939 kapital magazin

Page 1

ЕУ СО НОВИ ПРАВИЛА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН БЕЗ ДОЗВОЛА, НЕМА ВЛЕЗ ВО ШЕНГЕН!

МЕНАЏМЕНТ И СТРАТЕГИЈА ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ИМА МЕНАЏЕРОТ НА НОВОТО ВРЕМЕ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

РОМАНИЈА КАКО НЕДОПИРЛИВИТЕ „ПРЕКУ НОЌ“ СЕ НАЈДОА НА ДОФАТ НА ПРАВДАТА?

WWW.KAPITAL.MK

ДОСИЕ “АГРОКОР“ ЗОШТО ПРОПАДНА НАЈГОЛЕМАТА КОМПАНИЈА НА БАЛКАНОТ?

ЛЕКЦИЈА ЗА

“ГОЛЕМИ” ГАЗДИ! ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ СЕ ЖАЛАТ НА НЕЛОЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ДОБИВААТ СУБВЕНЦИИ, А ГИ ПРЕЗЕМААТ РАБОТНИЦИТЕ ОД ДОМАШНИТЕ ФИРМИ

БРОЈ 939 | ЦЕНА 100 ДЕН. 27 ОКТОМВРИ 2017 | ПЕТОК | ГОДИНА 19

КАКО BIG DATA ЌЕ ЈА ПРОМЕНИ ТРГОВИЈАТА НА МАЛО?



3

Капитал број 939 27.10.2017

СОДРЖИНА

04 04

ВО ФОКУС

06

НАВИГАТОР

08 16

Треба ли Европа да е позагрижена од австриското свртување вдесно? Деловно станбен комплекс од 300 милиони евра ќе се гради кај Скопски саем

COVER STORY

ДОСИЕ “АГРОКОР“: Зошто пропадна најголемата компанија на Балканот Лекции за “големи” газди!

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ

Нелојална конкуренција на пазарот на труд Домашните бизнисмени се жалат:

30

34

24

МЕНАЏМЕНТ И СТРАТЕГИЈА

38

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА

30

ЕВРОПСКА УНИЈА

46

МАРКЕТИНГ И КОМУНИКАЦИЈА

34

АНАЛИЗА

50

ЛИДЕРИ

Алчноста и арогантноста се минато. Какви вештини треба да има менаџерот на новото време? ЕУ воведува нови правила за Балкан прво одобрување, па во Шенген Големата преобразба на земјата што беше синоним за корупција Како недопирливите „преку ноќ“ се најдоа на дофат на правдата?

Препознавање на тенденциите пред да се развијат, оптимизирање на трошоците ... Како Big Data ќе ја промени трговијата на мало?

Пет правила за успешно брендирање на социјалните мрежи СЕРГЕЈ БРИН

ко-основач на Google

Замислете сите информации во светот да бидат поврзани со мозокот

ДОСИЕ: АГРОКОР

НЕФЕР ПАЗАР НА ТРУД

КОВЕШИ ГИ РЕШИ

Кризата во Агрокор е несомнено најзначајниот настан оваа година на хрватската економска и политичка сцена, но и пошироко во регионот, затоа што концернот е присутен во речиси сите земји од поранешната југословенска федерација преку аквизиции или гринфилд инвестиции. Оваа криза ја разниша и хрватската влада, затоа што се распадна коалицијата помеѓу партиите ХДЗ и Мост, а новата владејачка коалиција е на помалку цврсти темели одошто беше на самиот почеток на мандатот. Хрватските аналитичари велат дека главната причина за падот на Агрокор е претераната експанзија финансирана исклучиво од скапи кредити.

Неколку менаџери на некои од најголемите домашни извозно ориентирани компании, реагирале до новата Влада дека странските инвеститори што добиваат државна помош од илјада до дури 11 илјади евра за секое отворено работно место, субвенции за обучување на кадри и не плаќаат персонален данок на доход, сепак, преземаат вработени луѓе од нивните фирми. Велат, „користат субвенции за обука а земаат обучен кадар од домашните компании, и на тој начин делуваат нефер и несовесно на пазарот“. Странските инвеститори им нуделе на работниците повисоки плати, но и со тоа остануваат поконкурентни на пазарот поради државната помош што ја добиваат.

Лаура Ковеши, штом застана на чело на романската Национална канцеларија за борба со корупцијата одлучи да се пресмета со сите кои во својот џеб тутнале макар едно незаслужено евро. Резултатот од нејзиниот „лов“ е апсолутно вчудоневидувачки – армија од 120 обвинители работи на скоро 6.000 случаи, меѓу кои многу се однесуваат на комплетната поранешна романска политичка и бизнис елита. На обвинителна клупа се поранешни судии, адвокати, политичари, бизнисмени, пратеници, па дури и еден премиер. Дури 92% од процесуираните на крајот се и осудени, а овие резултати доведоа до тоа DNA во Романија денес да биде двојно попопуларна од Владата.

 Стр. 8

 Стр. 16

 Стр. 34

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 25.10.2017


Капитал број 937 13.10.2017

ВО ФОКУС

4

www.kapital.mk

ВО ФОКУС

КУРЦ ПРЕД ТЕЖОК ИЗБОР МЕЃУ БРИСЕЛ И „ВОЛЈАТА НА НАРОДОТ“

ТРЕБА ЛИ ЕВРОПА ДА Е ПОЗАГРИЖЕНА ОД АВСТРИСКОТО СВРТУВАЊЕ ВДЕСНО?

ЕУ не обрнува толку големо внимание на тоа што во Австрија, Себастијан Курц ќе владее во коалиција јасно свртена вдесно, зашто Брисел е поставен пред посериозни предизвици. Но, ако предизборните ветувања се остварат, Виена може да го користи јавното мнение во државата, за чести референдуми, односно за блокирање на европските политики, особено во делот на миграцијата

ЛЕНТА: POLITICO: ПРОБЛЕМ Е АКО АВСТРИЈА ГИ СПР


www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

5

Г

Главниот победник на изборите во Австрија е крајно десната Партија на слободата, независно дали ќе учествува во владата на државата или не, пишува во свој коментар европското издание на Politico. Партијата создаде таква атмосфера во државата, што останатите треба да се сообразуваат и да бидат учесници во драмата, дополнува Politico. Лидерот на Народната партија – 31-годишниот Себастијан Курц, се подготвува да владее формирајќи коалиција што свртува надесно, а последниот пат кога слична формација управуваше со Австрија, нештата со останатите членки на Европската унија значително се затегнаа. Во 1999 година Австријците избраа уште еден популист, пишува Politico. Тогаш останатите држави од ЕУ ја изолираа државата преку санкции, и така заврши неговото владеење. Денес крајно десна влада не звучи толку скандалозно како пред дваесет години. Десни партии веќе владееја, а лидери кои припаѓаа на политичкото статус кво ги променија ставовите и отворено проговорија против мигрантите. Затоа сега и ЕУ не обрнува толку големо внимание на процесите во Австрија – Унијата е поставена пред многу посериозни предизвици, а и владите во Будимпешта и Варшава на многу поголеми искушенија ја ставаат трпеливоста на институциите во однос на почитувањето на основните европски права. Затоа Брисел се задоволува со тоа што ќе следи само дали слоганите од предизборната кампања во Австрија ќе се спроведуваат во практика, а особено во делот на политиката за миграцијата, посочува Politico. Австрија, сепак, е малку поразличен случај од Унгарија, на пример. Во државата владеењето на правото е главен принцип уште од времето на Хабсбуршката монархија, односно, владата тешко дека ќе ги наруши европските правила на која и да е тема. Станува збор за конзервативна земја и национализмот таму нема длабоки корени. Австрија има сериозни разлики и во однос на бунтовниците од Вишеградската четворка – државата е главен донатор за европскиот буџет, додека тие се корисници; Виена е воено неутрална, а четирите („вишеградци“) се во НАТО; Австријците се против нуклеарната енергетика и не им се допаѓа слободното

Лидерот на Народната партија – 31-годишниот Себастијан Курц, се подготвува да владее формирајќи коалиција што свртува надесно, а последниот пат кога слична формација управуваше со Австрија, нештата со останатите членки на Европската унија значително се затегнаа. движење на работната сила во ЕУ, кое, пак, има големо значење за државите од централна и источна Европа. Но, сепак ЕУ треба да биде загрижена од австриското свртување вдесно. Како и повеќето популисти, и лидерот на Партијата на слободата е поддржувач на идејата за непосредна демократија, за „волјата на народот“ во управувањето. Курц, исто така, се изјасни во корист на спроведувањето повеќе референдуми во Австрија. Тоа значи дека државата може да го користи јавното мнение за да насочи огромни количества средства за да ги ограничи приливите на бегалци, како што направи Унгарија во 2016 година. На сличен начин Холандија го блокираше трговскиот договор на ЕУ со Украина Владата се усогласи со резултатите од

референдумот на оваа тема. Ако важните одлуки, особено што ги загрозуваат политиките на ЕУ, се носат врз база на јавното мнение во Австрија, под закана може да се најде европскиот пат на Западниот Балкан. Виена е еден од најголемите противници на идното проширување на ЕУ. Најголемиот тест за идната влада на Австрија ќе биде втората половина на 2018 година. Тогаш држава ќе го преземе од Бугарија претседателството со Советот на ЕУ, и младиот премиер, Курц, може да се најде пред тежок избор – да го поддржи германско-францускиот дует и неговите гледишта за мигрантите, или да се усогласи со расположенијата во неговата сопствена држава.

nnn

РОВЕДЕ ВО ДЕЛО ИЗБОРНИТЕ СЛОГАНИ


www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

6

НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА

> БРОЈКА

5,8%

од македонските фирми лани имале електронска продажба

Биткоинот е подобар од златото и од американскиот долар, кој што е “лажен“, бидејќи Владата може да отпечати нови долари во секој момент.

СТИВ ВОЗНИЈАК

ко-основач на Apple

СВЕТСКА БАНКА СО НАМА ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ ОД 1

Н

ајновата октомвриска проекција на Светска банка за порастот на македонската економија во 2017 година е 1,5%, што значи намалување од априлската прогноза која изнесуваше 2,8% на пораст на домашниот-бруто производ (БДП). Најголемо влијание на оваа прогноза имала имала политичката нестабилност во првата половина од

ДЕЛОВНО СТАНБЕН КОМПЛЕК ЕВРА ЌЕ СЕ ГРАДИ КАЈ СКОП

Н

Нов трговски центар треба да се изгради на празниот простор до Скопскиот саем. Инвеститорот „Скопје Ист Гејт“ најави дека првата фаза на изградба на трговски центар кој би се протегал на 45.000 метри квадратни со околу 2.500 подземни паркинг места треба да почне следната есен, а би бил готов две години подоцна. Со тоа, ова би бил најголем трговски центар во земјава. Меѓутоа, освен трговски центар, инвеститорот најави и изградба на станбен комплекс и канцелариски парк со бруто изградена површина од над 250.000 метри квадратни. Вкупната инвестиција се проценува на 300 милиони евра и би се реализирала во наредните пет до седум години. Досегашната јама до Скопскиот саем се простираше на 80.000 метри квадратни, па се претпоставува дека идниот инвеститор ќе ги урне постојните објекти од саемот за да го изгради идниот повеќенаменски комплекс во Скопје. „Со оглед на успехот на Скопје Сити Мол и идентификуваната потреба малопродажните брендови да

Инвеститорот „Скопје Ист Гејт“ најави изградба на трговски центар, станбен комплекс и канцелариски парк со бруто изградена површина од над 250.000 метри квадратни. Вкупната инвестиција се проценува на 300 милиони евра и би се реализирала во наредните пет до седум години. Овој комплекс ќе биде лоциран на просторот кај Скопскиот Саем.


www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

7

АЛЕНА ПРОЕКЦИЈА 1,5% годината, пиишува во извештајот на Светска банка. Главен двигател на порастот се очекува да биде потрошувачката, поттикната од зголемувањето на вработувањата и на инвестициите. Претходно и ММФ ја намали проекцијата за еконмскиот раст. Економијата на Западен Балкан ќе има пораст од 2,8%.

мисла на неделата Ако работиш напорно по осум часови на ден, на крајот може и да станеш шеф, па да работиш по 12 часови.

