Zdravje januari 2014

Page 1

10 Top vi vo ti a {to adin at e hra eba da saat tr gnuv izbe

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА МАГАЗИНОТ КАПИТАЛ

петок 24/01/2014 www.kapital.mk

...ЗдРАвЈЕ

Zo{to organskite proivodi treba da bidat na Va{eto meni?

SO NOVI PRAVIlNICI ]E SE PODObRuVA bEZbEDNOSTA I KVAlITETOT NA HRANATA PREPORAKI ZA ISHRANA NA lICA SO ZGOlEmENI mASNOTII VO KRVTA

HRANATA KAKO PREVENCIJA OD GRIP I NASTINKA

VITAlIA ZDRAVO mENI ZA uSPE[EN RAbOTEN DEN



Специјален прилог | ЗДравје

Novini na makedonskiot pazar

So novi pravilnici ]e se podobruva bezbednosta i kvalitetot na hranata Со новите правила за рекламирање и означување на прехранбените производи, надлежните институции се обидуваат да го зголемат нивото на заштита на потрошувачите од заблуда, а со тоа и безбедноста и квалитетот на храната која се продава на македонскиот пазар. Свесноста и информираноста на потрошувачите за храната која ја купуваат исто така сериозно е зголемена поради што производителите и увозниците во иднина ќе имаат многу потешка работа! Верица Јорданова

М

verica.jordanova@kapital.mk

акедонските потрошувачи се во постојана дилема: дали храната која ја купуваат е безбедна по нивното здравје? Колку се точни декларациите на производителите и увозници на храна кои најчесто рекламираат “здрава“ и “природна“ храна? Ќе ни се повторат ли аферите од типот “афлатоксин“ и “пестициди“? Она што е најново во Македонија во насока на поголема заштита на здравјето на луѓето преку контрола на храната која се продава, е неодамнешното стапувањето на сила на Правилникот за здравствени и нутритивни тврдења кои можат да се користат во комерцијални цели. Овој правилник практично ги става во систем сите производители и увозници на храна кои тврдат дека се “без шеќер“, на пример, дека се “извор на растителни влакна“ или дека содржат калиум кој ги “зацврстува Вашите коски“. Овие тврдења и основни пораки во комерцијалните реклами за овие производители, сега мора да бидат проверени и докажани пред Агенцијата за храна и ветеринарство. Доколку не го поминат филтерот овде, истите нема да смеат да се продаваат и рекламираат со таков тип на порака. Директорот на Агенцијата за ветеринарство и храна, Дејан Рунтевски за “Капитал“ објаснува дека основната цел на новиот правилник е да се заштитат потрошувачите од евентуално неточни здравствени или нутритивни

24 јануари, 2014 |47


| Специјален прилог | ЗДравје тврдења, наведени на производот или во рекламата за истиот. “Треба да расчистиме дека станува збор за доброволни тврдења, но поентата е дека кога ќе решите да ги ставите на производот со цел да го разликувате од другите слични на пазарот, мора да докажате дека тие се точни“, објаснува Рунтевски и потенцира дека операторот со храна не треба да прави сопствено истражување, туку може да се повика на истражувањата кои се во регистарот на Европската агенција за безбедност на храна. Пример, здравственото тврдење дека калциумот помага во обновување и зацврстување на коските е веќе докажано. Кај нутритивните тврдења, за еден производ да наведете дека не содржи шеќер, производот не смее да содржи повеќе од 0,5 грама шеќери на 100 грама или во 100 милилитри. Ако ги надминува овие количини, производот не смее да го носи ова нутритивно тврдење. “Правилникот е донесен заради усогласување со европските стандарди, а и поради тоа во последно време бевме сведоци на

48| 24 јануари, 2014

Холанѓаните јадат најздрава храна во Европа

Н

ајхранлива и најздрава храна се јаде во Холандија. Истражувањето на меѓународната мрежа на хуманитарни организации за борба против гладта во светот Оксфам, кое опфати 125 земји, се оценува пристапот до храна и нејзиниот квалитет во однос на цената, процентот на потхранети деца, разновидноста на храната и пристапот до чиста вода, како и негативните последици за здравјето како дебелината и дијабетисот. Македонија е на 36-то место на листата, а од останатите земји од регионот Хрватска е на 30-то место, Словенија на 33-то, а Албанија на 42-то место. Интересно е што, со исклучок на Австралија, првите 20 места на листата ги заземаат европски земји. Освен Холандија, меѓу првите десет се и Франција, Швајцарија, Данска, Шведска, Австрија, Белгија, Ирска, Италија и Португалија. На дното на листата, се африканските земји, заедно со Лаос, Бангладеш, Пакистан и Индија. На последно 125-то место се наоѓа Чад. САД се на 21-то место, заедно со Јапонија, поради високата стапка на лица со прекумерна тежина и дијабетис, а Јапонија поради скапата храна. секакви реклами и тврдења за својствата на различни производи. Во некои случаи стануваше збор за класична измама на потрошувачите

и затоа со овој правилник сакаме да ставиме ред во рекламирањето и заштита на потрошувачите како крајна цел“, тврди Рунтевски. Досега во Агенцијата се пристигнати 320 барања. Веќе од следната недела на веб страницата на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе биде поставен регистар на здравствените тврдења каде ќе бидат внесени сите тврдења кои се пристигнати и дали истите се одобрени или одбиени. Тоа значи дека потрошувачите ќе можат да следат кои производи кои се рекламираат со здравствени тврдења на македонскиот пазар се одобрени, кои не. Одбиените компании ќе бидат известени и ќе имаат обврска да го отстранат тоа тврдење од амбалажата и од сите рекламни материјали. Тоа не значи дека тој производ се повлекува од употреба, туку дека нема да може да се продава со здравствено тврдење кое не е докажано. До почетокот на март сите доставени барања ќе бидат разгледани од страна Агенцијата и потрошувачите

ќе имаат појасна слика за тоа колку на терен реално се продаваат производи со означените здравствени тврдења. Од другите правилници донесени во последно време, чија цел е што повеќе да се гарантираат здрави и безбедни по човековото здравје, производи – се и Правилникот за материјали и производи кои доаѓаат во контакт со храната кој почна да важи кон крајот на минатата година, а се однесува на сите видови амбалажа во кои се пакува храната, заедно со Правилникот за максимално дозволените остатоци на пестициди во храната, кој што е многу обемен и комплексен правилник, кој веќе е на сила. “Правилниците генерално се почитуваат, има одредени отстапки, но проблемот е што станува збор за огромна материја која често се менува. Само во последните неколку години се донесени над 300 подзаконски акти, при што имплементацијата е најтешкиот процес. Сепак сме задоволни што имплементацијата од година во година се подобрува“, објаснува Рунтевски. Годинава ќе се промени и основниот Закон за безбедност на храна, донесен во 2010 година, во насока на заострување на казнената политика. Голем број од прекршоците за кои сега е предвидена казна во форма


Специјален прилог | ЗДравје За да се стави на некој производ тврдењето „не сОДРЖи ШеЌеРи“ тој производ не треба да содржи повеќе од 0.5 грама шеќери на 100 грама или во 100милилитри. За нутритивното тврдење „иЗвОР на РаститеЛни вЛакна“ да може да се стави на производ кој содржи најмалку 3 грама растителни влакна на 100 грама од производот. Правилникот за нутритивни и здравствени тврдења кои се користат во комерцијални цели при означување на храната, при нејзино презентирање и рекламирање, (донесен во мај 2013 година) стапи на сила од 1 јануари 2014 г. Овие правила се воведуваат со цел воспоставување на систем за правилна употреба на тврдењата и правилно информирање на потрошувачите. тврдењата не треба да бидат лажни, двосмислени или да ги доведуваат во заблуда потрошувачите. на едукација, наскоро ќе се пропишат казни. Во времето кога се носеше Законот бил оставен простор компаниите да се едуцираат, но тој период е поминат. Тоа значи дека во иднина правилата и критериумите за квалитетот на храната ќе стануваат се построги. Тоа, пак, не значи дека инциденти поврзани со храната ќе нема.

