МАКЕДОНЦИ, А. ДЕН ДОЛАРД И ДРУГИ ХОЛАНЃАНИ
ПРВО ИЗДАНИЕ
ISBN 978-9989-911-93-4 Сите права се задржани и се во сопственост на авторот. Оваа книга не смее да се размножува во делови или целосно во печатена, електронска или во некоја друга форма без претходна писмена согласност од авторот. © 2016 by Misho Yuzmeski Printed in Macedonia
Мишо Јузмески
МАКЕДОНЦИ, А. ДЕН ДОЛАРД И ДРУГИ ХОЛАНЃАНИ
НУ БИБЛИОТЕКА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОХРИД, 2016
Издавач: НУ Библиотека „Григор Прличев“, Охрид Уредник: м-р Лидија Размоска Лектор: м-р Милчо Јованоски Графичко уредување: Мишо Јузмески Фотографии: Херман Зондерланд (стр. 151, 154 ) Милчо Јованоски (стр. 167) Мишо Јузмески (стр. 11, 23, 34, 47, 54, 59, 60, 61, 65, 66, 68, 69, 71, 72, 83, 99, 106, 138, 139, 142, 143, 144, корица) Архивски материјали (непознати автори) Печати: „Ирис“, Струга Тираж: 500 примероци
СОДРЖИНА 007
Вовед
010 026 067
ПОЧИТУВАЊЕ ЗА А. ДЕН ДОЛАРД Зошто А. ден Долард? Музеј за А. ден Долард Книга за А. ден Долард
134
А. ДЕН ДОЛАРД И МАКЕДОНЦИТЕ Холандскиот чувар на македонското име Ова е Македонија Дваесет години од смртта на А. ден Долард Холандска љубов и Македонија за Македонците Македонија спомнува
146 148 155 158 159 160 163
ОДГЛАСИ ВО ХОЛАНДСКИТЕ МЕДИУМИ De Stentor A. den Doolaard Website De Telegraaf ANWB Media Dagblad De Limburger NRC Handelsblad De Kromme Elleboog
165 167
Извори Авторот на оваа книга
086 100 107 112
7
ВОВЕД Културно-информативниот центар „Култура 365“ беше отворен во јуни 2011 година. Додека мнозинството луѓе бараа начин за брзо збогатување, авторот на оваа книга во Охрид отвори нешто кое за надворешниот набљудувач беше сосема неразбирливо како мотив и цел. Повеќето мои соговорници по навика сметаа дека културата е дејност и обврска на државните и општинските власти. Нивната зачуденост се зголеми многу повеќе кога во рамките на „Култура 365“ ја отворив постојаната изложба за А. ден Долард. Холандските посетители со жар најискрено посакуваа да дознаат кои беа моите вистински побуди за еден ваков потфат, а некои мои македонски познаници гласно го искажуваа своето сомневање дека зад проектот стои финансиската поддршка на некоја влада. Мислам дека некои од нив никогаш нема да поверуваат дека еден ваков проект би можел да биде сосема независен и поттикнат од чисто уметнички побуди. Ново изненадување приредив во 2012 година со објавување на книгата „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“, прво на македонски, а потоа и на англиски јазик. Многу читатели со детска љубопитност се обидуваа да дознаат што повеќе за мојата врска со холандскиот писател и не можеа да го скријат своето чудење кога ќе им кажев дека со него сум
8
немал никакви лични контакти. Кога една година подоцна се појави холандската верзија на книгата, таа предизвика радост и нов бран зачуденост посебно кај холандските туристи во Охрид. Кај нив остана и изненадувањето што во Македонија постои толку голем интерес за писателот кој во Холандија беше речиси паднат во заборав. Моите напори за „оживување“ на А. ден Долард беа забележани од широката јавност; реакциите од холандските посетители на Македонија беа најбројни и највпечатливи, а силни позитивни одеци се појавија и во холандските медиуми. Така се пишуваше уште едно поглавје во историјата на холандскомакедонските односи во кои клучната фигура останува А. ден Долард. Споменативе настани доведоа до појавувањето на оваа книга. Таа треба да ги одговори најчесто поставуваните прашања во однос на мојата посветеност кон А. ден Долард, исто како што треба да даде дополнително појаснување на неговото место во развојот на севкупните холандско-македонски односи. Во секој случај, за целосно разјаснување на животот и делото на овој холандски писател, новинар и докажан пријател на Македонија, потребни се многу повеќе страници, кои бараат многу повеќе време и напор. Сигурно е дека тој го заслужува тоа. Охрид, август 2015
ПОЧИТУВАЊЕ ЗА А. ДЕН ДОЛАРД
10
ЗОШТО А. ДЕН ДОЛАРД?
„Книгите можат да бидат опасни. Најдобрите би требало да бидат означени со ’Ова би можело да го промени вашиот живот‘.“ - Хелен Ексли „Луѓето доаѓаат и заминуваат, но нивните мисли продолжуваат да струјат околу Земјата како невидлив ветер.“ - А. ден Долард
Зошто еден Македонец кој не живее во Холандија би го учел холандскиот јазик, кој сепак не е многу широко распространет во светот, а не е ни многу лесен за изучување!? Зошто еден таков Македонец би отворил музеј за некој холандски писател, посебно во Македонија каде речиси никој никогаш не ги читал неговите книги и истовремено кога во неговата родна земја истиот тој писател паѓа во заборав!?
11
Сè започнува во детството! Според психолозите, настаните од детството го одредуваат нашето однесување подоцна, како возрасни личности. Јас ова можам да го потврдам меѓу другото со развојот на мојот однос кон сето она што го нарекуваме холандско: земјата, луѓето, културата. Тој однос се развиваше постепено и со различна сила во текот на подолг временски период со почеток во најраните детски години.
Екчами: окамимрйн рекн рн йпиви, рсплми и серми ткицйи йни...
Првите десет години од животот ги минав во Елшани: планинско село со криви, стрмни и тесни улички кои се гушеа од прав или се давеа во кал. Живеејќи настрана од главните патишта, бевме невидливи и речиси непознати за остатокот од човештвото. Животот се одвиваше по истиот одамна воспоставен
12
распоред на непишаните и сепак многу строги правила на патријархатот кои тврдокорно им се спротивставуваа на надворешните влијанија. Тоа беше свет на сточари и земјоделци од кои се регрутираше првото поколение фабрички и градежни работници. Сознанијата за остатокот од светот ги добивавме со посредство на книгите, радиото и телевизијата, исто како преку нашите печалбари кои ни раскажуваа за далечните народи и нивните чудни навики. Туѓите искуства и спротивставените сознанија во нашите глави создаваа замаглена претстава за светот што нè повикуваше да го откриеме. Особено важна за нас, децата, кои речиси никогаш не патувавме подалеку од нашето село, единствената непосредна врска со светот беа „летованците“. Тоа беа туѓинците кои во текот на летото престојуваа на брегот од блиското Охридско Езеро. Некои од нив, привлечени од мистериите на планината, се искачуваа пеш до нашето село и тогаш за нас започнуваше непосредното запознавање со светот. Во едно мало село во кое тешко се сокриваат дури и најинтимните моменти од животот на неговите жители, многу лесно се забележува присуството на непознати луѓе. Дури и најтивките туѓинци со изгледот и однесувањето би предизвикале љубопитство и чудење. Во тоа време фотографирањето беше скапа работа и ни беше многу чудно кога овие луѓе нè фотографираа нас, селаните. Ние исто така сакавме да имаме фотографии, но само на своите најмили и најблиски луѓе. Зошто некој би сакал да чува дома фотографии од непознати селани од планината?!
13
Нашите возрасни мажи никогаш не облекуваа куси панталони, дури ни во најжешките летни денови. Многу построги правила важеа за жените кои под влијание на православно-христијанската традиција мораа да носат долги фустани, долги коси и марами врз главата! Затоа ни беше чудно кога големите бледокожи мажи и нивните жени со кусо потстрижани коси се облекуваа исто како нас, децата, зашто само ние носевме куси панталони. Поради кусите панталони, тие изгледаа смешни, детинести, но можеби токму затоа ги чувствувавме како многу блиски суштества, нешто како дел од нашиот детски свет! Зошто воопшто мораа да зборуваат поразлично од нас - на нашите чудења им немаше крај?! Сепак се трудевме да најдеме заеднички јазик и лесно ги научивме нивните зборови „hallo“ (здраво) и „kom“ (дојди). Подоцна, откако го научивме зборот „brood“ (леб), водевме долги расправии за неговата голема сличност со нашиот „брод“, па врската ја „најдовме“ во водата: штом нашиот брод плови по вода, нивниот „brood“ се меси со вода..., ете зошто се слични, ете го објаснувањето. Токму така размислуваа нашите детски глави! Но тогаш не се трудевме вистински да го научиме нивниот јазик зашто и тие не го учеа нашиот! Сметавме дека туѓите јазици се само за оние луѓе кои живеат во туѓите земји и многу подоцна сфативме дека тука многу сме грешеле. Минувајќи од едно во друго лето, за овие луѓе си создадовме воопштена слика како за смешни бледокожи туѓинци кои со фотоапарат околу вратот одат наоколу и... Нешто како големи љубители на мали
14
планински деца и секакви други (за нив) чудни работи. Накратко ги викавме „летованци“ или странци, Германци понекогаш, но Холанѓани најчесто! Толку многу се навикнавме на нивното повремено присуство во нашите животи поради што ги сметавме за составен дел од летото. Летованците за нас беа нешто како штрковите во полските села, нешто како временски граничник помеѓу пролетта и летото од една и летото и есента од друга страна!
Авснпнс вн редтлдерессисе гндими рн деха нд Екчами, унснгпауипами нд фнкамдрйи стпирси
Холанѓаните во посета на нашето село се задржуваа многу кратко и не ни даваа можност кај нив да ја запознаме другата, негативна страна на човековата природа. Такво нешто не беше можно ни поради тоа што нашите гости секогаш беа љубезни, насмев-
15
нати, уредни и пристојни во секој поглед. Посебно внимателни беа кон децата и секогаш имаа подарок за нас: пенкала со мистериозни натписи, бонбони и други ситни предмети кои можат да бидат посебно значајни во емоционалниот живот на едно дете кое има само 7, 8 или 9 години. Сосема разбирливо, ние децата секогаш ги сакавме летованците зашто тие го разубавуваа нашиот летен распуст и ја разбиваа монотонијата на животот во планинското село. Убавите спомени од дружењето со нив ми останаа и подоцна, кога наеднаш ги снема моите средби со холандските летованци по моето преселување во големиот град. Таму сите ние се изгубивме во морето од десетици илјади непознати луѓе.
Вистинското запознавање Втората и многу поактивна фаза во моето откривање на холандскиот дел од светот започна во моите рани дваесетти години, кусо време пред мојата прва посета на Холандија, кога зачестија моите случајни средби со Холанѓани. Тогаш зборував активно англиски и уште неколку други јазици, а имав и многу поширок поглед на светот во кој Холандија беше само едно мало зелено парче на картата на Европа. Месеците минуваа, се менуваа годишните времиња, па пристигна и 1988 година која донесе настани од пресудно значење во развојот на мојот однос со Холанѓаните. Во текот на таа година имав неброени можности за проверка на старите сознанија и отфрлање на наталожените заблуди. Најмногу во тоа ми
16
помогнаа моите посети на Холандија. Првата беше највозбудливата. Од Македонија преку Србија, Хрватска и Словенија возот ме однесе во Италија. Земјата нудеше задоволства за сите мои сетила и долго време скитав од еден до друг град. Во еден момент почувствував дека морам да одам подалеку на север. Точно напладне на 25 степени по Целзиус возот ја напушти римската станица „Термини“ и следниот ден во 11 часот ме истовари на Централната станица во Амстердам. Мојата прва посета на Холандија се совпадна со последната седмица на април. Во текот на целата таа недела над зелената рамна земја висеше синиот небесен покривач и се чудев зошто сите порано ме убедуваа дека таму сонцето ретко свети. Никој не носеше куси панталони, но многу млади луѓе во маици или кошули со куси ракави се обидуваа да соберат што повеќе енергија од сончевите зраци. Јас жалев само што немав подебела јакна зашто дуваше ветар, силен и невообичаено студен за тоа време од годината. Претерано студен барем за човек од Југот! Сите други европски земји имаа географски или културни сличности со мојот роден крај. Уште пред да ги посетам ги запознавав на часовите по историја или преку книгите и телевизијата. Насекаде можев да разберам што зборуваа луѓето помеѓу себе. Холандија нудеше едно многу поразлично искуство! Во оваа земја за прв пат се почувствував како дојденец во сосема непознат свет и уште при првата средба сфатив колку малку сум ја познавал татковината на луѓето со куси панталони од моето детство.
17
Тука за мене сè беше поинаку: боите на ѕидовите, вкусовите на храната, звуците на градовите, мирисот на пролетта. Тогаш вистински сфатив што значи да живееш во пренаселена влажна рамна земја без ниту една планина. Толку многу луѓе, толку многу автомобили и толку многу велосипеди на еден толкав мал простор не видов на ниту едно друго место. Тоа беше еден толку мал свет исполнет со толку многу мистерии и затоа токму тука го доживеав најголемиот културен шок. Кога мојот пријател Питер Сплинтер од градот Зандам ме праша „зошто не останеш подолго и зошто си одиш само по една недела; зарем Холандија не ти се допаѓа“, го убедував дека неговата земја многу ми се допаѓа, но... - Ете, морам да си одам зашто треба да одам во Шпанија... – ја зборував вистината, но не му ја кажав причината. По една недела скитање низ холандските рамнини, умот ми беше преоптоварен од многуте нови слики, звуци и впечатоци. Во еден момент почувствував тежок замор и знаев дека не можев да примам повеќе. Затоа морав да си одам! Додека возот ме носеше од Амстердам кон Брисел, а потоа и кон Париз, постојано си велев: ќе си одам за пак да се вратам! Холандија беше предизвикот на којшто не можев да му одолеам. Земјата ми ја разбуди желбата за откривање! Кон крајот на мај македонската туристичка агенција „Интеримпекс“ ме покани да работам како водич. Уште од почетокот, моите најчести клиенти беа Холанѓаните, кои на различни начини ми укажуваа дека сепак би било многу подобро кога би збору-
18
вал холандски. Напати добивав чувство дека луѓето ме прекоруваа за тоа што не го знаев нивниот јазик. - Зборуваш англиски, италијански, француски, шпански... Имаш дарба за изучување јазици, но зошто не зборуваш холандски!? – се чудеа искрено некои Холанѓани. Вакви прашања си поставував и јас! Каква полза од познавањето на шпанскиот или италијанскиот јазик кога за непречена комуникација со Холанѓаните далеку поважен беше холандскиот јазик?! Во мене сè почесто и подлабоко созреваше помислата дека треба да го научам и овој јазик. Прашањето беше: кога, како, каде! Тогаш почнав да препознавам многу холандски зборови и можев да ги составувам првите едноставни реченици кои напати звучеа нешто како холандско-англиско-германски јазик! Мојата втора посета на Холандија, во ноември 1988 година, сосема неочекувано се претвори во подолг престој, кој сепак доби строго одредена цел. Добив понуда за работа во ноќен бар и преноќиште во градот Арнем, па си реков дека морам да го научам холандскиот јазик и решив да останам барем неколку месеци. Дека добро сум го научил јазикот дознав кога мојата пријателка Бјанка од Енкхаузен со радосна зачуденост ми рече: - Овде си само три месеци, а холандскиот јазик го зборуваш многу подобро од Мимун! Таа зборуваше за Мароканецот Мимун, нашиот заеднички познаник кој во Холандија живееше веќе 13 години! Запознавањето со холандскиот јазик значеше поблиско запознавање со холандскиот менталитет и
19
зголемување на мојата популарност кај холандските туристи. Следуваше неколкугодишен период на интензивно дружење во деловниот и личниот живот, а тоа придонесе за зацврстување на мојата општа поврзаност со луѓето од земјата на ветерниците и каналите.
Ткихаса Alexanderstraat вн гпаднс Апмел: опивпелем днл ма едем Лайеднмех йнј райаче да гн тци фнкамдрйинс јазий
Идилата во македонско–холандските односи почна да бледнее во јуни 1991 година, во периодот на воено-политичката криза на териториите на некогашна Југославија кој започна во Словенија (1991) и преку Хрватска (1991-1995) и Босна (1992-1995) заврши во Косово (1998-1999) и Македонија (2001).1 Тоа ги 1
Откако се прогласи за самостојна на референдум во 1991, Македонија сè до 2000 година успеваше да ги избегне југословенските војни. Сепак таа во 2001 доживеа едно албанско востание по што беше започнат мировен процес. Охридскиот договор му гаранти-
20
разреди врските меѓу луѓето од двете земји. Холандските туристи го избегнуваа овој дел на Балканот додека нивната влада сè повеќе ги затвораше вратите за посетителите од кризните подрачја.
А. ден Долард, Јан Кандорп и јас Последен пат на холандска земја стапнав во септември 1991 година, патувајќи со воз од Германија кон Белгија! Во следните две децении моите средби со Холанѓаните се сведоа на ретки случајности. Таква беше средбата со Јан Кандорп. Го сретнав само два пати, на 2 и 9 јули 1994 2 година , во големата група учесници на еден меѓународен семинар за религиите што се одржуваше во Струга. Цели три години воопшто немав сретнато Холанѓанец, исто толку време немав зборувано холандски, па бев задоволен што ми се даде можност јазикот да го вежбам разговорајќи со Јан на теми поврзани со холандско-македонските врски. Му раскажував како туристите, вклучувајќи ги холандските, последните години го избегнуваа Балканот поради војните во Хрватска и Босна. Тој покрај жалењето за трагичните настани изразуваше надеж за подобро утре, обновувањето на холандско-македонските врски и... Во еден раше повеќе автономија на албанското малцинство и покрај подоцнежните мали инциденти на востанието му беше ставен крај. 2 Со заложбите на мојот холандски преведувач Херард Пулвејк, во ноември 2012 година успеав да го откријам Јан Кандорп. Му испратив примерок од англиското издание на книгата „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ на што тој срдечно ми се заблагодари преку електронска порака во декември истата година. Потоа продолживме со допишување.
21
момент почна да зборува за А. ден Долард и неговата книга за Охрид! Уште во раните детски години читав многу книги. Тие беа задолжително четиво во училиштето, но мене вистински ме задолжуваше мојата желба да побегнам од ограничувањата на животот во малото планинско село и да ги откријам тајните на светот. Затоа читав сè што ќе ми паднеше в раце, прво на македонски, а подоцна на српски или хрватски јазик. Преку книгите се запознавав со животните искуства на авторите и нивните татковини, ги позајмував нивните знаења и така го составував мозаикот на мојата слика за светот. Го сакав читањето зашто така имав пристап до сето она што беше во фантазијата. Преку читањето мојата фантазија стануваше моја реалност и обратно! Книгите ми ја всадија желбата за патување и средби со непознати луѓе, исто како и помислата дека еден ден и јас би можел да пишувам книги. Во училиштето учевме за развојот на светската литература од најстарите епохи, па сè до најновото време. Во книжарниците и во библиотеките ги среќавав преводите на класиците на американската, руската, француската и другите литератури... Зошто никаде не сретнав книга од холандски автор? Зошто никогаш не се зборуваше за холандската литература? Запознавањето со А. ден Долард беше првата моја средба со сериозен претставник на холандската литература. Уште поважно: него го среќавав, барем како име, само преку читателите. Преку нивните кажувања сфаќав дека доаѓањето на Холанѓаните во Македонија мора да има некоја многу голема врска со писателот и неговите книги.
22
23
Јан Кандорп во јули 1994 година ми подари примерок од „Свадбата на седумте Цигани“, издание од 1963 година. На првата страница под насловот на книгата стои посветата: „Една книга за... Охрид! Едно сеќавање на незаборавниот водич Мишел на 2 и 9 јули 1994. Со благодарност и восхит. Јан Кандорп Goirkestraat 69 5046 Tilburg Nederland “
Јам Йамднпо рн амгкирйаса вепзија ма „Мачинс фнкамдрйи опијасек А. дем Днкапд“
24
КОЈ Е ЈАН КАНДОРП? Роден сум на 4 август 1928 година во Харлем (Haarlem). По долгото образование, меѓу другото на Универзитетот во Најмеген (Nijmigen), скоро 30 години работев во гимназија како наставник по грчка и латинска литература и филозофија, и како свештеник за разни христијански заедници. Потоа 20 години членував во една заедница за заедничко живеење, при што бев активен на полето на религијата и социјалните работи. Уште од моите младешки години имав интерес за старите христијански традиции на грчки јазик и со тоа за византиските заедници во источна Европа. Ова беше засилено со тоа што 26 години во текот на летната сезона работев како свештеник за многу туристи. Затоа бев делегиран во летната школа во Струга во јули 1994 година. Потоа 10 години се занимавав со обработка на ракописи од 19-тиот век. Сега сè уште работам како свештеник и уживам во длабоката старост. Хоби: историја и археологија, теологија и филозофија, литература на различни јазици вклучувајќи и на руски јазик. Моето здравје е одлично. Живеам во монашка заедница. Јан Кандорп Тилбурх, 6 февруари 2015
25
Книгата со години ја чував како најскапоцената реликвија. Таа ме потсетуваше на приказните за нејзиниот автор, но и на годините исполнети со убави доживувања. А. ден Долард и „Свадбата на седумте Цигани“ добија пресудна улога во третата фаза на моето дружење со Холанѓаните. Таа фаза започна во зимата 2011 година. Во оваа најнова фаза на моето дружење со холандскиот дел од светот влегов со многу помалку заблуди и со многу поголеми знаења, искуства и зрелост, кои бараат поодговорен однос, исто како што нудат подлабоко разбирање на двете општества (македонското и холандското), нивните вредности и недостатоци, и взаемните односи. Оттука мојата потреба за поактивен настап и личен придонес во изградбата на македонско-холандските односи. Тука многу помош може да даде делото на А. ден Долард! Зашто тој покажа како се прифаќаат поразличните од нас и ја докажа моќта на литературата во меѓусебното запознавање и поврзување на народите. Затоа А. ден Долард! Затоа музеј за А. ден Долард! Затоа книги за А. ден Долард!
