Kapital magazin 833 1

Page 1

АНАЛИЗА

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

ГОДИНИ

COVER STORY

КОЈ УПРАВУВА СО МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА?

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

ЕВРОПСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ЗАЕДНИЦА ПРЕДУПРЕДУВА: МАКЕДОНИЈА Е ЗЕМЈА СО ЗАРОБЕН ЕНЕРГЕТСКИ ПАЗАР!

БИЗНИС И ПОЛИТИКА КАКВА ВИЗИЈА ИМА СДСМ ЗА МАКЕДОНИЈА?

АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА

специјален прилог

АВТОМОБИЛИ

КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ АВТОМОБИЛИ АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА ТРЕНД: СЛУЖБЕНИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ И ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ВО ИСТО ВРЕМЕ

 АВТО САЕМ ФРАНКФУРТ 2015 КОИ НОВИ МОДЕЛИ МОЖЕ ДА ГИ ВИДИМЕ НАСКОРО И НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА?

КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА

АНАЛИЗА: КОЛКУ “ТЕЖИ” СПЕЦИЈАЛНИОТ ТИМ НА ОБВИНИТЕЛИ? БРОЈ 833 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 16 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK



www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

содржина Буџет 2016 04 Profile: македонија со рекордeн буџет во време на криза

26

Како ќе се полни и како ќе се троши?

08 навиГатор измени на Законот за

финансиска дисциплина Од Нова година и државата да плаќа за 60 дена

10 Кој управува со cover story

БиЗнис и политиКа откако “бомбите“ го расчистија теренот Каква е Визијата на СДСМ за Македонија?

32

БанКи и финансии

34

Капитал аналиЗа

македонската економија?

16 Капитално време за раздолжување 18 аналиЗа европската енергетска заедница предупредува:

проКредит ги отвори вратите на банките 24/7 дури 44% од целиот македонски извоз е во Германија! Расте само извозот на странците. Останатиот извоз паѓа!

3

Кој управува со маКедонсКата еКономија Се позанимававме со тоа каква е структурата на топ менаџментот што ги води најголемите и најуспешни компании во Македонија, со домашен и странски капитал, односно колку странските инвеститори имаат или немаат доверба во домашни менаџери, како и објаснување за тоа од искусни хедхантинг професионалци. XX Стр. 10

Македонија е земја со заробен енергетски пазар! Кој добива, а кој губи?

виЗија Критиките дека Визијата за Македонија на СДСМ не содржи конкретни мерки и решенија се избрзани, зашто проектот сè уште не е програма, туку платформа отворена за сите граѓани, објаснуваат главните луѓе кои стојат зад програмата. XX Стр. 26

10 38 политиКа тимот специјални

обвинители на чело со јанева "тежат" 4,2 милиони евра

42 startuP во скопје почна со работа регионален “венчр“ фонд од 40 милиони евра

44 иЗвоЗ За разлика од големиот раст на извозот во Германија, македонскиот извоз паѓа во речиси сите останатите големи европски пазари, како и во соседните земји. Така годинава има пад на македонскиот извоз во Италија, Велика Британија, Србија, Грција, Белгија, Хрватска, Австрија, Холандија, како и во Русија. XX Стр.34

свет БиЗнис и политиКа

Mасовни протести во Берлин против договорот за слободна трговија меѓу еу и сад

48

претприемништво

51

специјален прилоГ

струја Немање на вистинска конкуренција, прекумерна регулација на цени, скапа струја за индустријата за сметка на социјална цена за населението, закони кои го држат корисниците во заложништво на крупните играчи... Капитал анализира кој е кој на пазарот на електрична енергија и кој најмногу профитира на пазарот кој државата го држи во заложништво преку носење на закони кои ја спречуваат конкуренцијата. XX Стр. 18

што да направите кога вашиот бизнис е во криза? автомоБили

n Автомобилскиот пазар

уште се буди од кома

n Тренд: Службени

електрични возила

n Авто саем Франкфурт 2015

18

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 15.10.2015


Profile: Буџет 2016

Македонија со рекордeн буџет во време на криза Како ќе се полни и како ќе се троши? За едните реален, за другите нереален, за едните развоен, за другите не... власта и опозицијата по една година пауза во Парламентот, повторно ги судрија мислењата за трошењето на народните пари. Пратениците на опозициската партија СДСМ ја критикуваа власта дека „ја пика раката длабоко во џебот на граѓаните и на фирмите за да извлече што повеќе пари и потоа да ги потроши непродуктивно“. За власта, пак, буџетот е „развоен, со досега најголема стапка на капитални инвестиции кои ќе бидат значајни за вкупната економија“. пишува:

З

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

а едните реален, за другите нере ален, за едните развоен, за другите не... власта и опозицијата по една година пауза во Парламентот, повторно ги судрија мислењата за трошењето на народните пари. Пратениците на опозициската партија СДСМ ја критикуваа власта дека „ја пика раката длабоко во џебот на граѓаните и на фирмите за да извлече што повеќе пари и потоа да ги потроши непродуктивно“. За власта пак, буџетот е „развоен, со досега најголема стапка на капитални инвестиции кои ќе бидат значајни за вкупната економија“. „Тоа чоколадо коешто сакате да го соберете во форма на буџет за 2016 година не можат да го зготват ниту граѓаните, ниту стопанството, меѓутоа вие го имате волшебното стапче што се вика „земи си кредит“. Но, изгледа чоколадото ќе го јадат владините функционери, а за граѓаните ќе

остане хартијата“, обвинија пратенциите од опозицијата на дебатата за буџетот за 2016 година во Парламентот. Власта објаснува дека освен капиталните инвестиции, предвиделе следната година да ги зголемат и платите во јавниот сектор, и пензиите и социјалната помош на историски највисоко ниво. Посочуваат дека ќе продолжат и понатаму со политиките за грижа за социјално ранливите категории, пред се на примателите на социјална помош и пензионерите, како и земјоделците за коишто во буџетот за 2016 година се предвидени повисоки износи на средства и нови зголемувања на социјалната помош и на пензиите. Но, власта ги преупреди сите економски субјекти дека следната година треба да очекуваат фискална консолидација. За да имаат предвид што може да очекуваат од буџетот, но без да има зголемување на даноците или нови давачки.

Во 2016 година ќе се потрошат рекордни 3,18 милијарди евра! Еве за што:

Владата следната година планира да потроши 3,18 милијарди евра, што е 6% повеќе отколку годинава. Од друга страна,

од даноци и придонеси се планира да се инкасираат 2,87 милијарди евра, што значи дека ќе се потрошат 308,7 милиони евра повеќе отколку што ќе има во државната каса. “Вака планираните приходи и трошоци обезбедуваат етапна консолидација на јавните финансии, односно намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 3,2% од БДП. Ова ниво на дефицит е согласно определбата за постепено намалување на јавната потрошувачка, со истовремено обезбедување на значителен износ на капитални инвестиции кои ќе имаат соодветен придонес за повисоки стапки на економски раст“, пишува во најновиот Предлог – буџет за следната година. Дури 87,2% од сите народни пари со кои ќе располага Владата следната година, планира да ги потроши за тековни потреби. Од нив, 421,2 милиони евра за зголемените плати на вкупно 52.865 вработени во државните институции. За набавка на стоки и услуги, предвидени се 321,4 милиони евра, а како што објаснуваат од Министерството за финансии „со тоа ќе се обезбеди редовно подмирување на тековните обврски на државните


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

БУЏЕТОТ... накратко Државата догодина ќе потроши

3,18 milijardi evra што е 6% повеќе од годинава. Дупката во буџетот ќе изнесува

308,7 milioni evra односно 3,2% од БДП. Најмногу пари и догодина ќе се потрошат за тековни потреби. За плати на администрацијата

421,2 milioni evra За пензии дури

791,3 milioni evra За набавка на стоки и услуги планирани се

321,4 milioni evra Ставката за капитални инвестиции е планирана на

408 milioni evra Буџетот е поставен на проекција за економски раст од

институции“. За зголемените пензии се планирани вкупно 791,3 милиони евра, за здравствена заштита на граѓаните 406,2 милиони евра, а 126,3 милиони евра ќе се потрошат за исплата на социјална помош која што исто така како и платите и пензиите, ќе се зголеми за 5%. Владата со овој Предлог – буџет повторно се обврзува дека следната година „ќе продолжи определбата за спроведување на рестриктивна буџетска потрошувачка во делот на помалку продуктивните расходи“. Предвидени се и пари за предвремените парламентарни избори, кои според буџетот на Државната изборна комисија ќе не чинат 7,7 милиони евра. За изградба на капитални објекти, предвидени се вкупно 408 милиони евра. Од нив, за изградба на патната и железничка инфраструктура, Владата догодина ќе одвои 77,8 милиони евра, од кои дел за довршување на делницата од автопатот на Коридорот 10, Демир Капија – Смоквица. За модернизирање на постојната железничката инфраструктура предвидено е да продолжи реконструкцијата на железничката пруга на Коридорот 10 финансирана со заем од ЕБОР.

Во овој Предлог – буџет се предвидени и пари за изградба и рехабилитација на источниот дел од железничката пруга од Коридорот 8, делницата Куманово – Бељаковце - Крива Паланка, финансирана од ЕБОР. Во рамките на проектот предвидени се активности за подобрување на технички карактеристики на пругата, изградба и рехабилитација на мостови, железнички станици, стојалишта, подвозници и надвозници. За вложувања во енергетската и комунална инфраструктура, според Предлог – буџетот предвидени се 56,5 милиони евра. Се наведува и завршување на активностите околу изградбата на Националниот гасоводен систем кој ќе се финансира со парите од обврските на Русија кон Македонија. За уредување на технолошко индустриските развојни зони преку изградба на потребната инфраструктура и објекти планирани се 9 милиони евра. За здравствениот сектор планирани се инвестиции во износ од 26 милиони евра наменети за изградба и реконструкција на јавни здравствени установи. За образованието, детската заштита и спортот проектирани се капитални инвестиции од 41,4 милиони евра, наменети за изградба и реконструкција на основни и средни

4% и инфлација од 2%

училишта, детски градинки, изградба на училишни и спортски сали, реконструкција на ученички и студентски домови. Во овој Предлог – буџет, ставката за инве-стиции во земјоделството изнесува 33,4 милиони евра наменети за рурален развој, изградба на хидросистеми и инвестиции за подобрување на конкурентноста и модернизација на земјоделските стопан-ства. Сепак, економистите коментираат дека без оглед што на хартија капиталните инвестиции се зголемени, многу поважно е дали сите буџетирани пари навистина ќе се инвестираат. Парите што ќе недостигаат во државната каса, Владата планира да ги позајми од странство со издавање на нова евро-обврзница, од меѓународните финансиски институции но и на домашниот пазар преку државните записи и обвр-зници. Според пресметките, за покривање на буџетскиот дефицит и за отплата на долговите што доспеваат, на Владата ќе и требаат 658,6 милиони евра. Поголем дел од задолжувањето, односно околу 372 милиони евра се планира да се бараат на странските пазари. 


6

Капитал број 833 16.10.2015 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31

тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK

И

WWW.KAPITAL.MK

Претплатете се на КАПИТАЛ... Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ

НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КАПИТАЛ SPECIAL за Капитал пред повеќе од 15 години. Со ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ макотрпна и посветена работа на својот тим, магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?

WWW.KAPITAL.MK

4.100 20%

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

10

денари, заштедете

...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

www.kapital.mk

 ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?

 ПЕЧАТНИЦА „АНС“, БИТОЛА КАКО ЉУБОВТА КОН ФОТОГРАФИЈАТА СТАНА СЕРИОЗЕН БИЗНИС

 ДИЛЕМИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ КАКО ДА СЕ НАПРАВИ ДОБАР ПЛАН ЗА НАСЛЕДУВАЊЕ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ СЕМЕЈНИ БИЗНИСИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ

ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?

24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст

WWW.KAPITAL.MK

СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!

 НОВ ЕКСПРЕСЕН ПАТ

70

МИЛИОНИ ЕВРА ОХРИД – ПЕШТАНИ

60

МИЛИОНИ ЕВРА

 ОТКУП НА СТАЖ

НА РАБОТНИЦИ ОД ПРОПАДНАТИ ФИРМИ

АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!

50

МИЛИОНИ ЕВРА

 АВТОПАТСКАТА ДЕЛНИЦА ТРЕБЕНИШТЕ – СТРУГА

ПАТРИК ЖИТОН претставник на ММФ во Македонија

ВЛАДАТА ДА НЕ ГИ КРАТИ ИНВЕСТИЦИИТЕ ЗА СМЕТКА НА СИТЕ НОВИ НАЈАВЕНИ ТРОШЕЊА!

45

МИЛИОНИ ЕВРА

WWW.KAPITAL.MK

ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА

Буџетот се прекрои на партиски трибини. Новите ветувања на Груевски тежат над

ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ специјален прилог - Банките и бизнисот

БЕТОН Б ЕТОН ДОБИТНИ НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА

евра 200 милиони Од каде пари?

 МАКЕДОНЦИТЕ ТЕШКО

ГИ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ СО “ПЛАСТИКАТА“ СО КАРТИЧКИТЕ НАЈМНОГУ СЕ ВАДИ КЕШ ОД БАНКОМАТ

ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?  КАКВИ ТЕХНОЛОШКИ

НОВИТЕТИ НУДАТ ДОМАШНИТЕ БАНКИ СЕГА?

СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

INTERVIEW

ГРАДСКО - ПРИЛЕП

 ЕКСПРЕСЕН ПАТ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

со вклучени 20% попуст

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 815 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 12 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

ПОЛИТИКА

12 месечна претплата 4.100 денари

ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИ ПОЧНАА ДА РАСТАТ. ИНВЕСТИТОРИТЕ БАРААТ СИГУРНА ОАЗА

ТУРЦИJA: ЕРДОГАН ОСТАНА, НО “СУЛТАН“ НЕ СТАНА. ШТО СЛЕДИ?

ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!

со вклучени 15% попуст

АНАЛИЗА

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СЕ ПРЕМИСЛУВААТ И ОДБИРААТ ДРУГИ ЗЕМЈИ!

специјален прилог - семејни бизниси

COVER STORY

6 месечна претплата 2.200 денари

COVER STORY

ПОТЕЗИ КОИ ЈА УНИШТИЈА КОНКУРЕНЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА

БРОЈ 809 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 30 АПРИЛ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

БЕСКОНТАКТНИ КАРТИЧКИ И 24/7 ЕКСПОЗИТУРИ, НА РЕД Е МОБИЛНОТО ПЛАЌАЊЕ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА ВИШОК КАЈ БАНКИТЕ. ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?

ПОЛИТИКА: ПРОТЕСТИ КАКО ЖЕСТОКА НАЈАВА ЗА 17 МАЈ

*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина

...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...



www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

8 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА НедеЛАТА

> БРОЈКА

32,9% повеќе одобренија за градење се издадени во август во споредба со лани

ВАцЛАВ КЛАус

Бегалската криза не ја предизвикаа мигрантите, туку Европската унија, на прво место Ангела Меркел, Јоахим Гаук, Доналд Туск, Жан Клод Јункер, Франсоа Оланд и другите.

поранешен претседател на Чешка

победник на неделата

ШТефАН ЛОфВеН

АЛКАЛОИд сО сИЛеН ТИм И ВО пОхОд КОН еВРОпсКАТА

Н

ајуспешниот клуб во шаховската историја на Македонија, ШК „Алкалоид“ ја комплетираше својата екипа со која ќе настапи на најсилното клупско шаховско натпреварување – Европски Клупски Куп (European Club Cup), кое годинава ќе се одржи во Скопје, од 17 до 25 октомври. Покрај претходно најавените петмина силни Велемајстори од топ 50 на светската рејтинг листа, меѓу кои: Евгениј Томашевски, Дмитриј Јаковенко, Василиј Иванчук, Дмитриј Андрејкин

измеНи На закОНОт за фиНаНСиСка диС

Од НОва гОдиНа и да плаќа за 60 деН

+

Шведска во наредниот период планира да обезбедува енергија исклучиво од обновливи извори, додека фосилните горива би биле исклучени во целост од употреба. Поконкретно оваа Скандинавска држава за наредниот период најавува инвестици од најмалку 360 милиони евра за развој на обновлви извори на енергија, како и зголемување на буџетот за развој на соларната енергија за најмалку 8 пати. Планирано е уште Стокхолм до 2050 година целосно да се ослободи од фосилните горива, а остатокот од државата што е можно побрзо по овој рок. Како дополнение на ваквата политика, Шведска планира да ги затвори своите нуклеарни електрани. Сепак одлуката на Владата на Лофвен многумина ја сметаат за неумерена и авантуристичка со оглед на фактот дека во моментов обновливите извори обезбедуваат само 30% од енергетските потреби на оваа развиена земја. Сепак на актуелниот шведски премиер треба да му се честита на храброста и одлучноста да преземе еден визионерски потег за кој некои земји од Европа нема да се спремни ниту во наредниот половина век. Бидејќи веќе стана нормално да очекуваме од Шведска да биде авангарден предводник на најнапредните светски процеси, останува да видиме колку брзо и останатите европски држави ќе се одважат и ќе го следат нејзиниот пример. Во секој случај добро е да се знае дека на светот сепак постојат држави и влади кои навистина се грижат за заедничката иднина и гледаат малку подалеку од рејтинг анкетите за следните избори.

