936 kapital magazin

Page 1

КАПИТАЛ АНАЛИЗА КОЛКУ “ТЕЖАТ“ МАКЕДОНСКИТЕ ДОМАЌИНСТВА?

ПОЛИТИКА ИМА КЛИМА ЗА КОМПРОМИСНО РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ИНОВАТИВНОСТ

КАКО ЕФИКАСНО ДА СОРАБОТУВААТ КОМПАНИИТЕ, НАУКАТА И ДРЖАВАТА?

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

ТОП 10

НАЈГОЛЕМИ СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЗОНИТЕ

НАЈГОЛЕМИТЕ 10 СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ВО ЗОНИТЕ СВРТЕЛЕ

1,8

МИЛИЈАРДИ ЕВРА

INTERVIEW

БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ

КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШТИП

ДОАЃА НОВА СИЛА, НОВА ЕНЕРГИЈА ВО ШТИП, А СТАРИТЕ КАДРИ НА ВМРО-ДПМНЕ ОДАТ ВО ИСТОРИЈАТА БРОЈ 936 | ЦЕНА 100 ДЕН. 6 ОКТОМВРИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 19

КАКО ДРЖАВИТЕ ГИ ПОМАГААТ СТАРТАПИТЕ?



3

Капитал број 936 06.10.2017

СОДРЖИНА

04 04 06 08

ВО ФОКУС

Нелегалниот референдум создава главоболки за Европа Можните сценарија за Каталонија

НАВИГАТОР

Градоначалниците не оствариле ниту половина од предвидените капитални проекти

COVER STORY

22 16 22 29

ТОП 10 најголеми странски директни инвестиции во зоните Најголемите 10 странски инвеститори во зоните свртеле 1,8 милијарди евра

38

БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ

38

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ

„Доаѓа нова сила, нова енергија во Штип, а старите кадри на ВМРО-ДПМНЕ одат во историјата“

42

ПОЛИТИКА

46

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

50

ЛИДЕРИ

INTERVIEW

кандидат за градоначалник на Штип:

ЛИЧНИ ФИНАНСИИ

Секој граѓанин во просек има по 3.250 евра во депозити, акции, полиси за животно осигурување...

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ИНОВАТИВНОСТ  Како ефикасно да соработуваат компаниите, науката и државата  10 митови за иновативноста

Бизнисмените бараат ДДВ да плаќаат откако ќе го наплатат сработеното, а не однапред Има клима за компромисно решение за името – пролетната кулминација ќе покаже дали е оправдан општиот оптимизам КАКО ДРЖАВИТЕ ОД ИСТОЧНА ЕВРОПА ГИ ПОМАГААТ СТАРТАПИТЕ? ДРУ ХЈУСТОН

основач и директор на Dropbox

Ни треба повеќе оптимизам и толеранција за неизвесноста

ТОП 10 СТРАНЦИ

СÈ НА КУПЧЕ

ЛОКАЛНИТЕ И ИМЕТО

Десет од најголемите 200 компании што инкасирале најмногу пари лани се странски инвеститори што изградија фабрики во некоја од технолошко индустриските развојни зони. Овие десет странски инвеститори заедно свртеле 1,8 милијарди евра, што е петтина од приходите на сите 200 рангирани компании, покажуваат пресметките на Капитал според податоците од Централниот регистар. Сите десет компании работат во автомобилската индустрија. Од нив, само една компанија бележи намалување на приходите во споредба со годината претходно и тоа е компанија која што минатата година ја затвори својата фабрика во земјава.

Македонските домаќинства на крајот од минатата година располагале со финансиска актива вредна 6,5 милијарди евра, покажува Извештајот за финансиска стабилност што го изработува Народната банка на Р. Македонија - НБРМ. Толку е вкупната вредност на сè што македонските граѓани поседувале од финансиски карактер или кога ќе се соберат на купче тоа се парите што ги чуваат во банка, акциите, средствата во приватните пензиски фондови, полисите за животно осигурување, готовите пари во оптек, средствата во отворените инвестициски фондови и државните хартии од вредност.

Завршувањето, односно резултатот од локалните избори се чека за да се види чиј „референдум“ ќе успее – оној со кој СДСМ бара Македонија да избере по кој пат сака да оди, односно - дали сака да продолжат промените или е за враќање на ерата на Груевски; која, пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ би сакал одново да ја воспостави по изборите на 15 октомври. Од резултатот на локалните избори, секако, ќе зависи и другата (поврзана) причина поради која се чека да завршат, односно можноста по нив да почне конкретен процес на отстранување на големата пречка за евроатланските интеграции што не зависи само од Македонија – спорот за името, со Грција.

 Стр. 8

 Стр.22

 Стр. 42

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 04.10.2017


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

4

ВО ФОКУС

НЕЛЕГАЛНИОТ РЕФЕРЕНДУМ СОЗДАВА ГЛАВОБОЛКИ ЗА ЕВРОПА

МОЖНИТЕ СЦЕНАРИЈА ЗА КАТАЛОНИЈА

П

По нередите и конфликтите за време на незаконскиот референдум на Каталонија, шпанскиот крал Филип IV во своето обраќање до нацијата порача дека ситуацијата во Каталонија е многу сериозна. “Одлуките на властите во Каталонија покажуваат недопустливо отсуство на лојалност кон државата и ја нарушуваат

демократијата и ја загрозуваат социјалната и економската стабилност на регионот и на цела Шпанија”, изјави шпанскиот крал. Тој нагласува дека каталонските власти со незаконскиот референдум се обиделе да го скршат единството и националниот суверенитет на Шпанија. Лидерот Каталонија, Карлес Пуџемон, пак, во своето интервју за BBC останува на својот став дека Каталонија до крајот на неделава ќе прогласи еднострана независност од Шпанија. Околу 700 илјади луѓе по референдумот излегоа на улиците на Барселона за да протестираат проти полициската бруталност за време не забранетиот референдум за независност на

Каталонија. И додека Каталонците ја повикуваат ЕУ да интервенира во се пожестокиот конфликт помеѓу сепаратистичките каталонски лидери и официјален Мадрид, европскиот став има разочарувачки пораки за оние кои сакаат да ја отцепат Каталонија од Шпанија.

ЕК: Референдумот во Каталонија е незаконски – проблемот е внатрешно прашање на Шпанија

Европската комисија ја повтори својата позната теза за процесот во шпанската автономна област Каталонија, и по сцени со насилство во кое беше вмешана полицијата, на гласањето за

ЕУ: ВО СЛУЧАЈ НА ЕДНОСТРАНА НЕЗАВИСНОСТ КАТА


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

5 И додека Каталонците ја повикуваат ЕУ да интервенира во се пожестокиот конфликт помеѓу сепаратистичките каталонски лидери и официјален Мадрид, европскиот став има разочарувачки пораки за оние кои сакаат да ја отцепат Каталонија од Шпанија. Европа се изјасни дека референдумот во Каталонија е незаконски и во случај на еднострано прогласување на независност од Шпанија, регионот ќе остане надвор од европската економска и финансиска унија. независност. “Референдумот е во противречност со Уставот на Шпанија и конфликтот со властите во Барселона е внатрешнополитички проблем на шпанската држава”, е официјалниот став на ЕК. Европа е многу јасна околу својата позиција за овој конфликт. Ако референдумот беше организиран согласно шпанскиот Устав, тоа би значело дека територијата што се отцепува ќе остане надвор од Европската унија. Шпанија, која референдумот го прогласи за нелегален, уверува дека ќе направи се за да го одржи единството на земјата и да ја задржи Каталонија со нејзините 7,5 милиони жители. Кои би можеле да бидат сценаријата и како би можел да се развива овој конфликт?

Прогласување независност?!

Каталонскиот претседател Пуџерон тврди дека според каталонските закони со победа со повеќе од 50% од гласовите “за” следува донесување на декларација за независност во рок од 48 часови од гласањето. Шпанскиот Уставен суд го има суспендирано овој закон, но Пуџемон и неговата влада овој потег го игнорираат. Декларацијата за независност според ова сценарио би можела да биде донесена уште во четврток на седница на каталонскиот парламент.

Дали Каталонија би била призната како независна држава?

Засега ниту една држава, ниту меѓународно тело нема изразено било каква поддршка за каталонската независност, па е многу веројатно дека декларацијата за независност би била одбиена. Европската унија цврсто стои зад шпанскиот премиер Рахој, давајќи јасно до знаење дека Каталонија во случај на прогласување на еднострана независност би била исфрлена надвор од економската и монетарната заедница. Ова сценарио тешко дека Каталонија економски ќе го преживаа, и покај тоа што е еден од најбогатите региони на Шпанија. Каталонија има годишен БДП од околу 215 милијарди евра, најголем од сите шпански региони, а поголем и од многу други европски држави. Но, исто така многу од нивните добра сега ги обезбедува Шпанија.

Кои промени може веднаш да се очекуваат?

Освен отстранувањето на шпанското знаме од официјалните објекти, тешко може да се каже што уште би можеле да сторат каталонските власти. Се смета дека донесувањето на декларацијата за независност би било симболично. Каталонија нема безбедносни сили доволни да воспостави граници, а клучните подрачја, како даноците, надворешните работи, одбраната, пристаништата, аеродромите и железницата се во рацете на шпанската

Влада во Мадрид. Исто така, Шпанија неодамна презеде буквално целосна контрола над трошоците на Каталонија.

Кои се опциите на Шпанија?

Шпанија има две главни опции, а и двете се болни, укажува Вашингтон пост. Членот 155 од Уставот на државата и овозможува на Владата да ја суспендира, целосно или делумно, владата на кој и да е регион, доколку таа (регионалната влада) одбие да ги извршува своите уставни обврски или ги нападне генералните интереси на Шпанија. Каталонија прво би била предупредена, а доколку не послуша, би се одлучувало за натамошни мерки што би му биле проследени на шпанскиот Сенат на одобрување, што е едноставен чекор за шпанскиот премиер Маријано Рахој, чија партија има мнозинство. Шпанија, исто така, би можела да воспостави контрола над полицијата во регионот. Во случај на потреба, шпанската полиција би можело да ги наметне овие мерки. Другите, поекстремни алтернативи, би биле прогласување на вонредна состојба, ако се смета дека е нападнат шпанскиот суверенитет, до што би можело да доведе донесувањето на декларацијата за независност. Тоа ви можело да овозможи суспензија на граѓанските права и наметнување на воена управа. Тоа би било предмет на дебата и би барало одобрување од долниот дом на Парламентот, што за Рахој е потежок случај, биде таму нема мнозинство. Ниту една опција нема да се случи преку ноќ. nnn

ТАЛОНИЈА ОСТАНУВА НАДВОР ОД ЕУ


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА

МИРАНА ГО ПРЕЗЕДЕ БИО КО

Многу е важно да се утврди одговорноста за нелегалното прислушување и за наводните владини злоупотреби во врска со прислушувањето.

1,7

милијарди евра изнесуваат вкупните приватни инвестиции во основни средства минатата година во Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика

ХОЈТ ЈИ

заменик-помошникот државен секретар на САД

М

акедонската прехранбена индустрија бележи прво поголемо преземање во последно време откако брендот Мирана донесе одлука да го презеде брендот Био Космос. “Македонската реномирана компанија за прехранбени производи Мирана е нов сопственик на Био Kосмос. Во следниот период, Био Kосмос, како компанија – ќерка на Мирана ќе ја продолжи и надгради успешната приказна преку проширување на асортиманот на производи, воведување нови

ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НЕ ОСТВА ПОЛОВИНА ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ

Г

Градоначалниците на сите 80 општини и Град Скопје во последните четири години не оствариле ниту половина од планираните капитални проекти, покажува истражувањето на БИРН на сите буџети и завршни сметки од 2013 до 2016 година. Базата на податоци „Општините под лупа“ што ја објави БИРН, покажа дека во овој период, локалните власти предвиделе изградба на капитални проекти во вредност

од 762,6 милиони евра, меѓутоа, завршните сметки покажаа дека инвестирале вкупно 356,4 милиони евра, што е само 46,7% од планираните објекти. Останатите 53,3% од планираните инвестиции во градежни објекти, како што се улици, патишта, водоводи, канализации,училишта, болници, паркови и други капитални проекти, останаа погазени ветувања на политичарите испишани во изборните програми и годишните буџети. Истражувањето покажа дека по одделни општини, најмногу пари за капитални инвестиции во инфраструктура во буџетите за четири години планирале Град Скопје и тоа 127,6 милиони евра, Карпош 70,6

милиони евра, Центар 40,5 милиони евра, Чаир 30,2 милиони евра, Аеродром со 25,6 милиони евра. Ако се анализира оствареното од завршните сметки, произлегува дека најмногу пари во инфраструктура инвестирале Град Скопје со 73,5 милиони евра, Центар 22,6 милиони евра, Битола 14,2 милиони евра, Карпош 12,8 милиони евра и Струмица 12,1 милиони евра. Меѓутоа, логично е дека поголемите општини имаат поголеми буџети и според тоа повеќе пари инвестирани во изградба на капитални објекти, па така најрелевантен показател за продуктивноста на потрошените пари е сумата на капитални инвестиции по жител.


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

7

ОСМОС стандарди и свежина во самата компанија, подобрување на дистрибутивната мрежа, следење и водење на трендот на здрава, природна и органска храна”, соопштуваат од Био Космос. Мирана е формирана во 1999 година и нуди голем асортиман на прехранбени производи како маргарини, сосови и мајонези. Био Космос, пак досега се истакна со понудата на здрава храна како мусли, снегулки, тестенини, органски брашна, макробиотика и многу други производи.

мисла на неделата

> БРОЈКА

Ако не веруваме во слободата на изразување и на луѓето кои ги презираме, тогаш воопшто не веруваме во слобода на изразување.