26
МУЗЕЈ ЗА А. ДЕН ДОЛАРД
А. ден Долард е одамна мртов и речиси заборавен, дури и во неговата татковина каде ја уживаше најголемата популарност. Неговите книги не се печатат повеќе, а библиотеките ги симнале од полиците и складирале подалеку од очите на јавноста. Младите поколенија речиси и не слушнале за писателот кој во своето време со децении бил на врвот на популарноста. Постепено заминуваат и неговите најверни читатели, а со нив се бришат спомените за „лавот од Хундерло“, скитникот и вљубеникот во животот кој сепак нема да биде целосно проголтан од заборавот. Зашто тој посеа семе од кое бездруго ќе изникнат нови авантури и нови спомени! „Свадбата на седумте Цигани“,
27
„Ориент Експрес“, „Заедно е два пати сам“ и другите негови книги продолжуваат да ги зајакнуваат старите и да инспирираат нови врски помеѓу Холанѓаните и Македонците. Ова го потврдува и Музејот за А. ден Долард во Охрид. Според првичната идеја, Охрид требаше да добие македонско-холандски фестивал. Нешто што би се повторувало традиционално секоја година во чест на А. ден Долард и како дополнителна можност за соработка помеѓу луѓето од двете земји. Оваа идеја била дадена некаде и по некој повод од страна на Симоне Филипини (Simone Filippini) во времето кога таа беше амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија.3 „Во Охрид веќе имате холандски парк со споменик на А. ден Долард… Сега пак ги имате холандските туристи... Би можеле сево ова да го искористите и да организирате некоја прослава во чест на А. ден Долард со која ќе привлечете повеќе туристи...“ – отприлика вака рекла амбасадорката пред присутните; некој ја слушнал идејата и решил да ја спроведе во дело, a jас за неа дознав во средината на јануари 2011 година. Сè започна со еден телефонски повик од Тоде Илиевски4, мој долгогодишен пријател и соработник, во тоа време директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид. Во краткиот разговор тој ми навести дека некои млади луѓе би сакале да организираат 3
Симоне Филипини функцијата амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија ја вршеше од 2007 до 2011 година. 4 Тоде Илиевски (роден на 7.3.1952 година во с. Мраморец, Општина Дебарца) е поет, преведувач, просветен работник.
28
прослава во чест на А. ден Долард, но во соработка со Библиотеката, па замоли подетално да поразговараме на таа тема. Во телефонскиот разговор, исто како и подоцна во неговата канцеларија, Илиевски подвлече дека тој би прифатил да ja вклучи Библиотеката во организирањето на еден таков настан само доколку и јас се вклучам во активностите. За почеток, побарав средба со претставниците на Здружението. Сакав лично да ги запознаам луѓето
А. дем Днкапд – оирасек, мнвимап и имроипаснп ма фнкамдрйн-лайеднмрйисе впрйи
29
и од нив да ја слушнам нивната замисла, пред да решам дали воопшто ќе се вклучам во проектот. Неколку дена подоцна во библиотеката запознав тројца членови на локалното здружение за меѓународно пријателство. Замислената прослава, барем како идеја, според значењето и обемот на активностите беше голема. Вклучуваше печатење промотивни материјали, настап на холандски и македонски музички групи, изложби на уметници од двете земји, неформално дружење на учесниците со крстарења по Охридското Езеро, гозби во ресторани... Додека со најголемото внимание ги слушав нивните замисли, целото време во главата ми се вртеше една иста мисла и во погодниот момент пред сите гласно и искрено ја изнесов мојата загриженост: - Кој ќе плати за сето тоа?! Замислата ви е навистина многу добра, но таа чини пари! Некој ќе треба да ги плати авионските билети и хотелското сместување за гостите од Холандија. Бродовите и рестораните исто така чинат пари. Потребни се многу пари, можеби неколку десетици илјади евра! Членовите на Здружението немаа финансиски средства за поткрепа на нивниот младешки ентузијазам и сите надежи им беа насочени кон дарежливоста на евентуалните спонзори. Тие немаа ни познавања за животот и делото на писателот во чија чест требаше да се организира големиот настан. Дури и неговото писателско име А. ден Долард им беше нејасно, па често погрешно го изговараа како Александар ден Долард! Сепак во интерес на времето решивме од зборови да преминеме на дела и да видиме колку далеку
30
можеме да одиме! Формиравме иницијативен одбор за организирање на фестивалот. Како единствен добар познавач на делото на А. ден Долард во групата, јас бев повикан да работам на делот од програмата во кој директно беа засегнати ликот и делото на холандскиот писател. На крајот кога сите презедоа делови од обврските, јас се нафатив да подготвам брошура и изложба за животот и делото на писателот. Тука пак го потцртав основниот проблем. - Јас ќе подготвам брошура, постери и друг промотивен материјал; можам да подготвам изложба за писателот; ако треба, сето тоа ќе го направам само за моето лично задоволство и без некаква заработка, но сепак некој ќе мора да го плати барем печатењето на публикациите и... - додека го зборував ова, претчувството ми велеше дека тоа ќе бидам јас! Навистина Библиотеката ги ставаше на располагање сите свои распoложливи средства: просториите, техничката опрема, вработените..., но очигледно тоа не беше доволно за постигнувањето на конечната цел. Библиотеката имаше строго ограничени финансиски средства кои беа наменети за спроведување на однапред предвидената програма за работа. За секоја друга активност таа мораше да бара дополнителни средства од Министерството за култура кое исто така има ограничени и однапред планирани средства од државниот буџет. Дури и при најповолната ситуација, во случај Министерството да се нафатеше да финансира барем еден дел од активностите на фестивалот, потребни ќе беа посебни постапки и многу време за раздвижување на бавниот бирократски апарат. Ваквата состојба не им одеше во прилог
31
на иницијаторите на фестивалот кои желно сакаа сè да биде готово до почетокот на летото. Како што минуваше времето, финансирањето на обемната програма сè повеќе и повеќе се издвојуваше како единствен вистински проблем. Финансиските средства моравме да ги бараме од финансиски моќните организации, но нивните врати тешко се отвораат, а патиштата до нив се долги и исполнети со препреки. Посебно голема надеж се полагаше во холандската амбасада во Скопје, па некој рече: - Штом идеите произлегуваат од амбасадорот, штом А. ден Долард е значајна личност за холандскомакедонските односи, тогаш постои голема веројатност амбасадата да поддржи еден ваков холандскомакедонски фестивал и да помогне на некој начин... До амбасадата беше испратено писмено барање за средба. Подоцна таму на охридските делегати им било кажано дека амбасадата би можела да финансира само некои активности. Пред сè печатење на промотивни материјали, евентуално набавката на книгите од А. ден Долард, но ништо друго. Потоа, откако охридската делегација се пофалила со мене, службеничката накусо им одговорила: - „Штом имате таков човек, кој бил во Холандија и со познавање на холандскиот јазик, тогаш тој сигурно има врски, па нека се ангажира за пронаоѓање на книгите од А. ден Долард...“ Развојот на настаните се одвиваше така што „топката“ беше префрлена кај мене. Немав друг избор и морав да го прифатам предизвикот. Во играта влегов доброволно и морав да ја играм до крај.
32
Книги, книги, книги... Потребни беа книгите од А. ден Долард. Тие можеа да се најдат, каде на друго место, ако не во неговата татковина! Пред сè кај трговците со стари книги или во депоата на библиотеките. Замислував уште дека илјадници примероци од книгите на некогаш популарниот холандски писател собираат прав по полиците или во подрумите на неговите најверни читатели. Собирањето на сите наслови може да чини многу време и пари, но не беше навистина потребно да се оди толку далеку, дури во Холандија. Помислив да се послужам со најпопуларното средство за комуникација на новото време. Се обратив до ризницата на холандското книжевно творештво – Кралската библиотека на Холандија во Хаг. Оттаму добив повратен одговор во понеделникот на 28 февруари 2011 година во 18.01 часот, потпишано од Мади Гуч (Maddy Goettsch): „Почитуван господине Јузмески, Кралската библиотека во збирката ги има книгите на А. ден Долард, но очигледно не за продажба. Ако сакате книгите (употребувани) да ги купите, тогаш Ви советувам да барате стари примероци на интернет, на пример на www.antiqbook.nl или www.boekwinkeltjes.nl Во нашиот каталог www.kb.nl/ac можете да погледнете што има Кралската библиотека од и за А. ден Долард. Во второто поле можете да изберете за ‟автор, соработник„ или, ако
33
сте во потрага по наслови за писателот, ‟клучните зборови за личност„. Потоа внесете ‟Doolaard, A. den„. Кралската библиотека располага со 3 фотографии. Овде можете да нарачате нивни репродукции: http://www.kb.nl/hpd/bestel/bestel.html Можеби за вас е исто така интересно да се поврзете со Музејот на литературата, кој собира архивски материјал за холандските писатели: http://www.letterkundigmuseum.nl Исто така, постојат разни веб-сајтови за него: http://www.adendoolaard.nl http://adendoolaard.tripod.com Се надевам дека овој одговор Ви послужи. Со почит, Мади Гуч Кралска библиотека Јавни служби“ Библиотеката понуди значајни податоци, а јас меѓувремено книгите ги барав и на други места. Пребарувајќи преку интернет го сретнав името на „Рабан“ - продавницата за стари книги од градот Венендал (Veenendaal). Верував дека сум на вистинскиот и во секој случај најевтин пат, па решив и овде да си ја испробам среќата.
34
35
Недела, 27 февруари 2011 година; 10.46 часот. Ја испратив мојата прва порака до Матс Бек (Mats Beek)5, од книжарницата Raban Internet Antiquariaat. Побарав помош за мојата мисија, која опфаќаше подготовка на изложба и книга за А. ден Долард. Истиот ден во 21.48 часот Бек го испрати неговиот одговор: „Почитуван Мишо Јузмески, Ова е одговор на Вашата порака. Добро е што и во Македонија постои уште почит за Ден Долард! Неколку фотографии (меѓу другите од неговиот гроб) ќе најдете на мојот веб-сајт на schrijversinfo.nl. Нив можете да ги употребите за Вашата книга. За продажба имам голем број книги од Ден Долард. На спомнатите цени (од мојот сајт http://members.ziggo.nl/matsbeek/raban.html) нудам 50% попуст. Морам да видам колку чини испраќањето во Македонија. Со почит, Матс Бек“ Го препрочитував списокот со насловите (некои биле издавани повеќе пати во разни форми и во 5
Мариус Бек (Marius Beek, 26.11.1958, Венендал). Во родниот град се занимава со просветна, културна и политичка дејност.
36
разни периоди), описот и цените на книгите. Знаев дека ќе ми требаат уште многу време и напор за пронаоѓање на сите негови дела, а најмногу жалев за тоа што во понудата ги немаше некои од книгите за Македонија. Во секој случај, морав да почнам од некаде. Вторник, 1 март 2011 година; 12.14 часот. Ja испратив мојата нарачка: 1. А. den Doolaard, 'Achter de blinde muur' (heruitgave van 'Ontsporingen'), 5 verhalen, Salamanderpocket 390, 3e druk, 1976 (1e = 1967), 191 blz., bestelnummer RA21004, € 2,50 2. A. den Doolaard, 'De bruiloft der zeven zigeuners', uitg. Querido, 14e druk, 1975 (1e = 1939), paperback, 251 blz., 20x12,5 cm., bestelnummer RALD173, € 4,00 3. A. den Doolaard, 'De druivenplukkers', uitg. Querido, blauwe salamander, 1935, gebonden, blauw linnen, met goudopdruk, 257 blz., bestelnummer RALD68, € 4,00 4. A. den Doolaard, 'De druivenplukkers', uitg. Querido, 1950 (1e = 1931), blauwe salamander, gebonden, met stofomslag, 212 blz., 19x12 cm., bestelnummer RALD41, € 6,00 5. A. den Doolaard, 'De druivenplukkers', uitg. Querido, 1957 (1e = 1931), blauwe salamander, gebonden, karton, 203 blz., 19x12 cm., bestelnummer RALD127, € 4,00
37
6. A. den Doolaard, 'De druivenplukkers', Salamanderpocket 2, 1961 (1e = 1931), 203 blz., bestelnummer RALD42, € 2,40 7. A. den Doolaard, 'De druivenplukkers', Salamanderpocket 2, 1966 (1e = 1931), 190 blz., bestelnummer RALD44, € 2,20 8. A. den Doolaard, 'De druivenplukkers', Salamanderpocket 2, 1970 (1e = 1931), 190 blz., bestelnummer RALD43, € 2,50 9. A. den Doolaard, 'De druivenplukkers', Salamanderpocket 407, 1977 (1e = 1931), 208 blz., bestelnummer RALD147, € 2,50 10. A. den Doolaard, 'De druivenplukkers', uitg. Ned. Boekenclub, 1971 (1e = 1931), gebonden, groen linnen, goudopdruk op de rug, 189 blz., 20,5x12,5 cm., bestelnummer RALD46, € 6,50 11. A. den Doolaard, 'De goden gaan naar huis', uitg. Querido, 1e druk, 1966, gebonden, grijs linnen, 440 blz., 21x13 cm., bestelnummer RALD30, € 9,00 12. A. den Doolaard, 'De groote verwildering', uitg. Querido, 2e druk, 1936, gebonden, blauw linnen, met goudopdruk, 326 blz., 21x14 cm., bestelnummer RALD31, € 8,00 13. A. den Doolaard, 'De Herberg met het Hoefijzer', uitg. Querido, blauwe salamander, gebonden, met stofomslag, 12e druk, 1956 (1e = 1933), 156 blz., 19x11,5 cm., bestelnummer RALD169, € 4,50 14. A. den Doolaard, 'De Herberg met het Hoefijzer', uitg. Querido, 31e druk, 1977
38
15.
16.
17.
18.
19.
20.
21.
(1e = 1933), paperback, 62 blz., 20x12,5 cm.,bestelnummer GB28502, € 3,00 A. den Doolaard, 'De Herberg met het Hoefijzer', uitg. Querido, 33e druk, 1979 (1e = 1933), paperback, 62 blz., 20x12,5 cm.,bestelnummer RALD33, € 3,00 A. den Doolaard, 'De Herberg met het Hoefijzer', Salamander-pocket 110, 19e druk, 1966 (1e = 1933), 156 blz., bestelnummer RALD139, € 2,50 A. den Doolaard, 'Het leven van een landloper', uitg. Querido, 1e druk, 1958, gebonden, grijs linnen, met goudopdruk, 430 blz., 21x13 cm., kleine beschadiging rand, bestelnummer RALD53, € 8,00 A. den Doolaard, 'Het verjaagde water', uitg. Querido, 2e druk, 1947, gebonden, bruin linnen, met goudopdruk, 526 blz., 21x13 cm., met 22 tekeningen van C.A.B. Bantzinger, bestelnummer RALD39, € 10,00 A. den Doolaard, 'Het verjaagde water', uitg. Querido, 3e druk, 1948, gebonden, bruin linnen, met goudopdruk, 526 blz., 21x13 cm., met 22 tekeningen van C.A.B. Bantzinger, bestelnummer RALD38, € 8,00 A. den Doolaard, 'Het verjaagde water', uitg. Querido, 7e druk, 1965 9 (1e = 1947), paperback, 286 blz., 20x12,5 cm., bestelnummer RALD40, € 4,20 A. den Doolaard, 'Ik ben tegen', uitg. Querido, 1e druk, 1983, paperback, 101 blz., 20x12,5 cm., bestelnummer RALD163, € 4,00
39
22. A. den Doolaard, 'Kleine mensen in de grote wereld', uitg. Querido, 1e druk, 1953, gebonden, blauw linnen, met goudopdruk, 638 blz., 21x13 cm., bestelnummer RALD32, € 8,00 23. A. den Doolaard, 'Ogen op de rug. Terugkijkend naar boeken en tijdgenoten', uitg. Querido, 1e druk, 1971, paperback, 146 blz., 20x12,5 cm., bestelnummer RALD160, € 4,50 24. A. den Doolaard, 'Oriënt-express', uitg. Querido, 1940, gebonden, blauw linnen, met goudopdruk, 265 blz., 19x12 cm., bestelnummer RALD37, € 4,50 25. A. den Doolaard, 'Oriënt-express', uitg. Querido, 1949, gebonden, bruin linnen, met goudopdruk, 364 blz., 20,5x13 cm., bestelnummer RALD36, € 8,00 26. A. den Doolaard, 'Oriënt-express', uitg. Querido, blauwe salamander, 1957, gebonden, karton, 230 blz., bestelnummer RALD128, € 4,00 27. A. den Doolaard, 'Oriënt-express', uitg. Querido, 1971 (1e = 1934), gebonden, groen linnen, goudopdruk op de rug, met stofomslag, 237 blz., 20,5x13 cm., bestelnummer RALD141, € 6,00 28. A. den Doolaard, 'Oriënt-express', uitg. Querido, 1971 (1e = 1934), paperback, 237 blz., 20x12,5 cm., bestelnummer RALD35, € 4,00
40
29. A. den Doolaard, 'Van zes een jaar'. Zes verhalen van zes autuers over zes jaren (met J. Bernlef, Max Dendermonde, Hella s. Haase, Alfred Kossmann, Helga Ruebsamen), uitg. Querido, 1965, paperback, 158 blz., bestelnummer RALB159, € 4,00 30. A. den Doolaard, 'Wampie', Salamanderpocket 1, 1958 (1e = 1938), 207 blz., bestelnummer RALD48, € 3,00 31. A. den Doolaard, 'Wampie', uitg. Querido, 14e druk, 1971 (1e = 1938), paperback, 147 blz., 20x12,5 cm., bestelnummer RALD49, € 4,00 32. A. den Doolaard, 'Wampie', Jonge lijsters 1993, uitg. Wolters-Noordhoff, 172 blz., 20x12 cm., bestelnummer LB32650, € 2,00 33. A. den Doolaard, 1 verhaal: 'De goden gaan naar huis' in 'Gastenboek van Singel 262, nieuwe verhalen en gedichten van veertig Nederlandse auteurs', uitg. Querido, 1964, paperback, 152 blz., 18,5x11,5 cm., bestelnummer GB26323, € 4,50 34. A. den Doolaard, 1 bijdrage: 'Klein en kittig' in 'Het salamanderboek 1934-1984', uitg. Querido, Salamander-pocket 608, 240 blz., 18,5x11,5 cm., bestelnummer GB26410, € 5,00 35. A. Jousma (samensteller), 'Kort bestek 4, A. den Doolaard, De herberg met het hoefijzer', uitg. Van Goor, geniet, 16 blz., 14,5x11 cm., bestelnummer RAOL102, € 3,50
41
36. Niko Kazantzakis, 'Kapitein Michalis', uitg. De Fontein, 2e druk, z.j., gebonden, karton, 322 blz., 19,5x12,5 cm., inleiding A. den Doolaard, vertaling Mr. H.C.M. Edelman, bestelnummer RAVL54, € 4,50 37. Niko Kazantzakis, 'Kapitein Michalis', uitg. BK Boekenkring, z.j., gebonden, rood linnen, 351 blz., 20x12,5 cm., inleiding A. den Doolaard, vertaling Mr. H.C.M. Edelman, bestelnummer RAVL301, € 3,00 38. Johnny van Doorn, 1 verhaal: 'Delft' in: 'Spoorleesboekje 8 1994', uitg. Nederlandse Spoorwegen, 1993, paperback, 96 blz., 20,5x12 cm., met o.a. Jan Kal, J.M.A. Biesheuvel, Drs. P., Hans Andreus, Jules Deelder, bestelnummer RA23728, € 4,00 39. Johnny van Doorn, 1 verhaal: 'Tabé literair café' in 'Kroegtijgeren. De leukste verhalen over de kroeg', uitg. Novella, 3e druk, 1997 (1e = 1995), samenstelling Nanda Jansen e.a., paperback, 20x12,5 cm., met werk van o.a. Lévi Weemoedt, Herman Pieter de Boer, Remco Campert, J.P. Guépin, Simon Carmiggelt e.a., bestelnummer RABUN73, € 3,50 Од понудените 48 книги избрав „само“ 39, кои сепак беа некаков почеток (во секоја работа се прават грешки, па се покажа дека последниот наслов од списокот нема никаква врска со А. ден Долард). Си дадов задача да ја збогатам збирката подоцна со насловите кои недостасуваа.
42
Вторник, 1 март 2011 година; 22.18 часот. Пораката од Матс Бек беше кратка, јасна и ветувачка: „Почитуван Мишо, Благодарам за твојата нарачка. Ќе одам утре да ги побарам сите книги заедно. Исто така ќе се распрашам колку чини испраќањето. Можеби имам една поголема фотографија од гробот на А. ден Долард, инаку ќе се одвезам уште еднаш до Хундерло, тоа не е толку многу далеку. Поздрав, Матс Бек“ Недела, 6 март 2011 година; 22.46 часот. Пак се јавува Бек: „Почитуван Мишо, Ги собрав сите книги заедно. Заедно тие чинат € 180,80 Ти ветив 50% попуст Тогаш цената е € 90,40 Заедно тежат околу 11 килограми Испраќањето до Македонија чини € 49,10 Вкупниот износ изнесува € 139,50 Овој износ можеш да го префрлиш на: Сметка: 8490707 t.n.v. Raban Internet Antiquariaat, Veenendaal, IBAN: NL 39 PSTB 0008 4907 07
43
BIC: PSTBNL21 Сметката ќе ја најдеш прикачена кон оваа порака. Книгите ќе ги испратам колку што се може порано штом пристигне уплатата. Со почит, Матс Бек“ На 7 март од сопствената сметка преку банката во Охрид ја платив потребната сума. Ова му го соопштив на Бек, два дена подоцна. Среда, 9 март 2011 година; 10.27 часот. Пристигнува последната порака од Матс Бек: „Почитуван Мишо, Тоа беше навистина брзо. Парите се на мојата сметка, книгите се спакувани и кутијата попладнево ќе оди кон поштата! Поздрав, Матс Бек“ Книгите пристигнаа една недела подоцна. Со пожолтени страници и со сите други белези на времето. Од нивната внатрешност ѕиркаше духот на писателот и веќе замислував како би изгледала изложбата. Најмногу ме израдуваа автобиографските книги „Животот на еден скитник“ (Het leven van een landloper) и „Очи на грбот; Гледајќи назад кон книги и современици“ (Ogen op de rug; Terugkijkend naar
44
boeken en tijdgenoten). Во вторава најдов голем број фотографии кои го прикажуваа А. ден Долард во различни периоди од неговиот живот и во разни околности. Можев да бидам задоволен. Преку книгите имав поширок поглед во животот и делото на авторот, кон неговото вистинско значење за Македонија и во целина за македонско-холандските односи. Сè на сè целата работа се одвиваше две недели, а вкупните трошоци за набавка на книгите, заедно со царинските и банкарските такси, достигнаа околу 170,00 евра. Работата беше завршена брзо и евтино!
Фестивалот никогаш не се роди Времето за почетокот на замислениот македонско-холандски фестивал во чест на А. ден Долард наближуваше и тоа требаше да биде крајот на мај, најдоцна во текот на јуни, кога доаѓаа првите големи групи холандски туристи. Во меѓувреме, недостигот од финансиски средства го топеше ентузијазмот кај младите учесници кои полека и незабележливо се повлекуваа од активностите во проектот. Претчувствував дека на крајот ќе останам сосема сам. Поголемиот дел од мојата работа беше готов во април. Ги имав книгите и фотографиите за изложбата, а меѓувремено Тоде Илиевски го имаше резервирано изложбениот простор во Археолошкиот музеј (Куќата на Робевци) за период од две недели во јуни. Заедно договоривме учениците од охридското Основно музичко училиште „Методија Патчев“ да настапат со музичка програма од холандски композитори.
45
При крај беше мојата работа и на брошурата, која со текот на времето прерасна во книшка од осумдесетина страници. Таа беше готова за печатење и помислив дека тука пак ќе мора да посегнам во мојот џеб. Јасно ми беше уште дека претходно замислената голема меѓународна прослава ќе се сведе само на отворањето на мојата изложба и претставувањето на мојата публикација, евентуално зачинети со програмата на учениците од музичкото училиште. Во подготовките за фестивалот најголемиот товар падна врз мојот грб. Вложив емоции, труд, финансиски средства и време. Не сакав да пропадне мојот влог и во главата ги разработував сите можни сценарија.
