Farmacija prilog 2016

Page 1

WWW.KAPITAL.MK

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ НА ЕВРОПСКИОТ

специјален прилог ТЕЛЕКОМ ПАЗАР

фармација

И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

КАПИТАЛ SPECIAL

ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? АнАлизирАме

Кој е Кој на пазарот за леКови

ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА

ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА

БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

Домашниот пазар на лекови станува помалку атрактивен

претседател на фармабренд Нова – асоцијација на претставници на странски производители на иновативни лекови

интервју: Драган конески

зошто заминуваат светските фармацевтски гиганти оД макеДонија

во партнерство со Државата сакаме Да приДонесеме за моДерен и финансиски оДржлив зДравствен систем


Капитал број 855 18.03.2016

32

www.kapital.mk

фармација

Анализираме

Кој е кој на македонскиот пазар за лекови

Регулација: Државата ги одредува референтните и максималните


www.kapital.mk

Капитал број 855 18.03.2016

специјален прилог

33

О пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Зегин, Македонијалек и Феникс фарма се трите најголеми веледрогерии во Македонија според остварените приходи од продажба, додека Алкалоид е најголемата компанија на пазарот на лекови, ако се земе предвид продажбата на сопственото производство на лекови и препарати на домашниот пазар, заедно со прометот што го прави нејзината компанија ќерка – веледрогерија.

Околу 130 милиони евра се трошат за лекови во Македонија за една година – толку тежи колачот што го делат триесетина веледрогерии кои се позначајни играчи на пазарот, иако регистрирани компании за трговија и дистрибуција на лекови во земјава има многу повеќе. Според податоците што ги добивме од неколку веледрогерии, Фондот за здравствено осигурување – ФЗО, лани потрошил околу 95 милиони евра за лекови, од кои што 65 милиони евра за болнички потреби и 30 милиони евра за лекови издадени на рецепт во аптеките за кои што партиципира ФЗО. Меѓутоа, надвор од буџетот на ФЗО, односно од буџетот на државата се финансираат програмите за имунизација, дијабетес, ретки болести, итн., односно дваесетина програми каде што исто така се насочени државни пари за набавка на лекови, вакцини, инсулин, итн. Комерцијалната продажба на лекови изнесува околу 35 милиони евра, што значи за лекови што не одат на рецепт, односно ФЗО не партиципира. Во Македонија има три компании што произведуваат лекови, Алкалоид, Реплек фарм и Јака 80, кои што продаваат свои лекови на домашниот пазар, а Алкалоид и Реплек имаат регистрирано и веледрогерии, кои што се занимаваат со продажба и дистрибуција на лекови и други медицински препарати, главно од увоз. На пазарот функционираат и стотина веледрогерии што се занимаваат исклучиво со трговија и дистрибуција на лекови, а триесетина се со промет поголем од половина милион евра, според податоците во базата на www.biznismreza.mk, која што пак ги црпи од Централниот регистар. Алкалоид, како најголем производител на лекови во земјава, во 2014 година имал продажба на домашниот пазар во износ од речиси 40 милиони евра (вкупната продажба, со сè извозот е 96,5 милиони евра). Најновите расположливи податоци за сите веледрогерии и производители на лекови на biznismreza.mk се за 2014 година, затоа што резултатите за 2015 сè уште не се ревидирани и затоа ги земаме овие бројки предвид во анализата на пазарот. Реплек

е цени на лековите, како и профитните маржи во малопродажба


www.kapital.mk

Капитал број 855 18.03.2016

34

фармација

фарм имал продажба од 9,3 милиони евра, од кои што на домашниот пазар околу 45%, а Јака 80 во износ од 1,6 милиони евра (за оваа компанија немаме податок дали има извоз и колкав дел отпаѓа на него).

Се топат добивките на веледрогериите

Во делот на веледрогериите, најголем промет направила Зегин, 43,6 милиони евра, за 5,3% повеќе во однос на годината претходно. На второ место е Македонијалек, со 30,5 милиони евра (+21,6%), а зад неа е Феникс Фарма со продажба од 25,5 милиони евра (+17%). Во приложената табела може да се видат и останатите веледрогерии рангирани според остварениот приход, а најголем раст на приходите во 2014 година има веледрогеријата Галафарм 2, од 55,5% на 1,88 милион евра. Најголемите 20 веледрогерии имаат вкупен промет од 252,8 милиони евра или за 3,15% повеќе во однос на 2013 година. Вкупната добивка на овие веледрогерии е 7,33 милиони евра, што пак е помалку за 28% во однос на годината претходно. Најголема чиста добивка во 2014 година има веледрогеријата Реплек, од 1,78 милиони евра, пред Лек Скопје Сандоз со 1,45 милиони евра и Еуролек со 836 илјади евра. Зегин, Македонијалек и Феникс фарма, најголемите веледрогерии според

приход во 2014, имаат 260, 288 и 226 илјади евра добивка респективно. Меѓу 20-те најголеми веледрогерии, пет имале намалување на приходите во 2014, при што најголем пад на приходите имала Елбијор, од 28,4%, една веледрогерија има исти приходи, а останатите имале раст. Што се однесува на нето добивката, меѓу овие 20 компании, само пет имале раст, меѓу кои најголем раст на профитот имала Плива, од 31,5% на 168 илјади евра, пред Крка фарма (+29%) на 449 илјади евра, Лек Скопје

