MAGNETIC NAIL ACADEMY MACEDONIA
ОСНОВНИ КУРСЕВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА НОКТИ 2016 За кого се наменети: Ги препорачуваме овие курсеви за сите оние кои сакаат да започнат кариера како Техничари за нокти и немаат никаква обука или веќе започнале со работа, но не се сигурни во своето знаење и практична работа Што добивате: Со посетата на нашите курсеви добивате професионална обука, теоретско знаење и практично искуство од професионални едукатори за нокти. Добивате сертификат1 за учество на основен курс. Сите производи за работа се обезбедени за времетраењето на курсот. Обуката се изведува на вештачка рака. Добивате 10% попуст на производите на МАГНЕТИК.
Основен курс за ГЕЛ метода Времетрање: Вкупно 40 часа. (10 дена х 4 часа) 1 час= 60 мин.
Датуми на одржување во 2016 : (краен рок на пријавување два дена пред одржување на курсот) Месец Датум
Февруари 01 до 12
Април 11 до 22
Август 15 до 26
Октомври 17 до 28
Ноември 14 до 25
ВАЖНО: За обезбедување на максимален квалитет и ефективна настава, курсот се реализира со група од
минимум 3 имаксимум 4 посетители. Доколку постои интерес курсот може да се реализира и индивидуално. Што ќе научите: Теорија:
Анатомија на нокт Болести на нокти Работни материјали и одржување на хигиена Карактеристики на производите за наградба на нокти Практична работа:
Мал и голем маникир Припрема на природен нокт и лепење на типс Нанесување на гел и гелирање на природен нокт Лиење на шаблон, техника на турпирање Корекција и репарација на скршен нокт Продолжување на ноктна плоча Изработка на модел (две раце)- практична работа на модел
Цена: 12.500 денари ( дванаесет илјади и петсто денари) Индивидуален курс -25.000 денари ( дваесет и пет илјади денари)
Сите производи за работа се обезбедени за времетраењето на курсот.Обуката се изведува на вештачка рака.
1
Нашите едукатори се сертифицирани од професионалната холандска Академија за надградба на нокти -МАГНЕТИК.