магазин од поинаков формат
број 12
сабота, 21 јули 2012 година I
Слободан Унковски
Македонија
www.gragjanski.mk
20 денари
Неделен магазин
Пишуваат за вас
Венко Андоновски
Димитар Димитров
Убаво е да... Стр. 14
Патот на националното помирување Стр. 36
Директор и главен уредник на проектот ГРАЃАНСКИ Миле Јовановски
Редакција Ида Протугер, Васко Попетревски, Митко Билјаноски, Теофил Блажевски, Андријана Атанасовска, Тони Димков Контакт redakcija@gragjanski.mk тел. 02 55 14 205
16
Никола Маџиров
Поезијата е повеќе небо отколку ѕвезди
32
Фото Кристиан Панов
Филе сака да ја врати Македонија на европскиот пат
Печати Европа 92 Директор на маркетинг Горан Дамјаноски marketing@gragjanski.mk Телефон 02 5514200
сабота, 21 јули 2012
Уметнички 10 дела со жив дух Чувар на книгата 12 во летниот период Рецензија: 19
Никола Чутурило: 20
Корина Стратулат
Дистрибуција Фокус Прес ул. Климент Охридски 58-2/2 Скопје
Добри во село, лоши во град Стр. 50
Постојана борба со ветерници
Лектор Силвана Блажева
Издава Друштво за издаваштво РЕФЛЕКС КОМ ДООЕЛ извоз-увоз Скопје , ул. Народен фронт 19А / 3 кат - локал 21 Скопје Телефон 02 5514200 Телефакс 02 5514201 Жиро-сметка 300000003097731 Комерцијална Банка АД
На надградба доградба Стр. 42
Екстатично расцветување
Надворешни соработници Трајко Славески, Теа Јовановска, Никола Поповски, Стево Пендаровски, Димитар Димитров, Бруно Јовановски, Игор Тошевски, Бранислав Саркањац, Митко Хаџипуља, Горан Марковски, Гоце Смилевски, Огнен Георгиевски, Златко Славенски, Светлана Јовановска (Брисел) Графичка редакција Зоран Симоновски, Елена Џекова, Маја Пипонска
Никола Поповски
Култура
Извршни уредници Катерина Блажевска, Злате Лозановски Арт директор Мишко Петковски
Горан Марковски
Досие: 24
Маргарет Дирас Бестрашна нараторка на животот
Политика Моралисти и 30 милеуристи За нас уникатно, 34 за Брисел шаблон
38
Економија 45 Темелот го возвраќа ударот 48 Трајко Славески: Паника на двете страни од Пиринеите 54 Црните сценарија не држат вода
Селектор 58 Пропагандни игри со спортот 60 Олимписки игри: Помасовно, побрзо, поскапо 64 Здравје: Резервни органи по нарачка 68 Фељтон: Ролинг Стонс Се стркалаа и никако да запрат 74 Made in Канада: Скара историска
Михаил Петковски
Потребен е нов рез на буџетот 3
Широк агол Последната ноќ Спиење под небо без месечина, на кое се отцртува Млечниот Пат, а метеорити прелетуваат секоја минута. Ветерот сплотен со звукот на брановите од Преспанското Езеро. Само сетилото за мирис ми прави да не е сè така совршено. На моменти удира таква реа што посакувам да..., но одминува. Така, сечкајќи си го сонот, дојде зора, а јас тргнав во потрага по причинителот. Бев изненаден од големината на пеликанот, кој дури и мртов, изгледаше величествено. Заборавив на носот и направив мала фотосесија на изгрејсонце. Гоце Ефтимов
Интервју
слободан унковски,
за некој што доаѓа од друга културна матрица и токму тоа поинакво гледање предизвика воодушевување и кај публиката, и кај критиката. Заедно со „Скакулци“ на Билјана Србљановиќ што ја работев претходно и режисер со „Буре барут“, „Шини“ и „Другата страна“ што гостуваа на Биеналето на Нова Европска драма кое се одржува во истиот театар, покрај Белград, Визбаден стана одлично Разговараше Катерина Блажевска место за следење на моето творештво. Во Фотографија Кристиан Панов таквите искуства би ги вброил и праизведЦртеж Теа бите на неколку драми на српски јазик на авторките Деана Лесковар, Милена Марковиќ и на Билјана Србљановиќ во Белград, лободан Унковски е еден од ретките креативци кој е нај- работењето на грчката античка трагедија тешко да го претставите само „Орест“ на грчки, во Епидаурус, како и „Зимска бајка“ на Шекспир, на англиски, во Амепреку неговите официјални референции - режисер, пора- риканскиот репертоарски театар во Кембриџ, САД. Кога би можел да го сработам нешен министер за култура и професор, бидејќи неговиот Чехов на руски, во Русија, мојот опус би бил, опус ги надминува рамките на тоа стере- на некој начин, комплетeн. отипно портретирање. Наградите што ги освоил не се добројуваат, а претставите што $ Кога на сцената поставувате клаги режира, во странските критики, уриваат сично драмско наследство, како што естетски рекорди - или се прогласени за зна- е славниот текст на Педро Калдерон чајна пресвртница во режисерскиот израз, „Животот е сон“, се обидувате ли да изили поместуваат граници, или отвораат влечете аналогија меѓу времето во кое e нови аспекти во усовршувањето на рамно- создадено делото (1635) и времето во кое тежата на драмскиот текст и актерската ја создавате претставата, играјќи со разигра. ни нивоа на реалноста? # Претставите поставуваат многу пра$ Живееме во време без вредности, мо- шања, но, пред сè, мора да имаме одговор на едно прашање: Зошто се поставува оваа рал и чест, во кое се зголемува армијата драма денес? Големите драми имаат големи на духовно осиромашени луѓе, водени од егзистенцијален инстинкт на прeжи- прашања. Според одговорот, може да видиме кои се причините што го навеле режисевување. Кога би требало на сцена да ја рот кон ова дело. Ако е целта да се покаже претставите ваквата денешница, каде каква била моќта на режисерот, освен авби ја сместиле жанровски и кое име би торската и талентот, тогаш работата не оди ì го дале? # Тешка задача ми давате. Тешко е да се во добар правец. дефинира оваа весело-трагична вртоглави- Во „Животот е сон“ има најмалку два доминантни правца: едниот е да се занимавате ца, каде што црница од луѓе ќе се зададе на македонскиот хоризонт, гладна, прелажана, со политичка манипулација, и вториот, да потценета, тукушто симната од вртелешки- го артикулирате светот на сонувањето и да ги конфронтирате сонот и јавето. Кога те на ТВ- пропагандата. По жанр ова е една првпат го работев овој текст во Драмски забревтана, пролонгирана, непредвидлива драма, спакувана не во чинови, туку во че- театар, тоа беше претстава за политичката кори, која се движи кон својот трагичен кли- моќ, за манипулација со вистината и со мемакс. Вакуум, презир, терор, небесен народ, диумите. Во јануари годинава, во Народно позориште во Белград, преку текстот на ми се чини како најсоодветно именување. Калдерон се обидов да ја дораскажам при$ Неодамна се вративте од Визбаден, казната за сонот и реалноста. Тоа е тема каде што ја режиравте „Лота од Вајмар“, што силно ме влече и е дел од еден подолспоред романот на Томас Ман. Предиз- горочен проект, што не знам дали ќе успеам да го направам -„Ајнштајновите соништа“, вик ли е да се режира германски текст базиран на истоимената книга раскази на во Германија? # Да, особено што романот се однесува на американскиот астрофизичар и писател германската културна икона Гете, кoj и де- Ален Лајтман. Калдерон живеел во две доба нес, речиси 200 години по смртта, е најзна- на Шпанија, на врвот на нејзината моќ и во чаен автор на германското говорно подрачје. почетокот на опаѓањето на таа моќ. Јас ја Државниот театар во Визбаден и дирек- работев претставата во постѓинѓиќевска Србија. Во Србија, политичкиот театар сеторот Манфред Беилхарц се љубопитни и когаш добро функционирал, постојано бил храбри во истражувањата на можностите демократски мотор за отворање деликатни зa ново читање на значајните содржини. Во теми, на забранетото, на тестирање на кул2009 година го работев „Камен“ на Мариус турната храброст. Жал ми е што не успеав да фон Мајенбург, во кој се сретнав со сложен уфрлам цела низа од подготвен материјал проблем на интерпретација на соочувањето со наследството на нацизмот во Германија. моите сонови, за време на пробањето на оваа претстава и критики напишани пред Обете претстави беа вистински предизвик
С
6
за да се смени нашата реалност мора да се исклучат телевизорите, од штекер, од студио, од репетиторите, од сопствениците на телевизиите. овој режим е нула без телевизија
Македони да се појави претставата воопшто. Но, сеедно, огромен е предизвикот да се нишате на сцената меѓу сон и јаве, меѓу она што е речено дека се случило, тоа што навистина се случило и тоа што мислиме дека се случило. И кога сè ќе заврши, не сме на сигурно било или не било. Таквите претстави го шират просторот на фантазијата на гледачите. Секој човек сака да остава траги зад себе, но не би сакал еден ваков проект,„Скопје 2014“, да биде дел од мојата биографија
$ Колку денес може да бидеме сигур-
ни што е сон, а што јаве, кога главните режисери, снабдени со извршна власт, имаат на располагање посилни алатки за убедување во тоа „што е што“? www.gragjanski.mk
Интервју
Мојата тула не е тула. Таа е еден вид камен-темелник што ќе постои независно од гадењето што го има денешнава власт кон мене скокне како лавица и да одреди што е јаве, а што хипноза. Командата за одбрана на наше Скопје, во своето Коминике бр.3 од 17.7.2012, меѓу другото, вели: За да се смени нашата реалност мора да се исклучат телевизорите, од штекер, од студио, од репетиторите, од сопствениците на телевизиите. Овој режим е нула без телевизија.
$$ Што е полошо - политичкото влијание врз културата или финансиското?
## Кај нас, овие две влијанија се неделиви.
ија е под хипноза ## Многу е тешко да се препознае што е
што. Портпарол стана сериозна професија, ПР-делот стана цел сектор во многу министерства. Што навистина се случило ќе мора да установува една посебна истрага. Граѓанинот нема контрола над процесите, а во лавината на големи бројки, јавноста е зашеметена. Една сума покрива друга, еден скандал е прекриен со друг. Луѓе кои не броеле никогаш во животот над илјада евра, се бомбардирани со информации за стотици милиони евра. Работи што сме виделе како се случиле, всушност, ТВ-пропагандата ги менува комплетно, политичкиот ТВ-евангесабота, 21 јули 2012
лизам се вика Вести, а Владата е, всушност, Министерство за Вистина, свој сопствен апологет и валоризатор, истражител и судија на своите можни злоупотреби. Не може да се каже дека Македонија е во Сон, зашто патиштата на сонот се непредвидливи. Македонија е под хипноза, под наркоза, за една долгорочна операција на менување на нејзиното срце, за ампутирање на нејзината душа, за ограбување на нејзините темелни вредности и нејзиниот имот. Од држава стана презадолжена приватна фирма, ДООЕЛ Жална Македонија. Не се знае, ќе се разбуди ли од хипнозата, па така свесна, а ранета, да
Нема да прочитате во никакви критериуми кои се тие луѓе и дела што не смеат да се финансираат, но една поголема група автори никогаш нема да биде поддржана на годишните конкурси или ќе биде финансирана колку да се рече, со износ со кој не може ништо да се направи сериозно. Значаен број претстави се финансираат со износи од неколку илјади евра до максимум 10.000, најизвиканите претстави во МНТ одат до 20.000, а претпоставувам дека годинешново отворање на „Охридско лето“ чини најмалку 200.000 евра. Никаде нема листа на забранети автори, но просторот за новата идеологија се расчисти токму со нефинансирање, непоканување автори, тивко гаснење на поранешните претстави. Политички или финансиски, некако е исто. За да работите, комисијата на Министерството треба да го избере вашиот проект. За да го избере, треба да конкурирате. За да конкурирате, театарот треба да покаже интерес за соработка. Можете да конкурирате и како за самостоен проект, ама средствата и можностите за таква продукција се ептен стеснети, зашто предност имаат препораките од разни нивоа на политиката. А комисиите за избор на проекти се приказна за себе и за разни конфликти на интереси. Фактот дека Министерството не ги објавува во програмата одобрените суми, туку насловите или имињата на авторите, доволно говори. Објективно, нема транспарентност во трошењето на културниот денар. Се сеќавам кога во 1973 година нè викнаа во Градскиот комитет на партијата (тогаш бев драматург во Драмски театар) за да ни наредат да го симнеме од репертоар „Хамлет од Долно Гаштани“ во режија на Љупчо Тозија. Сеедно какви беа заканите, со тогашниот директор Ристо Стефановски, со поддршка од целиот 7
ансамбл и со никулците на демократските ветришта, претставени и преку тогаш младиот асистент на Правниот факултет, Ѓорѓе Марјановиќ, ја одбранивме претставата. Тоа не ни успеа со текстот на Константин Доракоски - Шушулеменко, а подоцна моите две претстави - „Ослободување на Скопје“ и „Среќна Нова ’49“ - се протнаа низ иглени уши за да не бидат забранети. Тоа беа политички притисоци, но истовремено имаше храбар театар, храбри автори и директор кои постојано беа на страна на театарот, подготвени да изгубат сè. Денес е различно. Зошто нема претстава што се вика „Скопје 2014“ или „Моето убиено Скопје“? Затоа што нема претстава што е каква било форма на слободно мислење. Македонскиот театар ги изгуби својата тема, пркос, својот глас и се претвори во смешен водвиљ што добива порачки од државата, сам се цензурира и како папагал ги повторува ставовите на политичката агенда. Неуспешниот обид за формирање кабареа со декрет во сите театри, имено е јасна инструкција каде треба да гледаат уметничките водства на институциите.
$$ Дали тешките времиња стимулираат
поголема креативност или поголем творечки интегритет ослободен од калкулантство? ## Како што би рекол Горан Стефановски, не можете да гаѓате подвижна мета. Не е лесно нешто, додека сè уште трае, да го артикулирате во уметничка форма. Ако мислите на економската криза, таа се манифестира на особен начин, со оглед на немањето економија. Ако мислите на проблемите во општеството, би одговорил - да. Состојбата на паника, подигнат адреналин и историска мелница, се одлични предуслови за експлозија на креативноста. За жал, ние Македонците, некаде по пат во ова премреже (К. Чашуле), ја изгубивме својата душа. Да ја парафразирам Мајка Тереза: Има разни видови глад, кај нас (во Индија) имаме глад на телото, а кај вас имате глад на душата. Душата треба да ја нахраните. Ако сета културна продукција е на доење на Министерството, нема ништо од интегритетот и од духот на слободата. Потребно е дислоцирање на средствата на локално ниво, нови храбри извори на финансирање, нов простор, нова творечка храброст. Толку малку храброст е потребна. До моментот кога, да речеме, низ Скопје ќе блеснат скулптурите од проектот Ејпокс 4102 како: Никола на велосипед, Никола од 44 кат ја посматра општина Аеродром, Никола, Ставревски и Бети играат тонч, Белиот Тодор Александров, Никола Карев на зебра, Прометеј без факел и без друго, Некои поинакви сцени од животот на Александар Велики, Кристо го пакуваат Плоштадот за да биде уште поубав, до тој миг, додека не избие вулкан на врв Водно, нашиот живот ќе биде осуден на диригирано хранење и диригирано водство од страна на државата. Сеедно што стимулираат тешките времиња, нашата уметност допрва се буди... 8
Македонскиот театар ги изгуби својата тема, пркос, својот глас и се претвори во смешен водвиљ што добива порачки од државата, сам се цензурира и како папагал ги повторува ставовите на политичката агенда $$ Градиме ли меморија за вредностите во културата или и таа се рестартира со секоја нова власт. Валоризирана ли е „тулата“ што сте ја вградиле во театарската уметност кај нас или и Вие секогаш почнувате од почеток, имајќи предвид дека по седум години пак режирате на домашна сцена? ## Пострашно е што се ресетира меморијата на државава, а сега евентуално и „идентитетската матрица“ на Македонецот. Она што е државен систем се урива со промена на власта од портирница до највисоко ниво, со нови луѓе кои допрва ќе учат каде е што, повторно ќе ги измислуваат работите што постојат и ќе уриваат за повторно да градат. Ги гледам како зомби, размрдани насекаде по Македонијава, со ист гел за коса, со исти темни костуми, со иста структура на реченицата, со иста празнотија во душата, нахранети со омраза дека некој друг некогаш им закинал од нешто за што денес им велат дека можеле да го имаат. Каде е таа фабрика кај што ги прават, кои се тие стручњаци што ги препрограмираат, македонски производ ли се? Колку држат влага, имаат ли батерија Еверласт? А јас повторно и повторно почнувам од почеток и никакво евоцирање на спомени не помага. Си одам ноќта по премиерата и следниот ден заборавам
Политичкиот ТВевангелизам се вика Вести, а Владата е, всушност, Министерство за Вистина
сè, како ништо да не било. Мислам за следниот проект. Не очекувам валоризација. Немам дилема кои мои претстави ги помрднале границите на театарот, кои биле перјаница на еден естетски бран, кои отвориле нов простор на актерската игра. Јас сум најверојатно тежок и комплициран за сегашниот македонски театар. Се сметам за врвен професионалец, имам тренинг од врвни институции во мојата област. Сеедно, никој нема да ме викне за да ме праша сакам ли да имам свој театар. Мојата тула не е тула. Таа е еден вид камен-темелник што ќе постои, независно од гадењето што денешнава власт го има кон мене. Кога се славеше јубилејот на Турскиот театар со моја премиера, претседателот на парламентот го спомна авторот со неверојатно тешко презиме – Шимелпфенинг, само за да не мора да каже - Унковски.
$$Од денешна дистанција, што би му забележал режисерот Слободан Унковски на поранешниот министер за култура Слободан Унковски? ## Зошто воопшто се зафаќал со функцијата ако не мислел да остане во политиката, а не мислел. Зошто му го трошел времето во врвот на режисерската кариера на нешто што можел и некој друг да го направи? $$ Кога гледате што сè се направи, инсталира и изгради во јавниот простор, се каете или се гордеете што во министерскиот мандат не бевте во можност да градите или да направите вакво нешто? ## Од 1996 до 1998 година се речиси првите години по осамостојувањето и приоритет беше преживување и трансформација на културата. Тогаш направивме хорор-филм за состојбата на институциите на културата во Македонија. Секој човек сака да остава траги зад себе, но не би сакал еден ваков проект, „Скопје 2014“, да биде дел од мојата биографија. www.gragjanski.mk
ИНТЕРВЈУ | РОЛЕТНА | КУЛТУРЕН СВЕТ | УБАВО Е ДА... | АРХИТЕКТУРА | ДОСИЕ
Свој на своето Милчо Манчевски во жирито на 69. Филмски фестивал во Венеција
Н
како директор на Венецискиот филмски фестивал повторно се враќа Алберто ајуспешниот македонски режисер Милчо Манчевски ќе биде член Барбера, кој во 2001 година го избра токму „Прашина“ на Манчевски да го отна жирито во селекцијата „Хоризонти“ на 69. Филмски фестивал во вори Фестивалот. Венеција. Манчевски се враќа во Венеција 18 години по „Златниот лав“ за најдобар филм за „Пред дождот“ и 11 години откако со „Пра- По триумфот во 1994 година со дебито „Пред дождот“, при што покрај „Златен лав“ освои и уште десет награди, Манчевски е особено ценет автор во Италија, шина“ го отвори Фестивалот. Селекцијата „Хоризонти“ е од понов датум и Фестивалот ја претставува како: филмови што ги претставуваат најно- чии дела имаат влијание и на популарната и на официјалната култура. Исто така, една од независните паралелни програми на Фестивалот доделува и вите трендови и компоненти на современиот филм и во неа учествуваат деби награда за млади филмски автори, а која го доби насловот според мотото на и независни филмови што се спротивставуваат на жанровските филмови и тенденции, а со цел да откриваат и да демонстрираат креативна оригиналност. „Пред дождот“ – „Кругот не е тркалезен“. Претпоставките се дека Милчо МанПретседател на жирито на селекцијата е италијанскиот актер Пјерфранческо чевски ќе се чувствува во Венеција како дома. Најстариот Филмски фестивал во своето 69. издание ќе се одржи од 29 август до 8 септември. Фавино, а жирито доделува три награди. Интересен податок е што годинава
сабота, 21 јули 2012
9
Ролетна
Скица за „Галерија 7“ Од Фестивалот за современи уметности АКТО 7, што ќе се одржи од 9 до 12 август во Битола, деновиве испратија ваков повик: „ʼГалерија 7ʻ-Скопје и ʼФакултетот за работи што не се учатʻ-Битола ги повикуваат на соработка сите што би сакале да споделат различни архивски материјали што настанале во просторот на чајџилницата ʼГалерија 7ʻ (во Стара чаршија во Скопје). Пишува Злате Лозановски ʼГалерија 7ʻ, уште од 1984 година, функционира како активен културен простор што обединува и произведува различни алтернативни идеи и знаења. Во овој простор се иницирани повеќе различни културни и уметнички настани, а беа формирани различни музички и ликовни групи и колективи (ЗЕРО, ʼАпореаʻ, ʼКомпресорʻ). Како секојдневно место за среќавање и за разменување мислења, идеи и знаења, ʼГалерија 7ʻ зазема значајно место во неофицијалните биографии на многу интелектуалци и автори од нашиве простори. Архивските материјали ќе бидат презентирани на Фестивалот“. Во чајџилницата поминав веднаш по отворањето и останав десетина (петнаесет?) години, 24/7. Таа зазема значајно место во мојот неофицијален живот, но немам никаков документ, архивски материјал, што би можел да го приложам како доказ. Прилично изгубена работа ми изгледа и евентуалната потрага по изгубеното време. Во тој собирен центар имаше секакви и од секаде, но никого не го интересираше кој од каде дошол, што правел пред да дојде, што ќе прави кога ќе замине. Секој соработуваше, значи, правеше муабет, со секого, сите беа посветени на ритуалот пиење чај или, евентуално, оралет. Оттаму, не верувам дека и лустрацијата ќе понуди некаков релевантен документ за расветлување на чајџилничкото минато. Од АКТО велат дека „целта на проектот не е некое носталгично инсценирање на 10
минатото, туку обид за компаративно и критичко промислување на условите за продуцирање паралелно образование во рамките на актуелните образовни политики (во контекст на проектот ʼПавилјон за знаење по меркаʻ)“. Како отворено дело, „Галерија 7“ сега може секој да ја чита или да ја (д)опишува како што сака и колку сака. Како павилјон во кој секој беше изложен на сечие знаење, најчесто без мера, или како прв дисперзиран, паралелен, периферен, мултикултурен, мултиетнички, мултиверски, мултидисциплинарен центар, како проект за доживотно учење, лабораторија во која се правеа и успеваа секакви, освен, можеби, научните експерименти; училница во која сите беа и ученици и учители, а часот постојано или почнуваше или завршуваше, обично, среде предавање. Да цитирам еден познат (само на посветените) мислител, Неџо: „Галерија 7“ и беше и не беше сето тоа. Ова секојдневно место, всушност, е време, настан, инцидент, процес што е тешко, речиси невозможно, да се споредува со што било. Уште помалку да се повтори. Кој може сега да се сети на кој камен на правливата уличка седеше Ален Гинзберг? И тука не можат да помогнат ни тие што ја знаат во душа (тие, па најмалку). Ни најголемите умови, вклучувајќи ги и оние што не влегле никогаш во чајџилницата, не можат да создадат ни теоретски (за други и онака не ги бидуваше) услови во кои ќе може да се повтори експериментот „Галерија 7“.
6
претстави на театри од Турција, Данска, Хрватска и од Македонија се во програмата на 11. Интернационален фестивал на античка драма, што од 14 до 27 јули се одржува во античкиот театар во Стоби. Драмскиот театар од Скопје учествуваше со премиерата на „Архелаос“, додека Битолскиот народен театар ќе настапи со „Медеја“ на затворањето на фестивалот.
Уметнички
пишува Тони Димков
В
едра, енергична и исполнителна, младата графичарка Шќипе Мехмети постави уште една самостојна изложба. Овојпат сместена во галеријата на мултимедијалниот центар „Мала станица“, изложбата беше дел од програмата на „Скопско лето“. Претходно, истата поставка беше претставена и во Прима центар во Берлин. „На двете изложби се претставувам со ист циклус, што носи наслов „Четири елементи“. Тој содржи 24 графики (70х100см), работени во техника акватинта, бакропис, сува игла и колографија, од кои се одлучив да изложам само 20 и на двете изложби“, објасни Мехмети. Главна причина за избор на графиката како канал за изразување на нејзината инспирација била суптилноста на самата техника и техничките специфичности поврзани со јасноста на линијата како елемент на уметничко изразување, но и можноста за изработка на детали со висока комплексност, со што се постигнуваат ефекти. „Голема ʼзаслугаʻ за мојата одлука има и широкиот спектар на различни графички техники од кои секоја има многу интересен процес на изработка и свои специфичности. Но, иако графиката ми е главен медиум на изразување, сепак, одвреме-навреме се навраќам кон сликарството, како што се случи лани во мај, кога имав изложба со 24 слики во Музејот на град Скопје. Бидејќи средното образование го поминав во општа гимназија, со сликарство почнав професионално да се занимавам во првата година од моите студии на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот ʼСв. Кирил и Методијʻ во Скопје. Во текот на следните седум години се стекнав прво, со звање - дипломиран педагог со сликарство, а потоа во 2007 година и магистер по графика. Оттогаш реализирав вкупно десет самостојни изложби, вклучувајќи ја и последната во Мала станица. Факт е дека отсекогаш сакав да бидам уметник. Уште како мала поминував часови цртајќи ги мотивите што ме опкружуваа и, секако, сигурно големо влијание врз мене имаше и тоа што пораснав во семејство во кое се негуваа ликовна и музичка уметност, како www.gragjanski.mk
Артерија Џез-изложба во Малта
Македонскиот сликар и музичар, Љупчо Самарџиски, кој повеќе од дваесет години живее во Малта, заедно со британската сликарка Џени Каруана постави изложба во галеријата „Опус 64“. Изложбата со наслов „In tune with jazz“ ќе биде поставена од 18 до 24 јули во Малта.
Културен свет
и дела со жив дух алкалоид награден за општествена одговорност
Циклусот „Четири елементи“ на Шќипе Мехмети речиси во исто време можеше да го види ликовната јавност во Скопје и во Берлин и литература“, раскажа уметницата. Еден брз преглед низ нејзината досегашна уметничка биографија нè увери дека постојано создава нови дела и циклуси, подготвува нови изложби, иако признава дека патот на уметниците воопшто не е лесен. „За да може да си го одржи квалитетот на работата, според моето мислење, секој уметник мора да работи во континуитет и одвреме-навреме да се појави со нови идеи, нови изложби (да ì понуди на публиката нови дела). Да се направи самостојна изложба подразбира купување материјали за изработка на делата, трошок за организација на изложбата, итн. Со еден збор, подготовка и организација на една изложба во сопствена режија – чини пари.
ЗА ДА МОЖЕ ДА ГО ОДРЖИ КВАЛИТЕТОТ НА РАБОТАТА, СЕКОЈ УМЕТНИК МОРА ДА РАБОТИ ВО КОНТИНУИТЕТ сабота, 21 јули 2012
Од друга страна, многу е тешко да се најде постојана платена работа во нашата бранша, така што самата состојба и фактот што не е лесно да се обезбеди стабилен месечен прилив на средства влијае директно и на квалитетот и на бројот на имплементирани изложби во државата. Од уметнички аспект, уметникот може да се инспирира од сè околу себе, музика, поезија, добра книга, филм, театар, природата што го опкружува... но, почетната и најважна точка е потребата за изразување. Еден период работев неколку проекти што имаат заедничка точка – фрагментите од мојот живот, она што секојдневно го среќавам, со што живеам. Ги претставував обичните работи што ме опкружуваат, како што е, на пример, дел од подот на ателјето каде што работам“, објасни Шќипе Мехмети. Ликовниот критичар Емил Алексиев за графиките од циклусот „Четири елементи“ на Мехмети нагласува дека успеваат „на мртвата материја да ì дадат жив дух“. Жив и ведар дух има и самата авторка. Уметничкото дело не може да побегне од својот создател.
Во организација на Центарот за институционален развој – ЦИРа, оваа година, по јубилеен петти пат, беа доделени наградите за филантропија и за општествена одговорност за 2011 година. Алкалоид АД – Скопје освои прва награда во две одделни категории „Однос кон вработени“ и „Однос кон животна средина“. Наградата во категоријата „Однос кон вработени“ го опфати аспектот за развој на вработените, односно стимулирање вештини и обука на кадарот, со што преку зголемување и подобрување на способностите и на капацитетите на вработените се зголемува подготвеноста за напредок во кариерата, а воедно се подобрува целокупното дејствување на компанијата и се спроведува стратегијата за нејзин континуиран раст и развој. Од друга страна, пак, наградата во категоријата „Однос кон животната средина“ ги опфати аспектите, како што се зголемување на позитивните влијанија на бизнис-дејствувањето, заштеда и ефикасна употреба на природните ресурси и заштита на биодиверзитетот. Во оваа категорија Алкалоид АД – Скопје аплицираше со проектот „Сертификат FairWild – управување со природни ресурси и одржливо користење на лековити и ароматични растенија“ . Двата проекта се активности што компанијата ги спроведува во текот на цела година, како дел од политиката за општествена одговорност која е една од основните вредности на компанијата. 11
Артерија/Анкета
Н
ема прецизен, општоприфатлив одговор на прашањето зошто сите или барем најголемиот број од оние што тргнуваат на одмор, задолжително земаат и книга. Дури и оние што ретко или воопшто не читаат помеѓу одмори. Особено тие се најзаинтересирани: бараат некој да им препорача (во превод: да им даде) нешто интересно, лесно, нешто за на плажа, да им се најде, за секој случај. Веројатно издавачите, списанијата и аквизитерите за нив ги прават летните ранглисти на најчитани десет, на бестселери, на книги што би ги понеле на пуст остров... Сеедно што е причината, важно е дека околу сите што седнуваат или легнуваат на песокот се метка некаква книга. Големото мнозинство планира да ја чита, повеќето од нив и ја отвораат со таква намера, а има и такви кои навистина читаат. По правило, странци. Инаку, книгите и не си поминуваат којзнае како на одмор (слично како и оние што ги носат). Најчесто се враќаат истуткани, наседнати, дамкосани, изгребани, недочитани или воопшто непрочитани, заборавени. Овие анализи се задоцнета работа. Имено, полека исчезнува стариот феномен „книга на плажа“, заедно со исчезнувањето на класичната, хартиена книга. Какви промени во културните навики, посебно во таа за читање, во односите помеѓу луѓето (извини не ти ја вратив), во ситуацијата на плажите и воопшто во подготовките за одмор ќе донесе новата, таканаречена книга на струја (малите прирачни компјутери-библиотеки) ќе остане непознато за нас. Барем уште ова лето. (З.Л.-Т.Д.)
Чувар на книгата в
Класиците се здодевни
Искра Шукарова
кореографка и балерина
Мал формат, на француски
Повеќе сакам кога книгата е пред мене, кога можам да ја држам в рака. Можеби книгите земаат повеќе простор, но убаво ми е кога ги гледам околу мене. Мислам дека секогаш има време за читење, а ако нема, треба да го најдеме. Моментно ја работам докторската теза, што бара одредено конкретно читање материјали во врска со театролошко-кореографски теми. Но, најмногу ми помага е кога имам некоја книга да ме дефокусира од тие теми. Во случајов тоа најчесто се книги од помал формат, кои може да се носат со себе, особено поради летните патувања. Се обидувам често да читам дела на француски, за колку-толку да го вежбам јазикот. Така што во моментов ја читам „Омерпаша Латас“ од Иво Андриќ на француски јазик. Паралелно читам една книга „Шпангбергианизам“ - за улогата на уметникот во системот денес, од шведскиот автор Мортен Шпангберг. 12
Братислав Димитров драматург
Книгите веќе одамна не ги читам, туку се обидувам со нив да водам рамноправен и креативен дијалог. За среќа, тоа понекогаш ми успева и тогаш се чувствувам многу побогат. Инаку, мене ме интересира сè и сешто, од возен ред до Кабала, од Библија до новински огласи, а трилери, стрипови и Емил Сиоран се подразбираат. За таквите како мене, научната дијагноза утврдила дека или се „сваштари“ или имаат широк дијапазон. Јас се тешам дека
„Карта и територија“ од Мишел Уелбек Весници читам, затоа што телевизија (поради ментална хигиена) речиси и воопшто не гледам, а, сепак, морам да бидам информиран за тоа што (ни) се случува, бидејќи, за жал, до ниво на силување сме дееволуирани од политички битија, во политички животни. Да не бидам разбран погрешно, не мислам дека информациите во весниците се поквалитетни од оние на телевизија. Нивото им е потполно исто ниско, но весникот има една мала предност. Може да го „прелисрежисер таш“ и да го намалиш степенот на мали-
Срѓан Јаниќијевиќ
спаѓам во втората група. Професионално, редовно и постојано читам театарски пиеси, а „приватно“ во последниве десетина години најмногу читам духовни книги или книги за духовноста. Едноставно, ми се смачи од Чарлс Дарвин и сличните на него, а особено од вулгарниот материјализам во кој човештвото живее повеќе од шест века! На интернет влегувам само кога морам, а тоа е тогаш кога не можам да најдам некоја книга во книжарниците. Сите родители се жалат дека нивните деца не читаат книги. Се разбира, и овојгност. Стандардот на списанијата ни е уште понизок. Во текот на овие дваесетина години сите се полоша копија на првото што било издадено во Македонија (кое и да било), не сметајќи ги скромните исклучоци, кои, колку и да се издвојувале со квалитет и со оригиналност, сепак, во ваква затруена средина, брзо згаснале или се загадиле. Книгата што во моментов ја читам (и со крајни напори се обидувам да ја дочитам) е „Прашките гробишта“ од Умберто Еко, најверојатно, еден од најголемите умови на денешницата. Меѓутоа, оваа книга му е најблаго кажано – очајна. Една третина е опскурен „Готвач“ со најверојатно вкусwww.gragjanski.mk
во летниот период
Ненад Стевовиќ
издавач
Проблемот е во навиките
Вообичаено, во летниот период, кај нас, а, веројатно, и секаде во светот, се бара полесна литература. Но, еве го нашето искуство. Сепак, со години градениот издавачки профил на „Или-или“, создал и публика која знае што може да очекува. Задоволство ни е што, сепак, постојат читатели кои и на плажа сакаат да читаат книги што бараат активирање на нивните мозочни ќелии, кои ценат литература што бара и нивно активно вклучување, личен ангажман за вистинско восприемање на вистинската литература. Во однос на електронските формати на книги, мислам дека во светот полека го заземаат местото на класичните, особено за вакви пригоди, кога треба да се патува и можете да понесете цел куфер во еден џеб. Мислам дека кај нас не е проблем во форматот, туку во навиките за читање. Кога би увиделе дека тие постојат, а проблемот единствено е во тоа што форматот на печатената книга е надминат, секако дека би морале да се приспособиме на потребите и барањата на читателите. Сега засега не верувам во таа потреба. пат децата се во право. Поголемиот дел од таканаречените класици се неподносливо здодевни и непотребно опширни. Ако буквално во сите сфери на нашето живеење користиме нови модели, тогаш е крајно време да направиме радикална ревизија и да воведеме нови класици! Според истражувањето на една хрватска агенција, на Балканот најмногу читаат Македонците! Тоа е само уште еден доказ дека ние сме древна цивилизација. Или, кажано со јазикот на езотеријата, ние сме „стари души“. ни рецепти, втората третина е здодевна квазиисторија на веќе познати, па дури и за домаќинки шпекулативни теории на заговор и уште една третина „посран, па размачкан“ антихерој кој има мали проблесоци, но сето тоа е раскашавено со „мошне оригиналната идеја“ на поделена личност. Единствени интересни дветри странички се навистина духовитиот „hate speach“ за повеќето европски нации и... толку. Да не стои истиот потпис на оваа книга зад брилијантните „Името на розата“, „Фукоовото клатно“ и „Баудолино“ - „Прашките гробишта“ не би ни била објавена. Е, сега малку за тоа што да се прочита. сабота, 21 јули 2012
Речиси ништо не се чита
Ана Мартиноска универзитетска професорка
зон за никого, освен за рекламните кампањи на издавачките куќи. Немам ништо против т.н. бестселери, но мојот избор не зависи од Во духот на цинизмот на Дубравка Угрешиќ за „Еко меѓу нудистите“, секогаш сум сакала, популарноста на книгата ниту, пак, од годишното време. Во моментов ја завршувам скриена под очилата за сонце, да гледам што читаат луѓето на плажа. И додека низ Евро- „Снег“ на Орхан Памук. Читам сè што ми прави ќеф, од класици до постмодерни романи, па може да се види сè и сешто, од Жижек и од руска поезија до јужноамерикански расУелбек до тотални анонимуси, кај нас, секоја кази, од стрипови до феминистички блогочест на исклучоците, речиси и ништо да не ви. Можеби, разните електронски читачи се се чита. Па, читањето е замор, а не одмор?! практични и не тежат многу во куферот, но Ако воопшто понесат книга, изборот паѓа на она што е нечија идеја за летна т.е. „лесна“ барем за на плажа, за мене, хартиените издалитература, иако таа дефиниција нема ре- нија сè уште се без конкуренција. „Карта и територија“ од Мишел Уелбек – најверојатно единствениот чесен интелект на денешницата. Мислам дека ова е доволен предизвик и препорака. Мене ми е проблем да читам „класична“ книга веќе една година. Сега ќе ги наведам предностите на електронската: Можеш да читаш со една рака книга од неколку илјади страници, може да читаш во тотален мрак, фонтот, величината на буквите и на проредот можеш да ги приспособиш на сопствените потреби, доколку читаш странска книга ако не знеш некој збор не губиш 15 минути да го бараш во речник, туку со еден потег добиваш објаснување, неколку синоними и потекло на зборот,
речиси цела универзитетска библиотека може да ја сместиш во 11х6х1 см со тежина од 140 г., не собира прав, не се сечат дрва, не мора да си ги лижеш прстите за да завртиш страница, со еден потег истовремено можеш да ја споделиш со бескрајно многу пријатели, идиотската симболика во масовно палење книги (црквата, нацистите, комунистите, итн.) ќе стане бесмислена, итн. Предноста на „обичната“ книга е што може да ја читаш во када (додека не направат водоотпорен читач на книги). Многу бргу сите „хартиени конзервативци“ ќе мора да научат навистина да читаат. 13
Артерија/Убаво е да...
