Transport i logistika 2015

Page 1

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

специјален прилог

Транспорт и логистика

Каква е перспективата на логистичката индустрија во Македонија?

l Кои се најголемите играчи на пазарот за транспорт и логистик l Најголеми предизвици на македонските товарни превозници l 10 Совети за компаниите: Како најдобро, најлесно и најбрзо да извезете од Македонија? l Законски промени во транспортот и логистиката на кои што треба да внимаваат компаниите


Капитал број 835 30.10.2015

36

www.kapital.mk

транспорт и логистика

Транспортот и логистиката стануваат сè пов

Каква е перспективат на логистичката индустрија во Макед

Квалитетна логистика: Начин сериозно д


www.kapital.mk

Капитал број 835 30.10.2015

специјален прилог

и

важни бизниси

та

донија?

пишува

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Иако логистиката во Македонија долго време не беше сфаќана како исклучително важен бизнис, последниве години состојбата се подобрува. Со отворањето на пазарот, доаѓањето на странските компании и јакнење на домашните, се развива и логистичката пракса во земјава. Согласно анализите во кварталните извештаи, главен двигател на растот на БДП во вториот квартал од 2015 г. е извозот на стоки и услуги, којшто забележа раст од 7.4% на реална основа. Гледано од аспект на остварениот обем на сообраќајни услуги, во патниот сообраќај, во периодот јануари - јуни 2015 година превезени се 16,1 милиони тони стока што е за 13,0% повеќе во однос на истиот период од претходната година. Според познавачите растот на извозот е главно резултат на извозот на капацитетите во слободните економски зони, во услови на постепено закрепнување на надворешната побарувачка. Од сето ова профитира транспортно логистичкиот сектор што го потврдуваат и самите компании кои директно се инволвирани во овој бизнис. Според Благица Трпезановска, директорка на меѓународната логистичка компанија Kuehne + Nagel во Македонија, навистина голема е користа од зголемувањето на извозот како за логистичките компании, така и за сите компании кои воопшто имаат потреба од транспорт на стока. „Во моментов, забележуваме тренд на зголемување на извозот, благодарение на новите странски инвестиции, особено од автомобилскиот сектор, од една страна, намалување на увозот од друга страна. Користа од зголемениот извоз, особено за корисниците на транспорт во увоз на стоки, а тука станува збор за македонските компании, е голем“. И претседателката на друштвото на шпедитери МАКАМ Транс Биљана Муратовска, има позитивни очекувања околу развојот на овој сектор на среднорочен план.

37

Логистиката како светски бизнис и професија на иднината сериозно напредува и во Македонија во последниве неколку години. Потребата од целосна, квалитетна и брза услуга особено во делот на новите извозници од делот на странските инвеститори ги донесе логистичките компании особено на цена. Сето ова не е случајно ако се знае дека квалитетниот транспорт и логистика може да ја намали крајната цена на чинењето на производот и до 25%. Сепак според светските истражувања состојбите сè уште не се идеални, па Македонија останува најлошо рангирана земја во регионот во поглед на квалитетот на логистиката. Според самите компании засиленото инвестирање во инфраструктура неминовно ќе ги подобри овие состојби. „Основен предуслов за подобрување на нашата конкурентност како превозници е заживување на целата економија на нашата држава и пошироко во Европа, со што ќе има многу поголем број на превози во извоз и увоз, намалување на празните возења што го прават неекономичен превозот на стока кој сега го вршиме, ограничен со мал број дозволи за и од трета земја и сл. Со заживување на новите странски инвестиции во Македонија, особено на оние во Кавадарци и Битола, во голема мера очекуваме да се подобри работата на голем број превозници кои вршат превоз како јавен сервис“.

да ги намалите вашите извозни трошоци


www.kapital.mk

Капитал број 835 30.10.2015

38

транспорт и логистика

С Емил Милев

управител на СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ

остојбата во делот на понудата на логистички услуги во Македонија во изминатите години континуирано се подобрува. Определени нови логистички капацитети се ставаат во функција на потребите на пазарната економија. Се повеќе домашните компании ја разбираат потребата од доверлив партнер во делот на транспортот и логистиката со цел побрза достава и пласман на сопствените производи и нивна тенденција е ваквиот однос да го унапредат. Се очекува продажбата преку интернет да добие поголемо значење, а логистиката во тој контекст ќе има примарна улога.