Роберт Фрост американски поет

> БРОЈКА

2,8%

Е зголемена просечната нето плата во индустријата во првите осум месеци

лидери

КС ОД 300 МИЛИОНИ ПСКИ САЕМ Инвеститорот „Скопје Ист Гејт“ најави дека првата фаза на изградба на трговски центар кој би се протегал на 45.000 метри квадратни со околу 2.500 подземни паркинг места треба да почне следната есен, а би бил готов две години подоцна. ја продолжат својата експанзија во Македонија, беше одлучено дека е одлична инвестициска можност да се изгради нов поголем трговски центар во Македонија. “Скопје Ист Гејт” планира да го развие новиот трговски центар во соработка со уште еден инвеститор. Со изградба ќе се започне есента 2018 година, а трговскиот центар се очекува да се отвори кон крајот на 2020 година. Локацијата и големината на новиот трговски центар се одлична можност за привлекување на нови малопродажни брендови во Македонија, покрај веќе присутните на пазарот“, коментираат од компанијата и додаваат дека особено внимание ќе се посвети на унапредувањето на урбаното еко живеење. Планот на комплексот предвидува градини и зелени површини по пример на модерните архитектонски тенденции. Во соопштението испратено до медиумите се наведува дека во компанијата „Скопје Ист Гејт“ како мнозински акционер се јавува Balfin Group, групацијата која го изгради трговскиот центар Скопје Сити Мол. Balfin Group е една од најголемите регионални компании, присутна во 9 земји во светот со инвестиции во трговски центри, комерцијални и станбени

БРОЈКИ

300

милиони евра се проценува вкупната инвестиција во новиот објект на местото на Скопски саем

250

илјади метри квадратни ќе биде целата површина на деловвностанбениот комплекс

недвижности и бројни малопродажни ланци на продавници Просторот кај Скопски саем во минатото беше предвиден за изведба на проектот „Ера Сити“, кој започна да се гради во 2008 година. Градежните работи за изградба на деловниот објект запреа многу брзо по поставувањето на камен – темелникот, а во изминативе години се сменија неколку сопственици на земјиштето, но и најавите за натамошната намена на овој простор. 

ХОЈ ЈИ

Многу јасно им даде до знаење на балканските политичари дека не можат да седат на две столчиња.

МОХАМЕД БИН САЛМАН

Саудискиот принц најави изградба на нов град - проект вреден 500 милијарди долари.

не им беше неделата

НИКОЛА ГРУЕВСКИ

Груевски кој е обвинет за масовно прислушување, сега обвинува дека тој е жртва на прислушување.

ИВИЦА ТОДОРИЌ

Империјата која ја градеше цел живот се руши пред негови очи, а сега се најде и на европска потерница за апсење


Капитал број 939 27.10.2017

www.kapital.mk

ЗОШТО ПРОПАДНА НАЈГОЛЕМАТА КОМП 8 COVER STORY

ДОСИЕ “АГРОКОР“

ЛЕКЦИИ ЗА

“ГОЛЕМИ” ГАЗДИ!

Мегаломанскиот раст финансиран од кредити добиени врз основа на “фризирани“ биланси како што сега обвинува хрватската држава, го “изеде“ она што Ивица Тодориќ, основач и поранешен шеф на Управата на Агрокор го создаваше четири децении: најголемата хрватска и регионална компанија со обрт од преку осум милијарди евра годишно!!!


www.kapital.mk

ПАНИЈА НА БАЛКАНОТ?

COVER STORY 9 Капитал број 939 27.10.2017

пишува:

Игор Петровски

К

igor.petrovski@kapital.mk

Кризата во Агрокор е несомнено најзначајниот настан оваа година на хрватската економска и политичка сцена, но и пошироко во регионот, затоа што концернот е присутен во речиси сите земји – има бизнис интереси и во Македонија - од поранешната југословенска федерација преку аквизиции или гринфилд инвестиции. Оваа криза ја разниша и хрватската влада, затоа што се распадна коалицијата помеѓу партиите ХДЗ и Мост, а новата владејачка коалиција е на помалку цврсти темели одошто беше на самиот почеток на мандатот, како што вели загрепски Јутарњи вјесник. Изминативе месеци сите се прашуваат како всушност можеше тоа да се случи, како можеше Ивица Тодориќ, основачот и довчерашен шеф на Агрокор, од херој на хрватската економија, од човек кој што успеа да изгради бизнис империја со годишни приходи од преку 8 милијарди евра годишно, бизнис лидер на којшто се восхитувавме сите од Триглав до Вардар, наеднаш да тресне на земја, посурово и што би му посакале најголемите душмани. Најновите информации од Хрватска пред затворањето на овој текст беа дека е издадена меѓународна потерница за Тодориќ, а тој преку својот интернет блог што неодамна го активираше уште еднаш порача дека сето ова е “криминална војна што се води против него и останатите луѓе што Агрокор го направија перјаница на хрватската економија.“

Од херој на хрватската економија до бегалец со меѓународна потерница

Што всушност се случи? Како концернот чиишто корени се во мал семеен бизнис со цвеќиња некаде во средината на 1970-те, од регионален гигант присутен во сите земји од Адриа регионот, односно територијата на поранешната југословенска федерација и пошироко, стигна во ситуација да се бори за својата ликвидност и опстанок, а првите луѓе на Агрокор, Ивица Тодориќ и неговото семејство, односно двата сина Анте и Иван, како и највисоките менаџери на компанијата, деновиве на неславен начин да ги полнат страниците на хрватските и балканските медиуми? Да потсетиме, ревидираниот консолидиран извештај на Агрокор Групата за 2016 – та и претходните две години што го направи ревизорот PricewaterhouseCoopers (PwC) покажа дека имотот на концернот е помал


www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

10

COVER STORY

П

ИВИЦА ТОДОРИЌ

основач и сè уште номинален сопственик на Агрокор

родолжува политичко – криминалното цунами! Со политички декрет ме обвинуваат за дела што немаат никаква врска со реалноста. Владата преку повереникот Анте Рамљак стана извршител и заштитник на криминални активности со коишто од Агрокор незаконски се извлекуваат десетици милиони евра за одбрани личности што остваруваат противправна финансиска корист.

за 21,7 милијарди куни (1 куна= 0,133 евра, н.з.) одошто покажувале деловните книги во времето на Ивица Тодориќ, дека обврските на Агрокор во износ од 56,28 милијарди куни го надминуваат имотот (негативен капитал) за 14,5 милијарди куни и дека резултатот за деловната 2016 година е загуба од 11 милијарди куни. Загубата пак во 2015 година била 3,6 милијарди куни за разлика од првично искажаната добивка од 1,2 милијарди куни. Од 2010 година во своите книги компанијата не прикажувала трошок во износ од 2,2 милијарди куни(околу 293 милиони евра). “Се прашувате како е тоа можно. Можно е така што тие износи се ставани на некоја транзитна сметка, ревизорите не го виделе, а се врзувале на договорот во којшто наводно во 2011 година е одлучено дека компанијата ќе биде котирана на берза и дека сите трошоци поврзани со тоа IPO ќе бидат трошоци на компанијата... Во овие 2,2 милијарди куни има секакви трошоци, но 50% од нив се приватни. Спорното е дека тие никогаш не биле прикажувани. Добивката се зголемувала секоја година, а врз основа на тоа се исплаќале дивиденди.“, објаснуваше на прес конференцијата за медиумите Анте Рамљак, човекот што хрватската влада го назначи пред неколку месеци за вонреден управник на Агрокор и којшто ја нарача ревизијата од PwC. PwC известил за сите овие неправилности, а владините повереници по овие наоди ангажирале форензичка компанија што треба да ја испита секоја ставка и да покаже каде навистина отишла оваа разлика во сумите. “Јас после дописите од ревизорите веќе презедов одредени законски активности. Поднесов кривична пријава против одговорните лица коишто во 2016 година беа во управата на Агрокор“, им рече Рамљак на присутните новинари во Загреб. “Сè изгледаше фантастично додека не пукна, а за префрлањето приватни трошоци на компанијата нема сега детално да зборувам. Има тука и луксузни летувања, хеликоптери, јахти, шопинг како и други трошоци.“

К

ЕМИЛ ТЕДЕСКИ

сопственик на Атлантик, голем добавувач на Агрокор

ризата во Агрокор е најголема криза во хрватското општество од војната во 1991г. наваму и е исклучително комплексна. Тука не се работи само за економска криза и криза на управувањето, туку и за криза на моралот и етиката, разбирање на функционирањето на јавната управа, приватна компанија и општеството во целина. Мислам дека во кризата на Агрокор се сублимира целиот проблем на хрватското општество и регионалните општества генерално.

АНДРЕЈ ПЛЕНКОВИЌ

премиер на Хрватска

АГРОКОР ВО МАКЕДОНИЈА Тодориќ во 2011 година го отвори првиот откупен центар за овошје и зеленчук на Агрокор во Струмица, гринфилд инвестиција којашто тогашниот премиер Никола Груевски рече дека вреди 20 милиони евра. Ивица Тодориќ уште во 2007 година најави дека неговиот Агрокор има намера да инвестира во Македонија, односно сака да изгради откупни центри за овошје и зеленчук, фабрика за нивна преработка, како и да отвори синџир на супермаркети. Оваа идеја беше претставена пред тогашната влада на Никола Груевски, и после речиси четири години со голема помпа беше отворен првиот откупен центар за овошје и зеленчук на Агрокор во Струмица, инвестиција која што тогашниот премиер рече дека вреди 20 милиони евра. Подоцна, на почетокот од 2016 година, компанијата АгроФруктус, којашто во меѓувреме ги презеде откупните центри на Агрокор во регионот и Македонија, купи уште три големи откупувачи на овошје и зеленчук во земјава, „ВБА Футура“ и „Вант“ од Струмица, како и „Еуро - Агрија“ од Ново Село, кои годишно откупуваат околу 20 илјади тони свежо овошје и зеленчук, со пазарна вредност од над 6,5 милиони евра. Сопственик на АгроФруктус е Хрватот Денис Матијевиќ , главниот добавувач на Агрокор за овошје и зеленчук со години, и како што пишуваат хрватските медиуми близок пријател на синот на Ивица Тодориќ, Иван, со кого што од неодамна е косопственик на компанијата Sun Energy за производство на електрична енергија.

Преземањето на Меркатор како масло на огнот

Хронологијата на она што се случуваше од почетокот на годинава, кога се појавија првите знаци дека нешто чкрипи во концернот, го имате во посебен дел на овој текст, но секако причините за сето ова што се случува со Агрокор имаат корен од многу поодамна. “Агрокор долги години успешно работеше, растеше, се ширеше во регионот. Стратегијата за тоа беше ризична затоа што експанзијата на концернот првенствено се потпираше на должнички облици на финансирање. Како последица на високата задолженост компанијата беше многу чувствителна на надворешни шокови.“, објасни за хрватскиот портал telegram. hr, универзитетскиот професор од Загреб, Јосип Тица. Според него, преземањето на

словенечки Меркатор само дополнително ја отежна состојбата во Агрокор. “Во 2013 година сопственичкиот влог изнесуваше само 5 од 33 милијарди куни, а по преземањето на Меркатор, 7,5 од 52 милијарди куни имот. Паралелно со тоа расходите за камати од 2010 наваму пораснаа речиси три пати, на скоро 3 милијарди куни годишно.“, објаснува професорот Тица. На прашањето за тоа колку на колапсот на Агрокор му кумувала општата ситуација во хрватската економија, финансиската криза и сл., тој вели дека високиот износ на каматите што ги плаќал концернот е последица на лошиот кредитен рејтинг на државата, а не само на избраниот бизнис модел и високата задолженост на компанијата. “Расходите за камати последниве седум

ПЛАН: КОНЦЕРНОТ АГРОКОР ДА СЕ РАЗБИЕ НА ДЕЛОВИ


www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

11 Т

врдењата на Тодориќ за политички прогон се чисти инсинуации, тоа на сите им е јасно. Што се однесува на механизмите за негово апсење и испорачување на Хрватска, тоа на ниво на ЕУ е регулирано, си постои европски налог за таа операција. Со други земји постојат други конвенции. Битно е да го почитуваме законот, и транспарентно да дојдеме до вистината за тоа што се случувало во Агрокор.

Ш

АНТЕ РАМЉАК

принуден управник на Агрокор поставен од Владата

години растеле побрзо од вкупниот долг на компанијата. Дополнителен проблем за групацијата беше и шестгодишната рецесија во која што заради падот на БДП беше речиси невозможно да се оствари раст на приходите што би бил доволно голем за да ја анулира контракцијата на целата економија“, вели Тица. Економските аналитичари во Хрватска сметаат дека клучна причина за кризата лежи во фактот што земјата како мала отворена економија воопшто нема

то најмногу ме изненади? Во овој момент, тоа е износот што со години бил криен од билансите, а никој за тоа да не алармирал. Сите знаеле дека има проблеми во оваа групација коишто никој не можел да ги лоцира. Износите се фрапантни, навистина преголеми, за да може вака да се скријат. Вкупниот имот на Агрокор е помал за 2,9 милијарди евра во однос на финансискиот извештај за 2015-та, односно вредноста што ја прикажуваше управата на Тодориќ.

