Zdravje stres septemvri 2015

Page 1

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

специјален прилог

Здравје

СТРЕС

!

Не може да го победите, но може да го контролирате!

Фитнес l велосипедизам l спа третмани...

Што сè ви стои на располагање за релаксирање по напорниот ден?

: ија п а е ер хот ро времчна и с П добте струба е а Ког обараво борот? да помошв стрес п оти пр

Како најуспешните бизнисмени во светот се справуваат со стресот?

Главни причини за стресот: Aко не може да ги елиминирате, како да ги менаџирате?

Кои забосе најоп ги прлувањ аснит аш е ед ст нездресот –извикувто здр а ра превви начиави и енци ни на ја.

Која храна е добра за вас ако имате стресен начин на живот?


Капитал број 829 18.09.2015

54

www.kapital.mk

Здравје

Стресот како тивок убиец

Ако не можете да го елиминирате, како може да го менаџирате? Стресот во денешни услови на живот стана секојдневна состојба на која многумина се навикнуваат, па дури и ја игнорираат. Честопати, со тоа се игнорираат и здравствените состојби кои се предизвикани од нарушениот баланс предизвикан од стрес. Капитал разговараше со врвни стручњаци од областа на невропсихијатријата, кои ги објаснуваат сите форми на стрес и советуваат како истиот може да се менаџира, па дури и превенира

Совет: Понекогаш и чкртање на хартија додека


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

специјален прилог

П Др. Владимир Ортаков

рактично, нема орган или систем во организмот, кој не може да биде загрозен на стресогена основа. Стресот може сериозно да го наруши имунитетот, хормоналниот баланс, кардиоваскуларниот систем, дигестивниот систем, кожата, мускулатурата или репродуктивните органи. Ваквите нарушувања понатаму можат да генерираат и исклучително тешки и по живот загрозувачки болести.

Д невропсихијатар, Аџибадем-Систина

Депресија, промена во расположение, зголемен или намален апетит, главоболки, дијабет, чир на желудник.... ова се само дел од болестите кои се создаваат во нашиот организам доколку подолго време се наоѓаме во стресна состојба и го игнорираме тоа. Многу од болестите кои се загрозувачки по животот, исто така честопати се резултат или тесно поврзани со стресот. Со оглед на тоа дека стресот стана состојба на современието и не постои личност што е имуна на ова, Капитал разговараше со врвни стручњаци од областа на невропсихијатријата, кои, специјално за нашите читатели, ги објаснуваат сите форми на стрес и советуваат како истиот може да се менаџира, па дури и превенира.

Сменете го начинот на живот

Ова веројатно е фразата што најчесто ја слушаме кога сме под стрес. Иако звучи како празна флоскула, сепак, невропсихијатрите советуваат дека и малата промена во начинот на живот може да помогне многу при менаџирање на стресот, особено на работното место. Дека тоа е така, посочуваат и неколку извршни директор и менаџери, за углениот магазин Форбс. Тие тврдат дека промената на начинот на живот им помогнала многу при менаџирање на стресот. Таа мала промена, велат тие, понекогаш може да значи трчање маратон, чкртање на лист додека го пиете утринското кафе,

