Kapital magazin 807 1

Page 1

www.kapital.mk

interview

Славој Жижек

Најголемата закана за Европа е нејзината инертност

број 807 | цена 100 ден. | 17 април, 2015 | петок | година 16

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

словенечки филозоф

Капитал истражување:

КОИ МАКЕДОНСКИ КОМпании делат дивиденда?

www.kapital.mk

exclusive

Зоран Заев:

Ако не дадат резултат преговорите во Брисел, опозицијата ќе мора да ја заврши работата – бегање нема специјален прилог - здравје

ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ

специјален прилог здравје

Време е за пролетно чистење на вашиот организам Поразително! Македонскиот извоз на Балканот замира!  КАКО ПОЛЕСНО

ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ПРОЛЕТНИТЕ

 КАКО ВЕЖБАЊЕТО

ГО ПОДОБРУВА ВАШИОТИМУНИТЕТ?



Здравата страна на слатките задоволства!


4

Капитал број 807 17.04.2015

содржина 07 Stand BY 12 cover story

Македонскиот сон Поразително! Македонскиот извоз на Балканот замира!

18 exclusive

Зоран Заев

претседател на СДСМ:

Ако не дадат резултат преговорите во Брисел, опозицијата ќе мора да ја заврши работата – бегање нема!

26 анализа

На прсти се бројат компаниите што делат дивиденди Малите акционери пак извисија. Профитот само за големите газди

12

30 Интервју

Славој Жижек словенечки филозоф

Најголемата закана за Европа е нејзината инертност

34 Луѓе и настани

Слободниот свет одбележува 150 години од атентатот на големиот Абрахам Линколн Човек пред своето време кој со крв ја плати сопствената визија

38 Луѓе и компании

Бугарија е трета најпосакувана аутсорсинг дестинација во светот

41 Луѓе и компании Слушај паталец... Најголемата разлика помеѓу Google и Facebook објаснета од човек што работел и во двете

30 Заев

Разговаравме за следните чекори на опозицијата, за улогата во целата ситуација на меѓународниот фактор, но, и на албанскиот коалициски партнер во Владата, како и на поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски. Се осврнавме и на теми поврзани со економијата и бизнисот, иако, повторно во неизбежниот контекст што го прави политичката криза. XXСтр.18

Дивиденди

Малку се компаниите што котираат на Македонската берза кои на своите акционери годинава решија да им поделат дел од ланската добивка. Поголем дел од акционерските друштва одлучија да ја задржат добивката и покрај тоа што годината ја завршија со солидни финансиски резултати. XXСтр. 26

Заев: Мачењето на Македонија може да продо

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, ка Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење:


5

44

26

Луѓе и компании Lego

производител на коцки од Данска

Како “воскресна“ речиси банкротираната фирма?

47

41

34

специјален прилог Здравје Време е за пролетно чистење на вашиот организам Како полесно да се справите со пролетните алергии?

Замира извозот на Балакнот Додека се фалиме со рекордниот извоз од слободните економски зони, еден факт останува далеку од очите на јавноста. А тоа е дека полека, но сигурно замира македонскиот извоз на Балканот и во пошиорокиот регион, кој до неодамна беа нашите главни пазари. Извозот во Западен Балкан изминативе пет години е двојно намален, исто како и неговото учество во вкупниот извоз, од 30% на помалку од 10%. Домашните компании, ослабени и немоќни од кризата, полека ја губат битката со конкуренцијата на Балканот, кој некогаш беше нивниот главен извозен пазар. XXСтр. 12

Линколн

Без Абрахам Линколн уште долго во САД ќе се бореа со вкоренетото сфаќање дека човекот може да биде сопственост на друг човек и да нема никакви права. Затоа и овој великан ја плати највисоката цена - деновиве се одбележаа 150 години од атентатот врз него во Вашингтон. XXСтр. 34

олжи или не, во зависност од неколку фактори

ат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје 16.04.2015


5та Регионална конференција

18-19 јуни 2015 Скопје - Македонија

l Со спојувања и преземања до посилни регионални компании l Како до иновативна туристичка понуда l Стартап сцена во ЈИЕ: будење на претприемачите и како државата може да помогне l Потенцијали на обновливата енергија на Балканот: искуства и перспективи l Турција: прилики за повеќе инвестиции и трговија

OSLOBO\ENJE BH NEZAVISNI DNEVNIK • Sarajevo • www.oslobodjenje.ba

Cijena: 1 KM/6 KN

16. strana

PETAK, 4. 7. 2008.

5. strana

Godina LXV • Broj 22.085

43. strana


www.kapital.mk

STAND BY

Капитал број 807 17.04.2015

7

Македонскиот сон

Љупчо Зиков ljupco.zikov@kapital.mk http://www.facebook.com/ljupco.zikov

Еден од републиканските кандидати за следните претседателски избори во САД Рон Пол неодамна изјави дека главната визија на која ќе работи ако стане претседател е Америка да стане земја во која секоја кој сака да работи ќе може да најде работа и да заработува. Ова е американскиот сон. И во Македонија политичарите имаат визија. Секој кој сака да работи да го вработат во државна администрација. И ако може главен критериум за да ја добие работата да биде да го извлечат на томбола. Е за тоа сонуваат најголем дел од македонските граѓани и политичарите кои ги гласаат. Демек тоа било социјално држава која ние сме ја граделе, а не некаков си суров американски капитализам, кој ќе ги тера луѓето да работат и сами да се грижат за својот живот.

O

Очигледено најголемата реформа која и претстои на Македонија е промена на менталната матрица на луѓето. Во некои нормални и развиени држави чувството на лична одговорност, волјата коректно и професионално да се сработи обврската која произлегува од работното место е дел од личната култура

или обичаи. Кај нас дел од личната култура е да не го работиш ништо, а да земаш плата. А чудно истите тие луѓе неработници кога ќе отидат да работат во странство се едни од највредните и најодговорни работници. Очигледно не е до луѓето. До оние кои го управуваат системот ќе да е. Тие ќе треба да се натераат


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

8

патот напред

да сфатат дека се избрани на тоа место за да им го олеснат живото и работењето на граѓаните и за фирмите, а не на партијата, дека не смее главен приоритет да им бидат партиските цели, кога земаат плата од парите кои ги плаќаат граѓаните и фирмите...Е тоа е клучната реформа која во Македонија не ја спроведува ниту една власт. Еден од кандидатите кој ќе се трка на следните претседателски избори во САД Рон Пол неодамна изјави дека главната визија на која ќе работи е Америка да стане земја во која секоја кој сака да работи ќе може да најде работа. Ова е американскиот сон. И во Македонија политичарите имаат визија. Секој кој сака да работи да го вработат во државна администрација. И ако може главен критериум за да ја добие работата да биде да го извлечат на томбола. Е за тоа сонуваат најголем дел од македонските граѓани и политичарите кои ги гласаат. Демек тоа било социјално држава. Која ќе се грижи за сиромашните граѓани, ќе им ја зголемува социјалната помош, ќе ги праќа “бесплатно” на бања и на одмор, ќе им ги отпишува долговите за струја, вода и за кредити кои не си ги платиле... Еве да претпоставиме дека сите ќе се социјализираме со социјалните случаи во земјава и ќе се согласиме да им се отпишат долговите што ги имаат. Што тоа ќе смени ако тоа семејство и понатаму продолжи да живее со приходи од 100 евра месечно? Веројатно ништо. Оти и понатаму нема да може да си ги плаќа сметките, колку и да има добра волја, и пак ќе натрупа долгови за неплатени сметки. Па некоја следна власт ќе треба повторно да ги отпишува натрупаните долгови за да покаже колку е социјална одговорна и за да може да добие гласови на некој следни избори. И тоа ќе си трае, како што веќе трае со години, а ние ќе си продолжиме да глумиме дека сме богата социјална држава, која што може на грб да носи се поголема социјала. Вистината е дека Македонија е сиромашна држава во која има се повеќе социјални случаи. Но, поентата, која очигледно намерно не сака да се види, е дека најдобрата и најефикасната социјална политика е отворањето на нови работни места. Поентата е дека сите политички

елити, годиниве наназад, во немоќ да создадат просперитетна економија која ќе отвора нови работни места и која ќе го подобрува животниот стандард на граѓаните, свесно прибегнуваат кон квази економскосоцијални мерки кои многу скапо ја чинат економијата и кои стануваат се поголем товар за компаниите. Па наместо компаниите и приватниот сектор да отвораат места, државата се наметнува како најголем вработувач. Таа немоќ се одразува и во програмите на најголемите политички партии кои наместо со нови идеи за поголем економски раст се натпреваруваат кој најмногу ќе им угоди на социјалците и на другите ранливи категории. Кои на тој начин ја губат слободата и стануваат зависни од државата или од власта. Стануваат уценети или притиснати да гласаат за оној кој ќе им вети дека повеќе ќе се грижи за нив. И така доаѓаме до ситуација во која се повеќе луѓе ја губат слободата, а се помал е бројот на оние на кои тоа им смета. Дали се луѓето несвесни за ова? Не, напротив многу се свесни. Бидејќи слободата не може да се одземе или даде. Секој сам одлучува колку ќе биде слободен. Кој би бил резултатот ако на народот му се даде свесно да избира дали сака да има повеќе или помалку слобода? Ако слободата во еден најтесен опис се сфати како имање избор, односно можност секој сам да избира, но и сам да ја сноси одговорноста за својот избор, тогаш сигурна сум дека многу луѓе свесно би прифатиле да имаат помала слобода, односно да имаат помал избор или друг да го прави изборот наместо нив, ама тие да немаат никаква одговорност за изборот. Да се биде слободен човек значи да се биде одговорен човек. Во Македонија се уште е многу голем бројот на луѓе кои би биле најсреќни некој друг се да им испланира, да им заповеда што и како треба да работат, тоа без поговор ќе го сработат, но за резултатите и за евентуалниот неуспех да обвинат некој друг. Секој избира толкаво ниво на одговорност која ќе му овозможи и соодветно ниво на слобода. Замислете каква би била реакцијата на социјалците, невработените или на оние кои имаат мали приходи, ако некој политичар во Македонија

им каже дека самите се виновни и одговорни оти се невработени. Дека не можат да најдат работа заради тоа што тие немаат ниту знаење, ниту вештини заради кои некој би сакал да ги вработи. Дека сами се виновни и одговорни што работат работа која е толку малку платена. Дека во исто време во земјава има луѓе кои легално заработуваат и се платени повеќе од десет пати од нив и дека имаат право и слобода како сакаат да ги трошат своите заработени пари? Веројатно би реагирале многу бурно. Оти тоа ќе им звучи сурово капиталистички. Веројатно ќе ги обвинуваат политичарите и директорите дека ја украле државата и ги уништиле фирмите. Тоа е таа социјална хипокризија која го кочи напредокот на ова општество во секоја смисла. Општество во кое не се прифаќа дека некој може самиот да се вработи, добро да заработува, да биде богат, да биде независен од државата и да биде слободен и одговорен човек. Да, политичарите и државата се виновни оти не успеале во сите овие години да создадат подобри економски услови за компаниите да отвораат нови работни места. Но, дел од вината ја носат и самите граѓани. Оти свесно се откажуваат од слободата и од одговорноста самите да направаат избор и да ја сносат одговорноста за тој избор. Што тие самите направиле за да им биде подобро и да бидат слободни и независни луѓе? Слободата има цена. Таа цена е иста за сите луѓе, за сите економии, за сите држави...Така е денес, така било отсекогаш. Многу мислители и филозофи уште од најраните антички времиња зборувале и пишувале за слободата. Според Аристотел слободен е само оној човек кој ќе ги надмине своите стравови. Дека само добар човек може да биде добар граѓанин, бидејќи тој, почитувајќи ја својата слобода ќе ја почитува и слободата на другите и нема да ја узурпира власта. Слободниот човек за Аристотел бил освестен човек, кој и кога е на власт се однесува исто кон другите, како и кога е под власт на другите, бидејќи слободата е таа што ги прави еднакви, без разлика на функцијата. Ваквата слобода, за која зборувал Аристотел, подразбира одговорност, бидејќи слободата е избор или можност која е во наша моќ и ние


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

9

Колку слободни можат да бидат оние кои се вработиле во јавна администрација само заради тоа што се партиски подобни и заради тоа се нашле на некое партиско списоче? Кои прифаќаат да бидат вработени било каде, да земаат плата и да не одат на работа, само за да бидат во секое3 време на располагање на оној кој ги вработил?

самите одлучуваме какви и колку слободни луѓе ќе бидеме. Толку точно и денес после толку многу време. Колку слободни можат да бидат оние кои се вработиле во јавна администрација само заради тоа што се партиски подобни и заради тоа се нашле на некое партиско списоче? Кои прифаќаат да бидат вработени било каде, да земаат плата и да не одат на работа, само за да бидат во секое3 време на располагање на оној кој ги вработил? Очигледено најголемата реформа која и претстои на Македонија е промена

на менталната матрица на луѓето. Во некои нормални и развиени држави чувството на лична одговорност, волјата коректно и професионално да се сработи обврската која произлегува од работното место е дел од личната култура или обичаи. Кај нас дел од личната култура е да не го работиш ништо, а да земаш плата. А чудно истите тие луѓе неработници кога ќе отидат да работат во странство се едни од највредните и најодговорни работници. Очигледно не е до луѓето. До оние кои го управуваат системот ќе да е. Тие ќе треба да се натераат

да сфатат дека се избрани на тоа место за да им го олеснат живото и работењето на граѓаните и за фирмите, а не на партијата, дека не смее главен приоритет да им бидат партиските цели, кога земаат плата од парите кои ги плаќаат граѓаните и фирмите...Е тоа е клучната реформа која во Македонија не ја спроведува ниту една власт. Од чисто прагматични причини, оти на сите главна цел им е да ја јавнат државата и буџетот. И да цицаат како најголеми паразити. Е на тоа се сведува македонскиот сон и визија. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

10 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА неделата

ММФ: Македонија со рас

> БРОЈКА Некои работи никогаш не се менуваат. Ќе има уште една финансиска криза, а регулациите на пазарот од страна на државата ќе ги отежнат реакциите на банките

10

илјади луѓе се вработени во Штип во изминатите осум години

Џејми Дајмон

директор на JP Morgan

победник на неделата

Е

кономијата на Македонија оваа година се очекува да порасне за 3,8%, исто колку и минатата година, вели прогнозата на ММФ, која се однесуваат на европските нови пазари и на земјите во развој. Оваа проекција на ММФ е нешто пониска од онаа на македонската Влада, која очекува за годинава стапка на раст од 4 отсто. Со оваа прогноза Македонија практично се најде на второ место меѓу

Градежен бизнис

Повеќе дозволи, помалку квадрати Ангела Меркел

+

Под водството на Ангела Меркел Германија прераснува во вистинска светска супер сила. Германија, кои многумина ја нарекуваат европски хегемон, никогаш не била економски попросперитетна, побезбедна и постабилна. Германската економија е најсилна во Европа, четврта во светот, а според извозот е исто така во врвот на листата како една од земјите со најголем трговски суфицит, кој секоја година е се поголем заради тоа што земјата повеќе извезува. Отколку што увезува. Само минатата година трговскиот суфицит изнесувал 246 милијарди евра, што е втор најголем трговски суфицит во светот, веднаш зад Кина. Истовремено, додека останатите европски земји мака мачат со растечката невработеност, невработеноста во Германија е на историски најниско ниво. Во последниве неколку години Германија се наметнува и како клучен европски соговорник на големите сили во решавањето на светските конфликти. После 24 години од обединувањето Германија станува клучен партнер на светските супер сили. И ако некогаш се поставуваше дали Европа има еден телефон на кој може да се јави Вашингтон, тоа е сега Германија. Сепак останува впечатокот дека најголем приоритет на Германија не е да стане ниту војна, ниту политичка, туку економска супер сила. После финансиската криза Германија успеа да ги наметни нејзините економски политики на штедење повеќе од пет години.

