Сојуз на Студенти по Медицина на Македонија
[Type the document title] [Type the document subtitle]
[Type the abstract of the document here. The abstract is typically a short summary of the contents of the document. Type the abstract of the document here. The abstract is typically a short summary of the contents of the document.]
Betim [Type the company name]
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION
За Сојузот на студенти по медицина на Македонија...
ССММ
Сојузот на Студенти по Медицина на Македонија е независна, невладина, непрофитабилна, студентска организација која ги обединува сите студенти по медицина од Mедицинскиот факултет во Скопје при Универзитетот“Св.Кирил и Мeтодиј". Оваа организација претставува една од најголемите невладини организации во нашата држава и брои повеќе од две илјади членови. Исто така остварува соработка и со студентите по медицина и другите медицински насоки од медицинските факултети при универзитетите во Штип и Тетово.
ИСТОРИЈА
Со самото формирање на Медицинскиот Факултет во 1947 година во Скопје по иницијатива на самите студенти се изнесува и идеја за нивно здружување, првенствено со цел заеднички да ги решаваат тековните проблеми. Подоцна ова неформално здружение прераснува во официјален Сојуз на социјалистичка младина на студентите по медицина. Како таков ќе биде нивен официјален претставник и понатаму активно ќе се залага за достигнување на се повисоки стандарди на студентите по медицина во Република Македонија и нивно активно вклучување во медицинската едукација и здравствената дејност во државата. Подоцна се трансформира во Сојуз на студенти при Медицинскиот Факултет Скопје, продолжувајќи со истата дејност за во 1998 согласно со донесениот закон за граѓански здруженија и фондации се преименува во Сојуз на студенти по медицина на Македонија и како таков функционира и денес.
ВИЗИЈА
Наша визија е студентот по медицина да биде образован по највисоките европски стандарди за медицинска едукација, да има можност за совладување на најсофистицираните медицински вештини, да ги познава своите права како студент и да прерасне во иден лекар стручно и морално одговорен пред медицинските и етичките принципи.
ДЕЈНОСТ И ЦЕЛ
Со сите свои активности сојузот на студентите по медицина се труди да им излезе во пресрет на студентите решавајќи ги нивните проблеми, трудејќи се постојано да го подига стандардот на медицинска едукација.Нашата цел е добивање квалитетен кадар, односно идни лекари кои сериозно и одговрно ќе се соочуваат со медицинските проблеми и ќе се стремат кон поголема професионалност како од медицински така и од етички аспект. ССММ се залага за поактивно вклучување на студентите по медицина во јавното здравство и тоа го остварува преку реализирање на разни проекти и кампањи кои го засегаат здравството денес. Со тоа допринесува за професионална надградба преку поттикнување на чувствителноста кај студентите по однос на јавно здравствените прашања што сите нас не засегаат. Ги застапуваинтересите на студентите по медицина, организирајќи едукативни и научни вон курикуларни активности, обезбедува професионални и истражувачки размени (преку 100 размени на студенти секоја година) со земји членки на Интернационалната Федерација на Медицински Студентски Асоцијации (ИФМСА). ССММ како нивна членка повеќе од педесет години активно зема учевство во сите сектори од оваа интернационална организација.
Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION СТРУКТУРА
Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION НАШИ ОДБОРИ...
Одбор за Медицинска Едукација (SCOME) Одборот за Медицинска Едукација (SCOME) при Сојузот на студенти по медицина на Македонија (ССММ) има за цел унапредување и подигање на нивото на едукација кај студентите по медицина. И не само кај студентите, туку и подигнување на свеста на пошироката јавна маса, нивно едуцирање а се разбира со помош од студентите. Живееме во ера на различни контроверзии околу медицинските знаења па токму ние како студенти имаме дел од должноста да ги разбиеме истите. Наша цел е преку проекти кои ги изработува Одборот за Медицинска Едукација студентите да стекнат знаења и вештини кои се употребуваат во светот, надвор од курикулумот на Медицинскиот факултет. Да го едуцираме населението за најразлични проблематики кои се наметнуваат на секојдневниот живот и комодитет. Воедно преку сите овие проекти студентите имаат бенефит во поглед на подобрување на нивните организациони вештини, вклучување во најразлични проекти, соработка со врвни професори од најразлични дисциплини, комуникација со различни народни маси и најважното - лична сатисфакција што придонеле за пред сè лична а и масовна едукација. Национален Офицер Мариа Спасовска
Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION НАШИ ОДБОРИ...
