Na skopskitata klinika za 6 meseci pocinaa povekle od 80 novorodencinja

Page 1

ЌЕ ГО ПРЕЖИВЕЕ ЛИ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ПОСЛЕДНИОТ МЕГАСКАНДАЛ

Здравството е мртво Македонското здравство го тресе мегаскандал откако лекари вработени на Клиниката за гинекологија споделија со јавноста дека 80-тина новореденчиња починале за шест месеци во болницата. „Фокус“ располага со документи, имиња и презимиња на пациентки што се породиле на клиниката, а ги изгубиле бебињата, како и со имињата на гинеколозите што ги извеле породувањата или оперативните зафати со царски рез. Одлучивме да го скриеме идентитетот на лекарите. Како најчести причини за зголемената смртност на новороденчињата се наведуваат болничките инфекции, кои мајките и бебињата ги добиваат додека се во болницата. Од Гинекологија, пак, тврдат дека бројките се извадени од контекст. Директорката ХаџиЛега заминала на одмор, а на клиниката се вршела внатрешна истрага за тоа кој ги изнел документите од пациентките. Дел од болничките истории се ставени под клуч за лекарите да немаат пристап до нив. Министерот Тодоров, пак, наместо да понесе одговорност, мудро молчи, а од Министерството за здравство ни испратија одговори на нашите прашања со вокабулар на партискиот штаб на ДПМНЕ Пишува: Ирена МУЛАЧКА

Н

а 31 мај 2011 година, само пет дена пред предвремените парламентарни избори, експремиерот Никола Груевски ја пресече црвената лента на новата зграда на скопската Клиника за гинекологија, која се градеше цели десет години и 8

во која со отворањето се преселија старите скандали. Само во рок од неколку месеци, трипати беше најавено пуштање во употреба на зградата. Првиот пат одеше и реклама на провладините медиуми, но зградата не беше отворена, потоа дури и медиумите беа поканети, а гостите дојдоа со подароци и цвеќиња и пак се одложи свеченото сечење лента, за на крајот да се пушти во употреба само неколку дена пред изборите. Владината свита направи промоција на објект, кој сѐ уште немаше документи дека е исправен за употреба, зградата беше полупразна, без доволно медицинска опрема, лифтовите не функционираа, но затоа, пак, пред влезот на клиниката фотосесија направија тогашниот премиер, ексминистерот за здравство Бујар Османи, директори на клиниките и лекари. Оттогаш наваму, здравствените власти постојано се фалат со новата медицинска опрема, која е донесена во болницата од владиниот тендер, кој чинеше вртоглави 100 милиони евра, но ниту тоа не ги намали скандалите што ја тресат Гинекологија. По пет години од пуштањето во употреба, постојано се зголемува бројот на починати новороденчиња на клиниката, но проблемот е во тоа што тие алармантни бројки се прикриваат од страна на надлежните институции и никој не презема одговорност за изгубените животи, за настанатата компликација при породувањето, за причините за смртта, за болката на семејствата... Од друга страна, во целиот цивилизиран свет, ваквите проблеми се решаваат брзо и експресно, министрите за здравство понесуваат морална и политичка одговорност (оставка), а пациентите решаваат дали ќе покренат судска постапка за лекарска грешка и дали ќе бараат отштета. За разлика од ова, во Македонија надлежните институции со години ги кријат официјалните податоци. Единствените бројки што можат да се најдат се оние во државниот Завод за статистика, според кои, за првите три месеци од 2016 година починале 61 новороденче, што се податоци поради кои треба да се вклучи црвениот аларм за тревога. Но, освен овие официјални податоци, од скопската Клиника за гинекологија никогаш не излегле со информации – колку бебиња починале на годишно ниво, зошто се зголемува

смртноста на бебињата и кои се најчестите причини за тоа? Бројките се чуваат како државна тајна или „строго доверливи информации“. БЕБИЊА УМИРААТ КАКО ВО АФРИКА Последните неофицијални податоци говорат дека за последните шест месеци на скопската Клиника за гинекологија починале 80-тина новороденчиња, од кои 20 само во текот на последните две недели. Ваквите податоци се соопштени на Стручен колегиум на клиниката пред неколку дена на кој секојдневно присуствуваат 70-тина ле-

FOKYC / 1082 / 01.07.2016


ороденче на Тодоров

кари, кои биле запрепастени од страшните бројки. Тие на дневна основа поднесуваат извештај (рапортна тетратка), за која први реферираат гинеколозите – што се сѐ случувало за време на дежурството претходната ноќ, потоа педијатрите од интензивна нега кои објаснуваат колку деца се ставени на респиратор, дали на некое му се влошила здравствената состојба, дали има починати и колку се испишани. Исто така, на Стручен колегиум двапати неделно се чита и програмата за оперирање. Веќе една година атмосферата на скопската Клиника за гинекологија врие, а проблемите на површина испливаа последниот месец кога дел од

вработените таму решија да споделат со јавноста што се случува на клиниката, колку новороденчиња починале и кои се главните причини за тоа. „Фокус“ располага со документи, имиња и презимиња на пациентки што се породиле на клиниката, а потоа ги изгубиле бебињата, како и со имињата на гинеколозите што ги извеле породувањата или оперативните зафати со царски рез. Клиниката за Гинекологија е регионален центар во кој доаѓаат сите критични случаи за породување, како од болниците од внатрешноста, така и од приватните болници. Нашата редакција одлучи да го скрие идентитетот на лекарите што

FOKYC / 1082 / 01.07.2016

ги извршиле породувањата или оперативните зафати. Според документите со кои располагаме, последниот случај на починато бебе бил во петокот, на 24 јуни, кога мртвиот плод на мајката по 14 часот бил изваден со царски рез. Бебето било женско, тешко 3.830 грама и долго 52 сантиметри. Според бројот на историјата на пациентката 7659, се работи за 35-годишната М.Ј. од Скопје, која на гинеколошката клиника била хоспитализирана уште од 1 јуни годинава. Во тој период, таа само двапати била пуштена да си оди дома, за време на викендите. Пациентката има и седумгодишно дете. 9


Нашите извори коментираат дека по оперативниот зафат таа била во шок-соба, а подоцна е префрлена на Одделението за патолошка бременост. Во меѓувреме, пациентката на клиниката била речиси 20 дена затоа што според лекарите имала повеќе плодова вода и чекала да ѝ закажат операција со царски рез. Кога ја ставиле на програма за оперирање, тие откриле дека пациентката носи мртво бебе. Царскиот рез го извршил гинеколог-оператор, на кој му помагале двајца асистенти, а индикациите ги поставува друг лекар. Сѐ уште не се откриваат точните причини – од што починало новороденчето, дали станува збор за грешка на лекарите и кој ќе сноси одговорност за изгубениот живот. Се чекаат обдукциските наоди од Институтот за патологија. Две недели порано, уште едно новороденче починало на Гинеколошката клиника. Според документите, станува збор за 25-годишната пациентка И.Б. родена 1991 година. Таа на 10 јуни се породила на клиниката, каде што родила живо машко бебе тешко 2.800 грама, а долго 50 сантиметри. Како што се наведува во историјата, врз пациентката бил извршен царски рез во 21 часот и 55 минути со дијагноза „min.apgarskor 4/4 nizok“ По само три дена, бебето на 13 јуни починало. На истиот датум починале уште две новороденчиња, што според

10

лекарите е алармантна состојба за која треба да се реагира навреме за да се преземат одредени мерки и да не продолжи истиот тренд на зголемена смртност. Откако темата излезе во јавноста, се јавија неколку пациентки кои сакаа да објаснат каква голгота поминале низ здравствените лавиринти на Клиниката за гинекологија. Една од нив на социјалните мрежи напиша дека кога таа пред неколку недели во петтиот месец на бременост го изгубила бебето, во истиот период на клиниката починале дури три бебиња. Инаку, на Гинеколошката клиника во Скопје, годишно има од 5.000 до 5.500 породувања, а за првите шест месеци од 2016 година на оваа клиника имало приближно 2.700 породувања. СЕ КРИЈАТ БОЛНИЧКИТЕ ИСТОРИИ НА РОДИЛКИТЕ Колку повеќе се расплетува приказната, толку повеќе на површина излегуваат трагичните судбини на родилките и нивните бебиња. Во документите со кои располага „Фокус“ има податоци за пациентките што го изгубиле бебето, од кој град доаѓаат, кој пол е новороденчето, колку било тешко и долго и која е дијагнозата. Од нив дознаваме за смртен случај на новороденче во февруари годинава. Станува

Како најчести причини за зголемената смртност на бебињата се наведуваат интрахоспиталните инфекции, несовесното лекување на дел FOKYC / 1082 / 01.07.2016 од лекарите и предвремените породувања


ЌЕ ГО ПРЕЖИВЕЕ ЛИ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ПОСЛЕДНИОТ МЕГАСКАНДАЛ

„Фокус“ располага со документи, имиња и презимиња на дел од паџиентките кои ги изгубиле бебињата на скопската Клиника за гинекологија. збор за 39-годишна пациентка од Скопје, која се породила на 14 февруари. Операцијата била извршена со царски рез во периодот од осум до девет часот наутро при крајот на дежурството. Пациентката родила женско бебе, тешко 2.300 грама и долго 45 сантиметри. Чудно во целата приказна е тоа што во документот со кој располагаме, никаде не може да се пронајде бројот на историјата на пациентката, иако е вообичаено сите хоспитализирани пациентки на клиниката да имаат болничка историја со број. Во документот се запишани само нејзините основни податоци – име и презиме, пол на бебето, местото од каде доаѓа и тежина на новороденчето. Според болнички извори, бебето било родено живо, но не се знае колку време било живо и кои се точните причини за смртта. Нашата редакција го знае името и на гинекологот што го извршил царскиот рез, но одлучивме да не го откриваме неговиот идентитет. Гинеколозите со кои поразговаравме на оваа тема тврдат дека најчестите причини за зголемената смртност на новороденчињата се интрахоспиталните инфекции кои мајките и бебињата ги добиваат додека се во болницата. Но, нагласуваат дека има одредени грешки и кај лекарите бидејќи некои од нив не си ја извршуваат работата како што треба, односно нестручно ги третираат пациентките. Исто така, како една од причините за ваквите алармантни податоци може да се наведат и предвремените породувања. - Уште од 2005 година не се води детална евиденција во сите родилишта колку новороденчиња по-

