магазин од поинаков формат
број 19
сабота, 8 септември 2012
година I
www.gragjanski.mk
20 денари
21 година независност
ПАТ ИСПОЛНЕТ СО МНОГУ ПРАШАЛНИЦИ Консултативен референдум за името е една од шпекулациите предизвикани од владината криза
СИМОН ТРПЧЕСКИ, пијанист
Аплаузите ми ја полнат душата Пораснав скромно и мојот успех е успех и на моето семејство
МАРИЕТ СХУРМАН, амбасадорка на Холандија
Лустрацијата го урива владеењето на правото
НИКОЛА ПОПОСКИ, министер за надворешни работи
Грција да пишува иднина, не да брише придавки
Третманот што ќе го имаме како Македонци мора да биде според стандардите на ЕУ
Неделен магазин
Пишуваат за вас
Сашо Мацановски Трендо
Стево Пендаровски
Трајко Славески
Убаво е да... Стр. 12
Алтернативи Стр. 46
Регулаторите на тапет Стр. 52
Директор и главен уредник на проектот ГРАЃАНСКИ Миле Јовановски
Култура
Извршни уредници Катерина Блажевска, Злате Лозановски Арт директор Мишко Петковски Редакција Ида Протугер, Васко Попетревски, Митко Билјаноски, Теофил Блажевски, Андријана Атанасовска, Тони Димков Контакт redakcija@gragjanski.mk тел. 02 55 14 205
6
Симон Трпчески
Аплаузите во салата ми ја полнат душата
Лектор Силвана Блажева Фото Кристиан Панов Издава Друштво за издаваштво РЕФЛЕКС КОМ ДООЕЛ извоз-увоз Скопје , ул. Народен фронт 19А / 3 кат - локал 21 Скопје Телефон 02 5514200 Телефакс 02 5514201 Жиро-сметка 300000003097731 Комерцијална Банка АД Дистрибуција Фокус Прес ул. Климент Охридски 58-2/2 Скопје Печати Европа 92 Директор на маркетинг Горан Дамјаноски marketing@gragjanski.mk Телефон 02 5514200
сабота, 8 септември 2012
Независни од 14 сопствената култура Интервју 16
Фред Келемен Мајстор на црнобелата тишина
Досие: 24
Бела Тар Господарот на долгите кадри
Надворешни соработници Трајко Славески, Теа Јовановска, Никола Поповски, Стево Пендаровски, Димитар Димитров, Бруно Јовановски, Игор Тошевски, Бранислав Саркањац, Митко Хаџипуља, Горан Марковски, Гоце Смилевски, Огнен Георгиевски, Златко Славенски, Светлана Јовановска (Брисел) Графичка редакција Зоран Симоновски, Елена Џекова, Маја Пипонска
Никола Поповски Даноци на финансискиот сектор Стр. 56
Економија 48 Балканска берза би ја поевтинила струјата 50 54 Инвестициите завршија на штедни книшки
Селектор
40 Никола Попоски
Грција да пишува иднина, не да брише придавки
Политика 21 година 32 независност Се крчка ли 34 референдум за името? Интервју: 38
43
Ермира Мехмети Не посакуваме ни избори ни ново мнозинство
62 11 септември: Жртви за победата врз тероризмот 65 Интервју: Која, „Дисциплин А Кичме“ Не ја познавам носталгијата 68 Фељтон: СЕАЛ „Фоката“ удри врз јатото 74
74
Made in Канада:
Среќен роденден!
Мариет Схурман
Лустрацијата го урива владеењето на правото 3
Рубрика
4
www.gragjanski.mk
Рубрика
Широк агол Туристичка зграда Туристи ја фотографираат и снимаат станбената зграда дизајнирана од австрискиот уметник и архитект Хундертвасер, позната како „Хундертвасер хаус“ („Hundertwasser haus“). Зградата претставува едно од најпопуларните архитектонски, дизајнерски и туристички обележја на Виена. Фотографијата е снимена во мај 2012 година. Иван Блажев
сабота, 8 септември 2012
5
Симон Трпчески виртуоз на пијано
Да сретнете вистински човек - Симон Трпчески, во вистинско време - 8 Септември, на вистинско место - Македонија, би можело само да го зголеми значењето на денот. Вложивме напор да ви ја понудиме таа можност
разговараше Тони Димков фотографија КултурОп/Љубе Савески
И
покрај огромниот успех што го постигна во светски рамки, маестро Симон Трпчески остана многу пријатен соговорник, секогаш срдечен во комуникацијата со луѓето околу себе, а скромен во однос на неговите барања од светот што го опкружува. Официјално, Симон Трпчески е првиот носител на титулата Национален уметник на Македонија. Титулата не го промени многу, бидејќи средбите со него отсекогаш биле непосредни и многу искрени, а неговите концертни настапи биле и се мевлем за душата. Во периодот пред следната концертна сезона ја искористивме можноста да дознаеме во кој правец се движат размислувањата на најпознатиот македонски виртуоз на пијано. 6
Аплау салат полнат
$$ Маестро Симон Трпчески, имајќи
предвид дека сè уште е во тек сезоната на летен одмор, а и Вие правите пауза во концертните настапи, ќе можете ли да ни откриете кои се Вашите методи на релаксација? На кој начин човек може да се одмори од интензивно консумирање и изведување музика? ## Во принцип, се трудам да ја одморам главата, иако во мојот случај тоа е многу тешко, бидејќи музиката буквално постојано е присутна на овој или оној начин. Но, сакам да сум во природа, на планина или на море, и да уживам во убави погледи. Се разбира дека доколку одморот вклучува и разни активности за запознавање на културата и на обичаите во земјата која се посетува, тоа уште повеќе ја облагородува душата и на тој начин го прави исполнет целиот организам.
$$ Всушност, кој е најтешкиот сегмент од долгите концертни турнеи во текот на годината - патувањето, секојдневните проби, чинот на јавен настап, интервјуата за медиумите, или нешто сосема друго? ## Мислам дека сето она што го спомнавте, освен чинот на јавен настап. Кога ќе дојде моментот на настапот, би требало магијата веќе да е присутна, бидејќи целата енергија дотогаш треба да биде распоредена на соодветен начин за интензитетот на концентрација да биде најистурен тогаш. Иако и во процесот на пробите концентрацијата треба да е на максимално ниво и тоа доаѓа како една вежба не само на мозокот туку, воопшто, на целиот организам и човек треба само да се сосредоточи за да го истакне тоа на самиот настап. Секако, www.gragjanski.mk
Интервју
Пораснав многу скромно и мојот успех е успех и на моето семејство
треба да се биде психички подготвен на сите сегменти што ги спомнавте, бидејќи се случува дел од луѓето да не размислуваат каков товар има една јавна личност со ваква професија, па се случуваат коментари од типот: „Блазе си му, се изнашета“, на што јас само се насмевнувам.
$$ Покрај тоа што многу млад станавте
узите во та ми ја душата
најдобар македонски пијанист на сите времиња, останавте непосреден, љубопитен, професионален во својот однос кон јавноста. Има ли филозофија во таквиот принцип на однесување кон јавноста, но и кон Вашите најблиски? ## Можам да одговорам на два начина: Не - нема никаква филозофија и Да - најголемата филозофија е во домашното воспитување и во скромниот начин на кој јас и целото мое семејство секогаш сме живееле.
$$ Вие сте првиот носител на титулата
Национален уметник на Македонија. Какви поволности, но и какви обврски и одговорности Ви донесе титулата? (Само ќе спомнеме дека втор добитник на оваа титула е режисерот Милчо Манчевски.) ## Јас сум почестен што ја добив титулата. Истовремено сметам дека со сето она што сум го направил, таа дојде како нешто сосема нормално, што едноставно требало да се случи. Јас сум воспитан да не ги заборавам своите корени. На тој начин и секогаш сум ја претставувал Македонија. Оттаму, не сметам дека нешто посебно ќе се промени во мојот начин на размислување како обврска и одговорност. Самото мое постоење со мојата дејност е обврска, одговорност, но и позитивен пример за општеството за тоа како треба да работиме за да си ја подобриме татковината.
$$ Во многубројните интервјуа за медиумите често нагласувате дека уметноста е најголем амбасадор на една држава. Колку Македонија, како држава која има големо историско и културно наследство, успева на вистински начин да го претстави во светот?
Секогаш сум потенцирал дека музичарот, пред сè, треба да си ја сака професијата, да верува во себе и да биде свесен дека го чека долготрајна макотрпна работа сабота, 8 септември 2012
## Знаете, кога јас учам едно дело, мора
да внимавам буквално на секој знак што е напишан во нотите. Оттаму, колку и да не го сакам својот одговор, во секој случај сметам дека нашата земја не успева докрај на вистински начин да се претстави. Едноставно, за многуте прекрасни идеи што постојат за претставување на различните полиња од културата, во поголем број од случаите несоодветната организација ќе пропушти важни детали и ќе остави некаква дамка на целосната слика. Но, за да бидам сфатен како што треба, тука би сакал да истакнам дека од моето искуство досега, за секоја почит е иницијативата што ја гледам во различните полиња од културата. Бидејќи сè додека има иницијатива, ќе има и надеж. А, токму тоа нам ни е потребно. Треба да сфатиме дека имаме чудо од земја. И мило ми е што гледам дека нештата тргнале напред, дека нешто се работи, за да си го почитуваме своето Јас. На тој начин му покажуваме на светот дека треба да ги сврти очите онаму од каде што многу работи почнале во историјата.
$$ Во текот на сезоната речиси
постојано сте надвор од државата. Колку во тој период успевате да следите што се случува во земјата? Што Ве интересира најмногу од случувањата во Македонија? ## Се трудам да следам толку колку што можам. Мојата професија бара посветеност, а бидејќи работам на глобално ниво, има премногу информации со кои треба да сум запознат. Како и да е, најмногу ме интересираат културата и спортот.
$$ Сте настапувале во најубавите
концертни сали во светот, а во Скопје настапувате на Скопски саем, додека зградата на филхармонијата се гради веќе неколку години. Каков е Вашиот став за ваквата состојба со концертни сали во државата? Ве боли ли тоа што, едноставно, нема нормална сала да настапите во сопствената земја? ## Да, многу ме боли. Секој вистински уметник би го болело да нема нормален простор за музицирање. Во многу градови низ Македонија ќе најдете симпатични сали каде што се чувствувате убаво при музицирање, но на кои им треба реновирање и одржување. Тоа лично го имам почувствувано. Но, затоа потегот со новата сала е фантастичен. Не навлегувам во детали и долготрајност на градба. Тука не можам ништо да сменам. Секако дека сите уметници сакаат таа да биде готова колку што е можно побрзо. Важно е што има иницијатива и верувам дека сите ќе бидеме среќни и горди кога ќе дојде денот на нејзиното отворање. Не треба да заборавиме дека кога салата ќе биде готова, ние треба да ја оправдаме со нивото на музицирање. И тоа е дел од имиџот на државата. 7
Интервју/Симон Трпчески
Генерално земено, навистина се гледа иницијатива за поддршка на културата и секогаш мора да се има добро осмислен концепт што треба доследно да се испочитува за истиот да може да вроди со плод $$ Имајќи го сопственото искуство на ис-
качување кон врвот, веќе е неможно да се набројат сите значајни диригенти, оркестри и концертни сали во кои сте настапувале, што сè е потребно друг музичар да го направи истиот подвиг? ## Тоа е донекаде комплицирано и неблагодарно прашање, бидејќи успехот зависи од многу нешта. Но, во секој случај, секогаш сум потенцирал дека музичарот, пред сè, треба да си ја сака професијата, да верува во себе и да биде свесен дека го чека долготрајна макотрпна работа. Доколку ги испочитува барем овие почетни принципи, треба да е среќен и, како што би рекол нашиот народ, „веќе е на коњ“. Останатите работи не зависат само од музичарот. Тука е поддршката од семејството, вистинското образование, помошта од општеството, како и среќата во животот. 8
$$ Колку државата успева да ги открие и да создаде услови и други млади музички таленти да тргнат по Вашиот пат? На кој начин Вие би можеле да помогнете во целата работа? (Имајќи предвид дека на Вашите настапи исполнувате и дела од македонски автори, но и претставувате млади македонски музичари.) ## Колку и да звучи нескромно, јас сум многу благородна душа. Тоа го знаат луѓето кои имале можност да ме запознаат. Тоа се гледа и во мојата дејност во и надвор од Македонија. Пораснав многу скромно и мојот успех е успех и на моето семејство. Им се заблагодарувам на оние луѓе кои ни помогнаа тогаш кога ни беше најпотребно, а тие беа многу малку и знаат кои се. Им благодарам и на оние што не ми помогнале, но и не ми одмогнале
Самото мое постоење со мојата дејност е обврска, одговорност, но и позитивен пример за општеството за тоа како треба да работиме за да си ја подобриме татковината
во моето работење. Ќе повторам дека, генерално земено, навистина се гледа иницијатива за поддршка на културата. Секогаш мора да се има генерално добро осмислен концепт што треба доследно да се испочитува за истиот да може да вроди со плод.
$$ Кога и каде почнувате со новата концертна сезона? Обиколувајќи го веќе неколкупати светот, што за Вас сè уште претставува предизвик, што Ве мотивира да продолжите со Вашата работа? ## Новата концертна сезона ќе ја започнам во Велика Британија - Ливерпул, со Кралскиот ливерпулски филхармониски оркестар и со маестро Василиј Петренко, каде што, исто така, продолжувам со снимање на новиот компакт- диск. Музиката ми е предизвик, бидејќи има толку многу за откривање. Сигурно дека нема да можам докрај да ја откријам, но барем се трудам повеќе да научам. Аплаузите во салата ми ја полнат душата. Тоа, исто така, ме прави среќен. Од друга страна, преку музиката запознавам различни земји и култури, а патувањата секогаш се уникатни искуства. www.gragjanski.mk
ИНТЕРВЈУ | РОЛЕТНА | КУЛТУРЕН СВЕТ | УБАВО Е ДА... | АРХИТЕКТУРА | ДОСИЕ
НАЦИСТИЧКИОТ ТЕРОР ВРЗ ХОМОСЕКСУАЛЦИТЕ
В
о Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во Скопје, на 10 септември, ќе биде отворена архивската изложба „Нацистичкиот терор врз хомосексуалците од 1933 до 1945 година“. Цел на изложбата е низ документи, фотографии и текстови да се покаже дека жртви на нацистичката политика, заедно со Евреите, Ромите, лицата со посебни потреби, со душевни пречки, политичките неистомисленици и со останатите непријатели на Рајхот, биле и хомосексуалците. Долго време тие биле премолчувана и занемарена група на нацистички жртви, иако истражувањата, што сè уште се спроведуваат, зборуваат за тоа дека повеќе од 100.000 лица биле уапсени поради хомосексуална ориентација и околу 50.000
сабота, 8 септември 2012
завршиле во затворите или во институциите за лица со душевни пречки, а меѓу 5.000 и 15.000 и во концентрационите логори. Изложбата ќе биде проследена со еднодневна конференција на тема „Остатоци од холокаустот: биополитика, национализам и сексуалност“, во која ќе учествуваат и Гинтер Грау (Германија), Даша Духачек (Србија), Еми Барух (Бугарија), Софија Грандаковска, Катерина Колозова, Миша Поповиќ, Велимир Жерновски и Жарко Трајановски (Македонија). Организатори се коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ во партнерство со КВИР Загреб, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Холокауст музејот во Вашингтон и Швулц музејот од Берлин. 9
ролетна
НЕОПРАВДАНО ПРИСУТНИ Прво и основно: преименувањето на училиштата во Чаир уште
ликовна колонија во „св. јоаким осоговски“
Во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ е во тек меѓународна ликовна колонија, на која учествуваат реномирани ликовни творци од Турција, Јужна Кореја, Шведска, Русија, Казахстан, Србија и од Македонија. На ова 26. издание на манифестацијата, што ќе трае до 15 септември, уметниците ќе работат на слободна тема. Координаторот д-р Јордан Михајловски вели дека недопрената природа и сакралниот мир повторно ќе бидат предизвик за креативна конфронтација на различните култури.
еднаш докажа дека (секој)дневното штетно политикантство со образованието ни е многу поважно и поинтересно од која било корисна долгорочна образовна политика. Да беше поинаку, сега јавноста ќе беше преокупирана не само - и единствено - со тоа што пишува на таблите на влезот во училиштето и дали ќе бидат симнати, туку што пишува на таблата во училницата и дали, конечно, некој дежурен ќе ја избрише од глупостите што се повторуваат секоја учебна година. Пишува Злате Лозановски Добро е тоа што министерот за образование се заканува дека ќе испрати инспекција да го истражи очигледниот незаконски чин што на своја рака го спровел градоначалникот, ама ќе беше уште подобро ако испратеше некој да го испита невидливиот законски воспитно-образовен „злочин“, што на наша сметка го спроведуваат дежурните институции. Проблемот е многу поголем од ова што може да се види од секојдневната расправија: школството е во таква коматозна состојба што ниту градоначалникот може многу да ја расипе ниту, пак, министерот многу да ја поправи. Најмалку со инспекции, дури и да ги испрати, во што никој не верува. Од тој аспект и не ме загрижува како (ќе) се вика училиштето. Образовниот систем бироа, учебници, наставници, инспектори, родителски совети - гарантира дека децата никогаш нема да научат кој бил „Хасан Приштина“, како што сега се вика училиштето, како што не знаат ни кој бил „Јане Сандански“, како што се викало досега. Ако навистина бевме загрижени за тоа што учат и што треба да знаат децата, почетокот на учебната година ќе се совпаднеше со крајот на долгите исцрпни стручни дебати, јавни расправи, тркалезни маси, семинари, експертизи, со сите форми на заеднички напор, со цел да се напише корисен, точен учебник, да се подобри квалитетот 10
на наставата, да се дојде до правилно оценување на учениците и вреднување на наставниците, да се направат квалитетни рецензии и, конечно, да се тргне политиката од училиштата. Ништо од сето тоа, иако сите се жалат дека образованието одамна не заслужува преодна оценка и постојано посочуваат некој скандалозен проблем. Затоа и натаму во учебниците по историја ќе пишува дека античките Македонци се повлекле во планините и станале Власи, Самоил бил цар кој прогласил архиепископија, дека Шекспир потекнува од Шпанија, а Византија уште во 12 век војувала со Османлиите... Не знаеме дали и кога ќе бидат поправени овие „историски“ грешки, што ги посочи универзитетскиот професор Бобан Петровски, ниту хемиските на кои своевремено укажуваше неговиот колега Владимир Петрушевски, како и многу други. Дека децата може да научат и нешто паметно од возрасните, дека имињата на училиштата не се менуваат за да останат исти политичко-етничките делби и дека навистина „знаењето е сила, знаењето е моќ“ ќе се увериме во моментот кога училиштето во „најмакедонската“ општина ќе добие име на заслужен Албанец, по предлог на градоначалник Македонец. И обратно. На општо задоволство, разбира се.
сосема природно се појави потребата по „акто“ во битола и „бош“ во гевгелија да присуствуваме и на Фестивалот „слободна зона“ во Виница пишува Тони Димков фотографија Филип Пајдаков
М
узичкиот сегмент на Фестивалот „Слободна зона“ беше клучниот фактор што нè однесе во Виница. Никако не сакавме да ги пропуштиме настапите на скопските групи „Д Џон“ и „Ха, ха, ха“, белграѓаните „Штутгарт онлајн“, битолчаните „Паркети“ и „Молокаи“, Сашко Костов и „Вејтинг Вејтс“ од Велес и диџеите Номадуз и Дијаз Кортез од Виница. Амбиентот во кој се одвиваа нивните настапи беше како создаден за музичките сладокусци - Градски парк, мала и ниска сцена што овозможува непосреден контакт со групите, силно озвучување, доволно индивидуален простор за вистинско доживување на музиката. Нема да навлегуваме во поединечни рецензии на настапите, бидејќи сите групи професионално го одработија својот концерт. www.gragjanski.mk
136
филмови беа конкуренција на остварувањето „Аларм“ на авторката Ана Алексовска, која успеа да се избори за сребрен медал на 74. Фестивал на непрофесионален филм „Уника“, што се одржа во Русе, Бугарија. На овој Фестивал Ирина Николовска доби бронзен медал со филмот „Сеќавања“.
Фестивал на хумор и сатира во Виница Четвртиот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“ ќе се одржи од 9 до 15 октомври, во организација на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница. Освен сатирично-хумористични претстави и карикатури, годинава ќе биде застапен и афоризмот. Дел од содржините ќе бидат изведени на алтернативни локации за да се анимира публиката од градот и од околните места. Фестивалот е под покровителство на општината Виница и градоначалникот Емил Дончев.
Културен свет
Програмските концепти на трите фестивали што ги посетивме летово речиси се дополнуваат. Функцијата што ја имаат во градовите во кои се реализираат во вистинска смисла означува слободна зона - ослободена од турбофолк, кич и од сомнителни уметнички вредности. Со таков предизвик се соочил Кирил Арсов (многу попознат како басист во кумановската група „ТБ Трачери“). „Веројатно имам некаков порив да уривам тешко пробојни ѕидови со глава. За да се занимаваш со култура во мала средина, веројатно, треба да поседуваш голема доза на фанатизам, лудост и љубов кон сопствениот град. Децении наназад, Виница, а и целата провинција, се потполно заборавени од центарот. Дисбалансот е огромен. На тој начин хендикепираме цели генерации. Развиваме средини во кои владее убиствен сеир, исполнет со ситни пакости. Тоа е контекстот во кој растат нашите тинејџери. Фестивалот (но и сите настани што ги организираме), можеби, преамбици-
Порив за уривање тешко пробојни ѕидови со глава
озно, тоа ќе го покажат годините што следат, си постави за цел да промени нешто во тој поглед“, потенцира Арсов, идеен творец и организатор на Фестивалот. Насловот „Слободна зона“ доволно зборува во симболичка смисла, но има многу простори што треба да се ослободуваат, не само во физичка, туку и во духовна смисла, и тоа не само во Виница. „Во денешно време, кога насилството и ситните подметнувања станале метод за преживување, тоа е нашиот метод на борба за поубаво општество, за сочувство и солидарност. Насловот има и друга симболика. Имено, Фестивалот се случува околу еден датум, 30 август, а тоа е денот на ослободување на градот од фашизмот. Изгледа и тоа е тема на која ќе мора упорно да се навраќаме“. Градот Виница и неговите граѓани веќе ја даваат својата поддршка на Фестивалот. Лесно можевме да забележиме групи млади виничани како своето слободно време го поминуваат со настаните на „Слободна зона“. сабота, 8 септември 2012
За да се занимаваш со култура во мала средина, веројатно, треба да поседуваш голема доза на фанатизам, лудост и љубов кон сопствениот град
Во време кога насилството и ситните подметнувања станале метод за преживување, Фестивалот „Слободна зона“ е метод на борба за поубаво општество, за сочувство и солидарност
Во организациска смисла Арсов објасни дека најчесто се сретнува со банални проблеми, како недостиг од соодветна инфраструктура, кои мора да ги решава во од. Радува фактот што со секое ново издание на Фестивалот поддршката од локалната самоуправа е сè поголема, а годинава беа поддржани и од Фондацијата отворено општество Македонија. Сепак, за Фестивалот да стане уште поуспешен неопходна е поддршка од публиката. „Сметам дека треба да има континуирани настани од ваков вид со помал обем во текот на цела година. На тој начин ќе ја држиме публиката во кондиција, подготвена
да го дочека следното издание на Фестивалот. Иако фидбекот треба да го очекуваме на долг рок, сепак, во градот се појавија нови енергии, се случи комуникацијата што недостигала. Некако, како на дофат да ни се работи што порано сме можеле само да ги сонуваме. ’Велика је снага кад је воља јака‘, пеат ’Штутгарт онлајн‘. Освен тоа, направивме огромна промоција на Виница, да бидам нескромен, можеби, најголема промоција што некогаш е направена. Пред нас се години на развој на Фестивалот, нè чека голема работа. А резултатите ќе дојдат, потребно е трпение“, нагласи Кирил Арсов. 11
Артерија/Убаво е да...
Лековита неоптовареност со зн Цртеж Теа
Препорачува Сашо Мацановски Трендо
Ѓ
авол ќе го знае како ние ги правиме нашите избори. И како се прави плетката низ која ги пропуштаме работите. Сакам да верувам дека мојата плетка има пар дупки, затоа што дупките се драгоцени ако сакаш да ја зачуваш способноста да се изненадуваш. Најчесто не сум контемплативен околу тоа што, всушност, ми се бендисува и зошто некои работи ме допираат и од кои стари избори ми зависат новите избори и зошто повеќе го сакам црното во еурокремот. Како мал одев во училиште за хармоника, ама музиката ме допре поради звукот на гитарата. Во средно запознав куп книги што не ми беа за лектира. Би можел на сите животни ситуации да одговарам со цитати од „Маратонците го трчаат почесниот круг“. А дилемата зошто никогаш не успеав да ја засакам операта, ја решавам лесно и едноставно – може јас сум глуп за тоа.
„Кујнски приказни“ од Бент Хамер Ја користам оваа можност да ги замолам надлежните во кино „Милениум“ малку да олабават со звукот. Знаеме дека имате гласни звучници, в ред е. Инаку филмови - да, за разлика од театар во кој за да дојде некој од точка А до точка Б, треба навистина да сведочиш како минува од точка А до точка Б. А и немаш далечинско да ги прескокнеш оние сцени со болни породувања. Не, фала. На пиратеријата треба да ì изградиме еден споменик, оти да не беше таа во сите овие посни транзициски години, ќе лаевме како кучиња. Триумфален торент. И, да, сакам веќе гледани филмови, тоа баш ì одговара на мрзата што љубоморно ја негувам, бидејќи таа е еден од ретките преживеани реликти на подобриот јас. „Кујнски приказни“ („Kitchen stories“) е еден блесав и бескрајно шармантен норвешки филм. И во филмови и во литература, Скандинавците знаат многу да ме освежат. Лесно му е на Џери Луис среде Лас Вегас да прави марифети. Но, кога марифет ќе се случи среде она бескрајно скандинавско НИШТО, па тоа е лудило.
12
Аца Лукас Ах, многу ме весели да го видам овој турбо-прч на вашите страници. Среде „Граѓански“, симболот на „Селански“! Се радувам на можноста некој да се најде згрозен од неговото присуство. Најискрено. Особено ако е некој од оние што веруваат дека е доволно да се произнесеш против Аца Лукас и тој турбосвет за да се најдеш на вистинската страна на животот. И, потоа високоумно, а, всушност, паланечки да ги „хејташ“ сите што слушаат таква, „глупа музика“. Борис Дежуловиќ сосема уверливо тврдеше дека турбофолкот е панк-музика на овие нови генерации. И дека е тоа нивна очекувана реакција и побуна против нашето тупење за вистинските вредности на музиката што ја слушаме. Знам, и мене ми е тешко да го замислам Лукас како „Рамонси“, а Шемса како Деби Хари. Ама, можеби, затоа што сме стари и надмени. Дополнително, кај Лукас и компанија често има многу поурбани и порокерски пејзажи од нашава сцена која хронично е зацапана во една безбојна лирика од типот „бакнеж цути врел“. Затоа, слободно дајте троа поголема слика од „лепотанот“. www.gragjanski.mk
...прочитате ...видите ...слушнете
начењата и историските тежини
„Дневникот на Дора“ од Ѓермано Ќиќо Сењановиќ
Скулптурите на Владо Костов Споменичната уметност, главно, ме остава рамнодушен. Не дека не сум пробал, сум пробал со дузина бронзи и мермери, ама не ни оди муабетот. Најсимпатично изненадување ми приреди главниот град на Литванија, кога во едно негово паркче налетав на статуа од - Френк Запа! Подоцна во градскиот водич прочитав: „Ако се прашувате каква е врската меѓу Вилнус и Запа, одговорот е - никаква“. Мене ми е лековита непретенциозноста и неоптовареноста со значењата и историските тежини. Мојот избор овојпат е Владо Костов и неговата „отпадна уметност“. Во канцеларија имам една негова железна конкубина, со долги нозе и мало пивско меше. Самоуверена, спокојна, секси. Му ја сакам и серијата музичари, направени од старо железо, фрлени алуминиумски парчиња, делови од машини и триста чуда. Ваце буричка по отпадите и она што ќе го одбере, попат некако добива душа. Нели е тоа истото што ние го правиме и со нашите животи? сабота, 8 септември 2012
Еден љубител на книги велеше дека читањето е виш степен на егзистенција. И затоа ме снеможува чувството дека долгогодишното живеење на интернет ми ги има нагризано трпението и спокојот на читањето. Интернетот често е како џанк фуд, консумираш брзо, голташ без многу џвакање. А пуста душа, си бара сарма. А за сарма треба посветеност, денот да е твој, да те остави на само. За среќа, заради биографски факти, јас сум олд скул, па интернетот не може да ја дотепа потребата да земеш книга и да се фрлиш во неа. „Утринава се разбудив со најдобра намера“, така почнуваат приказните во „Дневникот на Дора“, своевремено објавувани во неповторливиот сплитски неделник „Ферал трибјун“. Ова е една од оние книги што со своето лудило те штитат од неподносливата логика на реалноста. Премногу реалност не е на арно. Каламбурите на Сењановиќ, лудувањата на „Монти Пајтон“, безобразноста на Саша Барон Коен, сето тоа го јакне имунолошкиот систем на еден организам, секојдневно изложен на баналноста „куќа-посо, куќа-куќа, посо-посо“, или што и да е.
13
Години на самостојност
НЕЗАВИСНИ ОД СОПС Како на референдумот да гласавме за самостојност со можност никогаш да не се одвоиме од сојузот на кој припаѓавме. И тоа од неговиот најмалку културен слој. Можност што толку многу ја користевме, толку ни значеше, што првиот дел од прашањето стана безмалку спореден
14
Пишува Злате Лозановски
О
д осамостојувањето на државата до денес не сме решиле речиси ниеден од суштинските проблеми во културата. Има нешто уште позагрижувачко: на видикот нема никакви уверливи знаци дека некој од нив во догледно време ќе биде решен на општо задоволство. Не треба да се оди многу далеку за да се најдат докази за ваквото тврдење: тоа што се случуваше во изминативе дваесетина дена, ни се случува, mutatis mutandis, и во изминативе дваесетина години културна независност. Еве ги настаните на денот: Министерството за култура најави јавна расправа за изработка на петгодишна национална стратегија; изложбата „Илјада години писмена традиција во Македонија“, која ќе биде поставена во октомври, во Кралскиот музеј на Мариемонт во Морланвелтс, Белгија, предизвика жестоки реакции кај бугарските историчари и дипломати, по што најавата за настанот ја снема од интернет-страницата на Музејот;
Македонската култура, се разбира, имаше и има светли точки. Би рекол светли поединци, кои ја прославија со својата креативност, творештво, упорност, со своите дела, кои не беа резултат на осмислена поддршка и инвестиција на државата
министерката се сретна со Дејан Лилиќ, кој ја толкува главната улога во рускиот филм „Предавство“, кандидат за „Златен лав“ во Венеција, на што актери-Албанци ѝ забележаа дека со нив не организира такви средби, иако и тие ја претставуваат државата; тукушто завршија разните пиво-спектакли (фестови, лендови) во слава на поранешни ју-рок и на сегашни српски турбоѕвезди; почна изградбата на патот до манастирот „Трескавец“... Ете ги, значи, истите проблеми што се провлекуваат во двете децении зад нас. Како на референдумот да гласавме за самостојност со можност никогаш да не се одвоиме од сојузот на кој припаѓавме. И тоа од неговиот најмалку културен слој. Можност што толку многу ја користевме, толку ни значеше, што првиот дел од прашањето стана безмалку спореден. Оваа држава никогаш не успеа да изгради стратегија. Ако не за да го засилиме, тогаш барем за да го зачуваме нашето најголемо богатство, нашата легитимација, единственото со кое достојно можеше да се претставиме во светот - културата. Напротив, колку што повеќе ја деклариравме нејзината важност, толку помалку ѝ удиравме рецка во практиката: овој владин ресор беше маргинализиран, процентот од буџетот минимален, министерот немоќен, институциите останаа нереформира-
www.gragjanski.mk
СТВЕНАТА КУЛТУРА За гостувањата на истрошените ѕвезди од ни, изгубени во времето, продолжена рака југословенската естрада (како онаа чорба) на власта. Никаков државен план, камоли стратегија, дури и да го имало, не излезе по- не треба ни да се трошат зборови. Никој, ниедна владина гарнитура, никогаш не се далеку од нечија фиока, не успеа да помести ни обиде да воспостави некаков ред, каништо од мртва точка. На земјата со „илјада години писмена тра- моли брана пред поплавата на турбофолк од север. Поради таквата „политика“ на диција“ за неколку години ѝ се случи крах токму на писменоста. Македонскиот јазик - раширени раце, општонародната еуфорија за спектаклуци, во кои македонските пејаграницата на нашата татковина - стигна на чи се статисти, не престана до денес. Што раб на пропаст: државата финансираше и објавуваше речници со српски, а немаше, може, во големата слика, да смени концертот на „балканските легенди“ во арената и сè уште нема, свој толковен речник од А до Ш. Затворени во својата самостојност, „Филип Втори“, со кој државата ќе прослави 21 година независност? не успеавме да направиме ништо што ќе Камен-темелникот за изградба на пат до го ублажи неговото негирање од соседите (исклучок, кој, сепак, не го смени правилото, манастирот „Трескавец“ е светлина на свеќа, која го нагласува големиот мрак во беше „признавањето“ на јазикот од страна кој беше и сè уште се наоѓа нашето кулна Бугарија, што го издејствува владата на турно наследство, посебно манастирите. Љубчо Георгиевски). Незадоволството, реакциите за „селективен Уништени фрески, украдени икони, недостапни, риунирани споменици на вековната пристап“ и воопшто за дискриминација кај авторите-Албанци никогаш не престанаа. просветителска, градителска, сликарска, Тие формираа паралелни здруженија и ин- верска и воопшто културна традиција: тоа ституции, бараа посебна ставка во буџетот е наследството што го пренесуваме од мандат во мандат. за култура и на секој начин се обидуваа да Македонската култура, се разбира, имаше и докажат дека пред државата (законот) не се рамноправни со своите колеги-Македонци. има светли точки. Би рекол светли поединци, кои ја прославија со својата креативност, Никој не најде модел, начин на однесување творештво, упорност, со своите дела, кои и одлучување - ниту посебно се потруди - со кој ќе бидат задоволни „двете страни“. Про- не беа резултат на осмислена поддршка и инвестиција на државата. Таа, најчесто, блемите не беа ублажени ни во времето кога отпосле ги признаваше, прифаќаше, се министер за култура беше Албанец.