Ваквата состојба секако се одразува и на цените на чинење на транспортот кои според нашата теренска анализа во моментов се позначително опаднати. Сето ова Трпезановска го објаснува на следниов начин. „Од претходните години искуството ни покажа дека македонските компании се претежно увозно ориентирани, но тогаш транспортот беше една од повисоките ставки во калкулацијата на нивните производи. Во овој случај, при зголемен извоз, цените на транспортните услуги се во тенденција на опаѓање при увозот“.

В Благица Трпезановска директорка на Kuehne + Nagel, Македонија

Македонија лошо котира во регионот според квалитетот на логистиката

Сепак и покрај ваквите позитивни тенденции на теренот, не може да се занемари фактот дека Македонија во извештаите на Светска банка поврзани со квалитетот на логистиката е најлошо рангирана во регионот. Според последните достапни податоци за 2014 година земјава се наоѓа на 117 место од вкупно 160 рангирани држави. Зад нас од регионот нема буквално никој, а најблиски според рангирањето ни е Босна и Херцеговина на која се наоѓа

о моментов, забележуваме тренд на зголемување на извозот, благодарение на новите странски инвестиции, особено од автомобилскиот сектор, од една страна, намалување на увозот од друга страна. Бенефитот на зголемениот извоз, особено за корисниците на транспорт во увоз на стоки, а тука станува збор за македонските компании, е голем.

на 81 место, зад Црна Гора на 67, Србија на 63, Хрватска на 55, Бугарија на 47 и најдобро рангираната од регионот Турција на 30 место. Земјава е рангирана со просечна оценка 2,50 во категориите: царина, инфраструктура, интернационална достава, логистичка стабилност, следење на пратките и време на достава. Поконкретно најдобро рангирани сме во делот на временската рамка каде логистиката во земјава е оценета со 2,81, а најлошо во делот на царините со оцена 2,35. Колку за илустрација најдобро рангираната Германија во 2014 година

Кои се најголемите играчи на пазарот за транспорт и логистик

Д

евет компании од секторот Транспорт и логистика се наоѓаат на листата 200 најуспешни компании во Македонија за изминатата 2014 година. Убедливо најголема од нив е Нова Логистик од Кавадарци, компанијата со вкупни приходи од 28 милиони евра за 2014 година. Второрангирана е државната транспортно-логистичка компанија МЖ Транспорт, со промет од 21 милион евра. На листата уште можат да се најдат и ЕМША – ШПЕД од Неготино (20 милиони евра обрт), КИТ-ГО –Штип (19 милиони евра), Атлантик - Скопје ( 16 милиони евра), Марија Трејд Велес (15 милиони

евра) и компаниите Дени Интернационал, Мулти Шпед и Kuehne + Nagel со вкупен обрт помал од 15 милиони евра. Сепак она што е уште поочигледно забележливо е во делот на Топ 200 најпрофитабилни во 2014 година има само четири компании од делот на Транспортот и логистиката кои генерално се позиционирани под 140 место и ниедна од нив не пријавила поголем профит од еден милион евра. На ова листа се наоѓаат компаниите Лотка од Скопје, Трго Фер од Велес, ЕМША- ШПЕД од Неготино и Лемекс Транспорт од Гевгелија кои пријавиле слично салдо на профит од приближно 700.000 евра годишно.

НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА Ранг 2014 64 94 96 110 133 144 173 185 195

ЕМБС

ИМЕ НА КОМПАНИЈА

ГРАД

6314457 6252826 4650999 4333314 5434017 4545303 4408802 5536057 5121574

НОВА ЛОГИСТИК МЖ Транспорт ЕМША - ШПЕД КИТ-ГО АТЛАНТИК МАРИЈА ТРЕИД ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ МУЛТИ ШПЕД КИНЕ И НАГЕЛ

Кавадарци Скопје Неготино Штип Скопје Велес Скопје Скопје Скопје

Приходи 2014 (евра) 27,914,395 21,206,509 20,677,485 19,205,344 16,875,341 15,492,220 12,039,380 11,236,166 10,956,158

Годишна промена (%) / -3.07% 9.12% 13.07% 39.70% 10.95% 27.31% 8.16% 41.84%

Профит (загуба) во 2014 20,761,782 (455,481,181) 43,563,930 33,480,055 15,767,395 423,792 82,765,509 33,553,267 45,207,021