Б

Бројот на издадени дозволи за градење во првите два месеци годинава изнесува 462, што е за 31,2% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во февруари се издадени 226 одобренија за градба, во споредба со 212 истиот

Бројки:

44%

е помала предвидената вредност на градежните работи за јануари и февруари годинава, во споредба со лани

21%

е помала корисната површина на становите предвидени за градба во јануари и февруари, во споредба со лани


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

11

ст од 3,8% годинава, исто како лани земјите од регионот, зад Црна Гора на која ММФ и прогнозира раст од 4,7 %. Косово, пак, кое во изминатиот период постојано имаше солидни стапки, сега е на трето место, со очекувана стапка од 3,3 % за 2015. Со очекуван раст од 3 % Албанија е на четвртата позиција, додека за Босна и Херцеговина ММФ очекува пораст од 2,3 %. Хрватска, пак, по шестгодишна рецесија, односно негативни стапки на економски раст, оваа година првпат очекува позитива, иако таа е ниска и предвидената стапка изнесува 0,5 %.

> БРОЈКА

мисла на неделата

2,6

Успех е скокање од неуспех во неуспех без да го загубите ентузијазмот

милијарди денари дивиденда ќе подели Македонски Телеком

лидери

и за градење Бројот на предвидени станови за градба за кои што се дадени дозволи во првите два месеци годинава е помал за 32% во однос на истиот период лани, иако вкупниот број дозволи за градба пораснал за 31%. Карактеристично е што е помал интересот за инвестирање во станови од страна на компаниите, додека физичките лица инвестираат во приближно ист број станови како и во 2014. месец во 2014, што е пораст за 6,6%. Во јануари биле издадени 236 дозволи, што е за дури 68% повеќе од истиот месец лани. Меѓутоа, вкупната предвидена вредност на градежните работи во првите два месеци годинава изнесува 3,36 милијарди денари, што во споредба со 5,98 милијарди денари за истиот период лани е намалување за 44%. Тоа се должи првенствено на фактот што лани во февруари биле дадени дозволи за градежни работи во вредност од 1,72 милијарди денари, додека истиот месец годинава предвидената вредност на проектите изнесува 414,4 милиони денари. Исто така, во јануари 2014 година вредноста на проектите во високоградба за кои што биле дадени одобренија била предвидена на 2,3 милијарди денари, за разлика од една милијарда денари во првиот месец годинава. И во бројот на предвидени станови за градба се бележи пад на почетокот од годинава, во споредба со лани. Во јануари и февруари заедно, бројот на предвидени станови во објектите за кои што се добиени дозволи за градба изнесува 736, што во споредба со ланската бројка од 1077 предвидени станови е пад од 32%. Карактеристично е што годинава во првите два месеци бројот на предвидени станови за градба опаѓа во делот каде што инвеститори се деловни субјекти, односно за разлика од 729 станови лани, годинава компаниите годинава ја почнале со предвидени 383 станови, или речиси двојно помалку. nnn

Винстон Черчил

губитник на неделата

Мило Ѓукановиќ

Ѓукановиќ во Брисел беше јавно пофален дека Црна Гора со 18 отворени поглавја е лидер во евроинтеграциите во регионот и пример за добра соработка со соседите

Раџеф Сури

Извршниот директор на Нокиа во поход да станат повторно лидери објави превземање на францускиот оператор Алкател

не им беше неделата

Ли Кечијанг

Кинескиот премиер објави дека кинеската економија има најмал раст во последните шест години од 7%, што сепак е повисок од речиси сите големи светски економии

Марио Драги

Активиска му истури конфети врз главата на претседателот на ЕЦБ среде прес конференција

_

Абдулаќим Адеми Министерот за образование Абдулаќим Адеми повторно ја губи контролата врз ситуацијата на терен. Протестот на средношколците се повеќе зема замав, а на повидок не е ниту најава за некакво конструктивно решавање на проблемот. Министерството за образование засега само молчи, а средношколците не се отажуваат од протестите. Во меѓувреме расте бројот на средни училишта во кои не се одржува настава. Средношколците велат дека се револтирани од игнорирањето на надлежното Министерство за образование, како и од се посилните притисоци кои ги трпат во псоледно време за да се откажат од протестите. Учениците бараат враќање на стариот концепт на полагање на државната матура, укинување на електронското полагање и ставање на законот за екстерно тестирање во мирување. Бојкот на настава освен во Скопје има и во Тетово, Куманово, Струмица, Охрид и Битола. Во изминатава година ова е втор протест во образованието. Масовните протести на студентите вродија со попуштање од страна на властите и прифаќање на студентските барања.


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

Извоз во земјите од Западен Балкан

36,9%

30,4%

27,8%

24,4%

17,6%

14,0%

2009

2010

2011

2012

2013

2014

688.536

( во 000 $ ) 751.922

977.685

1.018.229

1.228.225

COVER STORY

1.000.718

12

Учество во вкупен извоз ( во % )

Поразително: Македонскиот на Балканот за

Додека се фалиме со рекордниот извоз од слободните економски зони, е А тоа е дека полека, но сигурно замира македонскиот извоз на Балканот нашите главни пазари. Извозот во Западен Балкан изминативе пет годин во вкупниот извоз, од 30% на помалку од 10%. Домашните компании, ос битката со конкуренцијата на Балканот, кој некогаш беш


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

13 бројки Топ 10 Извозни пазари јан-фев 2015 (во 000 УСД) Германија Бугарија Кина Србија Грција Белгија Косово Шпанија Романија Хрватска

Извоз јан-фев 2015 304.377 43.960 31.653 26.001 25.668 23.056 19.365 12.789 11.285 10.407

Годишна промена% 0,33% -6,39% 329,30% -19,42% -13,67% 2,46% -33,33% 29,66% -28,36% -29,90%

Извор: Државен завод за статистика

Топ 10 извози пазари во 2014 (во 000 УСД) Германија Бугарија Италија Србија Косово Грција Белгија Хрватска Романија БиХ

Извоз Годишна во 2014 промена (%) 2.043.933 33,27% 326.602 0,47% 302.337 9,79% 258.286 -4,24% 230.824 -16,48% 226.688 6,97% 151.555 93.831 -6,49% 93.338 7,12% 93.020 -1,73%

Извор: Државен завод за статистика

т извоз замира!

Македонскиот извоз во првите два месеци годинава

Косово Извоз

19,4

Пад од

Пад од

е паднат извозот кон Албанија од 2009 до 2014

33,3%

милиони долари

Србија Извоз

26,0

19,4%

милиони долари

Хрватска Извоз

10,4

Пад од

29,9%

е паднат извозот кон Косово од 2011 до 2014

Д пишува:

милиони долари

Бугарија Пад од Извоз

44,0

72% 40% 57%

е паднат извозот кон Србија за седум години

6,39%

милиони долари

еден факт останува далеку од очите на јавноста. т и во пошиорокиот регион, кој до неодамна беа ни е двојно намален, исто како и неговото учество слабени и немоќни од кризата, полека ја губат ше нивниот главен извозен пазар

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Додека се фалиме со рекордниот извоз од слободните економски зони, еден факт останува далеку од очите на јавноста. А тоа е дека полека, но сигурно замира македонскиот извоз на Балканот и во поширокиот регион, кој до неодамна беа нашите главни пазари. Статистичките податоци за првите два месеци покажуваат дека само 9,8% од македонскиот извоз во земјите од Западен Балкан и тој во споредба со истиот период лани е помал за 22%. Во истиот период близу 80% бил кон земјите од ЕУ, кој исто така бил помал за околу 6%. Тоа укажува на лош почеток на годината за македонските компании. Вкупниот македонскиот извоз во првите два месеци годинава е помал за 4% во споредба со истиот период лани, но ако се гледа само февруари тогаш годишниот пад на извозот е 11%, што е најголем пад


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

14

COVER STORY

П

Сашо Наумоски

генерален директор на Витаминка

осле првите два месеци од работењето годинава не можам да кажам дека сум голем оптимист. Ако се споредиме со лани, стартот годинава е послаб. На домашен пазар има мал пораст на продажбата од 1% до 2% и тоа најмногу се должи на тоа што ние ги намаливме цените на производите. Меѓутоа, загрижува тоа што извозот оди послабо. Земјите во регионот каде што извезуваме минуваат низ турбулентни периоди, а растот на вредноста на доларот и на цената на нафтата исто така имаат свој негативен придонес во обемот на продажбата.

на извозот во изминативе неколку години кога извозот бележеше раст. Додека извозот на компаниите во зоните, кои најмногу извезуваат во Германија и поголемите европски земји, стабилно расте, извозот на домашните компании, кои најмногу извезуваат на пазарите во регионот бележи драстичен пад на почетокот на годината. На пример, извозот на Косово во првите два месеци е намален за над 33% во споредба со истиот период лани. Извозот во Хрватска во истиот период бележи пад од 30%, додека извозот во Србија е намален за 19,4%. Намалување од 13,7% има и кај извозот во Грција, додека извозот во Бугарија е намален за 6,4%. Но, извозот на Балканот паѓа веќе подолго време. Податоците покажуваат дека во земјите од Западен Балкан лани бил насочен само 14% од вкупниот извоз и тој бил намален за 8% во споредба со претходната 2013 година. Така извозот во Косово лани бил намален за 17% во споредба со претходната година, извозот во Србија бил помал за над 4%, извозот во Хрватска бил помал за околу 7%, а извозот во БиХ за околу 2%. Колку за споредба извозот во земјите од Западен Балкан во 2011 година изнесувал 1,2 милијарди долари и учествувал со 27,8% во вкупниот извоз, а во 2014 година извезени биле производи во вредност од 688 милиони долари, што е намалување за 44% за период од само три години. Ако се гледа по земји, во Србија извозот од 934 милиони долари во 2008 година е паднат на само 258 милиони долари во 2014 година. Состојбите со Албанија се уште полоши. Извозот кон оваа соседна земја која има пазар од 3 милиони и БДП од 12.8 милијарди долари уште од 2009 година континуирано опаѓа. Хронолошки гледано почнувајќи од рекордните 84 милиони долари извоз во 2009, извозот стигнал на 54 милиони во 2014 што значи дека за шест години опаднал за цели 40%. Извозот на Македонија кон Косово како една од најголемите експорт дестинации во последниве четири години континуирано опаѓа. Од рекордните 540 милиони долари во 2011 преку 392 милиони и 276 милиони во

С Горан Антевски

директор на Раде Кончар ТЕП

Лош старт на годината

И извозот и увозот паѓаат

И

звозот во февруари годинава изнесува 338.375 илјади долари, што е дури за 11% пад во споредба со ланскиот февруари. Во февруари има пад и на увозот од дури 19%. Во споредба со минатиот месец извозот е зголемен за само 0,7%. Извозот почна да паѓа уште во декември минатата година имаше месечен пад од 15% во споредба со ноември, во јануари беше забележан месечен пад од 6% во споредба со декември. Од јануари годинава има и пад кај увозот пак во јануари се намалил за цели 30% во споредба со претходниот месец декември, што е уште еден показател дека успорува економската активност. 2012 и 2013 во 2014 извозот на Македонија кон Косово е паднат на 230 милиони долари. Слична е состојбата и кај трговската размена која во 2014 изнесувала скромни 266 милиони долари, а во однос на погоре споменатите четири години постојано опаѓа. И кон Бугарија статистиките не се ништо подобри. Од 379 милиони долари во 2008 година извозот на Македонија кон Бугарија во 2014 година опаднал на 326 милиони долари. Во поглед на вкупната трговска размена која се движи околу ставката од 700 милиони долари експертите сметаат дека може да се направи многу повеќе бидејќи станува збор за два многу слични и компатибилни економии и пазари.

е намалуваат нарачките од сите земји од регионот со кои што најмногу соработуваме, како Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Главна причина за тоа е што се стопирани инвестициите како последица на економската криза. Конкуренцијата е силна, има голем притисок врз цените на производите, а освен тоа, сите земји се обидуваат да го штитат домашното производство така што нас не исфрлаат надвор од игра.

Ако се гледаат ставките од трговската размена со Грција во последните 24 години веднаш забележлив е фактот дека тие од година на година се си поголеми. Дали тоа можеби е единствениот светол пример на македонската трговска размена кон регионот. Апсолутно не бидејќи уште поочигледен е различниот тренд на раст на увозот и извозот нормално на штета на македонскиот извоз. Имено од првичните 113 милиони долари извоз во 1990 година Македонија успеала да стигне до максимални 350 во 2007 година за во изминатата 2013 да изнесува 275 милиони евра. Кај увозот за разлика од извозот растот е многу поголем и подинамичен. Имено Македонија во Грција во 1990 година увезла едвај 97 милиони долари и имала суфицит од 15 милиони евра или околу 10%. Од тогаш наваму извозот на Грција пораснал на рекордни 804 милиони долари во 2012 година односно на 697 во 2013 година. Тоа значи дека за анализираниот период од 24 години грчкиот извоз пораснал за цели 7 пати или попрецизно 618%, а македонскиот извоз кон Грција за едвај 2,4 пати или 140%. Што се однесува со Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, самиот факт што ниедна од овие земји не е во топ 10 трговски партнери на Македонија најдобро зборува за тоа во колку очајна состојба е регионалната бизнис соработка, нормално гледана од македонската перспектива.

Зошто паѓа извозот на Балканот?

Капитал истражуваше што се случува со македонскиот извоз и на што се должи падот на почетокот на годинава? Дали станува збор за сезонско намалување на извозот или пак се забрзува трендот на губење на пазарите во регионот, кој е присутен веќе неколку години наназад? Причините за намалувањето на извозот на Балканот најчесто се лоцираат во административните бариери кои произлегуваат од непочитување на бесцаринските договори, иако овие држави се членки на ЦЕФТА, но и во силната конкуренција од трети држави кои извезуваат во регионот, а имаат субвенциониран извоз, а со кои очигледно македонскоте компании ја губат битката


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

15 Извозот во еврозоната расте, но извезуваМе лон производи

П

роценките се дека ниските цени на нафтата, ниските камати и девлвацијата на еврото ќе ја поттикнат економската активност во еврозоната, која годинава се очекува да порасне за 1,5% во 2015 и 1,6% во 2015, што е забрзување во однос на растот на економијата од 0,9% во 2014 година. Најголем извозен пазар за Македонија во првите два месеци годинава е Германија каде се извезле производи во вредност од 304 милиони долари евра, што е раст од само 0,3% во споредба со првите два месеци лани. Германија е една од ретките земји со кои Македонија има суфицит во трговијата, односно каде што повеќе извезува отколку што увезува. Но, речиси целиот извоз на овој пазар е лон извоз, односно делови за автомобили и лон текстилни производи. Близу 60% од извозот на германскиот пазар отпаѓа на извозот на фабриата на Џонсон Мети во слободната економска зона Бунарџик, која на овој

пазар извезува катализатори и разни машини и апарати за прочистување и филтрирање на гасови. Втор најголем извозен производ за германскиот пазар се каблите за автомобили кои ги произведува Дреклсмаер, германска компанија која отвори фабрика во Кавадарци. Трет најголем извозен производ со вредност на извозот над 10 милиони еврасе седишта за автомобили. Останатиот извоз главно отпаѓа на лон извоз на текстилни производи, кои во Македонија само се шијат заради евтината работна рака, а за кои целата суровина и дизајнот се увезуваат од Германија. Најголемата европска економија и четвртата по големина економија во светот годинава ќе расте со стапка од 1,6%, што е иста стапка на економски раст како и минатата 2014 година. Она што е охрабрувачки е што македонските извозници во Германија е што годинава оваа економија повеќе ќе троши, што отвара шанса за зголемување на извозот. Германските работници годинава ќе добијат

зголемување на платите од 3,5%, најголемо зголемување на платите од 90-те години, потег што според експертите ќе придонесе да се зголеми домашната потрошувачка, и ќе донесе поголем увоз и помал трговски суфицит. Сево ова ќе биде стимул и шанса за останатите земји да го зголемат извозот во Германија, која очекувано повеќе ќе троши. Германија веќе подолго време е критикувана заради нивната извознооринетирана економска политика, која наметнуваше повеќе штедеше и помалку трошење. Се очекува годинава да има зголемување и имнв естициите од страна на приватниот и јавниот сектор, што ќе обезбеди продолжување на економскиот раст и отварање на нови работни места. Инаку, додека останатите европски економии имаат проблоем со големата не вработеноста, невработеноста во Германија е на исторкси рекордно ниско ниво. Минатата година извозот на Македонија во Германија се зголеми за 33,3% и надмина 2 милијарди долари.

