WWW.KAPITAL.MK
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
COVER STORY
ТУРБУЛЕНЦИИ специјален прилог
НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ
Прехранбена индустрија ПОЛИТИКА
ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА
КАПИТАЛ SPECIAL
ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ
СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ
КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?
Кои се најголемите играчи во прехранбената индустрија? зошто маКедонсКите производители на храна не се регионални играчи? за силни извозници треба да има силна државна логистиКа! русКиот пазар останува неисКористена можност
ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА
ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА
БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? КаКо да се произведува и извезува БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
повеќе храна со додадена вредност
КолКава е силата на маКедонсКата храна?
Капитал број 836 06.11.2015
32
www.kapital.mk
прехранбена индустрија
Како да се произведува и извезува повеќе храна со до
Колкава е силата македонската хр
Прогноза: Ваквата земјоделска политика дол
www.kapital.mk
Капитал број 836 06.11.2015
специјален прилог за да произведува и извезува повеќе храна со додадена вредност, македонија реформите мора да ги почне од темелите, или во конкретниот случај од примарното земјоделско производство, велат експертите. потребно е окрупнување на земјоделските парцели, а со тоа и зголемување на просечните приноси. Брендирањето на произведената храна е дури втора фаза која само треба да ги валоризира сите погоре споменати придобивки. за жал, ни во првиот ни во вториот сегмент македонија нема преголеми резултати и засега успехот може да се мери само во поединечни и изолирани позитивни примери.
одадена Вредност
а на рана?
е пишува
дејан азески
dejan.azeski@kapital.mk
Едвај 1% од македонскиот бруто домашен производ го прави прехранбената и н д ус т р и ј а , а в о и н д ус т р и с ко то производство учествува со 13%. Само тоа е македонската храна со додадена вредност, а се друго што консумираме доаѓа од увоз. Близу 550 милиони евра потрошила Македонија за увоз на храна во 2014 година. Тоа е раст од 10% во однос на увозот од 490 милиони евра во 2013 година или дуплирање на сумата од 260 милиони евра потрошени за оваа намена во 2006 година. Ваквите статистики одат рака под рака со континуирано намалување на домашното производство на храна. Бидејќи не постои заедничка бројка за вкупното производство на храна во Македонија, како репер ги зедовме неколкуте клучни прехранбени артикли за кои постојат статистики и кои покажуваат надолен тренд. Имено, кај домашното производство на месо може да се констатира дека во 2013 година споредено со претходната 2012 вкупното производство на месо е намалено за 9.8% при што производството на говедско месо е во пораст, а производството на овчо, свинско и живинско месо бележи пад. Најголем е падот на производството на свинско месо, од 16,5%, по што следува овчото со 15,6% и живинското со 7,4%. Ова како континуитет на претходната 2012 година кога производството на месо опадна за 7% во однос на календарската 2011 година во која исто така имаше пад од 7% во однос на 2010 година. Бројките не се ништо повесели ниту кај производството на млеко во земјава. Во 2008 година во Македонија се произвеле 439 милиони литри млеко. Ова бројка во наредните две години 2009, 2010, паѓа на 395 и 394 милиони литри респективно. Годината 2011 со произведени 417 милиони литри може да се смета повторно за добра година, но според експертите ова најмногу се должи на подемот на малите млекари кои не беа толку моќни во 2008 и 2009 година. За изминатата година 2014 во Македонија се произвеле 429 милиони
33
литри млеко. Слична е состојбата и кај домашното производство на јајца кое за само една година 2013/2012 според последните податоци е намалено за цели 10% или 30% во однос на 2011 година. Истата или слична состојба се пресликува и кај производството на пченица, пченка, компир, јаболка...