сабота, 8 септември 2012
Треба да се извлечат и некакви поуки од овој скапо платен експеримент. На пример, дека политиката, односно државата, и не била толку немоќна да прави големи, радикални промени, како што изгледаше претходните години
фалеше со нив, но никогаш не успеа да го стави авторот-уметник на местото од кое сè (ќе) почнува. Таквите проблесоци, за жал, не можеа многу да ја сменат генералната слика за нацијата; во пејзажот продолжија да доминираат сивило, анемија, потпросечност, полтронство, полуписменост, инфериорност. На таква култура не беше тешко да ѝ се случи државен удар: „Скопје 2014“. Потресот, рамен на оној од 1963 година, на најрадикален начин ја демонстрираше моќта на политиката, поточно на властодршците, да менува и тоа радикално: од заеднички физички простор до поединечен ментален склоп. Треба и мора - што не значи дека е лесно - јавно да се расправа за далекусежните последици од овој длабок рез во културата (проектот беше спакуван како културен), за вредностите на делата, за позицијата на авторите - архитекти, уметници - за сфаќањата на историјата, идентитетот и за редица други прашања што се отворија. Но, треба да се извлечат и некакви поуки од овој скапо платен експеримент. На пример, дека политиката, односно државата, и не била толку немоќна да прави големи, радикални промени, како што изгледаше претходните години. И, уште поважно и многу потешко, политиката мора да биде во служба на културата, а не обратно, како во случајов. Ако сакаме да ја има. Би додал: да нè има.
15
Интервју
Фред Келемен
Мајстор на црно-белата тишина кинематографер
Фред Келемен, добитник на „Златна камера 300“ на 32. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола доаѓа како претседател на жирито за доделување на главната награда на Фестивалот
# Немам сопствен метод. Едноставно, се
Разговараше Тони Димков
К
препуштам во полето на имагинацијата. Се обидувам да го видам целиот филм во моите мисли, сцена по сцена, пред да почнам со снимањето да го замислам толку прецизно како да станува збор за филм што веќе сум го гледал и, на некој начин, се обидувам да запомнам филм што сè уште не постои. Најмистериозниот и најважниот клуч за влез во срцевината на уметноста на филмот е релацијата меѓу времето и светлината. Работата со времето и со светлината, како и со нејзиниот составен дел - темнината, е со суштинско значење. Долгите кадри не го издолжуваат дејството, туку просторот во кој се случува дејството, како простор меѓу две ѕвезди или планети, времето ја исткајува заднината на која мотивите и облиците на моменталното присуство на одреденото физичко тело на актерите, објектите, животните, сенките, светлината и друго, се втиснати. Времето, исто така, ја исткајува тишината од која врескаат звуци, темнината од која избликнува светлост, смртта од која изникнува живот и во која на крајот сè се повлекува.
инематичката визија на Фред Келемен освојува на прв поглед. Барем такво силно влијание имаат неговите кадри во филмовите што ги сними со унгарскиот режисер Бела Тар. Нивното последно заедничко дело „Коњот од Торино“ ги измести границите на филмската уметност, поставувајќи ги вистинските вредности на вистинското место. Што е потребно за упорно да се трага по совршениот израз - желба, љубов, талент? Прецизно, пластично и многу искрено, Келемен одговара на дел од овие, секогаш отворени, прашања.
$ Филмот „Коњот од Торино“ сè уште
предизвикува фасцинација во киносалите. Какво чувство се појавува кај вас отпосле, кога работата е завршена, а сè уште пристигнуваат наградите за сработеното? # Станува збор за моментално, но прекрасно чувство на тишина, длабока внатрешна радост затоа што вашата работа е призната од колегите, на пример, од членовите на жирито, како и од публиката. Но, наградите не се најважното нешто, најважен е чинот на креација.
$ Кои се Вашите методи на градење
композиција на кадарот? Дали долгиот кадар значи само екстензија на дејство или, можеби, и на чувство?
16
Уште од почетокот филмот го сфатив како целина на сите кинематички елементи и кога филмот ќе почне да се раѓа во моите мисли, барајќи да биде реализиран, сето тоа го гледам како една целина
$ Филмот е комплексна уметност што
вклучува голема филмска екипа. На кој начин комуницирате со режисерот и со актерите? Што очекувате од нив? # Имам многу едноставна комуникација со луѓето. Ништо специјално. И не очекувам нешто посебно, сосема доволно е да ни се совпаднат желбата и страста да креираме заедно, заемно да се почитуваме и поддржу-
ваме, да создадеме атмосфера на доверба, широкоградост и искреност, со која невозможното и чудесното ќе станат реалност.
$ Филмската технологија напредува
многу брзо. Дали имате омилена камера? Што повеќе сакате да користите за снимање во последно време - филмска лента или дигитален формат? # Повеќе ја сакам филмската лента од едноставна причина - таа е материјалот што има подобар квалитет. И сакам да снимам со филмска камера. Станува збор за механичка технологија која функционира перфектно, отпорна е на топлина и на студ, а фотохемискиот процес на експозиција на филмската лента, наместо креирање електронски датабази, е единствениот начин на впишување и одразување на светлината. Дигиталната камера е компјутер во кој се одвива процес на симулација на светлината. Внатрешната суштина на сликата, начинот на кој светлината се движи и се распростира, самиот оптички процес, „магијата“ на начинот со кој светлината се втиснува на материјалот во моментот кога ќе допре до неговата површина, сето тоа, и многу повеќе, резултира со уникатен и супериорен квалитет на филмската лента во однос на дигиталните записи. Прашањата за карактерот на материјалот се длабоко поврзани со метафизичките прашања. Ако ја изгубиме филмската лента, ќе изгубиме многу повеќе од обичен материјал за снимање, ќе ги изгубиме знаењето, имагинацијата, сопwww.gragjanski.mk
Фред Келемен
СИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ВО ФИЛМОТ СЕ ВО ИНТЕРАКЦИЈА И ЗАЕМНО СИ ПРИПАЃААТ ЕДЕН НА ДРУГ, ДОДЕКА ВО ЖИВОТ ГИ ДРЖИ ЕДНО СРЦЕ - ВИЗИЈАТА ствениот пристап до светот, ќе го загуби- талните слики, и нов јазик, и нова форма, и нов начин на гледање и претставување на ме срцето на седмата уметност и, на некој нештата. До овој момент „дигиталците“ (јас начин, ќе ги изгубиме нашите очи, бидејќи не ги нарекувам дигитални филмови, туку ќе ја изгубиме светлината. Во денешно време седмата уметност тивко се открад- „дигиталци“, бидејќи се снимени дигитално, нува од нас. Ние мораме да ја одбраниме. аналогно на „филмови“ што се снимени на филмска лента) само се обидуваат да изглеДоминацијата на економските прашања ги даат како филм. уништува сите други квалитети. Но, колку што е можно подолго треба да издржиме и да продолжиме со снимање на филмска $ На почетокот на кариерата се занилента. Има голема разлика меѓу вистински мававте и со филозофија, религиски и лажен дијамант. Светлината се рефлек- науки, музика, театар, сам ги режиравте тира на различен начин. Вистинскиот дија- своите филмови. Колку е битна севкупмант го прави тоа на брилијантен и многу носта на сопственото знаење и искуство побогат начин. Истите разлики постојат во создавањето уметнички проекти? и во споредбата на материјал снимен на # Единствени вистински, моќни и автенфилмска лента и дигитално. Материјалот тични извори за уметничко дејствување се навистина е битен. Има голема разлика, на личното искуство и магијата на инспирапример, меѓу скулптура направена од мер- цијата. Другите уметности, особено слимер и направена од пластика. Двата мате- кањето и музиката, многу ми открија за ријала можат да бидат соодветен избор за уметноста на филмот. Филмот е визуелна одредено уметничко дело. Но, сигурно нема уметност и постојано се менува со текот на да биде автентичен уметнички избор да се времето. Постоењето на елементот време направи пластична копија на скулптура од многу повеќе го доближува филмот до мумермер, а таа да изгледа како да е од мермер. зиката отколку до книжевноста. Од филмот Ќе мора да донесеме одлука дали сакаме да можете да ги извадите зборовите, звукот, го добиеме вистинското или ќе прифатиме музиката, приказната, актерите, но не мода бидеме задоволни со лажното. Колку што жете да ја извадите сликата. Според мене, повеќе ги прифаќаме лажните вредности, сликата е доминантниот елемент во филтолку повеќе ги трансформираме нашите мот, јазикот е визуелен, сликата е кинематживоти и самите себе во лажни. Се губиме ски свет и камерата го раскажува филмот, самите себе чекор по чекор. И одеднаш сè како што, на пример, четката го бојосува е изгубено. Дигиталната слика треба да из- платното. Четката се движи. Навистина е гледа како дигитална слика, а не како сли- важно на кој начин се движи. Исто така, вака која речиси изгледа како да е направена жно е на кој начин се движи камерата. Двина филм. Не смееме да трагаме по нешто жењето, танцувањето со светот што се наоѓа што изгледа „речиси како“, туку треба да околу камерата, го создава кинематичкиот трагаме по нешто автентично, не треба да свет. Уште од почетокот филмот го сфатив живееме „речиси“, во „речиси како“ свет, како целина на сите кинематички елементи туку треба да живееме автентичен живот и кога филмот ќе почне да се раѓа во моите во вистинскиот свет. Тоа е потребно заради мисли, барајќи да биде реализиран, сето тоа нашето човечко достоинство. Кога станува го гледам како една целина. Кога ќе напизбор за прашањето на нашето достоинство, шам сценарио, сликите веќе се тука, исто етичко прашање е да не ја употребуваме така, и движењето на камерата, и осветлудигиталната технологија за да произведува- вањето, целото расположение и атмосфера ме слики што изгледаат речиси како филм, се тука. Никогаш не сум се претставувал туку да пронајдеме нова естетика за диги- себеси како режисер ниту, пак, како кој
сабота, 8 септември 2012
било друг вид професионалец во одредена област, туку едноставно сакам да правам филмови и себеси се гледам како филмски уметник. Не можам да ги одделам филмските елементи еден од друг. Филмот е организам. Сите елементи се во интеракција и заемно си припаѓаат еден на друг, додека во живот ги држи едно срце - визијата.
$ Какво е Вашето лично чувство - кол-
Никогаш не сум се претставувал себеси како режисер ниту, пак, како кој било друг вид професионалец во одредена област, туку едноставно сакам да правам филмови и себеси се гледам како филмски уметник
ку уметноста може да одговори на прашањето за смислата на човековиот живот? Во што ја пронаоѓате смислата на своето постоење? # Уметноста нема обврска да дава одговори, а може да поставува прашања, препорачливо е тоа да бидат вистинските. Одговорите треба да бидат дадени од секој од нас, во зависност од нашето животно искуство. Секој од нас е свесен дека еден ден ќе умре. Но, сè уште наутро стануваме од кревет, јадеме, пиеме, се вљубуваме, се грижиме за себе и за другите околу нас, се бориме секој ден, дури и создаваме многу нешта, создаваме деца кои ќе пораснат и еден ден и тие, како нас, ќе умрат. Дали сето тоа има некаква смисла? Еден ден ќе се изгубиме во бескрајната нишка на времето, но постојано се бориме не да го изгубиме, туку да добиеме повеќе време. Тоа време ни е потребно да создадеме убавина, да стекнеме знаење, да возвратиме на тоа што сме го добиле. Можеби сите ние сме дел од бесконечен синџир што нè поврзува со прапочетоците, од една страна, и со крајот на времето, од другата страна, и, можеби, ние сме алки што ќе бидат раскинати ако престанеме да се бориме. Сигурно е дека сме дел од една голема мистерија и, можеби, сме дел од креацијата на голема текстура во која секој од нас е важен, како во голем оркестар во кој секој инструмент има свое значење и ниту од еден глас ниту од еден инструмент не би можеле да се откажеме. Соочувајќи се со нашата смртност и кршливост, со нашата припадност на материјалниот свет, прашањето што се поставува и кое треба да го постават уметниците е - како да живееме достоинствен човечки живот, како да сакаме и како да создаваме смисла, или, како што напишал Ниче, како да ì дадеме живот на ѕвездата што танцува.
$ Ако Гус ван Сант постојано го истак-
нува влијанието што врз него го имал Бела Тар, чие влијание беше пресудно за Вашиот творечки развој? # Најголемо влијание во мојата работа имаат искуствата што сум ги стекнал во својот живот. Најважно е да знаете да ги гледате и да ги препознавате нештата со отворени очи, срце и ум. Да го заборавиме „киното“ и да се обидеме да бидеме први кои ќе бидат свесни за малите нешта во нашите животи и да се обидеме да допреме барем една нишка од вистинската убавина и тага од нашата кршлива физичка и духовна егзистенција во моменти кои, можеби, ни го отвораат патот кон вечноста со внимателен човечки однос, или со фрагмент од филмската уметност. 17
Артерија/Фестивал „Миксер“
Необичните патеки на креативноста
Б
елградскиот фестивал на креа- „Освен со финансиски, екипата собрана тивноста „Миксер“ е создаден околу ‚Миксер‘ не се среќаваше со некако продолжение на „Ghost кои поголеми проблеми“, објасни Иван project“, мал, активистички про- Лалиќ. Навистина, требаше да се спроект, чија задача беше да ја мапи- веде идејата на „чадор“, односно во прора, мотивира и „принуди“ српската сцена грамата да се вклучат сите креативни за индустриски дизајн да евалуира од 2-Д иницијативи на културната сцена. Но, компјутерска форма во 3-Д формат, кој и покрај недоволните средства, идејата подразбира изработка на прототипови. на Фестивалот - тврди Лалиќ - веројатно Со оглед на тоа што културната органи- заради „својата свежина и позитивното зација „Миксер“ постои повеќе години безобразие“, наиде на одличен прием на белградската културна сцена, овој ис- во јавноста. Целта на „Миксер“ е да се чекор во 2006 г. беше претходник, најава одржи скандинавскиот модел на целосза создавањето на Фестивалот „Миксер“ но бесплатен настан во чија срцевина во 2009 година, кога за првпат беа за- е - достапноста. И тој настан не е само поседнати силосите во Дорќол. Првиот белградски или српски, тој веќе е плат„Миксер“ во 2009 г. беше фестивал „no форма за креативните групи, поединци budget“, набиен со неверојатна позитив- од целиот регион, во која веќе две гона енергија и брзо стана засолниште на дини мошне истакнато место има и маилјадници креативни луѓе. Само по три кедонскиот партнер „Skopje dizajn week“ години „Миксер“ стана неспорна пара- (СДВ), односно „Министерството за задодигма на креативноста на културната волство“. мапа на Балканот. Соработката со македонските партнери
САМО ПО ТРИ ГОДИНИ „МИКСЕР“ СТАНА НЕСПОРНА ПАРАДИГМА НА КРЕАТИВНОСТА НА КУЛТУРНАТА МАПА НА БАЛКАНОТ сабота, 8 септември 2012
И покрај недоволните средства, идејата на Фестивалот, веројатно, заради „својата свежина и позитивното безобразие“ наиде на одличен прием во јавноста
Најголемиот регионален Фестивал на креативноста „Миксер“ ќе се претстави на Неделата на дизајнот во Скопје
започна во 2011 г., кога на „Миксер“ учествуваше „Јавна соба“ („Public room“), кој на публикaта во Белград ì ги претстави и дизајнерите од Македонија. Годинава, патувачката изложба на „Министерството за задоволство“ беше многу поголема, составена од мошне разновидни дела - од млади дизајнери на накит до врвни дизајн-компании, како што е „Завар дизајн“. „Очекуваме следната година да имаме уште повеќе учесници од Македонија, особено млади продукт-дизајнери, кои ќе можат да се претстават во ‚Миксер хаус‘ во континуитет, во текот на цела година“, нагласи Лалиќ. На „Скопје дизајн вик“ гостите од Белград ќе се претстават со селекциите „Ghost project“ и „Young Balkan designers“, како и со презентацијата на новиот концепт на „Миксер хаус“. „Бевме гости на минатогодишниот, прв фестивал на дизајнот во Скопје и стекнавме впечаток дека се тргнати по добар пат. Се чувствува голем ентузијазам и креативен набој што мора да успее. Менаџментот на Фестивалот е многу професионален и компетентен и со своите селекции и креирањето на програмата го прави секое следно претставување да биде сè подобро“, потенцира Лалиќ. (Т.Д.) 19
Филм
Македонскиот краткометражен филм „Епизодист“ на Игор Алексов, награден за најдобар интернационален краткометражен филм на фестивалот „Holly Shorts“ во Лос Анџелес, е уште еден доказ дека имаме млади автори кои решително и самоуверено ја збогатуваат нашата филмска ризница со повеќеслојни и уникатни дела, притоа градејќи ја својата естетика, исцртувајќи ги контурите на својот уметнички свет
Епизодист во сопствениот живот Пишува Златко Ѓелески
„Е
пизодист“ е уште еден успешен проект на млада и потентна група филмски автори на кои им останува иднината на македонскиот филм. Филмот е компактен и соодветно ги прикажува световите и илузиите што се уриваат, кога ќе стапи во сила механизмот на лицемерството и двојниот морал. Со оглед на тоа што филмот функционира како флешбек во седумдесеттите години од минатиот век, несомнено е дека костимографијата и сценографијата одлично ги имаат поставено временските координати во кои ќе се одвива оваа модерна трагедија за Ана МихаелаСтефанова. Тоа е девојката која сака да биде актерка и добива епизодна улога во филмот што ќе ì ги отвори очите - и за начинот на кој функционира шоу-бизнисот и за бескрупулозноста на светот во кој живее, а на крај 20
да се дистанцира од него, посветувајќи им се на црковниот мир и на калуѓерството. Не верувам дека е тешко да се направи скок од неколку декади наназад, со оглед на тоа што има луѓе кои сè уште гордо ги величат симболите на социјализмот, хранејќи ја илузијата дека сè уште живеат во таа држава. Овој филм го покажува лицето на тој брутален тоталитаризам (за што може да посведочи сцената со аудицијата, стилизирана на тој начин да изгледа како соба за испрашување, каде што соголувањето на сведокот ќе стане цел на психолошкиот терор и изживувањето). Можеби, најпарадоксална е репликата на сликарот за тоа дека уметниците нема повеќе да се вреднуваат според нивната партиска книшка, која и денес е еден од предусловите да се стане уметник. Самоволството на моќниците кои применуваат психичка тортура кулминира во телесно силување во сцената од мета-филwww.gragjanski.mk
Филм
Филмот е компактен и соодветно ги прикажува световите и илузиите што се уриваат, кога ќе стапи во сила механизмот на лицемерството и двојниот морал мот. Објективизацијата на главниот женски лик започнува од опредметувањето и искористувањето од нејзиниот сопруг - уметникот кој има повеќе време за своите дела отколку за неа, мајката на Ана која бесчувствително ја деградира својата ќерка и филмскиот свет кој ја третира само како уште една актерка која ќе истрпи една доза омаловажување за да бидат реализирани нивните перверзии под изговор на уметноста. Кога би се контекстуализирал односот меѓу мета-филмот и Ана, тогаш имаме метафора за односот помеѓу тоталитаристичкиот режим и беспомошниот народ, немоќен да се спротивстави на оваа добро подмачкана машина што во свои раце ги држи сите конци на куклите во врвовите на институциите. Епилогот во кој се поедноставува вкупното дејство на филмот, редуцирајќи го на изговорот дека станува збор за кошмар, е едно од најупотребените и најзлоупотре-
сабота, 8 септември 2012
бените филмски клишеа на сите времиња. Тоа е наједноставен начин да се оправдаат средствата со кои се доаѓа до целта, иако малкумина се извлекле од ова злосторство. Авторите на овој филм имаат пронајдено соодветен начин за аргументирање на оваа одлука и со тоа се спасуваат од линчувањето од страна на измамените гледачи. Ана е одлично изграден лик, чиј неизвалкан поглед на светот е елоквентна премиса за создавање на едно силување/одмазда, сценарио кое Александар Русјаков одлично го има реализирано. Имено, сцената во која се извршува грозоморниот чин е снимена во статичен кадар, доближувајќи се до домените на „irreversible“ на Гаспар Ное, докажувајќи дека силувањето не е сексуален, туку симболичен чин на наметнување моќ, односно „егзорцизам“, како што посочува самата реплика на силувачот во филмот. Тука веќе почнува да се реализира сценариото „I Spit On Your Grave“, каде што
Име: „Епизодист“ (Bit Player) Година: 2012 Држава: Македонија Жанр: драма Времетраење: 23 минути Режија: Игор Алексов Сценарио: Александар Русјаков
Улоги: Јана Стојановска,
Силвија Стојановска, Игор Ангелов, Предраг Павловски, Славица Јовановска, Кирил Ристоски, Благица Трпковска
ладнокрвната изведба на Силвија Стојановска е најдоброто решение за убедливо доловување на сегментот на одмаздата од сценариото. На актерски план, изборот за портретирање на ликот на Ана од страна на Силвија и на Јана, во различни периоди од животот, се покажа дека е полн погодок. Кога на сето тоа ќе се додадат и останатите одлични изведби, пред сè, на Игор Ангелов, човек кој маестрално се трансформира во ликови со кои многу лесно го задржува вниманието на сите гледачи. Покрај тоа, Алексов се докажа како режисер кој знае да создаде и загадочен амбиент во сцените во кои се прикажува физичката и психичката тортура, направи храбар чекор кон визуелната стилизација на теми што и денес се табу во филмскиот свет, успешно прикажувајќи ја дисекцијата на еден друг режим со други вредности. Останува да се надеваме дека соработката меѓу Русјаков и Алексов ќе продолжи и во некој долгометражен проект што ќе биде подеднакво искрен во прикажувањето на ѕверството на тоталитарниот свет во кој се робува на едноумието и се испишуваат приказните на идните Ана Михаела-Стефанови, а кои ќе бидат предмет на злоупотреба на новите режими.
21
Артерија „Викторијанска“ музика во Австралија
По 27. пат во Викторија, Австралија, од 7 до 9 декември, ќе се случува музичкиот фестивал „Мередит“. Како и лани, така и годинава организаторите успеаја да креираат одличен лајн-ап со бендови како што се: „Прајмал скрим“, „Фоур тет“, „Спиритуалајзед“, „Гримс“, Омар Сулејман, Чет Фејкер и многу други.
Албумот на „Депеш мод“ чека наслов
Новиот албум на составот „Депеш мод“ е најавен за април 2013 година, по што ќе следува и голема светска турнеја. За да ги смири нетрпеливите фанови, членот на бендот, Мартин Гор, изјави дека 13. студиско издание нема да биде реализирано подоцна од април следната година. Во моментов, во студиото на Гор во Санта Барбара, Калифорнија, се подготвува нивниот нов албум, што сè уште нема потврден наслов.
Кинескиот популарен дизајн од 20 век „China Modern: Дизајнирајќи ја популарната култура на 20 век“ е наслов на изложбата што месецов е поставена во музејот „Пацифик Азија“ во Пасадена, Калифорнија, а ќе трае до март 2013 година
„C
hina Modern“ е хроника на менувањата и транзициите на земјата, со славење на графичката уметност и материјалната култура. Повеќе од 180 дела: литографии, принтани книги, постери, принтови на свила, текстил, дигитални принтови и пропагандни материјали, го претставуваат начинот на кој двете политички идеологии и културни вредности се пренесени преку конвенционалните објекти. Кураторот на изложбата, Калим Вината, верува дека „овие секојдневни 22
материјали се мали чекори со кои се направени големи културни промени“. Ова е прва изложба на графичка уметност и дизајн на продукти од династијата Кинг од немирниот 20 век, која го рефлектира и влијанието што го имал уметничкиот адвертајзинг на современите искуства. „China modern“ е поделена на четири секции: Графичка традиција - популарен дизајн од доцната династија Кинг до раната Република; Космополитски капитализам: Шангај под Републиката; Револуција во културата: дизајнирајќи ја Републиката на луѓето; и Естетика на
носталгијата. Изложбата содржи моќни обејкти што се иконични за кинеската култура и кои може да бидат универзално почитувани и носи разбирање на кинеската политичка, комерцијална и уметничка транзиција во модерната ера. „Оваа изложба ни овозможува да сфатиме колку Кина е динамична и како се случувал пресвртот од комунизам во капитализам, ден по ден, гледан преку графичките дизајнери, чија цел била да продадат нешто - продукти или политика“, изјавила Брицит Бреј, асистентка-кураторка во музејот „Пацифик Азија“. www.gragjanski.mk
Артерија
Ал Пачино на Бродвеј
Премиерата на претставата „Гленгери Глен Рос“, според делото на Дејвид Мамет, е закажана за 16 октомври во „Шоенфилд театарот“ на Бродвеј, Њујорк. Режијата е на Даниел Саливан, а во главната улога на Шели Левен е Ал Пачино. Тоа е ејсид-комична драма за очаен агент на недвижен имот.
18.
издание на интернационалниот фестивал на современи уметности, насловено„Град на жената“, е закажано за средината на октомври во главниот град на Словенија, Љубљана. Тоа е „простор“ за презентирање на уметноста на жените-уметници од цел свет и од сите медиуми: музика, театар, литература, визуелни уметности и видеопродукција.
Културен свет
Телевизиските критичари сметаат дека новите епизоди на научнофантастичната серија „Доктор Ху“ ќе бидат вистински блокбастери, каде што Далексите се уште пострашни. Ова ги потврдува мислењата дека оваа серија ќе биде „златен рудник“ на Би-Би-Си уште долго време
„Доктор Ху“ - фабрика за пари на Би-Би-Си
П
рвата сезона на серијата „Доктор Ху“ е емитувана во 1963 година, а заврши во 1989 година. Од 2005 година до денес, новите генерации од цел свет повторно се маѓепсани од авантурите на владетелот на времето, доктор Ху (хуманоиден вонземјанин кој, во придружба на избраничка од планетата Земја, патува низ времето до вселенскиот брод, сличен на телефонска говорница, и го спасува човештвото од сабота, 8 септември 2012
непријателите), во истоимената серија „Доктор Ху“. И покрај промените во актерската екипа, Кристофер Еклстон, Дејвид Тенант (кој и досега беше најсаканиот доктор Ху) и Мет Смит, публиката едвај чека да ги види новите епизоди што почнаа да се емитуваат на 3 септемрви на Би-Би-Си 1 и низ САД, почнувајќи со првата епизода, насловена „Азилот на Далексите“. „Никогаш нема да кажам дека ми е доста од парите заработени од серијата. Тоа е како да ме прашате дали сум доволно среќен. Никогаш нема до-
волно среќа, исто како што никогаш не ми се доволни парите“, изјавил Стивен Мофат, сценарист и продуцент на серијата. Тој најавил дека новите епизоди ќе бидат апсолутен хит, и тоа сите до една, а открил дури и дека е можно да се сними женска верзија, односно доктор Ху да биде жена. Во однос на филмската верзија, Мофат вели дека и тоа ќе се случи наскоро, но оти она што може да се достигне со сериите, одењето со идеи во бескрај, никогаш не може да се реализира со филмот. 23
Досие
„Проклетство“, „Сатанско танго“, „Човекот од Лондон“ и „Торинскиот коњ“ се најпознатите филмски дела на унгарскиот режисер Бела Тар. Неговиот уметнички идентитет го обликуваат црно-белите филмови со хипнотизирачки, бавни, долги кадри, тишина и пантомима - контрапунктови на холивудските блокбастери
Ф
илмовите на Тар се органски и мисловни во однос на нивната интенција, а не во однос на следењето на современоста. Тие го проектираат животот, оној реалниот, нешто што современиот филм никогаш не може да го постигне. Тој е секогаш многу блиску до реалниот ритам на животот. Тој е птицата на новото кино. Тој е еден од ретките генијални филмски визионери. Првиот филм, насловен „Семејно гнездо“, го снимил во 1977 година, на 22-годишна возраст, со многу енергија. За него тоа биле години на лоши филмови, лоши актери, лажни приказни, лажни слики во боја. Токму тоа го испровоцирало да ја земе камерата в раце и да им го покаже на луѓето вистинскиот живот, да им ја раскаже вистинската приказна, зашто му било неприфатливо таа да остане таква каква што била - лажна. „Тоа беше клучен момент, кога одлучив да снимам филмови и знаев како ќе го правам тоа - без чукање на врата, туку со нејзино уривање, со уништување на целиот тој лажен свет. Но, дури по многу години сфатив дека сета таа енергија и емоции, што ги вложив, не се доволни за да се промени светот“, рекол Бела Тар. Тар отсекогаш бил заинтересиран за ништовното. Се „враќал“ во времето за да ги научи нештата одново, за да ги открие детаљно почетоците на создавањето на филмот. Токму затоа модерното кино никогаш не се случило во неговиот израз.
„Човекот од Лондон“ (2007) со Тилда Свинтон во главна улога;
Од тишината на Ниче до голиот живот на телото: „Торинскиот коњ“ е последниот филм во опусот на Бела Тар, посветен на уништувачката емотивна голотија
24
Господ долгит www.gragjanski.mk
рубрика
Бела Тар
СреќеН Сум, КаКо шТо еДНаш реКоЛ роБерТ аЛТмаН, БиДеЈќи ги СНимив СиТе фиЛмови шТо СаКав Да ги СНимам. и оСоБеНо Сум горД шТо Не НаПравив НиТу еДеН КомПромиС. меНе ми е Тоа ДовоЛНо
иНТереСНи фаКТи - Во неговите филмови критиката најде многу заеднички елементи со оние од Касаветес, но Тар вели дека отсекогаш бил под големо влијание на филмската уметност на Андреј Тарковски и Рајнер Вернер Фасбиндер, неговите најголеми идоли;
дарот на те кадри сабота, 8 септември 2012
- Цинизмот на Тар е како оној на Кјубрик - цинизам на големата уметност. Тој навлегува во апсурдите, каде што цинизмот, сам по себе, е импотентен. - „Натпреварот е за коњите, а не за уметниците“;
- „Во уметноста има само бавни и брзи развои. Всушност, се работи за еволуција, а не за револуција“;
- „Актерите се експлоатирани од капиталистичките менаџери, а не од државата“; -„Поради мојот филмски
Наследена уметност. Роден е во Печ, но израснал во Будимпешта, во семејство на уметници. Родителите му биле во театарската и во филмската индустрија: татко му бил сценограф, а мајка му суфлерка, повеќе од 50 години. Кога имал 10 години, мајка му го одвела на кастинг во Унгарската народна телевизија, каде што ја добил улогата на синот во ТВ-драмата „Смртта на Иван Илич“, според делото на Л.Н. Толстој. Следувале уште неколку улоги, но потоа се откажал заради идејата да биде филозоф, а филмот да му биде само хоби. Сепак, страста кон подвижната слика еруптирала во него и по шеснаесеттата година снимил неколку кратки филмови, поради кои унгарската влада не му дозволила да студира режија, па се запишал на филмска продукција. Овие филмови биле документарци за животот на работниците и на сиромашните луѓе низ Унгарија и го привлекле вниманието на студиото „Бела Балаж“. Тие технички му помогнале на Тар да го сними првиот долгометражен филм за само пет дена, насловен „Семејно гнездо“, во 1977 година. Но, без буџет и без професионална актерска екипа. За кусо време, со ова дело, Тар предизвикал многу внимание во филмските кругови. Дипломирал на Унгарската школа за театарски и филмски уметности и во следните неколку години ги снимил филмовите: „Аутсајдер“ (1980) и „Монтажни луѓе“ (1981). Но, со телевизиската адаптација на „Магбет“, во 1982 година, неговата работа почнала драматично да се менува и токму овој ТВ-филм ја најавува уметничката сензибилност на Тар: апстрактни пејзажи и долги кадри. „Вистинските режисери имаат свој стил. Сметам дека сè е во квалитетот. Кога ќе видам дека нечие дело е навистина силно, тогаш го почитувам. Но, не сакам да следам никого и немам причина да го правам тоа. А, вистинскиот квалитет не е за ’Оскар‘. Посебните филмови и сензибилитети се за луѓето, за лична употреба. Сè останато е дел од ’заебаниот‘ бизнис, што не е и мој бизнис. Таквиот забавен тип филмови го сметам за ’детска градинка‘. И, ве молам, не ме прашувајте за холивудските режисери, бидејќи и тие ги гледаат моите филмови“, изјавил Тар. 25
Досие Тегобни дела. По 1984 година Тар ја почнал соработката со унгарскиот писател Лазло Кразнакорхаи, со кого го создал филмот „Проклетство“ (1988), а седум години подоцна и филмската адаптација на епската новела „Сатанско танго“. Во новиот милениум Тар влегол во нов предизвик - нем филм - и го создал „Вејкмајстеровите хармонии“, каде што еден кадар трае и по 12 минути, за кои на Тар му биле потребни месеци, зашто ниту еден камерман не можел толку долго, смирено и прецизно да ја држи камерата. И покрај тешкотиите, филмот бил широко дочекан на сите фестивали, а Тар изјавил: „Кога ја држите камерата, имате голема одговорност. Затоа, кога снимате филмови, ве молам, никогаш не лажете. Мора да се покажете себеси, вашето видување на светот, вашиот однос кон него. Тоа е основната точка. Снимањето филмови е повеќе морално и етичко прашање отколку техничко“. По „Вејкмајстеровите хармонии“ го снимил „Човекот од Лондон“, чија премиера се случи на Канскиот филмски фестивал во 2007 година, со голема светска фестивалска турнеја следната година, кога Тар почнал да го снима маестралното филмско дело „Торинскиот коњ“, што е, всушност, и последното негово остварување. Во двата пеколни, бесконечни филмски часови, Тар го прикажува крајот на светот. Почнува со приказната за Фридрих Ниче, кој во 1988 година на улиците на Торино доживува нервен слом, гледајќи како еден јавач го тепа својот коњ. Облеан во солзи и со сочувство, филозофот му се фрлил на коњот околу вратот за да го смири и - го изгубил разумот. Но, во преубавите црно-бели кадри коњот бил само мамка за гледачите, а не содржина. Како библиска инверзија, во шест дена се раствора светот на двајца луѓе, татко и ќерка, чиј тегобен живот минува во страдање и во молчење.
јазик и пантомима бев обележан како тежок режисер“;
-„Не сум човек кој се шегува. Ако речам да, можете да бидете сигурни во тоа, исто и ако речам не. Не сум воопшто загрижен за животот и не сакам да бидам глупав режисер, кој само ќе се поторува себеси и да им станам здодевен на луѓето“.
