Kapital magazin 825 826

Page 1

cover story

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

Сите доброчувани тајни околу случајот Макпетрол!

анализа Економијата расте, платите се намалуваат

google Зошто “газдата“ на интернетот стана ќерка фирма на Alphabet?

interview Проф - др.

Ванчо Чифлиганец

генерален менаџер и сопственик на Адора инженеринг

exclusive

Храбро инвестираме и во тешко време - градиме 1.100 станови вредни над 50 милиони евра!

Сава Далбоков

член на Управата на групацијата Erste Sparkassen за Југоисточна Европа

Попрво ќе се случи раздолжување, отколку нов бум на кредити

конференција на IFA: Во знакот на новиот раст двоброј 825/826 | цена 100 ден. | 21 август / 28 август, 2015 | петок | година 16

www.kapital.mk




4

Капитал број 825/826 21.08.2015

содржина 10 навигатор

30

Светот влегува во нова валутна војна n Странските

инвеститори одлеале од Македонија 81,2 милиони евра дивиденди

24

12 капитално 14 капитал Анализа Безобразно и зелено!

Македонските економски апсурди Економијата расте, a платите се намалуваат

24 cover story

Сите доброчувани тајни околу случајот Макпетрол!

30 Интервју

Проф-др. Ванчо Чифлиганец

генерален менаџер и сопственик на Адора инженеринг

Храбро инвестираме и во тешко време градиме 1.100 станови вредни над 50 милиони евра!

34 Интервју

Сава Далбоков

член на Управата на групацијата Erste Sparkassen за Југоисточна Европа

Попрво ќе се случи раздолжување, отколку нов бум на кредити

34

Случај Макпетрол

Њујорк во Скопје

Сава Далбоков

Капитал уште пред неколку години пишуваше за бизнис релациите помеѓу Макпетрол и Оилко. Четири години подоцна од пшишувањето на Капитал, а дури осум години од основањето на Оилко, државата откри наводно прелевање на капиталот од акционерското друштво Макпетрол, која е четврта по големина компанија во земјата. Капитал истражува што е во позадината на случајот Макпетрол и како тој може да заврши?

Скопје за околу година и половина ќе добие станбено-деловен објект кој што наликува на славната зграда Flatiron на Менхетн, Њујорк, а го гради Адора инженеринг. Разговаравме со др. Ванчо Чифлиганец, сопственикот на компанијата околу самата идеја за проектот, но и за амбициозниот план за изградба на преку 1.100 станови до крајот на 2016 година.

Со членот на управниот и надзорниот одбор на Erste и Sparkasse Bank во Југоисточна Европа, Сава Далбоков, разговаравме за тоа што можеме да очекуваме на пазарот на недвижности, заеми и лизинг, но и за тоа како гледа на економските перспективи на државите во нашиот регион.

XXСтр. 30

XXСтр. 34

XXСтр. 24

Илузија: И покрај тоа што власта се фали дека имаме втор н

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, ка Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење:


5

38 ТЕХНОЛОГИЈА

Глобална конференција на IFA во Малта Во знакот на новиот раст

и бизнис 42 Технологии

Само "Г" е за Google во новиот холдинг на Пејџ и Брин Зошто "газдата" на интернетот стана ќерка фирма на Alphabet?

42

48 CEO profile

Koj e Сундар Пичаи, новиот извршен директор на Google?

Економија расте, платите паѓаат Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека македонската економија во последните четири години пораснала 8,3% кумулативно, но во исто време реалната вредност на платите се намалила. Просечната плата во 2014 година изнесуваше 21.394 денари што е 2,6% повеќе отколку пред четири години, меѓутоа трошоците за живот во истиот период пораснаа за 7,6% што значи дека платата сега вреди 5% помалку.

48

XXСтр. 14

Алфабет Во бизнисот сме отворени „од А до Ш“, како да сакаат да порачаат основачите на Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин, давајќи и го името Alphabet на новата холдинг компанија под чиј чадор влезе најпознатиот светски пребарувач и со него асоцираните услуги и продукти. XXСтр. 38

најголем економски раст во Европа, некако не се гледа тоа

ат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје 20.08.2015


годишна едиција

25

септември Почитувани читатели,

2015

Капитал Медиа Гроуп ја подготвува традиционалната годишна едиција КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И 200 НАЈУСПЕШНИ во Македонија, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во Едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето добивката остварени во 2014 година, но во рангирањата ќе бидат вклучени и повеќе податоци за компаниите како вредноста на активата, вредноста на капиталот и уште многу други показатели и коефициенти за успешноста и ефикасноста во работење. Сите рангирања и показатели, како и секоја година, ќе бидат изработени врз основа на официјални и ревидирани податоци обезбедени од годишните сметки на компаниите. Во Едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со најголемите и најуспешните компании од различни индустрии, како и повеќе анализи: l Кои се компаниите и индустриите кои ќе го носат растот следната година? l Плановите и целите на најголемите компании l Најголемите предизвици за компаниите за 2016 година l Кои се најголемите компании во регионот? Во рамките на Едицијата во одделни анализи ќе биде анализирано работењето на компаниите од клучните индустрии: l Прехранбена индустрија l Индустрија за пијалаци и вино l Металопреработувачка индустрија l Градежна индустрија и индустријуа за градежни материјали l Трговија и дистрибуција l Телекомуникации l Енергетика, нафта и гас

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


STAND BY

www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

7

Милион прашања!? ... репринт од 19 јули 2011

Љупчо Зиков ljupco.zikov@kapital.mk http://www.facebook.com/ljupco.zikov

МилионпрашањазаЈосифовски,МакпетролиОилко!?Наиспитсеситенадлежниинституциии државата.Одтоакакоќесеменаџираовојпроцес,ќезависиикредибилитетотнаМакедонската берза и Комисијата за хартии од вредност кои се одговорни да создадат амбиент за тргување со акции. Владата е клучно одговорна. Макпетрол треба да постои затоа што е компанија која има вредност и потенцијал. На Телма не смее влакно да и фали. Андреја Јосифовски е само еден во низата матни ликови на македонската транзиција кој митот на недопирливоста и онаа “нафташка сенка” кој надвиснала небаре поседува извор на нафта наследен од дедому, а не низ “сомнителна” приватизација која го произведе во клучен акционер !? и во монополско трговско претпријатеие скроено со добро платени “адекватни” закони. Уште треба и гајлето да му го береме сега оти се нашол на удар од Владата. А кога седи со нив? Што правиме тогаш? Таквитеденесимаатимотикеш,нонесекредибилнипозициизакреирањенајавнотомислење. Одењето на Андреја Јосифовски од челната позиција на Макпетрол со се менаџерскиот тим има тежина исто толку важна за пазарната демократија и компаниската сцена во Македонија, како и одењето на било која власт по долго владеење со државата. Како и оваа. Но… проблемот е што и четирите партии, две македонски и две албански, се длабоко влезени во овие шеми. Тука некаде понира добрата пракса, мисла и идеја за иднината на бизнисите во Македонија, како и доброто корпоративно управување на македонската пазарна економија. Едноставно од овде почнува блокадата … Во Македонија за 24 години транзиција, наместо слободен пазар, нови домашни инвестиции во компании формирани од новата македонска генерација претприемачи, добивме монополи и картели во сите сектори на стопанството... Денес е создадена бизнис-политичка структура која од македонските компании на најгрд клиентелистички начин создаде неспособни ентитети за поширока балканска битка! Прават профити на малиот домашен пазар и шират фрустрација насекаде! Ги поевтинија компаниите со што тие денеска се на удар на балканските и на светските големи инвеститори! Но, и на домашни инвеститори кои низ процесот на “втората приватизација”, онаа која генерираше кеш кај нив преку силни буџетски трансакции, денеска со тие пари практично реприватизираат. За да не им се случи преземање, па “дигање на клоци” од страна на новите сопственици, старите газди од првата приватизација, таа “стара црвена буржоазија”, од калибарот на менаџерскиот тим на Макпетрол, со се неколкумината професори кои им токмеа закони по мерка (како Законот за трговски друштва) поитаа да се договараат со партиите... Со сите без исклушок. И затоа денес имате монопол за кој дури и јавното обвинителство е свесно “по допрен глас”. Договор за спасување во стилот … не пе “пипајте” и за вас има …!? И така беше … Така е и сега … Така е 24 години.

M

МИТ-от број 3, почитувани читатели, ја разработува заблудата во која сите ние живееме во последните 20 години независност! А тоа е дека градиме слободна пазарна економија! И дека државата била лош стопанственик (ова е МИТ 4). Антипод на митот дека “градиме слободно пазарно стопанство во кое ќе работат независни големи мали компании на слободен и отворен македонски, балкански и светски пазар со еднаков слободен пристап до пари кај финансиските и нефинансиските институции” е тотално погрешен МИТ. Тоа е практички приказна за мали деца... Всушност претходните два мита – дека приватизацијата е виновна за се – што е тотално погрешно поставена

теза, како и вториот мит - дека монетарната стабилност и стабилноста на денарот се светост и треба да се бранат со сите средства – што исто така е погубно поставена теза, всушност, го произведоа третиот МИТ – монополизацијата и картелизацијата во македонската економија – како директна пречка за растот на домашните и странските инвестиции, задолженоста на домашните компании и неликвидноста и високото ниво на отпуштени граѓани од работа.

А што го возбуди директорот Андреја Јосифовски?

Магазинот “Капитал” на 1. јули годинава објави текст со наслов “Господари на Македонија”! Немавме лоши намери... Напротив... Сакавме да помогнеме во објаснувањето на моделите на управување и органите на управување на големите компании


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

8

патот напред

во Македонија, споредено со резултатите на работењето... Објавивме многу компании и луѓе со сопственичката структура над 5% достапна во Централниот депозитар. Одевме фактографски, со тоа што објавувавме податоци од Централниот депозитар на хартии од вредност, Комисијата за хартии од вредност – сите државни институции. Го објавивме следново: “Најголем акционер на Макпетрол, според јавните податоци на Централниот депозитар на хартии од вредност, е ОИЛКО, командитно друштво за транспорт од Скопје (!?), кое поседува 19,94% од капиталот на нафтената компанија. Според истиот извор”, внимавајте сега, “најголеми сопственици на ОИЛКО се АД Макпетрол со 35,61% и Андреја Јосифовски, кој има 14,94% од капиталот на друштвото. Според податоците од Комисијата за хартии од вредност, втор најголем сопственик на ОИЛКО е Саша Лекиќ, исто така дел од менаџментот на Макпетрол. Претседател на Надзорниод одбор на ОИЛКО е Јован Трповски, менаџер и акционер во Макпетрол, а членови во Надзорниот одбор се братот на Андреја Јософивски, Ристо Јосифовски и Ѓуро Јовановски, исто така менаџер во Макпетрол”.

Она што е неприфатливо за здравиот разум, за слободата на пазарот и секако за малите акционери на Макпетрол, но уште повеќе за оние кои допрва сакаат да станат акционери на Макпетрол, идните инвеститори кои преку берза би купувале акции од оваа компанија со голем потенцијал е што никој, ама баш никој не го прашува извршниот директор и претседателот на УО на Макпетрол, основачот на Оилко, Андреја Јосифовски за следното: каде загубите во Макпетрол ? Од неколку години по ред? До кога

загубите? А монополска позиција на Макпетрол на пазарот? Каде одат приходите од трговијата со нафтени деривати, но и од другите дејности под капата на Макпетрол? Макпетрол е котирана компанија на берзата, со нејзините акции се тргува, па оттука овие информации мора да се знаат …

Какви трошоци се прават ? Понатаму: во компанијата? И квантитет и

квалитет … Колкави се платите и бонусите на менаџерите? Какви се резултатите на друштвото Хонда, на Дел компјутери, на Телма телевизија, на хотелите Макпетрол?

оди продажбата на фискални ? Како каси (замислете, дури и фискални

каси продава Андреја Јосифовски). Тој е во групата пет овластени компании за продажба на фискалните каси! Никој не се прашува како може една од најголемите компании по обрт во земјата (што значи можеби најголем даночен обврзник!?!) да биде овластена да си продава фискални каси самата на себе (низ бензинските пумпи)...

100 прашања и дилеми за работењето на Андреја Јосифовски!?

Многумина сегашни сопственици на акции во Макпетрол, како и инвеститори кои сакаат да купат и тргуваат со акции од оваа компанија, во Македонија, почитувани читатели на “Капитал”, долго време се чудат како е можно компанија која ја има најголемата мрежа на бензински пумпи во Македонија (над 130) на топ-локации добивани од времето на комунизмот (па и во последните дваесет години) да прави толку големи загуби, посебно во време кога цената на нафтата во последните години урива рекорди!!!??? 350 милиони обрт во 2010 година во услови на монопол или ако сакате дуопол (сите други играчи бензинските на ОКТА, на Лукоил и приватните мали се аутсајдери на пазарот), а речиси 4 милиони евра загуба!? Каква е реалноста на нафтениот пазар и во монополот Макпетрол...!? Споредби... Во последните две години Андреја Јосифовски жнееше загуби во Макпетрол (во 2010 година - 4 милиони евра (!?), а во 2009 4,6 милиони евра (!?)) во услови на полудени цени на нафтата на светскиот пазар, а отсуство на соодветно намалување на цените

толкави загуби во Макпетрол, ? Откаде а големи добивки во Оилко!? мил. евра е загубата на макпетрол за ? 42010 а 350 милиони евра обрт (20% раст во однос на претходната година)!?

?

4,6 мил. евра е загубата на макпетрол за 2009 годинаа 285 милиони евра е обртот!?

евра месечно е платата на ? 15.000 андреја јосифовски во 2009 - година

на загуби+6.500 евра на име на разни трошоци (на се платено придонеси)!? 6,3 мил. Евра се приходите на оилко во

? 2010 година и се за 75% зголемени во однос на 2009 година!!!???

евра е профитот на оилко ? 720.000 за 2010 година и е 21% зголемен во споредба со 2009 година!!??

милиони евра се трошоците ? 5,6 на Оилко за 2010 година и се за

фантастични 86,2% зголемени во споредба со 2009 година!!!???оилко (командитно друштво формирано во 2007 година) е најголем акционер на макпетрол со 19,94%. а Mакпетрол и Jосифовски се најголем акционери во Oилко со 35,6% и 14,94%во стрелката...

на дериватите на домашниот пазар од страна на Регулаторната комисија (чии интереси штити ова регулаторно тело формирано од државата!!??). Колку за споредба, во истиот период двата останати големи играчи во македонскиот нафтен бизнис (но, далеку помали од Макпетрол, кои се соочуваат со десетици административни бариери во работата), Окта и Лукоил, работеле со зголемен профит. На пример, Окта и двете години по ред имала профит од околу 2 милиони евра, а Лукоил лани работел со профит од 1,8 милиони евра, што е годишен раст од над 200% на профитот кај оваа компанија. Понатаму...Ако на овој суров факт за работењето на “директорот со мазно лице” се додаде и фактот дека во изминативе три години Макпетрол ги добивал речиси сите државни тендери за снабдување со нафта и нафтени деривати на многу државни и јавни институции (!?) (извор: интернет-страницата на Бирото за јавни набавки), тогаш дилемите се уште поголеми. Но, видете директорска итроштина сега: за разлика од Макпетрол (каде што Андреја Јосифовски е и директор и претседател на Управниот одбор, и “убав” акционер), ОИЛКО (каде што газди се Андреја Јосифовски сосе Макпетрол, види погоре во текстот), лани работел со интересен профит (!?). И уште глупости има во оваа компанија... ОИЛКО е формирано во јануари 2007 година! На интернет-страницата стои дека сопственик на друштвото е АД Макпетрол со триесетина проценти! А не се споменува дека прилично голем удел има и директорот Андреја Јосифовски!? Можеби тука некаде “лежи зајакот грицкајки морковче и сисајќи весла” - зошто толку го изнервира јавното објавување на неговата сопственост во ОИЛКО...

И уште нешто...