регулаторен механизам или правна рамка која што може превентивно да делува во случаите кога сопствениците на системски важни компании, значи оние чијашто пропаст може да ја загрози целата економија, носат одлуки што се на ниво на ризик што остатокот од економијата, односно носителите на економските политики, не сакаат да ги прифатат. Околу тоа како хрватската влада се носела со кризата во Агрокор, професорот Тица смета дека таа реагирала касно и со колебање, дури откако

А

грокор долги години успешно работеше, растеше, се ширеше во регионот. Стратегијата за тоа беше ризична затоа што експанзијата на концернот првенствено се потпираше на должнички облици на финансирање. Како последица на високата ЈОСИП ТИЦА задолженост компанијата универзитетски беше многу чувствителна професор од Загреб на надворешни шокови. Преземањето на Агрокор само дополнително ја отежна состојбата. настапила паниката и кога решението на проблемот станало многу поскапо. “Несфатливо е како некои сериозни деловни партнери престанале да испорачуваат стока уште во 2016 година, а на носителите на економската политика, ситуацијата во така важна компанија, да им дојде на дневен ред дури кога добавувачите и доверителите во целост го загубија трпението. Тешко ми е да поверувам дека баш толкава асиметрија на информациите владеела околу работењето на Агрокор“. nnn

Раздвижете си ги парите со Депозит Фикс од

Со Депозит Фикс вложувајте во секое време со фиксна каматна стапка, до истекот на рокот на Вашиот депозит. Инфо центар: 02 3 111 111

www.unibank.mk


www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

12

COVER STORY

ХРОНОЛОГИЈА НА КРИЗАТА ШТО ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ

Корените на кризата во Агрокор сигурно не се од вчера, но со оглед дека концернот беше прилично затворен за јавноста, првите знаци дека има големи проблеми се појавија во јавноста дури на почетокот од 2017 година. Jutarnji.hr направи хронолошки преглед на сè што се случуваше во врска со Агрокор од јануари наваму, а ние ги издвоиме позначајните моменти. 2 ЈАНУАРИ: Агенцијата Moody’s го снижи рејтингот на Агрокор од B2 на В3, но ги задржа стабилните изгледи за рејтингот, очекувајќи дека Агрокор ќе ја стабилизира својата заработка следните 12 месеци. 16 ЈАНУАРИ: Четири компании од системот на Агрокор – Јамница, Звијезда, Ледо и ПИК Врбовец – објавија дека добиле 48,3 милиони евра кредити од Хрватската банка за обнова и развој за подготовка на својот извоз. 18 ЈАНУАРИ: Агрокор го откажа синдицираниот заем во којшто беа вклучени банките BNP Paribas, Credit Suisse, Goldman Sachs и JP Morgan. За тоа јавноста ја извести дури една недела подоцна, откако медиумите почнаа да пишуваат дека Агрокоровите обврзници почнуваат да ја губат вредноста на пазарот. 25 ЈАНУАРИ: Од Агрокор порачуваат дека компанијата е стабилна и дека може да одговори на сите финансиски обврски. Хрватскиот министер за финансии Здравко Мариќ (инаку и самиот одговорен за стратегии и развој во Агрокор, пред да стане министер на почетокот од 2016 г., н.з.) рече дека не верува во банкрот на концернот затоа што според него, тоа и понатаму е добра компанија. 10 ФЕВРУАРИ: Рускиот амбасадор во Хрватска, Анвар Азимов, порача дека неговата земја очекува Агрокор да ги исполни сите свои обврски кон руските државни банки Сбербанк и ВТБ, коишто се проценува дека поседуваат околу 1,4 милијарди евра од вкупно 3,4 милијарди евра долг на Агрокор. На прашањето дали навистина Сбербанк е спремна да преземе дел од Агрокор, тој одговори

дека “Русија не претендира ниту на еден дел од Агрокор“. 15 ФЕВРУАРИ: Министерот Мариќ изјави дека Агрокор е преголема компанија за државата да не обрнува внимание на неа. “Во моментов не сме во никакви контакти со Агрокор, односно менаџментот не ни се обратил. Го следиме развојот на настаните. Тоа е најголемата хрватска приватна компанија, само во земјава вработува 40.000 луѓе.“ 24 ФЕВРУАРИ: Moody’s ги намалува изгледите за рејтинг на Агрокор од стабилни во негативни заради неизвесноста што го притиска кредитниот профил на компанијата, ограничен со уште потешкиот пристап до пазарите на капитал. Понатаму, Moody’s смета дека обврските на Агрокор кон добавувачите се превисоки за таа индустрија и достигнуваат преку две милијарди евра. 14 МАРТ: Алармот е вклучен, во март месец се случува бура на политичката сцена по веста за состанокот на премиерот Пленковиќ и Ивица Тодориќ, додека цените на акциите на компаниите во состав на концернот вртоглаво паѓаат на берзата, откако руската ВТБ банка се сомнева во неправилности во деловните книги. Владата потврдува за средбата на која што освен премиерот и сопственикот на Агрокор, биле и директорот за финансии на концернот, како и претседателот на хрватскиот Сабор, Божо Петров, како и министрите Здравко Мариќ и Мартина Далиќ. 15 МАРТ: Веста за состанокот на Владата со Агрокор предизвика низа реакции. Претседателот на Саборот Петров изјави дека Ивица Тодориќ е

одговорен за состојбата во Агрокор, па од него очекува да повлече рационални потези. “Државата нема да го спасува Тодориќ, туку ќе го брани економскиот систем и интересите на Хрватска, затоа што Агрокор по бројноста на своите компании и оние што соработуваат со нив е стратешка компанија за економијата.“ На политичката сцена се бара изземање на министерот Мариќ од активностите на Владата околу Агрокор, заради евентуалниот конфликт на интереси како поранешен извршен директор во концернот. Самиот концерн испраќа соопштение во јавноста каде вели дека ги анализираат сите можни опции за стабилизација на работењето, “особено водејќи сметка за вработените, добавувачите, инвеститорите, потрошувачите и останатите партнери.“ 18 МАРТ: Првиот заменик директор на руската Сбербанк во интервју за Bloomberg рече дека банката, како најголем доверител, не сака да го преземе Агрокор туку спрема тримесечен план за ликвидност што набрзо би требало да биде одобрен. Тој додаде дека банката најмила стручњаци да откријат зошто компанијата со стабилно работење се соочи со криза на ликвидноста. 24 МАРТ: Владата најави скорешно донесување на посебен закон што би се применувал само на “системски важни компании“, што имаат најмалку 8.000 вработени и најмалку една милијарда евра долгови што компанијата повеќе не може да ги сервисира, а со цел заштита на економијата. 27 МАРТ: Ивица Тодориќ се сретна со 30-тина најголеми добавувачи, коишто се обиде да ги смири ветувајќи им дека



www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

14

COVER STORY Кој (беш)е Агрокор

1976г.

почетоци на компанијата, како бизнис со цвеќе

7,5

милијарди евра приход во 2016г.

1,45

милијарди евра загуба во 2016г.

1,9

милијарди евра е негативниот капитал во 2016г.

60.000

вработени, по преземањето на Меркатор во 2014-та

во Агрокор ќе сторат сè за да ги заштити нивните интереси. Тие пак порачаа дека очекуваат во кус рок јасен план за сервисирање на долговите кон нив, како и јасен став на финансиските доверители за тоа каков приоритет ќе им дадат на добавувачите при наплатата. 30 МАРТ: Претседателот на Саборот Божо Петров како физичко лице поднесе кривична пријава против управата на Агрокор на чело со Ивица Тодориќ заради наводно лажирање на финансиските извештаи. Повикан на одговорност е и министерот за финансии Мариќ затоа што како поранешен директор во Агрокор знаел за состојбата во концернот, а сепак како претседател на НО на ХБОР допуштил оваа државна банка да им даде кредити на Агрокоровите компании во декември 2016-та. 31 МАРТ: Хрватската влада му упати на Саборот предлог закон за постапка на вонредна управа во трговските друштва од системско значење, популарно наречен “lex Agrokor“. “Не се работи за никаква национализација или државен интервенционизам што би загрозил нечија приватна сопственост. Вонредниот управител има задача да го обезбеди редовното работење на компанијата, да овозможи свежа ликвидност и да го покрене процесот на реструктурирање со цел одржливост на компанијата и зачувување на работните места. Принудната управа би траела најмногу 15 месеци, а ако постапката на

стабилизација и реструктурирање не успее, компанијата би отишла во стечај“, објасни премиерот Пленковиќ. 2 АПРИЛ: На сила стапи “standstill” аранжман, односно мораториум на постоечките обврски на Агрокор кон банките. Шефот на филијалата на Сбербанк во Хрватска истакна дека имаат “јасен план, јасни чекори што сè треба да направат следните денови – од усогласеност со постоечките сопственици и менаџментот, промена во управата, преку вбризгување свежи пари во компанијата и активно реструктурирање.“ 4 АПРИЛ: Во Загреб пристигна Антонио Алварез, главен директор за реструктурирање во консултантската куќа Alvarez & Marsal, којшто е поставен за шеф на тимот за реструктурирање во Агрокор. Сбербанк ја ангажираше оваа консултантска куќа да најде излезна стратегија во Агрокор. “Ситуацијата во концернот е многу тешка, немаме многу време и нема гаранции дека ќе успееме“, кусо изјави Алварез на прес конференцијата. 6 АПРИЛ: Добавувачите на Агрокор дадоа рок од 24 часа да се решат нивните проблеми, во спротивно ќе престанат да испорачуваат стока. 7 април: Тодориќ поднесе барање за активација на ‘Lex Agrokor” 10 АПРИЛ: Хрватската држава го постави Анте Рамљак за вонреден повереник во Агрокор. Истовремено судските власти забранија покренување

и водење парнични, извршни и управни постапки против Агрокор и неговите 24 поврзани и зависни друштва во Хрватска, со што се овозможи деблокада на сметките на концернот и неговите фирми. 13 АПРИЛ: Рамљак извести дека со четири хрватски банки е потпишан договор за кредит од 80 милиони евра. Исплатени се заостанатите плати на вработените на Агрокор. Разговорите со Сбербанк околу понатамошно кредитирање на концернот продолжија. 21 АПРИЛ: Опозициската СДП поднесе предлог во Саборот за основање истражна комисија која ќе ги утврди фактите што довеле до кризата во Агрокор во периодот од изминатите 27 години на хрватската самостојност. 27 АПРИЛ: Агрокор во соработка со советници, утврди дека би можело да има потенцијални грешки во финансиските извештаи на групацијата и дека има намера да ги назначи PricewaterhouseCoopers (PwC) за ревизори за 2016 година. Упати молба до акционерите да не се осврнуваат на нејзините финансиски извештаи од минатото додека проверките не бидат завршени. Затоа истиот ден Загрепската берза го стопираше тргувањето со акциите на осум компании во состав на Агрокор – Ледо, Белје, ПИК Винковци, Тисак, Вупик, Звијезда, Житњак и Јамница. 16 МАЈ: За првпат од избивањето на кризата во Агрокор, Ивица Тодориќ ја

МОЛК: СИТЕ ЗНАЕЛЕ, А НИКОЈ НЕ ЗБОРУВАЛ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ


www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

15 коментираше состојбата во концернот и рече дека главната цел треба да е спасот на концернот и на сите работни места, како и да се реши проблемот со добавувачите. 31 МАЈ: Претседателот на Управата на Атлантик група, една од најмоќните компании во Хрватска и регионот, коментираше дека многу веројатно доверителите на Агрокор, меѓу кои и Атлантик, ќе треба да отпишат дел од своите побарувања кон концернот. “Сите мора да сфатиме дека ова се случува првпат и дека досега не сме имале ваква корпоративна криза.“ 20 ЈУНИ: Продолжува деталната анализа на работењето на Агрокор, а дел од имотот ќе биде определен за продажба во текот на оваа година, наведе вонредната управа на компанијата. Во јули повереникот Анте Рамљак рече дека стечајот е избегнат, а постигнат е договор дека на малите добавувачи ќе им бидат исплатени сите стари долгови. 25 ЈУЛИ: Рамљак изјави дека вонредната ревизија во Агрокор ќе извади на површина големи изненадувања во смисла на исправка на вредноста. 13 СЕПТЕМВРИ: Сбербанк изјави дека

на суд ќе бара поврат на долгот од Агрокор, а банката планира да го тужи и ревизорот што ги потврдил финансиските извештаи на концернот сокривајќи обврски поголеми од една милијарда долари. 15 СЕПТЕМВРИ: Од почетокот на вонредната управа во Агрокор, покренати се повеќе парнични и извршни постапки во Хрватска и уште пет земји против концернот и делата на негови зависни и поврзани друштва. Првиот предлог зџа спогодба на Агрокор со кредиторите се очекува во ноември, рече за Ројтерс извор близок на процесот на реструктурирање во компанијата. 22 СЕПТЕМВРИ: Ивица Тодориќ покрена свој блог и во првото соопштение за јавноста ја нападна Владата дека повлекува политички потези против Агрокор сакајќи да стекне контрола врз фирмата. Тој рече дека поддржува основање на парламентарна истражна комисија за Агрокор, која што ја смета за нужна заради расветлување на сите околности. Тој откри дека тој лично и неговото семејство биле под притисок да ја потпишат активацијата на Lex Agrokor и дека им се заканувале повереникот