-„Смртта е финалната, триумфална љубовница“;
- „Не знам дали овој свет може да го спаси некаква револуција или нешто друго. Не сум политичар, не сум верски старешина и не сакам да судам, но можам да направам едно нешто - да кажам како се чувствувам како човечко битие низ моите филмови. Тоа не е многу, јас сум сиромашен филмски режисер. Можете да ме наречете уметник кој не го сака овој свет. Ние само го покажуваме она што го сакаме. И тоа е сè“;
- „Веркмајсторовите хармонии“ (2000) е еден од филмовите на Бела Тар, каде што кучињата го означуваат елементот на апсурдот;
Гас ван Сант изјавил дека филмовите на Бела Тар ги обликувале неговиот режисерски израз и визијата за неговите филмови
Бела Тар со наградата на Берлинскиот филмски фестивал Берлиенале, 2011 година
Тегобноста на филмот „Торинскиот коњ“
Oтсекогаш бил под големо влијание на филмската уметност на Андреј Тарковски
26
www.gragjanski.mk
Бела Тар -„Викајте ме уметник кој не го сака овој свет“. -„Ако немате пари, не можете да снимате филм, значи мора да ги имате парите, па изразот ’независен‘ сосема не кореспондира. Не знам кој денес може да биде независен во филмската индустрија. Единствената разлика е со споредбата меѓу брзата храна и фино подготвената, домашна вечера. Јас ја преферирам ’домашната вечера‘, а не шоу-бизнисот, зашто траењето на тие филмови е максимално два месеца, а потоа одат во ѓубре. Филмовите на Жан Лик Годар, Ејзенштајн... можете да ги гледате и денес, и по 10 години. Тоа се филмови за вечност. Тие ја прикажуваат реалноста“; Фред Келеман, Михали Кормос, Ерика Бок, Бела Тар и неговата сопруга и долгогодишна соработничка, Агнес Храницки, на премиерата на филмот „Торинскиот коњ“, Берлиенале, 2011 година Бела Тар на Берлинскиот Интеркационален филмски фестивал
Писателката Сузан Сонтаг го величаше Тар како еден од спасителите на современиот филм, велејќи дека еднаш во годината со големо задоволство го гледа филмот „Сатанско танго“
Неговата сопруга и долгогодишна соработничка, Агнес Храницки
сабота, 8 септември 2012
- Секогаш велам „нашите филмови“, бидејќи никогаш ништо не направив сам. Секако дека јас одлучувам за крајот на сè и сета одговорност е на мој грб, но работиме заедно. Никогаш не го завршуваме филмот пред да бидеме сите сигурни дека тоа е она што сакавме да го кажеме. Не можам да кажам мој филм. Тоа е толку глупаво. Не го сакам зборот актери. Кога сте пред камерата пет или шест години, веќе не можете да лажете. Затоа секогаш им велам на актерите: Ве молам, не глумете, бидете такви какви што сте. Така можете да го фатите моментот на реалноста во нивните очи и да ја почувствувате реалната реакција и тензија - и меѓу нив и меѓу нашите филмови;
- Живееме во време што не е за смеење. Кога го снимавме последниот филм, „Торинскиот коњ“, имав чувство дека никогаш повеќе не ќе можам да се насмеам. Ако погледнете околу себе, ќе видите уништен свет, за што сме заслужни ние, луѓето
„Сите мои филмови се многу едноставни“, Тар
Крај на филмската кариера. „Веќе нема место за моите филмови, но среќен сум што ги снимив сите што сакав да ги снимам“, изјавил Тар по Берлиеналето во 2011 година, кога одлучил да се прости со публиката. Со филмот „Торинскиот коњ“ ја заврши 35-годишната кариера. „Видов сè што требаше да видам, направив сè што можев и тоа е сè од мене. Се чувствувам подготвен да го напуштам овој предизвик. Не е ништо меланхолично и нема потреба за тоа, зашто зборуваме за работа. Кога одам в кино и кога ќе ги погледнам младите луѓе, кои гледаат во платното, нивните очи блескаат. Затоа не сакам да го видам моментот кога тие ќе почнат да се смеат. Тоа е повторување, а јас не смеам да се повторувам“, рекол Тар. Денес е активен во неговата продукција во Унгарија, каде што соработува со неколкумина млади режисери. Во моментов го продуцира првиот филм на еден млад режисер, а пред него работел со 73-годишен, но особено талениран, режисер кој немал храброст да се бори за својата идеја, како што открил Тар. „Сакам да им ја отворам вратата на младите режисери и да повикам некои од моите повозрасни колеги кои ќе можат да им покажат на младите дека постои нов, поинаков свет. Тие, секако, ќе изберат по кој пат ќе тргнат, но ние сакаме да им ја покажеме вистинската слобода во снимањето филм, кога ќе бидат слободни, отворени кон луѓето. Не сакам да едуцирам луѓе кои сакаат да бидат дел од шоу-бизнисот. Во тој случај тие треба да чукнат на некоја друга врата. Експериментирав во филмот со неколкумина млади и имам чувство дека тие сакаат да бидат дел од филмската индустрија, да бидат успешни и да имаат многу пари, но мислам дека накрај ни самите не знаат што сакаат. Она што го сакаат, а јас имам можност да го видам, мене ми е непознато и чудно. Јас чекам на некој млад човек со вистински уверувања, кој ќе дојде и ќе каже - ајде да правиме радикални филмови. Ова што денес го гледам е еден куп компромиси, и тоа не е мојот свет. Во моментов, само неколку режисери ми го привлекуваат вниманието, а еден од нив е Мексиканецот Карлос Рејгадас. Тој последен успеа да ја пробие вратата, да искрши сè. Останатите сакаат да одат во Кан, да се фотографираат на црвениот тепих. Тоа е толку глупаво!“ По пензионирањето од режијата, тој ì се посветил на новата филмска школа, со центар во Сплит, Хрватска, од која набрзо се разочарал и се повлекол во родната Будимпешта. 27
ЕДНА ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДНА | ТЕМА | ИНТЕРВЈУ | АНАЛИЗА | ФАКТОГРАФИКА
КВОРУМ Зијадин Села, ДПА:
Веле Ѓорѓиевски, ВМРО-ДПМНЕ:
Големи будалаштини
Имаме долг кон бранителите
Во 2001 г. немаше војна меѓу Македонците и Албанците. Во резервниот состав на АРМ имаше и Албанци. Денеска е денот да го вратиме долгот кон бранителите. Целта на овој закон не е да направи поделба по етничка линија, туку да се направи вистински чекор напред во помирувањето
Образложение со поголеми будалаштини не сум чул досега. Албанскиот блок ќе се обедини. Без разлика на партиските определби, во Охридскиот договор не пишува „екстремистички“ или „парамилитарни групи“. Со ваквиот предлог се враќа атмосферата од 2001 година. А, за тоа ќе биде виновно, најголемото зло во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ
Радмила Шеќеринска, СДСМ:
Арбен Лабеништа, ДУИ:
Кукавичка постапка Пуштањето на законот во процедура од страна на ВМРО-ДПМНЕ е кукавичка постапка. Не е чесно како го образложувате законот. Ги уништувате темелите на мултиетничка држава, вие сте пристрасни и антиалбански
Стојанче Ангелов, Достоинство:
Глумење патриотизам Истиот Груевски кој денес глуми патриот, во 2002 г., како министер за финансии, одби да потпише согласност за обесштетување на инвалидите и семејствата на загинатите. Јас ќе ги поддржам и ВМРО, и СДСМ, и сите други што ќе го гласаат законот, зашто ќе се исправи неправда
ВМРО е неискрена, но ќе ја поддржиме Законот не е антиалбански и не е спротивен на Охридскиот договор. Но, на сите ни е јасно дека ова прашање се остава да тлее додека Груевски и Ахмети не седнат и, можеби, ќе постигнат договор. Ако беше искрен предлогот, ВМРОДПМНЕ ќе го поддржеше оној закон за бранителите од 2008 година
Џевад Адеми, ДУИ:
Долга битка до победа на Албанците За првпат во парламентот, поради овој закон, е направена поделба по етничка линија. Ова ќе биде долга битка, во која на крајот ќе победат Албанците
Одбрана и напади врз законот за бранителите
Предлог-законот за правата на бранителите, кој го отвори прашањето за можно раскинување на владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, влезе во собраниска процедура. Расправата за законот ги подели пратениците по етничка линија. ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите партии од македонскиот блок го поддржуваат законот, а ДУИ и ДПА оценуваат дека е штетен за меѓуетничкиот соживот. Првиот ден од расправата беше тензичнo. сабота, 8 септември 2012
29
Црта
Катерина Блажевска
Паѓањето, Според одредени показатели за напредокот, симболично сме некаде на половина пат, на таа недоречена дистанција што некои ја нарекуваат „златна средина“ заради самозадоволителната сигурност на остварената просечност
П
Легислатива која ветува слобода не може самата да биде замена за слободата
30
ланината ќе ја помести оној што прв ќе ги премести камењата, вели една народна поговорка. Македонија веќе 21 година се труди нешто да помести, некогаш помалку успешно, некогаш повеќе, ама ниту поместила планина ниту стигнала до зацртаните врвови. Според одредени показатели што му даваат мерливост на напредокот, симболично сме некаде на половина пат, на таа недоречена дистанција што некои ја нарекуваат „златна средина“ заради самозадоволителната сигурност на остварената просечност. Меѓу дното и просекот е зоната на рутината, меѓу средината и врвот зоната на суштината, на вистинскиот предизвик. Во сите овие изминати години лиценцирани со жигот на самостојноста, имам впечаток дека најчесто се занимававме со рутината. Не со суштината. Во некаква неодговорна заборавеност дека државата секој ден одново се гради, ги туркавме работите да се завршат како-така, за потоа двојно поwww.gragjanski.mk
, сепак, не е лет веќе време да трошиме на санирање на последиците од нашата несистематичност на сите нивоа. Не зборувам за властите, иако и тие имаат мерлива одговорност. Зборувам за сите нас, граѓаните. За секоја индивидуа што секој ден прави мали или големи компромиси со принципи, критериуми, морал и ставови, иако знае дека еден ден ќе стигне цехот за наплата на таа толерирана непромисленост. Зборувам за менталитет на инфериорност што се раководи од очекувањето дека некој друг ќе ја заврши нашата работа, дека некој друг, посупериорен од нас, седнат на масата каде што се мери моќта на меѓународните мускули, ќе ни даде насока, ќе нè поттурне, ќе нè однесе скала погоре... А, ние, како надворешни набљудувачи на својата судбина, само ќе дадеме рецензија за сработеното. Токму затоа денес имаме општество и држава соодветно на нашите (пот)капацитети. „Овој народ, каков-таков“, како што го нарече премиерот во една пригода (во контекст кој немаше намера да го навреди, но, се-
како, звучеше непријатно), ако сака да стане поинаков, мора и поинаку да го уреди својот мисловен простор, да го отвори својот полигон за граѓанска акција, да го направи интерактивно она вградено „поштенско сандаче“ во кое еднонасочно му се дотураат сметки, даноци, штапско-прочистени ставови и пропагандни пораки, за да може аргументирано да ги префактурира, да селектира, да реагира, да иницира... А, тоа не може да се оствари без јавна и транспарентна информација. За да се стигне до тој врв, во смисла на реализација на слободата, но и врвот како персонификација на котата од која без лимити се гледа „големата слика“ во сите нијанси и со сите детали, треба да се одзатнат затнатите канали во кои се прпела слободата на изразување, изјаснување, на став на јавно прашање и одговор. Легислатива која ветува слобода не може самата да биде замена за слободата. Низ демократски механизми треба да се врати во наше владение тој узурпиран простор, таа мисловна автономија како
ВРЕМЕ Е ДА ЈА РАСЧИСТИМЕ ПРЕПОЛНЕТАТА АВГИЕВА ШТАЛА ВО КОЈА СЕКОЈ ДЕН СЕ СОБИРА ОПШТЕСТВЕН ТАЛОГ ОД МЕГАЛОМАНСКИ КВОТИ НА ЛОЈАЛНОСТ ОД РАЗНИ И СОМНИТЕЛНИ ВИДОВИ, ОД НЕСООДВЕТНА ЗАСТАПЕНОСТ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА И СООДВЕТНА ЗАТАПЕНОСТ ВО ПРОМИСЛУВАЊЕТО сабота, 8 септември 2012
граѓанска екстериторијалност во која упадите со спинови за одлуки, проекти, потемкинови села, ќе бидат подложени на тешка проодност. Само така може да се расчисти преполнетата Авгиева штала во која секој ден се собира општествен талог од мегаломански квоти на лојалност од разни и сомнителни видови, од несоодветна застапеност на транспарентноста и соодветна затапеност во промислувањето. Расчистувањето со таквиот талог во општественото ткиво е чин на одговорност, достоен да се вброи во некое идно свечарско набројување на „учиноците“, кога честопати, поради празникот, многу непријатни факти и свесно се игнорираат. Деновиве замолив еден професор, кон кого имам огромен респект, да даде оцена за достигнувањата на земјава во изминативе 21 година. Следниот ден се извини што нема да одговори, бидејќи афектиран од политичкиот миг напишал нешто што не го смета соодветно за свечениот, празничен миг. Многупати сум ги имала истите дилеми... Но, со молчење во име на празникот, мислам дека се празнува токму молкот. Денес, кога Македонија слави, сакам да ì поставам неколку „обични“ прашања. Кога би била смртно суштество како нас, дали би била маж или жена? Вработена или невработена? Членува ли во управен одбор? Чека ли ред во клиника? Дали знае дека ќе се докапитализира ЕЛЕМ? Дали знае што друго е на (рас)продажба? Има ли партиска книшка? Сака ли трето субвенционирано дете, ако ги занемариме овие два и кусур милиони што ги крепи на своите плеќи? Каде живее? На што се грее? Го исклучи ли парното? Колку поскапи зејтинот во нејзиното маало? Кога последен пат наточила гориво? Протестира ли со АМАН? Се чувствува ли слободна? И како (не) издржува сите овие години... Како??? 31
21 Македонија слави
„Н
езависност е кога на бината ќе се отвори шише шампањско“. Ваков беше одговорот на 8-годишно момче, фатено во стапица на улична анкета, на прашањето - кој празник го славиме на 8 Септември и што значи тој? Јасно ми е дека во неговиот детски свет на штотуку совладани поими, како симбол за независноста му е врежана историската снимка од наздравувањето со шампањско на скопскиот плоштад, откако беа соопштени резултатите од референдумот на кој граѓаните се изјаснија за самостојна држава. Како што поминуваат годините, се прашувам дали она момче во своето незнаење отвори и една дилема: Направивме ли во изминативе години нешто повеќе од отворање шише шампањско? Секако. Но, не мислам само на првата петолетка во која беа
Ѓулистана Марковска, поранешна пратеничка
Живееме во црно-бел свет Ако во дамнешната 1991 година Македонија беше новороденче, таа денес би требало да биде академски граѓанин, оформен млад човек, кој точно знае што сака и што може да направи. Дали денес можеме да го кажеме тоа и за Македонија и за нејзините граѓани? Живееме во црно-бел свет, во кој или си со мене или си против мене и секој момент кога ќе се појави искра надеж црно-белиот свет обединето ја урива. Од познати причини. Поудобно се владее. Од 90-тите години досега се сменија многу парламентарни состави, чиј успех, барем така велат денес, се мери според бројот на донесени или изменети законски одредби, резолуции... Дали е така? Имаме сè помолчаливи пратеници, со однапред напишани свои или туѓи мислења, без ентузијазам, со омраза во говорот и без визија. Гледано од позиција на „обичниот граѓанин“, успехот на една парламентарна демократија е во тоа колку законски одредби успеала да измени без владата, во договор со опозицијата и, пред сè, во интерес на граѓаните. Во спротивно, ако имате 90 отсто усвоени проекти идентични со владините, не ја гледам причината за постоењето на парламент. Токму затоа првиот парламентарен состав ќе остане запаметен, не само според крупните и значајните одлуки што ги донесе, туку и затоа што беше составен од ентузијасти кои владата ги почитуваше и со кои заеднички го градеше правецот во кој оди Македонија. Тој состав, освен Декларацијата за независност на Македонија, го донесе и Уставот. 32
година независност
донесени сите акти, симболи и нишани, што една земја ја легитимираат како држава. Не мислам ни за крајот на првата декада, кога вителот на конфликтот беше окончан со Рамковен договор. Мислам на периодот потоа. Не знам дали за добивањето кандидатски статус за членство во ЕУ беше отворено шампањско, ама знам дека 2005 беше последната година во која славевме некаков државен исчекор. Оттогаш поминаа седум години. Прашањето е дали отворивме нови процеси за развојно, демократско и интегративно физиономирање на државата? Каде сме, каде одиме и дали сме на вистинскиот пат? На ова прашање на „Граѓански“ своите ставови и оцени ги споделија личности од македонската политичка сцена кои во одредени периоди исполнуваа значајни државни функции.
Димитар Димитров, поранешен министер за култура
Велик ден на македонската демократија Велам „велик ден“, а не „голем ден“, иако и така може да се рече. Но, зборот „голем“ има и квалитативно и квантитативно значење - во овој случај може да значи долг ден и да се степенува. Додека старославјанското „велик“ обележува чист квалитет и не се степенува. 8 Септември е воскресение на македонската демократија - тргање на нашиот Берлински ѕид, пречекорување преку фашизмот и комунизмот, национално, регионално и европско помирување. Како таков, 8 Септември е мера, стандард, идеја што зрачи програма. Момент на самоиспитување: дали сме и колку сме на патот на идејата. Не е ден за славеничко самовеличање, игнорирање на другите или конфронтирање со нив. Преку 8 Септември, Македонија, од југословенски, се промовира во европски феномен. Нејзините проблеми станаа европски проблеми. Т.н. Западен Балкан, оспорувањето на уставното име, преголемата невработеност и сиромаштијата, корупцијата, социјалната мобилност/промоција по основа на лојалност, а не на компетенции и дело; автократското партиско организирање, со тенденција да се стават под партиски диктат целата држава и општество,
медиумите, науката и уметноста; антиквизацијата; обединета Македонија и обединета Албанија, надвор од ЕУ; профитирањето од меѓуетничка поларизација - се факти под мерата на 8 Септември, на европската и на македонската демократија. Историската логика ги осветлува тие факти како пречки условени од недемократското минато и од анахрони перцепции, кои нацијата, регионот и ЕУ се „осудени“ да ги прескокнат, со меѓусебно усогласена политика, како прашање на нивната чест и достоинство. Со зборовите „компетенција“ и „анахрони перцепции“ се евоцира древниот проблем на аристос и демос, на аристократија и демократија. Се разбира, современата демократија е негација на таа антиномија. Нејзини историски легитимни субјекти се аристи (одличници) од демосот, посветени на општото добро. Отстапувањето од овој принцип ќе биде сè поретко и ќе има сè покус век. Ах, каква сила има, каков благотворен товар носи тој 8 Септември!
Томе Неновски, поранешен вицегувернер на НБРМ
Создадовме база за развој Во изминатите 21 година македонската економија беше изложена на чести и остри шокови. Изложеноста на тие шокови го поставува прашањето - дали и колку успешно македонската економија се соочи со проблемите на транзицијата и дали успеа да воспостави база за идно движење по просперитетната патека од нејзиниот развоен циклус? Одговорот, сепак, е позитивен. Одржаната макроекономска стабилност повеќе години наназад, воспоставената современа институционална рамка, ниската
финансиска задолженост и релативно добрата бизнис-клима го докажуваат тоа. Тие можности, заедно со расположливите ресурси, знаење и умеење, во претстојниот период треба да се искористат за елиминирање или за намалување на слабостите што денес се присутни во македонската економија. На тој пат економијата ќе се соочува со многубројни пречки и закани. Неизвесноста за идните насоки на светската економија по завршувањето на големата економска криза, како и грчкото ембарго за влегување на Македонија во ЕУ и во НАТО ако таа не го смени своето уставно име, се најголемите закани и предизвици со кои ќе биде соочена македонската економија во претстојниот период. www.gragjanski.mk
Љубчо Георгиевски, поранешен премиер
И радост и разочарувања По дистанција од 21 година многу работи ме радуваат, но многу работи и ме разочаруваат. Ме радува тоа што Македонија е самостојна 21 година, независно од сите резерви што ги имаа многу луѓе во Македонија кога земјава се одвои од Југославија. Ме радува што на многу полиња се етаблиравме како држава. Спортот е пример како Македонија може да биде рамноправна со други европски држави. Имаше години кога покажавме дека и во економијата имаме прекрасни резултати, па дури и бевме рангирани како некои држави во Европа. Тоа се работи што даваат надеж дека самостојноста на Македонија е зрела да продолжи и во идните 100 години и многу повеќе. Но, ме разочарува тоа што и по 21 година, кога ќе се погледне суштината на она што се нарекува наш културен идентитет, тој не се разликува од бившојугословенскиот. Како сè уште да не можеме да се одлепиме од тој југословенски сон. Второ, Македонија помина низ многу сериозни кризи и денес, кога ќе ја погледнам реалноста на мултиетнички план, не знам дали сите проблеми се затворени или допрва нè очекуваат отворени и нерешени проблеми. Трето, иако е сигурно дека има држави кои живеат многу полошо од Македонија и тоа во рамките на ЕУ, тоа не е оправдание да не се залагаме за економски постабилна држава. Самостојноста донесе многу позитивни работи, но се плашам дека отвори и многу прашања што допрва треба да ги решаваме.
Ганка Цветанова, поранешна министерка за култура
Нема консензус за клучните прашања Без разлика што сѐ уште го изодува патот на целосна демократска консолидација, земјава до денес се стекна со сите белези што една држава ја прават вистински суверена и независна. Она со што не успеа да се соочи уште во првите години, всушност, се одредени структури и инсталации од минатото кои, за жал, не само што сѐ уште се присутни, туку се и вистински активни. Говорејќи на темата, не смее да се пренебрегне и фактот дека Македонија, како мултиетничка и мултикултурна, спаѓа во редот на комплексни и потенцијално конфликтни општества. Пред сѐ, мислам на недоразбирањата меѓу етничките групи, произлезени од различните видувања за одредени прашања. Во таа смисла, Македонија е во постојан процес на менаџирање, односно усогласување и надминување на недоразбирањата меѓу мнозинскиот народ и припадниците на останатите етнички групи, што, од друга страна, одзема многу време и енергија и нѐ дефокусира од други суштински прашања. Конфликтот од 2001 година сѐ уште ни стои како надвиснат облак. Со Рамковниот договор се решија одредени прашања, но некои суштински останаа нерешени и неотворени: живееме во паралелни и етнички изолирани светови; чувството за етничка припадност ни е поважно од чувството за национална припадност; не проговоривме отворено за прашањата од 2001 г. плашејќи се дека ќе бидат злоупотребени од политичките опоненти и искористени за прибирање поени кај граѓаните - нешто што досегашната практика во целост го потврди; со исклучок на амнестијата и (нецелосното) враќање на раселените лица, не спроведовме ниту една друга мерка што спаѓа во редот на т.н. политики за соочување со минатото, итн. Решавањето на овие, како и на прашањето за ирационалниот спор за името, што ни ја усложнува и комплицира меѓународната позиција, бара постигнување целосен политички консензус, нешто за што сѐ уште не гледам подготвеност кај одредени политички структури во државата.
Љубомир Д. Фрчкоски, поранешен министер
Целосна ревизија на сегашната политика
Македонија е единствената држава која излезе од заедничката федерација процедурално како што треба и без војна (со Декларација за независност, референдум, Устав, меѓународно признавање). Тоа се чини лесно од денешен аспект, но беше одраз на исклучително одговорна политичка елита и политика. Ги направи најдобрите конституциелни акти, пред сè, Уставот, кој, добивајќи меѓународна поддршка (извештајот на Бадентер), ì отвори на земјата врата и за поширока меѓународна поддршка. Поради историјата на односите со соседите, со Грција, пред сè, а и како млада демократија, Македонија имаше трнлив пат до меѓународно признавање. Тој пат го изоди со исклучителна надворешна политика која знаеше да ги чува националните ин-
тереси, но и да ги направи вистинските компромиси (влез во ООН и Интерим Акордот) и да ги стекне вистинските стратегиски пријатели (САД, поддршка за Јадранската група во НАТО и пат до ЕУ). Застанавме пред НАТО и ЕУ заради проблемот со Грција околу името. Тука стоиме од 2005 година. Ни се случи „инцидент‘‘ во оваа фаза, кој резултира во речиси целосен ДИСКОНТИНУИТЕТ на вредностите, методите и целите на надворешната политика. Почна со внатрешната политика на антиквизацијата, судир со меѓународната заедница, тензија и одречување на Охридскиот договор. Македонија пропадна во сопствената стапица, губејќи ги пријателите, партнерите, позициите и, што е најлошо, не се гледа крајот на овој процес на назадување. Целосна ревизија на сегашната политика на плиток популизам за внатрешна употреба е почеток на политиката за заздравување и консолидација на нашите надворешни референции. Се надевам дека брзо ќе дојде до тоа!
Денко Малески, поранешен министер за надворешни работи
Да ги прескокнеме бедемите на национализмот Како да се живее во слободно и одговорно општество е вистинската тема што 21 година ја заменуваме со национализмот, тој моќен фактор на политичка мобилизација. Итрите, слабообразовани политичари и интелектуалци, бргу разбраа дека ако се повикаш на разумот на народот, владеењето е тешко, но ако се повикаш на неговите емоции, тоа станува лесно. Ете затоа, 21 година, тие емоции се изложени на националистичка политичка манипулација. Не разбравме дека не државата, туку демократијата е големиот испит што треба да го положиме. Државата веќе беше создадена од претходната генерација - уште 1944 г. Нашата генерација требаше да ги пополни нејзинисабота, 8 септември 2012
те авторитарни институции со нова демократска содржина и, со поддршка од САД и од ЕЗ, да го преминеме јазот на етничките омрази што ги разгореа југословенските војни и да стигнеме до меѓународно признавање со помош на правото и политиката на мир. Ова второто го сторивме навреме. Но, национализмот нè втаса откако преминавме на другиот брег. За да не остане без работа, македонскиот национализам уште во 1993 г. ја прогласи победата на нашата држава - за пораз. Потоа, на „срамната референција“, се надоврзаа и неправдите од историјата што ни ги нанесоа големите сили и Грција, па предавството на комуни-
стите на идејата за Голема Македонија, што значеше дека нема благодарност ни за малата Македонија која ни ја оставија во наследство... Во односите со „другите“, со Албанците, национализмот не ни дозволи да се извиниме за нашето доцнење да разбереме дека и тие имаат големи очекувања од слободата, па и нашата задоцнета заедничка победа, наречена Рамковен договор, ја прогласивме за пораз... Национализмот изгради бедеми во нашата свест што ќе мора да ги прескокнеме ако сакаме да стасаме до стратегиските цели - членство во НАТО и во ЕУ, а кои нашата државна политика ги постави точно пред 21 година. 33
ВЛАДИНАТА КРИЗА ОТВОРИ И ПАКЕТ ШПЕКУЛАЦИИ
СЕ КРЧКА РЕФЕРЕНДУМ
34
ЛИ ЗА ИМЕТО
www.gragjanski.mk
Предвремени парламентарни избори во ноември, пакет од локални и парламентарни во март или смирување на владината криза и непречен мандат на коалициската влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ? И покрај актуелната криза, од овие три самонаречени опции, на ДУИ во моментов најмногу ì одговара последната, без оглед што моментно тоа наликува на невозможна мисија. Пуштањето во тестирачки оптек на неформалниот план за создавање ново парламентарно мнозинство, односно техничка влада, со мандат во март да организира фер и демократски избори - локални и парламентарни, во пакет со т.н. претходен, консултативен референдум за името со цел да се деблокираат интеграциските процеси, не е јадицата на која загризува ДУИ. За оваа партија не е прифатливо ни учество во техничка влада со таква агенда, без ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сметаат дека без општествен консензус не е можно решавање на прашања од врвен државен интерес. Згора на тоа, во овој момент владата има три домашни задачи од Брисел, од која првата е надминување на проблемите во владејачката коалиција и зајакнување на меѓуетничките односи. Тие се одлично алиби и за ВМРО-ДПМНЕ и за ДУИ да покажат дека ги жртвуваат партиските интереси во име на интеграциската агенда и повисоките идеали, аргумент против кој тешко ќе може да се најде аргументирана критика, а која нема да биде прочитана како опозициска зајадливост.
Политика
Пред висок функционер од земја-стратегиски партнер на Македонија бил презентиран план за создавање техничка влада, со мандат во март да организира локални и парламентарни избори, во пакет со т.н. консултативен референдум, на кој граѓаните би се изјасниле дали се за интеграција на земјава во ЕУ и во НАТО, по заемно постигнато компромисно решение со Република Грција за спорот за името, под услов тоа решение да не задира во македонскиот идентитет и јазик Пишува Катерина Блажевска ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ десетина дена немаат комуникација на лидерско ниво. СДСМ не комуницира со ДУИ. И ДУИ не комуницира со СДСМ. Никој со никого не комуницира, а сите „знаат“ колку е длабока кризата. Сите зборуваат за избори, а никој не ги посакува. Декларираното е обратно од посакуваното. Ситуацијата потсетува на вицот со индијанскиот врач, кој се обратил до метеоролошка станица за да му кажат каква ќе биде зимата. „Сигурно ќе биде многу ладна, еве Индијанците три години по ред собираат дрва“. Во таков стил се анализира владината криза и се прогнозира излезот од неа. Во заднината на таа естрадна страна на проблемот, останува нејасно дали овој момент ќе биде искористен и за решавање на крупни прашања, за кои досега, според претставници на меѓународната заедница, недостигаше лидерство и храброст. „Граѓански“ дознава дека неодамна, пред висок функционер од земјастратегиски партнер на Република Македонија, бил презентиран план за создавање ново парламентарно мнозинство, односно техничка влада, со мандат во март да организира фер и демократски избори - локални и парламентарни, во пакет со т.н. претходен, консултативен референдум. На тој референдум граѓаните би се изјасниле дали се за интеграција на земјава во ЕУ и во НАТО, по заемно 36
ДУИ: Нема да има успешен консултативен референдум, ако во таква техничка влада не учествува и ВМРОДПМНЕ постигнато компромисно решение со Република Грција за спорот за името, под услов тоа решение да не задира во македонскиот идентитет и јазик. Со резултатите од тој референдум, идната влада би добила одврзани раце да го решава проблемот со името, без опасност тоа да предизвика политичка криза, бран на масовно граѓанско незадоволство или какви било последици по рејтингот на новата влада. Во партиите не се расположени да зборуваат на оваа тема. Едни со неуверливо образложение дека првпат или неформално слушаат за таков план, а други со ограда дека тоа не би успеало. Тест за ДУИ. Дел од аналитичарите сметаат дека, во контекст на коалициската криза, тоа би бил потег што, дефинитивно, може да ја тестира искреноста на ДУИ на јавна сцена, со оглед дека партијата постојано ги декларира евроинтеграциите како свој врвен партиски приоритет. Тие сметаат дека, ако ДУИ навистина е заинтересирана за откочување на интеграциските про-
цеси, би било природно и логично да повлече чекор што би одел токму во таа насока - создавање ново парламентарно мнозинство со ваква агенда. Но, ваквата логика не важи во штабот на ДУИ. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, не гледа дека е тоа јадицата на која треба да се закачи оваа партија. -Сме слушнале за таков план, но не на официјални средби, туку во кулоари. Инаку, за евроинтеграциите како приоритет, ДУИ е подготвена да направи
СДСМ : Не сме разговарале со ДУИ за некакво ново мнозинство и немаме намера да влегуваме во нивната шема и покрупни чекори - вели тој. Но, не е сигурен дека единствениот чекор кон деблокирање на тој процес е техничка влада во која би влегла и ДУИ, нови избори и консултативен референдум. -Тоа е хипотетичко прашање. Никој со нас не разговарал за тоа. Во ДУИ сметаме дека за деблокирање на интеграциските процеси е потребен општествен консензус. Нема да има успешен консултативен референдум, ако во таа техничка влада не учествува и ВМРО-ДПМНЕ. Или, пак, ако не учес-
твува СДСМ. Инаку, подготвени сме да прифатиме и друга или други варијанти ако на побрз начин водат кон консензус и кон брзо деблокирање на нашите интеграциски процеси - тврди Османи. Тој ги отфрла оцените дека коалициската криза се продлабочува со последната серија потези во режија на ДУИ - преименување училишта и пуштање во употреба на нова училишна зграда изградена со пари од државниот буџет, но со интонирање на албанската химна. На овој чин во тетовското село Џепчиште официјално присуствуваа вицепремиерот Муса Џафери и заменик-министерот за образование Сафет Незири, потег што во јавноста остави впечаток на „второ Слупчане“. -Училиштата се преименувани со претходна одлука на Советот на општината Чаир, за која Министерството за образование сè уште не се изјаснува. Која е целта на децентрализацијата, ако таа се блокира со механизми на централната власт? Поставувањето нови имиња на училиштата не е провокација, туку коинциденција, бидејќи почна учебната година, а родителите не сакаат децата да им учат во безимени
ДУИ не фрла ракавица за избори, бидејќи не верува дека изборите нешто ќе променат www.gragjanski.mk
Политика училишта, кога веќе е донесена одлука за нив - вели тој. Интонирањето на албанската химна го смета за израз на емоција, а не провокација. -Македонската химна не е мултиетничка. Во неа „Македонците се борат“, ама не и Албанците. Тие не се ни спомнуваат. Таа химна со ништо не ги врзува Албанците, а албанската им е поблиска заради јазикот и ги исполнува емотивно - објаснува портпаролот на ДУИ. Со оцена дека станува збор исклучиво за коинциденции и емоции, а не за намера со политичка заднина, тој ги отфрла сомневањата дека ДУИ фрла нови лопати во зголемувањето на ѕидот меѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, ситуацијата „е ставена во мирување“ до враќањето на премиерот, но ДУИ нема да мирува по прашањето за законот за бранителите и најавува негово блокирање на сите можни начини и со сите средства. Меѓу другото, и преку Комитетот за односи меѓу заедниците, со цел да се издејствува законот да се гласа со принципот на Бадентер.
овој ќор-сокак. За разлика од Георгиевски, во СДСМ и натаму тврдат дека владината криза е лажна и оти нема никакви планови за ново мнозинство. -Не сме слушнале за таков план - избори плус референдум. Не сме разговарале со ДУИ за некакво ново мнозинство и немаме никаква намера да влегуваме во нивната шема, со оглед дека кризата меѓу двата коалициски партнера е целосно фингирана. Ако има криза, зарем премиерот толку долго ќе отсуствува од земјата? Како може да има криза ако лично функционери од ДУИ изјавуваат дека владата функционира со полн капацитет - коментираат од СДСМ. Во преименувањето на училиштата, имено, СДСМ гледа проѕирен потег со кој ДУИ само сака да го компензира рејтингот што го губи со законот за бранителите.
