Konzervna industrija 2016

Page 1

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

КОНЗЕРВНА ИНДУСТРИЈА

КАКО СЕ СОЗДАВААТ БРЕНДОВИ ВО ИНДУСТРИЈАТА ТРАДИЦИОНАЛНО ПОЗНАТА ПО НИСКАТА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ? САМО КВАЛИТЕТ + ЗНАЕЊЕ + ИНВЕСТИЦИИ МОЖЕ ДА Е ЕДНАКВО НА БРЕНД ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКАТА КОНЗЕРВНА ИНДУСТРИЈА АКО СЕ САКА МОЖЕ ДА СЕ ИЗВЕЗУВА И ВО ДУБАИ И АВСТРАЛИЈА

ГОДИНА НА РАСТ ЗА ПРЕРАБОТУВАЧИТЕ: КАКО ДА СЕ ЗАДРЖИ ПОЗИТИВНИОТ ТРЕНД?


Капитал број 857 01.04.2016

38

www.kapital.mk

Конзервна индустрија

Година на раст за преработувачите на зел

Како да се зад позитивниот т

Суровини: основата која мора да и биде гаранти


www.kapital.mk

ленчук и овошје

држи тренд?

Капитал број 857 01.04.2016

специјален прилог

39

Иако производството и извозот на преработки од зеленчук и овошје расте, потенцијалот на оваа индустрија сè уште е огромен – само да го земеме предвид фактот дека капацитетите на конзервните фабрики се искористени со 35-40%!?

М пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Минатата година беше извонредна за преработувачите на зеленчук и овошје – климата беше најдобра последните пет години, така што земјоделските производи имаа и квалитет и квантитет. Ваквата состојба позитивно се одрази и на вкупното производство и извоз. Како што вели извршниот секретар на Македонската асоцијација на преработувачи – МАП, Сашо Ристески, извозот во 2015 година е зголемен и вредносно и количински, но до моментот на затворање на овој текст сè уште ги немаа верификувано точните бројки. Во 2014 година преработувачите на зеленчук и овошје извезоа 46,5 илјади тони производи, во вредност од 51,2 милиони евра, што беше за 3% повеќе во однос на годината претходно. Од домашните производители ни изјавија дека за 2016 очекуваат да биде уште подобра од претходната и да продолжи позитивниот тренд. „Очекуваме да се повтори добрата сезона од 2015 година дури можно е и да забележиме пораст. Има повеќе фактори за повторно да имаме добра година. Првиот е добриот квалитет на зеленчукот односно на суровината, вториот е планското проширување на капацитетите односно етапното зголемување на производството. Секако сето тоа повторно би било неможно доколку не би биле подржани од примарните произведувачи“,

ирана на секоја индустрија па и на конзервната


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

40

Конзервна индустрија

о

М

виКтор Петров ВИПРО

акедонија согласно своите потенцијали би требало да има неколкукратен раст на конзервната индустрија . но, со моменталните состојби таков исчекор е тежок бидејќи не сум убеден дека имаме одржливи купувачи, ниту имаме сигурен извор на суровина кој во случај на недостаток на суровини и зголемена меѓународна побарувачка може целиот да замине во околните држави .

диМитар атанасов ДИЕМ

ИЗВОЗ НА ПРЕРАБОТКИ ОД ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ 2010 2011 2012 2013 2014

тони 39.000 39.200 40.500 43.500 46.500

евра 39.000.000 42.300.000 46.100.000 48.100.000 51.200.000

Извор: Македонска асоцијација на преработувачи *Трендот на раст е задржан и во 2015, но конечните бројки сe' уште не се објавени.

Вели Димитар Атанасов од конзервната фабрика ДИЕМ. Тој ни го објасни и проблемот, односно вечното прашање зошто конзервната индустрија има толку мала искористеност на капацитетите која секогаш се движи околу бројката од 35%. „Капацитетите не се искористени до крај зошто оваа индустрија е сезонска. Кај нас ајварот е со најголема стапка на искористеност од два милиони единици, но тоа не значи ништо, бидејќи тој може да се прави само три до четири месеци во годината зошто само тогаш има суровина за него. Инаку, за на нас секако би ни било полесно да можеме тоа да го правиме во текот на целата година, така би ги задоволиле и потребите на купувачите кои од година во година сè повеќе растат. Во другите месеци се работат помалку атрактивни и поевтини производи кои што суровината ја имаат во тој одреден месец. Да можеше да се прави ајвар секој месец верувам дека сите капацитетите кои произведуваат ајвар ќе беа не само 100 туку и 150% искористени“, вели Атанасов.

