магазин од поинаков формат
број 23
сабота, 6 октомври 2012
ДИМИТАР МИРЧЕВ
На популизмот не треба да се одговара со популизам
Решението е во политичка борба со факти, бројки, сигурни проекции и демаскирање на „празните ветувања“
година I
ПОЛИТИКА
www.gragjanski.mk
Филе ги стави во погон адутите за Македонија
20 денари
ЕКОНОМИЈА
Ниска проодност заради високи брани
Тендерите за „Чебрен“ и „Галиште“ пропаѓаат поради барањата за висината на браните
Директор и главен уредник на проектот ГРАЃАНСКИ Миле Јовановски Извршни уредници Катерина Блажевска, Злате Лозановски Арт директор Мишко Петковски Редакција Ида Протугер, Васко Попетревски, Митко Билјаноски, Теофил Блажевски, Андријана Атанасовска, Тони Димков Контакт redakcija@gragjanski.mk тел. 02 55 14 205 Надворешни соработници Трајко Славески, Теа Јовановска, Никола Поповски, Стево Пендаровски, Димитар Димитров, Бруно Јовановски, Игор Тошевски, Бранислав Саркањац, Митко Хаџи Пуља, Горан Марковски, Гоце Смилевски, Огнен Георгиевски, Златко Славенски, Светлана Јовановска (Брисел), Ирена Поповска Графичка редакција Зоран Симоновски, Елена Џекова, Маја Пипонска Лектор Силвана Блажева Фото Кристиан Панов Издава Друштво за издаваштво РЕФЛЕКС КОМ ДООЕЛ извоз-увоз Скопје , ул. Народен фронт 19А / 3 кат - локал 21 Скопје Телефон 02 5514200 Телефакс 02 5514201 Жиро-сметка 300000003097731 Комерцијална Банка АД Дистрибуција Фокус Прес ул. Климент Охридски 58-2/2 Скопје Печати
Директор на маркетинг Горан Дамјаноски marketing@gragjanski.mk Телефон 02 5514200
Широк агол Контраст меѓу животот и смртта Во 2008 година во Македонија гостуваше Сара Лин, фотографка и уредничка од „Нејшенел џиографик“. Имавме фотосафари низ Македонија. Фотографијата е снимена во село Штавица, Мариово, кое стана позната локација од филмовите на Милчо Манчевски. Мене ме фасцинираше тоа што селото е речиси напуштено, сиромашно, а селските гробишта со нови надгробни споменици изгледаа посвежо и поубаво од руинираните куќи. Сакав да го направам тој контраст меѓу животот и смртта, за тивкото умирање на нашите села. Тешкото небо само ја дополнува тегобната атмосфера. Линеарната композиција го води погледот од куќите (живот) кон гробиштата (смрт), како наша судбина од која нема бегање... Драги Неделчевски
Интервју Разговараше Злате Лозановски фотографија Кристијан Панов
П
рофесоре Малески, во епилогот на Вашата книга „Бебето од катран - Македонија во меѓународните односи (1991-1993)“ напишавте ваква реченица: Политичарите мора да носат непопуларни одлуки, ако сакаат да ја спасат државата. Како ја објаснувате актуелната ситуација во која нашите политичари - и тие на власт и тие во опозиција - носат САМО популарни одлуки, токму со образложение дека сакаат да ја спасат државата и што значи она „мора“, каде е извориштето на тој категорички императив кога е во прашање политиката? # Извориштето на таквиот категоричен став е во искуството низ кое поминав пред дваесет години, кое во практика ми покажа како се раѓаат држави, но и како умираат. И да бидам уште поексплицитен. Доколку политичарите во Македонија денес не одговорат на историските задачи што стојат пред државата, може, со своето поведение, да предизвикаат смрт на Македонија. Исто онака како што неспособните југословенски политичари во осумдесеттите и во деведесеттите години ја предизвикаа насилната смрт на Југославија. Каде се лоцирани тие историски задачи за Македонија? Во меѓуетничките и во меѓународните односи. Тука се потребни непопуларни одлуки што ќе ги соочат граѓаните со реалностите на домашното мултиетничко општество и со реалностите на анархичното меѓународно општество. Во првиот случај, политичарите мора да изградат ново единство во државата подавајќи раце преку етничкиот јаз околу она што нè обединува, во вториот случај, пак, мора реално да ја димензионираат државата во меѓународните односи, да ги решат споровите со соседите и да ја внесат Македонија во НАТО и во ЕУ. Ништо помалку од ова не е доволно за мирот, безбедноста и за просперитетот на нашата држава.
$ Дали Вие лично, како министер за
надворешни работи или на друга јавна функција, сте се нашле во (не)прилика - и кога - да мора да донесете, или да инсистирате да се донесе, непопуларна одлука и што е клучно, решавачко, што му претходи на тој процес во кој негативните реакции се извесни, а позитивниот резултат е тешко видлив во моментот? # Задачата што си ја поставив како прв министер за надворешни работи беше, преку политика на мирољубиво самоопределување, да работам на меѓународното признавање на Македонија и нејзино членство во ОН. За тоа како го поминавме минското поле на балканските етнички војни и замките на домашните национализми и како, по мирен пат, стасавме до членство во светската организација, пишувам во мојата најнова книга „Бебето од катран - Македонија во меѓународните односи (1991 – 1993)“ во издание на „Култура“. Читајќи ја ќе видите дека сите значајни одлуки 6
што ги иницирав или во чие носење учествував, всушност, беа непопуларни. Конечно, „компромисот“ не е убав збор на Балканот, па оттаму политиката што го промовираше овој принцип, неретко, беше нарекувана „кукавичка надворешна политика“. Во основа, тоа беше една храбра политика, а силата да истраам ја црпев од непоколебливото лично убедување дека она што го правам е во најдобар интерес на Македонија во меѓународните односи. Истото убедување ме водеше и низ лавиринтот на сложените меѓуетнички односи дома. Тие убедувања, пак, се производ на еден многу специфичен процес преку кој, уште од раното детство, преку животот и школувањето во странство до искуствата со еднопартискиот систем, се вообликуваше мојата политичка свест.
$ Се вели дека ништо не е тешко да на-
правиш ако се донесеш во ситуација да го направиш. Во каква ситуација треба да се најде Македонија за да го направи тоа што изгледа најтешко - решение, компромис, нешто што ќе го тргне од дневен ред проблемот со името, поточно со Грција? # На еден состанок на европски и американски интелектуалци во Фиренца, цела година пред интервенцијата на САД во Ирак, кога се водеа преговорите со Садам Хусеин во рамките на ОН и кога работите беа неизвесни околу војната и мирот, американските професори беа недвосмислени во ставот дека Америка ќе нападне и оти ќе има војна. Прогнозата ја базираа исклучиво врз анализата на политичкиот профил на претседателот Буш, на потпретседателот Чејни, на министерот за одбрана Рамсфелд и на нивните соработници. Значи, и во случајот со Македонија, државата може да го стори само она што можат да го сторат поединците кои ја претставуваат: премиерот и претседателот, пред сè, и нивните соработници. Анализата на нивниот политички профил и на нивните постапки ќе ви каже дека тие не се луѓе за компромис. Тие се бескомпромисни борци за достоинството на македонскиот народ, на начин на кој тие ги гледаат нештата. Таа нивна борба симболизирана од политиката на „антиквизација“, во која го вложија целиот свој авторитет, произведе сериозен идентитетски спор. Е, сега, бидејќи Грците нема да се согласат со ништо помалку од ревизија на таквата политика, може да заклучиме дека премиерот и претседателот веќе немаат излез без целосно да загубат образ. Бидејќи човечките суштества не сакаат да изгубат образ, нападот, а не компромисот, нужно и натаму ќе биде најдобрата одбрана на нивните политички позиции. Така, и во иднина може да се очекуваат напади на сите фронтови и во сите форуми. И така до крајот на овој, или наредниот мандат, или дури и на неколку наредни мандати. Се разбира, внатрешните поделби меѓу Македонците и Албанците, но и меѓу самите Македонци и натаму ќе ја слабеат државата на домашен и на меѓународен план, што, порано или подоцна, неминовно ќе доведе до криза. Кризата, пак, е шанса за излез, но и за целосна пропаст.