Освен приватните фирми, и државните институции, јавните претпријатија и општините се обврзуваат да плаќаат во рок од 60 дена од почетокот на идната година, предвидуваат најновите измени на законот за финансиска дисциплина што се веќе доставени во Собранието. Останува можноста доверителите и должниците да се договорат меѓу себе да плаќаат и во подолг рок, до најмногу 120 дена.

O

Освен приватните фирми, и државните институции, јавните претпријатија и општините се обврзуваат да плаќаат

во рок од 60 дена од почетокот на идната година, предвидуваат најновите измени на Законот за финансиска дисциплина што се веќе доставени во Собранието. Останува можноста доверителите и должниците да се договорат меѓу себе да плаќаат и во подолг рок, до најмногу 120 дена. Во јавниот здравствен сектор, пак, роковите на плаќање се подолги, до 90 дена. „Подолги рокови за плаќање за здравствените институции од јавниот сектор е искуство кое е применето и во законските решенија во земјите од регионот, исто така и регулативата


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

9

иНтерНациоНалци титула и Јури Криворучко, како и македонските шахисти ИМ Филип Панчевски и ВМ Трајко Недев, ШК „Алкалоид“ добива уште едно меѓународно засилување – кинескиот Велемајстор Ју Јангји. Иако има само 21 година, рангиран е на 30-то место на светската рејтинг листа со 2.721 поен. Велемајстор од 2009 година, репрезентативец на Кина (која последниве години доминира во светскиот екипен шах) и победник на неколку значајни турнири. Го вбројуваат меѓу перспективните силни велемајстори и е најмлад играч во составот на ШК „Алкалоид“ за ЕКК 2015.

3,18

милијарди евра ќе изнесува буџетот за 2016 година

лидери

исциплиНа

државата На на ЕУ за оваа област дава можност за овие субјекти да се утврдат подолги рокови за плаќање“, велат од Владата која е предлагач на законот. „Во случај кога Фондот за здравствено осигурување на Македонија и корисниците на средства од Фондот, потоа јавните здравствени установи, универзитетските клиники, завод и ургентен центар се јавуваат како должници, не може да се утврди рок за исполнување на паричната обврска подолг од 90 дена“, се вели во предложените измени. Измените на Законот за финансиска дисциплина предвидуваат и опомени за прекршок што ќе биде по прв пат откриен од Управата за јавни приходи која што врши надзор на спроведувањето на законот. „Доколку се утврди дека е сторен прекршок по прв пат, се донесува решение со укажување за отстранување на прекршокот во рок од осум дена и истовремено се врачува покана за едукација на одговорното лице на субјектот кај кого е утврден прекршокот. Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ја пропишува министерот за финансии“, пишува во законот. Ако во тој рок од осум дена се отстрани прекршокот, постапката се запира. Со новите измени се уредуваат и роковите за плаќање на рати, кои предвидуваат предвидено за секоја одделна рата да се применуваат роковите од 60 дена. За непочитување на законските одредби, предвидени се казни во износ од 10.000 евра и за приватните фирми и за државните институции. За одговорните луѓе пак, казните се 30% од одмерената казна за фирмата или државниот орган. Сепак, ова се максималните парични казни кои што во согласност со Законот за прекршоци ќе се одредуваат во зависност од големината на компаниите, бројот на вработени. nnn

мисла на неделата

> БроЈка

постојат работи околу имиграцијата кои многумина се плашат да ги кажат. На пример дека со имиграцијата доаѓаат и поголеми трошоци, криминал, дрога, па и тероризам.Но, ако нив не ги кажуваме, не значи дека не постојат

Тимоти Марфи американски конгресмен

губитник на неделата

ЏеНет ЈелеН

Магазинот Bloomberg Markets ја прогласи за највлијателна личност во светската економија

Федерика могериНи

ЕУ најави можност да преговара и со Басар Ал Асад за враќање на мирот во Сирија

не им беше неделата

реЏеп таип ердогаН

Скоро стотини загинати и неколку стотици загинати Турција е една од најголемите жртви на тероризмот

илчо Ѓоргиовски

Македонија е последна во квалификациската група за пласман на ЕП и историски најлошо рангирана на ФИФА ранг листата.

_

Беким Незири „Македонија може да биде единствена земја каде на потрошувачите им е оневозможено да одберат снабдувач на електрична енергија, а домаќинствата се принудени да останат во заробеништво до 2020 година“,сето ова стои во извештајот на Европската енергетска заедница каде децидно се заклучува дека Македонија стагнира во спроведување на реформите во енергетскиот сектор. Ова е и меѓународна опомена за сето она на што компаниите и граѓаните реагираат во изминативе десетина години, а за кое Владата дефинитивно нема слух. Единствено што му недостасува на овој извештај е проценката за штетите што ги има претпрпено македонското стопанство и општество од ваквата состојба за кои долгогорочно не е не основано да се мерат во стотици милиони евра. Со овој извештај паѓа во вода и приказната дека со ваквата политика државата ги штити граѓани. Европската енергетска заедница прецизно наведува и дека ранливите потрошувачи не се точно дефинирани во законот, иако државата месечно одвојува субвениции за енергетска сиромаштија – се посочува во извештајот. На крај останува до Министерот Незири како директно одговорен и до целата Влада да ја испратиме старата порака на стопанството која сега ја потврдува и Европската енергетска заедница. „Пазарните правила веднаш да се спроведат и конечно да се донесе нов закон“


Капитал број 833 16.10.2015

www.kapital.mk

STORY 10 COVERSTORY COVER

КОЈ УПРАВУВА СО МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА? Сите 40 домашни компании во најголемите 100, што се во приватна сопственост, ги раководи домашен менаџерски кадар. Кај 46 компании меѓу 100-те најголеми, доминантен капитал е странски и 27 од нив, имаат на позицијата главен извршен директор поставено странец. Во 13 од нив поставени се домашни менаџери, а во останатите 6 компании на челните позиции има мешовит топ менаџмент – домашен и странски.


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

11 Топ менаџери на 10-те најголеми компании според приход Џатин Такрар Џонсон Мети Штефен Петер

ЕВН Македонија

Јоанис Героуланос

ОКТА

Андреја Јосифовски

Макпетрол

Андреас Маиерхофер

Македонски телеком

Дејан Бошковски

ЕЛЕМ

Константинос Даскалакис

ФЕНИ Индустри

Андреj Куку

Лукоил Македонија

Живко Мукаетов

Алкалоид

Кристина Тодоровиќ Николиќ

Тинекс

Топ менаџери на 10-те најпрофитабилни компании Џатин Такрар Џонсон Мети Андреас Маиерхофер

Македонски телеком

Александар Раков

Саса

Борис Хрисафов

Цементарница Усје

Александар Стојанов

ЈП за државни патишта

Александар Ружевиќ

Пивара Скопје

Василик Боруцкиј

Бучим

Живко Мукаетов

Алкалоид

Инна Напољскаја

Империал Тобако

Синиша Спасов

МЕПСО

Топ менаџери на најголемите странски компании во Македонија Џатин Такрар Џонсон Мети Штефен Петер

ЕВН Македонија

Јоанис Героуланос

ОКТА

Константинос Даскалакис

Фени индустри

Андреас Маиерхофер

Македонски телеком

Андреј Куку

Лукоил Македонија

Александар Раков

Саса

Игор Копривникар

Ген-и продажба на енергија

Хуан Педро Наваро

Арцелор Миттал Скопје (ЦРМ)

Иван Бановски

Макстил

Топ менаџери на најголемите домашни компании Андреја Јосифовски Макпетрол Дејан Бошковски

ЕЛЕМ

Живко Мукаетов

Алкалоид

Кристина Тодоровиќ Николиќ

Тинекс

Небојша Маслинко

Еуро Табак

Тања Камчева Лазаревиќ

КАМ

Александар Стојанов

ЈП за државни патишта

Снежана Стајиќ

Супертрејд

Кочо Анѓушев

ЕДС

Горан Павиќевиќ

Спорт лајф трејд

Страшо Милковски

Гранит

Топ пет домашни менаџери што водат странски компании Иван Бановски Борис Хрисафов Златко Муцунски Златко Најдовски Стојмирчо Николовски


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

12

cover story

Е пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Едицијата ТОП 200 најголеми и најуспешни што Капитал ја објави неодамна, с$ уште предизвикува големо влијание во јавноста - секојдневно добиваме повици и мејлови во редакцијата од луѓе кои што сакаат да го имаат кај себе овој скапоцен преглед на тоа кој е кој во македонската реална економија, според остварените приходи и профити. Овој пат ќе се позанимаваме со тоа каква е структурата на топ менаџментот што ги води најголемите и најуспешни компании во Македонија, со домашен и странски капитал, односно колку странските инвеститори имаат или немаат доверба во домашни менаџери, како и објаснување за тоа од искусни хедхантинг професионалци. Сега ќе се задржиме на 100-те најголеми компании во Македонија според приходи (во рангирањето не се опфатени банките, осигурителните компании и инвестициските фондови), од кои што 40 компании е со домашен приватен капитал, осум се со домашен државен капитал – јавни претпријатија, шест се со мешовит капитал, и 46 компании се со странски капитал. Според податоците на „Бизнис мрежа“, онлајн директориум на деловни податоци за македонските компании направен врз основа на податоците од Централниот регистар, сите 40 приватни домашни компании во најголемите 100 ги раководи домашен менаџерски кадар. Најголема од домашните приватни компании е Макпетрол, на чело со Андреа Јосифовски, која е на 4-то место меѓу стоте најголеми компании во земјава според остварени приходи. Од овие 40 компании, осум се акционерски друштва што котираат на Македонската берза, а останатите се д.о.о или д.о.о.е.л, главно семејни компании. Јавните претпријатија во државна сопственост ги раководи исто така домашен кадар, иако изминативе години имаше случај да се викне и странски менаџмент, конкретно, во Македонската радио телевизија кога беше поставен директор од Словенија. Од шесте компании со мешовита сопственост, две со странски

бројки

48 100%

компании од најголемите 100 се со домашен капитал

од најголемите домашни компании ги води домашен кадар

46 65%

компании од најголемите 100 се странски

од најголемите странски компании ги води странски кадар

1

компанија од најголемите 10 странски ја води домашен менаџер

10

жени има меѓу 100-те топ менаџери на најголемите компании

менаџмент (Сокотаб и Рамстор), а останатите четири со домашен менаџмент (Бетон, Аџибадем Систина, Здравје Радово и Таб Мак). Останатите 46 компании меѓу 100-те најголеми, се со странски капитал и 27 од нив, имаат на позицијата главен извршен директор поставено странец.

Во 13 од нив поставени се домашни менаџери, а во останатите 6 компании на челните позиции има мешовит топ менаџмент – домашен и странски.

Од што зависи каков кадар ангажираат странските инвеститори?

Не е строго правило странските компании, независно дали со помали или поголеми операции во земјава, да имаат менаџмент исклучително составен од странци, велат професионалците од областа на т.н. “executive search“, односно потрага и регрутирање на менаџерски кадар за потребите на компаниите. “Моменталната ситуација е резултат на неколку елементи“, објаснува Горан Цивкароски, регионален консултант во Pedersen & Partners. “Еден од нив е регионалната структура на меѓународните компании. Од

Доверба: Од десетте најголеми странски компании в


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

13

Горан Цивкароски

регионален консултант на Pedersen & Partners

Домашните компании ретко ангажираат професионалци да им најдат квалитетен менаџер

З

сложено разгранети, пирамидално поставени, позиционирани по земји, до силно матрични, кластерно организирани, филијално по значење поставени, некои со основа на оперативата ресурси, други со фокус кон локалните пазари“, вели Цивкароски. Најголеми пет компании каде што странските сопственици укажале доверба на домашен главен менаџер се Макстил, во сопственост на швајцарски Дуферко, каде што главен извршен директор е Иван Бановски; Цементарница Усје во сопственост на грчки Титан со Борис Хрисафов, инаку искусен менаџерски кадар на компанијата, претходно на позицијата главен финансов директор; Порше Македонија во сопственост на холдингот Порше, односно групацијата Фолксваген на чело со Златко Муцунски; млекарата БиМилк од Битола, дел од инвестицискиот фонд Мид Европа Партнерс каде што

главен менаџер е Златко Најдовски; Вардар Метал Трејд во сопственост на Ријалто Финанс и предводена од Стојмирчо Николовски. Следејќи ја кризата и веќе неколкугодишните последователни активности за оптимизирање, доведе до промени на профилот на операциите на странските компании во Македонија, вели Цивкароски. „Ако во една меѓународна компанија во земјава има топ менаџмент од 2-3 извршители, во регионот и поголемите пазари таму, менаџментот е релативно во поголем број. Истите промени ги опфаќаат и нив, со што повеќето прифатија и повеќе одговорности, како и преместување во помали пазари, се со цел да не ја загубат работата. За жал и внатре во компаниите, тие менаџери имаат секако поголемо влијание кон слични одлуки и решенија отколку нашите.“, додава тој.

ависно од нивниот досегашен начин на работа и искуство на други пазари, странските инвеститори може да имаат пристап со силно тренирање на назначените за прво време менаџери на пониски позиции, од страна на назначениот менаџер од сопствената матрица, или директно избор на најсоодветниот кадар. Мора да се има во предвид силно изразениот индивидуализам на секоја одделна странска компанија во земјава. Тие решенија се стратешки за компаниите на највисоко ниво и тоа го прави прашањето многу сложено за генерализирање и сведување под ист именител. Што се однесува за домашните компании, сè уште, постоечкиот менаџмент кај поголемите домашни компании всушност доаѓа од сопственичката структура. Концептот да бараш професионалец преку executive search компанија, кој што ќе ти го управува бизнисот, додека ти го исцртуваш планот за следниот развој и стратегија, како и да започнуваш нови претприемачки потфати, најчесто се сретнува кога ќе излезеш од сопствениот пазар со целосната своја операција, а не само да ги продаваш своите продукти надвор. Домашните компании се убедени дека ги познаваат сите и никој не може да им додаде вредност на нивните бизниси како нив самите, па барањето на професионален менаџер е нешто на коешто сè уште не му се обрнува доволно внимание. Случаи, секако постојат.“

во Македонија, само една ја води домашен менаџер


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

14

cover story

И домашни менаџери имаат шанса да станат CEO во странските компании

Уште еден од клучните фактори за тоа дали странските компании се одлучуваат за надворешен или домашен кадар на топ менаџерски позиции, е довербата. „Странските компании и нивните сопственички структури имаат незаменлив критериум за избор исклучително на професионални и искусни кадри. Последната деценија ги научи дека ризикот со експерименти при изборот е некогаш едноставно многу висок“, велат нашите соговорници на темава. На пример, меѓу првите десет компании според остварени приходи, седум се со странски капитал (поточно со спојувањето на Т- Мобиле и Македонски телеком во една компанија, сега се шест), и кај нив (ако не го сметаме челното место на Жарко Луковски во Т - Мобиле, кој што сега е главен оперативен менаџер во Македонски телеком), сите се странци. Џатин Такрар во Џонсон Мети, Штефан Петер во ЕВН Македонија, Јоанис Героуланос во ОКТА, Константинос Даскалакис во ФЕНИ, Андреас Маиерхофер во Македонски телеком и Андреј Куку во Лукоил. „Тоа не значи дека домашните менаџери ја немаат воопшто шансата да добијат ЦЕО позиција. Напротив, целиот менаџмент на средно ниво ја има таа шанса - но исклучително откако ќе се докажат и ќе ја стекнат таа доверба на професионалци, лојални кон компанијата, бизнис резонирачки извршители со добра самомотивација и поширок поглед кон бизнисот на една таква компанија во земјава. Зошто тоа не го гледаме почесто е прашање на профилот на локалниот менаџер, а не толку на генералната типизација на странските компании. Ако порасне и се развие еден менаџер од средно, на ниво каде што ќе ги има сите квалитети да се оддели и постави можеби своја слична операција - која странска компанија би пропуштила да му ја даде првата позиција и да го задржи?“, вели Цивкароски од Pedersen & Partners.

