Kapital magazin 832

Page 1

сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

cover story

господари на маКедонија Кој е газда на најмоќните маКедонсКи Компании? водич КаКо да отворите фирма во регионот?

Уште 20 илјаДи макеДонци си заминаа за еДна гоДина.

Досега отселени

600.000

Бизнисмените од 6. Бизнис форум на Бизнис плус и Капитал порачаа:

Дајте ни патишта и слобоДни граници, за бизнис ќе се Договориме! рамКовен договор: за осум години потрошени над 73 милиони евра! Број 832 | цена 100 ден. | 9 оКтомври, 2015 | петоК | година 16

www.kapital.mk



www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

содржина

04 profile Кристине алтхаузер

Aмбасадор на Германија во Македонија

32

сигурна сум дека договорот од пржино ќе се имплементира

story 10 cover Кои се газди на најмоќните македонски компании? Господари на Македонија

16 Капитално лудост е да растат пензии, кога над половина од младите се невработени!

Бизнис форум 18 Шести на Капитал

Компании и пазари

Водич: Како да основате ваша компанија во регионот? За десет дена и петстотини евра може да станете српски, бугарски или косовски бизнисмен

38

истражуВања

40

Капитал анализа

промовирани две нови истражувања во народната банка за осум години тројно зголемен буџетот на секретаријатот за рамковен договор

3

Кои се газди на најмоќните Компании? Светската економска криза покажа дека кога станува збор за стратешки компании и индустрии, државите се подготвени на многу непазарни потези за да ги спасат од странско преземање. Клучните и најмоќни компании во Македонија уште пред кризата беа евтино распродадени на странци, а оние кои се уште се во домашна сопственост се ставени во втор план, додека државата ги помага странските инвеститори. Капитал анализира кој е газда на најмоќните компании во Македонија? XX Стр. 10

и Бизнис плус

дајте ни патишта и слободни граници, за бизнис ќе се договориме!

26 анализа уште 20 илјади македонци си заминаа за една година.

досега отселени 600 илјади!

10

егзодус Отпорните на сиромаштијата и невработеноста во Македонија остануваат сè помалку на број бидејќи во последните години егзодусот на Македонците кулминира. Најновите податоци на ОЕЦД покажуваат дека само за една година, Македонија ја напуштиле најмалку 20.562 луѓе.

46 интерВју стојче стаменоВ

претседател на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата

Безбедноста во сообраќајот да ја сфатиме како наша лична одговорност

XX Стр. 26

рамКоВен Освен како филтер за вработување и трошење на огромни државни пари, од спроведувањето на Рамковниот договор резултати нема, барем во однос на прашањето обезбедување на меѓуетничкиот соживот, иако во изминатите седум години Македонија потрошила 73,5 милиони евра за негова имплементација. XX Стр. 40

49

БалКан Бизнис и политиКа

54

сВет Бизнис и политиКа

58

Uber - или колку светот е зрел за новата "шеринг" економија

пораКи од Бизнис форумот Политичарите конечно да почне да ги слушаат бизнисмените, компаниите да ги предлагаат законите, а не политичарите, државите да соработуваат при комплетирање на клучни транспортни коридори, фирмите да најдат начини за соработка и синергија при настап на трети пазари...ова се дел од пораките слушнати на Шестиот Бизнис форум што минатата недела го организираше Капитал и партнерите од медиумската платформа Бизнис плус . XX Стр. 18

Кризата во сирија во критична фаза За кого паѓаат бомбите?

ceo Profile

Карстен Шпор

директор на Луфтханза

добар пилот за лоши времиња

62

чоВечКи ресурси

6 начини како да ги мотивирате вработените

18

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 08.10.2015


profile

Обидите за Опструкции самО краткОтраен дефОкус

алтхаузер: сигурна сум дека дОгОвОрОт Од пржинО ќе се имплементира

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

5

profile пишува:

Д

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

оговор околу изборниот пакет мора да има, односно на изборите на 24 април просторот за доведување во прашање на резултатот поради регулативата или избирачкиот список ќе биде сведен на минимумот што го дозволува факторот потребно време. Влијанието на политичкиот фактор, обидите на одредени партии за опструкции, за пробивање на роковите (како последниот со законот за забрана на „бомбите“), меѓународните претставници во преговорите покажуваат дека ги имаат под целосна контрола. Ова и конкретно, иако со дипломатски речник, во изјава за „Капитал“ го потврди амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер, која смета дека во преговорите меѓу партиите потписнички на Договорот од Пржино ќе се најдат решенија за сите фази од неговата имплементација. Главниот нејзин аргумент е што Договорот, како што вели, е македонска сопственост, при што не ги има предвид само потписите на четворицата лидери, туку и очекувањата на македонската јавност дека со спроведувањето на Договорот ќе се реши политичко-општествената криза, и ќе исчезнат главните фактори на ризик истата да се повтори, со сите нејзини последици и врз економијата. „Како што кажа мојот британски колега Чарлс Гарет, и јас сум свесен оптимист дека ќе се исполни Договорот од Пржино. Суштината е имплементирањето на Договорот и мислам дека сте на вистинската патека. Мислам дека нема ризик да не се исполни овој Договор, бидејќи е македонска сопственост. Денеска истекува уште еден рок од овој Договор (изјавата е дадена на 6 октомври, кога беше крајниот рок за договор за изборниот пакет, одреден од еврокомесарот Јоханес Хан, н.з.), и колку што знам, преговорите се во тек. И можам да речам дека сум сигурна дека ќе се постигне решение“, изјави за „Капитал“ амбасадорката Алтхаузер. На

прашањето дали тоа што меѓународниот фактор ќе пресече околу измените на изборните правила може некому да даде за право да го оспорува изборниот резултат на 24 април со изговор дека правилата биле наметнати однадвор, Алтхаузер го даде следниов одговор: „На договорите што се по с т игнуваат во преговорите стојат потписите на четирите партии, што значи дека тие се македонска сопственост. Меѓународниот фактор има задача само да помага во процесот“, вели амбасадорката. Инаку, кога го затворавме овој број на „Капитал“ (среда, 7 октомври), веќе требаше да знаеме што ќе се смени во изборниот пакет за да се зголеми довербата во изборниот процес на неопходното ниво. Но, обидот за опструкција на преговорите со законот за забрана на „бомбите“ што погоре го споменавме (во јавноста ова беше протолкувано како опструкција на преговорите, пред сè поради тајмингот кога беше поднесен законот) си го направи своето, но, исто така, како што погоре кажавме, странците не дозволија да се случи дефокусирање, и веќе следниот ден преговорите продолжија. Неофицијално, но, прилично сигурно според сè што досега излезе како информација од учесниците во преговарачкиот процес, договорот за изборниот пакет ќе биде со следниве решенија: ќе остане истиот изборен модел; на претстојните вонредни избори на 24 април нема да се избираат пратеници од дијаспората, но иселениците ќе можат да гласаат во Македонија, во изборната единица од каде што потекнуваат; избирачкиот список ќе се коригира со вкрстена проверка на податоци од различни институции и со теренска проверка, приоритетно таму кадешто податоците се најсимптоматични; во делот на медиумското покривање, најверојатно ќе се забрани медиумите да бидат спонзори на политичките партии во изборната кампања. nnn

Законот за забрана на "бомбите" експресно повлечен

П

ритисокот за повлекување на законот за забрана на „бомбите“ почна веднаш штом предлогот поднесен од пратениците Талат Џафери (ДУИ) и Крсто Мукоски (ВМРО-ДПМНЕ) се појави во јавноста. Експертите не штедеа епитети за да ја доловат неговата небулозност, а во контекстот се надоврза и предлагачот Џафери со контрадикторните изјави - прво рече дека медиумите ќе треба да ги повлечат веќе објавените материјали (од „бомбите“) (?!), а потоа дека законот нема да важи ретроактивно, со што ги потврди тезите дека решението е ад-хок, за една употреба, за опструкција на финалниот ден за преговори за изборниот пакет.

Само факторот потребно време може да биде причина за компромиси при подобрувањето на изборниот пакет. Влијанието на политичкиот фактор, обидите за опструкции, за пробивање на роковите, меѓународните претставници покажуваат дека ги имаат под целосна контрола. Ова и конкретно, иако со дипломатски речник, во изјава за „Капитал“ го потврди амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер, која смета дека во преговорите меѓу партиите потписнички на Договорот од Пржино ќе има решенија за сите фази од имплементацијата


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

6 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА НеделАТА

> БРОЈкА

109

дена просечно се потребни за наплата на побарувањата во Македонија

ЗИЈАд БеќИРОВИќ

победник на неделата

ЏАТИН ТАкРАР

+

Странскиот инвеститор Џонсон Мети кој што во индустриската зона Бунарџик произведува катализатори е најголема и најпрофитабилна компанија во Македонија. Вкупните приходи на компанијата во 2014 година изнесуваат 936,3 милиони евра и се за 48,3% поголеми во споредба со годината претходното. Профитот на компанијата пак, за лани изнесува 56,1 милиони евра и е за 88,7% поголем во однос на 2013 година. Овие резултати компанијата ги оствари со вкупно 534 вработени, 110 повеќе на годишно ниво. Бројките освен што покажуваат дека бизнисот во Македонија им цвета, ја рангираа компанијата Џонсон Мети и на топ листата најголеми компании во Централна и Источна Европа на Deloitte. Ова е единствената компанија од Македонија што се најде меѓу најголемите. Последните податоци укажуваат дека годинава Џонсон Мети ќе остане лидер на овие рангирања. Барем додека им траат субвенциите кои ги добиваат од државата. Според владините проценки, извозот од индустриските зони каде што се наоѓа и фабриката на Џонсон Мети, до септември веќе надминува една милијарда евра и е за третина поголем од лани. Тоа навестува дека компанијата ќе ја заврши годината со уште подобри финансиски резултати кои ќе ја бетонираат првата позиција меѓу најголемите и најуспешните.

Станавме робови на бројките и на статистиките, а многу други работи, што се важни за бизнисот не ги гледаме. Потребни ни се подлабоки знаења за културата во другите земји. Сите ние на различен начин го гледаме светот

Петти хуманитарен Пикник на алкалоид

ВРАБОТеНИТе дОНИРАА Н

В

работените во фармацевтската компанија Алкалоид и членовите на нивните семејства и пријатели на хуманитарниот пикник кој се одржа во саботата донираа средства во фондацијата Трајче Мукаетов, за што добија маичка- специјално дизајнирана за овој повод. Ова е петти по ред традиоционален хуманитарен пикник кој го организираат вработените во

рекорд

Задолженоста на фирМите надМина 5 Милијарди евра! Задолженоста на фирмите на крајот на 2014 година достигна 64% од БдП или над 5 милијарди евра, што според народната банка е историски највисок долг на македонските компании. Задолженоста расте во време кога паѓаат профитите на фирмите и се намалува ликвидноста во економијата

З

Задолженоста на македонските фирми на крајот на минатата година надмина 5 милијарди евра и достигна 64% од БДП, односно од вредноста на сите производи и услуги кои земјата ги произвела минатата година. Според Народната банка на Македонија ова е историски највисоко ниво на задолженост на македонските компании. Само минатата година задолженоста на фирмите се зголемила за 7,4%. Од Народната банка на Македонија објаснуваат дека порастот на

вкупната задолженост на фирмите се случува во период кога се намалува профитабилноста на фирмите и намалена ликвидност. Само минатата година профитот на македонските фирми се намалил за 39%, додека дури 37% од сите фирми работеле со загуба. Најголем дел од фирмите кои лани работеле со загуба се од групата на микро и мали фирми. Но, влошување на профитабилноста минатата година има и кај големите фирми. Најновата едиција на Капитал 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ КОМПАНИИ покажува дека профитот на 200-те најголеми компании кани е намален за 39% во споредба со претходната година. Повеќе од половина од долгот на


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

7

наД 750 илЈаДи Денари Алкалоид и на кој се собрани се над 750.000 денари, кои ќе бидат донирани во Црвениот крст на Македонија. „Позиционирајќи ја општествената одговорност на врвот од агендата на своето делување на „Алкалоид“ ќе ја продолжи хуманата мисија чија главна цел е подобрување и унапредување на позитивните општествени вреднисти“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор на Алкалоид.

мисла на неделата

> БроЈка

6,7%

е просечната профитна маржа на македонските фирми во 2014, што е намалување од маржата од 8,3% од 2013 година

лидери

ако безуспешно се трудиш да балансираш помеѓу работата и задоволството веднаш престани. наместо тоа почни да се трудиш работата да си ја направиш позадоволителна.

Доналд Трамп

американски бизнисмен

губитник на неделата

илон Маск

новиот електричен Tesla X има перформанси на Porsche Carrera, а во кабината воздухот е како во хируршка сала

Џек Дорси

По неколку месеци без извшрен директор, Twitter конечно го доби новиот шеф

не им беше неделата фирмите е кон нерезиденти, а помалку од половина од долгот е кон домашните банки, додека и понатаму е незначително учеството на другите сегменти од домашниот финансиски систем во финансирањето на активностите на овој сектор. Задолженоста на корпоративниот сектор кон нерезидентите на крајот од 2014 година изнесува 3,1 милијарда евра и на годишна основа порасна за 7,5%. Задолженоста, пак, на корпоративниот сектор кон домашните банки во 2014 година порасна за 8,0%. Нето-задолженоста на домашниот корпоративен сектор во 2014 година, која е разликата помеѓу побарувањата и долгот на корпоративниот сектор од и кон домашните банки и нерезидентите, достигна 34,6% од БДП и на годишна основа е зголемен за 10,9%. nnn

алексанДар лукашенко

На една недела пред изборите во Белорусија ги блокира независните медиуми

БоБ ДаДли

Бритиш петролеум ќе плати казна од 20,8 милијарди долари за штетата од истекувањето нафта во 2010 година во Мексиканскиот Залив

_

Мило Ѓукановиќ Преку 4.000 граѓани во Црна Гора веќе две недели по ред кампуваат пред Владата, со барање, премиерот Мило Ѓукановиќ да си поднесе оставка, а Собранието да распише предвремени избори. Протестите иако организирани од опозицијата, секојдневно добиваат се повеќе поддршка од граѓаните, а лидерот на опозициската партија смета дека овие протести ќе прераснат во најважниот политички настан во историјата на Црна Гора и конечно ќе резултираат со организирање на први фер и слободни избори. Инаку, Мило Ѓукановиќ е политичарот кој надолго време се држи на власта во овој регионот. Поточно веќе 26 години владее со Црна Гора најмногу како премиер, а во одреден период служеше и како претседател на оваа држава. Околу него се поврзани многу мистерии и наводи за корупција и криминал, а во Италија пред пет години се водеше и истрага за негова поврзаност со најголемите шверцери на цигари во Црна Гора. Ѓукановиќ се наоѓа и на листата на најбогати лидери во светот заземајќи го високото 20 место, податок кој самиот Ѓукановиќ го демантира. Дали протестите што се случуваат во оваа држава ќе го симнат Ѓукановиќ конечно од власт, останува да се види


8

Капитал број 832 09.10.2015 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31

тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK

И

WWW.KAPITAL.MK

Претплатете се на КАПИТАЛ... Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ

НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КАПИТАЛ SPECIAL за Капитал пред повеќе од 15 години. Со ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ макотрпна и посветена работа на својот тим, магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?

WWW.KAPITAL.MK

4.100 20%

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

10

денари, заштедете

...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

www.kapital.mk

 ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?

 ПЕЧАТНИЦА „АНС“, БИТОЛА КАКО ЉУБОВТА КОН ФОТОГРАФИЈАТА СТАНА СЕРИОЗЕН БИЗНИС

 ДИЛЕМИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ КАКО ДА СЕ НАПРАВИ ДОБАР ПЛАН ЗА НАСЛЕДУВАЊЕ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ СЕМЕЈНИ БИЗНИСИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ

ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?

24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст

WWW.KAPITAL.MK

СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!

 НОВ ЕКСПРЕСЕН ПАТ

70

МИЛИОНИ ЕВРА ОХРИД – ПЕШТАНИ

60

МИЛИОНИ ЕВРА

 ОТКУП НА СТАЖ

НА РАБОТНИЦИ ОД ПРОПАДНАТИ ФИРМИ

АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!

50

МИЛИОНИ ЕВРА

 АВТОПАТСКАТА ДЕЛНИЦА ТРЕБЕНИШТЕ – СТРУГА

ПАТРИК ЖИТОН претставник на ММФ во Македонија

ВЛАДАТА ДА НЕ ГИ КРАТИ ИНВЕСТИЦИИТЕ ЗА СМЕТКА НА СИТЕ НОВИ НАЈАВЕНИ ТРОШЕЊА!

45

МИЛИОНИ ЕВРА

WWW.KAPITAL.MK

ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА

Буџетот се прекрои на партиски трибини. Новите ветувања на Груевски тежат над

ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ специјален прилог - Банките и бизнисот

БЕТОН Б ЕТОН ДОБИТНИ НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА

евра 200 милиони Од каде пари?

 МАКЕДОНЦИТЕ ТЕШКО

ГИ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ СО “ПЛАСТИКАТА“ СО КАРТИЧКИТЕ НАЈМНОГУ СЕ ВАДИ КЕШ ОД БАНКОМАТ

ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?  КАКВИ ТЕХНОЛОШКИ

НОВИТЕТИ НУДАТ ДОМАШНИТЕ БАНКИ СЕГА?

СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

INTERVIEW

ГРАДСКО - ПРИЛЕП

 ЕКСПРЕСЕН ПАТ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

со вклучени 20% попуст

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 815 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 12 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

ПОЛИТИКА

12 месечна претплата 4.100 денари

ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИ ПОЧНАА ДА РАСТАТ. ИНВЕСТИТОРИТЕ БАРААТ СИГУРНА ОАЗА

ТУРЦИJA: ЕРДОГАН ОСТАНА, НО “СУЛТАН“ НЕ СТАНА. ШТО СЛЕДИ?

ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!

со вклучени 15% попуст

АНАЛИЗА

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СЕ ПРЕМИСЛУВААТ И ОДБИРААТ ДРУГИ ЗЕМЈИ!

специјален прилог - семејни бизниси

COVER STORY

6 месечна претплата 2.200 денари

COVER STORY

ПОТЕЗИ КОИ ЈА УНИШТИЈА КОНКУРЕНЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА

БРОЈ 809 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 30 АПРИЛ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

БЕСКОНТАКТНИ КАРТИЧКИ И 24/7 ЕКСПОЗИТУРИ, НА РЕД Е МОБИЛНОТО ПЛАЌАЊЕ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА ВИШОК КАЈ БАНКИТЕ. ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?

ПОЛИТИКА: ПРОТЕСТИ КАКО ЖЕСТОКА НАЈАВА ЗА 17 МАЈ

*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина

...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...



Капитал број 832 09.10.2015

www.kapital.mk

story 10 coverstory cover Кои се газди на најм

Господари на


www.kapital.mk

Капитал број 832 10.09.2015

11 моќните македонски компании?

а Македонија

С

Светската економска криза ги сруши сите митови за тоа дека капиталот нема националност и боја, и покажа дека кога станува збор за стратешки компании и индустрии, државите се подготвени на многу непазарни потези за да ги спасат од странско преземање. Клучните и најмоќни компании во Македонија уште пред кризата беа евтино распродадени на странци, а оние кои се уште се во домашна сопственост се ставени во втор план додека државата ги помага странските инвеститори. Капитал анализира кој е газда на најмоќните компании во Македонија?