622

Ноам Чомски

американски лингвист

АРИЛЕ НИТУ Е КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ Локалните власти во последниот четири годишен мандат предвиделе изградба на капитални проекти во вредност од 762,6 милиони евра, меѓутоа, завршните сметки покажаа дека инвестирале вкупно 356,4 милиони евра, што е само 46,7% од планираните објекти. Најмногу капитални инвестиции по жител имале општините Новаци и тоа 1.170 евра по жител, Македонска Каменица со 673,4 евра, Петровец 564 евра, а најмалку во Арачиново со 24,7 евра по жител, Врапчиште 39,2 евра, Сарај 39,6 евра. Ако се гледа соодносот планирано – остварено, реализацијата на капиталните инвестиции во инфраструктура е најдобра во општина Охрид и тоа 86,2%, Росоман 78,6%, Кочани 76,9%, Делчево 76,6%, Кратово 76%, а најмалку од планираните инвестиции се реализирале во Старо Нагоричане и тоа само 13,4%, Македонски Брод 17,7%, Карпош 18,1%, Пехчево 18,6% и Демир Капија 24,3%. Збирот на сите расходи од завршните сметки на буџетите на општините покажува дека за четири години, на локално ниво, локалните власти потрошиле вкупно 1,87 милијарди евра, но само 356,4 милиони евра за изградба на капитални објекти што е 19% од сите потрошени пари. По одделни општини, уделот на капиталните инвестиции во вкупните буџети што покажува која општина колку продуктивно ги трошела парите на граѓаните, е најголем во Пласница и тоа, 47,8%, Петровец 45,7%, Новаци 43,6%, Центар 38,6%, Македонска Каменица 37,7%. Најмалку продуктивно, пак, парите ги трошеле општините Арачиново со 5,5% удел на инвестициите во инфраструктура, во

вкупно потрошените пари, Струга со 6,7%, Тетово со 7,4%. БИРН анализира дека приоритет во речиси сите програми на градоначалниците им се давало на изградбата на инфраструктурата, односно градење на улици и патишта, болници, водовод, канализација, гасификација, училишта и градинки, спортски игралишта, базени, но и плоштади, паркови, културни домови. Во кулминацијата на кампањата, без да се води сметка дали тоа може тоа се оствари или не, се ветувале и проекти како зоолошки градини, филмски градови, трамваи, големи деловно - трговски центри, луна паркови па и фабрики и нови работни места, и со нив кандидатите за градоначалници ловеле гласови, сметајќи на краткото памтење на народот или теоријата дека се што е кажано брзо се заборава. Четири години подоцна, оценувајќи го реализираното наспроти ветеното, БИРН констатира дека најкрупните проекти од предизборните програми на локалните власти ги нема во постизборната реалност. Нереализирани останале најголем дел од објектите во здравството, како болници и поликлиники, гасификацијата која што беше ветена во неколку поголеми градови, повеќе индустриски зони кои што до денес се полјани без никаква инфраструктура.



милиони евра според Државниот завод за статистика изнесуваат државните инвестиции минатата година

лидери

ЏОН КРАФЧИК

Од Waymo (на Google) најавија лансирање сервис со автономни возила веќе годинaва

ИЛОН МАСК

најави нов подвиг - ќе се обиде првите ракети да отпатуваат на Марс веќе во 2022

не им беше неделата

ВЛАДИМИР ПУТИН

по трет пат годинава со затвор го „решава“ најголемиот политички противник, Навални

МАРИЈАНО РАХОЈ

полициското насилство не смееше да биде решение против каталонскиот референдум


COVER STORY 8 COVER STORY Капитал број 936 06.10.2017

www.kapital.mk

ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ СТРАН ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ

НАЈГОЛЕМИТЕ 1 ИНВЕСТИТОРИ В СВРТЕЛЕ 1,8 МИ Десет од најголемите 200 компании што инкасирале најмногу пари лани се странски инвеститори што изградија фабрики во некоја од технолошко индустриските развојни зони. Овие десет странски инвеститори заедно свртеле 1,8 милијарди евра, што е петтина од приходите на сите 200 рангирани компании, покажуваат пресметките на Капитал според податоците од Централниот регистар. Сите десет компании работат во автомобилската индустрија. Од нив, само една компанија бележи намалување на приходите во споредба со годината претходно и тоа е компанија која што минатата година ја затвори својата фабрика во земјава. Вкупниот нето финансиски резултат на овие десет компании е профит од 137,5 милиони евра бидејќи осум од нив искажаа добивка од работењето во 2016 година а само две оствариле загуба. Десетте најголеми странски инвеститори во зоните до крајот на минатата година вработувале вкупно 13.252 луѓе.


www.kapital.mk

НСКИ И ВО ЗОНИТЕ

Капитал број 936 06.10.2017

9

10 СТРАНСКИ ВО ЗОНИТЕ ИЛИЈАРДИ ЕВРА


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

10

COVER STORY Приходи

Годишна

Град

Индустрија

2016 (евра)

промена (%)

1 ЏОНСОН МЕТИ

Скопје

Автомобилски делови

1.345.210.776

11,90%

2 ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА

Скопје

Автомобилски делови

128.983.686

35,20%

3 КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА

Битола

Автомобилски делови

106.715.259

33,90%

4 ДММ ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ

Кавадарци

Автомобилски делови

54.905.624

8,50%

5 АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ

Кочани

Автомобилски делови

46.868.756

107,80%

6 ВИСТЕОН ЕЛЕКТРОНИКС (во ликвидација)

Скопје

Автомобилски делови

35.523.318

-47,50%

7 АДИЕНТ СЕАТИНГ

Штип

Автомобилски делови

19.289.672

17,80%

8 МАРКАРТ МАКЕДОНИЈА

Велес

Автомобилски делови

16.036.386

218,00%

9 КИ СЕЈФТИ СИСТЕМС МАКЕДОНИЈА

Кичево

Автомобилски делови

15.354.969

449,80%

10 КЕМЕТ ЕЛЕКТРОНИКС МАКЕДОНИЈА

Скопје

Автомобилски делови

15.048.894

18,10%

Компанија

пишува:

Д

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Десет од најголемите 200 компании што инкасирале најмногу пари лани се странски инвеститори што изградија фабрики во некоја од технолошко индустриските развојни зони. Овие десет странски инвеститори заедно свртеле 1,8 милијарди евра, што е петтина од приходите на сите 200 рангирани компании, покажуваат пресметките на Капитал според податоците од Централниот регистар. Сите десет компании работат во автомобилската индустрија. Од нив, само една компанија бележи намалување на приходите во споредба со годината претходно и тоа е компанија која што минатата година ја затвори својата фабрика во земјава. Вкупниот нето финансиски резултат на овие десет компании е профит од 137,5 милиони евра бидејќи осум од нив искажаа добивка од работењето во 2016 година а само две оствариле загуба. Десетте најголеми странски инвеститори во зоните до крајот на минатата година вработувале вкупно 13.252 луѓе, што е зголемување на бројот на вработени за 1.120 работници на годишна основа. Седум компании вработиле повеќе луѓе во 2016 година, две го намалиле бројот на вработени, а кај една останал непроменет.

Џонсон Мети е најголема компанија во Македонија

Со вкупни приходи од 1,34 милијарди евра, британската компанија Џонсон

Мети е најголема во земјава и веќе неколку години е неприкосновен лидер на оваа ранг листа. Компанијата лани дополнително ги зголемила приходите за 11,9% на годишно ниво. Со тоа Џонсон Мети е и најпрофитабилна компанија со добивка од 121,3 милиони евра, која што е зголемена за третина. Профитната маржа на компанијата лани изнесува 9% а профитабилноста мерена преку стапката на поврат на капиталот (РОЕ) е 22,5%. Вкупниот број на вработени во Џонсон Мети лани изнесувал 675 луѓе што е зголемување за 62 работни места. Втора на листата е белгиската компанија за производство на автобуси, Ван Хоол со приходи од речиси 129 милиони евра кои што се за третина поголеми отколку во 2015 година. Финансискиот резултат на Ван Хоол е добивка од 8,9 милиони евра, за 36,2% поголема на годишно ниво. Профитната маржа е 6,9% а Ван Хоол е една од компаниите со најголема профитабилност со стапка на поврат на капиталот (РОЕ) од 36,8%. Во компанијата лани биле вработени 672 луѓе. Германската компанија Кромберг и Шуберт од својата фабрика за производство на кабли за автомобили во битолско Жабени, минатата година инкасирала вкупно 106,7 милиони евра што е за третина повеќе отколку во 2015 година. Добивката на компанијата, пак, пораснала за две третини и достигна речиси 2 милиони евра. Профитната маржа изнесува 1,8%, додека пак профитабилноста (РОЕ) 17,4%. Ова е една од компаниите кои што вработуваат најмногу луѓе, со вкупна бројка од 2.792 работници. За една година бројот на вработени пораснал за дури 527 луѓе. Уште една германска компанија меѓу странските инвеститори во зоните, е рангирана на четвртата позиција според големината на приходите, а тоа е Дрекслмајер. Оваа компанија од продажба на кабелски инсталации за автомобили, лани остварила приходи од 54,9 милиони евра што е за 8,5% повеќе на годишно ниво. Добивката,

Нето ф резултат

пак, изнесува 2,4 милиони евра. Она по што се истакнува Дрексламјер е како најголем работодавач во земјава, со вкупен број на вработени од 5.459 луѓе. Сепак, минатата година се забележува намалување на овој број за 271 работници. Американската компанија Амфенол минатата година ги дуплирала приходите на 46,8 милиони евра и со тоа се најде меѓу првите пет најголеми компании меѓу странските инвеститори во зоните. Кога станува збор за крајниот финансиски резултата, Амфенол пријави пет пати поголема добивка лани, од 4,15 милиони евра. Оваа компанија има и најголема стапка на поврат на капиталот (РОЕ) од 81,4%. Бројот на вработени, пак надминува 900 луѓе. Во првите десет странски компании во зоните рангирана е и Вистеон Електроникс која што лани ја затвори фабриката, но сепак додека работеше инкасираше 35,5 милиони евра или 47,5% помалку отколку во 2015 година. Добивката на компанијата е само околу 330 илјади евра, а бројот на вработени за една година се преполовил, на 120 луѓе. Компанијата Адиент Сеатинг, попозната како поранешен Џонсон Контролс која што отвори фабрика во Штип, минатата година свртела 19,3 милиони евра што е зголемување од 17,8% и направила добивка од околу 980 илјади евра. Во фабриката лани биле вработени 1.746 луѓе. По првата година од работењето, меѓу најголемите десет според приходите влезе и германската компанија Маркарт којашто отвори фабрика во зоната во велешко Караслари. Минатата година оваа компанија инкасирала вкупно 16 милиони евра, но финансискиот резултат е загуба од над 2 милиони евра. Во компанијата лани работеле 240 луѓе. Американската компанија Ки Сејфти Системс којашто во фабриката во зоната во Кичево произведува воздушни перничиња, лани почна со работа и во

ФАКТ: ВО ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ВРАБОТЕНИ 13.252 ЛУЃЕ


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

11

финансиски

Годишна

Профитна

Број на

Годишна помена

2016 (евра)

промена (%)

маржа (%)

РОЕ (%)

вработени 2016

(работни места)

121.298.555

32,70%

9,02%

22,52%

675

62

8.923.375

36,20%

6,92%

36,83%

672

4

1.946.307 2.430.234

66,20%

1,82%

17,42%

2.792

527

3,80%

4,43%

21,11%

5.459

-271

4.149.119

506,90%

8,85%

81,37%

903

388

329.075

/

0,93%

3,65%

120

-107

983.293

-16,90%

5,10%

7,05%

1.746

-27

-2.121.707

/

-30,50%

-38,40%

240

136

-990.148

-55,40%

-6,45%

-35,48%

387

304

592.385

23,50%

3,94%

2,87%

258

0

првата година инкасирала 15,3 милиони евра. Сепак, крајниот финансиски резултат е загуба од речиси милион евра. Во компанијата работеле 387 луѓе. Најголемите десет странски инвеститори во зоните според големината на нивните приходи, ги заокружува американската Кемет Електроникс. Приходите на компанијата лани изнесуваат нешто повеќе од 15 милиони евра и се зголемени за 18% на годишно ниво, додека пак добивката е околу 590 илјади

евра. Бројот на вработени во оваа компанија останал непроменет и во 2016 година изнесува 258. Интересно е што девет од десетте најголеми странски инвестиции во зоните, добиле државна помош.