2014

2013

43.590.744 30.482.136 25.468.169 19.140.030 16.734.150 16.287.066 15.743.132 13.311.382 13.179.702 10.974.126 8.821.389 8.540.279 8.068.220 5.405.995 4.897.206 4.620.249 2.328.278 1.877.158 1.713.538 1.597.652

41.395.633 25.076.471 21.754.318 19.784.161 22.437.572 15.802.386 15.422.752 12.860.455 9.943.580 11.733.322 11.953.547 7.337.187 8.012.291 5.224.503 4.661.658 4.557.428 2.016.206 1.207.362 2.393.954 1.496.390

2014

2013

96.486.585 9.297.524 1.615.838

94.730.634 9.068.322 1.668.841

Сандоз (+27%; 1,45 милиони евра), Феникс Фарма (+13,7%; 199 илјади евра) и Фарма прима (+5,89%; 289 илјади евра). Најголем пад на добивките покажале Промедика, со дури 94% на 8.935 евра, Д-р Пановски со 76% пад на 279 илјади евра, и Септима, Варус и Виола трејд, сите со по околу 50% помали добивки, односно 256, 118 и 54 илјади евра респективно. Само

(%) 5,30% 21,56% 17,07% -3,26% -25,42% 3,07% 2,08% 3,51% 32,54% -6,47% -26,20% 16,40% 0,70% 3,47% 5,05% 1,38% 15,48% 55,48% -28,42% 6,77%

(%) 260.054 288.133 226.328 835.943 8.935 448.655 284.174 1.446.576 2.055 278.598 1.787.153 306.024 478.080 168.373 256.367 117.811 54.081 -29.089 112.439 509

1.054.377 300.834 199.133 1.146.288 146.865 348.516 361.380 1.142.364 -5.417 1.159.148 2.125.116 288.988 639.254 128.028 517.325 239.192 111.604 14.141 205.389 602

-75,34% -4,22% 13,66% -27,07% -93,92% 28,73% -21,36% 26,63% / -75,97% -15,90% 5,89% -25,21% 31,51% -50,44% -50,75% -51,54% / -45,26% -15,47%

10.229.712 950.417 -86.587

10.078.591 1.549.219 -726.955

3,00% -38,65% -88,09%

(%) 2,00% 2,53% -3,18%

(%)

Концентрација: Пет најголеми веледрогерии држат Половина од Пазарот



www.kapital.mk

Капитал број 855 18.03.2016

36

фармација

една веледрогерија покажала загуба од 29 илјади евра. Меѓутоа, треба да се истакне дека веледрогериите дистрибуираат и многу други препарати освен лекови – чаеви, козметика, додатоци во исхраната, ортопедски и други медицински помагала... Затоа е и разликата помеѓу нивниот вкупен приход и вредноста на пазарот на лекови во Македонија, што ја спомнавме на почетокот од текстов.

Строго регулиран пазар

Анализирајќи го пазарот на лекови во Македонија, треба да истакнеме дека тоа е строго регулиран пазар од државата, која што во изминативе 4-5 години воведе неколку мерки што сериозно влијаеја врз неговото движење. Фармацевтскиот пазар уште од осамостојувањето на Македонија предизвикуваше контроверзии кај јавноста, во смисла дека веледрогериите печалат екстра профити врз грбот на пациентите и на товар на државните финансии за здравството, напумпувајќи ги цените на лековите до плафон. Темата за трошењето на здравствениот денар, особено кога се работи за набавки што се одвиваат преку тендери, отсекогаш била незгодна за опсервација и влечела зад себе опашки на криминал и корупција. Да се потсетиме само, дека речиси и да нема директор на ФЗО во последниве 15-тина години што не добил кривична пријава, а некои одлежаа и затворски казни. Во 2011 година, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување ја ревидираа методологијата за референтни цени на лековите што одат на позитивната листа и почнаа да ги ажурираат на годишна основа – и за генеричките лекови, како и за оригинаторните. Македонија фаворизира генеричка политика на лекови, што значи дека се фаворизираат генерички лекови, не брендови. Регулацијата на цените се прави врз основа на генеричката состојка (хемиската формула на молекулот на лекот). Цените се формираат преку споредување со големопродажната цена на истиот лек во 12 референтни земји. Како референтна цена се зема просекот од двете најниски цени што може да се најдат за таа генерика во овие земји. Од Министерството за здравство во една прилика истакнаа дека од почетокот на 2012 година до средината на 2015 се извршени вкупно седум намалувања на цените на лековите и се опфатени над 4.500 лекови. Како што вели извештајот на Светска банка за трошењето на јавните финансии во Македонија, издаден во јули минатата година, само во 2012 и 2013 година овие мерки на Владата доведоа до просечно намалување на цените на лековите од преку 30% и заштедиле преку 30 милиони евра државни пари. Владата ги регулира и профитните маржи при големопродажните и малопродажните цени на лековите, а исто така, Министерството за здравство пропиша заеднички јавни набавки и