55

У Др. Бјанка Чачев Спанческа невропсихијатар, Ре-Медика

или олабавување на вашата набиена агенда со тоа што ќе ја замолите вашата секретарка да ви остави еден час слободен меѓу состаноците во текот на денот. Секако, поголемата доверба кон вработените, со тоа што дел од вашите задачи ќе им ги доверете нив, и тоа како може да ви го олесни работниот ден, а со тоа и состојбата на стрес во која се наоѓате. Капитал разговараше со познати невропсихијатри во земјава, за да ви помогне што е можно повеќе да го разберете стресот и како да се однесувате кога сте во таа состојба. Д-р Владимир Ортаков, невропсихијатар од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ вели дека во зависност од стресот низ кој поминуваме, различни се и начините на менаџирање на истите, вели тој. За справување со акутниот стрес, вели тој, најчесто е потребно време, додека за хроничниот или тивок стрес потребна е промена на начинот на живот. „Акутниот стрес е реакција на организмот предизвикана од исклучително силен стресоген животен настан или значајна промена во животот која води во континуирани непријатни услови што резултира во индивидуални проблеми во прилагодувањето. Причините за наведениот акутен стрес се видливи и практично, кај секого би предизвикале одредена стрес реакција. Причините кои предизвикуваат акутен стрес не можат да се елиминираат, а за менаџирањето на стресот е потребно време, кое секако е покусо доколку во самото менаџирање е вклучена и стручна помош. Од друга страна, во модерното време од посебно значење е се поголемата појава на пролонгираниот, хроничен или тивок стрес, кој не е предизвикан од видлив и интензивен надворешен стресоген фактор. При извршувањето на професионалната дејност или во секојдневната комуникација со луѓето, човекот е секогаш соочен со можноста да биде подложен на стрес особено ако тој е одговорен кон својата работа, семејството и околината, има строги обврски на време и потреба квалитетно да ги изврши работните задачи и секојдневните обврски, а притоа сретнува одредени

чењето да се живее поздраво, што подразбира физичка активност, време за одмор, социјални активности, дружење со пријатели или изнаоѓање на области од интерес, хоби, градење на релации со луѓето околу нас и во професионалната сфера и онаму каде што живееме, може значително да ни помогне да го намалиме или отстраниме стресот.

Кога треба да побарате стручна помош за справување со стресот

Н

европсихијатрите со кои разговараше Капитал советуваат дека што порано се побара помош за справувањето со стресот тоа е подобро за самата личност. „Во почетните фази на развиток на хроничниот стрес поединецот не е воопшто свесен дека стресот е присутен. Како и да е, секој поединец би имал полза од повремено психотераписко советување, макар да се работи и за ситни фрустрации, кој поединецот ги чувствува како терет. Секако, кога ќе започнат да се чувствуваат почетните симптоми на замор, незадоволство, повремен губиток на смислата, незнаење што со себе, потреба за промена во животот или едноставно, чувство дека нешто недостасува, полезно би било да се побара стручна помош, која е од огромно значење за што побезболното надминување на болеста на денешницата – хроничниот стрес“, вели д-р Ортаков од „Аџибадем Систина“. пречки кои предизвикуваат вознемиреност. Тоа би значело дека најбитен фактор за доживувањето на ваквиот, хроничен или внатрешен стрес претставува психолошката структура на личноста. Склоноста кон хроничниот стрес е посебно нагласена кај личностите кои се “хиперсовесни“, обзирни кон околината до степен на опсесивност, прекумерно контролирачки и прекумерно амбициозни, агресивни, компетитивни, нестрпливи, напнати,

а го пиете утринското кафе може да ве смири


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

56

Здравје Лоши наспроти здрави навики за справување со стресот Здравите начини на превенција: XX личноста ќе ја прифати околината таква каква што е и ќе ја намали сопствената потреба за контрола. Битно е да се најдат начини за покачување на прагот на толеранција на фрустрации, како и да се избегнуваат деструктивните конфликти. Еден од начините е и постигнувањето баланс помеѓу професионалното и приватното, адекватни начини за справување со феноменот на професионално презаситување, издвојување време за себе и сопствените потреби, повеќе време за релаксација и необврзувачка комуникација и размена со пријателите.

