937 kapital magazin

Page 1

БАЛКАН ДРЖАВАТА ОБВИНУВА ЗА ФИНАНСИСКИ КРИМИНАЛ, ТОДОРИЌ НАЈАВУВА ТУЖБИ ПРОТИВ “ЗЛОСТОРНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА“

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

ИНТЕРВЈУ ЕБРУ РАДЕВСКИ ГЕНЕРАЛEН ДИРЕКТОР НА SKOPJE CITY MALL

WWW.KAPITAL.MK

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРЕБА ДА ДОПЛАТИ УШТЕ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДА СЕ ДОГРАДАТ КИНЕСКИТЕ АВТОПАТИ?!

140

КИНЕСКА СИНОХИДРО Е ТРЕТА НАЈПРОФИТАБИЛНА КОМПАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

37

ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЗАРАБОТИЛА

МИЛИОНИ ЕВРА ПРОФИТ! COVER STORY

АНАЛИЗА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ДРЖАВНА ПОМОШ КОИ КОМПАНИИ И КОЛКАВА ДРЖАВНА ПОМОШ ДОБИЛЕ ОД ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ?! БРОЈ 937 | ЦЕНА 100 ДЕН. 13 ОКТОМВРИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 19

ГОЛЕМАТА ДАНОЧНА РЕФОРМА НА ТРАМП: КОЈ ДОБИВА, А КОЈ ГУБИ?



3

Капитал број 937 13.10.2017

СОДРЖИНА

04 04

ВО ФОКУС

06

НАВИГАТОР

Дали „Европа на регионите“ е решение за запирање на сепаратистичките тенденции? Извозот расте во сите главни трговски партнери на Македонија

08

COVER STORY

16

СКАНДАЛ

22

28 26

Кои компании и колкава државна помош добиле од претходната власт?! Македонија ќе треба да доплати уште 140 милиони евра за да се доградат кинеските автопати ?!

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ САМИТ 100 во Скопје

36

СВЕТ

ТЕХНОЛОГИЈА

Заврши ревизијата на работењето на паднатиот на колена хрватски Агрокор Државата обвинува за финансиски криминал, Тодориќ најавува тужби против “злосторничка организација“

40 48

МЕНАЏМЕНТ

INTERVIEW

50

ЛИДЕРИ

INTERVIEW

ПЕРО КОСТАДИНОВ

кандидат за градоначалник на Општина Валандово

Валандово ќе биде развиена земјоделска, а не рударска општина

28

34

36

БАЛКАН БИЗНИС

ЕБРУ РАДЕВСКИ

генералeн директор на Skopje City Mall

Skopje City Mall има големо влијание врз економијата

Најголема даночна реформа во САД Трамп со пониски даноци ќе ги враќа американските корпорации дома Револуцијата тече или ќе сурфаме на бранот или ќе нè потопи Кога иднината на фирмата треба да се стави пред личниот интерес на газдата? ФИЛ ЛИБИН

извршен директор на Evernote

CEO-то треба да е најглупавата личност во фирмата

ДРЖАВНА ПОМОШ

АВТОПАТ

САМИТ100 ВО СКОПЈЕ

Државата им одобрила на инвеститорите субвенции од околу 95 милиони евра во последните десет години, покажуваат податоците од договорите за државна помош што ги објави Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН). Најголемата доделена државна помош, по одделни компании надминува 10 милиони евра, а кај една компанија, Владата одлучила да субвенционира по 11 илјади евра за едно отворено работно место. БИРН објави и пет нови договори за државна помош со компании за коишто јавноста претходно не знаеше дека добиле субвенции а тоа се Продис, Акомпласт, Делфи Електроник Системс, Герман Електро Мехатроникс (ГЕС) и М Скуаре Балкан.

Додека кинеската Синохидро заработува одлични профити во Македонија (за две години 37 милиони евра, со што компанијата е трета најпрофитабилна во земјава) изградбата на автопатските делници кои тие ги градат доцнат и ќе ја чинат државата повеќе пари од предвиденото. Познавачите на состојбите велат дека со дополнителните трошоци вредноста на автопатот Кичево - Охрид би можела да стигне и до сума од половина милијарда евра, што е скандалозно висока цена за автопат од само 57 километри. Македонија ќе треба да доплати уште 140 милиони евра за да се доградат кинеските автопати, а министерот за транспорт Сугарески тврди дека одговорност мора да има.

Стотина реномирани бизнис лидери и највисоки политички претставници од Југоисточна Европа на 16 и 17 октомври во Скопје ќе дискутираат за потенцијалите и можностите на регионот како целина, на 6-тиот САМИТ100. Топ менаџери на најголемите регионални компании, како Горење, Подравка, Атлантик Група, Бамби, но и од светските брендови БМВ, Убер,Филип Морис и др., ќе учествуваат на панел дискусиите на САМИТ100. “Ова што го прави овој бизнис настан уникатен е тоа што отвора можности за вистинска поврзаност и искористување на заедничкиот потенцијал на земјите од нашиот регион“, вели претседателот на Управниот одбор нас САМИТ100, Живко Мукаетов.

 Стр. 8

 Стр. 16

 Стр. 22

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 11.10.2017


Капитал број 937 13.10.2017

ВО ФОКУС

4

www.kapital.mk

ВО ФОКУС

КРИЗАТА ВО КАТАЛОНИЈА УШТЕ ЕДНАШ ГО ПОСТАВИ ПРАШАЊЕТО:

ДАЛИ „ЕВРОПА НА РЕГИОНИТЕ“ Е РЕШЕНИЕ ЗА ЗАПИРАЊЕ НА СЕПАРАТИСТИЧКИТЕ ТЕНДЕНЦИИ?

ТУСК: ВИСТИНСКИОТ РЕГИОНАЛИЗАМ Е АНТИПОД НА НА


www.kapital.mk

Капитал број 936 06.10.2017

5 Концепцијата „Европа на регионите“ не е нова, и е начин за намалување на централизираната власт во ЕУ, а европските лидери сè почесто почнуваат да го насочуваат вниманието токму кон реформа со цел регионализирање на заедницата како одговор на тенденцијата на сепаратистички расположенија

Идејата за Европа е многу постара од идејата за европските нации. изјави пред некое време претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и дополни дека национализмот значи сепаратизам.

К

Кризата во Каталонија ги натера сите да обрнат внимание на потенцијалните слични проблеми – од сепаратистичките движења во Шкотска и Фламанскиот регион во Белгија, до Баварија. Растечкиот број барања за поголема автономија на одредени региони е една од заканите за Европската унија, и истовремено ЕУ може да се покаже како решение, стои во коментар на EurActiv. Желбата на Каталонците за независност не е мотивирана од антиЕУ расположение, забележува EurActiv. Мотивите на сепаратистите од Шкотска, пак, се насочени токму кон останување во заедницата и кон користа од заедничкиот, единствен пазар, односно, сосема се различни од политиките што во Велика Британија и во Холандија ги проповедаат Најџел Фараж, односно Герт Вилдерс. Во ЕУ власта се движи по две насоки – до Брисел, и надолу кон регионите, што всушност е сосем различно од претставите на многу Европејци, дека Унијата значи предавање на власта од националните власти на европските институции. Одлуките се носат на различно ниво – европско, национално и регионално, што е најблиско до граѓаните. Овој принцип на „субсидијарност“ беше изведен во 1985 година и влезе во Договорот од Мастрихт од 1992 година, и ако тој се сфаќа сериозно, европските политики треба да се определуваат од нивото што е најблиску до граѓаните, велат аналитичари за EurActiv. Тоа значи дека Комитетот на регионите, создаден во 1994 година за исполнување

на принципот на субсидијарноста, треба да ја промени својата улога од консултантска во реална институција, што му е дадена во Договорот за ЕУ. Резултатите од националните избори, исто така, се извор на показатели – добро поминуваат сè повеќе партии што бараат регионите да имаат поголема автономија, особено во големите држави. Факт е дека и европските региони денес се многу посилни благодарение на политиките на ЕУ, што ги насочуваат фондовите директно кон локалните власти. Концепцијата „Европа на регионите“ не е нова, и е начин за намалување на централизираната власт во ЕУ, а европските лидери сè почесто почнуваат да го насочуваат вниманието токму кон реформа со цел регионализирање на заедницата. „Идејата за Европа е многу постара од идејата за европските нации“, изјави пред некое време претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и дополни дека национализмот значи сепаратизам. „Сепаратизмот, вклучително и на регионално ниво, не води до подобра

АЦИОНАЛИЗМОТ И СЕПАРАТИЗМОТ

демократија. За мене вистинскиот регионализам е во силна спротивност со национализмот и сепаратизмот“, објасни Туск пред Комитетот на регионите. Поранешниот полски премиер посочи уште дека силните региони значат силна држава, но секоја европска земја има различно искуство со регионализмот. Федералните држави како Германија или Австрија познаваат силна власт на одделните региони, пишува EurActiv. Во исто време во ЕУ има силно централизирани држави – Франција или Шведска, во кои регионална власт практично и нема. А има и држави како Велика Британија и Шпанија, во кои некои од регионите имаат автономија, а други не. Да се вратиме на кризата во Каталонија, немањето реакција од страна на Европската комисија покажува дека власта сè уште е монополизирана од централната власт во државите што се во ЕУ. Брисел не треба да стравува да го прескокне ова ниво и да комуницира директно со локалната власт, вели во својот заклучок EurActiv. 


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА

-8,2% падна извозот во јули во однос на јуни

НИКОС КОЅИАС

министер за надворешни работи на Грција

Се надевам дека во еден момент ќе можеме да дојдеме во ситуација да имаме содржајни разговори за името. Никогаш не сум кажал дека тоа е поврзано со јазикот или други прашања.

МАКЕДОНИЈА ПО 15 ГОДИНИ ЗА КОНКУРЕНТНОСТ ЗАРАДИ

В

о најновиот извештај за конкурентност, што секоја година го објавува Светскиот економски форум годинава ја нема Македонија на листата на 137 најконкурентни економии. Причината заради која Македонија е исклучена е недоволно информации. Заедно со Македонија заради недоволно информации да се направи истражувањето од листата годинава се исклучени Брегот на Слоновата

ЗА ПРВИТЕ СЕДУМ МЕСЕЦИ ИЗВОЗОТ ПОРАСНА ЗА 14,1%

ИЗВОЗОТ РАСТЕ ВО СИТЕ ГЛ ТРГОВСКИ ПАРТНЕРИ НА М

И

Извозот во првите седум месеци од годината порасна за 14,1% споредено со истиот период лани, покажуваат последните податоци што ги објави Државниот завод за статистика. На

Германија и во овој период е најголем и со тоа најзначаен пазар за македонските производи. Извозот во оваа земја изнесува 1,5 милијарди евра, што е речиси половина од сите продадени производи надвор од Македонија. Во споредба со лани, продажбата е зголемена за 14,3%. почетокот на третиот квартал, односно во јули е евидентиран пораст на извозот од 7,2% споредено со истиот месец лани. Во исто време, увозот од јануари до

јули годинава, пораснал за 9,9%. Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава во периодот јануари - август 2017 година, изнесува 3,2 милијарди евра додека пак вредноста на


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

7

И ИСКЛУЧЕНА ОД ИЗВЕШТАЈОТ НЕДОВОЛНО ИНФОРМАЦИИ! коска, Габон, Барбадос и Боливија. Ова е прв пат Македонија да биде исклученаод овој Извештај за период од 15 години, откако во 2003 година земјата беше ставена во земјите во кои Светскиот економски форум ја мери конкурентноста на економијата. Минатата година Македонија беше рангирана на 68 место, од вкупно рангирани 138 држави.

мисла на неделата Обично полесно е да се направи прогрес кај мегаамбициозни проекти...Бидејќи никој друг не е доволно луд, конкуренцијата е обично многу мала.

Лери Пејџ

основач на Гугл

> БРОЈКА

126

милиони евра е извозот на пијалоци и тутун во првите седум месеци годинава

лидери

ГЛАВНИ МАКЕДОНИЈА По одделни земји, извозот бележи пораст во речиси сите делови од светот. Па така, во земјите од Европската Унија, за седумте месеци е евидентирано зголемување на продажбата на производи за 15,1%, во земјите од ЕФТА за 15,6%, во земјите од Западен Балкан за 7,7%. увезената стока, во истиот период изнесува 4,3 милијарди евра. Тоа значи дека трговскиот дефицит до јули годинава достигна околу 1,1 милијарди евра а покриеноста на увозот со извоз изнесува 73.7%. „Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел) и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија“, пишува во соопштението од Државниот завод за статистика. По одделни земји, извозот бележи пораст во речиси сите делови од светот. Па така, во земјите од Европската Унија, за седумте

месеци е евидентирано зголемување на продажбата на производи за 15,1%, во земјите од ЕФТА за 15,6%, во земјите од Западен Балкан за 7,7%. Германија и во овој период е најголем и со тоа најзначаен пазар за македонските производи. Извозот во оваа земја изнесува 1,5 милијарди евра, што е речиси половина од сите продадени производи надвор од Македонија. Во споредба со лани, продажбата е зголемена за 14,3%. Втор најголем пазар, е Бугарија со извоз од 191 милиони евра, но забележан е раст од дури 30,7% споредено со лани. Потоа следуваат Србија со 134 милиони евра односно зголемување за 10,8%, Косово Грција каде што извозот изнесува 128 милиони евра и пораст од 4% и Грција со извод од 126 милиони евра и зголемување од 27,6% на годишно ниво. Интересно е што слично како и со Грција, вредноста на извозот достигна околу 118 милиони евра во Белгија, главно поради производството на белгиската компанија за автобуси во земјава, Ван Хоол. Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија. 

МАРК РУТЕ

четири холандски партии по 209 дена преговори конечно договорија нова влада

АЛПЕР ЕРСОЈ

Преку двата македонски аеродроми патувале 12% повеќе патници во однос на лани

не им беше неделата

САТЈА НАДЕЛА

Microsoft мораше конечно да признае дека проектот Windows Phone е мртов

КАРЛЕС ПУЏДЕМОН

големиот бизнис бега од Каталонија поради неизвесноста од политичката криза


АНАЛИЗА 8 COVER STORY НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ДРЖ

Капитал број 937 13.10.2017

www.kapital.mk

КОИ КОМПАНИИ И КОЛКАВА ДРЖАВНА ПОМО ДОБИЛЕ ОД ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ?!


