специјален прилог - моќните жени во бизнисот
Кои се најмоќните жени во македонскиот бизнис? l 10 најмоќни жени
во светскиот бизнис
l Што најмногу влијае дали жените да почнат бизнис?
l Зошто е добро да
се има жени во управните одбори?
34
Моќните жени во бизнисот 03.04.2015
содржина Жени 36моќните во бизнисот
Кои се најмоќните жени во македонскиот бизнис?
жени 4210вонајмоќни светскиот бизнис 44интервју Борка Петровска
менаџер на администрација во Фени Индустри
Анастазија Илкачева
менаџер на Нова Логистик и менаџер на Логистика во Фени Индустри
Зорица Ставрова
менаџер на финансии, комерција и администрација, Нова Рефрактори, Пехчево
Бизнисот има голема корист од учеството на жените во топ менаџментот
46
интервју
Емилија Зографска
менаџер на Одделот за односи со јавност во ОНЕ
Времето за патетика е поминато. Жената одамна не е само украс во домот ниту пак на работното место
48интервју
Искра ВетаџокоскaМуцунска
менаџер и косопственик на Виталиа
Вербата во сопствените идеи е универзален елемент за успешност
51АНАЛИЗА
Зошто е добро да се има жени во управните одбори? Компаниите со жени менаџери прават поголеми профити
53интервју Јованка Јолеска Поповска Генерален директор на Прокредит банка
Успехот не се мери само според тоа колку цифри има профитот
56интервју Вилма Учета- Дузлевска генерален директор на Кроациа Осигурување- Живот
Секој поединец може да го достигне успехот само ако е фокусиран да го види на хоризонтот!
59иСТРАЖУВАЊЕ Што најмногу влијае дали жените да почнат бизнис?
Да се биде сам свој газда најголем мотив на македонските жени за почеток со бизнис
62интервју Катерина Бошевска генерален директор на EOS Матрих
Деловната жена во Македонија е почитувана и ужива рамноправност со мажите!
64интервју д-р Драгана Д. Чифлиганец извршен директор на Адора инженеринг
Постојано трагам по нови знаења и предизвици
67интервју Емилија Матеска управител на Експертс
За успех во бизнисот мора да се има амбиција, цел и визија
68интервју Венера Крлиу-Ханџиски главен оперативен директор на Американ колеџ Скопје
Клучот на успехот се наоѓа во упорноста и снаодливоста!
евн компанија со машка 70упорност цврстина и со женска и посветеност
Квалитетот на луѓето е највисок приоритет
72интервју Маја Цветанова
маркетинг менаџер во Макпрогрес
Небитно e дали сте жена или маж, битно е дали сте професионалец!
74интервју Валентина Тасева директор на Семос Едукација
Ајде да зборуваме бизнис – етично и морално
интервју 76Христина Фуна
косопственик на СИНПЕКС Битола
Најмоќните позиции најчесто се во машки раце. Но, жените доаѓаат!
Истражување: Компаниите кои имаат жени
воведник
K специјален прилог - моќните жени во бизнисот
КОИ СЕ НАЈМОЌНИТЕ ЖЕНИ ВО МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС? 10 НАЈМОЌНИ ЖЕНИ
ВО СВЕТСКИОТ БИЗНИС
ШТО НАЈМНОГУ ВЛИЈАЕ ДАЛИ ЖЕНИТЕ ДА ПОЧНАТ БИЗНИС?
ЗОШТО Е ДОБРО ДА
СЕ ИМА ЖЕНИ ВО УПРАВНИТЕ ОДБОРИ?
78интервју Александра Дилевска Симова
директор на Публицис Македонија
ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕНОТ на уметности и книжевност на Република Франција
81интервју Соња Дамјановска генерален менаџер на Kreativa.ink
Во овој суров машки свет, водењето бизнис е арена само за големи момци и девојки!
82интервју Искра Малинковска сопственик на ЛУКС
Тајната на секој успех е во искрените намери!
84интервју м-р Ирена Чаушевска основач на првиот акцелератор Њу Менс Бизнис
Мојата визија за Македонија е да прерасне во дестинација за развивање на производи со глобален потенцијал!
35
Капитал за прв пат годинава објавува листа на најмоќни жени во македонскиот бизнис. На листата се најдоа жени кои се на врвни менаџерски функции или членови во управни одбори на компании од различни области, директори на банки, директори на маркетинг компании, жени кои основале и управуваат успешен сопствен бизнис... Жени кои имаат импресивни приказни за успех во бизнисот. Жени кои се упорни, посветени, едуцирани, кои имаат визија и амбиција да го постигнат најдоброто, кои се одговорни кон компаниите кои ги управуваат, кон вработените и општеството во кое живеат. Жени кои се докажани во бизнисот, кој успешно ги трансформираат фирмите со кои раководат, жени кои знаат и умеат да обезбедат раст на бизнисите во кои се вклучени, жени кои обезбедуваат раст на економијата. Изборот на годинешната листа на најмоќни жени во бизнисот е направен според успехот во личната кариера, функцијата која ја извршуваат, големината и значењето на компанијата која ја управуваат, според резултатите кои компанијата ги остварила под нивно водство, социјалното и културното влијание во општеството во кое работат. За повеќето од жените кои се најдоа на оваа листа фактот дека се жени не им одмага, ниту им создава некакви пречки за успех во кариерата и за успешно раководење на компаниите. Напротив, тие воопшто не размислуваат дека работат во машки свет, туку се фокусирани на остварување на најдобри можни резултати, со голема посветеност кон работата, кон постојано професионално усовршување, одговорност за успешно балансирање помеѓу успех во кариерата и семејството и приватниот живот. Иако македонската реалност покажува дека во првите менаџерски фотелји во најголемите компании се уште е поголем бројот на мажите, факт е дека во последниве неколку години македонската жена, полека успева да се избори за високи и моќни позиции во бизнисот. Интересен е и фактот според кој во најголем дел од компании веднаш до првиот човек во директорски бордови седат жени, како втор или трет директор и се сметаат за главни луѓе од доверба на првите менаџери. Податоците покажуваат дека 20% до 30% од македонските компании на раководна позиција имаат жена. Официјалната статистика вели дека околу 30% од фирмите во Македонија, или 21.683 регистрирани компании се во сопственост на најмалку една жена која учествува со основачки влог од 50%, а во овие компании се вработени 43.671 лица. Прашањето за учеството и улогата на жените во бизнисот не се поставува само во Македонија, туку и во целиот свет. Но, ако треба да се извлече некој заклучок тоа е дека кога сите повеќе би се фокусирале кон тоа како да се подобрат резултатите во работењето, наместо на родовата еднаквост или нееднаквост, тогаш овие теми за учеството на жените во бизнисот би станале сосема незначајни и беспредметни.
и во управните одбори имаат поголем профит
Капитал број 805 03.04.2015
моќните Жени во бизнисот фотографија: од филмот The Devil Wears Prada
36
www.kapital.mk
Капитал за прв пат годинава објавува листа на најмоќни жени во македонскиот бизнис. На листата се најдоа жени кои се на врвни менаџерски функции или членови во управни одбори на компании од различни области, директори на банки, директори на маркетинг компании, жени кои основале и управуваат успешен сопствен бизнис... Тоа се жени кои имаат импресивни приказни за успех во бизнисот, кои носат одлуки и имаат моќ да ги менуваат работите на македонската бизнис сцена. Еве кои се најмоќните жени во македонскиот бизнис.
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог
37
Кои се најмоќните жени во македонскиот бизнис? Прашањето за учеството и улогата на жените во бизнисот не се поставува само во Македонија, туку и во целиот свет. Но, ако треба да се извлече некој заклучок тоа е дека кога сите повеќе би се фокусирале кон тоа како да се подобрат резултатите во работењето наместо на родовата еднаквост или нееднаквост, тогаш овие теми за учеството на жените во бизнисот би станале сосема незначајни и беспредметни.
K
Капитал за прв пат годинава објавува листа на најмоќни жени во македонскиот бизнис. На листата се најдоа жени кои се на врвни менаџерски функции или членови во управни одбори на компании од различни области, директори на банки, директори на маркетинг компании, жени кои основале и управуваат успешен сопствен бизнис... Жени кои имаат импресивни приказни за успех во бизнисот. Жени кои се упорни, посветени, едуцирани, кои имаат визија и амбиција да го постигнат најдоброто, кои се одговорни кон компаниите кои ги управуваат, кон вработените и општеството во кое живеат. Изборот на годинешната листа на најмоќни жени во бизнисот е направен според успехот во личната кариера, функцијата која ја извршуваат, големината и значењето на компанијата која ја управуваат, според резултатите кои компанијата ги остварила под нивно водство, социјалното и културното влијание во општеството во кое работат.
За повеќето од жените кои се најдоа на оваа листа фактот дека се жени не им одмага, ниту им создава некакви пречки за успех во кариерата и за успешно раководење на компаниите. Напротив, тие воопшто не размислуваат дека работат во машки свет, туку се фокусирани на остварување на најдобри можни резултати, со голема посветеност кон работата, кон постојано професионално усовршување, одговорност за успешно балансирање помеѓу успех во кариерата и семејството и приватниот живот. Македонската реалност покажува дека во првите менаџерски фотелји во најголемите компании и натаму поголем е бројот на мажите. Но, факт е дека во последниве неколку години македонската женабизнисмен, полека успева да се избори за високи и моќни позиции во бизнисот. Врвните директорските позиции во најголемите компании и најголемите банки и натаму му припаѓаат на машкиот свет. Но, интересен е фактот дека во најголем дел од нив веднаш до првиот човек во нивните директорски бордови седат жени, како втор или трет директор и се сметаат за главни луѓе од доверба на првите менаџери. За разлика од порано кога жените во најголем дел од случаите од позицијата сопруги или партнери на некои од највлијателните луѓе, денес жените во Македонија полека, но сигурно стануваат креатори и промотори на сопствената вистинска и општествено призната моќ која произлегува од нивните успешни ангажмани во македонскиот бизнис. Се поголем е бројот на жени на челните позиции и во управните одбори на компаниите, а во
последниве години се зголемува и бројот на жени претприемачи кои одлучуваат да почнат сопствен бизнис. Во 20% до 30% од македонските компании на раководна позиција имаат жена, покажуваат податоците од Македонското женско лоби во Македонија. Според овие податоци жените се најдоминантни во преработувачката индустрија трговијата. Женското претприемништво полека но сигурно почнува да игра голема улога во Македонија. Се повеќе можеме да сретнеме жени на високи позиции во корпоративниот свет, но и жени сопственици на бизнис. Доказ за ова е официјалната статистика која вели дека околу 30% од фирмите во Македонија, или 21.683 регистрирани компании се во сопственост на најмалку една жена која учествува со основачки влог од 50%. Во овие компании се вработени 43.671 лица. Над 99% од субјектите во кои сопственици се жени се во категоријата микро и мали фирми (74% и мали 25%), а само 1% се средни и големи фирми. Од податоците на организацијата може да се види дека од 2006 до 2013 година годишно се отвораат по околу 2.000 фирми во кои на раководни позиции седнуваат жени. Учеството на жените во управувањето со компаниите во Македонија не е многу далеку од светскиот просек. Податоците покажуваат дека во светски рамки 19% до 35% од менаџерите во компаниите се жени. Еве кои се најмоќните жени во македонскиот бизнис
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
38
моќните Жени во бизнисот
Кои се најмоќните жени во македонскиот бизнис?
Кристина ТодоровиќНиколиќ
Т
генерален извршен директор на Тинекс
одоровиќ е на чело на најголемиот трговски ланец маркети во Македонија, функција која ја наследи од нејзиниот татко Владимир Тородовиќ, кој го основаше бизнисот пред 20 години. Тинекс има годишни приходи од над 90 милиони евра и пазарен удел од 15%. Откако е на чело на семејниот бизнис таа се посвети на развој, ширење на малопродажната мрежа и отворање на нови маркети.
Јованка Јолевска Поповска
Н
генерален директор на Прокредит банка
ејзината моќ потекнува од групацијата Прокредит, која не само во Македонија, туку и во регионот, па и во светот се докажува како банка која е посветена на развојот на компаниите. Таа е една од ретките банкари во Македонија која во фокусот ги има фирмите и нивниот развој, а не билансите на банката. Тоа го покажуваат и податоците според кои над 90% од кредитното портфолио на Прокредит е кон фирмите и агро-секторот.
Олга Костовска Кристина Тодоровиќ-Николиќ Венера Крлиу Ханџиски Јованка Јолевска Поповска
Драгана Чифлиганец
П
извршен директор на Адора Инженеринг
рвата дама во градежништвото ги руши стереотипите дека ова е машка професија. Нејзината моќ произлегува од челната менаџерска позиција на најголемата градежна компанија Адора, која е една од најбрзорастечките и најпрофитабилни македонски компании со приходи од над 17 милиони евра и профит од над 6 милиони евра. Откако го превзема семејниот бизнис е посветена максимално на примена на светските стандарди и иновации за квалитетно, сигурно и економично домување.
Милкица Глигорова
Г
Александра Дилевска Симова
член на Управен одбор и директор на производство на фармација во Алкалоид
лигорова е веќе долги години на чело на производството на лекови во Алкалоид, најголемата фармацевтска компанија во земјава и регионот, но и дел на Управниот одбор на компанијата што и дава моќ во носењето на одлуките. Под нејзино водство високиот квалитет потврден од високите законодавни авторитети и примената на најсовремените производствени технологии и деловни стандарди станаа главна одлика и врвен приоритет на Алкалоид.
А
извршен директор на маркетинг агенцијата Публицис
лександра Дилевска е на чело на најголемата маркетинг компанија во земјава Публицис, а во бизнисот со адвертајзинг и реклами е над 15 години. Под нејзино водство компанијата успеа да добие многу меѓународни награди и признанија, а таа е член во повеќе бизнис здруженија. Од компанија која почна со пет вработени, денес Публицис е маркетинг агенција која работи со најголемите компании и која е препознаена како квалитет во маркетингот.
Лиза Поповска
П
финансиски директор на Пивара Скопје
оповска веќе 10 години е на позицијата главен финансиски директор на најголемата компанија за пијалоци Пивара Скопје, каде кариерата ја гради речиси 25 години. Таа остана одговорна за финансиите и по приватизацијата на компанијата и успешно ги води финансиите во Пивара Скопје која важи за една од најуспешните компании во земјава која лани работеше со профит над 11 милиони евра и приходи од над 56 милиони евра.
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог Венера Новаковска Лиза Поповска Драгана Чифлиганец Искра Ветаџоковска Муцунска
39
Олга Костовска
К
претседател на Надзорниот одбор на Еуролинк Осугурување
остовска е на чело на Надзорниот одбор во осигурителната компанија Еуролинк Осигурување и преку оваа функција е вклучена во донесувањето на одлуките во оваа осигурителна компанија. Како ќерка на бизнисменот Трифун Костовски, таа е вклучена и во семејните бизниси. Таа е вклучена и во голем број активности на корпоративна општествена одговорност преку кои дава поддршка на значајни сегменти од општеството.
Елена Пандева Лука
Е
сопственик на модната куќа Елена Лука и менаџер во градежната фирма Жикол
лена Пандева Лука успеа да изгради модна империја со нејзиниот бренд Елена Лука. Фирмата во изминатиов период се прошири со нови објекти и продажни салони. Пандева истовремено е вклучена и во градежниот бизнис како менаџер во семејната фирма Жикол, која постои од 1987 година и е вклучена во изградба на станбен и деловен простор. Жикол е меѓу 30-те најпрофитабилни компании во Македонија со профит од над 4 милиони евра и приходи од 18 милиони евра
Даниела Адемовска
Д
генерален директор и сопственик на Капитол Мол
аниела Адемовска од неодамна доби и официјална извршна функција на станбениот деловен комплекс Капитол Мол, инвестиција вредна 30 милиони евра. Но, таа веќе подолго време е вклучена во одлучувањето и управувањето во бизнисите на нејзиниот сопруг Ајдован Адемовски, кој важи за еден од најмоќните бизнисмени во земјата. Бизнис империјата на семејството Адемовски го вклучува и хотелот Стоун Бриџ, а вклучен е и во трговијата и градежништвото.
Искра Ветаџоковска Муцунска Венера Новаковска
Бранка Павловиќ
П
претседател на Управниот одбор на Охридска банка
авловиќ е на кормилото на Охридска банка на почетокот на годинава. Нејзината моќ во бизнисот произлегува од тоа што ја управува четвртата по големина банка во земјава, со актива од над 500 милиони евра, која е дел од моќната европска групација Сосиете Женерал. Павловиќ има веќе 15 години кариера во групацијата на француската Сосиете Женерал, а на чело на Охридска доаѓа од челата позиција на оваа групација во Црна Гора.
основач и директор на Меѓународно училиште Нова
В
енера Новаковска слободно може да се нарече пионер во приватното образование во Македонија. Таа е основач и сопственик на Нова, која во далечната 1992 година почна како школа за странски јазици, а денес прерасна во комплетна образовна институција, која има признание и поддршка дома и во странство. Новаковска ја наметна својата визија за квалитетно образование како репер кој е гарант за квалитет и успех.
В
менаџер и сопственик во Виталија
етаџоковска успешно го наследи и управува бизнисот на нејзиниот татко кој ја основаше компанијата Виталиа пред 20 години. Нејзиниот главен фокус е продажбата и развојот на нови производи, креирање на стратегии за нивно промовирање и пенетрирање на нови пазари Под водство на Ветаџоковска-Муцунска компанијата успеа да го зацврсти брендот, да го зголеми производството, да воведе многу нови иновативни производи и да се наметне како синоним за здрава храна. Но, компанијата во изминатиов период обезбеди раст на приходите преку поголем извоз на нови пазари.
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
40
моќните Жени во бизнисот
Венера Крлиу Ханџиски главен оперативен директор на Универзитетот Американ Колеџ
Венера Крлиу Ханџиски е на чело на Американ Колеџот, кој под нејзино водство успеа да се наметне како еден од најдобрите универзитети во земјава. Универзитетот кој прославува 10 години постоење веќе е синоним за квалитетно високо образование, чии дипломи се меѓународни признаени. Под нејзино водство Американ Колеџ се стекна со многу признанија и награди, и успеа да понуди врвен квалитет на наставната програма.
Валентина Тасева
П
директор на Семос Едукација
од водство на Тасева, делот на Семос задолжен за едукација, кој постои веќе 20 години, бележи континуиран раст од 15% до 30% и одлични финансиски резултати. Нејзиниот фокус е интензивен “извоз” на памет и знаење и таа е заслужна што компанијата во последните години е се поприсутна на западно-европските пазари. Само минатата година приходите на компанијата која таа ја управува пораснаа за 40%.
Во што е нивната тајна за моќта и успехот? За да се успее во било кој бизнис е потребна голема вештина, упорност, храброст, работа и визија. Визија која нема да остане само сон, туку ќе биде внимателно и мерливо поставена и реализирана. Ова се карактеристики кои ги имаат сите жени кои се најдоа на листата на најмоќни жени во македонскиот бизнис. Секоја од овие жени кои успеале да се искачат високо во македонската бизнис сцена имаат инспиративни приказни за тоа што е потребно да се успее и да се постигне врвот во бизнисот. Кристина Тодоровиќ Николиќ, првиот човек на најголемиот ланец маркети Тинекс вели дека нејзините родители ја научиле да биде амбициозна, самостојна, борбена, правична и да чекори во животот без страв. “Перфекционизмот го наследив од нив и сите овие карактеристики ми обезбедија да бидам успешна во она што го правам. Сите оние кои се на почетокот од патот
наречен приватен бизнис ги советувам да бидат истрајни, борбени, храбри, темелни и правични, затоа што само така ќе постигнат успех. Оние, пак, кои веќе го уживаат успехот и сакаат да се задржат на врвот, имаат голема одговорност како кон довербата на клиентите, така и кон соработниците, па затоа нивната мисија и визија и понатаму треба да се темели на желбата да се биде лидер, иноватор, конкурент, бренд и тренд на македонскиот пазар, па и поширокo”, вели Тодоровиќ.
ПРЕВОД НА ПАТНИ ИСПРАВИ И ДОКУМЕНТИ ПРЕВОД НА СТРУЧНА И ТЕХНИЧКА ЛИТЕРАТУРА ПРЕВОД И ИЗРАБОТКА НА СТРУЧНИ ТРУДОВИ тел: 078 404 652; 02 60 92 156; e-mail:deixistranslations@gmail.com
www.deixis.com.mk
Драгана Чифлиганец, има едвај 30 години, а веќе е значаен дел од успехот на една од најбрзорастечките компании во Македонија, еден од најпознатите брендови во градежништвото – Адора инженеринг. Од пред осум години е активно вклучена во семејниот бизнис, што го почна нејзиниот татко профдр. Ванчо Чифлиганец, за кого што вели дека и е непресушен
извор на инспирација и голем поддржувач на нејзиниот развој како менаџер. “Цел живот учам, се надградувам, многу инвестирам во себе и многу работам. Колку и да звучи нескромно, сметам дека успеав да покажам дека сум пред сè, одговорна и принципиелна личност, која не потклекнува пред ниеден предизвик во работата, затоа што како што ме научи мојот татко, ‘не можам’ и ‘не знам’ не смеат да постојат во мојот речник”, вели Чифлиганец. Според Александра Дилевска Симова која веќе неколку години е на чело на најголемата маркетинг агенција Публицис, која вработува над 50 луѓе, потребно е многу работа, храброст и страст за да се успее во нешто. “Нема некоја посебна формула за успех. Се е индивидуално. Тоа што го научив во мојата досегашна кариера е дека нема ништо без работа и континуирано учење. Во моментот кога човек престанува да учи застанува во својот развој", вели Александра Дилевска-Симова, една од најуспешните жени-менаџери во земјава, која повеќе од седумнаесет години е во бизнисот со адвертајзинг.
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог
Бранка Павловиќ Милкица Глигорова Валентина Тасева Даниела Адемовска Елена Пандева Лука Александра Дилевска Симова
41
Жените менаџери имаат помали плати од нивните машки колеги Според податоците од Евростат жените во Европа имаат за 16% помали плати од нивните машки колеги. Разликата во сите земји е секаде во корист на мажите, во Словенија за 5%, а повеќе од 20% се помали платите на жените во Естонија, Австрија, Чешка и Германија. Жените во бизнисот имаат “двојна одговорност”
За Венера Крлиу Ханџиски, која управува со Универзитетот Американ Колеџ, каде дури 60% од вработените се жени, е факт кој покажува дека жените, подеднакво како и припадниците на посилниот пол, ги поседуваат потребните знаења и менаџерски способности за имплементирање на бизнис стратегијата, финансиите, маркетингот и правните работи. “Со цел успешно водење на бизнисот, особено е значајно да се воспостави ефективна комуникација меѓу вработените во компанијата и претпоставените, да постои меѓусебна почит и разбирање, и секако работните обврски да се извршуваат навремено. Воедно, во водењето на еден бизнис, особено е значаен професионалниот пристап, одлучноста и превземањето ризици, кои што се клучни за развој на компанијата во насока на визијата”, вели Крлиу Ханџиска. За Валентина Тасева, директор на Семос Едукација клучно за успех во управувањето со бизнисот е да се има менаџерско знаење,
одговорност и визија. “Ако доволно добро работиш и паметно работиш, ако имаш визија за да знаеш што точно работиш,ако визијата ја поткрепиш со стратегија и знаење, тогаш резултатите сами по себе ќе си дојдат”, вели Тасева. Нејзиниот совет за жените кои сакаат да успеат во животот би бил ист како и за мажите. “Никогаш да не престануваат да учат. Да продолжат континуирано да ги надградуваат своите знаења. Да се биде лидер е одговорност бидејќи треба да гледаш нешто што другите не можат да видат. Треба да имаш визија, цел и стратегија, но и упорност визијата да ја преточиш во мерлива реалност”, вели Тасева. За Искра Ветаџоковска Муцунска независно што сте, менаџер, мајка или сопруга, пред се е важен личниот однос кон работата, страста која ја внесувате во работата, стилот и начинот на справување со предизвиците. “Управувањето е во природата на жената. Таа го носи тоа во себе. Редовната пракса на мултитаскинг и помагаат на жената лесно да го прошири својот хоризинт и да се потврди успешна и надвор од семејниот дом. Способноста на жената да го менаџира домот, децата и работата истовремено со сите предизвици кои ги носи, ја прават уште по фокусирана, по прецизна и ориентирана кон успех. Токму затоа верувам дека жената доколку е одлучна може да успее во се, вели Искра Ветаџокоска –Муџунска.