Профит (загуба) во 2014 во евра 337,590 (7,406,198) 708,357 544,391 256,380 6,891 1,345,781 545,582 735,074

Профит (загуба) 2013 во евра (56) (8,328,266) 353,358 1,004,347 439,938 46,106 1,232,622 276,850 370,177

Очекувања: Дополнителен раст на поба


www.kapital.mk

Капитал број 835 30.10.2015

специјален прилог

Д Милорад Килибарда

Професор на Сообраќајниот факултет во Белград

енеска производите по своите карактеристики, дизајни, материјали и цени се сè послични. Нема голема разлика во однос на произведувач или марки, бидејќи сите користат слични материјали, технологии, дизајн и други перформанси. Во таа смисла комплетноста и квалитетот на логистичките услуги стануваат доминантен фактор на конкурентноста. Овој факт поставува многу строги барања пред логистичките компании и системи.

има просечна оценка повисока од 4. Ако се вратиме неколку години наназад Македонија според рангирањето во 2012 година се наоѓала на 99 место, а во 2007 на 90. Што несомнено значи дека сериозно назадува во оваа ставка. Од Стопанската комора на Македонија во оваа насока ни направија мапирање на клучните пречки за уште позабрзан развој на оваа индустрија. „Основните проблеми со коишто се среќаваат патните товарни превозници се особено: сè понагласеното опаѓање на обемот на стоковните превози, особено од Македонија кон странство; конкурентноста на странските превозници за превозите од нашата земја кон странство; ниските цени на услугата во кои, подолг период, не се содржани трошоците за амортизација; како и проблеми од административна природа (процедури на гранични премини и сл.) и инфраструктурната поврзаност на нашата земја со земјите од потесниот и поширокиот регион, кое што го забавува транспортниот циклус од и до крајните дестинации, зголемувајќи ги експлоатационите трошоци во работењето не само на превозниците, туку и на корисниците на услугите“. Трпезановска од Kuehne + Nagel пооптимистички додава дека новите инвестиции во инфраструкт урата значително ќе ја подобрат состојбата.

Годишна промена (%) / / 100.46% -45.80% -41.72% -85.05% 9.18% 97.07% 98.57%

Број на вработени 2014 9 1,174 72 264 14 86 235 45 19

Годишна промена 9 (87) 25 38 2 2 48 8 (1)

39

О

сновен предуслов за подобрување на нашата конкурентност и позиција е заживување на целокупното стопанство на нашата држава и пошироко во Европа, со што ќе има многу поголем број на превози во извоз и увоз, намалување на празните возења што го прават не економичен превозот на стока кој сега го вршиме, ограничен со мал број дозволи за и од Биљана Муратовска трета земја и сл. Со заживување на новите МАКАМ Транс странски инвестиции во Македонија особено на оние во Кавадарци и Битола, во голема мера очекуваме да се подобри работата на голем број превозници кои вршат превоз како јавен сервис.

„Секоја држава е потребно да инвестира во патната, како и во железничката инфраструктура. Во последниве години забележуваме раздвижување во овој сегмент, најавени и отпочнати се повеќе проекти за подобрување на патната мрежа, како автопатот Велес-Штип, Демир Капија - Смоквица и КичевоОхрид. Тоа ќе овозможи побрз проток на стока на патните коридори 8 и 10, како и осовременување на железничкиот т р ан спорт пр ек у влож ув ањ е во железничката патна мрежа“.

Транспортот може да ве направи и до 25% поконкурентни

Со примена на новите трендови на комплетна логистичка услуга (транспорт,

Бројки:

10-25%

Може да се намали цената на крајниот производ со користење на квалитетни логистички услуги

117

Место е рангирана Македонија во поглед на квалитетот на логистиката во извештајот на Светска банка

15%

Изнесува годишната стапка на раст на потребата за логистички експерти во развиените економии

складирање, претовар и дистрибуција) цената на вашиот краен производ може да се намали помеѓу 10 и 25% што автоматски ве прави многу поконкурентен пред вашите соперници на пазарот.

Логистиката како професија на иднината

30%

е годишната стапка на пораст на потребата за логистички кадри во пазарите во развој

С

о порастот на значењето на логистиката во секоја организација, расте значењето и атрактивноста на логистичките професии. Годишната стапка на раст на потребата за логистички експерти во развиените економии се движи помеѓу 10 и 15%. Во помалку развиените стопанства со недостаток на овие кадри, таа стапка се движи и до 30% годишно, поради што оправдано се смета дека логистиката е професија на иднината. Според познавачите на состојбите тоа јасно ги потврдуваат и искуствата на земјата на ЕУ и регионот, во кои логистичките менаџери се особено барани и ценети и како просечно на вака работа чекаат помалку од шест месеци.