ЖАВНА ПОМОШ www.kapital.mk

ОШ

69

милиони евра изнесуваат даночните и царинските ослободувања што државата им ги одобрила на инвеститорите

26

милиони евра изнесува државната помош во кеш грантови

COVER STORY 9

Капитал број 937 13.10.2017

Д

Државата им одобрила на инвеститорите субвенции од околу 95 милиони евра во последните десет години, покажуваат податоците од договорите за државна помош што ги објави Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН). Договорите во име на Владата ги потпишувале главно министрите задолжени за привлекување на странски инвестиции и тоа Веле Самак, кој што ставил потпис на договори вредни 23,5 милиони евра, потоа Џери Наумоф кој што потпишал државна помош од 22,5 милиони евра, и од 2015 година до годинава, откога Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони доби законска можност, сите договори ги потпишал тогашниот директор, Виктор Мизо, во износ од 19,7 милиони евра. Во најголем дел од договорите, Владата одлучила да ја субвенционира половина од вредноста на вкупната инвестиција, а во дел од договорите сумата не прецизирана со конкретни бројки туку се наведени само даночните и царински ослободувања.


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

10

COVER STORY

пишува:

Д

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Државата им одобрила на инвеститорите субвенции од околу 95 милиони евра во последните десет години, покажуваат податоците од договорите за државна помош што ги објави Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН). Договорите во име на Владата ги потпишувале главно министрите задолжени за привлекување на странски инвестиции и тоа Веле Самак, кој што ставил потпис на договори вредни 23,5 милиони евра, потоа Џери Наумоф кој што потпишал државна помош од 22,5 милиони евра, и од 2015 година до годинава, откога Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони доби законска можност, сите договори ги потпишал тогашниот директор, Виктор Мизо, во износ од 19,7 милиони евра. Во најголем дел од договорите, Владата одлучила да ја субвенционира половина од вредноста на вкупната инвестиција, а во дел од договорите сумата не прецизирана со конкретни бројки туку се наведени само даночните и царински ослободувања. Најголемата доделена државна помош, по одделни компании надминува 10 милиони евра, а кај една компанија, Владата одлучила да субвенционира по 11 илјади евра за едно отворено работно место. БИРН објави и пет нови договори за државна помош со компании за коишто јавноста претходно не знаеше дека добиле субвенции а тоа се Продис, Акомпласт, Делфи Електроник Системс, Герман Електро Мехатроникс (ГЕС) и М Скуаре Балкан. Пресметките на БИРН покажуваат дека голем дел од одобрената државна помош за овие компании се уште не е целосно искористена, бидејќи има договори што се склучени во текот на 2015 и 2016 година и предвидуваат постепено користење на помошта како што ќе ги исполнуваат предвидените обврски за вработувања и вредноста на инвестицијата. Меѓутоа, новата власт јавно се обврза дека во целост ќе ги исполни сите обврски кон сите странски инвеститори. Договорите за доделување државна помош што претходната власт ги склучи со странските инвеститори до неодамна беа класифицирани како тајни а јавноста немаше увид во трошењето на народни пари за привлекување на инвестициите во индустриските зони. Како што објави портпаролот на Владата, во последните десет години, вкупната сума потрошена

за привлекување на странски инвестиции достигнала 225 милиони евра, од кои околу 26 милиони евра биле кеш грантови за фирмите и околу 69 милиони евра по основ на даночни и царински ослободувања. МН: Субвенции до 11 илјади евра за работно место Германската компанија Маркарт што отвори фабрика за производство на автомобилски делови во велешко Караслари, склучила договор за државна помош кон крајот на 2013 година. Овој договор предвидува целосна исплата на сите трошоци за персонален данок на доход на компанијата за своите вработени за период од десет години и рефундирање на платениот данок на добивка, и вообичаено овој износ не смее да надмине 50% од вкупната инвестиција. За креирање на нови работни места, во договорот е прецизирано помошта да достигне најмногу 6,6 милиони евра односно 11 илјади евра за секое од планираните 600 работни места. Ова е всушност и најголема сума што државата ја одобрила за отворање на работно место во некоја од странските инвестиции. Вклучено и покривање на трошоците за градење до најмногу 750 илјади евра, како и за усовршување на работниците во максимален износ од 300 илјади евра до 2020 година. Компанијата пак, се обврзала да инвестира најмалку 15 милиони евра во период од пет години, а според податоците на Комисијата за заштита на конкуренцијата, вкупната државна помош по сите основи од 2015 до 2019 година, ќе достигне 8,7 милиони евра. Германската компанија Кромберг и Шуберт отвори фабрика за производство на кабли за автомобили лоцирана во индустриската зона Жабени, близу Битола. Договорот за државна помош го потпишал министерот Веле Самак во декември 2011 година, меѓутоа освен минималната инвестиција од 10 милиони евра што компанијата се обврзала да ја реализира во рок од четири години, во овој документ не е прецизирано со бројка вкупната државна помош. Пишува дека државата ќе и исплати на компанијата износ еднаков на сите плаќања за персонален данок за платите на вработените за период од 10 години и половина од сумата за социјални надоместоци и придонеси, односно за здравствено и пензиско осигурување, исто така за период од десет години. Притоа, се наведува дека вкупната државна помош нема да надмине 50% од оправданите инвестициски трошоци. Интересно е што договорот предвидува доколку компанијата не почне со инвестицијата во предвидениот рок или не ја инвестира минималната договорена сума, да плати казна од милион евра. Меѓутоа, во документ што го испратил до генералниот секретар на Владата еден месец пред одобрувањето на државната помош, министерот Самак објаснува

дека државната помош би изнесувала околу 10 милиони евра, што е половина од планираната максимална инвестиција од 20 милиони евра. Според овој документ, Кромберг и Шуберт, планирал да отвори вкупно 2.500 работни места. Италијанската компанија Кондево којашто гради фабрика во Штип, во септември 2015 година склучила договор за добивање на државна помош во вид на даночни и царински ослободувања согласно Законот за ТИРЗ, субвенции по 2 илјади евра за отворање на 300 работни места или вкупно 600 илјади евра и уште половина милион евра како помош на државата за изградба на фабриката, но доколку компанијата инвестира најмалку 15 милиони евра. Меѓутоа, според договорот, вкупната инвестиција на компанијата за период од пет години треба да надмине 30 милиони евра. Иако во самиот договор не е прецизирана вкупната државна помош, во информација од Владата од септември е наведено дека „вкупниот интензитет на помош согласно проекциите би достигнал 26,9% од максималната инвестициска обврска од 30 милиони евра“, што значи дека е еднакво на 8,07 милиони евра. Со оваа компанија преговарал министерот Џери Наумоф. Во договорот со германската компанија СТС Текстајлс, која што е браунфилд инвестиција, односно почна со производство во просториите на поранешната фабрика Нонча Камишева во Велес, Владата и одобрила државна помош за инвестиција од најмалку 4 милиони евра до 2021 година и отворање на најмалку 150 работни места. Меѓутоа, договорот предвидува максимална државна помош за вкупно 1.000 отворени работни места што би било еднакво на 2,24 милиони евра. Притоа, државата се обврзала да плати по 1.600 евра за секое од првите отворени 400 работни места, по 1.750 евра за следните двесте работни места и по 2.000 евра за последните 400 работни места до заокружување на вкупниот број. Според договорот, вкупната максимална помош е предвидено да изнесува 7,5 милиони евра или половина од предвидената вкупна инвестиција од 15 милиони евра што треба да се реализира до крајот на 2021 година. Договорот вклучува и рефундирање на пари за платен данок на добивка за период од 10 години. Американската компанија Леар којашто отвори фабрика за производство на навлаки за автомобили во зоната во Тетово, во 2015 година склучила договор за државна помош во кој не е наведена вкупната сума што државата се обврзала да ја одобри. Покрај стандардните даночни и царински ослободувања согласно Законот за технолошко индустриските развојни зони, одобрен бил и грант од половина милион евра за покривање на трошоците за градба на фабриката. Притоа, компанијата се обврзала да

ПОДАТОЦИ: БИРН ОБЈАВИ 26 ДОГОВОРИ ЗА ДРЖАВНА ПОМОШ


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

11 инвестира најмалку осум милиони евра и да вработи 900 луѓе во период од четири години. Во договорот е наведено и дека максималниот број на работни места што државата ќе ги субвенционира е 2.500, односно по 1.600 евра за секое од нив, што значи дека државната помош може да достигне најмногу до 4 милиони евра. Инаку, во преписите меѓу различни владини институции пред да се склучи договорот, компанијата најавила двојно поголема минимална инвестиција, односно околу 17 милиони евра, така што по промената на одлуката, тогашниот министер за финансии Зоран Ставрески предупредува да се внимава државната помош да не надмине 50% од последната договорена минимална инвестиција. Тој и сугерира на Владата дека според неговите пресметки, државната помош до 2018 година не треба да надмине 3,3 милиони евра. Британската компанија Ендава од информатичката индустрија, во 2015 година склучила договор за државна помош во износ од 1,025 милиони евра, што треба да се исплатува во четири транши за отворање на вкупно 425 работни места до крајот на 2017 година. Односно, државата одлучила да ги субвенционира првите 250 вработувања со по 2.000 евра и по 3.000

евра за останатите 175 работни места. Компанијата се обврзала на инвестиција од 2,2 милиони евра во период од пет години. Германската компанија Дрекслмајер според договорот за државна помош добила ослободување од персонален данок на доход и данок на добивка за период од десет години, меѓутоа нема проценка за вкупната сума што ќе се потроши. Во договорот пишува само дека вкупна-та државна помош за даночните ослободувања важи се додека сумата не надмине 50% од оправданите инвестициски трошоци и не покасно од десет годишен период. Предвидено е и покривање на трошоците за усовршување во максимален износ од 400 илјади евра. Компанијата Кранфилд Фаундри со која што преговараше министерот Бил Павлески, и којашто гради леарница производство на делови за автомобилската индустрија во близина на Пробиштип, во јули 2015 година склучила договор за државна помош во којшто не е наведен вкупниот износ, но пишува дека државата ќе го плати персоналниот данок на доход за платите на 100 вработени, колку што навел министерот Павлески во информација до Владата, и данокот на добивка. Притоа, оваа компанија се обврзува да инвестира

најмалку 15 милиони евра за период од пет години и да отвори најмногу 250 работни места. Интересно е што компанијата се обврзала во рок од 30 дена по потпишувањето на овој договор да обезбеди банкарска гаранција од милион евра. Инаку, иако во владините документи пишува дека компанијата е основана со руски капитал, сепак податоците од Централниот регистар исто така доставени до владините претставници, покажуваат дека сопственик на македонската компанија е Кранфилд Бизнис Груп Лимитед од Британски Девствени острови. Германската компанија Акомпласт која што почна да гради фабрика за автомобилски делови во зоната во Прилеп, во декември 2015 година потпишала договор за државна помош со којшто и се обезбедени сите даночни и царински ослободувања за период од десет години како што предвидува Законот за ТИРЗ, и грант од 100 илјади евра за изградба на фабриката под услов компанијата до март 2020 година да инвестира најмалку 1,5 милиони евра и да вработи барем 40 луѓе. Инаку вкупната инвестиција е предвидено да достигне 3 милиони евра а за оваа компанија во јавноста не беше познато дека добила државна помош.

ЗАРАБОТИ И КОГА ТРОШИШ СО КРЕДИТНИТЕ КАРТИЧКИ • 1% рефундирање од износот на секое купување над 300 мкд • БЕЗ ограничување на трговците • БЕЗ ограничување на локацијата на продажните места • БЕЗ ограничување на производите • БЕЗ максимален износ за плаќање

НА

CASH

• БЕЗ лимит на износот кој Ви го враќаме на располагање • Средствата се враќаат на Ваша трансакциска сметка 10 дена по изминување на месечниот циклус • Вратените средства може да ги користите кога, каде и за што ќе посакате

ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД ДО 31.12.2017

BACK Инфо центар: 02 3 111 111 www.unibank.mk


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

12

COVER STORY

За креирање на 600 работни места, државата и одобрила на компанијата Маркарт 6,6 милиони евра односно 11 илјади евра за секое од нив. Ова е најголема сума што државата ја одобрила за отворање на работно место.

Субвенции за компании што не инвестираа?!

Американската компанија Стартек којашто најави дека ќе отвори повикувачки центар и ќе инвестира 10,8 милиони евра, склучила договор за државна помош со кој Владата и одобрила субвенции по 2.200 евра за секое од вкупно 2.000 работни места што требало да се отворат до 2019 година, или вкупна помош од 4,4 милиони евра. Меѓутоа, според последните информации оваа компанија досега нема отворено кол центар во земјава и според регистарот на Управата за јавни приходи, оваа компанија од јануари 2016 година е во постапка на бришење. Компанијата Герман Електро Мехатроникс (ГЕС) најавена како германска инвестиција во производство на лед светилки, во декември 2015 година исто така склучила договор за државна помош. Според договорот до којшто дојде БИРН, на компанијата и биле одобрени предвидените даночни и царински ослободувања за период до десет години почнувајќи од денот на работење, и грант од половина милион евра за изградба на фабриката под услов компанијата до 2020 година да инвестира најмалку 15 милиони евра и да вработи барем 100 луѓе. Според деловниот план доставен до Владата, вкупниот број на вработени требало да достигне до 200 луѓе. Инаку, планирано беше изградбата на фабриката да започне кон крајот на февруари или најдоцна на почетокот на март 2016 и да биде готова за шест до осум месеци. Во мај 2016 година, тогашниот директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Виктор Мизо, изјави дека таа веќе се гради. БИРН претходно ја истражуваше оваа компанија и дојде до информации дека не станува збор за германска, туку за египетска инвестиција. Компанијата М Скуаре Балкан Лимитед основана од една индиска и уште една компанија од Хонг Конг, во договорот за државна помош склучен на крајот на 2015 година се обврзала да инвестира најмалку 31,15 милиони евра и да вработи вкупно 1.000 луѓе во период од пет години. Државата и доделила ослободување од

персонален и данок на добивка во период од десет години и по 2.500 евра субвенција за секое работно место, односно вкупно 2,5 милиони евра. М Скуаре Балкан Лимитед во декември 2015 ја купи фабриката на поранешна Порцеланка во Велес, со цел производство на кујнски производи од не’рѓосувачки челик. Дел од компаниите, пак, коишто добија државна помош, веќе ги затворија своите фабрики. Руската компанија Продис лани го затвори погонот во зоната Бунарџик,а во 2011 година склучила договор за државна помош и се обврзала за период од три години да инвестира најмалку 2,5 милиони евра и да вработи 100 луѓе. Интересно е што во договорот е прецизирано инвеститорот да ја одржува оваа бројка на вработени до 2019 година или во спротивно да плати по 1.000 евра казна за секое нереализирано вработување. Како што е познато, Продис веќе ја затвори својата фабрика во зоната во Бунарџик. Покрај даночните ослободувања, како од данок на добивка во период од десет години, од персонален данок, ДДВ за увоз на стока во зоната, надоместок за уредување на градежно земјиште, царински ослободувања, коишто не се пресметани во вкупна цифра, државата и одобрила и 100 илјади евра грант за градење на објектот ако најпрво докаже дека инвестирала најмалку 1 милион евра.

