Европска конвенција за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување

Page 1

Советот на Европа

CPT/Inf/C (2002) 1 Македонска верзија / Macedonian language/ Langue macédonienne

Европски комитет за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (КСТ)

Европска конвенциjа за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување Текст на Конвенцијата и појаснување Сериjа европски договори 126. Текстот е дополнет со одредбите на Протоколите бр. 1 (ETS No. 151) и бр. 2 (ETS No. 15) кои што стапија на сила на 1.3.2002..



3

СОДРЖИНА Страна

Европска конвенциjа за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување.................... 4 Објаснување на конвенцијата.................................................................... 15


4

ЕВРОПСКА КОНВЕНЦИJА ЗА ЗАШТИТА ОД ТОРТУРА И НЕЧОВЕЧКО ИЛИ ПОНИЖУВАЧКО ПОСТАПУВАЊЕ ИЛИ КАЗНУВАЊЕ

Државите членки на Советот на Европа, потписнички на оваа Kонвенциjа, Имаjќи ги предвид одредбите на Kонвенциjата за заштита на човековите права и основни слободи; Потсетуваjќи дека според членот 3 од таа Kонвенциjа, "никоj не може да биде изложен на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување"; Kонстатираjќи дека лицата кои се сметаат за жртви на повредите на членот 3 можат да се повикаат на механизмот наведен во таа Kонвенциjа; Уверени дека заштитата на лицата лишени од слобода од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување би можела да биде засилена со несудски средства од превентивен карактер, преку посети на затворениците, Се согласиjа за следното:


5 Глава И Член 1 Се формира Европски комитет за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (во натамошниот текст: "Kомитет"). Преку посети, Kомитетот врши увид во постапувањето со лицата лишени од слобода со цел, доколку е потребно, да jа засили нивната заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување. Член 2 Секоjа Страна одобрува посети, согласно оваа Kонвенциjа, на местата што се под неjзина jурисдикциjа каде лицата се лишени од слобода од страна на властите. Член 3 При примената на оваа Kонвенциjа, Kомитетот и надлежните власти на Страната во прашање меѓусебно соработуваат.

Глава ИИ Член 4 1

Броjот на членовите на Kомитетот е еднаков на броjот на Страните.

2

Членовите на Kомитетот се избираат меѓу личности со висок морал, познати по своjата компетентност во областа на човековите права или личности кои имаат професионално искуство во областите што се предмет на оваа Kонвенциjа.

3

Во Kомитетот не може да членува повеќе од еден државjанин на иста држава.

4

Членовите учествуваат во работата на Kомитетот во лично своjство, тие се независни и непристрасни во вршењето на своите овластувања и се подготвени ефикасно да ги исполнуваат своите функции.


6 Член 5 1

Членовите на Kомитетот ги избира Kомитетот на Министрите на Советот на Европа со апсолутно мнозинство гласови, од листата на имиња изготвена од Бирото на Советодавното собрание на Советот на Европа; националната делегациjа во Советодавното собрание на секоjа Страна предлага троjца кандидати, од кои наjмалку дваjца се неjзини државjани. Во случај на избор на член на Комитетот како претставник на држава која не е членка на Советот на Европа, Бирото на Советодавното собрание го повикува парламентот на односната држава да предложи тројца кандидати, од кои најмалку двајца се нејзини државјани. Комитетот на Министрите го врши изборот по консултации со заинтересираната Страна.

2

Истата постапка се применува и при пополнување на испразнетите места.

3

Членовите на Kомитетот се избираат за времетраење од четири години. Тие можат да бидат избрани два пати. Сепак, кога се работи за членови именувани при првиот избор, функциите на троjца членови престануваат по истек на две години. Членовите чии функции престануваат по завршувањето на почетниот период од две години се определуваат со ждрепка што jа спроведува Генералниот секретар на Советот на Европа веднаш по завршувањето на првиот избор.

4

Со цел, во рамките на можното, да обезбеди обновување на половината на Комитетот на секои две години, Комитетот на Министрите може, пред да пристапи кон секој натамошен избор, да одлучи, еден или повеќе мандати на членовите кои треба да се изберат да бидат не на четири години, но, сепак, нивното времетраење да не биде подолго од шест или пократко од две години.

5

Во случај кога кога е потребно да се утврдат повеќе мандати и кога Комитетот на Министрите го применува претходниот параграф, распределбата на мандатите ја врши со ждрепка Генералниот секретар на Советот на Европа, веднаш по изборот. Член 6

1

Kомитетот расправа зад затворена врата. Kворумот го чини мнозинството на неговите членови. Одлуките на Kомитетот се донесуваат со мнозинство гласови на присутните членови, освен во случаи кога се применуваат одредбите од членот 10, параграф 2.

2

Kомитетот донесува своj Деловник.

3

Секретариjатот на Kомитетот го обезбедува Генералниот секретар на Советот на Европа.


7 Глава ИИИ Член 7 1

Kомитетот организира посети на местата наведени во членот 2. Освен повремени посети, Kомитетот може да организира секаква друга посета коjашто, според негово мислење, jа бараат околностите.

2

Посетите, по правило, ги вршат наjмалку дваjца членови на Kомитетот. Ако оцени дека е потребно, Kомитетот може да побара помош од експерти и преведувачи. Член 8

1

Kомитетот jа известува владата на Страната во прашање за своjата намера да изврши посета. По таквото известување, Kомитетот е овластен да ги посети местата наведени во членот 2 во кое било време.

2

Секоjа Страна е должна на Kомитетот, заради извршување на неговата задача, да му овозможи: а

пристап на неjзината териториjа и движење без никакви ограничувања;

б

добивање секакви податоци за местата каде што се наоѓаат лицата лишени од слобода;

в

посета, по сопствена желба, на сите места во кои се наоѓаат лицата лишени од слобода, што подразбира и право на непречено движење во внатрешноста на тие места;

г

добивање секакви податоци со кои Страната располага што му се потребни на Kомитетот за извршување на неговата задача. При барањето на тие податоци, Kомитетот води сметка за правните прописи и професионалната етика што се применуваат во односната земjа.

3

Kомитетот може да разговара со лицата лишени од слобода без присуство на сведок.

4

Kомитетот може слободно да стапи во контакт со секое лице за кое смета дека ќе му даде корисни податоци.

5

Доколку е потребно, Kомитетот на лице-место им ги соопштува забелешките на надлежните органи на Страната во прашање.


8 Член 9 1

Во исклучителни околности, надлежните органи на Страната во прашање можат да го одбиjат барањето на Kомитетот за посета во време што тоj го предвидел или на определено место што Kомитетот има намера да го посети. Таквото одбивање може да биде само од причини на национална одбрана или jавна безбедност или поради сериозни нереди во местата во кои лицата се лишени од слобода, поради здравствената состоjба на определено лице или поради итно сослушување во врска со тешко кривично дело.

