Karpos Urban No.6

Page 1

Информатор на Општина Карпош, ноември - декември 2010 година / број 6 / година 2

Реконструкциите во Општина Карпош продолжуваат и во 2011 година

ВО КАРПОШ - НАЈБРЗО ДО ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ IN MEMORIAM - Атина Бојаџи

ГРАДОТ СКОПЈЕ „ЗАБОРАВИ“ ДА ЈА УКРАСИ ПАРТИЗАНСКА ДОЛЖ ОПШТИНА КАРПОШ, НО НИЕ НЕ ГИ ЗАБОРАВАМЕ НАШИТЕ ГРАЃАНИ


ЛОКАЦИЈА НА НОВАТА ОПШТИНСКА ЗГРАДА (ПОРАНЕШНО ОУ„БРАТСТВО“)


Во овој број РЕКОНСТРУКЦИИ 2010

ИЗДАВА ОПШТИНА КАРПОШ ул. „Демир Трајко“ ББ 1000 Скопје, Република Македонија тел. 02/ 3061-353 факс 02/ 3071-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ, ДАНИЦА МАРТИНОВСКА, ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ, ЖИВКО ТРАЈАНОВСКИ

6 - 9

ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ТРЕТМАН НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ

ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ ВРСКИ 14-15

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА

ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНА ХРАНА - ЗА ИЛИ ПРОТИВ? 20-21

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: АЛЕКСАНДАР МАНЧЕВСКИ ФОТОГРАФИЈА: АЛЕКСАНДАР МАНЧЕВСКИ И МИЛЕ РАДЕНКОВИЌ УРЕДНИК НА КУЛТУРА: ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ РЕДАКЦИЈА: ЕЛЕНА КУЗМАНОВСКА, СНЕЖАНА РАДУЛОВСКА И МИЛЕ РАДЕНКОВИЌ

10

IN MEMORIAM АТИНА БОЈАЏИ 34


Среќна нова 2011 година


Почитувани сограѓани, Зад себе оставивме уште една убава и успешна година за нашата Општина. Се надевам дека таква беше за сите нас, или барем за поголемиот дел од граѓаните. Но, најмногу би сакал ако ние, локалната власт, како Ваш сервис, сме придонеле за подобрувањето на севкупното живеење во нашата Општина. А верувајте дека се трудевме многу и вложивме многу. Пред се ентузијазам, многу труд и нешто пари. Се трудевме да бидеме штедливи,рационални и со помалку пари да направиме што е можно повеќе. Иако вкупните приходи кои ги оствари Општината, од данокот на имот, надоместокот за градежно земјиште и од други такси, беа околу 57 отсто од предвидените, сепак, со тие пари успеавме да реализираме над 83 проценти од предвидените програми, при што во неколку сегменти остварувањата се и над 100 насто. Такво остварување имаме во делот на спортот и културата, каде што немаше проект кој не е завршен, во јавните дејности, социјалата и неколку други. Сето тоа благодарение на транспарентноста и принципиелноста на Комисијата за јавни набавки која постојано настојуваше најевтиниот, но квалитетен понудувач да биде тој што ќе ја изврши работата. Во било кој сегмент. И тука не запревме. Одиме напред во Нова 2011 година со многу амбиции и желби. Во 2009-та година не прогласија за енергетски најефикасна општина, а во 2010 за најтранспарентна. Општината остана отворен дом за сите нејзини жители. Нас од неколку центри не посочија како најтранспарентна општина во Скопскиот регион, што ни е посебна сатисфакција. Мојата врата и вратата на сите стручни служби во локалната самоуправа, на сите урбани и месни заедници беа постојано отворени за жителите на Карпош кои имаа некоја мака, некоја потреба. Ги слушавме и бележевме вашите барања и делувавме. Имаме километри нови улици и патишта, нови фекални и атмосферски канализации, почнаа да доаѓаат и првите големи инвестиции. Карпош се гради. Сите сили ги вложуваме тоа да биде плански, законски,урбано обмислено. Носиме урбанистички планови, правиме јавни анкети соработуваме со сите надлежни институции, со бизнис секторот, сите кои имаат потреба од наша соработка. Токму затоа сме успешни и мислам дека граѓаните тоа го гледаат. Карпош навистина е среќно место за живеење. Оваа Новата 2011 ветивме дека ќе се фокусираме на три упоришта. Најпрво започнавме со реконструкција на училиштата. На 4 јануари почнавме со реконструкцијата на„Петар Поп Арсов“ а потоа следат „Лазо Трповски“, „Димо Хаџи Димов“ и „Братство“ . Тие се „заборавени“ веќе пет-шест децении и редно е нашите деца да учат во пристојни училишта, а не „изедени“ од забот на времето. Деновиве во тек се занатско градежните работи во градинките „Пролет“ и „Мајски цвет“ каде ќе проработат стоматолошките ординации, а во текот на месец февруари започнуваме со изградба на франкофонската градинка во Карпош III. Втори на листата на приоритети за Новата година ни се 30-тина улици каде целосно ќе ги замениме рабниците, коловозите, осветлувањето и таму каде што треба ќе изградиме и атмосферска канализација. Конечно, оваа година мислиме и да почнеме со изградба на новата Општинска зграда. Оваа година особено ќе бидеме инфраструктурно ориентирани во Козле, во МЗ „Пецо Божиновски Кочо“, и МЗ „Кузман Јосифовски Питу“, Тафталиџе II и Влае II. Тоа ни се приоритетите. Се друго, манифестациите, училишните спортски игри, ликовните колонии, Карпошовото културно лето, турнирите, саемските настапи и промоции на општината, екологијата, реконструкцијата на фасадите на пет згради по што Карпош ќе го паметат. Ова ќе биде само дел од нашето секојдневие во годинава што е пред нас. Но, за да успееме во сите планови и амбиции, потребна ни е поддршката и довербата од вас исто онаква каква што ја имавме и досега. Жителите на Карпош за кои постоиме и без кои не можеме. На крајот, на сите граѓани од нашата Општина, но и од цела држава Ви ја честитам Новата 2011 година и Ви посакувам многу здравје, среќа, успех во животот и бескрајно многу весели мигови. Вашиот градоначалник, Стевчо Јакимовски

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

5


Реконструкции 2010

Реконструкциите во Општина Карп Во текот на месеците ноември и декември, согласно Програмата за уредување на градежно земиште за 2010 година нашиот Сектор за уредување на градежно земјиште започна со изградба на следните инфраструктурни објекти на територијата на Општина Карпош.

Изградба на потпорен ѕид на ул. Новопроектирана 1, населба Жданец Изведувач Енергомонт Сума на Договор 522,431.00 денари

„ВАРШАВСКА“ ВО НОВО РУВО На 3 Ноември, по повод Денот на Општина Карпош 3-ти Ноември, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски и г-дин Евтим Евтимов, кметот на збратимената општина Триадица од Софија, Република Бугарија, со свечено сечење на лентата, традиционална погача и сол, пред бројни присутни гости, ја пуштија во употреба целосно реконструираната улица „Варшавска“ во населбата Тафталиџе 1.Станува збор за инвестиција вредна 20 милиони денари, која опфати , реконструкција на тротоари, изградба на приклучоци за фекална канализација, изградба на приклучоци за атмосферска канализација-сливници како и комплетно асфалтирање на коловозот. 6

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

Реконструкција на патеки на бул. Партизански Одреди бр. 123 и бр. 124 во УЗ Тафталиџе 2 Изведувач ДА – БО Компани Сума на Договор 432.942,00 денари 34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


ош продолжуваат и во 2011 година Изградба и реконструкција на паркинг простор пред 10-та руска зграда, улица Женевска со сервисна улица и пред станбена зграда на ул. Копенхагенска пред руска зграда бр. 7, со површина од 635 м2 Изведувач Мавровоинженеринг Сума на Договор 1.458.989,00 денари Реконструкција – асфалтирање на ул. Женевска Изведувач Пелагонија Инженеринг Сума на Договор 4,202,206.00 денари

Реконструкција на дворна ограда на ОУ Братство на ул. Женевска Изведувач Аквамонтинг ДОО – Скопје Сума на Договор 1.302.838,00 денари Изведба на фекална канлизација по крак ул. “Демир Трајко” во должина од Л=76мм Изведувач Транс Мет ДОО Сума на Договор 1,440,019.60 денари Изведба на фекална канлизација по ул. Париска во должина од Л=235мм Изведувач Транс Мет ДОО Сума на Договор 1.440.019,60 денари Изведување на приклучок кон централен топлификациски систем на градот секундарни водови во УЗ Влае 2 по ул. 1, 2, 3, 4 и 5 Изведувач ПМИЗ Енергомонтажа Сума на Договор 4,278,322.00 денари

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

Градежно занатски работи во градинка Пролет населба Влае 1 и градинка Мајски цвет во населба Тафталиџе 1 Изведувач Југотехника Сума на Договор 206,241.00 денари Изградба на улица 11, населба Долно Нерези Изведувач ДА БО Компани Сума на Договор 2,783,414.00 денари Одржување на сообраќајници (собирни, сервисни, станбени улици и пешачки патеки) на територија на Општина Карпош во зимски услови за период од 01.12.2010 година до 28.02.2011 година ДПТУ Анизор Драшко ДООЕЛ Сума на Договор 2,700,000.00 денари Изработка на Новопроектирана улица 1, 2, 3, 4 и 5 и тротоари во населба Влае 2 Изведувач Пелагонија Инженеринг Сума на Договор 29,913,325.00 денари

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

7


Реконструкции

Изградба на паркинг по ул. Никола Парапунов Л=560, Б=6м Изведувач Аполоинженеринг Сума на Договор 3.733.826,80 денари

Реконструкција – асфалтирање на ул. Петар Чајковски Изведувач Пелагонија инженеринг Сума на Договор 2.941.079,00 денари

Реконструкција на тротоари на ул. Каирска, во должина од 600 м Изведувач ДПТТУ Агро Селца ДООЕЛ Сума на Договор 2.559.054,00 денари 8

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

Реконструкција – асфалтирање на краци од ул. Варшавска, Л=370м Изведувач Мавровоинженеринг Сума на Договор 2.516.873,00 денари

Реконструкција – асфалтирање на ул. Дрезденска Изведувач Мавровоинженеринг Сума на Договор 3.393.249,00 денари

Реконструкција и изградба на тротоари на улица 6 во населба Бардовци Изведувач Анизор Сума на Договор 1.775.367,00 денари

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


Реконструкција – асфалтирање на ул. Нерешка, населба Жданец во должина од Л=850м Изведувач Пелагонија Инженеринг Сума на Договор 2.830.304,00 денари

Реконструкција на тротоари на ул. Дамаска Изведувач Анизор – Скопје Сума на Договор 1.249.148,00 денари Реконструкција – асфалтирање на ул. Дамаска, населба Тафталиџе 1, Б=5.0 м и Л=460м Изведувач Пелагонија Инженеринг Сума на Договор 1.422.490,00 денари

Изградба на атмосферска канлизација по ул. Софиска, УЗ Тафталиџе 2, во дилжина од 190 м Изведувач Мавровоинженеринг Сума на Договор 1.501.707,53 денари КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

Изведба на фекална канлизација по ул. Џумајска во должина од Л=488м Изведувач Агро Селца Сума на Договор 3.308.080,00 денари