Мизо ја потпишувал државната помош последните две години

Само во последните две години Дирекцијата за ТИРЗ склучила договори за доделување државна помош од 19,7 милиони евра на 13 компании што донеле одлука да изградат фабрики. Договорите со инвеститорите покажуваат дека за да ја добијат одобрената државна помош, овие компании се обврзале на инвестиции од најмалку 39 милиони евра и отворање на 6.252 работни места. Потписник на сите договори е поранешниот директор на Агенцијата, Виктор Мизо. Најголема сума на државна помош од 3,4 милиони евра е впишана на договорот со американската компанија Гентерм. Потоа,

следуваат Ки Сејфти Системс со доделена државна помош од речиси 3 милиони евра, а на три компании им била одобрена државна помош од околу 2,5 милиони евра, и тоа Адиент Аутомотиве, Делфи Електроник Системс и Ван Хоол за втората фабрика. Дирекцијата на 12 компании им одобрила кеш грантови за изградба на фабриките од половина милион евра, колку што е и максималниот лимит, освен на една компанија на којашто и се одобрени 300 илјади евра. Вкупната државна помош по овој основ изнесува 6,3 милиони евра. Оваа директна поддршка за изградбата на фабриките во договорите е условена со минимални инвестиции на секоја компанија, коишто се движат од половина милион евра па до 15 милиони евра. Но освен за изградбата на фабриките, во договорите е прецизирана и државна помош за секое отворено работно место којашто се движи од 1.000 евра до најмногу 7.000 евра во одделни компании. За отворање на вкупно 6.252 нови работни места, вкупната помош достигнува 13,4 милиони евра. По одделни компании, во договорите најголема бројка на работни места впишала Гентерм, од вкупно 1.935 работници, а неколку компании се обврзале да отворат само стотина работни позиции. Американската компанија Гентерм, која лани во зоната во Прилеп отвори фабрика за производство на термални системи за автомобили и други уреди, според договорите за државна помош склучени од Агенцијата за технолошко индустриски развојни зони, се обврзала дека ќе отвори најмногу работни места, вкупно 1.935 и според тоа, добила најголема државна помош од 2,9 милиони евра или 1.500 евра за секое од нив. Компанијата добила уште половина милион евра за изградба на објектот со обврска прво да инвестира најмалку 4 милиони евра, со што се доаѓа до вкупна државна помош од 3,4 милиони евра. Исплатата на помошта за работните места е условена со исполнување на предвидените квоти во повеќе години, од кои вработување на 831 во првите пет години. Втора на листата компании на кои што државата им одобрила најголема државна помош во последните две години

ФАКТ: ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ ЗА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТИЦИИ ПОТРОШИЛА 225 МИЛИОНИ ЕВРА


НЛБ Visa кредитни картички

Повеќе од тоа што го посакувате! Плаќајте со Вашите Visa кредитни картички до 31 - ви октомври и искористете ги промотивните поволности! • 1% Cashback за секоја ПОС трансакција со Visa Classic кредитните картички и 2% Cashback за секоја ПОС трансакција со Visa Gold кредитните картички направени во промотивниот период. • Без членарина за првата година на користење за сите апликации за Visa кредитните картички (Visa Classic или Visa Gold) примени во промотивниот период. • Без членарина за следната година на користење за сите нови и постојни корисници на Visa кредитните картички (Visa Classic или Visa Gold) кои во периодот од 01.10.2017 до 30.11.2017 година ќе направат најмалку 10 ПОС трансакции.

www.nlb.mk

Kонтакт центар: 02 / 15 600

Репрезентативен пример: Кредитен лимит: 50.000 мкд, износ на купениот производ со Visa Classic кредитна картичка: 10.000 мкд, расположливо салдо: 40.000 мкд. Износот од 10.000 мкд ќе го враќате со месечна отплата од 5%, со променлива каматна стапка од 11,25%. Вкупен износ за враќање: 11.247 мкд, вкупен износ за камата: 1.247 мкд.


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

14

COVER STORY

е уште една американска инвестиција на компанијата Ки Сејфти Системс, која што отвори фабрика за производство на воздушни перничиња во зоната во Кичево. За отворање на вкупно илјада работни места, на оваа компанија и е одобрена помош од 2,5 милиони американски долари или по 2.500 долари за секое од нив. За изградба на фабриката, компанијата добила половина милион евра со обврска најпрво да инвестира најмалку 2 милиони евра. Во договорот е предвидено целата инвестиција да се реализира до крајот на 2018 година. Државна помош од 2,55 милиони евра и е одобрена на компанијата Адиент Аутомотиве, којашто гради фабрика за автомобилски седишта во зоната во Струмица. За отворање на вкупно 1.300 работни места, во договорот се предвидени различни суми на помош. За првите 500 работни места, на пример, државата се обврзала да исплати по 2.500 евра помош, а за дополнителните по 1.000 евра. Исплатата е предвидено да биде во четири транши како што ќе се отвораат работните места, 200 до септември 2016 година, уште 300 работни места до септември годинава, дополнителни 500 до септември догодина и уште 300 работни места до заокружување на вкупната бројка во 2019 година. „Доколку бројот на пријавени вработени во некоја од годините е помал од минималниот потребен број, износот на траншата ќе биде намален за секое неостварено вработување во определениот рок“, пишува во Договорот во случај компанијата да не ги реализира најавените вработувања. Оваа компанија се обврзала на минимална инвестиција од 3 милиони евра до крајот на 2016 година како услов за одбивање на половина милион евра помош за градење на фабриката. Според најавите пак, целата инвестиција од околу 19 милиони евра треба да се заврши до април 2020 година. Најголема помош за едно работно место од овие 13 компании, добила Делфи Електроник Системс. Вкупно 2,025 милиони евра се предвидени како стимулација за отворање на вкупно 300 работни места, од кои за првите 250 по 7.000 евра за секое од нив и по 5.500 евра за останатите 50 работници. Оваа бројка на вработени треба да се оствари до крајот на 2019 година, па така и исплатата на помошта е предвидена во четири транши, на крајот на секоја година почнувајќи од 2016 година до кога било предвидено да се отворат 100 работни места.

Оваа компанија всушност се всели во погонот на Вистеон Електроникс во зоната Бунарџик, и се обврзала да инвестира најмалку 1,5 милиони евра во доизградба на објектот за да ги добие предвидените половина милион евра помош по тој основ. Белгиската компанија Ван Хоол за втората фабрика минатата година склучила договор за државна помош во вредност од 2,5 милиони евра, но се уште не ја искористила бидејќи до крајот на годинава има обврска да инвестира 2,5 милиони евра и да вработи 145 луѓе. Договорот предвидува отворање на 400 нови работни места, што ќе ја чинат државата по 5.000 евра секое од нив. Оваа компанија во 2014 година ја отвори својата прва фабрика за производство на автобуси во Бунарџик и според зборовите на директорот Филип Ван Хоол, добиле околу 17 милиони евра државна помош. Германската компанија ОДВ Електрик којашто гради фабрика во зоната во Струга според договорот добила 975 илјади евра државна помош, од кои 475 илјади евра за отворање на 300 работни места. За првите 200 вработени државата ќе субвенционира по 2.000 евра а за останатите 100 работници по 750 евра. За да ги добие предвидените половина милион евра од државата за градење на фабриката, компанијата се обврзала да инвестира најмалку 1,2 милиони евра до крајот на 2015 година. Уште една германска компанија, Техникал Текстајлс, којашто отвори фабрика во зоната во Штип, добила помош од 900 илјади евра, од кои 400 илјади за отворање на 300 работни места. Тоа значи дека државата платила по 1.333 евра за секој вработен во оваа фабрика. За грантот од половина милион евра, се обврзала да инвестира најмалку 2 милиони евра во изградба на фабриката. Британската компанија Џонсон Мети за втората фаза од инвестицијата во Македонија, во 2015 година склучила договор за државна помош во вредност од 700 илјади евра, од кои 200 илјади евра или по 2.000 евра, за отворање на нови 100 работни места. За грантот наменет за изградбата на фабриката од половина милион евра, пак, компанијата се обврзала дека до јануари 2015 година ќе инвестира 15 милиони евра. Италијанската компанија Макдиа треба да добие од државата помош од 651 илјади евра, од кои половина милион евра откако до крајот на 2019 година ќе инвестира 2

милиони евра во фабриката во Бунарџик и уште 151 илјади евра за отворање на 101 работни места. Уште една италијанска компанија, Витек, која што веќе отвори два погона за производство на хидраулична опрема во Бунарџик, годинава во февруари склучила договор за државна помош за трет погон, во вредност од 626 илјади евра, од кои 126 илјади за отворање на 105 работни места до септември 2019 година и половина милион евра за објектот ако инвестира најмалку 2 милиони евра во истиот рок. Оваа компанија има добиено државна помош уште во два наврати, во 2013 и 2014 година. Компанијата Јуроп Шок Абсорберс, исто така италијанска инвестиција, има договор за добивање на државна помош од 550 илјади евра, од кои 300 илјади евра за изградба на објектот доколку до крајот на 2019 година инвестира најмалку 2 милиони евра и уште 250 илјади евра за отворање на 100 работни места. Меѓу овие 13 компании, има и две домашни фирми со македонски капитал кои што во 2016 година склучиле договори за државна помош. Хај Тек Асембли е првата домашна инвестиција во Бунарџик за електронски компоненти и треба да добие државна помош од 706 илјади евра. Од нив, по-ловина милион евра за градење на објектот доколку до крајот на 2016 година инвестирала најмалку 1,1 милиони евра. Договорот предвидува оваа помош да биде исплатена до крајот на март годинава, но според нашите информации, не е. За работните места, компанијата се обврзала да вработи вкупно 206 луѓе за што треба да добие по 1.000 евра за секое од нив. Обврската од договорот е вработување на најмалку 100 луѓе до крајот на 2016 година, но и овој дел од помошта според информациите на БИРН не е исплатен. ФПЦ Технопласт, пак, постави камен темелник за изградба на фабрика во Бунарџик за производство на пластични компоненти за автомобилска индустрија во ноември лани. Договорот за државна помош го склучила осум месеци порано, со којшто се предвидува да добие 655 илјади евра. Од нив 155 илјади евра за креирање на 105 работни места и половина милион евра за изградба на објектот. Оваа инвестиција според договорот треба да се реализира до крајот на 2019 година. nnn


TONY PARKER TISSOT t-touch expert solar. ПРИДВИЖУВАН ОД СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА СО 20 ТАКТИЛНИ ФУНКЦИИ ВКЛУЧУВАЈЌИ АЛТИМЕТАР, ТРЕНДОТ НА ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ И КОМПАС.

СКОПЈЕ - УЛ. МАКЕДОНИЈА, ТЦ SKOPJE CITY MALL, ТЦ РАМСТОР БИТОЛА - ШИРОК СОКАК | WWW.BOZINOVSKI.COM.MK


Капитал број 937 13.10.2017

16

www.kapital.mk

СКАНДАЛ

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРЕБА ДА ДОПЛА МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДА СЕ КИНЕСКИТЕ АВТОПАТИ?!

140

КИНЕСКА СИНОХИДРО Е ТРЕТА НАЈПРОФИТАБИЛНА КОМПАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

37

ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЗАРАБОТИЛА

МИЛИОНИ ЕВРА ПРОФИ


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

17

АТИ УШТЕ Е ДОГРАДАТ

А

ИТ!

Додека кинеската Синохидро заработува одлични профити во Македонија, изградбата на автопатските делници кои тие ги градат доцнат и ќе ја чинат државата повеќе пари од предвиденото. Познавачите на состојбите велат дека со дополнителните исплати за исправање на грешките на терен, вредноста на автопатот Кичево-Охрид би можела да стигне и до сума од половина милијарда евра, што е скандалозно висока цена за автопат од само 57 километри. Министерот за транспорт Сугарески тврди дека одговорност мора да има.

СИНОХИДРО КОРПОРЕЈШН ЛИМИТЕД Пекинг Подружница Скопје (во евра) Годишна 2015

2016

промена

Приходи

79.669.040

158.123.599

98,50%

Профит

6.138.097

31.050.856

405,90%

143

232

423.041

31.050.856

120.862.074

210.526.014

Број на вработени Капитал и резерви Обврски

74,20%


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

18

СКАНДАЛ

пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска

П

biljana.zdravkovska@kapital.mk

Подружницата на кинеската Синохидро во Македонија, која ги гради двата автопати Кичево-Охрид и Штип-Миладиновци, и која сега бара од Македонија над 140 милиони евра за да ја доврши изградбата, минатата година година била трета најпрофитабилна компанија во земјава со нето профит од 31 милион евра, покажуваат податоците од Централниот регистар на Македонија. Профитот на кинеската Синохидро лани бил пет пати зголемен во споредба со претходната 2015 година кога профитот изнесувал 6,1 милион евра. Тоа значи дека за две години Кинезите во Македонија од изградбата на автопатите чија изградба доцни и е полна со грешки, заработиле 37 милиони евра. Ако се анализира според приходите, кинеската Синохридо во Македонија лани работела со вкупни приходи од 158 милиони евра, според што е седма најголема компанија во Македонија.