Кои лекови најмногу се купуваат во аптеките

За лек против притисок најмногу рецепти, а за лек против холестерол најмногу потрошени пари

С

поред податоците на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) за првата половина на 2015 година, најмногу издаван лек на рецепт во македонските аптеки бил лекот со генеричко име Enalapril, лек против висок притисок, кој што учествува со 9,24% во вкупниот број на издадени рецепти за тој период, а тоа се 10,5 милиони рецепти за кои што се исплатени 19,6 милиони евра. На второ место е лекот за смирување Diazepam, со 4,77%, пред Lisinopril, исто така лек за третман на висок крвен притисок со 4,57%, Pentoxifylline (против болки во мускулите предизвикани од периферни артериски болести) со 4,24%, Metformin (за висок шеќер во крвта) тендерирање за лекови и медицинска опрема што ги купуваат болниците, што исто така генерираше одредени заштеди на пари. Трето, Министерството дозволи паралелен увоз на лекови што може да се набават по пониска цена во блиски држави, особено Турција (за паралелниот увоз повеќе во понатамошниот текст од прилогот, н.з.) “Сето ова доведе до намалување на цените на поедини лекови до точката каде што дистрибутерот веќе и нема заработка. Има еден лимит под кој цените не може повеќе да паѓаат. Затоа што ако при одредувањето референтна цена одите со

со 4,14%, итн. Во првата половина од 2015 година вкупното зголемување на бројот на реализирани рецепти изнесува околу 10 % во споредба со истиот период од 2014 година. Лек за кој што ФЗОМ во првата половина на 2015 година издвоил најголем износ на финансиски средства е лекот Atorvastatin (против висок холестерол во крвта) за кој се издвоени нешто помалку од еден милион евра со околу 4,9% учество во вкупниот износ. Втор според потрошениот износ е Tamsulosin (против болести на простата) 4,15% или 813 илјади евра, потоа Salmeterol+Fluticasone (астма и респираторни болести) – 3,7% или 720 илјади евра, итн. просек од двете најниски цени во околни држави, ја ограничувате можноста на пазарот да влегуваат препарати со повисок квалитет и од реномирани производители. Ние веледрогериите ако продаваме некој лек под цена, веднаш мора да најдеме алтернатива за да ја покриеме таа загуба. За еден добавувач што се труди да донесе лек од познат производител, реферирање со две најниски цени значи само намалување на добивката, следствено и намалување на можноста за влез на брендирани иновативни лекови“, вели претставник од една веледрогерија кој што сакаше да остане анонимен. nnn

Потрошувачка: Околу 130 милиони евра се трошат годишно за лекови


Ведра Интернешенал е една од најбрзо растечките фармацевтски компании на Балканот, која обединува професионалност и искуство во продажбата и маркетингот на фармацевтски производи. Присутна е во четири држави – Бугарија, Македонија, Србија и Романија. Менаџментот и тимот на Ведра има повеќе од 15 години искуство во градењето на корисни и стабилни партнерства со сите учесници на фармацевтскиот пазар во Македонија – фармацевти, лекари, производители, државни институции и пациенти. Вработените на Ведра бројат повеќе од 100 искусни лица, на македонскиот и регионалниот фармацевтски пазар. Ведра од санскрит значи знаење, огреано од сонцето. Мисијата на компанијата е да им достави на пациентите модерни, ефикасни и висококвалитетни производи и терапии од водечки меѓународни фармацевтски производители, за со нив да го подобри квалитетот на живот на луѓето и да им помогне да oстанат здрави. Од 2014г. Ведра Интернешенал има свое претставништво во Македонија со седиште во Скопје. Меѓу водечките производи од портфолиото на компанијата се Проспан и Трахисан на германскиот производител Engelhard Arzneimittel. Производителите се апсолутни лидери на пазарите во повеќето држави од Европа за лекување на кашлица и болно грло. Како поткрепа на терапијата за здраво грло се Isla пастилите со три различни вкусови - мус, минт и касис. Помагаат при сува кашлица и зарипнатост.

http://vedrainternational.eu

Година на основање: 2014г. Седиште на компанијата: Софија, Бугарија Број на вработени: 50-100 Борд на директори: Теодора Петрова Диан Димов Иван Иванов Диана Милушева

Партнери: Engelhard Arzneimittel Nelsons Apipharma Se-cure Pharmaceuticals Ahava Certmedica GmbH Theresienöl Dr. Niedermaier Pharma GmbH HERMES ARZNEIMITTEL Institut Allergosan

