Bankite i biznisot maj 2015

Page 1

специјален прилог - Банките и бизнисот

l Македонците тешко

ги менуваат навиките со “пластиката“ со Картичките најмногу се вади кеш од банкомат

Банкарите во потрага по фирми што ќе ги кредитираат

Над милијарда евра вишок пари имаат банките. Ќе ги дадат ли за кредити? l Какви технолошки

новитети нудат домашните банки сега? Бесконтактни картички и 24/7 експозитури, на ред е мобилното плаќање


www.kapital.mk

Капитал број 810 08.05.2015

24

банките и бизнисот

2,80

2,90

3,10

3,36

3,55

3,80

2,08 2007

2008

2009

2010

2011

2012

201

Банкарите во потрага по фирми што ќе ги

Над милијарда евра пари имаат банките Ќе ги дадат ли за кре

Јанчевски: Даваме предност на кредитира


0

13

www.kapital.mk

Капитал број 810 08.05.2015

специјален прилог

4,15

4,20

Вкупни кредити (во милијарди евра) 2014

2015

и кредитираат

вишок е. едити?

Банкарите трагаат по компании на кои што ќе им одобрат кредити бидејќи им останува вишок над една милијарда евра кој што го инвестираат во државни хартии од вредност или пак ги чуваат на сметки во Народната банка. Интензивната потрага по нови клиенти ги дава и првите резултати. Податоците после првиот квартал од годината покажуваат дека кредитирањето на фирмите се зголемило за 7,9% на годишно ниво. Пресметано во пари, банките им одобриле на компаниите нови 175 милиони евра. Очекувањата се дека истиот тренд ќе продолжи и годинава. Банкарите признаваат дека острата конкуренција меѓу нив ги натера тие да ги олеснат условите за добивање кредити и буквално да се натпреваруваат за секој клиент.

25

Бројки:

175 7,9% 2,38 милиони евра нето кредити им одобриле банките на фирмите во изминатата година

се зголеми кредитирањето во првите три месеци во споредба со лани

милијарди евра се вкупните кредири кои ги имаат банките кон компаниите

б пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Банките почнаа да даваат повеќе кредити за приватните фирми и овој тренд го покажуваат официјалните статистички податоци според кои кредитирањето во првиот квартал од годинава се зголемило за 7,9% споредено со истиот период лани. Банкарите велат дека постојано трагаат по нови компании на кои што ќе им одобруваат кредити за нови инвестиции или пак за финансирање на тековните потреби на компаниите. Бројките покажуваат дека во банкарските канали останува вишок поголем од милијарда евра што банките ги инвестираат