Нездрави начини на превенција: XX конзумирањето премногу кофеин, пушењето, прекумерното конзумирање алкохол, компулсивното трошење пари, невротското внесување на храна, коцкањето и други “зависнички“ однесувања. иритабилни, цинични, хостилни, со зголемен потенцијал за бес, “работохоличари“ кои ја негираат физичката или емотивната вулнерабилност Овие личности секогаш носат одредена доза на анксиозност, која често воопшто не е видлива за останатите, а која со себе носи постојана загриженост за исходот од сопствените постапки, како и за впечатокот кој за себе се остава на околината. Велиме дека ваквите личности се строги во сопствените очекувања од околината, но уште построги кон себе, постојано преземајќи на себе повеќе отколку што реално можат да постигнат. Во случајот со хроничниот стрес, причините можат успешно да се елиминираат и да се менаџираат со стручна помош. Во овој случај, елиминирањето и менаџирањето практично се сведуваат на едно исто – да се промена на психолошката структура на личноста, која ќе предизвика поинаков пристап кон животот“, вели тој. Д-р Бјанка Чачев Спанческа, специјалист невропсихијатар од Општата болница „Ре-Медика“, за Капитал објаснува дека стрес менаџментот подразбира преземања на сите обврски и вклопување во нашиот животен стил, нашите мисли и емоции, начинот на кој се справуваме со проблемите. „Можеби мислите дека ништо не може да се стори во врска со стресот и затоа многумина од нас го прифаќаат како нужно зло. Тоа што сметките нема да престанат да доаѓаат, што ни фалат часови во тек на денот, одговорноста спрема семејството и на професионален план нема да престанат. Стрес менаџмент е преземања на сите обврски и вклопување во нашиот животен стил, нашите мисли и емоции, начинот на кој се справуваме со проблемите. Не е важно под колкав стрес сте се додека знаете како да постапувате и да го намалите и воедно да ја имате контролата врз него“, вели д-р Чачев - Спанческа.

Се чувствувате уморно или неодлучно? Причината може да е стресот

Игнорирање на состојбата на стрес, особено на тивкиот односно хроничниот стрес, може да доведе до многу физчки, ментални или емоционални проблеми. Истите се манифестираат на најразлични начини од напнатост, неспокоство, промена во расположение па се до болести кои може да го нарушат нашиот имунитет, дигестивен систем па и до болести кои се загрозувачки по животот на луѓето. Затоа самосвесноста за стресната состојба низ која поминуваме и справувањето со истата е многу важна. Секако, доколку станува збор за поголема или подолготрајна состојба на стрес, свртување кон стручна помош и тоа како е потребно. Притоа секој од нас реагира различно на стресот. Затоа и поединечно треба да се бараат совети како да се справуваме со истиот. „Сите реагираме различно на стрес, па поради тоа нема еден општ рецепт како тој да се намали. Стрес менаџментот подразбира менување на стресна ситуација кога е можно, менување на нашите реакции на стрес, преземање на контрола врз самиот себе, грижа за себе и сопственото здравје и пронаоѓање време за себе, за одмор и релаксација. Долготрајниот стрес доведува до физичко оштетување на здравјето, затоа во последните години имаме млади луѓе со хронично покачен крвен притисок, срцеви заболувања, мозочни удари каде старосната граница се поместува понапред. Чести се психичките проблеми од типот на депресивни епизоди, панични нарушувања и генерално анксиозно нарушување. Овие состојби бараат лекарска помош и терапија. Не се за потценувања зголемената телесна тежина, злоупотреба на алкохол, цигари, седативи и психоактивни супстанци“, вели д-р Чачев - Спанческа.

Таа советува дека учењето да се живее поздраво, што подразбира физичка активност, време за одмор, социјални активности, дружење со пријатели или изнаоѓање на области од интерес, хоби, градење на релации со луѓето околу нас и во професионалната сфера и онаму каде што живееме, може значително да ни помогне да го намалиме или отстраниме стресот. За последиците по здравјето на луѓето кои не се соочуваат со стресот објаснува и д-р Ортаков од „Аџибадем Систина“: „Сите болес ти од сферата на т.н. психосоматски болести како психолошка подлога за нивната појава го имаат стресот. Практично, нема орган или систем во организмот, кој не може да биде пореметен на стресогена основа. Стресот може сериозно да го наруши имунитетот, хормоналниот баланс, кардиоваскуларниот систем, дигестивниот систем, кожата, мускулатурата или репродуктивните органи. Ваквите нарушувања понатаму можат да генерираат и исклучително тешки и по живот загрозувачки болести. Што се однесува до психосоматските болести, нивната листа е долга, но може да се набројат некои од попознатите, како што се покачениот крвен притисок, дијабетесот, чирот на желудникот, гастритисот, мигрената, исхемиската болест на срцето, мениеровата болест, голем број кожни болести (на пр. псориазата), автоимуни болести (артритисот), астмата и хроничната опструктивна белодробна болест и т.н. Еден од најзначајните фактори кои придонесуваат за прекумерното зголемување на телесната тежина е стресот. Кога мозокот е под стрес тој стимулира излачување на Кортизол, хормон кој, кога е подолг период над нормалните граници, може да предизвика зголемување на телесната тежина, заедно со многуте други веќе споменати сериозни штетни ефекти“, објаснува Д-р Ортаков. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

