Karpos Urban No.9

Page 1

Информатор на Општина Карпош, мај - јуни 2011 година / број 9 / година 2

ПЕТАР ПОП АРСОВ СО НОВ ЛИК ИНТЕРВЈУ: СТОЈАН АНДОВ

СПОРТСКИТЕ ЅВЕЗДИ ОД КАРПОШ ВО ПОСЕТА НА БЕЛГРАД


Реконструкции

Обновено основното училиште „Петар Поп Аросов“ во Карпош

П

овеќе од седумстотини и педесет ученици од ОУ „Петар Поп Арсов“ на 25 јуни ги земаа своите свидетелства во целосно обновени и „светнати“ училници. Покрај сите училници, во кои се заменети прозорците и вратите, поставена е нова подна облога, а ѕидовите се свежо бојадисани. Со обновата беа опфатени и останатите делови од училиштето, со што тоа доби нов покрив, нова заштитна ограда, нова надворешна фасада, целосно нов влезен портал, нови ѕидни и подни плочки, нова електроинсталација и светлосни елементи. Изградена е и рампа за лица со инвалидитет, а обновени се и внатрешните скали. „На реконструкцијата на нашето училиште се работеше исклучително напорно и брзо. Работевме, што се вели и дење и ноќе, за да постигнеме, на овој за нас свечен ден, нашите ученици и нивните семејства да ги пречекаме во училиште со нов освежен лик. Останува да довршиме уште некои детали, но многу сум задоволна од обемот и квалитетот на извршените градежни работи“, изјави директорката на ОУ „Петар Поп Арсов“, Татјана Савеска. Реконструкцијата на ова училиште е дел од поширокиот план на Општината Карпош за обнова и доградба на четири основни училишта што треба целосно да се реализира до крајот на оваа година. „Карпош 4 е урбана населба, а децата се нашата иднина. Токму затоа тие заслужуваат, по четири децении, повторно да престојуваат и да учат во современо и урбано училиште“, рече градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на свеченоста со која се одбележа новиот освежен лик на ОУ „Петар Поп Арсов“.

Реконструкцијата на училиштата во Каропош се извршува со средства од буџетот на Општината и од ИПА-фондовите на Европската Унија. – Исклучително сум задоволен што имаме можност да учествуваме во реализација на ваков

проект. Ова е еден дел од 500.000 евра вреден проект „Локалната инфраструктура за социјална и економска кохезија“ финансиран од претпристапните ИПА-фондови со буџетот од 2007 година, во кои се вклучени училиштата „Петар Поп Арсов“ и „Лазо Трповски“. Средствата се наменети за замена на штетните азбестни покриви со нови и низа други зафати – изјави Дитер Тил, кој на свеченоста ја претставуваше Делегацијата на ЕУ во Република Македонија. На крајот од кратката свеченост со која пригодно се означи реконструкцијата на училиштето, учениците и нивните родители, заедно со наставниците, забележително задоволни од новиот лик на училиштето, се распоредија по училниците каде што беше извршено примопредавање на свидетелствата, со што на најдобар можен начин и формално беше означен крајот на учебната година.


Во овој број ОБНОВЕНО ОУ „ПЕТАР ПОП АРСОВ“

ИЗДАВА ОПШТИНА КАРПОШ ул. Демир Трајко бб 1000 Скопје, Република Македонија тел. 02/3061-353 факс 02/3071-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ, ДАНИЦА МАРТИНОВСКА, ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ, ЖИВКО ТРАЈАНОВСКИ

2

РЕКОНСТРУКЦИИ ВО ПЕРИОДОТ МАЈ-ЈУНИ 2011 ГОДИНА 6-9

ИНТЕРВЈУ: КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ 20-21

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: АЛЕКСАНДАР МАНЧЕВСКИ ЛЕКТУРА: АНГЕЛИНА НИКОЛОВСКА ФОТОГРАФИЈА: АЛЕКСАНДАР МАНЧЕВСКИ И МИЛЕ РАДЕНКОВИЌ УРЕДНИК НА КУЛТУРА: ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ РЕДАКЦИЈА: ЕЛЕНА КУЗМАНОВСКА, СНЕЖАНА РАДУЛОВСКА И МИЛЕ РАДЕНКОВИЌ

ЗА НАЈДОБРИТЕ: НАГРАДИ, ДИПЛОМИ, ПОФАЛНИЦИ 28-29

БЛЕСНАА СИНИТЕ ЅВЕЗДИ НА КАРПОШ 30


Меѓународна соработка КАРПОШ СЕ ЗБРАТИМУВА СО УШТЕ ДВЕ ОПШТИНИ

СОРАБОТКАТА – КЛУЧ ЗА УСПЕХ Колку пријатели имаш толку вредиш. Нашата општина е отворена за стекнување нови пријателства, за соработка, за размена на идеи и искуства. Токму за таа цел, во првата половина на мај, делегација од нашата локална самоуправа замина во Босна и Херцеговина за да заокружи една позитивна интенција, еден исчекор што го направи еден месец претходно во Сараево на Меѓународниот саем на општините од Југоисточна Европа „Некспо 2011“. Имено, на 4 и 5-ти мај, делегација предводена од претседателот на Советот на Општина Карпош, Трифун Трифуновски беше во Општина Стари Град за официјално да ја потпише Спогодбата за соработка, која претходно ја верификуваа Советите

на двете Општини – Стари Град и Карпош. Во име на оваа сараевска општина Спогодбата за соработка ја потпиша градоначалникот на Општина Стари Град, Ибрахим Хаџибајриќ, а од наша страна, претседателот на Советот на Општина Карпош, Трифун Трифуновски. Во исто време, делегацијата на нашата Општина го посети и градот на нобеловецот Иво Андриќ, Травник, со кој, исто така, на саемот двајцата градоначалници Стевчо Јакимовски и Тахир Лендро потпишаа Повелба за намери за воспоставување соработка меѓу двете општини. Целта на оваа посета беше да се договорат претстојните активности и полињата во кои ќе се одвива партнерската соработка меѓу Травник и Карпош. (С.М.)

Од потпишувањето на Спогодбата за соработка во Стари Град – Сараево: Градоначалникот на Стари Град, Ибрахим Хаџибајриќ и претседателот на Советот на Општина Карпош, Трифун Трифуновски

КАРПОШ ПОДГОТВЕН ЗА РАСПОЛАГАЊЕ СО ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ

Новиот Закон за градежното земјиште ги уредува условите и начинот на располагање со земјиштето и истиот ќе започне да се применува од 1 јули 2011 година, кога Општината Карпош заедно со уште 48 единици на локалната самоуправа (од 58 општини кои аплицирале во ЗЕЛС), од кои само три скопски, ќе ја преземат надлежноста околу спроведување на постапката која се однесува на оттуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија. Општините можат да вршат работа за располагање со градежното земјиште доколку имаат исполнето одредени услови. Еден од тие услови е да имаат потребен број вработени лица кои поседуваат овластувања. За таа цел четири раководни државни службеници од нашата општина во текот на мај посетуваа почетна обука за добивање на овластување за водење на постапката, и на истите, на 24 јуни годинава, свечено им беа доделени сертификатите за успешно завршена почетна обука. 4

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

Покрај овој услов, потребно е задоволување и на уште некои услови, како што е воспоставување на електронски систем за јавно наддавање на градежно земјиште, формирање Комисија за спроведување на постапката, како и изготвување на едногодишна Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република македонија за подрачјето на Општина Карпош. Таквата програма за 2011 година е усвоена на последната седница на Советот на на Општина Карпош, со што нашата општина ги исполни условите за прием на надлежноста за управување со градежното земјиште, која долго ја очекувавме. Една од стратегиските цели на нашата Општина е стручните служби кои ќе работат на оваа материја да се професионален и стручен кадар кој квалитетно и навреме ќе ги извршува своите нови ингеренции во областа со управувањето на градежното земјиште, ќе се нудат квалитетни услуги за граѓаните на Општина Карпош. Маја Ралевска

-

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


Почитувани сограѓани, Имавме бурна пролет, но тоа воопшто не нè дефокусира од нашата цел: да изградиме еден урбан Карпош, општина по мерка на граѓаните. И градевме и работевме неуморно, со неколкукратно засилено темпо, со цел максимално да ја искористиме градежната сезона. Во изминатите два месеца започнавме и реализиравме близу 30-ина проекти, инфраструктурни зафати од поголем или од помал обем, а веќе на „ред чекаат“ уште петнаесетина нови. Станува збор за големи инвестиции од околу 95 милиони денари, средства од граѓаните кои повторно ги инвестиравме за граѓаните, во решавањето на нивните комунални проблеми, новонастанати потреби со оглед на урбанизацијата и природниот развој на општината. Меѓу поголемите градежни објекти кои ги реализиравме во овие два месеца е и новиот топлификациски систем на улицата Прашка, изградбата на жардиниери и реконструкција на тротоари долж булеварот Партизански одреди, на потегот од Бледски договор со Париска и од другата страна до Рузвелтова. Со тоа сме мошне блиску до нашата цел – Партизански одреди да биде најубавиот и најцветниот булевар во Скопје, а и во Републиката. Еден од позначајните објекти со кои се зафативме е реконструкцијата и на втората фасада на територијата на Карпош, зградата над поранешен „Мал одмор“, т.е. на Партизанска број 59. Она, со што посебно сме горди, е тоа што конечно околу 200 семејства во Влае кои живеат на Новопроектираната улица (зад новиот „Тинекс“), конечно, добија комплетно нова инфраструктура. Со следните петнаесетина проекти кои вредат околу три милиони денари ќе се изградат неколку клучни објекти, како што се решавањето на проблемот со атмосферската канализација во урбаната заедница Кузман Јосифовски-Питу, а ќе ја решиме и водоводната мрежа по улицата Козле 1. Во тек сме и со сите нови случувања во сферата на законодавството и управувањето со градежно земјиште што како надлежност од први јули преоѓа од централно на локално ниво. За таа цел обучивме и тим од државни службеници кои во иднина ќе менаџираат со градежното земјиште на територијата на нашата општина. Завршивме со целосната реконструкција на ОУ „Петар Поп Арсов“ заедно со Европската Унија, а започнавме со реконструкција и на ОУ „Лазо Трповски“. Ова го правиме од неколку причини, меѓу кои, клучната е што во изминатите триесет години во нашите училишта не е инвестирано речиси ништо, а во нив буквално се издига иднината на Карпош – најмладата популација. Градежниот и урбанистичкиот дел од нашите активности е само оној највидлив дел од работите заедно со урбанизмот. Но, ние многу работевме и во другите сфери: во образованието, спортот, културата, во локалниот економски развој. На крајот од годината сосема заслужено ние заедно со Вас, нашите сограѓани, ги собиравме плодовите од заедничките вложувања. Со нова претстава „Волшамба“ и со нови „дипломци“ заврши уште една генерација на млади актери од Школата на доајенот на македонското глумиште, Димче Мешковски, потоа од Школата за цртан и анимиран филм, фолклорната школа, проектот за спорт во најниските класови, сите финансирани од Општина Карпош и надвор од стандардниот образовен процес. Завршија сите традиционални манифестации кои се бренд на Општина Карпош. Завршија училишните лиги во кошарка, фудбал и во одбојка, повторно добивме олстар-ѕвезди, овој пат „сините“ момчиња од основните училишта од Карпош, а за „жолтите“ остана утехата дека, сепак, се ѕвезди и наредната година тие ќе бидат носители на големиот пехар на „ѕвездите“. И оваа година како и лани, нашите млади кошаркарски таленти ги одмерија силите со младите кошаркари на белградска „Црвена ѕвезда“. Нашите училишта кои се навистина посветени кон спортот освоија и неколку државни награди, како што е првото место на одбојкарките на „Петар Поп Арсов“ во Битола, но и многу други. Карпош повторно поттикна два големи културни настани, конкурсот за акварел и за фотографија, а на прагот сме на уште едно „Карпошово културно лето“, нешто што стана заштитен знак на нашата општина. Ние, заедно со Вас, чекориме само напред. Вашиот градоначалник, Стевчо Јакимовски КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

-

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

5


Реконструкции

ПРОДОЛЖУВАМЕ СО РЕКОНСТРУКЦИИТЕ СО НЕСМАЛЕНО ТЕМПО Во изминатите два месеци, Општина Карпош, преку Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи влезе во најобемниот инвестициски циклус во инфраструктурата од почетокот на градежната сезона досега. Во фаза на изградба или веќе изградени се околу 30-тина помали или поголеми објекти, изградба на пешачки патеки,реконструкција и проширување на тротоари, атмосферска и

фекална канализација, замена на столарија во две основни училишта („Аврам Писевски“ и „Војдан Чернодрински“), нови жардињери долж Партизанска и други... Освен овие, во фаза на подготовка се уште петнаесет нови инфраструктурни проекти кои деновиве ќе почнат да се работат со што најсоодветно ќе се инвестираат парите на жителите на Општина Карпош, согласно со нивните барања и потреби.