Многу од жените кои се наоѓаат на челни раководни позиции во македонските компании имаат голем предизвик да ги усогласат успешното раководење со бизнисот и семејниот живот. Тие имаат двојна одговорност-да покажат успех во менаџирањето, а во исто време да одговорат со успех на останатите улоги кои се чекаат од жената во општеството - да бидат добри сопруги, мајки, пријателки... Повеќето од нив велат дека успеваат успешно да балансираат помеѓу кариерата и семејството, благодарение на добрата организација и големата поддршка од семејството. Некои истражувања на светско ниво покажуваат дека сопругите на дури 76% од извршните директори во големи компании се откажуваат од кариерата и се посветуваат на семејството, додека само 24% од сопрузите на директорките на големи компании остануваат дома со децата или се откажуваат од своите кариери за сметка на успех во кариерата на нивните сопруги. Прашањето за учеството и улогата на жените во бизнисот не се поставува само во Македонија, туку и во целиот свет. Но, ако треба да се извлече некој заклучок тоа е дека кога сите повеќе би се фокусирале кон тоа како да се подобрат резултатите во работењето наместо на родовата еднаквост или нееднаквост, тогаш овие теми за учеството на жените во бизнисот би станале сосема незначајни и беспредметни. Она што се чини дека е прв и пресуден чекор кој жените мора да го направат на патот за успех во бизнисот е да ги совладаат пречките и предрасудите најнапред во себе. Бидејќи, најчесто жените се најголеми жртви на сопствените предрасуди и најчесто тие имаат најголема недоверба во себеси дека можат да бидат успешни во бизнисот без разлика што се жени. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
42
моќните Жени во бизнисот
10 најмоќни жени во На листата на најмоќни се жени кои управуваат со големи компании во различни индустрииод автомобилска индустрија, енергетика, технологија..., за разлика од рангирањето на пример од 1998 година кога најмоќните жени во бизнисот доаѓале од индустрии во кои акцент се става на креативноста, како маркетинг, рекламирање, медиуми, издаваштво, а немало ниту една жена на чело на голема компанија.
В
Во најновото рангирање на американскиот магазин Fortune на 50 најмоќни жени во бизнисот дури 24 жени се на главни извршни функции на големи компании, што е своевиден рекорд. На листата на најмоќни се жени кои управуваат со големи компании во различни индустрии-од автомобилска индустрија, енергетика, технологија..., за разлика од рангирањето на пример од 1998 година кога најмоќните жени во бизнисот доаѓале од индустрии во кои акцент се става на креативноста, како маркетинг, рекламирање, медиуми, издаваштво, а немало ниту една жена на чело на голема компанија. Креативноста и денес е предуслов за успех во бизнисот, но за разлика од порано денес не мора да работите во “креативна” индустрија за да напредувате во кариерата како жена. Еве кои се 10 –те најмоќни жени во бизнисот според Fortune:
1. Џини Ромети
Р
извршен директор и претседател на IBM
омети веќе трета година по ред ја држи позицијата број 1 на листата на Fortune магазинот, и покрај тоа што приходите на IBM забележаа пад од 5%, па на крајот од 2013 година приходите изнесуваа 99.8 милијарди долари. Но, нејзината стратегија да инвестира во нови технологии веќе ги покажува резултатите. Во новите области како мобилните и облак услугите, приходите пораснаа за 69% во 2013 година. Ромети исто така потпиша неколку стратегиски партнерства, како што е договорот со Apple да нуди услуги од IBM на iOS платформата. Ромети исто така најави дека ќе инвестира 1 милијарда долари во развој и комерцијализација на когнитивен компјутерски систем, што се гледа како уште еден потенцијал за раст на оваа компанија.
2. Мери Бара
Б
извршен директор на Џенерал Моторс
ара стана првата жена извршен директор во индустријата на автомобили во јануари и за брзо време се соочи со најголемиот проблем на возилата на Џенерал моторс (29 милиони) поради грешките со системот на палење, поврзани со најмалку 13 смртни случаи од 2005 година. Таа исто така многу инвестира во надминувањето на непопуларната перцепција за Џенерал Моторс.
3. Индра Нуди
претседател и извршен директор на ПепскиКо
И
новациите на Нуди им се исплатија на ПепскиКо, оти ги зголемија трошоците на оваа компанија за Истражување и развој (R&D) за 25% од 2011 наваму. Производите кои беа лансирани во изминатите три години сега прават дури 9% од приходите на оваа компанија- вкупно 66.4 милијарди долари во 2013 година. А во 2013 година меѓу листата на 50 најдобро продавани нови производи во САД, дури девет дојдоа од ПепскиКо: Starbucks Iced Coffee, Muller Quaker Yogurt, и Mountain Dew Kickstart, се само од неколкуте. Во јули компанијата ја зголеми проекцијата за очекуваниот профит во наредната година.
4. Мерлин Хјусан
извршен директор и претседател во Lockheed Martin
Х
јусан постигна рекорд во однос на профитот и заработката по акција во 2013 година само во првата година откако стана извршен директор во светски најголемата компанија во индустријата за одбрана и воздухопловство, и покрај падот од 4% во приходите, кои сега изнесуваат 45.4 милијарди долари. Таа сега е свртена кон други индустрии како што е обновливата енергија преку која сака да привлече нови клиенти.
fORTUNE: денес не мора да работите во “креативна” ин
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог
43
во светскиот бизнис 9. Aбигејл Џонсон
5. Елен Кулман
претседател и извршен директор во DuPont
Ц
F
ената по акција на оваа компанија беше веќе десетта година во пад кога Кулман го презеде местото на извршен директор во 2009 година. Оттогаш, таа ја помести оваа 212 години стара компанија во други област како нутрити, напредни материјали и бионаука. Таа, дирекцијата за автомобилски бои ја продаде во 2013 година и ги засени компаниите од нејзиниот сектор (хемијата) како Teflon и Freon веќе следната година. Инвеститорите се чини ги сакаат нејзините потези: пазарната вредност на DuPont се дуплираше со Кулман на чело.
претседател на FMR (дел од Fidelity Investments)
idelity Investments е втората најголемата компанија во САД во секторот финансии, со 4.62 трилиони долари капитал во 2013 година, кој бележи зголемување од 19% споредено со 2012 година. Џонсон, е претседател на оваа компанија од 2012 година. Оваа компанија го поведе финансирањето на познатиот Uber – веќе светски познатата компанија за алтернативно такси.
6. Мег Витман
В
извршен директор и претседател на Hewlett-Packard
итман ја презеде и функцијата претседател во Hewlett-Packard во јули, две години откако го најави својот пет годишен план како извршен директор, за да направи пресврт во тешкотиите со кои се соочува овој гигант во областа на технологијата. Во третиот квартал од 2014 година, продажбата на Hewlett-Packard порасна за прв пат после три години. Но приходите во 2013 година забележаа пад од 6.7%, па стигнаа на 112.2 милијарди долари.
7.
Г
Ирен Росенфелд
претседател и извршен директор на Mondelez International
лобалната компанија за ужинки ја зголеми продажбата и профитот за 1% и 28% во 2013 година. Но, Росенфелд, која се соочи со слаба побарувачка од потрошувачите и притисок од акционерот Нелсон Пелтц, планира да ги намали трошоците за 1.5 милијарди долари во наредните четири години.
8. Пет Воертц
В
10. Шерил Сендберг
М
извршен директор на Facebook
инатата година помина во името на Сендберг: Нејзината најдобро продавана книга „Lean In“, и помогна да стане новото лице на корпоративната родова еднаквост. Оваа година пак помина во знакот на Facebook. Профитот во 2013 година порасна за 2,730%, најмногу поради зголемените приходи од реклами за мобилните телефони, и најави големи зделки на почетокот од 2014 година. Како извршен директор број 2 (прв е Марк Зукерберг), Сендберг останува круцијална за стратегијата на долг рок на оваа компанија. Таа исто така е најдобро платена жена на оваа листа на Fortune магазинот, која заработи 38 милиони долари само во 2013 година.
претседател и извршен директор на Archer Daniels Midland
оертц, извршен директор од 2006 година, од Cheveron во Archer Daniels Midland дојде со големи планови за етанолот. Оттогаш, таа многу вложуваше во диверзификација на производите за што потроши 3.1 милијарда долари оваа година само за да ја купи швајцарско- германската компанија Wild Flavors.
ндустрија за да напредувате во кариерата како жена
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
44
моќните Жени во бизнисот
Бизнисот има голема корист од учеството на жените во топ менаџментот
И покрај значајниот општествен напредок во делот на еднаквост меѓу родовите, факт е дека за жените се уште постојат пречки во деловното опкружување, како дискриминација, семејната улога и очекувања, предрасуди и сл. Меѓутоа, моето лично искуство во ФЕНИ е спротивно, затоа што и покрај стереотипот дека тешката индустрија е резервирана за мажи, во изминатите 10 години овде се разви една корпоративна култура каде вработените се вреднуваат единствено по нивниот учинок, што секако е дел и од стратешката определба на компанијата т.е. да ги ангажира најдобрите, а тоа им оди во прилог на сите деловно ориентирани и амбициозни лица, без разлика на полот. Всушност, сметам дека бизнисот има голема корист од учеството на жените во топ менаџментот, затоа што разновидноста значи и различни перспективи и пристапи кон работата а, со тоа и многу повеќе избор и можности за самата компанија. Јас нема да се согласам дека едните или другите се подобри во водењето бизнис. Како индивидуалци сите имаме свои лични карактеристики и способности, но како полови, генерално мажите се логичари, а жените се интуитивни и емоционално поинтелигентни, а најдобар е спојот од овие карактеристики заедно. Така и функционираме како тим во ФЕНИ, бидејќи нé има од различни полови, различни националности, верски определби, и сите даваме свој единствен придонес, што нé прави успешни. Секако, соодветно сум прифатена и надвор од ФЕНИ. Претпоставувам дека и јас сум успеала да се наметнам како рамноправна, но, и да се има зад себе една компанија како ФЕНИ секако дека е од голема помош за да се биде прифатена како таква. Кога станува збор за патот на една жена да стигне до раководна функција, повторно ќе го споделам сопственото искуство, а тоа е дека како и секој друг, со многу работа, посветеност и страст кон работата, но и многу образовна надградба. Не знам дали се трудев повеќе од моите машки колеги за да се докажам, но знам дека моите напори беа препознаени и вреднувани, а соодветно
Борка Петровска менаџер на администрација во Фени Индустри
на мојот работен влог се појавија и можности за напредок, што јас мудро ги препознав и искористив. Ќе истакнам дека ова е можно само во средина каде единствено мерило се трудот и резултатите, и имав потполна поддршка од моите претпоставени, моите колеги, и исклучително важно за една жена да може да гради кариера, поддршка од семејството, која јас ја добивам секојдневно. Советот што јас ќе го споделам со женската популација која сака да успее на деловен план, покрај секако постојаното надградување, посветеното работење, е да имаат самодоверба и да не се плашат да се борат за тоа што сакаат да го постигнат и најважно, да ја препознаат и искористат можноста кога ќе им се укаже, зашто реално животот никому не дава премногу шанси. Кариерата секако бара и жртви, можеби и повеќе од жените, земајќи ја во предвид нивната традиционална семејна улога, но според мене, една реализирана жена е многу подобра мајка и сопруга, и општо подобра личност и придонесува повеќе и подобро во квалитетот на живеење и на своето семејство и на целокупната заедница. Уште ќе им порачам и на компаниите исто така да ги земат во предвид уникатните способности и вредности што жените ги внесуваат во деловното опкружување и да „профитираат“ од сето тоа.
И покрај плејадата на стереотипи за жените, сметам дека бројот на успешни професионални стории за жените се повеќе се зголемува. Сакам да ви доловам една невообичаена професија за жена, извршувана во машки свет што, пак, ги урива стереотипите за мажите. Како и да е, комплементарност треба да постои. Фени Индустри АД е еден од најголемите увозници и извозници на стоки во државата, па затоа моќната логистика има големо значење за компанијата, вработените, животната средина, заедницата и сите останати засегнати страни. Во континуитет на работењето на логистиката на Фени, а по одлуката на менаџментот на Фени Индустри, организирав настанок на нова фирма за транспорт и шпедиција која ќе ги опслужува Фени Индустри-Кавадарци, Фероникели-Глоговац, Нова ИнжинерингКавадарци, Нова рефрактори-Пехчево, матичната компанија Кунико Ресурсис, а се разбира и трети страни. Се со цел да го подобри протокот на материјали, енергенси, информации и луѓе за да се постигне подобар економски ефект со прецизна и најдобра координација
Имајќи предвид дека во нашето опкружување жените се вклучени во образовниот процес подеднакво со мажите, имаат подеднакви шанси за вработување, очекувано е да имаат исти шанси и за напредок во кариерата. Тоа е и видливо во фактот што денес кај нас жените се на многу одговорни места и тоа и во типично машки средини, како што е индустријата. Сметам дека жената може да биде успешна на ваква позиција не само заради професионалните, туку и поради своите женски квалитети – комуникациски вештини, аналитичност, сочуствителност, неопходни за менаџирање и интеракција со соработниците. Кога станува збор за предизвиците на работното место, сметам дека жените се соочуваат со истите предизвици со кои би се соочил и маж на таа позиција, а тие се секако од професионална природа. Сметам дека деловното опкружување е подеднакво за сите нас и барем јас никогаш досега не
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
специјален прилог
45
Дали компанијата ја води жена или маж е надмината тема на комплексните операции, Нова Логистик покажа дека може, умее и напредува. Под мое раководство, Нова Логистик започна со работа во јануари 2014 година и стана лидер на транспортот на Балканот. Нашиот логистички систем е составен од повеќе елементи (технички, технолошки, организациски, економски и правни) кои треба да функционираат непосредно Фокусот за 2015 година е освојување на нови пазари. Позиционираноста на Фени Индустри се наоѓа на оддалеченост од 180 километри од најблиското пристаниште во Солун. Транспортирањето на репроматеријали од далечни дестинации до фабриката, во количина од 1.5 до 2 милиони тони годишно е предизвик и задача од светски размери. За транспортирање на споменатата количина потребно е добро да се комбинираат меѓународните и домашните активности на ефикасен начин, како и логистичките услуги да се извршуваат во рамките на глобалниот логистички систем, а при тоа земајќи ги во предвид сите инволвирани страни, особено во еден комплексен систем составен од: транспортни компании за поморски сообраќај, пристаништа, царински органи,агенции, шпедиции, транспортери ... Како што животот е полн со предизвици така и изборот на мојата идна професија беше предизвик за мене. По вокација сум
дипломиран машински инженер и магистер по бизнис администрација. Зборувам повеќе странски јазици. Сум се определила за ``машка професија`` и сметам дека поделбата на тоа дали компанијата ја води жена или маж е надмината тема. Веќе подолг, извесен период сум на работна позиција менаџер на логистика во Фени Индустри, а од почетокот на 2014 годин и извршен директор на Нова Логистик. Секако дека во целокупното работење сум се соочувала со безброј различни ситуации кои изискувале брзо пронаоѓање на решенија и одлучно применување на истите во соодветните работните системи низ целиот свет. Но , искуството и знаењето си го прават своето. За да се биде успешен менаџер во било кое поле на работа, без разлика на полот, секако дека треба инвестиција во себе и неограничено вложување на работа, труд и посветеност. Земајќи ги во обзир сите претходно споменати моменти, ќе потенцирам дека реткост е да се наиде на соработничка низ целиот свет, од овој ранг и посебно ми е драго што ја имам честа да бидам претставник на женската популација во оваа сфера. Секако дека голема благодарност должам на топ менаџментот на нашата интернационална компанија-Кунико Ресурсис, кој ми ја дал довербата и овозможил моето претходно искуство да го применувам, пренесувам
Анастазија Илкачева
менаџер на Нова Логистик и менаџер на Логистика во Фени Индустри и придонесувам за компанијата, да се надградувам и имплементирам ново знаење како би целиот ланец бил уште поефикасен. Од претходно изнесеното можете да ја прочитате пораката што ви ја пренесувам низ текстот, драги дами, за предизвиците, стереотипите... Сепак, прашање на личен избор е какви ставови и насоки ќе се завземат кон одредена професија, во зависност од индивидуалните можности и определби.
жените и мажите имаат еднакви шанси за успех сум имала предизвик кој е поврзан со фактот дека сум жена. Напротив, секогаш сум имала поддршка од претпоставените и од колегите. Во поглед на стереотипите кои можеби се уште постојат околу машката доминација во светот на бизнисот, ќе се сложам дека поголем број од претприемачите или дека на поголем број од “decision making” позициите се мажи, но ова никако не го гледам како резултат на тоа дека се тие генерално подобри, туку дека за жал, помал број на жени се охрабруваат да претендираат да бидат на тоа место, од различни причини. Што се однесува до моето лично искуство, иако металургијата како бранша се перципира како типично машка, со над 90% машка популација, досега сум била на неколку различни менаџерски позиции, што значи дека стереотипите доколку постоеле не биле влијателни. Одлучувачки е односот кон работата, професионалноста, а може да се рече и храброста да се прифати предизвикот. Всушност, до раководната позиција се стигнува со многу работа, посветеност, професионалност и интегритет. Но, на патот до раководната позиција не ве води желбата да бидете таму, туку односот кон работата, така што доколку го сакате тоа што го работите и го давате својот
максимум, успехот и напредокот се неизбежни. Сметам дека ова е универзално, и во една нормална работна средина и мажите и жените имаат еднакви шанси да напредуваат. Тоа што за жените е потешко мислам дека е притисокот од општествените норми дека жената во исто време треба да ја задржи улогата во домот на начин на кој тоа функционирало во некои други времиња. Овде е всушност расчекорот - од една страна жените се еманципирани и се носат со сите предизвици на работното место, каде се еднакви со мажите, а од друга страна останува нивната традиционална улога во домот, која носи обврски со полно работно време. Затоа, жените кои се успешни неизбежно имаат потполна поддршка од своите семејства - едноставно не постои друг начин да се биде подеднакво успешен на двата фронта. На крај, на сите жени кои сакаат да напредуваат во кариерата би им советувала најправо да ја сакаат својата работа и да ја работат со полна посветеност, внимание и залагање, со еден збор, најдобро што можат. Потоа, континуирано да се надградуваат и подобруваат, како професионално, така и лично. Да бидат човечни и сочуствителни, да ги почитуваат колегите, без разлика на нивната
Зорица Ставрова менаџер на финансии, комерција и администрација, Нова Рефрактори, Пехчево
позиција во хиерархиската скала и да учат од нив. Да имаат мислење и став, и храброст да ги кажат и бранат. Да ја искористат својата женска интуиција за да ja препознаат шансата кога ќе им се укаже и да бидат решителни да ја искористат. И кога ќе бидат на посакуваната позиција да го задржат својот интегритет.