Кој “владее“ во финансискиот сектор

Странците се газди, Македонци менаџираат

Н

Од поголемите банки во странска а македонскиот пазар работат сопственост, Прокредит банка ја 14 деловни банки, од кои што предводи главната директорка во четири има доминантен Јованка Јолевска-Поповска, а во домашен капитал, Комерцијална Управниот одбор на банката во банка, ТТК Банка, Еуростандард моментов, покрај неа, се уште и и Стопанска банка - Битола. Топ Емилија Спировска и Валентина менаџментот во овие банки доаѓа Никовска. од редовите на домашниот кадар. Во секторот осигурување, Останатите 10 банки, имаат најголемата компанија според доминантни странски сопственици вредноста на и таму во моментов брутополисираната имаме “шарена“ премија, Триглав, ситуација. На пример, бројки ја предводи најголемата од овие Сања Танчевска, 10, Стопанска банка а втората Скопје е раководена по големина од главниот извршен осигурителната директор Диомидис компанија, Николетопулос, кој Македонија, што доаѓа од Грција, од петте најголеми која што лани од каде што е НБГ, странски банки стана дел од банката сопственик во земјава имаат групацијата Виена на Стопанска. НЛБ домашен кадар за СЕО Иншуранс Груп, а Тутунска, пак, дел претходно беше од словенечката во сопственост на групација Нова Кјуби, за генерален Љубљанска банка директор го има уште од самото Бошко Андов. влегување на Сава осигурување, македонскиот пазар, од петте најголеми која што е исто за прв човек има осигурителни како и Триглав, Македонец – до компании имаат во сопственост неодамна тоа беше домашен кадар за СЕО на словенечка Ѓорѓи Јанчевски, а групација, за негов наследник прв човек во е Антонио Аргир. Шпаркасе банка, дел од австриската Македонија го има Словенецот Рок Мољк. Зоран Нарашанов е директор групација Ерсте, ја предводи Глигор на Винер, дел од австриската Виена Бишев, кој што е главен извршен Иншуранс Груп, а на Еуролинк, директор две и пол години, откако 13 директорка е Марија Томеска. години беше на чело на Стопанска Ова значи дека во четири од петте банка - Скопје, поточно од нејзиното најголеми осигурителни компании преземање од страна на НБГ во 2000 во Македонија во директорските година. фотелји седат македонски менаџери. Охридска банка, членка на Во секторот на животно осигурување француската групација Сосиете пак, најголемите компании Граве и Женерал во моментов е предводена Кроација, се предводени од странец од Србинката Бранка Павловиќ, и Македонка, респективно, односно која што на почетокот од годинава Марко Микиќ и Вилма Учетадојде на местото на Чехинката Јитка Дузлевска. Пантучкова.

3 4



www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

16

Капитално

ВреМе ЗА рАЗ

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Иако бизнисмените веќе подолго време бараат и за државата да важат истите обврски за финансиска дисциплина во плаќањата како и за приватните компании, овие измени повеќето од нив ги дочекуваат со неверување. Првично заради тајмингот кога тие се носат, а потоа и во искреноста на државата навистина да се раздолжи со приватните компании, поучени од досегашната реалност во која државните и јавните институции дури и со закон се штитеа од присилна наплата, а доброволното плаќање на долговите во рок никој не го ни споменуваше.

Д

Деновиве владата поднесе законски измени на Законот за финансиска дисциплина со кој се предвидува и државата да се стави во ред и навреме да ги плаќа обврските. Според законските измени се предвидува државните органи и јавните претпријатија почнувајќи од почетокот на следната 2016 година обврските да ги плаќаат во рок од 60 дена. Исклучок ќе бидат случаите каде како должник се јавува Фондот за здравство и јавните здравствени установи, и тука рокот за плаќање на обврските не може да биде подолг од 90 дена. Освен онаму каде што се работело за повеќе годишна јавна набавка, каде со согласност на двете страни, доброволна или присилна, можело да се договори рок колку што сака државата која е должник. Иако бизнисмените веќе подолго време бараат и за државата да важат истите обврски за финансиска дисциплина во плаќањата како и за приватните компании, овие измени повеќето од нив ги дочекуваат со неверување. Првично заради тајмингот кога тие се носат, а потоа и во искреноста на државата навистина да се раздолжи со приватните компании, поучени

од досегашната реалност во која државните и јавните институции дури и со закон се штитеа од присилна наплата, а доброволното плаќање на долговите во рок никој не го ни споменуваше. Бизнисмените научиле дека не треба многу да им веруваат на предизборните дарови кои им ги принесува државата. Се уште не е јасно како овие законски измени ќе се практикуваат во пракса, но она што е сигурно е дека се предвидени максимални казни од 10 илјади евра за фирмите и јавните субјекти кои нема да плаќаат во рок. Додека некои бизнисмени се уверени дека ова ќе биде само уште една предизборна законска шминка која ќе важи само на хартија, некои се во дилема што ќе се случува со старите и натрупани долгови кои државата не им ги има платено. Прашуваат што со оние фирми кои веќе банкротираат и допрва ќе банкротираат чекајќи да се наплатат од државните и јавните претпријатија. Кој ќе одговара за штетата која и им се нанесе на овие фирми и штетата која секојдневно и се прави буквално на секоја фирма која работи на домашниот пазар на кој државата наместо да создава услови за бизнис, создава и толерира неплаќање на обврските и хаос во водењето на бизнис. Бидејќи сосема е логично ако државата не плаќа редовно на некоја фирма, таа фирма потоа нема да плаќа на нејзините деловни партнери, добавувачи, вработени, на банките... Ако фирмите не ги враќаат навреме кредитите во банка, тогаш логично е банките да не им даваат нови кредити на други фирми, кои имаат потреба од пари за да ги преживеат предолгите рокови на плаќање кои во Македонија


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

Капитално

здолжуВање Се уште не е јасно како овие законски измени ќе се практикуваат во пракса, но она што е сигурно е дека се предвидени максимални казни од 10 илјади евра за фирмите и јавните субјекти кои нема да плаќаат во рок. се штитат дури со закон. Во исто време имаме ситуација во која државата е најголем работодавач и бизнисмен. Тоа во македонија е така веќе со години, па на многу бизнисмени отсекогаш најслатки им биле државните тендери. Но, во изминатите неколку години власта на Вмро дПмНе наметна една нова филозофија на кревање на економијата во време на криза. Таа филозофија почиваше на тоа дека државата преку разни јавни инвестиции е таа која ја спасува економијата во време на криза и дека таа е најзаслужна за економскиот раст. Па така само лани преку тендери државата обезбедила бизнис во вредност од 980 милиони евра. Тоа значи дека близу 35% од вредноста на буџетот се троши на тендер зделки. останатите трошења од буџетот се за плати на јавна администрација, пензии и социјала... значи факт е дека државата обезбедува огромни бизниси за фирмите. Но, исто така е факт дека државата нередовно плаќа. ако овие зделки од 980 милиони евра не се плаќаат редовно, тогаш таквата ситуација би била катастрофална за целата економија. Неодамна Народната банка на македонија во својот годишен извештај за финансиска стабилност на земјата објави дека задолженоста

на македонските фирми на крајот на минатата година достигна рекордни 64% од Бруто домашниот производ, односно од вредноста на сите производи и услуги кои се произведуваат во македонија за една година. Тоа е историски највисока задолженост на фирмите досега. Во исто време профитабилноста на сите фирми во земјава е намалена за 39%. Во услови на намалена профитабилност на фирмите и во услови кога никој никому не плаќа на време, а банките не даваат кредити за обртни средства на фирмите кои се во проблеми, сосема е логично неверувањето на фирмите дека само со законски измени може да се среди хаосот во плаќањата кои владееше со години наназад. Без да се донесе решение што ќе се прави со долговите кои досега се трупаа со години наназад, како и дали тие ќе се плаќаат не може да се очекува ситуацијата да се среди со едно законска измена. Или можеби оној кој ги предлага овие измени не ни има воопшто намера да го решава проблемот со неликвидноста и несолвентноста во која се гуши македонската економија...можеби целта е предизборно да се направи законски основ за конечно да им се платат долговите на фирмите кои многу трпеливо и вредно, сиве овие години работеа со државата? nnn

17


Капитал број 833 16.10.2015

18

www.kapital.mk

АнАлизА

евроПскАтА енергетскА зАедницА ПредуПр

мАкедонијА е зем со зАробен енерге кој добивА, А кој г

ФАкт: По либерАлизАцијАтА, големите Фирми ПлА


www.kapital.mk

РЕДУВА:

МЈА ЕТСКИ ПАЗАР! ГУБИ?

Капитал број 833 16.10.2015

19 Последниот извештај на Европската енергетска заедница ги укажува сите дефекти кои ги има македонскиот пазар на електрична енергија. Немање на вистинска конкуренција, прекумерна регулација на цени, скапа струја за индустријата за сметка на социјална цена за населението, закони кои го држат корисниците во заложништво на крупните играчи и уште еден куп пречки за рамноправен натпревар на играчите во овој бизнис. Капитал анализира кој е кој на пазарот на електрична енергија и кој најмногу профитира на пазарот кој државата го држи во заложништво преку носење на закони кои ја спречуваат конкуренцијата

АЌААТ 20 ЕВРА ПОЕВТИНО ЗА МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

20

АнАлизА

234.888.821

89.245.161

85.894.820

165.403.164

196.711.060

128.666.432

140.676.521

КолКу СтрујА увЕзувА мАКЕДонијА? (во евра)

2008

2009

2010

2011

2012

2013

2014

м пишува:

Биљана здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Македонија по се изгледа ќе остане е д и н с т в е н а з емј а со з ат в о р е н и нелиберализиран пазар на електрична енергија во регионот, па и во ЕУ. Освен ако енергетските експерти од ЕУ, кои доаѓаат во посета на земјата следната недела не успеат да ја убедат Владата да ја смени својата одлука енергетскиот пазар да остане затворен до 2020 година. “Поради одложувањето на процесот на либерализација Во секторот на електрична енергија, земјата сега може да биде и единствена во Европа, каде што на клиентите им се негира право да го изберат својот снабдувач, што е клучен принцип на ЕУ. Со оваа одлука домаќинствата во Македонија се принудени да останат во заробеништво до 2020 година”, се вели во последниот Извештајот на Европската енергетска заедница (ЕЕЗ). Следната недела претставници на Енергетската заедница ќе пристигнат во Македонија за да на власта лично и ги претстават забелешките од најновиот извештај и да се обидат ја убедат да ја продолжи либерализацијата на пазарот на електрична енергија, која беше прекината кон крајот на 2014 година. Од Европската енергетска заедница велат дека Македонија треба итно да донесе нов

големите компании пред либерализацијата плаќаа 96 евра за мегават, а сега 75 евра за мегават струја!

К

омпаниите кои излегува на слободен пазар во втората фаза на либерализацијата на пазарот на електрична енергија трошеа околу 700 гигават часови електрична енергија годишно. тие плаќаа просечна цена од 96 евра по мегават час, а сега сите тие имаат просечна цена на енергија од 75 евра по мегават час. значи, 20 евра по мегават час поевтино ја плаќаат електричната енергија која ја трошат. или тоа е заштеда од 14 милиони евра на годишен план. Сите останати над 20 илјади помали фирми кои требаше да излезат на слободниот пазар и да одберат од кого ќе се снабдуваат со струја, со одложувањето на либерализацијата мораат да плаќаат и понатаму струја далеку поскапа од земјите од регионот, па и во Европа. Закон за енергетика, со кој ќе се надминат пречките во отварањето на пазарот кој беа поставени со законските измени за одложување на либерализацијата донесени во октомври 2014 година и со кој ќе се забрза спроведувањето на третата фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија. “Сите пречки за трговија и интергација на пазарот треба да се отстранат, вклучително и пречките од фискална природа. Прекумерната регулација на цените, вклучително и регулацијата на цените за трговија на големо, мора да биде елиминирана без одложување”, велат од Енергетската заедница, од каде јасно потенцираат дека одложувањето на либерализацијата на пазарот на електрична енергија е спротивно на обврските кои Македонија како држава ги има превземено со членството во Енергетската заедница, заради што во јануари годинава е покрената тужба против Македонија. “Обврските за јавните услуги треба да се применат само како алатка за надминување на неуспех на пазарот а не како инструмент со кој се попречува развојот на пазарот. Македонија мора ефикасно да ги имплементира нејзините

Пазарни правила, особено во делот на набавка за балансирање на енергијата и утврдување на цените за помошни услуги и балансирање на енергија”, се вели во најновиот Извештај. Според законските измени со кои се одложи либерализацијата на пазарот се предвидува отворањето на пазарот да се спроведува во следните пет години, со што првата од петте групи на потрошувачи ќе може да одбере снабдувач на струја во јули 2016 година, а последната во која влегуваат и домаќинствата е јули 2020 година. Единствени кои сега можат да бираат од кого ќе купуваат и кој ќе ги снабдува со струја се големите потрошувачи и капацитети со над 50 вработени и обрт од над 10 милиони евра. Во оваа група влегуваат 253 фирми во Македонија. Во групата на тарифни корисници влегуваат 695.107 потрошувачи. „Поранешна Југословенска Република Македонија, го пропушти рокот за имплементација на Третиот пакет од 1 јануари 2015 година. Измените и дополнувањата на Законот за енергетика, во октомври 2014 година иницираа неколку случаи на непочитување на Договорот, вклучувајќи пречки за отворање на пазарот, прекин на веќе постоечките права,

ЕЕз: ДомАќинСтвАтА во зАроБЕништво До 2020 гоДинА



www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

22

АнАлизА

подобности и превенција на регионална интеграција на пазарот. Затоа, итно е потребно донесување на нов закон за да се надминат не само нарушувањата усвоени во октомври 2014 година, но исто така и да се обезбеди соодветно транспонирање на барањата на третиот пакет, особено во смисла на отворање на пазарот, отпакување и ефикасна регулаторна моќ и независност“, се вели во Извештајот на Европска енергетска заедница. Македонија од лидер во реформи на енергетскиот пазар, сега заостанува а реформите може да се каже дека дури се во обратна насока, оценува Енергетската заедница во годишниот извештај наменет за спроведување на реформи од Третиот енергетски пакет. Дополнително се потенцира дека земјата има мал напредок во однос на независност на регулаторните тела, но дека тие допрва треба да станат активни во отворањето на енергетските пазари. “Имплементацијата на Третиот енергетски пакет, нуди можности за отворање на пазарот, интеграција на прекуграничниот пазар во корист на индустријата и на крајот енергетските потрошувачи. Фаќајќи ги овие можности тоа ќе значи модернизација на енергетскиот сектор, која се ‘уште останува итност за сите наши земји. Ќе биде тешко за оние кои нема да се вклучат во процесот сега, (особено во Босна и Херцеговина, како и Македонија,) да се израмнат со фаворитите,“ се потенцира во извештајот.

над 20 илјади мали фирми принудени да плаќаат скапа струја

Досегашните лимитирани искуства покажаа дека фирмите кои се опфатени од либерализацијата значително ги намалија трошоците за електрична енергија. Кажано со едноставни бројки, резултатот од досегашната либерализација е 200 компании кои имаат пониска цена на електрична енергија. Ако овие фирми трошат некаде околу 700 гигават часови дневно, нивната цена на електричната енергија се намали за околу 20 евра по мегават час. Значи, со либерализацијата на пазарот овие 200 фирми заштедија 14 до 15 милиони евра, кои што останаа во фирмите. При целосна либерализација на пазарот дефинитивно за сите фирми ќе се намали цената на електричната енергија, а при тоа цената за граѓаните нема да се зголеми за повеќе од 4% до 5%. Проблемот

Најголеми играчи на пазарот на ел.енергија? Компанија

Приходи (евра)

ЕВН

394.718.766

ЕЛЕМ

240.930.700

МЕПСО

66.235.999

ЕВН Македонија Електроснабдување

19.459.747

Најголеми трговци со струја во Македонија Компанија ГЕН-И ПРОДАЖБА НА ЕНЕРГИЈА

Приходи (евра) 82.161.728

ЕНЕРЏИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС ЕДС

75.949.570

ЕВН ТРЕЈДИНГ

20.194.518

ЕНЕРЏИ СЕРВИСИС

17.975.134

ЕФТ МАКЕДОНИЈА

15.874.584

ЕЗПАДА

12.941.589

ДАНСКЕ КОМОДИТИС

11.459.629

е што цената за граѓаните и вака ќе се зголеми за 4% до 5%, а фирмите од друга страна нема да добијат ништо, односно и понатаму ќе плаќаат скапа електрична енергија. Слободниот пазар е тој кој што ќе ги регулира сите непотребни трошоци и трошења плус и тоа ќе биде на бенефит и на граѓаните и фирмите. Моментално, сите фирми во Македонија на слободниот пазар заедно со дистрибутивната мрежа имаат цена по 70 или 80 евра по мегават час. А сите останати фирми кои се во регулираниот пазар во моментов плаќаат 140 евра. Оваа разлика во цената на електрична енергија која ја плаќаат фирмите најдобро ги покажува придобивките од слободниот пазар, односно кој најмногу добива, а кој губи од од конкуренцијата на пазарот

Кои се клучните играчи во енергетскиот бизнис?