Реконструкција на тротоари и изградба на жардиниери на бул. Партизански одреди од десна страна (потег од ул. Бледски договор до ул. Франклин Рузвелт) Изведувач: „Сандра инженеринг“

Изградба на фекална канализација по ул. Козле 8, УЗ Нерези Изведувач: „Енергомонт“ Изградба на фекална канализација по ул. 10, Долно Нерези Изведувач: „Енергомонт“

Реконструкција на тротоари и изградба на жардиниери на бул. Партизански одреди од лева страна (потег од ул. Бледски договор до ул. Франклин Рузвелт) Изведувач: „Сандра инженеринг“ Изведување на приклучок кон централниот топлификациски систем на градот, дислокација на надземен вод Д2 по ул. Прашка (кај „Гранит“), УЗ Тафталиџе 1 Изведувач: „Аполо инженеринг“ Изградба на сервисна улица во дворот на Општината, УЗ Нерези Изведувач: „Транс мет“ 6

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

-

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


Реконструкции Изведени објекти во периодот мај-јуни 2011 година Санација и боење на станбена кула на бул. Партизански одреди бр. 59, УЗ Владо Тасевски Изведувач: „Тетрагон“

Изградба на пешачки патеки на блок помеѓу улиците Разловечко востание, Желево, Трифун Бузев и Волгоградска, дел В, УЗ Карпош 4 Изведувач: „Сандра инженеринг“ Реконструкција со проширување на тротоари на ул. Никола Парапунов пред зграда бр. 26 и кула бр. 28, УЗ Карпош 4 Изведувач: „Сандра инженеринг“

Изградба на пешачки патеки на блок помеѓу улиците Соле Стојчев, Разловечко востание, дел В, Желево и Волгоградска, дел Б, УЗ Карпош 4 Изведувач: „Сандра инженеринг“

Изградба на пешачки патеки на блок помеѓу улиците Разловечко востание, Никола Парапунов, Соле Стојчев и Волгоградска, дел А, УЗ Карпош 4 Изведувач: „Сандра инженеринг“ КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

Реконструкција со проширување на тротоари и пешачки патеки на ул. Невеска и ул. Воденска, УЗ Карпош 4 Изведувач: „Анизор“ -

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

7


Реконструкции Изградба на заштитна ограда околу објектот на ОУ „Петар Поп Арсов“, УЗ Карпош 4 Изведувач: „Мастеф“ Замена на столарија на ОУ „Војдан Чернодрински“, УЗ Владо Тасевски Изведувач: „Брикена“

Изградба на атмосферска канaлизација по ул. Стогово и ул. Миле Поп Јорданов, УЗ Кузман Јосифовски-Питу Изведувач: „Енергомонт“ Изградба на атмосферска канализација по ул. Миле Поп Јорданов, УЗ Кузман Јосифовски-Питу Изведувач: „Енергомонт“

Замена на столарија на ОУ „Аврам Писевски“, с. Бардовци Изведувач: „Брикена“

Реконструкција со проширување на тротоари на ул. Јуриј Гагарин, УЗ Пецо Божиновски-Кочо Изведувач: „Сандра инженеринг“

Реконструкција со проширување на тротоари на ул. Вич, УЗ Карпош 4 Изведувач: „ДА-БО Компани“

Реконструкција на тротоари на ул. Париска и крак од ул. Париска, УЗ Тафталиџе 1 Изведувач: „Тератрејд“

Изградба на атмосферска канализација по ул. Струшка, УЗ Пецо Божиновски-Кочо Изведувач: „Енергомонт“ Реконструкција на тротоари по ул. Џумајска, УЗ Кузман Јосифовски-Питу Изведувач: „Анизор“ 8

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

Изградба на атмосферска канализација по ул. Каирска, УЗ Владо Тасевски Изведувач: „Метал електрик“ -

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


Објекти кои ќе се изведуваат во наредниот период 1. Водоводна мрежа по ул. Козле 1, втора фаза до хидрантска мрежа, УЗ Нерези Изведувач: „Транс мет“ 2. Поплочување на земјена патека на ул. Козле 9, УЗ Нерези Изведувач: „Сандра инженеринг“ 3. Изградба на потпорен ѕид на ул. 1010, населба Козле Изведувач: „Баџак инженеринг“ 4. Изградба на атмосферска канализација по ул. Стрезово и ул. Илија Плавев, УЗ Кузман Јосифовски-Питу Изведувач: „Енергомонт“ 5. Реконструкција на тротоари на ул. Јоаким Осоговски, УЗ Тафталиџе 2 Изведувач: „Сандра инженеринг“ 6. Реконструкција на пешачка патека, крак од ул. Козле, УЗ Нерези Изведувач: „Тератрејд“ 7. Изградба на пешачки патеки на ул. Фјодор Достоевски, УЗ Влае 1 Изведувач: „Тератрејд“ 8. Реконструкција на тротоари на ул. Стокхолмска и ул. Копенхагенска , УЗ Тафталиџе 2 Изведувач: „Анизор“ 9. Изградба на пешачка патека (крак од ул. Скупи 14) во УЗ Злокуќани Изведувач: „ДА-БО Компани“ 10. Реконструкција на тротоари на ул. Миле Поп Јорданов, УЗ Кузман Јосифовски-Питу Изведувач: „Анизор“ 11. Реконструкција и изградба на крак од патот за црквата Св. Пантелејмон – Средно Нерези Изведувач: „Транс мет“ 12. Изградба на улица – крак од улица Нерешка, УЗ Пецо Божиновски-Кочо Изведувач: „Транс мет“ 13. Изградба на заштитна ограда околу објектот на ОУ „Димо Хаџи Димов“, УЗ Влае 2 Изведувач: „Мастеф“ 14. Изградба на атмосферска канализација по ул. Пијанец и ул. Крчин, УЗ Пецо Божиновски-Кочо Изведувач: „Енергомонт“ 15. Изградба на атмосферска канализација по ул. Милан Марковиќ, УЗ Пецо Божиновски-Кочо Изведувач: „Енергомонт“

Реконструкција на тротоари на ул. Његошева, УЗ Тафталиџе 2 Изведувач: „Сандра инженеринг“ Изградба на атмосферска канaлизација по ул. Његошева, УЗ Тафталиџе 2 Изведувач: „Енергомонт“

Реконструкција на тротоари на ул. Софиска, УЗ Тафталиџе 2 Изведувач: „Тератрејд“

Атмосферска канaлизација по ул. Стокхолмска и ул. Копенхагенска, УЗ Тафталиџе 2 Изведувач: „Агроселца“ КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

-

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

9


Ем умеам, ем можам 2011 „ЕМ УМЕАМ ЕМ МОЖАМ“ ПО ДЕВЕТТИ ПАТ

П

ред неколку илјади посетители, жители на Карпош, но и од градот и пошироко, на големиот паркинг-простор пред ТЦ „Карпош 3“ (т.н. ТЦ „Лептокарија“) на 28 мај можеа да присуствуваат на деветтото издание на манифестацијата „Ем умеам ем можам“. Годинашната манифестација, која традиционално ја организира Секторот за развој при Општина Карпош, ја почестија со учество 20-ина големи компании меѓу кои: „Горска“, „Горење“, „Випро“, „Лабеко“, „Мако маркет“, „Филип 2“, „Аутомобиле СК“, „Автонова (Цитроен)“, „Мазда“, „Хонда“, „Сковин“, „Фонко“, многу медари, слаткари и други производители,

како и 23 занаетчии и изработувачи на лични ракотворби. Луѓето од невладината хуманитарна организација „Ангелчиња“ за годинешнава пригода направија огромна торта со димензии 1,70x60 см на која беше претставен амбиентот од целата манифестација „Ем умеам ем можам“. Учениците од средното угостителско училиште „Лазар Танев“ ја збогатија трпезата со ордеверите кои тука, на самото место, ги аранжираа, а кои потоа заедно со пијалаците и тортата можеа да ги пробаат сите граѓани-посетители на манифестацијата, бизнис-секторот и учесниците во забавата. Сепак, најголемо внимание предизвикаа тројцата

З ПРАЗНИК ЗА 10

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

-

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


финалисти од манифестацијата „Македонски идол“ кои за своите обожаватели делеа балони и капчиња со автограми. За забавниот дел од манифестацијата „Ем умеам ем можам“ се погрижија македонските естрадни уметници: Дарко Мијалковски со „Суперѕвезда“, Емилија Цветковска, „Некст тајм“, диџеј Чваре и Џака Накот, Дарко Илиевски, Роберт Билбилов, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Франц, Ѓоко Танески и Влатко Лозаноски. Двајцата врвни македонски моделисти, модното студио „Црнокрак“ и Јасмина Дракул, организираа и модни ревии кои ги воодушевија карпоша-

ни, кои овој пат добија уште еден прекрасен викенд од Општина Карпош. И овој пат, наши македонски производители, без разлика дали се уметници или претприемачи, успеаја да направат вистинска забава за паметење. Манифестацијата ја посети и градоначалникот Стевчо Јакимовски. Тоја притоа ги разгледа изложбените штандови и поразговара со изложувачите, а на сите учесници во оваа пригода им беа врачени благодарници за учество од страна на организаторот, Општината Карпош. (А.Т.)

ЗА КАРПОШ КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

-

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

11


Интервју: Стојан Андов

У

бавиот амбиент на ресторанот „Мартини“ е местото во кое, секојдневно, се разбира кога е во Скопје, а не е зафатен, со пријателите на кафе ги минува летните денови, господинот Стојан Андов. Легендарниот претседател на Собранието на Република Македонија и еден од клучните актери во нејзиното мирно осамостојување, сега и официјално пензионер, жител е на нашата општина. Доволен повод за уште една средба и разговор во кој политиката остана понастрана, ако воопшто така може да се рече, за разговор со човек кој половина век бил професионален политичар.

Горд сум со изоденото во животот и во политиката

во 1965 година се доселив овде, во барака во која и ден-денес живеам. Населбата и тогаш се викаше Карпош и практично ние растевме заедно. Јас го доживувам Карпош како најубава и најурбана општина во Скопје. Нејзината местоположба е некако најприродна, рамна е, и не мора да се искачувате, како што е случај на Водно. Друго, речиси го има ветерот што го има на Водно, кој малку го попречуваат ѕидиштата во Капиштец, и трето, овде водата ја има на четири метри длабочина и лесно може да се постави пумпа и да се користи природна техничка вода за полевање двор. Со еден збор, Карпош е, во однос на сè друго во Скопје, комплетна, модерна општина.

Урбан: Од кога живеете во Карпош и како би го „портретирале“ денес? Андов: Па, јас поголем дел од студиите живеев во делот од градот каде што сега се наоѓа Карпош. Тогаш, тука имаше неколку селски куќи, а меѓу нив, беше и една убава куќа којашто му припаѓаше на еден полицаец и во една од собите живеевме ние тројца студенти. Човекот имаше радио и редовно слушавме преноси на фудбалските натпревари... Тоа беше 1958 и 1959 година и сè уште немаше урбанизирани населби. Тука беа железничките згради, околу нив бавчи, и овдеонде, по некоја куќа. Потоа, кога дојдов тука, во Владата на Република Македонија, каде што работев како советник на тогашниот претседател,

Урбан: Имавте ли можност да живеете на Водно, со оглед на високите државни функции кои ги извршувате?

Урбан: Кој од албанските политичари, од оваа генерација, го сметате за политичар достоен на професијата и дораснат соговорник?

Андов: Секако, повеќепати бев канет, убедуван да се преселам на Водно, но јас не сакав. Во времето кога бев сојузен министер, покојниот Бошко Станковски ме убедуваше дека ако ја прифатам функцијата претседател на Социјалистичкиот сојуз веднаш на Водно ќе ми дадат барака со голем двор. Го одбив и му реков дека не сакам да работам во политичка организација, сакав да си останам во струката... Повеќе ме привлекуваше работата во Владата и си останав во Белград.

Андов: Кога станува збор за албански политичари, мене лично најсилен впечаток ми оставил Арбен Џафери. Тој има јасни погледи и ставови, и е секогаш доследен, без оглед на тоа дали се согласувавме или не. Го сретнав пред некој ден и многу се израдував, бидејќи видов дека со здравјето е подобар. Исто така, сосема солидни се Тачи и Ахмети. Дури, можам да кажам дека беа на многу тешки испити и успешно ги положија. Тоа се луѓе со кои е тешко да се дојде до договор, но кога ќе се договориш, се придржуваат до договореното. Со нив си сигурен, што не е случај со нашите политичари. Да се разбереме... Со „нашите“ тешко се доаѓа до договор, а тогаш тешко се држат до договореното. 12

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

Урбан: Сега сте пензионер, но дали, како и другите, кога ќе се доближи одењето во пензија, си велевте, е кога ќе одам во пензија ќе го правам ова или она? Андов: Јас неколкупати бев подготвен да одам во пензија, но околностите беа такви што се премислував во последен момент. Така, на при-

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


мер, беше пред изборите во 2002 година, кога моравме да одиме заедно со ВМРО-ДПМНЕ на Љубчо Георгиевски, бидејќи ако не одев јас, немаше да добиеме ниту едно место. Прифатив, а потоа добивме пет пратенички мандати. И подоцна, во повеќе наврати, поради партиските и обврските кон некои луѓе, го одложував пензионирањето, но не прифаќав функции кои ќе бараат секојдневен ангажман, бидејќи тогаш веќе почнав да пишувам некои лични работи, некои мои литературни обиди. И, како што ви е познато, досега имам објавено шест книги, кои беа добро примени, така што бев начисто дека работата ми пречи на пишувањето, а не пишувањето на работата. Мислам дека со овие предвремени избори, само јас имам ќар, бидејќи ми се прекинува мандатот и ќе можам целосно да му се посветам на пишувањето. Инаку, јас сум во пензија од 1998 година и тогаш со распуштањето на Собранието измислија една невозможна работа, односно сите тогаш станавме невработени, но јас до новиот мандат, околу четириесет до педесет дена, бев пензионер.

