Промедика Естетик портфолио на услуги

Page 1

ПОРТФОЛИО НА УСЛУГИ

Промедика Естетик Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 50/1, Скопје (спроти NLB Тутунска банка во Центар ) тел :02 3248-464 (Ве молиме закажете термин) работно време: Пон-Пет 8:30-21:00 Сабота 9:00-17:00 фитнес -Пон-Петок 9:00-20:00 Сабота 9:00-14:00 e-mail: estetik@promedika.com.mk www.facebook.com/promedika.estetik

ТРЕТМАНИ НА ЛИЦЕ МАНИКИР И ПЕДИКИР ТРЕТМАНИ НА ТЕЛО ИНФРА ЦРВЕНА КАБИНА (САУНА) ДЕПИЛАЦИЈА МАСАЖИ ФРИЗЕР И ШМИНКА СОЛАРИУМ ФИТНЕС СТУДИО СО ЛИЧЕН ТРЕНЕР

4Третмани на лице (Guinot и Thalgo) 4Третмани на тело за целулит и слабеење 4Разни видови масажи 4Сауна - инфра кабина 4Маникир и педикир 4Солариум (Mega Sun 3000) Контакт тел: 02 3248-464 раб. време: пон-петок 8:30-21:00 сабота 9:00-17:00 e-mail: estetik@promedika.com.mk www.facebook.com/promedika.estetik

4Фризер и шминка 4Депилација 4Надградба на нокти и трепки 4Фитнес студио со личен тренер (единствен авторизиран фитнес центар на Technogy)


Промедика Естетик е современ центар за убавина каде што можете да се релаксирате, разубавите и посветите на здрав начин на живот уживајќи во дискретна и опуштена атмосфера. Покрај низата козметички услуги, во состав на центарот се наоѓа и најсовременото студио за кардио тренинг со личен тренер, опремен со најновите справи на Techno Gym, единствено студио од таков тип во земјата. Нашите услуги ТРЕТМАНИ НА ЛИЦЕ 4 Биолошки третмани 4 Пилинг (ексфолијација) на кожата - дијамантска микродермабразија - пилинг со киселини (овошни и гликолни) 4 Холивудски пилинг 4 Класични третмани 4 Guinot третмани (хидрадермија и хидралифт)

4 Thalgo третмани 4 Третмани за избелување на подочници 4 Ароматерапија на лице 4 Третман за околу очи со хијалурон (мезоестетик)

Ја издвојуваме дијамантската микродермабразија како третман со кој се прави безболен механички пилинг на лицето со што се елиминираат надворешните слоеви на клетки на кожата, дамките, браздите и белезите. На овој начин се забрзува физиолошкиот процес на обнова на кожата и се зголемува создавањето на колагенот со што се зголемува еластицитетот на кожата. МАНИКИР И ПЕДИКИР Класичен маникир Француски маникир Маникир СПА Маникир со гел лак Лакирање на нокти и декорација 4 Наливни нокти –класичен и француски маникир 4 4 4 4 4

Гел на природни нокти Класичен педикир Педикир СПА Педикир Gehwol Педикир француски Парафинско пакување на раце и нозе 4 Aqua detox 4 4 4 4 4 4


ТРЕТМАНИ НА ТЕЛО (антицелулитни и за слабеење)

ДЕПИЛАЦИЈА

Ако сакате да се ослободите од целулитот и вишокот килограми, ние ќе Ви помогнеме! Во согласност со Вашите потреби и буџет ќе Ви ја препорачаме соодветната комбинација на третмани, со кои ќе се постигне оптимален ефект.

Депилацијата се изведува со помош на ладен и топол восок, во зависност од Вашата желба и е наменета и за жени и за мажи, за целото тело. Депилацијата се изведува во високо хигиенски услови во посебни простории, секоја опремена со туш кабина. За изведување на депилацијата се користат препарати од познатитот Depileve.