Кој колку државна помош добил Во последните десет години, вкупната сума потрошена за привлекување на странски инвестиции достигнала 225 милиони евра, од кои околу 26 милиони

евра биле кеш грантови за фирмите како државна помош и околу 69 милиони евра по основ на даночни и царински ослободувања. По одделни компании, како што објави БИРН, најголема сума на државна помош од 3,4 милиони евра била впишана во договорот со американската компанија Гентерм. Потоа, следуваат Ки Сејфти Системс со доделена државна помош од речиси 3 милиони евра, а на три компании им била одобрена државна помош од околу 2,5 милиони евра, и тоа Адиент Аутомотиве, Делфи Електроник Системс и Ван Хоол за втората фабрика. Договорите за државна помош што ги анализираше БИРН, чии потписник е Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, откриваат дека во последните две години, на 12 компании им биле одобрени кеш грантови за изградба на фабриките од половина милион евра, колку што е и максималниот лимит, освен на една компанија на којашто и се одобрени 300 илјади евра. Вкупната државна помош по овој основ изнесува 6,3 милиони евра. Оваа директна поддршка за изградбата на фабриките во договорите е условена со минимални инвестиции на

ЗАРАБОТИ И КОГА ТРОШИШ СО КРЕДИТНИТЕ КАРТИЧКИ • 1% рефундирање од износот на секое купување над 300 мкд • БЕЗ ограничување на трговците • БЕЗ ограничување на локацијата на продажните места • БЕЗ ограничување на производите • БЕЗ максимален износ за плаќање

НА

CASH

• БЕЗ лимит на износот кој Ви го враќаме на располагање • Средствата се враќаат на Ваша трансакциска сметка 10 дена по изминување на месечниот циклус • Вратените средства може да ги користите кога, каде и за што ќе посакате

ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД ДО 31.12.2017

BACK Инфо центар: 02 3 111 111 www.unibank.mk


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

12

COVER STORY

секоја компанија, коишто се движат од половина милион евра па до 15 милиони евра, што е неколкукратно помалку од сумите што ги објавуваа во јавноста при поставувањето на камен темелниците. Но освен за градењето на фабриките, одобрена е и државна помош за секое отворено работно место којашто се движи од 1.000 евра до најмногу 7.000 евра во одделни компании. За отворање на вкупно 6.252 нови работни места, вкупната помош достигнува 13,4 милиони евра. По одделни компании, во договорите најголема бројка на работни места впишала Гентерм, од вкупно 1.935 работници, а неколку компании се обврзале да отворат само стотина работни позиции. Пресметките на БИРН покажаа дека само половина од одобрената државна помош за овие компании е досега искористена, бидејќи овие договори се склучени во текот на 2015 и 2016 година и предвидуваат постепено користење на помошта како што ќе ги исполнуваат предвидените обврски за вработувања и вредноста на инвестицијата. Пет од овие компании кои што на хартија имаат добиено народни пари како стимулација за инвестицијата, според нашите информации, се уште не ги исполниле договорените лимити и засега не искористиле ниту денар од доделената државна помош. Меѓутоа, новата власт јавно се обврза дека во целост ќе ги исполни сите обврски кон сите странски инвеститори.

Странците работат три пати подобро од домашните фирми

Анализата на финансиските извештаи на сите 19 компании што отворија фабрики во технолошко индустриските развојни зони покажа дека минатата година ги зголемиле приходите од продажба за 18,6%, додека пак растот на продажбата кај сите останати 53.446 фирми во земјава изнесува 5,5% на годишно ниво. Ако се споредува добивката што ја оствариле извозните компании, таа е зголемена за дури 38,9%, додека пак сите останати компании пријавиле добивка што е 12,1% поголема отколку во 2015 година. Профитабилноста мерена преку индексот РОА (поврат на средствата) кај странските извозни компании изнесува 13,5%, додека во остатокот од бизнис секторот е измерена профитабилност од 3,3%. „Новите извозно ориентирани капацитети забележаа подинамичен годишен раст во 2016 година во споредба со растот на домашниот корпоративен сектор во целина, но и со растот на остатокот од корпоративниот сектор без овие нови капацитети. Споредбата на показателите за работењето на новите извозно ориентирани производствени капацитети со показателите на останатите субјекти од корпоративниот сектор покажува дека ваквите субјекти бележат подобри остварувања во секој аспект од нивното деловно работење“, пишува во

Извештајот на Народната банка. Показателите кои што покажуваат каква е ликвидноста во бизнис секторот покажуваат дека овој проблем е далеку поизразен во домашните фирми споредено со странските инвестиции што работат во индустриските зони. Коефициентот за тековна ликвидност кој што би требало да изнесува 2, според податоците од Извештајот за финансиската стабилност за 2016 година, кај извозните компании ја надминува оваа граница и изнесува 2,1. Во сите останати фирми, измерена е коефициент на ликвидност од само 1,2. Коефициентот на моментална ликвидност, пак, кој што треба да биде 1, минатата година кај странските извозни компании изнесува 1,5, додека пак кај останатите фирми од бизнис секторот под минималната граница и изнесува само 0,9. Висината на овие коефициенти јасно покажува дека најголемиот проблем на домашниот корпоративен сектор е одржување задоволителна ликвидност, додека пак странските компании што работат во зоните го немаат овој проблем. Во минатите неколку години, извозните компании што отворија фабрики во технолошко индустриските развојни зони, го предводеа растот на извозот и со тоа и значителен дел од растот на бруто домашниот производ. За илустрација, во минатите четири години, најголем придонес во годишниот

ФАКТ: ДЕСЕТТЕ НАЈГОЛЕМИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ СО ДОБИВКА ОД 137,5 МИЛИОНИ ЕВРА



www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

14

COVER STORY

раст на извозот од Македонија имаше извозот на машини и транспортни уреди, што во најголем дел се должи на работењето токму на овие нови производствени капацитети. Иако станува збор за само 19 компании од вкупно 53.446 субјекти од корпоративниот сектор со доставени годишни сметки, учеството на овие претпријатија во вкупните средства на крајот од 2016 година изнесува 4,5%, во приходите од продажба е 9,7%, а во добивката по оданочување е 15,3%. Некои од овие субјекти се дел од меѓународно активни компании, што од своја страна најверојатно значи поголем квалитет во нивното управување, подобра организација во работењето и полесен пристап до пазари за продажба на производите, и следствено, помал оперативен ризик во нивното работење.

Новата влада со нов модел за инвестиции

Она што се покажува и со новите мерки од Планот за економски раст е дека новата Влада нема проблем со привлекување на странските директни инвестиции и со субвенциите кои тие ги добиваат за отворање на работни места и во вид на ослободување од даноци. И во новиот План за економски раст е јасно и транспарентно пропишано како и колку државна поддршка ќе добиваат странските инвеститори. Финансиската поддршка за секое новоотворено работно место која ќе ја добиваат странските инвеститори ќе

биде подеднаква како и поддршката која ќе можат да ја добијат домашните компании. Ако инвеститорот дава плати пониски од 18 илјади денари, нема да има право да аплицира за државна поддршка за новоотворено работно место, но ќе може да аплицира за некој друг вид на поддршка, на пример за извоз, за остварена соработка со домашните компании... Мерката која ќе важи само за странските инвестиции, ќе опфаќа финансиска поддршка за нивната воспоставена деловна соработка со домашните компании. На пример, ако странскиот инвеститор набави 10% од инпутите и суровините за производство над просекот за последните три години, ќе може да добие финансиска поддршка од 1% од набавките. За секои дополнителни 10% набавени суровини од домашните фирми, финансиската поддршка ќе се зголемува за 2% од вредноста на набавките. “Ако некој странски инвеститор имал набавки од просечно 100 милиони евра, ако набави 10% од домашни компании, ќе добие 1% субвенција на тие 100 милиони евра”, објасни вицепремиерот Кочо Анѓушев. Сегашните податоци покажуваат дека помалку од 1% од вкупните набавки на странските инвестиции се направени од домашните компании, што индиректно покажува дека овој систем на привлекување на странски инвестиции

кои немаат никаква врска со домашната економија не е одржлив на долг рок. Оттука, експертите велат дека е вистински погодок што мерките за поддршка на Владата се директно врзани со поголема соработка на странските инвеститори со домашните компании. Уште еден интересен податок од Планот е дека за привлекување на големи инвеститори, односно компании кои имаат вкупен приход од над 1 милијарда долари годишно, ќе се креираат и дополнителни стимулации согласно Законот за државна помош. Она што треба да се истакне е дека веќе потпишаните договори со странските компании и државната поддршка која е во нив предвидена ќе остане иста, односно нема да се оди кон раскинување на договорите. Тоа е добро за имиџот на Македонија како инвестициска дестинација, но и за имиџот на компаниите кои веќе одлучиле да инвестираат. Но, она што го проблематизира власта се парите што биле давани на странските компании без критериуми и надвор од предвиденото со закон и нетранспарентноста на доделувањето на државните пари, како и трошењето на државни пари за целата програма за привлекување на странски инвестиции, патувања, роуд шоуа и слично, кои се во далеку поголем износ од субвенциите и ослободувањата кои ги користеле странските инвеститори.

nnn



Капитал број 936 06.10.2017

16

www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

Вака, како што е сега, не треба да изгледа центарот на источна Македонија. Јас го замислувам Штип како модерен, урбан град, кој брзо се прилагодува на општествените промени. Град на еднакви, слободни граѓани; град во кој младите ќе се пронајдат себе си.


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

17

INTERVIEW

БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШТИП

„ДОАЃА НОВА СИЛА, НОВА ЕНЕРГИЈА ВО ШТИП, А СТАРИТЕ КАДРИ НА ВМРО-ДПМНЕ ОДАТ ВО ИСТОРИЈАТА“ разговарал:

Т

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

„Токму одовде денеска тргнуваме по патот на победата, и на 15-ти октомври, на градскиот плоштад, сите заедно ќе прославиме уверлива победа уште во првиот круг!“, изјави кандидатот за градоначалник на Штип, Благој Бочварски, по конвенцијата за негова промоција, како и на кандидатите за советници од СДСМ, што во саботата (30.09) се одржа во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Неспорно, дополнителна инспирација за ваквата изјава му даде и преполната сала во Домот на културата, во која за заинтересираните недостигаа столчиња, па многумина простум ја проследија промоцијата. На лицето на младиот и енергичен архитект по професија, Благој

проект за градот. Недомаќинското Бочварски, ниту на конвенцијата, работење кое излегува на виделина, ниту во разговорот со нас, додека бројните импровизации го интервјуиравме во градот кои се гледаат како кандидат за секојдневно после градоначалник на Штип, петнаесет минутен дожд. не успеавме да видиме Ќе наследам проблем каква и да е сенка од Гасификацијата на со сообраќајниот хаос сомнеж во победата на во градот, немање претстојните локални градот е клучна на комуникација со избори. за намалувањето граѓаните, затвореност Дека нема дилеми околу на трошоците за на општината. Се борам тоа со што треба да се греење пред сè, а и ќе воведам систем на зафати општинската со тоа и за враќање вистински вредности, власт во градот итно, па на парите назад кај транспарентност и потоа и на среден и на граѓаните. Секое отчетност. Граѓаните подолг рок, Бочварски мораат да знаат каде покажа со лаконските домаќинство, фирма одговори – без вишок или административен се троши секој денар од буџетот на Општина зборови што ќе ја објект преку Штип. оптоварат поентата – гасификацијата ќе на прашањата од ова u Кои се најитните заштеди од 40 до интервјуто за „Капитал“. приоритети со кои 50% за греење. Ќе се треба да се зафати XАко X победите на намали загадувањето, идниот градоначалник изборите, што ќе ги заштитиме на Штип? ќе наследите од шумите од сеча вашиот претходник? Штип има многу Што најмногу му проблеми, секако дека забележувате? хигиената во градот е многу важна, а во моментот е на Еден од најголемите проблеми за Штип многу ниско ниво; заштита на бунарите е што локалната власт во заминување за вода на градот Штип; во првите не започна ниту еден крупен капитален

БОЧВАРСКИ: НА ШТИП МУ НЕДОСТАСУВААТ КРУПНИ КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ


Капитал број 936 06.10.2017

18

www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

Во првите 100 дена ќе го искристализираме најдоброто решение за сообраќајниот хаос во градот, а потоа ќе се зафатиме со решавање на овој голем проблем. Овде мислам и на решавање на проблемот со паркирањето во централното градско подрачје

100 дена ќе го искристализираме најдоброто решение за сообраќајниот хаос во градот, а потоа ќе се зафатиме со решавање на овој голем проблем. Овде мислам и на решавање на проблемот со паркирањето во централното градско подрачје. Осветлувањето е на многу лошо ниво кое е тековна, но важна работа за безбедноста на граѓаните. Ќе ја намалиме цената на водата за 10%, а секој оној кој ќе селектира отпад ќе плаќа за 10% помалку за смет. А кои се крупните капитални проекти планирани во вашата програма? На Штип му недостасуваат крупни капитални проекти. Приоритет за нас е браната на реката Отиња, која е децениска желба на штипјани. Штип е можеби единствен град кој нема езеро или брана во своја близина. Овој проект ќе придонесе за намалување на летните температури. Гасификацијата на градот е клучна за намалувањето на трошоците за греење пред сè, а со тоа и за враќање на парите назад кај граѓаните. Секое домаќинство, фирма или административен објект преку гасификацијата ќе заштеди од 40 до 50% за греење. Ќе се намали загадувањето, ќе ги заштитиме шумите од сеча и.т.н. Спортско рекреативен центар Суитлак, со голем аква парк за

БОЧВАРСКИ: БРОЈНИТЕ ИМПРОВИЗАЦИИ ВО ГРАДО


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

19

Спортско рекреативен центар Суитлак, со голем аква парк за забава на најмладите и рекреација за повозрасните Брана на реката Отиња „Штип е можеби единствен град кој нема езеро или брана во своја близина“

забава на најмладите и рекреација носат живот за сите“, а Груевски за повозрасните, со многу други локалните избори ги смета за пропратни содржини, велосипедски референдум на кој „народот ќе патеки, отворен и затворен базен и се искаже за новата визија, на многу други пропратни енергетизираното, содржини. освежено и реорганизирано ВМРОXКаков X е сега градот ДПМНЕ“? Штип, а како изгледа На овие избори во вашата визија? На овие избори граѓаните имаат две Градот бавно се развива, граѓаните имаат опции. Едната е онаа и заостанува, задушен две опции. Едната е која ја враќа Македонија во сообраќај и смет. назад низ слепите Вака не треба да изгледа онаа што ја враќа Македонија назад низ сокаци, на патот на центарот на источна криминалот, корупцијата, слепите сокаци, на Македонија. Јас го патот на криминалот, заплашувањата, замислувам Штип како притисоците, уцените; модерен, урбан град, кој корупцијата, Македонија приватна брзо се прилагодува на заплашувањата земја на една мала општествените промени. приватна држава на група на луѓе; и втората Град на еднакви, мала група на луѓе. опција за една модерна, слободни граѓани; И втората опција напредна Македонија, град во кој младите ќе Македонија со за една напредна се пронајдат себе си. повисоки плати, пензии, Македонија, со Преку изработка на навремени субвенции, повисоки плати, нов развоен Генерален инфраструктура, урбанистички план, ќе пензии, навремени капитални проекти. Овие тргне идниот развој на субвенции, избори се референдум за градот. инфраструктура, или против Македонија. XКолкава X улога капитални проекти Затоа се обединивме на изборите ќе преку дваесет партии одигра општата во борбата за подобар политичка клима – живот за сите граѓани, во борбата Заев повикува „на 15 октомври за Македонија. Убеден сум дека ќе да се заокружат промените што победи СДСМ и нашата коалиција. Во