Nisita во облик на спреј и маст за нос го потпомага лекувањето во случаи на затнат нос и сува носна лигавица. Производите од серијата Rescue на англиската фирма Nelsons со универзалната комбинација од цветни есенции на д-р Бах се апсолутен хит во справувањето со стресот на секојдневието, стравот и паниката. На македонскиот пазар е присутен крем обликот на Rescuе за третирање на различни кожни проблеми: осипи со чешање, дерматити и е исклучително е ефикасен при убоди од инсекти. Истата компанија е производител на Arnicare гел и крем, погодни за третирање на трауми како шинувања, истегнувања, исчашувања и контузии. Производите на хрватската компанија Аpipharma во себе ги обединуваат корисните својства на пчелните производи со лековитите особини на билките, при што се произведени со методи кои ја запазуваат изворната природна форма на суровините. Ведра има особено задоволство да го претстави на македонскиот пазар број 1 производот за слабеење во Германија за 2013 г. – Formoline L112 на компанијата Certmedica. Formoline L112 е целосно природен и ја содржи материјата полиглукозамин L112, добиена од школките на черупкари. Таа како магнет ги привлекува мастите од храната во желудникот и цревата и ја спречува нивната апсорпција. Така се потпомага трајното намалување на прекумерната телесна тежина, се спречува апсорпцијата на лошиот холестерол од исхраната и се контролираат килограмите по ослабнувањето.


www.kapital.mk

Капитал број 855 18.03.2016

38

фармација

Домашниот пазар на лекови станува помалку атрактивен

Зошто заминуваат светските фармацевтски гиганти од Македонија

С пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Само два нови лекови, односно нови молекули како што се нарекуваат во фармацијата, се влезени на позитивната лис та н а Ф о н д от з а з др а в с т в ен о осигурување во последниве осум години, велат нашите соговорници, познавачи на пазарот за лекови, кои што не сакаат јавно да зборуваат на темава. Отсуството на нови, иновативни лекови на листата медикаменти за кои што државата целосно или делумно ги покрива трошоците, предизвикува неколку негативни ефекти, велат тие: пред сè, граѓаните имаат ограничена можност за лекување со најсовремени лекарства, а големите светски фармацевтски компании кои што се производители на тие лекови, пополека го губат интересот за македонскиот пазар и ги затвораат своите претставништва, или пак ги сведуваат на минимум операции, со по 2-3 вработени. Речиси сите големи светски фармацевтски производители, кои што ги лансираат новите молекули, односно формули на иновативните лекови на светскиот пазар, изминативе 20-тина години отворија свои претставништва во Македонија. Тие во пракса не се директни дистрибутери на сопствената производна програма, туку тоа го вршат веледрогериите, кои што се нивни застапници и партнери. Претставништвата претежно се занимаваат со постпродажни активности, спроведување на студии што ја следат употребата на некој лек, маркетинг активности и сл. Но, последниве години се забележува тренд на затворање на овие претставништва. Нашите извори наведоа дека фармацевтските гиганти Astra Zeneca, Actavis, Stada веќе ги затвориле своите канцеларии, а уште неколку компании го десеткувале бројот на вработени и се свеле на основните операции – околу регистрацијата на лековите и сл. Затворањето на претставништвата не значи дека нивните лекови нема повеќе

Регулирањето на цените на лековите, односно нивното намалување во неколку наврати, како и паралелниот увоз на лекови, доведоа до пад на интересот на големите светски фармацевтски компании за македонскиот пазар. Некои целосно ги затворија своите претставништва, некои ги сведоа операциите на минимум. Анализираме какви се последиците за домашниот пазар на лекови, и на крајот за самите пациенти. да бидат присутни на пазарот – можат евентуално да бидат повлечени лекови за кои што производителите немаат интерес да ги продаваат на македонскиот пазар, велат нашите соговорници. Тоа може да бидат некои поскапи лекарства, кои што не се наоѓаат на позитивната листа, а за комерцијална продажба не се исплатливи со оглед на малата количина. “Сите губиме од повлекувањето на светските фармацевтски компании од земјава. Здравствените работници немаат шанса да лекуваат со нови лекови и да ја видат предноста од тоа. Пациентите немаат шанса да учествуваат, макар и во спонзорирани студии, за да се види бенефитот од најновите тералии. Како што паѓаат цените на генеричките лекови (лекови што се произведуваат откако истекува периодот на

патентна заштита на оригиналната формула, обично десет години. Производната цена на овие лекарства е многу пониска затоа што во неа не се вградени трошоците за истражување и развој, н.з.), ќе се намалува профитот и ќе се губи онаа разлика во пари со која што може да се поткрепи увозот на иновативни лекови“, објаснуваат нашите соговорници.

Генериката е квалитетна, но како до повеќе иновативни лекови на позитивната листа?

Од горенаведеното се наметнува прашањето со какви всушност лекови се лекуваат македонските граѓани – дали доминираат застарени лекарства, чии што формули се синтетизирани пред 20,30 и повеќе години, кои што сега може да ги произведуваа голем

Зијан: сите губат од “бегањето“ на фармацевтските гиганти


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Семејни бизниси

25 март

2015

Дилема на сопствениците: Дали да се предаде или продаде бизнисот? Семејните компании сочинуваат две третини од сите бизниси во светот и создаваат помеѓу 70% и 90% од светскиот БДП секоја година. Но, светските истражувања покажуваат дека нивниот животен век се скратува заради глобализацијата, брзиот развој на новите технологии, претесните домашни пазари, внатрешните проблеми околу наследувањето на компанијата... Овие предизвици стојат и пред македонските семејни бизниси, од кои што голем дел веќе го достигнаа моментот кога основачите мора да размислуваат што понатаму со компанијата: Дали да се остави на наследниците или да се продаде? Имаат ли нивните деца афинитети за бизнисот? Што ако поголем играч е заинтересиран за преземање? Ќе успее ли компанијата да преживее уште една криза?... Во специјалниот прилог „Семејни бизниси: Дали да се предаде или продаде бизнисот?“ што ќе излезе на 25 март годинава, ќе може да прочитате:

l Кои се најголемите семејни компании во Македонија l Дилема на сопствениците: дали и кога да се продаде семејната компанија l Како да процените колку вреди вашата семејна компанија l Ако бизнисот остане во семејството, како да се направи квалитетен процес на наследување: што велат искуствата во ЕУ l Што значи италијански, а што германски модел на работа на семејните компании l Растот не гарантира извонредност: зошто некои компании треба да останат мали за да го задржат квалитетот Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 855 18.03.2016

