Biznis podaroci 2015

Page 1

WWW.KAPITAL.MK

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ специјален прилог

НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ

Бизнис подароци ПОЛИТИКА

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?!

КаКо да ги израдувате деловните партнери КАПИТАЛ SPECIAL АНАЛИЗА

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

со стил

ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?

ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА

ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА

БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

l рачни часовници l Модни додатоци l луКсузен наКит и бижутерија l КанцеларисКа галантерија l еКсКлузивни пијалаци и пури l таблети, лаптопи и останати “гаџети“ l иновативни бизнис подароци l подароци што ги отслиКуваат вашите Корпоративни вредности l униКатни дизајни и паКувања на КоМпанисКи производи КаКо деловни подароци l еКолошКи подароци


Капитал број 840 04.12.2015

52

www.kapital.mk

Бизнис подароци

Доаѓа Нова година, а правилата за бизнис подароци остануваат исти

Комплетен водич за претпразничната треска на купување подароци Дарувањето во светот на бизнисот одамна е задолжителен, а не само пожелен дел од комуникацијата, и не смее да се потцени вниманието што е потребно ако сакате да поентирате во овој дел од модерната бизнис комуникација (и маркетинг!)

Подарок: мора да е соодветен во секоја смисла - со цената, с


www.kapital.mk

И

И ако сте од оние среќници кои за празниците можат да си дозволат да заборават на работата, ќе ви остане барем еден извор на стрес поврзан со професионалниот живот оној што произлегува од претпразничното избирање и набавка на подароци за деловните партнери, за клиентите, за вашите вработени. Дарувањето во светот на бизнисот одамна е задолжителен, а не само пожелен дел од комуникацијата, и не смее да се потцени вниманието што е потребно ако сакате да поентирате во овој дел од модерната бизнис комуникација (и маркетинг!). Со подароците што ќе ги изберете за вашите бизнис партнери зборувате многу за себе, но пред сè за компанијата што ја претставувате. Притоа, нема потреба да се консултираат комуниколози за да се заклучи дека со подарокот се испраќа порака за тоа какво мислење се има за оној кој го добива, и, ако се работи за бизнис партнер, што ви значи соработката со него. А тука има правила кои не се менуваат со календарот, со новите години.

Подарокот е знак на внимание, а не прилика да се фалите Деловниот подарок мора да е соодветен во секоја смисла - со цената, со квалитетот, со афинитетите на личноста која го добива ... Релативно лесно ќе изберете подарок за бизнис партнер со кој ве врзува долгогодишна соработка или сте се зближиле на некој друг начин. Предизвикот е да се најде соодветен подарок за личност која можеби не ја познавате доволно, а е високо на вашата листа со личности кои сакате да ги испочитувате (и) на ваков начин. Рецептот со кој не може да се згреши е при изборот на подароците вистински да се ужива, и да не се губи од вид карактерот, стилот или некои други карактеристики за ориентација во однос на личноста која сакате да ја дарувате. Ако внимавате на овие правила мала е можноста да ја промашите целта, зашто и ако не сте го погодиле вкусот на примачот, тој секако ќе примети дека подарокот е избран со внимание. Затоа е многу важно да се внимава на квалитетот на подароците - неквалитетните не само што ќе отидат во корпа, туку и не се забораваат толку лесно - оставаат лош впечаток за вашата компанија. Во овој контекст, ако располагате со поскромен буџет, подобро е

Капитал број 840 04.12.2015

специјален прилог

53

Што кому да подарите во вашиот бизнис свет? Има неколку групи луѓе од вашиот бизнис што од вас треба да добијат подарок за празниците. Јасно е дека тие се оние кои помагаат вашата компанија да биде успешна Подароци за клиенти

К

ај подароците за вашите клиенти, ако вашата компанија ги има во мал број, тогаш е подобро колку што можете повеќе да го персонализирате она што ќе им го подарите. Во ваков случај (ако се помалку на број) клиентите секако подобро ги познавате, и можете да се водите од она што го знаете за нив - на клиент кој на вашите состаноци што вклучуваат и вечера порачува вино, нема да згрешите ако му подарите некое добро вино. Но, ако имате голема мрежа на клиенти, решението е помали и погенерализирани подароци. Притоа избегнувајте ги промотивните материјали, како пенкала, роковници со логото на вашата компанија. Тие се најздодевниот, најнекреативниот избор, и подобра замена би била рачно напишана картичка со красноречиво, но, сепак непосредно искажани желби и честитки за празниците.