Клучни играчи на енергетскиот пазар во Македонија се државната ЕЛЕМ и ЕВН Македонија. ЕЛЕМ ги поседува најголемиот дел од капацитетите за производство на електрична енергија и управува со помал дел од дистрибутивна мрежа. ЕВН Македонија, во која сопственик на 90% од капиталот е австриската ЕВН, ја поседува најголемиот дел од дистрибутивната мрежа. Или поточно, 99,37% од вкупната дистрибутивна мрежа е сопственост на ЕВН Македонија АД Скопје, а само 0,53% е сопственост на ЕЛЕМ Скопје, односно само подружницата Енергетика, која е лоциран во комплексот на поранешната фабрика Железара во Скопје



www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

24

АнАлизА

Сите домаќинства и повеќе од 99,9% од останатите потрошувачи се поврзани на дистрибутивниот систем на ЕВН Македонија. Компанијата исто така ги снабдува со струја 98% од потрошувачите кои се под регулирани цени. ЕВН и ЕЛЕМ имаат лиценци за снабдување на потрошувачите по регулирани цени, кои истекоа во декември минатата 2014 година, по што станаа снабдувачи во крајна инстанца на домаќинствата и малите потрошувачи. Македонската Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) досега има издадени 17 лиценци за снабдување со електрична енергија на крајни потрошувачи и повеќе од 60 лиценци за трговија на големо со електрична енергија. Мрежата за пренос на струја ја управува МЕПСО, исто така државна компанија, која освен за пренос е одговорна за контрола и балансирање на целиот енергетски систем и ја врши улогата на оператор на пазарот. Ако се гледа според приходите кои се прават во бизнисот со електрична енергија тогаш најголем играч дефинитивно е ЕВН , кој лани имал обрт од 394 милиони евра. Втор по големина играч е државниот производител на струја ЕЛЕМ со приходи од 240 милиони евра. И двата најголеми играчи во бизнисот со струја лани имале пад на приходите, ЕВН од 7,45% и ЕЛЕМ од 5,27%. Трет по големина играч е државниот МЕПСО со приходи од 66 милиони евра, кој лани се зголемиле за 33%. Додека ЕВН лани имала огромен раст на профитабилноста од 131% и работела со вкупен профит од 5,4 милиони евра, државниот ЕЛЕМ има рекордно голема загуба од дури 14 милиони евра.

Почетокот на либерализацијата донесе голем бизнис за трговците со струја

Вторите две фази од либерализацијата на електрична енергија отворија нов бизнис за трговците со електрична енергија. Околу 240 големи компании од Македонија околу две години можат самите да одлучуваат од кого ќе купуваат и кој ќе ги снабдува со електрична енергија. Тоа им ги намали трошоците за електрична енергија за околу 15 милиони евра годишно, но отвори простор за умешните трговци со струја. На пример, седумте најголеми трговци кои се рангирани меѓу 200-те најголеми фирми лани имале вкупни приходи од 237 милиони евра, што е раст за 51,5% за

Државниот производител на електрична енергија ЕЛЕМ и најголемиот дистрибутер на струја ЕВН, во сопственост на австриски EVN, се двата најголеми играчи на македонскиот пазар на електрична енергија. Трговецот на струја ЕДС се покажа дека најдобро плива на слободен пазар. Околу 65% од околу 220 компании кои во втората фаза на либерализација излегоа на слободен пазар, одбраа да се снабдуваат токму од ЕДС.

една година. Лидер во трговијата со струја во Македонија е фирмата Ген-и, во сопственост на истоимениот словенечки трговец со струја. Кочо Анѓушев, директорот на Енерџи Деливери Солушнс (ЕДС), кој се покажа дека најдобро знае да плива кога пазарот на енергенси е слободен. Од околу 200 големи компании кои пред половина година излегоа на слободен пазар, 60% го избраа токму ЕДС да ги снабдува со електрична енергија. Фирмата ЕДС е втор најголем играч со вкупни приходи од околу 76 милиони евра. ЕДС е истовремено и најпрофитабилен играч овој бизнис со вкупен профит од 1,9 милиони евра. ЕВН Трејдинг, фирмата на дистрибутерот ЕВН лани има огромен раст на профитот од 35 илјади евра на 650 илјади евра, додека двата најголеми трговци со струја лани имале пад на профитабилноста.

Многу од големите трговци со електрична енергија минатата година влегоа во екстра трошоци подготвувајќи се за новата фаза од либерализацијата на пазарот во која околу нови 20 илјади фирми требаше да одберат од кого ќе купуваат и кој ќе ги снабдува со електрична енергија. Од ЕДС тогаш на сите фирми кои ќе одлучат да се снабдуваат од него со струја им гарантираше намалување на трошоците за струја од 15% до 50% во зависност од типот на фирмата. Во Македонија има регулиран пазар и слободен пазар. На регулираниот пазар цените на електричната енергија ги одредува Регулаторната комисија. На слободниот пазар се сите 220 компании кои со процесот на либерализација добија можност самите да одберат снабдувач на електрична енергија. Сите овие субјекти кои се на слободниот пазар моментално имаат потрошувачка на енергија околу 300 мегавати енергија. nnn


СИЛАТА НА МАКЕДОНСКОТО ГРАДЕЖНИШТВО ТРКАЛЕЗНА МАСА / 26 октомври 2015

 КОЈ Е КОЈ ВО МАКЕДОНСКАТА ГРАДЕЖНА ИНДУСТРИЈА?  КОЈ Е КОЈ ВО ТРГОВИЈАТА СО ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ?  СЕКТОРСКА АНАЛИЗА: ШТО ЈА ОЧЕКУВА МАКЕДОНСКАТА ГРАДЕЖНА ИНДУСТРИЈА ВО 2016?

Повеќе информации во врска со настанот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


Капитал број 833 16.10.2015

26

Бизнис и политика

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

27

Откако “бомбите“ го расчистија теренот

Каква е Визијата на СДСМ за Македонија? Критиките дека Визијата за Македонија на СДСМ не содржи конкретни мерки и решенија се избрзани, зашто проектот сè уште не е програма, туку платформа отворена за сите граѓани, со цел на неа да се гради патот до остварување на визијата, која има идеолошка доследност во поглед на социјалдемократијата, и јасно одреден и конзистентен концепт, објаснуваат главните луѓе кои стојат зад програмата. Меинстримот на Визијата е подобрување на животниот стандард, враќање на средната класа, за што политиката треба да го поддржува бизнисот, да го ослободи од своите стеги

пишуваат:

В Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Визијата за Македонија на СДСМ е токму она што името го кажува - визија. Така што, критиките дека проектот не содржи ништо конкретно - мерки или решенија, се избрзани. Ова изгледа не го сфатија дури и некои од најискрените бранители на Визијата, кои истата ја нарекоа програма, и таа со тој непотребен товар почна да циркулира во јавноста. Се работи за комункациска грешка на СДСМ, сметаат аналитичарите. Но, како и да е, ако на проектот се гледа како на визија, на отворена платформа на која ќе се гради патот до остварување на визијата, таа е идеолошки доследна во поглед на социјалдемократијата, со јасно одреден и конзистентен концепт. „Ние точно знаеме која ни е целта, но, точката до која е стигнато општеството е таква што мора убаво да ги слушнеме граѓаните“, смета претседателот на Комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски. Во контекстот тој вели дека партијата има конкретни решенија за многу прашања, но, остава простор и оти можеби тие не се најдобрите. „Во комуникацијата со граѓаните ќе го утврдиме тоа“, вели Тевдовски. Поканата за усогласување со визиите на граѓаните што ја упати претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кога го претстави проектот, е отворена пет седмици. „Подавам рака, во име на Социјалдемократскиот сојуз, до секој граѓанин - поединец, група, здружение, организација, заедно да ја испланираме обновата на нашата земја. Програмата со која ќе излеземе пред јавноста, по целиот процес на усогласување, ќе биде Програма за граѓаните и од граѓаните на Република Македонија“, изјави Заев во пригодата. Со првите зборови од претставувањето на Визијата тој вака ја дефинираше суштината на проектот - „Ја враќаме моќната, стабилна, спокојна и среќна средна класа. Создаваме општество на слободни и еднакви граѓани, во модерна и европска Македонија“. Во разговорот со Тевдовски, се обидовме Визијата да ја видиме и од аспект на нејзината цел - на изборите да парира на програмите на ВМРО-ДПМНЕ, надградувани, проширувани, на стотици


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

28

Бизнис и политика

страници, со точно изброени конкретни чекори. „Она што власта го правеше бомбардирајќи ја јавноста секојдневно со мерки, проекти, за тоа, на пример, кој пат ќе се прави, е една маска на погрешните политики што во позадина се случуваа. Со нашиот проект ние правиме дијагноза, но и даваме визија за тоа што сакаме да направиме во иднина. Ова се долгорочни вредности - платформата се темелите на кои што се гради кон целта. Нашиот пристап е различен од ова лудило што се прави сите овие години - поставуваме пет темели што во перспектива ќе го обезбедат она што сакаме да го постигнеме - средна класа, намалување на нееднаквоста. Излегуваме

дел по дел, имаме многу мерки за сите столбови, но можеби има нешто што не сме го зеле предвид, што ќе го слушнеме од граѓаните“, вели Тевдовски. За првиот столб насловен „Одговорна власт и контрола над власта“, веќе имаше дебата од која произлегоа конкретни предлози како да се „врати во владение на граѓаните општеството кое е сега киднапирано од мала група луѓе на власт, и како да се спречи тоа во иднина да се случи“, како што рече Заев. Заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, говорејќи за нетранспарентноста при носењето на законите во Македонија, при што ниту засегнатите страни немаат увид во процесите, рече дека ако нејзината партија победи на изборите во април, законски ќе ги обврзе министрите да следат процедура што ќе гарантира дека во процесот на носење на законите ќе бидат вклучени сите засегнати страни. Од столбовите во политичкиот дел на Визијата е и наречениот „Европска идина и квалитетен живот“, што Заев го објасни како градење општество по европски терк со нова енергија во евроатлантските интеграции. Во оваа фаза кога е целта да се добие фидбек од граѓаните, од СДСМ не сакаат да зборуваат поконкретно

за нивните идеи, но, Тевдовски само најави дека намерата е во основните столбови на општеството - во образованието, во здравството, во културата да се преземат европски политики и вредности. Главно политички е и столбот наречен „Едно општество за сите“, со кој целта е да се спречи продолжувањето на Македонците, на Албанците ..., да гледаат и да одат по различни колосеци во општеството. „Видовме во целиот овој период откако почна проектот Вистината за Македонија дека имаше етничко обединување, што кулминираше на масовниот протест на 17 мај. Се менува свеста на граѓаните стануваат свесни дека во услови на лошо владеење на политичките елити сите губат, независно дали се Македонци, Албанци ... Ние никогаш нема да играме на картата на оваа власт која подгрева меѓуетнички тензии. Преку мерки ќе ја зголемуваме свеста на граѓаните дека проблемот не е во етничката, туку во социјалната раслоеност. Не може да се бориме за средната класа ако таа е етнички поделена на два колосеци. Не може да се подобри ниту економијата ако не се минимизираат етничките тензии“, гласи коментарот на Тевдовски за овој столб од Визијата.

Тевдовски: Ние точно знаеме која ни е целта



www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

30

Бизнис и политика

Н

Драган Тевдовски

претседател на Комисијата за економија на СДСМ

е е важно колку ќе се зголемуваат парите за вработување, надоместоците за социјална помош, субвенциите во земјоделието, буџетот во културата, сè додека има можности комотно да владее малата група на власт, додека таа ги контролира институциите, а не тие неа - секогаш таа мала група на власт ќе добива сè, а сите останати по некоја „коска“.

Ќ Алберт Муслиу аналитичар

е видиме како ќе одговори ВМРОДПМНЕ, која сигурно не би сакала да ја загуби средната класа што ја таргетира СДСМ. Средната класа е таа што го одржува едно општество. ВМРОДПМНЕ досега повеќе таргетираше категории како пензионери, млади, студенти. Сега првпат имаме таргетирање на цела класа.

Петар Арсовски аналитичар

Бизнисот да се ослободи од стегите на политиката!

Меинстримот на платформата на СДСМ е подобрување на животниот стандард на граѓаните и враќање на средната класа. Тевдовски вели дека „сите мерки што ќе ги испорача партијата во новата програма ќе бидат фокусирани на намалување на нееднаквоста кај граѓаните“. Според него, има огромни разлики меѓу граѓаните, екстремно богати и екстремно сиромашни, додека пак средната класа речиси и да не постои. „Има нееднаквост што ја креира пазарот, односно пазарното распределување на економските резултати која што ја мери Gini коефициентот и во тој дел Македонија и не е најлош случај. Меѓутоа, сметаме дека тешко ќе се коригира нееднаквоста само преку даноците така што државата ќе земе повеќе од побогатите и ќе врати кај сиромашните преку социјални трансфери. Во други држави со воведување на прогресивните даноци, нееднаквоста се намалува. Оттука сите мерки што ќе ги преземеме, почнувајќи од прогресивниот модел на оданочување, па преку зголемување на транспарентноста на трошењето на народните пари, до начинот на распределување на социјалната помош, ќе создадат услови да се намали нееднаквоста меѓу граѓаните“, објаснува Тевдовски. Тој вели дека првиот чекор во борбата за враќањето на средната класа ќе биде „разголување на работењето на луѓето на власт преку воведување нивна отчетност и транспарентност“. „Сè додека не се постави одговорна власт,

но и не се обезбеди независна контрола врз власта, секогаш мала група луѓе на власт ќе наоѓа начини како парите да завршат главно кај неа. И потоа таа група лесно прави сè што е од нивна корист. Не е важно колку ќе се зголемуваат, на пример, парите за вработување, надоместоците за социјална помош, субвенциите во земјоделието, буџетот во културата, сè додека има можности комотно да владее малата група на власт, додека таа ги

контролира институциите, а не тие неа, секогаш таа мала група на власт ќе добива сè, а сите останати по некоја “коска”, коментира Тевдовски додавајќи дека по откривањето на првиот столб од платформата во јавноста кој има за цел да ја зголеми транспарентноста на јавните институции, наишле на позитивни реакции од граѓаните и бизнисмените, бидејќи како што вели тој, „секој што работи чисто во бизнисот, сака да биде транспарентен“.


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

31

В

о модерно време партиските програми, вклучително и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, се пишуваат во координација со граѓаните. Тоа е тој пазарен изборен модел што во моментов владее во светот. СДСМ не објасни доволно дека тоа што го претставија е само платформа, и дека тие сега ќе одат за своите идеи да ги споделат со граѓаните, да слушнат што ним им е потребно, и потоа тоа да го вградат во програмата.

