ЕДНА ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДНА | ТЕМА | ИНТЕРВЈУ | АНАЛИЗА | ФАКТОГРАФИКА
КВОРУМ
ЧИКАГО = БУКУРЕШТ зочарани
ие м
илошоск
М нио
см
о нт Нано Ружи
:Д
е од
Ав га
а
перспектив
–з
Македонија има многу причини да биде незадоволна од третманот што го добива од НАТО, таа дава повеќе одошто прима, и тоа со години, и кога би можел да се постигне државен консензус, логичен потег би било повлекувањето на нашите војници од мисијата ИСАФ. Сè друго би останало во сферата на внатрешната политика и внатрешниот политички пазар
Билја на Ва н
к
с ка
н
Ни
в ко
ста ни
ра об
Ристо
ачнина
премиерот
Македонија и Македонците ќе опстанат и 100 години без ЕУ и НАТО, а реформите што ги најави Груевски се најдобра перспектива
Груевски сака да го употреби постбукурешкото сценарио и игра на карта на популизам. Тогаш изјави дека не добивме покана, но го зачувавме името, а сега со став, не добивме покана, но не го даваме името, па на популистички начин ќе се обиде да добие поддршка од гласачите. Тоа е добро осмислен потег и воопшто не е нервозна реакција о д и и с м а
н: Н
м ѓа
е на
: Груевски - н ајд ски в о
е е воопшто нер ан во л о з ик
ен
а до
Б
ит јав
а
Интервјуто на премиерот е само за внатрешна употреба и тоа може да се продаде само кај одреден слој од домашната јавност. Но, реално, тој не би требало да бара пријатели или непријатели, тој треба да си тера и требаше да си тера конструктивна политика, соодветна на националните интереси, наместо да мисли на личниот рејтинг
кого е
и
Не знам со кое лице ни се обраќаат одредени претставници на некои водечки земји-членки на НАТО или нè озборуваат во кулоарите дека сме пропуштиле шанса со Папандреу, од што ми доаѓа мачнина. Таква дволичност и оддалечување од вредностите, за кои јавно се залагаат, одамна како преседан немам забележано, и тоа кога дојде и пресудата од Меѓународниот суд во Хаг, а која е недвосмислено во наша корист.
дома з
да
ДПА се дистанцира од речникот на Никола Груевски пренесен преку агенцијата МИА, речник што е против НАТО и односите со соседните држави, речник што го урива сонот на Албанците за НАТО и за ЕУ. Како единствено решение за излез од ситуацијата, бараме од ДУИ да кажат дали по ова се со Груевски или со НАТО и Албанците
со же
л а Г р у е вс Нико ки :М
а ма Мерсал Биљали :И
Алиу: А хм ет и
ка
та ка
Б уј а рО
р Име
и
чи
о Црвенков нк с ра
аат да „сп
А
ез емоции во п :Б ол
ти
и ан
Не смееме да дозволиме емоциите и разочарувањата да нè дефокусираат од реализацијата на стратегиските национални и државни цели. Не се согласуваме со оцените на претседателот на ВМРОДПМНЕ дека НАТО и ЕУ користат политика на двојни стандарди кон Македонија
Секој граѓанин на оваа земја моче да биде фрустриран, но не и премиерот. Ако ти се смачи, тоа дома ќе си истрпиш
ма до по
сабота, 26 мај 2012
да в
но аед
Нема да кријам дека нашите граѓани и лидерството на Република Македонија се целосно разочарани од досегашните одлагања. Сега беше потребно да се поправат грешката и неправдата од Букурешт
оже да ти се см :М а и к
и ен
Македонија во многу наврати е поканувана да биде дел од чуварите на „шаторот“ на НАТО. За жал, поради една земјачленка сè уште немаме покана и дозвола да „спиеме“ во истиот шатор на НАТО. Тоа е еден непринципиелен однос
и: Н
ра но ос
з е“
е И ва но в Ѓорѓ :Ц ел
Еден ден пред да заврши Самитот на НАТО во Чикаго, САД, премиерот Никола Груевски преку интервју го изрази незадоволството од тоа што на овој Самит немаше прием на Република Македонија во Алијансата. На собирот, шефовите на држави или на влади ја повторија реториката од букурешкиот Самит, т.е. дека Македонија ќе биде примена штом ќе се реши спорот за името. Груевски оцени дека станува збор за двојни стандарди во надворешната политика. „За мене, само покана за членство може да биде добар или подобар заклучок. Сè друго е фрлање прав в очи. Сè што не е покана за членство, за мене е незаслужено и нефер“. Дел од политичката и од експертската јавност реагираше на ваквиот став на Груевски
29
ЕДНА ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДНА | ТЕМА | ИНТЕРВЈУ | АНАЛИЗА | ФАКТОГРАФИКА
КВОРУМ
Коалицијата меѓу СДСМ и ВМРО-НП, која своја вистинска промоција ќе има на локалните избори што ќе се одржат во март догодина, предизвика лавина жестоки реакции од партиите во коалицискиот омнибус на премиерот Никола Груевски. Експресно беше акцентирано нивното поранешно политичко ривалство, нивниот поединечен „минат труд и изјави што сведочат за некогашниот антагонизам меѓу двајцата лидери“
Бранко Црвенковски: Никола, Љубчо ти беше икона
Љубчо Георгиевски ти беше икона, сликата и на маса и на ѕид ја чуваше и секоја вечер пред него по три пати се крстеше. Кога со Љубчо ќе се поздравеше, три дена рацете не ги миеше. Кога и тој почна да те критикува, и него го прогласи за предавник. Кочи, Никола!
Никола Груевски: Тажниот и развеселениот
Гледаме едно поразвеселено лице и еден тажен човек. Кај развеселениот има некоја надеж дека ова ќе го врати во политиката, бидејќи е исфрлен пред повеќе години. Тажниот, мислам, е свесен дека ова нема да му помогне да не ја заврши катастрофално својата кариера
Љубчо Георгиевски: Змејко и Богоевски - 20 години заедно
Змејковски треба да објасни како тоа Слободан Богоевски повеќе од 20 години му е најблизок политички соработник, а, исто така, Змејковски може да ја објасни неговата улога во последниот ден од животот на Динката... Филип Петровски е толку минорна личност во кадровската политика на ВМРО-ДПМНЕ, исто колку и 300 како него, кои дојдоа и заминаа од партијата
Борис Змејковски: Како Љубчо стана бизнисмен?
„Основачите на ВМРО-ДПМНЕ“: Коалиција за власт и за пари
Како Љубчо Георгиевски, човекот кој во деведесеттите години немаше скршен дeнар в џеб, немаше пари ни за градски автобус, стана голем бизнисмен..., како го купил хотелот во Делчево, како се приватизирала „Белимбегово“, како работело „Благовестие“... - тоа треба да се провери
Бранко и Љубчо, едниот со товарот на транзицијата, приватизацијата, шверцот и криминалот, а другиот со погрешна перцепција за историјата и за постоењето на сопствениот народ и држава, со нивнатa љубов за власта и за парите, се едно исто - пријатели во коалиција за власт и за пари
Филип Петровски: Зошто Љубчо не направи ревизија?
Љубчо треба да им објасни на граѓаните зошто во 1998 година, кога дојде на власт, не направи ревизија на приватизацијата од времето на СДСМ, а имаше ветено.
Ерол Ризаов: На крај сите добро ќе живеат
Според доктрината на Црвенковски и на Георгиевски, се работи за политичко движење за спасување на Македонија, кое ги надминува партиските, идеолошките и сите други концепциски разлики. По изборите, сите ќе прогласат победа... На крај, сите тие ќе преживеат и ќе продолжат добро да живеат
Драган Павловиќ Латас: Крај само ако ги загубат изборите
И ВМРО-ДПМНЕ го посакува Црвенковски за лидер и на следните локални и парламентарни избори. Дури при евентуален неуспех на тие избори би можело да се разговара за крај на Црвенковски и на Георгиевски
сабота, 7 јули 2012
29
ЕДНА ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДНА | ТЕМА | ИНТЕРВЈУ | АНАЛИЗА | ФАКТОГРАФИКА
КВОРУМ
Власта на сослушување
Трајко Вељановски: Во функција на митинзите Би упатил апел партиите во опозиција да ја остават зад себе селективната примена на Законот за Собрание, а од моја страна секогаш ќе имаат поддршка за прашањата поврзани со јакнењето на законодавната власт. Надзорните расправи не смеат да бидат во функција на поткрепа на некои митинзи или на блокирање на работењето на Собранието
По барање на опозицијата наскоро ќе се одржи една од седумте надзорни расправи во комисиите на Собранието на Македонија. Парламентарното мнозинство по неколкудневна дебата го прифати барањето да се одржи надзорна расправа за распределбата на земјоделските субвенции. Другите барања на опозицијата се однесуваат за случајот Љубе Бошковски, за „Скопје 2014“, за парите од социјална помош, за парите што ги троши УБК, за јавното здравство и за парите што му ги должи владата на стопанството. Нивното одржување се очекува наесен
Ленче Николовска: Нема каде да бегаат Најголемата кражба е преку земјоделските субвенции и тоа ќе го докажеме на надзорната расправа на Комисијата за земјоделство. Нема каде да бегаат. Ги гледам седнати на „обвинителна клупа“ - Груeвски, Ставрески, Мијалков, Јанкулоска, Канчевска, министерот за земјоделство... како одговараат зошто потрошија милијарди евра буџетски пари, а народот им живее во мизерија, скапува по затвори, умира без пари за лекови, им пропаѓаат фирмите...
Павле Трајанов, ДС: Да немаме илузии дека ќе контролираме
Панче Орцев, СДСМ: Ќе ги докажеме злоупотребите -Парите не се ни на Ставрески ниту, пак, на Груевски, тие се на граѓаните. Иако владата се фали со многу субвенции, сепак, е зголемен увозот на храна. Ќе докажеме, за време на надзорната расправа, дека има злоупотреба
сабота, 14 јули 2012
ВМРО-ДПМНЕ: Дадовме 500 милиони евра Со задоволство ќе дадеме информации за тоа како владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, инвестира над 500 милиони евра во субвенции во земјоделството во последните шест години. За разлика од нас, СДСМ не инвестираше ниту еден денар. И тие минорни средства што се одвојуваа, никогаш не стигаа до вистинските земјоделци
Ивон Величковски, ЛП: Да видиме дали ќе дојдат Добро е што се прифати предлогот за надзорната расправа и што Собранието ќе си ја оствари улогата на контролор на извршната власт. Останува ризикот повиканите претставници од извршната власт да не се појават на расправата, иако се обврзани на тоа. Присуството мора да го сфатат задолжително
Ги поддржувам надзорните расправи во парламентот како механизам да се отворат прашањата, да се дебатира за дадена тема, па и како контролен механизам. Но, да немаме илузии дека со таквите расправи ние навистина ќе оствариме контрола над извршната власт, бидејќи на ниту еден парламент во светот не му успеало тоа
29
ЕДНА ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДНА | ТЕМА | ИНТЕРВЈУ | АНАЛИЗА | ФАКТОГРАФИКА
КВОРУМ
Љубчо Георгиевски: Со Србија ќе успеевме полесно
„Хумана“ размена втор пат
ВМРО-ДПМНЕ: Ние се разидовме со Љубчо
Веќе девет години ВМРО-ДПМНЕ и Љубчо Георгиевски имаат различна платформа. Денес СДСМ е во коалиција со Георгиевски, што значи дека СДСМ ги споделува истите политики, вредности, принципи, платформа и концепт како треба да се управува Македонија
Со Ѓинѓиќ два пати ја отвориме темата на поделба на територии и бевме на мислење дека ако Македонија и Србија заедно влезат во тој проект, полесно ќе ја убедевме меѓународната заедница дека тој проект е успешен. Албанците ќе го прифатеа тој проект многу лесно затоа што ќе имаа решени проблеми со Србија и со Македонија
Арбен Џафери: Гласно го кажува она за што се шепоти
СДСМ: Ние спречивме поделба во 2001
Kога нема коректно решение за грст проблеми со кои се соочува Македонија, сигурно дека таквите мислења тлеат. Георгиевски е малку поискрен од другите и зборува отворено за прашања за кои се зборува во сите домови, во сите кругови, само таквите разговори се неформални
Нашиот став за поделба на Македонија и за размена на територии е јасен и непроменлив. Токму во 2001 година се спротивставивме и одигравме главна улога да не се спроведе поделбата на Македонија. Што правеше во тој период Никола Груевски, омилениот министер во владата на Љубчо Георгиевски?
Слободан Чашуле: Немал мандат за поделба
Бујар Османи: Знаевме дека има тајни договори
Георгиевски не смеел ниту имал мандат да разговара со Ѓинѓиќ за размена на територии и на население. Идеите или разговорите за размена на територии и население се антиевропски, поради тоа што темелна вредност на ЕУ е обединување на сите држави и бришење на границите
Ако изминативе 10 години ги следите нашите изјави, ќе видите дека цело време укажуваме оти постоеле договори и меѓу Милошевиќ и Мицотакис, и меѓу Ѓинѓиќ и Георгиевски за поделба на Македонија. Наш став е дека сме против поделба и против промена на границите
Владимир Божиновски: СДСМ да се огради од Георгиевски Сегашните соработници од СДСМ мора веднаш да се оградат и да ги осудат изјавите на лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски
Љубчо Георгиевски тврди дека разговарал неформално со поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ за размена на територии и поделба на Косово. Георгиевски го кажа ова во интервју за Хрватската телевизија, напомнувајќи дека, што се однесува до Македонија, се мислело на размена на територии (со Албанија) од Тетово до Дебар и кај Преспанско Езеро. Времето во кое се одвивале овие разговори не е прецизирано, но слична идеја за размена на територии со Албанија беше објавена во 2001 година, како предлог од некои кругови од МАНУ и беше поддржана од тогашниот премиер Георгиевски сабота, 21 јули 2012
29
ЕДНА ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДНА | ТЕМА | ИНТЕРВЈУ | АНАЛИЗА | ФАКТОГРАФИКА
КВОРУМ
Претседателот обвинет за пристрасност
Андреј Петров:
Најголемиот непродуктивен расход Зборувајќи за буџетот ја нападна опозицијата, што не е улога на претседателот на државата. Можам само да му порачам дека најголемиот непродуктивен расход на буџетот на државата ќе биде неговиот мандат
Фламуре Демири Креци, НДП:
Силвана Бонева:
Направи сè за граѓаните Имавме вистинско државничко обраќање од страна на претседателот на Република Македонија. Тој направи сè што може да ја промовира Република Македонија и да им помогне на граѓаните
По директива на Груевски Горан Мисовски, НСДП:
Иванов - портпарол на Владата Жалиме што и во денешното обраќање не успеа да излезе од партиските стеги и барем еднаш да ја испочитува својата уставна позиција како прв човек на државата. Наместо да демонстрира авторитет и одлучност, се однесуваше како портпарол на Владата со премиерски амбиции
Иако Иванов беше избран како претседател на Република Македонија со гласовите на Албанците, тој ниеднаш не ги претстави нивните проблеми и интереси. Претседателот Иванов никогаш не бил претседател на Македонија, туку само на партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ и секогаш работи под директива на премиерот Груевски
Лилјана Поповска, ДОМ:
Целосна поддршка Се кажаа и успесите, меѓутоа и проблемите со кои се соочи Македонија во оваа 2012 година. Од име на ДОМ му давам целосна поддршка на претседателот за искрените пораки за добрососедство
Малиша Станковиќ, СПМ:
Опозицијата да се извини Морам со жалење да констатирам дека првпат бевме сведоци на говор на претседател со дофрлање, довикување и омаловажување на функцијата претседател на Република Македонија. Таков неодговорен однос презентиран од страна на опозициските пратеници е преседан и јавно треба да се извинат
Еден дел од годишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов во Собранието предизвика бурна реакција од опозицијата, а дел и ја напушти салата. Зборувајќи за економијата, претседателот ја пофали Владата за политиката што ја води, а (ин)директно ја искритикува опозицијата, поради обемната амандманска расправа за буџетот за 2013 година сабота, 22 декември 2012
Ѓорге Иванов:
Со кој образ утре ќе барате доверба? Апелирам да се најде начин за итен излез од оваа ситуација. Граѓаните го очекуваат тоа од вас. Не може целото општество, со сите свои потреби, да биде заложник на неодговорно однесување. Ако се случи, заради неодговорно политичко однесување, Македонија да трпи економска штета, со кој образ утре ќе излезете да ја барате довербата на граѓаните?