Подароци за вработените Најдобро е кога точно знаете што би сакал да добие оној кому дарувате, а вашите вработени, нема сомнеж (тоа го покажуваат сите анкети), најсреќни би биле со извесен бонус во пари. Но, бидејќи секоја компанија не може да си го дозволи тоа, (ако сте во таква ситуација) можете да ги почестите вработените, на пример, со ручек во ресторан. Како и да е, внимавајте подароците да бидат исти за сите, освен во случај на еден или двајца ваши најблиски соработници, за кои би биле соодветни поголеми подароци. Секако, креативен, и што е уште поважно, корисен начин да ги почестите вашите вработени, е да им приредите незаборавно искуство, наместо да им купите нешто што по празниците ќе заврши во нивните подруми/остави. Можете да им платите курс/часови/ предавања од некоја интересна

област што можеби не е поврзана со вашата дејност, но ќе им ја зголеми креативноста/визијата. Добра варијанта е и да ги однесете на кампување, при што вие ќе го платите превозот и храната, и секако, ќе ги обезбедите шаторите. Слично влијание на „тим билдингот“ ќе има и ако им обезбедите влезници за некој добар концерт или претстава.

Еколошки или за некоја друга добра кауза освестени подароци XX Празниците се вистински повод (иако ова треба да биде редовна практика) да подарите не само во знак на внимание, туку и онаму каде нешто навистина е егзистенцијална потреба. Во вашата компанија можете да мотивирате дух на донирање, собирање средства, како пакувана храна за народни кујни, облека и ќебиња за бездомни луѓе, она од што имаат потреба домовите за деца без родители. XX Изберете еколошки алтернативи за подароците што можат да бидат заменети со такви што не се штетни за животната средина. Ако периодов патувате во странство, сетете се да купите, за да ги подарите, батерии на соларна енергија - ги има и за телефони и за други електронски уреди. Соодветен подарок се особено за вашите вработени, колеги, одредени клиенти. Ќе испратите јасна порака. XX Изработете подарок самите, рачно. Тоа може да биде креативно смислена и изработена картичка, рачно плетен шал, колачиња ..., но секако ќе биде персонализирана алтернатива на она што можете да го купите во продавница. XX Ставете акцент на локалните вина. Направете подарок корпа со избор од вина од блиските винарии, и ова не само што ќе значи поддршка за локалниот бизнис, туку ваквото решение, бидејќи виното е секогаш добар подарок, може да ве спаси ако на некој кој заслужува ваш подарок сте се сетиле во последен момент.

со квалитетот, со афинитетите на личноста која го добива...


Капитал број 840 04.12.2015

54

www.kapital.mk

Бизнис подароци

Часовници: Модели за мажи: Fossil Townsman

З

амислен да ви биде на рака додека сте во канцеларија, при обврските во движење или на вечера за пријатно заокружување на денот, овој часовник е златен пресек меѓу формата и функцијата. Townsman својот визуелен идентитет го црпи од архитектурата од шеесеттите години на минатиот век и од автомобилскиот дизајн.

Tissot T-Touch Expert Solar

T

issot произведува тактилни часовници од 1999 година. Овој модел е прв од оваа долга серија со дисплеи чувствителни на допир, што се напојува со соларна енергија. Опремен е и со функции за активности во природа, како компас, алтиметар и своевидна метео станица.

Omega Seamaster 300 „Spectre“ Limited Edition

А

ко оној кому подарувате е специјален за вас колку што во светот на тајните агенти е специјален Џејмс Бонд, тогаш ќе го земете предвид и рачниот часовник Omega Seamaster 300 „Spectre“ Limited Edition, што беше дел од опремата на ликот креиран од Јан Флеминг, во најновото издание од филмската франшиза за Бонд, Spectre (овде веднаш вреди да се нагласи цената, која во Македонија е околу 6.600 евра). Часовникот е во куќиште од нерѓосувачки челик, носено од црносиво NATO каивче, а го движи револуционерниот механизам Omega Master Co-Axial calibre 8400, отпорен на магнетни полиња до 15.000 гауси.

Модели за дами: Skagen Anita

А

нита на дански јазик значи „грациозност“, а оваа особина не му недостасува на часовникот на чиј дисплеј нумерички се прикажани броевите (позициите на часовникот 6 и 12), а на местото на сите останати (позиции) има кристали.

