Grdoto pajce

Page 1

Беше едно топло и убаво лето. Од едно гнездо близу една стара пропадната куќа една патка лежеше во своето гнездо над јајцата. Во гнездото имаше 6 јајца. Секој ден по сто пати патката ги гледаше се додека еден ден на едно од јајцата не забележа пукнатина. И набргу потоа од петте јајца се видеа жолти глави. Од сите пет јајца излегоа пет убави пајчиња, но само едно јајце не беше пукнато. Во тоа јајце беше грдото пајче. Едно утро додека спиеше наеднаш нешто промрда под неа и ја разбуди. Таа беше многу изненадена и веднаш се тргна од пајчето. Кога го виде беше изненадена. Тоа пајче беше многу грдо. Следниот ден времето беше многу убаво. Сонцето блескаше на зелените лисја и мајката патка ги зеде малите патчињата надолу кон водата и скокна во неа. Едно по едно патчињата скокнаа внатре во водата со очите затворени. Тие пливаа многу убаво со своите нозе, а со нив беше и грдото пајче. Мајката ги зе де пајчињата и се врати во нивниот дом. Утредента повторно отидоа да пливаат. Подоцна мајката патка ги зеде патчињата и ги однесе во старите дворови на фармата за да ги запознае со една стара патка која беше позната мегу сите птици. Кога стигнаа таму, нивната мајка им рече: „Мора да одите таму и да се поклоните пред старата патка“. Пајчињата го направија тоа и старата патка беше многу задоволна од нив. Другите патки си се погледнаа меѓу себе и забележаа дека го нема грдото пајче. Тоа избега претходната вечер кога не можеше веќе да го поднесе тоа што му го правеа пајчињата. Додека сите пајки и пајчиња спиеја тоа се искраде и тргна по патот. Но наеднаш застана. Пред него беше едно четириножно суштество од кое грдото пајче беше многу исплашено. Тоа четириножно суштество беше куче. Пајчето беше премногу исплашено и се обидуваше да си ја сокрие главата со крилјата. Пајчето сакаше да се спаси и му рече на кучето: „Јас сум премногу грдо, толку грдо што дури и куче не може да ме изеде“. Кучето си замина кога го слушна тоа. Пајчето во себе си рече: „ Па тоа е голема милост“ И пајчето легна малку да се одмори. По подолго време, кога се веќе беше тивко, тоа стана и тргна по патот. По некое време стигна до една куќа. Пајчето се доближи до куќата и забележа еден стол, па легна под столот. Тоа мислеше дека никој нема да го види па затоа остана таму и спиеше цела ноќ. Во таа куќа живееше една стара жена заедно со нејзината мачка и една кокошка. Тоа пајчето го дозна следното утро кога се раздени и кога тие го забележаа нивниот посетител. Тие не знаеја како да му пријдат па затоа на секој начин се обидуваа да го направат тоа. „Можеш ли да носиш јајца?“- го праша кокошата. Пајчето спокојно одговори: „Не, јас не знам како“. Кокошката се навреди и му го сврте грбот на пајчето. На ред дојде мачката и таа го праша: „ Можеш ли да ја набрчкаш кожата кога си лут и да предеш кога си задоволен. И повторно пајчето мораше да признае дека не може да го направи тоа. Призна дека може само да плива. Но затоа пајчето остана таму три недели и ја делеше храната со мачката и кокошката. Но кога сонцето излезе, а воздухот стана потопол пајчето сакаше да плива, па затоа ја напушти вилата. Тоа беше многу среќно и возбудено бидејќи повторно е во водата. Некое време тоа беше многу среќно, но наскоро дојде зима и снегот почна да паѓа и студот да стега. Секое утро беше постудено и постудено, а пајчето никогаш не беше на топло. Најпосле една горчлива ноќ нозете не ги чувствуваше и студот го обзеде. Но за среќа по патот низ кој одеше грдото пајче поминуваше еден ловец кој ја преминуваше реката и виде што се случи со грдото пајче. Целата зима грдото пајче беше во куќата на тој ловец. Утредента кога грдото пајче стана се чувствуваше некако поинаку. Тоа се чувствуваше многу поинаку, неговите крилја


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.