ArcelorMittal Skopje ĕĩijĮĭķĶĺijĩ ĪĹıĬĩĭĩ ĚijķĸŐĮ ĕĩijĮĭķĶıŐĩ www.arcelormittal.com.mk infosk@arcelormittal.com ArcelorMittalMacedonia


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

16

COVER STORY

на пазарот. Експертите сметаат дека потенцијалот за поголем извоз во земјите од регионот е огромен поради близината, добрите транспортни врски, кои овозможуваат обезбедување нарачки за брзо време, но и поради менталитетот, кој е сличен на македонскиот. Но, од друга страна конкуренцијата од година во година е се посилна, па ретки се компаниите кои можат да ја издржат битката со конкурентските компании и да понудат производи со добар квалитет и со прифатлива цена. На една рака можат да се избројат кој успеваат добро да се одржат на пазарите во земјите од Западен Балкан, а меѓу нив се вбројуваат Алкалоид, Макпрогрес, Витаминка, Тиквеш, Европа.. Од Стопанската комора сметаат дека за поголоем извоз во регионот компаниите треба да работат на зголемување на конкурентноста и на микро и на макро ниво, бидејќи таа не е на завидно ниво, на ниво кое ја бара и регионот и европскиот пазар. Потребно ни е и транспортно поврзување. Ни недостасуваат силни компании и тоа не само во делот на трговијата, туку и услужни компании, велат од Комората. Мендерес Кучи претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија ги повторува старите барања за поевтини

енергенси и подобра инфраструктура кои според него секогаш се клучни за конкурентноста на крајните дестинации за извоз. „Не бараме да имаме пониска цена на енергенсите од регионот, за да бидеме конкуренти. Во инфраструктурниот дел бараме да се овозможи нашите производи по најкраток можен пат да излегуваат на пазарите. Посебен акцент треба да се даде на регионалниот пазар каде можеби на некој начин сме конкурентни, но сепак има можност нешто да се направи за да се подобри извозот и конкурентноста“, вели Кучи. Во изминатиов период Србија и Хрватска се соочуваа со сериозни економски проблеми, проблеми во јавните финансии и рецесија. Ова е еден од факторите кои покрај намалената конкурентност на македонскиите фирми, влијаеше врз намалувањето на извозот во овие земји. Многу компании од регионот минатата година ги откажаа нарачките од Македонија. Според проценките на ММФ, Србија и годинава ќе остане во рецесија со економски раст од 0,5%, за да се опорави во 2016 година со раст од 1,5%. Меѓутоа, ММФ предупреди на проблемот со високиот јавен долг и буџетскиот дефицит,

заради што Србија ќе мора да се соочи со фискална консолидација и ограничување на јавната потрошувачка, како и со реструктуирање на клучните државни и јавни претпријатија. „Се намалуваат нарачките од сите земји од регионот со кои што најмногу соработуваме, како Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Главна причина за тоа е што се стопирани инвестициите како последица на економската криза. Конкуренцијата е силна, има голем притисок врз цените на производите, а освен тоа, сите земји се обидуваат да го штитат домашното производство така што нас не исфрлаат надвор од игра. Резервен план мора да се бара во нови извозни пазари надвор од Европа која се соочува со ризик повторно да падне во рецесија. Ние конкретно се обидуваме да се пробиеме на рускиот пазар, во Казахстан и Узбекистан“, вели Горан Антевски, директор на компанијата од металната и електро индустријата, Раде Кончар ТЕП. Економскиот раст на регионот годинава ќе изнесува 2,9% во однос на минатогодишните 2,8%, додека во 2016 година се очекува забрзување на 3,2%. На забрзувањето на економ ската активност во регионот ќе влијаат и ниските цени на нафтата и опоравувањето на еврозоната. nnn

! " ! # $% & ! ' #% ( # ) *+ ! !"#$



Капитал број 807 17.04.2015

18

www.kapital.mk

exclusive Додека го правевме ова интервју, делегациите на ВМРОДПМНЕ и на СДСМ, во Брисел правеа втор обид со помош на европарламентарците да се приближат до точка од која ќе може да почнат преговори за разрешување на политичката криза во Македонија. Колку и спротиставеноста на позициите на двете страни да не остава простор за оптимизам, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, сака да верува во дијалогот, зашто е свесен за ризикот, пред сè за државата, што го носат евентуалните поинакви решенија. Но, остава впечаток дека нема да се откаже какви и предизвици да донесе развојот на настаните. Во контекстот, разговаравме за следните чекори на опозицијата, за улогата во целата ситуација на меѓународниот фактор, но, и на албанскиот коалициски партнер во Владата, како и на поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски. Разговаравме и за теми поврзани со економијата и бизнисот, иако, повторно во незибежниот контекст што го прави политичката криза.


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

exclusive

19

зоран заев Ако не дадат резултат преговорите во Брисел, опозицијата ќе мора да ја заврши работата

бегање нема

“Со излегувањето на улица, како поинаков начин на демонстрација на ставот на граѓаните во врска со случувањата во Македонија, не може да се случи полошо нешто од она што се случувало во земјата. Се надевам дека преодната влада ќе се случи по пат на дијалог и на преговори. Но, секако ќе се случи. Од тие причини можам да кажам дека мачењето на Македонија може да продолжи или не, во зависност од неколку фактори. Еден од тие се Груевски и власта, друг е опозицијата, трет е меѓународниот фактор. Но, најзначајниот фактор е граѓанинот - граѓаните се тие кои треба да кажат што и во кој период треба да се случи“, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во интервјуто за „Капитал“


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

20

exclusive

разговарал

Максим Ристески

П maksim.risteski@kapital.mk фотографија

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

XX Премиерот Никола Груевски изјави дека нема точка на топење и засега тоа го докажува со неприфаќањето одговорност за објавеното од ваша страна. Кои ќе бидат вашите следни чекори ако ситуацијата остане иста и покрај објавите на понатамошните „бомби“? Заев: Она што мора да биде грижа на сите во Македонија, а ние секако го чувствуваме како грижа, е дека мора да внимаваме на нашата земја. Што значи, ние ветивме пред граѓаните дека ќе ја дознаат целата вистина, којашто никој нема право да ја сокрие. Ги опфаќаме сите сегменти што се проблематични во нашата земја, а задираат во интересите на секое семејство. Многу е важно што самиот процес од „Вистината за Македонија“ испраќа многу важни пораки, а тоа е да не се повтори она што го слушаме во објавените материјали. Зашто, секој, кој и да е тој, иден донесувач на одлуки во Македонија, неколку пати ќе се замисли дали тоа би го направил, како што тоа го правеле досегашните властодршци. Следните чекори мора да водат кон остварување на интересите на Македонија, дел од нашата стратегија секако не би го прецизирал во детали. Но, она што го чувствувам, и ме загрижува, е гневот што расте кај луѓето. Досега се трудиме, заедно со граѓаните, да го канализираме тој гнев, преку општинските активности, како средбите со невладини организации, посетите од врата на врата, протестите ... Но, гневот сè повеќе расте зашто граѓаните сè повеќе се соочуваат со реалноста, со она што се случувало во Македонија. Овој гнев не можеме да гарантираме до кога ќе можеме да го контролираме. Верувам дека ќе нема потреба да дојде до некои помасовни раздвижувања во државата, зашто сум оптимист и очекувам да се најдат решенија за политичката криза низ преговори. Така е во целиот

Не прифаќаме преодна влада на чело со Груевски!

С

о Груевски на чело на Владата, секако дека не би прифатиле преодна влада. Тој е главата на целиот овој извитоперен систем во којшто живееме. Според она што го објавуваме, може да се препознае совесноста во одредени моменти, кај одредени министри, и логично е тие први да си заминат, пред Груевски. Соучесници се и тие, но, сè што се правело, се случувало по умисла на Груевски. Така што, Груевски не може да опстои како премиер. Некои велат, ќе притисне Европската унија... ако тие имаат аргументи да објаснат зошто Груевски треба да остане премиер или да остане оваа Влада, ајде, нека го објаснат тоа пред граѓаните.

нормален свет - би требало да биде така и во Македонија, иако, многу работи гледаме дека се абнормални овде. XX Велите преодна влада и избори што таа ќе ги организира мора да се случат. Ако овде не помогне евентуалниот меѓународен притисок, веројатно ќе се обидете со демонстрации, со народ на улица. Што ќе донесе последново сценарио за кое е голема можноста да добие насилен тек, со оглед на очекуваната реакција од другата страна? Заев: Секое демократско однесување, вклучително и излегувањето на улица, како поинаков начин на демонстрација на ставот

на граѓаните во врска со случувањата во Македонија, секако се дозволиви секаде, па, и во Македонија. Не може да се случи полошо нешто од она што се случувало во земјата. Властодршците станале господари на животот и на смртта, одлучувале кој ќе живее, а кој не, кој ќе биде на слобода, а кој не. Ова е недозволиво и мора да биде спречено. Уверен сум дека преодна влада мора да има. Зошто? Никој не нуди поинакво решение што ќе гарантира нормална состојба, што ќе биде гаранција за фер, демократски, регуларни избори. Слободно изразената волја на граѓаните е неприкосновено право. Во демократски земји граѓаните ја носат одлуката, а за да се случи тоа, мора да има некој гарант. Во тој дел, се надевам дека преодната

Заев: Не може да се случи полошо од


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

exclusive

21

Властодршците станале господари на животот и на смртта, одлучувале кој ќе живее, а кој не, кој ќе биде на слобода, а кој не. Ова е недозволиво и мора да биде спречено. Уверен сум дека преодна влада мора да има.

Ако во моментов не е решение напуштањето на Владата од страна на ДУИ, не значи дека во иднина едно од можните решенија нема да биде и тоа.

Оваа ситуација бара децидно и конкретно посочување со прст на штетното и да се застане на страната на она што е најдобро за граѓаните. Јас очекувам конкретни чекори од меѓународната заедница.

влада ќе се случи по пат на дијалог и на преговори. Но, секако ќе се случи. Од тие причини можам да кажам дека мачењето на Македонија може да продолжи или не, во зависност од неколку фактори. Еден од тие се Груевски и власта, друг е опозицијата, трет е меѓународниот фактор. Но, најзначајниот фактор е граѓанинот - граѓаните се тие кои треба да кажат што и во кој период треба да се случи. Кога зборуваме за иднината на Македонија, работите се случуваат со храброст и решителност, не само кај опозицијата, туку и кај многу групи во општеството, како студентите, хонорарците, интелектуалците, професорите, лекарите, а ги гледаме и децата, средношколците, како храбро се спротивставуваат, сакајќи да се изборат за слобода и демократија во нивниот сегмент на живеење. Власта вели математика ќе нема. Но, тоа не е доволно. Средношколците сакаат да го нормализираат целиот процес на нивното образование. Така што, општеството е ревносно и целта ќе ја постигне. Македонија е зрела да се нормализира и се надевам дека тоа брзо ќе се случи. XX Ако Груевски евентуално се обиде да го амортизира притисокот со реконструкција на Владата, со којашто би направил место на одредени ресори, важни во изборниот процес, да дојдат нови луѓе, на пример, независни експерти, би прифатиле ли да одите на избори што би ги организирала една ваква влада? Заев: Со Груевски на чело на Владата,

секако дека не би прифатиле. Тој е главата на целиот овој извитоперен систем во којшто живееме. Според она што го објавуваме, може да се препознае совесноста во одредени моменти, кај одредени министри, и логично е тие први да си заминат, пред Груевски. Соучесници се и тие, но, сè што се правело, се случувало по умисла на Груевски. Така што, Груевски не може да опстои како премиер. Некои велат, ќе притисне Европската унија... ако тие имаат аргументи да објаснат зошто Груевски треба да остане премиер или да остане оваа Влада, ајде, нека го објаснат тоа пред граѓаните. Станува збор за истите наши меѓународни пријатели кои укажуваат цело време на многу внимателен, пријателски начин, дека нема владеење на правото, дека се уништени медиумите, дека слободите и правата на граѓаните се загрозени ... Тие не го кажуваат ова зашто опозицијата алармира на тоа, туку самите меѓународни организации многу добро го препознале. Не може да зборуваме за европската иднина на Македонија додека ние дома не ги решиме отворените прашања поврзани со европските вредности. XX Каква улога би можело да одигра ДУИ како дел од владината коалиција? Заев: Мислам дека во моментов не е решение ДУИ да ја напушти Владата. Другата албанска партија, ДПА, е, исто така, партнер на Владата. Факт е дека парламентарните партии на Албанците се соработници со Груевски и гледаме како се поврзани со Сашо Мијалков. Затоа од албанските парламентарни партии не

можеме да очекуваме нешто што би било директно спротивно на власта. Но, сепак, негувам надеж дека и на овие партии, пред сè и над сè им е Македонија, а после сè останато. Затоа, тие во вистински момент ќе мора да преземат вистински чекори. Така што, ако во моментов не е решение напуштањето на Владата од страна на ДУИ, не значи дека во иднина едно од можните решенија нема да биде и тоа. Јас знам дека секој секого држи со нешто, на некој начин, со уцени или слично, но, истовремено, од она што го имам како информација, знам дека Али Ахмети не е зависен од Груевски и не стравува од него. Така што, иако и од ДУИ како дел од власта имаат криминални, незаконски дејствија, што ќе бидат објавени, сепак, тие се репрезент на втората по големина етничка заедница и секако дека тоа ќе има влијание во иднина. И тоа како можат да помогнат - со изјави, со настапи, со ставови. Или, ако ги нема, можат да се доуништат. XX Како ја оценувате поставеноста на поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски и на партиските луѓе блиски до претходното раководство? Заев: Некои од блиските соработници на поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, не се дел од врвот на партијата веќе две години. Но, не можеме за сите поранешни членови на раководството на партијата да зборуваме исто. Јас би рекол вака, над 90% од нив се активни, партиципираат, во Централниот одбор, мал дел во Извршниот одбор, низ општинските организации... даваат придонес. Ставот на