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

12

cover story

Владимир Тодоровиќ

Андреја Јосифовски

Андреас Маиерхофер

основач и сопственик на ТИНЕКС

И

генерален директор на МАКПЕТРОЛ

пишува

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Иако во процесите на глобализацијата и либералниот капитализам едно од основните начела е дека капиталот нема боја и националност, светската економска криза ги сруши сите митови и покажа дека кога станува збор за стратешки компании и индустрии, државите се подготвени на многу непазарни и национал-патриотски потези за да ги спасат од странско преземање. Многу европски и светски економии и покрај тоа што со години наназад јавно се залагаа за слободен натпревар и отворен пазар, во кризата многу цврсто застанаа во одбрана на стратешките домашни компании и индустрии со цел тие да останат во домашна сопственост, и по секоја цена, дури и со државни пари, ги бранеа од преземање од странски стратешки компании. Македонија е една од ретките земји кои ги имаат продадено речиси сите клучни компании и индустрии на странци. И тоа

Македонски Телеком

бројки

3

од 10-те најголеми компании се во домашна сопственост

14

од најголемите 200 македонски компании се во државна сопственост

81

компанија од 200-те најголеми во Македонија се со странски капитал прилично евтино, во време на војни или други конфликти, финансиски кризи... Единствената нафтена рафинерија, единствениот фиксен телекомуникациски оператор, најголемата банка, најголемите тутунски комбинати, единствениот производител на цемент, единствениот дистрибутер на струја, единствениот рудник на мермер, сите рудници на метали се продадени на странски компании. Теоријата вели, а тоа го покажува и праксата, дека сопственоста на капиталот

Владимир Тодоровиќ е основач и целосен сопственик на третата по големина приватна домашна компанија Тинекс МТ Доминантен сопственик на 22,7% од капиталот на најголемата домашна приватна компанија Макпетрол е командитното друштво Оилко КДА, каде најголеми сопственици се генералниот Андреја Јосифовски и финансискиот директор Саша Лекиќ, како комплементари и Макпетрол АД, како командитор По спојувањето на Македонски Телеком и Т-Мобиле, главната извршна менаџерска позиција ја презема Андреас Маиерхофер, но во Одборот на директори кој брои 13 члена има и пет македонски членови по предлог на македонската Влада

не секогаш е пресудна за тоа колку една компанија ќе биде добро управувана и ќе работи успешно. Секој тип на сопственост има свои предности и недостатоци, кои пред се зависат за каков тип на компании станува збор и во какви бизнис услови тие работат. Но, оние кои се застапници на национал патриотизмот во економијата сметаат дека доколку една земја ги продаде клучните индустрии на странци, таа со тоа губи голем дел од економската, па и политичката независност, бидејќи во тој случај некој друг од страна управува со клучните економски текови во земјата. Анализата што Капитал ја направи на сопственоста на најголемите 200 компании во Македонија според остварените вкупни приходи во 2014 година објавени во едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ дава многу интересни резултати за тоа кои се вистинските газди во Македонија.

Странците создаваат повеќе од половина од македонскиот БДП

На листата 200 најголеми компании во Македонија, кои заедно остваруваат приходи од 8,1 милијарди евра, најбројни се компаниите кои имаат доминантна странска сопственост. Повеќе од половина од 200-те најголеми македонски компании или 111 компании имаат домашен капитал. Од нив 14 се во јавни претпријатија и компании во државна сопственост. Доминантен странски капитал има во 81 од 200-те најголеми компании, додека осум од најголемите компании се во мешовита сопственост, односно со домашен и странски капитал. Но, ако се гледа според тоа кој ја има вистинската моќ во македонската

Капитал: Меѓу 20-те најпрофитабилни компании, 14 се со


www.kapital.mk

Капитал број 832 10.09.2015

13 КОЈ Е ГАЗДА И КОЈ УПРАВУВА СО 50-ТЕ НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ Ранг 2014 ИМЕ НА КОМПАНИЈА

ГРАД

ДЕЈНОСТ

Приходи 2014 (евра) Доминантен сопственик Johnson Matthey BV, 936.326.445 Холандија 394.718.766 ЕВН, Австрија 359.825.074 EL.P.ET. Balkaniki S.A, Грција 333.604.149 Оилко КДА (22,27%) 240.930.700 Р.Македонија 215.719.534 Cunico Resources, Холандија Камени Мост (51,4%), 132.967.336 Влада на РМ (34,81%) 110.380.519 Лукоил Европа, Холандија 105.072.093 Маѓар Телеком 96.486.582 Домашни акционери

Управители Џатин Такрар

1

ЏОНСОН МЕТИ

Скопје

Индустрија за автомобилски делови

2 3 4 5 6

ЕВН ОКТА МАКПЕТРОЛ ЕЛЕМ ФЕНИ ИНДУСТРИ

Скопје Скопје Скопје Скопје Кавадарци

Енергетика Нафтена индустрија Нафтена индустрија Енергетика Металопреработувачка индустрија

7

МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ

Скопје

Телекомуникации

8 9 10

ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА Т-МОБИЛЕ МАКЕДОНИЈА АЛКАЛОИД

Скопје Скопје Скопје

Нафтена индустрија Телекомуникации Фармација

11 12 13 14 15 16 17

ТИНЕКС-МТ ЕУРО ТАБАК КАМ САСА ГЕН-И ПРОДАЖБА НА ЕНЕРГИЈА АРЦЕЛОРМИТТАЛ СКОПЈЕ (ЦРМ) ЈП за државни патишта

Скопје Скопје Скопје М. Каменица Скопје Скопје Скопје

Трговија Дистрибуција Трговија Рудник Трговија со електрична енергија Металопреработувачка индустрија Јавно претпријатие

90.133.168 87.351.655 84.858.682 84.610.158 82.161.728 80.840.070 79.886.117

Владимир Тодоровиќ Коста Кипровски Камфуд дооел Скопје Солвеј Индастрис Ген-И, Словенија Миттал стил Р.Македонија

Кристина Тодоровиќ Николиќ Небојша Маслинко Тања Камчева Лазаревиќ Александр Раков Игор Копривникар Хуан Педро Хименез Наваро Александар Стојанов

18 19 20 21 22

СУПЕРТРЕЈД ЕНЕРЏИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС ЕДС ОНЕ МАКСТИЛ СПОРТ - ЛАИФ ТРЕЈД

Скопје Скопје Скопје Скопје Скопје

Нафтена индустрија Трговија со електрична енергија Телекомуникации Металопреработувачка индустрија Игри на среќа

79.143.266 75.949.570 73.887.853 73.503.804 69.731.846

Снежана и Владимир Стајиќ Феро инвест Телеком Словенија Дуферко Зоран и Ѓоко Стерјоски

Снежана Стајиќ Кочо Анѓушев Клавдиј Годниќ Иван Бановски Горан Павиќевиќ

23 24 25

ЈУГОХРОМ ФЕРОАЛОЈС (во стечај) ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ВЕРОПУЛОС

Тетово Скопје Скопје

Металопреработувачка индустрија Индустрија за автомобилски делови Трговија

69.365.822 Сиркатленд, Кипар 69.016.032 Immoroc HB 68.219.016 Аделфи Вропули

Бранислав Ѓуровиќ Јан Ван Хоол Константинос Теодосијадис

26 27 28 29

ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ ВИСТЕОН ЕЛЕКТРОНИКС ГРАНИТ МЕПСО АКТОР АДТ Грција (подружница Скопје) ИГМ-ТРЕЈД ФЕРШПЕД ВИП ОПЕРАТОР ПИВАРА СКОПЈЕ

Скопје Скопје Скопје Скопје

Индустрија за градежни материјали Индустрија за автомобилски делови Градежна индустрија Енергетика

68.029.518 67.576.902 66.355.220 66.235.999

Борис Хрисафов Мајкл Скот Бут Страшо Милковски Синиша Спасов

Скопје

Градежна индустрија

63.885.372 Аktor, Грција

Константинос Симоу

Кавадарци Скопје Скопје Скопје

Металопреработувачка индустрија Шпедиција Телекомуникации Индустрија за пијалоци

62.432.661 59.202.706 58.082.067 54.152.493

Тихомир Димов Иван Петровски Адриан Јосип Јежина Александар Ружевиќ Василик Боруцкиј, Николајчо Николов Инна Напољскаја Слободан Кутревски Карло Штефен Целер

30 31 32 33 34

Титан Цемент, Грција Vihi LLC, САД Домашни акционери Р.Македонија

Илија и Васка Гечеви Домашни акционери Мобилком, Австрија Странски акционери

35

БУЧИМ

Радовиш

Рудник

52.994.526 Солвеј Индастрис

36 37 38

ИМПЕРИАЛ ТОБАКО ТКС ПЕКАБЕСКО КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ

Скопје Скопје Битола

Тутунска индустрија Прехранбена индустрија Индустрија за автомобилски делови

39

ЗЛАТНА КОПАЧКА - ЕДЕН

Скопје

Игри на среќа

40

ЦРНА РЕКА ПЕТРОЛ

Кавадарци

Нафтена индустрија

52.564.653 Империал 49.369.134 Слободан Кутревски 48.483.657 Кромберг и Шуберт Холдинг Антонио Филевски, 48.414.483 Перо Велковски 47.132.835 Лазар Мицев Домашни и 44.859.052 странски акционери 44.253.123 Балфин, Албанија 44.196.078 Порше Холдинг 43.590.744 Зегин, Ливиа, Васко Иванов 43.444.578 Лиза Дрекслмајер Гмбх Сокотаб Франа, 42.643.524 Атанас Вангеловски, Олимпија Бицев 42.631.437 Енвер Малиќи 38.695.451 Мид Европа Партнерс Лана Пепиќ, Христина и 38.365.311 Викторија Механџиска 38.108.996 Синедор, Грција

41

БЕТОН

Скопје

Градежна индустрија

42 43 44 45

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА ЗЕГИН ДРЕКСЛМАЈЕР

Скопје Скопје Скопје Кавадарци

Трговија со апарати за домаќинство Трговија со возила Трговија со лекови Индустрија за автомобилски делови

46

СОКОТАБ

Битола

Тутунска индустрија

47 48

ГЕМАК - ТРАДЕ МЛЕКАРА

Скопје Битола

Дистрибуција Прехранбена индустрија

49

ЗЕГИН ФАРМ

Скопје

Трговија со лекови

50

ДОЈРАН СТИЛ

Дојран

Металопреработувачка индустрија

економија, тогаш тоа се странците. Големите компании во странска сопственост иако помалубројни создаваат многу повеќе приходи во споредба со компаниите со доминантен домашен капитал. На пример, 81 компанија во доминантна странска сопственост создаваат вкупни приходи од 4,43 милијарди евра, што е повеќе од половина од македонскиот БДП кој минатата година изнесуваше 8,5 милијарди евра. Ако на тоа се додаде и учеството на странците во мешовитите компании и во помалите фирми во странска сопственост

кои не се на листата 200 најголеми тогаш се доаѓа до заклучок дека учеството на странците во македонската економија е уште повисоко и достигнува над 65%. Најголемите 111 компании, пак, во домашна сопственост рангирани меѓу 200-те најголеми создаваат вкупни приходи од 3,47 милијарди евра. Ако се изземат домашните компании во државна сопственост и се анализираат само приходите на 97-те компании во домашна приватна сопственост, тогаш тие се уште помали и изнесуваат 2,8 милијарди евра. Тоа е

Штефен Петер Јоанис Героуланос Андреја Јосифовски Дејан Бошковски Константинос Даскалакис Андреас Маерхофер Андреи Куку Жарко Луковски Живко Мукаетов

Антонио Филевски Лазар Мицев Дејан Нешковиќ Арсим Папранику Златко Муцунски Васко Иванов Урлих Томас Либек Џовани Беги Енвер Малиќи Златко Најдовски Слаѓан Јовановиќ Михаил Ивос

околу една третина од македонскиот бруто домашен производ, односно од вредноста на сите произведени производи и услуги во земјава минатата година. Ако се анализираат првите 100 најголеми компании според сопственоста на капиталот, тогаш 45 од нив имаат доминантен странски газда, 49 се во доминантна домашна сопственост, од кои 8 се во државна сопственост, а 41 се во приватна домашна сопственост. Овие 45 најголеми компании во странска сопственост имаат многу поголема моќ,

о странски капитал, а само шест се со домашен капитал


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

14

cover story

Најбројни газдите од Холандија и даночните раеви

А

ко се анализираат по земји од каде потекнуваат компаниите кои се газди на најголемите македонски компании тогаш најбројни се компаниите со седиште во Холандија и од земјите кои важат за даночни раеви, но и обезбедуваат тајност на вистинската сопственичка структура. Многу компании за кои јавноста е уверена дека се со грчки, англиски или француски сопственици, всушност се во компании кои имаат седиште Холандија, Кипар или некои други земји кои имаат поволни даночни системи и обезбедуваат тајност на сопствениците. со оглед дека тие создаваат дури 3,9 милијарди евра, што е повеќе од приходите што ги создаваат сите домашни приватни и државни компании рангирани на листата 200 најголеми компании (3,47 милијарди евра). Или 50 големи компании во странска сопственост лани создале половина од македонскиот БДП.

Домашните компании создаваат околу една третина од македонскиот БДП

Ако се анализира првата десетка, тогаш само три компании од десетте најголеми компании се во домашна сопственост, додека останатите седум се во доминантна странска сопственост. Првите трите најголеми компании производителот на катализатори Џонсон Мети, најголемиот дистрибутер на струја ЕВН и најголемиот увозник на нафтени деривати Окта имаат мнозински странски газди. Четвртата најголема компанија во земјава, Макпетрол, кој е најголем дистрибутер на нафтени деривати е во домашна сопственост, но се уште нема мнозински сопственик. Најголем акционер е командитното друштво Оилко Кда со 22,7% од капиталот , во кое како мнозински сопственици се јавуваат генералниот директор Андреја Јосифовски и финансискиот директор Саша Лекиќ, како комплементари и Макпетрол АД, како командитор. Втора најголема домашна приватна компанија според приходите фармацевтската компанија Алкалоид.

На пример, фабриката на Џонсон Мети во слободната економска зона во Бунарџик е во сопственост на Џонсон Мети БВ регистрирана во Холандија. Пивара Скопје, Фени Индустри, Мермерен Комбинат Прилеп, Арчелор Митал се меѓу поголемите компании чии сопственици имаат седиште во Холандија. Тоа не е ништо нелегално и го прават и многу големи меѓународни компании, само што согласно тамошните закони за тајност, македонската јавност не може да има увид во тоа кој се вистинските сопственици на фирмата.

Таа е акционерско друштво со широка акционерска структура, а како најголем сопственик со 7,78% од капиталот се јавува генералниот директор Живко Мукаетов. Производителот на енергија ЕЛЕМ, која е петта најголема компанија во земјава, е во 100% сопственост на Република Македонија. Седумте компании со странски капитал рангирани меѓу 10-те најголеми компании имаат најголема моќ. Тие заедно создаваат приходи од 2,25 милијарди, или над 26% од македонскиот БДП. Странците имаат уште поголема моќ ако се анализираат најпрофитабилните компании. На пример, меѓу 10-те најпрофитабилни компании има само две компании со домашен капитал. Едното е Јавното претпријатие за државни патишта, а другата деветта најпрофитабилна компанија во земјата е Алкалоид. Меѓу 20-те најпрофитабилни 14 се со странски капитал, а само шест се со домашен капитал. Овие 14 најпрофитабилни компании рангирани во 200-те најпрофитабилни прават вкупен профит од 243,3 милиони евра, што е половина од профитот што го прават сите 200 најпрофитабилни компании во земјава. Компаниите кои имаат доминантен странски газда од листата на 200 најголеми вработуваат 28.846 луѓе, што е 40% од вкупниот број на вработени во 200-те најголеми компании во државата. Тоа значи дека повеќе работни места отвораат домашните компании. nnn

бројки

97

компании од 100-те најголеми се со домашен приватен капитал

7

компании од 10 -те најголеми се во странска сопственост

4,43

милијарди евра создаваат најголемите 81 странски компании на листата 200 најголеми

30%

од БДП на Македонија до создаваат домашните компании



www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

16

Капитално

ЛуДОСТ Е ДА рАСТ КОгА НАД ПОЛОВИ МЛАДИТЕ СЕ НЕВр

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

не може во земја со највисока невработеност кај младите од над 50%, највисока во цела Европа, главен приоритет на власта да и биде покачување на пензиите. ова е политика со која младите насила се бркаат да се иселат од земјава. Затоа не треба да не чуди што бројот на иселени лица од Македонија секоја година е се поголем. Веќе достигнува фрапантни 600 илјади лица. А што им останува друго на младите да прават во оваа земја? Да ја чекаат пензијата од баба и дедо?

