Zdravje april 2015

Page 1

специјален прилог - здравје

Пролетно чистење на организмот

l Како полесно

да се справите со пролетните

l Како вежбањето

го подобрува вашиотимунитет?


Капитал број 807 17.04.2015

48

www.kapital.mk

здравје

Разбудете се од зимскиот сон

Време е за пролетно чистење на вашиот организам Кардиоваскуларните болести, ракот, полицистичните јајници, неплодност, замастен црн дроб, камен, остеоартритис, мозочен удар, главоболка, деменција, апнеја, астма и депресија се само дел од болести поврзани со наталожените отрови во вашиот организам. По долгите празници и обемната и тешка исхрана, дозволете си пролетно чистење на вашиот организам. Ви откриваме зошто е важно тоа за вашето здравје и како најлесно да го подмладите вашиот организам и вашите органи

Истражувања: Речиси сите болести во развиените земји се р


И www.kapital.mk

Исто како што на нашето тело му треба редовно чистење и туширање, за целосно здравје на нашиот организам потребно е чистење и обновување и на нашите внатрешни органи кои секојдневно се соочени и се на удар на разно разни отровни честички, токсични агенси кои се насекаде околу нас. Во храната што ја јадеме, во воздухот кој го дишеме, во средства за чистење на домаќинство што ги употребуваме, во електронските уреди кои ги користиме на дневна основа... Токсични слободни радикали се создаваат и во самото тело. Стресот, емоционалните нарушувања, анксиозноста и негативни емоции, сите тие создаваат слободни радикали исто така. Да се живее без токсини е практично невозможно, па токму затоа и нашето тело има изградено механизми за самостојно да се справи со токсичните преоптоварувања. Плачењето, потењето, уринирањето и дефекацијате се природни начини преку кои нашето тело се ослободува од отровите. Но, тоа не е доволно. Со оглед на тоа дека токсините се дел од нашиот секојдневен живот, и се создаваат во нашиот организам и одвнатре и од надвор, се чини дека тие се составен дел од нашето живеење и дополнителни мерки за да се справиме со нив не се потребни. Ова, делумно, е точно. Иако изложеноста на слободни радикали е составен дел од животот, сепак, преопоторувањето на организмот со хемикалии и пестициди кои ги има во нашата секојдневна храна и средината во која живееме, како и зголемување на нивото на стрес во нашето општество, нашето тело потешко ги совладува токсините или отровите со кои е соочено и има потреба од дополнителна помош.

Зошто е потребно да се прочистиме?

Речиси сите болести во развиените земји се резултат на зголемената токсична акумулација во телото, покажуваат истражувањата. Често пати токсини се врзуваат за сексуалните хормони или тироидните хормони кои го забавуваат метаболизмот, предизвикувајќи зголемување на телесната тежина. Покрај тоа, токсини се таложат во масните клетки,

Капитал број 807 17.04.2015

специјален прилог

49

Што е жубуркање со масло?

М

етодот на жубуркање со масло датира од Индија пред илјадници години, а прв пат во САД е презентиран во почетокот на 1990-тите од страна на д-р Ф.Karach, кој овој метод го смета за успех во својата медицинска пракса. Станува збор за жубуркање на масло во усната празнина, кратко време од 10-тина минути секое утро, со што се елиминираат токсичните материи од телото, а жубуркањето доведува до зголемување на имунитетот, што значи дека телото добива способност самостојно да се справи со некое жариште, без да користи скапи и често неефикасни лекови. Жубуркањето, според Докторот, е решение за справување со тромбоза, артритис, астма, парализа, чир на желудникот, женски болести, инфекции како и секојдневните проблеми меѓу кои и што исто така, придонесува за вишокот тежина. Кардиоваскуларните болести, ракот, полицистичните јајници, неплодност, замастен црн дроб, камен, остеоартритис, мозочен удар, главоболка, деменција, апнеја, астма и депресија се само дел од болести поврзани со наталожените токсини во организмот. Бидејќи отровите влијаат на структурата и функцијата на клетките, тие предизвикуваат огромен број на здравствени проблеми. Хроничен замор, фибромиалгија, автоимуни заболувања како што се мултиплекс склероза и лупус, мигрена, предвремено стареење, дигестивни проблеми, подуеност, кожни заболувања, алергии на храна. Се се тоа болести поврзани со натрупаните отрови во нашето тело. Оттука, детоксикацијата е многу важна затоа што буквално може да ги промени симптомите на болеста и да го промени вашиот живот. Постојат многу различни видови на детоксикација па затоа најважно е да го најдете тој начин кој најдобро

