сПеЦијален Прилог на КаПитал | деКемВри 2015
WWW.KAPITAL.MK
Кои банКи одобрија најмногу Кредити за фирмите?
Кои банКи најмногу Кредитираа население?
ГУвернерот со порака до банкарите:
ПоВеќе Кредити за бизнисот, ПомалКу за граѓаните
Кој е Кој Во банКарсКиот бизнис?
Кои банКи одобрија најмногу станбени Кредити?
КолКу беа иноВатиВни маКедонсКите банКи Во 2015?
интерВју: глигор бишеВ претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банкa
растеме дВојно Побрзо од банКарсКиот сеКтор, а лошите Кредити се намалени
Капитал број 841 11.12.2015
36
www.kapital.mk
банките и бизнисот
Гувернерот со порака до банкарите: повеќе кредити за бизнисот, помалку за граѓаните
Ќе го одврзат ли банкарите ќесето за фирмите догодина?! Повеќе слична отколку различна ќе биде следната година од оваа, велат банкарите кога зборуваат за нивните идни планови. Кредитирањето догодина ќе порасне околу 7% - 8% како што проценува Народната банка, што би било слично темпо на кредитирање како и годинава, а банкарите велат дека ќе има кредити и за фирмите и за граѓаните. Меѓутоа, ќе го одврзат ли банкарите ќесето повеќе да кредитираат приватни фирми наместо граѓаните со потрошувачки кредити?! Порака да прикочат со потрошувачките кредити за граѓаните и наместо тоа да им даваат повеќе кредити на фирмите веќе им испрати гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, кој најави дека од следната година ќе воведе и неколку мерки со кои што ќе се обиде да го стимулирање кредитирањето на бизнисот.
Банкари: Фирмите со добри проекти и след
www.kapital.mk
Капитал број 841 11.12.2015
специјален прилог
П пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
П овеќе слична отколку различна ќе биде следната година од оваа, велат банкарите кога зборуваат за нивните идни планови. Кредитирањето догодина ќе порасне околу 7% - 8% како што проценува Народната банка, а банкарите велат дека ќе има кредити и за фирмите и за граѓаните. Меѓутоа, ќе го одврзат ли банкарите ќесето повеќе да кредитираат приватни фирми наместо граѓаните со потрошувачки кредити?! Порака да прикочат со потрошувачките кредити за граѓаните и наместо тоа да им даваат повеќе кредити на фирмите веќе им испрати и гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, кој најави дека од следната година ќе воведе и неколку мерки со кои што ќе се обиде да го стимулирање
кредитирањето на бизнисот. „Компаниите следната година ќе добијат поддршка со поволни кредити од домашни извори и од наменските кредитни линии, додека кај населението ќе продолжи поддршката на станбеното кредитирање за кое последниве две години има засилен интерес. Сепак, побарувачката и економската активност на компаниите, и кај нас и глобално, по економската криза е мала, стагнантна, и тоа се рефлектира и на обемот на нови кредитни задолжувања кај банките“, вели Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка и додава дека фокусот на банката во последните години е насочен во микро бизнисот, малите и средни претпријатија и населението и таа стратешка определба останува и во следниот петгодишен период. Јованка Јолеска Поповска, претседател на Управниот одбор на ПроКредит банка исто така вели дека продолжува силната поддршка за малите и средни бизниси. „Идната година очекуваме уште поизразена кредитна поддршка на долгорочни инвестиции на производни претпријатија, агро бизниси, инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, како и бизниси кои ќе се шират регионално“, вели Јолеска Поповска. Од Стопанска банка велат дека ќе продолжат да ги поддржуваат своите корпоративни клиенти од сите сектори
37
во земјата, кои ги вклучуваат некои од најголемите компании во земјата и кои се важен дел од целата економија и извозот. „Разновидните кредитни производи кои Стопанска банка ги развива постојано, како и воведување на нови производи во следниот период, ќе овозможи соодветна поддршка од Банката за сите компании во нашето портфолио, преку кои ќе се создадат нови перспективи, нови работни места и дополнителна вредност за економијата во целост“, објаснуваат од Стопанска банка. Од Охридска банка велат дека како и годинава, така и догодина ќе продолжат со стабилно финансирање на компаниите и нивните издржани проекти. „Кредитната активност следната година главно ќе зависи од политичко - економскиот амбиент и сигналите на монетарната политика, меѓутоа како и досега Охридска Банка ќе продолжи да дава финансиска поддршка на профитaбилни проекти со одржлив раст, пред сé проекти кои поттикнуваат креирање на нови работни места, користење на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, зголемување на конкурентноста и интензивирање на извозот“, објаснуваат од Охридска банка. Дел од банкарите сепак велат дека побарувачката за кредити од приватните фирми е ограничена и се сведува на заеми за тековна ликвидност.
дната година ќе добијат поволни кредити
www.kapital.mk
Капитал број 841 11.12.2015
38
БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ
Ф
инансиските резултати на Стопанска банка се на највисоко ниво. Банката ќе продолжи по истата патека, следејќи го развојот на економијата, како и со интенција да ја задржи својата лидерска позиција во банкарскиот сектор како една од системските банки во државата. Најважно е што Стопанска банка има ДИОМИДИС НИКОЛЕТОПУЛОС најголема капитална база и одлична ликвидност со која може да обезбеди претседател на Управниот одбор на поддршка за сите компании (мали, Стопанска банка Скопје средни и големи од било кој сектор) кои ги задоволуваат критериумите на Банката за кредитирање.
К
ЃОРЃИ ЈАНЧЕВСКИ претседател на Управен одбор на НЛБ Тутунска банка
КРЕДИТИ ЗА ФИРМИ (милијарди евра)
2,38
Извор: Народна банка
1,66
1,72
омпаниите следната година ќе добијат поддршка со поволни кредити од домашни извори и од наменските кредитни линии, додека кај населението ќе продолжи поддршката на станбеното кредитирање за кое последниве две години има засилен интерес. Сепак, побарувачката и економската активност на компаниите, и кај нас и глобално, по економската криза е мала, стагнантна, и тоа се рефлектира и на обемот на нови кредитни задолжувања кај банките.
2,03
2,12
2,41
2,19
1,86
1,25 2007
2008
2009
„Наредната година ќе биде една од потешките со оглед дека секоја изборна година е проблематична за стопанството, а со тоа и за финансискиот сектор и за граѓаните. Компаниите се попретпазливи, финансискиот сектор полека ќе почне да заздравува и да се зголемува инвестицискиот циклус, но сето тоа оди пребавно и започна предоцна“, вели Владимир Ефтимоски, претседател на Управниот одбор на Стопанска банка Битола и објаснува дека политичката криза годинава значително го забави или целосно го анулираше трендот на пораст, што во услови на инертност во работењето, како што се во Македонија, значи дека ќе треба да помине најмалку уште една година пред да започнеме да се движиме повторно напред. „Во вакви услови, голем број на инвестициски проекти, не само на странски, туку и на успешни домашни компании беа одложени. Сметам дека тие сепак ќе се реализираат во наредните години, но знаеме дека одлуките за нивно реализирање овој пат ќе се носат многу потешко и побавно. Трендот на пораст во наредните четири години и тоа како
2010
2011
2012
ќе биде доста помал отколку пред 2015 година, без разлика што и тогаш светот беше во економска криза“, коментира Ефтимоски. Едно е сигурно, дека банките имаат вишок над една милијарда евра што ги инвестираат во државни и благајнички записи додека не наидат на добар проект што ќе го поддржат со кредит.
Што е добар проект за кој има кредити?! Иако банкарите постојано велат „за добри проекти пари има“, што е добар проект е енигма за бизнисмените. Банкарите велат дека добри проекти се сите оние кои се добро осмислени за да обезбедат долгорочен раст и развој на една фирма, коишто се реални и кои кореспондираат на пазарниот потенцијал. Јолеска Поповска од ПроКредит банка, вели дека одлуката за финансирање на одреден бизнис зависи од повеќе критериуми како што се: успешноста на работењето на претпријатието, неговата ликвидност, кредитната историја и менџерската стручност во раководењето со финансиите и во голема мера од тоа
2013
2014
2015 Окт.