специјален прилог

Напротив. На тоа не се имуни ни најразвиените европски земји, кои во последно време ги тресат бројни афери особено со месото и неговото декларирање. “Точно е дека наидуваме на неправилности, отстрануваме храна од полиците, но не станува збор за толку сериозни случаи, како што беше оној со афлатоксинот, за

Дејан Рунтевски

За првпат оваа година планираме да направиме истражување за довербата на потрошувачите во храната која ја консумираат, затоа што крајната цел на сите наши напори е грижа за човековото здравје и обезбедување на безбедна и поквалитетна храна на пазарот

да се запали црвениот аларм“, тврди Рунтевски. Иако не се направени сериозни истражувања за довербата на потрошувачите, што се планира за прв пат да се направи годинава, во Агенцијата за храна сметаат дека потрошувачите имаат високо ниво на доверба во храната од домашно потекло. Она што фали,покрај

контролите од надлежните институции, е уште повисоко ниво на едукација на потрошувачите кои имаат обврска да ги читаат декларациите, да го гледаат рокот на употреба, да не купуваат млечни производи и месо кои не се соодветно чувани. Без зголемување на таа свесност, ниедна контрола нема да може да ги заштити од штетните последици врз здравјето.

31

ЈАНУАРИ 2014

ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА ПАЗАР НА СТРУЈА Од први април 2014 година ќе се либерализира македонскиот пазар на електрична енергија за 222 компании што имаат над 50 вработени и приходи од 10 милиони евра годишно. Со тоа почнува, веќе два пати, одложуваната втора фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија. ВО СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРИЛОГ НА КАПИТАЛ, ПРОЧИТАЈТЕ ШТО ПРАКТИЧНО ЌЕ ЗНАЧИ ОВАА ПРОМЕНА НА ПАЗАРОТ ЗА СТРУЈА ВО ЗЕМЈАВА:  Колку поевтина електрична енергија може да

очекуваат компаниите со либерализацијата на пазарот? Дали се реални најавите дека струјата може да биде поевтина и до 30% во однос на регулираната цена?  Каква ќе биде шемата на пазарот за електрична енергија, обврските и правата на потрошувачите од први април 2014 година?  Какви подготвки треба да направат компаниите што се квалификувани да се снабдуваат со електрична енергија на слободен пазар?  Кои се главните играчи на либерализираниот пазар за електрична енергија, односно најголемите трговци со струја во Македонија?  Какви се искуствата со либерализираниот пазар на електрична енергија во земјите од регионот? Повеќе информации во врска со прилогот и комерцијално претставување во истиот можете да добиете на е-маил boban.gjorgjievski@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ: БОБАН ЃОРЃИЕВСКИ

24 јануари, 2014 |49


| Специјален прилог | ЗДравје

SINDROMOT NA PRAZNICITE Празниците секогаш асоцираат на убаво расположение, а сеќавањата кои се задржуваат во помнењето се главно само пријатни спомени на празниците кои останале зад нас. Меѓутоа, повеќето луѓе во многу наврати во животот почувствувале стрес којшто е поврзан со празниците. Подготви:

д-р Владимир Ортаков невропсихијатар

Празничниот стрес може различно да се манифестира

Празничниот стрес може да се манифестира на различни начини – претпразнична напнатост или загриженост за тоа како ќе помине празникот, страв од патување, страв од социјализирање, конфликти врзани за изборот на начинот или местото каде што ќе се помине празникот, напнатост при средбите со поширокото семејство, напнатост пред завршување на празникот и сл.. Од психички аспект посебно е интересен „синдромот“ на годишнините. Тој најчесто се манифестира со раздразливост или депресија кои се јавуваат пред одредени годишнини, како што се сопствените родендени, семејните годишнини, новогодишните празници, годишнините од матурирање и сл. Симболиката на годишнините се крие во фактот што тие претставуваат индикатор за стареењето, но тој факт не е единствена причина за лошото расположение пред овие настани. Секако, изворот на таквото лошо расположение секогаш се наоѓа во несвесната психа, колку и да постои јасно рационално образложение за тоа. Генерално земено, луѓето различно го чувствуваат и манифестираат сопствениот стрес, а тоа пред с$ зависи од индивидуалните психолошки капацитети.

Стресот дополнително ја зголемува напнатоста

Луѓето работат исклучително напорно, стануваат изморени и исцрпени, и со нетрпение го чекаат одморот или празникот, за да земат здив. Неколкуте дена надвор од работното место им значат с$: одмор, забава, релаксација и закрепнување. Од тие причини, најчесто се стремиме совршено да го поминеме времето без работа и доколку нешто не ни оди по планот, тоа екстремно н$ вознемирува. Сепак, јасно е дека кога носиме со себе толку многу стрес во деновите кои треба да ни послужат за

50 | 24 јануари, 2014

одмор и релаксација, шансите да бидеме во стрес во текот на тие денови ни се исто така многу големи. Со самото тоа што претставуваат промена во однос на секојдневниот вообичаен ритам, празничните денови се стресни. Познато е дека секоја промена во животот го покачува стресот, без разлика дали зборуваме за несреќни или среќни настани и ситуации, за промени кон лошо или кон добро. Неизвесноста со себе неминовно носи стрес.

Како да се надмине празничниот стрес?

Во литературата можат да се пронајдат најразлични рецепти за надминување на празничниот стрес. Во достапната литература денес на луѓето им се нудат разни правила кои треба да ги следат, со цел да ја намалат сопствената напнатост во периодите на празниците и одморите.

Но, она што е најважно да се знае е дека не можеме да избегаме од фактот дека нашиот стрес е секогаш резултат на нашите сопствени фрустрации, кои потекнуваат од нашите лични внатрешни неразрешени стравови, кои со себе ги носиме уште од најраното детство. Од таму, празничниот стрес е само варијација на стресот кој го манифестираме на сличен начин, но во различни други прилики. За утеха, не постојат апсолутно психолошки интегрирани личности кои совршено би се справувале со стресот. Затоа, она кон што треба да се стремиме да го постигнеме е да се разбере сопствената потреба за „контрола“ и стравот од губиток на истата. Со други зборови, важно е пред с$ да научиме и да си дозволиме да живееме со извесна доза на несигурност и неизвесност, кои секогаш се неизбежни во животот.