Денко Малески
универзитетски професор
Државата може да го стори само она што можат да го сторат поединците кои ја претставуваат: премиерот и претседателот, пред сè. Анализата на нивниот политички профил и на нивните постапки ќе ви каже дека тие не се луѓе за компромис, вели Малески, врвен аналитичар и интелектуалец, par excellence
Елитата е п најлошото о $ Пред дваесетина години, пред пратениците сте заклучиле дека (парафразирам) со успех чекориме во насока на толеранцијата, дебатата, консензусот, компромисот и заемното почитување меѓу политичките противници - основите на демократските политички институции и дека тоа светот го разбира и го цени. Со една битна ограда што сте ја ставиле на почеток: „засега“. До кога важеше тоа „засега“, дали СЕГА ќе потпишете ваква констатација - и зошто - и како светот (Брисел, на пример) го разбира и го цени тоа што го правиме со основните демократски институции? # Пред дваесет години цела Источна Европа посегаше по идеалот на демократијата. Па, така и јас. Денес разбирам што сакал да каже Русо кога запишал дека демократскиот идеал по кој посегаме е положен на небото. www.gragjanski.mk
Рубрика твуваат својот интерес на олтарот на државниот интерес. Одбивајќи да поднесат жртва за државата, политичарите го оправдуваат своето неодговорно поведение со разни инфантилни теории од типот „па, што ќе ни се НАТО и ЕУ кога тие и онака се распаѓаат“ или „кој ќе нè нападне кога сите околу нас се или ќе бидат во НАТО и во ЕУ“. Така, македонските политичари, речиси две декади, ја водат државата по острилото на жилетот, оставајќи ја Македонија без осигурителната полиса наречена НАТО и ЕУ. „Па, не мора сите проблеми ние да ги решаваме, нека остане нешто и за идните генерации“, велеа политичари од моето опкружување во деведесеттите години, посветено работејќи на уште еден мандат. Денес тоа се повторува, само во рувото пресудата на Меѓународниот суд на правдата, која вели дека Грција ја прекршила Времената спогодба кога нè попречила да станеме членка на НАТО под привремената референција, едновремено ја подвлекува обврската да се најде компромисно решение меѓу двете страни. Зошто е важно пресудата да се реализира денес? За да можат актуелните политичари, како и оние пред нив, и оние пред нив, да го префрлат решавањето на некој друг во иднина. „Па, не мора сите проблеми ние да ги решаваме, нека остане нешто и за идните генерации“, велат политичарите денес, посветено работејќи на уште еден мандат. Така, и со новите проблеми со Бугарија.
производ на од двата система Тоа е идеал кој никогаш нема да го допреме, но посегнувајќи отвораме нови хоризонти на човековата слобода. Тоа е во теоријата. Во практиката, луѓето во политиката сакаат да посегаат по некои попривлечни работи - по пари, по привилегии, по моќ, на пример. Дали јас искрено верував во гореспомнатите принципи на толеранција, дебата, консензус, компромис и заемно почитување на политичките опоненти? Или дека чесноста е најдобрата политика? Да. Верував и сè уште верувам. Со таа разлика што тогаш верував и во принципите и во луѓето, а денес само во принципите. Обидете се да ги просеете македонските политичари и интелектуалци од изминативе дваесет години низ ситото на демократските принципи и видете што ќе ви остане! Значи, „засега“ беше само додека не сфатив дека луѓето не разбираат оти „слободата“ и „одговорноста“ се едно исто. сабота, 6 октомври 2012
$$ Членството во ЕУ и во НАТО се единствени цели за кои има консензус, изгледаат неспорни и за политичарите и за јавноста во земјава, а, сепак, надлежните во тие организации и аналитичарите се скептични дека навистина правиме сè за да ги оствариме. Од каде таа недоверба, зошто ни се јавуваат нови пречки (Бугарија, на пример) и колкав дел од вината во тој процес паѓа на нашата надворешна политика? ## Ние ги избираме политичарите да го промовираат интересот на државата, но тој интерес знае да дојде во судир со нивниот личен интерес да опстанат на власт. Да погледнеме. Државен интерес од примарна важност е Македонија да стане членка на НАТО и на ЕУ. Тоа го признаваат сите политичари. Од друга страна, непопуларниот компромис што треба да го направат со Грција бара од нив да го жр-
$$ Професоре Малески, исчезна одговор-
носта во јавната сфера, не само во неа. Зошто во оваа земја, во која сведочиме за распаѓање на сите нивоа, никој за ништо не е одговорен, ни институции ни поединци (нема оставки, признавање грешка, нема ни обично извинување), односно секогаш и за сè е виновен некој друг? ## Уф, тешко прашање. Во развиените демократии, слободата е одговорност. Во нашата, пак, тоа е слобода од одговорност. Сè зависи од луѓето. Демократијата е состојба на умот, а нашата ориентална состојба на умот има тенденција сè да затскрие, сè да замрси, сè да корумпира. Дотаму што го тера во очај оној што сака да истера некаква, макар и најобична, правда или да укаже макар и на најелементарна вистина. Еден патописец од минатото, минувајќи низ нашите краишта, забележала една, за неа, чудна карактерна особина на нашите луѓе: за нив, пишува таа, фактите се факти само ако им одат во корист! Некогаш помислувам како ништо да не се изменило во овие сто години. И натаму фактите се факти само ако ни одат во корист, зашто за нас слободата не е одговорност, туку слобода од одговорност. Во воведот на „Бебето од катран“ критички опсервирам некои состојби на Правниот факултет во Скопје, образовна институција толку важна за менталното здравје на нацијата. Опишувам како денес, во услови на слобода, се корумпира поведението на професорите кои не успеваат „да ја ограничат својата слобода со одговорноста: одговорност која е во служба на образованието на студентот и стремеж кон одличност; одговорност 7
Рубрика која не дозволува рушење на хиерархијата на знаењето; одговорност која не дозволува со неа да завладеат просечноста; одговорност која не дозволува да доминираат лукративните пориви кај професорите, правејќи од факултетот пазар на дипломи, магистратури и докторати; одговорност која го принудува професорот да мисли за последиците на своето поведение врз целото општество...“. Ако истата логика важи и за највисоката политика, ако таа важи и за новинарството, ако важи и за сите други институции, слободно можеме да констатираме неодговорно владеење на сите можни нивоа во општеството.
$$ Што треба „под итно“ да се направи, ако сакаме и Албанците да ја чувствуваат Македонија како своја земја, да се борат за нејзиниот интегритет и интереси, или неповратно чекориме кон конфликти, федерализација, па и поделба на земјата? ## И не само како реванш за убавите зборови за моите текстови објавени во неговото списание, би го цитирал уредникот на „Еврозин“ од Виена, Сајмон Гарнет, кој по повод десетгодишнината од излегувањето на кумановското мултилингвално списание „Корени“ на Димитар Масевски, пишува: Во Западна Европа, политичари, голем број интелектуалци и огромен дел од јавноста почнаа да тврдат дека „мултикултурализмот пропадна“. Човек би можел да се запраша како една de facto состојба може да пропадне... Всушност, продолжува тој, она што не успеало се нивните политики кон „мултикултурализмот“, што довело, според мислењето на политичарите, до „слабеење на национално-културните вредности што го поврзуваат општеството во една целина“. Нивната вистинска цел, се разбира, се емигрантите и „заканувачките други“ кои ни ги земаат работните места, ги експлоатираат нашите држави на благосостојба и ги поткопуваат нашите либерално-демократски традиции. Свесен и за слабостите на „интеркултуралистичкиот модел“, Гарнет предупредува дека „алтернативата, враќање кон хомогените општества од предвоената ера, е само една илузија“. И во Македонија немаме една „артикулирана политика на мултикултурализам“, туку „серија прагматични мерки“ во форма на статистички операции за поправање на етничките диспропорции во државниот апарат. И во Македонија постои скептицизам за успехот на моделот, иако немаме друга алтернатива, освен онаа за некаква етнички чиста Македонија од главите на нашите националисти или од главите на нивните националисти за етничка Албанија. Прв чекор кон подобрување на меѓуетничките односи е објаснување на причините за војната од 2001 година, каков што е и насловот на еден мој текст објавен пред повеќе години, што ќе доведе до помирување. Влез во НАТО и во ЕУ е најсилната врска помеѓу македонските и албанските политичари. Ако пукне таа спојница, тоа ќе биде увертира во нови меѓуетнички конфронтации. Конечно, да бидеме фер и да признаеме дека во рацете на мнозинството етнички Македонци е водење8
Дали јас искрено верував во принципите на толеранција, дебата, консензус, компромис и заемно почитување на политичките опоненти? Или дека чесноста е најдобрата политика? Да. Верував и сè уште верувам. Со таа разлика што тогаш верував и во принципите и во луѓето, а денес само во принципите
то на „високата политика“ на државата. Нема (засега) Бадентер во надворешната политика, во внатрешната политика, во економската политика, во одбранбената политика... Ако македонското мнозинство не води умна политика која ќе ја почитува волјата на албанското малцинство, ете причина за криза и за битка за нова уставна прераспределба на целокупната моќ во државата.