специјален прилог

57

пишува:

К

д-р Анета Кoкалеска Петрушевска Спец. дерматолог Ординација д-р Анчевски www.ancevski.com.mk

Кожата е најважен дел на човечкото тело врз која влијаат многу психолошки фактори. Хроничниот стрес остава последици по кожата. Хормонот кој најмногу се лачи при стрес е хормонот кортизол кој влијае врз разградувањето на колагенот, најважниот дел во подлабоките слоеви на кожата. Промените во структурата на колагенот и во неговата количина може да резултира со појава на брчки, акни и други состојби на кожата и целиот организам. Една од предностите на современото живеење во денешно време е можноста преку естетски третмани на ефектен начин да се корегираат негативните последици предизвикани од стресот.

ПРП

Еден од најновите светски трендови е ПРП или плазма богата со тромбоцити. ПРП е концентрат на човечки тромбоцити во мала количина на плазма добиена од самиот пациент. ПРП е најприродната метода која ја ревитализира, обновува и затегнува кожата на природен начин. ПРП методата го забавува процесот на стареење, ја подмладува и регенерира кожата на лицето, вратот, деколтето и рацете, исто така е многу ефектна во цели на освежување и подмладување на лицето ги корегира фините линии на ситни и средно изразени брчки, го зголемува волуменот на кожата преку стимулација на множество на нов колаген и фибрин. Со техниката ПРП се решаваат и проблемите со опаѓање на косата предизвикани од стрес.

Длабоки дермални филери

Предвременото стареење на кожата со појава на ситни и подлабоки брчки на лицето и вратот може да се корегира со два револуционерни третмани со дермални филери “Радиесе” и “Скулптра”. И двата дермални филери го стимулираат природното производство на колаген, ги бришат негативните ефекти од стресот и го враќаат младешкиот изглед на кожата. - Дермалниот филер „Радиесе“ благодарение на специјалниот гел, матрица како и

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА КОЖА ПОД СТРЕС

благодарение на фини калциумови микросфери создава волумен со долготраен ефект. Резултатите по третманот се импресивни и веднаш видливи. Самиот гел, како и микросферите, се безбедни за организмот и воопшто не му штетат, притоа природно се разложуваат во телото со текот на времето. - Скулптрата или таканаречен течен “facelift”, е млечна киселина која се инјектира во одредени делови на лицето со што се постигнува face lifting. Скулптра е долготраен, клинички докажан третман кој стимулира создавање на сопствен нов

колаген, и на тој начин може да се постигне измазнување на длабоките линии и брчки на кожата, како и да се обнови и зголеми загубениот лицев волумен, кој физиолошки настанува со процесот на стареење. Подобрувањето на структурата на кожата настанува постепено, а постигнатиот ефект е долготраен, по што вашето лице добива природен изглед на компактност и свежина. Клиничките студии покажуваат дека постигнатите резултати траат 2 години, што е значително подолго од користењето на други расположливи препарати.

Мезоконци

Светски лифтинг тренд е нехируршко затегнување на кожата со примена на мезоконци со помош на специјален материјал, полидиоксионон кој кога ќе се постави во горниот кожен слој ја затега и подига опуштената кожа. Можат да се подигнат и зајакнат зоните кај образите, околу очите, специјално зоната на подочниците, вратот и деколтето. Апсолутно безбедна метода без хируршка интервенција поради што не е потребно време за опоравување и трошоците се апсолутно помали.