Македонија ќе има живот, за сите. XКаква X кампања и каков изборен ден очекувате, со оглед на големината на влоговите со кои партиите влегуваат во изборите што се сметаат за клучни за правецот во кој ќе оди државата? Јас сум оптимист дека сепак, остатокот од кампањата, ќе биде фер, коректен - секој со својата понуда да се обиде да добие глас повеќе од граѓаните. Но, еве ќе ги повикам уште еднаш моите опоненти да не им падне на памет да ги заплашуваат и да им се закануваат на моите сограѓани. Институциите на системот ќе реагираат, а секој кој ќе се послужи со каков и да е метод на заплашување на гласачи може да добие казна затвор и до 5 години. Што се однесува до мене и до СДСМ, ние ќе направиме сè за да имаме мирна кампања и мирен изборен ден. Ги повикувам институциите на системот да бидат во заштита на интересите на граѓаните и на нивната слободно изразена волја на денот на изборите. Убеден сум во победа во првиот изборен круг на 15-ти октомври. Доаѓа нова сила, нова енергија во Штип, а старите кадри на ВМРО ДПМНЕ ќе заминат во историјата. Тоа го покажуваат анкетите, тоа го чувствувам секојдневно со поддршката која ја добивам од моите сограѓани. nnn

ОТ СЕ ГЛЕДААТ ПОСЛЕ 15-МИНУТЕН ДОЖД


20 октомври

СПЕЦИЈАЛНА ЕДИЦИЈА

200

НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ “Капитал Медиа Гроуп” ја подготвува традиционалната годишна едиција “КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И 200 НАЈУСПЕШНИ” во Македонија, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во Едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето добивката остварени во 2016 година, но во рангирањата ќе бидат вклучени и повеќе податоци за компаниите како вредноста на активата, вредноста на капиталот и уште многу други показатели и коефициенти за успешноста и ефикасноста во работење. Сите рангирања и показатели, како и секоја година, ќе бидат изработени врз основа на официјални и евидирани податоци обезбедени од годишните сметки на компаниите. Во едицијата ќе бидат рангирани компаниите според повеќе показатели како на пример: 

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМИ ПРИХОДИ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМ ПРОФИТ

КОМПАНИИ КОИ НАЈМНОГУ ВРАБОТУВААТ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМ КАПИТАЛ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМА АКТИВА

КОМПАНИИ КОИ НАЈБРЗО РАСТАТ

Во едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со најголемите и најуспешните компании во клучните индустрии, како и повеќе анализи: 

ШТО НОСИ НОВАТА ЕКОНОМСКА И ПОЛИТИЧКА РЕАЛНОСТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС?

КОМПАНИИТЕ И ИНДУСТРИИТЕ КОИ ЌЕ ГО НОСАТ РАСТОТ СЛЕДНАТА ГОДИНА

КОЈ ГИ “ВРТИ” ПАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА КОМПАНИИТЕ ЗА 2018 ГОДИНА

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ ВО РЕГИОНОТ?

Во рамките на Едицијата во одделни анализи ќе биде анализирано работењето на компаниите од клучните индустрии: 

ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА

ГРАДЕЖНА ИНДУСТРИЈА

ТРГОВИЈА

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

ЕНЕРГЕТИКА, НАФТА И ГАС

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА



www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

22

ЛИЧНИ ФИНАНСИИ

КОЛКУ “ТЕЖАТ“ МАКЕДОНСКИТЕ ДОМАЌИНСТВА

СЕКОЈ ГРАЃАНИН ВО ПРОСЕК ИМА ПО 3.250 ЕВРА ВО ДЕПОЗИТИ, АКЦИИ, ПОЛИСИ ЗА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ...

Финансиската актива на македонското население на крајот од 2016 година изнесувала 6,5 милијарди евра. Повеќе од една половина од тоа, 56%, се депозити на граѓаните во банките и штедилниците, а втори по ред се полисите за животно осигурување, коишто на крајот од минатата година вределе 1,25 милијарди евра. Ова не треба да се меша со тоа колку вредат уплатите на премии за животно осигурување во осигурителните компании, коишто изнесувале околу 20 милиони евра. Следи вредноста на средствата што граѓаните ги имаат во пензиските фондови, а таа е безмалку 800 милиони евра, пред вредноста на акциите од 518 милиони евра. Готови пари во оптек минатата година од страна на физичките лица имало во износ од 320 милиони евра. пишува:

Игор Петровски

M

igor.petrovski@kapital.mk

Македонските домаќинства на крајот од минатата година располагале со финансиска актива вредна 6,5

милијарди евра, покажува Извештајот за финансиска стабилност што го изработува Народната банка на Р. Македонија - НБРМ. Толку е вкупната вредност на сè што македонските граѓани поседувале од финансиски карактер или кога ќе се соберат на купче тоа се парите што ги чуваат во банка, акциите, средствата во приватните пензиски фондови, полисите за животно осигурување, готовите пари во оптек, средствата во отворените инвестициски фондови и

државните хартии од вредност. Ако се земе предвид бројката од два милиони жители според последниот официјален попис, тоа се околу 3.250 евра по глава на жител финансиски имот во земјава. Се разбира, во оваа сума не влегуваат парите што македонските домаќинства ги чуваат “под перница“. Од овие 6,5 милијарди евра, повеќе од половина, или 56% се депозити на домаќинствата во банките и штедилниците. На второ место според вредноста, верувале или не, се полисите

ПОБАВЕН РАСТ: ФИНАНСИСКАТА АКТИВА НА ДОМАЌИНСТВАТА ВО 2


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

23 ФИНАНСИСКА АКТИВА НА ДОМАЌИНСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА (состојба на 31.12.2016, во милиони евра) Депозити во банки

1.254,4 19%

320,9 5%

797,5 12%

Акции

3.608,5 56%

518,4 8%

Средства во пензиски фондови

Готови пари во оптек Полиси за животно осигурување

Извор: НБРМ

за животно осигурување, коишто на крајот од 2016-та “тежеле“ 1,25 милијарди евра. Ова не треба да се меша со износот на брутополисираната премија во компаниите за животно осигурување, која што на крајот од минатата година, според податоците на Агенцијата за супервизија на осигурувањето – АСО, изнесувала околу 20 милиони евра. Затоа, кога ќе се каже дека пазарот за животно осигурување стигнал до вредност од 20 милиони евра, се мисли токму на вредноста на премиите што граѓаните ги уплаќаат за своите полиси. Вложувањата на домаќинствата во полиси за животно осигурување се најбрзорастечката компонента на финансиската актива, чијашто апсолутна промена е повисока од промената на депозитите на домаќинствата, забележуваат аналитичарите на НБРМ. На трето место според вредноста во вкупната финансиска актива се средствата што граѓаните ги имаат во пензиските фондови, а тоа се безмалку 800 милиони евра, пред вредноста на акциите од 518 милиони евра. Готови пари во оптек минатата година од страна на физичките лица имало во износ од 320 милиони евра.

Најголем раст кај полисите за животно осигурување и уделите во приватните пензиски фондови Инаку, во целост, финансиската актива на секторот „домаќинства“ во 2016 година растела забавено, со стапка на раст која е пониска и од кризните 2008 2009 година. “Во услови на солидни остварувања на домашната економија, наспроти неизвесноста предизвикана од внатрешнополитичката ситуација и

шпекулативните притисоци, учеството на финансиската актива во БДП се намали за првпат во поскризниот период и се сведе на 66,0%. Најголем дел од растот на финансиската актива беше определен од вложувањата на домаќинствата во полиси за животно осигурување (41,0%) и од средствата во приватните пензиски фондови (37,3%). Придонесот на депозитите на домаќинствата се намалува веќе втора година, главно поради дестабилизација на нивните очекувања на поради внатрешно политичките превирања и ниските каматни стапки, но и поради зголеменото значење на останатите компоненти на финансиската актива. Вложувањата на домаќинствата во полиси за животно осигурување се најбрзорастечката компонента на финансиската актива, чијашто апсолутна промена е повисока од промената на депозитите на домаќинствата. Сепак растот и кај полисите е помал од претходната година. Вложувањата во акции се намалија, што соодветствува со слабата активност на пазарот на капитал во земјата и покрај позитивните движења регистрирани во 2016 година и зголемените инвестициски алтернативи за домаќинствата со отпочнувањето на работата на платформата СЕЕ линк.“, се вели во извештајот на НБРМ.

Ниските камати ги “бркаат“ граѓаните во други начини на штедење

Стапката на принос на финансиската актива на домаќинствата се зголеми за 1,5 процентни поени како резултат на капиталните добивки остварени од вложувањето во акции, а во помал дел, и од приносот од вложените средства

БРОЈКИ

20,5%

е растот на средствата на граѓаните во приватните пензиски фондови во 2016-та

13,5% е растот на вредноста на полисите за животно осигурување

7,2%

е растот на вредноста на готовите пари во оптек кај домаќинствата

2,6%

е растот на депозитите на домаќинства во банките и штедилниците

-6,6%

е падот на вредноста на акциите на македонските граѓани во акционерските друштва

во задолжителните и доброволните пензиски фондови. И покрај намалувањето на каматните стапки, денарските и девизните депозити и понатаму имаат значајна улога во дефинирањето на приносот на вкупната финансиската актива на крајот на годината. Сепак, во услови на намалени каматни стапки на депозитите, дел од домаќинствата ги пренасочуваат своите средства кон други начини на штедење, како вложувања во доброволни пензиски фондови, полиси за животно осигурување или удели во отворени инвестициски фондови. Анализирано по одделни инструменти, највисока годишна стапка на принос остварија вложувањата во акции, средствата во задолжителните и доброволните пензиски фондови и уделите во отворените инвестициски фондови. Македонските домаќинства штеделе со помала стапка лани, одошто во

2016 ИМАЛА СТАПКА НА РАСТ ПОНИСКА И ОД КРИЗНИТЕ 2008 - 2009


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

24

ЛИЧНИ ФИНАНСИИ

Како НБРМ го мери расположливиот доход на домаќинствата

Расположлив доход, лична потрошувачка и стапка на штедење на домаќинствата

П

оради недостаток на податок за расположливиот доход во официјалната статистика, од 2007 година Народната банка го изработува расположливиот доход на домаќинствата во Македонија, којшто се ажурира на годишна основа. За дел од компонентите на расположливиот доход за кои не постои официјален податок се врши процена, така што вака утврдениот расположлив доход можеби не е сеопфатен и во неговата структура може да отсуствуваат други компоненти. Расположливиот доход претставува разлика на приливите (средства на вработени, доход на индивидуалните производители, социјални трансфери (пензии, социјална помош, помош за невработени, боледувања), приватни трансфери, каматни исплати од банки, приходи од дивиденди, приходи од авторски права, приходи од имот и имотни права, капитална добивка, приходи од добивки од игри на среќа и други награди, приходи од старо девизно штедење и денационализација, каматни исплати од државни записи и надоместоци на вработени во странство) и одливите (каматни исплати, придонеси од плати за пензиски фонд, здравствен фонд и фонд за вработување, одливи врз основа на приватни трансфери и персонален данок на доход) на домаќинствата. Сите компоненти на расположливиот доход се номинални.

Извор: ДЗС и пресметки на НБРМ врз основа на податоците на ДЗС, МФ и ЦДХВ

Принос на финансиската актива на домаќинствата и придонес на одделните компоненти во вкупниот принос

Извор: НБРМ, врз основа на податоците доставени од страна на банките, МФ, МАПАС, КХВ и Македонска берза.

2015, покажува деталниот извештај на НБРМ. Делот од расположливиот доход на населението што останува за

штедење, по намирувањето на личната потрошувачка, ја претставува т.н. стапка на штедење на домаќинствата.

Стапката на штедење во 2016 изнесува 0,8%, и иако опаѓа, трета последователна година има позитивна


вно Промоти до 31 - ви и! декемвр

НЛБ Станбени кредити

Твој дом, твоја слобода! Аплицирајте за НЛБ Станбен кредит до 31.12.2017 година и искористете ги промотивните поволности! • • • • •

Без трошоци за проценка. Без трошоци за одобрување. Пониски каматни стапки и поповолни услови за приматели на плата во Банката. Бескаматен Happy + инстант кредит за опремување на станот. Бесплатна Visa Classic или Mastercard Standard кредитна картичка.

Повеќе информации можете да добиете во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02 / 15 600 или на веб страницата www.nlb.mk

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

26

ЛИЧНИ ФИНАНСИИ

Финансиска актива на домаќинствата(лево) и годишна стапка на промена на одделните компоненти(десно)

Извор: НБРМ врз основа на податоци од банки, штедилници, МФ, МАПАС, ЦДХВ, АСО и КХВ.

вредност, што укажува на тоа дека расположливиот доход е доволен да ја покрие во целост потрошувачката на домаќинствата. “Динамиката на расположливиот доход го определува капацитетот на штедење на домаќинствата, така што намалувањето на стапката на штедење во 2016 година се темели врз побрзиот раст на личната потрошувачка од растот на расположливиот доход. Соодветно, на крајот на 2016 година, забави растот на депозитите на домаќинствата во банките (изнесува 2,6%, наспроти 4,3% во 2015 година).“,велат аналитичарите на НБРМ. Забавувањето на растот на депозитите на домаќинствата продолжува и во 2017 година, поточно, во првите шест месеци износот на овие депозити кај банките е за 1,12% повисок, според податоците на НБРМ.