40

фармација

Паралелниот увоз само долева масло на огнот

П

ред четири години државата дозволи паралелен увоз на лекови, што значи можност да се увезе лек што е веќе регистриран во Македонија, но кој што може да се најде поевтино во листа на земји од кои што е дозволен паралелен увоз. Објаснувањето на министерот за здравство Никола Тодоров тогаш беше дека со ова се зголемува конкуренцијата на пазарот, односно пациентите ќе добијат поевтини лекови. Претставници на веледрогерии со кои што разговаравме велат дека сè додека на оваа листа не се додадоа и Русија и Турција, немало некој поголем интерес за паралелен увоз, но заради големината на овие пазари и можноста да се најдат пониски цени на лековите, домашни веледрогерии почнале да увезуваат сè повеќе лекови со овој тип на увоз. Од неколку фармацевтски работници, менаџери во веледрогерии и претставништва на светски фармацевтски компании добивме сличен став околу последиците на овој паралелен увоз: Прво, се отежнува следливоста на лекот, од неговото излегување од производителот до крајниот корисник во Македонија; се зголемува број на генерички компании во светот и може да се увезат многу поевтино? Фармацевтите со кои што разговаравме велат дека лековите во Македонија се квалитетни и безбедни, барем оние што влегуваат по легален пат, со сите законски процедури на регистрација, дистрибуција, складирање, итн. Агенцијата за лекови во повеќе наврати има изјавено дека граѓаните можат мирно да спијат – лековите што влегуваат на пазарот под нивна контрола се исправни од секој аспект. Генеричката политика не лекови што ја спроведува државата не значи дека лековите не се доволно квалитетни, објаснуваат фармацевтите. Тоа се лекови кои што се прават по формула што ја пронашле големите фармацевтски компании – иноватори на пазарот, кои што извесен период имале ексклузивни права за таа формула и за тоа време други компании може да ги произведуваат овие лекови само по лиценца. Овие, нови лекови, т.н. оригинатори, затоа и се скапи, затоа што само за истражувања и развој на нова молекула на лек се трошат по неколку милијарди долари и време од десетина години во просек. Откако ќе истече периодот на патентна заштита, сите генерички компании во светот може да произведуваат сопствен лек по таа формула, под свој бренд. Лекувањето со иновативни лекови е скапо, и затоа државите во светот, во принцип го регулираат пазарот на лекови, односно, спроведуваат политики на набавка и субвенционирање на иновативните лекови, за да може да бидат достапни за населението. Но, што е пониско нивото на развој на една економија, секако дека е и послаб капацитетот за поддршка на лекувањето со иновативни лекови. Прашањето е како да се зголеми

можноста за доаѓање на фалсификувани лекови, особено од пазари што се надвор од ЕУ, како рускиот и турскиот; се заобиколуваат претставништвата на големите фармацевтски светски компании со што им се дава дополнителен мотив за губење интерес за македонскиот пазар; Нашите соговорници сметаат дека регулатива за намалување на цените има доволно и дека не е потребен паралелен увоз за тоа да се прави дополнително, кога веќе и онака цените на голем број лекови се намалија до нивоа да веќе стануваат неисплатливи за производителите и веледрогериите. Инаку, за потребите на овој текст, навремено испративме во два наврати прашања до Агенцијата за лекови, за нивни став, меѓу другото и за тоа колку паралелниот увоз донесе или не донесе позитивни ефекти, како и за коментар околу невлегувањето на нови иновативни лекови на позитивната листа, но не добивме одговор.

светска банка ПреПорачува

со заштедените Пари од намалените цени да се куПат иновативни ПоскаПи лекови

с

ветска банка, во извештајот за трошењето на јавните финансии, во делот посветен на здравството, препорачува македонија да продолжи со намалување на трошоците за набавка на генерички лекарства преку референтните цени и системот на јавни набавки, додека истовремено да воведува иновативни пристапи во набавката на поскапи нови лекови. министерството за здравство и фондот за здравствено осигурување треба сè повеќе да се

учеството на овие лекарства на позитивната листа на ФЗОМ?