Одбори за Професионални и Истражувачки Размени (SCOPE) & (SCORE) Одборите за Професионални Размени (SCOPE) и Истражувачки Размени (SCORE) при ССММ имаат за цел да им овозможат на студентите по медицина поголема интернационална мобилност. Задача на истите е организирање на студентски размени при кои, студентите од медицинските факултети од Македонија посетуваат некоја странска образовна установа при што истовремено студенти од тие универзитети ги посетуваат нашите факултети и биваат вклучени во клиничка работа која е во тек на странските односно нашите факултети. За нас, најважен настан се организација на Професионални и Истражувачки Студентски Размени со земјите членки на Интернационалната Федерација на Медицински Студентски Асоцијации. Национален Офицер за Професионални Размени Авди Муртезани
Национален Офицер за Истражувачки Размени Леутрим Шаќири
Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION
НАШИ ОДБОРИ...
Одбор за Јавно Здравје (SCOPH) Одборот за Јавно Здравје (SCOPH) има за цел да ја зголеми свеста кај граѓаните на Република Македонија за нивното здравје, да ги информира за причинителите и опасностите од ненавремено лекување и да промовира здрав начин на живот. Тоа ќе го постигнеме преку организирање на многу проeкти, кампањи, трибини и работилници во кои ќе се користат едукациони методи за подобро разбирање и дијагностицирање на здраствените проблеми на заедницата. Во нашиот одбор се добредојдени сите заинтересирани медицински студенти кои имаат желба да придонесат во подобрувањето на здравствената состојба на популацијата во државата. Настани кои нашиот одбор ги организира се: Светски ден на Ракот, Светски ден на Здравјето, Светски ден против Дијабетес, Светски ден на Срцето, Kaмпања против Пушење, Кампања против нарушување во исхраната и дебелината, Донирање на крв и тн. Јавноста е секогаш многу благодарна на нашите настани и тоа е она што нè охрабрува да останеме активни. Национален Офицер Миљана Стојановска
Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION НАШИ ОДБОРИ...
Одбор за Репродуктивно Здравје и СИДА (SCORA) Одборот за Репродуктивно Здравје и СИДА (SCORA) има за цел подигање на свеста кај младата популација преку промовирање на сексуално и репродуктивно здравје. Ова ќе се постигне преку организирање на многу проекти, кампањи и работилници во кои ќе се користат едукациони методи за подобро разбирање и фокусирање на медицинските студенти, но и на општо младата популација, за подобро здравје и солидарност меѓу нив. Еден од нашите главни настани е активно работење во борбата против СИДА како и другите Сексуално Преносливи Болести (СПБ), преку подржување на луѓето кои се инфицирани, со цел да се редуцира стигмата и дискриминацијата. Нашиот одбор исто така се фокусира во можност за решавањето на проблемите во врска со сексуалната ориентација, семејното насилство како и тинејџерската бременост. Национален Офицер Рина Пуррини
Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION НАШИ ОДБОРИ...
Одбор за Човекови Права и Мир (SCORP) “Ни се чини дека тоа што правиме е само капка вода во море, меѓутоа без таа капка морето нема да биде исто.” – Мајка Тереза Одборот за Човекови Права и Мир (SCORP) има за цел да им помага на ранливите групи на луѓе преку проекти кои вклучуваат активности за ублажување на состојбата на луѓето со посебни потреби и други маргинализирани групи на општеството. Во едно демократско општество нивото на демократијата се мери и преку степенот на внимание и активни политики кон ранливите групи на луѓе кои не можат да ги користат своите социјалните права. Оттука и ние студентите како дел од цивилизираното општество сакаме да придонесеме на ова поле. Тоа ќе го постигнеме преку: - Зголемување на свеста кај сите чинители на општеството; - Изнаоѓање модалитети за олеснување на нивните потреби; - Нивно активно вклучување во социјалниот живот; - Изнаоѓање на решенија за нивните посебни потреби во однос на здравствените услуги; За ова цел нашата организација ќе организира анкети за овие групи на луѓе кои што ќе не упатат кон решенија за исполнување на нивните реални потреби, преку социјални активности во средината каде што тие живеат и преку изнаоѓање фондови од разни донатори за подршка на овие цели. Национален Офицер Крешник Положани
Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION НАШИ ОДБОРИ...