Рамљак и вицепремиерката Далиќ. 9 ОКТОМВРИ: Вонредната управа на чело со повереникот Рамљак го презентираше и вториот дел од ревизорскиот извештај направен од страна на глобалната ревизорска куќа PricewaterhouseCoopers (PwC), која што беше ангажирана од хрватската влада и во мај почна да „копа“ по билансите на Агрокор. PwC со писмо ја известил вонредната управа на концернот за сметководствени неправилности воочени за време на ревизијата, а “коишто може да укажуваат на потенцијални противзаконски дејства“. Се работи за прикривање на позајмици и/или кредити, како и трошоци на работењето и трошоци за камати коишто се прикажани како побарувања кон сопственикот. Исто така, ревизорот утврдил и неправилна класификација на имотот и резервите. 24 ОКТОМВРИ: Издадена е меѓународна потерница по Ивица Тодориќ којшто е недостапен за органите на прогонот , откако претходно 12 членови на Управата на Агрокор беа приведени во истражната акција за расчистување на наводниот финансиски криминал во компанијата. nnn


Капитал број 939 27.10.2017

16

www.kapital.mk

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ

НЕЛОЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА НА ПАЗАР

ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕ

СТРАНСКИТЕ ИНВ ДОБИВААТ СУБВЕ А ГИ ПРЕЗЕМААТ РАБОТНИЦИТЕ ОД ДОМАШНИТЕ ФИРМИ


www.kapital.mk

РОТ НА ТРУД

ЕНИ СЕ ЖАЛАТ:

ВЕСТИТОРИ ЕНЦИИ Т

Е

Капитал број 939 27.10.2017

17 Неколку менаџери на некои од најголемите домашни извозно ориентирани компании, реагирале до новата Влада дека странските инвеститори што добиваат државна помош од илјада до дури 11 илјади евра за секое отворено работно место, субвенции за обучување на кадри и не плаќаат персонален данок на доход, сепак, преземаат вработени луѓе од нивните фирми. Велат, „користат субвенции за обука а земаат обучен кадар од домашните компании, и на тој начин делуваат нефер и несовесно на пазарот“. Странските инвеститори им нуделе на работниците повисоки плати, но и со тоа остануваат поконкурентни на пазарот поради државната помош што ја добиваат. Домашните бизнисмени сега бараат од новата Влада да се спречи нелојалната конкуренција на пазарот на труд, така што субвенционираните компании ќе вработуваат невработени луѓе кои што најмалку три или шест месеци се пријавувале во Агенцијата за вработување дека активно бараат работа.


www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

18

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ

пишува:

Н

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Неколку менаџери на некои од најголемите домашни извозно ориентирани компании, реагирале до новата Влада дека странските инвеститори што добиваат државна помош од илјада до дури 11 илјади евра за секое отворено работно место, субвенции за обучување на кадри и не плаќаат персонален данок на доход, сепак, преземаат вработени луѓе од нивните фирми. Велат, „користат субвенции за обука а земаат обучен кадар од домашните компании, и на тој начин делуваат нефер и несовесно на пазарот“. Странските инвеститори им нуделе на работниците повисоки плати, но и со тоа остануваат поконкурентни на пазарот поради државната помош што ја добиваат. Домашните бизнисмени сега бараат од новата Влада да се спречи нелојалната конкуренција на пазарот на труд, така

С

трански компании што работат во зоните, буквално ги „напаѓаат“ домашните и го земаат обучениот кадар, за кој не плаќаат никакви придонеси. Користат средства од 2.000 до 11.000 евра по работно место, користат субвенции за обука а земаат обучен кадар од домашните компании, и на тој начин делуваат нефер и несовесно на пазарот. Ова мора што поитно да биде спречено, посебно кај веќе потпишаните договори со претходната влада, бидејќи на ваков начин им се ЗЛАТКО прави директна штета на домашните компании кои се СИМОНОВСКИ изложени на нерамноправни услови, кои инвестираат генерален директор и го обучуваат својот кадар, а после дел од странските на Факом компании кои се субвенционирани, им го „крадат“ што субвенционираните компании ќе вработуваат невработени луѓе кои што најмалку три или шест месеци се пријавувале во Агенцијата за вработување дека активно бараат работа. „Странски компании што работат во зоните, буквално ги „напаѓаат“ домашните компании и го земаат обучениот кадар, за кој не плаќаат никакви придонеси. Користат средства од 2.000 до 11.000 евра по работно место, користат субвенции за обука а земаат обучен кадар од домашните компании, и на тој начин делуваат нефер и несовесно на пазарот. Ова мора што поитно да биде спречено, посебно кај веќе

потпишаните договори со претходната влада, бидејќи на ваков начин им се прави директна штета на домашните компании кои се изложени на нерамноправни услови, кои инвестираат и го обучуваат својот кадар, а после дел од странските компании кои се субвенционирани, им го „крадат“, оценува Златко Симоновски, генерален директор на компанијата Факом. Тој вели дека државата во ваквите случаи плаќа субвенции за веќе вработени кадри, а „идејата беше Владата да плаќа субвенции за вработување на кадар кој е невработен и се пријавува во Агенцијата за вработување“.

ФАКТ: ИСПЛАТЕНИ 95 МИЛИОНИ ЕВРА ДРЖАВНА ПОМОШ


TONY PARKER TISSOT t-touch expert solar. ПРИДВИЖУВАН ОД СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА СО 20 ТАКТИЛНИ ФУНКЦИИ ВКЛУЧУВАЈЌИ АЛТИМЕТАР, ТРЕНДОТ НА ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ И КОМПАС.

СКОПЈЕ - УЛ. МАКЕДОНИЈА, ТЦ SKOPJE CITY MALL, ТЦ РАМСТОР БИТОЛА - ШИРОК СОКАК | WWW.BOZINOVSKI.COM.MK


www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

20

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ

„Апсурдот да биде поголем, странските компании користат субвенции од буџетот на државата, кој го полнат домашните компании, а корисниците на субвенциите – странските компании воопшто не учествуваат во полнење на буџетот“, додава Симоновски. На овој проблем предупредуваат повеќе бизнисмени од различни сектори, меѓутоа најизразен е во металопреработувачката, текстилната и информатичката индустрија. Тие реагирале и во стопанските комори за да алармираат до Владата дека договорите за државна помош со дел од странските инвеститори ги дискриминираат домашните фирми. „Странските инвестиции се потребни, но мора веднаш да престанат со ваквото несовесно и нефер однесување во оваа област, и мислам дека Владата, Комисијата за заштита на конкуренцијата и бизнис заедницата треба да го осудат ваквото однесување на дел од субвенционираните странски компании во зоните“, истакна Симоновски. Владата во новите мерки како дел од Планот за економски раст, што ги објави неодамна, меѓу другото предвидува и дека субвенции за секое ново креирано работно место ќе им доделува на компании коишто барем 80% од луѓето што ќе ги вработат, ќе ги преземат

од списокот на Агенцијата за вработување, меѓутоа, нејасно е дали овие мерки ќе важат и за компаниите што веќе имаат потпишано договори за државна помош со претходната власт.

95 милиони евра државна помош

Според податоците што веќе ги објави Владата, странските инвеститори добиле околу 95 милиони евра државна помош. Од нив 26 милиони евра биле кеш грантови што вклучуваат субвенции за изградба на објектите, за обуки на кадри, и 69 милиони евра даночни и царински ослободувања. Меѓутоа, оваа сума што државата ја исплаќа како помош за инвеститорите допрва ќе се зголемува бидејќи овие договори се активни, предвидуваат постепено исполнување на обврските за вредноста на инвестицијата и бројот на работни места, и даночни и царински ослободувања во период од десет години коишто се предвидени за поголем дел од инвеститорите. Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) објави детали за вкупно 26 компании коишто потпишале договори за државна помош со претходната влада. Договорите во име на Владата ги потпишувале главно министрите задолжени за привлекување на странски инвестиции и тоа Веле Самак, кој што ставил потпис на

договори вредни најмалку 23,5 милиони евра, потоа Џери Наумоф кој што потпишал државна помош од 22,5 милиони евра, и од 2015 година до годинава, откога Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони доби законска можност, сите договори ги потпишал тогашниот директор, Виктор Мизо, во износ од 19,7 милиони евра. Поголем дел од овие договори предвидуваат разни даночни и царински ослободувања во период од десет години, што значи дека вкупната сума на државната помош е поголема и не може однапред да се пресмета. Договорите само предвидуваат дека максималниот износ на државна помош не може да надмине половина од вредноста на инвестициските трошоци на компаниите. Во најголем дел од договорите, Владата одлучила да ја субвенционира половина од вредноста на вкупната инвестиција. Најголемата доделена државна помош, по одделни компании надминува 10 милиони евра, а кај една компанија, Владата одлучила да субвенционира по 11 илјади евра за едно отворено работно место. БИРН објави и пет нови договори за државна помош со компании за коишто јавноста претходно не знаеше дека добиле субвенции а тоа се Продис, Акомпласт, Делфи Електроник Системс, Герман Електро Мехатроникс (ГЕС)

ТРЕНД: ДОМАШНИТЕ ПРИВАТНИ ИНВЕСТИЦИИ ДВОЈНО ПОГОЛЕМИ ОД СТРАНСКИТЕ



www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

22

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ била набавка на суровини или услуги најмногу до 1%. Ова е исто така опфатено со новите владини мерки, така што државна помош ќе се одобрува во зависност од соработката на инвеститорите со македонското стопанство. „Ако ги растете само странските инвестиции, а не и македонската економија, тој модел не може да биде одржлив на долг рок. Сите странски инвеститори треба да бидат максимално заштитени, да се чувствуваат и да работат комфорно. Сите се добредојдени, но битна е многу интеракцијата меѓу нив и македонското стопанство“, истакна неодамна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, додавајќи дека критериумите мора да се изедначат и дека ќе биде задоволен ако за време на неговиот мандат соработката меѓу странските инвеститори и домашните фирми достигне најмалку 10%. „Ќе ги поддржиме сите компании кои ќе бидат извозно ориентирани. Државата нема да се меша во бизнисот, нема да создава политички фирми, да прави нелојална конкуренција, туку ќе креира услови и капитални инвестиции, одржливи на подолг рок - патишта, гасоводна мрежа, инфраструктурно поврзување... Тоа ќе биде приоритет, само тука Владата ќе биде работодавач и на ниту едно друго место“, напомена Анѓушев. Новата Влада истакна дека мерките за помош на инвеститорите, како и државната помош ќе се однесуваат на сите инвеститори без оглед дали станува збор за домашни или странски.

Домашни инвестиции од 1,2 милијарди евра

и М Скуаре Балкан. Пресметките на БИРН покажаа дека голем дел од одобрената државна помош за овие компании се уште не е искористена, бидејќи има договори што се склучени во текот на 2015 и 2016 година и предвидуваат постепено користење на помошта како што ќе ги исполнуваат предвидените обврски за вработувања и вредноста на инвестицијата, но и даночни и царински ослободувања што ќе се пресметуваат во следните години. Меѓутоа, новата власт јавно се обврза дека во целост ќе ги исполни сите обврски кон сите странски инвеститори.

Договорите за доделување државна помош што претходната власт ги склучи со странските инвеститори до неодамна беа класифицирани како тајни а јавноста немаше увид во трошењето на народни пари за привлекување на инвестициите во индустриските зони.

Слаба соработка на странските со домашните инвеститори

Според податоците од Владата, странските инвеститори во Македонија биле финансирани со пари од државниот буџет од 10% до 50% од вредноста на инвестицијата, но нивната соработка со домашните компании

Статистичките податоци покажуваат дека домашните приватни инвестиции минатата година изнесуваат речиси 1,2 милијарди евра, што е повеќе од двојно од бруто странските инвестиции во истиот период. Без оглед што распоредот на силите во инвестициите е на страната на домашните, бизнисмените со години се жалеа дека претходната власт повеќе беше на страната на странците. Една анкета спроведена во бизнис секторот пред две години покажа дека двајца од тројца менаџери се чувствувале дискриминирано поради нееднаквиот однос на државата кон домашните и странските инвеститори. Третина од вкупно 268 директори на компании кои што учествувале во анкетата рекле дека државата ги фаворизира странските фирми што доаѓаат да инвестираат во земјава со тоа што им дава субвенции во вид на директна државна помош, ги ослободува од плаќање даноци, царини и придонеси. Властите пак, во своја одбрана постојано одговараа дека домашни компании исто така може да инвестираат во технолошко индустриските развојни зони и да ги добијат сите даночни и царински олеснувања како и странците, меѓутоа, ако инвестираат во нова дејност за да не дојде до преселба на бизнисот што веќе го имаат и да произведуваат само за извоз. nnn

ПОДАТОК: СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ НАБАВИЛЕ САМО 1% СУРОВИНИ ОД МАКЕДОНИЈА


вно и т о м о р П до 31 - ви и! декемвр

НЛБ Станбени кредити

Твој дом, твоја слобода! Аплицирајте за НЛБ Станбен кредит до 31.12.2017 година и искористете ги промотивните поволности! • • • • •

Без трошоци за проценка. Без трошоци за одобрување. Пониски каматни стапки и поповолни услови за приматели на плата во Банката. Бескаматен Happy + инстант кредит за опремување на станот. Бесплатна Visa Classic или Mastercard Standard кредитна картичка.