чинале, каде има проблеми и како и на кој начин да се решаваат. Не може само на крајот на годината да се видат бројките и тука да заврши сѐ. Мора редовно и континуирано во текот на целата година да се следи состојбата и да се откријат слабостите, кои искрено ги има многу. Бројките не се работа на статистика, туку на Институтот за јавно здравје или на Клиниката за гинекологија. Тие мора да ги решаваат слабостите. Други проблеми се нехигиената на клиниката, инфекциите, сепсата, тоа што сега има измени во персоналот, неискусните и млади сестри, пропустите на службите и недоносените бебиња – тврдат гинеколози кои сакаа да останат анонимни плашејќи се да не сносат последици. Според процедурата, откако бебињата ќе починат се носат на обдукција на Институтот за патологија, каде што директорка е д-р Гордана Петрушевска. За обдукциските наоди најчесто се чека и по месец-два, а тие треба да го дадат конечниот одговор и да ги покажат вистинските причини што ја предизвикале смртта кај новороденчето. „Фокус“ досега неколкупати објави случаи на починати бебиња во изминатите неколку години. Така, една пациентка, во 35-та недела од бременоста изгубила едно од близначињата поради кила. Лоша судбина имала и една друга пациентка со близначињата, од кои едното починало поради пукнати бели дробови. Во слична ситуација се нашла и друга мајка – таа го изгубила своето бебе, тешко 3.900 грама пора-

FOKYC / 1082 / 01.07.2016

ди прекумерна вентилација која предизвикала пукање на белите дробови. Истата година, бебе на 29-годишна пациентка по породувањето се заразило со клепсиела, при што одвај било спасено. Исто така, во октомври лани во Гевгелиската болница почина новороденче и родилка, чија бременост се до породувањето се одвивала нормално, без никакви компликации. Во тој случај, проблемот беше лекарска грешка на двајцата анестезиолози, кои беа суспендирани од работа. Дека смртноста на бебињата е драматично зголемена во последните пет години, во речиси сите родилишта низ земјава тврдат и од Платформата за родова еднаквост, кои правеле истражување на оваа тема. Според нив, поразителен е податокот дека токму во периодот на имплементација на Стратегијата за безбедно мајчинство (2010 – 2015) и во периодот кога бил намален буџетот за превентивна заштита, смртноста на доенчињата расте. Така, во 2011 година починале осум бебиња на 1.000 живородени, додека три години подоцна, во 2014 година тој број се зголемил на девет починати бебиња на 1.000 живородени. Тие немаат направено истражување за последните две години, но најалармантни се податоците во 2012 година. - Најдрастичниот раст на смртноста на доенчињата во последните пет години има во 2012 година, кога за само една година бројот на починати доенчиња се зголемува за 25 починати на 1.000 живородени бебиња – се наведува во нивното истражување. 11


ЌЕ ГО ПРЕЖИВЕЕ ЛИ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ПОСЛЕДНИОТ МЕГАСКАНДАЛ Како дополнителен проблем на Клиниката за гинекологија се наведува и недостигот од медицински кадар, гинеколози, анестезиолози и педијатри. Нашите болнички извори тврдат дека на Гинекологија има само девет педијатри, а треба да бидат 15, анестезиолози има 10, а треба да бидат минимум 18. Само лани од клиниката си заминале четворица анестезиолози на работа во приватните болници. Откако во јавноста пукна аферата за зголемената смртност на бебињата на Гинекологија, нашите извори тврдат дека на клиниката се вршела внатрешна истрага кој ги изнел документите од пациентките, а дел од болничките истории се ставени под клуч за лекарите да немаат пристап до нив.

ДИРЕКТОРКАТА НА ГИНЕКОЛОГИЈА МОЛЧИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО БЕБИЊАТА Зголемената смртност кај бебињата предизвика остри реакции во јавноста, а граѓаните и стручната фела беа шокирани од бројките дека за шест месеци од годината починале речиси 80 новороденчиња. „Фокус“ испрати прашања до директорката на скопската Клиника за гинекологија, д-р Марија Хаџи-Лега, која според нашите информации веќе заминала на одмор. Во пораката што ѝ ја испративме на директорката вечерта на 25 јуни, ја прашавме дали се точни информациите дека на клиниката починале околу 80 бебиња за шест ме-

Министерот за здравство Никола Тодоров наместо да12 понесе морална одговорност, мудро молчи

сеци, од кои само 20 во последните две недели и кои се најчестите причини за зголемената смртност на бебињата. До објавувањето на текстот не добивме одговор на нашите прашања. Но, затоа, пак, од Гинеколошката клиника излегоа на прес-конференција тврдејќи дека објавените бројки се извадени од контекст, ама никако не сакаа да ги кажат точните бројки на починати бебиња од јануари до сега. Од таму тврдеа дека статистички податоци се прават на крајот на годината или на пет години за да се запази трендот. - Тренд се прави врз основа на едногодишна, петгодишна или повеќегодишна анализа и податоци, а не врз база на податоци за седум дена – истакна д-р Драган Тантуровски од ГАК. Редакцијата на „Фокус“ воопшто не доби покана за прес-конференцијата на Клиниката за гинекологија, иако ние први ја објавивме аферата, но откако некои од новинарите му се обратија на доктор Тантуровски, инсистирајќи дека ако не ги кажува точните бројки создава сомнеж дека нешто се крие, тој се налути и почна да вика: - Јас сум 33 години доктор, не дозволувам ваков однос, мојата професионалност е секогаш на прво место. Не може некој од ваш ранг да ме понижува! Сепак, нашите извори тврдат дека според правилата на клиниката на секои шест месеци се подготвува извештај за тоа колку бебиња се родиле и колку починале во овој период. Неколку прашања испративме и до министерот за здравство Никола Тодоров. Еве ги прашањата: 1. Министре, што планирате да преземете за алармантните бројки на смртност на скопската Клиника за гинекологија? 2. Дали Министерството за здравство располага со официјални бројки? 3. Дали ќе си поднесете оставка за ваквите случувања? Но, до затворањето на овој број не добивме никаков одговор од првиот човек во здравството, кој во последните неколку денови е зафатен со преговорите за решавање на политичката криза како претставник на ВМРО-ДПМНЕ. Дека 82 бебиња починале на Гинекологија за шест месеци, од кои само 20 во последните две недели, реагираа и од опозицискиот СДСМ. Тие го повикаа министерот да понесе морална одговорност за страшните бројки што ја тресат болницата. Веднаш возвратија од ДПМНЕ, од каде што нагласија дека смртноста на новороденчињата за време на нивното владеење е намалена, а најголема смртност имало во времето на СДСМ.

FOKYC / 1082 / 01.07.2016


НАМЕСТО ОДГОВОР НА НАШИТЕ ПРАШАЊА МИНИСТЕРСТВОТО ДЕЛИ НАВРЕДИ КАКО ПАРТИСКИ ШТАБ

СОВЕТНИКОТ НА ЕКСПРЕМИЕРОТ РАКОВОДИ СО КОМИТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНО МАЈЧИНСТВО Откако во 2010 година, за само неколку недели починаа неколку родилки и новороденчиња во Министерството за здравство се формираше Комитет за безбедно мајчинство, чија цел беше да се подобрат санитарно-хигиенските услови во породилиштата, да се обезбедат нормални услови за породување, да се набави потребната медицинска опрема, да се обезбеди доволно стручен кадар, а од друга страна, да се намали смртноста на доенчињата. На чело на Комитетот за безбедно мајчинство е Александар Митов, советник за здравство во кабинетот на екс премиерот Груевски. Освен него, овој комитет брои 15 члена меѓу кои се директорката на Клиниката за гинекологија, Хаџи-Лега, директорката на скопската Клиника за детски болести, Аспазија Софијанова, двајца преставници од ресорното Министерство, како и советници од Кабинетот на министерот Тодоров. Во последните неколку години се сменија повеќе лекари – членови на комитетот. Нови доаѓаат, старите си одат. Инаку комитетот се формираше во периодот кога за само три дена починаа четири родилки и три бебиња. Од тогаш до денес, нема никаква информација од оваа институција, ниту, пак, комитетот одржал прес-конференција за тоа какви мерки се преземаат и дали воопшто работат на овие случаи. Според нашите информации, последните пет месеци овој комитет не одржал ниту еден состанок, а досега од своето основање во 2010 година се одржани само три состаноци. Но дознаваме дека и таму не биле доставу-

Повеќе од две години, Министерството за здравство не одговори на ниту едно прашање на „Фокус“, но конечно се почувствуваа повикани да одговорат за скандалот на Клиниката за гинекологија. Иако поставивме конкретни прашања и баравме прецизни податоци на оваа тема, од министерството нѐ удостоија со неосновани напади, дисквалификации и етикетирања. За да се уверите во тоа, ви ги претставуваме интегрално прашањата и нивниот сублимиран одговор: ФОКУС: Што ќе преземете за зголемената смртност на новороденчињата на скопската Клиника за гинекологија, каде во последните шест месеци починале околу 80 бебиња, од кои само 20 во последните две недели? ФОКУС: Дали министерот за здравство Никола Тодоров ќе има некаква реакција? ФОКУС: Планира ли Тодоров да понесе морална одговорност за случувањата на Гинеколошката клиника, со оглед на тоа што постојано излегува тврдејќи дека е намалена смртта кај бебињата? ФОКУС: Дали Министерството за здравство располага со официјалните бројки? МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство од аспект на опрема и инфраструктурни услови се исполнети највисоките стандарди. Со вашето тврдење вие инсинуирате дека проблемот на Kлиниката е кадарот и нивната нестручност. Министерството за здравство не може да се сложи со оваа ваша тотално погрешна констатација која е исклучиво водена од политички причини, и како Mинистерство сметаме дека на Клиниката работат високо обучени професионалци кои се подготвени да се справат и се справуваат со најтешките случаи во оваа област на медицината во државава, односно се борат за здравјето на најтешките пациенти во медицинска смисла на зборот. Граѓаните мора да знаат дека ова не е ништо друго туку нарачана политичка кампања која ја сработувате по барање на СДСМ. Народот знае што остави СДСМ, колкава смртност и знае дека со сите мерки, нова опрема, едукации и комплетно нова болница која работи согласно светски прифатени протоколи се направија огромни чекори напред и во оваа сфера. Показател за тоа е сериозно намалената доенечка смртност - тоа се факти, ова што вие го правите не е ништо друго туку валкана политичка пропаганда. Вие продолжете да лажете и одработувате платени политички нарачки, а ние ќе продолжиме да инвестираме во нова опрема, обуки и нова здравствена инфраструктура. вани точните бројки на починати бебиња на Клиниката за гинекологија! Како и да е, факт е дека секоја година, наместо да се намалува, сѐ повеќе се зголемува смртноста на новороденчињата поради што Македонија е прогласена за црн шампион по смртност на бебиња во Европа, а затоа покажуваат и последните податоци на европскиот индекс за корисниците на здравствените услуги, кој излезе лани. Таму Македонија е рангирана на 27 место од вкупно 35 земји, кои биле вклучени во студијата. Во извештајот што доаѓа од Брисел, се наведува дека на државата ѝ претстои долг пат до подобра здрав-

FOKYC / 1082 / 01.07.2016

ствена заштита. Според информациите, на годишно ниво во Македонија умираат 11 на илјада родени бебиња. Веднаш по неа се Албанија и Србија, додека најдобра е состојбата во Исланд, Финска и Словенија со околу два смртни случаи на 1.000 породувања. Наместо директорката и лекарите од Гинекологија да се препукуваат со новинарите, сега имаат можност да излезат и да ги кажат точните бројки на починати бебиња во првите шест месеци од годината. Тие ги имаат во извештаите и најдобро ги знаат. Сигурно се свесни дека функцијата не е поважна од еден изгубен живот.