Научен Клуб „Акад. Д-р Димитар Арсов“ Студентскиот Научен Клуб при ССММ има за цел промоција на науката кај студентите по медицина и биомедицински науки. Цели и задачи на истиот се организирање на проекти кои ќе имаат директен и индиректен допринос за запознавање и унапредување на познавањата на научните принципи кај студентите и промовирање на научниот пристап во медицинската практика. Воедно обезбедува и подршка и советување за изработка на студентски теми кои студентите ги презентираат на научни конгреси за студенти. За нас, најважен настан е организација на Интернационалниот Медицински Научен Конгрес за студенти по медицина и млади лекари, кој традиционално се одржува во Охрид во месец мај. Претседател на Научен Клуб Христијан Кимоски
Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION
НАШИ АКТИВНОСТИ...
Интернационален Медицински Научен Конгрес за студенти и млади доктори Сојузот на Студенти по Медицина на Македонија уште од 1977 година го организира Интернационалниот конгрес за студенти и млади лекари. За неговата успешност и значајност говори неговата долга и непрекината традиција од веќе триесет и пет години со што претставува еден од најстарите студентски конгреси во Европа. На овој конгрес секоја година активно учество земаат повеќе од триста студенти и млади лекари како од Република Македонија, така и од странство, кои со своите презентации и публицирање на разни научни трудови и вклучување во разни работилници, го сочинуваат научниот дел од конгресот. Овие трудови се оценувани од страна на комисии кои се составени од врвни професори од Медицинскиот факултет во Скопје, а оваа година за прв пат ќе бидат вклучени реномирани професори и од странство. Покрај презентациите на различни теми од областа на медицината, на конгресот редовно се одржуваат работилници и тренинзи на разни теми предводени од професори и врвни лекари со свои тимови. Со учество на ваков конгрес студентите и младите лекари имаат исклучителна можност да се запознаат , да разменат свои искуства и идеи, а притоа да научат како се изработуваат и презентираат трудови што е од особена важност за нивното понатамошно образование, надградба и афирмирање во медицината. Исто така, имаат можност да се доусовршат учествувајќи на сесиите предводени од професори на кои ќе бидат презентирани најновите достигнувања во медицината. Сето ова би било мошне корисно за натамошната кариера на секој студент и млад лекар. Покрај високиот рејтинг помеѓу студентите и младите лекари низ Европа кои редовно секоја година земаат учество на овој конгрес во значителен број, како потврда за квалитетот и успехот на конресот служи и фактот дека овој конгрес е еден од седумте конгреси организирани од студентски организации признати од Интернационалната Федерација на Медицински Студентски Асоцијации (ИФМСА).
Програма на Интернационален Медицински Научен Конгрес Целта за организирање на конгрес од ваков тип е студентите по медицина и младите лекари да се стекнат со знаења пренесени од еминентни професори од нашиот факултет, а оваа година и од соседните земји.Предвидени се предавања за најновите медицински достигнувња што ги приближуваат студентите до Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION светските стандарди во медицината.Со презентирање на научните трудови самите студенти здобиваат знаења и совети, усовршувајќи ги своите презентациски способности кои е потребно секој лекар да ги поседува. Со разни едукации, тренинзи и обуки на најразлични теми студентите го поврзуваат нивното знаење со секојдневните искуства од предавачите. Овој конгрес, кој е од интернационален карактер овозможува студентите од Македонија да споделат искуства со нивни колеги од соседните земји и пошироко, запознавајќи се со разни култури и начини на живеење.Покрај медицинските едукации и обуки исто така се одржуваат и презентации од областа на фармакологијата, медицинската етика и јавното здравје. Прелиминарно замислената програма е така поставена да низ една интерактивна комуникација се опфатат сите аспекти на модерната медицина прилагодени на знаењето на учесниците. Во склоп на конгресот покрај едукативниот дел има и социјален дел во кој спагаат забавите,дружењето и игрите на плажа.