Предлози од страна на фармацевтските компании

Од Асоцијацијата на претставници на странски производители на иновативни лекови – Фармабренд Нова, велат дека можни решенија за поголема достапност на нови лекови до пациентите би биле следниве: заштедените средства од намалувањето на цените на лековите да се инвестираат во нови иновативни лекови; можност да се склучуваат одредени договори помеѓу Министерството за здравство,ФЗОМ и компаниите – во интерес на пациентите (она што во моментов го прави Агенцијата за лекови); дополнителни средства за финансирање т.н. здравствен денар; да се

потпираат на cost-benefit анализи во насока на вклучување на нови поскапи третмани, процедури и нови патентирани лекови на позитивната листа, преку процесот на т.н. Health Technology Assessments - нта или слични механизми. затоа што е потребно подолго време да се развијат HTA капацитети, модифицирани HTA користејќи ги методологиите на развиените земји (британија или германија, на пример) се добар привремен избор, вели светска банка. зголеми процентот од буџетот што се троши за медикаменти. Од Фармабренд Нова истакнуваат дека во земјите на ЕУ, процесот на ревизија на позитивните листи е во распон од 85 до 365 дена. Во Бугарија, на пример, ако еден лек е на позитивната листа во 5 држави од ЕУ, автоматски влегува и на нивната позитивна листа. “Процесот на ревизија и проширување на позитивната листа кај нас, беше подолго време застанат, сè до минатата година, кога се формираше комисијата за хемато - онколошки лекови. После повеќе години, ова претставува позитивен сигнал за иновативните компании во планирањето на регистрациите на нови лекови во Македонија“, велат во Фармабренд Нова. nnn

решение: Позитивната листа на лекови мора да се Прочисти


41

Капитал број 855 18.03.2016

издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31

тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK

Претплатете се на КАПИТАЛ...

АНАЛИЗА

И

ЕВРОПСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ЗАЕДНИЦА ПРЕДУПРЕДУВА: МАКЕДОНИЈА Е ЗЕМЈА СО ЗАРОБЕН ЕНЕРГЕТСКИ ПАЗАР!

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

ГОДИНИ

дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го COVER STORY поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КОЈ УПРАВУВА СО за Капитал пред повеќе од 15 години. Со МАКЕДОНСКАТА макотрпна и посветена работа на својот тим, ЕКОНОМИЈА? магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ АВТОМОБИЛИ Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА АНАЛИЗА: КОЛКУ “ТЕЖИ” СПЕЦИЈАЛНИОТ ТИМ НА ОБВИНИТЕЛИ? на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. БИЗНИС И ПОЛИТИКА КАКВА ВИЗИЈА ИМА СДСМ ЗА МАКЕДОНИЈА?

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА

специјален прилог

АВТОМОБИЛИ

КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА

 АВТО САЕМ ФРАНКФУРТ 2015 КОИ НОВИ МОДЕЛИ МОЖЕ ДА ГИ ВИДИМЕ НАСКОРО И НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА?

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 833 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 16 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.

4.100 20%

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

ГОСПОДАРИ НА МАКЕДОНИЈА КОЈ Е ГАЗДА НА НАЈМОЌНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ? ВОДИЧ КАКО ДА ОТВОРИТЕ ФИРМА ВО РЕГИОНОТ?

денари, заштедете

УШТЕ 20 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ СИ ЗАМИНАА ЗА ЕДНА ГОДИНА.

ДОСЕГА ОТСЕЛЕНИ

600.000

ДАЈТЕ НИ ПАТИШТА И СЛОБОДНИ ГРАНИЦИ, ЗА БИЗНИС ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ! РАМКОВЕН ДОГОВОР: ЗА ОСУМ ГОДИНИ ПОТРОШЕНИ НАД 73 МИЛИОНИ ЕВРА!

COVER STORY СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!

6 месечна претплата 2.200 денари 12 месечна претплата 4.100 денари со вклучени 20% попуст

24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст

КАПИТАЛ АНАЛИЗА ЦЕНИТЕ НА СУРОВИНИТЕ ВО АМБИС. МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА ОЧЕКУВА ЦРНИ СЦЕНАРИЈА

ПОЛИТИКА ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!

со вклучени 15% попуст

АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!

КАПИТАЛ АНАЛИЗА НАД 660 МИЛИОНИ ЕВРА ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ, А УВОЗОТ НА ХРАНА ЗГОЛЕМЕН ЗА 80%!

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ РУСКОТО ЕМБАРГО ЌЕ ГИ ПРЕПЛАВИ МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ СО ЕВТИНИ ТУРСКИ ПРОИЗВОДИ?!

WWW.KAPITAL.MK

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

КОЈ И ДА БИДЕ НА ВЛАСТ, НЕКА МУ ЈА МИСЛИ ЗА ТРИ ГОДИНИ ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА ВРАТИ ДОЛГ ОД

ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ

НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

SKI & SPA

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?!

ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КАПИТАЛ SPECIAL

ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ

АНАЛИЗА

2015/2016 КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?  НАЈДОБРИТЕ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ НА БАЛКАНОТ И ВО РЕГИОНОТ  НАЈДОБРИ СПА И ВЕЛНЕС ЦЕНТРИ

 НАЈДОБРИТЕ РЕСОРТИ ЗА ОДМОР СО ДЕЦА  ЗИМСКИТЕ СПОРТОВИ: СКИИ, СНОУБОРДИ, САНКИ ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА  WELLNESS МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА ИНСТРУКТОРИТЕ ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ПРЕПОРАЧУВААТ: ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА ВЕЖБИ И ХРАНА БИЛДЕРБЕРГ: КАКВАИИДНИНА ЗА РЕЛАКСИРАН ЗДРАВ КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? ПОМИН НА ЗИМСКИТЕ БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

МЕСЕЦИ

 СОВЕТИ КАКО ДА ОСТАНЕТЕ ФОКУСИРАНИ И ПРОДУКТИВНИ ОВАА ЗИМА

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

SKI & SPA ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ 2015/2016

1,1

МИЛИЈАРДИ ЕВРА

ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ Б НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА

PROFILE

МАТЕ РИМАЦ хрватски претприемач

СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 832 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 9 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

ТРЕНД: СЛУЖБЕНИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ И ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ВО ИСТО ВРЕМЕ

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 842 | ЦЕНА 100 ДЕН. 18 ДЕКЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

ЕВРОПСКИОТ ИЛОН МАСК

Истанбул станува “мека” за стартапи

*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина

...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...


www.kapital.mk

Капитал број 855 18.03.2016

42

interview Разговаравме со првиот човек на асоцијацијата на претставници на странски производители на иновативни лекови во Македонија, dr.med. Драган Конески, околу нивните предлози за тоа како да се збогати позитивната листа на ФЗО со најнови лекови, односно како овие фармацевтски компании може да помогнат во изградба на квалитетно и финансиски одржливо здравство во земјава.

О

interview

Драган Конески

претседател на Фармабренд Нова – Асоцијација на претставници на странски производители на иновативни лекови

Во партнерство со државата сакаме да придонесеме за модерен и финансиски одржлив здравствен систем

бјаснете ни за Фармабренд Нова - кога и зошто е формирана Асоцијацијата? Во ноември 2012 година во Македонија е основана асоцијацијата на претставници на странски производители на иновативни лекови Фармабренд Нова. Асоцијацијата е претставничко тело на иновативните компании кои се организирани и работат во согласност со важечките прописи во земјава. Интернационалните иновативни фармацевтски компании се производители посветени на научно - истражувачка работа, откривање, регистрирање и овозможување на достапност на најсовремените лекови до пациентите. Како на глобално ниво, така и во Македонија, овие компании имаат значителни материјални и know-how инвестиции. Присуството на овие компании и на лековите кои тие ги откриваат и произведуваат го подигнаа нивото на здравствената заштита во земјата, квалитетот на лекувањето на пациентите, а воедно и на фармацевтскиот сектор. XX Кои се главните цели и интереси на Фармабренд Нова? Производителите на иновативни лекови здружени во Асоцијацијата Фармабренд Нова го препознаваат фактот дека во унапредувањето на работењето во Македонија имаат заеднички цели и интереси.

Нашите основни цели и задачи се: n Имплементација на професионален

кодекс на Асоцијацијата и принципите на етичко промовирање на лековите; n Креирање на модерен и финансиски одржлив здравствен систем согласно со економската состојба во државата, каде што граѓаните ќе имаат подеднаков пристап до здравствената заштита и навременa достапност до најдобрите, најбезбедните и најновите лекови, вакцини и медицински помагала;

Бенефит: Иновативните компании и нивните лекови го под


www.kapital.mk

Капитал број 855 18.03.2016

специјален прилог n Компетентно да се информираат и

едуцираат здравствените работници и целокупната популација за најновите достигнувања во подрачјето на лековите, вакцините и медицинските помагала; n Да промовира и практикува партнерство со сите заинтересирани страни заради унапредување на здравствениот систем; n Едукација на сите релевантни фактори за фармакоекономијата како клучен принцип на доброто претприемништво и одговорното управување со здравствената заштита и средствата што се издвојуваат за неа, при што на државата и на пациентите им се гарантира достапност, квалитет, ефикасност и сигурност за вложените средства; n Транспарентност во односите помеѓу релевантните државни институции и претставниците на фармацевтската индустрија и воспоставување на принципот на фармакоекономија како единствен релевантен критериум во процесот на јавни набавки и избор на лекови за позитивна листа; n Едукација и промовирање на здрави животните стилови, навики и активности кои придонесуваат за подобро здравје и квалитетен живот; n Висок степен на социјална одговорност кон заедницата; n Само единствени транспарентни стандарди на работење во етичка и професионална смисла за целокупната фармацевтска индустрија можат да бидат гарант за квалитетна здравствена заштита и контролирана и правилна употреба на лекови. XX Каква е застапеноста на нови лекови на позитивната листа на ФЗОМ? Како според вас треба да се постигне поголема застапеност на иновативните лекови на позитивната листа? Во земјите на ЕУ процесот на ревизија на позитивната листа е во распон од 85 до 365 дена. Во Бугарија, на пример, ако еден лек е на позитивната листа во 5 држави од ЕУ, автоматски влегува и на нивната позитивна листа. Процесот на ревизија и проширување на позитивната листа кај нас, беше подолго време застанат, сè до минатата година, кога се формираше комисијата за хемато -онколошки лекови. После повеќе години, ова претставува позитивен сигнал за иновативните компании во планирањето на регистрациите на нови лекови во Македонија. Од друга страна, недостапноста на понови лекови на позитивната листа го оневозможува лекувањето на пациентите со современа терапија, и затоа сметаме дека започнувањето на функционирање на комисиите за позитивна листа, ќе донесе прогрес во здравството на Македонија. XX Можете ли да понудите некакви решенија што би ја зголемиле достапноста на нови, иновативни лекови до пациентите?