$$ Постојано сте присутен во јавноста со колумни, интервјуа, изјави... Како го толкувате овој молк на колегите-интелектуалци, не само за прашања од витален интерес за државата, туку и за нивните институции, за работните места, за нивната кариера? ## Со падот на владеjачката комунистичка идеологија се урна и интелектуалниот свет на луѓе кои не беа доволно млади да почнат одново да учат ниту, пак, доволно стари да прогласат крај на својата академска кариера. Таквата состојба произведе една застрашувачка состојба на умот во академската заедница, која со парализирачки цинизам ги дочека повиците за мобилизација во насока на создавање слободно и демократско општество страсно приврзано кон вистината. Тука изгубивме дваесетина години. Но, состојбата продолжува. Производ на ваквата духовна клима е и една нова генерација млади академски и политички циници, чија легитимација е дека немаат ништо со „валканото комунистичко минато“, несвесни дека изртиле во најлошиот гнилеж на еден систем кој ги загуби идеалите на социјализмот, претворајќи се во инструмент за најприземна манипулација со човечки судбини. Смели во кршењето на востановените конвенции, припадниците на овој сојуз на најлошото во нас од двата система, земаат сè што може да се земе, а, без критериуми, даваат сè што не би смееле да го даваат. Најуспешните од оваа
сорта луѓе се на највисоки функции во академската заедница и прифатени се во политичките структури. Клопчињата на замрсени персонални релации, но и проклетството на мала средина со голем дефицит на интелектуална моќ, на инстант-доктори и инстантпрофесори со сомнителни научни и човечки вредности широко им ги отвораат вратите на медиумите, па така тие стануваат креатори на јавното мислење. Интелектуалната и политичката елита на Македонија е производ на најлошото од двата система, зашто замрсени клoпчиња на персонални односи на сите нивоа на општеството, од горе до долу, не ни дозволуваат да станеме горди граѓани на една слободна и одговорна земја. Да можеме, како и другите демократски народи на Европа, да ги погледнеме во очи своите деца и да им речеме дека живеат во општество со кое владеат закони, а не поединци. Општество во кое владее вистината, а не измамата. Тоа е нашиот голем проблем, а не толку „молкот“ на интелектуалците. Оти, знаејќи какви се мнозина од нив, подобро е да замолчат и оние што зборуваат. Интелектуалната фела на историчарите најбавно се приспособува на новото време. Како ли се чувствува еден македонски универзитетски професор по историја, кога знае дека она што го зборува не е компатибилно со светската историографија? Го приспособивме целиот политички систем на демократските процеси во светот, но историјата сè уште не е наука во потрага по историската вистина, туку оружје во служба на националната кауза, онака како што ја разбира оној што моментно е на власт. Ако не успееме оваа домашна задача да ја направиме онака како што треба, согласно со историската вистина, а не согласно со политичката волја, не ќе можеме да си објасниме зошто ние немаме монопол над името Македонија и зошто, кога веќе мораме, е разумно да направиме компромис. www.gragjanski.mk
ИНТЕРВЈУ | РОЛЕТНА | КУЛТУРЕН СВЕТ | УБАВО Е ДА... | АРХИТЕКТУРА | ДОСИЕ
Фотографија: ана лазаревска
приказни за градскиот дух
Концептот на манифестацијата „Бела ноќ“ годинава е базиран на визуелни и на музички приказни, во чие раскажување ќе бидат вклучени околу 200 македонски уметници. Централната изложба „Скопје: врвна колекција на лични сеќавања 1960-2010 вол. 1“, составена од младите куратори Филип Јовановски, Ивана Васева и Јованка Попова, ќе биде отворена на 6 октомври. Во текот на целиот ден, почнувајќи од 11 часот во Зоолошката градина, па до доцна во ноќта, на триесетина локации низ градот ќе се одвиваат изложби, видеопроекции, музички настапи, перформанси, филмски проекции, модни ревии. „Бела ноќ“ фасцинира со бројноста на уметниците и на настаните и со креативната динамика што ја дава, барем за една ноќ, на главниот град. Концептот на трагање низ личните спомени на колективната меморија само го поттикнува чувството на припадност на градот, кој заслужува да биде облагороден со вистински градски дух. сабота, 6 октомври 2012
9
Ролетна Новиот германски филм
САМО ВИЕ СМЕЈТЕ СЕ СТИГНАВМЕ ДОТАМУ ШТО СЕГА ДУРИ И НА СИОРАН, МАЈСТОРОТ СО МАЛКУ ЗБОРОВИ ДА КАЖЕ МНОГУ, БИ МУ БИЛО ТЕШКО ДА НАПИШЕ КРАТОК ПРЕГЛЕД НА РАСПАЃАЊЕТО. АКО ИЗДАНИЕТО ТРЕБА ДА ГО ПРИСПОСОБИ НА НАШИТЕ СОСТОЈБИ, ТОГАШ ТОА ЌЕ МОРА ДА БИДЕ ДОПОЛНЕТО, ПРОШИРЕНО, ДИМЕНЗИОНИРАНО БАРЕМ КОЛКУ ШТО Е „ВОЈНА И МИР“. Пишува Злате Лозановски Дека ситуацијата сериозно е повеќе од загрижувачка има, за жал, премногу показатели и факти, каде и да погледнете. За мене, крунски докази за тоа колку метастазирал очајот се нешта што ги нема никаде: афоризмот, хуморот, сатирата, пародијата. Формите што ги изразуваат врвните дострели на духот, на креативноста, на виталноста и, секако, на писменоста. Симптоми што покажуваат дека и поединецот и општеството се способни (сè уште) да се соочат со „болеста на смрт“ наречена живот. Станавме толку смртно сериозни, недуховити, што ќе почнеме и сами да си изгледаме смешно. Ако во меѓувреме не експлодираме, затворајќи го вентилот наречен хумор, цевчето низ кое дишеле многу народи потонати во длабока криза, не само Словените. Трагедија без катарза, трагична комедија. На добар пат сме и да ја побиеме не баш античката теза: колку полошо, толку подобро за хуморот и сатирата. Не можеме да се тешиме ни со одржувањето на „Вистината во Виница“ или со „Деновите на комедијата“ во Куманово, зашто во случајов не станува збор за фестивал, туку за состојба на духот, за нешто што го има (или го нема) секогаш, во секое време, нешто за што, можеби, не е способен секој, ама што им припаѓа и што треба да ги одржи сите. Историјата покажува дека Македонецот никогаш не бил толку дефицитарен во духовитост. И во најцрните комуњарски години имаше сериозно списание за хумор и сатира „Остен“ (го основале и во него пишувале врвни писатели, интелектуалци и новинари), 10
од кое излегоа значајни афористичари, хумористи, сатиричари, карикатуристи, накратко - автори способни да најдат дупка во системот, да се провлечат и низ цензурата, за која сите знаат дека ја немало, како и низ автоцензурата, што сами знаат колку ја имало. И тогаш можеше да се прочита по некој луциден графит (макар и во јавно веце), да се направи алузија на владетелот, да се критикува режимот. Откако завладеа демократскиот режим, откако целиот систем стана дупка и секој слободно може да каже што сака и како сака за секого, вклучувајќи ги и тие на власт и, особено, тие во опозиција, исчезнаа и графитите, и афоризмите, и сатирата, и пародијата. Изгубија на ударност, на жестина, на креативност, станаа бесмислени, паднаа како први жртви на слободата на изразувањето. Оние малку исклучоци, последните Мохиканци низ медиумите, не се доволни да ја одбранат изгубената чест на професијата, уште помалку нас од ситуацијата во која сериозно сме изгубени. Да не зборуваме за слики, скулптури, романи и други дела од кои ќе се огласи божествената смеа. Се вели дека хуморот е единствената подлога на која не може да опстои ниедна диктатура, ниеден режим. Можеби и затоа е тргната. Сега може слободно да градиме, и да надградуваме, заедница на агеласти, на луѓе кои заборавиле да се смеат. Градба која, без таа лабава, несигурна подлога, гарантирано ќе се урне при најмал духовен потрес. Сите прогнози велат дека таков, засега, нема да се случи. Мала потврда за тоа е и приложениов текст.