од она што веќе се случувало


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

22

exclusive

Црвенковски за мене е легитимен. Тој уште од неговото заминување, до денес, е со истиот став - не би сакал да му дадам “мезе” на Груевски, да рече дека Црвенковски од заднина повторно ги влече конците. Но, секако, добредојдена е секоја активност. Не за мене, не само за СДСМ, туку за Македонија. Црвенковски е поранешен претседател на Македонија и секако може да даде свој придонес. Но, како и да одлучи тој, јас ќе го респектирам тоа. XX Сметате ли дека Европската унија направи се што може за да спречи политичката криза да дојде до овој степен? Може ли да се каже дека странците не реагираа навреме и го потценија кризниот потенцијал на ситуацијата што ја натера опозицијата бескомпромисно да одбие да го признае последниот изборен резултат и да влезе во Парламентот? Заев: Не би можел да кажам дека имаат направено грешки, оти сите овие работи зависеа, пред сè, од нас. Меѓународната заедница се трудеше да ни помогне. Тоа е вистината. Но, секако, можеа да бидат подиректни во оценките на она на што и тие беа сведоци. Тоа го знаат и самите. Многу е нормално пријателите на Македонија, во извештаите, на пријателски начин да пишуваат за слабостите на земјата. Ние веруваме дека пријателите од меѓународната заедница ќе помогнат, не на СДСМ, туку, потенцирам, на државата, на Македонија, во доаѓање до политички решенија за излез од кризата. Не може да се придонесе со молчење. Слушнавме работи што не се дозволиви никаде во светот. Оваа ситуација бара децидно и конкретно посочување со прст на штетното и да се застане на страната на она што е најдобро за граѓаните. Јас очекувам конкретни чекори од меѓународната заедница. Додека го давам ова интервју, групите од власта и од опозицијата преговараат. Доколку и овој пат нема ништо конкретно во преговарачките позиции, некое поместување, опозицијата својата улога мора да ја заврши. Нема бегање. XX Според најавите, до крајот на следната недела се очекува Обвинителството да покрене обвинение и против вас за случајот “Пуч“. Што очекувате од обвинението? Заев: Ако ги ставиле сите карти на правна завршница, бидејќи сега знаеме што правеле во правосудството, можам да кажам дека се зафркнале. Обвинението со кое што ме товарат е насилство во обид врз претставници на високи државни функционери. Насилство се прави со одредени инструменти - војска, полиција... а за премиерот насилство е барањето за техничка влада и предвремени избори. Ниту

има закани, ниту уцени, ниту пак изнуди во она што е разговарано со Груевски. Секогаш на многу прецизен начин е разговарано, со почит како кон опонент од другата страна, што е и покажано со снимките што ги објавија, кога сум бил сниман во кабинетот на премиерот. Ниту имало насилство, ниту пак Заев е насилник. Така што, работата овде е смешна. И апсолутно - правен предмет нема. XX Очекувате случајот да падне? Јас очекувам Обвинителството да си ја изврши улогата согласно Уставот и законите. Тие имаат обврска, уставна и законска, да го заштитат уставниот поредок и суверенитетот на Македонија. Имаат обврска да се приклучат кон одбраната на својата земја, по Устав и по закон. Ако не го направат тоа, само бројот на соучесници се зголемува. Јас сум целосно растоварен. Ме гледате како го водам овој процес. Знам колку ми е чиста душата и знам колку сум исправен во овој процес. За пријателите кои ми се во притвор, како што е еден маж и неговата сопруга, по чие дете се трага, се бори цела Влада, со сите механизми и инструменти, против едно семејство! Притворениот го прашува обвинителот: „Молиме да ми кажете зошто сум јас во притвор?“ - зашто нема поим зошто е во притвор. Тоа е Бранко Палифров. Во тој процес, дури и во однос на шпионажата што им се става на товар на овие луѓе - за да има шпионажа мора да постои странска служба, странска земја, странска институција, а тоа никаде не се спомнува. Според кривичната пријава на МВР, единствена поврзаност со странски служби, од сите докази коишто ги видовме таму, а завршен е увидот во доказите и изјавите, е писмото до Њујорк Тајмс, напишано на англиски јазик, во кое има еден наратив за тоа колку се уништени слободите и правата во Македонија, колку е лоша состојбата во медиумите, колку правосудството како посебен сегмент е поклопено од страна на извршната власт; колку се тешки економските услови за живот и колку е голема миграцијата во Македонија. Тоа го пишува таму. А писмото не е ни испратено. И ако е тоа шпионажа, треба да нè затворат сите. Само јас дадов десетици интервјуа за Ројтерс, за СиЕнЕн, за БиБиСи, за Ал Џезира, за ХТВ, за речиси сите регионални телевизии, знаат граѓаните. XX Што ако поднесе оставка или биде сменет Марко Зврлевски? Каде ќе го барате новиот јавен обвинител? Би го реактуелизирале ли предлогот на Груевски од 2006 година за странец обвинител? Заев: Јас сум левичар по убедување, и како социјалдемократ сум широк во однос на сите размислувања околу изнаоѓањето решенија. Сè што е добро за Македонија, за мене е прифатливо. Притоа, многу е важно интегритетот на државата да се

сочува. Ако евентуалното доаѓање на странец не го нарушува интегритетот и образот на мојата земја, Македонија, тогаш, тоа е тема за којашто може да се размислува. Но, за ова мислење треба да дадат правниците. Јас едно знам, дека за да има решение за политичката криза, мора обвинителите да паднат. Зошто? Бидејќи теоретски за десет до петнаесет дена тие може да донесат политичка пресуда против Заев како лидер на опозицијата за казна затвор од 5 до 10 години. И чуму тогаш е потребно да преговараме? Ќе го затворат лидерот на опозицијата, а може и други личности од опозицијата?! Затоа, процесот треба да се регулира додека не излезе од Обвинителството, за воопшто да има решение на политичката криза. Како што е сега поставена работата, тешко е да се верува дека евентуално, при вака поставено Обвинителство, може да има одбивање да се отвори кривичната пријава. Самиот јавен обвинител е извршител на извршната власт. Тоа е недозволиво. Вториот по важност обвинител, кој е за секторот организирал криминал, е баџанак на Сашо Мијалков. Сопрузи се на две сестри. И сега, де факто, на обвинителот кој го води процесот “Пуч“, шефови му се прво Јован Илиевски, баџанакот на Сашо Мијалков, па Зврлевски. И каква одлука очекувате? Оти јавниот обвинител не е самостоен или независен. Одлучува заедно со своите шефови. И што ќе одлучи Сашо Мијалков? Да се отфрли пријавата? Очекувам дека ова е јасно и за ЕУ и дека како вклучени во изнаоѓањето можни политички решенија ќе помогнат за вистината и правдата во Македонија. XX Што откриваат материјалите од „Вистината за Македонија“ за функционирањето на бизнисот во Македонија, односно, за климата за водење бизнис во земјата? Заев: Мојата проценка ќе ја дадам како економист, прилично упатен - од 2003 до 2005 година бев пратеник во Собранието, од 2005 веќе десет години водам една од најразвиените општини во Македонија. А претходно, работев приватно, ја водев комерцијата на фирми со 820 вработени. Мислам дека добро ја знам економијата во Македонија и нејзините можности и перспективи. Прво, морам да кажам, можеме да имаме добра иднина. Може да бидеме и една Швајцарија на Балканот. Може економски подобро да живееме сите во земјава. Ресурсите оваа држава ги има, географската поставеност, работоспособни и работливи граѓани, и секако дека можеме да успееме. Но, според информациите, можам да кажам дека годишно се злоупотребуваат неколку стотици милиони евра. На Македонија и се потребни капитални инвестиции. Капитален развој не е бронзата, не е каменот. Тоа е инфраструктурата, гасификацијата, електрификацијата. Сето она што дава

Заев: ЕУ децидно и конкретно да посо


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

exclusive

23

Годишно се злоупотребуваат стотици милиони евра

М

оже да бидеме и една Швајцарија на Балканот. Може економски подобро да живееме сите во земјава. Ресурсите оваа држава ги има, географската поставеност, работоспособни и работливи граѓани, и секако дека можеме да успееме. Но, според информациите, можам да кажам дека годишно се злоупотребуваат неколку стотици милиони евра. На Македонија и се потребни капитални инвестиции. Капитален развој не е бронзата, не е каменот. Тоа е инфраструктурата, гасификацијата, електрификацијата. Сето она што дава мултиплицирачки позитивни вредности за државата.

мултиплицирачки позитивни вредности за државата. Инфраструктурата носи подинамичен транспорт, носи приходи од патарини, носи поголем извоз. Гасификацијата носи приходи кон државата, што ако се реинвестираат, носат нови приходи. И тоа е процес што е насушно потребен на државата. Досега живеевме во лажен сон и во магла. Капиталните инвестиции не беа капитални инвестиции. Само околу 600 милиони евра отишле само во проектот “Скопје 2014“. XX За овие капитални инвестиции, државата етапно се задолжува. Јавниот долг е неколкукратно пораснат од 2006 година наваму. А има и најави дека дополнително ќе се зголемува. Како тоа долгорочно ќе се одрази? Заев: Не е ниту чесно, ниту совесно да се задолжува државата и да ја ставите својата земја и граѓаните, да не можат да живеат

без нови кредити. А сето она што е нов долг, идните генерации ќе мора да го враќаат. Опцијата е една, или со парите враќате кредити или инвестирате во развојот и во квалитетот на животот на сегашните и на идните генерации. Лесно е да задолжиш сè за да добиеш политички поени, без разлика што ќе се случува во иднина. Но, тоа не е ниту чесно, ниту совесно од политичарите кои ја водат земјата. Но, верувам дека Македонија, со сериозен пристап може да се стабилизира. Зошто? Затоа што за среќа Македонија има добри ресурси. Во власта е грешката. Ако власта има чесни намери и ако политичарите сфатат дека се на позиции што се минливи и менливи, тогаш Македонија ќе биде убаво место за живеење. Само чесен пристап е потребен за солидно да се стабилизираат финансиските состојби во државата. Во овој процес на „Вистината на Македонија“ граѓаните очекуваат од опозицијата да ја понуди својата платформа. Најголем дел од очекувањата се врзани со барањето

сочи со прст на штетното

решенија за економските проблеми. Платформата е готова и во моментов се дебатира во органите и во телата на СДСМ. Во многу брз период СДСМ, а се надеваме и другите опозициски партии заедно со нас, ќе ја испорачаат понудата на опозицијата. И како што го водиме овој процес храбро и решително, и платформата ќе биде храбра и решителна понуда, авангардна, што ќе се разликува од сите досегашни понуди што биле презентирани пред граѓаните. Ќе понудиме програма и платформа што ќе гарантира дека Македонија ќе биде нормална земја, слободна, демократска, со економски извесна, добра иднина, земја во којашто новата власт, доколку биде предводена од СДСМ, однапред, преку таа платформа, ќе биде под закана за развластување, ако не се раководи од принципите со коишто ќе се обврзе пред граѓаните на Република Македонија. Нашата цел е да овозможиме граѓаните, а пред сè младите, иднината да ја гледаат во својата родна земја.


24 април 2015

специјален прилог - градежништво

Кој е кој

во станбената изградба? l Кои се градежните

l Кои производи

l Колку становите

l Расте домашната

фирми кои најмногу градат и продаваат станови? се македонски производ?

и индустрии се вклучени во изградба на еден стан? индустрија за градежни материјали

l Интервјуа со лидерите во градежната индустрија Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk l sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 3 298 111

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА Сања Савовска


ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!

СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата

УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156

Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk


Капитал број 807 17.04.2015

26

www.kapital.mk

Компании и пазари

На прсти се бројат компаниите што делат дивиденди

За газдите добивки, за акционерите шипки Малку се компаниите што котираат на Македонската берза кои на своите акционери годинава решија да им поделат дел од ланската добивка. Поголем дел од акционерските друштва одлучија да ја задржат добивката и покрај тоа што годината ја завршија со солидни финансиски резултати. Ниту враќањето на корпоративниот данок од 10% за компаниите, без оглед дали профитот ќе го задржат на сметката или пак ќе го поделат како дивиденда, не ги мотивираше помасовно да ги наградат своите акционери. Засега стандардно одлуки за распределба на добивката меѓу акционерите донесоа Алкалоид, Реплек, Македонски Телеком, а изненадување кај инвеститорите предизвика одлуката да подели дивиденда НЛБ Тутунска банка после долги години пауза.

дивиденди: алкалоид, реплек, македонски телеком стандарддно


www.kapital.mk

M

Капитал број 807 17.04.2015

27

З

пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Малку се компаниите што котираат на Македонската берза кои на своите акционери годинава решија да им поделат дел од ланската добивка. Поголем дел од акционерските друштва одлучија да ја задржат добивката и покрај тоа што годината ја завршија со солидни финансиски резултати. Ниту враќањето на корпоративниот данок од 10% за компаниите, без оглед дали профитот ќе го задржат на сметката или пак ќе го поделат како дивиденда, не ги мотивираше да ги наградат своите акционери. Аналитичарите оценуваат дека е вообичаено во случаи кога компанијата има проекти што ќе донесат поголема заработката, добивката да се реинвестира. Во спротивно, тие сметаат дека е порационално таа да биде исплатена на акционерите. „За дел од компаниите што досега ги објавија резултатите, одлуката да не се распредели добивката е оправдана во случаи кога се работи за мали профити или пак во случаи кога регулаторите на соодветните институции сметаат дека е по соодветно добивката да се задржи. Меѓутоа, има низа компании за кои задржувањето не е оправдано, а сепак тие и понатаму ги чуваат акумулираните профити без некое рационално оправдување, што секако е не е во интерес посебно на малите акционери и влијае дестимулативно на пазарот на капитал“, вели Горан Марковски, главен извршен директор на КБ Публикум Инвест. Засега десетина акционерски друштва донесоа одлуки да поделат дивиденди. Алкалоид на своите акционери ќе им подели по 189 денари дивиденда за една акција, извести менаџментот на компанијата. Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2014 година е 21 април годинава. Веднаш по објавувањето на веста дека компанијата ќе подели дивиденда, пазарната цена на акцијата на Алкалоид забележа солиден раст. Финансискиот извештај на Алкалоид за 2014 година покажува дека компанијата од продажба остварила приходи 125,2 милиони евра, што е за 6% повеќе во споредба со претходната година. Нето добивката, пак, пораснала за 3% на годишно ниво и изнесува околу 10 милиони евра. Компанијата од фармацевтската индустрија, која што вообичаено дели меѓу највисоките дивиденди, Реплек, годинава донесе одлука да

Горан Марковски

главен извршен директор на КБ Публикум Инвест

а дел од компаниите што досега ги објавија резултатите, одлуката да не се распредели добивката е оправдана во случаи кога се работи за мали профити или пак во случаи кога регулаторите на соодветните институции сметаат дека е по соодветно добивката да се задржи. Меѓутоа, има низа компании за кои задржувањето не е оправдано, а сепак тие и понатаму ги чуваат акумулираните профити без некое рационално оправдување, што секако е не е во интерес посебно на малите акционери и влијае дестимулативно на пазарот на капитал.