„Граѓаните ќе бидат вистински контролори на можните злоупотреби, бидејќи секој граѓанин од својот компјутер ќе може во детали да види каде се трошат парите од неговите даноци и придонеси“, вели тој. Во таа насока, една од мерките што веќе ја откри СДСМ е „сите оф шор компании што инвестираат во Македонија, да ги соопштат вистинските сопственици. На сите постоечки оф шор компании во Македонија ќе им биде даден рок до кога ќе мораат да го достават целокупниот историјат за нивната работа“ Иако засега не се откриваат конкретни мерки од програмата на СДСМ, Тевдовски вели дека економските политики што ќе се водат мора да обезбедат побрз развој. Според него, мора да се направат радикални промени во начинот на трошење на парите од буџетот, односно да се скратат сите непродуктивни расходи и парите што ќе се ослободат да се пренасочат за поголема поддршка на економијата. „Буџетската поддршка за малите и средни фирми мора да се зголеми бидејќи тие се мотор на домашната економија. Во Македонија има околу 70 илјади микро и мали компании и сметаме дека е смешно да се поддржат со помалку од 200 илјади евра колку што одвојува оваа власт во Буџетот за оваа намена. Засега не можам да откријам бројки, меѓутоа во нашата програма поддршката за малите и средни фирми ќе се брои во милиони евра“, вели Тевдовски додавајќи дека значителни суми од буџетот

ќе се наменат за отворање нови старт ап бизниси, кои вообичаено тешко добиваат финансиска поддршка од банките. СДСМ смета дека мора да се обезбедат повеќе пари од буџетот за изградба на крупните инфраструктурни објекти од областа на енергетиката, патната и железничката мрежа. „Мора да постои долгорочна стратегија во форма на консензус помеѓу политичките партии за тоа кои се најважните капитални проекти што државата мора да ги реализира во следните 15 – 20 години, без оглед кој ќе биде на власт“, потенцира Тевдовски. Освен зголемување на минималната плата од 9.000 на 11.000 кои што се очекува да ја раздвижат домашната економија, тој вели дека една од конкретните мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните ќе биде и воспоставување на државен фонд кој ќе ги штити работниците со најниска плата. „Во транзицискиот период на минималната плата, државата ќе го преземе товарот да ја плаќа разликата помеѓу старото и новото ниво на минмалната плата, со цел да не дозволи приватните фирми поради тој трошок да ги отпуштаат работниците. Пресметавме дека доколку повисоката минимална плата од 11.000 денари стане проблематична за исплаќање на сите 50.000 работници од текстилната, кожарската индустрија и производство на облека, на државата ќе и требаат 18 милиони евра за да го покрие тој трошок. А каде ќе ги најдеме

парите?! Па само доколку се стопира изградбата на панорамското тркало кое чини дури 18 милиони евра, проблемот би бил решен“, вели Тевдовски. СДСМ ќе продолжи да ги зголемува субвенциите, вели Тевдовски, меѓутоа според него, клучно ќе биде тие да ги дадат очекуваните ефекти. „Субвенции од државата мора да има, меѓутоа, парите мора да се искористат за да се постигне подобар ефект во одреден сектор. На пример, земјоделските субвенции мора да го подобрат производството на земјоделски производи“, вели Тевдовски. Тој вели дека СДСМ нема да го промени односот кон странските инвеститори, меѓутоа, според него власта мора да си го смени однесувањето кон домашните инвеститори. „Сметаме дека тие се запоставени и државата треба да им ги обезбеди истите услови за водење бизнис што им ги овозможува и на странците“, вели Тевдовски и додава дека најбитно ќе биде власта да обезбеди предвидливост за бизнисите. „Не сакаме постојано да ги менуваме законите. Сакаме да воспоставиме предвидливост за бизнисите без притоа преку ноќ да правиме стресови со различни упади во законодавството. Бизнисите сакаат да престане притисокот од државните органи и наша прва задача мора да биде да го ослободиме бизнис секторот од политиката“, потенцира Тевдовски. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

32

банки и финансии

К Емилија Спировска член на Управниот одбор на ПроКредит банка

ако германска банка специјализирана за претпријатија, за прв пат во Македонија воведовме технологија која нуди значајни придобивки за клиентите: достапност на банкарската услуга 24/7, заштеда на времето кое клиентите го трошеа за извршување на услугите и пониски трошоци за провизии. Сега клиентите секоја услуга ја извршуваат за 2 минути, провизиите на автомат се 0 во секое време и самите одбираат кога ќе ја посетат банката.

X X Што овозможува Зоната 24/7 XX Уплата и исплата на денари и евра, ДОСТАПНОСТ 24 часа во денот, седум дена во неделата XX Брзина на извршување на трансакциите: за само 2 минути XX Провизијата на автоматите е 0 денари XX Можност за уплата на поголеми износи, секакви деноминации и кованици XX електронски плаќања без хартиени платни налози

ПроКредит ги отвори в

П

ПроКредит банка претстави нов концепт на банкарска услуга, Зона 24/7 која што преку нови автомати од најсовремена технологија во банкарството, нуди различни можности за уплата и исплата на готовина во денари, 24 часа, седум дена во неделата. Овие таканаречени Зони 24/7 ги има во 20 експозитури на ПроКредит банка во Скопје и Македонија. ПроКредит банка е прва и засега единствена во земјава која што нуди услуги нон стоп, секој ден во неделата, 24 часа. „Како германска банка специјализирана за претпријатија, за прв пат во Македонија воведовме технологија која нуди значајни придобивки за клиентите: достапност на банкарската услуга 24/7, заштеда на времето кое клиентите го трошеа за извршување на услугите и пониски трошоци за провизии. Сега клиентите секоја услуга ја извршуваат за 2 минути, провизиите на автомат се 0 во секое време и самите одбираат кога ќе ја посетат банката. Услугата им е достапна насекаде низ Македонија“, изјави Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит банка. Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер изрази задоволство што германска банка е лидер во иновации во македонскиот банкарски систем. „Ова што го претставува ПроКредит денес е истото она што можам да

го видам во банките во Германија. ПроКредит навистина понуди значаен напредок во банкарската технологија и услугите за клиентите. Бизнисите во Германија за работа со готовина најчесто користат автомати. 47% од плаќањата во Германија се направени безготовински, а секој втор Германец работи преку електронско банкарство“, изјави Алтхаузер. Дел од менаџерите на приватните компании потврдуваат дека достапноста на банкарските услуги во кое било време од денот значително им го олеснува работењето. „Со воведувањето на Зоните 24/7 на ПроКредит добивме неколку практични придобивки. Сега обврските во банка можам да си ги завршам кога сакам односно кога најмногу ми одговара. Доаѓам и во попладневните часови, навечер, во недела. Јас како сопственик или нашите авторизирани вработени, доаѓаат и завршуваат работа за 2 минути. Споредено со претходно кога за банкарските работи

во просек трошевме по половина час секој ден и го користевме драгоценото време од бизнисот за да се прилагодиме на редиците кои се создаваат во банките, сега сме многу поефикасни“, вели Снежана Спасова, сопственик на аптеките Молика.

Што нудат Зоните 24/7

Банката засега располага со 3 типа на автомати со различни функционалности, а во иднина најавуваат дополнителни. Од ПроКредит велат дека најкористен е банкоматот за уплата и исплата, а Зоната 24/7 најмногу ја користеле бизниси кои се занимаваат со трговија – супермаркети, продавници, дрогерии, книжари, транспортни компании, ресторани и други услужни дејности и професионалци со динамично работно време и обврски, кои сакаат да си завршат работа во банка по своето работно време или за викенд. Она што го нудат новите машини за претпријатијата е што може да вршат уплата на дневен промет во готовина.

ПроКредит: Зоните 24/7 им заштедуваат


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

33

О Кристине Алтхаузер амбасадор на Германија во Македонија

ва што го претставува ПроКредит денес е истото она што можам да го видам во банките во Германија. ПроКредит навистина понуди значаен напредок во банкарската технологија и услугите за клиентите. Бизнисите во Германија за работа со готовина најчесто користат автомати. 47% од плаќањата во Германија се направени безготовински, а секој втор Германец работи преку електронско банкарство.

С Снежана Спасова сопственик на аптека Молика

о воведувањето на Зоните 24/7 на ПроКредит добивме неколку практични придобивки. Сега обврските во банка можам да си ги завршам кога сакам односно кога најмногу ми одговара. Доаѓам и во попладневните часови, навечер, во недела. Споредено со претходно кога за банкарските работи во просек трошевме по половина час секој ден и го користевме драгоценото време од бизнисот за да се прилагодиме на редиците кои се создаваат во банките, сега сме многу поефикасни.

вратите на банките 24/7

Зоната 24/7 која што ја има во 20 експозитури на ПроКредит банка им овозможува на фирмите и граѓаните преку најсовремени автомати уплата и исплата на готовина во денари и евра, 24 часа во денот, седум дена во неделата. Едноставно со внесување Visa Business или ProCard и внесување на деноминации од 100, 500 и 1000 денари, трансакцијата се завршува за две минути, а парите се расположливи веднаш. И исплата на готовина е достапна во секое време. За оваа не се наплаќа никаква провизија без разлика во колку часот е извршена трансакцијата. „Ова е значајна предност, со оглед дека во сите банки уплатата на дневен пазар во готовина е бесплатен само до пладне, кога воедно се создаваат големите гужви и редици“, велат од банката. За граѓаните, автоматот овозможува уплата и исплата на трансакциска и штедна сметка со дебитна картичка од ПроКредит банка. За прв пат може да извршуваат уплата и исплата покрај во денари и во евра. „За граѓаните ова претставува голема придобивка особено од аспект на можностите за флексибилно штедење и фактот дека за потребната готовина не мора да прават менувачко работење, туку директно да добијат девизи. Штедењето на штедна

сметка сега нуди можност да повлекувате и вложувате кога сакате, да заработите камата на износот кој во моментот е на штедната сметка, апсолутно достапно секаде и во секое време, без никакви трошоци за исплатите. Со електронското банкарство исто така може да се управуваат салдата на сите штедни и трансакциски сметки т.е електронски да се префрлува од една на друга сметка или од една во друга валута“, објаснуваат од банката. Кога фирмите имаат поголем дневен промет од 100.000 денари, од банката велат дека може да го уплатат во специјалниот таканаречен сеф за дневен промет кој исто така е дел од Зоната 24/7. „Прометот клиентот го депонира во сефот во специјални сигурносни кеси (обезбедени од банката) за една употреба, со уникатен бар код претходно поврзан со клиентот. Вратата на сефот се отвара преку специјална магнетна картичка (обезбедена од банката) заради идентификација на клиентот. Практично уплатата се извршува со еден клик и

буквално за неколку секунди операцијата е завршена“, појаснуваат од ПроКредит. Зоните 24/7 им овозможуваат на фирмите и да вршат плаќања без притоа да носат со себе платни налози, туку електронски. Тоа го овозможува инфо терминалот преку кој се вршат плаќања и сите останати операции преку системот на електронско банкарство. „Придобивка е тоа што постои можност за пристап од страна на клиентот, овластен вработен или сметководител и можност да се направи електронско плаќање или да се испечати извод од сметка веднаш по извршена уплата на готовината на другите автомати која веднаш е достапна за сметка. За споредба, ако во Германија секој втор го користи електронското банкарство и дури половина од сите плаќања се безготовински, во Македонија тој процент е далеку помал. Само 28% од банкарските трансакции се електронски, а онлајн плаќањата се прават само преку 3% од сите сметки. Четвртина од сите плаќања се безготовински. nnn

време и пари за прoвизии на бизнисите


Капитал број 833 16.10.2015

34

www.kapital.mk

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

Политичката криза и неизвесност во која се наоѓа Македонија повеќе од осум месеци предизвикува проблеми во редовното работење на македонските фирми, кои се ставени во ситуација постпјано да ги убедуваат своите партнери во странство дека можат навреме и квалитетно да ги испорачаат договорените зделки. Неизвесноста очигледно не делува на странските производители во слободните зони, кои се меѓу ретките компании кои бележат раст на извозот годинава.

ДУРИ 44% ОД ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ ИЗВОЗ Е ВО ГЕРМАНИЈА!

РАСТЕ САМО ИЗВОЗО НА СТРАНЦИТЕ. ОСТАНАТИОТ ИЗВОЗ

ГОЛЕМ ПАД: ЛОН ИЗВОЗОТ ВО АВГУСТ ПАДНА ЗА 3


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

35 Во Германија за првите осум месеци годинава сме извезле 1,14 милијарди евра, 17,8% повеќе од лани, што е 44% од вкупниот македонски извоз. Најголеми извозници во Германија се Џонсон Мети и останатите производители на автомобилски делови од слободите економски зони, кои се меѓу малкуте компании кои имаат раст на извозот годинава

Што извезе, а што увезе Македонија за првите осум месеци годинава? 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20

Топ 20 извезувани производи Производ Катализатори Апарати за филтрирање на гасови Феро-никел Сетови на спроводници за палење Иницијатори на реакција, забрзувачи на реакција и каталитички препарати Автобуси Електрични разводни табли Суров тутун од тип Прилеп Памучни мачки кошули Седишта Руди на олово и концентрати Феро-силициум Руди на бакар и концентрати Лекови Плоснати производи од железо превлечени со пластична маса Синтетички женски блузи и кошули Топло валани плоснати производи од железо Плоснати валани производи од железо превлечени со цинк Железни цевки со правоаголен пресек Руди на цинк и концентрати

И пишува

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

от паѓа!

Изминативе десетина месеци беа прилично неизвесни за македонските компании. Политичката криза во која влезе Македонија со објавувањето на т.н бомби од прислушувани разговори на политичари од власта кои ги објави опозицијата, потоа и конфликтот во Куманово, во кој загинаа неколку специјалци, и политичките преговори кои треба да завршат со

Извоз (евра) 429.455.989 279.879.003 174.710.288 117.911.220 65.548.573 56.451.169 45.377.926 43.539.499 42.129.581 39.466.037 34.856.672 30.049.862 29.080.365 27.310.960 26.444.176 22.000.445 21.601.406 21.487.522 20.033.103 19.115.284

предвремени избори во април 2016 година, ја направија ситуацијата за водење бизнис во Македонија многу неизвесна и тешка. Намалување на извозот и увозот, намалување на странските инвестиции, стопирање да домашните инвестиции, намалена потрошувачка на домашниот пазар, откажување на нарачки, вложување на ликвидноста …Ова се штетите кои бизнисмените ги почувствуваа во првата половина од годинава како последица на неизвесната политичка и безбедносна ситуација во која влезе Македонија, а кои стануваат видливи во втората половина годинава. Анкетата која Капитал ја направи меѓу повеќе од десетина домашни бизнисмени покажува дека сит уацијата околу неизвесноста во која се наоѓаше земјава во првата половина годинава е намалена и полека успеваат да ги убедат нивните партнери дека политичката ситуацијата во која се наоѓа земјата нема да влијае врз нивната соработка и испораката на договорените нарачки. Ситуациите од пред неколку месеци кога многу македонски компании имаа зачестени повици од нивните странски партнери за да се информираат за развојот на состојбата сега веќе ги нема. Но, сепак психозата која се уште владее

35,7% во споредба со истиот месец лани


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

36

Капитал анализа

во земјата заради сложените политичките преговори и најавените предвремени избори за следната година создаваат многу проблеми во редовното водење на бизнис. Бизнисмените се песимисти дека Македонија ќе успее да го исполни економскиот раст кој се планира за годинава, пред се заради досегашното искуство дека економијата пред избори речиси и да се блокира. Речиси сите потврдуваат дека се претпазливи и дека ги одложуваат сите непотребни трошења. Сите инвестиции кои ги планирале се на стенд бај и одложени на некои подобри времиња. И покрај напорите да ги уверат странските партнери дека состојбите не влијаат врз конкретните зделки, сите се во страв дека неизвесноста во земјата ќе им го отежне склучувањето на нови зделки. “Политичката ситуација во земјава отвара можност нашите конкуренти да не исфрлат од игра. Сега имаат оправдување да кажат иако вие сте најевтини и најдобри поради политичкава ситуација вие нема да бидете во играта. На вакво размислување не тера нашето искуство, иако е уште рано да се каже. Заради оваа неизвесна ситуација ќе ни биде уште потешко да ги добиваме работите во странство, каде што предност имаат домашните фирми. Ова отвара простор да ни ги намалат дополнително цените и на крај да не исфрлат од пазарот”, вели Аце Антевски, директор на Раде Кончар. Бизнисмените потврдуваат дека високата доза на неизвесност и психозата која се создава околу политичката ситуација се одразува и на целокупната економска состојба во државата, во смисла на намалување на финансиската активност, бидејќи сите во вакви неизвесни моменти чекаат подобри времиња. Луѓето штедат и на лична потрошувачка, се е едноставно стопирано.

Расте извозот во Германија, паѓа во регионот!

