Светската влада во сенка

Page 1

Фељтон Мистериозен состанок на господарите на планетата Кои се членовите на Билдеберг, таинственото друштво на богаташи, на политички и на медумски моќници и за што разговарале зад цврсто затворените врати на хотелот „Сиврет“ на својот редовен, 67 по ред годишен состанок (на фотографијата Хенри Кисинџер, една од најистакнатите фигури)

Билдеберг сВетската Влада од с.МориЦ 120 моќници кои одлучуваат кој ќе биде претседател на америка и кога собарица ќе му го помати разумот и чувствата на шефот на ММФ 21/6/2011


сВет

остерБек Хотелот Билдерберг се наоѓа во мирниот дел на Холандија, доволно изолиран за одржување состаноци на групата (една од ретките фотографии одвнатре, долу)

пишува: Бисера ФаБрио ФотограФии: ап и сипа/Јлп

Н

Хенри кисинЏер Моќниот политичар и добитник на Нобеловата награда е истакнат член на влијателното друштво

а дневен ред на состанокот: дали еврото ќе преживее? Потоа, точката број 2: развој на случувањата во Европа. Следува расправа на тема „дали имаме институции со кои можеме да се соочиме со светската економија, па Грција, лекции и идната стратегија, НАТО и Авганистан, Иран и Русија, последици од војната против тероризмот, влијанието на домашните прашања врз американската надворешна политика, гледиште за јапонската економија и за иднината на американскиот долар. Ништо спорно, на прв поглед. Вообичаен дневен ред на состанокот на високо ниво или разговор на

некоја тинк-тенк група за жешките светски политички теми од 2010. Но, кога членовите на Билдерберг групата за тоа разговараат, тогаш тоа е многу сериозна работа. Толку сериозна што би можела целосно да ја одреди иднината на светот. Бидејќи, Билдерберг групата не расправа заради расправа. Тие одлучуваат. Го создаваат новиот светски поредок според сопствените желби, според својата концепција и според своите идеи. МоЌниЦи од сенка. Еврото ќе преживее доколку тие сакаат така. Иран нема да биде нападнат бидејќи Билдерберг не сака да биде нападнат. За се она што ќе се случува во светот, одлучува и го насочува оваа група на луѓе. Дали е тоа навистина можно? Оние кои ги познаваат методите и моќта на групата, уверливо тврдат дека тоа е вистинската светска влада, моќници од сенка кои ги повлекуваат конците и одредуваат, со палецот горе или со палецот долу, како ќе се движи светската цена на нафтата, што ќе се случува со пазарот на недвижности, како ќе се однесуваат банките, а се занимаваат и со „ситници“ за тоа кој би требало да биде германски канцелар, а кој да биде американски претседател... Не е случајно што на листата на гостите ги имале Ангела Меркл, Маргарет Тачер, Барак Обама, Тони Блер, Гордон Браун ... и тоа во годините пред овие луѓе да ги заземат највискоте државни функции. Особено го сакаа Бил Клинтон. Го повикаа и Херман фон Ромпуј на разговор. Интересно, човекот кој никогаш претерано не успеа во активната, секојдневната британска политика, но беше


американските претседатели: Буш постариот, обама, Буш помладиот, Клинтон и Картер

деЈли Мирор „Луѓето кои ја контролираат нашата судбина“, со тие зборови беа окарактеризирани, меѓу другото, Маргарет тачер и Џорџ Буш

задолжен за некои други подрачја, вклучувајќи го и ова нашево, Педи Ешдаун, беше на состанокот во 1989 година. Впрочем, секој кој во политичкиот свет на западната хемисфера нешто вреди добил покана да дојде на едно вакво заседание, но тие луѓе не се постојаните членови на Билдерберг. Тие се „потрошна стока“. Небитни. Билдерберг групата посакува техноменаџерски свет заснован на профитот и на либералната економија; сака намалување на светското население на прифатливи две милијарди, за што најдобро може да се влијае со природното намалување на залихите со храна, вода и со гориво... Бела политиЧка аристократиЈа. Конзервативните убедувања и недемократските начини како да ги остваруваат своите цели покажуваат дека оваа оваа група ја води бела политичка аристократија. Билдерберг е добра инспирација за Матрикс. Начелно, не е проблемот во тоа што групата богаташи и светски моќници се состанува и дискутира. Проблемот е во тоа што за светот кој се повикува на своите демократски начела и идеали решаваат оние кои никој не ги избрал. Дури и не знаеме кои се точно важните владетели, дали имаат своја хиерархија и како ги регрутираат, ако воопшто има регрутација, своите членови или оние кои добиваат покани да им се приклучат. Таа елита на светот им даде на обичните луѓе демократија, им фрли коска со која гладниот пес треба да се најаде со мир и со просперитет, а додека другите се преокупирани со изборите, плурализмот, човековите права и демокра-