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

9


Урбанизам

Забелешки за Предлог Законот за третман на бесправно изградени објекти Бесправно изградените објекти, таканаречени дивоградби, се стара болка и на градот, на државата воопшто, а со тоа и на локалните власти. Тоа е проблем кој не оптоварува во континуитет. Можеби токму затоа и донесувањето на еден нов закон кој ќе ги реши бесправните градби на едно посеопфатно ниво , е процес кој трае доста долго. Веќе неколку години ресорното Министерство за транспорт и врски работи на изготвување на Законот за третман на бесправно изградените објекти. Неговото донесување е при крај, со тоа што се апсолвираат последните забелешки и коментари кои произлегоа од работилниците, јавните расправи, консултациите со експерти и сл. Преку Заедницата на локалната самоуправа, сите општини во државата дадоа свои забелешки и мислења на Предлог Законот за третман на бесправно изградените објекти. Нашите експерти од Урбанизмот предводени од градоначалникот Стевчо Јакимовски, беа меѓу најагилните во таа насока и нашите мислења беа во неколку наврати транспарентно презентирани во јавноста. Еве што ние како Општина забележуваме, во глобални рамки, на понуденото законско решение: • Предлог Законот не ги третира колективните станбени објекти кои се помал отворен проблем за решавање (доградби на тераси, надградба на поткровја), во однос на инди-

КАРПОШ РЕКОРДЕР ВО БРЗИНАТА НА ИЗДАВАЊЕ ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДЕЊЕ Во текот на 2010 година во Секторот за урбанизам - Одделение за спроведување издадени се: - 2700 изводи од план, 296 одобренија за градење, 338 решенија за локациски услови Направена е анализа на динамиката на издавање на документацијата и констатирано е следното: - Просечна време за издавање на извод од план е 1-2 дена - Просечна време за издавање на Решение за локациски услови е 16 дена - Просечна време за издавање на Одобрение за градење е 45 дена од кои 28,2 дена се задржува во Градот Скопје за наплата на комуналии Доколку Градот Скопје го скрати рокот за наплата на комуналии и просечното време за издавање на Одобрение за градење ќе биде пократко. 10

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

• • • •

видуалните градбо или пак објектите со деловен карактер како оние што се во Општина Карпош (Средниот ред на ТЦ Карпош 3 или Лептокатрија,, ТЦ „Техника“ исто така на последна„ 7„во Карпош 3..Предлог е да се опфатат со Законот сите класи на намени. Се дава можност за легализација на бесправни градби изградени на државно земјиште без никакво корисничко право, ниту пак е дефиниран критериум од аспект на минимален временски рок во кој објектот бил во функција. Се предвидува можност за откуп на земјиштето без корисничко право, врз основа за легализација на бесправен објект, изграден на земјиште сопственост на РМ. За општините во Градот Скопје потребно е да се дефинира начинот на кои ќе се врши распределба на надоместокот за легализација помеѓу општините и Градот Скопје Рокот за поднесување на барањата од 6 месеци е многу краток. Со Законот не е третирана легализаација на бесправно изградени објекти спротивна на намената во ДУП-от или ГУП-от. Со Законот не е третирано вклучување на соседите при легализацијата Странката се излага на трошок при поднесување на барањето (со изготвување на елаборат и др.), а при тоа може да биде одбиена. Се предлага елаборатот да се изготвува откако комисијата ќе направи увид на лице место. Градбите вон плански опфат не се доволно третирани. Предлог е да се евидентираат бесправно изградени објекти, а легализацијата да уследи по изготвувањето на планската документација. Не може легалните градби да плаќаат повеќе, повисока цена за комунали од нелегалните. Тоа што нелегалните градби веќе имаат приуклучок за електрична енергија, вода, телекомуникациски мрежи, ќе се одбие од цената за надоместок за уредување на градежно земјиште (комуналии) и точно ќе се одреди цната која треба да ја плати сопственикот на секој нелегален објект. Пред Уставот сите сопственици се еднакви и приватната и државната, и оттаму при легализацијата не може приватните бесправни објекти да плаќаат комуналии, а оние во државна сопственост-не. Сектор за урбанизам

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


Урбанизмот е еден од најсензибилните сектори во општинската управа. Тука „се слеваат“ најголемите барања и потреби на граѓаните, на бизнис секторот, на локалната и централната власт. Граѓаните ни се сепак приоритет, и токму затоа, сите насоки кон олеснување на постапката за добивање на услуги во сферата на урбанизмот, од првиот до последниот чекор, се од суштинско значење за нас. Во таа насока и нашиот советник во Советот на Општина Карпош, направи чекор повеќе и издаде брошура каде како првичен водич, „буквар“ за потенцијалните градители, кој што ќе ги упати граѓаните во сите постапки при урбанистичкото планирање.

СОВЕТНИЦИТЕ ОД СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ ЗА:

УРБАНИЗМОТ И ГРАДОТ Брошурата има за цел да ги информира граѓаните за правата кои ги имаат при изработка на урбанистичките планови во кој се третира нивниот имот и јавниот простор. Граѓаните не ги знаат своите права и често пати се манипулирани. За тоа да се спречи се потрудивме јасно и прецизно да им се објасни кои права ги имаат и како може да влијаат при донесување на еден урбанистички план. Во оваа брошура, на многу едноставен и сликовит начин е објаснето како граѓаните да дојдат до саканата информација, кои документи им се потребни, како да го заштитат јавниот простор и зеленилото, како да пополнат анкетен лист итн.. Од брошурава најмногу се радуваат граѓаните и општинските службеници кои веќе нема потреба да објаснуваат што им е потребно на граѓаните, за секое барање поврзано со урбанизмот, значи повеќе време и насмевки за сите. Од друга страна најнесреќни се алчните инвеститори на кои им се крева косата на глава од секое едуцирање и информирање на граѓаните во областа на урбанизмот - знаење кое во иднина ќе може да го спаси јавниот простор, зеленилото и квалитетот на живот во нашата општина и Скопје, изјави Ранко Петровиќ независен советник и еден од авторите на брошурата. Ние како независни советници предложивме до советот да биде донесен правилник и процедура при носење на секој Детален Урбанистички План, во него ќе бидат опфатени следните цели: 1. Кај општинските советници да се промовира личната одговорност, за секој ДУП секој советник да гласа поединечно, се со цел да се спречат сите кои се кријат позади колективната одговорност во советничките партиски групи. 2. Директни информации до граѓаните: правовремено на лична адреса и по писмен пат до граѓаните да бидат испратени информации дека се планира да се изработи нов ДУП во нивната населба, да се достави фотокопија во А3 формат за споредба на новиот и стариот КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

Ранко Петровиќ, независен советник

Детален урбанистички план, задолжително стручно мислење со имиња и фотографии на проектантите како и образложение на градоначалникот за потребата за донесување на тој Детален Урбанистички План. 3. Поголем увид во документацијата до сите советници - ќе се уреди начинот за доставување на комплетна документација на увид до советниците, како и можност за нивно барање на надворешна ревизија на планот. 4. Јавните презентации за секој ДУП да се одржуваат во термин од 18 - 21 часот, кога поголем дел од граѓаните ќе може да присуствуваат и да се запознаат со новите планирани градби во нивното соседство, како и задолжително информирање по писмен пат. 5. 30 дена пред гласањето на ДУП ќе мора стариот и новиот план да биде преставен во општинскиот весник, во прегледни димензии како и да се истакне на видни места во населеното место. Само со добра информираност и едукација на граѓаните може да ја спречиме непотребната изградба на нови превисоки и преголеми стамбени објекти, кој ќе создадат пренаселеност во нашата општина. Карпош е пребогата општина и не е приморана да добива пари од комуналии за непотребни градби. Брошурата е спонзорирана од Швајцарската агенција ЦИРА и е достапна на нашата веб страна www.karpos.gov.mk Со овие и други активности ќе станеме општина блиска до граѓаните, ќе се намали можноста за корупција, ќе го зачуваме зеленилото, просторот за паркинг, ќе ги елиминираме проблемите со пренаселеност и пред се ќе влијаеме на совеста на сите вклучени страни.

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

11


Полова еднаквост ЗА ШТО МЕЧТААТ ЖЕНИТЕ ВО КАРПОШ?

Во 2030 година да имаме жена-премиер или жена-претседател на државата Карпош е проевропска и поевропска општина но „Жените во македонската економија“ беше од речиси сите други општини во градот, но и во спроведено во градовите Струмица, Тетово и државата. Тој бренд успеаја да го одбранат же- во општините Шуто Оризари и Карпош на рените на Карпош. Во едно истражување кое го презентативен примерок од 1.600 испитанички. спроведе невладината организација „Реактор“, Мнозинството жени сметаат дека не си ги познафинансирано од Европската Унија, карпошан- ваат своите права, тие се најзапознаени со праваки изнесоа исклучително храбри и еманципи- та за еднаков пристап до образование и породилрани ставови околу централната тема „Жените но отсуство, а најмалку со правата од половата и економијата, права, традиции и перцепции“. дискриминација. Според добиените сознанија, Еве некои поавангардни „ЖЕНИТЕ КОИ НЕ РАБОТАТ СЕ ИЗОЛИРАНИ ОД ставови: „Жените кои не работат СВЕТОТ“. „ЖЕНИТЕ МОРААТ ДА ИМААТ СВОИ ЛИЧНИ се изолирани од светот“. ПРИМАЊА, А МАЖИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ЧУВААТ ДЕЦАТА „Жените мораат да имаАКО НЕ РАБОТАТ“. ОВА СЕ ДЕЛ ОД РЕЗУЛТАТИТЕ КОИ ат свои лични примања“. Жените сакаат премиер НВО „РЕАКТОР“ ГИ ДОБИ ОД ИСПИТУВАЊАТА НА 400 или претседател од поЖЕНИ ОД ОПШТИНА КАРПОШ. нежниот пол. Испитаните жени повеќе веруваат дека во иднина ќе има македонските граѓани ја прифаќаат традижена-премиер или жена-претседател отколку ционалната улога на жената како домаќинка во дека нивните сопрузи, браќа или татковци, ќе семејството, но само 9,4 отсто од испитаните почнат да им помагаат во домашните обврски. жени се доброволни домаќинки. Приближно вака можат да се сумираат некои „Во однос на вработување на жената е забелегледишта од испитувањето на НВО „Реактор“ на жан многу низок процент, односно помалку од примерок од 400 жени од Општина Карпош, од 30 отсто“ – вели Неда Коруновска од „Реактор“. македонска, албанска и ромска националност, За жените на прво место се семејството и децата. кое покажа, дека и Карпош е општина која ста- Голем процент се согласуваат дека мажите кои рее, меѓудругото, односно има сè помалку млада не работат треба да се грижат за домаќинството популација. и за децата. Две третини од испитаничките се Но, целосно вакво истражување наслове- изјаснија дека домашните обврски им ја скрату12

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


Успешни млади кадри ваат слободата. Повеќе од половина од испитаните жени сметаат дека мажите доминираат во семејството и ги лишуваат од можноста за унапредување и кариера. Она што ќе остане како куриозитет од ваквото испитување е, дека карпошанки иако не можат да го избегнат традиционалниот обрач на навики и обичаи, сепак, на моменти се понапредни и од Европејките. Така, на пример, жените од Карпош се едногласни дека мажите кои не работат, треба да се грижат за децата и за домаќинството (77,9%). Европејките со 48% се согласни дека мажите треба да дадат отказ и

ЗА НЕКОИ ПРАВА КАРПОШАНКИ СЕ ПОЕМАНЦИПИРАНИ И ОД ЖЕНИТЕ ОД ЕВРОПА, А ЗА ДРУГИ, ПАК, СЕ КОНЗЕРВАТИВНИ да се грижат за децата ако заработуваат помалку од жената. Жените имаат силен интерес за градење кариера, иако се свесни дека за иста работа тие се помалку платени од мажите. Со изјаснување на 58,6% од испитаничките дека не се согласуваат за тоа дека жените се помалку заинтересирани за градење кариера, жените од Карпош се многу блиску до жените од ЕУ (64%), додека споредено со другите општини, Општина Карпош има најголемо несогласување, по што следува Општина Струмица. Карпошанки се оптимисти околу зголемувањето на бројот на жени на раководни позиции (79.2%), застапеноста на жените во централната и во локалната власт (72.6%), а 63,2% веруваат дека во 2030 година ќе имаме жена-премиер или женапретседател на државата. Околу сопствените права на пазарот на трудот, нашите сограѓанки најголем песимизам имаат дека нешто ќе се подобри во приватниот сектор, односно повеќе од половината од испитаничките не веруваат во тоа. В.Ц. КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