Се роди „Култура 365“ Пролетта 2011 година беше исполнета со интересни случувања во мојот професионален живот. На крајот од март и почетокот од април, по 20 години пауза имав можност пак да го посетам Брисел, престолнината на Кралството Белгија, сега по покана од Европската комисија како учесник на еден меѓународен семинар за зачувување на културното наследство. Потоа, во средината на мај престојував во Бургас, Република Бугарија; таму се претставив како писател, со раскази, а истовремено и како фотограф со самостојна изложба. Овие активности на моменти ме оддалечуваа од случувањата околу фестивалот за А. ден Долард. Од друга страна, дома во Охрид секојпат се враќав со свежа енергија која ми даваше сила
46
за новите проекти. Токму тогаш беше јасно дека од замислениот македонско-холандски фестивал нема да биде ништо. Тогаш решив да го применам резервното сценарио. Лидија Размоска (21.1.1982, Охрид), покрај доброто универзитетско образование и искуството во работата со ученици, имаше голем интерес кон уметноста, а најмногу кон литературата. Самата таа беше автор на стихови, пишуваше и проза, а посебно се истакнуваше нејзината умешност во организирањето културни настани. Никој не можеше да се натпреварува со неа во рецитирање. Зборуваше течен англиски. Таква личност ми беше потребна за спроведување на мојата замисла. Долго време посакував да создадам едно културно катче во кое би ги вградил моите активности како фотограф, писател, културен работник. Размоска ја прифати мојата замисла и се согласи да работи на идниот проект, заедно да организираме изложби, промоции на книги и други културни настани. По разгледувањето на сите можни комбинации во однос на местоположбата и цената, успеавме да изнајмиме една мала просторија (сè на сè 30 м2) во стариот дел на Охрид, поточно на ул. „Цар Самоил“ која е една од главните патеки по кои минуваат туристите. Просторијата ја поделивме на два дела: поголемиот дел за изложби и промоции на книги, помалиот само за изложби и токму тука подоцна се роди музејот на А. ден Долард. Опремувањето на КИЦ чинеше пари. Наместо чукање по туѓи врати, решив да вложам дел од мојата
47
заштеда, исто како и за изнајмувањето на просторот. Така беше многу полесно, побрзо и подостоинствено! Во просторијата се вселивме на 15 јуни, а првата активност на штотуку формираниот културен и информативен центар „Култура 365“ ја најавивме за 19 јуни. Имавме само 4 дена и верувавме дека во меѓувреме ќе успееме да ги завршиме сите подготовки.
„Йткстпа 365“ – йткстпа рейнј дем за рейнгн!
Таа година се навршуваа 110 години од раѓањето на А. ден Долард, илјадници Холанѓани престојуваа околу Охридското Езеро, а сега имавме сопствена изложбена сала и... Ете можност за изложба! Пак во јуни како што беше претходно замислено, но не две недели во Археолошкиот музеј туку шест месеци во „Култура 365“! На 19 јуни 2011 година во 19 часот во присуството на група почитувачи на писателот и други вљу-
48
НАСТАНИ НА „КУЛТУРА 365“ Уште од самиот почеток, „Култура 365” разви разновидни активности: изложби, промоции на книги, средби со локални писатели, издавање на книги, предавања за културно наследство... Овде ќе наведеме само дел од овие активности! Предавања за македонски писатели: Радослав Петковски (1916-1955), Иван Точко (19141973), Борис Бојаџиски (1915-1959), Димче Маленко (1919-1990), Ванчо Николески (19121980), Зоран Ковачевски (1943-2006), Антонио Танески (1949-2003), Саме Лимани-Жарноски (1935-2007), Ангеле Грозданоски (1930-2007)… Средби со современи македонски писатели: Петко Шипинкаровски, Зоран Јакимоски, Тоде Илиевски... Изложби на македонски и странски фотографи: Атанас Талевски (1954-2008), Никола Павлески (Охрид), Јасна Христоска (Охрид), Славица Панова (Струга), Петар Боев (Охрид), Катерина Мавровска (Битола), Ана Шќекиќ (уметница од Црна Гора), групна изложба на 17 фотографи од Романија... Бројни излети во разни македонски градови, села и планини за туристи од холандското говорно подрачје и од други земји.
49
Пейкалминс онрсеп за изкнжбаса „110 гндими нд пашањесн ма А. дем Днкапд“ Онрсепнс бече нсоецасем вн 400 опилепнхи и за лмнгт стпирси опесрсавтваче дпагнхем ртвемип
50
беници во уметноста, ја отворивме изложбата „110 години од раѓањето на А. ден Долард“ и таа требаше да трае до 31 декември истата година, доволно долго за жителите на Охрид и туристите да се запознаат со животот и делото на холандскиот писател. На отворањето на изложбата зборувавме јас, Александар Баткоски6 и Душко Гугоски7. Последниве двајца имале можност лично да се запознаат со А. ден Долард, па на присутните им ги раскажуваа спомените од средбите со писателот. Лидија Размоска читаше делови од македонскиот превод на „Свадбата на седумте Цигани“ и делови од моите статии за А. ден Долард.
Посетителите помагаат Холандските туристи кои престојуваа во хотелите околу Охридското Езеро беа најчести и најбројни посетители на изложбата. Целосно непознат за младите поколенија, А. ден Долард будеше разни реакции кај постарите Холанѓани. Некои едвај се сеќаваа на него, додека други со возбуденост се навраќаа во минатото и со жар зборуваа за „Гостилницата со потковицата“, „Ориент Експрес“ и другите книги кои како школска лектира ги читале во својата младост. Многумина бараа начини да помогнат. Даруваа финансиски прилози, списанија со статии за писателот, книги... 6
Александар Баткоски (20.8.1939 година, Вевчани), туристички водич, копаничар и соработник на „Култура 365“. 7 Душко Гугоски (4.10.1953 година, Охрид), туристички водич и соработник на „Култура 365“.
51
Бројните позитивни реакции и несебичната пожртвуваност на посетителите уште во летото 2011 година ја наметнаа одлуката: првата изложба ќе остане и понатаму, како постојана поставка на неодредено време, сè додека постојат интересот за посета и неопходните услови за работа. Така во КИЦ „Култура 365“, во вид на мала спомен-соба со површина од само 10 м2, се роди првиот музеј за А. ден Долард. Уште од почетокот влезот беше ослободен од наплата и не воведовме систем за евиденција на посетителите. Сепак, со сигурност може да се заклучи дека секоја година музејот беше посетуван од најмалку 5.000 посетители. Холанѓаните беа најчестите посетители, но имаше и Македонци, како и туристи од други земји кои сакаа да дознаат кој е А. ден Долард и „зошто насекаде во Охрид се зборува толку многу холандски“. Мнозинството посетители ќе останат непознати засекогаш. Некои си ги запишаа своите имиња во книгата за впечатоци (види стр. 60), а овде можеме да спомнеме само некои од попознатите. Амбасадорката на Холандија во Македонија, Мариет Шурман (Marriët Schuurman)8 во друштвото на нејзиниот колега, тогашниот шведски амбасадор во Македонија, Ларс Вахлунд (Lars Wahlund), го посети музејот на 9 мај 2013 година. Бранда Спулстра (Branda Spoelstra) е најмладата ќерка на А. ден Долард. Таа на Музејот му подари примерок од ретката книга (печатена во 100 8
Мариет Шурман функцијата амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија ја вршеше од август 2011 до август 2014 година.
52
примероци) „Пријателите на книгата за А. ден Долард“ (Liber Amicorum voor A. den Doolaard). За посетата на Бранда Спулстра информираа некои средства за јавно информирање. На 30 октомври 2013 година охридската новинска агенција „ИнПрес“ во статијата под наслов „Ќерката на А. ден Долард го посети Охрид“ објави: „На 25-ти и 26-ти октомври 2013 година, во посета на Охрид и Музејот на А. ден Долард престојуваше неговата најмлада ќерка Бранда Спулстра. - Сега збирката на музејот е побогата со нова книга, бидејќи при посетата Бранда донесе подарок - книга за нејзиниот татко. Таа беше воодушевена од тоа што го имаме направено за нејзиниот татко, но не беше во Охрид по прв пат, бидејќи сопругот на нејзината ќерка е родум од Охрид. Првиот ден од посетата го посети музејот заедно со нејзината ќерка и внуката, при што направија фотографии во собата посветена на Долард. Вториот ден дојде да ја купи книгата за Долард од Мишо Јузмески. Таа ја доби книгата на подарок, но без посвета од Јузмески, кој тогаш беше во Белград каде се промовираше книгата ‟Свадбата на седумте Цигани„ на А. ден Долард. Во Белград се одржа и музичко-драмска изведба од страна на холандската уметница Квирине Мелсен - вели за Супер радио Лидија Размоска од Културно-информативниот центар ‟Култура 365„ од Охрид.“
53
Онрвесаса ма Бпамда Роткрспа вн ймигаса „Опијасекисе ма ймигаса за А. дем Днкапд“ (Liber Amicorum voor A. den Doolaard): „За лтзејнс вн Нфпид. Вн церс ма лнјнс сасйн А. дем Днкапд. Бпамда Роткрспа (мајлкадаса ћепйа). Нфпид, 25. 10. 2013“
54
Рейнја гндима ЙИЦ „Йткстпа 365“ гн ндбекежтва пндемдемнс ма А. дем Днкапд На 7 февруари 2015 година македонски поети рецитираа свои стихови во чест на А. ден Долард. На сликата горе, од лево на десно се претставени: Петко Шипинкаровски, Веле Митаноски, Лидија Размоска, Арјан Калчо (гостин од Албанија), Ленче Николоска, Тоде Илиевски, Блага Печенковска, Маја Мојсова, Мирко Томовски, Трифун Ѓорѓиески, Зорица Илијоска и Жаклина Ристоска. На оваа средба охридскиот поет Тоде Илиевски за прв пат ја претстави својата песна „Монолог на А. ден Долард“ посветена на А. ден Долард.
55
Цес Н. А. Содер (Cees N. A. Söder), почесен конзул на Македонија во Кралството Холандија, го посетува музејот при разни прилики. На 8 октомври 2013 година тој им го претстави музејот на други 45 почесни конзули на Македонија од други земји. Еден од познатите посетители е политичарот Ханс ван Бален (Hans van Baalen)9. Тој го посети музејот со неговото семејство на 4 август 2015 година. Невозможно е да се спомнат сите оние кои помогнаа во збогатувањето на збирката на охридскиот музеј за А. ден Долард или неговото опстојување. Ќе спомнеме само дел! Градската библиотека „Григор Прличев“ од Охрид под раководството на директорот Тоде Илиевски во јуни 2011 година за потребите на Музејот на трајно користење отстапи две значајни книги: „Гостилницата со потковицата“ и „Ориент Експрес“. Овие две книги ги подарила Бранда Спулстра во 2006 година при посетата на Охрид по повод откривањето на споменикот на нејзиниот татко. Двете книги содржат идентична посвета на англиски јазик: „Корнелис Јоханес Георг Спулстра. А. ден Долард. Бранда Спулстра (најмладата ќерка). Охрид, 2 јуни 2006“. Подоцна библиотеката ги издаде трите верзии (македонски, англиски и холандски јазик) на книгата „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“. Хуберта и Арнолд Купен (Huberta en Arnold Cuppen) од Арнем (Arnhem) при посетата на Музејот 9
Јоханес Корнелис (Ханс) ван Бален (Johannes Cornelis (Hans) van Baalen; Ротердам, 17.6.1960 година) е холандски политичар. Како член на Народната партија за слобода и демократија од 1999 до 2009 година бил член на холандскиот парламент. Од средината на 2009 година седи во Европскиот парламент.
56
во 2011 година ветија дека ќе се потрудат да најдат книги од А. ден Долард и наскоро испратија девет различни наслови, а меѓу нив беа: „Заедно е два пати сам“ (Samen is twee keer alleen), „Земјата на Тито“ (Het land van Tito), „Европа против Швабите“ (Europa tegen de moffen), „Принцови, свештеници и прогонети“ (Prinsen, priesters en paria‟s) и „Иднината во ваши раце“ (De toekomst in uw handen); Марсел Загерс (Marcel Zagers) од Гоарле (Goirle) лично при посетите на Музејот или по пошта подари неколку ретки примероци од книгите на А. ден Долард. Меѓу нив беа некои дела од раното творештво на писателот: стихозбирката од 1928 година „Дивото бегство“ (De wilde vaart) и манифестот од 1932 година „Високи шапки и оклопни плочи“ (Hooge hoeden en pantserplaten). Херда Мулдер (Gerda Mulder) од Ротердам (Rotterdam) при првата посета на Музејот во мај 2013 година ја подари својата авторска книга „Фасцинација за Тет - албанското планинско село на А. ден Долард“ (Een fascinatie voor Theth-Het Albanese bergdorp van A. den Doolaard). Подоцна по пошта ја испрати биографската книга за А. ден Долард „Опиен од животот“ (Dronken van het leven) од Ханс Олинк (Hans Olink). Во 2014 година Херда подари уште две книги: „Ова е Грција“ (Dit is Griekenland) и „Свадбата на седумте Цигани“ (De bruiloft der zeven zigeuners). Херда помогна и во промовирањето на Музејот на А. ден Долард (види стр. 148). Хелен де Роде (Helen de Roode) од Воркум (Workum) редовно го посетува Охрид, речиси секоја година, некогаш и по два или три пати. Таа се вброју-
57
ва меѓу најчестите посетители на Музејот на А. ден Долард. Во почетокот на август 2014 година ја подари книгата „Земјата за одмор Југославија“ (Vakantieland Joegoslavië). Бернар Дитхој (Bernard Duthoy) од белгискиот град Остенде (Oostende) е уште еден почитувач на А. ден Долард и вљубеник во Македонија. Тој на Музејот му подари примерок од романот „Гостилницата со потковицата“ на холандски јазик издаден во Белгија. Ерик Јансен (Eric Jansen) на 15 мај 2015 година при посетата на Музејот подари примерок од „Het land van Tito“. Себастијан Кемпген (Sebastian Kempgen) (роден во 1952 година во Дуизбург) е професор по словенски јазици на Универзитетот во Бамберг (Германија) и почесен професор на универзитетот во Битола. За време на неговите посети на Македонија, тој го посетува и Музејот на А. ден Долард. На 22 септември 2015 година на музејот му подари примерок од германското издание на „Свадбата на седумте Цигани“ од 1956 година. Херард Пулвејк (Gerard Poelwijk) бездруго ја даде најголемата поддршка кога самоиницијативно и со најголемата можна посветеност ги преведе и уреди на холандски јазик книгите „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ и „Македонци, А. ден Долард и други Холанѓани“ (повеќе за ова види на стр. 75-82). Благодарение на напорите на Херард Пулвејк, кој ги најде и испорача книгите, во јули 2015 година збирката на Музејот беше збогатена со 9 наслови од А. ден Долард кои недостасуваа:
58
Oostenrijk 1935, N.V. Arbeiderspers, Amsterdam, 1935 Het hakenkruis over Europa, de Prom, Amsterdam/Antwerpen, 2004 Door het land der lemen torens, Uitgeverij Het Spectrum, Utrecht, 2011 De partizanen en andere gedichten, De Bezige Bij, Amsterdam,1945 De vier ruiters, De Koepel, Nijmegen, 1948 Dit is Walcheren (met Jef Last en Ed. Hoornik), H.D. Tjeenk Willink & Zoon N.V., Haarlem, 1945 Walcheren komt boven water, De Bezige Bij, Amsterdam, 1946 Dit is Venetië, Contact, Amsterdam/Antwerpen, 1958 Londen en de zaak Van 't Sant, Em. Querido`s Uitgeverij b.v., 1980
Културен мост Според првичната идеја Охрид во 2011 година требаше да добие македонско-холандски фестивал. Наместо фестивал, Охрид доби едно скромно холандско катче кое многу брзо се претвори во културен мост помеѓу Македонија и Холандија. Тука секое лето илјадници Холанѓани се потсетуваат на А. ден Долард и учат за неговата посветеност кон Македонија, додека многу Македонци стекнуваат нови сознанија за холандската култура.
59
„Објектот се наоѓа во тесната улица ’Цар Самоил‘ во центарот на Охрид, во една кривина од улицата, а тука ќе дојдете доколку од главната улица, ’Климент Охридски‘, тргнете по патот кон двете прочуени православни цркви ’Света Софија‘ и ’Свети Јован Канео‘.“ – Херда Мулдер
60
„Йткстпа 365“ е ноичама вн упамхтрйинс вндиц за Лайеднмија ма издавацнс „Petit Futé“10
Извадоци од книгата за впечатоци 29 јуни 2011; Хилберд од Вадинксвен и Жулиет од Боскоп: „Здраво! Убаво е да се видат сиве овие холандски работи овде! Тука го најдовме лекот за душата Поздрави од Вадинксвен и Боскоп.“ 29 јуни 2011; Сиа од Обдам и Јоланда од Амстердам: „Во Скопје веќе ни кажаа дека во Охрид е поставен споменик и дека има изложба за А. ден Долард. Интересно е да се знае дека тој има напишано толку многу книги и тоа нè охрабрува да ги читаме.“ 10
Petit Futé е серија (основана од Dominique Auzias во 1976 година) од француски и меѓународни водичи кои ги објавува Les Nouvelles Editions de l`Université од Париз, Франција.
61
Кидија Пазлнрйа ма онресисекисе ил ндпжа бпнјми опедавања за живнснс и декнсн ма А. дем Днкапд
9 јули 2011; Коби Башоска-Лангендајк од Пештани, Охрид: „А. ден Долард, роден во Зволе, исто како и јас. Беше далеку од Македонија, исто како и јас. Преку него јас и мојот сопруг можеме да ги примаме нашите холандски гости.“
62
27 јули 2011; Естер од Динксперло: „А. ден Долард не го знаев (имав слушано, но немав прочитано ништо негово). Очигледно тој има направено многу добро за Македонија (сега доаѓаат многу холандски туристи).“ 17 септември 2011; Елс ван Елсвејк од Хауда: „Еден вистински авантурист! Помеѓу двете светски војни беше привлечен кон Балканот. И се заљуби во Македонија. Тоа го правиме и ние! Прекрасна земја, полна со љубезни луѓе.“ 9 октомври 2011; Јап и Афке Блок од Ајберхен: „Колку убаво да се види овде љубовта за Холандија и Македонија заедно. И ние ја сакаме Македонија. Убава иницијатива.“ 3 мај 2012; Јан Куслах и Ирма Курс: „Колку e добро да се види дека еден од нашите големи писатели е почитуван на ваков начин! По една недела одмор овде, можеме многу добро да си ја претставиме неговата фасцинација за оваа прекрасна земја!“ 16 мај 2012; Петер и Барбара, Хундерло: „Од 1983 година живеевме до господинот и госпоѓата Ден Долард во Хундерло. Имаме добри спомени за двајцата, а од него слушнавме многу приказни за Балканот (Охрид). Кај нас се роди љубопитството и ја посетивме оваа изложба.“ 31 мај 2012; Тони од Бреда: „Какво изненадување! Да се види како А. ден Долард овде во Охрид има едно место за внимание, сеќавање! Направено со љубов и почит! Тој беше вистински пријател на Македонија. Моето срце лежи тука уште од 1962 година и во тоа секако улога одигра А. ден Долард.“
63
31 мај 2012; Ивон Деспотовиќ-Есхвајлер: „Една многу посебна средба со еден Македонец [Мишо Јузмески] кој знае многу за мојот омилен писател А. ден Долард. Убаво е да се види дека тој овде во Охрид сè уште е споменуван и тоа што во Охрид има холандски парк. При првата моја посета на Охрид во 1963 година ми се виде фантастично тоа што градот беше опишан точно како во книгата [‟Свадбата на седумте Цигани„] на А. ден Долард.“ 4 јуни 2012; семејство Схепер и семејство Ван дер Ајнден од Хелмонд: „Македонија е фантастична земја и можам да си замислам дека тој овде целосно бил вљубен, овде останал и има напишано убави книги. Срдечно благодарам, ова е една убава изложба. Поздрави.“ 20 септември 2012; Хенки и Беа Куфут-Шелефис од Монстер: „Какво изненадување да се биде овде. Може да се види дека А. ден Долард бил човек со страст. А Мишо Јузмески го заложи своето срце и може сето тоа многу ентузијастички да го пренесе. Мојот син Алберт Куфут исто така е ентузијастички обожавател на А. ден Долард. Сега разбираме многу подобро зошто. Многу уживавме и исто се надеваме дека ова ќе го направат уште многу Холанѓани.“ 6 мај 2013; Ханеке Даујкерс од Тилбурх: „Штотуку дознав за А. ден Долард овде. Сега ќе читам повеќе од него.“ 27 мај 2013; Никол Вајдема од Хундерло: „Со моите семејни корени цврсто утврдени во Хундерло не можев да ја одминам изложбата за А. ден Долард. Фасцинирачко!“
64
6 јуни 2013; Тео и Мариет Стехен од Билзен (Белгија): „Неверојатно е еден фламански обожавател на А. ден Долард уште еднаш да го сретне овој писател во областа која тој толку многу ја сакаше!! Честитки!!!“ 18 јуни 2013; Франс и Мике ван дер Стелт од Хук ван Холанд: „Книгите на А. ден Долард ме инспирираа да допатувам на Балканот и во Македонија. Благодарам за објаснувањето и музејот.“ 13 јули 2013; Вицке Вирсма и Михаел Волер од Докум: „Овде беше многу весело и интересно. Веќе бевме минатата година, ако некогаш пак дојдеме во Охрид, сигурно дека пак ќе дојдеме и во музејот!“ 3 септември 2013; Ханс и Жаклин Рихтер од Алмере: „Убава е таа македонско-холандска врска. Македонија секогаш беше во нашето срце!“ 26 март 2014; Ринус и Нели Ферхуфен од Вејк ен Албурх: „Сега ‟Свадбата на седумте Цигани„ ја разбирам подобро. Сега А. ден Долард го разбирам подобро. Сега себеси се разбирам подобро.“ 19 април 2014; Инеке и Јан Ферфорт од Енсхеде: „Колку е убаво да се видат книгите на А. ден Долард овде и да се чуе прикажување за неговиот живот во Охрид. Кога ги читавме книгите на А. ден Долард за матурскиот испит во средното училиште во 1960 година, не можевме да помислиме дека некогаш ќе бидеме овде во Охрид.“ 13 мај 2014; Каролине од Делфт: „Она што ме изненади е тоа што е отворен дури и еден мал музеј целосно посветен на нашиот голем писател. Ви благодарам Вам луѓе, кои А. ден Долард толку го милувате!“
65
11 август 2014; Ангела Полдерман од Ајндховен: „Сосема случајно наидов на споменикот. А. ден Долард го знам од едно предавање при еден негов престој во Ајндховен. Тој ми ја даде неговата книга ‟Ориент Експрес„ каде го запиша следново: ‟Со надеж дека целиот твој живот ќе можеш да останеш критичар„. Тоа доста ми успеа. Самата јас пишувам стихови кои ги претставувам во Ајндховен, Холандија. Многу убаво што го видов ова музејче!“ 17 септември 2014; Ане Венцел од Ротердам: „Изненадувачко! Многу убав музеј! Си заслужува!“ 9 јуни 2015; Шак ван дер Линде, Флисинген: „Многу интересно. Корнелис Спулстра работеше и во нашиот град. Ќе објавам за оваа убава иницијатива во Охрид. Многу успех!“
Хнкамдрйнсн змале за Лтзејнс – ондапнй нд Йапим Бптйела (Karin Broekema), тцисекйа он упамхтрйи јазий нд Нрсепбей (Oosterbeek, Gelderland) и вљтбемий вн Лайеднмија.