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
46
моќните Жени во бизнисот
Емилија Зографска менаџер на Одделот за односи со јавност во ОНЕ Времето за патетика е поминато
Жената одамна не е само украс во домот ниту пак на работното место
С
екогаш достапна барем за сите прашања што Капитал ги поставил поврзани за работењето на компанијата. Често знае да го искористи “правото” да добие на време и да се консултира со претпоставените, но секогаш одговорно и навреме ги споделува информациите. Новинарството го напушти пред неколку години за да застане од другата страна на микрофоните. Таа одлука се повеќе и се чини оправдана бидејќи како што вели: предизвикот е голем кога се гради кариера во една од најпримамливите професии, односи со јавност или популарно, ПР особено во компанија која работи по европски стандарди. XX Почитувана г-ѓа Зографска, вие сте менаџер за односи со јавност на една од водечките компании во секторот на телекомуникациите, ОНЕ Македонија Што значи да се биде на одговорна функција во една ваква компанија? Компаниите кои се дел од големи корпорации, во случајов ONE како дел од Телеком Словеније, во кадарот што го регрутираат и даваат шанса да бидат дел од тимот, пресуден е квалитетот и професионалноста. Од работникот се бараат перформанси што ќе донесат бенефит за компанијата, тимската работа и реализирање на крајната цел. Во случајот со Односи со јавност тоа е експертизата и познавањето на реалното опкружување, градењето на имиџот на компанијата, штитењето на интересите на истата и сето тоа движејќи се од доброто кон најдоброто. Фактот дека односи со јавност или популарно кажано ПР е нова професија за нашиве простори или сектор што допрва треба да застане на здрави нозе во земјава го прави предизвикот уште поголем. И секако нескромно би било ако кажам дека резултатите се само мои. Тоа е плод на работата на еден тим составен од врвни професионалци кои точно знаат да одат и над своите способности се со цел остварување на најдобриот можен резултат, но не по секоја цена. Фер плеј играта е на прво место, а тоа значи почитување на стандардите на професијата и задржување на достоинството, а натпреварот верувајте е остар. XX Што беше најпресудно да успеете во кариерата? Кога се враќам наназад, а искрено ретко го правам тоа, единственото нешто на што можам да го припишам успехот е традиционалниот начин на
Зографска: Денешната жена е храбра, одлучна, образован
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог развој. Не ги прескокнував скалилата. Ниту како новинар , ниту во односите со јавност. Тоа што е својствено за мене е кога добивам шанса се обидувам да не ја прокоцкам. Да ги оправдам очекувањата на тие што ми ја дале довербата , но и пред самата себе. Внимателно и искрено. Секогаш работам со полно срце, внесувајќи емоција која на крајот на денот мислам дека го дава саканиот резултат. XX На кои принципи се базира вашиот начин на работа? Транспарентноста е клучниот принцип на работа во одделот за односи со јавност во ОНЕ. ПР тимот е секогаш достапен за јавноста, за претставниците на медиумите, за надворешните соработници и за вработените како главна алка во синџирот креатори на јавното мислење. Заради областа во која работиме, телекомуникациите, брзите одлуки се неминовни. Тоа значи креативност, максимум концентрација и инвентивност. Особено сега, во ера на дигитализација и во време кога информацијата се трансферира со неверојатна брзина. XX Дали фактот дека сте жена ви помага или одмага во бизнисот? Во борбата за женски права и родова еднаквост стереотипите се најлошото нешто што би можело да се случи. Некој да ве оценува дека помалку вредите заради полот на кој припаѓате. Во мојот работен стаж сум сретнала и колеги и претпоставени што потценувале квалитети на професионалец само заради тоа што е жена, но секогаш биле малобројни и занемарливи. Моја среќа е дека секогаш сум работела во родово сензибилизирани средини кадешто припадноста на полот не играла улога. Докажувањето било и е на основа на постигнатите резултати. Во основа никогаш не сум сакала да размислувам дека , денеска, во 21 век, сеуште живееме во машки свет , односно во бизнис свет во кој владеат мажите. Тврдам дека сите ние без разлика на полот, расната и верската припадност имаме еднакви можности да работиме и создаваме и дека само од нас зависи каде ќе бидеме и што ќе постигнеме во животот. Времето за патетика е одамна поминато. Жените веќе не се само украс во домовите ниту пак украс на работните места. Денешната жена е храбра, одлучна, образована и подготвена да ги освојува и најголемите предизвици. Се повеќе запознавам вакви жени и се одушевувам. Овде не зборувам за давање шанса на жената само затоа што е жена туку затоа што таа има квалитет. Но за жал податоците се уште говорат за поинаква реалност. Последните анализи што ги прочитав велат дека 50% од популацијата во земјава се жени, 51% од нив се запишуваат на универзитетите, а 52% од вкупниот број дипломирани се повторно жени. Во последните години се
поголем е бројот и на жените со магистерски и докторски титули. Овие врвни бројки се понатаму во практиката се фрапантно ниски. Само 4% од жените се носителки на сопствен бизнис , а половина од овој процент се на менаџерски позиции. Толкувањето оди во насока дека македонската жена е квалитетна, паметна, образована , но и недостига охрабрување и ослободување од предрасудите. Потребни се алатки кои ќе овозможат да ги победиме тие стереотипи кои велат дека жената пред се е сопруга и мајка , а потоа професионално активна. Она што ме одушевува и воедно охрабрува е дека се повеќе мажи се придружуваат во борбата за еднаквост меѓу половите што значи дека нема спротивставени страни туку заедничко настојување за подобрување на родовата слика. XX Кои се предизвиците, како жена на одговорна функција, со кои се соочувате на оваа позиција? На добар и квалитетен работник потребна му е личност (personality) , знаење и вештини. Истите карактеристики се потребни и за добар лидер. Постојат бројни полемики за тоа дали добар менаџер се раѓа или се создава. Ако некој има вродени лидерски способности не значи дека и ќе прерасне во таков. Оттука и тврдам дека за работата на водич , менаџер или лидер треба да се учи, да се работи на себе , да се следат научни теории и да се анализираат практични искуства. XX Како ги менаџирате обврските меѓу бизнисот и приватниот живот? Ова прашање само го потврдува стереотипот за кој зборував и претходно. Сигурна сум дека вакво или слично прашање нема да му поставите на менаџер кој е маж. А сигурна сум дека и тие, мажите, имаат домашни обврски, семејства на кои безрезервно им се посветуваат. И затоа ќе го одбегнам одговорот дека сум јас “супер жена” и стигнувам сама се да постигнам. XX Кој би бил вашиот совет за жените за успех во бизнисот и за успешна кариера? И во друга прилика изјавив дека ова е едно од прашањата што уште не сум си го одговорила. Вистински подвиг е да се биде успешна на сите полиња бидејќи жената секогаш се труди да направи баланс меѓу семејството и кариерата, и сите во околината , а и таа самата
47
очекува да биде беспрекорна на сите полиња. Колку е тоа можно навистина е дискутабилно. Во секој случај важна е упорноста. Неминовно доаѓа кај луѓето кои чекорат по патот на сопствените идеали , но и живеат во согласност со нив. Тоа значи дека не е доволно само да имаме желба да постигнеме нешто. Желбите сами по себе се терет! Потребно е желбата да ја претвориме во план, во цел. За да ја оствариме потребна е чиста визија, добра стратегија и посветеност. Јас ја имам привилегијата да го работам токму она што го сакам и затоа ја работам мојата работа со љубов и најдобро што можам. Се вложувам безрезервно, а секој навидум проблем го гледам како предизвик што го решавам во од. Непоколебливоста, упорноста и умешноста се гарант за успех. Тука секако придонесува тимската работа. Се плашам или да бидам попрецизна, презирам нечовечност, нелојален, нефер однос и дволичност. За среќа, во ОНЕ и за моите претпоставени, кои патем речено сите се од машкиот пол , квалитетот во извршувањето на работата, исполнителноста и остварените резултати се пресудни. Рамноправниот третман и мојата вклученост во клучни проекти за компанијата говорат за довербата која ја имаат, но и за нивната родова сензитивност. nnn
на и подготвена да ги освојува и најголемите предизвици
П
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
48
моќните Жени во бизнисот
XX Почитувана г-ѓа ВетаџокоскаМуцунска, вие сте менаџер и косопственик на Виталија, компанија која е своевиден бренд и лидер во областа на здравата храна. Што значи да се биде жена, која е на чело на еден вака успешен и докажан бизнис? Живеј ги вредностите на брендот кој го застапуваш. Тоа е мојот принцип. Во моето живеење и работење ги интегрирам вредностите поради кои Виталиа е успешна и прифатена - лидерство, интегритет, страст и квалитет. Ние предничиме со храброста и определеноста да создадеме подобра и поздрава иднина за генерациите што доаѓаат, автентични сме, посветени сме со срцето и умот и секако она што го работиме го работиме за доброто на нашите консументи. XX Убавата линија и водењето на здрав живот на почетокот беше „жешка“ тема најмногу меѓу жените, но денес водењето сметка за здравјето и изгледот е подедакво важна и за мажите. Вие нудите широка палета на производи кои го прават секојдневнието, на секој оној кој се грижи за себе, уште полесно. Што ново можеме да очекуваме од Виталија? Без иновација нема развој, а стагнација значи пропаѓање. Нашето портфолио се состои од преку 300 здрави производи кои опфаќаат 15 категории, што не прави лидер во производството на здрава храна во регионот. Секоја година лансираме минимум 15 нови оригинални производи кои ги следат најновите трендови во здравата храна со што успешно ја одржуваме нашата конкурентна предност – Иновативноста. Од првична идеја, до конечен производ во Виталиа внимаваме на секој детал, на квалитетот на состојките, на оригиналноста на рецепуртата, на бенефитите, на вкусот, на дизајнот на пакувањето, на достапноста... бидејќи тие ја прават вистинската целина. Така на почетокот на оваа година ги лансираме атрактивните Take away мусли во чаша, кои со својата практичност и атрактивно пакување се вистински хит на пазарот. Позитивно изненадување приредивме и со лансирање на првата
Искра Ветаџокоскa-Муцун менаџер и косопственик на Виталиа
Вербата во сопстве универзален елеме здрава бонбониера Vitalia Finest dessert selection, уникатен десерт составен од слатки житни коцки збогатени со јаткасти, суви овошја и природни засладувачи. Тоа е уште една потврда за нашето лидерство и врвен перформанс во она што го работиме. XX Колку Македонците водат сметка за здрав живот и консумирање на здрава храна? Кои се вашите совети за нив?
Фактот што продуктите на Виталиа се редовно присутни на дневното мени на Македонскиот потрошувач е доказ за тоа. Изминатите 22 години целосно се вложивме да ја реализираме нашата мисија со здрава храна да создадеме здрави генерации. Денес се поголем е бројот на оние кои се одлучуваат да практикуваат здрави навики во исхраната. Перцепцијата се менува, посебно кај младите кои преку интернет
Ветаџокоска-Муцунска: Во Виталиа 70% од вработените се жени и то
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог
49
Управувањето е во природата на жената. Таа го носи тоа во себе. Редовната пракса на мултитаскинг и помагаат на жената лесно да го прошири својот хоризинт и да се потврди успешна и надвор од семејниот дом. Способноста на жената да го менаџира домот, децата и работата истовремено со сите предизвици кои ги носи, ја прават уште по фокусирана, по прецизна и ориентирана кон успех. Токму затоа верувам дека жената доколку е одлучна може да успее во се, вели Ветаџокоска –Муџунска во специјалното интервју за Капитал на тема успешноста на жените во бизнисот и предизвиците со кои се справуваат жените кои имаат менаџерски позиции во Македонија
нска
ените идеи е мент за успешност ги следат новитетите во нутриционизмот,а Виталиа овозможува тие новитети да им бидат достапни. Благодарение на Виталиа здравата храна денес не е привилeгија туку реализација на вашите желби да направите нешто добро за себе и своето семејство. Моето убедување е дека тајната на долговечноста е во воспоставување на здрав баланс во секој сегмент од животот, пред се во исхраната. Токму во таа насока е
мојот совет кон читателите. Умно е да се биде умерен, да се одбира здравата алтернатива. Одлучете се за житни продукти, заменете го белиот шеќер со кафеав или малтекс, зачинете со нерафинирано масло. Нема да се лишите од ништо, напротив ке добиете повеќе вкус и додадена вредност на она што го јадете. XX Виталија е водечка компанија со препознатливи производи не само
во Македонија , туку се повеќе сте присутни и во регионот, но и пошироко- на Блискиот Исток. Која е тајната на вашиот успех? Секој пазар има своја специфика, а да ги задоволите специфичните барања на клиентите и успешно да го позиционирате брендот на странскиот пазар е навистина голем предизвик. Со освојување на секој нов пазар ние сме побогати за едно искуство, нашиот тим ја зацврстува самодовербата и чувството дека сме глобални играчи. А тоа е круцијално за успех и понатамошен развој на компанијата. Нашиот став е да се прифати предизвикот, да се каже ДА и на она што е навидум невозможно, да не се одбие клиентот, секогаш да се најде начин да се задоволат неговите барања. Тоа е нашата снага, тоа е она што не одвојува од конкуренцијата, што не прави едни единствени. Како резултат на нашиот севкупен врвен перформанс, брендот Виталиа е присутен во најпознатите светски трговски синџири како Auchan, Tesco, Kaufland, Metro, Billa, Veropulos, Carrefour, Spar, Merkator, Konzum, Del-
окму ваквиот состав има придонес во успешноста на компанијата
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
50
моќните Жени во бизнисот
haize, Wholefoods, DM. Покажавме дека здравата храна под брендот Vitalia made in Macedonia е рамноправен конкурент на светски познатите брендови од оваа област. Нашето редовно присувство на светските саеми ја потрвдува определбата да се успее, а Виталиа е бренд со цврста позиција на мапата на регионални – европски производители на здрава храна со кредибилитет во својата област. Денес брендот Виталиа се извезува во повеќе од 35 земји, на 5 континенти и тоа Европската Унија, Америка, Австралија, Јапонија, Блискиот исток, Русија, Индија, Либан, ОАЕ, Казахстан, Бразил, Сејшели... XX На пазарот сте присутни веќе 22 години. Факт е дека постојано растете како компанија и ги множите успесите како дома така и надвор. Кое е мотото што ве води низ работата и ви помага да бидете успешни? Изминативе две децении покажавме дека не сме насочени кон брза заработка, туку кон создавање нешто што ќе остане како вредност на следните генерации. И успеавме во тоа. Македонскиот потрошувач интензивно го менува своето размислување на тема здрава исхрана во позитивна насока, а Виталиа е неговиот доверлив партнер. Во се’ што работиме има огромна емоција и решителност да се развие силен бренд, да се креира врвен производ, да се
биде интернационално успешен. Нашите потрошувачи се идентификуваат со брендот, веруваат во она што го работи Виталиа и ја прифатија нашата мисија како своја. XX Дали тоа што сте жена ви помага или одмага во водењето на бизнисот? Се соочувате ли со стереотипите дека мажите се подобри менаџери од жените и како се справувате со нив? Делата и успесите кои што ги постигнувам како на професионален, така и на приватен план се доволен доказ и потврда дека на лидерската позиција може да биде и жена со јасна визија и ставови. Во европски рамки, а и кај нас, жените менаџери се сеуште во помал број од мажите, но тој тренд полека, но сигурно се менува. Во Виталиа 70% од вработените се жени и токму ваквиот состав има придонес во успешноста на компанијата. Ако ги поседувате основните карактеристики на успешен менаџер упорност, посветеност, конструктивност, лидерство и ако кон тоа се додаде женската интуитивност и решителност не останува простор за предрасуди маж-жена. XX Како ги менаџирате обврските меѓу работата и семејството? Независно што сте, менаџер, мајка или сопруга, пред се е важен личниот однос кон работата, страста, стилот и начинот на справување со предизвиците. Визијата,
вербата во сопствените идеи се универзален елемент за успешност. Управувањето е во природата на жената. Таа го носи тоа во себе. Редовната пракса на мултитаскинг и помагаат на жената лесно да го прошири својот хоризинт и да се потврди успешна и надвор од семејниот дом. Способноста на жената да го менаџира домот, децата и работата истовремено со сите предизвици кои ги носи, ја прават уште по фокусирана, по прецизна и ориентирана кон успех. Токму затоа верувам дека жената доколку е одлучна може да успее во се. А, во таа динамика и борба за успех секако е важна поддршката и разбирањето од најблиските. Тимската работа и тука е клуч на успехот. XX Како го искористувате слободното време? Што е она што најмногу ве исполнува? За постигнување на хармонија покрај правилна здрава исхрана неопходно е и одржувањето на добра физичка кондиција што го постигнувам со редовно вежбање аеробик и пилатес. Дружењето со колегите во неформална атмосфера е нешто што ме опушта после интензивниот работен ден. Сепак, најдрагоцено ми е времето поминато со моето семејство. Го користам секој миг за заедничко дружење и зајакнување на нашата емоционална врска. Моите деца се мојот мотив да се успее и мојот неисцрпен извор на енергија кој ме носи напред во нови предизвици. nnn
Ветаџокоска-Муцунска: Без иновација нема развој
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог
51
Зошто е добро да се има жени во управните одбори?
Компаниите со жени менаџери прават поголеми профити
Светските истражувања покажуваат дека инвеститорите треба да ги избегнуваат компаниите во чии одбори нема жени, оти според наодите од истражувањата, ваквите компании се поподложни на корупција, измами и скандали. Од друга страна, пак, одборите каде има повеќе жени, гарантираат поголем поврат на капитал и поголем профит
В пишува:
Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
Во 20% до 30% од компаниите во Македонија на раководната позиција се наоѓаат жени. Ова го покажуваат анализите на Македонското женско лоби. Жените се најдоминантни во преработувачката индустрија и во трговијата. “Претприемачкиот потенцијал на жените претставува еден од најнеискористените ресурси за креирање економски развој и креирање нови работни места”, објаснува Даниела Димитриевска од Македонското женско лоби. Учеството на жените во управувањето со компаниите во Македонија не е многу далеку од светскиот просек. Податоците покажуваат дека во светски рамки 19%
до 35% од менаџерите во компаниите се жени. Највисоко учество на жени во управните одбори има во Норвешка, каде дури 35% од членовите во одборите се жени. Учеството на жените во Австралија и САД изнесува 19%. За учеството на жените во бизнисот, нивната улога и местото во компаниите има напр авено мног у анализи и истражувања. Иако во последно време има подобрувања, сепак резултатите од глобалните истражувања се уште покажуваат дека позицијата на жената во компаниите е послаба во однос на мажите, како во однос на бројноста, така и во поглед на реалната моќ, платата и учеството во одлучувањето. Дел од државите, меѓу кои последна беше Германија, воведоа задолжителни квоти за зголемување застапеноста на жените во управните тела на компаниите. Иако мнозинството најчесто се согласуваат дека треба да постои знак еднаквост меѓу мажите и жените при напредување на кариерата, која по правило треба да се базира на систем на заслуги, сепак праксата покажува дека е поинаку. Мажите о с тануваат најбр ојни на управувачките позиции во компанијата, а разликата во однос на платите за иста позиција останува голема во зависност од тоа дали на таа позиција е маж или жена. Капитал, врз основа на глобалните
истражувања и податоци, ви посочува зошто жените треба да бидат дел од управните одбори, односно зошто е добро да се има жени на одлучувачки позиции? Се повеќе истражувања, но и искуството, покажуваат дека компаниите кои имаат изедначено учество на жени и мажи во менаџментот остваруваат поголеми профити во споредба со компаниите управувани доминантно од мажи.
Компаниите со повеќе жени менаџери прават поголеми профити
Последното истражување на познатата консултантска куќа McKinsey спроведено во 366 компании од целиот свет покажува дека компаниите во чие раководство има изедначено учество на мажи и жени остваруваат поголем профит. Понатаму Истражувањето пока-жува дека компаниите во кои има балансирано учество на мажи и жени во менаџментот прават многу подобар избор на талентирани работици и покажуваат поголем успех во нивното задржување. Овие компании исто така имаат посилни односи со клиентите и носат подобри одлуки. И едно друго истражување, пак, спроведено во Велика Британија, исто така покажува дека компаниите со повеќе жени во управните органи работат многу подобро од своите ривали, односно тие имаат 42% повисок поврат од продажбата, 66% поголем поврат од инвестираниот капитал
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
52
моќните Жени во бизнисот
Во 20% до 30% од компаниите во Македонија на раководната позиција се наоѓаат жени. Ова го покажуваат анализите на Македонското женско лоби. Жените се најдоминантни во преработувачката индустрија и во трговијата.
П
Даниела Димитриевска
ретприемачкиот потенцијал на жените претставува еден од најнеискористените ресурси за креирање економски развој и креирање нови работни места.
Македонското женско лоби
и 53% повисок поврат на капиталот на акции. Истото истражување заклучува дека родовата разноликост во управните одбори носи четири придобивки: ги подобрува резултатите на компанијата; компанијата е пореспонсивна на пазарот, има подобро корпоративно владеење, има пристап до поширока талентирана база на луѓе. Британски Телеграф, пак, повикувајќи се на други истражувања вели дека жените директори се подобри за компаниите и акционерите оти помалку веројатно е тие да донесат одлука за преценето преземање на некоја компанија. Фирмите со повеќе жени во нивните управни бордови би платиле помалку од просекот за аквизиција оти нивните ставови и пристапи се повнимателни и поразумни во однос на бизнис зделките. Фиона Хаторн, директор на Women on Boards UK, вели дека жените директори се понезависни од останатиот дел членови на бордот и секогаш ги испитуваат одлуките. Едно истражување во Израел покажало дека бордовите со повеќе жени во одборот поверојатно ќе го отпуштат извршниот директор кој има мали или не дава никакви резултати. Но, ваквите согледувања не се единствени само за Западот. Истражувањата објавени во магазинот Times of India ја потврдуваат оваа формула како успешна и на Истокот: „Имајте повеќе жени во бордовите. Не затоа што тоа е добра слика за компанијата. Не поради тоа што ќе ги задоволите владините квоти. Туку бидејќи прави добра бизнис логика. Одборите со жени носат прават подобри финансиски резултати од тие што немаат жени“, пишува Times of India повикувајќи се на резултати од нивните истражувања. Студијата открила дека бордовите на приватниот компании, кои се водени од професионален извршен директор со мешан управен одбор од мажи и жени, помогнало повратот на капиталот да се зголеми за 4.4% во 2014 година споредбено со 2013. За споредба, компании со управни одбори во кои членови се само мажи имале поврат на капитал од едвај 1.8% за истиот период.
Во земјите од Источна и Централно- Европски земји дури 32% од директорите и извршните директори се жени, 21% во Западна Европа, 17% во Јужна Европа и речиси 13% во другите нордиски држави. Во Бугарија, каде вработеноста на жените е помала од просечната во ЕУ, дури половина од вработените жени имаат вакви одговорни функции. Колку повеќе жени во одборите, толку помалку корупција и скандали
Јавните компании со повеќе жени во нивните одбори имаат помалку шанса да бидат погодени од скандали како поткуп, измама или битка за превласт меѓу членовите на бордовите, покажува истражувањето кое правело анализа на повеќе од 6.500 одбори во компании на глобално ниво, пишува Financial Times. Истражувањето покажува дека бордовите каде има и жени и мажи имале помалку случаи на скандали поврзани со начинот на управување на компанијата. Резултатите исто така покажуваат дека одборот со помалку или без ниту една жена треба да бидат означени со црвено знаменце меѓу инвеститорите “кои сакаат да ја намалат можноста инвестираниот капитал да биде предмет на измама или на корупција“. Ен Ричардс, одговорен за инвестиции во Aberdeen Asset Management, европската најголема компанија за фондови, вели: „Не е чудо што бордовите со повеќе жени имаат помалку проблеми со скандали околу управувањето на компанијата. Не мислам дека ова е поради тоа што жените се поморални отколку мажите. Тешко е да се види каде лежи вистината- дали подобрите компании се одлучуваат за разноликост или разноликоста во управните одбори ги прави компаниите подобри? Она што ние можеме да го кажеме е дека родовата разноликост води до подобро решавање на проблемите и до подобри резултати“. nnn
Родовата еднаквост не гарантира повеќе жени менаџери
И
ако логично е да се заклучи дека жените кои се големи промотори на родовата еднаквост веројатно имаат и повеќе жени на менаџерски позиции, последното истражување на Европската позиција го демантира ваквиот заклучок. „Ако се направи подетална анализа ќе се види дека учеството на жените на менаџерските позиции не е истопропорционално со индикаторите за еднаквост на што се повикува од некои држави. Во Скандинавија на пример, каде веројатно секој очекува да најде повеќе жени директори и извршни директори, тоа не е случај. Многу повеќе жени стигнале до високи позиции во бизнис секторот во земји со релативно ниско учество на жените во трудот, и земји кои се далеку од промоција на родова еднаквост“, пишува во последниот извештај на Европската унија за тоа колку жени има на извршни позиции. Иако е за очекување, пишува во извештајот на ЕУ, дека повеќе жени на топ позиции ќе има во нордиските земји, како и во Германија, Холандија и сличните држави, сепак истражувањето покажува поинаку. Всушност, во овие држави жените се на топ позиции во политиката, јавниот сектор и во бордовите на компаниите. Но, треба да се има предвид дека многу од позициите во бордовите на компаниите во нордиските земји имаат релативно формална улога. Оттука, зачудувачки е податокот дека кај нордиските земји кои промовираат родова еднаквост всушност има помалку жени кои се топ позиции кои имаат одговорна функција. Во Шведска и Данска само еден од десет директори или извршни директори во бизнис секторот се жени. Во Финска и Велика Британија, две држави со многу државни монополи, се малку подобри. Во споредба, во земјите од Источна и Централно- Европски земји дури 32% од директорите и извршните директори се жени. 21% во Западна Европа, 17% во Јужна Европа и речиси 13% во другите нордиски држави. Во Бугарија, каде вработеноста на жените е помала од ЕУ просечната, дури половина од вработените жени имаат вакви одговорни функции.
www.kapital.mk
К
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог
Јованка Јолеска Поповска Генерален директор на Прокредит банка
Успехот не се мери само според тоа колку цифри има профитот
53
XX Какви резултатите од работењето постигна ПроКредит банка минатата година, колку сте задоволни од остварениот успех? ПроКредит Банка е специјализирана банка за мали и средни претпријатија и работи успешно и профитабилно повеќе од една деценија во Македонија. Минатата година ја завршивме со пораст на кредитното портфолиo од 15%, и добивка од 3,7 милиони евра. Дополнително: најголемиот пораст во кредитирањето беше остварен во секторот производство - кој оваа година го надмина секторот трговија, кредитиравме мали и средни претпријатија од секторот прехрана, земјоделие, производство на мебел, кои со кредитите го проширија својот бизнис и создадоа нови работни места. 30 млади банкари ја завршија програмата и заслужија да бидат дел од тимот, 10 вработени успешно завршија Академија за банкарски менаџмент, 34 се обучија на специјалистички курсеви во земјата и странство. Инвестираме во модернизирање на експозитурите, ги подигаме стандардите за квалитет на услуга кон клиентите, воведовме Зона 24/7 во 7 експозитури, со автоматски услуги кои се на располагање 24 часа за нашите клиенти. XX Колку успесите на банката се заслуга на првите луѓе во Управниот одбор, а каква е улогата на останатите вработени и воопшто на фактот што сте член на една моќна регионална институција ? Тоа што ПроКредит Банка е дел од силна меѓународна групација која работи во регионот, и која има Централа во западноевропскиот финансиски центар Франкфурт, Германија, носи многу придобивки за менаџментот и за вработените преку врвната банкарска технологија, регионална разменана знаење искуство и поголем избор на решенија.. Како единствена регионална банка, преку присуството и интензивните релации со другите колеги од сестринските банки во Србија, Албанија, Косово и Бугарија организираме регионални средби кои им овозможуваат на нашите клиенти да се престават на соседните пазари и да
Поповска: критериумите се квалитет, амбиција, желба за учење
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
54
моќните Жени во бизнисот
воспостават контакти, што е од клучна важност за развојот на еден бизнис. Оттука би рекла дека тимот на вработени ги реализираат успесите на банката, нивната синергија, соработка и стремежот секогаш да постигнат повеќе. Управниот одбор се само лидери и мотиватори со цел да го дадат потребниот стимул за да се развива една организација .
