат време да чекаат ред во банка или да го планираат работниот ден согласно работното време на банката. Нашите иновативни решенија за модерна и автоматизирана банкарска услуга им нудат флексибилност на клиентите и достапност до нашите услуги 24/7“, вели Наташа Шапкалиевска, специјалист во Сектор за Банкарски Услуги. Новата “Direct Banking” платформа која ПроКредит Банка планира да ја имплементира на почетокот од месец ноември е дел од стратегијата на банката за 100% автоматизација на услугите за физички лица и со оваа иновација ПроКредит ќе стане првата банка во Македонија со комплетно автоматизирана услуга. Преку оваа платформа клиентите на банката ќе може да ги контролираат своите сметки 24/7 и да процесираат голем број на операции во секое време без разлика на работното време на банката.

“Новата електронска платформа за физички лица е клучен дел од нашиот бизнис модел. Телефоните и електронските уреди станаа неизбежен дел од нашето секојдевие и полека преминуваат во најважниот инструмент за следење и контрола на финансиите на секој поединец. “Direct banking” платформата нуди едноставна и атрактивна услуга достапна во секое време, како и комплетна транспаретност во поглед на услугите кои клиентите ги користат во банката. Преку платформата клиентите ќе можат да отворат нова сметка, да ги орочат своите средства, да отворат FlexSave – флексибилен депозит по видување, да ги контролираат лимитите на своите картички, да аплицираат за кредит и да вршат секаков тип на електронски плаќања преку било кој електронски уред“, објаснува Шапкалиевска. Имплементацијата на целокупниот концепт “Direct banking” ќе се одвива во неколку чекори: најпрво овозможување на пристап до платформа за електронски услуги, потоа овозможување на електронски плаќања од било кој електронски уред преку безбедна платформа за плаќање и на крај нова едноставна и “user-friendly” мобилна апликација. Концептот за автоматизирана услуга за физички лица е веќе во подготовка од почетокот на 2017 година и има одличен “feedback” од страна на клиентите. Динамичните индивидуалци немаат време да одат во банка неколку пати во текот на месецот, ниту пак да чекаат во ред само за информативни прашања и едноставни трансакции, поради што електронска банкарска платформа би била

НАТАША ШАПКАЛИЕВСКА специјалист во Сектор за Банкарски Услуги:

најсоодветна услуга за нив. Во текот на 2017 година ПроКредит имплементираше сет на банкарски услуги за физички лица кој овозможи едноставна и транспарентна услуга за клиентите. Клиентите кои соработуваат со ПроКредит сега плаќаат само една месечна провизија, а добиваат на располагање голем број на банкарски услуги без дополнителни надоместоци. На овој начин преку една ставка на својот извод клиентот може да го види вкупниот трошок кој го има за соработка со банката и има контрола над своите финансии 24/7. Во рамки на сетот банкарски услуги, клиентите добиваат: електронско банкарство, платежна картичка со можност за дозволено пречекорување на сметка, СМС нотификации за своите трансакции и неограничен број на бесплатни трансакции во денари во рамки на домашен платен промет. Покрај оваа услуга за физички лица, ПроКредит нуди орочени депозити со фиксни каматни стапки, FlexSave – флексибилен начин на штедење со можност за уплата и исплата на средства преку електронско банкарство, како и дозволено пречекорување на сметка, станбени кредити и кредити за инвестирање. nnn

ШАПКАЛИЕВСКА: АВТОМАТИЗИРАНА И МОДЕРНА УСЛУГА Е НАШ ПРИОРИТЕТ


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

30

ИНТЕРВЈУ Со континуирана понуда на атрактивни каматни стапки на депозитите во однос на останатите банки, како во изминатиот период, така и во оваа година со помош на различната понуда на флексибилни депозитни продукти со различни рокови и валути, дизајнирани за потребите на штедачите , успеваме не само да го задржиме, туку и да го зголемиме интересот на штедачите за нашите депозитни продукти.

К ЅВОНКО СТАНКОВСКИ ДИРЕКТОР НА ДИРЕКЦИЈА ТРЕЖРИ, ДИЛИНГ И ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, УНИБАНКА

СО ИНОВАТИВНИ ДЕПОЗИТНИ ПРОДУКТИ ГО ЗГОЛЕМИВМЕ ШТЕДЕЊЕТО ВО УНИБАНКА

Каматните стапки за штедењето и кредитите се на историски најниско ниво во Македонија, па ако со побарувачката за кредити банките немаат никаков проблем, предизвик станува како да се привлечат штедачите во овие околности. Со првиот човек на секторот којшто, меѓу другото, е надлежен за штедачките операции во УниБанка разговаравме за тоа како банката успева и во време на релативно неатрактивни каматни стапки на пазарот да ги задржи своите штедачи, и да привлече нови. Како се движат износите на штедни депозити изминатиов период во УниБанка, каква е динамиката? Дали се забележува тренд на опаѓање на нови депозити, затоа што луѓето бараат алтернативни начини за оплодување на своите слободни средства? Во изминатиот период и од почетокот на оваа година депозитната база на УНИБанка е во континуиран пораст, се движи во рамките на планираните износи и со очекуваната динамика. Порастот на штедните влогови на физички и правни лица од почетокот на годината изнесува 3% (физички лица 2% и правни 7%) и е над просекот во банкарскиот сектор за оваа година. Во земјата сеуште преовладува традиционалниот начин на штедење и затоа трендот на новопривлечени депозити е растечки. Алтернативните начини на оплодување на средствата од типот на удели на фондови, во хартии од вредност, недвижности и др., сè уште не се доволно одомаќинети на македонскиот пазар, па граѓаните и компаниите, сè уште ретко се одлучувaат на преземање на ризици од таков тип. На каков начин успевате во време на историски најниски каматни стапки на пазарот, да го

