Konditorska industrija

Page 1

WWW.KAPITAL.MK

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

специјален прилог ТУРБУЛЕНЦИИ

КондиторсКа индустрија НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

КАПИТАЛ SPECIAL

ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

к ј

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? ја заг орчува

македонската

?

шеќерна приказна

ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА

ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА

БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK


Капитал број 850 12.02.2016

36

www.kapital.mk

Кондиторска индустрија

Расте производството и извозот на кондиторите, но...

Кој ја загорчува македонската “шеќерна приказна“?

Производството и извозот на кондиторски производи растат од година во година, но потенцијалот на оваа индустрија не е исцрпен до крај: капацитетите се користат до кај 60%, а компаниите се соочуваат со истите проблеми како и останатите извозници. Бараат заштита од нелојалната конкуренција, полесен пристап до кредити и поддршка за учество на светски саеми.

Проценка: со мала државна подршка конд


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

специјален прилог

З

П

Савка Димитрова

генерален директор на Европа

роблемите на кондиторите воопшто не се различни од оние на остатокот на македонската индустрија и општо економија. Затоа ние се приклучуваме кон стандардните барања на останатите сектори. Факт е дека во минатото се соочивме и со поголеми проблеми кои за среќа беа надминати. Сега се залагаме за општо подобра бизнис клима која ќе ни донесе бенефит на сите.

пишува:

М Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Македонската кондиторска индустрија бележи континуиран раст на производството и извозот последниве неколку години, но и покрај тоа, нејзиниот потенцијал не е докрај исцрпен. Околу 40% од капацитетите на кондиторските фабрики не се искористени, а бизнисмените од оваа бранша бараат поголема системска поддршка и отстранување на пречките што го кочат растот на нивните компании. Во специјалниот прилог “Кондиторска индустрија“ ќе ја анализираме моменталната состојба

37

Сашо Наумоски

извршен директор на Витаминка

во оваа индустриска гранка, како и што предлагаат бизнисмените за нејзино поголемо учество во вкупниот БДП и извоз на државата.

Клучни проблеми

Долги процедури за увоз на суровини; нелојална конкуренција од увоз; протекционизам на странските пазари... ова се дел од проблемите на македонските производители на кондиторија. Според долгогодишниот раководител на Европа од Скопје, Савка Димитрова проблемите на кондиторите воопшто не се различни од оние на остатокот на македонската индустрија и општо економија. „Затоа ние се приклучуваме кон стандардните барања на останатите сектори. Факт е дека во минатото се соочивме и со поголеми проблеми кои за среќа беа надминати. Сега се залагаме за општо подобра бизнис клима која ќе ни донесе бенефит на сите“ Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија поконкретно ни ја наведе целата лепеза од секојдневни проблеми со кои се соочуваат кондиторите. „Тешка наплата, проблем и со обезбеду-

а 2016 година почнуваме со новите квалитетни чоколади. Токму во моментов интензивно работиме на тој проект и ја инсталираме новата опрема. Уште позначајно за нас е инвестирањето во нова фабрика за флипс кое е исто така планирано за 2016 година. Ние веќе неколку години работиме со 100% капацитет на производство и во тој дел навистина ни е потребен еден ваков вид на проширување.

вањето средства за модернизација на производството, особено кај малите и микро претпријатијата, долготрајните чекања при контролата на суровините, различното дозволено ниво на микротоксините во Македонија и останатите земји“. Дополнително според кондиторите во Македонија во најголем дел српските, хрватските, па и другите кондиторски фабрики имаат отворена врата на македонскиот пазар, без какви било дискриминации во однос на домашните фабрики. „Доколку ги погледнете полиците во супермаркетите, ќе заклучите дека можеби кондиторските производи од регионов имаат и своевиден приоритет во изложувањето на нивните производи. Исто така, на пазарот во Македонија многупати ќе сретнеме кондиторски производи од соседните земји Бугарија, Грција, Албанија, Косово или Турција со сомнителен квалитет кои ги немаат ни основните елементи на декларацијата, немаат текст на македонски јазик и податоци за увозникот. Сепак во Македонија потрошувачите традиционално ги сакаат и им веруваат на домашните производи како безбедни и квалитетни производи. Увозните производи главно

