Презентација Коста Парлапанов

Page 1

Проект: РАЗУМНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕКО РЕСУРСИТЕ НА ПЛАНИНИТЕ ГОЛАК И ВЛАИНА

Дипл.шум.инж. Коста Парлапанов Помошник директор ЈП„Македонски шуми“ Сектор за користење на други шумски производи, екологија, лов, ловен туризам, фарми и рибници.


Проект: РАЗУМНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕКО РЕСУРСИТЕ НА ПЛАНИНИТЕ ГОЛАК И ВЛАИНА

Другите шумски производи согласно позитивните законски прописи во Република Македонија се регулирани преку:

• Законот за шуми („Сл.Весник

на РМ“ 24/2011) и

• Правилник за видовите на други шумски производи и начинот на

користење и собирање на други шумски производи.

ЈП„Македонски шуми“ Сектор за користење на други шумски производи, екологија, лов, ловен туризам, фарми и рибници.


Проект: РАЗУМНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕКО РЕСУРСИТЕ НА ПЛАНИНИТЕ ГОЛАК И ВЛАИНА

Во Законот за шуми („Сл.Весник на РМ“ 24/2011) користењето на другите шумски производи е опфатено во член 12, точка 41-а. Други шумски производи се производи од биолошко и минерално потекло во шума и на шумско земјиште и тоа: мов и лишаи, папрат, треви, цвеќе, лековити ароматични, јадливи и индустриски растенија, други растенија и нивни делови (корења, кора, листови, плодови, патолошки израстоци, полупаразитски и паразитски растенија), габи, смола, шишарки, сокови од растенија, листинец, трева за сено од шумски ливади и голини, дивеч и други диви животни кои живеат во шума, тресет и хумус, песок и камен. Во член 13 став 2 од истиот закон, без дозвола на сопственикот односно корисникот на шуми, ЗАБРАНЕТО Е собирање на други шумски производи(печурки, плодови, лековити растениј, полжави и др.) во количина поголема од 1кг.

ЈП„Македонски шуми“ Сектор за користење на други шумски производи, екологија, лов, ловен туризам, фарми и рибници.


Проект: РАЗУМНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕКО РЕСУРСИТЕ НА ПЛАНИНИТЕ ГОЛАК И ВЛАИНА

Во член 72 е регулирано правото на користење и собирање на другите шумски производи. Во истиот член во ставот 3 е регулирана постапката за отстапување на правото за користење и собирање на другите шумски производи: субјектите кои стопанисуваат со шумите, можат врз основа на склучен договор со надоместок да го отстапат користењето, односно собирањето на производите на други правни и физички лица за стопанска намена, по претходна согласност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во став 5 од истиот член, кога постои опасност од истребување на одделни растителни видови, на одделни делови или на целата територија на РМ Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, можат привремено ДА ГО ОГРАНИЧАТ ИЛИ ЗАБРАНАТ собирањето односно користењето на тие шумски производи. ЈП„Македонски шуми“ Сектор за користење на други шумски производи, екологија, лов, ловен туризам, фарми и рибници.


Проект: РАЗУМНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕКО РЕСУРСИТЕ НА ПЛАНИНИТЕ ГОЛАК И ВЛАИНА

Во член 97 став 2, лиценци за извршување на стручни работи во шумарството се издаваат покрај за другите и за извршување на работи кои се однесуваат на користење на други шумски производи.

Во член 102, 103 и 104 наведени се казни т.е. глоби за правни и физички лица кои што ќе го прекршат Законот. Согласно член 102 глоба во износ од 15.000-20.000 евра во денарска противвредност следува за правни лица за прекршок ќе му се изрече доколку: собира, користи или дозволи собирање, спротивно на член 72.

ЈП„Македонски шуми“ Сектор за користење на други шумски производи, екологија, лов, ловен туризам, фарми и рибници.


Проект: РАЗУМНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕКО РЕСУРСИТЕ НА ПЛАНИНИТЕ ГОЛАК И ВЛАИНА

Согласно член 103, доколку ЈП Македонски шуми не води евиденција за користење на други шумски производи, согласно член 72, следува глоба од 15.000-20.000 евра во денарска вредност. Согласно член 104, глоба во износ од 3500-4000 евра во денарска противвредност ќе му изрече на физичко лице доколку собира, односно користи без издадена согласност или спротивно на одредбите на поблиските прописи

ЈП„Македонски шуми“ Сектор за користење на други шумски производи, екологија, лов, ловен туризам, фарми и рибници.


Проект: РАЗУМНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕКО РЕСУРСИТЕ НА ПЛАНИНИТЕ ГОЛАК И ВЛАИНА

Во Правилникот за видовите на други шумски производи и начинот на користење и собирање на други шумски производи е пропишано: • Видови на други шумски производи; • Правата за собирање и откуп на истите и • Видот, количината, местото, начинот и времето на собирање на другите шумски производи.

• Собирач е физичко лице кое врши собирање на други шумски производи; • Откупувач е правно лице регистрирано за откуп, преработка и промет со други шумски производи и • Преработувач е правно лице регистрирано за преработка и промет со други шумски производи. ЈП„Македонски шуми“ Сектор за користење на други шумски производи, екологија, лов, ловен туризам, фарми и рибници.


Проект: РАЗУМНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕКО РЕСУРСИТЕ НА ПЛАНИНИТЕ ГОЛАК И ВЛАИНА

Бидејќи ЈП „Македонски шуми“ нема можност за организиран откуп на другите шумски производи, правото на користење и собирање на другите шумски производи, со претходна согласност од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, може да го отстапи на други правни и физички лица со меѓусебен договор, за одредена финансиска надокнада.

Оваа надокнада е утврдена со Одлука на Управниот одбор на ЈП „Македонски шуми“ и изнесува: •За физички лица т.е. собирачи 1.000,00 денари годишно и •За правни лица т.е. откупувачи 35.000,00 денари годишно по откупен пункт.

ЈП„Македонски шуми“ Сектор за користење на други шумски производи, екологија, лов, ловен туризам, фарми и рибници.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.