Осмото издание на Фестивалот на новиот германски филм почна на 4 октомври во киното „Фросина“ и до 10 октомври ќе бидат прикажани 14 филмови од 2011 и од 2012 година од сите жанрови. Годинава првпат ќе бидат прикажани и филмови за деца во 3-Д. Покрај Скопје, Фестивалот ќе патува и во Тетово, Велес, Кавадарци, Струмица, Штип, Битола и во Прилеп.
Офанзив Во организација на Стрип-центар на Македонија - Велес, од 12 до 14 октомври, ќе се одржи 10. Меѓународен салон на стрип
Пишува Тони Димков
С
трип-цртачот Мауро Лауренти од Италија ќе биде гостин на јубилејното 10. издание на Меѓународниот салон на стрип во Велес. Познат по својата работа кај италијанскиот издавач на стрипови „Бонели“ и како цртач на популарниот лик Загор, Лауренти во Велес ќе престојува од 11 до 15 октомври. „Во Македонија доаѓам, пред сè, за да ја презентирам мојата работа. Ќе се обидам да објаснам што значи да се биде стрип-цртач, а ќе имам и отворен час за цртање пред публиката што ќе го посети Стрип-салонот.
Цртаниот лик Загор, или „Духот со секира“, е еден од најпопуларните стрип-јунаци во светски рамки
www.gragjanski.mk
19 ва на стрип-сцената значајни имиња од филмската уметност ќе предаваат на новооснованата филмска академија „Film Factory“ во Сараево. Со Бела Тар, како декан, ќе работат и Фред Келемен, Џим Џармуш, Аки Каурисмаки, Гас ван Сант, Тилда Свинтон, Џонатан Ромни, Тјери Гарел и др.
Филмски циклус - Кончаловски
Во Кинотека на Македонија е во тек циклус посветен на филмовите на Андреј Кончаловски, со што се бележат 75 години од раѓањето и 50 години од творештвото на еден од најпознатите руски режисери. Ретроспективата е помогната од амбасадата на Руската Федерација, Рускиот културноинформативен центар во Софија и Продуцентскиот центар „Андреј Кончаловски“.
Културен свет
СТРИП-ЦЕНТАРОТ ВО ВЕЛЕС Е ФОРМИРАН ВО 2002 ГОДИНА КАКО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА ДРУШТВОТО НА ЉУБИТЕЛИ НА СТРИП „СТРИП-АРТ“
Тоа ќе биде во форма на стрип-перформанс. Што се однесува на мојата работа на стрипот ’Загор‘, на неговата илустрација работам од 1994 година до денес и мора да бидам искрен дека тоа е најзначајниот стрип-јунак што сум го цртал во мојата кариера. Од друга страна, инспирацијата за работа и мотивацијата целосно да се посветам на цртањето стрипови ги добивам од мојата муза и девојка Џована дел Иноченти“, објасни Мауро Лауренти во италијански стил. Цртаниот лик Загор, или „Духот со секира“, е еден од најпопуларните стрип-јунаци во светски рамки. Автор на неговиот лик е Серџо Бонели, додека изгледот на Загор и илустрацијата на стрипот се дело на цртасабота, 6 октомври 2012
Инспирацијата за работа и мотивацијата целосно да се посветам на цртањето стрипови ги добивам од мојата муза и девојка Џована дел Иноченти, објасни Мауро Лауренти
чот Галијано Фери. Стрипот премиерно е објавен во 1960 година. До 1980 година сценарист на стрипот е неговиот автор Бонели, но потоа се менуваат повеќе автори, како Марчело Тонинели, Мауро Босели или Морено Буратини, и цртачи, како Френк Донатели, Франко Бигноти или Карло Марчело. Гостинот на Стрип-салонот во Велес, Мауро Лауренти, припаѓа на новиот бран цртачи на ликот на Загор. Продукцијата „Бонели“ ги објавува и стриповите „Текс Вилер“, „Мистер Но“, „Мартин Мистерија“, „Дилан Дог“ и многу други. Стрип-центарот во Велес е формиран во 2002 година како продолжение на Друштвото на љубители на стрип „Стрип-арт“ (формирано во 1995 г.). Центарот има за цел да го оживее и афирмира македонскиот стрип, во и надвор од државата, да ги организира авторите на стрип во нивната творечка дејност, како и да ги претстави најновите достигнувања од светската и од домашната стрип-сцена пред пошироката јавност. „Кај нас стрип-културата е потценета, но во светот, на пример, во Јапонија и во Франција, стрипот го полни буџетот на својата земја
со по пет-шест илјади наслови во форма на стрип-албуми. По организирањето на јубилејниот Стрип-салон во Велес нашата активност ќе биде насочена кон напорите за подобра застапеност на стрип-културата во Националната стратегија и во Акциониот план за култура. Сакаме да ги афирмираме и можностите што ги дава стрипот во образованието, маркетингот и бизнисот, потоа да ги интензивираме контактите со списанијата и со издавачките куќи кои имаат голема можност во популаризацијата, но и во примената на стрипот“, потенцира Ване Трајков, основач и извршен директор на Стрип-центар на Македонија - Велес. Меѓународниот салон за стрип во Велес веќе десет години прави сериозна промоција на стрип-културата, носи познати стрип-цртачи во Македонија и им доделува награди на најдобрите стрип-дела. Традиционалното годишно признание за развој и афирмација на македонскиот стрип, наречено според починатиот стрип-доајен Љупчо Филипов, на 10. Стрип-салон ќе им биде доделено на писателот Киро Донев и на редакцијата „Детска радост“. 11
артерија/Убаво е да... Цртеж Теа
кНиГа
„Баудолино“ од Умберто Еко (Фаворити - „Баудолино“ од Умберто Еко, „Браќа Карамазови“ од Фјодор Достоевски, „Пиреј“ од Петре Андреевски)
препорачува Ѓорѓи Јолевски
П
етте сегменти од уметничкото творештво што „Граѓански“ ги предлага како избор на само едно дело создава вистинска умомелница во потрагата по тоа едно дело или автор кое би биле симбол на тоа како јас го перципирам светот. Вистинско измачување. Чувството на неправда ме обзема, бидејќи сметам дека друг автор или дело на еднаков начин и со иста енергија влијаеле врз мене во одреден дел од моето животно патешествие и со иста возбуда сум реагирал и така оставиле неизбришлива трага врз мене. Се обидувам да бидам во постојана потрага по нови и различни светови од уметници кои силно и интензивно го доживуваат светот во кој живеат и го коментираат на свој специфичен начин, следејќи ги своите инстинкти и сензори. Ете, морав да се послужам со ужасната методолошка единица на селекција од три фаворити да го одберам тој едниот.
тЕатар
„Бесови“ од Фјодор Достоевски, во режија на Златко Славенски, Македонски народен театар - Скопје (Фаворити - „Госпоѓица Јулија“ од Август Стридберг - режија Саулиус Варнас, „Бесови“ од Фјодор Достоевски - во режија на Златко Славенски, „4.48 Психоза“ од Сара Кејн - режија Ѓорѓи Јолевски)
Темата „Бесови“ ме опседнува уште од пред триесетина години, кога прв пат го прочитав овој роман на великанот на пишаниот збор, Достоевски. Писателот кој го напиша романот во средината на 19 век однапред го вивисецираше и осуди на брза смрт овој систем, кој беше создаден врз гнила основа. На тој начин сосема јасен ми беше социјализмот како систем со сите болести и нуспојави. Достоевски едноставно е пророк и исцелител во исто време. Секоја секунда помината со овој писател е драго12
„Баудолино“ е една од книгите што постојано ја препорачувам на моите пријатели како четиво кое ве расположува и во исто време ве води на чудесно патешествие низ времето, просторот, бајките, реалноста и неверојатната имагинација. Дејството се случува во средниот век, време на големи војни за територии на малите европски градови-држави. Малото детенце, Баудолино, фрлено на буништето на војната, е посвоено од владетелот и подоцна испратено на тајна мисија на Исток. Баудолино и неговата необична дружина ќе ве поведат во прекрасна авантура. Умберто Еко е писател кој воодушевува. Води драматична линија на приказната со големи пресврти и ве воведува во свет кој не сте ни помислувале дека постои. Кај читателите или филмските фанови е познат по делото „Името на розата“ или со „Историјата на убавото“ и „Историјата на грдото“.