им подели на своите акционери по 55 евра за акција. Последен ден на тргување на акции со право на дивиденда е 14 април. Реплек минатата година оствари добивка од околу 1,4 милиони евра и е намалена за 39%. Продажбата на лекови на Реплек лани се намалила за 6% со што се остварени приходи од 18 милиони евра. Една од компаниите што секоја година го делат профитот како дивиденда е Македонски Телеком. Според објавените информации, Македонски Телеком годинава планира да исплати дивиденда во бруто износ од 36,7 милиони евра што е еднаков износ на остварената нето добивка на компанијата за 2014 година. Бруто износот на дивиденда по акција, според предлог одлуката, е 26,23 денари. Најголем акционер во компанијата е Дојче Телеком, кој поседува 56% од акциите додека пак Владата поседува 36,68% од акциите и според тоа се очекува дека од исплатената дивиденда во државниот буџет ќе се слеат околу 12,8 милиони евра. Малцинските акционери имаат само 2,57% хартии од вредност во Македонски Телеком. Осигурителната компанија Македонија - Виена Иншуренс Груп согласно предлог одлуката за распределба на нето добивката на акционерите ќе им исплати дивиденда во вкупен износ од 35,1 милиони денари. Тоа значи дека акционерите ќе добијат по 49 денари за акција. Македонија турист објави дека ќе исплати дивиденда за 2014 година во вкупен износ од 75,6 милиони денари. Висината на дивидендата по акција во бруто износ е 185,85 денари, а последен ден на тргување со право на дивиденда е 29 април годинава. Сепак освен стандардните компании кои што ги навикнаа своите акционери секоја година на дивиденда, две-три нови компании после долги години пост одлучија да го поделат профитот. Една од трите најголеми деловни банки НЛБ Тутунска банка ќе подели нето дивиденда од 496 денари за акција, што е прв пат по четири годишен пост акционерите да добијат принос на своите вложувања. Оваа вест веднаш ја крена цената на акцијата на највисока пазарна цена во изминативе 12 месеци тргување. За една недела, вредноста на акциите на НЛБ Тутунска банка порасна за речиси 25%. Банката минатата година оствари профит од 10,9 милиони евра, што за 7,6% повеќе споредено со 2013 година. „Ако се следи движењето на цената на акциите на компаниите што исплаќаат дивиденда може да се констатира дека има позитивна корелација меѓу дивидендата и цената на акциите на тие компании. Овој позитивен ефект

е уште поизразен во случаи кога има позитивно изненадување на најавената дивиденда во однос на очекуваната дивиденда. Истото важи и во негативна насока во случај кога одредена компанија ќе ја намали дивидендата под очекувањата на инвеститорите. Во Македонија изминативе неколку години во отсуство на странските инвеститори и ниска ликвидност, дивидендата е една од најзначајните фактори за инвестирање во акции која и понатаму го одржува интересот на малите инвеститори“, вели Марковски. Според него, тешко е да се предвиди однапред дали некои компании ќе ја променат политиката на распределба на добивката. „Многу веројатно и реално е да се очекува дека компаниите што ќе остварат позитивни резултати и имаат веќе воспоставена политика на исплаќање дивиденда да продолжат и во иднина на тој начин да влијаат врз зголемување на интересот на инвеститорите за нивните компании. Исто така очекувам дека и компаниите кои што во минатото имаа утврдена дивидендна политика, а поради влошените финансиски резултати престанаа да исплаќаат дивиденда, во иднина со подобрување на работењето ќе дојде до обновување на старите дивидендни политики во функција на раст на вредноста на акциите на компаниите“, оценува Марковски.

Се делат добивките од претходните години

Неколку компании во своите дивидендни календари запишаа датуми за исплата на добивките остварени во претходните неколку години. Овие одлуки доаѓаат откако Владата минатото лето ја укина антикризната мерка со која ги ослободуваше од корпоративен данок компаниите кои што ќе ја задржат добивката. Сега кога стана сеедно плаќањето на данокот на добивка, без оглед дали профитот ќе остане во компанијата или ќе се подели како дивиденда, дел од инвеститорите одлучија да ги поделат добивките со акционерите. Мермерен Комбинат од Прилеп објави дека ќе ја распредели акумулираната добивка од 2011, 2012 и 2013 година како и резервите настаните пред 2009 година во вредност од околу 3 милиони евра. Оваа компанија веќе ја исплати и добивката остварена во првата половина од минатата година од околу 700 илјади евра. На крајот на годината, Мермерен Комбинат пријави седум пати поголема добивка отколку во 2013 година, од 6,9 милиони евра. Тетекс донесе одлука да исплати дивиденда од акумулираната добивка до крајот на 2008

о поделија дивиденда, годинава изненади и нлб тутунска банка


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

28

Компании и пазари

година, додека пак планот за остварената добивка лани е дел да се зачува како резерва за инвестиции и дел да остане како нераспределена добивка. Според одлуката на менаџментот, Тетекс планира да исплати по 55,56 денари за акција. Компанијата Факом исто така одлучи да ја подели добивката остварена во 2008 година. Според објавените информации, Факом веќе им исплати на сметките на своите акционери по 275,5 денари за акција. Цементарница Усје уште лани во септември објави дека ќе ја подели акумулираната добивка од 37 милиони евра како дивиденда. На акционерите им беа исплатени по 4.094 денари по акција. Аналитичарите велат дека новиот даночен режим без двоумење ги стимулира бизнисмените да вршат исплата на дивиденди. „Стариот даночен режим на оданочување на добивката само ако се изврши исплата на дивиденда, ја дестимулираше исплатата и стимулираше нејзино задржување и инвестирање во бизнисот. Новиот режим, спротивно на тоа, стимулира исплата на дивиденди“, вели Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници. Податоците од Народната банка за исплата на дивиденди кон странство покажаа дека странските инвеститори што работат во Македонија минатата година одлеале дури 281,8 милиони кон матичните компании. Оваа сума, според нашите сознанија,

ги вклучува добивките на компаниите остварени во неколку претходни години и тоа ја прави една од највисоките досега.

Добивки има, дивиденди не

Дивидендата е право, но не и обврска на акционерските друштва кои доколку оствариле добивка можат, но не мораат, на своите акционери да им ја исплатат. Ако се оценува според објавените годишни извештаи на компаниите котирани на Македонската берза ним во просек минатата година им одеше добро. Меѓу компаниите што остварија добивки лани, а засега не објавија дека ќе делат дивиденда се Витаминка од Прилеп која годината ја заврши со профит од околу 860 илјади евра. Од компаниите производители на пијалаци, Прилепска Пиварница остварила поголеми приходи од продажба за 6% и со тоа се инкасирани 23,9 милиони евра. Нето добивката на компанијата изнесува 1,25 милиони евра и е намалена за 28% на годишно ниво. Од градежните компании, најголем раст на приходите прикажа Бетон од Штип и тоа за 73%. Вкупните приходи на компанијата за минатата година изнесуваат 13,4 милиони евра, а добивката изнесува околу 1,5 милиони евра евра, што е три пати повеќе од претходната година. Скопски Бетон објави дека приходите на компанијата изнесуваат 42,8 милиони евра и се намалени за 1% во споредба со 2013 година.

Бетон објави добивка од 1,1 милиони евра што е зголемување за 37% на годишно ниво. Гранит вообичаено претходните години делеше дивиденда од профитот, но за лани се уште нема никаква одлука. Компанијата ја заврши годината со профит од околу 3 милиони евра, што е за 42% помалку отколку во 2013 година. Речиси сите банки кои што доставуваат финансиски извештаи до берзата, пријавија импресивен пораст на добивката. Најголема добивка лани остварила Стопанска банка, од 24,6 милиони евра, што е дури 52,8% повеќе отколку годината претходно. Сличен пораст е евидентиран и кај Охридска банка која ја зголеми добивката за 51,3%. Банката создаде профит од 3,8 милиони евра. Комерцијална банка исто така ја зголеми добивката, и тоа за 21,2% и изнесува 1,6 милиони евра, меѓутоа веќе втора година по ред оваа банка не дели дивиденда. Уни банка објави дека 2014 година ја завршила со добивка од 1,1 милиони евра, што е пораст од 4,5% за една година. Најголем пораст на добивката од банките што ги доставија своите извештаи на берзата, пријави Стопанска банка Битола, и тоа за шест пати. Минатата година оваа банка оствари профит од 2,6 милиони евра, меѓутоа веќе извести дека најголем дел од добивката ќе ја искористи за покривање на загубите создадени во претходните години и дел како резерва. nnn

гацов: стариот даночен режим стимулира исплати на дивиденди

ɉɏɌɀɍɈȻ ȾɎɇȻ ɂȻ ɊɀɒȻɍɀȶɀ

www.savaprint.com

h, d. o. o.

vodnjo in trženje nih proizvodov d.o.o.

502 Kranj, Slovenija 80 60

Дилер за Македонија

EKOPAK SKS

Екопак СКС, д.о.о. увоз – извоз ул. Ѓорѓи Абаџиев бр.12 l 1000 Скопје l Македонија Т ++ 389 2 3179 354 ++ 389 75 302 124 web: www.ekopak.com.mk

6DYDWHFK G R R ,QGXVWULDO 5XEEHU 3URGXFWV DQG 7\UHV äNRIMHORåND F .UDQM 6ORYHQLMD 7



www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

30

интервју

Славој Жижек словенечки филозоф

Најголемата закана за Европа е нејзината инертност

С

Преземено од германски Шпигел

Славој Жижек не сака да биде нарекуван „професор“. Тој се шегува дека кога луѓето му се обраќаат со оваа титула, тој се врти да погледне каде е тој професор.

Всушност, тој има специфично мислење за универзимот. Токму преку неговите бројни плодотворни книги, есеи, текстови и колумни, 65 годишниот Жижек стана глобално влијателен интелектуалец. Неговите предавање и појавувања низ светот го направија еден од најпознатите современи мислители и теоретичари во денешницата. И покрај неговото влијание, тешко е да се посочи каде стои тој филозофски, но и политички. Тој смета дека вистинската сувереност на луѓето е единствено можна преку обновување на левицата. XX Господине Жижек, финансиската и економската криза покажа колку е ранлив системот на слободниот пазар. Вие си зададовте задача да ги испитате спротивставеностите на современиот капитализам. Дали очекувате нова револуција?

За жал не. XX Но, вие би сакале да посведочите една? Дали се уште сте комунист? Многумина ме сметаат за луд Марксист кој само го чека крајот на времето. Можеби сум многу екцентричен, но не сум луд човек. Јас сум комунист во услови кога недостасува нешто подобро, безнадежен за ситуацијата во Европа. Пред шест месеци, бев во Јужна Кореа каде зборував за кризата во глобалниот капитализам. Потоа публиката почна да се смее и рече: За што точно зборувате? Само погледнете не нас- Кина, Јужна Кореја, Сингапур, Виетнам- ние одлично стоиме економски. Оттука прашањето е кој е во криза? Вие сте, во Западна Европа- или попрецизно, во некои делови од Западна Европа. XX Па, не е баш така едноставно. Сепак, има вистина во тоа. Зошто ние Европјаните се чувствуваме дека нашата несреќна ситуација е целосна криза?

Жижек: ме сметаат за луд Марксист кој само го чека кр


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

31 Сметам дека ние чувствуваме дека не е прашањето - да или не за капитализам, туку во прашање е иднината на нашата западна демократија. Нешто темно се формира во хоризонтот и првиот ветар од бурата веќе дојде до нас. XX Велите дека економската криза може да доведе до политичка криза? Кина, Сингапур, Индија или – поблиску до нас- во последно време Турција, не предвидуваат добра иднина. Верувам дека модерниот капитализам се развива во насока во која функционира подобро во услови на не целосно развиена демократија. Подемот на таканаречениот капитализам во азиски вредности во изминатите десет година во најмала рака покренува некои сомнежи и прашања. Што ако авторитарниот капитализам во кинескиот модел е индикација дека либералната демократија, каква што ја разбираме, не е веќе услов и водечка сила за економски развој, туку напротив, е пречка за економски развој? XX Демократијата не е овде за да го изгради патот за капитализмот. Тука е за да се спротивстави на постојаните опасности на капитализмот, а тоа е она што ја прави демократијата незаменлива.. Но, за тоа да биде така, мора да има нешто повеќе од самиот принцип на слободни избори. Слободата на избор може да го одведе општеството во секоја можна насока. И кога е ова во прашање, јас сум Ленинист. Ленин секогаш иронично прашувал: Слобода- да, но за кого? За што да направи? XX Слобода на самоопределување. И прво и најважно, слобода на изразување, но и слобода на мислење се исто така дел од тоа. Одлично. Јас не сум Сталинист кој се исмева на граѓанските слободи и вели дека мислењето на партијата е единствено точно, и тоа е вистинската слобода. Во однос на личните и приватните слободи, слободата на избор, тие растат дури и во Кина. Тука зборувам за сексуалната слобода, слободата на патување, слободата на трговија и слободата да се стане богат. Но, се прашувам дали е тоа доволно и дали овој вид на лична слобода, на избор е можеби до некаде и замка. Добивките од личните слободи ги маскираат загубите од социјалните слободи. Класичниот принцип за благосостојба на државата се урива. Губиме увид за тоа каде социјалните процеси не водат и во каков вид на општество сакаме да живееме. Полето на опции во кое ние можеме да ги живееме нашите индивидуални слободи има потреба да биде редефинирано. XX Со други зборови, вас ви недостасува посилна дебата за системот. Бевме сведоци на

Словенечкиот филозоф Славој Жижек важи за еден од најдрските интелектуалци левичари во Европа. Во неговото ново дело тој смета дека Европа не треба да биде особено толерантна кон Исламот и дека стариот континент има потреба од “водечка култура“ на просветлување една за време на студентските протести во 1968 година, но не донесе до некакви резултати, освен добивката од либаралните граѓански слободи. Наспроти желбата за индивидуална слобода, дали предизвик од тоталитаризмот не се прикрадува во мобилизација на колективната желба да се надмине овој постоечки систем? 20-тиот век веќе заврши. Тоталитарните режими не се во можност да преживеат на долг рок. Ако сакаме да ја зачуваме сликата што ја имаме за самите себе овде на Запад, тогаш мора одново да си ги поставуваме прашањата поврзани со проширување на демократските слободи и процесите на само- еманципација. Ова е најголемата замка за Европа. Јас сум евроцентричен левичар. Стана модерно во круговите на левичарите да се критикува евроцентризмот во име на мултикултурализмот. Но, убеден сум дека нам ни е потребна Европа повеќе од кога и да е. Само замислете го светот без Европа. Ќе имате само две страни, лево САД, со брутален неолиберализам, и таканаречениот азиски капитализм, со своите авторитарни политички структури. Помеѓу нив ќе ја најдете Русија на Путин, со аспирации за проширување. Ќе го изгубите највредниот дел од европското наследство, каде демократија и слободата повлекуваат со себе колективна акција без која, еднаквоста и фер однесувањето не би биле можни. XX Тоа е наследството од Просветлувањето- транзицијата од само- зададената незрелост до автономната самоопределеност (Просветлувањеевропски интелектуално движење во доцниот 17 и 18 век кој ги нагласува причините и индивидуализмот над традиционалното н.з.) Токму така! Јас не сум најдобар пријател на Jürgen Habermas, но се согласувам со него околу ова. Повеќе од кога и да е порано, ние треба да продолжиме да се држиме цврсто до проектот на европското просветлување. Тоа е единствена работа која ќе ни дозволи да ги промениме нашите контури, оние кои можат да се променат. XX Зарем оваа цел не бара премногу од либералната демократија? Да. Но, ние треба да одиме и над

либералната демократија. Обичната демократија функционира на следниот начин. Мнозинството гласачи се чини се задоволни со поимањето на слободата на избор. Но, во реалноста тие прават онака како што им е кажано. Како, на пример, на Германците дека најдобриот избор за влада е голема коалиција. Од стравот да се направи радикална, невообичаена одлука, луѓето се однесуваат како одлуката да е донесена од нив самите, базирана на околностите, на практичните ограничувања и на предодредени услови. Но, понекогаш треба да го промените полето на значење, отколку само да ги анализирате работите и да се адаптирате на нив. Развојот на општата волја (volonté générale) на Русо, не се добива на овој начин. Развојот на волјата останува индивидуализирана и приватна и на крајот од денот таа е аполитична. Постои голема можност за капитализмот оти либералната демократска слобода и индивидуализираниот хедонизам ги мобилизира луѓето преку тоа што ги трансформира во воркохоличари. XX Што гледате како алтернатива? Не постои пат за назад до комунизмот. Сталинизмот беше во некои работи дури полош од фашизмот, особено ако се земе предвид дека комунистичкиот идеал беше Просветлувањето ултимативно да резултира во само- ослободување на луѓето. Но, тоа е исто така трагедија за дијалектиката на Просветлувањето. Сталинизмот се уште останува нерешена сложувалка за мене. Фашизмот никогаш ги немаше амбициите на Просветлувањето, тоа ексклузивно се залагаше за конзервативна модернизација употребувајќи криминални алатки. До некаде, Хитлер не беше доволно радикален или насилен. XX Што? Зарем навистина мислите така? Она што се обидувам да го кажам е дека фашизмот можеби ќе создадеше реакција на баналноста и самозадоволувањето на буржоазијата, но исто така остана фатен во хоризонтот на буржоазиското општество и го одржа и овековечи токму ова самозадоволување. Јас го делам мислењето на Волтер Бенџамин дека секое појавување на фашизмот е продукт на неуспешна револуција. Успехот на фашизмот е неуспех на Ллвицата и докажува дека постоеше некаков револуционерен потенцијал, но дека левицата не знаеше како тоа да го употреби.