Озонотерапија

Ревитализација на кожата како и на целиот организам се постигнува со Озонотерапија. Озонотерапијата е еден од најмоќните начини во борба против слободните радикали за подигање на општиот имунолошки систем. Со неколку третмани озонотерапија не само што се постигнува подобрување на тенот на кожата, исто така го штити организмот од вируси и бактерии, ја подобрува циркулацијата и кислородното снабдување. Сите овие третмани комплетно, засега се изведуваат само во ординација д-р Анчевски од страна на високо стручен тим на дерматолози кој што своите обуки ги имаат поминато во познати светски центри. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

58

Здравје

храната може да ви помогне при менаџирање на стресот

Изедете го стресот!

В

Во трката за подобар и поуспешен живот, стресот стана секојдневна состојба со која се справува нашиот организам. Веројатно не постои човек, кој активно го живее својот живот, кој може да рече дека живее под стрес. Меѓутоа, колку подолго организмот се наоѓа во состојба на стрес, толку повеќе тоа му штеди на вашето здравје. Срцевите удари, дијабетес, дебелина, се само дел од болестите кои може да се појават доколку не се справите со стресот. На страна од советите кои ги даваат лекарите, и вие самите можете многу да си помогнете при менаџирање на оваа состојба. Еден од начините да си помогнете сами себе е да знаете како да се храните кога сте под стрес. Ако нешто е сигурно, тоа е дека секој од нас најчесто кога е под стрес, прво нешто по кое посегнува е чипс или колаче и чоколадо. Лекарите велат тоа е многу нормално. Последното истражување на Училиштето за јавно здравје при Харвард покажува дека дури 39% од испитаниците рекле дека јадат повеќе кога се под стрес. Но, секако, јадењето на емотивна база воопшто не е здраво- особено не ако секогаш кога сме под стрес посегнуваме по брза и нездрава храна. Затоа многу важно е да се знае дека одредени продукти можат многу да ви помогнат во намалување и сузбивање на стресот. На пример оброк од топол овес го зголемува нивото на серотин во организмот и доведува до смирување на мозокот. Друг вид на храна што може да го намали нивото на адреналин и стрес хормоните се бадемите. Со цел да ви помогнеме во менаџирање на стресот преку храната, Капитал изготви листа на продукти, кои се корисни за подобрување на вашето здравје воопшто, н особено при состојба на стрес.

1.

Сложени јаглеходрати

Јаглехидратите го стимулираат мозокот да создава повеќе серотин. Притоа најдобро е да се јадат сложени јаглехидрати, на кои им е потребно повеќе време за да се преработат во организмот. Добар избор би бил на пример леб со семки, паста или житарки, вклучувајќи ги најдобрите овесни житарки. Сложените јаглехидрати може да ви помогнат да се чувствувате балансирано оти тие го стабилизираат нивото на шеќер во крвта.

2.

Едноставни (прости) јаглехидрати

Нутриционистите најчесто советуваат да се држите настрана од овие прости јаглехидрати, кои вклучуваат шеќери и газирани сокови. Но во време на стрес токму оваа храна може многу да помогне. Тие се преработуваат побрзо во организмот и се претвораат во серотин. Но сепак, тоа не трае долго, па затоа постојат и подобри опции. Затоа користете ги овие јаглехидрати само повремено и ограничено.

3.

Портокали

Портокалите се наоѓаат на оваа листа заради тоа што се многу богати со витамин Ц. Студиите покажуваат дека токму овој витамин може да го намали стресот, а во исто време да го зголеми и вашиот имунитет. Студиите покажуваат дека кај луѓето со висок крвен притисок, и високо ниво на кортизол (хормон на стресот) се враќаат во нормала многу побрзо кога користат витамин Ц пред да работат н е ко ј а с т р е с н а работа.

стрес: прво нешто по кое посегнуваме е чипс и колаче



www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

60

Здравје

специјален прилог

Дури 39% од светската популација кога е под стрес јаде повеќе. Капитал ве советува како преку исхрана да се ослободите од стресот и како истиот подобро да го менаџирате. Место да дозволите стресот вас да ве „изеде“, вие изедете го стресот

4.

7.

5.

8.

Спанаќ

Малото ниво на магнезиум во организмот може да предизвика главоболки и премореност, што може да доведе до зголемување на стрес. Спанаќот може многу да помогне при подобрување на нивото на магнезиум во организмот. Не сакате спанаќ? Тогаш може да изберете било кое од зелените листасти зеленчуци кои се одличен извор за магнезиум. Или земете зготвени зрна од соја или пак лосос, кои исто така се многу богати со магнезиум.