Повеќе информации можете да добиете во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02 / 15 600 или на веб страницата www.nlb.mk

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


Капитал број 939 27.10.2017

24

МЕНАЏМЕНТ И СТРАТЕГИЈА

АЛЧНОСТА И АРОГАНТНОСТА СЕ МИНАТО

КАКВИ ВЕШТИНИ ТРЕБА ДА ИМА МЕНАЏЕРОТ НА НОВОТО ВРЕМЕ?

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

25 Сите “старомодни“ модели за лидерство, како што пишува Harvard Business Review, влечат корени од начинот на кој што се организирани армиите во светот, каде што има прецизно поставена хиерархија и луѓето ја слушаат командата на претпоставениот. Овие модели не функционираат во денешниот свет. Како што пополека ‘рѓосува бизнис моделите од индустриската ера, моќта се префрла од луѓето што продаваат, на оние што купуваат. Денешниот бизнис лидер мора, пред сè да е добар слушател, да има разбирање и емпатија. Треба да знае како да ја мобилизира енергијата на луѓето и да ја насочи кон најважната цел – создавање поголема вредност за потрошувачот. Ова пак, за возврат создава повеќе профит за компанијата. Компаниите што постигнуваат високо ниво на задоволство на потрошувачите, но и на вработените, имаат подобри перформанси од оние што го немаат тоа. пишува:

П

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Порано, лидерството беше едноставно да се опише: им кажуваш на луѓето што да прават. Менаџерите ги гледавме како некакви “херои“. Тие требаше да решаваат проблеми, нивната техничка експертиза беше на цена, односно целокупното нивно знаење и искуство. Менаџерите требаше да се грижат компаниската машинерија да работи како подмачкана, ништо повеќе. Сите “старомодни“ модели за лидерство,


www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

26

МЕНАЏМЕНТ И СТРАТЕГИЈА

М

ДАНИЦА ПУРГ

претседател на Бледска школа за менаџмент

како што пишува Harvard Business Review, влечат корени од начинот на кој што се организирани армиите во светот, каде што има прецизно поставена хиерархија и луѓето ја слушаат командата на претпоставениот. Овие модели не функцио-нираат во денешниот свет. Како што пополека ‘рѓосува бизнис моделите од индустриската ера, моќта се префрла од луѓето што продаваат, на оние што купуваат. Денешниот бизнис лидер мора, пред сè да е добар слушател, да има разбирање и емпатија. Треба да знае како да ја мобилизира енергијата на луѓето и да ја насочи кон најважната цел – создавање поголема вредност за потрошувачот. Ова пак, за возврат создава повеќе профит за компанијата. Компаниите што постигнуваат високо ниво на задоволство на потрошувачите, но и на вработените, имаат подобри перформанси од оние што го немаат тоа. Ако алчноста, арогантноста и нечовечноста беа главните карактерни

црти на менаџерот кој прави големи профити, менаџерот на 21 век е антипод на асоцијацијата за тоа како треба да изгледа и што треба да работи менаџерот. Менаџерот на новото време е спротивност на сите “Џек Велчови“ во нашето опкружување кои се убедени дека за да се постигнат саканите цели во бизнисот треба да се гази и по мртви лешови. Новата економија бара менаџери кои ќе успеат да ги постигнат целите на компанијата и одлични финансиски резултати преку великодушен и фер однос кон вработените, клиентите и добавувачите, менаџер кој им помага на вработените да го најдат соодветното место на кое можат да го дадат својот максимум за остварувањето на визијата и целите на компанијата. Во текот на изминатите неколку години светот на бизнисот доживеа големи проблеми во смисла на доверба и лидерска криза, предизвикани од видовите на претпри-емништво и

енаџерите и лидерите денешницата и на иднината, секако, ќе мора да имаат основни професионални и функционални знаења и вештини. Најголем предизвик за менаџментот на новото време е да изградиме етички и општествено одговорни лидери, кои покрај постигнувањето на бизнис - целите, ќе го стимулираат развојот на општеството.

менаџмент кои се развија во изминатите неколку децении. Менаџментот се претвори во умешност за создавање вредност на акциите, на легален и нелегален начин. Тоа предизвика криза во легитимноста на бизнис -лидерството. За Даница Пург, претседател на ИЕДЦ - Бледската школа за менаџмент која е меѓу најдобрите школи за менаџмент во Европа, најголем предизвик на менаџментот во 21 век е да изградиме етички и општествено одговорни лидери, кои покрај постигнувањето на бизнис - целите, ќе го стимулираат развојот на општеството. “Менаџерите и лидерите денешницата и на иднината, секако, ќе мора да имаат основни професионални и функционални знаења и вештини. Ќе мора, како и денес, да ги разбираат и да се способни да ги применат основните знаења од областа на финансиите, маркетингот, организациските и бихевиоралните науки или човечките ресурси, комуникацијата и управувањето со проекти. Секако, овие теми треба да бидат надградени на меѓународно, па дури и на глобално ниво; на нивото на кое се заснова бизнисот”, вели Пург. Значи и пред и после кризата квалитетите што треба да ги има успешен менаџер остануваат исти. Потребни се врвни квалитети во форма на знаење и вештини за управување со процеси, суровини, време и луѓе. Но, ако деталното познавање на бизнисот и процесот кој треба да се менаџира во минатото беа пресуден фактор за добивање на топ менаџерска позиција, денес од секој топ менаџер се очекува огромни способности на флексибилност и прилагодливост на пазарните услови кои се променливи и неретко и не докрај

ПУРГ: ТРЕБА ДА ИЗГРАДИМЕ ЕТИЧКИ И ОДГОВОРНИ ЛИДЕРИ



www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

28

МЕНАЏМЕНТ И СТРАТЕГИЈА

СЛАБИТЕ И СИЛНИ СТРАНИ НА МА Со помош на неколку менаџмент консултанти од Македонија направивме “крвна слика“ на домашните бизнисмени/менаџери

Силни страни (Strengths) XКај X постарите бизнисмени постои вроден инстинкт за преживување XМожност X за снаоѓање во комплицирана и често корумпирана средина XПознавање X на бројни домашни играчи од сличен профил во приватниот и јавен сектор

Слабости (Weaknesses) XНедостиг X на знаење, вештини и вклученост во светските економски текови XДолгогодишна X ориентираност само на домашниот пазар и страв од извоз XСтав X дека државата треба да ги реши нивните проблеми XНедоволно X вложување во луѓе, развој и истражување, нови пазари... XТенденција X успехот да ги препишуваат на личните способности, а неуспехот на државата, системот и окружувањето XВоглавно X (пре)мали компании за европски или светски размери XДел X од нив сè уште се подготвени да прифатат мито и корупција како начин на добивање на работа XИзразена X бизнисменска суета која го опструира обидот за капитално поврзување, неспособност на делегирање и желба се да контролираат предви-дливи. Тоа, пак, подразбира способност за брзо прилагодување, отвореност кон промени и нови предизвици. Искуството и исклучително познавање на современите алатки на информатичката технологија, социјалните мрежи, се веќе услов без кој ниеден топ менаџер не може да функционира, без оглед на тоа во која индустрија работи.

Наградата на менаџерите да не зависи само од профитот

По кризата, за топ менаџерите се повеќе станува значајно, покрај нивните технички, управувачки и лидерски капацитети, да поседуваат високи морални вредности, како што се чувство на правичност, чесност и лојалност кон фирмата што ја раководат, но и кон сите заинтересирани страни на фирмата, вклучувајќи ја и пошироката заедница. “Досега, менаџерите беа набљудувани, и тие така се однесуваа, како високо ефикасни деловни администратори,

кои ги разбираат деловните процеси во фирмите, имаат цели на учинок кои треба да ги задоволат, на пример да смалат трошоци или да зголемат продажба или профит, или неколку од овие цели заедно. Тие доаѓаат во фирма, воведуваат некои промени, согласно целите кои ним им се зададени, обично не седат многу во компаниите, ги остваруваат целите (или не), земаат бонуси (или не) и си одат па доаѓаат нови“, вели Верица Хаџи Василева –Марковска, партнер во консултантската куќа ААГ. Според неа кризата го покажа ужасот на краткорочноста на ваквите стратегии и однесувања, од кои главно профитираа менаџерите. Организациската наука ќе мора да одговори на предизвикот менаџерите да бидат ставени во контекст да размислуваат и (нивните бонуси) да зависат од подолгорочни, стратегиски цели, како на компаниите кои ги раководат, но и на заедницата во кои тие функционираат.

“Познаваме менаџери, и во македонската практика, кои сакаат да им се допаднат на акционерите на начин што го зголемуваат профитот, дури и на начин што на долг рок не е одржливо. Ако тоа се прави со намалување на инвестициите во фирмата, и тоа не само во капитални средства, опрема, туку и во луѓе, заради претерано штедење, фирмата навистина може во определен период да има зголемени профити, но ако таа практика продолжи, фирмата може да ги изгуби добрите луѓе, да го изгуби чекорот со технологијата и пазарот и на крај, да изгуби добар дел од потрошувачите“, смета Хаџи Василева - Марковска. Значи дали е добар менаџер или не, не треба да се цени само според тоа што направил и каков ефект остварил во текот на своето управување, туку и кои се ефектите што настанале за фирмата и другите заинтересирани страни со своето водство, откако тој си отишол. Во Македонија сè повеќе се развиваат

ДОБАР МЕНАЏЕР: СЕ МЕРАТ ЕФЕКТИТЕ ЗА ФИРМАТА И ЗА


www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

29

МАКЕДОНСКИТЕ БИЗНИС ЛИДЕРИ Можности (Opportunities) XСо X оглед на тоа дека поголемиот дел од фирмите се мали гледано во светски размери, кај дел од бизнисите постои можност за зголемување на обемот на работа кога би се свртеле кон извоз XПомладите X генерации на бизнисмени многу повеќе се вклучени во светските текови XКапиталното X поврзување со други бизнисмени или отворање кон странски инвеститори

Опасности (Threats) XТерминот X „бизнисмен“ се уште кај дел од луѓето преставува синоним за личност која на сомнителен начин остварува профит XЗначајно X влијание на државата на приватните текови, голема даночна пресија, безбројни административни препреки, големи трошоци во јавниот сектор, итн. XОпшта X ненаклонетост кон приватни иницијативи како реликт на бившиот систем XНепостоење X на адекватен наследник во втората генерација, и истовремено неподготвеност за продажба на бизнисот по релативна вредност XПрисутност X на мито и корупција како „нормално“, недостаток на етика во работењето XСтигматизираноста X во случај на неуспех многумина ги чини уште попретпазливи при одлуката дали да останат или да се откажат од претприемништво. менаџерите и менаџерските вештини, од друга страна, сè уште голем дел од менаџерите ја користат својата менаџерска интуиција, која кај некои од нив е доста развиена и која не треба да се занемарува, но има уште доста простор за учење, примена на добрите практики, па и експериментирање.

Поголема амбиција, помала визија кај домашните менаџери

Во реалниот бизнис свет важи поговорката дека теоријата за бизнисот е како високата мода. За неа се зборува, но не може да се носи секој ден. Ова посебно важи за Македонија. Да се биде менаџер во Македонија е посебно тренди последниве години. Сите сакаат да студираат менаџмент, да имаат звучни функции напишани на визитката, да носат скапи одела и часовници, да држат долги состаноци и монолози.. Но, кога станува збор за примена на новите и современи менаџмент трендови и принципи во пракса тогаш

на добар дел од македонските менаџери менаџментот како наука и вештина им станува премногу тесен, а менаџмент теоријата премногу неприменлива за во македонски услови. Една предност на македонските менаџери е големата амбиција, вели Горан Цивкароски, регионален консултант на хедхантинг компанијата Pedersen & Partners . “Амбиција кај нашиот човек има колку сакаш, без оглед дали има знаење, искуство и сл. Тоа е добро, доколку знаеш да управуваш правилно со таа амбиција, па со тек на време да креираш перфектен менаџерски потенцијал. Домашните менаџери се и прилично енергични, не се штедат на работа, што често знае да отсуствува кај западните менаџери. Флексибилноста и трпеливоста се исто така карактеристики што често ги красат домашните менаџери“, вели Цивкароски. Но, она што, според него, им фали е визија.