рајот на времето. Можеби сум ецентричен, но не сум луд.


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

32

интервју

XX Каде во моментот се наоѓаат вредностите на либерализмот: слобода, еднаквост и фер однос? Дали либералната демократија е доволно силна да се заштити себе си од нелибералните напади? Се сомневам дека ќе може да се соочи со предизвиците. Глобалниот капитален систем се соочува со нулта- точка на опасност. Неговите четири носечки столба на апокалипсата се климатските катастрофи, очигледните последици од биогенетските истражувања, недостатокот на саморегулација на финансиските пазари и растечкиот број на луѓе кои се блокираат. Колку повеќе пазарите стануваат глобализирани, посилна станува силата на социјалниот апартхејд. XX Опасностите веќе се препознаени и за нив се расправа на широко. Сепак, дали сметате дека ние немоќно се сопнуваме кон бездната? Недостатокот на јасна алтернатива не може да значи дека ние едноставно продолжуваме со статус кво. Ако постоечкиот систем продолжи да се репродуцира, тогаш ние одиме кон имплозија. Единствената работа која може да ја спаси либералната демократија е обновување на левицата. Ако левичарите ја пропуштат оваа шанса, опасноста од фашизмот, или во најмала рака од нов авторитаризам постојано ќе расте. XX Овие трендови веќе може да се видат и денес- во религискиот фундаментализам, во деснопартискиот популизам и во агресивниот национализам. Така е, а одговорот на ова не може да биде вообичаената реакција на левицарите, онаа за толеранција и разбирање. Не. Но, со тоа, либерализмот ќе се потценува себе си малку по малку. Ние имаме право да поставиме граници. Ние во Европа се чувствуваме премногу виновни- нашата мултикултурална толеранција е одлив на лоша совест, комплекс на вина кој може да направи Европа да изгние. Најголемата закана за Европа е нејзината инертност, нејзиното оддалечување во култура на апатија и општ релативизам. Јас сум догматичен по однос на ова. Слободата не може да биде одржлива без одредена мерка на догматизам. Не сакам да влеам сомнеж на се, или, пак, да доведувам се во прашање. Токму поради тоа јас сум исто така против секоја форма на политичка коректност, која се обидува да контролира

Либералната демократија може да се спаси само со обновување на левицата

Н

едостатокот на јасна алтернатива не може да значи дека ние едноставно продолжуваме со статус кво. Ако постоечкиот систем продолжи да се репродуцира, тогаш ние одиме кон имплозија. Единствената работа која може да ја спаси либералната демократија е обновување на левицата. Ако левичарите ја пропуштат оваа шанса, опасноста од фашизмот, или во најмала рака од нов авторитаризам постојано ќе расте. нешто што треба да биде дел од нашата морална бит заедно со социјалните и правните забрани. XX Во последно време имаше експлозивно спакувана изјава

која стана популарна- имено дека Исламот е дел од Европа? Толеранцијата не е решение овде. Она што нам ни треба е тоа што Германците го нарекуваат Leitkultur, повисока водечка


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

33 култура која го регулира начинот на кој субкултурите делуваат и комуницираат. Мултикултурализмот, кој подразбира взаемено почитување на чувствителност на другите, не функционира кога ќе дојде до фаза на "impossible-à-supporter" (неможност да се поднесе повеќе). Верниците Муслимани речиси воопшто не можат да ги толерираат нашите безбожни слики и нашиот хумор полн со непочит, што всушност е дел од нашата слобода. Но, Западот, со неговите либерални практики, исто така смета дека договорените бракови и сегрегацијата на жените, кои се дел од животот на Муслиманите, се нетолерантни. Токму поради тоа, јас, како левичар, сметам дека ние треба да ја создадеме нашата водечка култура. XX Што може да биде тоа? Како може оваа водечка култура да изгледа? Кога дури и универзалната применливост на човековите права понекогаш е доведена во прашање во име на културните разлики Европската водечка култ ура е универзалноста на Просветлувањето во која индивидуите се гледаат себе си преку оваа универзалност. Тоа значи дека секој треба да биде во можност да простува и да ги игнорира своите социјални, религиски и етнички позиции. Не е доволно да се толерираме едни со други. Нам ни е потребна можноста да го искусиме нашиот културен идентитет како нешто потенцијално, нешто коинцидентно, нешто што може да биде променето. XX Еманципацијата е акт на насилство- заминување од нешто и негово искоренување. Исламот не им дозволува на верниците да заминат од заедницата Не постои слобода, односно, ниту една универзална слобода не дошла без момент на насилство. Сечењето на корените е навистина насилен процес, но оваа сила, која не мора да биде физичка, има нешто избавително во себе. Сепак, не значи уништување на она што не прави нас посебни. Ние сме приврзани кон нашите особености, специфика... Но, ние треба да признаеме дека таа особеност е базирана на нашата случајност, она што во моментот се случува, но тоа не е постојано само по себе. Универзалноста е отвореност до радикална случајност и непредвидливост. XX Што значи ова за политиката? Иранскиот револуционерски лидер Хомеини еднаш рече: Ние Муслиманите не се плашиме од оружјето на Западот или од економскиот империјализам. Она од што се плашиме е моралната коруптивност на Западот. Екстремната форма на оваа отпорност е Исламската држава, или уште повеќе, Боко Харам. Каков чуден феномен! Социјално и политичко движење чија основа цел е да ги држи жените неедуцирани и врзани кон своето место. На старото мото од 1960-тите, дека се што е сексуално е и политичко, му е дадено ново значење

овде: Одржувањето на строгата сексуална хиерархија станува најважен политички императив. Па зарем ние не искусуваме послаба форма на истото однесување во рускиот одговор кон евровизискиот натпревар на песни- Евросонг само поради тоа што брадовитата Кончита Вурст победи? Рускиот националист Владимир Жириновски рече минатиот мај, „не постои тој или таа во Европа, постои само тоа (среден род н.з.)“. Дури и нашата Католичка црква предизвикува иста паника со нејзината одбивност кон исто-полови бракови. XX Кој одлучува што е случајно, а што е морално? За правоверниот Муслиман, бурката не е случајна, таа е суштина? Овде лежи опасен проблем. Девојката, жената мора да одлучи за тоа самостојно. Но, за тоа да го направи таа, мора да биде ослободена од притисокот од нејзината фамилија и нејзината заедница. И тука станува применливо еманципаторското насилство. Единствената можност за автономија е поместување, да се одвои од притисокот на заедницата кој ја тера да се потчини. Затоа еден од моите херои е Malcolm X. "X" стои за промена. Тој не се водеше од тоа да ги бара своите африкански корени. Напротив, тој виде шанса да постигне нова универзална слобода преку таквите корени (тој е познат по силното застапување на правата на афро- американците во САД н.з.) XX Вие го оправдувате ова насилство? Јасгоприфаќамованасилствобидејќиецена за вистинската случајност,непредвидливост и ослободување на самиот себе. Тоа е како садо- мазо секс игра. Инволвираните може да учествуваат во сите перверзии. Но, во едно време, секој има право да рече „Стоп, доста е, јас застанувам овде и заминувам“. Прогресот во западната демократија се состои од постојано проширување на полето на универзалност и, на тој начин, исто така диферзифицирање на слободата на избор помеѓу непредвидливите одлуки. Но, непредвидливоста не значи тривијалност. Нашите највредни колективни достигнувања се случајни- тие доаѓаат од никаде и се прекршуваат со нашиот постојан идентитет. XX Па како тогаш може да развиеме еманципаторска солидарност меѓу групите кои се културно различни? Мојот одговор е да се бориме. Празната универзалност очигледно не е доволна. Судирот на културите не треба да се надмине преку чувството на глобален хуманизам, туку повеќе преку солидарност кон оние кои војуваат внатре во секоја култура. Нашата борба за еманципација треба да оди заедно со битката против индискиот систем на касти воспоставен во Кина. Се зависи од ова: битката за Палестинците и војната против антисемитизмот, Викиликс и Пуси Риот- сите тие се дел од иста битка. Ако не, тогаш ние може едноставно да се убиеме самите себе. nnn


Капитал број 807 17.04.2015

34

www.kapital.mk

Луѓе и настани

Слободниот свет одбележува 150 години од атентатот на големиот Абрахам Линколн

Човек пред своето време кој со крв ја плати сопствената визија Век и половина после еден од најпознатите атентати во историјата „Капитал“ ги анализира причините, околностите и непознатите факти поврзани со овој настан од историско значење. Според досега прочитаното, анализираното и напишаното, кариерата, и општо животот на Абрахам Линколн, треба да бидат ѕвезда водилка или модел за секој политичар кој сака да успее и да биде запаметен во таа „неблагодарна“ работа. Ако нешто нè научи Линколн, тоа е дека добрите идеи секогаш излегуваат на површина, но, и оти некој треба да ја плати цената за да може да се реализираат. Во неговиот случај цената беше навистина превисока

Визија: основна, неопходна особина


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

35

Миротвор-

Дел од најпознатите мисли од Линколн:

ците лидерите на Унијата

Инаугурацијата на Абрахам Линколн

Линколн

на фронтот со своите генерали

пишува:

Максим Ристески

O Maksim.risteski@kapital.mk

Дејан Азески

Dejan.azeski@kapital.mk

Обичните времиња бараат лидери кои водат кон прогрес, а кризните времиња лидери кои ќе го најдат патот кон излезот. Историјата ги памети и нe учи преку примерите на успешните и во двата случаи, но, правото на незаборав, да бидат непрестаен извор на инспирација, го имаат само лидерите кои успеале да победат такви кризи што се заканувале да го уништат и веќе постигнатото, и кои со излезот од кризите успевале да донесат и прогрес, и тоа таков што значел

голем скок во иднината. Несомнено, меѓу само неколкумината вакви великани на историјата е шеснаесеттиот претседател на Соединетите американски држави (САД), Абрахам Линколн, од чиј атентат - како цена што бил подготвен да ја плати за погоре опишаното лидерство, деновиве (на 15 април) се навршија 150 години. Најмоќната светска држава не би била тоа без Линколн, кој го сочувал единството на нацијата, не дозволувајќи американскиот Север и Југ да ја растурат идејата за САД, и да основаат посебни држави. Без него уште долго во САД ќе се бореа со вкоренетото (и за Југот, во тоа време, особено исплатливо) сфаќање дека човекот може да биде сопственост на друг човек, да има статус на трговска стока, а да нема никакви човекови права. Големината на Линколновото укинување на ропството (финализирано во 1865 година) се мери и со фактот што, на пример, во Јужноафриканската република дури до 1990 година можеби немаше класично ропство, но, белото малцинство спроведуваше апартхејд, ускратувајќи му ги политичките и економските права на црното население. Уште повеќе што на патот до тринаесеттиот амандман на Уставот на САД што конечно го забранило ропството во сите сојузни држави и територии, Линколн немал поддршка ниту од своите, од Северот (со исклучок, секако, на аболиционистите), каде што расизмот, исто така бил раширен, а поддршката во војната

за секој успешен политичар

l Кога ќе чујам како некој се расправа за ропство добивам силен импулс да го ставам на робување да види самиот што значи да си роб“ од говор во 1865 l Догмите од тивкото минато, не се адекватни на бурната сегашност. Денешницата е обвиена со потешкотии, и ние мора да се издигнеме на ниво на денешните предизвици. Со оглед на тоа дека нашиот случај е нов, ние мора да размислуваме поинаку, и да делуваме поинаку“обраќање пред Конгресот, 1862 l Ако сте цврсто убеден да направите од себе адвокат, тогаш пола од работата сте ја завршиле“- писмо, 1855 l Ова е свет на компензации; и тој што не е роб, мора да се согласи да нема робови. Тие што им ја одземаат слободата на другите, не ја заслужуваат ниту за самите себе “- писмо 1859 l Зарем не ги уништувам моите непријатели, кога ќе ги направам мои пријатели?“разговор, 1863-65


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

36

Луѓе и настани

Духот кој го ширел Абрахам Линколн помеѓу американските ѓраѓани најдобро се отсликува преку запишаните зборови во Меморијалот на Линколн во Вашингтон каде дословно пишува: „Со малициозност кон никого, со милост кон сите, со потврдување на правото, додека господ ни дава да го видиме правото, ајде да се обединиме и да ја завршиме работата која сме ја започнале, конечно да ги залечиме раните на оваа нација.....“

Атентатот како логичен след на околностите

Н

а Велики Петок 14 април 1865 година, Линколн е убиен во Форд Театарот во Вашингтон од актерот Џон Вилкес Бут кој во тој момент верува дека му помага на југот. Всушност го постигнува негативниот ефект бидејќи само претседателот Линколн е единствена гаранција за долготраен и оддржлив мир и е единствената пречка за целосно уништување на Југот кое подоцна и ќе се случи. Како и да е ниту во тоа време ниту сега 150 години подоцна никој не е изненаден од судбината која го снашла големиот Абрахам Линколн. Многумина историчари сметаат дека тој бил предодреден да загине за своите идеи кои биле барем сто години пред своето време. Колку за илустрација дел од точките кои се застапени во Прокламацијата за Еманципација во други делови во светот (како на пример Јужно Африканската Република) се применети дури во деведесеттите години од минатиот век. Или вкупно 130 години подоцна од визионерскиот исчекор кој големиот Линколн ќе го направи и ќе го плати најскапо можно. Со својот сопствен живот.

со Конфедерацијата била давана само со цел принудување на Југот да се врати во Унијата. За тоа како во Америка се размислувало кога Линколн се борел за укинување на ропството зборува напишаното од уредникот на „Републиканскиот стражар“, Хенри Ривс, дека „Со Прокламацијата за еманципација (две извршни наредби за ослободување робови што Линколн ги дал во тек на Граѓанската војна, н.з.), во име на слободата на црниците, се ризикува слободата на белците, за да се тестира утописката теорија дека расите се еднакви, која и природата, и историјата, и искуството ја отфрлаат како монструозна“. Но, вистинскиот лидер не е оној со чии ставови нужно треба да се сложуваме, туку некој што успева да нe поттикне да направиме, активно да учествуваме во нешто големо, за што претходно не сме верувале дека сме способни, и што благодарение на вдахновението што ни го дал, и ние сме станале дел од промените за кои искрено веруваме дека се за доброто на човештвото.

Визионер не се станува, визионер се раѓа

Многумина знаат дека Абрахам Линколн е роден во трошна дрвена и еднособна колиба во шумите на сојузната држава Кентаки, во годината 1809. Знаат за неговото сиромашно детство и скромна младост која несомнено му помогнала во формирањето на неговиот карактер до идеална точка за тоа да го направи најпопуларниот и најпознатиот претседател во историјата на САД. Но, од друга страна многу малку луѓе знаат дека идеите кои претседателот Линколн ги промовирал во Белата Куќа се идеи кои што тој ги застапувал од најмлади години, но, кои, за жал, не биле доволно созреани за општеството да ги прифати.