Достапни се следните третмани: 4 4 4 4 4 4 4 4

МАСАЖА

IVEA ултразвучна липолиза IONTO-LIFT BF стимулација BODY FORTE (масажа и пакување) BODY WRAPPING Антицелулитна масажа на цело тело Le Skin вакуумска дренажа Тераписки кревет Migun Масажа за слабеење и тонирање за мажи

Уживајте во нашите разни типови масажи за опуштање и разубавување. Ги издвојуваме масажата со топли вулкански камења, масажата во пар, и кватро масажата. ФРИЗЕР и ШМИНКА Дозволете Вашиот изглед да го комплетираат професионалните раце на нашите фризери во интимна атмосфера. Во зависност од Вашите потреби ќе Ви препорачаме од широкиот избор на фризерски и шминкерски услуги кои ги нудиме.

ИНФРА КАБИНА (Сауна со инфрацрвени зраци) Инфра кабината е тип на сауна која за загревање користи инфрацрвени зраци кои ги загреваат предметите, наместо воздухот како во класичните фински сауни. Инфрацрвените зраци навлегуваат длабоко под кожата и го загреваат мускулното ткиво и внатрешните органи. Температурата во овие сауни е од 30-60°c и е посебно погодна за оние кои не можат или не смеат да ги користат класичните сауни. Придобивките од оваа сауна се следните: 4 4 4 4 4

Намалување на болките Намалување на целулитот Елиминирање на токсините и отпадните материи Намалување на стресот и релаксација Подобрување на циркулацијата и зајакнување на системот за циркулација

СОЛАРИУМ Потемнет привлечен тен можете да имате преку целата годината со помош на стоечки солариум од познатиот производител MegaSun- Space 3000. Водиме посебна грижа за долговечноста на лампите за Ваша потполна безбедност! Доколку Ви се потребни третмани на лице и тело кои спаѓаат во доменот на дерматолошката козметологија (како на пример медицински пилинг, ласерски третмани, ласерска трајна епилација, корекција на брчки и друго), истите можете да ги добиете во Одделот за дерматологија во Промедика Медикал Центарот.


ФИТНЕС

Издвојуваме:

Промедика Естетик се залага за благосостојба на духот и телото. Затоа на нашите клиентите им овозможивме комплетно опремено студио за персонален тренинг, каде што нема чекање и полна сала. Нашето студио е опремено со професионална опрема од лидерот во фитнес и wellness индустријата Technogym, со кој сме во партнерство. Истовремено сме единственото студио со лиценца од Technogym, како дел од неговото широко семејство, во нашата земја.

KINESIS ONE е машина со кабли и тегови која Ви овозможува да изведувате широк дијапазон на движења опфаќајки ги сите мускулни групи во телото. Со KINESIS концептот, тренирањето е фокусирано на извршување движења со истовремено вклучување на баланс, сила, флексибилност и стабилност.

Програмата во ова студио се изработува од професионален, искусен и обучен кадар кој е целосно посветен кон клиентот за време на вежбањето. Опремата се состои од: 4разновидни справи за кардио вежби, 4машини за обликување, тонирање и зголемување на мускулатурата на телото, 4машини за мерење на мускулномасната анализа на телото и вода во телото и 4TGS wellness систем кој е поврзан со сите машини за евиденција, пратење и анализа на потрошувачката на калории, времетраењето на тренингот, перформансот на вежбачот за време на вежбањето како и строга контрола за мерење на виталните функции пред и после вежбањето.

Добро познатиот Power Plate ги користи принципите на Acceleration Training за стимулирање на телесниот природен одговор на вибрации. Научните истражувања покажаа дека со користење на Power Plate за краток временски период можат да се зголемат силата и флексибилноста, како и да се постигнат забележителни подобрувања на метаболизмот и циркулацијата. InBody 230 е апарат со кој можете да добиете прецизни информации за составот на Вашето тело (распоред на маснотиите и мускулите), само со застанување на справата. Резултатите се инстантно готови и Ви овозможуваат прецизно поставување на целите и следење на резултатите од вежбањето. Сето ова ни овозможува да Ви понудиме комплетен и ефикасен тренинг по кој ќе се чувствува среќно, здраво и задоволно.

----------------------------------------------------------Идеа за подарокПодарете ваучер од Промедика Естетик во вредност по Ваша желба!


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.