Многумина загубите на Макпетрол во 2010 и во 2009 година не можат да си ги објаснат!? Особено ако се има предвид големиот обрт: за 2010 година од 350 милиони евра, а кој обрт во споредба со 2009 година, кога бил 285 милиони евра, пораснал за повеќе од 20%! Но, има и такви што загубите на Макпетрол ги сметаат за резултат од падот на продажбата на нафтени деривати што многу силно се почувствува откако во нафтениот бизнис влегоа Лукоил и Нико Петрол! Овие две компании понудија поквалитетни горива, а граѓаните тоа можеа веднаш да го почувствуваат на бензинските пумпи. Сепак, има голем дел од трошоците прокнижени во Макпетрол кои тешко може да се оправдаат со чиста бизнис-логика. Сепак, на акционерско собрание поминуваат...!? Бог да чува... Но, еве и да не е така со трошоците како што се сомневам во овој денешен текст.. во економии со вистински слободен пазар (а не со монополско и картелско присуство


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

9 и ароганција која “убива”) губењето на пазарните позиции на компанијата се книжат на негативното конто на генералниот директор и менаџерскиот тим, во случајот претседателот на Управниот одбор... Но, него никој ништо не го прашува... акционерите или се неинформирани или се негови роднини, или се урочени и гледаат тапо во просторот како зомби, или одлучуваат акционерите кои се под 5%, а ние не ги гледаме (оти според Законот за трговски друштва компанијата не мора да ги објавува!?! Ќе се зачудите какви се ликови има со 4,95% сопственост низ македонските акционерски друштва што минаа низ приватизацијата)!? Никој не го прашува Андреја Јосифовски за следното: Зошто загубите? До кога загубите во услови на монополска позиција на пазарот? Каде се парите од обртот? Какви трошоци се билдаат во компанијата? Колкави се платите и бонусите? Какви се резултатите на друштвото Хонда, на Дел компјутери, на Телма телевизија, на хотелите Макпетрол? Како оди продажбата на фискални каси (замислете, дури и фискални каси продава Андреја Јосифовски). Тој е во групата пет овластени компании за продажба на фискалните каси! Никој не се прашува како може една од најголемите компании со обрт во земјата (што значи, можеби најголем даночен обврзник!!!!) да биде овластена да си продава фискални каси самата себеси (низ бензинските пумпи)... Знае ли некој што сè се работи во овАа компанија??? Андреја Јосифовски е генерален директор и претседател на Управниот одбор на Макпетрол! Кај него се споени двете најмоќни управувачки функции во компанијата. Јосифовски е на чело на компанијата од 1996 година! Цели 15 години... “Марадона”!? Инаку, на почетокот на годинава медиумите објавија дека во текот на 2009 година, кога компанијата работела со загуба од 4,6 милиони евра, Јосифовски земал месечна плата од над 15 илјади евра, плус уште 6.500 евра за лекарски прегледи, како осигурување и други примања (!?), на кои компанијата платила персонален данок. Оваа сума го вбројува Андреја Јосифовски во групата најплатени менаџери во земјата, можеби и пошироко во овој дел на Европа!? Вистинското прашање, кое самиот си го поставувам како потенцијален акционер во Макпетрол, се разбира, ако воопшто некогаш успеам да купам барем една акција во оваа компанија на “слободнниот берзански пазар”, јавно прашувам: “Со што овој човек ја заслужил толку високата плата”? Но, тука мора да има и нешто друго... Кои се акционерите на Макпетрол? Прашувам дали неговата плата не е поврзана можеби директно со загубите? Како се правени загубите во Макпетрол? Како се билдале трошоци? За кои цели? Има ли корупција?... Се се тоа нормални прашања... нели? Можеби клушното прашање е дли ова го гледаат Комисијата за хартии од вредност? И Македонската берза? Па и Јавното

обвинителство… Прашањата се и до нив...

Макпетрол има монополска позиција за дистрибуцијата на гас во Македонија! Македонските компании плаќаат најскап гас во Европа!

И додека мислите дека овде некаде завршуваат “игранките” во де факто монополот на Макпетрол, кога веќе гледате и елементи на картелско здружување (ова ќе бара објаснување од Андреја Јосифовски)... Има овде сешто! Видете сега чудо... Во март годинава Макпетрол основаше уште една нова фирма, Пром Гас дооел, преку која ќе се врши трговијата со гас низ Македонија. Фирмата која има основачки капитал од 160 илјади евра ќе ја управува Милан Сотировски, еден од поранешните членови на Управнот одбор на компанијата Макпетрол. Макпетрол има монопол и во дистрибуцијата на гас! Заедно со државната ГАМА го управува гасоводниот систем! Цената на гасот во Македонија е безобразно висока и македонските компании се принудени да плаќаат највисока цена на гас во цела Европа!? Еве аргументи... Рускиот гас донесен до македонска граница, а закупен од Макпетрол, чини неверојатни 370 евра за 1.000 нормални метри кубни гас. Страшно! Особено е страшно ако се земе предвид дека рускиот гас до бугарската граница чини 270 евра, а до српската 300 евра. Ако се анализираат официјалните податоци дека европска Германија до границата гасот го носи по цена од 240 евра за 1.000 метри кубни, произлегува дека Македонија плаќа поскап гас и на влезот во земјава и до компаниите за дури 100 евра!!!??? Најскап гас. Цената на гасот е за 70% до 80% повисока од цената на гасот во Западна Европа! А замислете, ние сите очекуваме македонските компании да се конкурираат на глобалниот евопски и на потесниот балкански пазар. Во цела Европа цената на гасот дојден на граница е 190-200 евра, а во Македонија е близу 400 евра. Нашите најголеми компании прават загуби и до четири милиони евра на годишно ниво. Компаниите имаат и неприфатливо големи трошоци да го донесат гасот до нив - создаваат дополнителен трошок од 150 евра по 1.000 кубни метри гас!!!???Зошто се штити ваков монопол и зошто во структурата на сопственоста на ГАМА (Макептрол и државата пола-пола, се создаваат услови за картелско здружување???) Кој го дозволува ова? За чии интереси? Има ли некој кој ќе ја отвори сериозно оваа дебата? Но, и за ова ќе читате во утрешниот број на “Капитал” кога одблиску ќе ја објасниме монополизацијата и картелизацијата во македонската економија, која го блокираше стопанството во последните години.

Демонополизација и декартелизација!

Во Македонија монополите и картелите од овој тип ги имаме во речиси сите индустриски гранки и сектори! Бизнис-партиските

релации градени во последните дваесет години, на крајно грд клиентелистички начин и со многу корупција во тоа, за краен резултат дадоа девастирани компании (!) и како што напишав во првиот мит (за приватизацијата), од компаниите со текот на годините, наместо силни балкански компании моќни да купуваат пазари на Балканот, создадовме “кеш-апарати” за потребите на партиите и на политичката олигархија! Директори по сто години... исцрпени, изедени, и оставени да се веат денес под удар на модерните ветришта … оставени на забот на времето … Овој феномен е можеби и клучниот кога ги анализираме причините за фрапантно паднатиот извоз кај македонските компании, катастрофалното ниското ниво на инвестиции од компаниите, фрапантно зголемениот интерес за работа со државата преку јавните набавки! Демек, државата, нели, била лош стопанственик! Одговорноста на македонската политика (на секоја влада), денеска ВМРО/ДПМНЕ, утре можеби СДСМ, или некоја друга гполитичка групација, е да создаде амбиент за демонополизација и декартелизација! И да го ослободи пазарот! Политичките елити во Македонија мора да бидат свесни дека, освен деструктивниот изборен модел, токму монополизацијата и картелизацијата се можеби и најсилната блокада во општеството денес … Во обртани услови, со деблокирање на крвните садови и нервниот систем на Македонија ке се раздвижи и пазарот. И правниот мониторинг на институциите… Тогаш, на отворен пазар, да ги измериме Макпетрол и другите квази бизнис монополи, а повеке групации производ на политички кабинетски одлуки, сосе нивните директори и менаџменти – колку, всушност, “чини нивната умствена и интелектуална сувереност”, како и способноста да прават пари во услови на инвестиции, извоз на глобален пазар – сакате балкански, сакате европски! А не како нашиов “Марадона”, освен што отвори неколку свои фамилијарни гранапи, не успеа да најде сили Макпетрол да го продаде на странска компанија нафтена (МОЛ, ОМВ, Лукоил, Бритиш петрол...) и еве, нека му биде, да станеше барем достоен доставувач на таа компанија... Или да купеше нафтена компанија на Балканот, како што тоа на пример, го прави со години словенешки Петрол. Ќе му честитавме на итроштината! Вака не јавнале сите... а ние не можеме ништо да му кажеме ... И од што тие практички се плашат... Оти ќе ја добијат својата заслужена конкуренција! Директорите на ваквите компании ќе добијат сјајна шанса да си ги потврдат дипломите по менаџмент здобивани во разни Лондони и Бостони. Ајде нека потврдат на слободен, отворен пазар кога ќе мора да се конкурираат со менаџери кои од “зелени ливади” успеаја да дигнат компании големи како планина. И на кои не им треба државата како штака за потпирање и рамо за плачење. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

10 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА неделата

Странските инвеститори одл 81,2 милиони евра дивиденд

> БРОЈКА

10,1%

е пораснат бројот на издадени одобренија за градби во јуни 2015 во однос на истиот месец лани. Вкупната вредноста на објектите од сите 186 одобренија за градби е порасната за 50% во однос на објектите од истиот период во минатата година.

Од блокадата на сметката на „Макпетрол“ можни се финансиски импликации врз стопанството

Кочо Анѓушев

Претседател на Македонската Енергетска Асоцијација

победник на неделата

С

транските инвеститори одлеале надвор од земјата 81,2 милиони евра како дивидени во првите пет месеци од годинава, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Економистите коментираат дека извлекувањето на добивките надвор од земјава всушност покажува дека странските инвеститори немаат економски интерес да ги шират бизнисот овде, без оглед на сите даночни олеснувања што им ги нуди државата. Поради зголемените одливи на девизи,

Светот влегува во нова валутна во

Фабрис Брежие

+

Европскиот производител на авиони Airbus објави дека индискиот превозник IndiGo потврдил нарачка за рекордни 250 летала од новата генерација A320neo. За европскиот производител тоа е најголема нарачка во историјата, а вредна е 25,5 милијарди долари. Со тоа е потврден меморандумот што двете компании го потпишаа во октомври минатата година. Индија е брзорастечки пазар на авиопревознички услуги, заради зголемената потрошувачка на средната класа и процутот на туризмот. Извршниот директор на Airbus, Фабрис Брежие, рече дека минатата година ја завршиле со преку 1.000 нарачки за нови авиони, што е за околу 300 повеќе во однос на 2013 година. Прогнозите за годинава се дека ќе се надмине и рекордната 2014 година. Следен предизвик за Брежие е да се направи надградба на џиновскиот А380 суперџамбо-џет, најголемиот авион што излегува од погоните на Airbus, а најголем притисок за модернизирање на овие авиони, има од големиот клиент на компанијата, Emirates, кој што бара нови мотори во овие авиони. Тоа ќе биде скапа операција, за која што Брежие вели дека нема да може да се направи без помош од европските држави што се главни акционери во компанијата.

В пишува :

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Во последните неколку години повеќе пати прстот беше вперен во Јапонија, САД и Европа дека ги обезвреднуваат валутите, меѓутоа, првиот посилен истрел со кој почнува нова валутна војна доаѓа од Кина. Кинеската централна банка одлучи

да го девалвира јуанот а клучната причина за тоа според аналитичарите бил падот на кинескиот извоз годинава и намалената побарувачка за кинески производи во Европа, САД и Јапонија. Последните статистички податоци покажаа дека извозот од Кина во јули се намалил за 8,3% на годишно ниво. Меѓутоа, економистите коментираат дека девалвацијата на кинеската валута со што нивниот извоз станува поконкурентен не може да ги реши проблемите на извозниците бидејќи тие потекнуваат од зголемените трошоци на работната сила и слабиот квалитет. Иако Кинеската централна банка се огласи во јавноста дека процесот на девалвирање на јуанот е завршен, стравувањата не стивнуваат. Reuters пренесе неофицијални информации од владини извори дека се врши голем притисок јуанот да девалвира


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

11

леале од Македонија ди Народната банка морало да интервенира на пазарот од девизните резерви за да ја надомести зголемената побарувачка на пазарот и да не го наруши курсот на денарот. Девизните резерви се намалија повеќе отколку што очекуваше Народната банка во своите априлски проекции. Во првите седум месеци салдото на девизни резерви е помало за 238 милиони евра и заклучно со јули тие изнесуваат 2,198 милијарди евра. Минатата година исто така беше регистриран рекорден одлив на дивиденди надвор од земјава од 281,8 милиони евра.

> БРОЈКА

мисла на неделата

2,4

Дека напредувате доволно брзо ќе дознаете кога ќе почнете да кршите дел од работите кои веќе сте ги стекнале. Во спротивно забавувате со напредокот

милијарди евра изнесува вкупната кредитна задолженост на компаниите во Македонија заклучно со јуни 2015 година.

Марк Зукерберг

основач на Фејсбук

во ојна Првите истрели се слушаат од Пекинг и Франкфурт. Кина го девалвираше јуанот за спас на извозот кој во јули се намали за 8,3% на годишно ниво, а од друга страна силен противник во оваа валутна војна е и Европа со 9% помала вредност на еврото годинава. за дури 10%. Финансиските аналитичари пак прогнозираат дека вредноста на јуанот во следните 12 месеци ќе се намали за околу 3%, на 6,4064 за долар. САД и ММФ одамна и сугерираат на Кина да се води од пазарните сили а не да го одредува курсот на јуанот со државен диктат. Но Пекинг тврди дека го прави токму тоа. „Пазарните сили го притискаат јуанот надолу и отсега вредноста ќе се коригира во зависност од насоката во која пазарот ја турка валутата“. Освен Кина која што на 11 август годинава ја намали вредност на јуанот за 1,9%, силен противник во оваа валутна војна е и Европа која откако донесе одлука да ја зголеми ликвидноста во економијата за 1,1 илјади милијарди евра, де факто го девалвира еврото. Вредноста на еврото од јануари до сега е намалена за околу 9%. Сега поевтиното евро значи дека на пример германските извозници на автомобили лесно ќе се справат со директната конкуренција на јапонските и американските извозници на возила. Примерот покажува дека девалвираните валути го потиснуваат извозот на производи во одредени држави и директно ја рушат понудата на индустријата на друга земја. nnn

лидери

губитник на неделата

Рен Женгфеи

Европската асоцијација за слика и звук го прогласи Huawei P8 за најдобар паметен телефон

Џатин Такрар

Џонсон Мети освен што е најголема компанија во Македонија со приходи од близу 940 милиони евра, од годинава е и најпрофитабилна компанија во Македонија со профит од 56 милиони евра.

не им беше неделата

Мило Ѓукановиќ

Ембаргото на Русија на увозот на производи од Црна Гора ќе ги чини земјоделците во оваа држава 56.000 евра

Џеф Безос

Угледниот New York Times повикувајќи се на сведоштва на вработените ги опиша работните услови во Amazon како неподносливи и нездрави

_

Ахмет Давутоглу Турскиот премиер и лидер на Партијата на правдата и развојот (АКП), Ахмет Давутоглу му го враќа мандатот за формирање на влада на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган откако по месец и половина не успеа да создаде влада. Изборите во Турција се одржаа на 7 јуни, а Ердоган на 9 јули му го врачи мандатот на Давутоглу за формирање влада. Партијата на Ердоган на изборите победи со 41% од гласовите со што прв пат по 13 години го изгуби парламентарното мнозинство и се соочи со потешкотии да формира владина коалиција. Враќањето на мандатот значи дека Турција ќе мора да распише нови предвремени парламентарни избори на есен, кога партиите повторно ќе ги измерат силите. Дали овие избори ќе стават крај на 13годишното владеење на Ердоган и Давутоглу со Турција останува да се види. Но она што е сигурно, е дека последните неколку години, откако се случија големите протести во Турција, кои беа видени како своевидна „турска пролет“, поддршката за Ердоган, Давутоглу и нивната партија, почна нагло да паѓа, што всушност се покажа и со резултатите од изборите во јуни годинава.


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

12

Капитално

Безобразно и зелено!

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Да не се разбереме погрешно. Не е грев некој да прави голем профит. Ниту е грав што работниците во Македонија чинат толку евтино. Но, да се прават толкави профити благодарение на поддршка од државата во најмала рака е сомнително, во услови кога никој во Македонија нема поим колкави пари се одлеваат од буџетот за наводни субвенции за странски инвеститори...