13


СКАНДАЛОТ НА СКОПСКА ГИНЕКОЛОГИЈА СЕ ШИРИ

Само неколку дена откако пукна аферата на скопската Клиника за гинекологија дека околу 80 бебиња починале за првите шест месеци од годината, од кои само 20 во рок од две недели, нов смртен случај на новороденче повторно ја стресе болницата. Според документите и бројот на болничка историја на пациентката 8261, се работи за родилката К.С. од скопското село Батинци, која на клиниката била донесена како итен случај и имала предвремено одлепена постелка. „Фокус“ разговараше со некои од семејствата на кои им се случила ваква трагедија. Тие чекаат да помине одреден период, болката да се намали, за да споделат со јавноста каква голгота поминале на клиниката, како се однесувале со нив лекарите и сестрите на клиниката и во какви услови се лекувале. Дури, некои од нив размислуваат и да покренат судски процеси против клиниката или против гинеколозите што го извршиле породувањето. Информирани сме дека веќе имало неколку поплаки од родилки и до Министерството за здравство Пишува: Ирена МУЛАЧКА

М

инистерот за здравство на Црна Гора, Миодраг Радуновиќ пред две години поднесе оставка од функцијата, откако едно новороденче почина во болницата во Бјело Поље поради инфекции. Тој јавно излезе на телевизија и пред целата црногорска јавност соопшти дека ја напушта министерската фотелја поради смртта на бебето, скандалот што изби и поради нефункционирање на здравствениот систем. Според медиумите, Комисијата за здравство во Собранието на Црна Гора и сите пратеници едногласно донеле одлука тогашниот министер Радуновиќ и директорот на болницата Томислав Јеремиќ каде што се случил овој настан да бидат сослушани и да дадат објаснување во какви услови се раѓаат и лекуваат бебињата и како било дозволено нехигиенски услови да бидат главната причина за инфицирање на пет новороденчиња. Во меѓувреме, биле сменети началниците на одделенијата за гинекологија и неонатологија, додека директорот поднел оставка поради морални причини. За разлика од Црна Гора, ваквата слика не можевме да ја видиме во Македонија и по објавувањето на скандалозните податоци дека за само шест месеци на скопската Клиника за гинекологија починале околу 80 бебиња, од кои само 20 во последните две недели. Ниту министерот за здравство Никола Тодоров, ниту директорката на Гинекологија, Марија Хаџи-Лега не се почувствуваа одговорни да ги објаснат случувањата на клиниката - зошто толку голем број бебиња починале за шест месеци, ниту да дадат изјава на темата, а не, пак, да поднесат оставка од функциите поради морални причини. Тодоров се занимава со преговори за решавање на политичката криза, додека директорката овие денови се вратила од годишен одмор. Во целата оваа афера, не станува збор само за лекарски грешки, односно за нестручно изведување на операциите и за интрахоспитални инфекции на родилките, туку, како што тврдат лекарите, се работи за системска грешка, која со години го урнисува македонскиот здравствен систем во кој најмногу страдаат пациентите, а во овој случај бебињата. 22

Според нив, неорганизираноста и недостигот од гинеколози, педијатри и анестезиолози во болниците во внатрешноста придонесуваат сите критични случаи на новороденчиња да се слеваат во Гинеколошката клиника, а главната вина оди на грбот на Тодоров, кој секојдневно на прес-конференции се фали за „реформираното“ здравство, кое е во длабока кома. Па, така - кој преживее, ќе раскажува! НОВ СМРТЕН СЛУЧАЈ Не помина една недела откако пукна аферата дека на скопската Клиника за гинекологија за шест месеци починале 80 бебиња, а дури 20 во последните две недели, во меѓувреме на клиниката почина уште едно новороденче, со што бројката на смртни случаи продолжува да се зголемува. За него било реферирано во понеделникот на утринскиот Стручен колегиум на клиниката, каде што се поднесуваат извештаи што се случувало во болницата за време на викендот и за време на дежурствата. Според нашите болнички извори, новиот смртен случај на новороденче се случил утрото во неделата, иако родилката била породена неколку денови претходно. Според бројот на историјата на пациентката - 8261, се работи за 34-годишната родилка Х.С. од скопското село Батинци, родена 1982 година, која како итен пациент била донесена на клиниката. Нашите болнички извори тврдат дека пациентката била донесена со влошена здравствена состојба затоа што имала предвремено одлепена постелка и крвавела. Тоа значи дека настанале одредени компликации бидејќи новороденчето не добивало циркулација и се губел контактот меѓу мајката и бебето. Оперативниот зафат бил извршен со царски рез во 36-та недела од бременоста, на 29 јуни во периодот од 12.30 до 13.15 часот, а за само неколку дена новороденчето починало. Бебето било тешко 3.090 грама, а долго 53 сантиметри. Важно е да се каже дека тука не се работи за лекарска грешка бидејќи родилката воопшто не била хоспитализирана на клиниката, туку била итно пренесена за операција. На нашата редакција ѝ е познат идентитетот на гинекологот-опеFOKYC / 1083 / 08.07.2016

Поч здравс


чина уште едно бебе, ствените власти молчат

ратор што го извршил царскиот рез, како и името на гинекологот што ги поставил индициите (укажувањата), но одлучивме да не ги откриваме нивните имиња. Според документите со кои располагаме, за повеќето од случаите во кои починаа новороденчиња, оперативните зафати биле извршени со царски рез. Една од нив е и 39-годишната пациентка од Скопје, која, исто така, на 14 февруари, 2016 година била породена на Гинеколошката клиника. Таа родила женско бебе, тешко 2.300 грама, а долго 45 сантиметри, кое за неколку дена починало. Во тој период, на клиниката имало уште неколку бебиња кои за брзо време починале, при што дел од нивните семејства бурно реагирале, не можејќи да поверуваат низ што се поминале по лавиринтите на македонското здравство. „Фокус“ разговараше со некои од семејствата на кои им се случила ваква трагедија. Тие велат дека чекаат да помине одреден период, болката да се намали, за да излезат и да споделат со јавноста каква голгота „Фокус“ располага со документи поминале на клиниката, како со нив се однешто родилките и нивните бебиња FOKYC / 1083 / сувале 08.07.2016 медицинските лица, во какви услови

преживеале на Гинеколошката клиника

се лекувале на клиниката? Дури, дел од нив размислуваат и да покренат судски процеси против клиниката или против гинеколозите што го извршиле породувањето. Информирани сме дека веќе имало и неколку поплаки од родилки и до Министерството за здравство. Во претходниот број, со јавноста споделивме неколку случаи на родилки, кои во последните шест месеци ги изгубиле своите бебиња на Гинеколошката клиника. Една од нив беше 25-годишната И. Б., родена 1991 година, која на 10 јуни се породила со царски рез на клиниката и родила живо машко бебе, а за само неколку дена, на 13 јуни, тоа починало. Друг случај на починато бебе бил на 24 јуни, кога мртвиот плод од мајката, 35-годишната М.Ј. од Скопје бил изваден со царски рез. Дополнителен проблем на клиниката, како што тврдат лекарите, е тоа што во новата зграда која функционира само пет години, со недели немало клима-уреди и вентилација, па тие неколку дена карактеристични за смртта на новороденчињата се решава токму тој проблем, потоа вработените со недели немаат тоалет хартија, а хигиената на клиниката е на многу 23 ниско ниво, што според


СКАНДАЛОТ НА СКОПСКА ГИНЕКОЛОГИЈА СЕ ШИРИ

нив, е една од причините за појавата на интрахоспиталните инфекции. Во меѓувреме, нарушени се меѓучовечките односи меѓу лекарите и другиот медицински кадар. Дел од нив ја поддржуваат страната на директорката, додека други обвинуваат за мобинг, притисоци, закани и исфрлање од канцелариите каде што работеле со години. БАКТЕРИИ И ИНФЕКЦИИ КОСАТ НА ГИНЕКОЛОГИЈА Како најчести причини за зголемената смртност на новороденчињата се наведуваат предвремените породувања, интрахоспиталните инфекции и нестручноста на дел од лекарите. Досега, на Гинеколошката клиника имало и неколку случаи во кои дел од помладите гинеколози прават погрешни проценки – кога родилката треба да се породи, колку плодова вода има, до кога и е терминот, дали плодот добро се развива, дали има некакви аномалии? Скопската Клиника за гинекологија веќе подолг период ја тресат скандали, а во нејзините операциони сали се запечатени судбините на многу семејства. Ќе наброиме само неколку случаи на родилки кои поминале хорор на клиниката и тоа во новата зграда. Една од нив e 36-годишната Емилија Николова од Струмица, која тврди дека поминала трнлив пат на Гинеколошката клиника, па одлучи да ни го сподели своето горко искуство. - Ништо не ме чуди дека умираат толку бебиња зашто кој како стигне од внатрешноста со компликации во бременоста, и да не е за породување веднаш го породуваат. Па, кое дете има среќа да преживее, ќе преживее. Јас со Брза помош бев префрлена во Скопје со крвавење во 31-та недела од бременоста. Прво бев сместена на Патологија, а поради немање место, третиот дена бев префрлена на интензивна нега со изговор дека ќе сум во сигурни раце. Таму се случуваа хорори, секојдневно умираа родилки. Од преголем стрес, прокрвавив. Тамам се смири крвавењето, ми направија ЦТГ и наводно покажа дека нешто не е во ред со постелката. Главен проблем беше тоа што немаше каде да ги сместуваат родилките, па секоја вечер породуваа некоја предвреме и бебињата умираа – тврди Николова за „Фокус“. Таа додава дека на тој начин почнал нејзиниот хорор на клиниката, кој и оставил огромни трауми.