Веројатно поради сето тоа неговата политичка кариера е полна со падови и нови воздигнувања. Веројатно само самиот Линколн знае колку локални, републички и сојузни избори изгубил пред да дојде на позицијата од која ќе влезе во историјата. Секако најголем пораз на Линколн е оној во 1858 година од неговиот прочуен противник, демократот Стефан Даглас, во трката за американскиот сенат. Историјата ќе забележи дека Линколн ги добил сите можни дебати со Даглас, но, дека поради неговите идеи за ослободување на робовите оваа битка ја загубил. Неговите слободарски и пацифистички сфаќања на општеството едноставно биле пред своето време. Но, токму затоа Линколн е омилен предмет за истражување на сите политички школи во светот. Предмет за истражување кој треба да ги наведе студентите да размислуваат во една единствена насока, дека политичарот не треба да биде вејка на ветерот, односно на моменталното расположение и емоции на широките народни маси, туку да опстојува на првичните идеали во кои верува и поради кои влегол во политиката. Абрахам Линколн е доказ дека тие идеи (ако се правилни) кога тогаш ќе дојдат на цена.

Човек пред своето време

Игра на судбината е фактот што Линколн ја добива можноста да го покаже сето свое раскошно знаење и умеење во најтешкиот период од историјата на САД. Време кога државата се цепи на два дела не поради логични економски или географски причини, туку поради стриктни идеолошки разидувања и расна нетрпеливост. Закоравениот пацифист и либертаријанец е донесен во позиција на незавиден избор. Јавно да се откаже од своите либертаријански идеи за кои се бори цели три децении или пак да се откаже од своето пацифистичко убедување и да тргни во беспоштедна и крвава битка со стереотипите и оковите на времето. Линколн не би бил Линколн ако не се одлучи за второто. Уште во своето инаугурационо обраќање Линколн го предупредува Југот на Америка со зборовите: „Не во моите, туку во вашите раце, мои незадоволни сограѓани, е прашањето на граѓанската војна која мојата влада нема прва да ја започне. Разликата е што вие немате дадено заклетва пред небото дека ќе ја уништите мојата влада, додека јас имам дадено таква заклетва. Имам дадено


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

37 заклетва дека ќе ја зачувам, заштитам и одбранам“. Всушност, ова негово емотивно обраќање доаѓа како одговор на сецесијата на јужните американски држави и формирањето на конфедерацијата на американски држави кои се решени да го зачуваат конзервативниот начин на живот базиран на ропскиот црнечки труд. Уште при самата победа на изборите (уште пред неговото инаугурационо обраќање) Линколн добива јасна порака од Југот дека половина од Америка не сака да живее во држава каква што Линколн ја замислува. Претседателот од друга страна е спремен да искористи и сила во одбраната на Федералниот закон и општо Унијата. Кога Конфедерациските артилерски батерии отвораат оган на Форт Сумтер тој испраќа одлучен повик ширум САД за мобилизација на 75.000 доброволци. На почетокот на војната многумина сметаат дека Линколн е губитник уште на самиот старт. Но, тој има едно оружје кои искусните јужњачки генерали никогаш нема да го добијат. Тоа е неговата визија за моќта на широките народни маси. Тој како претседател се посветува на изградба на што посилна инфраструктура на Републиканската партија која токму во негово време ќе прерасне во силна национална организација. Понатаму ќе успее да придобие и најголем дел од северните демократи кон неговата кауза. Но, ова е само почеток за Линколн. Неговата математика во голем дел се базира на ефектот кој врз самата војна, но, и понатаму врз развојот на американското општество би го имале ослободените робови. Поради тоа на 1 јануари 1863 година тој ја објавува Прокламацијата за Еманципација, историски документ кој ги ослободува сите робови на територијата на САД (на југот и северот). Овој единствен потег ќе натера десетици, а можеби и стотици илјади афро-американци во редовите на линколновата армија на слободата и правдата. Дефинитивно државнички и визионерски потег кој ќе го смени текот на војната и ќе го промени светот засекогаш. Веројатно уште еден изум од владеењето на Линколн е континуираното повторување и потенцирање на идните придобивки од она што некој денеска го работи. Неговата позната парола е дека жртвите никогаш не смеаат да се заборават. „Цврсто сме решени дека смртта на оние кои паднаа во оваа војна нема да биде залудна. Цврсто сме решени дека оваа нација пред бога ќе има уште едно ново раѓање, раѓање

Работи кои Линколн ги имал во џебот во моментот на атентатот

М

ногупати сме го слушнале коментарот дека САД е држава која почива на факти, бројки и статистики. Но, никогаш не сме можеле целосно да го разбереме доколку не сме дошле до податок какви се податоци и архиви американците не чуваат. Таков пример се и фактите и предметите поврзани со убиството на претседателот Линколн. Во архивите е запишано дека за време на атентатот претседателот Линколн во својот џеб имал два чифта очила, џебно ноже од слонова коска, марамче, џебен часовник, чистач за леќи, прес клипинзи од девет различни весници, паричник и банкнота од пет долари кои потекнувале од територијата на Конфедерацијата. на слобода. И цврсто сме решени дека владата на народот, од народот и за народот никогаш повеќе нема да исчезне од земјата“. Линколн е реизбран за претседател во 1864, годината во која отпорот на јужњаците е конечно скршен и унијата на Линколн ја освојува долго очекуваната победа. Во неговото планирање на мирот, претседателот е флексибилен и дарежлив охрабрувајќи ги јужњаците да го положат и последното оружје и мирно да се вратат во Унијата. Сепак многумина историчари сметаат дека Линколн однапред бил свесен дека ќе загине во оваа нерамноправна битка (со времето во кое живеел) која никој никогаш не ја добил.

Двата чифта очила според историчарите биле помагало за неговиот видно ослабен вид во неговите за тоа време одминати 54 години. Линколн користел очила и за блиску и за далеку. Најголема мистерија секако останува фактот што историски најголемиот непријател на конфедерацијата во клучниот момент поседувал нивна банкнота во џебот. Освен оваа банкнота, иако имал паричник со себе, Линколн не носел други пари, ниту од унијата, ниту од конфедерацијата. Историчарите непотврдено коментираат дека најверојатно банкнотата е сувенир од скорешната победоносна посета на Линколн на конфедерациската престолнина Ричмонд. Но, исто така неговото визионерско чувство било развиено на толку високо ниво за да го направи свесен дека создава дело кое ќе е апсолутно бесмртно. Духот кој го ширел Абрахам Линколн помеѓу американските граѓани најдобро се отсликува преку запишаните зборови во Меморијалот на Линколн во Вашингтон каде буквално пишува: „Со малициозност кон никого, со милост кон сите, со потврдување на правото, додека господ ни дава да го видиме правото, ајде да се обединиме и да ја завршиме работата која сме ја започнале, конечно да ги залечиме раните на оваа нација.....“ nnn


Капитал број 807 17.04.2015

38

www.kapital.mk

луѓе и компании

Бугарија е трета најпосакувана аутсорсинг дестинација во светот Во годишното рангирање на компанијата Cushman & Wakefield Бугарија го зазеде третото место во светот како најпривлечена аутсорсинг дестинација. Нејзиниот скок на листата е за единаесет позиции нагоре, а во анализата Бугарија се утврдила како посакувано место за аутсорсинг благодарение на ниските даноци и евтината работна рака, како и на тоа, што е членка на Европската унија.

Wakefield: Аутсорсинг индустријата се процен


Б www.kapital.mk

Бугарија го зазеде третото место во светот по привлечени аутсорсинг инвестиции во годишното рангирање на компанијата Cushman & Wakefield за актуелнава година. Нашиот источен сосед се пласирал веднаш зад Виетнам и Филипините, кои се лидери како аутсорсинг дестинации, а после Бугарија, како прва во Европа, се наоѓаат Романија и Перу. Бугарија добила повеќе поени од двете првопласирани држави според критериумот ризик, но, поради повисоките цени се наоѓа на третото место. Нејзиниот скок на листата е за единаесет позиции нагоре, а во анализата на Cushman & Wakefield се вели дека Бугарија се утврдила како посакувано место за аутсорсинг благодарение на ниските даноци и евтината работна рака, како и на тоа, што е членка на Европската унија. Се дополнува и дека на универзитетите во земјата годишно дипломираат 60 илјади студенти, од кои скоро половината добиваат дипломи од области погодни за работа во аутсорсинг компании. Во анализата што опфаќа 36 држави од целиот свет се посочува дека 98% од бугарските средношколци учат странски јазик, а во училишната програма на дури 73% од нив има и по два странски јазици. За Бугарија не е ново високото рангирање меѓу аутсорсинг дестинациите - лани влезе во топ 10 листата на AT Kearney, како единствена од Европа.

Капитал број 807 17.04.2015

39

Најголемата бугарска компанија во секторот, Софика груп, во февруари 2014 беше преземена од американски TeleTech, а веќе со години во земјата оперираат гиганти како HP (со најмногу вработени), IBM, Coca-Cola ... За Романија се вели дека нејзините предности се во пристапните цени на канцеларискиот простор, големите брзини на интернет, што е показател според кој оваа земја е на високото седмо место во светот. Во исто време, поради високата годишна инфлација која обезвреднува дел од приходите, Романија паднала на четвртото место во рангирањето, од првото што го држела во 2014 година. Аутсорсинг индустријата се проценува на 100 милијарди долари според последните податоци, и расте со стапка од 5% секоја година. Од Cushman & Wakefield посочуваат дека и оваа индустрија е се уште под притисок на глобалната рецесија, и оти бара начини да дојде до што повеќе конкурентски предности. Аналитичарите потцрт уваат дека компаниите во секторот треба да се

нува на 100 милијарди долари

водат од три критериуми при изборот на дестинација: од цената, од ризикот и од енергетската безбедност. Последното е поврзано со кризата во Украина. „Со можноста што Русија ја има - во секој момент да го прекине снабдувањето со гас на Европа, земјите од Европската унија се ставени меѓу тие што се оценети како неверодостојни во однос на енергијата, и соодветно на ризикот“, се вели во документот на Cushman & Wakefield. Не е изненадување дека балтичките држави и оние од источна Европа се позависни од рускиот гас. Податоците за 2012 година покажуваат дека државите како Финска, Литванија, Латвија и Естонија се 100% зависни од рускиот гас. Зависноста на Полска од оваа суровина се оценува на 59%, а на Бугарија, на Унгарија и на Словачка, на над 80%. „Многу од овие држави во моментов подготвуваат стратегии за намалување на оваа зависност, планирајќи да изградат цевководи со кои ќе ги диверзифицираат изворите на снабдување, или имаат намера да купуваат течен гас“, пишува во анализата. nnn


ПОКАНА На 11 јуни 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 17. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да нè известите најдоцна до 28 мај 2015 година (четврток). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 8 јуни (понеделник) 2015 година на тел. +389 3 298 111; електронска пошта: marketing@kapital.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

Луѓе и компании

41

Пол Адамс работел за Google три години, и потоа во Facebook две години

Слушај паталец...

Најголемата разлика помеѓу Google и Facebook

G

објаснета од човек што работел и во двете

Google и Facebook се две од најголемите и најпознатите технолошки компании во кои што може да работите во Силиконската долина во САД. И двете се познати по тоа што трошат големи пари за да ви го направат работниот ден што попријатен – бесплатна храна, вежбални, лекарска нега, градинки за децата, капсули за релаксација, итн... Но, по сè изгледа, корпоративната култура во секоја од нив е прилично различна. Пол Адамс, поптретседател за продукти во интернет компанијата Intercom, работел за Google три години, од 2007 до 2010, пред да замине во Facebook, каде што работел од 2011 до 2013 година. Има некои сличности помеѓу Google и Facebook – и двете се технолошки компании што развиваат продукти кои им помагаат на луѓето да комуницираат меѓу себе и лесно да пронајдат информација. Но, секоја размислува на различен начин, вели Адамс. “Најголемата разлика според мене е тоа

Има некои сличности помеѓу Google и Facebook – и двете се технолошки компании што развиваат продукти кои им помагаат на луѓето да комуницираат меѓу себе и лесно да пронајдат информација. Но, секоја размислува на различен начин, вели Пол Адамс, инженер кој што работел и во двете. што Google е многу повеќе инженерски ориентирана – решавање на тешки технолошки проблеми – додека Facebook е фокусирана на целта што сака да ја постигне, без притоа да е важно колку патот до таа цел е возбудлив или не “, вели Адамс за Business Insider. “Таа многу повеќе личи на социјално-психолошка компанија, обидувајќи се да најде нови начини за комуникација меѓу луѓето“. Да, Facebook направи некои “феноменални инженерски достигнувања“, според Адамс, но тоа не е мисијата на Facebook. “Нештата за кои што тие зборуваат и се возбудуваат често се поврзани со човечката комуникација и психологијата на сето тоа“, вели тој. Facebook, на пример, би размислувал за тоа како луѓето комуницираат на начин како што тоа би го правеле студенти по социјална психологија на некоја од своите вежби, вели Адамс. “Во Facebook би се дискутирало, на пример, за човечките заедници од пред

стотина-двесте години, каде што сè е помало и гласините брзо се шират. И секој секого познава, луѓето ги оставаат вратите отклучени преку ноќта, и вие би дискутирале за тоа и како животот во меѓувреме се променил и потоа ќе се обидете да сфатите што тоа значи за Facebook. На пример, што значи да креирате таков тип на комуникација користејќи технологија како Facebook?“ Е, Google не гледа така на комуникацијата, смета Адамс, кој што работел на концептот Circles во Google, кој што станал еден од клучните елементи на Google +, социјалната мрежа што ја разви компанијата, која што требаше да биде конкуренција на Facebook. Дебатите во Google што се однесувале на Google + биле фокусирани на тоа какви алгоритми и останати технолошки параметри ќе се користат. Праќањето пораки и социјалните мрежи, според Адамс беа во ДНК-та на Facebook уште од самиот почеток, додека тие си беа одвоена иницијатива во Google. nnn

Разлика: Google се “инженеришта“, Facebook се “психолози“


kонцепт.

Институтот за бизнис образование КОНЦЕПТ заедно со МЦБ едукација од Белград организираат

Академија за контролинг (ниво 1, 2, 3, 4 и 5)

Институт за Бизнис и Корпоративно Образование

КАМБУРИС И БАРБА доо

Институт за бизнис образование КОНЦЕПТ во соработка со МЦБ едукација од Белград, организира Академија за контролинг која е направена по лиценца на германската Controlling Akademie Munich. Таа e соодветна на нивната “Диплома програма”, која е стандардна за германскиот контролинг.

Академијата за контролинг се состои од 5 сесии (тренинзи) по 3 дена: I. Техника во контролингот + Ниво 1 – Контролинг систем + Ниво 2 - Контролинг алатки + Ниво 3 - Контролинг планирање

II. Луѓето во контролингот

+ Ниво 4 - Психологија во контролингот и известување + Ниво 5 - Тимска работа, анализа на проблемот и презентација

Институт КОНЦЕПТ, Скопје март - јули 2015 година

Controller Akademie Munich (CA)

Controller Akademie Munich (CA) е основана 1971 година и е најголемата светска компанија специјализирана за обуки за контролинг. CA има повеќе од 50 различни тренинзи за контролинг, а најпозната е по “Диплома програмата“ од 5 нивоа. На CA обуките поминаа повеќе од 50.000 контролери и CA е синоним за “Контролинг на германски начин”. “Диплома програмата” е општ прифатен стандард за контролери во германските компании. http:// www.controllerakademie.de

За кого е наменета академијата?