главоболка, забоболка и бронхитис. Според него овој метод е одличен за тумори, грчеви и нервни болести, воспаление на мозокот и разни крвни заболувања. Сепак, Докторот предупредува дека секое масло не треба да се жубурка во устата. Најдобро е жубуркање со ладно цедено сончогледово масло и ладно цедено масло од сусам.

Како да жубуркате? 1. Ставете 1-2 супени лажичи ладно цедено сончогледово масло во устата. 2. Жубуркајте 10 минути. 3. Исфрлете го маслото во ВЦ школка. Не ја голтајте смесата. 4. Исплакнете ја убаво усната празнина со топла вода. 5. Измијте ја усната празнина со паста и четка за заби. функционира за вас. Црниот дроб, тенкото црево, бубрезите и дебелото црево се главните органи вклучени во системот за детоксикација на телото. Сепак, при чистење на организмот најважно е прво да се исчистат бубрезите и дебелото црево, бидејќи овие два органи се одговорни за исфрлање на токсичниот отпад надвор од телото. Ако тие не се прочистени, не можете да го прочистите организмот, напротив може само да ги зголемете токсините во вашето тело оти нема начин како тие да бидат исфрлени. Билните формули се особено добри за чистење на бубрезите. Хидротерапија пак е одличен начин за чистење на дебелото црвео.

Имунизирајте се!

Освен пролетното чистење на организмот, она што е важно да го направите во овој период од годината е и да го подобрите вашиот имунитет. После долгиот период на врнежливо и ладно време кое вообичаено бара потешка и пообемна исхрана, време

резултат на зголемената токсична акумулација во телото


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

50

здравје

е да се свртите кон свежото овошје и зеленчук карактеристични за пролетта, и да му помогнете на организмот да го зголеми имунитет и со тоа подобро да функционира. Секако, најдобар начин да се осигурите дека вашето тело и имунитет се во одлична состојба е доколку во вашата чинија искомбинирате различни бои на овошје и зеленчук и доколку пиете 8 до 10 чаши вода на ден. Сепак, постојат и бројни природни продукти кои значајно може да ви помогнат да го подобрите вашето општо здравје и да го зголемете вашиот имунитет.

1.

Јогурт

Пробиотиците кои се наоѓаат во јогуртот, се здрави бактерии кои ќе го чуваат вашиот систем од создавање на бактерии кои создаваат болести. Едно истражување на Универзитетот во Виена во Австрија покажа дека дневното користење на 200 грама јогурт дневно се доволни за да ви го подобрат имунитетот. Во 80 дневната Шведска студија на 181 вработен во фабрика, се заклучува дека тие што пијат дневно јогурт или сличен производи земале 33% помалку денови за боледување отколку оние кои не пиеле јогурт. Оптималната дневна доза која ја препорачуваат лекарите е 170 грама јогурт.

Како да направите детоксикација?