Потребна е поддршка од државата за стабилна суровинска база и поголем извоз

Полека дојдовме до клучниот проблем со кој со децении се бори конзервната индустрија во Македонија, а тоа е секако недостатокот на суровина неопходна за работа на капацитетите.

Според Виктор Петков сопственик на компанијата ВИПРО, проблемот со стабилна суровинска база и одржлив пазар се круцијални за оваа индустрија, а Македонија во оваа област е сè уште полузатворена економија. Според него, преработувачите на зеленчук речиси во целост се зависни од домашната суровина и од пазарите на поранешна Југославија, како и од дијаспората од Југоисточна Европа населена во развиените земји. „Некаков поголем исчекор е тешко да се направи, бидејќи не сум убеден дека имаме одржлива, односно, растечка база купувачи, ниту имаме сигурен извор на суровина кој во случај на недостаток на суровини и зголемена меѓународна побарувачка може целиот да замине во околните држави. Во Македонија извозот на суровини – зеленчук потребен за нашата индустрија е пожелен односно стимулиран додека увоз на истите е рестриктивен и има 50% царина“ , вели Петков. Според Петков ова е особено проблематично ако се знае дека во околните држави имаат исто слободен извоз но и слободен увоз со минимална или царина од 0 %. „Во околните држави вообичаено се стимулираат преработувачите поради форсирање на производство со повисока додадена вредност, наместо извоз на непреработени суровини. Тоа просто кажано значи дека се стимулира извоз и на истите, но дури откога ќе се задоволи домашната индустрија за нејзина преработка.

чекуваме да се повтори добрата сезона од 2015 година, дури можно е и да забележиме пораст во 2016. има повеќе фактори. Првиот е добриот квалитет на зеленчукот односно на суровината, вториот е планското проширување на капацитетите односно етапното зголемување на производството. секако, сето тоа повторно би било неможно доколку не би биле подржани од примарните произведувачи.

Понатаму развојот на преработувачките капацитети за зеленчук и овошје исто е круцијален во сите држави кои имаат потенцијал во истата. За истото се користат редица фондови (европски и национални), посредни извозни стимулации - покривање трошоци за превоз , покривање трошоци за промоција, брендирање , етикетирање, ослободување од ДДВ, се ослободуваат од царини, и други погодности. Сè во функција на остварување единствена цел - повеќекратно мултиплицирање на оваа продукција и извоз“, објаснува нашиот соговорник .

Форсирање на договори помеѓу фармерите и преработувачите

И останатите производители кои ги контактиравме велат дека ако нема системска организација на примарното производство усогласено со потребите на преработувачите, се прави и лоша услуга спрема примарното производство бидејќи излегува дека земјоделците повеќе “се коцкаат” отколку развиваат современо производство. „Примарните производители чекаат евентуален недостиг и ѕидање на цени поради релативно затворениот домашен пазар, отколку да развијат современо масовно производство односно договорно исто така по светски цени“, велат нашите соговорници од конзервната индустрија. Тие сметаат дека отворен пазар , нормална заштита до пристојни 18%, со лепеза други мерки како економска арондација, соодветни субвенции и сл. ќе придонесат за нивно подобро развивање, одржливост и сите придобивки од тоа. Сашо Ристески од МАП вели дека договорното производство се уште останува големо поле каде има шанса за подобрување. “Бројот на договори расте, но тој систем сè уште не е идеално поставен. Неопходна е подобра соработка со земјоделците, подобра координација со институциите, можности за подобрување на условите на примарните производители да произведат повеќе, поуспешно и поквалитетно, а на крајот за тоа да има бенефит не само производителот, туку и индустријата и државата во целост“,смета Ристески. nnn

раст: се должи на неКолКу добри сезони на зеленчуКот



www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

42

Конзервна индустрија профил на маКедонсКата Конзервна индустрија

40-50% 22 од потребните суровини за индустријата се однапред договорени и се испорачуваат од производителите/ трговците

70-75

илјади тони суровина во последните неколку години индустријата откупува во просек на годишно ниво

80%

од вкупното производство на оваа индустрија оди за извоз

45.000

тони преработки годишно се произведуваат во целата конзервна индустрија во македонија

35%

компании преработуваат само зеленчук, 4 се занимаваат само со преработка на овошје додека 17 претпријатија имаат комбинираната преработка (овошје и зеленчук).