Љубчо со различни оцени од СДСМ. Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, пак, токму од последните настани го влече заклучокот дека кулминира владината криза. -Јасно е дека ќе има избори. Ако настанот во Слупчане случајно предизвикал криза, ова со преименувањето на училиштата покажува намера. Односите во коалицијата сериозно се проблематизираат и сега не гледам како некој од двата партнера ќе може да ретерира.
Ако ДУИ ја напушти коалицијата, тоа ќе биде само со дозвола и во договор со ВМРОДПМНЕ
Љубчо Георгиевски: Ние еднаш предложивме сите партии да потпишат декларација, со која на идната влада ќе ì се даде бланко мандат да го решава проблемот со името Тоа, едноставно, е невозможно - смета Георгиевски. Тој не слушнал за планот за избори во пакет со референдум, но вели дека за него тоа е прифатливо. -На последните избори, токму нашата партија предложи сите партии да потпишат декларација, со која на идната влада ќе ѝ се даде бланко мандат да го решава проблемот со името. Мислам дека ова би било добар потег за идната влада да има одврзани раце за тоа прашање, а земјава, конечно, да излезе од сабота, 8 септември 2012
Преку Рубикон и назад. Дали ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ го преминаа својот Рубикон, точката од која нема
враќање назад? Четиригодишната историја на оваа коалиција покажува дека јавноста не треба да се изненади ако преку ноќ бидат испеглани односите меѓу нив, без ничие јавно ретерирање. Се поставува прашањето како би се извело тоа? Постојат објективни и субјективни околности што можат да ја бајпасираат оваа, само навидум, непомирлива ситуација. Пред сè, доминантен е притисокот од Брисел за надминување на проблемите во владејачката коалиција и за зајакнување на меѓуетничките односи. Тоа е првиот приоритет кој еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, сака да го види завршен до почетокот на третата рунда од Пристапниот дијалог на високо ниво, закажана за средината на месецов. Потоа следува засилувањето на слободата на изразувањето преку декриминализација на клеветата и ревидирање на изборната рамка во согласност со меѓународните и со европските стандарди. Овие незавршени домашни обврски се одлично алиби и ДУИ и ВМРОДПМНЕ да покажат дека ги жртвуваат партиските интереси во име на интеграциската агенда и повисоките
идеали, аргумент против кој тешко ќе може да се најде аргументирана критика, а која нема да биде прочитана како опозициска зајадливост. Декриминализацијата на клеветата уште повеќе ја враќа ДУИ во игра, во смисла на оперативен континуитет, со оглед дека вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи, стана трејдмарк на тој законски проект. Притисоците владата да остане на ку-
Односите меѓу Груевски и Ахмети ги демистифицира еден од документите што ги објави „Викиликс“ пче и да не се растура се засилуваат со најавите дека е можно земјава во декември да добие датум за почеток на преговори, што ќе ги принуди коалициските партнери да го намалат и тонот и интензитетот на меѓусебните јавни пресметки во име на таа цел. Недоразбирањата ќе се решаваат далеку од очите на јавноста, така како што беше и досега. Ако во моментов не гледаме комуникација меѓу Груевски и Ахмети, тоа не значи дека (ќе) ја нема. И во нивните добри коалициски денови таа комуникација беше транспарентна само за бенигни прашања, но големите проекти, како што е амнестијата на хашките случаи, на пример, се договараа тајно. Од тој аспект, слично ќе се турка и законот за бранителите. Едните божем ќе го бранат, другите божем ќе го напаѓаат. Тајно прави, јавно демантирај. Кога станува збор за субјективни околности, доминира една: желбата на Груевски јавно да биде доживуван како патриот и најголем бранител на македонските интереси, но под услов да не се знае цената што ја плаќа за таквиот имиџ преку некои проблематични отстапки за коалицискиот партнер. Ахмети досега беше исклучително дискретен по тоа прашање, бидејќи од тој аранжман добиваа двајцата. Ваквите односи ги демистифицира еден од документите што ги објави „Викиликс, во кој е пренесен разговорот на Груевски со американскиот амбасадор во февруари 2008 година. Во дискусијата со Груевски за условите за добивање покана од НАТО, американската страна го потсетила дека треба да затвори две теми од Рамковниот договор - социјалниот пакет за жртвите од 2001 г. и предлог-закон за јазиците. Груевски истакнал дека вла-
Статусот на припадниците на ОНА ќе се решава со „работа и пари“ дата е подготвена да понуди „работа и пари“ на лицата што ги предложила ДУИ. „Предупредувајќи од триумфот на ДУИ за оваа тема, особено во контекст на контрапритисок од новоформираната организација на македонски ветерани од конфликтот во 2001 г. и од коалицискиот партнер ДПА, премиерот рече дека, доколку биде прашано, владата на Македонија јавно ќе одрече секаква вмешаност во таков договор“, стои во дописот од февруари 2008 година. Ваквото ветување на Груевски дека ќе спроведува, но јавно ќе одрекува, покажува дека амандманите на ДУИ за припадниците на ОНА воопшто и не мора да бидат прифатени и внесени во законот за бранителите. Тоа значи дека нивните барања може да бидат задоволени преку нивно или преку вработување на нивните деца по принципот на соодветна и правична застапеност, без никаков титулар поврзан со ОНА. Извори од албанскиот блок тврдат дека ваква мерка и досега била спроведувана во повеќе наврати, но сè уште има многу барања што чекаат да бидат решени. Само неупатените ќе мислат дека ДУИ попуштила или се откажала од амандманите. Груевски ќе добие поени јавно, а Ахмети тајно. Но, неговите гласачи точно ќе знаат дека барањата им се исполнети. Без оглед на последнава кризна епизода, ДУИ може да се смета за принципиелен партнер каков што ВМРО-ДПМНЕ досега никогаш немал. Ако ДУИ ја напушти коалицијата, тоа ќе биде само со дозвола и во договор со ВМРО-ДПМНЕ. Никако поинаку. На ДУИ не ѝ треба интуиција за да донесе одлука. Искуството од коалицирањето и со СДСМ и со актуелниот партнер, ѝ покажува дека изборите во земјава не носат суштински промени. Се менуваат партиите во владите, но не и стандардите на политиката. На повидок нема лидерство кое ќе го смени тој тренд. Тогаш, зошто да фрлат ракавица за избори, ако се сигурни дека тоа нема ништо да промени, а, можеби, ни нивниот сегашен коалициски партнер? Во тоа најмногу ги убеди СДСМ, порачувајќи им дека тие треба да владеат до крајот на мандатот, а за тоа време опозицијата несебично ќе ги занимава граѓаните со митинзи, говори и прес-конференции. Во ДУИ признаваат дека таква понуда тешко се одбива. 37
Интервју
Ермира Мехмети,
пратеничка од ДУИ и претседателка на Комитетот за односи меѓу заедниците
Не посакуваме ни избори ни ново мнозинство Ова е најсериозниот тест за односите во коалицијата во четирите години заедничко владеење, но ние сакаме да веруваме дека има простор да се премости кризата Разговараше Васко Попетревски фотографија Кристиан Панов
ни министрите не се во позиција да дадат јасна дефиниција. Затоа имаме соопштенија дека владата функционира во полн состав, а знаеме дека тоа не е доволно да се убедиме дека таа работи со полн капацитет во смисла на политичка и етничка кохезија.
П
олитичката ситуација во Македонија е исклучително нејасна. Има ли контакти меѓу коалициските партнери од власта и во која насока се движат работите? # Во четвртата година од заедничкото владеење ова е најсериозниот тест за коалицијата. Можеби, кризата настана спонтано, но дојдовме до точка во која односите се особено заладени и резигнираноста не може да се негира и игнорира. Во 2008 г., кога почнавме да воспоставуваме контакти, односите беа на исклучително ниско ниво, но стигнавме да тврдиме дека имаме доволно меѓусебна доверба за да овозможиме функционирање на институциите. Сега се вративме назад, да не речам дека повторно сме на почеток.
$ Во дел од анализите за состојбата
има сериозни сомневања за искреноста на конфликтот, се смета дека ако не почетниот настан, тогаш оние што следуваа - закон за бранители, табли на училишта, се свесно подгревање на кризата заради партиските рејтинзи во пресрет на изборите. # Не се согласувам, иако мора да признаам дека ситуацијата дава право и аргументи за сомневање што, всушност, се случува во коалицијата. Мој впечаток е дека дури 38
Ние не бараме еднаков третман, туку решение за сите. Тука има есенцијална разлика. Ние не сме партија која тврди дека бранителите и припадниците на ОНА се иста категорија учесници во конфликтот, но убедени сме дека треба да има решение за двете страни
$ Се работи ли на нормализирање на односите? Премиерот беше отсутен подолго време. Дали имаше комуникација во меѓувреме? # Еве уште еден апсурден момент. Премиерот е надвор од државата, а во Собранието почнува расправата за законот за бранителите. ДУИ вели дека со сите средства ќе се спротивстави на усвојувањето на законот, а она што останува како дилема е дали и на кое ниво има комуникација меѓу партнерите. Претпоставувам дека комуникацијата се сведува на спроведување на дневните активности на извршната власт, но не можам да дадам оцена дали има комуникација на повисоко ниво за темите што ја предизвикаа тензијата. Сепак, нашиот лидер Ахмети комуницира на ниво на лидер, значи со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, а до овој момент тоа не беше можно од објективни причини. $ Во која насока ќе се развива ситуацијата? # Ако прашањето е дали ќе се оди на избори или ќе се предизвика ново парламентарно мнозинство, мислам дека ни едното ни
другото е интерес на ДУИ. Јавноста го цени тоа што ДУИ отсекогаш била конструктивна, со умерена реторика, посветена на Рамковниот договор, на етничкото помирување и сега кога пораките се дека имаме шанси за поместување во евроинтеграциите до крајот на годинава, најмалку ни е потребна ситуација со толку нејаснотии. Комесарот Филе ќе дојде за десетина дена, а прашање е како би ја објасниле ситуацијата во владата. Дали би му било јасно ако избереме да молчиме, како што молчат министрите во моментов.
$ Аргументиравте зошто не треба да
има избори, но не објаснивте зошто за ДУИ не е прифатлива варијанта за ново мнозинство? # Ги знаете политичките принципи што ДУИ, со многу труд, успеа да ги воспостави како функционални во општеството - да владеат коалиции кои имаат легитимитет. Да, ново мнозинство во Собранието би било легално можно, меѓутоа легитимноста секогаш би била оспорувана. Прашањето е со кој кредибилитет, со такво мнозинство, би можеле да спроведеме каква било почувствителна одлука.
$ Дури и ако таа варијанта се формулира како техничка влада што би имала само за цел да организира фер и демократски избори? # Не знам дали сме дојдени до точка да www.gragjanski.mk
Ермира Мехмети бараме или аргументираме дека е дојдено време за техничка влада. Сакаме да веруваме дека има простор да се премости оваа криза и затоа го правиме ова во Собранието, не сакајќи да бидеме иницијаторот за таква промена во математиките на мнозинството.
$ Дали има комуникација или пренесување пораки меѓу ДУИ и СДСМ?
# Мој впечаток е дека нема таква комуни-
кација. Но, што покажува законот за бранители? Меѓуетничките коалиции наеднаш се претворија во етнички блокови и тоа ќе има одреден ефект и последици во односите, не само меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, туку воопшто во големата четворка на партии. Такво нешто видовме и лани, при изгласувањето на пакетот за знамето, јазикот и за хашките случаи.
$ Значи, не можете да му заборавите на СДСМ за однесувањето при носењето на овие закони? # Ова се ситуации што ја судираат определбата на СДСМ со реалноста. Порано, нешто друго било заложба и сега се поставува прашањето колку таа партија била доследна во тоа.
Дали може да тврдиме, особено како Албанци, дека судството е толку ажурно, како што е запишано во последниот извештај на владата за активностите од дијалогот на високо ниво, ако нема никаков исход во случајот „Монструм“
$ Која е стратегијата на ДУИ за законот за бранителите? # Ќе се обидеме да ги искористиме сите политички и процедурални механизми за да не се усвои законот. Најмалку е важно какви бенефиции ќе добијат одреден број бранители. Она што сакам да разјаснам е дека ДУИ не бара еднаков третман, туку решение за сите. Тука има есенцијална разлика. Не сме партија која тврди дека бранителите и припадниците на ОНА се иста категорија учесници во конфликтот, но убедени сме дека треба да има решение за двете страни, ако сакаме да го затвориме овој проблем од 2001 г. Она што ќе произлезе како дилема за политичкиот систем е функционирањето на Бадентеровиот принцип. Тој функционира кога имаме мултиетничка влада и законско решение што го предлага тоа мнозинство, но сега се поставува прашањето како Албанците ќе се заштитат од надгласување кога се креираат етнички блокови. $ Како претседателка на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците, дали планирате да го свикате ова тело за да се донесе одлука дека законот тре-
сабота, 8 септември 2012
ба да се гласа со Бадентер?
# Ние не исклучуваме ниедна варијанта.
Ова е една од ситуациите во кои улогата на Комитетот се поставува како клучна. Знаеме дека вакво предлог-решение ги загрозува односите меѓу етничките заедници и мислам дека во рамките на Законот за Комитетот и уставните надлежности има доволно простор да се свика седница на тоа тело и да се разгледа законското решение.
$ Што значи тоа дека не барате една-
ков третман? Дали би се согласиле со законско решение за бранителите и со социјален пакет за припадниците на ОНА? # Не гледам простор за привилегирање на едните во однос на другите, зашто законот почна да се разгледува во Комисијата за труд и социјална политика како матично работно тело. Ако сакаме да градираме, доаѓаме до заклучок дека и ВМРО-ДПМНЕ предлага социјален пакет за припадниците на безбедносните сили. Сите очекуваа дека законот ќе влезе во Комисијата за одбрана и безбедност.
$ Тогаш, на што мислите кога велите дека не барате ист третман? # На фактот дека едните се припадници на безбедносните сили, а другите, според дефиницијата во Рамковниот, на вооружените албански сили. Не сметаме дека тие се иста страна, но поради сè што следуваше по конфликтот, ако е дојдено време за уште едно унапредување на статусот на безбедносните сили, време е да се затвори и статусот на припадниците на ОНА. $ Бевте подолго отсутна поради мајчинските обврски. Какви се Вашите позиции во ДУИ, зашто впечаток е дека држите дистанција за дел од она што го прави раководството? # Моето однесување е конзистентно со она во што верувам од 2001 г. до денес. Не се гледам како политички конформист или опортунист, кој во интерес на одредени позиции лесно би ги променил ставовите за одредени феномени. Можеби, тоа прави да бидам идентификувана како политичарка, која е настрана од динамиката на збиднувањата во последната година. Се разбира, тука е и приватниот момент. $ Значи, може да се препознае конформизам во однесувањето на ДУИ?
# Во секоја партија и во секој политички
однос има конформизам и опортунизам. Мислам дека тоа не е ништо ново или непознато за политичарите или за политиката.
$ Досега јавно не кажавте што се случи со номинацијата за вицепремиер за евроинтеграции? Вашето име се спомнуваше сè до последните денови пред објавувањето на новата влада, кога наеднаш се појави Теута Арифи. # Сакам да верувам дека одлуката е донесена заради некој повисок политички или партиски интерес. Ако тоа била причината зошто јас отпаднав, подготвена сум да ја почитувам одлуката. Ние ги изгубивме изборите во Тетово, па ни беше политички важно да поентираме со тоа што во новиот кабинет ќе вклучиме, главно, тетовски кадри, па се надевам дека тоа позитивно ќе се одрази во битката што следува за градоначалник на Тетово. Дури тогаш ќе можеме да дадеме оцена дали одлуката била вистинска. $ Изјавивте дека Македонија не смее да се задоволи со дијалог на високо ниво и дека мора целта да биде отворање вистински преговори, што е спротивно на ставот на високи претставници на ДУИ, кои не само што го глорифицираа дијалогот, туку и заслугите за него си ги припишуваа за себе. # Тој дијалог произлезе од потребата на двете страни - владата и ЕК да докажат дека нешто работиме. Бевме блокирани, па мораше да се измисли механизам, за кој сите велат дека не постои во односите меѓу ЕК и државите-аспиранти, за да се покаже дека има некое придвижување. Причината зошто за мене тој не е толку суштински колку што се тврди, е листата на задачи, во која нема ништо поразлично од она што ЕК досега го барала од нас. Ако погледнеме во она што владата тврди дека се спроведува како активност, не можеме да се пофалиме со нешто исклучително позитивно како резултат. Дали може да тврдиме, особено како Албанци, дека судството е толку ажурно, како што е запишано во последниот извештај на владата за активностите од дијалогот, ако нема никаков исход во случајот „Монструм“. Второ, влеговме во ресорот евроинтеграции во момент кога односите меѓу премиерот и ЕК беа доста заладени, па се поставува прашањето - дали наша вистинска задача е да ги смириме премиерот и Комисијата?! Или наша должност како партија е да обезбедиме нешто посодржајно. Конечно, Филе рече дека дијалогот не е замена за преговори и тука се затвораат дилемите во однос на моите забелешки кои се конзистентни и во рамките на партиските позиции од 2005 г. до денес, а тоа е добивање датум за преговори. 39
Интервју Разговараше Васко Попетревски фотографија Кристиан Панов
В
о услови на затегнати односи меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, владата е пред сериозен предизвик да не го расипе позитивниот впечаток на еврокомесарот Штефан Филе за Пристапниот дијалог на високо ниво и со тоа да го доведе во прашање повторувањето на препораката за почеток на пристапните преговори, што инаку се смета за апсолвирано прашање. Филе бара партнерите да си ги средат односите и да испорачаат резултати по клучните точки од дијалогот пред повторно да дојде во Скопје на 17 септември. Освен за загриженоста на Брисел, во интервјуто со шефот на дипломатијата разговаравме и за остварливоста на планот за добивање датум за почеток на преговори во декември, за правните опции што ì стојат на располагање на владата во спорот со Грција, како и за функционирањето на Министерството за надворешни работи со намален буџет.
Никола Попоски
министер за надворешни работи
Грција да пишува иднина, не да брише придавки
$$ Какви се очекувањата на владата од годинашниот извештај на ЕК?
## Во континуитет, со голем фокус, ра-
ботиме на одредниците поврзани со извештајот. Го имаме и Пристапниот дијалог на високо ниво, кој ни е дополнителна можност да испорачаме резултати во однос на политичките критериуми. Мислам дека имаме сработено многу значајни работи, кои треба да ни обезбедат повторување на препораката за почеток на преговори, што е исклучително важно за РМ, но и за докажување дека и во услови на нелегитимна опструкција успеваме да го одржиме моментумот на реформи.
$$ Повторувањето на препораката не е доволно да се премине во следната фаза. Сепак, има засилена активност на земјите-членки на ЕУ во декември Македонија да добие датум, а името од услов за почеток да стане услов за завршување на пристапните преговори. Остварливо ли е ваквото сценарио? ## Мислам дека има голем број луѓе во европските кругови кои сакаат да го задржат кредибилитетот на ЕУ. Многу е тешко да се задржи фокусот на проширувањето, бидејќи ЕУ е соочена со сериозна криза. Размислувањата во Брисел се дека не смее да се дозволи должничката криза да се претвори во криза на кредибилитетот на Унијата. Ние сакаме да создадеме клима во која сите ќе бидат убедени дека пристапните преговори со Македонија се корисни и неопходни. На тој план работиме со сите земји-членки, вклучително и со онаа што директно го опструира почетокот на преговорите. Ние сакаме да станат доминантни аргументите колку сите ќе добиеме ако РМ ги почне преговорите и јас очекувам диску40
На прашањето за почеток на преговори не му пристапуваме како на група од 26 земји, од една страна, и Грција, изолирана, од друга. Нашиот пристап кон сите 27 членки е искрен, не сакаме да дадеме никаква аргументација за поделба внатре во ЕУ, бидејќи тоа е контрапродуктивно сијата да се одвива во тој дух отсега, па до моментот на одлуката.
Од аспект на идеално решение, дефинитивно, постои простор за подобрување на динамиката со која би имале присуство надвор, но тоа е во директна корелација со оптоварувањето на даночните обврзници
$$ Пред да се направи клучниот притисок врз Грција, треба сите останати 26 членки да бидат подготвени да поддржат отворање преговори, но почнуваат да се слушаат пораки на загриженост од некои од нив, дури и за дијалогот на високо ниво. На пример, законот за клевета сè уште го нема во собраниска процедура. Зошто се случуваат вакви работи? ## Прво, на прашањето не му пристапуваме како на група од 26 земји, од една страна, и Грција, изолирана, од друга. Нашиот пристап кон сите 27 членки е искрен, сакаме кај сите да преовладее значењето на придобивката од почнувањето на преговорите, врз основа на нашите постигнувања, а кои се верификувани од ЕК. Не сакаме да дадеме никаква аргументација за поделба внатре во ЕУ, бидејќи тоа е контрапродуктивно. Што се однесува до Пристапниот дијалог на високо ниво, на сите средби досега беше констатирано дека имаме континуиран напредок. Во сите сегменти, па и кај зако-
нот за декриминализација на клеветата, станува збор за процес, за инволвираност на локални, но и на надворешни актери. За конкретната легислатива се вклучени експерти на Советот на Европа, во догледно време ќе добиеме коментари од нив, и не верувам дека кој било од овие фазни рокови е причина за оцена дали е нешто добро или лошо. Треба да дозволиме процесот да се оформи и верувам дека и на 17 септември, кога ќе дискутираме за секоја одредница, ќе видиме дека сме постигнале напредок.
$$ Уште поголема загриженост кај ЕК
и кај членките предизвикува владината криза, бидејќи дојде во момент кога треба да се носат важни одлуки за Пристапниот дијалог на високо ниво. ## Сите одлуки за одредниците од дијалогот на високо ниво се одвиваат според предвидената динамика и во ниту еден случај одлуките на владата во тој поглед не се загрозени. Се работи за реформи од интерес за државата, со кои Македонија ја правиме подобра од аспект на европските критериуми и така и дејствуваме. Ниедна политичка околност во даден момент не www.gragjanski.mk
дите на ЕУ и во тој контекст би ја гледал реакцијата што би следела кај нас, но не би прејудицирал дали ќе биде така или не. Треба да видиме, наскоро ќе се случи.
$$ Дали нешто важно се случува во
влијае врз одлуките што ги носиме во тој правец.
$$ Рековте дека нема да го примите
извештајот на ЕК ако не ја содржи придавката „македонски“. Што значи тоа - дека нема да го признаете како документ или најавата повеќе се однесува на протоколарниот чин на примопредавање на извештајот, што секоја година го прави амбасадорот на ЕУ во Скопје на денот на објавувањето на извештајот? ## Од аспект на содржината не сакам ништо да прејудицирам. Во вториот сегмент постои солидна база ЕК да го задржи кредибилитетот во однос на почитувањето на основните човекови права и на формулациите фиксирани во Обединетите нации. ЕУ има интерес правилата и принципите
да ги примени и за РМ и се надевам дека тоа ќе преовладее над индивидуалните амбиции на дипломатските служби на една земја-членка, која сака да изврши притисок за бришење на придавката. Енергијата што се троши на тоа сакам повеќе да се насочи кон остварувањето напредок во интеграциите. Не мислам дека наша цел е да примаме или да не примаме извештаи, туку да оствариме и да добиеме препораки. Ние не можеме да не го признаеме извештајот на ЕК, бидејќи тој третира огромен број работи поврзани со нашите интеграции и сметаме дека е добар инструмент за приспособување на реформите. А, третманот што ќе го имаме како Македонци, од аспект на националноста или јазикот, мора да биде во согласност со стандардите на ЕУ. Ако не се почитува тоа, се деградираат стандар-
Ние не можеме да не го признаеме извештајот на ЕК, А третманот што ќе го имаме како Македонци, од аспект на националноста или јазикот, мора да биде во согласност со стандардите на ЕУ сабота, 8 септември 2012
преговорите за името и дали е точен впечатокот дека владината стратегија е да чека да види што ќе се случи во декември? ## Во изминатиот период имаме видено многу ситуации во кои грчката страна има развиено експертиза за изнаоѓање изговори за да не се случи поместување на евроинтеграцискиот процес на РМ. Бевме доведени во ситуација бојата на вратоврската да се наведува како аргумент дека сме провоцирале. Од страна на Грција, покрај стандардниот сет причини дека сме ги провоцирале, па не можеле да нè поддржат, е и дефокусираноста поради сериозната должничка криза. Грчкиот пристап кон ова прашање беше – видете, ние имаме високи приоритети при соочувањето со кризата, а ова е маргинално прашање. Сметам дека ние даваме добра база со низа предлози за подобрување на билатералните односи. Тие се практични и може да се искористат за градење позитивна клима, во која ќе се побијат аргументите на барање причини за блокада. Што е одговорот од грчка страна? Прво, отсуствува реакција за правната рамка. Дојде пресудата од Хаг, а сè уште немаме слушнато кој е официјалниот став на Грција, како мисли да ја имплементира хашката пресуда. Нема одговор ниту за понудата за конкретните проекти. Видлив е недостигот и на примена на продуктивните работи, односно трошат повеќе енергија на бришење придавки отколку на обезбедување рамки за тек на преговорите. Наша стратегија е да ги елиминираме сите три типа заобиколувања, максимално се воздржуваме од изјави што можат да бидат злоупотребени и се трудиме да имаме нешто што ќе биде придобивка за двете земји. Почеток на преговори е, дефинитивно, такво нешто. Ако во Грција се создаде клима што ќе биде во правец - дајте да бидеме лидери во позитивна приказна, мислам дека во овој момент тоа може да биде лидерство во процесот на проширување во двете семејства. Тоа е добра можност и ние сакаме да видиме дека Грција ја користи.
$$ Кон крајот на месецов патувате за
Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации, а за тој настан вообичаено се врзува одредена динамика во врска со прашањето за името. Може ли да се случи нешто посуштинско во Њујорк? ## Не би сакал да креирам никакви очекувања кога нема сигнали од другата страна за подготвеност за поддршка на евроатлантската интеграција на РМ. Генералното собрание на ОН е добра рамка за средби со голем број партнери, но, исто така, симболично се поврзува со спорот за името, 41
Интервју/ Никола Попоски зуларните претставништва (ДКП), а имаме широка мрежа од 56 ДКП, кои врзуваат трошоци што не можете да ги намалите во толкав обем. Наша цел е во овој период да расте делот на проекти. Многу од тие активности се случуваат првпат, на пример, организирањето на летните школи за припадниците на македонската заедница во регионот или студии таму каде што имаме голема заедница, како во Австралија, во европските земји или во соседството. Моја цел е МНР да може во релативно краток период да ги апсорбира шоковите од намалувањето на буџетите, кои се тешко подносливи, но ситуацијата мора да ја споредите и со други земји. Секаде каде што патувам разговараат за намалување од 25 до 40 отсто, некаде и до 60-70.
бидејќи таму е наметнат. Нема да дозволиме ниту во тој контекст да се искористи за некаква аргументација за натамошни опструкции. Поради тоа, не би сакал да кажам дека имаме очекувања ниту, пак, да создаваме клима во која би нараснале очекувањата дека ова е моментот. Ние сме подготвени во секое време. И премиерот, во своето писмо до Самарас, многу јасно го кажа тоа, со што се елиминираат сите изговори за да се опстои на непринципиелна опструкција. Ние, и пред и по Генералното собрание, ќе продолжиме со политиката на отвореност и на подавање рака. Очекуваме тоа да биде пресретнато.
$$ Во грчката јавност, пак, овој настан се поврзува со можноста Македонија да отвори процедура за прием под уставното име во ОН, што е потхрането и со Вашите изјави дека не исклучувате ниедна опција. Колку реално е изводлива таква варијанта? ## Принципите се прекршени со наметнувањето услови што се надвор од стандардната рамка. Нашиот најсилен аргумент е правната неиздржаност на таквите опструкции од Грција, кои се дополнително зацврстени по пресудата на Меѓународниот суд на правдата, бидејќи страната што го наметнала спорот не го почитува ни решението што било постигнато во тоа време. Ние не сакаме да дадеме простор за злоупотреба или каква било ситуација во тој домен да биде искористена за натамошни опструкции. Затоа и инсистираме на фактот дека РМ ги исполнува преземените обврски. Не би сакал, исто така, да се користат шпекулации за едно или за друго сценарио за да се изврти фокусот од наметнатата опструкција врз РМ кон правните опции во ОН. Еве, во оваа рамка што постои сега, очекуваме од двете страни да ги почитуваат преземените обврски, а во хашката пресуда е констатирано дека не е точно ниедно грчко обвинување дека македонската страна ги крши обврските. Да ì дадеме шанса и на Грција да ги исполни преземените обврски. $$ По Самитот на НАТО во Чикаго беше
соопштено дека правниот тим што работеше на првата тужба се координира и ги разгледува можностите за следниот правен потег. Има ли резултат од работата на тимот? Вие изјавивте дека не отфрлате можност за нова тужба. ## Во однос на правните инструменти, ние имаме многу јасна и прецизна пресуда на Меѓународниот суд на правдата. Нормално е, како и во секое МНР, да има дел за меѓународно право и тој да работи во континуитет. Но, суштински е делот на примената. Страната која е посилна, поради членството во ЕУ и во НАТО, се доведува во ситуација целосно да ја игнорира пресудата, а страната која е во понеповолна ситуација, ги исполнува сите свои обврски. Ние немаме интерес да се продлабочува конфликтна ситуација и не посакуваме ситуација во која некој ќе се најде пред суд. Бевме принудени од неприн42
Во однос на правните инструменти, имаме многу јасна пресуда на Меѓународниот суд на правдата и сега сакаме да оставиме максимален простор да се реализира она што е констатирано. Ние немаме интерес да се продлабочува конфликтна ситуација и не посакуваме никој да се најде на суд
ципиелната и нелегалната блокада да одиме на таа правна опција, која докажа дека РМ е во право. Но, сега сакаме да оставиме максимален простор да се реализира она што е констатирано. Ние принципиелно стоиме на ставот дека сме отворени, сакаме комуникација, тоа беше констатирано и во пресудата, и не ни е прва опција натамошно продлабочување на опонирањето. Наша приоритетна цел е создавање клима што ќе ни овозможи да се оттргнеме од ситуација на конфликтност и продлабочување на разликите.
$$ Зошто дозволивте во услови на раст
на вкупниот државен буџет, МНР да има најнизок буџет во последните пет години – само 17 милиони евра во споредба со оној од пред четири-пет години кога бил 25 милиони? ## Во изминатите години имаше попозитивна клима и раст на економијата. Оваа година и ние сме погодени од кризата во Европа, а тоа не го одбегна ниту МНР.
$$ Но, и покрај кратењата, видлив е тренд
на зголемување на државниот буџет во последните пет години, а оној на МНР е на историски најниско ниво. ## Во улови на растење на буџетот, нормално е да очекуваме да растат сите, но, исто така, морате да ја видите и структурата на буџетот, односно колкав дел од тоа што расте се капитални инвестиции, а колкав дел се тековни трошоци. МНР има своја специфика, бидејќи најголемите трошоци се за дипломатско-кон-
$$ Дали не е дволичност да велите дека НАТО, ЕУ, името, дознавањето на македонската вистина во светот се приоритет, а на структурата што треба да го изведе тоа да ì ги кратите парите? Дел од ДКП останаа без амбасадори, зашто се штеди на плати. ## Доколку гледаме од аспект на идеално решение, дефинитивно, постои простор за подобрување на динамиката со која би имале присуство надвор, но тоа е во директна корелација со оптоварувањето на даночните обврзници. За да можеме во услови на намалени приходи да ја задржиме нормалната динамика, треба повеќе да ги оптовариме даночните обврзници, а тоа не ни е политика и затоа гледаме овој тежок период да го пребродиме без префрлање на топката кон буџетските обврзници. $$ Но, како може да има пари за 30 скулптури на мостот што води кон новата зграда на МНР, а да нема пари за политиките на МНР? ## Се работи за два различни буџета и не може да се стават во ист кош за споредба. На истиот начин на кој придонесува дипломатската мрежа, се придонесува и со тоа што ќе направиме нешто што ќе ја афирмира РМ на меѓународен план, а Скопје ќе стане поатрактивна дестинација. Мора да се води сметка и за тоа дека издатоците не се секогаш во линеарна корелација со резултатите, покрај тоа што е сигурно дека со повеќе пари имате повеќе можности за остварување на целите. За ЕУ и за НАТО, најголем дел од напорите треба да ги направиме дома. Фокусот ни е преку дипломатската мрежа да работиме на промоција на РМ како бизнис и туристичка дестинација. Тука, и во услови на намалени буџети, имаме значителни резултати, веќе наградивме ДКП, кои беа исклучително активни во привлекувањето инвеститори. Дополнително работиме на запознавањето на сите наши партнери со реформите што ги прави РМ, како и на регионалната соработка. И мислам дека, сè на сè, во услови на исклучително намален буџет, како што велите, имаме исклучително висока активност. И тоа вреди да биде признаено во рамките на вкупната анализа. www.gragjanski.mk
Интервју
Мариет Схурман
амбасадорка на Холандија во Македонија
Лустрацијата го урива владеењето на правото $ Во очекување на посетата на комеса-
Уставниот суд беше многу балансиран и сериозен во досегашните одлуки за лустрацијата, објаснувајќи кои елементи се спротивни на Уставот и на резолуциите на Советот на Европа. Сега, кога има нова иницијатива, очекувам судот да биде конзистентен во одлуките
рот Филе, што очекувате од третиот состанок во рамките на Пристапниот дијалог на високо ниво, имате ли Ваша оцена?
# Мислам дека Пристапниот дијалог на
Разговараше Васко Попетревски фотографија Кристиан Панов
С
поред пристапот и присуството во јавноста е сосема различна од Симоне Филипини. Актуелната холандска амбасадорка Мариет Схурман не е љубителка на микрофони, камери и фотоапарати. Но, според увидот и оцените за состојбите воопшто не отстапува од минуциозноста на својата претходничка. Зашто, тоа не е прашање на личен пристап и желби, туку на доследна и принципиелна политика на државата што ја претставуваат. Холандија, како земја-членка на ЕУ и на НАТО, е загрижена за трендовите во медиумите, во судството, во економијата, но смета дека Македонија исполнува минимум стандарди за да почне преговори за членство со ЕУ. Во интервјуто за „Граѓански“, Схурман вели дека членките на Унијата контактираат со Грција во обидот да се обезбеди консензус на Европскиот совет во декември.