И

Изминатата недела целата јавност беше окупирана со објавувањето на веста за зголемувањето на пензиите. Веста дека секој пензионер ќе добие по 621 денар покачување беше главна вест во ударните термини на сите телевизии. А дента свечено министерот за финансии објави дека од сабајлето низ целата земја почна исплатата на зголемените пензии на околу 300 илјади пензионери. Фрштеа анкети и изјави од пензионери кои пресреќни даваат изјави за тоа како гледаат на покачувањето. До каде дојдовме?! Целата економската преродба и сите економски успеси да се сведат на линеарното покачување на пензиите?! И најави за зголемување на пензиите и социјалната помош за уште 5% догодина? Пензионерите сигурно се среќни што власта се грижи за нивниот животен стандард. Не е нивно да бараат логика и причина во бесмислените економски потези кои власта ги влече веќе подолго време во обид да го држи задоволно своето гласачко тело. Која е логиката да се покачуваат пензиите и социјалната помош за 5% во година кога економијата пораснала за 3,5%? Економијата не создава толку колку што некој замислил да ги почасти пензионерите и оние кои не работат. Тоа значи дека власта е спремна да се задолжува, без никаква грижа на совест, за да обезбеди поголеми пензии и социјална помош. Иако Буџетот за следната 2016 година е рекордно голем, надминува 3 милијарди

евра, власта која одлучува како да ги троши тие пари , мора да има приоритети во распределбата на парите. Не може во земја со највисока невработеност кај младите од над 50%, највисока во цела Европа, главен приоритет на власта да и биде покачување на пензиите. Ова е политика со која младите насила се бркаат да се иселат од земјава. Затоа не треба да не чуди што бројот на иселени лица од Македонија секоја година е се поголем. Веќе достигнува фрапантни 600 илјади лица. А што им останува друго на младите да прават во оваа земја? Да ја чекаат пензијата од баба и дедо? Секоја чест што политичарите водат сметка за животниот стандард на пензионерите и социјалците, тоа треба да им биде секојдневна грижа. Но, што е со стандардот на останатите луѓе кои секојдневно плаќаат даноци? Најголем полнач на буџетската каса е ДДВ-то, кој го плаќаат сите македонски граѓани и фирми со секое купување кое го прават секојдневно. Затоа, не може единствен критериум на власта кога одлучува како да ги троши парите од даноците да и биде дали некој гласа за нејзе или не, дали е социјален случај или богат бизнисмен. Со кое лице власта се фали дека просечните пензии од 2006 година досега се зголемиле за 70%, а минималните пензии за дури 84%? Во овој период македонската економија пораснала во просек по 3,1% годишно, односно вкупниот кумулативен раст на економијата бил 28%. Во исто време додека се случува ова зголемување на пензиите, Македонија дојде до ниво да мора дури 50% од парите за пензиите да се префрлаат од буџетот. Ако не се префрлаат овие пари од буџетот, пензионерите нема да можат да земат пензија, бидејќи Фондот за пензиско нема доволно пари за да ги исплаќа пензиите. Овој износ на пензии кои се дотираат од буџетот во Македонија е највисок во регионот. За да биде ситуацијата со пензискиот систем малку појасна еве неколку бројки. Македонија во моментот има околу 300


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

Капитално

тат пензии, ина од работени! Македонија во моментот има околу 300 илјади пензионери кои добиваат пензии во вкупен износ од околу 750 милиони евра. Тоа значи дека околу 10% од БДП оди за пензии, што е проблематично висок износ на слаба економија како македонската. Проблемот е што Фондот за пензиско не може да обезбеди пензии за сите пензионери ако не се префрлаат пари од буџетот. Во моментов околу половина од парите потребни за пензии се префрлаат од буџетот! илјади пензионери кои добиваат пензии во вкупен износ од околу 750 милиони евра. тоа значи дека околу 10% од бдп оди за пензии, што е проблематично висок износ на слаба економија како македонската. проблемот е што Фондот за пензиско не може да обезбеди пензии за сите пензионери ако не се префрлаат пари од буџетот. во моментов околу половина од парите потребни за пензии се префрлаат од буџетот и тоа износ од година во година расте. Колку за споредба износот кој од буџетот се префрла за да можат да се исплатат пензиите е ист колку износот кој во буџетот се троши за капитални инвестиции, или колку што се платите на јавната администрација, што според ммФ, се неодржливо високи трансфери од буџетот, кои се највисоки во регионот. сите проценки одат во насока на тоа дека без реформа на пензискиот систем се потешко ќе биде да се обезбедуваат пари за пензии. но, секоја реформа треба да тргне од претпоставката дека на македонија и требаат нови работни места кои ќе придонесуваат со придонеси во фондовите за пензиско и здравствено осигурување. значи не субвенционирани, туку оригинерни работни места кои ќе ги отвори приватниот сектор, не државата. такви места во изминатите има реално малку. бидејќи најголемиот дел од новоотворените работни места се во слободните економски зони, за кои странците не плаќаат никакви

придонеси и даноци во период од 10 години, а по истекот на тој период, поголема е веројатноста дека ќе си заминат од македонија, отколку да продолжат да плаќаат придонеси за вработените. оттука, прашање на време е кога македонија ќе мора да го намали износот на пари кои се префрлаат од буџетот за да се исплатата пензиите. во меѓувреме, за да се сочува стабилноста на пензискиот систем ќе бидат неопходни неколку принудни и непопуларни потези, како на пример зголемување на старосната граница за одење во пензија и намалување на пензиите. проценките се дека во следните 15 години бројот на пензионери во македонија ќе се зголеми за уште 50.000 луѓе и ќе се искачи на околу 350.000. трошоците за пензии од сегашните 740 милиони евра, во следните 15 години ќе надминат една милијарда евра, а соодносот меѓу осигурениците и пензионерите, од сегашните 1,84 осигуреници на 1 пензионер, ќе се намали на 1,05 осигуреници на 1 пензионер. овие бројки според експертите покажуваат дека пензискиот систем се потешко ќе се крпи во следните години. но, за тоа ќе му ја мисли новата власт во моментот кога македонија ќе го достигне плафонот во задолжувањето во странство, барем според проценките на експертите од ммФ, брзо ќе го достигнеме. nnn

17


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

18

Шести Бизнис форум на Капитал и Бизнис плус

а

БранКо азесКи

претседател на Стопанска комора на Македонија

ко 25 години владите ни ги предлагаа законите, дајте да ја промениме стратегијата: нека бизнис асоцијациите и коморите го прават тоа. до кога ќе чекаме да се сретнеме како бизнисмени од регионот? до кога ќе зборуваме за губење битки со политичките елити? не може повеќе да се толерира амбиент во кој што сè друго е поважно од оној што гради фабрика, прави нова вредност, вработува луѓе, едуцира...

К минчо јорданов претседател на УО на Макстил

ога го прашав сопственикот на најголемата кланица во Британија, која неделно коле 70.000 грла, за тоа како му се организирани фармите и сл., тој ми рече дека не поседува ниту едно говедо, дека сè што доаѓа во кланицата е од задруги. значи во Британија немаат проблем со задругарството, а ние во македонија и на Балканот имаме!? Бегаме од задругарството како божем реликвија од социјализмот, а најразвиените земји во светот го користат. интеграцијата како принцип важи и за сите останати бизниси на Балканот. премали сме за сами да направиме нешто на светските пазари.

пораКата на Бизнис лидерите од регионот

дајте ни патиШта и слоБодни граниЦи, за Бизнис ќе се догов

теорија и праКса: сите зБоруваат за Цефта и еу, но Кога


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

19

и

мирКо Шаровиќ

министер за надворешна трговија на Босна и Херцеговина

ако сме најблиски по менталитет и потрошувачки навики, тоа не го покажуваме во размената едни со други. тоа е пример и со размената меѓу македонија и Босна и Херцеговина. таа не поминува повеќе од 120 милиони евра. во Босна ретко конзумираме македонско вино, а тоа е едно од најдобрите во европа. овошје и зеленчук во Босна попрво доаѓа од египет, отколку од регионот. исто е и со брендовите. Босна има многу брендови што ги нема во македонија и во скопје. и обратно.

, вориме!

м

Љупчо зиКов

директор и главен уредник на Капитал Медиа Гроуп

исијата на Бизнис плус беше да им помогнеме на компаниите од регионот заедно да ги освојуваат пазарите надвор, затоа што поединечно секоја е многу мала. резултатите веќе почнаа да се гледаат. за време на нашите конференции веќе се случија неколку важни зделки. ќе спомнам само дека две компании од словенија направија заеднички бизнис потфат од 50 милиони евра и влегоа на пазарот на Казахстан.

Капитал и неговите партнери од Бизнис плус уште еднаш покажаа дека добрата волја, ентузијазмот и упорноста ништо не може да ги спречи, кога сакаме на едно место да собереме луѓе со идеи, креација, успех и резултати зад себе. ниту економска, ниту бегалска криза, не ги одврати околу 400-те деловни луѓе, сопственици на компании, директори, претприемачи од македонија и регионов да дојдат во скопје дента на први октомври, на Шестиот Бизнис форум на Капитал и Бизнис плус

K пишува:

игор петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Капитал го организираше овој бизнис форум со желба тој да биде пресвртница после сето она што се случуваше изминативе 25

години во регионов – многу конференции и форуми, малку резултати. Како што истакна претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во неговото прилично искрено и драматично поздравно обраќање на почетокот, “иако изминативе две и пол децении бил на речиси сите побитни бизнис конференции во регионов и се изнаслушал многу убави поенти, резултатот сепак е очаен.“ “Немаме заеднички производ, не успеавме да најдеме заеднички пазари, за да дојдеме на овие собири возиме по 10 часа или одиме со авион преку Виена и Истанбул. Неизвесноста е преголема, што е смртна рана за секој бизнис. Ние дното веќе го достигнавме, тоа дно на балканскиот примитивизам, што се манифестираше пред неколку денови со затворањето на српско - хрватската граница“, рече Азески.

а Камионот ќе дојде на граниЦа, друга е приКазната


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

20

Шести Бизнис форум на Капитал и Бизнис плус

з живКо муКаетов

претседател на УО на Алкалоид

а регионот имаме еден вид на извозна стратегија, тука сме со масовно портфолио и агресивен маркетинг концепт. сосема различен пристап имаме за останатите делови од светот, базиран на специјализација за одредени типови производи, инвестирање во “know-how“ и полека, но сигурно градиме палета производи со голема додадена вредност. на пример, во сад, не продаваме чаеви за масовна потрошувачка, туку премиум органски, со цена од 20 долари нагоре.

Б

глигор БиШев

извршен директор на Шпаркасе банка

анките не можат сами да го финансираат развојот на компаниите, мора да се користи и нивниот капитал. за нови проекти, кои што значат нови производи, нов приход, нов извоз... секогаш ќе има пари. малите економии како балканските, мора да бидат извозно насочени, затоа што домашната побарувачка е недоволна за да се обезбеди економија на обем на било какви инвестиции. македонската побарувачка за секоја инвестиција над два милиони евра не може да доведе до користење на капацитетот повеќе од 30-40%.

Неговата порака беше дека крајно време е да сфатиме една работа – дека 25 години владите ги предлагаа законите, наместо тоа да го прават бизнис коморите и асоцијациите. “До кога ќе чекаме? До кога ќе зборуваме за губење на битките со политичките елити? Дајте сега да создадеме амбиент каде бизнисменот од столбот на срамот, ќе стане позитивен пример за сите млади. Тоа мора да биде најголем приоритет. Не може повеќе да се толерира амбиент во кој што сè друго е поважно од оној што гради фабрика, прави нова вредност, вработува луѓе, едуцира...“, истакна Азески.

за извозни проекти секогаш има пари

Новите инвестиции во извозни проекти – извозот е клучен предизвик за компаниите во регионот – како заедно да извезуваме повеќе – беа темите/прашањата на кои се обидоа да одговорат учесниците на првиот панел од Форумот. Компаниите од регионот имаат практично четири типа пазари на кои што се наптпреваруваат: домашниот, регионалниот, европскиот и светскиот. Како да се најде баланс? Или да се оди таму каде што е најлесно да се пробиете, беа прашањата што ги наметна модераторот на панелот, уредникот на словенечки Финанце, Петер Франкл. Претседателот на Управата на скопски Алкалоид, Живко Мукаетов, чија компанија е присутна на 35 пазари надвор од Македонија, рече дека тајната на успехот кога е извозот во прашање е прилагодувањето на спецификите на пазарите. „Секој пазар е посебен на свој начин. Ако во регионот имаме една стратегија, со масовно потрфолио и агресивен маркетинг, во светот се специјализираме за одредени производи со голема додадена вредност. Во САД не продаваме широка програма чаеви, туку премиум огрански чаеви чија цена стартува со 20 долари“, изјави Мукаетов. Тој потенцираше дека за да се намалат ризиците на извозниците, тие треба да се потпрат на диверзификација, односно да не зависат од еден пазар. За тоа колку инвестициите во технологија, опрема, нови производи, но и аквизиции на

сега сме суровинска база. потребен е квантен скок со високи технологии! нека даде еу само 10% од оние 85 милијарди долари што ги дава на грција само за гасење на пожарот во државната каса, за формирање на фонд за финансирање на високо технолошки проекти во регионов, ќе докажеме со сигурност дека и овде има капацитет за производи со висока додадена вредност“, истакна еден од говорниците на Бизнис форумот.

д

иректорот на софтверската компанија Prymapps, илијанчо гаговски, на еден од панелите имаше интересно видување за тоа како регионот може да излезе од зоната на создавање само полупроизводи. „сега засега регионот е суровинска база. сметам дека единствен вистински пат напред е да изведеме квантен скок, исклучиво преку технологии. Балканот може да биде центар за високи технологии, како и да звучи тоа нестварно на прво слушање. на овие простори се произведувале авиони, возови, автомобили...тоа го заборавивме. ако еу искрено не сака да бидеме само суровинска база, нека издвојат 10% од она што го даваат на грција, од оние 85 милијарди долари што ги трошат само за гасење пожар во финансиите. нека се направи еден фонд, дел да оди на високи технологии со регионално значење. сето тоа може да се примени и во агробизнисот, и во кондиторијата, итн.“, рече гаговски. други фирми се клучни за зголемување на извозот и приходот, потврди и финансискиот менаџер за ивестиции и развој во српската Еликсир Група, Јасмина Милановиќ. Таа рече дека компанијата, инаку деловен систем во агробизнисот со производство, преработка и трговија, последните три години ивестирала 65 милиони евра, но во

истиот период приходите од 100 милиони пораснале на 144 милиони евра. “Половина од парите за инвестиции ги обезбедивме од сопствена акумулација, половина од банкарски кредити“, одговори Милановиќ на прашањето како го финансираат својот развој. Оваа изјава дојде како “кец на десетка“ на тезата

заБлуди: исКлучиво БанКите не може да го финансираа


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

21

м

ислам дека фирмите од регионов немаат секоја поединечно сила и капацитет да се борат со свои брендови на меѓународен пазар, на краток и среден рок, секако не. треба да создадеме регионален бренд, но како да го направиме тоа, кога секојдневно меѓу себе си ставаме сопки – трговски и нетрговски бариери. за тоа време, светските корпорации ни ги освојуваат пазарите. на пример, во БиХ има пет домашни пиварници кои што мујо имаат вкупен капацитет за 20% поголем од селимовиќ капацитетот на пазарот, а задоволуваат сопственик на МИМС групација (БиХ) само 35% од домашниот пазар.

д

а работите за пазар од 2-3 милиони и да останете конкурентни е многу тешко, но за пазар од 20 милиони е веќе друга приказна. но, обединување ни е потребно за да може да ги задоволиме големите нарачки. еве еден пример од Хрватска: метро размислуваше да понуди хрватска пршута во своите маркети, но барал 250.000 парчиња, а во земјата да ги денис соберете сите можни парчиња, од матијевиќ производители до приватни тавани, претседател на УО на Агрофруктус(Хрватска) ќе соберете едвај 150.000.

приход, нов раст, нови пазари – тогаш сигурно банките ќе сакаат тоа да го финансираат“, објасни Бишев.

ако сакате извоз во русија, мора да научите и руски

Учесниците на панелот го истакнаа и инвестирањето во човечките ресурси како услов без кој не може да се очекува развој и раст на компаниите, вклучително и поголем извоз. Членот на Управниот одбор на словенечката леарница Ливар, Јоже Стрмоле, рече дека до пред пет години биле во голема криза, а сега на компанијата и оди многу подобро. „Зошто? Почнавме да работиме со нашите вработени. Ние сакаме тие да бидат обучени, да знаат што прават и да се спремни да направат сè она што менаџерите ќе го договорат со клиентите. Претходно не беше така. Информациите не одеа од работодавачот до вработените. Сега ние станавме и развојна компанија“, рече Стрмоле, чија компанија 52% од извозот праќа во Италија. Живко Мукаетов од Алкалоид, додаде дека развојот на социјалните вештини се многу важен момент за секоја компанија, истакнувајќи дека и неговата компанија нон-стоп инвестира во своите вработени, за да може да се прилагодат на сите пазари. “Еве, на пример, во моментов над 50 вработени учат руски јазик, затоа што сакаме поголемо присуство на тој пазар“.

Светлана Цениќ, одгворна за проектот Бизнис плус На Форумот учествуваа околу 400 бизнис и политички лидери од Македонија и целиот регион

што сакаше да ја истакне Глигор Бишев, шеф на Шпаркасе банка во Македонија, според кого во регионот постои заблуда дека растот може да го финансираат само банките. “За идниот раст и развој на компаниите во регионот, ќе биде потребно зголемување на нивниот капитал. А, за добар проект

секогаш ќе се најде финансирање од страна на банкарскиот сектор, без оглед какво е глобалната состојба на финансиските пазари. Она што се случуваше изминатиов период е пад на економската активност, капацитетите на фирмите не се користеа целосно, а тие бараа нови кредити. Значи, само кога има нов проект, тоа значи нов

да не се бега од задругарството во агробизнисот

Како до проектни поврзувања и интеграции, како да се создадат силни регионални компании и дали имаме инфраструктура и логистика на Балканот за сето тоа да го оствариме, беа темите на вториот и третиот панел на Бизнис форумот на Капитал и Бизнис плус. Основачот и главен уредник на Капитал Медиа Гроуп, Љупчо Зиков, уште во воведот на Форумот кажа дека мисијата на Бизнис плус беше да им помогне на компаниите од регионот заедно да ги освојуваат пазарите надвор, затоа што поединечно секоја е многу мала.

ат развојот на Компаниите, треБа и сопствен Капитал


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

22

Шести Бизнис форум на Капитал и Бизнис плус

п КоЧо анѓуШев

сопственик на групација Фероинвест

римери на проектна соработка во регионот има, конкретно и во македонија. мојата компанија фероинвест има исклучително добро партнерство со Гранит, градиме мали хидроцентрали заедно. Досега мојата фирма направи 20 вакви централи, од кои половина ги правевме во конзорциум. не може да влезете во големи проекти, ако немате силни партнери. Дури и проектот за Чебрен и Галиште ако може порационално да се направи, ако се сведе на некои 300-400 милиони евра, мислам дека може да се направи заеднички проект помеѓу енергетски и градежни компании од земјава и со помош на банки да го исфинансираат.

“Резултатите веќе почнаа да се гледаат. За време на нашите конференции веќе се случија неколку важни зделки. Ќе спомнам само дека две компании од Словенија направија заеднички бизнис потфат од 50 милиони евра и влегоа на пазарот на Казахстан.“, рече Зиков Минчо Јорданов, претседател на УО на Макстил, но и сопственик на компании во областа на агро-бизнисот, меѓу кои и винаријата Стоби, го истакна примерот на асоцијацијата Вина од Македонија, како позитивен во контекст на тоа што значи кога бизнисите имаат некаква форма на обединување. “Ние сме толк у ма ли, што н е нè препознаваат ниту по пониска цена, ниту по тоа дека работиме свесно на некој бренд. Винариите од Македонија направија многу, ги создадоа контурите на она што може да се нарече македонски бренд на вино, и ја сменија структурата на извозот во корист на флашираното вино“, рече Јорданов. На темата интеграции во агробизнисот, свое видување имаше и Денис Матијевиќ, претседател на УО на Агрофруктус од Хрватска, кој што рече дека, за жал, други примери на некакво поврзување

с сеаД КоЧан

ко-сопственик и директор на Трансмет

на компании во регионот, па и во рамки на иста држава, има многу малку. “Еве на пример, да тргнеме од примарното земјоделско производство. Ние колку и да се трудиме како компанија откупувач и преработувач на земјоделски производи, да го форсираме задругарството кај фармерите, тие бегаат од него, како ѓавол од крст, додека најразвиените економии во светот и тоа како ја користат оваа форма

ите влади во регионот мора да најдат заеднички јазик. Бизнисот мора да има алтернативи во секое време во транспротот. на пример, владата во словенија мора да знае дека иако тие го завршиле својот дел од транспортниот коридор, дека тој застанал некаде во србија или македонија, и дека мора да даде свој придонес, да лобира во Брисел, во светска банка, итн., да им се помогне и на останатите држави да го довршат својот дел. за да можат тие коридори да добијат 100% функционалност и економиите да се поврзат.

на здружување“, рече Матијевиќ. Тој додаде дека за зголемување на производството и извозот, потребна е подобра дистрибуција и диверзификација. Во однос на аквизициите, пак, тој смета дека најголемиот проблем е што луѓето ги продаваат своите фирми само кога ќе се најдат во проблеми. Затоа, вели тој, не успеал досега да најде компанија со која ќе соработува.

Главните пораКи оД Бизнис форумот на Капитал и Бизнис плус XX неизвесноста е најголемиот предизвик за бизнис секторот не само во земјава, туку и во регионот. затоа е потребно владите да направат попредвилива бизнис клима која ќе им го олесни работењето на компаниите во земјава и во регионот XX потребна е промена на стратегијата. и на бизнисот, и на државата. ако 25 години владите ги предлагаа законите, сега треба коморите и бизнис асоцијациите да ги предлагаат. Да се надминат бариерите и бизнисот веќе да не ги губи битките заради политичките елити. XX треба да се создаде амбиент каде бизнисменот од столбот на срамот, ќе стане позитивен пример за сите млади. XX за побрз развој на регионот потребно е засилување на врските и синергијата меѓу бизнисите, не само преку аквизиции, туку и преку други модели.