Ако се имаат во предвид податоците за финансиското работење на Синохидро во Македонија и фактот дека во изминативе неколку дена беа продолжени роковите за изградба на двете автопатски делници кои тие ги градат, како и тоа дека ќе бидат потребни уште 140 милиони евра за да се доврши работата на еден од автопатите, се отвораат многу дилеми околу оваа инвестиција, која беше најавувана од претходната власт како една од најголемите во македонската инфраструктура. Инаку кредитот беше со камата од 2%, рок на враќање од 20 години, а кинеската Синохидро имаше обврска да ангажира македонски компании како подизведувачи, за најмалку 49% од вредноста на целиот проект и обврска најмалку 51% од ангажираните работници да бидат македонски Приходите на Кинезите во Македонија лани биле зголемени за цели 98,5% во споредба со претходната 2015 година, кога подружницата на Синохидро работела со приходи од околу 80 милиони евра. Податоците за работењето на кинеската Синохидро покажуваат дека за период од три години, Кинезите имале вкупни приходи од 256 милиони евра. Годишната сметка на подружницата на Синохидро покажува дека големо зголемување има и кај обврските, кои на крајот на 2016 година изнесувале 210 милиони евра и за само една година се зголемени за 74,2%, односно за близу 90 милиони евра. Уште еден

податок кој бара дополнително внимание е фактот дека обврските на Синохидро минатата година од 210 милиони евра се поголеми од приходите на компанијата за 52 милиони евра. Ако се имаат во предвид податоците за финансиското работење на Синохидро во Македонија и фактот дека во изминативе неколку дена беа продолжени роковите за изградба на двете автопатски делници кои тие ги градат, како и тоа дека ќе бидат потребни уште 140 милиони евра за да се доврши работата на еден од автопатите, се отвораат многу дилеми околу оваа инвестиција, која беше најавувана од



www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

20

СКАНДАЛ

претходната власт како една од најголемите во македонската инфраструктура.

Сугарески: За пропустите на автопатот Кичево-Охрид мора да има одговорност

Изминатава недела министерот за транспорт Горан Сугарески и соопшти на јавноста дека е сосема извесно дека двете автопатски делници Кичево-Охрид и Штип-Миладиновци, кои ги гради кинеската Синохидро нема да бидат завршени во рокот во кој се планирани, но и дека е извесно дека Македонија ќе треба да доплати уште пари од буџетот за тие да се доизградат. Неофицијално, Кинезите побарале дополнителни околу 140 милиони евра за да го доизградат автопатот Кичево-Охрид, кој според првичниот договор чинеше 373 милиони евра. „Иако има шпекулации за над 140 милиони евра сè уште не може да се каже, бидејќи се преговара. Не се откажуваме од изградба на автопатот, но одговорност мора да има бидејќи станува збор за сериозна сума пари кои ќе треба да се обезбедат најверојатно од Буџетот на државата. Дали преку кредити или директно од Буџетот, факт е дека автопатот мора да се гради исто како и автопатот Миладиновци – Штип“, изјави Сугарески. Сугарески откако ја презеде функцијата соопшти дека имало сериозни пропусти во проектирањето на автопатот и дека биле констатирани сериозни неусогласености меѓу проектната документација и реалната состојба на терен. Иако изградбата на овој автопат требаше да заврши до крајот на јануари следната 2018 година, теренските проверки покажале дека се завршени само половина од работите, а во проектната документација не биле предвидени клучни работи без кои еден автопат не може да функционира. Познавачите на состојбите велат дека со

дополнителните исплати за исправање на грешките вредноста на автопатот Кичево-Охрид би можела да стигне и до сума од половина милијарда, што е скандалозно висока цена за автопат од само 57 километри автопат. Министерот за транспорт Сугарески потврди дека се преговара за продолжување на рокот за изградба кој истекува на 31 јануари следната 2018 година и за утврдување на дополнителните трошоци за изградбата. Според Сугарески, се прават напори навреме да бидат завршени преговорите за да има и динамика на работа и на плаќање и да не се прават нарушувања во стопанството, зашто со секое задоцнување и дали преку пенали и оштетни побарувања, штета има и државата и компаниите кои работат. Иако сега некои експерти сугерираат дека проектната цена за оваа автопатската делница била многу пониска од парите што биле договорени во тендерот со Кинезите, останува дилемата зошто Јавното претпријатие за државни патишта или поранешната власт не реагирале на време дека чинењето на автопатот не одговара со цената на првичниот договор. „Пресметката за сите дополнителни работи коишто некој заборавил да ги направи допрва ќе се направи за да биде прецизна, точна и јасна. Во истиот момент кога ќе се заврши пресметката, кога анексот ќе биде испреговаран и ќе биде во фаза на потпишување јавноста ќе биде целосно информирана точно и јасно“, изјави неодамна портпаролот на Владата Миле Бошковски. Автопатот Кичево-Охрид почна да се гради во 2014 година и требаше да биде готов до февруари следната 2018 година. Но, досега се завршени само половина од работите. Покрај кај автопатот Кичево-Охрид, пробивање на роковите за изградба има и кај втората автопатска делница

која ја градат Кинезите во земјава, од Штип до Миладиновци. Пред околу една недела со анекс договор помеѓу Владата и Синохидро беше продолжен и рокот за изградба на автопатот МиладиновциШтип. Таму Владата и Синодхидро се договорија никој никому да не плаќа пенали за пропустите, единствено ќе биде продолжен рокот до кога треба да биде завршена, но нема да треба да се плаќаат дополнителни пари. Со ова одложување автопатотот Миладиновци-Штип наместо во мај годинава, сега се очекува да биде готова, до 30 септември идната 2018 година. Досега на овој автопат се завршени 74% од градежните работи.

СЈО за тендерот со Кинезите отвори посебен случај “Траекторија”

Фото-Од СЈО прес конференција (ако треба) Договорот со Кинезите го направи поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ, и за двата патни правци Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип Македонија како држава се задолжи со кредит од кинеската Ексим Банка со кредит од 580 милиони евра. Специјалното јавно обвинителство врз основа на индиции од нелегално прислушуваните разговори отвори посебен случај “Траекторија” против поранешни високи функционери кои се осомничени за земање провизија и местење на работата во корист на Кинезите за да ги градат автопатиштата во Македонија. Никола Груевски е првоосомничен во случајот „Траекторија“ за злоупотреба на службената положба, односно за местење на тендер за избор на фирма изведувач на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Осомничени се и поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и уште еден функционер. Тие се осомничени дека го оштетиле буџетот за 155 милиони евра. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

22

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ ЖИВКО МУКАЕТОВ

ЈЕЛЕНА РАДУЛОВИЌ

Ова што го прави овој бизнис настан уникатен е тоа што отвора можности за вистинска поврзаност и искористување на заедничкиот потенцијал на земјите од нашиот регион.

Во Скопје дополнително ќе ги конкретизираме нашите идеи и по првпат во историјата на САМИТ100 ќе им ги претставиме на премиерите од регионов со цел создавање поширок фронт за соработка.

претседател на УО на Самит100 и прв човек на Алкалоид

програмски директор на Самит100 и партнер во Алба Партнери

Од минатогодишниот Самит100 во Сараево

БИЗНИС И ПОЛИТИЧКАТА ЕЛИТА ОД РЕГИОНОВ ПО ШЕСТИ ПАТ НА САМИТ 100, ОВОЈ ПАТ ВО СКОПЈЕ

С

Стотина реномирани бизнис лидери и највисоки политички претставници од Југоисточна Европа на 16 и 17 октомври во Скопје ќе дискутираат за потенцијалите и можностите на регионот како целина, на 6-тиот САМИТ100. Топ менаџери на најголемите регионални компании, како Горење, Подравка, Атлантик Група, Бамби, но и од светските брендови БМВ, Убер,Филип Морис и др., ќе учествуваат на панел дискусиите на САМИТ100.

“Ова што го прави овој бизнис настан уникатен е тоа што отвора можности за вистинска поврзаност и искористување на заедничкиот потенцијал на земјите од нашиот регион“, рече претседателот на Управниот одбор нас САМИТ100, Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на бордот на фармацевтската компанија Алкалоид од Скопје. На прес конференцијата по повод претстојниот настан, Мукаетов истакна дека САМИТ100 е создаден како регионална иницијатива и токму затоа членови во неговиот Управен одбор се претставници на стопанството од целиот регион на Југоисточна Европа. “Како претседател на Управниот одбор, но и како директор на компанија која работи регионално и меѓународно, свесен сум за

силата и значењето на заедничкиот настап и поврзаноста на нашите земји. Имено, гледано во светски рамки нашите пазари се мали, но обединувајќи ги интересите и капацитетите во заеднички настап можеме да бидеме сериозно меѓународно конкурентни и истовремено да го свртиме вниманието на глобалниот бизнис кон инвестицискиот потенцијали на земјите од Западен Балкан, Хрватска и Словенија. Како домаќин на овогодишниот САМИТ100, навистина ми е драго што енергијата е препознаена од голем број бизнис и политички лидери кои ги очекуваме во следните денови во Скопје“, рече Мукаетов.

Клучниот збор годинава е ПОВРЗУВАЊЕ – CONNECTING

Клучниот збор на овогодишниот САМИТ100 во Скопје е ПОВРЗУВАЊЕ, поврзување во


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

23 различни области и на различни нивоа. Еден од главните говорници е Еврокомесарката за транспорт Виолета Булц на која ќе и се придружат реномирани бизнис лидери, претставници на водечките компании од регионот и пошироко, како Хидрија, АСА Груп, Атлас Фондација, Атлантик Група, Горење, БМВ, Подравка, Филип Морис, ББИ, Убер, Бамби и многу други, но и претставници од меѓународни финансиски институции како Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), Европската инвестициона банка (ЕИБ), Светската банка и многу други претставници од бизнис секторот. „Од година в година САМИТ100 напредува и секогаш додаваме по некоја нова димензија на нашата иницијатива. Во Скопје очекуваме дека ќе продолжиме да го надградуваме нашиот модел и САМИТ100 ќе стане уште посилна платформа со помош на добрата енергија во Скопје, но и дека дополнително ќе ги конкретизираме нашите идеи и по првпат во историјата на САМИТ100 ќе ги им ги претставиме на премиерите, со цел да направиме поширок фронт за унапредување на соработката во регионот“, изјави Јелена Радуловиќ, програмски директор на САМИТ100.

Шест премиери од Балканов и преку 100 сопственици и топ менаџери од регионалните – Подравка, Горење, Атлантик група и др. – и светските гиганти, меѓу кои Убер, БМВ, Филип Морис, ќе дискутираат за потенцијалите и можностите за економско поврзување на САМИТ 100, на 16 и 17 октомври во Скопје.

Програмата на САМИТ100 е поделена во два дена. На денот на отворањето учесниците ќе имаат можност да дискутираат за важноста од поврзувањето на регионот, развојот на зелената мобилност како можност за брз раст, слободното движење на стоките и услугите и како локалните идеи можат да достигнат глобален успех, но и околу идеите и проектите за подобра координација и унапредување на соработката во рамки на нашиот регион и негово приближување кон Европската унија преку Берлинскиот процес, во чија цел е предвидено и потпишување на меморандум за соработка помеѓу САМИТ100 платформата и Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6, основан на неодамнешниот Самит во Трст. Вториот ден, учесниците на САМИТ100

ќе бидат ангажирани во 5 креативни работилници посветени на енергетиката, економијата базирана на знаење, брендирање на производите од секторот храна и пијалаци, како и дигиталната економија и туризам. Во текот на денот предвиден е и политички панел на премиерите од регионот – Македонија, Косово, Црна Гора, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина на кој ќе им бидат претставени заклучоците од креативните работилници, а политичките лидери пред присутните ќе го дадат својот осврт на ‘‘Новиот договор за новото доба‘‘ во согласност со слоганот на САМИТ100. nnn Прелиминарната програма е објавена на интернет страницата на САМИТ100, www.summit100.org


ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ И ИНТЕРЦЕРТ ОРГАНИЗИРАAТ ПЕТДНЕВНА ОБУКА ЗА:

IRCA АКРЕДИТИРАНА ОБУКА ЗА ВОДЕЧКИ ПРОВЕРУВАЧ ПО НОВИОТ СТАНДАРД ISO 9001:2015 l 23 до 27 октомври 2017 (пон. – пет.) l 08:30-17:30 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје

ЦЕЛ НА ОБУКАТА: l Да се објасни новиот пристап и барањата на новиот

стандард ISO 9001:2015 од аспект на водечки проверувач. l Основни принципи на управувањето со квалитет. l Стекнување со потребни компетенции за изведување на проверки согласно ISO 19001:2011. l Како да се искористи теоретското познавање на стандардот во пракса? l Кој може да биде водечки проверувач? l Што сè треба да знае и применува еден водечки проверувач? l Како правилно да се разберат и распознаат барања на стандардот? l и уште многу други прашања.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:

Интерактивна обука која вклучува вежби на реални примери, дискусии и симулација на екстерна проверка. На крајот на обуката ќе се спроведе тестирање и учесниците што успешно ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со IRCA акредитиран сертификат за Водечки Проверувач за стандардот ISO 9001:2015. Сите учесници ќе добијат сертификат за учество издаден од страна на Институт КОНЦЕПТ. Бројот на местата е ограничен и истите брзо се пополнуваат.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевскаl e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3128 526 l 070 272 207


20 октомври

СПЕЦИЈАЛНА ЕДИЦИЈА

200

НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ “Капитал Медиа Гроуп” ја подготвува традиционалната годишна едиција “КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И 200 НАЈУСПЕШНИ” во Македонија, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во Едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето добивката остварени во 2016 година, но во рангирањата ќе бидат вклучени и повеќе податоци за компаниите како вредноста на активата, вредноста на капиталот и уште многу други показатели и коефициенти за успешноста и ефикасноста во работење. Сите рангирања и показатели, како и секоја година, ќе бидат изработени врз основа на официјални и евидирани податоци обезбедени од годишните сметки на компаниите. Во едицијата ќе бидат рангирани компаниите според повеќе показатели како на пример: 

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМИ ПРИХОДИ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМ ПРОФИТ

КОМПАНИИ КОИ НАЈМНОГУ ВРАБОТУВААТ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМ КАПИТАЛ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМА АКТИВА

КОМПАНИИ КОИ НАЈБРЗО РАСТАТ

Во едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со најголемите и најуспешните компании во клучните индустрии, како и повеќе анализи: 

ШТО НОСИ НОВАТА ЕКОНОМСКА И ПОЛИТИЧКА РЕАЛНОСТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС?