2

При такви одбивања, Kомитетот и Страната веднаш се консултираат со цел да jа разjаснат ситуациjата и да постигнат спогодба за мерките што ќе му овозможат на Kомитетот да ги извршува своите функции што е можно побргу. Таквите мерки можат да опфатат префрлање на друго место на секое лице коешто Kомитетот има намера да го посети. Во очекување на остварувањето на посетата, Страната ќе му ги достави на Kомитетот податоците за секое лице во прашање. Член 10

1

По секоjа посета, Kомитетот подготвува извештаj за утврдените факти, водеjќи притоа сметка за сите забелешки што евентуално ќе ги достави заинтересираната Страна. Kомитетот & го доставува на Страната своjот извештаj коj ги содржи препораките што тоj ги смета за потребни. Kомитетот може да се консултира со Страната со цел, и доколку тоа е потребно, да даде сугестии за подобрување на заштитата на лицата лишени од слобода.

2

Доколку Страната не соработува или доколку одбие да jа подобри положбата врз основа на препораките на Kомитетот, со двотретинско мнозинство на своите членови и откако ќе & биде дадена можност на Страната да се произнесе, Kомитетот може да одлучи да даде jавна изjава во врска со тоа прашање. Член 11

1

Информациите што Kомитетот ги добил во текот на определена посета, неговиот извештаj, како и неговите консултации со Страната во прашање се доверливи.

2

Kомитетот го обjавува своjот извештаj, како и секаков коментар на Страната во прашање, ако таа тоа го побара.

3

Сепак, ниту еден податок од лична природа не може да биде обjавен без изрична согласност на заинтересираното лице.


9 Член 12 Секоjа година, Kомитетот му доставува на Kомитетот на Министрите, водеjќи притоа сметка за правилата на доверливост предвидени во членот 11, општ извештаj за своите активности, коj им се упатува на Советодавното собрание, како и на секоjа држава не-членка на Советот на Европа потписничка на Конвенцијата, и се обjавува. Член 13 Членовите на Kомитетот, експертите и другите лица кои му помагаат, во текот на нивниот мандат и по неговиот истек, подлежат на обврската да jа чуваат таjноста на фактите или податоците до кои дошле при извршувањето на нивните функции. Член 14 1

Имињата на лицата кои му помагаат на Kомитетот се наведуваат во известувањето од членот 8, параграф 1.

2

Експертите работат според упатствата и надлежностите на Kомитетот. Тие треба да располагаат со знаења и искуство од областа што е предмет на оваа Kонвенциjа, а се должни да ги почитуваат истите обврски за независност, непристрасност и подготвеност како и членовите на Kомитетот.

3

По исклучок, определена Страна може да изjави дека некоj експерт или друго лице коешто му помага на Kомитетот не може да присуствува при посетата на место што е под неjзина jурисдикциjа.


10 Глава ИВ Член 15 Секоjа Страна му ги доставува на Kомитетот името и адресата на надлежниот орган коj е овластен да ги прими известувањата упатени до неговата влада, како и името и аресата на секоj службеник за врска што може да го назначи. Член 16 Kомитетот, неговите членови и експертите наведени во членот 7, параграф 2, ги уживаат привилегиите и имунитетите наведени во анексот на оваа Kонвенциjа. Член 17 1

Со оваа Kонвенциjа не се повредуваат одредбите од внатрешното право или меѓународните спогодби со кои се обезбедува поголема заштита на лицата лишени од слобода.

2

Ниту една одредба на оваа Kонвенциjа не може да се толкува како ограничување или укинување на надлежностите на органите на Европската конвенциjа за човековите права или на обврските преземени од Страните врз основа на таа Kонвенциjа.

3

Kомитетот нема да ги посетува местата што претставниците или делегатите на Заштитничките сили или на Меѓународниот комитет на Црвениот Kрст редовно ги посетуваат врз основа на @еневските конвенции од 12 август 1949 и Дополнителните протоколи од 8 jуни 1977 година.


11 Глава В Член 18 1

Оваа Kонвенциjа можат да jа потпишат државите членки на Советот на Европа. Таа е предмет на ратификациjа, прифаќање и одобрување. Инструментите за ратификациjа, прифаќање и одобрување се депонираат каj Генералниот секретар на Советот на Европа.

2

Комитетот на Министрите на Советот на Европа може да ја покани секоја држава не-членка на Советот на Европа да и се приклучи на Конвенцијата. Член 19

1

Оваа Kонвенциjа стапува на сила првиот ден во месецот по истекот на период од три месеца од датумот на коj седум држави членки на Советот на Европа ќе дадат согласност за почитување на Kонвенциjата според одредбите од членот 18.

2

За секоjа држава коjа потоа ќе даде согласност за почитување на Kонвенциjата, истата стапува на сила првиот ден од месецот по истекот на период од три месеца од датумот на депонирањето на инструментот за ратификациjа, прифаќање, одобрување или приклучување. Член 20

1

Во моментот на потпишувањето или во моментот на предавањето на своjот инструмент за ратификациjа, прифаќање, одобрување или приклучување, секоjа држава може да jа (ги) наведе териториjата или териториите на кои оваа Kонвенциjа ќе се применува.

2

Во секоj друг момент потоа, секоjа држава може, со изjава доставена до Генералниот секретар на Советот на Европа, да jа прошири примената на оваа Kонвенциjа на секоjа друга териториjа наведена во изjавата. Kонвенциjата стапува на сила по однос на таа териториjа првиот ден од месецот по истекот на период од три месеца од датумот на приемот на изjавата од Генералниот секретар.

3

Секоjа изjава дадена врз основа на двата предходни параграфа може да биде повлечена, по однос на секоjа териториjа наведена во неа, со официjално известување упатено до Генералниот секретар. Повлекувањето стапува во деjство првиот ден во месецот по истекот на период од три месеца по датумот на приемот на известувањето од Генералниот секретар.


12 Член 21 Одредбите на оваа Kонвенциjа не подлежат на никакви резерви. Член 22 1

Секоjа страна може, во секоj момент, да jа откаже оваа Kонвенциjа со официjално известување упатено до Генералниот секретар на Советот на Европа.

2

Откажувањето стапува на сила првиот ден од месецот по истекот на период од дванаесет месеци по датумот на приемот на известувањето од Генералниот секретар. Член 23 Генералниот секретар на Советот на Европа ќе ги извести сите држави членки и секоја држава не-членка на Советот на Европа – страна на Конвенцијата за: а

секое потпишување;

б

предавањето на секоj инструмент одобрување или приклучување;

в

секоj датум на стапување на сила на оваа Kонвенциjа согласно неjзините членови 19 и 20;

г

секоj друг акт, известување или соопштение во врска со Kонвенциjата, освен за мерките наведени во членовите 8 и 10.