Куќа се гради од темелимора прво да го подобриме примарното производство
Структурата на македонското земјоделство во најголем дел денес ја сочинуваат семејните земјоделски стопанства со мал земјишен посед, дополнително расцепкан на по неколку парцели. Дополнително просечниот македонски земјоделец земјата ја работи со застарена техника и технологија и со многу мали приноси. Во оваа насока мора да се земе предвид предупредувањето на експертите дека политиката на субвенционирање на мали земјоделски стопанства е обратно пропорционална и погубна за заложбите за окрупнување на земјоделските парцели кои ги форсира Владата. Ваквите состојби попрактично ги објаснува и Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија. „Проблем е и тоа што субвенционирање е скалесто, т.е. најголемите фирми добиваат најмалку. Тие се движечка машина,. локомотива и треба исто да добиваат како и малите. Впрочем тие секогаш се и поврзани со малите компании/производители(им откупуваат производство, преработуваат, преку нив се извезува, итн.)“ вели Ристовски. Останатите експерти кои ги консултиравме предупредуваат дека Македонија со ваква раситнета структура на земјоделски стопанства и со ваков модел на субвенционирање кој наместо да одвраќа поттикнува на дополнителни раситнувања, ќе доживее вистинска катастрофа на самиот старт на преговорите со Европската унија. „Брисел нема никакво разбирање за раситнети парцели и ситни земјоделци. Сите политики и напори на Европската унија во земјоделието се насочени кон окрупнување на земјоделството. Тоа значи дека неминовно ќе ни биде наложено да субвенционираме само парцели и земјоделци кои произведуваат на површини над пет или повеќе хектари. Тоа значи дека автоматски 80% од нашите земјоделци ќе останат без субвенции. Затоа Македонија во моментов наместо само декларативно, треба и практично да се залага за окрупнување, а тоа да го стимулира преку поинаков модел на субвенции“ велат тие. Дополнителен проблем е што македонското полјоделство и општо земјоделство има најниски просечни приноси во регионот. Иако тоа многумина го поврзуваат со претежно ридскиот и планински релјеф
лгорочно е неодржлиВа и КонтрапродуКтиВна
www.kapital.mk
Капитал број 836 06.11.2015
34
прехранбена индустрија
П
Васко Ристовски
Стопанска Комора на Македонија
роблем е и тоа што субвенционирање е скалесто, т.е., најголемите фирми добиваат најмалку. Тие се движечка машина, локомотива и треба исто да добиваат како и малите. Впрочем тие секогаш се и поврзани со малите компании/ производители (им откупуваат производство, преработуваат, преку нив се извезува, итн.
на земјава, експертите и познавачите на состојбите коментираат дека со адекватен пристап кон земјоделството Македонија може сериозно да ги подобри перформансите во ова подрачје.
Окрупнување на парцелите и формирање на задруги – под итно!
Синиша Петровиќ од Битолската компанија за продажба на земјоделска механизација Синпекс вели дека не држат теориите дека македонската земја не може да раѓа повеќе туку дека во нејзе не се инвестира соодветно. „Македонското земјоделство дефинитивно креира одредена додадена вредност. Без разлика дали се тоа 500 милиони евра годишно, малку повеќе или многу помалку такви пари постојат. Проблемот е што тие пари не се реинвестираат во земјоделството туку се трошат за сосема други работи како купување, недвижности, годишни одмори, нови автомобили и слично. Е тука е улогата на државата која мора да најде начин да стимулира инвестиции во овој сектор, а не да чека
Н
Синиша Петровиќ Синпекс Битола
е држат теориите дека македонската земја не може да раѓа повеќе, туку проблемот е дека во неа не се инвестира соодветно. Македонското земјоделство дефинитивно креира одредена додадена вредност. Без разлика дали се тоа 500 милиони евра годишно, малку повеќе или многу помалку такви пари постојат. Проблемот е што тие пари не се реинвестираат во земјоделството туку се трошат за сосема други работи како купување, недвижности, годишни одмори, нови автомобили и слично.
на совеста на земјоделците“ Деканот на земјоделски факултет во Скопје Драги Димитриевски сето ова сублимирано ни го објасни и ни посочи како да се продолжи понатаму. „ Да продолжат со посилен интензитет активностите за окрупнување на земјишните парцели. Да се зајакнат мерките кои ќе поттикнуваат производство во задруги. Мерките на финансиската поддршка на доходот на производителите потребно е и натаму да се одржува најмалку на сегашното ниво, да се зајакнува програмата за рурален развој, со што ќе се модернизира земјоделството, но и прехранбената индустрија која дополнително треба го повлече развојот на примарното производство. Значајно во оваа насока ќе биде и користењето на средствата од претпристапната помош на ЕУ, односно средствата од ИПАРД програмата, кој значително може да го модернизираат секторот“ Димитриевски на сето ова додава дека значајно за целиот земјоделско- прехранбен систем е да се воспостават цврсти врски во
вертикалната интеграција, што значи дека примарните земјоделски производители, трговците со земјоделско - прехранбени производи и преработувачите мора да изградат систем на доверба и соработка во кој сите ќе го најдат својот економски интерес. „Она што е исто така значајно за македонската прехранбена индустрија е нејзино натамошно модернизирање со цел за остварување на строгите стандарди за безбедност на храна кој постојано се зајакнуваат и бараат на странските пазари, а оваа индустрија во најголем дел е насочена кон овие пазари. Затоа добро би било да се искористат средствата од ИПАРД за кои сметам дека оваа индустрија поседува капацитет за нивно користење“, вели Димитровски.