Esprit ES-Sarah taupe

К

ако и сите величествени нешта, елеганцијата е многу едноставна. Toa го докажува и дизајнот на овој часовник. Ќе споменеме само дека куќиштето е од нерѓосувачки челик, а тенкото, нежно ременче е кожено.

Tissot Lovely

М

алечок, апсолутно женствен, може да се носи лабаво околу зголбот, како полнокрвно парче накит, а и натаму сигурно да ја ориентира деловната жена низ нејзиниот дневен распоред благодарение на прецизниот швајцарски кварцен механизам.

да изберете помал подарок, но квалитетен, отколку нешто што треба само да глуми голема вредност. Бизнис бонтонот вели дека подарокот е знак на внимание, а не можност за фалење со длабочината на џебот. Експертите препорачуваат успешниот поход по соодветни подароци да почне со правење попис на бизнис партнерите, соработниците, пријателите ... кои сакате да ги дарувате, и со собирање што повеќе информации за нив (таму кадешто има потреба). Одредени компании за оваа цел креираат и профили на бизнис партнерите што постојано ги „хранат“ со нови податоци за нивните интереси и хобија, за кои дознаваат, меѓу другото, и во неформалните разговори. За афинитетите на одредена личност многу откриваат и деталите во канцеларијата каде што работи - неретко токму оттука доаѓаат идеи за осмислување идеален подарок, а секако ви останува можноста за целта да се распрашате и кај колегите или останатите за кои знаете дека подобро ја познаваат личноста за која станува збор.

Внимавајте со дарувањето на партнерите од странство Посебно внимание треба да се посвети на дарувањето на партнерите од странство (ако имате такви), зашто непочитувањето на културата на дарување карактеристична за одредени земји може да предизвика несакани недоразбирања во комуникацијата - предмет што кај нас нема симболичка вредност, некаде може да значи недвосмислена (во најлош случај, лоша) порака. Оние што не сакаат да се занимаваат со истражување на туѓите култури на кои им припаѓаат нивните (евентуални) странски партнери, нема да згрешат ако за подарок изберат некој квалитетен сувенир или некој друг предмет со национално (во случајов, македонско) обележје. Погоре споменавме дека подарокот мора да биде прикладен од секој аспект, вклучително и во однос на цената, зашто, на пример, скапоцениот дар во одредени околности може примателот да го сфати како барање услуга од него, или барем како обврска. Што се однесува до придружните детали поврзани со подарокот, неопходно е тој да биде убаво спакуван (не штедете на оваа ставка - првиот поглед, впечаток, е важен), а не смее да се заборави дека и најсреќно избраниот подарок многу ќе изгуби од својата вредност ако не е предаден со соодветна честитка/картичка, во која треба да се потрудите покрај општиот дел (поврзан со празниците) да пренесете и некоја добра, лична вибрација. Понатаму ви нудиме една општа, стартна насока за купување бизнис подароци, иако, за да ви биде од поголема помош, ја поткрепуваме со конкретни примери. nnn

Бонтон: Подарокот е внимание, а не беспотребно фалење



www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

56

Бизнис подароци

Таблети:

Amazon Fire HD 6

К

Apple iPad Air 2

онсензусот на рецензентите вели, навистина вреди за парите (најниска ценовна категорија). Перформансите се значајно над она што го очекувате за оваа цена, како и квалитетот на екранот.

A

pple го зема совршениот таблет и некако го направи уште подобар, вака почнува една од рецензиите за iPad Air 2. Нивниот, пак, заклучок, е дека земено во целина, Apple iPad Air 2 е најдобар таблет што може да се купи, без конкуренција што би му била блиска во перформансите, во квалитетот на изработката, во вниманието посветено на деталите и во употребливоста.

Nexus 9

Samsung Galaxy Tab A SM-T550

Л

есен, комфорен за држење/ користење, одлични предни стерео звучници, добар екран, и, што е најважно, „врти“ оригинален (stock) Android, и како таблет со потписот на Google, секогаш прв ги добива надградбите.

Д

остоен претставник на таблетите од средната класа, со прилично солидни перформанси базирани на четворојадрен процесор и Andreno 306 графика. Меѓу јаките страни му се квалитетната изработка, светлиот екран со одлични агли на гледање, долгото траење на батеријата.

