938 kapital magazin

Page 1

INTERVIEW

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ВИОЛЕТА БУЛЦ

20 ГОДИНИ МАКСТИЛ

ЕВРОПСКИ КОМЕСАР ЗА ТРАНСПОРТ

НА КРСТОПАТОТ НА ЦИВИЛИЗАЦИИТЕ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

INTERVIEW

ЗОРАН ШАПУРИЌ

фото: МИА

ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ НАЈМНОГУ СЕ ЖАЛАТ НА ВИСОКИТЕ И НЕЛОГИЧНИ КАЗНИ

COVER STORY

СКОПЈЕ ДОМАЌИН НА 6-ТИОТ ГОДИШЕН САМИТ 100 БАЛКАНСКИТЕ БИЗНИСМЕНИ БАРААТ ПОВРЗУВАЊЕ НА РЕГИОНОТ! БРОЈ 938 | ЦЕНА 100 ДЕН. 20 ОКТОМВРИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 19

АНАЛИЗА: “БРЗИТЕ” КРЕДИТИ СО БРЗ РАСТ



3

Капитал број 938 20.10.2017

СОДРЖИНА

22 04 06 18

НАВИГАТОР

„БОЖИНОВСКИ ЧАСОВНИЦИ И НАКИТ“ЈА ПРЕТСТАВИ КОЛЕКЦИЈАТА НА CALVIN KLEIN WATCHES & JEWELRY

COVER STORY

Скопје домаќин на 6-тиот годишен САМИТ100 Балканските бизнисмени бараат поврзување на регионот!

36 22

Европски комесар за транспорт

Предолгото чекање на границите во Западен Балкан ја поткопува конкурентноста на регионот

Шефицата на ММФ Кристин Лагард најавува крај на банкарскиот модел што го познаваме Време е банкарите сериозно да ги сфатат криптовалутите

28

АНАЛИЗА

36

ПОЛИТИКА

INTERVIEW

ВИОЛЕТА БУЛЦ

СВЕТ

Брзите кредити со брз раст Бизнисот на финансиските друштва достигна 16,2 милиони евра Локалните избори беа референдум: за НАТО, за ЕУ, за реформи ... Голема победа на СДСМ!

48 42

INTERVIEW

ЗОРАН ШАПУРИЌ

министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија

Домашните компании најмногу се жалат на високите и нелогични казни

48

ТЕХНОЛОГИЈА

50

ЛИДЕРИ

Пред името Hyperloop One сега ќе стои Virgin Ричард Бренсон инвестира во остварувањето на идејата на Илон Маск ЕЈМИ ХУД

финансиски директор на Microsoft

Мојата цел е поголема од добри бројки

САМИТ 100

ММФ И БИТКОИНОТ

ПО ЛОКАЛНИТЕ

Во присуство на повеќе од 100 еминентни бизнис лидери од Македонија и регионот и специјални гости од меѓународни финансиски институции, Скопје изминатава недела беше домаќин на 6-тиот годишен САМИТ100 за Бизнис лидери од Југоисточна Европа. Темата на овогодишното издание на САМИТ100 беше „Поврзување”. Бизнис и политичките лидери од регионот во текот на дводневниот настан зборуваа за електрификација и е - мобилност, за поврзување на регионот преку подобра инфраструктура и начините како да се забрза протокот на луѓе и стоки, за промените кои ги носи дигитализацијата.

„Време е светските централни банки и регулаторите да станат сериозни во врска со дигиталните валути“, смета шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард. „Глобалните финансиски институции се под ризик со тоа што не обрнуваат внимание и не ги разбираат новите финтек производи кои веќе почнуваат да ги потресуваат финансиските услуги и глобалниот систем за плаќање. Мислам дека ќе видиме масивни пореметувања“, изјави таа неодамна, за CNBC, во Facebook Live интервју дадено на маргините на годишната средба на ММФ во Вашингтон.

Настрана од факторите што на овие локални избори очигледно и силно беа против ВМРО-ДПМНЕ, а поради кои дел од граѓаните (сега ослободено) гласаа за да го казнат Никола Груевски и со него асоцираното раководство на партијата, многу поважно за Македонија е што ова казнување не беше од видот „гласај за другите, без разлика што нудат“, туку причините за поддршката што ја доби СДСМ се многу јасни и многу охрабрувачки за некои од главните приоритети на државата.Тука мислиме главно на очекувањата од евроатланските интеграции и со нив во голема мера компатибилната меѓуетничката кохезија.

 Стр. 6

 Стр. 22

 Стр. 36

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 18.10.2017


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

4

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

ТЕВДОВСКИ: РАСТОТ НА ЕКО

> БРОЈКА

7,0%

поголема додадена вредност создале компаниите во 2016

ОДРИ ГЛОВЕР

ОБСЕ/ОДИХР

На овие избори е забележан напредок во демократскиот процес во Македонија, и оти довербата на гласачите во изборниот процес расте

П

олитичката нестабилност го забави растот, но периодот на стабилизација ќе донесе зголемена економската активност, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски на годишните средби на Светска банка и на ММФ во Вашингтон. „Министерството за финансии годинава имаше најконзервативна проекција на економски раст во споредба со релевантните институции како ММФ, додека за догодина тие се совпаѓаат, односно се проектира раст повисок од 3%. Очекувањата се дека македонската економија ќе закрепне и ќе почне да се движи напред. Ние

„БОЖИНОВСКИ ЧАСОВНИЦИ И НАКИТ“ ЈА ПРЕТСТАВИ КОЛЕК

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО РЕ

M

Минатата недела македонската публика во фоајето во МОБ уживаше во новата колекција часовници и накит на брендот Calvin Klein која ја претстави „Божиновски часовници и накит“.

Во оваа колекција на часовници и накит преовладува минималистичкиот стил на брендот кој веќе ја има изградено препознатливоста во овој правец. На македонскиот пазар овој бренд е присутен подолго време и веќе има изградено силни врски и лојалност од страна на клиентите, најмногу поради идеалната синергија на сензуалноста и природноста кои се неговата главна одлика. „Очекувам оваа колекција на часовници и накит на Calvin Klein уште посилно да ја зацврсти лојалноста

кон брендот на нашиот пазар, бидејќи кога се работи за минималистичкиот стил и испишувањето на една најмала линија во однос на дизајнот може да резултира со голема впечатливост. Колекцијата ја задржува својата рафинираност и ненаметливост во континуитет, како бренд постојано следејќи ги моменталните модни трендови“, изјави Игор Божиновски сопственик и генерален менаџер на компанијата „Божиновски часовници и накит“. Божиновски истакна дека поголеми позитивни промени и вистинско


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

5

ОНОМИЈАТА ЌЕ ЗАБРЗУВА

во моментот сме силно посветени на реформите, а приоритет на Владата се и евроатланските интеграции. Сметаме дека тие на среден рок ќе го интензивираат растот“, изјави министерот Тевдовски. Транспарентниот и чесен пристап на Владата, како и приближувањето кон НАТО ќе донесе дополнителни странски инвестиции во земјава. Активно се работи на проект за поврзување на домашни и странски компании од автомобилската индустрија со што ќе се обезбеди повеќе работа и домашните фирми, истакна министерот Тевдовски.

мисла на неделата Кога секој добива нешто од ништо, наскоро никој нема да има ништо, затоа што никога нема ништо да произведува.

Чарлс Кок

американски индустријалец

> БРОЈКА

18

милијарди евра промет имале македонските компании во 2016

лидери

КЦИЈАТА НА CALVIN KLEIN WATCHES & JEWELRY

ЕВОЛУЦИЈАТА

ЗОРАН ЗАЕВ

СДСМ е голем победник на локалните избори

ЖИВКО МУКАЕТОВ

Успеа да собере во Скопје над 100 бизнис лидери од југоисточна Европа

не им беше неделата

АНА БРНАБИЌ

освежување на овој бренд очекува во колекциите од 2018 година, кога во истите директно ќе биде видлив печатот на новиот креативен директор на групацијата Calvin Klein, познатиот дизајнер Рав Симонс, кој најави револуционерни промени во модната групација. Актуелната колекција на Calvin Klein Watches & Jewelry е украсена со новото лого кое го воведе Раф Симонс во февруари годинава, но најголем дел од колекциите за 2017 година, кога тој го превзема кормилото на компанијата, веќе беа во финална фаза. На меѓународниот саем за часовници Baselworld 2017

година, за време на претставувањето на рекламната кампања на часовниците и накитот од овој бренд, Раф Симонс изјави дека како компанија не сакаат да ангажираат ѕвезди за рекламите, туку дека тие преку своите реклами ги создаваат ѕвездите. Креативниот патерн на Раф Симонс, како што тој истакнува, е во користењето на спомените и визиите за иднината и нивното имплементирање во денешницата, создавајќи нераскинлив спој помеѓу емотивното и сензуалното, совршено претопени во минимализмот како главна одлика на брендот. 

Претседателот на EFJ оцени дека Србија е најлош пример за кршење на медиумските слободи на Балканот

ДОНАЛД ТРАМП

Не престанува да ги напаѓа медиумите – сега и со закани за одземање лиценци


СКОПЈЕ ДОМАЌИН НА 6-ТИОТ ГОДИШ 6 COVER STORY

Капитал број 938 20.10.2017

www.kapital.mk

БАЛКАНСКИТЕ БИЗНИСМЕНИ ПОВРЗУВАЊЕ РЕГИОНОТ!


ИШЕН САМИТ100 www.kapital.mk

Е БАРААТ НА

COVER STORY 7 Капитал број 938 20.10.2017

В

Во присуство на повеќе од 100 еминентни бизнис лидери од Македонија и регионот и специјални гости од меѓународни финансиски институции, Скопје изминатава недела беше домаќин на 6-тиот годишен САМИТ100 за Бизнис лидери од Југоисточна Европа. Темата на овогодишното издание на САМИТ100 беше „Поврзување”. Бизнис и политичките лидери од регионот во текот на дводневниот настан зборуваа за електрификација и е - мобилност, за поврзување на регионот преку подобра инфраструктура и начините како да се забрза протокот на луѓе и стоки, за промените кои ги носи дигитализација.


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

8

COVER STORY ЖИВКО МУКАЕТОВ генерален директор на Алкалоид и претседател на Управниот одбор на Самит 100

С

он на Самит100, кој се надеваме дека во догледно време ќе прерасне во реалност е побрз проток на добра и луѓе во регионот. Во изминативе години работевме многу да ги поттикнеме локалните власти да вложат напори во хармонизација на разни меѓугранични процедури и во решавање на предизвиците со кои луѓето и компаниите се соочуваат во поглед на поефикасна мобилност.

пишува:

В

Редакција Капитал kapital@kapital.mk

Во присуство на повеќе од 100 еминентни бизнис лидери од Македонија и регионот и специјални гости од меѓународни финансиски институции, Скопје изминатава недела беше домаќин на 6-тиот годишен САМИТ100 за Бизнис

лидери од Југоисточна Европа. Темата на овогодишното издание на САМИТ100 беше „Поврзување“. Бизнис и политичките лидери од регионот во текот на дводневниот настан зборуваа за електрификација и е - мобилност, за поврзување на регионот преку подобра инфраструктура и начините како да се забрза протокот на луѓе и стоки, за промените кои ги носи дигитализација. Бизнис заедницата ги идентификуваше предизвиците кои претстојат за подобра економска регионална соработка За поголемо поврзување на регионот се заложи и првиот човек на Алкалоид и претседател на Управниот одбор на САМИТ100, Живко Мукаетов, кој како домаќин го отвори Самитот и истакна дека на земјите од југоисточна Европа

што побргу им е потребно добро поврзување и слободен проток на капитал, луѓе и идеи. “Транспортот и поврзаноста се едни од виталните елементи на регионална соработка. За да стигнете од Скопје до Сараево, потребни ви се околу 12 часа по копнен пат или со авион. Последниот пат кога патував со авион од Сараево за Скопје, транзитирав преку Истанбул и Виена, што слушнав дека е сличен случај со присутните тука. Сон на Самит100, кој се надеваме дека во догледно време ќе прерасне во реалност е побрз проток на добра и луѓе во регионот. Во изминативе години работевме многу да ги поттикнеме локалните власти да вложат напори во хармонизација на разни меѓугранични процедури и во

ЗОРАН ЗАЕВ

премиер на Македонија

К

ако Влада работиме на унапредување на целокупната регионална соработка, затоа што и ЕУ кон којашто се стремиме сите од Западен Балкан повеќе ќе не почитува ако покажеме дека пред сe’ може да соработуваме меѓу себе, а потоа и со другите. Сакам да ги охрабрам луѓето од бизнис секторот дека ние и другите влади од Балканот полагаат надежи во растот и развојот на компаниите од регионот, затоа што целиот регион ќе има економска иднина само ако бизнис секторот расте. Владата веќе изгради концепти за поддршка на инвестициите во економијата и поголема поддршка ќе имаат инвеститорите што црпат ресурси од домашните компании, а за нас домашни компании се практично сите. од регионот.