13-то Ноемвриска награда за младата Сашка

Карпош знае и умее да изнедри и да изгради успешни млади кадри. Една од нив е и Сашка Грујовска, годинешната добитничка на наградата „13-ти Ноември“ за континуиран одличен успех и активно учество во наставните активности и постигнати резултати на меѓународни, републички и регионални натпревари по математика и по физика која традиционално ја доделува градоначалникот на Град Скопје. Своето основно образование го заврши во ОУ „Димо Хаџи Димов“, каде стана и првенка на генерација за периодот 2000-2008 година. Оттогаш и почна нејзиниот подем во образованието. Сашка Грујовска денес е ученичка во трета година во СУГС „Георги Димитров“ – Скопје. Родена на 06 октомври 1993 година во Скопје, веќе на 12 години ја добива својата прва награда – Трето место на Регионален натпревар по математика. Потоа следат - I награда на Меѓународниот натпревар по математика Кенгур (2006); - I награда на Меѓународниот натпревар по математика Кенгур (2007) II награда на Републички натпревар по физика (2008); - III награда на натпревар по математика во IHS (2008); - II награда на Регионален натпревар по физика (2009); - I место на Државниот натпревар по македонски јазик и литература (2010); - I место на Државниот натпревар по социологија за средните училишта (2010); - Пофалница за покажан континуиран одличен успех, примерно поведение и постигнати резултати во воннаставните активности во учебната 2009/2010 година од СУГС „Георги Димитров» и уште многу други награди, дипломи и признанија. Од 2008 година прима стипендија за талентирани ученици од Министерството за образование и наука на Република Македонија. Годинешнава 13-то Ноемвриска награда е само последна во низата успеси. И посакуваме успех во натамошното образование и да го осветли образот на Карпош како иден научник од светски ранг. Е.К.

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

13


Интернационални врски на претставниците од странските заедници во Скопје. Просториите беа свечено отворени во присуство на дипломатскиот кор, предводен од господинот Ерван Фуере, шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје. Срдечно пречекан, тој изјави дека Македонија е позната по неверојатната гостопроимливост кон странците и е многу радосен што Центарот ќе помогне да ја промовира македонската култура, јазик и традиции. Никогаш порано, рече тој, не бил поканет да присуствува на толку многу свадби како овде, танцувајќи оро и уживајќи во вкусната македонска храна. Претседателката на Центарот, Емилија Миладинова - Аврамчева, во своето обраќање, истакна дека од сопствено искуство, живеејќи во странство, главно во Женева, Швајцарија имала прилика да ја почувствува гостопримливоста и

Центарот „Добредојдовте во Македонија“ ги отвори срдечно своите порти СТРАНСКИТЕ ЖИТЕЛИ, ГЛАВНО ДАМИТЕ, ВРАЌАЈЌИ СЕ ВО СКОПЈЕ ПО ЛЕТНИОТ OДМОР, ГИ ДОЧЕКА УБАВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ - ЦЕНТАРОТ „ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО МАКЕДОНИЈА“ ГИ ОТВОРИ СВОИТЕ ПРЕУБАВИ ПРОСТОРИИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ, НА УЛИЦА „АЛЖИРСКА“ Отсега странците што живеат во Скопје или воопшто во Македонија, ќе имаат пријатно катче каде што можат да се соберат и да се дружат, да се запознаат меѓу себе и да уживаат во разновидноста на активностите што ги организира Центарот за своите членови. Првопонудени се изучување на македонски и англиски јазик, часови по јога, водени од Ирина Георгиева (член на IWA), „лекции“ по танцување и готвење. Центарот е лоциран на првиот кат од зградата на Градежниот институт на Македонија, со посебен влез, низ градината од задната страна на зградата. Станува збор за простор од околу 100 квадратни метри, ентериерно организиран во во салонски дел, мала чајна кујна и помала просторија во која би се дружеле помали групи на посетители. Сето ова е подарок од Општина Карпош којашто антиципира интерес за особен и масовен интерес на присуство на амбасади и конзулати во општината. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, со особена чест го поддржа овој вид на давање услуги 14

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

помошта понудени од земјата - домаќин во тек на целиот нејзин престој таму. Враќајќи се во родното Скопје, Емилија добила идеја, овој пат таа да биде иницијатор да понуди еден ваков навидум обичен, но во суштина многу важен сегмент од престојот на странците во Македонија овозможувајќи им да ја доживеат нашата земја како свој втор дом. Ја познавам Емилија како енергична и креативна дама, којашто ги реализира своите идеи во практика многу брзо, ефикасно и со многу шарм. Со нејзината помош, ќе имаме можност да го запознаеме најдоброто од Македонија низ разни активности овозможени од Центарот, како и од бројните кратки и долги патувања низ земјата. Некои од нас, веќе патуваа до Тетово и во уникатната Бекташијанска заедница, во селото Јурук на планината Плачковица, а и пред кусо време во Берово, мислам, најубавата планинска област во Македонија. Дарина Мулендер, од Словачка

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


ИЗЛОЖБА ВО ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ КЛУБ НА ОПШТИНА КАРПОШ

„ДУШАТА НА АНГЕЛОТ“ на Жани Вељановска Жанета Гелевска-Вељановска, добро позната Македонска сликарка, којашто сега живее во Велика Британија, на 9 декември, во Интернационалниот клуб во Општина Карпош одржа самостојна изложба на уметнички слики во организација на Добредојде Macedonian Welcomecentar. Тоа всушност беше речиси истата поставка која претходно ја изложи под името „Душата на Ангелот“, во GX- Галеријата во Лондон. Во своето творештво, Жани е во потрага по надополнување на моментите со кои се соочува, притоа обидувајќи се да го фрагментира животот до нејзините визуелни есенцијали - љубов, радост, црно, бело, светло, темно, баланс на движења, бои и пластични структури. Платната се богати во колоритни и елегантни форми кои Жани ги постигнува со употреба на различни сликарски потези: нанесување на боите со прсти, гребнување со ножеви, чктрнувајќи со четкичките. Секој може да се „пресели“ во Жаниниот лавиринт на сликарски пластови, форми и бои, исткаен од многубројни структури и симболи. Секоја слика зрачи со нејзината енергија којашто емитира љубов, желба и нежност во униикатна, постојано менлива приказна која ја следи душата на Жани. Жани дипломирала на Факултетот за Ликовни уметности во Скопје, Македонија во 1989година. Учествувала на многубројни изложби во родната Македонија, вклучувајќи се и во повеќе уметнички проекти. Нејзините слики се изложени во над 15 држави ширум светот,а дел од нив се и во многу приватни и отворени за јавноста колекции. Во 1999 година, Жани доби покана за сопствена изложба во престижната Blains Уметничка галерија во Мејфер, Лондон, по кој настан, таа

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

набрзо се преселува во Англија, каде што сега работи како слободен уметник со полно работно време. Жани секогаш експериментира и нејзините слики се уникатен спој постигнат преку комбинирање на акрилни бои и необични материјали. Истите тие едноставно станаа карактеристика на нејзината творечка работа. Во разни слики,токму материјалите се оние што ја диктираат формата, давајќи му ги на уметничкото дело дистиктивните квалитети. Сликите на Жани одразуваат моќност но истовремено и спонтаност, освежена со богати варијации на боја и уметнички тон. Главно, нејзината инспирација потекнува од животот на обичните луѓе, секојдневните настани и искуства. Често пати тематска основа на нејзините слики се односот меѓу јавниот и приватниот простор, сеќавањата од минатото и визиите кон иднината. Жани галопирачки станува баран талент во светот на современата уметност и чести се изложбите на нејзините трудови во повеќе галерии во Лондон но и ширум Велика Британија. Нејзините трудови можеа да се видат и во Македонската амбасада во Лондон.

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

15


Бизнис разговори

Чадори и тенди во „зоoлошката“ градина на Ане До канцеларијата на сопственикот, популарниот Ане Лапласт, се стигнува низ егзотичен двор, вистинска мини-зоолошка градина. Во мали трла, кафези и дрвени куќички, егзистираат диви животни, главно, ретки птици и риби. Почесното место го има трлото на преубавата срничка Бамби, милениче на вработените, но и на внуците на газда Ане. За оној што ја слушнал кинеската поговорка дека „луѓето што ги сакаат животните се најблиску до Бога“, тој амбиент е олеснителна околност за деловните партнери на г. Илиевски, но и за оној што,

соработка со партнери од странство, конкретно од Турција, бидејќи не сме сигурни дека еден ден некој ќе одлучи да ја дислоцира оваа инаку многу успешна индустриско-сервисна зона... И така, раскажува г. Илиевски за изработка на скапата урбанистичко планска документација со предлог таа да влезе во Генералниот урбанистички план, но и за тоа дека скоро три години е „заглавена“ некаде во Министерството за транспорт и врски. Признава дека бизнисмените од зоната во Момин Поток имале повеќе средби со ресорниот министер Јанакиески и дека сè уште чекаат нивниот бизнис да биде ослободен од таа крупна аномалија. ВО НАЈСТАРАТА ИНДУСТРИСКА ЗОНА ВО „Лапласт М“ се вработени пеМАКЕДОНИЈА, ВО МОМИН ПОТОК, СЕ НАОЃА И Во десет лица од сите профили не„ЛАПЛАСТ М“, МИНИ-ФАБРИКА ЗА ИЗРАБОТКА опходни за производство на сите типови на наши производи, вели г. НА СРЕДСТВА ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ, ИЛИ Илиевски и додава дека дваесетиПОИНАКУ КАЖАНО ТОКМУ ТАМУ СЕ ПРАВАТ на од нив се сезонски ангажирани. ЧАДОРИ ЗА СОНЦЕ И ТЕНДИ БЕЗ КОИ НЕ Знаете како оди кај нас, чадорите и МОЖАТ ДА СЕ ЗАМИСЛАТ УГОСТИТЕЛСКИТЕ И тендите не се бараат во есен, јас би рекол не навреме, туку јагмата по ТУРИСТИЧКИТЕ ОБЈЕКТИ ВО ЗЕМЈАВА нив започнува со првите горештикако репортерот на „Карпош Урбан“ оди на пред- ни и тогаш работимне со полна пареа... новогодишен муабет со еден успешен бизнисмен. Прашуваме за условите, за конкуренцијата, за Придружуван од своите први соработници, си- давачките кон државата, за плановите и пернот Миле-Мики Илиевски и менаџерот Лазар спективата на фирмата, и од соговорниците доШумантевски, г. Ангеле Илиевски вели дека биваме прецизни одговори. Ангеле вели дека „Лапласт М“ е навистина успешна фирма, но дека има нелојална конкуренција, ситни приватници недостасуваат „мали нешта“ за да се каже тоа без кои работат на парчиња и по многу ниски цени, задршка. но дека „Лапласт М“ нема сериозна конкуренција. – Знаете, пред да се фокусираме на фирмата и – Од 1979 година, кога јас решив да се обидам на нашето работење сакам да потенцирам две со приватен бизнис, до денес, поминувавме низ работи. Прво, дека имаме одлична соработка разни фази, но сите ги минувавме лесно бидејќи со раководството на Општина Карпош и имаме од почеток соработуваваме со две фирми од големо разбирање од градоначалникот Стевчо Словенија. Признавам дека токму од Словенците Јакимовски, и второ, дека нерешениот статус на го учев бизнисот и деловноста и фала му на сопственоста врз земјиштето на кое сме лоци- Господа, работата оди без посериозни потешкорани мошне ни ја отежнува работата и перспек- тии. Навистина, со забраната за рекламирање тивата. Ние, на пример, токму поради тоа не сме на тутунот, останавме без сигурни клиенти, но во состојба да прифатиме примамлива деловна работа има бидејќи „Лапласт М“ е веќе бренд