ваат низ животот. Моите вистински пријателства се создавани во детството, за време на студиите, во војска, и тие се оние искрени пријателства, и јас сум горд со нив, без оглед на тоа дали станувало збор за учени поединци, работници, земјоделци... Инаку, во текот на работењето се имам сретнато со седумдесет премиери и претседатели на странски држави, се запознав со многу министри и со многу од нив воспоставив пријателски односи...

Урбан: Сега, кога веќе можете да сумирате многу работи, што мислите за пријателствата што се создаваат во политиката? Какви се и дали остануваат да траат подолго?

„ЦВРСТИ МОМЧИЊА“

Урбан: Кој момент од животот го сметате за најсреќен, односно за најтежок? Андов: Животот е нешто многу пошироко од политиката. И еве, можам да ви кажам дека на 2 јуни, со Марија, мојата сопруга, одбележавме педесет години од бракот, значи, „златна свадба“, како што се вели. Тој факт некои го занемаруваат, некои не го дочекуваат, ќе се разведат, ќе си заминат, но тој факт за мене е нешто посебно, бидејќи ние успеавме да живееме убаво и среќно, и сè уште е така, и тоа би го издвоил како нешто најубаво во мојот живот.

Утрото, пред потпишувањето на Рамковниот договор, имав тешки преговори со претставниците на меѓународната заедница, меѓу кои беа Џорџ Робертсон и Хавиер Солана. Робертсон инсистираше за четириесет дена тој да се изгласа во Собранието, но јас му реков дека тоа не е можно, се додека ОНА не го предаде оружјето, и му објаснив што сè може да се случи, доколку не се постапи така. По долги консултации, тука, додека го пиевме кафето и јас си молчев, тие го прифатија моето барање. Подоцна, кога на негово инсистирање се сретнавме во Лондон, Робертсон ме пречека велејќи: Ние двајца сме цврсти момчиња, а со вас тешко се излегува на крај, тешко ви се дава гол, бидејќи секогаш пред шутот вие ги поместувате стативите...

Андов: Кога заминав на работа во тогашната сојузна влада, јас бев најмлад и единствен кој не бил учесник во НОВ и револуцијата. По три години, дојде Звоне Драган од Словенија, а потоа и Мухамед Берберовиќ од Босна, така што јас бев шеф на „младинското крило“ во владата... А, за пријателствата, би рекол дека ги имало и ќе ги има и меѓу политичарите. Мене пријатели ми беа и останаа Звоне Драган, Милан Кучан, со Иван Стамболиќ бевме многу блиски, кој дури двапати ми дојде на гости во Багдат кога бев амбасадор во Ирак. Со Бранислав Икониќ и со Слободан Глигориевиќ, бев добар пријател, со Емил Лудвигер... но и тие се починати. Слободан Милошевиќ го запознав кога беше директор на банка и дури кога бев сојузен министер него го одредив за раководител на група која имаше задача да го изработи Законот за кредитните односи со странство. Тој беше одличен банкар и многу добро се познававме, но јас потоа, кога стана тоа што стана, не можев да го препознаам. Добро се знаев со Туѓман, со Изетбеговиќ се запознав во Либија во 1972 година, кога тој беше претставник на проектантската организација ЖТО „Сараево“...

А за тешкото... па имаше повеќе тешки моменти, но јас, во своите размислувања сметав дека сите тешкотии во нашата држава ќе ги решаваме по мирен пат, затоа за мене најтешки моменти беа кога дојде до меѓуетнички конфликт. Се плашев од можните трајни последици од него, особено што тогаш бев претседател на Собранието. За среќа, со помош на меѓународната заедница, го разрешивме по парламентарен пат, со потпишувањето на Рамковниот договор...

Урбан: Каде Вие ги поминувате годишните одмори?

Урбан: А пријателствата надвор од политиката?

Андов: Годишните одмори сум ги поминувал на повеќе места, но секоја година сме летувале во Охрид и, речиси, секоја година во Дојран. Тие две

Андов: Можам да речам дека пријателствата од политиката се поразлични од оние што се создаКАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

-

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

13


Интервју: Стојан Андов Урбан: Имате ли хоби? Андов: Хоби?! Ако хоби може да се нарече прошеткатаи долги разговори со некои од пријателите. Јас имам многу сезонски пријатели, еден од нив е Крсте Чаловски, некогашен судија на Уставниот суд на Југославија. Тој си остана во Белград, но со него, кога ќе дојдеше овде на одмор, се дружевме, одевме на излети и водевме бескрајни разговори на различни теми. Со Чаловски секое утро одиме кај Чамо на чорба, се разбира, ако некој од нас нешто не го спречи.

Урбан: Како ќе се вика Вашата седма книга? места ми се вистински места за одмор. Инаку, сум бил и на други места, во Грција, на пример, бидејќи си велев, ајде да не речат, зошто овој не оди во Грција. Одевме, но кога ќе се вратевме, одевме во Охрид и во Дојран каде што имавме убаво друштво и убаво си поминувавме. Во Охрид, најчесто, бевме во друштво на покојниот Прличко, кој беше страствен риболовец, но и човек што знаеше на различни начини да ја подготви рибата. Ги паметам неговите риби печени на трски, се разбира, во Дојран. На одмор одевме и со други пријатели, со Никола Чинго, другар од постдипломските студии во Белград, роден брат на писателот Живко Чинго и Јордан Радевски, професорот на Факултетот за безбедност...

Андов: Седмата книга е трилогија, првата се вика „Кицо Американецот“, тоа е петтата книга (му фали насловот или нека ги наведе имињата на сите книги???), шестата се вика „Враќањето на Американецот“, а седмата, засега, има работен наслов „Големата војна“. Во нив се обработува судбината на луѓето од Бошавијата, тоа е областа околу реката Бошавица, под Кожуф, и тоа во периодот на Првата светска војна, кога тука поминуваат српската, бугарската, германската војска, во која се и Австријците, Унгарците и други војски. Станува збор за судбината на десетина ликови во виорот во најкрвавата светска војна.

Урбан: Да ја искористиме можноста и да Ве прашаме кој кавадаречки производител на вино и ракија би ни го препорачале?

Андов: Па, за карактеристична особина го сметам тоа што никогаш не брзам. Прво добро промислувам и се подготвувам, па потоа и го работам, се разбира, ако за тоа има услови. Инаку, никогаш не се поведувам по емоции, во животот и во политиката, емоциите никогаш не ме понесуваат, ниту лесно им подлегнувам. Секогаш сакам да видам што е заднината, а тоа може да го видите и од колумните што ги пишувам...

Урбан: Која особина ја сметате за карктеристична на Вашиот карактер?

Андов: Јас повеќе не се занимавам со тоа, но едно време, од осум до десет години бев по тие работи и најмногу му верував на еден мој пријател, кој ми беше возач кога бев претседател на Собранието во Кавадарци, Ристо, го викаа Ц`цката. Тогаш, од него земав и вино и ракија, бидејќи беше мајстор за тие работи. И татко ми, Божин се викаше, беше познат лозар.

М. Раденковиќ

В. Цветковска

WWW.KARPOS.GOV.MK

14

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

-

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


Спорт и рекреација ВО СРЦ „ПАРТИЗАН“ ВО КАРПОШ 4

OДРЖАНИ XVI-ТИТЕ ПЕНЗИОНЕРСКИ СПОРТСКИ ИГРИ

Со песна и игра, во спортскиот центар „Партизан“ во Карпош 4, беа отворени XVI-тите регионални спортски пензионерски натпревари за 2011 година, кои се одржаа под покровителство на Општина Карпош. Во натпреварите оваа година учествуваа шест екипи со над 200 натпреварувачи-пензионери, од т. н. втор регион на Македонија во кој се наоѓаат градовите Тетово и Гостивар,

општините Сарај, Ѓорче Петров и Карпош, како и од ОВР – Скопје. – Натпреварите се одржаа во 11 дисциплини: гаѓање со воздушна пушка, шах, пикадо, тегнење

јаже, трчање, скок од место, фрлање ѓуле, домино, табла, тробој за мажи и двобој за жени – ни рече Здравко Петковски, домаќин на годинешните спортски игри и претседател на Комисијата за спорт на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. Спортското дружење на пензионерите заврши со ручек и музика во ресторанот „Имес“. (С.Р.)

БИЗНИСМЕНИТЕ ИЗБОРИЈА ЧЕТИРИ РЕМИJA СО КОСТЕНЈУК „Бизнисот и шахот имаат многу заеднички нешта: непредвидени потези, навремени реакции, предвидување на потегот на противникот...“ Со овие зборови на 3 мај годинава двојната светска првенка во шах, гостинка на Општина Карпош, Александра Костенјук, ја започна втората симултанка со деветнаесет бизнисмени од нашата земја. Со четири изборени ремија и 15 подадени раце во знак на признавање на поразот од страна на бизнисмените, по речиси тричасовна тешка битка со менаџери од ИТ-секторот, здравството, туризмот, прехранбената индустрија, од фармацевската КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

индустрија, како и со градоначалникот на Општина Карпош, заврши официјалниот спортски дел од посетата на кралицата на шахот, натурализираната Американка со руско потекло, Александра Костенјук. На крајот од овој спортски и МАЈ

-

ЈУНИ

2011

ревијален дел, на сите учесници на симултанката со бизнис-секторот, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и светската првенка во шах, Костенјук, им врачија благодарници за учество. (В.Ц.) ОПШТИНА

КАРПОШ

15


Заштита и спасување

Промовирана Просторната единица за заштита и спасување на Општина Карпош На спортско-рекреативниот центар «Влае», градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, свечено ги промовираше штабот и Просторната единица за заштита и спасување на Општина Карпош. Промоцијата започна со постројување и смотра на просторната единица, презентација на целокупната опрема, како и изведување на вежбовни активности кои побудија голем интерес кај големиот број граѓани кои присуствуваа на настанот. На кејот на реката Вардар беа симулирани вежба на спасување на давеник при елементарна непогода поплава, како и гаснење на пожар на отворен простор. Инаку, во согласност со Законот за заштита и

спасување, oпштините се должни да формираат и да опремат Eдиница за заштита и спасување, а Општината Карпош е прва општина која ја оформи и обучи Единицата. Просторната единица е формирана во јачина на еден универзален вод од 42 обврзника. Штабот и Просторната единица се целосно униформирани и опремени со теренско возило, чамци за спасување, шатор, моторни пумпи за вадење вода, разен рачен алат, грбни пумпи т.н.„ напртњачи“ и челични метли за гасење пожар, полски креветчиња, санитетски материјал за укажување на прва медицинска помош, воки-токи за одржување комуникација, специјална опрема за спасување на вода и друга опрема. (Е.К.)

ПОДВИГ НА ЕДИНИЦАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

СПАСЕНИ ТАТКО И ДВЕ ДЕЦА

Просторната eдиницата за заштита и спасување на Општина Карпош изминатиот викенд во Струга имаше вистински хуман подвиг, спасувајќи татко и две деца од езерското невреме. Имено, осумчлена екипа од оваа неодамна основана едница во состав од: Димитар Бадев, Марјан Јовановиќ, Дејан Јонузоски, Петре Кузмановски, Златко Чегар, Ѓорѓи Бундалевски и Димитар Чаловски кои се на повеќедневна обука за спасување од несреќи во води, денес, несакано имаше вистински тест на подготвеноста. -Претпладнето, за време на обуката, како што изјави Димитар Бадев, еден од тимот спасувачи од Карпош, кога ја тестиравме опремата за нуркање и вежбавме пливачки техники, навлезени 50-тина метри во вода, забележавме на 1,2 километар од брегот неподвижен пловен објект. По интервенцијата во Црвениот крст бевме информирани дека станува збор за објект кој два до три часа стои на исто место и не успева да се приближи до брегот. По ваквите сигнали, спасувачки чамец со тим од две лица од Црвен крст и тројца од Единицата за заштита и спасување на Општина Карпош (Димитар Бадев, Марјан Јовановиќ и Дејан Јонузоски) отиде до самото место каде што затекнаа на т.н. „педалинка“ 50-годишен татко и две деца. - Беа крајно исцрпени, на крајот на силите, се обидуваа да се спротистават на силниот ветер и на брановите на Охридското Езеро, во грчевити напори да не бидат одвлечени во далечните и подлабоки води, ни изјави Бадев. Но откако интервениравме, прво ги спасивме децата и ги однесовме на безбедно на брегот, а потоа и таткото и пловилото. Екипата за заштита и спасување на Карпош и тимот на Црвениот крст со аплаузи беа пречекани на брегот од туристите кои биле во близината на плажата на хотелот „Дрим“. (В.Ц.)