И

Изминатиов период прилично бурни реакции во јавноста предизвика интервјуто на газдата и директор на Ван Хол за еден белгиски медиум во кој тој јавно говори за поволностите и субвенциите кои Македонија им ги плаќа на странските инвеститори за да дојдат и да инвестираат во инвестицискиот рај во Европа. Не дека досега не знаевме дека странците користат еден куп поволности и добиваат милионски суми од парите на сите други смртници кои плаќаат даноци. Но, ете така иритира кога некој воспеван странски инвеститор јавно ќе каже дека ја спасил својата фирма, бидејќи сиромашната Македонија му дала 17 милиони евра. Звучи безобразно. И зелено. А и многу фрустрира. Посебно кога прави споредби дека во Македонија работникот чини 4 евра, а Белгијците работат за 40 евра на ден. А неговиот профит во Македонија расте со 500% за една година! Да не се разбереме погрешно. Не е грев некој да прави голем профит. Ниту е грав што работниците во Македонија чинат толку евтино. Но, да се прават толкави профити благодарение на поддршка од државата во најмала рака е сомнително, во услови кога никој во Македонија нема поим колкави пари се одлеваат од буџетот за наводни субвенции за странски

инвеститори... Инаку, компанијата Ван Хол според податоците од работењето за минатата година е 24-та по големина компанија во Македонија со годишен обрт од околу 70 милиони евра. Лани овој белгиски производител на автобуси од работењето во Македонија оствартил профит од 3,3 милиони евра. Дури шест пати поголем од профитот од 534 илјади евра кој го остварил претходната година. Белгиецот сигурно е секој ден пијан од среќа. Раст на профитот од 500% за една година. Тоа не можел да го замисли ни во неговите најлуди соништа. Посебно во услоги кога комапнијата Ван Хул, како што вели нејзиниот директор, работела со години со загуба и имала големи долгови! Сосема друго прашање е како може на фирма со загуби и во долгови државата да и исплати толкави милионски суми !? А цела влада славеше кога белгиската Ван Хул одлучи да инвестира, како што беше информирана јавноста околу 30 милиони евра. Од нив повеќе од половина да ти биле пари од буџетот, кои белгиската семејна фирма ги добила како награда и мотивација за да одлучи да инвестира во Македонија. Оти ќе правеле голема раболта во Македонија. Ќе изграделе фабрика во која ќе се произведувале автобуси made in Macedonia, кои ќе се извезуваат дури на пребирливиот американски пазар. Колку и бомбастично да ја кажува некој оваа вест, оние кои малку подолго паметат, веројатно чувствуваат горчина кога го слушаат овој дострел во македонската индустрија и кога гледаат како тоа се менува структурата на македонскиот извоз. Не е лошо да се потсетиме дека Македонија имаше фабрика за производство на автобуси уште пред да бидат родени поволовина од сегашните министри во владата. Фабриката Фас 11 Октомври, е


www.kapital.mk

Капитал број 819/820 10.07.2015

Капитално

Не дека досега не знаевме дека странците користат еден куп поволности и добиваат милионски суми од парите на сите други смртници кои плаќаат даноци. Но, ете така иритира кога некој воспеван странски инвеститор јавно ќе каже дека ја спасил својата фирма бидејќи сиромашната Македонија му дала 17 милиони евра, или повеќе од половина од наводната инвестиција во Македонија. Звучи безобразно. И зелено. А и многу фрустрира. Посебно кога прави споредби дека во Македонија работникот чини 4 евра, а Белгијците работат за 40 евра на ден. А неговиот профит во Македонија расте со 500% за една година! основана во 1946 година, една година пред да се формира семејната фирма Ван Хол, а во 1967 година фирмата имала потпишано лиценциран договор со германската компанија Мерцедесза производство на софистицирани автобуси. ФАС сопре со производство во 2001 година, а беше повторно рестартирана под името Санос во 2004 година, која успеа годишно да произведува 250 автобуси. Од нив најголем дел се извезуваа, а многу од нив се уште се возат во јавниот сообраќај на соседните земји. Но, големиот и нашироко познат економски патриотизам во Македонија беше главната причина, заради која единствената јавна набавка на автобуси од страна на градот Скопје се реализираше преку увоз на автобуси од Кина и Украина. Македонските автобуси не беа толку добри како кинеските, па така Санос тогаш изгуби на тендерот, а по неколку години заглави со кредити и хипотеки во македонските банки. За увозот на автобуси од Кина и Украина, Македонија плати најмалку 60 милиони евра. А помалку од пет години откако се затвори домашниот

производител на автобуси Санос, Македонија плаќа уште 17 милиони евра од буџетот на бегиска фирма за да дојде да произведува автобуси made in Macedonia. Каков економски успех е тоа ?! Замислете тие 60 милиони евра кои отидоа во Кина да останеа тука во Македонија, кај домашна фабрика која произведува автобуси? Со тие пари кои се дадоа за увоз на автобуси, државата можеше да изгради нова фабрика за автобуси. Ама изгледа Кинези си се Кинези. Секогаш даваат повеќе отколку што некој очекува. И не зборуваат многу. За разлика од Бегиецов кој се излаја за она што во Македонија се чува како строго чувана деловна тајна. И во јавноста со право се појавија прашања за типот ако Ван Хул добил 17 милиони евра, колку ли само милиони добиле другите поголеми инвеститори како Џонсон Мети, Дрекслмајер, Кромберг и Шубрерт... Но, овие договори кога- тогаш ќе се отворат. И тогаш ќе се види кој, зошто и на кого исплаќал пари од буџетот? Кој и колкава корист имал од овие милионски тајни исплати? nnn

13


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

Македонските екон 14

Капитал анализа

2011

Македонската економија во последните четири години пораснала 8,3% кумулативно, но во исто време реалната вредност на платите се намалила за 5%. Иако граѓаните постојано го слушаат и премиерот и министрите дека земјава остварила меѓу највисоките стапки на економски раст во Европа, тие не чувствуваат дека живеат подобро.

2012 Раст на БДП (%)

2

2,3

-0,5

-2,4

-2,9

Извор: Државен завод за статистика

Економијат расте, платите се намалув


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

номски апсурди 2013

2014

3,8 2,7 1,5

-1,6 Реален раст / пад на просечна плата (%)

та

ваат

15


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

16

Капитал анализа

А

Марјан Петрески универзитетски професор

ко го гледаме економскиот раст низ перспектива на факторите на производство, тогаш ќе забележиме дека поголем дел од новосоздадената вредност е распоредена кај сопствениците на капиталот, а помал дел кај трудот. Тоа значи дека богатите стануваат побогати, а сиромашните помалку го чувствуваат економскиот раст на сопствена кожа.

M пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Македонија оствари втор највисок економски раст во Европа во последните две години, а тоа е основниот начин како се подобрува животниот стандард на луѓето, им порача премиерот Никола Груевски на граѓаните во едно од своите последни обраќања. Меѓутоа, и покрај покрај рекордните статистички остварувања на бруто домашниот производ (БДП) со кои постојано се фалат и премиерот и министрите, граѓаните не живеат подобро. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека македонската економија во последните четири години пораснала 8,3% кумулативно, но во исто време реалната вредност на платите се намалила. Просечната плата во 2014 година изнесуваше 21.394 денари што е 2,6% повеќе отколку пред четири години, меѓутоа трошоците за живот во истиот период пораснаа за 7,6% што значи дека платата сега вреди 5% помалку. „Не само што не сум добила зголемување на платата, туку напротив од пред една година земам за 10% пониска плата. А во меѓувреме се поскапува. Сега со илјада денари купувам многу помалку производи отколку порано“, вели Ана Стојанова, вработена во компанија во прехранбената индустрија. Сојузот на синдикати пресмета дека за да ги задоволи минималните месечни потреби, на едно семејство му требаат најмалку 32.240 денари. Тоа значи дека просечната

Е Патрик Житон

претставник на ММФ во Македонија

кономскиот раст е потребeн за подобрувањето на животниот стандард, но не секогаш дава еднакви придобивки за сите. Периодите на силен раст, исто така, може да бидат периоди на зголемување на нееднаквоста. Нееднаквоста во доходот и понатаму останува висока во Македонија според регионалните стандарди. Тековното намалување на невработеноста најдобро ќе придонесе за зголемување на доходот и намалување на сиромаштијата.

32%

од доходот во 2010 година е во рацете на најбогатите 10% од луѓето во земјава, што е за 6,3 п.п повеќе од пред десет години

плата во земјава покрива само две третини минималните потреби за живот.

Економскиот раст ги полни џебовите на газдите, не на работниците

Економистите објаснуваат дека порастот на економијата не го чувствуваат сите граѓани бидејќи тој нееднакво се распределува помеѓу различните слоеви. Универзитетскиот професор Марјан Петрески оценува дека раслојувањето во Македонија веќе поприма загрижувачки размери. Според него, посиромашните граѓани најмалку чувствуваат подобрување на животниот стандард бидејќи најголем дел од доходот што се создава завршува во џебовите на газдите на компаниите, а сосема мал дел кај работниците. „Ако го гледаме економскиот раст низ перспектива на факторите на производство, тогаш ќе забележиме дека поголем дел од новосоздадената вредност е распоредена кај сопствениците на капиталот, а помал дел кај трудот. Тоа значи дека богатите стануваат побогати, а сиромашните помалку го чувствуваат економскиот

1,9% од доходот им припаѓа на најсиромашните 10% од граѓаните, што е за 0,5 п.п помалку од пред десет години

раст на сопствена кожа“, коментира Петрески. Економскиот аналитичар, Бранимир Јовановиќ ја потврдува оваа теза со конкретни статистички податоци за последните пет години. „Растот во периодот 2010-2014 година, скоро целосно се должи на градежништвото односно проектите што ги финансира државата и индустријата предводена од новите странски инвестиции. Во градежништвото, вкупните средства кои завршуваат кај работниците во овој период пораснале за 25%, додека во индустријата, за 10%. Во истото ова време, профитите на сопствениците на капиталот во градежништвото пораснале за 90%, а во индустријата за 100%. Со други зборови, од градежната експанзија финансирана од страна на државата, и од приливот на странски инвестиции, полза имаат пред сè малкумината „газди“, оценува Јовановиќ. Евиденцијата на Светската банка покажува дека во периодот од 2000 до 2010 година, најбогатите луѓе во земјава станале уште побогати, а најсиромашните

Статистика: Македонија има БДП по жител 36% од европскиот просек


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

17

Д

Р Бранимир Јовановиќ економски аналитичар

астот во периодот 20102014 година, скоро целосно се должи на градежништвото односно проектите што ги финансира државата и индустријата предводена од новите странски инвестиции. А од градежната експанзија финансирана од страна на државата, и од приливот на странски инвестиции, полза имаат пред сè малкумината „газди.

уште посиромашни. Ако во 2000 година најбогатите 10% од луѓето во земјава поседувале 25,7% од вкупниот доход, десет години подоцна нивното учество се зголемило на 32%. Во исто време, учеството на најсиромашните граѓани во националниот доход се намалило од 2,4% на 1,9%. Уште еден показател што покажува дека разликата меѓу оние што имаат и немаат е огромна е Gini коефициентот кој во 2013 година во Македонија изнесува 37. Колку што е овој индекс повисок, толку

Димитар Богов гувернер

али граѓаните годинава ќе живеат подобро од лани зависи од тоа каква ќе биде распределбата на економскиот раст. Генерално, кога има економски раст, колку и да е нерамномерна распределбата, бенефитите на крај ќе ги почувствуваат сите, некој повеќе, некој помалку. Ако имаме економски раст во еден подолг период, бенефитите секако дека ќе дојдат и до последниот граѓанин.

е понерамномерна распределбата на доходот. Според податоците на Евростат, само Србија има повисок Gini коефициент од Македонија. Од останатите земји во регионот, во Бугарија изнесува 35,4, во Грција 34,4, во Хрватска 30,9 додека пак во Словенија е најнизок и изнесува 24,4.

Економијата ќе расте, но дали и животниот стандард?!

Годинава, и покрај негативните ефекти од политичката и грчката криза, се проценува дека економијата ќе продолжи да расте. Народната банка во своите анализи

прогнозира дека економијата годинава ќе порасне 4,1% иако гувернерот Димитар Богов признава дека постои ризик растот да биде понизок доколку политичката криза се пролонгира. Тој објаснува дека имајќи ја предвид распределбата на БДП, овој раст не значи дека сите граѓани подеднакво ќе почувствуваат позитивни ефекти врз нивниот стандард. „Дали граѓаните годинава ќе живеат подобро од лани зависи од тоа каква ќе биде распределбата на економскиот раст.


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

18

Капитал анализа

Народната банка не прави анализи како се распределува бруто домашниот производ, но генерално, кога има економски раст, колку и да е нерамномерна распределбата, бенефитите на крај ќе ги почувствуваат сите, некој повеќе, некој помалку. Ако имаме економски раст во еден подолг период, бенефитите секако дека ќе дојдат и до последниот граѓанин“, оценува Богов. И меѓународните финансиски институции имаат позитивни очекувања за растот на македонската економија годинава. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека растот годинава ќе достигне 3,2%. Претставникот на ММФ во Македонија, Патрик Житон, објаснува дека високите стапки на раст може уште повеќе да ја продлабочат разликата меѓу богатите и сиромашните и според него, нееднаквоста во Македонија останува висока во споредба со останатите земји од регионот. “Економскиот раст е потребeн за подобрувањето на животниот стандард, но истиот не секогаш дава еднакви придобивки за сите. Периодите на силен раст, исто така, може да бидат периоди на зголемување на нееднаквоста. Тоа е она што се случи во регионот после 2000 година. Нееднаквоста во доходот и понатаму останува висока во Македонија според регионалните стандарди. Тековното намалување на невработеноста најдобро ќе придонесе за зголемување на доходот и намалување на сиромаштијата доколку работните места се создаваат во сектори со висока продуктивност“, вели Житон. Со бруто домашен производ по жител од околу 5.200 долари, Македонија има само 36% од просекот на 28-те земји членки на Европската Унија. Од земјите во регионот, Србија има БДП по жител еднаков на 37% од европскиот просек, Црна Гора 40%, Бугарија 45%, Романија 55%, Хрватска 61%, додека пак Словенија е најблиску до европскиот просек со 82%. Послабо од Македонија, според податоците на Евростат, е рангирана Албанија која има само 28% од европскиот БДП по жител. Проценките на меѓународните финансиски институции и за следните пет години покажуваат дека економскиот раст ќе се движи меѓу 3% и 4%. Светската банка пресмета дека со просечна стапка на раст од околу 3% на земјава ќе и бидат потребни над 80 години за да го достигне просекот во Европската унија. Но, доколку европската економија почне да се развива многу побрзо од сегашното темпо, со стапки на раст над 2%, тогаш на Македонија нема да и стигнат ниту 100 години за да се приближи до нивото на развој во Европа. Доколку пак, македонската економија почне да расте со стапки над 6%, ќе се приближи до просечниот БДП по жител во ЕУ за околу 25 години. Затоа, меѓународните финансиски институции постојано сугерираат фокусот на економските политики да се стави на забрзување на растот.

БРОЈКИ

8,3% порасна бруто домашниот производ (БДП) на Македонија кумулативно од 2011 до 2014 година

5%

се намали реалната вредност на платата во последните четири години (инфлацијата е поголема од номиналниот раст на платите)

21.394

денари изнесуваше просечната плата во Македонија во 2014 година

32.940

денари му требаат на едно семејство за да ги задоволи минималните месечни потреби

Нееднаквоста меѓу граѓаните е се поактуелна тема и во развиените западноевропски земји. Една од причините што нееднаквоста се продлабочува е развојот на модерните технологии кои што всушност заменуваат многу работни места, а луѓето остануваат без работа.

Богатите да плаќаат поголем данок?!

За да се намалат разликите меѓ у најбогатите и најсиромашните граѓани, дел од економистите сугерираат да се воведе прогресивен модел на оданочување, граѓаните со повисоки приходи да плаќаат поголем данок. „Конкретно, треба да се намали даночниот „товар“ на луѓето со пониски доходи, а да се зголеми на граѓаните со повисоки доходи. Сега оние со минимална плата и даваат на државата околу една третина од своите примања (како персонален данок и придонеси), додека оние со максималната плата и даваат само една десетина. Треба да се воведе систем според кој „товарот“ на оние со минимална плата ќе се намали (на пример, на 20%), а на оние со највисоки плати ќе се зголеми (на пример, на 45%). Германија, на пример, има вакви стапки“, оценува Јовановиќ. Тој вели дека за да биде даночната реформа полесно прифатена, но и за да биде поефективна, потребна е темелна реформа на јавниот сектор, во насока на негово трансформирање во она што тој треба

да биде по својата дефиниција - сервис на граѓаните, а не сервис на партиите на власт. Прогресивното оданочување што подразбира повисоки даночни стапки за граѓаните со поголеми приходи е дел и од последната изборна програма на најголемата опозициска партија, СДСМ. Наспроти тоа, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, застапува политика на рамни даноци и во неколку наврати, и премиерот и министрите од економскиот ресор потенцираа дека ова нема да се промени. Вицепремиерот Зоран Ставрески изјави дека „напуштањето на политиката на рамен данок би значело уназадување на економијата за 20 години“. Дел од економистите, коментираат дека ваквиот модел на оданочување нема да ги намали разликите меѓу богатите и сиромашните. „Ние како држава порано применувавме прогресивен модел на оданочување, а сепак над 90% од граѓаните плаќаа данок по најниската стапка. Од друга страна, последните владини политики со кои се оданочуваат хонорарите одат во таа насока. Тоа е остра даночна прогресија бидејќи со тоа државата одзема значителни суми од доходот на оние што заработуваат дополнително“, оценува професорот и поранешен министер за финансии, Трајко Славески. Професорот Марјан Петрески исто така смета дека прогресивниот данок нема многу да смени, бидејќи тој ќе ги направи богатите помалку богати, но нема да ги направи сиромашните помалку сиромашни. „Со тоа нема гаранција дека редистрибутивната функција на буџетот ќе работи за сиромашните, особено во услови на недоволна буџетска ефикасност и транспарентност. Се отвора прашањето на кој начин ќе се искорени сиромаштијата ако буџетот има повеќе пари кои ги зафатил од богатите. Со зголемување на социјалната помош? Мислам дека е сосем погрешен пристап, бидејќи нејзиниот пораст стимулира неактивност и долгорочно им наштетува на примателите во смисла на нивната неспособност да се вклучат на пазарот на труд и да заработуваат пазарен доход. Напротив, нив треба да им се помогне на начин на кој полесно ќе излезат од сиромаштија, наместо да им се доделува незаработен доход“, вели Петрески. Тој сугерира државата да вложува повеќе во образованието за да се зголеми веројатноста дека децата кога ќе пораснат нема да живеат во сиромаштија, а од друга страна, кај возрасните, според него, потребно е да се применат различни социјални политики, како условени парични трансфери, субвенции за обука и преквалификација, додаток на пазарен доход до одреден износ и други активациски политики кои ќе поттикнат да бараат работа.