Нема дилема меѓу медиокрите „Ветерот носи убаво време“ („Матица“) Во антологијата на најмладите македонски писатели (поети и прозаисти) „Ветерот носи убаво време“ се застапени 35 млади писатели (издание на „Матица“). Составувачите на антологијата, проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска и младиот и талентиран критичар и поет Иван Антоновски, во предговорот најавуваат дека овој бран на млади писатели е иднината на македонската книжевност. Јас лично таму пронајдов над десет извонредно интересни и зрели автори. Она што пленува е тоа што не се робови на стерилниот рециклирачки постмодернизам („книга од книга се прави“), туку се свртени кон ангажираното книжевно писмо („книга од стварност се прави“), кон стварноста која им е неподнослива и бесперспективна, затоа што сфатиле дека е вистинита реченицата на еден филозоф кој рекол: „Додека е млад, човек прави сè за да се пробие. Кога ќе остари, прави сè младите да не се пробијат“. Е, овојпат нема да биде така. Овие млади луѓе расчистиле и со паланката и со кичот. Најискрено им се радувам, затоа што и јас лично, како даскал, верувам дека добар учител е оној што ќе произведе ученици подобри од него. А, овде има подобри и од некои наши доста крлежовидно етаблирани писатели (мислам на крлежи, не на Мирослав Крлежа во македонската литература).
Препорачува Венко Андоновски
Цртеж Теа
Избор. Најтешката работа во животот. Редукција на убавината за да се победи лакомоста на сетилата ненаситни по убавина, поради и заради која сме дојдени на овој свет. Оди избери меѓу залезот и изгревот на сонцето, или меѓу ноктецот и полната месечина? Летово и јас морам да избирам: ќе морам да дадам предност на едно од двете нешта што веќе подолго време ги работам - книгата „Политика на паланката“, што треба да биде заокружување на моето 25-годишно јалово занимавање со „јавните работи“ преку колумните, или романот што веќе пет години го влечам и никако да го извлечам. На мојата маса, во врска со книгата „Политика на паланката“, постојано се наоѓаат две: „Филозофија на паланката“ од Радомир Константиновиќ, сјајна филозофска вивисекција на духот на паланката, и „Кич, уметност на среќата“ од Абрахам Мол. Најтопло ги препорачувам за полесно да ги сварите двете отровни состојки што ги добиваме во идеолошки неумерени дози веќе две децении - кичот и паланечкиот менталитет. Но, сепак, за читателите на „Граѓански“ ги нудам следниве нешта.
„Нова европска драма или голема измама“ Не сум многу задоволен од местото на писателот во нашиот театар и од целосната доминација на режисерите кои стануваат еден вид „ментор“ на писателот, па со неговиот текст прават што сакаат, а честопати и нешто што писателот воопшто и не го помислил. Драго ми е што во мигов, Дејан Пројковски и Александар Поповски не учествуваат (со своите последни претстави) во таа егзалтирана детронизација на писателот/текстот и негово сведување на обичен „предматеријал“ за театарот. Затоа, ќе ви понудам една разорна театролошка книга, од познатиот хрватски театролог, Сања Никчевиќ. Ста-
нува збор за книгата „Нова европска драма или голема измама“, во која авторката говори за тој проблем, како и за еден цел моден тренд на драмата на насилството (in-yer-face theatre), што од Европа, како инфективна болест, ги зафати и малите театарски земји. Таа сериозно ги доведува во прашање уметничките вредности на овој моден тренд и тврди дека многу вредни драмски писатели останале незабележани во Европа, затоа што не сакале да се согласат со маргинализацијата на писателот во театарскиот чин, па упорно пишувале текстови, а не режисерски „партитури“. Мора да се преведе.
„8:30“ од „Ведер рипорт“ Во филм сум дека (поради пишувањето на романот) морам да ја реставрирам мојата музичка младост и добро да се сетам на сè. А тоа значи една цела колекција - тогаш плочи, џез и џез-рок. Драго ми е што младите генерации слушнале за некои од тие имиња и дека сè почесто ги слушам по нивните радиостаници и нивните собирни центри за забава (на пример, Пет Метини). И затоа, за оваа пригода нека биде култниот албум на мојата омилена група „Ведер рипорт“ („ , оној со наслов „8:30“, од концерт во живо. Со најдобрата постава - Завинул, Пасториус, Шортер, Ерскин... Ако не можат да го најдат, тогаш за замена „Софт машин“, со албумот „Бундлес“ и неверојатниот гитарист Ален Холдсворт. 14
www.gragjanski.mk
...прочитате ...видите ...слушнете
етот и генијот „Амадеус“ на Милош Форман
Овде задолжително правам ретро, што не значи дека немам и сегашни омилени филмови. Само мислам дека филмот полека влегува во манир и клише, дека сè повеќе е забава, а сè помалку останува уметност. Затоа - „Амадеус“ на Милош Форман. Кога излезе, го гледав во кино точно 18 пати. Кога го гледам сега, сфаќам дека сè е исто: медиокритетите им копаат анонимни гробови на талентираните со помош на власта, а власта не разликува кој е медиокритет, а кој гениј. Ако не може да се најде, задолжителна замена: повторно Милош Форман со „Лет над кукавичиното гнездо“, со тогаш одличниот и млад Џек Николсон. Слична тема, исто мајсторство. Општеството како лудница/затвор, омилената тема и на филозофот Мишел Фуко, во тие плодни години за филмот.
Сликите на Глигор Чемерски или фотографиите на Љупчо Илиевски Не сум во тек со изложбите, бидејќи летово слабо излегувам. Ама знам дека кога би можел јас да си поставам изложба дома, тогаш задолжително тоа би биле сликите на Глигор Чемерски или уметничките фотографии на Љупчо Илиевски. Првите можете да ги најдете и во прекрасната монографија „Чемерски - 50 години творештво“, а вторите (дел од нив) во монографијата „Кокино, мистичен шепот низ вечноста“.
сабота, 21 јули 2012
15
Артерија/Интервју Разговараше Тони Димков
М
акедонскиот поет Никола Маџиров со песната „Сенките нè одминуваат“ учествуваше во поетското бомбардирање на Лондон. „Дождот од поезија“ се случи за време на „Поетскиот Парнас“, една од најголемите културни манифестации организирани во чест на Летните олимписки игри во Лондон, на која со читање на свои стихови учествуваше и Маџиров. Неговиот личен „Парнас“ (дом на музите), пак, веќе одамна излезе од границите на каква било територијалност и се смести во пределите што можат да ги откријат само луѓе со неисцрпна имагинација. Едновремено е поет и преведувач, читател и пишувач, искрен, ведар, но и длабок мислител. Понекогаш болката во неговите стихови како да ја открива радоста на светот. Чувството на таквата радост на живеењето и него го однесе во светот.
Никола Маџиров поет
Поезијата е повеќе небо, отколку ѕвезди Најангажираниот македонски поет, Никола Маџиров, во последно време често го сели својот личен „Парнас“ на различни локации низ светот. Лондон беше само една од точките каде што прозвучи енергијата на неговите стихови 16
$$ Учествувавте на Поетската олимпијада во Лондон? Колку учесници и од кои држави настапија на фестивалот? ## Поетската олимпијада или „Поетскиот Парнас“ во Лондон се одржа како увертира на Летните олимписки игри и обедини околу двесте поети од исто толку држави-учеснички на Олимписките игри. Некои од поетите за првпат го напуштија сопствениот континент, избегаа од реалноста на нивните историски и мисловни граници. Всушност, секое прво патување е бегство: бегство од креветчето со огради, бегство од улицата на првата физичка или ментална болка, бегство од паркот на првите љубови и зимски студови, бегство од планираните музејски посети при екскурзиите. На почетокот сè почнува како потрага по дом, а потоа се случува внатрешно вдомување на потрагата. Едноставно, таа станува начин на постоење и откривање. Тоа најдобро го знаат археолозите, ловците, рударите, монасите. Треба да се истражува, надвор и внатре, без страв од длабочините и просторноста. Стравот од отворената врата понекогаш е поголем од стравот од заклучена врата. Секој акробат го гледа светот како шатор, а претпоставувам алпинистите гледаат височини во светот. Честопати се прашувам како еден читач или пишувач го гледа светот - како библиотека или како шума со дрвја подготвени да станат хартија. Секој си има своја диоптрија во фокусирањето на видливото и во замислувањето на невидливото. $$ Во последниве неколку години често
патувате и настапувате на различни поетски фестивали. Со какви искуства или инспирации Ве полни речиси номадскиот начин на живеење? ## Номадството помага да се види светот не само како складиште на наследства и златни пари за црни денови, туку и како место каде што сè заминува и доаѓа, како автобуска www.gragjanski.mk
Артерија/Интервју станица со излупен возен ред, или како птици-преселници во цртеж на првоодделенец. Непроменливоста на уставот или на границите на една држава станаа синоним за нејзината моќ, а јас сум во постојана битка со менувањето простори и ѕидови. Веројатно тоа е израз на немоќ или на љубопитност, на бегство од некого или вдомување во нешто. Сакам да патувам, го сакам мигот кога авионот слетува врз сопствената сенка. Или кога возот влегува во тунел и патниците се будат од ненадејната темница. Или кога бродот со својата пристигнувачка сирена ги замолкнува патниците, а ги разговорува галебите. По тие патишта пријателите се сопатници, со кои најчесто се делат далечините и несигурноста. Собирот на „Поетскиот Парнас“ беше прекрасно место да се стесни светот во една точка и да се сретнат пријателите кои, можеби, во поинакви услови би ви биле историски непријатели.
$$ Каков е третманот на поетите, дали во
светот има поетски ѕвезди кон кои публиката се однесува како кон музичките или филмските ѕвезди, на пример? ## Поезијата е повеќе небо, отколку ѕвезди. Бескраен отворен простор во кој ѕвездите се појавуваат сами, а соѕвездијата не се прашање на просторна блискост на ѕвездите, туку на острината на видот на читателите. Секогаш ќе постојат поети кои ќе предизвикуваат повеќе внимание поради нивната ангажирана поезија или поради наградите кои стојат зад нивното име. Но, најважно е наградите да останат само зад имињата, не и зад стиховите кои секогаш треба да останат чисти како летно вечерно небо.
$$ Кои познати поети настапија во Лондон и со кого успеавте да ги споделите поетските мигови? ## Беше чест да се чита со нобеловците Шејмас Хини или Воле Сојинка, да се подели сцената и зборот со автори од островите во Пацификот или со автори кои ретко имаат можност да ги поминат границите на сопствениот дом и јазик. На поетскиот и цивилизациски собир се сретнаа поети чии нации низ историјата повеќе си кажале преку бајонетите и гранатите, отколку преку стиховите и тишината меѓу нив. Осамената присутност на поетите беше емоционален одговор на заедничката или политичка деструктивност на некои од завојуваните држави, која донесе само свежи гробови и повторливо отуѓување. Прогресот на таквата цивилизациска отуѓеност донесе до апсурдот сè повеќе да се забележуваат луѓе кои јадат сами во рестораните, а сè повеќе луѓе кои читаат заедно седнати во трамваите или на аеродромите. Како дете, атласот сум го разгледувал како апстрактна слика со различни форми и бои со кои биле обоени државите, нивните планински масиви или реки кои се поклопуваат со линиите на границите. Многу ретко сум размислувал за јазиците или за луѓето меѓу тие граници. Кога се соочив со нивната безгранична болка, уште повеќе разбрав зошто треба да се сабота, 21 јули 2012
пишува, да се сонува, да се отвори кутијата со писма во напуштените домови и јазици.
$$ На кој јазик ги читате своите песни на
Никола Маџиров со поетеси од Либерија и од Барбадос
големите фестивали и што значи јазикот за поезијата? ## Секој ги чита песните на јазикот на своето детство, на јазикот на кој ги одживеал и напишал своите песни. Како што детето ги отвора сите врати без страв од она што, можеби, ќе го открие зад нив, така и јазикот на нашето детство побргу и бестрашно се населува во сите светски јазици, без оглед на културолошките или лингвистичките ѕидови на кои може да наиде. Хајдегер велеше дека јазикот е куќата на битието, а дека писателите се нејзини чувари. Јас би бил пресреќен ако сум само отворен прозорец на таквата куќа на битието.
$$ Многу од Вашите песни се објавени на
На поетските читања присуствуваше и Горан Стефановски
повеќе јазици. Што е тоа што поезијата ја прави читлива – јазикот или стихот? ##„Границите на мојот јазик се границите на мојот свет“, така велеше Витгенштајн. Во секој напишан збор, во секој јазик се трудам да пронајдам свој дом и малку ветер кој засекогаш ќе ја држи подотворена вратата.
Собирот на „Поетскиот Парнас“ беше прекрасно место да се стесни светот во една точка и да се сретнат пријателите кои, можеби, во поинакви услови би ви биле историски непријатели
$$ Што лично Ви значи пишувањето поезија? Имате ли сопствена мерка за моќта на зборот и, всушност, која е универзалната димензија на зборот? ## Моќта на зборот е во безболноста на неговата преселба низ сеќавањата. Сите неискажливи сеќавања се болка што не може да се регистрира на ниту еден медицински апарат. Зборот е универзален кога нема да се изговори. Или кога ќе се чуе гласот, ќе се погледне во очите на оној што го изговорил. За сè останато е потребен превод.
Поетско бомбардирање во Лондон
Секој ги чита песните на јазикот на своето детство, на јазикот на кој ги одживеал и напишал своите стихови
Поезијата е присуство тогаш кога во ист миг авторот ќе го заборави она што го напишал, а читателот ќе го заборави сето она што не е напишано
$$ Колку ритамот на читање поезија е битен за самата поезија? Колку, пак, внатрешниот ритам на поетот е битен за поезијата што ја пишува? ## Напишаното се движи низ белината на листот или екранот онака како што воздухот се движи низ градите на оној што сонува. Понекогаш длабоко издишуваме, понекогаш дишеме како тркач кој штотуку ја пресекол целната лента, и сето тоа е тивок, но силен знак на присуство. Поезијата е присуство тогаш кога во ист миг авторот ќе го заборави она што го напишал, а читателот ќе го заборави сето она што не е напишано. $$ Во Македонија се враќате дури во септември. Каде продолжија Вашите поетски патешествија? ## По Лондон, читав на поетскиот фестивал во британскиот град Ледбери, а моментно сум на писателска резиденција во Хрватска, на еден рид во стариот дел на Пазин, каде што порано патниците ги оставале своите коњи за да преспијат, а сега на овој рид десетина автори годишно ги оставаат своите мисли, стравови и надежи, за да останат будни. 17
Филм
анимација како предизвик „Ледена доба 4“ e едно од ретките остварувања во кои успешно се преплетуваат и создаваат нова визија темите на љубовта, осаменоста и носталгијата пишува Александар Василевски
А
нимираниот филм сè уште предизвикува недоумици и дилеми. За некои од филмолозите, тој е посебен медиум во кој владеат самостојни естетички закони, различни од оние во играниот, прикажувачки филм. За други авторитетни проучувачи на кинематографијата, анимираниот филм е плод на фантазијата. Неговата уметничка природа е дело на човечката рака и на неговата фантазија. Затоа приврзаниците на идејата дека анимацијата има самостојна уметничка форма ја нарекуваат „осма уметност“, a некои, пак, „визуелна музика“. Дефиницијата за анимираниот филм ги опфаќа цртаниот филм, филмскиот колаж, кукла-филмот, филмот со анимирани предмети, графичкиот, како и дигиталниот (анима) филм. Уште на самите почетоци на анимираниот филм, публиката најмногу ја интригираше цртаниот, поради тоа што овој жанр негува најинтересни содржини и ги открива во нова светлина класичните карактери и ликови. Илузијата на движењето се остварува со мануелна постапка, позната по називот „слика во слика“. Почетоците на анимацијата датираат од 19 век, кога белгискиот физичар Џозеф Плато ја конструирал оптичката играчка „фенакистископ“. Меѓутоа, најголема заслуга му се препишува на Емил Рено, првиот автор на анимирани филмови. Тој, на статична заднина, со рака ја црташе и ја боеше секоја фаза на движењето на ликовите, непо18
средно врз стаклени плочки. Браќата Флешер ќе пласираат низа ликови што влегоа во митологијата на анимираниот филм. Еден од најуспешните е „Попај“ од истоимената серија, кој ја брани својата љубов Олива, а неа, од друга страна, сака да ја освои грубиот неандерталски граден и бескрупулозен Дибек, но на крај од секоја епизода Попај успева да ја спаси својата љубов, благодарејќи на чудотворната моќ на спанаќот. Анимираниот филм во личноста на Волт Дизни доби свој неприкосновен репрезент на уметноста која, од една страна, ја демантира реалноста, а, од друга, им ја подреди на правилата на цртежот создаден од човечката рака. Дизни ги создаде антологиските ликови на „Мики Маус“, „Плутон“, „Пајо патор“, „Снежана и седумте џуџиња“, „Пепелашка“, „Бамби“, „Петар Пан“ и др. Но, да се навратиме на репертоарскиот хит од анимираниот серијал „Ледена доба 4“ (2012). Убава вест за читателитe е дека четвртиот дел ја имаше својата премиера во Скопје, во кино „Милениум“, една недела пред таа во САД и во Велика Британија. Пријатно се изненадив кога видов како ки-
Авторите на филмот, Стив Мартино и Мајк Турмие нè водат низ лавиринтите на авантурата и успешно го задржуваат нашето внимание
носалата се полни со гледачи од различни генерации. Одамна немав гледано филм во 3-Д издание, па за мене ова доживување беше навистина ново и интересно. Најавната шпица, кога се појави логото на долбисистемот, ме потсети на стереограмите во 3-Д, што пред неколку години со внимание ги разоткривав на својот компјутер. Следуваа нови изненадувања кога се појавија анимациските ликови, небаре се пред мене, а во моментите кога преовладуваше хуморот, честопати се придружував на смеата што ечеше од публиката и во тие моменти како да се создаваше пријатна музичка хармонија. Екипата од претходните серијали повторно се обедини, па им се восхитувавме на авантурите на мамутот Мени, чиј глас е на Реј Романо, тигарот Диего многу впечатливо и умешно го интерпретира Денис Лири и меланхоличниот Сид (Џон Легузијамо). Тоа се трите ликови што доминираат во целата приказна. Авторите на филмот, Стив Мартино и Мајк Турмие, ништо не им препуштаат на случајностите, туку нè водат низ лавиринтите на авантурата и успешно го задржуваат нашето внимание. Кори Форте, кој е продуцент, напомнува дека ова е фамилијарен филм во кој, без оглед на сценариото, сè се сведува на семејната идила за Мени, Ели и Праскичка, како и за Диего и Сид, од друга страна, кои си го чуваат грбот. Сценаристот Џејсон Фукс вели дека тоа е серијал за три различни животни, со различни искуства. Во почетокот Диего, Мени и Сид се како странци, а потоа се здружуваат како блиско семејство и функционираат како заедништво. Сцените на водената сценографија, на океанот изгледаат навистина прекрасно. За да се долови автентичноста на амбиентот, а и публиката да го почувствува адреналинот се употребени најсовремени модерни технологии. Голем дел од оние што ги зајмиле гласовите, биле воодушевени и, едноставно, актерите не можеле да им поверуваат на снимките што ги гледале, но имало и моменти кога некоја од снимките на водните пространства им личела како да се наоѓаат на вистински океан. Во една пригода Стив Мартино изјави дека голема сатисфакција му е тоа што во киносалите доаѓаат деца со родители, кои грицкаат пуканки и се смеат, а Мајк Турмие вели дека филмот сака да го гледа во фамилијарна атмосфера. Тие сметаат дека анимацијата треба да биде интегрирана со звучните ефекти и со музиката, со што ќе го придобијат гледачот. Големата љубов кон музиката ќе ги натера да ги визуелизираат емоциите што таа ги раѓа, а тоа нивно решение носи богати плодови. „Ледена доба 4“ e едно од ретките остварувања во кои успешно се преплетуваат и создаваат нова визија темите на љубовта, осаменоста, носталгијата; доследно е пренесена хуморната атмосфера негувана во анимациските ликови, намножувајќи ја глетката со повеќе ситуации и ликови. www.gragjanski.mk
музика
Екстатично расцветување BEACH HOUSE „BLOOM“ (2012, SUB POP)
Beach House е бенд кој не ги освојува слушателите со еден или со неколку позабележителни хитови, туку со подолготрајно, тивко навлегување низ порите и ненаметливо постепено преминување на нивната музика во навика
пишува Слаѓан Пенев
С
о четвртиот албум „Bloom“ (2012, Sub Pop) Beach House оди на сигурно, откако со претходните три „Teen Dream“ (2010, Sub Pop), „Devotion“ (2008, Carpark Records) и „Beach House“ (2006, Carpark Records) го етаблираше својот посебен звук и стана препознатлив бенд од инди-сцената. Десетте песни ја следат поставената патека и иако е забележлива еволуцијата во нивното творештво, евидентно е дека тие не ги промениле стилот и главните тематски мотиви. „Bloom“ е вонвременски албум што се слуша од првата до последната песна и сигурно ќе регрутира и нови вљубеници во нивната музика. Особено е индикативен насловот, бидејќи голем дел од песните следат одлична патека на развивање (расцветување) за да кулминираат со екстатичен момент на мелодијата и пеењето. На моменти музиката создава слика на разбранувано море, во кое секој нареден бран удира посилно, сè додека најсилниот не го постигне климаксот по кој останува блажена тишина. Оваа слика на морето се наметнува не само поради „On the Sea“, една од најубавите и најмеланхолични песни („Out on the sea we’d be forgiven/Our bodies stark the spirit living/Wouldn’t you like to know how far you’ve got left to go...“), туку и поради името што асоцира на атмосфера во која времето сабота, 21 јули 2012
„Bloom“
„Bloom“ е вонвременски албум што се слуша од првата до последната песна и сигурно ќе регрутира и нови вљубеници во нивната музика
како да застанало, отаде нужноста и тен- но е логичен развој на она што го поставија во дебитантскиот албум, особено во зијата на мачното секојдневје. Не случајно неколку песни во кои сосема владеат клаедна од постојаните теми на нивните песни вијатурните инструменти и медитативната е навраќањето на моментите на среќа што атмосфера („You Came to Me“, „Turtle Island“, неповратно исчезнале. Основачите на Beach House, Алекс Скејли „D.A.R.L.I.N.G.“, „Home Again“...). и Викторија Легранд, се од источниот брег Следува договор со голема издавачка куќа и на САД, од Балтимор (државата Мериленд), албумот „Teen Dream“, кој, како што навесград со многу силна музичка сцена, од каде тува и името, се труди да наметне помлашто потекнуваат Филип Глас, Дејвид Брн, дешка енергија, повеќе живост. И доколку Френк Запа, Animal Collective... Викторија последните два албума ги ставите на иста е по потекло Французинка, внука на фран- плеј-листа, речиси нема да забележите разцускиот композитор Мишел Легранд, автор лика во звукот, нема никаква промена во на музика за десетици филмови, меѓу кои стилот на пеење, развивањето на мелодиии Bande à part на Жан Лик Годар и Prêt-à- те или, на пример, гитарските соло-делници. Porter на Роберт Алтман. Етеричните гитарски рифови во песните Својот прв албум, насловен „Beach House“, „Wishes“, „Irene“, кои многу потсетуваат на го снимаат за брзо време, тој е сосема во звукот на Cocteau Twins или на My Bloody духот на дрим-попот, со суптилни кантри Valentine, веќе беа испробани во некои од призвуци, без многу повишување на тонот, претходните песни. Албумот е со извонредедноставна музика создадена за тивки но пречистен звук, за што во голема мера е луѓе, меланхолична целина во која емоција- заслужен продуцентот Крис Коади. та владее над мелодијата, а доминираат Дека е реално да се очекува Викторија и клавијатурните инструменти. Уште тогаш Алекс да останат на независната сцена беше јасно дека гласот на Викторија е нај- докажува тоа што песната која го затвора силниот адут на бендот и логично е што овој албум (и, можеби, го најавува следнитаа му ја дава главната карактеристика на от), „Irene“, е една моќна звучна целина што секое нивно дело. постепено оди кон својот климакс, во кој Вториот албум „Devotion“ (2008, Carpark гитарските и клавијатурските звуци имаат Records) веќе има побогата звучна слика, една дисторзична нишка, а гласот на Викритамот на песните е поинтензивен, вклу- торија создава трпки со секое поткревање чени се повеќе слоеви на површината на за нијанса на гласот, пеејќи го репететивно мелодијата, гитарските делови се посмели, стихот „It’s a strange paradise“. 19
Артерија / Интервју
Никола Чутурило, рокер Златното момче на белградската рокенрол-сцена, Никола ЧутурилоЧутура, прв и досега единствен од братството на рокерите во регионот кој (во далечната 1988 година) сними песна за Скопје, по неколку години медиумска изолација, повторно е присутен во јавноста. Во разговорот за „Граѓански“ Чутура зборува за новиот албум „Тука и сега“, за фасцинираноста и љубовта што ја има кон македонската престолнина, за братскиот однос со сите членови на „Леб и сол“, како и за причините поради кои пред 22 години ја напушти својата тогаш матична група „Рибља чорба“ и почна соло-кариера
## „Тука и сега“, бидејќи сум тука каде
Разговараше Иван Беќковиќ
Н
икола Чутурило-Чутура деновиве наполни 50 години, а зад себе има повеќе од три децении професионална музичка кариера. Почна во групата „Кредит“, па преку „Бицикл“, „Силуете“, „Замба“ и „Електрични оргазам“ во летото 1984 стана втора гитара на „Рибља чорба“. Од 1988 година, кога го сними својот прв соло-албум, досега има снимено шест самостојни албуми. Освен за себе и за групите во кои членуваше, Чутура во последниве две децении работеше и музика за театар и телевизија, а пишуваше и за други изведувачи („ЈУ-група“, „Кербер“, Здравко Чолиќ...). Во почетокот на 90-тите години замина за Лондон, каде што помина повеќе од една деценија. Во моментов се подготвува концертно да ги почне промотивните активности на актуелниот албум, во кој доминираат искрени текстови и жестока свирка.
$$ Вашиот најнов албум има прилично ди-
ректен наслов „Тука и сега“. Тој претставува сублимат на Вашата цела кариера – и додека членувавте во други состави и во соло-периодот, што трае речиси четврт век. Текстовите и понатаму се силни, а музиката – чистокрвен рокенрол.
што сум и поради тоа што во овој миг го работам единственото што знам да го работам со ист ентузијазам како порано. Да пишувам песни и да ги свирам. Така било секогаш, така е и сега. Премногу често мечтаеме за минатите времиња или ги замислуваме идните, игнорирајќи го овој миг, како да имаме резервен живот. Всушност, секоја секунда што ја минуваме на планетава е чиста добивка, но тоа, главно, ни станува јасно премногу доцна. На таа трага е идејата за „Тука и сега“. Е, сега, што се однесува до песните – тие имаат свој независен живот од моментот кога албумот ќе се најде на пазарот. Некои ќе заживеат и ќе преживеат, други не. Кај мене песните претставуваат мое гледање на стварноста, моите соништа, стравови, надежи... Секогаш било така и без оглед што тоа е „со глава низ ѕид“, јас не знам поинаку.
$$ Имам впечаток дека во целиот ре-
гион, па и пошироко, добрите и искрените работи не може да дојдат до израз поради агресивното промовирање на сè што е најлошо. На каков прием наидува албумот, какви се реакциите на колегите и на публиката, бидејќи критиката, каква што ја знаевме, одамна престана да постои?
Постојана борба со в ## Со секоја песна несвесно сакав да му се обратам на некој свој имагинарен двојник, на човекот кој се обидува да се одбрани и да биде свој. Тоа никогаш не било едноставно, особено не денес, кога помалку-повеќе сè е насочено против единката. Сепак, не се предавам. Мојот скромен и единствено можен придонес во таа борба се мојата музика и моите стихови. Тоа, можеби, е борба со ветерници, бидејќи енормно количество смет, невкус и ужас секојдневно паѓаат врз главите на нашите деца, но тоа е мојата борба и чесно е да се биде во неа. „Тука и сега“, во таа смисла, полека, чекор по чекор, го наоѓа својот пат до слушателите, но вистинските реакции ги очекувам дури кога ќе почнам со промотивните концерти, бидејќи никогаш не сум имал толку креативен и навежбан бенд. Тоа е генерален впечаток на луѓето кои беа на неколку тест-свирки што ги имавме во Белград. $$ Албумот ги допира најубавите мигови
Фото Јово Марјановиќ
20
на Вашата кариера. На него се присутни браќата Јелиќ од „ЈУ-група“ во песната за Белград, потоа во посветата на култната „Поп-машина“ во песната „Сеќавање“ учествуваше Видоја Божиновиќ-Џинџер www.gragjanski.mk
Артерија / Интервју
ветерници со кого во 80-тите години свиревте во „Рибља чорба“, а во песната „И овој ден“ соработувавте со Бора Ѓорѓевиќ, од кого учевте занает... ## Сите тие се икони на југословенскиот рокенрол и соработката со нив е омаж на нивниот генијален талент. Беа мои идоли, од нив учев, а подоцна ја имав среќата да ги запознам, да свирам и да пишувам за нив.
$$ Албумот ì е посветен на Вашата сестра Марина Чутурило Хелман, која, за жал, не дочека новите песни да ги преслушате заедно. Марина, која беше истакната сценографка, беше мошне битна личност на поранешната југословенска театарска сцена. Неа ја памети и театарската публика во Македонија поради многуте проекти на сцените во Скопје. ## Марина замина ненадејно во декември минатата година. Зад себе остави неизбришлива трага во сите големи театри и на просторот на поранешна Југославија и во Европа. Остави огромна празнина во мене и во срцата на сите што ја познаваа. Често, во Скопје престојувавме заедно. Тука беа многу сабота, 21 јули 2012
наши заеднички пријатели, многу незабо- та ме однесоа подалеку и никогаш не се равни моменти. Тага и неверување се со мене покајав поради тоа. Со сите членови на од ден во ден, но мора да се живее. „Рибља чорба“ до денес останав во блиски пријателски односи... $$ Бевте прв, а мислам дека останавте и единствен од регионалната рок-сце- $$ Мрачните деведесетти години ги на, кој уште во далечната 1988 година минавте во Лондон, а во Белград се напиша песна за Скопје. Што Ве инспи- вративте во почетокот на овој миленирирало тогаш и знаете ли дека тоа Ско- ум. Со оглед дека на актуелниот албум пје нема многу врска со градот денес? постои песна „Сонувам дека е подобро“, ## Песната „Скопје“ се наоѓа на мојот прв значи ли дека не сте воодушевени како соло-албум „Девет лесни парчиња“ („Devet се одвиваат работите на балканските простори и што треба да се случи за да lakih komada“). Секогаш со особена радост ни биде подобро? ги чекавме скопските концерти, каде што публиката беше најпријателска и најму- ## Тоа е вечен сон, но ќе бидам слободен зикална. Во тоа време стекнав многу дра- да ви кажам две строфи од мојата сè уште гоцени пријателства и сè уште носам не- необјавена песна „Хеј Џон“, бидејќи тоа е заборавни спомени. Исто така, и вашиот најдобриот одговор на ова прашање: менталитет, смисла за хумор и начинот на Хеј Џон, радување, при што меланхолијата провеју- јас ги замислувам сите луѓе ва цело време, сигурно ми се многу блиски. и мир на земјата, барем еден ден Веќе ништо не е како што е во нашите сеќа- живот без стравови и лаги вања, но јас би дошол во ова Скопје штом ќе зарем е многу, кажи ме повикате. Тоа ќе биде концерт за некои толку обичен живот. стари и за многу нови пријатели. Хеј Џон, ги гледаш ли своите деца $$ На „Девет лесни парчиња“ бас сви- во што се имаат претворено? реше Бодан Арсовски, член на култната Уште вчера strawberry field’s forewer „Леб и сол“. Во какви сеќавања Ви оста- денес нема кој да пее на таа соработка и дали и понатаму сте завладеа молкот. во контакт со Бодан и со колегите од Македонија? $$ Последниве години бевте многу ак## Бодан е феноменален музичар и еден тивен. Пишувавте песни за Здравко Чоод најдобрите луѓе кои ги познавам. Со- лиќ, насловната тема на серијата „Сва работката на мојот прв албум беше извон- та равница“, потоа официјалната химредна и Бодан ми помогна во многу работи, на на Европското ракометно првенство како постар и поискусен колега. Всушност, - Србија 2012. Какви се актуелните пламојот однос со сите членови на „Леб и сол“ нови и дали песната за Скопје, конечно, најпрвин беше братски, па дури потоа про- ќе биде запеана во Скопје? фесионален. Неодамна го запознав мојот ## Кога немам конкретна работа, седнусин Димитрије со Влатко Стефановски, по вам и самиот ја измислувам. Тоа е една од концертот на „Kings of strings“ во Белград... предностите на нашата работа, бидејќи студиото и инструментите се тука и не ба$$ Вашата кариера го одбележа члену- раат леб. Единствено треба да се завртат ракавите и да почне да се создава, бидејќи вањето во неколку познати белградски состави – „Замба“, „Силуете“, „Елек- никогаш не се знае кога ќе излезе нешто добро и интересно. Периодов сум преокутрични оргазам“..., а посебно остана пиран со промотивните активности на запаметен периодот што го поминавте во „Рибља чорба“, институција на ју- актуелниот албум, а сè друго е во втор гословенскиот рокенрол, по што сле- план. Уште многу треба да се сработи за да звучиме како што треба. Искрено се надедуваше соло-кариера. Од кои причини вам дека следниот пат, кога ќе се видиме заминавте од „Чорба“ и дали некогаш во Скопје, тоа ќе биде на концерт. И уште се покајавте поради таа одлука? ## Членувањето во секоја од групите што отсега ветувам жесток рокенрол. ги спомнавте ми е мошне драгоцено. Одев скала по скала и преку различни стилови $$ Кои се малите нешта на кои денес, паралелно учев и се усовршував. Имав како 50-годишник, им се воодушевусреќа што многу рано се стекнав со профе- вате, а пред 25 години, кога станавте сионално искуство. Во „Рибља чорба“ по- музички независен, воопшто не Ве заминав шест незаборавни години, од 1984 сегаа? Знам дека во Вашиот свет сега до 1990 година. Заедно снимивме четири се сопругата Јелисавета и синот Димистудиски албуми и отсвиривме околу 700 трија. концерти, речиси во секое место што е за- ## Многу сум приврзан на семејството и му бележано на мапата на Југославија. Раздел- се давам безрезервно. Живееме пристојно, бата беше пријателска, во периодот кога на скромно, како и секое друго нормално сеБора му станаа некои работи поважни од мејство. Се обидувам да ги зачувам сите музиката. Моето заминување беше неми- кои ги сакам и да им помогнам секогаш новно, а Бора како автор остави огромно кога можам. Доброто се враќа со добро. Севлијание врз мене. Желбите и соништа- пак, некој одгоре гледа сè. 21
Артерија Мелбурн саем на уметноста 2012.
