Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
Автомобилскиот пазар уште се буди од кома
специјален прилог
Автомобили
Кој ќе преживее, ќе раскажува
Тренд: Службени електрични возила намалување на трошоците и општествена одговорност во исто време
l Авто саем Франкфурт 2015 Кои нови модели може да ги видиме наскоро и на македонските патишта?
www.kapital.mk
Капитал број 833 16.10.2015
52
автомобили
2008
2009
2010
2011
2012
4.099
7.544
6.163
10.547
15.919
Автомобилскиот пазар ушт
Кој ќе прежи ќе раскажув
македонија 2015: цели седум години импор
www.kapital.mk
Капитал број 833 16.10.2015
специјален прилог 2013
2014
3.692
3.399
2015 (јануари/август)
2.889
те се буди од кома
ивее, ва
53
И покрај фактот дека некои статистики до кои што дојде Капитал покажуваат конечно заживување на пазарот на нови автомобили, дилерите тврдат дека тоа на теренот не е баш така. Според нивните согледувања не само што во моментов состојбата не мрда од статус кво туку и на среден рок тешко нешто дека може да се промени.
С пишува:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Слободниот увоз на половни автомобили и економската криза ги однесе дилерите на нови возила во Македонија во неколкугодишна агонија – продажбите паднаа на историски минимум, некои од автосалоните затворија, а останатите се борат за преживување. Анализираме каква е состојбата на автомобилскиот пазар изминатава година, дали се гледа светло на крајот од тунелот, што очекуваат домашните увозници и продавачи на возила?
Првите три квартали даваат минимална надеж
Статистиките до кои дојде Капитал за првите осум месеци од 2015 година покажуваат значителен раст на продажбата на патнички возила. Имено дури за 27% е зголемена оваа ставка во однос на продадените 2.800 возила во истиот период лани. Сепак дилерите со кои разговаравме веднаш ни ги демантираа овие бројки. Според генералниот менаџер на Порше Македонија Златко Муцунски работите на теренот укажуваат дека нема простор да се зборува за огромни растови на продажбата од 30% кога состојбата воопшто не е подобра од минатата година.
ртерите се опоравуваат од пазарната криза
www.kapital.mk
Капитал број 833 16.10.2015
54
автомобили
„Статистиките кои се пласираат во јавноста не ја отсликуваат реалната состојба на теренот. Тоа можеби се должи на реекспортот на возила или на некои други неточни податоци но во двата случаи се погрешни. Состојбата на пазарот на нови автомобили не е подобра од минатата година“ тврди Муцунски. А минатата година, како и таа пред нејзе состојбата беше благо речено очајна. Се продадоа едвај 3.000 возила што е над 70% помалку во однос на рекордните 18.000 возила продадени во пред кризната 2008 година. Околу последиците од ваквата состојба на пазарот ја консултиравме и Светлана Пљакоска- сопственик на импортерот на Опел и Шевролет, Олимпиа Моторс. Според неа во моментов најголем дел од импортерите на нови возила се потпираат на споредните дејности како сервиси и продажба на половни возила. „Ние одамна не ставаме скоро никаква
маржа на автомобилите кои ги продаваме. Што значи дека компаниите ни преживуваат исклучиво од сервисите. Покрај кратењето н а т р о ш оц ите принуд ени сме д а измислуваме и други дејности и услуги за да ја одржиме неопходната инфраструктура за одржување на дилерството“, вели Пљакоска.