И

ако навидум детокасикацијата звучи застрашувачки, процес кој тешко кој може да се издржи (ако се следат процесите кои бараат 10-30 дена исхрана базирана само на џусови од природно овошје и зеленчук), сепак постојат начини како полесно да го направите тоа. Некои од техниките кои ги препорачуваат лекарите се следните: XX Дозволете си третман во соба на пареа или сауна XX Вежбајте јога или скокајте јаже XX Пијте чаеви или природни џусови XX Јадете свежо овошје и зеленчук XX Еден ден во неделата не консумирајте месо XX Направете акупунктура XX Дозволете си третман со терапевтска глина

2.

Овес и јачмен

Овие продукти содржат бетаглукан(beta- glucan) тип на влакна со антимикрби и антиоксидантни потенцијали. Кога се јадат овие продукти помала е шансата да се добие настинка, херпес, дури и антракс кај животните, додека кај луѓето, овие продукти го зголемуваат имунитетот, го забрзуваат процесот на заздравување на раните и им помагаат на атнибиотиците да делуваат

поефикасно. Лекарите препорачуваат земање на овие продукти барем еднаш дневно.

3.

Лук

Лукот содржи активна состојка алицин (allicin) која се бори со инфекции и бак терии. Британски истражувачи на 146 луѓе им давале или екстракт од лук или друг суплемент за пласибо ефект 12 недели. Две третини од оние што земале лук имале помалку


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

51

13

природни продукти кои ги препорачува познатиот Д-р Оз:

1. Ариш 2. Масло од оригано 3. Морски плодови 4. Зелка, брокула, крставица 5. Авокадо 6. Ѓумбир 7. Рибизла 8. Овес 9. Капини 10.Семки од тиква 11.Жалфија 12.Јајца 13.Печурки

веројатност да фатат настинка. Други истражувања сугерираат дека љубителите на лук кој јадат повеќе од 6 парченца лук неделно имаат 30% помалку шанси да добијат рак на дебелото црево и 50% помалку шанси да добијат рак на стомакот. Оптималната доза која се пропорачува е две парченца лук дневно или пак неколку пати неделно да користите мелен лук во јадењето што го готвите.

4.

Школки и морски плодови

Селенот, кој се содржи во големи количини во морските плодови како школките, ракчињата и другите морски плодови им помагаат на белите крвни клетки да произведуваат протеини кои помагаат да се исчистат настинките од телото. Тие исто така се богати со омега три глицериди, кои го намалуваат воспалението, го помагаат движењето на кислородот и ги штитат белите дробови од настинки и респираторни инфекции.

5.

Пилешка супа

Студиите покажуваат дека без разлика кој бренд на пилешка супа ќе го земете, таа ќе ви помогне да го блокирате ширењето на воспалените бели крвни клетки- важно откритие, бидејќи симптомите од настинките се одговор на акумулација на клетки во дишните патишта. Доколку додадете други зачини при готвењето, како на пример лук или кромид, со тоа помагате да се подобри значително вашиот имун систем. Препорачаната дневна доза е една чинија кога сте изнемоштени или не се чувствувате добро.

6.

Чај

Луѓето кои пијат 5 шолји чај на ден или црн чај две недели имаат 10 пати подобар систем кој се бори со вируси отколку оние што не пијат. Оптималната доза која се препорачува е неколку шолји дневно. За да добиете пет пати повеќе антиоксиданси од кесичките од чај, подигнете ги и спуштете ги кесичките неколку пати додека се варат во вода.

7.

Говедско месо

Цинк е најчестиот елемент кој најмалку го внесуваме во нашиот организам преку исхрана. Се поголем е бројот на вегетаријанците или луѓе кои не консумираат говедско месо. Цинкот е многу важен за развој на белите крвни клетки, тие ги зајакнуваат клетките од имуниот систем кој ги препознаваат и уништуваат лошите бактерии, вируси кои го напаѓаат организмот. 100 грама говедско месо обезбедува околу 30% од дневната препорачана доза за цинк. Доколку не сте обожавател на говедско месо, тогаш одлучете се за богатите со цинк школки, свинско месо, јогурт или млеко.

8.