XX Во менаџментот на ПроКредит банка доминираат жени. На што се должи ова? Колку фактот дека има голема застапеност на жени во управниот одбор придонесува за подобри резултати и подобро управување со ПроКредит Македонија? Доминацијата на жени во менаџментот е сосема случајна и е резултат на отвореноста
на акционерите односно институцијата да им даде шанса на оние кои се вредни, храбри, одговорни, амбициозни и најважно со високи етички стандарди, да се развиваат и напредуваат во кариерата. Сите менаџерски структури во банката се развиваат интерно во рамките на институцијата. Соодветно на тоа и ние како членови на Управен одбор сме биле вработени во банката од нејзиното основање и сме се развивале во рамките на институцијата. Во ПроКредит Банка политиката за човечки ресурси е таква што нема предрасуди според полот на вработените, наспроти тоа критериумите се квалитет, амбиција, желба за учење. Наша работа е само да согледаме талент во вработените и да го охрабриме да напредува. XX Дали фактот дека сте жена ви помага или одмага кариерата и во управувањето со банката? Што значи да се биде жена на чело на една банка во пракса? Работата носи многу предизвици а јас сакам предизвици. Жените се издржливи, љубопитни, сензитивни, и спремни да се соочат со се она што работата го носи. Да се биде на чело на банка како ПроКредит Банка, значи да се биде на чело на добар тим на луѓе кои ја услужуваат најпродуктивната група на клиенти – лица професионалци и бизнис претпријатија. Тоа значи да се излезе во пресрет на една брза динамика, добра организација, загарантирана респонзивност, висок квалитет и високи цели. XX Како ги оценувате условите за водење бизнис во земјава, се чувствува ли поповолен ветар во реалниот сектор? Работиме во земја со мал пазар, во отежнати економски услови и политичка неизвесност. Тоа не е новина за бизнисот. И минатата година, и сега има поголем оптимизам и одлучност да се влезе во инвестиции. Добрите бизниси умеат да ги исцрпат сите бизнис можности и на домашниот пазар, но и регинално, со цел самите да си обезбедат стабилност и позитивно опкружување за развој на бизнисот. XX Кои се предностите што ги има ПроКредит банка пред останатите банки во земјава, каква е вашата стратегија за освојување на клиентите? Предностите се неколку: единствена специјализирана банка за секторот на мали и средни претпријатија во Македонија, банка со силно регионално присуство, модерна и иновативна. Како банка со 100% германски капитал и германски принципи во работењето, строго се придржуваме до принципот на одговорно банкарство, принципи и вредности во начинот на работа со клиентите. Вработените имаат централна улога во услугата. Нашата кредитна технологија
ПроКредит банка: Fitch Рејтингот ,,БББ-" е највисока оценка која може да ја има банка во
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог
55
ПроКредит Банка е специјализирана банка за мали и средни претпријатија и работи успешно и профитабилно повеќе од една деценија во Македонија. Минатата година оваа банка ја заврши со пораст на кредитното портфолиo од 15%, и добивка од 3,7 мил. евра. За тоа што значи да се биде жена на чело на една од најуспешните банки во земјава, разговаравме со Генералниот директор на Прокредит банка Македонија налага индивидуален пристап и добро разбирање на бизнисот и индустријата на клиентот како и неговите потреби со цел содветно структурирање на неговите кредитни услуги. Тоа е принцип на работа, кој заедно со високо обучени вработени во доменот на кредитна анализа, ни овозможува да имаме најквалитетно кредитно портфолио. За тоа воедно имаме и константна потврда од меѓународната агенција Fitch, Лондон последниве 5-6 години. Рејтингот со оценка БББ-, е највисоката оценка која може да ја има една банка во Македонија, а ПроКредит Банка е единствената банка со таков рејтинг – освен што претставува потврда за најквалитетно кредитно портфолио на ниво на банкарски сектор, е потврда и за солидната капитална адекватност, високиот степен на ликвидност и добрата поддршка од нашите акционери. Уште една предност е модернизацијата. Тука направивме голем чекор во насока на подобрување на квалитетот на услугата која ја нудиме на нашите клиенти. Сега сме единствена банка која воведе Зони кои работат 24/7 и кои претставуваат составен дел од нашите експозитури. Во зоните 24/7, нашите клиенти во секое време можат самостојно да вршат уплата и исплата на готовина, печатат изводи, прават електронски трансакции со избор на автомати кои ги имаат на располагање. XX Има ли амбиција ПроКредит банка да заземе поголемо учество во банкарскиот систем? Какви се вашите идни планови и очекувања?
Валентина Никовска, Член на Управен одбор на ПроКредит банка Јованка Јолеска Поповска, Генерален директор на Прокредит банка Емилија Спировска, Член на Управен одбор на ПроКредит банка
Да дефинитивно. Во Македонија, ПроКредит е единствената специјализирана банка за продуктивните бизниси и тоа не прави поразлични од другите банки со универзална ориентација. Наша цел е, пред сè, да имаме стабилен и квалитетен долгорочен раст. Во досегашното работење бележиме одлични резултати во работењето, а плановите за 2015 година ни се да растеме со приближно иста стапка на раст, од 15%. XX Што сметате за Ваш најголем успех во кариерата додека сте на чело на ПроКредит банка?
ПроКредит во Македонија бележи доста успешни години зад себе, но успехот не се мери само според тоа колку цифри има профитот. Мојот личен успех се остварените цели и планови, задоволните и мотивирани вработени, и секако задоволните клиенти. XX Кој би бил вашиот совет за жените за успех во бизнисот и за успешна кариера? Самодоверба, амбиција и постојано учење, сериозна посветеност кон потребите на клиентите, градење и инспирирање на тимот со кој работите. nnn
о Македонија и е потврда за најквалитетно кредитно портфолио во банкарскиот сектор
Капитал број 805 03.04.2015
56
моќните Жени во бизнисот
П
www.kapital.mk
XX Почитувана г-ѓа Вилма Учета Дузлевска, веќе четврта година по ред сте на позицијата генерален директор во Кроациа Осигурување – Живот, во период кога животното осигурување остварува најголеми стапки на раст во Македонија. На што се должи овој раст? Премијата за животно осигурување континуирано бележи двоцифрени стапки на раст уште од 2007 година. Сведоци сме дека пазарот за животно осигурување во Република Македонија рапидно се развива и се зголемува. Во 2014 година забележан е пораст на животното осигурување од 21.7 % во однос на 2013 година. Најголем удел во ваквиот раст на премијата има токму Кроациа Осигурување – Живот , имајќи во предвид дека повеќе од 50% од вкупно продадените полиси за животно осигурување минатата година се потпишани од Кроациа. Денеска, кога ќе погледнеме зад себе, оставаме 10 години во кои напорно работевме токму на развој на високо квалитетна понуда на животно осигурување и создавање на повисок квалитет на услуга. Работевме на создавање на добра основа за препознавање на нов културолошки пристап од страна на нашите граѓани кон незадолжителното осигурување кое значи и долгорочна нивна заштеда. Тоа неминовно резултираше со издвојување на Кроациа Осигурување – Живот како лидер на македонскиот осигурителен пазар во сегментот на животно осигурување. Компанијата од основањето до денес по сите осигурителни стандарди работи солвентно и со висока ликвидност а од година во година забележуваме стабилен раст на приходите и на добивката. Ваквите резултати ни даваат право да бидеме задоволни, но секако дека не треба тука да се застане. Двоцифрениот раст изминатите години во еден сегмент е резултат и на историска димензија, бидејќи животното осигурување има релативно кратка историја на нашиот пазар. Тоа од друга страна значеше голем потенцијал но значи и голема идна перспектива.
Учета-Дузлевска: Би сакала мојот пример да допринесе во охра
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог
57
Вилма Учета- Дузлевска генерален директор на Кроациа Осигурување- Живот
Секој поединец може да го достигне успехот само ако е фокусиран да го види на хоризонтот! Оваа година Кроациа Осигурување – Живот одбележува 10 години од своето работење на македонскиот осигурителен пазар. За тоа што значи да се биде на чело на вака успешна компанија Капитал во овој специјален прилог –Жените во бизнисот, разговараше со генералниот директор на Кроациа Осигурување- Живот, Вилма Учета Дузлевска која веќе 4-та година нижи успеси на ова одговорно место. XX Колку Македонските граѓани се свесни за придобивките од животното осигурување и колку често и од кои причини се одлучуваат за ваква полиса? Свесноста за животното осигурување е веќе на доволно високо ниво помеѓу нашите сограѓани. Нашето искуство покажува дека македонските граѓани се повеќе се склони кон штедење и се повеќе размислуваат своите средства да ги вложуваат во сигурни облици на штедење. Перманентниот раст на премијата за животно осигурување изминативе години е јасен знак дека македонскиот граѓанин се повеќе ја согледува корисноста на полисата за животно осигурување. Граѓаните го препознаваат животното осигурување како неопходен облик на штедење кое им гарантира сигурна заштеда овозможувајќи им истовремено финансиска сигурност при можни ризици. Полисата за животното осигурување е уникатен финансиски производ кој нуди двојна поволност: истовремено осигурување и заштеда. XX Какви се очекувањата за развој на овој дел од пазарот во иднина? Оваа година Кроациа Осигурување – Живот ќе одбележи 10 години од своето работење на македонскиот осигурителен пазар и ќе ги исплати првите позначителни исплати на осигурени суми кон Осигурениците кои пред 10 години ни ја дадоа својата доверба. Ова е година во која Компанијата ќе исплати скоро 1 милион евра суми за доживување кон своите први Осигуреници и токму
ова сметам дека ќе биде клучно за разбивање на сите недоумици кои нашите граѓани ги имаат како резултат на недоверба кон дел од новите финансиски производи. Очекуваме овие први посериозни исплати да имаат двоен ефект: зголемена доверба во осигурувањето на живот, но и зголемена продажба. Во осигурителниот бизнис не постои подобар начин за привлекување на нови осигурници отколку навремено и правично решена штета или исплатена обврска на осигурителот. Моите очекувања се дека свеста на граѓаните за потребата од животното осигурување и довербата кон овој производ ќе продолжи да се развива со уште поголем интензитет. Верувам дека полисата за животно осигурување ќе го доживее трендот на мобилните телефони и компјутерите – првично сите бевме скептични, за подоцна да ги прифатиме како неминовна потреба. XX Какви нови производи можат да се очекуваат од Кроациа Осигурување Живот во иднина? Довербата и лојалноста која ја добиваме за нас претставува огромна одговорност и обврска секојдневно да го унапредуваме она што нашите осигуреници го препознале како наш најдобар квалитет. Понудата на производи е, пред се, адаптирана на условите на македонскиот осигурителен пазар и преференциите на граѓаните. Во најголем дел тоа се производи кои ги нуди нашата матична куќа, Croatia Osiguranje d.d.
Загреб, но прилагодени на потребите на македонските граѓани. Покрај ценовната прифатливост, будно го следиме пазарот, очекувањата и потребите и адекватно одговараме со разновидна понуда на производи. Како резултат на барањата на нашите осигуреници од јануари оваа година овозможуваме подигнување на заем во висина на откупна вредност на полисата со намалена годишна каматна стапка. Дополнително, од минатиот месец ја збогативме понудата воведувајќи нов производ, „КРУГ НА ЖИВОТОТ“ кој е креиран со ниско прилагодена премија да обезбеди доволно парични средства за сите ризици кои го демнеат последното животно доба. Како лидери на пазарот на животно осигурување свесни сме за одговорноста која ја носиме во креирањето на секој нов производ. Токму затоа оваа година ќе воведеме уште неколку новини кои значително ќе влијаат на развојот на овој сегмет од пазарот бидејќи верувам дека ќе бидат доста примамливи за македонските граѓани. XX Дали фактот што сте жена на челна позиција во една успешна компанија ви помага или одмага во управувањето со бизнисот? Веќе четврта година по ред ја извршувам главната извршна функција во Кроациа Осигурување – Живот, а по повеќегодишно искуство во дејноста осигурување. Мојот денешен ангажман е само логичен настан во низата поминати расплети кои ги имаше Компанијата, но
абрувањето на жените да ја започнат своја деловна приказна
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
58
моќните Жени во бизнисот
Женското лидерството во денешницата не е ретка појава. Со економското јакнење на жените, нивна постојана едукација, женското лидерство е во сериозен подем во нашата земја. Секој поединец може да го достигне успехот само ако е фокусиран да го види на хоризонтот, непридавајќи им важност на препреките. Како жени, понекогаш можеби сме дополнително изложени на препреките наречени „предрасуди“. Но, со секоја измината година и успешно остварени резултати секоја можна предрасуда во овој поглед станува предност. кои секогаш резултираа со исправни одлуки. Доказ за тоа се резултатите кои Компанијата ги остварува континуирано. Женското лидерството во денешницата не е ретка појава. Со економското јакнење на жените, нивна постојана едукација, женското лидерство е во сериозен подем во нашата земја. Секој поединец може да го достигне успехот само ако е фокусиран да го види на хоризонтот, непридавајќи им важност на препреките. Како жени, понекогаш можеби сме дополнително изложени на препреките наречени „предрасуди“. Но, со секоја измината година и успешно остварени резултати секоја можна предрасуда во овој поглед станува предност. Во менаџерскиот тим на Кроациа Осигурување – Живот доминираат жени, посветени и амбициозни дами кои секојдневно работат макотрпно да ги остават своите деловни планови, а од друга страна не запоставувајќи го своето семејство и благословот кој што и е подарен на жената, да биде мајка. Докажувањето е нешто што го бара секоја позиција која сакаме да ја задржиме, независно дали е менаџерска
или не, и независно дали сте жена. Би сакала мојот пример да допринесе во охрабрувањето на жените да ја започнат своја деловна приказна. XX Што според вас е најважно за успешност на бизнисот? Клучната работа за успех во управувањео со една компанија, без разлика дали е голема или мала, е навремено носење на деловните одлуки. Стабилноста треба да е одлика на секој менаџер. Важно е првиот човек да делува смирено и во тензични ситуации да влева доверба кај тимот кој го предводи. Втора важна работа за успехот на секој менаџер ценам дека е изборот на тимот со кој ќе работи. Секој вработен во компанијата, без разлика во кој сегмент од работењето е вклучен, има свој придонес во развојот, резултатите и унапредувањето на имиџот на компанијата. Успехот на Кроациа не го доживувам како моја заслуга, туку на тимот кој долги години работи со мене. Имате ли мото кое го применувате во професионалниот и личниот живот? Никогаш не ги рушам мостовите кои ме донесоа на патот кој го чекорам денеска.
Како ги менаџирате обврските меѓу бизнисот и приватниот живот? Кога станува збор за жената и семејните обврски, тогаш сите очекуваат жената генетски да е предодредена се да постигне. Живееме во динамично време и сите сме растргнати помеѓу семејните и деловните обврски. Но, не дозволам моите професионални обврски да се одразат на семејните. Кога работата претставува задоволство, а истовремено семејниот живот Ве исполнува со радост, тогаш менаџирањето и балансирањето на овие две улоги не претставува потешкотија. Семејството е најважната алка во општеството, од каде сè започнува. Сметам дека тоа е темелот на една личност, тоа е изворот од каде и јас ја црпам потребна енергија. Кариерата и мојот професионален развој е она што ме исполнува, но семејството, посебно моите две дечиња, се она што ме прави среќна. Поддршката која ја добивам од семејство, пред се од сопругот, во голема мера е заслужна за мојот успех. Љубовта и разбирањето кои ги добивам од нивна страна се мојот двигател и она што ми дава сила да продолжа. nnn
животно осигурување: Граѓаните го препознаваат како неопходен облик на штедење
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог
59
Што најмногу влијае дали жените да почнат бизнис?
Да се биде сам свој газда
најголем мотив на македонските жени за почеток со бизнис Дури 79 % од испитаничките се изјасниле дека најголема мотивација за да почнат бизнис е состојбата на “сама своја газдарица”, како и флексибилното работно време кое било мотивациски фактор кај 77,4 % од испитаничките.
П
оддршката од семејството, располо-жливоста на почетен капитал како и добрата бизнис идеја се главните фактори кои имаат најголемо влијание на одлуката на жената да се охрабри во претприемаштвото
и да почне сопствен бизнис. Ова го покажува истражувањето на Американ колеџ Скопје спроведено во 2013 и 2014 година во кое учествувале 427 жени од 15 градови низ Македонија. Истражувањето исто така покажа дека голема улога во отворање на сопствен
бизнис играат и личните намери и желбата за самоостварување на жената во општеството. Дури 79 % од испитаничките се изјасниле дека најголема мотивација за да почнат бизнис е состојбата на ‘сама своја газдарица’, како и флексибилното работно време кое било мотивациски
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
60
моќните Жени во бизнисот Голема препрека за отварање на бизнис жените гледаат и во веројатноста да се запостави приватниот живот (63 %), проследено со недостаток на самодоверба (62 %)
фактор кај 77,4 % од испитаничките. Дури 85% од испитаните жени одгово-риле дека најголема предност при отпочнување на сопствен бизис е остварувањето поголеми приходи, додека самодокажувањето како и социјалниот статус се сметаат за предност, но не се толку истакнати како претходните. На прашањето „Дали има разлика во начинот на раководење со бизнисот помеѓу мажите и жените?“, дури 56,3 % од испитаничките одговориле дека има разлики, но истовремено дека тие не се толку битни или пресудни за бизнисот, додека поделени се мислењата дека има големи разлики (24,5 %) и дека нема разлики (19,2 %). На прашањето, дали е можно жена успешно да раководи приватен бизнис и истовремено да биде посветена на семејството има разделни мислења.
Имено, половина од испитаничките сметаат дека може да се постигне онаа состојба на еквилибриум помеѓу работата и семејството, но приближно 42 % сметаат дека еквилибриумот зависи од жената и нејзините способности. Оној мал процент на негативни одговори ( 6.8 %) упатува на мислење дека сепак е многу тешко да се постигне посакуваниот баланс. Оваа ситуација е обремената со сфаќањата за традиционалната улога на жената на Балканот. Исто така, системот за поддршка од страна на инститициите, е во рана фаза на будење. Голем дел од испитаничките одговориле дека е многу тешко да се најде детска градинка која работи во две смени, како би излегла пресрет на деловната ориентација на жената. Инаку, истражувањето е направено во 2013/14 година на територијата на Република Македонија за дефинирање на ставот на жените кон отворање на сопствен бизниси и претприемачките карактерис тики, а во насока на определување на слабите страни и идни чекори за нивно надминување. Истражувањето се реализираше на иницијативна на Ратка Пемова, маркетинг
македонија: 62 % од жените имаат недостаток на самодоверба
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
61 Дали сметате дека има разлики помеѓу мажите и жените во раководењето во бизнис? Да, има разлики, но не се битни
19% 25%
56%
консултант и Македонка Димитрова и Елена Бундалеска од Универзитетот Американ Колеџ Скопје во две фази, првата во рамки на проектот „Женско претприемништво – погон за создавање на работни места со ЈИЕ, а втората на сопствена иницијатива. Најзастапени во истражувањето се жените од Скопје (45 %), Битола (9 %), Куманово, Кочани, Ресен, Гевгелија и Охрид (секој со 7 %) и Тетово (6 %). Старосната граница доминираат во рангот од 31-40 со 40 % и од 22-30 со 35 % додека помалку одговори се забележени во старосната граница 41-50 со 11 %, додека од најмладата популација од 19 -21 година е застапена со 7 %, и најстарата со минимални 3.5 %. Според националната определба доминираат испитаничките Македонки со 88.9 %, 6.9 % Албанки и 3.3 % Турчинки, останатите малцинства се минимално застапени. Во однос на нивото на образование, оние со завршено средно образование се застапени со 19 %, со високо 52.4 % и со магистратура 27.4 %. Над 60% од жените отвараат бизнис од нужност Во истражувањето на Глобалното истражување за претриемништвото (ГЕМ) - Извештај за жените 2012, се наведува дека мотивацијата водена од нужност доминира во помалку развиените и земјите во развој. Процесот на отворање на нов бизнис воден од нужност за остварување на приход, е карактеристичен за земјите како Пакистан, Босна и Херцеговина и Македонија, при што 60 % од испитаничките го навеле ова како мотив. Во обидот да се намалат препреките кои ги перцепираат жените како дел од претриемачкиот процесот се ризикот од неуспех и финансиските пречки кои ги идентификувале 72 % од испитаничките. Голема препрека гледаат и во веројатноста да се запостави приватниот живот (63 %), проследено со недостаток на
Да, има големи разлики Нема разлики
самодоверба ( 62 %). Делумно, погореспоменатите препреки би се надминале доколку жените располааг со сопствен капитал или се во можност да земат заем ( 50 %). Понатаму, жените дополнително би се охрабриле да отпочнат сопствен бизнис доколку се инволвирани во процес на деловно планирање, познавање на приликите во правниот систем и искуство во делот на менаџирање на бизниси. Но, дури 60 % сметаат дека обуките кои се нудат во моментот нема значително да допринесат кон отворање на нови бизниси од страна на жените во Македонија. Во ова опкружување, поделени се мислењата околу тоа дали поседувањето на интелектуалната сопственост би претставувала дополнителен потстрек за нов бизнис. Очекувањата за улогите на жената, не се присутни само во Македонија, туку според ГЕМ, во светот преовладува улогата на жените која ја имаат во семејството. Во извештајот се наведува дека во жените најчесто мораат за жонглираат со работното место, основање на сопствени бизниси и нивната традиционална улога, што ги намалува можностите за пораст на бизнисот. Во однос, на постоење на модели на жени претприемачки и ваков вид на мотивација за останатите жени, 75 % од испитаничките познаваат жена претприемач во своето опкружување. И за крај, поразувачки е фактот на неиформираност помеѓу жените за можностите кои се нудам како институционална поддршка за отпочнување бизнис од страна на жена основач. Повеќе од половина испитанички рекле дека не знаат за програми за поддршка на Владата, 11 % дека не постојат такви програми, додека скромни 34 % чуле за овој тип на поддршка. Во Македонија има потреба од насочена поддршка за жените во делот на мотивација и финансиска поддршка преку нивните најприродни и најблиски начини на општење и комуницирање во општеството. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
62
моќните Жени во бизнисот пишува:
Габриела Делова
К gabriela.delova@kapital.mk
фотографија:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Катерина Бошевска
генерален директор на EOS Матрих
Деловната жена во Македонија е почитувана и ужива рамноправност со мажите!