16

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


а тоа го докажуваме и со работа надвор од на оние што се одржуваат во Италија и Германија земјава. Имаме заокружен процес на производ- и се трудиме да бидеме во тренд со сите елество почнувајќи од идејни решенија до цело- менти во нашата дејност, од дизјанот до бојата и сна реализација на заштита од сонце, без оглед квалитетот на платната за изработка на чадори на тоа дали станува збор за дрвени, метални и тенди. или пластични конструкции на чадори, тенди и – Ако не е така, се надоврзува Лазар настрешници. Шумантевски, не може да се зборува за успешна Она што е исто така важно во нашето работење перспектива на нашата фирма. Јас би повторил со што не може да се пофали нелојалната дека таа перспектива ја мати нерешениот статус конкуренција, секако е задолжителното со земјиштето на кое сме лоцирани. Ние не мосервисирање на сите наши производи. Со пого- жеме да ја реализираме примамливата понуда леми клиенти, со хотелите и другите туристички на партнер од Туција да формираме заедничка и угостителски објекти склучуваме договор за фирма бидејки немаме гаранција дека утре нема сервисирање на чадорите и тендите, така што на да биде наредена дислокација на објектот нужен истите им го продолжуваме векот на траењето а за реализација на заедничкиот проект. амбиентот го освежуваме – Е, кога сме кај платите на секоја сезона. нашите вработени, веднаш Во ваквата констатација да ви го кажам она што и на г. Илиевски се уверивним им го кажувам. Јас со ме подоцна при обиколка платите воопшто не сум зана погоните на „Лапласт доволен. Тие не се ни приМ“. Во шесте погони, ближно колку што би тремајсторски приспособебало да бидат за нормална ни за секоја фаза, од проживејачка. А апсурдот да изводството доминираат биде поголем јас сум тој рачно изработени машини што знае како се доаѓа до и алати за правење калаедна плата. пи за извлекување и обраНе сме специфична ботка на пластика, метал компанија, вели Мики и по и дрво, за носечките елетоа што во неа исти луѓе раАНЕ СО ВНУКОТ ЛУКА менти на чадори, тенди и ботат дваесет и повеќе гонастрешници. дини и тие кон фирмата се – А на прашањето за односот на државата кон однесуваат како кон нешто свое, а тоа се одразуприватниот бизнис може многу да се зборува, се ва на квалитетот на нашите производи. Од таквиразбира во негативна смисла. Еве, ќе ви илустри- от однос произлегува уште една работа. Децата рам со пример од нашето искуство. Имено уште на тие работници се вработуваат во нашата фирво 1997 година ние купивме една, некогаш успеш- ма, што е поголема гаранција дека квалитетот на на фирма – доста соработувавме со нив, се вика производите никогаш нема да биде доведен во „Подоградба“. Ги исполнивме сите услови што прашање. беа побарани од стечајниот управник, односно При крајот на нашата посета на „Лапласт М“ со тендерот, дури ги прифативме и сите вработе- домаќинот г. Ане не запозна со својот најдраг гони од фирмата, но подоцна се соочивме со еден стин, внукот од ќерката, Лука, кој со родителите апсурд. Ни беше речено дека сме купиле само е дојден од Ниш. Откако се фотографираше во ѕидови од градбите а дека земјиштето е во соп- директорската фотелја, Лука со дедо му тргна во ственост на Р. Македонија. Нашата држава малку обиколка на „зоолошката градина“. или воопшто не води сметка за да им ја олесни Онака, од нога, крај кафезот со егзотични птиработата на приватните компании. Например, не- ци, дознаваме дека Ане не е од оние бизнисмени когаш нашиот важен партнер, „Скопска Пивара“, што катадневно се заробени во бркотницата за откако стана сопственост на Грк, почна да уве- профит. зува чадори и тенди кои ја чинат речиси двојно –Јас не се лишам од убавите нешта: ловот, рибопоскапо. ловот, прошетка во природа, особено во Маврово Младиот газда, симпатичниот Мики, инаку за- каде што имаме викендичка или на плацот во должен за „меѓународна“ соработка, вели дека Нерези. Не ги запоставувам ниту своите младешво „Лапласт М“ нема импровизација и дека во че- ки хобија, односно нумизматиката, филателијата, кор се следат светските трендови за урбани по- собирање на предмети од бакар, стари радија, магала за заштита од сонце. запалки, резбарии во дрвото, кое ми е страст, а и – Последниве години сме редовни посетители на сам изработувам предмети од дрво. специјализираните меѓународни саеми, посебно Миле Раденковиќ КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

17


Транспарентност СПОРЕД ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ЦСИД „ФОРУМ“

КАРПОШ-МЕЃУ РЕКОРДЕРИТЕ ЗА ТРАНСПАРЕНТНА ЛОКАЛНА ВЛАСТ

Карпош е една од најтранспарентните општини во скопскиот регион, ако не и најтранспарентна. Оваа констатација не е нескромност туку перцепција на граѓаните на Карпош до која дојде Центарот за стратегиски истражувања и документација ФОРУМ, преку резултатите од теренско истражување во 17 општини од Скопскиот регион и Градот Скопје, во рамки на проектот за транспарентноста на единиците на локалната самоуправа и нивната отчетност пред граѓаните. Главната цел на теренското истражување, како што изјави главниот аналитичар на ФОРУМ Александар Писарев во пригодата кога го елаборираше истражувањето, беше да видиме колкава е транспарентност на локалните самоуправи и колку граѓаните се запознаени со работата на општините во кои живеат, како и тоа дали граѓанските здруженија и асоциации влијаат и дали можат да влијаат во процесот на донесување на одлуките на локално ниво, при што интервјуирани се граѓаните, лидерите и членовите на НВО, здруженија на граѓани, претставници на месни заедници и медиумите. Водена е сметка за родова и етничка застапеност. Прашалникот содржи 10 прашања преку кои се обидовме да ја добиеме реалната слика колку граѓаните се запознаени со работатат на локалната самуправа од сите области на животот и колку граѓаните имаат слободен пристап 18

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

до информациите од јавен карактер. Колкав е тој степен на информираност на граѓаните за функционирање на локалната заедница односно колкаво е нивото на транспарентност и колкава е ефикасност на работатат на локалната самоуправа. Според аналитичарите на Центарот за стратегиски истражувања и документација во соработка со швајцарската фондацијата CIVICA, граѓаните во сите општини беа доста строги во оценување на транспарентност на свите општини така што процечната оценка за транспарентоност на единиците на локалната самоуправа во овој регион изнесува 3. Општините Карпош, Аеродром, Илинден, Ѓорче Петров, Кисела Вода, според перцепција на граѓаните, за својата транспарентност добија просечна оценка 4. Оваа оценка би била секако повисока, велат аналитичарите, кога граѓаните поактивно би учествувале во креирање на буџетот и во одлучување како тој ке се троши. Еве што ги прашуваа нашите сограѓани и како Карпошани ја ценат отчетноста на општината, односно какви оценки и показатели доби Општина Карпош:

Прашалник за граѓаните, медиумите, невладините организации... 1. Која е вашата општа оценка за транспарентноста на вашата општина (од 1 до 5)? -Оценката е 4. 2. Дали општините ви праќаат на домашни адреси периодични извештаи за нивната работа (преку општински весник или друг облик)? -Повеќе од 90 птоценти одговориле со „да“! 3. Дали сте побарале информација од општината (по телефон, писмо, и-мејл или лично во просториите на општината)? -Над 90 проценти –релче „да“. 4. Доколку сте побарале, дали сте добиле одговор од служите на општината?

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


- Повеќе од 90 проценти одговориле дека добиле одговор. 5. Доколку сте барале информација поврзана со општината преку веб страната на општината, дади сте ја добиле? - Повеќе од 90 проценти одговориле дека добиле одговор. 6. Дали знаете колкав е буџетот на вашата општина? -Над 50 проценти одговориле со „да“ или приближно „да“. 7. Дали знаете колку пари се потрошени за некоЈа конкретна активност на вашата општина? -Над 50 проценти одговориле со „да“ или приближно „да“. 8. Дали сте имале можност да разговарате лично со градоначалникот или со висок функционер од општината за прашања поврзани со локалните потреби? -Над 60 проценти одговориле со „да“. 9. Освен граѓаните имаше прашање за НВО. Имаат ли влијание невладините органиозации врз одлукиуте и работата на локалната власт -Единствена општина од сите интервјуирани, Општина Карпош, според одговорите на НВО (10 пороценти) имаат влијание врз одлуките и работата на локалната власт. Вакво влијание не регистрирале ниту една НВО во Скопје и скопскиот регион.

,,Семејна кавга‘‘ Во рамките на проeктот ,,Да му кажеме НЕ на насилството‘‘, на 16.12.2010 г. во 20 часот во Ученичкиот средношколски интернат ,,Здравко Цветковски‘‘ беше изведена едночинката ,,Семејна кавга‘‘ во соработка на Организацијата на жени на град Скопје и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите од општина Карпош. Едночинката е во целосна реализација на ученици од СУГС ,,Никола Карев‘‘ (текст и глума) под менторство на професор Билјана Костова. Во преполната сала со ученици, воспитувачи и гости, по претставата којашто предизвика интерес, се одржа едукативна трибина за семејното насилство. Трибината ја водеа обучени оператори од Националната СОС линија (02/15 700), а учениците заминаа задоволни и со многу повеќе информации за семејното насилство, неговото превенирање, пријавување и законската регулатива. КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

Ваквите оценки Карпош ги доби поради неколку клучни фактори кои влијаат на транспарентност на локалните самоуправи како што е следење на нивните веб страници, следење на медиумите што и колку пишуваат за одредени оштини, дали имаат канцелариии за информирање на граѓаните, дали имаат огласни табли на терен како и каде се тие поставени и многу други елементи кои влијаат на информирање на граѓаните. Она што како позитивен пример го забележаа граѓаните е можност да комуницират и да се информираат за работата на локалната власт преку Веб сајтовите. Меѓутоа, според анализата, на помалку од половина на анкетираните граѓани, за случувањата во локалната самоуправа се информираат преку веб страниците на општините, а посочените општини кои добија релативно висока оценка за својата транспарентност имаат и редовно ги ажурираат веб страниците. Конечно ако ги сумираме резултатите и мислењта на нашите сограѓани, редовното ажурирање на веб страницата на Општината и социјалните мрежи, општинскиот весник и постоењето и работата на канцеларијата за односи со јавност во најголема мера го градат имиџот на транспарентност на локалната власт, за кои, според ова истражување Карпош доби едно од лидерските места во Градот и државата. В.Ц. Проектот за семејно насилство е во состав на Националната стратегија за превенција од насилството, заштита на жртвите и негово елиминирање од сите општестевни слоеви. Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во соработка со Организацијата на жени на град Скопје организираше повеќе успешни трибини и дебати во градинките ,,Орце Николов‘‘ и ,,Пролет‘‘, основните училишта ,,Вера Циривири Трена‘‘, ,,Војдан Чернодрински‘‘ и ,,Јан Амос Коменски‘‘, Еврејската верска заедница и гимназијата ,,Никола Карев‘‘ а претставата ,,Семејна кавга‘‘ предизвика особен интерес кај граѓаните, родителите и учениците. Со цел да се заштити населението и децата од секаков вид насилство, Комисијата и ОЖС ке продолжи со едукација и организирани активности на ова поле во соработка со Министерството за труд и социјална политика како и со УНФП (Популационен фонд на Обединетите нации). Билјана Костова, Претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на општина Карпош