Научната програма се состои од: Академски предавања - оддржани од професори на медицинскиот факултет во Скопје, како и од реномирани професори од други европски универзитети на разни теми од областа на медицината и здравството. Комерцијални изложби - да се видат и да се запознаат нови производи, процедури и услуги наменети да асистираат во работата на здравствените работници презентирани од стручни лица од водечки компании и приватни клиники. Работилници - сесии на најразлични практични теми од областа на медицината, научно-истражувачката работа и здравстениот систем. Орални презентации - селектирани од пријавените абстракти на научни трудови изработени од студенти и млади лекари. Постер презентации - дискусија ококлу изложените постери избрани од пријавените абстракти. Награди - конгресното жири составено од реномирани професори на медицинскиот факултет ги наградува најдобрите постер и орални презентации на церемонијалното затворање на конгресот.
Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION
НАШИ АКТИВНОСТИ...
Професионални и Истражувачки Студентски Размени Сојузот на Студенти по Медицина на Македонија уште од 1994 година, благодарение на членството во ИФМСА, организира студентски размени при кои студентите од Медицинските факултети во Скопје, Штип и Тетово посетуваат некоја странска образовна установа при што истовремено студенти од тие универзитети го посетуваат нашите Факултети и нашите болници, и биваат вклучени во научно-истражувачка/професионална работа која е во тек на странските односно нашите факултети. Студентските размени допринесуваат за поголема интернационална мобилност на нашите Факултети и истовремено им овозможува на нашите студенти да бидат вклучени во проекти во други држави и стекнување нови искуства и пошироки познавања од областа на медицината. Просечната бројка на студенти кои годишно заминуваат на размена е 60 а исто толку странски студенти доаѓаат на нашата земја на размена, благодарение на билатералните договори кои ги потпишуваме со останатите земји членки на ИФМСА. Сакаме да потенцираме дека бројот на студентски размени од година во година расте. Во последните 5 години, нашите студенти имаа можност да бидат вклучени во научно-истражувачка/професионална пракса во следниве земји: - Италија - Словенија - Германија - Холандија - Шпанија - Турција - Каталонија - Латвија - Литванија - Бразил - Русија - Португалија - Хрватска... итн. Наша цел е во наредниот период да го зголемиме бројот на договори и бројот на понудени земји, каде што таргет ни се земјите со развиена медицина.
Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION
НАШИ АКТИВНОСТИ...
Светски ден за борба против СИДА Одборот за Репродуктивно Здравје и СИДА при ССММ има за цел подигање на свеста кај младата популација преку промовирање на сексуално и репродуктивно здравје. Ова ќе се постигне преку организирање на многу проекти, кампањи и работилници во кои ќе се користат едукациони методи за подобро разбирање и фокусирање на медицинските студенти но и на општо младата популација, за подобро здравје и солидарност меѓу нив. Еден од нашите главни настани е активно работење во борбата против СИДА како и другите Сексуално Преносливи Болести (СПБ), преку подржување на луѓето кои се инфицирани, со цел да се редуцира стигмата и дискриминацијата. Нашиот одбор исто така се фокусира во можност за решавањето на проблемите во врска со сексуалната ориентација, семејното насилство како и тинејџерската бременост. Целта за организирање на оваа кампања е да се разбуди свеста на младата популација преку информирање и едукација, и на тој начин да се редуцира стигмата и дискиминацијата против луѓето кои што се инфицирани. Програмата се состои од: -
Интерактивен дел: поставување штанд на неколку локации, делење флаери и промотивен материјал;
-
Академски дел: истражување за стигмата на луѓето кон ХИВ позитивните индивидуи;
-
Забавен дел: Флешмоб, организирање забава за помладата популација со цел да се прослави денот за борба против ХИВ.
Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION
НАШИ АКТИВНОСТИ...