арувачката за услугите на овој сектор


www.kapital.mk

Капитал број 835 30.10.2015

40

транспорт и логистика

Токму поради сето ова на примена на современите начини на транспорт и логистика денеска во светот се одлучуваа се поголем број на компании, не сакајќи да го оптоваруваат работењето и да трошат време на организација и договарање на транспортот со превозниците и да се носат со одговорноста која од тоа произлегува. Ваква комплетна услуга веќе неколку години се нуди и во Македонија преку современите логистички компании кои пружат поврзување на домашните и странските логистички оператори. Меѓународните истражувања покажуваат дека трошоците на логистика (пакување, транспорт, складирање, претовар, залихи и др.) Во цената на производите учествуваат со околу 10% во земјите на ЕУ, а на Балканот тоа достигнува и до 20 или 25%. Професорот од Сообраќајниот факултет во Белград Милорад Килибарда во изјава за српските медиуми вели дека ваквите бројки се последица на недоволната развиеност на логистичката инфраструктура и капацитети. „Балканските искуства покажуваат дека логистиката долго не била сфатена и прифатена на правиот начин. Последица на тоа се високите трошоци на работење, слабо користење на ресурсите, нискиот квалитет на услугите, недоволната конкурентност на нашите компании и стопанството на регионалните и

европските инвеститори“, наведува Килибарда. Според Килибарда на денешните пазари во буквална смисла конкурентската разлика се прави во однос на услугите на испорака и постпродажниот сервис. „Денеска производите по своите карактеристики, дизајни, материјали и цени се се послични. Нема голема разлика во однос на произведувач или марки, бидејќи сите користат слични материјали, технологии, дизајн и други перформанси. Во таа смисла комплетноста и квалитетот на логистичките услуги стануваат доминантен фактор на конкурентноста. Овој факт поставува многу строги барања пред логистичките компании и системи“ „Основните проблеми со коишто се среќаваат патните товарни превозници се особено: сè понагласеното опаѓање на обемот на стоковните превози, особено од Македонија кон странство; конкурентноста на странските превозници за превозите од нашата земја кон странство; ниските цени на услугата во кои, подолг период, не се содржани трошоците за амортизација; како и проблеми од административна природа (процедури на гранични премини и сл.) и инфраструктурната поврзаност на нашата земја со земјите од потесниот и поширокиот регион, кое што го забавува транспортниот циклус од и до крајните дестинации, зголемувајќи ги експлоатационите трошоци во работењето не само на превозниците, туку и на корисниците на услугите“. nnn

Најголеми предизвици на македонските товарни превозници XX опаѓање на обемот на стоковите превози, особено од Македонија кон странство XX големата конкуренција од странските превозници XX ниски вени на услугата во кои не се содржани трошоците за амортизација XX административни пречки (процедури на гранични премини и сл.) XX лоша инфрастрктурна поврзаност на Македонија со регионот (Според Стопанската комора на Македонија)

Транспортниот сектор во Македонија

16,1

милиони тони стока се превезени во патниот сообраќај, во периодот јануари-јуни 2015 година што е за 13,0% повеќе во однос на истиот период од претходната година.

18,1%

е намален превозен пат на стоката од отпремната до крајната дестинација

60%

Е учеството на превозот за сопствени потреби во структурата на остварениот физички обем на превоз во анализираниот период,

84,7%.

Е остварениот учинок на превозот за трети лица, во вкупниот учинок во патниот товарен сообраќај

28%

е намалена должината на просечниот превозен пат на стоката, од 538 километри на 386 километри, што негативно се одрази и врз финансискиот учинок на вкупната дејност.