Поголема потрошувачка на домаќинствата заради поголемата маса на плати и пензии Во 2016 година, расположливиот

доход на домаќинствата го продолжил забавениот тренд од 2015-та и оствари раст од 1,3% или 4, 97 милијарди денари (четирикратно пониска стапка на раст од минатогодишната). Растот на приливите генерално се поврзува со поволните движења на пазарот на труд, пред сè растот на вработеноста и растот на просечната номинална плата за 2,0%. Растот на вкупните приливи забавува поради намалувањето кај доходот на индивидуалните производители и приватните трансфери. Стапката на раст на вкупните приливи е значително пониска во однос на растот на одливите, кој главно произлегува од поголемите придонеси од плати заради зголемениот број вработени лица и од растот на персоналниот данок на доход како резултат на повисоките приходи на домаќинствата. Давачките кон државата зафаќаат најголем дел од вкупните одливи на расположливиот доход.

Во 2016 година потрошувачката на домаќинствата оствари солиден годишен раст од 3,8% и имаше најголем придонес од сите компоненти на домашната потрошувачка во вкупниот раст на БДП. Растот на личната потрошувачка се поврзува со поволните поместувања кај фундаменталните фактори на потрошувачката. Имено, во 2016 година е забележан натамошен раст на масата на плати и масата на пензии, но и на увозот на стоки за широка потрошувачка и трговијата на мало, а солиден раст бележат и потрошувачките кредити. Воедно, пониските потрошувачки цени позитивно се одразуваат врз потрошувачкиот оптимизам на домаќинствата. На засилување на личната потрошувачка упатува и зголемениот потрошувачки оптимизам при поволни очекувања во поглед на невработеноста и финансиската ситуација. nnn



ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ И ИНТЕРЦЕРТ ОРГАНИЗИРАAТ ПЕТДНЕВНА ОБУКА ЗА:

IRCA АКРЕДИТИРАНА ОБУКА ЗА ВОДЕЧКИ ПРОВЕРУВАЧ ПО НОВИОТ СТАНДАРД ISO 9001:2015 l 23 до 27 октомври 2017 (пон. – пет.) l 08:30-17:30 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје

ЦЕЛ НА ОБУКАТА: l Да се објасни новиот пристап и барањата на новиот

стандард ISO 9001:2015 од аспект на водечки проверувач. l Основни принципи на управувањето со квалитет. l Стекнување со потребни компетенции за изведување на проверки согласно ISO 19001:2011. l Како да се искористи теоретското познавање на стандардот во пракса? l Кој може да биде водечки проверувач? l Што сè треба да знае и применува еден водечки проверувач? l Како правилно да се разберат и распознаат барања на стандардот? l и уште многу други прашања.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:

Интерактивна обука која вклучува вежби на реални примери, дискусии и симулација на екстерна проверка. На крајот на обуката ќе се спроведе тестирање и учесниците што успешно ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со IRCA акредитиран сертификат за Водечки Проверувач за стандардот ISO 9001:2015. Сите учесници ќе добијат сертификат за учество издаден од страна на Институт КОНЦЕПТ. Бројот на местата е ограничен и истите брзо се пополнуваат.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевскаl e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ИНОВАТИВНОСТ


Капитал број 936 06.10.2017

30

www.kapital.mk

ИНОВАТИВНОСТ

МАКЕДОНИЈА Е НИСКО НА ЕВРОПСКАТА ИНОВ

КАКО ЕФИКАСНО ДА СОРАБОТУВААТ КОМПА НАУКАТА И ДРЖАВАТА

РЕЦЕПТ: ДРЖАВАТА КРЕИРА УСЛОВИ, А БИЗНИСОТ И НАУКАТА САМИ МО


www.kapital.mk

ВАЦИСКА МАПА

АНИИТЕ,

Капитал број 936 06.10.2017

31 За Македонија добро е што иновациските перформанси растат последниве години, но сè уште се далеку под нивото на просекот на ЕУ за речиси сите индикатори. Владата ќе се обиде преку формирање на нов технолошки парк со бизнис акцелератор да помогне во спојување на клучните играчи на полето на иновацискиот развој: државата, науката и бизнис секторот. пишува:

С

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Само 9% од парите со коишто располага државниот Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР) биле искористени последниве три години, всушност откако почна ФИТР да функционира. Новиот директор на ФИТР, Јован Деспотовски истакна дека повеќе од 8 милиони евра стојат на располагање на иновативните компании. “Не го критикувам капацитетот на фондот, односно претходната гарнитура што раководеше со него, ова е една критика генерално за сите засегнати страни, што не сме се потрудиле тие средства да ги ставиме реално во економијата“, истакна Деспотовски за време на Конференцијата за иновативни ИКТ решенија и трендови одржана на 27 септември во Скопје. Токму предизвикот како ефикасно да соработуваат меѓу себе клучните играчи во сферата на развојот на иновациите – државата, бизнисот и науката, беше предмет на дискусија на Конференцијата организирана од МАСИТ – Македонската комора на ИКТ компании. Фактот што го обелодени Деспотовски, е само една илустрација на тоа дека македонската економија мора да работи уште многу на зголемување на сопствените капацитети за, пред сè препознавање на потребите за иновативни решенија, а потоа за поврзување на сите засегнати страни во развој на самите продукти и услуги, со помош на иновативни технологии и процеси. “Ги покануваме компаниите, не само од ИКТ секторот, активно да учествуваат на повиците на Фондот за иновации и да бидеме партнери во развојот на нивните иновативни решенија. Со цел пак, да поддржиме иницијативите што доаѓаат од помладите компании, стартапите, следната

година ќе формираме технолошки парк во Скопје, којшто ќе функционира заедно со бизнис акцелератор. Иницијативата е на Министерството за информатичко општество, а и ФИТР во својата стратегија има зацртано ваков проект. За почеток е обезбеден капитал во износ од 1,4 до 1,7 милиони евра, а идејата на овој технолошки парк е младите кадри што излегуваат од ИКТ факултетите да најдат место каде ќе добијат ‘коучинг’ и во домен на техничките вештини, и за сопствено развивање на културата на иновативност. Паркот ќе има и канцеларии на големи меѓународни ИКТ компании и домашни етаблирани ИКТ фирми. Главната улога на акцелераторот во рамките на технолошкиот парк е да ги поддржи иновативните идеи на стартапите во развојот кон нивната комерцијализација на пазарот.“, рече Деспотовски.

Државата ќе формира технолошки парк, но потоа тој мора да биде самоодржлив

Идејата за формирање на технолошки парк со акцелератор за стартапи е прифатена со одобрување од бизнис секторот и академската сфера во земјава, каде што досега, за волја на вистината, имало неколку иницијативи за ваков проект, којшто стигнале помалку или повеќе до некоја фаза на развојот, но на крајот, не биле реализирани – причината е најчесто немањето пари, односно изостанала поддршката од државата. “Излезе дека проекти имало, немало пари. Еве, парите ги обезбедивме, ќе бараме учество и од бизнис секторот, онолку колку што тој има интерес, се разбира. Битно е ние да ги обезбедиме условите, но добро би било да не зависи сè и цело време од државата. Паркот треба да е самоодржлив, а како ќе го постигнеме тоа треба да се договориме. Сега треба да ја конципираме содржината , но за тоа повеќе треба да зборуваат самите компании и академската сфера, а не ние како влада. Да, ќе формираме работна група, ќе организираме јавни дебати, но сето тоа не смее да оди во недоглед. Мора да бидеме ефикасни, ако треба ќе ги искористиме претходните искуства, онаму кај што се стигнало до некоја понапредна фаза, па да продолжиме оттаму“, смета министерот за информатичко општество

ОРА ДА ДЕФИНИРААТ ПОТРЕБА И ИСПОРАКА НА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

32

ИНОВАТИВНОСТ

В

Н

ДАМЈАН МАНЧЕВСКИ министер за информатичко општество

ајбитно е да се дефинира потребата за тоа какво истражување и развој треба во технолошкиот парк што допрва ќе го формираме, а тоа треба да дојде од бизнис секторот, компаниите да кажат што конкретно им треба како решение. Тука државата не може да се меша. ИКТ технологии и софтвери се развиваат за некаква потреба, а не заради самите себе. Затоа ни е потребно присуството од реалниот сектор, но не само од ИКТ индустријата, туку секој што има потреба од иновативни решенија.

Дамјан Манчевски. Тој додаде дека многу важен дел од технолошкиот парк ќе биде центарот за истражување и развој, каде што треба да се вклучат факултетите во комбинација со бизнис акцелераторот. “Не само стартапи, замислата е дури и факултетите да аплицираат со истражувачки проекти, а технолошкиот парк ќе им овозможи услови за работа. Покрај опрема, тука ќе им се обезбеди правен консалтинг на младите компании, сметководство, коучинг... Но, најбитно е да се дефинира потребата за тоа какво истражување и развој треба, а тоа треба да дојде од бизнис секторот, компаниите да кажат што конкретно

ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ директор на Фондот за иновации и технолошки развој

им треба како решение. Тука државата не може да се меша. ИКТ технологии и софтвери се развиваат за некаква потреба, а не заради самите себе. Затоа ни е потребно присуството од реалниот сектор, но не само од ИКТ индустријата, кој што има потреба од иновативни решенија.“, објаснува Манчевски.

Пазар на побарувачка и понуда на иновативни решенија

Од бизнис секторот сметаат дека технолошкиот парк треба всушност да креира нов пазар: на побарувачка и понуда на решенија. “Пазар не значи дека некој ќе добие пари за да се занимава со нешто, туку значи

о делот на акцелераторот при технолошкиот парк, парите ќе одат за поддршка на нови иницијативи – дали тие ќе се развијат преку млади стартапи, поискусни компании или заедно, тоа тие ќе се договорат. За веќе етаблираните компании јас вниманието би го насочил повеќе кон 8-те милиони евра неискористени пари од Фондот за иновации, па ги повикувам партнерски да направиме проекти што ќе дадат иновативни продукти и услуги.

конкретно побарување на одредено решение и испорака на таквото решение. Пазарот ќе биде отворен не само за ИКТ индустријата, туку секој ќе може да партиципира со побарувачка и понуда не технолошки решенија. Паркот би бил место каде што ние како бизнис сектор би добиле поддршка на нашата иновативност. Таа поддршка може да се обезбеди и преку образованието, коешто нераскинливо е поврзано со овој тип на технолошки паркови и сл. Би било одлично за професорите, асистентите, студентите, и за сите останати заинтересирани што сакаат својата кариера да ја фокусираат кон иновации“, смета Драган Чепујноски,

Македонија трета одзади на европската скала на иновативност

М

акедонија е скромен иноватор, покажува Европската иновациска матрица (European Innovation Scoreboard – EIS), извештај кој што секоја година ЕУ го изготвува со цел компаративна анализа на иновациските перформанси на нејзините членки, но и на земјите што се надвор од Унијата или се претенденти за членство. Во најновиот извештај од јули минатата година којшто опфаќа анализи заклучно со 2016-та, Македонија се наоѓа на 34-то од 36 анализирани земји, со вкупен индекс на иновациски перформанси 44,2, а после неа се само Романија и Украина. Во групата на скромни иноватори освен овие три земји, е уште и Бугарија. Останатите држави на списокот се наоѓаат во групите на умерени иноватори, силни иноватори и иновациски лидери. На врвот е Швајцарија со индекс од 164,6, пред Шведска (143,6), Данска (136,7), Финска (130,9), итн. Релативен напредок Македонија покажува во категориите Импакти во продажбата, Инвестиции на компаниите и Погодна клима за иновации, додека најголеми слабости се забележани во Финансиска поддршка, Влијание врз вработеноста и Интелектуална сопственост.

ПРЕДИЗВИК: КАКО ДА СЕ ЗАДРЖАТ МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ ВО ЗЕМЈАТА


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

33

С

Р ДИМИТАР ТРАЈАНОВ

професор на Факултет за информатички науки - ФИНКИ

егионалниот центар за социјални иновации е еден пример на синергија помеѓу академската сфера и бизнис идеи со општествен импакт. Го основаа ФИНКИ и УНДП и функционира како Центар за трансфер на технологии во кој иновациите се ставаат во функција на унапредување на општествениот развој. Центарот бара идеи и партнери кои ќе поддржат бизниси во основање и преку менторство, тренинг и експертиза ќе им помогнат на иноваторите да ги реализираат своите идеи преку кои ќе придонесат кон позитивни промени во општеството.

претседател на Собранието на МАСИТ, комората на компании од ИКТ секторот. Од академската сфера пак, се залагаат за обединување на знаењето што го имаат универзитетите со она на бизнис секторот. “На пример, во делот на магистерските студии треба соработка, реални проекти каде што може да работиме со компаниите“, вели проф. Димитар Ташковски, декан на Факултетот за електротехника и информа-

МАЈКЛ ГОЛД

Сектор за политики за млади, Северна Ирска

циски технологии – ФЕИТ, којшто воедно го истакнува и проблемот да се задржат младите кадри во Македонија. “Нашите дипломирани студенти масовно одат на магистерски во странство, и тоа на одлични универзитети, што е добра референца за нас како факултет, но не е добро за државата. Ние сме научна институција, но ни треба и апликативна дејност, а немаме со кого да ја правиме.

лично како и Македонија, и ние во С.Ирска се соочуваме со предизвикот како да ги споиме побарувачката и понудата на работна сила со специфични вештини. Го истражуваме пазарот на труд и објавуваме т.н. skills parameter, и гледаме за кои вештини има голема побарувачка, па да форсираме образование во таа насока, а каде нема побарувачка, и таму да олабавиме со наставни програми. Заминувањето на младите кадри исто така е проблем, 26% од студентите се надвор и голем дел не се враќаат повеќе.