ањето на фирмите пред државните записи


www.kapital.mk

Капитал број 810 08.05.2015

26

банките и бизнисот

во државни хартии од вредност чекајќи добар проект што ќе го производство се меѓу компаниите кои активно ги кредитираат финансираат. и велат дека ќе продолжат да ги поддржуваат со истото темпо и „Ние секогаш ќе даваме предност на кредитирањето на фирмите до крајот на годината. и на граѓаните пред вложувањата во државни хартии од „Отворени сме за кредитирање на компании со добра вредност, но кога нема доволно побарувачка визија, планови за инвестиции, развојни и за кредити, вишокот пари мора некаде да квалитетни проекти кои се одржливи се инвестира“, вели Ѓорѓи Јанчевски, на долг рок. Како резултат на претседател на Управниот одбор соработката и поддршката Потрошувачки кредити на НЛБ Тутунска банка. од матичната банка во Според последните Германија, добрите и податоци на Народната перспективни бизниси банка, вкупната може да очекуваат кредитна поддршка и подобри услови на банките за и пофлексибилно милиони евра приватните обезбедување. фирми изнесува Дополнително, Станбени 2,38 милијарди секој бизнис Автомобилски кредити евра. кој работи во кредити Острата повеќе земји Кредити на граѓани конкуренција (се шири меѓу со свои банките претставовозможи ништва или милиони евра тие да ги поврзани милиони евра олеснат фирми) условите за во кои добивање Прокредит кредити и има своја ги натера банка ќе буквално да може да милијарди евра се натпрекористи варуваат за меѓународен Кредитни Минусни секој клиент, финансиски картички салда признаваат лимит. Тоа банкарите. значи комплетна „Силната финансиска конкуренција меѓу поддршка за банките во услови потребите на милиони евра милиони евра кога пливаат во пари не сите меѓународни тера да ги бараме добрите претставништва на бизнисот, фирми за да ги кредитираме, од само еден партнер во доменот но од друга страна остануваме на кредитирањето и плаќањата“, претпазливи кога станува збор за велат од Прокредит. одобрување кредити за презадолжени Од Комерцијална банка коментираат дека клиенти. Ќе анализираме внимателно каква е нивната продолжува трендот на поголема побарувачка на кредити за кредитна способност, какво обезбедување имаат и секако обртни средства за сметка на нови инвестициски кредити. за каков проект бараат кредитна поддршка“, објаснува „Очекуваме во наредниот период како што ќе се подобруваат Јанчевски. општите економски услови дома и надвор да се смени структурата Од НЛБ Тутунска банка објаснуваат дека раздвижувањето на барањата во полза на долгорочни инвестициски кредити. Што на кредитната активност на домашните банки, односно се однесува до условите за одобрување на кредитна поддршка не интензивирањето на поддршката на реалната економија од можеме да констатираме дека има определени промени во насока страна на банките е показател за постепено зајакнување на на "олабавување" на критериумите во оваа година во споредба кредитоспособноста на приватниот сектор и ризичниот профил со претходната. Банката продолжува со внимателниот пристап на македонските компании. при проценка на кредитниот ризик во согласност со домашните „Се очекува банките и понатаму да продолжат со политика и глобалните економски услови. Секоја компанија со солиден на олеснување на условите и роковите за одобрување на бонитет, издржан проект и капацитет за реализација на нови кредити во сите кредитни категории, овозможувајќи подобри бизнис идеи е наш таргет за кредитна поддршка“, објаснуваат услови за финансирање на реалниот сектор. Промените банкарите од Комерцијална банка. во условите за кредитирање продолжуваат во насока на поддршка за понатамошно закрепнување на кредитниот раст. Се повеќе кредити и за граѓаните Банките настапуваат поагресивно кон приватниот сектор, Банките им одобриле 12,1% повеќе кредити на граѓаните за продолжувајќи со тренд на намалување на каматните стапки една година, покажуваат последните податоци на Народната и провизии. Поволните движења во кредитната активност, банка заклучно со март. Со тоа, граѓаните им должат на банките пред се намалувањето на каматните стапки, се проследени со вкупно 1,78 милијарди евра. Ако се анализира структурата на зголемена побарувачка од страна на компаниите за сите типови одобрените кредити, произлегува дека кредитирањето најмногу на кредитни продукти, при што забележителен е нагорен тренд во растело со потрошувачки кредити. Задолженоста на граѓаните превземените инвестициони активности во доменот на основни со потрошувачки кредити изнесува 791,8 милиони евра што е за 17% повеќе од лани. средства“, велат од Тутунска банка. Од Прокредит банка велат дека производствените компании, Ако на оваа сума се додадат и долговите од кредитните картички извозно ориентираните бизниси, претпријатија кои инвестираат во од 198,9 милиони евра и дозволените минуси на тековните сметки енергетско ефикасни решенија и агробизниси кои размислуваат од 94,3 милиони евра, произлегува дека вкупно 1,08 милијарди за инвестиции во нови технологии, хибридни сорти, органско евра граѓаните позајмиле од банките за да ги покријат тековните