А СИТЕ ДРУГИ СТРАНИ

“Може да работи како мравка, но не ја гледа големата слика пред себе. Да ги прашаш кај се гледаат себеси за 5 години, 95% нема да знаат да ви кажат. Исто така и незгодните црти на нашиот балкански менталитет знаат да излезат на виделина, особено во комуникацијата со луѓе од друга културна средина. Многу сакаме да судиме некому, да се нервираме за работи врз кои што не може да влијаеме, или пак не сакаме да се соочиме со нив. За разлика од западните менаџери, нашиот човек не знае да каже ‘не’, затоа што мисли дека така ќе ја навреди другата страна. И наместо јасно да се изјасни дали може да направи нешто или не, што би било во суштина и многу попрофесионално, македонскиот менаџер вели ‘ќе видиме’“, вели нашиот соговорник, кој што има долгогодишно искуство во регрутирањето менаџери за потребите на македонски и регионални компании. nnn


Капитал број 939 27.10.2017

30

www.kapital.mk

ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА БАЛКАН ПРВО ОДОБРУВАЊЕ, ПА ВО ШЕНГЕН Државјаните на земјите од Западен Балкан за патување во шенген зоната, ќе мора претходно да бараат одобрување од надлежните служби во ЕУ. Иако нема да биде потребно да вадат визи, сепак секој кој сака да патува во ЕУ ќе мора да пополни електронски формулар и да добие одобрување.

ПРОГНОЗА: НОВИОТ СИСТЕМ ЌЕ СТАПИ НА СИЛА ВО 2020 г.



www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

32

ЕВРОПСКА УНИЈА

Граѓаните на земјите од Западен Балкан и другите земји на кои ќе им се потребни визи за патување во шенген зоната во ЕУ ќе мораат за услугата за претходна проверка да платат 10 евра, но тој трошок ќе се покрива период за патување од три години, односно додека трае важноста на пасошот.

Д

Државјаните на земјите од Западен Балкан за патување во шенген зоната, ќе мора претходно да бараат одобрување од надлежните служби во ЕУ. Иако нема да биде потребно да вадат визи, сепак секој кој сака да патува во ЕУ ќе мора да пополни електронски формулар и да добие одобрување. Ако системот биде усвоен ќе стапи на сила на почетокот на 2020 година. Одобрувањето ќе се бара со пополнување на електронски формулари, а одговорот од ЕУ ќе стига во рок од најдоцна 72 часа. За оние за кои ќе се утврди дека претставуваат опасност по безбедноста на ЕУ, барањето ќе им биде одбиено и нема да добијат дозвола за патување, се наведува во предлогот за воспоставување на новиот Европски систем за одобрување на патување (ETIAS). Ваквиот предлог на Европска комисија, прво треба да го усвојат сите тела на Европскиот парламент, по што ќе треба да биде усвоен од Советот на министри. Според предлогот, граѓаните на земјите од Западен Балкан и другите земји на кои ќе им се потребни визи за патување во шенген зоната во ЕУ ќе мораат за услугата за претходна проверка да платат 10 евра, но тој трошок ќе се покрива период за патување од три години, односно додека трае важноста на пасошот. Од плаќањето на оваа давачка ќе бидат ослободени лицата помлади 18 години и постари од 60 години, членовите на семејствата државјани на ЕУ, како и студенти и научни работници. Целиот процес во рамки на Европскиот парламент треба да биде завршен до крајот на годината, а потоа за системот ETIAS конечната одлука ќе треба да ја донесе Советот на министри на ЕУ. Во електронскиот формулар покрај личните податоци и податоците за пасошот, ќе мораат да бидат наведени земјата на влез во ЕУ, адресата и местото на престој, тамошни податоци за контакт... Исто така граѓаните на земјите од Западен Балкан ќе мора властите од ЕУ да ги известат дали се осудувани за сериозни криминални прекршоци (тероризам, сексуална експлоатација на деца, трговија со луѓе или дрога, убиства, силувања), дали престојувале во специфични зони на конфликт во последните 10 години. Во образложението на предлогот за ETIAS се подвлекува дека овој систем ќе овозможи рана проверка на патниците на кои не им е потребна виза и оние за кои ќе се востанови дека претставуваат опасност за ЕУ, кога станува збор за безбедноста, илегалната имиграција или закана од епидемиски болести. Електронскиот формулар со молбата од лицата кои патуваат без визи во шенген зоната автоматски ќе биде проверен во базата на податоци на ЕУ, вклучувајќи Шенгенскиот информационен систем (SIS), Системот на влез/ излез, како и преку базата на европската полиција Европол и Интерпол, за да се провери дали патната исправа е изгубена, украдена или за тоа лице е издаден налог за апсење, се наведува во образложение на предлогот за ETIAS. Од лицата кои бараат одобрување за патување во шенгенскиот простор во ЕУ, се наведува во образложението, може да бидат побарани и дополнителни информации, а во исклучителни случаи и барање за разговор. “Ако на барателот му биде одбиено барањето ќе биде известен за причините и ќе има право на жалба, вклучително и преку суд”, стои во предлогот. Овој механизам, според европските власти, значително ќе придонесе за зајакнување на безбедноста на ЕУ и посилно и поефикасно делување на системот на заштита на границите. Европската комисија стави до знаење дека до сега има 50 земји на чии граѓани не им е потребно виза за влез во ЕУ, а се очекува дека шенгенските граници во 2020 година ќе ги преминуваат над 39 милиони странци. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

34

АНАЛИЗА

ГОЛЕМАТА ПРЕОБРАЗБА НА ЗЕМЈАТА ШТО БЕШЕ СИ

КАКО НЕДОПИРЛИВ СЕ НАЈДОА НА ДОФ

П

Проблемите што предизвикуваат недоверба на јавноста во судството, кога политички и бизнис моќници се извлекуваат без пресуди и во најочигледните случаи на вина, долго ја следеа Романија. Земјата беше синоним за корупција и криминал, особено по падот на железната завеса. Во Букурешт и другите романски градови владееја корумпирани политичари и локални

шерифи, а проценките беа дека само поради корупција Романија губи можеби 15% од БДП годишно. Колку да се рече, Романците во 2003 годна основаа Национална канцеларија за борба со корупцијата (Direcţia Naţională Anticorupţie - DNA), но таа речиси ништо не работеше до 2013 година. Тогаш на чело на DNA застана Лаура Ковеши, најмладата државна обвинителка која одлучи неодложно да се зафати со демонтажа на корумпираниот систем на функционирање на општеството. Ковеши, штом седна во новата канцеларија одлучи да се пресмета со сите кои во својот џеб тутнале макар едно незаслужено евро. Резултатот од нејзиниот „лов“ е апсолутно

вчудоневидувачки – армија од 120 обвинители работи на скоро 6.000 случаи, меѓу кои многу се однесуваат на комплетната поранешна романска политичка и бизнис елита. На обвинителна клупа се поранешни судии, адвокати, политичари, бизнисмени, пратеници, па дури и еден премиер. Дури 92% од прецесуираните на крајот се и осудени, а овие резултати доведоа до тоа DNA во Романија денес да биде двојно попопуларна од Владата. Значи, кога Ковеши сега би се кандидирала за претседател или би формирала некоја партија, многу веројатно е дека би славела на избори. Најпознатиот случај што го води Ковеши е оној против поранешниот премиер Виктор Понта. Тој лани поднесе

КОВЕШИ: СИЛАТА МИ Е ОД ОБИЧНИТЕ ЛУЃЕ КОИ ЈА ПРЕ


www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

35

Најпознатиот случај што го води Ковеши е оној против поранешниот премиер Виктор Понта

ИНОНИМ ЗА КОРУПЦИЈА

Ковеши се прослави и со случајот за Сорин Опреску, долгогодишниот градоначалник на Букурешт кој во 2015 година заврши со лисици на рацете откако DNA го фати „со прстите во медот

ВИТЕ „ПРЕКУ НОЌ“ ФАТ НА ПРАВДАТА? Лаура Ковеши, шефицата на романската Национална канцеларија за борба со корупцијата, е двојно попопуларна од Владата на земјата, благодарение на резултатите од нејзиниот антикорупциски лов. Откако таа е на функцијата, не само што Романија веќе не е синоним за корупција и криминал, тука променет е и менталитетот на целата држава. „Луѓето конечно сфатија дека не е потребно да плаќаат мито за да си ги остварат своите права“, е изјава на Ковеши оставка на премиерската функција по повеќемесечните демонстрации поради загинатите 32 лица во ноќен клуб во Букурешт, но многу брзо се покажа дека проблемите на Понта тукушто почнале. Во вратот му дишеше Ковеши, и набрзо беше поднесено обвинението поради проневера, затајување данок и перење пари. Обвинението се однесува на

периодот меѓу 2007 и 2008 година, кога Понта бил државен обвинител. „Таа е тотално непрофесионална обвинителка која само се обидува да си изгради име преку лажни податоци и измислени ситуации“, напиша разбеснетиот Понта на Facebook. Секако, шефицата на DNA не се загрижи поради ваквото обвинување, туку само

ЕПОЗНАВААТ МОЈАТА РАБОТА

продолжи да „копа“. Ковеши се прослави и со случајот за Сорин Опреску, долгогодишниот градоначалник на Букурешт кој во 2015 година заврши со лисици на рацете откако DNA го фати „со прстите во медот“. Имено, Опреску со години водел/ склучувал неверојатни бизниси/зделки со компании кои плаќале и до 70% од својот


www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

36

АНАЛИЗА

Во раце на Ковеси и падна и Дан Воикулеску, поранешен политичар и основач на Конзервативната партија, еден од најбогатите Романци и најголем медиумски магнат. Тој е осуден е на 10 години затвор поради перење пари.

профит за да потпишат богати договори со градската власт. Парите ги делеле високите функционери, а 10% оделе во џебот на градоначалникот. Исто така, поранешната министерка за туризам на Романија, Елена Удреа, доби шест години затвор поради перење пари и мито. Жалбата на Удреа сè уште е во процедура, а поранешната министерка обвинуваше дека обвиненијата од DNA се скандалозни, и оти нема шанси да оди во затвор. Секако, сите овие големи „трофеи“ на Ковеши и донесоа голем број непријатели. Најголем меѓу нив е Дан Воикулеску, поранешен политичар и основач на Конзервативната партија, и еден од најбогатите Романци. Секако, и тој и падна в раце на шефицата на DNA – осуден е на 10 години затвор поради

перење пари. Имајќи предвид дека Воикулеску е најголем медиумски магнат во Романија, јасно е дека следеше битка против Ковеши преку неговите весници и портали. Во овие медиуми обвинителката ја „китеа“ со имиња, нарекувајќи ја „сталинистичка обвинителка“, а поради честите прислушувања неретко ја споредуваат и со Секуритате, злогласната тајна полиција од ерата на Чаушеску. „Пред да дојдам во DNA, шест години бев романска обвинителка. Вкупно девет години сум во оваа работа и веќе се навикнав на критиките. За среќа, обичните луѓе ја препознаваат мојата работа“, изјави Ковеши за Guardian во 2015 година, додавајќи дека медиумските критики нималку не ја допираат. „Битките со политичарите ги водам на

неделна база. Внимавајте, тие секои две недели смислуваат некој нов закон со кој се обидуваат да ги ограничат нашите можности за истражување на нивните криминални дејствија. Интересно е што буквално никогаш не се обиделе да го подобрат законодавството за малку да ни помогнат“, вели шефицата на DNA. За среќа на Романија, Ковеши има веќе разработена стратегија за излегување на крај со политичарите. Имено, секогаш кога тие ќе смислат нешто сомнително, таа ќе излезе во јавноста, народот ќе збесне, а политичарите ќе се повлечат. „Уверена сум дека DNA го промени менталитетот на целата држава. Луѓето конечно сфатија дека не е потребно да плаќаат мито за да си ги остварат своите права“. nnn



Капитал број 939 27.10.2017

38

www.kapital.mk

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА

ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ТЕНДЕНЦИИТЕ ПРЕД ДА СЕ РАЗВИЈАТ, ОПТИМИЗИР

КАКО BIG DATA ЌЕ ЈА ПРОМЕНИ ТРГОВИЈАТА НА М

АНКЕТА: ЗА 86% МЕНАЏЕРИ ВО МАЛОПРОДАЖБА B


www.kapital.mk

РАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ...

МАЛО?