66
Тцемихисе нд Нфпид ре лешт мајцерсисе онресисеки ма Лтзејнс А. dем Днкапд
4 август 2015; Ханс ван Бален, претседавач на Народната партија за слобода и демократија во Европскиот парламент: „Колку убаво е да се види како еден сонародник ги има откриено Охрид и Македонија за нас! Со пријателски поздрав.“ 27 септември 2015; Барт Маујрес, Амстердам: „Зарем не е импресивно да се сретнете со еден човек, Јузмески, кој е ‟луд„ по А. ден Долард, кој беше ‟луд„ по Балканот, а особено по Македонија?! Многу интересни приказни раскажува Јузмески; многу посебно е да слушнете како многу автобиографски елементи на А. ден Долард лежат скриени во ликот на Бранко Марковиќ во ‟Свадбата на седумте Цигани„. Силна и прекрасна средба во овој музеј со овие посебни личности (А. ден Долард и Мишо).“
67
КНИГА ЗА А. ДЕН ДОЛАРД Никогаш не сум помислувал да пишувам книга за него ниту некогаш сум имал намера сериозно да го проучувам неговиот живот. А. ден Долард се појави на мојот хоризонт и стана делче од мојот живот сосема спонатно. А за случајните настани велат дека никогаш не се случајни. Некогаш тие можат да бидат дури и многу убави.
„Нашиот холандски пријател“ Долго време А. ден Долард за мене беше само име на „холандски писател кој пишува книги за Македонија“; и ништо повеќе! Во јули 1994 година, Холанѓанецот Јан Кандорп (Jan Kaаndorp) ми подари примерок од книгата „Свадбата на седумте Цигани“ и тоа беше мојот прв допир со творештвото на овој писател. Во еден топол дождлив ден во јули 2002 година, сеќавањата на Јан Кандорп ме поттикнаа да се свртам и кон А. ден Долард. Тогаш ја напишав статијата „Свадбата на седумте Цигани“ во која за прв пат зборувам за холандскиот писател, и поконкретно, за неговата истоимена книга. Во април 2006 година по барање на списанието „Охридски новини“ ја напишав статијата „Охридска љубовна легенда“. Истата годи-
68
на двете статии ги вклучив во книгата „Пофални слова“ и потоа долго време верував дека мојата работа со А. ден Долард е завршена. Така мислев сè до јануари 2011 година, кога бев поканет да работам на воспоставувањето на фестивал во чест на А. ден Долард!
Опедмаса йнпиха ма „Мачинс фнкамдрйи опијасек А. дем Днкапд“
Паралелно со подготовките за изложбата на книги од А. ден Долард работев и на брошурата за неговиот живот и дело. Според првичната замисла, таа требаше да содржи само кратка биографија на писателот и краток опис на „Свадбата на седумте Цигани“. Намерата беше да се опише улогата на холандскиот писател и неговата легендарна книга во развојот на туризмот и македонско-холандските врски.
69
24 јамтапи 2014 гндима: тцемихи нд Нфпид вн онреса ма „Йткстпа 365“ рн опилепнхи нд „Мачинс фнкамдрйи опијасек А. дем Днкапд“. Во јануари 2011 година, кога за прв пат стана збор за нејзиното создавање, брошурата требаше да има дваесетина страници. Бев понесен од творечкиот занес и во април имав текст и фотографии за 80 страници. Така наместо брошура се роди мала книга во џебен формат, готова за печатење. Токму тогаш посериозно го проучував романот „Ориент Експрес“, со што неодминливо ми се наметна помислата да дадам опис и на оваа книга. Летните обврски ме одвлекоа од пишувањето, но затоа во ноември се посветив исклу-
70
чиво на пишувањето на статијата „Кон Исток и назад со Ориент Експрес“. Конечно, во декември имав една заокружена целина во која нагласокот беше ставен на животот на А. ден Долард и неговото значење за Македонија, пред сè гледано низ призмата на неговите книги „Свадбата на седумте Цигани“ и „Ориент Експрес“. Така се роди книгата „Нашиот холандски пријател А. ден Долард.“ Првото издание на „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ на изворниот македонски јазик од печат излезе во февруари 2012 година. Книгата доби широк одѕив во медиумите. На 27 февруари 2012 година, „Утрински весник“11 во веста потпишана од новинарот Веле Митаноски под наслов „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ меѓу другото објави: „Во издание на охридската библиотека ‟Григор Прличев„, од печат излезе новата книга на писателот Мишо Јузмески, ‟Нашиот холандски пријател А. ден Долард„, чие појавување временски се совпадна со 111-годишнината од раѓањето на овој холандски писател и новинар. Книгата е плод на долгогодишно истражување на Јузмески на животот и делото на холандскиот вљубеник во Македонија, чии две најзначајни книги се однесуваат на Охрид и на Македонија.“12 11
„Утрински весник“ е македонски дневен весник кој излегува секој ден освен во недела. Првиот број на весникот излегол на 23 јуни 1999 година. 12 „Утрински весник“ бр. 3816, Скопје, 27.2.2012 година
71
За објавувањето на книгата информираа и други весници („Вечер“13,14, „Народна волја“15,16) исто како и многу електронски медиуми (интернет портали, национални и локални РТВ станици).
Англиско издание
Йнпиха ма амгкирйнсн издамие ма „Мачинс фнкамдрйи опијасек А. дем Днкапд“ Йнпихаса гн опесрсавтва фнкамдрйнсн змале.
Никола Павлески17 беше меѓу првите читатели, исто и критичар, и изрази подготвеност да го помогне издавањето и на друг јазик. 13
„Вечер“ број 14926, Скопје, 27 февруари 2012 година „Вечер“ е македонски дневен весник кој излегува секој ден освен во недела. Првиот број излезе на 11 ноември 1963 година. 15 „Народна волја“ број 4/2014, Благоевград, април 2014 година 16 „Народна волја“ е двојазичен (македонски и бугарски) весник на македонското малцинство во Бугарија. Излегува еднаш месечно во Благоевград. Првиот број излезе на 1 октомври 1980 година во Австралија. 17 Никола Павлески (19.12.1963 година, с. Трпејца, Општина Охрид) е туристички водич, фотограф и претприемач. 14
72
- Текстот содржи значајни податоци, а интересни се и фотографиите на Охрид од старо време. Мислам дека книгата би била интересна и за туристите, посебно за Холанѓаните – откако го рече ова, Никола без двоумење продолжи изнесувајќи го својот предлог. - Дали би можеле до почетокот на летото книгата да ја имаме барем на англиски јазик, иако сметам дека издавањето на холандски би било уште подобро!?
Мийнка Оавкерйи гн онддпжа издавањесн ма „Мачинс фнкамдрйи опијасек А. дем Днкапд“ ма амгкирйи јазий
Постигнавме договор. Тој се согласи да откупи однапред 1.000 примероци на англиски јазик и така ги плати сите трошоци за превод и печатење на книгата. Имав доволно пари и време, па со голема удобност можев да работам на преводот.
73
Не сум перфекционист, не верувам во совршенство, но сакав преводот да биде на највисокото можно ниво. Покрај моето повеќегодишно искуство како толкувач од англиски јазик, чувствував за повеќе од потребно дека некој сепак треба да го исполира мојот писмен превод. Затоа побарав помош од Мајкл Серафинов (Michael Seraphinoff)18 кој на мојот превод му го даде крајниот сјај. Англискиот превод на „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ се појави на 1 мај 2012 година. Книгата си најде пат до пошироката читателска јавност ширум светот, пред сè преку туристите кои ја посетуваа Македонија. Книгата го привлече вниманието на научната јавност. Во октомври 2012 добив порака од Белгија. Од: Michel De Dobbeleer До: yuzmeski@t-home.mk Испратено: петок, 12 октомври 2012 | 16.19 Предмет: македонска книга за А. ден Долард „Почитуван Мишо, Работам во Славистичкиот оддел на Универзитетот во Гент, Белгија, и сум приврзаник на А. ден Долард (холандскиот ми е мајчин јазик). Пребарувајќи на интернет за А. ден Долард ги сретнав Вашето име и восхитувачкото дело. 18
Мајкл Серафинов (2.12.1946 година, Детроит, САД) е американски универзитетски професор, славист, писател и преведувач. Неговиот дедо бил од македонско потекло.
74
Имам намера да напишам научна статија за А. ден Долард и би сакал да ја употребам Вашата книга за него на македонски јазик. Дали македонската верзија сè уште може да се набави и мислите ли дека ќе одземе многу време да се испрати до Белгија? Видов дека англиската верзија ја има на интернет на http://issuu.com, но се прашував дали е тоа целосен превод или адаптација на изворната македонска верзија. Во секој случај, имањето на македонската верзија тука ќе биде одличен начин да се научи малку македонски. Додека престојував во убавиот Охрид во 2008 година, забележав дека моето познавање на бугарскиот ми беше од голема помош, но македонскиот е често различен, зашто се подразбира дека е друг јазик. Затоа Ве молам известете ме како можам да ја набавам Вашата книга релативно брзо. Срдечни поздрави и многу благодарност однапред, Мишел Де Добелер Оддел за Славистички и источно-европски студии, Rozier 44 Универзитет Гент, Белгија“
75
Холандско издание Сосема природно, поради блискоста на темата, најголем интерес за „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ покажаа холандските туPieter de Rooij ристи. Меѓу нив има(Амстердам) ше такви кои никогаш не слушнале за Културен антрополог холандскиот автор и Културен музиколог ова им беше првото Архивист запознавање со делче од нивната културна ’Нашиот холандски историја. пријател‘, една Многу Холанмногу фасцинантна ѓани прашуваа дали книга од Мишо некогаш ќе се појави Јузмески за превод на холандски А. ден Долард. јазик. Некои од позагреаните читатели се (Twitter, 31. 10. 2013) понудија да најдат професионален преведувач или самите да ја преведат (холандски студент во Скопје), без финансиски надомест и само во името на холандско-македонските врски. Најупорен и најубедлив се покажа еден пензиониран учител по холандски јазик и литература. Херард Пулвејк во својата кариера како наставник по холандски јазик и литература бил тесно поврзан со книгите на А. ден Долард. Токму преку тие книги ги добил своите први сознанија за Македонија.
76
„Во септември 2012 година мојата сопруга и јас одлучивме да ја посетиме Македонија. За нас не премногу позната земја што ја знаевме само од неколку книги од А. ден Долард, но во тој момент за тоа не бевме ни свесни, па решивме во периодот по одморот да купиме книги од овој писател за Балканот и посебно за Македонија за читање и/или препрочитување. За посебни книги ги сметавме: ‟Свадбата на седумте Цигани„– една прекрасна љубовна приказна со посебно внимание за Охрид и околината; ‟За слободата и смртта„– книга со стравотни извештаи за политичките случувања во земјата;‟Ориент Експрес„ – роман за истите тие политички компликации, понекогаш дословни пасуси од тие ужасни извештаи; ‟Заедно е два пати сам„– роман за скитањето на авторот и за една од неговите големи љубови; ‟Гостилницата со потковицата„– пред сè за Албанија, соседната земја на Македонија од другата страна на Охридското Езеро.“19 Херард во Македонија имал можност одблизу да се запознае со втората татковина на А. ден Долард, но не можел да им се изначуди на своите откритија. „Така подготвени исчекоривме надвор од авионот и помалку или повеќе низ очите на 19
Херард Пулвејк: „Запознавањето со Охрид е повторно запознавање со А. ден Долард и обратно“, „Народна волја“, број 4/2015, Благоевград, април 2015 година
77
писателот ги видовме Охрид, црквите, плоштадите и плоштадчињата, кејот и алеите, и пак секогаш и насекаде прекрасното езеро со мистериозните планини во позадината. Некаде на едно раззеленето плоштадче наеднаш застанавме изненадени покрај еден споменик на... А. ден Долард!!! Длабоко во моето сеќавање (еден учител по холандски јазик во средно училиште мора да ги помни своите класици) знаев за почитувањето во Македонија за овој писател. Исто така впечатливо беше што во овој парк наоколу шетаа многу Холанѓани кои сакаа да се фотографираат пред овој споменик.“20 Холандскиот парк и споменикот на легендарниот холандски скитачки писател во Охрид не биле единственото изненадување за поранешниот учител по холандски јазик. „Во една особена среда навечер скитавме низ улиците, уличките и алеите на Охрид во близина на кејот (баравме еден посебен ресторан), ни пријде една Македонка21 која нè праша (на холандски јазик!!!) дали сме Холанѓани и дали сакаме да видиме еден посебен музеј. Ние посакавме и таа нè поведе кон една куќа. Кога влеговме, се покажа дека тоа е канцеларијата на некој со многу восхит за... А. ден Долард. На ѕидот висеа фотогра20 21
исто Лидија Размоска
78
фии на многу корици од неговите книги и малку повнатре - цела една соба наместена како музеј на А. ден Долард?! Се разбира дека бевме изненадени и љубопитни од каде ова почитување. Македонката ни објасни нашироко и надолго. Тоа беше почитување за холандскиот писател кој толку многу значи за врската помеѓу македонскиот народ и Холанѓаните. Таа ни ја посочи книгата ‟Нашиот холандски пријател А. ден Долард„. Кога прашав дали постои и холандско издание на книгата, се покажа дека не постои; писателот можел да се изразува на холандски, исто така го владеел холандскиот јазик, но не го владеел доволно добро за да напише една цела книга. Коментирав дека тој би можел да побара помош од некого и кога таа праша ‟како и кого?„, јас реков: ‟Обидете се со мене„. Пак изненадување, сега кај другата страна, но кога се покажа дека јас сум доктор по холандски јазик и литература, таа нè покани да дојдеме вечерта да се запознаеме со авторот на книгата.“22 Тој ден бев на пат во Албанија и ја пропуштив првата посета на Херард Пулвејк. Кога се прибрав вечерта во Охрид, Лидија со посебна радост ми раскажа за посетата на некојси Холанѓанец кој се по22
Херард Пулвејк: „Запознавањето со Охрид е повторно запознавање со А. ден Долард и обратно“, „Народна волја“, број 4/2015, Благоевград, април 2015 година
79
нудил да ја преведе книгата „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“: „Кога му раскажав на Мишо што се случи тој ден, конкретно вечерта, тој не можеше да поверува дека некој сосема непознат посетител се понудил да помогне при преведувањето на книгата, бидејќи сите други посетители само коментираа дека ‟покрај изданието на макeдонски и англиски, треба да има верзија и на холандски јазик„. И јас не верував многу на зборовите од непознатиот посетител, но сметав дека секоја можност треба да се искористи и внесов позитивна енергија при моето раскажување. Како што рече, така и направи: човекот се појави на вратата од ‟Култура 365„, подоцна, истата вечер.“23 Херард дојде со својата сопруга Трус. Нивната посета беше кратка и целиот разговор се водеше околу преведувањето на книгата. - Многу добро го зборуваш холандскиот јазик. Зошто самиот не ја преведеш книгата на холандски? – праша Херард уште на почетокот од нашата средба. - Има веќе дваесет години како не сум бил во Холандија, исто толку време не сум го употребувал јазикот. Освен тоа, пишувањето книги бара познавање на литературниот јазик до најситните поединости, па затоа преводот на холандски треба да го направи некој кој има вистински добро познавање на јазикот... 23
Необјавени спомени на Лидија Размоска
80
Хепапд Отквејй опед ркийаса нд 1585 гндима йнја гн опийажтва лерснсн ма йне рега ре манша мегнвинс днл
Го реков она што искрено го чувствував и им го имав кажувано на сите кои претходно ми го поставуваа истото прашање. - Ако сакаш, јас ќе го направам тоа за тебе, без пари! Јас сум учител по холандски јазик, сега сум пензиониран и имам многу слободно време... Кога го прашав како ќе го направиме тоа, тој само се насмевна и одлучно рече: - Можеме да пробаме, па ќе видиме како ќе оди. Имаме интернет, нели! За сè ќе се договараме преку интернет... Херард се потсетува и на овие моменти: „По вечерата се запознавме со Мишо Јузмески, еден симпатичен човек кој навистина добро зборуваше холандски. Тој во 2011 година, заедно со македонската дама, ја осно-
81
вал ‟Култура 365„, чија мисија е да се промовира македонската култура и пред сè да го промовира туризмот. Една од иконите, најважната, на нивната организација е А. ден Долард. Се договоривме: кога ќе се вратам во Холандија, јас повторно ќе се поврзам со писателот и ќе се обидам неговата книга за А. ден Долард од англиски да ја преведам на холандски.“24 Неколку дена подоцна добив електронска порака од Херард Пулвејк. Уште еднаш се понуди да ја преведе книгата, како почит кон А. ден Долард и „во име на холандско-македонското пријателство“. Не постоеше сомневање дека се работи за сериозна понуда и му одговорив дека можеме веднаш да започнеме со преведувањето. Преводот на книгата одзеде некои 3-4 месеци. Пулвејк преведуваше од англиски на холандски, потоа откако ќе завршеше со одреден дел, преводот ми го испраќаше за проверка. Јас ги споредував различните верзии на текстот и на крајот го добивме конечниот облик на „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ на холандски јазик. Така добивме текст, разбирлив за холандскиот читател и верен на оригиналното македонско издание. Преведувачот ги вложи сето свое знаење и долгогодишното искуство, и преводот беше направен на завидно ниво за што подоцна следуваа пофалби од 24
Херард Пулвејк: „Запознавањето со Охрид е повторно запознавање со А. ден Долард и обратно“, „Народна волја“, број 4/2015, Благоевград, април 2015 година
82
Херард Пулвејк е роден на 24 април 1947 година во Амстердам. Целиот работен век го минал како учител по холандски јазик и литература. Од 1979 до 1982 година работел на островот Курасао, Холандските Антили (овде му се родиле ќерката Карен (Karen) и синот Јап (Jaap)). По враќањето во татковината, Херард со семејството се населува на брегот на езерото Ејсел (Ijsselmeer) во градчето Бовенкарспел (Bovenkarspel) и продолжува да работи како учител во блискиот град Енкхаузен (Enkhuizen) сè до пензионирањето во 2011 година. бројни читатели. Конечно, во почетокот на 2013 година холандскиот превод на „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ беше готов за печатење. Книгата требаше да биде отпечатена до крајот на март, но поради застојот во печатницата првите примероци беа готови на 7 мај 2013 година. Сепак точно на време, кога Охрид ги примаше првите групи холандски и белгиски (фламански) туристи. Во следните пет месеци, колку што траеше туристичката сезона, Музејот на А. ден Долард продаде околу 450 примероци кои туристите ги понесоа како сувенир од нивниот престој во Охрид. Книгата предизвика бројни позитивни одгласи кај читателите. Еден од овие читатели беше Херард Хосен (Gerard Gosen). Тој на 9 јуни 2013 година реагираше преку електронска порака:
83
Од: Gerard Gosen До: yuzmeski@t-home.mk Испратено: недела, 9 јуни 2013 | 16.17 часот Предмет: A. den Doolaard „Мишо, со големо задоволство ја прочитав Вашата книга ‟Нашиот холандски пријател...„. Таа ме инспирира да го препрочитам и дочитам А. ден Долард. А Вашата книга беше едно извонредно запознавање со Македонија. Со неа не може да се мери никаква друга туристичка информација. Поздрав, Херард Хосен“
Йнпиха ма фнкамдрйнсн издамие ма „Мачинс фнкамдрйи опијасек А. дем Днкапд“
84
Меѓу првите читатели на холандскиот превод на „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ беше мојот стар познаник Јан Кандорп. Во неговата електронска порака на 16 мај 2013 година напиша: Од: J. Kaandorp msc До: yuzmeski@t-home.mk Испратено: четврток, 16 мај 2013 | 17.41 часот Предмет: твојата книга „Почитуван Мишо, Денес попладне го добив холандскиот превод. Таа станала убава книга со многу интересни илустрации и се претставува многу добро. Насловната фотографија ја сметам фантастична, интригантна. Многу ти благодарам. Јас ти сум должник. Се надевам дека книгата ќе си го најде својот пат, на пример преку холандските туристи. Убав и стручен превод на Херард Пулвејк, се разбира во соработка со тебе. Доживеав големо задоволство со англиската верзија, тоа сигурно ќе биде исто така при читањето на оваа верзија. Секое добро на тебе, убавиот Охрид и Македонија! Многу успех во твојата работа и срдечни пријателски поздрави. Јан Кандорп“
А. ДЕН ДОЛАРД И МАКЕДОНЦИТЕ
86
ХОЛАНДСКИОТ ЧУВАР НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ25 Нели велат дека пред фактите и боговите молчат!? За жал, глупавите и нечесните луѓе не се ни полубогови, а ги има многу. Некои од нив упорно тврдат дека „територијата на Република Македонија за прв пат со македонскотото име била именувана дури во 1944 година“.26 Исто толку одвратно е нивното тврдење дека „пред 1944 година не постоел засебен македонски идентитет, па и тој поради политички причини бил измислен од југословенските комунисти на чело со Тито“.27, 28 Застапниците на ваквите теории мора да се улави или премногу наивни, ако навистина мислат дека некој здрав и добро упатен ум ќе се фати за нивната мамка. Но нивните нечесни постапки во ниеден случај не зборуваат добро за нив. Зашто сеќавањата за периодот пред 1944 година се многубројни и доволно свежи. Овој пат ќе се повикаме на сведочењето на еден холандски писател и новинар кој бил непристрасен сведок на случувањата во Македонија во времето на најжестоките негирања на македонски25
Објавено во „Бранувања“ број 7, Струга, 2012 година Ова е службениот став на Република Грција од 1991 година кога Република Македонија стекна самостојност. 27 Јосип Броз Тито (1892-1980) од 1953 до 1980 година беше претседател на Југославија. 28 Ова е ставот на Бугарија и Грција во однос на Република Македонија и кон македонскиот народ во целина. 26
87
от идентитет и најсуровите прогони на неговите носители. Во почетокот на 20-тиот век Македонија сè уште е во составот на царството на Османлиите кое ги живее своите последни години. Додека околните држави прават планови за заграбување на делови од државата што умира, Македонците гледаат да го искористат историскиот миг и да се ослободат од стегите на господарот од Босфор. По неуспешното Илинденско востание, следуваат двете Балкански војни, како и поделбата на Македонија во 1913 година. Бурните настани на Балканот го привлекуваат вниманието на целата европска јавност. Во времето на овие настани А. ден Долард (1901-1994) е во училишните клупи и го носи своето вистинско име Корнелис Јоханес Георг Спулстра. Многу години подоцна, во автобиографската книга „Очи на грбот; Гледајќи назад кон книги и современици“, сега веќе афирмираниот писател и новинар пишува: „Уште во училиштето зборот ‟Македонија„ за мене поседуваше магичен звук. Меѓу сите сè уште непознати предели, за мене само Македонија имаше еден засебно препознатлив лик, кој од атласот зјапаше во мене со тркалезните очи на нејзините планински езера, привлечно и заводливо како очите на мојата прва училишна љубов кои наликуваа на незаборавче.“ 29 29
A. den Doolaard: „Ogen op de rug; Terugkijkend naar boeken en tijdgenoten“. Em. Querido‟s Uitgeverij, Amsterdam, 1971, стр. 51
88
„Спйакезмисе нци“ ма Лайеднмија: Нфпидрйн Езепн (кевн) и Опероамрйн Езепн (дермн)
Како син на свештеник, кој згора на тоа бил и црковен историчар, А. ден Долард веројатно многу пати се среќавал со името „Македонија“ зашто тоа е
89
присутно во Библијата, како и во другите текстови или во разговорите на библиска тема. Македонија како прва светска империја е неодминлива и во училишните лекции по историја. На 1 декември 1918 година е објавено раѓањето на уште една европска држава. Од пеплиштата на Првата светска војна и од урнатините на АвстроУнгарија се извлечени Војводина, Босна, Херцеговина, Хрватска и Словенија, а Црна Гора останува без својата државност. Сите заедно се прилепени кон Србија и под круната на српската династија се создава Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Државата е објавена како кралство на еден народ со три имиња, но во суштина тоа е само една маска зад која се крие проектот Голема Србија. Просторот од Триглав30 до Гевгелија31 е замислен како проширена српска држава, на незадоволство на другите несрпски поданици и посебно на Македонците. Ним им е оставено само незадоволството – други права не им се дадени. Со политички чин и со силата на оружјето им се забранува дури и употребата на името Македонија со сите изведенки од него. Но македонското име останува врежано во свеста на секој Македонец и никој не може да го избрише оттаму! Името Македонија било врежано и во сеќавањето на А. ден Долард. Со неговиот биолошки растеж и интелектуалното созревање кај него се проширувале сознанијата и за Македонија. 30
Највисокиот врв на словенечките Јулиски Алпи кој ја означуваше северната граница на поранешна Југославија. 31 Македонскиот град на границата со Грција кој ја означуваше јужната граница на поранешна Југославија.