сабота, 8 септември 2012
Очекувам Комисијата да повтори дека Македонија продолжува да ги исполнува политичките критериуми и оти е подготвена да ги почне пристапните преговори и очекувам мојата влада да го поддржи тоа.
високо ниво е позитивно искуство, бидејќи даде нов моментум во пристапниот процес. Тој не е исто што и преговорите, но ја подготвува земјата и дозволува дијалог за важни прашања, со кои, всушност, почнува вистинскиот пристапен процес - поглавјата 23 и 24, за владеењето на правото, основните права... Првите два состанока беа многу повеќе за пеглање на ставовите за тоа кои ќе бидат одредниците и кои процедури ќе следуваат. Во јуни имаше среднорочен преглед, а сега, во септември, ќе има преглед за постигнатото. Така што мислам дека сега е вистинската работа, да се разговара за целите што беа поставени и за тоа колку далеку е отидено во исполнувањето. Очекувам интересна и отворена дискусија за сите пет области. Некои од нив добија големо внимание во медиумите, како што беше слободата на медиумите и особено законот за клевета. Тоа беше добро искуство поради дијалогот што го иницираше владата со новинарите и постигнатиот 43
Интервју договор за клеветата. Ќе почекаме да ја видиме конечната верзија на законот што ќе биде предложена во парламентот и дали таа ќе ги земе предвид препораките од Советот на Европа. Но, има и други цели во оперативниот патоказ, кои добија помало внимание, така што ќе биде интересно да се погледне целиот патоказ, да се види до каде е стигнато, а следното ќе биде - што треба понатаму да се направи за да се одржат постигнувањата.
$ Дали како држава-членка имате своја
оцена до кое ниво се постигнувањата во дијалогот на високо ниво? # Секогаш, како амбасада, правиме наши анализи. За нас, медиумите се област во која бевме вклучени, обидувајќи се да им помогнеме на медиумите во дијалогот со владата и во развивањето акциски план. Затоа, продолжуваме да ја набљудуваме ситуацијата, како и во другите четири области. Голем дел од информациите за овие области сè уште не се јавно достапни, така што е тешко да се направи конечен заклучок за тоа што мислиме за напредокот. Врз основа на нив, ќе направиме сопствена оцена и ќе ја информираме нашата централа во подготовките за извештајот за напредок на ЕК.
$ Во делот за медиумите во оперативни-
от патоказ има и други одредници, како што се владините реклами и сопственоста. Има ли напредок кај овие одредници? # Не можеме да очекуваме сè да дојде во исто време. Во патоказот се целите што беа остварливи во кратка временска рамка - за шест месеци. Кога зборуваме за медиумскиот сектор, треба да се направи многу повеќе. Но, важно е да се разбере дека никогаш не може да има само легалистички решенија за вистинските проблеми. Она што го посакуваме за оваа земја се слободни медиуми, кои се глас на народот и им овозможуваат на луѓето да се ангажираат. Тоа е општата, севкупната цел. И не можете тоа да го сведете на пет конкретни цели. Извлекувањето на клеветата од Кривичниот законик и намалувањето на отштетите за да се избегне самоцензура кај новинарите, е една работа, но има и многу други - сопственоста, рекламирањето, недостигот на заштита на новинарите во законите за работни односи, како и поставувањето стандарди. Сето ова треба да се реши, но потребно е време. Така што не е погрешно ова да се прави чекор по чекор сè додека општата цел е јасна за сите и е поддржана од сите, а тоа е да се создадат слободни и независни медиуми, што ì овозможуваат на државата да функционира како демократија.
$ И сите одредници да се исполнат, не значи дека медиумите се слободни.
# Да, така е. Имањето перфектен правен
систем, перфектен закон за медиуми, не значи дека имате слободни медиуми. Зашто сè зависи од спроведувањето на законите и од другите механизми, што можат да прават притисок врз новинарите. Во дијалогот меѓу медиумите и владата, важно е владата да каже дека ја почитува слободата на медиумите и да овозможи фер правила на игра за сите. На другата страна се новинарите, кои треба да одговорат на предизвикот и да работат на стандардите. Но, ова е долгорочна стратегија, која не е лесно остварлива, зашто за владејачките партии и за владите никогаш не е лесно да се откажат од контрола на конкретни работи, особено кога тоа значи повеќе критика. Еден од најчесто користените цитати е оној на Давид Бен Гурион: Тестот за демократија е слободата за критика. Тоа е цената што треба да се плати за демократски систем. Решението никогаш не може да биде само во законите, во прашање е и начинот на мислење, на двете страни. Можеби, на трите страни, вклучувајќи ги и граѓаните.
$ Што треба да се очекува од извештајот
на ЕК и дали по четврт пат ќе биде повторена препораката за преговори? # Ние, како земја-членка, не учествуваме во подготвувањето на извештајот, тоа е задача на Комисијата. Ние го дознаваме во моментот кога се објавува во Брисел, во исто време кога го дознава и македонската влада. Правиме наша сопствена процена, врз основа на тоа што се случило во изминатата година и врз основа на најкритичните делови од минатогодишниот извештај.
$ Препораката за преговори значи дека
земјата-кандидат ги исполнува на одредено ниво политичките критериуми. Дали Македонија ги исполнува критериумите за да почне преговори? # Очекувам Комисијата да повтори дека Македонија продолжува да ги исполнува политичките критериуми и оти е подготвена да ги почне пристапните преговори и очекувам мојата влада да го поддржи тоа, како и во изминатите години. Мислам дека Македонија продолжува да ги исполнува политичките критериуми, но тоа не значи дека немаме никакви загрижености. Имаме. Затоа и го поздравивме Пристапниот дијалог на високо ниво, кој беше дизајниран за да овозможи продолжување на реформите. Зашто, не само кај медиумите, туку општо, кај независноста на судството, кај пазарната економија, видовме трендови што нè загрижуваат.
ИМА ТЕКОВНИ НАПОРИ ДА СЕ ДИСКУТИРА СО ГРЦИЈА ШТО ИМ ТРЕБА ЗА ДА ГО ДЕБЛОКИРААТ ЕВРОИНТЕГРАЦИСКИОТ ПРОЦЕС НА МАКЕДОНИЈА. ГРЦИЈА ТРЕБА ДА РЕШИ ВРЗ ОСНОВА НА ХАШКАТА ПРЕСУДА И НА СОПСТВЕНИТЕ РАЗМИСЛУВАЊА 44
Тоа е важно за нас како членка која секогаш се залагала за строг, но фер пристап, кој значи дека дозволуваме влез на држави единствено кога ќе сметаме дека ги исполниле сите критериуми, а од друга страна, дека поддржуваме почеток на преговори кога мислиме дека државата исполнила минимум критериуми за тоа. Ова беше ставот на Холандија во изминатите години, очекувам дека така ќе биде и во декември. И тоа е двостран интерес, бидејќи само кога ќе почнеме преговори можеме да дискутираме за вистински работи, за тоа што треба да биде направено за Македонија да стане полноправна членка. Преговорите може да траат повеќе години, бидејќи бараат натамошни суштински реформи. Како што реков, имаме загрижености за некои од областите, така што ако почнеме преговори со Македонија со поглавјата 23 и 24, очекуваме дека тоа нема да бидат лесни дискусии со владата на Македонија.
$ Како треба да биде оценета евентуал-
ната одлука за почеток на преговори во декември - како охрабрување, како поддршка, како заслужена работа, како подарок за власта? Ќе има различни оцени во различни кругови во Скопје. # Не е подарок. Тоа само значи дека земјата исполнува минимум критериуми. И кога сите во Брисел велиме дека исполнува минимум критериуми, последицата од тоа е дека треба да почнеме со преговори. Но, тоа не е давање членство. Имаме долга листа во сите 35 поглавја што треба да се исполни пред Македонија да добие членство. www.gragjanski.mk
Мариет Схурман
АКО ВЛАДИНАТА КРИЗА ВОДИ КОН НОВИ ИЗБОРИ, ТОА НЕМА ДА ГИ РЕШИ ПРОБЛЕМИТЕ. ЕДИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ Е ВИСТИНСКОТО ПОМИРУВАЊЕ # Пред Самитот на НАТО во Чикаго, хо-
ландскиот министер за надворешни работи разговараше со грчкиот и со македонскиот колега, како и со медијаторот Нимиц, охрабрувајќи ги сите да седнат и да го решат прашањето. Ќе продолжиме да го правиме тоа. Но, не можете да очекувате членките да решат билатерално прашање наместо вас, тоа е одговорност на двете земји.
$ Дали има дипломатска активност на-
$ Остварлив ли е планот што се диску-
тира меѓу членките на ЕУ, Македонија во декември да добие датум, а името од услов за почеток да се трансформира во услов за завршување на преговорите? # Ова не е нова идеја. Многу членки, меѓу кои и Холандија, јавно рекле дека името е билатерално прашање и дека сè додека Комисијата предлага почеток на преговори, треба да почнеме преговори. Строго, но фер. Но, за таа одлука ни требаат сите 27 членки, така што не е доволно 26 земји да се согласуваат, ако една се спротивставува. Ние, исто така, очекуваме двете страни да го решат прашањето за името, на конструктивен и заемно прифатлив начин. Мислам дека земјите-членки сметаат, што е став и на Холандија, дека треба да зборуваме со Атина за тоа што им треба за да го деблокираат процесот, бидејќи тие имаат билатерален договор со Македонија да не го блокираат зачленувањето во меѓународните организации, ако Македонија го прави тоа под привременото име. Грција блокира и ние треба да зборуваме со неа за да видиме што е потребно за да го деблокира тоа. Слично, очекуваме и од Македонија да зборува со Грција. Ние можеме да апелираме до членките на НАТО и на ЕУ да извршат притисок врз Грција, но прво двете засегнати страни треба да седнат и да разговараат. Способноста да се решаваат билатералните прашања, исто така, е важна работа за некоја држава што сака да стане членка на ЕУ.
$ Дали веќе зборувавте со Грција или имате план да зборувате?
сабота, 8 септември 2012
Наша желба за оваа земја е да има слободни медиуми и тоа не можете да го сведете на пет конкретни цели во Пристапниот дијалог на високо ниво. Но, за владејачките партии никогаш не е лесно да се откажат од контролата на конкретни работи, особено кога тоа значи повеќе критика
сочена кон Грција за да се види дали ќе поддржи отворање преговори со Македонија во декември, без претходно да се реши прашањето за името, бидејќи не е можна одлука без нејзиниот глас? # Нема формална дипломатска иницијатива. Има тековни напори да се дискутира со Грција што им треба за да го деблокираат процесот. И тоа не е нешто ново. Холандија, како членка, презема одговорност во ова, но на крајот одлуката е кај Грција. Го знаеме тоа, Грција треба да реши за својот став, врз основа на пресудата на Меѓународниот суд на правдата и на сопствените размислувања. Холандија сака пристапниот процес кон ЕУ да биде посветен токму на пристапувањето, а билатералното прашање не е дел од тоа.
$ Колку владината криза ги става во ризик ЕУ-амбициите на Македонија?
# Мислам дека има ризик кризата да го од-
врати вниманието од она што треба да се направи во рамките на Пристапниот дијалог на високо ниво и во другите потребни реформи. Но, не мора задолжително да има влијание, бидејќи владата продолжува да функционира и покрај несогласувањата меѓу двете партии. Некои велат дека кризата ја илустира потребата од натамошно помирување, а тоа е една од одредниците во извештајот на ЕК - меѓуетничките односи и помирувањето меѓу двете најголеми заедници. Мислам дека владината криза, со охрабрување од лидерите, може да се надмине. Но, прашањата за вистинско помирување и интеграција бараат поголемо внимание и дебата, не само меѓу двете партии, туку меѓу вкупното население. Кризата и реакциите го илустрираат тоа.
$ Имаме прилично нејасна ситуација
каде ќе води кризата - дали кон средување на односите меѓу коалициските партнери, дали кон нови избори или, можеби, кон други опции. # Двете партии треба сами да ја решат кризата и искрено се надевам дека ќе ја решат во насока што е од полза за демократскиот уставен систем на оваа земја. Македонија има многу специјална ситуација и треба да разбереме дека ако оваа криза води кон нови избори, тоа нема да ги реши проблемите. Во-
обичаено, кога ја распуштате владата поради несогласувања, се враќате кај гласачите и ги прашувате за мислење. Но, со оглед на сегашната поставеност на политичкиот систем во Македонија, знаеме дека тоа нема да понуди решение. Затоа мислам дека единствено решение е вистинското помирување.
$ Како земја што посветува особено
внимание на владеењето на правото, како го коментирате процесот на лустрација во Македонија? # Одблиску го следиме процесот на лустрација и тоа од поширока перспектива на владеење на правото. Со оглед на сензитивноста, можеше да се очекува нова иницијатива пред Уставниот суд и сега веќе ја има. Штета што се немаше трпение да се почека новото мислење на Уставниот суд. И повторно, ова е една од работите на кои не можете да им пристапите само легалистички. Уставниот суд беше многу балансиран и сериозен во досегашните одлуки, објаснувајќи кои елементи се спротивни на Уставот и на резолуциите на Советот на Европа, на кои се базира овој процес. Ако се видат резолуциите на Советот на Европа, станува јасно дека намерата е расчистување со наследството од поранешните комунистички тоталитарни режими, на начин што не е базиран на одмазда, туку на владеење на правото за да се овозможи изградба на демократско општество, со многу специфичен фокус за тоа кој треба да се лустрира, за кој период зборуваме, итн. Токму тоа го има и во одлуките на Уставниот суд, но во новиот закон не е земено предвид и мислам дека истите загрижености сè уште постојат. Ако се имаат предвид целите и духот на лустрацијата, може да се запрашаме дали новиот закон е во духот на резолуциите на Советот на Европа, дали ќе му помогне на општеството да се соочи со наследството на претходниот комунистички режим, овозможувајќи му изградба на демократско општество базирано на владеење на правото и, исто така, овозможувајќи му да ги обесштети и рехабилитира жртвите на тоталитарниот режим. Никој не зборува за тоа, иако тоа е една од препораките за лустрацијата. Сега, кога има нова иницијатива пред Уставниот суд, очекувам судот да биде конзистентен во своите одлуки. Во меѓувреме, имиња и тајни документи излегуваат во јавноста за луѓе кои немале право на адвокат, кои не можеле да се бранат себеси, кои се оштетени во своите права на приватност и одбрана. А, мислам дека Советот на Европа е многу јасен во своите препораки дека, и кога го правите тоа преку нова комисија, основите на владеење на правото од новиот уставен систем мора да се применат. 45
Анализа
Алтернативи Ако на западот нема ништо ново, а на православниот исток немаат намера да ја враќаат идеологијата што ја практикуваа, останува Пекинг, кој едвај ја дочека кризата на капитализмот за рекламирање на својот хибриден модел Пишува Стево Пендаровски
К
ризата во еврозоната ни е пред очи почесто од економските проблеми во САД, најмногу поради Грците за кои мислиме дека страдаат заради тоа што ни го прават нам. Сепак, дилемите врзани за иднината на заедничката валута и проектот на обединета Европа се поинтересни за политиколозите отколку за народите. Имено, западните Европејци ќе бидат доволно богати и без ЕУ, а балканските политичари ќе го поздрават тој факт бидејќи никогаш искрено не чувствувале дека се дел од тоа друштво. Меѓутоа, од историски аспект, далеку поголема тежина имаат дебатите за можните резервни варијанти на либералниот капитализам кои добија во интензитет по минатогодишните протести на Вол стрит. Лани ОЕЦД ја групираше Америка заедно со Мексико и со Турција според нивото на здравствена заштита и вкупна сиромаштија, заради неспособноста на системот да испорача услуги до големи делови од средната класа. На разочарување на старите домашни акцијаши, ова движење набрзо го изгуби здивот наспроти фактот дека 44 отсто од Американците сметаат оти економскиот систем не е праведен кон нив, а јавно беше потврдено дека еден процент нивни сограѓани поседуваат поголемо богатство од 90 отсто од народот. Ако на западот нема ништо ново, а на православниот исток немаат намера
46
да ја враќаат идеологијата што ја практикуваа, останува Пекинг, кој едвај ја дочека кризата на капитализмот за рекламирање на својот хибриден модел. Клучна кинеска теза беше дека протестите се предизвикани од „дисфункционалноста на политичкиот систем на САД“ и неможноста да одговори на економските потреби на луѓето, при што акцентот намерно го ставија врз политиката, иако стануваше збор за економска криза. Зошто? Од своите почетоци Кина ги оспорува фундаменталните западни политички одредници за системот кој глобално доминира, вклучувајќи го и толкувањето на појдовниот поим. Имено, според нив, фракциите во политиката, сегментираноста и поларизацијата во општеството се иманентни на демократијата, но токму тие својства одат на штета на функционалноста на државата. Наспроти тоа, Комунистичката партија на Кина на своите конгреси ја повторува својата „предност“ да обезбеди решително лидерство и ефикасно и рационално носење одлуки. Пропагандата е опиум за владите, затоа и Кинезите решија преку американските протести да ги правдаат своите внатрешни политики. Најчестиот спин беше дека американските политичари, со обвинувањата за аутсорсингот и вештачкиот курс на кинеската валута, всушност, сакаат да го дефокусираат вниманието на својата јавност од сопствената неспособност за решавање на домашните структурни проблеми. Оттука натаму, тезите во текстот ќе им
бидат познати на сите повозрасни читатели затоа што заедно статиравме во истиот филм во 80-тите години. Поради зарибаноста на југословенскиот социјализам, кој не продуцираше резултати, во тогашната држава беше измислен „сингуларен плурал“, или во предвод: плурални избори, но во рамките на единствената партија. И денес се живи и здрави самоуправните теоретичари од тоа време кои нè убедуваа дека Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија е парламент затоа што во него се застапени сите интересовни групи, од работници и учители, па до лекари, земјоделци, жени, пензионери и млади. Во периодот 1986/1989 година повозрасните имаа шанса и да гласаат со заокружување на едно име на гласачкото ливче на кое беа напишани повеќе кандидати од единствената партија. На Далечниот Исток и денес е исто. Таканаречените четири кардинални принципи што ги промовираше Денг Ксијао Пинг на конгресот во 1979 година се актуелна политичка платформа на КПК, со неколку иновации што ќе ги спомнам подолу. Тамошниот систем е правно-политички потпрен на следниве четири столба што
www.gragjanski.mk
Анализа се надвор од каква било дебата: пат во социјализмот, демократска диктатура на народот, лидерство на комунистичката партија и идеологија на марксизмот-ленинизмот-маоизмот. Меѓутоа, во ера на глобализацијата, крупен проблем за власта е да го убеди народот дека во нејзината политика има и идеологија, освен прагматичниот интерес да го одржува социјалниот мир. Пред пет години тогашниот партиски генерален секретар призна дека постои „зголемен ентузијазам и интерес на луѓето да учествуваат во политичкиот живот“, по што се започна со промена на реториката и на внатрешнопартиските процедури за полесен опфат на младите генерации. Најголема новина, всушност, е враќањето кон традиционалните корени на конфучијанската филозофија, што не е изненадување со оглед на сè потенкиот рејтинг на Карл Маркс, чиј „Капитал“ последнава година повторно лошо се продава во западните книжарници. „Неоконфучијанците“ аргументираат дека раководниот слој на партијата не смее да се менува на избори заради ингениозната идеја наречена „недемократска легитимација“ на режимот. Ли-
сабота, 8 септември 2012
Вредноста на индикаторот за мерење на редистрибуцијата на националното богатство Гини е најдобро чувана тајна во Кина, слично на бројката на вработени во државната администрација или висината на јавниот долг кај нас дерите на нацијата не смеат да бидат избирани од народот, туку селектирани од постарите лидери на партијата. Еден од нивните најголеми експерти за меѓународни односи ја критикува западната демократија дека означува само „броење глави“ и ништо повеќе, тврдејќи дека нивниот систем на селекција води сметка и за волјата на луѓето, но, освен тоа, бара и морал, мудрост и познавање на древните филозовски учења. Конечно, еден од неформалните предлози за модификување на политичкиот систем предлага постоење на тридомен парламент со дом на филозофи, дом на партиски избрани претставници и дом на наследници на поранешните мудреци и владетели. Последниов концепт изгледа нестварно и, според повеќето набљудувачи во Пекинг, нереално на долг рок, но во дозите дневна пропаганда (на кои нашиве ќе завидуваат) можат да бидат зајмени некои негови периферни елементи. За волја на вистината, пред да критикуваат „во принцип“, западните пуританци треба да се присетат на делови од британскиот политички систем каде што не секој доаѓа до позиција преку избори. Кинезите ги пропагираат старите вредности на социјална стабилност, хиерархија и почит кон претпоставените како обид за постигнување нов „социјален договор“, во кој и другата страна - народот - ќе го почитува договорното и ќе ја остави партијата на власт. За да ја препознаеме разликата меѓу оригиналниот социјален договор како водечка доктрина за политички легитимитет од средината на 17 век и нејзините современи деривати, да прочитаме неколку акценти од говорот на Ху Џин Тао на партискиот конгрес пред десет години кога рече: „Да ги подобриме системот и формите на демократија, да осигуриме дека луѓето ќе учествуваат во демократското одлучување и во контролата врз власта и да овозможиме екстензивни човекови права и слободи што ќе бидат гарантира-
ни“. На цитатот му недостига само една фуснота: сите заложби се однесуваат на интрапартиската демократија и, пред сè, на правата на партиските членови. Впрочем, за реакцијата на режимите е поучна следнава паралела: полицијата и службите во САД реагираа поблаго кон протестантите пред Вол стрит отколку кинеското раководство кон сликите што доаѓаа од Арапската пролет, на пример. Затоа на истокот станува сè потешко да се објасни постоењето на три милиони Кинези со лично богатство од над еден милион долари, а кои ја замаглуваат разликата помеѓу слабостите на либералниот капитализам и наводните предности на неговиот идеолошки роднина, државно-менаџираниот капитализам. Да се вратам на почетокот и на кинеските критики за неуспехот на американскиот систем да овозможи поправедна дистрибуција на националното богатство. Интересно е што официјалната кинеска политика не ì ги нуди сите информации на својата јавност за ефектите на социјалната држава, веројатно затоа што, освен ноторно катастрофалната редистрибуција на националните ресурси во САД, ниту кинескиот модел не е подобар. Имено, вредноста на еден од несовршените индикатори за мерење на редистрибуцијата Гини е најдобро чувана тајна во Кина, слично на бројката на вработени во државната администрација или висината на јавниот долг кај нас. Последниот јавно достапен податок за Гини во Кина е 0.46 или идентично со американскиот капиталистички систем каде што е познато дека банкарите „јадат мали деца“ за профит. Инаку, највисоката теоретска вредност на спомнатиов коефициент е 100, што се случува кога целокупното богатство во земјата му припаѓа на еден човек. Се разбира, во светот нема држава во која еден човек го поседува целото богатство на нацијата. На некои места, пак, како колективни сопственици фигурираат партии или фамилии.
47
Економија
Балканска берза би ја Пазарот со струја во Македонија знае да достигне и над 350 милиони евра годишно. Најчесто увоз. Иако струјата е берзански производ, кај нас нема берза, а, според експертите, и не треба зашто сме мал пазар , но дел од нив, сметаат дека треба да се направи берза која ке работи на Балканот Пишува Теофил Блажевски
М
акедонија веќе десетина години е увозно зависна земја во поглед на електрична енергија и засега таа увозна зависност се движи меѓу 15 и 32 отсто, во зависност од потрошувачката и од производството од домашни извори, кое, пак, зависи од технолошката кондиција на термоцентралите и на хидроцентралите и од временските услови - сушна или влажна година. Преведено во бројки, во најдобри услови, Македонија годишно произведува околу 6.400 гигават-часови електрична енергија, а троши меѓу 9 и 10 илјади гигават-часови. Домашното производство може да варира и до 1.000 гигават- часови, што значи дека во тој случај на пазарот би му недостигале и до 4.000 гигават-часови. Со оглед на претпоставката дека до 2016 г. потрошувачката би се зголемувала по стапка меѓу 2 и 3 отсто годишно, јасно е дека разликите можат да бидат и поголеми.
Регулиран пазар и виртуелна берза. Бидејќи сме увозно зависна земја, засега плаќаме прилично скапа увезена енергија, продавана на пазар кој има две основни карактеристики - регулиран до 2015 г. и делумно слободен, на кој се тргува со струја по делумно пазарни цени. Велиме делумно пазарни, зашто не постои класична берза на електрична енергија на која се нудат вишоци, се декларираат потреби, туку постојат, главно, четири-пет компании што продаваат и купуваат електрична енергија за потребите на МЕПСО, ЕЛЕМ и на ЕВН, како и за потребите на големите потрошувачи, т.е. индустријата. Тоа се „ЕФТ Македонија“, „Руднап“, „Ген-И“, „Роу и Рифајн Комодитис“, „ЕЛЕМ трејдинг“... Пазарот за домаќинствата и за малите потрошувачи е регулиран до 31.12.2014 г., што значи дека цените за крајните потрошувачи ги одредува Регулаторната комисија за енергетиката врз основа на повеќе фактори - производствена цена, состојби во системот и трошоци за увоз, што се покриваат со крајната цена на електричната енергија. Сè она што е надвор од можностите за домашно производство, според Законот за енергетика и подзакон-
ските акти, може да се купи на слободен пазар. Но, токму непостоењето вистински слободен пазар, каков што има во Европа, заедно со актуелната криза и потребата од помош на металургискиот комплекс во државава, ја натера владата да го задолжи Министерството за економија, заедно со МЕПСО и со ЕЛЕМ, да разработи берза на електрична енергија. На прашањето до Министерството за економија зошто досега немало берза, оттаму велат дека, според анализите од пред четири години, немало потреба. -Во изминатиот период беше правена анализа и таа покажа дека во тој момент нема потреба од берза на електрична енергија, со оглед дека пазарот беше строго регулиран и базиран на билатерални договори и немаше можност да се понудат одредени количини (моќност и енергија) на берзата. Министерството за економија е задолжено да изработи анализа на потребата за формирање берза на електрична енергија, а која ќе вклучи и споредбена анализа со земји од ЕУ и од регионот - велат од Министерството. Kомпаниите што тргуваат со струја велат дека берза за струја во Македонија е нерационална работа поради малите количини. -Севкупно се тргува со околу 3 теравати (3.000 гигават-часови). Ние што увезуваме и онака би ја купувале на други берзи, па тука би поминала и низ домашна берза, со што само би се поскапела финалната цена. Втoрото прашање е кој би ја формирал берзата. Државните ЕЛЕМ и МЕПСО? И, конечно, ако државата инсистира на берза, таа не
ПЕТ ТРГОВЦИ СО ВКУПЕН ПРИХОД ОД 273 МИЛИОНИ ЕВРА ВО 2011 Г. Петте најактивни компании што тргуваат со струја во земјава за 2011 година оствариле вкупен приход од над 273 милиони евра. Нето-добивката им е околу 1,7 милиони евра. Анѓушев од „ЕФТ Македонија“ вели дека не е точно
Компанија ЕФТ Македонија Роу и Рифајн Комодитис Ген-И ДООЕЛ Руднап ЕВН трејдинг
оти профитите во оваа дејност се големи. Како пример ја посочи ЕФТ групацијата, која оперира во 22 земји и која во минатата година имала обрт од над 2 милијарди евра, а вкупната добивка изнесувала околу 7 милиони евра.
Вкупен приход во 2011 г. во милиони евра 105,9 54,5 51,4 36,7 24,6
Нето-добивка(загуба) во 2011 г. во евра 709.973 -1.168,912 1.908.850 233.480 -4.790 Извор: Едиција 200 најголеми - Капитал
48
www.gragjanski.mk
Економија
а поевтинила струјата треба да биде облигаторна - вели за „Граѓански“ Кочо Анѓушев, прв човек на „ЕФТ Македонија“, најголема компанија во земјава што тргува со електрична енергијата и која е дел од меѓународната ЕФТ групација. Според Анѓушев, и поголеми држави од нас во регионот се обиделе да направат берзи, но се покажало како нерационално, како во случајот на Словенија, Романија и Бугарија. Спротивно на ова, експерти тврдат дека на големите потрошувачи би им било полесно и поевтино ако има берза со индексирани, а не виртуелни цени. Тие се согласуваат со ставот дека берза во Македонија би била скапа работа, но не гледаат причина да не се формира балканска берза, која би ја алиментирале државите од регионот. - ЕЛЕМ и МЕПСО сега имаат голем проблем, кога станува збор за нивните набавки или за продажбата на вишоци од страна на ЕЛЕМ, а тој проблем е отсуството на берза на Балканот. Берзи има во Виена, Амстердам, Лондон, Париз... Друг проблем на Балканот е што сè уште не е ставена во функција т.н. CAO - Coordinated Auctioning Office. Ова значи дека ако некој трговец сака купената струја од Словачка да ја продаде во Грција, треба физички да мине низ Унгарија, Хрватска, Србија, Македонија и Бугарија за да дојде до Грција. Трговецот, ем ќе плати „мрежарина“ за секој систем посебно, ем треба да направи и претходен закуп на капацитетите за пренос низ секој од националните системи. Згора, се прават аукции и за закуп за влез и за закуп за излез на енергијата - велат експертите.
сабота, 8 септември 2012
ПОСТОИ СОМНЕВАЊЕ ЗА НЕФОРМАЛНО КАРТЕЛСКО ЗДРУЖУВАЊЕ НА ТРГОВЦИТЕ СО СТРУЈА. ТОА Е НАЈГОЛЕМА ГЛУПОСТ - ВЕЛАТ ТРГОВЦИТЕ Преносни бариери. Овој сложен систем на аукции за закуп на националните мрежи треба да се олесни со почетокот на работата на регионалната берза што ја формираат десет држави од ЈИЕ, меѓу кои и Македонија, како што ни потврдија и од МЕПСО. -Се формира компанија со седиште во Подгорица, Црна Гора, и таа е основана од преносни систем-оператори од 10 држави од ЈИЕ, меѓу кои и МЕПСО. Целта е да се организираат аукциите за цел регион од едно место и со тоа да се олесни протокот на електрична енергија регионално, што ќе значи зголемена конкуренција и компетитивни цени - велат од МЕПСО. Од компанијата велат дека т.н. „мрежарина“, во принцип, не се плаќа, зашто постои систем за порамнување договорен од 40 национални оператори зачленети во европска асоцијација. -Во рамки на Асоцијацијата на преносни систем-оператори во Европа (ENTSOE) постои механизам за пресметки на токовите, таканаречен ИТЦ- компензациски механизам, кој е усвоен и одобрен од Собранието на ENTSO-E. Во зависност од токовите на електрична енергија меѓу системите, ИТЦ- механизмот пресметува кој систем-оператор треба да плати, колку да плати и на кого да се плати. Лани, по таа основа, МЕПСО плати 832.000 евра заради пренос на електрична енергија низ преносни мрежи за потребите на македонските потрошувачи кои купуваат електрична енергија однадвор - објаснуваат од МЕПСО. Што се однесува до закупот на капацитети од страна на трговците, од МЕПСО велат дека тој се наплатува само ако побарувачката за капацитет за пренос на енергија е повисок од понудената количина преносен капацитет.
-Доколку побарувачката за капацитет е поголема од понудената, сите што успеале да закупат капацитет плаќаат иста цена за закуп и тоа е најниската понудена прифатлива цена. Притоа, капацитет добиваат понудите чиј збир го достигнува понудениот расположлив преносен капацитет. Цените за закуп секогаш зависат од побарувачката за капацитети и нив ги утврдува конкурекцијата меѓу учесниците на аукциите - велат од МЕПСО. Главниот збор го имаат трговците. Проблемите што постојат во земјите од ЈИЕ, во смисла на сложените постапки за пренос на енергијата низ националните граници, како и немањето берза на Балканот или во Македонија, секако дека ја прави увезената струја поскапа за некој процент. Компаниите што ја продаваат, според нашата анкета со дел од купувачите, ја продаваат струјата од 50 до 160 евра по мегават-час.
49
Економија Од една од големите компании што купуваат струја ни потврдија дека тие, можеби, и би ја купиле поевтино од некоја странска берза, на пример, австриската, но се соочуваат со проблем да ја донесат до Македонија поради „зафатеноста“ на преносните капацитети во дел од балканските земји. Тие, пак, секогаш се закупени од компаниите што продаваат на балканските пазари. Така, состојбата на „слободниот пазар“ е само делумно фер и конкурентна. Експертот кој го консултираше „Граѓански“ се сомнева дека постои и картелско здружување на големите компании за трговија со струја, а кои лесно се договараат за продажната цена. -Бидејќи на Балканот нема вистинска ликвидна берза, трговците го користат тоа и претставуваат неформален конзорциум кој на некој начин ги уценува фирмите, како што се МЕПСО, ЕЛЕМ и другите што увезуваат низ целиот Балкан. И онаа виртуелна ликвидност ја постигнуваат со непазарна цена на струјата, односно ја бараат поевтината од берзанските индекси во Виена кога ја купуваат, а ја нудат по повисоки индекси кога ја продаваат - вели експертот. Кочо Анѓушев од „ЕФТ Македонија“ ги отфрла ваквите сомневања. -Тоа дека се здружуваме во картел или настапуваме како конзорциум е најголемата глупост што сум ја слушнал. Оние што зборуваат така треба да дојдат барем на една аукција, на еден тендер на кој настапуваме, и да видат како „ќе се заколеме“ за 0,1 евроцент разлика - вели Анѓушев. Тој додава дека струјата нема „ни боја ни мирис“ и дека единствени критериуми се цената, сигурноста и флексибилноста. Официјално, големите купувачи, како и трговците, велат дека тендерите се транспарентни и оти досега ниту еден не бил цел на поплака или на ревизија од страна на РКЕ. Од ЕЛЕМ велат дека компанијата купува три или четири пати годишно поголема количина енергија и оти основни критериуми се цената и флексибилноста од 20 отсто отстапки, што сите трговски компании ја прифаќаат. И од МЕПСО велат дека за своите минатогодишни потреби склучиле договори на тендер со четири компании што им ги обезбедиле потребните 215 гигават-часови, со ценовна маргина од 47 до 63,7 евра за мегаватчас. Но, од друга страна, интересно е дека големите купувачи, на пример, ЕЛЕМ, досега немале практика сами да се договараат за кусоците што недостигаат директно со оние што имаат вишоци за продавање или да купат енергија на берза. Било да се јават на нивни тендери, било преку директна спогодба, за што има законска можност во Законот за јавни набавки. Сами евтино да произведуваме. Вакви проблеми со сè поскапа енергија имаат и сабота, 8 септември 2012
За колку продава ЕЛЕМ? Кога продаваат свои вишоци, ЕЛЕМ постигнува цена меѓу 35 и 40 евра за мегават-час. -Во 2011 г., преку транспарентна продажба на вишоци по пат на аукции, реализиравме продажба на електрична енергија во количина од 172,3 GWh, од кои остваривме обрт од 7 милиони евра или чиста добивка од 1,1 милион евра, по просечна цена од 39,96 евра за MWh, средства што се реинвестирани во нови енергетски проекти. Во 2010 г. се истргувани над 670 GWh електрична енергија на повеќе од 20 аукции, во вкупна вредност од околу 23,24 милиони евра, по просечна цена од 34,69 MWh, средства што, исто така, се насочени во развојни проекти - велат од ЕЛЕМ.
АНАЛИЗАТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ПРЕД ЧЕТИРИ ГОДИНИ ПОКАЖАЛА ДЕКА НЕМА ПОТРЕБА ОД БЕРЗА НА СТРУЈА ВО МАКЕДОНИЈА
другите држави во опкружувањето. Многубројни се написите во негативен контекст за „трговците со струја што го собираат кајмакот“, а сега стануваат актуелни и во Србија, поради моменталните процени за тамошните кусоци. Српската влада најави можност дека нивното електростопанство ќе ги заобиколи трговците и директно ќе се договара со производителите за потребните количини, за што, пак, веднаш беше критикувана во дел од медиумите. Афери имаше и во Хрватска, Црна Гора, Албанија, во Бугарија... Во некои написи провејува и тезата дека електроенергетските системи на дел од балканските земји се практично заложници на трговците, на кои им одговара тие земји да се увозно зависни. Оваа теза е сомнителна од две причини. -Лобирањето во насока да се опструира изградба на нови капацитети на Балканот звучи логично и конспиративно, но е многу тешко да се докаже. Ниту еден политичар не би си дозволил да биде до таа мера разоткриен од спротивните интересни групи. Од друга страна, исто така, не е лесно да се аргументира дека конкретно Македонија би поминала поевтино ако недостигот од струја го покрива од сопствени извори - новоизградени капацитети. Треба реално да се пресмета цената на чинење на киловат-час од новите капацитети и да се спореди со пазарната цена по која Македонија го купува истиот тој киловат-час што ì недостига. И сето тоа да се проектира во следните 50 години - вели еден од експертите, поткрепувајќи го ставот со големата производна цена на киловат-час од една од новите хидроцентрали во Македонија. Други, пак, сметаат дека дури и со увезен лигнит од странство, ако не се прават малверзации при увозот и транспортот, би било исплатливо да се изградат нови термоцентрали или блокови во рамки на постојните и дека таа производна цена би била поевтина од увозната. Во постојната Стратегија на владата не се спомнува ниту една голема термоцентрала на лигнит или на гас до 2020 година, која би била во сопственост на ЕЛЕМ, туку се планира поголемо производство преку обновливите извори на енергија, како и изградба на „Чебрен“ и „Галиште“. Но, и тука работите се закочени. Последниот од неколкуте тендери заврши лани во декември, а двете компани што лицитираа - грчка и кинеска - сè уште чекаат на евалуација на нивните понуди. И додека државата се плетка во тендерските процедури за големи објекти, бизнисменот Анѓушев, во меѓувреме, активно се посветува и на производството на струја. Компанија на Анѓушев некаде поединечно, некаде заедно со „Гранит“, во моментов има 11 активни мали хидроцентрали во Македонија, со кои произведува вкупни годишни количини струја колку половина од годишното производство на хидроцентралата „Св.Петка“. 51
Економија
и зн и с б е т и н т Ко м п а к г у п о л есн о но г р у п и м и р а а т с в ој о т ул г о а р т и к асп р о т и н и н т е р ес ач и т е к о и в п о т р о ш у зи р а н и и ер с е д и сп ко м ож а т д а ш м н о г у т е зи р а а т к о г а и с е о р г а н н а т а з а г у ба , ч п ое д и н е ви с о к и т е по зара д и ог у пома л а н ц ен и , е м а т а ш т о вк о д д оби в аа т ру ј а ос т в а и т е ан р е г ул и р т и ј а ја пре т при
52
вески рајко Сла Т а в у ш и П на повеќе а пазарот напредун а р и н е интерв аѓаат у Државата еѓу поважните сп егулацијата. Со р М и . начини конкуренцијата цијата конкурен а вањето н унапредување на ечи создавањеа р мерките з астојува да се сп инантна позин ом а д т а а в тоа и бата н држа лоупотре кои субјекти, а со у наз и л /и и е к то н е р д п о , т ачите азаро ција на п ија на потрошув оизводите или ц р а п т а а о з л и делни цен експ е високи продажба. Во од е на њ а в у н т е а м з ањ и услови намера за спојув от за неповолн и н о га т с р о о п , ја га и о случаи, к овеќе претпријат ма право да ја п стецијата и две или конкурен води до поголем и а н а т и т а о о т т заш о ш с а а оста, узијат спречи ф центрација во дејн , Комисијата за н с пен на ко куренција. Кај на властена да се о н о е к а а т л ја а и м овори, по куренц н о к ските дог имиа л н е а т р а к а р н заштит к е речувањ вната дис бори за сп практики на цено чувања на три штетните ртикалните огран онкуренцијата, к е в а в , у ја аруш наци знисот о кои се н аничувања на би ство с а т ја и в го ил гр јалните о р за изоб територи ачи, станува збо енцијата таму р Зн и друго. аштита на конку грозена. з за а е з а и а т к р а е к лична. м е осема раз се цени д каде што а регулацијата е с во услови кога а н Логиката вило, се применув оста ја извршуа јн р е п (д ција Таа, по ставува конкурен кое прет не постои но претпријатие ијата е непракц д ва само е ли, пак, конкурен ствена гледна и е т ) л ш о п п гнува од о моно тоа што касност се пости како а з , а н ч ти е, фи етпријати јголема е точка на е на само едно пр ите монополи. н њ со постое чајот со природ ањето со вода в лу што е с пример е снабду некој да замии н е л ч е и (мож Клас инствата за домаќ
што ќе системи ивеат и н д о в о д та што ж лелни во сли пара ваат домаќинства ување?), потоа м у ги снабд за колективно до гија и сл. Трар и е т н к е је а јата е во об ричн на елект ето на регулаци интет о с о н е ењ пр а но, посто аштита н диционал о потребата за з роизлегува од с п поврзано отрошувачите и а природните п н ресот на а на регулација ија со монополт т а ја к и и р т ретп ување прак и други п от. Но, ова објасн што и л о п о н о ар м те ба на паз а области ска полож о. Нема одговор з изираат со вин ер е нецелос ани, а се каракт ај нас, пример р .К се регули на конкуренција ската можност н н о е к п а е з т ае да го сок с 007 годин ата самоуправа и-во2 д о а в о н за кс кал нци за та те на ло единици аат бројот на лице а е регулација в в ограничу јата територија. О барање на саво на зила на с те ја испорачаа а корисниците и н т е с а н л а в , ици која што не и-превозн дно, од причини та во с к а т е т и м о ја те. Претх нкуренци на услуги на овој текст, ко ски центри во д т е а се предм озот во повеќе гр т со т.н. „диви“ в до такси-пре лучително и нере водеше до дек то в , ш а в о земја а нив ност за , достигн а дејност, немож ои раи т с и с к а т к на самат дејноста струкција а учесниците во амалување на н н опстанок мките на законот, услугите, итн. а ра ботат во т и безбедноста н лација, кој им у о г т е е р т и п квал ој ти даватемер за ов на интересите на лезот и р п г у р Д в о венствен ањето на служи пр луги, е ограничув давање лиценз с лите на у рофесии преку и ен орган. Иако п в во некои на на некој држа повеќе случаи, а о р в т а с н д а о сепак, ци равд тика е оп потрошувачите, вање к а р п а а в а о ограничу аштита н заради з ваат примери за да се заштитат у а преовлад а нови субјекти з та од поголема н с на влезот учесници во дејно е т и јн о т пос ена од , предвод ните ција. а н л е о р к у к ш н а о к к с ра уште во та економ Чикашка от Џорџ Стиглер, на опасноста а ц нобелове ти години укаж т е с е седумд
www.gragjanski.mk
Економија
владата. ергија, от или од со дис и н з нската ен да ги и б и л а д п о н о а т т т а с в а а н н о е ја ичната и а намест може да с та во Македонија а државата од на електр се инпутира дек шувачите, тие, н ја ) и е ц њ а а а л н в у в м г у о е и ја к Р е при што тересите на потр те на произвоно беа во ето (повл и н вестирањ ости што претход зација. Ова е штитат и и штитат интерес атели на услуи јн в г а , некои де т, преку приват , некои делови д о , н е д т о и нав говц ос видовме те сопствен елекомуникации иот сообраќај, дителите и на тр ина, а претходно се наја т в тн случај со т на енергија, па ите услуги, до- гите. Ова не е но улаторите може д иранил о к г у р с е г о н р е т е р к т ја ш е а и а с ш н г ц о о д а а о а нек штит реме п сиската регул к а в з е д о а ка овој в н е о д ја н о , а и а од п ситуац бвинув Финан , осигурувањето о о . в е л с с т а Е увачи, д и К ш Р о мувањет на банкарството тал и др. е по- те субјекти. Но, кедонските потро акедони а а м ција да во област ите пазари на кап ен од економ- заговор против м со поддршка на бвинуво ситуа шуват а ч и н и јд оо в ч а л к а о з н р р а ш и о о е п е р р р г ат го дол (на п ција, ите да с е на пот наводно, а, што претставув п регула ната регулација та на и т регулатор ат на интересит претпријатија. н е б д е с с уж е ската вла адата. безбедно д социјал ричната не им сл на регулиранит еоријата за т.н. ската и о тата при работа, ина и др. Како на елект кај нас а вл з е т е т у и њ о к н а с у е в т ц ја и л и , т о чите пактн бјасни јата на еривати мер, заш те, човековата ок та регулација ор за ком омен го о Регулаци на нафтените д номска регулавна а зводи ж Овој фен терес. Станува зб кои лобираат м и р о о д н и р о , к п к а е н на Е от а на р на о ергија ржин групи за и бласта на бизнис на регулација авна сод наставниот план средината ен класичен приме ста на политикат ки т с а н о а е с о и л д н д е в б м о е о н о р а т. е м о и о н с т е е в п ф и гру за аѓа кор лг вр е застап ултет - Скопје уш сно е што при ријална ја, туку сп практикува подо атизацијата тичарите и ц е к р а е т ф е н кај поли безбедуваат мате артикулираат ит се ои рив скиот о го е на челн одини, н цени што е е поврзана со п ика. Ова е, мошто им у полесно рошувачите кои 90-тите г о на регулаторит е се имало г н т а о ја и н н и м д р о п и и т п р пе пре кциите ањет ега н Овие гру рес наспроти пот шко можат да полските то се мешаат фун адининазначув нституциите дос звршување на о н о е м е т т н а и у н , ш и и својот загуба и мног аат со вл ичината места во ека за успешно навања барем нечната рзирани жеби, пр орот и се поврзув тврдување на д оз п д и и а в се диспе ираат кога поеди огу помала од н н д д е л у о т р х ја а п неоп соци н из на регул ки во областа на т на слободно цијата се економската и на се орган исоките цени, е м регулираните к н а у и а т в ф а и т л ат ов на винее по се ос заради п што ја остварува носта што ја сновите ите т кои цени што не от. Пожелно е об ите о н а л з е у т о к а л а . не азар на ција т сво добивкат ија, заради нак а. та регула настанувањето аботата на Ре- формирање на п Е, да ги објасна цијата т ел К р Р ла у д и о г е ), с е р претприја ј регулаторните т високостручна а Е р т п и И при зан лада а (РК ка рзи повр ја за енергетик ку на- тите, в и и методологии но не може да е в о уживаат та, исто така, е тското знаење, р т н о и , к л с е е ја политик т во неко ергенсит ата коми о прави Регулаци која, покрај теор то се контрогулаторн на нашата јавнос а за електрон- на цените на ен тирањето што г имала ш т а с т о с н т о д у в т дејн дно, имп акти кое о интересо ривлече Агенција некои нејзини рифати ка владата, наво да се биде авање на и работеле во не гледп н з е о с п п а о о р н г е а б ко чи ба та обе ад врати во пертите, , имаат о цени. Тре озицијат егулација ации, ос лира. Екс ите претпријатија гите. Оваа прокомуник пропусти) при р есно дали оп ерес за повисоки за да се поверува и и к с т у в н т с и з р а н н о л и р е д и н (и и е м т в а л с а е н и и у и в т рег нос дек постапк ите оператори. Н олу коруптив- политички неп итичката сензи , јал за неа ост во од н ок ол деривати на предн содржи потенци бизнисот што на мобил е нешто повеќе од Република аејќи за п те на нафтените ргија за н з т , н с а о о в к н о ч а а м а е т к е тивр лоне т де на цени ката ене ќе дозна вираност на лиц Македонскиот кои знаа ција, нак значење чната и топлинс гласачите). Но, на , инвол на регула а. Регулаторите, а вработување д и о р а и т о и а р т р .е е а н т (т л п к з р еле ите . регу т на иот се регули ожеби, ќе тропнат а што се предедонија, стприватизациск ткри регу- на дардот на граѓан во кога посочуваа гук а М т н м е о о а , а р ја п р т н и ја о с п е т ј о в д а о о в ја р в т е н и к т до еде тпр е се ови телеком е на аферата ш рза, за поткуп да бидат а на пре итичарит от избор на член реме регулар к т е б и к а т м а на вратат лација, не можат нуди интереа а к рн ев тни во р ја гу мериканс ја и од Ц неадеква тела. Очигледно т личности со мет на ре . Велика Британи а конфликтот орот на а ери од Македони . Но, да се т а е а д т л о и в н д р е н о граи р м т независн р за ублажување и зголемување ункцион на Маџар телеко новата ис- ла ите тела да ги п тежина, чии био ат ф а н а н е о е а а ск р т а м п н н м о р и и ч а о т о т р р н р и а отс н а еко д ст лато мјат циф пат в сен п и кај регу а независност. Зе а се Чикашкатпредводена Гора о е на РКЕ. За прв едонија се случи лема спе во јавноста ќе го нечии инс о е г о р е п т н и т д за на ил на школа, вратим Република Мак естираат пред кој треба от на нив вецот и и проф а служба чки, на од нобело ер, прот на степен на како случај од јата на речиси и- фи евањето за нивн партиско-полити и ја а з и д о р п и о о н т а а ѓ гл т и а а и н т р Ст ц м г н ет м џ и а е т а о р и з л л в с о и н и и о е е Џ р т л т л г јг на вни нте е ре ја 80-ти те адово прива стории, а ара интерпелаци - тереси, дело нал за нивниот и едуслов за те во рани ини нез а што по рни дејности во ни од о о р уш т п а з е , т и и д ч г р е у у об и ти го т си се п нејзин РКЕ и см раструкт -тите год , СДСМ, п думдесет овери ќе бида ст, особини што сите инф а половина од 90 едизвикот др- сеукажа на опасноста циска партија претседателот на нејзиниот та и за д ја о и н ц с к и н в р у т а п а ф и се ез и во прва век, соочена со тни, но, регулаторите да ија за работата н те членови. РКЕ а некомпе- н ешно вршење на ат прива з и сп н т у а и а јз в е у н . н е а минатиот онополи да стан редничи со ре- најдат во ситуацат а и т т ф бв ос на н уж п м ни на на л не се о ба во јавн да не им сл те на жавните станат монополи, рактичен план. етседате у за високите це о на цените р п и ес р о п те а а к у њет на ин сепак, д на теоретски и н езависноста на , туку тентност, т големува а шувачите н вати, за з и р е д гулацијат е ја обезбедуваат е познати уни- потрорегулираните е т ни т на њ тија Британци те со назначува носта, за кои се претприја и в р ја о т о регула те што есори в ритисоци ски проф верзитет се поотпорни на п а смета дек
ОЧИГЛЕДНО Е ВРЕМЕ РЕГУЛАТОРНИТЕ ТЕЛА ДА ГИ ПРЕДВОДАТ ЛИЧНОСТИ СО ПОГОЛЕМА СПЕЦИФИЧНА ТЕЖИНА, ЧИИ БИОГРАФИИ И ПРОФИЛ ВО ЈАВНОСТА ЌЕ ГО ОТСТРАНАТ СОМНЕВАЊЕТО ЗА НИВНА СЛУЖБА ЗА НЕЧИИ ИНТЕРЕСИ, ДЕЛОВНИ ИЛИ ПАРТИСКО-ПОЛИТИЧКИ сабота, 8 септември 2012
53
Економија
Стагнација на економијата
Инвестициите завршија на штедни БАНКА книшки Навестува ли рецесија целосната стагнација кај инвестициите во приватниот сектор? Фирмите бараат кредити за „преживување“, граѓаните ги чуваат парите на штедни книшки, а инвестиции нема Пишува Ида Протугер
В
о екот на економската криза се истакнува еден податок од Народна банка со својата контрадикторност. Од јануари годинава до крајот на јули, депозитите на граѓаните во банките се зголемиле за 104 милиони евра, односно од 2.675.000.000 евра на 2.779.000.000. Кај депозитите на компаниите има поголема логичност во трендовите, тие се тенчат - од 902,7 милиони евра во јануари, во јули се стопиле на 882,6 милиони евра, или за 20 милиони евра помалку. Тоа покажува дека во борбата за профитабилност, во овие сложени економски услови, компаниите посегнуваат по заштедите. За да се најде, пак, логично објаснување за нагорниот тренд кај депозитите на населението е, можеби, тоа што во услови на криза граѓаните се воздржуваат од трошење. 54
Но, ако се знае дека во првите шест месеци реалните плати се намалени за 2,5 отсто и одново е детектирана сиромаштија од 31 отсто, неверојатно изгледа податокот за раст на депозитите од 12 отсто. Вишок пари кај Македонците?. Едно од објаснувањата за вишокот пари кај населението е дека продлабоченоста на јазот меѓу богатите и сиромашните води кон екстремности на двете страни, сè поголем број сиромашни наспроти милионери. Профит над еден милион евра во минатата година оствариле 120 македонски компании, според остварената нето-добивка. Оттука, претпоставките се дека наместо да ги трошат, менаџарите во овие фирми ги оплодуваат парите во банките за не мала камата од околу 7 отсто за орочени депозити на една година. Второто објаснување на растот на депозитите во ситуација на
претрецесија е дека македонските банки се избор за штедење на иселениците. Во првите шест месеци, за 40 отсто е зголемена сумата на дознаките од странство или, според статистиката на НБРМ, влегле 727,5 милиони евра во вид приватни трансфери, за разлика од лани, кога во истиот период се слеале 569,9 милиони евра. За споредба, лани во цела година влегле 1,5 милијарди евра дознаки, а странски директни инвестиции 304 милиони евра, или пет пати помалку. Центарот за економски анализи (ЦЕА) лани спроведе анкета меѓу македонските граѓани кои работат во Авганистан и во Ирак, при што испитаниците изјавиле дека заработувачката, главно, ја вложуваат во банка, во модернизација на домовите или во недвижен имот. Но, информациите од агенциите за недвижен имот велат дека стагнира и оваа продажба. Слободан Митровски, сопственик на агенцијата „Асwww.gragjanski.mk
Економија торија“, вели дека, според нивната евиденција, продажбата на станови паднала за 50 отсто во споредба со минатата година. Воздржаност има и кај редовните трошења на граѓаните за купување облека, апарати за домаќинство, мебел. Сумата на собраниот данок на додадена вредност (ДДВ), што е данок на потрошувачката, во првата половина од 2012 година е за 17,6 милиони евра пониска од онаа прибрана во истиот период минатата година. Кредити за „преживување“ . Така, ако овие пари завршуваат на банкарски конта, а не во инвестиции, при што во исто време драматично паѓа и продажбата на недвижен имот, се покажува економската кондиција на земјата која влегува во стадиум на дезинвестирање. Ова го потврдува и првиот човек на Стопанска банка, Глигор Бишев, кој вели дека побарувачката на кредити за обртен капитал значајно ја надминува онаа за инвестиции. - Тоа значи дека компаниите не размислуваат доволно за преструктурирање, а тоа е она што ни е потребно. Кредитите на банките во претпријатијата се зголемија за 11 отсто, што е значајна поддршка, но, за жал, повеќето кредити се за обртни средства. Компаниите имаат резерви, а за нивно одржување им се потребни обртни средства за да ги продадат, а потоа, евентуално, да влезат во нов инвестициски циклус - вели Бишев. Ова покажува дека фирмите „преживуваат“ и се обидуваат да остварат профит без да влезат во позначајни инвестиции во нови технологии, а што е единствен пат до зголемување на конкурентноста. Слично искуство има и Прокредит банка. Извршната директорка Јованка Јолеска-Попоска вели дека речиси 90 отсто од барањата за кредити се краткорочни, за надминување ликвидносни проблеми кај фирмите. -Инвестициски кредити се оние од линијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ), затоа што се со најповолна каматна стапка. Но, тоа се 10-15 отсто од одобрените кредити - вели Попоска. Зголемувањето на депозитите во отсуство на доволен број здрави инвестициски проекти, всушност, го зголемува трошокот на банките кои ќе исплаќаат камати за штедење во услови на намален прилив од каматите за кредити. На прашањето дали оваа ситуација ќе доведе до намалување на каматите за штедење, Попоска вели дека тоа зависи од интерните одлуки на банките, но дека најголем дел од нив сакаат да имаат здрава депозитна база што ќе ја обезбедат со атрактивни камати за да не зависат од кредитни линии. Тоа, пак, ќе доведе до пад на профитите на банките годинава. Целата ситуација на дезинвестирање, пад на индустриското производство и на приходите во буџетот навестува рецесија. Државниот завод за статистика на 14 септември ќе ги објави податоците за бруто домашниот производ за вториот квартал, кога ќе се види дали и официјално ќе биде прогласена рецесија. сабота, 8 септември 2012
Според индексот на иновативност, Македонија се наоѓа на далечното 110. место на листата и тоа со пад од шест места во однос на минатата година
Глигор Бишев Кај кредитите за компании има раст од 11 отсто, што е значајна поддршка, но, за жал, најголем дел се за обртни средства
Крсте Шајноски Ако не се стави крај на неплаќањето на обврските, компаниите ќе го решаваат проблемот со редуцирање на сопствените активности
Иновативноста единствено решение. Стагнацијата на македонската економија се гледа и во најновиот извештај за конкурентноста на Светскиот економски форум. Според глобалниот индекс за конкурентност, Македонија е рангирана на 80. позиција, едно место подолу од ланската и прекланската година. Каде е излезот, односно решението како да се откочи оваа ситуација на преживување и да се влезе во подинамичен инвестициски циклус, што ќе ја зголеми конкурентноста и ќе донесе здрав и долгорочен економски раст? Иновации и нови технологии. Тоа се волшебните зборови што, според економистите, се единствен рецепт за Македонија да излезе од оваа позиција на стагнација. Но, токму на ова поле резултатите се слаби. Во истиот извештај за глобалната конкурентност, Македонија е сè уште е во групата земји чии економии се движени од ефикасноста, а не од иновациите. Хрватска, на пример, веќе неколку години е во една група понапред, до земјите чиј економски раст е движен од иновациите. Компаниите во тие економии се глобално конкурентни и остваруваат огромни профити. Исто така, според индексот на иновативност, Македонија се наоѓа на далечното 110. место на листата и тоа со пад од шест места во однос на минатата година. Економистите се согласуваат дека значаен дел од проблемот се должи на кризата, но и дека политиката ниското ниво на приватни инвестиции да се надомести со позначителни јавни, всушност, се води со погрешни проекти. Речиси сите економисти се согласуваат дека капиталните проекти, кои се избор на владата, имаат мал мултипликатор, односно слабо влијание врз економскиот раст или се речиси непродуктивни. Така што воздржаноста од инвестиции кај приватниот сектор, а непродуктивно инвестирање на јавниот, дополнително ја оддалечува земјава од можностите за просперитетен развој и конкурентна економија. Втора можност да се отвори пат за нов инвестициски циклус е подинамичен влез на странски инвеститори кои би донеле нови технологии и пренос на знаења. Засега на тоа поле има многу најави, а бавна реализација. Оцена - каде сме?. За да се оцени колку една економија е успешна, според Бишев, може да се земе примерот со критериумите за успешност на ниво на компанија, а тоа се да е здрава и да генерира профит.
- Пренесено на ниво на држава, за да се каже дека една економија е успешна, таа треба да генерира работни места, економски раст и да го зголемува животниот стандард на населението. Во сегашни услови на криза е многу тешко да се прави тоа, но тоа е вистински предизвик за носителите на економската политика. Македонската економија мора да расте затоа што јазот меѓу нас и земјите од ЕУ е значителен - вели Бишев. Тој додава дека, според примерите од развиените земји, успешна економија е онаа што за три-четири години го дуплира извозот. Според него, тоа е она што Македонија треба да го направи, со иновативни производи, со нов дизајн и со модерни технологии што носат висока конкурентност. На прашањето дали Македонија може со сопствени сили, односно со преструктуирање на домашните капацитети да го направи тоа, Бишев вели дека значаен удел може да имаат странските инвеститори кои, по правило, влегуваат подинамично во земјите чиј влез во ЕУ е веќе извесен. Исто така, според него, значаен чекор напред кон преструктуирањето на компаниите и кон нов инвестициски циклус е и зголемувањето на вештините на работната сила. - Македонија има евтина работна сила, но тоа не е доволно. Потребна е работна сила со одредени квалификации, знаења и вредносен систем каде што трудот е важен елемент, односно зголемување на продуктивноста - вели Бишев и го посочува примерот на глобално ниво - ако неколку години пред кризата Кина беше главна инвестициска дестинација, сега САД повторно го земаат приматот. Според него, иако платите во САД се едни од највисоките, продуктивноста, како резултат на преструктуирањето, е многу зголемена за разлика од другите дестинации и затоа оваа земја е избор на инвеститорите. Нов циклус на инвестирање не е можен без да се решат наталожените проблеми што се актуелни независно од кризата, исклучително високата внатрешна неликвидност и непроменетата монетарна политика што произведува високи каматни стапки, е ставот на проф. Крсте Шајноски од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. -Практиката на неплаќање и немоќта на институциите да го присилат должникот да го плати долгот сигурно ги ограничува стопанските субјекти да преземаат поамбициозни производни и услужни активности. Ненаплатените побарувања (не само по основа на продадени стоки и услуги, туку и за извршена работа) подолго време ја оптоваруваат пазарната атмосфера на работење и дестимулативно влијаат да се преземат покрупни стопански зафати. Крајно време е да се преземат конкретни мерки со кои ќе се стави крај на неплаќањето на обврските во договорени рокови. Без тоа, поединците, односно компаниите, го решаваат проблемот со редуцирање на сопствените активности, што, секако, неповолно се одразува врз динамиката на растот на вкупната економија - вели Шајноски. 55
Анализа Пишува Никола Поповски
В
о секој учебник по економија рутински може да се прочита дека добро поставениот финансиски систем во една економија може да придонесе за успешен развој на општеството. Граѓаните и компаниите преку него, во зависност од потребите, имаат лесен пристап до слободниот капитал што им е потребен за тековна потрошувачка или за инвестирање, но едновремено преку него можат и ефикасно да ги концентрираат и управуваат своите тековни заштеди. Финансиските институции од најразличен вид, вклучувајќи банки, осигурителни друштва, пензиски, различни инвестициски фондови и сл., им овозможуваат на различните економски субјекти едноставно и лесно пласирање на заштедите што се генерираат во времињата кога поединецот или компанијата заработуваат повеќе од потребното, а истите да се користат кога работите не одат доволно добро. Во животниот циклус на човекот, по правило, поголемата потрошувачка е концентрирана во првиот и во последниот период од неговиот живот (младоста и староста), а заштедите настануваат во време на неговите најпродуктивни, работни години. Слично е и со компаниите. Во својот почетен развој тие најчесто користат поранешни заштеди на сопствениците или банкарски кредити (туѓи заштеди), а во време на економската зрелост и подем создаваат свои заштеди со кои ги враќаат кредитите и обезбедуваат дополнителна сопствена акумулација за натамошниот развој. Кога компанијата, согласно со динамиката на својот животен циклус, временски ќе ја надмине својата пазарна зрелост, повторно може да се потпре на заштедите што ги направила во време на пазарниот просперитет. Финансискиот систем е незаменлив во обезбедувањето на механизмите за ваквото движење на капиталот и потребата од спојување на оние субјекти што во одреден момент имаат вишок капитал и оние што имаат недостиг од потребниот капитал.
56
Даноци на финансискиот сектор Светската криза и рецесијата го наметнаа прашањето и за поинакво оданочување на финансискиот сектор, па се чини дека доаѓа крајот на заштитничката улога што ја имаа модерните држави кон овој сектор
Но, финансискиот систем, во одредени околности, особено ако не е добро управуван и регулиран или доколку нема добра супервизија, може да стане и голем товар за економијата и за граѓаните и да се претвори во нивен најголем вкупен релативен трошок. Финансиската криза од 2008/2009 година, во најголем дел од светот, го потврди токму тоа, па многу влади тргнаа во негово (некритичко) спасување само за да не се случи економски домино ефект врз вкупните економски активности и вработеноста. Таквото спасување денес се проценува дека, само владите на северноамериканскиот и на европскиот континент, кои беа и најпогодени од финансиската криза, ги чинеше околу 4-5 отсто од нивниот БДП во директните обиди за спас на банкарскиот сектор и 4 пати повеќе, или околу 17 отсто од БДП на индиректен начин преку издадени гаранции. Заедно тоа е нешто над 21 отсто од нивниот БДП или, според слободна процена, над 6 илјади милијарди долари. И покрај тоа, глобалната рецесија беше незаобиколна и до денес кумулативно однесе околу 25 отсто од нивниот БДП. Како резултат на ваквата политика, која во последниве години префрли огромни средства на даночните обврзници кон спасување на (приватните) банки, многу земји, особено во рамките на ЕУ, воведоа нови даноци кон финансискиот сектор за да повратат дел од својот фискален трошок што го финансираа со креирање дополнителни дефицити. Меѓу нив се Германија, Латвија, Португалија, Словачка, Шведска, В. Британија, Австрија, Белгија, Данска, Кипар, Унгарија, Франција, но и Исланд и Молдавија. Речиси половина од овие земји ги третираат ваквите даноци како привремени, а не трајни. Неодамна (септември 2011 година), дури и Европската комисија предложи воведување на т.н. „координиран“ данок на финансиски трансакции за сите земји-членки на ЕУ, нешто што би требало да започне да се применува од почетокот на 2014 година, со намера да се применува на сите финансиски трансакции каде што барем едната страна на трансакцијата е лоцирана во ЕУ. Тоа би опфатило околу 85 отсто од сите трансакции на финансискиот сектор. Таквиот данок би требало да да биде корективна www.gragjanski.mk
Анализа алатка што ќе ја намали можноста (опасноста) за идни кризи, но и средство за нови извори за покривање на трошоците на минатите или на идните кризи. Се смета дека отсуството на даноците во финансискиот сектор во светот, на пример, даноците на финансиските трансакции, ДДВ на финансиските трансакции и слично, во голема мера непазарно го протежира, па дури и директно го стимулира финансискиот сектор, а во тоа се гледа и еден дел од причините што овој сектор во минативе години пропорционално многу побрзо расте од просекот на економиите и многу побрзо од одредени сектори. Таквите дисторзии се одличен аргумент за воведувањето ДДВ или друг данок на финансиските трансакции, а истите би биле и одличен амортизер за можниот, иако тешко дефиниран и немерлив, општествен трошок од ризичното однесување на финансиските институции, пред сè, банките. Тоа е слично на еколошките даноци што ги принудуваат загадувачите на плаќање за трошоците што тие му ги наметнуваат на општеството со својата економска активност. На глобално ниво експертите, во основа, разгледуваат четири главни видови можни даноци за оваа цел, а тоа се: 1. Придонес за финансиска стабилност во вид едноставно оданочување на финансиските институции по нивната завршна сметка. Тоа би било перманентен данок за да се избегнат можни малверзации; 2. Данок на финансиски трансакции (ДФТ) како данок на секоја поединечна финансиска трансакција. Ова несомнено би довело до лесно и едноставно зголемување на буџетските приходи на секоја држава, но и дестимулирање на трансакциите во системот. Ваков данок Македонија воведе во 2001 година со цел да ги финансира трошоците на тогашниот воен конфликт, но потоа, од чисто фискални причини, тогашната влада го задржа данокот и во текот на цела 2002 година и на тој начин обезбеди дополнителни 6 милијарди денари (100 милиони евра) за трошење; 3. Данок на финансиските активности, што би се применувал како дополнителен на добивката и разните наградувања што ги реализира финансиската институција и би претставувал некој вид сурогат ДДВ во финансискиот сектор. Тој данок ќе има и недисторзивен карактер кон другите сектори што се обврзници на ДДВ; и 4. Некаква реформа на данокот на добивка кај финансиските институции по однос на честото изземање од оданочување на каматните плаќања кон кредиторите или дивидендите на инвеститорите (сопствениците), што често се случува во практиката на многу земји. Дизајнирањето на овие даноци би било релативно сложен процес (одредување на даночната основа, даночните обврзници и стапки), освен во случајот на ДФТ. Ако, на пример, се воведе општ данок на финансиските активности, општата стапка што важи за ДДВ би била соодветна, но ако целта е да се сабота, 8 септември 2012
АКО ФИНАНСИСКИОТ СИСТЕМ НЕ Е ДОБРО УПРАВУВАН И РЕГУЛИРАН ИЛИ АКО НЕМА ДОБРА СУПЕРВИЗИЈА, МОЖЕ ДА СТАНЕ И ГОЛЕМ ТОВАР ЗА ЕКОНОМИЈАТА И ЗА ГРАЃАНИТЕ И ДА СЕ ПРЕТВОРИ ВО НИВЕН НАЈГОЛЕМ ВКУПЕН РЕЛАТИВЕН ТРОШОК
ОТСУСТВОТО НА ДАНОЦИТЕ ВО ФИНАНСИСКИОТ СЕКТОР ВО СВЕТОТ, ВО ГОЛЕМА МЕРА НЕПАЗАРНО ГО ПРОТЕЖИРА, ПА ДУРИ И ДИРЕКТНО ГО СТИМУЛИРА ОВОЈ СЕКТОР
обесхрабри преголемиот ризик на банките, тогаш стапката може да се помести дури и повисоко. Од друга страна, самиот избор на ДФТ би претпоставувал и релативно ниска стапка за да се избегнат дополнителни дисторзии. Министрите на групата Г-20, на пример, се согласни дека даноците на финансискиот сектор, доколку се воведат, би требало да се максимум до нивото на потребата за обезбедување на покривањето на евентуалниот директен фискален трошок на некоја идна владина поддршка на овој сектор. Даноците на финансискиот сектор, кои се воведоа во 13 земји од ЕУ по финансиската криза, просечно обезбедуваат годишни приходи во националните буџети во границите од под 0,05 отсто од БДП (Латвија), па сè до 0,7 отсто од БДП (Унгарија). Нивното просечно учество во 14 земји е 0,2 отсто од нивниот БДП и тоа значи дека само за покривање на досега реализираните директни трошоци на владите во врска со санацијата на финансиските институции ќе им бидат потребни 20-25 години. Новопредложениот данок (ДФТ) од Европската комисија би требало да обезбеди околу 0,5 отсто од БДП на ЕУ, односно околу 55-60 милијарди евра, што би се поделиле меѓу ЕУ и земјите-членки. Каква ќе биде иднината на овој данок во ЕУ, а со тоа и во земјите како што е Македонија, која сака да се придружи кон ЕУ, зависи од политичката волја на земјите-членки. Досега четири земји искажаа резервираност кон овој данок, девет го поддржаа, а Франција на 1 август 2012 г. го воведе данокот унилатерално по стапка од 0,01 отсто за трансакциите што се спроведуваат внатре во земјата. Четирите најголеми земји во рамките на еврозоната (Германија, Франција, Италија и Шпанија) на својот самит во јуни 2012 г. го поддржаа воведувањето на овој данок. Очигледно дека светската криза и рецесијата што веќе пет години го потресуваат светот, а кои произлегоа од почетната финансиска криза, го наметнаа прашањето и за поинакво оданочување на финансискиот сектор. Се чини дека доаѓа крајот на целосно заштитничката улога што ја имаа модерните држави кон овој сектор и почеток на повнимателен однос кон него. Тој, иако има несомнено важна и сензитивна улога во сите национални и во глобалната економија, ќе мора да се навикнува на правила на игра што сè повеќе ќе бидат подеднакво исти како и за другите учесници од другите сектори во економијата. Не е исклучено дека во иднина тие ќе мора сами да создаваат фискални фондови што ќе служат за избегнување на ризикот од нивно работење по економијата во целина. Ако тој бран целосно го зафати развиениот свет, особено и ЕУ, тогаш ни Македонија нема да го избегне, иако се чини дека сегашната влада со задоволство и без многу дилеми би прифатила веднаш да го „усогласи“ македонското даночно законодавство со европското. 57
Интервју
Џон И. Битов
член на Бордот на „Македонија 2025“
Треба да гледаме подалеку од Македонија „Македонија 2025“ е невладина организација во која членуваат бизнисмени од дијаспората и наши успешни менаџери. Организатор е на Глобалниот инвестициски самит што ќе се одржи во Охрид, од 18 до 21 октомври. Претседател на Бордот е Мајк Зафировски, а членови од македонските бизнисмени се Живко Мукаетов, прв човек на „Алкалоид“, и Минчо Јорданов, сопственик на „Макстил“ Разговараше Ида Протугер
П
остојат два многу важни сегмента во економскиот развој. Еден е да се привлечат и да се задржат странските инвеститори, а вториот е да се изгради конкурентска атмосфера на иновации, во која претприемачите ќе бидат способни да напредуваат и да бидат успешни. Наша цел е да помогнеме на двата фронта, вели Џон И. Битов, член на Бордот на директори на „Македонија 2025“. Битов е еден од главните акционери во најголемата канадската еквити компанија „Обелиск“, која менаџира со три големи канадски компании. Оние што го познаваат велат дека е непосреден, практичен и прецизен во тоа што го зборува и прави. Како што вели тој, целта на Глобалниот инвестициски самит, кој ќе се одржи во Охрид, е да се помогне во привлекувањето инвеститори, вклучително и на оние од дијаспората. Ќе се организираат и тркалезни маси каде што ќе се дискутира деловната клима со локалните бизнисмени, со што ќе се иден-
58
Мислам дека Македонија треба да стане спортска нација, затоа што во време на мултимедијален свет, земјите кои победуваат на меѓународен план стекнуваат кредибилитет
тификуваат проблемите и ќе се разговара за можните начини таа да се подобри. - Се залагаме и за зајакнување на менторството и за развивање на вештините на вработените во македонските компании. Развиваме и проект за помош на младите професионалци и на студентите. Некои од моите компании веќе им овозможија на повеќе студенти практична работа во Канада, на неколку месеци. Имаа можност да се здобијат со искуство и „од права рака“ да видат како работиме. Во Македонија, пак, организиравме проекти што ќе им помогнат и ќе ги охрабрат студентите да ги истражат сите можности што им се на дофат. Економскиот раст мора да произлезе од инвестициите и од развојот на постојните потенцијали, но, исто така, и од инвестирањето во младите.