КОМПАНИИТЕ И ИНДУСТРИИТЕ КОИ ЌЕ ГО НОСАТ РАСТОТ СЛЕДНАТА ГОДИНА

КОЈ ГИ “ВРТИ” ПАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА КОМПАНИИТЕ ЗА 2018 ГОДИНА

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ ВО РЕГИОНОТ?

Во рамките на Едицијата во одделни анализи ќе биде анализирано работењето на компаниите од клучните индустрии: 

ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА

ГРАДЕЖНА ИНДУСТРИЈА

ТРГОВИЈА

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

ЕНЕРГЕТИКА, НАФТА И ГАС

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


Капитал број 937 13.10.2017

www.kapital.mk

26 ИНТЕРВЈУ INTERVIEW

Општина Валандово мора да биде урбанизирана и инфраструктурно уредена, што побрзо. Не смее да се помисли во 2017 година да има цели села без канализација, без чиста вода за пиење, без асфалтирани патишта и без осветлување.

Наш излез од сегашната ситуација е исклучиво земјоделието. Сите напори ќе ги насочиме кон поттикнување на создавање на земјоделски аутпут и неговото промовирање во светот. За таа цел имаме во план да ангажираме тројца земјоделски промотори и да формираме тим кој ќе им биде од помош на земјоделците при аплицирање на европските фондови и давањето бесплатни стручни совети за да се постигне максимална ефикасност. Накратко, мојата визија е земјоделска и еколошка општина Валандово со солидарни и позитивни луѓе во неа.

КОСТАДИНОВ: РУДНИКОТ ВО ВАЛАНДОВО Е НЕПОЖ


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

27

INTERVIEW

ПЕРО КОСТАДИНОВ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

ВАЛАНДОВО ЌЕ БИДЕ РАЗВИЕНА ЗЕМЈОДЕЛСКА, А НЕ РУДАРСКА ОПШТИНА

К

XKaква X е општина Валандово во вашата визија и колку таа се разликува од сегашната реалност? Општина Валандово има силни потенцијали. Но, неискористени се. Имаме млади луѓе кои се образовани и способни. Имаме плодна земја и квалитетни земјоделци. Имаме многу сончеви денови. Имаме во непосредна близина и неколку гранични премини. Сето ова би требало да подразбира и успех, сам по себе. Но, не е така. Ние во моментов сме општина која едвај преживува. За развој не може и да се зборува. Овде најголем дел од работните места се во текстилната индустрија и земјоделието. А, таму платите се ниски. Наш излез од сегашната ситуација е исклучиво земјоделието. Сите напори ќе ги насочиме кон поттикнување на создавање на земјоделски аутпут и неговото промовирање во остатокот од светот. За таа цел имаме во план да ангажираме тројца земјоделски промотори и да формираме тим кој ќе им биде од помош на земјоделците при аплицирање на европските фондови и давањето бесплатни стручни совети за да се постигне максимална ефикасност. Накратко, мојата визија е земјоделска и еколошка општина Валандово со солидарни и позитивни луѓе во неа. XАко X победите на изборите, што ќе наследите од вашиот претходник кој што три мандати ја води општината? Што најмногу му забележувате?

Би сакал да кажам дека ќе наследам општина со силна и прогресивна економија и задоволни луѓе во неа. Но, за жал ќе наследам руинирана општина која се бори со сопствениот опстој. Ќе наследам општина од која граѓаните се иселуваат незапирливо. Овде, се создаде атмосфера дека е тешкотија да живееш. Дека останувањето овде е казна. А, се разбира, градоначалникот е најголемиот виновник за тоа. Нема изговори. XКои X се приоритетите со кои што треба да се зафати идниот градоначалник на Валандово? Приоритетите се јасни. Општина Валандово мора да биде урбанизирана и инфраструктурно уредена, што побрзо. Не смее да се помисли во 2017 година да има цели села без канализација, без чиста вода за пиење, без асфалтирани патишта и без осветлување. Затоа што срамно е. Исто така администрацијата мора да биде услужна и ефикасна. Таму има квалитетни луѓе кои си ја знаат работата но, не се правилно организирани. Општината мора да го реши и проблемот со градските гробишта, дивите депонии, нефункционалните канали за отпадни води, интензивното намалување на ученици во гимназијата, системите за наводнување и т.н. Сето ова е неодложно. Се работи за суштински проблеми, од каде се раѓа сета валандовска несреќа. XКои X се вашите адути од изборната програма со коишто ги барате гласовите на граѓаните и колку оваа програма е остварлива? Пред граѓаните нудиме еден нов концепт. Нудиме мерки кои ќе ја раздвижат општинската економија и ќе создадат услови за живот овде. Го

ЖЕЛЕН И МОРА ДА СЕ ОТСТРАНИ

имаме планот „5-50-500“ преку кој најавуваме 5 нови фабрики со висока додадена вредност, 50 нови локации за стопански производствени погони и создавање на 500 нови работни места. Најавуваме јавен локален приградски превоз, кој ќе овозможи на секој граѓанин од општината да стигне до градот во три различни термини секој работен ден, со евтин билет. Најавуваме воведување на електронски систем на услуги и мобилни канцеларии кои ќе нудат услуга во секое село. Пред граѓаните ветуваме и вложување во колекторски системи и пречистителни станици. Посебен примат ќе им се даде на младите. Ќе отвориме младински креативен центар преку кој младите ќе учествуваат во креирањето на локалните политики и носењето на круцијалните одлуки за општината. Сето ова е остварливо. Ние сакаме и сме цврсто решени да го реализираме. Се разбира, ќе ни треба и силна поддршка од централната власт но, истата ни е ветена и безусловно гарантирана. XКој X е вашиот став за можеби најгорливото прашање за оваа општина во моментов, а тоа е отворањето на рудникот Казандол? Уште во првиот одговор реков дека мојата визија е земјоделска и еколошка општина Валандово. Тоа подразбира дека за рудници овде нема место. Рудникот во Казандол е страно тело овде и неопходно е да се отстрани. Валандово мора да биде чисто и ведро. Валандово мора да остане цветно. Од рударски црнини и темни облаци ние немаме потреба. Ние ќе произведуваме сок од калинка, слатко од смокви, неприкосновено вино и неповторлива ракија. Нашето злато е еколошко. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

28

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ЗАВРШИ РЕВИЗИЈАТА НА РАБОТЕЊЕТО НА ПАДНАТИОТ НА КОЛЕНА ХРВАТСКИ АГРОКОР

ДРЖАВАТА ОБВИНУВА ЗА ФИНАНСИСКИ КРИМИНАЛ, ТОДОРИЌ НАЈАВУВА ТУЖБИ ПРОТИВ

“ЗЛОСТОРНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА“

Н

Најголемата хрватска и балканска компанија Агрокор последниве неколку месеци е во центарот на вниманието на домашната и регионалната јавност заради финансиските дубиози во коишто се најде концернот, а хрватската држава го презеде управувањето и почна истрага за работењето на компанијата која што остваруваше околу 8 милијарди евра приходи на годишно ниво. Вонредната управа на чело со повереникот Рамљак во понеделникот, 09.10, го презентираше и вториот дел од ревизорскиот извештај направен од страна на глобалната ревизорска куќа PricewaterhouseCoopers (PwC), која што беше ангажирана од хрватската влада и во мај почна да „копа“ по билансите на Агрокор. PwC со писмо ја известил вонредната управа на концернот за сметководствени неправилности воочени за време на ревизијата, а “коишто може да укажуваат на потенцијални противзаконски дејства“. Се работи за прикривање на позајмици и/или кредити, како и трошоци на работењето и трошоци за камати коишто се прикажани како побарувања кон сопственикот. Исто така, ревизорот утврдил и неправилна класификација на имотот и резервите По ревизијата, значително е намалена вредноста на имотот на Агрокор во однос на вредноста што ја прикажувала претходната управа на чело со Анте Тодориќ. Имено, како што јавува загрепски Јутарњи лист и останатите хрватски медиуми, вкупниот имот на Агрокор е помал за 21,7 милијарди куни (1 куна= 0,133 евра, н.з.) во однос на

АНТЕ РАМЉАК

повереник на хрватската влада за управување со Агрокор

финансискиот извештај за 2015-та, односно вредноста што ја прикажуваше управата на Тодориќ.

Ангажирани финансиски форензичари да откријат каде “се скриле“ безмалку 300 милиони евра

Ревидираниот консолидиран извештај на Агрокор Групата за 2016 – та и претходните две години покажал дека имотот на концернот е помал за 21,7 милијарди куни одошто покажувале деловните книги во времето на Ивица Тодориќ, дека обврските на Агрокор во износ од 56,28 милијарди куни го надминуваат имотот (негативен капитал) за 14,5 милијарди куни и дека резултатот за деловната 2016 година е загуба од 11 милијарди куни. Загубата пак во 2015 година била 3,6 милијарди куни за разлика од првично искажаната добивка од 1,2 милијарди куни. “Воочивме и некои сметководствени неправилности“, рече Рамљак и наведе дека тоа се однесува на обврските што се поголеми за 3,9 милијарди куни во однос на првично прикажаните, оперативните финансиски трошоци

Со непријавени пари на компанијата купувале јахти и хеликоптери

О

д 2010 година во своите книги компанијата не прикажувала трошок во износ од 293 милиони евра. Се прашувате како е тоа можно. Можно е така што тие износи се ставани на некоја транзитна сметка, ревизорите не го виделе, а се врзувале на договорот во којшто наводно во 2011 година е одлучено дека компанијата ќе биде котирана на берза и дека сите трошоци поврзани со тоа IPO ќе бидат трошоци на компанијата... Во овие речиси 300 милиони евра има секакви трошоци, но 50% од нив се приватни – има тука сè: луксузни возила, јахти, хеликоптери, скапи патувања, шопинзи... Спорното е дека тие никогаш не биле прикажувани. Добивката се зголемувала секоја година, а врз основа на тоа се исплаќале дивиденди.

ХРВАТСКАТА ВЛАДА: АГРОКОР ИМА ВКУПЕН ДОЛГ ОД 7,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

29 ИВИЦА ТОДОРИЌ

основач и довчерашен сопственик на Агрокор

Злосторничка организација сака да го грабне Агрокор!

Ќ

е поднесам кривична пријава против вонредниот владин повереник за Агрокор, Анте Рамљак, затоа што, имам сознанија дека е човек вон законот, но и против некои луѓе од компанијата. Тие беа задолжени и имаа овластување за прибавување пари и за продажбата на несуштинските бизниси, за купување и продавање компании и за други активности. Ништо од тоа не направиле, за Агрокор да го вовлечат во проблеми и потоа заедно со останатите луѓе од целата оваа злосторничка организација за себе да прибават материјална корист, односно да го приграбат Агрокор, за што се создадени условите со донесувањето на неуставниот Lex Agrokor .

Ревизијата открила скриени трошоци во износ од речиси 300 милиони евра. Вкупните обврски на Агрокор групата според ревизорите PwC изнесувале 7,5 милијарди евра на крајот од 2016 година. Коригираниот извештај за 2015 година пак, покажува обврски од речиси 7,3 милијарди евра, за разлика од првично објавените 6 милијарди евра од страна на управата. Вкупниот капитал на Агрокор бил негативен, односно имал загуба над вредноста на капиталот во износ од 1,93 милијарди евра. Ревизорите велат дека капиталот на Агрокор за 2015 и 2016 година е намален за нешто повеќе од 2,9 милијарди евра.


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

30

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

се поголеми за 2,3 милијарди куни, а утврден е и помал износ на готови пари за 2,1 милијарди куни, како и дека неприкажаните дадени кредити и побарувања изнесуваат две милијарди куни. “Од 2010 година во своите книги компанијата не прикажувала трошок во износ од 2,2 милијарди куни(околу 293 милиони евра). Се прашувате како е тоа можно. Можно е така што тие износи се ставани на некоја транзитна сметка, ревизорите не го виделе, а се врзувале на договорот во којшто наводно во 2011 година е одлучено дека компанијата ќе биде котирана на берза и дека сите трошоци поврзани со тоа IPO ќе бидат трошоци на компанијата... Во овие 2,2 милијарди куни има секакви трошоци,

но 50% од нив се приватни. Спорното е дека тие никогаш не биле прикажувани. Добивката се зголемувала секоја година, а врз основа на тоа се исплаќале дивиденди.“, објаснуваше владиниот повереник Рамљак на презентацијата на ревизорските наоди. PwC известил за сите овие неправилности, а владините повереници по овие наоди ангажирале форензичка компанија што треба да ја испита секоја ставка и да покаже каде навистина отишла оваа разлика во сумите. “Јас после дописите од ревизорите веќе презедов одредени законски активности. Поднесов кривична пријава против одговорните лица коишто во 2016 година беа во управата на Агрокор“, им рече Рамљак на присутните новинари во

Загреб. “Сè изгледаше фантастично додека не пукна, а за префрлањето приватни трошоци на компанијата нема сега детално да зборувам. Има тука и луксузни летувања, хеликоптери, јахти, шопинг како и други трошоци.“

Кој ќе одговара за долговите?