1 Пронајдено
Овој саем е еден од најпознатите и најголеми настани за современа уметност, на кој секоја година учествуваат околу 80 национални и интернационални галерии, а го посетуваат повеќе од 50.000 љубители на уметноста. На биеналето во Мелбурн, од 1 до 5 август, ќе бидат поставени стотина изложби на слики, скулптури, фотографии, инсталации и мултимедијални дела од над 900 уметници.
Портретот на Антонио Вивалди (1678-1741) поставен во музејот за музика „Цивико“, во Болоња
ноќ во музеј
На 25 август, од 18 часот до 2 часот, повеќе од 100 музеи во Германија ќе им овозможат на сите љубители на уметноста слободен влез до нивните изложби, колекции и уметнички објекти.
Операта „Орландо Фуриосо“ од 1727 година е едно од најгенијалните и најубавите дела на Вивалди. Но, манускриптата со првичната верзија на операта, напишана во 1714 година, е пронајдена овој месец, дури 270 години по смртта на композиторот, во архивите на Националната библиотека во Торино
Подводни скулптури Реномираниот американски скулптор Џејсон де Клер Тејлор го привлече вниманието на јавноста од цел свет со подводните скулптури, серија што ја почна уште во 2009 година. И годинава тој изваја уште неколку маркантни скулптури што ќе бидат изложени во галеријата „Џонатан Левин“ во Њујорк, до крајот на летово...
22
www.gragjanski.mk
Артерија Стокхолм културен фестивал 2012. Улиците на главниот град на Шведска ќе бидат преполни со најразлична уметност шест дена во август. Освен најпознатите шведски уметници, со свои дела ќе гостуваат и артисти од цел свет. Темата на годинешниот фестивал е Август Стринберг, еден од шведските познати писатели.
„Оф фестивал“ во Катовице, Полска.
Во прекрасната зелена оаза на Долината на трите езера во Катовице, Полска, од 3 до 5 август ќе се одржи годинешниот седми „Оф фестивал“. Иги Поп и „Стуџис“, Алва Ното и Бликса Баргелд, Метју Херберт, Мејзи Стар, „Свонс“... се дел од имињата што ќе свират на главната сцена.
Културен свет
о ремек-дело на Вивалди О
ва дело на Вивалди е опишано од музичките експерти како „сензација во барокната опера“ и содржи 20 нови арии, кои никогаш досега не се видени и слушнати, компонирани во периодот кога Вивалди работел и на „Четирите сезони“ (најизведувано класично дело во историјата на музиката). „Ова е подарок од небото“, рекла Сузан Орландо, експертка за Вивалди. Познатиот италијански диригент Федерико Марија Сардели, кој, всушност, го идентификувал делото, рекол дека „оваа музика е потполно нова за сите нас. И тоа е она возбудливото“. Освен манускриптот, во библиотеката се пронајдени уште неколку документи за/ на Вивалди, а кои досега не биле забележани затоа што не биле потпишани со името на композиторот. Во 1714 година операта „Орландо“ била голем хит во „Театро Сан Антонио“ во Венеција и имала над 40 изведби, што за тоа време било извонредно. Режисери во театарот биле Вивалди и неговиот татко, но не бил заведен фактот дека таа опера била напишана од композиторот. Музиколозите сега веруваат дека причината за тоа е посветеноста на Вивалди на црквата. Тој бил свештеник и не сакал да привлекува особено внимание за да не биде наречен слободоумен. Втората тео-
П
овеќето од подводните скулптури на Тејлор се ремек-дела. Досега изработи неколку серии подводни скулптури, меѓу кои се „Бомба школки“, како еден приказ на сите експерименти што ги трпи океанот од човештвото, потоа „Тивка еволуција“, па „Урбан гребен“. Во најновата скулптура „Феникс“ користи неутрален цемент „Пеха“ (кој го поттикнува растењето на коралите) и растеглив челик за нивно прицврстување. Тоа е првата кинетичка скулптура во колекцијата на МУСА-Канкун. Женско тело со раширени крилја на кои има пурпурни корали што се движат
сабота, 21 јули 2012
Националната библиотека во Торино
италијански диригент Федерико Марија Сардели
рија е дека не сакал да биде забележана неговата доминација во театарот со тоа што ќе поставува уште една опера. Можеби затоа и била каталогизирана како опера на младиот композитор од Болоња, Џовани Алберто Ристори. Сардели почнал да го истражува овој „случај“, бидејќи не можел да објасни зошто Вивалди ја чувал оваа музика во своите лични документи, а не меѓу останатите опери и музички дела. Детаљното испитување на манускриптата од страна на Сардели, што било потврдено и од други стручњаци за Ви-
валди, покажало дека ова дело е напишано од самиот маестро. Тоа било помалку комплексно за разлика од неговите подоцнежни дела, но исто толку убаво и еден вид инспирација за „Четирите времиња“. Вивалди ги компонирал „Четирите времиња“ во истиот период како и „Орландо“. Музичкиот јазик е речиси идентичен. Тоа е извонредна опера. Вивалди бил полн со идеи, изјавил Сардели. Операта „Орландо Фуриосо“ е базирана на епската поема на Лудовико Ариосто и е приказна за двајца љубовници, темна магија и лудило.
во водата. Коралите на скулптурите се живи и природно се „населени“ на нив, откако претходно биле однесени од силните бури. Скулптурата на феникс е масивна и нејзините крилја се движат во согласност со природните циклуси на брановите. „Слушачот“ е осамена фигура, прекриена со уши што ги изработија деца од Канкун на возраст од осум до 12 години. Лоцирана е во Националниот поморски парк во Канкун и на неа се поставени револуционерните хидрогони НОАА, кои постојано ги снимаат сите звуци од околината, а потоа тие се архивираат дигитално
23
Досие
Маргерит Дирас
Бестрашна Н нараторка на животот Писателка, сценаристка, режисерка, комунистка, жестока социјална коментаторка... Маргерит Дирас ги уживала стравопочитта и бесот на француската публика повеќе од 40 години. Сиромашното детство во Виетнам, учеството во францускиот отпор, комунизмот, двата брака, љубовните врски, лекувањето од алкохолизам и закрепнувањето од комата, разбирливо е дека Дирас е природна сила... 24
ејзина специјалност биле вознемирувачките љубовни врски или шокантните, неочекувани изрази на насилство, што секогаш се криеле зад угледни фасади. Повеќе од која било авторка, Дирас истражува во темната вртоглавост на срцето за сексуалноста, за лудилото испровоцирано од неа и сето тоа го прави од лична перспектива. Романите „Бесрамници“ (1943), „Брана против Пацификот“ (1950), „Морнарот од Гибралтар“ (1952), „Модерато кантабиле“ (1958), сценаријата за филмовите „Хирошима, љубов моја“, „Модерато кантабиле“, „Спасувајте се кој може“, „Ла музика“, „Уништи, вели таа“, „Жолто сонце“, „Наталија Гранже“, „Индија Сонг“..., а потоа повторно романите „Занесеноста на Лола В. Штајн“ (1964), автобиографската исповед „Љубовникот“ (1984), „Болка“ (1985), „Реален живот“ (1987) и постхумно објавениот „Тоа е сè“ (1995) го содржат животот на Дирас каков што бил навистина. Таа ни ги подари своите интимни моменти. Романите се исповед, размислувања за животот, за нејзините љубови, алкохолните кризи, кои завршувале со делириум тременс, за нејзините пријатели и за хероините од нејзините книги. Пишувала за љубовта, за болката, за сè она што нè прави луѓе, на бескрупулозно искрен начин. Токму затоа Дирас е толку голема и денес, а и засекогаш! www.gragjanski.mk
Досие
Детство без љубов. Родена во 1914 година во Гајидин, Виетнам (тогашна Индонезија), детството го поминала во Сајгон и токму тој период ì бил непресушен извор за творештвото. Нејзиниот татко, Хенри Донадие, бил професор по математика во училиште во Француска Индокина. Починал во 1918 година, оставајќи ги Маргерит, нејзините двајца браќа и мајка ì без ниту еден денар. Сè до запишувањето на Сорбона, таа живеела како азиско дете и течно зборувала виетнамски. Во 1942 година нејзиното семејство се преселило во Винлонг, село на реката Меконг во Камбоџа. Таму бил и новиот француски гувернер со сопругата, бледа убавица со име Елизабет Стрејдтер. Се зборувало дека таа имала млад љубовник во Лаос, кој се самоубил кога го напуштила. Овие вести имале силно влијание врз имагинацијата на Дирас. Врз ликот на Елизабет, Дирас го поставила ликот на Ан-Мари Стретер од „Љубовникот од Северна Кина“. „Многупати си реков во себе дека станав писателка благодарение на неа“, рекла Дирас. Уште еден настан ја променил засекогаш. Нејзината мајка, ќерка на сиромашен француски фармер, штедела 20 години за да купи обработлива земја во Камбоџа. Кога најпосле ја купила, изградила бунгалов и насадила ориз, но почнала дождливата сезона и океанот ги поплавил полињата, уништувајќи го целиот посев. Се борела против морето со години, градела брани што Пацификот одново ги уривал, сè додека нејзиното ментално здравје не било сосема загрозено. Маргерит сабота, 21 јули 2012
имала 15 години и сериозна емотивна криза. Потоа, цел живот била обземена со лудилото и убедена дека светот, всушност, е неправеден. Згрозена од нечувствителноста на мајка си и на постариот насилен брат, нашла утеха во прегратките на кинескиот љубовник кој бил 25 години постар од неа. Мајка ì ја поддржала врската заради парите, додека Маргерит правела сè за да ги надмине разликите во годините и недостигот од шарм кај него. На некој начин се чувствувала „продадена“ од сопствената мајка и овој настан оставил длабоки емотивни рани, а подоцна тие се одразуваат на нејзиното пишување. Од друга страна, пак, детството ì било исполнето со дива слобода. Без надзор од мајката, таа и помалиот брат Пауло играле во дождливата шума, ловеле птици кои потоа ги носеле дома за јадење. Во 1974 година, во едно интервју изјавила: „Ноќе одевме боси низ шумата, иако знаевме дека насекаде има змии! Не се плашевме воопшто и си велевме: Како воопшто излегуваме живи оттаму? Одевме да ги видиме мајмуните или црните пантери. Видов црн пантер само на 100 метри од мене. Дотогаш немав видено нешто толку диво“. Во почетокот на 30-тите години од минатиот век, Дирас го напуштила Виетнам и заминала на студии по математика, право и политички науки на Сорбона, во Париз. „Мојата мајка беше земјоделка и не знаеше што е тоа литература. Јас никогаш не се посомневав во себе. Пишував уште од 10-годишна возраст. Многу лоши поеми“.
Интимноста со Пауло. Особено му била наклонета на Пауло, помладиот од нејзините постари браќа. Тој страдал од блага ментална заостанатост и смртно се плашел од постариот брат Пјер, зашто физички го малтретирал. Едно од шокантните откритија на Дирас во „Љубовникот од Северна Кина“ е дека водела љубов со Пауло. Во книгата пишува дека кога биле многу мали, тој доаѓал до нејзиниот кревет ползејќи, претходно малтертиран од Пјер, и утеха наоѓал во интимноста со сестрата. Тој однос завршил пред заминувањето на семејството од Виетнам. Дирас го мразела Пјер толку многу што посакувала да го убие. „Требаше да го убијам. Тоа беше единственото решение. Го мразев Пјер. Еднаш, кога имав 13, а тој 17 години, зедов нож за да го убијам додека спиеше. Сакав да не постои, поради сите лоши нешта што ги правеше, зашто ги тепаше послабите од него. Но, тој се разбуди и почна да се смее, ми го зеде ножот, го фрли настрана. Ја викна мајка ми и ì кажа што се случило, двајцата се смееја силно, а јас плачев, плачев со денови. Мајка ми не нè сакаше мене и Пауло. Беше горда на мене само поради тоа што учев. Сакав да се самоубијам кога почина Пауло“. Живот пренесен на хартија. Самоубиство поради љубов било нејзина опсесија. „Тоа тешко се артикулира. Тоа е еротичност. Ја знам желбата да се биде убиен. Знам дека постои“, напишала Маргерит. Нејзиното пишување секогаш било екстремно и типично француско. Таа ја продолжила традиција25
та на луда љубов во романите. Ја поврзуваат со „нов роман“ - литературно движење од 50-тите години од минатиот век. „Новиот роман“ ги отфрла класичните романи како несоодветен медиум за изразување на хаосот и моралната двосмисленост по војната. Репутацијата како писателка почнала да ја гради со објавувањето на романот „Брана против Пацификот“ (1950), во кој опишува сиромашно француско семејство во Индокина, потоа психолошко-романтичниот роман „Морнарицата на Гибралтар“ (1950) и „Споменик“ (1955). Како и други авангардни писатели, Дирас не била заинтересирана за апстрактната литературна теорија, туку ја истражувала моќта на зборовите, сеќавањата, простувањата и чувството на отуѓување. Нејзиниот дијалог бил двосмислен и наместо да ја опишува акцијата, таа се фокусирала на внатрешниот живот на карактерите. По мај 1968 година, по студентските демонстрации, пишувањето на Дирас прераснало во апстрактно. Таа ги одбила сите естетики и стилови на пишување слични на нејзините претходни дела и тие материјали го преработила на нов начин. Нејзиниот нов начин на пишување ги охрабрил феминистките да пишуваат. Романот „Љубовникот“ е објавен во 1984 година, кога имала 70 години и бил бестселер, не само во Франција, туку и низ цела Европа и Америка. Сместен во предвоена Индокина, каде што го минала детството, „Љубовникот“ е очаен, сензуален роман за аферата меѓу 15-годишната француска девојка и 27-годишен Кинез. Овој автобиографски роман ја направи медиумска ѕвезда. „Занесеноста на Лола В. Штајн“ (1964) е еден од најзначајните романи на Дирас, а ликот на Лола е базиран на реална личност. Вака го опишала тоа: „Еден ден отидов во психијатриската болница. Сакав да се грижам за некого и видов една млада жена со сериозно нарушено ментално здравје. Ја зедов со мене, ја одведов во ресторан. Јадеше. Јадеше толку многу и неартикулирано со нејзините раце. Беше навистина многу болна. Тогаш го видов нејзиниот поглед, вкочанет. Размислував за овој карактер цели 10 години и подоцна ја создадов Лола В. Штајн“. Војната, отпорот и бракот. Нејзини најпознати мемоари се „Војна“, напишани додека го чекала сопругот Роберт Анхелме да се врати од концентрациониот логор „Берген-Белсен“. Била храбра, стабилна и издржлива. Ја исполнила својата должност како сопруга, го дочекала, а потоа го негувала. „БергенБелсен“ не бил истребувачки камп како „Аушвиц“ и „Мајданек“, но таму луѓето умирале од болести. Иако веќе не се чувствувала како негова жена, таа се грижела за сопругот и кога тој закрепнал, поднела барање за развод. „Му реков дека сакам развод и оти сакам дете со Дионис. Му реков дека и ако не постоеше Дионис, секако, немаше повеќе да живеам со него“, напишала Дирас. Разводот бил само еден од начините со кој таа ги поттурнувала границите. Но, пред да ја раскаже приказната за негата на Анхелме, пишувала за деновите поминати во исчеку26
ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
Јан Андреа Стајнер, музата на Дирас, 1991, во Трувиљ, кој ја негувал до крајот на животот
- Секогаш имала посебна релација со вистината; - И на 77 години повторно била во центарот на издаваштвото со „Севернокинескиот љубовник“, книга што критиката ја нарече „зашеметувачка и ѓаволска“; - „Сензитивноста зависи од интелигенцијата. Тие се тесно поврзани“; - Станот во кој живеела го опишал еден новинар: „Мала соба со многу прав, преполна со чудни предмети: скршен свеќник во форма на Ајфелова кула, кутија со стари разгледници и многу вреќички чај. Пилули и многу перници, тркалезна маса на средина“;
Уште од Втората светска војна била блиска пријателка со францускиот претседател Франсоа Митеран. Фотографирани во куќата на Дирас, во Трувиљ, средина на 80-тите години
Вечниот дом на Дирас на гробиштата во Монтпарнас, Париз
На Филмскиот фестивал во Хијерес, 1981 година, со режисерот Марсел Мазе
Моник, Маргерит Дирас и првиот сопруг Роберт Антелме во Бока ди Магра, Италија, 1960
- „Деструкција“ е најкористениот збор во нејзините новели, претстави и филмови, каде што се студира себеси со помош на многу „огледала“: се идентификувала толку многу што веќе не правела граница што е автобиографски факт, а што фикција; - Формата на пишување на Дирас е минимална, без многу опишување на карактерите и со многу дијалог. Не ги пишува наративно, туку со психолошко испитување, со сета комплексност и контрадикторност на емоциите; - Таа била експериментална и во филмот. Во „Песната Индија“ (1975) актерката Делфин Сејриг, со уште неколку мажи, одела низ соба во која имало само големо пијано. Танцувале, лежеле на подот, спиеле, плачеле... Како режисерка, велела: „Сакав да ја убијам писателката во мене“;
Со францускиот претседател Франсоа Митеран
www.gragjanski.mk
Вториот сопруг на Дирас, Дионис Масколо, со кого го имала синот Жан
- „Имав силни сексуални стравови, страв од мажите, затоа што немав татко. Не бев силувана, но го почувствував силувањето, како и сите мали девојки“;
- Темата на љубовта меѓу луѓето од различни раси се провлекува низ повеќето романи на Дирас, особено во филмот „Хирошима, љубов моја“, приказна за афера меѓу мажена француска актерка и јапонски архитект. Филмот станал познат по иновативното користење на светлото и паралелната монтажа. Љубовта, особено во раните дела на Дирас, им нуди на нејзините карактери излез од бесцелните животи. Другите начини се алкохолот или лудилото. „Хирошима, љубов моја“ беше номиниран за „Оскар“ за најдобро сценарио;
Заедно со Жерар Депардје, во 1977 година, го снимила „Камион“
Дирас со својот прв сопруг Роберт Антелме, во млади денови Со Јан Андреа Стајнер
- Во романот „Војна“ Дирас ги опишува своите денови во отпорот, кога работела со Франсоа Митеран, кој, заедно со Дионис Масколо (вториот сопруг со кого го добила синот Жан), заминал во Германија, за да го спасат Антелме од концентрационен логор. Антелме бил вратен дома, а Дирас рекла: „Митеран е прекрасен. Во опторот го штитев на улиците. Никогаш заедно не пиевме кафе, но се сакавме многу. Ако постоеше можност за љубов, ние сигурно ќе бевме и љубовници“; - „Јас сум комунистка. Тоа е нешто длабоко во мене, што е неизлечливо. Но, ја напуштив партијата, зашто партијата не значи комунизам сама по себе. Не знам. Немам повеќе надеж за светот“; - „Само глупавите не се плашат“;
Филмот „Хирошима, љубов моја“ на Дирас стана култна класика
сабота, 21 јули 2012
- Страв, очајување, отуѓување се темите што ја окупирале уште од дете. Подоцна била фасцинирана и од злостроството од страст, за кое пишува во романот „Модерато кантабиле“, од 1985 година;
вање, кога со часови ги читала списоците на погинатите војници и на оние што се вратиле дома. Додека чекала, во септември 1944 година го создала весникот „Либрес“ за да им ги пренесе информациите за движењето на војниците и затворениците, на нивните семејства и пријатели. За време на војната го напишала романот „Господинот Икс, тука наречен Пјер Рабиер“. Кога Гестапо го уапсил нејзиниот сопруг, единствен начин за да комуницира со него било преку Рабиер, германски офицер со кој имала бурна врска. Тој бил дел од Гестапо, а таа активна во француското движење на отпорот и при секоја средба со него му кажувала дека е свесна во колкава опасност е самата, дека со тоа може да ги стави во опасност и сопругот и пријателите. Но, нивните средби продолжиле. Знаела дека само така може да им помогне на отпорот и на сопругот. Тешки битки. Тешката „бура“ поминала и во текот на лекувањето од алкохолизам во 1982 година. „Пиев затоа што бев алкохоличарка. Јас сум вистински писател, а бев и вистинска алкохоличарка. Пиев црвено вино сè додека не заспиев. Некогаш и цел коњак за една вечер. Секој час пиев по една чаша вино, наутро веднаш по кафето, пиев коњак, а во меѓувреме пишував. Она на што се чудам сега, кога ќе погледнам назад во времето, е како воопшто сум успевала да пишувам во таква состојба“. За оваа нејзина „болест“ и за срамот што го доживеала како алкохоличарка, изјавила: „Кога е пијана, жената е како пијано животно или дете. Алкохолизмот е скандалозен за жените, жените алкохоличарки се ретки и се сериозен проблем.“ Но, најтешкиот период ì бил во 1988 година, кога паднала во кома и било вистинско чудо кога по неколку месеци се разбудила. Поради компликациите со дишењето, таа до крајот на животот имала рез од трахеотомијата (засек во трахејата за отстранување пречки во дишењето) и жичен ѓердан со сребрено копче на средина. Истата година, непосредно пред комата, имала телевизиско интервју што траело четири часа. Зборувала постојано гледајќи во камерата, а потоа молчела. Многу мал дел од тоа интервју бил пуштен во етер. Јан Андреа - нејзин спасител. Творештвото на Дирас од 1980 до 1990 година било во сенката на нејзиниот алкохолизам. Во 1979 година, на 65-годишна возраст, француската икона била истоштена, креативно испразнета, опивајќи се до бесознание. Единствено нешто што ја одржувало во живот било пишувањето писма до измислени адреси, кои потоа ì послужиле како белешки за романи. Таму напишала: „Мора да престанам да пијам, мора да легнам порано за да можам да пишувам“. И покрај возбудливиот политички и уметнички живот, била многу осамена и тој факт ì ја „гризел“ душата и ì ја поткопувал креативноста. Тоа бил периодот кога младиот студент по име Јан Андре почнал да ì пишува, воодушевен од нејзините романи до точка на опсесија. Студирал во Каен, во северниот дел од
Франција и ì пишувал шармантни, восхитувачки писма, но таа не му возвраќала. Во 1979 година отпатувала во Каен како гостинка на универзитетскиот филмски клуб, каде што била организирана дебата за нејзиниот филм „Песната Индија“. Јан бил во групата студенти кои ја придружувале во бистрото. На крајот на вечерта ì се претставил и се понудил да ја испрати до автомобилот. По таа вечер Дирас му одговорила на писмата. Следниот пат, воодушевена од неговото обожавање, му пишала повторно, уште поексплицитно. Му пишувала за алкохолизмот и за својот интимен живот, а тој толку се исплашил што не ì пишал неколку месеци. Му требало време за да ја спои Дирас од своите фантазии со вистинската. Но, во 1980 година ì телефонирал и по неколку дена ја посетил во нејзиниот стан во Трувиљ, кој станал негов дом. Од моментот кога стапнал таму станал нејзина муза, милениче и роб. Имале бурна врска: „Не знам кој си“, му велела додека го бркала од дома, но тој повторно ì се враќал. „Во реален живот“ (1987) пишувала за својот живот со Јан. Тој ја поттикнувал да оди на лекување и во октомври 1982 година отишла во американската болница во Париз. По враќањето дома мислела дека нејзиниот апартман е полн со непознати луѓе. Јан ја убедувал дека нема никој, но безнадежно; за да ја задоволи неколку пати ја отворал и ја затворал вратата за измислените гости. Го окупирала неговото време и внимание, ја демантирала неговата апсолутна лојалност. Ја почнале врската во нејзиниот алкохолен хаос, но тој ì го продолжил животот со тоа што ја одвел на детоксикација во најкритичниот момент. „Не можам да живеам без неа. Таа е дрога, а јас сум нејзиниот центар. Никој дотогаш не ме сакал како Маргерит. Нејзиното пишување за сето тоа, за страста, не ме убива. Јас не сум веќе јас, Јан, но, таа направи да постојам со моќ на уште илјада мажи“, напишал во биографијата за Дирас. Со годините и со пиењето имала сè поголеми проблеми со личноста: станувала суетна, контролирачки настроена, ирационална и депресивна. Веројатно ниту еден млад маж не би ја зел обврската да се грижи за стара, разгалена примадона. Но, случајот на Јан е сосема поинаков. Нивната врска не била рај, зашто Јан бил хомосексуалец. Маргерит никогаш не можела да го прифати тоа, но знаела дека тој бил таму само за неа. Нивната врска е опишана во нејзината последна книга „Тоа е сè“ (1995), каде што му напишала: „Те сакам, збогум“. Живеела со него сè до смртта на 3 номеври 1996 година. Маргерит Дирас била несекојдневна личност - нејзините поранешни пријатели, љубовници и сопрузи сведочеле за тоа, за нејзиниот шарм и виталност. Била заштитничка на слабите и на немоќните, бестрашна членка на француското движење на отпорот и писателка со необичен стил, со голем придонес во литературата и во филмот. 27
ЕДНА ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДНА | ТЕМА | ИНТЕРВЈУ | АНАЛИЗА | ФАКТОГРАФИКА
КВОРУМ
Љубчо Георгиевски: Со Србија ќе успеевме полесно
„Хумана“ размена втор пат
ВМРО-ДПМНЕ: Ние се разидовме со Љубчо
Веќе девет години ВМРО-ДПМНЕ и Љубчо Георгиевски имаат различна платформа. Денес СДСМ е во коалиција со Георгиевски, што значи дека СДСМ ги споделува истите политики, вредности, принципи, платформа и концепт како треба да се управува Македонија
Со Ѓинѓиќ два пати ја отвориме темата на поделба на територии и бевме на мислење дека ако Македонија и Србија заедно влезат во тој проект, полесно ќе ја убедевме меѓународната заедница дека тој проект е успешен. Албанците ќе го прифатеа тој проект многу лесно затоа што ќе имаа решени проблеми со Србија и со Македонија
Арбен Џафери: Гласно го кажува она за што се шепоти
СДСМ: Ние спречивме поделба во 2001
Kога нема коректно решение за грст проблеми со кои се соочува Македонија, сигурно дека таквите мислења тлеат. Георгиевски е малку поискрен од другите и зборува отворено за прашања за кои се зборува во сите домови, во сите кругови, само таквите разговори се неформални
Нашиот став за поделба на Македонија и за размена на територии е јасен и непроменлив. Токму во 2001 година се спротивставивме и одигравме главна улога да не се спроведе поделбата на Македонија. Што правеше во тој период Никола Груевски, омилениот министер во владата на Љубчо Георгиевски?
Слободан Чашуле: Немал мандат за поделба
Бујар Османи: Знаевме дека има тајни договори
Георгиевски не смеел ниту имал мандат да разговара со Ѓинѓиќ за размена на територии и на население. Идеите или разговорите за размена на територии и население се антиевропски, поради тоа што темелна вредност на ЕУ е обединување на сите држави и бришење на границите
Ако изминативе 10 години ги следите нашите изјави, ќе видите дека цело време укажуваме оти постоеле договори и меѓу Милошевиќ и Мицотакис, и меѓу Ѓинѓиќ и Георгиевски за поделба на Македонија. Наш став е дека сме против поделба и против промена на границите
Владимир Божиновски: СДСМ да се огради од Георгиевски Сегашните соработници од СДСМ мора веднаш да се оградат и да ги осудат изјавите на лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски
Љубчо Георгиевски тврди дека разговарал неформално со поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ за размена на територии и поделба на Косово. Георгиевски го кажа ова во интервју за Хрватската телевизија, напомнувајќи дека, што се однесува до Македонија, се мислело на размена на територии (со Албанија) од Тетово до Дебар и кај Преспанско Езеро. Времето во кое се одвивале овие разговори не е прецизирано, но слична идеја за размена на територии со Албанија беше објавена во 2001 година, како предлог од некои кругови од МАНУ и беше поддржана од тогашниот премиер Георгиевски сабота, 21 јули 2012
29
Црта
Катерина Блажевска
Тошо Борковиќ, Србија Светската галерија на карикатури „Остен“
Моралис На кантар студен со туч ја мерат, а можат да ја измерат само маката на една Фикрета Јахиќ и неколку регионални турбо-фолк и поп-ѕвезди. „Субвенциите“, со кои тие си заминаа од Прилеп по она што го испорачаа на сцената, се слика и прилика за македонскиот културен провинцијализам
К
Колку посиромашни граѓани, толку побогата понуда за прослави на потемкиновото секојдневје
30
ога во 2005 година во Шпанија е скован терминот „милеурист“, тоа означувало лице што живее со 1.000 евра месечно. Тоа бил кус, симболичен опис за безнадежната положба на младите работници со ниски плати. Седум години подоцна, економската криза драматично го измени значењето на оваа кованица, па денес да се биде милеурист е нешто кон што се тежнее, речиси недостижен идеал. Денес мнозинството високообразовани луѓе се нимилеуристи (ни илјада евра). Не само во Шпанија. Вирусот се шири низ Европа. Од една страна, огромна армија нимилеуристи, од друга, мала елита мултимилеуристи. Македонија како да е исклучок од оваа приказна, без оглед што немаме кованица за платите од 150 до 300 евра. Не велам дека просечните граѓани овде некогаш биле милеуристи. Не го велат тоа ни новите податоци на Светска банка за сиромаштијата во земјава, не го вели тоа ни статистиката за просечната или најнискаwww.gragjanski.mk
сти и милеуристи та плата. Напротив. Граѓаните се само милеуристичка платформа за една мегаломанска политика, која во нивно име секој ден лицитира со милионски суми за разни капитални набавки - од болнички пижами до тампони за уши, за колосални споменици, фонтани, за инвазивна пропаганда што стана камен-темелник за градежни инвестиции потпрени врз ненаплатени долгови и идни задолжници. Колку посиромашни граѓани, толку побогата понуда за прослави на потемкиновото секојдневје. Во таква атмосфера на дисбалансирање на реалните потреби на граѓаните и пропагандната понуда, се губи чувството за реалност. Стандардот е трампан за колективни празнувања на сè и сешто, немаштијата еднократно се анестезира со локални фестивали. На сцената доминираат евтин леб и милеуристички игри. Типичен пример за тоа е и неодамнешниот „Пивофест“. Гледам дека и власта и опозицијата се исклучително задоволни од прославата на 10- годишнината од оваа, според структура и реализација, панаѓурска манифестација, која доживеа невиден медиумски
третман. Но, од партиските елити и не очекувам поинаков став. Во нивниот вредносен систем, неколкутонскиот промет на скара, испиено пиво и евтините ноти е максимумот што можат да му го понудат на овој немилеуристички тутунарски крај, во кој „на кантар студен со туч ја мерат“, а можат да ја измерат само маката на една Фикрета Јахиќ, алијас Лепа Брена, и неколку регионални турбо-фолк и поп-ѕвезди. „Субвенциите“, со кои тие си заминаа од Прилеп по она што го испорачаа на сцената, се слика и прилика за македонскиот културен провинцијализам кој сака да се претстави како милеурист што не жали пари за „културата“. Не ми е јасно како Влатко Стефановски, музички прволигаш, заглави во тоа шарено естрадно друштво, освен, можеби, поради сентимент кон родниот град. Но, и тој емотивен компромис му дава идентичен легитимитет на пазарот на малограѓанштина. Очекував од Влатко еден вид субверзија, отпор против турбо-фолкот, против невкусот. Имам право да го очекувам тоа од музичка икона што се обидува и името на својата
ОЧЕКУВАВ ОД ВЛАТКО СУБВЕРЗИЈА ПРОТИВ ТУРБОФОЛКОТ, НЕВКУСОТ. ИМАМ ПРАВО ТОА ДА ГО ОЧЕКУВАМ ОД МУЗИЧКА ИКОНА ШТО СЕ ОБИДУВА И ИМЕТО НА СВОЈАТА УЛИЦА ДА ГО ЗАШТИТИ ПО УГЛЕДОТ НА АBBEY ROAD. НО, СЕ ПЛАШАМ ДЕКА „МЕКСИЧКА“ ПОПРВО ЌЕ СТАНЕ ЛЕСКОВАЧКА (МУЌКАЛИЦА) ОТКОЛКУ ПЕТРЕ ПИРУЗЕ сабота, 21 јули 2012
улица да го заштити по угледот на Аbbey road. Ама, принципите се бранат секој ден на секое место, со секој гест. И кога си во Прилеп, и кога си во Скопје, и кога си во Лондон. Во вакви „културни околности“, со право стравувам дека улицата „Мексичка“ попрво ќе стане Лесковачка (муќкалица) отколку Петре Пирузе. Дури и кога интуитивно ги препознаваме разликите меѓу културата и нејзината искривоколчена панаѓурска верзија, ние не ги разбираме целосно вредностите на културата. Не сме во состојба да ги толкуваме, применуваме, разменуваме, продлабочуваме, затоа што се наши само декларативно. Затоа што не се вистински усвоени. До нас не допира нивната смисла, цел, суштина, па, според тоа, ултимативно до нас не допира ни нивниот учинок. Да не бидам погрешно сфатена. Од никого не очекувам да биде дежурен моралист. Само се надевам на елементарна принципиелност. Знам дека ниедна власт никогаш не ги сакала моралистите, а денес, како никогаш досега, се маргинализирани и оценети како совршено непотребни. Ова е време за спонзори, на нарачки, на милеуристи и на политички егзибиционисти, кои имаат конфликт на интереси со системот на културни вредности. Искуството на субверзивноста, пак, својствено на моралистот, е негово лично искуство. Точно ја знае нејзината цена, бидејќи сам ја плаќа. Но, во секое време може да биде свој и со гордост може да каже – да, тоа сум јас. C’est moi. Гледам многу луѓе, ама ретко некој може да викне тоа сум јас. Луѓето молчат, мултимилеуристите и натаму го држат главниот збор. 31
Интервју
Корина Стратулат
експерт за Балканот во Центарот за европски политики - Брисел
Филе сака да ја врати Македонија на европскиот пат Помеките тонови што ги испраќа еврокомесарот за проширување кажуваат дека Европската комисија се обидува да ја охрабри и мотивира Македонија за да ја врати на патот на европска интеграција # Не верувам во тоа. Не е важно што би сакала или не ЕК. Она што е значајно се реформите на секоја од земјите-аспиранти. Секој во ЕУ и на Балканот би сакал да ги види овие земји поблиску до ЕУ, но стартот на пристапните преговори останува условен со способноста на овие земји да покажат солидни реформи. Секоја балканска земја ќе напредува кон ЕУ тогаш кога ќе биде заклучено дека е подготвена. Со оглед на тоа што балканските земји се на различни нивоа на подготовка и бидејќи секоја од нив има свои специфични проблеми, не верувам дека е можно да се зборува за групирање на земјите, како што беше случај со Романија и Бугарија.
