Упатствата за нега на стомата се од голема важност за понатамошниот живот на пациентите со стома. Пациентите кои се детално упатени со промените на телесните функции предизвикани од самата операција како и со начинот на негата на стомата многу полесно ќе се адаптираат на новонастанатата ситуација и побрзо ќе се вратат во нормалниот живот. Оваа брошура има за цел да Ви даде основни упатства околу негата на Вашата стома и важни информации кои Вашиот понатамошен живот ќе го направат многу полесен.