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

19


Разговор со повод ИНТЕРВЈУ: БЕДИЈА БЕГОВСКА, АКТЕРКА

Копнежот по доброто и убавото е вечен

НАШАТА СОГРАЃАНКА БЕДИЈА БЕГОВСКА ВЕЌЕ ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ ГО ПРЕЗЕНТИРА СВОЈОТ МОШНЕ БОГАТ И РАЗНОВИДЕН АКТЕРСКИ ОПУС И СО ПРАВО СЕ ВБРОЈУВА МЕЃУ ЛЕГЕНДИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ГЛУМИШТЕ. СО МНОГУБРОЈНИ ВРВНИ УЛОГИ ВО ТЕАТАРОТ, НА ФИЛМОТ И НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА ТАА ОСТАВИ НИЗА НЕЗАБОРAВНИ КРEАЦИИ И СÈ УШТЕ СО СВОЕТО МАЈСТОРСКО АКТЕРСТВО ГИ УКРАСУВА ТEАТАРСКИТЕ ПРЕТСТАВИ. ДОВОЛЕН ПОВОД ЗА РАЗГОВОР СО ПРВЕНКАТА НА ТЕАТАРСКАТА ИГРА И АВТОР НА НЕКОЛКУ ДЕТСКИ ДРАМИ, ДАМА КОЈА ПЛЕНИ КАКО-ГОД ДА СЕ ГЛЕДА И ЗЕМЕ... Дали сметате дека популарноста што ја уживате последниве месеци како „гласот“ на Џеврие од популарната турска серија „Кога лисјата паѓаат“ доаѓа како заслужена награда за оној што е мајстор во актерската професија, без оглед на тоа што само дублира нечиј глас, да не речам карактер?

– Без лажна скромност ДА, таа популарност е апсолутно заслужена бидејки во неа е вложен исклучителен труд, љубов и талент (овде не мислам само на себе, туку и на сите други што се ангажирани во проектот). Но, не секогаш и не секој труд го добива заслужениот одглас, без оглед на количината на вложената енергија... Зошто? Па затоа што денес е многу важно на каков медиум се презентира производот што го нудите. Ако, на пример, направите прилично впечатлива, респектибилна креација во театарот – тоа може да одекне како грмотевица, но ако истото го презентирате на телевизија – тоа ќе одекне како атомска бомба. Во случајов Џеврие има среќа што игра на телевизија, а воопшто да не зборуваме за тоа како игра (и таа со стасот, а богами и таа со гласот..!)

Што инаку мислите за напливот на турските Тв-серии на нашите и на балканските телевизии. Онур и Шехерезада се, на пример, мегаѕвезди во Хрватска и во Србија? – Многу ми е мило, ем драго, што под носот ми мириса на „пусто турско“ ха, ха, но не ми е ни мило, ни драго, што во врска со турската популација 20

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

постојат многу предрасуди, кои најчесто се неосновани. Овие серии покажуваат дека заемно имаме многу повеќе нешта што не поврзуваат од оние што не делат и, впрочем, ова е убава можност да се запознаеме посуштински... Зарем Џеврие не е сосетката од некое наше маало, која нè вади од памет и нè нервира, ама таква никаква, многу ни е позната и некако како да е наша... Зарем Хајрие, Нехир, Сузан, Зејнеп (иако сите различни) не личат на нашите мајки... А да не го споменувам пустиот Али Риза, таа „грамада“ од човек – толку горд, одговорен и толку топол и наивен – ист како нашите татковци и дедовци. Сите тие се нашите спомени што нè болат... Тие се носталгијата што ја сакаме... Тие се нашата жал (но не за младоста – како во „Коштана“) туку жал за доброто во нас – од кое се срамиме, бидејќи не е „ин“ да си добар... Во ова материјално време, некои луѓе од некаков роман, нè потсетија дека имаме нешто што се вика душа... Онур и Шехерезад се славни и ги засакавме од иста причина: нè потсетија на тоа колку е убаво и возвишено да се љуби вистински... (не оти не знаеме.., ама ете сме подзаборавиле еееехх...)

Важите за доајен и сте легенда на турскиот театар и воопшто, во театарскиот живот во Македонија. Дали се реципрочни севкупната сатисфакција, материјалната и медиумската на споменатите епитети? – Поради состојбите кои во нашата држава се так-

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


ви какви што се, ние уметниците сме помирени со отсуството на некаква сериозна материјална сатисфакција... Што се однесува до медиумите – во нив веќе скоро и да нема место за креативците, за иноваторите, за заслужните... Денес е доволно само да си „ЧЛЕН НА ПАРТИЈА“ и се е можно!!! Единствена сатисфакција за сите наши статусни стандарди се можеби наградите што ги добиваме по разни поводи (од кои јас лично ги имам над десетина и сите се добиени со исклучителен и супериорен актерски дострел! ), велам можеби, затоа што и репутацијата на наградите толку многу опадна што стануваат сомнителни дури и кога ги добива некој што ги заслужува...

Познато ми е дека скоро и да нема актерска награда на бившојугословенските и на македонските простори која не сте ја добиле. Која ќе ја издвоите како интимно, навистина заслужена? – Апсолутно стојам зад секоја своја креација за која сум добила награда – сите се заслужени!.. И не само тоа, се сметам за оштетена за многу недобиени награди... На пример, на еден од нашите престижни фестивали, ми пријде претседателот на жирито и ми се извини што наградата која неспорно ја заслужувам – ќе ја дадат на некој кој требал да оди во пензија!.., Имам и други примери, но тоа веќе не е важно... Можеби е интересно да го кажам моментот кој најдлабоко ми е вре-

жан во сеќавањето – како нешто посебно, поради многу, многу силната конкуренција, а и поради јазичната бариера – воопшто не се надевав дека можам да го добијам Златниот лавров венец кој го доделува Интернационалниот театарски фестивал МЕСС во Сараево... И кога се појавив на сцената да го примам – во салата одекна толку силен аплауз, што ми причини такво задоволство кое не се заборава...

Каква е положбата на Турскиот театар во Р. Македонија и какви се состојбите во театарското битисување во Македонија? – Ова прашање е толку комплексно што заслужува посебен, специјален осврт – се надевам во некоја следна можност.., ако сè уште ви бидам актуелна и интересна...

Од искон до денес, двете нешта во човечкиот живот не се променети: љубовта и пријателството. Каква е „душата“ на двете неминовности во вашиот живот? – Ех, сега се замислив и се натажив... Тие две прекрасни, фундаментални и многу важни неминовности, т.е. љубовта и пријателството, денес се засенети од омразата и непријателството, затоа што со светот владејат практичари и конформисти... За љубовта и за пријателството е потребно многу вложување и многу време – а тие го немаат, треба да се трча по пари... Јас лично по природа сум доста бавен човек и некако тешко ми паѓаат овие модерни трки.., а бидејќи и годините ми се за машала, што да правам, ќе си останам заостаната – со сета љубов и пријателство што си ги носам во душава... Но, ако, барем имам за кого и за што!

Што за вас значи цивилизациската навика и неминовност наречена НОВА ГОДИНА? – Јас мислам дека сите прослави, празници, адети итн. произлегуваат од човековата прастара потреба да се дружи и да сака... Китиме елки, купуваме пакетчиња, правиме баклава... За кого, ако не за тие што ги сакаме!!! Додека сум на темава – на сите им ја честитам новата 2011 година и им посакувам да посакуваат се што е добро и убаво за сите...

За кои работи се каете, а сте ги направиле, во животот и во работата? – Секако дека има такви работи за кои се каам, но не знам како би можела вака јавно да зборувам за нив, бидејќи тука има и незгодни работи... Миле Раденковиќ КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

21


Здравје САКАЛЕ НИЕ ИЛИ НЕ, ХРАНАТА ДОБИЕНА СО ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИКАЦИИ ИЛИ ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНАТА ХРАНА (ГМХ) СТАНУВА ДЕЛ И ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВЈЕ. МНОГУ БИ БИЛ СРЕЌЕН КОГА НЕ БИ МОРАЛЕ ЧОВЕЧКИТЕ ПОТРЕБИ ДА ГИ ЗАДОВОЛУВАМЕ СО ПРОИЗВОДСТВО НА ВАКВА ХРАНА, НО...

ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАНА ХРАНА

ЗА ИЛИ ПРОТИВ? Што е ГМХ?

Зошто се создава ГМХ?

Под ГМХ се подразбира храна која е добиена од организми кои содржат ген кој природно не го содржат во својот геном. Со други зборови, тоа се организми во кои е вметнат ген од некој друг организам. Веројатно се прашувате дали е тоа природно, опасно, па и одржливо? Природно дефинитивно не е, како што не е ни селекцијата по пат на вкрстување. Како опасно досега не се покажало бидејќи 16 години по пуштањето во промет на првиот ГМ-домат со продолжено зреење до денес не се забележани последици по човековото здравје. Но, можеби е прерано за такви заклучоци? Што се однесува до одржливоста, тука треба да се биде категоричен и да се признае дека кај ГМХ нема одржливост. Имено, некои поради отпорот кај потрошувачите се повлечени од употреба, некои други не добиле ниту одобрение поради претпоставени последици, а некои едноставно останале во лабораториите и никогаш не почнале комерцијално да се произведуваат.

22

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

Дали би сакале да консумирате храна која е добиена од земјоделска култура која е неколкупати прскана со пестициди или да јадете производ од култура во која е вметнат ген кој ја прави таа култура отпорна на штетниците? Сакате прскана или генетски модифицирана? Ете, тоа е една од причините за генетска модификација. Понатаму, фармерите мразат плевел зошто им го намалува профитот. Тие имаат опција да го чистат рачно, да го уништуват со примена на хербициди (пестициди против плевели) или да произведуваат култура која ќе биде отпорна на примената на хербицидите. Друга причина за модификација е подобрување на квалитетот на производот, односно стекнување на својство со кое се подобрува вкусот, се губат семките, се зголемува количеството на корисните супстанции во храната итн. Некои модификации се прават заради продолжување на процесот на зреење и со тоа и на рокот за дистрибуција и продажба, а некои култури едноставно се модифицираат за да можат да се одгледуваат во екстремно сушни или студени климатски услови. Досега се направени обиди за генетска модификација на 57 земјоделски култури, а комерцијално се произведуваат само 10-ина.

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


Дали е човештвото заштитено од последици од ГМХ? Со оглед на процедурите за одобрување на ГМХ можеме да бидеме спокојни. Имено, од моментот на модификација до комерцијализација, во просек минуваат 7 години. Во тој период треба да се проверат сите претпоставки за влијанието врз животните, човекот и животната средина, па дури потоа да се пушти во промет. Тоа значи дека секој ГМ-организам кој се користи во производство на храна треба да биде спореден со неговиот претходник, треба да се проверат ефектите врз експериментални животни, да се провери влијанието врз животната средина, да се утврдат процедури за негово обележување и методи за анализа. Дури тогаш тој ГМО може да се пушти во промет.

Колку се произведува ГМХ? Во моментот под ГМ-земјоделски култури се наоѓаат 136 милиони хектари низ светот. Убедливо најголем производител на ГМ-храна е САД, па далеку зад нив се Аргентина, Кина, Индија, Австралија и Канада. Во последните години на симболична површина ГМХ произведуваат и земјите-членки на ЕУ: Португалија, Шпанија, Романија, Чешка, Словачка и Холандија. Тричетвртини од светското производство на соја отпаѓа на ГМ-соја, половина од памукот и четвртина од пченката. Освен овие култури, во ЕУ е одобрена употребата и на шеќерна и на маслодајна репка, компир, канола дури и син каранфил.