24

Дел од семејствата размислуваат и да покренат судски процеси против клиниката или против гинеколозите кои го извршиле породувањето

- Од преголем стрес пет дена не бев во тоалет. Ме однесоа да ме породат со царски рез и родив машко бебе кое поради компликации веднаш беше префрлено во инкубатор на Интензивна нега. Кога прашав како е моето бебе, шефицата почна да ми вика дека треба да сум среќна што е живо и да не се распрашувам многу и да се молам да преживее бидејќи може да го снајде најлошото. Поминавме голема голгота, но знам дека повеќе не раѓам таму. Јас сум жив доказ зошто децата умираат на Гинекологија – додава 36-годишната Николова.

www.totaltv.tv

I

Според неа, од тоа што немало каде да ги сместуваат родилките многу од нив лежеле во ходник, лебарки шетале на сите страни, а тоалетите биле како во филм на стравот и ужасот. Доживеала страшно искуство и животот ѝ бил во опасност и на 24-годишна пациентка, која пред повеќе од една година се породила на клиниката и родила здраво бебе. Нашите болнички извори тврдат дека во периодот од неколку дена додека мајката лежела на клиниката закачила бактерија, здравствената состојба ѝ се влошила, при што ѝ била извадена матката. Екипата на „Фокус“ се виде со мајката, која сакаше да остане анонимна, но ни раскажа што сѐ преживеала за време на престојот на клиниката. - За таму доволен е само еден збор – хорор. Кога ќе отидеш, ќе видиш нова зграда и на прва, сѐ изгледа совршено. Таму владее страшна нехигиена, па не е чудно што родилките и бебињата ги фаќаат бактериите стрептокока и клепсеила. Лебарки шетаат на сите страни, чаршафите се валкани и потоа се чудиме за интрахоспитални инфекции. Односот на медицинските сестри и болничарите е лош и арогантен. Јас, „благодарение“ на бактеријата, останав без матка, одвај ме спасија и сега не можам да имам уште едно дете. И потоа се чудиме зошто родилките собираат пари за да се породат приватно – тврди 26-годишната родилка. „Фокус“ пред неколку години пишуваше за случај на двомесечно бебе од внатрешноста на земјата, кое поради инфекција доби гангрена и му беше ампутирана раката. Неговите родители поднесоа претставка до министерот за здравство Тодоров, но оттогаш до сега овој случај не доживеа никаква разрешница. Според документите, се работи за женско бебе, за кое родителите во претставката до министерот тврдат дека бактериите стафилокока и стрептокока, но и лекарската негрижа и несовесното лекување се причините за тажната судбина на бебето. - Нашето дете беше родено на 14 октомври 2011 година како предвремено родено бебе и поради тоа, мораше да биде задржано на лекување во клиниката. Ние десет години немавме деца и на целата наша радост се соочивме со уште еден удар. На раката на бебето имаше белузлави отоци, а никој не сакаше да ни објасни што се случува. Единствената информација што ни ја дадоа беше дека под-

FOKYC / 1083 / 08.07.2016

02/30 63 000


ТОДОРОВ МОЛЧИ ЗА СКАНДАЛОТ, А ПРОМОВИРА ПРОЕКТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СМРТНОСТА НА БЕБИЊАТА Во меѓувреме, додека во јавноста пукна скандалот на скопската Клиника за гинекологија, министерот за здравство на темата мудро молчи, но затоа пак излезе на прес-конференција на која се пофали дека министерството кофинансира специјализација на 47 матични гинеколози. Според планот, лекарите ќе плаќаат само 10 проценти од вкупната сума за специјализацијата, а по завршувањето ќе имаат загарантиран договор со Фондот. Тодоров додаде дека на тој начин ќе се зајакне оваа специјалност во државата и ќе придонесе за намалување на доеничката смртност. лактицата на нашата ќерка треба да се ампутира, а како и зошто никој, не ни објасни – се наведува во преставката до министерот. По новата претставка што ја испратиле, родителите дури на 11 ноември 2011 година успеале да ја добијат медицинската документација на бебето, што според нив има куп нелогичности. Според документот од гинекологија, кај новороденчето е изолирана бактерија стрептокока, поради што е дојдено до рана сепса. Но, тоа не е сѐ. Според документите со кои располагаме, пред стартот на 2012 година починале само три бебиња во едно дежурство. И тоа, две од бебињата починале поради незрелост, породени во 26-та недела, додека третото, породено во 31-та недела, имало шанси да преживее, доколку не било заразено од смртоносната бактерија клепсиела. Дополнителен проблем во целата приказна претставува тоа што и покрај многубројните смртни случаи на новороденчиња на клиниката и заразата од разни инфекции не се вклучи црвениот аларм на тревога кај здравствените власти за да се најде начин како да се спречат или барем да се намалат алармантните бројки. И по десет дена, директорката на Гинекологија, Марија Хаџи-Лега упорно молчи за скандалот. Како што дознаваме, по избивањето на аферата, таа на работа првпат се појавила во средата по враќањето од годишен одмор. Нашите извори тврдат дека директорката на Стручен колегиум се расправала со вработените тврдејќи дека знае кој ги изнесува документите од клиниката и дека за тоа ќе биде казнет. ЗАТВОРЕНИ РОДИЛИШТА, НЕДОСТИГ ОД ГИНЕКОЛОЗИ, МРТВИ БЕБИЊА.... Лекарите тврдат дека статистички бројот на починати бебиња на скопската Клиника за гинекологија се зголемува затоа што болницата претставува регионален центар од каде што доаѓаат сите критични случаи од внатрешноста на земјата и од приватните болници. Според нив, да настане и мала компликација, родилката веднаш ја префрлаат на Гинеколошката клиника во која има над 50 гинеколози. За ваквите црни статистики проблемот може да се бара и во тоа што многу родилишта во другите градови низ Македонија се затворени и со години не функционираат, некои поради лошите и катастрофални хигиенски услови, некои поради недостигот од гинеколози, педијатри и анестезиолози. Сепак, тие што останаа, работат со по еден или двајца гинеколози во градови во кои има од 70.000 до 100.000 жители.

Но, да одиме со ред. Во болниците во внатрешноста има 69 гинеколози –специјалисти и уште 120 матични гинеколози, што значи дека околу 700.000 жени во државата се оставени во рацете на вкупно 189 гинеколози. Според податоците со кои располагаме, во Струмичката болница има шест гинеколози, додека во Валандово, Гевгелија, Радовиш и Неготино нема ниту еден гинеколог. Во штипската Клиничка болница има четири гинеколози, но привремено и по потреба дежураат и матичните гинеколози. Исто така, во градови како Дебар и Кичево има по два гинеколози, во Охрид пет, а во Струга и Битола по девет гинеколози, додека во Кавадарци е евидентиран само еден гинеколог. Во Неготино нема болница каде што може да се породуваат родилки, а во Кратово и Крива Паланка родилиштата се затворени. Гинеколозите со кои разговаравме тврдат дека проблемот е системски, дека има алармантен недостиг од гинеколози и дека во 21-от век застрашувачки е да умираат толку бебиња. - Страшна е бројката на починати бебиња на Гинекологија. Колку се способни лекарите, тоа не знам. Како причини можат да се наведат и предвремените породувања, како и интрахоспиталните инфекции. Мора да се води сметка и за тоа дали смртта настанала за време на раѓањето, дали е после раѓањето или плодот веќе бил мртов. Едно знам, дека во недостиг на гинеколози се сѐ слева на скопска Гинекологија – вели доктор Гоце Чакаровски, гинеколог. Сепак, тој тврди дека не сфаќа како во нова зграда како таа што е на Гинекологија може да има толку инфекции и компликации. Според него, нејасно е и тоа зошто менаџментот има потреба да ги крие бројките на починати бебиња, кога тоа се јавни податоци. - Со тоа што ги кријат бројките само создаваат поголеми сомнежи. Секаде во светот се случуваат и лекарски грешки и интрахоспитални инфекции, но колку побрзо се соочиме со причините и со бројките, толку побрзо ќе ги решиме проблемите. Треба да се кажат проблемите, за да се решат. Факт е дека проблемот е системски. За тоа во светот веднаш ќе се реагира, ќе се отворат дебати, ќе има оставки. Само кај нас никој од здравствените власти не го интересира – додава Чакаровски. Ваквите страшни бројки редовно се кријат под тепих, а за целата стратегија за погрешното водење на здравствениот систем не одговара никој. Сите жени во репродуктивен период се оставени на само 120 матични гинеколози пренатрупани со гломазна администрација, доведени на работ на преживување и затоа и состојбата резултира со вакви црни бројки.

FOKYC / 1083 / 08.07.2016

25


СКАНДАЛОТ НА СКОПСКА ГИНЕКОЛОГИЈА СЕ ШИРИ

По два месеца откако излегоа информациите во „Фокус“ дека за шест месеци на Гинеколошката клиника починале осумдесетина бебиња, од кои само 20 за две недели, се појавија нови смртни случаи, овојпат на пациентки. На едната од нив која имала обична циста, непотребно ѝ ја извадиле матката, со што ѝ се влошила состојбата, и на 17 август починала. На Клиниката има и три пациентки кои се хоспитализирани веќе два-три месеци, затоа што за време на операција закачиле интрахоспитални инфекции. Се чуваат затворени во изолирани соби за да не ги заразат другите пациентки и бебињата!

Три пациент со болнички

Пишува: Ирена МУЛАЧКА

П

ред повеќе од еден месец, „Фокус“ објави серија текстови за скандалот на скопската Клиника за гинекологија, каде што за шест месеци починаа повеќе од 80 бебиња, од кои дури 20 за две недели. Меѓу главните причини за зголемената смртност на новороденчињата за кои пишувавме, се наведуваа нестручноста на дел од лекарите, недостигот од кадар, интрахоспиталните инфекции, нехигиената, како и фактот дека речиси сите критични случаи на породување од другите болници во државата ги носат на оваа скопска клиника. Веднаш по објавувањето на аферата, експресно реагираа од Гинеколошката клиника од каде што конечно ги извадија бројките на починати бебиња, но само до крајот на 2015 година, тврдејќи дека податоците што ги објавивме се неточни. Но, во текстовите што „Фокус“ ги објави стануваше збор за починати бебиња во првите шест месеци од 2016 година, за кои од клиниката не дадоа никакви информации. Од Клиниката веднаш се заканија со тужба, но заканите не беа упатени само до нашата редакција, туку според нашите информации на вработените, кои според раководството изнесувале документи од клиниката, им се заканувале со бркање од работа. 26

По два месеца оттогаш, од Гинекологија сѐ уште не добивме никакви бројки за смртноста на новороденчињата во 2016 година, но нашите последни информации се дека таа бројка во последниот период алармантно продолжува да се зголемува. Сепак, тоа не се единствените смртни случаи на клиниката, која за себе вели дека е „реномирана установа со седумдецениско постоење, со стручен и професионален тим“, зашто покрај бебињата на Гинекологија умираат и пациентки. Од сите тие причини, одлучивме повторно јавно да ги споделиме

нашите нови сознанија и податоци со читателите. А, тргнавме и по одговори на прашањата - зошто надлежните институции и министерот за здравство Никола Тодоров, кој на времето поднесуваше кривични пријави против непознат сторител, воопшто не реагираат во случајот за да проверат што точно се случува на Клиниката за гинекологија? Зошто по провладините медиуми постојано се вртат кампањи за трето дете? Што да направат мајките во случај кога го изгубиле бебето, а немаат каде да се обратат? Зар толку малку вреди човечкиот живот во Македонија?