НАВИКИ: НАЈЧЕСТО ШТЕДНИТЕ ВЛОГОВИ СЕ НА ЕДНА ГОДИНА


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ привлечете населението да штеди во УниБанка? Историски најниските каматни стапки се на ниво на целиот банкарски систем. Населението постојано го испитува движењето на пазарот и висината на пасивните каматни стапки и постојано со своите депозити е во миграција од банка во банка. Конкуренцијата е доста голема, но со континуирана понуда на атрактивни каматни стапки на депозитите во однос на останатите банки, како во изминатиот период, така и во оваа година со помош на различната понуда на флексибилни депозитни продукти со различни рокови и валути, дизајнирани за потребите на штедачите , успеваме не само да го задржиме, туку и да гозголемиме интересот на штедачите за нашите депозитни продукти. Многу важен момент е и тоа што УНИБанка со години наназад го градеше и го има изградено имиџот на банка од доверба, односно банка која се грижи за потребите на клиентите и која на взаемно задоволство ги решава проблемите на истите. XИмате X ли некакви иновативни пакети на понуди и сл. со коишто клиентите би се решиле да штедат во банка и покрај ниските каматни стапки периодов? Во текот на 2017 година по препорака на НБРМ, банките почнаа да нудат на пазарот само променливи и фиксни каматни стапки. УНИБанка подготви и пушти на пазарот неколку атрактивни продукти

31

Банката воведе и уште една новина која на банкарскиот пазар кај нас ја немаше досега во таква форма, а тоа е дека за сите постојни и нови депозити се нуди можност за континуиран дополнителен внес на нови средства на веќе постоечките орочени депозити и тоа за целиот период на времетраење на депозитот. со веќе споменатите типови на каматни стапки. Сите продукти се со рокови од 1 до 36 месеци и со неограничени износи на вложување. Карактеристично е дека фиксната каматна стапка важи за целиот период на депозитот, додека кај депозитите со променлива каматна стапка, промената на истата не зависи од волјата на банката, туку исклучиво од движењето на базната каматна стапка определена за соодветната валута. Банката воведе и уште една новина која на банкарскиот пазар кај нас ја немаше досега во таква форма, а тоа е дека за сите постојни и нови депозити се нуди можност за континуиран дополнителен внес на нови средства на веќе постоечките орочени депозити и тоа за целиот период на времетраење на депозитот. Банката се потруди да излезе на пазарот и со продукт кој ќе ги задоволи потребите и желбите на клиентите за постојано располагањесо нивните средства преку уплата и исплата на истите на Умната депозитна сметка и тоа со атрактивна каматна стапка. XКакви X се навиките на штедење на

македонскиот штедач, која рочност доминира кај влоговите и сл.? Традиционално штедачите одлучуваат да штедат на 1 година, а водени од желбата за повисока каматна стапка голем дел инвестираат на подолги рокови - 24 и 36 месеци. За разлика од минатиот период кога доминираше штедењето во странски валути стуктурата е благо променета и сè повеке штедачите се одлучуваат своите заштеди да ги вложуваат во депозити во домашна валута - денар,за кои каматните стапки се повисоки од камaтните стапки на девизните депозити. XАко X направиме компарација помеѓу движењето на депозитите на население и корпоративен сектор, што се забележува во изминатиов период, кога и политичката криза имаше влијание врз динамиката на раст на штедните влогови? Во изминатиот период имавме тренд на зголемено штедење кај населението, исто така и заштедите од корпоративниот сектор бележеа пораст и тоа првенствено на кратките рокови до 1 година. nnn

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

www.kapital.mk

ПОКАНА На 7 декември 2017 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 27. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да нè известите најдоцна до 17 ноември 2017 година (петок). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 6 декември (среда) 2017 година на тел. +389 2 3298 505; електронска пошта: marketing@kapital.com.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетални информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.


Капитал број 935 29.09.2017

32

www.kapital.mk

БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ

КОЈ КОЛКУ И КАКВИ КРЕДИТИ ЗЕМА ВО МАКЕДОНИЈА

ТРГОВЦИТЕ КОРИСТАТ ЕДНА ТРЕТИНА ОД СИТЕ КОРПОРАТИВНИ КРЕДИТИ

СТРУКТУРА: ОКОЛУ 55% ОД КРЕДИТИТЕ СЕ ДЕНАРСКИ


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

33

С пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Секторот Трговија на големо и мало користи една третина од сите корпоративни кредити во Македонија, покажуваат анализите на НБРМ за крајот на вториот квартал од 2017. Точно 33,6% од кредитите за правни лица или 1,05 милијарди евра се одобрени на трговците, додека на второ место е секторот градежништво, со 15,7% од сите кредити, или 320,8 милиони евра. Трговијата и градежништвото всушност користат безмалку половина или 49,3% од сите кредити за нефинансиски друштва, како што ги класифицира аналитиката на НБРМ. Прехранбената индустрија користи само 6% од вкупното кредитирање на бизнис секторот, или 186,5 милиони евра, текстилната индустрија 2,6% или 81 милион, додека земјоделскиот сектор нешто помалку, 2,5% или 78,4 милиони евра кредити. Целиот сектор на нефинансиски компании користи вкупно кредити во износ од 3,12 милијарди евра, што е за 1,1% помалку од почетокот на годината.

Трговијата и градежништвото всушност користат безмалку половина или 49,3% од сите кредити за нефинансиски друштва или 1,5 милијарди евра. Кај кредитите за физички лица, половина се одобрени ненаменски потрошувачки, а зад нив, со 25% учество се станбените кредити или вкупно овие две категории изнесуваат околу 1,78 милијарди евра.


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

34

БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ

П КАТЕРИНА ЈАНКОВИЌ

раководител на Дирекцијата продажна мрежа, Охридска банка Сосиете Женерал

реку понудата на кредити со фиксни каматни стапки ние одлучивме да и пркосиме на неизвесноста, да креираме средина во која преку задолжување на клиентите со однапред познати ануитети ќе им овозможиме на секој од нив да ги задоволи своите потреби на сигурен и спокоен начин. Она што со големо задоволство беше пречекано од клиентите и секојдневно се повеќе ја добива нивната доверба е станбениот кредит со фиксна каматна стапка до 2030 година. Тргнувајќи од тоа, дополнително лансиравме и три типови на кеш кредити со фиксна каматна стапка за целиот период на кредитот.