791,8

9,7

1,53

94,3

433,5

198,9



www.kapital.mk

Капитал број 810 08.05.2015

28

банките и бизнисот

трошоци, што е две третини од целото кредитно портфолио. Банките добиваат и се повеќе барања за одобрување станбени кредити. За една година, банките одобриле 16,7% повеќе станбени кредити со што вкупното станбено портфолио достигна 433,5 милиони евра. Банкарите велат дека речиси и да нема апликација за станбен кредит што е добиена бидејќи тие важат за најсигурни пласмани за банките и тоа го докажуваат и податоците од Народната банка, според кои само 3,9% од нив доцнат за наплата и спаѓаат во лоши кредити. Самиот факт што имаат недвижен имот како обезбедување ги прави станбените кредити сигурни а со тоа и клиентите се поажурни во редовната отплата на своите месечни обврски. Дури и стрес тестовите на Народната банка покажаа дека доколку се остварат најлошите можни сценарија, лошите станбени кредити може да достигнат најмногу до 19,2% од вкупното портфолио. Што се однесува до автомобилските кредити пак, не е изненадување што за една година сумата се преполовила со оглед на тоа што продажбата на автомобили оди многу слабо. Според податоците од НБМ, задолженоста со

автомобилски кредити во банките изнесува само 9,7 милиони евра.

Слабата наплата ризик за кредитирањето

Еден од најголемите предизвици за банкарите годинава, како што признаваат самите тие, е да се справат со лошите кредити. Според последните податоци на Народната банка, во март салдото на лоши кредити изнесува 475 милиони евра што значи дека во првиот квартал од годинава се зголемило за 15 милиони евра. По одделни сектори, за најпроблематични должници важат трговските компании, индустријата, хотелите и рестораните како и фирми што се занимаваат со дејност во врска со недвижен имот. Банкарите велат дека овој негативен тренд може да влијае на промена на кредитната политика на некои банки, особено оние кои што имаат најголем удел на нефункционални пласмани во своето портфолио. Меѓутоа, потенцираат дека сигурноста и стабилноста на банкарскиот сектор воопшто не е доведена во прашање имајќи ја предвид капиталната позиција на банките, која е двојно повисока од законски пропишаниот минимум од 8%, како и покриеноста на нефункционалните пласмани со резервации, која се движи

некаде околу 100%. Состојбата може да стане загрижувачка ако се оствари песимистичко сценарио според кое македонската економија поминува низ нова криза. Резултатите од стрес тестовите што ги спроведе Народната банка покажаа дека доколку се случи најлошото сценарио во економијата, адекватноста на капиталот во банкарскиот сектор ќе се задржи над 12% што е значително повисоко ниво од законскиот минимум од 8% и тоа значи дека сите банки ги положиле стрес тестовите што им ги зададе централната банка. Меѓутоа, лошите кредити кај компаниите во најлош можен случај ќе достигнат 33,1% од кредитното портфолио, што во пари би било еднакво на околу 750 милиони евра спорни за наплата. По одделни сектори, најпроблематични за наплата би биле кредитите дадени на компании што се занимаваат со хотелиерство и угостителство, односно дури 44,7% од вкупните кредити, а според ова сценарио, инвеститорите во недвижности не би можеле да отплатат 43,1% од земените кредити. Состојбата кај граѓаните е подобра споредено со бизнис секторот. Лошите кредити дадени за населението според најлошото можно сценарио би се искачиле од 6,2% на 14,4%. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 810 08.05.2015

30

банките и бизнисот

Какви технолошки новитети нудат домашните банки сега?

Бесконтактни картички и 24/7 експозитури, на ред е мобилното плаќање

Б пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Бесконтактно плаќање со картички е дел од новитетите што македонските деловни банки интензивно (ќе) го промовираат периодов. Некои банки веќе ги воведоа овој тип на картички, како што е Халк банка, која прва во Македонија во 2013 година ја понуди MasterCard PayPass картичката, но сега просторот за користење на оваа услуга се прошири, затоа што сите поголеми банки во моментов работат на надградување на POS-терминалите на кои што може бесконтактно да се плаќа. “Во постапка на воведување е нова MasterCard Debit бесконтактна картичка наменета за мали и брзи плаќања. Освен сите постоечки функционалности на Maestro картичката на НЛБ Тутунска банка, MasterCard Debit дополнително овозможува бесконтактно плаќање во насока на скратувањето на времетраењето на трансакцијата“, ни рекоа од НЛБ Тутунска банка. И во Комерцијална банка и Стопанска банка-Скопје почнуваат со издавање ваков тип картички. “Како дел од плановите за следење на новите технологии во доменот на работењето со картички, во овој период започнуваме со издавање на картички со можност за бесконтактни плаќања, по што очекуваме да продолжи континуиран пораст на бројот на трансакции во трговија за сметка на оној на банкомати“, велат во Комерцијална банк, а во Стопанска банка истакнуваат дека плаќањето со картичка на овој начин ќе стане многу побрзо од плаќањето со