FOKYC / 1091 / 02.09.2016


тки заразени и инфекции Според информациите до кои дојде „Фокус“ во последните неколку недели, на скопската Клиника за гинекологија има уште неколку случаи на починати новороденчиња, но има и мајки кои починале поради обилно краварење поради лошо изведени операции.

ОД ОБИЧНА ЦИСТА, И ИЗВАДИЛЕ МАТКА И ПАЦИЕНТКАТА ПОЧИНАЛА Според информациите до кои дојде „Фокус“ во последните неколку недели, на скопската Клиника за гинекологија има уште неколку случаи на починати новороденчиња, но има и мајки што починале поради обилно крававење поради лошо изведени операции. Познато е дека на Клиниката секојдневно се одржува Стручен колегиум на кој присуствуваат повеќе од 70 гинеколози, анестезиолози и педијатри, кои редовно реферираат што

се случувало претходната ноќ за време на дежурствата, колку бебиња се родиле, каква е здравствената состојба на новороденчињата и родилките, односно колку од нив се во критична состојба. Нашите болнички извори тврдат дека во последниот период, откако податоците излегле во јавноста, ваквата традиција е прекината, па на колегиумите повеќе не се кажува дали има нови починати бебиња. „Фокус“ располага со нови документи во кои се објаснува целата голгота што ја поминала 32-годишната пациентка Е. Т., која на 17 август, 2016 година починала на Гинеколош-

FOKYC / 1091 / 02.09.2016

ката клиника. Според документите, а и според раскажувањата на лекарите, пациентката боледувала од хронична миелоична леукемија која ја лекувала со лекот гливек, но на клиниката дошла за сосема друга работа, за обична операција на циста. Пред да биде оперирана, се формирал стручен конзилиум од тројца лекари, еден гинеколог и двајца радиолози за да направат проценка на нејзината здравствена состојба. Според нашите информации, првиот стручен конзилиум воопшто не забележал дека пациентката има леукемија. Во документите се наведува дека на 9 август на пациентката и бил извршен оперативен зафат и ѝ била извадена матката, иако воопшто немало потреба од таква операција. Таа цело време имала крварење. Дали лекарите од конзилиумот направиле погрешна проценка со тоа што одлучиле пациентката да се оперира, а со тоа нејзината здравствена состојба се влошила? Во меѓувреме, додека таа починала се одржале уште два конзилиуми од тројца професори, кои алармирале дека пациентката под итно мора да се оперира уште еднаш, затоа што животот и виси на конец. Последниот конзилиум е одржан на 15 август, 2016 година во 14 часот. - Со оглед на влошување на состојбата на пациентката до моментот на одржување на овој конзилиум, абдомен балониран, од КТ на абдомен и мала карлица – знаци за илеус и хидрареични нивоа, конзилиумот одлучи итно да се направи ревизија во присуство на дежурен абдоминален хирург. Со оглед на општата лоша состојба од основната болест, повикана е фамилијата на пациентката, објаснети им се ризиците од оперативниот зафат и истите се согласни за изведување на операцијата во интерес на пациентката – се наведува во стручното мислење од тројцата лекари. Пациентката по вторпат е оперирана на 16 август, а веќе наредниот ден починала. Дел од лекарите на клиниката тврдат дека хирургот што ја оперирал, нестручно и непрофесионално си ја завршил работата и не ги почитувал протоколите. На нашата редакција ѝ се познати имињата на лекарите што биле во стручниот конзилиум, како и на хирургот што ја оперирал пациентката, но одлучивме да го скриеме нивниот идентитет. 27


СКАНДАЛОТ НА СКОПСКА ГИНЕКОЛОГИЈА СЕ ШИРИ

За само неколку дена, на 25 август, на Клиниката имало уште еден смртен случај, и тоа на родилка. Според нашите извори, се работи за 23-годишна пациентка од Битола, која била примена во 33-та недела од бременоста. Пациентката била породена со царски рез, но таа имала и претходни здравствени проблеми. Пред два месеца ѝ била ампутирана ногата. Родилката починала, но бебето е живо и во моментот е на Клиниката за гинекологија. Во овој случај не се работи за лекарска грешка, туку пациентката била примена во многу влошена здравствена состојба.

установа. Сите три се сместени во изолирани простории, немаат никакви допирни точки со другите пациентки, родилки и бебиња, за да не ги заразат. Нашата редакција располага со имињата и презимињата на пациентките и со нивните болнички истории. Една од нив е 36-годишната С.М. од Кавадарци со болничка историја бр. 8747, која речиси два месеца лежи на Клиниката. Таа боледувала од аденокарцином (рак на матка), при што на 25 јули оваа година на клиниката ѝ била извршена операција, радикална хистеректомија (вадење матка). Но, наместо нејзините здравствени

Сите три се сместени во изолирани простории, немаат никакви допирни точки со другите пациентки, родилки и бебиња, за да не ги заразат. Нашата редакција располага со имињата и презимињата на пациентките и нивните болнички истории ПАЦИЕНТКИ ВО ИЗОЛИРАНИ СОБИ ПОРАДИ ИНФЕКЦИИ По објавените текстови во „Фокус“ за скандалот на скопската Клиника за гинекологија, од таму експресно испратија демант во кој се пофалија за стручната работа, професионалниот кадар и беспрекорната хигиена на клиниката. Но, новите информации до кои дојдовме, ја демантираат „идеалната“ слика и повторно алармираат за страшните случувања на клиниката, што поради нестручност на дел од кадарот, што поради нехигиенските услови и бактериите што шетаат таму. Доказ за тоа се трите пациентки, кои повеќе од два месеца лежат на гинеколошката клиника поради докажани позитивни брисеви за интрахоспитални инфекции, кои ги закачиле додека се лекувале во оваа 28

проблеми да завршат, оттука почнува нејзината голгота на клиниката. Во периодот додека лежела на клиниката закачила интрахоспитална инфекција, за што потврдиле и позитивните брисеви. Жената имала загноена рана со инфекција, при што морала повторно да биде оперирана, а интервенцијата била извршена на 4 август. Дури, по 25 дена, пациентката во вторникот била пуштена дома. Таа не е единствената пациентка што се соочила со ваков здравствен проблем. Втората пациентка, која сѐ уште е хоспитализирана на клиниката, е 28-годишната Е.А. од Виница, која, исто така, досега двапати била оперирана. Според нејзината болничка историја бр. 9213, на пациентката на 4 јули, 2016 година ѝ бил извршен царски рез, но во меѓувреме и таа добила интрахоспитална инфекција, поради што морало да ѝ

се изврши уште еден оперативен зафат. По речиси два месеца поминати на клиниката поради инфекција на рана, на 28-годишната пациентка ѝ била извршена ревизија на загноената рана во петокот, на 26 август, и тоа во присуство на пластичен хирург. Но, тука не завршуваат проблемите на Клиниката за гинекологија. Третата пациентка, која дури трипати била оперирана во рок од два месеца е 70-годишната З.Х. од Скопје, на која на 22 јуни ѝ била извадена матката. Оттогаш почнуваат нејзините нови здравствени проблеми. Во меѓувреме, додека сѐ уште била хоспитализирана на клиниката, фатила инфекција, ѝ се отворила раната и повторно ѝ направиле операција на 18 јули оваа година. Еден месец подоцна, врз пациентката повторно е изведена операција во понеделникот, на 29 август, така што таа повеќе од два месеца лежи во изолирана просторија на клиниката. „Фокус“ којзнае по кој пат ја побара директорката на Клиниката за гинекологија, доктор Марија Хаџи –Лега за да ни одговори на неколку прашања и да даде свое видување и објаснување за ситуацијата, но таа цело време нѐ игнорира. Според досегашната практика, само еден ден по излегувањето на новиот број на весникот, таа експресно испраќа демант, во кој повторно не одговара на ниту едно поставено прашање, не ги демантира објавените случаи, но затоа ја фали клиниката и стручниот тим што работи таму и се заканува со тужба. Министерот за здравство, Тодоров, исто така веќе подолг период ги игнорира прашањата на „Фокус“ на оваа тема, иако неколкупати досега го прашавме и инсистиравме да ни каже што ќе преземе за зголемената смртност на бебињата на државната клиника, со оглед на тоа што постојано се фали дека бројот на мртвороденчиња се намалил и дека Македонија има едно од најдобрите здравства во Европа. ХАЏИ-ЛЕГА ПАЛИ И ГАСИ НА ГИНЕКОЛОГИЈА Со Клиниката за Гинекологија веќе четири години управува д-р Марија Хаџи-Лега, која на оваа функција дојде во 2012 година, само неколку месеци откако ја породи сопругата на министерот за здравство, Тодоров, со второто дете. Таа за целиот овој период работи како в.д. ди-

FOKYC / 1091 / 02.09.2016


ЗА ВРЕМЕ НА ПОПЛАВИТЕ, И ПОДРУМОТ НА ГИНЕКОЛОГИЈА ПОД ВОДА ректор, иако законскиот рок е само шест месеци. Гинекологија е единствената клиника, која веќе неколку години нема економски директор, кој ќе управува со парите, иако според законот, сите клиники се обврзани да бидат управувани од двајца директори преку врзан потпис, еден здравствен и еден економски директор. Клиниката, последен пат економски директор имала во периодот од 2009 до 2012 година, кога на тоа столче седна Елисеј Цицимов, кој сега моментално работи во Заводот за вработување. Може ли да дојде до промена на директорската позиција на Гинекологија е прашање што се поставува последната недела откако пред две недели, во еден од дневните весници се појавил конкурс за нови двајца директори на скопските клиники, меѓу кои и на гинеколошката клиника. Конкурсот траел седум дена, до овој понеделник. Дали Хаџи-Лега ќе ја задржи функцијата или ќе биде сменета ќе покаже времето, со оглед на тоа

Невремето што го зафати Скопје на 6 август ги поплавило и подрумските простории на Клиниката за гинекологија каде што се вршат крвните анализи на пациентките. Според нашите информации, и во таква ситуација, кога сѐ било поплавено, медицинскиот кадар продолжил таму да ги прави испитувањата сѐ додека не им затропала инспекција на врата и не им забранила. Тогаш, морале да се снаоѓаат во последен момент и ги носеле крвните анализи на другите клиники. што за директорското столче конкурирале уште неколку нејзини колеги. За време на нејзиното „владеење“, клиниката ја следеа низа скандали, меѓу кои беше и опремувањето на нејзиниот директорски кабинет со мебел од италијанската фирма „Каза Италија“, во вредност од речиси 20.000 евра. Целиот нејзин кабинет е во зелена боја со бел мебел. Сите овие податоци се јавни и беа објавени на веб-страницата на Бирото за јавни набавки. Покрај тоа што Клиниката за гинекологија е во нова зграда и располага со нова опрема, таа е една од клиниките која има највисок буџет, кој во 2015 година изнесувал 6,5 милиони евра, додека во 2016 година е

малку зголемен и достигнува сума од близу седум милиони евра. Колку и да сакаат надлежните институции да ја прикажат убавата слика на јавното здравство, сепак страшните информации излегуваат на површина. Во архивите на Гинекологија остануваат болничките истории за тоа колку пациентки и бебиња починале низ годините, иако голем проблем претставува и тоа што сите критични случаи од внатрешноста и од приватните болници завршуваат таму. Клиниката има директорка, која јавно може да ги каже проблемите, наместо да се препукува со медиумите. Сепак, за човечки животи се работи, чија вредност очигледно во Македонија го достигна дното!