Инвентивни подароци: Contigo Bryon

Orion GoScope II 70mm Refractor Travel Telescope Moon Kit

Т

ермос со капацитет од 590 ml, што ја одржува течноста топла до 7 часа, односно ладна до 18 часа. Лесно се користи и со една рака, а благодарение на патентираната Snapseal технологија нема неконтролирано истекување на течноста.

Т

елескоп, специјално дизајниран за разгледување на површината на месечината. Дење може да се користи за набљудување птици (сè попопуларно урбано хоби), особено ако канцеларијата каде би стоел гледа на некое зеленило.

Leatherman Signal

Н

е мора вашиот бизнис партнер да е авантурист, зашто неочекувани ситуации се случуваат и при секојдневното патување од дома до работа. Leatherman Signal во многу лесна изведба ви нуди сè од алат што може да ви затреба при излет во природа (пила, чеканче, клешти за сечење жица, отворач за конзерви ...), но и алат за потпалување оган и свирче за во итни случаи.

iGlove и iGlove Bluetooth

Р

акавици што работат со „тачскрин“, а од истиот бренд има и bluetooth варијанта, што овозможува без да ги симнувате ракавиците да одговорите и да зборувате по телефонски повик, буквално од рака - имаат вградена батерија, микрофон и звучник.

Порака: Со подарокот се испраќа порака за тоа ш


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

специјален прилог

57

Канцелариска галантерија

Лаптопи Lenovo B50-30

З

а исклучително поволна цена добивате избор на хардверски компоненти што овој лаптоп го прават доверлив секојдневен сопатник за сурфање на Интернет, за пишување текст и за користење на канцелариски (Office) апликации.

Dell Inspiron 5551

Н

аменет првенствено за бизнис корисници, Dell Inspiron 5551 располага со комфорна тастатура, добра автономија - батеријата на тестирањата трае 6 часа при сурфање или гледање видео, а треба да му се пофали и дизајнот. Припаѓа во буџетските лаптопи, а рецензентите се едногласни дека вреди за сите пари.

Asus ROG G751JT

А

ко знаете дека вашиот бизнис партнер сака да се опушта/„испука“ со видео игри, тогаш можете да размислите да му подарите гејмерска машина (таквите лаптопи се скапи; и овој што го предлагаме не е исклучок). Ова преносно чудовиште игрите „ги јаде за појадок“ со својот i7-4720HQ процесор (овде перформансите се пресудни), дури 16GB RAM и графичка NVIDIA GeForce GTX 970M со 3GB.

Toshiba Satellite L50-C

С

е смета за еден од најдобро избалансираните лаптопи од средна класа. Убав е и на око - маската е од мазна пластика, што имитира метал, а не е магнет за отпечатоци од прстите. Корисниците особено се фалат и од квалитетот на тастатурата и на тачпадот.

Star Wars Darth Vader - сет, пенкало и роковник, од Cross

В

о очекување на премиерата на новиот, седми филм од сагата „Војна на ѕвездите“, „Будење на силата“, ако вашиот бизнис партнер е фан на наследството на Џорџ Лукас (а ретко кој не е), сигурно ќе се израдува на сетот од пенкало и роковник на тема Дарт Вејдер.

Сет, пенкало и држач за картички од Caran d'Ache

С

ет за подарок со ненаметлива елеганција, пишува швајцарскиот производител, кој за пенкалото гарантира дека ќе испише со константен квалитет 600 А4 страници. Држачот за картички е кожен.

Fine Stationery Notebook #145, Montblanc

С

о џебната димензија претендира да биде секојдневен придружник на оној што ќе го користи. Изработен во Италија, поставен со Saffiano кожа.

MacBook Air 13

О

вој ултрабук е еден од најдобрите премиум модели на пазарот. Со ненадминати перформанси на батеријата, преносливост, квалитет на изработката ... Сето ова доаѓа по цена, што, секако, не ја следи популарноста на брендот Apple. Затоа, ако се одлучите некому да го подарите ова технолошко задоволство, за да му биде идеален сопатник, неспорно ќе му порачате дека е вашиот идеален партнер во бизнисот.

Налив-перо Waterman, од колекцијата Expert

В

о сетот од сликата добивате и кожена футрола за налив-перото.

што ви значи бизнис соработката со примателот


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

58

Бизнис подароци

Геџети Google Chromecast 2

Н

ајдобар начин да се претвори „стар“ телевизор, во „smart TV“, преку поддршка за стримување и мироринг на екран од преносниот уред или десктоп компјутер на телевизор.