Риба

За да го контролирате или намелете стресот, задолжително во вашите оброци вклучете риба. Омега три киселините, кои ги содржи рибата, особено лососот и туната, може да го спречат лачењето на хормоните на стрес и можат многу да помогнат во превенција на срцеви заболувања, депресија и предменструален синдром (ПМС). Лекарите советуваат дека најдобро е барем два пати неделно да се јаде риба.

6.

Црн чај

Консумирањето на црн чај може да ви помогне полесно да се вратите во нормала после доживеан стрес. Една студија направила компарација на луѓе што пијат 4 шолји црн чај дневно 6 недели, со луѓе што пиеле некој друг пијалак. Оние што консумирале чај се чувствувале многу посмирено и имале пониско ниво на хормони на стрес.

Ф’стаци

Ф’стаците, како и другите семки и јаткасти плодови се одличен извор на здрав масти. Јадењето на една рака полна со ф’стака, бадем или лешник дневно може да помогне при намалување на холестеролот, да го намали воспалението во срцевите артерии, ја намалуваат можноста од дијабет и заштитуваат од стрес. Секако со нив не треба да се претера, оти истите содржат многу калории.

Авокадо

Еден од најдобрите начини да се намали високиот крвен притисок е да внесувате доволно калиум, а токму половина авокадо има многу повеќе калиум отколку средна големина на банана. Авокадото е полно со масти и калории, па затоа и употребата на овој продукт треба да биде ограничена.

9.

Суров зеленчук

Грицкањето на суров зеленчук може да помогне да се намали стресот на едноставен механички начин. Тоа е поради тоа што грицкањето на пример на моркови може да помогне во ослободување на згрчената од стрес вилица, и со тоа да се намали тензијата и стресот.

10.

Млеко

Млекото се препорачува најмногу да се зема пред спиење. Истражувањата покажуваат дека чаша топло млеко пред легнувања ја намалува анксиозноста и ги регулира промените во расположение при ПМС.

Намалете го стресот со вежбање

О

свен промена во начинот на исхрана, еден од најдобрите начини да се менаџира стресот е физичката активност. Аеробикот ја зголемува циркулацијата на кислород во организмот и му помага на организмот да се чувствува подобро и со тоа го поттикнува лачењето на ендорфин. Би било одлично кога три до четири пати неделно би си дозволиле аеробик од 30 минути. Една од активностите што ја препорачуваат тренерите по менаџирање на стресот, а е особено препорачлива за бизнисмените, е боксот. Тоа е еден од најбрзите начини да ги согорите калориите и да се испотите. А најдобриот дел е што целиот стрес што го имате насобрано во себе можете да го извадите од себе со едноставно удирање во боксерска вреќа. На тој начин убивате две муви со еден удар, ем се ослободувате од стресот, ем работите на вашата форма. Нутриционистите најчесто препорачуваат да се користи млеко кое содржи ниско ниво на масти. nnn

како извршните директори треба да го менаџираат стресот:

Н

ајдобрите лидери достигнуваат баланс и среќа надвор од работата, вели Стив Тапин, тренер по стрес менаџмент. Затоа е многу важно тие да го менаџираат стресот со цел од не се доведат себе си до „burn-out“ односно ефект на согорување. Ова се дел од начините кои тренерите по стрес менаџмент ги препорачуваат за менаџирање на стресот:

1. Земете длабок здив 2. Менаџирајте го вашето време 3. Оставете си време за слободни активности после работа 4. Медитација 5. Одете на одмор 6. Исклучете се од сите уреди барем на 15 минути. Дури и проверувањето на мејл понекогаш може да го зголеми стресот 7. Планирајте однапред