тијата, тие се занимаваат со идните планови за кои е важно само што тие го сметаат за битно. Останато припаѓа на категоријата колатерална штета. Нада Какабадѕе, професорка и консултантка која токму сега како коавтор ја објави книгата Bilderberg People, вели дека нема никогаш да знаеме, ако веруваме во вакви теории, се случуваат некои трендови во општеството затоа што ние на него влијаеме и затоа што така одредил Билдерберг на еден од своите опскурни состаноци. „Истото тоа се однесува и на лидерите кои не застапуваат. Прашањето е дали станале председатели или премиери затоа што такви ги создал Билдерберг или тоа би биле дури и ако никогаш не нада какаБадЅе отишле на нивните состаноци. Се разбира, ние не Коавторка на книгата ilderberg people“ знаеме кој доаѓа на нивните состаноци, но забеле- „Bистакнува – тие во жавме во 2007 година, кога заседаваа во Турција, за своите редови имаат прв пат повикаа и турски претставници. А по тој и сопственици на медиуми состанок одново почна поинтензивно да се говори за можноста за влез на Турција во Европската унија. Кога Маргарет Тачер доаѓаше на нивните состаноци, ќе се вратеше дома со преземени реченици од Билдерберг. Почна јавно да повторува дека нејзината политика која сакала да ја спроведе „нема алтернатива“. Така, Билдерберг функционира. Тие водат паметна политика, бидејќи благодарение на тоа што во своите редови имаат сопственици на медиуми, можат да ги туркаат своите идеи кои подоцна луѓето ги преземаат како готов факт. Зошто ниту една политика на Маргарет Тачер не би имала алтернатива? Но, одеднаш, сите почнаа да го прифаќаат тоа како свршен факт“, вели во разговорот за „Глобус“ Билдерберг токму сега заседава во хотелот Suvrett 21/6/2011


сВет

Биг ЏиМ такер ветеран на ловот на Билдерберг, независен новинар, од 1975 година е фокусиран на светската влада во сенка

доМиник строс кан Бившиот директор на ММФ кој се најде во сексуален скандал е на црната листа на групата Билдерберг

House во швајцарскиот Сен Мориц. Кој е се таму, никој не знае. Кога веќе се споменува госпоѓа Тачер, како навнодно, Билдерберг ја поставил, така и ја сменил. Наводно, затоа што не сакала да прифати Британија весело и практично да се приклучи на европската федералистичка идеја. Сепак, наводно, кога еден од независните новинари кои се занимава со овие прашања веќе подолго време, ветеранот на ловот на Билдерберг, Биг Џим Такер, кој од 1975 година е фокусиран на светската влада во сенка, во една пригода во некој хотелски бар, а Маргарет Тачер веќе одамна се иселила од Даунинг стрит, и рекол: „Госпоѓо, како се чувствувате поради тоа што Билдерберг ве отфрли?“ Таа му одговорила:„Тоа е голема работа, ако тие ве отфрлат...“ Биг Џим, се разбира, моментално е во Швајцарија, каде поради годинашново заседание на групата настана вистински хаос. Се разбира, повторно не смее да им се приближи блиску, но затоа хотелот во кој заседаваат е под постојана опсада од дојави за наводно поставени бомби, радикалните швајцарски политичари кои сметаат дека Хенри Кисинџер, Џорџ В. Буш и Ричард Перле треба да се уапсат поради крешење на човековите прави и за она што се случувало во Гвантанамо, најавуваат дека лично ќе заминат на собирот и ќе ги избркаат, но приватната војска која ги чува не попушта ниту за педа. ЧетириднеВен состанок. Се знае само дека членовите на групата се состануваат секогаш во мај или во јуни, дека состанокот трае четири дена, дека секогаш сакаат да дојдат во хотел со голф терени (макар што не играат голф бидејќи немаат време) и дека никогаш не се знае точно кој ќе дојде и колку ќе ги има. Новинарите немаат пристап на настанот, па успеваат да го препознаат, на пример, Бил Гејтс, кој доаѓа на состаноците или ќе ги угледаат сопствениците на медиумите, бидејќи и тие се на листата на повикани. Никогаш за ова ништо не се објавува. Службено, Билдерберг групата постои како организација на интелектуалци кои расправаат за светските теми. Имаат и своја веб страница. Групата е основана во 1954 година во Холандија и на првата средба, што ја организирал холандскиот принц, се собрале членови на кралските семејства, политичари, деловни луѓе и разузнавачи. Причина за средбата било поврзувањето на Европа и на САД, па 50 преставници ги претставувале 11 земји од западна Европа, а 11 биле од САД. Се состанале во хотелот Билдерберг и по тоа го добиле своето име. Моќните семејства, како семејството Рокфелер сигурно биле членови. Член е и неизбежниот Хенри Кисинџер. На состанокот во Швајцарија се повикани и директори на банки, на големи финансиски институции, воени заповедници. Но, која е годинашнава агенда, не се знае. Толку цврсто решиле да се заштитат од новинарите, па не само што се изолирани од остатокот на светот со полициски кордони и со заштитна ограда, туку и преку таа ограда префрлиле бели чаршави за да не може да се види кој поминува по хотелските ходници. Се мора да биде тајно, конспиративно. Со тоа толку го разлутија еден британски новинар (веројатно газдата не е на состанокот) што ги обвини дека си играат криенка, како некои богати, размазени деца. Всушност, тие се тоа. Секој кој ги следи тајните друштва и знае за Билдерберг, а еден од најголемите стручњаци е Даниел Естулин, руско-канадско-шпански новинар, чија книга „Вистината за дружбата Билдерберг“ што