Светски ден против Дијабетес и Светски ден на Срцето Одборот за Јавно Здравје е еден од нај активните одбори во рамките на ССММ, каде што студентите ги споделуваат своите знаења со јавноста со цел да се помогне во подобрувањето на нивниот начин на живот и нивната свест за различни здравствени проблеми. Одборот за јавно здравје има многу кампањи кои се координирани од страна на различни координатори зада се осигура дека различни области на јавното здравство се однесуваат правилно. Дел од најуспешните кампањи на овој одбор се „Светски ден против Дијабетес“, „Светски ден на Срцето“, кампања против пушењето, кампања против нарушувањето во исхраната и дебелината. Преку нашите настани се сретнуваме со многу луѓе од различни возрасти, почнувајки од градинка и основните училишта за време на кампањите: Мече Болница и Дирекцијата за храна; со учениците од средните училишта за време на кампањите: Прва помош, Ментално здравје и исхрана; и со постарите граѓани за време на кампањите: Светски ден на Срцето и Светски ден против Дијабетес. Јавноста е секогаш многу благодарна на нашите настани и тоа е она што не охрабрува да останеме активни. Целта на организирањето на Светски ден против Дијабет и Светски ден на Срцето е да се разбуди свеста кај граѓаните за болестите на 21-от век, начинот на нивните стекнувања, превентивните мерки, третирањето на болестите, итн. Програмите се состојат од: -
Интерактивен дел: делење флаери и промотивни материјали, бесплатно мерење на гликозата во крвта, односно крвниот притисок и аускултација на срцевите тонови;
-
Академски дел: одржување на предавања од професори на медицинските факултети во Република Македонија;
Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION
НАШИ АКТИВНОСТИ...
„Неделата на Мозокот (Brain Awareness Week)“ Сојузот на Студенти по медицина на Македонија (ССММ) во соработка со ФЕНС (Федералниот Европски Сојуз за Невро-наука) по повод ,,Неделата на Мозокот" (10-16 Март 2014) почна да организира неколку предавања во средните училишта на град Скопје : “Зеф Луш Марку” “Орце Николов”, “ Д-р Панче Караѓозов” и “Арсени Јовков”. Предавањата беа на тема ,, Дејството на дрогите и зависноста врз мозокот". Овој проект се организира секоја година ширум Европа, каде што младите со различни активности ја одбележуваат ,,Неделата на Мозокот" (10-16 Март). Македонија за прв пат зема учество во овој Европски проект во 2014та година, и ќе продолжи и во наредните години. Нашата организација реши со предавања да ја одбележи оваа недела, поради тоа што веруваме дека на овој начин ќе ги потикнеме младите средношколци да размислуваат правилно и да не подлегнуваат на лошите влијанија, а со тоа да чекорат по вистинскиот пат на животот. Предавањата се одржани од студенти по медицина, кои претходно се обучени и подучувани од професор по Неврологија при Медцинскиот факултет на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Овие предавања имаат за цел подигнување на свеста кај младата популација за штетните влианија при употреба на наркотици, алкохол и никотин. Исто така во склоп на овој проект предвидено е и споделување на инфомативни флаери и постери кои што ќе бидат истакнати на видно место во сите горенаведени училишта. Предавањата беа одржани во македонски и во албански јазик во времетраење од 45 минути односно еден школски час. Нивниот распоред се одредува во договор со одговорните на училиштата.
Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION
НАШИ АКТИВНОСТИ...
„Macedonia Cap Project“ Сојузот на студенти по медицина на Македонија во соработка со Грин Клаб (Green Club), започна проект наречен Macedonia Cap Project. Целта на проектот е да се заштити околината од штетните продукти и да се известува општеството за големите придобивки од самото рециклирање на тие продукти. Проектот во суштина има за цел собирање на пластични капачиња, која е позитивна од многу причини. Помага во одржувањето на чиста околина, кога се знае дека едно капаче за да се разредува во природа и се потрени од прилика 400 години. Истотака базирајки се на објавените научно-амбиенталистични публикации на веб страната timeforchange.org, производството на еден килограм пластични капачиња ослободува 6 кг. CO2. Со други зборови од собирањето и рециклирањетно на 18.250 тонови пластични капачиња е превенирано ослободување од околу 109.500.000 кг CO2. Проектот е од хуманитарен карактер кој има за цел да им помогне на лицата кои имаат потреба од инвалидски колички но не се во финанскиска можност да си обезбедат. Проектот МСР ке рециклира пластични капачиња, како извор да обезбеди инвалидски колички за хендикепирани лица. За да се добие една количка, потребно е да се соберат 250 кг. капачиња. Собраните каначиња се транспортираат на рециклирање во Грин Клаб во Турција, додека од таму во Р.М. ќе се транспортираат инвалидски колички. Цели: -
Подигање на свеста за рециклирање кај граѓаните
-
Сензибилизација на околината околу загадувањето на околината
-
Активирање на младите во волонтерски активности
-
Практично рециклирање
-
Снабдување на хендикепирани лица со инвалидски колички
-
Подигање на свеста кај граѓаните околу лицата со посебни потреби
Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION
НАШИ АКТИВНОСТИ...