Штетата од увозот на половни возила уште долго ќе се чувствува
Околу причините и евентуалните решенија за ваквата состојба го консултиравме и еден од најискусните во овој бизнис, долгогодишниот увозник на Форд, Волво и Лада- Маријан Миновски сопственик на МИДА Моторс Македонија. Според него, сите знаат дека законот за увоз на поволни возила е гробарот на овој бизнис во Македонија, но малкумина согледуваат дека дилерите тоа многу тешко можат да го издржат. „Србите викаат 'ко преживи причаќе'-
таква е реалната состојба во овој бизнис во моментот. Постоечкава динамика на работа не дозволува одржливоста на бизнисот на импортерите на подолг рок. А тоа е навистина реален проблем“ Миновски го прашавме и околу евентуални измени на законот или враќање на старите регулативи и што би значеле тие. Според него големата штета на овој бизнис веќе е направена. „Масовниот увоз во претходните четири години внесе толкава количина на стари возила на пазарот која ќе го оптоварува истиот подолго време. Тоа значи дека и со сегашните измени и со евентуални нови измени на законите, враќање на пазарните состојби од пред 2008 година е скоро невозможно“
Фолксваген и понатаму најпродаван бренд
Според податоците до кои дојде Капитал, (кои дел од дилерите не ги сметаат за до крај
Цената на половните автомобили на историски минимум
П
реголемиот увоз на половни автомобили (близу 150.000 за четири години) ја преполови нивната цена. Намалувањето на акцизата во март 2010 година го раздвижи домашниот пазар на половни автомобили, но сега четири години подоцна веќе има драстичен пад кај продажбата затоа што пазарот е презаситен со понуда. Наш соговорник сопственик на автоплац во Битола смета дека цената на поволните автомобили уште ќе паѓа, „Покрај тоа што цените се паднати, но во последните три години и продажбата е многу намалена. Преголемиот увоз можеби е причина за намалување на продажбата, но не е единствената. Економската состојба и социјалните проблеми кај нас влијаат подеднакво“. Но, трговците сметаат дека простор за увоз сè уште има, особено во внатрешноста, бидејќи таму сè уште се возат многу “југовци“ и “стоедени“. Велат дека не се плашат од пониски цени, бидејќи на тој начин ќе се зголеми бројот на продадени возила.
Прекупците заклучиле дека Македонците најмногу купуваат возила стари во просек десет години и со шестоцифрена километража. За “голф 4“, стар 10 години, со 100 и повеќе илјади километри поминати во Германија во просек треба да се издвојат 3.000 евра. Ист таков, по иста цена може да се најде и на домашните автоплацеви и во огласниците за поволни автомобили. Поволноста е што за “голф 4“ купен во Македонија нема да платите плус давачки и патни трошоци до Германија и назад. Слична е математиката и за купување “пасат“, кој е еден од најбараните возила во земјава. За неполни 4.000 евра може да се најде стариот модел на ова популарно возило со километража помала од 100.000. Кај луксузните возила, “мерцедес Е класа“, дизел од 2000 година може да се купи за нешто повеќе од 5.000 евра. Сите цени се приближни, а во некој случај и пониски од тие во Германија и во Италија што не било случај во познатата историја на македонскиот автомобилски пазар.
очекување: во скоро време нема да биде подобро
www.kapital.mk
Капитал број 833 16.10.2015
специјален прилог
С
Златко Муцунски
енерален менаџер на Порше Македонија
татистиките кои се пласираат во јавноста не ја отсликуваат реалната состојба на теренот. Тоа можеби се должи на реекспортот на возила или на некои други неточни податоци, но во двата случаи се погрешни. Состојбата на пазарот на нови автомобили не е подобра од минатата година.
точни) состојбите со продажбата на нови возила в Македонија стојат вака: Порше Македонија останува пазарен лидер со продадени близу 1.000 возила за осум месеци во 2015 година, од марките Фолксваген, Шкода, Ауди и Порше. После нив следува групацијата на семејството Бураку која е увозник на Фиат, Цитроен, Алфа Ромео, Ланчија и Џип. Од овие пет бренда заклучно со август 2015
М Маријан Миновски сопственик на МИДА Моторс
асовниот увоз во претходните четири години внесе толкава количина на стари возила на пазарот која ќе го оптеретува истиот подолго време. Тоа значи дека и со сегашните измени и со евентуални нови измени на законите, враќање на пазарните состојби од пред 2008 година е скоро невозможно.
продадени се повеќе од 500 возила. Фиат е на првото место, а веднаш зад него е Цитроен. Гледано по брендови веднаш зад Фолксваген и Шкода се увозниците на Хјундаи, Опел, Форд и Пежо, а во првата петнаесетка на најпродавани брендови во Македонија се уште Дачиа, Киа, Сузуки, Рено, Тојота, Мицубиши, Сеат и Мазда. Гледано во конкретни бројки, кои погоре
55
Н
Светлана Пљакоска Олимпиа Моторс
ие одамна не ставаме скоро никаква маржа на автомобилите кои ги продаваме. Што значи дека компаниите ни преживуваат исклучиво од сервисите. Покрај кратењето на трошоците принудени сме да измислуваме и други дејности и услуги за да ја одржиме неопходната инфраструктура за одржување на дилерството.