Податоците покажуваат дека во првите осум месеци од Македонија биле извезени производи во вредност од 2,6 милијарди евра, што е раст од 9,3% во споредба со првите осум месеци минатата година. Но, извозот во август во споредба со извозот во јули бележи пад од 17,3%, што е втор по ред месечен пад на извозот, откако извозот во јули имаше месечен пад за 11,3%. Голем пад во август бележи лон извозот, во кој најголем удел има извозот на текстилни производи, кој е намален за дури 35,7% во август во споредба со истиот месец минатата година. Увозот во првите осум месеци годинава достигна 3,7 милијарди евра, што е годишен раст 5,4%. Увозот пак во август во однос на увозот во јули бележи месечен пад од 17%, што е исто така втор о ред месечен пад, што пак укажува на тоа дека економската активност на фирмите во јули и август почнува да успорува.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20

Топ 20 најувезувани производи Производ Платина Гасни масла Керамички производи за лабораториска и хемиска употреба Електрична енергија Паладиум Руди на никел и концентрати Топло валани лимови со дебелина до 3мм Лекови Природен гас Хемиски производи и препарати Др. соединенија и амалгами Моторен бензин 95 октани Мобилни телефони Електрични жици и кабли Машини и апарати за пречистување на течности или гасови Масла за ложење Топло валани лимови со дебелина до 4,75 Прачки од железо Конектори и контактни елементи за жици и кабли Прашоци за перење

Трговскиот дефицит, пак, во првите осум месеци достигна 1,1 милијарда евра. Ако се анализира по групи на производи тогаш лесно може да се заклучи дека извозот расте благодарение на извозот од слободните економски зони, додека во другите сектори има пад или многу слаб раст на извозот. На пример извозот на машини и транспортни уреди во првите осум месеци годинава достигна 627 милиони евра и е зголемен за 30% во споредба со истиот период лани. Овој раст е во најголем дел резултат на отворањето на вториот погон од страна на белгискиот производител на автобуси Ван Хол. Голем раст од 19,1% има и кај извозот хемиски производи, каде влегува производството на катализатори на Џонсон Мети. Повеќе од двојно поголем раст на извозот во првите осум месеци има и во групата на животински и растителни масти, но тука станува збор за релативно мал извоз, кој по големиот раст изнесува 10,7 милиони евра. Кај сите останати групи на производи има намалување на извозот. Така извозот на нафтени деривати во првите осум месеци е намален за 22,2%, извозот на пијалаци и тутун е намален за 22%, извозот на храна бележи пад од 0,6%,извозот на разни готови производи е намален за 1,3%. Уште еден показател кој укажува дека има успорување на економската активност е намалувањето кај увозот на суровини, кое

Увоз (евра) 384.973.392 169.106.722 89.445.399 77.829.481 74.784.804 55.797.721 52.073.663 41.989.501 37.119.418 36.160.025 35.307.093 34.875.636 28.423.254 28.233.200 27.771.131 24.524.758 23.709.994 19.942.387 18.408.803 17.884.310

во првите осум месеци изнесува 4%, како и намалувањето на увозот на нафтени деривати и минерални горива и масла, кое во првите осум месеци изнесува 21,4%. Од друга страна, пак, во првите осум месеци продолжи да расте увозот на храна од странство, кој во првите осум месеци е зголемен за 6,5%, додека пак увозот на тутун и пијалоци е зголемен за 20,4%. Ако се анализираат извозот и увозот во првите осум месеци годинава може да се види дека извозот во пазарите од ЕУ е зголемен за 8,4%, каде во првите осум месеци бил пласиран 78% од вкупниот извоз од Македонија. Притоа голем раст на извозот има во Германија кој во првите осум месеци годинава достигна 1,14 милијарди евра, што е зголемување од 17,8% во споредба со истиот период лани. Во Германија во овој период бил пласиран дури 44% од целиот македонски извоз, во што влегува извозот на Џонсон Мети и останатите странски инвеститори кои во изминатите неколку години отворија фабрики во слободните економски зони. За разлика од големиот раст на извозот во Германија, македонскиот извоз паѓа во речиси сите останатите големи европски пазари, како и во соседните земји. Така годинава има пад на македонскиот извоз во Италија, Велика Британија, Србија, Грција, Белгија, Хрватска, Австрија, Холандија, како и во Русија. nnn

Тренд: извозот на автобуси зголемен за 30%



Капитал број 833 16.10.2015

38

www.kapital.mk

политика

ако добрата ситуираНост Е прЕдуслов за НЕпристрасНост, ќЕ имамЕ ли проблЕм со спЕцијалНитЕ обвиНитЕли?!

тимот спЕцијалНи обвиНитЕли На чЕло со јаНЕва "тЕжат" 4,2 милиоНи Евра

ЕкспЕрти: На обвиНитЕлитЕ трЕба мНогу работи во жи


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

39 Прашање е дали платата која ќе се движи од 1.500 до 1.900 евра ќе биде доволна за обвинителите да им одолеат на притисоците, со оглед на тоа дека како личен имот сите заедно немаат ниту еден милион евра, а повеќе од нив имаат пријавено долгови во вкупна вредност од 200 илјади евра.

П пишува:

габриела делова

gabriela.delova@kapital.mk

Изборот на Катица Јанева на функцијата специјален јавен обвинител која е анонимна за пошироката јавноста, и по неколкудневната дебата во јавноста не ја реши дилемата дали, довчерашната обвинителка од Гевгелија е доволно стручна и компетентна да се справи со можеби најсериозните наводи за криминал и корупција досега, кои се обелоденија во земјава, преку таканаречените „бомби“ објавени од страна на опозицијата, односно „Пуч“ – снимки со кои власта и „врати“ на опозицијата. И додека се чека Јанева да започне да работи по првиот предмет, кој веројатно ќе го даде и судот за волјата и сериозноста на обвинителите вистински да се борат со корупцијата и криминалот во земјава, Капитал направи анализа за имотната состојба на Јанева и нејзиниот тим од 14 обвинители, имајќи предвид дека покрај личниот интегритет, токму добрата ситуираност и материјална сигурност на обвинителите, барем според судската фела во земјава и надвор, е еден од главните предуслови, за непристрасност меѓу судиите.

само петтина од имотот со кој располагаат обвинителите им е личен

Анализата на имотните листови на сите 15 специјални обвинители покажа дека специјалните обвинители заедно „тежат“ 4,2 милиони евра. Но, само петтина од вкупната сума, односно 760 илјади евра, вреди нивниот личен имот, со тоа што двајца од обвинителите, Снежана Бундалевска и Бурим Ристеми воопшто не располагаат со свој (личен имот). Најголем дел од вкупниот имот со кој располагаат обвинителите е имотот на нивните родители, кој изнесува нешто

имотот на катица Јанева "тежи" 250.500!

в

о анкетниот лист доставен до антикорупциската комисија, за катица Јанева, договорената специјална обвинителка, која во моментов е обвинител во основното јавно обвинителство во гевгелија, стои дека таа од личен имот има само возило рено 5 кампус вредно 4.000 евра, и две трансакциски сметки на кој вкупно има околу 500 евра. како имот на брачен другар Јанева пријавила плац од 263 метри квадратни во конско вреден 1.000 евра и земјоделско земјиште од 20.000 евра, моторно возило ровер 45 кое е проценето на 20.000 евра, девизен депозит од 80.000 евра, и 20.000 евра од продадени акции. Како имот, пак, на родителите, обвинителката има две куќи со двор во вкупна вредност од 105.000 евра. Вкупниот имот на Јанева наведен во анкетниот лист „тежи“ 250.500 евра. повеќе од 1,8 милиони евра, или речиси пола од имот со кој располагаат сите заедно. Гледано поединечно. најимотен меѓу обвинителите е скопскиот обвинител Дарко Јакимовски кој располага со вкупен имот од 1,2 милиони евра, од кои само 3 илјади евра се негов личен имот. Според тежината на личниот имот, пак, најимотна е обвинителката од Тетово, Лелја Кадриу која располага со речиси пола милион евра. Станува збор за

СПЕЦИЈАЛНИ ОБИВНИТЕЛИ ИМОТ (во евра)

754.712

Бр на обвинители 12

479.131

6

1.738.722

6

Вкупен имот Личен имот Брачен другар Родители Деца

1.011

1

Заеднички

615.530

4

Брат

369.103

1

Долгови

167.927

7

ВКУПНО

3.958.209

ивотот да им сЕ срЕдЕНи, за да одолЕат На Притисоци


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

40

политика

ИМОТ ОБВИНИТЕЛИ (во евра) Име и презиме

Вкупен имот

Личен имот

Катица Јанева

250.500

4.500

Ленче Ристоска

7.850

7.850

70.167

60.411

Стевчо Донев

150.556

2.439

Снежана Бундалевска

124.369

/

Марија Ѓоргева

144.334

3.284

Трајче Пеливанов

Љубомир Лапе

650

650

Лиле Стефанова

157.069

33.658

Бурим Ристеми

173.169

/

Артан Ајро

237.119

6.552

Лелја Кадриу

682.925

487.804

Елизабета Јосифовска

139.276

13.278

Дарко Јакимовски Гаврил Бубевски Фатиме Фетаи ВКУПНО

1.210.885

3.252

78.157

29.036

781.673

106.498

4.208.709

759.212

куќа со деловен простор од речиси 200 метри квадратни во Тетово, чија вредност се проценува на пола милиони. Кадриу на свое лично конто има пријавено и автомобил Шевролет/Матиз од 2004 година, но вредноста на Матиз- от не ја навела. Како куриозитет, интересно е да се спомене дека скопскиот обвинител Љубомир Лапе во својот имотен лист пријавил само личен имот од 650 евра, кој патем претставува долг на кредитна картичка и тоа од 2007 година. Освен својот долг, обвинителот Лапе не пријавил ништо друго(?!) Инаку, старо/новите специјални обвинители располагаат со возен парк составен од автомобили од марката Мазда, Пежо, Голф, Опел, Шевролет и Тојота, некои од

нив стари и по повеќе од две децении. Најновиот пријавен автомобил е Рено-то на обвинителот Бубевски од 2011 година. Банкарски депозити пријавиле само шест од 15-те обвинители во вкупна вредност од 76 илјади евра, а од нив најмногу, односно 44 илјади евра како депозит има обвинителката Лиле Стефанова. Во однос на долговите, пак, најзадолжен е обвинителката Марија Ѓоргева чиј долг според имотниот лист изнесува 48 илјади евра. Од сите 15 обвинители, пола, односно седум од нив имаат некакви долгови, додека останатите не пријавиле ниту еден.

Дали платата од 1900 евра ќе биде доволна за обвинителите

Судијката Маргарита Цаца Николовска во изјава за „Капитал“ во тек на преговорите за специјалниот обвинител, како еден од критериумите што треба да се имаат предвид при изборот на личноста за функцијата ја издвои потребата од материјална ситуираност за обвинителот да биде што помалку подложен на притисоци. „На личноста која би прифатила да биде специјален обвинител треба многу работи во животот да и се средени, за да биде што помалку подложна на притисоци, да биде што помалку ранлива“, вели таа, објаснувајќи дека тука се мисли оти треба да е ситуиран тој/таа и неговото семејство, да ги има решено станбените прашања, да биде финансиски независен. Најновиот закон за специјален обвинител кој беше донесен под медијаторство на меѓународниот фактот посочува дека платата на јавните обвинители во Јавното Обвинителство ќе биде во висина на платите на јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Според Законот за плати на јавни обвинители, пак, платата на обвинителите за гонење на организиран криминал и корупција е еднаква на бруто просечната месечна плата пресметана од Државниот завод за статистика, помножена по коефициент од 3,0 до 3,5. Согласно ваквата одредба, тоа значи дека бруто платата на обвинителите би се движела од 1500 евра до 1900 евра. Но, освен платата, согласно законот за специјален обвинител, Јанева и нејзиниот тим ќе имаат право на додаток за посебните услови за работа, додаток за постоење на висок ризик и додаток за доверливост. Висината на овие додатоци, веројатно допрва ќе се дефинира, оти со законот за специјален јавен обвинител нема опис како истите ќе се одредуваат. От т ука, ако имотните листови на о б в и н и те л и те п о ка ж у в а а т д е ка обвинителите и не располагаат со голем личен имот, а пола од нив се задолжени со кредити или друг вид на задолжувања, се поставува прашањето дали платата во висина од 1900 евра бруто ќе биде доволна за тие да им одолеат на притисоците и лобирањата во текот на процесирање на предметите? nnn


Рок за пРијавување: 26 oктомври 2015

АкАдемијА зА контролинг ноември 2015 година – февруари 2016 година l ниво 1: 5 и 6 ноември 2015 година (четврток и петок) l Институт за бизнис образование КОНЦЕПТ, Скопје

Институт за бизнис образование КОНЦЕПТ во соработка со МЦБ едукација од Белград, по втор пат организира Академија за контролинг која е направена по лиценца на германската Controlling Akademie Munich. Таа e соодветна на нивната “Диплома програма”, која е стандардна за германскиот контролинг. Академијата за контролинг се состои од 5 сесии (тренинзи) по 2 дена:

техникА во контролингот

l ниво 1 – контролинг систем l ниво 2 - контролинг алатки l ниво 3 - контролинг планирање

луѓето во контролингот

l Ниво 4 - Психологија во контролингот и известување l Ниво 5 - Тимска работа, анализа на проблемот и презентација Првото ниво (Контролинг систем) ќе се реализира во периодот од 5-6 ноември 2015 година, во просториите нa Институт КОНЦЕПТ во Скопје.

нАЧин нА рАБотА нА AкАдемијАтА зА контролинг

l Академијата за контролинг е соодветна на Controlling Akademie Munich. Сите материјали се преведени на српски јазик и адаптирани на домашната терминологија и окружување. начинот на работа и методологијата е 100% идентична како и во минхен. l ниво 1, 2 и 3 се занимаваат со техничките алатки на контролингот (управувачко сметководство), додека нивоата од 4 и 5 се занимаваат со луѓето во контролингот. l работа во мали групи, што гарантира висока интерактивност. l Специфика на Академијата е тоа што не постојат PowerPoint слајдови, туку тренерот активно црта и визуелизира. овој метод се покажа како најдобар начин за пренесување на знаењето. l Академијата за контролинг е исклучително практична со што, покрај цртањето, на тренингот ќе имате прилика да видите и многу ефектни контролинг извештаи изработени во Excel (ниво 4 - Психологија во контролингот и известувањето).

ПредАвАЧ: БојАн ШЧеПАновиќ е еден од најискусните професионални тренери во Србија од бласта на менаџмент, финансии и контролинг, со повеќе од 12 годишно искуство како тренер и над 950 одржани тренинзи. Тој има повеќе од 22 години искуство во областа на финансиите, контролингот и менаџментот, работејќки како сметководител, раководител на сметководствено одделение, контролор, менаџер на контролинг, финансиски менаџер и извршен директор. Има развиено 15-20 различни тренинзи од областа на контролингот, финансиите и менаџментот. Претседател е на Клубот на контролинг професионалци во Србија. Од февруари 2002 е Генерален менаџер на MCB – Menadzment Centar Beograd, специјализирана компанија за едукација на менаџери и личен развој.

ControllEr AkAdEMiE MuniCh (CA)

Controller Akademie Munich (CA) е основана 1971 година и е најголемата светска компанија специјализирана за обуки за контролинг. CA има повеќе од 50 различни тренинзи за контролинг, а најпозната е по “Диплома програмата“ од 5 нивоа. На CA обуките поминаа повеќе од 50.000 контролери и CA е синоним за “Контролинг на германски начин”. “Диплома програмата” е општ прифатен стандард за контролери во германските компании. http://www. controllerakademie.de

зА кого е нАменетА АкАдемијАтА:

Академијата е наменета за сите професионалци во контролингот и финансиите: контролерите, шефовите за контролинг, план и анализа, репортинг, економика, перформанс менаџмент, известување, аналитика, буџетирање, sales controlling, CAPEX controlling, фабрички контролери, IT controlling, business inteligence аналитичари, претпријатија кои го имаат имплементирано SAP стандардот и сл.

ниво 1 - контролинг СиСтем

l контролинг системот u Поставување на цели,планирање и навигација u Принципи на контролингот u Холистички пристап на контролингот u Утврдување на ROI таргетот u Однос помеѓу менаџерите и контролерите l управувачко сметководство u Контролерска коцка на трошоци u Full costing (DM, DL, MOH) или marginal costing (VT, FT). u Планирање на трошоците за кост центрите u Цена на чинење (product costing) u Contribution 1 i contribucioni P&L l донесување на одлуки во контролингот u Микс на производите u Рабат- колку дополнителни количини се потребни? u Одредување на BEP Break Even Point u Анализа на варијансата l корпоративно планирање u Стратешко, оперативно и реактивно планирање u BCG матрица u Quo vadis матрица u PLC Product Life Cycle u SWOT анализа u Конкурентен профил u Стратешки план за 1 А4 страница l улогата на контролерите u Контролерот како бизнис партнер на менаџерот u Организација на секторот за контролинг Сите учесници ќе добијат работен материјал на српски јазик, диплома за секое завршено ниво, како и финална диплома за успешно завршување на Академијата за контролинг, а која е еднаква на минхенската диплома. Работен јазик е српски.