16

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

-

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


Карпошовци МЛАДИТЕ ИНОВАТОРИ ОД КАРПОШ СЕ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДА ОД ЕУ-ФОНДОВИТЕ

П

ријателското однесување кон околината може да значи успех, пари и кариера. Тоа го докажаа четворица млади иноватори од нашата општина (сите жители на Карпош): Александар Дончевски, електроинженер, Мартина Блинкова, дипломиран еколог при ПМФ, Ивана Колева и Дарко Пеповски, дипломорани економисти кои се годинешни добитници на награда од европските фондови за проект за производство на обновливи извори на енергија.

ОД ШТАЛСКО ЃУБРЕ ДО СОПСТВЕНА СТРУЈА Нашата идеја е креирање на обновлив извор на енергија, велат за „Карпош урбан“ младите иноватори од Карпош, а целта ни беше секој земјоделец во Македонија, наместо да се приклучува на традиционални извори на електрична енергија, односно да троши струја преку ЕВН, преку нашата постројка пријателски да се однесува кон животната околина, сам да си произведува енергија и патем да заштеди. Работевме напорно на проектот, тоа не е еден ден туку долго време. Најмногу што наиде на интерес е тоа што е најактуелно во ЕУ, креирање на обновлив извор на енергија и токму тоа беше во неколку наврати споменато на Конференцијата дека токму во вакви проекти треба да се вложува, да се инвестира. Со голем ентузијазам четворицата иноватори ја објаснуваат постројката која им донесе европско признание. Таа, велат тие, се состои од неколку дела: резервоарот за суровина која создава биогас, кој го проследува во еден друг помал резервоар преку една цевка со вентил за отворање/затворање со кој се пушта гасот. Тој натаму оди во агрегат од каде што се произведува електрична енергија. Значи, од арско, од шталско ѓубре се добива електрична или топлинска КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

енергија. Ваквите постројки во Непал, Кина, Индија ги финансира државата. Ние ги модернизиравме со наши идеи. Биогасот е создаден од СО2 и метан кои инаку се штетни и го поттикнуваат синдромот стаклена градина, но ние го преработуваме, искористуваме и продаваме како корисен за затоплување, за загревање на оранжерии и сл. Дури и водата која се користи за ладење, се складира и може да се употреби за наводнување. Овој производ има убав начин да се искомерцијализира. Нам таргет-група ни се земјоделските семејства. Едно семејство троши 32 киловат-часови или 10 часа струја на ден. Од нашиот извор може барем половината, 16 киловат-часови дневно да произведува и исто толку да заштеди. Овој производ, се разбира, подлежи на тестирање, но за тоа ни требаат „бизнис-ангели“, или поддржувачи, но за тоа прво треба да ја подигнеме свесноста за полезноста на овој производ. Она што сакаме да кажеме е дека оној што ќе вложи еднаш ќе ги користи бенефитите доживотно. Сега треба прво да формираме компанија за да ги подигнеме средствата, а потоа ќе бараме поддршка од општините преку промоција на нашиот патент. МАЈ

-

ЈУНИ

2011

Ова е пионерски чекор што го направивме, како жители на Општина Карпош, велат Ивана, Мартина, Александар и Дарко, да пратиме една мала порака до сите останати да не поддржат во идејата за заштита на околината и производство на обновливи извори на енергија. Тоа важи дури и за големите инвеститори од земјата и од странство, да не поддржат, а за тоа веќе имаме интересенти. Инаку, натпреварот беше организиран од Центарот за развој и иновација на Република Македонија и од Центарот за развој на нови бизниси при Машинскиот факултет. Тоа е национален натпревар кој се одржува петта година по ред и на него беа претставени преку 300 бизнис-идеи од цела држава.Младите иноватори од Карпош влегоа во потесниот избор на 22 најдобри во групата најиновативни бизнис-планови за млади претприемачи и успеаја да го освојат второто место и награда од 4.000 евра која им ја врачи лично амбасадорот на Република Австрија во Република Македонија. Доделувањето беше на Конференцијата за развој и иновации која се одржа од 5-ти до 7-ми мај годинава. В. Цветковска ОПШТИНА

КАРПОШ

17


Образование

Втора изложба од работилницата за деца за цртан и анимиран филм

библиотеката „Другарче“ Вредобеше отворена втората по изложба од работилницата за деца за цртан и анимиран филм поддржана и финансирана од Општина Карпош, а организирана од Детскиот ликовен центар. На изложбата беа претставени трудовите на 25 ученици од трето до осмо одделение од повеќе основни училишта на територија на Општина Карпош („Владо Тасевски“, „Вера ЦиривириТрена“, „Христијан Тодоровски-

Карпош“, „Јан Амос Коменски“ и „Војдан Чернодрински“) кои ја посетуваа оваа школа. Покрај бројните цртежи сработени од вредните раце на учениците, беа презентирани и 20-ина видеоинсерти изработени со компјутерска техника и тоа во флеш-анимација кои побудија особен интерес кај присутните гости. Воведен збор на изложбата имаше градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој на учесниците

им додели дипломи. Со дипломи се здобија и училиштата и менторите по ликовно воспитание што ги поттикнаа учениците да бидат дел од работилницата. Главниот раководител и предавач на работилницата, професорот Илчо Симовски, најави дека следната година со учениците од третиот степен на оваа работилница ќе излезат со целосен цртан триминутен анимиран филм кој ке биде во продукција на самата работилница.

Едукативни стрип-часови Н а 17 мај. Здружението за промовирање на стрипкултурата „Макстрипови“ започна со едукативни стрип -часови во основните училишта. Првиот час се одржа во ОУ „Христијан ТодоровскиКарпош“, а до крајот на оваа учебна година се опдржаа и други предавања во други основни училишта. Предавањата ги оддржаа Здравко Гиров (стрип-цртач) и Давор Драмиќанин (стрипсценарист), а презентацијата беше насочена кон познатите македонски стрипови и стрипликови. На часот беше прет-

18

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

ставена сегашната македонска стрип -сцена, особено на авторите кои се појавиле во стрип-магазинот „Синдром“, како и последните активности на Здружението „Макстрипови“ и македонскиот стрипфорум www.makstrip.com. mk. Исто така предавањата ги опфатија и основите на стрипцртањето, практичниот дел на кој Гиров ги покажа своите тајни и трикови при цртање стрип. Овие едукативни стрипчасови се подготовка за стрипМАЈ

-

ЈУНИ

2011

школа, која треба да започне од септември, со почетокот на новата учебната година. Заинтересираноста на учениците и нивното познавање на стрипот е многу големо, па само од првото училиште има над 15 пријавени таленти. ОПШТИНА

КАРПОШ


Европа

„ЧЕРНОДРИНСКИ“ ЈА СЛАВЕШЕ ЕВРОПА На 14 мај, учениците од VII одделение од ОУ „Војдан Чернодрински“, придружувани од наставничката по географија Љупка Миленковиќ, беа во Градскиот парк во Скопје каде што се одржа хепенинг по повод Денот на Европа на кој се претставија со проект за културата на земјата-членка на Европската Унија – Унгарија. Штандот беше самостојно изработен од учениците и беше посетен од членови на Европската Унија како: Соренсен, амбасадорите на Унгарија, Полска, Холандија и други. Учениците беа среќни и задоволни бидејќи посебно внимание им посвети амбасадорот

на Унгарија, беа пофалени за изработените проекти и добија

благодарница од амбасадата на Република Унгарија.

Фолклорна школа

СО ЦРТЕЖ – ВО ЕВРОПА

со изведбата на сплет игри од Скопско и со прочуената игра „Повардарје“ ја раширија својата позитивна енергија и приредија несекојдневно доживување. Концертот го разубави и успешниот настап на оркестарот за народни инструменти, кој работи во состав на оваа фолклорна школа, со изведба на изворни македонски ора.

Десетгодишната ученичка од скопското основно училиште „Јан Амос Коменски“ е една од 14те победници меѓу 49.709 пријавени ученици на натпреварот за 2010 година на Комисијата во чест на Меѓународниот ден на жената и единствен победник од балканските држави. Како што се наведува во официјалното соопштение на Комисијата, изборот го направила комисија од 50 деца од Европското училиште во Брисел. Тијана Додов и другите13 победници од целиот свет се наградени со 1.000 евра, а парите се искористени за купување книги, компјутери и други едукативни материјали. Во натпреварот учествувале ученици од 61 држава, меѓу кои, од: Африка, Азија, Латинска Америка, медитеранските држави, Блискиот Исток и државите од Југоисточна Европа и од Балканот. Цртежот на Тијана беше изложен и награден на годинешниот „Мал битолски Монмартр 2011“ кој се одржа во мај оваа година.

На платото во ТЦ „Карпош“ (т.н. ТЦ „Лептокарија“) на 21 мај, во присуство на многубројни родители и граѓани, се одржа првиот самостоен концерт на народни песни и ора и со тоа се одбележа двегодишнината од постоењето на фолклорната школа која работи под покровителство на Општина Карпош.На овој премиерен концерт учествуваа млади фолклористи – ученици од пет основни училишта од територијата на општината Карпош, обучени од нивниот проектен раководител Бранко Јовевски.Многубројните присутни со аплаузи ги поздравија младите игроорци кои

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

-

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

19


Интервју: Коле Ангеловски

В

о плејадата на познати уметници кои се жители на Општината Карпош е и Коле Ангеловски, голем филмски и театарски актер, режисер и писател. Во рамките на поранешната заедничка држава, во филмската актерската фела тој беше во „меѓу првите петмина“ и, беше дел од поставата што играше во најголемите и најпознатите филмски остварувања; од култниот „Три“ до антологиските „Сутјеска“ и „Неретва“. Преамбициозно е на овој простор да се набројат сите улоги, награди, режии и текстови што се впишани во биографијата на овој, пред сè, голем актер, кој има освојувано награди во сите сфери во кои уметнички работел и сè уште работи. Во бифето на Драмски театар, како што вели, во неговиот втор дом, Ангеловски поретко наминува бидејќи заслужените пензионерско-работни денови ги поминува во куќата во Маврово, најчесто во друштво со трииполгодишниот внук Гриша. – Ние двајцата навистина уживаме во мирот и во природните убавини, а овде се враќаме само кога ќе мораме, најчесто поради некоја моја работа. Сакам да кажам дека официјално јас сум пензионер, но практично останувам со театарот. Пред извесно време во прилепскиот театар (Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп) направивме убава претстава и тоа едноставно ме исполнува.

Ме прават среќен театарот и внук ми Гриша Урбан: По сè она што го направивте во југословенската кинематографија имате ли носталгија за оние времиња, колеги, пријатели? Ангеловски: Можеби тоа не е носталгија туку повеќе жал поради она што ни се случи и што не оддалечи едни од други. Впрочем, јас имав среќа да бидам дел од оние што ги правеа култните филмови и ако ви кажам дека јас влетав таму уште како студент на прва година на Филмската академија во Белград, тогаш ќе ви стане јасно што чувствувам за тие времиња и за луѓето со кои работев.

Вино и вода Урбан: Сум слушнал за една анегдота со виното во Франција и сега сакам да проверам колку е вистинита?

Урбан: По дипломирањето сe вративте во Скопје и тоа во време кога во филмскиот свет во Белград и пошироко бевте звучно актерско име?

Ангеловски: Вистинита е и тоа како. Дедото, таткото на жената, кој инаку живееше во централна Франција, имаше виногради и голем вински подрум. На првата официјална вечера, наводно во чест на идниот зет дојден од Југославија, тој извади шише вино на кое јас не му ја видов етикета, но бидејќи беше бело, а ние во тоа време пиевме шприцери, кога ми сипа од виното јас дотурив кисела вода „перие“. Тој ме погледна и рече: дали ти знаеш дека ова вино е од 1929 година и дека е чувано за оваа пригода. Имено, тој го оставил со намера да го отвори кога ќе му се мажи ќерката. Го сврте шишето со етикетата кон мене и продолжи: ова вино е правено по рецепт стар триста години и се смета за најквалитетно во Франција и, да речам, разбирам дека си од Југославија, разбирам и тоа дека си актер, па и тоа како изгледаш, ама не можам да разберам како можеш да го расипеш ова вино мешајќи го со вода... И, се разбира, јас од тогаш повеќе не пијам шприцер. 20

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

Ангеловски: Да, се вратив бидејќи и пред да одам на студии овде се занимавав со театар и сакав да го продолжам тоа токму во родниот град. Освен тоа, овде ме чекаше сигурна работа, овде беа моите другари, семејството. Белград тогаш беше навистина културен и спортски центар и деновите поминати во него ги паметам по многу убави нешта, но, сметав дека и овде има простор за работа и надградување.

Урбан: Во какво Скопје живеевте тогаш? Ангеловски: Скопје тогаш беше град со душа, убаво место за живеење. Јас сум роден во Пајко маало, таткото ми беше свештеник, многу познат во градот, а мајка ми учителка, една тетка -

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


беше режисер, вујко сликар... Значи, живеев и пораснав во уметничко семејство. Со брат ми Дади бевме дел од детското драмско студио во Радио Скопје, но тогаш имавме време за учење и за маалски дружења, се капевме во Вардар, одевме на игранки, имавме своја музичка група. По земјотресот градот се модернизираше, па овде почнаа да гостуваат познати уметници, музичари, пејачи, актери... Се беше поинакво и поубаво одошто е денес...