Сладок компир

Можеби кога помислувате на вашиот имун систем никогаш не ви паѓа на памет грижата за кожата. Но токму таа служи како прва борбена линија која се бори со бактериите, вирусот и другите несакани болести. За да бидете силни и здрави, на вашата кожа и е потребен витамин А кој игра огромна улога во продуцирање на спојувачкото ткиво, што е клучна компонента за кожата. Еден од најдобрите начини да добиете витамин А е преку храна кој содржи бета каротин, како што е слаткиот компир. Оптималната доза е пола шолја на ваков компир, кој има само 170 калории но 40% од потребната дневна доза на витамин А. Ако барата храна богата со бета каротин тогаш консумирајте и портокали, моркови и тиква.

9.

Печурки

Со векови, луѓето во светот се одлучуваат за печурки кога сакаат да го подобрат својот имунитет. Современите истражувачи сега веќе знаат зошто е тоа така. Студиите покажуваат дека печурките ја зголемуваат продуктивност и активноста на белите крвни клетки, на тој начин што ги прават по агресивни. Тоа е добро кога имате инфекција. Оптималната доза што ја препорачуваат лекарите е 10 до 30 грама неколку пати дневно за максимални резултати за подобрување на имунитетот. Додадете ги како сос за вашата паста или пак додадете ги во вашата пица. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

52

здравје

Секој трет Македонец се справува со некаков вид алергија

Како полесно да се справите со пролетните алергии?

П

Пролет е време од годината за сезонските алергии. За некои, новите цветови на дрвјата будат чувство на среќа и радост, претставуваат магична слика која ги мами на дневни прошетки во природата, но за алергичните на полен кој го содржат новите штотуку расцветени цветови, овој период претставува вистински кошмар. Кај некој алергиите се манифестираат преку солзење од очите, кај други со шмркање, трети пак само киваат. Има и такви кај кои симптомите се позагрижувачки. Иако не постои магичен лек за пролетните алергии, постојат голем број на начини да се справите со нив, од природни лекови па се до разно разни медицински решенија. Токму поради тоа, Капитал разговараше со врвните пулмолози во земјава од кои

Иако не постои магичен лек за пролетните алергии, постојат голем број на начини да се справите со нив, од природни лекови па се до разно разни медицински решенија. Токму поради тоа, Капитал разговараше со врвните пулмолози во земјава од кои побара совети како оваа пролет полесно да се справите со досадните алергии. побара совети како оваа пролет полесно да се справите со досадните алергии. Тие посочуваат дека состојбата со сезонските алергии во земјава е алармантна и во постојан раст. Ако пред само педесетина години секој 20-ти жител имаше некое алергиско заболување, денеска секој трет жител има алергија. Токму сезонските алергии го пратат овој тренд. Во нашава земја последниве години се повеќе се алармира во пошироката јавност за алергиите, бидејќи сме во алергиска епидемија која има тенденција да премине и во пандемија.

Како да препознаете дали имате алергија?

Д-р Камелија Бушлетиќ, специјалист пулмолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, за Капитал објаснува како може да препознаете дали имате алергија или не. „Како што и самото име кажува "сезонска алергија" значи дека алергијата се јавува во

определен дел од годината кога во воздухот се присутни алергените односно материите кои го активираат нашиот одбранбен систем и тој бурно реагира со алергиска воспалителна реакција. Реакцијата може да се јави на слузокожата на носот и грлото, долните дишни патишта или очите, на кожата или на повеќе места истовремено, па симптомите ќе зависат од тоа каде се случува алергиската реакција. Ако е тоа во носот тогаш симптомите ќе бидат кивање,течење, затнување и чешање на носот. Доколку е во пределот на очите тогаш тие ќе се зацрвенат, ќе солзат, ќе чешаат, глоцкаат дури и ќе не болат и може да ни пречи сончевата светлост. И кожата може да реагира на алергијата со зацрвенување, чувство на боцкање или пецкање особено на оние делови кои не се покриени со облека. Може да не чеша и да се појават симптоми како главоболка, вознемиреност, намелен слух ,изгубен мирис дури и подраматични случувања како чувство на чешање и стегање во грлото,вртоглавица