споменавме дека треба да се гледаат со резерва, во Македонија во период јануари – август 2015 се продале: 452 Фолксвагена, 348 шкоди, 312 Хјундаи, 311 Опел, 288 Форд, 244 Цитроен, 223 Фиат, 191 Пежо, 125 Дачиа, 111 Киа, 99 Сузуки, 90 Рено, 78 Тојота, 70 Митсубиши, 66 Сеат, 59 Мазда, 58 Ауди, 32 Нисан, 26 Хонда, 22 Лада и помалку од 20 други марки на увозни возила. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 833 16.10.2015
56
автомобили Бројката на продадени нови комерцијални возила во првите осум месеци во Македонија е помала за речиси 30% во однос на истиот период лани. Води Фиат, пред Фолксваген, Ситроен и Пежо. Цените на комерцијалните возила почнуваат веќе од 10.000 евра за оние со помал товарен простор, а доминираат 4-5 брендови.
Комерцијални возила
Компаниите помалку вложувале во нови флоти годинава
Д пишува:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Дваесетина брендови со над 80 модели на комерцијални возила во моментов се нудат на македонскиот пазар, но купувачите најчесто се одлучуваат за 4 или 5 од нив. Според познавачите со кои разговаравме за разлика од патничките возила кај комерцијалните важат малку поинакви правила кои компаниите во Македонија веќе добро ги познаваат. „Комерцијалните возила пред се треба да се максимално издржливи. Нив ги возат повеќе луѓе и се постојано на пат, што значи дека полесно се оштетуваат. Како второ резервните делови мора да се евтини и достапни бидејќи често се менуваат. Трето цената е важна бидејќи обично се купува
поголем број на возила, а најчесто цела флота што значи дека минимална разлика на цена на едно парче на таа количини изгледа огромна“, вели сопственик на компанија која има потреба од голема флота на комерцијални возила.
Фиат најпродаван бренд кај комерцијалните возила
Согласно сето ова што се кажува состојбите на пазарот на нови автомобили во делот на комерцијалните возила стојат вака: Во периодот јануари – август 2015 година најмногу (125) комерцијални возила продал брендот Фиат. Исто така нивниот Фиат Добло е најпродавано возила со 80 продадени парчиња за истиот период. Од Фиат во делот на комерцијалните возила уште се продава и Дукато со 28 парчиња, а сите останати комерцијални од оваа марка се со минимална продажба помала од 5 парчиња. Втор бренд во делот на продажба на комерцијални возила во Македонија е Фолксваген со пазарен удел од 17,86% и 70 продадени возила во првите осум месеци од 2015 година. Од овој бренд најпродаван е моделот Кеди со вкупно продадени 34 возила во истиот период. Трет најпродаван бренд е Цитроен со вкупно продадени 52 модели оваа година, од кои најмногу од моделите Џампер (23) и Немо (16). Веднаш зад Цитроен се марките Пежо, Форд и Дачиа со продадени повеќе од
Цените веќе од 10.000 евра
П
огоре споменатите моноволуменски возила Фоксваген Кеди и Фиат Добло кои имаат и сличен багажен простор и карактеристики на пазарот се нудат по слична цена барем кога се работи за основните бензинските модели . Таа цена започнува од 13.900 евра за сличните 1.4 бензиски агрегати. Сепак како што напредува моќноста на моторот така напредува и разликата на цена во насока на Фолксваген. Па така моделот со најмоќен дизел агрегат 1.6 се нуди за 18.990 евра додека Фолксваген Кеди нуди малку помоќен 1.9 мотор по цена од 22.000 евра. Во делот на поголемите комерцијални возила главната битка во цени и продажба ја водат моделите на Цитроен Џампер и Фиат Дукато. Цените на овие возила се движат помеѓу 22.000 и 30.000 евра и се приближно со исто товарен простор. За помалите компании и бизнисмени на пазарот се нудат и комерцијални возила со помал багажен простор како моделот Немо на Цитроен кои можат да се најдат и по цена помала од 10.000 евра. 30 возила во 2015, а сите останати марки имаат продадени помалку од 10 возила во текот на целата година. nnn
СОВЕТ: изберете возило за милиони км
www.kapital.mk
Капитал број 833 16.10.2015
58
автомобили
Тренд: Службени електрични возила
намалување на трошоците и општествена одговорност во исто време