Разговараше Светлана Јовановска
О
на што претставниците на Европската унија не можат отворено да го кажат и го „шифрираат“ во дипломатски пораки, потоа отворено и јасно го „дешифрираат“ неколку тинк-тенк организации со седиште во Брисел. Една од највлијателните меѓу нив е Центарот за европски политики, чија експертка за Балканот, Корина Стратулат, во интервју за „Граѓански“ го анализира актуелниот статус во европско-македонските односи. Во фокусот се Пристапниот дијалог на високо ниво и евидентната промена во тонот на оценките на Европската комисија за состојбите во Македонија.
$ Се добива впечаток дека Европската комисија (ЕК) би сакала да започне преговори со повеќе балкански земји, а не само со Црна Гора, и дека ги турка земјите-членки на ЕУ за посилна политичка определба за нивно конечно членство во ЕУ, слично како што беше случај со Романија и Бугарија. Го делите ли Вие овој впечаток? 32
Македонските политичари се задолжени за иднината на земјата, а не ЕУ. Унијата може да помага, но не е способна да ја заврши работата што стои пред Македонија
$ ЕК бара од овие земји вистинска борба против корупцијата и се колне дека ја научила бугарската и романската лекција во оваа област. Ќе биде ли така или истата приказна ќе се повтори и со Србија, Црна Гора, Албанија... ? # Борбата против корупцијата е во срцето на работата на ЕК и на ЕУ во регионот. Овие работи се интегрален дел од она што се нарекува „добро владеење“, а тоа значи – правна држава, независно судство, заштита на човековите и на малцинските права, ефикасна јавна администрација и
борба против корупцијата и организираниот криминал. Хрватска беше прва што ја заврши оваа ригорозна трка, а останатите балкански аспиранти ќе треба да го изодат истиот пат. Всушност, имајќи го предвид хрватското искуство со поглавјата 23 и 24, кои покажаа дека ова се тешки реформски области за кои е потребно време, Црна Гора ќе мора да почне да преговара со ЕУ токму со овие поглавја. И не само тоа. Фактот дека ЕУ сега бара од аспирантите да покажат солидна примена во овие области и тоа што ЕК додаде различни бенчмаркови при отворањето и затворањето на поглавјата, потоа акциски планови, заштитни клаузули и корективни механизми во преговорите, покажува дека ЕУ е многу сериозна по ова прашање и дека значително ги има подобрено своите инструменти на ова поле од времето кога се преговараше со Бугарија и со Романија.
$ ЕК започна Пристапен дијалог на
високо ниво (ПДВН) со Македонија во март, а слична форма има и со Босна и Херцеговина. Имајќи ги на ум европските тешкотии во овој момент, дали овој нов пристап кон Балканот е дизајниран да помогне да се чекори побрзо кон ЕУ? # Мислам оти нема сомнение дека е дизајwww.gragjanski.mk
Интервју
ДИЈАЛОГОТ СО ЕК МОЖЕ ДА Ì ПОМОГНЕ НА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ОТВОРАЊЕ ПРЕГОВОРИ, НО ОДЛУКАТА ЗА НИВНИОТ СТАРТ Е КАЈ ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ НА ЕУ, А НЕ КАЈ КОМИСИЈАТА
ниран за да им помогне на земјите побрзо да напредуваат. Ако се согласиме со тоа дека пред овој дијалог односите меѓу ЕУ и Македонија беа заглавени, основата што ја има сега за да се продолжи со неопходните реформи, според мое мислење, е позитивен развој. Сепак, топката е во рацете на Македонија: добрите намери зад дијалогот ќе профункционираат и ќе станат реалност во Македонија само доколку таа ги направи специфичните реформи.
$ Дали гледате вистинска политичка
волја во ЕУ да се оди напред со проширување кон Балканот? # Во заднината на сè посилната економска криза, јасно е дека политичката волја во земјите-членки на ЕУ да се продолжи со проширувањето кон Балканот е помалку очигледна од порано. Земјите-членки сега се преокупирани со решавањето на внатрешните проблеми. Оттука, тие стануваат сè повнимателни и сè повеќе бараат од земјите-аспиранти. Ако ништо друго, тогаш барем за да ја намалат загриженоста кај својот домашен електорат од потенцијалните негативни последици од проширувањето. Ова може да влијае врз ритамот на интеграцијата, забавувајќи го процесот сè додека аспирантите не успеат да ги исполнат стриктните услови. Сепак, геостратегиската логика на изградба на мир со ширење кон Балканот останува да важи во ЕУ и земјите-членки ќе го продолжат тој процес.
$ Дали и Вие имате впечаток дека во
последно време се менува расположението на ЕК кон Македонија? По отворените закани на комесарот Штефан Филе минатата есен дека препораката за преговори би можела да не биде повторена ако реформите не тргнат напред, сега ЕК е задоволна од македонските реформски напори. # Мислам дека забелешките на комесарот Филе се рефлексија на вистинската загриженост во ЕУ поради застојот, па дури би рекла и назадувањето, на важните реформски пробиви во Македонија. Фактот дека тонот од Комисијата сега е помек, всушност, кажува дека ЕУ се обидува да ја охрабри и мотивира Македонија во контекст на ПДВН за да се врати на патот на европската интеграција.
$ Во ЕК се прилично сигурни дека овој дијалог ќе ѝ помогне на Македонија, конечно, да ги започне преговорите за членство без решен спор со Грција. Дали и Вие го делите овој оптимизам на Комисијата и ако одговорот е потврден, како би се направило тоа? # Ако добро разбирам, дијалогот, пред сè, е дизајниран за да се врати Македонија на патот на реформите и да се спречи земјата да заостанува во подготовките кон ЕУ. Тоа, исто така, е начин за Комисијата да ја потврди европската перспектива за земјата сабота, 21 јули 2012
Во Брисел постои загриженост за ситуацијата во Македонија и сметам дека ЕУ вистински посакува да се реши спорот со Грција и ситуацијата да се деблокира
во отсуство, засега, на можност да се стартува со преговори. Исто така, тоа е за ЕУ начин да се обиде да му ја врати довербата на народот во Македонија и да покаже дека продолжува процесот на интеграција. Конечно, дијалогот може да биде виден и како европски повик до политичките елити во Македонија да сфатат дека овие реформи се неопходни и мора да продолжат, без оглед на ритамот на интеграцијата во ЕУ, затоа што тие се витални и се во интерес на самата земја. Сепак, едно мора да биде јасно. Дијалогот со ЕК може да ѝ помогне на Македонија да се подготви за отворање преговори, но одлуката за нивниот старт е во рацете на земјите-членки на ЕУ, а не кај Комисијата.
$ Дали мислите дека ЕК, можеби, смета на грчката кревкост во овој момент и мисли дека е полесно да се изврши притисок врз Атина да ја пушти Македонија да преговара без решен спор? # Не, не верувам. Не верувам дека ЕУ ќе се впушти во таква акција од причините што ги наведов во претходниот одговор. $ Дали детектирате вистинска политичка волја во Скопје и во Атина за решавање на спорот? # Изјавите на поддршка и добри намери што доаѓаат од сите страни имаат значење единствено доколку се претворат во акција. Во споротивно, тие ништо не значат. $ Спорот за името ја блокира Македо-
нија и создава фрустрации во земјата, па дури, може да се рече, дека ја намалува поддршката за ЕУ кај јавноста која, пак, е уверена дека токму Унијата носи голем дел од одговорноста за македонската ситуација? # Мислам дека би било подобро фокусирање на тоа што може да направи Македонија сама за себе, без оглед на тоа што ѝ нуди ЕУ. Македонските политички лидери мора да станат „сопственици“ на реформите, бидејќи, пред сè, е во нивни интерес земјата да се развие и да напредува, а не затоа што така сака ЕУ. Македонските политичари се задолжени за иднината на земјата, а не ЕУ. ЕУ може да помага, но не е способна да ја заврши работата што стои пред Македонија.
$ Сметате ли дека би требало ЕУ по-
веќе да се ангажира во решавањето на овој спор? Или Брисел е изморен од него? # Мислам дека постои мал замор од ова прашање. Не сум сигурна дали ЕУ треба
повеќе да се ангажира во спорот. Во секој случај, двете земји треба да го решат проблемот. ЕУ не може да одлучува наместо нив.
$ Каков е македонскиот имиџ моментно во Брисел, според Вас, бидејќи Вие добро ги познавате политичкиот пејзаж и институциите? # Мислам дека, генерално, постои загриженост за ситуацијата во Македонија и сметам дека ЕУ вистински посакува да се реши спорот со Грција и ситуацијата да се деблокира. Но, истовремено очекува и напредок на реформите. $ Во последните месеци видовме и меѓуетнички тензии во Македонија, и покрај примената на Охридскиот договор. Според вас, на што се должат тие? # Тие се јасен сигнал за фрустрацијата поради застојот во реформите и европската интеграција, на што како да не му се гледа крајот. $ Знаеме дека ЕК го критикува недостигот од слобода на медиумите во Македонија и на Балканот, генерално. Каков би бил Вашиот одговор до оние што велат дека ЕУ не може да дели лекции по ова прашање, бидејќи оваа слобода не е на највисоко ниво и во Унијата, особено во Романија или Бугарија? # Повторно ќе речам дека Македонија треба да се грижи за своите проблеми. Проблемите со медиумите во Бугарија или во Романија нема да ги решат македонските во оваа област. Да, се согласувам дека е важно ЕУ да покаже пример. Важно е сите услови што се поставени пред другите да бидат почитувани и во ЕУ. Потребата за хармонизирање на условите кон земјитеаспиранти со обврските на земјите-членки е проблем на кој ќе треба да се работи, ако ништо друго, тогаш барем за да се избегнат двојни стандарди. Балканските земји треба да разберат дека реформите што се бараат од нив се во нивни интерес. $ Да се осврнеме накусо на регионот и на неговата интеграција во ЕУ. Дали ги гледате сите балкански земји, или некои од нив, во ЕУ во 2020 година? # Не сакам да прогнозирам. Мислам дека е битно тоа што ЕУ останува решена да продолжи со проширувањето кон Балканот и дека овие земји ќе влезат кога ќе бидат подготвени. Двете страни – и ЕУ и Балканот – мора да го завршат својот дел од работата, без да се форсира со датуми за членство. 33
Политика
ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА СО ИСТ ТЕРК ЗА ПРОБЛЕМАТИЧНИТЕ ЗЕМЈИ
За нас уникатно, за Брисел шаблон Откако Европската комисија (ЕК) и Македонија во март почнаа Пристапен дијалог на високо ниво, од пред дветри недели Босна и Херцеговина и ЕК водат Дијалог на високо ниво за пристапниот процес, а според истиот терк, во Структурен дијалог, опишан како форум на високо ниво, од неодамна се Косово и ЕК
Д
БиХ
(висок дијалог)
Србија
(пред преговори)
Пишува Васко Попетревски
ијалогот меѓу Европската комисија (ЕК) и Македонија, претставен како уникатен и креативен модел, добива конфекциски димензии. Истата кројка ЕК ја рециклира кај сите земји во регионот што заостануваат или се блокирани во евроинтеграциите. Притоа, не е иста или слична само методологијата на процесот, туку и името. Откако ЕК и Македонија во март почнаа Пристапен дијалог на високо ниво (ПДВН), од пред две-три недели Босна и Херцеговина ЕК и водат Дијалог на високо ниво за пристапниот процес. Според истиот терк, веќе еден и пол месец во Структурен дијалог, опишан како форум на високо ниво, се Косово и ЕК. И Турција од мај има сличен дијалог со Европската комисија со т.н. „позитивна агенда“. Во сите процеси има патоказ со задачи што треба да ги исполни земјата-аспирант, во сите ЕК ја претставува еврокомесарот за проширување, a државата - нејзиното највисоко политичко раководство. -Сите овие процеси, кои се многу слични според методологијата, се одвиваат на високо политичко ниво за Комисијата да биде сигурна дека ветеното ќе се исполни. ЕК се обидува со флексибилен инструмент да ги третира најгорливите проблеми во овие држави – вели Бојан Маричиќ, про34
Црна Гора
(преговори во тек)
Косово
(висок дијалог)
Македонија (висок дијалог)
Албанија
(пред кандидатски статус)
грамски координатор во Македонскиот центар за високо образование, магистер по европско право и по модерни европски студии од универзитетите во Амстердам и во Лондон. Тој, сепак, објаснува дека суштината и целта на процесите варираат од една до друга држава, во зависност од фазата во која се наоѓа на патот кон ЕУ. Кај Македонија се цели кон задржување на оценката
за исполнетост на политичкиот критериум и чист пат за отворање на пристапните преговори. Кај Босна и Херцеговина кон успешна координација за комплицираниот државен систем да зборува во еден глас и поднесување кредибилна апликација за членство во ЕУ до крајот на годинава. Кај Косово целта е преку контрола на владеењето на правото да се обезбеди успешен трансфер на надлежности од ЕУЛЕКС на косовските институции и напредок во визната либерализација. www.gragjanski.mk
Политика Поделен Западен Балкан. Не е потребна длабинска анализа за да се каже дека сите земји вклучени во некаков „висок дијалог“ со ЕК имаат и некаков голем проблем што ги спречува нормално да го одат патот кон членство за разлика од останатите држави од Западен Балкан Црна Гора, Србија и Албанија, кои остануваат со „редовниот“ пристапен процес. Дали со отворањето на овие процеси, Комисијата де факто го дели регионот на два дела и дали е ова нова потврда за нејасната европска перспектива на Македонија, БиХ и на Косово, се легитимни дилемите што се наметнуваат со новиот пристап на тимот на Штефан Филе. -Не би рекол дека станува збор на поделба во два блока, но самата реалност во регионот го наметнува овој пристап на Комисијата. Ако ја анализираме ситуацијата во Македонија и во другите земји, ќе видиме дека постои елемент на заеднички именител – сериозни предизвици што спречуваат консензус меѓу земјите-членки за да понудат отворање преговори. Преку воведување неофицијални процеси, Комисијата има за цел да го оправда влогот во регионот пред земјите-членки, без разлика на нејасната перспектива. Намалениот ентузијазам за прием на нови земји и финансиската криза се само дополнителни причини за продолжување на пристапниот процес преку воведување механизми за засилен надзор, без понуда на јасна и догледна перспектива за членство – толкува Александар Јованоски, програмски координатор во Институтот за европска политика, магистер по европска политичка интеграција од универзитетот во Брисел, со повеќегодишно работно искуство во владиниот Секретаријат за европски прашања. Маричиќ, пак, потсетува дека за сите држави од Западен Балкан е јасно одредена ЕУ-перспективата уште со Солунската декларација во 2003 година. Воведувањето дополнителни инструменти, смета тој, е обид да се зачува и кристализира оваа перспектива, а не таа да биде нејасна. Клучот за „дијалозите на високо ниво“ е во определбата на европските институции прашањата за владеење на правото, за борба со криминалот и корупцијата и човековите права (инаку поглавја 23 и 24 од преговорите) да ги отворат први и да ги затворат последни во пристапните преговори. Ова, вели Маричиќ, е научена лекција од преговорите со Бугарија, Романија и со Хрватска, кога реформите во овие области се покажаа нестабилни и, можеби, Комисијата сфатила дека е подобро да се дејствува превентивно отколку да се воведуваат мониторинг-механизми по членството во ЕУ. -Но, вистинското прашање за Македонија е зошто од држава-лидер во евроинтеграциите на Западен Балкан дојде сабота, 21 јули 2012
Петар Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефaн Филе
Не го делиме регионот на групи $ Европската комисија отвори процеси со Босна и Херцеговина и со Косово, а кои се многу слични со Пристапниот дијалог на високо ниво со Македонија. Дали е тоа еден вид поделба на Западен Балкан на два дела – првиот претставен од Црна Гора, Србија и Албанија што се движи според вообичаената нормална процедура, и вториот составен од Македонија, БиХ и Косово со нејасна европска перспектива? # Нема поделба на регионот на
различни групи или категории. Секоја земја-кандидат или потенцијален кандидат напредува според сопствените заслуги. Комисијата им помага на земјите-кандидати и потенцијални кандидати на најадекватен начин, соодветно на нивната специфична ситуација и предизвици. Со секоја од нив се одвиваат регуларни контакти во рамките на процесот за стабилизација и асоцијација, но и
Александар Јованоски
Реалноста во регионот го наметнува овој пристап на Комисијата
Бојан Маричиќ „Високите дијалози“ се обид да се зачува и кристализира ЕУперспективата
за специфични прашања, како то е, на пример, дијалогот за визна либерализација. Во таа смисла, Пристапниот дијалог на високо ниво со вашата земја има за цел да ја поддржи земјата да го одржи моментумот на реформи додека не бидат отворени пристапните преговори. Тој е фокусиран на пет главни области: медиуми, владеење на правото, реформи на јавната администрација, изборна реформа и економија. Дијалогот на високо ниво за пристапниот процес со БиХ, и покрај сличното име, има важни разлики. Тој има за цел да ја поддржи БиХ во воспоставувањето механизми за внатрешна координација, кои би биле клучни за ефикасна имплементација на европското законодавство и би ì овозможиле на државата да зборува во еден глас во идните пристапни преговори. Во таа насока, тој ì помага на државата во нејзините напори да подготви кредибилна апликација за членство. Структурниот дијалог за
во ситуација, во последните неколку години, да назадува кон групата на т.н. „недовршени држави“. Не можеме да тврдиме дека само проблемот со името или светската економска криза се виновни што ние заостанавме во регионалното движење кон ЕУ. Затоа треба да погледнеме дали политичката волја и квалитетот на реформите во последните петшест години се доволни, бидејќи токму во овој период бележиме назадувања – смета Маричиќ. Без преценувања и потценувања. Ако целта на Комисијата беше да се запре ова назадување во реформите, досегашниот тек на ПДВН остава сомневања колку квалитетно се прави тоа. Понудените решенија во две клучни области од Дијалогот - слободата на изразување и изборната реформа - се предмет на критика од засегнатите страни, стручната јавност, па и од меѓународните претставници. -ПДВН нуди концепт за одржување одредена динамика во реформите, со цел да се обезбеди најмалку повторување на препораката за почеток на преговори. ПДВН може да има позитивен ефект единствено ако владата суштински ги реализира заклучоците утврдени на почетокот на процесот, а тоа значи значителен напредок во дефинираните области, иницирање и одржување вна-
владеење на правото со Косово се фокусира на конкретен напредок во клучните прашања на областа, пред сè, во судството и борбата против корупцијата и организираниот криминал, од рана фаза.
$ Пристапниот дијалог на високо ниво со Македонија не е спомнат во ниту еден официјален документ на Советот на ЕУ. Зошто? # ПДВН почна во 2012 година како иницијатива на Европската комисија. И покрај тоа, Комисијата регуларно го брифира Советот за напредокот во спроведувањето на патоказот во рамките на ПДВН. Ова формално ќе се дискутира на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ на 24 јули.
трешен дијалог за клучните приоритети меѓу сите засегнати страни и искористување на „вежбата“ за покажување досие на успешност пред Комисијата и земјите-членки – вели Јованоски. Според Маричиќ, главниот недостиг на ПДВН е тоа што оперативниот патоказ има повеќе технички отколку суштински пристап, што значи дека се грижи само за техничко донесување мерки и исполнување рокови, без вистинско решавање на проблемите. -Позитивно е што овој дијалог е замислен како инклузивен. Тоа значи дека тој не смее да се одвива само на ниво Влада Европска комисија, туку се очекува вклученост и придонес од институциите, од опозицијата и, најважно, од граѓанските организации и од интересните групи - синдикати, медиуми, комори... Тоа значи дека во сите фази треба да бидат консултирани засегнатите страни и дијалогот да се одвива транспарентно за да знаеме какви обврски точно преземале нашите институции и во кој рок – вели Маричиќ. Тој потенцира дека најважен предуслов за ПДВН да има позитивни ефекти е да не се преценува ниту потценува. Важно е сите да знаат дека ПДВН не е замена за преговорите ниту, пак, скратен пат до членство во ЕУ, туку решавање на крупни прашања како подготовка за вистинските пристапни преговори. 35
Анализа
Патот на националнот На ВМРО-ДПМНЕ му претстои да се ослободи од јадицата фрлена од Каравангелис и да се држи за македонизам изведен од Република Македонија, која е наше дело, а не на Александар од пред два и пол милениума, на татко му и на дедо му
Пишува Димитар Димитров Бугари! Бугари! Извици на демонстранти пред Градското собрание на Скопје, 2012 Александров, најголем македонски револуционер… Стојан Христов, 1935 Нема Чекаларов – нема Македонија! Извици на грчки војници над отсечената глава на војводата на ВМРО, 1913 Тука ќе биде српска земја и за бугарашите ќе нема место! Глигор Соколов(иќ), 1905 Вие сте Грци од времето на Александар Велики… Германос Каравангелис, во обраќање на Коте Христов
Горната ретроспективна евокација на неколку противречни мотиви од минатото, кои, сами по себе, се сенки на одот по маките на македонската држава и нација, како сеништа ни стојат на патот и уште ни го матат умот и прават да се черечиме поради протечените води, наместо да се грижиме и да си го негуваме езерото во кое тие се влеале и се стопиле – во лицето/името на Република Македонија. Повод е немирот што го предизвикаа спомениците (особено на Александров) и преименувањето на скопските улици (особено именувањето на мост и улица по Александров). Повод можеа да бидат одбележувањата на значајни годишнини и државните празници, кои ги дочекуваме повеќе како моменти на раздор, отколку како мигови на радост и споделување. Намерно ги наредив цитатите во обратна хронолошка низа, исходувајќи од реалноста на нашата актуелна држава, која пред дваесетина години ние сами ја направивме – самостојна, држава меѓу држави, нација меѓу нации. Од таа позиција, и демонстрантите пред Градското собрание, и членовите на Градскиот совет, одговорни за имињата на улиците, се Македонци, па извиците на демонстрантите се депласирани. Очевидно, квалификацијата на демонстрантите има идеолошка конотација, посредувана преку идентитетот на Александров, рако-
Мотивот на античките Македонци ни го подметнале грчките националисти во еден коктел од географија и етнографија, по Берлинскиот конгрес, за да не дојде до Република Македонија. По која логика денес тој мотив може да има спротивна функција? 36
водителот на ВМРО во годините на српската окупација. Александров е Бугарин во овој силогизам, па кој е со Александров - Бугарин е. Ако членовите на Градскиот совет крстеле улица и мост по него, и тие се Бугари. (Случајно или намерно, Тодоровиот мост е на булеварот „Србија“: никој не експлицира силогизам според името на тој булевар. А во овој спој да се види симболика за премостување на минатиот антагонизам – за национално помирување?) Негативниот идеолошки портрет на Александров е дедуциран од негативниот мит за ВМРО и се одржуваше неприкосновено зад железната завеса на поделената Европа. Дотолку можеме да си простиме за нашата неинформираност или индоктринација. Но, кренатата завеса значи светлина, светлината значи вистина. Зад нас препознаваме една поделена микрореалност на два спротивставени мита: митот за ВМРО и митот за „НОБ и Револуцијата“, како делови на макрореалноста на поделената Европа и светот на два пола – на фашизам и антифашизам во Втората светска војна, односно на демократија и тоталитаризам през ладната војна. Половина век победничката страна сликала композиција на Господ и на Ѓаволот. Вистината за таа композиција си нашла проѕирка во мемоарите на К. Глигоров. „Од Белград дојде еден потполковник, Црногорец, што го овластиле да формира служба за безбедност – наречена ОЗНА“. Емисарот на Тито, Темпо, наредил целосно да му се помага на тој човек, вклучително „да му се укаже кои се непријателите што треба евентуално да се судат, да се ликвидираат... да пишуваме свои сознанија за разни личности, кои имаа колаборационистичка улога, кои имаа некаква ‘бугарска жичка’… И јас пишував… за улогата на Чкатров, за Ѓузелов, Дрангов… за Спиро Китинчев… а и за некои други… на кметски должности. Еден кус период потоа беше чистката во Велес. Такви, но не од таков обем, чистки имаше и во друwww.gragjanski.mk
Анализа
то помирување Александар нè враќа во минатата Европа во раздор, кога имаме прекрасна можност (во која се положиле и помириле нашите предци, и Тодор Александров, и Стив Наумов) на држава - дел на современа Европа која се обединува ги градови“. (К. Глигоров, „Македонија е сè што имаме“, 2002, стр. 66.) Како синоними на „бугарската жичка“ Глигоров ги употребува уште и термините вмровци и ванчомихајловисти. Мемоаристот тука регистрирал злосторство против човештвото, во кое соучествувала целата тогашна македонска номенклатура во зародиш. Таа ја извршила пресудната „соработка со тајните служби“. Секој нејзин припадник бил должен да направи список, а еден од нив бил задолжен да ги собере сите тие списоци и да му ги предаде на „Црногорецот“, кој, врз основа на тие „сознанија“ на доставувачите, наредувал масовни и поединечни ликвидации. Дали морало да биде така – толку била силата, дали можело да биде и полошо, можеби, немаме право да судиме, но неисториски е да стоиме зад тоа и да не жалиме за жртвите и за нивните џелати. А сосема антиисториски е да го продолжуваме векот на таа поларизација – како партиски наследници на комунистите, односно на вмровците и на „дијалогот“ меѓу нив со „бугарските летоци“, со „комуњари“ и „бугараши“, со извиците на демонстрантите, со натпревар во валкање на Александров. Таков пристап оди во прилог на тезата за нашата нација како комунистичка творба. Но, АСНОМ има своја предисторија сабота, 21 јули 2012
во движењето на отпорот, кое еволуира во државотворно движење, започнато како реакција на решенијата на Берлинскиот конгрес (1878), прво во вид петиции до големите сили, потоа како револуционерна борба, како „политика на терор“ (Данкан Пери), раководена од ВМРО. Имено, ВМРО го актуелизира македонското прашање и ја направи Македонија фактор пред Коминтерната и пред светот. Без неа, и самото име Македонија ќе останеше во историјата, како Мезија и Кападокија, мисли нашиот Американец Стојан Христов, во согласност со цитираното скандирање на убијците на Чекаларов. Книгата „Херои и убијци“ на Христов, можеби, најчесна и најкомпетентна книга за ВМРО, била заробена во „забранет фонд“ во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, за да не му пречи на митот за ВМРО. Периодот на дилови со комунистите Стојан Христов го смета за најопскурна фаза во историјата на ВМРО. Непомирливоста меѓу двете позиции тој ја објаснува како судир на две филозофии. ВМРО во деловите од Македонија под грчка, односно српска окупација, се бори против асимилацијата, за право на своја автономија или посебна држава, на свој јазик или крстени имиња; комунистите – за класна слобода. Притоа, вмровците, како и комунистите од таа генерација, споделувале един-
ствен идентитет во Светиклиментовата и преродбенската традиција, па во тој поглед нема основа за разлики меѓу Александров или Гоце Делчев, Јане Сандански или Ѓорче Петров… Александров останал Бугарин, бидејќи немал „среќа“ да загине порано и да нема работа со српскиот терор и со комунистичките маневри. И бидејќи не стигнал да се избори за македонска држава, за која платил со главата. Македонската демократија е компромис и синтеза меѓу тие два пола на македонскиот конфликт, како составен дел на стопувањето на двата пола од ладната војна. Тој компромис го содржи и името на државата, па денес е цивилизациски анахронизам да не се разбира или да не се споделува таа логика. За нас. За Грција. За Европа. За НАТО. За ОН. Спроти неа останува логиката на Берлинскиот конгрес, кој на совеста на Бизмарк и на Горчаков им легнал како „најтемна страница“ од нивните биографии. На нашите најголеми политички партии, во врска со овој логички и историски императив, им претстои темелна лустрација. Скандалозно е денес државата да се восприема како медал за победа во трка со една, лева нога, а Александров, Михајлов и Бунева да се кодошат како туѓи платени убијци, кои „за пари ликвидираа огромен број македонски револуционери и херои“ (Игор Ивановски, Кеш патриотизам, 30.1.2010). Од друга страна, на ВМРО-ДПМНЕ му претстои да се ослободи од јадицата фрлена од Каравангелис и да се држи за македонизам изведен од Република Македонија, која е наше дело, а не на Александар од пред два и пол милениума, на татко му и на дедо му. Мотивот на античките Македонци ни го подметнале грчките националисти во еден коктел од географија и етнографија, по Берлинскиот конгрес, за да не дојде до Република Македонија. По која логика денес тој мотив може да има спротивна функција? Нашата окупација на фиктивната античка Македонија е грчка окупација на нашата реална држава и нација, при што југословенскиот идентитет се обрнува во егзотичен идентитет на европски Хунзи. Нека таков идентитет си негуваат Караѓозите на грчкиот национализам. Александар нè враќа во минатата Европа во раздор, кога имаме прекрасна можност (во која се положиле и помириле нашите предци, и Тодор Александров, и Стив Наумов) на држава - дел на современа Европа која се обединува. 37
Интервју
Михаил Петковски, професор на Економскиот факултет - Скопје
Единствен пат до економски просперитет е со темелни структурни реформи Македонија да влезе во т.н. „машина за брз раст“, со што последователно би остварувала раст од околу 6 отсто, што ќе ја доведе „во друштво“ со развиените земји. Разговараше Ида Протугер
?
на прва
Со оглед на резултатот од првиот квартал со пад на бруто домашниот производ (БДП) од -1,4 отсто и негативните трендови во индустријата и во извозот, ќе влеземе ли во рецесија со вториот квартал?
# - Не е сосема сигурно. Постојат сериозни
надолни ризици во однос на првичната прогноза за Македонија која, во зависност од институцијата, се движеше од 2,5 отсто кај владата до 1,9 отсто кај Виенскиот институт за меѓународна политика. Сè уште нема лек за ситуацијата во еврозоната и тоа е факторот што најмногу влијае за надолни корекции на прогнозите за регионот и за Македонија. Има извесна доза на ризик дека буџетските приходи, кои се прецизирани со ребалансот, нема да се остварат и во тој случај е јасно што треба да направи владата. Тешко дека ќе си дозволи да го зголеми буџетскиот дефицит, туку, веројатно, ќе оди на ново кратење на буџетските расходи. Во последниот извештај ММФ, исто така, искажува резерва за остварување на зацртаните приходи. Таму се наведува дека официјалните лица од земјава им кажале на претставниците на ММФ дека ако не се реализираат приходите, ќе се скратат расходите. 38
Потребен рез на бу www.gragjanski.mk
Интервју $ Можно ли е, сепак, да се оди на продлабочување на дефицитот? # - Тешко, со оглед на проблемите да се финансира тој поголем дефицит. $ Рековте дека нема решение за излез од кризата на ниво на ЕУ, но има интензивна дебата околу инструментите, трошење или штедење. Што е, според Вас, поправилно? # - Кризата на еврозоната е многу сложена. Дилемата штедење или експанзија не ја одразува целата комплексност на проблемот. Се работи за три проблеми - слабоста на банките, влошените јавни финансии и намалената конкурентност на земјите во европската периферија. Сите три треба да се третираат одделно, иако се меѓусебно поврзани. За жал, во досегашните пакети и напори на раководството на еврозоната не гледаме кохерентен план за разрешување на кризата. Постои силна недоверба на пазарите затоа што не се гледа на дело сеопфатен пакет што треба да ги убеди пазарите во решение на кризата, со што треба да се врати довербата во еврото и во целиот проект.
ВЛАДАТА МОЖЕ НАЈМНОГУ ДА ПОМОГНЕ АКО НАВРЕМЕ ГИ ИСПОЛНУВА СВОИТЕ ОБВРСКИ КОН ОНИЕ НА КОИ ИМ ДОЛЖИ И АКО НАВРЕМЕ ГИ ИСПЛАЌА СОЦИЈАЛНИТЕ ТРАНСФЕРИ КОН ЗАГРОЗЕНИТЕ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИ Три прашања... 1. Какви се прогнозите за економската иднина на Грција? 2. Се знае ли длабочината на европската криза или таа е сè уште непозната, како и ударот врз нашата економија? 3. Владата промовираше некои социјални мерки, но треба ли да му помогне на извозниот сектор конкретно?
н е нов уџетот сабота, 21 јули 2012
$ Дали политичките мотиви да се остане
на власт, а не економските, беа причина за енормните трошења што ги доведоа европските земји во ваква должничка ситуација? # - Имаше и тактички грешки и такви повлечени во од, но суштината на целиот проблем е што целиот концепт на еврозоната имаше „фабричка грешка“. Таа системска „грешка“ не се чувствуваше во последните 10 години, кога имавме „златна декада“, но кога целиот систем дојде под притисок поради светската економска криза, тогаш тој дефект се појави како сериозен, се надевам дека нема да биде и фатален.
$ Дали „фабричката грешка“ е тоа што
се воспостави монетарна, но не и фискална унија? # - Да. Имаше повеќе проблеми, но основно прашање е ако вие сакате да има монетарна унија, една валута, мора да имате поголема координација и централизација на фискалните политики.
$ Според меѓународните стандарди, ние сме ниско задолжена земја. Но, остава ли простор растот што го остваруваме способност да си ги враќаме долговите? Каква е корелацијата на трендот на задолжување со моќта на отплата на долговите? # - На среден и на долг рок зависи од способноста да се враќаат долговите, а тоа зависи од растот на БДП. Ако продолжи оваа тенденција да се намалува растот, тогаш се намалува и капацитетот за отплата. Ако, на пример, вашата плата се намалува наместо да расте, ќе паѓа и вашата моќ да се задолжувате, односно да ги отплаќате долговите. Истата аналогија важи и за државата. Точно е дека имаме извесен капацитет за задолжување, но тука се многу битни два елемента, динамиката на БДП и можноста за финансирање. Во услови на турбуленции на меѓународниот пазар, финансирањето не оди така лесно. Потешко е и поскапо. Се сеќавате, првата еврообврзница по кризата ја земавме многу скапо. Така што иако имаме поволна ситуација во однос на нивото на задолженост, вниманието и претпазливоста се особено потребни и неопходни во овие немирни времиња. $ Дали кејнзијанскиот модел да се тро-
ши повеќе (со јавни пари) во криза има „клаузула“ во каков вид проекти е оправдано да се троши, со оглед дека кај капиталните инвестиции во земјава доминира „Скопје 2014“? # - Позната мисла на Кејнс е дека „ако немате за што да трошите, вработете две групи луѓе, едните да копаат дупки, а вторите да ги затру-
пуваат“. Се разбира, ова е малку екстремно и иронично гледање на Кејнс, но суштината е дека е најважно да се троши, а намената е второстепена. Во криза, приватниот сектор, поради страв, несигурност и немање профитни можности, троши помалку и тогаш државата е таа што треба да троши. Строго од гледна точка на економската ефикасност, има попрофитабилни проекти од „Скопје 2014“, нема сомнение во тоа. Ефектите од секој јавен расход се мерат со т.н. мултипликатор. Колку единица потрошени пари на еден проект креира единици на БДП. Некои проекти креираат над еден, па до три, а други, пак, под еден.
$ Дали тогаш проектот „Скопје 2014“ е економски оправдан? # - Тој е економски оправдан, но не е најефикасен. Сите потфати, не само на една држава, туку и на домаќинствата, не се мотивирани исклучиво само од економската ефикасност. Има други ефекти - социјални, естетски, но тогаш би влегле во оценка на квалитети на овој проект, за кои не сум компетентен. Има поефикасни начини на вложување од аспект на мултипликаторниот ефект, но, ви велам, целиот буџет не е компониран во ниту една држава само гледајќи го принципот на профитабилност и на ефикасност. Инаку, сите оние згради низ светот што ги гледаме, импозантни и монументални, никогаш не би биле изградени. $ Но, сега, во услови на криза, кога е ска-
по задолжувањето надвор, многу скапо го плаќаме и градењето вакви објекти, од вработени до материјали и идејни решенија. # - Сето тоа може да се дискутира. Од димензиите, големината, проектите, но тоа е веќе во сфера на политиката, естетиката и на архитектурата.