XX потребно е да се создаде регионален бренд. веќе никој не произведува готови производи, туку само полупроизводи. нема бренд од регионот што е препознатлив во светски рамки. XX недостасуваат конкретни иницијативи за регионална соработка меѓу компаниите. а без соратбока осудени сме да бидеме мали. XX владите од регионот да најдат заеднички јазик за бизнисот да има алтернативи за транспорт. XX сега засега регионот е суровинска база. единствен вистински пат напред е да изведеме квантен скок. Балканот да биде центар за високи технологии. XX Компаниите да го избришат социјалистичкиот „мајндсет“. треба да ги следиме светските трендови. промена на лидерството, промена на менаџментот, на градењето брендови. XX потребно е прво секоја компанија сама себе си да се зајакне, па да се поврзе со другите.



www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

24

Шести Бизнис форум на Капитал и Бизнис плус

з

а да се направи регионална интеграција на компаниите, треба прво секоја компанија да погледне во својот двор и самата да се зајакне. Како постсоцијалистички економии треба да галопираме и да прескокнеме еволутивни фази, а тоа бара многу учење. но, ние немаме трпение да издржиме ниту 4 панели на една важна конференција. Компаниите сузана мора да се менуваат – во лидерството, ниКифорова во менталниот склоп, односите помеѓу консултант за бренд вработените, менаџментот. менаџмент

в

ГлиГор Цветанов

сопственик и директор на Макпрогрес

о индустријата во која работам, кондиторската, сè уште не гледам можност за соработка со други компании за настап на трети пазари. немаме пракса за заеднички настап на трет пазар. Конкуренција сме си едни со други – победува поконкурентниот. се обидовме преку турски фирми да извезуваме во северна африка, но искуствата не беа најдобри.

Бизнисот мора да има алтернативи во транспортот во секое време

Но, колку и да успеат компаниите да се здружат и да направат добар производ, попусто е сè, ако на патот до купувачот се испречат сите можни бариери што државите во регионот си ги поставуваат меѓу себе. “Да бидеме реални, сите зборуваме за ЦЕФТА, ЕУ и сл., но кога ќе тргнете во извоз, секоја држава пробува да го штити сопствениот пазар. Предолго стоење за контрола, скапи проверки, голема бирократија, барање влакно во јајцето, сето тоа стои на патот на извозниците. Потоа, и да влезете на некој пазар, се соочувате со големите трговски синџири, кои што тешко ќе ве позиционираат на своите рафтови“, смета Мујо Селимовиќ, сопственик на групацијата МИМС од БиХ, која обединува повеќе бизниси – производство, инженеринг, консалтинг, итн. Сопственикот на македонската градежна компанија Трансмет, Сеад Кочан, испрати порака до владите во регионот, за тоа како да им помогнат на компаниите да имаат ценовно поконкурентен извозен производ. „Сите влади во регионот мора да најдат заеднички јазик. Бизнисот мора да има алтернативи во секое време во транспротот. На пример, владата во Словенија мора да знае дека иако тие го завршиле својот дел од транспортниот коридор, дека тој застанал некаде во Србија или Македонија, и дека мора да даде свој придонес, да лобира во Брисел, во Светска банка, итн., да им се помогне и на останатите држави да го довршат својот дел. За да можат тие коридори да добијат 100% функционалност и економиите да се поврзат“, рече Кочан.

nnn

лидерите на македонската економија

п

омеѓу панелите на Бизнис форумот на Капитал и Бизнис плус, одговорната уредничка на Капитал, Биљана здравковска-стојчевска, ја претстави, веќе традиционалната едиција на Капитал, “топ 200 најголеми и најуспешни“. на списокот се компаниите кои најмногу инвестираат, се најголеми работодавачи и најголеми извозници во македонија. овие 200 компании имаат вкупен годишен обрт од 8,1 милијарди евра, што е речиси колку целиот македонски БДп. од нив, 132 фирми лани имале пораст на приходите, додека 69 пад. тоа значи дека повеќе од една третина од големите бизниси во македонија лани имале намален обем на работа. има и компании, кои што имаат исклучително висок раст, претежно од делот на странските инвеститори, трговци со електрична енергија или со метали, производители на автомобилски компоненти...


СИЛАТА НА МАКЕДОНСКОТО ГРАДЕЖНИШТВО ТРКАЛЕЗНА МАСА / 26 октомври 2015

 КОЈ Е КОЈ ВО МАКЕДОНСКАТА ГРАДЕЖНА ИНДУСТРИЈА?  КОЈ Е КОЈ ВО ТРГОВИЈАТА СО ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ?  СЕКТОРСКА АНАЛИЗА: ШТО ЈА ОЧЕКУВА МАКЕДОНСКАТА ГРАДЕЖНА ИНДУСТРИЈА ВО 2016?

Повеќе информации во врска со настанот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

2003

2004

2005

2006

2007

2008

2009

14.481

9.325

7.410

2002

6.929

7.838

2001

6.912

7.938

2000

8.528

9.624

број на исЕлЕни граѓани од МакЕдонија вкупно: 150526

8.816

анализа

11.940

26

2010

Извор: ОЕЦД

Егзодусот на МакЕдонцитЕ кулМинира

уштЕ 20 илјади МакЕд си заМинаа за Една г досЕга отсЕлЕни 600 и

свЕтска банка: слабиот ЕконоМски раст и хроничната нЕвработЕ


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

27

г пишува

александар јанев

2011

2012

20.562

17.530

12.693

aleksandar.janev@kapital.mk

2013

донци година. илјади!

Гордите патриоти отпорни на сиромаштијата и невработеноста во Македонија остануваат се помалку на број бидејќи во последните години егзодусот на Македонците кулминира. Најновите податоци на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) покажуваат дека само за една година, Македонија ја напуштиле најмалку 20.562 наши роднини, пријатели или соседи, што е рекордна бројка на иселени луѓе во последните 15 години. Најмногу од нив, дури 14.387 Македонци во 2013 година тропнале на портите на Германија, 1.457 се отселиле во Австрија и 1.385 во Швајцарија. Вкупната бројка на отселени Македонци од земјава до денес, пак, достигнува приближно 600 илјади луѓе. Тоа е рекордна бројка на иселени од земјава, поголема дури и од онаа која лани ја објави Светската банка од 447 илјади иселени лица од Македонија. До оваа проценка се доаѓа откако ќе се соберат сите објавени податоци за емиграција од меѓународните институции. Најпрво Светската банка објави дека до 2010 година од Македонија се отселиле 447 илјади граѓани, меѓутоа, истражувањето на професорите Весна Јанеска и Сузана Борнарова направено за Европската Комисија покажува дека бројката до 2011 година е поголема за околу 97 илјади иселени во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд кои претходно не биле земени предвид во истражувањето на Светска банка, и со тоа достигнува 544 илјади луѓе. Податоците на ОЕЦД, Светска банка и Евростат покажуваат дека од 2011 година до денес, бројот на македонски емигранти се зголемил за уште речиси 60 илјади граѓани така што сумирано се доаѓа до фрапантната бројка од 600 илјади иселчени лица од Македонија, бројка што многумина ги остава со „подзината уста“. Дека трендот на масовно иселување не запира предупреди и Светската банка во својот најнов извештај за земјите од Балканот. Аналитичарите на оваа меѓународна финансиска институција се загрижени што годинава бројот на граѓани што бараат азил во Германија е всушност

гордите патриоти отпорни на сиромаштијата и невработеноста во Македонија остануваат се помалку на број бидејќи во последните години егзодусот на Македонците кулминира. најновите податоци на оЕцд покажуваат дека само за една година, Македонија ја напуштиле најмалку 20.562 наши роднини, пријатели или соседи, што е рекордна бројка на иселени луѓе во последните 15 години. најмногу од нив, дури 14.387 Македонци во 2013 година тропнале на портите на германија, 1.457 се отселиле во австрија и 1.385 во швајцарија. Вкупната бројка на отселени Македонци од земјава до денес, пак, достигнува приближно 600 илјади луѓе. светската банка во својот најнов извештај за земјите од Балканот предупреди дека трендот на масовно иселување не запира, а според бројот на Македонци што побарале азил во германија во првата половина од годината, емигрантите допрва ќе го срушат рекордот. три пати поголем од лани што навестува дека емигрантите допрва ќе го срушат рекордот. За шест месеци, дури 6.704 Македонци побарале азил во Германија. Од сите земји во регионот, бројот на оние што бараат азил во Германија достигнува 78 илјади луѓе. Мирнодопските балкански земји меѓу кои и граѓаните на Македонија кои најмногу бараат „прием“ во Германија се рангирани на истата листа со земјите како Сирија, Ирак, и Авганистан каде што беснеат војни. „Регионот губи огромен дел од младото и образовано население. Албанија, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина се меѓу топ земјите според бројот на емигрантите. Една четвртина од граѓаните веќе живеат надвор

Еност ги тЕраат луѓЕто да трагаат по подоБри ЕконоМски услоВи


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

28

анализа

2 6 5 . 0 2

од то иле ш исел година ваат е с и у 3 н 1 ж 0 а ѓ а 2 к гра ија во јка, по и за атоц едон бро мак кордна ите пода оецд н е н д е р после ација р емиг

милиони долари пратиле иселениците лани на своите семејства во македонија, но сумата ги опфаќа само легалните трансфери по банкарските канали или брз трансфер на пари

252,1

14.387 граѓани, односно најголем дел од иселениците во 2013 година спасот од сиромаштијата во македонија го побарале во Германија

само што губи идни ресурси, туку губи и средства кои ги инвестирала во развојот и во образованието на тие млади луѓе. Бидејќи очигледно емиграцијата не запира, на долг рок ќе се соочиме не само со демографско стареење на населението, туку со екстремност на целосно стара држава, која ќе почива на пензионери и на ништо друго“, велат експертите. Ако се знае дека во Македонија и после 24 години од независноста, повеќе од 500 илјади граѓани, односно една четвртина од населението живеат во сиромаштија, а 256 илјади луѓе се невработени, се проценува дека најголем дел од нив допрва спасот од бедата ќе го бараат во бегство во “ветените”

ЕУ, САД или Австралија.

печалбарите не се враќаат назад

Традиционалното печалбарство во Македонија веќе не постои, бидејќи се претвори во трајно иселување на македонските граѓани во странство. Помалите општини останаа со половина население, особено во зимските месеци. Ако некогаш на печалба одел само еден човек или двајца браќа, денеска се оди со цело семејство од три генерации. Печалбарите велат дека полесно се преболува носталгијата со фамилијата покрај себе, а за време на зимскиот период и трошоците се помали, а и не мора да ја

2010

2009

2008

2007

182

238

2011

216.9

237.9

2012

240.6

2013

250.7

234.8

2014

235.2

дознаки од работници од странство (милиони долари) 252.1

од своите татковини“, пишува во Извештајот на Светската банка. Во овој Извештај се проценува дека од деведесеттите години до денес, 4,9 милиони луѓе ги напуштиле овие шест земји, но ако порано главната причина за тоа беа војните по распадот на Југославија, денес луѓето си заминуваат главно од економски причини. „Слабиот економски раст, хроничната невработеност, животниот стандард еднаков на третина од европскиот просек и постојаната ранливост на надворешни кризи ги тераат луѓето да трагаат по подобри економски услови. Најголем дел од емигрантите се млади, работоспособни и генерално пообразовани отколку оние што остануваат во татковината“, предупредува Светската банка во својот извештај и ги предупреди „властите да инвестираат во развојни проекти што ќе поттикнат брз економски раст, ќе отворат нови работни места во приватниот сектор за да ги мотивираат младите да останат во своите земји, а оние што заминале да посакаат да се вратат“. Експертите велат дека одливот на младите од земјата е трагедија, бидејќи како што тргнало, овде ќе останат да живеат само пензионери и оние кои имаат директна корист од неизвесноста во политиката и економијата која го кочи развојот на земјата. „Државата треба да сфати дека не

2006

Извор: НБРМ

Германија: 6.704 македонци побара азил Годинава



www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

30

анализа

праќаат целата заработка во земјава, како порано. Тие што заминаа, велат дека немаат намера да се вратат назад во „несредена држава“. „Навистина чудно е што се потешко се враќаме назад. Ние заминавме во Австралија по егзистенција. Сега по 40 години сме добростоечки финансиски и без проблем можеме и ние и младите да опстојуваме дури и без работа. Но, нешто нè држи таму. Пробавме неколку пати да останеме подолго во Македонија, дури и ја реновиравме куќата. Но, едноставно квалитетот на живот е поинаков или барем ние сме навикнати така. Мора да кажам дека ја сакаме Македонија, но нема да се вратиме дефинитивно, а уште помалку нашите внуци родени и одгледани во Австралија“, вели еден иселеник во Австралија. Тоа што иселениците не планираат да се вратат во татковината и ги повлекуваат своите семејства во странство отвора уште еден голем проблем. Економистите проценуваат дека во следните десет години, дознаките од странство, односно парите што им ги испраќаат печалбарите на своите роднини ќе се преполоват. „Трендот покажува дека луѓето што одат на печалба, најчесто остануваат засекогаш да живеат во странство и ги повлекуваат и своите семејства. Тоа автоматски значи дека нема да имаат кому да праќаат пари во Македонија. Нивните деца што се таму родени имаат уште послаби врски со роднините во татковината, така што Македонија не може да се надева на големи приливи од странство по тој основ во иднина“, оценуваат економистите. Ова се алармантни проценки за нас, ако се знае дека дознаките од странство важат

„Слабиот економски раст, хроничната невработеност, животниот стандард еднаков на третина од европскиот просек и постојаната ранливост на надворешни кризи ги тераат луѓето да трагаат по подобри економски услови. Најголем дел од емигрантите се млади, работоспособни и генерално пообразовани отколку оние што остануваат во татковината“, предупредува Светската банка во својот најнов извештај за земјите од Западен Балкан.

за главни социјални и макроекономски стабилизатори. Само за споредба, минатата година иселениците пратиле 270 милиони долари во земјава, што е идентично колку и приливот на странски директни инвестиции. Меѓутоа, едно истражување за значењето на дознаките од странство покажа дека дури половина од сите мигранти што праќаат пари, тоа најчесто не го прават преку формални канали како агенции за трансфер на пари, пошти или банки, така што половина од парите што ги праќаат нашинците воопшто и не се евидентираат во официјалните статистички податоци. Според тоа произлегува дека сумата е всушност и многу поголема. Еден друг податок на Народната банка, кој ги опфаќа и девизите променети во менувачниците, покажува дека на тој начин лани се свртеле над 1,7 милијарди долари. Се проценува дека најголем дел од овие евра и долари се всушност печалбарски.

кадЕ сЕ исЕлУВаат МакЕдонЦитЕ? "Број на иселени 2000-2013" Австрија 17.789

САД 13.651 Германија 70.756 Словенија 13.477

Извор: ОЕЦД

Швајцарија 5.114

Истото истражување покажа дека парите што ги праќаат печалбарите имале исклучително позитивно влијание за животот на нивните домаќинства во татковината. Ова истражување покажува дека само една третина од емигрантите испраќаат пари во Македонија, најголем дел од нив до 5.000 долари. Само малку од печалбарите им праќале големи суми пари на своите семејства. nnn

државниот завод за статистика изброја само 740 отселени лани

д

омашната статистика пак за пребројување на отселени граѓани не е соодветна затоа што не ги калкулира луѓето кои се на привремен престој во странство, а практично се иселени, но во другата земја имаат статус на времено доселени. така во публикацијата Миграции, државниот завод за статистика пресметал само 740 отселени граѓани. Во последните пет години, според оваа публикација произлегува дека земјата ја напуштиле 5.081 луѓе што воопшто не соодветствува со реалноста. најдобар метод останува пописот, но според текот на политичките преговори, минимални се шансите да се спроведе регуларен попис што е еден од главните услови за фер и демократски избори, туку поверојатно е дека ќе се бара “преодно” решение што нема да ја даде целосната слика за бројот на луѓе во земјава. она што е јасно е дека бројката од два милиона граѓани што живеат во Македонија е мит.

ЕкспЕрти: Во МакЕдонија ќЕ останат саМо пЕнзионЕри


Рок за пРијавување: 12 oКТОмврИ 2015

ДвоДневна обука на тема:

ИзвештаИ за менаџмент SUCCESS®

l 19 и 20 октомври 2015 година (понеделник и вторник) l 09:00-17:00 часот l во просториите на Институт концепт, Скопје обуката се базира на SUCCESS® правилата кои се развиени од професорот Хичерт. SUCCESS® правилата даваат јасни насоки и правила како треба да изгледа добриот Извештај. ефектниот извештај е функционален, едноставен, прегледен и со јасно пренесена порака за публиката. врз основа на тој извештај публиката може да донесе одлука благодарение на јасната комуникација. на обуката ќе биде образложено кој вид на графикони (chart) треба да се користат, каде и зошто. Ќе бидат образложени конкретни правила за креирање на табели во Excel и како табелата јасно да ја пренесе пораката. Примерите се од различните сектори (банкарство, телекомуникации, FMCG, градежништво, Ит ...). во вториот дел на обуката ќе подготвиме SUCCESS® правила во Excel и PowerPoint. Ќе ве научиме со неколку трикови како вашиот извештај да ја остави публиката без здив. Со SUCCESS® правилата како и Excel триковите, ќе бидете во состојба да направите магични графикони, табели и дијаграми.

учесниците на обуката ќе можат да ги донесат своите извештаи кои ќе можат да се променат, прилагодат и подобрат. на овој начин SUCCESS® концептот ќе се примени веднаш во пракса.

СодржИна на обуката:

Прв дел: SUCCESS® правила втор дел: Примена на правилата во Excel и PowerPoint

за кого е наменета обуката:

l менаџментот, кои секојдневно добида голем број на извештаи. l Controlleri, кои секојдневно дизајнираат извештаи. l Професионалци, кои имаат потреба да направат квалитетен извештај.

Предавач: бојан шчеПановИќ

генерален менаџер на MCB – Menadzment Centar Beograd, специјализирана компанија за едукација на менаџери и личен развој.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


Капитал број 832 09.10.2015

32

www.kapital.mk

Компании и пазари

водич: КаКо да оСновате ваша Компанија во регионот?

за деСет дена и петСтотини евра може да Станете СрпСКи, бугарСКи или КоСовСКи бизниСмен

ФаКт: Србија и бугарија Се четири пати поголеми паза


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

33 Стартување на бизниС во бугарија

Стартување на бизниС во Србија

4

Стартување на бизниС во коСово

Стартување на бизниС во грција

5

6

5

процедури

процедури

процедури

процедури

18

12

11

13

дена

49

земја во светот според рангирањето на дуинг бизнис

дена

дена

66

рангирана земја во светот според дуинг бизнис

42

земја во светот според рангирањето на дуинг бизнис

дена

52

рангирана земја во светот според дуинг бизнис

Стартување бизниС во македонија

2

процедури

2

дена

3

рангирана земја според дуинг бизнис

условите за основања на фирма насекаде во регионот се приближно исти. она што не е исто се царинските и трговските бариери кон развиените земји од кои Србија и бугарија се поослободени во однос на македонија. Поради сето тоа сè повеќе македонски компании се одлучуваат да основаат своја компанија во соседните земји. капитал следејќи го овој тренд направи и водич како тоа да го направат во пракса.