„СОС Дедо Мраз“ Во склоп на програмските активности на Сојузот на сутденти по медицина на Македонија (ССММ) , и одборот за човекови права и мир при истиот, секоја година се организира хуманитарната акција „СОС Дедо Мраз“. Целиот проект е организиран од студентите по медицина и е строго со хуманитарен карактер и учеството во него е на доброволна, волонтерска база. Целта на проектот е на децата кои што најсреќната ноќ во годината - новогодошната ноќ, ке ја поминат во болничките соби во клиниката за детска хирургија , исто како и децата од домовите за деца со посебни потреби осетат бар дел од новогодошниот дух со тоа што ќе им бидат подарени пакетчиња. ССММ за таа цел , прави јавен повик до сите хумани граѓани да помогнат во производи за правење на пакетечињата, исто така организира и хуманитарна забава каде што секој посетител наместо влезница треба да донесе некое слатко задоволство. Се поставуваат собирни пунктови во поголемите и по фреквентните маркети/трговски центри во градот со цел граѓаните да донираат. Сите собрани производи се делат на дечињата во детска хиругија, педиатрија и во домвите за деца со посебни потреби, каде децата заедно со студентите по медицина работат на новогодишна приредба, и каде низ игра пробуваме барем делумно да ја ублажиме нивната болка и да им помогнеме да се чувствуваат како дел од сите нас. Во склоп на проектот, децата од домовите со посебни потреби се носат во Кино каде гледаат анимиран филм.
Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION
НАШИ АКТИВНОСТИ... Освен горе набројаните проекти, Сојузот на студенти по медицина на Македонија организира и многу други активности како: -
Кампања за Рак на Дојка
-
Кампања за рак на Простата
-
Кампања за подигање на свеста кај младата женска популација за првиот гинеколошки преглед и значењето на истото во раното откривање на тумори на матката
-
Анти тобако кампања
-
Кампања за неделата на бубрезите
-
Проект „Ромска Населба“
-
Проект „MediCaffe“
-
Проект „iMed“
-
Голем број работилници за студенти по медицина
-
Голем број вонкурикулумски предавања за студенти по медицина
-
Крводарителни кампањи, и многу други проекти.
Во текот на една академска година Сојузот на студенти по медицина на Македонија организира во просек од 10 до 15 пројекти. За пројектите кои ке се одвиваат во годишно ниво одлучува собранието на ССММ по предлог на Националните Офицери на постоечките Одбори при ССММ: -
Одбор за Медицинска Едукација;
-
Одбор за Јавно Здравје;
-
Одбор за Репродуктивно здравје и СИДА;
-
Одбор за Човекови права и мир;
-
Одбор за Професионални Размени;
-
Одбор за Истражувачки Размени;
-
Научен клуб „Акад. Проф. Димитар Арсов“;
-
Одбор за културно-забавен живот. Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION
За Интернационалната Федерација на Медицински Студентски Асоцијации (ИФМСА)..
ИФМСА
За повеќе од 60 години, ИФМСА постои и е предводена од студентите по медицина во светот. Интернационалната Федерација на Медицински Студентски Асоцијации (ИФМСА) е основана во 1951 година. Претставува најстара и најголема независна организација во светот што претставува здружениа на студенти по медицина на меѓународно ниво. Во моментот членки на оваа Федерација се 112 Национални Организации од повеќе од 100 земји низ шест континенти, која претставува над 1.2 милиони студенти од целиот свет. ИФМСА е призната како невладина организација во рамките на системот на Обединетите Нации (UN) и Светската Здравствена Организација (WHO). Истотака ИФМСА работи заедно и со Светската Медицинска Асоцијација (WMA). ИФМСА е создаден за да влиљае во светот и да ги поттикне своите членови во превемањето на нивната визија и нивните идеи, и да ги прави истите реалност. ИФМСА инспирирало генерации на студенти по медицина за истите да развијат лидески способности и вештини, за да се справат со предизвиците и да придонесат во подобрувањето на светот околу нив во клучен период на нивната кариера. Вклучувањето во ИФМСА ги охрабрува професионалните и личните соработки, без оглед на географски, социјални, културни, верски, расна, половна и политички разлики. Како резултат на тоа, идните лекари стануваат се повеќе културно-свесни и чуствителни лекари.