мУЗика
„Einsturzende Neubauten“ (Фаворити - Горан Трајковски, „Љубојна“, „Einstürzende Neubauten“)
Еден од најоригиналните бендови што се појавија во Европа, некаде во осумдесеттите години, е токму „Einstürzende Neubauten“. Лидер на групата е Бликса Баргелд, вокал, гитара и клавијатури, но, исто така, и текстописец. Но, најсилното кај овој постиндустријал бенд се текстовите. Баргелд е поет од бекетовски светоглед. Неговата музика и текстови го лоцираат човекот на денешнината и светот во кој тој живее. „Einstürzende Neubauten“, исто така, прави музика и за театар. За претставата „Хамлет-машина“ од Хајнер Милер, (драмски писател и столб на постмодерната во театарот) во негова режија, токму тие правеа оригинална музика. Мојата поврзаност со оваа дарк-амбиент или панк-рок музика е од средината на деведесеттите години, кога стана дел од музичката подлога на претставата „Квартет“ од Хајнер Милер, првата претстава направена во Театар „Квартет“ и, се разбира, темата „Чекам“, која ја има во претставата ЕЕГ, како последна музичка тема од овој генијален берлински бенд.
Интензивно дожив на естетиката на у цена. Имав среќа Златко Славенски да ми ја понуди улогата на Ставрогин, лик кој ги поминува сите етички размисли и божји промисли обвинувајќи се себе си за своите постапки. Во претставата игра прекрасна актерска екипа, со која на секоја изведба ги делиме емоциите, енергијата и возбудата на делото, секогаш со иста радост, дело што зборува за бесовите во Човекот. Секогаш со нетрпение чекаме да биде на репертоар за повторно и повторно да поминеме низ силните емоции на „Бесови“. www.gragjanski.mk
...прочитате ...видите ...слушнете Сликарство
„Минијатури“, Едгар Дега, Метрополитен музеј, Њујорк (Фаворити - Владо Георгиевски, Марк Шагал, Едгар Дега)
Секогаш кога одам во Њујорк одделувам еден ден за Метрополитен музеј и се обидувам да не претрчувам низ врволицата од туристи и најбројните Јапонци со фотоапарати и мобилни, туку да најдам смирение или некое ново сознание кај големите сликари. Пред десетина години, минувајќи низ лавиринтите на музејот, влегов во двете простории посветени на Дега, еден од зачетниците на импресионизмот. Во првата беше централно поставена скулптурата на 14-годишната балерина, а на ѕидовите неговите слики. Кога влегов во втората просторија ме заплисна неверојатен бран на енергија што ќе го паметам до крајот на животот. Минијатурните скулптури во стаклените витрини, кои беа поставени во П-позиција, зрачеа со силината на животот низ цивилизациите. Тоа беа стотици скулптури на коњи, поставени во зависност од нивната екстензија. Од состојба на мирување, лежерност, подготовка, кас до галоп за да преминат во балерини кои се во скок, па-де-де, игра до подготовка за игра.
вување убавото сабота, 6 октомври 2012
Филм
„Рубљов“ од Андреј Тарковски (Фаворити - „Спроти брановите“ од Ларс фон Трир, „Рубљов“ од Андреј Тарковски и „Црно семе“ од Кирил Ценевски)
„Рубљов“ е класика на филмското платно, а творештвото на Тарковски, со сите негови дела, силно влијаело не само кај филмските уметници, туку и кај секој творец од која било уметност. „Соларис“, „Носталгија“, „Огледало“ и сите негови филмови едноставно се ремек-дела, но, сепак, се одлучив за „Рубљов“ заради неколку причини. Дејството се случува во царска Русија, во време на големи промени, сиромаштија, владеење на црквата и на властелините. Филмот зборува за клучните поими по кои човекот е во вечна потрага. Верата, надежта и љубовта. Филмот зборува за суетата, како главна болест на човештвото и, се разбира, пеколот, кој извира како последица од таа болест. Рубљов е историска личност, иконописец од 15 век, а Тарковски, заедно со Кончаловски како косценарист, го велича монахот до ниво на маченик-светец. Изборот го направив, меѓу другото, и заради сцената на градење црковно ѕвоно кое неискусното момче прифаќа да го создаде и го гради само со својата вера. 13
Артерија/Интервју
Лиза Донели
Разговараше Тони Димков фотографија Кристиан Панов
А
мериканската карикатуристка Лиза Донели неколку дена престојуваше во Македонија. Посетата беше остварена на покана на амбасадата на САД, додека нејзина мисија беше да одржи предавања за карикатурата и за цртањето карикатури како професија, но и за слободата на говорот и можноста за изразување на сопствените ставови за општествените случувања во форма на цртеж кој носи одредена порака. Донели ги објавува своите карикатури во престижното њујоршко неделно списание „Њујоркер“, кој своето влијание го изгради врз основа на одличните политички текстови, креативните есеи, уметничките критики и рецензии, но и на инвентивните и саркастичните карикатури со специфична смисла за хумор, како главно обележје на списанието. Иако во почетокот „Њујоркер“ требаше да им се обраќа на граѓаните на Њујорк, сепак, неговото влијание веќе одамна има планетарни размери. Во такви услови, од 23-годишна возраст до денес, Донели ги објавува своите карикатури. Нејзиното портфолио е полно со карикатури со различна тематика и со животно искуство собрано од цел свет. Од тие причини не смеевме да си дозволиме да не ја искористиме можноста за средба со неа. Разговаравме за нејзиниот животен пат, но и за искуствата што ги стекна во Македонија.
$$ Од каде се појави Вашиот интерес да се занимавате со професијата карикатурист? Што беше пресудно - талентот или личниот избор? ## Кога бев мала не сакав многу да зборувам, бев исклучително срамежлива и цртањето беше начинот преку кој се изразував. Имав проблематична сестра и затоа често сакав со моите цртежи да ги развеселам родителите. Оттаму видов дека тоа може да биде интересно, дека може да ги засмеваш луѓето, па така почнав да се занимавам со цртање карикатури. Потоа се запишав на колеџ за уметност, но не претпоставував дека ќе живеам од оваа професија. Сосема случајно в рака ми се најде списанието „Њујоркер“ и многу брзо по завршувањето на студиите почнав да испраќам цртежи во нивната редакција. На моја среќа, многу брзо по дипломирањето, „Њујоркер“ ми откупи неколку цртежи. И така почна сè.