П пишува:

дејан азески

Dejan.azeski@kapital.mk

Поттикнати од бројните царински, даночни, инфраструктурни и други практични причини, сè повеќе македонски компании одлучуваат да основаат своја компанија во регионот. Од тие причини Капитал реши да ги истражи процедурите, погодностите и ограничувањата околу основање на компании во опкружувањето на Македонија и нормално да испита колку тоа навистина се исплатува. За оваа намена го консултиравме Горан Рафајловски, консултант кој добро ги познава балканските прилики и кој даде корисни совети за нашите читатели. „Нашето искуство покажува дека во денешно време технички многу мала е разликата дали ќе основате фирма во Македонија или Германија. Тоа значи

дека во регионот условите се приближно исти. Како прво, во сите околни држави е дозволено физичко лице со македонското државјанство да основа сопствена компанија. Како второ, процедурите кои во минатото траеле и со месеци, а можеби и години сега скоро секаде се скратени на максимум месец дена. И трето,современите начини на комуникација овозможуваат побрз пристап до неопходните информации до кои во минатото тешко се доаѓало“. Сепак, според Рафајловски основањето на ваша фирма во регионот е чиста техничка процедура, но постојат и некои услови што мора да ги исполните. „Вие со тоа што ќе поседувате ваша жиро сметка и можеби простории во Белград или Софија не сте постигнале апсолутно ништо. Точно е дека фирмата технички се основа за десет или дваесет дена но за таа да се изгради се потребни години и децении. Вие сепак на тие пазари повторно почнувате од нула (како во Македонија пред 25 години), без бизнис конекции, без пазарно искуство, без име пред банкарите буквално без ништо. Затоа јас оваа алатка ја предложувам само за поголемите компании кои веќе се избориле за своето место на овие пазари. Времето на законски измами одамна помина, во денешни услови мора да направите голем обрт за да имате и голема заштеда од вашето основање на фирма во друга држава“

десетте чекори за основање ваша компанија во Србија

Според законските регулативи во Србија

друштво со ограничена одговорност можете да основате со минимален основачки капитал од само едно евро и може да го основа физичко лице со македонски пасош. Сепак ќе треба да поминете десет чекори кои со оглед на бавната администрација знаат да бидат и проблематични(според искуството на луѓе кои веќе го направиле тоа). Како прво, треба да го посетите сајтот на српската агенција за стопански регистри (www.apr.rs) каде што може да го преземете основачкиот акт, даночниот образец и регистрационата пријава. Следниот чекор е одење во српските судови, односно надлежниот за вашата општина каде што ќе го заверите договорот за основање на Друштво со ограничена одговорност и даночниот образец. Потоа следува првото ваше одење во банка каде што треба да го уплатите основачкиот капитал пред да продолжите во Агенцијата за стопански регистри и конечно да ја понесете пријавата. За тоа ќе ви се потребни сите документи кои претходно сте ги собрале. После тоа добивате потврда од агенцијата со која во рок од 3-5 дена ќе ги подигнете документите. Ова знае и да се оддолжи затоа треба да следите на сајтот на агенцијата кога вашата фирма ќе премине од статусот „во процес на отворање“ во статусот „активно даночно друштво“ и дури тогаш да одите по своите документи. Доколку ова се оддолжи повеќе од две недели тогаш имате недостатоци во документацијата кои мора одново да ги пополните и повторно да чекате. Ако е сè

ари од македонСкиот Со Приближно 8 милиони луѓе


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

34

Компании и пазари

н

ашето искуство покажува дека во денешно време технички многу мала е разликата дали ќе основатe фирма во македонија или германија. Тоа значи дека во регионот условите се приближно исти. Како прво, во сите околни држави е дозволено физичко лице со македонско државјанство да основа сопствена компанија. Како второ, процедурите кои во минатото траеле и со месеци, а можеби и години, сега скоро секаде се скратени на максимум месец дена. Трето, современите начини на комуникација овозможуваат горан раФајловСКи побрз пристап до неопходните информации Рафајловски Консалтинг до кои во минатото тешко се доаѓало.

во ред и ги подигнете вашите документи одите во приватна компанија овластена за изработка на печати(обичен и деловен). Тоа ви е потребно за повторно да се вратите во банка и да отворите сметка на која ќе ви се префрли основачкиот капитал. Станува збор за процедура од неколку часа со многу документи за потпишување. Следен на списокот е вашиот српски книговодител кој законски мора да го имате како и здравствената книшка која ќе ви ја наложи српскиот здравствен фонд како на сопственик на компанијата. Според многумина најголемите процедури се токму во оваа институција. Сета оваа процедура нема да ве чини повеќе од 500 евра кои вклучуваат трошоци кон српската држава, книговодителот и евентуалниот консултант или адвокат кои најчесто ќе ви се неопходни. И за крај секако треба да се справите со даночната управа како крајна инстанца. Таа самата ќе ве контактира во рок од десет дена и ќе ви биде кажано кои документи треба да ги донесете. Во Србија како и во Македонија постои праг околу тоа дали подлежите на данокот на додадена вредност или не. Според последните измени тој финансиски праг изнесува околу 100.000 евра обрт на вашата компанија годишно. Овие се десетте за многумина комплицирани и непотребни процедури за основање на компанија во Србија. Но, според искусните уште потешко е да затвори фирма во оваа држава. Според законот, компанија во Србија може да се затвори на три начини: со стечај, преку ликвидација или преку статусна промена. Постапката за ликвидација може да се покрене од сопственикот само ако има средства да ги подмири сите побарувања кон доверителите и државата. Оваа процедура често трае повеќе од три месеци, а може да трае и многу подолго бидејќи законодавецот не е обврзан за колкав период треба да ја заврши оваа процедура. Стечајната постапка може да ја покрене било кој од вашите доверители и да ја води се додека не си ги наплати сопствените барања. Оваа процедура во

п

риродата на мојот бизнис е таква да морам да поседувам своја фирма и во Србија. законската регулатива дозволува размена на работници и добра помеѓу двете земји и од тој аспект работите функционираат добро. за даночни олеснувања не би можел да речам дека се подобри од македонските бидејќи се знае дека ние имаме пониски даноци. но, бобан ТодоровСКи големината на пазарот е навистина пресудна. бизнисмен

Србија во просек трае повеќе од година дена. Околу тоа колку Србија навистина е интересна за основање на фирма и дали сета оваа комплицирана процедура навистина се исплаќа разговаравме со кумановскиот бизнисмен Бобан Тодоровски поранешен сопственик на фабриката за челични цевки Стилкон кој неколку години води свој бизнис во Србија и тврди дека причините за неговото инвестирање таму се чисто прагматични и бизнис исплатливи. „Едноставно природата на мојот бизнис е таква да морам да поседувам своја фирма и во Србија. Законската регулатива

дозволува размена на работници и добра помеѓу двете земји и од тој аспект работите функционираат добро. За даночни олеснувања не би можел да речам дека се подобри од македонските бидејќи се знае дека ние имаме пониски даноци. Но големината на пазарот е навистина пресудна. Потенцијалот на Србија за бизнис може да се пресмета математички наједноставно. Пазар од осум милиони нуди четири пати поголеми можности од пазар од два милиони и нема тука што повеќе да се размислува“ вели Тодоровски. Србија со години е интересна за инвеститори

Терен: Фирма во Србија и бугарија Се оСнова за 15 дена


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ АвтОмОбИЛИ

16

октомври

2015

ПАзАР НА НОвИ И вОзИЛА вОз О ИЛА вО мАкЕ мАкЕдОНИЈА: кЕд кЕ ЕдОНИЈА: зНАЦИ НА зАжИвувАњЕ! ИвувА Ивув вувАњЕ! Е Е! Слободниот увоз на половни автомобили и економската криза ги однесе дилерите на нови возила во Македонија во неколкугодишна агонија – продажбите паднаа на историски минимум, некои од автосалоните затворија, а останатите се бореа за преживување. Анализираме каква е состојбата на автомобилскиот пазар изминатава година, дали се гледа светло на крајот од тунелот, што очекуваат домашните увозници и продавачи на возила. Ќе ви ги претставиме и најзначајните новитети од најголемиот светски саем на автомобили, во Франкфурт, Германија, кој што се одржува на крајот од септември. Подготвивме интересна содржина и за тоа како може да заштедите, а истовремено да бидете општествено одговорна компанија користејќи електрични возила за своите потреби. l Анализа на автомобилскиот пазар во македонија акедонија Доаѓаат ли подобри денови за автодилерите? l Авто саем Франкфурт 2015 кои ои нови модели може да ги видиме наскоро на македонските патишта? l тренд: Електричните автомобили стигнаа во македонија Службени електрични возила намалување на трошоците и општествена одговорност во исто време омерцијални возила: за вас правиме избор на l комерцијални најповолни опции

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРдАНА мИХАЈЛОвСкА


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

36

Компании и пазари

С рЕшат нагавчи Комора на северозападна Македонија

поред искуствата на нашите членки многу поедноставно им е да имаат своја база на косовска територија преку која ќе вршат снабдување на потрошувачите со нивните производи. тоа е случај и за производствените компании кои се во можност да дислоцираат дел од производството и да не ги трпат сите царински и даночни отежнувања што ги носи извозот во друга држава.

од цела Европа и поради договорот за слободна трговија со Русија. Оваа нејзина позиција уште повеќе станува интересна со ембаргото кое взаемно го воведоа ЕУ и Русија со што останаа само неколку земји во Европа кои имаат право да извезуваат на 140 милионскиот пазар. Нормално не треба да се занемари и осум милионскиот српски пазар кој е четири пати поголем од македонскиот и потенцијалите на Србија како суровинска база и инфраструктурна раскрсница на југоисточна Европа.

Станете рамноправен член на ЕУ за само десет дена

„Нашето консултантско биро ви овозможува да отворите фирма во Бугарија, брзо легално и сигурно. После регистрацијата можете веднаш да почнете со работата и да отворите свои претставништва во Германија, Австрија, Холандија како и во цела ЕУ. Цена 400 евра“ На вакви интернет огласи наидовме на повеќе места истражувајќи ја темата околу отворање на компанија во Бугарија што значи дека интересот за отворање на фирма во оваа соседна земја членка на ЕУ е толку голем што веќе има и посредници кои го работат само тоа. Еден од нив е и Никола Бујуклиев од Штип кој преку неговата консултанска компанија им помага на македонските компании кои одлучиле да отворат фирма во соседна Бугарија. „Да се отвори фирма во Бугарија не е комплицирано и тешко ако се има

грција и тУрција заСЕга помалКУ интЕрЕСни

в

о блиското опкружување на македонија се и две економски помоќни и поголеми држави како грција и турција. Сепак според теренските согледувања македонските бизнисмени не покажуваат интерес за основање компании во овие држави како што тоа е случајот со погоре споменатите соседни Србија, Косово и Бугарија. Според горан рафајловски пречките повторно не треба да се бараат во административните процедури туку стриктно во јазичната бариера. „Како што веќе нагласив процедурите и во грција и во турција не се толку комплицирани за било кој да не може да основа обична фирма таму. всушност такви примери имаше во минатото и уште има веројатно со помал обем. проблемот е недоволното познавање на приликите и менталитетот од страна на македонските бизнисмени кои почесто се одлучуваат за инвестирање во овие две држави“

соодветна стручна помош. Ние покрај нашето искуство нудиме и соработка со наши партнери консултанти во оваа земја кои ги упатуваат клиентите на сите неопходни процедури. Трошоците не се преголеми со оглед на потенцијалот и бенефитите кои ги нуди оваа земја, а и процедурата најчесто не трае повеќе од десет дена. Основачкиот влог е едно евро, а целокупната процедура со се консултанската помош и посредници е околу 400 евра. “ Според Бујуклиев веројатно и затоа има се поголема интерес за ваквата пракса, а најчестите дејности за кои се основаат македонски фирми во Бугарија се: транспортот, градежништвото, изнајмување на работна сила, фармацевти, лекари, стоматолози, архитекти, трговија и многу други. Според процедурата која е официјално достапна на бугарските сајтови, основањето на фирма во Бугарија не се разликува многу од истата постапка во Македонија и Србија (која е погоре опишана). Капитал успеа да дојде и до една од компаниите кои веќе ја примениле ваквата пракса во Бугарија и ги распраша за нивните искуства. „Поголеми проблеми и административни пречки со бугарската држава сме немале. Нормално некогаш недоволното познавање на законите и приликите знае да предизвика проблем, но и тој не е нерешлив. Важно е дека Бугарија покрај

како отскочна даска за извоз во ЕУ ја користиме и како суровинска база , бидејќи земјата има навистина што да понуди од богатото земјоделие“

Фирма во приштина или Урошевац како олеснување на извозот на растечкиот косовски пазар

Покрај во Србија и Бугарија , македонските бизнисмени често основаат свои компании и во Косово. Ова е интересен факт бидејќи Косово како млада и мала држава се уште нема договори за слободна трговија со големите европски држави што значи дека бизнис логиката во таа насока е неисплатлива. Сепак постојат причини кои ги тераат македонските бизнисмени на ваков потег. Според Решат Нагавчи од комората на Северозападна Македонија, процедурите за основање на фирма на Косово не се премногу различни од македонските, а причините поради кои македонските бизнисмени отвораат компании таму се чисто прагматични. „Според искуствата на нашите членки многу поедноставно им е да имаат своја база на косовска територија преку која ќе вршат снабдување на потрошувачите со нивните производи. Тоа е случај и за производствените компании кои се во можност да дислоцираат дел од производството и да не ги трпат сите царински и даночни отежнувања што ги носи извозот во друга држава“ nnn

Tрошоци: СКоро СЕКадЕ во рЕгионот СЕ иСти



www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

К 38

истражувања

Клубот на истражувачи на Народната банка промовираше два нови интересни стручни трудови. Авторите Сашо Кожухаров, Владимир Петковски и Наташа Ристовска во своето истражување го анализираат влијанието на различните видови на даноци врз социјалната нееднаквост во Македонија мерена преку Џини индексот. Истражувачите оценија дека нееднаквоста во приходите е голем проблем за земја во развој и мора да се смета како еден од главните приоритети за подобрување на економската состојба и зголемување на економскиот развој во следните години. „Македонија како земја во развој се наоѓа пред сериозен предизвик во намалување на нееднаквоста во приходите која во текот на изминатите 15 години, согласно Џини индексот се зголемува во просек за 4% на годишно ниво. Според спроведеното истражување за проблемот на нееднаквоста во приходите, Македонија се издвојува како земја со еден од највисоките вредности на Џини индексот во однос на земјите од Југоисточна Европа и земјите од Европската Унија. Вредноста на Џини индексот во просек во последните 15 години изнесува 40, a најголема вредност достигнува во 2013 година кога изнесува 44,2“, изјави Петковски. Тој смета дека еден од факторите кои директно влијаат врз проблемот на нееднаквоста е даночниот систем како фискален инструмент. „Релевантноста на даночниот систем за социјалната нееднаквост во Македонија, беше потврдена од страна на регресивна анализа спроведена во овој труд. Согласно резултатите од истражувањето е потврдено влијанието на ДДВ и персоналниот данок на доход врз нееднаквоста во распределбата на доходот во Македонија. Воедно, персоналниот данок на доход беше посочен како данок кој има најголема важност од сите даноци, како фактори на нееднаквоста на приходите. Ова може да значи дека промените во системот, со повторно воведување на прогресивна стапка на даноците може да доведе до намалување на нееднаквоста во приходите и социјалната нееднаквост. Сепак, менувањето на даноците и даночните стапки не може непосредно да доведе до намалување на вредноста на Џини индексот за нееднаквоста во распределбата на

Промовирани две нови истражувања во Народната банка

Клубот на истражувачите на Народната банка е формиран во рамки на активностите за поддршка на развојот на истражувачката и аналитичката работа. Тоа е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

приходите во Македонија, но, секако, ќе го отвори патот за решавање на сериозен проблем кој може да претставува сериозна закана за економскиот развој на земјата“, изјави Петковски. Авторите Тијана Анѓелковска, Егзона Хани и Милан Елисковски, пак, во својот труф го анализираат ефектот на кредитите на претпријатијата и домаќинствата врз економскиот раст и динамиката на реалниот девизен курс. Целта на овој труд, како што изјавија а вто р ите, б ил а д а ги а н а лиз ир а детерминантите на економскиот раст претставен преку бруто домашниот производ по глава на жител и ценовната конкурентност претставена преку реалниот ефективен девизен курс (РЕДК) со посебен акцент на кредитирањето по сектори, односно какво е влијанието на кредитите на претпријатијата и домаќинствата врз споменатите индикатори. Истражувањето е направено за панел земји од југоисточна Европа, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Романија, Србија, Хрватска и Турција за периодот од 1995 до 2014 година. „Главните наоди од нашето истражување за ефектите од кредитирањето по сектори

кон приватниот сектор врз двете клучни макроекономски варијабли, економски раст и РЕДК, може да влијае различно врз економијата во зависност од каналот на алокација. Односно, наодите во врска со економскиот раст се дека кредитите на претпријатијата влијаат позитивно врз истиот, додека, пак, ефектот на кредитите на домаќинствата е нејасен односно во некои спецификации е позитивен, во некои негативен зависно од намената за која се користи“, вели авторот Анѓелковска. Таа истакна дека главна препорака од истражувањето за креаторите на политиките е внимателно следење на секторската алокација на кредити до приватниот сектор во контекст на следење на динамиката на економскиот раст и РЕДК. „Истото може да ги стимулира економските чинители да го насочат кредитирањето за инвестициски намени или да го зголемат човечкиот капитал. Во овој контекст, економиите ќе постигнат стабилен економски раст главно базиран на повисока продуктивност, а следствено на тоа и постигање и задржување на ценовната конкурентност на земјите“, изјави Анѓелковска. nnn

факт: кредитите на фирмите влијаат позитивно врз растот


ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!

СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата

УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156

Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk


Капитал број 832 09.10.2015

40

www.kapital.mk

Капитал анализа

За осум години тројно зголемен буџетот на Секр

Македонија потроши н евра за спроведување н договор! Со 200 илјади е анализира зошто нема

ОБСЕ: Анализата за имплементацијата на


www.kapital.mk

ретаријатот за рамковен договор

над 73 милиони на Рамковниот евра ќе се а резултати!?

Капитал број 832 09.10.2015

41 Освен како филтер за вработување и трошење на огромни државни пари, од спроведувањето на Рамковниот договор резултати нема, барем во однос на прашањето обезбедување на меѓуетничкиот соживот, иако во изминатите седум години Македонија потрошила 73,5 милиони евра за негова имплементација. Сега, владата ќе потроши дополнителни 200 илјади евра да се анализира зошто договорот не давал резултати, иако само пред неколку дена холандскиот експерт Питер Фејт (олеснувач во преговорите во 2001) презентираше анализа во која ги сумираше резултатите од досегашната имплементација на договорот. Според властите оваа анализа не е доволна, и ќе служи само како основа на новата анализа.

П пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

Преку 73 милиони евра потрошила Владата само преку буџетирање на Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, кој од 2007 години беше формиран токму со цел спроведување на одредбите на Охридскиот рамковен договор потпишан во

на Рамковниот договор е во прав момент


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

42

Капитал анализа

од формирањето до денес, во секретаријатот за спроведување на рамковниот договор бројот на вработени се зголемил за 8 пати, од 211 во 2007 година на 1.905 вработени, согласно предлогбуџетот за 2016 година. 2001 година, а кој во најширока смисла на зборот, предвидува создавање на услови за меѓуетнички соживот. Осум години подоцна, освен осумкратното з гол ему в а њ е н а в р а б оте н ите в о Секретаријатот, од 211 вработени во 2007 на

с питеР фејт холандски експерт

поред мене, од многу аспекти спроведувањето на договорот се одвива успешно, меѓутоа во поглед на одредени точки земјата и општеството би имале корист од преземање нови чекори.