за ратификациjа, прифаќање,

Kако потврда на ова, долупотпишаните, прописно овластени за таа цел, jа потпишаа оваа Kонвенциjа. Во Стразбур, 26 ноември 1987, на француски и англиски jазик, со тоа што обата текста се еднакво веродостоjни, во еден единствен примерок што ќе биде депониран во архивите на Советот на Европа. Генералниот секретар на Советот на Европа ќе им достави заверени копии на сите држави членки на Советот на Европа.


13 Прилог Привилегии и имунитети (член 16) 1

За целите на овоj Прилог, во листата членови на Kомитетот се опфатени експертите наведени во член 7, параграф 2.

2

Во текот на вршењето на нивните функции, како и при патувања заради вршење на тие функции, членовите на Kомитетот ги уживаат следните привилегии и имунитети:

3

4

а

имунитет од апсење или притворање и заплена на нивните лични работи, а, по однос на изговорените или напишани зборови и сите акти што ги извршуваат во официjално своjство, - имунитет од секаков вид судско гонење;

б

ослободување од секакво ограничување на нивната слобода на движење: излегување и враќање во нивната земjа на живеење и влегување во и излегување од земjата во коjа ги вршат своите функции, како и од сите формалности за приjавување на странци, во земjите што ги посетуваат или низ кои поминуваат при вршењето на нивните функции.

Во текот на патувањата заради извршување на нивните функции, на членовите на Kомитетот, во однос на царинските формалности и контролата на девизите, им се одобруваат: а

од нивната влада, истите олеснувања коишто им се признаваат на високите функционери кои престоjуваат во странство во привремена официjална мисиjа;

б

од владите на другите Страни, истите олеснувања коишто им се признаваат на претставниците на странски влади во привремена официjална мисиjа.

Документите и исправите на Kомитетот се неповредливи, доколку се однесуваат на активностите на Kомитетот. Службената преписка и другите службени соопштениjа на Kомитетот не можат да бидат задржувани или цензурирани.


14 5

Со цел, на членовите на Kомитетот да им се обезбедат целосна слобода на изразување и целосна независност во извршувањето на нивните функции, нивниот имунитет од судско гонење заради изговорени или пишани зборови или секакви акти што ги направиле во извршувањето на нивните функции, продолжува дури и по престанокот на нивниот мандат.

6

Привилегиите и имунитетите им се одобруваат на членовите на Kомитетот, не заради нивна лична корист, но со цел да се обезбеди сосема независно извршување на нивните функции. Единствено Kомитетот има право да ги одземе имунитетите; тоj не само што има право, туку има и обврска да му го одземе имунитетот на некоj своj член во сите случаи кога, по негово мислење, имунитетот би бил пречка, правдата да биде извршена и кога имунитетот може да биде одземен без да & се нанесе штета на целта за коjа е одобрен.


15

ОБЈАСНУВАЊЕ НА КОНВЕНЦИЈАТА I.

Вовед

1. На 28 септември 1983 година, Консултативното собрание на Советот на Европа ја усвои Препораката 971 (1983) за заштита на затворените лица од тортура и од сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување. Во овој текст, Собранието особено препорача Комитетот на министри да ја усвои нацрт Европската конвенција за заштита на затворените лица од тортура и од сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, која беше приклучена кон Препораката. Заднината на оваа иницијатива може да се резимира на следниот начин: 2. Во јануари 1981 година, Собранието ја усвои Препораката 909 (1981) за Меѓународната конвенција против тортура, во која се повика на работата што е преземена во рамките на Обединетите нации и препорача Комитетот на министри да ги повика владите на земјите-членки да го забрзаат усвојувањето и имплементацијата на нацрт-Конвенцијата против тортура, која ја подготви Комисијата за човекови права на Обединетите нации. Исто така, ги повика владите на земјите-членки кои се застапени во таа Комисија да сторат се за да осигурат дека Комисијата детално ќе го разгледа нацртот на факултативниот Протокол кон Конвенцијата (поднесен од Костарика), штом самата нацрт-Конвенција ќе биде поднесена до Економскиот и социјален совет на Обединетите нации. 3. Во март 1981 година, во Собранието беа дадени два предлога за резолуции против тортура во земјите-членки на Советот на Европа, еден од г-дин Lidbom (Doc. 4718 рев.) и друг од г-дин Jäger (Doc. 4730). Овие предлози беа доставени до Комитетот за правни прашања кој одлучи да ги разгледа. 4. Разгледувањето од страна на Комитетот за правни прашања резултираше со извештај (Doc. 5099), кој од името на Комитетот го состави г-дин Berrier и беше усвоен на 30 јуни 1983 година. Овој извештај го содржеше нацртот на Европската конвенција, кој на барање на Известителот го обработи Меѓународната комисија од правници и Швајцарскиот комитет против тортура. Во септември 1983 година г-дин Dejardin го презентираше мислењето на Комитетот за политички прашања околу извештајот (Doc. 5123).


16 5. Во тој контекст треба да се забележи дека слична работа се изведуваше и во рамките на Обединетите нации и дека текстот на Конвенцијата против тортура и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, наведен во Препораката 909, беше усвоен од Генералното собрание на Обединетите нации на 10 декември 1984 година, по што следеше нејзино потпишување. Нацрт факултативниот Протокол поднесен од Костарика има за цел да воспостави превентивен механизам сличен на оној што се предвидува во нацрт Конвенцијата придодадена кон Препораката на Собранието бр. 971. 6. По усвојувањето на Препораката 971, во јануари 1984 година на 366. Состанок на замениците на министрите, Комитетот на министри ги довери следните задачи на Управниот комитет за човекови права (CDDH): "Да ја разгледа Препораката 971 на Собранието, со цел до Комитетот на министри, по консултации со Европскиот комитет за кривично-правни прашања (CDPC) да го поднесе, текстот на нацрт-Конвенцијата или други правни инструменти за заштита на затворени лица од тортура и од сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување." 7. Комитетот на експерти за проширување на правата содржани во Европската конвенција за човекови права (DH-EX), тело подредено на CDDH, доби инструкција од него (15. Состанок, март 1984 година) да ја имплементира оваа работа по овластување од CDDH. 8. DH-EX ја разгледа нацрт-Конвенцијата придодадена кон Препораката 971 на своите состаноци од мај 1984 до јуни 1986 година. Меѓу другото, имаше предвид дека: -

Министерската конференција за човекови права (Виена, 19-20 март 1985 година), во својата Резолуција бр. 2 "го повикува Комитетот на министри да ја заврши работата околу нацрт правниот инструмент против тортура што е можно поскоро заради негово усвојување";

-

Финалното соопштение од 76. Сесија на Комитетот на министри (25 април 1985 година) истакнува дека министрите "го поддржуваат барањето на Конференцијата";

-

Во Собранието, до Претседавачот со Комитетот на министри беа поднесени три прашања во врска со нацрт-Конвенцијата – едно од г-дин Berrier во јануари 1985 година, а останатите од г-дин Arbeloa во април и септември 1985 година;

-

Во Финалното соопштение од својата 77. Сесија (20 ноември 1985 година), Комитетот на министри повторно го нагласи својот голем интерес за што поскоро завршување на нацрт-Конвенцијата.


