Еко 1: Писмена вежба ,,Штеди ја водата – таа живот значи” Едно свежо есенско попладне сонцето ги даруваше своите срамежливи зраци. Од него беа осветлени западните ѕидови на куќите, а некои заспани гавранчиња стоеја на оградите. Имаше еден мал бунар на источната страна од куќата на Смилевски. Тој беше покриен со некој стар вид на ќерамиди, кои одамна беа покриени со лишаи. Водата во нивниот бунар била бистра и многу чиста, никогаш не била осветлена од зраците на утринското, а ниту од попладневното сонце. Еднаш со моето семејство и некои пријатели отидовме во викендицата на еден од нив. Спроти неа беше куќата на Смилевски. Околу бунарот имаа малечко маче и огромно куче. Ја прашав тетка Надица дали може да ја видам водата во нивниот бунар. Ми дозволи. Но, кога стигнавме кај него таа едноставно го тргна капакот од бунарот и водата се осветли само на врвот од целата таа длабочина. Бев изненадена од глетката, затоа што илјадници зраци се прекршуваа на површината на водата. Помалото братче стоеше немо до мене. Со едната рака ги покриваше очите, а со другата ме бараше мене, бараше сигурност за себе. Кога го прашав зошто е толку исплашен. Едноставно само рече: „Не знаев дека е толку длабока, секогаш ја замислував како едноставна вода која може да се дофати со дланката“. Тетка Надица се насладуваше од нашата љубопитност, ни раскажуваше за водата дека ја покривале за да биде ладна преку лето, толку ладна што го освежувала и најуморниот патникедноставно секому му дава живот. Со една кофа исцрпевме малку вода од бунарот, што постарите луѓе би рекле живот. Ги наполнив проѕирно стаклените чаши. Сите околу нас ја забележаа нашата радост, в раце зедоа по една чаша, ја дигнаа високо кон небот и весело извикаа „Да живееме, да има живот“. Водата се сјаеше на сонцето, се прелеваше во сите бои, Сонцето и даваше живост. Ние децата радосно вокликнавме, затоа што прв пат видовме како капките вода беа осветлени од Соцето. Ни се приближи чичко Страшо, сопругот на тетка Надица. Ни кажа дека тоа е подземна горска вода, која извира, дирекно во нивниот бунар од најдлабоките слоеви на земјата. Помислив дека тие ја имаат најчистата вода во целата околина. Долго ја држев в раце чашата со бистра и чиста природна вода, полека ја приближив кон усните и целата ја испив. Немаше вкус како и секоја вода, оваа беше нешто посебно за мене. Потоа се вратив во
викендицата и кажав на сиот глас дека сме имале среќа што имаме слатка, чиста вода. Водата навистина е бесценето богатство. Таа дава живот на сè живо – прво на човекот, а потоа и на животните и растенијата. Сите знаеме дека водата треба да се штеди, затоа што се помалку и помалку ја има во природата.Да се знае значењето на водата е знаење за животот... Ирина Галевска V - 3 ОУ„Блаже Конески“-Скопје