1905 вработени согласно предлог- буџетот за 2016 година, и тројното зголемување на буџетот што се одвојува за овој Секретаријат (сега тој изнесува преку 11 милиони евра и е најголем буџет од неговот формирање), поконкретни резултати за подобрување на

м

муса ЏафеРи

вицепремиер за спроведување на рамковниот договор

еѓуетничките односи се на минимално ниво и треба да постои загриженост затоа што во такви ситуации тешко се обезбедува стабилност.

меѓуетничкиот соживот во земјава нема. Токму поради тоа, Владата ќе фрли дополнителни 200 илјади евра за да испитува каде запнал договорот и зошто 14 години откако е потпишан, соживотот никако да се случи.

паРадоКсите на РамКовниот договоР!

оглед на тоа дека институциите немаат капацитет 1. со да ги вработат годишно предвидените вработувања

2. 3.

преку Рамковниот (600- 800 на годишно ниво), многу од нив седат дома, а земаат плата. пред две години, вицепремиерот муса Џафери дека такви се вкупно 500. оттогаш нема нов официјален податок од владата. сепак, последниот извештај на европската комисија за напредокот на земјава пак открива дека во моментот 1700 лица не се распределени, односно земаат плата, а не доаѓаат на работа. Буџетот на секретаријатот од 2007 година, откако истиот е формиран, па досега тројно се зголемил. односно од 3,9 милиони евра, сега тој изнесува 11,6 милиони евра. тоа е најголем досега буџет. и покрај ваквото зголемување, 70% од средствата се трошат само за плати на вработените. и покрај тројното зголемување, се уште само 30% се одвојуваат за негова имплементација Бројот на вработени во секретаријатот за рамковниот договор за иста година е различен во различни извештаи. односно, Буџетот кој го дава бројот на

4. 5.

вработени за секоја буџетска институција, меѓу другите и таа на секретаријатот е различна од бројката што ја дава народниот правобранител кој исто така секоја година дава преглед на правичната застапеност во јавниот сектор. на пример, според буџетот во 2012 година во секретаријатот работеле 1571 луѓе, а според омбудсманот во истата година таму работеле 2478 лица. напоредно со секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор владата формира и агенција за правата на заедниците која има речиси исти надлежности како и секретаријатот за спроведување на рамковниот договор само пред неколку дена холандскиот експерт питер фејт презентираше анализа во која ги сумира резултатите од досегашната имплементација на договорот . според властите оваа анализа не е доволна, и ќе служи само како основа на новиот извештај за кој сега ќе се фрлат дополнителни 200 илјади евра

ахмети: Ротација на тРите највисоКи фунКции во земјава


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ фИНАНСИИ

22

октомври

2015

КАдЕ дА ГИ вЛОжИтЕ ЛОжИ ЛОж жИтЕ т вАшИтЕ ПАРИ? Банкарските каматни стапки на штедните влогови не биле никогаш пониски, а луѓето што имаат слободни средства најчесто не се доволно информирани за алтернативите. Разговаравме со инвестициски советници за тоа кои сè можности постојат на македонскиот пазар за инвестирање на вашите лични финансии и како најдобро да ги менаџирате. l Експертите советуваат: Банка, берза или нешто друго. каде аде да ги вложите вашите пари? l Животно осигурување: заштита на вашето семејство, но и можност за поголема пензија нвестициски фондови l инвестициски во македонија: акедонија: како да инвестирате во Гугл или мајкрософт? олку е исплатливо да l колку вложите во недвижнини? одич за ангели l водич инвеститори

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРдАНА МИХАЈЛОвСКА


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

44

Капитал анализа БРОЈКИ

СЕКРЕТАРИЈАТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА РАМКОВЕН ДОГОВОР Година 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 ВКУПНО:

Вработени Буџет 211 28 889 620 1145 1571 1578 1778 1637 1905 1905

Вработени Омбудсман нема информација нема информација 889 1381 1346 2478 1681 1766 не е готов извештајот

Само за потсетување, на истата тема, токму минатата недела холандскиот експерт, Питер Фејт презентираше своја анализа во која ги детектираше слабостите и даде свои препораки за понатамошна имплементација на Договорот. Патем, Фејт е екперт во областа и многу добро упатен во Охридскиот договор, со оглед на тоа дека токму тој беше еден од олеснувачите во преговорите и издејствува потпишување на договорот со кој се стави крај на конфликтот од 2001 година. Оттука, зачудува потребата на власта да објави два тендери за нова ревизија,

Буџет нема информација 3,9 милиони евра 4,2 милиони евра 7 милиони евра 9,7 милиони евра 7,4 милиони евра 9,5 милиони 10,3 милиони евра 9,9 милиони евра 11,6 милиони евра 73,5 милиони евра

кога само пред неколку дена Фејт ги презентираше своите наоди. Според властите, неговата анализа и препораки не биле доволни, па ќе бидат само основа врз која ќе се прави новата ревизија. Како и да е, и Фејт, иако делумно воздржан, но и претставникот на ОБСЕ во земјава, Нина Соумалаинен дадоа зелено светло за ревизијата. „Според мене, од многу аспекти спроведувањето на договорот се одвива успешно, меѓутоа во поглед на одредени точки земјата и општеството би имале корист од преземање нови чекори“, истакна Фејт. Освен ова, изненадува и фактот што како гром од ведро небо на п р е го в а р ач ка ма са беше ставен Рамковниот д о го в о р, в о ус л о в и кога претставниците на четирите најголеми партии (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА) разговараат околу изборното законодавство. Дел од упатените во проблематиките велат дека со ова Ахмети сака да покаже дека има свој глас во преговорите, оти јавниот впечаток беше дека преговорите ги водат само ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Дополнително велат тие, расправата по Охридскиот рамковен договор односно потребата од негова ревизија во овој момент, доаѓа и поради барањата на ДУИ, на една од трите највисоки државни функции - претседател на држава, претседател на влада или претседател на собрание да седне претставник од албанскиот етникум, односно од ДУИ. Оттука и фактот зошто договорот влета среде преговорите околу изборниот законик. Освен потребата да има Албанец на една од трите

19%

е застапеноста на помалите етнички заедници во јавниот сектор, открива Извештајот на Европската комисија во отсуство на официјална бројка од Секретаријатот

11,6

милиони евра „тежи“ новиот буџет на Секретаријатот за 2016 година и е најголем буџет од неговото формирање

1.700

„рамковни“ вработени седат дома, а земаат плата

највисоки функции во државата, ДУИ бара и консензуални одлуки како што се распределба на буџетот, избор на Влада, државни симболи и име, како и подобра застапеност на албанскиот јазик односно истиот да биде прогласен за втор службен јазик во земјава. Во Охридскиот рамковен договор, многу од овие барања на ДУИ не се содржани, па оттука и потребата за негова ревизија велат аналитичарите. Упатените се скептични дека, ако ревизијата се темели само на барањата на ДУИ и/ или евентуално ДПА, и овој пат договорот нема да ги создаде потребните услови за меѓуетничкиот соживот во земјава, односно ќе биде само документ повеќе за исполнување на партиските интереси на партијата од албанскиот етникум која ќе биде на власт, во случајот ДУИ. Дека меѓуетничките односи не се подобрени признава и вицепремиерот задолжен за спроведување на овој договор, кој по разговорите со партиите, рече: „Меѓуетничките односи се на минимално ниво и треба да постои загриженост затоа што во такви ситуации тешко се обезбедува стабилност“, рече Џафери додавајќи дека етничката соработка е кршлива и дека довербата во институциите не е на посакуваното ниво. Токму затоа тој инсистира дека анализата на Рамковниот договор ќе помогне да се види што е постигнато во изминатиот период и да се креираат политики коишто ќе ги подобрат меѓуетничките односи што е еден од предусловите за земјата да се доближи до Европската унија. Дали и оваа анализа ќе се покаже како документ за кој џабе се фрлиле пари, или пак навистина ќе даде конструктивни предлози, останува да се види. Во меѓувреме парадоксите поврзани околу Охридскиот договор остануваат бројни, а волјата околу неговото спроведување е под знак прашалник. nnn


Рок за пРијавување: 26 oктомври 2015

АкАдемијА зА контролинг ноември 2015 година – февруари 2016 година l ниво 1: 5 и 6 ноември 2015 година (четврток и петок) l Институт за бизнис образование КОНЦЕПТ, Скопје

Институт за бизнис образование КОНЦЕПТ во соработка со МЦБ едукација од Белград, по втор пат организира Академија за контролинг која е направена по лиценца на германската Controlling Akademie Munich. Таа e соодветна на нивната “Диплома програма”, која е стандардна за германскиот контролинг. Академијата за контролинг се состои од 5 сесии (тренинзи) по 2 дена:

техникА во контролингот

l ниво 1 – контролинг систем l ниво 2 - контролинг алатки l ниво 3 - контролинг планирање

луѓето во контролингот

l Ниво 4 - Психологија во контролингот и известување l Ниво 5 - Тимска работа, анализа на проблемот и презентација Првото ниво (Контролинг систем) ќе се реализира во периодот од 5-6 ноември 2015 година, во просториите нa Институт КОНЦЕПТ во Скопје.

нАЧин нА рАБотА нА AкАдемијАтА зА контролинг

l Академијата за контролинг е соодветна на Controlling Akademie Munich. Сите материјали се преведени на српски јазик и адаптирани на домашната терминологија и окружување. начинот на работа и методологијата е 100% идентична како и во минхен. l ниво 1, 2 и 3 се занимаваат со техничките алатки на контролингот (управувачко сметководство), додека нивоата од 4 и 5 се занимаваат со луѓето во контролингот. l работа во мали групи, што гарантира висока интерактивност. l Специфика на Академијата е тоа што не постојат PowerPoint слајдови, туку тренерот активно црта и визуелизира. овој метод се покажа како најдобар начин за пренесување на знаењето. l Академијата за контролинг е исклучително практична со што, покрај цртањето, на тренингот ќе имате прилика да видите и многу ефектни контролинг извештаи изработени во Excel (ниво 4 - Психологија во контролингот и известувањето).

ПредАвАЧ: БојАн ШЧеПАновиќ е еден од најискусните професионални тренери во Србија од бласта на менаџмент, финансии и контролинг, со повеќе од 12 годишно искуство како тренер и над 950 одржани тренинзи. Тој има повеќе од 22 години искуство во областа на финансиите, контролингот и менаџментот, работејќки како сметководител, раководител на сметководствено одделение, контролор, менаџер на контролинг, финансиски менаџер и извршен директор. Има развиено 15-20 различни тренинзи од областа на контролингот, финансиите и менаџментот. Претседател е на Клубот на контролинг професионалци во Србија. Од февруари 2002 е Генерален менаџер на MCB – Menadzment Centar Beograd, специјализирана компанија за едукација на менаџери и личен развој.

ControllEr AkAdEMiE MuniCh (CA)

Controller Akademie Munich (CA) е основана 1971 година и е најголемата светска компанија специјализирана за обуки за контролинг. CA има повеќе од 50 различни тренинзи за контролинг, а најпозната е по “Диплома програмата“ од 5 нивоа. На CA обуките поминаа повеќе од 50.000 контролери и CA е синоним за “Контролинг на германски начин”. “Диплома програмата” е општ прифатен стандард за контролери во германските компании. http://www. controllerakademie.de

зА кого е нАменетА АкАдемијАтА:

Академијата е наменета за сите професионалци во контролингот и финансиите: контролерите, шефовите за контролинг, план и анализа, репортинг, економика, перформанс менаџмент, известување, аналитика, буџетирање, sales controlling, CAPEX controlling, фабрички контролери, IT controlling, business inteligence аналитичари, претпријатија кои го имаат имплементирано SAP стандардот и сл.

ниво 1 - контролинг СиСтем

l контролинг системот u Поставување на цели,планирање и навигација u Принципи на контролингот u Холистички пристап на контролингот u Утврдување на ROI таргетот u Однос помеѓу менаџерите и контролерите l управувачко сметководство u Контролерска коцка на трошоци u Full costing (DM, DL, MOH) или marginal costing (VT, FT). u Планирање на трошоците за кост центрите u Цена на чинење (product costing) u Contribution 1 i contribucioni P&L l донесување на одлуки во контролингот u Микс на производите u Рабат- колку дополнителни количини се потребни? u Одредување на BEP Break Even Point u Анализа на варијансата l корпоративно планирање u Стратешко, оперативно и реактивно планирање u BCG матрица u Quo vadis матрица u PLC Product Life Cycle u SWOT анализа u Конкурентен профил u Стратешки план за 1 А4 страница l улогата на контролерите u Контролерот како бизнис партнер на менаџерот u Организација на секторот за контролинг Сите учесници ќе добијат работен материјал на српски јазик, диплома за секое завршено ниво, како и финална диплома за успешно завршување на Академијата за контролинг, а која е еднаква на минхенската диплома. Работен јазик е српски.

коНтАкт: м-р Ленче Зикова и м-р ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

46

Интервју

Д пишува

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

XX Деновиве актуелно е донесувањето на новиот закон за сообраќај за кој се појавија извесни шпекулации во јавноста. Што точно граѓаните може да очекуваат од новиот закон? Во рамките на законот предвидени се законски решенија кои треба да донесат поголем ред и дисциплина во сообраќајот, повисоки стандарди во работата на автошколите и испитните центри, и најважно поголема безбедност на ранливите групи учесници во сообраќајот. Како клучни промени во новиот закон само ќе ги споменам намалување на дозволената брзина во населени места од 60 на 50 километри на час, законска обврска за задолжителна употребата на детски седишта, засилени мерки за поголема употребата на опремата за пасива безбедност (сигурносни појаси, кациги) зголемување на казнените мерки за управување на моторно возило под дејство на алкохол и уште многу други мерки. XX Каква е состојбата со човечките жртви од сообраќајни несреќи во Македонија? 2013 година беше најлоша година според бројот на жртви од сообраќајни незгоди или вкупно 198. Веќе 2014 година, благодарение на широката кампања и бројните активности на повеќе надлежни институции имавме пад на бројот на жртви на 130, што е намалување за околу 30 проценти. Тоа е најголем доказ дека мултисекторскиот пристап дефинитивно дава резултати. Оваа година заклучно со месец август имаме 99 жртви што е приближно со нивото и динамиката од минатата година. Сепак, морам да напомен и покрај трендот на намалување на жртви, состојба на патиштата не е задоволувачка. Во просек во Република Македонија околу 160 – 170 лица го губат животот во сообраќајни незгоди годишно, односно над 8 жртви на 100 000 жители. Минатата година тој просек беше 6.5 жртви на 100 000 жители, додека пак просекот на земјите членки на ЕУ е 5 жртви на 100 000 жители. Генерално

Стојче Стаменковски Претседател на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата

Безбедноста во сообраќајот да ја сфатиме како наша лична одговорност

Kомпаниите да го зголемат својот придонес кон подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата со нивно вклучување и подршка во активностите и напорите за намалување на бројот на сообраќајни незгоди е апелот кој преку Капитал го упати Претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Стаменковски до сите компании. Во интервјуто ќе дознаете нешто повеќе за новиот закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, за Втората националната стратегија за безбедност и за тоа каква е состојбата со човечки жртви од сообраќајни незгоди во нашата земја и на кој начин ќе се намалат тие.

АПЕЛ: компаниите да покажат поголема опште


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

47 треба да го намалуваме просекот по 8% секоја година, за да ја достигнеме бројката помалку од 100 загинати лица до 2020 што всушност е европскиот просек гледан низ македонска призма. XX Собранието на РМ на 31 декември ја усвои Втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015-2020. Што таа вклучува и што може да очекуваме на краток и долг рок од неа? Главните цели на стратешкиот документ се детерминирани до 2020 година, а тие се: намалување на бројот на жртви во сообраќајните незгоди до просекот на бројот на жртви во државите од ЕУ; намалување на бројот на жртви-млади возачи за 30%; намалување бројот на сериозно повредени за 40 проценти и секако намалување на бројот на деца жртви во сообраќајни несреќи на апсолутна 0.. Ранливите категории учесници во сообраќајот имаат сериозно место во оваа стратегија и слободно можат да кажам дека во престојниот период многу ќе работи на нивна заштита, Во стратегијата точно се утврдени активностите кои што ние како Републички совет треба да ги преземеме во наредниот период, но и активностите кои и другите надлежни институции треба да ги преземат во координација со нас. XX Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот постојано е присутен во јавноста со нови и нови активности. Кажете ни нешто повеќе за тоа што работите во моментов и кои активности ги реализиравте во изминатиот период? Во изминатиот период реализиравме низа активности кои се насочени кон подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Посебно ќе ја истакнам кампањата за заштита на ранливите категории учесници во сообраќајот која ја реализиравме во периодот април – мај, а веднаш потоа во месец јуни започнавме широка и значајна летна кампања 2015, каде што целна група беа младите и алкохолот. Во текот на месец април и мај исто така беа реализирани и едни од најмасовните сообраќајно едукативни акции насочени кон најмладата популација од училиштата како “Детски семафор” и “Сообраќајно техничка култура кај младите” кои имаа за цел едукација на децата и младите во градење на едно повисоко ниво на култура и етика во сообраќајот. Еден од вашите најнови проекти кои излегува од самата национална стратегија е подигнување на општествената одговорност кај компаниите во однос на безбедноста во сообраќајот. Што тоа точно подразбира тоа дали се започнати некакви активности? Целта на овој сегмент е да ги поттикнеме сопствениците на приватни компании и државните институции потрезвено и

посвесно да размислуваат за безбедноста во сообраќајот заради фактот што тоа е тема која што не засега сите. Во оваа прилика би сакале да ги повикам сите општествено одговорни компании да вложуваат во безбедноста во сообраќајот, а Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата е подготвен да даде подршка и е отворен за соработка и реализација на заеднички иницијативи и активности во оваа насока. Како интересна активноста која ќе се реализира во наредниот период од страна на РСБСП во соработка со компании од приватниот сектор е обележување на 100 најопасни пешачки премини во државата. Исто така, во комуникација сме со мобилните оператори кои преку СМС пораки треба да ги потсетат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи . XX Кога е во прашање безбедноста во сообраќајот како е поделена одговорноста? РСБСП во изминатиот период постојано апелира дека клучот за побезбеден сообраќај лежи во индивидуалниот придонес кој секој од нас секојдневно го дава на улиците и сообраќајните. Со други зборови секој од нас уште утре треба да застане на пешачки премин, да стави појас за себе, но и за своите деца, да не употребува мобилен телефон при управување со своето моторно возило, да вози согласно правилата и прописи на патот ... Освен индивидуална има и институционална одговорност, тука пред се мислам на Министерството за транспорт и врски, Министерството за внатрешни работи, локалната самоуправа. Тие и понатау ќе продолжат да преземаат низа мерки на унапредување на оваа сфера секако согласно своите надлежности. Само така ќе изградиме побезбедни сообраќајници на кои ќе има многу помалку жртви. XX Го споменавте и делот на материјална штета од сообраќајните незгоди. На што конкретно мислевте и колкава е таа навистина? Сообраќајните незгоди често се гледаат низ призмата на хуманоста, но треба да се знае и дека економската компонента е силно изразена, односно сообраќајните незгоди се причина за големи материјални штети. Од една страна губиме работно способно население поради што потоа имаме социјални последици, а исто така голем е и бројот на лица кои што остануваат со траен инвалидитет. На европско ниво е пресметано дека еден загубен човечки живот општеството го чини милиони евра. Значи не се гледа само за директните загуби од сообраќајната несреќа туку и придонесот кој човекот нема да го даде за сопствената економија доколку остане жив во наредните педесет години. Во него вложувала државата, фирмата, семејството и сега кога тој треба да го врати тоа, тој загинува, не остава пород,