90
„Во дваесеттите години случајно в раце ми се најде една француска книга за тајните друштва: декабристите, Мафијата, Шин Фејн, Црна Рака и ВМРО, кратенка од ‟Внатрешна Македонска Револуционерна Организација„.“32 По низата години на политичка нестабилност, атентати и прогон на политичките противници, во 1929 година кралот Александар I Караѓорѓевиќ (18881934) целата државна власт ја презема во свои раце. Државата ја преименува во Кралство Југославија и ја дели на бановини со имиња според нивните најголеми реки: Савска, Дунавска, Дринска, Моравска... Целта е да се избришат историските имиња и граници на различните земји кои влегуваат во составот на државата, а така се брише и националниот идентитет на различните народности. Вардарскиот дел на Македонија, кој уште со поделбата во 1913 година е именуван како „Јужна Србија“, влегува во Вардарската бановина, заедно со делови од вистинската јужна Србија и јужно Косово. Името „Македонија“ и натаму е забрането, со намера сите нејзини жители да се идентификуваат како јужни Срби или Југословени (со српски јазик и култура), но не и како Македонци. Во 1931 година А. ден Долард престојува во Франција. Се вработува како пристанишен работник во Марсеј, а таму... Еве што вели во неговата автобиографска книга „Животот на еден скитник“: 32
исто, стр. 51
91
„По вториот работен ден седнав на докот за да ги надоместам со пиво и лимонада загубените телесни течности, кога на задната страница од ‟Le Petit Marseillais„, под еден оглас за прашок против главоболки, прочитав една мала вест. Во Јужна Србија членовите на едно тајно здружение, кои себеси се нарекувале ‟комити„, извршиле громогласни бомбашки напади. Имало жртви, но нивниот напад на Ориент Експрес не успеал. Тајното здружение беше означено со буквите ВМРО: Внатрешна Македонска Револуционерна Организација.“ 33 Пламенот на љубопитството го опожарил умот на А. ден Долард. Уште истата вечер отпатувал за Белград. Таму барал информации за југословенскиот вардарски дел од Македонија, но и за пиринскиот, под власт на Бугарија. „Новинската агенција во Белград и бугарскиот конзулат бесплатно ми ги обезбедија сите аргументи за и против, во вид на купишта книги и брошури. Кога ги прочитав, ја фрлив буквално и фигуративно под нозе сета таа историска наука и хистерична пропаганда и си заминав. Потребни ми беа луѓе, а не хартија.“34 33
A. den Doolaard: „Het leven van een landloper“. Em. Querido‟s Uitgeverij, Amsterdam, 1958, стр. 52 34 A. den Doolaard: „Ogen op de rug; Terugkijkend naar boeken en tijdgenoten“. Em. Querido‟s Uitgeverij, Amsterdam, 1971, стр. 53
92
Можеме да претпоставиме дека според „сета таа историска наука и хистерична пропаганда“ Македонците за Србите биле „јужни Срби“, а за Бугарите „нераскинлив дел од бугарската нација“. Ден Долард можел многу лесно и брзо да види дека двете спротивставени тврдења не можат да бидат вистинити и тргнал сам да ја бара вистината меѓу луѓето во Македонија. „Штом се најдов во Македонија, веднаш открив дека прстите сум ги закачил во политичко осило. Поранешната Македонија, еден вилает (провинција) на Турското царство, со мировните договори беше поделена на три парчиња. Од грчкиот дел словеногласното население во голем дел беше заминато. Југославија го доби најголемиот дел. Шовинистичката југословенска влада, на чие чело стоеше еден српски крал, тврдеше дека сите Македонци со векови се Срби, додека Бугарите, кои беа истиснати во еден тесен планински појас, тврдоглаво го тврдеа она што сè уште го тврдат: сите Македонци се Бугари!“35 Србите својот дел од Македонија го нарекувале „Јужна Србија“ или „Вардарска бановина“ додека А. ден Долард, во предговорот кон новото издание на својот роман „Ориент Експрес“, во декември 1939 година пишува: 35
A. den Doolaard: „Ogen op de rug; Terugkijkend naar boeken en tijdgenoten“. Em. Querido‟s Uitgeverij, Amsterdam, 1971, стр. 53
93
„Македонија отсекогаш беше јаболко на раздорот меѓу Србите, Бугарите и самите македонски Словени, кои пак меѓусебно беа поделени во табори. Пишувајќи, јас ја избрав страната на Македонците, кои меѓу другото најчисто ја имаа зачувано изворната, величествената, федеративно обоена идеја за слободата, која тие сакаа да ја прошират во цела Европа.“ 36 Токму така: А. ден Долард во 1939 година, како и многу пати порано, Македонија и Македонците ги нарекува со нивното вистинско име! Тогаш, исто како и во нашево време, поради заблуденост од силната пропаганда или водени од личните интереси, мнозинството Македонци навистина биле поделени во табори, па соодветно се изјаснувале како „Срби“, „Грци“ или „Бугари“. Но Холанѓанецот бил свесен за постоењето и на Македонците чиј поглед бил свртен единствено кон создавање на сопствена македонска држава, која би опстојувала самостојно или како дел од една поширока балканска демократска федерација. Работите ги опишувал онака како што ги гледал, а вистината може да заболи. Уште со првото објавување на „Ориент Експрес“ во 1934 година, книгата била дочекана на нож од сите страни: „Бугарите книгата ја прогласија за просрпска; Србите ја замразија како премногу пробугарска; Македонците ја сметаа делумно 36
А. den Doolaard: „Oriënt-Express“. Em. Querido‟s Uitgeverij, Amsterdam, 1940, стр. 5
94
за недоволно промакедонска! Францускиот, германскиот и англискиот превод во Југославија беа забранети; во чешкиот превод во име на тогаш сè уште постоечката Мала Антанта беше направена една промена...“ 37 Романот кој првично е пишуван помеѓу 1931 и 1934, а потоа во конечната верзија преработен во 1939 година, ја обработува македонската историја преку дејствувањето на ВМРО од 1903 до 1934 година. Притоа, авторот ги поврзува Македонија и Македонците од антиката со овие од новото време, па „Ориент Експрес“ започнува со најпознатиот цитат од Библијата во кој се спомнуваат Македонец и Македонија: „И на Павле му се јави во ноќта видение: еден Македонец застана пред него и го молеше, велејќи: ‟Дојди во Македонија и помогни ни„!“ (Дела на апостолите 16:9).38 Оттука натаму, насекаде низ книгата се среќаваат името „Македонија“ и неговите изведенки. Првата глава во романот носи наслов „Македонија, јули 1903“ и продолжува со: „Никогаш порано житото не беше толку брзо ожнеано како тоа лето во Македонија. Секој ден сонцето го минуваше својот 37 38
исто, стр. 6 исто, стр. 9
95
жаречки пат над распуканиот предел, од планината Беласица на исток, преку нeподносливо блескавиот Вардар кон белиот Кораб на западната граница.“ 39
Република Македонија Границите на Република Македонија го опфаќаат Вардарскиот дел на Македонија „од планината Беласица на исток, преку нeподносливо блескавиот Вардар кон белиот Кораб на западната граница“.
39
исто, стр. 9
96
Насловот на првата глава и првиот параграф ги означуваат временските и просторните граници на дејството. Тоа започнува во јули 1903 година, меѓу планините Беласица и Кораб. Тоа е просторот на денешна Република Македонија. Според авторот, „од планината Беласица на исток, преку нeподносливо блескавиот Вардар кон белиот Кораб на западната граница“ земјата се вика Македонија. А нејзините жители? Уште на почетокот од романот, авторот нè запознава со војводата Дамјан Дрангов „кој освен македонски, исто така знаеше француски и грчки, и малку германски...“ („die behalve Macedonisch, ook Fransch en Grieksch kende, en een beetje Duitsch …“).40 Далеку пред 1944 година, која македонските негатори секој за себе ја озлогласуваат како „година на национална катастрофа“ само зашто дел од Македонија се избори за своја автономија и така им ги расипа нивните освојувачки планови, Холанѓанецот во една единствена реченица: (прво) идентификува постоење на македонски (Macedonisch) јазик; потоа, (второ) него го одвојува од грчкиот (Grieksch) како посебен негрчки јазик и (трето) македонскиот го става на исто рамниште со веќе добро развиени и широко признати светски јазици - францускиот (Fransch) и германскиот (Duitsch). Сето тоа го прави во времето кога македонскиот јазик е жестоко прогонуван во сите делови на Македонија. Кога, на пример, асимилираниот Македонец Анѓелко Крстиќ41 (1871-1952) од 40
исто, стр. 11 Анѓелко Крстиќ (1871-1952) откако со образование се стекнал во српски училишта, се сметал себеси за Србин и верувал дека 41
97
Лабуништа пишува прекрасни дела на српски јазик и не сака ни да чуе за посебен македонски идентитет и додека многу Македонци под грчка власт се принудувани да пијат рицинусово масло само зашто зборувале на својот јазик. Во времето кога Коста Рацин43 (1908-1943) мора да оди во Хрватска, скришум да издаде стихозбирка на македонски јазик, Холанѓанецот јавно кажува дека „Јужна Србија“ во југословенската „Вардарска бановина“ всушност е Македонија во која живеат Македонци кои се поразлични од соседните народи и како такви имаат свој засебен македонски идентитет! Засебноста на македонскиот идентитет во книгите на А. ден Долард е изразена преку честата употреба на поимите „Македонија“, „Македонци“ или „македонски“ (говор, ридови, песни, комити...), но и преку истакнувањето на желбата на Македонци42
сите Македонци биле Срби. Уште пред 1912 година, кога Македонија сѐ уште била под османлиската власт, тој долги години работел како учител во српските училишта во Македонија и пожртвувано работел на ширењето на српскиот јазик и култура меѓу Македонците во неговото родно место. Како и да било, тој бил еден од најталентираните писатели од македонско потекло и во сите негови дела пишувал за животот на сонародниците од почетокот на 20-тиот век. Во 1934 година ја добил наградата за најдобар роман на Српската академија на уметностите. 42 Лабуништа е голема селска населба северозападно од Охрид. 43 Коста Солев (1908-1943), попознат како Кочо Рацин, бил македонски револуционер и поет кој се смета за основоположник на современата македонска литература. Под југословенска (српска) власт (1918-1941) печатниците во Вардарска Македонија биле строго контролирани и никој не можел да печати книги или весници на македонски јазик. Во Хрватска контролата била помала и таму Рацин ја отпечатил неговата стихозбирка „Бели мугри“ на македонски јазик. Книгата веднаш била забранета, но брзо станала популарна меѓу Македонците од сите делови на Македонија како „првата книга отпечатена на современиот македонски јазик“.
98
те да се изборат за автономија на својата татковина како противтежа на сите обиди од страна за нејзиното завладување. Холандскиот писател и новинар А. ден Долард во темнината на раниот 20-тиот век го видел она што некои не можат да го видат ни денес, во времето на најголемата видливост. На таквите кратковиди луѓе не им помага ни најмоќниот телескоп. Зашто за добар вид е потребен и бистар ум.
Йнцн Пахим бече едем нд нмие Лайеднмхи „йни лешт дптгнсн мајцирсн ја илаа зацтвамн извнпмаса, векицерсвемаса, уедепасивмн нбнема идеја за ркнбндаса, йнја сие райаа да ја опнчипас вн хека Евпноа“.
99
100
ОВА Е МАКЕДОНИЈА44 „Во Југославија човек се заљубува два пати: прво во земјата, а потоа, и засекогаш, во луѓето“45 – А. ден Долард
Во 1956 година амстердамската издавачка куќа „Контакт“ (Contact) ја издаде книгата „Ова е Југославија“ (Dit is Joegoslavië).46 Таа е дел од една поголема серија патописни книги посветени на некои од европските земји и градови кои во тоа време се привлечни одредишта за холандските туристи. Книгата е дело на двајца Холанѓани, долгогодишни лични пријатели и соработници кои меѓу другото ја споделуваат и љубовта кон патувањето и фотографирањето. Автор на фотографиите е Кас Ортуис, а текстот е на А. ден Долард. Според изборот на фотографиите и формата на текстот, книгата е воопштен патопис со единствена намена да послужи како средство за информирање, и не помалку, за привлекување на вниманието на холандската јавност кон Југославија. 44
http://www.ohridnews.com/vesti/53718), Ohrid, 4.4.2013 година A. den Doolaard и Cas Oorthuys, „Dit is Joegoslavië“, Contact, Amsterdam/Antwerpen, 1956, стр. 6 46 Книгата била објавена и во други земји: Германија („Das ist Jugoslawien“, Axel Juncker, Berlin, 1957), Велика Британија („This is Yugoslavia“, Bruno Cassirer, Oxford, 1957) и Франција („Voici la Yougoslavie“, Flammarion, Paris, 1959). 45
101
„Ова е Југославија“ содржи 96 страници на кои доминираат фотографиите, сите во црно-бела техника. Иако застапен на помал простор, текстот не е за занемарување. Со малку и добро одбрани зборови, авторот ја раскажува приказната за тогашната социјалистичка и федеративна Југославија, претставувајќи ги сите нејзини делови со основните природни и културни особености.
Република Македонија како дел од Федерална Југославија (1943-1992) Југославија беше основана во 1918 година како кралство кое од 1918 до 1929 се викаше Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. По Втората светска војна Југославија стана социјалистичка федеративна држава во која и македонскиот народ доби свој дел, Социјалистичка Република Македонија. На 8 септември 1991 на референдум оваа федерална единица стана независна држава.
102
Приказната за Југославија авторите ја започнуваат на север и водени од принципите на географската местоположба ја довршуваат на југ, во (тогаш: Народна) Република Македонија. Да се потсетиме: Република Македонија со својата територија и население претставуваше една десетина од тогашната федерација, па во оваа книга добила рамноправен однос. Случајно или намерно, нејзе ѝ се посветени цели 9 страници; тоа е близу една десетина од вкупниот обем на книгата. Очигледно и изборот на фотографии не е случаен. Сите осум фотографии ги прикажуваат основните карактеристики на македонската земја. Првата фотографија во делот за Македонија прикажува селанец во воловска запрега со карпеста позадина, додека во почетокот на писмениот опис одекнуваат зборовите на А. ден Долард: „Macedonië is bergland“ (Македонија е планинска земја)47. Во тоа време мнозинството македонско население живее во селата, на традиционален, би се рекло дури и на еден многу примитивен начин, па на фотографиите гледаме селски дом пред кој жена црпи вода од бунар; друга жена на главата носи лулка со бебе; луѓето се облечени во традиционалните народни носии... Наспроти ограничувањата кои ги наметнува малиот обем на книгата (мал број страници, џебен формат, краток текст), А. ден Долард успева во еден здив да ја прикаже целосната слика за Македонија, како земја на природни убавини и со долга, богата историја. 47
A. den Doolaard и Cas Oorthuys, „Dit is Joegoslavië“, Contact, Amsterdam/Antwerpen, 1956, стр. 88
103
„Во рамнините меѓу планините и во речните долини цутат ориентални култури: опиум, ориз, памук. Токму од овде Александар Велики тргна во својот смел поход кон Индија. Виа Игнација, трговскиот пат од царскиот Рим кон Визант, минуваше низ јужна Македонија, покрај Охрид, кој во својот музеј ги чува старите милјокази.“48 И во оваа книга А. ден Долард недвосмилено ја потврдува главната одлика на Македонија по која ја препознаваат во Европа и пошироко во светот: „Македонија отсекогаш е смеса од народи и крстопат на култури.“49 При секое претставување на Македонија, се чини, неодминливо е присуството на Охрид. Во оваа книга тој е застапен на две страници, со две фотографии: една тесна стрмна уличка во стариот град (денешната улица „Методија Патчев“) и исто така неодминливата црква „Св. Јован Богослов“ во рибарската населба Канео. Со неколку кратки реченици, авторот се обидел да даде што посодржаен опис на градот и неговото значење: „Охрид, голем центар на религијата и науката, во средните векови имаше десетици православни цркви. Денес постојат околу де48 49
исто исто
104
сетина. Православните монаси за своето побожно домување свесно избираа чист поглед. Оттука и неспоредливата местоположба на манастирот од 14-тиот век ‟Св. Јован Богослов„, на една висока карпа над широкото планинско езеро.“50 Издавањето на книгата веројатно имало некаков удел во будењето на интересот на холандската јавност кон Југославија, со тоа и кон Македонија. Сепак, таа не можела долго да го задржува вниманието на холандскиот читател. Во истото време, а многу повеќе подоцна, се појавуваат многубројни слични изданија, поради што оваа книга многу брзо паѓа во заборав. Подоцна, со исчезнувањето на Југославија, книгата добива улога на архивски материјал со чисто документарно значење. Наспроти ваквата судбина на книгата, можеме да веруваме дека таа сепак помогнала Македонија и Охрид да се врежат во помнењето на нејзините читатели. Во тоа би се состоел нејзиниот најголем придонес за развојот на холандско-македонските односи. „Ова е Југославија“ не можела да одигра значајна улога во развојот на туризмот и поради тоа што во времето на нејзиното појавување патувањето во Македонија било, најмногу и пред сè, за авантуристи. Патиштата биле лоши дури и меѓу најголемите населени места, додека најубавите планински предели биле пристапни само пеш. Недостасувале хотели, ресторани и многу други услуги. Сеќавањето на тешкото 50
исто, стр. 95
105
минато се надоврзувало на тешкотиите на тогашниот живот. „Пред едно поколение Македонија беше синоним за маларија и неписменост. Оттогаш има движење нанапред и маларијата е целосно искоренета. Сепак животот се движи побавно отколку на други места.“51 Подобри услови се создаваат во шеесеттите години. Тогаш значително се подобрува инфраструктурата, а омекнува и политичкиот систем во Југославија. Во такви услови започнува да се зголемува бројот на туѓоземните посетители на Македонија. Меѓу нив, со својата бројност се истакнуваат холандските посетители кои во 70-тите и 80-тите години на 20тиот век имаат најзабележливо присуство, особено околу Охридското Езеро. Масовното присуство на Холанѓаните во Охрид и цврстите холандско-македонски врски водат до подигнувањето на првиот Холандски парк во Македонија. Свечено е отворен на 11 мај 1975 година, во месноста Горица покрај некогашниот хотел „Парк“, на брегот на Охридското Езеро52. Тогаш се засадени бројни лалиња, кои како еден од симболите на Холандија и во знак на пријателство ги дарува холандскиот град Катвејк (Katwijk). Со тек на времето цвеќињата исчезнуваат, но никогаш не исчезнува споменот и триесет години подоцна паркот е обновен. Новиот 51
исто, стр. 88 Ристо Кузманоски и Коста Ракиќ, „Охрид“ (туристички водич), Охрид, 1986, стр. 50 52
106
Холандски парк е отворен во градот Охрид, во 2006 година. Тоа што сега тука се наоѓа и првиот споменик за А. ден Долард воопшто не е случајност! Зашто за честото и бројно присуство на Холанѓаните во Охрид голема заслуга има промотивната дејност на овој Холанѓанец кој со десетлетија ги посетуваше и опишуваше убавините на градот.