В пишува:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Во Македонија неодамна се пуштија во употреба две станици за полнење електрични возила кои се поставени во новите катни гаражи. Дополнително на машинскиот факултет по втор пат се одржа и одржи ЕКСПО за електрични возила на кој се претставија десетици вакви автомобили во споредба со едно единствено претставено на минатото експо. Ако на ова се додаде и дека клучните автомобилски дилери веќе ги понудија првите модели
Електричните возила и посегашната цена на чинење се исплатливи за компаниите со оглед на екстремно малата потрошувачка на енергија во однос на бензиските и дизел агрегатите. Дополнително во наредните пет години нивната цена се очекува да се изедначи со традиционалните возила што ќе ги направи извонредно економични за купување. Автомобилските дилери веќе ги нудат на пазарот во Македонија, а Прокредит и МакАутостар веќе вклучија електрични возила во својата компаниска флота. Сега на потег е државата која треба да ја приготви неопходната инфраструктура и секако да го следи примерот на поразвиените држави и да ја субвенционира употребата на овие возила. на електрични возила на македонскиот пазар и ако се знае дека првите компании се одлучија во својата флота да ги внесат овие возила, тогаш слободно може да се каже дека во насока на електрификација на возењето работите навистина се движат во позитивна насока. На оваа тема и околу тоа како македонските компании можат да бенефицираат од новата технологија и електричните возила разговаравме со Оливер Велковски
од организацијата за промоција на електричните возила Електромобилност. Според него математика околу тоа дали се исплаќаат или не електричните возила е многу едноставна. „Точно се знае колку голема е разликата во потрошувачката на електрична енергија во однос на потрошувачката на течни горива. Значи компанијата која ќе се одлучи за пазарно поскапите електрични автомобили сигурно според сите математики ќе ја
свет: Двојно поголема продажба на електрични возила во 2015
www.kapital.mk
Капитал број 833 16.10.2015
специјален прилог
К Оливер Велковски
организација за промоција на електричните возила Електромобилност
омпанијата која ќе се одлучи за пазарно поскапите електрични автомобили сигурно според сите математики ќе ја покрие разликата во куповна цена преку помалата потрошувачка на енергија. За пет години пак, со оглед на поевтинувањето на батериите,се очекува продажната цена на електричните и традиционалните возила да се изедначат. Тогаш заштедата ќе биде многу поголема.
покрие разликата во куповна цена преку помалата потрошувачка на енергија. Тоа е математички факт кој е потврден според сегашните цени на чинење. Што се однесува до претстојниот период од пет години со оглед на поевтинувањето на батериите се очекува продажната цена на електричните и традиционалните возила да се изедначат. Тогаш заштедата ќе биде многу многу поголема. А фактот што компаниите на тој начин се грижат за животната средина е многу значаен за имиџот на една фирма“ Велковски додава
П
Владица Кокаловиќ маркетинг директор на Мак Ауто Стар
реку понудата на електрични возила на пазарот се овозможува Македонија да биде дел од глобалниот тренд за воведување нови, напредни возила, кои до пред некоја година се означуваа како футуристички, а денес се реалност.
дека во оваа насока и државата треба да си ја одигра својата улога: „Нашата иницијатива е секако компанија или секој поединец кој ќе купи електрично возило да биде ослободен од секаква регистрација. Плус да се испочитува политиката на развиените земји да се субвенционира пониска продажна цена на овој тип на возила како влог во поздрава животна средина. Исто така треба и вложување во потребната инфраструктура. Точно е дека секое од овие возила може да се полни и на обичен штек но многу
59
2
милиони евра се потребни за се среди инфраструктурата за електрични возила долж клучните коридори низ земјава
попрактично е ако долж клучните коридори кои поминуваат низ Македонија има наменски полначи кои ќе ја забрзаат работата и ќе им го олеснат патувањето на луѓето со електрични возила. Според нашите проценки по сегашните пазарни цени на почначите целиот овој проект нема да ја чини државата повеќе од неколку милиони евра“.