Кондиторите инвестираат и покрај проблемите

О

д Витаминка од Прилеп уште минатата година најавија сериозен инвестициски бум за претстојната 2016 година. „За 2016 година почнуваме со новите квалитети на чоколадо. Токму во моментов интензивно работиме на тој проект и ја инсталираме новата опрема . Уште позначајно за нас е инвестирањето во нова фабрика за флипс кое е исто така планирано за 2016 година. Ние веќе неколку години работиме со 100% капацитет на производство и во тој дел навистина ни е потребен еден ваков вид на проширување“ најави Наумоски. Од Макпрогрес пак веќе најавија дека до 2020 година планираат двојно да го зголемат производствениот капацитет што значи дека и оваа година се движат во таа насока. Компанијата неодамна ја пушти во редовно производство новата

линија за производство на кондиторски производи, во која се имплементирани сите новитети во производство на кондиторски производи. Исто така беше планира и пуштање во употреба на новата фабрика за преработка и пакување на зрнести и прашкасти земјоделски производи под брендот Сончева Долина. Новитет кај Макпрогрес од неодамна е и on-line продажба на нашите производи во Кина. Станува збор за продажба на дел од асортиманот на Винчини и Армониа на најголемата on-line компанија во Кина. „Динамичниот начин на живот на поединецот налага се поголема примена на светките трендови и практики за on-line продажба со која се овозможува потрошувачите побрзо и полесно да дојдат до посакуваните производи“ велат од таму.

диторите можат да направат извозно чудо


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

38

КондиторсКа индустрија бројКи

се уште не можеме да ги достигнеме бројКите од Пред три децении

с

поред познатите статистички податоци расположивите кондиторски капацитети изградени во ср македонија (1944-1991) изнесувале 33.000 тони и биле проектирани и изградени за високо заштитен пазар од 24 милиони потрошувачи на поранешна југославија. со производство од над 24.00028.000 тони годишно во 1991 година, расположивите капацитети биле користени просечно годишно 70% во периодот по екс југославија, неповолните општествено политичките збиднувања, економските блокади на север и југ од земјата и претесниот македонски пазар условија перманентно опаѓање на производството од година во година, така што во периодот од 1992 година до 1998 година производството опаднало и се задржало на 14.000-16.000 тони или 45-50% помалку во однос на 1991 година, при што капацитетите се користеле 30-36%. од 1996 година започнува

конкурираат со поголеми буџети за промоција, додека регионалните со нивната пониска цена“ велат тие.

Како да се зголеми производството и извозот?

Потребни се мали државни интервенции за да се постигне навистина огромен на раст на најперспективната домашна индустрија. Кондиторската индустрија

процесот на либерализација преку договорите за слободна трговија, најпрво со земјите од поранешна југославија, односно земјите од регионот. со овој единствен потег вкупното годишно производство се намали на 12 500 тони во 2002 година, за околу 50% во однос на 1991 год. кога изнесуваше 24.000 тони, и покрај новите над 30 микро субјекти во кондиторската индустрија. Производтвото во 2014 година достигна 24.000 тони, при што расположивите капацитети се користат над 60%. При тоа, вкупното производство во 2014 во однос на 2010 година е поголемо за 12%, а одделно по производи најголем пораст е забележан кај други кондиторските производи кои содржат какао (за 6,5 пати), слатките бисквити 119%, вафлите 126%, итн. споредено со 1998 година, кога започна засилената либерализација на пазарот, производството во 2013 година е поголемо за 73%. иако забележува повеќе годишен раст на производството и извозот се уште не користи повеќе од 60% од своите капацитети, што укажува на фактот дека се уште постои огромен потенцијал за развој во оваа област. Претставниците на индустријата преку Капитал ја потсетија државата дека со стимулативен пристап кон фирмите од овој докажан сектор корист би имале и бизнисмените и граѓаните и

50

компании работат во кондиторската индустрија во македонија

85% 45.000

од нив се микро и мали фирми

тони годишно е производниот капацитет на кондиторската индустрија

60%

е искористеноста на капацитетот на кондиторската индустрија самата држава. Александра Димитриевска ВИА Пром Охрид ни даде листа од конкретни барања. „Наши сугестии се следните: да се интензивираат досегашните напори и активности во зголемувањето на експертизата на малите компании во делот на технолошките процеси; да се обезбеди поддршка при учество на саеми од светски размери, да се организираат повеќе настани на кои би имале можност да се сретнеме со странски релевантни професионалци и да добиеме реални совети и насоки за тоа како да се пробиеме надвор од Балканските простори со посебен фокус на големите интернационални синџири на маркети“.