Онгкед вн вмаспечмнрса ма ймигаса
107
ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА А. ДЕН ДОЛАРД53
Пред дваесет години почина Корнелис Јоханес Георг Спулстра (1901-1994), попознат под псевдонимот А. ден Долард – холандски новинар, писател, скитник и голем пријател на Македонија. Еден обичен човек кој живееше многу необичен живот. 53
Објавено во: „Народна волја“ бр. 12/2014, Благоевград, 2014 година. Верзија од оваа статија е позајмена во книгата на Илче Стојаноски „Охридски вистини – случки, приказни и факти од минатото“, Охрид, 2014, стр. 122-125
108
Холанѓанец вљубен во Македонија Уште од шеесеттите години на минатиот век Холанѓаните се меѓу најчестите посетители на Охридското Езеро, а почетоците на нивното масовно присуство се поврзуваат со А. ден Долард, кого многумина го сметаат за најзаслужниот промотор на Македонија во Холандија. А. ден Долард долго време бил меѓу највлијателните холандски писатели и новинари. Со пишување активно се занимавал шест десетлетија при што зад себе оставил педесетина книги од различни видови (романи, автобиографии, патописи, раскази, поезија) и бројни статии во разни холандски весници. Многу од неговите книги доживеале бројни изданија во подолг временски период, а некои се нашле на списокот на задолжителната училиштна лектира. Поголемиот дел од книгите се инспирирани од земјите во кои престојувал авторот, кој ќе остане познат и по скитничкиот начин на живот. Книгите на македонска тема заземаат значајно место во творештвото на А. ден Долард. Романот „Ориент Експрес“ (Oriënt-Express), објавен во 1934 година и посветен на македонската борба за слобода, се смета за едно од врвните дела на холандскиот писател. Тој пишува за Македонија уште во романот „Заедно е два пати сам“ (Samen is twee keer alleen) од 1976 год., но и во други книги и новинарски статии. „Свадбата на седумте Цигани“ (De bruiloft der zeven zigeuners), објавена во 1939 година, има клучна улога во промовирањето на Охрид. Љубовната приказна за фотографот Бранко и убавата студентка
109
Душка во оваа книга се одвива околу Охридското Езеро. Напоредно со љубовната приказна, авторот раскажува за најзначајните охридски културно-историски споменици и воопшто за животот во Охрид во годините пред Втората светска војна. Во содржината на романот се застапени и народни песни од Македонија и другите делови на некогашното Кралство Југославија. „Свадбата на седумте Цигани“ била замислена како романтична приказна која требало на холандските читатели да им ја долови егзотиката на Балканот. Таа останала популарна неколку децении поради што доживеала бројни изданија. Била објавена и во Австрија, Германија и Швајцарија. Книгата го будела љубопитството со што кај читателите се јавувала желбата да ги посетат местата и да се соживеат со ликовите од приказната. Преку целата содржина на романот авторот испраќа недвосмислена покана за посета на Македонија и запознавање со нејзините убавини, па така на едно место запишал: „Освен тоа, вреди од Париз да се дојде на Балканот, само за да се види Охрид. Каква прекрасна местоположба врз стрмниот рид! И гратчето, каква ли прекрасна мешавина од обичаи и векови...“54 Илјадници Холанѓани го прифатиле предизвикот и решиле да го посетат Охрид. Притоа многу54
A. den Doolaard: „De bruiloft der zeven zigeuners“, Em. Querido`s Uitgeverij, Amsterdam, 1963, стр. 35
110
мина од нив изградиле цврсти пријателски односи, дури и бракови со охриѓани и други Македонци, со што се создале нераскинливи врски помеѓу двете земји. Ова е најдобрата потврда дека А. ден Долард преку „Свадбата на седумте Цигани“ дал исклучителен придонес за популаризацијата на Охрид, а со тоа и за развојот на туризмот и пошироките врски помеѓу Холандија и Македонија. А. ден Долард за Охрид пишувал и во други негови книги. Во книгата „Ова е Југославија“ (Dit is Joegoslavië), која освен во Холандија била објавена уште во Велика Британија, Германија и Франција, пишува: „Охрид, голем центар на религијата и науката, во средните векови имаше десетици православни цркви. Денес постојат околу десетина. Православните монаси за своето побожно домување свесно избираа чист поглед. Оттука и неспоредливата местоположба на манастирот од 14-тиот век ‟Св. Јован Богослов„, на една висока карпа над широкото планинско езеро.“55 А. ден Долард својата љубов кон Македонија им ја пренесе на новите поколенија и остана да живее во спомените на многубројните холандски читатели. Неговите македонски почитувачи ќе го запомнат како градител на пријателство меѓу две различни култури од две далечни земји. 55
A. den Doolaard и Cas Oorthuys: „Dit is Joegoslavië“, Contact, Amsterdam/Antwerpen, 1957, стр. 95
111
Македонија му оддава почит на големот холандски пријател На 29 мај 2006 година во Охрид беше претставен обновениот Холандски парк во кој централното место му припаѓа на споменикот на А. ден Долард, а во текот на истата година за прв пат беше објавен македонскиот превод на „Свадбата на седумте Цигани“. Пак во Охрид, во 2011 година културните дејци Мишо Јузмески и Лидија Размоска го основаа Културно-информативниот центар „Култура 365“; овде беше отворена спомен-соба за А. ден Долард во која се изложени неговите книги и податоци за неговиот живот. Една година подоцна авторот на овој текст ја објави книгата „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“, во која се опишани животот и делото на холандскиот вљубеник во Македонија. А. дем Днкапд вн Лайеднмија (1932)
112
ХОЛАНДСКА ЉУБОВ И МАКЕДОНИЈА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ56 „Вљубувањата од раниот пубертет се често најжестоките и најнезаборавните. А јас во Македонија бев вљубен од мојата четиринаесетта година.“57 – А. ден Долард
По смртта на авторитарниот комунистички водач Јосип Броз Тито (1892-1980), Социјалистичка Федеративна Република Југославија навлегува длабоко во политичка и економска криза. Наследниците на Тито се колнат во неговата политика (најчесто повторувана парола: „И по Тито - Тито“), но тие го немаат неговиот авторитет. Отсуството на цврста водечка политичка фигура ги охрабрува незадоволните делови од општеството и нивните долго притајувани фрустрации наеднаш излегуваат на површина. Несогласувањата помеѓу раководствата на членките на федерацијата околу разни прашања стануваат сѐ поизразени и се шират меѓу народните маси. Така политиката на „братство и единство“ на југословенските народи се топи пред напливот од етноцентризам, а обидите за спас на федерацијата се покажуваат сѐ повеќе како израз на очај или лицемерие отколку како вистинско решение. 56
Објавено во: „Народна волја“ бр. 2-3/2016, Благоевград, 2016 A. den Doolaard, Samen is twee keer alleen, Em. Querido`s Uitgeverij, Amsterdam, 1976, стр. 81 57
113
Јнрио Бпнз Сисн: пндем вн рипнлачмн йаснкицйн релејрсвн нд сасйн Хпвас и лајйа Ркнвемйа, йнлтмирс и имсепмахинмакирс, онкисицйи и внем вндац ма рнхијакирсицйа Јтгнркавија... А. дем Днкапд илак лнжмнрс кицмн да ре рпесме рн Сисн. Ма унснгпауијаса: онпспес ма Сисн нд 1943 гндима нд ркнвемецйинс тлесмий Бнжидап Јайах
Посебно критична е втората половина на 1989 година, кога се влошуваат односите на Србија со другите југословенски републики, а најмногу со Словенија, која тогаш ги презема првите чекори кон независност. Целосното распаѓање на Југославија е неизбежно и Македонците се загрижени за иднината, колку поради случувањата во федерацијата, толку и поради непредвидливото и во секој случај непријателско однесување на соседните држави. Албанија го поддржува иридентизмот на големото албанско малцинство во Република Македонија, Грција го негира
114
постоењето на засебниот македонски национален идентитет, а Бугарија, по традиција, искажува претензии кон сѐ што е македонско, сметајќи го за „бугарско“. Кризата во југословенската федерација не ги засега директно Холанѓаните, но тие сепак будно ги следат настаните на Балканот. Причина повеќе за зголемено внимание се бурните политички процеси кои истовремено се развиваат во другите комунистички земји во источна Европа.
Холандска љубов за Македонците Додека политичката атмосфера на Балканот и во цела источна Европа се усвитуваше, на 14 декември 1989 година влијателниот холандски дневен весник NRC Handelsblad ја објави мошне провокативната порака „Македонија на Македонците!“. А овој повик не беше упатен од некој загреан македонски националист, како што е вообичаено да се очекува, туку од еден холандски писател и новинар со делумно фризиско потекло. Тоа беше Корнелис Јоханес Георг Спулстра, пошироко познат под псевдонимот А. ден Долард. 58 „Македонија на Македонците“ е идеалот на македонските револуционери во борбата против 58
Фризијците се германски народ кој живее на брегот од Северно Море во Холандија и Германија. Во двете земји се признати како национално малцинство. А. ден Долард по мајка бил Холанѓанец, а по таткова линија Фризиец. Неговото вистинско презиме Спулстра (Spoelstra) го содржи карактеристичниот фризиски завршеток „-стра“.
115
Османлиското царство за извојување на самостојна македонска држава. Најстарото познато пишано сведоштво за оваа парола е еден документ издаден од Привремената влада на Македонија „Единство“59 од 1880 година. Подоцна овој лозунг го прифатиле Внатрешната Македонска Револуционерна Организација (ВМРО)60 и сите други борци за самостојност на Македонија. Влијателниот британски политичар Вилијам Гледстон61 во 1897 година во едно писмо ја употребил фразата „Македонија за Македонците“62 и оттогаш таа излегла на меѓународната сцена. При денешните политички состојби, една ваква фраза за многумина би звучела шовинистички и дискриминаторски, но „Македонија на Македонците“ се појавила првенствено како одговор на бугарските, грчките и српските територијални претензии кон Македонија! „Македонија на Македонците“ беше идеал и на А. ден Долард! Тој немал моќ да влијае врз состојбите во Македонија ниту можел да го скроти агресивното однесување на нејзините соседи. Дејствувал
59
Привремената влада на Македонија „Единство“ дејствувала во 1880 и 1881 година. Ја сочинувале претставници од различни етнички групи од Македонија. 60 ВМРО била основана на 23 октомври 1893 година во Солун и се борела против османлиската власт, исто како и против вооружените банди на соседните држави кои упаѓале во Македонија. Организацијата се распаднала во 1908 година поради внатрешни поделби. Потоа била обновена во 1919 и дејствувала сѐ до 1934 година. 61 Вилијам Гледстон (William Gladstone; 1809-1898) бил либерален британски политичар. Во политичкиот живот учествувал над 60 години, вршејќи различни функции, при што 4 пати служел како премиер. 62 Во писмото Гледстон пишува: „Зошто не Македонија за Македонците, исто како Бугарија за Бугарите и Србија за Србите?“
116
како новинар и писател, а како искрен пријател секогаш се ставал на страната на Македонците во нивната борба за слободата – идеалот за кој тој се залагал во текот на целиот свој живот! Токму тоа го направил и на 14 декември 1989 година кога во NRC Handelsblad ја објавил статијата со звучниот наслов „Македонија на Македонците!“. Посветеноста на А. ден Долард кон Македонија можеме да ја разбереме само доколку внимателно го проследиме неговиот животен пат којшто се одвивал паралелно на 20-тиот век. Тука можеме да ја повлечеме и третата временска паралела од 1915 до 1994 година, а таа ја претставува врската на писателот со Македонија. Неговата приврзаност кон Македонија е документирана во неговите книги, новинарски написи и други јавни настапи. Раните години од животот на А. ден Долард се совпаѓаат со последното десетлетие од петвековното османлиско (турско) владеење со Македонија и со настани кои ја одредиле сегашната судбина на оваа несреќна земја. Тука се пред сѐ Илинденското востание63 од 1903 година под водството на ВМРО и поделбата на Македонија во 1912 година, која била 63
Илинденското востание избувнало на Илинден, 2 август 1903 година и вооружените судири со османлиската војска траеле до октомври истата година. Во текот на востанието во цела Македонија настрадале преку 200 населби: 12.400 куќи биле изгорени; 70.836 лица останале без покрив; 8.816 цивили биле убиени; 30.000 луѓе ги напуштиле своите родни места. Во текот на востанието биле водени 197 борби, притоа загинале 949 востаници. И покрај неуспехот, востанието станало синоним за македонската борба за независност. Така основањето на социјалистичката федерална република Македонија на 2 август 1944 година се смета за Втор Илинден, а отцепувањето од Југославија на 8 септември 1991 е Третиот Илинден.
117
потврдена и со Букурешкиот договор на 10 август 1913 година. Во тоа време А. ден Долард воопшто не бил засегнат од она што се случувало на Балканот. Сепак, малку подоцна информациите за овие настани го разгореле неговиот интерес кон Македонија и одиграле значајна улога во неговото формирање како личност и писател. „Уште во училиштето зборот ‟Македонија„ за мене поседуваше магичен звук.“ – пишува тој во книгата „Очи на грбот; Гледајќи назад кон книги и современици“.64 Во дваесеттите години А. ден Долард доживеал целосна преродба, наоѓајќи го посакуваниот правец на својот понатамошен живот. Се испробал како поет и прозаист, иако без некој посебен успех, а во септември 1928 година засекогаш ја напуштил постојаната книговодителска работа, цврсто определен животот да го мине во патување и пишување. Притоа Македонија и понатаму останала во фокусот на неговиот интерес, најчесто преку книги и весници. Кога случајно в раце му се нашла една француска книга за тајните друштва, таму се запознал со ВМРО, т.е. Внатрешната Македонска Револуционерна Организација. Книгата „Историја на тајните друштва“ ги опишувала организациите кои дејствувале во разни земји со насилни методи и опкружени со мистерија. Информациите за ВМРО биле претерано оскудни за апетитот на А. ден Долард и сепак доволно интригантни за задржување на неговото внимание. Првичното детско љубопитство од средното училиште било надополнето со интерес за политичките 64
A. den Doolaard: Ogen op de rug; Terugkijkend naar boeken en tijdgenoten. Em. Querido‟s Uitgeverij, Amsterdam, 1971, стр. 51
118
состојби во Македонија и поширокото опкружување. Позрелата возраст барала посуштинско запознавање со далечната и во тоа време сè уште непозната земја. Триесеттите години на дваесеттиот век се одбележани со големата светска криза и подемот на фашизмот. Токму во овој период А. ден Долард цврсто се изградил како сопруг и татко, како писател и новинар; до израз доаѓа неговиот силен антифашизам. Во јуни 1931 година го започнува балканскиот период од животот. Со несмален интензитет патува низ балканските земји, а стекнатите искуства ги преточува во книги кои му обезбедуваат место меѓу најчитаните холандски писатели. Со овие книги, исто како и поради бројните новинарски статии, сосема заслужено во својата татковина ја заработува титулата „најдобар познавач на Балканот“. Патува на сите можни начини до најзафрлените предели на полуостровот, се среќава со новинари, терористи, политичари и други луѓе од сите социјални, етнички и верски групи. Добива длабоки познавања за историјата, обичаите, навиките и секојдневното живеење на народите на овие простори. Го живее нивниот живот, се идентификува со нив. Во триесеттите години А. ден Долард вистински ја запознава Македонија. Таа го привлекла на Балканот, му дала инспирација за некои од најуспешните дела, а тој неа ја афирмирал на Запад. Страдањата и вековниот копнеж по слободата ги објавил во „Ориент Експрес“ (Oriënt-Express, 1934) каде во форма на роман ја изнесува историјата на македонското ослободително движење во првите триесет години од дваесеттиот век. Своите првични искуства од скита-
119
њето низ Македонија и политичките состојби ги опишал во патописот „За слободата и смртта“ (Van vrijheid en dood, 1935). Убавата природа и културното наследство ги опишал во „Свадбата на седумте Цигани“ (De bruiloft der zeven zigeuners, 1939). Четириесеттите години се време за „принуден одмор“ од скитањето по балканските земји и пишувањето на балкански теми. Главната причина е Втората светска војна (1939-1945). Тогаш Холандија и поголемиот дел од Европа се под воена окупација на германските нацисти и нивните сојузници, а името на антифашистот А. ден Долард е на црниот список. Во овој период тој целосно ѝ се посветува на својата татковина: од емиграција во Лондон работи како радио говорник во програми за неговите окупирани сонародници, а по војната се враќа во разурнатата татковина и активно учествува во исушувањето на поплавените подрачја. Овој период од неговиот живот е обележан со неколку книги, а меѓу нив посебно се истакнува „Прогонетата вода“ (Het verjaagde water, 1947) – единствениот роман на холандска тема. По долга пауза повторно пишува поезија. Во доцните четириесетти години писателот пројавува активен интерес за Азија и Америка, следуваат патувања и нови книги од истите тие патувања. Во меѓувреме на Балканот се случуваат интересни промени. Во април 1941 година Кралството Југославија исчезнува во виорот на војната и набрзо на неговото место се појавува една сосема нова политичка реалност. Комунистичката партија на Југославија под водството на Тито формира ослободителна армија, ја ослободува земјата од фашистичката окупа-
120
ција и истовремено ѝ става крај на предвоената српска хегемонија. Во текот на војната, на 29 ноември 1943 година, се поставени основите на новата југословенска држава како федерација на шест рамноправни народи: Словенци, Хрвати, Босански Муслимани, Црногорци, Срби и Македонци. Сега потиснувачите (Србите) и потиснатите (Македонците) се ставени на исто рамниште. Така Вардарскиот дел од Македонија во 1944 година добива државност во границите на Југославија и со тоа делумно е задоволен идеалот „Македонија на Македонците“. Новите настани за А. ден Долард нудат нови предизвици. Во педесеттите и шеесеттите години тој често и долго престојува во Југославија и Грција. Од овие патувања се раѓаат нови книги, пред сè патописи и романи. Во соработка со сопругата Ери го пишува патописот „Земјата на Тито“ (Het land van Tito; 1954). Комунистичката власт ја гради потребната инфраструктура и Југославија станува сѐ попривлечна за западните туристи. Холанѓаните се меѓу најбројните. Сега писателот се стреми кон промоција на културните и природните вредности. Во соработка со фотографот Кас Ортуис (Cas Oorthuys) во 1956 година ги издава книгите „Југославија, калеидоскопска земја за патување“ (Joegoslavië, kaleidoscopisch reisland)65 и „Ова е Југославија“ (Dit is Joegoslavië). Во овие книги своето место го добива Република Македонија, претставена е со нејзините природни убавини и културни вредности.
65
Во 1963 година со некои дополнувања книгата е издадена под наслов: „Земјата за одмор Југославија“ (Vakantieland Joegoslavië).
121
Рсапинс Нфпид бик имроипахија за А. дем Днкапд
Да се задржиме на „Југославија, калеидоскопска земја за патување“. Книгата е туристички патоводител. Содржи текст, црно-бели фотографии, опис на најпривлечните места, а на расклоплива карта се прикажани најважните патишта, железнички и авионски линии на Југославија. Во оваа книга делот за Македонија е многу мал – сѐ на сѐ 4 страници. А книгата вкупно има 112 страници. Во тоа време Македонија поради неразвиената инфраструктура не можела да понуди многу за туристите, но Охрид од секогаш бил најпривлечното одредиште и нему му се посветени цели две страници. А. ден Долард именува два хотели („Палас“ и „Орце Николов“), тука нема аеродром, а најдобриот пат од Скопје до Охрид во тоа време води преку градот Битола.
122
А. дем Днкапд рн рноптгаса Епи (1951)
Во секој случај воодушевеноста од Охрид не се мери со бројот на страниците! „Постојат два града во Југославија, кои и по една брза посета човек никогаш повеќе не може да ги заборави: Дубровник и Охрид. Тие живеат во сеќавањето на стотици илјади како визија на бескрајна убавина.“66 Македонија многу повеќе страници добива во „Ова е Југославија“ (повеќе на стр. 100-106) Во ноември 1958 година се појавува автобиографијата „Животот на еден скитник“ (Het leven van 66
A. den Doolaard, Joegoslavië, kaleidoscopisch reisland, Contact, Amsterdam/Antwerpen, 1956, стр. 100
123
een landloper). На 430 страници авторот го обработува својот живот од 1928 година (тогаш го започнал скитањето низ Европа) до педесеттите години. Овде Македонија добила многу повеќе простор! Во поглавјето „Кон Балканот“, на пример, на 50 страници авторот го опишува своето прво патување во Македонија во 1931 година, давајќи мошне значајни сведоштва за животот, културата и политичките состојби во Вардарскиот дел на Македонија со посебен нагласок на дејноста на ВМРО. А. ден Долард секогаш е критички поставен. Состојбите ги опишува со јасен израз, според своето разбирање, обидувајќи се на работите да им даде што пореален опис. Истото се однесува на поранешното Кралство Југославија за кое правилно смета дека повеќе му прилегало да се вика „Велика Србија“. Посебна строгост искажува кон тогашната југословенска (српска) окупациона политика во Македонија. „Жандармите своите заседи ги имаа поставено на сртот од секој рид. Три, четири пати на ден моите документи беа контролирани од русокоси Словенци и црни Црногорци, момчиња од далечните краишта на кралството, кои сепак сосема рамнодушно се соочуваа со македонската слободарска мисла. Што ги натера Србите да потиснуваат друг, помал народ? Зарем самите тие по пет векови турски деспотизам не научија дека кражбата на нечија сопственост секогаш се одмаздува?“67 67
A. den Doolaard, Het leven van een landloper, Em. Querido`s Uitgeverij, Amsterdam, Amsterdam, 1958, стр. 78
124
Дури и преку ваквите, како што самиот ги нарекува, „наивни прашања на еден политички пубертет“,68 авторот ја отсликува сопствената посветеност на идеалот на слободата кој во случајов се совпаѓа со македонската слободарска мисла. Понатаму во другите поглавја често се потсетува на политичките настани околу Македонија. И во оваа книга, Охрид не е нешто што може да се прескокне.