ВИЗИЈА
Свет во кој сите студенти по медицина се обединуваат за глобално здравје, и се опремени со знаење, вештини и вредности за да ги преземат лидерските улоги за здравството на локасно и глобално ниво.
ДЕЈНОСТ
ИФМСА ги обединува студентите по медицина од целиот свет за да доведат иницијативи кои ќе влијаат позитивно на заедниците на кои им служат. ИФМСА претставува мислења и идеи на идните здравствени професионалци во областа на глобалното здравје и работи со надворешни партнери. ИФМСА гради капацитет преку обуки, проекти и разменува можности, прегрнувајќи културна разновидност со цел да креира одржлива и здрава иднина.
Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION
ЦЕЛИ 1. Да ги изложи сите студенти по медицина на хуманитарни и здравствени проблеми, обезбедувајки им можност да се образоваат себеси и своите врсници; 2. Да се овозможат партнерства меѓу студентите по медицина и меѓународните организации кои работат на здравстово, образованието и социјалните прашања; 3. Да им даде на сите студенти по медицина можност да земат учество во клинички и истражувачки размени во целиот свет; 4. Да се обезбеди мрежа која ги поврзува активните медицински студенти од целиот свет, вклучувајки ги и студентските лидери, менаџери на пројекти и активисти, од кои тие може да учат и да се мотивираат едни со други; 5. Да се обезбеди меѓународна рамка во која може да се реализираат пројектите на студентите по медицина; 6. Да се поттикнат и обучат медицинските студенти да станат медицински застапници во водечки социјални промени.
ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ
ИФМСА има две Генерални Собранија (ГС) секоја година: 1. во Март наречен „March Meeting“ (ММ) 2. во Август наречен „August Meeting“ (АМ) Двете генерални собранија се меѓународни средби во текот на кои стотици медицински студенти од целиот свет се собираат заедно на едно место за да разменат големи искуства со нивните колеги студенти од целиот свет. Сите Национални Организации Членки на ИФМСА (НОЧ) се поканети да присуствуваат на ГС и да ги претставуваат своите активности. Сакаме да потенцираме дека во ИФМСА секоја земја е претставена од ЕДНА Национална Организација Членка, освен некои земји со специфичен статус се претставени од две организации (пр. Шпанија и Каталонија) од кои едната организација е Полноправна Членка, додека другата е Придружна Членка. ССММ е единствената организација која ја претставувам Република Македонија во ИФМСА, со Полноправно Членство. Сите НОЧ се поделени во пет региони: 1. Америка 2. Африка 3. Азија-Пацифик 4. Источен Медитеран 5. Европа
Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION Генералните собранија во целина имаат тенденција да бидат интензивни, со многу сесии и настани кои се случуваат во текот на истиот. Секое ГС има своја агенда во зависност од Извршниот Одбор, Организацискиот комитет и Темата на Настанот. Сепак, во целина агендите на ГС се слични и имаат повеќе или помалце исти сесии во содржина. Во понатамошниот текст ви приложуваме листа на сесии на ГС и кратко објаснување за нив: 1. Welcome Session: Е сесија која се случува пред Свеченото отварање на ГС, каде најголем број од делегациите доаѓаат заедно, се објаснува агендата на ГС и се претставува актуелниот Тим на Функционери на ИФМСА. 2. Свечено отварање: Сите делегати од сите НОЧ се собираат на едно место, елегантно облечени, и официално го отвараат тековното ГС. 3. Пленарна седница: Се одржува секоја вечер во текот на ГС. За време на пленарната седница, сите претседатели на НОЧ или нивните претставници доаѓаат заедно за да гласаат и да донесат одлуки во врска со неколку проблематики, вклучувајки законски акт предлози, изјави за политиката на ИФМСА, гласање за нареден домаќин на ГС, избори на нов Тим на Функционери на ИФМСА, итн. Пленарките се едни од нај важните настани за време на ГС, каде се случува процесот на носење одлуки. 