Капитал број 939 27.10.2017

39 Веќе достапните технологии од Big Data, заедно со психометријата, можат да ја исполнат големата желба на трговијата на мало – да ги дознава идните потреби на купувачот уште пред тој самиот да ги доведе до површината на свеста. Не е исклучено малопродажбата да почне сосем набрзо да ги диктира светските тенденции на потребите на пазарот, и тежиштето да се измести од производителите кон трговците

В

Во дигиталната ера сè повеќе од нашите активности оставаат отпечаток – сè се мери, се следи, се регистрира. Секој човек кој користи некаков online или дигитален инструмент, генерира огромно количество податоци што можат да се структурираат, анализираат и да откријат вредна длабинска информација. Токму со тоа се занимава технологијата Big Data, која последниве години се претвора во моќен извор на информации за начинот на живот, за навиките и потребите на милиони луѓе. На почетокот под Big Data се подразбираше само можноста за чување и обработување на големи бази од податоци, генерирани од корисниците online. Подоцна анализата на овие податоци го покажа огромниот потенцијал за откривање на законитостите во однесувањето на корисниците. Ова помага дигиталните гиганти од видот на Facebook, Twitter, Amazon, Google, … да ги усогласуваат своите услуги со потребите, и да ги насочуваат рекламите многу поефикасно. До неодамна главните извори на податоци за корисниците беа email и SMS пораките, клучните зборови во пребарувачите, и производите што луѓето ги купуваат од online продавниците - односно, обопштената информација. Откако ги осознаа моќните можности на Big Data, компаниите почнаа да вложуваат во барањето нови извори на податоци и начини за нивна анализа. Ова веќе не се нужно големи бази на информации. Денес светот постепено преминува од категоријата на „големите“ кон таа на „највредните и најквалитетни“ податоци. И бидејќи чувањето и обработката на

традиционалната информација веќе не е првостепена задача, имено, барањето на нови извори на податоци и нивното комбинирање со веќе постоечките за доаѓање до квалитативно нова длабинска информација се претвора во главна цел на специјалистите за Big Data.

Big Data и психометријата

До неодамна во основата на анализата на податоците беше градењето кругови (кластери) во однос на одредени карактеристики на луѓето (возраст, пол, интереси, историја на купување ...). Односно, се претпоставува дека однесувањето на сите вклучени во одреден кластер е слично. На пример, за време на изборна кампања електоратот се дели на група по возраст, пол, место на живеење и т.н. и се определуваат особеностите на однесувањето на сите вклучени во соодветните групи. Овој приод се нарекува персонализација. Во 2016 година компанијата Cambridge Analytica примени принципиелно нов приод во работата со Big Data. Најпознатиот случај е предизборната кампања на Доналд Трамп, за која CA претстави маркетиншка стратегија врз база на Big Data. Компанијата успеа да собере по 5 илјади карактеристики за секој Американец со право на глас – скоро 230 милиони луѓе. Освен ова, за време на прелиминарните избори на Републиканската партија CA користеше податоци за типологијата на личноста на електоратот, за да може поефикасно да ја насочи рекламната кампања. Ова е веќе сосем различно ниво на работа со податоци, при кое се бара да се определи типологијата на личноста преку анализа на нејзините активности во дигиталниот простор – социјалните мрежи, пребарувачите, купувањата, користењето на мобилни телефони и други „паметни“ уреди, GPS … Овој приод кон анализата на конкретниот човек и прогнозирањето на неговото индивидуално однесување, а не на тоа на група луѓе со слични карактеристики, го доби името индивидуализација. Овој приод дозволува следење и утврдување на особеностите на однесувањето и

BIG DATA Е ПРИОРИТЕТ ВО БИЗНИС СТРАТЕГИЈАТА


www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

40

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА

на карактерот, на комуникацијата, на географското движење. Точно овие податоци можат да ги дополнат резултатите за начинот на живот на еден човек со длабинска информација за тоа како тој носи одлуки врз основа на својот психолошки тип – импулсивно или аргументирано, одлучно и рационално или емотивно; како најдобро ја прима информацијата – разумно или интуитивно. Ова се клучните податоци за прогнозирање на идните дејствија на човекот. Тие дозволуваат не само да се вникне во неговите мотиви, погледи и светоглед, туку, исто така, да се претскаже и во крајна линија да се промени неговото однесување. Може ли прецизно да се определи психолошкиот тип на еден човек ако се заклучува само според неговите online активности, без да се знаат контекстот и психичките карактеристики, или без да се има податок за состојбата на човекот во конкретниот момент? За да се добие што е можно поточен индивидуален профил, во идеален случај треба да се анализираат online активностите заедно со невербалната комуникација – мимиката, гестовите, говорот на телото, интонацијата на гласот ... Само ваквата комбинација обезбедува доволно квалитетен резултат. Ова е проблемот со кој се соочуваат гигантите во собирањето индивидуални информации

за луѓето (Facebook, Google). За собирањето на психометричка информација неопходен е физички контакт или барем лицето на човекот што може да се добие со видеокамера. Имено, затоа една од најважните цели на нудењето бесплатни услуги за аудио-визуелна врска е собирањето на неопходните психометрички податоци за корисниците. Препознавањето/класифицирањето на невербалната комуникација веќе не е прашање на далечна иднина. Истражувачите од институтот за роботика на универзитетот КарнегиМелон претставија компјутер што може да распознава фигури и движење – вклучително и на рацете и на прстите – на многу луѓе истовремено во реално време. Користењето на соодветна технологија, заедно со податоци добиени од други извори може неповратно да ги промени индустриите ориентирани кон работа со корисничкиот аудиториум. Една од овие индустрии е трговијата на мало, која сосем брзо може да се претвори во главен двигател за развојот на технологиите за собирање, анализа и користење на Big Data. Во истражување спроведено од JDA Software Group и PwC меѓу високи менаџери од трговијата на мало, 86% од анкетираните веќе ја посочуваат технологијата Big Data како една од приоритетните во својата бизнис

стратегија. Нејзиното имплементирање може да донесе многу предности и да ја претвори малопродажбата во една од најнапредните индустрии во однос на користењето Big Data. Ако за креирањето најпрецизни прогнози за однесувањето на човекот е неопходна психометричка информација, трговијата на мало располага со огромни можности, зашто кај неа веќе го има најважниот услов за собирање на ваквата информација – физичкиот контакт со купувачот во продавница.

Big Data и предностите на малопродажбата

Во оваа смисла трговците на мало имаат еден од најдобрите контакти со публиката. Прво, за разлика од купувањето online, физичките продавници се посетени од скоро сите луѓе, што значи станува збор за колку што е можно максимален опфат на аудиториумот. Второ, благодарение на физичкиот контакт можат да се добијат повеќе податоци за човекот – истиот може да биде виден, чуен; може да се следи неговото однесување во продавницата и т.н. Ова дава доволно заокружена претстава за неговиот психолошки тип, а заедно со информацијата за неговите финансиски можности и преференции, што во малопродажбата исто така се добива, може доволно прецизно да се

ТРЕНД: ЕДНА ПОСЕТА, ИЛЈАДА ПОДАТОЦИ ЗА КУПУВАЧОТ



www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

42

БИЗНИС И ТЕХНОЛОГИЈА

прогнозира што ќе му се допадне и што ќе купи конкретниот клиент. При една посета на продавница купувачот може да генерира илјади уникатни показатели, регистрирани од различни камери и сензори. Нивната анализа може да покаже кон каде тргнал, што точно му го привлекло вниманието, како ги избира производите и колку време му треба за тоа; дали пазарува по список или импулсивно. Сите овие податоци можат да бидат корисни при планирањето на аранжирањето на продавницата; разработката на рекламни и промотивни кампањи и материјали и т.н. Освен ова, овој приод може да предупредува во однос на кражби – на пример, така што ќе го анализира говорот на телото, изразите на лицето, карактеристиките на движењето на посетителот во продавницата, компјутерот може да испраќа сигнали на обезбедувањето за посодржајна контрола на конкретен посетител. Со помош на технологијата Big Data можат да се прогнозираат тенденциите и побарувачката на одредени категории, и соодветно да се планираат снабдувањето и доставувањето. При тоа се исчитуваат множество фактори што би можеле да влијаат на побарувачката – информација за остварената продажба, информациите од социјалните мрежи, пребарувањата, економијата на државата, па дури и метереолошките услови. Благодарение на овие податоци, трговците на мало можат да ги прогнозираат тенденциите, да почнуваат да работат на нови категории производи, и да ги полнат штандовите уште пред побарувачката да генерира голем интерес. На овој начин корисниците секогаш ќе ги најдат бараните производи по попристапна цена, а новата понуда ќе биде според нивните очекувања и вкусови. Не е исклучено малопродажбата да почне сосем набрзо да ги диктира светските тенденции на потребите на пазарот, и тежиштето да се измести од производителите кон трговците.

Анализата на однесувањето на купувачот во различните платформи и историјата на купувањето даваат можност да се прават максимално прецизни препораки и да се нудат најактуелните производи за секој купувач посебно. Од своја страна тоа ја зголемува и лојалноста на купувачите и задоволството од „шопингот“. Американската мрежа супермаркети Target, на пример, развива механизам за препознавање на бремени жени, анализирајќи ги нивните редовни пазарења, и ги покажува незначителните, но карактеристични промени кај нив. Еден од сигналите може да биде тоа што жената почнува да купува витамини, средства за лична хигиена или чистење без ароми. Очигледно, можностите за следење на тенденциите, на потребите на корисниците и активностите на конкуренција во реално време на трговците на мало им даваат длабинска информација што се базира не на претпоставки, а на реалната состојба на нештата. Благодарение на тоа, компаниите можат многу побрзо да носат одлуки за обемот на порачките и

доставките, да ја зголемат ефикасноста на синџирот на снабдување, што, пак, ќе ги намали расходите за снабдување и чување на робата. Сето ова ќе овозможи квалитативно да се подобри целата дејност – од оптимизирањето на снабдувањето, до рекламата и формирањето на цените. Од тоа ќе имаат корист двете страни – како купувачите, така и продавачите. Продавачите нема да ги полнат складиштата со производи за кои има мала веројатност дека ќе бидат купени; ќе можат многу поквалитетно да ги насочуваат рекламите; ќе знаат какви нови производи треба да се произведуваат за да се задоволи побарувачката. Купувачите, пак, ќе остануваат лојални кон оние трговци кај кои најдобрите цени одат рака под рака со добро осмислен асортиман и интелигентно и прецизно насочена реклама. Веќе достапните технологии од Big Data, заедно со психометријата, можат да ја исполнат големата желба на трговијата на мало – да ги дознава идните потреби на купувачот уште пред тој самиот да ги знае. nnn



3

ноември

СПЕЦИЈАЛНА ЕДИЦИЈА

200

НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ “Капитал Медиа Гроуп” ја подготвува традиционалната годишна едиција “КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И 200 НАЈУСПЕШНИ” во Македонија, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во Едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето добивката остварени во 2016 година, но во рангирањата ќе бидат вклучени и повеќе податоци за компаниите како вредноста на активата, вредноста на капиталот и уште многу други показатели и коефициенти за успешноста и ефикасноста во работење. Сите рангирања и показатели, како и секоја година, ќе бидат изработени врз основа на официјални и евидирани податоци обезбедени од годишните сметки на компаниите. Во едицијата ќе бидат рангирани компаниите според повеќе показатели како на пример: 

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМИ ПРИХОДИ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМ ПРОФИТ

КОМПАНИИ КОИ НАЈМНОГУ ВРАБОТУВААТ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМ КАПИТАЛ

КОМПАНИИ СО НАЈГОЛЕМА АКТИВА

КОМПАНИИ КОИ НАЈБРЗО РАСТАТ

Во едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со најголемите и најуспешните компании во клучните индустрии, како и повеќе анализи: 

ШТО НОСИ НОВАТА ЕКОНОМСКА И ПОЛИТИЧКА РЕАЛНОСТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС?

КОМПАНИИТЕ И ИНДУСТРИИТЕ КОИ ЌЕ ГО НОСАТ РАСТОТ СЛЕДНАТА ГОДИНА

КОЈ ГИ “ВРТИ” ПАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА КОМПАНИИТЕ ЗА 2018 ГОДИНА

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ КОМПАНИИ ВО РЕГИОНОТ?

Во рамките на Едицијата во одделни анализи ќе биде анализирано работењето на компаниите од клучните индустрии: 

ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА

ГРАДЕЖНА ИНДУСТРИЈА

ТРГОВИЈА

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

ЕНЕРГЕТИКА, НАФТА И ГАС

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


They say diamonds are forever… and so is an MBA!