Специјален прилог | ЗДравје

HRANATA KAKO PREVENCIJA OD GRIP I NASTINKA Подготви:

д-р Камелија Бушљетиќ

Х

интернист, пулмоалерголог

раната што ја јадеме му дава информација и материјал на нашето тело како правилно да функционира. Храната е еден од начините да се креира нашето здравје и да се редуцираат болестите бидејќи на нашиот организам му помага да ја оддржи својата функција. Посебно место имаат нутритиентите, супстанци есенцијално потребни за растот, развојот и одржувањето на функциите на организмот. Храната се однесува како лек кој превенира, одржува и третира болест. Улогата на храната во настанувањето на хроничните болести, како шеќерната болест тип 2, срцевите заболувања , дебелината, мозочниот удар и некои типови карцином е добро познатa. Но таа е значајна и при настанувањето на акутните здравствени состојби, како настинките и грипот. Покрај честото миење на рацете, добриот седумчасовен сон и редовната физичка активност, храната може да биде дополнително оружје во борбата со настинката и грипот. Консумирањето здрава храна овозможува да се подобри вашиот имунитет и на тој начин ви овозможува да ги превенирате грипот и настинката, сериозните последици од нив, како и побрзо да закрепнете.

Храната која има ваков ефект вклучува: јогурт, кефир, туна и лосос, јаткасти продукти, маслинов зејтин. Храна богата со витамин Ц: агруми (портокал, лимон, мандарина, грејпфрут), ананас, пиперки, домати, брокула. Храна богата со витамин Е: спанаќ, брокула, блитва, боровинка, бадеми и сончоглед Храна богата со селен: туна, шкампи, мисиркино, јагнешко, пилешко и говедско месо , јајца и бразилски орев. Храната која е колоритна со најмалку 3 различни бои на мешано свежо овошје и зеленчук не е само убаво за око туку

и одлично оружје во борбата со настинките и грипот. Особено е значајно консумирањето морска риба бидејќи е богата со омега 3 масни киселини, кои се моќно оружје во борбата со воспалителните процеси. Тие исто така ги намалуваат симптомите на анксиозност, состојба која е дел од нашето секојдневие, која во голема мера го слабее нашиот имунитет.

Остриги и цинк

Остригите не се само афродизијак туку содржат многу цинк кој е есенцијален минерал кој го намалува размножувањето на вирусите на настинка и грип. На тој начин го скратува траењето на симптомите. Лесно е за оние кои живеат покрај море и имаат остриги, но ние ќе мора да се задоволиме со внесување на суплемент цинк. Сепак, треба да внимаваме бидејќи поголемиот внес на цинк може да доведе до главоболки и мачнини.

Лук - моќен антиоксидант

Ништо без најголемиот парфем во зеленчукот, лукот. Лукот содржи алицин, еден од најмоќните антиоксиданси. Оние кои консумираат редовно лук во зимските месеци (од ноември до февруари) помалку настинуваат. Но за да не ве избегнува само грипот туку и околината, подобро е лукот да се зема во облик на капсули кои содржат екстракт од него.

Витамин Д

Витамин Д од млекото и рибиното масло е значаен за добар примарен имунитет и ги намалува инфекциите на горниот респираторен тракт. Таква функција има и пиењето чај црн, зелен или бел, бидејќи содржи моќни антиоксиданси катехини. Посебно сакам да го нагласам значењето на јогуртот и кефирот, кои покрај протеините содржат и пробиотици. Единствените бактерии кои се добри за човековото здравје се оние кои живеат во нашите црева. Тие се повеќе од 10 трилиони војници кои го чуваат здрав нашиот дигестивен систем. Освен за дигестија, тој е 80% одговорен и за нашиот имунолошки систем и го намалува ризикот од инфекции на горниот респираторен тракт. Ако има вистина во изреката „како се храниш таков и си“, тогаш е сигурно дека консумирањето здрава храна ќе ве направи поздрави. Пробајте, нема што да изгубите.

24 јануари, 2014 | 51


| Специјален прилог | ЗДравје

Top 10 adiTivi vo hranaTa [To Treba da se izbegnuvaaT При секојдневното консумирање на храна и пијалаци, ретко имаме навика да прочитаме или да се запрашаме кои адитиви се додадени во истата за да изгледа или мириса на одреден начин. Најчесто тоа се адитиви, од кои многу се штетни, но и опасни по човековото здравје! Еве кои се тие:

1.

Вештачки засладувачи

Аспартам (Е951) попознат како Nutrasweet често се сретнува во храната означена како “диетална” или“без шеќер”. Аспартамот се верува дека е канцероген и е одговорен за се позачестениот број на пријави на несакани појави отколку било која друга храна или адитиви заедно. Аспартамот не е ваш пријател. Аспартамот е канцероген неуротоксин. Познато е дека ја нагризува интелигенцијата и влијае врз краткотрајната меморија, состојките на овој токсичен засладувач може да водат до разновидни болести вклучувајќи тумори на мозокот, болести како лимфоми, дијабетес, мултиплекс склероза, Паркинсонова болест, Алцхајмерова болест, фибромијалгија и хроничен замор, психолошко растројство како депресија и напади на вознемиреност,вртоглавица, главоболки, повраќање, ментална збунетост, мигрени и напади. Ацесулфам-К, релативно новиот вештачки засладувач што се наоѓа во пецивата, гумите за џвакање и желатинот, не е темелно тестиран, но е поврзан со тумори на бубрезите. Овие адитиви најчесто се наоѓаат во соковите без шеќер, диеталните газирани напитоци, мастиките без шеќер, пецивата, муслите, освежувачите за здив, пудинзите, ледените чаеви, витамините за џвакање, пастата за заби.

2.

Високофруктозен сируп (HFCS)

Ова е високо рафиниран вештачки засладувач кој стана број 1 извор на калории во Америка. Се наоѓа воречиси секоја индустриска храна. Високофруктозниот сируп го зголемува нивото на лошиот холестерол и придонесува за развивањето на дијабетес и оштетувања на ткивата, помеѓу другите штетни ефекти. Се наоѓа

52 | 24 јануари, 2014

во индустриска храна, лебовите, бонбоните, овошните јогурти, преливите за салата, кечап, зеленчук во конзерви, мусли.

3.

Мононатриум глутамат (MSG / E621)

МНГ е аминокиселина кој се користи како збогатувач на вкусот во супите, преливите за салата, чипсот, замрзнатите зеленчуци. МНГ е познат како екситотоксин, супстанца која премногу ги стимулира клетките до точка на оштетување или смрт. Истражувањата покажуваат дека редовното конзумирање на МНГ можеда резултира со негативни нуспојави кои вклучуваат депресија, дезориентација, оштетување на очите, замор, главоболки и дебелина. МНГ ги погодува невролошките патишта на мозокот и ја онеспособува функцијата задоволно внесена храна, што го објаснува ефектот на дебелеење. Се наоѓа во мешаните зачини, многу грицки, чипсови, колачи, супи, замрзнати готови јадења.

3.

Транс масти

Транс мастите се користат за подобрување и продолжување на рокот на траење на производите и спаѓаат во групата на најопасни супстанци кои може да се конзумираат. Се наоѓаат во длабоко смрзнатата брза храна, и одредени производи направени со маргарин или делумно хидрогенизирани растителни масла. Транс мастите се формираат во процес наречен хидрогенизација. Бројни истражувања покажуваат дека транс мастите го зголемуваат нивото на лошиот холестерол воедно намалувајќи

го нивото на добриот холестерол, со што се зголемува ризикот од инфаркт, срцеви болести, удари и придонесува за зголемени воспалителни процеси, дијабетес и други здравствени проблеми. Маслата и мастите се забранети на данскиот пазар доколку содржат транс масни киселини кои надминуваат 2%, потег кој ефективно ги забранува делумно и целосно хидрогенизираните масла. Се наоѓа во маргаринот, чипсот и крекерите, пецивата, брзата храна.

5.