29
ЕДНА ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДНА | ТЕМА | ИНТЕРВЈУ | АНАЛИЗА | ФАКТОГРАФИКА
КВОРУМ
Бранко Црвенковски, СДСМ:
Или нашите барања или бојкотираме избори Локални избори само заедно со парламентарни, а парламентарни избори само ако се фер и демократски. Ако овие предлози бидат одбиени, нашата битка за слобода и демократија, за правна држава и за иднината на земјава, ќе ја продолжиме со методите на улична демократија и со сите видови граѓански отпор, сè до остварувањето на овие цели
Владо Бучковски, експремиер:
Бараат повеќе за да добијат реално Ако СДСМ искрено сака избори, може да се бара компромис. И кај најтврдокорните сдсмовци преовладува мислењето дека ќе биде погубно за партијата да се бојкотираат изборите. Најголемиот спор е околу промената на министрите во владиниот кабинет. И Црвенковски е свесен дека тоа не може да го добие. На маса е ставено повеќе за евентуален компромис или пазар
Јове Кекеновски, професор:
Коректни барања Ова е политички коректна одлука што дава реални шанси да се дојде до компромис помеѓу власта и опозицијата. И во СДСМ беа свесни дека нема таква партија на власт која од готово ќе прави вересија и ќе дозволи изборите да ги организира целосно нова техничка влада. Одлуката на СДСМ е посакувана и за премиерот, бидејќи и тој е свесен дека е потребна реконструкција на Владата
Услови за избори
Гордана Јанкуловска, министерка:
СДСМ губи од граѓаните
СДСМ шест пати по ред катастрофално губи на избори и тоа не од министрите на ВМРОДПМНЕ, туку од граѓаните. Така што изразување лична нетрпеливост кон одредени личности не смее да се толерира во една демократска држава
Билјана Ванковска, професорка:
Локални и парламентарни логичен предлог
Спојувањето на локалните и парламентарните избори се чини како логичен предлог, па најмалку што Владата може да стори за надминување на длабоката криза е да им дозволи на гласачите да имаат улога на арбитер во политичкиот спор. Се плашам дека ВМРО-ДПМНЕ има ригиден и тврдоглав став, а ароганцијата им расте откако ги видоа капацитетите на опозицијата да мобилизира граѓани, па нема да сака да прифати ниту едно барање
Алајдин Демири, аналитичар:
СДСМ нема друг избор
Ова е тактичко надмудрување меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. СДСМ го прави тоа зашто нема што друго да прави, а ВМРОДПМНЕ добива на цена и влегува како фаворит на овие избори
Одржување парламентарни заедно со локални избори, „организирани и спроведени од Влада со кредибилитет и легитимитет добиен со консензуална поддршка од сите релевантни партии застапени во парламентот“, промени во Изборниот законик и прочистување на Избирачкиот список - се барањата на СДСМ за да учествува во изборниот процес во март. ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ставот ќе го донесе денес, а аналитичарите и политичарите се поделени околу целта на ваквите барања сабота, 12 јануари 2013
29
ЕДНА ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДНА | ТЕМА | ИНТЕРВЈУ | АНАЛИЗА | ФАКТОГРАФИКА
КВОРУМ
Буџетот со нова кројка Владимир Ѓорчев: Бранко не е алтернатива
Оваа влада само лани, во услови на криза, донесе 340 милиони евра инвестиции. А вие како алтернатива ни го нудите Бранко Црвенковски, кој донесе 7 милиони инвестиции
Ленче Николоска: Каде ви се субвенциите?
Зоран Ставрески: Фискална дисциплина
Со измените на буџетот се зачувува фискалната дисциплина со одржување на буџетскиот дефицит на ниво од 2,5 отсто од БДП. Тоа истовремено овозможува поддршка на стопанството и на економијата во услови на нарушена економска состојба во Европа, при истовремено задржување на државниот долг на ниско ниво
Владата вели дека вложила 300 милиони евра во земјоделството, а една милијарда евра ни се одлеваат само за увоз на земјоделски производи. Исплатите за субвенции се 130 милиони евра, а реализирани се само 30 отсто
Малиша Станковиќ: И по ребалансот, сонцето ќе изгрее!
Наташа Савова: Буџетот како оружје
Го користите буџетот како најсилно оружје за политичка контрола, влијание и маркетинг. Не се скратени ставките за споменици, маркетинг и за контрола. Правите гимнастика со бројките, а не ги објавувате странските инвестиции споредбено со земјите од опкружувањето
Беким Фазлиу: Пари за повеќе да ги затвораат Албанците
Не се работи за ништо страшно и трагично. И кога ќе го изгласаат ребалансот, сонцето повторно ќе изгрее. Значи, не ги слушајте колегите од опозицијата
На Министерството за правда не му е скратен, туку му е зголемен буџетот. Знаете ли зошто? За да ги затворате Албанците повеќе!
Изет Зекири: Во Тетово нема вода
Сте планирале 109 милиони евра инвестиции! Каде се тие пари? Тоа се виртуелни инвестиции. Ние во Тетово сè уште немаме вода за пиење. Треба да признаете дека структурата на буџетот е лоша
Игор Ивановски: Кратите кај што не треба
Се кратат пари за капитални инвестиции, за изградба на патишта, тековни трансфери, за здравство, образование... Наспроти ова, не се намалуваат парите за владините реклами, а се зголемуваат и ставките за набавка на мебел
Ивон Величковски: Се задолжувате за споменици
Не велам зошто се задолжувате, туку за што се задолжувате. Вие ги трошите тие пари на споменици и дополнително ги задолжувате градежните фирми со тоа што не им плаќате, со анекси и анекси на анексите на договорите
Владата предложи ребаланс на буџетот со кој се намалуваат јавните трошоци за околу 120 милиони евра, откако стана јасно дека, поради економската криза, нема да се остварат прогнозираните стапки во приходната страна и кај економскиот раст. Расправата се фокусираше на прашањето - дали при новата кројка на буџетот владата водела повеќе сметка за капиталните инвестиции или парите се пренасочени во непродуктивни сфери? Тоа беа и главните прашања на пленарната седница на Собранието сабота, 2 јуни 2012
31
ЕДНА ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДНА | ТЕМА | ИНТЕРВЈУ | АНАЛИЗА | ФАКТОГРАФИКА
КВОРУМ Груевски:
Цената ја одредува РКЕ
СДСМ:
РКЕ е партизирана Со оглед на тоа што сме цврсто убедени дека партизираноста на Регулаторната комисија е една од причините за честите поскапувања на цените на струјата, бензините и на парното, пратеничката група на СДСМ во Собранието поднесе интерпелација за работењето на претседателот на РКЕ, Димитар Петров
На 26 август
Владата нe ја одредува цената на бензинот, ни цената на струјата, ни на парното. Тоа е во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика, како што беше и во времето на СДСМ. Тоа не е измислено сега. РКЕ работи по меѓународни правила и формули што се прифатени во сите држави, а истите формули беа прифатени во времето на СДСМ
цената на бензините, со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, повторно се зголеми
Ставрески:
Виновна кризата на Блискиот Исток
за неколку
Цените на енергенсите без
Цената на нафтата и на нафтените деривати ја диктира, пред сè, кризата на Блискиот Исток и скокот на доларот во однос на еврото. Владата е загрижена за ваквата состојба и во рамките на своите надлежности презема низа мерки преку отворање нови работни места и социјална програма за да ги ублажи ударите врз животниот стандард
ЛДП:
Груевски замајува, Ставрески лицемерен Во месецот кога струјата поскапи за 10 отсто, парното за 4, а цените на бензините се до небо, Груевски ја замајува јавноста со медиумски препукувања и надмудрувања со коалицискиот партнер ДУИ. За разлика од лицемерната изјава на Ставрески дека бил загрижен за бранот поскапувања, владите во соседните земји веќе преземаат конкретни мерки за ублажување на кризата
и т и м и л
проценти, со што малопродажната изнесува близу 90 денари за литар „супер“. Ова е само последно во низата покачувања на цените на горивата кое, заедно со поскапувањата и на другите енергенси,
Сојуз на стопански комори:
Стопанска комора на Македонија:
Да се намалат акцизата и данокот
Без давачки за задолжителни резерви
Најновото поскапување на бензините, како и на енергенсите, ќе се одрази во кондицијата на македонските фирми. Време е да ì предложиме на владата да се реагира во акцизата и во данокот за да се намалат трошоците на фирмите. Најпогодени од овие нови цени се секторите транспорт, земјоделство, градежништво, но погодено е целото стопанство
СKM лани предложи изземање на давачката за задолжителни резерви нафта и деривати за индустријата и за земјоделството и ова прашање пак ќе го разгледаме на наредната седница на Управниот одбор. Бизнис-секторот дополнително го загрижува порастот на цената на енергенсите, наспроти намалувањето на продажните цени на индустриските производи на пазарите
сабота, 1 септември 2012
предизвика многубројни реакции меѓу граѓаните, стопанството и политичарите
31
ЕДНА ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДНА | ТЕМА | ИНТЕРВЈУ | АНАЛИЗА | ФАКТОГРАФИКА
КВОРУМ
Започна „интернет-лустрацијата“, како што популарно се нарекува новиот Закон за верификација на факти за соработка со службите за безбедност. Комисијата почна со чешлање на веќе завршените предмети по кои постапувала, а кои со одлука на Управниот суд беа поништени во одвоени постапки. Ова го отвори прашањето дали може да се постапува за предмети за кои е пресудено, односно дали во Македонија важи правилото res judicata?
Трендафил Ивановски: Неуставен процес и глупост
Чедо Дамјановски: Два пати не се суди за иста работа Како Комисија донесовме решение дека тие се соработници, а Управниот суд ги поништи сите тие решенија. Оттука произлегува дека нема основа два пати да се суди за иста работа. Треба експерти да дадат реално толкување на одредбите од новиот Закон
Јанакие Витановски: Aџиев да го почитува Уставот Нелегитимниот претседател на Комисијата, Томе Аџиев, треба да го почитува Уставот и да работи во согласност со законите
Ова што го прават е неуставно и глупост. Основниот аргумент дека нема причина зошто да важи Законот по 1991 година, сè уште е валиден. Прашањето околу res judicata е второстепено, но и тука немаат право. Ако имаат решение што е поништено, не може пак да постапуваат по него. Бидејќи целиот процес е неуставен и неговото спроведување е неуставно
И по Судотлустрација
Томе Аџиев: Работиме по закон Тоа е очигледно непознавање на Законот, но и на Уставот. Работиме според нов Закон. Предметите се чисти, еднаш се проверени, затоа е најдобро прво по нив да постапуваме
Владимир Милчин: Без капацитет, интегритет и легитимитет
Ана Павловска Данева: Лустрациско реалити шоу
Комисијата за верификација на факти нема ни капацитет ни интегритет. Згора на сè, нема ни легитимитет. Највиновен за тоа е претседателот без мандат, Томе Аџиев. Тој ќе остане како едно од најтемните петна во овој драматичен период од македонската историја, како пример за човек кој бескрупулозно гази по судбините на други луѓе.
На мета нема да бидат само соработниците на службите, туку и оние што биле предмет на обработка и оние што случајно се нашле во извештаите на службите. Иако тие нема да бидат лустрирани, сепак, детали од нивниот живот и пикантерии ќе се најдат на интернет-страниците. Сè ќе прерасне во едно медиумско лустрациско реалити шоу
сабота, 28 јули 2012
31
Став
македонската политика на беспаќе по самитот во чикаго
Големото прашање е како да се помири чувството на згазено достоинство на народот со реалностите на светската политика што тераат кон компромис и тоа да им се објасни на граѓаните. Рационалното решение прво упатува на дијалог меѓу политичките опции, вели професорот по меѓународна политика, Денко Малески
Оваа политика ќе продолжи до крајот на мандатот на сегашниот премиер и претседател, ако новопроизведените конфликтни ситуации не пресудат поинаку
Дистинкција меѓу неправдата и нужноста од компромис
Пишува Васко Попетревски
П
о неуспехот во Букурешт, катарза беа изборите. По неуспехот во Чикаго, катарза се коментарите за интервјуто на премиерот. Интонирано е така што никого не го остава рамнодушен – и оние што аплаудираат и оние што негодуваат. Никола Груевски не дозволи чувствата да компримираат внатре, па да експлодираат ненадејно, туку предизвика контролирано
36
празнење веднаш. И заврши голема работа за себе. Но, што е со државата? Може ли од интервјуто да се исчита стратегијата на премиерот? Може ли да се антиципираат случувањата на политичката сцена? Премиерот во интервјуто формално не се откажува од стратегиските цели – НАТО и ЕУ, но соочен со еден неправеден свет во кој интересите и моќта се посилни од моралните норми, во кој постојат двојни стандарди и селективна примена на меѓународното право, свет во кој политиката доминира над правото, кажува дека во такви услови не можат да се остварат стратегиските цели, вели универзитетскиот професор и поранешен министер за надворешни работи, Денко Малески. -Проблемот е во тоа што светот нема да се промени ниту во иднина, па меѓународната сфера и натаму ќе биде опасно место за жи-
Патриотските теми во Македонија, во голема мера, се реакција на бруталниот грчки национализам од деведесеттите, кој правеше сè да нè нема и затоа не треба да се потцени доминантното чувство кај Македонците дека грчкото поведение и денес личи на обид да се уништи нашето постоење - „тие ни ја зедоа земјата“, сега сакаат „да ни го земат името“ и со тоа „да го уништат нашето постоење како морални личности“, вели Малески. -Кант пишува: „Една држава не е исто што и земја..., парче сопственост. Една држава е општество на луѓе на кое никој нема право да му командува или да располага со него, освен самата држава. Една држава е дрво со сопствени корења“. Значи, јас би направил внимателна дистинкција помеѓу неправдата што ни се нанесува како народ и нужноста да се соочиме со реалностите на политиката на сила и со неприфатливите ставови на нашите два конфликтни национализма, грчкиот и македонскиот. Само така може да се парира на политика што неодговорно би играла само на патриотската карта, а би ги заборавила светот на реалната политика и екстремностите на сопствениот национализам – смета Малески.