Македонските банки почнаа иновациите во картичното работење да ги гледаат подалеку од само исплата на средства на банкомат, купување преку интернет и на ПОС терминали ширум светот. На ред дојде и 24 часовна експозитура, бесконтактно плаќање, осигурување на картички, а сè уште чека неискористениот простор за плаќање со мобилен телефон. готовина, затоа што потрошувачот го прави тоа само со допир на картичката на ПОС терминалот.

Фокус кон електронската трговија

Банките што ги контактиравме истакнуваат и други технолошки новитети во својата понуда. “И оваа година ќе бидеме предводник во иновациите во банкарското работење. По воведувањето на 3D Secure технологијата во 2014 година преку која сите Visa/MasterCard картички на Стопанска банка беа овозможени за користење на интернет согласно безбедносните стандарди на ЕУ, оваа година силно ќе бидеме посветени на промоција на електронската трговија имајќи предвид дека оваа година очекуваме е-commerce прометот во рамките на Македонија оваа година да надмине 20 милиони евра“, велат во Стопанска банка - Скопје. Од банката одбележуваат и пет години откако вовеле АТМ плаќања, а телефонското банкарство дополнително ќе

биде афирмирано преку можноста голем дел од банкарските услуги да се сервисираат преку телефонски контакт. “Продолжуваме со надградување на m-banking апликацијата на СБ и i-bank платформата на електронското банкарство со нови функционалности, промовирајќи ја секојдневната дигитална интеракција со клиентите“, додаваат во Стопанска банка.

24/7 зони, осигурување на картички...

Во Прокредит банка велат дека иновациите ги гледаат подалеку од само исплата на средства на банкомат, купување преку интернет и на ПОС терминали ширум светот. “Иновациите и модерната технологија ги користиме со цел банкарската услуга да ја поддржува ефикасноста и динамиката на работење на нашите клиенти - пред сè мали и средни претпријатија, како и физички лица кои претпочитаат банкарска услуга комплетно независна од локација и време.

Чекор понапред: Домашните банки се тркаат со


www.kapital.mk

Капитал број 810 08.05.2015

специјален прилог

31

Бројки:

40.490

уреди што прифаќаат платежни картички има во Македонија во моментов

25.784

трговци во земјава прифаќаат платежни картички Во таа насока ПроКредит е првата банка која во Македонија воведе 24/7 ЗОНИ, преку кои банкарската услуга, особено во доменот на трансакциското работење стана комплетно независна од работното време на експозитурите нудејќи комплетна флексибилност и достапност за клиентите преку автомати“, велат во Прокредит. Фирмите повеќе не се обврзани својот дневен промет да го уплаќаат за време на работните саати на банката. Средствата вложени на штедните сметки се комплетно достапни за клиентите. Истите може да се повлечат од банкомат со дебитна картичка издадена од ПроКредит Банка или да се користат со електронско банкарство, со што се достапни за секаков вид на плаќања овозможувајќи комплетна флексибилност во штедењето. Во Охридска банка, исто така велат дека сакаат да бидат иновативни во делот на картичното работење, па од февруари годинава понуди лансираа нова опција достапна за платежните картички, а тоа е осигурување на картички (Ин-Кардс). Ова претставува уникатна понуда на македонскиот пазар, велат во банката. Осигурителното покритие започнува од базична медицинска помош и помош при патување за дебитни и кредитни картички и се проширува на осигурување во случај на задоцнување на багаж, смрт како резултат на несреќа и траен инвалидитет за бизнис и голд картичките. Од банката објаснуваат дека сите МастерКард картички (освен Маестро) и Виза платежни картички (дебитни, кредитни, бизнис) се покриени со неколку осигурителни услуги, а осигурувањето е бесплатно.