2000

2002

2005

2008

2009

2010

1.181

846

2.048

2.389

2.699

4.033

2012 5.168

2014 6.868

551

515

508

522

516

563

572

681

1.556

1.777

2.000

2.816

2.688

2.853

2.632

2.677

1.441

1.275

1.412

2.773

2.353

2.657

2.536

2.994

4.729

4.413

5.968

8.500

8.256

10.106

10.908

13.220

2000

2002

2005

2008

2009

2010

2012

7.927

8.170

9.047

8.789

7.864

6.710

6.100

2014 5.607

131

120

334

301

207

141

99

85

1.190

1.560

1.942

1.909

1.741

1.789

1.701

1.627

2.142

2.430

2.445

6.272

7.818

7.648

4.600

3.456

11.390

12.280

13.768

17.271

17.630

16.288

12.400

10.775

Проблем: немање на ниКаКво домашно Производство на шеќер



www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

40

КондиторсКа индустрија

н

К

ВасКо ристоВсКи

Стопанска Комора на Македонија

ондиторите се соочуваат со тешка наплата, тежок пристап до кредити за обртни средства и инвестиции, особено кај малите и микро претпријатија, долготрајните чекања при контролата на суровините, различното дозволено ниво на микротоксините во Македонија и останатите земји.

алеКсандра диМитриесКа Виа Пром

Нејзините колеги од останатите кондиторски компании додаваат и дека, не би било на одмет да се иницира и: поедноставно аплицирање и добивање средства преку ИПАРД програмата, поголемо финансиско учество на државата во

аши сугестии се следните: да се интензивираат напорите за зголемување на експертизата на малите компании во делот на технолошките процеси; да се обезбеди поддршка при учество на саеми од светски размери; да се организираат повеќе настани со странски релевантни професионалци и да добиеме совети и насоки за тоа како да се пробиеме надвор од балканските простори....

Ц олгиЦа стојчеВсКа

Генерален менаџер на Свисслион -Агроплод

ИПАРД програмата до 70%, создавање посебна стратегија за помош на фирми кои забрзано се развиваат ивработуваат, субвенционирање на новите инвестиции и сл. Сепак ова е само дел од долгата листа на забелешки, предлози и идеи кои ни ги

елта ни е како и на другите производители освојување на нови пазари каде би ги пласирале нашите производи. Планирано е за 2016 година пуштање во продажба на нов производ со различни вкусови кој ке биде наменет за сите генерации и кој ќе биде нов на пазарот. Продолжуваме со инвестициите и со работа на усовршуванје на постоечките производи и како што наведовме на нови интерсесни производи.

дадоа кондиторите за нашата анализа околу подобрување на состојбите во оваа индустрија која и онака е една од најперспективните и најбрзо растечките во Македонија и заслужува поголемо внимание од државата. nnn

ГОДИНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР

П.И.К.Ко ДООЕЛ 15 години успешна приказна водечки регионален овластен увозник и дистрибутер на голем број светски брендови производители на суровини и функционални додатоци во сите области на прехранбената индустрија следење на најнови трендови и технологии кои се предлагаат на нашите клиенти иновативни решенија за производството на здрави и безбедни производи стручна помош и комплетен совет за решавање на специфичните технолошки проблеми

... ОД НАША СУРОВИНА ДО ВАШ ДОБАР ПРОИЗВОД ... ул. Франклин Рузвелт бр.5А 2/1 1000 Скопје, Р.Македонија тел: (+389 2) 30 60 081 факс: (+389 2) 30 60 083 e-mail: contact@pic-co.com.mk



www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

42

Кондиторска индустрија

Кондиторите споделуваат скапоцено знаење

Know – how: Како се прави извоз?

з пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

„За да направиш извоз прво треба да имаш нерви, потоа да си коректен, а дури на крај добиваш шанса да ги покажеш професионалноста и добриот производ кои практично и се подразбираат во светот на извозниците“... ова е сублимат од ставовите на повеќето извозници кои ни го објаснуваа макотрпниот процес на извозот. Македонски слатки се присутни во преку 50 држави во светот. Кондиторската индустрија

Македонски слатки се присутни во преку 50 држави во светот. Кондиторски производи made in Macedonia стигнаа и до егзотичните островски држави во Атлантскиот и Тихиот океан. Разговаравме со најголемите извозници на слатки од земјава околу за тоа како го прават својот извоз и го споделуваме ова скапоцено знаење и искуство со вас. се покажа дека најуспешно продира до поблиските и подалечните пазари и најбрзо се развива во извозниот сегмент.

Искуството на Макпрогрес: како се таргетираат купувачите?