какви се економските и пазарните услови во кои функционира претпријатието. „Анализата на овие аспекти е суштинска не само заради пристапот до извор на финансирање, но пред се заради здравиот и одржлив развој на самиот бизнис. Доколку бизнисот се финансира со средства за кои нема капацитет поради неодржливост на некои од горенаведените критериуми, многу е поголема веројатноста, а со тоа и ризикот за запаѓање на бизнисот во финансиски потешкотии. Можеби еден од најзначајните фактори од сите споменати е менаџерскиот капацитет од кој зависи и визија за развој. Доколку сопственикот на бизнисот има капацитет да ги следи пазарните трендови, умее брзо да реагира и да се прилагоди на промените кои пазарот и конкуренцијата, соодветно на случувањата ги предвидува ризиците и можностите, многу е голема веројатноста за успешен проект со соодветна финансиска поддршка од банка“, вели Јолеска Поповска и додава дека нивна цел како специјализирана банка за бизнис е одговорно кредитирање кое ќе овозможи бизнисот да не се презадолжи, туку напротив поголема конкурентност,
НБМ: ДОГОДИНА 7%-8% ПОВЕЌЕ КРЕДИТИ ОТКОЛКУ ГОДИНАВА
www.kapital.mk
Капитал број 841 11.12.2015
специјален прилог
Д
И
Јованка Јолеска Поповска претседател на Управен одбор на ПроКредит банка
дната година остануваме фокусирани на силна поддршка за малите и средни бизниси, за кои се подготвуваат новости за уште поголема достапност, едноставност и модернизација на услугите. Со сите новости кои произлегуваат од фактот што ПроКредит е дел од силна регионална групација и што има своја банка во Германија во идната година очекуваме уште поизразена кредитна поддршка на долгорочни инвестиции на производни претпријатија, агро бизниси, инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, како и бизниси кои ќе се шират регионално.
намалување на оперативни трошоци, иновативност и проширување на нови пазари. Од Стопанска банка велат дека кредитирањето е во сржта на банкарството и ќе биде секогаш спроведувано согласно најдобрите банкарски стандарди „Секој проект или кој било друго кредитно барање со цел да биде разгледано од банкарски аспект како остварливо, треба да исполнува некои одредени критериуми, односно компанијата мора прво да
Глигор Бишев
претседател на Управен одбор на Шпаркасе банка
учествува со сопствени средства и со нив делумно да ги покрие потребите за финансирање, потоа мора да има барем доволна профитабилност и правилно управување со готовина со кои ќе може да ги покрие целокупните трошоци, отплатата на долговите кон Банката и да обезбеди соодветен приход за компанијата. Секогаш и секаде постојат основни услови кои треба да бидат исполнети со цел еден бизнис/проект да биде поддржан од која било банка“, објаснуваат од Стопанска
Најважно е: ГОЛЕМИНАТА
КВАЛИТЕТОТ
Новиот imagePRESS C600i Ви носи професионално и квалитетно печатење на огромен спектар на медиуми отворање на неверојатни нови креативни можности во врска со интегрирање непречено со вашето актуелно принт поставување. Откријте повеќе на: www.canon.com.mk/imagePRESSC600i
39
околку успееме да ја подобриме политичката стабилност во Македонија, и со меѓународно координирана акција се управува со проблемот со бегалците, очекувам Македонија да ги искористи предностите на доброкапитализираниот банкарски сектор кој средствата ги базира на високото домашно штедење и прилив на дознаки од странство. Во такви услови би требало да се отвори циклус на долгорочно умерено забрзување на економскиот раст. банка. Јанчевски од НЛБ Тутунска банка вели дека малиот пазар во Македонија се повеќе се отвора за странски фирми, поради што фирмите за поголем успех ќе треба да конкурираат и со странските компании дома и надвор, во регионот или на пазарот на ЕУ. „Бизнисот ќе бара многу поголемо внимание, професионално знаење и квалитет на производот кој треба да е на нивото на пазарите на кои се конкурира.
www.kapital.mk
Капитал број 841 11.12.2015
40
БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ
Н
аредната година ќе биде една од потешките со оглед дека секоја изборна година е проблематична за стопанството, а со тоа и за финансискиот сектор и за граѓаните. Компаниите се попретпазливи, финансискиот сектор полека ќе почне да заздравува и да се зголемува инвестицискиот циклус, но сето тоа оди ВЛАДИМИР пребавно и започна предоцна. Во вакви ЕФТИМОСКИ услови, голем број на инвестициски проекти, не само на странски, туку и претседател на Управен одбор на Стопанска банка Битола на успешни домашни компании беа одложени. Сметам дека тие сепак ќе се реализираат во наредните години, но знаеме дека одлуките за нивно реализирање овој пат ќе се носат многу потешко и побавно.
Нема повеќе брз успех. Колку што е конкуренцијата поголема толку потешко ќе биде да се работи, така што фирмите ќе мора да се прилагодат на новите услови. Во моментов во Европа владее песимизам во поглед на економскиот раст, но ние сме убедени дека за нашите мали и средни фирми може да има место на овие пазари, бидејќи истите не се оптоварени со големи фиксни трошоци, флексибилни се во работењето и можат многу полесно да се прилагодат на пазарните промени. За таквите компании Банката има на располагање кредитни средства и такви проекти ги поддржува“, вели Јанчевски.
Ќе ги послушаат ли пораките на гувернерот?! Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, јавно им прати порака на банкарите да прикочат со одобрувањето на потрошувачките кредити. Тој истакна дека Народната банка веќе размислува да воведе монетарни мерки со кои што ќе ги дестимулира банките да одобруваат потрошувачки кредити, а наспроти тоа повеќе да ги кредитираат фирмите. „Се уште размислуваме какви мерки ќе донесеме за да ги дестимулираме банките
С ДИМИТАР БОГОВ гувернер на Народна банка
да даваат потрошувачки кредити. Со тоа сакаме да пратиме порака кредитите повеќе да се насочат кон приватните фирми и за купување станови. Најверојатно ќе побараме банките да издвојуваат поголем капитал за секој одобрен потрошувачки кредит така што ваквото кредитирање ќе им стане недоволно атрактивно. Мерките ќе се донесат превентивно бидејќи токму кај потрошувачките кредити наплатата може најлесно да се влоши што ни покажа и искуството од 2009 година во услови на криза“, истакна Богов. Банкарите велат дека поголемата побарувачка на пазарот за потрошувачки кредити од граѓаните довела до побрз раст на кредитирањето во овој сегмент. „Трендот во кредитирањето е предизвикан од пазарот. Од една страна, вишокот на ликвидност кој произлезе од слабата економска активност на реалниот сектор во последните две години, создаде услови за поголем пад на каматните стапки и на депозитите и на кредитите, а од друга страна побарувачката на населението при вакви поволни кредитни услови се зголеми, што резултираше со повисока динамика на кредитирање кај населението. Интересно е што последниве две години особено
УНИБанка Известување УНИБанка АД Скопје со објавата на резултатите заклучно со 30.09.2015 година бележеше негативен резултат во износ од 742.000 евра иако за цело време УНИБанка остваруваше секој месец оперативна добивка, загубата произлегуваше од одредени негативни пласмани. Во изминатиот период Банката со максимални напори успеа да ги наплати тие негативни пласмани и заклучно со 30.11.2015 година бележи позитивен финансиски резултат (профит) од 1.300.000 евра.
е уште размислуваме какви мерки ќе донесеме за да ги дестимулираме банките да даваат потрошувачки кредити. Со тоа сакаме да пратиме порака кредитите повеќе да се насочат кон приватните фирми и за купување станови. Најверојатно ќе побараме банките да издвојуваат поголем капитал за секој одобрен потрошувачки кредит така што ваквото кредитирање ќе им стане недоволно атрактивно. Мерките ќе се донесат превентивно бидејќи токму кај потрошувачките кредити наплатата може најлесно да се влоши што ни покажа и искуството од 2009 година во услови на криза.
позитивен тренд има кај станбената потрошувачка“, вели Јанчевски. Јолеска Поповска од ПроКредит банка пак, вели дека мерката на НБРМ има за цел да спречи евентуално непродуктивно презадолжување на населението. „Политичкото и економското опкружување беше предизвик и за бизнисите и за банките. Инвестициите на бизнисите беа до одредена мера ограничени, а дел од банките поради тие причини се насочија поизразено кон кредитирање на населението, каде и покрај влошување на квалитетот на портфолиото, побарувачката е постојано присутна особено во делот на потрошувачки кредити и картички. Ваквиот сигнал од страна на НБРМ е за поздравување и ќе би требало да придонесе на посилен фокус на банките кон реалниот сектор и поддршка на сегментите кои придонесуваат за позначителен долгорочен економски раст“, објаснува Јолеска Поповска. Од Стопанска банка велат дека овие мерки во кратки црти имаат за цел да воведат некое ограничување на необезбедените кредити кај населението со цел банките повеќе да се ориентираат кон корпоративни кредити но и кон хипотекарни/обезбедени кредити за население. „Стопанска банка планира да обезбеди поддршка за секој проект или кредит кој ги задоволува банкарските критериуми и во нашата водечка политика е да ги поттикнеме и препознаеме одржливите бизнис иницијативи и да им обезбедиме соодветна поддршка. Не постои причина за промена на овој пристап во текот на следната година со оглед на тоа што Баката со својот компетентен корпоративен тим е добро подготвена да одговори на пазарните предизвици и да обезбеди најдобри услуги за своите компании“, истакнуваат од Стопанска банка. Според податоците на Народната банка, граѓаните заклучно со септември вкупно им должат на банките 1,08 милијарди евра врз основа на потрошувачки кредити и кредитни картички што е за 14,3% повеќе отколку лани.
www.kapital.mk
Капитал број 841 11.12.2015
банките и бизнисот
41
ПРЕКУ ИНОВАЦИИ ДО РАЗВОЈ Новите производи и услуги некогаш се резултат на вложен напор и ресурси, а некогаш може да произлезат само од внимателно следење на потребите на клиентите и барање најефикасни начини за задоволување на тие потреби.