Денко Малески www.gragjanski.mk
Став
Нема потреба од нагли потези и отстапување од меѓународните воени мисии, а не гледам вредност ниту од нова тужба пред Меѓународниот суд на правдата
Владимир Мисев сабота, 26 мај 2012
веење, во кое ќе доминираат интересите и моќта, а правото нема да почива врз субординација, туку врз доброволно прифаќање од државите. Значи, ако има некаква стратегија во интервјуто, таа е како, со емотивна и со патриотска поддршка од народот поради уште една неправда кон Македонија, да се истурка мандатот или, можеби, да се добие и нов, но не и како да се реши проблемот. Зашто проблемот ги надрасна капацитетите на актуелните политичари да го решат. Причина? Е, тука почнува приказната како станавме заробеници на минатото и ја загубивме иднината – анализира Малески. Има и поинакви погледи, кои велат дека интервјуто е гласен одговор на молкот на НАТО, дека се точни тврдењата на опозицијата оти провејува силна емотивна компонента, но и дека како премиер, Груевски има обврска да им ја објасни на граѓаните ситуацијата во која се наоѓа државата. -Во интервјуто не можам да препознаам отстапување од стратегиската определба за евроатлантско интегрирање и таа определба, а и реториката што ќе се користи во иднина од сите политичари, ќе биде непроменета. Сепак, многу е важно во политиката да имате конзистентност, како во внатрешната, така и во надворешната. Токму затоа сметам дека нема никаква потреба од нагли потези и отстапување од мисиите во кои учествуваат македонски војници, а не гледам никаква вредност ниту од нова тужба пред Меѓународниот суд на правдата, затоа што таа нема да донесе поместување на односите меѓу Македонија и Грција – оценува Владимир Мисев, директор на Институтот за демократија. Проценувајќи го потенцијалот на меѓуетничките односи да ја диктираат политичката агенда, Мисев вели дека не смее да се дозволи внатреетничките тензии да пре-
раснат во меѓуетнички, меѓурелигиски или меѓупартиски судири и дека тука владата има најголема одговорност. -Очекувањата се дека односите меѓу ВМРОДПМНЕ и ДУИ постепено ќе се заладуваат до локалните избори, односно сè додека коалициските партнери не влезат во лимбо фаза за време на кампањата. Несомнено е дека ова мора да се случи за непосредно пред локалните избори да бидат актуелизирани темите од ЕУ и од НАТО и за тоа да биде обвинет коалицискиот партнер, противникот кој не постои во локалната трка, но и да бидат потиснати нерешените локални прашања, а по изборите односите да се нормализираат – ја предвидува Мисев новата епизода „топло-ладно“ меѓу Груевски и Ахмети. Меѓузависноста на меѓуетничките релации и интеграциите, според професорот Малески, е јасна, па „формулата за успешни меѓуетнички односи е прилично едноставна: во степен во кој стануваме дел од НАТО и од ЕУ, овозможувајќи ѝ на албанската популација да не го чувствува „теророт на границите“, и ја развиваме демократијата дома, ќе произведуваме стабилност“. -Но, логиката на партиските апарати што се зафатени со „одбрана и поделба на пленот“, како и со калкулации како да се добијат наредните избори, може да доцни зад потребите на времето. Е, сега, ако останеме заковани во сегашната ситуација на неопределено време, значи, надвор од НАТО и од ЕУ, состојбите во државата ќе се дестабилизираат – оценува Малески, според кого ќе се појават нови радикали со поинакви политички барања, кои ќе се кренат против статус квото на сегашните партии. Колку притисокот од стагнирачкиот рејтинг, намалувањето на разликата со опозицијата и сè поизразената економскoсоцијална криза, повторно ќе го туркаат Груевски кон патриотски теми? Политикологот Мисев не ја прифаќа ваквата логика и смета дека „до локалните избори владата ќе реализира некоја од најавените инвестиции и со тоа ќе се обиде во фокусот да ги стави економските теми“. -Со последната територијална организација
во Македонија се формираа етнички доминантни општини, со што им е олеснета работата на партиите. Сосема е јасно во која општина ќе има македонски градоначалник, а каде албански... Затоа, не мислам дека во фокусот ќе бидат патриотските, туку економските теми. Од друга страна, и опозицијата ја научи лекцијата од изборите во 2008, кога беше фатена во „патриотска замка“ во обид да ја интегрира државава во ЕУ и во НАТО за шест месеци. Во моментов, ниту еден чинител во јавниот живот, а најмногу граѓаните немаат интерес за патриотски теми, туку за конкретни економски резултати – смета директорот на Институтот за демократија. Опсервирајќи ја опозицијата, професорот Малески вели дека таа е во дилема дали да ѝ помогне на власта да го реши проблемот со соседот или да го искористи проблемот за да ја урне власта, при што семта дека, логично, втората опција е поисплатлива. -Меѓутоа, таквата конфликтна опција може да се покаже и како опасна за државата, произведувајќи меѓуетнички и интраетнички судири. А, и исходот по опозицијата не е баш извесен. Јас не би го потценувал чувството на навреденост кај народот од насилничкото поведение на Грција, а не би го потценил ниту неговиот неисцрпен патриотски потенцијал. Би бил внимателен и кон тезата дека сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не претставува никого освен себе и дека во даден момент ќе се урнат како кула од карти. Како да се помири чувството на згазено достоинство на народот со реалностите на светската политика кои тераат кон компромис и тоа да му се објасни на народот, е големото прашање. Рационалното решение прво упатува на дијалог меѓу политичките опции. Но, таков дијалог во Македонија, во овој момент, не е возможен зашто е голем дефицитот на демократски политичари во земјава – песимист е поранешниот шеф на дипломатијата. Тој дообјаснува дека сериозен внатрешен дијалог за теми од витално значење за државата не е можен меѓу политичари кои се доживуваат како душмани, ниту на домашната ниту на меѓународната сцена. Според него, истата политика ќе продолжи до крајот на мандатот на сегашниот премиер и претседател, ако новопроизведените конфликтни ситуации не пресудат поинаку. Но, предупредува: таков епилог би бил лош за нашата демократија. 37
Политика
ДУИ ЌЕ ГО НАПАЃА, ВМРО-ДПМНЕ БОЖЕМ ЌЕ ГО БРАНИ Со процена дека стабилноста на институциите е поважна од законот за бранителите, владините партнери ги договориле модалитетите за негова еутаназија
Пишува Катерина Блажевска
Д
Кога лидерот на „Достоинство“ би можел да претпостави колку се растегливи границите на политичката перверзија, сигурно не би прашувал зошто ВМРО-ДПМНЕ во Собранието гласаше против предлогот на СДСМ за ограничување на дискусијата за законот за бранителите на десет минути
36
УИ ќе го напаѓа, ВМРО-ДПМНЕ божем ќе го брани. Ваква „процедура“ договориле двата коалициски партнера за односот кон законот за бранители, по смирувањето на првичните тензии што ги произведе случајот „Слупчане“, а пред посетата на еврокомесарот Штефан Филе, тврдат извори од ДУИ. Расправата за законот ќе се одолговлекува, а тој целосно треба да влезе во заборав на почетокот од идната година, кога ќе биде покриен со кампањите за локалните избори. Останува можноста да биде отфрлен и порано, но начинот и формата како ќе се изведе тоа се оставени на партнерот што го предложил законот. Владините партнери процениле дека стабилноста на институциите е многу поважна од донесувањето на еден закон, без оглед кој, ако тој води кон политичка и меѓуетничка криза и ги еродира достигнатите стандарди во општеството. Тоа бил единствениот начин за излез од ќор-сокакот во кој се најдоа двете партии, особено ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидерски кредибилитет стана заложник токму на ветувањето дека нема да дозволи некој да гази врз достоинството на Македонците и дека нема да се откаже од законот за бранителите, сето тоа во фонот на премиерската изјава дека Владата е во криза. За разлика од ВМРОДПМНЕ, ДУИ во процесот на јавната конфронтација соопшти дека Владата функционира со полн капацитет, со што си обезбеди крупен кредит и кај партнерот и кај јавноста, не оставајќи простор за лажни илузии околу нејзиното натамошно (не)учество во Владата.
Четири Д. Но, она што се случува зад јавната сцена е сосема различно од она што во ДУИ го зборуваат под етикетата „за надворешна употреба“. Според официјалната верзија наменета за јавноста, датум, договор, доверба и деловник се четирите точки врз кои ДУИ се обидува да ја објасни својата официјална и принципиелна политика, особено во актуелниов период. -Можноста во декември Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ е стратегиски интерес на ДУИ и тој не смее да стане заложник на постслупчанската атмосфера. Со ВМРО-ДПМНЕ имаме договор за функционално и ефикасно коалицирање, кој се одвиваше коректно. Има многу случаи кога свесно дозволуваме партнерот маркетиншки да поентира, но нам не ни пречи тоа, ако сме успеале да реализираме одредени барања од нашата програма. Поважно ни е да реализираме, отколку да се рекламираме. Нашата соработка се темели на доверба и таа досега, во многу случаи, била потврдена од двете страни. Нам ни е јасно дека законот за бранителите, кој ВМРО-ДПМНЕ го стави во собраниска процедура, имаше само за цел да оствари еден вид damage control. Битката ќе ја водиме во Собранието и, сè додека не се крши деловникот по тоа прашање, ние имаме простор за парламентарна и демократска акција објаснуваат во ДУИ. На важноста на деловникот се повика и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на неодамнешната средба со амбасадорот на Франција, Жан Клод Шлумберже:„Секое непочитување на деловникот за работа на Собранието и на Уставот ќе ја суспендира демократијата и ќе донесе политичка криза во земјава“. Три Л . Доброупатени извори во односите меѓу двата владини партнера тврдат дека ДУИ нема комодитет да замине од Владата, бидејќи е „дебело“ задолжена кај ВМРОДПМНЕ. Ако во ДУИ се повикуваат на четири Д, тие симболично се задолжени по три основи - лустрација, лиценци, легализација. Начинот на кој низ филтерот на лустрацијата поминаа некои кадри на ДУИ, за разлика
Бранит ја одбр коалиц од оние што не беа во милост на власта, е една од покрупните причини за условената лојалност на интегративците. Лиценците изразени, и фактички и симболично, за одредени бизниси се втората, но не помалку важна причина која директно се одразува на финансиската кондиција на партијата и на нејзини истакнати членови. До денес, без реакција остана изјавата на поранешниот министер за економија, Стевчо Јакимовски, кој минатата недела оцени дека кризата меѓу владините партнери е од економска природа: „Според извори блиски до Владата, кавгата, наводно, започнала заради бизнисот со увоз на струја, кој ресорски припаѓа во Министерството за економија, раководено од кадар на ДУИ, а врз бизнисот имала ставено рака ВМРО-ДПМНЕ, односно фамилијата. Коалициските партнери барале профитот да се дели фифти-фифти“. Легализацијата, сфатена како модел на надзаконско „перење“, односно амнестирање на сите констатирани девијации во фирми и бизниси под контрола на ДУИ, е најфреквентната мерка што ја мотивира кохезијата меѓу партнерите. Велат има и други, но овие три се сметаат за главни лостови кои ја држат коалицијата во условена рамнотежа и фасадна хармонија. Фингиран расплет. Ако иницијалниот конфликт (Слупчане) не бил фингиран, неговиот расплет ќе биде токму таков, со оглед дека функционери од ДУИ тврдат оти постои цврст коалициски договор за постепено еутанизирање на законот за бранителите. Сите постапки што следуваа од страна на www.gragjanski.mk
телите ранија цијата коалициските партнери целосно се вклопуваат во тврдењата за вакво договорено сценарио. Кога лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, би можел да претпостави колку се растегливи границите на политичката перверзија, сигурно на прес-конференција не би прашувал зошто ВМРО-ДПМНЕ во Собранието гласала против предлогот на СДСМ за ограничување на дискусијата за законот на десет минути. Навистина, зошто? Реално, ако ВМРО-ДПМНЕ навистина е заинтересирана законот што поскоро да ги помине сите филтри и фази и ако тоа би било поизвесно со временско ограничување на дискусијата, тогаш каква е „логиката“ да гласа за нешто спротивно од тие заложби? Официјалното образложение е дека тоа било спротивно на деловникот, истиот врз кој се потпира целата стратегија на ДУИ за напад врз законот. Обидот на ВМРО-ДПМНЕ да ја прикаже таа концесија само како процедурална остана безуспешен, барем за еден пратеник на СДСМ. „Колегата Талат молчи, но најголемиот молк доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ. На македонската јавност ì станува јасно дека сте очигледно договорени“, обвини Билјана Казанџиска од СДСМ. Честа на ВМРО-ДПМНЕ остана да ја брани самопрогласената горда послушничка на премиерот, Бети Кузмановска, со еден крајно неубедлив одговор: „За каков договор вие нè обвинувате? Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се секогаш присутни на Комисијата, подготвени да дебатираме за законот и такви обвинувања нема да трпиме на наша сметка“. сабота, 22 септември 2012
Сомневањата во договор меѓу коалициските партнери паднаа во сенка на пораката на еврокомесарот Штефан Филе: „...овојпат дојдов со одредена загриженост за обраќањето на политичките партии кон нивните етнички бази на сметка на политичката стабилност“, која беше нострифицирана како колатерален ќар за коалицијата, бидејќи во неа најдоа потврда дека треба да се посветат на санирање на последиците. Особено по предупредувањето дека „... имаат потенцијал да согледаат дека сето тоа има потенцијално негативни импликации врз сè што прават, пред сè, врз придвижувањето кон ЕУ“. Улогата на СДСМ и на ДПА. По сите овие симптоми и пораки, улогата на опозицијата во Собранието останува нејасна. Ако ДПА по етничка основа се солидаризира со ДУИ по прашањето на законот, нејзе ì одговара ВМРО-ДПМНЕ посредно да го забавува донесувањето на законот за бранителите, па од тие причини и не е заинтересирана да го проблематизира чудното однесување на владејачката партија. Но, нејасно е зошто СДСМ не ги поставува тие многу логични прашања. По спартанското темпо што претседателката Цветанка Иванова ì го наметна на Комисијата за труд за законот за бранителите, ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не изреагира зашто координаторот на ДУИ, Талат Џафери, ја попречува постапката за донесување на законот за бранителите, кој никако не може да стигне на пленарна седница поради неговите маратони во молчење или во говорење. Индивидуалната реакција на Иванова дека „не може пратеникот од ДУИ да дискутира со молчење, а тоа да го премолчуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ додека Груевски и Ахмети даваат патриотски изјави“, не беше проследена со сличен став од раководството на СДСМ, ни тогаш ни во деновите потоа. Празнината што ја остава опозициската СДСМ редовно ја пополнуваат владејачките. Заради „уметнички впечаток“ дека ништо не се случува „под маса“ и дека има конфронтации меѓу партнерите, во медиумски оптек е пуштена пресметка колку илјади евра го чинат Собранието јаловите вонредни викенд-
седници на Комисијата за труд (сума во која влегуваат и патните трошоци за пратениците од внатрешноста и дневниците за десетина вработени во собраниските служби), само за маратоните на Талат Џафери. Извесноста дека блокадата на законот ќе потрае токму така како што се договориле ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ја потврдува и барањето на Џафери за усогласување на комисиската расправа со седницата во парламентот, што покажува дека координаторот на ДУИ е подготвен да ја игра договорената симултанка до недоглед, со цел законот да не дојде на пленарна седница. Подготовка на теренот. Извесноста дека законот за бранителите нема да биде донесен во договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ја потврдуваат и страничните подготовки на политичкиот терен. Во тој контекст, аналитичарите ја гледаат и анкетата на Институтот за демократија (ИДСЦС) која, во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), од 14 до 17 септември, беше спроведена на репрезентативен примерок од 1.100 испитаници. Според резултатите, на прашањето „Како мислат дека треба да се надмине сегашната криза“, половина од испитаниците (49%) се изјасниле дека кризата треба да се надмине преку дијалог во институциите, 15 отсто дека се потребни предвремени парламентарни избори, а 13 отсто дека кризата може да се разреши со нова влада без ВМРОДПМНЕ. Десет отсто од испитаниците се изјасниле дека не постои криза. Анализата покажала дека постои согласност помеѓу испитаниците Албанци (48%) и Македонци (51%) дека кризата треба да се разреши во рамки на институциите преку дијалог. За аналитичарите кои внимателно ја следат секоја нијанса во изјавите на главните актери, јасно е дека состојбата е смирена и оти топката е вратена на теренот на Ахмети. Тој постојано повторуваше дека кризата е институционална и дека мора да се реши преку стабилизирање на институциите, како што порача и Филе. Метафизичките термини од типот „достоинство“, „национална гордост“, „долг кон бранителите“, ќе мора да одат на вербален ребаланс.