и сето тоа негативно се квантифицира. Ова е уште еден мотив повеќе да се залагаме за што подрастично намалување на бројката на сообраќајни незгоди и жртви од сообраќајни незгоди. XX Дали имате соодветна помош и поддршка и од останатите институции? На наше големо задоволство прашањето за безбедност на сообраќајот на патиштата како во минатата така и во оваа година е на високо ниво на агендата на Владата на Република Македонија. За прв пат до сега, Владата ја иницираше големата кампања „Почитувај ги правилата Почитувај го животот”. За поздравување е тоа што кампањата ја промовираше лично Премиерот Никола Груевски и убав чекор е што се подигнува безбедноста на сообраќајот на толку високо ниво. Изградбата и реализацијата на бројни инфраструктурни проекти, исто така само по себе носи поголема безбедност во сообраќајот .Покрај директната соработка со Владата , РСБСП има интензивна соработка и со сите останати надлежни институции кои на било кој начин се поврзани со безбедноста на сообраќајот на патиштата. XX Што може да очекуваме од Советот во наредниот период? На мое големо задоволство на последната седница РСБСП донесени се значајни одлуки за унапредување на сообраќајната едукација и тоа преку опремување училишни кабинети по сообраќај за потребите на основните училишта и изработка на табли со сообраќајни знаци за потребите на образовниот процес. Во овој момент РСБСП иницира постапка за вклопување на сообраќајното образование во редовниот образовен процес. На среден рок во фокусот ќе биде зајакнување на капацитети на локалните совети и локалната самоуправа, унапредување на постојните сообраќајни решенија, подобрување на системот на делување во случај на сообраќајни несреќи, континуирана едукација за сите учесници во сообраќајот, унапредување на регулативата, голем број истражувања и анализи и уште многу други активности. До крајот на годината РСБСП ќе организира неколку стручни собири за запознавање на јавноста со одредбите од новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, потоа ќе биде организира тркалезна маса за улогата на локалната самоуправа во процесот на унапредување на безбедноста на сообраќајот. Главна мисија на РСБСП на долг рок е на секоја сообраќајна незгода да се гледа како на системски неуспех на целото општество. Како врвен идеал може да се смета кога сите од своето патување ќе се вратат кај своите најблиски живи и здрави. Ова може да биде амбициозен сон кој што никогаш нема да се оствари целосно, но ние секако ќе се бориме да живееме во земја во која ќе има нула жртви од сообраќајни несреќи. nnn

ествена одговорност во поглед на сообраќајот


ПРОМОЦИЈА НА

THINKCENTRE EDGE 73

СО ДЕДИЦИРАНА NVIDIA QUADRO K620 2GB DDR3!!!

ThinkCentre Edge 73 Tower Intel® Core™ i7-4770S Processor ( 8M Cache, up to 3.90 GHz ) 4GB DDR3 500GB HDD DVD_RW Keyboard + Mouse Lenovo NVIDIA Quadro K620 2GB DDR3

цена:

44.690 денари со ДДВ

* во цената не е вклучен мониторот

INet

Services

ИНЕТ - АВТОРИЗИРАН ЛЕНОВО СЕРВИС e-mail: services@inet.com.mk

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ: A: Атинска 12 - Скопје E: sales@inet.com.mk W: www.inet.com.mk T: 02/ 3090.625


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

Балкан Бизнис и политика

49

Uber - или колку светот е зРел за новата "шеРинг" економија

пРотести пРотив дигиталниот таксист. ја наРушувал конкуРенцијата !?

една од опциите за решавање на случајот Uber може да биде победа на традиционалниот над новиот бизнис модел - над „шеринг“ економијата. а може да се случи и обратното, при што и во овој случај може да биде направена штета ако бизнисите како тој на Uber не бидат принудени на одредени регулаторни и даночни обврски, односно ако државите покажат дека не можат да обезбедат рамноправност на сите учесници. значи, најважното прашање е умеат ли државите да донесат решение што од една страна нема да ги запре новите бизнис модели, а од друга ќе гарантира подеднакви услови за сите компании кои работат на ист пазар?

Uber: Регулацијата во некои дРжави е застаРена


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

50

Балкан Бизнис и политика

з

Зад Uber, компанијата чија апликација може од секое приватно возило да направи такси, стои тежок период. А сè поактивни се истрагите против компанијата на Тревис Каланик во Европа од страна на регулаторите, а по барање на претставниците на традиционалниот (такси) бизнис. Неодамна во канцелариите на Uber во Амстердам имаше полициски претрес, а во Франција двајца од топ менаџерите на компанијата беа и на суд. Во регионот, во соседна Бугарија,

Протести против Uber имаше во Германија, во Шпанија, во Англија, а последни интензивни беа во Белгија. Критиките се дека американската компанија не плаќа данок во државите каде што работи, и не се сообразува со законската регулација

Врховниот административен суд ја потврди забраната на Комисијата за заштита на конкуренцијата со која на Uber му е оневозможено да работи на софиските улици. Но, познавачите на пригодите сметаат дека е прерано традиционалните таксисти да ги тријат рацете по оваа прва победа против Uber. Како и да е, бугарската антимонополска комисија оцени дека Uber е нелојална конкуренција и во јули ја казни компанијата со 100 илјади евра (200 илјади левови). Жалбата на Uber, како што кажавме погоре, не помина на Врховниот суд. „Врховниот административен суд оцени дека со утврденото од Комисијата за заштита на конкуренцијата е засегнат општествениот интерес, а имено - одржувањето на фер трговската практика во врска со барањата за вршење превоз на патници, што е непосредно поврзано со безбедноста на животот и на здравјето на граѓаните преку безопасен транспорт. Според судот нема пречки санкционираните од страна на Комисијата компании да ги реализираат планираните инвестиции во државата, но ако се во согласност со националното законодавство“, се вели во конечната

одлука на судот. Од Uber индиректно, преку надворешна агенција за односи со јавноста, одговорија дека судот сè уште не се произнел околу нивната жалба против решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата, и повторија дека „да се има повеќе избор (во такси превозот, н.з.) е од огромна корист за општеството во целина“. Во практика одлуката на судот не промени ништо - возилата во служба на Uber и понатаму се на услуга на клиентите во главниот град на Бугарија. На Комисијата, како што нејзини претставници објаснија за тамошниот печат, и останува можноста да направи нов случај и да го казни Uber уште еднаш со споменатата највисока казна за нелојална конкуренција (100 илјади евра), но, после тоа ова тело не би имало овластување за понатамошна борба (ако компанијата продолжи да работи под истите услови). Најпозната услуга на Uber е споделено патување која од традиционалната такси услуга се разликува само по тоа што комуникацијата меѓу возачот и клиентот се случува преку апликација. Затоа Uber се декларира како платформа за поврзување, а на такси превозник, со што ги избегнува регулациите

суд: Uber мора да се прилагоди на законот



www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

52

Балкан Бизнис и политика

за такси бизнисот и даноците.

само дигитална платформа или и превозник?

Како и секаде каде Uber се појавува на пазарот, и во Бугарија нападите врз компанијата од страна на традиционалната такси заедница почнаа веднаш по стартувањето на апликацијата (на Uber) во земјата. Во мај еден од најголемите софиски превозници ја обвини технолошката компанија за нелојална конкуренција. „Uber е школски пример за нелојална конкуренција. Врши такси дејност спротивно на законите на државата. Ако продолжат така, и ако за нив нема регулација како за сите останати, тоа не може да се нарече поинаку освен нелојална конкуренција“, изјави управител на една од најголемите компании за превоз во Софија. А критиките за Uber се дека компанијата регистрирана во Холандија не плаќа данок за дејноста во Бугарија. Таксистите реагираат и дека Uber овозможува такси услуга без да се сообрази со регулаторните одредби содржани во законите. Истите обвинувања против Uber се појавуваат во европските и во други држави од светот. И додека првото обвинување, за даноците, е издржано (Uber не издава сметки/фактури на клиентите - ја користи неактивноста по прашањето на бугарската Управа за приходи), второто го поставува прашањето дали не треба законите и регулациите да се менуваат така што ќе ги следат, ќе се адаптираат на условите што ги диктираат постојаните промени благодарение на новите технологии. Случајот, пак, со Uber во Париз, e показетелен и привлекува меѓународно внимание со месеци. Прво дејноста на компанија беше прогласена за незаконска, но таа поднесе жалба и продолжи со работа додека чекаше судски одговор. Но, на почетокот на летото париските улици се наполнија со стотици, некаде и илјадници такси возила чии возачи протестираа. Околностите го натераа Uber да ги повлече своите возила во името на спокојот на градот. Во исто време двајца од високо позиционираните менаџери на компанијата се соочија со обвиненија по кои деновиве

Протести против Uber имаше во Германија, во Шпанија, во Англија, а последни интензивни беа во Белгија. Критиките се дека американската компанија не плаќа данок во државите каде што работи, и не се сообразува со законската регулација

се појавија на суд, и добија одложување од пет месеци. Протести чиј повод беше Uber имаше и во Германија, во Шпанија и во Англија, а моментално најинтензивни се во Белгија. Во Германија откако судот ги забрани услугите на Uber, компанијата се прилагоди така што при повикот преку нејзината апликација стигнува возило од традиционалните таксисти, односно Uber работи партнерски со нив играјќи улога на нов дистрибуциски канал. Една од опциите за решавање на случаите поврзани со Uber може да биде победа на традиционалниот над новиот бизнис модел - над „шеринг“ економијата. А може да се случи и обратното, при што и во овој случај може да биде направена штета ако бизнисите како тој на Uber не бидат принудени на прилагодувања, и ако државите покажат дека не можат

да обезбедат рамноправност на сите учесници. Значи најважното прашање е умеат ли државите да донесат решение што од една страна нема да ги запре новите бизнис модели, а од друга ќе гарантира подеднакви услови за сите компании кои работат на ист пазар? За конечна одлука за Uber во ЕУ ќе се чека 2016 година, кога судот на Унијата во Луксембург ќе пресече дали се работи за транспортна или за дигитална услуга со сè што тоа ќе значи за компанијата и за нејзината традиционална конкуренција. Од Uber тврдат дека се дигитална платформа која само ги поврзува возачите (кои сакаат да работат со Uber) со клиентите. Ако услугата биде прогласена за транспортна, таа секако ќе подлежи на построги правила за лиценцирање, за осугурување и за безбедност. nnn

Uber: ние сме само врска меѓу возачот и патникот



www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

54

Свет бизнис и политика

Кризата во Сирија во критична фаза

За кого паѓаат бомбите?

Начинот на кој Вашингтон бил информиран за интервенцијата на Москва, само еден час пред да почнат авионските напади, ја крева кризата во Сирија на уште едно ниво погоре. Од гледна точка на засегнатите страни од Иран и Саудиска Арабија до Израел, тоа е промена на правилата на војната. И на крај, Путин отвора помеѓу сонародниците недозарастена рана од советскиот авганистански синдром кој резултираше со самиот распад на СССР.

ОЧЕКУВАЊЕ: РУСИЈА САМО МУ КУПУВА ВРЕМЕ НА С


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

55

Вмешувањето на Русија како страна во воениот конфликт во Сирија дополнително ја комплицира и онака повеќе од сложената ситуација во земјата

С

Се започна со едно чукање на вратата на амбасадата на САД во Багдад на 30 септември оваа година. Пред вратата стоел генерал од руското дипломатско претставништво, кој што итно сакал да се сретне со военото аташе на САД. Неговата

порака била кратка и јасна: "после еден час започнуваме со бомбардирање во Сирија, затоа расчистете го небото веднаш". Очигледно времето е недоволно за усогласување со Пентагон, а растојанието - мало за авионите на двете сили, кои што немаат системи за распознавање на руските или американските авиони како „пријателски“. Сепак и покрај сите предупредувања 60 минути подоцна руската воена авијација веќе почнала да ги нанесува ударите, пишува бугарскиот весник Капитал. Тоа според американските експерти бил скандалозен начин на кој Вашингтон бил информиран за интервенцијата на Москва која што ја качува кризата во Сирија на уште едно ниво погоре. Руските бомбардирања како прво внесуваат нов учесник во и онака комплицираниот конфликтот. Од гледна точка на засегнатите страни од Иран и Саудиска Арабија до Израел,

тоа е промена на правилата на војната. Уште повеќе што Москва се осојузува со шиитскиот лагер заедно со Иран, Ирак и либанските милиција на "Хезболах". На второ место доаѓа изненадувањето на САД, чии што војски не се строеле во ред заедно со руските од крајот на ХIX век. И трето, руската интервенција ја засега и Европската Унија која е преплавена од бегалци, кои доаѓаат пред се од земји како Авганистан, Ирак и Сирија. Сега Европа треба да одлучи дали и како да преговора со Русија за ново настанатата ситуација, со која што е во студен конфликт од анексирањето на Крим пред две години. Така додека ударите на руската авијација врз противниците на претседателот Башар ал Асад ескалират, западните аналитичари се прашуваат какви се целите на претседателот Владимир Путин и дали намерата му е да помогне на режимот во Дамаск да си ги врати териториите,

НА АСАД СО ВОЕНАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО СИРИЈА


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

56

Свет бизнис и политика

преземени од опозициските сили? И н а кр а ј, Пу т и н от в о р а п оме ѓ у сонародниците недозарастена рана од советскиот авганистански синдром кој резултираше со самиот распад на СССР. "Сирија ќе се претвори во новиот Авганистан", изјави неколку недели претходно рускиот политиколог Олег Пономар во интервју за Newsader. Засега сите се надеваат дека Пономар греши, бидејќи деветте години "братска помош" за Авганистан вратија во Советскиот сојуз 14.000 војници во оловни ковчези, ја поведоа државата кон распад и допринесоа за раѓањето на "Ал Каеда".

Што порано тоа подобро

На прв поглед има многу сличности помеѓу Авганистан во 1979 година и Сирија денес. Како тогаш, така и сега Москва испраќа војски по молба на владата, која што тоа го смета за легитимно. Со тоа формално не ги нарушува меѓународните договори. Не случајно Кремљ не остави, а да не потенцира дека за разлика од воената меѓународна коалиција предводена од САД, која што извршува воздушни удари во Сирија и Ирак според правилото на превентивен удар, Русија има легитимна основа за својата намера. Затоа во моментов таа има распоредено 34 воени авиони во Сирија од кои 12 бомбардери Су-24М и Су-25СМ, шест ловцибомбардери Су-34 и четири повеќецевни ловци Су-30СМ, тврди"Комерсант". Освен тоа русите имат 16 хеликоптера, девет тенка, најмалку две против воздушни системи и база за најмалку 2000 луѓе, сметаат разузнавачките служби во САД. Авионите требаше да започнат отстрел над исламските фундаменталисти и паралелите со Авганистан засега свршуваат дотука. Прво, за тоа што Путин изјави категорично, дека руските копнени единици нема да влезат во Сирија. И второ, бидејќи првите

руски бомби наместо "Исламската држава во Ирак и Сирија" (ИСИС) ја погодија милицијата, за која што Вашингтон тврди, дека е обучени и вооружени од Сириската опозиција. Уште пред крајот на првиот ден бомбардирање министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија од Њујорк ја повика Москва да престане со самостојните дејства. На третиот ден во заеднички соопштение САД, Велика Британија, Турција и другите членови на меѓународната коалиција против ИСИС истакнаа, дека руските дејствија "само разгоруваат повеќе екстремизам". Москва на тоа возврати, дека нема грешка во изборот на целите и дека тие се избрани во координација со режимот во Дамаск, а Русија дополнително планира да ја рашири кампањата врз "терористичките групи", што значи дека ударите може да продолжат од три до четири месеца. „Всушност тука не станува збор за споредување на Авганистан со Сирија“ пишува во коментар за Ozy.com Џон Маклафлин, поранешен заменикдиректор на ЦРУ. Јасно е дека, долгите воздушни напади не се ниту ефикасни на долгорочен план, ниту евтини. Доказ за тоа е долгогодишната операција предводената од САД во Ирак и Сирија. Маклафлин во дејствијата на Путин гледа најава за учество во веќе неповратната поделба на Сирија. Дејвид Роткопг од Foreign Policy оди уште подалеку. Според него во насока на слабеење на позицијата на САД во регионот Русија и Иран ќе се заложат за поголемо влијание во урбанизираните региони со добра инфраструктура покрај западната и североисточната границата на Сирија, нормално откако ќе се решат од проблематичната опозициска милиција.

Чија е опозициската армија?

Руските дејствија во Сирија даваат најдобар одговор на ова прашање. И седумте воздушни удари нанесени на 30 септември

се во региони кои што не се под контрола на ИСИС. Командантот на милицијата Таџаму ал Изах кој што дејствува во северниот дел на провинцијата Хама изјави за Ројтерс дека руските авиони ги бомбардирале нивните позиции. Изах потенцира дека напаѓачите биле идентификувани од негов борец поранешен пилот на сириските воено воздушни сили. Хасан Хаџ Али, лидер на милицијата „Сукир аш Шам“ исто така тврди дека руските авиони ги бомбардирале и нивните позиции во северната провинција Идлиб. Неговите луѓе се типичен пример за разногласието помеѓу Вашингтон и Москва во дефиниција за тероризам. "Сукур аш Шам" прво е обучена од агенти на ЦИА во Катар и Саудиска Арабија. После тоа преминува од умерената Слободна сириска армија во редовите на исламскиот фронт "Ахрар аш Шам", во кој што се сврстува и денес. Проблемот е што навистина оние кои Америка ги смета како сојузници Русија ги третира како терористи и така дејствува против нив. И кога Путин тврди, дека се бори против терористите во Сирија, тоа и го има предвид, бидејќи очигледно дефинициите на Москва и на Запад кој е терорист се разминуваат. И Москва секогаш може да го исползува како аргумент фактот, дека од потрошените 500 милиони долари на Пентагон пред година дена излегле едвај 60 борци во Сирија од кои повеќето се заробени или обезвреднети, а голем дел од нивното оружје е подпаднато во рацете на исламската милиција. Токму овие факти се меѓу причините поради кои воената интервенција на Русија нема да го реши ниту проблемот со Асад ниту со ИСИС, смета рускиот набљудувач Глеб Павловски. Според него Москва му купува време на сирискиот претседател и ја променува дипломатската калкулација во конфликтот. nnn

Зошто бензинот не поскапува поради руските удари во Сирија?

Р

уските воздушни удари во Сирија започнати во средата не влијаат на цените на бензините по светските пазари и покрај принципот кој постои помеѓу трговците да ја покачуваат неговата цена при секој помал или поголем вооружен конфликт на Блискиот исток. Напротив во четвртокот Брент нафтата поевтини за близу 2 долари и во петокот се тргуваше за 48 долари за барел. Доминира мислењето на аналитичарите дека поскапување ќе има само ако во воените дејствија се вклучат соседните држави. Основната причина е што Сирија е многу мал производител на бензин од околу 10,9 милиони барели нафта. Таа количина е еквивалент на производството на Русија за само еден ден. „Во Сирија која секако не е голем производител на нафта, работат половина од производните капацитети, а често и воопшто не работат“ коментира Валериј Несторов од Sberbank CIB. Тој за рускиот портал РБК напоменува дека долгорочниот план на Саудиска Арабија и САД за ниски цени на нафтата засега функционира.