Светска банка: Неопходни се нови работни места во приватниот сектор


6та Регионална конференција

1октомври 2015 Македонски Народен Театар - Скопје

l Со спојувања и преземања до посилни регионални компании l Како до иновативна туристичка понуда l Стартап сцена во ЈИЕ: будење на претприемачите и како државата може да помогне l Потенцијали на обновливата енергија на Балканот: искуства и перспективи l Турција: прилики за повеќе инвестиции и трговија

OSLOBO\ENJE BH NEZAVISNI DNEVNIK • Sarajevo • www.oslobodjenje.ba

Cijena: 1 KM/6 KN

16. strana

PETAK, 4. 7. 2008.

5. strana

Godina LXV • Broj 22.085

43. strana


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

Капитал анализа

Економијата не отвора доволно работни места

Економистите оценуваат дека животниот стандард на граѓаните најбрзо може да се подобри преку отварање на нови компании и работни места во реалниот сектор. Меѓутоа, статистиката во овој домен исто така е поразителна. Иако Македонија важи за земја каде што според Doing business е најлесно да се отвори фирма, статистиката покажува дека од година в година оваа леснотија не е доволен мотив за повеќе компании. Податоците што ги добивме од Централниот регистар покажуваат дека во 2014 година, се отвориле 6.380 нови фирми што е за 23% помалку во споредба со 2013 година. Бројот на новоотворени работни места, пак, според податоците на Државниот завод за статистика за лани изнесува 10.567, од кои 7.031 во приватниот сектор и 3.533 во јавниот сектор. Ако се спореди со 2013 година, бројот на новоотврени работни места е помал за 61%. Економистите велат дека наместо да се поправи овој дефект на домашната економија, односно да се поттикнува повеќе претприемништвото, политиките се насочени главно кон привлекување

34,4

35,4

Грција

Бугарија

Gini коефициент (2013 година) 37

38

30,9

Србија

Македонија

24,4 Хрватска

Од друга страна, аналитичарот Јовановиќ смета дека треба да се зголеми социјалната помош, која според него, сега е многу ниска (5200 денари месечно за четиричлено семејство). „Јас сум поклоник на воведувањето на гарантиран приход по семејство. Со оваа мерка, државата ќе им ги надополнува приходите на семејствата кои остваруваат приходи пониски од некое гарантирано ниво, кое треба да им обезбеди достоинствен живот. Ова ниво би изнесувало, на пример, 12.000 денари за четиричлено семејство. Така, ако едно такво семејство има приходи од 7.000 денари, државата ќе му дава дополнителни 5.000 денари месечно. Паралелно со ваквата корекција, потребна е и корекција на функционирањето на пазарниот механизам, во насока на намалувањето на експлоатацијата. Конкретно, потребно е зголемување на работничките права, за распределбата работници-работодавачи да биде поправедна. Потребна е и поголема интервенција кај монополските и олигополските пазари, за тие да не ја злоупотребуваат својата пазарна моќ, т.е. за да нема експлоатација на потрошувачите“, оценува Јовановиќ.

Словенија

20

Извор: Евростат

на странски инвестиции. Зголемената економска активност изразена преку пораст на бруто домашниот производ, според нив, главно е заслуга на државата која преку капитални инвестиции од буџетот и зголемени плати и пензии ја поттикнува јавната потрошувачка и со тоа го надоместува отсуството на приватниот сектор. “Домашните компании се во главно стагнантна состојба и се уште се борат со проблемите на ликвидноста. Тоа објаснува зошто и покрај остварениот економски раст, стапката на отворање нови компании и работни места е ниска“, објаснува универзитетскиот професор, Марјан Петрески. Тој смета дека Владата треба да размисли за широкопојасна програма во која ќе поттикне што поголемо учество на домашната додадена вредност во производството, што пак и побрзо ќе доведе до поврзување на странските фирми со домашната економија, во мера во која тоа е возможно, имајќи го предвид нивното технолошко ниво. Ако се анализира демографијата на новите отворени фирми лани, може да се каже дека стопанството се збогатило најмногу со трговци на големо и мало кои што најчесто продаваат облека или храна. Експертите објаснуваат дека ваквата слика е резултат и на банкарските принципи да не финансираат почетни бизниси, така што

во услови кога нема кредитна поддршка, највозможна варијанта е отворање мал бизнис, а изборот во тој случај вообичаено паѓа на трговијата. Меѓутоа, проблематично е и тоа што овие мали бизниси вработуваат само малку луѓе. Светската банка во своите извештаи исто така констатира дека е неопходно во Македонија да се создаваат повеќе работни места во приватниот сектор. „Неопходна е нова динамика во создавањето продуктивни работни места како двигател на развојот, клучниот предизвик и за Македонија и за многу економии во светот“, се наведува во еден извештај на оваа институција. Светска банка укажува дека во последните години во Македонија повеќето создадени нето работни места биле во земјоделството, јавниот сектор и во малопродажниот сектор. “Релативно малку луѓе беа вработени во приватниот сектор, иако имаше создавање такви работни места. Клучното прашање е што се случува на ниво на фирмите во приватниот сектор“, констатира во извештајот Светската банка укажувајќи дека за секое работно место не е важна само индивидуалната вредност, туку неговото влијание и за останатите работни места и придонесот за целата економија. nnn (Истражувањето е подготвено за БИРН во рамки на проектот за истражувачко новинарство)


www.passat.mk

7', &RPIRUWOLQH

ǵ ƣƤƬ

ƄƁƏƍƎƐƉƇ ſƁƑƍƋƍƀƇƊ ƌſ ƂƍƃƇƌſƑſ ƌƍƁƇƍƑ 3$66$7 ƅƧƯƧƱƭ ưƭưƱƟơƤƬƭ ƭƣ ƟơƱƭƫƭƠƧƪưƩƧ ƤƩưƮƤƯƱƧ ƭƣ ƄơƯƭƮưƩƧ ƦƤƫdžƧ džƟ ƮƯƭƢƪƟưƧ ƭưƫƟƱƟ ƢƤƬƤƯƟƵƧdžƟ ƬƟ 3DVVDW ƦƟ ƬƟdžƣƭƠƟƯ ƟơƱƭƫƭƠƧƪ ƬƟ ưƱƟƯƧƭƱ ƩƭƬƱƧƬƤƬƱ ơƭ ƢƭƣƧƬƟ ƎƯƤƣơƭƣƬƧƩƭƱ ƬƟ ƠƧƦƬƧư ƩƪƟưƟƱƟ Ƥ ƱƤƴƬƭƪƭƷƩƧ ƪƧƣƤƯ ưƭ ƬƭơƟƱƟ ƢƤƬƤƯƟƵƧdžƟ ƬƟ 76, Ƨ 7', ƫƭƱƭƯƧ ưƭ %OXH0RWLRQ ƱƤƴƬƭƪƭƢƧdžƟ ƩƭƧƷƱƭ ƦƟƣƭơƭƪƲơƟƟƱ ƄƒƏƍ ưƱƟƬƣƟƯƣ ƬƟ ƧƦƣƲơƬƧ ƢƟưƭơƧ Ƨ ƩƧƪƭƢƯƟƫƧ ƭƪƤưƬƤƱƟƱƟ ƩƟƯƭưƤƯƧdžƟ ƩƭdžƟ ƭơƭƦƫƭƥƲơƟ ƮƭƬƧưƩƟ ƮƭƱƯƭƷƲơƟƶƩƟ ƉƭƫƮƪƤƱƬƭ ƭƮƯƤƫƤƬ ưƭ ưƤƯƧưƩƧ ơƢƯƟƣƤƬƧ ưƧưƱƤƫƧ ƩƟƩƭ ƱƯƭƦƭƬưƩƧ ƟơƱƭƫƟƱưƩƧ ƩƪƧƫƟ ƲƯƤƣ ƯƟƣƧƭ &RPSRVWLRQ 0HGLD ưƭ ƤƩƯƟƬ ơƭ ƠƭdžƟ ƶƲơưƱơƧƱƤƪƤƬ ƬƟ ƣƭƮƧƯ %OXHWRRWK ƮƭơƯƦƲơƟLjƤ 86% Ƨ ƶƧƱƟƶ ƬƟ 6' ƩƟƯƱƧƶƩƧ ƫƲƪƱƧƳƲƬƩƵƧƭƬƟƪƤƬ ƩƭƥƤƬ ƲƮƯƟơƲơƟƶ ƮƟƯƩƧƬƢ ưƤƬƦƭƯƧ ƬƟƮƯƤƣ Ƨ ƬƟƦƟƣ /(' ƦƟƣƬƧ ươƤƱƪƟ (UJR&RPIRUW ơƭƦƟƶƩƭ ưƤƣƧƷƱƤ ƟƣƟƮƱƧơƤƬ ƱƤƫƮƭƫƟƱ Ƨ )URQW DVVLVW ƳƲƬƩƵƧdžƟ ƦƟ ƧƱƬƭ ưƭƮƧƯƟLjƤ 3DVVDW % Ƥ ƄơƯƭƮưƩƧ ſơƱƭƫƭƠƧƪ ƦƟ ƢƭƣƧƬƟ

ƎƭƯƷƤ ƐƩƭƮdžƤ ƠƲƪ ƀƭưƬƟ Ƨ ƔƤƯƵƤƢƭơƧƬƟ ƐƩƭƮdžƤ

ſƀ ſƲƱƭ Ʋƪ ƂƭƵƤ ƃƤƪƶƤơ ƠƯ ƐƱƯƲƫƧƵƟ

ſƊ ƃƍ ƍƴƯƧƣ Ɛơ ƄƯƟƦƫƭ ƍƯƭơƬƧƩ ƃƤƠƟƯƵƟ ƍƴƯƧƣ

ƀƇƐ ſƲƱƭ ƉƯƟơƟƯưƩƧ ƮƟƱ ƠƠ ƀƧƱƭƪƟ

ƉƭƪƤơưƩƧ ƎƟƪƫƧƯƭ ƑƭLJƟƱƧ ƠƠ ƐƩƭƮdžƤ

ƐƱƟƯƱ Ʋƪ ƀƭƯƧư ƉƧƣƯƧƶ ƃƤƫƧƯ ƉƟƮƧdžƟ

ƕƤƬƱƯƲƫ ƋƟƯƷƟƪ ƑƧƱƭ ƠƠ ƑƤƱƭơƭ




www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

24

Dossier

Dossier: Случај Макпетрол - Оилко

Случај Макпе Капитал уште во 2011 година пишуваше за бизнис поврзувањето и релациитe помеѓу Макпетрол и Оилко. Четири години подоцна од пишишувањето на Капитал, а дури осум години од основањето на уникатното командитно друштво со акции Оилко, државата откри дека долгогодишните менаџери

во Макпетрол, четвртата по големина компанија во земјата, наводно незаконски го прелевале капиталот во Оилко, каде меѓу другите, како најголеми сопственции се јавуваат првиот човек на Макпетрол, Андреа Јосифовски и финансовиот директор, Саша Лекиќ. Капитал истражува што е

l основан 28 декември 2006 година l дејност: транспорт и дистрибуција на нафтени деривати и гас l 173 вработени l 89 камиони и 45 цистерни вагони

l сопственик на

35,16% од капиталот на ОИЛКО КД

сопственик на

22,27% од капиталот на Макпетрол

l

l акционерски капитал 56,7 милиони евра l 2.660 акционери, од кои 2.527 се домашни физички лица ОИЛКО КДА 2010 l 1.786 вработени Приходи (евра) Профит (евра) ОИЛКО КДА Приходи (евра) Профит (евра) МАКПЕТРОЛ Приходи (евра) Финансиски резултат (евра) МАКПЕТРОЛ Приходи (евра)

2011

2012

2013

2014

6.325.203

7.279.917

7.059.138

6.748.682

5.933.366

722.715 2010

782.116 2011

178.715 2012

307.499 2013

384.927 2014

6.325.203

7.279.917

7.059.138

6.748.682

5.933.366

722.715

782.116

178.715

307.499

384.927

2006

2007

2008

2009

2010

308.150.049

321.453.057

388.464.992

282.123.106

345.441.187

4.754.634 2006

2.670.341 2007

4.251.772 2008

-4.386.163 2009

-3.764.016 2010

308.150.049

321.453.057

388.464.992

282.123.106

345.441.187


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

25

етрол - Оилко во позадината на случајот Макпетрол и дали со отварањето на овој случај јавноста конечно ќе добие одговор на прашањата, кои долго години ги поставуваа малите акционери и некои експерти по трговско право, но никој не сакаше да ги одговори. Веројатно овие прашања ќе останат

? ?

? ? ?

неодговорени во јавноста, која во следниот период најмногу ќе биде занимавана со тоа дали телевизијата Телма, во која Макпетрол е сопственик, ќе остане независна или ќе стане провладина? Што е многу, многу далеку од суштината на проблемот.

Како и зошто надлежните институции дозволиле менаџерите на макпетрол да го основаат Оилко и друштвото преку ноќ да стане газда во Макпетрол? Зошто наводното незаконско прелевање на капитал од Макпетрол во Оилко, за кое сега објаснува МВР, се толерирало цели осум години, кога многу експерти и мали акционери, со години предупредуваа дека станува збор, во најмала рака, за сомнително поврзување? како Макпетрол во изминатите шест години работел со милионски загуби во услови кога имале над 60% од пазарот на трговија со нафтени деривати и своевиден монопол во бизнисот со гас? Зошто и како менаџерите добивале дебели бонуси во време кога команијата работела со загуби, а акционерите молчеле за тоа? Кој се е акционер во Макпетрол, од оние тајните со акции под 5%, а кои можеле да влиајаат врз донесувањето на секакви одлуки на Собранието на акционери? 2011

2012

2013

2014

402.811.415

400.156.098

345.978.293

332.193.610

-48.927 2011

-1.080.764 2012

-3.689.789 2013

-2.020.407 2014

402.811.415

400.156.098

345.978.293

332.193.610

Премиерот Никола Груевски во јули 2017 година, седум месеци по основањето на Оилко, свечено ја пушти во употреба новата фабрика за био-дизел гориво на Макпетрол.


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

26

Dossier: Случај Макпетрол - Оилко

П пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Поднесувањето на кривичните пријави за Андреја Јосифовски, првиот човек на најголемиот нафтен дистрибутер во земјава Макпетрол и за сите членови на Управниот и Надзорниот одбор, со обвинување дека наводно со години го прелевале капиталот во командитното друштво со акции Оилко, ги разбранува духовите во македонската бизнис и политичка јавност. Што е вистинската позадина на овој случај? Зошто кривичните се поднесуваат токму сега, осум години по основањето на Оилко и во време на политичка криза и со закажани предвремени избори? Што ќе се случи со компанијата? Дали целта е телевизијата Телма? Капитал уште во 2011 година пишуваше за поврзувањето и бизнис релациите помеѓу Макпетрол и Оилко. Многу правни експерти и мали акционери во Макпетрол изминатите години предупредуваа за случувањата во компанијата. Но, за волја на вистината, досега ниту една институција, не превзема конкретна акција, ниту, пак, побара испитување на бизнис зделките на реалција Макпетрол-Оилко. Четири години подоцна од пишишувањето на Капитал, а дури осум години од основањето на уникатното командитно друштво со акции Оилко, државата откри наводно прелевање на капиталот од акционерското друштво Макпетрол, која е четврта по големина компанија во земјата, во Оилко, каде покрај Макпетрол, како најголеми сопственции се јавуваат и првиот човек на Макпетрол, Андреа Јосифовски и финансискиот директор, Саша Лекиќ Многу работи околу овој случај изминативе години се бутаа под тепих. На пример, како и зошто надлежните институции дозволиле менаџерите да го основаат Оилко и друштвото преку ноќ да стане најголем

газда во Макпетрол? Зошто наводното незаконско прелевање на капитал од Макпетрол во Оилко ,за кое сега објаснува МВР, се толерирало цели осум години, кога и многу експерти за трговско право и мали акционери со години предупредуваа дека тоа поврзување мора да се преиспита? Зошто Макпетрол во изминатите шест години работел со милионски загуби, во услови кога имале над 60% од пазарот на трговија со нафтени деривати и своевиден монопол во бизнисот со гас? Зошто и како менаџерите добивале дебели бонуси во време кога команијата работела со загуби, а акционерите молчеле за тоа? Кој се е акционер во Макпетрол, од редот на оние тајните со акции под 5%, а кои можеле да влиајаат врз донесувањето на секакви

одлуки на Собранието на акционери во изминатите години? Капитал истражува што е во позадината на случајот Макпетрол и дали со отварањето на овој случај јавноста конечно ќе добие одговор на прашањата, кои долго години ги поставуваа малите акционери и некои експерти по трговско право, но никој не сакаше да ги одговори.