Можни решенија би биле следниве: заштедените средства од намалувањето на цените на лековите да се инвестираат во нови иновативни лекови; Можност да се склучуваат одредени договори помеѓу Министерството за здравство,ФЗОМ и компаниите – во интерес на пациентите (она што во моментов го прави Агенцијата за лекови); Дополнителни средства за финансирање т.н. здравствен денар; Да се зголеми процентот од буџетот што се троши за медикаменти. XX Цените на голем број лекови се намалија последниве години, кај некои и неколкукратно. Што значи тоа за бизнис интересите на вашите членки? Дали Македонија станува сè помалку атрактивен пазар за големите светски фармацевтски компании, со оглед дека некои веќе ги затворија претставништвата или се сведени на минимум активности? Методологијата за формирање на цени во која се вклучени голем број на земји во и надвор од ЕУ, доведува до нереални промени на цените поради курсни разлики (особено кај државите со флуктуирачки девизен курс), референцирање на погрешно објавени цени (пр. Грција) или доколку цената е објавена на ниво различно од големопродажната цена. Има потешкотии и грешки во калкулацијата, бидејќи објавената производна или малопродажна цена треба да се изрази на ниво на големопродажна цена. Дополнителното референцирање со земји надвор од ЕУ или пак со цени на лекови кои се рефундираат и се утврдени во случај кога самата држава го покрива трошокот, доведува до преминување под границата на одржливост, а со тоа и повлекување на некои лекови од Македонија или пак, повлекување на претставништвата на производители на иновативни лекови од пазарот во земјава. Максималните цени се објавуваат два пати годишно на 15 март и 15 октомври. Сметаме дека, соодветно на големината на македонскиот пазар, како и бројот на лекови и компании на пазарот, доволно е само еднаш во годината да се прави ревизија на цените. Министерството за здравство ги зеде предвид нашите сугестии на оваа тема, и направен е чекор напред, со тоа што е формирана Комисија за разгледување на предлози за зголемување на цените на лековите. XX Паралелниот увоз воведен пред неколку години овозможува увоз на лекови од други дистрибутери што немаат големи трошоци за регистрација на лековите како што тоа го имаат претставништвата на компаниите. Објаснете малку повеќе за оваа ситуација, какви биле вашите реакции досега и одговорот од властите? Паралелниот увоз на лекови во Македонија не е усогласен со регулативата на ЕУ каде што всушност станува збор за јасно дефинирана паралелна трговија со лекови, односно движење на лековите во рамките на ЕУ. Со паралелниот увоз

43

на лекови и медицински помагала во Македонија се овозможува увоз на лекови не само од земјите на ЕУ, туку и од Турција и Русија. Интернационалните компании присутни во Македонија го планираат детално своето производство и навремено доставување на лекови за да ги задоволат потребите на пациентите во согласност со барањата пропишани во Законот за лекови и медицински помагала. Секоја интернационална фармацевтска компанија спроведува месечни и годишни планирања, централно и регионално контролирани насекаде во светот. Минималното време потребно за достава на лековите од нарачката е 4 до 6 месеци, а некогаш и повеќе.Иновативните фармацевтски компании, членови на асоцијацијата Фармабренд Нова користат менаџмент систем со кој гарантираат висок медицински квалитет и овозможуваат безбедност за пациентот.

Ние го гарантираме високиот медицински квалитет преку:

n јасна алокација на одговорностите и

преку овозможување на интензивна обука на вработените; n редовна контрола на добавувачите; n периодична контрола на инструментите и просториите кои се во употреба; n користење на ефективни процеси за рано откривање на потенцијалните проблеми со квалитетот кои овозможуваат брза реакција; Со паралелен увоз на лекови се усложнува процесот, а со тоа и се доведува во ризик системот на континуирано снабдување со лекови на граѓаните на Македонија. Можноста за појава на фалсификати на фармацевтскиот пазар е поголема. Нашите институции одговорни за откривање на фалсификати, досега реагираа на време и за среќа на пациентите, не е пријавен никаков проблем. XX Како иновативните фармацевтски компании може да придонесат за унапредување на здравствениот систем во Македонија? Нашиот придонес е преку инвестирање во здравствениот систем, односно, воведување нови дијагностички методи, едукација на здравствените работници, имплементација на научни и истражувачки достигнувања, како и клинички испитувања. Со примена на новите и современи терапии се овозможува подобар исход од терапијата за пациентите, заштеда во здравствениот систем, ако се следи целосниот тек на болеста и подобар квалитет на живот и враќање на луѓето на нивно продуктивно живеење. На крај би сакал да потенцирам дека нашата заложба е со Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за лекови заедно да воспоставиме дијалог, партнерство и соработка за да помогнеме во Македонија да има финансиски одржлив и модерен здравствен систем. nnn

одигнаа нивото на здравствената заштита во Македонија


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.