или група. Од една страна е владата која сака да го спроведе тоа, а од друга, исто толку важно, се луѓето кои сакаат да ги искористат предностите на овие програми за да бидат успешни во бизнисот. Не можете да ги водите овие проекти како да се агенции за вработување. Треба да бидат така креирани за да дадат успешни резултати, да функционираат.
$ Кои се најголемите поволности на
рачале за да се подобри бизнис-климата и пошироко, за постигнување долгорочно висок економски раст? # Потребни се натамошен развој и промоција на претприемништвото, иновациите и конкуретноста. Исто така, важно е да постои ефикасна и цврста
Канада, што го поттикнуваат развојот на бизнисот и инвестициите? # Сите модерни демократии имаат проекти за поддршка и стимулации на инвестициите и развојот. Нивното спроведување никогаш не зависи од еден човек
$ Имате ли Вие планови за инвестирање во Македонија?
# Ние не ја формиравме организација-
та за директно да инвестираме, туку со надеж дека на заинтересираните ќе им обезбедиме увид во ситуацијата и да ги охрабриме да инвестираат во Македонија.
$ Какви клучни реформи би препо-
www.gragjanski.mk
Џон И. Битов
МНОГУМИНА ОД ИНВЕСТИТОРИТЕ НЕМААТ ИНФОРМАЦИИ ЗА МАКЕДОНИЈА НИТУ, ПАК, КАДЕ СЕ НАОЃА, ТАКА ШТО СТАРТУВАМЕ СО ТОЈ НЕДОСТАТОК, НО ЛЕСНО Е ТОА ДА СЕ ПРОМЕНИ СО ИЗНЕСУВАЊЕ НА ФАКТИТЕ власт, како и судски систем што ќе ги обезбеди основните јавни услуги и ќе ја штити трговската етика. Одговорноста и транспарентноста во владеењето, исто така, треба да имаат висок приоритет и кај владата, а и како корпоративни практики. Ако власта не се бори видливо со организираниот криминал, ако не поддржува независен судски систем и заштита на основните права на инвеститорите, тогаш сето ова би било губење време.
$ Дали Македонија ја доживувате
како неразвиена земја заглавена во транзициски процес или модерна и развиена економија? # Македонија е земја во развој, која минува низ многу транзиции, но не верувам дека земјата е во застој по ниедна основа. Постојат многу области каде што напредокот е круцијален за да овозможи нејзин развој на глобалниот пазар, но, во целина, Македонија има направено добра работа во однос на растот. Со оглед на кризата во еврозоната и тешкотиите со кои се соочуваат многу развиени економии, Македонија покажува способност да остане силна и да обезбеди конзистентен напредок и раст, што го покажува нејзиниот потенцијал.
$ Со оглед на тоа дека сте основач
на познатиот канадски кошаркарски тим „Торонто рапторс“, дали имате совет како се гради спортска нација? # Сите бевме многу возбудени лани, со постигнувањата на македонскиот кошаркарски тим. Јас ги гледав повеќето натпревари на интернет. Тимот играше со страст и со пожртвуваност на секој член за победа. Тоа е она што е потребно во спортот, но и во јакнењето на нацијата. Секој има своја улога, така што со добри тренери и со тимска работа - успехот е секогаш извесен. Мислам дека Македонија треба да стане спортска нација, затоа што во време на мултимедијален свет, земјите кои победуваат на меѓународен план стекнуваат кредибилитет. Мислам дека може да се селектираат да се сконцентира вниманието на некои летни спортови, како што се кошарка и ракомет, за силна игра на меѓународно ниво. Но, исто така, мислам (ве молам, немојте да се смеете) дека би требало земјата да гледа на хокејот како на меѓународен спорт во кој треба да се вклучи.
Ако власта не се бори видливо со организираниот криминал, ако не поддржува независен судски систем и заштита на основните права на инвеститорите, тогаш сето ова би било губење време
$ Бизнис-секторот во Македонија е
многу зависен од буџетот (околу 70 отсто од компаниите имаат или имале зделки со државните институции) и оваа зависност го прави значително зависен од политичката партија на власт. Дали е ова случај во Канада? # Не. Мислам дека ова ќе се промени со текот на времето и во Македонија. Кога економијата не остварува брз раст, тогаш владите инвестираат во неа повеќе отколку во добри времиња и тоа се применува секаде. Одредени политички партии може да имаат различни стратегии во однос на тоа во кој сектор треба да инвестираат, но тие навистина не се базирани на партиска припадност, туку на придобивката од таа инвестиција.
$ Се сретнавте ли со премиерот Груевски во Канада и дали имате информации кои компании имаат намера да инвестираат во Македонија? # Ние работиме со „Макинвест“ и со Кабинетот на премиерот за да помогнеме на кој било начин да се привлечат инвеститори. Досега имавме успешна соработка со компании, како што се „Џонсон контролс“, „Џонсон Мети“ и „Кемет“, кои од неодамна инвестираа во Македонија. Лично ја познавам „Export Packers“, голема канадска компанија за живинарство, која започнува со инвестиции. Една по една ќе додаваме нови компании. Премиерот е голем промотор на Македонија и треба да продолжи да го прави тоа што досега го правеше за да привлече странски инвестиции. сабота, 8 септември 2012
Некои од најдобрите играчи во националната хокеарска лига во Канада се Македонци. Не знам на што се должи тоа, можеби, ние сме силни и брзи како луѓе (ха-ха). Но, без оглед, овие играчи можат да помогнат да се изгради национален македонски тим што еден ден, можеби, ќе се трка за олимписки медал.
$ Компаниите во Македонија кои се модерни и конкурентни надвор од земјава се бројат на прсти. Што ќе му помогне на корпоративниот сектор да се развива подинамично за да стане конкурентен на меѓународниот пазар? # На пат сте да развиете компании што ќе можат агресивно да се натпреваруваат на странскиот пазар. Се запознав и разговарав со компанијата „Сивус“ и тие прават одлични нешта. Луѓето мора да разберат дека мултинационални компании не се прават за неколку години. Потребни се време и трпеливост. Она што е битно е тие компании да бидат раководени од вистински лидери кои поставуваат стандарди на работа и етика во која веруваат вработените. Така заедно да се стремат кон своите глобални цели. Толку е едноставно. Да гледаме подалеку од Македонија, Балканот или од Југоисточна Европа и да речеме „можеме да изградиме лидерска глобална компанија“. Не е важно дали сте од Македонија, луѓето не се грижат кој ги прави добрата и производите сè додека тие се среќни со она што го купиле. $ Со оглед на тоа дека ангажман на групата „Македонија 2025“ е лобирање кај странски инвеститори да инвестираат во Македонија, каква е нивната перцепција за земјата, што најмногу прашуваат за да формираат инвестициска одлука? # Прво, многумина од инвеститорите немаат информации за Македонија ниту, пак, каде се наоѓа. Така што стартуваме со тој недостаток, но лесно е тоа да се промени со изнесување на фактите. Да бидеме реални, ние сме само 20 години стари и со малата величина, навистина, треба да си земеме задача да им се претставиме на другите. Преку соработката со „Макинвест“ воспоставуваме релации со потенцијалните инвеститори, односно со луѓето кои се вклучени во процената на земјата како инвестициска дестинација. Разговараме за да добиеме информации какви се нивните стратегии и опции и лобираме силно претставувајќи ја Македонија како најдобра дестинација за нивната следна инвестиција. Инвеститорите, главно, се интересираат за правилата и за регулативите што се однесуваат на влез и функционирање на странските компании, какви рестрикции постојат, како и за процедурите за заштита на капиталот. 59
ИНТЕРВЈУ | ТРЕНД | ЗДРАВЈЕ | ТЕХНОЛОГИЈА | НАУКА | ФЕЉТОН | КРСТОЗБОР | ХОРОСКОП | MADE IN КАНАДА
и н и д о г 1 1 ЕЕхото ееччии 11 11 години години Еххооттооечи
Нема да му дозволиме на овој непријател да победи во војната, со промена на нашиот начин на живеење или со ограничување на нашите слободи. Ова категорично го изјави тогашниот претседател Џорџ Буш, реагирајќи на најстрашниот напад во историјата на Америка – врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година. „Ништо повеќе нема да биде исто“, беше ехото што одекнуваше меѓу Американците, особено низ Њујорк, кој остана без својот главен белег - кулите-близначки на Светскиот трговски центар. Гледано од временска дистанција од 11 години, Буш беше во право кога рече дека терористите нема да ја добијат војната, но погреши дека тоа нема да се одрази на Американците. Америка ја доби војната со Ал каеда, но не помина без жртви - за да ја извојува победата, сепак, го промени начинот на живот на Американците и им ги ограничи граѓанските слободи. Некои промени се очигледни, како долгите колони на аеродромите, но многу поголеми се тивките – пресретнувањата на комуникациите, притаениот упад во приватноста и прикриената нетолеранција кон исламот.
сабота, 8 септември 2012
61
Селектор
КАКО НАПАДОТ НА 11 СЕПТЕМВРИ ЈА ПРОМЕНИ АМЕРИКА
Жртви за победата врз Единаесет години по нападот врз САД не се планираат големи церемонии на 11 септември, но дали овие 11 години беа доволни за да се надмине стресот? Се чини дека Америка и денес, кога Осама бин Ладен е убиен, а Ал каеда сериозно разнишана, сè уште страда од постединаесетсептемврискиот стрес Митко Билјаноски
А
мерика со години ги лекуваше раните и водеше војна со тероризмот и на другиот крај на светот, но и на своја почва. Денес, 11 години по нападот, не се планираат големи церемонии на 9/11, како што датумот е врежан во свеста на цел свет. Но, дали 11 години беа доволни за да се надмине стресот? Се чини дека Америка и денес, кога Осама бин Ладен е убиен, а Ал каеда е сериозно разнишана, сè уште страда од постединаесетсептемврискиот стрес. Највидливиот упад во приватноста на Американците, секако, може да се забележи на аеродромите. Долги колони пред новите апарати за скенирање на целото тело, соблекување чевли и долги процедури на проверување на рачниот багаж, до последната капка течност во шишенцата. Сепак, анкетите покажуваат дека две третини од Американците прифаќаат да бидат буквално соголени пред апаратите за да се намали ризикот од тероризам. Другите детали се помалку видливи, што не значи дека не се распространети. Набрзо по нападите, Конгресот го усвои Патриотскиот акт, со кој беше зголемена моќта на федералните функционери и службеници, овозможувајќи им полесен пристап до личните информации на граѓаните, од користењето на кредитните картички до повиците од мобилните телефони. Денес, вкупно 3.984 федерални, државни и локални организации се вклучени во разни
62
Наспроти долготрајните контроли на аеродромите, анкетите покажуваат дека две третини од Американците прифаќаат да бидат буквално соголени пред рентгенските апарати за да се намали ризикот од тероризам
контратерористички активности. Во новоформираната Национална агенција за безбедност, повеќе од 30.000 службеници пресретнуваат и проверуваат околу 1,7 милијарди електронски пораки и други форми на комуникација – секој ден. Во јуни годинава, Федералното биро за истраги (ФБИ) значително ги зголеми овластувањата на 14.000 агенти да пребаруваат низ бази на податоци, дури и во домашни канти за ѓубре, како и да организираат следење на сомнителни лица. Ако се замижи пред фактот дека агентите упаѓаа неповикано и тајно во речиси сите домови, безбедноста и контролата се значително подобрени. Во светот има повеќе од 5 милијарди мобилни телефони кои, обично, се наоѓаат до раката на нивните корисници. Така може лесно и брзо да се утврди прецизна локација на милијарди луѓе. - Речиси во секој момент може да се одреди локацијата на 95 отсто од луѓето со мобилен телефон. Пред десет години, агенциите за безбедност требаше да организираат следење на некое лице, а денес е доволно да се јават кај мобилниот оператор – вели Фред Кејт, директор на Центарот за применети истражувања на кибербезбедноста на Универзитетот „Индијана“. И финансиските институции го олеснуваат следењето на лицата и на нивните пари. Според новите проши-
www.gragjanski.mk
11 септември
тероризмот рени правила, Министерството за финансии има обврска да чува извештаи за милиони финансиски трансакции. - Понекогаш следењето на парите е поефикасно од следењето на лицата. Сега може многу полесно да се открие финансирање на организиран криминал – вели Кејт. Властите гордо тврдат дека по усвојувањето на Патриотскиот акт биле откриени и спречени десетици планови за терористички напади врз САД. Но, аналитичкиот институт „Брејктру“ наведува дека со новите овластувања, дефинирани во Патриотскиот акт, биле спречени само два заговора. Десетици други биле откриени со комбинација од уфрлени агенти, со собирање информации од граѓани и од информатори – значи, со старомодните механизми за следење сомнителни лица, што доминираа и пред 9/11. Повеќето Американци не се ни свесни дека другата голема промена се вгнездила меѓу нив. Претседателот Барак Обама лани, на годишнината од нападот, по којзнае кој пат повтори: „Не сме во војна со исламот“. Истражувањето на институтот „Пју“ неодамна покажа зошто Обама ја повторил изјавата. Во Америка постојано се намалува толеранцијата кон исламот. При новото истражување, имено, само 30 отсто од Американците се изјасниле поволно за муслиманите. При истражувањето во 2005 година, за споредба, 11 отсто повеќе од испитаниците имале поволно мислење за исламот. Денес секој трет Американец е убеден дека исламот поттикнува насилство повеќе од другите религии. Истражувањето на агенцијата „Расмусен“, пак, покажува дека повеќе од половина Американци мислат дека „муслиманите не се залагаат доволно против потенцијалните терористички напади. Сè уште е свеж примерот од минатата
сабота, 8 септември 2012
година, кога предлогот за изградба на муслимански центар два блока до Граунд зеро предизвика големи протести против проектот. - Нападот на 11 септември ги заостри исламофопските идеи кај оние што ги имаа, но, од друга страна, тоа стимулираше и поголем интерес за разбирање на исламот кај другите луѓе – забележува Махмуд Ајуб од Центарот за проучување на односите меѓу муслиманите и христијаните. Пред пет години овој центар почна програма за распоредување муслимански свештеници во болниците и во војската на САД. Програмата постигна половичен успех. Во сите родови на американските оружени сили денес има десетина муслимански свештеници. Само во Морнарицата, пак, работат околу 800 христијански и еврејски свештеници. Позитивните примери за верска толеранција се реткост. На пример, тројно се зголеми интересот за учење арапски јазик. Во САД, денес повеќе луѓе учат арапски отколку руски јазик. А, во 2010 година, Рима Факих од Мичиген стана прва Американка со арапско потекло која победи на националниот избор за мис на САД. Паралелно со зголемувањето на нетрпението кон исламот, всушност, се зголеми довербата во силите за безбедност. Во изминатата деценија, според годишните истражувања на „Галуп“, Американците имале поголема доверба во војската (и во сите униформирани службеници за безбедност) отколку во која било друга федерална институција. - Почнавме повеќе да се гордееме со нашите војници, полицајци и пожарникари. Тие станаа важен фактор во нашето секојдневје. Луѓето сфатија дека овие лица се тука заради нашата безбедност – вели Питер Фивер, професор по политички на-
ВО АМЕРИКА ПОСТОЈАНО СЕ НАМАЛУВА ТОЛЕРАНЦИЈАТА КОН ИСЛАМОТ. ПРИ НОВОТО ИСТРАЖУВАЊЕ, САМО 30 ОТСТО ОД АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ИЗЈАСНИЛЕ ПОВОЛНО ЗА МУСЛИМАНИТЕ, А СЕКОЈ ТРЕТ АМЕРИКАНЕЦ Е УБЕДЕН ДЕКА ИСЛАМОТ ПОТТИКНУВА НАСИЛСТВО ПОВЕЌЕ ОД ДРУГИТЕ РЕЛИГИИ
Патриотскиот акт овозможи низа агенции неповикано и тајно да влезат виртуелно во сечиј дом, а речиси во секој момент може да се одреди локацијата на 95 отсто од луѓето со мобилен телефон
уки на Универзитетот „Дјук“. Но, финансиската криза придонесе за повторување на дамката со ветераните од времето на Виетнамската војна. По повлекувањето на трупите од Ирак и од Авганистан, рецесијата најтешко се одрази на воените ветерани. Стапката на невработеност кај нив е три проценти повисока од националниот просек. Најголема причина за ова се предрасудите на работодавците кон „лудите ветерани“ - стереотип што остана по Виетнамската војна. Не помага многу ниту обновувањето на Законот за приоритет на ветераните, првпат усвоен во 1944 година, според кој воените ветерани треба да имаат предност при вработувањето во однос на другите кандидати со исти квалитети. Траумите од 11 септември, во комбинација со рецесијата, придонесоа и за зацврстување на идејата за енергетска автономност на САД, односно за намалување на зависноста од блискоисточната нафта. Наспроти хаваријата во Мексиканскиот Залив во 2010 година, речиси 70 отсто од Американците опфатени со една анкета поддржуваат понатамошна експлоатација на нафтата од морињата, а дури и веднаш по хаваријата на нуклеарната централа во Фукушима, 47 отсто од Американците сметаа дека ползата од нуклеарната енергија е поголема од ризиците. Се забрза развојот на централи и возила на алтернативен, зелен погон, а беа истражени и изградени нови полиња за црпење нафта и гас. Сепак, се зголемија и енергетските потреби, па САД сè уште увезуваат 50 отсто од нафтата што ја трошат.
63
Селектор / 11 септември
Н
ападите врз САД на 11 септември сменија многу секојдневни активности, а најмногу патничкиот авиотранспорт. Од тој ден американските власти потрошија милијарди долари за развој на технолошки помагала и за разработка на нови правила и прописи, комплицирајќи ги аеродромските проверки до границата на издржливост. Границата, веројатно, одамна е премината. Се зголемува нервозата, без јасна полза, па овие долги процедури Американците одамна ги нарекуваат „безбедносен театар“, односно претстава со која даночните обврзници треба да бидат убедени дека властите не седат со скрстени раце, туку нешто работат за одржување на безбедноста. А, правилата се апсурдни. Според правилата на Администрацијата за безбедност при транспорт, патниците се должни пред поминувањето низ портата за детекција на метал да ги отстранат своите лаптопи од торбите и да ги остават во пластични кутии за да поминат низ сканер. Но, ова не важи за другите електронски уреди, како што се таблетите, електронските книги, умните телефони, конзолите за играње и модерните камери. Властите тврдат дека единствена цел на отстранувањето на лаптопите при скенирањето не е само откривањето експлозив, туку и полесен рентгенски преглед на торбата. Но, строгите правила за инспекции немаат голема врска со логиката. На пример, според правилата на ТСА, лаптопите со
Страв од летање 13-инчни монитори мора да се извадат од торбите, а тие со екран од 11 инчи не мора. Особено голема нервоза предизвика замената на старите детектори на метал со новите машини што ги скенираат луѓето. Нивната намена е пронаоѓање неметални оружја и шверцувана стока. Но, овие машини предлабоко навлегуваат во интимата на патниците (може да „ѕиркаат“ под облеката), прескапи се (чинат по 160.000 долари), а извештаите укажуваат и оти се потенцијален ризик за канцер. Згора на тоа, за нивно оперирање се
потребни двојно повеќе службеници, патниците мора темелно да ги испразнат џебовите, а машините се и значително побавни. Властите укажуваат дека скенирањето трае помалку од една минута, но тоа е педесетина пати повеќе време отколку поминувањето низ класичен детектор за метал. Не е јасна ни логиката за одредувањето максимално количество течност во сад што може да се земе со себе во кабината, зашто, на пример, мора да се отфрлат и полупразните туби со паста за заби, а кои полни би биле над
Правила, правила... ... Ве молиме, сите мобилни телефони, пејџери, радија и играчки со далечинска контрола да бидат исклучени за време на целиот лет, зашто овие уреди може да влијаат врз навигациската и комуникациската опрема на овој авион. Ве молиме, сите други електронски уреди да бидат исклучени додека не ве известиме дека е безбедно да се
64
користат такви уреди... Оваа вообичаена препорака до патниците додека авионот таксира по пистата може да биде укината. Тим од експерти на американската Федерална администрација за цивилно воздухопловство есенва ќе истражуваат дали користењето електронски уреди навистина може да создаде пречка во функционирањето на авионот во различни делови од летот. Според досегашните анализи, забраната е непотребна.
дозволената граница... Или зошто возрасната граница за задолжително собување е токму 12 години. Сите овие правила може да бидат оспорени, поради што дополнително се зголемува нервозата на аеродромите. Поради овие мерки, авиокомпаниите веќе предлагаат чекирањето на билетите да се врши два часа пред летот, дури и за домашните линии. Тоа време значително ја зголемува нервозата и ја намалува продуктивноста. Американските власти по 11 септември 2011 година (а по нив и повеќето земји во светот) се расфрлаат со пари и максимално го зголемија нивото на тормозење на граѓаните, со цел да спречат терористички напади во авиони. Од друга страна, многу други јавни објекти – железнички станици, театри и стадиони, па дури и аеродромите од „дозволената“ страна на скенерите, речиси и не се обезбедувани, освен со насекаде присутните камери. Единаесет години по страшните напади се чувствува потреба од релаксирање на правилата наметнати како рефлексна реакција. www.gragjanski.mk
Интервју
Koja, „Дисциплина кичме“
Не ја познавам носталгијата „Јас сум оној кој, пред сè, најмногу сака да го вклучи инструментот во засилувачот...“ - објаснува Душан Којиќ-Која, легендарниот лидер на култната белградска група „Дисциплин А Кичме“, во интервјуто за „Граѓански“, на прашањата врзани за неговите други активности и афинитети во уметноста. Иако, можеби, и не е повеќе толку „строг“, како што го опишуваа во 80-тите години, сепак, е еден од ретките на овие простори кои им останаа верни на своите убедувања сабота, 8 септември 2012
65
Интервју Разговараше Иван Беќковиќ
П
овика „Сите по мене!“ и некои веднаш го послушаа. Од почетокот на осумдесеттите години бројот на неговите следбеници стануваше сè поголем, а неговата „Дисциплина“ полека добиваше култен статус. Денес, три децении потоа, е сосема јасно - без музиката на Која регионалната сцена немаше да биде толку возбудлива. Всушност, ќе ì недостигаше некој што ќе одеше спроти ветерот, некој толку оригинален и уште повеќе свој. Триесет години по дрскиот став „Ми се допаѓа да не ти биде убаво“, зад „Дисциплин А Кичме“ се десетина албуми во кои доминираа кратки пароли и убиствен „драм ен бејс“, правец што многу подоцна стана тренд во светот...
$ „Дисциплина кичме“ почна да функционира во 1981 година, а првиот албум се појави на пазарот во 1983 г., дали во чест на големиот јубилеј на бендот - 30 години постоење - ќе има „нови изненадувања за нови поколенија“, во стилот на ретроспективното реобјавување на старите материјали, или е во план снимање нов албум? Серијалот што почна со дискот „Ове руке нису мале...“, одамна нема продолжување. # Во право си, едицијата „Ове руке...“ би требало да продолжи, но, освен мојата негрижа, за тоа придонесе и општата клима во која денес се наоѓа музичкиот бизнис, кога веќе ништо не се продава, кога физичкиот облик и формат стануваат неважни... Сепак, наскоро ќе поработам на случајот, бидејќи освен регуларни албуми во документацијата, постојат и еден куп можни бонуси. $ Сè уште актуелниот албум „Уф“, објавен лани, веројатно, е најрекламираниот албум на „Дисциплина“ во целата кариера на бендот. Албумот го објавија и ПГП-РТС и „Кроација рекордс“, а рекламата континуирано одеше на популарниох хрватски канал СМС. Колку рекламата придонесе песните да заживеат во народот и почесто да ги изведувате на концертите? # Новите песни заживеаја во народот, а и рекламата има влијание. Но, не како порано, кога немаше толку многу секакви медиуми. А и да не заживееле песните во народот, ние би ги свиреле, пред сè, заради нас самите. Нашата сет-листа не е составена само од сигурни хитови – концертни фаворити. Таа содржи поголем дел од песните од актуелниот албум. Откако се појави „Уф“, ние константно се занимаваме со неговата концертна промоција.
Фото Станислав Милојковиќ
$ И последниот албум изобилува со пароли што се заштитен белег на групата: „Ако ти је гласно“, „Неукусу треба речи не“... Кои се твоите механизми во борбата против невкусот и шундот, што се доминантни во јавниот живот како никогаш порано 66
www.gragjanski.mk
Koja, „Дисциплина кичме“ # Механизмите се преку песните. Или преку паролите, како што ти ги нарече. Всушност, се работи за тврдења, а некој ги нарече и опомени.
$ Пред да се распадне Југославија, на прашањето „Што ти се допаѓа на домашната сцена?“, ги истакнуваше „Боје“ и Рамбо Амадеус. Како денес би одговорил на ова прашање? # Што е тоа домашна сцена? Ми се допаѓаат „Репетитор“, „16осам23“, „Straight Mickey and the boyz“ е интересен нов бенд...
$ Актуелната постава на „Дисциплина“, во која, освен тебе, се и Мања и Буца, веројатно, е најдолговечна во целата кариера на бендот. Што ве врзува заедно? # - Се разбираме, тоа е сигурно. Секој е свесен за своите позиции во бендот, за својот придонес и за своите можности.
$ „Боје“ веќе не се активни, а Рамбо заврши на „Евровизија“. Како ти се допадна неговата песна „Еуро неуро“? # Слушам дека луѓето го напаѓаат, демек се продал и слично... Не знам, мене ми е ОК концептот на Рамбо на „Евровизија“. Песната воопшто не се разликуваше од останатите негови песни, не гледам во што е проблемот. Вистинскиот проблем се некои „наречи ги“ рок-музичари кои свират и произведуваат турбофолк, учествуваат во реалните шоу-програми... Тоа не е добар пример за останатите.
$ Постои ли кај тебе носталгија за некој период во кариерата и што во твојот живот значи фразата „добрите стари времиња“? # Апсолутно ништо, не ја познавам носталгијата. Работиве се случуваат сега, а на оние од порано се сеќавам со должно почитување, и тоа е сè! Сметам дека човекот мора да биде свесен за моментот во кој се наоѓа, бидејќи така звучи посвежо и музиката што ја создава. $ Со какви емоции денес гледаш на пе-
риодот во кој функционираше групата „Шарло Акробата“ и што ти е најдраго од тој период? # Сите тие ококорени погледи на зачудената публика која, веднаш по „Она се буди“ или „Нико као ја“, на концертот добива „Љубавна прича“ или некоја постпанк тема. Тоа беа пионерските потези и затоа ми се многу драги. Но, мора да се признае дека во „новиот бран“ имаше многу заталкани патници. Тоа секогаш го кажував, а времето никогаш не ме демантираше...
$ Во која мера ì робуваш на современа-
Едноставно, Англија немаше фиока за ваков бенд, бидејќи едно од често поставуваните прашања што таму ги добивав беше:„Кој е пазарот за ваков бенд, која е целната група?“ Не жалам за ништо, иако постои тврдење дека Њујорк сигурно ќе беше подобра дестинација од Лондон
И ДА НЕ ЗАЖИВЕЕЛЕ НОВИТЕ ПЕСНИ ВО НАРОДОТ, НИЕ БИ ГИ СВИРЕЛЕ, ПРЕД СÈ, ЗАРАДИ НАС САМИТЕ. НАШАТА СЕТ-ЛИСТА НЕ Е СОСТАВЕНА САМО ОД СИГУРНИ ХИТОВИ
та технологија, без која денешниот живот на младите не може да се замисли? # Како сите, така и јас му робувам на компјутерот, ако тоа може да се нарече робување. Компјутерот, сепак, е големо достигнување што предизвика тектонска промена во општеството. Со и-мејлот завршувам многу работи, од најобичните нешта, па до испраќање мастер за албум. Навистина моќно достигнување.
$ Една од песните од новиот албум носи наслов „Друштвена мрежа“, за која велиш дека е „царство во кое царува другарство“. Колку си присутен на „Фејсбук“ и нели е тоа место кое Енди Ворхол го опишуваше како „пет минути слава за секого“? # Да, 15 минути слава, а потоа експресно заминување во заборав. Кога ќе погледнеш колку луѓе имаат пријатели на „Фејсбук“ и слично, помислуваш колку е тоа убаво. Секако, вистината е малку поинаква. Тоа се, главно, осамени луѓе кои имаат толку многу време нонстоп да дрдорат преку интернет, да коментираат, лајкуваат... $ Кој е твојот топ 5 или топ 3 на албумите и песните на „Дисциплина“? # Немам топ 5 или 3, мене сè ми се допаѓа, бидејќи поинаку и не може да биде. $ Зошто повеќе нема клупски забави, како оние „Београдска превара уличног и надземаљског сјаја“ и „Фанки ластиш“, своевремено објавени и на компакт-диск, дивиди...? # Пред сè, повеќе го нема клубот „Академија“ кој, навистина, го имаше вистинскиот алтернативен дух и каде што најмногу се случуваа такви работи. Дојде друго време, капитализам и хејтување. Но, работам и на тоа. Штотуку го продуцирам новиот албум на култниот белградски психоделичен алтернативен состав од втората половина на
сабота, 8 септември 2012
70-тите години - „Игра стаклених перли“, денес уште со додавката „The Next Generation“, бидејќи во поставата се двајца оригинални членови на групата, плус нови, млади свирачи. И тоа нешто претставува целосно истражување, психоделично трипување, џемување, допрено до искуството на експерименталното, или краутрок, но и тоа како свесно за времето во кое се наоѓа.