Зошто Макпетрол работи со загуба, а е лидер во трговијата и дистрибуцијата со нафтени деривати и гас во земјава?!

Според официјалните податоци од Македонската берза, Макпетрол минатата 2014 година ја завршил со загуба од околу 2 милиони евра. Но, Макпетрол работи со загуба веќе шест години по ред. Односно од


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

27 Како Андреа Јосифовски ги објаснуваше профитот на Оилко и загубите на Макпетрол?

Н

а прашањето поставено од Капитал уште пред неколку години зошто Оилко работи профитабилно, а Макпетрол книжи загуба, првиот човек на нафтениот дистрибутер, Андреа Јосифовски, демантираше дека командитното друштво е попрофитабилно од основачот поради префрлање пари од мајката во фирмата-ќерка. „Оилко последниве години е попрофитабилна од Макпетрол бидејќи е новооснована компанија, без побарувања од минатото. И тоа што го работи го наплаќа. Дали се префрлаат пари од едната во другата компанија може да се провери многу лесно преку УЈП и да се анализираат сметките на двете компании во банките. Шпекулациите произлегоа од другите шпедитерски компании кои беа љубоморни на новоформираната транспортна компанија, која полека им го зема бизнисот. Улога во ширењето на шпекулациите имаат и Македонската берза и Комисијата за хартии од вредност, кои направија проблем тенденциозно и поради непознавање на законите“, вели Јосифовски. 2009 година, кога имаше рекордна загуба од дури 4,4 милиони евра. Во период од шест години, или од 2009 година до 2014 година Макпетрол направил кумулативна загуба од околу 15 милиони евра. Заради загубите во работењето, од 2010 година Макпетрол не дели дивиденда на своите акционери, за разлика од претходните години кога сите акционери добиваа дивиденда по 1000 денари за акција. За многумина е чудно како е можно компанија која ја има најголемата дистрибутивна мрежа од 124 од вкупно 280 бензински станици во Македонија, да прави толку големи загуби, дури и во годините како 2009 и 2010 година кога цената на нафтата и бензините рушеа рекорди. Покрај тоа, Макпетрол има своевиден монопол и во дистрибуцијата на гас и заедно со државната Гама го управува гасоводниот систем. Македонија плаќа најскап гас во регионот, па и во Европа, купен од Газпром, а закупен од Макпетрол, заради што компаниите се принудени да му плаќаат високи цени. Ако на сето тоа се додаде и фактот дека со години наназад Макпетрол добива и милионски тендери за снабдување со нафта и нафтени деривати во многу државни и јавни институции (податоци достапни од страницата на Бирото за јавни набавки), тогаш дилемите за лошото финансиско работење на Макпетрол се уште поголеми и не можат да се објаснат само со економска логика.

Но, ако во анализата се вклучи Оилко тогаш можеби и може да се добие појасна слика .За многумина е нејасно како е можно во 2006 година, пред да се основа Оилко, Макпетрол да работел со профит од дури 4,7 милиони евра, а после две години да набилда толку големи загуби?

Што откри МВР после осум години од формирањето на Оилко?

За да станат малку појасни работите и случувањата на релација МакпетролОилко добро е да се потсетиме како и зошто се формираше ова, за многумина хермафродитн друштво. Многу е интересен моментот кога е основан Оилко. Според податоците од Централниот регистар Оилко е основан на 28 декември 2006 година. Во очи на Нова Година и само неколку месеци години после парламентарните избори кои се одржаа во јули 2006 година, а на кои победи ВМРО- ДМНЕ. Значи, во тоа време на власт беше ВМРО ДПМНЕ, а претседател на Комисијата за хартии од вредност беше професорката на Правниот факултет, Весна Пендовска, кадар поставен од претходната влада на СДСМ. Само половина година од основањето на Оилко, премиерот Груевски во друштво со Андреа Јосифовски свечено ја отвори новата фабрика на Макпетрол за био-дизел гориво. Оилко е основан со капитал од 8,7 милиони евра, од кои само 1,6 милиони евра биле

Гранд Тортон, ревизорот на Макпетрол и на Оилко, давал позитивни мислења за работењето на компаниите

Р

евизијата и на двете фирми, односно на Макпетрол и на Оилко, за сите изминати години, ја прави ревизорската куќа Гранд Тортон, чиј директор е Ружа Филипчева. Во ниту еден од ревизорските извештаи не е споменато поврзувањето на Макпетрол со Оилко, ниту, пак, обезвреднување на најголемиот нафтен дистрибутер. Напротив, во сите ревизорски извештаи ревизорите дале позитивно мислење, односно потврдиле дека финансиските извештаи реално и вистинито го одразуваат работењето на компаниите. паричен влог, а најголемиот дел се состоел во недвижен имот и тоа градежни објекти и паркинзи за тешки возила. Како главни основачи на Оилко КДА, кое е командитно друштво со акции се јавуваат Андреа Јосифовски, Саша Лекиќ, како комплементари, и компанијата Макпетрол,


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

28

Dossier: Случај Макпетрол - Оилко

како командитор. Самата форма во која е основан Оилко како командитно друштво со акции е многу хермафродитна, бидејќи не е ниту командитно друштво, ниту акционерско друштво. Оилко е единствена фирма од овој тип во Македонија, а експертите по трговско право кој ги консултираше Капитал, велат дека такви фирми се многу ретки или воопшто не се предвидени во законите на многу земји. Што е суштината на овој тип на командитно друштво? Во членот 42 од Законот за трговски друштва е предвидено постоење на командитно друштво со акции “чија основна главнина е разделена на акции, и го основаат еден или повеќе комплементари, кои одговараат неограничено и солидарно за обврските на друштвото со сиот свој имот, и командитори кои имаат својство на акционери и не одговараат за обврските на друштвото”. Комплементарите во друштвото се целосно овластени да управуваат со друштвото и одговараат со целиот свој имот, додека командиторите немаат никакво влијание во управувањето со фирмата. Според она што стои во кривичните пријави против менаџерскиот тим на Макпетрол, стои дека Оилко бил незаконски формиран уште на самиот почеток. Според МВР, влогот на сопствените акции на Макпетрол како основачки влог во ОИЛКО немале никаква имотна вредност “и оттука се ништовни, односно не може да претставуваат основна главнина”. “Со вложувањето на сопствените акции на АД Макпетрол во КДА Оилко правата од истите кои согласно Законот за трговски друштва дотогаш мирувале , со вложувањето се активираат и правата се пренесуваат двајцата комплементари во Оилко”, објаснуваат од МВР. Според објаснувањето од МВР, излегува дека формирањеtо на Оилко бил само начин како двајцата комплементари, Андреа Јосифовски и Саша Лекиќ, кои имаат неограничена власт и управуваат самостојно со Оилко, да добијат моќ врз сопствените акциите на Макпетрол, кои пред да бидат вложени како влог во новото командитно друштво, немале право на глас. Но, откако биле вложени во Оилко, друштвото станало голем акционер во Макпетрол. Одговорни лица од Централниот регистар се товарат дека дозволиле регистрација на Оилко без да

проверат “дали влогот што се вложува има имотна вредност, дали може да се процени и изрази во пари, и не го зеле предвид фактот дека акциите кои што се вложуваат не претставуваат влог во ствари, туку се вложуваат „правата од акциите“ кои не можат ниту да се проценат ниту да се изразат во пари. Исто така, не ја зел во предвид одредбата од чл.338 од ЗТД, според која правата од сопствените акции мируваат, па следствено на тоа не можат да се вложуваат”. Подоцна како што објаснува МВР со устен налог, без правен основ и потеребна документација, надлежните од Комисијата за хартии од вредност одобриле пренос на акции од сметките на 57 физички лица и од сметката на Макпетрол на сметката на Оилко. Со тоа Оилко станал најголем акционер во Макпетрол со 19,97% од капиталот, за да во 2014 година тој удел се зголеми. Според последните податоци од Централниот депозитар најголем сопственик на акционерското друштво Макпетрол е командитното друштво Оилко кое според последните податоци поседува 22,27% (19,94% во 2007 година). Останатите помалку од 80% од акциите се во сопственост на акционери кои поседуваат под 5% и кои според македонските закони се тајна за јавноста. Во Макпетрол има вкупно 2.660 акционери, од кои најголем дел или дури 2.527 се домашни физички лица. Во ОИЛКО, пак, најголем акционер е компанијата Макпетрол, која како командитор поседува 35,61%, а втор најголем акционер е Андреја Јосифовски, кој како комплементар поседува 14,94%. Заклучно со крајот на 2014 година комплемемнтарите физички лица поседуваат 19,16% од капиталот на Оилко. Во ОИЛКО има само двајца комплеметари физички лица Андреа Јосифовски кој поседува 14,94% и Саша Лекиќ, финансискиот директор на Макпетрол кој поседува 4% од акциите на Оилко. Според податоците од Централниот регистар како сопственици на ОИЛКО се регистрирани Андреја Јосифовски и Саша Лекиќ, а управитрел Димитар Џеков. Веднаш по поднесувањето на кривичните пријави од Макпетрол веднаш реагираа дека кривичните пријави се тендензиозни и полни со неосновани обвинувања. “ Макпетрол АД во текот на целото свое работење постојано ги применува н а ј в и с о к и т е з а ко н с к и , е т и ч к и и

професионалнио стандарди. Компанијата работи целосно транспарентно и никогаш не прекршила некаков законски пропис, а најмалку од се би можела да оштети некој од своите акционери. Сите деловни одлуки се донесени целосно транспарентно и со одлука на акционерите”, регираат од Макпетрол. Макпетрол е 100% сопственик и во телевизијата Телма, потоа во Шампион Макпетрол, во фирмата за дистрибуција на гас Пром-гас, а во целосна сопственост на Макпетрол се и фирмите Макпетрол Доо основана во Србија и фирмата Петролмак основана во Грција. Покрај основниот бизнис со нафта и гас, Макпетрол се јавува и како продавач на големо и мало на разни видови стока, а има екслузивно застапништво и дистрибуција на неколку марки како Honda, Valvoline, Goodyear и Dell.

Профит за Оилко, Макпетрол во загуба?!

Интересно е што по самото основање, бизнисот со транспорт и дистрибуција на нафтени деривати и природен гас беше издвоено од Макпетрол и префрлен во Оилко. Со тоа Макпетрол за целиот овој период од основањето му плаќа на Оилко за извршени услуги за транспорт. Макпетрол во изминатите осум години работи со загуба, додека во истиот период Оилко работи со профит. Според податоците од Македонската берза за хартии од вредност во изминатите пет години Оилко остварил вкупен профит од околу 2,4 милиони евра. Во извешатите објавени на Македонската берза може да се види дека Макпетрол само во изминатите четири години, односно во периодот од 2011 до 2014 година имал договори за купување на стоки и услуги од Оилко во вкупна вредност од 25,2 милиони евра по основ на транспортни услуги, закуп на деловен простор, закуп на транспортни средства и други стоки и услуги. Во истиот период, пак, Оилко купувал стоки и услуги од Макпетрол во износ од 5,7 милиони евра, главно за купување на гориво, резервни делови, услуги преку верна картичките... Во Оилко на крајот на 2014 година биле вработени 173 лица, а фирмата располага со 92 возила кои се специјализирани за транспорт на нафтени деривати и гас и 45 вагон цистерни. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

30

интервју Никогаш немаме купено земјиште со повластена цена – најниската цена што сме ја платиле е 320 евра за м2 во Ѓорче Петров, највисоката е околу 500 евра за Flatiron, а во Ново Лисиче 430 евра за м2 земјиште. Таму имавме стапка на профитабилност нула, но бизнисот мораше да се одржи. Но, тоа многу малку луѓе го знаат.

Проф - др.

Ванчо Чифлиганец

генерален менаџер и сопственик на Адора инженеринг

Храбро инвестираме и во тешко време - градиме 1.100 станови вредни над 50 милиони евра! Покрај 300 станови во новиот симбол на Скопје што ќе го изградиме, објектот Адора Flatiron, имаме во градба уште околу 800 станови во шест станбени комплекси во општина Аеродром. Тоа се готови проекти, во различна фаза, некои ќе ги завршиме годинава, некои во 2016, што значи имаме околу 1.100 станови да направиме следните година-две, инвестиции од над 50 милиони евра.

Нови стандарди: “Со Адора Flatiron поставуваме дос


www.kapital.mk

С

Капитал број 825/826 21.08.2015

31

разговара:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Скопје за околу година и половина ќе добие станбено-деловен објект кој што наликува на славната зграда Flatiron на Менхетн, Њујорк. Кисела Вода не е Петта Авенија секако, но парцелата во облик на триаголник која што се наоѓа токму на границата помеѓу оваа населба и Центар, според проф-др. Ванчо Чифлиганец беше идеалното место да се изгради објект по урнекот на славниот њујоршки облакодер. Сопственикот на градежната фирма Адора инженеринг, една од најуспешните и најбрзорастечките македонски фирми последниве пет години, реши на скопјани, но, како што вели и на сите Македонци со проектот Адора Flatiron да им подари вредно урбанистичко обележје, кое што било инспирација за повеќе згради во светот. Ова беше повод да поразговараме со него околу самата идеја за овој маркантен објект што ќе го краси Скопје, но и за амбициозните планови Адора инженеринг да изгради вкупно преку 1.100 станови до крајот на 2016 година, инвестиции вредни преку 50 милиони евра. XX Како дојдовте до идеја токму култната зграда, њујоршката икона Flatiron да биде инспирација за вашиот нов станбено-деловен објект во Кисела Вода, во Скопје? Јас уште во младоста се запознав со историјата на зградата Flatiron во Њујорк, гледајќи ја во учебници, монографии, изложби и сл., и ми беше мошне интересна архитектурата и воопшто целата приказна околу објектот - еден од заштитните знаци на Њујорк, но и национално, историско обележје. Нешто подоцна, при моето прво службено патување во САД, како директор на “Бучим“, имав прилика да ја видам зградата и во живо, тоа се случи 1989 година. Бев воодушевен, се фотографирав пред објектот, кој што, патем, е изграден на почетокот од минатиот век, во 1902 година, во предвечерјето на нашето Илинденско востание. Уште тогаш мечтаев за тоа колку би било добро слична зграда да се направи во Скопје, а судбината сакаше околу три децении подоцна тоа и да се оствари. Благодарение на тоа што со Адора инженеринг пред 13 години почна мојата интензивна градителска дејност, некаде на 15

Адора Flatiron - Скопје, поглед од предната страна

Облакодерот Flatiron во Њујорк, инспирација за новата зграда на Адора инженеринг

Адора Flatiron - Скопје ќе излегува на два булевари

годишнината од компанијата ќе биде пуштена во употреба Адора Flatiron во Скопје, чии што темели штотуку ги поставивме, со архитектура мотивирана од њујоршкиот облакодер. Сакам духот на Њујорк да се пренесе во Македонија, или уште повеќе, зградата што ние ќе ја изградиме да биде и за некој чекор подобра според нејзините технички перформанси – стабилност, термичка изолација, енергетска ефикасност, итн. XX Кој е проектант на Адора Flatiron Скопје? Колку време се правеа проектот и подготовките за овој објект? Користите ли стручна помош од странски архитектонски бироа или консултанти при проектирањето и изградбата на овој, како што велите, стратешки објект за Адора инженеринг и за Скопје и Македонија, со оглед на специфичноста на градбата и нејзината уникатност?

Нашето мото е “100% македонска градба со светски квалитет“. Елитниот станбено-деловен комплекс е проектиран од тим од десетина архитекти на Адора инженеринг и стручна помош од домашни еминентни универзитетски професори, додека финална оценка на проектот дадоа странски консултанти што ги ангажиравме, и кои што, морам ова да го истакнам, имаа само мали забелешки и исправки на проектот. Тоа значи дека нашите искусни архитекти, инженери и останатите градежници кои што работат во Адора, но и во останатите македонски компании, се доволно квалитетни и оспособени да изработат проекти што може рамо до рамо да се носат со светски познати проекти. Проектот го направивме за шест месеци, работејќи и по 15 часа на ден, за да добиеме еден исклучителен објект, нешто невидено досега во Македонија, па и во регионот. XX Кажете ни малку повеќе околу самата инвестиција: вредност;

сега невидени критериуми за градење во Македонија“


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

32

интервју

Храбро, посветено, одговорно, напорно... тоа е рецептот за успех! XX Што велите за коментарите дека успехот на Адора се должи и на помош од политиката? Одговорно тврдам дека Адора инженеринг нема искористено ниту една повластица, субвенција или било каква привилегија во своето работење. Ние само имаме чувство како компанија, односно јас како нејзин основач и лидер, да ја искористиме поволната бизнис клима и во одреден момент, без притисоци, без политичко влијание како што мислат некои, да процениме и да преземеме храбар и правилен бизнис чекор. Адора инженеринг е беспрекорно чиста фирма во поглед на купувањето на градежното земјиште, плаќањето комуналии, даноци, во поглед на квалитетот на градбата, општествената одговорност... Нескромно ќе кажам дека оваа фирма е модел, македонска успешна бизнис приказна, пример за тоа како може да се успее на Балканот. Чекор по чекор, храбро, посветено, одговорно, напорно... сè другото ќе си дојде. Токму во кризните времиња треба да го повлечеш вистинскиот чекор, да не запреш, да инвестираш во нови проекти. Замислете во криза никој ништо да не инвестира, да не презема ризик. Мора да се биде храбар, јас се сметам себеси за храбар бизнисмен и така работам 13 години со Адора инженеринг, а и претходните 20-тина години во Бучим, итн.