снимам филм бидејки целата технологија ми беше позната. Сфатив дека таа работа не ме исполнува и се навратив на театарот и на теливизијата, посебно на театарот. Имено, филм се прави неколку месеци, тогаш се дружиш со луѓе, но речиси и немаш време да се скараш. Моето искуство со двата филма кои ги режирав – „Татко“ и „Викенд на мртовци“ – е грозно. Освен што немаше некоја финансиска полза, ми беа правени разни сопки и тој период го паметам по лоши работи, што дури не сакам ни да се сеќавам. На телевизијата работата ми била „шарена“, и така и така. Во театарот работите се поинакви; го одбираш текстот што го сакаш, одбираш актерска екипа и правиш претстава, која е добра или помалку добра, но работата на театарски проект за мене е среќа. Значи, најубаво ми било и најубаво ми е кога работам во театарот.

Урбан: Лично ги паметам боемските дружби во кафеаните „Букет“, „Идадија“ и во бифињата на Драмски театар и театар Центар. Денес тоа како да го снема во уметничкиот свет? Ангеловски: Дел од убавото живеење во Скопје беа токму тие дружења. Еве, погледнете, овде во бифето во Драмски, каде што јас поминав речиси половина век, нема ниту еден актер, или ако ги има, тоа се некои од старата гарда. Ние овде секојдневно со години и децении доаѓавме рано, половина час пред пробата, тука остануваме по пробите и по претставите и се дружевме, некогаш и до раните утрински часови. „Барјакот“ го држеа Гешо, Драги Костовски и Ацо Јовановски, но ние помладите бевме дел од таа актерска и боемска дружина. Тогаш немаше партиски и други поделби...

Урбан: Каде е семејството во битисувањето на еден познат уметник каков што сте Вие? Ангеловски: Улогата на семејството е многу важна работа во секоја работа на секој човек, особено кога тој не се занимава со работа со која јас се занимавам. Ми се случувало од дома да отсуствувам по три, четири, па и повеќе месеци. Кога се снимааа филмовите „Неретва“ и „Сутјеска“ бев отсутен една година, но не сум имал никакви проблеми, поточно сум имал целосно разбирање и поддршка од семејството. Дека е така покажува и тоа што со сопругата сме заедно повеќе од четири децении, имаме ќерки, мажени и немажени и внук Гриша со кој другарувам и уживам.

Урабан: А имаше ли кланови? Ангеловски: Кланови имаше. Се сеќавам, има една, би рекол анегдота сврзана со претставата која ја правеше Унко – култната претстава „Јане Задрогаз“. Во првата поделба беа првенци, но кога им го подели текстот тие го фрлија велејќи дека тоа нема врска, дека е смешно да се работи таков текст. Тој потоа таа претстава ја направи со помлади актери меѓу кои беа и повозрасните, Тодорка и Крум Стојанов, и ние со неа победивме на театарскиот фестивал „Стеријно позорје“ (фестивалот се случува во Нови Сад), во Сараево (театарски фестивал „Мес“ во Сараево? Дали се мисли на тој фестивал ?), Каракас ???, едноставно го обиколивме светот. Сакам да речам, тој судир на генерациите во размислувањето за новите струи во уметноста и во театарот постоеше и тогаш, но го немаше она што го има денес – партиска поделеност, што нема врска со уметноста.

Урбан: Случајно, како студент ја запознав вашата сопруга и ние кои тогаш со таа Французинка правевме претстава бевме воодушевени од неа. Ме интересира како се запознавте Вие? Ангеловски: Случајно. Во Охрид снимавме студентски филм и баравме актерка. Тогаш со Жане ме запозна една моја пријателка, костимограф, а летната љубов еве трае до ден-денес... ха, ха, ха...

Урбан: Во што е тајната на долговечноста на братскиот и актерскиот тандем Коле – Дади и кој е главен во тој тандем? Ангеловски: Братско почитување, отсекогаш и засекогаш, а, се разбира, главен е секогаш Дади. Да, Дади е главен но Коле наредува што и како ќе се прави, го дополнува одговорот нашиот Мешко, кој ни се придружи забележувајќи дека со Коле се дружат 35 години, никогаш не се скарале досега и дека тој играл главни улоги во сите претстави што ги режирал Ангеловски.

Урбан: Од трите сфери во кои успешно се потврдувавте: актерство, режија и пишување, во која се чувствувавте најудобно? Ангеловски: Почнав како актер, но кога сфатив дека ми поминува актерската кариера, решив да КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

Миле Раденковиќ -

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

21


Школа за актерска игра

О

вогодишната претстава „Волшамба“ е правена по текстот на Трајче Коцаров, и, е сплет од сништа на едно мрзливо момче „заскитано“ на пуст остров, на кој постојано се менуваат неговите жители: еднаш тоа се Индијанци, друг пат каубојци, домородци, гусари... Авантурата на мрзливиот спанко е проследена со

оние осмоодделенци кои ќе ја поминат строгата селекција на Мешко. Од стотина пријавени, педесетината ја поминуваат првата пречка, а втората половина од нив, отпаѓаат по „природна“ селекција. Оние што ќе останат, а меѓу таквите годинава се: Огњена, Јован, Марио, Срна, Игор... стигаат до заслужениот аплауз и диплома за

што вели, во „ години“. Со жар в очи раскажува за целосната трансформација на еден од учениците, кој пред зачленување то во Школата за актерска игра важел за проблематично момче. Денес тој е меѓу најдобрите млади актери, за чија „драстична“ промена во однесувањето зборуваат неговите наставници и другари.

Урнебесна „Волшамба“ во ФДУ

ВТОРАТА ГЕНЕРАЦИЈА АКТЕРИ ОД КЛАСАТА НА ДОАЈЕНОТ ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ, ОСМООДДЕЛЕНЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО КАРПОШ, СО ПРЕТСТАВАТА „ВОЛШАМБА“ УСПЕШНО ЗАЧЕКОРИЈА ВО СВЕТОТ НА ТЕАТАРСКАТА ИГРА

урнебесни игри на неговите нови пријатели, кои, по идеја на Снежана Конеска, се случуваат со помош на еден голем бел чаршаф, кој цело време волшебно се претвора во посакуваната сценографија. Претставата навистина беше динамична и убава, ја одгледавме во еден здив, но јас, вели Мешковски, бев многу тажен бидејќи од актерите дознав дека на претставата не биле присутни нивните класни раководители. А, патот до бината на ФДУ е долг цела една година и него го доодуваат само најдобрите, 22

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

завршена актерска школа. – Програмата на Школата за актерска игра е навистина сериозна и е истата по која, пред некоја година се работеше во мојата, прва приватна школа за актери во Македонија – вели Мешковски и објаснува дека тоа е еден вид забрзан курс за осознавање актерска игра. Половина година учиме речиси се што се учи на Факултетот за драмски уметности; правилно говорење, дикција, дишење, излегување и движење на сцена и сето тоа го вежбаме преку примери. Откако ќе ги совладаме тие нешта, ги извежбуваме подготвувајќи адекватна претстава, потенцира Мешковски. Во оваа школа се учат и други нешта, пристапот кон работата, дисциплината, колективна работа и однос кон оние што те опкружуваат. Самиот признава дека е дечар и дека тоа му ја олеснува работата со неговите ученици, кои се, како МАЈ

-

ЈУНИ

2011

– Круна на таа животна трансформација на тој млад човек, вели Мешковски, беше чинот кога тој, во име на своите другари, како вистински оратор, ми се обрати да ми заблагодари за сè што научиле од мене. А за каква спрега помеѓу учителот по актерска игра и неговите ученици, осмоодделенци, можеби идни вистински актери, станува збор, покажува и поканата на Мешковски на прославата на нивната полуматура. Од есен, со аудицијата за новата, трета генерација во Школата за актерска игра ќе бидат опфатени и учениците од петто до седмо одделение, бидејќи таква желба изразиле и учениците и нивните родители. Како што не информира Мешковски, со тие генерации ќе работи неговата уважена колешка, Снежана Конеска, а тој и понатаму, на актерство ќе ги подучува осмоодделенците. М.Раденковиќ ОПШТИНА

КАРПОШ


Образование ПРОЕКТ ВО ОУ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

ЕКО-ГРАДИНА

Г

радината и цвеќето не се само украс. Тие се култура, тие се надгледно средство кога се учи екологија. Тоа денес го покажаа дечињата од ОУ „Војдан Чернодрински“ од населбата Тафталиџе, на промоција на проектот „Изградба на екоградина“ која „никна“ во дворот на ова училиште во Општина Карпош. Овој проект беше финансиран од амбасадата на Кралството Норвешка во Скопје, во соработка со невладината организација „Креатива-Мр“ – Скопје и поддржана од Општина Карпош. – Проектот за изградба на екоградината траеше од март до јуни оваа година и негова главна цел беше најзапуштениот дел од ова училиште да се претвори во прекрасно катче, да се подигне еколошката свест кај децата, да се разбуди нивната љубов кон цвеќињата, како и да се зацврсти врската меѓу младите и природата – рече пред присутните претставникот на невладината организација „Креатива-Мр“. Амбасадорот на Кралството Норвешка во Скопје, г. Кјетел Паулсен, кој пристигна со својата сопруга, беше воодушевен од културите кои се одгледани во оваа екоградина и изрази надеж дека вакви градини ќе „никнат“ и во другите училишта од територијата на општината.

НАСТАВНИКИНОВАТОР НА 21-ОТ ВЕК

Н

а доделување на наградите за најкреативни и иновативни наставници и училишта на 21-от век на регионално ниво во Македонија, Јелена Черепналкоска

Во знак на благодарност за финансиската поддршка со која овој проект ја постигна својата успешност, македонскиот сликар Живко Поповски на норвешкиот амбасадор Паулсен му подари уметничка слика под наслов „Цвеќе на мирот“, на која, како што рече тој, беа споени поезијата, цвеќето и децата. Инаку, на промоцијата, освен градината, во знак на екологијата беше рганизирана и изложба на цртежи, а учениците-учесници во проектот продаваа и садници и цвеќиња одгледани токму во оваа екоградина, каде што сè што се сади и вирее е одгледано од природни состојки. (В.Ц.)

од ОУ „Петар Поп Арсов“ – Скопје се здоби со наградата за наставник признат како иноватор на 21-от век во Скопскиот регион. Како награда доби Плакета и флип-видеокамера. Наградите ги врачија претсавници од корпорацијата „Интел“ (светски лидер во силиконската иновација – Со учениците од I² одделение, т.е. со моето одделение, работевме со компјутери уште од самиот почеток. Учениците покажаа многу голем интерес. Иако се првачиња кои не знаат да читаат и да пишуваат туку помнат преку симболи, решив да учествуваме на натпреварот. Голема благодарност до моите првачиња кои се најзаслужни за големиот успех кој заеднички го постигнавме, вели Јелена Черепналкоска. – Темата со која се натпреварував на овој натпревар е „Јас сум дел од природата“, а наставната единица е „Овошје“. Работев интегрирана настава, запознавање на околината и ликовно образование со примена на ИКТ во наставата. Главна цел ми беше учениците да се оспособат за работа со компјутери преку кои ќе знаат, ќе ги именуваат и ќе ги разликуваат плодовите од нашата околина. Со голема активност од учениците беа завршени задачите во целост. Успешно работеа во групи, соработуваа и меѓусебно си помагаа. (Т.С.)

КАРПОШ

2011

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

-

ЈУНИ

ОПШТИНА

КАРПОШ

23


Конкурс за фотографија

„СЛОБОДА“ ПОБЕДНИК НА КОНКУРСОТ ЗА ФОТОГРАФИЈА Во просториите на големата сала во Општина Карпош беше извршено оценување, жирирање на пристигнатите трудови на конкурсот за фотографија „2/Два“ организиран од страна на Архитект.мк и Општина Карпош. На конкурсот беа пристигнати над стотина трудови од професионални и аматери-фотографи од државата. „Како организатори на конкурсот сме презадоволни од добиените дела и од креативноста на авторите, а годинава доминираше црно-белата фотографија како основен израз. На сличен начин како минатата година и овојпат добивме потврда за слободниот и искрен пристап во кој учесниците ги потврдија нашите уверувања дека сме земја која поседува автори чиј префинет вкус и креативна уметничка перцепција несомнено парира во композицискиот третман на светската фотографија“, изјави Игор Василевски, претседател на Организацискиот одбор на конкурсот за фотографија.

Стручното жири составено од: Роберт Јанкулоски, Жанета Вангели и Валентино Димитровски ги одбра за најдобри фотографии делата на следниве автори: Прва награда Шифра: Слобода Автор: Томислав Георгиев Втора награда Шифра: Лена Автор: Мартин Димитриевски Трета награда Шифра: Фелти Автор: Ана Андовска Покрај нив, Општина Карпош откупи и 27 други трудови. За првонаградените и за откупените фотографии ќе биде организирана изложба. (В.Ц.)