Како до подобар имиџ и бренд на македонските прехранбени производи
Главни дестинации на македонските земјоделско- прехранбени производи се пазарот на ЕУ и пазарот на земјите
НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА Ранг 2014 37 48 54 67 76 78 81 87 103 104 155 175 188 198 199
ИМЕ НА КОМПАНИЈА ПЕКАБЕСКО МЛЕКАРА СВИССЛИОН ВИТАМИНКА МЛЕКАРА ЗДРАВЈЕ РАДОВО МАКПРОГРЕС БРИЛИЈАНТ ЗК ПЕЛАГОНИЈА ПРОМЕС ЖИТО ЛУКС МИК СВЕТИ НИКОЛЕ ЕВРОПА СВИССЛИОН - АГРОПЛОД АГРИА ЛАЦТАЛИС МК ВКУПНО
ГРАД Скопје Битола Скопје Прилеп Босилово Виница Штип Битола Скопје Скопје Свети Николе Скопје Ресен Велес Скопје
Приходи 2014 (евра) 49.369.134 38.695.451 32.866.924 26.977.867 24.529.043 23.574.475 23.146.819 22.298.628 19.882.572 19.587.741 13.671.423 11.884.066 11.104.656 10.651.291 10.553.099 338.793.190
Годишна промена (%) 20,44% 4,77% 5,69% 6,18% 0,77% 19,78% -19,35% -3,90% 2,35% -7,93% 7,88% -5,11% 11,09% 33,76% 229,68% 6,73%
Профит (загуба) во 2014 (евра) 1.124.358 2.601.749 2.351.204 855.962 -785.101 2.708.625 167.174 68.601 292.092 -2.341.805 23.421 284.520 740.692 512.375 -221.148 8.382.718
Примарно производство: темел на било какво про НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО ИНДУСТРИЈАТА ЗА ПИЈАЛОЦИ
Ранг 2014 ИМЕ НА КОМПАНИЈА 34 ПИВАРА СКОПЈЕ 75 ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА
ГРАД Скопје Прилеп
Приходи 2014 (евра) 54.152.493 25.060.078
Годишна промена (%) -4,75% 7,50%
Профит (загуба) во 2014 (евра) 11.987.888 1.248.927
www.kapital.mk
Капитал број 836 06.11.2015
специјален прилог
35
Кои се најголемите играчи во прехранбената индустрија?
Н
а листата 200 најголеми компании во Македонија се најдоа 15 компании од прехранбената индустрија. Тие заедно минатата година оствариле вкупни приходи од 338 милиони евра, што е зголемување од 6,73 % во споредба со годината пред тоа. Вкупниот профит на овие фирми лани изнесувал 8,3 милиони евра, што е намалување од речиси 17% во споредба со 2013 година. Дури 11 од вкупно 15 компании од прехранбената индустрија кои се најдоа меѓу 200-те најголеми лани имале раст на приходите, додека четири компании работеле со помали приходи. Најголем раст на приходите од 229% има фирмата Лакталис, која во најголем дел се занимава со трговија и продажба на млечните производи на Дукат и другите производи на фирмите од Балканот кои се во сопственост на Лакталис. Втор најголем раст на приходите од 33% има фармата за одгледување на свињи Агриа. Прехранбената компанија Пекабеско е фирма со трет најголем раст на приходите од 20,4% меѓу прехранбените компании. Најголем пад на приходите од19,35% лани бележи штипскиот производител на масло Брилијант и Жито Лукс кој лани работел со околу 8% помали приходи. Рангирањето на компаниите од македонската прехранбената индустрија покажува дека Пекабеско е убедливо закотвен на првото место со 49 милиони евра приходи, додека на второто место е Млекара Битола со приходи од близу 39 милиони евра обрт. Трета најголема компанија во бизнисот со храна е Свислион со 32,8 милиони евра. Следи Витаминка со 26 милиони евра приходи и Млекарата Здравје Радово со приходи 24,5 милиони евра. Ако се анализира прехранбената индустрија според профитот тогаш Макпрогрес е на врвот со профит од 2,7 милиони евра. И покрај големите инвестиции кои ги прави, профитот на Макпрогрес лани е зголемен за 83%. Втора најпрофитабилна
компанија е Млекара Битола со профит од 2,6 милиони евра (раст од 23,5%), а трета е Свислион со профит од 1,7 милиони евра (раст од 33%). Пекабеско која е четврта најпрофита-билна во прехранбениот сектор со профит од 1,1 милион евра, лани имала раст на профитот од дури 302%. Голем раст на профитот има и ЗК Пелагонија компанија која според приходите во 2014 година (22 милиони евра) е рангирана на 87 место. Имено оваа компанија остварила раст на профитот од 1076% и тој сега изнесува чисти 5,8 милиони евра. Најголем пад во делот на профитите има кај Светиниколската месна индустрија МИК, рангирана на 155 место според приходите, која во 2014 година остварила 68% помалку профит во однос на претходната 2013. Голем пад на профитот од 54% лани имала и Витаминка.