Вообичаени прехранбени бои

Истражувањата покажуваат дека вештачките бои кои се наоѓаат во соковите, овошните џусеви и преливи за салата може да доведат до проблеми во однесувањето кај децата и да водат до значително намалување на коефициентот на интелигенција. Други пак истражувања ги поврзуваат вештачките бои со појават канцер. Вештачките бои сина 1 и 2 (Е133) се забранети во Норвешка, Шведска и Франција затоа што можат да предизвикаат хромозомски оштетувања. Се наоѓаат во бонбоните, житарките, енергетските напитоци и храната за миленици. Црвената боја 4 (Е124) е забранета во 1990 година после 8 години дебата за нејзината употреба во многу храни и козметика. Оваа боја останува на пазарот се додека не се истрошат залихите.



| Специјален прилог | ЗДравје Докажано е дека предизвикува рак на тироидната жлезда и хромозомски оштетувања на лабораториските животни, а може да влијае и врз трансмисијата на мозокот и нервите. Се наоѓа во овошните коктели, питата со цреши, сладоледите, бонбоните, пецивата и друго. Жолта 6 (Е110) и жолта тартрацин (Е102) се бои забранети во Норешка и Шведска. Го зголемуваат бројот на тумори на бубрезите и надбубрежната жлезда и може да предизвикаат хромозомски оштетувања. Се наоѓаат во сирења, макарони, бонбони и газирани пијалоци, лимонада и друго.

6.

Натриум сулфит (Е221)

Конзерванс кој се користи при правењето на вино и друга процесирана храна. Според FDA приближно 1 од 100 луѓе е осетлив на сулфити во храната. Поголемиот дел од овие луѓе се астматичари што ја покажува поврзаноста на астмата и сулфитите. Луѓето кои се осетливи на сулфити може да чувствуваат главоболка, проблеми со дишењето и осип. Во сериозни случаи, сулфитите може да предизвикаат смрт со затворање на дишните патишта што води до застој на срцето. Се наоѓа во виното и сушеното овошје.

7.

Натриум нитрат / Натриум нитрит (Е250/Е251)

Натриум нитратот (или натриум нитритот) се користи како конзерванс,

54 | 24 јануари, 2014

боја и вкус во сланината, шунката, виршлите, месото, посоленото говедско месо, чадената риба и другите индустриски меса. Оваа состојка која што звучи безопасно всушност е многу канцерогена штом ќе влезе во човечкиот дигестивен систем. Таму таа формира разновидни нитро соединенија кои навлегуваат вокрвотокот и ги пустошат внатрешните органи особено црниот дроб и панкреасот. Натриум нитратот на широко се смета за токсична состојка која USDA се обиде да ја забрани во 1970 година, но и беше ставено вето од страна на произведувачите на храна кои се жалеа дека нема друга алтернатива за пакување на месните производи. Зошто индустријата се уште го користи? Едноставно: оваа хемикалија го претвора месото во светло црвено. Ова е всушност коректор на бојата која прави старото мртво месо да изгледа свежо и живо.

8.

BHA и BHT (Е320 и Е321)

Ова се конзерванси кои се наоѓаат во муслите, мастиките, чипсот и растителните масла. Овие конзерванси ја чуваат храната од промена на бојата и вкусот или да не оксидираат. Го погодуваат невролошкиот систем на мозокот, го менуваат однесувањето и имаат потенцијал да предизвикаат рак. BHA и BHT се вештачки антиоксиданси кои формираат соединенија кои предизвикуваат рак во вашето тело.

Се наоѓаат во чипсот од компири, мастиките, житариците, замрзнатите колбаси, збогатениот ориз, бонбоните, желето и друго.

9.

Сулфур диоксид (Е220)

Сулфурните адитиви се токсични. Во САД, ФДА ја има забрането нивната употреба врз свежите овошја и зеленчуци. Негативни реакции вклучуваат: бронхијални проблеми особено кај лица склони кон астма, низок крвен притисок, анафилактичен шок. Исто така тој го уништува витаминот Б1 и Е. Не се препорачува да го конзумираат деца. Се препорачува избегнување на овој адитив од лица кои патат од коњунктивитис, бронхитис, емфизем, бронхијална астма, или кардиоваскуларни болести. Се наоѓаат во пивото, сушените овошја, соковите, виното, оцетот и производите од компири.

10.

Калиум бромат (Е924)

Адитив кој се користи за зголемување на волуменот во некои бели брашна, лебови, колачи, пецива и друго, а е познато дека предизвикува рак кај животните. Дури и мали количини во лебот може да предизвикаат проблеми. Затоа при изборот на храна задолжително прочитајте ја декларацијата на производот и побарајте ги и избегнете ги овие скриени хемикалии кои го нарушуваат вашето здравје.



| Специјален прилог | ЗДравје

Vitalia – 20 godini TRADI VA[E zdravo meni za uspe[ Започнете го денот со здрав и лесен појадок

З

имскиот период е каракатеристичен поради навиките на консумирање калорични и високо протеински продукти како месото и слатките кои доведуваат до отежнато варење, забавен метаболизам и таложење на токсините во организмот. Со здравиот начин на исхрана базиран на житни продукти, растителни протеини, зеленчук и овошје ќе ја повратите виталноста, свежината и енергичноста. Затоа заборавете на бурекот и утринскиот сендвич и подгответе лесен, а енергетски појадок од житни

мусли збогатени со суво овошје и соино млеко. А за зголемено ниво на енергија, подобрена работна способност и концентрација додадете 1-2 лажички семе од Чиа и засладете со Малтекс – јачменов слад. Тропикал мусли со 35% овошје - совршена комбинација од житни снегулки, тропско овошје и семиња без додаток на шеќер. Во комбинација со Со Вита соино млеко претствува здрав оброк со богата нутритивна вредност кој ќе ве засити, а притоа ќе се чуствувате лесно и енергично. Семето од ЧИА – е најбогатиот природен извор на Омега-3 ( дури 30%), Омега-6 масни киселини (10%), протеини, моќни антиокиданти и есенцијални минерали. Ова супер семе е богат извор на диетални влакна и придонесува за одржување на здрава телесна тежина.

Напитокот засладете го со природен засладувач

В

о текот на денот ќе ве загрее зелениот чај со ѓумбир на Виталиа кој дирекно делува на циркулацијата, а чајот до аронија ќе ве снабди со природен витамин Ц. Чај со 50% оргaнска аронија - уживајте во секоја голтка чај од аронија подготвен со љубов и 50% органска аронија. Оригинална фузија од 80% овошје –плод од аронија, брусница, шипка и цвет од хибискус. Благодетот на чајот од аронија ќе го почуствувате ако истиот е богат со аронија. Токму таков е чајот на Виталиа, кој е природен извор на витамин Ц, за одржување на добро здравје и виталност. Доколку сте зависни од ритуалот кафе ви препорачуваме истото да го засладите со Демерара кафеав шеќер или пак Стевиа засладувач. Демерара нерафиниран кафеав шеќер – потекнува од Маурисиус, каде денес се произведува кафеав шеќер од најквалитетната шеќерна трска. Природно содржи висок процент на меласа, која изобилува со витамини и минерали, давајќи богат вкус и арома која ги плени вашите сетила.

56 | 24 јануари, 2014

За љубителите на јаткастите плодови тука се Гранола муслите со лешник, бадем и орев. Произведени по оригинален рецепт од овесни снегулки прелиени со мед во комбинација со одбрани јаткасти плодови и збогатени со Б – комплекс и магнезиум, претавуваат одличен избор за енергичен појадок.