Решивме да направиме центар за трансфер на технологија и иновации, направивме бизнис план, најдовме простор, потпишавме и договори за соработка со компании и планираме на тој начин знаењето да го искористиме за развој на иновативни продукти, а истовремено и младите да ги стимулираме преку работа со реномирани компании да прават кариера во Македонија.“ nnn


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

34

ИНОВАТИВНОСТ

10

МИТОВИ ЗА ИНОВАТИВНОСТА

Користејќи извори како Harvard Business Review, Inc.com, Entrepreneur и др. издвоивме десет најголеми заблуди во врска со тоа што е всушност иновативност и како треба да ја сфатиме правилно ЗА 1.МИТОТ ОТКРОВЕНИЕТО

В

о принцип, сите мислиме дека моментален блесок на инспирација, креативност, идеја и сл. доминира во процесот на создавање на иновациите. Меѓутоа, реалноста е нешто поинаква. “Откровението“ е последица на подолготраен напор, а ретко која идеја е целосно оригинална, туку е произлезена од некои претходни идеи. Кога ќе слушнеме сторија за тоа како некому “светнала сијаличката“, треба да се прашаме: а) колку време креаторот потрошил пред да му се случи “светнувањето“; б) колку идеи од други луѓе искористил, односно, рециклирал за својот проект; и в) колку труд е вложен откако се блесокот на идејата се појавил во главата додека тоа се материјализира во успешен продукт, услуга, итн. Откровението само по себе не наоѓа инвеститори, не прави прототипови, не го жртвува своето време и здравје, не се соочува со бројните одбивања, неуспеси и сл.

ДЕКА 2.МИТОТ ЗНАЕМЕ ИСТОРИЈА

Л

уѓето сакаат да го романтизираат минатото за да го вклопат во сегашноста, со тоа правејќи стапица за оние креативци коишто не ја знаат добро

вистинската историја на сопствената област на интерес. Инспирирачките лаги често се попопуларни одошто комплексните вистини. Историјата не значи праволиниски развој на настаните и прогрес, како што не е ниту сегашноста. Иновацијата е стара колку што е човештвото, а исто така и обидите да се промени сегашноста. Зошто американската револуција против британската круна успеа, кога 90% од револуциите во светот се фијаско? Има ли нешто толку посебно во врска со Каменот од Розета? Доминантните идеи не секогаш се и нужно добри. Пронајдете ја најдобрата идеја на светот во вашата област на интерес и “копајте“: ќе се изненадите што може да најдете под површината, а што ви помага во вашата работа денес.

ЗА 3.МИТОТ МЕТОДИТЕ

П

редизвикот со креативната работа, особено на слободен пазар, е што многу фактори се вон вашата контрола. Вие може сè да направите како што треба, и повторно да не успеете. Многу книги за креативноста ветуваат успех врз основа на историјата: избираат примери од минатото коишто го поддржуваат токму нивниот “метод“. Методите може да бидат корисни, но тие негираат дека сегашноста е различна од минатото. Има премногу

варијабли во сегашноста за да имаме некаква извесност за исходот. Токму затоа термините како “иновациски систем“ и сл., се апсурдни. Многу книги за креативноста се изненадувачки некреативни и прават невозможни ветувања.

ДЕКА 4.МИТОТ САКАМЕ НОВИ ИДЕИ

Л

уѓето се конзервативна сорта, конформизмот е длабоко всаден во нашата биологија. Од една страна, да се зборува за креативноста е многу популарно, но да се биде вистински креативен го става на ризик вашиот општествен статус. Сите големи идеи во човечката историја биле неприфаќани на почетокот, често со години, децении, па и векови, но ние ги забораваме овие факти. Историјата на големите откритија е сторија за упорноста, наспроти постојаните одбивања. Иноваторите ги прави успешни во голема мера тоа што се способни да ги убедат конзервативните луѓе во корисноста од нивните идеи, што е многу различна способност од креативноста сама по себе. Вашиот проблем најчесто не се вашите идеи, туку вештината да ги презентирате пред останатите. Идеите ретко се одбивани заради нивната (не)корисност, туку заради тоа како ги направиле луѓето да се чувствуваат.

ПРЕДИЗВИК: ПРОБЛЕМ НЕ СЕ ИДЕИТЕ, ТУКУ ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА



www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

36

ИНОВАТИВНОСТ

ЗА ОСАМЕНИОТ 5.МИТОТ ПРОНАОЃАЧ

П

олесно е да се велича херој доколку е портретиран како суперчовек. Но, дури и луѓето што ја заслужуваат титулата “гениј“, како Моцарт, Ајнштајн или Пикасо, имале семејства и учители коишто ги учеле разни нешта. Многу од патентите на Едисон тој ги споделува со своите соработници, без оглед колку неговото големо его тешко го поднесувало сето тоа. Приказните за луди гении коишто работат сосема сами и изолирани од надворешниот свет се реткост. Одберете кој годе славен научник за кого што мислите дека работел сам и прочитајте малку за нив: ќе се изненадите колку многу луѓе всушност влијаеле врз нивната работа. Способноста за соработка, и давање и примање фидбек, може повеќе да ви значи одошто самата ваша брилијантност.

ДЕКА ДОБРИТЕ 6.МИТОТ ИДЕИ СЕ РЕТКОСТ

Г

ледајте само едно 6-годишно детенце што прави: ќе “измисли“ дузина работи за само еден час. Ние сме едноставно родени за креативност. Проблемот е само што општествените норми што владеат во животот на возрасните бараат од нас конформизам и така ние ги жртвуваме нашите креативни инстинкти во полза на социјалниот статус. За разлика од децата, возрасните се исклучително критички и осудувачки настроени, убивајќи ги идеите уште пред да имаат шанса да се докажат. Проблемот е што идеите не доаѓаат во пакет со храброста и да се вложи во нив, да се жртвувате за нив. Добрите идеи се насекаде, она што е реткост се луѓето спремни да ги стават нив на пиедестал попрво одошто нивната репутација.

ДЕКА НАЈДОБРАТА 7.МИТОТ ИДЕЈА ПОБЕДУВА

М

аркетингот, политиката и добриот тајминг имаат огромно влијание врз тоа која идеја победува – вашата или на конкурентите, иако деталите во сето ова се многу покомплексни одошто сакаме да чуеме и научиме од историјата. Сакаме да веруваме дека најдобрите идеи победиле во минатото, затоа што во тоа сакаме да веруваме и во сегашноста исто така. Но, за да бидеме успешни во реализирањето на идеите, треба да проучиме зошто некои лоши идеи триумфирале, а некои добри идеи се на маргините. Светот на идеите не е базиран врз чиста логика и мораме да се прилагодиме.

ДЕКА ВАШИОТ 8.МИТОТ ШЕФ ЗНАЕ ПОВЕЌЕ ОД ВАС

С

тереотипот за било која работна средина е дека претпоставените неминовно знаат повеќе за сè од луѓето што им се подредени. Ова е погрешно ви многу аспекти, но во доменот на тоа кој поседува креативна интуиција можеби и најпогрешно. За да се издигнете на скалилата на моќта бара добра политичка проценка, но иновацијата бара спремност да се борите против конвенционалното. Оние што ја победуваат конвенционалноста потешко е да напредуваат во повеќето

средини, иако е клучно за развојот. Да претпоставиш дека претпоставените се најдобри во креирање и предводење на промените е грешка.

ДЕКА ПРОБЛЕМИТЕ СЕ 9.МИТОТ ПОМАЛКУ ИНТЕРЕСНИ ОД РЕШЕНИЈАТА

А

јнштајн рекол “Ако имам 20 дена да решам проблем, јас 19 од нив ќе потрошам за да го дефинирам“. Има мноштво креативни начини да размислувате за проблем, и различни начини да гледате на една ситуација. Нетрпеливото трчање кон решавање одреден проблем ќе направи само да поминете покрај вистинските нешта што ви се потребни на патот кон вистинското решение. Ако ги слушате внимателно успешните иноватори кога зборуваат за своите секојдневни активности, ќе видите дека поминуваат многу повеќе време размислувајќи за одреден проблем одошто тоа ни го прикажуваат медиумите опседнати со спектакуларни откритија.

ДЕКА ИНОВАЦИЈАТА 10.МИТОТ Е СЕКОГАШ ДОБРА РАБОТА

К

ако би се чувствувале доколку некое откритие стави крај на вашата професија? Каков импакт ќе има една идеја по 1, 5, 10 или 100 години отсега? Сите иновации значат некаква промена и сите промени помагаат на некои, но може да повредат други. Многу ужасни пронајдоци биле креирани со најдобра намера, додека пак некои лоши намери довеле до добри последици. Бенц и Форд ни во сон не помислувале дека автомобилите денес ќе “убиваат“ преку 40 илјади луѓе годишно само во САД, на пример. Секоја успешна идеја може да има мноштво од последици коишто не е возможно однапред да се предвидат.

ЗАБЛУДА: ЗАД ИНОВАЦИЈАТА НЕ СТОИ ОСАМЕН “ЛУД“ НАУЧНИК


ጄ∄☄ ☀ 匀欀漀瀀樀攀 䌀椀琀礀 䴀愀氀氀


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

38

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ

БИЗНИСМЕНИТЕ БАРААТ

ДДВ ДА ПЛАЌААТ ОТКАКО ЌЕ ГО НАПЛАТАТ СРАБОТЕНОТО, А НЕ ОДНАПРЕД

С

Стопанската комора на Македонија заедно со проектот на УСАИД ”Партнерство за подобра бизнис регулатива” презентираа иницијатива за промени во повеќе закони со цел да се подобри работењето на бизнисот. Со иницијативата, која е резултат на одржани 18 информативни средби со компаниите, се идентификувани 65 барања за усогласување, промена или имплементација на одредени регулативи

во државата, кои им создаваат проблеми на компаниите и кои треба итно да се решат. “Со цел да се детектираат главните проблеми кои компаниите ги имаат во имплементацијата на законската регулатива, Проектот спроведе серија активности со цел да се елиминираат или подобрат одредени законски решенија кои се пречка за развој на компаниите”, изјави Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија. Во текот на првата проектна година покрај останатите активности беа реализирани 18 инфо сесии и 5 форуми во повеќе градови во републиката, а се однесуваа на горенаведените области. “Целта на овие инфо сесии или инфо настани и форуми е да се презентираат

одредени законски решенија, да се укаже на потребата за усогласување на работењето на компаниите со регулативата од областа на даноци и царини, работни односи и животна средина, презентирани од страна на експерти од тие области, но целта на овие инфо сесии е и да се чуе и гласот на бизнис заедницата, да се дискутира за проблемите со кои се среќаваат во секојдневното работење, а се однесуваат на имплементација на законските обврски изјави”, вели Павлина Димовска, правен советник во Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. Во декември 2016 година била спроведена анкета меѓу компаниите преку која се детектирале клучните

БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА БАРА: ДДВ ДА СЕ ПЛАЌА ПО НАПЛАТЕНА ФАКТУРА


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

39 проблеми кои ги имаат компаниите и тоа во областа на даноците, царините, работните односи и животната средина... Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ е 4-годишен проект, финансиран од страна на УСАИД, а имплементиран од страна на ЕПИ ЦЕНТАР ИНТЕРНАЦИОНАЛ во партнерство со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Бизнисот бара ДДВ да се плаќа откако ќе го наплатата сработеното

Едно од барањата на бизнисот за кое сметаат дека ќе им се олесни работењето, а кое предизвика најголем интерес во јавноста е плаќањето на ДДВ кон државата по реализација на договорите. Барањето на плаќање на ДДВ-то откако ќе се наплати фактурата, а не како досега, при издавање на фактурата е старо барање, кое бизнисмените го побараа пред неколку години. И тогаш и сега бизнисмените посочуваат дека е целосно неправедно државата да бара наплата на данок уште пред компаниите да си го наплатат сработеното, бидејќи претставува екстра трошок за компаниите, посебно во услови на хаос во плаќањата каде на

Стопанската комора на Македонија заедно со проектот на УСАИД ”Партнерство за подобра бизнис регулатива” презентираа иницијатива за промени во повеќе закони со цел да се подобри работењето на бизнисот. Со иницијативата, која е резултат на одржани 18 информативни средби со компаниите, се идентификувани 65 барања за усогласување, промена или имплементација на одредени регулативи во државата, кои им создаваат проблеми на компаниите и кои треба итно да се решат. наплатата на побарувањата може да чекаат и повеќе од една година. Исто така, целосно е неправедно државата да бара од компаниите однапред да си ги плаќаат обврските кои ги имаат кон неа, во услови кога државата на истите тие компании им должи и по неколку години. Во областа на работните односи велат дека треба подетално законски да се утврдат правилата за работа од дома и практиканство. Најголем проблем во овој дел имале ИТ компаниите и текстилците кои вложувале во обука на работници кои потоа си заминувале, најчесто во странство. Бизнисмените исто така го истакнуваат како проблем и субјективниот однос на царинските службеници, кои различно ги толкувале законите, што создава правна несигурност во работењето. Бизнисот

бара намалување на казните кои ги плаќа, за кои вели дека се превисоки и дека компаниите експресно се казнуваат и за најмали технички грешки. Од областа на работните односи како клучни проблеми се идентификувани регулирањето на практичната работа и практикантство, пред склучување договор за работа, можноста да се ангажираат невработени лица со оформено образование кои се надвор од образовниот процес, пред сè во дејнoста вршење на интелектуалните услуги, што не е регулирано во рамките на Законот за работни односи, потреба од постоење пробна работа пред склучување договор за работа, договор за вработување со вршење работа од дома, пред сè од ИКТсекторот, прецизирање на обврските