Што се однесува на долговите кон државата, Рамљак кажа дека во некои ситуации даноците биле и преплатувани, затоа што била пријавена поголема добивка. “Добро воделе сметка обврските кон државата да се исплаќаат, така што во овој дел нема некои спектакуларни откритија“, рече Рамљак и додаде дека очекува голем број граѓански тужби во случајот со мешетарењето со

ТОДОРИЌ: БРОЈКИТЕ СЕ НАШТИМАНИ СО ТОЧНО ОДРЕДЕНА ЦЕЛ



www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

32

БАЛКАН БИЗНИС И ПОЛИТИКА

обврзниците, но не сакаше да каже дали Даночната управа или некои други институции морале да знаат за ваквата состојба во Агрокор. Што се однесува до ревизорските извештаи, тој додаде и дека дошло до незаконски стекнати материјални добра, заради што всушност е и подигната кривичната пријава против менаџментот на Агрокор. “Што најмногу ме изненади? Во овој момент, тоа е износот што со години бил криен од билансите, а никој за тоа да не алармирал“, вели Рамљак. “Сите знаеле дека има проблеми во оваа групација коишто никој не можел да ги лоцира. Износите се фрапантни, навистина преголеми, за да може вака да се скријат.“ За тоа колкави се шансите за успешни спогодби со кредиторите, одговори дека оперативниот резултат што набрзо ќе биде презентиран покажува позитивни трендови. “Во април и мај имаше голема недоверба во опстанокот на малопродажниот синџир на Агрокор, но како поминува времето, расте надежта и оптимизмот. Кредиторите добро ќе знаат да пресметаат колкава е вкупната вредност на целата групација за да прифатат спогодба според тие вредности. Многу се шушка околу тоа кој ќе одговара за овие долгови на концернот. Банките низ историјата знаеле и да отпишуваат долгови и јас ви гарантирам дека ниту еден граѓанин на Хрватска нема да ги враќа овие долгови.“ 

ТОДОРИЌ НА СВОЈОТ БЛОГ ВОДИ ВОЈНА И СО ДРЖАВАТА И СО СВОИТЕ ДОВЧЕРАШНИ МЕНАЏЕРИ

“СЕ РАБОТИ ЗА ЗАВЕРА! ЌЕ ГО ТУЖАМ И ПОВЕРЕНИКОТ РАМЉАК И НЕКОЛКУ ЛУЃЕ ОД АГРОКОР“

В

еднаш по објавата на ревизорските извештаи за работењето на Агрокор, на својот интернет блог – www.ivicatodoric.hr - што го лансираше неодамна, се огласи и самиот Ивица Тодориќ, којшто најави дека до Републичкото јавно обвинителство (ДОРХ) ќе поднесе кривична пријава против вонредниот владин повереник за Агрокор, Анте Рамљак, затоа што, како што вели, има сознанија дека е “човек вон законот“, но и против некои луѓе од компанијата. “Тоа се луѓе што на концернот му направија огромна штета заради сопствените интереси. Тие беа задолжени и имаа овластување за прибавување пари и за продажбата на несуштинските бизниси, за купување и продавање компании и за други активности. Ништо од тоа не направиле, секако, затоа и ништо немаат потпишано, но затоа вистинските прилики за финансирање на Агрокор ги одбивале. Тоа го правеле за Агрокор да го вовлечат во проблеми и потоа заедно со останатите луѓе од целата оваа организирана структура за себе да прибават материјална корист.“ Според Тодориќ, во сето ова очигледно учествувала и Владата, што премиерот и лично го потврдил во изјавата дека “разговорите со луѓето од Агрокор се водат уште од јануари“. “Како тогаш јас како сопственик за тоа не сум знаел? Секако, логично е – заради интересите на поединци со покровителство на Владата требало да се створат услови за приграбување на Агрокор, што е и направено со неуставниот и противзаконски Lex Agrokor“, пишува Тодориќ на својот блог. Оценува и дека луѓето што се денес партнери на Владата и некои хрватски институции, се всушност надвор од законот. “Уверен сум дека институциите на правната држава наскоро ќе ја разоткријат целата злосторничка организација. Ваков удар на правната држава, уставот и законите, на човековите права, институциите на правната држава и стручната јавност сигурно не можат, и уверен сум, нема да игнорираат. Вистината ќе се дознае до последна децимала, и во тоа ќе бидам доследен изнесувајќи ги фактите, бројките и реалните податоци.“


ШТО ДОБИВАТЕ СО ОН-ЛАЈН ПРЕТПЛАТА НА КАПИТАЛ: претплата на 1. Со електронското издание на Капитал

заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

за најава од 2.Можност три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

до електронското 3. Пристап издание од било каде во Светот

ШТО ДОБИВАТЕ СО ПРЕТПЛАТА НА ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ НА КАПИТАЛ:  49 броја на редовното издание на Капитал  45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал  Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа  Платена поштарина  Вклучено ддв  Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

INTERVIEW 34 ИНТЕРВЈУ Милионските посети и постојаната заинтересираност на брендовите за простор во нашиот трговски центар се главен показател за успешното работење на Skopje City Mall. Ние, веруваме во стратегијата дека доколку ги знаете очекувањата и преференциите на потрошувачите кои постојано се менуваат и активно ги следите овие промени и преземате мерки, на крај ќе бидете успешни и можете да го продолжите својот пат без да бидете погодени дури и во моменти на криза.

ЕБРУ РАДЕВСКИ генералeн директор на Skopje City Mall

SKOPJE CITY MALL ИМА ГОЛЕМО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЕКОНОМИЈАТА Денес, после 5 години постоење и работа на Skopje City Mall, како го цените успехот на проектот? Дали се исполнети очекувањата и плановите на сопствениците? Изминаа 5 години кои навистина ме направија горда, и верувам дека не само мене туку и целиот тим. Работењето на Skopje City Mall очигледно покажа одличен успех, а тоа го потврдува и големото влијание што трговскиот центар го има врз сите сегменти од општеството - економски, социјален, културен... За овие 5 години Skopje City Mall се позиционираше како регионален лидер помеѓу трговските центри и стана едно од главните обележја на Македонија, па така слободно можам да кажам дека се исполнети досегашните

очекувања и планови, што му дава елан на целиот тим да продолжи со полна пареа кон повисоки цели и остварувања кои ќе донесат бенефит за сите. Како што знаете од ноември 2016, Skopje City Mall е дел од Хајстед Лимитед, кој е водечки специјализиран фонд за трговски центри и работи портфолио на трговски центри во Југоисточна Европа. Хајпроп Инвестментс Лимитид (REIT рангирани на JSE) поседува 60% од акциите во Хајтсед и ПДИ-компанија која ја застапува Луј Норвал, ги поседува останатите 40% од акциите. Хајстед поседува четири трговски центри во Југоисточна Европа, “Delta City“ Подгорица (Црна Гора) со 23.718м2, “Delta City“ Белград (Србија) со 27.693м2 , “Skopje City Mall “ Скопје (Македонија) со

36.999м2 и “The Mall“ во Софија (Бугарија) со 52.000м2. Стратегијата на Хајстед е да поседува висококвалитетни трговски центри кои доминираат во однос на просечната големина, развиваат нови концепти и ги прават најпосакувани локации за локални и меѓународни брендови. Структурата на компанијата обезбедува цврста основа за извршување на нашата стратегија, со способни и искусни тимови и практичен пристап кој ни овозможува ефикасно управување со нашите средства за да се постигне тековен приход и раст на капиталот. Како може да го објасниме влијанието на Skopje City Mall врз шопинг културата во Скопје и Македонија, односно какви

РАДЕВСКИ: ПРЕДИЗВИК НИ Е ПОСТОЈАНО ДА БИДЕМ


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

35 Како регионален центар, посетителите ни доаѓаат од речиси сите соседни држави. Имаме најмногу од Косово и Албанија, јужниот дел на Србија. И тоа не радува. Успеавме да направиме Skopje City Mall да биде желба на секој од регионот и шопингот да го доживува на еден посебен начин. Но, сепак мораме да нагласиме дека над 90% од потрошувачите се локално население од Р.Македонија. трендови наметна неговото функционирање? Македонските потрошувачи секогаш ги следеле трендовите и имаат развиени куповни навики и ако претходно мораа да патуваат надвор од државата за да ги посетат продавниците на нивните омилени брендови, а сега тоа го имаат во својот град. Со отворањето на Скопје Сити Мол во Македонија за прв пат влегоа над 40 нови интернационални брендови и секоја година бројот расте за уште неколку нови. Големата понуда на колекции од светските брендови во различни ценовни категории придонесува за понатомашен развој на модната култура во Македонија и секако наш предизвик е постојано да бидеме во тек со светските случувања. XКакво X влијание, пак, врз самата економија на градот и државата има Skopje City Mall – во смисла на порасната трговска активност, приходи за општина, буџет, итн.? Уште при отворањето на Skopje City Mall, се очекуваше големо влијание на економијата пред се поради големината и епитетот кој го носи со себе. Како што напомнавме и претходно, успеавме да донесеме голем број на брендови, кои за прв пат се појавуваат на македонскиот пазар, со што директно влијаеме на економијата. Вкупната потрошувачка во Skopje City Mall од 2013 до 2016 година е зголемена за 51%, имаме 180 закупци, а годишно над 200 брендови се заинтересирани за простор во трговскиот центар. Во локалите на нашите закупци се вработени 1.460 луѓе, а над 300 компании се рекламираат и закупуваат брендинг позиции. Имаме преку 35.000.000 посети за овие пет години и потрошувачи не само од Македонија, туку и од соседните држави. Со оваа статистика мислам дека е на сите им е јасно економското влијание на Skopje City Mall. XВо X Skopje City Mall има и бројни потрошувачи од Косово, Албанија

и другите соседни земји, со што се шири и таргетот на купувачи, па колкав е отприлика уделот на странската потрошувачка во Skopje City Mall во билансите на крајот? Како регионален центар, посетителите ни доаѓаат од речиси сите соседни држави. Имаме најмногу од Косово и Албанија, јужниот дел на Србија. И тоа не радува. Успеавме да направиме Skopje City Mall да биде желба на секој од регионот и шопингот да го доживува на еден посебен начин. Но, сепак мораме да нагласиме дека над 90% од потрошувачите се локално население од Р.Македонија. XКако X се движат финансиските резултати на трговскиот центар изминативе пет години откако почна со работа? Имаше ли политичката и економската криза последниве година дена влијание врз приходите? Како што споменав претходно, милионските посети и постојаната заинтересираност на брендовите за простор во нашиот трговски центар се главен показател за успешното работење на Skopje City Mall. Политичката и економска криза што се случуваше последните години во Македонија за жал се чувствуваше речиси насекаде и во сите сегменти во општеството, но Skopje City Mall има еден континуиран финансиски раст, благодарение на добрата соработка со закупците, рационалното користење на ресурсите и квалитетното менаџирање. И покрај кризата имавме 10% раст на прометот во првите девет месеци од 2017 година. Ние веруваме во стратегијата дека доколку ги знаете очекувањата и преференциите на потрошувачи кои постојано се менуваат и активно ги следите овие промени и преземате мерки, на крај ќе бидете успешни и можете да го продолжите својот пат без да бидете погодени дури и во моменти на криза. XКакви X се идните планови на Skopje

City Mall, може ли да очекуваме и други познати брендови да отворат свои продавници набрзо? Интересот постои и е во плановите на сите големи светски брендови кои имаат за цел да отворат продажни места во Македонија. Капацитетите речиси ни се постојано полни и една од најголемите задачи и цели на новото сопствеништво е проширување на капацитетите. Моментално сме во завршна фаза на проект со кој ќе ги прошириме капацитетите и ќе ги задоволиме барањата на оние кои се заинтересирани. Во преговори сме со многу познати брендови кои знаеме дека ќе бидат многу атрактивни за нашите посетители, но сме во фаза на преговори и не смееме да ги откриваме и се надеваме дека наскоро ќе можеме и официјално да ги најавиме. Во 2017 година за прв пат во Македонија деловни простори отворија два многу познати интернационални брендови: O Bag и MAC, a следно отворање е Oviesse Kids. XКако X го одбележивте роденденот, што ќе издвоите? Се погриживме на нашите посетители да им понудиме богата програма со која ги опфативме сите таргети. За најмалите го организиравме семејниот ден со настап на Петко и Бендот 5+; џиновскиот спинер и други работилници. Ги избравме најстилските посетители за време на Late Night Shopping преку Fashion Hunt со жири составено од наши еминентни имиња од модната индустрија. Со “Хит за 5“ и James Zabiela ги израдувавме сите љубители на добрата забава. Се на се имавме роденденска прослава за паметење, бројките ни кажуваат дека ова е најуспешниот роденден на Skopje City Mall, само во саботата имавме над 47.000 посетители и го соборивме сопствениот рекорд, а вкупно за трите дена од роденденската прослава имавме над 110.000 посетители од земјава и странство.

nnn

МЕ ВО ТЕК СО СВЕТСКИТЕ СЛУЧУВАЊА


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

36

СВЕТ

НАЈГОЛЕМА ДАНОЧНА РЕФОРМА ВО САД

ТРАМП СО ПОНИСКИ ДАНОЦИ ЌЕ ГИ ВРАЌА АМЕРИКАНСКИТЕ КОРПОРАЦИИ ДОМА

Планираното намалување на корпоративниот данок во САД, со цел да се дестимулираат американските компании да инвестираат или произведуваат во странство, може значајно да ја промени глобалната даночна рамка. Според плановите претседателот Трамп, ќе биде објавен „ден на даночното олеснување“, на кој компаниите ќе можат да го вратат капиталот во САД и да платат само меѓу 8,75% и 10% данок.

П

„Премногу работни места се селат надвор од државата, премногу семејства од средната класа не можат да врзат крај

со крај. Овој план за даночна реформа ги адресира директно овие предизвици“, пишува во програмата на американскиот претседател Доналд Трамп. Олеснувањето на даночното бреме и враќањето на работните места во САД беа водечки пораки за време на неговата изборна кампања, и наидоа на одек кај значителен дел од американската работничка класа од економската

периферија, што најмногу загуби од последната финансиска криза. Настрана од идеите за поедноставување на даночната регулатива и намалување на оданочувањето за сите кои работат, најважен елемент од реформата на Трамп е намалувањето на корпоративниот данок со таков што ќе биде сообразен до местото на продажба (destination based cash flow tax). Со ова целта е да се намалат стимулите за

ПРОГНОЗА: EКОНОМИИТЕ ВО РАЗВОЈ МОЖЕ ДА ПРИМАТ


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

37 БРОЈКИ

35%

изнесува сега данокот на добивка во САД, кој со редормата треба да се намали од 20% до 25%

25%

е просечната стапка на данок на добивка во земјите членки на ОЕЦД

Преминувањето на САД кон територијален даночен систем, и намалувањето на корпоративниот данок ќе имаат ефекти и надвор. Можно е ова да доведе до бран од даночни реформи во развиените држави, во обид да ја зголемат својата привлечност за мобилен меѓународен капитал. американските компании да инвестираат или да произведуваат дел од производите и услугите во странство. Преминувањето на САД кон територијален даночен систем, и намалувањето на корпоративниот данок ќе имаат ефекти и надвор. Можно е ова да доведе до бран од даночни реформи во развиените држави, во обид да ја зголемат својата привлечност за мобилен меѓународен капитал, прогнозира професорот по економија на Харвард, Мартин Фелдстаин. А економиите во развој може да примат удар од очекуваното поскапување на доларот.