Vitalia Sweet Stevia единствeна безкалорична природна алтернатива за белиот шеќер со 0 калoрии, 0 шеќери, без вештачки засладувачи и низок гликемиски индекс што го прави овој производ идеален за диетална исхрана.

Слатка и здрава минута за Вас Ужинката треба да биде лесна, а најновите мини житни барови Biters2go се правиот избор. Практично пакување за модерни и динамични луѓе, како вас, кои се постојано во брзање, а сакаат да се хранат здраво. Изберете Biters 2 go гранола барови со ванила и темно чоколадо (со 41% интегрални житарки во својот состав) или Biters 2 go мусли бар со кокос и темно чоколадо засладени со кафеав шеќер. Крцкав и вкусен залак за долготрајна енергија, на кои едноставно не можете да им кажете НЕ!


Специјален прилог | ЗДравје

ADICIJA za zdrava hrana [en raboten den Ручек базиран на растителни протеини

З

а ручек избегнувајте пржена храна и определете се за динстувана и без маснотии. Прочистете го организмот и заменете го месото барем два пати во неделата со сојата и подгответе здрав прелив за тестенини или здрава салата. Сојата е најконце-нтрираниот извор на протеини од растително потекло, богата со незаситени масни киселини и ниско количество на шеќер. Виталиа ви препорачува: Соја шницли, Соја топчиња или Соја трошки за подготвка на вашиот омилен оброк.

Порција овес за слатки сништа

В

ечерата треба да биде лесна и нискокалорична. За овој оброк може да подготвите лесен оброк со Go nutri овесни снегулки потопени со јогурт, Go nutri инстант овесна каша или пак да подготвите вкусни канапеин со Go nutri овесните солени крекери на Виталиа. За љубителите на класичниот вкус тука се Go Nutri овесните снегулки. Меки интегрални овесни снегулки кои во комбинација со јогурт или млеко се одличен здрав оброк. Претставуваат богат извор на растителни влакна кои позитивно влијаат за надминување на опстипацијата. Додадете свежо или сушено овошје, јаткасти плодови или семиња (лен, сончоголед, интегрален сусам или тиква) и надополнете ја нутритивната вредност на вашиот појадок или вечера. Go nutri инстант овесни каши Претставуваат балансиран микс од меки овесни снегулки, пченични нукулци, чоколадо со лешници или малина, засладени со Stevia или фруктоза. Go Nutri овесните каши се посен инстант оброк богат со диетални влакна кој идеално се вклопува во вашиот динамичен животен стил. Лесни се за подготовка и може да ги консумирате било каде – на работа, дома, во друштво... Една кесичка е доволна за еден оброк. Само потопете ја содржината во 150мл топла вода или млеко и препуштете се на здравиот и нутритивен оброк со незаборавен вкус. А за оние пак кои сакаат да вкусат нутритивна и крцкава солена вечера ги подготвивме Go Nutri овесните солени

крекери, здрава замена за високо калоричните грицки. Оригинална и неодолива фузија од 33% овесни снегулки во комбинација со интегрални жита - пченица, пченка и ориз. Go Nutri овесните солени крекери на Виталиа се направени со канола масло извор на Омега-3 незаситени масни киселини, а во својот состав содржат и Калиумова сол – здрава замена за готварската сол. Овие 100% природни крцкави крекери, кои се богат извор на диетални влакна и не содржат транс масти, се достапни во две варијанти: со семиња од лен, сусам и оригано и со мешан зеленчук и семки од тиква. Може да ги консумирате како крцкава ужина или пак да подготвите здрави канапеи во различни комбинации.

ВНИМАВАЈТЕ НА ДЕКЛАРИРАЊЕТО!

П

роизводството на здрава храна бара долгогодишна посветеност, добро познавање на проблематиката и огромна етичност во работењето. Тие се основните вредности кои потрошувачите ги препознаваат во брендот ВИТАЛИА. За жал на пазарот од неодамна се пласираат продукти со несоодветно декларирање кои можат да го загрозат здравјето на консументите. Имено производителот го декларира својот продукт “Gluten free” (без глутенски), а истовремено во составот наведува дека истиот може да содржи глутен. Затоа внимавајте во изборот на производите, секогаш одлучете се за потврден бренд со долгогодишно искувство и експертиза во областа во која делува.

24 јануари, 2014 | 57


| Специјален прилог | ЗДравје

Dobro otvorete o^i [to jaDete!

П

оради се почестата појава на карцином, особено кај најмладата популација, клиниката за педијатриска онкологија во Дизелдорф, Германија иницираше опсежна студија во која се вклучија научници од пошироката меѓународна заедница. Целта беше да се откријат причинте за оваа епидемија на рак која што го зафати речиси целиот современ свет. Резултатите беа повеќе од изненадувачки кога научниците открија дека поради фактот што храната денеска во голем број случаи е технолошки обработена и мртва таа мора да содржи низа токсични хемикалии кои на различен начин ќе го продолжат рокот на нејзино траење, ќе го подобрат нејзиниот вкус и мирис и ќе го променат нејзиниот изглед и боја. Сите тие хемикалии се емулгатори кои се означуваат со буквата Е по која стои соодветниот број. Не сите се опасни и штетни но вреди добро да се запаметат оние кои се докажано опасни по човековото здравје:

специјален прилог

Емулгатори опасни по здравјето (се користат за конзервирање, за подобар изглед и вкус на прехранбените производи) Предизвикувачи на рак: Е 216, Е 217, Е 131, Е 142, Е 210, Е 211, Е212, Е213, Е215 Забранети: Е 103, Е 105, Е 111, Е 121, Е125, Е 126, Е 130 Сомнителни: Е 104, Е 122, Е 241, Е 141, Е 171, Е 173, Е 180, Е 320, Е 250, Е 251 Предизвикуваат пореметување на цревата: Е 222, Е 223, Е 224, Е 407 Многу опасен: Е 123 Предизвикуваат осип: Е 311, Е 312 Предизвикуваат пореметување на желудникот: Е 32, Е 339, Е 340, Е 341, Е 450, Е 461, Е 462, Е 463, Е 465, Е 466 Најопасен: Е330 (марининирани пелурки, топени сирења, битер лемон...) Емулгатори забранети во САД и во Русија кои се смета дека предизвикуват рак: Е 113, 142, 201, 213, 214, 215, 216, 217 239, 123, 110 (ги има во гумени бонбони, полнети чоколадни бонбони, смрзнат зеленчук со сосови, готови сосови, меки сирења, месни производи)

7

ФЕВРУАРИ 2014

ОСИГУРУВАЊЕ ВО ОВОЈ ПРИЛОГ “КАПИТАЛ“ АНАЛИЗИРА:  Зошто македонскиот осигурителен пазар не се развива со повисоки стапки на раст? Дали причината лежи само во ниската куповна моќ и сфаќањето на осигурувањето како трошок или и во недоволната активност на осигурителните компании?  Колку често осигурителите креираат нови осигурителни пакети? Колку често излегуваат со нови понуди? Кои се најновите понуди и како тие поминаа на пазарот?  Зошто отсуствуваат едукативни и информативни кампањи за подигнување на нивото на свесност за потребата и придобивките од осигурување?  Колку доаѓањето на странски осигурителни компании го раздвижи пазарот и колкав дел од понудата која ја имаат во други земји, ја нудат и во Македонија? Каков е македонскиот во однос на другите пазари во опкружувањето?  Како осигурителите ги оценуваат компаниите, а колку компаниите имаат развиено длабока и партнерска соработка со осигурителните компании?  Кои ќе бидат новитети на пазарот во 2014 година?