Бројки: Годишна промена (%) 302,82% 23,44% 32,55% -54,94% / 82,56% -4,38% 1076,13% -23,71% / -68,18% -28,97% 11,30% -3,31% / -16,69%
Број на вработени Годишна 2014 промена 414 67 182 -5 145 -2 584 29 314 -12 398 58 125 -5 672 -31 350 4 363 -14 185 0 376 -17 314 -10 155 8 35 29 4.612 (1.914)
Приходи по вработен (евра) 119.249 212.612 226.668 46.195 78.118 59.232 185.175 33.182 56.807 53.961 73.900 31.607 35.365 68.718 301.517 73.459
АКТИВА 2014 (евра) 30.390.293 28.517.850 22.910.737 19.831.735 15.340.929 16.256.749 49.164.450 50.482.758 14.494.285 21.216.281 8.732.559 16.754.748 11.520.447 7.530.124 4.280.158 317.424.103
КАПИТАЛ 2014 (евра) 11.471.293 21.410.529 19.545.961 13.795.617 7.718.841 13.334.536 5.889.382 33.998.614 5.301.599 9.550.326 5.956.940 11.361.208 11.154.897 3.702.036 1.606.746 175.798.525
1%
од македонскиот бруто домашен производ го прави прехранбената индустрија
338
милиони евра се вкупните приходи за 2014 година на најголемите 15 компании од оваа индустрија
озводство на храна и основа за одржлив развој Годишна промена (%) 6,22% -28,35%
Број на вработени Годишна 2014 промена 283 -10 253 14
Приходи по вработен (евра) 191.352 99.052
АКТИВА 2014 (евра) 89.942.529 28.280.536
КАПИТАЛ 2014 (евра) 74.692.319 25.286.159
www.kapital.mk
Капитал број 836 06.11.2015
36
прехранбена индустрија
Д Драги Димитриевски Декан на земјоделски факултет
а продолжат со посилен интензитет активностите за окрупнување на земјишните парцели. Да се зајакнат мерките кои ќе поттикнуваат договорно производство. Мерките на финансиската поддршка на доходот на производителите потребно е и натаму да се одржуваат најмалку на сегашното ниво, да се зајакнува програмата за рурален развој, со што ќе се модернизира земјоделството, но и прехранбената индустрија која дополнително треба го повлече развојот на примарното производство.
од поранешна Југославија. Ова се пазари каде македонските земјоделскопрехранбени производи имаат своја традиција и препознатливост со квалитет и се познати по специфичниот вкус. За жал нема многу (на број) македонски брендови кои се препознатливи подалеку од нашите граници, а се со повисок имиџ и вредност. Петар Лазаров член на тимот на Македонија Експорт Консaлтинг вели дека со 40% обработливо земјиште во Македонија нелогично е извозот на земјоделски производи да е на вака ниско ниво. „Иако имаме ваков потенцијал, ние не го искористуваме воопшто. Зошто е тоа така?! Одговорот е едноставен, ЗНАЕЊЕ, ЗНАЕЊЕ, ЗНАЕЊЕ. Во Македонија многу малку некои се занимаваат со едукација и развој во делот за ‘брендинг’. Ние честопати го споредуваме развојот и стратешкиот маркетинг за некој бренд, со рекламирање. Ако се рекламираме значи дека работиме на нашиот бренд. Или, најлошо е ако мислиме дека само со развој на пакување на нашиот производ, завршивме со делот што го викаат ‘брендинг’. Значи најважно е да имаме БРЕНД стратегија. Од таму почнува се“, вели Лазаров. Тој додава дека без соодветен квалитетен производ не може да се прави никаква бренд стратегија, но како поголем проблем од овој домен го наведува фактот што менаџерите се спремни повеќе да дадат за непотребни машини и погрешни одлуки, отколку да му дадат соодветен идентитет на својот производ.