коНтАкт: м-р Ленче Зикова и м-р ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

42

Startup добра ВеСт за македонСките Стартапи

Во Скопје почна Со работа регионален “Венчр“ фонд од 40 милиони еВра South Central Ventures, компанија што менаџира со парите на европскиот “венчр фонд“ ENIF, отвори канцеларија во Скопје. фокусот е на стартапи што развиваат мобилни и веб решенија, интернет на нештата (IoT) или слични инфраструктурни проекти, како и агротехнички решенија.

С

Со работа почна South Central Ventures, компанија што ќе менаџира со парите на ENIF фондот - 40 милиони евра обезбедени од ЕУ институциите за инвестирање на иновативни компании од регионот: Македонија, Косово, Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина. Официјално фондот е веќе стартуван во Загреб и Белград, и од пред некој ден беше отворена и канцеларијата во Скопје. Зад South Central Ventures стои тимот на RSC Capital од Словенија, како основачки

партнери кои носат 8 годишно искуство во инвестирање во регионот. “Ова е прв ваков фонд што функционира во регионов. Инвеститори се меѓународни финансиски институции како ЕБРД и Европскиот инвестициски фонд, а очекуваме наскоро да ни се приклучи и германската КФВ банка. Успеавме да привлечеме и некои регионални институционални инвеститори, а како инвеститори влегоа и одбрани индивидуалци – меѓународно успешни претприемачи, кои што треба да им помогнат со своето искуство и професионални мрежи на компаниите што ќе добијат пари од овој фонд“, објаснува Татјана Забасу, директорка на канцеларијата на SCV во Скопје.

Во кои стартапи ќе инвестира SCV?

SCV става фокус на технолошки стартапи, или конкретно мобилни и веб решенија, интернет на нештата (IoT) или слични инфраструктурни проекти, како и агротехнички решенија, објаснува Забасу. Фокус нема да бидат проекти од областа на биотехнологија или нано-материјали, бидејки се многу капитално интензивни и потребно е подолго време за развој и

комерцијализација.

Во кои фази на развој на стартапот ќе се инвестира?

South Central Venture sрасполагаат со фонд од 40 милиони евра за стартапи од целиот регион, од кои што 1.5 милион евра се наменети за ‘seed’ инвестиции кои ќе достигнат до 100 000 евра по стартап. Овие средства се наменети за проекти кои се на самиот почеток и работат на валидирање на бизнис моделот и пазарот. Остатокот е наменет за ‘early stage growth’ инвестиции кои се од 0.5 до 2 милиони евра по стартап. Овие инвестиции се за сериозни тимови кои веќе имаат ‘traction’, база на клиенти и остваруваат приходи, и се наменети за интернационален развој на бизнисот и освојување на нови пазари. South Central Ventures настапуваат со ‘smart money’, односно освен капитални инвестиции, стартапите добиваат дополнителна вредност – контакти и мрежа преку т.н. Клуб на основачи во кои се некои од најискусните инвеститори, ментори и претприемачи од регионот. Со инвестициите South Central Ventures влегуваат со малцинско учество во бизнисот. nnn

како да му приСтапите на Венчр фондот SCV?

Стартапите да дојдат пред да Станат очајни оти им Снемало пари!

к

татјана забаСу

директорка на канцеларијата на SCV во Скопје

ако што велат од SCV, тие претендираат да бидат “стартап френдли“, што значи дека треба да биде лесно да се дојде до нив. “најдобро е да се почне со препорака, но ние ќе гледаме да бидеме присутни и на колку што можеме повеќе настани, па претприемачите можат слободно да ни пријдат и да ги презентираат своите бизниси. ние не функционираме како повеќето од акцелераторите кои што периодично

повикуваат стартапи да аплицираат во нивните програми и евентуално да добијат финансирање. нам може да ни пријде секој што се чувствува спремен да го презентира својот бизнис. затоа, ја користам приликава да ги поканам стартапите да дојдат кај нас пред да им снема пари и очајно да им треба инвестиција за да продолжат со бизнисот, за да ги запознаеме и научиме повеќе за тоа што го работат“, истакнува забасу.

Сите: технолошки Стартапи може да му пријдат на SCV фондот



www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

44

свет бизнис и политика

масовни протести во берлин против договорот за слободна трговија меѓу еу и сад

договор кој ги дигна на нозе европјаните

н

На 10 октомври во Берлин повеќе десетици илјади граѓани излегоа на протест - според полицијата 100.000, а според организаторите 250.000. И да се прифати како точна проценката на полицијата, повторно се

работи за супер масовен протест дури и за високиот германски стандард. Поводот за протестот беше Трансатлантското трговско и инвестициско партнерство (TTIP - Transatlantic Trade and Investment Partnership), односно претстојниот договор за создавање слободна трговска зона меѓу САД и Европската унија. Бројката на протестанти во Берлин добива на значење и кога ќе се земе предвид фактот дека за потенцијалните проблеми со TTIP пошироката јавност не е доволно информирана. Причината за недоволната информираност е една од причините и за протестот - САД и ЕУ пет години преговараат тајно, зад затворени врати. Не само приврзаниците на теориите на конспирација реагираа што масовниот протест во Берлин не го доби очекуваното место во вестите на медиумите. TTIP и во најдобар случај многу што ќе промени во Европа. Со тајноста на преговорите целта е секако да се спречи преку протести (како

Берлинскиот) да се изврши притосок (врз европското лидерство) што би можел значајно да влијае да не биде потпишан договорот (многу малку веројатно), или барем да биде поприфатлив за Европјаните кои веруваат во вредностите што официјално ги застапува стариот континент. Договорот за TTIP е замислен како средство за стимулирање на економијата, кое за целта треба да ја ублажи ригидноста на европската регулатива и во одредени многу чувствителни области. Овде веднаш се поставува прашањето дали она што е добро за компаниите е добро и за граѓаните, особено кога се знае дека 90% од сите предлози за TTIP се испорачани од професионални лобисти кои работат за компаниите (тие интересите на граѓаните ги земаат предвид само во контекст на она што им одговара на моменталните односи со јавноста на компанијата за која работат). Како и да е, кога ќе завршат

берсеро: европа има црвени линии што не с


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

45 САД и ЕУ преговараат зад затворени врати - а најмасовните медиуми се потрудија масовниот протест во Берлин да помине „незбележано“ во нивните ударни вести Главниот преговарач на ЕУ за TTIP, Игнасио Гарсиа Берсеро, говорејќи дека најсензибилна тема е земјоделието и месните производи, рече дека „постојат области во кои САД се поконкурентни и мораме да бидеме внимателни во отстапките кон Американците

Бројката на протестанти во Берлин добива на значење и кога ќе се земе предвид дека за потенцијалните проблеми со TTIP пошироката јавност не е доволно информирана. Причината за недоволната информираност е една од причините и за протестот - сад и еУ пет години преговараат тајно, зад затворени врати. договорот следната година ќе и биде презентиран на јавноста, а дотогаш преговарачите имаат време да ја успокојат јавноста дека негативните последици од TTIP ќе бидат доволно мали за да може да бидат прифатени како жртва за големата цел - новите стотици милијарди долари што би се создале на двете страни од атлантикот преговорите меѓу САД и ЕУ светот ќе ја добие најголемата зона за слободна трговија - пазар од 800 милиони луѓе, што годишно на економиите од двете страни на океанот може да им донесе по 100 милијарди долари. А на граѓаните во Европа, TTIP, што во практика ќе се однесува на сè - од бизнисот, преку платите, здравственото одигурување ... до храната, ќе им донесе месо во кое се инјектирани хормони, од клонирани животни, дезинфицирано со хлор, генетски модифицирана храна ... Сето ова е дозволено во САД, но е забрането во ЕУ. Во овој прв аспект на значењето на TTIP за граѓаните на Европа влегува и практиката на таканаречениот „фракинг“ (fracking), при што со агресивно ископување се намалува недостатокот од залихи на природен гас. Но, со уфрлањето хемикалии во земјата за целта, се загадува и водата, и обработливото земјиште. Во Европа на сила е регулатива која за заштита од токсичните состојки во животната средина бара од компаниите да докажат дека супстанциите што ги користат се безбедни, пред да добијат дозвола да ги користат. За разлика од САД, кадешто сè може да се користи додека не биде докажано дека истото е опасно. Со TTIP се смета дека ќе

бидат загрозени и работничките права, и оти е можно да се случи масовно губење работни места во Европа. Зашто во САД законите што го штитат работникот од работодавачот се проектирани главно да го штитат бизнисот - таму синдикатот не може да преговара со сопствениците околу колективната цена на трудот. Критичарите на TTIP потсетуваат дека со потпишувањето на NAFTA (North American Free Trade Agreement/меѓу САД, Канада и Мексико) за 12 години се загубени милион работни места. Како трет пакет закани од TTIP се смета опасноста за укинување на јавните служби во Европа, односно нивното приватизирање по американски терк (добро познат преку феномените на американското здравство). Се смета дека договорот би ги отворил европското образование, здравството, водоснабдувањето ... за приватните компании; се разбира, главно американските, кои најсилно лобираат за TTIP. Нетранспарентноста на преговорите меѓу САД и ЕУ си го направи своето и во овој дел имено, Европската комисија прво тврдеше дека јавните служби нема да бидат дел од TTIP, за подоцна британскиот министер за трговија, лордот Ливингстон, да изјави оти се

смее да Бидат Поминати


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

46

свет бизнис и политика

преговара и за јавните служби. Противниците на договорот велат дека така и остатоците од европската социјална држава ќе бидат претворени во профитабилен бизнис. TTIP, според истите толкувачи, ќе претставува и крај на приватноста, зашто ќе ги врати одредбите на ACTA (Anti-Counterfeiting Trade Agreement) - потписниците на ACTA се обврзани да воведат драконски казни за размена на интернет на материјали заштитени со авторски права, а за целта интернет провајдерите мораат да собираат податоци за своите корисници, како и за тоа што тие го симнуваат од интернет, за против нив да можат по потреба да се покренуваат законски/казнени акции. Еден од најспорните моменти од TTIP е секако воведувањето на процесот ISDS (Investor-state dispute settlement/ решавање на спорови меѓу инвеститорите и државите), со кој корпорациите би добиле можност за покренување тужби против државите доколку политиките на властите предизвикаат „губење на профитот“. Ова, според критичарите, би значело дека демокатски избраната државна власт наместо да го брани граѓанскиот интерес на оние што ја избрале, кога ќе треба да избира „или-или“ меѓу јавниот и корпорацискиот интерес, судски може да биде натерана кон втората опција. Главниот

l Противниците на договорот велат дека така и остатоците од европската

социјална држава ќе бидат претворени во профитабилен бизнис.

преговарач на ЕУ, Игнасио Гарсиа Берсеро, неодамна истакна дека што се однесува до Европјаните постојат црвени линии што не смее да бидат поминати. Но, тоа не ги смири скептиците, бидејќи преговорите остануваат помалку-повеќе тајни. Договорот следната година ќе и биде презентиран на јавноста,

а дотогаш преговарачите имаат време да ја успокојат јавноста дека негативните последици од TTIP ќе бидат доволно мали за да може да бидат прифатени како жртва за големата цел - новите стотици милијарди долари што би се создале на двете страни од Атлантикот. nnn


Enterprise Vault™ ʰ̡̛̛̦̱̭̯̬̭̔ ̛̣̖̬̔ ̨̏ ̵̧̨̛̛̬̬̖̯̌̏̌ ̦̌ ̶̨̨̛̪̯̔̌! Veritas ;̵̨̨̪̬̖̯̦̔ Symantec) Enterprise Vault ̖ ̴̨̡̭̯̖̬̭̏̌ ̴̨̪̣̯̬̥̌̌ ̌̚ ̵̧̛̛̬̬̖̌̏̌ ̦̌ ̶̨̨̛̪̯̔̌ ̡̨̨̠̹̯̌ ̨̐ ̨̪̬̖̥̭̯̱̏̌ ̨̠̯̌̚ ̨̪̥̖̱̑ ̨̛̛̦̭̯͕̍̚ ̛̪̬̦̯̖̌̏ ̨̛̬̯̌̍ ̛ ̴̸̨̡̛̛̛̦̬̥̯̯̖̌ ̵̨̨̛̯̖̦̣̐​̛͕ ̨̢̛̪̥̠̌̐̌ ̛̥ ̦̌ ̶̨̛̛̬̦̐̌̌̚​̛̯̖ ̨̛̛̦̯̖̣̖̦̯̦̐ ̔̌ ̛̐ ̡̛̭̣̬̌̔̌​̯͕̌ ̱̪̬̱̌̏̏̌​̯̌ ̛ ̨̨̪̬̦̌̑̌​̯̌ ̡̛̛̦̖̭̯̬̱̯̱̬̬̦̯̖̌ ̶̨̨̛̪̯̔̌͘ ˀ̨̛̖̹̖̦̖̯ ̛̥̌ ̸̨̡̛̖̏̔ ̱̖̣̔ ̦̌ ̨̪̬̯̌̌̚ ̦̌ ̡̨̨̛̛̬̪̬̯̦̌̏ ̛̬̖̹̖̦̠̌ ̌̚ ̵̧̛̛̬̬̖̌̏̌ ̦̌ ̶̨̨̛̪̯̔̌ ̛ ̛̥ ̨̪̥̌̐̌ ̦̌ ̶̨̛̛̬̦̐̌̌̚​̛̯̖ ̔̌ ̛̐ ̸̱̏̌​̯̌ ̛̙̦̯̖̏̌ ̴̶̨̛̛̦̬̥̌​̛͕ ̨̏ ̨̛̭̯ ̬̖̥̖̏ ̢̛̦̥̣̱̠̌̌̏̌ ̛̐ ̶̨̨̛̯̬̹̯̖ ̌̚ ̡̖̪̍̌ ̛ ̡̧̛̭̣̬̖̌̔̌ ̦̌ ̶̨̨̛̪̯̯̖̔̌ ̛ ̨̨̨̢̛̥̙̱̠̏̏̌̚ ̨̣̖̭̦ ̨̨̛̪̯̬̣̏̏ ̛ ̖̖̖̦̍̍̔̚ ̶̨̪̬̖̭ ̦̌ ̨̨̧̪̬̦̖̌̑̌ ̦̌ ̛̛̭̯̯̖͘ ˁ̨ ̨̏̌ ̛̬̖̹̖̦̖ ̌̚ ̵̧̛̛̬̬̖̌̏̌ ̨̥̙̖̯̖ ̔̌ ̛̐ ̵̛̛̬̬̯̖̌̏̌ ̛̭̯̖ ̨̡̪̥̣̱̌ ̛̛̪̬̭̯̪̱̦̌̏̌ ̶̨̨̛̪̯̔̌ ̛̛̖̦̖̬̬̦̐̌ ̨̔ ̸̛̛̬̣̦̌̚ ̨̛̛̬̏̚ (̶̡̛̛̪̣̌̌​̛) ̡̡̨̌ D^ džĐŚĂŶŐĞ͕ KĨĨŝĐĞ ϯϲϱ͕ / D ŽŵŝŶŽ ̛ ^ŚĂƌĞWŽŝŶƚ͕ ̡̡̨̌ ̛ ̨̔ ̴̠̣̌ ̛̭̖̬̖̬͕̏ ̨̛̛̪̬̣̚ ̦̌ ^ W ̛̍̌̚ ̦̌ ̶̨̨̛̪̯̔̌ ̡̡̨̌ ̛ ̶̨̨̛̪̯̔̌ ̡̨̨̛̹̯ ̨̡̪̯̖̦̱̏̌​̯̌ ̨̔ ̖̏̍ ̨̛̭̠̯̌̏ ̛ ̨̔ ̶̨̛̛̭̠̣̦̌ ̛̥̬̖̙ ̡̡̨̌ &ĂĐĞŬ͕ dǁŝƚƚĞƌ ̛ >ŝŶŬĞĚ/Ŷ͘