18,5%

Е зголемен обемот на превезени патници (3,99 милиони патници) во првото полугодие на 2015 година

81,2%

Е зголемен учинокот на меѓународниот превоз во патничкиот дел

35,3%,

Е зголемен вкупниот учинок учинокот на автобускиот транспорт изразен преку остварени патнички километри во овој период Извор: Стопанска Комора на Македонија


www.kapital.mk

Капитал број 835 30.10.2015

специјален прилог

41

Квенбергер Логистик отвoра модерен логистички центар во Македонија

К

Квенбергер Логистик Македонија дооел е дел од Австрискиот логистички провајдер Квенбергер Логистик кој во рамките на групацијата има 2600 вработени, 89 филјали кои се наоѓаат во 18 држави. Филијалата во Македонија е една од водечките компании на Македонскиот пазар во делот на изработка и имплементација на персонализирани логистички решенија. Со 20 години успешно деловно работење во државата, искусен тим од 65 вработени и најсовремена транспортна флота од 170 возила, компанијата во овој момент преставува синоним за неограничени логистички решенија. Како одговор на современите потреби и предизвици во рамките на логистиката, кон почетокот на наредната година Квенбергер Логистик ќе го отвори новиот логистички центар кој се простира на површина од 24.000 м/2 и е позициониран во близина на аеродромот Александар Велики Скопје веднаш до автопатот во мултифункционалната индустриска зона Чојлија - Петровец. Изградената хала е 8000 м/2 со висина од 12 метри. Според г-дин Трајан Ангелов, управител на Квенбергер Логистик Македонија, халата е изградена со челична конструкција и огноотпорни панели, а во тек е инсталирање на високо сеизмички регален систем за лагерирање на палети во 6 нивоа и максимален капацитет од 12000 еуропалети. Истоварот и утоварот на робата ќе се врши преку 14 влезни врати со најмодерни мобилни рампи прилагодливи за повеќе видови на возила. Внатрешната осветленост е со лед светилки кои овозможуваат осветленост на просторот од 250 лукса. Подната бетонска површина е изведена од челични влакна со висок квалитет која овозможува беспрекорна употреба на најмодерни електрични виљушкари. Повеќе реномирани европски брендови од малопродажната, телекомуникациската и автомобилската индустрија веќе ја

Трајан Ангелов

управител на Квенбергер Логистик Македонија

препознаа нашата конкурентност и донесоа одлука за преселување и аутсорцирање на своите логистички активности во нашиот современ логистички центар кој веќе е исполнет повеке од две третини од вкупниот капацитет. „Со еден ваков модерен логистички центар во кој ќе бидат интегрирани царински, слободен затворен и отворен склад се поставуваат повисоки стандарди во логистиката во Македонија кои овозможуваат да понудиме оптимални решенија на нашите клиенти од малопродажната и автомобилската индустрија и со тоа да ја зголемеме конкурентата предност на логистичкиот пазар во Македонија во однос на другите земји од регионот“ - изјави г-дин Трајан Ангелов. Покрај примената на веќе постоечките перонализирани софтверски решенија, во втората половина од годината се изврши и комплетна имплементација на најсовремени ИТ решенија од областа на ERP – SAP, CRM – Oracle Siebel и WMS/TMS – Lbase кои овозможуваат поедноставување и на најсложените логистички операции. Во овој фокус да напомениме дека во тек е и развивање на пилот проект за примена на РФИД технологија (радио фрекфентна идентификација) за одредени клиенти. Непосредната близина до аеродромот ни дава дополнителна можност да го развиваме и авионскиот транспорт кој е

многу значаен претежно за клиентите од автомобилската индустрија. Не можеме да бидеме успешни во тоа што го работиме доколку немаме успешни деловни односи со нашите клиенти. Потребите на клиентите за вработените во Квенбергер Логистик Македонија се секогаш на прво место. Во логистиката не постојат стандардизирани типови на услуги, кои можеме под исти услови да ги спроведуваме за различни клиенти со кои секојдневно соработуваме. Во тој контекст, флексибилноста е еден многу важен елемент, на кој мораме секојдневно да се осврнуваме, доколку сакаме да одговориме на потребите на компаниите. Причините се многубројни, од специфичните карактеристики на производот, до специфичните услови на деловното работење и индустријата во која оперираат. Динамиката, обртот и корпоративната култура, како и логистичките потреби се различни од клиент до клиент, но притоа ние секојдневно водиме грижа за различните барања преку дизајнирање соодветни решенија согласно нивните потреби. Новата локација ќе ни овозможи поедноставно и побрзо да одговориме на барањата на компаниите кои дистрибуираат роба на Македонскиот, Косовскиот и Албанскиот пазар што ни дава за право Македонската филијала на Квенбергер групацијата да ја декларираме и за регионален логистички провајдер. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 835 30.10.2015