Италијански софи во нашите салони FOKYC / 1091 / 02.09.2016

29


НОВО СВЕДОШТВО НА МАЈКА ЗА ПОЧИНАТО БЕБЕ ВО СКОПЈЕ

Триесет и тригодишна скопјанка за „Фокус“ сведочи за хоророт низ кој поминала на Гинеколошката клиника во Скопје, во најновиот од серијата случаи на починати новороденчиња. Бебето фатило сепса, а лекарите ја убедувале мајката дека црвените точки по телото ѝ се поради алергија од памперсот. Вели дека ќе ја тужи клиниката и ако треба, ќе го тера случајот до Хаг!

На Гинекологи ги третираат

Пишува: Ирена МУЛАЧКА

П

оранешниот министер за здравство на Црна Гора, Миодраг Радуновиќ, пред две години поднесе оставка поради скандалот што се случи во општата болница во Бјело Поље каде што пет бебиња беа заразени од болничка инфекција, а едно од нив почина. Според него, под итно требало да се откријат грешките и да се казнат сите кај кои ќе биде утврдена одговорност, од чистачка до министер. Но, сепак, додаде, тој прв мора да си оди, бидејќи тој е на врвот на здравствениот синџир и алката која утнала нешто во јавното здравство, па од тие причини експресно ја напушти министерската фотелја. За разлика од таму, во Македонија и по многубројните скандали што со години го тресат јавното здравство како скандалот „Перде“, доктори што прегледуваат пациенти, а немаат завршено Медицински факултет, починати бебиња и родилки, потоа алармантната бројка на заболени и починати од рак, лекарски грешки... првиот човек во здравството Никола Тодоров не почувствува никаква морална одговорност досега, а ниту пак има намера да поднесе оставка. Неговиот пример го следат и директорите на јавните здравствени установи, кои освен што не поднесуваат оставки, главната стратегија им се сведе на закани за тужби против новинарите како еден вид притисок, да создадат страв и да најдат начин како да го спречат понатамошното објавување на информациите. Таков е случајот со скопската Клиника за гинекологија за која „Фокус“ пред три месеци објави дека за само шест месеци починале околу 80 новороденчиња, од кои 20 за последните 34

две недели. Во наредните неколку месеци продолжија црните статистики на починати бебиња. Откако излезе првиот текст, понатаму продолжија да се јавуваат револтирани лекари и мајки чии бебиња починале, раскажувајќи го во детали хоророт што го поминале на Гинеколошката клиника.

Во неколкуте објавени текстови досега излегоа трагичните судбини на многу семејства, од кои некои планираат да покренат судска постапка против клиниката, додека дел ќе поднесат тужби против лекарите што го извршиле породувањето. Сепак, сите се едногласни „Нѐ завија во црно за цел живот“.

FOKYC / 1096 / 07.10.2016


ија бебињата т како кукли

Бебето два дена пред да почине со септичен осип по телото

БЕБЕТО ДОБИЛО СЕПСА, А ЛЕКАРИТЕ ТВРДЕЛЕ ДЕКА Е РЕАКЦИЈА ОД ПАМПЕРСОТ До редакцијата на „Фокус“ во понеделникот се обрати 33-годишната Е.П. од Скопје, не можејќи да се помири со фактот дека пред само одреден период

купувала облека и ја подготвувала детската соба за своето бебе кое требало да се вика Ања, а кое починало само неколку денови по породувањето на Гинекологија. Таа со нас сподели документи од периодот додека била следена целата нејзина бременост во една од приватните болници, па сѐ до нејзино-

FOKYC / 1096 / 07.10.2016

то породување на Клиниката за гинекологија. Несреќната мајка, исто така сподели и фотографии од новороденчето, кое само неколку дена по породувањето фатило инфекција на клиниката и било исфрлано по целото тело. Револтираната мајка ја раскажа целата здравствена голгота што ја поминала на Гинеколошката клиника, лошиот однос на лекарите и медицинскиот персонал и катастрофалните хигиенски услови во болницата. Според нејзините кажувања, таа целата своја бременост ја водела во една од приватните болници сѐ до периодот додека предвремено требало да се породи во 31 гестациска недела. Тогаш отишла на Гинекологија и како што вели, „од тука почнува хоророт и загубата на моето чедо“. Таа на клиниката отишла на 5 септември, а останала на Интензивна нега сѐ до 13 септември, денот кога се породила. - За целиот овој период бев четири сантиметри отворена и примав антибиотици ландицин и магнезиум венски. На 12 септември 35


НОВО СВЕДОШТВО НА МАЈКА ЗА ПОЧИНАТО БЕБЕ ВО СКОПЈЕ

вечерта, во 19 и 30 часот добив породилни болки кои траеја цела вечер, а породувањето почна дури на 13 септември во 9 и 25 минути наутро. Што е уште пострашно, на моето породување не присуствуваше педијатар, иако е задолжително, со оглед на тоа што се породив неколку недели порано – тврди 33-годишната Е.П. Бебето се раѓа помало и го ставаат во инкубатор, но без кислород затоа што не било зависно од кислород. Веднаш му дале некакви антибиотици, тврдејќи дека закачило инфекција од мајката. Но, тоа е тврдење на лекарите на Гинекологија, додека документите со кои ние располагаме го покажуваат токму спротивното. Во медицинската документација на која се прикажани лабораториските наоди по микробиологија, може да се забележи дека сите брисеви од микробиолошките испитувања кои мајката ги направила само неколку недели пред породувањето и се негативни и нема никакви инфекции, така што новороденчето не можело да закачи инфекција од неа. - За да се спасат, најлесно им е да ме обвинат мене, па почнаа да измислуваат дека бебето инфекцијата ја фатило од мене, што не е точно, а тоа може да се види и во документите. Бебето се роди здраво, само беше помало и затоа го ставија во инкубатор – додава револтираната мајка. Таа тврди дека нејзиното бебе фатило сепса додека било на клиниката во инкубатор,

а тоа го потврдуваат и дел од лекарите таму, но и оние што ја видоа фотографијата од новороденчето кое со црвени точки е исфрлано по целото тело. За тоа што се случило со бебето и со промените кои настанале по неговото тело, родителите биле информирани на 15 септември, само два дена по породувањето. Тогаш, следувала нова приказна: - Тоа не е ништо страшно, само реакција од памперсот. Не се плашете, ја премачкуваме со физиолошки раствор. Ќе ѝ помине. Така ме тешеа и лажеа цело време на Гинекологија – вели 33-годишната Е.П. Веќе на 16 септември од клиниката стигнале уште полоши вести. Таа и сопругот биле известени дека бебето имало крвавење од желудникот, а истиот ден му било направено ехо на главата и таму немало никакво крвавење. Два дена подоцна, на 18 септември, од клиниката им рекле дека состојбата на бебето е стабилна, не е ни полоша, ни подобра. - Нѐ убедуваа да не се плашиме, нивната поента била да ни дадат здраво бебе, а и да не се грижиме толку, бидејќи дома имаме веќе едно дете. Тоа значеше дека што и да се случи со него, не треба да се потресуваме – вели мајката на починатото новороденче. Бебето починало на 19 септември во 4 часот и 50 минути, а родителите биле информирани дури три часа подоцна, во 7:46. Телото на

„СГС“ ПОВЕЌЕ НЕ ЈА ОБЕЗБЕДУВА КЛИНИКАТА

36

ран Заев. Договорот со Повеќе од еден ме„СГС“ бил склучен на 7 сец, скопската Клиниавгуст, лани, во вредка за гинекологија осност од 76.747 евра, а танала без приватното како главен критериум обезбедување „Секјуза избор на оваа фиррити Сервис Груп“ (СГС) што беше ангажима се наведува најниската цена, иако таа ја рано да го обезбедува објектот, откако на 1 дала единствената понуда на тендерот. септември им истекол Пред повеќе од склучениот договор. Пред точно една година откако во јавноста из- една година, опозицискиот СДСМ објави „бомлегоа информации за зачестените напади врз ба“ во која се тврдеше дека зад фамозната лекарите и медицинскиот персонал, клиниката фирма „СГС“ стои Мијалков. Тие на прес-конодлучи да го обезбеди објектот, па на распола- ференција во Кавадарци обелоденија повеќе аудио – снимки со кои тврдат дека се докажува гање имаа 24-часовно обезбедување. Се уште не се знае дали ќе има нов тендер оти Мијалков е газда на агенцијата за обезбеза приватно обезбедување и кој ќе го обезбеду- дување, која според нив, добивала милионски ва објектот во меѓувреме. Она што е познато во суми од Владата на Никола Груевски. моментот, е дека за заштитата на персоналот на Дополнително, беше објавен разговор помеѓу Гинекологија се задолжени двајца болничари, Мијалков и Дејан Митревски – Урко, поранешниод кои едниот стои на влезната врата, а другиот от телохранител на премиерот Груевски кој се повлече од агенцијата за обезбедување „Лупус“, кај операционите сали. Според податоците на Бирото за јавни на- откако „СГС“ почна да работи со полна пареа. Исто така, пред повеќе од една година, од бавки, Гинеколошката клиника една година ја обезбедувала фирмата „СГС“, која во јавноста СДСМ излегоа со фрапантни податоци за дее позната како фирма блиска до поранешниот сетици милиони евра кои отишле на контото на шеф на УБК, Сашо Мијалков, а тоа го докажаа и „СГС“, за добивање државни тендери за обезбе/ 1096 / 07.10.2016 „бомбите“ што ги објави лидерот на СДСМ, Зо-FOKYC дување.