$ Ќе има ли активности на полето на ликовната уметност, каде би можела да се најде твојата изложба на албумите на „Дисциплина кичме“ од пред неколку години? # Единствено ако постојат причини за такво нешто, а тоа, обично, е нов албум, нова обвивка, плакат, видеоспот или работите на интернет. Јас сум оној што, пред сè, најмногу сака да го вклучи инструментот во засилувачот. $ Зошто британската музичка јавност во втората половина на 90-тите години се однесуваше идентично како и југословенската во почетокот на 80-тите години, на она што го работи „Дисциплина“? Жалиш ли што поупорно не си ја градел интернационалната кариера? # Освен тоа што британската музичка индустрија, пред сè, е пластична поп-индустрија и алтернативните текови во последниве 20 години, исто така, имаат свои ограничувања и секции, во кои секој мора да влезе... Едноставно, немаше фиока за ваков бенд, бидејќи едно од често поставуваните прашања што таму ги добивав беше: „Кој е пазарот за ваков бенд, која е целната група?“ Англија некогаш имаше возбудлива сцена, од „british blues boom“, па до „new wave“, но со појавата на новиот романтизам во 80-тите години и сè посилниот музички бизнис, сето тоа постепено се задушуваше, па од 90-тите години, едноставно, не можам да се сетам на ниту една квалитетна и прогресивна англиска група, што е поразително. Не жалам за ништо, иако постои тврдење дека Њујорк сигурно ќе беше подобра дестинација од Лондон. $ Работиш ли во моментов на нова музика за театар, филм, реклама, серија за ТВ..., или се чуваш за новиот албум на „Дисциплина“? # Сакам наменска музика, бидејќи таму можам да свирам нешто што матичниот бенд не го прави. Неодамна работев музика за една видеоигра и тоа беше елегантен предизвик. Новиот албум ќе излезе скоро, многу побрзо од „Уф“ во однос на „Када кажеш музика...“. Иако, не сум сигурен дека тоа и понатаму ќе се нарекува албум. $ Кога би пишувал книга или би снимал филм за „Дисциплина“, во кој жанр би ја поместил приказната? # - Тоа би била паранормална акциона музичка road бајка, со елементи на басна. 67
Фељтон / СЕАЛ
БЕСТСЕЛЕРОТ „NO EASY DAY“ ГИ ВОЗНЕМИРИ ПЕНТАГОН И БЕЛАТА КУЌА
„Фоката“ удри по
Без оглед дали приказната на поранешниот член на „фоките“, Мет Бисонет, е вистина, неговата книга веќе предизвика огромно внимание, има потенцијал да се продава во милиони копии и ќе стане етаблирана верзија за акцијата за елиминирање на Осама бин Ладен во Аботабат на 2 мај 2011 година Митко Билјаноски
Н
оќта меѓу 1 и 2 мај 2011 година Црвениот тим тргнал на значајна тајна задача. Цел на операцијата „Копјето на Нептун“, под команда од ЦИА, била ликвидацијата на Осама бин Ладен, во неговото скривалиште во Аботабад, 113 километри од пакистанскиот главен град Исламабад. Биле убиени Бин Ладен, неговиот син, жена и уште две лица. Црвениот тим не претрпел загуби. За Црвениот тим, составен од членови на „Тимот 6“ на морнаричките специјални единици СЕАЛ (популарно наречени „фоки“), епизода68
та во Аботабат била вообичаена акција, како и многу други, иако овојпат целта била многу поважна. Но „фоките“, гледајќи ги извештаите на телевизијата Еј-Би-Си, не можеле да се изначудат. Откриле дека тие самите имаат „нозе на газели, тенки појаси, груби дланки и огромно его“. Откриле дека Бин Ладен бил отсечен во својата соба, дека посегнал по оружје и бил покосен додека гледал во очите на своите ликвидатори. Откриле сосема друга приказна за таа ноќ во срцето на Пакистан. Кодексот ги обврзувал да не реагираат, иако сè им звучело смешно и бизарно. Сè до неодамна, кога еден од нив реши да ја каже својата вистина. А, неговата вистина ја шокираше Америка.
Книгата„No Easy Day“ на Марк Овен (Мат Бисонет) стана бестселер две недели пред да се појави во книжарниците
Книгата „No Easy Day“ на Марк Овен стана бестселер две недели пред да се појави во книжарниците. Причина за тоа беа маркетиншки презентираните извадоци спроти промоцијата, што укажуваа дека Осама бин Ладен воопшто не се бранел, туку бил застрелан веднаш штом се појавил на нишан на командосите. Тогаш беше објавено и дека Марк Овен е псевдоним на Мет Бисонет - ветеран на „фоките“, со 13 распоредувања едноподруго на бојни полиња, а кој се повлекол набрзо по акцијата во Аботабат. Додека растел во Алјаска, бил воодушевен од книгата „Мажите со зелени лица“ од Џин Венц, посветена на „фоките“. Од мал сакал и тој да стане елитен специјалец и еден ден да напише таква книга. Го заслужил својот „трозабец“ (амблемот на единиците СЕАЛ) во 1998 година, а сега му се оствари и сонот да напише книга. И не само тоа, со продадени милиони копии, Марк Овен стана инстант-херој, а Бисонет многу брзо ќе стане милионер. Иако долго време акцијата била подготвувана во реплика на засолништето во Аботабат, уште на почетокот „фоките“ морале да ја www.gragjanski.mk
Фељтон СЕАЛ го доби името поради универзалноста – специјалците се обучени за решителни удари од море (SEa), од воздух (Air) и од копно (Land), но за широката јавност тие се познати како „фоки“
ВО СЛУЖБА 600 офицери
МОРНАРИЦА
морнарички „фоки“ 1.900 морнари
62 НЕДЕЛИ ОБУКА
о јатото искористат својата вештина за итно приспособување на неочекуван развој на настаните. Летнале со два хеликоптера „блек хок“ од базата во Џалалабад во Авганистан. Но, кога стигнале над целта, не можеле да се спуштат со јажиња, зашто едниот хеликоптер (оној во кој бил и Овен) „тврдо се приземјил“ во дворот. Кога ја видел несреќата, пилотот на другиот хеликоптер решил да ги истовари командосите зад високата ограда. Повредите не биле сериозни и сите продолжиле со акцијата. Хеликоптерите не ги изгаснале моторите, а специјалците знаеле дека имаат на располагање 30 минути – за да имаат доволно гориво да се извлечат на безбедно. Групата на Овен тргнала кон гостинската куќа, каде што очекувале да го пронајдат Ахмед ал Кувајти, еден од двајцата лични курири на Бин Ладен. Ахмед, секако, слушнал дека пристигнале „неочекувани гости“ и кога командосите се приближиле да постават експлозивно полнење на двојата челична порта на затемнетата зграда, од покривот одекнале рафали од автомат. сабота, 8 септември 2012
- Првите истрели секогаш ве изненадуваат – пишува Овен. Откако Вил (колега од тимот на Овен), на арапски јазик, побарал од Ал Кувајти да излезе, се подотворила една врата и излегла жена. Од нејзините зелени контури, што се забележувале со ноќните визири, се гледало дека таа држи нешто во рацете. Прва претпоставка на „фоките“ било дека тоа е бомба и на нејзината глава веднаш се појавиле црвените точки од ласерските нишани. Прстот на Овен треперел на чкрапалото, но никој не отворил оган. Жената била Маријам ал Кувајти, а „бомбата“ во нејзината прегратка, всушност, било бебе. Зад неа се појавиле уште три дечиња. Им кажала на „фоките“ дека нејзиниот сопруг веќе е мртов. Командосите го пронашле телото и, за секој случај, истрелале во него уште неколку пати. По успешната задача тимот се стрчал кон главниот објект. Осама бин Ладен престојувал на првиот кат, а членовите на неговото семејство биле на вториот и на третиот кат, со посебни влезови.
подготовка 8 недели
обука за подводно демолирање 21 недела
ориентирање 3 недели
СЕАЛ
323.773 вкупно персонал
обука за преживување, избегнување и давање отпор 9 недели специјална обука 21 недела
СОЗДАВАЊЕТО „ФОКА“ 69
Тимот на Том имал задача да го исчисти првиот кат. Том бил на чело, чекорел низ темниот ходник кога низ ноќниот визир забележал лик зад една подотворена врата, првата од десна страна. Том истрелал и фигурата се изгубила. Зад вратата лежело телото на Абрар ал Кувајти, братот на Ахмед и, исто така, личен курир на Осама. И во неговото тело истрелале уште неколку куршуми. Притоа била застрелана и убиена неговата сопруга Бушра, која скокнала за да го заштити телото на својот маж. Во аголот плачела уште една жена со неколку деца. Челичната врата водела кон вториот кат, „фоките“ продолжиле да се движат по тесните спирални скали. Кога Овен стигнал на вториот кат, на подот веќе имало тело на маж. Првиот од колоната го видел и го застрелал Халид, синот на Осама бин Ладен. До него имало „калашников“, потпрен на скалите. Халид бил подготвен за борба. Кога се собрале сите, една група почнала да ги пребарува собите, а другата, во која бил и Овен, тргнала кон третиот кат. На половина пат слушнале чекори и репетирање. Овен бил пет скалила до врвот, кога одекнале два придушени истрела. Водачот на неговата група забележал како некој маж ѕирка од подотворената врата од десната страна, на далечина од три-четири метри. Човекот исчезнал зад вратата и не можело веднаш да се заклучи дали е мртов или жив. Кога „фоките“ упаднале во собата, виделе како две жени хистерично плачат до телото потпрено на креветот. Помладата жена смело се нафрлила со рацете кон водачот на тимот, а тој ги грабнал двете жени и ги истуркал во аголот. Доколку тие носеле појаси со експлозив, тој ќе бил мртов, но ќе ги спасел колегите зад него. Човекот на подот бил облечен во бела маичка без ракави, светли панталони и туника. На десната страна од главата имал прострелна рана. - На черепот му беа распрснати крв и парчиња од мозокот. Во смртен грч, сè уште мрдаше – пишува Овен во својата книга. Овен и третиот од тимот истрелале уште неколку куршуми во градите на човекот и телото престанало да се мрда. Од аголот на собата, пак, оваа потресна сцена ја гледале три деца. Остатокот од тимот тргнал да ги обезбеди сите други простории на катот, а Овен и неговиот колега го прегледале телото. - Лицето на мажот беше изобличено од еден истрел на десната страна. Градите му беа раскинати од куршумите. Целото тело лежеше во многу крв. Тогаш пријде Том и кажа: „Мислам дека ова е нашето момче“ - пишува Овен. Тоа, навистина, било телото на Осама бин Ладен. Но, водачот не сакал веднаш да го објави тоа преку радио, зашто знаел дека повикот итно ќе се пренесе во Вашингтон, каде што претседателот Барак Обама во живо го следел развојот на акцијата. „Фоките“ сакале претходно да се уверат дека тоа навистина е Бин Ладен. Убиениот маж бил исклучително висок, исто како Бин Ладен, а и тоа што можело да се 70
МОРНАРИЧКИ „ФОКИ“
МОРЕ
„Фоките“ во море се чувствуваат како дома. Крајбрежните води и реките се идеални за десант. Обучени се за акции со специјални миниподморници и со тивки чамци
ВОЗДУХ
Скокањата со падобран се дневна рутина при обуката. Но, многу почесто „фоките“ изведуваат десанти при кои се спуштаат со јажиња од хеликоптери
КОПНО
На бојните полиња во Ирак и во Авганистан „фоките“ докажаа дека се ефикасни и далеку од брегот – изведуваа разни мисии за надгледување и за диверзии
види на остатокот од неговото лице одговарало на монтажните фотографии со веројатниот лик на терористот, што „фоките“ ги носеле со себе. Со чаршафот од креветот ја избришале крвта и се појавил ликот на Осама, иако изгледал многу помлад отколку што очекувале луѓето кои ја изработиле монтажната фотографија. Брадата му била бојосана. Овен го фотографирал целото тело на Бин Ладен, а потоа и неговиот лик. Држејќи го за брадата, му ја свртел главата на едната, па на другата страна за да го фотографира и од профил. Му го фотографирал и левото око – со зумирање јасно се гледал кафениот ирис. Во меѓувреме, другите членови на тимот ја пребарувале собата и ги собирале компјутерите, дисковите и тетратките. Една група останала надвор за да подготви уништување на оштетениот хеликоптер. За тоа време над засолништето патролирал и товарниот хеликоптер „чинук“, во кој се наоѓале „силите за итна реакција“. Горивото брзо се трошело. Волт набрзина зел примероци од крвта и од устата на убиениот маж за да може со анализа на ДНК да се потврди дека тоа е навистина Бин Ладен. Се обидел со специјалниот шприц, што му го дале експертите од ЦИА, да земе и примерок од коскената срцевина, но не успеал и по неколку обиди се откажал. Тимот имал задача да направи два идентични комплета со телесни примероци и фотографии, за да може материјалот да биде однесен на анализа во базата и во случај едниот хеликоптер да биде загубен на патот кон Џалалабад. Командосите барале и усна потврда од жената која била турната во аголот. Со еден истрел била ранета во глуждот. Таа го ословила со
неколку имиња, вклучувајќи го и „шеикот“. Потоа им пришле и на децата, кои веќе биле на балконот. Тие седеле молкум свртени кон ѕидот. Вил им пришол, клекнал и прашал едно девојче: - Кој е овој човек? - Осама бин Ладен. Вил се насмевнал. - Сигурна ли си дека е Осама бин Ладен? - Да. - Добро. Благодарам. Потоа Вил се вратил во ходникот, грабнал една од жените за рака и ја растресол: - Немој да се подбиваш со мене. Кој е во спалната? Таа почнала да плаче. Не можела да издржи. - Осама. - Осама кој? - Осама бин Ладен. Дури откако добил потврда од два извора, заедно со позитивното препознавање од фотографиите и по земените примероци од ДНК, „фоките“ му се јавиле на адмиралот Мекрејвен во Џалалабад, кој, пак, директно го информирал претседателот Обама. Двајца „фоки“ го фатиле телото на Осама за нозе и го влечеле низ скалите. Овен останал уште неколку моменти во спалната и во придружните простории. Во тоалетот забележал туба со боја со која Бин Ладен си ја бојосувал брадата. Сите маички биле чисти, испеглани, здиплени и внимателно подредени. Закачалките со облеката во ормарот биле подредени со идентично растојание меѓу нив. Во просторијата имало пушка и пиштол, но во нив немало муниција. Овен бил вџашен со колку слаб отпор се соочиле „фоките“. Само курирот Ахмед имал www.gragjanski.mk
Фељтон
ПЕНТАГОН И ЦИА ЈА ДОГОВОРИЛЕ ПРИКАЗНАТА ШТО ЌЕ БИДЕ ПРОДАДЕНА ВО ЈАВНОСТА УШТЕ ПРЕД НА НАПАДОТ ВО АБОТАБАТ. ЕЛИМИНИРАЊЕТО НА НАЈГОЛЕМИОТ НЕПРИЈАТЕЛ НА АМЕРИКА ТРЕБАЛО ДА СЕ ИСКОРИСТИ ЗА ЗАСИЛУВАЊЕ НА РЕЈТИНГОТ НА БАРАК ОБАМА смелост да отвори оган кон нив. Немало никакви појаси со експлозив ниту скриени мини. Бин Ладен, пак, воопшто не бил подготвен да реагира. - Во сите мои акции бев сведок на овој феномен. Колку што е погоре во синџирот на хиерархија човекот што го ловиме, толку е поголем мекуш – забележува Овен. Младите регрути, од друга страна, секогаш биле најагресивни и честопати возвраќале на огнот и носеле експлозив на себе. - Дали Бин Ладен верувал во својата порака? Дали имал желба и смелост и самиот да се бори во војната што ја повикуваше? Не верувам. Ако беше така, барем ќе ја кренеше пушката и ќе се бореше за она во кое веруваше. Нема никаква чест во испраќањето луѓе да се борат за она за кое вие самите не би се бореле – забележува Овен во книгата. Иако „фоките“ го завршиле сè ова за половина час, веќе доцнеле. Не можеле темелно да ги пребараат сите простории. Ги тргнале жените и децата во една од гостинските куќи, за да ги заштитат од намерното разнесување на оштетениот „блек хок“. Телото на Осама бин Ладен било спакувано во вреќа. Групата на Овен го зела телото и го префрлила во вториот „блек хок“ зашто, како помало и подинамично летало од „чинукот“, полесно можел да избегне да биде соборен. Но, „блек хокот“ бил претесен за повеќе командоси, плус и телото на Осама. Еден морал да седне врз вреќата за да го собере. Седел токму врз градите на Бин Ладен. На летот кон базата, кога веќе биле во воздушниот простор на Авганистан, ја отвориле вреќата и уште еднаш го претресле, но не пронашле ништо ново. И покрај смелата сабота, 8 септември 2012
Тој беше третиран многу грубо, уште откако најави дека размислува да замине од Морнарицата за да си тера своја работа. На крајот му дадоа само авионски билет за Вирџинија. Не доби многу „благодарам“ за својата 14-годишна верна служба – пишуваат колегите на Бисонет во својата книга, посветена на целата фама за „No Easy Day“
акција, командосите ги мачела грижа на совест: Дали успеале да го соберат целиот вреден материјал од собите на Бин Ладен. Кога хеликоптерот се приземјил во Џалалабад, вреќата со телото на Бин Ладен ја ставиле во камион. Тогаш ја виделе последен пат. Требало да биде пренесена во базата во Баграм. Адмиралот Мекрејвен побарал да го види телото. - Ја извлеков вреќата од камионот и таа падна на цементот како мртва риба – пишува Овен. На адмиралот му кажал: „Еве ви го момчето“. Адмиралот клекнал и го прашал еден од тимот колку бил висок мажот. - Шест стапки и четири (193 сантиметри) – одговорил командосот. Токму толку бил висок и Бин Ладен. За да се увери, адмиралот побарал од еден војник да легне до телото за да ја спореди висината. Тоа изгледало како шега, но Овен претпоставува дека и адмиралот го збунила темната брада на Бин Ладен. Повеќе немало двоумење. Тоа навистина бил Осама бин Ладен, најбараниот терорист во светот. *** Пентагон попусто се обидуваше да спречи книгата да се појави во книжарниците. Џех Џонсон, советник на Пентагон, во писмо го потсетил Овен дека во 2007 година потпишал два документа со кои се обврзал да не открива доверливи информации за своето учество во СЕАЛ. Пентагон не се откажал од користењето на „сите расположливи средства“, вклучувајќи и тужба. Авторот, пак, возвратил дека користел само материјали што повеќе не се доверливи и оти сите извори се наведени на крајот од книгата. Во војната се вклучија и неговите поранешни
колеги, кои објавија своја електронска книга и своја вистина и за Бисонет и за „фоките“. - Тој беше третиран многу грубо, уште откако најави дека размислува да замине од Морнарицата за да си тера своја работа. На крајот му дадоа само авионски билет за Вирџинија. Не доби многу „благодарам“ за својата 14-годишна верна служба – пишуваат колегите. Таквиот груб однос, веројатно, го поттикнал Бисонет да возврати со книгата за убиството на Осама бин Ладен. - Што да правите кога ќе се разгневите на својот поранешен работодавец, кога сте без работа и кога ви се неопходни пари? Почнувате да ги кеширате жетоните – забележуваат колегите. Во електронската книга е наведено дека Белата куќа, Пентагон и ЦИА ја договориле приказната што ќе биде продадена во јавноста уште пред спроведувањето на нападот во Аботабат. Проблемот се појавил кога едниот „блек хок“ се урнал во дворот на Бин Ладен. Белата куќа кренала паника. Акцијата, сепак, била успешна, па елиминирањето на најголемиот непријател на Америка требало да се искористи за засилување на рејтингот на претседателот Обама, за да се покаже пред јавноста неговата решителност. За таа цел, Белата куќа „протекла“ информации до Николас Шмидл од списанието „Њујоркер“, давајќи му доволно месо за да ја раскаже оригинално замислената приказна, со сцени што прилегаат на клише за некој акциски филм. Без оглед дали приказната на Бисонет е вистина, неговата книга веќе предизвика огромно внимание, има потенцијал да се продава во милиони копии и ќе стане етаблирана верзија за настаните во Аботабат на 2 мај 2011 година. На другите „фоки“ од Аботабат, пак, им се забележува дека, иако се професионални и одговорни на бојното поле, сепак, не научиле како да го бранат својот амблем со трозабец далеку од фронтот. Успешната операција за елиминирање на Бин Ладен тие ја прославиле јавно, во локален бар во Вирџинија. - Тие имаа техничка и тактичка компетентност да спроведат сложена операција, како што е ликвидацијата на Бин Ладен, но немаат зрелост да се соочат со сопствениот успех. Време е некој да му каже на адмиралот Мекрејвен да ги заузди своите „фоки“ додека тие не научат како да се однесуваат – забележуваат авторите на електронската книга. Според Бисонет, по акцијата, членовите на Црвениот тим со жалење заклучиле дека со ова, всушност, му помагаат на Барак Обама да добие и втор мандат. Ниту еден од нив лично немал симпатии кон претседателот, иако го почитувале како командант. Уште помалку симпатии имале кон потпретседателот Џо Бајден, кој на приемот по акцијата „кажувал глупави вицеви што никој не ги разбирал“ и ги потсетувал на „нечиј пијан вујко на Божик“. Колку што акцијата на Бисонет го поправи рејтингот на Обама, толку книгата на Овен има потенцијал да го разниша. До изборите останаа само два месеца. 71
Време за пауза
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 Хоризонтално 1. Amerikanski vselenski brod - ruski poet koj bil `enet za slavnata balerina Isidora Dankan 2. Soda voda - dvi`ewe na vozduh gor~liv pijalok - pustina vo ^ad 3. Vlaga - geometrisko telo etni~ka zaednica vo skandinavija - holandski fudbaler, Jap 4. Vid cve}e - {vedski teniser, Tomas - osnova~i na manastir 5. Znak za argon - sozdavawe joni pana|uri - Umberto Nobile 6. Del od ~e{ma - `itelka na Iran - kulturni gestovi 7. Pra{alna zamenka - italijanski kompozitor, Respigi - sve~ena sala - {kolski pribor 8. Vid skapocen kamen - istorisko mesto vo Persija - nauka za zborovite - prvata bukva 9. Znak za neutron - vid `ivotno, gloda~ - francuski peja~ gimnasti~ka sprava 10. Vid dalmatinsko vino - FK
od Kolandija - brod cisterna prilog za mesto 11. Znak za tantal - {iva~ki pribor - zamavnuvawe pri kosewe - ja`ar 12. Angliska peja~ka, Moaje trimese~je - na{ pisatel, Risto - Ivo Patiera 13. Italijanski pisatel, ^ezare staro makedonski kral - kolumbiski golman, Rene 14. Peruanska peja~ka, Sumak - prefiks za ikona - vid `irafa pramerka 15. Francuski fudbaler, Stopira - poznata svetska peja~ka koja e rodena na Barbados - selo vo prilepsko - eks Ju akterka Rina 16. Nadmenost - muzej za voso~ni figuri Вертикално 1. Finska bawa - zbir na atributi 2. [vedski avtomobilist, Roni brodsko ja`e 3. Gre{ka (lat.) - finski pisatel, Eino - italijanski skija~, Edalini 4. Gra|a, materijal (tur.) - podvi`en
yid vo teatar - Indira Gandi 5. Stiven Tajler - novina - arhitektonski stil vo umetnosta 6. [ah - vid mineral - `elezen del od ralo - znak za neper 7. Detsko pla{ilo - delo od poetot Esenin - sever (str.) 8. Prostorija za jadewe - lek protiv malarija 9. Kadrica - podrug - grad vo Nigerija 10. Serum za za{tita od bolest (mn.) - pra~ka - {ampion, prvak 11. Znak za selen - lokvi, bari li~nost od gr~kata mitologija 12. Turski patopisec, ^elebija trkawe na avtomobili 13. Romanija - vid liturgiska pesna - tvrdina vo Palestina - znak za fosfor 14. Op{ta spogodba za carina i trgovija - merka za koli~ina elektricitet - vid cvetno drvo (2) 15. Holivuska akterka, Sams - eks ruski fudbaler, Oleg - NBA ko{arkar, Klark (2)
16. Koko{ka nesilka - glumica Koma~i Ono 17. Crvenilo na ko`ata - francuski pisatel, @an Pol - {erif od Diviot Zapad, Vajat 18. Stiv Ovet - boja za ~evli - mirizlivo maslo 19. Elektron - selo kaj Strumica -
gr~ka bukva - Italija 20. Atlantska voena alijansa druga - otvor za kop~e 21. [panska revolucionerka, Dolores - francuska akterka (Kodot na Da Vin~i) 22. Naimenuvawe; nazna~uvawe amerikanska avio kompanija
Решение од минатиот број
www.gragjanski.mk
Хороскоп од 08.09.2012 до 14.09.2012
Времеплов
Овен
Бик
21.03-19.04
20.04-20.05
Ова е период на промени и време е своите потреби и ставови да ги ставите на прво место. Често им помагате на другите, но постои граница што понекогаш треба да ја поставите. Тоа не значи дека треба да ги игнорирате сите, но обрнете им внимание откако ќе ја завршите својата работа. Потоа можете да се вратите на старо и на она што вам ви одговара. Делувајте тактички во секој поглед.
Минатите недели се обидувавте да направите многу работи, но ништо не се случи како што планиравте. Оваа недела ќе дојдете до некои дополнителни информации. Мора да прифатите дека некои нешта не може да се контролираат или да се влијае на нив, што не значи дека тие се лоши за вас. Можеби, дури ќе ви донесат и позитивни промени. Не се плашите од ништо, охрабрувате другите.
Рак
Лав
21.06 - 22.07
23.07– 22.08
Промените се на чекор од вас, но немате доволно информации за нив, па затоа и не знаете дали треба да се радувате. Важно е да знаете што добивате од овие промени. Можеби, целата работа нема да функционира така како што очекувате. Меѓутоа, многу нешта може да се реализираат според планираното, но само ако работите напорно. Тензиите победувајте ги со медитација.
Мистериозни сте и не сакате да ги покажувате чувствата. На почетокот можете да се заинтересирате за нешто, но потоа лесно се оддалечувате од тоа. Ако сакате да постигнете квалитетна врска, без оглед дали работна или пријателска, треба да разговарате со тоа лице. Не плашете се дека ќе му кажете нешто лошо. Не се натпреварувајте со другите, туку соработувајте.
Вага
Скорпија
Стрелец
23.09 - 23.10
24.10 - 22.11
23.11 - 21.12
Ве нервираат луѓето кои постојано ви велат дека секогаш можете да сметате на нив, но кога ви се потребни, всушност, немаат време за вас. Не треба да се нервирате поради нив, имате пријатели на кои можете да им верувате. Ако работите не одат според планот, не ќе можете да добиете во време и ќе мора да се приспособите на ситуацијата. Побарајте хумористични содржини.
Многу нешта се случија во изминатите неколку недели. Сега сакате да одговорите на некои прашања, зашто не ви се допаѓа кога работите ќе останат неразјаснети. Ќе биде тешко нешто да дознаете, затоа прашајте го вистинското лице. Откако ќе го дознаете она што ве интересира, одете напред. Не треба да се отповарувате со она што може да се случи. Мудроста е во едноставноста.
Јарец
Водолија
22.12 - 19.01
20.01 - 18.02
Во последните неколку месеци бевте преокупирани со работата и веќе се гледаат резултатите. Сега треба да се одморите. Ви претстои поволен период за склучување нови пријателства, но овој пат направете мала промена пред да се впуштите во нешто ново. Поради брзината со која се случуваат новите работи, сега сте среќни и задоволни со себе. Дозволете си малку повеќе забава.
Некои работи не се одвиваат како што сте планирале. Но, нема причина за паника. Иако сте направиле многу, сепак, се случуваат неуспеси. Важно е дека учите од своите грешки и можете да бидете горди на она што сте го постигнале. Сè се случува со причина, можеби, сè околу вас функционира многу брзо и не сте во состојба да се соочите со тоа. Можни се проблеми при патување.
сабота, 8 септември 2012
9 септември 1969
Легендата на македонското женско пливање, Атина Бојаџи, стана првата жена која го препливa Ла Манш за време од 13 часа и 20 минути.
13 септември 2000
Семејството на Џими Хендрикс промовираше 56 ретки снимки во сет од четири дискови, насловени „Искуството на Џими Хендрикс“.
Близнаци 21.05 - 20.06 Повеќето свои идеи, мисли и планови ги споделувате со другите. Една работа сè уште е длабоко запишана во вас, преиспитајте се што треба да направите. Би било најдобро ако на некое блиско лице му кажете што ве мачи. Кога ќе ја видите неговата реакција, послушајте го советот. Оставете ги зад себе проблемите што сте ги имале. Потребно би е повеќе одмор. Девица 23.08 - 22.09 Во последно време не можете да остварите соработка со некои луѓе. Важно е да не се оптоварувате со нив. Концентрирајте се на она што го работите и направете го на најдобар начин. Партнерот ќе бара повеќе внимание. Посветете му се за да не дојде до недоразбирање. Не дозволувајте некои грешки да го спречат остварувањето на вашите цели. Бидете умерени во активностите.
Оваа недела, дефинитивно, добро ќе почне на работен план. Ќе бидете креативни и полни со идеи, а ќе добиете понуди и од луѓето кои ќе ви помогнат да ја реализирате својата замисла. Ако сакате да направите добра работа, не оставајте ништо на случајот. Не кријте од партнерот што ви се случува, иако тој е помалку успешен од вас. Прочистете го телото со пост. Риби
14 септември 1985
19.02 - 20.03
За првпат се одржа доделувањето на наградите на MTV. Домаќини на шоуто беа Бет Мидлер и Ден Акројд.
Доаѓаат многу нови работи и не знаете како да реагирате. Не плашете се да поставувате прашања. Ќе ви биде полесно доколку се подготвите и ако имате повеќе информации, па затоа прашајте ги луѓето околу вас. Не ќе можете да решите што сакате, а што не. Подгответе се за нови нешта. Ако ви треба помош, не плашете се да побарате. Одмарајте се во мир и тишина.
Made in Канада From: nenanane@vip.com Subject: srekjen rodenden Date: 9/8/2012 Убавино, ти си во години кога растеш, учиш, се менуваш и тоа е супер, само гледај да задржиш една работа: твојата природа - тоа е твојата незаменлива убавина! Поздрав, тетка Нена
From: aceski@protoolsus.com Subject: samo napred Date: 9/8/2012 Среќен роденден! Да си уживаш уште многу години со најсаканите. Ти си од крај во кој комшиите отсекогаш имале повеќе причини да се мразат отколку да си помагаат еден на друг. Кога веќе не можеш да ги избереш, покажи им што е почит, покажи им што е добар комшија. Биди прва што ќе помогне и последна што ќе се откаже!
Среќен роденден
From: aerodrom22@webmail.com Subject: srekjno Date: 9/8/2012 Среќен, најсреќен и не заборавај: тоа што си мала, не значи дека си слаба!
From: petko@doma.com.mk Subject: cestitki za tvojot 21 rodenden Date: 9/8/2012 Ти си убава, паметна, од добра лоза, наназад многу години. Ако сакаш да те приметат на планетава што се кокаколизира и мекдоналдизира, ќе привлечеш внимание со боза и ајвар. Во океанот од Хари Потеровци, протни го Итар Пејо. Кога сите гледаат во иднината, научи колку што можеш повеќе за својата историја. Имаш уште многу да учиш, ама не заборавај колку имаш да покажеш!
From: toni@freeweb.com Subject: beri um J Date: 9/8/2012 Кај си, ма? Слушај, шо и да си прајш, да си ми среќна и весела! Двајсе и една наполни, сеа си „возрасна,“ мораш да бериш ум! Сеа мојш и да се напиеш, ама глеј да не се опиеш - знаеш, на шо мислам - то патроитизмо мојт опојно дроџе да е, така да - со усул! Тони
From: marika@telus.com Subject: srekjen rodenden i se najdobro Date: 9/8/2012 Нека ми ти е среќен роѓендено и ќе ти кажа една работа: да не слушаш шо ти велат други! Имало и ќе има онакви шо ќе ти делат акал без да побараш, шо ќе те убедуваат без усул. Ти, начули си ’и добро ушите, ама не вервај на сè шо ќе чуеш. Учи од сите, ама заклучвај самата! Мариче
From: todorf@tictoc.net Subject: iskreni cestitki za tvojot 21 rodenden Date: 9/8/2012 Ти посакувам да те сакаат ако треба и малку, ама многу искрено; да ти помагаат ретко, ама кога навистина ти треба; да те слават преку дела, а не со празни зборови, да ти служат со најдоброто од нив, да те направат своја лична одговорност и да те чуваат многу поарно од што се чуваат самите!
From: pako2012@ateam.com Subject: srekjen rodenden Date: 9/8/2012 Среќен роденден и за ништо да не се секираш - „што е твое, ќе си дојде“, ама ако работиш на тоа. Не чекај да ти дадат, да ти нудат, да ти се смилуваат - барај, најди и земи си сама. Среќен роденден!
From: jug@citymail.com Subject: najiskreni cestitki Date: 9/8/2012 Ти посакувам да бидеш со луѓе кои си бркаат работа без многу чатал. Многу ќе се удираат в гради и ќе тврдат дека сториле сè, многу за тебе. Чувај се од таквите. Ти посакувам да си во друштво на луѓе кои многу го сакаат она што го работат. Расчисти со оние што „клатат врата и земаат плата“ и „што не можат да ги платат толку малку колку што тие можат малку да работат“.
From: vincepetkovski@source.ca Subject: srekjen 21 rodenden Date: 9/8/2012 Ти пишав оној пат дека сфатив што имав дури откако те напуштив. Половина свет прошетав за да сфатам дека сум те земал здраво за готово, дека морам од нула да си го заработам моето место во твоето постоење и дека засекогаш ќе сакам да бидам и ќе останам твој! Среќен роденден, љубов моја!
From: pancegj@sportnet.com Subject: za mnogu godini Date: 9/8/2012 Аирлија двеест и првата! Само еден желба за тебе од мене: биди трпелива, ама немој да трпиш! Панче
Гласовите ги позајми Огнен Георгиевски
From: anabanana@freenet.com Subject: srekjen rodenden Date: 9/8/2012 Срц, среќен роденден! Гледам баш те затрупале во поракиве со совети. Ја мислам дека ти си знаеш све шо треба. Би било супер на сите од нас да ни пишеш по еден одговор, за твојов роденден, иако, рака на срце, мислам дека секој од нас си знае колку точно ти должи... Те сакам! www.gragjanski.mk