ПРВА НАГРАДА

ТРЕТА НАГРАДА ВТОРА НАГРАДА 24

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

-

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


Конкурс за акварел

МИРОСЛАВ МАСИН – ДОБИТНИК НА ГРАН-ПРИ На конкурсот за акварел, организиран од Општина Карпош, се пријавија 47 автори со по едно дело. Жирито во состав: проф. Костадин Танчев-Динка, м-р Емил Шулајковски, ликовен уредник на Културно-информативниот центар и Љубица Кондијанова, дипломиран историчар на уметноста и директор на Музејот на Град Скопје, едногласно одлучи наградата гран-при „Теофил Шулајковски-Тофе“ да му ја додели на академскиот сликар Мирослав Масин. Истовремено, жирито ги определи и десетте автори чии дела ќе бидат откупени: Гоце Илиевски, Симонида Филипова-Китановска, Касиопеја Наумовска, Дијана Томиќ-Радевска, Таки М. Павловски, Илија Кавкалески, Наташа Милованчев, Цветанка Јова нова, Навзат Бејтули-Кица и Сашо Поповски. Жирито, едногласно, му предложи на Советот на Општина Карпош, во рамките на овој конкурс, да додели и две специјални награди за доајените на македонското сликарство Илија Кавкалески и Таки М.Павловски. Сите пристигнати дела ќе бидат изложени на изложбата чиј датум дополнително ќе биде објавен на веб-страницата на Општина Карпош, и ќе бидат содржани во каталог.(Г.М.)

Автор: Илија Кавкалески

Автор: Таки М. Павловски

Автор: Сашо Поповски КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

Автор: Дијана Томиќ-Раде вс

Автор: Касиопеја Наумовска

ица

МАЈ

Автор: Гоце Илиевски

Автор: а-Китановска Симонида Филипов

Автор: Наташа Милованчев

Автор: Навзат Бејтули -К

Автор: Мирослав Масин

-

ЈУНИ

2011

ка

Автор: нова Цветанка Јова ОПШТИНА

КАРПОШ

25


Осврт

ПРИОРИТЕТИ НА СОВРЕМЕНОТО УЧИЛИШТЕ ОД ВОСПИТЕН АСПЕКТ кои немаат такви проблеми. Всушност, тука се работи за помагање во учењето, решавање на одделни задачи и проблеми, помагање во моменти на одредена емоционална состојба. На тој начин ќе се поттикне и социјализацијата во одделението и воспитно ќе се влијае во создавањето позитивни емоционални особини кај учениците. Кооперативноста е основната вредност на која се темели интерактивното учење. Преку кооперативноста се развива одговорност, но и чувство на заемна зависност и меѓусебна соработка на членовите во групата. Учениците треба да се стимулираат во групна и тандемска работа, која ќе ги поттикне процесите на заемно и активно дејствување, одговорност кон членовите на групата и кон тоа што го работат.

проф. д-р Розалина Попова-Коскарова Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ е-пошта: rozalinapopova@yahoo.com За ефикасно функционирање на училиштето при реализација на воспитната улога, потребно е училиштето да изгради приоритети: Проблемите од воспитен аспект се најсилно изразените проблеми со кои се соочува училиштето како институција, задолжена за воспитание и образование на младата личност. Насилствата, непочитувањето, честите отсуства од часовите, нетрпеливоста и нетолеранцијата, се најчесто изразените проблеми во нашите училишта, како основни, така и средни. Родителите и наставниците се немоќни пред таквите проблеми. Училиштето стои исправено пред предизвиците на 21 век, одговорно за својата улога во општеството и за потребите на учениците. Затоа на тие проблеми треба да им се посвети императивно значење и треба да претставуваат приоритет во улогата на современото училиште.

2.2 РАЗВИВАЊЕ НА КУЛТУРНИ НАВИКИ И ПОТРЕБИ

Овие потреби најдобро се развиваат преку посетување на културни манифестации, концерти, опери, театри, изложби и др. На нашите ученици им недостигаат културни навики кои се стекнуваат со посета на погоре споменатите културни манифестации. Тие навики и потреби се градат од мали нозе. Затоа училиштето денес треба да работи на овој план многу повеќе отколку порано. Не е доволно учениците еднаш во годината да се однесат на театарска претстава, туку тоа треба да биде во рамките на предметот мајчин јазик задолжителна активност еднаш месечно. Истото треба да се практикува и по предметите од уметничката група (ликовно и музичко образование). Посетите на изложби и музички сценски дела, како што е операта, треба да бидат задолжителни за секој ученик. Од друга страна, пак, училиштето треба да изнаоѓа средства за бесплатно посетување на културните настани, за да можат тие да бидат помасовно посетени. Пред секоја посета на културен настан, учениците треба да добијат задачи што да следат, а тоа да го набележат веднаш по завршувањето на претставата, заедно со нивните впечатоци. Само на тој начин ќе бидат мотивирани да ги следат претставите до крај и со внимание.

1.1 РАЗВИВАЊЕ НА ЗАЕДНИШТВО, ЗАЕМНОСТ, МЕЃУСЕБНО РАЗБИРАЊЕ И КООПЕРАТИВНОСТ

Современото училиште е потребно да реализира програма за воспитно дејствување, која ќе претставува своевиден приоритет на училиштето. Во таа програма, особено внимание треба да се посвети на следните аспекти: заедништво, заемност, меѓусебно разбирање и кооперативност. Првиот чекор во оваа насока е љубовта, како неопходна темелна вредност, која го движи човекот кон создавање и остварување на поголеми цели и задачи. Во овој контекст, ќе се потсетиме на зборовите на нобеловката Мајка Тереза, која многупати истакнувала: „Во светот е поголема потребата за љубов, отколку за леб“. Всушност, оваа нејзина мисла јасно кажува дека иако потребата за леб е незаменлива и примарна, потребата за љубов е исто така длабоко вкоренета во личноста на човекот и неминовно треба да и се посвети поголемо внимание, отколку што се мисли. Во контекстот на погоре изнесеното потврдува и содржината на еден постер кој осамнал во многу италијански градови пред неколку години. На плакатот било прикажано момче во клошарска облека, потпрено на ѕид и со отсутен поглед. Момчето носело плакат на кој пишувало: „Гладен сум“. На друг постер бил прикажан човек кој запира и му остава паричка на момчето. Тогаш, момчето го прикажува целосниот натпис на плакатот: „Гладен сум за разбирање и за љубов“. Заемна помош – Наставникот треба да ја познава и да ја следи структурата на моменталните емоции на своите ученици и да стимулира помош кон одредени ученици на кои им е потребна од страна на другите 26

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

2.3 ЗАПОЗНАВАЊЕ И ПРЕВЕНТИВНО ДЕЈСТВУВАЊЕ СО СОВРЕМЕНИТЕ ПОРОЦИ НА ДЕНЕШНИЦАТА

Многу училишта сметаат дека успешно реализирале програма доколку поканат еднаш годишно лекар или службено лице од полиција кое ќе им го објасни штетното влијание од пушењето и алкохолот, како и разорното дејство на дрогата врз младиот детски организам. Тоа не е доволно. Секојдневно училиштето треба да работи на тоа поле, бидејќи пороците на современата цивилизација заземаат сè поголем замав и го собираат својот данок секојдневно, меѓу младите луѓе, уништувајѓи ги нивните животи. Таа секојдневност подразбира многу разновидни активности во кои тре-

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


Образование ба активно да бидат вклучени и учениците. Училиштето неминовно треба да дејствува превентивно преку разновидни содржини и разновидни форми, со цел да се развива правилна свест за сите штетни зла и пороци на модерното време.

2.4 ПРИМЕНА НА СТРАТЕГИИ, ВЕШТИНИ И ТЕХНИКИ ЗА ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ПРОБЛЕМИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО

Проблематичното однесување на учениците во училиштето, а пред сè за време на часовите, станува сè поголем и сè поактуелен проблем. Особено чести се појавите на агресивност и насилно однесување, задоцнување и бегање од часовите, како и непочитување на наставниците. За таа цел, неминовно е користење на современи стратегии, модели и техники кои ќе помогнат учениците да се однесуваат поодговорно и подисциплинирано. Наставниците треба да бидат подготвени да се соочат со најразновидни незадоволства кои ќе ги изразат учениците, а кои можат да имаат и призвук на обвинување. Притоа, многу е важно доколку наставникот се постави во улога на помагач, а не како недопирлив авторитет или шеф. Кај учениците треба да се развие одговорност не само кон наставникот, туку уште повеќе, одговорност пред тимот, пред класот и воопшто кон училиштето. Треба да се почувствуваат дека се дел од тимот, дека припаѓаат на училиштето и дека се почитувани од возрасните, а пред сè од своите наставници. Од особена важност за учениците е да добиваат повратни информации за своите постигнувања. Затоа е важно на учениците јасно да им се каже што постигнале со својата работа, односно со своите залагања и вложениот труд. На тој начин тие ќе заминат од дома со чувство на успех и следниот пат сигурно ќе се потрудат да сработат уште подобро. Доколку се охрабрат, доколку им се понуди можноста да ја поправат сопствената грешка, тогаш и веројатноста дека ќе ја повторат веќе сторената грешка е многу мала. КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

Улогата на родителите во подготвувањето на детето за тргнување во училиште Тргнувањето во прво одделение и почетокот на „вистинското училиште“ е, секако, голема и значајна пресвртница во животот на детето. Пред него се отвора нов, непознат, но затоа толку поатрактивен свет. Го чекаат девет години образование, собирање на знаење, развивање на вештина и способности, стекнување нови искуства, пријателства, дружења, незаборавни моменти и доживувања. Преминот од предучилишен во училишен период е важен настан на кој секое дете му се радува. Од друга страна, пак, со зборот училиште природно е што на идните првоодделенци им се појавува чувство на неизвесност. За да биде што помалку стресен и болен за децата коишто стануваат ученици преминот од безгрижен период на детството во периодот на школување исполнет со обврски, потребно е да се обезбеди добра подготовка. Врз зрелоста на детето влијаат различни фактори. Меѓу нив најважни се развојот на самото дете, влијанието на животната средина и сопствената активност на детето. Овие фактори можат да влијаат забрзувачки, но, исто така, и забавувачки врз развојот на детето и во нив е причината за поголема или помала зрелост на децата од иста возраст. Меѓу влијанијата од животна средина најважно е воспитувањето. За домашното воспитување нема некои посебни методи, упатства, рецепт кој е проверен. Во семејството е важен севкупниот живот и односите меѓу членовите во семејството . При воспитувањето одлучуваат моралните квалитети на родителите. Затоа родителите треба да ги воспитуваат своите деца со тоа што се и со тоа што сами го прават. Детето ќе го прави она што ќе го види дека го прават родителите, при што се воспитува со постапки, а не само со зборови. Затоа и зрелоста на детето при тргнувањето на училиште е многу важно. Важно е детето да го постигне телесниот развој, личната зрелост (социјалната и емоционалната) и интелектуалната зрелост. Личната зрелост ги вклучува социјалната и емоционалната зрелост. Притоа родителите треба да бидат внимателни на следните ситуации: - како ја поднесува разделбата од дома и родителите; - како се однесува во нова средина; - каква улога има во група на деца; - како реагира на успех и неуспех; - дали се интересира за светот и луѓето околу себе. Добра интелектуална зрелост родителите можат да препознаат во своето дете ако: - добро набљудува и го запомни тоа што го набљудува; - се ориентира во просторот и во времето; - разумно одговара на прашања; - знае да ги каже податоците за себе; - разумно ги опишува познатите појави, предмети и личности; - се интересира за светот и луѓето околу себе; - ги препознава основните бои.

Мирјана Поповска , Раководител на одделение за образование МАЈ

-

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

27


Образование КРАЈ НА ШКОЛСКАТА ГОДИНА ВО ОСНОВНИТЕ За најдобрите: УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНАТА КАРПОШ награди, дипломи, пофалници Како и во сите области од нашето живеење и работење, на крајот на школската година во основните училишта се сумираат резултати, се прогласуваат најдобри училишта, ученици и наставници. Весникот „Карпош урбан“ и овојпат на најдобрите им посветува заслужено внимание, објавувајќи ги имињата и освоените награди и признанија.

Се разбира, зад имињата на учениците и нивните наставници, како што ќе напише наставничката од ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“, Светлана Јосифовска, покрај талентот, стои макотрпна работа, која на крај резултира со успех за кој подеднакво се заслужни учениците, нивните воспитувачи и родителите.

ОУ „ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ-КАРПОШ“

„Ученичката квизотека 2011“, и една за освоено второ место за танц ревија на „Ученичката квизотека“. Учениците Никола Марковски и Бојана Бурческа од IIa одд. постигнаа одлични резултати од ликовната област освојувајќи ги првите места на Меѓународниот ликовен конкурс „13 Ноември“, односно на ликовно-литературниот конкурс на ниво на Република Македонија, на тема „Со книга и цвет низ целиот свет“ организиран од Сојузот на просветните работници на Република Македонија. Ученикот Никола Димитров од VIIIа одд. е избран за најдобар стрелец во Лигата во кошарка за учебната 2010/2011 година. Подмладокот за Црвен крст од ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ освои прво место и доби пехар за учеството во општинскиот натпревар на Црвен крст. За пехарот се заслужни учениците: Филип Китевски од VIIIб одд. (капитен), Михаела Мострова од VIIa одд., Лабина Црвенкова од VIIa одд., Борјан Јовановски, Ана Велкова и Теодора Стефановска Стипендијата „Борис Трајковски“ му беше доделена на ученикот Виктор Здравков од VIIIб одделение за бесплатно школување во приватното средно училиште „Нова“. Се надеваме дека во учебната 2011/2012 година ќе постигнеме уште поголеми успеси.