17 9. За време на својата работа, DH-EX имаше можност да ја консултира Европската комисија и Судот за човекови права. Исто така, организираше и расправа со претставници на Меѓународната комисија на правници, Швајцарскиот комитет против тортура и Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Беа одржани и други расправи со два експерта од областа на психијатријата. Пред да го достави прелиминарниот нацрт на Конвенцијата до CDDH во јуни 1986 година, DH-EX ги разгледа мислењата на Европскиот комитет за правна соработка (CDCJ) и Европскиот комитет за кривичноправни прашања (CDPC), кои беа консултирани од страна на CDDH. 10. Покрај CDCJ и CDPC, CDDH ги консултираше и Европската комисија и Судот за човекови права. Текстот на нацрт-Европската конвенција за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување беше финализиран на 21. Состанок на CDDH во ноември 1986 година, а потоа беше испратен до Комитетот на министри. 11. По консултирање со Собранието (види Мислење бр. 133 од 27 март 1987 година), Комитетот на министри на 26 јуни 1987 година го усвои текстот на Конвенцијата. Таа е отворена за потпишување од страна на земјите-членки на Советот на Европа на 26 ноември 1987 година.∗

Забелешка [од Секретаријатот на CPT, од 2002 година]: Двата Протоколи кои ја дополнуваат Конвенцијата беа отворени за потпишување на 4 ноември 1993 година. Протоколот бр. 1 ја "отвара" Конвенцијата утврдувајќи дека Комитетот на министри на Советот на Европа може да покани и други земји кои не се членки да пристапат кон неа. Протоколот бр. 2 воведува измени од техничка природа. Обезбедено е членовите на CPT да бидат поделени во две групи заради изборите, со цел да се осигури дека една половина од членството на Комитетот ќе се обновува секои две години. Протоколот исто така утврдува дека членовите на CPT може да бидат реизбрани два пати, наместо еднаш како што е сега. Овие Протоколи стапија во сила на 1 март 2002 година.


18 II.

Причини за изработка на нова Конвенција

12. Мачењето и нечовечкото или понижувачко постапување или казнување се забранети во националното законодавство и со неколку меѓународни инструменти. Меѓутоа, искуството покажува дека има потреба од пошироки и поефикасни меѓународни мерки, особено кога станува збор за зајакнување на заштитата на лицата лишени од слобода. 13. Во рамките на Советот на Европа, системот за надзор воспоставен со Конвенцијата за заштита на човековите права и фундаментални слободи од 4 ноември 1950 година, постигна важни резултати. Се смета дека овој систем, кој се заснова на жалби од поединци или од држави кои тврдат дека постојат кршења на човековите права, може ефикасно да биде дополнет со вон-судски механизам со превентивен карактер, чија задача би била да го испита постапувањето со лицата лишени од слобода со цел, ако е потребно, зајакнување на заштитата на тие лица од тортура и од нечовечко или понижувачко постапување или казнување. 14. Од тие причини оваа Конвенција формира Комитет кој може да ги посетува сите места во рамките на јурисдикцијата на Договорните страни каде лицата се лишуваат од слобода од страна на некој јавен орган.


19 III.

Основни карактеристики на новиот систем

15. Како што е наведено во став 13 и 14 погоре, функцијата на Комитетот е да спроведува посети, а каде што е тоа потребно, да предлага подобрувања во однос на заштитата на лицата лишени од слобода од тортура и од нечовечко или понижувачко постапување или казнување. 16. Членовите на Комитетот работат во индивидуално својство и се избираат меѓу лицата со високи морални квалитети, познати по својата стручност од областа на човековите права или професионалното искуство во областите што ги опфаќа Конвенцијата. Доколку Комитетот смета дека е потребно, може да му помагаат и соодветно квалификувани експерти. 17. Комитетот не извршува никакви судски функции. Негова задача не е да носи пресуди дека се извршени прекршувања на релевантните меѓународни инструменти. Според тоа, Комитетот ќе се воздржува и од изразување на своите ставови околу интерпретацијата на тие инструменти било in abstracto или во однос на конкретни факти. 18. При одлучувањето дали има потреба од давање препораки, секако дека Комитетот треба да ги процени фактите утврдени за време на посетите. Со оглед на тоа што Комитетот не е надлежен да сослушува сведоци според општите принципи на судската постапка, нема да има доволна основа за давање препораки доколку фактите се нејасни и има потреба од натамошни истраги. Во такви случаи, Комитетот тогаш може да ја информира односната држава и да предложи да се извршат дополнителни истражувања на национално ниво и да побара да биде информиран за резултатите од истрагата. 19. Заради следење на состојбата, Комитетот може да договори нови посети на местата што веќе ги посетил. 20. При примената на Конвенцијата, Комитетот и односната држава се обврзани да соработуваат. Целта на Комитетот не е да ги осуди државите, туку во духот на соработката и преку совети да бара подобрување, ако е тоа потребно, во заштитата на лицата лишени од слобода.


20 IV.

Забелешки за одредбите од Конвенцијата Преамбула

21. Преамбулата ги утврдува причините што ги навеле земјите-членки на Советот на Европа да ја усвојат оваа Конвенција и ја наведува нејзината цел (види Поглавје I до III погоре). 22. Повикувањето на Член 3 од Европската конвенција за човекови права на Комитетот му обезбедува референца за разгледување на ситуации кои може да доведат до тортура или нечовечко или понижувачко постапување или казнување (види infra, став 26 и 27). Член 1 23. Овој член го востановува телото што ги спроведува посетите и целта на посетите. На тој начин се опишуваат основните функции на Европскиот комитет за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување. 24. Поимот "лишување од слобода" во оваа Конвенција треба да се сфати во рамките на значењето од Член 5 од Европската конвенција за човекови права, како што се толкува во судската пракса на Европскиот суд и Комисијата за човекови права. Меѓутоа, разликата меѓу "законско" и "незаконско" лишување од слобода што произлегува од Член 5 е безначајна во однос на надлежноста на Комитетот. 25. Како што е веќе нагласено во став 17, Комитетот нема да врши никакви судски функции: неговите членови не мора да бидат правници, неговите препораки не ја обврзуваат односната држава и Комитетот не искажува никакви ставови околу интерпретирањето на правните термини. Неговата задача е чисто превентивна. Тој ќе спроведува посети за утврдување на фактите, а ако е потребно, врз основа на информациите добиени во таа прилика, ќе даде препораки со цел да се зајакне заштитата на лицата лишени од слобода од тортура и од нечовечко или понижувачко постапување или казнување. 26. Забраната за тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување е општ меѓународен стандард кој иако се формулира на различни начини, може да се најде во различни меѓународни инструменти, како Член 3 од Европската конвенција за човекови права. 27. Судската пракса на Судот и Комисијата за човекови права за Член 3 на Комитетот му обезбедува извор на насоки. Меѓутоа, активностите на Комитетот имаат за цел идно спречување, а не примена на правните услови за постојните околности. Комитетот не смее да се меша во интерпретирањето и примената на Член 3.