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

9 решавање на предизвиците со кои луѓето и компаниите се соочуваат во поглед на поефикасна мобилност“, рече Мукаетов. Тој истакна дека фокусот на Самит100 во Скопје, како и секоја година, ќе остане на регионалната соработка. “За полесен пристап до нови пазари, на компаниите им е потребно здружување, а Самит100 е одлична иницијатива за постигнување на овие цели. Истовремено, Самит100 е силна платформа за структуирање на развојни програми кои би го приближиле регионот чекор понапред во исполнувањето на мисијата за градење на моќна бизнис заедница која би била генератор на поголем економски раст. Ние во Самит100 сме уверени дека само преку интензивирање на регионалната соработка и градење синергии меѓу компаниите, би ја подигнале конкурентноста на економиите, на нашите фирми би им овозможиле полесен пристап до нови пазари а за странските инвеститори, како унифициран пазар би биле далеку попримамливи“, додаде Мукаетов. Како што најави Мукаетов, регионалната соработка на Самит 100 ќе биде официјализирана со потпишување меморандум за меѓусебно разбирање и соработка на самитската платформа со Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан. Меморандумот ќе се однесува на поттикнување на деловната соработка, унапредување на конкурентноста, на регионалната и на националните економии. Еден од специјалните говорници на САМИТОТ 100 беше и Еврокомесарката за транспорт Виолета Булц. Булц посочи дека од клучно значење за регионот е неговата интеграција во Европската унија. “Пред една и пол година ќе бев многу претпазлива, но денеска сметам дека

дуваат позитивни ветришта во едрата на ЕУ. Се надевам дека тоа ќе ви даде сила да продолжите со реформите и да ги искористите ветровите со чиста енергија, а не со ѕидишта”, рече Булц. Според нејзе, ЕУ има стратегија за проширување која ќе донесе позитивни сигнали за регионот. “Иднината на Западен Балкан е позитивна“, порача Булц и ги повика земјите од регионот да го искористат позитивниот момент и што побрзо да ги направат неопходните реформи и да се приближат до полноправно членство во Европската унија. Булц нагласи дека е горда на регионот и на фактот што десетгодишните разговори резултирале со плод и со потпишување на Договор за транспортна заедница. Препорача регионот да учи на грешките на ЕУ и додаде дека дигитализацијата е двигател на промените. “Од дигитализацијата Западен Балкан може да има голема корист во областа на транспортот и за 60% да ја намали администрацијата, посочи Булц и препорача сите земји од Западен Балкан веднаш да воведат е - патарини. Бизнисмените очекуваат политичките елити на регионот да ја следат нивната визија во која регионот пред да биде примен во Европската унија да фати чекор со светските трендови. “Регионот на ЈИЕ има можност во процесот на придружување кон ЕУ да ги искористи европските фондови за итно подобрување на сегашната состојба на транспортните коридори, оцени Исток Сељак, координатор на платформата „Едисон“ и потпретседател на Управниот одбор на Самит 100. “Глобалната економија се наоѓа во средина на нова револуција на брзо преструктуирање од фосилни горива на зелена енергија. Таа транзиција ќе се случува во идните 10-15 години со поддршка на дигитализацијата. Составен

дел на тоа е зелената и електрична мобилност., Регионот може повторно да доцни на нешто што е на самиот почеток, а имаме и можност да се поставиме како лидери на тој сегмент и да станеме лабораторија за зелена и електрична мобилност, што е императив на Самитот. Сакаме да ја поттикнеме и индустријата да се вклучи во овие трендови”, рече Сељак. Токму затоа изјави Сељак е формирана платформата „Едисон“ ( Edison – Eco Driving Innovative SOlutions and Network) која има за цел да го претвори регионот во лабораторија на идната зелена мобилност. “„Едисон“ веќе здружува 50 компании, универзитети и институти во Словенија, а сега се проширува и низ цела ЈИЕ преку концептот „Едисон е-сити“ со лансирање инфраструктура на полначи за електрични зелени возила, зелени такси, кар шеринг, а сакаме да ја поттикнеме и индустријата и производството да ја искористи „Едисон“ за нови иновативни решенија и зелен коридор од Љубљана до Скопје, Приштина и Тирана во должина од 1.400 километри”, рече тој.

Прво инфраструктура, па е-мобилност во регионот

Првиот панел во кој учествуваа вицепремиерот на Македонија Кочо Анѓушев, министерот за транспорт на Босна и Херцеговина Исмир Јуско, Изток Сељак, првиот човек на словенечка Хидриа и претприемачот и основач на фирмата RoboticsX, Петер Борас беше посветен на е-мобилноста, декарбонизација на економијата и општеството на иднината со цел да ја зачуваме нашата планета и цивилизацијата. За разлика од досега, кога Балканот бил дел од проблемот и доцнел зад сите процеси, Самит100 годинава си поставува за приоритет регионот да стане дел од решението, кој може

ВИОЛЕТА БУЛЦ Еврокомесар за транспорт

П

ред една и пол година ќе бев многу претпазлива, но денеска сметам дека дуваат позитивни ветришта во едрата на ЕУ. Се надевам дека тоа ќе ви даде сила да продолжите со реформите и да ги искористите ветровите со чиста енергија, а не со ѕидишта.


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

10

COVER STORY

Пленарна панел сесија “Дали регионот може да се натпреварува на глобалниот пазар”?, на која учествуваа премиерите на Македонија, Зоран Заев, премиерот на Албанија, Еди Рама, премиерот на Црна Гора, Душан Марковиќ и претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ. да понуди иновативни и одржливи решенија на овие проблеми. Еден од тие проекти е и Едисон- Green Balкaniцa, кој има за цел електрификација и воведување на економија на споделување во транспортот. Воведно обраќање на првиот панел насловен „Е- Концепт за забрзување на растот базиран на поврзувањето“ имаше вицепремиерот на Македонија Кочо Анѓушев, кој со присутните ги сподели неговите искуства како бизнисмен кој инвестира и има искуство во енергетика и обновливи, но ги претстави и напорите кои ги прави македонската Влада за поддршка на бизнисот и поттикнување на поголема економска соработка во регионот и за реализација на е - поврзаноста во регионот. Земјите во Југоисточна Европа, изјави Анѓушев, може во Македонија да гледаат сигурен партнер и добар сосед и нагласи дека Владата ќе прави напори да одржува одлична соработка на сите полиња со соседните земји, како и со пошироката меѓународна заедница. “Е- мобилити е последната лекција која треба да ја научи регионот. Треба да се вратиме неколку чекори наназад. Прво, нашите земји треба да бидат подобро поврзани и ние како Влада ќе работиме на изградба на подобра инфраструктура, да го завршиме нашиот дел од работата за да создадеме подобри услови за компаниите и побрз, поефикасен и побезбеден транспорт

на луѓе и на стоки. Не е дозволиво до два града во регионов Софија и Тирана кои се на 250 километри оддалеченост од Скопје да патуваме по пет часа. Ако треба до Сараево да патувате 12 часа, немате никаква авионска линија, не може да зборуваме за е-мобилити. Затоа, како влада ќе бидеме посветени да изградиме добра инфраструктура, да изградиме линии што ќе не поврзуваат”, изјави Анѓушев. Според него, Владата треба да се грижи за создавање на услови за бизнис, изградба на добра инфраструктура и за енергетска стабилност на една држава. “Е мобилити не е само еколошко прашање, тоа е економско прашање. Интересoт и конкуренцијата ќе го направат своето, ние како Влада треба да овозможиме фер пазарни услови за да се развива овој сегмент”, смета Анѓушев. Според Анѓушев, не треба државите да водат популистички политики и да ги олеснуваат условите за увоз на стари дизел автомобили кои Европа ги исфрла од употребам туку треба да се размислува за поттикнувањето на граѓаните да користат и купуваат електрични автомобили, од што ќе има повеќекратни придобивки, како за заштита на животната средина, помали трошоци за граѓаните и стабилност на енергетскиот систем. “Граѓаните треба да имаат интерес за купување електрични возила, а ќе имаат интерес само ако тие бидат

подостапни. Тоа може да се направи преку ослободување од даноци, царина и акциза”, посочи Анѓушев. Тој го сподели со присутните и искуството од Брако, односно од почетоците кога се почнувало со производство на возилата. “Пред три години кога размислувавме проекциите ни беше годишно да произведуваме пет до шест електрични возила, а останатите да бидат дизел. Денес од 200 возила кои се извезуваат 50% се електрични, а останата половина се дизел. Ова е само еден пример кој покажува колку брзо се случуваат промените”, потенцираше Анѓушев. На панелот зборуваше и Петер Борас, иноватор и претприемач од Словенија, кој пред две години ја основал фирмата Роботикс. Тој ги сподели своите искуства и порача дека без страст за работата и напорна работа не може да се успее. Тој посочи дека неговата фирма успеала да направи сама смарт роботи, кој веќе од октомври ќе се вградуваат во големи германски автомобилска компанија. Од досегашното искуство од средбите со големите автомобилски гиганти, многу од врвните инженери се токму од Балканот и заради тоа порача дека земјите од регионот мора да вложат повеќе напори да вложат за да ги задржат паметните луѓе да не одат да работат во западните земји, туку да креираат и да создаваат иновации кои потоа ќе му се продаваат на Западот. Давор Тремац, претставникот на Uber во Хрватска ги сподели искуствата за


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

11 С

Ч

СОЊА ШМУЦ

Индустриско – трговска комора на Словенија

екање со денови на границите, зголемено загадување, нервозни возачи, зголемена веројатност за несреќи.... сето ова никому не оди во прилог. Сите доаѓаме од бизнис секторот и знаеме што значат поголемите трошоци и кој тоа го плаќа на крајот.

ДРАГАН БОКАН

Воли, Црна Гора

погодбите за слободна трговија што ги имаме потпишано, сите држави ги злоупотребуваат. Секој сака на другите да им продаде повеќе, а да увезе помалку. Се блокираме самите меѓу себе, заради слаба комуникација, слаба инфраструктура, блокада од разни лобија и поединци... и на крајот сето ова го користат мултинационалните брендови што го освојуваат регионалниот пазар.

растечката економија на споделување, која е една од најголемите иновации која ги пореметува досегашните текови. “Треба да одлучиме во какви градови сакаме да живееме. Во градови со сообраќаен хаос, загадување и места за паркирање што ги нема, или во зелени, чисти градови, со помалку возила и повеќе паркови. Шеринг економијата која ја воведе Uber обезбедува користење на помалку возила, помалку сообраќај, помалку загадување. На прашањето што можат државите да направат за Uber, Тремац беше дециден дека единствено што бараат е да не ги кочат. “Секаде каде што влегуваме, не бараме никаква помош или субвенции. Пуштете не да работиле слободно, да соработуваме, да се поврзуваме, затоа што така ќе создаваме нови работни места, не само за возачи. Убер голд го направи хрватски тим, хрватска иновација е тоа, и целиот свет слушна за тоа”, порача Тремац.

Слободен Карго Регион – Сон или реалност за Балканот

Слободен проток на луѓе, капитал и идеи е заложбата што на секој Самит100 изминативе шест години ја слушаме од учесниците – претставници на бизнис и политичката елита од балканските земји. Меѓутоа, реалноста е сосема поинаква. Бескрајни колони од камиони може да се забележат на секоја граница кога ќе тргне човек од Скопје нагоре, накај Љубљана. Како што кажа и самиот претседател на УО на Самит100, директорот на Алкалоид Живко Мукаетов, не може да сфати како во 2017 година му треба 12 часа да стигне до Сараево, било со автомобил или со авион, затоа што директна авиолинија помеѓу Скопје и Сараево нема, па треба да се губи време за трансфер на аеродромите во Белград, Виена или дури и Истанбул. Еден од панелите на годинашниот Самит100 беше посветен токму на предизвикот како да се ослободи комуникацијата и транспортот меѓу земјите од регионот од непотребните

ИЗТОК СЕЉАК

координатор на „Едисон“ и потпретседател на Управниот одбор на Самит 100.

Г

лобалната економија се наоѓа во средина на нова револуција на брзо преструктуирање од фосилни горива на зелена енергија. Таа транзиција ќе се случува во идните 10-15 години со поддршка на дигитализацијата. Составен дел на тоа е зелената и електрична мобилност.

бариери. Крајната цел на организаторите на самитот е, како што велат, т.н. Free Cargo Region – Слободен Карго Регион, односно, поминување на товарните камиони практично без потреба од застанување на границите,

П

МИХАИЛО ЈАНКОВИЌ Нектар Група, Србија

редолгите процедури на граничните премини, бројните контроли, проверки и сл., предизвикуваат во секој момент од половина до еден милион евра обртен капитал да ни биде заробен. Сето ова влијае врз сите алки на синџирот на продажба и на крај го поскапува производот.

со тоа што ќе се применат проверените практики и решенија од ЕУ. Своевидна “шенген зона“ во регионот на Балканот, како што истакна Соња Шмуц од словенечката Индустриско – трговска комора. “Визијата за ваков проток на стоки ќе биде возможно да се реализира преку синхронизирани процедури и поддршка од интегриран ИТ систем“, рече Шмуц. “Чекање со денови на границите, зголемено загадување, нервозни возачи, зголемена веројатност за несреќи.... сето ова никому не оди во прилог“, додаде таа. “Сите овде доаѓаме од бизнис секторот и знаеме што значат поголемите трошоци и кој тоа го плаќа на крајот. Нашите производи ќе поскапат и автоматски сме помалку конкурентни во споредба на стоката што доаѓа од поразвиените пазари“. Михајло Јанковиќ, претставник на српскиот преработувач на овошје и зеленчук Нектар во контекст на ова истакна дека во неговата компанија на пример, предолгите процедури на граничните премини, бројните контроли, проверки и сл., предизвикуваат во секој момент од половина до еден милион евра обртен капитал да им биде заробен. “Нектар групата има и примарно производство и преработка на овошје, продаваме во регионот, но и во светот. Она што не ограничува се санитарните контроли на границите, особено за овошјето, што го забавуваат процесот на продажба. Сето ова влијае врз сите алки на синџирот на продажба и на крај го поскапува производот. Ова е тема што ги засега сите, и производители, и трговци и транспортери. “, рече Јанковиќ. Тој смета дека бизнисот сам по себе не може да ги решава овие проблеми, туку “топката треба да се подигне“ на повисоки нивоа, односно политичарите да ја слушнат пораката од реалниот сектор, да дискутираат постојано на овие теми и да наоѓаат решенија. Еден од учесниците на овој панел беше и претставник од политиката, словенечкиот министер за инфраструктура, д-р