Фабриката за кондиторски производи Макпрогрес извезува на преку 30 пазари, и својот развој го темели токму на извозот. Најпрво ги таргетирале соседните држави, па регионот на централна и источна Европа, за подоцна да се прошират на западноевропските пазари. “Таргетирањето го правиме врз основа на потенцијалот на пазарот, но повеќе пати

се случило и потенцијалните купци да нè таргетираат нас.“, вели Глигор Цветанов, генерален менаџер и сопственик на фабриката. Тој објаснува како оди процесот на извозот откако ќе направите конкурентен производ што ги исполнува барањата и спецификите на одреден пазар. “Понатаму е потребно заедно со локалниот дистрибутер да креирате политика на лансирање на производите – да дефинирате краткорочни и среднорочни цели на продажба, позиционирање и рекламирање на производите. Во Макпрогрес имаме практика да соработуваме само со еден

Извоз: долгорочен и макотрпен процес за кој вр


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

специјален прилог увозник од секоја земја, кој воедно е и дистрибутер и со него се дискутира отворено, во партнерски однос кој може да донесе корист и за двете страни“, објаснува Цветанов. Кога се обидувате да направите извоз, мора да сте свесни за трошоците на тој пробив на вашите стоки или услуги. Секое влегување на надворешен пазар чини, иако понекогаш може и да не ве чини практично ништо, ако клиентот вас ве таргетира како потенцијален добавувач и ако има сопствена малопродажна мрежа, како што објаснува Цветанов од Макпрогрес. “Но, во принцип треба да сте подготвени на следниве трошоци: за саемско претставување или директно таргетирање; трошоци за лансирање на производите; трошоци за позиционирање, како и трошоци за реклама и промоција.“, вели Цветанов.

некои принципи од трговијата остануваат засекогаш исти

Савка Димитрова како долгогодишен прв човек на Европа има собрана големо искуство во поглед на извозот на производи во регионот, но и на подалечни пазари. Таа ги потврдува ставовите на Цветанов дека е потребен професионален и претпазлив пристап кон извозот, плус на тоа додава дека се потребни некои од вештините кои традиционалните трговци кои користеле со векови. „Како прво тој што сака да извезува треба да е спремен на неуспеси. Од сто контакти кои ќе ги остварите, ако со пет успеете да започнете сериозна соработка тоа е навистина добар просек. Понатаму доаѓаат макотрпните преговори, праќање мустри повеќе пати, договарање околу цена и други процеси кои некогаш знаат да траат со години. Кога ќе го поминете сето ова дури тогаш ќе дознаете дали вашиот производ може да се пробие на овие пазари“ Според Димитрова кога станува збор за извоз во предвид треба да се зема предвид и фактот дека се соработува со компании и бизнисмени од различни култури. „Во регионот каде што извезуваме бизнис културата е приближно иста со нашата. Но на пример за да оствариме извоз во Кина моравме да поминеме низ повеќегодишни напорни преговори. Веројатно ни самите не знаеме колку пати имаме праќано мустри и колку контроли на квалитет или општо технички преговори сме поминале. Едноставно нивната култура на работа е таква и ако сакате да извезувате таму ќе ги прифатите нивните правила“ Димитрова сепак е со став дека на крај сè се сведува на добри меѓучовечки односи. “Едноставно треба да ги доведете клиентите во ситуација да сакаат да соработуваат со вас и тоа да им е пријатно искуство. Нормално дека мора да задоволите квалитет и цена но во светот денеска има многу такви фирми, а малку се фирмите кои воспоставуваат долгогодишни коректни односи со клиентите.“ nnn

43

мора да ги “шармирате“ трговските синџири на развиените пазари

г

лигор цветанов во поглед на прехранбената индустрија, каде што припаѓа неговата компанија, вели дека секој пазар е карактеристичен на свој начин и многу зависи од степенот на организираноста и развиеноста на малопродажбата. има земји каде што повеќе од 80% од целиот промет се прави преку национални и меѓународни синџири на маркети, а во некои држави овој тип на малопродажба е многу неразвиен или пак е во самите почетоци на развој. “на пример, во развиените западно европски и американскиот пазар изразито е присуството

на високо конкурентни и организирани трговски синџири на маркети во многу најразлични форми – дисконти, долар продавници, супермаркети, хипермаркети итн. ако сакате да бидете присутни на ваков тип на пазар, мора да ги прифатите правилата на игра и стандардите кои ги бараат овој тип на трговски синџири. во помалку развиениот свет сè уште е присутна традиционалната мала продавница која купува од производителите или увозниците во зависност од актуелноста на производот и најповеќе од неговата цена. “, објаснува цветанов.