Каков е односот кон ГМХ? Европската Унија има строги правила за одобрување и обележување на ГМ-храна чиј процент не смее да надмине 0,9% ако не се обележува. Наспроти ова, во САД е скоро либерализиран прометот со ГМХ и нема регулативи за нејзино обележување. Ова може и да се очекува ако се има предвид обртот на капиталот на компаниите кои ги создаваат и ги произведуваат семињата за ГМХ, а кои се изразуваат во милијарди долари.

Каква е состојбата со ГМХ во Македонија? Во Република Македонија не се произведува ГМХ, ама затоа постои овластена институција за контрола на ГМХ. Тоа е лабораторијата за ГМО при катедрата за биохемија и генетско инженерство на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, чиј раководител е авторот на овој текст. проф. д-р Зоран Т. Поповски КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

23


34 години Општина Карпош

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ Со пригодни говори,признанија, видео спотови и детска химна за Карпош, на Свечена академија,во Кинотеката на Македонија беше одбележан Денот на Општината Карпош 3-Ноември. На свечената академија, со роденденски честитки и желби за натамошен просперитет на Карпош се обратија гостите од збратимените општини Нов Белград, Ненад Миленковиќ, претседател на Општината и Илија Јановиќ, потпретседател на Општина Тиват. Заблагодарувајќи се на честитките, во пригодното обраќање, Градоначалникот на Општина Карпош, направи ретроспектива за тоа што се е сторено од минатиот роденден до овој роденден. -Задоволство е, рече тој, зад себе да оставиш 200 готови инфраструктурни проекти, илјадници километри изградени улици, водоводи, атмосферски и фекални канализации. Ние, со граѓаните на Карпош направивме детант:Тие да ги поддржат нашите ветувања, а ние ветеното да го претвориме во сторено. Така и бидна. Граѓаните бараат од нас –ние остваруваме. Ветено –сторено. Тој

натаму ги истакна сите моменти по кои Карпош е единствена општина во градот и во државата. По доделените стипендии за талентирани ученици, финансиската поддршка на успешни спортисти и спортски клубови, по школите за глума, фолклор и цртан и анимиран филм, по училишната спортска лига и по многу други нешта. Сетоа тоа рече, Јакимовски е остварено со поддршката на Советот на Општината и сите советници, без исклучок.“За иднината на Карпош тој најави дека таа ќе биде и натаму хумана, урбана општина, општина во која ќе се соборуваат рекорди.Градоначалникот на Карпош на годинашните лауреати, заслужни граѓани на Општина Карпош Атина Бојаџи, Нико Нестор и Венко Андоновски, им врачи плакети.Потоа децата најдобри вокали од сите основните училишта од Општината кои компонираа детската Химна за Карпош ја интонираа пред присутните гости.На крајот на свечената академија, за гостите беше отворена изложба од Меѓународниот симпозиум на акварелисти Kарпош 2010 година.

Доделени награди за најдобрите

Во рамките на програмските активности по повод одбележувањето на денот на Општина Карпош 3-ти Ноември беа организирани турнири во кантер страјк, дота, пинг-понг, табла и шах.Во кантер страјк, првото место и припадна на екипата “МY SKILL”, а со второ место се закити екипата „BUGS“. Во турнирот дота, прво место и припадна на екипата на ГЦ од Скопје, второ место екипата C.P.H.C.Првото место во турнир во табла му припадна на Љупчо Симевски, второ место Тале Тодоров, а трето Зоран Бундалевски. Најуспешни во категоријата сениори во турниор во пинг-понг беа Прво место - Диме Тасковски, Второ место- Магдалена Тасковска, Трето место – Мирослав Симиќ. 24

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


КАРПОШ ДАРУВАШЕ РЕКОРДНИ

570 ЕДИНИЦИ КРВ

На 28 октомври, во крводарителната акција на Општина Карпош, за само еден ден се дарувани рекордни 570 единици крв. Според медицинските тимови од Заводот за трансфузиологија најмногу радува фактот што е постигнат еден друг рекорд односно што на оваа акција регистрирани се 146 првократни дарители. Инаку Акцијата се спроведе на три пункта на територијата на Општина Карпош и тоа: Пункт 1 – Простории на Урбана Заедница Карпош 1; Пункт 2 – Општина Карпош – Голема Сала (барака бр.5); Пункт 3 – Нова општинска зграда (Поранешнo ОУ„Братство“).Важно е да се напомене дека Г-дин Добривое Матиќ даруваше крв по 120 пат и Г-ѓа Верка Смиљковиќ е првата жена пензионер која дарувала крв.

ГИ СНЕМА „ЛОШИТЕ ГРАФИТИ“

ЦВЕТНО ДЕФИЛЕ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА КАРПОШ Околу 1500 учениците од трето и четврто одделение од десетте основни училишта од Општината Карпош на 29 октомври, со цветно дефиле го разубавија најцветниот булеварот „Партизански Одреди“.Со песни за Среќен Роденден, пароли и весели костими, децата покажаа дека Општината може да се гордее со својте идни генерации. Поаѓајќи од ул.„Бледски договор“ до ул.„Љубљанска“ во славеничка атмосфера тие го збогатија чествувањето на 34 годишнината од формирањето на Општината Карпош.Со ова дефиле се направи и промоција на новодекорираните жардињери кои ги разубавуваат пешачите патеки долж булеварот.

Големо чистење на Средно Водно

Во рамките на програмските активности по повод одбележувањето на денот на Општина Карпош 3-ти Ноември,во недела (31 ноември 2010) се одржа големото чистење на Средно Водно. Покрај околу 300 присутни граѓани, свој придонес кон оваа акција дадоа и градоначалникот на Општината, Специјалниот претставник на ЕУ и Шефот на Делегацијата на Европска комисија во Република Македонија г-дин Ерван Фуере, како и високи претставници на УСАИД во Македонија. За 2 часа собрание беа над 100 вреќи смет и фрлени На, 29. октомври минатата година, од 09:00 часот отпадоци. По акцијата на чистење беше организидо 13:00 часот, на повеќе локации низ Општина ра пикник на отворено за учесниците во акцијата. Карпош, беше спроведена акција за бришење графити со несоодветна сорджина. Избришани беа графити со лоша содржина од двете страни на бул.„Партизански Одреди“, на територија на урбаните заедници Карпош 1, Карпош 2 и Владо Тасевски, како и во делот на урбаната заедница „Карпош 4“- поточно кај Трговскиот Центар „Антико“.Младите кои беа вклучени во оваа акција ги посети Градоначалникот Јакимовски, кој посакувајќи им успешна работа, вети дека вакви акции ќе се случуваат почесто. КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

25


Анкета Кирил Биџоски, бизнисмен

Убаво и малку зачинето со кал Ви благодарам што и на овој начин, во вашата новогодишна анкета на граѓаните, за работата на локалната самоуправа на нашата општина ми давате можност да го изнесам своето мислење. Ќе почнам од она што не е убаво и со што сме засегнати ние жителите од улицата Кленовец. Имено, калта што ја создаваат градежните машини, ангажирани за изградба на приватни згради е веќе неподнослива и сметаме дека надлежните во Општината треба да преземат мерки за урбано средување и на нашето „маало“. Чинам дека инвеститорите не се придржуваат кон законските обврски при градење нови згради, бидејќи се опседнати само со профит и не водат сметка за Злата Карова, агент за недвижнини

Скриен пешачки премин Верувам дека нема жител во нашата Општина, се разбира доколку е реален и добронамерен, кој не го дели моето мислење околу оценката за работата на локалната самоуправа. Лично мислам дека локалната самоуправа треба да се практикува токму каква што е на дело во Општината Карпош, односно работата да биде од полза на граѓаните. Летоска, Петар Петренко, графички дизајнер и фотограф

Најградска општина во државата Ме прашувате како ја оценувам работата на локалната власт. Јас не сум многу упатен во политиката, па и оваа на локално ниво, но она што се гледа а не опкружува, веројатно има суштинска врска со власта. Ако е тоа така, веднаш да кажам дека Општина Карпош е најградската општина во државата. Јас живеам во Козле, на мошне прометната улица „Јуриј Гагарин“, а работните простори ми се во ТЦ „Алуминка“, така што имам увид во јавните активности на локалната самоуправа, а тие се – да не ги урочам – за секоја пофалба. Нашата општина е навистина најуредена, но чистотата не е на нивото кое се подразбира во една градска урбана средина, бидејќи општината не е само булеварот Партизански одреди кој најчесто 26

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

неопходната инфраструктура околу секој станбен објект. Се разбира, сакаме да имаме животен простор каков што го имаат жителите на другите населби во Општината, кои навистина се уредени според европските стандарди. Сите пофалби до локалната самоуправа и до градоначалникот за градежните зафати, асфалтирањето на улиците, поплочување на тротоарите и хортикултурното уредување на зелените површини, особено долж булеварот Партизански одреди. Користам можност на општинарите и на градоначалникот Јакимовски да им ја честитам Новата 2011 година и да им посакам здравје и среќа и да им порачам да продолжат со разубавување на нашата општина. кога на гости ми дојдоа роднини од соседна Србија, бев мошне горда од нивните коментари за изгледот на нашата Општина, за улиците, патеките и паркиралиштата помеѓу зградите, а особено за изгледот на кејот на Вардар. Но, ќе кажам и дека има доста работи кои треба да се доведат во ред. Мене и на моите соседи ни пречи и не нервира пешачкиот премин на кривината кај Порта Влае, кој воопшто не е прегледен за возачите кои доаѓаат од правец на Ѓорче Петров и на кој премиувањето е ризично, особено за повозрасните, но и за дечињата. Навидум ситница, но малите работи нештата ги чинат добри или лоши, зарем не? Користам можност на сограѓаните и на раководството на нашата Општина да им ја честитам Новата 2011 година. се зема за пример кога се зборува за општата хигиена. Лично ми пречат несин хронизир ани те семафори и слабото улично осветлување во некои делови на Општината. Мојата суштинска забелешка се однесува на културните програмски активности. Тие се навистина ретки, или за некои нема поцелосно информирање, па и не знаеме кога и каде се одржуваат. Имам впечаток дека „културата се практикува во летниот период и тоа, главно, на кејот и низ фолклорот“. Сметам дека културните активности би требало да ги следат градежните зафати, односно да има настани и во другите периоди од годината, а не само во летниот период. М.Р.П.

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


Активности

Мини-базар на уникатни рачни ракотворби „Вешта рака“

Во прекрасната атмосфера на ресторанот „Имес“ беа поставени штандови каде што 17 учесници пред многубројните присутни ги претставија своите уникатни рачни творби и цвеќе со цветни аранжмани. За прв пат оваа година, овој мини-базар ја покажа умешноста на креативните луѓе од Општина Карпош и затоа оваа манифестација беше од изложбен, продажен и натпреварувачки карактер. Градоначалникот Стевчо Јакимовски посетувајќи го овој мини-базар ја истакна важноста од еден ваков вид дружење и вети

дека ваквите манифестации ќе прераснат во традиција. Награди за ракотворби добија следниве натпреварувачи: прва награда – Јасмина Дракул, втора награда – Живка Сталеска и трета награда – Лиме Жарноски. За цвеќе и цветни аранжмани првата награда ја доби „Јасмин-Пром“, втората награда и припадна на „Примавера“ и третата награда на „Ана Марија“. Пет награди во повеќе категории добија: Роса Маневска, „Мали нешта“, Томе Филипов, Клубот на жени од Ѓорче Петров и Пепица Љатковска.