Катерина Бошевска е генерален директор на ЕОЅ Матрих во Македонија, компанија која е дел од водечката Групација ЕОS, а е задолжена за управување со побарувања во Југоисточна Европа. Освен за успесите на компанијата и работата со клиентите, со Бошевска разговаравме околу тоа што значи да се биде жена менаџер во Македонија и со кои предизвици секојдневно се соочува таа на оваа позиција. Според Бошевска, жената длабоко во себе ќе се чувствува успешна единствено доколку успее да одржи баланс помеѓу приватните и професионалните обврски. А пак, вербата, прилагодливоста и трпението, според неа, ја позиционираа жената рамноправно во светот на мажите. XX Почитувана г-ѓа Бошевска, Вие сте генерален директор на ЕОЅ Матрих во Македонија, компанија која е дел од водечката Групација ЕОS, компанија за управување со побарувања во Југоисточна Европа. Што значи за Вас, како жена, да се биде на ваква позиција? Позицијата генерален директор на ЕОЅ Матрих во Македонија е одговорна функција. Генералниот директор на ЕОЅ носи одговорност пред своите вработени, пред клиентите и пред Групацијата. Сето ова ја прави оваа позиција вистински предизвик. Можеби жената и поуспешно може да се носи со таквата одговорност, со оглед на докажаниот факт во бројни истражувања дека жените покажуваат повисок степен на посветеност и ангажираност во рамки на една компанија, за остварување на поголем придонес во тековниот и идниот успех на компанијата. XX Кои се предизвиците со кои се соочувате на оваа позиција? Да се биде постојано во тек со современите трендови во индустријата за наплата на побарувања, да се одржува високо ниво на технолошка опременост на компанија како
Бошевска: Вербата, прилагодливоста и трпението, ја поз
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог ЕОЅ Матрих, да се управува со процеси и луѓе во насока на обезбедување квалитетна услуга за нашите клиенти, се само дел од предизвиците на оваа позиција. XX Колку стереотипите дека мажите се подобри лидери и менаџери, се присутни кај нас и како Вие се соочувате со нив? Искрено, јас не го делам мислењето дека кај нас владеат такви стереотипи. Она што го имаме во деловниот свет сметам дека го потврдува токму спротивното. Кај нас деловната жена е почитувана и ужива рамноправност со мажите. По ова прашање, сме далеку понапред од многу други економии. Секако дека секогаш постојат ставови и против ваквите трендови, меѓутоа јас лично сметам дека е погрешен пристапот на меѓусебно докажување кој е подобар. Суштината е во тоа дали може успешно да се одговори на работните обврски и да се постигне посакуваната цел за компанијата. Ако се водиме од поставената цел, другите аспекти како на пример кој и како, се само финеси во остварувањето на повисоки цели од поставените. Токму така јас го разбирам процесот на утврдување и докажување кој е подобар. XX Кои се Вашите совети до женската популација - што треба да направат за да напредуваат во кариерата и да стигнат до посакуваната позиција? Постигнувањето успех на деловен план за една жена е резултат на напорна работа, голема пожртвуваност и посветеност кон работата. Со еден искрен и несебичен пристап и силна верба во крајната цел, резултатите доаѓаат сами по себе и тоа најчесто неочекувано. Затоа, насочете се кон она што сакате да го постигнете, работете посветено и препуштете му сè на времето – бидете трпеливи. Имено, токму овие три особини: верба, прилагодливост и трпение, ја позиционираа жената рамноправно во светот на мажите. Сепак, од еден локален контекст треба да бидеме реални, деловната жена, особено во Македонија, не може да има успех без жртвување на приватен план и силна поддршка од најблиското окружување. XX Како ги менаџирате обврските меѓу бизнисот и приватниот живот? Да бидам искрена, многу е тенка линијата помеѓу професионалниот и приватниот живот, особено гледано од функцијата Генерален директор на финансиска компанија како што е ЕОЅ Матрих. Затоа, за мене најважно е сè да функционира во една совршена хармонија и усогласеност. Единствено така може да се постигнат максимални успеси на двете места. Јас лично многу настојувам да поставам и одржам еден рамноправен баланс помеѓу работните обврски и обврските кон семејството. Жената длабоко во себе
ќе се чувствува успешна единствено доколку успее да ги извојува и двете битки. Факт е дека работните обврски честопати преовладуваат и се наметнуваат дури и во приватниот живот, но со полно разбирање и поддршка од семејството, јас успевам да ја оправдам одговорноста која ја носам со мојата позиција. XX Како го поминувате Вашето слободно време? Што е она што Ве исполнува? Слободното време ми е секогаш резервирано за семејството. Заеднички се трудиме да поминуваме и што е можно повеќе време со нашите пријатели во интересни разговори и позитивно дружење. Ме исполнува секој миг поминат во природа, семејните патувања, или едноставно, опуштената домашна атмосфера. Задолжителен дел од моето слободно време се спортските активности, пливање, скијање, планинарење, кои ми го даваат потребниот баланс на психичка и физичка подготвеност потребни за исполнување на секојдневните обврски. XX Главната дејност на Вашата компанија е наплата на побарувањата. Колку чинителите на македонската економија се отворени, на трето лице да им ги доверат проблемите околу наплатата на нивните побарувања? Како ја добивате нивната доверба? ЕОЅ е водечка компанија за наплата на побарувања во светски рамки. Одлуката да соработуваат со нас, нашите клиенти ја носат врз основа на оценка на нашиот пристап
63
кон извршувањето на услугата како и силата на брендот кој го носиме. Имплементираме стандардизирани процедури и методи за наплата, настапуваме со професионален и стручен тим и одржуваме високо ниво на технолошка опременост. XX Вашата компанија нуди повеќе видови на финансиски услуги. За кои финансиски услуги Вашите клиенти најмногу ве контактираат и имаат потреба од вас? ЕОЅ Матрих обезбедува финансиски услуги за управување со побарувањата кои директно помагаат нашите клиенти да ја осигурат својата ликвидност. На пазарот во Македонија сме фокусирани на две основни услуги: наплата на побарувања и откуп на побарувања. Изборот меѓу нашите финансиски услуги зависи од клиентот и неговата политика за справување со побарувањата. XX Како лицата кои се контактирани од ваша страна како должници, реагираат на вашите укажувања? Со кои предизвици се соочувате на ова поле? Корпоративните правила на ЕОЅ Матрих наложуваат посебно внимание во комуникацијата со лицата кои ги контактираме поради наплата. Компанијата остварува начин на комуникација со тие лица кој е усогласен со нашите клиенти и е во насока на запазување на нивниот интегритет и углед. Предизвикот на ЕОЅ Матрих во овој дел е секогаш да настојуваме да помогнеме во пронаоѓање на решение за наједноставно и најсоодветно подмирување на долгот. nnn
зиционираа жената рамноправно во светот на мажите
Капитал број 805 03.04.2015
64
www.kapital.mk
моќните Жени во бизнисот
д-р Драгана Д. Чифлиганец извршен директор на Адора инженеринг
Постојано трагам по нови знаења и предизвици
Јас сум човек кој сака постојано да се надградува, а имав среќа сето мое знаење да го стекнам преку практични примери на терен. Како компанија ги следиме најновите светски трендови и можам гордо да кажам дека први ги применивме во градењето станови во Македонија. Постојано сме во потрага по некоја иновација од надвор, која може да се примени во пракса и да биде позитивен пример за понатаму.
Чифлиганец: Многу инвестирам во сопствен
T www.kapital.mk
Таа е млада дама која што одлично се снаоѓа во нешто што се смета за машки бизнис, градежништвото. Д-р Драгана Д. Чифлиганец, има 31 година, а веќе е значаен дел од успехот на една од најбрзорастечките компании во Македонија, еден од најпознатите брендови во градежништвото – Адора инженеринг. Магистер по економија, доктор по правни науки, г-ѓа Чифлиганец вели дека маркетингот е нејзиниот фах, но за да биде успешен менаџер во градежниот сектор, морала да ги научи сите фази на изградбата не еден објект. Од пред осум години е активно вклучена во семејниот бизнис, што го почна нејзиниот татко проф-др. Ванчо Чифлиганец, за кого што вели дека и е непресушен извор на инспирација и голем поддржувач на нејзиниот развој како менаџер. „Сепак, не сакам луѓето да мислат дека сум добила сè на тацна. Секако дека е тешко да се докажете колку вредите покрај човек како Ванчо Чифлиганец, преполн со животно искуство и харизма, но јас постојано се трудам да покажам дека сум достојна да го продолжам она што тој го почна. Цел живот учам, се надградувам, многу инвестирам во себе и многу работам. Колку и да звучи нескромно, сметам дека успеав да покажам дека сум пред сè одговорна и принципиелна личност, која не потклекнува пред ниеден предизвик во работата, затоа што како што ме научи мојот татко, ,не можам' и ,не знам' не постојат во мојот речник. Можеби највредниот совет што сум го добила од татко ми Ванчо е дека човек не смее да се откаже, бидејќи упорноста и работата секогаш се исплатуваат. Не можете преку ноќ да стекнете име, туку треба макотрпна работа со која ќе се докажете пред клиентот“, вели Драгана Чифлиганец. XX Како се одвиваше вашето вклучување во семејниот бизнис? За време на студиите секое лето поминував двомесечна пракса во компанијата, а по завршувањето на магистратурата активно се вклучив во работата. При моето доаѓање во Адора инженеринг пред околу осум години, компанијата беше мала со само еден проект на годишно ниво, па имав прилика директно да учествувам
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог
65
Клучни за успехот на „Адора“ се стабилноста и високиот квалитет на објектите што ги градиме, иновативноста и добриот маркетинг на нашите производи – становите. Секако, успехот не би бил ништо доколку не го споделиме со заедницата, за чие што унапредување досега имаме вложено преку еден милион евра. во нејзиниот раст и развој . Заедно со мојот татко одлучивме да ги поминам сите скалила и фази од почеток до крај. Почнувајќи од активностите на самото градилиште, па преку ангажман во делот на финансии, комерција, проектирање и продажба, со кои и денес одлично соработувам, па сè до секторот маркетинг. Мислам дека женската структура на менаџментот, продажниот сектор и кадрите кои го уредуваат ентериерот на објектите, со „посебниот сензибилитет за создавање топол дом“ создадоа одлични релации меѓу производот-становите и купувачите. XX Кои беа најголемите предизвици за вас како млад професионалец? Како ги совладувавте? Пред сè, најзначајна е желбата за постојано учење во делот на градежништвото, но и во другите области. Јас сум човек кој сака постојано да се надградува, а имав среќа сето мое знаење да го стекнам преку практични примери на терен. Посетив голем број на семинари од областа на градежништвото, како на пример оние за значењето на енергетската ефикасност, во момент кога во Европската унија се дискутираше како тоа да се примени во градежниот сектор. Како компанија ги следевме светските трендови и можам гордо да кажам дека први ги применивме во Македонија. Во тоа време во земјава такво нешто не постоеше и претставуваше предизвик од кој може многу да се научи. Постојано сме во потрага по некоја
иновација од надвор, која може да се примени во пракса и да биде позитивен пример за понатаму. XX Што научивте од вашиот татко за бизнисот, кои се најдрагоцените совети што сте ги добиле? На почетокот мислев дека сепак постои разлика во генерациите, секој има свое мислење и различни ставови. Но, со верба во она што го работат младите и она што сакат да го применат во пракса, се сфаќа дека и младите можат да бидат во право. Тоа што се учи од повозрасните е навиката за работа, постојаноста, планирањето, упорноста и истрајноста. Кога дојдов во компанијата сакав да ги применам иновациите со еден нов пристап на работа. Мислам дека таа комбинација од младост и искуство е одличен спој за да се води една успешна компанија. XX Колку станови досега изградила Адора? Кои се вашите најнови проекти? Заклучно со минатата година имаме изградено 1600 станбени единици, а според предвиденото 2015 ќе ја завршиме со 2000. Секоја година бројот на станбени единици се зголемува. Од 275 во 2013, минатата година бројката беше зголемена на 303, што е задоволувачки и претставува успех за компанијата. Пред Адора Инженеринг да се одлучи за еден проект, се прави детално истражување на пазарот за тоа колкава е побарувачката и каква е продажбата во една или друга населба. Секако, важна е локацијата и што тоа
ната надградба, и како менаџер и како човек
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
66
моќните Жени во бизнисот
има околу неа. Значајно е во близината на објектот да има училиште и градинка за полесно функционирање на едно семејство. Да има паркови и зеленило, односно развиена инфраструктура. Најмногу сме активни во општина Аеродром, бидејќи на еден начин е блиску до центарот на градот, а побарувачката голема. Сè што сме изградиле таму е веќе продадено, започнати се нови објекти, а ќе следуваат и идни проекти. Нашите истражувања покажуваат дека граѓаните сакаат да живеат на локации кои не се далеку од централното подрачје, а се помирни за живеење. Исто така, новиот проект на кој работиме во општина Кисела Вода е доста блиску до центарот на Скопје, локацијата е мирна за живеење и за него има голем интерес од страна на граѓаните. XX Тој проект предизвика големо внимание на неодамнешниот Саем на недвижности, каде што имавте свое претставување. Објаснете ни малку повеќе за зградата, по што е таа специфична? Тоа е вистински деловен предизвик што компанијата ќе го реализира годинава на влезот во општина Кисела Вода. Новиот станбено-деловен комплекс кој ќе се гради на местото на поранешната фабрика „Цветан Димов“, кај месноста Рампа, ќе биде со архитектура мотивирана од познатата висококатница, урбанистичка икона на Њујорк, „Флетајрон“, изградена во 1902 година во елитниот кварт Менхетн. XX Што е според вас клучно за успехот на Адора? Успехот на Адора Инженеринг се заснова врз повеќе параметри, а пред сè врз искрениот пристап кон клиентите. „Само делата се вистина“ е нашето мото. Најголем клуч за успехот е квалитетот кој не се гледа со човечко око. Ние сме единствена градежна компанија во земјава која заедно со Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија врши „вештачки земјотрес“ со цел научно да се докаже сигурноста на новоизградените станбени објекти. Освен издржливоста, во проектите е вклучена и енергетската ефикасност, бидејќи самите клиенти од тоа имаат голема придобивка. Пред сè, намалување на потрошувачката на електрична енергија. Исто така вложуваме во делот на квалитетни материјали кои ги вметнуваме во објектите, како висококвалитетен паркет и шпански плочки од прва класа. Сметаме дека купувачите со текот на времето го препознаваат тоа. Тоа го правиме и со енергетската ефикасност. Законот предвидува Ц класа да биде најнизок стандард, а ние ја воведуваме највисоката А класа како наш стандард. Први воведовме т.н. енергетски пасош, а веќе пет години промовираме енергетска ефикасност. Активни сме и во делот
Маркетингот е она што најмногу сакам да го работам, за што и најмногу се едуцирав. Тоа што ќе го изградиме, мора добро да го презентираме и продадеме. Иако, за да бидам успешна како менаџер на градежна компанија, морам да го познавам добро секој процес од изградбата – од поставувањето темели, па сè до продажбата. на фотоволтаичните системи. На сите кровови од станбените објекти на Адора Инженеринг кои ги работиме во последните неколку години поставуваме вакви системи, од кои се произведува енергија потребна за заедничкото осветлување. Тоа е скапа инвестиција, но ја заштитува животната средина. Ходниците ги правиме широки и со природна светлина, а тука е и делот за пристап на лицата со посебни потреби. Во таа насока ги следиме меѓународните стандарди што полека се воведуваат во Македонија. Исто така гледаме просторот околу самите објекти да биде уреден со зеленила, за да имаме подобра животна средина. Од суштинска важност за успехот на Адора се човечките ресурси во компанијата, менаџментот со тројца доктори на науки, 7 магистри од различни области, 20-тина високообразовани кадри и вредните градежни работници и мајстори. XX Кои се најважните квалитети што ги барате од своите соработници? На моите колеги им зборувам дека треба да се едуцираат, да посетуваат семинари и да читаат литература, бидејќи оттаму се црпат многу идеи. Ако научиш нешто повеќе, тоа е твој личен капитал и никој не може да ти го одземе. Иновативноста за мене претставува поттик за работа и е многу значајна во секое поле. Барам голема професионалност и точност при планирање на активностите. Потребно е да се има континуитет на грижа кон вработените, бидејќи односот кон нив и клиентите мора да биде искрен. И јас и
директорот сме достапни за секого во секое време, а вработените кои имаат проблеми можат директно да ни се обратат. Работниците треба да почувствуваат дека менаџментот поминува време со нив и секогаш директно се прашани за мислење околу некои работи. XX Како млада жена, сега веќе и сопруга со семејни обврски, имате ли проблем со балансирањето меѓу бизнисот и приватниот живот? На почетокот гледав да научам колку што можам повеќе, бев некако нетрпелива и ми беше потешко. За сè имав изговор „немам време“. Но, со тек на време сфатив дека мора да се направи баланс. Научив дека како што автомобилот мора да се наполни со гориво за да продолжи, така и ние луѓето мора да се исполниме со енергија. Дека некои од активностите кои се дел од приватниот живот мора да ги реализираш за да имаш енергија за следниот работен ден. Пред неколку години сфатив дека мораме да си дадеме енергија на самите себе, бидејќи секоја професија носи доза на стрес. Една успешна личност мора да има активности и вон работниот ангажман, време за себе, семејството и пријателите, како би го издржала темпото кое го носи животот. Мора да се сфати дека работа секогаш ќе има и никогаш нема да е доста. Само треба да се нагласат приоритетите и според тоа да се делегираат обврските, за на крај на денот, сето тоа биде една комплетна и успешна приказна. nnn
Чифлиганец: Избришете ги “не можам“ и “не знам“ од речникот
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог
67
Емилија Матеска управител на Експертс
За успех во бизнисот мора да се има амбиција, цел и визија пишува:
Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
E фотографија:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Емилија Матеска е управител на Експертс, компанија која се бави со технологија на компримиран воздух како заокружен технолошки процес кој вклучува негово производство, третман, дистрибуција, користење, одржување, компанија која нуди решенија по принципот “клуч на рака”. Компанијата постои на пазарот веќе 25 години. За тоа што значи да се биде жена на чело на компанија во која доминираат мажите како шефови, разговаравме со г-ѓа Матеска која специјално за нас го сподели најзиното искуство XX Вие сте управител на Експертс, компанија која се бави со технологија на компримиран воздух како заокружен технолошки процес, кој вклучува негово производство, третман, дистрибуција, користење, одржување, компанија која нуди
решенија по принципот “клуч на рака”. Станува збор за раководна функција во област во која на челни позиции речиси 99% се мажи. Што значи за вас, како жена, да се биде на ваква позиција во компанија од овој сектор? Животот ме научи да не ги делам работите на машки и женски. Исто така имав и добар учител – мојот татко, кој пред цели 25 години ја оформи оваа компанија и целосно ме воведе во оваа таканаречена машка позиција во дејноста со технологијата на компримираниот воздух. Со моето искуство од 23 години, од кои 5 години како управител на Експертс (паралелно со моите студии на Правниот факултет работев и во Експертс), многу добро се справувам со сите предизвици. XX Кои се предизвиците со кои се соочувате на оваа позиција? Без оглед на полот, оваа позиција е предизвик – борба за пазарот, со нелојалната конкуренција, со приликите во стопанството, а како жена, неретко сум била во ситуација да се борам и со предрасудите. Но, благодарение на упорната работа, професионализам и исполнителност - тоа е веќе минато. Со оглед на тоа што работиме со целата индустрија од нашата земја и постоиме 25 години, можам слободно да кажам дека веќе сме препознаени од сите. Позади мене стои тим од 12 вработени, од кои 6 се жени. Тоа што сум жена можеби е и позитивно, состаноците и разговорите се секогаш професионални, но никогаш тензични. XX Колку стереотипите дека мажите се подобри шефови од жените се присутни во земјава, па и во вашиот сектор? Како вие се справувате со тоа?
Според мене, мажите се родени да бидат шефови. Но, во денешно време заради условите кои итекако се сменети во секој поглед на живеењето, се повеќе шефуваат жените. И не значи дека во тоа се полоши од мажите. Жените се (повторно, според некои стереотипи кои и во праксата се потврдуваат како реалност), по природа поинтуитивни, поблаги, помалку избувливи и имаат повеќе човечко разбирање, што секако е доблест. XX Кои се вашите совети до женската популација - што треба да направат за да напредуваат во кариерата и да стигнат до посакуваната позиција? Пред се треба да имаат амбиција, цел и визија. Секако да имаат и одлични организациони способности. Вербата во себе и секако, личната надградба се подразбираат како основни предуслови. XX Како ги менаџирате обврските меѓу бизнисот и приватниот живот? Фактот што скоро пола мој досегашен животен век работам, одлично научив и тоа да го менаџирам. Професионалните и приватните обврски се трудам максимално да ги координирам, поинаку не е ни можно да се опстојува. Најбитно во се е да имаш организациони способности, тогаш се е полесно. XX Како го поминувате вашето слободно време? Што е она што ве исполнува? Мајка сум на три деца, и како секоја вработена жена, најголем дел од слободното време го поминувам со нив. Не само затоа што тоа им го должам, туку со нив поминатото време ме полни со нова енергија и им дава вистинска смисла на мојот живот и работата. nnn
Maтеска: Животот ме научи да не ги делам работите на машки и женски
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
68
моќните Жени во бизнисот
Листата на Капитал за најуспешни жени во Македонија не би била потполна без името Венера Крлиу- Ханџиски, главен оперативен директор на Американ колеџ Скопје. Таа за Капитал открива што значи да се биде жена на раководна позиција во Македонија особено на еден така престижен универзитет како Американ колеџ Скопје. Со Крлиу- Ханџиски разговаравме и околу стереотипите – дали мажите се подобри менаџери од жените или не, како и за тоа колку е тешко една жена да биде успешна во бизнис светот но и успешно да ги заврши обврските околу семејството во приватниот живот.
П
XX Почитувана г-ѓа Крлиу – Ханџиски, Вие сте главен оперативен директор на Универзитет Американ Колеџ Скопје, еден од водечките универзитети во земјава. Што, за Вас значи да се биде директор на еден ваков универзитет? Ми претставува особена чест и задоволство да бидам директор на Универзитет од ваков ранг, кој оваа година ја прославува 10годишнината од своето основање. Постојано работиме во насока на подобрување на квалитетот на нашите студиски програми и наставата, за кои што доказ е домашната акредитација и меѓународната акредитација од Советот за акредитација на бизнис факултети и програми од САД (ACBSP). На Американ Колеџ работи одличен тим на административен и академски кадар, кои што заеднички се стремат да ги подготват студентите за идните предизвици на пазарот на труд и кариерата во посакуваната област по завршувањето на студиите. Задоволство е да се работи со врвни професионалци во својата област, кои што вложуваат многу труд во збогатување на своето знаење и добивање на нови вештини.
Крлиу-Ханџиски
Венера Крлиу-Ханџиски главен оперативен директор на Американ колеџ Скопје
Клучот на успехот се наоѓа во упорноста и снаодливоста! XX Што беше најпресудно да успеете во кариерата? Мојот успех се должи пред сé на огромната поддршка од моите родители, сопругот, семејствотото и пријателите, кои што веруваа во моите способности и желбата да достигнам нешто повеќе. Особено сум среќна што сум опкружена со тим од соработници, со кои што секојдневно работиме на одржување на имиџот на Американ колеџ и со кои што настојуваме заеднички да ги остваруваме претходно зацртаните цели. Благодарение на вредностите пренесени од моето семејство, упорноста и храброста, настојувам да пронајдам соодветно решение и средства со цел решавање на проблемите, и притоа да го насочам Американ колеџ да се развива во вистинската насока и да биде една од водечките високообразовни институции во Република Македонија.