Улогата на опозициската СДСМ и натаму останува нејасна и дезориентирана
37
Анализа
Лустрација на главата За жал, нашиот Закон за лустрацијата, и во првата, и во втората варијанта, е негација на идејата на лустрацијата, зашто таа идеја ја сведува на правна санкција и на казнена експедиција, па наместо да го надмине злото, тој вештачки му го продолжува животот, во недостојната традиција на подозирање и кодошење Пишува Димитар Димитров
Н
ародната мудрост, што често се изразува низ метафори кога укажува на превенција од некое зло или на неговата причина, ја прозива главата (на змијата, односно на рибата). Оваа мудрост нас, учените, нè обврзува како минимален епистемолошки принцип, под кој не ни е дозволено да останеме. Главата тука имплицира ум, дух, творец или барем сотворец. Соодветно на тоа – доблест и одговорност. Применето на прашањето на лустрацијата, ваквото исходиште подразбира состојба на движење, на премин од едно во друго, кое нагледно може да се претстави како качување по планина, од едно до друго возвишение, при што се стекнува нов поглед, се собираат нови сили за да се стигне до врвот, до темето на светот. Новиот поглед нужно подразбира ревизија на изминатото. Ние се паметиме како оние од вчера, но ние денес сме ние денес, со копнеж, со идеи/идеали за ние утре. (Само будалите немаат идеали и не разбираат дека не се гине за идеали!) Именувањето на преминот како транзиција од тоталитаризам кон демократија претпоставува исклучително строг суд 44
за системот што го оставаме зад нас и, од друга страна, високи критериуми/стандарди за дестинацијата кон која се упатуваме. На таа релација на ретроспектива – перспектива се крие законот/ духот на лустрацијата, како ментална претпоставка на формалното правнополитичко етаблирање на новите демократии и како услов за нивно поминување во реални демократии. Како таква, лустрацијата нема потреба од позитивен закон за лустрација.(Колку е раширено неразбирањето на оваа категорија покажува поминокот на мојот прв текст за лустрацијата, во контекст на лустрирањето на претседателот на Уставниот суд, во кој оваа поента сакав да ја истакнам во насловот на тој текст: Законот НА лустрацијата, а уредникот или лекторот на весникот го „поправил“ во „Законот ЗА лустрацијата“! Во тој процес на правно-политичко реформирање, лустрацијата тлее/искри како етички принцип и ја помага нашата човечка и цивилизациска идентификација, што минатата лишеност ја сублимира во потреба за автономија и за споделените вредности и цели на современата демократија, на теориски и практичен план. Симбиозата на паталецот и гаталецот во нас ни обезбедува баланс
ГИ МОЛАМ ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ГО СПОДЕЛАТ ГЛАСОТ НА ГУСТАВ МАЛЕР (СИМФОНИЈА БРОЈ 2 – „ВОСКРЕСЕНИЕ“), СО ВЕРА ДЕКА ТОЈ ГЕНИЈ ЌЕ ГИ УБЕДИ ДА ГО ПОВЛЕЧАТ ЗАКОНОТ ЗА ЛУСТРАЦИЈА И ДА ГИ АНУЛИРААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ШТО ВЕЌЕ ГИ ПРЕДИЗВИКАЛ
www.gragjanski.mk
Анализа
КОЛИШЕВСКИ ПОЧИНА ВО ДЛАБОКА СТАРОСТ ОД ПРИРОДНА СМРТ, А ЧОВЕК ОД ВРВОТ НА ЈУГОСЛОВЕНСКАТА НОМЕНКЛАТУРА СИ ИЗБРАВМЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКАТА. ЗАТОА НЕМА ПОТРЕБА НИТУ ОД ОПШТА АМНEСТИЈА НИТУ ОД РИТУАЛИ СО КОДОШКИ КУРБАН. НАМ НИ ТРЕБА, ИМЕНО, ЛУСТРАЦИЈА НА ГЛАВАТА меѓу ретроспективата и перспективата, нира соработката со тајните служби? кој прави не минатото нас да нè дели, Таква соработка не е нелигитимна во принцип. Станува нелегитимна ако е туку ние минатото да го споделуваме – прочистени, воскреснати. Лустрација- нелегитимна дејноста на службите. Во овој случај, санкционирањето на сората е воскресение. За жал, нашиот Закон за лустрацијата, ботката ги делитимира самите тајни и во првата, и во втората варијанта, е служби. Но, тогаш санкционирањето, негација на идејата на лустрацијата, логично, подразбира санкционирање, да кажеме лустрирање на службите. зашто таа идеја ја сведува на правна Но, и службите не биле независни васанкција и на казнена експедиција, па наместо да го надмине злото, тој веш- ријабли, туку биле дел од структурата на власта – со министерства, влада, тачки му го продолжува животот, во недостојната традиција на подозирање собрание, претседател на републиката, и кодошење. По дефиниција, кандида- под раководство на авангардата на ратот за јавна функција е бел, чист, а За- ботничката класа, со научни, образовни и културни институции. Сето тоа конот априори го понижува/ повредува со претпоставката дека можел да биде останува скриено од Законот за „верисоработник на тајните служби. Тој тре- фикација на фактите“. Соработникот на тајните служби ја игра ролјата на ба да потпише изјава дека не бил (како евангелската блудница, а „лустраторишто соработниците потпишувале дека ќе бидат!), Комисијата за лустрација из- те“ се активни и сите ние сме пасивни учесници во толпата за каменување. вршува „верификација за фактите“ и Колку е тоа далеку од Исус Христос, кој пресечува: бил – не бил! Имено, вакви воскреснал од мртвите, од Лав Толстој, процедури, атмосфера и менталитет се кој напишал роман „Воскресение“, од дел од системот и од практиката што ја Густав Малер, кој компонирал симфосоздадоа потребата од лустрација. Колку нè допира нас, како луѓе и граѓа- нија „Воскресение“! Со фрлање камен по блудницата, можени, на брегот меѓу тоталитаризмот и демократијата, како и тие два система, би, се мијат раце, но не се останува со вака замислената операција наречена „чисти раце“. Непосредно по падот на комунизмот, една варијанта на самоам„верификација на фактите“, како што нестирање се посредува со позицијасе вика и Комисијата за лустрација, на што се сведува и чинот на лустрација- та „Вината беше во системот“ (наслов на интервју на К. Глигоров). Фокусита? Спротивно на утринската сончева рањето на системот и фокусирањето светлина, што ја разложува маглата низ планините, законската „верифика- на кодошите ги спојува скривањето/ ција на фактите“ фрла магла и прикри- поштедувањето на главата. Во првиот ва. Зошто така ригидно да се санкцио- случај рационализација се врши преку
сабота, 14 јули 2012
метафизика на системот како судбина, во вториот преку метафизика на кодошот како ѓавол, поради што „верификацијата на фактите“ добива карактер на стругање струганици. Вакви ретроспекции немаат врска со лустрацијата. Напротив, нè држат во ментално заостанување зад нашата актуелна држава и нејзиното уставно уредување. Кај нас не се постави прашањето за правна и за политичка одговорност. Колишевски почина во длабока старост од природна смрт, а човек од врвот на југословенската номенклатура си избравме за претседател на Републиката. Затоа нема потреба ниту од општа амнeстија ниту од ритуали со кодошки курбан. Нам ни треба, имено, лустрација на главата. Ние правно-политички споделуваме општоевропски процес, но ментално не излеговме од обрачот на „локалното знаење“ – нешто што е неопходен услов за пропишаната демократија да стане реална демократија. На тој план, ми се чини, инструктивна споредбата со Источна Германија. Лустрацијата на источногерманската советска глава предизвика елиминација на Академијата на науките и огромна кадровска редукција во образованието – во тие два ментални столба на режимот. Притоа, советскиот народ од Источна Германија имаше непосреден репер во Западна Германија. Ние немавме наша Западна Германија, па во новата држава си влеговме со стариот ментален багаж на Југословенот од СРМ, како „Срби из Велеса“, со „надуената проза на историчарите обучени на југословенски начин (Кит Браун, „Минатото под прашање, модерна Македонија и неизвесностите на нацијата“, Евро-Балкан прес, 2010, стр. 16). Југославија ја нема веќе. На таа бездна заискрува лустрацијата, која нè подготвува за граѓанство без идеолошки предзнак, која зрачи со пиетет за судирите и за жртвите под таков предзнак и повикува на помирување. Драгоцени сопатници во тој правец можат да ни бидат нашиот паталец со американско либерално образоние Стојан Христов („Херои и убијци, еден вид евангелие за ВМРО“), Палмер и Кинг („Југословенскиот комунизам и македонското прашање, ненадминлива студија за нашата драма во Втората светска војна и во комунистичка Југославија“), Брунбауер („Митовите во историографијата на РМ/БЈРМ, длабинска снимка на посткомунистичка Македонија“)… Но, особено ги молам пратениците да го споделат гласот на Густав Малер (Симфонија број 2 – „Воскресение“), со вера дека тој гениј ќе ги убеди да го повлечат Законот за лустрација и да ги анулираат последиците што веќе ги предизвикал тој Закон. 45
Економија
Живот во рецесија Податоците за падот на индустриското производство, кои се нижеа од месец во месец, за падот на извозот и на домашната побарувачка, ја навестуваа можноста за рецесија Трајко Славески
М
акедонската економија е повторно во рецесија. Требаше Државниот завод за статистика да објави податок за движењето на бруто домашниот производ (БДП) во второто второто тримесечје од годинава за официјално да се констатира овој факт. Така е тоа во економијата - податоците доцнат заради нужната обработка. Замислете на лекар да му требаат триесет минути, а не близу три месеци, колку што е чекањето на официјалниот податок за кварталниот БДП, за да ја измери температурата на телото или крвниот притисок на пациент кој се жали дека не се чувствува добро! Самите економисти се свесни за ограниченоста на нивните инструменти за следење и за дијагностицирање на состојбата на сложениот систем кој е предмет на нивниот интерес. За волја на вистината, македонската економија почна да манифестира знаци на малаксаност уште од пред речиси една година. Податоците за падот на индустриското производство, кои се ни44
жеа од месец во месец, потоа за падот на извозот и на домашната побарувачка и сл., ја навестуваа можноста за рецесија, дефинирана како пад на вкупната економска активност во една земја во два последователни квартала. Рецесијата, за граѓаните, носи неизвесност. По правило, треба да се очекува раст на невработеноста и на сиромаштијата. Невработените имаат помали шанси за вработување. Посебно се погодени две категории лица кои бараат работа: младите кои штотуку излегуваат од училишните или од студентските клупи, со дипломи в раце и прв пат „влегуваат“ на пазарот на труд, и лицата кои се без работа подолго време. Младите потешко ја добиваат шансата за прво вработување заради влошените состојби на пазарите на труд и претпазливоста и ограничувањата (на пример, законските ограничувања за отпуштање, подолгорочните работни договори, улогата на синдикатите и др.), со кои се соочуваат работодавците во намерата да отпуштат работници во услови на криза. Долгорочно невработените лица стануваат уште повеќе „невработливи“, поради застарувањето на нивните квалификации со текот на времето. Во рецесија се стеснува можноста за веќе вработените лица кои сонуваат за подобро работно место. Но, најпогодени се лицата на кои, поради намалената економска активност, претпријатијата ќе им го прекинат работниот однос. Тие го губат изворот на егзистенција и се на пат да го изгубат и сопственото достоинство. Овој шок е особено тежок за мажите: интензитетот на стресот претрпен од загубата на работното место за просечен маж е на трето место во низата непријатни настани, по евентуалното сознание дека боледува од некоја опака болест и разводот. Нетипична е македонската рецесија, што ги прави нејзините последици уште посериозни за благосостојбата на граѓаните. Имено, стартната основа, мерена според стапката на невработеност, надминува 30 отсто.