$ Раст на БДП може да се постигне и со
поттикнување потрошувачка, преку зголемување на платите и на пензиите, но тоа не нуди долгорочен одржлив раст што би се постигнал со преструктуирање на стопанството. Кои структурни реформи се патот кон производство со повисока додадена вредност? # - Тоа е клучен предизвик за македонската економија. Ние влегуваме во групата земји со среден доход според дефиницијата на Светска банка (од 5 до 10 илјади по глава на жител) и предизвикот е да дојдеме во високата средна група, а еден убав ден и во групата на развиените економии. Тоа може да се постигне само со структурни реформи кои треба да донесат производство од повисоко технолошко ниво, производи со повисока додадена вредност. 39
Интервју/ Михаил Петковски Во криза мора да се изнаоѓаат краткорочни решенија, не може да се прават длабоки структурни реформи, но кога таа ќе помине, треба да продолжиме во две насоки. Едната е онаа што ја спроведува владата, а тоа е привлекување странски директни инвестиции (СДИ), а втората е стимулирање на домашните инвестиции. Јас не би се воздржувал да ја земам предвид т.н. индустриска политика, каде што државата би го стимулирала производството на „нови“ активности. Тоа значи преместување на производството и вработеноста од традиционалните сектори, како што е, на пример, текстилот, во пософистицирано производство. Ова е најефикасниот начин да се дојде до зголемена вработеност и поголем ценовен ефект, бидејќи ако се земе примерот со текстилот, конкуренцијата е огромна, цените се ниски и не можете да
преминете од ниско средно во високо средно развиена земја. По кризата ќе може да го лансираме тој проект на влез во т.н. „машина на конвергенцијата“, односно намалување на јазот во доходот по глава на жител помеѓу нас и развиените земји.
$ Дали ние се оддалечуваме од тие структурни реформи со политиката на владата за зголемување на платите и на пензиите најавени за 1 јануари идната година, што би поттикнало потрошувачка, а не раст базиран на инвестиции? # - Бидејќи извозот паѓа поради кризата во еврозоната, побарувачката треба да се зголеми, така што од аспект на поттикнување на домашната побарувачка, таа мерка е в ред. $ Но, дали тоа ќе го зголеми јазот меѓу
извозот и увозот и ќе предвизика поголем трговски дефицит, со оглед на тоа што повеќе се трошат увозни производи зашто домашното производство е лимитирано? # - Не сум сигурен колку пензионерите купуваат увозни производи. Сепак, потребна ни е потрошувачка. Но, она што треба добро да се одмери е финансиската одржливост на пензискиот фонд во однос на среднорочната динамика на негово полнење. сабота, 21 јули 2012
...три одговори 1. Очигледно е дека таа не може да ги отплати долговите. Клучното прашање е што да се прави сега или со пример, ако пациентот што е примен во болница не е во состојба да ги плати услугите, се наметнува дилема дали да се отпушти или да му се даде целосна здравствена помош. Грција со 3 отсто од БДП на еврозоната, не е голем проблем. Но, ЕУ нема јасно решение на проблемот, што може уште повеќе да ја разниша довербата на пазарите.
2. Над 50% од нашата трговска размена е со ЕУ и тоа може да доведе до проблеми, што веќе ги гледаме. Извозниците тешко се соочуваат со намалената побарувачка и со губењето на пазарите, а евентуалното влошување на ситуацијата би значело и продлабочување на проблемот. Тоа ни се пресликува во банкарскиот систем каде што гледаме пораст на лошите заеми и сè поголема резервираност на банките за доделување нови кредити. 3. Владата може најмногу да помогне ако навреме ги исполнува своите обврски кон оние на кои им должи. Ќе помогне ако навреме ги исплаќа социјалните трансфери кон загрозените категории лица и ако се држи на постојната политика на ниски даноци.
$ Дали овие политики на значајно за- # - Во оваа ситуација не е време за промена должување во услови на низок раст, за на стратегијата ниту, пак, во НБРМ се ентупроекти што нема многу да го потти- зијасти за промена, бидејќи ова е патека кнат, паралелно со пораст на платите и што добро ја знаат и не би ја менувале, осона пензиите, што ќе ја влоши буџетската бено во вакви ситуации. Но, мислам дека структура, нè оддалечуваат од патот кон треба да се дискутира за тоа прашање, да постигнување одржлив повисок раст? не се поставува како табу што е веќе реше# - Едно е кусорочен одговор на кризата, а но и сите други мислења се излишни или друго долгорочна политика. При кусороч- смешни. Треба да се дискутира од аспект ниот одговор на кризата треба да имаме фи- на поттикнување на структурните промени за забрзување на растот, предизвици скална одржливост, државата да не доцни во плаќањата. Второ е да има финансиска одр- што особено ќе станат ургентни кога кризата ќе помине и кога ќе треба да влеземе во жливост, доволно кредити, а тоа ќе се случи ако има потрошувачка. Конечно, и социјална „машината на брз раст“, во што потфрлиле одржливост, односно најранливите социјал- многу земји. По правило, посиромашните ни групи да бидат адекватно алиментирани. земји имаат поголем капацитет да растат со поголема динамика од богатите. Нема Значи, на кус рок треба да се „преживее“, да се отстапува од принципите. Повторно ќе го случај, на пример, земја како Австрија сега спомнам Кејнс, кој рекол: „Гледајте ја невра- да расте со 7 или со 10 отсто годишно. Како
ботеноста, а не буџетот, буџетот ќе се грижи сам за себе“. Со тоа сака да каже дека ако има потрошувачка, ќе се полни и буџетот. Тоа е парадокс што го потврдува и дебатата - штедење или стимулирање на економијата. Изгледа лудо вие да пропагирате експанзивна фискална политика за Германија, чиј јавен долг е 80 отсто од БДП. Некои економисти, на пример, Кругман, велат дека треба и натаму да се троши за да не падне дополнително економијата. Ние не можеме да го сфатиме тоа затоа што она што е доблест за едно семејство, а тоа е во услови на криза да штеди, не мора да значи доблест и на државата во исти услови.
$ Одвреме-навреме се актуелизира дебата за промена на монетарното сидро. Извозниците вршеа притисок за девалвација за да бидат поконкурентни, монетарната власт се определи за „де факто“ фиксен курс и таа позиција ја брани до денес. Опозицијата спомна идеја за таргетирање кон инфлацијата, вашиот колега проф. Славески неодамна спомна модел каде што растот би бил монетарно сидро, со што тој, а не само стабилноста на цените би влегла во основните цели на НБРМ. Потребна ли е промена на монетарната политика?
Кина има, или како Јапонија пред да стане богата, која успеа да влезе во тој процес на брз раст. Затоа мислам дека во таа политика на конвергенција треба да се вклучат сите државни ресурси и монетарната власт со политиката на девизниот курс. Во вакви времиња, кога сигурноста и стабилноста се на прво место, лесно е да убедите дека оваа политика, која дала резултати, е в ред. Но, ако ние влеземе во процесот што ќе доведе до брз раст, што искрено го посакувам и што е моја најголема преокупација во последно време, тогаш конфигурацијата, односно профилот на политиките треба сосема да се смени. Една е динамиката на економијата која расте еден, два до четири отсто годишно, а друга е динамиката на една економија што расте околу 6 отсто последователно повеќе години, а не како изолиран успех што ќе го прикажуваме како историски. Тој процес бара редефинирање на сите политики. Во теоријата постои една мисла дека „ниеден режим на девизен курс не е добар за сите земји и во сите времиња“. Значи, нешто што функционирало перфектно петнаесет години, може да стане ограничување за наредните десет. Со ова ништо не прејудицирам, туку барам отворена дебата за тоа во научните и во политичките кругови. 41
Анализа
Дали го заборавивме скопскиот земјотрес?
Каиро Скопје
Секое потсетување на скопскиот земјотрес треба да биде потсетување на ужасите што може да ги донесе оваа природна појава и на ужасите што можат да бидат предизвикани од незнаење и од јавашлак во процесот на градење
Пишува Горан Марковски
„С
танува збор за минорен сеизмолошки настан. Земјотреси со магнитуда како скопскиот, во светот се случуваат во просек секој шести ден. Да се почитувале постојните прописи, како и добро познатите принципи за градење, скопскиот земјотрес од 1963 година би бил далеку од катастрофален“. Ова е заклучокот во извештајот на експертската комисија од САД, изработен врз основа на стручната посета на тукушто разурнатиот град. Со ова, по малку, се урива создадениот мит за големата јачина на земјотресот што го погоди нашиот главен град пред речиси 50 години. Магнитудата на скопскиот земјотрес се проценува на 6 степени според Рихтер. За споредба, земјотресот во Хоншу, Јапонија, од март минатата година беше со магнитуда 9, или со повеќе од 30.000 пати поголема ослободена енергија. Според тоа, причината за 1.070
42
Каиро Скопје
На надгр загинати (единствената ненадоместлива штета), 3.200 повредени, 3.411 целосно урнати станови, 11.891 многу тешко оштетени и последователно урнати станови, 14.194 тешко оштетени и 7.082 полесно оштетени станови (само 6,1% од вкупниот станбен фонд останал неоштетен), за 19 урнати училишта, девет здравствени објекти, како и за многу други непосредни и посредни штети, треба да се бара во исклучително слабиот квалитет на градбите. Значи, земјотресот не бил катастрофален. Катастрофална била градбата. Неквалитетната градба е докажан масовен убиец. Тоа го знаат сите, особено оние што ги почувствувале стравот, болката и страдањата предизвикани од убедливо најразорната природна катастрофа - земјотресот. Тоа го знаат и скопјани. Многу добро. Особено оние повозрасните. Оние чија меморија досегнува до тоа кобно јулско утро од, сега веќе далечната, 1963 година. Знаат дека тие неколку секунди можат да го превртат животот наопаку. Знаат дека во правта од разурнатите
згради, како во лош сон, можат да исчезнат блиските, саканите, стремежите, надежите, соништата, мечтите, плановите... Бесмислени се обидите спасот од разорните земјотреси да се бара во нивно претскажување или, пак, во молневито затскривање под некое парче мебел. Единствениот спас од неконтролираното треперење на Земјината кора треба да се бара во квалитетната градба. Во ништо друго. Особено не во наивното надевање дека нема повторно да се случат земјотреси. Зошто во 1963 година токму тоа скапо нè чинеше. Природата нè фати неподготвени. Како слаби ученици на испрашување. Ни удри шлаканица од која сè уште имаме црвенило на образот. Дали ја заборавивме лекцијата од скопскиот земјотрес? Дали повторно, лeковерно, почнавме да веруваме дека нема да има испрашување. Или дека ќе биде испрашан некој друг, а не ние. Дали по упешното отрезнување во шеесеттите, напредокот во седумдесеттите, досwww.gragjanski.mk
Анализа
Каиро Скопје
Каиро Скопје
радба доградба тигнатото високо ниво и сериозност во осумдесеттите, дозволивме транзицијата во деведесеттите да нè навлече на градителска импровизација, шпекулативност... Дали лошото општествено опкружување и многуте деградирачки процеси ни ја урнаа и менталната конструкција на одговорност кон градењето и ни наметнаа стил на однесување во кој импровизацијата станува врвен приоритет и дострел. Дали сè и сите станавме жртви на нечии бескомпромисни трки по профит. Многубројни се причините за ваквата состојба (движење наназад). Појавата на приватниот капитал во градежништвото и на сè она што тој донесе со себе, задоцнетото донесување на првиот, приспособен на новото општествено уредување, Закон за градење во независна Македонија (2005), пропаѓањето на големите градежни фирми и прекинувањето на генерацискиот пренос на знаење, маргинализирањето на постојаното учење, изработката на сомнителни проекти, лажните ревизии, виртуелниот надзор, сабота, 21 јули 2012
односно контрола на градењето, премногу ниските критериуми за стекнување право за добивање стручни овластувања, митото, корупцијата и она што, според мене, најмногу загрижува, вткаеното незнаење што се провлекува низ сите фази на градењето. Невозможен е генерален заклучок за квалитетот на изградените објекти. Колку и да е човек стручен. Особено не, без детаљна, стручна и опсежна анализа. Ама такви сериозни анализи се прават онаму каде што сериозно се размислува за иднината. На државата. На поколенијата. Онаму
Апсурдноста и високиот степен градителски авантуризам кај одредени градби се повеќе од очигледни
каде што градителските дебати достигнуваат многу подалеку од 2014. Но, сепак, апсурдноста и високиот степен градителски авантуризам кај одредени градби се повеќе од очигледни. И без особено експертско знаење. Објектите со грешки во конструктивниот генетски код бодат очи, застрашуваат, предупредуваат, разочаруваат, влеваат недоверба. Во струката, во општеството, во системот, во нас. Неподносливата леснотија со која сè почесто се применува, за сеизмички активни подрачја, непрепорачливиот, безгредов систем на градба, бескрупулозните, нестручни, насилни и храбри (од незнаење) адаптации на станбениот и на деловниот простор, објектите со колосални димензии опасно надвиснати над стрмни падини, легализацијата на дивоградбите без процена на нивната носивост и сличните градителски авантури, стануваат наше секојдневје. За жал, сите формално потпишани и печатирани од овластени инженери, од оние врз чиј образ, на 43
Анализа
Каиро Скопје
крај, безобразно ќе бидат слеани сите валканици на неодговорност, претходно грижливо испрани од совеста на секогаш наивно невините и процедурално покриените моќни нарачатели. Градителски авантури од кои поголемиот дел, за жал, иницирани и формално одобрени од надлежните институции. Токму од
Неквалитетната градба е докажан масовен убиец. Тоа го знаат сите, особено оние што ги почувствувале стравот, болката и страдањата предизвикани од убедливо најразорната природна катастрофа - земјотресот
Каиро Скопје
44
Каиро Скопје
оние што се задолжени за спротивното. За гаранција на квалитетот на градбите. Најкарактеристичен пример за несериозниот однос во оваа крајно сериозна дејност е т.н. ,,скопски надреализам“. Тоа се доградбите и надградбите, а понекогаш и доградби на надградбите на постојните згради во скопските населби Карпош, Пролет, Мичурин, Автокоманда и др. Повеќето ровки, стари, истрошени згради. Дел од нив оштетени од земјотресот, па потоа некако санирани. Дел останати онакви какви што биле. Токму кај овие објекти сме сведоци на широк спектар на „транзициски“ решенија за проширување на станбениот простор, пардон, на станбената квадратура (бидејќи со ваквите решенија просторот повеќе се разградува отколку што се доградува). Решенија, речиси сите неодржливи. Ниту од урбанистички ниту од архитектонски и, што е најтрагично, најмалку од конструктивен аспект. Секој објект - приказна за себе. И наместо претходно планско,
детаљно, мултидисциплинарно истражување и анализа на проблемот, што би резултирало со најсоодветно, одржливо решение, добивме процес препуштен на стихија. А тогаш, вообичаено, најголемиот ќар го вадат градителските мешетари. А, зијанот? И затоа, секое потсетување на скопскиот земјотрес треба да биде потсетување на ужасите што може да ги донесе оваа природна појава. На ужасите што можат да бидат предизвикани од незнаење и од јавашлак во процесот на градење. На ужасите што можат да бидат избегнати единствено со постојано подигнување на квалитетот на градбите. Во 1963 година природата нè опомена. Со слаба оценка. Ни беа потребни децении макотрпна работа за да го поправиме впечатокот. Би било крајно несериозно, сега, по педесетина години, наместо да одиме кон подобро, да се претвориме во безнадежни повторувачи.
Дака, Бангладеш Скопје
www.gragjanski.mk
Анализа
АНОМАЛИИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО
Темелот го возвраќа ударот Заштедата на материјали во обид инвеститорите да дојдат до поголем профит, како и потписот што често се става поради желбата да се остане „во игра“ во бизнисот наместо во одбрана на стручноста, се сегменти каде што „се изневерува“ професијата. Пишува: Ида Протугер
С
огласно со законите и со прописите. На овој начин, во најголем дел, сосема легално се случува градежниот хаос во Скопје каде што висококатниците никнуваат масовно во дворовите на дотогаш индивидуални куќи, без концепт се менуваат деталните урбанистички планови, но не за да се подобри квалитетот на животот на граѓаните во населбите, туку со единствената логика на профитот на сите учесници во градежниот синџир. Згора на сè, пред очите на скопјани, чие внимание, главно, го привлекува атракцијата „Скопје 2014“, им се случува „Водно 2012“, при што планината интензивно се раскопува и од место за чист воздух и прошетка се трансформира во поле на „градежни маркички“ што незапирли-
во се множат. Учесниците во градежниот синџир велат дека процедурите, во најголем дел, се почитуваат, но тоа е, сепак, запазување на формата, а суштината се крие во моралот и (не)одговорноста, двете најважни тули во „потпорниот ѕид“ што треба да ја крепи оваа професионална гранка. Потрагата по „најслабата алка“ не нè доведува само до еден сегмент во градежниот синџир, било да се работи за проектирање, изведување, надзор, ревизија или, пак, во административниот дел на издавање градежни дозволи. Заштедата на материјали во обид инвеститорите да дојдат до поголем профит, како и потписот што често се става поради желбата да се остане „во игра“ во бизнисот наместо во одбрана на стручноста, се сегменти во кои „се изневерува“ професијата. Во административниот дел, пак, има многу примери за лесно одобрување на зголемувањето на катноста и менување на деталните урбанистички планови според потребите на „кешот“ наместо за употреба на мнозинството граѓани. Сите овие алки се дел од процесот кој, слично на „синџирот на исхраната“, функционира прилично кохерентно и сите учесници се „покриваат“ еден со друг за „шоуто да може да продолжи“. Обично, забавата се расипува кога ќе се случи инцидент, како последниот со уривањето на потпорниот ѕид на Водно и кога ќе се види дека „царот е гол“, сите вперуваат прст кон туѓиот „валкан веш“. Пинг-понг со одговорноста. Откако голем дел од надлежностите преминаа од Министерството за транспорт на локално ниво, се чини дека уште полесно централната и локалната власт си ја префрлаат одговорноста една на друга. Во Министерството за транспорт и врски, градежништвото, според Законот, го сместуваат кај Државниот инспекторат за г ра деж ниш т во и урбанизам за објекти од прва категорија. Во негова надлеж-
сабота, 21 јули 2012
ност е и работата на овластениот градежен инспектор, на општинскиот урбанистички инспектор и надзорот на законитоста. Посочуваат дека општината е надлежна за планирање на просторот и за издавање на целата соодветна документација за овој тип градби. Во ова Министерство потврдуваат дека по службена должност и по пријава од Државниот инспекторат за градежништво може да се проверат постапките и градбите што се во тек. Дали е тоа сторено во случајот со потпорниот ѕид, не е познато, затоа што главниот државен градежен инспектор Сашо Дуковски не одговори на прашањата на „Граѓански“. Градоначалникот на Центар, пак, јавно изјави дека „секој што има приватна парцела, сака на неа да изгради колку што е можно повисок и поголем објект и никој не може да го спречи во тоа“. Остана нејасно дали ако некој има нива на средно Водно, може да бара менување на деталниот урбанистички план и да „издејствува“ дозволи да изгради палата во парк-шумата. Поголема транспарентност покажаа Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Комората на овластени архитекти и инженери. На прашањето дали ќе поведат иницијатива за ревизија на она што се гради на Водно, во Комората велат дека „по ова прашање немаат никакви законски овластувања ниту одговорности“. На прашањето до МЖСПП дали има пресметка за ефектите по животната средина (студија или документ) од градежната експанзија кон Водно, велат дека „градежната експанзија е во надлежност на Министерството за транспорт и врски, а од МЖСПП досега не е побарано да се изготви таков документ“. - Парк-шумата „Водно“ е заштитено подрачје и не е дозволена никаква сеча, освен санитарна или отстранување дрвја, погодени од некаква временска непогода, а тоа го врши „Паркови и зеленило“ - велат во МЖСПП. Оттаму одговараат дека во последните пет години немало случај Државниот инспекторат за животна средна да постапува по некој случај на загрозување на животната средина поради градежни работи. Во делот на струката, инженерите, архитектите и геотехничарите велат дека стандардите, главно, се в ред, но проблем се 45
Анализа „растегливите граници“ на нивната примена и толкување под притисок, главно, на приватни инвеститори. Во Комората на овластени архитекти и инженери велат дека стандардите за добивање овластување за надзор и ревизија на проекти во Македонија се исти со тие во ЕУ и во Европскиот совет на комори на инженери. - Ова се потврдува и со тоа што овластувањата на стручњаците, кои ги издава Комората, се признаваат во другите земји - велат оттаму. Подзаборавената геотехничка наука. Но, случајот со уривањето на потпорниот ѕид на Водно покажа дека не се доволни само лиценците, туку и прашањето колку се води сметка за тоа на какво почва се гради. Геотехничарот Васил Витанов, професор во пензија од Градежниот факултет во Скопје, вели дека најсериозни последици настануваат кога се греши во темелите. Според него, не се проблем законите кои, иако не се совршени, нудат доволно регулација ниту науката која нуди доволно сознанија, туку е проблем практиката. Тој со гордост раскажува дека Градежниот факултет во Скопје, уште во 1952 година, добил геотехничка лабораторија, само 25 години по отворањето на првата таква лабораторија во светот. Потоа, во неколку наврати, опремата се обновувала, вклучително и со актуелните мерки на владата и сега е современа лабораторија во чекор со најновите достигнувања. Често, во практиката, како што вели Витанов, фундирањето и истражувањата на почвата, кои треба да се основа за почнување на градењето, се запоставуваат за да се „заштеди на трошоци“. Витанов се повикува на една мисла на основачот на првата геотехничка лабораторија во светот, Карл Терцаги, дека „односот на инженерите кон темелите е како кон сираче, затоа што нема слава во фундирањето, таа е закопана во земјата. Но, одмаздата на фундаментите кон таквиот однос е запрепастувачка“. - Објектите страдаат од несоодветната соработка меѓу објектот и почвата. Контактот меѓу нив е во таканаречената функција на напрегање или интеракција. Еден научник рекол: кога ќе удриш огнило во кремен, избива искра, но таа не се крие ниту во огнилото ниту во кременот, туку е про-
46
извод на нивната интеракција. Објектот ја притиска почвата, а таа се брани. Ако е доволно силна, ќе воспостават интеракција и објектот ќе стои. Ако почвата е послаба, таа интеракција не може да се воспостави - вели Витанов. Тој нагласува дека за цврсти темели мора да се направат детаљни „прегледи“ на почвата. Неговото искуство покажува дека државните институции не штедат на вакви истражувања, но приватните инвеститори често го прават тоа. - Ако за една локација треба да се направат четири истражни дупнатини за да се земат материјали од почвата, инвеститорите навалуваат трошоците да се скратат на една-две дупки, а некаде се случува во проектот да се нагласи дека на локацијата не се направени геомеханички истражувања, туку се земени од соседниот објект, што може да биде оддалечен 200 метри од постојниот. Тоа е голема разлика, може таму да има карпа, а на локацијата каде што се гради почвата да е глинеста - вели Витанов. Тоа што се запазува формата за да се добие потпис што ќе овозможи туркање на проектот, според стручната јавност, не е гаранција за добри темели. - Често се наоѓаме во една конфронтација со инвеститорите кога бараат консултации, а инсистираат истражувањата и трошоците за тоа да се сведат на минимум. За да биде неволјата поголема, никој од инвеститорите, а некои и од инженерите не можат да сфатат, дека е далеку поевтино да се направат вистинските испитувања, отколку потоа да се случи нешто со објектот, затоа што ако се појави проблем, тогаш треба да се доистражи теренот, а санацијата е многу поскапа и покомплицирана - објаснува Витанов. Тој се повикува на една мисла што вели дека „научникот се интересира за точното решение, а инженерот за најдоброто во дадениот момент“. Инженерите често се обврзани со рокови пред инвеститорите и „притискаат“ побргу да се направат сите истражувања што, исто така, според стручњаците, може да произведе површност. Професор Витанов нема детаљни сознанија за теренот на Водно, бидејќи, како што кажува, пред да се донесе генерален урбанистички план (ГУП) и кога се носат детални урбанистички планови (ДУП), потребно е прво да се направи студија за теренот, но за потегот на Водно, каде што се гради, Градежниот факултет не бил ангажиран. - Во основа, кога се прават објекти на падински терен, дополнително се зголемува тревогата кај стручњакот, освен за интеракцијата на теренот и објектот, да мисли и на т.н. општа стабилност. Во принцип, кога е на падина дури и тло од карпи, што се смета за најдобро, не може да се тврди дека е добро само по себе. Ако карпата е монолитна, таа ќе го држи објектот, но
Васил Витанов, професор во пензија на Градежниот факултет - Скопје
Промашувањата во темелите чинат прескапо - Често се наоѓаме во една конфронтација со инвеститорите кога бараат консултации, а инсистираат истражувањата и трошоците за тоа да се сведат на минимум. Никој од инвеститорите, а некои и од инженерите не можат да сфатат дека е значително поевтино да се направат вистински испитувања, отколку потоа да се случи нешто со објектот, санацијата е многу поскапа и покомлицирана
ако има пукнатини, има опасност објектот да се лизне со карпата. Затоа се потребни густи истражувања, а не искористување на карактеристиките на соседниот објект - вели Витанов. Тој додава дека досега, во неговата долгогодишна кариера, не се соочил со тоа некој да иницира да се урбанизира брдо во некој град, иако имале неколку стручни интервенции откако ќе се изграделе објекти на таков терен. Исто така, според него, не е неважно дали објектите на падина се нискоградба или високоградба, затоа што вторите имаат поголема тежина. Во однос на теренот каде што се изведува проектот „Скопје 2014“, Витанов не видел студија со резултати од такво истражување затоа што Градежниот факултет не бил вклучен во такво нешто. Градежниот факултет имал договор со Град Скопје, но не и со општина Центар. Генерално, вели дека е подобар теренот на десната страна на Вардар, а полош се смета тој на левата, но, според него, во геотехниката не може да се зборува за генерални, туку за детаљни заклучоци по направени истражувања. Подобрување на стандардите за ревизија. Градежништвото е интердисциплинарна област каде што „делото“ не зависи индивидуално од архитектот, од инженерот, од геотехничарот или од инвеститорот, туку од сите заедно. Оттука, најголема е одговорноста на финалниот потпис, оној на овластениот ревидент. Стручњаците сведочат дека и во овој сегмент има очигледни пропусти. На тендерите што ги распишуваат државните институции, во иста постапка за набавка се бара изведувач и ревидент на проектот. Ако истата фирма што го добива бизнисот, треба да најде и ревидент, таа ќе најде „свој човек“, а не не-
www.gragjanski.mk
Анализа зависна фирма, велат експертите. Сугерираат, во ревизијата да се зголемат стандардите за добивање лиценци, затоа што тука е многу важно искуството. Според Законот за градење, овластен ревидент се станува со „пет години работно искуство во вршење ревизија на проектна документација, или работно искуство од најмалку пет години во водење постапка за издавање одобрение за градење, како и доказ за учество во најмалку три ревизии на проектна документација од соодветната област за градби од прва категорија“. Експертите велат дека често и во проектите на приватните инвеститори, фирмите си прават услуги меѓу себе: „Ти мене потпис за успешна ревизија, а во друга прилика, јас тебе“. Со тоа се создава маѓепсан круг на пад на моралот под тежината на еврата. Коруптивен маѓепсан круг. Таквите практики влегуваат и во делот на корупцијата, која е неопходен зачин во скопската градежна „кармакаша“. Во невладината „Транспаренси интернешенал“ велат дека за спречување на корупцијата во градежниот бизнис, единствен лек е да се воведат целосна отчетност и јасни процедури за донесување на одлуките што се носат и се спроведуваат на ниво на општини. Исто така, и за начинот на кој се реализираат проектите во оваа сфера. Но, во градежниот бизнис, како што велат во невладината организација, не се работи само за „ситна“ корупција, кат или метар повеќе, туку и за испреплетеност на политичката (над)моќ во овој бизнис. - Имаме многу малку информации за тоа кои се вистинските носители на проектите и вистинските финансиери, а често зад новоформираните компании се кријат лица поврзани со политиката. Досега спроведените тендерски постапки што сме ги следеле, вклучително и „Скопје 2014“, укажуваат на сериозно непочитување на законите или, уште попрецизно, изнаоѓање форми како да се
сабота, 21 јули 2012
Борбата за средување на состојбите во градежништвото, според експертите, бара политичка волја, неселективна контрола и посветеност на инспекциските служби, стручњаци што ќе ì бидат верни на професијата и нема да ја изневерат во желбата за профит, како и силни медиуми и невладин сектор
избегне постапувањето според законите. Сето ова се прави во соработка со високите кругови на носење одлуки - вели Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешенал“. Според неа, ако некаде има или може да има скриени недостатоци, тоа е сферата на градежништвото. - Состојбата е алармантна во делот на заштитата на градежните работници. Има примери на две градилишта едно до друго, при што на едното работодавецот и работниците работат со почитување на секој дел од Законот, а на другото се работи чиниш како на работна акција, секој се снаоѓа како што знае. Ваквите примери јасно укажуваат на слабости поврзани со инспекциските служби, било да се работи за проблем со екипираност, или за селективен пристап. Последниот пример со уривањето на потпорниот ѕид на Водно јасно укажува на ризиците на кои се изложени и професионалците (при вршење или невршење надзор), а и купувачите - додава Тасева.