Училиште со талентирани и надарени ученици На државниот натпревар по англиски јазик што го организираше училиштето „Јахја Кемал“ ученикот Небојша Јовановиќ го освои првото место, кој пак на државниот натпревар по хемија освои пофалница. На регионалниот натпревар по математика кој се одржа во април, учениците од ова училиште освоија повеќе награди: ученикот Ѓорѓи Смилевски од VIIIб одд. освои прво место, ученикот Стефан Стевчевски од IVa одд. освои прво, ученикот Виктор Здравков од VIIIб одд. освои трето место, ученикот Михаил Кржловски – трето место, а учениците Ангелина Димиќ, Ненад Пантиќ и Филип Спировски од Vб добија пофалници. Пофалница доби и ученикот Ѓорѓи Смилевски од VIIIб одд. кој учествуваше на државниот натпревар по математика. На регионален натпревар по географија ученичката Михаела Мострова од VIIа одд. се здоби со благодарница, како и менторот. Училиштето се здоби и со две дипломи од Детскиот културен центар „Карпош“, една за учество во полуфинале на

ОУ „Братство“

По повод Светскиот ден на „Хабитат“ преку изготвување на цртежи на тема „Мојот дом, моето семејство“ ученичката Тијана Абазовска од VI1 одделение доби диплома, а наставничката доби признание. По повод 3 ноември, Денот на Општина Карпош, за учество во квиз-натпревар учениците Игор Ташковски од VIII1 одд., Елена Николовска VII1 и Ибраими Ендрит VII3 добија пофалници. По истиот повод, а со распишаниот конкурс за уметничка фотографија, ученичката Ивана Мицевска од VIII1 одд. со фотографијата „Дрвја“ освои трета награда и доби фотографски апарат, а ученикот Игор Ташковски од VIII1 одд. за фотографијата „Графит“ доби диплома и пофалница. По истиот конкурс двајца наши ученици добија стипендии за талентирани ученици, и тоа: Игор Ташковски од VIII1 одд. и Марија Стефановска од VIII1 одд. На натпреварот по математика „Кенгур“ ученикот Никола Поповски од II одд. освои втора награда. Борко Чадиковски од III одд. и Мартина Мицевска освоија трета награда.

За ученици на генерацијата се избрани учениците Игор Ташковски, ученик од македонска смена од VIII1 одделение и Ибраими Хадиса, ученичка од албанската смена од VIII3 одделение. Список на ученици кои освоиле награди во учебната 2010/2011 година: Александар Чавлевски, ученик од V одделение од деветолетката, освои второ место на државен натпревар по сообраќај, и како награден продолжува на меѓународен натпревар во Франција. На градски натпревар по техничко образование група ученици освоија 11. место од вкупно 91 училиште. На општински натпревар на училишни оркестри нашиот оркестар освои прво место, а на градски освои второ место. На Меѓународната детска ликовна колонија – збратимени општини од странство во комплексот Св. Пантелејмон во Горно Нерези учениците Тијана Абазовска и Дамјан Стојановски од VI1 одделение добија дипломи.

28

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

-

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


Образование ОУ „Јан Амос Коменски“ Наградени ученици за учебната 2010/2011 година

1. Иван Вртев од VIIIа одделение – освоено прво место на градски и републички натпревар по физика – наставник Магдалена Кушевска. 2. Мила Јаневска од VIIIа одделение – освоено прво место на градски натпревар по историја – наставник Жарко Благојевиќ. – Мила Јаневска од VIIIа одделение – освоено четврто место на републички натпревар по историја – наставник Жарко Благојевиќ. 3. Теодора Деловска од VIIIб одделение – освоено трето место на градски натпревар по екологија – наставник Олимпија Јовческа. 4. Нора Николовска од VIв одделение – освоено второ место на градски и петто место на државен натпревар по географија – наставник Сузана Јакимовска. 5. Ина Димова од VIIIа одделение – освоено второ место на градски и четврто место на државен натпревар по хемија – наставник Александра Блажевска. 6. Давид Доновски, Петар Пројчески, Андријана Пејковска, Наташа Панева, Драган Ангеловски од VIII одделение – освоено второ место на натпревар по математика – наставници Магдалена Кушевска и Рада Стаменковска. 7. Ален Бајро од Vв одделение – освоено трето место на регионален натпревар по математика – наставник Рада Стаменковска. 8. Училиштен оркестар на ОУ „Јан Амос Коменски“ – освоено второ место во општина Карпош – наставник Марија Златановска. 9. Теодора Деловска од VIIIб одделение – четврто место, Давид Доновски VIIIа одделение – петто место на регионален натпревар по географија – наставник Сузана Јакимовска. 10. Тијана Додов од VIб одделение – прво место на натпревар по ликовно воспитание, организиран од Европска Унија; прво место за карикатура 2011. – Творбата на ученичката Тијана Додов е избрана и се наоѓа на последната страница на детскиот пасош кој го добиваат првачињата во целата држава при приемот во Детската организација на Македонија. Наставник по ликовно образование: Илија Богоевски. 11. Иван Јорданов од Vб и Мила Гавриловска Vа – прво место на Меѓународна изложба „13 Ноември“. 12. Ангела Стојкоска од VIв одделение – второ место на ликовен конкурс во Индија. Наставник по ликовно образование: Илија Богоевски. КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

ОУ „Димо Хаџи Димов“

Табеларен приказ на постигнатиот успех во учебната 2010/2011

ОУ ,,Лазо Трповски“

Првенец на генерација за учебната 2010/2011 година е ученикот Анреј Јанчевски, а пофалени се следните ученици: Марија Саздовска, ученичка со освоени награди: прво место по библиотекарство на градско и на државно ниво, награда по англиски јазик во „Јахја Кемал“, 5. место по македонски јазик во меѓународното средно училиште „Нова“ и натпревар по македонски јазик и литература за 2011 година; Тамара Рошева со учества на меѓународни натпревари по ликовно воспитание и освоено прво место на натпревар по германски јазик; Лина Ламбринидис со меѓународна диплома за националниот натпревар ,,Meine Welt-unsere Sprachen“ за освоено трето место; Андреа Ангеловска со меѓународните детски ликовни изложби: ,,13 Ноември“, прво место ,,Св. Пантелејмон“, потоа ,,Флора и фауна“ освоено прво место, градски ликовен хепенинг ,,Децата за старата скопска чаршија“– прво место; Калина Трајаноска со освоено прво место во шах на балканското првенство, потоа освоено седмо место на натпревар по математика и второ место на натпревар по англиски јазик на градско ниво; Дориан Џуговски со освоени награди по англиски јазик, учество на натпревар по физика и математика и освоено прво место на меѓународен натпревар по ликовно воспитание. МАЈ

-

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

29


Спорт ОЛ-СТАР РЕВИЈАЛЕН КОШАРКАРСКИ НАТПРЕВАР

БЛЕСНАА СИНИТЕ ЅВЕЗДИ

Во ноќта на кошаркарските ѕвезди на Карпош, на 25. мај, блеснаа сините ѕвезди. Таа вечер, во салата на Kошаркарскиот клуб Работнички во Градскиот парк, се одржа годинешниот „Ол-стар“ ревијален кошаркарски натпревар кој прераснува во традиција на Општина Карпош. Во преполнетата спортска сала беа присутни учениците од сите десет основни училишта од територијата на Општина

Карпош, кои „вооружени“ со разни навивачки реквизити и знамиња придонесоа да има вистинска навивачка и натпреварувачка атмосфера каква што не е видена на овие наши спортски простори. А за такво нешто, во голема мера, своја заслуга имаа и нашите естрадни гости: водителот и шоумен Жаре, Александра Пилева, Викторија Лоба, Емилија Цветковска, Try2fly и студиото за модерни

танци „Брејк а лег“. Комплетната спортска опрема за овој настан (патики, дресови, спортски гаќички и спортски торбички) ја обезбеди Општина Карпош. Екипите беа составени од најдобрите ученици-кошаркари кои беа поделени на син и жолт тим. Во една доста интересна, атрактивна и квалитетна кошаркарска игра, поуспешни беа кошаркарите на синиот тим. Големиот преоден пехар на сината екипа го предаде градоначалникот на Општина Карпош, г. Стевчо Јакимовски. Огромното задоволство и радоста кај нашите ученици од една ваква одлично организирана и атрактивна манифестација не можеше да се скрие од искрените детски лица кои со нетрпение ги очекуваат следните спортски проекти наменети за нив организирани од страна на Општина Карпош. Ол-стар не е само квалитетна кошарка меѓу основците од општина Карпош туку и големо дружење кое се негува меѓу учениците од сите основни училишта. (П.П.)

ОУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ Е ШАМПИОН ВО КОШАРКА Училишната кошаркарска екипа на ОУ „Владо Тасевски“ е новиот шампион во Училишната лига во кошарка за 2010/2011 година, која ја организира Општина Карпош. Тие овој примат го презедоа на последниот натпревар од плејофот кој се одржуваше на 17 и 18 мај во КК Работнички, од нивниот ривал во финалето и минатогодишен шампион – училишната екипа на ОУ „Војдан Чернодрински“. Резултатот на финалното дерби меѓу кошаркарите на „Владо Тасевски“ и „Војдан 30

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

Чернодрински“ беше 56:40 кошеви, додека во борбата за третото место, во плејофот,младите кошаркари на „Јан Амос Коменски“ ги победија „Петар Поп Арсов“ со 51:35 кошеви. Во прекрасна спектакуларна навивачка атмосфера, ретко видена на нашите спортски терени, „вжештена“ од стотина ученици од разни училишта од територијата на Општина Карпош, присутните љубители на кошарката имаа можност да видат еден квалитетен, динамичен и возбудлив натпревар МАЈ

-

ЈУНИ

2011

проткаен со многу убави виртуозни потези, дриблинзи и кошаркарски вештини, достојни за најголеми кошаркарски брендови, овој пат во изведба на младите таленти од овие две училишта. За најдобар стрелец во Училишната кошаркарска лига на Општина Карпош беше прогласен Никола Димитров (ОУ „Христијан ТодоровскиКарпош“), нај-талентиран кошаркар е Филип Бакоч и најдобар играч на Лигата е Павел Јосифовски (ОУ „Војдан Чернодрински“). ОПШТИНА

КАРПОШ


Спорт НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ – СПОРТИСТИ ВО БЕЛГРАД

ТРИДНЕВНАТА НАГРАДНА ЕКСКУРЗИЈА

Од 22 до 24 јуни 2011 година најдобрите училишни спортски екипи кои ги освоија лигите во одбојка (девојчиња), фудбал и во кошарка, во организација на Општина Карпош, беа наградени од страна на градоначалникот Стевчо Јакимовски со тридневна екскурзија во Белград. За време на престојот во Белград, учениците- спортисти беа сместени во хотелот „Славија“. Оваа година тоа задоволство да одат на наградна спортска

екскурзија го имаа училишните спортски екипи од основните училишта „Петар Поп Арсов“ во фудбал и одбојка (девојчиња), кошаркарската екипа на „Владо Тасевски“ и одбојкарките од училиштето „Аврам Писевски“ кои на државната олимпијада во Битола го освоија третото место. Да потсетиме, дека на ова државно првенство најдобрите екипи од општина Карпош во кошарка и во одбојка „Владо Тасевски“ и „Петар Поп Арсов“, станаа и државни прваци. Репрезентацијата во кошарка на Општина Карпош, на спортскиот комплекс на Калемегдан, одигра и еден пријателски натпревар со кошаркарскиот клуб „Црвена звезда“. Исто така, учениците организирано ја посетија една од поубавите зоолошки градини на овие простори, а се запознаа и со со културно-спортските знаменитости на Белград. (П.П.)

НА СПОРТСКИТЕ ИГРИ ЗА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – БИТОЛА 2011

ТРИУМФ НА ЕКИПИТЕ ОД КАРПОШ Младите спортисти од основните училишта во Карпош постигнаа вистински хет-трик на т.н. Мали олимписки игри во Битола кои се одржаа од 12 до 14 мај годинава. Во градот на конзулите се одржуваа државните спортски игри за основните училишта каде што во голема спортска конкуренција екипите од Општина Карпош блеснаа во полн сјај и на спортските игри ги покажаа своите способности, вештини и добрата техКАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

ника, како индивидуално, така и екипно. Основното училиште „Петар Поп Арсов“ го освои првото место во одбојка женски, во финалето, во кое се сретна со екипата од Тетово и ги победи со 2:1 во сетови. Второто злато ги заките младите кошаркари од основното училиште „Владо Тасевски“ кои во финалето се сретнаа со екипата-домаќин од Битола и извојуваа убедлива победа од 63:36 во кошеви.