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

12

COVER STORY

Петер Гашпершич, којшто рече дека е просто тажен фактот што земјите од некогашната ЈУ федерација го закомплицираа она што некогаш го имаа, а тоа е токму “шенген“ зоната во трговијата. “Мора да се изврши притисок врз политичарите, да организираме некој самит, што ќе го наречеме Г6, Г7, сеедно, ако не повеќе, барем министрите за транспорт од регионов да се соберат и да ги решаваат овие проблеми за бизнисмените. Јас лично, од ова место, еве давам предлог ваква средба што побргу да се организира, се надевам гласот ќе добре до сите останати одлучувачки фактори и да почнеме што побргу да работиме на случајот, бидејќи времето не истекува, тоа е веќе истечено“, рече министерот Гашпершич. Зоран Костовски од скопски Алкалоид рече дека “free cargo” е целта на сите извозни компании од регионов, меѓу кои и неговата. “Во стратегијата на нашата компанија е запишан слободен транспорт, а како го правиме тоа? Со примена на она што веќе е познато во ЕУ. Една од најдобрите европски пракси е конвенцијата за електронска транзитна декларација, што значи дека стоката ја преминува границата само со читач на бар кодот. Примената на ова решение за нас е големо олеснување. И Царинската управа на Македонија го имплементираше овој систем, па така сите наши камиони што излегуваат од МК и одат кон ЕУ пазарите, го користат. Шпедитерите ни обезбедуваат електронска декларација и кога возачот ќе стигне до граничен премин, го презентира на службениците, и само со потврда од бар код читач се гледа дека оди транзит за некоја земја од ЕУ нема потреба од додатни компликации. Е, сега кога ваквите решенија би си ги примениле и ние на Балканот коишто не сме се уште членки на ЕУ, но натаму се стремиме, ќе си ја олесниме многу работата. За Фри Карго Балкан треба пред с$ да го промениме нашиот ментален склоп, да прифатиме промени, затоа што, како што знаеме од теориите на Дарвин, не опстојуваат ниту најпаметните, најубавите или најхрабрите, туку оние што најбрзо се адаптираат на промените.“

Економска унија на Западен Балкан

По Самитот во Трст пред неколку месеци, кога иницијативата на Германија наречена Берлински процес за економско поврзување на земјите од Западен Балкан се преточи во конкретен план со детални мерки што треба да се реализираат во зацртани рокови, оваа иницијатива се дискутираше повторно и на Самит 100 во Скопје. Меѓутоа, луѓето вклучени во овој процес констатираа дека по Трст, засега нема значителен напредок. „Не велам дека не постои волја, меѓутоа,

Потпишан Меморандум за меѓусебна соработка меѓу Самит100 и Коморскиот инвестициски форум

В

о рамки на годинашниот Самит100 беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу регионалната платформа Самит100 и Коморскиот инвестициски форум на шест земји од Западен Балкан (WB6 CIF), тело за регионална соработка на коморите од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Форумот e формиран е на маргините на Самитот во Трст за Западен Балкан. Според потписниците на Меморандумот, претседателот на Управниот одбор на Самит100, Живко Мукаетов, и претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, целта на меморандумот е да ги обедини силите од приватниот сектор и силните регионални компании да работат заедно на спроведувањето на договорените проекти од Берлинската иницијатива. „Годинава во Скопје, регионалната соработка на Самит100 е официјализирана преку потпишување на Меморандум за меѓусебно разбирање и соработка на нашата платформа со Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6. Меморандумот се однесува на поттикнување на деловната соработка и унапредување на конкурентноста на регионалната и националните економии“, рече Живко Мукаетов во рамките на своето обраќање. Осврнувајќи се на темите дискутирани во рамки на Самит100 и продлабочување на поврзаноста во регионот преку соработка на теми како побрза трговија со стоки и услуги, транспорт, енергија и брендирање на потеклото, Чадеж изјави „сакаме да помогнеме во остварување на тие задачи придонесувајќи во отстранувањето на царинските бариери, синхронизирање на документацијата, но и синхронизирање и на останатите процедури. Наша задача е да ја задржиме оваа тема високо на агендата и мислам дека таквата подготвеност сега постои, но не смееме да се опуштиме. Ова е прашање на опстанокот на нашиот регион“, заклучи Чадеж.



www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

14

COVER STORY

на реализирање на овој план засега работат само дваесетина луѓе од сите шест земји што не е доволно. Освен тоа, буџетите за реализација на конкретните мерки се премали, па така невозможно е да се види брз прогрес. Мора овој план да добие приоритет во шесте земји на Западен Балкан за да може иницијативата да се реализира“, изјави Марко Чадеж претседател на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум WB6 CIF. Фокусот на оваа иницијатива е регионално економско поврзување на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, со крајна цел овие земји да се консолидираат во мала унија што ќе биде подготвена да стане дел од Европската Унија. Во таа насока, шесте лидери на земјите од Западен Балкан на Самитот во Трст, го поддржаа повеќе годишниот Акционен план за регионална економска област. Овој план предвидува неограничен проток на стоки, услуги, капитал и квалификувана работна сила, правејќи го регионот поатрактивен за инвестиции, зголемување на извозот, а со крајна цел да се подобри животниот стандард на граѓаните во Западен Балкан. Заменик генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Газменд Турдиу, ги истакна овие четири столбови зацртани во Трст и посочи дека успехот на иницијативата ќе се мери според напредокот на овие цели. „Можеме да пишуваме добри планови

и стратегии на хартија, меѓутоа многу поважно е тоа да се примени. Засега нема прогрес на размената меѓу овие шест земји. Напротив, во рамки на регионот забележан е пад од 15%. Во некои земји се уште постои визен режим за патување, а во исто време губиме квалификувана работна сила со отселување особено на младите луѓе“, истакна Турдиу. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, којашто е еден од основачите на Коморскиот инвестициски форум, Бранко Азески, им порача на политичките лидери да го имплементираат договореното во Трст. „Имаме капацитет и потенцијал но немаме брзина. Мора да возиме во втора брзина ако сакаме да се намали јазот меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ. И во минатото постоеја многу слични иницијативи, и со години се зборува за регионално поврзување, но ништо од тоа не се реализираше. Мораме да работиме на унифицирање на стандардите во сите шест земји, да ги усогласиме даночните и царински регулативи за да создадеме единствен конкурентен производ за настап на трети пазари, како што тоа функционираше во рамки на Југославија“, истакна Азески. Претставникот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Миљан Ждрале, посочи дека оваа банка ја поддржува иницијативата и една од клучните работи за успех е поголема финансиска поддршка за реализирање на планот. Тој истакна дека според пресметките

на Виенскиот економски институт, за подобро поврзување на земјите со патна инфраструктура, потребни се околу 8 милијарди евра. „Патната, железничката инфраструктура се клучни за зголемување на трговската размена, без да се поправи тоа нема да се поправи ниту конкурентноста. А за тоа е потребен поголем финансиски капацитет, особено преку концесионални кредити да се вложува што повеќе во изградба на транспортната инфраструктура. За мене успех би било доколку до 2020 година успееме да се поврземе во регионот, отколку една или две земји влезат во ЕУ“, истакна Ждрале. Претставникот на Нордискиот Совет на министри, Кенет Броман, истакна дека поврзување на земјите од Западен Балкан е клучно и реално изводливо. Тој сподели сопствени искуства од нордиските земји. „Не секогаш нордиските земји како Данска, Финска, Норвешка, Шведска и Исланд беа толку развиени како регион, како што се сега. Меѓутоа, тоа економско поврзување ни помогна да создадеме бруто домашен производ колку што има Русија. Некои мудри политичари во минатото донесоа разумни одлуки, да се отвори пазарот, луѓето слободно да се движат без пасоши, да се изгради добра инфраструктура за поврзување на овие земји и тоа даде резултат. Не е лесно, не може да се оствари преку ноќ, но мора да се почне да се градат некои мостови што биле срушени“, истакна Броман.


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

15 Д

игитализацијата, автоматизацијата, вештачката интелигенција... процеси што се развиваат забрзано и влегуваат во нашите животи без оглед дали ние го сакаме тоа или не. Работни места ќе се губат заради КАРСТЕН БЕК автоматизацијата и Институт за студии роботизацијата, но и на иднината – Копенхаген, работни места ќе се Данска создаваат. Некои треба да ги програмира и одржува тие роботи, зарем не?

Претставникот на ММФ, Бас Бакер, направи компарација на земјите од Западен Балкан со останатите европски земји според неколку макроекономски показатели за да покаже дека овој регион каска зад сите останати. „Како да се зголемат инвестициите во регионот?! Мора да се работи на подобрување на бизнис климата, односно заштита на сопственичките права, правниот систем, ефикасност во наплата на даноци, односно мора

И

ма промени во однесувањето на клиентите, во нивните навики, потреби. Доаѓаат генерациите што се раѓаат со смартфон во рака што се вели, и вие не можете повеќе да ги опслужувате на традиционалниот начин. Сè потешко и ВЛАДИМИР поскапо е да вадите нови ЕФТИМОСКИ услуги што базираат на Стопанска дигитализацијата, банка – Битола, Македонија потребни се инвестиции во технологија, инфраструктура, безбедност, итн.

да се спроведат реформи и да бидат поддржани од секоја од Владите. Ефикасноста на јавниот сектор е исто така клучна за развој на економијата – побогатите земји имаат поефикасни влади и обратно“, истакна Бакер.

Како дигитализацијата ги менува нашите животи

Што значи дигитализацијата во денешниот свет на бизнисот? Дали се работи за хамлетовска дилема – да се

М

ЗЕНЕЛ БАТАГЕЉ Valicon, Словенија

ораме да ги освежиме старите брендови и дефинитивно да ги дигитализираме, мораме тоа да го сториме за брендот да остане важен и потребен на купувачите. Мора да ги реинвентираме глобалните идеи и да и ги претставиме на интелигентната генерација милениалци.

биде или не? Дали е само моментален тренд? Дали треба да го контролираме дигиталното или да му дозволиме на дигиталното да н$ контролира нас? Како да направиме дигитализацијата да работи за нашиот бизнис и да направи повеќе профит? Ова беа клучните прашања околу коишто дискутираа говорниците на панелот на Самит100 посветен на дигиталната трансформација на бизнисите и општествата.


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

16

COVER STORY

Карстен Бек, директор за истражувања при Институт за студии на иднината од Копенхаген, рече дека дигитализацијата е процес што се случува и ќе продолжи да се случува без оглед дали тоа нам ни се допаѓа или не. “Има луѓе што се плашат од дигитализацијата, во смисла, дали вештачката интелигенција, роботите, ќе им ги земат работните места, на пример. А, до тоа неминовно ќе дојде, всушност, веќе се случува во поедини сектори. Но, тоа не значи дека луѓето што останале без работа, се осудени на вечна социјална помош. Дигитализацијата од една страна гаси едни работни места, но отвора други. Секојдневно се појавуваат нови работни позиции за коишто до вчера не знаевме – на пример, во маркетингот на социјалните мрежи и сл. Па, на крајот на краиштата, и роботите некој ќе треба да ги одржува или програмира, нели?“, рече Бек. Токму затоа, додаде тој, од суштинска важност за сите нас е да учиме нови вештини и стекнуваме нови знаења, едноставно, да се менуваме. Владимир Ефтимоски, директор и претседател на УО на Стопанска банка – Битола, се надоврза на дискусијата со забелешката дека банкарството особено се бори со предизвиците на

новото дигитално време. “Има промени во однесувањето на клиентите, во нивните навики, потреби. Доаѓаат генерациите што се раѓаат со смартфон во рака што се вели, и вие не можете повеќе да ги опслужувате на традиционалниот начин. Сè потешко и поскапо е да вадите нови услуги што базираат на дигитализацијата, потребни се инвестиции во технологија, инфраструктура, безбедност, итн. Од друга страна, компаниите во новата дигитална ера се борат за екстра профит така што кратат трошоци, зголемуваат ефикасност, агилност... Оние што ќе се снајдат во дигитализацијата, што први ќе сфатат што се случува и што треба да направат, ќе бидат победници, оние што ќе задоцнат, ќе имаат големи загуби“, рече Ефтимоски. Тој додаде дека банката што ја води се труди да биде меѓу оние првите и дека ревносно почнала со процесите на дигитализација на процесите и услугите. “Мора сè да се трансформира во податоци што ќе бидат лесно процесирани, за таа цел ни треба вештачка интелигенција, machine learning, блокчеин... отворени сме за сè, немаме никакви предрасуди во поглед на тоа што се нуди како технологија во моментот. Сега е многу намалено

времето на донесување одлука, и CEO како човек на врвот на оваа трансформација мора да носи брзи одлуки.“ Зенел Батагељ на Самит100 дојде од Словенија, човекот е партнер и претседател на компанијата за маркетиншко советување Valicon, а клиенти се најголемите брендови од регионот. Батагељ како предизвик го истакна обраќањето кон целната публика т.н. милениалци, новите генерации помлади од 30 години, коишто растат со новите технологии, глобално се поврзани и не се грижат за тоа што од каде доаѓа, сè додека се вклопува во нивниот систем на вредности и ги задоволува нивните потреби. “Во регионот имаме стари и нови брендови. Ние од постарата генерација идентитетски сме врзани со брендовите од нашето детство, додека милениалците поддржуваат брендови кои се нови и не се фокусирани на регионот како пазар, туку пазар им е целиот свет. Земете го примерот само на нашиот словенечки Talking Tom, апликацијата со маче што се смее, која што стана планетарен феномен, а стартапот што го креираше сето тоа, се продаде за преку една милијарда долари.“ nnn


Elegance is an attitude Simon Baker

The Longines Master Collection


Капитал број 937 13.10.2017

www.kapital.mk

INTERVIEW 18 ИНТЕРВЈУ

ВИОЛЕТА БУЛЦ Европски комесар за транспорт ПРЕДОЛГОТО ЧЕКАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН ЈА ПОТКОПУВА КОНКУРЕНТНОСТА НА РЕГИОНОТ Една од клучните реформи што треба под итно да се почне во регионот е имплементацијата на интегриран меѓуграничен менаџмент и соработка меѓу царинските служби. Конкурентноста на регионот е поткопана од ненормално долгото чекање на меѓусебните граници на сите шест земји од Западен Балкан. Во овој контекст, Транспортната Заедница е многу потребен инструмент за да се поддржи оваа реформа. Неговата цел е да го приближи транспортниот систем на регионот кон оној на ЕУ во смисла на ефикасност, безбедност и квалитет на услугите.