Н

удиме долгорочни кредити за одржливи инвестициони планови, со рочности до 15 години и прилагодлив план за отплата согласно капацитетот на компанијата. Дополнително во СТЕВЧЕ соработка со голем КУЗМАНОВСКИ број на меѓународни директор на финансиски институции Бизнис Сектор, како ЕИФ, ЕИБ, УСАИД ПроКредит Банка и ПроКредит Холдинг им овозможуваме и кредити поддржани со гарантните шеми InnovFin, Western Balkan и USAID. Побарувачката за овие кредити е голема, пред се бидејќи претприемачите кои ги одложувале своите инвестициони планови поради недоволно обезбедување како покритие за кредитот, сега имаат пристап до кредити за инвестирање.

Финансиските институции (банки, осигурителни компании,итн.) и државата, заедно користат речиси две милијарди евра кредити, од коишто овие првите користат 73% или 1,43 милијарди евра, додека државата, односно јавната управа, одбраната и институциите од задолжителното социјално осигурување користат 27,1% или 533,5 милиони евра кредити.

Потрошувачките ненаменски кредити најбарани од граѓаните

Кај физичките лица, кредитната изложеност според пресметките на НБРМ е вкупно 2,42 милијарди евра, при што најголем удел или безмалку половина (48,5%) имаат потрошувачките ненаменски кредити, или вкупно 1,17 милијарди евра. На второ место се кредитите за набавка и реновирање на станбен простор, со 602 милиони евра и 25% удел, пред кредитите врз основа на издадени кредитни картички со 15,7% или 380,3 милиони евра. Негативните салда по тековните сметки зафаќаат 8,1% од кредитната изложеност на населението, или 196,8 милиони евра, додека кредитите за набавка и реновирање на деловен простор учествуваат со само 0,5%, односно 12,5 милиони евра. Автомобилските кредити се со скромни 0,2% или само 5,8 милиони евра во вкупното кредитирање, што познавачите на финансискиот пазар го објаснуваат со фактот дека водечките импортери на автомобили имаат свои лизинг компании или соработуваат со лизинг компанија, па најголемиот дел од новите возила што не се продаваат во готово, всушност се купуваат

на лизинг. На останатите видови кредити отпаѓаат 2% или 48 милиони евра.

Банките очекуваат поголем кредитен раст до крајот на 2017

Аналитиката на НБРМ покажува дека банките се позаинтересирани периодов за одобрување кредити за население, заради помалиот ризик и поголемата диверзифицираност на портфолиото, одошто финансирање на корпоративниот сектор. Иако порастот на вкупното кредитирање во Македонија е околу 1,5% во првите шест месеци, кај населението се забележува зголемување од 5,3%, додека кредитите за нефинансиски друштва се намалени за 1,8%. Од неколкуте банки што испратија одговори на нашите прашања во врска со кредитната активност и новитетите со коишто привлекуваат нови клиенти, велат дека и покрај турбулентната година очекуваат до крајот на 2017 да се зголеми динамиката на кредитирање. “И покрај турбулентната година која одминува, Стопанска банка а.д. Битола годинава ќе ја заврши со кредитен раст од 12%, кој е значително повисок од проектираниот годишен раст според НБРМ. Депозитната база е исто така стабилна и очекуваме пораст од 5% во споредба со 2016 година.“, вели директорката во Стопанска банка – Битола одговорна за работа со физички лица, Весна Дацева. Таа додава дека постојано во процес на дизајнирање на нови решенија и иновативни пакети на производи и сервиси, заради задоволување на желбите и потребите на клиентите. “Меѓу другото, креиравме и пакет за мали и

К НАТАЛИЈА МИЦКОВСКА директор за работа со правни лица, Стопанска банка - Битола

редитите на правни лица се зголемени за 6,03% во првите шест месеци од годината при што најголема беше побарувачката за долгорочни кредити за трајни обртни средства и кредити финансирани од кредитни линии администрирани од МБПР. Кредитите на домаќинства се зголемуваа со позабрзана динамика при што во овој сегмент е регистриран раст од 8,85%. Ваквата реализација е во согласност со стратешките определби на Банката за дисперзија на ризик и зголемување на клиентската база. Анализирано по типови на кредити, најголем раст беше остварен кај станбените кредити.

средни компании, препознавајќи ги нивните потреби за финансирање на профитабилни бизнис проекти, со тоа што им овозможуваме бесплатни совети, знаење и компетенции за равој на бизнисот. Банката нуди и поддршка и за start-up компании. За физичките лица, понудивме иновативен Пакет 5, кој се состои од: потрошувачки кредит до 1 милион денари, кредитна картичка MasterCard standard со лимит од 3 плати, комбинирана дебитно – кредитна картичка Master Debit card со лимит од 5 плати, СМС пакет и e-banking, сè со само едно барање. Клиентот има можност самостојно да го одбере процентот на месечна отплата на искористениот револвинг лимит од кредитната картичка, кој е минимум 1%.“, објаснува Дацева.

Наскоро и целосно автоматизирана банкарска услуга

Во ПроКредит банка, позната на пазарот како специјализирана за кредитирање мали и средни компании, велат дека во првото полугодие од 2017 исплатиле вкупно 90 милиони евра, од кои 85 милиони евра се пласирани во кредити за бизнисите во Македонија. “Доколку се фокусираме на исплати во сегментот мали и средни претпријатија, како клучна таргет група на банката, може да забележиме пораст од 28% во однос на истиот период во 2016 год.“, вели Стевче Кузмановски, директор на Бизнис Сектор во ПроКредит. Генералната директорка пак, на ПроКредит, Јованка Јолеска –Поповска додава дека продолжуваат да ги предводат иновативните трендови во македонското банкарство

МИНУС НА СМЕТКА: 200 МИЛИОНИ ЕВРА КАЈ ФИЗИЧКИ ЛИЦА


ОПТИМИЗИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА ПРИНТ СТРАТЕГИЈА

30-60%

ЗАШТЕДА И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ НА ПЕЧАТЕЊЕТО

Дозволете ни да направиме правилна проценка на структурата на уреди во Вашата компанија, и да го креираме вистинското принт решение со кое ќе заштедите време, ресурси и пари!