Твининг-проект „ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ЦЕНТРАЛНО И НА ЛОКАЛНО НИВО ВО УПРАВУВАЊЕТО СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ОБЛАСТА НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ“

Во посета на Општина Карпош беа италијанскиот експерт Иво Алегрини за управување со квалитет на воздух и Министерството за животна средина и просторно планирање. Целта на овој проект е подобрување на управувањето со квалитетот на воздух во земјата. Проектните задачи се однесуваат на понатамошно КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

транспортирање на подзаконски акти од областа на воздухот со ЕУ-легислативата, зајакнување на капацитетите за моделирање и симулација на квалитетот на воздухот, подготовка на програми за заштита на воздухот на локално ниво, развој на националниот информациски систем за воздух и подигнување на јавната свест. За да се обезбеди поуспешна имплементација на проектот се избрани и пилот-општините: Гостивар, Берово, Карпош, Кавадарци, Битола, Аеродром и Град Скопје. Твининг-партнери во проектот се Финскиот метеоролошки институт, австриската Агенција за животна средина, италијанското Министерство за животна средина, копно и море, како и Министерството за животна средина и просторно планирање. Проектот е со времетраење од 24 месеци и е финансиран од ИПА-програмата за 2008 година. Г.М.

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

27


Хуманитарно катче

Поддршка на ранливите групи граѓани на Општина Карпош Една од најсилните страни на општина Карпош е хуманитарната грижа за своите сограѓани. Грижата за децата, за старите лица, за болните, за социјално загрозените е наша континуирана обврска и активност. Нашето Одделениа за детска и социјална заштита релизираше неколку проекти меѓу кои може да се истакнат отворањетро на два пензионерски клубови во Козле и во Влае, а како поддршка плус за старите лица, беше и посетата на Старскиот дом ,,Мајка Тереза,, во Злокуќани каде беа донирани 90 пакети и 40 килограми овошје. За најмладите, и воопшто за унапредување на здравјето на населението, отворена е стоматолошка ординација во ЈУОДГ ,,Распеана Младост,,. Во делот на поддршката на лица со хендикеп направено е истражување за утврдување на број на лица со хендикеп меѓу ученичката популација. Невладините организации кои работат на подобрување на состојбата кај хендикепирани ги помагаме во континуитет, исто како и лицата со хендикеп, од поставување пристапни рампи, до парична помош на две лица по повод Денот на инвалидност и сл. За унапредување на здравјето на ромска популација организирани се едукативни средби во Злокуќани во партнерство со Комисијата за еднакви можности. Како Општина учствувавме и во изготвување на стратегија за борба против злоупотреба на дроги и други психотропни супстанци на Град Скопје. Сепак најголем оддек меѓу граѓаните имаа хуманитарните акции по повод роденденот на Општината (на 25 и 26 октомври) и (25 и 26 декември) Новогодишните празници каде карпошани даруваа производи за своите сиромашни сограѓани. Во двете акции беа спакувани над 250 пакети, а само бизнис секторот даруваше над 130 пакети за социјално загрозените семејства.Освен тоа, Општината, со одлука на Советот на 60 социјално најзагрозени семејства финансиска помош од по 6.000 денари пред новогодишните и божиќните празници. 28

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

Општина Карпош му подаде рака на Краљево На предлог на советникот Давор Грче од Демократската партија на Србите во Македонија, Советот на Општина Карпош, на својата 28 седница донесе одлука за финансиска помош во износ од 600.000 денари.,наменета за настраданите од земјотресот во Краљево, Република Србија.

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


Хуманоста на дело Во неколку наврати, Општина Карпош заедно со граѓаните донираше средства и пакети со храна за социјално загрозените семејства, со цел да им се помогне во секојдневното живеење. Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, Општина Карпош годинава одлучи да одвои средства од буџетот и да организира уште една хуманитарна акција за најзагрозените семејства. Поради тоа, се обративме до бизнис секторот да се вклучи во оваа голема акција, и на начин да донираат средства купувајќи пакети за овие лица. Се собраа вкупно 152 пакета што помогнаа и овие граѓани безгрижно и со полна трпеза да ја дочекаат Новата Година. Затоа од името на Општина Карпош и граѓаните на кои им беше потребна оваа помош, упатуваме голема благодарност до: • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • •

Специјална болница за хируршки болести Филип 2 Аутомобиле СК Енергомонтажа Агро селца Баџак инженеринг Ресторан “Балканика” Лапласт М Транс мет Металелектрик Горење Макотерм Југотехника Инвето Аполо инженеринг Анизор Елса инженеринг Инком инженеринг Мастеф Фурна Специјал Свем инженеринг Старо Буре ДВД 5 Вива ЦИБ Ана Кристи Ами кафе Реплек Фарм АД Скопје Маврово инженеринг

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

Подароци за Сања На Светскиот ден на лицата со посебни потреби, делегација на Општина Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски го посети семејството Балиќ, односно симпатичната Сања и ги врачи подароците на кои таа искрено им се израдува. На статичниот велосипед, кој многу ќе и користи во одржување на мускулатурата, Сања не обрнуваше многу внимание, но од вториот подарок – телевизор, беше восхитена и го праша градоначалникот од каде знаел дека нивниот телевизор не работи. Сања боледува од церебрална парализа, но сите присутни ги изненади со одата што во знак на благодарност, во еден здив му ја искажа на градоначалникот. Подоцна, во текот на неврзаниот разговор можевме да се увериме во елоквентноста на Сања, која одговарајќи на новинарските прашања, благодарноста до градоначалникот Јакимовски ја искажа поинаку

потенцирајќи го следново: „Навистина, лично сум му благодарана на градоначалникот за подароциве, но уште повеќе за она што го направи за сите граѓани, па и за нас со посебни потреби. Јас, сега, без проблеми и многу полесно можам да се движам низ улиците, да стасам до кејот на Вардар на прошетка. Сега има убави тротоари, улиците се добро осветлени, па човек може слободно и непречено да се движи“. Сања на градоначалникот му раскажа дека времето го поминува во читање и гледање телевизија, а на новинарите им откри дека има желба да биде радиоводителка и да учествува во естрадните случувања. На разделбата со семејството Балиќ, градоначалникот Јакимовси на Сања и вети дека многу скоро ќе ја изненади со нов подарок – трицикл, специјална количка со чија помош на Сања ќе и бидат олеснети прошетките низ нејзината убава населба Карпош 3. М.Р.

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

29


Успешни, а наши

Форца - спорт, рекреација и релаксација

На традиционалната манифестација „Претприемач на годината“ што деновиве беше одржана во „Александар палас„ меѓу најуспешните беше прогласен и генералниот менаџер на „Форца„ Бојан Пановски. Убав повод за средба и раговор со раководител на еден од најмодерните спортско рекреативни центри во државата. - Навистина, имаме убав повод за разговор и преставување на „Форца„ бидејќи да се биде успешен во овие времиња и тоа во сферата на

воглавном млади луѓе со кои создаде спортска институција или како што самиот вели- бренд во рекреативниот, едукативниот и натпреварувачкиот спорт. -Главни дејности на спортскиот центар „Форца„ се организирање на спортски настани и едукација и социјализација на најмладите генерации преку рекреативниот и натпреварувачкиот спорт, вели Пановски и додава: „Форца„ организира најразлични турнири во фудбал, карате, одбојка, пинг-понг, кошарка, бадОД 2004 ГОДИНА ФОРЦА СЕ ГРАДИ КАКО БРЕНД минтон, тенис, хокеј во сала и, почнувајќи од КОЈ ГО ПРОМОВИРА СПОРТОТ КАКО ЖИВОТЕН 2007,три години по ред СТИЛ, А СО ПРЕКУ 300.000 ПОСЕТИ ГОДИШНО ние сме организатори СТАНА ПРЕПОЗНАТЛИВО ИМЕ ВО РЕКРЕАТИВНИОТ, на најголемиот спортски бизнис турнир ”Месец на ЕДУКАТИВНИОТ И НАТПРЕВАРУВАЧКИОТ СПОРТ. спортот”, во кој учествуДЕНОВИВЕ ФОРЦА БЕШЕ ПРОГЛАСЕНА ЗА ЕДНА ОД ваат над 40 компании,со НАЈУСПЕШНИТЕ МАЛИ КОМПАНИ ВО ДРЖАВАТА над 600 учесници кои услужните дејности е навистина успех, вели на- се натпреваруваат во 7 спортови во преку 250 шиот соговорник. натпревари. Бојан Пановски, кој на пошироката јавноста и - Се разбира, тоа го реализираме во супер модерен епознат како еден од најуспешните скијачи во спортски центар кој располага со следните спортМакедонија, денес е веќе и официјално во елитата ски објекти: спортска сала, фудбалско игралиште, на млади менаџери во државата. Овој дипломиран тениски терени, одбојкарско игралиште со песок, економист е татко на две прекрасни деца и цело- детска игротека. Доволно е да се спомне дека сно е посветен на работата на спортскиот центар секоја година во Спортскиот Центар „Форца„ пре„Форца„ кој инаку е проект на четворица млади ку спортот се едуцираат и се социјализираат над визионери, негови добри пријатели. За себе вели 900 деца во едукативната тениска школа, фудбалдека дека од врсниците се разликува, можеби по ска школа и во најголемата одбојкарска школа за животната девиза, дека има време за се и дека се девојчиња од кои пак се регрутираат идни натпреможе да се постигне ако се сака. варувачи во трикратниот шампион на Македонија, Тој е на чело на тимот од триесетина вработени, женскиот одбојкарски тим ОК ФОРЦА ВОЛЕЈ. 30

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


Негувачи на традицијата АКАДЕМИЈА ЗА ОДБОЈКА ФОРЦА е одбојкарска школа која функционира како дел од Форца Волеј клубот каде што тренираат девојчиња на возраст од 7 до 14 години. Тренери во школата се Емилија Терзиевска и Горан Славков, успешни одбојкари и сегашни тренери кои работат со млади категории и со сениорскиот тим на ОК Форца Волеј. Со задоволство можам да истакнам дека за развојот на оваа школа имаме годишна финансиска подршка од општина Карпош. Во склоп на центарот се наоѓа и кафе барот , простор каде што не само спортистите туку гости од секоја возраст можат да се релаксираат и освежат со свежо цедени овошја ,да го испијат утринското кафе , да го направат мини состанокот или пак да поминат убаво време во текот на целиот ден покрај прекрасниот камин во зимскиот период или преубават летна тераса со огромен број на зеленило со преку 150 садници посаден токму од Спортскиот центар и од Општина Карпош Го прашуваме Пановски има ли простор за напредување, односно за визите во понатамошно работење на СП „Форца„? - Се разбира. Како досега, така и во иднина целта на спортскиот центар е развивање на иновативни и едукативни идеи и имплементирање на истите во работењето и развој на компанијата. Досега, како што напоменав направени се спортски игралишта зао тенис,спортска сала,одбојкарско игралиште на песок, фудбалско игралиште. Во иднина ценатрот има најразлични идеи во кој насоки кесе шири.Ке напоменам неколку: базен, фитнес ,аеробик и пилатес сала,спа центар..., Морам да напоменам дека за развојот на компанијата голема заслуга има општината Карпош која несебично, секогаш ни помага да ги надминеме сите препреки од аспект на потребни документи за развојот, заеднички организираме спортски настани во разлишни спортови. По повод годишнината на општина Карпош токму во спортската сала во спортскиот центар. оваа година се организираше и голем концерт со Бајага и Влатко Стефановски, заклучува нашиот соговорник Бојан Пановски. М.Р. КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