Картичка што ви штеди при хотелски резервации

За тоа како банките ќе го стимулираат користењето картички при плаќањето, од Комерцијална ни изјавија дека ќе вклучат и наградни игри и промоции со кои се стимулира овој вид на плаќање, потоа ослободување од плаќање на чланарина за картички со промет во трговија над одреден износ и слично. Исто така, Банката издава неколку кобрендирани картички преку кои им нудат низа поволности и попусти на имателите, а на одредени продажни локации

Огромен потенцијал во картичниот бизнис

Технологијата за бесконтактно овозможува и мобилно плаќање

Т

ехнологијата за бесконтактно плаќање ќе отвори простор за уште една придобивка на модерните платежни системи, а тоа е плаќањето преку мобилен телефон, кое што последниве години многу се развива во понапредните економии. “Кај плаќањата преку мобилен телефон, најобемен зафат и голема инвестиција е оспособувањето на терминалите на продажните места, односно POS терминалите, да прифаќаат ваков начин на плаќање. Со оглед на тоа што повеќето домашни банки во моментов се во подготовка да им понудат на граѓаните бесконтактни картички и надградба на терминалите за прифаќање на ваквите картички, овие терминали ќе бидат во можност да прифаќаат и плаќање преку мобилен телефон, затоа што применетата платежна технологија е иста и кај бесконтактните картички и кај мобилните телефони“, објаснува Сандра Томановиќ, бизнис директор во процесниот центар за картички Casys International. Потенцијалите на мобилното плаќање се огромни, покажуваат релевантните светски истражувања. Според анализата на американската банка Morgan Stanley, мобилните трансакции преку смартфони и таблети во 2013 година изнесувале 1.500 милијарди долари на светско ниво, а се очекува оваа бројка да достигне до 3.200 милијарди долари до 2017 година. За да се види потенцијалот на со кои има посебен договор овозможува и плаќање на рати без камата. УНИБанка пак, од неодамна стана партнер со светски познатиот сервис за хотелски резервации, Booking.com во понудата на услугите кои ги користат граѓаните на Македонија. Станува збор за акцијата, која УНИБанка ја промовира како “Букирај и рефундирај“ и со која на своите клиeнти ќе им овозможи викендите, одморот или бил кој друг престој во некоj од капацитетите што ги нуди Booking.com, да ги чини до 4% поевтино. Потребно е само резервацијата клиентот да ја направи со дебитна или кредитна картичка издадена од УНИБанка, и по престојот на саканата дестинација, банката

мобилното плаќање, да го земеме предвид само овој податок: во светот сега постојат околу 1,3 милијарди активни кредитни и дебитни сметки, додека бројот на активни мобилни телефони е околу 7,3 милијарди, од кои што две милијарди се смартфони. “Во моментов постојат повеќе различни реализации на плаќање преку мобилен телефон. Најнов тренд е mobile payment in the cloud технологијата, кај која што чувствителните податоци за картичката преку која всушност се плаќа бесконтактно со мобилен телефон, не се наоѓаат на самиот телефон, а се хостираат во безбедна инфраструктура. Кај плаќањата со оваа технологија, мобилниот ги ‘повлекува’ податоците за својата картичка од инфраструктурата каде се хостирани, па потоа трансакцијата продолжува да се одвива како и останатите картични трансакции“, објаснува Томановиќ од Casys International.