Две земји од еврозоната, Грција и Шпанија, само за неколку години рецесија во сопствените економии ја дуплираа сопствената стапка на невработеност, која и во двата случаи во моментов се доближува до 25 отсто, без посериозни изгледи за достигнување на преткризните нивоа во догледно време. И двете земји, со болна повоена историја (граѓански војни, диктаторски режими во определен период), со глобалната криза ги загубија придобивките во пораст на вработеноста по реставрирањето на сопствените демократии, влезот во ЕУ и воведувањето на еврото. Иако Република Македонија, за разлика од овие медитерански земји, во изминативе пет години поминува со помали последици како резултат на глобалната криза, сепак, има што да се изгуби. Да се потсетиме дека стапката на невработеност пред шест-седум години се доближи до 38 отсто. Од оваа кратка историска паралела може да се извлече заклучок дека Македонија, за жал, досега не ја добила шансата да стане земја со прифатлива стапка на невработеност, која ќе се доближи до таа на помалку развиените земји од ЕУ, дури и во услови на просперитет на европската и на светската економија. За постигнување на оваа цел, по сè изгледа, неопходно е зачленување во НАТО и во ЕУ. Но, невработеноста во земјава е значително повисока од таа на соседите - Србија, Албанија и Бугарија, при што последнава се спомнува иако е членка на ЕУ. Тука веќе нема оправдување - нетипично високата невработеност во Република Македонија паѓа на товар на сите досегашни влади по осамостојувањето на земјата. Ако тоа не се успеа во минатото, во иднина примарна цел на партиите на власт, а основно барање на гласачите, треба да биде значителното намалување на невработеноста. Со оглед на претходно кажаното, во рамките на постојната реалност, аналитички
ТРЕБА ДА СЕ „ПРЕЖАЛАТ“ НЕКОИ ПРЕДВИДЕНИ, А НЕРЕАЛИЗИРАНИ НЕПРОДУКТИВНИ ТРОШЕЊА СО ВИСОКА УВОЗНА КОМПОНЕНТА www.gragjanski.mk
Економија
ФИСКАЛНИОТ ПРОСТОР ЗА ДИСКРЕЦИСКИ ФИСКАЛНИ МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА ЕКОНОМСКИТЕ СУБЈЕКТИ Е СВЕДЕН НА МИНИМУМ
е, можеби, оправдано Република Македонија, од аспект на политиките за поттикнување на економскиот раст и другите макроекономски политики, да се третира како еден регион во Југоисточна Европа и поширокиот европски економски и социјален простор. На тоа треба да се приспособат очекувањата од носителите на економските и на социјалните политики. Ова гледиште е во согласност и со реториката на актуелната Влада за поврзаноста на економските случувања во земјите од ЕУ и состојбите во македонската економија. Мислам на објаснувањето на рецесијата во Македонија со стагнантната или рецесиската состојба во европските економии кои се наши најважни трговски партнери. Ова значи дека автономноста во водењето антициклични економски политики е многу ограничена, а во областа на комерцијалните инвестиции и инвестициите во областа на инфраструктурата изворите треба, како што впрочем тоа и се чини, повторно да се бараат во рамките на ЕУ. Ваквиот пристап нуди објаснување и за фактот дека е можно, како последисабота, 22 септември 2012
ца на присуство на структурни проблеми во економијата, еден регион да стагнира или да назадува и во услови на подем во поширокото опкружување. Ова е случај не само во Европа, туку многубројни се примерите и во САД, каде што некои региони, на пример, пошироката област на Детроит, бележи економски пад и во услови на просперитет на американската економија. Кој е изборот? На микроекономски план, нема замена за натамошни структурни реформи, со цел надминување на преостанатите препреки за водење бизнис во Република Македонија. Меѓу поважните мерки од овој арсенал спаѓаат: посериозен пристап кон заштитата на конкуренцијата; намалување на непотребната економска и социјална регулација, во добар дел воспоставена и од страна на владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ; расчистување на економскиот простор од неактивните претпријатија со блокирани сметки; поуредно и побрзо водење на стечајните постапки и сл. Централната банка е добро позиционирана за остварување ценовна стабилност и за коригирање на финансиските нерамнотежи, а во тие рамки и обезбедување стабилност на девизниот курс на денарот. Добро е Владата и експертите постојано да ја образоваат јавноста за карактерот и за последиците од ценовните шокови кај храната и кај енергијата што доаѓаат однадвор. Ова ќе го стесни просторот за паника и ќе влијае на соодветното формирање на очекувањата за стапката на инфлација и стабилноста на националната валута чија судбина е врзана за еврото и ќе биде брана за заштита од можните шпекулации од кругови што ценат дека би имале корист од нарушување на стабилноста на цените и на девизниот курс. Светската рецесија доведе до губење на врската меѓу монетарната политика на централната банка и условите за добивање кредит од страна на претпријатијата и домаќинствата. Ова значи дека економските субјекти не треба да очекуваат издашни кредити со ниски каматни стапки и покрај експанзивната монетарна политика. Банките имаат сопствени калкулации во однос на перцепираниот ризик од обезбедувањето кредити. Значи, за македонската економја ќе бидат поважни мерките на Европската централна банка за натамошно релаксирање на монетарната политика во еврозоната, отколку стеснетите можности на националната монетарна власт. Останува фискалната политика. Од првичните изјави
на претставници на Владата од финансиските и од економските ресори може да се насети реализам во поглед на можноста за евентуално стимулирање на економијата. Приходите во буџетот се помали од проектираните во ребалансираниот буџет, што значи дека дефицитот во буџетот ќе треба првенствено да ги покрие намалените приливи, за сметка на намалување на предвидени трошења за капитални проекти, што во овој дел од годината значи или забавена динамика на реализација или, пак, натамошно зголемување на долговите кон приватниот сектор, обврски што би се префрлиле за наредната година. Фискалниот простор за дискрециски фискални мерки за поддршка на економските субјекти е сведен на минимум. Но, ова е период од годината кога се прават завршните подготовки за буџетот за 2013 година. Таму, со оглед на веројатноста неповолните трендови од 2012 година да се пренесат во наредната година, императивно се налага трезвеност и бескомпромисност во реалистичната процена на приходите и на расходите и создавање фискален простор во буџетот за делумно амортизирање на некои шокови, вклучително и за дополнителни социјални мерки за помош на граѓаните кои ќе бидат најмногу погодени од кризата. Простор има. Треба да се „прежалат“ некои предвидени, а нереализирани непродуктивни трошења со висока увозна компонента. И покрај претстојните локални избори и тековната политичка нестабилност, во најмала рака овој потег би бил политички неутрален, ако не и поволен. Понатаму, треба да се преиспита дали и наредната година е неопходно да се одвојат средства во висина од близу два отсто од БДП за субвенции во земјоделството. Лично сметам дека со ревизија на политиката, ефектите што сега се постигнуваат можат да се реализираат со двојно понизок износ на средства. Странските инвестиции, првенствено оние што се стекнати со најмногу труд од страна на сегашната и на претходните влади, иако поволно влијаат врз БДП и извозот, сепак, се слаб извор на работни места. Оттаму е притисокот за вработување во јавниот сектор. Владата треба да се определи за ограничување на вработувањата во државната и во јавната администрација, за да заштеди средства за евентуални стимулативни економски и социјални мерки. Генерално, напредокот во процесот на интегрирање на земјата во НАТО и во ЕУ може да има позитивни ефекти за економски и за социјален просперитет. Останатото не зависи од нас. 45
Политика
Турските серии и во енормни количини не се опасни за нашиот режим, но расправата за состојбата со човековите права или медиумите во Анкара не би требало да ја увезуваме
Дигитални
Иран, Јордан, Мароко, Русија или Кина се само некои од државите со високо ниво на пенетрација на интернетот и социјалните мрежи, но на тој план тамошните власти се сè уште чекор понапред од дигиталната опозиција Пишува Стево Пендаровски
З
вучи чудно, но има заблуди што домашните демократи ги делат со своите западни колеги. Една од нив е дека глобалната информатичка револуција и интернетот, по дефиниција, се демократски алатки за уривање на автократите, наспроти искуството што вели дека на мрежата таквите креатури се често повешти од луѓето со добри намери. Иран, Јордан, Мароко, Русија или Кина се само некои од државите со високо ниво на пенетрација на интернетот и социјалните мрежи, но на тој план тамошните власти се сè уште чекор понапред од дигиталната опозиција. Неодамна, неколку млади момчиња, без политичко, но со темелно информатичко знаење, публикуваа труд што објаснува разни варијанти на двојна (зло)употреба на интернетот. Велат, традиционалните манипулативни техники полека заминуваат во историјата, новите модерни техники се на дофат на раката. Според нив, прв предуслов за успешна примена на пропагандните сајбер-техники е политичката стабилност, односно минимален број демонстративни собирања што ја тестираат легитимацијата на режимот. На пример, во Кина, секоја
44
година просечно се организираат од 80.000 до 100.000 протестни собири, но за земја со 1,35 милијарди жители тоа е ниско ниво на оспорување на системот. Во релативно стабилен политички амбиент контролата на интернетот се постигнува, прво, преку негова техничка централизација на државно ниво или, ако информатичката инфраструктура е претходно децентрализирана, контрола врз најбитните влезно-излезни точки. Следно важно правило поврзано со предмалку кажаното е политичките функционери, (ин)директно одговорни за мрежата, да бидат крајно внимателно селектирани и бескрајно лојални на врвот, бидејќи во незгодни времиња тие можат да бидат поважни од генералите. Велат, во пресвртните моменти е добро да носите голем стап, но уште подобро е ако сте „чувар на колективната свест“ на народот. Инаку, денес, умните автократи не губат време за комплетно дигитално изолирање на своите народи од светот на долг рок, како што прават во Северна Кореја. Наместо тоа, избираат една од двете опции на екранот: купување екстремно скапа и софистицирана опрема со државни пари, како во Саудиска Арабија, или цврста контрола врз приватните компјутерски компании, како во Сингапур. Покојниот Гадафи на време-
то донел пропис со кој сите приватни компјутерџии биле обврзани домашните машини да ги регистрираат пред надлежен државен орган. Најстарите занаети, пак, не само што не изумираат, туку добиваат нови форми. На почетокот на годинава Пакистан објави тендер за систем што ќе може да го „филтрира и блокира интернетот“ и наместо да ја договори работата во четири очи, како што доликува за такви работи, владата го рекламираше тоа во сите весници. Дека локалната креативност нема граници сведочат следниве примери: „Фејсбук“ има повеќе корисници во Отава, која брои едвај милион жители, отколку во цела Кина, меѓутоа, Кинезите не се лишени од онлајн-задоволства, затоа што последниве три години испливаа локалните имитатори: наместо „Гугл“ го измислија „Баиду“, наместо „Фејсбук“ - „Ренрен“, наместо „Твитер“ имаат „Веибо“, а најпопуларен меил-сервис е „Јаху!“, кој е различен од оригиналот по извичникот на крајот. Негов газда е кинески Американец, кој без приговор потпиша посебен протокол со владата за неговите обврски во однос на „почитување на јавните интереси“ на азискиот џин. Во Русија, пак, сите постираат на мегапопуларната локална верзија на „Јутјуб“, наречена „РуТјуб“, но малкумина се информирани дека сопственик на оваа услуга е „Гаспром“. Откако де факто ќе стават рака врз системот, следниот чекор на властите е да ја оневозможат активноста на неговите корисници со опозициски намери. Двата основни процедурални пристапа се: формална забрана или тотална неформална блокада што се прави во хард кор диктатури или агресивна пропаганда www.gragjanski.mk
Анализа
и дилеми во огромни количини која, едноставно, ги поклопува опонентите, омилен обичај на меките автократи. Во однос на конкретните политики, изборот на властите е повторно двоен: првата опција е деполитизација на масите, при што е најважно да се тргнат полемиката и другите облици на аргументирана и конфронтирачка дебата од јавната сцена, со крајна цел, политичко-економските проблеми да станат невидливи или барем маргинализирани. Да преведам во локален контекст: турските серии и во енормни количини не се опасни за нашиот режим, но расправата за состојбата со човековите права или со медиумите во Анкара не би требало да ја увезуваме. Исто така, спортските активности се безболни, бидејќи се идеолошки неутрални, како и коцкарниците каде што е „најдобро“ младите да ги трошат енергијата и зајмените денари. Во принцип, неполитичкиот увоз и хуморот од странство се секогаш подобри од домашните продукти, бидејќи вториве можат да содржат барем алузија дека дома не се живее баш најдобро. Индикативен е примерот со Иран, кој цензурира многу повеќе информации на персиски отколку на англиски јазик. Ако власта се реши за втората опција - политизација на масите, таа е понапорна и поскапа, при што, задолжително, сите битни политички прашања добиваат патриотска обвивка. Според експертите, политизацијата ретко издржува подолг период, почесто е само иницијална фаза во деполитизацијата на нацијата кога се убива желбата за какво било критичко размислувања околу слабите страни на актуелната политика. Симптоматичен е примерот со Азербејџан, каде што меѓу 2009 и сабота, 27 октомври 2012
Не треба да се пребарува на интернет за да се препознае ментална кондиција на нацијата чии интелектуалци не заморуваат со тоа дали датум за преговори во декември ќе и помогне на Владата за да го надгради и прошири Манифестот