В
еќе 60 години Комерцијална банка АД Скопје е синоним за стабилност и сигурност. Довербата на клиентите во целиот овој период е нешто со коешто се гордееме, но во исто време таа доверба создава обврска за нас да креираме континуирани промени што ќе ги следат нивните потреби. Живееме и работиме во динамично време кое бара од нас не само да се прилагодиме на промените туку и истите да ги иницираме. Токму затоа во изминатите неколку години се фокусиравме на иновациите и подобрувањето на квалитетот на нашите услуги. Новите производи и услуги некогаш се резултат на вложен напор и ресурси, а некогаш може да произлезат само од внимателно следење на потребите на клиентите и барање најефикасни начини за задоволување на тие потреби. Целосно сме свесни дека не постојат универзално успешни решенија и затоа се трудиме производите и услугите да ги моделираме согласно идивидуалните потреби на нашите клиенти. Како пример за наведеното е воведувањето на бесконтактната технологија при плаќање со картички која е тренд во светот во последните неколку години. Комерцијална банка како банка која ги следи сите светски трендови во новите технологии и иновативни начини на плаќање, започна со процесот на имплементација на ова решение во текот на 2013 година. Во моментов Комерцијална банка АД Скопје е првата и засега единствена банка во Република Македонија, која ги има успешно завршено сите потребни прилагодувања на техничкото решение и соодветните сертификации за комплетно издавање и прифаќање на бесконтактни картички од двете најголеми меѓународни организации за работење со картички MasterCard Worldwide и VISA International. Кога станува збор за иновациите треба да споменеме дека Global Banking Finance Комерцијална банка ја прогласи за најдобра интернет банка во Македонија. Главен критериум за
изборот беше степенот на воведени иновации во категоријата, потоа достигнувањата, имплeмeнтираните стратегии, како и адаптибилноста на банката на промените во финансискиот сектор. Интернет банката овозможува автоматизација на работните процеси на клиентот, прегледност и брз пристап до информации, со максимална заштита од неовластен пристап, без сложени инсталации и дополнителни апликации. Банката на своите клиенти им нуди најразлични политики на потпишување согласно преференциите на клиентот, како и повеќејазична поддршка. Во текот на промотивните активности (преку континуирани обуки и презентации) кои Банката ги спроведува низ државата, корисниците се информираат и активно учествуваат во надградбата и унапредувањето на Интернет банката. Таков е примерот и со адаптацијата на Интернет банката на Комерцијална банка за слепите лица, потоа мобилното банкарство за физички лица, а во тек е и адаптација за правните лица. Од аспект на потребите за кредитирање на правните и физичките лица, Комерцијална банка има склучено договори за деловна соработка со повеќе реномирани градежни компании кои градат станбено-деловни објекти на атрактивни локации во Скопје и во другите градови низ РМ. Преку овие договори се заокружува целиот процес на поддршка, од изградба на станбениот објект па сè до финална купопродажба на становите и деловните простори. Условите за одобрување на станбени кредити за физички лица за купување недвижен имот преку овие компании се исклучително поволни: минимално сопствено учество од 15% до 20% од купопродажната вредност на имотот, максимален рок на отплата до 30 години за купување стан, односно до 18 години за купување деловен простор. Каматните стапки (Банката нуди две опции) се исклучително поволни. На пример, со првата опција се нуди 2,9% годишна фиксна камата за првите три години и 6,85% годишна променлива за остатокот на периодот на отплата на
кредитот, а со втората опција 4,85% годишна фиксна камата за првите 5 години и 6,65% годишна променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот. Наедно, Банката нуди можност во промотивниот период до 31.03.2016 г., одобрувањето на станбен кредит да се врши без надомест за одобрување и без надомест за процена на обезбедувањето. Евидентен е трендот на намалување на каматните стапки и очекуваме овој тренд да продолжи и во наредниот период. Проценувајќи ги потребите и можностите на населението и компаниите, Комерцијална банка АД Скопје во неколку наврати изврши корекција на каматната политика. Во иднина, секако дека ќе се користи секоја можност за дополнително намалување, доколку за тоа се создадат услови. Во специфичните економски услови во кои работат домашните компании, секое намалување на трошокот за камата е значајно. Трендот на намалување на каматните стапки го користат и постојните клиенти, без разлика на повисоката договорна камата на почетокот на проектот, со што се трудиме бенефитите од намалувањата да бидат со широк опфат и за што поголем број клиенти. Како една од најголемите домашни банки Комерцијална банка активно учествува во сите кредитни линии реализирани преку МБПР, со кои се нудат дополнителни поволности за нашите клиенти. Во исто време Банката реализира активна соработка и со партнерски банки (домашни и меѓународни) за финансирање поголеми проекти во Р.Македонија преку различни форми на соработка. Во 2015 година склучивме Договор за финансирање со поделба на ризик со Municipal Infrastrukture Development Fund-MIDF зa поддршка на проекти за инфраструктурен развој на општините и јавните претпријатија или јавно/ приватни партнерства. Очекуваме ефективна реализација на оваа линија во текот на 2016 година и почеток на првите проекти. Kомерцијален текст, Комерцијална банка АД Скопје
www.kapital.mk
Капитал број 841 11.12.2015
42
банките и бизнисот Кој е кој меѓу банките
Кои банки најмногу кредитираат
Б пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Банкарите повеќе кредити им даваат на граѓаните отколку на фирмите, покажуваат последните податоци на Народната банка. Кредитирањето на граѓаните со потрошувачки и станбени кредити кај речиси сите банки расте со двоцифрена стапка, додека пак за фирмите, некои банки целосно запреле да даваат заеми. Заклучно со септември, кредитирањето на фирмите е поголемо за 6% споредено со истиот период лани, додека стапката на кредитен раст за граѓаните е двојно повисока, односно 12,8%. „Натамошните поволни движења на кредитниот пазар произлегуваат од постојаната солидна поддршка на банките кон секторот „домаќинства“, додека корпоративните кредити бележат умерено намалување на квартална основа. Ваквите промени кај корпоративното кредитирање делумно може да се должат на сезонски фактори, имајќи го предвид послабото кредитирање на овој сектор во јули и август“, анализира Народната банка во последниот квартален извештај. По одделни банки, лидер во поддршката на фирмите со кредити е Комерцијална банка со 698,9 милиони евра, но ако се спореди со лани, портфолиото на банката годинава е помало за 1,1%. Намалување на кредитирањето за фирмите има и кај Шпаркасе и ТТК банка. Вкупната кредитна поддршка на сите банки заедно за фирмите изнесува 2,4 милијарди евра. Најмногу кредити за граѓаните пак, досега има одобрено Стопанска банка која што е прва на листата со 591,5 милиони евра, што е 7,2% повеќе од лани. Речиси сите останати банки со исклучок на две од нив,
Вкупната кредитна поддршка на банките за фирмите и граѓаните заклучно со септември изнесува 4,27 милијарди евра и е за 8,8% поголема од лани, покажуваат податоците на Народната банка. Од нив, 2,42 милијарди евра се одобрени за компаниите, додека 1,85 милијарди евра за граѓаните. Сепак, податоците покажуваат дека кредитирањето на граѓаните, особено со потрошувачки и станбени кредити многу побрзо расте отколку кредитирањето на фирмите. По одделни банки, лидер во кредитирањето на фирмите е Комерцијална банка, додека пак за граѓаните најмногу кредити има одобрено Стопанска банка. го зголемиле кредитирањето на граѓаните со двоцифрени стапки. „Остварениот пораст во најголем дел и натаму се должи на зголемувањето на потрошувачките кредити, по што следуваат станбените кредити. Ваквите остварувања, согласно со резултатите од последната анкета за кредитната активност, во поголем дел произлегуваат од поволните движења на страната на побарувачката на кредити, при што повисока побарувачка се забележува првенствено кај потрошувачките кредити, по што следуваат станбените кредити“, анализира Народната банка.