Но, иако јавно се зборува дека во градежништвото „цвета“ корупцијата, на интернет-страницата „Пријави корупција“, од 96 пријави од граѓани, само четири се во делот на недвижен имот. Во „Транпаренси“ велат дека реагираат на секоја пријава од граѓаните и кога се работи за пријави на повреда на етиката на работењето, привилегирање и слично наидуваат на разбирање. Кога, пак, станува збор за поголеми јавни набавки или за отуѓување земјиште по пат на јавно (електронско) наддавање, добивале нецелосни информации или доцнење во доставувањето. Борбата за средување на состојбите во градежништвото, според експертите, бара политичка волја, неселективна контрола и посветеност на инспекциските служби, стручњаци што ќе ì бидат верни на професијата и нема да ја изневерат во желбата за профит, како и силни медиуми и невладин сектор како „wachdog“ (кучечувар) што ќе овозможи правилно информирање на јавноста. 47
Анализа
Паника на двете ст Жешкото лето во срцето на Европа ќе биде проследено со уште пожешка есен, со нови предизвици за европската идеја. „Животот во розово“, „сиестата“ што олабавува и, веројатно, сонот за „долче вита“ ќе мора да се приспособат на ограничените ресурси Пишува Трајко Славески Шпанија деновиве ја потресуваат социјални протести, како реакција на најавените рестриктивни мерки на владата на премиерот Маријано Рахој. Пакетот во вредност од 65 милијарди евра опфаќа намалување на расходите и зголемување на даноците. Ќе се кратат надоместоците за невработените, субвенциите, а особено внимание ќе се насочи кон кратење на буџетите на регионалните власти. Предвидено е зголемување на стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ) за три процентни поени, од постојните 18 на 21 отсто. Во договор со Европската комисија, мерките треба да се реализираат во период од две и пол години. Премиерот Рахој се избори за повисок буџетски дефицит оваа година од она што го бараше ЕУ. Мерките што ги презема шпанската влада, ги бара ЕУ во замена за поддршката од 100 милијарди евра што беше одобрена на почетокот на јуни за спасување на проблематичните банки. Шпанските рудари патуваа три дена до Мадрид за да го изразат својот револт против намерата на владата да ги скрати субвенциите за дејноста за 60 отсто. Ним им се придружија и голем број незадоволни граѓани. Револтот премина во насилство на улиците на Мадрид. Протестите се шират со вклучување на вработените во јавниот сектор, каде што се најавени рестрикции и отпуштања. Стапката на невработеност надмина 24 отсто, а меѓу младите до 24 години надминува 50 отсто. Се топи довербата во владата и во премиерот Рахој. Аналитичарите сметаат дека тој ја плаќа цената за ноншалантноста со која на нацијата, на почетокот на јуни, ì ја соопшти веста за доделената помош од ЕУ за шпанските банки. Тој инсистираше дека станува збор за сосема поинаква ситуација од таа со спасувањето на економиите на Грција, Португалија и на Ирска и дека суверенитетот на Шпанија воопшто не е доведен во пра-
Нимиц предложил земјава да ја добие поканата за членство на самитот во Чикаго под името „Република Северна Македонија“, тоа име да има третман на привремено, а неговата употреба да биде ораничена исклучиво на НАТО се до конечно решение
шање. Ги убедуваше Шпанците дека ЕУ нема да поставува никакви услови и дека „дилот“ е победа за Шпанија и за Европа. Непосредно по објавувањето на помошта за спасување на шпанските банки, дојде отрезнувањето на пазарите на обврзници, каде што трезорот емитира долг за покривање на потребите на буџетот. Наместо да се намалува, каматната стапка на десетгодишните обврзници, која е воедно и репер за оценка на пазарниот ризик за евентуално невраќање на долгот од дадена земја, ја достигна опасната граница од 7 отсто. Ова е износ на камата што се смета дека е неодржлив и оти е голема веројатноста земјата-должник да стане несолвентна. Паничните чекори што ги презема владата треба да ја спречат ваквата тенденција. Премиерот јавно изјавува дека е свесен оти мерките не се пријатни, но се неопходни. Се правда дека условите се влошиле до тој степен што тој е принуден да влече потези спротивни на изборните ветувања. Иако ветуваше дека нема да ги зголемува даноците, стапката на ДДВ е пред значително зголемување, што неминовно ќе удри по стандардот на граѓаните. Не е сосема сигурно дека во скоро време ќе нема потреба од натамошни интервенции од фондовите на еврозоната за спасување на шпанската економија и вклучување на ММФ и Европската централна банка. Натрупаните структурни проблеми во економијата се сериозни и бараат одлучност и тешки политички компромиси. Политички, најтешко ќе биде редуцирањето на моќта и автономијата на седумнаесетте региони, што постојано се зголемува од крајот на 70-тите години од 20 век, по носењето демократски устав и санирањето на последиците од диктаторскиот режим на генералот Франциско Франко. По влезот на Шпанија во ЕУ во 1986 година, а особено со воведувањето на еврото, шпанските региони до максимум го искористија лесниот пристап до евтин капитал. Освен за развој на туризмот, масовни средства се инвестирани во јавни проекти. Регионалните штедни банки, т.н. „кахи“, беа посредници во овој процес, во кој главна улога играа локалните власти и бескрупулозните приватни изведувачи. Постојано се отвораат корупциски скандали во кои се вмешани локални политичари. Приватните инвестиции беа концентрирани во секторот на недвижен имот, а тој претрпе сериозен удар како последица од глобалната финансиска и економска криза. Огромни комплекси, довршени или во градба, останаа без купувачи. Парите од даночните обврзници беа инвестирани во пропаднати јавни проекти. Карактеристичен е случајот со областа Валенсија, за кој неодамна пишуваше www.gragjanski.mk
Анализа
трани од Пиринеите „Њујорк тајмс“. Филмскиот „град на светлината“, во кој се инвестирани 325 милиони американски долари, се смета за пропадната и непромислена инвестиција. На локалниот аеродром сè уште не е регистрирано ниту едно полетување или слетување. Како резултат на ваквата манија, долгот на регионите достигна 25,5 милијарди долари. Централната влада презема ригорозни мерки за намалување на дефицитите на регионите. Опачината од манијакалното трошење преку задолжување се лошите заеми во билансите на голем број штедни банки. Победата на просечниот политичар Франсоа Оланд над Саркози на претседателските избори во Франција во април и мај годинава и целосното преземање на власта по парламентарните избори во јуни, ги разнежија срцата на француските социјалисти. Оланд е вториот француски претседател од редот на социјалистите по Втората светска војна. Француските левичари чекаа 17 години за преземање на моќната функција, по двата мандата на претседателот Франсоа Митеран во периодот 1981-1995 година. Претседателот Оланд дома ги спроведе првите две мерки од својата изборна програма – враќање на можноста за некои вработени, кои уплаќале во пензискиот фонд најмалку 41,5 години, да се пензионираат на 60 наместо на 62 години, а од 1 јули зголемување на минималната наемнина за 2 отсто, т.е. за 0,6 отсто над стапката на инфлација. Околу својата бомбастична предизборна најава за предоговарање за фискалниот пакт за еврозоната, наиде на одлучното „не“ кај канцеларката Меркел. За спасување на неговата чест како новоизбран претседател на важна членка на ЕУ, беа прифатени некои предлози за инкорпорирање мерки за поттикнување на економскиот раст, во кои главна улога имаат постојните институции, како што е Европската инвестициска банка. Шокот за Оланд следуваше набрзо. Еден од француските индустриски шампиони, концернот „ПСА Пежо Ситроен“, по остварената загуба од 700 милиони евра во првата половина од 2012 година, најави отпуштање на 6.500 работници и затворање на фабрика во околината на Париз. Претседателот, премиерот и неколку ресорни министри се во паника. Не се воздржуваат од остра јавна препирка со раководството на „Пежо“ околу неговата одлука за отпуштање работници. Дури и се сомневаат во тајмингот, т.е. чекањето за завршување на изборите на кои дојде до промена на власта. Француските индустријалци се жалат на прескапата социјална држава, која довела до пад на конкурентноста на француските производи во споредба со тие на соседна Германија. Само за 10 години сабота, 21 јули 2012
Еден од француските индустриски шампиони, концернот „ПСА Пежо Ситроен“, по остварената загуба од 700 милиони евра во првата половина од 2012 година, најави отпуштање на 6.500 работници и затворање фабрика во околината на Париз
трошоците за работна сила во Франција значително ги надминале тие на Германија. Според ЕУРОСТАТ, трошокот од час за вработени во индустријата во Франција, кој во 2000 година бил за 10 отсто помал во споредба со Германија, сега изнесува 35,7 евра, наспроти 34,9 евра во Германија, а просекот за еврозоната изнесува 29 евра. Јавните расходи во Франција учествуваат со 56,4 отсто во БДП, што е највисоко ниво меѓу земјите-членки на еврозоната. Француската бизнис-елита бара растоварување од енормниот даночен товар преку префрлање на некои од социјалните давачки од платите, во вкупен износ од 50 милијарди евра, на општото оданочување. Владата навести дека сериозно го разгледува овој предлог, на што остро се спротивставуваат синдикатите. Својот анимозитет кон бизнисот и кон побогатите општествени слоеви француската влада го манифестира преку најавените мерки во рамките на ребалансот на буџетот, кој треба наскоро да се најде пред пратениците, а се планира да биде усвоен до крајот на јули. Се предвидува зголемување на буџетските приходи за 7,2 млд. евра, преку зголемување на даноците за богатите, дополнително оданочување на дивидендите, воведување дополнителни давачки за финансиските институции и за енергетските компании и др. Предизборната најава за воведување на речиси конфискаторна даночна стапка од 75 отсто на доходите што надминуваат 1 милион евра, што би засегнало околу 3.000 француски семејства, е оставена за наесен, со предлогот за буџетот за наредната година. Повеќе аналитичари, домашни и странски, предупредуваат на можната штета за француската економија од овие мерки, во време кога јавниот долг ја има достигнато опасната граница од 90 отсто, кога за намалување на буџетскиот дефицит се неопходни заштеди или нови приходи, кои за наредната година се ценат на над 30 млд. евра, а трговскиот дефицит изнесува 70 млд. евра. Британскиот премиер Дејвид Камерон ги разлути официјалните власти со изјавата дека Британците ќе постелат црвен килим за француските инвеститори кои ќе сакаат да ја напуштат Франција. Жешкото лето во срцето на Европа ќе биде проследено со уште пожешка есен, со нови предизвици за европската идеја. „Животот во розово“, „сиестата“ што олабавува и, веројатно, сонот за „долче вита“ ќе мора да се приспособат на ограничените ресурси. 49
Економија
Добри в село, лоши в град Поразително е што секој петти емигрант од регионот е со високо образование, но во случајот со Македонија тоа е уште попоразително - секој трети емигрант е со високо образование и едновремено е млад Пишува: Никола Поповски
Н
еодамна беше промовиран редовниот економски извештај на Светска банка за државите од Југоисточна Европа (ЈИЕ) - БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово (World Bank: South East Europe Regular Economic Report, June 5, 2012). Студијата е достапна онлајн и претставува одлична можност експертите и заинтересираната поширока јавност детаљно да се запознаат со економските состојби, тековните движења и со клучните предизвици на овие економии во иднина. Очекувано, општиот впечаток од студијата е дека економските состојби во регионот се прилично проблематични, со многу мали изгледи нешто значајно да се промени во иднина. Економијата на Македонија, во овие регионални рамки, изгледа сосема упросечено со голем број подобри и голем број полоши страни во споредба со состојбите во другите држави од ЈИЕ. Како и обично, преголемата и долгорочно одржливата стапка на невработеност и понатаму ја прави нашата економија, во споредба со другите, да изгледа како да е од некоја друга планета. Природно, ако се задржиме само на меѓусебното компарирање на државите од регионот, општата слика за нашите економии може да остане многу неточна, па дури и изобличена. Но, за тоа нешто подолу. Сега да се вратиме на некои делови од студијата што изобилува со многу и интересно обработени податоци и многу корисни и поучни сознанија за нас. Таа, на пример, го доведува под сериозно прашање општото сознание дека земјите од ЈИЕ, вклучувајќи ја и Македонија, имаат ниско ниво на јавен долг. Студијата упатува на тоа дека во услови 50
на сегашен раст на долгот и голем број значителни економски ризици, земјите од ЈИЕ треба да го преиспитаат нивото на јавен долг што се смета дека е одржливо. Според договорот од Мастрихт, на пример, нивото на јавен долг од најмногу 60 отсто од БДП на една земја се смета за одржливо, но тој репер е поставен за земјите од ЕУ што имаат значително различни претпоставки за економскиот амбиент од оној што постои во земјите од ЈИЕ. Последниве, поради тоа, во иднина сè повеќе ќе мора: а) да се задолжуваат комерцијално на пазарите што стануваат скапи (повисоки камати и пократок рок), а не преференцијално кај меѓународните финансиски институции; б) да преземат мерки за среднорочна и долгорочна фискална консолидација што ќе ги намалува нивните можности за лесна отплата на јавниот, особено надворешниот јавен долг; в) да се соочат со проблемот дека наспроти ниското ниво на соодносот: јавен долг/БДП, овие земји имаат релативно лош сооднос на показателот: годишните државни јавни приходи/БДП; г) да водат сметка дека поради ограничените домашни финансиски пазари задолжувањето долгорочно ќе остане зависно претежно од меѓународните пазари што, само по себе, ги зголемува ризиците за нивно репрограмирање и рефинансирање.
НАШИОТ РЕГИОН СЕРИОЗНО И ПО СИТЕ ОСНОВИ СЕ ДВИЖИ БАВНО ИЛИ ВО ПОГРЕШНА ЕКОНОМСКА НАСОКА И ЗАТОА ПОСТОЈАНО РЕЛАТИВНО ЗАОСТАНУВА, А ШТО Е НАЈЛОШО И СИТЕ НИЕ СО НЕГО
Во овие рамки, македонскиот јавен долг не е толку низок како што се претставува. Денес тој веќе изнесува 109 отсто од годишните државни јавни приходи, а неговото годишно финансирање изнесува 8,6 отсто од БДП на земјата, од кои близу 1 отсто од БДП одат за камати. Овие односи ќе се продлабочат во идните години. Ако се има предвид дека македонскиот јавен долг во последниве четири години се зголеми од помалку од 1/4 од БДП во 2008 година на речиси 1/3 од БДП во 2011 година и во 2012 г. продолжува да расте, можеби, тогаш е неминовно неговото законско максимизирање на помалку од 40 отсто од БДП да се случи уште денес, за да не се предизвикаат некои несакани економски последици во иднина. Прифаќањето на една ваква опција за законско лимитирање на големината на јавниот долг значително би ја загрозило сегашната владина политика на финансирање на зголемените државни издатоци со серија од годишни фискални дефицити, што формално изнесуваат 2,5 отсто, а реално наближуваат кон 4-4,5 отсто од БДП. Важно сознание е дека шесте земји од ЈИЕ значително ја зголемиле и вредноста на својата надворешна трговија кон ЕУ-15 и нејзината софистицираност, но и дека таа станува релативно сè поневажна за овие шест земји поради релативното забавување на економскиот раст во ЕУ-15, во споредба со другите земји во светот и со самите земји од ЈИЕ. Учеството на извозот и на увозот од земјите на ЈИЕ во ЕУ-15 падна од над 50 отсто од нивниот вкупен извоз и увоз во 1998 година на близу 40 отсто денес. Колку за споредба, извозот и увозот на Бугарија и на Романија во ЕУ-15 денес е на ниво од над 55 отсто од нивната вкупна надворешна трговија. Друг проблем е што кај извозот од шесте земји на ЈИЕ, што е www.gragjanski.mk
Економија
АКО МАКЕДОНСКИОТ ЈАВЕН ДОЛГ ВО ПОСЛЕДНИВЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ СЕ ЗГОЛЕМИ ОД 1/4 ОД БДП ВО 2008 Г. НА РЕЧИСИ 1/3 ОД БДП ВО 2011Г. И ВО 2012 Г. ПРОДОЛЖУВА ДА РАСТЕ, МОЖЕБИ, Е НЕМИНОВНО НЕГОВО ЗАКОНСКО МАКСИМИЗИРАЊЕ НА ПОМАЛКУ ОД 40 ОТСТО ОД БДП
насочен кон ЕУ-15, и понатаму преовладуваат производи што се базираат на нискоквалификуван труд и природни ресурси (меѓуфазни производи), со релативно висока вредност од 12,4 отсто од БДП на овие земји и традиционални услуги (најчесто туристички) со 10,5 отсто од БДП, наспроти капиталните производи и современите услуги. Тоа е сликата и за Македонија, но, според извозот на стоки за широка потрошувачка, што природно содржат и поголема додадена вредност, нашата земја е лидер на регионот на ЈИЕ со нивна вредност што изнесува 11,6 отсто од БДП. Вкупно, според извозните перформанси, земјите од ЈИЕ сериозно заостануваат зад земјите од ЕУ-15, што е очекувано, но тие заостануваат и зад поранешните социјалистички, а сега новопримените земји-членки на групата ЕУ-11 (10+Хрватска), како и зад земјите од поранешниот СССР – Ерменија, Азербејџан, Грузија, Молдавија, Белорусија и Украина. Тука лежи и главниот проблем на Македонија – релативното економско назадување. Но, пред да преминеме на него, да се задржиме на уште нешто. Студијата потемелно се занимава и со пазарите на трудот, при што се објавуваат податоците и за емиграцијата што е базирана на потребата од барање вработување во други земји, пред сè, оние од постарите земји-членки на ЕУ (ЕУ-15). Во 2010 година, на 1.000 жители од ЈИЕ емигрирале околу четири лица, но најважна е образовната структура на тие емигранти. Поразително е што секој петти емигрант од регионот е со високо образование, но во случајот со Македонија тоа е уште попоразително - секој трети емигрант е со високо образование и едновремено е млад. Тоа може многу да објасни некои состојби со благото надолно движење на стапките на невработеност во Македонија во последниве неколсабота, 21 јули 2012
ку години, но и ефектите од зголемените јавни расходи на владата за ширењето на мрежата и опфатот на средношколците со системот на јавното високо образование. Според карактерот на податоците на Светска банка, многу е веројатно дека македонската влада денес, всушност ,со забрзано темпо ги финансира знаењата и вештините на висококвалификуваната работна сила на западноевропските земји што емигрира оттука. Сега да се вратиме на состојбите со македонската економија во рамките на групата од шест земји од ЈИЕ. Рековме дека таа е со упросечени вредности и исти такви економски перформанси. Но, разликата се создава кога овие шест земји од ЈИЕ, како група, ќе се споредат со другите земји и групи земји од континентот или неговото поблиско опкружување. Во тој случај, одеднаш сите економски индикатори и перформанси се значително пониски и со полоши трендови. Нашиот регион сериозно и по сите основи се движи бавно или во погрешна економска насока и затоа постојано релативно заостанува, а што е најлошо и сите ние со него. Во рамките на лошите економии на шесте земји од ЈИЕ, македонската економија е просечно добра, но самиот регион, во споредба со другите, е многу лош, па оттука и нашата економија со право може да се спореди со онаа народната поговорка дека таа е добра за в село, но лоша за в град. Утехата, очигледно е мала, а последиците, уште поочигледно, веќе се катастрофални. Ние, едноставно, стоиме многу лошо. Доказ за тоа е фактот дека денес БДП по глава на жител во овие шест земји е на нивото од само 6,6 отсто (15 пати помал) од оној на просекот на земјите од ЕУ-15, но уште попоразително е што тој изнесува само 21 отсто од нивото на БДП по глава на жител од групата земји ЕУ-11.
Во рамките на лошите економии на шесте земји од ЈИЕ, македонската економија е просечно добра, но самиот регион, во споредба со другите, е многу лош
Со други зборови, македонската и другите пет економии од нашиот микрорегион имаат пет пати понизок животен стандард од оној на Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Унгарија, Полска, Романија, Словачка и Словенија во целина. Тоа е поразително ако се има предвид фактот дека пред две децении разликите беа многу помали и дека постојано се зголемуваат. На тој начин ние полека, но сигурно ја губиме битката и на чуден начин остануваме среќни што сме просечно добри кога се споредуваме со БиХ, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово. Но, тоа е премалку. Без погрешно да се разбере, тоа друштво не смееше да остане нашето сидро за економско споредување и требаше да се направи сè за да се напушти преку политиката на нашата европска интеграција, исто како што тоа во меѓувреме го направија Бугарија и Романија, а од неодамна и Хрватска. Поради тоа, не треба да се чекаат само поволните ветрови од светската економија, туку треба најнапред до максимум да се искористат сите домашни ресурси и предности. Последниот извештај на ММФ за перспективите на светската економија од 16 јули повторно предупреди дека светската економија бавно ќе се движи напред и тоа ќе се случува единствено под притисок на земјите во развој, а дека развиените сè уште остануваат заковани во својата стагнација. Прогнозата за растот во 2012 и во 2013 година повторно е намалена, иако за симболични 0,1 и 0,2 отсто. Намалени се прогнозите и за растот на обемот на светската трговија за 0,3 и 0,5 отсто. Слични се очекувањата и на земјите од нашето опкружување, па затоа чекањето на позитивниот автоматизам од економското опкружување за нас е неосновано. Тоа уште долго ќе го нема. 51
Фактографика
ГЛОБАЛЕН ОТПЕЧАТОК НА Количество вода на располагање
Просечниот глобален просек на отпечаток на вода е околу
вода погодна за пиење свежа вода „заробена“ во поларните капи морска вода
м3 годишно по човек
Земји што се најзависни од увоз на вода
Кувајт
Малта
Холандија
87%
87%
82%
Белгија
80%
80%
зависност од увоз
м3 годишно
м3 годишно
Малезија
Италија
Тајланд
зависност од увоз
зависност од увоз
зависност од увоз
САД
Кина
2.896 милијарди м3 годишно
зависност од увоз
Грција
м3 годишно
Русија
3.069 милијарди м3 годишно
САД
м3 годишно
8.223 милијарди м3 годишно
Бразил
м3 годишно
од водата на располагање се користи за наводнување во земјоделството
Најголеми обновливи извори на вода
4.507 милијарди м3 годишно
Најголем отпечаток на вода по жител
Бахреин
отпечаток на вода за различна храна
24.000 литри 1 килограм чоколада
15.000 литри 1 килограм говедско месо
4.400 литри 1 килограм маслинки
1.500 литри 1 килограм шеќер
140 литри 1 шолја кафе
Повеќе од 2,8 милијарди луѓе во вкупно 48 земји ќе се соочат со недостиг од вода до 2025 година. До средината на овој век, проблеми со вода ќе имаат 7 милијарди луѓе
Фактографика
ВОДАТА
Под „отпечаток на водата“ на некоја земја се подразбира вкупното количество вода неопходно за пиење, за основна хигиена и за производство на стоки и услуги за населението
ВКУПНО КОЛИЧЕСТВО ВОДА НА РАСПОЛАГАЊЕ
ДЕМОГРАФСКИ БУМ И УРБАНИЗАЦИЈА
1 секунда = 2 луѓе
Km
3
од тоа 97,5% е морска вода
Воден отпечаток по жител, м3 годишно 600-1.000 1.000-1.200 1.200-1.300 1.240 – глобален просек 1.300-1.500 1.500-1.800 1.800-2.000 2.000-2.500
2011
2,5% е свежа вода од тоа 70% е мраз од поларните капи
7 милијарди
2050
КЛИМАТСКИ ФАКТОРИ 2011
4 милијарди
луѓе се соочуваат со проблеми поради слаб пристап до вода или поради поплави
КОРИСТЕЊЕ СВЕЖА ВОДА ПО СЕКТОРИ 2050
< 100 литри
околу 1 милијарда луѓе во градовите ќе имаат пристап до помалку од 100 литри вода за своите основни потреби
2050
2.000л +
просечно количество вода за пиење на ден
просечно количество вода за производство на храна за еден човек на ден
луѓе немаат пристап до доволно вода
70%
2 милијарди м
ќе биде дефицитот на свежа вода за да се задоволат потребите за домаќинствата, за наводнување и за индустријата
индустрија
22%
домаќинства
8%
ТРЕТМАН НА ОТПАДНИ ВОДИ 2050
2011
1 килограм ориз
1 пар чевли
1 фармерки
1 килограм говедско месо
1.000 – 3.000 литри вода
8.000 литри вода
11.000 литри вода
13.000 – 15.000 30.000 литри литри вода вода
ПРИСТАП ДО ВОДА ЗА ПИЕЊЕ
. .
наводнување
3
ОТПЕЧАТОК ЗА РАЗНИ ПРОИЗВОДИ
2-4л
Индонезија
9
милијарди луѓе (70% во урбаните средини)
луѓе (50% во урбаните средини)
и вечните снегови 30% е вода под земјата
ПОТРЕБИ ЗА ЛУЃЕТО
2.838 милијарди м3 годишно
секоја секунда светското население се зголемува за двајца
1 автомобил
ЗДРАВЈЕ
40%
од нив се во Супсахарска Африка
.
милијарди луѓе немаат основи санитарни услови
милијарди луѓе без основни санитарни услови
ЧУВАЊЕ ИЗВОРИ
.
луѓе умираат секоја година од болести поврзани со водата
2%
од свежата вода ќе се произведува со десалинизација до 2015 година
Животна средина
КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И РЕСУРСИТЕ
Црните сценарија не држат вода Пишува Теофил Блажевски
„З
а пет години ќе умираме од жед“. Вака гласеше насловот на текст од 2001 година, што ја обработуваше состојбата со водите во земјава. Поминаа единаесет години. Никој не умре од жед. Но, повторно стигна драматично предупредување - и тоа од Светска банка (СБ) - дека за 40 години може да се соочиме со жед поради климатските промени. Наши експерти сметаат дека таквите оцени се претерани и оти ќе има доволно вода, особено ако го подобриме управувањето со овој ресурс. Она што деновиве го соопштија потпретседателот на владата, Владимир Пешевски, и претставникот на СБ во Македонија, Лилија Бурунчук, се базира врз студија на СБ наменета за „Аналитичката програма за зелениот раст и климатските промени“. Тоа е програма за одржлив развој на Македонија во следните 50 години, во кој ќе бидат инкорпорирани и еколошки елементи, т.е. таканаречен „зелен раст“. Од аспект на водата, експерти на СБ наведуваат дека „прелиминарната анализа на достапните податоци за периодот од 1960 до 2000 година покажува намалување на водените ресурси во Македонија-врнежите опаднале за околу 20 проценти, а протокот на реките се намалил за околу 30 проценти. -Во студијата е утврдено дека во следните 40 години би можело врнежите да се намалат за дополнителни 20 проценти. Во истата студија се утврди и потенцијалот за значителен недостиг од вода во некои региони, што би можело да ја намали водата за наводнување во земјоделството дури и за 50 проценти – велат од СБ. Нивна процена е дека главниот пораст на побарувачката на вода ќе се лоцира во земјоделството и во хидроенергијата, а за да се разбере „потенцијалниот конфликт меѓу овие два сектора“, тие сугерираат неколку анализи за да може владата да носи правилни одлуки, меѓу што и се54
драматичните предвидувања дека Македонија, поради климатските промени, ќе се соочи со недостиг од вода, се малку веројатно црно сценарио базирано врз постари податоци, велат експерти Проф. д-р цветанка Поповска, експертка за води од Градежен факултет при УкИМ
Не верувам во црно сценарио
Површинските води се проценети на 6,4 милијарди кубни метри. Подземните, никој не знае точно
$ Нацрт-анализата на Светска банка во поглед на водите покажува можно црно сценарио во следните 50 години, особено од аспект на климатските промени. Дали состојбата може да стане толку црна, односно да се соочиме со големи намалувања на количествата вода? # Анализите за проектираниот период се базираат на климатски сценарија на глобално ниво. И тука можат да се анализираат варијанти-зелено, жолто и црвено или црно сценарио, што се можни поради стохастичкиот карактер на климатските, метеоролошките и хидролошките параметри. Анализите на СБ ги презентираа како претходен извештај сите три можни сценарија. Лично не верувам во црно сценарио, бидејќи повеќе го застапувам и бранам терминот климатска варијабилност, отколку климатски промени. Потврда на претходните ставови е и фактот дека регистриран релативно сушен период кај нас и пошироко на Балканот беше периодот 1986-2000 година, кога поради мали суми
на годишни врнежи, во комбинација со зголемено користење на водите, сите природни езера изгубија значителен волумен вода, а кај повеќето реки, особено во источниот дел од државата, се намалија протоците. Меѓутоа, во периодот од 2000 година до денес, регионот е во релативно влажен хидролошки период, што се манифестира со зголемени годишни суми на врнежи и зголемени протоци во реките. Ако се направи анализа на хидролошките податоци по декади, за последната деценија, сигурно, трендот на врнежите и на протоците е позитивен.
$ Ова го наметнува прашањето за следење на водите. Каков мониторинг имаме? # Во врска со организираниот мониторинг, моето мислење е дека таму состојбата е црна. Во минатиот век, од 50-тите до 90-тите години беше воспоставена одлична мрежа на климатски, метеоролошки и хидролошки станици. Во последниве две декади оваа мрежа наместо да се осовременува и проширува, бројот на станици е рапидно www.gragjanski.mk
Животна средина опфатна анализа за водните ресурси. Со други зборови, Македонија мора да поведе сметка со која брзина ќе го експлоатира водниот потенцијал. Програмата ќе биде готова наесен, но владата веќе соопшти дека Македонија ќе го инкорпорира зелениот модел во своите развојни планови што ќе го препорача СБ. Еден од експерите со кои разговаравме за ова прашање вели дека податоците врз кои се базираат процените на СБ се стари и оти климатските промени нема да донесат толку црно сценарио во поглед на водните ресурси. -За мене, проблемите со водите се поврзани, пред сè, со менаџментот и со мониторингот - вели проф. д-р Цветанка Поповска, шеф на Катедрата за хидраулика, хидрологија и уредување водотеци на Градежниот факултет на УКИМ. Таа вели дека практично и не знаеме колку вода имаме, затоа што и не ја мериме целосно. Интегрирано управување со водите. Македонија мора да се грижи за своите води многу поенергично отколку досега, велат нашите соговорници. Пред неколку години дојде до основна промена на законодавството во таа насока. Во согласност со европските директиви и препораки, Македонија во 2008 година донесе нов Закон за води, основна правна рамка што ја регулира оваа материја. Според Законот, намален, а намалено е и собирањето податоци по квантитет и квалитет поради недостиг од финансиски средства. Во националниот мониторинг не се инвестира. Единствена инвестиција се неколку автоматски хидролошки станици во рамките на проектот РИМСИС, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка. За жал, и овие станици или се уништени од кражби или не функционираат поради недостиг од финансиски средства.
$ Нацрт-анализата на СБ како да укажува на можен судир на интереси, кога е во прашање зголеменото користење на водата за производство на хидроенергија и нејзиното користење во земјоделството? # Не станува збор за можен судир на интереси. Во секоја национална стратегија, па и во секоја водостопанска основа, приоритет има водата за пиење и за наводнување. Во принципите на зелен развој и чиста енергија, хидроенергијата е најприфатлива - ја користи водата, не ја загадува и ја враќа за повторно користење во сливот низводно. Другите можности, како термоелектрани и нуклеарни централи, не се пријатели на чиста и здрава животна средина, а освен тоа побаруваат вода за ладење, па нивната економска оправданост, со почетни големи инвестиции и трошоци за одржување, може да се покаже нерентабилна во контекст на зелениот економски развој. сабота, 21 јули 2012
главната улога во поглед на планирањето и управувањето со водите преминува во Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Претходно, со децении, главен збор за водите имаше Министерството за земјоделство. Останува донесување подзаконски акти. - Освен со Законот, управувањето со водите е регулирано со повеќе од 30 подзаконски акти. Околу 10 акти се во подготовка и со нив целосно ќе се заокружи правната рамка околку издавањето на дозволите за користење на водите – изјави Јадранка Иванова, раководителка на Сектор за ЕУ во МЖСПП. Сепак, транзицијата не оди најлесно. Со Законот за води, два главни документа треба да бидат составен дел од управувањето со водните ресурси – Националната стратегија за води и Водостопанска основа на Република Македонија. Првиот документ е стратегија за идните 30 години, кој треба да ја проектира главната насока во управувањето со водите, со цел постигнување одржлив развој и чување на водните ресурси. Вториот документ е оперативна алатка за спроведување на стратегијата – Водостопанската основа ги покажува сите водни потенцијали врз кои потоа се спроведуваат и се конкретизираат политиките на експлоатација на водите. Стратегијата е во фаза на изработка веќе неколку години и ќе биде финализирана годинава.
$ Кои и какви приоритетни мерки треба да преземе државата за да може порационално да спроведува успешна политика во однос на водите? # Во минатото земјава имаше подобар мониторинг на водите и подобри политики на краток и долгорочен план, креирани со Водостопанската основа, која, за жал, не е иновирана повеќе од 30 години. Она што недостига во политиката со водите е управувањето со изградените водостопански и хидроенергетски капацитети, контрола на квалитетот на водите и трансфер на технологии. Пречистувањето на отпадните води, особено во урбаните средини, мора да биде приоритет не само поради обврските со имплементацијата на Директивата на Европа во секторот води, туку и заради подобрување на еколошкиот статус на водните тела и овозможување технолошка вода за наводнување и за други потреби. За тоа сега се користат системите за водоснабдување со питка вода. Она што загрижува е и фактот дека нашите реки, па и најголемата - Вардар, се реципиенти на секаков вид течен и цврст отпад. Неопходно е заедничко дејствување на различни ресорни министерства за остварување зелен економски развој, бидејќи без управување со отпадот нема ни управување со квалитетот на водите, а квалитетот директно влијае на квантитетот на водните ресурси.
travel agency
Вистинскиот пат до Вашите соништа ХИт ПроГраМа за МладИ златнИ ПЕСоцИ - бУГарИЈа PAPILLON PARTY SUMMER од 199 еур превоз + хотел+ луда забава вклучено во цена: бесплатен влез во 6 дискотеки , попусти до 20 % во ресторани, pub crawl, beach party, pena party, playboy party
лЕтУваЈтЕ наЈЕФтИно ГрцИЈа - Халкидики Mola Kalyva LEONIDAS STUDIO APARTMENTS http://www.halkidiki.com/leonidas/index.htm 01 - 11.07.2012 цена по лице 245 еур превоз + 10 полупанисона
PAPILLON Travel Agency Dame Gruev 28 1000 Skopje, Macedonia T: +389 2 3123 477 F: +389 2 3113 387 papillon@papillon.com.mk www.papillon.com.mk
55
Животна средина За Водостопанската основа, која не е сменета околу четири децении, се прават напори да се обезбедат средства - изјавија надлежните. Подземните води - тајна. Ова значи дека Македонија во моментов не знае точно со колку вода располага, затоа што последните биланси се од почетокот на седумдесеттите години од минатиот век. Од она што може да се прочита во нацрт-стратегијата, за која има многу забелешки од домашни експерти, Македонија има доволно водни ресурси. Но, колку - не се знае, зашто е позната само бројката со површинските води - околу 6,4 милијарди кубни метри вода. -Македонија спаѓа во области што имаат доволно водни ресурси. Меѓутоа, нивната распределеност е прилично нееднаква- се вели во стратегијата. Но, колку навистина знаеме за водните потенцијали зборуваат податоците за подземните води. Овие податоци се многу важни, зашто дури 70 отсто од водите за пиење, кои ги користи населението преку водоводи, се од подземните води. Изготвувачите на стратегијата наведуваат дека, според катастарските податоци стари триесетина и повеќе години, во Македониј има над 4.000 извори со просечна издашност од 31,5 кубни метри во секунда. -Податоците за бројот на извори се многу потценети, но процената на вкупниот капацитет е сосема добра. Нови ажурирани, детаљни и прецизни информации за хидрогеолошките карактеристики треба да бидат обезбедени со изработката на основните хидрогеолошки карти.
Последните биланси се правени пред четири децении, а карти за подземни води има само за 30 отсто од територијата на земјава Засега, само 30% од вкупната површина на Република Македонија е покриена со тој вид карти – наведуваат експертите во нацрт-стратегијата, изготвена од експерти од Словенија во соработка со македонски. Дека земјава не знае со колку вода располага може да се види и од публикациите на Заводот за статистика за животната средина во Македонија. Во деловите за вода се наведуваат податоци за реките, за снабденоста на населението со водоводни и одводни системи, за испуштената индустриска вода, за квалитетот на водата за пиење и друго, но не и за вкупните количества вода во земјава. Сè додека не бидат изготвени новата Водостопанска основа и нови хидрогеолошки карти, Македонија нема да може соодветно да ги планира управувањето и зачувувањето на своите водни потенцијали, зашто и не знае прецизно колку и какви потенцијали има.
Јадранка Иванова, раководителка на Сектор за ЕУ при МЖСПП
Од стопанисување преминавме кон управување со водите $$ До каде е усогласувањето на домашното законодавство со европското во врска со водите? ## Законот за водите е целосно
усогласен со релевантното ЕУзаконодавство во оваа област. Делот што треба понатаму да се усогласи е поврзан со поновите директиви на ЕУ, како што е Директивата за поплави и Директивата за заштита од загадување на водите од нитрати што потекнуваат од земјоделски активности. Со донесувањето на Законот за водите управувањето со водите се постави на повисоко ниво, при што од претходното, исклучиво искористување или водостопанисување со водите, преминавме во интегрирано управување, со кое се опфатени сите аспекти што имаат влијание врз квалитетот и квантитетот на водите.
$$ Главните документи, според Законот, Националната стратегија за води и Водостопанската основа сè уште не се донесени? До каде е таа постапка? ## МЖСПП ја започна изработката на Националната стратегија за води во 2010 година и таа е во финална постапка на донесување. Во моментот се вршат консултации со релевантните органи во РМ на конечната верзија на стратегијата, по што за помалку од еден месец ќе следува нејзино донесување. Водостопанската основа што постои во моментот е постар документ и од Министерството за земјоделство беа направени обиди за донесување нова основа во 2000 година. МЖСПП, кое ги презеде надлежностите во управувањето со водите од јануари 2011 година, прави напори да обезбеди средства за изработка на нова водостопанска основа што претставува национален документ. Сепак, Законот за водите, согласно со Рамковната директива за води на ЕУ, наметнува обврска за донесување планови за управување со речните сливови што постојат во Македонија, за што веќе се поднесени предлог-проекти за финансирање на нивната изработка преку ИПА- фондовите. $$ Какво е искуството на Министерството, откако со новиот Закон, практично, сте главна институција за управување со водите? ## До пред донесувањето на Законот зборувавме за стопанисување со водите, односно за искористување на водните ресурси за различни потреби, притоа занемарувајќи ги аспектите на меѓусебната зависност на различните потреби од вода, како за човекот, така и за природата. Досегашните практики и начини на постапување со водите се менуваат, со што сите субјекти треба да го уредат користењето на водите преку добивање дозволи за нивно користење. Ова беше една од најбитните обврски што следеа за МЖСПП. Од претходниот систем, во кој се издаваа само водостопански согласности (кои се издаваат за изградба на објекти што имаа влијание на водостојот), сега МЖСПП го надградува овој систем преку спроведување на Законот со издавање дозволи за користење на водите, во кои точно се утврдуваат количините што можат да се користат, нивната намена, како и количината и квалитетот на водите што се испуштаат.