2012 г. е забележана многу помала опо- главниот град на државата, која има 11 зициска активност во блог-заедницата, милиони жители, имаше 30.000 лица, иако во истиот период е рапидно зго- што е далеку од импресивно дури и за лемен бројот на апсења на опозициски- нас. Но, најголема масовност имаше на те политичари пред камери. Конечно, изборниот ден, кога сите бегаа од татнеколку најнови студии ја оспоруваат кото на нацијата која преку ноќ остана тезата за т.н. природна инклинација на сирак. технолошките алатки кон демократија, Почитувани, воопшто не треба да се од крајно необичен агол: имено, потвр- пребарува глобалната мрежа за да се дуваат дека голем број од навлечените препознае менталната кондиција на на мрежата воопшто не гласаат на из- нацијата, чии интелектуалци со денобори! ви нè заморуваат барајќи одговор на Десетици книги за Арапската пролет прашањата со историски пропорции: се согласуваат дека револуциите не се дали датумот за почеток на преговори случија поради „Фејсбук“ и „Твитер“, во декември ќе ì помогне на Владата туку заради децениите на диктатура уште еднаш да го надгради и прошири и политички прогони во кои илјадни- својот Манифест или дали Америкаци беа затворани заради изречен збор нците биле, директно или индиректно, против вечните фамилии на власт. Се- вклучени во заткулисните дипломатпак, на примерот од земјата од каде ски преговори. За жал, неколку други што сè започна, видливи се неколку дилеми, врзани за самата волја да се елементи што го поддржаа големиот решава спорот, ќе останат архивирани пресврт. Тунис имаше 11 интернет- за други времиња. Таму, за мене, поинпровајдери, над 300 интернет-ќошиња тересни се, на пример, следниве две: и 100 отсто покриеност со компјутери дали ќе има обид за внатрешен консенво образовниот систем на сите нивоа, зус кога Брисел ќе нè праша што мислино и мек народ чија средна класа беше ме, како држава, за грчкиот Меморанрелативно задоволна од ситните по- дум или неколкумина и понатаму ќе дароци на Бен Али. Само шест месеци продолжат да мислат за сите нас? Дали пред неговиот пад, 19.000 луѓе онлајн групата на власт мисли дека е возможго поддржаа повикот за протести, но но да истурка 50 плус 1 на референдум, само десетина луѓе навистина излегоа ако е точно дека во Македонија живеат на улиците. Сепак, неполни два месеца вкупно 1,7 милиони луѓе? Патем, Камеподоцна народот го урна режимот гра- рон, кој е близок на нашата власт, за ден 25 години, а дигиталните активи- што сведочи хотелот изграден спроти сти помогнаа на најмалку два начина: „Рамстор“, се согласи за две години на поради тоталната внатрешна контрола шкотскиот референдум да гласаат и ги пренесоа сликите од полициската малолетници со наполнети 16 и 17 гобруталност до Ал Џезаира, а оттаму до дини. Мислам дека е логично овде да цел свет и ги конектираа сите социјал- усвоиме слично решение, за да бидеме ни слоеви, по првпат со иста политичка сигурни дека разумниот компромис платформа. И нешто за илузијата на со Грција ќе го отфрлиме со поголема бројките: на најмасовниот митинг во маргина. 45
Политика
Без град нема ни градоначалник Скопје сè уште не го добило својот Блумберг или Богдановиќ, бидејќи оперативната траекторија на градоначалникот почнува и завршува со тоа кој колку улици асфалтирал во својот мандат
Пишува Катерина Блажевска Њујорк гo имаше Рудолф Џулијани и по третпат го има Мајкл Блумберг. Москва беше преродена од Јуриј Лушков. Париз го има Бертран Делано. Некогаш го имаше Жак Ширак или, како што парижани иронично велат, повеќе Ширак го имаше Париз, алудирајќи на неговите злоупотреби на градската каса. Белград сè уште со гордее со својата икона Богдан Богдановиќ, иако во последната една и пол деценија тој се срамеше од Белград. Кој градоначалник стана бренд на Скопје? Може да се каже дека секој од нив остави свој белег, но факт е дека Скопје сè уште не го добило својот Блумберг или Богдановиќ. Прашањето е како да се излезе од политичката, партиската профилација на градоначалникот, чија оперативна траекторијата почнува и завршува со тоа кој колку улици асфалтирал во својот мандат, работа што е во надлежност на градските служби. Ваквата тривијализација на градоначалничката функција, колку што извира од природата на неговите законски определени надлежности, толку е резултат и на политичката култура која полесно плива во сферата на бројки - кубици и квадратни метри, отколку во сферата на она што значи визионерство, стратегија и менаџирање со духот и филозофијата на градот и со проекции за неговата иднина. Досега ниту една партија не се обидела да предложи кандидат надвор од својот партиски атар, 46
личност која, според својата професионална вокација, но и лична филозофија, ќе биде повеќе градоначалник стратег и визионер, а не само „комуналец“. Партиите не се многу расположени да разговараат на оваа тема, бидејќи секој искрен одговор би навлегол во зоната на нивните партиски математики, а тие не сакаат да ги обелоденат пред политичките опоненти. Со тоа, кај нив, изборот на градоначалник и натаму останува прашање на политичка прагма, а не на идеја. Вага за свест или за ѓубре. Зошто не може да се излезе надвор од овој манир? Ристо Пенов, поранешен градоначалник на Скопје во два мандата, вели дека денес профилот на градоначалник е лимитиран од надлежностите што тој ги има. - Од искуство знам дека на скопјани им е потребен градоначалник со силни урбанистички надлежности, но, за жал, во мое време тие беа во рацете на владата, а денес кај општинските градоначалници кои немаат никаква одговорност или поврзаност со скопскиот. Оваа надлежност не е потребна за осмислување на идниот урбанистички развој (затоа што планот на Кензо Танге ги предвидел и ги вклопил во себе најсовремените решенија на урбанизмот), туку повеќе за да го запре дивеењето што општинските кметови, во содејство со владините урбанисти, му го прават на Скопје. Да потсетам, во согласност со законот, секој што има парцела може да гради до максималните висини што ги одредуваат деталните планови и да внимава да не се доближи поблиску од еден метар од соседната ограда или тротоарот. Тоа е апсурд - вели Пенов. За да се одреди профилот на еден градоначалник во вистинска смисла, според него, најбитно е прво да се дефинира профи-
лот на гласачот кој него го избира. Колку сме далеку од компетенција и зрелост за таков чин, покажуваа едно неодамнешно „свечено сечење лента“. -Ми се чини дека многу лесно, во политичкиот амбиент во кој живееме, ги издевалвиравме вистинските вредности, па како резултат на тоа доживеавме сите заедно како вредност да го одбележиме во медиумите, на пример, пуштањето во употреба на вагата за ѓубре во Дрисла - укажува поранешниот градоначалник. Но, ако го разлистаме списокот на оствареното, вагата за ѓубре не е единствениот криозитет. Му претходеа свеченото врачување пластични канти за ѓубре во општината Кисела Вода, металните плочки на тротоарите со логото на Скопје, наголемо најавената поправка на сите градски часовници и други „капитални“ проекти. Збирштина од општини. Кога Пенов изразува резерва кон можноста да создадеме профил на градоначалник стратег, визионер или филозоф на градот, поаѓа од фактот дека најголеми проблеми се хигиената и сообраќајот, што значи дека е потребен градоначалник кој може да ги реши или барем да ги ублажи. -Иако на прв поглед изгледаат како технички или лесни за решавање, овие два проблема бараат огромно знаење, високо културно ниво, менаџерски и лидерски способности, како и урбанистичка визија за градот во многу поширока смисла. Овие проблеми во голем дел се наметнати и од правците на Тетово, Сопиште, Студеничани, Илинден, Петровец, Арачиново..., кои не спаѓаат под скопска јурисдикција, а вршат огромен притисок врз дневното функционирање на градот. Решавањето на овие проблеми е само прв чекор кон решавање на најголемиот - проблемот со загадениот воздух што веќе сериозно го загрозува здравјето на скопјани - тврди Пенов.
www.gragjanski.mk
Идејата контра прагмата Неговиот наследник на градоначалничката функција, Трифун Костовски, има слични дилеми. -Ќе бидам конкретен и директен: не каков профил на градоначалник му треба на Скопје, туку има ли и дали воопшто му е потребен градоначалник на Скопје! Колку и да изгледа апсурдно, според мене, оваа дилема е сосема оправдана. Според законите за територијална поделба и за локална самоуправа, од концептот и уставната категорија на Град Скопје, ние добивме конгломерат или, поточно, збирштина на рурални и урбани општини кои само формално се покриени од институцијата Град како ентитет. Ако на тоа се додаде и деструираниот концепт на фискална децентрализација, што е прв знак за отсуство на политичка волја за вистинска децентрализација, сликата станува комплетна - оценува Костовски. Тој смета дека доминацијата на централната над локалната власт и партиската исклучивост на локалните избори ја претворија локалната во подрачна единица на централната власт. -Како поинаку ќе го разберете реализирањето на концептот „Скопје 2014“ или, пак, протерувањето на најстарото градско јадро - Старата чаршија - во само една општина и тоа исклучиво по логиката на избирачки список! Прашањето е системско и законско. За Скопје навистина да биде главен град треба да се врати во своите урбани граници, да добие реален буџет врз основа на даноците што природно му припаѓаат и да се ослободи од партиското и од туторството на централната власт врз сите витални прашања: од урбанизмот и комуналните работи, па до културата, образованието, туризмот и вкупните развојни капацитети. Само во такви економско-социјални и политички услови можете одговорно да профилирате посакуван профил на градоначалник. Тој профил подразбира, пред сè, политичко партиска неутралност и, секако, капацитет да создава услови за економски и за социјален развој на градот и, врз таа основа, решавање на севкупните комунални и други потреби на граѓаните. Мора да се истакне важноста на љубовта и на припадноста кон градот. Тоа не е само прашање на чувство, туку и на препознавање и почитување на белезите, традициите и потребите на полисот - вели Костовски.
Данило Коцевски: Постои татко, но и духовен татко на градот. Тие две нешта се различни и многу ретко се споени во едно сабота, 6 октомври 2012
Како позитивни примери на градоначалници стратези и визионери, Костовски го посочува градоначалникот на Тирана, Еди Рама, и поранешните градоначалници на Белград и на Атина - Богдан Богдановиќ и Димитрис Аврамопулос. Михајловиќ како пример. Богдан Богдановиќ беше градоначалнички бренд на Белград, но во архитектонска и уметничка смисла неговата креативност беше дисперзирана на речиси целиот простор на тогашна СФРЈ. Дали можеме да препознаеме таков градоначалнички профил во некој од нашите современици и дали некогаш сме го имале? Данило Коцевски, писател и хроничар на Скопје, смета дека градоначалникот треба да има разбирање за широкиот спектар на човековите потреби и визии. -Визионерството е пресудна одлика што ретко некој градоначалник ја има. А, тоа значи следење на светските трендови и на меѓународните достигнувања во развојот на градовите, познавање на науката, образованието, културата, архитектурата, урбанизмот. Таков пример е предвоениот градоначалник, еден од најдобрите во историјата на Скопје, Јосиф Михајловиќ. Тој го зборувал англискиот јазик како мајчин, по професија бил архитект, вистински господин и џентлмен по дух и стил на однесување. Само таков човек можел да направи вистинска револуција во естетскиот и во архитектонско-урбанистичкиот изглед на Скопје. Македонската куќа што ја изградил, која служела за прием на гостите, постои и денес - вели Коцевски. Како визионер што оставил трајни белези на градот, Коцевски го посочува и Салих Асим Рустем-бег, кој на крајот на 19 и во почетокот на 20 век го изградил скопскиот кеј. Бил оженет со Натали, ќерка на рускиот конзул, професорка по француски и руски јазик. Еден период живееле во Арапската куќа. Рустем-бег го препознавале - не по функцијата, туку по визионерството и широчината на духот со кој го облагородувал градот. -И во поранешна Југославија имаше неколку добри градоначалници на Скопје. Се чини дека покојниот архитект Живко Поповски
Трифун Костовски: За Скопје навистина да биде главен град треба прво да се врати во своите урбани граници и да се ослободи од партиското и од туторството на централната власт
беше во право кога пред десетина години ми рече: „Сега е ред Скопје за градоначалник да има некој од областа на просветата“. Идејата му беше благородна, бидејќи нивната исклучително политичка провиниенција не е доволна. Под „просвета“ мислеше на еден широк, богат интелектуален дијапазон на луѓе од различни сфери. А, јас би додал: добро е градоначалниците да бидат различни и по генерациска припадност, затоа што секоја генерација, млада, средна или повозрасна, има свое гледање, концепт и визија за градот. Граѓаните, со кои често разговарам и кои постојано ми приоѓаат, велат: постои татко, но и духовен татко на градот. Тие две нешта се различни и многу ретко се споени во едно. За жал - вели Коцевски. Изгубени во градот. Во регионов, без сомнение, таков спој претставува Богдан Богдановиќ, архитект, уметник и филозоф, градоначалник на Белград од 1982 до 1986 година. Политиката ја напушти во 1993 г. заради судир со режимот на Слободан Милошевиќ и остана во Виена до крајот на животот, 2010 година. Кога Богдановиќ зборуваше за градот, тој не мислеше на хиперградови или мегаградови, туку на градот како културен и морален поим, како средиште на најкреативните човечки енергии. Никогаш не се помири со деструкцијата и поразот на градовите. Особено не со „умирањето на Белград како град“. Во едно од неговите последни интервјуа изјави: „Балканот два-три пати во својата историја го губеше урбанитетот, па повторно го добиваше. Денес и во светот веќе нема град. Има нешто поголемо од град, можеби, нешто подобро, но градот повеќе не е оној општествен и морален ентитет каков што беше во модерната историја. Внимавајте, во тоа е и парадоксот: денес една мала паланка може да биде град, а конгломерат во кој живеат три милиони жители да биде само збир од куќи“. Денес граѓаните сами може да оценат дали нивниот град е повеќе град затоа што има повеќе згради, трговски центри или катни гаражи. Дали некаде меѓу нив, во некоја градежна кота, е изгубен и заглавен духот на она што требаше да биде град и профилот на личноста која требаше да биде градоначалник.
Ристо Пенов: За да се одреди профилот на еден градоначалник најбитно е прво да се дефинира профилот на гласачот кој него го избира 47
Енергетика
Регулаторите независни Независноста на регулаторите ја определуваат законите, но, во практика, тие покажуваат висока зависност од оној што ги предлага, владата, поврзаност со енергетските компании преку непосредните контакти врзани за тековната работа, а оние од кои се навистина независни, всушност, се само потрошувачите Пишува Ида Протугер
Г
и предлага владата, ги избира мнозинството во парламентот, се финансираат од енергетските компании, а според Статутот, покрај другото, „се грижат за заштита и унапредувања на правата на потрошувачите на енергија“. Треба да се пет на број, од кои најмногу двајца може да бидат од иста партија, која се обврзани да ја напуштат на денот кога се избрани за членови на пред Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Во законот пишува дека тоа е независна институција. Дали и колку сите овие наведени услови обезбедуваат вистинска независност на РКЕ во одредувањето на цената на енергенсите, утврдувањето правила за енергетските компании и истовремено заштита на потрошувачите? Куса анализа на поврзаноста на РКЕ со партијата на власт, а со тоа и со владата, како и со енергетските компании покажува дека иако законот одредува независност, во реалноста, регулаторите не се однесуваат така.