Ул.Радњанска бр.4-1/1 1000 Скопје Тел: +389 2 614 14 80 E-mail: sales@novaoffice.mk www.novaoffice.mk


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

36

БАНКИТЕ & БИЗНИСОТ

Кој колку кредити има земено во Македонија (состојба на крајот од прво полугодие 2016) 30.6.2017 Денари со девизна

Кредитна изложеност (во милиони евра)

Денари

клаузула

Девизи

Нефинансиски друштва и останати клиенти

1.833,6

404,1

882,7

Земјоделство, шумарство и рибарство

46,4

7,7

24,3

78,4

Рударство и вадење на камен

25,8

1,8

14,1

41,7

1,3%

107,8

24,5

54,3

186,5

6,0%

Текстилна индустрија и производство на облека и обувки Хемиска индустрија, производство на градежни материјали, Производство на метали, машини, алати и опрема

44,0 68,6 73,0

9,1 17,8 14,5

27,8 21,5 101,1

81,0 107,9 188,6

2,6% 3,5% 6,0%

Останата преработувачка индустрија

48,5

13,1

54,3

115,9

3,7%

8,6

2,4

1,3

12,3

0,4%

Градежништво Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни

320,8

71,4

96,4

488,5

15,7%

возила и моторцикли

660,0

144,7

243,0

1.047,7

33,6%

Транспорт и складирање Објекти за сместување и сервисни дејности со храна

127,8 29,7

18,9 18,9

60,6 13,3

207,2 62,0

6,6% 2,0%

Информации и комуникаци

25,3

2,9

11,7

39,9

1,3%

Дејности во врска со недвижен имот

39,0

13,8

22,3

75,1

2,4%

Стручни, научни и технички дејности Административни и помошни услужни дејности

53,4 27,9

10,3 8,0

13,4 5,4

77,1 41,3

2,5% 1,3%

Образование Дејности на здравствена и социјална заштита

11,9 29,3

3,5 10,1

5,4 6,5

20,8 45,9

0,7% 1,5%

Уметност, забава и рекреација

Прехрабрена индустрија

Снабдување со вода; отстранување на отпадни води;

Вкупно 3.120,4 % Удел 2,5%

21,1

3,1

1,3

25,4

0,8%

Други услужни дејности

6,3

1,2

1,5

8,9

0,3%

Дејности на домаќинства како работодавач

0,0

0,0

0,0

0,0

0,0%

Дејности на екстратериторијални организации и тела

5,4

0,0

33,3

38,7

1,2%

Останати дејности

5,2

1,0

2,8

8,9

0,3%

Вкупно

Извор: НБРМ

30.6.2017 Денари со девизна

Кредитна изложеност (во милиони евра)

Денари

клаузула

Девизи

Финансиски институции и држава

1.045,7

119,3

805,9

1.970,9 % Удел

633,9

24,5

778,9

1.437,3

72,9%

411,8

94,7

27,0

533,5

27,1%

Вкупно

Финансиски дејности и дејности на осигурување Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување Извор: НБРМ

30.6.2017 Денари со девизна

Кредитна изложеност (во милиони евра)

Денари

клаузула

Девизи

Физички лица

1.415,3

871,3

129,4

18,0 0,4

495,0 11,3

88,9 0,8

601,8 12,5

24,9% 0,5%

Потрошувачки кредити

820,7

338,9

11,2

1.170,8

48,5%

Негативни салда по тековни сметки Кредити врз основа на издадени кредитни картички

196,8 374,4

0,0 0,0

0,0 5,9

196,8 380,3

8,1% 15,7%

Кредити за набавка и реновирање на станбен простор Кредити за набавка и реновирање на деловен простор

2.415,9 % Удел

Автомобилски кредити

0,8

4,3

0,7

5,8

0,2%

Други кредити

4,3

21,8

21,9

48,0

2,0%

Вкупно

Извор: НБРМ

30.6.2017 Денари со девизна

Кредитна изложеност Денари

клаузула

Девизи

14,0

2,3

9,9

26,2 % Удел

Земјоделство

7,0

0,4

3,7

11,1

42,3%

Трговија

1,3

0,3

2,2

3,8

14,7%

Други услужни дејности

0,5

0,5

1,3

2,4

9,0%

Останати дејности

5,2

1,0

2,8

8,9

34,0%

(во милиони евра) Трговци-поединци

Извор: НБРМ

со цел задржување на водечката улога во кредитирањето МСП. “Инвестиравме и во нашите 24/7 зони, имплементирајќи нов тип на ‘Recycle’ банкомати за уплата кои примаат дури до 250 банкноти одеднаш и им овозможуваат на клиентите брза уплата на дневен промет 24/7. Oвозможивме и комплетна банкарска услуга со само една месечна провизија. Дополнително, до крајот на оваа година, ќе имплементираме нова ‘Direct banking’ платформа за автоматизирана услуга за физички лица. Клиентите ќе може електронски, во секое време, да отворат нова сметка, да орочат депозит, да аплицираат за кредит, да го контролираат лимитот на своите картички, како и да вршат плаќања од било кој мобилен уред. Се разбира дека и понатаму ќе инвестираме во подобрување на квалитетот на нашата услуга со цел обезбедување модерна, автоматизирана услуга за клиентите.“, вели Јолеска- Поповска.