56
www.gragjanski.mk
ИНТЕРВЈУ | ТРЕНД | ЗДРАВЈЕ | ТЕХНОЛОГИЈА | СПЕКТАКЛ | ФЕЉТОН | КРСТОЗБОР | ХОРОСКОП | MADE IN КАНАДА
Т
Телевизијата го диктира олимпискиот ритам
елевизијата го диктира развојот на Олимписките игри и ги води сè подалеку од мотото на Пјер де Кубертен, кој ги замислуваше како поле за спортски натпревар на сите народи. Сега сè е подредено на преносите и на рекламите. Нема место за аматери. За точка на пресврт може да се смета настапот на кошаркарскиот тим на соништата составен од ѕвездите на НБА, во кои најсјајни беа Мајкл Џордан и Меџик Џонсон. Годинава „дрим-тимот“ е посилен од кога било. Американците во Лондон доаѓаат со Коби, Леброн, Дурант и атрактивниот забивач Грифин, навестувајќи претстава што не смее да се пропушти. Аматерите не се сосема истерани. Ќе дојдат и тие, некои со воз на сопствен трошок, ќе престојуваат и тие во некој агол од олимпиското село, некои ќе се закитат и со медали, но нема да ги привлечат кон себе ка-
сабота, 21 јули 2012
мерите и интересот на јавноста. Освен ако, не дај боже, станат жртви на некој терористички напад. Такво сценарио ќе настојуваат да спречат 30.000 полицајци и војници. Некој од нив треба да вложи натчовечки напор или да биде особено голем миленик на среќата за да го забележат. Како долгопругашот од Етиопија, Хајле Гебресиласие. Во документарниот филм „Издржливост“, посветен на неговиот маратон од напорните тренинзи до златниот медал во Атланта, еден долг кадар го прикажува како трча низ пустина сè до големиот град. Кадарот не е пресечен со реклами, туку е објаснет со едноставна порака, која многумина, токму поради влијанието на телевизијата, не ќе можат да ја разберат: „Некои луѓе би размениле четири години од својот живот за 27 минути 7 секунди и 34 стотинки“. 57
Спорт
ОЛИМПИСКИ ИГРИ
Пропагандни игри со спортот Откако телевизијата ги освои Игрите и ги донесе до секој дом на планетата, Олимписките игри се многу повеќе од „здрав натпревар“. Пред сè, тие се генератор на многу пари, но и можност разни влади и групи да го искористат присуството на камерите за сопствена промоција Митко Билјаноски
З
ошто петте круга на симболот на Олимписките игри се преклопуваат? Според објаснувањето на творецот на модерните Олимписки игри и автор на симболот, баронот Пјер де Кубертен, петте разнобојни круга на бела основа се симбол на петте дела на светот освоени од олимпизмот и кои се подготвени да прифатат здрав натпревар. Од денешна гледна точка може да се даде и друго објаснување. Се преклопуваат боите на телевизијата – сината, црвената и
58
зелената – со бојата на парите и на црните игри. Сите заедно, како со синџир, врзуваат милијарди луѓе пред телевизиските екрани, не само поради спортот. Откако телевизијата ги освои Игрите и ги донесе до секој дом на планетата, Олимписките игри се многу повеќе од „здрав натпревар“. Пред сè, тие се генератор на многу пари, но и можност разни влади и групи да го искористат присуството на камерите за сопствена промоција. Игрите во Лондон ќе почнат по две недели, но тие го привлекуваат вниманието многу одамна. А Британците, како домаќини, го менуваа расположението од период во период. Прво, во 2005 година, сите беа во
исчекување дали Себастијан Коу, Дејвид Бекам и Тони Блер ќе успеат да ги доведат Игрите во Лондон. А, кога тие успеаја во тоа, нацијата падна во сосема друга опсесија. Колку ќе чинат Игрите и каква ќе биде ползата од нив... Многумина забележаа на аномалијата – неопходноста да се инвестираат милијарди во ситуација кога поради кризата мора да се стега ременот. Ништо чудно ако некои земји го намалат бројот на спортисти, па можно е дури и целосно да ги игнорираат Игрите не поради политички бојкот (како што порано направија Американците на Олимписките игри во Москва и Советите на Игрите во www.gragjanski.mk
Спорт
ЗАБОРАВЕТЕ ЈА ПРАЗНАТА ФРАЗА ДЕКА ЗА ВРЕМЕ НА СПОРТСКИТЕ НАТПРЕВАРИ БИЛЕ ПРЕКИНУВАНИ ВОЈНИ. ТАА ПРИКАЗНА, КОНЕЧНО, ПАДНА ВО ВОДА НА ИГРИТЕ ВО ПЕКИНГ, КОГА ТОКМУ НА СВЕЧЕНОТО ОТВОРАЊЕ РУСИЈА И ГРУЗИЈА ПОЧНАА ВОЈНА
Лос Анџелес), туку од едноставна причина што не можат да си го дозволат учеството. Бидејќи Лондон, нели, од крајот на јули до крајот на август ќе биде домаќин не само на најдобрите атлети од цел свет, туку на уште милиони туристи, новинари, телевизиски екипи... Во градот на Темза веќе почнаа да се собираат телевизиски екипи и туристи. Сега е период во кој се прават репортажи за спортските арени, за oлимпиското село, за рестораните и за туристичките знаменитости. Телевизиската машинерија веќе е вклучена. Со толку многу телевизиски камери не е можно да се случи нешто во Лондон, а да не го види веднаш цел свет. Токму сабота, 21 јули 2012
Телевизискиот интерес од едни до други Игри постојано се зголемува. И овојпат на малите екрани ќе биде понудено повеќе отколку што може физички да се следи, дури и на телевизори со „слика во слика“. А, секоја таква услуга добро се наплаќа
ва ќе се обиде да освои трето олимписко затоа се ангажирани армија полицајци, па и буквално армијата, за да се спречи теро- злато. Не е познат износот на неговиот дористички напад. На улиците, пак, секако, говор со производителот на велосипеди „Орбеа“, но откако тој ги користи неговите ќе демонстрираат разни групи. велосипеди профитот на компанијата Олимписките игри одамна се многу повеќе се зголемил од 48 на 60 милиони долари. од обични игри. Не зборуваме за празната фраза дека за време на спортските натпре- Тоа е една од нераскинливите врски во вари биле прекинувани војни. Таа приказ- олимписките кругови – инвазијата на комерцијалното врз Игрите замислени како на, конечно, падна во вода на Игрите во аматерски. Сè додека не се вмешаа медиПекинг, кога токму на свеченото отворање умите. Русија и Грузија почнаа војна. Денес телевизијата отиде во друга крајОлимписките игри се идеална можност за ност. Поради стандардниот проблем на проширување порака. Така беше во 1936 година во Берлин, кога Хитлер се трудеше часовните зони, вечерните натпревари во од Игрите да направи пропаганда за Тре- Лондон би се случувале во работно време во Америка. Затоа во ударниот термин во тиот рајх, така беше и во Минхен во 1972 САД ќе бидат прикажувани снимки од година, кога палестинските терористи ги нападнаа израелските спортисти. Те- постигнувањата на денот, со особено внилевизиските камери во своја полза ги ис- мание на резултатите што ги постигнале американските атлети, полни со магазинкористија и Џон Карлос и Томи Смит. Тие со кренати тупаници го направија прочу- ски приказни за спортистите од поинакви агли. Тоа, практично, ќе биде монтиран ениот поздрав „Црната моќ“ додека беа пресек на денот посветен на гледачите на подиумот и се свиреше американската кои, пак, не се интересираат многу за химна. Игрите во 1936 година, на пример, беа ко- спортските резултати. Американската јавност општо нема некаков голем интерес мерцијално невини. Но, послужија како инструмент за проширување на Хитлеро- за велосипедските трки во велодромот, за стрелаштвото, борењето, кревањето товата идеја за надмоќност на Третиот рајх и вар, веслањето или за модерниот петобој. на ариевската раса. Токму затоа, а поради Од друга страна, нацијата на „најдебелите“ успесите на Џеси Овенс, овие Игри станаа традиционално не пропушта натпревари легендарни. Но, и тоа ќе беше заборавено да не беше медиумското покривање - пио- во пливање и во гимнастика и, секако, атлетика. Не е утврдено дали е тоа поранерски обид Игрите да се злоупотребат за ди тесните трикоа и мускулестите тела политички цели, што, секако, заврши со на атлетите или поради доминацијата на непосакуван епилог за продуцентите. Од сите снимки, Лени Рајфенштал го напра- Америка во овие спортови. Телевизиските ви филмот „Олимпија“, кој, поради вни- камери ги бележат сите детали од спортистите, во обид да се пронајде детаљ што мателното монтирање, беше објавен дури би ги загреал гледачите. Како долгите во 1938 година и чинеше два пати повеќе од стандарден игран филм во тоа време. бојосани нокти на Флоренс Грифит ЏојРајфенштал настојувала да им даде умет- нер. Телевизијата не пропушта ништо и тоа уште повеќе го зголемува притисокот ничка вредност на Игрите. Во филмот врз спортистите, кои напорно се подготнедостигаат стандардните кадри без кои телевизиското следење на спортовите де- вувале за тие неколку моменти што ќе ги поминат во фокусот. неска би било незамисливо. Олимписките игри станаа трилери сами Така беше во почетокот. Телевизискиот по себе, а отворањето и затворањето интерес постојано се зголемува од едни до други Игри. И овојпат на малите екра- прераснаа во врвни спектакли. Ова беше најизразено во Пекинг во 2008 година, ни ќе биде понудено повеќе отколку што може физички да се следи, дури и на теле- бидејќи кинеските власти сфатија дека, веројатно, ќе немаат подобра можност за визори со „слика во слика“. А, секоја таква самопромоција. Беше ангажиран врвниуслуга добро се наплаќа. Ен-Би-Си, која ги от режисер Џанг Јиму, кој со 15.000 луѓе, откупува правата за Олимписките игри за гледачите во Америка уште од 1988 година, 30.000 ракети и, практично, неогранипостигна договор за пренесување на Игри- чен буџет од властите создаде спектакл каков што светот не памети. Имаше глате во Лондон, на тие во Рио во 2016 година сишта дека властите успеале да ги сменат и на следните во 2020 година, без оглед дали ќе се одржат во Истанбул, Токио, временските услови над „Птичјото гнездо“, за да не биде нарушена претставата. Баку, Доха или Мадрид. За тоа Ен-Би-Си плати 4 милијарди долари. Оперативниот Летвата беше крената толку високо што буџет само за отворањето и за затворање- претставува огромен притисок за Дени то на Игрите во Лондон веќе беше зголе- Бојл, режисер кој се закити со „Оскар“ мен од 40 на 80 милиони фунти. Кога пре- за „Slumdog Millionaire“, а кој сега ја има тходниот пат Игрите се одржаа во Лондон, задачата да ги режира најважните церемонии. Тој не само што мора да креира во 1948 година, Би-Би-Си за телевизиските незаборавен и автентичен спектакл, туку права издвои 1.050 фунти. Компаниите вложуваат милиони во спор- мора да изнајде начин да ја претстави тистите, а тие ги враќаат инвестициите. Британија во колку што е можно поубава Велосипедистот Џулиен Апсалон година- светлина. 59
АТЛЕТИКА Кралицата на спортовите, како што популарно ја нарекуваат, е најстариот олимписки спорт воопшто. На првите антички Олимписки игри, пред речиси 3.000 години, единствената дисциплина била трка на патека од 192 метра. Усеин Болт треба да докаже дека е најбрзиот човек воопшто, а Оскар Писторус од Јужна Африка има историска шанса да стане првиот маж со протетички нозе што се натпреварувал на Олимписките игри
КОШАРКА За жал, македонската репрезентација не успеа да оствари историски успех и да се пласира на кошаркарскиот олимписки турнир, што ќе биде мошне интересен натпревар меѓу 11 репрезентации за сребрениот медал. Апсолутно неверојатно е дека дури и силната Шпанија може да им го одземе златото на Американците. Анкетата во САД покажа дека „тимот на соништата“ од 1992 година, со Џордан, Бирд и Меџик, бил посилен од сегашниот, но кој може да им се спротивстави на Коби, Леброн, Дурант, Кармело и на новата ѕвезда Ентони Дејвис?
ФУДБАЛ Бразил, конечно, би требало да победи на важен натпревар. Тимот е составен од најдобрите играчи помлади од 23 години, вклучувајќи ја и новата ѕвезда Нејмар, а во конкуренција од големите фудбалски сили е само Шпанија, но не со најдобриот состав. Првпат на големо натпреварување ќе видиме комбиниран тим на Британија, во кој, за жал (особено на понежниот пол), е изоставен Дејвид Бекам
60
Помасовно, по Најбизарното во ова дефиле на мирот и еднаквоста е тоа што гледачите веќе се привикнати да очекуваат многу повеќе од обична парада - очекуваат спектакл, очекуваат нови технолошки чуда, невидени кореографии и незаборавен огномет Пишува Митко Билјаноски
О
лимписките игри, како и секогаш, почнуваат со голема парада на мир и пријателство. Така било отсекогаш, уште откако беа обновени Игрите во 1896 година на Панатенскиот стадион во Атина. Домаќинот го пречекува светот во голема арена. И во тој круг пешачење пред преполните трибини, сите се еднакви. Сите се победници. И тие од Америка и тие од Кина, и тие од Македонија и тие од Џибути. По абецеден ред сите го веат својот барјак, сите ì отпоздравуваат на публиката, сите го делат ракоплескањето. Го нарекуваат парада на учесниците. На првите Игри во Лондон, во 1908 година, парадата траеше кратко. Имаше само спортисти од 22 нации, не е тешко да се претпостави од кои, плус од Бохемија. На овој трет олимписки собир на светот во Лондон, парадата ќе трае мошне подолго. Ќе прошетаат спортисти зад повеќе од 200 знамиња. Некои групи ќе бидат подолги, некои нации ќе бидат претставувани само од знаменосецот. А, милијарди пред малите екрани ќе навиваат за своите и, вообичаено, ќе го коментираат шарениот стил на спортските костуми. Некој ќе се зачуди на редоследот на земјите, друг на бројот на учеснички, кој е поголем од членките на Обединетите нации (па, зарем и Палестина е земја, ќе рече некој). Најбизарното во ова дефиле на мирот и еднаквоста е тоа што гледачите, и тие на трибините и оние пред телевизиските екрани, веќе се привикнати да очекуваат
ОТВОРАЊЕТО НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ СТАНА СПОРТСКА ДИСЦИПЛИНА САМА ПО СЕБЕ, ВО КОЈА ДОМАЌИНОТ НЕМА АКТИВНА КОНКУРЕНЦИЈА, НО МОРА ДА ГО ЗАСЛУЖИ ЗЛАТНИОТ МЕДАЛ ПРЕД МИЛИОНИ ГЛЕДАЧИ, КОИ СЕ СТРОГИ СУДИИ www.gragjanski.mk
обрзо, поскапо
КИНА, ВО 2008 ГОДИНА, ГО ДОСТИГНА МАКСИМУМОТ, НО НЕ ЗАСЛУЖИ ЧИСТА ДЕСЕТКА - ЗАМЕНАТА НА „ГРДОТО“ ДЕВОЈЧЕ СО ПРЕКРАСЕН ГЛАС И КОМПЈУТЕРСКАТА КРЕАЦИЈА НА НЕКОИ ОГНОМЕТИ МУ ОСТАВИЈА МОЖНОСТ НА ЛОНДОН ДА ЈА ДОСТИГНЕ ВИСОКО КРЕНАТАТА ЛЕТВА сабота, 21 јули 2012
многу повеќе од обична парада. Очекуваат спектакл, очекуваат нови технолошки чуда, невидени кореографии и незаборавен огномет. Отворањето на Олимписките игри стана спортска дисциплина сама по себе, во која домаќинот нема активна конкуренција, но мора да го заслужи златниот медал. Трпи огромен притисок отворањето да биде поубаво од сите претходни и да има елемент што ќе се памети со децении. Има милијарди судии кои ги следат сите детали и, по дефиниција, се строги. Ваквата практика, практично, ја почна човекот кој немаше буквално никаква заедничка врска со мирот и еднаквоста. Кога Олимписките игри се одржаа во Берлин, во 1936 година, Адолф Хитлер се обиде да ги претвори не во парада на единството, туку во дефиле на „надмоќноста на ариевската раса“ (не претчувствувајќи дека само неколку дена подоцна Џеси Овенс, за помалку од 10 секунди, ќе ја урне неговата дефектна пропагандна машинерија). Како и да е, првпат во 1936 година Игрите беа пренесувани на телевизија, беа отворени со марширање на легии на Хитлеровата младина, со високо кренати раце. Од таквата глетка и денес се крева притисокот, но отворањата продолжија со таа доза на масовност, само што станаа позабавни. Во 1984 година, во Лос Анџелес, над стадионот лебдеше маж во астронаутска опрема и со ракетен ранец. Во Атланта, во 1986 година, растреперените раце на спортската легенда Мухамед Али со факелот запалија огнена топка која по невидливо јаже се извиши како комета и го пламна олимпискиот оган. Кина, во 2008 година, го достигна максимумот. Приреди дотогаш невиден спектакл. Вложи 100 милиони долари и ангажира чета инженери за да го запрат дождот таа ноќ над Пекинг. Но, сепак, не заслужи чиста десетка од строгите судии. Замената на „грдото“ девојче со прекрасен глас со „поубаво“ што само отвораше уста и компјутерската креација на некои огномети му оставија можност на Лондон да ја достигне високо кренатата летва. Притисокот и честа да ги режира отворањето и затворањето на Олимписките игри во Лондон му припаднаа на Дени Бојл, автор на „Трејнспотинг“ и на „Сламдог милионер“. Ќе има музика и кореографија. Ќе има дефиле на британската радост и гордост, со доза на британски хумор. Ќе има тензија и натпреварувачки дух. Како вистински вовед во она што следува. Со таа разлика што на отворањето нема херои и губитници. Легендите и драмите се резервирани за подоцна.
ГИМНАСТИКА Спорт што го практикуваат деца, а го гледаат возрасни. На Игрите ќе настапат повеќе гимнастичарки што не завршиле ни основно образование. Ритмичката гимнастика, пак, е резервирана само за жените
СТРЕЛАШТВО Стрелаштвото е еден од најстарите спортови – потекнува од пред 10.000 години. Уште од времето на Робин Худ се применува како вентил за агресивност – наместо во дивеч или во други луѓе, стрелачите гаѓаат од далечина од 70 метри во цели чиј центар има дијаметар 12,2 сантиметра
БАДМИНТОН „Тенисот со дефект“, всушност, е побрза игра. „Топчето“ (кое се прави со пердуви од левото крило на гуска!) при смеч може да достигне брзина и од неверојатни 400 километри на час! За среќа, брзината значително се намалува додека ја префрлува мрежата
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ Британците по долга пауза доминираат на „Тур де Франс“ и имаат големи очекувања во Лондон од ѕвездите Марк Кевендиш, Бредли Вигинс и Крис Фрум, особено зашто патеката е правена според „нивна мерка“. Во велодромот, пак, Британците очекуваат уште повеќе медали во традиционалниот дуел со Австралијците. Маунтинбајкот е една од најнепредвидливите дисциплини. Се вози само финална трка
61
660
8 ТОНИ
ДОЛАРИ
ство вкупно количе бакар и ро еб ср злато, да се за биле потребни изработат сите 4.700 медали за за Олимписките и ите ск пи им ол ра Па игри
е реалната вредност на златниот медал. Ако беа направени од ЧИСТО ЗЛАТО
ќе чинеа
21.200 ДОЛАРИ
325
ДОЛАРИ
е реалната вредност на сребрениот медал кој, всушност, е направен од легура што содржи
90%
зголемување на цената на златото по
ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ПЕКИНГ
во 2008 година
6
ГРАМА
375-400 ГРАМА
е тежината на медалите, најголема досега
е количеството злато во златните медали – најмногу (дури 92,5%) е сребро
92,5 %
сребро и
7,5%
бакар
Божицата Ника и реката Темза се втиснати на медалите
НАЈВРЕДНИ МЕДАЛИ ДОСЕГА
Медалите што ќе се доделуваат на Олимписките игри во Лондон се најголемите и најтешките што воопшто се направени досега
3
ДОЛАРИ
е вредноста на бронзениот метал, изработен од 97% бакар и 3% цинк и калај
АКО МАЛО ДЕТЕ НЕ МОЖЕ ДА ПОГОДИ КОЈ ПОБЕДИЛ ВО РИНГОТ, ЗНАЧИ ДЕКА БОРБАТА БИЛА ОРГАНИЗИРАНА ОД ДОН КИНГ ИЛИ БИЛА НА ОЛИМПИЈАДА Розовиот спорт. Корпа валкани спортски сигурен дали машината ќе ги врати маичалишта, како и секоја друга. Внимателно ките снежно бели или розови, но Надал ги распоредени на бели и шарени, и кутија убедил сите дека дошол во Пекинг за да детергент. Ништо невообичаено, особе- даде сè од себе. И го освои златниот медал. но за Олимпиското село во Пекинг, каде Годинава, токму на зелената трева на што во пералниците се собираа стотици „Вимблдон“ ќе се соочи со уште неколкумиспортисти. Но, не и за еден човек. Рафаел на врвни спортисти што го сонуваат олимНадал на тенискиот терен освоил сè што пиското злато. Пред сè, со Роџер Федерер, можел да посака. Заслужил пари повеќе актуелниот крал на „Вимблдон“, кому не отколку што може да потроши. Навикнал му е утеха златото во двојки од Пекинг, и да отседнува во луксузни хотели, каде што со Новак Ѓоковиќ. А и Енди Мари може да не знаел кој му ја испрал облеката. стави сол во длабоката рана на Британците – конечно да победи на турнир на „ВимНе и во Пекинг. Таму самиот си ја носел валканата и испотена опрема за да ја ис- блдон“, а никогаш да не го освои. Најдобриот и најбрзиот спринтер. Тајсон пере. Самиот избрал да биде како и сите други спортисти. Да го почувствува Олим- Геј е најдобриот спринтер во светот. Грапискиот дух, кој го нема ни на „Вимблдон“ ден е идеално. Тренира најнапорно од сите други спринтери. Од стартот тргнува како ни на „Ролан Гарос“. Никој не може да биде сабота, 21 јули 2012
молња и има беспрекорна тактика. Знае да ја темпира формата. На финалната трка на 100 метри на Светското првенство во Берлин пред неколку години, Геј беше во петтата патека, среде најбрзите луѓе во светот. Излета како тигар од блокот, истрча беспрекорно и на целта стигна побрзо од кога било дотогаш, за 9,71 секунда. Истрча побрзо од кој било друг Американец кога било претходно. Единствен проблем на најдобриот спринтер во историјата е што не е и најбрз. На патеката до него беше Усеин Болт од Јамајка, кој на целта се најде повеќе од еден метар понапред. Ја истрча патеката за 9,58 секунди. „Молњата“ Болт, можеби, не е најдобриот, но е најбрзиот човек во историјата. Го почитува Геј како конкурент, но има едноставен рецепт за да го победи: „Кога тој трча брзо, јас трчам уште побрзо“. Болт доаѓа со голема провокација на Олимписките игри во Лондон. Најави дека ќе истрча 100 метри за неверојатни и натчовечки 9,4 секунди. Геј, пак, има единствена цел да го стаса Болт, макар трчал побрзо од виор. На нас, пак, ни го оставаат задоволството со големо внимание да го следиме овој дуел. Со многу големо внимание. Ако трепнеме, ќе го пропуштиме. Крајот и почетокот на боксот. Нема полесна работа отколку да се одреди победникот по добра борба во боксерскиот ринг. И мало дете ќе ви каже кој победил пред да го објават резултатот. Ако не знае да ви одговори, значи дека борбата не била вредна за гледање. А, ако, пак, судиите кажат поинаков резултат, тоа значи дека борбата ја организирал промоторот Дон Кинг или била на Олимписките игри. Боксот на олимпијадите беше еден од поатрактивните спортови сè додека малите деца можеа да кажат кој победил. Рингот беше сцена на која дефилираа различни стилови – елегантните, но убиствени Кубанци, левораките издржливи Руси или постојано агресивните Американци... Ракавиците ги вкрстуваа извонредни техничари и удирачи „од очај“, но секогаш се знаеше кој победува. Со злато се закитуваа идните професионални шампиони, како Касиус Клеј, Шугар Реј Леонард, Џорџ Фореман, Џо Фрејзер, Ленокс Луис и Владимир Кличко. Но, водечките луѓе во олимпискиот спорт ги променија правилата, исфрлајќи го од равенката главниот фактор во боксерскиот ринг – силата. Сега се доделуваат поени кога белиот дел од ракавицата ги допира главата или телото на противникот. Боксерите не мора да зададат ниту еден силен удар за да им ја кренат раката по борбата. И, да не е графичкиот приказ на поени на екранот, малите деца повеќе нема да ви кажат кој победил. Затоа, последната надеж за спас на боксот на Игри во Лондон му е оставена на понежниот пол. Првпат во олимпискиот ринг ракавиците ќе ги вкрстат и жените.
ОДБОЈКА НА ПЛАЖА Откако дебитираше на Олимписките игри во Атланта, во 1996 година, одбојката на плажа стана еден од најгледаните спортови. Секако, не поради спортските резултати, туку поради витите женски тела во провокативни бикини
ПИНГПОНГ Во изминатите години имаше големи проблеми во пинг-понгот – се променија поените за добиен сет и меч, се променија топчињата, се промени бојата на масите. Само победниците останаа исти – Кинезите. И овојпат се очекува да доминираат, но не и да ги освојат сите златни медали
ЈАВАЊЕ Во овој аристократски и не баш атрактивен олимписки спорт, најголемо внимание привлекува Јапонец кој нема шанси за медал. Хироши Хокетсу ќе настапи на возраст од 71 година, со што ќе биде вториот најстар олимпиец воопшто (72-годишниот Швеѓанец Оскар Сван освои медал во стрелање во 1920 година). Хироку се натпреварувал на Олимписките игри во 1964 година, 22 години пред да се роди Усеин Болт
СИНХРОНИЗИРАНО ПЛИВАЊЕ Најинтересното во спортот со уметничка кореографија е како репрезентациите успеваат да пронајдат девојки што толку многу личат една на друга. Веќе има одговор прашањето како не им се расипуваат фризурите - ги зацврстуваат со желатин што се прави од коњски лигаменти
63
Здравје
Резервни органи по нарачка Производството на органи и на ткива создадени во лабораторија би им го спасило животот на десетици илјади луѓе кои чекаат органи за трансплантација, но нема доволно донатори
Р
Пишува Митко Билјаноски оботите и машините се во голема предност во однос на луѓето. Ако се расипат, лесно може да се утврди причината и да се замени дефектниот дел со нов. Кај луѓето, ова беше постигнато со развивање на технологијата трансплантација на органи, но веќе почнаа првите проблеми. Десетици илјади луѓе низ светот умираат секоја година од едноставна причина нема доволно донатори. Немоќноста да им се помогне на луѓето кои чекаат пресадување органи, во Британија веќе е подигнато на ниво на „криза на јавното здравство“. - Во изминатите десет години бројот на пациентите кои чекаат трансплантација се зголеми двојно, а бројот на донатори остана ист – посочи д-р Ентони Атала на конференцијата на ТЕД (Технологија, забава и дизајн), собир чија цел е да се прошират „идеите вредни за ширење“. На конференцијата, Атала прикажа бубрег развиен во лабораторија, изграден клетка по клетка. Производството на таквите органи, секако, би им го спасило животот на илјадници, особено зашто 90 отсто од луѓето на листата за трансплантација чекаат нов бубрег. Регенеративната медицина не е повеќе научна фантастика. Веќе се развиени низа техники за производство на резервни човечки органи, но не е стигнато ни посакуваното ниво. Со тридимензионални печатачи може да се произведат разни предмети, од накит па до исклучително важни авионски делови. Наместо мастило, машините поставуваат тенки слоеви пластика или титаниум, полека градејќи тридимензионална форма. Но, кога се работи со клетки, оваа техника е посложена. Но,
64
има и други технологии за произведување „резервни човечки делови“ што може да спасат животи. Десетгодишно девојче, кое имало проблеми со крвотокот меѓу цревата и црниот дроб, неодамна доби нов крвен сад. Свој. Ниту од донатор ниту од вештачки материјали. Сосема свој, развиен во лабораторија од нејзините матични клетки. Пионерската процедура е спроведена во Шведска. Била „зајмена“ вена од мртво тело, соголена од своите клетки и потоа „избањата“ во матични клетки од девојчето. Ова е најновиот пример на новиот правец во кој тргна медицината – лабораториско производство на органи од клетки на пациентот на кој му е неопходна замена на орган или ткиво. Нешто како биомеханичарска работилница за резервни делови за човекот. Лекарите од Универзитетот „Гетеборг“ и од универзитетската болница „Шалгренска“ се обиделе да го спасат животот на девојчето со вградување цевчиња од синтетички материјал, за да го премостат блокираниот дел од вените. А кога не успеале, се обиделе со револуционерна техника – да создадат вени од клетките на девојчето. Тој процес е познат како децелуларизација. Вената од донатор била ставена во специјална машина за перење, во која, со додавање ензими и детергенти, биле отстранети клетките на донаторот. Од „испраниот“ орган останува мрежа од белковини, колагени и еластини, но во оригиналната структура. Тоа е природно направен калап, со што се елиминира сложената операција за конструкција. Потоа таквата соголена вена се бањала во матични клетки од коскената срцевина на девојчето. Производот бил вена од клетки на девојчето. Таквата вена, според лекарите, не само што по вградувањето овозможила
Петте можности за производство на резервни органи
1
Конструкција во лабораторија, со вештачки изработен калап и нанесување слоеви клетки
2
Со модификација на орган од донатор – со отстранување на клетките од донаторот и таложење на клетки од пациентот
3
Со „биокопирање“ - со компјутерски прецизно составување на клетки во цел орган
4
Со инјектирање клетки во органот
5
Со користење хемикалии што ќе предизвикаат органот самиот да се обнови
пристоен проток на крв, туку и „значително го подобрила квалитетот на животот на пациентката“. Девојчето било спасено од потрауматичниот третман на „жнеење“ вени од вратот или од ногата, што отвора големи ризици да настанат проблеми во тие делови од телото. Лекарите се убедени дека со оваа своја операција ќе придонесат за регенеративната медицина, при што очекуваат наскоро таа да има широка примена. Лани, на пример, со слична технологија беше креиран душник. На Андемаријам Теклесенбет Бејене од Етиопија му дијагностицирале рак на душникот и лекарите предложиле да му го заменат со идентичен, произведен во лабораторија. Со тридимензионално снимање на душникот на Бејане, во Универзитетот „Лондон“ била произведена синтетичка копија, која потоа била испратена во Шведска, во болницата на Универзитетот „Каролинска“ во Стокхолм. Таму синтетичкиот душник бил обложен со матични клетки од пациентот и неколку недели бил оставен да созрее во „биореактор“, што ги симулира условите во човечкото тело. Болниот душник на Бејане бил заменет со резервниот во операција што траела 12 часа. Два дена подоцна тој си заминал дома, излечен од рак. Само неколку месеци подоцна, истиот медицински тим спасил од рак уште еден пациент, Американецот Кристофер Лајлс. Вените и душниците се релативно едноставни делови од телото. Научниците, сепак, се убедени дека многу скоро ќе биде можно со регенеративната медицина да се произведуваат сите човечки органи. Во повеќе лаборатории низ светот денес се развиваат човечки органи. Забрзано се работи на таквата практика поради тоа што низ светот сè потешко може да се дојде до органи од донатор. Без соодветен орган, www.gragjanski.mk
Здравје РЕГЕНЕРАЦИЈА НА ОРГАНИ
ОБНОВУВАЊЕ НА ОШТЕТЕНО ТКИВО Се жнеат матични 1срцевина клетки од коскевата Се размножуваат 2лабораториски и се развиваат во услови
од матични клетки се култивираат нови Се инјектираат во телото, 3своето самите го пронаоѓаат место во оштетените ткиваили се инјектираат директно на оштетеното ткиво
новото ткиво се поставува на органот и самото се интегрира
всушност, е загрозен животот на илјадници болни на кои им е неопходно пресадување, а пациентите кои ги отфрлаат туѓите органи мора цел живот да го поминат примајќи лекови. Лабораториското развивање органи од матични клетки на пациентот се чини како идеално решение. Доктор Ентони Атала, директор на Институтот за регенеративна медицина во медицинскиот центар „Вејк Форест“ во Северна Каролина, САД, постигнал успех во лабораториско развивање на мочно бабуле. Тој ги дели органите за регенеративна медицина на четири дела. Рамните, како што е кожата, се релативно лесни за производство и тие се развиваат од еден тип клетки. Цевчестите, како што се крвните садови и мочните канали, се изработуваат од два типа клетки. Посложено е производството на шупливи органи, како што се мочното бабуле и желудникот, а најсложено за развој се полните, како што се бубрезите, срцето или црниот дроб. - Досега сме успеале да имплантираме делови од првите три групи. Сè уште нема пример за вградување регенеративен полн орган, бидејќи неговото производство е значително посложено – објаснува докторот Атала. За да произведе во лабораторија цело мочно бабуле, тој отстранил примерок од пациентот со големина на половина поштенска марка. Во период од еден месец, во лабораторија биле произведени огромни количества соодветни клетки. Во исто време бил констриуран модел во реалната големина на бабулето што треба да биде заменето. Во конечната процедура, калапот се обложува со произведените клетки. - Го обложуваме калапот слој по слој. Внимаваме клетките да бидат на своите правилни позиции – вели докторот. сабота, 21 јули 2012
клетките во слоеви се таложат на калап и се развиваат седум недели
Обложениот калап, потоа, слично на торта, се „пече“ две недели во „фурна“, што ги симулира условите во човечкото тело. Кога регенеративното бабуле ќе се привикне на ситуацијата, ако нема несакани ефекти, се вградува кај пациентот. Поголеми и витални органи, сепак, засега не се произведени со оваа техника. Научниците развиваат техники за да се овозможи непречено снабдување со крв на поважните органи. Треба правилно и прецизно да се поврзат сите артерии, вени
органот заздравува, 4садови, растат нови крвни матичните
клетки стануваат зрели клетки
и капилари, за органот да работи нормално. За најветувачка практика се смета онаа што беше применета кај девојчето од Шведска – зајмување орган од донатор, отстранување на сите клетки од него и обложување со клетки од пациентот. Кај лабораториски животни веќе е постигнато нивото на регенеративен развој на витални органи, но техниката сè уште не се применува кај луѓе. Доктор Дорис Тејлор вели дека со техниката на децелуларизација е развиено ново срце кај лабораториски стаорец. Откако биле отстранети клетките од срцето на стаорецот, во него биле инјектирани нови клетки од срце. По осум дена развој, срцето почнало да бие, иако само со 2 отсто од нормалниот ритам. Доктор Тејлор е убедена дека ова може да функционира кај кој било орган со доток на крв. - Ова повеќе не е научна фантастика. Производството на посложени органи е голем предизвик за сите нас. Друга група научници, пак, се посветува на производството минијатурни органи - „органоиди“, што може да ја извршат функцијата на оригиналниот орган. Органоидите на црн дроб произведени во лабораториите на Универзитетот „Вејк Форест“ успеале да извршат некои основни функции. Единствениот проблем на оваа техника е како органоидите да се постават на местото на поголемите органи, без да предизвикаат проблеми за организмот. За уште посложена техника се смета комплетното конструирање орган од клетки на пациентот. Специјален апарат би ги „печател“ клетките една врз друга по слоеви сè додека на крајот не се добие цел орган, идентичен на оригиналниот. Со ваквиот „биокопир“ веќе е произведен нов бубрег, но техниката сè уште е во рана фаза на развој. 65
Селектор
Tехнологија
Кога се појавија паметните телефони, како Nokia 808 PureView со камера од 41 мегапиксел, не знаевме дека постои нешто многу поголемо од ова. Поточно, истражувачите од Универзитетот „Дјук“ и од Универзитетот во Аризона, со помош на DARPA, создале прототип камера со неверојатни 50.000 мегапиксели, што ќе
ви овозможи правење фотографии со резолуција пет пати подобра од видот на човекот. Прототипот се состои од 98 синхронизирани сензори што се фокусираат кон иста цел. Се проценува дека оваа суперкамера би можела да се појави на пазарот за околу пет години.
Fujitsu Stylistic Q702 и LifeBook T902 Fujitsu Stylistic Q702 доаѓа со 11.6 инчен екран со резолуцијата е 1.366 x 768 пиксели
Fujitsu Stylistic Q702 е хибриден уред меѓу таблет и лаптоп, кој доаѓа со 11.6-инчен екран (резолуцијата е 1.366 x 768 пиксели) чувствителен на допир - може да се користи како класичен таблет, но можете и да го поврзете со надворешна тастатура и да го употребувате како лаптоп (слично како Asusov Transformer Prime). Овој модел работи на Ivy Bridge процесорите на интел, има 4GB RAM и до 128GB SSD, заштитен е со „Горила стакло“, а неговата батерија може да издржи „само“ 4,5 часа со едно полнење. Fujitsu LifeBook T902 е класичен лаптоп, кој има 13-инчен екран со резолуција од 1.600 x 900 пиксели, работи на процесор i5 или i7 Ivy Bridge, има до 16GB RAM меморија, но постои можност да изберете чип LTE. Овој уред има слот во кој можете да поставите оптички диск или, во зависност од потребите на корисниците, дополнителна батерија или дополнителен хард-диск. Овие компјутери треба да се појават на пазарот во текот на третиот квартал, по цена од 1.099 долари за моделот Q702 и 1.899 долари за T902.
Fujitsu LifeBook T902 има 13 инчен екран со резолуција од 1.600 x 900 пиксели
Sony Ericsson Xperia Neo V
66
Ви претставуваме уште еден телефон што може да се најде во неколку бои. Neo V е малку заоблен на краевите на горната и на долната страна. Елегантен, со димензии од 116 x 57 x 13mm и тежи 126 грама. Има 3,7-инчен екран кој е чувствителен на допир. Отпорен е на гребаници и поддржува multitouch. Овој модел на Sony Ericsson им нуди на корисниците подобро искуство, подобрен софтвер и камера од 5Mpix. Најновите подобрувања во поглед на камерата се 3D панорама и можноста за правење фотографии од овој формат. Преку излезот HDMI може да се гледаат фотографии и снимки со многу добар квалитет. Оперативниот систем на Sony Experia Neo V е Android Gingerbread. Има процесор на 1GHz Scorpion, графички процесор Adreno 205 и чипсет Qualcomm Snapdragon MSM8255. Можете да корисwww.gragjanski.mk
Селектор Пристигнува интелигентнен систем за следење и за предупредување во автомобилите. Со технологијата што сè повеќе се вградува, автомобилие стануваат сè „попаметни“ и активно „реагираат“ во дадена ситуација, со цел да се зголеми безбедноста во случај ако нешто тргне наопаку. Во врска со тоа, од Aisin Group ни пристигнува интелигентен систем за следење и за предупредување. Камерата во овој систем ќе знае каде ви е лицето, во која насока се движите, дали сте го тргнале
Таблет за цртање Genius EasyPen M610XA „Genius“ го претставува таблетот EasyPen M610XA, со работна површина 6 × 10 инчи, кој се користи за цртање или за пишување со рака. Таблетот се одликува со голема прецизност и чувствителност. Има четири копчиња кои се однесуваат за враќање чекор назад (UNDO), бришење, зумирање на приказ (zoom in) или намалување на приказ (zoom out). Исто така, тука е и предвидениот простор за молив. M610XA работи на Windows XP/Vista/7 и Mac оперативните систем X 10.4 или понова верзија. Тука се и елементите Adobe Photoshop за работа со слики, како и Corel Painter Essentials 4 за цртање и сликање, Pen Draw, Pen Sign и Pen Toolbar.