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

40

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ

Бизнисмените бараат измени во Законот за готовинско плаќање и во случај да се утврдат неправилности при издавање фискални сметки да следува само парична казна, но не и забрана за вршење на дејноста. за исплата на регрес за годишен одмор во зависност од економската состојба, задолжителниот систематски преглед на вработените претставува дополнително финансиско оптоварување на товар на работодавците. “Практичната работа треба да биде посебно регулирана, односно надвор од договорот за работа. Сега како што е регулирано, претставува финансиско оптоварување за компаниите, бидејќи постојат специфични индустрии каде што освен плаќањето придонеси, има и други давачки” – изјави Павлина Димовска, правен советник за регулатива во рамките на УСАИД. Од областа на царината биле посочени проблеми со текстилниот отпад со неговото раздолжување и можноста за искористување/ рециклирање на отпадот од „ЛОН“-производство. Овој проблем беше посочуван од компаниите од текстилната и кожарската индустрија и се третираше како

проблем и од областа на животната средина. Понатаму, развивање на етички кодекс за работа на царинските службеници, затоа што често пати како проблем беше посочуван субјективниот непрофесионален однос на дел од царински службеници. Бизнисмените бараат намалување на глобите, особено за незначителни прекршоци за кои се работи за очигледни технички грешки. Од областа на даноците, покрај плаќањето на ДДВ по наплатена фактура, бизнисмените бараат брзо, целосно и безусловно враќање на ДДВ, кое нема биде условено од извршена контрола. Бизнисот бара и укинување на двојните казни, односно казната за одговорното лице и укинување на мерката забрана за вршење дејност поради сторен прекршок во согласност со Законот за регистрирање на готовински плаќања, како и поништување на обврската за плаќање на ДДВ во случај на траен отпис на

побарувањето. Од областа на животната средина компаниите како проблем го потенцирале текстилниот отпад, отпад кој се создава при кроење од „ЛОН“производство каде што компаниите се обврзани по извршен надзор од страна на Царината да го депонираат на локалната општинска депонија што претставува дополнителен трошок за негово управување без можност за рециклирање. Проблеми се јавуваат и со примената на Законот за отпад, Законот за отпад од електрична и електронска опрема и другите закони од областа на управување со отпад, бидејќи законските решенија се нејасни, непрецизни, контрадикторни одредби и сето тоа создава правна несигурност и различно толкување и од надлежните органи. Потребна е поголема контрола на работата на компаниите кои имаат лиценци за постапување со отпад, особено за собирање на стари гуми и отпадни масла. Малите и средните претпријатија истакнале дека се соочуваат со проблеми при подготовка на елаборатите за животна средина, долги и исцрпувачки постапки за добивање на дозволи, на пример, еколошките дозволи. Како еден од големите недостатоци за водење бизнис малите фирми го посочиле и недостаток на поволни кредити, особено во делот на решавање еколошките проблеми. Овие идентификувани проблеми во рамки на Проектот ќе бидат детално разработени во форма на позициони документи - Policy Position Papers, ќе бидат усвоени од страна на Управниот одбор на Проектот, а потоа усвоените ставови на коморите со конкретни решенија ќе бидат доставени до надлежните органи. Целта на овој проект е зајакнување на јавно-приватниот дијалог кој треба да се одвива на организиран начин преку воспоставување заедничка платформа на коморите, со усогласени и заеднички ставови и конкретни барања професионално комуницирани со надлежните институции. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

42

ПОЛИТИКА

НИМИЦ ВЕЌЕ ВИДЕЛ КОМПАТИБИЛНОСТ ВО ПОЗИЦИИТЕ НА СКОПЈЕ И НА АТИНА

ИМА КЛИМА ЗА КОМПРОМИСНО РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО ПРОЛЕТНАТА КУЛМИНАЦИЈА ЌЕ ПОКАЖЕ ДАЛИ Е ОПРАВДАН ОПШТИОТ ОПТИМИЗАМ пишува:

З

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Завршувањето, односно резултатот од локалните избори се чека за да се види чиј „референдум“ ќе успее – оној со кој СДСМ бара Македонија да избере по кој пат сака да оди, односно - дали сака да продолжат промените или е за враќање на ерата на Груевски; која, пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ би сакал одново да ја воспостави по изборите на 15 декември, кои ги нарекува „референдум за новата ера“ на негово владеење. Од резултатот на локалните избори, секако, ќе зависи и другата (поврзана) причина поради која се чека да завршат, односно

можноста по нив да почне конкретен процес на отстранување на големата пречка за евроатланските интеграции што не зависи само од Македонија – спорот за името, со Грција. Индикации во контекстот периодов не недостасуваат, а дојдоа и од премиерот Зоран Заев, и од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и од неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, и од медијаторот Метју Нимиц ..., па, ако сакате, и од директорот и уредник на Независната балканска новинска агенција, Спирос Сидерис, набрзо откако тој го интервјуираше Нимиц. Премиерот Зоран Заев, откако се врати од Њујорк, од Генералното собрание на Обединетите нации, рече дека нови предлози за решавање на спорот со името Владата очекува кон средината на следната година. Овој тајминг го доведе во врска со очекувањето дека напролет,

кога Европската унија ќе дискутира за натамошното проширување, шанса за почеток на преговорите, заедно со други земји од Западниот Балкан (што добија првенство од Брисел), ќе добие и Македонија. Специјалниот, пак, пратеник на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, во споменатото интервју за Независната балканска новинска агенција (Independent Balkan News Agency – IBNA), новите предлози за решавање на спорот ги одложи до „вистинското време“ за нив, но, ако се парафразираат неговите зборови, тој е оптимист дека ова време би требало брзо да дојде. Нимиц рече дека кон крајот на годината ќе се забрзаат разговорите „на многу важен начин“, зашто оцени дека климата меѓу Атина и Скопје е подобрена, поради што, иако двете страни имаат свои позиции, разликите може да

ДИМИТРОВ: ДА СЕ ИЗВЛЕЧАТ ИДЕНТИТЕТСКИТЕ ПРАШАЊА


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

43 „Создадена е позитивна атмосфера за преговори, а во такви услови, логично е сега процесот да се придвижи кон дефинирање на конкретната содржина на компромисното решение кое треба да го постигнат двете земји. Напролет следната година, процесот би требало да доживее кулминација, по што или ќе се постигне компромис, или повторно и оваа иницијатива ќе резултира со неуспех“, вели професорот Тони Дескоски, коментирајќи ги најавите дека по локалните избори ќе има интензивирање на напорите за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција, со давање максимум од сите заинтересирани страни - секако, во рамките на компромисите што можат да си ги дозволат се надминат. Медијаторот во интервјуто не пропушти да го потенцира и големиот интерес на меѓународниот фактор да се реши проблемот: „Сите се заинтересирани за ова прашање“ - ЕУ и САД „имаат желба да го видат проблемот решен“. „Се надевам дека можеме да ги забрзаме овие разговори на многу важен начин, започнувајќи од крајот на оваа година. Прилично сум решен да го сторам тоа ако двете земји соработуваат. Двете земји дадоа збор дека се многу заинтересирани да го сторат тоа“, изјави Нимиц, кој сега согледува компатибилност во позициите на Македонија и на Грција. „Двете земји имаат позиции, може да се наречат црвени или сини линии; постојат важни прашања во двете земји, но јас мислам дека се компатибилни“. Набрзо по цитираното интервју што го направи со Нимиц, на прашања од Канал 5 одговараше и директорот и уредник на IBNA, Спирос Сидерис. Тој на показателите за поволниот развој на ситуацијата, дури додаде оценка дека евентуалното решение за името на Македонија нема да предизвика проблеми во грчката Влада. Заклучувајќи и според однесувањето на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, на нивната средба на која бил сведок, Сидерис оцени дека „е скршен мразот; оти постои разбирање и дека е создадена доверба од двете страни“. Своите оптимистички видувања, уредникот на IBNA ги услови со резултатот од локалните избори во Македонија, односно, „од тоа дали Владата на Заев ќе биде исто толку силна и по изборите“. Кога сме веќе кај односот на политичките сили по изборите, визави одржувањето на позитивната клима за решавање

Тони Дескоски: Професорот Дескоски сметка

дека и Македонија и Грција ќе се трудат да бидат конструктивни зашто не сакаат да бидат перципирани како виновник за евентуалниот неуспех во преговорите, знаејќи дека „во еден момент, во точката на кулминација, кога позициите ќе се отворат, ќе стане јасно кој оди спроти ветрот на меѓународната заедница“

Метју Нимиц: Медијаторот Нимиц новите

предлози за решавање на спорот ги одложи до „вистинското време“ за нив, но, ако се парафразираат неговите зборови, тој е оптимист дека ова време би требало брзо да дојде.

на спорот со името, да споменеме дека иако ВМРО-ДПМНЕ не ја експлоатира премногу оваа тема во кампањата (што можеби може да се објасни со некаква конструктивност од најголемата опозициска партија, издејствувана под меѓународен притисок), лидерот на партијата, Никола Груевски, не можеше да се воздржи да не заигра на „патриотската“ карта, па во неодамнешното интервју за Сител рече дека Заев е донесен на власт за да го реши спорот за името така како што и одговара на Грција, и оти се чека да завршат локалните избори за да почнат преговорите. А дека меѓународниот притисок сè посилно се чувствува и во Атина покажуваат пишувањата на грчките медиуми дека премиерот Алексис Ципрас планира да

го отвори прашањето за спорот со името и на претстојната средба во Вашингтон (во втората половина на месецов) со американскиот претседател, Доналд Трамп.

Параметрите на идните преговори

Некои конкретни параметри како ќе се развива ситуацијата во спорот за името може да се извлечат од изјавите на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, и од коментарите на истите што ги даде македонската страна. Коѕиас во Њујорк (каде беше на Генералното собрание на ОН), пред новинари од грчки медиуми, изјави дека „прашањето за името во суштина има 4 дела: името и употреба на името – двете прашања кои се во надлежност на


Капитал број 936 06.10.2017

44

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА

господинот Нимиц да преговара, како и изведените зборови; потоа јазикот; државјанството; а последно се кратенките“. Според Коѕиас, единствен начин да се најде решение е пакет преговори. Шефот на грчката дипломатија во пригодата рече и дека забележал расположение другата страна да отстрани одредени иредентистички симболи. За последново, неколку дена претходно, германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг, повикувајќи се на „добро информирани извори во Скопје“, како што напиша Дојче Веле, тврдеше дека ќе има преименување на објектите во Македонија чии имиња грчката страна ги смета за провокативни. „Можно е македонската Влада по локалните избори да се одлучи на таков чекор и да го преименува аеродромот со некоја географска одредница или, на пример, во Мајка Тереза“, напиша ФАЦ. Јасно е дека ова и да се случи, нема да има повеќе од симболично значење (како што вели уредник на IBNA, Сидерис), во смисла на покажување добра волја од македонска страна. Поважно е она на што македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, се осврна на првата негова пресконференција по враќањето од Њујорк, каде, покрај останатото, се сретна и со грчкиот колега Коѕиас. Димитров рече дека Македонија во преговорите за името со Грција нема да прифати да преговара за идентитетот. „Многу е важно да гледаме напред, да се извлечат идентитетските прашања од процесот, и да има комуникација и разбирање на загриженоста на другата страна“, изјави Димитров, додавајќи

дека Коѕиас треба да биде прашан дали навистина изјавил дека идентитетските прашања се на маса во преговорите. Шефот на грчката дипломатија, во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ, изјави и дека со Димитров се договориле да се формира заедничка македонско-грчка експертска комисија, што ќе ги разгледува македонските учебници, за да се отстранат иредентистичките изјави, мапи и текстови. Димитров потврди дека со Коѕиас разговарале за ваква комисија, и објасни дека Македонија нема зошто да стравува од експертскиот увид во историските погледи на двете земји. „Разговаравме во основа тргнувајќи од цитатот на Черчил дека Балканот содава историја што нема капацитет да ја процесуира, и сите наративи на балканските држави имаат историски предрасуди. Кога две земји решиле да се смируваат, убаво е историчарите од едната и од другата страна да седнат и да разговараат за наративите на двете земји – и за тоа како Грција нè гледа нас и за тоа како ние ја гледаме Грција“, изјави Димитров. И премиерот Заев изјави дека дека „лично не е подготвен да разговара за идентитетски прашања“ во преговорите за спорот за името, а исто како и Димитров тврди дека со Атина сè уште не навлегле во разговори за суштествени прашања поврзани со спорот, туку оти се во фаза на градење меѓусебна доверба, односно, подготовки за идното отпочнување на разговорите со посредство на медијаторот Нимиц.

„Има простор за оптимизам дека догодина ќе добиеме безусловна покана за членство во НАТО“

„Новиот циклус во преговорите за спорот за името кој беше инициран по изборот на македонската Влада во јуни оваа година, има своја логична динамика. Како што медијаторот Нимиц уште тогаш наведе, во иницијалната фаза беа предвидени разговори за основните концепти, по што динамиката ќе добива на интензитет“, вели за „Капитал“, професорот по меѓународно право на Правниот факултет на УКИМ, кој беше и советник во правниот тим што ја застапуваше Македонија пред Меѓународниот суд на правдата во тужбата против Грција, Тони Дескоски. И според него, неодамнешните изјави на Нимиц, а и изјавите и настапите на дипломатиите на двете земји, потврдуваат дека е создадена позитивна атмосфера за преговори. „Во такви услови, логично е сега процесот да се придвижи кон дефинирање на конкретната содржина на компромисното решение кое треба да го постигнат двете земји. Потоа, напролет следната година, процесот би требало да доживее кулминација, по што или ќе се постигне компромис, или повторно и оваа иницијатива ќе резултира со неуспех“, вели Дескоски. Тој смета дека македонската дипломатија максимално го искористила периодот од јуни досега, за презентирање на сопствените позиции пред сојузниците, и оти според реакциите, тоа наишло на добар прием од соговорниците. „Разбирливо е дека и Грција го прави и ќе го прави тоа, со цел да издејствува задржување на статус квото од Букурешт. Нејзина предност е што како поголема и помоќна земја може да добие пристап на повисоко ниво во Вашингтон и во другите центри на моќ, и Грција тоа нема да пропушти да го искористи“, вели професорот. Во секој случај, смета тој, ниту една од двете страни не сака да биде перципирана како виновник за евентуалниот неуспех во преговорите. „Но, во еден момент, во точката на кулминација, кога позициите ќе се отворат, ќе стане јасно кој оди спроти ветрот на меѓународната заедница. Така беше во 1993 година кога грчкиот премиер Мицотакис го одби предлогот на западните сојузници под закрила на ОН за признавање на нашата земја како „Нова Македонија (Nova Makedonija)“ во кирилична и латинична транскрипција. Така беше и непосредно пред и по Букурешт во 2008 година, кога нашата земја го одби предлогот за преименување во „Северна Македонија““, вели Дескоски. Во секој случај, смета тој, има простор за умерен оптимизам дека Македонија следната година ќе ја оствари својата цел за добивање безусловна покана за зачленување во НАТО. nnn


1 PROGRAMA 2 DIPLOMI

BEZBROJ MO@NOSTI MO@NOSTI!