Кои се електрични модели се достапни на македонскиот пазар
Mitsubishi i-MIEV првиот сериски произведен
www.kapital.mk
Капитал број 833 16.10.2015
60
автомобили
електричен автомобил во светот, во 2009та година кој неодамна Мак Аутостар го промовираше и во Македонија. Станува збор за помало градско возило со иновативен и футуристички дизајн, кое благодарение на напредната технологија е забавно за возење и продуцира 0% емисија на CO2. Мак Аутостар следејќи ја глобалната стратегија за заштита на животната средина е исто така прва компанија во Македонија која воведува електрично возило за свои потреби, потврдувајќи ја својата определба за општествена одговорност. Според директорот за маркетинг на Mitsubishi Motors Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ: „На овој начин се овозможува Македонија
да биде дел од глобалниот тренд за воведување нови, напредни возила, кои до пред некоја година се означуваа како футуристички, а денес се реалност“. Претходната година, Мак Аутостар во Македонија го претстави првиот електрохибриден теренец во светот, Mitsubishi Outlander PHEV, кој овозможува движење само на батерија или во комбинација со мотор со внатрешно согорување. Покуси од Мак Аутостар не останаа ни од Порше Македонија. Тие минатиот месец го претставија најекономичното возило на светскиот пазар и предвесник на иднината во автомобилската индустрија, Volkswagen e-up!. Се работи за комплетно електричен автомобил кој не троши гориво и не испушта штетни гасови. Со него може да се минат
100 километри за 57 денари, поради што е прогласен за светски шампион на полето на ефикасноста. Според генералниот менаџер на „Порше Македонија“ Златко Муцунски, Порше Македонија пишува ново подглавје во мобилноста на македонскиот автомобилски пазар со 0 емисии на штетни гасови. „Нашиот долгорочен план го започнуваме со 5 целосно електрични возила од Volkswagen и со тоа придонесуваме кон поздрава животна средина и максимално економична мобилност. Сите општествено одговорни инстит уции, компании, здруженија и поединци можат во „Порше Македонија“ да најдат партнер од доверба во создавањето на мобилноста од иднината и поздрава животна средина“. nnn
ПроКредит Банка веќе вклучи пет електрични возила во својата компаниска флота
П
ет електрични автомобили од марката, Фолксваген, модел Е-АП пристигнаа во Скопје во текот на месец јули за потребите на ПроКредит Банка. Според Емилија Спировска, Член на Управниот Одбор на ПроКредит Банка, Македонија банката е комплетно посветена на здрава и чиста околина и е во чекор со современите трендови во технологијата. „Ќе стигнеме до клиентите брзо и ефикасно, и без употреба на гориво. Нашиот возен парк сега се обновува со електрични возила за урбана средина и со хибридни возила за подалечни дестинации. Во Централната Управа инсталиравме 4 станици за напојување со 230 V, но во нашата нова Управна зграда која е во фаза на изградба овие возила ќе се напојуваат со струја од соларни панели“ вели Спировска. Од Прокредит додаваат дека одлуката за воведување на електрични возила се дел од големата регионална иницијатива за здрава средина на ПроКредит Банките во Југоисточна Европа, во рамките на која беа набавени вкупно 50 возила на електрично полнење.
www.kapital.mk
Капитал број 833 16.10.2015
специјален прилог
61
Авто саем Франкфурт 2015
Кои нови модели може да ги видиме наскоро и на македонските патишта?
П пишува:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Производителите на автомобили го прилагодија производството на регрутирање “пописмени купувачи“, кои се свесни за трошоците и за влијанието на автомобилите врз животната средина. Ова може да се види од понудата на годинешниот Франкфуртски
саем на Автомобили што се одржа минатиот месец, најголем саем од овој тип во светот, на кој настапија повеќе од 1.000 излагачи со 94 нови модели. Овој пат конструкторите и дизајнерите имале полни раце работа и својот развој го насочиле кон алтернативните погони, најмногу електричниот. Денес речиси сите имаат хибриден или чисто електричен автомобил во подготовка или веќе се произведува, а видливо беше и дека автошоуто во Франкфурт нема да биде имуно на електромобилите. Прототипови, нова опрема, технички откритија, меѓународни партнерства и политички и социјални дебати беа само дел од содржините на оваа манифестација. Како што веќе споменавме централно место на саемот во Франкфурт имаа хибридните и електричните мотори како и помалите автомобили. Компанијата БМВ сериозно се надева дека ќе превземе дел од пазарот со серијата на електрични возила БМВ. Порше гордо ја покажа новата генерација на прочуениот модел 911, нивниот конкурент
Ауди во Франкфурт претстави дури седум нови модели вклучувајќи ги и електричните возила како што се А2 и помалите возила наречени „урбан концепт“ и „урбан коценпт спајдер“. Мерцедес покрај моќните модели на АМГ серијата ги презентираше и новите добро продавани верзии на моделите СЛС и СЛК55, а компанијата исто така го исполни ветувањето за концепт на возила со систем на горивни ќелии. Секако кулминацијата на саемот беше презентирањето на единствениот Мајбах Едишн 125 – специјално произведен по повод 125 годишнината од официјалното настанување на автомобилите. Овој модел претставува нова можност за индивидуализација на оваа ионака луксузна лимузина. Иако традиционално е најголема светска смотра на автомобили 64 франкфуртски автосаем секоја година станува уште поголем. Овогодинешните неверојатни 235.000 квадратни метри изложбен простор се за цели 25% поголеми од
Франкфут 2015: година на електро иновации
www.kapital.mk
Капитал број 833 16.10.2015
62
автомобили Преку фотографија ви доловуваме дел од атмосферата на годинешнито франкфуртски саем на автомобили
Новите и освежени Алфа Ромео, Ауди А4,БМВ 7 и X1,Мерцедес ГЛЦ, Ц Класa Купе и ГЛЦ Купе,Пежо 308 Р Хибрид и Рено Талисман... се дел од моделите презентирани на годинешниот Франкфуртски авто саем кои наскоро ќе може да ги видиме и во македонските салони за нови автомобили. По нарачка секако ќе може да се донесат и новите серии на Порше 911 и Мајбах Едишн 125 што претставува едно од најуникатните возила во богатата историја на овој бренд. минатогодишната презентација.