Sony Ericsson Xperia Neo V овозможува снимање 3D панорама и правење фотографии од овој формат. Преку излезот HDMI може да се гледаат фотографии и снимки со многу добар квалитет
сабота, 21 јули 2012
тите Google Talk за видеоразговори. На предната страна е сместена помошна камера која е практична за ваков вид комуникација. Овој уред поседува аудиосистем Sony xLOUD. Реален приказ и јасна слика, буквите и бројките на LCD LED заднинско осветлување на дисплејот, дополнително ги поддржува Sony Mobile BRAVIA Engine и 16M бои. Внатрешна меморија од 320MB, со microSD картички до 32GB обезбедува доволно простор за складирање. Батеријата е добра, Li-Po 1500mAh со издржливост до седум часа време за разговор, а доколку е во StandBy режим до 430h за 2G, 400h за 3G. Ги поддржува следните аудиоформати: MP3, WMA, WAV, eAAC +, а од видеоформатите: MP4, H.264, WMV. Пренос на податоци: GSM, GPRS, EDGE, HSDPA, HSUPA.
погледот од патот или сте задремале. Автоматски почнува со предупредувања: „Разбуди се“, „Погледни каде се движиш“ или „Тоа е опасно“. Тука е и страничното мониторирање со компактна стереокамера, која помага со таканаречените слепи точки, овозможувајќи полесно избегнување инциденти. Оваа посебно напредна технологија на стереопојавување е ограничена на IMRA Европа, каде што може да детектира луѓе, деца, автомобили и велосипеди.
Како да спасите потопен мобилен, камера или гаџет? Ако морате мобилниот телефон да го носите на плажа, најдобро би било да имате водоотпорна футрола или торба. Но, ако веќе сте го потопиле во вода, најважно е да не го вклучувате. В лето сè почесто сме во вода, која ни станува најдобар пријател во битката со жештините, но на нашите гаџети таа им станува најголем непријател. Ако мобилниот или фотоапаратот ви паднале во вода, тогаш знаете за што се работи. Но, не очајувајте, бидејќи за вашиот уред сè уште има надеж. Се разбира дека не се подеднакво успешни сите методи за сушење на мобилниот телефон. Многу зависи и од уредот што се користи.
1 2 3 4
5
Откако ќе го извадите од вода мобилниот или гаџетот, најважно е да не го вклучувате. Ако имате телефон или уред што може да се расклопи, расклопете го и извадете ги батеријата, СИМ-картичката и другите делови, како што се, мемориска картичка, кои лесно можат да се извлечат. Ако уредот падне во солена вода, исплакнете го со обична. Минералите од водата можат да ги оштетат споевите. Земете крпа, соберете ја водата и избришете ги деловите. Протресете го уредот и обидете се да извадите колку што е можно повеќе од водата што се вовлекла под пластиката. Избегнувајте да користите фен, бидејќи топлината може да го оштети уредот. Ставете го уредот во сад со ориз и оставете го 12-24 часа. Оризот многу добро ја апсорбира влагата и би можел го да спаси вашиот уред. Се разбира, многу зависи од тоа за каков уред станува збор, iPhone или некој телефон Samsung и деловите што може да се расклопуваат... Како алтернатива за оризот, можете да користите силика гел кој може да се купи во продавниците со алати или со техника. Постапката е иста како и со оризот, но гелот може да апсорбира повеќе влага. Откако уредот ќе биде целосно исушен, составете го и обидете се да го вклучите. Сепак, најдобро би било ваквата постапка да биде непотребна, но за тоа ќе треба да бидете внимателни и да го заштитите вашиот гаџет. За да ги избегнете проблемите со паѓањето на гаџетите во вода, најбезбедно би било да купите водоотпорна футрола. За многу уреди постои цела низа заштита. Како добра заштита ќе ја спомнеме футролата Scuba Suit од компанијата „Photojojo“, со која може лесно да се пишува по екранот и под вода. Исто така, може да се користат непропустливи кеси со заштита, за да ги чуваат од песок и од вода.
67
Фељтон
50 години од „ролингстонси“
Се стркалаа и никако да запрат 68
www.gragjanski.mk
Фељтон
Пред 50 години, тинејџерските рокери „The Rollin’ Stones“ првпат излегоа на сцена. денес, цел свет ја прославува нивната полувековна авантура што сосема го смени рокенролот. Музиката се менуваше од деценија во деценија, но „камењата“ упорно се тркалаат Пишува Митко Билјаноски
С
ите во Британија денес се фалат дека присуствувале на легендарниот концерт на „Секс Пистолс“ во клубот „100“, но малкумина се сеќаваат на исто толку легендарната свирка на 12 јули 1962 година во денес веќе нефункционалниот џез-клуб „Маркиз“. Никој нема забележано дали тој четврток во џез-клубот воопшто имало гости што го слушале првиот настап на шесте млади блуз-рокери, кои се нарекуваа „Ролинстонси“. А, тие на сцената имале мамутски сет од 18 песни, преработени од други блузизведувачи. Го отвориле сетот со „Канзас Сити“ на Лајбер и Столер, продолжиле со нумери од Чак Бери и завршиле со новата „Хепи хоум“ од Елмор Џејмс. Во клубот биле само редовните гости, некои што заталкале таму или луѓе кои ги испровоцирала малата реклама објавена во „Џез њуз“. И додека ги слушале песните не биле свесни дека присуствуваат на раѓањето на модерниот рок и на еден од најважните бендови во историјата на музиката воопшто. Како и повеќето почетоци, и овој не поминал перфектно. Брајан Џонс, Мик Џегер, Кит Ричардс, пијанистот Јан Стјуарт, басистот Дик Тејлор и тапанарот Мик Ејвори (иако тој самиот негира дека бил присутен) гостувале во клубот непланирано, како замена во последен момент за резидентниот блуз-колектив „Алексис Корнер блуз инкорпорејтид“, а таа вечер добил покана од ББЦ да свири на настан пренесуван во живо. „Стонси“ ја разбиле атмосферата во „Маркиз“ со гитарски рифови, што не било очекувано за снобовските гости во клубот. - Луѓето целосно беа против нас. Тие сметаа дека блузот е џезерска работа и оти мора да има и саксофони. Кога нè видоа нас, си рекоа: „Што? Две гитари и бас? Тоа е рокенрол и не сакаме да слушнеме такво нешто“ - раскажува Стјуарт. Сведоците на тој настап не биле свесни дека младите „Стонси“, всушност, ја пополнуваат дупката во популарната музика, дека ја формираат алката што недостига помеѓу блузот и рокенролот. - Таму имаше половина фолкери и половина џезери. Се обидуваа да формираат свој агол, но не можеа да поверуваат дека рокенролот има врска со тоа – вели Кит. Мик вели дека во нив гледале белци кои се обидуваат да свират блуз. сабота, 21 јули 2012
- Ние бевме многу поразлични. Ги исмевавме и ги нарекувавме џезери. Тоа не беше нашиот блуз. Знаевме дека можеме подобро од тоа – вели Мик. Дури ни самите „Стонси“ не помислувале дека само за три години ќе станат суперѕвезди број 1 во светот, дека стилот на блуз-рок што тие го наметнаа ќе биде најпривлечниот звук на планетата и оти по нив џезот ќе остане на маргините на музичката историја. А, долгиот пат на „Ролингстонси“ беше на самиот почеток. Басот беше во рацете на продавачот Бил Вајман. На сите клиенти им паѓала в очи неговата бунтовничка долга коса, па газдата му рекол да избира – работното место или групата. - Јас ги избрав „Стонси“, а шефот се изненади – вели Бил. Тој веќе свирел во рокенрол-група кога сосема случајно видел оглас дека „Стонси“ бараат басист. Не им се допаднал многу, но имал квалитетен засилувач за гитарата, па го примиле. Свирел со нив до 2 часот по полноќ, па имал само четири часа да се наспие пред работа. Кога го направил изборот и им се приклучил, не му било лесно. - Во тоа време ритан и блуз-клубовите беа мртви и тешко наоѓавме луѓе да нè слушнат – вели Бил. Гитаристот Кит Ричардс бил збудален по Чак Бери, а сонувал да има голем имот. Го познавал Мик уште од основно училиште, но не го видел долго сè до една случајна средба на железничката станица. - Тој чекаше воз за да оди на работа, а јас во Лондонското економско училиште. Со мене носев плоча од Чак Бери и Мик ме праша која е. Му реков дека е „Back In The USA“, а тој имаше голема колекција дома. Се договоривме некогаш да ги слушаме заедно – вели Кит за таа важна средба. Кит продолжил да учи во Техничкото училиште „Дартфорд“ и студирал уметност на „Сидкап“. Веќе бил подготвен да тргне во светот на маркетингот, но се испречиле „Стонси“. Со Мик отишле во новиот ритам и блуз-клуб во Илинг и го виделе Чарли како свири со Алексис Корнер. Таму често пати доаѓал и Брајан. Не поминало многу време и Кит, Мик, Чарли и Брајан формирале цврсто јадро. Менаџерот Џорџо Гомелски средил да свират во неделите навечер во хотелот „Ричмонд стејшн“. Таму ги сретнале Ендрхју Олдам и Ерик Истон, кои подоцна им станале менаџери. - Сè останато е историја - вели Кит. 69
Фељтон Мик Џегер бил опседнат со модата, а животна цел му било да стане економист. Тој уживал да шета по продавниците на Карнаби стрит и да купува нови „партали“. Неговиот стил, сепак, бил бунтовнички. - Многумина не нè сакаат зашто сме гнасни и не се миеме. Па, што? Не мора да дојдат и да нè гледаат... Се облекуваме како што сакаме. Глупости се тоа дека така градиме имиџ. Прво нè препознаваа според стилот, а сега сме заробени во него, сакале или не – велел Мик. Откако го обновил пријателството со Кит, постојано зборувале за музиката. Тој бил на втора година во Лондонското економско училиште, кога стигнале обврските за снимање на првиот албум. Ја избрал музиката пред економијата. Тапанарот Чарли Вотс станал член на „Стонси“ преку Алексис Корнер. Сакал да биде моден креатор, го поканиле дури и да оди во Данска за да се посвети на тоа. Кога се вратил, им се приклучил на „Стонси“. Во тоа време тие биле единствените што свиреле без да им плаќаат клубовите. Подоцна стигнале и парите и еуфоријата од публиката, па завршил креаторскиот сон. Од сите „Стонси“, Брајан Џонс бил најнепредвидлив. Еден ден зборувал дека мора да се штедат пари, а веќе другиот ќе се појавел во прескапа кошула. Тоа, веројатно, има врска со неговиот роден крај. Во Челтенам ѕвечкаат порцеланските шолји за чај и тревата секогаш е беспрекорно поткастрена. Госпоѓите се шетаат под дрвјата на кои пеат птици. Во таква средина е сосема невообичаено да видите долгокосо момче кое под пазувите носи големо купче плочи. Наспроти изгледот, тој учел во обласното училиште за граматика и планирал да оди на универзитет. Доцните тинејџерски години силно го потресле однатре. - Почнав да се интересирам за пијачки, за девојки и за слични нешта. Го отфрлив она што го имав и почнав да правам што сакам. Тоа се покажа лошо за многумина што ме градеа како човек. Тргнав против сè она во што ме учеа да верувам – раскажува Брајан. Талкал од место до место низ Европа, спиел каде што можел и работел само кога морал. Кога се вратил во Англија, работел тукатаму без голема амбиција. Тогаш во него се вкорениле ритамот и блузот. Си доаѓал порано од работа за да ги слуша новите песни и да вежба. Преку Корнер се запознал со Мик и со Кит. - Факт е дека Алексис Корнер е еден од најзаслужните за „Ролингстонси“. Тој нè запозна еден со друг – вели Брајан. Јадрото на групата било основано, но пробивањето на мразот одело тешко. Не го сакале нивниот стил, но биле упорни. Свиреле без да се оптоваруваат дали некому му се допаѓа тоа. А, кога дошле првите три сингла, секој од нив подобар од претходниот, па албумот... почнале концертите и славата. - Следниот месец одиме во Америка. Мислам дека, конечно, им докажав на луѓето, кои мислеа дека правам грешка, оти сум 70
Не го сакале нивниот стил, но биле упорни. Свиреле без да се оптоваруваат дали некому му се допаѓа тоа. А, кога дошле првите три сингла, секој од нив подобар од претходниот, па албумот... почнале концертите и славата
бил во право цело време. Стигнав далеку правејќи ги работите на свој начин. Забавно е – коментираше тогаш Брајан Џонс. Олдам бил избран за менаџер, иако бил уште помлад од нив и не можел да добие лиценца. Во почетокот договорите ги потпишувала неговата мајка. Токму Олдам ја додал буквата „г“ во името на групата, а на Ричардс му го сменил презимето во „Ричард“, за да звучи порокерски. Истон бил ангажиран да обезбедува места за настапи. Но, кога станувало збор за студиски снимања, никој немал големо искуство. Потпишале договор со издавачите „Дека рекордс“, оние што не можеле да прежалат што не потпишале договор и со „Битлси“. „Стонси“ избрале да снимаат во студиото „Риџенд саунд“, каде што имало монотехника. - Звукот протекуваше, од инструмент до инструмент, но на вистински начин, создавајќи музички ѕид од врева – раскажа продуцентот-почетник Олдам. Тој успеал да издејствува „Стонси“ да добијат многу поголема слобода за снимање од „Битлси“ и настојувал да ги прикаже како нивни антипод. На обвивката на првиот албум во Британија тие се прикажани намуртени, а во печатот ја протнал провокативната фраза „дали би дозволиле вашата ќерка да се омажи за некој од ’Ролингстонси’?“. Првите плочи биле преработки на песни, па Олдам побарал од Џегер да создадат сопствени. Но, тие не биле вешти и првата турнеја во Америка била прогласена за „ка-
Многумина не нè сакаат зашто сме гнасни и не се миеме. Па, што? Не мора да дојдат и да нè гледаат – велел Мик на почетокот на славата www.gragjanski.mk
Фељтон
дискограФија „The Rolling Stones” 1964 „The Rolling Stones No. 2” 1965 „Out of Our Heads“ 1965 „Aftermath“ 1966
„Битлси“ Беа креативни, но МислаМ дека тие саМите го сМетаа тоа за шега, зашто и Беше шега – изјави Џегер во интервју во 1974 година тастрофа“. Пристигнале без ниту еден свој хит. Кога се појавиле во шоуто на Дин Мартин, тој се потсмевал со нивните фризури и со нивниот настап. Но, во Америка стекнале искуство и ја создале преработката „It’s All Over Now“ од Боби и Ширли Вомак, која подоцна стана прва песна на „Стонси“ што се искачи на прво место на британската хит-листа. Вториот албум, едноставно наречен „Ролингстонси број 2“, веќе стаса на првото место на топ-листите во Британија. Првата авторска песна што стигна до првото место беше „The Last Time“. Оваа песна, според Ричардс, била мостот до легендата за „Ролингстонси“. Во мај 1965 година бил снимен првиот меѓународен хит „(I Can’t Get No) Satisfaction“, што и денес е најпрепознатлив белег на „Стонси“. Со славата стигнале и првите проблеми. Во почетокот на 1967 година, таблоидот „Њуз оф д ворлд“ објавил три продолженија под наслов „Поп-ѕвездите и дрогата: Факти што ќе ве шокираат“, па Џегер, Ричардс и Џонс биле под постојано набљудување од властите, поради обвинувањата дека пред настапите земале таблети и хашиш. Набрзо полицијата упаднала на една забава на Кит и ги обвинила него и Џегер за престапи поврзани со дрога. Подоцна, поради кориссабота, 21 јули 2012
„Between the Buttons“ 1967 „Their Satanic Majesties Request“ 1967 „Beggars Banquet“ 1968 „Let It Bleed“ 1969 „Sticky Fingers“ 1971 „Exile on Main St.“ 1972 „Goats Head Soup“ 1972 „It’s Only Rock ‚n Roll“ 1974 „Black and Blue“ 1976 „Some Girls“ 1978 „Emotional Rescue“ 1980 „Tattoo You“ 1981 „Undercover“ 1983 „Dirty Work“ 1986 „Steel Wheels“ 1989 „Voodoo Lounge“ 1994 „Bridges to Babylon“ 1997 „A Bigger Band“ 2005
тење канабис, бил приведен Џонс. Џегер бил осуден на три месеци затвор поради користење амфетамини, а Ричардс на една година затвор затоа што дозволил на негов имот да се користи канабис. И двајцата, сепак, биле пуштени на слобода по еден ден во притвор. - Кога нè фатија во Редлендс, ненадејно сфативме дека ова е сосема друга игра и забавата заврши. Дотогаш, за нас, Лондон беше прекрасно место во кое можеме да правиме сè што ќе посакаме – коментираше Ричардс во 2003 година. На музичката сцена најголем проблем им биле споредбите со „Битлси“, кои во тоа време имале универзална популарност. За Мик Џегер, „Битлси“ биле клише, што „Стонси“ настојуваат да го избегнат. - „Битлси“ беа успешни и богати. Секако дека беа креативни, но мислам дека тие самите го сметаа тоа за шега, зашто и беше шега. „Битлси“ беа смешно популарни, тоа беше толку глупаво – изјави Џегер во интервју во 1974 година. Мик постојано изјавуваше дека „Битлси“ воопшто не му се допаѓаат и оти никогаш не бил под нивно влијание. Но, уште во 1974 година немал ништо против Дејвид Боуви, кој, според музичките критичари, ги копирал „Стонси“, а приватно бил голем пријател со Џегер. - Боуви имаше да понуди нешто свое, што беше во тренд. Се прашувам колку долго ќе трае. Не можам да говорам за него, зашто ги знам сите негови кошмари – изјави Џегер пред 38 години. Една деценија подоцна, во осумдесеттите години, опстанокот на „Стонси“ бил загрозен од бранот нова квалитетна музика. - Во моите очи, „Ролингстонси“ мутира во сопствена пародија – оцени критичарот Колин Ирвин од „Мелоди мејкер“, но истакна дека сè уште е восхитен од енергијата на Џегер. Мик се бранеше од критиките, кажувајќи ја легендарната изјава: „Ако очекувате број 1 хитови, мора да сте ѓубре“. Кризата во осумдесеттите години помина и „Стонси“ се вратија со нови и нови албуми и со неверојатната енергија на концертите. Во 1994 година „Стонси“ беше првата група чиј настап директно се пренесуваше на интернет. Веќе и самите говореа меѓу редови за повлекување, но во новиот милениум влегоа со нови албуми и нови турнеи. Најголемо внимание, сепак, предизвика автобиографијата на Кит Ричардс и неговата изјава дека „ја вшмркал пепелта од својот кремиран татко“. - Го вшмркав татко ми. Беше кремиран и не можев да одолеам да тргнам малку од него. Сигурно не би му било гајле. Помина добро и сè уште сум жив – изјави Кит Ричардс. Денес, половина век по првата свирка, по стотици синглови, десетици студиски албуми и компилации, „Стонси“ најавуваат јубилејна турнеја, за која никој не вели дека е последна. Камењата сè уште се тркалаат. 71
Време за пауза
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 Хоризонтално 1. Elektri~na centrala na voden pogon - {panski fudbalski trener, Luis 2. Francuski kompozitor, Lalo nagrizuvawe na metali so kiselina - sostavuva~ na aforizmi 3. Radioaktiven metal - vid divo `ivotno - vid slatka - star grad na Apulija 4. Sistem za rangirawe {ahisti - prilog: prema toa - `urnalist univerzitetski grad vo Anglija 5. Egipetski bog, Amon - dr`avnik od Kampu~ija, Norodom - privrzanik na kralskata vlast - Rene Laenek 6. Na{a voditelka, Grujovska staro gr~ki vajar - gazda na FK Inter, Masimo 7. Narodno `ensko ime - nizok sve{ten red - javawe na divi kowi 8. Ma{ko ime (nag.) - podra~je pod vlast na imam - altimetar 9. Germanija - holivudski akter, Boldvin - podzemen hodnik -
vojni~ka bluza - znak za kalium 10. “Evropski” - izolirana `ica ka{a, sos - produkti na emanacija 11. FK od Italija - lamja (augm.) reden broj od tri - evropska radio unija 12. Vid vetar (mn.) - dobar, zdrav model, krojka 13. Eva Aulin - tokmu, ba{ (razg.) - ju`noamerikanski som - dr`ava vo Azija 14. Ogreven materijal - posednik vid za~in - Indira Gandi 15. Golema matemati~ka zagrada najvisoka kasta vo Indija - soka~e 16. Potvrduvawe na me|unaroden dogovor - yid so ikoni
- slovene~ki skija~, Boris - italijanski kompozitor, Filipo
16. Za~esten istrel - grofovija vo Irska - avtoznak za Ohajo
5. Alatki - povredi na ~erepot (lat.) - Abel Ferer
17. Bravo (tur.) - ime (lat.) - lik od stripovite
Вертикално 1. Holivudska akterka, Loklir dvanaesetoagolnik 2. Obo`avatel na idoli prodava~ka na vino 3. [panski srebreni pari - sorta na jabolki - ruska pokazna zamenka 4. Italijanska radio televizija
12. Del od zemjinata kora - mese~ar - avtoznak za Maroko
6. Jaglerod - del od fizikata azotni soedinenija 7. Eho, ekot - vulkan vo Nova Gvineja - skalilo 8. Cel - staro rimska dramska improvizacija - prvata bukva
18. Pogodok vo sport - brak so sveska vo nekoi islamski zemji puls 19. Avtoznak za Oregon - itrec -
dr`ava vo Afrika 20. Namisla (razg.) - germanski dr`avnik, Konrad - ^arliz Teron 21. Voen brod za za{tita - nauka za toplinata 22. Prekarot na Sten Lorel - grad vo Turcija
Решение од минатиот број
9. Grad vo Finska - maskota - “tuberkuloza” (med.) 10. “Rakometen sojuz na Makedonija” - na{ muzi~ar, Dimu{evski - dvorec vo Pariz 11. Bog na sonceto vo Star Egipet }itapi - leneno maslo
13. Alber Kami - vetena `rtva na bo`estvo - dolgovi na firma 14. Vozduhoplovstvo - vid riba (mn.) 15. Avstrija - eks Ju manekenka mesto kraj ogni{te vo selska ku}a www.gragjanski.mk
Хороскоп од 21.07.2012 до 28.07.2012
Времеплов
Овен
Бик
21.03-19.04
20.04-20.05
Не можете да се пожалите на финансиската ситуација, а и здравјето е под контрола. Имате толку колку што ви треба. Работната ситуација е под контрола. Припадниците на знакот кои се на одмор или во пензија уживаат во семејниот амбиент. За нив работи некој друг. Само доколку го злоупотребувате организмот со храна збогатена со бели отрови, ќе имате проблеми. Жлездите со внатрешно лачење бараат умереност.
Моментно дојдовте до душевен мир и стекнавте нови сознанија што ве исполнуваат. Кој денес мисли на работата? Бизнисмените низ глава превртуваат пари, додека останатите бикови мислат како да преживеат. Во просек, не е е лошо. Можни се болки во колковите или проблеми со црниот дроб, но не се опасни. На љубовен план треба да мислите само на некој рак. Предложете патување или долга прошетка.
Рак
Лав
21.06 - 22.07
23.07– 22.08
23.08 - 22.09
Полни сте со емоции, добро расположение и радости. Доколку на работа се трошите на личности кои тоа не го заслужуваат, ќе си наштетите сами на себе. Пречувствителноста има цена. Сите проблеми произлегуваат од главата. Преполовете ја дозата на цигари, кафе и жестоки пијалаци, па подобро ќе се чувствувате. Многу ракови се наоѓаат на почеток на емотивна врска. Нежноста ви е потребна повеќе од кога било.
Подгответе се за мноштво фактори што ќе ве спречуваат. Бидете трпеливи и зачувајте ја ладнокрвноста. Овие денови лавовите најмалку мислат на работата. Всушност, уметнички ориентираните припадници на знакот не губат време. Психичката рамнотежа е малку нарушена, па пожелно е од опкружувањето да се елиминира сè што лошо влијае на расположението. Лути сте му на љубеното лице зашто не ги исполнува критериумите. Го обвинувате за сопствените неуспеси.
Опиени сте од среќа. Причината е индивидуална, во согласност со моменталните позиции. За работа не размислувате. Што било, било! Вие се насочувате кон славењето, дружењето, кон сè, само не кон работата, што никако не ви годи деновиве. Внимавајте, можна е настинка, а грижи може да ви задава и уринарниот тракт изложен на променливи температури. Прекрасен период за највљубените. Без леб, вода и воздух можат да издржат, но без љубов никако.
Вага
Скорпија
Стрелец
23.09 - 23.10
24.10 - 22.11
23.11 - 21.12
Доколку успеете да ги елиминирате факторите што ви пречат, ќе минете неколку мирни и убави денови. Можни се судири со авторитети кои се на повисока општествена позиција. Бурните реакции ви штетат. Можност за повреда поради невнимание и брзоплети потези. Секогаш некаде брзате, па пожелно е да се забави темпото. Бидете внимателни. Правите исклучителни напори на емотивен план. Еден рак е минливо решение.
Многу скорпии се во фаза на будење. Одличен период за сите работи врзани за комуникација, странство, компјутери. Креативноста е појака од кога било, па треба и правилно да ја насочите. Можни се проблеми со слухот или со дишните патишта. Овие работи се поврзани, а благата мачнина е минлива. Не се вознемирувајте поради тоа. Близнакот е идеална комбинација во овој период. Само тој може да ве исфрли од рамнотежа, но во позитивна смисла.
Јарец
Водолија
22.12 - 19.01
20.01 - 18.02
На работа имате доминантна позиција, па можни се судири со колегите што не се ваши истомисленици. Засега, овој сегмент од животот е под контрола. Добро се снаоѓате без никаква помош. Избегнувајте нагли промени, зашто се можни повреди на главата. Со партнерот сте во конфликтна ситуација, но токму таа состојба ја прави врската поинтересна. Тој ви се воодушевува, а вам ви е потребна нежност. На емотивен план треба да се чувствувате среќно.
Предност му давате на уживањето во сите овоземски работи. Ориентирани сте уметнички, со нагласена боемска црта. Тешко ви е да почнете да работите, но кога нешто ќе одлучите, нема сила што може да ве запре. Тврдоглави сте, но и успешни. Доколку се одморате повеќе и поправилно се храните, нема да има проблеми. На животот гледате како на гозба, а на партнерот како на добар залак. Внимавајте да не се прејадете.
сабота, 21 јули 2012
23 јули 1875
Умре американскиот пронаоѓач Исак Мерит, кој ја разви првата машина за шиење.
26 јули 1945
Роден е англискиот музичар Мик Џегер, основач и пејач на рокгрупата „Ролингстоунс“.
Близнаци 21.05 - 20.06 Многу убави случувања на работа ветуваат унапредување и финансиска добивка. Ако сте ученик, ќе добиете џепарлак. Сè е во знакот на иновации. Проблемите со срцето се последица на заљубеност, но и нервирање за ситници. Бидејќи сте во убав период, не дозволувајте болеста да го расипе. Со партнерот ја делите интимата. Единствено тој може да ја поднесе вашата комплицирана природа. Машките припадници на знакот прилично се загреани за една скорпија. Девица
Одморете се и престанете да размислувате за иднината. Уживајте во моментот. Работата што ја извршувате има врска со странство, па можно е наскоро да почнете да планирате патување. Нервоза, проблеми со хормоните и со жлездите. Кога подобро ќе размислите, сè доаѓа од главата. Па, кога го знаете тоа, почнете правилно да размислувате. Скорпијата е луда по вас. Прифатете флерт, затоа што таа се плаши директно да ви пријде. Риби
26 јули 1963
Катастрофален земјотрес го разурна главниот град на Република Македонија – Скопје.
19.02 - 20.03 Имате толку идеи, само кога би биле трпеливи да ги спроведете во дело. Повеќе планирате отколку што работите. На работа делите совети и зборувате. Почувствителни сте на нарушени меѓучовечки односи. Можни се проблеми со бубрезите. Спречете ја појавата на бактерии во урината. Пожелно е да пиете колку што е можно повеќе вода и други течности. Чувствувате потреба партнерот да стори нешто фатално за да ви ја докаже љубовта.
Made in Канада To: jm@mail.net.mk Subject: skara Date: 21/7/2012 Драги чичко Јован, пошто ти си по скарата, мора да ти пишеме шо ни се случи коа, еден ден, ни се пријаде скара. Кај нас, пред зграда, има една заедничка скара шо личи на вселенски брод. Купивме пастрмки, лососи, каламари - свашта! Се симнавме доле, палиме скарана (пуштаме „плин“ и го притискаме она за палење, шо ц’цка, ко оние шугавине упаљачи за гас рингла, шо вика Магда „ко пегла за крлинг шо беа...“ Топ излезе - се најадовме, супер беше. По некое време, си викаме: „А, шо да не си зееме една за на балконче, мала скара, така, за коа ќе ни се присака?“ Најдовме една за триес долари, скара на јаглен, мини, компактна бонбона! Земавме и онакви рибарски столчиња, за тонење во постдигестивна летаргија... Излагаме на балкон - малку дува, ама гајле ти е - бар ќе го растера димот, па, нема да приметат, па, ваљда нема ни да нè пријават (пошо, нели, ако има скара доле, шо ќе ти скара на балкон, така?!) Отвараме скарата и - внатре веќе има хартиена ќеса, полна јаглен. Ја палиме на четирите краеви и чекаме да се разгори све, да се напраи жар. Почиње огин, почиње да дува, мора да пазиш со тоа поклопецот - огинов расте, „паника вреба“! Дај лонец вода, за секој случај! Море, дај и мокра крпа - гори ова све појако, чури, дими, смрди! Абе, ова тек ќе зачури, коа ќе ставиме нешто на жарон... Гаси, гаси - батали!“ Изгасивме. Ќесана смрди на Зипо - ужас! И така, со чиниите у лифт - ајт доле, на скара. Ја отварам, ја зачистувам, го држам притиснато она шо ц’цка, хајцам пропан. Нишо. Нема топлина, нишо не се дешава. Инспецкија: боцана си е поврзана, ова си ц’цка и пушта искри, овие за „волуме“ работат. Пробавме едното, па другото; другото, па првото; двете одеднаш; вака, онака - нишо! Мора да е празна боцана. Се јавувам кај Суперон и му викам: „Немет пропан, ’баго!“ Ми вика: „Е, па, тоа е тоа, нема друга боца“. Ајдеее, со чиниите горе, па на рингла, па дур се напраи јадењено (арно имаше вино). А, топло - ужас! Се потам, абе течам у она кујничено минијатурно. Искачам на балкон, да фатам воздух (а таму ладничко као коа ќе излезеш од пливање на ветер) и гледам доле, еден фраер, мртов ладен, си праи скара. Абе, ми се смрачи! Ти ’бам скарана, шо ли не напраив ко шо треба мамата мамина!!! Срам несрам, идеме да го прашаме типчево кај згрешивме. „Здраво, здраво. Може ли да ни кажете како ја палите скарава?“ Типчево се изнасмеа и почна: „Па, првин, го пушташ вентилот (а-ха!) на боцата (и го затвараш откако ќе завршиш со скарата, нели?) После го намалуваш „волумево“ до минимум, па полека одиш до максимум, па го притискаш ова што ц’цка. Го затвараш капакот, чекаш малку и - спремни сте за скара! И, нормално, кога ќе ја палиш, немој долго да го држиш на најјако ова за пропан, за да не ти екслодира у сурат скарава, нели?“ „Фала, фала“, се изнасмеавме („Абе, вентилон не го пуштивме бе, еееј!“) и си отидовме. Утредента, купивме тон риби и каламари и прописно се изнауживавме, а и мислевме на вас. Сега знаеме како се прави скара, па ве чекаме! Поздрав, Магда и Гоце
To: gocemagda@tel.net.ca Subject: re: skara Date: 21/7/2012
Гласовите ги позајми Огнен Георгиевски
Ех, бре, души продадени, еретици низаедни! И вие се нарекувате себеси Македонци? Предавници и издаици! Како не ви е срам?! Ај, разбирам да се чувствувате вака, или во општества со повисок животен стандард да ви треба време да се научите на катиљ менталитет или да се снајдете во некој мегаполис. Ама, да не се знаело скара да се фрли? Длабоко сте ме разочарале... Учевте ли воопшто за време на тоа ваше „више“ образование? Па, од палеолит до воведување струја, преку војни, империи, револуции и кралства, само една работа била константна како и промените кај нас: скарата! Знаете ли вие дека сте биле привилегирани да пробате ќебап во Дестан, во Чаршија или во Идадија?! Ама, драги мои, тоа е привилегија што оди со обврска! Обврска спрема сите други што знаат како се топи јагнешко со громобранчиња во Јавор, у Мрзенци, спрема сите што пробале пилешки стек во Еко, што знаат каков рај е Мрс во Берово, шо с’мскале свински зезалици со сенф во ДМ, во Дебар Маало, џигер кај Љуц, шпицерајќи и уштипци какви има само Кај Перо, спрема оние што уживале кај Крал Џо во Росоман, или кај чичко Таљо во Демир Хисар, спрема оние што биле во Бардак, во Припор, што јаделе ребра во бивши Офицерски, во Велес, што биле во Кобра, во Куманово! Вие мислите така сте станува Македонец: ќе те фрли штркот во Македонија, пасош ти следува од раѓање и - толку! Не! Морате да си ја заслужите македонштината, драги мои! Вие сте двајцата образовани, со години ве слушам како ви сметало кога некој не прочитал прикаска од Цепенко или не знае да запее нешто во седум осмини, ама не ви паѓа на памет дека рецепт за шарска мора да се знае како „Т’га за југ!“ Па, во сон да ме станеш, ти спремам ајдучка каква не сте ни сонувале дека може да постои! Вие двајца сте ги предале и разочарале сите оние Македонци кои се водат според местата за скара, поточно од магнетните полови што ги водат птицине! Ама, јасно ми е. Вие сте од тие, „Мекдоналц“ генрациине, Кентаки фрај -- абе, ај! За вас скара е „кембургер со кечимануез,“ од Седмица! Бутате тоа западњачките модифицирани соини копии на хамбургери. Па, дури и во најдлабокиот постдигестивен дилириум на Скаријада, 2001, знаев дека нема такво совршенство, како она бајадерине од мелено во Дестан - во Краш има бајадери, а Македонија - ќебапи во Чаршија - тенкју вери мач! Арно викаше татко ти: „Ме секира овој мојов, само зеленчук и овошје јаде!“ Вегетаријанец, веганец све, ама не и Македонец! Се гледаше утше од тогаш кај ќе завршите. Што да ви речам: ако не научите скара, земајте си нови пасоши, пошто нашиве извинете, ама не ги заслужуете! И уште риби ми фурате ко скара - алоо! Да не сте ми пишале додека не научите свинско филе, ајдучка, шарска, ребро у фурна печено (ич не ме интересира кај ќе најдете фурна), уштипци, димена крменадла и јунешки рамстек! Видеа да снимите, да пратите, да видам - па, ќе праиме муабет! Јован www.gragjanski.mk