и Booking.com ќе се погрижат износот од 4% од платениот износ да биде рефундиран на сметката на клиентот на банката. “Збогатувањето на понудата на услуги кои ги користат клиентите на УНИБанка, постојано е импeратив за нас. Потврда за тоа е соработката која ја постигнавме со Booking.com, но секако и признанијата кои ги добиваме од меѓународните картични организации. Во оваа прилика би ја спомeнала неодамнешната плакетна награда која УНИБанка ја доби од MasterCard за беспрекорно процесирање на трансакциите во 2014 година”, изјавија од УНИБанка. nnn

о иновативните понуди во картичното работење


www.kapital.mk

Капитал број 810 08.05.2015

32

банките и бизнисот

E пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Еден милион шестотини и четири илјади деветстотини осумдесет и седум. Толку банкарски картички биле во циркулација на крајот од месец февруари во Македонија, бележи статистиката на НБРМ. Од нив, најголемиот дел, 77% се дебитни, а остатокот кредитни картички и нешто мал дел т.н. картички со кеш функција. Ова се должи, пред сè на нискиот животниот стандард на граѓаните и нивниот капацитет за задолжување, велат познавачите на приликите во картичното работење. Оттаму, и бројот на трансакции што ги прават потрошувачите во земјава изминатава година изнесувал на месечно ниво од 3-3,5 милиони со дебитни картички, и 600-700 илјади со кредитни. И вредноста на тие трансакции, на месечно ниво се движи од 9-10 милијарди денари спрема 1-1,5 милијарди денари во корист на дебитните картички, се разбира. Ако во Македонија соодносот на трансакциите дебитни/ кредитни картички е отприлика 5 -6 спрема 1, во развиена економија, како САД, тој е 2 спрема 1 во корист на дебитните картички, како што наведува Wall Street Journal во текстот од март годинава.

Смена на генерациите ќе донесе повеќе плаќања преку картичка

Меѓутоа, она по што најмногу заостануваме зад развиените пазари кога станува збор за користењето картички, е целта за која се користат тие. Така, според статистиката на НБРМ, изминатава година преку ПОС терминали на продажните места или за купување преку интернет, на месечно ниво биле правени од 2-3 милиони трансакции, а за повлекување готовина од банкомат од 1,5-2 милиони трансакции. Но, вредноста пак на трансакциите за повлекување готовина се движи од 8-9 милијарди денари месечно, додека за купување граѓаните трошеле од 2,5-3 милијарди денари месечно. Што значи, дека иако граѓаните почесто ја користеле картичката за купување одошто за вадење пари, многу помали износи трошеле во продавници одошто ваделе од банкомат. Македонците

Македонците тешко ги менуваат навиките со “пластиката“

со Картичките најмногу се вади кеш од банкомат

Три пати е поголем износот на пари што македонските граѓани го вадат од банкомати, во однос на она што го трошат со своите картички во трговија. Навиките кои тешко се менуваат кај постарата генерација, како и нискиот животен стандард што предизвикува картичките претежно да се користат за префрлање пари “од шупливо во празно“, се главните причини за ова заостанување во трендот на користењето картички зад развиените пазари. Светла точка е сè почестото користење на картичките за плаќање преку интернет. сè уште претпочитаат да си извадат пари од банка, па после да си ги трошат за сè што им треба, одошто да носат малку готовина во џебот, а секаде кај што можат да користат картичка, што е многу попрактично. “Оваа состојба главно се должи на навиките на мнозинството од граѓаните кои се во моментов платежно способни. Кога ќе настане промена на генерациите, односно денешните студенти и тинејџери ќе почнат да заработуваат, безготовинските плаќања ќе почнат да доминираат во однос на плаќањето во кеш“, вели Сандра Томановиќ, од Casys International. Таа додава, дека младите луѓе, па и денешните деца, максимално ја користат и сега современата технологија, а нивниот начин на живот може да се опише со еден збор – ‘on-line’. “Тие со сигурност ваквиот стил на живеење ќе го практикуваат и при избор на начинот на плаќање“.