ДОГОВОРОТ ЗА ТРАНСПОРТНА ЗАЕДНИЦА: ЌЕ ДОНЕСЕ ПОДОБРУВА


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

19 разговара:

В

Капитал редакција kapital@kapital.mk

Виолета Булц, словенечка политичарка и поранешен претприемач во телеком бизнисот, од ноември 2014 година е Европски комесар за транспорт. Годинава имаше специјално обраќање на шестиот САМИТ100, големата конференција на бизнис и политички лидери што се одржа во Скопје. Капитал имаше ексклузивна можност да разговара со Булц околу најновите случувања и проекти во областа на транспортниот бизнис и инфраструктура во рамки на Европската унија, а коишто ги засегаат најмногу земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија. XНеодамна X беше потпишан Договорот за Транспортна заедница помеѓу Европската унија и земјите од Југоисточна Европа. Што тој ќе значи за регионот ако зборуваме за конкретни проекти и за инфраструктурното поврзување на овој дел од Европа? Договорот ќе го постави патот за подобрувања во транспортната инфраструктура и ќе ги почне долго очекуваните реформи во транспортниот сектор, водејќи до подобри услуги во регионот. Дополнително, приватните инвеститори се привлечени во региони кои покажуваат сигнали на стабилност и извесност- тоа е еден од најважните аспекти од потпишувањето на овој Договор. Подобрите транспортни врски значат дека регионот може да извезува до поголеми пазари, да привлече инвестиции во други сектори и да го подобри туризмот. Финално, Договорот претставува клучен инструмент за да се подобри секојдневниот живот на граѓаните и бизнисите, придонесувајќи во изградбата на добри соседски односи, промовирање на мирот и заздравувањето на регионот и придвижување напред во преговорите за пристапување кон ЕУ. XЕвропската X унија најави фонд од 1,3 милијарди долари за конкретни инфраструктурни проекти за земјите од Западен Балкан. Кога можеме да ги очекуваме отпочнувањето на првите проекти? The Western Balkan Investment Framework (WBIF) e финансиски инструмент кој е

веќе на сила и преку кој се алоцираат надевам ќе се преведат во конкретна имплементација на реформите поврзани околу 150 милиони евра годишно со ЕУ во клучните области, а не само во инфраструктурни проекти преку во транспортот. Ова е најдобриот и комбинација на различни финансиски најбрзиот начин на вашиот пат кон ЕУ. механизми, вклучувајќи грантови, заеми и онаму каде што е можно XНа X Самитот во Трст беше јасно приватни инвестиции. Блиску ги следи порачано дека регионот на главните транспортни приоритети преку Западен Балкан мора прво да се фокусирање на клучни проекти за поврзе меѓу себе, па така поврзан подобра поврзаност меѓу земјите и на да влезе во ЕУ. Ако се гледа преку целиот регион со ЕУ. економската и транспортната Многу проекти се веќе почнати. Меѓу поврзаност на регионот, каква е клучните се мостот Свилај кој ги поврзува европската перспектива на овој Босна и Херцеговина и Хрватска, регион? Уште колку и што треба да електрификацијата на клучниот дел од се нaправи на патот до ЕУ? железничкиот коридор помеѓу Ниш и Дозволете ми да потврдам дека Димитровград на границата со Унгарија. стабилноста на Западен Балкан е Оваа финансиска рамка придонесува за меѓу приоритетите на Европската подобрување на мрежата во Западниот Унија, што беше неодамна потврдено Балкан со првиот грант доделен во 2017 и од претседателот Жан Клод Јункер година на Србија за проекти кои имаат и Високиот претставник Федерика цел подобрување Могерини. Исто на навигацијата на така следната Дунав, на границата година во Софија со Романија. ќе организираме Министерски состанок XНа X последниот Земјата и целиот за да се истражат Самит во Трст синергиите во регион има јасен на Македонија и беше одобрено пат кон ЕУ. Ги следев транспортните мрежи. финансирање одблиску последните Клучно за регионот е да се имплементираат на проектот случувања кои структурни и политички дел од Коридор се надевам ќе реформи кои ги 8, односно се преведат поврзуваат овие земји железничко во конкретна до клучните европски поврзување имплементација на вредности и правила. со Бугарија. реформите поврзани Сега, гледајќи на Во изминатиот улогата на транспортот период беа со ЕУ во клучните во овој контекст, почнати кинески области, а не само Балканот е веќе во инвестиции во во транспортот. срцето на Европа, и автопати кои се Ова е најдобриот и затоа продолжувањето покажаа како најбрзиот начин на на нашата TEN-T проблематични... вашиот пат кон ЕУ. мрежа кон овој регион Каде е Македонија е логично и неопходно. на европската Во истиот дух, ние мапа на патишта? продолжуваме да ги поттикнуваме Скопје е на раскрсницата на многу партнерите од Западен Балкан да го значајни транспортни артерии во подобрат целокупниот транспортен Западен Балкан и ќе има придобивки во систем. Верувам дека можат да се рамки на WBIF со значителни средства фокусираат на транспортните услуги за железничко поврзување со Бугарија. и логистика и да развијат нови Ова е значаен чекор за повторно транспортни технологии за да си го железничко поврзување на Западен најдат своето место во ЕУ. Балкан со железничката мрежа на ЕУ. Кога станува збор за проекти во кои не е XСпоред X вас, колку е постигнато вклучена ЕУ, како принцип за сите земји досега во процесот на кои сакаат да се зачленат во ЕУ, постојат либерализација на транспортниот некои базични принципи и правила за сектор на Западен Балкан, и каков економската, социјалната и еколошката е капацитетот на бизнисите од одржливост на проектот и за неговата регионов за пазарна конкуренција? изводливост низ јавните набавки. Кои реформи треба да ги направат Со стапување на сила на Договорот за земјите и како ЕУ ќе ги поддржи во Транспортна заедница овие правила тоа? ќе станат целосно спроведливи во сите Реформата на транспортниот шест земји од Западен Балкан. пазар и особено либерализацијата Земјата и целиот регион има јасен на транспортните услуги се уште пат кон ЕУ. Ги следев одблиску се соочуваат со предизвици. Ќе бидат потребни додатни напори за последните случувања кои се

АЊА ВО ТРАНСПОРТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

20

ИНТЕРВЈУ

дефинирање на овие клучни политики што ќе им помогнат на земјите од Западен Балкан целосно да ги искористат бенефитите од единствениот ЕУ транспортен пазар. Една од клучните реформи што треба под итно да се почне во регионот е имплементацијата на интегриран граничен менаџмент и соработка меѓу царинските служби. Конкурентноста на регионот е поткопана од ненормално долгото чекање на меѓусебните граници на сите шест земји од Западен Балкан. Во овој контекст, Транспортната Заедница е многу потребен инструмент за да се поддржи оваа реформа. Неговата цел е да го приближи транспортниот систем на регионот кон оној на ЕУ во смисла на ефикасност, безбедност и квалитет на услугите. Има неколку финансиски инструменти што се на располагање за постигнување на оваа цел, конкретно Претпристапниот инструмент што обезбедува грантови за проекти, но исто така и техничка помош за да се поддржат реформите и да се подобрат капацитетите за менаџирање на локалните проекти и политики. XСо X оглед дека Македонија се соочи со тешкотии заради политичката криза изминатиов период, што мислите за ЕУ перспективите на земјата, имајќи ги предвид политичките проблеми од типот на спорот со името со Грција итн.? Во ЕУ ни е мило што гледаме силна посветеност на државата во моментов која што ни овозможува да ја фокусираме целата наша енергија на реформите што му требаат на општеството и што ќе ја постават земјата цврсто на патот кон Европа. Перспективите за ЕУ интеграцијата на земјата и целиот Западен Балкан се многу јасни за нас. Тие беа и неодамна потврдени на Самитот за Западен Балкан одржан во Трст и непосредно потоа од претседателот на Европската комисија Жан – Клод Јункер. Одржување добри меѓусоседски релации, што подразбира договорено и меѓусебно прифатливо решение за името, останува клучна задача. Ги поздравуваме посветеноста и првичните чекори преземени од новата влада во отворање дискусии со Грција и Бугарија за да се зацврстат добрите меѓусоседски односи. XПред X да влезете во политика бевте претприемач, формиравте сопствена компанија во телекомуникацискиот бизнис во 1999 година. Како жена во бизнис и политички свет доминиран од мажите, кој е вашиот совет за успех за жените претприемачи? Да, јас бев претприемач 14 години. За сето тоа време, компаниските тимови

Ако го погледнеме транспортниот сектор во Европа, само 22% од вработените се жени, што е далеку помалку одошто просекот за целата економија, од 46%. На крајот на годинава ќе имаме конференција каде што ќе лансираме “Платформа за промени“ со цел да се стимулира родова еднаквост во транспортниот сектор. гледав да бидат родово избалансирани. Исто така, настојував и своите клиенти да ги охрабрувам во таа насока. Со тргање на плафоните, на невидливите бариери коишто ги кочат жените во постигнување на топ позиции може да се постигне поголема еднаквост и ефикасност. XБизнис X секторот во Македонија и регионот е се уште доминиран од мажите. Според вашето искуство, зошто е важно што повеќе жени да се охрабруваат да влезат во бизнис секторот и како да се постигне подобра родова еднаквост во реалниот сектор? Еднаквоста помеѓу мажите и жените е една од основните вредности на ЕУ. Европската комисија ја потенцираше потребата од поголемо учество на жените на пазарот на работна сила. Треба потполно да ги вклучиме мажите и жените во нашите прогресивни општества, како што го прават тоа нордиските земји. Еден од најголемите неискористени начини е претприемачкиот потенцијал: во моментов жените претставуваат само

29% од претприемачите. Исто така, само 12% од извршните менаџерски позиции во најголемите компании во ЕУ во 2015 година беа држени од жени. Ако имаме повеќе жени на позиции што ги обликуваат политиките и носат промени во нашите општества, тогаш подобро ќе бидат идентификувани нашите потреби. Ако го погледнеме транспортниот сектор во Европа, само 22% од вработените се жени, што е далеку помалку одошто просекот за целата економија, од 46%. На крајот на годинава ќе имаме конференција каде што ќе лансираме “Платформа за промени“ со цел да се стимулира родова еднаквост во транспортниот сектор. Платформата на едно место ќе ги собере претставниците на транспортната индустрија, нивните синдикати, образовни институции, медиуми и НВО-и што ќе сакаат да се посветат кон зголемување на вработливоста на жените во транспортниот сектор. Тие ќе може да направат конкретни заложби во полза на родовата еднаквост и размена на добри практики. nnn

ОПТИМИЗАМ: ГЛЕДАМЕ СИЛНА ПОСВЕТЕНОСТ НА МАКЕДОНИЈА НА ПАТОТ КОН ЕУ


а Понудат а ув продолж до 7 31.10.201

НЛБ Потрошувачки кредити

За испишување на најубавите заеднички спомени! Аплицирајте за НЛБ Ризико виолетовиот потрошувачки кредит до 31 - ви октомври и искористете ја понудата со најниска каматна стапка од 6% фиксна за првите две години, без трошоци за одобрување! - Брза и едноставна процедура. - Поволни услови. - Бесплатна Visa Classic или Mastercard Standard кредитна картичка.

www.nlb.mk

Kонтакт центар: 02 / 15 600

ПРИМЕР ЗА ПРЕСМЕТКА ЗА НЛБ РИЗИКО ВИОЛЕТОВ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ Износ: 600.000 МКД, каматна стапка 6% - фиксна за првите две години (СВТ: 7,23%), рок на отплата 120 месеци, 0% манипулативен трошок, 600 МКД трошок за апликација, месечен ануитет: 6.661 МКД, вкупен износ за враќање: 838.447 МКД *Каматната стапка од 6% е фиксна за првите две години, за остатокот од периодот каматната стапка е променлива и во моментот изнесува 7,6%.


Капитал број 938 20.10.2017

22

www.kapital.mk

СВЕТ

ШЕФИЦАТА НА ММФ КРИСТИН ЛАГАРД НАЈАВУВА КРАЈ НА БАН

ВРЕМЕ Е БАНКАРИТЕ ДА ГИ СФАТАТ КРИП

ЛАГАРД: ПОСТОИ МОЖНОСТ ММФ ВО ОДРЕДЕН МОМЕ


www.kapital.mk

НКАРСКИОТ МОДЕЛ ШТО ГО ПОЗНАВАМЕ

Е СЕРИОЗНО ПТОВАЛУТИТЕ

Капитал број 938 20.10.2017

23 Извршниот директор на ММФ, Лагард, коментирајќи го ставот на директорот на JPMorgan, Дајмон, дека биткоинот е „измама“, вели оти и банкарите треба да бидат свесни дека ништо не треба категорички да се тврди за дигиталните валути, зашто „ова е многу повеќе од тоа (од измама)“

В

„Време е светските централни банки и регулаторите да станат сериозни во врска со дигиталните валути“, смета шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард. „Глобалните финансиски институции се под ризик со тоа што не обрнуваат внимание и не ги разбираат новите финтек производи кои веќе почнуваат да ги потресуваат финансиските услуги и глобалниот систем за плаќање. Мислам дека ќе видиме масивни пореметувања“, изјави таа неодамна, за CNBC, во Facebook Live интервју дадено на маргините на годишната средба на ММФ во Вашингтон. Прашана дали се сложува со коментарите на првиот човек на JPMorgan Chase, Џејми Дајмон, дека биткоинот е „измама“, Лагард вели оти е важно да се согледаат пошироките импликации од технологиите како дигиталните валути. „Мислам дека треба да бидеме свесни оти не треба да тврдиме категорички нешто во врска со дигиталните валути, во овие шпекулации за сличност со пирамидалните измами", вели шефицата на ММФ. „Ова е многу повеќе од тоа“. Да потсетиме, генералниот извршен директор на инвестициската банка JPMorgan, Џејми Дајмон, генерално го смета биткоин пазарот за измама, и за голем инвестициски шпекулативен меур, дури и најголем во историјата. Ситуацијата во која вредноста на