Повеќе информации во врска со прилогот и комерцијално претставување во истиот можете да добиете на е-маил aleksandra.stojmenova@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3298 110

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ: АЛЕКСАНДРА СТОЈМЕНОВА



| Специјален прилог | ЗДравје

ORGANSKI PROIZVODI NASPROTI KONVENCIONAL

Zo[to organskite proivodi treba da bidat na Va[eto

O

рганската храна, во споредба со конвенционалната, го става човековото здравје во прв план и ја почитува природната еколошка рамнотежа, избегнувајќи загадување на околината. Органскиот производ не е само здрав производ, туку и безбеден и висококвалитетен производ. Органскиот зеленчук, овошје и житарици се одгледуваат во чиста незагадена околина, без употреба на пестициди. За преработка се употребуваат најмалку 95% органски состојки, не се употребуваат емулгатори и вештачки додатоци, производот е спакуван во специјализирана, здрава амбалажа, секој органски производ е строго контролиран од Инспекторатот за органска храна и е сертифициран во согласност со стандардите за производство на органска храна, а на секој производ стои лого, кое објаснува дека производот е БИО органски сертифициран. Со купување на производ со означено лого за органски производ, можете да бидете сигурни дека тој производ е висококвалитетен и строго исконтролиран производ. Храната произведена по принципот на органското земјоделство не содржи било какви вештачки синтетизирани материи и пестициди. Таа им обезбедува на

60 | 24 јануари, 2014

производите вредност од оние кои се произведени со конвенционално производство. Oрганското производство, за разлика од конвенционалното, е регулирано со закон. Во моментов, во Европската Унија, САД, Канада, Јапонија и други држави, потребно е производителите на органска храна да добијат посебни Сертификати за органско производство, за да можат своите производи да ги пласираат како “органски“. Според овие закони, органската храна е произведена на начин кој е ускладен со стандардите кои се пропишани на државно или меѓународно ниво. Органската храна не смее да биде генетски модифицирана и третирана со разни недозволени препарати.

Кога станува збор за органска храна од животинско потекло, правилата се следни:

во исхраната на животните не смеат да се користат хормони кои вештачки го поттикнуваат

растот, ни било какви лекови, како ни останати вештачки средства. Ако во голема мера се храните со органска храна, тоа е најдобар начин нивото на токсини во својот организам да го сведете на минимум. Во вообичаеното земјоделство има премногу токсини во вид на пестициди и различни метали, кои поволно влијаат на трајноста на намирниците, но секако неповолно на севкупното здравје. Некои од нив го зголемуваат ризикот од разни болести – нервни заболувања, канцери и др. Органските производи во себе не содржат хемикалии, а хемикалиите што ги внесуваме преку храната во организмот се акумулираат. За време на просечниот животен век од 70 години човек јаде околу 6,5 кг. годишно таканаречени “дозволени“ хемикалиии; прашање е што се случува со тие 6,5 кг. во нашиот организам? Органското земјоделство како и сите останати области на земјоделството е регулирано со прописи со кои се дефинираат правилата на ваквиот начин на производство. IFOAM (International Federation of Organic Agriculture Movements) прва ги донела Основните стандарди за органското земјоделство. Европската

Унија ги донела прописите во 1991 година кога е усвоена регулативата EEC 2092/91 за органско земјоделство.

Житарки

Најчесто во нашата кујна користиме интегрален ориз и интегрални брашна,но на полиците во продавниците за здрава храна постојат толку врсти на интегрални житарици за кои забораваме или воопшто не ги познаваме. Дознајте повеќе за интегралните житарици и нивните здравствени придобивки и почнете да готвите разновидно,вкусно и здраво. Киноата е една од најстарите житарици и затоа се нарекува мајка на житата. Киноата е извонредно хранлива, богата е со протеини и калциум. Одлична е за вегетаријанци. Киноата е богат извор на железо, калциум, магнезиум, фосфор и бакар, витамин Е и повеќе витамини Б, витамин А и фолна киселина. Исто така содржи одличен баланс на осум есенцијални аминокиселини потребни за развој на ткивото кај човекот. Амарантот е одличен извор на протеини, влакна, калциум, кои ги има повеќе отколку во млекото и сојата. Амарантот е богат со лизин, една од осумте есенцијални аминокиселини која човечкиот организам не само што не може да ја произведе туку ја нема и во храната од растително потекло. Амарантот е богат со калциум и железо, два минерали кои често недостасуваат


Специјален прилог | ЗДравје

LNI

proivodi meni? во храната на девојките и жените. Хељдата е неверојатно здрава намирница која е богата со многу од витамините Б, како и минерали фосфор, магнезиум, железо, цинк, бакар и манган. Извор е на линоленска киселина есенцијална масна киселина која е неопходна за нашето здравје. Ја подобрува циркулацијата на крвта, ја зголемува отпорноста на капиларите, па затоа се препорачува за венски болести. Ја обновува слузокожата на тенкото црево, го подобрува варењето на храната и работата на цревата. Сите овие житарки се безглутенски и се препорачуваат за они кои патат од целијакија како и за вегетаријанци.

Масла-Ладно цедени масла-еликсир на животот

За да телото функционира нормално потребни му се липиди,тие ги обезбедуваат масните киселини во организмот.Ако избегнуваме да јадеме масти, нашето тело ќе биде неизбалансирано, од друга страна пак, ако внесуваме премногу масти е опасно.Но постои разлика помеѓу маслата кои ги консумираме.Кога купувате масло тоа треба да биде нерафинирано, ладно цедено бидејќи само така ќе ги задржи хранливите состојки и нема да му наштети на организмот. Подобро е да изберете растителни масла отколку масла од животинско потекло.Масните киселини ни даваат третина од потребната дневна енергија. Тука би ги издвоиле масло од кокос кое содржи лауринска киселина како во мајчиното млеко, помага во правилно функционирање на териодната жлезда, помага во лекување на кандида и други габични инфекции, ја регулира телесната тежина. Масло од диво оригано природен и силен антибиотик, кој содржи карвакрол (главна антибактериска состојка) прочистувач на организмот, ги уништува микроорганизмите,

За некој зеленчук да се смета за органска храна, тој мора да биде одгледан со почитување на следните правила: Не смее да се користат пестициди, хербициди ни слични средства Нивата на која се одгледува органска храна мора да биде без хемиски средства најмалку претходните три години Нивата мора да има јасни граници, билките на неа да не доаѓаат во допир со хемикалиите од соседните ниви Забранет е генетски инженеринг – сè мора да биде во склад со природата Проблемите со штетниците се решаваат по природен пат – со поставување на замки и мамки; користење на животински видови кои се природни непријатели на конкретните штетници кои предизвикуваат грип, настинки, осип на кожата. Делува пртоив ешерихија коли, кандида, салмонела. Масло од црн ким содржи тимокинон со што го забавува растот на малигните клетки и го спречува процесот на нивното размножување за 50%, ги намалува несаканите ефекти од хемотерапијата, отстранува наталожени токсини во организмот и е добар детоксификатор. Масло од лен претставува најбогат извор на омега 3 масни киселини (50-60% алфа линоленска киселина), линолна (омега -6), олеинска (омега-9) и палмитинска киселина кои се два пати повеќе застапени во лененото отколку во рибиното масло. Што се однесува до неговата хранлива вредност, на пример, алфа линоленската киселина е есенцијална масна киселина која поволно делува на болести на срцето, воспалителни болести на цревата, артритис и др.состојби, а антиоксидантот лигнин спречува абсорпцијата на холестерол од масната храна и има силно дејство во превенција на канцер на дебело црево, дојка и простата. Има лаксативно дејство и помага во правилен метаболизам и при стомачни тегоби.