За девет месеци профит колку во цела 2014 година После првите девет месеци од годината, сите банки во земјава остварија добивка од 60,3 милиони евра што е дури 54,2% поголема отколку истиот период лани. Најновите податоци од Народната банка покажуваат дека профитабилноста мерена преку стапката на поврат на капиталот на банкарскиот сектор во периодот јануари – септември годинава достигна 11,1% што е највисоко ниво од 2008 година наваму. Најголем дел од профитот во банкарскиот сектор во првите девет месеци од годината е направен во големите банки, во чии сефови остана добивка од 51,7 милиони евра. Средните банки заработија 9 милиони евра, а значително е намалена и загубата на малите банки, од 3,2 милиони евра на само 470 илјади евра. Најголем дел од приходите на банките доаѓаат од камати од кои што во периодот од јануари до септември годинава инкасирале 171,2 милиони евра, додека пак од провизии
и надоместоци се наплатени 50,8 милиони евра. По одделни банки, од оние што досега ги објавија финансиските извештаи, најголема добивка оствари Стопанска банка од околу 26,1 милиони евра, што е 18,8% повеќе отколку лани. Билансот на успех на НЛБ Тутунска банка покажува добивка од 15,3 милиони евра што е дури 52,8% поголема од лани. Добивка од околу 6 милиони евра оствари Охридска банка, која што исто така влегува во групата големи банки. Комерцијална банка од големата четворка во првите девет месеци годинава успеа да ја надмине загубата од лани и прикажа добивка од 5,1 милиони евра. Од малите и средните банки, речиси сите што доставуваат финансиски извештаи до Берзата со исклучок на ТТК банка, остварија загуби. Централна кооперативна банка во периодот јануари – септември направи загуба од околу 900 илјади евра, Стопанска банка Битола прикажа минус во билансот на успех од 855 илјади евра, додека пак загубата на Уни банка изнесува 740 илјади евра. Од Уни банка објаснуваат дека загубата се должела не ненаплатени кредити кои подоцна се наплатени и заклучно со ноември банката евидентира добивка од 1,3 милиони евра. ТТК банка после првите девет месеци од годината оствари добивка од околу 130 илјади евра. Од ПроКредит банка велат дека нивните очекувања во однос на резултатите до крајот на оваа година се амбициозни. „Oчекуваме стабилен и здрав раст на кредитното портфолио и депозитната
Факт: Комерцијална лидер по одобрени к
www.kapital.mk
Капитал број 841 11.12.2015
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
43
КРЕДИТИ ЗА ФИРМИ (септември 2015) (милиони евра) КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
СТОПАНСКА БАНКА НЛБ ТУТУНСКА БАНКА ОХРИДСКА БАНКА ПРОКРЕДИТ БАНКА ХАЛК БАНКА ШПАРКАСЕ БАНКА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА УНИ БАНКА ТТК БАНКА АЛФА БАНКА КАПИТАЛ БАНКА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА
база. Ќе го задржиме значајното пазарното учество во сегментот на мали и средни претпријатија. При тоа 698,92 -1,1% очекуваме да го задржиме високиот квалитет на кредитното портфолио“, 395,32 8,1% коментираат од ПроКредит банка. И следната година банките очекуваат 360,86 3,5% добро да заработат. 213,53 8,9% Од Охридска банка велат дека зад нив е најуспешната година од своето 191,05 16,5% постоење. 158,89 23,5% „Ова е резултат на порастот на 103,34 -1,1% комерција-лните активности во сите сегменти на работењето. Банката ГОДИШНА ПРОМЕНА 73,13 29,1% бележи зголемена динамика во 6,7% 72,56 кредитирањето како на индивидуални така и на корпоративни клиенти. Овие 46,21 14,8% резултати покажуваат јасна слика 33,15 -22,3% за потенцијалот за профитабилен раст на нашата банка како и 0,5% 29,98 капацитет да се спроведе планот 22,21 18,8% во рамки на поставените цели за 2016 година. Започнавме процес на 16,74 58,1% трансформација со цел да ја зголемиме ефикасноста и да ги оптимизираме трошоците и ќе продолжиме со овој процес следниот период“, велат од Охридска банка. Од Стопанска банка коментираат 591,52 7,21% „Банката ќе продолжи по истата 391,80 патека, следејќи го развојот на 15,5% економијата, како и со интенција да 214,96 20,7% ја задржи својата лидерска позиција ГОДИШНА ПРОМЕНА 148,55 23,5% во банкарскиот сектор како една 14,1% 137,58 од системските банки во државата. Најважно е што Стопанска банка има 85,56 12,2% најголема капитална база и одлична 68,62 27,7% ликвидност со која може да обезбеди 52,38 -8,6% поддршка за сите компании (мали, средни и големи од било кој сектор) 51,75 26,7% кои ги задоволуваат критериумите 35,91 -1,2% на Банката за кредитирање“, 27,29 30,3% потенцираат од Стопанска. Од НЛБ Тутунска банка велат дека со 10,1% 26,32 постојното пазарно учество, банката 14,38 16,2% ќе го задржи трендот на континуиран 5,47 32,1% пораст на профитабилноста што е една од основните среднорочни цели на кои базира нивната стратегија. „Ние сме исклучително задоволни со резултатите, бидејќи и покрај турбуленциите кои се случуваа пролетта како и бавното закре60,3 пнување на реалниот сектор успеавме да ги исполниме нашите планови, да го одржиме квалитетoт на портфолиото и да обезбедиме стабилни извори за банката. 39,1 Плановите за следната година се дадени на усвојување од страна на Надзорниот орган, но може да кажеме дека она што е предизвик 21,9 за следниот период е понуда на 19,3 што поголем број дигитализирани 15,4 4,2 услуги, кои значително треба да го 10,5 скусат времето и да овозможат лесен пристап до Банката“, коментираат 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 од НЛБ Тутунска банка.
КРЕДИТИ ЗА ГРАЃАНИ (септември 2015) (милиони евра) СТОПАНСКА БАНКА НЛБ ТУТУНСКА БАНКА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ХАЛК БАНКА ОХРИДСКА БАНКА УНИ БАНКА ШПАРКАСЕ БАНКА ПРОКРЕДИТ БАНКА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА АЛФА БАНКА СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА ТТК БАНКА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА КАПИТАЛ БАНКА
ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ НА БАНКИТЕ (јануари - септември) (милиони евра)
КРЕДИТИ ЗА ФИРМИ, СТОПАНСКА ЗА ГРАЃАНИ
INTERVIEW
ГЛИГОР БИШЕВ
претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банкa
РАСТЕМЕ ДВОЈНО ПОБРЗО ОД БАНКАРСКИОТ СЕКТОР, А ЛОШИТЕ КРЕДИТИ СЕ НАМАЛЕНИ
БИШЕВ: БАНКИТЕ НЕ НУДАТ ПРОИЗВОДИ, ТУКУ ГИ ЗАД
www.kapital.mk
Капитал број 841 11.12.2015
специјален прилог Шпаркасе Банка ќе го презема оној ризик кај компаниите и населението, што е вграден во цената, и доколку клиентите се соочат со потешкотии, банката има доволно резервации и капитал за да таквиот ризик го апсорбира без банкротство на компанијата или потрошувачот. Таквиот однос да бидеме таму каде што се клиентите и да ги задоволуваме нивните потреби, е осознаено од економските субјекти во Македонија. Тоа ни овозможи во сите сегменти од своето работење да растеме двојно побрзо од просекот на банкарството во Македонија. Истовремено, професионалното разбирање на потребите на клиентите и оценката на капацитетот за враќање на кредитите, овозможи, Шпаркасе Банка да е една од ретките банки, каде лошите кредити во 2015 година се намалија за 5,5 процентни поени.