сад: РУСИЈА НАПАЃА НАШИ СОЈУЗНИЦИ


Backup Exec 15 Идеално бекап решение за заштита на вашите податоци и вашиот бизнис! Backup Exec ™ 15 претставува моќно, флексибилно и лесно за користење решение за бекапирање и враќање на податоци, кое е дизајнирано за целокупната ваша инфраструктура без оглед на платформата: виртуелна, физичка или cloud. Со Backup Exec, ќе добиете брз и сигурен бекап, враќање на податоци и цели системи на било кое ниво како и напредна интеграција со најновите верзии на Vmware vSphere® и Microsoft® Hyper-V. За само неколку минути, можете да вратите што и да ви треба, влучувајќи виртуелни машини, апликации, бази на податоци, фајлови, фолдери и поединечни апликациски објекти. Заштитете од една до илјадници виртуелни машини и сервери преку една единствена корисничка конзола со што се добиваат оптимални перформанси и ефикасност. Backup Exec заштедува време, пари и помага да се осигурате вашите критични информации да се секогаш заштитени и лесно да можат да бидат вратени, кога и да е тоа потребно.

Зошто е потребно да ги бекапирате податоците? • За да ги повратите податоците или комплетните системи во случај на корисничка грешка, губење или оштетување на податоците, или хардверски проблем. • Бекапот исто така претставува едноставна форма на враќање на податоци во случај на катастрофа (disaster recovery), и треба да биде дел од секој таков план за враќање на податоци во случај на катастрофа.

Зошто да инвестирате во Backup Exec 15? • Постојана видливост и следење на статусот на сите бекап процеси. • Драматично подобрување на перформансите со бекап процеси кои се значително побрзи во однос на претходните Backup Exec верзии. • Можност за враќање на податоци од било кој уред на било кој друг уред. • Обемна експертиза од страна на сертифицирани професионалци со просек од над 5 години работно искуство. • Глобална расположливост на 3.000 професионалци за поддршка во 26 центри. • Брза реакција и решавање на проблеми online или по телефон. • Намалување на времето на застој и прекин во работата со помош на вградените начини на враќање на податоци и цели системи: “bare-metal”, конверзија од физички во виртуелни (P2V) и виртуелни во физички (V2P) машини.

Кои проблеми ги решава и кои се главните придобивки од имплементацијата на Backup Exec 15? • Претставува единствено решение за виртуелни, физички и cloud околини. • Го поедноставува бекапот на податоците и ги намалува трошоците и комплексноста поврзани со користење на повеќе решенија за бекап. • Брзите snapshot- ови на виртуелните машини овозможени преку неговата длабока интеграција со Microsoft® Volume Shadow Copy Service (VSS) и VMware vStorage™ APIs for Data Protection (VADP) ја минимизира оптовареноста на процесорот, меморијата и I/O перформансите на виртуелениот хост. • Со помош на интегрираната глобална дедупликација и следење на променатата на блоковите на податоци, заштитува повеќе податоци истовремено минимизирајќи го просторот на дискот потребен за складирање на бекапираните фајлови. • Бекапира буквално на секој уред за складирање на податоци, вклучувајќи диск, лента и cloud. • Брзo, ефикасно и разновидно враќање на виртуелни машини, сервери, апликации, бази на податоци, фајлови / фолдери и поединечни објекти за само неколку секунди.

Заинтересирани сте? На нашиот тим ќе му биде задоволство подетално да ви го претстави ова решение. Слободно контактирајте не за било какво прашање, консултации, или доколку сакате да закажете состанок или презентација. email: sales@smartsolutions.com.mk тел. (02) 27 77 383, 27 77 244 Smart Solutions- Скопје, Македонија www.smartsolutions.com.mk

Повеќе информации за решението: http://www.symantec.com/backup-exec


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

58

CEO PrOfilE

КарсТен Шпор диреКТор НА ЛуфТхАНзА

добар пилоТ за лоШи вреМиња

Т

Тоа е најголемата катастрофа која ја има погодено Луфтханза во нејзината повеќе децениска воздухопловна историја и една од најтешките несреќи кои се случиле на француско тло. На 24-ти март, копилотот на Германвингс, Андреас Лубитц, намерно го урна авионот со 150 патници, во планинскиот венец на Алпите. Неколку

денови по трагедијата, медиумите дадоа детали за животот на ко-пилотот, укажувајќи дека авиокомпанијата имала можност да ја спречи катастрофата. Во една таква ситуација, неизбежно е во центарот на вниманието да биде лидерот на компанијата. Во овој случај, тоа се однесува на Карстен Шпор, извршен директор на Луфтханза, фирма-мајка на Германвингс. Шпор кој е пилот, беше на функцијата само 10 месеци кога ербасот А320 се урна на својот лет од Барселона за дизелдорф.

пилот-ветеран

По стекнувањето со диплома за индустриски инженеринг, Шпор добива лиценца за комерцијални летови од Луфтханза. Помеѓу 1995 и 1998 работи како личен асистент на извршниот директор, а по низата унапредувања во текот на кариерата, станува претседател на извршниот одбор во мај 2014. „Како човек кој е израснат во Луфтханза,

назначувањето за нов извршен директор го гледам како чест и обврска. заедно ќе се соочиме со сите предизвици, со желба за промени и подготвени да ја испорачаме нашата стратегија како би ја направиле компанијата подготвена за периодот кој претстои“, изјави Шпор за време на официјалното претставување како нов извршен директор на компанијата. и покрај работењето во повеќе области во рамките на Луфтханза, Шпор се стекнува со лиценца за летање на авионите од типот ербас А320. Според воздухопловните експерти, поради неговото портфолио тој може да стекне голема почит не само од колегите, туку и од ривалите од оваа област.

промени во компанијата

и покрај огромното знаење кое Шпор го поседува во областа на пилотирањето, се чини дека тој не се согласува со дел од тимот на Луфтханза. Како одговор на кризата која

Мисија: КаКо да се зголеМи профиТоТ во усло


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

59 Кога минатата година застана на чело на германскиот авио-гигант луфтханза, Карстен Шпор се соочи со голем предизвик - да ја извади компанијата од проблемите зачинети со пилотските штрајкови. со падот на авионот на фирмата-ќерка германвингс во кој загинаа 150 патници и членовите на екипажот во март годинава, за Шпор и германската авиокомпанија претстои далеку потурбулентен период. ја наследи од својот претходник, Кристоф Франц, тој имплементира низа различности во обид на компанијата да и даде една нова насока со цел да се натпреварува со останатите европски ривали. Обидот да го зголеми бројот на нискобуџетни летови, односно да го сопре падот на цените на авионските карти, се соочи со голема препрека: штрајкот на пилотите. Историски гледано, пилотите на Луфтханза се пензионират на 55 годишна возраст, а примаат 60% од месечната плата во престојната деценија, по што одат во пензија. Шпор се обиде да ги повлече овие придобивки преку вработување на нови регрути и зголемување на старосната граница, што доведе до остра реакција од пилотите и низа штрајкови кои предизвика загуба од 200 милиони евра на компанијата. Унијата на пилоти „Cockpit“ се одлучи да го стави во мирување штрајкот, неколку дена пред падот на авионот со број 9525. Тоа предизвика Луфтханза да откаже стотици летови на долги дестинации, што влијаеше на нешто повеќе од 20 000 патници. „За среќа имаме многу лојални клиенти, но ако ова продолжи на подолг рок и доколку не сме во можност да понудиме сигурност која ни е потребна, тоа би можело да преставува проблем за нашите клиенти“, рече Шпор. Како што изјавија од компанијата во тоа време, довербата кај клиентите започа да опаѓа како резултат на штрајковите и зголемената несигурност поради несреќата со Германвингс. Со оглед на тоа што и другите европски авиокомпании нудат значително поевтини цени, можноста за загуби е на високо ниво. Ако се земе предвид дека пред несреќата, профитот на компаниајта се наоѓаше во критичен момент, сега нејзината репутација се

бројКи

1953

формирана

14,9

милијарди евра приход во 2014

118,973 вработени

732

милиони евра загуба во 2014

Обидот да го зголеми бројот на нискобуџетни летови, односно да го сопре падот на цените на авионските карти, се соочи со голема препрека: штрајкот на пилотите Шпор кој е пилот, беше на функцијата само 10 месеци кога Ербасот А320 се урна на својот лет од Барселона за Дизелдорф.

соочува со неуспех.

Контрола на кризата

Во случај на катастрофа, од суштинско значење за повисокиот менаџмент е во краток период да покаже лидерски вештини, со цел компанијата да се отргне од патот на самоуништување. Според една студија од 1996 направена од Рори Најт и Дебора Прити, се претпоставува дека авионските катастрофи секогаш предизвикуваат негативен ефект, односно пад на вредноста на акциите на компаниите за 8%. „Тоа обично трае околу 50 работни денови по катастрофата, за компанијата да може целосно да се опорави, додека некои компании не заздравуваат потполно. На пример, во 1996 авинот на ValuJet Airlines кој се урна во 1996 при што загинаа 110 луѓе, ја чинеше авиокомпанијата загуба од 35% од нејзината капитална вредност“, вели Вејн Хероп, директор на Центарот за управување со катастрофи при Универзитет во Конвентри. Шпор одговорно се справи со оваа трагедија, одржувајќи голем број на прес-конференции и посетувајќи низа

мемориали. Додека застана во одбрана на својот стан, тој говореше за потребата за поддршка на семејствата на жртвите колку што е можно. „Ова е трагичен настан. Но ние сме горди на квалитетот кои го поседуваат нашите пилоти.“, изјави Шпор за Дојче Веле. Клучните вредности и емоционалната интелигенција мораат да бидат приоритет, со цел да се задржи или врати довербата во очите на клиентите. Да се биде прв во обелоденувањето на дополнителните лоши вести, на еден начин претставува да се покаже транспарентност и општествена свест. „Знаејќи го она што јавно се појави во врска со менталната состојба на ко-пилотот, оваа афирмација може да се види како неоправдана доверба со што се нарушува кредибилитетот на сите идни барања на компанијата, ризикувајќи ја довербата која Луфтханза ја ужива“, вели Хероп. Шпор може да го врати угледот на компанијата и да направи дека тоа е една од најбезбедните авиокомпании во светот, преку учење на лекции од трагичната несреќа. nnn

ови на опоравување од трагична несреќа


Капитал број 832 09.10.2015

60

ЧовеЧки ресурси

врАботените можАт дА бидАт и продуктивни и среќни

зошто шведскА се одлуЧи зА 6 ЧАсовно рАботно време?

бидете повеќе фокусирани, имајте помалку состаноци- и одете потоа дома порано. звучи како сон, но навистина може да функционира.

www.kapital.mk

O

Осумчасовното работно време се нема променето многу откако Хенри Форд по прв пат експериментираше со него во фабриката. Денес, американците работат нешто подолго, во просек 8.7 часа, иако повеќе од времето го трошат на мејлови, состаноци и Фејсбук, а потоа на она што се официјално работно задачи. Време е да се размисли колку часови е потребно да минуваме во канцеларија? Во Шведска, шестчасовното работно време станува вообичаено. „Сметам дека осумчасовно работно време не е ефикасност како што се смета дека е“, вели Линус Фелдт, извршен директор во Филимундус во Стокхолм. „За да останете фокусирани на една специфична работна задача осум часа е огромен предизвик... Со цел да се справиме со тоа, ние ги мешаме работите и паузите за да ги направиме работните часови поиздржливи. Во исто време, имаме потешкотии да го менаџираме нашиот приватен живот. Сакаме да поминеме повеќе време со семејството, сакаме да учиме нови работи или да вежбаме почесто. Па одлучив да видам дали постојат начини да се промени ова“. Филимундус одлучи да воведе шестчасовно работно време минатата година и оттаму велат дека оваа промена не направи голема разлика во начинот како луѓето работат. Претпоставените во компанијата само замолија вработените помалку време да поминуваат на социјалните мрежи и на лични прашања, како и да елиминираат некои од неделните состаноци. „Мојата импресија сега е дека многу

АнАлизА: луѓето не се ефективни 100% сите 8 ЧАсА нА рАботА


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

61 полесно се фокусираат на работата што треба да се направи, имаа тповеќе кондиција да го направат тоа и истовремено имаат и енергија кој им останува за слободни активности после работа“, вели Фелдт. Но оваа компанија не е единствена. Брат, друга стар- ап компанија од секторот на технологијата, го направи овој чекор три години претходно. За нив, една од најголемите придобивки е дека тоа им помага да ангажираат и да задржат повеќе вработени: „Ние сметаме дека кога ќе се навикнете да имате време за семејството, да ги земете вашите деца од градинка или училиште, да поминете повеќе време на тренинг или едноставно да имате време за да готвите дома, вие не би сакале да го изгубите тоа. Ние веруваме дека тоа се добри причини вработените да останат со нас. Ние едноставно се грижиме за нашите вработени“, вели извршниот директор на оваа компанија, Мариа Брат. Ова правило почнува да се применува и во јавниот сектор. Пос ледните експерименти направени со медицинскиот персонал во домовите за гржиа на стари лица покажува дека ваквиот случај чини повеќе пари но истовремено пациентите добиваат многу подобра грижа оти медицинскиот персонал не е преморен. Засега овој експеримент е само привремен, и можеби нема да прерасне во официјална одлука. Во 1990-тите некои други јавни инстит уции во Шведска го тестираа работното време од шест часа, но се вратија назад на осумчасовно оти се покажа дека шестчасовното работење подразбираше повеќе трошоци. Но внесувањето на оваа политика во приватните компании се очекува да се направи многу побрзо.

Луѓето попрво би одбрале повеќе слободно време отколку поголема плата!

Во Филимундус, засега нема недостатоци од ваквата промена, а компанијата успева да ја обезбеди истата количина на продуктивност секој ден. „Секако, имало периоди кога нешто ни било потребно во дадениот момент, а личноста не е во можност да ни го обезбеди тоа оти замина дома, но тоа исто така може да се случи во работна околина во која се работи осум часа“, рече Фелдт. „Не ко и с ме та ат д е ка о в а ги зголемува трошоците за компанија, но тоа е основано на конвенционалното размислување дека луѓето се ефективни 100% сите осум часа додека се на

работа“. Меѓутоа, секој кој работи сега во нашата компанија има повеќе енергија. „Најдобриот бенефит кој не го предвидев од оваа одлука е зголеменото ниво на енергија што го имаме со моите колеги“, вели тој. „Тие се среќни кога заминуваат дома и се среќни кога утре дента повторно доаѓаат на работа. Тие не се истоштени или изморени. Ова ни помогна сите да работиме подобро заедно, имаме се помалку конфликти и расправии. Луѓето се посреќни“. Тој смета дека тоа е многу важно за успехот

на неговата компанија. „Сметам дека ние денес многу повеќе го цениме времето отколку парите. Апсолутно сум сигурен дека се повеќе луѓето ќе изберат повеќе слободно време отколку повисока плата. Тоа што го сменивме времетраењето на работното време покажа дека ние инвестираме во нашите вработени. Ние веруваме дека среќни вработени се апсолутно топ приоритет за успех на компанијата. Ако вашите вработени се среќни, тогаш и компанијата е среќна“ nnn


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

62

ЧовеЧки ресурси ценета. Затоа, сега на оние работници кои ја напуштаат компанијата им се нуди адекватен надомест, јавно се истакнуваат нивните успеси, па дури и им се приредуваат забави за испраќање. Со тоа кај вработените се создава лојалност кон компанијата, како и чувство за припадност кон една посебна заедница. Резултат – намален стрес и поголеми работни ефекти.

ниво на 3. Зголеменото информираност ја зголемува и довербата

Лидерите мотивираат и со помош на харизма и елоквентност, но довербата се стекнува со акција. Синџирот на продавници за еколошка храна “Холфудс” го научи тоа кога овозможи сите вработени во компанијата да ја знаат висината на туѓите плати. Таквата одлука доведе до тоа работниците да бидат помалку недоверливи кон “претпоставените”, што ја зголемува довербата помеѓу вработените во компанијата. Тоа создава поволна клима за работа, лишена од причини за конфликти и негативни чувства.

повеќе контакти меѓу различните 4. Што организациски сегменти

6 наЧини како да ги МоТивираТе врабоТениТе

Менаџерот треба да реагира уште при првите сигнали за намалена мотивација кај вработените. Тактиките за одржување на високо ниво на мотивираност вклучуваат директна комуникација, размена на информации, како и давање до знаење дека вработените се ценат како личности, а не само како извршители.

Е1.

кспертите од “Форд мотор компани” на лидерите им нудат шест тактики за “борба” со ниската мотивација кај вработените:

бидете добар слушател

Една од вештините што глобалната транспортна фирма “Федерал експрес” ги бара од потенцијалните лидери е “индивидуално обраќање”. Ова се однесува на способноста на лидерот да посвети внимание на секој вработен, така што тие нема да се чувствуваат генерализирани. Најдобрите лидери активно го слушаат секој вработен – и реагираат на чуеното. Добрите менаџери знаат дека вработените може да го изразуваат своето незадоволство и на прикриени начини. Дури и преку молчење. Членот на тимот може да го изрази своето

несогласување преку одбегнување на одредени теми за разговор. Затоа, водете сметка вработените да ве знаат како некој кој секогаш води сметка за нивните идеи и чувства.

побарајте ги причините 2. за незадоволството Недостигот на мотивација е “заразен”.

Начинот на кој претпријатието се справува со проблемите, може во голема мерка да влијае врз перформансите на вработените. “Њузеланд пост” имал брза процедура за отпуштање на вишокот вработени. Едноставно им ја покажувале вратата. Но, таквото однесување демонстрира непочитување на вложениот труд на вработените, што е сигнал за другите работници дека нивната работа не е многу

Компанијата “Дупонт” има успешна програма за обука на вработените. Програмите за развој на работниците се особено важни за компанија со таква големина – “Дупонт” вреди 26 милијарди долари, а вработува 94.000 луѓе во 21 деловна единица. Програмата ги доведува во контакт работниците од оние оддели кои обично не комуницираат еден со друг. Во период од три недели, тие ги разменуваат искуствата и развиваат нови идеи. Ова ги оспособува луѓето да размислуваат и надвор од полето на нивната непосредна техничка одговорност.

и зборовите се важни 5. Не користете зборови што демонстрираат надреденост и супериорност. Начинот

на кој менаџерот зборува за работата на другите има големо влијание врз нивните перформанси. Кога вработените ќе бидат наречени асистенти или работници, тие помислуваат “Јас сум само обичен шраф, што може уште утре да биде заменет”. Затоа, нарекувајте ги колеги, партнери, или членови на тимот. Ова ќе овозможи вработените да сфатат дека нивното место во организацијата не се сведува само на титулата, и дека секој поседува потенцијал да биде лидер.

го тимот да гледа на работата како 6. насочете дел од нивните животи

Сторете сè што е потребно за тимот да сфати дека нивните емоции се земени предвид. Запомнете, луѓето не се само работници. Тие првенствено се личности со сопствени емоции и вредности, што ги интегрираат во нивната работа. nnn

експерТи: врабоТениТе Треба да се ценаТ како лиЧносТи



Октомври е месец за борба против ракот на дојката. Бимилк и понатаму ја продолжува соработката со НВО „Борка“ со цел заедно уште повеќе да ја подигнеме свесноста за оваа болест и за начините на превенција од неа. Да останеме розови и здрави!


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.