починатото новороденче е испратено веднаш на обдукција на Институтот за патологија, а во зависност од обдукциските наоди, семејството ќе одлучи што да прави понатаму. - Ќе одам до крај, поради нив ми почина бебето. Ќе тужам и до Хаг ќе ја терам работата ако треба – гневна е нашата соговорничка. СМРТНОСТА СЕ ЗГОЛЕМУВА, НАДЛЕЖНИТЕ МОЛЧАТ Но, ова не е единствениот случај на починато новороденче во септември на скопската Клиника за гинекологија. Пред само две недели на клиниката имало уште еден смртен случај на бебе после природно породување. Станува збор за пациентката Ц.Н. чија бременост е водена преку „ин витро“, а која според информациите се породила природно на 21 септември во 36 гестациска недела. Бебето се раѓа тешко 1.620 грама. Само три дена подоцна, на 24 септември бебето починало и неговото тело е пренесено на обдукција на Институтот за патологија. Според лекарите со кои разговаравме се уште не се знаат точните причини од што починало бебето, каква била бременоста на мајката во целиот период, дали имала некакви други здравствени проблеми и сл. Одговорите на сите овие прашања треба да ги дадат обдукциските наоди, кои според досегашната пракса се готови дури за два месеци. „Фокус“ досега објави повеќе од десетина потресни случаи на починати бебиња на скопска Гинекологија, а главните причини за зголемената смртност според лекарите се болничките инфекции што ги закачиле новороденчињата во периодот додека престојувале таму, потоа предвремените породувања, како и лекарските грешки. Исто така, постоеја и неколку случаи на родилки кои пред два месеци биле ставени во посебни изолирани простории поради тоа што закачиле болнички инфекции и биле оперирани и по неколку пати. - Ова што се случува на клиниката е страшно. Имаме гинеколози, но немаме доволно анестезиолози и педијатри, што се неопходни за работата да се врши како што треба. И, после се прашуваме зошто имаме толку смртни случаи, зошто умираат родилки и бебиња. Што е најжално и покрај се што се случува, никој не презема ништо. Се однесуваме како да работиме со кукли, а не со деца – вели лекар,

Продолжува да се зголемува смртноста на бебињата на Гинекологија кој работи на клиниката но бараше да остане анонимен, плашејќи се да не го изгуби работното место. И покрај сите случаи што досега ги објави „Фокус“ за настаните на Гинекологија, директорката Марија Хаџи –Лега не ги објавува бројките за починати новороденчиња во 2016 година. Таа до „Фокус“испрати табела од која може да се види бројот на починати бебиња во периодот само до 2015 година. Според статистичките податоци, на клиниката лани починале 99 бебиња, а една година претходно, во 2014, починале 140 новороденчиња. Ништо поразлична не е сликата и во текот на другите години. Во 2013 година бројот на починати бебиња бил 137, додека во 2012 година таа бројка била 125 бебиња. „Фокус“ и овојпат се обиде да стапи во контакт со директорката Хаџи-Лега, на која досега и имаме испратено неколку пораки на мобилниот телефон, барајќи да ни објасни за колку се зголемил бројот на починати новороденчиња, зошто не се преземаат никакви мерки за да се намалат алар-

мантните бројки и зошто постојано ги игнорира нашите прашања. До затворањето на овој број од неделникот не добивме одговор. Последен пат кога директорката на Гинекологија комуницираше со „Фокус“ беше пред две години, во мај 2014 година, кога исто така баравме податоци за тоа колку е зголемена смртноста на новороденчињата. Тогаш таа не извести дека се уште се обработуваат податоците и дека на време ќе нѐ информира. Оттогаш, таа ниту одговара на нашите телефонски повици, ниту на смс-пораките. Исто така, неколку прашања испративме и до Министерството за здравство од каде што веќе неколку месеци молчат. Така одлучија да постапат и сега. Како и да е, редно е надлежните институции да реагираат и да ги откријат причините за алармантните бројки на починати бебиња на скопска Гинекологија. Сепак, се работи за живи суштества, а не за кукли. Јавноста е должна да знае, а посебно семејствата што ги изгубиле своите бебиња.

„ПАП“ ТЕСТОВИТЕ НА ГИНЕКОЛОГИЈА СЕ НЕТОЧНИ?

Пред неколку дена, Здружението на гинеколози излезе со информација дека резултатите од пап-тестовите правени на Клиниката за гинекологија и акушерство се неточни, се даваат без потпис и печат и направениот втор тест на друго место најчесто дава поинакви податоци. Ова го потврди доктор Душко Филиповски, претседател на Здружението. Тој се сомнева во точноста на резултатите и од тие причини досега двапати реагирал и до ресорното Министерство. За само неколку часа, експресно се јавија од Гинекологија од каде што испратија демант, тврдејќи дека ова е неосновано клеветење на клиниката сѐ со цел да се наруши 37 FOKYC / 1096 / 07.10.2016 угледот на оваа установа.


ЛЕКАРКА ОД ГИНЕКОЛОГИЈА И СЕ ЗАКАНИЛА НА МАЈКА РОДИЛКА

АКО СЕ ОБЈАВИ ВО „ФОКУС Скандалот на Клиниката за гинекологија се шири. „Фокус“ располага со имиња на уште десет нови пациентки, кои во последните пет месеци поминале трнлив пат на клиниката поради лошо изведени операции и закачиле интрахоспитални инфекции. За во последен момент да се поправат лекарските грешки и да им се спаси животот на пациентките, подоцна морало да интервенираат абдоменални хирурзи од скопската Дигестивна клиника Пишува: Ирена МУЛАЧКА

П

ред една недела, од Државниот завод за статистика излегоа со фрапантни податоци дека во третото тримесечје од годината починале 90 бебиња, што е двапати повеќе во споредба со истиот период лани, кога имало 39 починати доенчиња. Според нивните податоци, црниот биланс на починати новороденчиња алармантно расте, па досега, само за девет месеци починале 206 бебиња, што не е вкупна бројка за целата година, со оглед на тоа што годината сѐ уште не завршила и ги нема официјалните податоци од последните три месеци. Со ваквите статистики, Македонија се најде на првото место по смртност на бебиња во Европа. Стапката на смртност на новороденчиња непосредно по раѓањето кај нас е 14,3 отсто, што е трипати повеќе од Европскиот просек, кој изнесува 5,2 проценти. Пред повеќе од пет месеци „Фокус“ ја отвори темата во која јавно ги обелоденивме податоците дека само во првите шест месеци од 2016 година, на скопската Клиника за гинекологија починале повеќе од 80 новороденчиња. Уште пострашно беше тоа, што само за две недели тогаш починаа 20 бебиња. Иако клиниката е главен центар на ниво на државата каде што завршуваат сите комплицирани случаи, што делумно е причина за големите бројки, сепак и по толку време, скан30

далите продолжуваат да ја тресат и од таму не прекинуваат да излегуваат застрашувачки податоци за нови починати бебиња и родилки, за погрешни дијагнози и лошо изведени операции. АБДОМЕНАЛНИ ХИРУРЗИ ГИ ПОПРАВААТ ЛЕКАРСКИТЕ ГРЕШКИ НА ГИНЕКОЛОГИЈА На Клиниката секојдневно завршуваат пациентки што имаат рак на матката, рак на јајчниците, цисти... на кои треба да им се извршат итни хируршки интервенции. Од таму постојано се фалат со стручната работа, професионалниот кадар и беспрекорната хигиена, но новите информации до кои дојдовме ја демантираат „идеалната“ слика и повторно алармираат за страшните случувања во болницата што поради нестручност на дел од кадарот, што поради нехигиенските услови и бактериите што се наоѓаат таму. Уште пострашно во целата ситуација е тоа што министерот за здравство Никола Тодоров со месеци мудро молчи на темата, ги игнорира нашите прашања и, нормално, си ја тера изборната кампања. Нели, за пациентите се работи! Повеќе од два месеца, на стручните колегиуми на скопската Клиника за гинекологија, на кои присуствуваат над 70 гинеколози, педијатри и анестезиолози не се реферираат податоци за тоа што се случувало претходната ноќ на дежурствата, колку бебиња се во критична состојба, дали некое од нив починало, дали и колку комплицирани случаи на оперативни зафати има кај пациентките, што беше традиција години наназад на клиниката. „Фокус“ располага со нови имиња и медицински истории на уште десет нови пациентки кои во последните пет месеци поминале трнлив пат на клиниката поради лошо изведени операции и закачиле интрахоспитални инфекции, за што подоцна, како што тврдат лекарите, морале да интервенираат абдоменалните хирурзи од скопската Дигестивна клиника, за во последен момент да се поправат лекарските грешки и да им се спаси животот на пациентките. Исто така, на редакцијата ѝ се познати и имињата на лекарите што ги извеле интервенциите, меѓутоа одлучивме нивниот идентитет да не го откриваме. Според нашите податоци, една од пациентките што поминала вистинска

голгота на Гинеколошката клиника е 49-годишната Т. С. со број на историја 8189, на која на 29 јуни годинава требало да ѝ се изврши лапароскопска хистеректомија (вадење на матката). Нашите извори тврдат дека при извршувањето на интервенцијата дупнато ѝ е дебелото црево, при што морало под итно да интервенира абдоменален хирург, кој бил повикан од своето работно место за да ја поправи грешката што ја направил лекарот што ја изведувал операцијата. Таа не е единствената што се соочила со вакви проблеми. Втора на листата е 28-годишната пациентка А. Е., која на 4 јули годинава се породила со царски рез на клиниката. Според медицинската историја со број 9213, ревизија на пациентката ѝ била направена дури на 26 август оваа година, при што повторно интервенирал абдо-

FOKYC / 1104 / 02.12.2016


С“, ЌЕ БИДЕ КРАЈ ЗА БЕБЕТО!

„Фокус“ располага со нови имиња и медицински истории на уште десет нови пациентки кои во последните пет месеци поминале трнлив пат на клиниката поради лошо изведени операции и закачиле интрахоспитални инфекции. менален хирург, а таа повеќе од месец и пол лежела на клиниката. Освен кај овие две пациентки, за да ги поправат лекарските грешки на своите колеги, абдоменални хирурзи од Дигестивната клиника интервенирале и кај 73-годишната В. П. со број на историја 11462, кај која бил опериран аденокарцином (рак на матка). Според нашите податоци, по 10 дена на пациентката ѝ се отворила раната и кај неа хируршки било интервенирано уште двапати. Но, наместо нејзините здравствени проблеми да завршат тука, маките на клиниката продолжуваат. Во периодот додека лежела таму закачила интрахоспитална инфекција, за што потврдуваат и позитивните брисеви. Жената имала загноена рана со инфекција и повеќе од еден месец е сместена во посебна изолирана просторија.