ЕНТ ДА РАЗВИЕ СОПСТВЕНА КРИПТОВАЛУТА


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

24

СВЕТ

Виртуелните валути можат само да им додадат ветар во грб на постоечките валути и на монетарната политика. Најдобар одговор на централните банки е да продолжат со водењето ефикасна монетарна политика, додека се паралелно отворени за свежи идеи и новите потреби, произлезени од економиите што се развиваат заедно со технологиите. биткоинот од почетокот на годината порасна петкратно, „нема да заврши добро“, смета Дајмон (во времето кога тој ја даде изјавата растот беше четирикратен, а новиот скок на вредноста на биткоинот веројатно само му го засилува ставот). Сепак, што се однесува на блокчеин технологијата (blockchain – виртуелната сметководствена книга, распрсната меѓу многу корисници на принцип peer-to-peer, како гаранција за децентрализираноста на системот што ги запишува трансакциите со криптовалути без да собира информации за идентитетот на корисниците, туку потпирајќи се само на кодовите за секоја одделна трансакција што самиот блокчеин ги генерира), Дајмон е оптимист и смета дека банките со време ќе ја прифатат како многу корисна. Лагард дури не ја отфрла можноста дека ММФ во одреден момент може да развие сопствена криптовалута. Таа посочи на Специјалните права на влечење (Special Drawing Right - SDR); валутата што ММФ ја креираше за да служи како меѓународна резерва, што може да инкорпорира технологија слична на криптовалутите. „Она што ќе го разгледуваме е како оваа валута, SDR, всушност може да ја користи технологијата за да биде

поефикасна и поевтина“, вели Лагард. Таа за CNBC рече дека очекува ММФ да ја одигра својата улога во регулирањето на напредокот на финтек индустријата. „Се надевам дека ние ќе учествуваме во овој процес, зашто го гледам како процес што ги преминува границите“, вели Лагард. Финтек, според неа, веќе предизвикува пореметувања во индустријата за финансиски услуги со тоа што новите технологии ја намалуваат цената на финансиските трансакции. Таа смета дека технологијата како блокчеин може да помогне банкарскиот систем да стане поинклузивен. „Мислам на жена во некоја од земјите во развој која треба да носи пари со себе, и која ризикува да биде жртва на насилство и слично. Ако таа може преку својот мобилен телефон да оперира подискретно и поефикасно, тоа ќе биде одлично“, смета шефицата на ММФ.

Лагард: Проблемите со криптовалутите може да се надминат во догледно време

Лагард уште претходно, на конференција на Банката на Англија што се одржа во септември, оцени дека биткоинот „го поставува под прашалник банкарскиот модел што денеска го познаваме“ Во искрен разговор на конференцијата

во Лондон, таа изјави дека биткоинот и криптовалутите имаат еднаква иднина како и самиот интернет. Тие би можелe да ги заменaт централните банки, конвенционалното банкарство. Лагард смета дека сегашните проблеми со криптовалутите реално може да се надминат во догледно време. Долгорочно, самата технологија може да ги замени актуелните национални валути, конвенционалното финансиско посредување, па дури и „го поставува под знак прашалник банкарскиот модел што денес го познаваме“. Во предавањето со тон на осуда кон колегите кои не ја прифаќаат иднината, Лагард предупреди: „Не толку неодамна некои експерти тврдеа дека персоналните компјутери никогаш нема да бидат прифатени, или оти таблетите ќе се користат само како скапи играчки – послужавници за кафе. Поради тоа не мислам дека е паметно да се отфрлат дигиталните валути“. Таа вели дека виртуелните валути како биткоинот претставуваат мал или скоро никаков предизвик за постојната побарувачка за валути од централните банки. Зошто? Бидејќи се премногу нестабилни, премногу ризични, премногу енергетски интензивни и поради тоа што технологиите сè уште не се доволно скалабилни. Многу криптовалути сè уште се недофатливи за

ЛАГАРД: ЌЕ БИДЕМЕ СВЕДОЦИ НА ГОЛЕМИ ПОРЕМЕТУВАЊА



www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

26

СВЕТ

регулаторните закони, а некои од нив се дури и хакирани. Но, како што ја цитиравме погоре Лагард, „многу од овие технолошки предизвици може да бидат решени со време“.

Во делот од нејзиното предавање каде таа се осврнува на тоа зошто „не е паметно да бидат отфрлени дигиталните валути“, шефицата на ММФ вели: „На пример, размислете за земјите со послаби институции и со нестабилни национални валути. Наместо да прифатат валута на друга земја, како американскиот долар, некои од овие неразвиени економии би можеле да доживеат растечка потреба од виртуелни валути. Да го наречеме тоа „доларизација 2.0“. На прашањето, пак, зошто луѓето би сакале виртуелни валути, а не физички долари, евра или фунти, одговорот, според Лагард, би можел да биде тоа што еден ден виртуелните пари би можеле да станат полесни и посигурни од банкнотите, особено во поодалечените подрачја. „И затоа што виртуелните валути би можеле всушност да станат постабилни“. „Виртуелните валути можат само да им додадат ветар во грб на постоечките валути и на монетарната политика со управувањето со парите. Најдобар одговор на централните банки е да продолжат со водењето ефикасна монетарна политика, додека се паралелно отворени за свежи идеи и новите потреби, како што економиите се развиваат заедно со технологиите“. Лагард посочува и на предноста на поевтинувањето на финансиските трансакции што го носат дигиталните валути. „Четири долари за градинарски совети од дама од Нов Зеланд, три евра за стручен превод на јапонска песна и 80 пени за виртуелно прикажување на дел од Лондон. Тие плаќања можат да се извршат со кредитни картички и со други форми на електронски пари. Но, трансакциските трошоци се релативно високи за вака мали трансакции, особено кога се прекугранични. Наместо тоа, граѓаните еден ден би можеле да ги преферираат виртуелните валути, бидејќи ќе можат многу практично да вршат плаќања, без временско одложување, без централна регистрација, без посредник за проверка на сметката и идентитетот. Ако виртуелните валути останат и натаму ризични и нестабилни, граѓаните можат дури и да ги повикаат централните банки да обезбедат дигитални форми на законско наддавање, за виртуелните валути да станат постабилни и помалку ризични“.

Биткоинот не престанува да преминува магични граници

Инаку, најголемата и најпопуларна крипотвалута периодов одново ги израдува сите што и веруваат, односно оние кои вложиле во неа. Биткоинот ја прескокна новата магична граница од 5.000 долари вредност (во моментот на пишувањето на текстот цената му беше 5716.87 долари,


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

27

Директорот на JPMorgan, Џејми Дајмон, биткоин пазарот го смета за измама, за голем инвестициски шпекулативен меур, но за блокчеин технологијата вели дека банките со време ќе ја прифатат како многу корисна зашто растот од 4.800 на 5.000 долари не ја забави побарувачката). Најпознатата криптовалута за еден месец, додека достигна 5.000 долари, доби на вредност скоро 75%. Во овој период (месец) биткоинот до нивото од 5.000 долари се доближи само еднаш, за подоцна цената да му ја

урнат одлуките на Кина (Кинеската централна банка донесе одлука со која во најнаселената држава се забрани собирање капитал преку иницијални јавни понуди на коини (ICO)) и изјавите на банкарите (како цитираната на Џејми Дајмон) за биткоинот како „измама“.

Но, криптовалутата која ја знаат и најнезаинтересираните за темата се врати посилна од кога и да е. Од почетокот на годината нејзината вредност петкратно се зголеми, потврдувајќи дека станува збор за еден од најголемите инвестициски трендови (некои би рекле меури) во историјата. Некои, како тие што зборуваат за меур, и натаму тврдат дека биткоинот е пренадуена работа што лошо ќе заврши, а други предвидуваат дека неговата вредност ќе достигне и 10.000 долари во наредните 6 до 10 месеци. По изминатото скоро десетлетие откако Сатоши Накамото (кој и да се крие зад овој псевдоним – човек или група луѓе) го објави на девет страници манифестот за создавањето на биткоинот како децентрализиран систем за електронско плаќање, криптовалутите, кои почнаа како технолошки експеримент за ентузијасти, денес се средство за размена активно користено од околу 6 милиони луѓе (толку имаат виртуелен паричник за криптовалути - според глобалното истражување на експерти од Универзитетот Кембриџ, бројката е 5,8 милиони). nnn


Капитал број 938 20.10.2017

28

АНАЛИЗА

www.kapital.mk www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

АНАЛИЗА

29

БРЗИТЕ КРЕДИТИ СО БРЗ РАСТ

БИЗНИСОТ НА ФИНАНСИСКИТЕ ДРУШТВА ДОСТИГНА

16,2

МИЛИОНИ ЕВРА

Граѓаните зеле брзи кредити од финансиските друштва што не се банки во вредност од 4,6 милиони евра, покажуваат податоците што ги објави Народната банка. Споредено со годината претходно, евидентиран е пораст на одобрените инстант кредити за 12,5%. Меѓутоа, бизнисот на овие финансиски друштва е поголем, и освен таканаречените брзи кредити, опфаќа и издавање кредитни картички со коишто долгот на граѓаните изнесува речиси 5,7 милиони евра, и факторинг, односно преземање на ненаплатени побарувања, што изнесуваат 1,5 милиони евра. Но, целата актива на овие друштва надминува 16,2 милиони евра. Дека овој бизнис зема замав, покажуваат и податоците според коишто лани двојно е зголемен бројот на склучени договори со вкупно 15 финансиски друштва.


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

30

АНАЛИЗА

Биланс на состојба на финансиските друштва (износ во милиони денари) 2014

2015

2016

114

108

147

207

252

284

46

53

93

313

332

348

Парични средства Побарувања врз основа на одобрени кредити Побарувања врз основа на факторинг Побарувања врз основа на издадени кредитни картички Материјални средства

53

63

65

Останата актива

63

64

59

Вкупна актива

796

871

996

Извор: Народна банка, Извештај за финансисска стабилност

пишува:

Г

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Граѓаните зеле брзи кредити од финансиските друштва што не се банки во вредност од 4,6 милиони евра, покажуваат податоците што ги објави Народната банка. Споредено со годината претходно, евидентиран е пораст на одобрените инстант кредити за 12,5%. Меѓутоа, бизнисот на овие финансиски друштва е поголем, и освен таканаречените брзи кредити, опфаќа и издавање кредитни картички со коишто долгот на граѓаните изнесува

речиси 5,7 милиони евра, и факторинг, односно преземање на ненаплатени побарувања, што изнесуваат 1,5 милиони евра. Целата актива на овие друштва надминува 16,2 милиони евра. Дека овој бизнис зема замав, покажуваат и податоците според коишто лани двојно е зголемен бројот на склучени договори со финансиските друштва. Така, во 2016 година, граѓаните и фирмите склучиле вкупно 11.843 нови договори за некаква финансиска услуга од овие друштва. Како што е и очекувано, граѓаните се најголеми корисници на услугите што ги нудат финансиските друштва со 95% од сите договори склучени лани. Но иако учеството на фирмите во склучените договори е под 5%, финансиските услуги што за компаниите изразени во пари изнесуваат 8,3 милиони евра, што е за четвртина повеќе од одобрените кредити и кредитни картички за населението. Она што предизвика дебата меѓу економистите во земјава, но и по социјалните мрежи, со квалификации

дека станува збор за озаконето лихварство, се условите за задолжување што ги нудат финансиските друштва. Ако ги анализирате каматните стапки, тие не ги надминуваат законски дозволените ограничувања до 13% на годишно ниво, меѓутоа, она што енормно го зголемува трошокот за еден брз кредит се всушност провизиите и останатите трошоци за одобрување. Така на пример, за кредит од 12 илјади денари, по еден месец, граѓаните треба да вратат за третина поголема сума, односно околу 16 илјади денари. Пресметките покажуваат дека стапката на вкупни трошоци, што освен каматата ги вклучува и провизиите, достигнува и до 400% на годишно ниво. А постојните закони во земјава ја ограничуваат само висината на каматните стапки, но не и на стапките на вкупни трошоци што е вистинската цена на кредитот. „Бројот на финансиски друштва во 2016 година прилично се зголеми (од 10 на 15 друштва), а позначителен раст, од 14,4%, бележи и износот на активата. И покрај очигледниот налет на овој тип


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

31 посредници на кредитниот пазар, тие и натаму имаат незначително учество во вкупната актива на финансискиот систем и во БДП (по 0,2%). Брзото одобрување кредити (но по многу висока цена) и очигледно полабавите кредитни стандарди се главните адути на овие финансиски институции, со кои се обидуваат да се наметнат како позначителен конкурент на домашниот кредитен пазар. Растот на активата на финансиските друштва во 2016 година, произлегува најмногу од зголемените краткорочни побарувања врз основа на одобрените кредити, факторингот и издадените кредитни картички“, пишува во Извештајот за финансиската стабилност на Народната банка. Аналитичарите на централната банка, дополнуваат дека иако нема доволно расположливи податоци за изложеноста на кредитниот ризик „позначителниот годишен раст на трошоците за исправка на вредност на активните билансни побарувања упатува на зголемување на нивото на ризичност на кредитното портфолио кај овие институции (во 2016 година, трошоците за исправка на вредност на активните билансни побарувања кај финансиските друштва се зголемени за седум пати,

наспроти годишниот раст на активата на овие друштва од 14,4%“, пишува во Извештајот. Економистите коментираат дека зголемениот интерес за таканаречените брзи кредити, покажува дека многу граѓани немаат пари за да ги задоволат своите основни потреби, така што малите плати мора да ги надоместуваат со некакво задолжување. Дел од граѓаните што ги анкетиравме, имаат искуство со задолжување во некое од финансиските друштва со брз кредит што се добива со аплицирање од мобилен телефон. Велат дека, иако цената што треба да се плати за еден ваков кредит е многу висока, сепак во итни случаи, и ова е една од алтернативите за преживување. „Едно е што платата за која што работам е многу мала и недоволна за најосновните месечни потреби, а друг проблем е што ниту таа плата не ја добивам редовно. Па откако ќе се потроши и минусот на картичката, а мора да се платат сметките или итно да се купи нешто, лесно може да се добијат 200 евра од овие друштва што се рекламираат насекаде“, ни изјави вработена во еден од локалните кафе барови во Скопје.