А. дем Днкапд опед рвнјнс днл вн Хтмдепкн 68
исто
125
Староста ги носи спомените од младоста. Во седумдесеттите години А. ден Долард го заокружува своето литературно творештво со теми од раниот живот. Во 1971 година преку автобиографијата „Очи на грбот; Гледајќи назад кон книги и современици“ (Ogen op de rug; Terugkijkend naar boeken en tijdgenoten) читателите добиваат поглед во професионалниот дел од животот на авторот. Оваа е една „книга за книгите“ зашто во неа се наредени 11 приказни во кои вниманието е насочено кон настанокот и судбината на некои од најпознатите дела на авторот: „Собирачите на грозје“, „Гостилницата со потковицата“, „Ориент Експрес“, „Прогонетата вода“ и други. „Заедно е два пати сам“ (Samen is twee keer alleen) е последниот роман на А. ден Долард. Пишуван е во Хундерло, од ноември 1974 до март 1976 година. Доживеал само едно издание во 1976 година. За овој роман А. ден Долард не нашол поткрепа ни кај членовите на семејството кои сметале дека таму изнесува премногу интимни моменти од својот живот. Дури се поставува прашaњето зошто воопшто морал да ја пишува оваа книга. Неговиот биограф Ханс Олинк ја нарекува „мистериозната книга“. „Зошто ја напиша ‟Заедно е два пати сам„, една книга која со самиот нејзин наслов потсетува на претходните романи? Тој на неговиот најнов роман му даде еден психолошки наслов кој самиот за себе гарантира: во бракот остануваш осамен. Зошто обработуваше материјал што го имаше собрано четири-
126
есет години порано и оттогаш го имаше употребувано во новинарски извештаи и романи? Зошто пишуваше сега роман на истата политичка позадина, но со една силна биографска содржина? Сакаше ли да каже уште нешто? Самиот А. ден Долард сметал дека тој морал да биде напишан. Но зошто?“ 69 Можеби поради копнежот по највозбудливиот дел од животот!? Тогаш се пробива на литературната сцена, се жени два пати, му се раѓа првата ќерка, протеран е од неколку држави, се дружи со терористите на ВМРО од кои трепереле владите на балканските држави, боледува од разни болести... Можеби сакал да каже дека два пати бил „заедно“ (во брак), а сепак двата пати останал сам? Зашто осаменоста е нешто што човек го носи внатре во себе! „Заедно е два пати сам“ е љубовна приказна за холандскиот новинар Мишел ван Дрифт (Michel van Drift) и Французинката Никол Ривие (Nicole Rivier). Очигледно овие ликови ги кријат писателот и неговата прва сопруга, Французинката Дејзи Руло (Daisy Roulôt). Освен имињата на главните јунаци, сето друго е чисто автобиографска приказна сместена во триесеттите години. За македонскиот и за секој друг читател кој би сакал подобро да ја разбере врската на писателот со Македонија, оваа книга нуди мошне интересни податоци. Почнувајќи од тоа како А. ден Долард се вљубил во земјата. 69
Hans Olink, Dronken van het leven, Uitgeverij Atlas, Amsterdam/ Antwerpen, 2011, стр. 341
127
„Втор клас средно училиште. Моравме да цртаме слепа карта на Балканот, со новите граници од 1913 година, нацртани од политичарите со крвава четка. Ние тоа го правевме со црвен молив. Од безбедната далечина на нашата неутрална земја сета таа воена работа наликуваше на грмотевици во далечината. ‟Господине, како се викаат големите планински езера таму долу во Македонија?„ ‟Тоа не треба да го учиш„, процрцори гласот на моќникот со стапче за покажување, ‟нацртај ги прво убаво границите.„“70 Учителот не го задоволил љубопитството на ученикот. Можеби зашто не сакал вниманието на учениците да го одвлекува кон теми кои не биле предмет за дадениот час!? Можно е дури и да не знаел како се викаат езерата, па не сакал да се срами пред учениците со своето незнаење; впрочем и најдобриот учител не може да знае сѐ. Со тоа што не му одговорил, учителот го поттикнал ученикот самостојно да ги бара одговорите. „Имињата ги барав дома во дебелиот германски џебен атлас на татко ми. Охридско Езеро, Преспанско Езеро. Очите во занес скитаат преку картата, нуркање во речни долини, Црн Дрим, Вардар, Брегалница, наоколу во орлов лет се виорат планински венци: Бистра 70
A. den Doolaard, Samen is twee keer alleen, Em. Querido`s Uitgeverij, Amsterdam, 1976, стр. 81-82
128
Планина, Бабуна Планина, Солунска Глава, имиња како пеколни фанфари. Ускуб71, Кара Даг, тоа звучи монотоно, поронливо.“ Госпоѓата Алида Спулстра прашува: „Доаѓаш да јадеш, момче?“. Младиот истражувач одговара „Уште малку, мајко“ и продолжува да пребарува низ домашната библиотека. „Еден скок кон библиотеката, дел К-Л. ‟Кара Даг, буквално значење: Црна Гора, турско именување за северо-западните погранични планини на Македонија„. Енциклопедијата не кажа дека таму имало разбојнички банди. Тоа го знаев од една книга за млади од Карл Мај.“ 72, 73 Се разбира, овде немаме намера да ја раскажеме целата книга. Доволно е да се напомене само дека книгата многу потсетува на другите негови приказни на македонска тема. Можеби таа била целта на авторот: своите рани спомени од Македонија да ги собере под еден наслов со ново толкување од поголемо временско растојание? Во осумдесеттите години А. ден Долард конечно слегува од литературната сцена. Во 1980 годи71
Ускуб (Usküb) е турското име за Скопје. Карл Мај (Karl May; 1842-1912), германски писател кој се прославил со авантуристичките романи инспирирани од разни земји. Како ученик А. ден Долард им се восхитувал на овие романи, а подоцна како писател бил наречен „холандскиот Карл Мај“. 73 A. den Doolaard, Samen is twee keer alleen, Em. Querido`s Uitgeverij, Amsterdam, 1976, стр. 82 72
129
на го издава памфлетот „Лондон и случајот Ван `т Сант“ (Londen en de zaak Van `t Sant) во кој се осврнува на еден момент од политичкиот живот на Кралството Холандија. Три години подоцна излегува книгата „Јас сум против“ (Ik ben tegen); тоа се есеи напишани помеѓу 1949 и 1983 година во кои протестира против злоупотребата на атомската енергија. По овие две книги настапува застој во творечкиот пат на авторот. Изморен од пишувањето и патувањето, писателот последните години од животот ги минува во Хундерло (Hoenderloo), неговото постојано престојувалиште уште од 1954 година. Иако повлечен во сенката на некогашна слава и подалеку од главните центри на политичката моќ, тој редовно ги следи значајните настани во светот.
Македонија за Македонците Уривањето на Берлинскиот ѕид на 9 ноември 1989 година симболично го означи крајот на идеолошките поделби помеѓу комунистичкиот Исток и капиталистичкиот Запад. Тоа беше крај на илузијата за бескласното општество. Погрешната стопанска политика и ограничувањето на основните човекови права (слободно движење, слобода на говор…) на народите на источна Европа им носеше само несреќа и во осумдесеттите години насобраното незадоволство целосно го поткопа владеењето на авторитарните режими. По мирен пат (Чехословачка) или преку крвави револуции (Романија) комунистичките елити во сите земји на источна Европа го изгубија повеќедеценис-
130
киот монопол и на нивното место се воспоставија повеќепартиски политички системи на управување. Бугарија не беше имуна на овие промени! На 10 ноември бугарските комунисти го разрешија диктаторот Тодор Живков74 и дозволија земјата да ја започне мирната политичка преобразба. А новиот политички систем ја наследи старата националистичката идеологија која е длабоко навлезена во сите сфери на бугарското општество.75 Бугарските апетити кон териториите на соседните држави се зголемија со кризата во Југославија. Во распаѓањето на Југославија, Бугарите видоа можност да ги присвојат Македонија и југо-источна Србија. Според некоја бугарска логика, овие територии се „исконски бугарски земји“! А. ден Долард во месечникот „ANWB Reizen“ прочитал напис за процутот на зимскиот спорт во Бугарија, за бугарските скијачки центри, но таму... „Единствениот вистински прекрасен скијачки предел остана, како што очекував, неспомнат, во нашата земја очигледно сосема 74
Тодор Живков (1911-1998) од 1944 до 1989 година заземал разни високи должности во бугарскиот политички живот. Од 1954 до 1989 година како раководител на бугарската комунистичка партија бил шеф на бугарската држава. Дејствувал од позиции на бугарскиот национализам и насилна асимилација на националните малцинства со цел создавање хомогена нација со иста религија (православно христијанство) и еден јазик (бугарски). 75 Македонците не се единствениот народ кој бил предмет на асимилација од страна на бугарската држава. Во периодот од 1984 до 1989 година 850.000 бугарски Турци беа принудени своите имиња да ги заменат со христијански, забранети беа турскиот јазик и јавното исповедање на исламската религија. Во летото 1989 година над 300.000 бугарски граѓани од турско потекло беа принудени да се иселат во Турција.
131
непознатата Пирин Планина во крајниот југозападен агол на Бугарија.“76 Потоа, во приближно истото време во весникот NRC Handelsblad прочитал вест за еден политички настан во Бугарија кој се однесувал на Македонија. Решил да ја активира машината за пишување и на 14 декември 1989 година во NRC Handelsblad, ја објавува статијата „Македонија за Македонците!“ (Macedonië voor de Macedoniërs!) Написот го започнува со краток вовед за зимскиот спорт во Бугарија и веднаш без заобиколување ја изнесува причината за својата реакција: „Целата пиринска област е прогласена за национален парк, но не постојат услови за туризам, кој не е официјално забранет, но не е ни поттикнуван. Причината за ова не е толку многу во заштитата на природата, колку премолчениот обид надворешниот свет да се држи неинформиран за фактот дека тоа подрачје не е населено со Бугари туку претежно со Македонци од чисто словенски род. Тие го зборуваат својот јазик, ‟македонски„, којшто е забранет за службена употреба, во училиштата не се учи, и ниедна книга или весник не се печати на него. Македонците во Бугарија сочинуваат едно потиснато малцинство, кое вистински дома би се чувствувало на другата страна од границата, во југословенска федерална република Македонија. 76
NRC Handelsblad, 14 december 1989
132
Затоа бев многу вчудовиден од една вест во овој весник од уредникот Рајмонд ван ден Бохард, на 28 ноември, од Софија. Неколку илјади бугарски младинци го искористиле нивното свежо стекнато право на демонстрирање за преку гласни улични демонстрации да го побараат враќањето на Бугарија на деловите од Македонија во јужна Југославија и во северна Грција во кои според нив живеат еден и пол милион потиснати Бугари!“77 Изнесувајќи ги своите сознанија за етничкиот карактер на Македонија, А. ден Долард ги отфрла бугарските територијални претензии кон Вардарскиот и Егејскиот дел од Македонија. Авторот долго престојувал во споменатите области, имал непосредни сознанија за земјописот и народите на Балканот, исто како што добро ги разбирал политичките односи помеѓу балканските земји и нивните апетити кон Македонија. Иако статијата е инспирирана од бугарските претензии кон Македонија, А. ден Долард не го заборава грчкиот (егејскиот) дел од Македонија. „Исто во грчкиот дел на Македонија, како во бугарскиот, македонскиот јазик е забранет, додека во југословенската република Македонија покрај дневни и неделни весници се продаваат милиони книги на јазикот на земјата. Македонското прашање постои и по-
77
исто
133
натаму, но во сосема друга форма од онаа во која сакаат да поверуваме.“78 Во почетокот на 21-от век, како рамноправен член на Европската Унија и „добронамерен“ сосед на самостојната македонска држава, Бугарија продолжува со истата политика од 19-от век на негирање на посебноста на македонскиот национален идентитет (историја, јазик, култура), сметајќи го за „бугарски“, исто како што цела Македонија ја смета за „историска бугарска земја“. На ваквите бугарски тези А. ден Долард има одговор во статијата „Македонија за Македонците“: „Историски гледано, воинственото племе Болгари со нивната силна азиска крвна примеса дојдоа дури во седмиот век, еден век подоцна од Јужните Словени, го нападнаа Балканот и сѐ уште остануваат агресивни и анексионисти, исто така и во областа на културата. Така Бугарите цврсто се држат на тоа дека стариот црковно-словенски јазик е идентичен на старо-бугарскиот јазик.“79 На 14 декември 1989 година А. ден Долард недвосмислено го искажа својот бескомпромисен став: Македонците се посебен народ со посебен македонски јазик и Македонија треба да биде за Македонците! А неговата љубов кон Македонија беше спонтана, постојана и безусловна. 78 79
исто исто
134
МАКЕДОНИЈА СПОМНУВА А. ден Долард за мнозинството Македонци останува непознат дури и како име, а ваквата состојба е производ на разновидни причини. Пред сè, самиот автор е одамна физички мртов и станува сè понепознат дури и во неговата татковина, особено меѓу младите Холанѓани. Единствената негова книга преведена на македонски јазик, т.е. „Свадбата на седумте Цигани“, никогаш не дојде во допир со широката читателска јавност во Македонија и сигурно е дека тука издавачот можел да направи многу повеќе. Од друга страна, сепак, во морето од неинформирани и незаинтересирани луѓе секогаш можат да се сретнат поединци кои на разни начини продолжуваат да го негуваат споменот на холандскиот новинар и писател. Благоја Силјаноски (роден на 30 март 1948 година во с. Белчишта, Општина Дебарца; живее во Охрид) е новинар, политичар (поранешен градоначалник на Охрид и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија) и писател. Силјаноски имал можност лично да го запознае А. ден Долард, кога овој го посетувал Охрид. Подоцна нивното познанство наишло на одек во творештвото на македонскиот писател. Во 1997 година во книгата „Медиумска промоција“, Силјаноски ја појаснува улогата на А. ден
135
Долард во промовирањето на Охрид меѓу Холанѓаните.80 На две страници му оддава признание на холандскиот писател посебно за позитивната улога на романот „Свадбата на седумте Цигани“. Во 2007 година Силјаноски ја објавува книгата „Мирисот на патината“, еден вид кратка општа историја на развојот на туризмот во Охрид. Прикажувајќи ги сите развојни етапи на оваа стопанска гранка, којашто го карактеризира целокупниот развој на Охрид низ втората половина на 20-тиот век, авторот повторно се навраќа на А. ден Долард, неговото прво гостување во градот и романот „Свадбата на седумте Цигани“: „Во 1931 година во Охрид престојувал некој писател од Холандија. Немало кај да се смести и првата ноќ преспал во некоја еѓупска81 куќа на рогозина. Кутрецот, млад бил и силен, како млад и уште неафирмиран писател пристигнал во Охрид, кој знае од каде пеш! Пеш трагајќи како рудар по големо рудно богатство! Се премачил додека ги нашол двајцата клучари од ‟Света Софија„. Откога ги нашол, успеал да влезе во црквава. Ја затекнал половината разурната, а на подот видел расфрлани делови од фрески. 80
Благоја Силјаноски: „Медиумска промоција“, Микена, Битола, 1997, стр. 94-96 81 Еѓупци (Балкански Египќани) се етничка група која живее во Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и Албанија. Еѓупците веруваат дека нивните претци дошле од Египет уште во античките времиња. Според ромски и неутрални извори, Еѓупците се „албанизирани Роми“.
136
Воодушевен од богатиот живопис вистински се вљубил во Охрид.“82 Според Силјаноски, романот „Свадбата на седумте Цигани“ е „највпечатливото публицистичкотуристичко дело“ за Охрид.83
Бкагнја Рикјамнрйи
Бкагнја Ивамнв
Благоја Иванов (роден на 4 февруари 1931 година во Скопје; живее во Скопје и Охрид) е новинар, писател и универзитетски професор. Има објавено раскази, критики, драми и романи. Иванов е автор на поговорот за првото издание на „Свадбата на седумте Цигани“ на македонски јазик. Во текстот со наслов „А. ден Долард и магијата на Охридското Езеро“ Иванов дава општ биографски 82
Благоја Силјаноски: „Мирисот на патината“, Ирис – Р, Струга, 2007, стр. 40/41 83 исто, стр. 146-47
137
запис за холандскиот писател и ја анализира содржината на легендарната книга.84 Врската на Иванов со Холандија се должи на неговата сопруга Олга. Таа долго време соработувала со Холанѓани, прво како директор на патничката агенција „Интеримпекс“, а подоцна како туристички претставник на Македонија во Амстердам и почесен конзул на Холандија во Македонија.
Веке Лисамнрйи
Веле Митаноски (роден на 18 април 1949 година во с. Црвена Вода, Општина Дебарца; живее во Охрид) e македонски новинар, колумнист и политички аналитичар, со кратко искуство во политиката, како директор на Агенцијата за информации на Република Македонија и пратеник во Собранието. 84
Благоја Иванов: „А. ден Долард и магијата на Охридското Езеро“ (поговор), А. ден Долард, „Свадба во Охрид“, ВИС-ПОЈ, Охрид, 2006, стр. 375-389
138
„А. ден Долард и копнежот кон македонската земја“ е написот од Митаноски објавен во списанието за литература „Бранувања“ во првиот број од 2012 година. Како известувач за „Утрински весник“ и македонски новински агенции, Митаноски редовно известува за настаните кои ги организира КИЦ „Култура 365“ во чест на А. ден Долард.
Снде Икиеврйи циса оерма онрвесема ма А. дем Днкапд (ЙИЦ „Йткстпа 365“, 7. 2. 2015)
Тоде Илиевски во февруари 2015 година напиша песна за А. ден Долард. За прв пат песната беше претставена на 7 февруари истата година во КИЦ „Култура 365“ на поетската средба којашто беше организирана по повод годишнината од раѓањето на А. ден Долард.
139
Борис Наумоски живеел во Холандија 11 години. Таму студирал и работел. Потоа, долго време работел во Охрид како директор на хотел и така имал можност пак да се дружи со Холанѓани.
Ронлемий за А. дем Днкапд вн Хнкамдрйинс оапй вн Нфпид
На 29 мај 2006 година во Охрид е откриен првиот споменик на А. ден Долард. Дизајнот е на тетовскиот архитект Владимир Тоиќ, според идејата на охриѓанецот Венко Мустракиноски85, Петер Џон Босе 85
Венко Мустракиноски во 80-тите години на минатиот век работел како туристички водич, претежно со холандски туристи.
140
(Peter John Bosse) од Холандската стопанска комора во Македонија и Љупчо Тодороски. Изведбата на споменикот е на Бато Здравкоски од Охрид. Идеја за подигнување споменик на А. ден Долард во Охрид во 2006 година дошла исто така од охридскиот огранок на Амбасадата за локална демократија87, но Наумоски тврди дека тој таква идеја дал многу порано. 86
„На 7-ми октомври 1997 на мое лично барање бев примен од градоначалникот Матлиески, шефот на кабинетот – Игор Наумоски и советникот на градоначалникот за односи со јавноста – Никола Манески. На оваа средба им образложив дека Холанѓаните се народ кој ја сака книгата и има огромна читателска публика. Во морето романи Холанѓаните наидуваат на романот ‟Свадбата на седумте Цигани„ од популарниот писател А. ден Долард. За да ги потсетиме Холанѓаните дека Охрид со своите убавини сè уште постои и неговите порти се ширум отворени за нив, на градоначалникот Матлиески и неговите најблиски соработници, им предложив да го ‟оживееме„ А. ден Долард со еден споменик 86
Петер Џон Босе (Peter John Bosse) е Холанѓанец, роден е во Амстердам, но од 1988 до 2015 година живее во Скопје, а подоцна се сели во Софија, Бугарија. Се занимавал со туризам, музика, новинарство и други дејности. Во Македонија е познат пред сè како пејач. 87 Агенциите за локална демократија (АЛД) се невладини организации, кои се потпираат на партнерство со локалните и регионалните власти, и со невладините организации со цел да ги промовираат граѓанското општество и локалната демократија.
141
или спомен-плоча, поставена во Охрид, во една алеја или парк со холандски лалиња, а со тоа да го возобновиме и познатиот ‟Парк на лалето„ што се наоѓаше во кругот на хотелот ‟Парк „.88“ Се чини, идејата на Борис Наумоски се загубила во лавиринтот на општинската администрација. За среќа, не за долго! Димче Героски (роден на 7 ноември 1963 година во Битола) е сопственик на хотели и ресторани во Охрид и Битола. Уште како ученик во средно училиште во Охрид посакувал да има свој хотел на брегот од Охридското Езеро. Долго време живеел во Виена, Австрија, каде имал сопствена градежна фирма. Потоа решил да се врати во татковината и да го оствари својот сон градејќи хотел на брегот од Охридското Езеро. Тоа е „Милениум Палас“, изграден во 2000 година. Героски не можел ни да помисли дека паркот помеѓу неговиот хотел и езерото подоцна ќе биде наречен „холандски“. Уште помалку можел да очекува дека токму тука ќе биде подигнат првиот споменик на А. ден Долард. Сепак можел да очекува и редовно со години дочекува многу холандски туристи. Како знак на признание и благодарност решил да го даде својот придонес во овековечувањето на името на холандскиот писател. Од 2012 година еден апартман во хотелот го носи името А. ден Долард. 88
Спаско Костоски: „Идеја стара цела деценија“, „Охридски новини“ број 38/39, Охрид, 10 април 2006, стр. 18
142
Хнсек „Ликемитл Оакар“ Македонската академија на науките и уметностите89 го чествува А. ден Долард во Охрид. По смртта на А. ден Долард во сопственост на неговата вдовица остануваат многу фотографии, направени од писателот во Македонија во еден подолг период кој ги опфаќа годините пред и по Втората светска војна. Ери, вдовицата на Ден Долард, решила дека фотографиите мораат да бидат подарени на неговата „втора татковина“. Така во 1995 година над 500 дијапозитиви и една збирка од неговите книги на холандски јазик беа пренесени во Скопје и подарени на МАНУ. Дваесет години подоцна, околу 60 позитиви беа отпечатени на хартија и претставени пред кул89
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е академска установа во Република Македонија. Основана е од Собранието на Република Македонија на 22 февруари 1967 година како највисока научна и уметничка установа со цел контрола и стимулирање на науките и уметностите.
143
турната јавност во Македонија. Изложбата беше отворена на 11 јули 2015 година во Литературниот и научен центар „Уранија“ во Охрид.
Нбјава за изкнжбаса вн Нфпид рн унснгпауии нд Лайеднмија маопавеми нд А. дем Днкапд
144
Опи нсвнпањесн ма изкнжбаса гнвнп 90 ндпжа айаделий Ликам Ѓтпцимнв
90
Милан Ѓурчинов (роден на 28.6.1928 година во Белград, Србија) е македонски есеист, литературен историчар, теоретичар и антологист. Живее во Скопје и во Охрид.
ОДГЛАСИ ВО ХОЛАНДСКИТЕ МЕДИУМИ
146
DE STENTOR91 „МАКЕДОНИЈА ГО ПРЕГРНУВА ПРИЈАТЕЛОТ А. ДЕН ДОЛАРД“92 од Давид Леви
Новинарот Давид Леви (David Levie) во посета на „Култура 365“ е биден повеќе пати. Неговото прво гостување беше во летото 2013, во друштвото на Карин Раиндерс (Carin Reinders), директор на музејот CODA во Апелдорн (Apeldoorn), и Васко Коциров, Македонец кој од Холандија организира патувања во Македонија. Како резултат од првата посета, Леви во дневниот весник „De Stentor“ ја објави статијата „Македонија го прегрнува пријателот А. ден Долард“. Овде следува дел од статијата: „Балканот беше буре со барут и до ден денешен фитилот останува краток. Оружјето мирува, но под површината врие и Македонија е задоволна со секој политички пријател. 91
De Stentor со дневен тираж од околу 160.000 примероци се вбројува меѓу најголемите регионални весници во Холандија. 92 De Stentor, Apeldoorn, 29 juni 2013, pagina 9
147
Воопшто не е случајно што Мишо Јузмески неговата книга која се појави во 2012 година ја нарече ‟Нашиот холандски пријател А. ден Долард„. Неодамна делото е преведено на холандски и англиски јазик. Една добра причина за десет евра да се купи во локалниот културен дом на Охрид на проминентната улица ‟Цар Самоил„, којашто води кон стариот град под заштитата на УНЕСКО. Во ‟Култура 365„ е поставена изложба со книги од А. ден Долард објавени на холандски и други јазици. Во туристичката сезона отворена седум дена неделно. Мишо Јузмески најчесто е лично присутен. Тој е околу 25 години активен во туризмот, скиташе низ Европа, престојуваше исто така во Холандија и пишува. Последен пат пак за А. ден Долард во весникот на македонското малцинство во Бугарија. Тој го владее холандскиот јазик и е љубител на холандската литература во целина. Но неговото срце чука побрзо кога ќе стане збор за А. ден Долард. Тој нему му ја посвети книгата ‟Нашиот холандски пријател А. ден Долард„. Тој покажува текстови каде што Ден Долард ги опишува неговите топли чувства за Македонија. ‟Јас сум еден Холанѓанец, кој при скитањето Македонија ја има засакано длабоко како што јас сè уште ја љубам повеќе од сите други земји низ кои поминав„. И во културен поглед: ‟Овде беше родена ренесансата„.“
148
A. DEN DOOLAARD WEBSITE93 „ВО ПОСЕТА ВО МУЗЕЈОТ НА А. ДЕН ДОЛАРД ВО ОХРИД, МАКЕДОНИЈА“ Ова е блогот на писателката Херда Мулдер (Gerda Mulder) и фотографот Херман Зондерланд (Herman Zonderland), познати како автори на книгата „Една фасцинација за Тет-албанското планинско село на А. ден Долард“, објавен на 2 јули 2013 година на веб – сајтот за А. ден Долард на Алберт Куфут (www.adendoolaard.nl): ‟Никогаш не го сретнав во живо. Можно е дури и да сме се разминале во тесните охридски улички или во некој холандски воз, но и така не ќе го препознаев.„ „Така почнува воведот на ‟Нашиот холандски пријател А. ден Долард„, збирка написи за холандскиот писател А. ден Долард коишто Македонецот Мишо Јузмески ги објави минатата година. Збирката се појави во Охрид во 2012 година на три јазици: македонски, англиски и холандски. Мишо Јузмески е ро93
A. den Doolaard Website е поставен во 2003 година од Алберт Куфут (Albert Koevoet). Тој е роден и пораснат во Монстер (Јужна Холандија), но од 1991 година живее во Ротердам.