Извади од банкомат, плати рата за кредит

Понатаму, ниската куповна моќ на мнозинството од населението е исто така причина за доминацијата на вадење кеш од банкоматите, во однос на плаќањата со картичка. “Граѓаните немаат толку пари за трошење, за да плаќаат со картичка цело време, колку што имаат потреба да извадат пари од банкомат за да потоа уплаќаат на некоја картичка на која имаат дозволен минус, револвинг кредит, потрошувачки кредит и сл. Така ќе го протуркаат месецот вадејќи од едно, ставајќи на друго место, па резултатот на крај е повеќе трансакции со вадење кеш од банкомат, одошто купувања во трговијата. “, вели еден банкар кој што не сакаше да го цитираме. Поефикасната едукација и на трговците и на граѓаните за предностите на безготовинските

Трендови: Допрва се очекува забрзан раст на плаќањето со картички


www.kapital.mk

Капитал број 810 08.05.2015

специјален прилог

33

Бројки:

1,7

милијарди евра се повлечени од македонските банкомати во 2014

550

милиони евра се потрошени со картичка во трговијата во 2014

5

пати повеќе трансакции се остварени со дебитни во однос на кредитни картички плаќања, исто така може да придонесе за нивна поголема застапеност, сметаат нашите соговорници. “Помасовна застапеност кај трговците на програми за лојалност при плаќање со картички, а во соработка со банките,

Позитивен тренд во плаќањето со картичка преку интернет

Во 2015 се очекува е-трговијата да надмине 20 милиони евра

И

додека купувањето со картичка на физички продажни места се движи во рамките од 2-3 милијарди денари месечно (35-50 милиони евра) во последниве три години, кај купувањето преку интернет со помош на картичка бројките се качуваат со забрзани стапки, што е и разбирливо, со оглед на ниската стартна основа: само до пред 5-6 години е-трговијата се движеше во рамки од едвај 1-2 милиони евра на годишно ниво, тренд што траеше до минатата година. Во 2014 веќе, според статистиката на НБРМ, вредноста на трансакциите направени преку интернет со помош на картичка изнесува 703 милиони денари или околу 11,5 милиони евра, за разлика би придонело за помасовна употреба на картичките и нивна промоција од страна и на трговците. Исто така и вклучувањето на државата како давател на услуги за кои што се плаќа, придонесува за поголемо користење на картичките. За волја на

од 155 милиони денари (2,5 милиони евра) во 2013 година. Според очекувањата на одговорните во Стопанска банка-Скопје годинава е-трговијата треба да надмине 20 милиони евра, па затоа ги засилуваат своите активности во насока на промоција на овој вид плаќање. “Во тек се бесплатните обуки за правните лица заинтересирани за отпочнување со електронска трговија кои СБ ги организира секој четврток во i-bank store филијалата. Истовремено банката ќе почне наскоро и со маркетинг промоција насочена кон зголемена употреба на картичките за интернет купувања“, велат во Стопанска банка. вистината, државните институции, јавните претпријатија и локалната самоуправа почнаа да прифаќаат плаќање со картички. Примери се Катастар, Централен регистар, Управа за јавни приходи, и др.“, вели Томановиќ од Casys International. nnn

ʶ̛̛̬̖̯̦̯̖̔ ̸̡̡̛̛̬̯̌ DĂƐƚĞƌ ĂƌĚ ̛ sŝƐĂ ̨̔

̛̏ ̪̬̖̣̔̌̐̌​̯̌ • Ʉɪɟɞɢɬɟɧ ɥɢɦɢɬ ɜɨ ɜɢɫɢɧɚ ɞɨ ɦɟɫɟɱɧɢ ɩɪɢɦɚʃɚ • Ɇɢɧɢɦɚɥɟɧ ɢɡɧɨɫ ɧɚ ɩɥɚʅɚʃɟ • Ȼɟɡ ɱɥɟɧɚɪɢɧɚ ɡɚ ɩɪɜɚɬɚ ɝɨɞɢɧɚ • Ȼɟɡ ɤɚɦɚɬɚ ɡɚ ɩɥɚʅɚʃɟ ɧɚ ɪɚɬɢ ɂɧɮɨ ɰɟɧɬɚɪ www.unibank.com.mk ɋɥɟɞɟɬɟ ɧࣉ ɧɚ www.facebook.com/unibank.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.