Менаџерите на дел од финансиските друштва, потврдуваат дека има голем интерес за онлајн кредитите. Тие велат декa кредитите што ги нудат се наменети за граѓани кои имаат добра кредитна историја и постојани и добри месечни приходи, а намената најчесто е непредвидени трошоци, одмор, лични потреби, враќање на друг долг. „Друштвото досега нема проблеми со наплатата на одобрените парични средства. Клиентите се задоволни од нашата услуга, а како резултат на тоа ни возвраќаат со нивната лојалност. Се разбира дека има и недисциплинирани клиенти, но нивниот број е многу мал“, изјави неодамна Магдалена Григориева од финансиското друштво Кредисимо. Таа објаснува дека граѓаните аплицираат онлајн, преку кој било уред со интернет, тие ја проверуваат кредитоспособноста и потоа повторно онлајн се одобрува кредитот, што ги разликува од процедурите во банките. Отворањето на финансиските друштва во земјава се овозможи со Законот за финансиски друштва донесен кон крајот на 2010 година и тие се уште се многу мал дел вкупната економија, со учество од 0,2% во бруто домашниот производ (БДП).


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

32

АНАЛИЗА

Образложението за потребата од влез на финансиски друштва на пазарот, од Министерството за финансии кое што беше и предлагач на законот, беше дека тие треба да претставуваат дополнување на кредитната активност на банките, особено за клиентите коишто имаат ограничен пристап до кредитите на банките поради нивните поконзервативни кредитни политики. Во тоа време, јавноста ги доживеа овие друштва како конкуренција на банките. Законот не им дозволува на овие финансиски друштва да прибираат пари од депозити од граѓани и фирми, ами се финансираат доминантно од сопствен капитал и резерви, или пак се задолжуваат со краткорочни кредити во банките. „Меѓутоа, можноста за прелевање на ризиците од овој сегмент кон банкарскиот сектор е многу мала, со оглед на тоа што учеството на кредитите на финансиските друштва во вкупните кредити на банките изнесува помалку од 1%“, оцени Народната банка. Дозвола за работа на финансиските друштва им издава министерот за финансии. Министерството за финансии треба да биде известено за секоја промена во работењето на друштвото и редовно да добива финансиски извештаи, како и да знае од каде потекнуваат средствата со кои располага друштвото. Ревизорот што

врши ревизија на друштвото мора да го извести Министерството за финансии доколку тоа го прекршило законот или му е влошена финансиската состојба. Министерството може да изврши и вонредна контрола во друштвото, во која може да ангажира и надворешни експерти. Ова е направено со цел да се врши контрола над работењето на финансиските друштва бидејќи тие не се под надзор на Народната банка.

(Старо)нови играчи влегуваат на пазарот

Како што расте интересот на граѓаните и фирмите за кредитите и кредитните картички од финансиските друштва, така се зголемува и нивниот број на пазарот. Ако на крајот на 2015 година беа регистрирани десет вакви финансиски друштва, до средината на 2017 година се отвориле уште шест нови, со што вкупниот број се зголеми на 16 друштва. Последно финансиско друштво што влезе на пазарот е ДП од Битола, регистрирано на крајот на април годинава со основна главнина од околу 100 илјади евра колку што е законскиот минимум. Произлегува дека овој бизнис значително се шири во Битола ако се знае дека и кон крајот на 2016 година, таму се регистрирани уште две финансиски друштва. Во декември, почна да работи финансиското друштво СН Финансии,

основано со капитал од 140 илјади евра, додека пак, еден месец претходно, во ноември се отвори финансиското друштво Пелистер со основна главнина од 1,14 милиони евра чиј сопственик е поранешниот градоначалник на општината, Силјан Мицевски преку неговата градежна компанија, ГП Пелистер. Овој бизнис не е новина за Мицевски бидејќи неговото име се поврзуваше со работењето на штедилницата ТАТ, а беше и еден од седумте обвинети во оваа афера во деведесеттите. Подоцна, сите обвиненија против него беа отфрлени. Ова е всушност финансиско друштво со најголем основачки капитал во моментов а од финансиските активности нуди одобрување кредити, факторинг и издавање гаранции. Еден ден пред Мицевски да го отвори своето финансиско друштво, на пазарот влезе и рускиот милијардер Олег Бојко, сопственик на групацијата Финстар од Москва. Финансиското друштво на Бојко во Македонија е регистрирано со називот Диџитал Фајнанс Интернешнл, но во јавноста стана познато под брендот Форца, што е всушност брз онлајн кредит. Основачкиот влог на ова друштво е 300 илјади евра. Сопственикот Олег Бојко има претходно искуство во финансискиот сектор, се занимава со банкарство од 1988 година, кога ја основал првата ИТ



www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

34

АНАЛИЗА

компанија која произведувала софтвер за финансискиот сектор. Бојко, односно Финстар Групацијата, исто така е сопственик на финансиската група 4Фајнанс која работи во повеќе од 20 земји во светот, вклучувајќи ги Германија, Шпанија и САД, чија дејност е кредитирање на населението. Богатството на Бојко е проценето на 1,2 милијарди долари и тој е 55 најбогат човек во Русија. Во 2016 година, основано е и друштвото Кредисимо со влог од околу 100 илјади евра, и Цемак Кредити од Прилеп, со капитал од 280 илјади евра. Во 2015 година, пак, регистрирани се три финансиски друштва, и тоа, Монимакс Финансиско од Охрид, Ал Коса од Штип и Пан Интерфинанце од Скопје. Една година претходно, се основало само едно вакво друштво, а тоа е М Кеш Македонија. Позначително зголемување на бројот на активни лиценцирани финансиски друштва има во 2013 година, како резултат на регулирањето на можноста за трансформација на

штедилниците во финансиски друштва. Така, дотогашната штедилница Пеон од Струмица, во 2013 година стана финансиско друштво, со основачки влог од 845 илјади евра. Сопственици на ова друштво се Убавка Заева, која што му е стрина на актуелниот премиер Зоран Заев и нејзината ќерка, Катерина Бојовиќ Заева. Истата година, се отворија и друштвата Младинец и Баваг од Скопје, а во овој бизнис влезе и бизнисменот Емил Стојменов, син на поранешниот министер и пратеник Борис Стојменов. Тој, неговиот брат Марјан и нивната мајка Надежда се јавуваат како сопственици на финансиското друштво Еуро Мк, основано со влог од 130 илјади евра. Стојменови исто така имаат претходно искуство во финансискиот пазар како сопственици на познатата штедилница Мак БС, основана уште во 1991 година. Првите финансиски друштва се основаа во 2011 година, а тоа се Фактор Труст, друштво за факторинг основано со

капитал од околу 160 илјади евра, и Динерс Клуб Интернационал, кое што работи во Македонија повеќе од 20 години но се трансформира во финансиско друштво по донесувањето на овој закон во 2010 година. Ова е второ најголемо финансиско друштво со основна главнина од 1,1 милиони евра а единствена дејност е издавање на кредитни картички. Основната главнина на сите финансиски друштва до средината на 2017 година изнесува 5,3 милиони евра, што значи дека вкупното кредитно портфолио може да изнесува најмногу 53 милиони евра бидејќи законот предвидува изложеноста на финансиските друштва да биде најмногу десет пати поголема од основната главнина. Финансиските друштва работат минатата година ја завршиле со загуба. Во 2015 година тие остварија добивка од околу 260 илјади евра, којашто во однос на претходната година е повисока третина, но лани загубата изнесува околу 23 илјади евра. nnn



Капитал број 938 20.10.2017

36

www.kapital.mk

ПОЛИТИКА

ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ БЕА РЕФЕРЕНДУМ: ЗА

ГОЛЕМА ПО НА СДСМ!

ЗАЕВ: НА ОВАА ПОДДРШКА ГЛЕДАМ КАКО ПОДД


www.kapital.mk

А НАТО, ЗА ЕУ, ЗА РЕФОРМИ...

ОБЕДА

Капитал број 938 20.10.2017

37 Од причините зошто ВМРО-ДПМНЕ катастрофално изгуби на изборите, за Македонија се поважни мотивите на граѓаните, охрабрувачки во однос на главните приоритети на државата, поради кои тие уверливо ги поддржаа политиките на Владата пишува:

Максим Ристески

Н

maksim.risteski@kapital.mk

фото: МИА

Настрана од факторите што на овие локални избори очигледно и силно беа против ВМРОДПМНЕ, а поради кои дел од граѓаните (сега ослободено) гласаа за да го казнат Никола Груевски и со него асоцираното раководство на партијата, многу поважно за Македонија е што ова казнување не беше од видот „гласај за другите, без разлика што нудат“, туку причините за поддршката што ја доби СДСМ се многу јасни и многу охрабрувачки за некои од главните приоритети на државата. Тука мислиме главно на очекувањата од евроатланските интеграции и со нив во голема мера компатибилната меѓуетничката кохезија. Во однос на првото - аспирациите за членство во НАТО и во Европската унија, од повеќе важни светски адреси пред изборите беше испратена пораката дека напредокот во интеграциите (поврзан и со најавениот прогрес во решавањето на спорот за името со Грција) ќе зависат и од „силата на Владата на Заев по локалните избори“ (како што се изрази добро брифираниот по интервјуто со медијаторот Метју Нимиц, директор и уредник на Независната балканска новинска агенција - IBNA, Спирос Сидерис). Имајќи го предвид ова, шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, по изборната ноќ, откако беше јасно дека СДСМ е голем победник, порача: „Минатата недела побарав од Европа ветер во грбот, но ветерот дувна од дома. Нема посилен ветер во грбот од изборните резултати денес“. Веројатно неслучајно, како порака до гласачите во Македонија кои се за евроатлански интеграции, и американската

ДРШКА ЗА РАБОТА, А НЕ ПАК ЗА ИЗБОРИ


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

38

ПОЛИТИКА Според познавачите на внатрешните прилики во ВМРО-ДПМНЕ, реформаторите и слично мотивираните внатрепартиски структури одиграле по размер неизмерена, но извесна, значајна улога за дотепување на партијата во моментов поистоветена со светогледот и политиките на Груевски

амбасадорка во НАТО, Кеј Бејли Хачисон, на ден пред предизборниот молк, во интервју за „Вашингтон пост“ ја спомена токму Македонија, за која рече дека е многу блиску до членство во НАТО. „Сметам дека се многу близу. САД ги поддржуваат и ако можат да го исполнат последното парче на внатрешен план и работат кон слободни избори и силна влада, тогаш ќе бидат следната земја членка“, изјави Хачисон. По изборите, и Блумберг и Ројтерс, во свои осврти на локалните избори во Македонија, напишаа дека „Скопје ги обнови своите тежнеења кон ЕУ откако оваа година се смени македонското раководство“ (при што се потенцира дека Македонија мора да го реши спорот за името со Грција), односно, оти резултатот од локалните избори е „сигнал за големата поддршка на новата Влада која вети забрзување на влегувањето на оваа мала балканска земја во НАТО и во ЕУ“. За меѓуетничката, пак, кохезија, за зајакнатата доверба меѓу најголемите етнички заедници - Македонците и Албан-ците, зборува и успехот на првата јавна во Македонија предизборна соработка на македонска и албанска партија, меѓу СДСМ и ДУИ. Партијата на Али Ахмети се чини е сосем рехабилитирана во очите на своите гласачи, зашто ДУИ ја сфати пораката на граѓаните од парламентарните избори;

пораката од етничките Албанци за курсот што треба да го фати, а имено оној што го препорачува Западот - на евроатланските интеграции, по кој премиерот Зоран Заев, шефот на дипломатијата Димитров, и останатите од евроатланскиот владин тим, газат искрено, цврсто, конкретно. Заедно со ДУИ, од сфаќањето на пораката на гласачите профитираше и другата партија во Владата од етнички албанскиот блок, Алијансата за Албанците, која по резултатите на локалните избори се виде дека е втора сила во блокот, потиснувајќи ја БЕСА, чии перспективи очигледно избледеа со одлуката да се конфронтира со ДУИ, индиректно и со СДСМ, но на сметка на она што Албанците го сметаат за свој интерес. БЕСА дури и мораше да се брани од обвинувања за тајна соработка со ВМРОДПМНЕ, а сето ова се одрази да заврши со помалку гласови од Алијансата за Албанците (во албанскиот блок ДУИ на локалните избори освои околу 89 илјади гласови; Алијансата околу 48 илјади, а БЕСА 46 илјади).