91%

од сите активности опфаќаат преработка на зеленчук, додека само околу 9% се преработка на овошје.

29

од преработувачите се занимаваат со конзервирање,

2

компании се капацитети за сушење

7

од расположливите производни капацитети на годишно ниво користи оваа индустрија

капацитети за замрзнување

43

компании се класифицирани како микро

компании вкупно во секторот

1.165 вработени.

16

21

компанија е класифицирана како мала

очеКувања: претпазливи поради немањето сигурно снабдување


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Градежништво и недвижнини

8

април

2016

Што ја движи градежната индустрија? Градежниот бизнис пораснал за речиси 17% лани, најмногу од сите индустрии во Македонија и е двигател на економскиот раст од 3,7%, како што покажа официјалната статистика.

Во специјалниот прилог “Што ја движи градежната индустрија“ што ќе излезе на 08.04. 2016 ќе може да прочитате:

l Раст од 17% во 2015: Што го движеше градежништвото и што ќе се случува во овој сектор до крајот на 2016 l Како работеа градежните компании лани: кој е кој на пазарот според приходи и добивки l Кои се најзначајните проекти што ќе ја ангажираат градежната оператива годинава l Анализа на пазарот за недвижности: станови и деловен простор l Како работеше индустријата за градежни материјали и кои се нивните очекувања за периодот што следи l Интервјуа со менаџери на градежни компании

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

44

Конзервна индустрија

Како се создаваат брендови во индустријата традиционално позната по ниската додадена вредност?

Само квалитет + знаење + инвестиции може да е еднакво на бренд пишува:

Дејан Азески

Б

dejan.azeski@kapital.mk

рендот „Мама’с“ е добитник на меѓународната награда „Креатори на столетието“ за развој на идеи, иновации и инвестиции во бизнисот. Ова е само последната во низа признанија кои ги добива не

само „Мама’с“ туку и останатите македонски брендови од оваа индустрија. Сепак експертите кои Капитал ги консултираше на оваа тема се децидни дека може да се направи многу повеќе и дека не се користи ни десеттина од можностите. „Иако имаме многу поголем потенцијал, ние не го искористуваме. Во Македонија многу малку се занимаваме со „брендинг“. Ние честопати го споредуваме развојот и стратешкиот маркетинг за некој бренд, со рекламирање. Ако се рекламираме

значи дека работиме на нашиот бренд. Или, најлошо е ако мислиме дека само со развој на пакување на нашиот производ, завршивме со делот што го викаат „брендинг“. Сепак тие се искрени и признаваат дека без соодветен квалитетен производ не може да се прави никаква бренд стратегија. Истите потенцираа дека менаџерите во Македонија се спремни повеќе да дадат за непотребни машини и погрешни одлуки, отколку да му дадат соодветен идентитет

Извоз: пробивот на странските пазари е директно


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

специјален прилог

П

Б Крсте Ѓоргиев Бест Фуд

ест фуд околу 70% од производството го пласира како извоз. Ние ги извезуваме нашите производи авионски за Дубаи, Австралија и други далечни дестинации . Пример е киселата зелка која има излезна цена од нашата фабрика од едно евро, а таму се продава за пет евра. Авионскиот транспорт е само едно евро но на крај пак профитот е голем. Значи ако најдеш купувач кој ќе ти го купи по таа цена се исплаќа. Во богатите развиени земји стандардот е десет пати повисок од нас така да можеш барем пет пати поскапо да продаваш.