21 Член 2 28. Со оваа одредба Договорните страни од Конвенцијата се согласуваат да дозволат посетите да се вршат во сите места во рамките на нивната јурисдикција каде едно или повеќе лица се лишени од слобода од некој јавен орган. Не е важно дали лишувањето е засновано на некоја формална одлука или не. 29. Посетите може да се извршуваат под било какви околности. Конвенцијата се применува не само во време на мир, туку и за време на војна или некоја друга вонредна состојба. Меѓутоа, надлежноста на Комитетот е ограничена во однос на местата кои може да ги посети според одредбите од Член 17, став 3 (види infra, став 93). 30. Посетите може да се организираат во сите видови места каде има лица лишени од слобода од која и да е причина. Затоа, Конвенцијата се применува, на пример, за места каде лицата се држат во притвор, се уапсени како резултат на пресуда за прекршок, се држат во административен притвор или се затворени од здравствени причини или пак станува збор за малолетници кои јавниот орган ги лишил од слобода. Конвенцијата го опфаќа и притворот од воените органи. 31. За посети на местата каде лицата се лишени од слобода заради нивната ментална состојба, потребна е внимателна подготовка и постапка, на пример, кога станува збор за квалификациите и искуството на лицата што се избрани за посетата и начинот на кој истата се спроведува. Покрај тоа, при вршењето на посетите Комитетот несомнено ќе сака да ги има предвид сите релевантни Препораки усвоени од Комитетот на министри. 32. Посетите може да се спроведуваат во приватни и во јавни институции. Критериум е дали лишувањето од слобода е резултат на акција на некој јавен орган. Според тоа, Комитетот може да реализира посети само во однос на лица кои се лишени од слобода од некој јавен орган, а не пациенти кое се доброволно под лекарски надзор. Меѓутоа, во тој случај, на Комитетот треба да му се овозможи да утврди дека тоа била желба на односниот пациент. Член 3 33. Како што е наведено во општите забелешки (види Поглавје II и III погоре), оваа Конвенција воведува еден вон-судски систем со превентивен карактер. Комитетот нема задача да ги осуди државите за прекршување, туку да соработува со нив во зајакнувањето на заштитата на лицата лишени од слобода. Со цел да го нагласи духот на односот меѓу Комитетот и Договорните страни, Член 3 содржи една општа одредба за соработка.


22 34. Принципот на соработка се применува во сите фази од активностите на Комитетот. Тоа има директно значење за неколку други одредби од Конвенцијата, како Член 2, 8, 9 и 10. Се очекува дека Комитетот ќе ја искористи националната експертиза што ја добива од Договорните страни како помош во неговата работа, особено при посетите (види исто infra, став 64 и 65). Член 4 Став 1 35. Комитетот е составен од толкав број на членови колку што е бројот на Договорни страни кон Конвенцијата. Оваа одредба е инспирирана од првиот дел од Член 20 од Европската конвенција за човекови права. Став 2 36. Што се однесува на квалификациите на членовите на Комитетот, во став 2 е нагласено дека тие ќе се избираат од редовите на лица со високи морални квалитети, познати по својата стручност во областа на човековите права или по професионалното искуство во областите што ги опфаќа Конвенцијата. Не е потребно детално да се наведуваат професионалните области од кои може да се избираат членовите на Комитетот. Јасно е дека не мора да бидат правници. Пожелно е Комитетот да содржи членови кои имаат искуство во прашања како затворска управа и различни медицински области кои се релевантни во постапувањето со лицата лишени од слобода. Тоа ќе направи дијалогот меѓу Комитетот и државите да биде поефективен и ќе овозможи конкретни сугестии од Комитетот. Став 3 37. Оваа одредба соодветствува на последниот дел од Член 20 од Европската конвенција за човекови права. Став 4 38. Овој став бара членовите да работат во индивидуално својство, да бидат независни и непристрасни и да можат ефективно да работат за Комитетот. Според тоа, се очекува да не се предлагаат или избираат кандидати кои имаат конфликт на интереси или кои на некој друг начин би можеле да наидат на тешкотии при исполнувањето на барањата за независност, непристрасност и достапност. Исто така, доколку одреден член на Комитетот може да има такви тешкотии во однос на некоја поединечна ситуација, се очекува да не учествува во никаква активност на Комитетот во однос на таква ситуација.


23 Член 5 Став 1 39. Постапката за избор на членови на Комитетот во основа е иста како што е утврдено во Член 21 од Европската конвенција за човекови права за избор на на членови на Комисијата. Став 2 40. Се смета за адекватно истата изборна постапка да се следи за пополнување на упразнети места (поради смрт или оставка). Став 3 41. Утврдено е мандатот да трае четири години, со можност за реизбор само еднаш.∗∗ 42. Утврдено е и делумно обновување на Комитетот после почетниот период од две години. Воспоставената постапка е инспирирана од соодветните одредби од Член 22 и 40 од Европската конвенција за човекови права. Член 6 Став 1 43. Имајќи ги предвид посебните карактеристики на функциите на Комитетот како што е утврдено во оваа Конвенција, определено е Комитетот да одржува состаноци затворени за јавноста. Оваа одредба го надополнува принципот содржан во Член 11 дека информациите кои Комитетот ќе ги добие во однос на некоја посета, неговиот извештај и консултациите со односната држава се доверливи. 44. Според условите поставени во Член 10, став 2, одлуките на Комитетот се донесуваат со мнозинство од присутните членови. Кворумот е утврден на бројот што е еднаков на мнозинството од членовите.

∗∗

Забелешка [од Секретаријатот на CPT, во 2002 година]: Со стапувањето во сила на Протоколот бр. 2, членовите на CPT може да бидат реизбрани два пати.