улога во болестите на срце, рак, остеопороза и Алцхајмерова болест итн.). Најмногу фитонутриенти содржи овошјето, зеленчукот и целозрнестите житарици. Некои намирници содржат толку високо ниво на антиоксиданси, витамини и минерали што поседуваат посебно лековити и детоксификациски својства. Поради тоа тие се навистина “супер”. Тука би ги издвоиле МАКАсупер корен за решавање на проблеми со хормонален дисбаланс. Зелени богати со хлорофил и Б витамини (СПИРУЛИНА,

ХЛОРЕЛА, ПЧЕНИЧНА ТРЕВА, ЈАЧМЕНОВА ТРЕВА) за детоксификација на организмот и јакнење на имунитетот “Медицински“ печурки (ШИТАКЕ, РЕИШИ, МАИТАКЕ, ЧАГА) моќни антиоксиданси кои имаат антибактериско и антигабично дејство за одржување на здравјето, зачувување на младоста и продолжување на животот. Чиа семе, гоџи бобинки, асаи бобинки, какао зрна и други “супер“ храни кои ќе направат да се чувствувате навистина супер и здраво. Производите можете да најдете во БИОкулт.

Супер храна

Дали веќе сте слушнале за супер храна? “Супер” храната не лета во воздух и не спасува луѓе како супер хероите, но може многу да помогне кога е во прашање квалитетното и здраво живеење бидејќи му овозможува на организмот голема нутритивна потпора. Поимот “суперхрана” се однесува на намирници кои имаат многу високо ниво на фитонутриенти. Фитонутриентите имаат огромно позитивно дејство на нашето здравје. Тие се членови на фамилијата антиоксиданси, челни борци против слободните радикали (молекули на кислород кои имаат клучна

24 јануари, 2014 | 61


| Специјален прилог | ЗДравје

Go iskoristuvame najdobroto od prirodata Подготвил:

Живко Ристовски

С

технолог во производство

пецијал продукт е компанија која од своето основање има јасна определба за производство на пекарски производи со традиционален вкус, широк асортимански спектар на производи добиени од квалитетни суровини, рачно изработени, со што се издвојуваме од т.н. сериско индустриско производство која насока дава посебен квалитет на нашите производи како по разновидност на составот така и по посебните нутриционистички својства. Во ова прилика ќе Ви претставиме производи кои припаѓаат во групата на функционална храна-храна на иднината, со прилагодување на составот спрема потребите на човековиот организам, луѓето своите тела ги одржуваат повитални и подолговечни. Витамините, минералите, растителните влакна, незаситените масни киселини, животоважните (есенцијални) амино киселини и останатите кои човечкиот организам или не ги создава или не во доволни количини се многу важни за правилно функционирање на метаболизмот, добивање на телесна енергија и одржување на општото здравје Морам да напоменам дека денешниве производи се инспирирани од приказните на нашите предци кои иако не ги поседувале денешниве научни сознанија не им пречело од природата да го искористат најдоброто, што е и препорачана превентива за многу болести на денешнинава. Ние, од житарките како база на пирамидата за исхрана со црпење на искуство од традицијата

62 | 24 јануари, 2014

развиваме нови технолошки постапки во фазата на припрема на тестото што допринесува за подобрување на квалитетот на лебот. Голем дел од брашната се добиени од т.н. камени мелници, постапка на ладно мелење на целото зрно. Ржан полнозРнест леб ржта е прва на листата житарки за здрав стомак. содржи најмалку скроб во споредба со другите, многу малку глутен и го подобрува варењето на храната. Ја содржи животоважната амино киселина лизин, изобилува со минерали (најмногу железо, па калиум, магнезиум, цинк, витамин б и е). се препорачува во исхрана на дијабетичари, смирувачки делува на нервниот систем, корисен за кардиоваскуларни болести. со мешавина на семки и житарки се дозбогатува со диететски влакна кои многу поволно делуваат на одржување на функцијата на цревата. Целите зрна посебно се препорачуваат бидејќи го редуцираат ризикот од срцеви болести, дијабетис и канцер и секако ризикот од дебелеење. препознатлив е по киселкастиот вкус, сочната и свежа средина, рустикалната кора, изразито продолжена свежина, а со додатокот на цели зрна и кисело тесто добива на ексклузивен карактер и врвен квалитет. пченичен интегРален леб пченицата е најзастапена житарка во исхраната, содржи протеин, масти, минерали, витамин и провитамин а кој е единствено застапен кај неа од житарките. брашното добиено од цело зрно ги содржи сите овие состојки со што има голема предност во однос на белото брашно, бидејќи најголем дел од корисните сотојки се наоѓаат во лушпата. со внесување на цело зрно ги стимулираме

1.

2.

метаболитичките процеси, желудникот лачи повеќе сок потпомогнувајќи во елиминирањето на токсините и солите на тешки метали. богатиот состав на хранливи материи влијае на имунитетот и виталноста на организмот. лебот се одликува со мекана средина, продолжена свежина и трајност. со комбинација на житарки и семки од маслодајни растенија овој производ е идеална здрава храна за целото семејство. Маслодајните семки ја зголемуваат енергетската вредност додека ленот е исклучително богат со омега 3 масни киселини, драгоцени за намалување на холестеролот во крвта, и го инхибира растот на туморите пченкаРен полнозРнест леб пченката е специфична по тоа што се користи и како житарка во производство на леб и како зеленчук за јадење во разни салати. брашното не содржи глутен и обично се меша со други брашна. има голема енергетска вредност, не гои и обезбедува ситост за подолго време. содржи белковини, бета каротен, растителни влакна, растителни масти и масла, биофлавориди, витамин а, б1, б5 и б12, витамин Ц, е и к, етерични масла, цалциум, калиум, магнезиум. пекарските производи поволно влијаат на организмот со подобрување на перисталтиката на цревата (чистачи на цревните ресички), помага при анемија, депресија, дијабетис, импотенција, јакнење на нервниот систем, холестерол. одлично се комбинира со мешункасти растенија (грав, боранија, грашок, леќа) кои содржат поинакви амино киселини. содржи изразито присаство на антиоксиданти кои се инхибитори на слободните радикали-заштитници на клетките. лебот се одликува со златно жолта боја, крцкава кора, свежа и сочна средина.