Често се случува притисокот за работа да го правам врз сама себе, бидејќи има настани за кои сметам дека се важни и сакам да ги забележам во моите карикатури, а потоа да ги испратам во „Њујоркер“
карикатуристка
Оптимизмот е посилен од сарказмот Лиза Донели ја искористи неколкудневната посета на Македонија да ја претстави својата работа за списанието „Њујоркер“, но и да се запознае со условите за создавање карикатури во земјава
$$ Колку тоа што „Њујоркер“ е престижно и познато светско списание влијае врз Вашата работа, колку прави да чувствувате поголема одговорност? Колку Ве притиска со својата тежина и значење? ## Најчесто притисокот го правам врз сама себе. Мојата комуникација со „Њујоркер“ се одвива на тој начин што секоја недела правам карикатури и им ги испраќам, а тие ги објавуваат или не, ми ги откупуваат или не. Значи, немам обврска постојано да бидам таму. Додека бев во Македонија не им испраќав карикатури, но тие не ме притискаа поради тоа. Притисокот го правам врз сама себе со тоа што има настани кои сметам дека се важни и сакам да ги забележам во моите карикатури, а потоа да ги испратам во „Њујоркер“.
$$ Дали сè уште ја чувствувате радоста
при цртањето, како од периодот кога бевте дете? ## Сè уште го сакам тоа што го работам, но кога бев мала цртав различни ликови, луѓе и форми. Сега веќе имам сосема поинаков пристап, бидејќи прво треба да добијам идеја што сакам да кажам со карикатурата и како да го направам тоа. 14
„Тоа не е демократски или републикански лист, миличко. Тоа е само лист“.
$$ На кој начин го правите изборот на темата што ја обработувате во карикатурите? Што Ви дава на знаење дека некој настан е толку важен што мора да биде застепен во Вашите карикатури? www.gragjanski.mk
кога некоја моја карикатура носи политичка порака, но знам дека нема да ја објават во „Њујоркер“, тогаш ја испраќам на една од веб-страниците со кои соработувам, исто така, како надворешен соработник.
$$ Спонтано, со карикатурите, го из-
разувате тоа што го чувствувате или, сепак, темата минува низ Вашите внатрешни филтри? ## Некои карикатури излегуваат многу лесно и брзо, ги завршувате речиси во неколку потези. Некои од нив содржат сарказам и знам дека можам да бидам саркастична личност. Но, за некои карикатури навистина треба да се помачам додека ги изработам. Почесто, пак, карикатурите бараат многу работа додека стигнете до тоа што сакате да го изразите со нив. Иако знам да бидам саркастична, сепак, сметам дека како личност сум голем оптимист и тоа се гледа во моите карикатури.
$$ Една од темите за кои зборувавте
## Ако станува збор за настан од теков-
ната недела, едноставно, чувствувам дека треба да ја искористам приказната и да ја претставам со моја карикатура. Но, често во весниците има приказни што не можете толку лесно да ги трансферирате во карикатура. На пример, ако информацијата е поврзана со несреќа во Либија, тогаш нема тоа да го ставите во карикатура, а дури и ако направите таква, таа сигурно нема да биде објавена во списанието. Таквите настани, можеби, ќе ги покријат со новинарски текстови, но за илустрација, сигурно, нема да искористат карикатура што е направена со таква тематика.
$$ Дел од Вашите карикатури носат
и политичка порака. Кога станува збор за слободата на изразувањето, кој одлучува која карикатура ќе биде објавена? ## Во случајот на „Њујоркер“, сите одлуки со такво значење ги носи главниот уредник Дејвид Рамник. Понекогаш, сабота, 6 октомври 2012
Мој личен интерес се женските права, така што во рамките на темата за слобода на изразување, всушност, зборував за женските права
на Вашите предавања низ Македонија беше слободата на изразувањето. Какви искуства им пренесувавте на слушателите на предавањата? ## Разговаравме за различни нешта со различни групи. Една од темите беше историјата на американската карикатура и во таа смисла дадов преглед на карикатурата од историски аспект. Во зависност од групите, одржав часови за практично цртање карикатури и за слободата на изразување со карикатури. Разговаравме и за начините на илустрирање на одредена тема во весниците, но и за тоа од каде доаѓа инспирацијата за карикатурите. Мој личен интерес се женските права, така што во рамките на темата за слобода на изразување, всушност, зборував за женските права.
$$ Дали имавте доволно време да стекнете сознанија за состојбите поврзани со слободата на изразување во Македонија? Со какви искуства се здобивте во текот на престојот овде? ## Претходно ништо не знаев за состојбите во Македонија, сè додека не дојдов тука. Првиот впечаток ми кажува дека има малку карикатуристи во државата. Успеав да се запознаам со дел од нив, како Дарко Марковиќ, Миро, Стевац. Се запознав и со еден карикатурист кој го изгубил своето работно место зашто нацртал нешто што некому не му се допаднало. Се сретнав и со Мице Јанкуловски, директор на галеријата „Остен“, и се договоривме да соработуваме во некои идни проекти. Ме воодушеви традицијата на „Остен“, бидејќи веќе 40 години имаат Светски конкурс за карикатура. Се надевам дека следниот пат ќе дојдам во Македонија како учесник на Светската галерија на карикатури во „Остен“. 15
Дарио Варга и Урош Мачек Словенечките актери Дарио Варга и Урош Мачек, редовни гости со претставите на Словенско младинско гледалишче на МОТ, овојпат зборуваат и за своите искуства во животот Разговараше Тони Димков Фотографија Кристиан Панов
В
о главната улога како актер и директор на театар, Дарио Варга во претставата „Мефисто“, во режија на Едуард Милер, а во продукција на Словенско младинско гледалишче, ја отелотворува мефистовската мисија како личност подготвена за сè што ќе ја задржи неговата позиција. Ги изневерува своите убедувања, луѓе, импулси и набљудува како луѓето околу него паѓаат во смрт. „Често се сретнував со ситуации во кои сите се продаваме. Сфатив колку едноставно можат да нè купат за неколку евра и како секојдневно си ја продаваме душата. Материјализмот и алчноста за пари се вовлекоа во најситните пори на нашите животи. Со тие проблеми се соочував додека го работев ликот во претставата“, објасни Варга. Уште од 80-тите години од минатиот век Словенско младинско гледалишче е стратегиски партнер и заштитна марка на МОТ. Пред две години доби и Златен медал за 30-годишно континуирано настапување на Фестивалот. Професионалниот ангажман на театарот кај нас, остави траги и во личните приказни на актерите. Токму поради долгогодишното пријателство со двајца актери од Младинско се случи и овој разговор. По претставата, Дарио Варга и Урош Мачек често знаат да останат со своите скопски пријатели и целосно да ја почувствуваат атмосферата во градот-домаќин. Во таков амбиент многу лесно помина и разговорот што следува.
$ Која беше причината да се постави „Мефисто“ на сцената на Словенско младинско гледалишче и како прифативте да ја толкувате главната улога? # Дарио Варга: Според мене, „Мефисто“, романот на Клаус Ман, е запишан во класиката на светската книжевност, а текстот го поставивме на сцена зашто во денешно време е многу актуелен во Словенија, но и пошироко. Причините за неговата актуелност се потенцирани во поднасловот „Роман за кариерата“. Дејството се одвива на театарската сцена и зборува за актерите и за нивната работа во театарот. Од друга страна, романот зборува и за појавата на нацизмот во Германија во 30-тите години од минатиот век и тој факт ја дава политичката димензија на текстот. Сепак, претставата не зборува за нацизмот, 16
Тешко е да се кратко тоа што Дарио Варга - Мислам дека нашата театарска судбина е таква затоа што живееме во мала држава и мораме да работиме сè. Всушност, не мораме. Некои луѓе со мирна совест на сето тоа му кажаа - не
ДОСЕГА ДЕСЕТИНА ПАТИ УЧЕСТВУВАВ НА МОТ СО УЛОГИ ВО РАЗЛИЧНИ ПРЕТСТАВИ
туку за денешниот систем во кој живееме, а кој на одредени поединци им овозможи, со помош на општествен капитал, да стекнуваат приватна сопственост. Тоа е системот на неолиберализмот во кој живееме и со кој во текот на транзициските времиња, со помош на лошите закони, поединци успеаја без сопствен влог да стекнат огромно богатство. Сега се обидуваат со тоа богатство да влезат во високата уметност. # Урош Мачек: Кај нас тематски се подготвуваат сезоните. Кога се одлучуваше за „Мефисто“ темата беше „Политиката и уметноста“, така што текстот беше како создаден за поставување на сцена.