9

МАЈ

-

ЈУНИ

Основното училиште „Аврам Писевски“ го понесе бронзениот медал, откако го освои третото место во одбојка, среќавајќи се во полуфиналето со екипата на основното училиште „Блаже Конески“ од Велес, кои ги победи 2:1 во сетови. Во голема конкуренција екипата на ОУ „Петар Поп Арсов“ – машки одбојка настапуваа во полуфиналето за трето и за четврто место и со минимална разлика го освоија четвртото место. 2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

31


Спортски спектакл „Се забавуваме – се натпреваруваме“ Веруваме дека тоа успешно го направивме со ангажирање на 12 млади невработени наставници по физичка култура, кои им помогнаа на одделенските наставници во организацијата на часовите. Се надеваме дека на овој начин кај повеќе од 3.000 ученици создадовме позитивен однос кон спортот и физичката култура и оневозможивме нарушување на нивното здравје поради физичка неактивност. Сакајќи да ја заокружиме програмата „Забавен училишен спорт“, во учебната 2010/2011 година организиравме спортскиот спектакл „Се забавуваме – се натпреваруваме“ на кој учествува ученици од одделенската настава од десетте основни училишта во Општина Карпош. Натпреварот се одржа на 28.5.2011 година на стадионот на ФК „Локомотива“, на булевар Илинден, спроти основното училиште „Лазо Трповски“.

Стасавме до крајот на учебната година во која за прв пат се реализираше програмата „Забавен училишен спорт“ во организација на Сојузот на училишен спорт на Општина Карпош. Главна цел на оваа програма беше да се облагороди и да се унапреди наставата по физичко и здравствено воспитание за учениците во одделенска настава во Општина Карпош.

ОУ „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“ СО НАЈМНОГУ ОСВОЕНИ ТРОФЕИ На кејот на Вардар се одржа вториот по ред атлетски крос на учениците од сите десет основни училишта од Општина Карпош. На кросот, кој има тенденција да стане традиционален, учествуваа вкупно 500 ученици, кои беа поделени во десет категории. Притоа се постигнаа следните резултати: • Крос-трчање на 150 м, V одделение деветолетка (девојчиња) 1. место Марија Кузевска (ОУ „Димо Хаџи Димов“) 2. место Ивана Цивлацки (ОУ „Јан Амос Коменски“) 3. место Стефани Пацалевска (ОУ „Владо Тасевски“) • Крос-трчање на 200 м, V одделение деветолетка (момчиња) 1. место Иван Стрезовски (ОУ „Петар Поп Арсов“) 2. место Кристијан Петковски (ОУ „Владо Тасевски“) 3. место Стефан Крстевски (ОУ „Вера Циривири-Трена“) • Крос-трчање на 250 м, V одделение (девојчиња) 1. место Стефани Стајковиќ (ОУ „Јан Амос Коменски“) 2. место Андреа Благоева (ОУ „Димо Хаџи Димов“) 3. место Ангела Велјановска (ОУ „Димо Хаџи Димов“) • Крос-трчање на 300 м , V одделение (момчиња) 1. место Стефан Лазовски (ОУ „Димо Хаџи Димов“) 2. место Огнен Кондратенко (ОУ „Јан Амос Коменски“) 3. место Муамет Алитов (ОУ „Аврам Писевски“) • Крос-трчање на 300 м, VI одделение (девојчиња) 1. место Деана Блажевска (ОУ „Петар Поп Арсов“) 2. место Ангела Тасиќ (ОУ „Димо Хаџи Димов“) 3. место Ева Данилова (ОУ „Вера Циривири-Трена“)

32

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

• Крос-трчање на 350 м, VI одделение (момчиња) 1. место Дејан Серафимовски (ОУ „Петар Поп Арсов“) 2. место Даниел Боневски (ОУ „Војдан Чернодрински“) 3. место Илин Столески (ОУ „Вера Циривири-Трена“) • Крос-трчање на 350 м, VII одделение (девојчиња) 1. место Јована Божиновска (ОУ „Димо Хаџи Димов“) 2. место Душица Јанковиќ (ОУ „Петар Поп Арсов“) 3. место Елена Давчева (ОУ „Војдан Чернодрински“) • Крос-трчање 400 м, VII одделение (момчиња) 1. место Христијан Маџовски (ОУ „Димо Хаџи Димов“) 2. место Никола Стојков (ОУ „Војдан Чернодрински“) 3. место Леон Ицокаев (ОУ „Димо Хаџи Димов“) • Крос-трчање 400 м, VIII одделение (девојчиња) 1. место Мила Пеовска (ОУ „Димо Хаџи Димов“) 2. место Наташа Панева (ОУ „Јан Амос Коменски“) 3. место Стефанија Стефановска (ОУ „Аврам Писевски“) • Крос-трчање 500 м, VIII одделение (момчиња) 1. место Бојан Столески (ОУ „Вера Циривири-Трена“) 2. место Иван Стојановски (ОУ „Вера Циривири-Трена“) 3. место Тодор Николов

-

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


Спорт УШТЕ ЕДЕН ФУДБАЛСКИ ТУРНИР ВО КАРПОШ

ДРИМ-ТИМ 2 ГО ОСВОИ „ВЛАЈКО КУП 2011“ На 15.4.2010 година на игралиштето во Влае се формираше екипата во мал фудбал – „Трнодол Макпримат“. Една година по нивното формирање, организацискиот одбор претставуван од Киро Атанасов, Кристијан Стојкоски, Дарко Трајкоски и Марко Трајкоски се реши да го одбележи нивниот роденден и се нафати на подвигот да организираат турнир во мал фудбал. На 15.4.2011 година на спортско-рекреативното игралиште во Влае, кај мостот Обединети нации, се одржа првиот турнир во мал фудбал, препознатлив под името „Влајко куп“. „Влајко куп“ е еден од најмасовните турнири во Република Македонија. Иако беше организиран прва година, сепак беше масовно посетен. На „Влајко куп 2011“ се натпреваруваа 510 учесници или 51 екипа. Натпреварите се играа во групи. Турнирот го отвори градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, а првиот ревијален натпревар го одиграа екипите на дипломатскиот кор во Република

Македонија против екипата на Евроатланскиот совет на РМ и членови од бизнис-заедницата.

Стрелец на првиот ревијален гол беше генералниот директор на КБ Прво пензиско друштво (пензискиот фонд на Комерцијална банка), Јанко Тренкоски. Првото место го освои екипата на „Дрим-тим 2“, второто екипата на „Доци голд – Комунална хигиена“, а трето екипата на „Кино Карпош“. Финале на турнирот во мал фудбал „Влајко куп 2011“ Дрим-тим 2 – Комунална хигиена 1:1 (3:1 пенали) Шампиони на „Влајко куп 2011“ прво место: Дрим-тим 2 второ место: Комунална хигиена трето место: Кино Карпош

Прогласување на најдобрите на „Влајко куп 2011“ Најдобар стрелец: Ердин Ќаил (Комунална хигиена) Најдобар голман: Санел Шкриељ (Дрим-тим 2) Најдобар играч: Јасмин Шкриељ (Дрим-тим 2) Иако, манифестацијата беше од натпреварувачки карактер, сепак, хуманоста, т.е. човечноста беа на ниво. Организацискиот одбор, заедно со Општинската организација на Црвен крст Карпош, организираа хуманитарна недела каде што учесниците донираа облека. Инаку, пријатели на „Влајко куп 2011“ покрај Општина Карпош се и Фудбалската федерација на Македонија, „Горска вода“ и Спортско радио 90,3. (К.А.)

СОХО ГО ОСВОИ МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР „ЈОВАН МИНОВСКИ-ЈОЗО“ Во населбата

Козле, по двонеделни фудбалски борби и одиграни 35 квалитетни натпревари на повеќе од 40 пријавени фудбалски екипи, на фудбалското игралиште на средното угостителското училиште, се одиграа финалните натпревари на седмиот Mеморијален турнир во мал фудбал „Јован Миновски-Јозо“. За трето место се состанаa екипите на „Пелистерка“ и „Партнер“ а поуспешна беше екипата на „Пелистерка“ со 2:1, додека, пак, во големото финале се сретнаа тимовите на екипата „Кај мајсторот“ против „Сохо“, каде што со резултат од 2:1 турнирот го освои екипата на „Сохо“. (П.П.)

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

9

МАЈ

-

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

33


Спорт

НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ ОД УЧИЛИШНИТЕ ЛИГИ 2010/2011 Секоја година, училишните спортски игри во Општина Карпош„раѓаат“ таленти. И годинава избравме најдобри спортисти во трите училишни лиги: кошарка, одбојка (девојчиња) и фудбал. Победничките училишни тимови се познати, а ова се поединечните ѕвезди:

НАЈДОБРИТЕ ВО КОШАРКА:

ПАВЕЛ ЈОСИФОВСКИ, НАЈДОБАР ИГРАЧ (ОУ „Војдан Чернодрински“)

НИКОЛА ДИМИТРОВ, НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ (ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“)

ФИЛИП БАКОЧ, НАЈТАЛЕНТИРАН КОШАРКАР (ОУ „Владо Тасевски“)

НАЈДОБРИТЕ ВО ОДБОЈКА:

НИНА МАРИЈА ГЕОРГИЕВСКА, НАЈДОБАР СМЕЧЕР (ОУ„Петар Поп Арсов“)

ИВОНА ПЕЈОВСКА, НАЈДОБАР ИГРАЧ (ОУ„Петар Поп Арсов“)

НАЈДОБРИТЕ ВО ФУДБАЛ:

ТОДОР НИКОЛОВСКИ, НАЈДОБАР ИГРАЧ (ОУ„Петар Поп Арсов“) 34

КАРПОШ

УРБАН

ДАВИД ПЕТКОВСКИ, НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ (ОУ„Петар Поп Арсов“) БРОЈ

9

ВАСИЛ ПЕТРУШЕВСКИ, СТЕФАН КОЛЕСКИ, НАЈДОБАР ГОЛМАН НАЈТАЛЕНТИРАН МЛАД ИГРАЧ (ОУ„Петар Поп Арсов“) (ОУ „Вера Циривири-Трена“)

МАЈ

-

ЈУНИ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


Граѓански иницијативи

„Карпошова слава“ Животот ни е премногу динамичен. Сите работиме, брзаме, се трудиме поефикасно да го искористиме своето време. Ретко наоѓаме простор да се сретнеме со старите пријатели, некогашните соученици или, пак, соседи. Иако сме тука, ретко се гледаме, а уште помалку разговараме. Затоа „Карпош фудбал клуб“ (КФЦ) се сетил да организира едно несекојдневно дружење.

Оваа година по шести пат тие ја организираа „Карпошова слава“, чиј покровител е Општина Карпош. Од една едноставна идеја, денес имаме настан на кој се забавуваат и децата и возрасните. Главната цел, мотото и инспирацијата за една ваква средба е „Да им ги вратиме старите игри на децата». Сите заборавени игри кои некоаш биле единствена забава за децата во минатото се оживуваат на оваа слава. Џамлии, табла, влечење јаже, јанинојанино, војна, играње со ластик и многу други стари игри. Идејата е реализирана, целта остварена. Забава со сите и за сите. Оваа година, исто како и изминатите, сите кои

дојдоа си заминаа задоволни. Зошто? Имаше и што да се види. Најмалите ги забавуваа нивните другарчиња од ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“. За возрасните беа задолжени Гоце Арнаудов и маестралниот оркестар „Агушеви». И на крај, прекрасен огномет. Задоволство и голема благодарност до КФЦ и Општина Карпош од жителите на Карпош, кои самите си ветија дека и в година ќе бидат дел од оваа традиција. Елена „Карпош визија“


ПОЛУМАТУРСКА ЗАБАВА ВО ВЛАЕ

КАРПОШ ИМА ИДНИНА! На спортските терени во Влае, Општина Карпош организираше голема „афтер скул парти“ – забава за полуматурантите од десетте училишта од Карпош. Забавата се одржа под мотото „Карпош има иднина“ и траеше два и пол часа. Настанот беше во чест на 712 ученици кои овој месец се збогуваат од своите училишта. На неа беа поканети полуматурантите од сите десет основни училишта кои функционираат на територијата на нашата општина, како и нивните родители и наставници. За полуматурската забава Општината обезбеди богата програма и забавни содржини, меѓу кои: забава со диџеј Баба, платно на кое полуматурантите ги испишуваа своите желби за во иднина, како и видеоспотови од општински проекти во кои главни актери беа децата од Карпош.

Бидејќи полуматурската забава имаше хуманитарен карактер, на неколку собирни пунктови на игралиштето учениците и родителите донираа стари лектири како еден вид „наследство“ – подарок за учениците од следните генерации. Градоначалникот на Општина Карпош на најталентираните ученици од секое училиште (првенци, наградени) им врачи дипломи од Општината, а најуспешните од нив добија и ваучери за компјутерска обука во „Семос“, едукација по повластена цена. На крајот од забавата беше промовирана и детската химна на општината, а настапија и четири имиња од македонските идоли: Ивица, Кико, Билјана и Дејан, кои ја загреаја атмосферата до максимум.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.