Што од Франкфурт ќе доаѓа во Македонија?
Иако нашите импортери преку своите мрежи ги нудат сите погоре споменати екстра луксузни модели, македонскиот пазар традиционално бара малку поприземни возила. Поради тоа направивме листа на автомобили презентирани во Франкфурт кои веќе се или ќе бидат присутни во нашите салони. Оваа листа на возила ќе ја започнеме со Алфа Ромео Џулија која прилично изненади со својата појава и најава во Франкфурт дека сака да и конкурира на серијата 3 од БМВ. Никој не знае дали ќе успее во својата мисија но според аналитичарите. со оглед на дизајнот и
“опасните“ перформанси на овој нов модел, шансите не и се занемарливи. Со нетрпение го очекува и освежениот Ауди А4 со многу скриени новитети под хаубата од кои конкурентскиот модел БМВ 3 навистина има причина да стравува. Најзначајни одлики на новиот модел се секако користењето на MQB платформата која ќе обезбеди повеќе простор во внатрешноста како и поефикасна моторизација. Сепак и БМВ никогаш не седи мирен. За нивната нова седмица која исто така наскоро може да ја очекуваме и во Македонија слободно може да се каже дека е право технолошко чудо. Додека дизајнот на возилото на прв поглед изгледа непроменет, слично како кај Ауди А4 правите новите се кријат под шминката. Баварците во Франкфурт ја открија и новата
генерација на моделот X1 која засега не е толку застапена на македонските патишта што не значи дека тоа нема да се промени во иднина ако се знае дека новиот модел нуди нови бензиски мотори со повеќе достапен простор во внатрешноста како и најнови сигурни технологии. Мерцедес исто така настапи со нови три модели ГЛЦ, Ц Клас Купе и ГЛЦ Купе кои традиционално се посакувани од македонските возачи или барем од оние кои се доволно финансиски моќни за да си го дозволат тоа. Кога се во прашање Францyзите, Пежо го откри новиот 308 Р Хибрид со неверојатно 500 коњски сили, а Рено новата освежена Меган линија и секако Талисман наследникот на моделот Лагуна кој веќе може да се најде по салоните. nnn
Автомобилска модна писта од 1897 година
Ф
ранкфуртскиот автосаем (Internationale Automobil-Ausstellung или IAA) е со децени познат како најголемиот автосаем на светот. Се одржува на секои две години под покровителство на Здружението на автопроизводителите на Германија. Поради преголемиот интерес од 1992 г. наваму саемот е поделен на два дела: во парни години се изложуваат стопански возила во Хановер, а во непарни се исложуваат патнички возила (и некои мотоцикли) во Франкфурт. Со овој саем кој почнал од 1897 година се врзани некои од најголемите настани во автомобилската индустрија. Токму во Франкфурт во 1923 година се појавуваат дизел камионите - настан кој до ден денешен претставува револуција во
автоиндустријата вредна за помнење. Запаметена ќе остане и годината 1939 кога непосредно пред Втората светска војна токму овде е претставен легендарниот модел Буба на Фолксваген. И после војната, поточно после возобновувањето на саемот во 1951 година Франкфурт останува центар на автомобилските збиднувања. Тука во 1977 е претставен и првиот автомобил со турбокомпресор Сааб 99 Комби Купе. Не толку одамна, во 2007 година, како продолжување на оваа традиција на иновации и технолошки напредок, Субару во Франкфурт претстави хоризонтален четириклипен турбодизел мотор. Последниве неколку години исто така не стивнуваат новитетите кои пред се потекнуваат од новата ера на хибридни и електрични мотори.
ОЧЕКУВАЊЕ: доаѓа ера на нови напредни агрегати