$ Во какви услови работат и егзистираат актерите во Словенија? По дваесет години работа во театар, како се чувствувате како актер? # Дарио Варга: Во Словенија се случува еден чуден феномен. Сите возат на левата страна на улицата, односно сите сакаат да ги престигнат другите, така што таа лента постојано е полна, а десната, онаа за нормално возење, е празна. Така што излегува дека постојано сакаме да се престигнеме самите себеси. Така ја чувствувам борбата на неолиберализмот и на таа желба да се има повеќе пари. Во уметноста, поп-културата е во голем подем. За актерите има голема побарувачка во комерцијалниwww.gragjanski.mk
Артерија Артерија/Интервју
СЕКОГАШ МНОГУ ПОВЕЌЕ МЕ ИНТЕРЕСИРАЛЕ ДВИЖЕЊАТА ВО ВРЕМЕТО ВО КОЕ СУМ ЖИВЕЕЛ
е објасни трае долго
сабота, 6 октомври 2012
Урош Мачек - Кога бев млад и кога почнував да се занимавам со театар, мислев дека со оваа уметност ќе можам да го менувам светот или, барем некако, да влијаам на тоа. Подоцна заклучив дека можам да се променам само себеси
Фотографија Ана Лазаревска
те проекти кои се како фастфуд-уметност. Тоа не е она што мене ме интересира, но сите подлегнуваме на тој економски момент и сите почнавме да работиме сè. Веројатно и тука се работи тоа - синхронизации и снимање комерцијални спотови. Во Германија, на пример, не може да се случи една голема театарска ѕвезда во исто време да снима филм, да учествува во реклама на телевизија, да синхронизира емисии и на радио да чита комерцијални текстови. Мислам дека нашата театарска судбина е таква затоа што живееме во мала држава и мораме да работиме сè. Всушност, не мораме. Некои луѓе со мирна совест на сето тоа му кажаа - не. Но, состојбата е таква што мнозинството е принудено да работи сè. # Урош Мачек: Во одреден период, покрај сите други медиуми, помисливме дека театарот веќе не е во тренд. Можеби, дури и не е. Но, ние, кои работиме во театарот, сè уште сме живи и мислам дека публиката ќе дојде. Во таа смисла, мислам дека театарот повторно го чека своето време. Секако, полн ни е куферот со ангажмани во други медиуми, но живиот контакт меѓу актерите и публиката секогаш ќе постои. Кога бев млад и кога почнував да се занимавам со театар, мислев дека со оваа уметност ќе можам да го менувам светот или, барем некако, да влијаам на тоа. Подоцна заклучив дека можам да се променам само себеси. Можеби и блиската околина, но не да ја менувам, туку да влијаам или да ѝ дадам нов
поглед на животот, на политиката или на уметноста со помош на театарот. Токму затоа сакам да работам во театар и сè уште ја сакам мојата работа. Кога ќе ми помине задоволството во работата, тогаш ќе биде подобро да заминам од театарот.
$ Околу Вашите гостувања на МОТ, сте успеале ли да изброите колку пати досега сте биле во Скопје? # Дарио Варга: Не сум успеал да избројам, но мислам дека досега сум дошол десет пати со улоги во различни претстави на МОТ. Словенско младинско гледалишче навистина се редовни гости на театарскиот фестивал во Скопје. Веќе ми стана јасно дека тука сме како своевиден бренд и дека публиката, уште од почетокот, нè препозна како заштитен знак на МОТ и редовно ги посетува нашите претстави. Многу ми е мило што за нашите претстави салонот секогаш е полн и секогаш се бара билет повеќе. # Урош Мачек: Прв пат во Скопје дојдов со театарот „Глеј“, а потоа се случи и претставата „Алиса во земјата на чудата“ и оттогаш десетина пати сум гостувал на МОТ. Како прво, го сакам Скопје затоа што тука се чувствувам многу добро. Како второ, мислам дека МОТ беше значаен Фестивал уште во времето на некогашна Југославија, а значаен е и сега. Сепак, станува збор за Фестивал со светско реноме. $ Колку години работите во СМГ и како се пронајдовте себеси таму? # Дарио Варга: Тоа е тешко да се објасни накратко затоа што трае долго. Во Словенско младинско гледалишче работам веќе 22 години и со задоволство можам да кажам дека учествував во сите претстави што доживејаа најголем успех и на домашната сцена и на светските турнеи што беа многу значајни за Младинско. На тој начин и јас, како и Словенско младинско гледалишче, станав амбасадор на словенеч-
ката култура. Минатата година бевме избрани за Европски амбасадори на културата, што е огромен комплимент за театарот во кој го поминав својот досегашен работен век. # Урош Мачек: Режисерот Вито Тауфер ме покани да учествувам во претставата „Алиса во земјата на чудата“, во 1986 година. Иако во тоа време работев и во други театри во Словенија, сепак, почувствував дека мојата работа во СМГ е тоа вистинското. Во другите театри си правевме претстави, но во Младинско чувствував дека правиме нешто големо. Имаше желба и волја да се креира нешто ново, да се открива и да се истражува. Тоа ме задржа во тој театар. Задоволен сум со мојата кариера не поради тоа колку главни улоги сум имал, туку затоа што во театарот постојано се случува нешто ново. $ Обично, за театарската уметност се кажува дека не постои за да дава одговори, туку за да поставува прашања. Кои прашања би сакале да ги отворите, како актер и како човек? # Урош Мачек: Секогаш постојат широк круг и потесни кругови. Интимните прашања секогаш се актуелни. Во најтесниот круг се интимните прашања и емоциите кои ме засегаат и мене, потоа се прашањата за најблиската околина, па за односите на работа и така круговите се шират кон политиката и кон светот во целина. Тоа се теми што ме преокупираат и во театарот. Еднаш, кога ме прашаа која улога најмногу би сакал да ја играм, им кажав дека немам некоја посебна улога, како Хамлет и слично. Не. Мене секогаш многу повеќе ме интересирале движењата во времето во кое сум живеел. Кога беше актуелен НСК (Нова словенечка уметност), беше нормално да бидам со нив. Или панкот, кој во тоа време беше во подем. Отсекогаш многу повеќе ме интересирале проектите отколку одредена улога во театарот. Така што прашањата беа врзани со конкретниот живот. Тоа се прашања што веќе толку пати се поставени во театарот и сè уште има потреба да ги поставуваме. 17
Артерија/ Недела на архитектура
Интелектуална платформа за архитектурата Современите трендови во светската архитектура, со програмата во рамките на „Скопска недела на архитектурата 2012“, ќе бидат претставени и пред македонската публика
Пишува Тони Димков
И
дејата за архитектонска недела е веќе етаблирана во светот и служи како платформа за промоција и за дискусија во повеќе насоки, преку предавања од областа на архитектурата, урбанизмот, социологијата, сè до различни изложби, работилници и случувања што ги вклучуваат не само архитектите, туку и пошироката јавност. Со таква цел се организира и манифестацијата „Скопска недела на архитектурата 2012“. Организатор на целиот настан, кој со наслов „Суперград 2.0“ ќе се одвива од 8 до 14 октомври во објектот на Македонска опера и балет, е „Форум Скопје“, платформа која повеќе години иницира дебати и активности поврзани со презентирањето
на современите трендови во светската архитектура и нејзино доближување до македонската публика, но и трага по нови начини на читање на градот преку вклучување на повеќе целни групи и нивна интеракција во различни урбани простори. „Форум Скопје е иницијатива што се појави во 2007 година како резултат на зачетокот на архитектонскиот дискурс помеѓу младите во Македонија. Недоволната амбиција, како и искуствата што ги немаат младите кај нас, односно немаат можност да ги стекнат, ме натера да мислам на платформа која би ги соединила светот и Скопје во Скопје. Тука е клучниот став на ‚Форум Скопје‘: ширење на современата мисла и промоција на светските трендови, не само во контекст на архитектурата, туку и подлабоко низ социолошките турбуленции што ги создава новото време. Продукт на платформата ‚Форум
Организаторите на настанот, во соработка со Јапонската културна фондација во Виена, ќе му врачат на архитектот Кенго Кума посебно признание за животно дело во архитектурата и урбанизмот
„СКОПСКА НЕДЕЛА НА АРХИТЕКТУРАТА“ Е СУПТИЛНА АЛАТКА ШТО СЕ НАМЕТНУВА НА ГРАДОТ И ПРЕКУ ПРОЦЕСИТЕ НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА ГО КРОИ НАШИОТ „СУПЕРГРАД“ сабота, 6 октомври 2012