глигор цветанов Макпрогрес

т

аргетирањето го правиме врз основа на потенцијалот на пазарот, но повеќе пати се случило и потенцијалните купци да нè таргетираат нас. понатаму е потребно заедно со локалниот дистрибутер да креирате политика на лансирање на производите – да дефинирате краткорочни и среднорочни цели на продажба, позиционирање и рекламирање на производите. и на крај кога се обидувате да направите извоз, мора да сте свесни за трошоците на тој пробив на вашите стоки или услуги.

реди да се бори секој производител во земјава


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

44

Кондиторска индустрија

Кој е кој на пазарот за кондиторија

Витаминка и Макпрогрес остануваат на врвот Според последните финансиските извештаи на кондиторските компании објавени на Македонската берза и податоците од едицијата ТОП 200 најголеми и најуспешни на Капитал работењето на најголемите кондиторски компании во минатата година изгледа вака: Напомена: До затворањето на текстовите за овој специјаленприлог, на располагање ни беа годишните финансиски резултати за 2014 година

ВИТАМИНКА ПРИЛЕП n 67 најголема компанија n 123 најпрофитабилна

компанија “Витаминка” Прилеп минатата година ја заврши со намалена добивка. Според Билансот на успех на компанијата објавен на Македонската берза профитот во 2014 изнесува 977 илјади евра и е за 55% помалку споредено со профитот од 1,9 милиони евра реализирани во 2013 година. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите од основна дејност, остварени од продажба на сопствени производи и услуги кои во споредба со остварените во 2013 година бележат пораст од 8%. При тоа приходите од продажба на домашен пазар се зголемени за 11% на вкупно 15 милиони евра, додека продажбата на странски пазари е зголемена за 6% на 11 милиони евра. Учеството на приходите од домашен пазар во вкупните приходи е 57%, а учеството на приходите од странски пазар во вкупните приходи е 43%.

МАКПРОГРЕС ВИНИЦА

ЕВРОПА n 175 најголема

компанија “Европа” од Скопје која воедно е и најстара кондиторска компанија минатата 2014 година ја заврши со намалување на добивката за 29%. Според податоците од Билансот на успех компанијата ја заврши со добивка од 290 илјади евра.Во 2014 година остварени се вкупни приходи во износ од 12 милиони евра и се намалени за 3% во однос на истите од претходната година. Приходите на домашен пазар изнесуваат 5,8 милиони евра а приходите од странски пазар се намалени за 5% и истите изнесуваат 6 милиони евра. Во 2014 година остварени се вкупни трошоци на износ од 11 милиони евра и во однос на 2013 година намалени се за 2%. Намалување на трошоците има кај потрошокот за материјал и енергија за 3% и бруто платите за 1%. Овие трошоци во вкупните трошоци учествуваат со 77%. Зголемување кај трошоците има кај услугите за 52% и амортизација за 4%.

СВИССЛИОН СКОПЈЕ n 155 најпрофитабилна компанија

„Свисслион“ 2014 ја заврши со 32,9 милиони евра приходи, што претставува раст од 6% во однос на претходната година. Профитот на компанијата изнесува 2,4 милиони евра, што повторно претставува раст од 33%. Вкупната актива на Свисслион изнесува 23 милиони евра, а капиталот на компанијата се мери во 19,5 милиони евра. n Свисслион вработува 145 лица.

n 78 најголема компанија

n 24 најпрофитабилна компанија

“Макпрогрес” од Виница која воедно е и една од најбрзо растечките компании во оваа индустрија минатата 2014 година ја заврши со зголемување на добивката за цели 83%. Според податоците од Билансот на успех компанијата ја заврши со добивка од 2,7 милиони евра.Во 2014 година остварени се вкупни приходи во износ од 23,6 милиони евра и се зголемени за 20% во однос на истите од претходната година. Активата на оваа компанија за 2014 година се проценува на 16,3 милиони евра со 16,7% поврат од истата актива. Од друга страна вкупниот капитал со кој располага оваа компанија изнесува 13 милиони евра, а компанијата има остварено 25% поврат од него. n Макпрогрес вработува 398 лица од кој 58 се ново вработени.

СВИССЛИОН АГРОПЛОД РЕСЕН n 188 најголема компанија

“Агроплод” Ресен остварила вкупни приходи од 11 милиони евра што претставува раст од 11 проценти. Истовремено компанијата остварила профит од 740.000 евра што претставува пад од 29%. Активата на компанијата изнесува 11,5 милиони евра додека капиталот 11,1 милиони евра. n Свисслион вработува 314 вработени.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.