Заев: „Опозицијата очигледно треба да ги промени ставовите од изминатите месеци“

По големата победа на СДСМ на локалните избори во јавноста веднаш почна да се поставува прашањето – ќе оди ли Заев брзо

на предвремени парламентарни избори, за успехот, додека е уште жежок, да го претвори во повеќе пратенички мандати. Одговорот веќе вториот ден по изборите дојде директно од премиерот на Владата и лидерот на СДСМ. „Не размислувам за предвремени парламентарни избори... На оваа поддршка гледам како поддршка за работа, а не пак за избори. Резултатите од локалните избори ми даваат дополнителна храброст за носење одлуки, вклучувајќи го и решавањето на спорот за името. Македонија има сериозни одлуки пред себе и треба да ги носи на еден транспарентен и инклузивен начин, меѓу другото и одлуките за проблемот што Грција ги има со нашето уставно име“, изјави Заев, опфаќајќи ја погоре кажаната теза за тоа како, меѓу останатото, треба да се сфати поддршката од граѓаните за уверливата изборна победа. Дефинитивно, во одлуката на граѓаните кому да го дадат гласот, не одиграле улога застрашувањата од ВМРО-ДПМНЕ во врска со Договорот со Бугарија, со проширувањето на употребата на албанскиот јазик, со тезата на Груевски дека „целата операција за промена на владата е направена за решавање на спорот за името по терк на Грција“. Заев, во цитираната изјава, кога зборува дека Македонија има сериозни одлуки пред



www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

40

ПОЛИТИКА

себе, секако мисли на реформите, од кои најитните се во правосудството; поврзани со Специјалното јавно обвинителство; со сето она што го пишува во извештајот на експертската група на Европската комисија, предводена од Рајнхард Прибе. Очигледно, најголем дел од граѓаните не ги заборавиле „бомбите“ и (покрај останатото) со својот глас на изборите побараа одговорност за протагонистите во прислушуваните разговори, во духот на она што постојано го порачува Западот. Оттука прашањето, ќе може ли да се избегнат опструкциите на реформите во Парламентот од видот на блокирањето на разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски? Секако, ситуацијата сега би требало да биде поинаква, со оглед на тоа што Владата, мерено според поддршката на граѓаните на локалните избори, уверливо си го потврди легитимитетот и кредибилитетот, на фер избори (за такви се прогласени и од ОБСЕ/ОДИХР, и од Амбасадата на САД, и од Државната изборна комисија, и од домашните набљудувачи МОСТ и ЦИВИЛ). По логика, пак, што зема предвид повеќе фактори, во Парламентот и со ваков состав каков што веќе го има, по резултатот од локалните избори може да се создадат услови за мазно да поминуваат реформските зафати. Имено, ако изборниот резултат се рефлектира како што е логично во ВМРО-ДПМНЕ, со оставки на Груевски и на до него блиското раководство, а партијата ја преземат, на пример, реформаторите (со сета поддршка, вклучително и од Западот и од автентичните, стари „вмровци“), тогаш во Собранието би требало да има консензус барем што се однесува на клучните национални приоритети. Во Иницијативата за внатрепартиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ немаат дилеми околу евроатланските интеграции – документот по кој се водат се вика „Европско ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија“ и го осудуваат Груевски за „политики на ширење анти-НАТО и анти-ЕУ пропаганда“. Реформаторите не би требало да имаат проблем да гласаат и во прилог на статусот на СЈО, зашто на своите прес-конференции за сè уште актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ велеа дека „имаме лидер со

За кредибилитетот на изборите, во смисла на условите за фер натпревар, се произнесоа и од ОБСЕ/ОДИХР, и од Амбасадата на САД, и од ДИК, и од домашните набљудувачи МОСТ и ЦИВИЛ

одземен пасош, изолиран од меѓународната заедница и човек за кого се водат судски постапки“. Во овој контекст порака по изборите испрати и премиерот Заев: „Граѓаните дадоа поддршка во кој правец ќе се движи Македонија и ставија крај на национализмот. Порака стигна и до опозицијата. И во источна и во западна Македонија покажаа дека национализмот не поминува. Опозицијата очигледно треба да ги промени ставовите од изминатите месеци“. Според познавачите на внатрешните прилики во ВМРО-ДПМНЕ, реформаторите одиграле по размер неизмерена, но извесна, значајна улога за дотепување на партијата во моментов поистоветена со политиките и светогледот на Груевски. Оттаму се информациите дека „нешто се случило (на пример) во „вмровска“ Гази Баба“, за и таму да биде поразена ВМРОДПМНЕ; односно, оти не мал број членови на партијата иле воопшто не гласале, или ги поништиле гласачките ливчиња. Токму со апстинирањето на добар дел од традиционалните гласачи на ВМРОДПМНЕ, политичкиот аналитичар Алберт Муслиу ја објаснува разликата меѓу најоптимистичките резултати за СДСМ од анкетите, и многу подобриот резултат (од очекуваниот според анкетите) на

владејачката партија на локалните избори. „Разликата меѓу објективниот оптимизам, имајќи ја предвид поддршката што СДСМ ја ужива кај граѓаните, и најголемиот оптимизам во однос на размерот на победата, кој се оствари, е во апстиненцијата на дел од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ. Иако, оваа апстиненција, која е очигледна ако се види гласањето по општини, никако не е меѓу главните причини за победата на СДСМ, чие водство беше неоспорно“, вели Муслиу. Тој на погоре поставеното прашање – дали СДСМ сега ќе оди на предвремени парламентарни избори, одговара дека не верува оти Заев има намера да го преточи овој резултат и во пратенички мандати. „Заев нема да оди на предвремени парламентарни избори, без претходно да поминат одредени реформски и процеси поврзани со евроатланските интеграции. Владата има пред себе сериозни реформи, прашања да реши. Во случај Заев брзо да влезе во предизборен циклус, тоа кај граѓаните нема да помине многу добро, што во СДСМ добро го знаат“, смета аналитичарот. Според него, ако веќе околностите бидат да се оди на предвремени избори, тие нема да се случат пред летото или есента 2018 година. nnn



Капитал број 938 20.10.2017

www.kapital.mk

INTERVIEW 42 ИНТЕРВЈУ

ЗОРАН ШАПУРИЌ

министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија

ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ НАЈМНОГУ СЕ ЖАЛАТ НА ВИСОКИТЕ И НЕЛОГИЧНИ КАЗНИ

ШАПУРИЌ: ВООДУШЕВЕН СУМ ОД ИСТРАЈНОСТА НА


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

43 разговара:

И

Игор Петровски

igor@petrovski@kapital.mk

XИзминатиов X период имавте повеќе посети на домашни компании. Кои компании ги посетивте и кои се заклучоците од овие средби? Во изминативе два месеца посетив повеќе од 40 домашни компании ширум Македонија. Најголем дел од овие компании се занимаваат со производство. Тоа е драгоцено искуство, бидејќи со непосреден увид во производните капацитети и запознавање со севкупниот процес на производство и севкупната проблематика со која се соочуваат во нивното секојдневно работење. Станува збор, за главно мали и средни претпријатија. Морам да кажам дека сум воодушевен од нивните напори и посветеноста, како и нивната ,,жилавост,, да опстојат и да се справуваат со бројни предизвици. Голем дел од нив, во услови на долготрајна политичка криза, а не само што успеаја да опстојат, туку и да вложат своето производство и воведување на нови технологии и да бидат посветени на својот развој. Но, според мене, она што е најважно успеваат и да пронајдат нови партнери и пазари, бидејќи се свесни дека имаме мал пазар и дека извозот е единствена алтернатива за нивниот натамошен развој. Во изнаоѓање на нови партнери, односно нови пазари домашните компании покажуваат респективна креативност. Покрај контактите со традиционалните партнери, во изнаоѓање на нови партнери се повеќе се потпираат на нашите граѓани кои привремено или трајно престојуваат во странство, односно ги користат нивните посреднички услуги. Исто така, своите производи ги пласираат и директно кај нашите иселеници кои имаат оформено сопствен бизнис во областа на производството или, пак, во областа на трговијата и услуги. Постепено, но забележливо јакне улогата на нашата дијаспора во пронаоѓање на нови пазари и на зголемување на извозот на домашните компании. Покрај ова се разбира, согласно своите можности, новите партнери ги пронаоѓаат преку презентација на своите капацитети и производи и услуги на меѓународните саемски манифестации и се повеќе преку можностите што ги нуди Интернетот. Интересно е да се напомене дека, покрај традиционалните пазари, тие прават и напори на пазарите во земјите

Речиси сите компании што ги посетив реагираат на енормно високите и нелогичните казни кои претставуваат сериозна потешкотија, не само за нивното работење, туку и за нивниот опстанок. на Блискиот и Средниот исток, како што се Израел, Јордан, Саудиска Арабија и земјите членки на Обединетите арапски емирати. За да извезуваат на нови пазари, тие мора ги задоволат високите стандарди за квалитет и посебно за постојаната вооедначеност на квалитетот во земјите членки на Европската унија, во земјите што се кандидати или, пак, претенденти за полноправно членство во Унијата, но и во другите земји. Потребно е да се здобијат со европски сертификати кои од друга страна, пак, предвидуваат постојано подигање на стандардите, така да домашните компании, особено малите и средните претпријатија навистина се соочуваат со големи предизвици. Исто така, се соочуваат со честата промена на еколошката регулатива на ЕУ, која предвидува се повисоки еколошки стандарди и свесни се дека мора да се борат перманентно за достигање на овие стандарди. XНа X што ви укажаа сопствениците/ менаџери и што побараа од вас како министер задолжен за подобрување на инвестициската клима на домашните компании? Долга е листата на нивните укажувања, односно сугестии. Ќе наведам само дел од нив. Речиси сите компании што ги посетив реагираат на енормно високите и нелогичните казни кои претставуваат сериозна потешкотија не само за нивното работење туку и за нивниот опстанок. Затоа тие бараат брзо усвојување на регулатива со која ќе се намали висината на казните. Тие реагираат и на пречестите контроли, кои во одредени случаи, според

нив, во изминативе години беа и политички мотивирани. Свесни се дека контролите од страна на државните и локалните органи се неопходни и се подготвени да работат согласно правната регулатива, но пречестите контроли го отежнуваа нивното функционирање, при што посебно потенцираат дека во минатото во одредени случаи постоеше селективна примена на законите и фаворизирање на одредени компании од одредени институции и очекуваат новата Влада да ја спречи оваа пракса. Во изминатите неколку години се сочуваа со бавниот поврат на данокот на додадената вредност. Сега изразуваат задоволство што овој проблем е надминат и повратот на ДДВ се одвива непречено и веќе речиси и да нема доцнење на повратот на ДДВ. Понатаму, укажуваат дека во изминатите години се соочуваа со бавното реагирање на одредени надлежните институции и очекуваат многу побрзо издавање на разни видови на согласности и дозволи и забрзување на постапките, како и побрзо и поефикасно решавање на апликациите за користење на претпристапните фондови на Европската унија. Одредени компании укажуваат на потребата на поголема поддршка на државата за нивното учество на меѓународните саеми во регионот, но и во цела Европа, како и испитување на можноста за поддршка на државата за основање на консигнациони складишта за одредени производи кои се извезуваат, кои би ги основале со своите странски партнери, од каде би се вршела сукцесивна испорака, односно продажба. Ова е карактеристично

А ДОМАШНИТЕ ФИРМИ ДА УСПЕАТ И ВО КРИЗА


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

44

ИНТЕРВЈУ

особено во случаи каде што нарачките се чести, но се во мали количини, при што транспортот е сегрегиран и се користат помали транспортни средства и транспортот е поскап. Овие складишта, според нив, би овозможиле да се превезуваат поголеми количини на производи, со што транспортот би бил поевтин. Познати се и нивните традиционални барање за поинтензивна изградба на патната и железничката инфраструктура. Посебен интерес домашните компании покажаа за мерките и активностите кои Владата предводена од премиерот Зоран Заев, ќе ги преземе за етапното изедначување на условите за странските и домашните инвеститори. Значајно е барањето на компаниите да бидат консултирани при изготвување на новата регулатива и новите мерки кои Владата ќе ги преземе во оваа насока. Тоа веќе се прави и во координација со вицепремиерот Анѓушев сериозно се разгледуваат нивните сугестии. Инаку генерално домашните компании, па дури компаниите основани од странските инвеститори, кои де факто и де јуре со нивното регистрирање во државата стануваат домашни компании кои делуваат согласно нашата регулатива, ги поддржуваат новите мерки што ќе се применуваат во иднина. Дел од домашните компании укажуваат на повремено постапување на одредени институции на земјите во регионот, кое не се во согласност со Централно европската спогодба за слободна трговија(ЦЕФТА), и со предолгото задржување и одолговлекување на постапката, на царинските терминали се продуцира застој и зголемување на трошоците, па дури и во одредени случаи неоправдано враќање на македонските производи. Домашните компании кои произведуваат прехранбени производи и стока за широка потрошувачка, бараат да се согледаат искуствата од земјите во Европа, каде што големите малопродажни објекти имаат обврска да продаваат одреден процент на домашни производи. Исто така, компаниите укажуваат на проблем на недостаток на соодветен

технички кадар, како и на преземање на овој кадар од странските инвеститори, што доведува до одлив на овој кадар кој е обучен од нивна страна, во фабриките на странските инвеститори кои досега ја имаа поддршка од државата. Компаниите од областа на чевларската и текстилната индустрија искажуваат интерес за примена на законската регулатива која предвидува субвенционирање на износот на минимална плата во износ од 12.000 денари, иако мора да напомнам дека има мал број на овие компании од овие области кои и досега исплаќаат плата над овој износ. Ова се само дел од многубројните сугестиите на домашните компании. За овие посети и сугестии на домашните компании го информирав вицепремиерот Анѓушев кој ги координира економските активности и поднесов Информација до Владата и таа пред да се најде на седница на Влада е доставена до повеќе институции заради давање на мислење. Она што според мене, е добро, што имаме брза реакција на повеќе институции кои се интересираат за дообјаснување на сугестиите изнесени од домашните компании и со дел од нив веќе објавив разговор. Така на пример, Царинската управа, веднаш реагираше и изрази подготвеност на унапредување на информираност на бизнис секторот. XОд X ова што го слушнавте на терен директно од фирмите, како и од она што го гледате низ годиниве како професор и активен учесник во политиката, кои се всушност клучните точки во регулативата што ги засега компаниите , а каде што е потребно подобрување? Она што веќе го споменав претходно тие инсистираат на промена на регулативата со која се предвидени енормно високите казни за компаниите и на тоа веќе интензивно се работи. За ова е потребна интервенција во повеќе од сто закони и се работи за мошне комплексна активност, но убеден сум дека овие законски измени ќе бидат усвоени во релативно кус период. Исто