Врски со енергетските компании. РКЕ се финансира од енергетските компании, а независност треба да се обезбеди со тоа што членовите немаат мотив да го зголемуваат профитот на регулираните субјекти. Разликата од приходите и расходите треба да ја вкалкулираат во тековните трошоци за наредната година и во зависност од вишокот пари, го коригираат надоместокот што го плаќаат енергетските компании. Така, за минатата година бил определен надоместок од 0,04 отсто од приходите на енергетските компании, а, според Законот за енергетика, тој не може да биде повисок од 0,1 отсто. Оттука, членовите на РКЕ не би требало да се мотивирани со своите одлуки да ги зголемуваат профитот и приходите на компаниите. Сепак, поврзаноста на регулаторите со енергетските компании е во тоа што поради природата на работата упатени се на чести контакти со нив. Притоа лесно може да се воспостави личен однос меѓу регулаторите и одредени менаџери. Исто така, можни се и обиди за корупција, ако се знае дека од 50
одлуките на регулаторите директно зависи и профитот на енергетските компании. За разлика од регулираните компании, потрошувачите немаат контакти со регулаторите. Тие се претставени преку Организацијата за заштита на потрошувачите (ОПМ), до која РКЕ доставува формални покани кога се носат битни одлуки. На клучната седница во август, кога се усвојуваа мрежните правила за „Топлификација“ и за зголемување на цената на струјата, одлуки што предизвикаа масовни протести на потрошувачите, од ОПМ изјавија дека не присуствувале. Протестите на спонтано организираното здружение „Аман“ пред РКЕ, освен што го изразуваат револтот на граѓаните од високите сметки за енергенси, јасно покажуваат дека граѓаните не веруваат оти регулаторите работат во корист на потрошувачите. За поврзаноста на регулаторите со регулираните, проф. Трајко Славески се повика на укажувањата на Чикашката школа, предводена од нобеловецот Џорџ Стиглер, дека постои опасност регулаторите да се најдат во ситуација да не им служат на интересите на потрошувачите, туку на регулираните претпријатија. - Претставниците на школата го објаснуваат овој феномен со теоријата за т.н. групи за интерес. Станува збор за компактни групи од областа на бизнисот што лобираат кај политичарите за форми на регулација што им обезбедуваат материјална корист. Овие групи многу полесно го артикулираат својот интерес наспроти потрошувачите кои се дисперзирани и многу тешко можат да се организираат, кога поединечната загуба од повисоките цени е многу помала, од добивката што ја остваруваат регулираните претпријатија, а заради наклоноста што ја уживаат кај регулаторните тела - оцени Славески. Партиско минато. Освен со енергетските компании, РКЕ има конекции и со партијата на власт. Двајца од петтемина членови биле локални функционери на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Димитар Петров, како претседател на општинскиот комитет во Кратово, и Видан Кулевски, партиски функционер од Битола. Потпретседателот на РКЕ, Рухи Бакију, е поранешен член на ДУИ, а за останатите членови, Светлана Јаневска и Елена Маркова Велинова, нема податоци за партиско минато. Токму ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, од каде што потекнуваат тројца од петтемина членови на РКЕ, како владејачки партии, во име на владата ги даваат предлозите за членови на ова регулаторно тело. Експертите за борба против корупцијата велат дека е многу подобро членовите и претседателите на регулаwww.gragjanski.mk
Енергетика
само од потрошувачите торните тела да се избираат на јавен конкурс, каде што пресудни ќе бидат стручноста и личниот интегритет и ќе се отстранат сомневањата за партиско влијание врз членовите. Дека во предлозите што ги дава владата не е пресудна стручноста се гледа од тоа што кај сегашниот состав се прекршени условите потребни за воопшто некој да стане кандидат за оваа позиција. Во наведените услови за кандидат за член на РКЕ стои дека во Комисијата треба да има тројца стручњаци од областа на енергетиката, експерт за правни прашања од областа на енергетиката и економист. Рухи Бакију, кој, веројатно, е предлог на владата на иницијатива на ДУИ, магистрирал на тема „Уставноправната позиција на Албанците по Охридскиот договор и уставните измени“, а докторирал на тема „Правниот и практичниот аспект на парламентаризмот во Македонија“. Исто така, услов некој да биде кандидат е да има најмалку завршено високо образование, да има најмалку десетгодишно искуство во областа за која се именува, да има препорака од најмалку три лица - квалификувани доктори на науки со најмалку петгодишно искуство или главни менаџери во енергетски компании. На интернет-страницата на РКЕ стои само биографијата на Бакиу, така што јавноста нема увид во овие документи и сосема е можно со тоа да се манипулира. Ниту законите ниту другата регулатива не можат докрај да гарантираат независност на ваквите и на слични тела, затоа што тие даваат само основна рамка за независно работење, вели Герман Филков од невладината организација Центар за граѓански комуникации. - Вистинската независност се покажува и се докажува потоа, во работењето. Секаде во развиениот свет регулаторните комисии контактираат со сите засегнати страни, во случајов со компаниите чие работење го регулираат и, се разбира, со граѓаните. Основната улога на регулаторите е да ги штитат, од една страна, граѓаните од своеволно однесување на компаниите, кои се природен или стекнат монопол, а, од друга страна, да им овозможат на тие компании, сепак, да работат успешно. Токму во идеалниот баланс меѓу овие два интереса, најчесто спротивставени, лежи
РКЕ го помага полнењето на буџетот. Државниот завод за ревизија (ДЗР) во јули годинава за прв пат објави извештај за работата на РКЕ од нејзиното формирање. Периодот што се анализирал е првата година од работата на Петров како претседател. Во извештајот се искажува негативно мислење во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиската состојба и резерва во однос на усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива. Ниту една институција, барем јавно, не покажа иницијатива да ги проверува овие наоди на државниот ревизор. Дотолку повеќе што ревизорот јасно укажал дека РКЕ презема активности што не се во нејзина надлежност утврдена со закон и, уште полошо, дека мнозинството пратеници го аминувале тоа. - Годишниот извештај за работата на РКЕ во 2009 година е усвоен во Собранието без да се констатира дека во него стои оти се купувале државни записи, активност што не е предвидена со законот ниту, пак, со финансискиот план. Според одговорните лица во Комисијата, се работело за вишок средства од побарувања во кумулативен износ за минатите години, со план да се купи деловен простор, но при недостиг на поволни понуди средствата се искористиле да се финансира буџетот, односно за државни записи. Наведеното е значајно дотолку повеќе што во финансискиот план на Комисијата за 2010 година и натаму е
ДРЖАВНИОТ РЕВИЗОР УТВРДИЛ ДЕКА, НАДВОР ОД АКТИВНОСТИТЕ ПРЕДВИДЕНИ СО ЗАКОНОТ, РЕГУЛАТОРИТЕ ГО ФИНАНСИРАЛЕ БУЏЕТСКИОТ ДЕФИЦИТ сабота, 15 септември 2012
предвидено купување државни записи - констатира ДЗР во извештајот. „Граѓански“ побара информација дали и во 2011 г., како и годинава, РКЕ го финансира буџетот, со оглед на тоа што не е преселена во нови деловни простории, но од Комисијата кратко одговорија дека претседателот Петров е на пат и не може да одговори на прашањата. Констатацијата на ДЗР јасно покажува дека прекршувајќи го законот, всушност, РКЕ го финансира буџетскиот дефицит, иако, според принципите на нејзината работа, не е овластена да го прави тоа. Оттука, ова поведение може да повлече сомневања дека регулаторите ги зголемуваат цените на енергенсите во корист на владата, бидејќи значаен удел во буџетот имаат приходите од ДДВ на енергенсите и, дополнително, акцизата на горивата.
вистинскиот предизвик и умешноста во работењето на регулаторите. Оттука, тоа бара докажани, стручни и професионални луѓе - вели Филков. Тој ја посочува биографијата на претседателот на американската регулаторна комисија за енергетика, кој, пред да биде избран, повеќе од две децении работел како адвокат на спорови поврзани со енергетиката. Според Филков, со оглед на тоа што регулаторите се избираат од парламентот, одговорноста за нивниот избор и работење повторно треба да се бара таму, затоа што тоа е суштината на така обезбедената независност. Но, што се случува на терен? Токму парламентот го покрива дејствувањето на регулаторот надвор од законските рамки.
- Наместо експерт за правни прашања од областа на енергетиката, владата предложила експерт за позицијата на Албанците по Рамковниот договор
Регулаторите со повисоки плати од премиерот.Во однос на овие наведени примери на зависност на регулаторите од партиите кои ги предлагаат и од енергетските компании со кои се во постојан контакт, она што, сепак, може да им даде кредибилитет е наместо фигури, јавноста да ги доживува како личности. „Фоторобот“ на еден регулатор кој би работел независно и во корист на граѓаните е тој да биде човек со интегритет, стручен, непартиски, добро ситуиран и со солидни месечни примања. За последното, извор на „Граѓански“ од поранешните членови на Комисијата вели дека платите на регулаторите, вообичаено, се утврдуваат да бидат на средина помеѓу највисоката исплатена плата од буџетот и просечната плата на менаџерите на енергетските компании. Од РКЕ не одговорија за висината на платите на регулаторите, но ако се знае дека платата на премиерот е околу 1.300 евра, а за платите на менаџерите, иако се тајна, се шпекулира дека се околу 4.000 евра, тогаш претпоставките се дека регулаторите имаат плата од околу 2.500 евра. Имотната состојба, според она што го пријавиле во анкетните листови до Комисијата за спречување на корупција, им е доста солидна. Претседателот Петров има стан, шума, пасиште, лозје и куќа во Охрид. Станбено се обезбедени сите членови и имаат по најмалку една куќа за одмор, возила и депозити. 51
Економија
Како понатаму? Пишува Никола Поповски
И
ако ни годишните одмори не завршиле како што треба, а календарската година се чини дека сè уште е во својот полн ек, сериозните држави веќе ги имаат пред себе сите планови за наредната година. Преостануваат само финесите и по некоја залутана, а сè уште нерешена дилема. Подготовките за остварување на зацртаното се прават со полна пареа. Еден површен поглед на проекциите за важните национални економии и за целата светска економија не ни остава многу надеж дека идната година ќе биде подобра од оваа. Прогнозите не се многу ведри ниту за наредните неколку години. Но, најмачна е прекриеноста со велот на непознатото кај многу економски индикатори. Сите очекувања се прекриени со прашањата околу иднината на должничката криза, иднината на еврото и на еврозоната, движењето на глобалната побарувачка, можностите за раст на економиите, идните цени на енер-
Владата прокоцка повеќе од шест години од своето владеење, но пред себе има уште речиси цели три години, што е сосема доволно еднаш да се одважи и да направи критичен напор за да креира економска програма која ќе даде задоволителен одговор на многубројните реални предизвици 52
генсите и на храната, движењето на невработеноста и многу слични проблеми. Оние што се најповикани за да ја оценат иднината (Светска банка, ММФ, ОЕЦД, ЕУ) веќе излегоа со прогнози. Секој со својата. Некои од нив и доволно различни, но, сепак, застрашувачки. Светскиот БДП и во иднина бавно ќе ползи благодарение на земјите во развој, додека развиените ќе егзистираат на граница на рецесија. Европската унија, на пример, во вториот квартал од годинава и официјално влезе во рецесија откако по растот на својот БДП од 0,0 отсто во првиот квартал, во вториот имаше пад од 0,5 отсто со перспективи тоа да се задржи до крајот на годината. Единствена утеха на развиените земји сега се САД и Јапонија, кои во двата квартала имаа релативно задоволителен раст од 2,4 и 2,3 отсто (САД) и 2,8 и 3,6 проценти (Јапонија). Земјите во развој, предводени од БРИК, веќе две децении немаат никаков проблем со обезбедувањето на својот висок економски раст. Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) традиционално ги објавува своите прогнози за идните економски движења во секоја пригода. Според нив, 34 земји на ОЕЦД, кои обезбедуваат неполни 70 отсто од светскиот БДП, во 2013 година ќе остварат раст на приватната потрошувачка во рамките на своите економии само околу 2,2 отсто, а јавната потрошувачка ќе се намали за 0,1 отсто. Со оглед дека надворешната трговија на Македонија во обем од над 2/3 се извршува токму со нив, а нивната побарувачка и потрошувачка покажуваат знаци на застој, останува отворено прашањето како македонската влада ќе одговори на потребата и на предизвикот за раст на нашиот извоз токму на овие пазари? Дали повторно ќе бидеме сведоци на апатична економска политика, која само пасивно ќе ги чека последиците? Дали ќе се преземат дополнителни нови мерки за остварување на зацртаната цел за раст на извозот или, можеби, ќе се направи обид извозот да се пренасочи кон пазарите на растечките економии на земјите во развој? Во секој случај, потребен е брз одговор. Странските директни инвестиции во Македонија во минативе години се покажаа како неуспешна приказна. Иако владата вербално им посветува големо внимание, сепак, нив ги нема во зголемен и посакуван обем. Политиката на нивно привлекуwww.gragjanski.mk
Економија
ДО 2017 ГОДИНА СВЕТСКАТА ТРГОВИЈА СО ОСНОВНИТЕ ДВАЕСЕТИНА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ЌЕ БИДЕ ВО СТАГНАЦИЈА ИЛИ СО РАСТ ШТО НЕМА ЦЕЛОСНО ДА ГИ ЗАДОВОЛИ ИДНИТЕ ПОТРЕБИ вање наместо да биде политика на поволна и стабилна бизнис-клима, се претвори во политика на владини екстра-поволности и исклучоци што им се даваат само на странските инвеститори, често и за сметка и врз грбот на домашните. Тоа е политика што оддалеку „мириса“ на несистематична и ризична за странците. Од друга страна, пак, инвеститорите кои досега дојдоа не обезбедија ниту раст на македонскиот БДП, ниту на вработеноста, ниту на извозот, со што ќе придонесат за намалување на трговскиот дефицит. Политиката и понатаму официјално е насочена кон барање инвеститори од развиените земји, иако неофицијално станува јасно дека владините тимови за презентација посетуваат повеќе земји од економиите во развој наспроти статистиката на УНКТАД, според која странските директни инвестиции во светот најмногу се движат на релација развиени земји - развиени земји, а само симболично на релација земји во развој - земји во развој. Владата прави очигледна грешка. Последните официјални прогнози на ОЕЦД се дека вкупните инвестиции во земјите-членки на организацијата, а тоа се развиените земји, во идната година ќе растат со многу бавна динамика од 4,6 отсто. Ако нивните домашни инвеститори, генерално, се очекува да останат воздржани во 2013 година, тогаш на што и на какви странски инвестиции може да се надева владата на Македонија со својата политика на нивно привлекување, што веќе седма година е иста, непроменета и релативно неуспешна? Дали се подготвуваат и ќе има нови мерки и иницијативи и дали тие навреме ќе се донесат? Како ќе бидат поддржани со економската и со буџетската политика? Или, можеби, и во овој случај владата ќе се задоволи со СДИ што ќе ги бара од растечките економии на земјите во развој? Но, дали таквите инвестиции од тие земји се доволно подготвени за да го зголемат нашиот извоз на стоки кон развиените пазари и дали тие располагаат со современи технологии и менаџмент? Дали тие релативно ќе ја подигнат нашата продуктивност, иновативност и конкурентност? Одговорите треба да се очекуваат од владата. ОЕЦД прогнозира и дека на среден рок од пет години, до 2017 година, светската трговија со основните дваесетина прехранбени производи ќе биде во стагнација или, пак, со раст што нема целосно да ги задоволи сабота, 15 септември 2012