Пациентка, која исто така е хоспитализирана на клиниката е и 64-годишната Ј. П., која била оперирана од тумор на јајчник и поради лошо изведена интервенција ѝ било повредено дебелото црево, па и во овој случај, како и во претходните, интервенирал абдоменален хирург. Според нејзината болничка историја број 10787, додека закрепнувала на клиниката, во меѓувреме добила интрахоспитална инфекција и таа е сместена во посебна изолирана просторија. Освен нив, на клиниката има уште две пациентки

што по операциите добиле интрахоспитални инфекции, за што потврдуваат и позитивните брисеви. Се работи за 45-годишната Ј. С. со број на медицинска историја 13430 и за 58-годишната Б. З. чиј број на историја е 10036. Тие и двете биле сместени во изолирани простории со цел да не ја пренесат инфекцијата на другите пациентки сместени на истото одделение. Но, тука не завршуваат проблемите на Клиниката за гинекологија. На почетокот на месецот, на 1 ноември била хоспитализирана 39-годишната М. Н.,

НАМЕСТО НА УРОЛОГИЈА, ЗАВРШИЛА НА ГИНЕКОЛОГИЈА

Дека лоши проценки се прават на скопската Клиника за гинекологија покажува и случајот со 71-годишната М. В. со број на медицинска историја 13124, која наместо на операција на Урологија завршила на Гинекологија. Според болничката историја, пациентката требало да се оперира од тумор на бешиката, но во последен момент сфатиле дека таа е упатена на погрешно место за интервенција. Откако дошол уролог, веднаш била префр31 FOKYC / 1104 / 02.12.2016 лена на Клиниката за урологија.


ЛЕКАРКА ОД ГИНЕКОЛОГИЈА И СЕ ЗАКАНИЛА НА МАЈКА РОДИЛКА

која според нашите информации имала тумор на јајчникот. Нејзината здравствена состојба почнала да се влошува и таа веќе вториот ден била префрлена на интензивна нега. Иако требало да биде оперирана за само два дена, на 3 ноември пациентката починала. На листата со лошо изведени хируршки интервенции може да се најде и пациентката М. С., која според болничката историја со број 8747, била оперирана на 25 јули годинава, при што настанала компликација, па за само две недели подоцна, на 4 август, ѝ била извршена ревизија од абдоменален хирург. Карактеристично за овие оперативни зафати е тоа што повеќето од нив ги извршил лекар-специјалист, чие име веќе години наназад ѝ е познато на јавноста, но „Фокус“ одлучи да не го открива неговиот идентитет. Тој е познат како еден од лекарите за кого во последните десетина години се поврзуваа многу скандали на клиниката, и тоа од лошо изведени хируршки интервенции, па сѐ до службени патувања на сметка на клиниката. „Фокус“ контактираше и со неколку абдоменални хирурзи од скопската Дигестивна клиника за да ни објаснат за што најчесто се повикани да интер-

32

венираат на Клиниката за гинекологија. Според нив, најчесто се работи за погрешна дијагностика, за повреда на дебело црево за време на операција, лоша техника на работење, лоша проценка... Според договорите, за ваквите интервенции Гинеколошката клиника е должна да им плати на абдоменалците, па така, за последните два-три месеци Гинекологија ѝ должи речиси 280 илјади денари на Абдоменална хирургија, од кои 33 отсто одат за клиниката, а 67 отсто за лекарите што ги извршуваат интервенциите. „Фокус“ испрати и неколку прашања на службениот имејл на клиниката за да ни одговорат колку абдоменални хирурзи интервенирале кај пациентки на Гинеколошката клиника и колку пари ѝ должат на Абдоменална хирургија? Но, до затворањето на овој број од неделникот не добивме одговор. СКАНДАЛОЗНА ЗАКАНА ОД ЛЕКАРКА Пред две недели во редакцијата на „Фокус“ се обрати 31-годишната родилка Виолета Митревска од Скопје, која во детали ни ја објасни целата драма што ја доживеала на Клиниката за гинекологија, каде што повеќе од

еден месец во инкубатор лежело нејзиното новороденче. Според нејзините тврдења, таа во седмиот месец од бременоста имала висок притисок, кој се качувал и до „190 со 100,“ што можело да биде опасно и за неа и за животот на нејзиното бебе. Митревска додава дека на клиниката не сакале да ја примат, и покрај тоа што имала хипертензивни шокови, што можело да предизвика предвремено породување, како што и се случило. Откако нејзината здравствена состојба почнала да се влошува, таа на 13 октомври утрото во девет часот била внесена во операциона сала каде што требало да почне породувањето со царски рез, но бидејќи во тој момент немало слободен инкубатор за бебето, породувањето било одложено за неколку часа. - Не можам да ви објаснам низ какви стравови поминав. Ме убедуваа дека бебето треба да го носам во утроба уште 10 дена. Мојата здравствена состојба се влошуваше, а тие реагираа како да се работи за кукла и како сето тоа да е најнормално. Кога влегов да ме породат, најпрвин немаше инкубатор, а по неколку часа кога најдоа инкубатор, немаше слободна операциона сала. И тоа траеше сѐ до

FOKYC / 1104 / 02.12.2016


13.30 часот, кога конечно ме оперираа. И јас и малиот си завршивме со електрошокови и одвај спасивме жива глава – тврди Митревска. Според документите со кои располагаме, таа во 31-та недела од бременоста родила машко бебе, тешко 1.520 грама и долго 39 сантиметри, кое според протоколите на клиниката морало да остане во инкубатор се додека не качи тежина. Од тука и почнуваат нивните проблеми. Во документите се наведува дека мајката на клиниката била примена на 8 октомври, а веќе три дена по породувањето, на 16 октомври била пуштена дома, а бебето останало на клиниката уште цел месец. - Јас како мајка немав никаков пристап до моето бебе. Ме пуштаа само еднаш неделно кога требаше да се измолзам за да му дадам млеко. Неговата состојба неколкупати се влоши, ја намали тежината, имаше и некоја инфекција, а јас не знаев што се случуваше со него. На телефон не ми даваа информации, од обезбедувањето од СГС не ме пуштаа ни до влезот. Ме исфрлаа со викање и клоци од клиниката. Од здраво и право бебе, ќе го умреа таму... Страшно и жално. Како да сме во Танзанија, а не во Македонија – вели 31-годишната мајка.

На Клиниката секојдневно завршуваат пациентки кои имаат рак на матката, рак на јајниците, цисти... на кои треба да им се извршат итни хируршки интервенции, но поради направени лекарски грешки често интервенираат абдоменални хирурзи Како што поминувало времето, револтирана од односот на лекарите и од медицинскиот персонал на клиниката, мајката во една пригода, на една од нив ѝ рекла дека ако продолжат со истиот лош однос и третман на бебето сите информации ќе ги обелодени во неделникот „Фокус“. Тогаш била запрепастена од одговорот на лекарката: - Ако што било објавите во „Фокус“, ќе биде крај за бебето! Еве, со тие зборови ми се обрати лекарката, која положила Хипократова заклетва. На нив им е најважно ништо да нѐ излезе во весник, ни малку

FOKYC / 1104 / 02.12.2016

не им се важни бебињата – тврди Митревска. Цело време додека бебето беше на клиника, нашата редакција беше во контакт со семејството, но тие не смееја ништо да изнесат во јавноста, плашејќи се од заканите на лекарката. Според отпусната листа, бебето е дома од 15 ноември годинава и тогаш неговите родители конечно одлучија да ги споделат со јавноста траумите што ги поминале на клиниката. Тие уште додаваат дека откако било пуштено дома, новороденчето било донесено со продолжена жолтица, прегладнето и немало рефлекс за голтање.

33


ЛЕКАРКА ОД ГИНЕКОЛОГИЈА И СЕ ЗАКАНИЛА НА МАЈКА РОДИЛКА

БРОЈКИТЕ НА ПОЧИНАТИ БЕБИЊА „ДРЖАВНА ТАЈНА“ По којзнае колку испратени прашања до директорката на Клиниката за гинекологија, Марија Хаџи-Лега, за зголемената смртност на бебињата, за интрахоспиталните инфекции, за пациентките починати од сепса, прашања на кои со месеци не успеавме да добиеме одговори, конечно очи в очи со директорката се видовме на пресконференцијата на 17 ноември, по повод Светскиот ден на предвремено родените бебиња. На нашето прашање зошто не присуствувал педијатар на породувањето на предвремено родено бебе, кое подоцна почина, Хаџи-Лега одговори дека според протоколите тоа е задолжително и дека сите родители кои имаат некакви жалби и поплаки можат слободно да се обратат кај неа. - Секоја забелешка може да биде пријавена и веднаш да се интервенира – истакна Хаџи-Лега. Но, откако ја прашавме колку бебиња починале на клиниката во последните неколку месеци, таа само кратко рече дека не може да калкулира со бројки и дека точната статистика ќе се знае на крајот на годината. - Во поглед на бројката не би сакале да шпекулираме. Резултатите вообичаено ги сумираме на крајот на годината, но можам да кажам дека како што поминуваат годините имаме намалување на стапката на морталитет на клиниката. Но, факт е дека највисока стапка на смртност ќе има на кли-

34

ГИНЕКОЛОГИЈА СО НАЈМАЛКУ ПЛАТЕНИ ДЕЖУРСТВА

Лекарите од Клиниката за гинекологија испратиле писмо до Управниот одбор, во кое информираат дека нивните дежурства се најмалку платени и тоа 1.300 до 1.400 денари од дежурство, за разлика од другите клиники каде дежурствата од вечер се движат од 3.000 до 4.000 денари. Тие бараат да бидат платени како сите, со оглед на обемната работа што ја извршуваат. никата што е и за очекување, со оглед на тоа што сите критични случаи се носат кај нас. Најголемата смртност е под 28-гестациска недела – истакна доктор Хаџи-Лега. Таа не знаеше зошто родителите кои сметаат дека нивните бебиња фатиле сепса не реагирале до нив, правдајќи се дека тие веднаш ќе испитаат што се случило. Со директорката на клиниката успеавме да поразговараме и за нарушените меѓучовечки односи меѓу вра-

ботените, за лекарските грешки, погрешните дијагнози, за нестручноста кај дел од лекарите, но сепак таа ги демантираше скандалозните случувања на клиниката, тврдејќи дека се функционира стручно и професионално. Веќе неколку месеци на оваа тема нема никакви реакции и од ресорното Министерство и од првиот човек во здравството, Никола Тодоров. Тој пред пет години кога седна на министерското столче, во неколку случаи реагираше кога поради лекарска грешка родилка го изгубила животот, па дури поднесуваше и кривична пријава против непознат сторител. Но, министерот за здравство сега молчи повеќе од пет месеци, иако бројките на починати новороденчиња секојдневно се зголемуваат. Тодоров досега не почувствува никаква потреба да провери што се случува на Гинеколошката клиника, зошто умираат толку бебиња, зошто родителите постојано обвинуваат за лош третман и нестручност кај дел од лекарите и медицинскиот персонал? Менаџментот на Гинекологија може да тврди дека таму тече мед и млеко, но сликата на терен покажува нешто сосема друго. Револтот и маките на родителите секојдневно излегуваат на површина, барајќи спас во медиумите и сметајќи дека со тоа што вистината ќе излезе на површина, барем малку ќе им се ублажи болката. Како и да е, освен што тера изборна кампања, се слика и моли за гласови, министерот треба да се сврти и да види дека треба да им помогне токму на тие што сега ги моли!

FOKYC / 1104 / 02.12.2016


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.