ʯ̨̨̹̯ ̔̌ ̛̐ ̵̛̛̬̬̯̖̌̏̌ ̛̹̯̖̏̌ ̶̨̨̛̪̯͍̔̌ ͻ ʧ̛ ̦̥̣̱̌̌̏̌ ̶̨̨̛̯̬̹̯̖ ̌̚ ̨̛̛̪̬̥̬̦̯̌ ̱̬̖̔ ;̷̨̛̭̯̬Ϳ ̌̚ ̡̧̛̭̣̬̖̌̔̌ ̦̌ ̛̹̯̖̏̌ ̶̨̨̛̪̯̔̌ ̛ ̛̐ ̨̨̪̬̱̔̍̏̌ ̴̨̛̪̖̬̬̥̦̭̯̖̌ ̦̌ ̶̡̛̛̪̣̌̌​̛̯̖͘ ͻ ʧ̨ ̦̥̣̱̌̌̏̌ ̨̬̖̥̖̯̏ ̨̨̪̯̬̖̦̍ ̌̚ ̡̖̪̍̌ ̛ ̢̧̬̖̏̌̌ ̦̌ ̶̨̨̛̪̯̔̌͘ ͻ ʧ̛ ̦̥̣̱̌̌̏̌ ̶̨̨̛̯̬̹̯̖ ̌̚ ̨̨̧̪̬̦̖̌̑̌ ̦̌ ̶̨̨̛̪̯̯̖̔̌ ̨̛̪̬̦̏̌̚ ̨̭ ̨̭​̨̨̬̦̭̯̍̌̚ ̨̭ ̛̛̬̖̱̣̯̯̖̐̌̏ ̛ ̨̏ ̸̭̣̱̠̌ ̦̌ ̡̛̭̱̭̔ ̶̨̛̪̬̖̭͘

ʶ̨̛ ̨̛̪̬̣̖̥̍ ̛̐ ̬̖̹͍̌̏̌ ͻ ʧ̛ ̛̛̥̬̬̐̌ “̨̛̪̭̯̬̯̖̌“ ̶̨̨̛̪̯̔̌ ̦̌ ̴̨̛̪̖̯̦ ̱̬̖̔ ̌̚ ̸̨̨̨̨̨̪̣̬̦̔̐ ̡̧̛̭̣̬̖̌̔̌ ̦̌ ̶̨̨̛̪̯̔̌͘ ͻ ʵ̌ ̨̛̛̯̥̯̬̌̏̌̌̚ ̨̡̛̛̪̣̯̯̌̌ ̌̚ ̸̧̱̱̖̌̏̏̌̚ ̦̌ ̶̨̨̛̪̯̯̖̔̌ ̛ ̛̐ ̸̱̏̌ ̶̨̨̛̪̯̯̖̔̌ ̨̏ ̴̨̬̥̯̌ ̡̨̠ ̨̹̯ ̨̨̪̯̌ ̨̣̖̭̦ ̭̖ ̪̬̖̬̱̍̌̏̌͘ ͻ ʧ̨ ̨̨̪̖̦̭̯̱̔̌̏̏̌ ̨̨̧̨̪̬̦̖̯̌̑̌ ̦̌ ̴̶̨̛̛̦̬̥̌​̛̯̖ ̨̛̪̬̦̏̌̚ ̨̭ ̨̭​̨̨̬̦̭̯̍̌̚ ̨̭ ̛̛̬̖̱̣̯̯̖̐̌̏ ̛ ̨̏ ̸̭̣̱̠̌ ̦̌ ̡̛̭̱̭̔ ̶̨̛̪̬̖̭͘

ʯ̨̨̹̯ ̭̖͍̐̌ ͻ ʫ̡̨̛̭̪̣̠̌̚ ̦̌ ̶̨̨̛̪̯̔̌- ̨̛̛̬̪̦̯̌̔ ̨̪̬̭̯̌ ̦̌ ̡̛̛̦̖̭̯̬̱̯̱̬̬̦̌ ̶̨̨̛̪̯̔̌ ̨̛̪̬̦̖̭̱̔̏̌ ̌̚ ̷̛̛̦̖̱̖̯̬̦̍̌ ̶̨̨̛̯̬̹ ̨̏ ̨̧̛̪̬̹̬̱̖̏̌ ̦̌ ̴̡̛̦̬̭̯̬̱̯̱̬̯̌̌̌ ̛ ̡̛̛̪̬̖̱̔̏̏̌̚ ̦̖̬̖̔ ̛ ̵̨̭̌͘ ͻ ʰ̨̧̭̪̣̦̱̖̏̌ ̦̌ ̧̬̯̍̌̌̌̌ ̨̛̪̭̯̖̦̌̏ ̨̔ ̨̛̬̖̱̣̯̬̯̖̐̌- ̯̬̖̍̌ ̔̌ ̭̖ ̨̛̬̙̔ ̸̡̨̖̬ ̨̭ ̨̪̬̥̖̦̯̌̌ ̦̌ ̛̪̬̣̯̌̏̌̌ ̛ ̶̨̛̪̬̖̱̬̯̖̔ ̡̨̨̛̹̯ ̭̖ ̨̦̖̭̱̔̏̌​̯̌ ̦̌ ̸̧̨̱̖̯̏̌ ̦̌ ̸̨̨̛̪̯̦̯̖̔̌ ̛̛̪̭̌̚ ̛ ̨̛̪̬̯̦̭̯̏̌̌͘ ͻ ʿ̨̨̧̬̱̖̔̍̏̌ ̦̌ ̴̡̨̛̖̭̦̭̯̌̌ ̛ ̨̡̨̛̪̬̱̯̦̭̯̔̏̌ – ̨̨̨̪̬̔̍ ̡̨̧̛̛̭̬̭̯̱̖̏̌ ̦̌ ̸̨̨̡̛̪̭̯̖̯̖ ̸̨̛̛̬̦̖̦̐̌ ̛̬̖̭̱̬̭͘

ʯ̨̨̹̯ ̯̬̖̍̌ ̔̌ ̭̖ ̸̨̛̣̱̯̖̔ ̛ ̔̌ ̛̛̦̖̭̯̬̯̖̏̌ ̨̏ Veritas ŶƚĞƌƉƌŝƐĞ sĂƵůƚ ; sͿ͍ ͻ ʯ̛̬̌̌̔ ̨̯̌ ̨̹̯ ̖ ̡̛̛̛̦̱̭̯̬̭̔ ̛̣̖̬̔ ̨̏ ̵̧̨̛̛̬̬̖̯̌̏̌ ̦̌ ̶̨̨̛̪̯̔̌! ͻ ʰ̥ ̨̨̨̥̙̱̏̏̌̚ ̦̌ ̶̨̛̛̬̦̐̌̌̚​̛̯̖ ̴̨̡̨̛̪̖̭̦̌ ̔̌ ̛̐ ̡̛̭̣̬̌̔̌​̯͕̌ ̴̨̡̨̛̪̖̖̯̦̏ ̔̌ ̛̐ ̱̪̬̱̌̏̏̌​̯͕̌ ̛ ̨̨̪̣̖̭̦ ̔̌ ̛̐ ̨̨̪̬̦̌̑̌​̯̌ ̛ ̔̌ ̛̥ ̛̪̬̭̯̪̱̌̏̌​̯̌ ̦̌ ̡̛̛̦̖̭̯̬̱̯̱̬̬̦̯̖̌ ̴̶̨̛̛̦̬̥̌​̛͘ ͻ ˄̪̬̱̌̏̏̌ ̨̭ ̨̡̛̛̛̪̣̯̯̖ ̌̚ ̸̧̱̖̏̌ ̛ ̧̱̪̬̱̖̌̏̏̌ ̨̭ ̶̨̨̛̪̯̯̖̔̌ ̦̌ ̨̛̦̏ ̦̌ ̶̖̣̌ ̶̨̛̛̬̦̠̐̌̌̌̚͘ ͻ ʿ̨̥̌̐̌ ̔̌ ̭̖ ̡̨̨̛̦̯̬̣̬̌​̯̌ ̶̨̨̛̯̬̹̯̖ ̨̛̪̬̦̏̌̚ ̨̭ ̨̭​̨̨̬̦̭̯̍̌̚ ̨̭ ̛̛̬̖̱̣̯̯̖̐̌̏ ̛ ̨̭ ̨̪̔​̡̬̹̔̌ ̨̏ ̸̭̣̱̠̌ ̦̌ ̡̛̭̱̭̔ ̶̨̛̪̬̖̭͘ ͻ sĞƌŝƚĂƐ ̛̥̌ ̨̨̨̬̥̦̐ ̡̨̛̭̱̭̯̏ ̨̏ ̶̛̛̥̪̣̖̥̖̦̯̠̌̌ ̛ ̨̪̔​̡̬̹̔̌ ̦̌ ̡̨̏̌̏ ̛̯̪ ̦̌ ̛̬̖̹̖̦̠̌͘ ͻ ʽ̖̥̦̍̌ ̡̛̖̭̪̖̬̯̌̚ ̨̔ ̭̯̬̦̌̌ ̦̌ ̴̶̛̛̛̛̭̖̬̯̬̦̌ ̴̶̨̨̛̛̪̬̖̭̦̣̌ ̨̭ ̨̡̪̬̭̖ ̨̔ ̦̌̔ ϱ ̨̛̛̦̐̔ ̨̨̬̯̦̌̍ ̡̨̛̭̱̭̯̏͘ ͻ ʧ̨̣̣̦̍̌̌ ̨̨̨̛̬̭̪̣̙̣̭̯̌̏ ̦̌ ϯ͘ϬϬϬ ̴̶̨̨̛̛̪̬̖̭̦̣̌ ̌̚ ̨̪̔​̡̬̹̔̌ ̨̏ Ϯϲ ̶̛̖̦̯̬͘ ͻ ʥ̬̌̚ ̶̡̛̬̖̠̌̌ ̛ ̧̬̖̹̖̌̏̌ ̦̌ ̨̛̪̬̣̖̥̍ - ŽŶůŝŶĞ ̛̛̣ ̨̪ ̴̨̯̖̣̖̦

ʯ̛̛̛̦̯̖̬̖̭̬̦̌̌ ̭̯̖͍ ʻ̌ ̨̛̦̹̯̌ ̛̯̥ ̢̖ ̥̱ ̛̖̍̔ ̨̨̨̣̭̯̌̔̏̏̚ ̨̨̪̖̯̣̦̔̌ ̔̌ ̛̏ ̨̐ ̛̪̬̖̯̭̯̌̏ ̨̏̌ ̛̬̖̹̖̦̖͘ ˁ̨̨̨̣̦̍̔ ̡̨̡̛̦̯̯̬̠̯̖̌̌ ̦̖ ̌̚ ̨̛̣̍ ̡̡̨̌̏ ̧̪̬̹̖͕̌̌ ̶̡̨̛̦̭̱̣̯̌​̛͕ ̛̛̣ ̨̡̨̡̣̱̔ ̡̭̯̖̌̌ ̔̌ ̡̙̖̯̖̌̌̚ ̨̨̡̭̭̯̦̌ ̛̛̣ ̶̛̪̬̖̖̦̯̠̌̌̚͘ ĞŵĂŝů͗ ƐĂůĞƐΛƐŵĂƌƚƐŽůƵƚŝŽŶƐ͘ĐŽŵ͘ŵŬ ̯̖̣͘ ;ϬϮͿ Ϯϳ ϳϳ ϯϴϯ͕ Ϯϳ ϳϳ Ϯϰϰ Smart Solutions- ˁ̡̨̪̠̖͕ ʺ̡̨̛̖̦̠̌̔̌ ǁǁǁ͘ƐŵĂƌƚƐŽůƵƚŝŽŶƐ͘ĐŽŵ͘ŵŬ

ʿ̨̢̖̖̏ ̴̶̨̛̛̦̬̥̌​̛ ̌̚ ̨̛̬̖̹̖̦̖̯͗ ŚƚƚƉƐ͗ͬ​ͬǁǁǁ͘ǀĞƌŝƚĂƐ͘ĐŽŵͬƉƌŽĚƵĐƚͬŝŶĨŽƌŵĂƚŝŽŶŐŽǀĞƌŶĂŶĐĞͬĞŶƚĞƌƉƌŝƐĞ-ǀĂƵůƚ


www.kapital.mk

Капитал број 833 16.10.2015

48

ПретПриемништво тешките економски времиња се вистинско време да ги разгледате сите деловни активности и да го промените начинот на размислување. Предноста на малите и средните претпријатија е во тоа што тие многу побрзо и полесно можат да се адаптираат на промените на пазарот.

што да наПравите кога вашиот бизнис е во криза?

в

Во денешно време компаниите не смеат да си дозволат да тапкаат во место. Во време на голема конкуренција и неизвеснот поради екомската криза бизнис моделот кој се базираше на изреката „ние ова го работиме и го работиме многу добро“ повеќе не поминува. Сега е вистинското време да ги разгледате сите деловни активности на вашата компанија да побарате повратни информации за клиентите и персоналот, а добиените резултати искористете ги

за понатамочен развој на производите и услугите. Погледнете како работи вашата конкуренција и обидете се да пронајдете инспирација од нивниот бизнис модел. Тешките економски времиња ве принудуваат да го промените начинот на размислување. Предноста на малите и средните претпријатија е во тоа што тие многу побрзо и полесно можат да се адаптираат на промените на пазарот.

Чекор понапред

Не можете да кажете дали вашиот бизнис е профитабилен или не доколку не ги следите редовно активностите на компанијата. При нивно следење најдобро ќе видите која е вашата добра страна и каде има простор за напредок. Следете ги и вашите клиенти па потоа испратете им писмо на вашите колеги и конкуренти за потоа да можете да направите споредба. За позитивен и успешен бизнис секогаш морате да бидете чекор понапред од другите.

маркетинг

Внимателно и објективно разлгедајте ги сите маркетиншки алатки кои ви се стојат на располагање. Развојот на современата технологија го промени начинот на комуникацијата и водењето на бизнис

и токму користењето на макретингот претставува одличен потег. Сигурно и знаете дека социјалните мрежи се најефтинита опција за да го промовирате вашиот бизнис, меѓутоа многу од претприемачите не го користат тој начин. Посебно малите и средните претпријатија треба да користат овој начин на промовирање на бизнисот да за остварат поголем профит. Бидете креативни и раскажете ја вашата приказна на медиумите, и вашиот бизнис профил ќе биде секогаш во центарот на вниманието.

Финансии

Внимателно следете ги вашите финансии и притоа не се осврнувајте толку на прометот, туку на профитот. Зголенувањето на прометот е одлична работа, меѓутоа што ви значи сето тоа доколку немате остварено профит. Вклучете го целиот тим во вашата работа за да ви помогне при развој на бизнисот. Проширете ја мрежата на познанства меѓутоа внимавајте сето тоа да не резултира со спротивен ефект. Често се случува да многу претприемачи само зборуваат, а многу малку работат. Многу зборување, а малку работа е еднакво на малку пари. nnn

совет: Фокусирајте се на Повеќе на ПроФитот


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ фИНАНСИИ

22

октомври

2015

КАдЕ дА ГИ вЛОжИтЕ ЛОжИ ЛОж жИтЕ т вАшИтЕ ПАРИ? Банкарските каматни стапки на штедните влогови не биле никогаш пониски, а луѓето што имаат слободни средства најчесто не се доволно информирани за алтернативите. Разговаравме со инвестициски советници за тоа кои сè можности постојат на македонскиот пазар за инвестирање на вашите лични финансии и како најдобро да ги менаџирате. l Експертите советуваат: Банка, берза или нешто друго. каде аде да ги вложите вашите пари? l Животно осигурување: заштита на вашето семејство, но и можност за поголема пензија нвестициски фондови l инвестициски во македонија: акедонија: како да инвестирате во Гугл или мајкрософт? олку е исплатливо да l колку вложите во недвижнини? одич за ангели l водич инвеститори

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРдАНА МИХАЈЛОвСКА


Рок за пРијавување: 20 oКТОмврИ 2015

ЕдноднЕвЕн сЕминар на тЕма:

НОВИНИТЕ ВО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИ

(службЕн вЕсник на рм бр. 124/15 од 23 јули 2015 година) l 22 октомври 2015 година (четврток) l 10:00-16:00 часот l во просториите на институт концепт, скопје обуката се организира со цел за запознавање на учесниците со новиот Закон за прекршоци и новините кои тој ги носи особено со посебен осврт на новите институти, новите видови забрзани постапки, видовите санкции, видовите одлуки и правните лекови. на крај ќе се води расправа околу одговорноста на правните лица; одговорноста на одговорните лица во правните лица; застапувањето; одбраната и чекорите на одбраната во разните видови на постапки.

ЗА КОгО Е НАмЕНЕТА ОбуКАТА:

За претставници од сите трговски друштва кои секојдневно се соочуваат со оваа проблематика, застапници и адвокати.

ПРЕдАВАч: ЈулИЈА чАВдАР-ХРИсТОВА

поранешен судија во основниот суд скопје I-скопје, оддел за прекршоци и едукатор во академија за судии и јавни обвинители.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962

!"#$

!"#




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.