идните потреби. Па, така, на пример, трговијата со пченица од сегашните 100.645.000 тони во 2012 до 2017 година може да се намали на 100.073.000 тони. Какви ценовни последици ќе има тоа врз Македонија, која е зависна од увоз на пченица, во услови на раст на светското население и побарувачка? Какви среднорочни противмерки ќе се преземат? Слична, иако само малку пооптимистичка, е состојбата со перспективите на трговијата со ориз. Обемот на светската трговија ќе расте од сегашните 38.000.000 тони на околу 45.000.000 тони, но тоа ќе се случи во услови на негова уште поголема побарувачка на светскиот пазар заради растот на економиите и стандардот, пред сè, во Кина и во Индија. Со тоа се очекува да растат и неговите цени. Што ќе преземе македонската влада во врска со тоа? Исти се и очекувањата за растот на светската трговија со шеќер (од сегашните 53.000.000 тони на 59.000.000 тони во 2017 година); телешко месо (од сегашните 7.700.000 тони на 8.300.000 тони во 2017 година); сирење (од сегашните 2.200.000 тони на 2.300.000 тони во 2017 година); итн. Со незначителниот раст на трговијата со овие прехранбени производи и со стабилниот раст на светската популација во услови на релативно високи стапки на раст на економиите на земјите во развој нивните цени нема да имаат друг избор освен постојано да растат, под претпоставка дека значителен дел од маргиналниот раст на приходите на населението во растечките економии ќе се одлева за подобрување на квалитетот, па дури и квантитетот на неговата исхрана, за која во моментов се претпоставува дека сè уште не е на задоволително ниво. Овие движења ќе имаат соодветно влијание и врз Македонија. Можно е натамошно зголемување на нивото на сиромаштијата, но и влошување на нивото на животниот стандард на населението што нема да падне под границата на сиромаштијата. Во основа, истите движења се очекуваат и веќе се случуваат со глобалната понуда и побарувачка на енергенсите што се од необновливи извори, пред сè, се мисли на нафтата. Нивниот ефект веќе го чувствуваме на сериозен начин, а идните неизбежни влошувања само дополнително ќе ја влошат економската положба на македонското стопанство и ќе ги зголемат незадоволството и реакциите на разни погодени групи,
Време е од дебата за споменици, преименување на улици, владини розови реклами и набавки на автомобили со смешни процедури, силите да се насочат кон сериозни теми за иднината на земјава
како оние што сега перманентно протестираат по улиците на поголемите градови. Владата досега не презеде ниту еден чекор за да ја ублажи оваа состојба во земјава, а често презема контрапродуктивни мерки во корист на некои бизнис-интереси на поединци или големи компании од нафтената индустрија, за кои подоцна се оправдува дека се дело на Регулаторната комисија за енергетика. Тоа нема да ја подобри состојбата и владата, конечно, ќе мора да излезе со сериозна стратегија за тоа како мисли да постапува во иднина со енергетските проблеми и со енергетската криза. Денес, најголем број од експертите предлагаат значително подигнување на јавните инвестиции (дури и до една милијарда евра на среден рок) за производство на енергија од обновливи извори, пред сè, хидроцентрали, но владата сè уште упорно и неуспешно тоа им го препушта на некои потенцијални странски инвеститори, кои никаде ги нема. До нивното доаѓање Македонија ќе се дави во висок и скап увоз и високи домашни цени на енергијата. Досега владата прокоцка повеќе од шест години од своето владеење, но пред себе има уште речиси цели три години од својот мандат, што е сосема доволно еднаш да се одважи и да направи критичен напор за да креира економска програма која ќе даде задоволителен одговор на многубројните реални предизвици што се создаваат над македонската економија. Сега веќе ѓаволот ја однесе шегата и време е од дебата за споменици, преименување на улици, владини розови реклами и набавки на автомобили со смешни процедури, силите да се насочат кон сериозни теми за иднината на земјава. Тоа е потребно за да не ни се случи по неколку месеци или една година да слушнеме дека, по Хрватска и Црна Гора, на ред за проширувањето на ЕУ дошле и Албанија и Србија, додека ние сè уште се давиме во живиот песок во кој се лустрираме меѓу себе, а за сеќавање на оние што го дале животот за слободата на оваа земја градиме споменици со ликови од грчката митологија. Точно е дека сите сфери се битни за животот на една земја, но ако зад нив не постои соодветна економска основа и развој на општеството, тогаш тие можат да се претворат во својата сопствена опачина. 53
Анализа
Регулаторна јамка Македонија треба да постави брана на континуираниот раст на регулацијата, посебно во сферата на услугите, здравството и социјалната заштита, за навреме да се спречи склерозата на економскиот и на социјалниот систем, што неминовно следи од практикувањето преголема регулација
58
дерегулација, континуирано се зголемува степенот на економската и на социјалната регулација. На пример, Министерството за транспорт и врски уште во третиот месец од работата на првата влада на премиерот Груевски, во ноември 2006 годиина, преку измени во соодветниот закон овозможи општините и градот Скопје да можат да го ограничуваат бројот на такси-возилата на својата територија. Ваквата практика е ретка во светот и претставува школски пример за прекумерна регулација преку ограничување на влезот во една дејност. Тоа е пример на регулација изнудена од регулираните субјекти, поради првенствена заштита на нивниот, а не на јавниот интерес. Јакнењето на регулацијата во Република Македонија делумно се должи на процесот на усогласување на нашето со законодавството на ЕУ. При ова, темпото на обврските и капацитетот на органите и на владата не дозволуваат секогаш да се користи можноста за одлагање на примената на некои регулативи, кои не одговараат на степенот на економска развиеност, вклучително и состојбите на пазарот на труд во земјава. Новите мерки на социјална регулација наметнуваат сериозни материјални обврски за претпријатијата, со што ги зголемуваат нивните оперативни трошоци, а со тоа и цените на производот или на услугата што ги плаќаат потрошувачите. Од многубројните примери на постојано наметнување нови обврски ќе спомнеме само неколку контроверзни мерки, за кои неодамна се дебатираше во јавноста и беа изречени сериозни забелешки од засегнатите деловни субјекти. Според некои процени, обврската за задолжителни систематски прегледи за вработените, која произлегува од Законот за заштита и здравје при работа, ги чини претпријатијата над 8 милиони евра годишно. Дополнителен финансиски товар претставува обврската од истиот Закон за
Пишува Трајко Славески
В
ладата на Република Македонија во континуитет спроведува проект наречен „Регулаторна гилотина“. Неодамна, министерството кое ги презеде активностите од кабинетот на заменикот на премиерот за економски прашања ја објави „четвртата фаза“ од проектот, што значи дека активностите се веќе во „поодмината фаза“. Кастрењето на некои застарени прописи и практики несомнено придонесе за подобрување на деловната клима во земјава, што беше и крајна цел, а што е верифицирано од солидниот напредок во годишните извештаи на Светска банка, насловени како „Водење бизнис“. Сепак, под површината, некако незабележано и навидум во спротивност со доминантната идеологија на владејачката партија, тече процес на зголемување на регулацијата во македонската економија. Економската регулација претставува форма на државна интервенција со која се воспоставуваат рестрикции врз одлуките на приватните претпријатија во врска со цените, количествата, влезот во дејноста (започнување со работа) и излезот од неа (престанок со работа). Традиционално и неоспорно, таа се применува во случаи на постоење „природен монопол“ или ограничена конкуренција, а главна цел е заштита на стандардот на потрошувачите од монополски цени. Кај нас доминира во сферата на телекомуникациите, енергетиката, комуналните услуги и радиодифузијата. Социјалната регулација ја опфаќа сферата на заштита на здравјето на луѓето, безбедноста на производите и на услугите, заштитата при работа и заштитата на човековата околина. Наспроти декларираните заложби за
Кога ги гледаме двајцата најагилни ресорни министри, за здравство и за труд, како се натпреваруват кој повеќе ќе регулира и за тоа јавно ќе се пофали, треба јасно да им дадеме до знаење дека тоа што го прават му штети на јавниот интерес
процена на ризикот на секое работно место. Процената треба да ја прават субјекти лиценцирани од Министерството за труд и социјална политика, врз основа на подготвени правилници и пропишани формулари, за што претпријатијата треба да платат те претпријатија, што се претставува како сума во денарска противвредност од 100 до 150 евра. Претпријатијата со над 100 врабо- позитивна работа. Но, не штети да се знае следново: претпријатие кое има десет вратени имаа рок до средината на оваа година ботени, со вработувањето на единаесеттиот да набават дефибрилатори и да обучат луѓе работник е обврзано да достави до надлежза нивно користење, со цел реанимација ните органи детаљна оценка за сите опасна вработените кои доживеале инфаркт на работното место. Спроведувањето на регу- ности на работното место, вклучително и за стресот од работата поврзан со возраста, полативите треба да го надгледува армија од лот и расните различности кај вработените. инспектори и да ги казнува оние што не ги Ова треба да е проследено со детален план почитуваат прописите. Како никогаш во минатото, во мода е се- за намалување на ризиците. Со вработување каков вид лиценцирање како услов за из- на шеснаесеттиот работник, на сцена стапуваат синдикатите. Работодавецот е должен вршување на дејноста. Забелешката не се однесува на некои професии, на пример, ле- да овозможи нивно дејствување во рамките на претпријатието, да им овозможи платено карите, чија стручност треба однапред да се верифицира поради реперкусиите врз здра- отсуство на синдикалните раководители за извршување на нивните активности во травјето и животот на пациентите. Од аспект на пазарната економија и пазарот на труд, ење од осум часа месечно и да ги консултира посериозна е тенденцијата за лиценцирање за сите прашања, од родовата еднаквост до воведувањето нови технологии. Исто така, професии каде што поседувањето лиценца претпријатие со над 15 вработени мора да е мотивирано, пред сè, поради заштита од конкуренцијата. Кај нас, во последно вре- започне со вработување лица со хендикеп. Штом бројот на вработени ќе надмине 50, ме се јавува дури и „лиценцирање поради потребно е 7 отсто од вработените да се лиценцирање“. Неодамна, хиперактивниот министер за труд и социјална политика, гос- лица со хендикеп. Со вработување на 101 работник настапува обврската за детаљно инподин Спиро Ристовски, во едно од своите формирање на властите за родовата струкредовни обраќања нè извести за новината во измените на Законот за заштита на де- тура на вработените, разликите во платите, цата за лиценцирање на негувателките во за динамиката на унапредувањата и слично. детските градинки. Тие, заедно со кандида- Оттаму, не е случајно што претпријатијата тите за директор на установите, треба да по- во Италија тендираат да останат мали, стаплагаат посебен испит и да се здобијат со ли- ката на невработеност надминува 10 отсто, а 25 отсто од економијата е сива. Со големи ценца. Поминале времињата кога децата од предучилишна возраст ги воспитувале не- пречки на патот, владата на италијанскиот премиер Монти се обидува да го реформира лиценцирани лица, кои сега, барем според пазарот на труд и да го ослободи од прекунекои показатели за писменоста, како што мерната регулација. мисли ресорниот министер, треба да бидат на нивото на децата за кои се грижат. Сега „Грција е последната европска економија од советски тип“, изјави за „Њујорк тајмс“, децата на петгодишна возраст „работат“ на во октомври 2010 година, господин Јани компјутер и играат видеоигри. Времето на Сторнарас, тогашен директор на атинскиот дрвени боички и на „Росица“ е минато и ова Центар за економски и индустриски истратреба да го следат воспитувачите. жувања, а од неодамна министер за финанПрекумерната регулација на пазарот на сии во владата на Андонис Самарас. Околу труд има големо влијание врз структурата на дејноста, големината на претпријатијата, 70 занимања се строго регулирани и заштитени од потенцијален влез, а новите влезови нивното однесување и мотивација за раст и, конечно, врз степенот на сивата економија. Еден од митовите за Италија е дека окосницата на економијата ја чинат мали-
Како никогаш во минатото, во мода е секаков вид лиценцирање како услов за извршување на дејноста. Кај нас, во последно време се јавува дури и „лиценцирање поради лиценцирање“
единствено се можни со откупување лиценци од постојните оператори, чија пазарна цена достигнува неколку стотици илјади евра. Секој обид за дерегулација на дејноста е проследен со жестоки протести на засегнатите страни, како што беше случајот со грчките камионџии во 2010 година, кои, во врвот на туристичката сезона во летото 2010 година, ги оставија без гориво бензинските пумпи низ земјата. Не е случајно што тројката меѓународни кредитори за спас на Грција од должничката криза, ЕУ/ММФ/ ЕЦБ, бара од Грција либерализација на влезот во овие дејности и нивно отворање за конкуренција. Растот на регулацијата во форма на лиценцирање професии е присутен и во САД. Се цени дека дури 29 отсто од вкупната работна сила работи во дејности за кои е пропишано поседување федерална или лиценца на соодветната сојузна држава, за разлика од само 5 отсто во педесеттите години од минатиот век. Доходот на имателите на лиценца во просек е поголем за околу 18 отсто како резултат на практиката на лиценцирање, а ова директно се рефлектира врз цените што ги плаќаат потрошувачите. Во повеќе сојузни држави на САД постојат бизарни случаи на лиценцирани професии, на пример, лиценца за нанесувачи на шампон во поголемите фризерски салони, аранжери на цвеќе и сл. Посочените примери сведочат за тенденциите за раст на регулацијата и во развиените земји. Преголемата регулација во периферните, медитерански, европски економии коинцидира со нивната лоша кондиција и закана од целосен колапс како последица на глобалната финансиска и економска криза. Поуката за Македонија е дека треба да се постави брана на континуираниот раст на регулацијата, посебно во сферата на услугите, здравството и социјалната заштита, за навреме да се спречи склерозата на економскиот и на социјалниот систем, што неминовно следи од практикувањето преголема регулација. Ова вклучува постојана будност и борба против разните професионални интереси и притисоци за поголема регулација. И, конечно, кога ги гледаме двајцата најагилни ресорни министри, за здравство и за труд и социјална политика, како се натпреваруват кој повеќе ќе регулира и за тоа јавно ќе се пофали, треба јасно да им дадеме до знаење дека тоа што го прават му штети на јавниот интерес.
59