Пулмолози: Ние сме во алергиска епидемија која може да премине во пандемија



www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

54

здравје

Најчести алергени: XX Полен XX Храна како јајца, соја, млеко, кикирики XX Лекови XX Животни како мачка, куче, глувци XX Убоди од инсекти и губење на гласот кое се јавува само во сезоната на присуство на дадениот алерген во воздухот. Ако алергиската реакција се случува на слузокожата на носот тогаш велиме дека имаме алергиски ринитис, алергиско воспалување на носот. Ако алергенот е било кој полен(трева, корови, дрва) тогаш препознатлив е симптомот на поленско кивање. Пациентите киваат како во напад по 5,6 пати па дури и 10 пати и непријатно се чувствуваат во својата секојдневна околина. Понекогаш заедно со пропратните симптоми може да биде причина за нивна социјална изолација, а последица на тоа да биде и појава на депресивна состојба“, објаснува таа.

Како се лекува?

Лекувањето, вели д-р Бушлетиќ, се одвива во два правци, едниот е намалување или исчезнување на симптомите додека се зема лекот против алергија (носни кортикостероиди, антихистаминици, антилеукотриени) и се избегнува контактот со алергенот. Вториот начин е со имунотерапијата која единствено делува на самата болест и доведува до нејзино исчезнување на одреден временски период. Исто така таа спречува алергијата да се шири и на други алергени, како и појава на алергиска астма. Имунотерапијата не го намалува ниту зголемува нашиот имунитет кон други болести, таа исклучиво делува на алергијата. „Алергијата треба да не загрижи или да не освести за нејзиното присуство, бидејќи колку порано ја утврдиме толку помалку ќе се измачува пациентот, помалку ќе страда и нема да се дозволи да доаѓањето на пролетта биде пекол туку уживање во нејзините убавини. Сезонскиот ринитис е најчеста причина за отсуство од работа и училиште, болест која колку и да изгледа несериозна во споредба со другите заболувања знае да го наруши нормалното живеење и на децата и на возрасните“, објаснува д-р Бушлетиќ.

Како да ги превенираме алергиите?

Превентива има барем во оној дел кој зависи директно од самите нас, а тоа значело дека треба да се трудиме да не ја загадуваме животната средина, да се бориме за чист воздух, да консумираме

Алергии кај деца - Како да се грижите за најмалите?

С

о доаѓањето на пролетта, се појавуваат и првите симптоми на алергија кај најмалите. Педијатарите –пулмоалерголози велат дека загрижува фактот што во последните години драстично е намалена возрасната граница за почнување на респираторни потешкотии предизвикани од полените во воздухот. Ако пред десетина години поленските алергени беа предизвикувачи на здравствени проблеми кај деца на возраст од 8 до 9 години, во последниве години границата се намали, и сега на удар се и деца на возраст под 4 години. „Третманот е насочен кон разрешување на посочените потешкотии со внес на лекови кои имаат моќ да ја намалуваат алергенско- воспалителната компонента. Но, прво треба да се открие причинителот, односно алергенот што ја предизвикува клиничката слика. Ова се прави со помош на кожни-алерголошки тестови за инхалирачките алергени. Терапијата бара упорност, подолго и здрава храна, многу свежо овошје и зеленчук, риба и јаткасти производи, да живееме подалеку од големите раскрсници, рационално да ги користиме моторните возила. Внимание треба да обрнат и трудниците, на кои им се забранува пушење во периодот на бременоста бидејќи тоа го зголемува ризикот нашето поколение и тоа до трето колено да има повеќе склоност спрема некој тип на алергија. Лекарите исто така советуваат да им дозволуваме на нашите деца да чуваат домашни миленичиња и децата да не ги чуваме под стаклено ѕвоно додека растат, да не биде се стерилно и дезинфицирано.