„Кога ќе дојде до фаза на пакување, тогаш немаме пари. А, да не зборуваме за инвестирање во маркетинг активности за промоција на производот и пронаоѓање на клиенти. Тоа е една од поголемите причини зошто голем број на компании
Бројкa:
550
милиони евра потрошила Македонија за увоз на храна во 2014 година
не развиваат ексклузивни производи, со најголема додадена вредност. Ја гледаат инвестицијата во производот како трошок, а не како неминовна алатка за развој и јакнење на својот бренд“, констатира Лазаров. nnn
Знаење: најдобар начин кон додадена вредност
www.kapital.mk
Капитал број 836 06.11.2015
38
прехранбена индустрија
Зошто македонските производители на храна не се регионални играчи
За силни извозници треба да има силна државна логистика!
и пишува:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Извозот на храна во последниве десет години е пораснат за цели три пати, или од 125 милиони евра извоз во 2004 година истата ставка е порасната на 388 милиони евра во 2014 година. Компаниите кои ги контактиравме сметаат дека „во извозот лежи иднината и дека тој е единствениот начин за опстојување и развој на компаниите од овој сектор“.
Иако извозот на храна од Македонија бележи раст од 200% во последниве десетина години, сè уште повеќе од половина отпаѓа на свежо овошје и зеленчук, додека производите со поголема додадена вредност потешко го наоѓаат патот до регионалните и светските потрошувачи. Загрижува и тоа што опаѓа извозот на балканските пазари, а производителите се жалат на “традиционалните“ пречки: лошата инфраструктура и административните бариери и бараат поголема поддршка од државата.
ТОП 5 НАЈИЗВЕЗУВАНИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ Извоз на храна за првите осум месеци годинава (во евра) Кондиторски производи 32,160,488 Свежа зелка 11,685,849 Свеж домат 7,874,520 Ајвар 5,124,179 Сирење и кашкавал 4,283,946
производи: веќе се на странските пазари. Фали масовност
www.kapital.mk
Капитал број 836 06.11.2015
40
прехранбена индустрија
Н
Глигор Цветанов Макпрогрес
ие постојано инвестираме во нова технологија и нови производи со единствена цел да бидеме лидер и на странските, а не само на домашните пазари. Целата филозофија ни е базирана на извозот. Ако нешто сме научиле во сите овие години извоз, тоа е дека за да си успешен прво треба да направиш квалитетен и истовремено евтин производ. Не треба премногу да се потпираме и да чекаме на државната помош, туку сами да направиме производ кој ќе биде одржлив на пазарите.
В Абедин Мурати
Ројал Фрејзер Фуд
еројатно нема да ви се верува ама на еден мој камион му е потребно исто време од Тетово да стигне до Словенија, колку од Тетово да стигне до Приштина. Едноставно граничните и инфраструктурните пречки си го прават своето и во таа насока треба да се насочи енергијата. Треба конечно сите да влеземе во Европска унија и да не се занимаваме со застарени граници. А ако тој процес се одлага, да најдеме начин и без ЕУ да го олесниме протокот на границите .
Најголем извоз на храна има во делот на овошјето и зеленчукот со 209 милиони евра минатата година, што значи дека повеќе од половина од извозот на храна отпаѓа на производи со најниска додадена вредност. Потоа следуваат житата и преработките од жита (73 милиони евра), па месото со неговите преработки со 36 милиони евра и на крај млечните преработки со 12 милиони евра извоз.
Квалитетен, а евтин производ е формулата
Пазар од педесет милиони луѓе, сличен менталитет, потрошувачки навики, компатибилни економии, сличен животен стандард. Ова се клучните фактори кои потврдуваат дека сите економии на Балканот, а особено оние во составот на поранешна Југославија природно се изградени да се надополнуваат една со друга, што значи дека наше е само да го освоиме. Според извршниот директор на Макпрогрес од Виница Глигор Цветанов не постои преголема филозофија за освојување на балканските пазари, туку едноставно е потребен квалитетен производ. „Ние постојано инвестираме во нова технологија и нови производи со единствена цел да бидеме лидер и на странските, а не само на домашните пазари. Целата филозофија ни е базирана на извозот. Ако нешто сме научиле во сите овие години, тоа е дека за да си успешен прво треба да направиш квалитетен и истовремено евтин производ. Не треба премногу да се потпираме и да чекаме на државната помош, туку сами да направиме производ кој ќе биде одржлив на пазарите“.