Даноци за масите или за масивните

„Повеќе од 31 милиони семејства ќе заштедат скоро 1.000 долари од заработените пари со тежок труд“, вети Трамп во програмата. Но, всушност најголема корист од промените нема да имаат работниците, туку акционерите во големите американски корпорации, што вака или онака бележат рекордни нивоа на продажба. „Никој бизнис, ниту тој од Fortune 500, ниту локалниот гранап, ниту фриленсерот кој преживува од проект до проект, нема да плаќа повеќе од 15% од бизнис приходите како данок“, вети Трамп. Но, по острата реакција во Конгресот, почна да се зборува за варијантата во која корпоративниот данок е меѓу 20-25%. САД се меѓу малкуте држави што ги оданочуваат приходите независно каде се остварени. Така американските компании практично плаќаат двојни даноци – не само во државата во која продаваат, но и при репатрирањето на капиталот назад во САД.

Повеќето други држави имаат територијален систем на оданочување, што ги исклучува приходите од странство, и ги оданочува само тие остварени во државата на продажба. Поради тоа има широк консензус дека начинот на кој оданочувањето во САД моментално функционира не е ефективен и и штети на економијата на државата, со тоа што ги тера меѓународните бизниси да ги преместуваат своите централи во странство, за да си ги намалат даночните расходи. А, исто така, тие ја чуваат и добивката во странство, инвестирајќи во ќерките компании таму, за да избегнат плаќање даноци во САД. Додека просечното ниво на корпоративниот данок во државите од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) е 25%, во САД тоа номинално е 35%. Предлозите и на Трамп, и на Конгресот, предвидуваат единствена даночна отстапка за мултинационалните компании кои ќе одлучат да ја вратат добивката во САД. Моментално таа е со вкупна вредност од над 2,5 трилиони долари и 24% од неа се од само четири компании – Apple, Microsoft, Pfizer и General Electric. Истражување на Economic Policy Institute покажува дека четирите гиганти, заедно со следните 46 компании држат три четвртини од офшор капиталот. Според сегашните правила, ако одлучат да се вратат во САД, тие ќе треба да бидат оданочени со ставка од 35%, а потоа трајно да ја реинвестираат добивката во државата, ако не сакаат да им бидат оданочувани и идните дивиденди. Според плановите на Конгресот и на претседателот, ќе биде објавен „ден на

3,9

трилиони долари ќе загуби федералниот буџет од предложените даночни реформи на Трамп

даночното олеснување“, на кој компаниите ќе можат да го вратат капиталот во САД и да платат само меѓу 8,75% и 10% данок.

Неоправдани очекувања и проблеми

И покрај најавите дека тоа ќе биде „најхрабрата даночна реформа од Реган наваму“, различни елементи од неа веќе биле испробани – не многу успешно. Во 2005 година Конгресот го донесе Законот за стимулирање на домашните инвестиции, и за ден ја намали ставката за вратениот капитал до 5,25%, при што се постави условот компаниите да ги инвестираат парите назад во државата. Надежта на политичарите била да создадат половина милион работни места и 300 милијарди долари (тогаш тоа било третина од офшорната добивка на американските компании) да се вратат во САД. Но, истражувањата што следувале преземени од Сенатот во 2009 година и од Националната канцеларија за економски истражувања во 2011 година, не откриле зголемување на инвестициите и на работните места во САД. Всушност, второто истражување дури и открило дека десет од Топ 25 компаниите, што го искористиле „денот на даночното олеснување“, го намалиле бројот на вработените во периодот 2004-2007 година. Како и да е, голем дел од корпорациите не ја плаќаат даночната ставка од 35%, а користат дупки во законодавството за да го намалат тоа што го должат. Според Wells Fargo Securities, просечно ефективниот корпоративен данок платен од американските компании е 26%. Трамп вети

Т УДАР ОД ОЧЕКУВАНОТО ПОСКАПУВАЊЕ НА ДОЛАРОТ


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

38

СВЕТ

Најголема корист од промените нема да имаат работниците, туку акционерите во големите американски корпорации, што вака или онака бележат рекордни нивоа на продажба.

дека ќе ги затвори дупките во законите, но досега неговиот тим не изнел детали како. Затоа и оние кои очекуваат огромен ефект од враќањето на капитал назад во САД најверојатно ќе бидат разочарани. Во прашалник упатен до 39 директори за финансии на глобални корпорации со заедничка пазарна капитализација од над 4 трилиони долари, CNBC откри дека само 12,5% од нив изјавиле дека со заштедените пари ќе создадат нови работни места во САД. На прашањето за што би ги употребиле неоданочените добивки, финансиските лидери наведуваат преземања, спојувања, инвестиции во објекти и машини, како и истражувачка дејност како главни приоритети. Професорот по даночно законодавство на Columbia Law School, Алекс Расколников, не верува дека реформата ќе предизвика значително враќање на извезените работни места, зашто моментално државата е во економски подем и ваква стимулативна мерка нема да направи особена разлика. „Ако се има предвид дека намалувањето

на ставката ќе доведе до зголемување на буџетскиот дефицит и на националниот долг, тешко може да се очекува од тоа да произлезе значаен економски раст“, вели Расколников. Во Конгресот има сериозна опозиција против мерки што можат да го зголемат долгот, кој натфрла 20 трилиони долари. Уште пред крајот на годинава пред Трамп е нов судир за кревање на плафонот на долгот. Американската Tax Foundation пресмета дека меѓу 2016 и 2025 година федералниот буџет ќе загуби дополнителни 3,9 трилиони долари при спроведувањето на промените што ги предлага Трамп.

Глобални последици

Ако во некаква форма биде прифатена, даночната реформа ќе доведе до сериозни последици и надвор од САД. Веројатноста барем намалувањето на корпоративниот данок да се случи е голема – и бизнисот, и мнозинството во Конгресот и Трамп – го сакаат тоа. Расколников смета дека ако тоа се случи, ќе биде отворена врата за „трка

кон дното“ на глобалното корпоративно оданочување. „Ќе одземе извесно време, но многу држави ќе побараат начин да создадат предност пред САД“, смета Расколников. Тој додава дека слична реакција имало од даночната реформа на Роналд Реган. И нема да бидат засегнати само развиените држави. Дури самото споменување на даночната реформа веќе води до поскапување на доларот. Ако истата се воведе, смета Расколников, поскапувањето на американската валута ќе доведе до ситуација во која влади, банки, бизниси и клиенти со долгови во долари ќе купуваат уште од оваа валута за да ја исплатат главницата и каматата. Во Русија, во Мексико и во Турција долговите во долари на банките се 20-25% од БДП на соодветните држави. Резултат на поскапувањето ќе биде намалувањето на кредитните рејтинзи, задоцнети плаќања и други фискални дисбаланси. Каква и даночна реформа да излезе од Вашингтон, нејзините ефекти ќе бидат глобални. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

40

ТЕХНОЛОГИЈА

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ВЕЌЕ ГО МЕНУВА СВЕТОТ ... И БИЗНИСОТ

РЕВОЛУЦИЈАТА ТЕЧЕ

ИЛИ ЌЕ СУРФАМЕ НА БРАНОТ ИЛИ ЌЕ НЀ ПОТОПИ Најголем дел од светот неподготвен ги трпи промените на начинот на кој се произведува и продава - четвртата индустриска револуција е во тек. Но, прозорецот на можности е отворен за сите кои ќе допуштат да осознаат дека живеат во свет што претрпува трансформација. Европската комисија смета дека револуцијата ќе го зголеми БДП на ЕУ за 110 милијарди годишно во следните пет години; ќе помогне на 2 милиони бизниси со 33 милиони вработени во нив; и ќе биде одговорна за 60% од растот на европската економија

T

Тешко е да се открие кога точно еволуцијата преминува во револуција, но кога ќе се погледне наназад, тој момент е јасно видлив. Бидејќи сè уште не можеме да погледнеме наназад – уште не сме преминале преку новиот индустриски бран што ќе го смени начинот на функционирање на сè – ни останува само да кажеме оти е сè појасно

дека се наоѓаме некаде на почетната точка на револуцијата. Терминот „Индустрија 4.0“ се појави пред 5-6 години, прво во стратегија на германската Влада, што сакаше да ги подготви производителите во земјата за она што претстои. Од 2013 година наваму пребарувањата на Google на овој термин растат со геометриска прогресија. Од една страна, зашто никому не е сосем јасно што точно вклучува овој поим. Зад него се крие резултатот од напредокот во сфери како автоматизацијата, информатиката, вештачката интелигенција, интернетот, собирањето податоци, па дури и генетиката

и биологијата. Едноставно кажано, ако првата индустриска револуција се базираше на пареата и механизацијата, втората на електриката, третата на компјутерите; последнава е основа на претворањето на светот во смеса од дигитално и физичко. Фабрика управувана од роботи: 3D принтер што ви прави патики по лична нарачка/вкус; машина што сама може да си побара ремонт; децентрализирано знаење во секоја област ..., сето ова е дел од промената. Со оглед на показателите колку брзо доаѓа оваа промена, се чини дека малкумина се подготвени да ја пресретнат. „Ова не е

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД УПАТЕНИТЕ: ОВА НЕ Е СВЕТОТ УТРЕ – ОВА Е СВЕТОТ СЕГА



www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

42

ТЕХНОЛОГИЈА

светот утре – ова е светот сега“, знаат да кажат упатените. Една од причините сите да гледаат со очекување на новиот индустриски бран е што традиционалните методи за раст на продуктивноста се веќе исцрпени. Претходната револуција од седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век ги донесе компјутерските модели и методите за поефикасно производство. Деведесеттите ги донесоа офшор зоните што ја зголемија заработката, и новите области со пониски плати што ја задвижија аутсорсинг индустријата. Сега тече обратен процес – експертите сметаат дека во следните десет години ќе бидат засегнати 40% од сегашните логистички синџири што ги носат производите од далечните места до развиените пазари. Враќањето на производството блиску до корисниците и до развојните центри е процес што веќе тече во Европа. Дел од тој процес се должи на платите што растат, но друг дел од него е поврзан со 3D печатењето и роботизацијата што овозможуваат многу полесно, поевтино и побрзо производство, дури и со елементи на персонализација. Adidas годинава врати една од фабриките од Виетнам во Германија, за да прави обувки по нарачка, целосно преку 3D печатење и виртуелни близнаци-машини. Ваков вид фабрики ќе има сè повеќе. Другата голема промена е собирањето податоци. Слично како и многу други технологии што ќе го сменат индустрискиот пејзаж, и овој процес почна пред години во корисничкиот свет, но се префрли и во бизнисот. Денеска секој уред нè следи - ако, на пример, телефонот следи каде одиме, на кој начин (пешки или со некаков превоз), и за колку време, тој може да обезбеди значајни податоци за автомобилската индустрија. Целиот овој процес ќе предизвика две нешта: ќе отвори нови пазарни ниши таму каде што досега имаше само еден бизнис модел, и ќе создаде (веќе создава) нови закани. Целосната автоматизација истовремено ќе овозможи да се намали загубата на (работно) време, да се одговори брзо на проблем во фабрика, и дури истиот да биде решен далечински. Сето ова ќе остави луѓе без работа. Дигитализирањето на сè повеќе делови од индустријата ќе

дозволи нови компании да влезат на пазарот и да нудат иновативни решенија, и во исто време ќе се зголеми заканата за кибернетичката безбедност.

Можностите и заканите

Да почнеме со можностите – производителите веќе имаат многу повеќе ниши од кои можат да извлекуваат вредност: автоматизацијата овозможува многу подобра прогностика, па така има компании што својата опрема ја даваат на користење под наем во времето кога тие не ја користат, преку дигитални модели со претплата. Интелектуалното право и анализата на податоци се растечки извор на приходи. Ако досега компаниите користеле ограничен број внатрешни луѓе за развојната дејност, сега има можност за одредена проблематика да прашаат илјадници, милиони луѓе, и да го изберат бесплатно најдоброто решение. Блокчеинот и дроновите се две технологии што допрва ќе го остваруваат својот потенцијал. Благодарение на дигиталните близнацимашини, веќе можат да се прават фабрики во виртуелната стварност, да се оптимизираат преку софтвер, и потоа да се изградат реално. Со развојот на технологии како автоматската размена на информации меѓу машини (комуникациите М2М) и вештачката интелигенција, веќе набрзо роботите ќе можат да одлучат како

најдобро да произведат даден производ. Ова веќе значи фабрики што можат да се самообучуваат. Европската комисија смета дека револуцијата ќе го зголеми БДП на Европската унија за 110 милијарди годишно во следните пет години, ќе помогне на 2 милиони бизниси со 33 милиони вработени во нив, и ќе биде одговорна за 60% од растот на европската економија. При игра со вакви влогови, јасно е дека и заканите не се мали. Дел од нив се за постојните производители кои треба брзо да осознаат дека живеат во свет што претрпува трансформација. Експертите за прашањата што водат до револуцијата мислат дека голем дел од европските бизнис гиганти се многу конзервативни - не купуваат нови технологии од непознати имиња – претпочитаат сè да произведуваат сами. Венчр фондовите во Европа се многу помали отколку во САД, каде пазарот е многу поотворен за нови и за мали компании, што, секако, сакаат да се насочат во согласност со револуцијата. Главната грижа, се разбира, се работните места. Турција, на пример, се користи како дестинација за евтина работна рака, но со 3D печатењето треба да почне да се размислува како луѓето работници ќе се справат со технолошката работна рака.

nnn



www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

44

МЕНАЏМЕНТ

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ СОВЕТУВААТ

КОГА ИДНИНАТА НА ФИРМАТА ТРЕБА ДА СЕ СТАВИ ПРЕД ЛИЧНИОТ ИНТЕРЕС НА ГАЗДАТА?