г разговарала:
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
XX Гувернерот Димитар Богов неодамна најави мерки за ограничување на растот на потрошувачките кредити. Кој е вашиот став по ова прашање? Дали тоа ќе ги одврати банките од кредитирањето на граѓаните и поголем раст на кредитирањето на бизнисот? Централните банки влијаат врз финансиските пазари и банките преку нивото на ликвидноста и цената на средствата. По правило, тие многу ретко се одлучуваат да влијаат на одреден сегмент од финансискиот пазар. За да се одлучат на тоа, треба тој сегмент од пазарот да се соочува со сериозни проблеми. По она што се најави, би требало со одредени мерки на прудентните супервизорски стандарди да се намали понудата на потрошувачки кредити. Меѓутоа, бидејќи по правило овие мерки се однесуваат на банките и не очекувам дека таквите мерки ќе влијаат на намалување на побарувачката на потрошувачки кредити од страна на населението, ќе се јави негативен гап помеѓу понудата и побарувачката на потрошувачки кредити. Во пазарните економии, кога доаѓа до намалување на понудата во однос на побарувачката доаѓа до пораст на цената, во овој случај – каматните стапки на потрошувачките кредити. Прашањето, какви производи ќе нудат банките е од претходната деценија. Денес, банките не нудат производи, туку ги задоволуваат потребите на клиентите, нивните желби. Замислете дека вие сте инвеститор и сакатe да инвестирате во производство на јаболка. Доаѓате во банка, ја презентирате вашата идеја и банката ја прифаќа и ви одобрува кредит. Меѓутоа, вие сте и потрошувач. Доаѓате во банка и велите сакам да имам трансакциска сметка, кредитна картичка, пречекорување, сакам да купам автомобил, телевизор... Вие како банка не можете да кажете, ние ве сакаме само како инвеститор, но не и како потрошувач. Вие инвестирате, за да заработите и трошите повеќе. Цел на банката е да ги направи клиентите среќни, да ги остварат нивните желби, но на одговорен начин. Сон на секој клиент е да
45
земе заем за да инвестира во производство, трговија, да купи стан, автомобил, да ги школува децата, да купи нов мебел, бела техника....и од идните приходи да го врати заемот. Клиентот ја сонува својата желба и има намера да го врати заемот. Тука стапува на сцена банката и нејзината одговорност. Без оглед за каков заем станува збор, банката може да одобри онолкав заем колку што клиентот може да си го дозволи и да го врати. Јас така ги разбирам најавените мерки од страна на Гувернерот. Банките одговорно да одобруваат заеми само во случај кога клиентот тоа може да си го дозволи. XX Каква е ситуацијата во Шпаркасе? Со какви резултати ќе ја завршите годината? Колку кредити одобривте на фирмите и граѓаните? Ние, како Шпаркасе Банка Македонија, ќе продолжиме да ги задоволуваме сите потреби на клиентите на одговорен начин. Клиентите да сонуваат да инвестираат, да го шират својот бизнис, да купуваат станови, да патуваат, да ги школуваат најблиските, да ги опремуваат становите... Меѓутоа, ние нема да одобриме ниту еден кредит што не му носи корист и додадена вредност на клиентот. Кредитирањето ќе го вршиме на одговорен начин и со нашата професионалност ќе ги советуваме клиентите кои соништа и желби можат да си ги дозволат и позајмените средства да ги вратат, а кои желби се надвор од нивните реални можности и ќе водат кон личен банкрот или банкрот на бизнисот. Кажано со речникот на банкарите, Шпаркасе Банка ќе го презема оној ризик кај компаниите и населението, што е вграден во цената, и доколку клиентите се соочат со потешкотии, банката има доволно резервации и капитал за да таквиот ризик го апсорбира без банкротство на компанијата или потрошувачот. Таквиот однос да бидеме таму каде што се клиентите да ги задоволиме нивните потреби, е осознаено од економските субјекти во Македонија. Тоа ни овозможи во сите сегменти од своето работење да растеме двојно побрзо од просекот на банкарството во Македонија. Истовремено, професионалното разбирање на потребите на клиентите и оценката на капацитетот за враќање на кредитите, овозможи, Шпаркасе Банка да е една од ретките банки, каде лошите кредити во 2015 година се намалија за 5,5 процентни поени. XX Во каква ситуација се наоѓа банкарскиот сектор во Македонија? Полугодишните резултати на банките покажаа значително зголемување на профитабилноста на ниво на цел банкарски сектор. Како е тоа можно во услови кога економијата и фирмите имаат драматично влошување на профитабилноста? По правило, помеѓ у з дравос та и профитабилноста на банкарскиот и
доволуваат потребите и желбите на клиентите
www.kapital.mk
Капитал број 841 11.12.2015
46
ИНТЕРВЈУ
Проблемот кај земјоделските кредити е во тоа што и покрај желбата земјоделците да го вратат кредитот, нивната несолвентност и банкротства е многу висока. Тоа е преголем ризик за секоја банка, и тоа не го сака ниту банката, ниту земјоделецот.
реалниот сектор постои висока корелација. Подобрувањетонасостојбитевобанкарскиот сектор можат да бидат индикатор за подобрување на профитабилноста на реалниот сектор во наредниот период. Инвестициите не генерираат пораст на доходот и профитабилноста во годината кога се инвестира. Прво доаѓа до пораст на трошоците кај фирмите, а во наредните години, кога ќе дојде до реализација на инвестицијата, доаѓа до раст на доходот и профитабилноста на компаниите. Од тој аспект, растот на кредитната активност и профитабилноста кај банките се смета за индикатор на идниот економски раст и раст на вработеноста и имотот. Во последниов период започна тренд и на намалување на пасивните каматни стапки и во Македонија? Како тоа се одразува врз Шпаркасе Банка и банкарскиот систем, па и на однесувањето на оние кои имаат вишок слободни пари? Ниските каматни стапки стимулираат желбите без оглед какви се, да се задоволат денес, а не утре. Денес купете, денес инвестирајте, а утре штедете од постојниот и новосоздадениот доход. Меѓутоа, за да донесете таква одлука, покрај цената на штедењето/кредитот, одлучувачко влијание има и извесноста/неизвесноста за вашата иднина. Дали вие сте сигурен дека и во наредниот период ќе бидете вработен, ќе заработувате, ќе биде стабилно...Во услови кога се има желба помалку да се троши, инвестира, а повеќе да се штеди и
има вишок пари, каматните стапки паѓаат се до оној момент, додека не почне повеќе да се троши/инвестира. Притоа, досега зборувавме само за приватното домашно штедење и трошење/ инвестирање. Но, што со јавното штедење/ трошење? Доколку се додаде и тоа, Македонија повеќе троши/инвестира, одошто штеди. Каматните стапки, не зависат само од приватното трошење/штедење, туку од целокупното. Од тој аспект, прогнозите за идното движење на каматните стапки ќе зависат од проекциите за трошењето/ штедењето на приватниот сектор, државата; состојбата на монетарната политика и прудентните супервизорски стандарди и од приливот и одливот на кaпитал во странство. Какви се вашите очекувања за пазарот на недвижности во Македонија? Изминатиот период каматите за станбените кредити се спуштија на рекордно ниско ниво и имаше раст на станбеното кредитирање. Колкави се ризиците од изложувањата на банките кон овој сектор? Нивото на каматните стапки, па и на станбените зависи од нивото на домашното штедење и трошење, односно од претходно споменатите фактори. Притоа, грешно е гледиштето, генерално да кажете дека станбените кредити се посигурни од потрошувачките. Кој кредит е поризичен може да кажете по анализата на податоците, особено по анализата на
готовинските текови. Обезбедувањето (хипотеката) е само ублажувачки фактор на ризикот, кога од приходот не можете да го вратите кредитот, па банката го продава обезбедувањето – станот за да го наплати кредитот. Но, цел на банката и на клиентот не е да го вратат кредитот од продажба на станот, туку од редовните приходи на клиентот. Еве едно прашање за читателите. Кој кредит е поризичен? Имате месечни приходи од 30.000 денари. Дали е поризично да купите нов намештај и да земете потрошувачки кредит од 100.000 денари, кој го враќате пет години и плаќате по околу 2.000 денари месечно (главница и камата), или да купите стан и земете кредит од 1.200.000 денари на 20 години и отплаќате 6.000 денари (главница и камата). Која желба ќе одлучите да ја поддржите како банкар? Треба добро да го познавате клиентот и неговите потреби, неговите склоности, да направите добра анализа и донесете одговорна одлука. Покрај тоа, треба да имате добра прогноза за пазарот на недвижности. Има поголема понуда? Поголема побарувачка? Или пазарот е урамнотежен? Дали каматните стапки на долг рок ќе растат или ќе паѓаат? Дали денарот 20 години ќе остане стабилен? Притоа, иако цело време зборуваме за банките, но анализите не ги прават банките, ги прават луѓето, вработените... Што стои зад бројките, зад анализата..? Клиентите му веруваат на вработениот, на брендот што ја направил калкулацијата на оној што стои зад советот, зад понудата. Неодамна се воведоа на гаранции на заеми за земјоделието во кои влегоа УСАИД и една комерцијална банка. Дали Шпаркасе би учествувала во една ваква гарантна шема? Дали сметате дека овој механизам на гаранции, во кои би влегла и државата, би можел во овој момент да помогне да се зголеми кредитирањето на фирмите? Како што реков банките задоволуваат секоја потреба во рамките на отплатниот капацитет на клиентот. Проблемот кај земјоделските кредити е во тоа што и покрај желбата земјоделците да го вратат кредитот, нивната несолвентност и банкротства е многу висока. Тоа е преголем ризик за секоја банка, и тоа не го сака ниту банката, ниту земјоделецот. Шемите на осигурување, или поделбата на ризикот, придонесуваат за ублажување на проблемот, но тие не го решаваат. Тие не го подобруваат отплатниот капацитет на земјоделецот, туку велат во случај на загуба, дел од таа загуба ние ќе ја покриеме, а дел ќе падне на товар на банката. Како што претходно кажав, Шпаркасе Банка нема да одобрува кредити што не му носат корист и просперитет на клиентот. Шпаркасе Банка ќе продолжи да биде одговорна банка, но и банка што е интегрирана со заедницата и има
БИШЕВ: БАНКИТЕ ОДГОВОРНО ДА ОДОБРУВААТ ЗАЕ
www.kapital.mk
Капитал број 841 11.12.2015
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
47
По правило, помеѓу здравоста и профитабилноста на банкарскиот и реалниот сектор постои висока корелација. Подобрувањето на состојбите во банкарскиот сектор можат да бидат индикатор за подобрување на профитабилноста на реалниот сектор во наредниот период.