21/6/2011

е објавена во Хрватска, секогаш се живцира кога се споредуваат Билдерберг и Давос. Макар што и Светскиот економски форум е исто така многу затворен настан, на кој се доаѓа со покана, новинарите се добродојдени на отворените сесии во Швајцарија. Кога ќе се затворат вратите на состанокот, се е во ред, но барем подоцна ќе уследи некоја изјава, некој „оф де рекорд“ или некое празно соопштение за медиумите. Но, не и од Сен Мориц. Ја прашуваме д-р Какабадѕе за што служат заедничките состаноци, за кои, повеќе или помалку се дознава, зошто тие денес не комуницираат поинаку кога технологијата им го овозможува тоа? „Зошто секој разговор во Велика Британија, на пример, се снима и се чува 12 месеци и затоа што до нив можат да стигнат дури 670 различни агенции. Значи, не се снимаат само разговори како што е овој нашиот, на кој разговараме за одредена тема, туку се снима и мојот разговор со мојата мајка. Тоа луѓето од Билдерберг сакаат да го избегнат. Се разбира, и покрај технологијата што денес постои, не може да се пронајде посигурен начин на разговор од оној во живо, во четири очи, кога знаете дека никој не ве гледа и не ве слуша. Поради тоа, поради таа непосредност, тие настојуваат барем еднаш во годината да се видат во живо“, додава. Се разбира, и таа би сакала да знае за што говорат. Можеме да претпоставуваме дека на дневниот ред е северна Африка и арапската револуција, но, сепак..., дали тоа веќе одамна го испланирале во рамките на тајната дружина? Дали барем со една реченица се посветиле на Хрватска? Никогаш некој од овие подрачја не учествувал на нивните состаноци, колку


поради заседанието на групата во Сен Мориц настапи хаос: хотелот во кој никој не смее да се приближи

даниел естУлин Новинар и автор на книгата за Билдерберг истакнува: Елитата ќе ги искористи страдањата на народот за да се обогати“

што е познато. Но, сепак, влијаеле на она што се случувало – нивен гост беше лорд Карингтон. Во редовниот состав беше и покојниот Ричард Холбрук, миленикот на Кисинџер. Пред неколку години авторот на „Вистинитата приказна за дружбата Билдерберг“ Даниел Естулин се инфилтрирал на еден од нивните состаноци. Наводно, Билдерберг групата строго ги казнува непослушниците – на нивната листа беше ЏФК, а ДСК (Доминик Строс-Кан) токму сега преживува тешка драма, но не случајно. Оние кои добро ја познаваат организацијата гледаат потпис на Билдерберг во пропаста на ДСК. Дека не е лесно да ги имаш за противници, знае и новинарот Естулин. Имал тајни контакти и врски, а поради фактот што моќниците не трпат неканет гостин, речиси што не погинал. Естулин за тоа пишува во својата книга, во пораката што им ја испраќа на своите читатели: лоШата страна на складот . „И покрај доказите кои им се на располагање, повеќето луѓе сметаат дека сите секојдневни проблеми кои мораат да ги понесат, не можат да се заразат со теоријата на заговор. Такви не направиле токму овие луѓе. Соочени со хаосот, реагираме исто како Никсон кого глобалните планери прво го изолираа, па потоа решија да го уништат. Деморализирани и збунети, оставени без самопочитување и несигурни во иднината, луѓето значајно поподготвени ја пречекаа појавата

на „Месијата“ на Новиот поредок, кој ветуваше дека ќе ја искорени дрогата, порнографијата, детстката проституција, растечкиот криминал, војните, гладот и прашањето за кое гарантираше – добро уредено општество во кое луѓето складно ќе живеат. А тој новосоздаден склад ќе ни ги загрози слободите, човековите права, размислувањата и самата егзистенција. „Складот“ ќе значеше општество на редот и така ќе станевме броеви во големиот бирократски систем на Новиот светски поредок. Неконформистите, овакви како мене, ќе бидат интернирани во концентрациски логори слични на Гвантанамо. Сето тоа ќе се случи ако ние, народите (на она што останало од слободниот свет), не станеме во одбрана на своите национални идеали, попрво отколку да ги оставиме во рацете на владите, на претставниците на ЕУ и ОН и на аристократската кралска крв која не предаде. Сите тие пријатни, пристојни членови на европските кралевски семејства, слаткоречивите постари госпоѓи и ноншалантните господини, всушност, се крајно безобзирни. Ќе ги искористат страдањата на кој било народ и ќе ги исцрпат богатствата за да го заштитат својот повластен живот. А богатството на аристократијата е испреплетена со купувањето и продавање-


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.