3.



| Специјален прилог | ЗДравје

PrePoraki za ishrana na lica so zgolemeni masnotii vo krvta Подготви:

Д-р Цветанка Манева,

Х

ПЗУ “Прим. д-р Самарџиски“, Штип

олестеролот е материја која е нормална градбена компонента на секоја клетка во човековиот организам. Потребен за многу метаболни процеси, неопходен за синтеза на полови хормони, хормони на надбубрежната жлезда, потребен за синтеза на жолчни соли кои го помагаат варењето на храната, а особено на мастите, дел од молекулата на витаминот Д. На организмот му е потребна многу мала количина на холестерол за да ги задоволи своите потреби. Препорачана вредност на вкупен холестерол би требало да биде под 5 ммол/л, вредноста на ЛДЛ холестеролот помала од 3ммол/л, а на ХДЛ холестеролот над 1ммол/л. Присутен во поголеми количини-ризик фактор за настанување на голем број заболувања. Хиперхолестеролемија и дислипидемија се многу чести метаболички пореметувања. Епидемиолошките студии јасно покажуваат огромна поврзаност помеѓу зголемените серумски нивоа на холестерол и зголемениот ризик од настанување на атеросклеротични кардиоваскуларни

64| 24 јануари, 2014

болести. Атеросклерозата е сложен процес на оштетување на крвните садови, првенствено на артериите. Иако тој процес се случува во сите крвни садови и сите органи, најочигледните и најопасните болести предизвикани со атеросклероза се мозочниот удар и коронарната болест на срцето. Зголемени нивоа на триглицериди се исто така поврзани со зголемен ризик од настанување на атеросклеротични кардиоваскуларни болести, но оваа поврзаност значајно се намалува ако се корегираат вредностите на ЛДЛ и ХДЛ (преносители на холестеролот и други маснотии во крвта). Постојат повеќе липопротеини, а најважни се две: ЛДЛ честички кои пренесуваат холестерол и го депонираат во одредени ткива и органи и ХДЛ честички кои собираат во себе и го пренесуваат вишокот на холестерол од различни ткива во црниот дроб . ЛДЛ честичките содржат холестерол кој се нарекува “лош холестерол” бидејќи честичките пренесуваат холестерол кој се депонира во ткивата и во ѕидот на крвните садови. ХДЛ честичките се нарекуваат чистачи, а холестеролот од нив 'добар холестерол”. Тие го носат вишокот холестерол од ткивата каде го има во зголемени количини и неговото повисоко ниво во крвта упатува на помал ризик за настанок на кардиоваскуларни болести.

Дали имате висок холестерол? Тој е тивок здравствен ризик кој може да биде смртоносен. Еве што треба да знаете за “добриот” и за “лошиот” холестерол и за ризиците од кардиоваскуларни заболувања. Третманот се состои од:

промена на стилот на живеење (нефармаколошки мерки); лечење или отсранување на причините кои секундарно довеле до дислипидемија; примена на лекови (фармаколошки мерки);

Кои фактори влијаат на нивото на холестролот?

диета (заситените масни киселини и холестеролот во храната која ја конзумирате го зголемуваат нивото на холестеролот, па затоа обидете се да ја редуцирате);



| Специјален прилог | ЗДравје телесна тежина (покрај тоа што е ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања, зголемената телесна тежина може да го зголеми нивото на холестерол. Намалувањето на телесната тежина може да ви помогне да го намалите лошиот и да го зголемите добриот холестерол); физичка активност (треба да бидете физички активни најмалку 30мин. во текот на денот). Спроведувајте секојдневни 30 минутни брзи прошетки. возраст и пол (како Што старееме нивото на холестерол расте. Пред да настапи менопаузата жените имаат пониско ниво на тотален холестерол од мажите на иста возраст. После менопаузата нивото на холестеролот кај жените расте); други состојби (одредени медикаменти и одредени заболувања може да го зголемат нивото на холестеролот); лошо контролираниот дијабет го зголемува нивото на холестерол, со подобрување на контролата нивото на холестерол може да се намали; наследниот фактор (вашите гени делумно детерминираат колку холестерол ќе произведува вашиот организам. Постојат семејства со природно високо ниво на холестерол); Нутритивни стратегии за да се намали нивото на холестерол и да се редуцира ризикот од кардиоваскуларни болести Препорачливо е да се конзумира повеќе овошје и зеленчук; храна која содражи влакна (житарици, јаболки, црн и зобен леб); наместо црвено месо да се јаде риба и пилешко (без кожа), а ретко да се јаде немасно јунешко и говедско и тоа во помала количина; да се подготвува варено месо и риба или месото да се подготвува на скара односно во садови кои не е потребно да се намастат; Препорачливо е да се избегнуваат следните видови на храна да се намали внесот на заситените масти од млекото и млечните производи ( да се употребува млеко со помала количина на млечна маст 0,9 или 1% и да се избегнува путер, шлаг, павлака и сл.); да се намали внесот на храна со висока содржина на холестерол (жолчка од јајце, внатрешни органи, свинско месо и свински преработки, школки); да се избегнува пржена храна, особено ако е пржена во животинска маст; Режим на исхрана за лица со зголемени маснотии во крвта супи (бистри супи од зеленчук, супи од риба) млеко и млечни производи, јајца посно млеко (0,9%-1% млечна маст), немасни ферментирани млечни производи, посни сирења (свежо кравјо сирење), белка; месо и месни производи пилешко и мисиркино месо без кожа, ретко

66 | 24 јануари, 2014

Фармаколошки третман

Кои лекови го намалуваат нивото на холестерол? Постојат неколку видови на лекови кои го регулираат нивото на холестерол како (статини, фибрати, смоли кои врзуваат жолчни киселини) кои имаат различен механизам на делување, делотворност како и подносливост од страна на пациентите. Правилен пристап во решавање на проблемот со високите нивоа на холестерол е комбинација од балансиран начин на исхрана и медикаментозна терапија. Лекот не треба да се прекинува самоволно или кога Ќе се постигнат саканите нивоа на холестерол, тој треба да се зема постојано без прекин. Основна цел на целокупниот пристап - примената на лекови секогаш да биде придружена со соодветни диететски препораки. немасно говедско, јунешко и телешко; напитоци сите овошни сокови без додаток на шеќер, чај без шеќер, филтер или инстант кафе без шеќер; маснотии (маслиново масло и евентуално сончогледово, пченкарно и ретко нехидрогенизиран маргарин на база на овие масла) овошје (јаболки, цреши, вишни, кајсии, праски, круши, сливи, портокали, мандарини, цитрон, лимон, јагоди, малини, капини, боровинки, рибизли, грозје, конзервирано незашеќерено овошје) житарици (леб од цели зрна на житарки, црн, р'жан или зобен леб, сите интегрални житарици и нивни производи; риба и морски плодови (основен извор на Омега -3-поли-незаситени масни киселини кои го подобруваат кардиоваскуларното здравје), сите сини, бели риби (особено морски, на скара или варени); зеленчук сите видови на варен или сиров зеленчук подготвен без маснотии или варен со мала количина на масло вклучувајќи и компири (најдобро варени); колачи и слатки пудинзи (овошни колачи со малку маснотии, суви колачи без маснотии, макробиотички колачи) зачини (сол, зачински растенија,

сенф, оцет, пипер во мали количини) Храна што треба да се избегнува супи ( густи, крем, масни супи) млеко и млечни производи, јајца (полномасно млеко, павлака, кајмак, полномасни и топени сирења, шлаг, жолчка) месо и месни производи (сите познати масни меса особено свинско, изнутрици, колбаси, салами, паштети, сланина, патка, гуска, кожа од живина) маснотии (путер, свинска маст, лој и тврд маргарин) житарици (бел леб, лиснато тесто и пржено тесто) риба и морски плодови (кавијар, риба пржена во несоодветно масло, ракчиња, лигни, октопод) овошје (ореви, лешници, авокадо, бадеми, банана, суви сливи, суво грозје во поголеми количини) зеленчук (зеленчук прелиен со путер, пржен зеленчук, помфрит) напитоци ( сите сокови со додаток на шеќер, газирани безалкохолни пијалоци со шеќер, чоколадни напитоци, како и алкохолни пијалоци) колачи и слатки (колачи и кекси подготвени со маргарин или путер, колачи подготвени со крем од чоколадо, палачинки, крофни) мајонез и кечап;


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.