Велат сите патишта водат кон Рим... И токму таму ќе ве однесе и студирањето на програмата Бизнис Администрација и Економија! Стекнете се со: • Уникатно меѓународно искуство на врвен универзитет • Конкурентост на пазарот на труд • И најважно од се.........ДВОЈНА ДИПЛОМА! По завршувањето на студиите, се стекнувате со две дипломи, една од Универзитет Американ Колеџ Скопје, и една од Универзитетот Тор вергата во Рим кој е рангиран: • • • •

ТОП 500 во светот според Шангајската листа (ARWU Shanghai Ranking of World Universities ТОП 500 во светот од Times Higher Education World Universities Ranking ТОП 150 во областа Економија од QS Top Universities Ranking ТОП “50 под 50“ од QS Top Universities Ranking

Аплицирајте веднаш! Ограничен број на упис на кандидати за оваа програма! За повеќе информации: Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада бр.60, 1000 Скопје Веб: www.uacs.edu.mk Е-маил: info@uacs.edu.mk Teл: +389 2 2463 156


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

46

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

КАКО ДРЖАВИТЕ ОД ИСТОЧНА ЕВРОПА ГИ ПОМАГААТ СТАРТАПИТЕ?

В

Во земјите со развиена инфраструктура на венчр фондови, помошта од бизнис ангелите и приватните венчр фондови може да биде сосема доволна за поддршка на стартапите, во земјите во развој, кои немаат развиено ваква инфраструктура, поддршката од владите може да одигра многу голема улога. Во продолжение се примери како владите во земјите од Источна Европа ги поддржуваат претприемачите и основачите на стартапи и кои се нивните напори кои ги прават со цел да останат атрактивни како бизнис дестинации.

Балтичките земји

Една од светски најпознатите стартап нации Естонија има поставено прилично комплексен пристап кон нејзината инфрас трукт ура за под дршка на претприемништвото. Родното место на многу познатите технолошки компании како Skype, Transfer wise и Grab Cad, Естонија креираше навистина плодна почва на која стартапите може брзо и лесно да растат. Во Естонија постои само еден фонд за финансирање на стартапи кој е поддржан од државата Arengufund, кој неодамна се пренасочи од директни инвестиции кон стартапи за да работи како фонд на фондовите заедно со венчр фондовите. Во декември 2013 година естонската влада се обврза да стави 60 милиони евра во новиот фонд за стартапи. Исто така, во Естонија постои и специјална стартап државна субвенција, што уште повеќе го олеснува основањето на нов бизнис. Големината на субвенцијата зависи од неколку услови и може да достигне до околу 4.500 евра. Дополнително, Естонија привлекува стартапи и со својата брза и ефикасна администрација. Регистрирањето на фирма во Естонија одзема неколку минути за локален жител или неколку дена за странец, додека даночниот систем на Естонија е еден од најлибералните во светот. Во Латвија, пак, има формирано владино тело Агенција за инвестиции и развој на Латвија, чија цел е да ги поттикнува малите бизниси и да обезбеди раст на

Да се има здраво ниво на претприемништво во една земја е одлична работа за секоја влада. Ако не за друго, тогаш барем заради тоа дека може да биде значителен извор на приходи. Но, за да можеш да береш плодови, прво треба да засееш. Или ако оваа изрека се однесува на владите, тогаш мораш да им помогнеш на оние кои имаат желба да основаат фирма да успеат да изградат бизнис кои ќе прави приходи и ќе може да плаќа даноци. Еве како земјите од Источна Европа ги поддржуваат стартапите и малите бизниси. потенцијалните бизниси. Државата се чини дека е многу заинтересирана за поддршка на малите бизнис, без да прави притоа разлика дали станува збор за стартапи од технолошкиот сектор или од другите дејности. Владата на Латвија има воведено неколку грантови кои покриваат до 50% од трошоците за основање на нова фирма, како на пример заштита на интелектуалната сопственост, маркетинг, активности во истражување и развој… Исто така, постојат и субвенционирани кредити и гаранции за заеми, како и неколку венчр фондови, од кои најголемиот дел се повторно кофинансирани од државата.

Се на се, Латвија се чини инвестира огромни пари во изградба на својот претприемачки еко систем, без да посветува посебно внимание на технолошкиот сектор. Латвија е земјата која им нуди најголеми суми за директна поддршка на стартапите во споредба со останатите Балтички земји, кои повеќе преферираат индиректна поддршка. Литванија не им нуди на стартапите особено голема директна поддршка. Како и да е има неколку венчр капитал фондови кои работат во рамки на ЕУ иницијативата JEREMIE (Joint European Resources for Micro to Medium Enterprises). Вкупната сума на пари контролирана од страна на овие фондови

EСТОНИЈА: ВЛАДАТА СТАВИ 60 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НОВИОТ ФОНД ЗА СТАРТАПИ



www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

48

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

околу 100 милиони евра. Исто така во Литванија постои и посебен фонд Балтички Иновативен Фонд со околу 100 милиони евра, кој е управуван и кофинансирам од страна на владите на Балтичките земји и Европскиот инвестициски фонд. Во последно време Литванија почна да привлекува стартапи за развивање на игри. И секако Литванија е исто така добра како и другите Балтички земји кога станува збор за едноставноста во основањето на нови бизниси.

Централна Европа

Во Чешка, која е дом за неколку интернационални старт –апи и поголеми компании како Socialbakers, AVG, и Avast, владата, изненадувачки не изгледа многу посветена да им понуди поддршка на претприемачите. Не постои значајна грант програма или фондови, иако чешката држава беше ко- основач на Technpark Pardubice, кој прогласи банкрот пред една година. Стартапите во Унгарија, како и во Литванија и другите ЕУ земји, имаат голем бенефит од програмата JEREMIE, согласно која околу 128 милиони евра се инвестирани во локалните мали и средни претпријатија. Вториот дел од програмата би требало да донесе дополнителни 145 милиони евра да ги поддршки претприемачите аспиранти во земјата. Но, кога станува збор за локалната влада во главниот град на Унгарија, основан е економски концепт наречен Runway Budapest – Start-up Credo 2.0.2.0, кој се состои од различни мерки на директна и индиректна помош за стартапите. Програмата има високо поставени цели, и во неа се вели дека целта е „да ја претворат Будимпешта во главен старт- ап центар во Централна и Источна Европа до крајот на оваа декада“. Во Полска, поддршката за претприемачите од ИТ сферата доаѓаат најмногу од The Polish Agency for Enterprise Development (PARP), со вкупен буџет од 7 милијарди евра предвидени за периодот 20072013 година. Парите доаѓаат од ЕУ фондовите и се употребуваат за различни иницијативи, преку доделување грантови за претприемачите до финансирање на повеќе од 40 бизнис инкубатори. Исто така постои истражување кое потврдува дека полските стратапи се најмногу финансирани од програмите на ЕУ, а не од локалните власти. Истражувањето потенцира дека до 2008 до 2013 година Фондот за Европски регионален развој има инвестирано 786.5 милиони евра во 5.938 полски проекти. Владата на Словачка исто така беше активна во последните неколку години и направи неколку напори за да го поддржи и развие стартап екосистемот во земјата. Постои фонд кој е формиран од државата, потоа Фонд за иновации и технологии, како и два фонда финансирани од ЕУ JEREMIE иницијативата.

Дополнително, секои шест месеци, се избираат четирите најдобри стартапи и се испраќаат во Силиконската долина на сметка на државата, како дел од Програмата Словачки старт- ап развој (Slovak Start-up Development Program). Словенија, земја од 2 милиони луѓе и една од земјите со повисоки даночни стапки во регионот, успеа да развие достојна стартап заедница во последните неколку години. Но, локалните претприемачи за тоа не и даваат кредит на владата, иако постојат државни грантови од 72.000 евра и шема за поврзување, на која Словенија потроши 35 милиони евра во 2011. Исто така, постојат одредени програми од ЕУ кои и се достапни на оваа земја, иако стартапите овде сами се финансираат, а целата инфраструктура се чини е изградена од ентузијасти и од самите претприемачи.

Поранешните советски земји

Во европскиот дел на земјите настанати по распадот на Советскиот совет, владите постојано декларираат целосна поддршка за малите бизниси и старт- апи, а во некои случаи тие и навистина прават напори за тоа, но таа не секогаш е доволна. Во Белорусија, постои еден начин преку кој владата директно може да им помогне на стартапите со финансирање, но само ако стартапите заемот го направат во Белоруската банка. Но дури и во овој случај, стартапите добиваат многу малку вистински пари кои се потребни делумно за плаќање на заемот. Од друга страна, Белорусија го има поддржаниот од владата High Tech Park,место каде компаниите се ослободени од сите корпоративни давачки но плаќаат еден процент од нивниот обрт за да се одржи овој парк. Вработените кои работат во компаниите кои се наоѓаат таму, имаат намален данок на приход на рамна стапка од 9%, што е добра мотивација да се работи за ИТ старт- ап (инаку данокот на приход во нормални услови е 12%)

Меѓу компаниите кои се наоѓаат во овој парк се компаниите за развој на игри како Wargaming.Net (“World of Tanks”) и Nival (“Prime World”, “Blitzkrieg”). Дополнително, во моментот белоруската влада размислува за идеа да започне да им ги враќа на организаторите на старт ап настаните дури до 50% од трошоците кои ги прават. Единствениот знак на поддршка што може да се најде во Молдавија а кој се прави од страна на владата е владиниот документ за развој на ИТ индустријата, кој беше објавен на почетокот од 2013 година. Во него се вели дека четири инкубатори и три „иновативни центри“ би требало да се отворат, но до денес нема траги од исполнување на овие ветувања. Русија, најголемата земја од овој регион, има посилно и пошироко учество на владата во старт- ап заедницата. Најголемиот игран на терен е RVC, државен фонд лансиран во 2006 година за да се „охрабри оваа индустрија во Русија и да се засили капиталот во VC фондови“. Фондот располага со 832 милиони долари. Друга, наводно државно поддржан фонд е Фондот за развој на интернет иницијативи. Тој е лансиран во 2013 година, а неговата мисија е да креира мрежа на акцелатори и да инвестира вкупно 148 милини долари во руските старт- апи за три години. Парите во овој фонд доаѓаат од неименувани приватни компании, но локалните медиуми велат дека компаниите се присилени да го прават тоа од самиот Владимир Путин. Дополнително, овој план за лансирање на овој фонд по прв пат беше најавен од Путин во 2012 година. Инаку, има уште многу други помали и локални државни иницијативи во Русија кои би требало да им помогнат на стартапите да застанат на свои нозе, а постојат и неколку други технолошки паркови меѓу кои Skolkovo е најголемиот и најпознатиот од нив. nnn (Текстот е превземен од The Next Web)

ЛАТВИЈА: СО ДРЖАВНИ ГРАНТОВИ СЕ ПОКРИВААТ 50% ОД ТРОШОЦИТЕ



www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

50

ЛИДЕРИ

ДРУ ХЈУСТОН

ОСНОВАЧ И ДИРЕКТОР НА DROPBOX

НИ ТРЕБА ПОВЕЌЕ ОПТИМИЗАМ И ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА НЕИЗВЕСНОСТА

D

Dropbox денес е најпознатиот онлајн сервис што ни овозможува да ги префрлиме и чуваме нашите фајлови на т.н. облак (cloud). Дру Хјустон е коосновач и директор на компанијата, која што е неговиот шести стартап по ред, пред да доживее

Некаде помеѓу печатењето визитки на кои што пишува ‘основач’ и сè друго што треба да сторите, вие сфаќате, ‘Ох, овде имало еден тон работа’.

Една од погрешните перцепции за претприемачите е дека тие го сакаат ризикот. Всушност, сите ние сакаме работите да се одвиваат како што очекуваме. Она што ни е треба е оптимизам и толеранција за неизвесноста.

Многу често да не знаеш сè за сешто е всушност добра работа...Многу одлични, иновативни работи се случиле кога луѓето едноставно не знаеле дека тие се воопшто можни.

Наместо да се трудите да си го направите животот совршен, дајте си слобода да го направите авантура.

планетарен успех и да го направи милијардер. Има само 33 години, а веќе е на списокот на најпосакувани говорници по светските конференции за претприемништво и стартапи, каде што ги споделува своите искуства.

Да се опкружиш со инспиративни луѓе е исто толку важно колку талентот и напорната работа.

Најопасната мисла што може да ја имате како креативна личност е тоа дека знаете што правите.

Вредните луѓе не работат напорно затоа што се дисциплинирани, туку затоа што работата на решавање возбудлив проблем е забавна.

Не секирајте се за неуспехот; Само еднаш треба да ја погодите работава.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.