колку време ќе се гради; колкумина работници ќе бидат ангажирани и сл.? Зградата ќе биде ново урбанистичко и архитектонско обележје на Скопје, ќе биде гордост не само за тие што ќе живеат и работат во неа, туку и за сите граѓани и целата држава. Адора Flatiron ќе чини околу 20 милиони евра, што значи дека е најголема инвестиција во високоградба во Македонија, со финансиски економски обрт во двете насоки од над 40 милиони евра, а на неа постојано ќе работат околу 350 работници... Градежната парцела е платена над 490 евра за квадратен метар, вкупно 2,2 милиони евра, а за комуналии плативме 3 милиони евра. Со сè останатите трошоци за расчистување на теренот, поставување на темелите и сл., досега имаме инвестирано околу 8 милиони евра и планираме со уште 12-13 милиони

Ние ја завршивме 2014 година - година со најголем интензитет и посветеност на градба во историјата на компанијата - со 13,5% профитна маржа, пред оданочување. А овие нови 1.100 станови што ги градиме сега, ќе бидам среќен ако ги завршиме со 10-15% профит. Не постои бизнисмен во Македонија од висока градба што може денес да заработи со 40-50% маржа. евра проектот ќе се комплетира. Планираме комплексот да го изградиме за 18-24 месеци.

Становите во Адора Flatiron не се поскапи од станови во Карпош или Аеродром XX Што ќе понуди Адора Flatiron Скопје како станбен и деловен простор, кажете ни малку повеќе за ексклузивноста на содржините на оваа зграда? По што ќе се издвојува од тоа на што досега сме навикнати да гледаме во Македонија? Зградата има три влеза со по два лифта, во делот што е за станови, а деловниот простор има посебен влез. Имаме природно осветлување на ходниците и вентилација и секои два лифта опслужуваат по шест стана на еден кат. Лифтовите наместо 1,1 м/с ќе бидат 2,5 м/с, многу побрзи, и по квалитет најдобри лифтови инсталирани во некој објект во земјава во моментов. Ходниците се со висококвалитетни плочки, лесни за одржување, а ќе има две нивоа на деловни простории – прво ниво со 4,8 м висина, кај што ќе се влегува со посебни влезови, како и мезанинот 3,7 м, кој што е со посебен лифт, со простории погодни за нотари, адвокати, ординации и многу други дејности... Деловните простории имаат во приземје 90 паркинг места, а под ова ниво се три нивоа на паркинзи за становите, со 300 паркинг места. Значи, нудиме еден вистински елитен комплекс за живеење и работа, во централното градско подрачје на македонската метропола, по највисоки светски стандарди. XX Има ли веќе отсега интерес за становите и деловните простории во Адора Flatiron Скопје, дали некои се можеби продадени уште на почетокот на градбата? Можам да се пофалам дека само што го поставивме камен темелникот имаме продадено околу 30 станови, значи околу 10%, а за деловните простории имаме досега незапаметен интерес и добар дел од нив се веќе продадени. Овој голем интерес се должи пред сè на довербата во нашиот квалитет,

но и затоа што зградата е на атрактивна локација, во централната урбана зона на Скопје, опкружена со многу институции и компании во близината. Досега, локацијата каде што се гради Адора Flatiron, за волја на вистината, беше неоправдано запуштен простор, воопшто непривлечен, па луѓето веројатно со нетрпение очекуваа некој да го облагороди, да го исчисти и уреди, да му даде живост и нова енергија. Со оваа зграда мислам дека, не само што ќе го направиме тоа, туку ќе го кренеме стандардот за градење, домување и работење во Македонија на ново, досега невидено ниво. XX По кои цени се нудат становите и деловните простории, дали се повисоки од останатите, со оглед на ексклузивноста на објектот? Во оваа зграда ќе бидат вградени околу 25.000 кубни метри бетон и 2.500 тони железо, нешто повеќе од потребното, значи сакаме цврстината и сигурноста да ги гарантираме на највисоко можно ниво. Имаме надворешни соработници, професори стручњаци за статика, ИЗИС ни е надзор за асеизмичноста на градбата која што ќе биде со енергетска ефикасност А класа. Имаме многу трошоци, но јас реков, со оваа зграда, профитот не ми е примарен, најбитно ми е да ја направиме како што сме зацртале, и да стане еден од најсилните обележја на градот и негова гордост. Становите се продаваат по цена од 1.100 евра до 1.250 евра за најлуксузните станови што гледаат на три страни од градот. Цените се нормални за Скопје, во некои помалку атрактивни населби знаат да бидат со истите цени, а кога ќе го земеме предвид квалитетот на она што ќе го добијат купувачите, цената е многу поволна.

Ние никогаш немаме готови станови за продажба XX Колку нови објекти и станови гради Адора инженеринг во моментов во Македонија? За колкави инвестиции станува збор и не стравувате ли од крупни инвестирања во кризно време?

Храброст: “Се сметам себеси за храбар човек и бизнисме


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

33 “Ова ќе биде круна на досегашната работа на Адора“

В

о срцето на Њујорк, на крстосницата меѓу двете најпознати улици Петтата авенија и Бродвеј, во 1902-ра година е изграден облакодерот Fuller-Flatiron со триаголна форма на железен чембер, во кој биле вградени 3.680 тони челик. Оваа култна архитектонска икона на Њујорк била мотив за изградба на десетици слични објекти во повеќе земји во светот. Таа прерасна во урбанистички симбол и обележје на Њујорк, впишана е во националниот регистар на историски места во САД од 1979-та и прогласена за национално историско обележје во 1989-та година. Облакодерот на архитектот од Чикаго Даниел Барнам на 22 ката, со ренесансна архитектура во стилот на „убавата уметност – beaux arts“ е една од најпопуларните и најфотографирани згради во светот, што како знаменитост на Њујорк низ сцени со славни актери, често била дел од телевизиските реклами и документарни филмови. За елитниот станбено-деловен комплекс Адора Flatiron Скопје е изработена макета врз основа на архитектонскиот проект, која пластично ги доловува сите аспекти и детали на овој маркантен њујоршки објект. Објектот Адора Flatiron Скопје со висина од 54 м е Покрај овие 30 0 станови во А дора Flatiron, имаме во градба уште околу 800 станови во шест станбени комплекси во општина Аеродром. Тоа се готови проекти, во различна фаза, некои ќе ги завршиме годинава, некои во 2016, што значи имаме околу 1.100 станови да направиме следните година-две, инвестиции од вкупно 50 милиони евра. А имаме и проект за старечки дом на влезот на Скопје, за кого што ќе објавиме повеќе детали наскоро. Што се однесува на стравот од инвестирање во криза, јас велам дека ако се посветиш безусловно, ангажираш целосно, ако идејата ти е претворена во издржан проект... нема што да те спречи на патот кон успехот. Со сите овие предуслови, ние треба да ја реализираме нашата најнова мисија, Адора Flatiron да биде еден од најдобрите објекти во Скопје, Македонија и на Балканот. Ние работиме 13 години со полна пареа, немаме готови станови за продажба, секогаш се продадени уште за време на изградбата. Сè што сме заработиле реинвестираме, ниту еден денар не е потрошен ненаменски, за луксузи и непотребни трошења. XX Како ги финансирате инвестициите? Тековните инвестиции се од сопствени средства, она што сме го акумулирале. Првите 10 години се развивавме исклучиво со помош на банкарски кредити, со каматни стапки од

Тимот на Адора инженеринг со макетата на зградата

на градежно земјиште со триаголна форма и површина од 4.412 м², купено од државата на јавна лицитација по цена од 2.176.991 евра, по 493 евра за м², тоа е најскапо платена локација за градење во Македонија. Во минатото на оваа локација се наоѓала руинираната стара фабрика „Цветан Димов“, а со новиот објект, запуштениот простор и неговата околина се расчисти, уреди и 6,5% до 12,5%. Годишно сум плаќал и по 650.000 евра само за камати на банките. Последниве три години користиме само наша акумулација, сопствени пари. Без банкарските кредити немаше да порасне фирмата до ова ниво, прашање е дали ќе опстоеше воопшто. XX Каков е потенцијалот на пазарот за станови во моментов? Дали постои опасност од заситување и пад на цената, како што шпекулираа некои луѓе од оваа сфера периодов? Прво мора да признаеме една работа, ни се допаѓало тоа или не: Македонија во најголем дел е Скопје и тука најмногу се гради. Слично е и во Бугарија, Албанија, Србија, каде што се форсира градбата на метрополите... Во Скопје е концентрирана политиката, бизнисот, културата, сè. Ако инвестираш во недвижност, најдобро е во Скопје. Затоа што недвижност во метрополата можеш да ја продадеш и на домашен купувач, но и на странец. Во Скопје не може да не ви се врати инвестицијата, ако квалитетно градите. Скопје е сè поатрактивен за инвестирање во недвижности, за разлика од другите градови. Адора инженеринг изгради стотина станови во Струмица и исто толку во Охрид, но побарувачката не е како во Скопје. Во Скопје, кога почнуваме со градба, веќе 50% од становите се уплатени, кога ќе ја завршиме зградата, нема веќе готови станови за продажба.

разубави. Станбено-деловниот комплекс има приземје, мезанин и 16 катови, 279 современи и функционални станови од 31 до 260 м², со вкупна површина од 19.340 м², 29 луксузни деловни простории од 45 до 277 м², со можност за спојување, со вкупна површина од 3.058 м², 394 модерни паркиралишта на партер и три подземни нивоа, со вкупна површина од 5.731 м². Инаку, точно е дека дел од фирмите што се бават со градба на станови веќе банкротираа, дел допрва ќе банкротираат. Од различни причини: ненавремена или неквалитетна градба, лош финансиски менаџмент, непосветеност и сл. Јас сум од шест часот наутро на градилиште, до вечер. Јас како фирма и како поединец немам никого ниту излажано, ниту нешто проневерено. Сите банкарски гаранции што ги отворам кон добавувачи, општини и партнери, навреме ги реализирам, некогаш и предвреме. Сите придонеси, даноци и други давачки ги плаќам на време. XX Што велите за впечатокот на дел од јавноста дека градежништвото е бизнис каде што се вртат огромни профити на сметка на напумпаната цена на квадратниот метар? Само неинформиран, недобронамерен човек може да каже дека се прават толкави профити во градежништво. Адора инженеринг како една од најуспешните компании во градежниот сектор, ја заврши 2014 година, година со најголем интензитет и посветеност на градба во историјата на компанијата, со 13,5% профитна маржа, пред оданочување. А овие нови 1.100 станови што ги градиме сега, ќе бидам среќен ако ги завршиме со 10-15% профит. Не постои бизнисмен во Македонија од висока градба што може да заработи денес со 40-50% маржа. Тоа се само измислици. nnn

ен и не се плашам да инвестирам сè што ќе заработам“


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

34

интервју

Сава Далбоков

член на Управата на групацијата Erste Sparkassen за Југоисточна Европа

Попрво ќе се случи раздолжување, отколку нов бум на кредити Со членот на управниот и надзорниот одбор на Erste и Sparkasse Bank во Југоисточна Европа, Сава Далбоков, разговаравме за тоа што можеме да очекуваме на пазарот на недвижности, заеми и лизинг, но и за тоа како гледа на државите во нашиот регион.

K Превземено од Бизнис Плус

XX Кога банките ќе почнат полесно да позајмуваат пари? Дали сметате дека тие времиња се поминати? Во банкарскиот систем има на располагање голема ликвидност и банките се подготвени да ги стават тие пари во употреба. Меѓутоа, заради моменталната економска несигурност и воздржаност на инвестициското расположение, побарувачката за финансирање на оправдани

Далбоков: Капацитетите за задолжување на домаќинс


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

35 проекти е многу скромна. Од друга страна, финансиските регулатори ги предупредуваат банките да прифаќаат помалку “претприемачки ризик” и да се фокусираат на стабилни сегменти со докажана кредитна способност. XX Значи ќе има уште помалку кредити? Капацитетите за задолжување на домаќинствата полека ги достигнуваат своите граници. Верувам дека времињата на бум во задолжувањето се поминати и дека во следните неколку години ќе гледаме едноцифрени стапки на раст на кредитирањето на поголемиот дел од пазарите. Во некои случаи, слично како и во Хрватска, каде моментално се случува процес на раздолжување. XX Зошто пазарот на лизинг не се проширува побрзо? Општо земено, пазарот на лизинг го прати движењето на пазарот на кредити, така да и во тој сегмент во последните години видовме значително забавување и пад. Кај лизингот на недвижности тоа е поврзано со општиот развој на пазарот на недвижности. Кај лизингот на подвижни работи тоа е последица на ниското задолжување на правните субјекти, како и драматичното намалување на купувањето на нови автомобили. Мислам дека со лизингот на подвижни работи го достигнавме дното и гледаме некои знаци на опоравување. Некои претпријатија ги зголемуваат овие вложувања, но опсегот на новите финансирања е очекувано помал од третина на опсегот пред кризата. XX Кога очекувате дека ќе се разбуди пазарот на недвижности во регионот на Југоисточна Европа? Не гледам дека тоа би можело да се случи во следните три до пет години. Поголемо опоравување на пазарот на недвижности може да се случи само како последици на забрзан економски раст, значително подобрување на личните и корпоративните приходи, како и зголемена подготвеност во личните и корпоративните приходи, како и зголемена подготвеност за вложување и потрошувачка. Исто така, од банкарските системи треба да се очистат лошите кредити за недвижности. Според мое мислење пазарот на недвижности за тоа време ќе стагнира, со некои исклучоци, како што се луксузните недвижности, туристичките капацитети на атрактивни локации и современи логистички капацитети, кои можат да понудат добра можност за вложување. XX Кои жители од земјите од регионот би требало да бидат загрижени заради фискалната политика? Во поглед на данокот на доход и придонесите за социјално осигурување во најголем дел од земјите во нашиот регион постојат даночни режими, кои доведуваат до релативно високи оптеретувања на работодавците. Позитивен исклучок е Македонија. Во комбинација со просечната или потпросечната продуктивност на трудот во бројни земји тој режим ја намалува конкурентноста на нашиот регион за инвестирање во производството. Од

аспект на јавниот долг, според мое мислење, Хрватска, Словенија и Србија веќе ги имаат достигнато границите на одржливост на својот долг на ниво од околу 80% до 90% од БДП. Фискалниот простор за маневрирање веќе станува многу ограничен за Црна Гора, БиХ и Македонија. Дополнително оданочување преку зголемување на стапките на ДДВ или преку стапките на данокот на доход, ќе има негативно влијание на економскиот раст, односно на меѓународната конкурентност на економиите. Значи, најмногу можат да се плашат државите кои нема мудро да ја прифатат фискалната консолидација и понатамошното подобрување на меѓународната конкурентност. XX Член сте на управни или надзорни одбори на банки на Erste и Sparkasse во Југоидточна Европа. Кои се разликите помеѓу правните и физичките клиенти помеѓу државите? Гледам многу повеќе сличности, отколку разлики. Исклучок се локалните регулаторни специфичности и повремените политички “посебни третмани” на банките, на пример во случајот со кредитите во швајцарски франци во Хрватска. Верувам дека нашите клиенти и банки во регионот слични со над 75%. Секаде се цени директното советување, брзиот одзив, добрата услуга и конкурентните цени. Финансиските пазари во земјите се во различни фази од развојот, што воедно е разултат и на локалните прописи. XX Како очекувате до крајот на годинава да се движат цената на нафтата и златото, како и курсевите на еврото и доларот? Прво би сакал да нагласам дека ова е мое лично мислење, а не некаква препорака. Ако ја земете цената на нафтата како приближна вредност на глобалниот економски раст и согласно на тоа енергетската побарувачка, а да нема некои драматични геополитички ризици кои би можеле да влијаат на страната на понудата, мислам дека цената на нафтата ќе се задржи на сегашното ниво. Минус или плус 5%. Истото важи за цената на златото. Иако верувам дека односот помеѓу еврото и франакот на крајот на годината ќе изнесува околу 1,05 (плус минус 5%). Очекувам дека вредноста на доларот во однос на еврото ќе порасне за 5% до 10%. XX Во која држава ќе продолжите да се ширите? Можеби во Бугарија, со оглед дека потекнувате од Бугарија, а таму имате и фирма за лизинг на недвижности? Би бил многу среќен кога нашата групација би го проширила своето банкарско работење и во Бугарија, но за сега немаме такви планови. Нашата стратегија е зајакнување на нашите активности во регионот и засега немаме планови за нови превземања. Секако, ако се создаде добра прилика во земјите во кои сме веќе присутни, детално ќе ја разгледаме. XX И на крајот каде ќе биде следната година Грција? “Иста цел, иста оддалеченост” nnn

ствата ги достигнува своите граници


Рок за пријавување: 24 август 2015

Еднодневна обука:

Оптимизација за интернет пребарувачи (SEO – Search Engine Optimization) l 26 август 2015 година (среда) l 10:00-16:00 часот l во просториите на Институт Концепт, Скопје АГЕНДА: l Што се клучни зборови и каде се наоѓаат на веб страната; l Како се бодува една веб страна според стандардите на Google; l Како да се одбере име за веб страна и да се напише текстот на веб страната за да се појави на првата страница на Google; l Разлика помеѓу оптимизација на самата страна (on-page) и надвор од неа (off-page); l Како се пишува правилно наслов на веб страна (Title Tag); l Како се пишува описот на една страна според правилата на Google; l Како се користат насловите и поднасловите на текстовите на правилен начин (Header тагови); l Како да изберете квалитетна фотографија и да ја означите; l Како да линкувате текст на страната (разлика помеѓу интерни и екстерни линкови)

l Како да ги користите социјалните мрежи и да ги поврзете со веб страната; l Како да размените линкови со други веб страни; l Како да го проверите резултатот од оптимизацијата на веб страната.