М

Мој близок пријател неодамна имаше убав повод за честење: добил унапредување во компанијата каде што работи веќе десетина години, односно станал директор на еден од клучните сектори. Компанијата е од информатичкиот сектор, една од најстарите од тој тип во земјава, а нејзиниот основач и сопственик, а

Токму во неуспехот на сопственикот на бизнисот да ги развива своите вработени е и причината што подоцна не гледа соодветни луѓе на кои што може да им префрли дел од задачите. воедно и генерален менаџер, на неколку врвни позиции досега има поставено луѓе кои што се подолго време во фирмата, односно се покажале како способни и лојални вработени. Според кажувањата на пријателов, неговиот “газда“ има практика околу себе да ги собере за најблиски соработници токму луѓето што

се развивале и “пораснале“ во компанијата. Компанијата е речиси 20 години активна на пазарот, последниве години се рашири со своите услуги и во околните земји, па нејзиниот сопственик почнал да чувствува дека растот на фирмата веќе ги надраснал неговите капацитети за раководење. Затоа и поголем дел од суштинските процеси

МАКЕДОНИЈА: МНОГУ ФИРМИ НЕМААТ ОДДЕЛИ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ


They say diamonds are forever… and so is an MBA!

Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking

a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders

World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise

A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives

Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards

So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk

www.uacs.edu.mk

UACS SKOPJE

UACSKOPJE

YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE

UACSKOPJE


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

46

МЕНАЏМЕНТ

во фирмата почнал да ги делегира на своите најблиски соработници, па со тек на време, се формирале менаџерските позиции за продажба, финансии, маркетинг, логистика и останатите. Со истите тешкотии, или предизвик да се управува фирмата која ги надраснува капацитетите на основачот/сопственикот/ главниот менаџер се соочуваат уште многу македонски компании, сигурно едно 90% од оние со кои што досега Капитал комуницирал. Компаниите создадени уште во социјалистичкиот систем имаа свои оддели за човечки ресурси, во тоа време обично нарекувани “кадрово одделение“, кои што главно беа задолжени за пријавување и одјавување работници, плати, награди, казни… Поголемите социјалистички компании што се приватизираа продолжија со практиката управувањето со човечките ресурси да го сведат на овие помалку или повеќе административни работи. Сè додека кај некои од нив не дојде странски капитал и со себе донесе knowhow за процесите на менаџмент, меѓу кои и за менаџирањето со вработените. Постепено во таквите компании се оформија сериозни оддели за човечки ресурси, кои што се грижат за развојот на капацитетите на своите вработени, преку обуки, тренинзи, програми за мотивација и сл. Сериозни оддели за човечки ресурси имаат и компаниите кои што дојдоа како директни странски инвестиции, односно од почеток почнаа да ја градат својата кадровска структура.

Страв од делегирање

Да се позанимаваме сега малку со компаниите оригинално создадени во почетокот на 90-те години или подоцна, од типот на онаа каде што работи мојот пријател од почетокот на овој текст. Таа е пример каде што сопственикот успешно ги делегирал обврските, но што станува со оние каде што “газдата“ не ги развива своите луѓе, туку сите конци и понатаму ги држи во своите раце. Токму во неуспехот на сопственикот на бизнисот да ги развива своите

Колку и да се обидуваат сопствениците на компаниите да ги избегнуваат промените, во еден момент иднината на компанијата треба да се стави пред личните интереси и пред желбата да се биде незаменлив. Новите времиња бараат нови луѓе, а растот на компанијата и нови тимови. вработени, е и причината што подоцна не гледа соодветни луѓе на кои што може да им префрли дел од задачите, велат експертите за човечки ресурси. Колку и да се обидуваат сопствениците на компаниите да ги избегнуваат промените, во еден момент иднината на компанијата треба да се стави пред личните интереси и пред желбата да се биде незаменлив. Новите времиња бараат нови луѓе, а растот на компанијата и нови тимови. Во овој контекст и прашањето за развој и задржување на вработени на секое ниво од менаџментот: без воспоставени процеси и систем за кариерен пат на вработените и нивен развој, ова прашање е оставено на случајноста. Голем број од македонските мали и средни компании немаат јасни

системи за управување со човекови ресурси и ја плаќаат цената која лесно се пресметува и во бројки- трошокот за замена на еден вработен слободно може да се пресмета од шестмесечната плата предвидена за тоа работно место, плус трошоците за регрутација (оглас за вработување, интервјуа и сл). Вака земено, долгорочното планирање е секогаш подобра опцијa. Големите светски компании имаат развени стратегии за развој на таленти (водење на вработените низ структурата на компанијата и развивање на нивниот потенцијал). Тој процес во себе најчесто носи компонента на планирање на наследниците, односно вработените кои имаат потенцијал, еден ден, да застанат на самиот врв од компаниската пирамида. nnn

ТРОШОК: ЗАМЕНА НА ВРАБОТЕН ЧИНИ КОЛКУ 6 ПЛАТИ ЗА ТОА МЕСТО


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 24 ОКТОМВРИ 2017

ЕДНОДНЕВЕН ПРАКТИЧЕН ТРЕНИНГ ЗА:

ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ СО ПРИМЕНА НА MICROSOFT PROJECT  26 октомври 2017 година  од 10.00 до 15.00 часот  Институт КОНЦЕПТ, Скопје Проектен менаџмент е примена на знаење, вештини, алатки и техники со цел проектните активности да ги исполнат проектните барања. Проектниот менаџмент обезбедува дополнително и перманентно подобрување на работните процеси. Организациите се се’ повеќе фокусирани на постепени промени со цел да ги користат предностите на новите технологии и создаваат значително подобрување на ефективноста и ефикасноста на организацијата. Проектниот менаџмент е алатка која тоа го овозможува.

СОДРЖИНА:

         

На тренингот ќе се користат само примери од водење на проекти. Ова е листата на некои од прашањата кои ќе се решат на тренингот:

 

Што е проект? Што е проектен менаџмент? Динамичен животен циклус Проектни фази и проектни “порти“ Организација на проектниот менаџмент Проектни процеси и техники Дефинирање на проектот Планирање на Вашиот проект Лансирање на проектот Извршување на проектот Затворање на проектот Користење на компјутер и практична работа во Microsoft Project Што софтверот може да направи?

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска e-mail: institut@koncept.com.mk  02 3128 526  070 272 207

Грижете се за з равјет на Вашата к жа

КОМПЈУТЕРСКА ДЕРМАТОСКОПИЈА НА БЕНКИ

Скопје +389 2 / 321 66 08 www.ancevski.com.mk ancevski@laserlab.com.mk facebook.com / Ординација Д-р Анчевски


www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

48

МЕНАЏМЕНТ Предноста од користењето клауд е што вашата компанија не мора да поседува и одржува скапа ИТ архитектура или компјутерски сервери. Во оваа прилика ви нудиме краток водич за најбитните работи што треба да ги знаете за клауд компјутингот ( cloud computing) или обработка на податоци во облак.

ШТО СЕКОЈ ДИРЕКТОР ТРЕБА ДА ЗНАЕ ЗА КЛАУД КОМПЈУТИНГОТ?

МЕНАЏЕР ВО “ОБЛАЦИ”

П

Прво, што значи клауд компјутинг? Во основа, тоа е користење на надворешна мрежа на сервери за да складирате, менаџирате и процесирате податоци, наместо да користите ваши сопствени сервери или персонални компјутери. До тој т.н. “облак“ на податоци пристапувате преку интернет. Предноста од користењето клауд е што вашата компанија не мора да поседува и одржува скапа ИТ архитектура или компјутерски сервери. Во оваа прилика ви нудиме краток водич за најбитните работи што треба да ги знаете за клауд компјутингот (cloud computing) или обработка на податоци во облак. Што може клаудот да стори за вашиот бизнис?

на клауд може да ви заштеди 1.Префрлањето илјадници евра годишно

На вашиот шеф за информатика можеби нема да му се допадне ова, но да имате голем ИТ оддел и ресурси во самата компанија веќе е реликвија од минатото. Ако вашата компанија самата ги менаџира e-mail системите, веб хостирањето или серверите со фајлови, најверојатно попусто фрлате стотици или илјадници евра годишно, во зависност од големината на фирмата. Компаниите како Rackspace, Google или FuseMail може да се грижат за вашите e-mail системи за многу помалку пари од она што го трошите ако ги правите овие операции in-house. Освен тоа, со клауд решение веќе никогаш не мора да се грижите за надградба или одржување на вашите сервери. За повеќето компании, фајл

серверите не се повеќе најдоброто решение за чување и споделување на фајловите. Клауд сервисите како Dropbox или Synplicity нудат услуги за споделување фајлови за многу поволни месечни надоместоци. Со овие сервиси, нема веќе потреба од сервери и бекапи. Тие ќе се погрижат за се’.

веќе потреба од комплексна софтверска 2.Нема инфраструктура

Порано, ако сакавте вашиот бизнис да биде поддржан од одличен софтверски систем, веројатно ќе требаше компанија како IBMили SAPда инсталира страшно комплициран и скап систем. Поновите верзии на ваквите софтвери дополнително се наплаќаат, а ако сакате да инсталирате нов хардвер за да ги зголемите перформансите, и тоа може да чини стотици илјади евра. Со помош на т.н. software-as-a-service (SaaS) модел, вашиот бизнис може да го искористи “облакот“ за пристап до најквалитетни софтверски решенија. Компаниите што обезбедуваат SaaS постојано го надградуваат својот софтвер и секогаш имате пристап до најновите и најдобрите верзии од нивниот софтвер, а нема потреба да се грижите за набавка на нов хардвер. Месечните надоместоци за користење на SaaS се многу помали од она што ќе го платите за класичен компаниски софтвер.

зголемува агилноста на компанијата 3.Се

Преку користење на cloud computing и SaaS решенија, вашата компанија е многу пофлексибилна. Можете да се префрлате на најдобрите софтверски опции брзо и лесно. Традиционалните бизнис софтвери се комплексни и скапи, и еднаш штом ќе

ги инсталирате, многу е скапо и тешко да се префрлите на нешто друго. Додека, фимите што нудат услуги на клауд, имаат одлични стимулации за да ве задржат, а префрлањето на некој друг ваков сервис бара многу малку напор од вас. Тие исто така, мора да внимаваат на брзината и сите други карактеристики на нивниот хардвер, затоа што ако не сте целосно задоволни од нивната услуга, добро знаат дека лесно може да отидете кај нивната конкуренција.

зголемува безбедноста на податоците и 4.Се сигурноста на системите

На глобално ниво се зборува многу за сигурноста на клауд услугите, и загриженоста што постои околу ова прашање не е без основа. Меѓутоа, клауд и SaaS компаниите што имаат веќе изградена репутација веќе имаат изградено завидно ниво на сигурност и безбедност на своите услуги. Во дигиталното време не постои 100% сигурност, за жал. Но, користејќи компании што постојано иновираат и ги подобруваат своите безбедносни системи, вие ја правите и сопствената компанија многу побезбедна. Ако ги чувате своите податоци на сопствени компаниски сервери, станувате многу поранливи за хакерски напади, одошто ако сте на клауд кај некој провајдер. За да ја одржувате безбедноста на информациите кај внатрешните системи, треба да имате персонал што постојано ќе ја надградува безбедноста на вашите дигитални системи. Ова е напорна работа, која на крајот чини многу. Но, ако користите провајдер на клауд услуги, ќе ја употребите нивната експертиза и иновативност во поглед на безбедноста. nnn

ФАКТ: ГОЛЕМ ИТ ОДДЕЛ ВО САМАТА КОМПАНИЈА ВЕЌЕ Е МИНАТО



www.kapital.mk

Капитал број 937 13.10.2017

50

ЛИДЕРИ

ФИЛ ЛИБИН

ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА EVERNOTE

CEO-ТО ТРЕБА ДА Е НАЈГЛУПАВАТА ЛИЧНОСТ ВО ФИРМАТА

Ф

Фил Либин е претпримач кој два пatи досега има основано стартап компанија, Engine 5 и CoreStreet, а веќе неколку години е главен извршен директор на Evernote, лесно достапен софтвер кој го прави земањето забелеши и нивното архивирирање многу лесно. Оваа апликација е своевидно место за меморија, каде што можете да складирате работи кои ви

Се на светот може да се направи подобро. И заслужува да се направи подобро. Тоа е морална обврска да се обидете да ги подобрите работите малку по малку.

Како што вашата компанија расте, ќе поминувате низ три фази на интернет фидбек од страна на корисниците. Првата е “не е доволно”. Втората е “сосема доволнo. Третатa е “многу, многу повеќе”. Секако дека се шегувам. Постои само првата фаза.

Секој кој што ми рапортира мене, мора работата да ја работи многу подобро отколку што би можел јас. Тоа би излегло некако дека ЦЕО-то во Evernote треба да е најглупавата личност во фирмата.

Најважната работа што треба да ја знаење за вработувањето на луѓе е како да отпуштате. Не вработувајте никого, освен ако не сте уверен дека ќе можете да го отпуштите.Тоа е непријатено, но е вистина.

Ако имате добар производ, тогаш тоа е се што треба да правите.

е потребен пристап од било каде, од фотки, до веб страници и уште многу повеќе. Компанијата Evernote има над 100 милиони корисници и се проценува на над 1 милијарда долари. Либин е инаку роден во Русија, а на осумгодишна возраст со родитетлите емигрирале во САД. Еве некои од неговите ставови за успех во бизнисот.

Има многу лоши причини за да се основа фирма. Но, постои само една добра и легитимна причина - тоа е за да се промени светот.

Жалбите од корисниците се одлична работа, Колку се подетални , толку се подобри. Единствениот проблем со критиките е што се демотивирачки за луѓе кои не се навикнати да бидат критикувани.

Градењето и одржувањето на одличен тим е најважната работа што треба да ја правите како главен извршен директор.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.