4. Сесии на Постоечките Одбори: Секој постоечки одбор на ИФМСА (пр. Одбор за Медицинска едукација, Одбор за јавно здравје, итн.. вкупно 6 на број) има своја сесија која тече од раните утрински часови, секој ден во текот на ГС. За време на овие сесии членовите/делегатите кои учествуваат во нив се обучуваат, дискутираат за разни проблематики од нивниот одбор, пренесуваат разни искуства и вештини. 5. Сесии на управата на НОЧ: Сесија наменета за обучување на делегатите како да се управува со Организациите (НОЧ), се фокусира на лидерство, маркетинг, план за прибирање финансиски средства, итн. Овие сесии се многу корисни за управителите на организациите од самата причина што во нив се обезбедуваат можни решенија/обуки кои помагаат во решавањата на тешкотиите со кои се соочуваме во рамките на нашата организација. 6. Сесија на претседателите: Сесија наменета за претседателите / потпретседателите на НОЧ, во кои тие дискутираат за тековните случувања во ИФМСА и работи кои ќе се гласаат за време на Пленарните седници, се обезбедуваат детални информации околу сите предложени предлози/изјави итн., со цел минимизирање на дискусиите за време на пленарните седници. 7. NMO Hour: претставува можност делегатите од секоја НОЧ да се собираат, седнат заедно и дискутираат околу тоа што научиле по сесиите каде учестувале, сите податоци се запишуваат и тие искуства се пренесуваат во Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION нашата држава откако делегациајта се враќа. Истотака, овој час е добра шанса за делегацијата да дискутира околу одговорите на било кои прашања или нејаснотии што ги имаат во текот на ГС. 8. Тема на настанот (Theme event): Секое ГС има различна тема. Тоа е прикажано во вид на предавања, трибини, работилници идр., во кои говорат многу надворешни говорници (претставници на СЗО, УНЕСКО, идр.) 9. Саем на Проекти: Претставува настан во кој сите НОЧ ги претставуваат нивните проекти. Секоја земја/проект има свој штанд во кој поставува материјали и објаснуваат подетално за проектот кој го презентираат. 10. Обуки: Голем број обуки се одржуваат во текот на секое ГС, каде што официјални лиценцирани ИФМСА Тренери ги обучуваат делегатите во различни области (пр. Менаџмент, Градење на тим, Раководење со тим, управување со финансии, итн.) 11. Саем за договори: претставува настан во кои сите Национални Офицери за Размени од сите НОЧ потпишуваат договори за размени за сезоната што следува. Овој саем се одржува само во Августовското ГС. Истотака, овој саем претставува добра шанса за промовирање на државата и културата. 12. Дебата со кандидатите за Извршен Одбор на ИФМСА: сите кандидати за позиции во ИО на ИФМСА имаат дебата во присуство на делегатите од НОЧ во кои тие ги презентираат нивните кандидатури и стратешки планови за наредната сезона. Сите делегати имаат можнос да поставуваат прашања за кандидатите. 13. Свечено затварање: Претставува последен настан на ГС и се случува во последниот ден. 14. Социјална програма: Секоја вечер во текот на ГС се организирани настани од страна на Организациониот Комитет каде делегатите може да имаат време да се релаксираат и да се дружат. За да видите дел од случувањата на овој настан, кликнете на долунапишаните линкови од Генералното Собрание во Тунис Март 2014,каде во повеќе инсерти е снимена и делегацијата на нашата организација како ја претставува нашата земја : - https://www.youtube.com/watch?v=Xv7U1TBItdo - https://www.youtube.com/watch?v=zPY053jEEr0 - https://www.youtube.com/watch?v=p3hVgZHk0Z8
Повеќе информации за ИФМСА: www.ifmsa.org
Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА НА МАКЕДОНИЈА MACEDONIAN MEDICAL STUDENTS’ ASSOCIATION
Посетете не на: www.mmsa.mk Следете не на: https://www.facebook.com/mmsaofficial Контактирајте не преку: 1. Телефон: (+389) 2 310 99 65 2. Е-маил: mmsa.mkd@gmail.com
Или поминете во нашите простории :) https://goo.gl/maps/QMvq8
Бул. Водњанска 17|Тел +389 2 310 99 65|e-mail: mmsa.mkd@gmail.com|www.mmsa.mk
ж.с-ка : 210 – 065736810155 | ЕДБ: 4080010510536 | Депонент : Тутунска Банка