разбирање за истата. Во случаите кога банкарските критериуми ќе треба да се надополнат со гаранции и поделба на ризикот, ние тоа на транспарентен начин ќе го направиме без да се доведе во прашање капиталната сила на банката и интересите на клиентите. Македонија најголем дел од годинава имаше дефлација, а годинава се очекува да ја заврши со нулта стапка на инфлација. Како тоа се одразува тоа, според вас, за економијата? Дали е ова сигнал дека економската активност е забавена... За да дојдеме до релевантен заклучок, битно е да знаеме дали дефлацијата е произведена во земјата или е увезена. Како мала и отворена економија, за Македонија во најголем дел цените се дадени од светските пазари. Падот и стагнацијата на цените е резултат на падот на цените на енергијата, особено на нафтата, металите, железото, хемиските производи...Во такви услови, со полабава монетарна политика, нема ништо да се подобри. Напротив, полабавата монетарна политика може да ги замагли работите – да се смета дека со пониски каматни стапки и повеќе кредити ќе се реши дефлацијата. Одговор на увезената дефлација од странство е зголемување на конкурентноста на економијата преку репрофилирање на компаниите и нивното интегрирање во глобалните синџири на создавање на вредности. Какви се вашите очекувања за тоа како ќе работат македонските банки и компании следната година?
Кои се најголемите предизвици и каде ги гледате најголемите потенцијали? Најголемите предизвици се од регионален и домашен карактер. На прв план тука ќе ги истакнам кризата со бегалците и домашната политичка криза. На втор план е предизвикот од забавување на растот во економиите во развој (Кина, Индија, Бразил, Турција и рецесија во Русија). Сепак, на економски план, македонската економија најмногу зависи од движењата во ЕУ (65 % од извозот и 70% од увозот), каде доаѓа до обнова на растот на трајна основа и дополнителна монетарна стимулација која се очекува да трае во периодот 20162017. Исто така, очекувам, подобрување на економските движења во земјите од непосредното соседство. Од тој аспект, доколку успееме да ја подобриме политичката стабилност во Македонија, и ако со меѓународно координирана акција се управува со проблемот со бегалците, очекувам Македонија да ги искористи предностите на добро капитализираниот банкарски сектор кој средствата ги базира на високото домашно штедење и прилив на дознаки од странство. Во такви услови би требало да се отвори циклус на долгорочно умерено забрзување на економскиот раст. -Кои производи и услуги можат граѓаните да ги очекуваат од Шпаркасе Банка следната година? Во кои сегменти Банката ќе го фокусира своето работење? Банката го врши своето трансформирање од нудење на производи кон спознавање на потребите и желбите на клиентите и
нивно задоволување. Од тој аспект сме едни од ретките банки во Македонија кои употребуваат најсовремени методи за утврдување на отплатниот капацитет на претпријатијата и населението. Кај населението први го воведовме нето расположливиот доход на семејството, преку кој утврдуваме кои соништа и желби и во кој обем семејството може да си ги дозволи. Втора новина е тоа што во ланецот на услуги вклучуваме се повеќе партнери, компании кои му носат бенефит на клиентот: платформата GO4 – лизинг пакетот, која вклучува осигурување (животно осигурување и осигурување од автоодговорност) и банкарски услуги, како и платформата за брзи плаќања за компаниите во странство преку Ерсте Групацијата по најниски цени. Видот и опсегот на овие платформи уште повеќе ќе се зголемува во иднина. Трета новина е да бидеме брзи, да носиме брзи, но одговорни одлуки. Кога велам брзи, брзината да се мери во секунди. Банката да ги има податоците, да ве следи, и да добиете одговор за неколку секунди. Четврто, да се биде секаде и во секое време со клиентот. Тоа значи целосна дигитализација на каналите на комуникација, но и достапност преку традиционалните канали на комуникација – филијалите и експозитурите. Со еден збор, да овозможиме клиентите да носат најдобри финансиски одлуки, при носењето на нивните одлуки кои желби и со која динамика сакаат да ги остварат. Таквите одлуки пред се да носат корист и дополнителна вредност за клиентите.
ЕМИ САМО КОГА КЛИЕНТОТ МОЖЕ ДА СИ ДОЗВОЛИ
www.kapital.mk
Капитал број 841 11.12.2015
48
банките и бизнисот
Клиентите во центарот на нашата стратегија
О
хридска банка е универзална банкарска институција, дел од една од најголемите финансиски институции во светот – Групација Сосиете Женерал. Со над 148.000 вработени, во повеќе од 76 земји, Сосиете Женерал е на страната на 30 милиони клиенти низ светот повеќе од 150 години. Охридска банка дејствува во согласност со високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги притоа четирите вредности на Групацијата: тимски дух, иновативност, одговорност и посветеност. Основната стратегија на Охридска банка е постојано унапредување на квалитетот на извршување на банкарските услуги и целосна посветеност кон задоволување на потребите на клиентите. Во сложената и динамична банкарска средина, центар на нашиот фокус останува клиентот. Она што вистински нè разликува од другите е нашата култура, начинот на кој работиме заедно и на кој ги прифаќаме нашите вредности. Развиваме квалитетни односи за подобро да ги разбереме, да ги услужиме и да ги предвидиме потребите на нашите клиенти, придружувајќи ги долгорочно. На овој начин се стремиме да бидеме референтна банка фокусирана врз односите со клиентите, препознатлива на пазарот, избрана по квалитетот на своите услуги и посветеноста на нејзините тимови. Банкарската индустрија во моментов е во период на длабоки економски, регулаторни и технолошки промени. Во вакви услови, способноста за постојано прилагодување станува клучна предност. Нашата стратегија за трансформација има за цел прилагодување на нашите активности како одговор на овие предизвици и обезбедување напредни решенија за нашите клиенти. Како дел од трансформацијата, Групацијата Сосиете Женерал ја зајакнува својата корпоративна култура преку реафирмирање на важноста на четирите вредности кои го илустрираат суштинскиот идентитет. Охридска банка како дел од Групацијата ги интегрира четирите вредности и тие се во јадрото на нејзиното функционирање.