ЕЛЕГИЧЕН МАКЕДОНСКИ БЛУЗ

Монистра блесна со четири ѕвездички Убава новогодишна вест пристигна од Загреб, поточно од адресата на webпорталот Музика.хр, каде беше рецензиран деби-албумот на македонскиот етно-состав Монистра. Со наслов Елегичен македонски блуз, авторот на рецензијата Зоран Тучкар на сите страни ја фали македонската музика... „Кога Господ го создавал светот, прво ги создал црнците и Македонците, за да останатите ја научат нивната музика... “ - вели авторот, напоменувајќи дека Монистра доаѓаат од иста земја со Леб и сол, но, нивниот музички израз е малку поинаков. „Ритмовите постојат, но повеќе од нив доминира општиот впечаток, кој во поголема мерка ја дочарува калта на македонските планини, отколку на општонародна веселба со тавче-гравче, шкембе-чорба или македонските вина. Со овој албум љубителите на жалопојки ќе дојдат на своето, а останатите би можеле да бидат пријатно изненадени од силината на старите песни, кои со минималното одземање на својата автентичност - звучат многу современо“ - стои во рецензијата... Преземено од www.mmm.com.mk КАРШИ АКА

Негувач на албанската изворна музика

Во нашата општина делува еден од најпознатите фолклорни ансамбли кој ја негува албанската музика, култура и традиција. Станува збор за Карши Ака, фолклорен ансамбл од населбата Нерези кој постои од 1992 година, а во него членуваат околу 110 играорци и 30 членови на оркестарот кои негуваат изворна народна музика на Албанците. Тие годинава се накитија со многу награди и признанија, како она во мај во градот Валона, соседна Албанија, каде меѓу десет европски ансамбли го освоија Првото место. Прво место освоија и на Косово, а на фестивалот во Бурса, Турција виското Второ место. На 24 декември тие одржуваа концерт во Сарај по повод успешната 2010 година со благодарност до родителите на сите играорци.На 18 декември заедно со АЛ Хилалхуманитарната организација Карши Ака учествуваа на делењето ашуре во старата Турска Чаршија по повод Новогодишните празници каде исто така се одигра едно оро. Инаку и на 17 ноември нашето фолклорно друштво, по повод втор ден Курбан Бајрам делеше баклава заедно со музика, оро и песна.

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

31


Училишни спортски игри 2010/11

Во Спортската сала „Форца“, на 27 октомври градоначалникот на Општината Карпош Стевчо Јакимовски, во присуство на голем број фанови на спортските игри, ученици, директори на основните училишта од Карпош, граѓани и членови на Советот на Општината, ги прогласи за отворени десеттите Училишни спортски игри. Оваа година спортските игри се во состав на 34 - роденденска прослава на Општината и се на-

девам дека и оваа година ќе победи најдобриот, а овие спортски игри ќе станат синоним на фер плеј игра и другарство меѓу младите натпреварувачи –изјави пред присутните градоначалникот Јакимовски. На спортските игри учествуваа 324 ученици во три спортски дисциплини и тоа во кошарка,фудбал и одбојка. Во продолжение се дадени пласманите на училишните екипи по одиграниот есенски дел.

Табела КОШАРКА

Табела ФУДБАЛ

Табела ОДБОЈКА

32

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


Писма НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ ВО КОШАРКАРСКАТА ЛИГА

Борците пеат, поканете ги

1. Јосифовски 98 коша (ОУ „Војдан Чернодрински“) 2. Поповски 78 коша (ОУ „Војдан Чернодрински“) 3. Димитров 64 коша (ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“) 4. Бакоч 36 коша (ОУ „Владо Тасевски“) 5. Ѓоргиев 34 коша (ОУ „Владо Тасевски“)

Хорскомузичкиот ансамбл „Борец“ постои веќе 67 години и ја продолжува славната традиција на партизанските хорови кои се формирани во текот на 1943 година во склоп на партизанските единици кои војувале на планините: Кожуф, Фуштани (Грција),

НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ ВО ФУДБАЛСКАТА ЛИГА 1. Петковски 19 гола (ОУ „Петар Поп Арсов“) 2. Ѓорчевски 10 гола (ОУ „Владо Тасевски“) 3. Бошевски 9 гола (ОУ „Петар Поп Арсов“) 4. Домазетов 7 гола (ОУ „Лазо Трповски“) Кудијан 7 гола (ОУ „Јан Амос Коменски“) Стефановски 7 гола (ОУ „Димо Хаџи Димов“) Нуредини 7 гола (ОУ „Братство“) Николовски 7 гола (ОУ „Петар Поп Арсов“) Ристовски 7 гола (ОУ „Војдан Чернодрински“) Стојков 7 гола (ОУ „Војдан Чернодрински“) 5. Тасев 5 гола (ОУ „Лазо Трповски“) Столевски 5 гола (ОУ „Вера Циривири Трена“)

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

ЉУПЧО КУЗМАНОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ ТЕЛ.02-5208-017, МОБ. 077-040-751 Козјак, Пелистер, Кајмакчелан, Караорман, Луково. Во1972 година од страна на Градскиот одбор на борците е формиран хорот „Борец“ со седиште во Инвалидски дом. Тогаш е набавен и клавирот, а хорот бил составен главно од преживеаните учесници во НОБ . За претседател е избран Бранко Ичокаев, кој на таа функција бил до 1 демември 2008 година. Co хорот диригирале и композиторите: Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Глигор Смокварски, Кирил Спировски, Живко Фирфов, а денес таа должност ја извршува Благица Душкова, а корепетитор е универзитетскиот професор Јасмина Чакар. Хорот работеше и твореше во Инвалидски дом 38 години, меѓутоа од 1 јануари 2009 година истите простории се дадени за користење на партијата на Љубе Бошкоски. Хорот сега привремено вежба во Домот на градежниците. Раководството на „Борец“ до Главниот одбор на борците на Р. Македонија има упатено барање со цел да им се овозможи да ги реализираат своите активности на старото место, односно во Инвалидскиот дом. Инаку, денес хорот е составен од 30 хористи од различна возраст, а настапуваат на прослави и манифестации во градот и надвор од него. Сите членови на хорот се волонтери, аматери и изведуваат претежно револуционерни и патриотски песни. Од 2 декември 2009 година, хорот е запишан во Централниот регистар на Република Македонија и го застапува одбор од 5 члена: претседател Љупчо Кузмановски, потпретседател Коста Георгиевски, секретар Симон Филиповски, и членови: Тома Фета и Благоја Спасовски. Благодарејќи и на редакцијата на „Карпош Урбан“ ја користиме оваа можност и ја информираме пошироката заедница дека хорот „Борец“ со задоволство ќе ја прифати секоја покана за учество на значајни културни и други манифестации.

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

33


IN MEMORIAM Драга Атина, Се прашувам има ли зборови доволно големи, широки, сеопфатни, зборови над зборовите, со кои би можеле на најдостоинствен начин да ти се заблагодариме за честа што ја имавме да живееме покрај тебе, со тебе и да бидеме твои современици. Да бидеме современици со тебе почитувана Ате, која беше симбол за борбеност, храброст, но над сè, симбол на достоинство. Не признаваше порази, беше бестрашна. Не те уплашија смртоносните микроби во Нил, ниту ајкулите кај Наполи. Како торпедо ги косеше ладните води на Ла Манш. Ги доби сите битки. Не загуби ниту една. Се вивна во орбитата на славните. Се гледавме често, не пленеше твоето достоинство и твојата скромност. Материјалното не ти беше битно. Иако се обидувавме покрај вниманието да ти дадеме и материјална поддршка, ти секогаш нè одбиваше и се чудевме од каде ја црпиш ведрината и велевме: тој дух, таа ведрина? Веројатно таа сила произлегува од битките, од победите, од вербата во себе. Не напушти сосема ненадејно, за само неколку часа откако ни укажа чест на последните манифестации во општината. Среќни сме што последниот ден бевме со тебе. Затоа што пред сè, беше наша. Наша гордост, наш бренд. Само пред два месеца те прогласивме за заслужен граѓанин на нашата општина, затоа што ти вистински беше тоа. Многу заслужи и многу не задолжи. Ние бевме горди на тебе, што те имаме, што си наш жител, а ти за тоа не ја криеше својата благодарност. Постојано ни велеше: „Дајте сега јас да сторам нешто за Вас, Вие многу направивте за мене, дури повеќе од мојот роден град, никој толку не ме удостоил“. Беше искрена и скромна. Не знаеше дека всушност ти нас не удостојуваш со сите заслуги што ги носеше зад себе. Ние бевме постојано свесни за тоа и сакавме тоа да ти го докажеме. Чекавме доволно голем ден, голем повод, го чекавме денот на општината за да те вброиме таму каде што одамна заслужуваше: во Великаните на нашата Општина. И тоа го сторивме со желба долго да ги уживаш материјалните придобивки од признанието наш заслужен граѓанин. Но, за жал, ниту ти, ниту ние ја немавме таа среќа. Судбината, овој пат, си поигра на последната патека. Атина Бојаџи е родена 1944 година во Охрид. Уште на 11 години ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки во слободен и делфин стил. Беше првата жена што постигнала толку многу успеси. Го освои медалот Светски шампион во маратонско пливање во слатки води 34

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 6

на Охридскиот маратон одржан во 1962 година, беше светски првак на слатки води – два пати – првиот пат само со 18 години со што до денес останува најмладиот шампион на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња. Ја исплива патеката Капри – Наполи во 1962 година и со тоа стана Светски првак на солени води. А како врв на кариерата и најголема афирмација на Атина беше препливувањето на Ла Манш на 9 септември 1969 година со што се втемели во историјата на маратонското пливање како прва жена во светот која го преплива вечниот предизвик – каналот Ла Манш. Овој подвиг, беше овековечен во филмот „Исправи се, Делфина“. Пливачката кариера подоцна ја замени со тренерска, најнапред во белградскиот клуб „Црвена Ѕвезда“, а потоа и во спортски центар во Лос Анџелес, САД. Во 1998 година Македонскиот олимписки комитет те круниса со признанието „Великан“ на македонскиот спорт, а во 2000 година дневниот весник „Утрински весник“ те прогласи за Спортист на векот. Последното животно признание кое гордо го понесе беше добивањето на звањето „Заслужен граѓанин на Општина Карпош“. Сега, кога не напушти засекогаш, останува само да се приспомниме на твојата сестраност како личност. Голем филмофил, читач на книги, верник, полиглот, но, пред сè, успешен маратонец. Можеби врвот на кариерата ти беше Ла Манш, но тоа сепак беше само сегмент од твојот животен океан. Сјаеше како пливач, како тренер, како човек, како сопруга, како мајка. На ексјугословенските простори, тука дома, во Македонија, во САД, во Сараево. Те имаше насекаде. Зад Атина, нејзиниот непокор и победи, останаа многу искажани мисли. Едната од нив ја запишавме во нашиот последен весник: „Кога ја здогледав онака малечка и нежна, не можев ни да замислам дека по дванаесет часа ќе прочитам дека го сторила тоа“, изјавил пензионираниот морнар Рид Ленон, еден од неколкутемина кои биле сведоци на неповторливиот подвиг на Ла Манш, на нашата сограѓанка Атина Ате Бојаџи. Атина стори многу повеќе од тоа, господине Ленон. Се врати од Америка, како вистинска мајка го следеше срцето за да биде до своето чедо, до својот син, сред воениот виор во Босна. Потоа, како јагулите од филмот за Делфина, се врати во родната Македонија. За да згасне покрај нас, во нашиот Карпош. Згасна нашата Делфина. Замина Атина Бојаџи.

Нека ти е вечна слава!

НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ 2010

(дел од последниот поздравен говор на Градоначлалникот Јакимовски) 34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ



Општина Карпош славеше!

34 години постоење Концертот на Бајага и Влатко Стефановски во СРЦ „Форца“


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.