Петар Лазаров Македонија Експорт

Производителите велат дека со многу мака успеале да ги убедат домашните потрошувачи дека ајварот и другите индустриски произведени преработки не се воопшто помалку квалитетни од домашните. Но, истите се децидни дека за тоа да се направи и на меѓународните пазари неопходно ќе е многу многу повеќе труд, знаење и инвестирање во делот на брендирањето на производи. на својот производ. Компанијата Дием и нивниот веќе меѓународно познат ајвар се една од фирмите или еден од брендовите кои веќе е пробиен на пазарите во странство. Околу тоа колку е тешко и како се прави извозот разговаравме со маркетинг менаџерот на компанијата Димитар Атанасов. „Во секоја индустрија е тешко да се изгради бренд. Во Македонија со нашите производи тоа е уште потешко. Значи најтешко е луѓето да стекнат доверба во оној производ кој што не е произведен дома, иако тој е произведен на истиот начин и по истата рецептура. И секако како и во секоја друга индустрија за лансирање и пласирање на производ има свои предизвици. Во секој случај не е ни малку лесно да се пробиеш на пазарот, И секако за сите тие чекори да поминат успешно треба малку среќа, доста знаење и голема упорност“. Што се однесува до меѓународните пазари Атанасов е со став дека ајварот е традиционален производ со кој што треба да се гордееме барабар со висококвалитетните вина. Сепак тој потенцира дека засега неговите купувачи во странство се многу ограничени и потребно е многу работа на брендирањето за да се промени ваквата состојба. „Точно е тоа дека тој е кавијар од пиперки но на странските пазари се уште главните потрошувачи се оние иселеници кои што претходно биле запознаени со неговиот вкус и со неговиот квалитет . Меѓутоа според мене не се за потценување ни локалните потрошувачи кои сакаат да пробаат некоја

45

нова храна. Странците не го перцепираат ајварот како намаз за леб туку како додаток или гарнир со месо или друга храна. Во секој случај потенцијал има многу и мислам дека треба уште малку поактивна работа посебно во промотивниот дел за да дојдеме во ситуација овој бренд да станува се повеќе препознатлив“. Искуство во создавањето и менаџирањето сопствен бренд има и тимот од консултантската фирма Македонија Експорт која стои зад создавањето на брендот на ајвар Mama’s. Петар Лазаров, член на тимот, вели дека речиси пет години инвестираат во развој на брендот, обидувајќи се да изградат меѓународен бренд. “Затоа и одбравме такво име за ајварот. Целта ни е ајварот да го јадат, не само од балканската дијаспора по светов, како што е обично со производите што доаѓаат од Балканот, туку и сите останати Американци, Австралијци или Канаѓани. Затоа и се позиционираме во премиум сегментот, со помали пакувања, повисоки цени, но зад сето тоа мора да стои квалитет што го гарантира брендот. Што е нашата приказна? Рецепт за ајвар 100% оригинален како што го правеле нашите мајки и баби, без никаква хемија, додатоци што го зголемуваат волуменот и сл. Затоа и нашиот производ е поскап и ние сакаме да го пробиваме на највисоките полици во светските супермаркети“, објаснува Лазаров. Тој смета дека проблемот на македонската економија која има недостиг од силни брендови не е само во парите. “И во менталитетот е. Генерално, домашните

роблемот на македонската економија која има недостиг од силни брендови не е само во парите. И во менталитетот е. Генерално, домашните бизнисмени се затворени за ново знаење. Не инвестираат во сопствената и едукацијата на вработените. Не прочитале ниту една книга за маркетинг. Затоа сме на ова ниво кај што сме.

Ако се сака може да се извезува и во Дубаи и Австралија

П

огоре споменатите ставови на Атанасов ги потврдува и Крсте Ѓоргиев од Бест Фуд од Радовиш. Станува збор за една од ретките компании кои извезува конзервирани производи на егзотични дестинации како Дубаи, Австралија, Северна Африка и сл. Најинтересно од приказната на Ѓоргиев ни беше фактот кој ни го потенцира неколку пати дека транспортните трошоци не мора да се пресудни за остварување или не оставарување на извозот. „Бест фуд околу 70% од производството го пласира како извоз. Ние ги извезуваме нашите производи авионски за Дубаи, Австралија и други далечни дестинации. Пример е киселата зелка која има излезна цена од нашата фабрика од едно евро, а таму се продава за пет евра. Авионскиот транспорт е само едно евро но на крај пак профитот е голем. Значи ако најдеш купувач кој ќе ти го купи по таа цена се исплаќа. Во богатите развиени земји стандардот е десет пати повисок од нас така да можеш барем пет пати поскапо да продаваш“. бизнисмени се затворени за ново знаење. Не инвестираат во сопствената и едукацијата на вработените. Не прочитале ниту една книга за маркетинг. Затоа сме на ова ниво кај што сме“, вели тој. nnn

о условен од развој на моќни брендови


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.