XX ТИМСКИ ДУХ – Во свет што постојано се менува, нашите клиенти сакаат одговорна и доверлива банка. Како тим, ние можеме да ги задоволиме нивните потреби со нашиот пристап ориентиран кон услуги, зајакнат од нашата стручност и знаење. Работиме со клиентите на ист начин на кој работиме внатре во банката – преку слушање, заедништво, ценејќи ги придонесите на другите, и преку обединетост, и во нашите успеси и во нашите тешкотии. XX ИНОВАТИВНОСТ – Се стремиме постојано да го подобруваме искуството на нашите клиенти преку приспособување на решенијата кон предусловите на утрешнината, особено земајќи ги предвид технолошките иновации. Во согласност со нашиот претприемачки дух, го менуваме начинот на нашата работа преку споделување иницијативи и промовирање неконвенционално размислување. XX ОДГОВОРНОСТ – Како банкари, придонесуваме кон економскиот, социјалниот и одржливиот развој во општеството во кое работиме. Сакаме да им помогнеме на нашите клиенти да го остварат потенцијалот на своите проекти. Нашата
одговорност и моралниот код подразбираат брзо задоволување на потребите на нашите клиенти, но во исто време и строго почитување на долгорочните интереси на сите засегнати и на правилата на нашата професија. Нашата одговорност може да се огледа и во нашата храброст да застанеме зад нашите дејствија и одлуки и во транспарентното изразување на нашите мислења. XX ПОСВЕТЕНОСТ – Нашата посветеност потекнува од постојаното задоволство на нашите клиенти и од гордоста на нашата професија и на нашата Групација. Заедно, секојдневно се стремиме да обезбедиме успех и за нашите клиенти и за нас. Се грижиме односите да се засноваат врз доверба и врз меѓусебна почит, и внатре и надвор од Банката. XX КЛИЕНТИТЕ секогаш биле центар на нашиот фокус, а нивната доверба е предуслов за нашиот иден раст и развој. Нашите клиенти се наше огледало – тие ја рефлектираат нашата посветеност и нашата истрајност во испорачувањето висококвалитетни услуги. Преку создавање на задоволни клиенти ние ги отвораме хоризонтите кон идниот успех.
www.kapital.mk
Капитал број 841 11.12.2015
50
БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ
Кредитни картички со магнетна лента
Картички за плаќање со магнетна лента (1970-ти)
Мобилни апликации/ паричник
ЕВОЛУЦИЈА НА ПЛАТЕЖНИТЕ КАРТИЧКИ
Бесконтактна /NFC/POS/ECR Апликација
Кредитни картички со микрочип
Кон 2020 г. Бесконтактни картички
КАРТИЧКИТЕ ЕВОЛУИРААТ КОН УПОТРЕБАТА НА БЕСКОНТАКТНАТА ТЕХНОЛОГИЈА
Б
есконтактните плаќања со картички се новиот тренд во современите плаќања кои овозможуваат побрзо, поедноставно и посигурно користење на платежните картички насекаде во светот. Современиот тренд во користењето на платежните картички веќе е присутен во нашата земја преку понудата на MasterCard кредитните и дебитните картички што Стопанска банка започна да ги издава од овој месец. Современите картички овозможуваат бесконтактни плаќања кои се побрзи, поедноставни и посигурни во однос на плаќањето или чувањето на готовина. Во земјите од европската унија каде бесконтактните плаќања се стандард во плаќањето, веќе се размислува за
целосно укинување на плаќањето во готовина. Купувањето со бесконтактните картички е многу едноставно – со приближување на картичката до читачот на ПОС терминалот и без внесување на ПИН код за трансакции за износ до 750 денари. Звучниот сигнал на уредот го означува извршувањето на бескотнактната транакција во рок од 1 секунда. На овој начин се овозможува брзо извршување на плаќањата со картички и нивна прифатливост во ситуации на микро плаќања. Бескотактната технологија Стопанска банка ја имплементира целосно и за сите типови на картички, што значи дека и нашите постојни клиенти при наредното обновување на картичката ќе добијат современа картичка со можност за извршување на
бесконтактни плаќања. Платежната инфраструктура што банките ја поставуваат со бесконтактните картички е базирана на NFC технологијата што подразбира дека во иднина и современите услуги (Apple Pay, Android Pay или Samsung Pay) да бидат овозможени за клиентите во нашата држава. Каде може клиентите да плаќаат со бесконтактните картички? Безмалку сите супермаркети и сите пореномирани продавници во нашата земја се опремени со ПОС терминали кои овозможуваат бесконтактни плаќања, а Стопанска банка е активно посветена сите активни продажни места што соработуваат со Банката во текот на следните 12 месеци да добиваат современ ПОС терминал со можност за прифаќање на бесконтактни плаќања.
www.kapital.mk
Капитал број 841 11.12.2015
52
банките и бизнисот
Колку беа иновативни македонските банки во 2015?
Година на новитети Комбинирање на осигурување со банкарски продукти, 24/7 достапност на банкарски услуги, брзи плаќања за компаниите во странство, зголемена безбедност во електронската трговија... се само дел од новините што домашните банки ги понудија на пазарот изминатава година
г пишува:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Годинава што изминува беше прилично динамична во поглед на новитетите што домашните банки ги понудија за своите клиенти – добивме 24/7 експозитури, осигурување инкорпорирано во платежни картички, станбено кредитирање со животно осигурување и други нови услуги и банкарски продукти. Онлајн плаќањето, картичките, банкоматите... веќе одамна не се “big deal“ во банкарското работење – клиентите бараат нешто повеќе. И како
што велат во Стопанска банка, иновациите не секогаш мора да дојдат во пакување кое ќе биде изложено за дополнителен “wow“ ефект. Иновациите понекогаш се суптилни, дискретни, меѓутоа, во исто време обезбедуваат за клиентите побрза, подобра, поедноставна услуга. Стопанска банка имплементираше нов концепт на филијали во својата мрежа кој се поклопува со воведувањето на новитетите во последните година -две: telesales преку контакт центарот, трансакции обезбедени со 3D Secure стандарди во електронската трговија, нови можности на e-banking и m-banking платформата, бесконтактно плаќање со платежни картички, побрза исплата на кредити и сл., вели генералниот директор на Банката, Диомидис Николетопулос. “На крајот на денот, нашата стратегија за иновациите води кон тоа да им обезбедиме на клиентите пристап преку сите канали и да станеме нивен прв избор за банкарските услуги и производи. Се разбира, сето ова е надополнето со инвестицијата во врвна услуга преку нашите вработени кои се во директен контакт со клиентите кои не само што ги остваруваат нивните барања туку и нудат корисни финансиски совети и
насоки.“, истакнува Николетопулос. Во Комерцијална банка, пак, велат дека динамичното време во кое живееме, бара од нив не само да се прилагодуваат кон промените, туку и да ги иницираат. “Токму затоа во изминатите неколку години се фокусиравме на иновациите и подобрувањето на квалитетот на нашите услуги. Како пример ќе го истакнеме воведувањето на бесконтактната технологија при плаќање со картички која е тренд во светот во последните неколку години. Ние сме првата и засега единствена банка во Македонија, која ги има успешно завршено сите потребни прилагодувања на техничкото решение и соодветните сертификации за комплетно издавање и прифаќање на бесконтактни картички од двете најголеми меѓународни организации за работење со картички MasterCard Worldwide и VISA International.“, истакнува Маја Стевкова - Штериева, главен финансов директор на Банката и член на Управниот одбор. Кога станува збор за иновациите, од Комерцијална банка го истакнуваат фактот дека Global Bank¬ing Finance ја прогласи за најдобра интернет банка во Македонија. “Главен критериум за изборот беше степенот
Иновации: Новитетите понекогаш се суптилни и диск
www.kapital.mk
Капитал број 841 11.12.2015
специјален прилог на воведени иновации во категоријата, потоа достигнувањата, имплeмeнтираните стратегии, како и адаптибилноста на банката на промените во финансискиот сектор.“, велат во Комерцијална банка.
Стопанска банка Скопје
Македонија ги доби првите 24/7 банкарски експозитури За ПроКредит банка 2015 беше година во која воведоа клучни новости за своите клиенти, а воедно и новости во банкарскиот систем во Македонија. ПроКредит е првата и засега единствена банка во земјава која работи 24/7. Станува збор за модерно западноевропско банкарство кое се базира на современа технологија и модел на самоуслужување преку автомати, објаснуваат во ПроКредит. Сето тоа е овозможено преку т.н. Зони 24/7 кои се веќе составен дел од сите експозитури на банката. Во Зоните 24/7 на располагање се неколку вида на автомати на кои може да се уплати дневниот пазар, да се извршат електронски трансакции, да се добијат потребните изводи од сметка. За прв пат во Македонија овозможено е и да се вложат и повлекуваат девизи во секое време и од трансакциска и од штедна сметка на физичко лице. Придобивките се многубројни, велат во ПроКредит. Клиентите добиваат 24/7 достапна услуга - во период кога им е потребна банка, а ја немаат помеѓу традиционалните банки со работно време до 17.00 часот. Исто така значајно заштедуваат време со оглед дека автоматизираната услуга се извршува многу побрзо. Дополнително провизиите на автомат се 0 во секое време. “Паралелно со тоа, пос тојано го унапредуваме електронското банкарство во насока на додавање на нови функции кои клиентите наместо од банка може да ги прават од својата канцеларија или од дома. Клиентите можат електронски да потпишуваат договори за гаранции и купопродажба на девизи. Исто така управувањето со сопствените сметки е комплетно електронски - од девизна на денарска сметка, од трансакциска на штедна сметка и обратно. Многу скоро ќе следи интеграцијата на банкарскиот софтвер со сметководствените и ERP системи на корпоративните клиенти токму преку електронското банкарство.“, вели Јованка Јолеска – Поповска, генерален директор на ПроКредит банка Македонија. Таа додава и дека благодарение на нивната банка во Германија, од оваа година сите бизниси кои добиваaт приливи од странство имаат можност да го добијат својот прилив без провизија. Со тоа што нивниот партнер во странство ќе ја одбере ПроКредит Германија како коресподентска банка, македонскиот бизнис ќе добие прилив без никакви трошоци од било која земја од светот. “ПроКредит нуди и повеќе од само финансирање. Бизнис средбите за вмрежување кои ги започнавме како практика минатата година потврдија
53
Тelesales преку контакт центарот, трансакции обезбедени со 3D Secure стандарди во е - трговијата, нови можности на e - banking и m - banking платформата, бесконтактно плаќање со платежни картички... се дел од новитетите на Стопанска банка - Скопје
Прокредит24/7 Новите Зони 24/7 на ПроКредит банка за првпат во Македонија нудат услуги и вон работното време на експозитурите. Банката е и меѓу првите организации во земјава што воведоа електрични автомобили како службени возила.