За кого е наменета обуката:

За сопствениците и менаџерите на компании коишто сакаат да постават веб сајт или пак веќе поседуваат веб сајт, но сакаат истиот да го заземе првото место или да се најде на првата страница на Google пребарувачот; за оние кои сакаат да се преквалификуваат за нови работни места, но и за оние кои не се вработени, а имаат желба хонорарно да работат за домашни и странски клиенти.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ИВЕНТ ИНДУСТРИЈА

4

септември

2015

Како до совршен бизнис настан? Есента е време на семинари, конференции, работилници... Дознајте каде се најдобрите места во Македонија за организирање ваков тип на бизнис настани. Ги прашавме професионалците од оваа индустрија за совет како до совршен “ивент“. Ви даваме предлози и за некои невообичаени начини за организирање на вашите деловни настани, како на пример конференција на брод за крстосување. Еве што конкретно ќе може да прочитате во специјалниот прилог на Капитал за event индустријата: l Од бизнис појадок до конференција: Водич за организирање успешен настан l Колку е развиена event индустријата во Македонија: професионалците зборуваат l Дознајте каде се наоѓаат најдобрите простори за бизнис настани l Не пропуштајте: најзначајни бизнис настани оваа есен во Македонија и регионот

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

38

ТЕХНОЛОГИЈА

Глобална конференција на IFA во Малта

Во знакот на новиот раст пишува:

Есад Јакуповиќ

Х слободен новинар, Љубљана, специјално за Капитал фотографија:

авторот и фотоархива на IFA

Хотелот InterContinental во местенцето С. Џулианс на Малта беше домаќин на големата група од преку 300 новинари од 55 држави на веќе деветтата светски позната прес конференција на Берлинскиот

Новинари од медиумите од целиот свет неодамна се собраа во Малта на традиционалното престанување на најголемиот саем за потрошувачка електроника и индустрија за апарати за домаќинство ИФА саем и неговите партнери IFA Global Press Conference (IFA GPC). ИФА е најголемиот светски саем од областана потрошувачката електроника и индустријата за апарати за домаќинство, кој оваа есен ќе се одвива во своето 55 издание, а IFA GPC е без сомнение најголемото медиумско преставување на било кој саем. Конференцијата за новинари секоја година доаѓа на ред вториот ден, додека првиот ден се одвиваат предавањата на многубројните партнерски и спонзорски компании за актуелните трендови и новитетите кои се спремаат за саемот во септември.

Новитети и промени

Претставникот на Мајкрософт помеѓу другото го нагласи и фактот дека денеска

„сите стануваат развивачи“, и дека преку 400 милиони претпријатија даваат свој придонес во креирањето на иновации и зголемување на продуктивноста. Во центарот на вниманието е скорото излегување на новиот оперативен систем Windows 10, со кој Мајкрософт воедно ја менува својата стратегија. Промените опфаќаат развој на софтвер и за конкурентските платформи, различни начини за развој на апликациите и нови бизнис модели. Филипс ја претстави иновацијата за подобрување на квалитетот на живот и здравствена нега и најави поделба на две претпријатија– Филип Лајтинг Солјушенс и Ројал Филипс. Претставникот на ТП Вижен вети дека оваа година веќе 80% од телевизорите на компанијата ќе бидат опремени со системот

Предвидување: И оваа година не очекуваат ненаја


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

39 Собир на светските медиуми: вечерно дружење на ИТ новинарите по доаѓањето на Малта Време за вести: Некои од присутните компании се претставија и со мали штандови Средба во црвена боја, симболи на саемот IFA: Мис ИФА, маскотата на саемот, во друштво со малтешките витези во Валета

Андроид, вклучувајќи ги и моделите кои ќе се појават на саемот. ZTE го прикажа новиот мобилен HD проектор и паметните телефони кои препознаваат гласовни команди без поврзување со интернет. Германски Грундиг го претстави својот нов потрошувачки интерфејс за куќни апарати втемелен на проекцијата на светлост на пултот. Хајер, најголемиот производител на апарати во Кина се претстави со машина за перење со два барабани , кои можат да работат истовремено со два различни програми, како и фрижидер за вино без компресор. Своите новитети ги преставија и компаниите Бош, Керхер, Самсунг, Сименс и WMF. Аналитичарите на компанијата GFK во повеќето предавања со најновите прогнози на подрачјето на потрошувачката електроника, мобилните уреди за интернет, индустријата за куќни апарати и особено малите апарати најавија дека оваа година ќе дојде до помал раст, а дека уделите на продажба на поедини апарати во извесна мерка ќе се променат во однос на минатата година.

Иновативност и „памет“

Уделот на паметните и мобилни телефони, според GfK, ќе се зголеми на 40% ( во однос на 38% од минатата година) , на ЛЦД телевизорите на 14% (лани 13), додека уделот на таблетите (8%), мобилните компјутери (12%), десктоп компјутерите (6%) и дигиталните фотоапарати (2%) ќе остане на приближно исто ниво, а уделот на сите останати видови на уреди заедно ќе се намали на 18% (лани 21). Директорот за потрошувачка електроника во GFK Јирген Бојни на главната конференција за новинари најави позитивни трендови на двете подрачја кои содржински ги покрива саемот IFA. Во GfK , имено оваа година очекуваат раст на глобалниот пазар на потрошувачка електроника за 1,5% и на светскиот пазар за апарати за домаќинство за 3-4%, а нешто помал раст на двете подрачја и во 2016 година. GfK истакнува дека во индустријата за апарати за домаќинство важни се пред се иновативноста , поврзливоста, ефикасноста,

штедливоста и обликувањето. Особено кај куќните апарати важни се и практичноста, удобноста на употребата, доброто чувство и придонесот кон здравиот начин на живот. Оваа година на пазарите доаѓаат уште „позелени“ апарати кои штедат вода и енергија (а исто така и пари) и воопшто се „пољубезни спрема природата“. Се повеќе се нагласува и подобрувањето на функционалноста, како и се поголемата употреба на „ интелигенција “ и апликации за меѓусебно поврзување. Летово се повеќе ќе апликации за информации, функционирање, одржување, дијагностика на далечина и енергетска ефикасност. Со паметните домашни апарати ќе биде можно се повеќе да се управува со помош на таблет или паметен телефон, а исто така и меѓусебно функционално да се поврзуваат- на пример грејната плоча на фрижидерот со напонот на останатите апарати во кујната.

Иновации зa раст

„Иновациите и оваа година подтикнуваат раст на пазарот што дава добри најави и за саемот IFA, кој традиционално се залага за иновативноста“, нагласи Бојни. „И состојбата на пазарот и досегашниот тек на припремите ветува дека IFA оваа година ќе доживее особен успех“, оцени во својот воведен говор на главната конференција за новинари Ханс- ЈоакимКамп, претседател на надзорниот совет на германското Здружение за потрошувачка и комуникациска електроника (gfu), кој со корпорацијата Messe Berlin е ко организатор на саемот. Извршниот директор на Messe Berlin, др. Кристиан Геке во својот говор пред медиумите помеѓу останатото нагласи дека растот на потрошувачката индустрија и индустријата за куќни апарати, кој е

ненајавени технолошки изненадувања


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

40

ТЕХНОЛОГИЈА

втемелен на бранот на иновации, позитивно влијае и на глобалното значење, растот и успехот на саемот IFA. Саемот во Берлин минатата година привлече повеќе од 1.500 изложувачи и преку 240.000 посетители, а организаторите очекуваат оваа година малку поголеми бројки. IFA ќе се одвива од 4 до 9 септември, а саемот ќе биде пропратен и со повеќе случувања како : конгрес IFA+ Summit, TEDx Berlin и низa настaпи на угледни директори, како и конференции на аналитичките компанија IHS, IEEE и GfK. Овие опсежни дополнителни активности воведени се минатата година, откако беше изграден конгресно- саемскиот центар CityCube Berlin покрај јужниот влез на саемот, кој обезбедува скоро 10% од дополнителниот изложбен простор и овозможи делумна реорганизација на саемот. Берлинската „градска коцка“ за помалку од една година и самата за себе стана препознатливо средиште за конгреси, конференции, концерти и други настани во текот на целата година. nnn

n Во ритамот на поп музиката: на свечената вечера во ресторанот „Сопственост на Монтекристо“

близу малтешкиот аеродром настапи и пејачката и глумица од постарата генерација Нена.

Трендови во потрошувачката електроника

U

HD во поход: Во својот извештај за трендовите и новите производи во 2015 година GfK нагласува дека на саемот IFA во центарот на вниманието ќе бидат LCD и OLED телевизорите и мониторите Ultra- HD (UHD) со уште поимпресивни бои и контрасти, домашни кина со тродимензионален звук, иновативно софтверски платформи за интелигентно поврзување, преносливи (на облека) уреди со сензори за надзор на рекреација и здравје, уреди за музика од безжичните мрежи, па дури и модни детали и слатки од 3Д принтерите. Оваа година рамните или закривените UHD телевизори со осум милиони точки и со дијагонала од веќе 102 см, ќе станат дел од главната струја на продажба. На саемот ќе бидат уште повеќе модели на закривени телевизори, помеѓу кои и такви на кои ќе биде можно со помош на далечински управувачи и вграден мотор да се израмнат. Водечките произведувачи на телевизори и други видео уреди се повеќе ќе ги подржуваат и новите стандардно високи и ефикасни компресии на видеа HEVC (H.265) и своите производи ќе ги опреми со HDMI влезови за најбрз UHD пренос. Преносливи уреди: На располагање ќе бидат се повеќе UHD содржини и повеќе интернетски локации на сервисите за UHD филмови. На саемот исто така ќе бидат претставени и новите Bly-ray дискови и нови плеери за UHD формат, како и UHD камери со подобрување на стабилизацијата на слика. Новите паметни телевизори (Smart TV) ќе бидат опремени со подобрени верзии на оперативниот систем Android, Tizen, WebOS или Firefox OS, како и нови апликации кои покрај примањето на ТВ сигнали ќе овозможуваат и пристап до интернетски содржаи и услуги. На саемот ќе бидат изложени и многубројни нови паметни часовници и други преносливи уреди опремени со сензори и екрани, со поддршка за мобилни телефони или без неа, кои ќе ги мерат телесните функции и другите променливи параметри и ќе ги поврзат со апликации за рекреација. Уште „поинтелегентните“ преносливи уреди освен за спорт и лично уживање се повеќе се ќе користа и за поддршка на апликациите за теле медицина односно здравствена нега на далечина,

особено за стари и болни лица. Слатки од принтер: 3Д принтерите оваа година стануваат дел од масовниот пазар, а во продажба стигнуваат се помали модели способни да печатат се понеобични предмети како што се запчаници, конструкциони модели, играчки, уметнички скулптури, декоративен накит, столици и столови, вазни, па дури и облека. Најголем дел од моделите користат пластика, но доаѓаат и модели кои користат метали (и ласери за топење), па дури и модели со хранливи материјали како што се чоколади и шеќер, од која се изработуваат необични колачи. Саемот IFA исто така ќе биде можност за претставување на новите технологии за стерео звук и за домашни кина, како што се DTS:X и Ауро 3D, покрај веќе раширената технологија Dolby Atmos која овозможува користење и кинематски звучни ефекти. Некои звучници нудат можност за поврзување преку радио W-LAN или Bluetooth мрежи на сервери со мрежен пристап (NAS), компјутери и таблети, како и на паметни телефони и други мобилни уреди. 3Д звукот е се повеќе на располагање и кај слушалките, кои стигнуваат во различни облици и големини. Време на домашни мрежи: Куќните аудио- видео мрежи се повеќе ќе ги поврзуваат уреди за потрошувачка електроника, а се почесто и куќните апарати и домашните безбедносни системи. Компјутерите и хард дисковите како складишта на големи количини на слики, музики и видеа, а благодарејќи на поврзувањето во домашните мрежи можат да се користат и како извори за други стационари и мобилни уреди, како што се таблети, телевизори и паметни телефони. Новите стандарди како што се UPnP и DLNA овозможуваат автоматско препознавање на уредите и непречено „префрлање“ на дигиталните уреди внатре во мрежата. На есен се очекуваат и нови видео камери и камкордери способно за непосредно префрлање на дигиталните содржини во домашната мрежа. На саемот на IFA ќе бидат претставени и нови апликации за употреба на домашни мрежи на далечина, за преглед на нови информации или програмирање на видеа, како и за нови апликации за подобро поврзување на потрошувачките уреди со домашните апарати.

Очекувања: Годинешниот ИФА ќе биде меѓу најдобрите во историјата



www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

42

Технологии и бизнис

Само "Г" е за Google во новиот холдинг на Пејџ и Брин

Зошто "газдата" на интернетот стана ќерка фирма на Alphabet?

В пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Во бизнисот сме отворени „од А до Ш“, како да сакаат да порачаат основачите на Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин, давајќи и го името Alphabet на новата холдинг компанија под чиј чадор влезе најпознатиот светски пребарувач и со него асоцираните услуги и продукти. Google одамна стана многу повеќе од пребарувач кој својата неприкосновена позиција умесно ја користи за продавање онлајн реклами - развива автономни возила, технологија за „паметни“ живелишта, супербрзи оптички мрежи,

дронови што ќе шират безжичен интернет и во најзафрлените места на планетата ... Пејџ и Брин очигледно почувствуваа потреба да имаат поголема прегледност врз сите овие различни бизниси, а, пред сè, во делот на финансиите истото да им го овозможат на инвеститорите, кои досега тешко можеа да следат од кои дејности идат главните приходи, или колку и како се одвојуваат пари за развојните проекти зад кои стои долгорочна визија, а за кои не се знае кога ќе почнат да го враќаат вложеното (овие полутајни проекти се главно на лабораториите од Google X, а тука влегуваат беспилотните автомобили, „паметните“ очила, проектот Wing за воздушна достава на пратки, се претпоставува со беспилотни летала ...). Околу изборот на името на холдинг компанијата (кое секако не е случајно избрано по звучност) Лери Пејџ на официјалната страница на Alphabet даде помистично толкување од она што ние го изнесовме погоре. „Името Alphabet ни се допадна мене и на Сергеј (Брин) зашто означува збир од букви што го претставуваат јазикот, кој е една од најважните иновации на човештвото, и е сржта на индексирањето на Google search. Исто така, ни се допадна што името значи и alpha‑bet, при што аlpha е поврат на инвестицијата над предвиденото, кон

што ние тежнееме. Морам да додадам дека ние немаме намера ова да биде голем потрошувачки бренд со соодветни производи (за потрошувачки бренд, н.з.) целата поента е дека Alphabet компаниите треба да имаат независност и да развиваат сопствени брендови“, напиша Пејџ. Овие независни ќерки компании на Alphabet ќе бидат надгледувани токму од него и од неговиот партнер Брин, кои се основачи и на новиот холдинг - на местото на Пејџ кој досега беше извршен директор во Google дојде Сундар Пичаи (поранешен шеф за Chrome OS и за Android). Најголема подружница на Alphabet, секако е Google, под чија капа остануваат пребарувачот, огласувањето, Gmail, YouTube, Play Store, Android ... Посебна ќерка компанија стана и Nest - производителот на „паметни“ термостати и детектори на чад, која Google ја купи во 2014 година за 3,2 милијарди долари. Таков статус (ќерка компанија) во Аlphabet доби и Calico, со специјалност во биотехнологијата, која развива методи за забавување на стареењето на луѓето. Одделна подружница ќе биде и Fiber, која се занимава со изградба на супербрзи оптички мрежи во оние делови од САД кадешто „обичните“ телекомуникациски компании не овозможуваат брз пристап до интернет. Секако, посебност во портфолиото

Пејџ: Направивме многу работи кои некогаш изгледаа лудо


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

43 Сопственикот на досега скоро непознатиот домен .xyz, Даниел Негари, „дебело се омрси“ добивајќи го Alphabet за клиент

Располагањето со сопствен буџети и со поголема слобода да го трошат ќе значи поголеми шанси за пробив на некои од сега ќерките на Alphabet, како Nest

Според Лери Пејџ и Сергеј Брин развојот и комфорот не одат рака под рака

Реакцијата на инвеститорите кога ќе видат кои компании на Alphabet прават пари, а кои (засега) само трошат, може да значи проблеми за проектите како Google Self-Driving Car

на Alphabet доби и одделот Google X, задолжен за пробивање на хоризонтите во технологијата (погоре наведовме некои проекти што се развиваат во неговите лаборатории). Во Google X, како и досега, главниот збор ќе го има Сергеј Брин. Ќерки компании станаа и двата инвестициски фондови на Google - Ventures и Capital, од кои првиот финансира стартапи во почетна фаза, а вториот вложува во веќе развиени компании, целејќи повеќе кон профит.