Зголемените безбедносни ризици ги тераат банките на инвестиции во сигурноста

“Најголем предизвик за сите во моментов е прашањето ‘Како да се одлучам да инвестирам а притоа да се заштитам од непредвидливите промени?’, вели Катерина Јанковиќ, раководител на Дирекцијата продажна мрежа во Охридска банка Сосиете Женерал. Сигурната и стабична иднина, особено на финансиски план е тоа на кое се заснова најновата промена која Охридска банка Сосиете Женерал ја направи. Преку понудата на кредити со фиксни каматни стапки ние одлучивме да и пркосиме на неизвесноста, да креираме средина во која преку задолжување на клиентите со однапред познати ануитети ќе им овозможиме на секој од нив да ги задоволи своите потреби на сигурен и спокоен начин. Она што со големо задоволство беше пречекано од клиентите и секојдневно се повеќе ја добива нивната доверба е станбениот кредит со фиксна каматна стапка до 2030 година.“, вели Јанковиќ. Изминатиов перид ОБСГ е фокусирана на самопслужување од страна на клиентите, објаснуваат од менаџментот. “Во 2016 година, ја имплементиравме и лансиравме најмодерната апликација за мобилно банкарство Моја Банка која им овозможува слобода на клиентите за извршување на дневните трансакции секаде и во секое време. Како надополнување на ова е постоечката апликација за Електронско банкарство наменета за население. Со овие 2 напредни апликации, го потврдуваме својот пристап за повеќе канално опслужување на клиентите кое популарно се нарекува omnichannel. Тоа значи дека без оглед на тоа кој канал ќе го одбере клиентот, сите информации за неговите трансакции ќе бидат ажурирани, синхронизирани и со исти вредности. Во 2017 година, имплементиравме ново решение на електронското банкарство наменето за корпоративни клиенти. Оваа нова апликација нуди девизни плаќања со што се комплетира досегашното портфолиото на услуги. При промовирање на иновативно решение, Банката секогаш го има во предвид ризикот на денешницата поврзан со пребарувачите на

1,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: КРЕДИТИ НА ТРГОВЦИ И ГРАДЕЖНИЦИ


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

37

веб. Тоа е причината поради која нашите комерцијални решенија се имплементираат со безбедносни мерки за заштита на нашите клиенти (3D Secure – дополнителна

валидација при плаќање на интернет, ќе биде достапен до крајот на 2017 година додека електронските канали - eChannels ќе бидат заштитени со посебно сигурносно

решение наречено Trusteer). “, вели Тома Пувро член на Управен одбор, надлежен за Сектор операции во Охридска Банка Сосиете Женерал. 


6

октомври СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ИНОВАТИВНОСТ Македонија во Иновациската матрица што Европската унија секоја година ја подготвува постојано е при дното на табелите според повеќето клучни параметри, како што се човечки ресурси, финансиска поддршка, итн. Во специјалниот прилог “Иновативност“ обработуваме токму теми во контекст на оваа проблематика, односно како да се зголеми општото ниво на иновативност во сите сегменти на функционирањето на општеството. Консултираме соговорници од делот на донесувачите на одлуки и политики, како и од самата индустрија и претприемачката сцена.

Во прилогот ќе може да прочитате: 

ИНИЦИЈАТИВИ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ИНОВАТИВНОСТА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ КОМПАНИИ

КАКО ЕФИКАСНО ДА СОРАБОТУВААТ КОМПАНИИТЕ, НАУКАТА И ДРЖАВАТА

ПРЕТСТАВУВАМЕ ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА РАЗВИЕНИ ОД ДОМАШНИ ИКТ КОМПАНИИ

КАКВИ ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ПРИМЕНУВААТ МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ОД РАЗЛИЧНИ ИНДУСТРИИ

ВИ ГИ ПРЕТСТАВУВАМЕ НАЈГОЛЕМИТЕ МИТОВИ ЗА ИНОВАТИВНОСТА И ЗОШТО НЕ ТРЕБА ДА ИМ РОБУВАТЕ

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА



www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

40

ИНТЕРВЈУ

АЛЕКСАНДАР ГЕОРГИЕВСКИ КОМЕРЦИЈАЛЕН ДИРЕКТОР НА ТИДЕА

ТИДЕА Е МАРКЕТ КАДЕ КУПУВАЧOТ СЕ ЧУВСТВУВА КАКО ДОМА

С

Со каква идеја ја отворате TIDEA Home & Garden? Подолго време сум во комерцијалниот сегмент во Македонија, почнувајќи од сегментите за автомобили, потоа за храна, па понатаму и токму во делот за кој е специјализирана ТИДЕА, односно алати, декор, ентериери, подови, мали домашни апарати ... Идејата беше да се понуди на македонскиот пазар нешто што досега го немало. Тоа е малку тешко, зашто и Македонија влегува во глобалното село, така што сите нови брендови, производи, сè ново што излегува во светот, така да речеме, за некои десетина-петнаесет денови веќе го има и овде. Но, сепак, успеавме да изнајдеме

ГЕОРГИЕВСКИ: ИНСИСТИРАМЕ И БАРАМЕ БРЕНДОВИ ШТО С


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

41 концепт за создавање на еден мал home центар, каде луѓето ќе можат да дојдат и да ни бидат гости, за да можат нашите вработени, кои не се комерцијалисти, односно продавачи, туку се консултанти, да ги насочат кон вистинскиот избор на производи, да им помогнат да се осврнат на она што е важно за еден производ, што е квалитетно, не гледајќи притоа првенствено да направат профит или промет. Идејата беше да се направи спој на квалитетно, практично и евтино - во центарот да има само неколку брендови, но кои се специјално селектирани. Да биде место каде купувачот ќе се чувствува како дома – да дојде, да си поседи, да си разгледа; имаме посебен простор на галеријата каде ќе може да си седне, да си порача кафе, да си ги разгледа каталозите на раат, да добие стручен совет во врска со кој и да е производ. Сакаме да го избегнеме оној ритам на класичното купување каде сè се прави во трк и под притисок. Еве веќе денеска, првиот работен ден на ТИДЕА, резултираше со неколку клиенти кои почнаа да ги користат сите овие бенефити – да прошетаат, да прашаат и да се информираат, да седнат да се одморат, да го искористат и нашето детско катче што го имаме во рамки на маркетот, за додека тие се занимаваат со нашите консултанти, нивните деца безгрижно да може да си поиграат. Идејата е семеен маркет – сè за секого. Може ли малку повеќе околу инвестицијата, како ги обезбедивте финансиите? Финансирањето е од сопствени ресурси на Детоил. Компанијата и вработените имаат потреба од дел од асортиманот што се нуди во ТИДЕА. И не само тоа – вработените во нашите компании, кои се во голем број, имаат потреба од нешто што ќе го чувствуваат како свое - да можат да дојдат и да најдат овде сè што ќе им треба за нивните домови, градини, деловни простории; каде ќе можат да бидат сигурни во квалитетот на производот, и дека цената ќе биде најпристапната можна. Што ќе им понудите ново на македонските потрошувачи? Сите наши продавачи, што всушност се консултанти, имаат поминато обемна обука за сите брендови што се застапени во ТИДЕА. Инсистираме и бараме брендови што се со македонско потекло. Сакаме да бидеме фокусирани на made in Macedonia, а ако овде не постои адекватен производител на одреден вид производи што ги поразбира концептот на ТИДЕА, тогаш одиме на добавувач од надвор. Ја имаме целата програма на еден од најпознатите производители во својата бранша, Братство од Охрид, чија комплетна програма е многу тешко да се најде на едно место. Исто така, ја имаме 90% од целата програма на поранешен ЕМО, сега ЕМОС од Охрид, фабриката што е