XX Дали фактот дека сте жена Ви помага или одмага во бизнисот? Како жена во светот на бизнисот, можам да истакнам дека настојувам работните обврски да бидат навремено завршени, што поефикасно и поефективно. Американ колеџ за мене претставува едно големо семејство, кое што лојално и професионално функционира и бележи успеси во своето работење. Интересен факт е тоа што 60% од вработените на Американ колеџ се припаднички на женскиот пол, додека 70% од нив се наоѓаат на највисоките одговорни позиции. Овие факти докажуваат дека жените, подеднакво како и припадниците на посилниот пол, ги поседуваат потребните знаења и менаџерски способности за имплементирање на бизнис стратегијата, финансиите, маркетингот и правните работи во компанијата. Поради тоа, би сакала да потенцирам дека фактот што сум жена ми
Крлиу-Ханџиски: жените, подеднакво како и припадниците на посилн
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог помага во секојдневното раководење со деловните активности и менаџирањето на Американ колеџ. XX Кои се предизвиците со кои се соочувате на оваа позиција? Најголем предизвик ми претставува одржување на квалитетот на наставниот процес преку ангажирање на административен и академски кадар, кој што ќе го овозможи најдоброто за студентите. Воедно, предизвик е да се задржи домашната и меѓународната акредитација на Американ колеџ. Особено сум горда на фактот што Американ колеџ е првиот универзитет во Република Македонија, кој што започна со процесот на обезбедување на практична работа за студентите во компаниите кои се членки на нашиот Деловен совет. Ова тело го сочинуваат над 150 македонски компании, кои што им овозможуваат на студентите да го применат теоретското знаење стекнато за време на предавањата во пракса. XX Што Ви претставува најголемо задоволство на оваа раководна функција? Најголемо задоволство ми претставува обезбедувањето на квалитетно високо образование за нашите студенти, кои што имаат единствена можност да се стекнат со меѓународно акредитирана диплома во Република Македонија. Нивниот успех го сметам и како мој личен успех. Воедно, по завршувањето на своите студии на Американ колеџ, тие го применуваат своето знаење и пракса во насока на започнување на сопствен бизнис и/или вработување во едни од најдобрите компании во деловната заедница. Тоа е уште еден доказ за квалитетот на нашиот кадар, како и за посветеноста и упорноста на студентите, кои што целат високо и ги употребуваат своите способности и знаење за да го живеат својот сон. Особено задоволство ми претставува соработката со Мастрихт Факултетот за менаџмент од Холандија, со кој што нудиме заедничка МБА програма. Исто така, неодамна Американ колеџ стана официјален тест центар за TOEFL. Потоа, особено сум горда на работата на Фондацијата за стипендирање и професионален развој на Американ колеџ, која работи во насока на промовирање на квалитетен кадар и негово следење во текот на школувањето. Во тек е конкурс за доделување стипендии за прв циклус студии за студенти во прва година додипломски студии за новата академска 2015/2016 година. Доказ за успехот на Универзитет Американ Колеџ Скопје се многуте признанија и награди доделени на нашиот академски кадар, како и достигнувањата и успесите кои нашите студенти ги бележат во земјата и во странство. XX Според Вас, што е најважно за да успеете во водењето на бизнисот? Со цел успешно водење на бизнисот, особено е значајно да се воспостави ефективна комуникација меѓу вработените
69
Интересен факт е тоа што 60% од вработените на Американ колеџ се припаднички на женскиот пол, додека 70% од нив се наоѓаат на највисоките одговорни позиции. Овие факти докажуваат дека жените, подеднакво како и припадниците на посилниот пол, ги поседуваат потребните знаења и менаџерски способности за имплементирање на бизнис стратегијата, финансиите, маркетингот и правните работи во компанијата. во компанијата и претпоставените, да постои меѓусебна почит и разбирање, и секако работните обврски да се извршуваат навремено. Воедно, во водењето на еден бизнис, особено е значаен професионалниот пристап, одлучноста и превземањето ризици, кои што се клучни за развој на компанијата во насока на визијата. Превземањето ризици, само по себе носи одредени проблеми, за кои што јас секогаш велам: “Да не зборуваме за проблемот, да се обидеме да најдеме соодветно решение за истиот.” XX Дали имате мото кое го применувате во професионалниот и приватниот живот? Многу често употребувам различни изреки, кои што ги имам научено од мојот дедо. Тој многу често велеше: „Одржувај растојание во животот, немој да дозволиш никој да те повреди и секогаш дружи се со умни луѓе. Само така ќе научиш нешто“. Моето омилено мото е: „Секој ден учи нешто ново и замини на спиење со повеќе знаење од моментот кога си се разбудил“. XX Како ги менаџирате обврските меѓу бизнисот и приватниот живот? Клучот на менаџирањето на обврските во приватниот и професионалниот живот се темели на менаџирање на времето и поставување на краен рок за завршување на приватните и професионалните обврски. Понекогаш се случува да настане преклопување на обврските, но благодарение на безрезервната поддршка од сопругот и разбирањето од колегите, успевам да постигнам сé. Сепак, понекогаш
се случува и да не постигнам да ги завршам сите обврски во текот на работниот ден, но и тоа е составен дел од животот. XX Како го поминувате Вашето слободно време? Што е она што Ве исполнува? Во своето слободно време сакам да посетувам часови по пилатес, да читам и да поминувам време со најблиските. Најмногу ме исполнуваат патувањата и откривањето на природните убавини и култури, вкусната храна и дружбите со позитивни луѓе. XX Кој би бил Вашиот совет за жените за успех во бизнисот и за успешна кариера? Многу од проблемите со кои се соочуваме се всушност само нашите мисли. Поради тоа, сметам дека е многу важно да размислуваме позитивно, во секоја дадена можност да гледаме потенцијал за успех и да не се плашиме да превземаме ризици. Стравот од неуспех не треба да нè претставува пречка за остварување на нашите однапред зацртани планови и цели. Доколку сакате да успеете во професионалниот живот, потребно е да имате визија за она што сакате да го постигнете во иднина и цврсто да верувате во своите знаења и способности. Исто така, клучот на успехот се наоѓа во упорноста и снаодливоста, како и следењето на претходно стекнатите принципи, кои Ви се неопходни за да опстанете во динамичниот свет на бизнисот. Сметам дека најзначајно е да се посветите на процесот на доживотно учење, и притоа постојано да вложувате во себе и во Вашите професионални знаења и вештини. nnn
ниот пол, ги поседуваат потребните знаења и менаџерски способности
В
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
70
моќните Жени во бизнисот
Во стереотипите за машки и женски професии – енергетиката традиционално се смета за типична “машка” област, тоа не е случај со ЕВН Македонија, каде жените се застапени на повеќе раководни и работни позиции. Во оваа навидум „машка компанија“ одлуки за важни процеси носат и жени. Во ЕВН е најважен индивидуалниот капацитет и интегритет на луѓето, без оглед на нивниот пол. На повеќе значајни и деликатни позиции во компанијата подолг период успешно работат жени. Тие со успех се справуваат со своите позиции и велат дека имаат одлична поддршка од сите свои колеги. Во ЕВН жени извршуваат инженерски, технички, административни позиции, менаџираат со проект и раководат со цели оддели. Голем предизвик е да се раководи со секторот Јавни набавки, особено во компанија која е дел од една поголема групација, но истовремено тоа е и дополнителен мотив, особено ако сте амбициозни и не се плашите од многу работа, која понекогаш знае да биде и стресна. „Раководењето со набавките би можело најсликовито да се спореди со “менаџирањето” во едно семејство- сите сакаат се што е најубаво, најново, "најтренди", најквалитетно, потребно е да се набави најбрзо можно, сите да се задоволни од набавеното, работните процеси да течат без прекин, а притоа не треба во ниту еден миг да изумите дека треба да се грижите да останете во лимитите, разумно и ефикасно да ги искористите средствата што се на располагање, за да може да се набави и
ЕВН – компанија со машка цврстина и
ЕВН – квалитет е највисок
уште нешто друго, што секогаш е потребно“, вели Слаѓана Николиќ – Николовска, која го раководи одделот за јавни набавки. Во Струга, раководител на Корисничко енергетскиот центар( КЕЦ) е Славјанка Георгиевска, која менаџира со сите процеси за да се обезбеди навремено и сигурно снабдување во овој регион. „Без разлика на тоа што во компанијата преовладува машкиот пол, а тоа е поради дејноста што
ја врши оваа компанија, како жени сме покажале поголема храброст и издржливост. Компанијата нуди можност за напредување на своите вработени, не правејќи разлика помеѓу мажи и жени. Треба само да се има јасна цел и да се сака таа цел да биде постигната. Даниела Китанова, која го менаџира КЕЦ Гевгелија, вели дека нема никакви пречки во работата поради тоа што е жена, но потенцира дека односот кон луѓето
Штефан Петер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија, за улогата на жените на менаџмент позициите
С Штефан Петер
Претседател на Управниот Одбор на ЕВН Македонија
о гордост би сакал да кажам дека половина од административниот среден менаџмент на ЕВН Македонија е составен од жени. Исто така, ЕВН Македонија има и две жени на врвна позиција во децентрализираните технички единици. За мене лично, не е прашањето дали менаџерот е маж или жена. Нашиот бизнис не познава пол. Сакаме да ги вработуваме најсоодветно обучените, образованите и умешни луѓе за нашите врвни позиции. И затоа е сосема логично што жените влегуваат во оваа таргет група. Не ги вработуваме жените поради нивниот
пол, туку поради тоа што секоја од нив преку транспарентен процес докажале дека се најдобрите менаџери за специфичните работни позиции. Тука би сакал да споменам дека ЕВН Македонија ги има прифатено принципите на Глобалниот Договор, каде еднаквите права и борбата против дискриминацијата се важни теми и ние ги почитуваме и ги вклучуваме во секојдневната работа. Имајќи го предвид фактот дека ЕВН Македонија е компанија која дава услуги од сферата на јавниот интерес, можам да кажам дека најважната вредност која нашите вработени ја
ЕВН: Компанијата нуди можност за напредување на свои
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог
и со женска упорност и посветеност
тот на луѓето приоритет зависи од домашното воспитување. Жените во секојдневното работење внесуваат нова енергија и знаат како да ги „омекнат“ и најпроблематичните ситуации и тоа внесува позитивен дух во работењето. „Има прогрес на овој план во однесувањето меѓу луѓето генерално. Ако се присетам на моите почетоци, кога ја започнував мојата кариера пред 10 години и бев раководител на деловна единица, претежно работев со
втемелуваат во своето работење е разбирањето и предвидувањето на потребите на корисниците. Ако се земе фактот дека повеќе од половина од нашите корисници се жени, тогаш треба да се почитува тоа и да се вработуваат жени кои имаат поголемо разбирање за “женските навики”. Но, јас не сакам ниту еден човек да биде сведен на стереотип. Жените, исто како мажите можат да бидат силни, слаби, чуствителни, агресивни, итн. Повеќе се работи за карактерни лични особини, како и посветеноста во достигнувањата на личен план.
мажи и кога повеќето клиенти бараа состанок со раководителите, не можеа да разберат дека тоа е жена и упорно инсистираа да се видат со „раководителот“. Денес работите се променети, иако има простор генерално во општеството да работиме на подобрување на состојбите“, вели Китанова. Комуникациите во ЕВН Македонија ги менаџира Ленче Карпузовска. Таа вели дека односите за јавност и маркетингот се професии кои бараат личноста да поседува специфични способности, пред се да биде добар комуникатор, презентер, слушател, со соодветен говор на тело, информацијата или маркетинг порака да ја направи разбирлива за јавноста, да биде брз и прагматичен, итн.. Некои од овие способности сметам дека повеќе и припаѓаат природно на жената, но како што има успешни или неуспешни мажи, така има и успешни и неуспешни жени. Тоа зависи од индивидуалниот карактер, но и од посветеноста на една личност да се реализира на професионален план. Јулијана Заовска – Видиновски, го раководи одделот за потрошувачи или популарно наречен „Кол Центар“, и смета дека во ЕВН не само што жените добиваат еднакви можности, туку во последно време имаат и мала предност. „Особините кои традиционално се сметаат
71
за “женски”, како што се емпатијата, комуникативноста, менторството и градењето на меѓусебна поддршка, стануваат се поважни во градењето на односите со корисниците и културата во компанијата. Се радувам што ЕВН како компанија ја гледа вредноста која ја носат вработените како индивидуи, без разлика на полот“, вели Видиновски. И Ана Атанасовска како менаџер на правниот оддел не прави разлика дали раководител е маж или жена. Се бара исполнување на обврските, соработка, тимска работа и почитување на деловното работење. Според неа, законите во основа ја обезбедуваат рамноправноста на половите во повеќе сегменти, како што се вработувањето, достапноста на работното место, примањето иста плата за исто работно место. Но, практиката покажува дека е потребна и поголема активност на самите жени во обезбедување на рамноправноста и активно да се вклучат во сите сфери на заедницата, бидејќи тие поседуваат знаење, искуство и капацитет. Марија Мојсова, менаџира два оддела, сметководство и стратешки контролинг. Вели дека нејзината работа бара прецизност, што не и е проблем како жена. „ Освен прецизност, финансиско-сметководствениот сектор истовремено бара и трпеливост, а умешноста на жената да постигне компромис се секако дополнителна вредност за менаџирање во областа на парите.“, вели Мојсова. Елизабета Николовска, Раководи со одделот Бизнис Екселенс, а според нејзиното досегашно искуство, колегите мажи најчесто добиваат промоција врз основа на својот потенцијал, додека пак, жените се промовирани врз основа на своите достигнувања. Жената не е ниту подобра, ниту помудра, посилна, поинтелигентна, повеќе креативна или пак поодговорна од мажот. Но, таа не е ни помалку од него. Ние сме еднакви, додава Николовска. Заедничка цел треба да ни биде овозможување на жените да напредуваат на работното место, но истовремено да им се овозможи на мажите со чувство на гордост да учествуваат во обврските во домот и одгледувањето на децата. Според менаџерката на човечки ресурси, Анета Петровска, ЕВН Македонија им овозможува и ги охрабрува сите вработени да ги остварат своите лични цели заедно со организациските без оглед на полот. Нашите вработени и менаџери се стручни, секогаш подготвени за работа, доверливи и одговорни и тоа се критериумите за избор при вработување и напредување. Заеднички се согласуваат дека жените на раководни позиции се успешни и поради тоа што, во основа, се менаџери 24 часа во денот. Работните обврски се само еден дел од денот, по што следат и активностите за надоградба и секако, и најбитниот дел на денот, поминат со семејството, каде најмногу се вложува во градењето на семејната хармонија и подигнувањето на децата како здрави и способни индивидуи, во духот на вистинските вредности. nnn
ите вработени, не правејќи разлика помеѓу мажи и жени
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
72
моќните Жени во бизнисот
Маја Цветанова, маркетинг менаџер во македонската компанија Макпрогрес веќе девет години се грижи за добриот имиџ и развојот на оваа компанија. За успешноста на Макпрогрес која денес е една од водечките извозни компании во земјава, и се повеќе препознатлива во регионот и пошироко, зборуваат и многуте награди кои ги има добиено компанијата. Цветанова во ова интервју ни го раскажа своето искуство и својот придонес во оваа успешна приказна- што значи да се биде жена на одговорна функција во една ваква голема компанија како Макпрогрес и кои се предизвиците со кои таа се соочува.
П
XX Почитувана г-ѓа Цветанова, вие сте маркетинг менаџер во Макпрогрес, компанија која се занимава со производство на кондиторски производи. Вашата компанија е добитник на повеќе награди меѓу кои и награда за општествена одговорност. Што значи да се биде на одговорна функција во една ваква компанија? Неколку години по ред Макпрогрес е добитник на престижни награди и признанија од кои како најдрагоцени би ги одвоила наградата за извозник од Република Македонија кој освоил најмногу земји низ светот, која ни ја додели Стопанската Комора на Македонија, како и двете последователни награди за Општествена одговорност кои ги доделува координативното тело за Општествена одговорност. Функцијата која ја извршувам веќе девет
Маја Цветанова
маркетинг менаџер во Макпрогрес
Небитно e дали сте жена или маж, битно е дали сте професионалец! години е една од најсуштвените и е тесно поврзана со сите процеси во компанијата. За овие девет години Макпрогрес прерасна во водечка прехрамбена индустрија и водечки извозник на прехрамбени производи. Овој успех е награда за целиот вложен труд и инвестиции во минатото, како и поттик за уште поголеми резултати во иднина. Темпото на раст и развој во нашата компанија секоја година се искажува во двоцифрени бројки, а фокусот е ставен на одржување на лидерската позиција на домашниот пазар, како и раст на постојните извозни и освојување на нови извозни пазари. Јас со мојот тим во маркетинг секторот целосно сме посветени во сета комуникација како надворешната со потрошувачите, така и внатрешната комуникација со вработените. Темпото е динамично, но ние сме млади и енергични, па така успеваме да владееме со процесите во компанијата.
XX Што беше најпресудно да успеете во кариерата? Образованието кое го стекнав на Економскиот факулетет во Скопје, како и магистратурата по маркетинг на истиот се базата на мојот професионален развој. Но, со професионалниот ангажман во Макпрогрес имам следено и учествувано на многу саеми, семинари, предавања и бизнис конференции кои ги сметам за најбитен фактор во професионалното напредување. Особено е важно и искуствата кои ги имам здобиено од посети и обуки од разни странски експерти од областа на маркетингот. Како надополнување на кариерата ќе ја истакнам и мојата втора магистратура, која се уште ја подготвувам на Меѓународниот славјански Универзитет во Св.Николе – насока Психологија. Сметам дека со ова уште повеќе ќе можам да вложам во моите професионални
Мотото на Цветанова: Само тоа што сил
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог активности затоа што пред се, нашата работа бара многу комуникација и вештини во преговарањето. XX Дали фактот дека сте жена ви помага или одмага во бизнисот? Во Макпрогрес е карактеристично дека од 13 менаџерски позиции дури 8 на извршни менаџерски позиции се жени. Ова е доказ дека жените можат рамноправно да бидат на извршна менаџерска позиција. Сметам дека со добра организација секоја жена професионалец може да биде подеднакво успешна и во професијата и во семејството. Сметам дека не е битно дали сте жена или маж, битно е дали сте професионалец или не. За мојата работа битно е дали сте комуникативен, чесен, работлив, снаодлив, креативен. XX Кои се предизвиците, со кои се соочувате на оваа позиција? Целсоно да ги исполниме очекувањата на нашите потрошувачи, да им понудиме производ со висок квалитет по прифатлива цена. Секако работата не е воопшто лесна, има многу предизвици, ниски удари, нелојална конкуренција, но во досегашниот период ние во Макпрогрес успешно ги менаџираме предизвиците. Дефинитивно конкуренцијата е наша водилка и мотиватор да бидеме уште повеќе препознатливи. Постојано ги следиме светските трендови преку учества и посети на саемите, преку користење на интернетот и социјалните медиуми и правиме анализи и анкети на пазарите кои ги посетуваме. Во нашите простории има производи и брендови од скоро цел свет. Сепак најбитно е да се има сопствен оригинален стил и имиџ. XX Што според вас е најважно да успеете во бизнисот? Мојот т.е. нашиот успех се должи на добрата организациона структура која што ја имаме, планското работење, одличната координација со сите сектори и деловни единици, тимското работење, мотивираноста на колегите, како и флексибилноста и точноста во извршувањето на работните задачи. Кога секој во својата бранша би бил целосно посветен и доколку со љубов доаѓа на работа, тогаш и успехот ќе биде голем. Многу е битно, работата која ја работите да Ве исполнува и со радост да одите на работното место секој ден. Кај нас многу се внимава на мотивираноста и наградувањето на вработените. Затоа се организираат многу неформални дружења, заеднички прослави, патувања, наградите за најдобрите. Успехот на кондиторската индустрија се должи претежно во ориентацијата на индустријата кон извозните пазари. Правиме производи кои се уникатни, иновативни и квалитетни а сето тоа со оригинален дизајн на пакување. Правиме конкурентна предност со стратегијата да кога се цените во прашање е дека секогаш ќе сме први таму кадешто ќе се цени висок квалитет за прифатлива цена. Развивме продажна мрежа со широка застапеност и дистрибуција. Многу работиме на последниот елемент - промоцијата на брендовите.
73
Како жена што ја извршувам оваа функција предизвици има многу, пред се секогаш мора да изгледаме убаво, средено, уредно, треба да се знае како да се разговара со колегите, клиентите, потрошувачите, на кој начин да се комуницира и до која граница да се оди. Никогаш не треба да се злоупотребува позицијата која се има и секогаш треба да се биде одмерен и истрплив во комуникацијата со луѓето. XX Имате ли мото кое го применувате во професионалниот и личниот живот? Секогаш треба да се работи плански. Било да е во професионалниот или во приватниот живот. За да може да се направи добра огранизација на времето потребно е плански да се одигра. Секој работен ден се започнува со листа на активности напишани на хартија од кои најбитните за тој ден се први. Исто така се водам по мотото дека „само тоа што си го силно посакуваш, ќе ти се оствари“ затоа што животот се состои од желби и цели. XX Како ги менаџирате обврските меѓу бизнисот и приватниот живот? Јас секогаш наоѓам баланс помеѓу работата и семејството, никогаш не запоставувајки ги обете. Како што споменав и претходно, секогаш е потребно плански да се организира. Само со добра организација на денот, ќе се има успех и во работата и во приватниот живот. Жената е двигателот на една фамилија. Звучи малку феминистично, но така е, мора да се признае. Таа треба да биде во исто време и жена, мајка, професионалец, куќна помошничка, готвач, секогаш да е расположена затоа што кога таа е позитивна во домот, сите се позитивни. Како менаџер на работа исто секогаш треба да е позитивна за да и вработените и колегите бидат мотивирани да си ги исполнат работните обврски во денот. Се трудам да ги менаџирам обврските на тој начин, со убаво расположение да почне
работниот ден и со убаво расположение да се продолжи во домот. XX Како го поминувате вашето слободно време? Што е она што ве исполнува? Слободното време најчесто го користам за да прочитам некоја добра книга од Фројд или Агата Кристи. Ме ралаксира и 24kitchen, емисии од областа на кулинарството затоа што обожавам да експериментирам во кујната и со тоа да ги изненадам моите најблиски. Мојата работа бара и многу патувања па така и оние професионалните патувања знам да си ги направам да бидат релаксирачки паралелно завршувајќи си ги задачите. Бизнис и плежер е добитна комбинација за жена кога патува. Успевам да најдам време и за пријателите на кафе и муабет. Порано играв многу шах, но денес нема многу кандидати за оваа умствена игра. XX Кој би бил вашиот совет за жените за успех во бизнисот и за успешна кариера? Со моето долгогодишно искуство можам слободно да кажам дека основен предуслов за успех е да знаеш која е целта што сакаш да ја постигнеш. Кога сте 100% сигурни во своите цели и знаете дека токму тоа ќе Ве направи исполнети и среќни тогаш вреди секој труд и напор што е потребно да се вложи. Најважно од се е да го работиш тоа што го сакаш, а резултатите сами по себе си доаѓаат и ги оправдуваат средствата. Верувајте во себе!!! nnn
лно си го посакуваш, ќе ти се оствари
П
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
74
моќните Жени во бизнисот
XX Почитувана г-ѓа Тасева, вие сте директор на Семос Eдукација, компанија која годинава слави 20 години од своето постоење. Станува збор за компанија која е прв и најголем центар за компјутерска обука во Македонија и ексклузивен застапник на најпознатите светски IT брендови како што се: Microsoft, Cisco, Oracle, Vmware, EC-Council, Autodesk и Adobe. Што значи да се биде на чело на една ваква успешна компанија? Семос Едукација, годинава слави 20 години од своето постоење, тимот брои 15 вработени, а дополнително соработуваме со 55 сертифицирани предавачи. Тоа за нас е потврда дека сме на добар пат. Сите години, од првата, па до денес, со исклучок на 2013, компанијата покажува континуиран раст помеѓу 15% и 30%. Јас, освен во Семос Едукација, сум и менаџер за развој на бизнисот и предавач во КлиарВју Бизнис Тренинг Центар, но и сопственик на СертиАдриа, компанија која има присутсво во 10 земји во регионот. Бројот на вработени и тука изнесува 5. Ако ме прашате што значи да се биде на чело на вакви компании, јас повеќе би одговорила – што значи да се биде дел од тим кој прави континуиран успех? Одговорот на ова прашање најпрво е континуиран предизвик во вистинска смисла на зборот – уште колку погоре може да стигнеме, кои следни успеси може да ги реализираме? Која е целта која треба да ја поставиме, дали е таа реална, дали е мерлива и дали е остварлива? Истовремено, тука е и секојдневното размислување и секако – многу работа. Да се биде на чело на победнички тим значи континуирано размислување, работа, ориентираност кон резултати, успеси и ориентираност кон планирање. Секој ден зборуваме за нашите клиенти. Размислуваме за нивните потреби, а потоа, согласно светските трендови воведуваме нови производи. Зборуваме за производите кои треба да бидат во чекор со најновите технолошки достигнувања. Понатаму, зборуваме и за нашиот тим. Кои се луѓето кои се дел од тимот Семос Едукација, како тие да бидат задоволни. Зборуваме за стратегија и секако зборуваме за финансии.