24 Став 2 45. Според меѓународната пракса, овој став предвидува дека Комитетот составува свој Деловник. Тој ќе регулира организациони прашања кои вообичаено може да се најдат во такви документи, вклучително и изборот на Претседавач. Став 3 46. Оваа одредба, која утврдува дека Генералниот секретар на Советот на Европа го обезбедува Секретаријатот на Комитетот, е инспирирана од вообичаената практика на оваа Организација. Член 7 Став 1 47. Овој став утврдува дека Комитетот има задача да ги организира посетите на места наведени во Член 2 од Конвенцијата. Тој исто така назначува дека Комитетот може да организира периодични посети, како и ad hoc посети. 48. Што се однесува на периодичните посети, за да бидат ефикасни Комитетот неизбежно мора да го има предвид бројот на места што ќе ги посети во односната држава. Исто така, Комитетот што е можно повеќе ќе осигури дека државите ќе ги посетува врз рамноправна основа. Освен тоа, неговата програма на периодични посети од практични причини нема да подразбира систематски посети во сите места каде има лица лишени од слобода. Комитетот дури и ќе даде одреден приоритет на ad hoc посетите кои ги смета за потребни под дадените околности. 49. Што се однесува на ad hoc посетите, Комитетот има дискреционо право да одлучи кога смета дека е потребна некоја посета и околу елементите врз кои се заснова таа одлука. Така, иако Комитетот не се занимава со истрага по индивидуални жалби (што е веќе утврдено, на пр. со Европската конвенција за човекови права), ќе биде слободен да ја проценува комуникацијата од поединци или групи и да одлучува дали ќе ги извршува своите функции според таква комуникација. Слично дискреционо право ќе има и во случај некоја Договорна страна да изрази желба Комитетот да реализира посета на места во рамките на нејзината јурисдикција со цел да испита одредени тврдења и да ја разјасни состојбата.


25 Став 2 50. Самите посети не мора да ги реализира Комитетот во комплетен состав. Сепак е веројатно дека посета на Комитетот во полн состав може да се спроведе само во исклучителни ситуации. Затоа, во став 2 е утврдено како општо правило посетите да се спроведуваат од страна на најмалку два члена на Комитетот, кои ќе работат во негово име. Меѓутоа, под исклучок Комитетот може да го претставува само еден член, на пр. при ad hoc посети од итна природа кога е слободен само еден член. 51. Ако Комитетот смета дека е потребно, може да му помагаат експерти и преведувачи. Основната идеја е дополнување на искуството на Комитетот на пример, со помош од лица кои се специјално обучени или имаат искуство во хуманитарни мисии, кои имаат медицинска основа или посебна надлежност во постапување со затвореници или во затворски режими, а кога е тоа соодветно, и во однос на млади лица. 52. При организирање на посета, Комитетот ја има предвид потребата да има на располагање доволно познавања за односната држава и јазикот што се зборува во неа. 53. Членот или членовите на Комитетот кои се избрани за реализирање на посета ќе го имаат потребното овластување за контакти со националните власти. Тие се одговорни за општиот тек на посетата и за согледувањата што се поднесуваат до Комитетот после посетата. Член 8 54. Со исклучок на став 1, во кој споменувањето на "Комитетот" значи пленарен Комитет, споменувањето во овој Член (како и во Член 3, 9, 14, став 3 и 17, став 3) ја вклучува делегацијата што ја спроведува посетата во име на Комитетот. Став 1 55. Со ратификување на Конвенцијата државите се обврзани да дозволат посети на сите места во рамките на нивната јурисдикција. Целта на оваа одредба е да ги утврди начините на кои се иницира посетата. Пред да се реализира одредена посета, Комитетот ја известува владата на односната Договорна страна за својата намера да спроведе посета (cf. Член 15). По таквото известување може во секое време да посети кое и да е место наведено во Член 2 од Конвенцијата. Неопходно е Комитетот и секоја Договорна страна да дојдат до задоволително решение кога станува збор за акредитиви и начини за идентификација на секој член на тимот што е во посета.


26 56. Оваа одредба не го утврдува периодот што треба да измине (на пример, дваесет и четири или четириесет и осум часа) од известувањето до моментот кога започнува посетата. Се разбира, може да се појават исклучителни ситуации кога посетата се реализира веднаш по поднесувањето на известувањето. Меѓутоа, како општо правило, а имајќи го предвид и принципот за соработка утврден во Член 3, Комитетот дава разумен рок на односната држава за преземање на неопходните мерки што ќе направат посетата да биде што е можно поефикасна. Од друга страна, Комитетот ги реализира посетите во разумен временски рок по известувањето. 57. Во истиот дух на соработка, во случаи кога известувањето ја објавува намерата на Комитетот за посета на одредена држава, без наведување на датата и местото на пристигнување, се очекува Комитетот да ги обезбеди тие детали дополнително, пред отпочнување на посетата. 58. Покрај најавата за посета, известувањето треба да ги содржи имињата на членовите на Комитетот и експертите што ќе учествуваат во посетата, преведувачите и другиот придружен персонал, како и местата кои Комитетот има намера да ги посети. Меѓутоа, фактот дека во известувањето се споменати одредени установи не го спречува Комитетот да објави дека во текот на посетата сака да посети и други установи. 59. На крајот, се очекува Комитетот да има предвид дека за посети на затворски установи со големо обезбедување е потребна внимателна подготовка. Став 2 60. Со оглед на посебната природа на посетите што се бара да ги спроведува Комитетот, се подразбира дека овој став се применува подеднакво пред, за време и после посетите. Ставот содржи исцрпна листа на погодностите кои Договорната страна треба да му ги обезбеди на Комитетот. Меѓутоа, се подразбира дека Договорната страна ќе му укаже на Комитетот и друга неопходна помош за олеснување на неговата работа. 61. Според под-став (a), кој мора да се чита поврзано со Член 2 и 16, условите пропишани од Договорните страни во однос на имиграциони прашања (на пр. визи) не може да се применуваат за членови на тимот што ја реализира посетата (според Член 14, став 3 во однос на експерти и други лица кои му помагаат на Комитетот). Се подразбира дека правото на Комитетот или на неговите експерти да патуваат без ограничувања не им дава општа слобода на движење во области што се забранети заради националната одбрана (cf. Член 9).


27 62. Според под-став (b), секоја Договорна страна мора на барање од Комитетот да обезбеди листа на места под нејзина јурисдикција каде се држат лица лишени од слобода, наведувајќи ја природата на установата (затвор, полициска станица, болница итн.). Се подразбира дека при доставувањето на листата, односната држава може да обезбеди општ опис на местата каде повремено може да бидат задржувани лица, на пример, сите полициски станици или сите воени касарни, покрај посебната листа на постојани места каде лицата се лишуваат од слобода, како затвори и институции за ментално здравје. Предвидено е Комитетот на крајот да побара детална листа на местата во рамките на одредена област која има намера да ја посети во рамките на јурисдикцијата на државата. Од друга страна, не е неопходно државата да поднесува листа на сите затвореници. Доколку заради посебни причини Комитетот сака да добие информација за одредено лице (вклучително местото каде е затворено тоа лице), тоа може да го побара согласно под-став (d) од овој став 2. 63. Под-став (c) ја нагласува слободата на движење на членовите на Комитетот, особено во места наведени во Член 2. Но, оваа одредба не ја исклучува можноста Комитетот да биде придружуван од службеник на државата што ја посетува, чија цел е да помогне на посетата (cf. Член 15). Државата може посебно да побара на Комитетот да му се придружи висок службеник на места кои се тајни заради националната одбрана или кои имаат посебна заштита заради националната безбедност (cf. Член 9). Меѓутоа, лицето што е во придружба не смее да присуствува на приватните разговори споменати во став 3 од овој Член. 64. Под-став (d) ги обврзува Договорните страни на Комитетот да му ги обезбедат сите информации што ги поседуваат, а кои на Комитетот му се потребни за извршување на неговата работа. Пристапот до информации е од голема важност за Комитетот. Истовремено, се потврдува дека во земјите-членки може да се применуваат посебни правила во однос на откривање на информации. Според тоа, Комитетот од своја страна е обврзан при барањето информации од некоја Договорна страна да ги има предвид важечките прописи од националното законодавство и професионална етика (посебно правилата што се однесуваат на заштита на податоците и на тајност на здравствени податоци). Предвидено е можните потешкотии на ова поле да се решаваат во духот на заемно разбирање и соработка врз кој се заснова Конвенцијата. 65. Се подразбира дека Договорната страна ќе одлучи за формата во која ќе ги достави бараните информации до Комитетот (на пр. оригинали или копии од документи).