Охридска банка Охридска банка, Групација Сосиете Женерал, прва во Македонија ги спои осигурителните со банкарските продукти.
дека се корисна алатка за афирмација на бизнисите кои работат со нас. Годинава не само што ги продолживме, туку направивме значајно унапредување во поврзувањето
на клиентите. Годинава над 150 македонски бизниси имаа можност да земат учество на вакви платформи за вмрежување.“, истакнува Јолеска - Поповска.
кретни, а обезбедуваат побрза и поедноставна услуга
www.kapital.mk
Капитал број 841 11.12.2015
54
банките и бизнисот Комерцијална банка
НЛБ Тутунска Најголеми иновации за македонскиот пазар изминатиов период НЛБ Тутунска банка воведе во платните сервиси - плаќањето преку мобилен телефон, бесконтактното плаќање со картичка, инстант кредити кај големите малопродажни синџири за бела техника, Контакт центар како продажен канал...
Според неа, сите воведени новитети се во насока на брзината, пониските трошоци и достапност 24/7, пред сè на трансакциското и документарното работење.
“Нето расположлив доход“- нов индикатор за кредитирање население Македонските банки, како што стануваа дел од големите европски банкарски групации по преземањата што се случуваа изминатава деценија и половина, почнуваа да ги применуваат технолошките решенија и погодности за клиентите карактеристични за нивните сопственици. За македонските клиенти, особено компаниите, извонредна е можноста за користењето на инфраструктурата на овие банкарски групации низ цела Европа и пошироко. Една од таквите привилегии
Комерцијална банка е првата и засега единствена банка во Македонија што ги има завршено сите технички прилагодувања и соодветните сертификации за издавање и прифаќање на бесконтактни картички од двете најголеми меѓународни организации за работење со картички MasterCard Worldwide и VISA International.
што може да се понудат на домашниот пазар е платформата за брзи плаќања за компаниите во странство по најниски цени преку Ерсте групацијата, сопственик на Шпаркасе банка Македонија. Видот и опсегот на овие платформи уште повеќе ќе се зголемува во иднина, вели генералниот директор на Шпаркасе банка, Глигор Бишев. “Банката го врши своето трансформирање од нудење на производи кон спознавање на потребите и желбите на клиентите и нивно задоволување. Од тој аспект сме едни од ретките банки во Македонија што употребуваме најсовремени методи за утврдување на отплатниот капацитет на претпријатијата и населението. Кај населението први го воведовме нето расположливиот доход на семејството, преку кој утврдуваме кои соништа и желби
и во кој обем семејството може да си ги дозволи.“, истакнува Бишев. Уште една битна новина во работењето на Шпаркасе е што во синџирот на услуги вклучуваат сè повеќе партнери, компании кои му носат бенефит на клиентот: платформата GO4 – лизинг, осигурување (животно осигурување, осигурување од одговорност) банкарски услуги, платформа осигурување и банкарски услуги.
Безбедноста останува клучен фактор во иновациите Од НЛБ Тутунска банка ни рекоа дека изминатиов период вовеле повеќе новини за клиентите кај постојните кредитни продукти, но посебно би ги издвоиле нестандардните продукти, како што е Доброволното пензиско осигурување во соработка со НЛБ Нов Пензиски фонд,
Според “International Banker”
Стопанска банка - Битола најиновативна со физички лица во Македонија
С
топанска Банка а.д Битола е избрана за најдобра комерцијална банка за 2015 година и банка со најдобро банкарско иновативно работење со физички лица за 2015 година во Македонија, од страна на престижниот меѓународен магазин International Banker. Стопанска Банка а.д Битола е оценета како еден од лидерите во банкарскиот сектор во земјава, со значителен пораст на бројот на клиенти и зголемена рамка на кредитни и платежни активности. Забележан е порастот на мрежата на експозитури на Банката, за цели 26.67%, и континуирано зголемување на бројот на вработени. Помеѓу критериумите за доделување на овие награди на СТББТ, се вбројува успехот на банката во делот на работа со физичките лица. Вкупната вредност на кредити за население, се зголемила за 50% во текот на 2014 година. Голем удел во овој импресивен пораст, има континуираната понуда на банката на нови производи и услуги, кои се прилагодени на потребите на клиентите. “Постојано вложување во нови технологии и опрема, кои ќе придонесат да бидеме поблиску до нашите клиенти, но и до потенцијалните клеинти. Денес, кога
времето е најскапо и информациите се најважни, се преориентиравме кон модернизација на нашите производи и услуги и нивната on-line достапност преку Интернет и преку другите електронски канали. Воведовме нови канали на известување, како што е смс информирањето, а во наредната година ќе навлеземе и во мобилното банкарство. “, изјави директорот на Стопанска банка-Битола, Владимир Ефтимоски.
Заштита: банките при иновациите се фокусираат на безбедноста
www.kapital.mk
Капитал број 841 11.12.2015
56
банките и бизнисот
картичките за бесконтактно плаќање, Инстант кредитите и продажбата на полиси за неживотно и животно осигурување. “Најголеми иновации за нашиот пазар во изминатите две години Банката воведе во платните сервиси, и тоа плаќањето преку мобилен телефон, бесконтактното плаќање со картичка, овозможување на услугата инстант кредити кај големите малопродажни синџири за бела техника како и услугата Контакт центар како продажен канал преку кој клиентите на брз и лесен начин може да добијат централизирана услуга преку телефон“, вели Ѓорѓи Јанчевски, генерален директор на НЛБ Тутунска. Исто така, тој додава, дека ПОС мрежата на Банката е обновена со нови ГПС уреди со современа технологија, а наскоро во функција ќе бидат ставени и банкомати со дополнителна депозитна функција. Во Охридска банка, Групација Сосиете Женерал, велат дека нивните иновативни проекти, без оглед дали се поврзани со плаќање или други банкарски услуги и производи, имаат единствена цел – да ја олеснат интеракцијата помеѓу клиентите и Банката преку подобрување на постоечките решенија или имплементирање на нови. “Најважно од сè, доверливоста на податоците и системот за безбедност остануваат клучни приоритети, за кои Групацијата Сосиете Женерал никогаш не прави компромис и тие се секогаш составен дел од процесот на иновации. Помалку
Шпаркасе банка Шпаркасе банка кај кредитирањето на населението први го воведоа “нето расположливиот доход на семејството“, преку кој утврдуваат кои желби и во кој обем едно семејство може да си ги дозволи.
видливи за клиентите, но многу значајни, се бројните иновативни иницијативи кои постојано се поттикнуваат интерно и водат кон поголема ефикасност и продуктивност, секогаш со крајна цел да се олесни патот на потрошувачот.“, велат во Охридска банка. Годинава, Охридска банка стави повеќе нови решенија на располагање на клиентите, како што се новите СМС услуги, нови уникатни функционалности на нивните банкомати, осигурување инкорпорирано во платежните картички..
“На нашата платформа за електронско банкарство наскоро ќе биде имплементиран нов интерфејс вклучувајќи нависоко ниво на безбедност. Во 2016 година, Охридска банка ќе лансира дополнителни канали преку кои нашите клиенти ќе можат да контактираат со Банката и тоа преку нови едноставни канали како „call center”, па сè до многу напредни канали како најновата платфо-рма за мобилно банкарство.“, вели директорката на Охридска банка, Бранка Павловиќ. nnn