Валентина Тасева директор на Семос Едукација
АЈДЕ ДА ЗБОРУВАМЕ БИЗНИС – ЕТИЧНО И МОРАЛНО XX Што е следно што можеме да го очекуваме од Семос Едукација? Како во Семос Едукација, така и во останатите две компании, интензивно се вложува во следните насоки на развој: Креирање на менаџерска структура, каде менаџерите мора да поседуваат три работи, а тоа се: најпрво менаџерски знаења и вештини, потоа технички познавања од областа, и секако социјални вештини. Втората работа која треба да се очекува од Семос Едукација е интензивен “извоз” на памет и знаење. Низ годините, се повеќе и повеќе сме присутни на западно европските пазари, но сепак, во блиска иднина очекуваме дека ќе добиеме статус на глобален партнер, при што нашите тренери ќе предаваат секаде низ светот.
Но, тука е предизвикот е да се најдат обучени кадри, кои се спремни да патуваат и да предаваат на англиски или друг јазик. За жал, ова е најголемиот предизвик деновиве. Семос Едукација нуди одлични можности за своите предавачи, но и покрај тоа, не можеме да најдеме доволно многу предавачи, за да излеземе во пресрет на потребите на нашите клиенти. Морам да го споменам и законот за хонорарци, кој многу негативно влијае на можностите за извоз на памет и знаење. И покрај најдобрата воља да ги вработиме предавачите, тоа не е можно, бидејки сите тие се веќе вработени, работејќи како експерти во областа која ја предаваат. XX Што беше најпресудно да успеете во кариерата? Јас би рекла дека континуирано треба да
Тасева: Успехот не е нешто што треба да заврши или пак дека само
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог се успева во кариерата. Успехот не е нешто што треба да заврши или пак дека само еднаш се постигнува, а уште помалку дека засекогаш останува. За да се биде добар менаџер, потребно е менаџерско знаење. Силно верувам менаџерите имаат одговорност и обврска континуирано да се надградуваат, па токму од тие причини е и етаблирана компанијата КлиарВју БТЦ. Јас лично со посета на менаџерски обуки започнав во 2000 година. Фактот што во 2006 завршив постдипломски студии по интернационален менаџмент, не допринесе да престанам да посетувам обуки и континуирано да се надградувам. Втор клучен збор е одговорноста. Одговорност кон тимот, кон државата, кон самата себе. Да се биде одговорен во бизнисот, значи одговорност кон клиентите, но значи и одговорност на време да се поделат плати, да се почитуваат сите закони, да се следат најновите трендови. Трет клучен збор е визијата, кога гледаш нешто што за многумина е можеби неостварлив сон. Визијата е раст и развој, стабилност, донесување на правилни одлуки. Е сега, визија без мерливост, е само сон. Таа мора да се изразува и мери во бројки, во пари, во проценти и во таргети. Секој од нас на први секој месец, мора да земе плата која е точно измерена. Во таа насока, мора да се носат одлуки, кои ќе бидат мерливи и остварливи. Ако компанијата расте, ако исплаќа редовно плати, ако клиентите се задоволни, ако вработените се задоволни, значи дека донесуваме правилни одлуки. И тука треба да се биде одговорен сам пред себе. Треба да кажеш дека она што го правиш ќе го правиш најдобро можно, на начин на кој што најдобро знаеш, етички и морално. Ако доволно добро работиш и паметно работиш, ако имаш визија за да знаеш што точно работиш,ако визијата ја поткрепиш со стратегија и знаење, тогаш резултатите сами по себе ќе си дојдат. XX Дали фактот дека сте жена ви помага или одмага во бизнисот? Истото треба да се праша и било кој маж. Дали тоа што е маж му помага или му одмага во бизнисот? XX Дали Вашиот бизнис чувствува криза заради сите случувања во светот, но и дома? Во 2013 се соочивме со пад од 20% и загуба од околу 70.000 евра во првото полугодие. Токму кога бевме во најголем минус, направивме дополнителни трошоци, или пак тоа беше најпаметната инвестиција било кога - одлучивме да ангажираме Адижес консултант и заедно со него да направиме консултантска сесија наречена Синдаг. Тоа беше првиот чекор на патот кон справување со кризата. Годината не само што заврши со профит туку следната година имавме и 50% пораст на приходот. Што се случуваше на консултантската сесија? Консултантот направи синергетска дијагноза со што ја одреди фазата на животен циклус на
75
Да се биде на чело на победнички тим значи континуирано размислување, работа, ориентираност кон резултати, успеси и ориентираност кон планирање. Секој ден зборуваме за нашите клиенти. Размислуваме за нивните потреби, а потоа, согласно светските трендови воведуваме нови производи. Зборуваме за производите кои треба да бидат во чекор со најновите технолошки достигнувања. Понатаму, зборуваме и за нашиот тим. Кои се луѓето кои се дел од тимот Семос Едукација, како тие да бидат задоволни. Зборуваме за стратегија и секако зборуваме за финансии. компанијата, при што ни помогна да дознаеме кои проблеми со нормални, а кои не се. Како што велат во Адижес, лекот за баба и за бебе, не е ист. Заедно со сите нас консултантот ги одреди точките на потенцијално подобрување таканаречени ПИП-ови. Ни помогна да направиме многу подобра структура и прераспределба на одговорноста за создавање на приход на повеќе луѓе. По ангажманот на Adizes консултантот ние повторно ангажиравме консултант во 2014, но овој пат обезбеден од страна на Владата, а со истата пракса ќе продолжиме и во 2015. Ме поттикна насловот на едно издание на Капитал кое вели – Фирмите чекаат на Господ, а директорите се крстат. Ние не чекавме на Господ (ајде добро, малку и чекавме, повеќе верба во добра среќа беше), ама многу повеќе работевме стратешки, што сами, што со консултанти, за да се извадиме од кризата, која силно не удри. И успеавме, како во Семос Едукација, така и во КлиарВју. Пример, минатата година, Семос Едукација порасна за околу 40% во приход.
Тоа го постигнавме со: Чекор 1: Иновативност: Свативме дека без иновативност нема придвижување. Во Семос Едукација наназад 3 години континуирано се објавува натпревар за иновативност помеѓу вработените. Веќе имаме преку 15 предлози кои опфаќаат иновативност и најдобриот од нив беше награден со викенд за двајца. Чекор број 2: Децентрализација во одлучувањето, односно теретот за реализација на приход да биде порамно-мерно распределен меѓу сите вработени. Некои од вработените добија дополнителни задолжувања и распределбата на производите беше порамномерна. Чекор 3: Извоз. Зголемена продажба во странство. На една конференција на Светска Банка слушнав дека Македонија треба да увезува памет. Тоа силно ме мотивираше да докажеме дека ние можеме да извезуваме памет а не да увезуваме. Продажбата на Семос Едукација во странство од година во година расте континуирано за 127% или скоро 30% од приходот доаѓа од надвор. XX Што според вас е најважно да успеете во бизнисот? Комбинацијата од менаџерско знаење,
упорност, предвидување на ризиците и нивна дисперзија, следење на новините во светот. И на крај на се, со оглед на тоа што живееме во мала земја на мал пазар, мислам дека се опстанува само ако извезуваме. Сето ова важи само ако клиентот и неговото задоволство се почеток на се’ и крај на се’. Задоволството на клиентот не смее да се занемари ни во еден момент. Профитот сам ќе дојде потоа. XX Имате ли мото кое го применувате во професионалниот и личниот живот? Треба да се биде етичен и во ниеден момент да не се заборави кои се вистинските вредности. На добрите луѓе, добри работи им се случуваат. XX Како ги менаџирате обврските меѓу бизнисот и приватниот живот? Мислам дека доволно добро ги менаџирам. Доказ за тоа е и моето семејство со кое стоиме заедно во линија. Секој од нас ги има своите успеси. Мојот син Јован е успешен и одличен средношколец кој помина трето ниво на селекција во Кембриџ, конечниот одговор од таму го чекаме кон крајот на летото. Тој е единствен кандидат од Македонија, што за мене е огромна гордост. Мојата ќерка Кристина е најмладиот учесник на натпреварите по информатика. Се натпреварува и по математика. Сите имаме одговорност кон своите обврски и сите ги исполнуваме. XX Како го поминувате вашето слободно време? Што е она што ве исполнува? Она малку слободно време кое го имам, настојувам да го поминам во читање. Ме исполнува времето поминато со семејството и пријателите, но пред се ме мотивираат разговорите за бизнис каде се споделуваат нови идеи. Одбивам да учествувам во неконструктивни и непродуктивни разговори полни со негативна енергија како и разговори за политика. XX Кој би бил вашиот совет за жените за успех во бизнисот и за успешна кариера? Ист како и за мажите. Никогаш да не престануваат да учат. Да продолжат континуирано да ги надградуваат своите знаења. Да се биде лидер е одговорност бидејќи треба да гледаш нешто што другите не можат да видат. Треба да имаш визија, цел и стратегија, но и упорност визијата да ја преточиш во мерлива реалност. nnn
о еднаш се постигнува, а уште помалку дека засекогаш останува
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
76
моќните Жени во бизнисот
пишува:
Габриела Делова
Х gabriela.delova@kapital.mk
фотографија:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Христина Фуна е косопственик и финансиски менаџер на СИНПЕКС, компанија од Битола која за занимава со застапување, продажба и сервисирање на гама на производи (механизација, машина и опрема) наменети за во земјоделството, шумарството, градежништвото како и за општа употреба. Нивната компанија годинава слави 25 години постоење. Фуна вели дека како косопственик на оваа компанија, она што ја води во секојдневната работа е заветот фамилијарната компанија да се одржи и да биде се по успешна. Нејзината успешност е веќе докажана на многу начини, но и преку признанието за жена менаџер за 2013 година. Со Фуна разговаравме за тоа што значи да се биде жена во ваква компанија и со кои предизвици се соочува таа. XX Почитувана г-ѓа Фуна, вие сте косопственик и финансиски менаџер во компанијата СИНПЕКС Битола. Што значи за вас, како жена, да се биде на ваква позиција? Предизвик, завет, љубов, визија, живот...Пораснав со оваа компанија која патем, годинава слави 25 години постоење. Искрено, уживам во работата, во дружењата со вработените, во организирањето на тимовите. Да не бидам сфатена погрешно, живееме во тешко време, време на кризи. Статистиката за последиците на глобализацијата се пишува врз нашата кожа. Транзицијата, социјализмот, корупцијата се уште ги гушат никулците на младите македонски менаџерски генерации. Стопанството се дави во старите навики. Тешко е, стресот ни е секојдневие. Но, тоа и мотив повеќе да се докажеш и успееш. Јас се уште верувам дека додека имам желба и сила да работам, најважна валута ми останува насмевката, и така ќе започнува и завршува секој мој работен ден. XX Кои се предизвиците со кои се соочувате на оваа позиција? Позицијата финансиски менаџер секојдневно носи милион прашања, од
Христина Фуна косопственик на СИНПЕКС Битола
Најмоќните позиции најчесто се во машки раце. Но, жените доаѓаат! причина што финансиската дисциплина во Македонија е таква каква што е, а од друга страна , странските партнери не знаат за недисциплина, па се уште ја барам "волшебната формула" да имаме висок коефициент на ликвидност со минимални трошоци за негово постигнување. Од друга страна, постои тренд на се поголеми приходи а се помали нето профити. Тоа не ја подржува нашата стратегија за развој и инвестирање. Овие се два предизвици што во најголема мера ме окупираат од оваа позиција. Односно, бараат од мене да се развивам, учам, истражувам а ми носат најголем восхит, полет и живост. Како ко-сопственик, ме води ЗАВЕТОТ
да ја одржам фамилијарната компанија. Најклучните одлуки се носат од оваа позиција па истата задава доста главоболки но секој нов успех прави да ти се смее душата. XX Во 2013 година сте добитник на наградата жена менаџер. Вашата награда не само што е потврда за вашата успешна работа, туку и им пркоси на се уште присутните стереотипни размислувања дека мажите се подобри за водење на бизнис. Колку навистина ваквите стереотипи се присутни кај нас и како вие се соочувате со нив? На ваквите прашања често ја цитирам Маргарет Тачер која вели : ако во политиката
Фуна: Статистичките податоци се уште по
www.kapital.mk
Капитал број 804 27.03.2015
специјален прилог и бизнисот сакате да одберете некој кој само ќе зборува, одберете маж, а ако сакате да одберете личност која ќе работи, одберете жена .Хахаха, извинување до полот на кој не му одговара изреката. Сепак, статистичките податоци се уште покажуваат дека работиме во машки свет. Најмоќните и највлиjателните позиции во најголем број се под машка рака. Но, ЖЕНИТЕ ДОАЃААТ. Процесот на рамноправност на половите како да е пред нас. Лично сметам дека жената ја жртвува својата позиција во деловниот свет заради улогата во семејството. Мое лично мнение е дека жените се многу потемелни, поисполнителни и исцрпувачки вредни. Исто така, на светско ниво е докажано дека , жената во деловниот свет многу повеќе полага во образованието и еманципацијата од мажот. Очекувам и македонската жена да се докажи и покажи во светот и да добиваме уште многу награди на повисоко ниво. XX Кои се вашите совети до женската популација- што треба да направат за да напредуваат во кариерата и да стигнат до посакуваната позиција? За мене успешна жена е личност кој обединува три улоги со следни емоционални и интелектуални карактеристики - добра мајка, духовно, морално и емпатиски богат човек, вреден и пожртвуван работник. Искрено сметам дека успешноста на жената во голем дел се мери со квалитетите на потомство кое ќе го подигне. За мене тоа е нејзина прва и најбитна улога во општеството. Во ова време на морален хаос најтешко е да се "менаџира" со семејството и да се одржи духовниот баланс и мир во таа клетка на општеството . Мојот совет пак во делот на кариерното остварување е следен : најпрво треба да се вложи најмногу во сопствениот развој и едукација. Кога на оваа есенцијална состојка ја додадете амбицијата, успехот е поблиску до вас. Останува да ја следите вашата визија со оптимистичка мисла .И, да не заборавиме, успехот скоро секогаш е правопропорционален со вложениот труд, интелектуален, емоционален, физички. Успехот е симбиоза на овие елементи. XX Како ги менаџирате обврските меѓу бизнисот и семејството? Времето е ограничен ресурс и единствено ние самите можиме да го подариме на кого или што сакаме. Јас сум така организирана после работното време да си посветам себе си саат-два . Целото останато време е за семејството. Времето за блиските пријатели е во викенд. Ваквиот распоред нема простор за празни дружења или средби кои не ми прават задоволство. И она што го поставивме во семејството за да имаме квалитетно поминат ден е 100% посветеност на задачите, ефикасно и ефективно извршување на задолженијата. Секој на другиот му го почитува работниот ден и обврските, му помага, не го оптеретува. Но затоа обавезната вечера со разговор
за поминатиот ден е благослов. XX Како го поминувате слободното време? Што е она што најмногу ве исполнува? Слободното време како што кажав во претходното прашање се двои на време за семејството, мое време и време за пријателите. Сакам патувања ( а кој не сака), со моите блиски. Ја обожавам Италија и таму се враќам често, ме привлекува медитеранот со добрата храна и прекрасните вина,сакам топли, мистични земји .Израел и Русија се Светите земји кои постојано те тераат да се вратиш за одново да ти ја воскреснат верата во Бога. Исто често ги посетувам македонските манастири и зафрлените наши села, на оваа наша чудесна земја. Не ми прави задоволство да "трчам" низ светот заради подолга листа поминати места. Уживам пред се во "моите" омилени дестинации. Читањето најчесто е активноста која го окупира моето време. Ме пренесува во друга димензија, ме опушта, подучува, ме прави да сонувам со отворени очи. На полицата до себе чувам обично еден добар роман, нешто од бизнис гуруата, популарна психологија и Библијата. Во зависност од тежината на денот и расположението бирам што ќе читкам. Како жена се подразбира дека наоѓам време за шопинг, спа-центри, нов пар чевли... Надворешниот изглед и дотерувањето на телото ме забавува, но дотерувањето на духот и интелектот е мој приоритет. XX Вашата компанија СИНПЕКС се занимава со застапување, продажба и сервисирање на гама на производи (механизација, машина и опрема) наменети за во земјоделството, шумарството, градежништвото како и за општа употреба. Во Македонија земјата се уште се обработува со механизација стара и по неколку децении. Кажете ни на каков начин тоа се одразува на приносите и секако на трошоците на земјоделците кои ја користат оваа механизација? Многу често сме правеле пресметки колку се губи при користење на стара механизација. Последно што паметам беше дека милионски износи остануваат фрлени на нивите заради старите комбајни. И СИНПЕКС со трибини и советувања години веќе се труди да го смени трендот на купување или користење стара дотраена механизација. Поголемите земјоделски стопанства станаа на време свесни за загубите па интензивно ја заменуваат старата механизација со нова врвна механизација. Малиот земјоделец можеби е се уште немоќен да купува нова модерна механизација. Нашиот тим се труди секојдневно да најде начин и финансиски производи со кои ќе им ја олесни набавката
77
на нова механизација. ИПАРД фондовите како и НПРР придонесува состојбата да се промени со субвенционирањето на нова механизација. XX Дали се соодветно поставени сегашните стимулации и субвенции кои ги дава владата за обновување на земјоделската механизација? Што според вас може да се направи? Субвенциите во моментот се повеќе од добри, 50-60-90 % неповратни средства за инвестиција се желба на секој. Но, моментот кој не го гледаат институциите е следен: земјоделецот нема месечен приход ,субвенции прима еднаш годишно а средства од пласманот на производите најчесто прима , исто, еднаш во годината. Хипотеката на имотот во селата е неприфатлива за банките. Заклучуваме дека земјоделецот најчесто , ниту има сопствени средства за набавка во моментот кога е обврзан да набави ниту пак можи во банка да се покажи како кредитоспособен поради немањето редовен приход . Затоа сметам дека МЗШВ преку своите сектори или АФПЗР треба да им обезбедат документ или пронајдат начин, метод со кој ќе ги потврдат субвенциите пред банката и исплатата на истите ќе ја насочат кон банката на барање на земјоделецот. Со тоа ќе му помогнат на земјоделецот да го обезбеди бараниот кредит. Потпирајќи се на документот (административна забрана и сл.) издаден од Државно министерство, кое според банкарскиот систем е со најмал ризик фактор, банките ќе се отворат за кредитирање на земјоделците. Во моментот е во тек формирање на Гарантен фонд, кој искрено се надевам дека ќе биди поставен така да го реши баш овој проблем. XX Вашата компанија се занимава и со продажба на градежна опрема. Во моментов на пазарот се забележува одредено раздвижување предизвикано од ниските каматни стапки на станбените кредити. Какви се состојбите во вашата компанија и вашите предвидувања за иднината на малите градежни компании? Во СИНПЕКС, секторот кој работи со градежна опрема е најмлад, следствено, резултатите се уште не се големи. Меѓутоа, самите брендови кои ги застапуваме ни гарантираат успех. Покрај гигантот LIEBHERR,генерални застапници сме за WACKER, HUSQVARNA CONSTRUCTION, MANITOU, AMMANN...секој градежник многу добро знае за каква врвна опрема зборувам. Очекуваме со новиот објект кој го отворивме во Скопје да ја зголемиме продажбата на оваа палета производи. Се надеваме дека во тоа ќе ни помогнат новите услови на кредитирање од причина што новите каматни стапки ќе ја зголемат побарувачката па следствено ,очекувам и нов бран на градежна активност. nnn
окажуваат дека работиме во машки свет
Капитал број 805 03.04.2015
78
моќните Жени во бизнисот
П
www.kapital.mk
XX Почитувана г-ѓа Дилевска Симова неодамна добивте признание Орден од редот на витезите на уметноста од Министерството за кутура и комуникации на Франција . Што значи и на што се должи оваа награда? Ова одликување е едно од четирите најпрестижни признанија на Француската влада и се доделува на француски државјани, а во последно време и на странци. Јас орденот го добив за достигнувања во промоција на креативноста во бизнис комуникациите, афирмација на креативноста надвор од границите на Македонија и за поддршка на француската култура во Македонија. Тоа е голема чест – и сметам дека не се работи само за тоа што досега сум го направила , туку што можам допрва да го направам, затоа и го доживувам како голема одговорнoст. XX Во бизнисот со маркетинг и адвертајзинг во Македонија сте повеќе од 20 години, а веќе18 години сте на чело на компанија лидер во областа на маркетингот, Публицис. Што значи да се биде жена лидер во ваква индустрија и компанија? Не сум обрнувала внимание на тоа дека сум жена која води компанија во индустријата на маркетинг комуникации. Мислам дека тоа доаѓа природно, го правите тоа што треба да го правите за да успеете - и дали сте жена или не, мислам дека за мене немаше улога. Во нашата агенција на голем број раководни функции се наоѓаат жени, така се направила селекцијата низ годините на работа. Но колку повисоко се движите по корпоративната хиерархија толку повеќе сте “осамени„ – на корпоративните состаноци на кои присуствувам едвај 3-4% се жени. Кај нас во Македонија, сметам дека почесто се среќаваат жени на раководни функции. XX Под ваше водство Публицис е добитник на бројни награди и признанија дома и во светот. Кој е клучниот бизнис на Публицис и како успеа да израсне во една од најуспешните маркетинг компании во земјава? Мислам дека она што го правиме добро е креативен спој на доброто познавање на бизнисот на клиентите, потребите и
Дилевска Симова: Маркетинг комуникациите за време на криза н
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог
79
Орденот витез се доделува на личности кои со своето дејствување влијаат на промените во својата сфера, кои поддржуваат развој на најразлични таленти, и поставуваат највисоки стандарди во комуникациските и креативните вештини.