Ќе ја покаже ли транспарентноста и својата темна страна?

На прашањето зошто Лери Пејџ и Сергеј Брин одлучија Google, моќната компанија која беше „трејд-марк“ на Силициумската долина, да ја сведат на ќерка на Alphabet, има неколку одговори што логично паѓаат на памет. Google прилично се беше раширил (ако не „од игла до локомотива“, тогаш, секако, од најкористен, секаде присутен пребарувач, преку автомобил

кој вози без возач, до биотехнологија за продолжување на животниот век на човекот), а сите овие дејности кои имаа сè помал заеднички именител, очигледно не било лесно да се развиваат „на куп“, при што проблем во некоја област што не беше од клучно значење за Google, можеше да ги растревожи инвеститорите поради недостатокот на прегледност на тоа што се случува во компанијата. Сега акционерите (со новото портфолио на

ʶ̛̛̬̖̯̦̯̖̔ ̸̡̡̛̛̬̯̌ DĂƐƚĞƌ ĂƌĚ ̛ sŝƐĂ ̨̔

̛̏ ̪̬̖̣̔̌̐̌​̯̌ • Ʉɪɟɞɢɬɟɧ ɥɢɦɢɬ ɜɨ ɜɢɫɢɧɚ ɞɨ ɦɟɫɟɱɧɢ ɩɪɢɦɚʃɚ • Ɇɢɧɢɦɚɥɟɧ ɢɡɧɨɫ ɧɚ ɩɥɚʅɚʃɟ • Ȼɟɡ ɱɥɟɧɚɪɢɧɚ ɡɚ ɩɪɜɚɬɚ ɝɨɞɢɧɚ • Ȼɟɡ ɤɚɦɚɬɚ ɡɚ ɩɥɚʅɚʃɟ ɧɚ ɪɚɬɢ ɂɧɮɨ ɰɟɧɬɚɪ www.unibank.com.mk ɋɥɟɞɟɬɟ ɧࣉ ɧɚ www.facebook.com/unibank.mk


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

44

Технологии и бизнис

Alphabet) ќе имаат појасна слика за секој од бизнисите на компанијата, добивајќи податоци за ќерката фирма чија работа ги интересира. „Нашата компанија денес добро работи, но сметаме дека тоа може да се прави почисто и поодговорно“, пишува Лери Пејџ најавувајќи ја Alphabet на интернет адресата на новата компанија која не завршува со .com, туку е „abc.xyz“. Тоа што Пејџ/Брин не регистрираа .com домен,

туку .xyz, испоровоцира силни реакции во технолошката заедница кои одеа дотаму што беше поставено и прашањето дали времето на власта на .com доменот е при крај. Сопственикот на досега скоро непознатиот домен .xyz, Даниел Негари, откако го доби Alphabet за клиент, за CNBC раскажа како неговиот регистар преку ноќ доживеал бум. Тој не открива колку платиле од Google за да го користат доменот, но веројатно не малку, ако се

има предвид дека компанијата на Негари платила 185.000 долари само за дозвола да го користи .xyz регистарот. Следна причина за создавањето на холдингот е полесното распоредување на ресурсите по одделувањето на различните дејности во форма на подружници на Alphabet. Ќерките компании кои досега биле подредени на финансиската волја на големиот Google сега ќе располагаат со сопствени буџети и со поголема слобода да ги трошат според потребите, зашто ќе нема потреба да калкулираат како одреден расход ќе се одрази на основниот бизнис на Google. Зголемениот маневарски простор од овој аспект значи поголеми шанси за пробив на некои од сега ќерките на Alphabet, а довчерашните потенцијални „бумови“ на Google. Тука не се мисли само на веќе развиените компаниите како Nest, која иако имаше поголема самостојност и во старата структура, сепак, не успеа брзо колку што се очекуваше да ги интегрира своите производи за создавање „паметни“ домови со оние на Google. Се мисли и на сите оние проекти слични на денес супер-успешните што го ширеа влијанието на компанијата, а кои во развојната фаза, според зборовите и на Лери Пејџ, некому изгледале налудничаво. „Веќе направивме многу работи кои во одредено време се чинеа луди. Многу од овие луди рабори денес имаат милијарди корисници, како Google Maps, YouTube, Chrome, Android. И ние не застанавме таму. Сè уште се трудиме да правиме нешта што за другите луѓе се луди, но ние сме супер возбудени од нив“, пишува Пејџ. Искусните сведоци на водењето на големиот светски бизнис не го делат овој оптимизам на основачите на Google и на Alphabet. Тие се на мислење дека промената, во смисла на зголемената транспарентност и одговорност за која зборува Пејџ во контекст на Alphabet, што би требало да ги направи инвеститорите посреќни, со што и компанијата би работела подобро, на крајот ќе има спротивен ефект. „Инвеститорите се исклучително кратковиди“, напиша Форбс, во текстот со наслов - „Зошто Alphabet е ризичен влог што ќе заврши со солзи“. Авторот заклучува дека пазарите на капитал ретко прифаќаат влогови со висок ризик, и смета дека кога Alphabet ќе ги објави своите резултати, ќе има повици (од инвеститорите) до Сергеј и Лери да ги затворат најголемите загубари (меѓу ќерките компании), а токму тие можеби се идните YouTube, Chrome, Android ... nnn



Уписите се во тек

!

КУРС ПО ОСНОВИ НА СМЕТКОВОДСТВО И СМЕТКОВОДСТВЕНА АДМИНИСТРАЦИЈА l септември 2015 година l во просториите на Институт Концепт, Скопје

Доколку имате свое претпријатие, сакате да работите како сметководител или сакате вашето теоретско знаење да го преточите во практична примена тогаш оваа обука ќе Ве оспособи за тоа! Курсот е наменет за почетници во областа на сметководството, студенти и вработени лица коишто се на позиција сметководствена администрација, како и оние лица коишто имаат допирна точка со сметководство или пак сакаат теоретски и практично да го научат. Предавањата ќе се одржуваат во текот на месец септември 2015 година, три пати неделно во попладневните часови од 16.30 до 20.00 часот, во просториите на Институт КОНЦЕПТ. Учесниците преку високо професионални предавања, практична работа и соодветна литература за 42 часови ќе го научат основното ниво на сметководство.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ПАЗАР НА НЕДВИЖНОСТИ

11

септември

2015

Како до квалитетен деловен простор? Познавачите на пазарот за недвижности велат дека побарувачката за квалитетен деловен простор допрва ќе расте. Ви даваме преглед на најдобрите локации за вашите нови канцеларии, а со дизајнери разговаравме за тоа како да го уредите сопственото бизнис катче. Купување или изнајмување: финансиските советници ви предлагаат најповолни варијанти за нов деловен простор. Еве што сè ќе може да прочитате во специјалниот прилог на Капитал за деловен простор: l Кој е кој во понудата на деловен простор во Македонија l Каде се топ локациите со деловен простор l Што велат дизајнерите: како треба да изгледа канцеларијата на 21 век? l Кредит, лизинг или... како до нов деловен простор? l Инвестиција, а не трошок: Енергетска ефикасност на вашите канцеларии, магацини, ладилници...

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

48

CEO Profile

За упатените во ИТ сектор, името Сундар Пичаи воопшто не е ново, ниту непознато. Во јавноста тој е најмногу познат по изработка на Android платформата на Google, но и по неговите лидерски вештини. Со неговото име, во последните неколку години, се поврзани повеќе шпекулации – многумина го гледаа како нов извршен директор на Twitter во 2013 година, а и како извршен директор на Microsoft во 2014 година. Но, талентот со кој владее Пичаи многу добро го познава и основачот и досегашен извршен директор на Google, Лари Пејџ, па со промоцијата во извршен директор, покажа дека не го пушта така лесно да замине од неговата империја.

Koj e Сундар Пичаи, новиот извршен директор на Google?

С пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

Само пред два месеци, еден од основачите и сега веќе поранешен извршен директор на Google, Лери Пејџ, од најпознатиот веб сајт за кариера- Glassdoor беше прогласен за најпосакуван шеф во Америка. Но се

чини дека кога станува збор за успешноста и напредокот на Google како компанија, ваквите рангирање, освен добар имиџ за компанијата, не значат ништо повеќе. Два месеци подоцна, Google објави дека Лери Пејџ заминува од оваа функција, а на негово место како нов извршен директор доаѓа Сундар Пичаи, потпретседател во Google и главен човек за Android платформата. Упатените од ИТ сферата, кои ги следат поместувањата во овој сектор, доаѓањето на Пичаи го гледаат најмногу поради фактот што Пејџ и неговиот колега од универзитетот и партнер во основањето на Google, Сергеј Брин сега влегуваат во нова авантура – холдинг компанија под чиј чадор се наоаѓа сега и самиот Google – а, која тие ја нарекоа Алфабет. Сепак, тврдат тие, доаѓањето на Пичаи не е воопшто случајно и е сосема заслужено. Тој всушност од поодамна ја извршувал оваа улога во Google (според зборовите на

основачот Пејџ, Индиецот Пичаи уште од октомври 2014 година работи како извршен директор) , пa на неговото назначување гледаат само како официјализирање на она што тој де факто е во оваа компанија. Оттука и изјавата на основачот на Google и нејзин досегашен извршен директор, Пејџ, кој при соопштувањето дека Пичаи е новиот извршен директор на оваа компанија рече: „Сундар ги кажува работите на начин како што и јас би ги кажувал (понекогаш дури и подобро од мене) веќе подолг период, и уживам во заедничката работа со него“. Но, и покрај тоа што Пичаи доаѓа на местото на Пејџ како извршен директор, Индиецот и понатаму му останува подреден на Пејџ. Односно, за своите резултати тој и понатаму ќе одговара директно пред ко - основачот на Google, Пејџ.

Кој е Сундар Пичаи?

43- годишниот Сундар Пичаи е третиот извршен директор на Google. Тој ја презема

Плата: Пичаи заработува 50 милиони долари годишно


ПОКАНА На 17 септември 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 18. сесија на Клубот на истражувачите Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да нè известите најдоцна до 31 август 2015 година (понеделник). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 15 септември (вторник) 2015 година на тел. +389 2 3298 505; електронска пошта: marketing@kapital.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.

LENOVO IDEAPAD 100-15

ОДЛИЧЕН БАЛАНС ПОМЕЃУ ПЕРФОРМАНСИ И ЦЕНА Attractive Price & Uncompromising Performance Ultra-Slim, Highly Mobile Design High-Def Display for Bright, Crisp Visuals Comprehensive, Over-Achieving Feature Set Plenty of Storage for Movies, Music & Games

IdeaPad 100-15IBY BLACK Intel® Processor N2940, 2.25 GHz 4GB DDR3; 250GB 15,6" HD + Camera DVD-RW / Wi-Fi / HDMI Card reader / Bluetooth

цена:

INet

16.990 ден.

Services

ИНЕТ - АВТОРИЗИРАН ЛЕНОВО СЕРВИС

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ: A: Атинска 12 - Скопје E: sales@inet.com.mk W: www.inet.com.mk T: 02/ 3090.625


www.kapital.mk

Капитал број 825/826 21.08.2015

50

CEO Profile

Податоци за Google

XXОснован: 4 септември 1998 XXОсновачи: Лери Пејџ и Сергеј Брин XXПриход: 66 милијарди долари (2014) XXБрој на вработени: 55.419 Неколку години по ред компанијата Google се наоѓа на првото место нa рејтинг листата на угледниот магазин Fortune, за тоа која компанија на светско ниво, е најдобра компанија за работа. На кратко успешната филозофија која се крие позади оваа светски позната компанија е речиси многу едноставнаколку по задоволни вработени, толку посушени резултати. оваа функција во доста динамичен период, во момент кога компанијата минува низ многу структурни промени, а нејзините основачи Лери Пејџ и Сергеј Брин - започнуваат сосема нова компанија - Алфабет. Пичаи е роден во Тамил Наду, Индија. По завршувањето на додипломските студии како инженер по металургија, заминува во САД на студии на Универзитетот Стенфорд. Тој во компанијата почнува да работи од 2004 година, на изградбата на сега познатата Google лента за алатки (Google toolbar). Во следните неколку години, Пичаи стана одговорен за Chrome, интернет пребарувачот на Google, кој денес е најкористениот интернет пребарувач во светот. Успешноста на ова поле му го донесе потпретседателското место во компанијата, а веќе во 2013 година , со развојот на Android платформата, тој беше назначен за постар потпретседател. Минатата година, пак, тој стана шеф на одделот на продуктите на Google. Мирен и тивок по карактер, Пичаи е обожаван од неговиот колеги не само поради неговите таленти во инженерство, туку исто и поради неговата општа допадливост. Токму овие карактеристики му донеле брзо искачување во кариерата во Google. Во

„Сундар ги кажува работите на начин како што и јас би ги кажувал (понекогаш дури и подобро од мене) веќе подолг период, и уживам во заедничката работа со него“ Љубовта кон инженерството на Пичаи, му доаѓа од татко му. „Кога си доаѓав дома од работа му кажував многу за работите на мојата работа и со предизвиците со кои се соочував таму“, вели неговиот татко, Регуната Пичаи.

последната година дена, тој всушност му беше десна рака на Пејџ. „Сундар ги кажува работите на начин како што и јас би ги кажувал (понекогаш дури и подобро од мене) веќе подолг период, и уживам во заедничката работа со него“, рече Пејџ најавувајќи го Пичаи како нов извршен директор во Google. Денес, од оваа функција, Пичаи ќе го контролира бизнисот кој е одговорен за повеќе од 98% од вкупните приходи на идната мајка компанија Алфабет. Аналитичарот на Дојче Банка, Рос Сандлер проценува дека „имотот“ кој ќе биде под контрола на Пичаи – вклучувајќи ги основниот интернет бизнис на Google, од пребарувачка алатка па се до нејзините додатоци како YouTube, Maps, Apps, Android и Play – само оваа година ќе генерира 59 милијарди долари приходи, што е 14% повеќе во споредба со минатата година. Неговите познавања и успешност низ годините биле препознаени и од многу други компании, меѓу кои и Twitter. Во 2011 година на Пичаи му било понудено потпретседателското место за продукти во Twitter, но тој ја одбил оваа понуда. Неодамна со неговото име се шпекулираше и како можен извршен директор на Twitter , па оттука многумина

сметаат дека Пејџ токму поради тоа му ја даде промоцијата на Пичаи, односно, за да не замине од Google. Освен како можен извршен директор на Twiter, Пичаи многумина го споменуваа и како можен иден извршен директор во Microsoft, откако оттаму замина Стив Балмер. Но, Пичаи и понатаму остана во Google, а таквата одлука и тоа како му се исплати.

Животот во Индија

Пичаи денес е веројатно еден од најплатените извршни директори во светот, со оглед на тоа дека неговата плата во Google изнесува 50 милиони долари на годишно ниво. Но неговите почетоци биле доста тешки. Мајка му работела како стенограф пред да ги роди брат му и него, а неговиот татко работел како електричар во индиското претставништво на британскиот конгломерат GEC . Неговото семејство живеело во двособен стан, па Пичаи и неговиот брат спиеле на земјата. Во поголемиот дел од детството неговото семејство немало телевизија, ниту пак кола. Љубовта кон инженерството, пак, му доаѓа од татко му. „Кога си доаѓав дома од работа му кажував многу за работите на мојата работа и со предизвиците со кои се соочував таму“, вели неговиот татко, Регуната Пичаи. nnn




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.