Enjoy the most Valuable classroom experience – real life Harvard Business School case studies, business simulations and participant centered learning that enhance your strategic decisionmaking skills and critical thinking

a Rare opportunity to learn alongside esteemed professionals in order to build an extensive and exclusive network of useful contacts which could lead to new business opportunities The most Desirable and sought after degree in the world by employers, entrepreneurs and future leaders

World-class curriculum that applies a global outlook on current issues, taught by international faculty from top –tier schools with a rich portfolio of expertise

A brilliant cut to fit your demanding work schedule and maintain your work – life balance, giving you more flexibility to acquire the skills and experiences to fulfil your career objectives

Access to the Highest Quality internationally accredited degree by the Accreditation Council for Business Schools and Programs (USA) created as a combination of European and American educational standards

So don't lose a diamond, while chasing glitter! Enroll at the UACS MBA program! За повеќе информации: Бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; 2463 159 Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk

www.uacs.edu.mk

UACS SKOPJE

UACSKOPJE

YOUTUBE.COM/USER/UACSKOPJE

UACSKOPJE


www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

46

МАРКЕТИНГ И КОМУНИКАЦИЈА

Ако сакате да направите квалитетна конекција со вашите потрошувачи преку социјалните медиуми, еве пет стратешки чекори препорачани од Entrepreneur.

ПЕТ ПРАВИЛА ЗА УСПЕШНО БРЕНДИРАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ  Бидете транспарентни

и искрени

Првата и можеби најважната стратегија за привлекување внимание на социјалните мрежи е да се биде транспарентен. Транспарентноста и автентичноста се клучот за хуманизирање на вашиот бренд. Искреноста е битна, дури и ако тоа значи дека треба да ги признаете своите слабости и спремноста да учите од грешките. Зошто? Затоа што потрошувачите во принцип се скептични и редовно ја преиспитуваат автентичноста на содржината постирана онјалн. На пример, истражувањето на ИТ компанијата Adobe спроведено во декември 2015-та покажало дека 61% од американските потрошувачи преиспитуваат дали и новински напис е непристрасен, а не пак брендирана маркетинг содржина. Брендовите што премногу промотивно се однесуваат на социјалните мрежи, се неискрени или преокупирани со самите себе ќе имаат проблеми да допрат до поголем број потрошувачи. Да се биде транспарентен покажува дека сте ранливи,

а ранливоста гради хумана релација, односно доверба.  Градете позитивно

искуство на брендот

Потрошувачите ги базираат своите купувања врз перцепцијата на брендот. Како компанијата ќе се гледа и сфати од страна на публиката е мотивирачки фактор што многу често е поважен одошто квалитетот на производот. Обично ги прашуваме своите пријатели, читаме критики, дури и своите контакти на социјалните мрежи ги контактираме за совет пред да донесеме одлука за некакво купување. Речиси 90% од купувачите ги читаат коментарите од други кога купуваат онлајн. Позитивното искуство пренесено од човек на човек може да направи поголем ефект одошто некаква дизајнирана кампања.  Фокусирајте се на пријателите

Факт е, луѓето веруваат на луѓе. И луѓето купуваат од луѓе, не од брендови. Еден од најлесните начини да се поврзете со целна група од публиката е да најдете некој

популарен член на социјалните мрежи да го претстави вашиот производ или услуга. Автентично, се разбира – погледнете под бр.1). Т.н. инфлуенсери имаат голема моќ кога станува збор за маркетинг промоција. Дали тие ќе фаворизираат нешто или не, многу ќе влијае врз одлуката на потрошувачите да купат. Зборувајте со вашите потрошувачи не преку вашиот бренд, туку преку нивните пријатели со кредибилни препораки. Ако некој сподели позитивно искуство со вашиот бренд со своите пријатели на социјалните мрежи, ефектот може да биде многу поголем одошто традиционалниот адвертајзинг.  Градете подлабока,

полична и похумана врска со вашите потрошувачи

Потрошувачите се насекаде по социјалните мрежи. Иако постојат повеќе начини за интеракција, ќе се издвојат оние брендови што ќе ги насочат своите потрошувачи на вистинската платформа, на вистински начин, креирајќи искуства за паметење. Да се биде прониклив значи да знаете каде

ФАКТ: 90% ОД КУПУВАЧИТЕ ЧИТААТ КОМЕНТАРИ КОГА КУПУВААТ ОНЛАЈН


РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 31 ОКТОМВРИ 2017

ОБУКА ЗА: ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (132/17)

(НОРМИРАН УЧИНОК; ИЗДАВАЊЕ НА ПОТВРДА НА РАБОТНИКОТ; ВИСИНА НА МИНИМАЛНА БРУТО ПЛАТА ЗА ПЕРИОД СЕПТЕМВРИ 2017 – ЈУНИ 2018 ГОДИНА; ВИСИНА НА МИНИМАЛНА ПЛАТА НА РАБОТНИК КОЈ РАБОТИ СО СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ; ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА РАБОТОДАВАЧ И ГЛОБИ ЗА РАБОТОДАВАЧ)

 2 ноември 2017  11:00-15:00 часот Институт КОНЦЕПТ, Скопје СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:  Критериуми и интерни акти за утврдување на

 Висина на минимална плата на работник кој работи

 Издавање на потврда на работникот за

 Финансиска помош за работодавач за исплата на

нормиран учинок

остварениот нормиран учинок

 Глоби за работодавач  Кој нема обврска да утврдува нормиран учинок

согласно Законот

 Норма по работно место и групна норма  Висина на минимална бруто плата за период

септември 2017 – јуни 2018 година

со скратено работно време

минимална плата и услови за добивање

 Контрола во остварување и користење на

финансиска помош

Обуката е наменета за сите вработени во сметководствено - финансискиот сектор, правните служби и останати законски застапници, како и за сите останати кои сакаат да го надградат своето знаење во делот на пресметката на минималната плата согласно Измените и дополнувањата на Законот. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска  e-mail: institut@koncept.com.mk  02 3128 526  070 272 207


www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

48

МАРКЕТИНГ И КОМУНИКАЦИЈА

вашата целна група го минува времето. Но, тоа е само првиот чекор, затоа што на успешните брендови не им е доволно само да разберат каде им се потрошувачите, туку ќе знаат и како да се поврзат со нив начин што ќе има смисла. На пример, повеќето брендови знаат дека видеото е голема работа на социјалните мрежи. Но, видео што е лесно и брзо за гледање е вистинскиот предизвик. Претходно споменатата студија од Adobe покажала дека кога потрошувачите имале само 15 минути за консумирање на некоја содржина, 63% од нив би претрчале преку повеќе написи за најновите трендови, на пример, одошто да читаат некоја подолга анализа, додека 57% попрво би гледале видео за некоја важна вест, одошто да ја читаат веста. Голем број потрошувачи, особено т.н. генерација “милениумци“ (родени помеѓу 1980 -2000) поминуваат многу време на апликациите за кратки пораки како WhatsApp, Snapchat и др., со што креираат потреба од персонална содржина што е повеќе во контекст “еден кон еден“ одошто “еден кон многумина“. Релативно малку брендови откриле најдобар начин за користење на овие платформи . Најуспешните примери пробаа со развој на “зад сцената“ содржина (прошетка низ компанијата, еден ден со вработените и сл.) со тоа што ќе стават реални ликови и значајни моменти за компанијата пред своите потрошувачи. Така се развива подлабока, повеќе лична и похумана врска со потрошувачите со помош на овие платформи. u Сфатете ги технолошките

трендови

На крајот, потрошувачите што најмногу време поминуваат на социјалните мрежи, се од помладата генерација (претходно споменатите милениумци). Тие се веќе обилно “дигитализирани“ и наскоро ќе бидат донесувачи на бизнис одлуките во овој свет. Отсега натаму тие ќе очекуваат брендовите да бидат поврзани, што значи ќе очекуваат не само креирање mobile commerce искуства туку и мултиканален

пристап. На пример, малопродажен трговец може да има физичка продавница, вебсајт и мобилна платформа, а потрошувачот да може да го почне купувачкиот процес на еден канал и да го заврши на друг. Во меѓувреме, дигиталниот купувач ќе остави трага секаде кај што пребарувал, што ќе му овозможи на трговецот да има широк поглед на неговите купувачки навики и ќе доведе до поголема персонализација.

Совети за брендовите и нивниот ПР

Американски Forbes во консултација со неколку светски познати агенции за дигитален маркетинг нуди практични совети за тоа кога е најдобар тајминг за компаниите, односно брендовите, да постираат содржина на социјалните медиуми. За Facebook l Да се избегнуваат термините пред 8 ч. наутро и по 8 ч. навечер. Најударно време е помеѓу 1 и 3 ч. попладне со активности, ангажираност и расположение најголеми во четврток и петок, со „шпицот“ во петок попладне. l За брендовите, петоците генерираат 17% од сите лајкови, 16% од коментарите и 16% од “шерувањата“. За Twitter l Најдобро време за ретвитови е после 3 ч. попладне, освен во петок. Најлошо време е по 8 ч. навечер, било кој ден. Најдобро време од сите е 5 ч. попладне. l За B2C (business-to-consumer) бизниси, најдобро време за твитање е за викенди и во средите. l За B2B (business-to-business) бизниси, најдобри денови за твитање се од понеделник до четврток. l Интересно, вработените користат Twitter најмногу додека се на работа. Учениците/студентите, исто така, најмногу твитаат додека се

на школо/факултет. За YouTube l Време што треба да се избегнува за нови постови е од 5 – 6 ч. попладне. Најпогодно време пак, е од пладне до 3 ч. попладне. l Што се однесува на реакциите на гледачите, активноста расте во четврток, достигнува врв во сабота и почнува да опаѓа во недела попладне. Во работни денови ангажираноста расте откако ќе заврши работното време. Најлоши денови се понделник, вторник и среда. За LinkedIn l LinkedIn е се разбира, спорт за во работно време. Активноста и “engagement” –от растат од 8 – 5 ч. од понеделник до петок, наутро и кон средина на денот. l Секој апдејт на статусот веројатно е дека ќе стигне до само 20% од вашата мрежа. Затоа, за да постигнете поголем досег, се препорачува да имате околу 20 квалитетни постови месечно. За Instagram l Анализата на Instagram податоците на Fortune 500 брендовите покажала дека најголема гужва на оваа мрежа се прави за време на работните часови. Постовите споделени помеѓу 3 ч. и 4ч. попладне предизвикуваат најмногу интеракција. l Среда се покажало дека е најдобар ден во неделата за постирање, иако предноста во однос на другите денови е многу мала. l Виде постовите пак, најдобри перформанси покажуваат надвор од работното време. nnn

ДОВЕРБА: ЛУЃЕТО ВЕРУВААТ НА ЛУЃЕ



www.kapital.mk

Капитал број 939 27.10.2017

50

ЛИДЕРИ

СЕРГЕЈ БРИН

КО-ОСНОВАЧ НА GOOGLE

ЗАМИСЛЕТЕ СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ВО СВЕТОТ ДА БИДАТ ПОВРЗАНИ СО МОЗОКОТ

С

Сергеј Михајлович Брин е еден од ко-основачите на Google, најуспешната и најпознатата технолошка компанија во светот. Тој на 6 годишна возраст со своето семејство емигрирал од Русија во Америка. Според Forbes, Брин е 20-ти најбогат човек во светот

Очигледно сите сакаат да бидат успешни, но јас сакам да бидам запаметен дека сум бил многу иновативен, доверлив и етички. И некој кој направил голема разлика во светот.

Кога е многу лесно да се дојде до пари, тогаш резултатот е многу бука измешана со вистинска иновација и претприемништво. Тешките времиња го вадат најдоброто од Силиконската долина.

Како што одиме напред, се надевам дека ќе продолжиме да ја користиме технологијата за да направиме големи промени во начинот како луѓето живеат и работат.

Aкo ги имате сите информации во светот директно поврзани со вашиот мозок или вештачки мозок кој е попаметен од вашиот мозок, тогаш ќе ви биде многу подобро.

со проценето богатство од 30 милијарди долари. Брин заедно со Лери Пејџ се меѓу најголемите иноватори во светот кои успеаја со пребарувачот Google да направат вистинска револуција во Интернетот. Еве некои од неговите изјави.

Решавањето на големи проблеми е полесно од решавањето на мали проблеми.

Сакаме Google да биде третата половина од вашиот мозок.

Не е доволно само да не бидете лоши. Ние активно се трудиме да бидеме добри.



години повеќе за вас HBO пакет бесплатно, цела година со Vip Комбo Vip Комбо е совршена комбинација од телевизија со најмногу HD-канали, супербрз интернет, фиксна и мобилна телефонија. Не пропуштајте ја оваа роденденска понуда и изберете Vip Комбо по Ваша мера и добијте: - HBO пакет бесплатно цела година; - гратис интерактивна телевизија. Нарачајте Vip Комбо пакет на бесплатниот број 0800 78 787 или онлајн на www.vip.mk Понудата HBO бесплатно цела година важи ограничен период за сите нови и постојни корисници што во промотивниот период ќе склучат договор на 24 месеци за која било Vip Комбо, Vip Комбо Lite и Vip Combo Box тарифа. По истекот на првите 12 месеци, за HBO пакетот ќе започне да се наплаќа претплата од 249 денари месечно. Услугата интерактивна телевизија може да се активира на локации каде што постои техничка можност. За повеќе информации посетете ја нашата веб-страница www.vip.mk или јавете се на 077 1234.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.