28 Став 3 66. Според овој став Комитетот може да спроведува разговори насамо. За таа цел може да избере свои преведувачи и не смее да биде подложен на никакви временски ограничувања. Комитетот особено ќе внимава на ментално болните лица, односно бројот, квалификациите и јазичната способност на лицето или лицата кои го водат разговорот (cf. став 31 supra). 67. Се подразбира дека лицето лишено од слобода не е обврзано да се согласи да контактира со Комитетот. Но, на Комитетот мора да му се даде можност да се увери дека тоа е слободна одлука на односното лице. Став 4 68. При споменувањето на лицата со кои Комитетот може да комуницира, лицата што ја составувале Конвенцијата посебно ги имале предвид семејствата, адвокатите, лекарите и помошниот медицински персонал на лицата лишени од слобода. Но, ниту едно приватно лице нема обврска да комуницира со Комитетот. 69. Меѓутоа, ова право што му е дадено на Комитетот не го овластува да организира формални сослушувања во правна смисла со сите процедурални услови што тоа ги имплицира. На пример, никој не може да биде обврзан да изложува докази под заклетва. Став 5 70. Овој став овозможува Комитетот да даде одредени забелешки во текот на самата посета. Оваа можност треба да се искористи само во исклучителни околности (на пр. кога има итна потреба од подобрување во постапувањето со лицата лишени од слобода). Тоа не го ослободува Комитетот од обврската подоцна да состави извештај како што е предвидено во Член 10.


29 Член 9 71. Овој Член, без оглед на обврските на некоја Договорна страна да дозволи посети на Комитетот, потврдува дека одредени исклучителни околности може да го оправдаат одлагањето на некоја посета или да го ограничат правото на пристап на Комитетот до некое место. Став 1 ги одредува овие исклучителни околности, ограничувајќи ги основите врз кои овој Член може да биде повикан во следните ситуации: -

заштита на националната одбрана;

-

заштита на јавната безбедност која, како што е предвидено, вклучува итна и задолжителна потреба за спречување на сериозно кривично дело;

-

сериозни немири во затворите и други места каде има лица лишени од слобода;

-

случаи кога, со оглед на здравствената (вклучително и менталната) состојба на лицето што е предложено да се посети, посетата во одредено време би била штетна по здравјето;

-

кога е во тек итно сослушување и последователна истрага во однос на сериозно кривично дело.

72. Договорната страна која сака да се повика на одредбите од Член 9 треба да ги изложи релевантните околности пред Комитетот. Потоа, според став 2 од Комитетот и од Договорната страна страна се бара да започнат консултации за појаснување на околностите наведени од Договорната страна и нивниот однос кон предлозите наведени од Комитетот според Член 8. Од Комитетот и од Договорната страна исто така се бара (а тоа е посебен пример за соработка предвидена со Член 3) да постигнат договор за начините на кои Комитетот ќе може брзо и ефикасно да ги извршува своите функции. Една можност што е определена во Членот е дека доколку, на пример, бидат изложени приговори заради националната безбедност против посета на одредено место, лицето што е лишено од слобода на тоа место да биде префрлено на друго место каде може да биде посетено од Комитетот. Овој став исто така предвидува дека кога се одлага посетата на некое место, Договорната страна ќе осигури дека Комитетот е во целост информиран за лицата кои се лишени од слобода во тоа место.


30 Член 10 Став 1 73. Овој став се однесува на извештајот што Комитетот треба да го состави после секоја посета. Тој се заснова на фактите утврдени за време на посетата и ги има предвид сите забелешки што односната држава може да ги даде. Извештајот ги содржи и препораките кои Комитетот ги смета за потребни, а во секој случај целта е да се зајакне заштитата на лицата лишени од слобода. Се подразбира дека извештајот што ќе биде доставен до односната држава не мора да ги содржи сите информации што ги добил Комитетот за време на своите посети (на пр. записници од одредени разговори). Став 2 74. Во одредени случаи наведени во овој став, откако односната држава ќе има можност да ги поднесе своите ставови, Комитетот може да одлучи да даде јавно соопштение. Исклучителната надлежност на Комитетот за давање јавно соопштение може да се искористи ако државата не соработува или одбива да ја подобри состојбата во светло на препораките на Комитетот. Имајќи ја предвид важноста на една таква одлука, таа може да се донесе само со квалификувано мнозинство. Пред да го искористи ова средство Комитетот треба во целост да ги согледа потешкотиите што довеле до тоа државата да одбие да ја подобри состојбата. 75. Комитетот има широко дискреционо право да одлучи кои информации ќе ги објави, но ќе внимава на потребата да осигури дека нема да открива онформации што му се дадени како доверливи. Исто така, треба да има предвид дека е пожелно да не открива информации во врска со истраги што се во тек. Член 11 Став 1 76. Оваа одредба го воспоставува принципот за доверливата природа на активностите на Комитетот. "Информациите што Комитетот ги добил" може да се состојат од факти кои самиот ги забележал, информации што ги добил од надворешни извори и информации што самиот ги собрал. Став 2 77. Оваа одредба утврдува дека, кога тоа ќе го побара односната држава, Комитетот треба да го објави извештајот и сите коментари кои сака да ги даде државата. Доколку самата држава го објави извештајот, тоа треба да го направи во целост.