Академијата е наменета за сите професионалци во контролингот и финансиите: контролерите, шефовите за контролинг, план и анализа, репортинг, економика, перформанс менаџмент, известување, аналитика, буџетирање, sales controlling, CAPEX controlling, фабрички контролери, IT controlling, business inteligence аналитичари, претпријатија кои го имаат имплементирано SAP стандардот и сл.

ДАТУМИ НА ОДРЖУВАЊЕ НА НИВОАТА Ниво

Дата

Ниво 1

30, 31 март и 1 април 2015

Ниво 2

4, 5 и 6 мај 2015

Ниво 3

27, 28 и 29 јули 2015

Ниво 4

1, 2 и 3 јуни 2015

Ниво 5

29, 30 јуни и 1 јули 2015

НАЧИН НА РАБОТА НА AКАДЕМИЈАТА ЗА КОНТРОЛИНГ + Академијата за Контролинг е соодветна на Controlling Akademie Munich. Сите материјали се преведени на српски јазик и адаптирани на домашната терминологија и окружување. Начинот на работа и методологијата е 100% идентична како и во Минхен. + Ниво 1, 2 и 3 се занимаваат со техничките алатки на контролингот (управувачко сметководство), додека нивоата 4 и 5 се занимаваат со луѓето во контролингот. + Можно е одделно да се посетува техничкиот дел (Ниво 1, 2 и 3) и делот околу луѓето во контролингот (Ниво 4 и 5). + Работа во мали групи, што гарантира висока интерактивност. + Специфика на Академијата е тоа што не постојат PowerPoint слајдови, туку тренерот активно црта и визуелизира. Овој метод се покажа како најдобар начин за пренесување на знаењето. + Академијата за контролинг е исклучително практична со што, покрај цртањето, на тренингот ќе имате прилика да видите и многу ефектни контролинг извештаи изработени во Excel (Ниво 4-Психологија во контролингот и известувањето).

Ниво 1 - контролинг систем + Контролинг системот l Поставување на цели, планирање и навигација l Принципи на контролингот l Холистички пристап на контролингот l Утврдување на ROI таргетот l Однос помеѓу менаџерите и контролерите

+ Управувачко сметководство l Контролерска коцка на трошоци l Full costing (DM, DL, MOH) или marginal costing (VT, FT). l Планирање на трошоците за кост центрите l Цена на чинење (product costing) l Contribution 1 и контрибуциски P&L

+ Донесување на одлуки во контролингот l Микс на производите l Рабат- колку дополнителни количини се потребни? l Одредување на BEP Break Even Point l Анализа на варијансата

+ Корпоративно планирање l Стратешко, оперативно и реактивно планирање l BCG матрица l Quo vadis матрица l PLC Product Life Cycle l SWOT анализа l Конкурентен профил l Стратешки план за 1 А4 страница

+ Улогата на контролерите l Контролерот како бизнис партнер на менаџерот l Организација на секторот за контролинг

Предавач: Бојан Шчепановиќ е еден од најискусните професионални тренери во Србија од областа на менаџмент, финансии и контролинг, со повеќе од 12 годишно искуство како тренер и над 950 одржани тренинзи. Тој има повеќе од 22 години искуство во областа на финансиите, контролингот и менаџментот, работејќи како сметководител, раководител на сметководствено одделение, контролор, менаџер на контролинг, финансиски менаџер и извршен директор. Има развиено 15-20 различни тренинзи од областа на контролингот, финансиите и менаџментот. Претседател е на Клубот на контролинг професионалци во Србија. Од февруари 2002 е Генерален менаџер на MCB – Menadzment Centar Beograd, специјализирана компанија за едукација на менаџери и личен развој.

n Сите учесници ќе добијат работен материјал на српски јазик, диплома за секое завршено ниво, како и финална диплома за успешно завршување на Академијата за контролинг, а која е еднаква на минхенската диплома. n Работен јазик е српски. За сите дополнителни информации во врска со академијата слободно контактирајте со: м-р Ленче Зиков и Бојана Делидинкова, тел. 02 3216 962 и 02 3216 963, e-mail: institut.concept@gmail.com


30 специјален прилог - странски инвестиции

април 2015

вистинските ефекти од странските инвестиции

l Колку работни

места отворија инвестициите во зоните?

l Бизнис климата во Македонија низ очите на странските инвеститори

l Кои се

странските инвеститори кои ќе отворат фабрики во Македонија?

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk l sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 3 298 111

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА Сања Савовска


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

44

Луѓе и компании

Lego

производител на коцки од Данска

Како “воскресна“ речиси банкротираната фирма?

К

Кога на глобалниот пазар би се доделувала наградата „Феникс“, за компанија која со сите сили се издигнува од пепелта, без двоумење таа титула би отишла во рацете на данскиот бренд Lego. На почетокот на новиот милениум компанијата беше на чекор до банкрот, а денеска заради силината на брендот многумина ја нарекуваат „Apple во индустријата за играчки“. Како што пишува „Fast Company“, Lego денеска остварува вртоглави добивки, а бизнис и маркетиншката стратегија ги насочува кон своите обожаватели кои едноставно

BrandFinance ги прогласи најмоќните светски брендови за годинава. Број еден на листата е дански Lego, производителот на фамозните коцкички за кои што малку фалеше да исчезнат од лицето на земјата, со оглед дека брендот беше во страшна криза пред десетина години. не можат да се заситат од брендот. После минатогодишната премиера на анимираниот филм „The Lego Movie“, Lego во првите шест месеци го престигна својот главен конкурент „Mattel“ и оствари добивка од 273 милиони долари, со вкупен приход од приближно 2 милијарди долари. Тоа претставува вонсериски успех, со оглед на фактот дека „Mattel“ поседува поширок спектар на производи (Barbie, Hot Wheels, Fisher-Price), а Lego само своите коцки. За волја на вистината, во безброј варијации и теми, но сепак се работи за само еден единствен продукт. Поради тој силен залет и успешната маркетиншка стратегија, Lego во март оваа година од страна на консултантската куќа Brandfinance е прогласен за најмоќен

бренд во светот, помоќен дури и од „Unilever“, „Nike“ и „Ferrari“. Трансформацијата на данската компанија од бренд кој пропаѓа, во најголем светски „играч“ на пазарот за играчки, во голема мера е резултат на стратегијата насочена кон нејзините фанови.

Погрешни чекори

Накратко ќе се навратиме на не така далечното минато. На почетокот од веков компанијата сериозно ја загрозија дигитализацијата и пазарот на видеоигри кој почна да нуди сè и сешто на своите потрошувачи, и на најмладите, но и на постарата популација која го „убиваше“ слободното време редејќи коцки. Најголемиот дебакл на Lego се случи во 2003 година, кога 40% од божиќната

Стратегија: Lego е компанија што буквално ги


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

45

Greenpeace лани го обвини Lego дека со партнерството со Shell, практично учествува во уништувањето на Арктикот.

Контроверза

Јорген Виг

понуда (период кога компанијата остварува најголема продажба) остана непродадена и заврши во магацините. Падот на производството и големата загуба ја доведе компанијата на раб на банкрот. Набрзо потоа на чело на компанијата доаѓа 36 годишниот Јорген Виг Кнудсторп татко на четири деца, чија задача беше да го спаси брендот што забрзано тоне. Како што пишува „Fast Company“, Кнудсторп за краток временски период успева да ги намали трошоците и да го „дотера“ управувањето со финансиските средства. Со оглед на тоа што тој знаеше дека тоа е само краткорочно решение, Кнудсторп одлучува голем дел од времето да го посвети на потрошувачите, со цел да открие што модерниот Lego навистина треба да биде.

Нов почеток

Компанијата одлучува да вложи огромни финансиски средства во спроведување на суштински и детални етнографски истражувања, кои треба да дадат одговор на прашањето, како децата од различни краеви на светот всушност си играат. Нивниот „Future Lab“, специјализиран оддел за истражување и развој, е резултат токму на напорите на Кнудсторп. Малку компании ангажираат толку многу експерти од различни области (почнувајќи од програмери, социолози до страствени фанови на Lego-коцките), со една

Кнудсторп, данскиот менаџер што го препороди Lego Лиценцираните партнерства со „Star Wars“ и други франшизи беа уште еден фактор за успехот на Лего изминатава деценија

Во 2014 година Lego се соочи со контроверзна ситуација откако Greenpeace се спротивстави на компаниското партнерство со нафтениот гигант Shell. Greenpeace сними сопствено видео со сцени што покажуваат топење на Арктикот проследено со траорна верзија на музичката тема од филмот Lego Movie. Lego мудро одбра да не го продолжи партнерството со Shell, со што го ублажи негативниот публицитет и нарушувањето на репутацијата.

единствена задача, на своите обожаватели да им понудат иновација и забава. „Future Lab“ денеска е дел од тимот „Global Insight“, кој за децата и возрасните знае многу повеќе отколку што се тие свесни. На пример, тие забележаа дека Американците повеќе сакаат нивните деца да си играат сами и така да ги развиваат вештините и креативноста, додека пак Европјаните составувањето на Lego-коцките го сметаат како семејна забава па ги составуваат коцките заедно со децата. Децата сакаат да ги сложуваат коцките, но кој пакет ќе го одберат, зависи од тоа каква е приказната во позадина (затоа момчињата повеќе ги сакаат пакетите како „Ѕвездени војни“ и сл, а девојчињата сакаат „role play“, односно да се прават дека играат улоги. Тоа се само некои од безбројните корисни увиди, коишто на компанијата и служат како инспирација за сложување на „бокс-сетовите“ и осмислување на маркетиншката стратегија. Освен тоа, управата на Lego сака да ги слушне своите потрошувачи и можеби повеќе од која било друга компанија од таков калибар, ја менува понудата во согласност со желбата на купувачите.

Иновативност

На пример, пред осум години, архитектот и страстен вљубеник во Lego-коцките, Адам Рид Такер, се јавил во компанијата и кажал колку обожува да составува модели на

слуша своите потрошувачи

вистински згради од нејзините коцки. Како што објаснил челникот на Lego за „Fast Company“, иако предлогот на Такер бил ризичен потег, сепак компанијата одлучува да го послуша и да лансира ограничен број сетови под името „Sears“ и „Hancock Tower“ (највисоките облакодери во Чикаго). И тоа навистина дало ефект. Исто така, работата на „Future Lab“ ја поттикна компанијата да ја создаде веб страницата „Lego Ideas“, на која најстраствените фанови на Legoкоцките ќе имаат можност да предложат и гласаат кој нов сет да биде лансиран. Така данскиот гигант успешно ги поврза земскиот и виртуелниот свет, создавајќи вистински расадник на идеи кои претежно доаѓаат од постарите обожаватели на коцките. На помладите пак, им понудија игрички, па така детето може да ги состави своите лего-креации, да ги фотографира и да ги претвори во 3D виртуелни модели. Оваа фузија на дигиталниот и реалниот свет претставува темел за развој на долгорочна стратегија, која не престанува да ги освојува пазарите ширум светот. Освен посветеноста кон потрошувачите, компанијата е вешта и во маркетинг делот. Оваа целосна приказна потполно е насочена кон потрошувачите, поради што брендот служи како школски пример за маркетинг. Доследноста, креативноста и иновацијата се најзаслужни за денешната позиција на Lego – компанија која управува со најмоќниот бренд во светот. nnn


46

Капитал број 807 17.04.2015 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31

тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK

WWW.KAPITAL.MK

Претплатете се на КАПИТАЛ...

И

(СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ)

"ТЕПАЧКА" МЕЃУ БАНКИТЕ ЗА ДОБРИТЕ КОМПАНИИ. ШТО ЌЕ СЕ БАРА?

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

БРОЈ 800 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 27 ФЕВРУАРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го COVER STORY поседуваа луѓето што ја почнаа приказната НОВИОТ РУСКИ ГАСОВОД ЌЕ за Капитал пред повеќе од 15 години. Со ЈА СТАВИ МАКЕДОНИЈА макотрпна и посветена работа на својот тим, ДА ИЗБИРА МЕЃУ ИСТОКОТ магазинот се наметна како еден од најрелевантните И ЗАПАДОТ ?! извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и WWW.KAPITAL.MK невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот INTERVIEW во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и ЈАНКО МЕДЈА голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските По неколку години, НЛБ Групација со позитивни резултати. проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со Преструктуирањето продолжува своите содржини за најновите трендови. Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал INTERVIEW ВЕРНЕР ШЕРЕР се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита СО СИГУРЕН ЧЕКОР КОН ИДНИНАТА на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА: ОГЛАСИ ЗА НАД 1.300 НОВИ ВРАБОТУВАЊА едноставно Капитал е секаде кај што се с о го дишна донесуваат одлуки и креираат п р е т п лата од политики и стратегии. претседател на Управен одбор на НЛБ Љубљана и претседател на Надзорен одбор на НЛБ Тутунска

претседател на Управниот одбор на EOS Group

12 месечна претплата 4.100 денари со вклучени 20% попуст

24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст

COVER STORY

ДОМАШНИТЕ БИЗНИС ПОЧЕТОЦИ МЕЃУ СОНОТ И ЈАВЕТО! КАДЕ СМЕ?

АНАЛИЗА

КАКВО ФАЈДЕ ИМААТ ИЗВОЗНИТЕ КОМПАНИИ ОД ЕКОНОМСКИТЕ ПРОМОТОРИ?

COVER STORY

БАЛКАН

БЕРЗИТЕ НOСАТ НАЈГОЛЕМ ЌАР, КАМАТИТЕ НА ИСТОРИСКИ МИНИМУМ

СРБИТЕ ВО ПАНИКА! ХРВАТИТЕ ГИ КУПИЈА НАЈГОЛЕМИТЕ СРПСКИ БРЕНДОВИ

АНАЛИЗА

ЕВТИНИ ПАРИ И СЛАБА ВАЛУТАРЕЦЕПТ ЗА ПОГОЛЕМ РАСТ ИЛИ ОЧАЕН ПОТЕГ ЗА СПАС

БАЛКАН

НА ГРЧКИОТ ХАРИ ПОТЕР НЕМА ДА МУ ТРЕБА МНОГУ ЗА ДА НАПРАВИ МАГИЈА

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

ГО ЖИВНАА ОСИГУРУВАЊЕТО НА БИЗНИСОТ

ЕВРОПА JA ЧЕКА

БРОЈ 796 ЦЕНА 100 ДЕН. | 30 ЈАНУАРИ, 2015, ПЕТОК | ГОДИНА 16

со вклучени 15% попуст

денари, заштедете

www.kapital.mk

6 месечна претплата 2.200 денари

4.100 20% БРОЈ 797 ЦЕНА 100 ДЕН. | 6 ФЕВРУАРИ, 2015, ПЕТОК | ГОДИНА 16

Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.

ДОМИНО-ЕФЕКТ НА СИРИЗА

ЈАНИС ВАРУФАКИС НОВОТО ЛИЦЕ НА ГРЧКАТА КРИЗА

МАРКСИСТ КОЈ ЌЕ ГО СПАСУВА КАПИТАЛИЗМОТ

КАПИТАЛ ПРОГНОЗИРА:

ЕВРОТО И ДОЛАРОТ ЌЕ СЕ ИЗЕДНАЧАТ!

*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина

...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...



Произведува Макпрогрес доо, ул. Илинденска бб, 2310 Виница, Р. Македонија тел.: 033 36 22 89; факс: 033 36 22 99; info@makprogres.com.mk

www.makprogres.com.mk

www.vincinni.com


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.