Производи со врвен квалитет, специјално селектирани од проверени брендови, во пакет со врвна услуга, но по пристапни цени. Тоа е концептот до кој сакаме да се приближиме колку што можеме повеќе – на некој начин новина е на македонскиот пазар да имате објект што на изглед може да остави впечаток дека нуди многу скапи производи, меѓутоа ако влезете ќе видите дека цените се за секого рестартирана и добро функционира, а работела извонредно во поранешна Југославија. Сакаме да помогнеме со тоа што ќе го застапуваме нивниот бренд пред увозните артикли. Зашто сме сигурни во квалитетот, и производот е тука направен, од наши работници. Има ли брендови што премиерно доаѓаат на пазарот со TIDEA? За првпат на македонскиот пазар носиме бренд на керамички плочки што потекнуваат од Кина, меѓутоа се работи за фабрика која постои веќе 80 години како семеен бизнис. Станува збор за производ со врвен светски квалитет, за светски бренд, компанија со свои претставништва и во САД, во Германија, во Италија, во Бразил... Компанијата се вика Dong Peng. Плочките се со извонреден квалитет, но со изненадувачки пристапна цена во споредба со она што веќе се нуди на пазарот. Вториот бренд што ексклузивно го застапуваме не само во Македонија туку и на целиот Балкан, е чешкиот бренд ETA. За споредба, она што на просторот на поранешна Југославија претставува брендот Gorenje - квалитативно што е Gorenje за овие простори, тоа е ETA на пазарите на Полска, Чешка и Словачка. Од ETA во ТИДЕА ги имаме малите домашни апарати, телевизори, клима уреди, а понатаму ќе имаме и бела техника. Исто така, станува збор за врвен квалитет по одлична цена. Во моментов, изненадувачки, но производите на ETA се едни од најевтините

СЕ СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО

што може да се најдат во Македонија во соодветната категорија. Направени се специјални цени за отворањето на ТИДЕА и за промоцијата на производите; имаме специјална поддршка од сопствениците на брендот. За кратко време ќе имаме и германски бренд на санитарија, што има светски дизајн, со врвен квалитет, но и тука цената ќе биде пристапна. Тоа е концептот до кој сакаме да се приближиме колку што може повеќе – на некој начин новина е на македонскиот пазар да имате објект што е релативно ексклузивно уреден и на изглед може да остави впечаток дека нуди многу скапи производи, меѓутоа ако влезете ќе видите дека цените се за секого. Какви се вашите очекувања, со оглед на потрошувачката моќ на населението? Нашиот став е дека секој купувач, без разлика што дошол да купи, мора да има ист третман. Секому ќе го понудиме поинаквото искуство што го споменавме погоре, на купување со чувство како да е дома, без разлика дали купува производ што чини 2 или 2.000 денари. Секој ќе биде подеднакво почитуван и ќе може да ги искористи сите можности што се нудат од вработените. Да споменам дека кај нас во ТИДЕА, такво нешто немам сретнато во Македонија, буквално секое парче производ што е искористено за декорирање на ентериерот, без разлика каде е поставено, е за продажба. 


ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ И ИНТЕРЦЕРТ ОРГАНИЗИРАAТ ПЕТДНЕВНА ОБУКА ЗА:

IRCA АКРЕДИТИРАНА ОБУКА ЗА ВОДЕЧКИ ПРОВЕРУВАЧ ПО НОВИОТ СТАНДАРД ISO 9001:2015 l 23 до 27 октомври 2017 (пон. – пет.) l 08:30-17:30 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 6 OКТОМВРИ 2017

ЦЕЛ НА ОБУКАТА: l Да се објасни новиот пристап и барањата на новиот

стандард ISO 9001:2015 од аспект на водечки проверувач.

l Основни принципи на управувањето со квалитет. l Стекнување со потребни компетенции за изведување на

проверки согласно ISO 19001:2011. l Како да се искористи теоретското познавање на стандардот во пракса? l Кој може да биде водечки проверувач? l Што сè треба да знае и применува еден водечки проверувач? l Како правилно да се разберат и распознаат барања на стандардот? l и уште многу други прашања.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:

Интерактивна обука која вклучува вежби на реални примери, дискусии и симулација на екстерна проверка. На крајот на обуката ќе се спроведе тестирање и учесниците што успешно ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со IRCA акредитиран сертификат за Водечки Проверувач за стандардот ISO 9001:2015. Сите учесници ќе добијат сертификат за учество издаден од страна на Институт КОНЦЕПТ. Бројот на местата е ограничен и истите брзо се пополнуваат.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевскаl e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207



www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

44

ПОЛИТИКА

„ЛОКАЛЕН ИЗБОР“ - ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ОРИЕНТИРАЊЕ ВО ПОЛИТИЧКАТА ПОНУДА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

„ДЕМОКРАТУРАТА“ НА ПАРТИИТЕ СЕ КРШИ СО ИНФОРМИРАНО ГЛАСАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ пишува:

Д

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Дека на локалните избори во Македонија, а особено на претстојните, партиите повеќе бркаат рејтинг мерлив на централно ниво, а помалку ги адресираат специфичните очекувања на граѓаните од локалните власти, покажува и искуството од подготвувањето на промовираната во понеделникот, на денот кога почна изборната кампања, бесплатна онлајн алатка „Локален избор“ (www.lokalenizbor.mk), изработена од тим истражувачи од Институтот за истражување – Импакт. Во прилог зборуваат потешкотиите со кои политиколозите од стручниот тим на „Импакт“ се сретнале кога се обидувале да најдат извор (во партиските и изборните програми, како и во изјавите на кандидатите, на лидерите или на партиските претставници) за да се одговори на специфичните прашања на локалните избори што се содржани во онлајн алатката развиена со цел да им помогне на граѓаните да направат информиран избор кога ќе излезат на претстојното гласање. „Моравме како тим да бидеме покреативни, да мислиме како точно тоа што го застапува кандидатот да се претстави во исказ специфичен за локалните избори“, велат од „Импакт“, дополнувајќи дека како држава ни претстои уште долг пат по демократијата додека стигнеме до потребното ниво,

„Моравме како тим да бидеме креативни, да мислиме како точно тоа што го застапува кандидатот да се претстави во исказ специфичен за локалните избори, поради генерализациите во партиските програми“, велат од Институтот за истражување - Импакт, дополнувајќи дека како држава ни претстои уште долг пат низ демократијата додека стигнеме до потребното ниво, на кое политичарите, а соодветно и граѓаните, ќе сфатат дека „локалните избори се најважни, зашто се најблиски до граѓаните“. Алатката „Локален избор“ е замислена како уште еден чекор кон поголемо еманципирање на гласачите, и соодветен притисок кон партиите на кое политичарите, а соодветно и граѓаните, ќе сфатат дека „локалните избори се најважни, зашто се најблиски до граѓаните“. Алатката „Локален избор“ е осмислена да помогне, да го забрза овој пат, а му овозможува на конкретниот корисник, откако ќе одговори што мисли - колку се сложува или не со дваесет внимателно избрани искази од осум различни тематски области, да му биде пресметана и графички прикажана неговата позиција во политичкиот

спектар, односно, да може да ги спореди своите позиции со оние на кандидатите и на партиите учесници на локалните избори. На пример, доколку некому приоритет во неговата општина е да се реши проблемот со загадувањето, тој ќе може со алатката да провери какви се ставовите на кандидатите по тоа прашање, и за кои од нив истото е приоритетно, а за кои е помалку важно. Во фокусот на „Локален избор“ овој пат се општините Аеродром, Чаир, Струга,

ШАБАНИ: УШТЕ Е ГОЛЕМО ПРИСУСТВОТО НА АВТО


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

45

ЛУРА ПОЛОЖАНИ

САМЕТ ШАБАНИ

БОРЈАН ЃУЗЕЛОВ

маме традиционални гласачи, но ваквите алатки помагаат граѓаните да ги видат своите предрасуди, со кои гледаат на понудата на кандидатите на избори.

И

о пост-југословенскиот контекст на Балканот, тешко дека може да се очекува брз напредок. Евидентно е дека овде уште е главен зборот на партискиот лидер.

В

О

ваа алатка е уште еден чекор кон поголемо еманципирање на гласачите.

Струмица и Росоман; избрани од тимот на „Импакт“ поради очекувањето дека ќе имаат неизвесна изборна трка; поради регионалната застапеност и репрезентативноста во однос на мултиетничкиот карактер на државата. Исказите содржани во онлајн алатката се одбрани врз основа на прашањата на кои кандидатите и партиите најчесто се осврнуваат во јавниот дискурс, а во контекст на локалните избори. Исказите се групирани во осум тематски области, и тоа урбанизам и комунални работи, заштита на животната средина, безбедност, транспарентност и учество на граѓаните, децентрализација, економски развој, социјална грижа и еднакви можности. За значењето на проектот „Локален избор“ и за заклучоците што можат да се извлечат од неговата подготовка разговаравме со претставници на тимот на „Импакт“, проектниот координатор Лура Положани, и кодирачите Самет Шабани и Борјан Ѓузелов.

финална верзија на кодирањето. Тогаш имале можност да побараат да се интервенира во резултатите, ако нешто било погрешно внесено или интерпретирано. Имало само еден одговор со барање за интервенција, а сите други кандидати се сложиле со тоа како во онлајн алатката ќе можат да бидат видени од страна на гласачите. Од 18-те кандидати осум се отповикале на барањето самостојно да се кодираат. Претставниците на „Импакт“ ги прашавме кои се причините за релативно малиот одѕив на поканата за самокодирање. „За неколку партии беше проблем што онлајн алатката стартуваше на ист ден со кампањата за локалните избори, зашто не сакаа да поделат со јавноста некои аспекти од кампањата. Иако, ние им потенциравме дека алатката нема да излезе пред кампањата и никој нема предвреме да го дознае она што кандидатот го чува за 25 септември, за почетокот на кампањата за локалните избори“, вели проектниот координатор Лура Положани. Кодирачот политиколог, Самет Шабани, го прашавме колкава улога во стратегиите на партиите игра согледувањето дека голем дел од електоратот има авторитарен карактер, и е склон да ги запостави своите очекувања од локалната власт за сметка на навивачкото поддржување на одредена партија, поради став дека општинските власти и се подредени на централната. „Во одговорите што ги добивме од

партиите за потребите на алатката, јасно се рефлектира сфаќањето за големото присуство на авторитарен карактер кај гласачите. Во пост-југословенскиот контекст на Балканот, тешко дека може да се очекува брз напредок. Евидентно е дека овде уште е главен зборот на партискиот лидер. Иако, со појавата на нови партии, мислам дека се доби еден нов квалитет на политичката сцена, со тоа што партиите се малку поотворени од порано кон граѓаните; повеќе ги интересира јавното мислење за одредени прашања. Очекувам ситуацијата да се подобри со интегрирањето на Македонија во Европската унија. Треба уште многу да се работи за кршење на она што го нарекувам демократура во партиите, каде де факто има диктатура, но во обвивка на демократија“, вели Шабани. Дополнувајќи го, неговиот колега Борјан Ѓузелов забележа дека последниве десетина години сепак има еден процес на поголемо осврнување на гласачите кон програмската понуда на партиите, за гласањето на избори да не биде само навивачко поддржување, туку да има поврзаност со понудата. Оваа алатка, вели Ѓузелов, е уште еден чекор кон поголемо еманципирање на гласачите. Свое дополнување даде и Положани, потенцирајќи дека „слепото“ поддржување на одредена партија подразбира предрасуди кон секоја друга политичка понуда, а алатките како „Локален избор“ се начин граѓанинот, ако не повеќе, барем да ги увиди своите предрасуди во контекстот.