42

транспорт и логистика

Законски промени во транспортот и логистиката на кои што треба Да внимаваат компаниите

п пишува

Дејан азески

dejan.azeski@kapital.mk

Последниве неколку години се извршени интензивни измени на законската регулатива од областа на транспортот и логистиката, и дел од проблемите со кои се соочуваат македонските превозници

„Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај, новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и одредбите од Законот за работното време“, се најактуелните промени на кои треба да внимава секој кој има потреба од транспорт и логистика. веќе се регулирани со соодветна правна рамка, како на пример проблемот со дивите превозници, аплицирањето за дозволи, полагање за лиценци и т.н. Сепак, има сегменти каде се уште постојат пречки, што го ограничуваат нивното егзистирање на пазарот. Тоа го потврдуваат и самите логистичари и транспортери. Според Емил Милев, управител на СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ пред се, главна виза за работа на компаниите се дозволите и затоа апелира Министерството за транспорт и врски преку активностите на мешовитите комисии за меѓународен патен транспорт, треба да се залага за либерализација на транспортот со што е можно повеќе земји. „Транспортот често е на мета на политички и економски блокади, каков што беше сега случајот со затварањето на границите во Србија, Хрватска, Унгарија, Австрија поради мигрантите. Имено, оваа година, неколку земји членки на ЕУ излегоа со нови транспортни ограничувања, визни ограничувања, потоа воведувањето на минимална плата, разни видови еко и други такси и зачестени

детални контроли на работното време на часовите за возење и одмор, барања возачите да ноќеваат во хотели, а не во своите возила, со што повремено или целосно го блокираат работењето на македонските патни транспортери, кои поради тоа стануваат неконкурентни на европскиот пазар“. Милев за нашите читатели направи и листа на законски измени на кои треба да внимаваат транспортерите и оние кои имаат потреба од транспорт и логистика. „Транспортерите треба да внимаваат на законските и подзаконските прописи, кои се од посебно значење за јавниот патен сообраќај во РМ, а особено измените и дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај, кој во 2014 и 2015 година претрпе неколку измени и дополнувања“. Милев на оваа листа ги додава и измените и дополнувањата на Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај, новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и одредбите од Законот за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, како и на одредбите кои се однесуваат на обврската за евиденција на работното на возачите, а и за преземањето на податоци од дигитален тахограф и обврската за нивно чување. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 835 30.10.2015

специјален прилог

43

10 Совети за компаниите:

Како најдобро, најлесно и најбрзо да извезете од Македонија? 1

6

Секогаш земајте ја во предвид репутацијата на земјата во која извезувате. Стереотипите можеби се невистините но бројките и извештаите на релевантните светски институции секако ќе ви дадат реална слика за вашата точка на интерес.

Барајте логистичка компанија која може да ви обезбеди комплетна услуга (транспорт, складирање, претовар и дистрибуција).

2

7

Инсистирајте на логистичка компанија која ја има применето Cargo 2000 процедура која го опишува комплетниот синџир на активности со точно дефинирани временски интервали на нивно извршување.

Инсистирајте на следливоста на вашиот транспорт. Секогаш имајте најнова и точна информација околу тоа каде се наоѓа вашата скапоцена роба во моментот.

3

8

Редовно следете ги законските промени со помош на услугите кои ги нудат самите логистички компании. Нема поголема грешка од тоа да го испратите вашиот транспорт во туѓа држава без претходно припремена комплетна документација.

Водете сметка за трошоците за транспорт но не штедете во однос на соодветниот логистички сервис или партнер. Таквата практика подоцна може да ја платите навистина многу многу скапо.

9

4

Имајте предвид дека редовната и брза испорака е огромен дел од сликата за вас и вашата компанија во очите на вашите клиенти.

Истражувајте повеќе околу историјата и релевантноста на компанијата со која сакате да го вршите вашиот транспорт. Вашите клиенти во странство нема да разберат доколку поради несериозна логистичка компанија вашиот транспорт не стигне на време.

5

Секогаш осигурувајте го извозот. Патиштата и во денешните најсовремени услови носат низа опасности кои би требало да се превенираат.

вашите пратки испраќајте ги 10 Секогаш пред време.

Имајте предвид дека Македонија е царински и инфраструктурно изолирана од останатите земји и непредвидени пречки секогаш може да излезат.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.