Александра Дилевска Симова директор на Публицис Македонија
ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕНОТ на уметности и книжевност на Република Франција Француското Министерство за култура и комуникации ja одликува директорката на маркетинг агенцијата Публицис груп, Александра Дилевска Симова со престижниот орден,, Витез од Редот на уметности и книжевност (Chevalier des Arts et Lettres) заради нејзините достигања во промоцијата на креативноста во бизнисот во Македонија емоциите на луѓето и предностите на различни канали на комуникација. Притоа сметам дека успешноста не се базира само на идејата која ја става креативноста во функција на остварување на додадена вредност на брендот, туку и во самата ефикасност на егзекуцијата на идејата и кампањата. Она што се обидуваме да правиме е да воведеме иновативност во комуникациските решенија и емоција која ќе ги допре луѓето. Како пример ќе ја споменам кампањата за 70 годишницата на Стопанска Банка “Подари насмевка„
со која на иновативен начин се собираа насмевки за донација на опрема во детските клиники – проект за кој добивме сребро на Global Excellence Awards на нашата интернационална мрежа. XX Како маркетингот и адвертајзинг бизнисот ја преживуваа економската криза со која се соочуваат компаниите. Какви се трендовите во Македонија и светот? Економската криза се одразува онака како што веројатно сите би очекувале, со кратење на трошоците – нешто кое ги
засега многу агенции, веќе неколку години наназад. Ова е тренд и во развиените земји и кај нас. Мислам дека голем број на агенции сериозно се засегнати со овој проблем, бидејќи барањето да испорачате повеќе за помалку пари значи намалување на трошоците на агенцијата – а тоа е човечкиот капитал. Сметам дека ваквиот тренд не може да продолжи во недоглед и дека ќе мора да дојде до промена - во функционирањето на агенциите, во тоа како го формираат својот производ и неговата цена, во развој на нови вештини и продукти
не треба да се кратат, бидејќи тоа ја оштетува вредноста на брендот
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
80
моќните Жени во бизнисот
Г-ѓа Александра Дилевска Симова веќе 18 години е на чело на најуспешната маркетинг компанија во земјава- Публицис. Успешноста за тоа како ја води компанијата се гледа не само од одличните резултатите на компанијата туку и многубројните награди што оваа компанија ги има добиено во земјава и во светот. Последна од бројните е и Орден од редот на витезите на уметноста од Министерството за кутура и комуникации на Франција. За тоа што значи да се има успешен бизнис во Македонија, и да се биде успешна жена менаџер, Капитал разговараше со Дилевска Симова која даде свој осврт, базиран на лично искуство, за тоа што значи да се биде жена во бизнисот во Македонија. – и во редефинирање на нивната улога во бизнисот на клиентите. XX Што би ги советувате компаниите? Како треба да се однесуваат со маркетингот и адвертајзингот во време на криза? Како да се добие најдоброто со намален буџет? Не е ништо ново кога ќе кажам дека маректинг комуникациите за време на криза не треба да се кратат, бидејќи тоа ја оштетува вредноста на брендот, чија пак сила е клучна за идната продажба. За ова има многу исцрпни студии од Интернационалната асоцијација за огласување (IPA) и други релевантни интер н ац ио н а лни ин с т ит уц ии в о
успешност на бизнисот? Сум се прашувала дали ако бев маж ќе постигнев повеќе: можеби ќе бев поприфатена во некои кругови и локално и во групацијата, но мислам дека тогаш ќе го изгубев сензибилитетот на жена менаџер и она што со тоа сум го постигнала како однос и кредибилитет кај тимот и клиентите со кои работам. Така што одговор на тоа прашање тешко можам да дадам. Сепак сметам дека има разлики во начинот на кој жените ги водат компаниите сметам дека жените за разлика од мажите имаат инклузивен стил на менаџирање и лидерство, а мажите почесто практикуваат авторитативен стил.
индустријата, но ретки се компаниите кои тоа од знаење го ставаат во пракса. Затоа што е многу лесно да се скрати маркетинг буџетот, затоа што се притиснати од акционерите и затоа што извршните директори мораат да ги исполнат своите краткорочни цели за профит – и маневарскиот простор во краток период е мал. Не постои најдобро, со намален буџет, за тоа не постои универзална формула. Секоја агенција во рамките на своите знаења, креативност и ресурси ќе се труди да понуди решенија кои ќе ги максимизираат резултатите од било кој буџет. XX Дали фактот дека сте жена ви помага или одмага во бизнисот? Што според вас е најважно за
XX Имате ли мото кое го применувате во професионалниот и личниот живот? Кој би бил Вашиот совет за жените кои сакаат да постигнат успех во бизнисот? Сметам дека она што е најбитно е да се има страст и искреност за тоа што го работите и за тоа како го живеете животот. Пасијата е таа што не ве остава да се задоволите со малку, што ве тера да истражувате и да бидете секој ден подобри. Совет за жените во бизнисот? Да не мислат на тоа дека се жени и дека нешто не можат – бизнисот бара решенија, одлучност, лидерство независно од кој пол доаѓа. А предностите што се својствени на жените како размислување и перцепција,
балансирање на односите – секако ни следуваат. XX Успевате ли да воспоставите баланс меѓу бизнисот и приватниот живот? На кој начин го користите слободното време, што е тоа што најмногу ве исполнува во слободното време и колку е тоа потребно за да биде успешни во бизнисот? Можеби во последните години успевам донекаде да ги избалансирам приватните и деловните обврски. Но прашање е каде е правиот баланс и како тоа се мери;
сметам дека исклучителни резултати не можат да се постигнат со просечен труд – за исклучителен резултат мора да жртвувате нешто. Проблемот е што понекогаш губиме осет и жртвуваме време и напор кој можеби не е потребен, а тоа оди на сметка на приватното време. Слободното време сакам да го поминувам со драги и интересни луѓе, во патување, и со добро четиво. nnn
Дилевска Симова: Бизнисот бара решенија, одлучност, лидерство
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог пишува:
Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
С фотографија:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Соња Дамјановска е генерален менаџер на Креатива.инк, компанија која се занимава со продажба на тонери и принтери како единечни производи и нивна интеграција. Освен што е успешна во бизнис секторот, Дамјановска е и сопруга и мајка на двегодишно дете. Нејзината канцеларија сосема го оправдува името на компанијата што ја води. Таа е истовремено креативна и многу функционална, каде доминираат топли бои што ја прават атмосферата опуштена и пријатна, но и многу постери со инспиративни мисли. XX Г-ѓа Дамјановска, вие сте генерален менаџер на Kreativa. ink, компанија која нуди тонери и комплексни принтинг решенија. Менаџер сте во област во која на челни позиции речиси 99% се мажи. Што значи за вас, како жена, да се биде на ваква позиција? Креатива.инк е компанија која постои многу кратко време во B2B сегментот. Она што е карактеристично е дека се занимаваме со продажба на тонери и принтери како единечни производи и нивна интеграција. Не сме први во Македонија и не измислуваме ништо ново, во однос на бизнис сегментот. Меѓутоа сме први во квалитетот на услугите и производите кои се застапени во нашето портфолио. Креатива. инк е компанија која за разлика од својата конкуренција застапува високо рангирани бреднови и фабрики за производство на тонери во глобални рамки. Како што рековте, челните позиции на конкуренцијата се завземени од мажите и баш тука ја гледам својата компетитивна разлика, во квалитетот на знаењето што го поседувам и со кое ја менаџирам компанијата. Верувам дека во овој суров машки свет, нема место за импровизација за половично водени бизниси, туку напротив ова е арена за големи момци и девојки. Како што веќе кажав, квалитетот е оној по кој се разликуваме од останатите играчи во овој
Соња Дамјановска генерален менаџер на Kreativa.ink
81
КРЕАТИВА.инк продава производи кои се оригинални и компатибилни, исполнувајќи ги сите стандарди стоејќи позади квалитетот на истите. Целта ми е да се подигне свеста по основ на ова прашање кај крајниот корисник. Сметам дека кај нас тоа се уште не е случај и има голем простор за работа. XX Кои се вашите совети до жените кои сакаат да успеат во бизнисот? Што треба да направат за да напредуваат во кариерата и да стигнат до посакуваната позиција? Ако ја работат работата што ја сакаат и ги исполнува, со инвестирање во себе порано или подоцна, неминовно е успехот и напредувањето во кариерата да дојдат сами по себе. Мојата приказна е водена од желбата за напредок и промена, излегувајќи од удобноста на секое претходно работно искуство и вложување во нови неизвесни можности. XX Како ги менаџирате обврските меѓу бизнисот и приватниот живот? Сакам да верувам дека сум една од оние личности кои во животот успеале да се ‘’изборат‘’ за степен на слобода во која можат да живеат живот исполнет со луѓе и моменти кои ги сакаат и кои им значат. Еден од мотивирачките и охрабрувачки елементи во мигот кога се одлучив да ја прифатам оваа позиција е токму тој – да можам да бирам и одлучувам со кое темпо ќе работам, на што ќе се посветам и во што ќе го вложам своето време. Како мајка многу ми е важно да можам да му посветам доволно внимание на моето дете, да бидам со него во сите важни моменти од неговиот развој. Исто така, сакам да посветам време на сопругот и себе си. Се трудам секој момент да биде осмислен и да го живеам со полна енергија. На работното место ја живеам улогата на ментор или генерален менаџер на компанијата, без разлика на остантите улоги кои ги имам во животот, но кога сум со фамилијата или пријателите им се посветувам целосно само нив. Така сите делови од сложувалката се на свое место. Мислам дека тоа е клучот за успех. Затоа се трудам и моите вработени да ги научам на истото. XX Како го поминувате вашето слободно време? Што е она што најмногу ве исполнува? Уживам со семејството и пријателите во секојдневните заеднички актвности, било тоа да е качување на Водно, прошетка на Матка, Workout на кејот на Вардар, кампување на егзотични места. Во овој период од годината најисполнета сум после ден поминат на планина, а посебно обожавам сноубординг. Сакам да читам воглавно литература поврзана за бизнис и личен развоj. nnn
Во овој суров машки свет, водењето бизнис е арена само за големи момци и девојки! сегмент, како во услугата и производите, така и во квалитетот на вработените кои се столб на нашата компанија и во чиjа едукација вложуваме многу. XX Кои се предизвиците со кои се соочувате на оваа позиција? Предизвици има безброј. Она што е карактеристично за пазарот и сегментот во кој се наоѓаме е лошиот квалитет на услугите и производите, вклучувајќи ги и полнетите тонери како голем проблем за македонскиот пазар. Во светот е присутна праксата за полнење тонери или “Remanufactured Toners”, но постои и законска регулатива која ги пропишува условите за стандардизација на квалитетот...Ова не е случајно затоа што користењето на вакви домшно полнети тонери и тоа како се рефлектира врз здравјето на луѓето и животната средина. Од тие причини, настапувајќи на пазарот водејќи се од принципот на општествена одговорност,
дамјановска: Мојата приказна е водена од желбата за напредок
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
82
моќните Жени во бизнисот
Искра сопственик Малинковска на ЛУКС
Тајната на секој успех е во искрените намери! Бизнисот со осветлување пред се се поима како машки бизнис, оти најчесто го поврзуваат со технички решенија за кое е потребна машка рака. Исклучок во тоа правило направи г-ѓа Искра Малинковска која направи невообичаен, но многу успешен спој меѓу осветлувањето и дизајнот. Но таа не застана тука, во последните години бизнисот го прошири и во областа на мебелот со што го заокружи дизајнирањето на цел еден интериер. За нејзините успеси, размислувања и начин на водење на бизнисот Капитал разговараше со Малинковска која ја открива својата тајна на водење на успешен бизнис.
П
XX Почитувана г-ѓа Малинковска, вие сте сопственик на ЛУКС, компанија која е лидер за осветлување, а последните години проширена и во областа на мебелот и нуди безвремени дизајни кои ја надминуваат модата и трендовите. Што значи да се води еден ваков бизнис?
Тоа претставуваше голем предизвик за мене уште од мојата младост, а јас со целиот мој ентузијазам навлегов во светските трендови на дизајнот и архитектурата. Сето ова бара континуирана посветеност на работата, посета на саеми како и едукација, се со цел да се пренесе дел од светските трендови во Македонија. Дизајнот претставува еден динамичен процес и поради тоа самиот бизнис е доста активен и бара константна посветеност. XX Вие соработувате со глобални лидери од оваа област. Колку е тешко да се придобие и оправда нивната доверба? Која е тајната на вашиот успех? После многу години посветеност, желба за успех и искрена верба во дизајнот, глобалните лидери го препознаа тоа во ЛУКС , така што
Малинковска: На моменти се чуствувам како жонглер и не сакам
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог
почнувајќи со некои од големите брендови останатите се надоврзаа. А тајната на секој успех е во искрените намери... XX Дали фактот дека сте жена ви помага или одмага во бизнисот? На почетокот беше голем хендикеп затоа што во областа на осветлувањето работеа исклучиво мажи. Тие осветлувањето го гледаа како техничко решение, додека јас му дадов нов пристап. Во осветлувањето не е важен само интензитетот на светлината туку тоа е склоп на функционален дизајн и интеракција со останатиот интериер. Сепак би сакала да додадам дека суптилниот женски пристап во работата ми помогна во многу проекти. XX Кои се предизвиците, како жена бизнисмен, со кои се соочувате? По многу успешно реализирани
проекти се уште имам предизвик за нови идеи и елан за користење на нови технологии и дизајн. Следен предизвик беше мебелот со кој почнав пред три години со цел да ја заокружам сликата во ентериерот за да може моите идеи да се остварат во целост. XX Што според вас е најважно за успешност на бизнисот? Искренот пристап кон инвеститорите, добриот тим на вработени што со години се формираше во Лукс и секако мојата голема љубов во работата. XX Имате ли мото кое го применувате во професионалниот и личниот живот? Никогаш да не се задоволувам со моменталниот успех и знаење, како и постојана потрага по нови и оригинални идеи.
83
XX Како ги менаџирате обврските меѓу бизнисот и приватниот живот? На моменти се чувствувам како жонглер и несакам да ги испуштам од рака бизнисот и приватниот живот затоа што се подеднакво вредни на свој начин и сум се вложила во нив. Семејството многу ме поддржува во мојата работа, а кај нив сум ја наметнала желбата за создавање и ценење на убави нешта. Тоа ме прави особено среќна затоа што живееме во време на изместени вредности. XX Како го поминувате вашето слободно време? Што е она што ве исполнува? Слободното време го користам за патувања, каде што можам да видам и вкусам убави и нови работи, кој ми даваат дополнителна енергија за новите проекти. nnn
м да ги испуштам од рака ниту бизнисот ниту приватниот живот
П
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
84
моќните Жени во бизнисот
XX Почитувана г-ѓа Чаушевска, вие сте основач на првиот акцелератор во Македонија- Њу Менс Бизнис Акцелераторот. Како се роди идејата? После 14 години искуство во менаџмент, финансово право, развој на бизнис, макретинг, медиуми, едукација и тренинг, одлучив да ја напуштам водечката позиција во една поголема корпорација и да го посветам своето знаење, ресурси, енергија и мрежа на деловни контакти за да го иницирам и основам првиот акцелератор во Македонија - Њу Менс Бизнис Акцелераторот. Одлуката да го прекинам мојот претходен работен ангажман и целосно да се посветам на основањето и водењето на акцелераторот како комерцијална компанија е ризична и одговорна но според мене и единствена исправна од причина што сметам дека на таков начин единствено ќе имам легитимитет да им понудам знаење на младите претприемачи како да основаат и водат сопствени компании, а не доколку истото го правам од комфорот на корпоративен ангажман или користејки бенефиции резервирани за невладиниот сектор. XX За помалку од една година Њу Менс прераснува во силна институција која овозможува поддршка, тренинг и менторство на основачите на старт-ап и спиноф компании од целиот регион. Може ли да ни кажете нешто повеќе околу вашиот начин на работа и изборот на менторите? Њу Менс овозможува поддршка, тренинг и менторство на основачите на старт-ап и спин-оф компании од целиот регион како и специјализирани обуки за стручно оспособување во 9 различни области преку 3 академии, и тоа за компјутерски науки, креативни технологии, мрежи и сајбер безбедност во рамки на кои досега се одржани преку 2000 часа настава по 80 различни предмети. Њу Менс е лоциран во Скопје на простор од 300 м2 и соработува со 26 тренери и 12 ментори при изведувањето на своите програми. На моја иницијатива Акцелераторот досега има реализирано и над 40 бесплатни инспиративни и едукативни сесии за професионално насочување на младите од Македонија, на кои имаат присуствувано над 1.800 учесници. Огромно внимание посветувам при изборот
м-р Ирена Чаушевска основач на првиот акцелератор Њу Менс Бизнис
Мојата визија за Македонија е да прерасне во дестинација за развивање на производи со глобален потенцијал! на тренерите и менторите и инсистирам тоа да бидат професионалци од индустријата со цел студентите и претприемачите да се стекнат со разновидно но пред се практично искуство како и со значајни деловни релации кои ќе им користат во натамошниот развој на кариерата. XX Вашиот уникатен пристап за тренинг и менторство на основачите на старт- ап и
спин- оф компании веројатно е привлечен за многумина. Кои компании се ваши соработници? Ваквиот пристап овозможи во редовите на компании соработници на Акцелераторот да се вбројуваат компании како Феро Инвест, АјБорн, ФХ3Х, Хаселт, Вокс Тенео, ЕДС, Солаборате, АјСоурсе и други, кои за студентите од ЊуМенс ќе понудат и можности за практичен ангажман,
Чаушевска: Силно верувам дека токму новите и мали бизниси ќ
www.kapital.mk
Капитал број 805 03.04.2015
специјален прилог истражувачки проекти и вработување. Во организациите соработници на ЊуМенс се вбројуваат и Британскиот Совет Македонија кој работи на развивање на официјални квалификации според Националната рамка за класификација и Европската рамка за класификација, како и ЈЕС мрежата на УСАИД со мандат да ги зајакне вештините за вработување на младите од Македонија и да ја зголеми понудата на работна сила во земјата. XX Кој во моментот ја посетува наставата на вашата Академија? Во моментов наставата на Академиите ја следат 40тина студенти, а 16 старт-ап тимови се дел од Старт-ап центарот од кои 9 од Македонија, 5 од Словенија и по 1 од Србија и Хрватска. Освен поддршка за развивање на производите, стартап центарот нуди и посредување за пристап до финансии од извори во Македонија, регионот, но пред се од Западно-Европските земји и САД. Акцелераторот интензивно се подготвува да ги понуди своите академски и претприемачки програми и на англиски јазик преку онлајн платформата Knowbook на територија на целиот регион со цел сите оние кои немаат можност да престојуваат во Скопје да имаат пристап и бенефит до истите. Наставата на далечина ќе се реализира преку видео тутуријали но и преку групни и индивидуални менторски сесии. Акцелераторот во моментов е дом и на 10тина млади претприемачи и фриленсери кои токму во неговите простории за заедничко работење (co-working space) ги развиваат своите производи и ги градат своите производи и услуги. XX Вие сте една од 10-те жени лидери во претприемништвото во светот избрани од страна на Меѓународниот совет за мали бизниси за 2014. Но од неодамна сте и главен партнер во организирање на најголемиот хакатон во светот NASA Space Apps Challenge на територија на Скопје. За што точно станува збор? Да. Јас сум една од 10те жени лидери во претприемништво во светот избрани од страна на Меѓународниот Совет за мали бизниси за 2014 година. Член сум и е на мрежата за Југоисточна Европа на светски познатиот универзитет Харвард уште од 2006 година, а веќе трета година по ред сме главен партнер за организација на најголемиот хакатон во светот NASA Space Apps Challenge на територија на Скопје, а за прв пат оваа година и единствена во светот на која и е дадена доверба во соработка со локални партнери настанот да го организира уште на 9 други локации, и тоа: Тетово, Охрид и Битола, Приштина, Тирана, Белград, Загреб, Љубљана и Виена. На глобално ниво натпреварот ќе се реализира на 135 локации, а се очекува да учествуваат над 10.000 учесници. Ваквата можност дојде како резултат на одличните резултати кои младите од Скопје и цела Македонија ги постигнаа во 2014 година, кога со еден тим освоија 2ро место на
85
Прептриемач. Менаџер. Мајка. Лидер. Интегратор. Иницијатор на промени. Превземач на ризици. Футурист. Човек од акција. Со пасија да го изгради старт-ап екосистемот во Република Македонија и во регионот на Централна и Југоисточна Европа. Вака на кратко може да се опише, Ирена Чаушевска која е иницијатор на првиот акцелератор во Македонија- Њу Менс Бизнис Акцелераторот. Таа не само што има успешна кариера, туку преку нејзините лидерски иницијативи, таа има визија Македонија да ја промовира како оутсоурсинг дестинација глобално ниво, а беа на врвот на светската листата по вкупен број на креирани проекти. Станува збор за глобален натпревар кој е дел од официјалната програма на државната агенција на САД за истражување на вселената NASA за развивање и инкубација на иновативни идеи од целиот свет, и во рамки на кој ќе можат да се развиваат решенија за предизвици со кои се соочува оваа агенција од областа на Роботика, Истражување на вселената, Човекот и Земјата. Оваа година сум поканета да бидам дел и од централниот настан за натпреварот кој од 10ти до 12 април ќе се случува во Њу Јорк, САД, каде ќе имам можност да разговарам со глобалните организатори на овој натпревар за можноста за понатамошна поддршка и акцелерација на најдобрите проекти од споменатите 10 локации. По Њу Јорк патот ме води до Сан Франциско и Лос Анџелес каде треба да склучиме договори за соработка со фондови за ризичен капитал и индивидуални инвеститори кои би имале интерес за инвестирање во стартапи од Македонија и регионот, како и со компаниите и истражувачките центри кои студентите од ЊуМенс академиите ќе имаат можност оваа година за прв пат да ги посетат и да стекнат знаење што е најзначајно при креирањето на производи и услуги што ќе бидат конкурентни на глобален пазар. XX Освен тоа што сте иницијатор на првиот акцелератор во земјава, дел сте и од иницијативата на таканаречениот Бизнис 360 Boot Camp кој секое лето се одржува во Скопје. Ментор сте и на огромен број настани кои се организираат во земјава но и во странство. Кажете ни повеќе околу овие искуства? Јас сум еден од иницијаторите на таканаречениот Бизнис 360 Boot Camp кој секое лето се одржува во Скопје и има за цел преку интензивна програма да им даде стручно знаење и корисни информации на младите заинтересирани за започнување на сопствен бизнис која ја реализираме заедно со П-Ворлд. Исто така сум ментор и на голем број настани кои се одржуваат преку целата година во Македонија и регионот и со задоволство го споделувам своето знаење со сите кои
имаат потреба, како Старт-ап Викенд Скопје, Акцелераторскиот Камп во Осијек, Наградата за социјално претприемништво на Импакт хабот од Виена, а сум и првиот претприемач од Македонија што понуди индивидуални бесплатни менторски сесии за млади девојки на возраст до 26 години кои сакаат да ја унапредат својата кариера. Исто така сум и гостин предавач и панелист на бројни настани од регионот и пошироко. XX Очигледно е дека посветувате многу во градењето на вашата кариера но и имиџот на земјава со оглед на бројните иницијативи кои доаѓаат од ваша страна. Која е вашата визија? Мојата визија за Македонија е таа да се трансформира од оутсоурсинг дестинација во дестинација за развивање на иновативни производи и услуги кои ќе имаат потенцијал да се пласираат на глобален пазар. Силно верувам дека токму новите и мали бизниси ќе бидат движечка сила на економскиот просперитет на земјата во следните 10 години, главни креатори на нови работни места и примарна причина талентираните млади лица да останат во земјата затоа што ќе добијат можност да работат на креативни проекти со капацитет да направат регионален па и глобален импакт. XX На почетокот на мај месец се очекува да го издадете својот прв роман на македонски јазик под насловот “I am Enough”. За што точно станува збор? На почетокот на мај се очекува да го издадам својот прв Роман на македонски јазик под насловот “I am Enough” кој преку мојата лична приказна ќе понуди практични совети пред се за жените кои се во исто време и мајки и претприемачи, како да ги надминат предизвиците што ги носи животот, да се издигнат над евентуалните грешки и загуби, и активно и свесно да се креатори на нивниот живот и кариера со цел постигнување самореализација и приватен и професионален успех. Во реализација на овој проект соработувам со младиот но искусен фотограф Горјан Гилевски, кој преку концептуални фотографии симболично ќе го прикаже развојот на дејствието во Романот. За овој роман веќе имам понуда за превод и на англиски јазик и за негова промоција и во САД. nnn
ќе бидат движечка сила на економскиот просперитет на земјата