редовно користење на пропишаните лекови. Третманот подразбира и придржување до нашите совети : пократок престој на отворено меѓу 12 и 20 часот. Важна е и негата на телото, носење шапка и очила, затворање на прозорците од автомобилите додека се возиме, затворање на вратите и прозорците од нашите домови во период на ветровити часови од денот. Децата алергични на полен не треба да се чуваат затворени дома бидејќи во спротивно неговиот организам ќе доживее одредени зачестени проблеми кога ќе тргне во училиште при постојан контакт со овој алерген. Без разлика дали детето е алергично на полен или не, тоа не смее да се држи затворено во домот. Животот треба да тече, а детето треба да игра надвор, во секоја сезона од годината“, објасни за Капитал, Проф. д-р Гордана МаческаБаџакова, педијатар-пулмоалерголог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ Почуствителни на алергиите се луѓето кои имаат член во семејството кој претходно бил алергичен. Исто така влијание имаат и надворешните фактори (лоша исхрана со недоволно внесување на овошје,зеленчук, риба, незаситени масни киселини, живеење на места каде нема доволно сончева светлина, луѓе кои живеат во големите градови особено во нејзините централни подрачја). Денеска се почесто сите ние сме изложени и загрозени од алергиите поради големиот економски развој и индустријализација, но и желбата да бидеме дел од современиот свет и современиот начин на живеење. nnn

Алергии: Сезонскиот ринитис е најчеста причина за отсуство од работа


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

специјален прилог

55

Првата приватна општа болница прославува деценија јубилеј

10 години "Ре-Медика"

П

Првата приватна општа болница „РеМедика“, пред точно 10 години, ја отвори вратата за добро здравје, со главна мисија да испорачува квалитетни здравствени услуги, не само за граѓаните на нашата држава, туку и пошироко. Многу вложен труд, многу успешни приказни... Бројката од повеќе 120.000 пациенти е само потврда за довербата која тие ни ја дадоа при нивниот избор за најважното во животот -здравјето. Секојдневните анкетни листови кои ги пополнуваат нашите пациенти, грижливо прочитани и анализарани, ни ја посочија и максимата која е слоган за нашата роденденска прослава: „ За Ре-Медика, прашај пријател. Цениме дека оваа порака ни ја подарија нашите пациенти, што нам ни покажува дека сме препознаени, потврдени, препорачани. Задоволството на пациентите е нашата

За една деценија постоење во болницата се родени 6.000 бебиња, направени 370.974 амбулантски прегледи,12.938 гинеколошки интервенции,11.904 хируршки интервенции. Во овој период се направени 17.423 рентген снимања и 8.285 снимања со компјутерски томограф, информираат од првата приватна општа болница „Ре- Медика“

најголема награда, што ни дава елан да се насочиме кон идните успеси“, изјави Елица Јорданова, директорка на болницата. За една деценија постоење во болницата се родени 6.000 бебиња, направени се 370.974 амбулантски прегледи,12.938 гинеколошки интервенции,11.904 хируршки интервенции. Во овој период се направени 17.423 рентген снимања и 8.285 снимања со компјутерски томограф, информираше медицинскиот директор на болницата, проф. д-р Андреја Арсовски. „Целта ни е да ги следиме и етаблираме сите нови методи кои донесуваат прогрес во решавањето на проблемите со кои секојдневно се соочуваат сите граѓани кои имаат потреба од медицинска услуга. Доследно ги следиме сите нивни