проектен координатор

„Кандидати ни заблагодаруваа што им овозможивме да дојдат до поспецифични гледишта за локалните прашања“

Сите кандидати (на број 18) во општините Аеродром, Чаир, Струга, Струмица и Росоман, биле контактирани со покана да се самокодираат (да се позиционираат со ставови во однос на специфичните прашања поврзани со функцијата во локалната власт за која се кандидираат), а на крајот, и оние кои прифатиле самокодирање, и оние кои не прифатиле, ја добиле од „Импакт“

кодирач политиколог

кодирач политиколог

ОРИТАРЕН КАРАКТЕР КАЈ ГЛАСАЧИТЕ


www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

46

ПОЛИТИКА

„Имаме традиционални гласачи, но ваквите алатки помагаат граѓаните да ги видат своите предрасуди, со кои гледаат на понудата на кандидатите на избори. Можеби гласачите нема да се определат за политичката опција што ќе им ја покаже резултатот од користењето на онлајн алатката. Но, ќе видат до која партија се најблиску според своите мислења што ќе ги изразат одговарајќи на прашањата од алатката. А и партиите ќе знаат дека имаат поинформирани гласачи, со што може да се очекува поголема отчетност

на политичарите“, вели проектниот координатор. Како резултат на, за жал, поволниот„фидбек“ од гласачите, за партиите кои и на локални избори настапуваат со реторика со која се бара граѓаните главно да се изјаснат за поддршка на партија, тимот на „Импакт“ бил принуден поголем дел од кодирањето да го прави од партиски програми, а не од програми на кандидатите конкретно осмислени за локалните избори. „Партиите сè уште како да не чувствуваат

BUSINESS RUN БИЗНИС ШТАФЕТА 4 х 2 км

Скопје, 1.10.2017

www.prvdovrv.mk

доволно потреба поспецифично да ги третираат локалните потреби на граѓаните. Во иднина треба да се работи на тоа. Сега моравме како тим да бидеме покреативни, да мислиме точно како тоа што го застапува кандидатот да се претстави во исказ специфичен за локалните избори. Нашите искази не се генерални како тие што ги среќаваме во партиските програми“, вели Положани. Политикологот Самет Шабани, пак, се надоврза со интересната информација дека учеството во проектот на „Импакт“ им помогнало на некои од кандидатите (на изборите) да стигнат до специфични гледишта за локалните прашања што сега можат да ги користат во кампањата, а кои претходно ги немале. „Додека нашиот стручен тим политиколози ги кодираше кандидатите, многу беше тешко да се најде извор за да се одговори на специфични прашања поврзани со локалните избори. Конкретно, во партиските програми забележавме дека има генерализација на понудата, од што може да се сфати дека политиките на партиите уште не се на саканото ниво кога станува збор за локални избори. Тешко беше да се најде нешто конкретно што би го рефлектирало ставот на партијата за одредено прашање на нејзиниот кандидат на локалните избори. Некои, пак, од кандидатите кои се самокодираат ни се јавија да ни се заблагодарат што им овозможивме во процесот на самокодирање да најдат, да дојдат до поспецифични гледишта за локалните прашања што сега ќе можат да ги користат во кампањата“, вели Положани. Институтот „Импакт“ во Македонија првпат спроведе ваков проект за претходните парламентарните избори, под името „Изборен компас“. И тогаш проектот беше реализиран во соработка со партнер организација од Холандија (и финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија), која има одлично искуство со методологијата што се користи за кодирање за потребите на проектите на тамошните избори, како и во други држави. Методологијата подразбира пресметка на позициите во политичкиот спектар врз база на математички алгоритам, што е апсолутно независен од каква и да е интервенција и влијание на истражувачкиот тим и кандидатите. nnn





www.kapital.mk

Капитал број 935 29.09.2017

50

ЛИДЕРИ

ЛИ КА - ШИНГ КИНЕСКИ БИЗНИС МАГНАТ

НА ВРЕМЕТО СИ БЕВ САМ СВОЈ ГАЗДА, ТАКА ШТО ЗНАМ ШТО САКААТ ВРАБОТЕНИТЕ

С

Сер Ли Ка – шинг, роден во Кина, со пребивалиште во Хонгконг, е вториот најбогат човек во Азија во моментов, според Forbes, со проценето богатство од 27 милијарди долари. Тој е основач и прв човек на CK Hutchison

Добра репутација за вас лично и вашата компанија е скапоцено нешто што не може да го видите во финансиските биланси.

Ако сте млад претприемач, барајте менторство од поискусни. Волонтирајте, помагајте во мали или големи фирми, на проекти и сл. Така ќе ги градите своите бизнис вештини бесплатно.

Градете ја својата мрежа на контакти така што ќе ги поканите луѓето на ручек или вечера, и платете ја сметката, секако. Внимателно одберете кого ќе поканите – гледајте тоа да се луѓе со повеќе искуство и поголеми соништа од вашите.

Може да верувате во Фенг Шуи ако сакате, но на крајот луѓето си ја контролираат својата судбина.

Holdings, огромна бизнис империја распространета во градежништвото, трговијата, телекомуникациите... Ли Ка –шинг е најголем малопродажен трговец со козметички производи во Азија и Европа.

Ако размислувате добро, ќе бидете подготвени на сè. Ако сте подготвени, тогаш нема да имате грижи.

Јас не успеав со среќа. Работев напорно за да ги остварам целите што си ги поставив.

На времето си бев сам свој газда, така што знам што сакаат вработените.


Elegance is an attitude Simon Baker

The Longines Master Collection



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.