Протоколарни изјави колку сакаш, фалат конкретни мерки
Сепак не е се така едноставно според зборовите на останатите бизнисмени: „Веројатно нема да ви се верува ама на еден мој камион му е потребно исто време од Тетово да стигне до Словенија, колку од Тетово да стигне до Приштина. Едноставно граничните и инфраструктурните пречки
Рускиот пазар останува неискористена можност
Т
ри македонска компании од млечната индустрија добија дозвола за извоз во Руската Федерација. Станува збор за компаниите „Здравје Радово“, Балканска млекара од Скопје и „Бучен Козјак“ од Куманово. Првично беше најавено дека во изминативе два месеци се очекува уште 11 компании од млечната индустрија да добијат иста таква дозвола, но засега нема никаква официјална потврда. Неофицијално дознаваме дека се очекува истата пракса во скоро време да се повтори и со дел од компаниите од македонската месна индустрија, а трговскиот советник при Руската амбасада Кирил Бобров во однос на прашањето за склучување договор за слободна трговија со Руската Федерација, истакна дека чекаат да биде испратено официјално барање до Евроазиската царинска унија. Ова значи дека преку ноќ македонскиот извоз ќе добие можност од соништата бидејќи рускиот пазар веќе со месеци
е затворен за конкурентските производи од Западна Европа. Сепак очекувањата на бизнисмените кои ќе настапат таму не се премногу еуфорични, туку приземни. Јован Дабевски од млекарата Здравје Радово која со двата погони во Струмица и Скопје доби дозвола за настап на рускиот пазар за Капитал ги пренесе неговите очекувања за рускиот пазар. „Ова дефинитивно е голема можност за нашата компанија и за целата македонска млечна индустрија. Но, треба да сме реални дека прво ништо не може да се направи преку ноќ, а второ дека сепак се соочуваме со пазар каде што има некои различни цени, трошоци за транспорт, различни пречки кои допрва треба да ги совладуваме. Согласно тоа ние очекуваме многу брзо да почнеме со извоз од неколку камиони со сирење и кашкавали што е многу мал процент од огромниот руски пазар. Тоа значи дека немаме преголеми очекувања на краток рок“.
Потенцијал: Многу поголем отколку искористениот
www.kapital.mk
Капитал број 836 06.11.2015
42
прехранбена индустрија
П Љупчо Велески Витаминка
азарите во регионот, а особено поранешните југословенските пазари се традиционално поврзани едни со други. Сепак, покрај декларативни и протоколарни изјави, потребни се и конкретни практични мерки. Потребно е отстранување на сите трговски бариери што ја кочат регионалната трговија, додека истовремено големите европски трговски синџири непречено влегуваат во овој регион. Администрацијата со години ја отежнува нашата деловна комуникација и вештачки не прави неконкурентни.
си го прават своето и во таа насока треба да се насочи енергијата. Треба конечно сите да влеземе во Европска унија и да не се занимаваме со застарени граници. А ако тој процес се одлага да најдеме начин и без Европска Унија да го олесниме протокот на царините “, вели Абедин Мурати сопственик на Молика, Ројал Фрејзер Фуд и Прима центар од Тетово кој пластично и практично ни ја објасни целата ситуација и ни го долови моментот зошто регионалната соработка не е поголема.
Слично размислување како Мурати има и Љупчо Велески директор на извоз во компанијата Витаминка Прилеп која особено внимание посветува на регионалните пазари. „Пазарите во регионот, а особено поранешните југословенските пазари се традиционално поврзани едни со други. Сепак, покрај декларативни и протоколарни изјави, потребни се и конкретни практични мерки. Потребно е отстранување на сите трговски бариери што ја кочат регионалната трговија,
Бројки:
200%
e зголемен извозот на храна во последниве десет години
388
милиони евра инкасирала Македонија од извоз на храна во 2014 година
54%
од извозот на храна е овошје и зеленчук додека истовремено големите европски трговски синџири непречено влегуваат во овој регион. Администрацијата со години ја отежнува нашата деловна комуникација и вештачки не прави неконкурентни“ , вели Велески. nnn