Samsung Gear Fit

С

о помош на мерачот на отчукувањата на срцето дава упатства за вежбање во реално време, и активно мотивира за постигнување зацртаните цели за физичка активност. Известува за примените меилови, SMS-и, повици ..., и сето тоа на Super AMOLED екран чувствителен на допир, а отпорен на вода и прашина.

GoPro Hero+

Toshiba Canvio Basics 2TB

П

росторот за филмови, музика, фотографии ... никогаш не е доволен, па, подарок со кој не можете да згрешите е и екстерен хард драјв. Овој модел е спремен за работа со Windows (не бара дополнителна инсталација на софтвер), и испорачува брз трансфер со USB 3.0, a компатибилен е и со USB 2.0.

Пури Monte by Montecristo Jacopo No.2

М

еѓу десетте најдобри пури за 2014 година на магазинот Cigar Aficionado. Кутија со 16 премиум парчиња со комплексен и полн вкус.

Romeo y Julieta Short Churchill

С

ет составен од 10 од популарните и наградувани Romeo y Julieta Short Churchill, секоја сместена во свој humitube за прописно чување, и бредиран кибрит плус секач.

П

очетничка верзија на најпознатата акциска камера на светот. Снима во резолуција 1080p со 60 фрејма во секунда, фотографира со 8 мегапиксели, опремена е со Wi-Fi и Bluetooth за пристап до GoPro апликацијата и до Smart Remote, што значи камерата може да се контролира далечински, да се прегледуваат симките. Водоотпорна е до 40 метри длабочина.

Модни додатоци и накит Машки:

Копчиња за манжетна Fasten, од Swarovski

Дамски:

Davidoff 5 Robusto Cigar Collection

В

нимателно направен избор од пет пури од сè попопуларната „робусто“ големина, приреден од Davidoff.

Копчиња за манжетна Cross Signature, од Swarovski

Амбалажа: Не штедете на квалитетно пакување на подарокот


www.kapital.mk

Капитал број 840 04.12.2015

специјален прилог

59

поДари SWAROVSKI оД срце

С

леди еден од најубавите периоди во годината каде се подарува од срце на сите кои ни значат. Создадете посебни спомени и прославете го магичниот Божиќ во стилот на Swarovski.

Божиќна магија

Од накит со убава симболика до иконски декори, брендот има безброј идеи за подароци. Во оваа колекција секое парче е фасцинантно и носи малку магија во себе. Симболите како ангели, елки, Дедо Мраз, ирваси, снешковци, детски играчки, се реинтерпретирани и за 2015 година. Од година на година, Брендот внесува магија во Божиќната сезона со своите прекрасно изработени Годишни изданија како што се снегулки, ѕвезди, ангели, и овогодинешниот новитет- Ѕвоното. Овие изданија се ексклузивни и лимитирани на годината на производство, па затоа освен за Божиќ, тие се идеален подарок и за други настани кои ја одбележале годината.

накит со позитивни пораки

Во делот на накитот, најново сезонава е накит дизајниран со долгогодишната муза на брендот – Миранда Кер. Лансирана е цела една линија накит кој го акцентира нејзинито личен стил и воедно, секоја жена може да се пронајде во оваа приказна. Од елегантни и празнични изданија во бел кристал до минималистички огрлици, алки, обетки.. колекцијата изобилува со парчиња кои зрачат во Новогодишен дух. Инспирацијата за накитот е основан на вредностите во животот по кои таа се води. Па така, од бојата на кристалот до формата на симболот, секој дизајн носи позитивна порака. Божиќ и Нова Година се период на славење, подарување, моменти кои ги делиме со фамилијата, пријателите и споделуваме убави моменти и си посакуваме најубави желби. Токму оваа колекција е совршениот начин да го направите тоа. Со симболи на љубов, среќа, радост, сила, слобода, мир, смиреност, дефинитивно ќе добиете насмевка на кого и да подарите дел од овој накит.

атрактивните кристали

Сите производи се направени од извонредниот Swarovski кристал и спакувани специјално за важниот ден атрактивната позната сина кутија обвиткана сo сребрена лента на која е обележано лимитираното издание. Посетете го салонот на Swarovski и одберете совршен подарок за Божик и Нова Година! Swarovski Partner Boutique ул. Мaкедонија 32 1000 Скопјe; тел: ++389 2 3222 30; Skopje City Mall, 1000 Скопје тел: ++ 389 2 3091 003; Palma Mall 1200, Тетово тел: ++389 44 36 88 78


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.