така, интензивно се работи на воведување на мерките за поддршка за инвестициите и отворање на нови работни места и зголемување на плати за вработени и развој на домашните компании, со што тие етапно би се изедначиле со странските инвеститори. Но потенцирам дека, покрај ова Владата интензивно ќе работи и на привлекување на странските инвестиции со посебен акцент на оние што ќе придонесат за технолошки развој. Во последно време актуелни се реакциите на граѓаните од повеќе општини поради намерата на отпочнување на експлоатација на минерални суровини, односно рудните богатства и се размислува за измена на регулатива која би овозможила поголема транспарентност и запознавање на граѓаните пред добивање на дозвола за отпочнување на експлоатација. Со ова локалното население би можело уште во рана фаза, да биде запознаено со елаборати и студии и какви мерки и активности, ќе се преземат за заштита на здравјето на граѓаните и за заштита на животната средина, при евентуалната експлоатација. Поднесов иницијатива и за измена на Законот за комуналните такси, каде според сегашните решенија надомест за истакнување на назив на фирма, односно т.н. фирмарина, е ист без оглед на бројот на вработените и на обртот. Со ова би се постигнала правичност во плаќање на овој надомест на компаниите. Исто така, веќе се направени и првични активности и за измена на Законот за градење, но и другите закони кои се поврзани со градењето и тоа од областа на катастарот, од просторното и урбанистичкото планирање и од другите области поврзани со градењето. Притоа, ќе се оди во две фази во првата би се направила интервенција во постојните законски решенија кои се нелогични, а потоа, би се одело на изработка на нови закони, кои би нуделе одржливи решенија. Треба да се има предвид дека Законот за градење е менуван безброј пати пати во последниве неколку години, а честопати според дневно политичките потреби. Овие закони ќе бидат изготвувани

ШАПУРИЌ: ИМАМЕ МАЛ ПАЗАР И ИЗВОЗОТ Е ЕДИНС


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

45 во консултација со бизнис секторот, со локалната самоуправа, со експертите и со пошироката јавност. Со измените треба да се подобри бизнис климата во областа на градењето кое значајно партиципира во национален бруто општествен производ. Ова ќе доведе и до поголема информираност и реална и вистинска партиципација на граѓаните при донесување на просторно урбанистичките планови. Според мене, треба да се размислува и за измена на законите што ја регулираат стечајната постапка бидејќи сме сведоци на бесконечно долги стечајни постапки кои траат и повеќе од една деценија. Исто така, во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање отпочнавме подготвителни активности за измена на регулатива во областа на отпадот, која треба да обезбеди унапредување на управување со отпадот и поголема ефикасност во областа на отпадот од пакување што ќе создаде предуслови за зголемување на рециклирање. Се разбира треба да се интервенира и во некои други области, особено ако се имаат предвид дека како земја кандидат имаме постојана обврска да го хармонизираме нашето законодавство со законодавството ан Европската унија. XСега, X кога има посебен министер во Владата задолжен за подобрување на условите за домашните инвеститори, како најефективно бизнисите да допрат до вас? Освен посетите по компании, какви активности спроведува вашиот кабинет со цел поефикасно запознавање со проблемите и барањата на бизнис секторот? Мислам дека не е нескромно ако кажам дека сум по природа оперативен и агилен и се спротивставувам на бесконечните бирократски процедури. Посетата на лице место и разговор со компаниите и вработените е најдобар начин да се добие целосна и мултидимензионална претстава за состојбите во домашните компании. Но се разбира, не е можно само на тој начин да се работи. Владата работи тимски и координирано, но исто така, премиерот Зоран Заев дава слобода на министрите да ја изберат методологијата на својата работа во рамките на програмските и планските определби на владата. Планирам средби со домашни компании и презентирање на мерки за поддршка на домашните компании и понатаму. Јас и другите членови на Владата ќе бидеме отворени за нивните мислења и сугестии и за донесување на регулативата која ќе води кон подобрување на бизнис климата во државата. Планирам по локалните избори да воведам во мојот кабинет термин ,,отворено со бизнисот,, каде што ќе разменуваме мислења со компаниите, иако морам да напомнам дека досега сите компании кои побарале

Домашните компании кои произведуваат прехранбени производи и стока за широка потрошувачка, бараат да се согледаат искуства-та од земјите во Европа, каде што големите малопродажни објекти имаат обврска да продаваат одреден процент на домашни производи. прием во најкус можен рок биле примени од страна на мојот кабинет. Се разбира и средбите со коморите и другите асоцијации на компании се секогаш добредојдени. XСе X ангажиравте неодамна и во решавање на проблемот со депонијата во Струга, а на меѓународна конференција ги истакнавте можностите за јавно – приватни партнерства во изградба на регионални депонии и сл. Зошто во Македонија никако не може да се реши проблемот со депониите? Љубљана штотуку доби огромен центар за рециклирање на отпадот, кај што ќе произведува и енергија и сл., а во земјава население се гуши заради запалени депонии. Како најбргу да дојдеме до најдобри решенија за граѓаните, но и за фирмите што би се бавеле со менаџирање на депониите? Оваа Влада има сериозна намера во соработка со општините и градот Скопје да го унапреди управувањето со отпадот. Во државата постојат 54 депонии од кои само една, делумно ги исполнува

СТВЕНА АЛТЕРНАТИВА ЗА РАЗВОЈ

националните стандарди и стандардите на ЕУ. Планот за управување со отпад од 2005 година, предвидува регионални депонии на кои ќе има инсталации за секундарна селекција и за преработка на отпад, по што само мал дел би се депонирал. Оттогаш малку е направено и покрај тоа што со поддршка на Европската унија за неколку регионални депонии се направени студии. Владата веќе прави напори да се откочи овој застој и да започнат поинтензивни активности за изградба на овие регионални депонии. Мораме отпадот од проблем да го претвориме во ресурс кој носи еколошки и економски бенефити. Меѓутоа, веќе се преземени и интервентни активности и владата издвои средства за расчистување на депониите во Струга и Тетово. Инаку депониите се во надлежност на општините но имајќи ја предвид акутноста на проблемот владата овозможи брзо расчистување на депониите. Паралелно со ова мора да се работи на јакнење на еколошката едукација и зголемување на јавната свест за примарно селективно одлагање на отпадот што ќе овозможи поголемо рециклирање и други форми на преработка на отпадот. nnn


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 25 ОКТОМВРИ 2017

ЕДНОДНЕВЕН ТРЕНИНГ ЗА:

ЕКСЕЛ ЗА МАРКЕТИНГ, ПРОДАЖБА И HR  27 октомври 2017  10:00-15:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје

БЕНЕФИЦИИ ЗА ВАС И ВАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈА:  На компаниите им требаат извештаи од кои

јасно се гледаат резултатите од работењето. Како истите да се создадат брзо и ефективно? Како истите да бидат прегледни и разбирливи? Како да станете експерт за подготовка на извештаи?

 Тоа е можно со користење на напреден

Excel. Сепак, само 1% од вработените во една компанија имале било каков вид на обука за работа во Excel.

 Овој тренинг објаснува напредни техники за

анализа на продажбата во Excel, со практични примери од бизнисот. Според мислењето на учесниците, по тренингот нивната работа се забрзала и до 10 пати!  Примерите кои се користат се исклучиво од пракса.

КЛУЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТРЕНИНГОТ:  работа на практични примери

(финансии, продажба, трошоци)

 фокусиран, интензивен тренинг во еден ден  напредни техники во Excel

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р м-р Ирена Богоевска e-mail: institut@koncept.com.mk 02 3128 526 070 272 207


3

ноември

СПЕЦИЈАЛНА ЕДИЦИЈА

200

НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ “Капитал Медиа Гроуп” ја подготвува традиционалната годишна едиција “КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И 200 НАЈУСПЕШНИ” во Македонија, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во Едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето добивката остварени во 2016 година, но во рангирањата ќе бидат вклучени и повеќе податоци за компаниите како вредноста на активата, вредноста на капиталот и уште многу други показатели и коефициенти за успешноста и ефикасноста во работење. Сите рангирања и показатели, како и секоја година, ќе бидат изработени врз основа на официјални и евидирани податоци обезбедени од годишните сметки на компаниите. Во едицијата ќе бидат рангирани компаниите според повеќе показатели како на пример: 

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМИ ПРИХОДИ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМ ПРОФИТ

КОМПАНИИ КОИ НАЈМНОГУ ВРАБОТУВААТ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМ КАПИТАЛ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМА АКТИВА

КОМПАНИИ КОИ НАЈБРЗО РАСТАТ

Во едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со најголемите и најуспешните компании во клучните индустрии, како и повеќе анализи: 

ШТО НОСИ НОВАТА ЕКОНОМСКА И ПОЛИТИЧКА РЕАЛНОСТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС?

КОМПАНИИТЕ И ИНДУСТРИИТЕ КОИ ЌЕ ГО НОСАТ РАСТОТ СЛЕДНАТА ГОДИНА

КОЈ ГИ “ВРТИ” ПАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА КОМПАНИИТЕ ЗА 2018 ГОДИНА

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ ВО РЕГИОНОТ?

Во рамките на Едицијата во одделни анализи ќе биде анализирано работењето на компаниите од клучните индустрии: 

ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА

ГРАДЕЖНА ИНДУСТРИЈА

ТРГОВИЈА

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

ЕНЕРГЕТИКА, НАФТА И ГАС

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 938 20.10.2017

48

ТЕХНОЛОГИЈА

Во септември Hyperloop One доби 85 милиони долари, а дел од овие средства беа од Virgin Group. Со ова вкупните досега привлечени инвестиции од американската компанија, од нејзиното создавање во 2014 година, достигнаа 245 милиони долари. Од Virgin Group не откриваат колку точно изнесува нивната инвестиција

ПРЕД ИМЕТО HYPERLOOP ONE СЕГА ЌЕ СТОИ VIRGIN

РИЧАРД БРЕНСОН ИНВЕСТИРА ВО ОСТВАРУВАЊЕТО НА ИДЕЈАТА НА ИЛОН МАСК

И

британскиот претприемач Ричард Бренсон се приклучи на посветениците на иновативната Hyperloop технологија што ќе овозможи супер-брз транспорт на луѓе и на товар во специјални капсули што се движат на магнетни „перничиња“ во средина со низок притисок или вакуум. Минатата недела милијардерот објави дека неговата компанија Virgin Group ќе инвестира во една од компаниите што веќе работат на практична реализација на идејата – американската Hyperloop One. Компанијата сега се вика Virgin Hyperloop One, а Бренсон стана член на управата. Во септември американската компанија доби 85 милиони долари, а дел од овие средства беа од Virgin Group. Со ова вкупните привлечени инвестиции од Hyperloop One од нејзиното создавање во 2014 година досега, достигнаа 245 милиони долари. Од Virgin Group не откриваат колку точно изнесува нивната инвестиција.

„Ова е неверојатно иновативен и возбудлив нов начин за транспорт на луѓе и на предмети со брзина што може да се споредува со авионската, но на земјата“, напиша Бренсон на својот блог. Идејата за hyperloop транспорт, при што специјални превозни средства се движат во цевки со низок притисок на далечни растојанија со блиски до надзвучни брзини не е нова – во 2013 година за таква можност прв говореше основачот на Tesla и на Space X, Илон Маск. Но, тој одлучи да не се занимава детално со идејата, а да го остави нејзиниот развој на други експерти. Како резултат, барем три стартап компании се зафатија со тоа да ја претворат во реалност. Hyperloop One е една од компаниите кои се натпреваруваат за изградба на првиот соодветен футуристички транспортен систем. Технологијата што ја користи компанијата е во почетна етапа на комерцијален развој, откако претходно годинава беа спроведени целосни тестови на системот во

истражувачкиот центар DevLoop покрај Лас Вегас. За време на тестовите Hyperloop One постигна максимална брзина од 192 милји на час, или 86 метри во секунда, посочува Бренсон на својот блог. Максималното поминато растојание беше 436 метри. Најголемиот предизвик за компанијата ќе биде да докаже дека hyperloop системот може да биде безбеден и рентабилен при користењето на долги растојанија, напиша Financial Times. Hyperloop One работи проекти на Блискиот исток, во Европа, во Индија, во Канада и во САД. Минатиот октомври компанијата доби инвестиција од 50 милиони долари од дубајскиот државен оператор на пристанишни терминали, DP World, а месец подоцна објави дека Дубаи ќе биде пилот градот каде ќе се изгради првиот систем што ќе биде пуштен во употреба, што ќе го поврзува Дубаи со Абу Даби за 12 минути, а со саудиската престолнина Ријад за 48 минути. nnn

БРЕНСОН: ОВА Е НЕВЕРОЈАТНО ИНОВАТИВЕН И ВОЗБУДЛИВ НАЧИН НА ТРАНСПОРТ



Капитал број 938 20.10.2017

50

www.kapital.mk

ЛИДЕРИ

ЕЈМИ ХУД

ФИНАНСИСКИ ДИРЕКТОР НА MICROSOFT

МОЈАТА ЦЕЛ Е ПОГОЛЕМА ОД ДОБРИ БРОЈКИ

Е

јми Худ е на чело на сите финансиски операции на технолошкиот гигант Microsoft од 2013 година. Ова е прва жена на оваа позиција во Microsoft. Худ на Micrsoft му се придружила во 2002 година кога беше задолжена за односи со јавноста. Пред да се вработи во Micfosoft работела во познатата инвестициска куќа Goldman Sachs. Како искусен

Ако прашате било кого во Microsoft дали би потрошиле повеќе пари, сите ќе ви кажат “да, има еден куп одлични и иновативни идеи и мора да ми дадете пари. Ја обожавам таа енергија и да ги слушам сите тие фасцинантни идеи. Мојата работа после е да се прашам дали парите ги ставаме на вистинско место.

Како лидерски тим, преземаме тешки и одлучни акции за да ја развиваме нашата организација и култура. Ова вклучува сложени чекори, но тие се неопходни за да го позиционираме Microsoft за идниот раст и лидерство во индустријата.

Можам да стремам кон перфекција или да направам активен избор. Можам секоја одлука да ја направам перфектна и да бидам неуспешна 99% од времето, или можам да изберам прогресивна и да правам избори во потрага по движењето напред.

инвестициски банкар, таа го предводеше Microsoft низ сложените промени и преод кон клауд платформата, што му донесе голем раст на приходите и профитот. Таа е една од лидерите кои ја предводеа аквизицијата на LinkedIn. Моментално, Ејми Худ е на 44 место на листата на Forbes на најмоќни жени во светот.

Како што ги подобруваме нашите производи и додавме нова вредност, на крајот потрошувачот се придвижува кон повисока вредност.

Мојата повисока цел е да бидам автентична, да бидам жена и успешен менаџер. Мојата цел е поголема отколку добри бројки.

Ако луѓето не се чувствуваат сигурно и самоуверено на работа, тогаш не можат да го дадат најдоброто од себе.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.