149
ден во 1966 година во Охрид и таму живее целиот свој живот. Неговата книга ја продава во еден културен центар, ‟Култура 365„, еден мал куќен музеј или спомен-соба основан од него и посветен на А. ден Долард. Куќниот музеј за А. ден Долард е само еден од проектите на овој македонски писател, новинар, фотограф и туристички водич. Во мај 2013 година цело едно претпладне седевме во посета во неговиот музеј. Локалот лежи во тесната улица ‟Цар Самоил„ во центарот на Охрид, во една кривина на улицата и таму се стигнува кога се оди од главната улица ‟Св. Климент Охридски„ по патот кон двете прочуени православни цркви ‟Св. Софија„ и ‟Св. Јован Канео„. Двете цркви што се опишани во „Свадбата на седумте Цигани„. Невозможно е да се одмине музејот, тој лежи на главната рута, секој поминува тука; освен тоа, вдолж улицата висат постери со информации за изложбите. Х.М.: Зошто основа музеј за А. ден Долард во Охрид? М.Ј.: ‟Кон крајот на осумдесеттите години слушав како холандските туристи во Охрид зборуваа за еден холандски писател кој во 1939 година напишал книга за мојот град Охрид: ‟Свадбата на седумте Цигани„. Тие ми раскажуваа за содржината на книгата и за местата опишани во неа. Јас воедно бев заинтригиран преку нивните раскажувања и поса-
150
кав да дознам повеќе за писателот и неговата книга. Тоа траеше повеќе отколку што замислував. Затоа што илјадниците холандски туристи кои по стапките на А. ден Долард и неговата книга масовно доаѓаа во Охрид, во почетокот на деведесеттите години престанаа да доаѓаат поради граѓанската војна во Југославија. Македонија во 1992 година стана самостојна република. Југословенскиот комунизам беше при крај, приватната инцијатива стана значајна. Јас со други луѓе учествував во основањето на една приватна радио станица во Охрид и работев таму како уредник и водител на културни програми. А тогаш се запознав со фотографот Атанас Талевски од Охрид, тоа беше едно познанство што водеше кон интензивна соработка и почеток на сопствената кариера како фотограф. Покрај мојата работа како фотограф, сега сум зафатен како писател и публицист. Во текот на изминатите години напишав многу раскази, есеи, разни книги проза и публикации од полето на туризмот и културата. Патував низ Европа, одвреме-навреме доаѓав во Холандија како турист и можев да зборувам и разбирам нешто холандски. Во холандските книжарници не можев да ја најдам ‟Свадбата на седумте Цигани„. Дури во 1994 година, годината на смртта на А. ден Долард, од еден свештеник од Тилбурх кој беше на конгрес во Охрид и со кого разговарав за А.
151
ден Долард, конечно како подарок добив примерок од ‟Свадбата на седумте Цигани„. Таа книга, се разбира, беше напишана на холандски јазик, но јас сепак со малку напор можев да ја читам.
Дек нд изкнжбаса © унсн Herman Zonderland Жителите на Охрид не знаеја за А. ден Долард.
М.Ј.: ‟Во 2006 година во Охрид дојде до спор зашто Холандската трговска комора во Македонија презеде иницијатива во Охрид да се подигне споменик за А. ден Долард. Дојде до јавно противречење. Во Охрид А. ден Долард беше целосно непознат и населението отворено се прашуваше зошто воопшто мора да биде подигнат споменик за овој холандски писател. Тогаш јас напишав неколку статии за локалните весници во врска со А. ден Долард, за неговите патувања и неговата
152
љубов за Македонија, за темата од ‟Свадбата на седумте Цигани„ и за книгата ‟Ориент Експрес„ во која станува збор за Илинденското востание на Македонците против Турците во 1903 година. За среќа, споменикот за А. ден Долард се појави на едно прекрасно место во Холандскиот парк на брегот на Охридското Езеро, а конечно таа година, шеесетина години по објавувањето во Холандија, ‟Свадбата на седумте Цигани„ се појави и на македонски јазик, така што и жителите на Охрид можеа да ја прочитаат„. Всушност, куќниот музеј за А. ден Долард е мал и се состои од два дела: во задниот дел на локалот може да се види изложба на книги со сите дела на А. ден Долард и фото изложба со фотографии од и за А. ден Долард и историски црно-бели фотографии од Охрид. Х.М.: Збирката е целосно комплетирана. Како ги собра сите книги заедно? Книгите од А. ден Долард не се веќе на продажба во обичните книжарници? М. Ј.: ‟Во изминатите десет години со многу мака се обидував да ги соберам сите книги од А. ден Долард, како романите така и другата литература. Тоа сепак ми успеа; еден дел имам исто така добиено. (Х.М.: Единствената книга за А. ден Долард која недостига, како што може веднаш да се види, е
153
биографијата за А. ден Долард од Ханс Олинк од 2011 година. Оваа ќе му ја испратам јас). И сите фотографии коишто можев да ги добијам од и за А. ден Долард ги обработив во една постојана фотографска изложба.„ Во предниот дел на локалот е поставена изложба од фотографии во боја од Охрид, направени лично од Јузмески, а меѓу нив и фотографии од неговиот починат колега Атанас Талевски. Сите фотографии се на продажба. Исто така тука може да се најдат рекламни материјали за прекрасни екскурзии во околината на Охрид. М. Ј.: ‟Преку мојата туристичка агенција како водич редовно патувам со групи туристи кои сакаат да посетат нешто во Охрид и околината. Се разбира, доста помага тоа што зборувам македонски и холандски„. Седиме два часа со шолји кафе и чаши сливова ракија, со него и неговата колешка Лидија, зборувајќи за неговата лична биографија и биографијата на А. ден Долард, за тешката положба на фотографите во Холандија и Македонија и за економската состојба во Македонија и членството во Европската Унија кое нема брзо да дојде. Меѓувремено поминуваат многу групи туристи. Добро е да се забележи дека постојат директни евтини летови на турската компанија ‟Корендон„ од мај 2013
154
година до Охрид, интересни за холандските туристи. Редовно внатре во музејот влегуваат групички стари Холанѓани. А. ден Долард, да, се разбира дека го знаат! Мишо на одличен холандски јазик ги пречекува и им ги продава неговите книги, фотографии и излети. Тој е многу задоволен со интересот од Холандија, а туризмот оваа година оди напред. М. Ј.: ‟Холанѓаните се сместени во хотели на десет километри надвор од градот и најчесто престојуваат една недела. Тоа е одлично, тие сето време го користат за запознавање на градот. Додека другите странски туристи остануваат еден до два дена и тоа е премногу малку за една посета на стариот град Охрид. Тие остануваат премногу кратко„.
Личн редмас © унсн Herman Zonderland
155
DE TELEGRAAF94
„МУЗЕЈ ЗА А. ДЕН ДОЛАРД“95 од Теа Детихер Весникот „De Telegraaf“ за Македонија има пишувано во повеќе наврати и по различни поводи. Во август 2013 година се појави овој краток напис од Теа Детихер (Thea Detiger) што беше објавен во склоп на една нејзина подолга репортажа за туризмот во Охрид: „Охрид нема само споменик за А. ден Долард на кејот (Кеј ‟Македонија„). Тука постои и една бесплатна постојана изложба за А. ден Долард, поставена од македонскиот приврзаник на писателот, Мишо Јузмески. Оваа се наоѓа на ул. ‟Цар Самоил„ бр. 34, спроти црквите ‟Св. Никола„ и ‟Св. Богородица„, и е отворена од 9 до 19 часот. Одете таму пред сè за еден разговор зашто Мишо сака да го спо94
De Telegraaf е најголемиот холандски весник со дневен тираж од 500.000 примероци. 95 De Telegraaf, Amsterdam, 17 augustus 2013
156
дели неговото знаење за А. ден Долард кој често престојувал во Македонија. ‟Тој во неговите книги Македонија и македонскиот јазик ги нарекуваше со нивното име кога тоа беше забрането кога бевме под југословенска власт„. Вели Мишо на течен холандски. ‟Благодарение на книгите како што е ‟Свадбата на седумте Цигани„ во шеесеттите години се разви туризмот од Холандија. Преку туристите често добивам книги од А. ден Долард, а еден пензиониран учител по холандски јазик бесплатно ја преведе мојата книга ‟Нашиот холандски пријател А. ден Долард„.“
„НЕПОЛИРАН БИСЕР“96 од Јоланда Јансен Во март 2014 година во „De Telegraaf“ беше објавена репортажата за Охрид „Неполиран бисер“ од Јоланда Јансен (Jolanda Janssen). Во статијата авторот ја спомнува и „Култура 365“: „Нашата посета ја започнуваме во Холандскиот парк, кој е иницијатива на Холандско-македонската трговска комора со цел да се поддржи туризмот. Тој се состои од едно уметничко дело од неколку портокалови велосипеди и споменик за А. ден Долард. Овој писател и новинар овде поминал многу време во 96
De Telegraaf, Amsterdam, 15 maart 2014
157
триесеттите години. Во неговиот роман ‟Свадбата на седумте Цигани„се зборува за Охрид, а ‟Гостилницата со потковицата„ ја напишал овде. ‟Тој ја извади Македонија од анонимност, затоа во осумдесеттите години овде доаѓаа толку многу Холанѓани„, раскажува водичот Васко Коциров, Македонец кој долги години живее во Холандија од каде што организира патувања низ поранешна Југославија. Луѓето толку му се благодарни на писателот што пред три години една спомен-соба му беше посветена на А. ден Долард во културниот центар ‟Култура 365„ (ул. „Цар Самоил“ број 34).“97
Варйн Йнхипнв ма рвнисе оаствања „он рсаойисе ма А. дем Днкапд“ фнкамдрйисе стпирси и мнвимапи ги внди вн онреса ма „Йткстпа 365“
97
Целата статија на холандски јазик може да се прочита овде: http://www.telegraaf.nl/reiskrant/22389910/__Macedonie__ongepolijs te_parel__.html
158
ANWB MEDIA98
ANWB ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ ЗА МАКЕДОНИЈА од Карин Еверс Во 2015 година се појави туристичкиот водич за Македонија на издавачот ANWB MEDIA кој е дел на Холандската автомобилска асоцијација (ANWB). Книгата содржи информации за најинтересните места за посета и карта на Македонија. Меѓу најзначајните културни знаменитости во Охрид се препорачува „Култура 365“. Aвторката Карин Еверс (Karin Evers) пишува: „Мишо Јузмески, Македонец кој добро зборува холандски, е писател, фотограф, водич и голем почитувач на А. ден Долард. Тој ја напиша книгата ‟Нашиот холандски пријател А. ден Долард„ која може да се набави на македонски, англиски и холандски јазик. Покрај една голема збирка книги од почитуваниот писател овде исто така ќе најдете многу книги, карти и фотографии. Јузмески организира излети за самостојни патници.“99 98
ANWB Media е најголемиот холандски издавач во областа на патувањето, годишните одмори и слободните активности. 99 Karin Evers, ANWB Reisgids Macedonië, Den Haag, 2015, стр. 55
159
DAGBLAD DE LIMBURGER100 „ВОЛШЕБНА МАКЕДОНИЈА“101 од Лео ван Маревејк Новинарот Лео ван Маревејк (Leo van Marrewijk) во статијата „Волшебна Македонија“102 пишува: „А. ден Долард престојуваше повеќе пати со месеци во Охрид, но целосно во духот на неговиот псевдоним претпочитал да скита низ земјата (со воз, пеш или на коњ) со цел да ја долови душата на луѓето. Мишо Јузмески ги следеше неговите стапки. Македонскиот водич/ новинар/писател му посвети една книга (‟Нашиот холандски пријател А. ден Долард„, 2013) на писателот и новинар, има скромна изложба за А. ден Долард (Култура 365) во Охрид и организира излети по стапките на А. ден Долард. ‟За мене А. ден Долард е значаен пред сè поради тоа што нас Македонците нè научи нашата земја да ја гледаме на поинаков начин. Тоа нè прави многу погорди отколку што бевме„, вели Јузмески, додека посегнува по македонскиот превод на ‟Свадбата на седумте Цигани„.“ 100
Dagblad De Limburger е регионален дневен весник од холандската провинција Лимбурх (Limburg). Весникот постои од 1996 година кога весниците Dagblad voor Noord-Limburg и De Limburger се обединуваат под името Dagblad De Limburger. 101 Написот се појави и во весникот NRC Handelsblad, 13. 6. 2015 102 Dagblad De Limburger, zaterdag, 13 juni 2015, pagina 19
160
NRC HANDELSBLAD103 „ПИЈАЛОК, ЖЕНИ И ЦИГАНСКА МУЗИКА“ од Арно ле Клерк На 20 јули 2015 година холандскиот новинар Арно ле Клерк (Arnout le Clercq) беше во „Култура 365“ во посета која по негова иницијатива беше претходно уредена.104 Неколку недели подоцна во NRC Handelsblad го објави написот „Пијалок, жени и циганска музика“, посветен на А. ден Долард и неговата врска со Охрид.105 Следува извадок од написот: „Во локалниот уметнички центар ‟Култура 365„ висат повеќе фотографии на А. ден Долард придружени со цитати од неговите дела. Исто така тука има една библиотека со неговите дела. Скромната спомен-соба е дело на новинарот, писател и локален водич 103
NRC Handelsblad е либерален холандски весник кој важи за влијателен меѓу високо образованите, поточно во полето на политиката, стопанството и културата. 104 На 15 јуни 2015 година во неговата прва електронска порака до авторот на оваа книга, Ле Клерк пишува: „Открив дека од пред неколку години постои музеј за А. ден Долард во Охрид и дека Вие, покрај пишувањето на книгата ‟Нашиот холандски пријател А. ден Долард„, во голема мерка сте одговорен за споменувањето на холандскиот писател во Охрид. Доколку е можно, јас со задоволство мојата посета на Музејот би ја комбинирал со еден разговор со Вас, за една статија во врска со Охрид, А. ден Долард и неговата книга ‟Свадбата на седумте Цигани„.” 105 NRC Handelsblad, zaterdag, 8 augustus 2015
161
Мишо Јузмески (1966), кој речиси целиот свој живот го живее на брегот на езерото.‟Уште од осумдесеттите години работам како водич„, вели тој. ‟Од холандските туристи тогаш слушав за неговото постоење. Сѐ повеќе и повеќе осознавав дека тој беше значаен не само како писател туку дека преку неговите книги исто така многу Холанѓани дојдоа во Македонија.„ Кога во шеесеттите Тито ја отвори Југославија за туристи, Охрид стана популарна дестинација за Холанѓаните. Јузмески ова во голема мера им го припишува на книгите на А. ден Долард. ‟Луѓето читаа за Охрид во ‟Свадбата на седумте Цигани„ и дојдоа овде зашто тој градот толку многу убаво го опишува.„ Во мојата пожолтена копија на романот, од почетокот на деведесеттите години, А. ден Долард ова го потврдува во поговорот. Според него, романот имаше ‟неколку непредвидени последици„: откако беше воспоставен директен лет помеѓу Амстердам и Охрид, видел оглас каде местото било идентификувано како ‟градот од ‟Свадбата на седумте Цигани„„ и добил писма од жени кои во Охрид го нашле ‟нивниот Бранко„. ‟Откако почнав повеќе да ги проучувам неговиот живот и дело„, вели Јузмески, ‟сакав и јас тука нешто да направам, пак А. ден Долард да им го вратам на охриѓани„. Холандската трговска комора во Скопје беше врската помеѓу писателот и Ох-
162
рид: во 2006 година се роди идејата во градот да се подигне споменик за А. ден Долард за да се чествуваат холандско-македонските врски. ‟Луѓето овде прво тоа не го разбираа: тие имаа само една бледа претстава за А. ден Долард. Не ги имаа читано неговите книги. Тогаш во локалниот весник пишував за него„. Се појави споменикот, следен од повеќе внимание за писателот, во голема мерка по иницијативата на Јузмески. Тој се погрижи ‟Свадбата на седумте Цигани„ да се преведе на македонски јазик, во 2011 година ја постави спомен-собата и своите написи за писателот ги собра во книгата ‟Нашиот холандски пријател А. ден Долард„ која се појави во 2012 година. ‟Македонија е тема во континуитет во работата на А. ден Долард„, вели Јузмески, „како во ‟Ориент Експрес„ така и во ‟Свадбата на седумте Цигани‘. Тој беше заљубен во природата, културата и луѓето на оваа земја. Интересно е како се развиваа работите: некогаш тој правеше реклама за Охрид во Холандија, сега ние правиме реклама во Охрид за него„.”106
106
Целата статија на холандски јазик може да се прочита овде: http://www.nrc.nl/handelsblad/2015/08/8/drank-vrouwen-enzigeunermuziek-1523967
163
DE KROMME ELLEBOOG „НАШИОТ ХОЛАНДСКИ ПРИЈАТЕЛ“ од Шак ван дер Линде и Пол Сонке „De Kromme Elleboog“ е интернет весник, ориентиран пред сè кон градот Флисинген. Уредници се Шак ван дер Линде (Sjaak van der Linde) и Пол Сонке (Paul Sonke). На 4 јули 2015 „De Kromme Elleboog“ ја објави статијата „Нашиот холандски пријател“ во која главните теми се книгата „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ и Музејот на А. ден Долард во Охрид. Авторите Шак ван дер Линде и Пол Сонке меѓу другото пишуваат: „Овој е градот во кој А. ден Долард не е заборавен. Навистина, тој и неговото дело се одржуваат во живот со споменик и споменсоба, која е значително посетена во текот на летните месеци од страна на холандските туристи кои веќе неколку години повторно го откриваат Охрид. Спомен-собата е иницијатива на Мишо Јузмески, писател, културен работник, издавач, преведувач, водич… Згора на тоа тој зборува – покрај македонски – бугарски, германски, англиски, француски, италијански,
164
српски, шпански и течен холандски, во што самите ние се уверивме! Свештеникот Јан Кандорп од Тилбурх беше тој што го прати Мишо по стапките на А. ден Долард давајќи му ја неговата книга ‟Свадбата на седумте Цигани„, романот што се одигрува во Охрид. ‟Сосема свесно непознатиот холандски писател стана дел од мене и многу брзо почувствував како одамна да сум го познавал„ вака го опишува Јузмески своето запознавање со ‟свадбата„. Ова запознавање е отелотворено во неговата книга ‟Нашиот холандски пријател„, која неодамна е преведена на холандски: ‟Onze Nederlandse vriend„. Книгата содржи куса биографија на А. ден Долард. Фасцинантно е опишувањето на Јузмески на скитањето на А. ден Долард, низ она што тој го нарекуваше своја ‟втора татковина„: дивата и секогаш примамлива Македонија, со традиционалното размислување и дејствување на нејзиното население, нејзините прекрасни езера, прастарите цркви и уникатната народна музика.“107
107
Целата статија на холандски јазик може да се прочита овде: http://dekrommeelleboog.com/onze-nederlandse-vriend
165
ИЗВОРИ Холандска литература: Книги - Doolaard, A. den, De bruiloft der zeven zigeuners, Em. Querido‟s uitgeverij, Amsterdam, 1963 - Doolaard, A. den, Dit is Joegoslavië, Contact, Amsterdam/Antwerpen, 1956 - Doolaard, A. den, Het leven van een landloper, Em. Querido‟s uitgeverij, Amsterdam, 1958 - Doolaard, A. den, Ogen op de rug; Terugkijkend naar boeken en tijdgenoten, Em. Querido‟s uitgeverij, Amsterdam, 1971 - Doolaard, A. den, Oriënt-Express, Em. Querido‟s uitgeverij, Amsterdam, 1940 – 1994 - Doolaard, A. den, Samen is twee keer alleen, Em. Querido`s uitgeverij, Amsterdam, 1976 - Evers, Karin, ANWB Reisgids Macedonië, Den Haag, 2015 - Olink, Hans, Dronken van het leven, Atlas, Amsterdam, 2011 Весници - Dagblad De Limburger, Sittard,13 juni 2015 - De Stentor, Apeldoorn, 29 juni 2013 - De Telegraaf, Amsterdam, 17 augustus 2013 - De Telegraaf, Amsterdam, 15 maart 2014 - NRC Handelsblad, Amsterdam, 8 augustus 2015 Internet
-
A. den Doolaard site, http://www.adendoolaard.nl De Kromme Elleboog, http://dekrommeelleboog.com
166
Македонска литература: Книги - Долард, А. ден, „Свадба во Охрид“, ВИС ПОЈ, Охрид, 2006 - Кузманоски, Ристо/Ракиќ Коста, „Охрид – туристички водич“, Охрид, 1986 - Силјаноски, Благоја, „Медиумска промоција“, Микена, Битола, 1997 - Силјаноски, Благоја, „Мирисот на патината“, Ирис-Р, Струга, 2007 - Стојаноски, Илче, „Охридски вистини – случки, приказни и факти од минатото“, Охрид, 2014 Весници и списанија
-
„Бранувања“ број 5, Струга, 2012 „Бранувања“ број 7, Струга, 2012 „Утрински весник“ број 3816, Скопје, 27 февруари 2012 „Вечер“ број 14926, Скопје, 27 февруари 2012 „Народна волја“ број 4/2014, Благоевград, април 2014 „Народна волја“ број 4/2015, Благоевград, април 2015 „Народна волја“ број 2-3/2016, Благоевград, февруари 2016 „Охридски новини“ број 38/39, Охрид, 10 април 2006
Internet
-
Ohridnews, http://www.ohridnews.com
167
АВТОРОТ НА ОВАА КНИГА
Мишо Јузмески е роден во Охрид. Поради лично задоволство или работа, дел од животот минал во патување низ разни земји на Европа. Престојувал и во Холандија, со цел проучување на холандскиот јазик и култура. Долго време работел со холандски туристи, патувајќи низ Македонија, Албанија и Грција. Се занимава со уметничко творештво и активно учествува во развојот на културата и културниот туризам во Македонија. Пишува проза, фотографира, преведува од неколку јазици, организира разновидни културни настани.
168
Јузмески ги има објавено книгите:
-
„Премин во маглата“ – роман (2005) „Нека биде светлина“ – есеи (2005) „Пофални слова“ – есеи и критики (2006) „Елшани – живот меѓу каменот и водата“ – монографија (2009) „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ – монографија (2012) „Сто години копнеж“ – раскази (2014) „Македонци, А. ден Долард и други Холанѓани“ – монографија (2016)
Раскази и други текстови објавува во списанија во Македонија и во туѓина. Ел-пошта на авторот: yuzmeski@t.mk
CIP – Каталогизација во публикација Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 821.163.3-94 ЈУЗМЕСКИ, Мишо Македонци, А. ден Долард и други Холанѓани / Мишо Јузмески; [фотографии Херман Зондерланд, Милчо Јованоски, Мишо Јузмески]. - Охрид : НУ Библиотека „Григор Прличев“, 2016 (Струга: Ирис). - 170 стр.: фотографии; 20 см Фусноти кон текстот ISBN 978-9989-911-93-4 929 Долард, А. ден (093.3) 929 Јузмески, М. (093.3) COBISS.MK-ID 100370954