физичката активност: најдобaр начин да се менаџира стресот



www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

62

Здравје

Најуспешните светски бизнис лидери и стресот

Не постои човек на планетата што од време на време не се чувствувал под стрес. Всушност, едно истражување покажува дека 47% од луѓето чуствуваат одредена форма на стрес секој ден. Но најуспешните луѓе наоѓаат начин како да се справат со истиот и да останат со ладна глава, смирени и успешни на работа. Текстот подолу, ги истакнува лекциите што ги научиле познатите извршни директори во светот како Илон Маск и Бил Гејтс низ годините. Бил Гејтс

ко-основач и поранешен извршен директор во Мајкрософт

Направи го едноставно

Џеф Безос

основач и извршен директор на Амазон

Преземајте акции

С

тресот најчесто доаѓа кога не преземате акција околу нешто на кое имате до некаде контрола ... Штом ќе го идентификувате, и го направите првиот телефонски повик или го пратете првиот и-мејл, драматично го намалувате стресот што може да дојде од тоа. Идентификувајте го проблемот, преземете контрола и дејствувате. Со тоа што ќе го препознаете, а потоа го остранете стресот или стресната ситуација, ќе се чувствувате дека имате контрола на се и работите со мирна глава.

Илон Маск

М

ожноста да ги оладиш работите, и само да работиш на она што навистина е значајно, да размислуваш од почеток... Тоа е специјалната формула на еден генијалец. Тоа значи дека кога притисокот ќе почне да расте, намалија возбудата околу тоа и рефокусирај се на работите кои треба да ги завршиш. Држејќи ги работите едноставни ќе ви помогне да се сконцентрирате на работата и да чувствувате дека лесно менаџирате со стресот.

ко-основач на ПејПализвршен директор на Тесла Моторс

Продолжете понатаму

Л

уѓето треба да го игнорираат стравот ако тој е нерационален. Но дури и да е рационален, сепак е важно да продолжите понатаму. Место да дозволите стресот да влијае на вашиот прогрес, игнорирајте го и продолжете понатаму. Со самото тоа што ќе продолжите и нема да се грижите, ќе се ослободите од стресот, и нема да го чувствувате теретот врз вашиот грб.

Стив Џобс

ко-основач на Епл

Медитирајте

Сузан Војцицки

ко само седете и набљудувате, ќе видете како неуморна е вашата глава. Ако се трудите да се смирите, ќе направите само полошо, но со време навистина се смирувате ... Вашата глава почнува да се смирува, и гледате одлично пространство и широчина за момент. Односно, гледате многу повеќе отколку што сте можеле да видите претходно, кога сте биле под стрес. Ова значи дека потребно е да ја релаксирате вашата глава. Имајте момент да направите ретроспектива на актуелните потешкотии со кои се соочувате и тоа ќе го намали стресот, ја подобрува јасноста и ви ја поттикнува креативноста.

ногу е важно да се одморите, и понекогаш додека одморите добивате многу повеќе видици како да се справите со проблемите. Ако постојано работите тоа ќе доведе до ефект на согорување и ќе ја поткопа вашата продуктивност. Со тоа што ќе земете одмор и направете пауза од работа ќе направите баланс меѓу работата и личниот живот ќе се чувствувате освежени и полни со енергија.

А

Ричард Брансон Вирџин Груп

Приоритети

А

ко го изгубам целото царство Вирџин утре, тогаш ќе одам и ќе живеам на пример на Бали. Но, ако имам проблем со моето семејство, или здравје ... е тоа е веќе проблем. Запомнете што е важно. Застанете и размислите кои проблеми се навистина стресни, имајќи ги предвид важните работи во животот: здравјето и фамилијата. Кога ќе го сфатите ова помалку ќе се нервирате на работа.

извршен директор на ЈуТјуб

Создадете баланс

М

Џек Дорси

ко-оновач на Твитер

Планирајте однапред

С

тресот најчесто доаѓа од работи кои не сте ги очекувале дека ќе дојдат ... Колку повеќе поставете темпо околу она што го правите и колку повеќе ритуали и постојаност создавате во вашите дневни обврски, толку помалку стрес ќе имате. Создадете си ритам- планирајте однпред и работите според структуриран распоред. Зголемувањето на постојаноста во вашата рутина ќе го поттикне фокусот и ќе ја зголеми вашето разбирање на сликата во целост.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.