потреби, напредувајќи и имплементирајќи современи методи, работејќи со високософистицирана опрема и секако најважното, медицинскиот специјализиран кадар кој е високо професионален. Кај нас индивидуален е пристапот, негата и лекувањето кон секој пациент. Сето ова не прави посветени, квалитетни и професионални, и ни овозможува да продолжиме да чекориме по вистинска патека,за добро здарвје“, вели проф. д-р Арсовски. Традиционално по повод роденденот на болницата, вработените во болницата, и оваа година, во духот на хуманоста, даруваат крв. Kрводарителската акција се случува во просториите на Ре-медика во соработка со Црвен Крст на град Скопје/Црвен крст Газа Баба и Институтот за трансфузиона медицина. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

56

здравје

А

Ако вежбате редовно, постои добра шанса вие да му помогнете на вашиот организам да биде во добра форма и да има одличен имун систем. Всушност, последните студии покажуваат дека ако вежбате само неколку пати неделно, вие можете значајно да го намалите бројот на настинки кои може да ги добиете во текот на годината. Покрај тоа што вежбите ве одржуваат во форма и ви помагаат да бидете поздрави, вежбањето ќе ви помогне да го подобрите имуниот систем и да му помогнете на вашето тело да се бори со лошите болести. Иако докторите се уште ја истражуваат врската меѓу имуниот систем и вежбањето, сепак открија некои едноставни вистини кои влијаат на тоа како вежбањето може да ви помогне.

Како вежбањето го подобрува вашиот имунитет? Истражувањата покажуваат дека луѓето што вежбаат редовно земаат двојно помалку денoви боледување од оние што не вежбаат. Но, истовремено, погрешниот начин на вежбање може и да го ослаби вашиот имунитет. Прочитајте кои вежби се добри за вашето здравје и за вашиот имунитет Како вежбањето го подобрува вашиот имунитет?

Кога вежбате редовно, правите неколку работи кои му помагаат на вашето тело. Вашето срце станува поздраво и е во можност да пумпа повеќе крв низ вашето тело кога вежбате. Вашите дробови стануваат подобро опремени при справување со кислород и му помагате тој полесно да помине низ целото тело.

Вашите мускули исто така стануваат појаки. Ништо поразлично не е ниту со вашиот имун систем. Докторите докажаа дека вежбањето може да го подобри имунитетот на тој начин што помага во зголемување на клетките во вашето тело кои ги напаѓаат бактериите. Овие клетки многу побавно работат кај луѓето што не вежбаат. Ако вежбате, вашиот имунитет подобро ќе се справи со бактериите кои би можеле да

факт: Оние што вежбаат земаат двојно помалку дена за боледување



www.kapital.mk

Капитал број 807 17.04.2015

58

здравје

ве направат болни. Иако зголемувањето на клетките трае само неколку часа по вежбањето, честопати тоа е доволно за да бидете поздрави отколку ако воопшто не вежбате.

Кога вежбањето може да му наштети на вашиот имунитет?

Иако вежбањето е добро за зајакнување на вашиот имунитет, сепак треба да бидете свесни на фактот дека исто така можете да му наштетите на имунитетот доколку не му дадете доволно одмор на вашето тело. Премногу вежбање може всушност да предизвика вашиот имунитет да ослабне. Трчањето маратон или премногу вежбање може да биде причина поради која се чувствувате лошо и слабо. Со цел да го надминете ова, осигурајте се дека доволно го одмарате вашето тело. Вистана е дека не треба да бидете супер атлетски граден човек за да го подобрите имунитетот преку вежбање. Се што треба да направите е да пешачите барем половина час дневно или да најдете време да одите на фитнес неколку пати неделно. Преку забрзување на работата на клетките во имуниот систем кои се борат со бактериите, можете да станете поздрав за многу пократко време. Истражувањата покажуваат дека луѓето што вежбаат редовно земаат двојно помалку дена за боледување од оние што не вежбаат. nnn

5

лесни вежби кои ќе ви помогнат да бидеte поздрави: 1. Склекови 2. Пешачење 3. Трчање 4. Чучњеви 5. Стомачни


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.