31 Став 3 78. Овој став утврдува дека не може да се објавуваат лични податоци без изрична согласност од односното лице. Но, тоа не може да го исклучи објавувањето на такви податоци доколку не се открива идентитетот на односното лице или пак тоа не може да се открие од контекстот. Член 12 79. Секоја година Комитетот доставува општ извештај за своите активности до Комитетот на министри. Извештајот, кој се доставува до Собранието и се објавува, содржи информации за организацијата и внатрешните активности на Комитетот и за неговата конкретна работа, со особено наведување на државите што се посетени. При изготвувањето на извештајот, Комитетот секако мора да се придржува на одредбите од Член 11 во однос на доверливиот карактер на одредени видови информации и податоци. Член 13 80. Согласно оваа одредба, членовите на Комитетот, експертите и другите лица што помагаат на Комитетот мора да ја почитуваат доверливоста, дури и по завршувањето на нивниот мандат. Тоа се однесува на сите факти или информации што ги забележале членовите на Комитетот или останатите лица во извршувањето на нивните функции при реализација на посетите или пак во некој друг момент. Член 14 Став 1 81. Оваа одредба го утврдува принципот дека имињата на лицата што помагаат на Комитетот ќе бидат наведени во известувањето за посета согласно Член 8, став 1. Став 2 82. Експертите се обврзани со истите задолженија за независност, непристрасност и достапност како и членовите на Комитетот (cf. Член 4, став 4). Тие подлежат на инструкциите на Комитетот и ќе работат под негово раководство.


32 Став 3 83. Овој став ги поставува условите под кои одредена држава може да одбие некое лице што помага на Комитетот да учествува во посетите, или во одредена посета на место во рамките на нејзината јурисдикција. 84. Тоа право може да се користи само во исклучителни случаи и што е можно во порана фаза. На тој начин државата, откако ќе ги добие релевантните информации, може да одбие такво лице само ако според нејзиното мислење тоа не ги исполнува условите наведени во став 2 од овој Член или од Член 13. Тоа може да биде случај ако односното лице манифестира предрасуди кон таа држава или пак, во други прилики, ги има прекршено правилата за доверливост. 85. Кога некоја држава ќе објави дека одредено лице не може да учествува во посетата, Комитетот може да побара објаснување за причините, имајќи предвид дека прашањето и одговорот се доверливи. Таквиот аранжман може да помогне на Комитетот при изборот на други лица што ќе му помагаат. 86. Доколку во текот на посетата некое лице што помага на Комитетот се однесува на начин кој држвата го смета за несоодветен (на пример, ако дава политички или слични јавни изјави), може да побара од Комитетот да ги преземе сите мерки што тој ги смета за соодветни. Член 15 87. Со цел да се олесни постапката на известување според Член 8, став 1 од Конвенцијата, оваа одредба ги обврзува Договорните страни да го информираат Комитетот за органот до кој треба да се испраќаат известувањата. Договорната страна мора да го информира Комитетот и за името на офицерот за врска што може да го назначи за олеснување на задачата на Комитетот при реализација на посетата. Член 16 88. Овој Член се однесува на привилегиите и имунитетот на Комитетот, неговите членови и експерти. Инспириран е од Член 59 од Европската конвенција за човекови права и од Вториот и Четвртиот Протокол кон Општата спогодба за привилегии и имунитети на Советот на Европа.


33 Член 17 Став 1 89. Овој став предвидува дека оваа Конвенција не може да се повикува како оправдување за ограничување на заштитата дадена според други меѓународни инструменти или на домашно ниво. Се разбира, Конвенцијата е само една од повеќето мерки чија цел е спречување на тортура и зајакнување на заштитата дадена на лицата лишени од слобода. 90. Фактот дека националните органи може да бидат овластени да вршат одредени истраги во местата опфатени со Конвенцијата не е доволен за да го спречи Комитетот да одлучи да спроведе одредена посета. Но, во духот на соработка што треба да управува со примената на Конвенцијата, Комитетот може да има желба да стапи во контакт со тие национални органи пред да донесе одлука (cf. став 33 и 34 погоре). Став 2 91. Овој став се однесува на посебниот однос меѓу новата Конвенција и Европската конвенција за човекови права, кон која имаат пристапено сите земји-членки на Советот на Европа и врската со која е потврдена во преамбулата. Обврските на Договорните страни според Европската конвенција за човекови права не се засегнати. Истото се однесува и на надлежноста што таа Конвенција ја дава на Судот, Комисијата за човекови права и Комитетот на министри. Според тоа, во почитувањето на воспоставената надлежност на овие органи, Комитетот формиран со оваа Конвенција нема да се занимава со прашања покренати во постапки што се пред нив и нема самиот да формулира интерпретации на одредбите од Европската конвенција за човекови права. 92. Особената важност на правото на индивидуална петиција според Член 25 од Европската конвенција за човекови права останува несмалена. Според тоа, не е предвидено некое лице чиј случај бил разгледуван од страна на Комитетот да добие приговор врз основа на Член 27, параграф 1 (б) од Европската конвенција за човекови права доколку после тоа поднесе петиција со Комисијата за човекови права во која тврди дека е жртва на прекршување на таа Конвенција.


34 Став 3 93. Од Член 2 следи дека Конвенцијата се применува и во мир и во војна. Меѓутоа, неопходно е да се има предвид постоењето на други меѓународни инструменти, особено Женевските конвенции од 12 август 1949 година и Протоколите од 8 јуни 1977 година. Во случај на вооружен конфликт (меѓународен или немеѓународен) Женевските конвенции мора да имаат приоритет во примената, односно дека посетите ќе ги спроведуваат делегати или претставници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC).1 Меѓутоа, новиот Комитет може да продолжи да посетува одредени места кои (особено во случај на немеѓународен вооружен конфликт) ICRC не ги посетува "ефективно" или "редовно". Од друга страна, оваа одредба не ги опфаќа посетите на затвореници што ги спроведува ICRC во време на мир во одредена земја согласно билатерални спогодби (надвор од рамките на Женевската конвенција). Во такви случаи Комитетот мора да одлучи каков став ќе усвои имајќи ја предвид состојбата и статусот на лицата кои може да бидат предмет на посета. 94. Креаторите на Конвенцијата одлучија да направат разлика во однос на Женевските конвенции, не само заради посебната надлежност и искуство што ги има ICRC, туку и затоа што тој врши функции и користи методи што се слични на оние на новиот Комитет. Така, изгледаше дека е неопходно да се определи односната надлежност на двата органи. Член 18 до 23 95. Овие Членови, кои ги содржат финалните одредби од Конвенцијата, соодветствуваат на моделот што го има усвоено Комитетот на министри на Советот на Европа. Што се однесува на Член 21, треба да се забележи дека е избрана опцијата што ја исклучува можноста за поднесување резерви.

______________________

1

Види посебно Член 126 од III.Женевска конвенција и Член 143 од IV.Конвенција.



Дополнителни информации: Secretariat of the CPT Council of Europe F-67075 Strasbourg Cedex France Tel.: +33 (0)3 88 41 20 00 Факс: +33 (0)3 88 41 27 72 E-mail: cptdoc@coe.int Интернет: www.cpt.coe.int Англиски и француски јазик: Официјални верзии Други јазици: Преводи. Стразбур, 26.XI.1987 година Фотографија на насловна страна: © Council of Europe


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.