Скопје‘ е фестивалот ‚Скопска недела на архитектурата‘, која како суптилна алатка се наметнува на градот и преку процеси на интелектуална трансформација го крои нашиот ‚Суперград‘. Можеби, повеќе како катализатор за промени на долги патеки, ‚Скопска недела на архитектурата‘ има за цел да се активира во потсвеста на младиот ум желен за знаење. Собирајќи светски експерти од областа на архитектурата, филозофијата на живеењето, социологијата и урбаниот и современ тек на живот, овој фестивал отвора теми што во ист момент се актуелни насекаде, во сите светски метрополи. Зачнувајќи таков дискурс и тинк-тенк на знаење фестивалот ја зацврстува рамноправната позиција на Скопје на светската мапа на интелектуални случувања“, објасни Иван Мирковски, иницијатор на идејата за „Форум Скопје“. Едно од најзначајните случувања во обемната програма на „Скопска недела на архитектурата 2012“ се смета гостувањето на јапонскиот архитект Кенго Кума. Организаторите на настанот, во соработка со Јапонската културна фондација во Виена, ќе му врачат на архитектот посебно признание за животно дело во архитектурата и урбанизмот. Во редот на предавачи годинава, покрај Кенго Кума, се „Урбан тинк-тенк“ од Швајцарија, „Енота“ од Словенија, Нуно Брандао Коста од Португалија, „Абаутбленк“ од Турција, Буергер Катсота од Грција, „Диверсити“ и Марк Фурнивал од Велика Британија, Ерих Рајт и Кристоф Лухсингер од Австрија и други. Голем дел од предавачите се и учесници на Венециското биенале во 2012 година, на кое студиото „Урбан тинк-тенк“ беше наградено со „Златен лав“ за најдобар проект. „Скопска недела на архитектурата“ е годишен настан што се одвива во соработка со Министерството за култура, австриската амбасада во Скопје, Јапонскиот културен институт, Техничкиот универзитет во Виена и други релевантни институции од земјата и од регионот. 19
Филм
Хет-трик на Дарко Митревски Пишува Златко Ѓелески
П
о најхрабриот, хибридниот и еден од најрелевантните филмови од постмодерната македонска кинематографија „Збогум на 20 век“ и сатиричната бурлеска „Балкан-кан“, Дарко Митревски постигнува хет-трик со својот трет голем успех, кој се нарекува „Трето полувреме“, филм во кој никоја борба не е изгубена до последниот свиреж на судијата. Филмот, од една страна, е семантичка аберација која симболизира магичен период во кој секоја од спротивставените сили може да биде победник, доколку ги има храброста и одлучноста да преземе решителни и одговорни чекори. Тоа е амалгам на неколку приказни, таа на фудбалскиот клуб „Македонија“, кој од аутсајдер станува шампион, љубовната приказна на Коста и Ребека, љубовници кои ги дели религија-
20
та и припадноста, но ги обединува љубовта, и приказната за егзилот на Евреите и на другите народи кои ќе ги почувствуваат силните удари на тиранијата. „Трето полувреме“ е одличен пример за целесообразен филм, кој на гледачите им нуди лесно поистоветување со плејадата ликови кои дефилираат на филмското платно, ликови чиј херојски подвиг на спортскиот терен зазема епски димензии. Во своето соединение тој го има и агенсот на љубовната приказна, една од многуте што ќе бидат дел од трагичната судбина и неправдата кои ќе ги претрпат народите на Балканот. На тој начин „Трето полувреме“ му ги посочува на гледачот основните постулати на уметноста од античко време до денес, секако, успешно поставени во социополитички и историографски контекст. Филмот содржи голема еруптивна лава од емоции на која нема гледач кој може да остане рамнодушен. Љубовната приказна е доминантна во пр-
Новиот филм на Дарко Митревски е епска драма која вешто ги прикажува препреките на една универзална љубовна приказна, стремежот на еден аутсајдерски фудбалски клуб за победа и народот на една земја кој се наоѓа под окупација на тирански режим што ќе уништи илјадници семејства. Сосема заслужено „Трето полувреме“ е македонски претставник за „Оскар“
Име: Трето полувреме (The Third Half) Година: 2012 Држава: Македонија Жанр: Историска драма Времетраење: 113 минути Режија: Дарко Митревски Сценарио: Дарко Митревски, Гргур Струјиќ Улоги: Сашко Коцев, Катарина Ивановска, Раде Шербеџија
виот дел од филмот и е одличен елемент, кој дури и тренингот на фудбалерите успева да го направи забавен за гледање, дозволувајќи му на гледачот да присуствува на блага верзија на рафалниот хумор на Алекс де ла Иглесија со македонски зачин. Љубовните сцени се одлично кадрирани, а тоа остава простор за ликот на Сашко Коцев да постигне голови на повеќе натпревари, во и надвор од фудбалскиот терен. Во филмот, во многу наврати, на фудбалот му се даваат различни метафори. Почнувајќи од таа дека е бојно поле на кое играчите војуваат на секој натпревар, споредувајќи ги со витези кои учествуваат во една благородничка борба за честа на својот клуб, па во еден момент се споредува и со бушидо-концептот на кодот на самураите, со помош на честа, достоинството и пожртвуваноста што му следуваат. На крајот излегува дека теренот, исто така, е поле на кое се изразува незадоволството на угнетениот народ кон окупаторот и го-
www.gragjanski.mk
Трето полувреме
„Трето полувреме“ го доби натпреварот за убедливо прикажување на искрена и трогателна приказна полна со емоции, дух, посветеност, храброст и достоинство
ловите постигнати на теренот, всушност, се реванш за одземената слобода. Мислам дека недостигаат повеќе сцени во кои ќе се потенцира настанувањето на кохезијата на тимот, но наместо тоа ефикасно е искористен дванаесеттиот играч - публиката - која пожртвувано и едногласно ги бодри своите борци на теренот. Се прави и едно поистоветување меѓу публиката која скандира на стадионот и таа која го гледа филмот и навива за успехот на „Трето полувреме“ и го наградува филмот со заслужениот аплауз. Точно е дека историјата ќе им се остави на историчарите и никој нема да може да ги избрише злосторствата на Третиот рајх ниту, пак, да ја поправи болната депортација на Евреите и фактот дека голем број семејства биле жртви на овој режим. Тоа не е целта ниту на филмот ниту на филм- „Трето полувреме“ има соодветна костиската уметност. Негова цел е да биде одраз мографија и солидно реставрирана сценово огледалото на овие чинови, за тие нико- графија, а уште една потврда за темелната гаш да не се повторат. Филмот останува да реконструкција на Скопје од времето на биде сведок на робувањето на човечките Втората светска војна останува фактот предрасуди и стереотипи насочени кон дека Митревски беше режисер на однационалноста, убедувањата и религијата личната серија „Досие Скопје“, каде што на тој начин што ќе ги потсети дека сите детаљно беа прикажани сите податоци луѓе крвават, сите луѓе се заљубуваат и од личната карта на градот низ сите десите луѓе се борат за безбедноста на свои- кади на неговото постоење. Филмот има те сакани, нешто што е заедничко за сите натуралистичка фотографија, но умешно раси, нации и религии. Филмот е тука да се искористени боите за да се освежат ги потсети луѓето и на човечкото и на ѕвер- калдрмата и старите градби со помош на ското во нив. богатиот декор од мултинационалните Иако цел филм е еден долг флешбек, пре- традиции во ентериерот. Природните раскажување на животната приказна на убавини на локациите на кои се снимани Ребека во ретроспектива, сепак, „Трето сцените се искористени на тој начин што полувреме“ содржи голем број дивергент- Македонија не е претставена само како на ни ликови кои (секој со различна мотива- поштенска разгледница, туку соодветно ција) доаѓаат од сите краеви на светот во се имплементирани во наративот кој содрМакедонија и се жртви на една иста судби- жи тешки емоционални одлуки. Музиката на. Посебно треба да се истакне изведбата одлично соработува со визуелниот квалина Рихард Самел, актер кој убедливо го тет на филмот и го засилува емоционалпортретираше ликот на тренерот Рудолф ниот вител во него. Шпиц, изведбата на реномираните ма- „Трето полувреме“ го доби натпреварот кедонски актери кои заиграа во боите на за убедливо прикажување на искрена и фудбалскиот клуб „Македонија“, актер- трогателна приказна на територијата на ската изведба на Раде Шербеџија, како Македонија, приказна полна со емоции, еврејскиот дон Рафаел и, секако, љубовни- дух, посветеност, храброст и достоинство, ците на филмското платно - Сашко Коцев вредности што важат на сите меридијани, и Катарина Ивановска. без разлика на тоа кој суди и пресудува.
сабота, 6 октомври 2012
21
Артерија Императорот Максимилијан Први и ерата на Дирер Во музејот „Албертина“ во Виена, од 14 октомври до 12 јануари 2013 година, ќе бидат изложени делата создавани во периодот на владеењето на Максимилијан Први, наречен уште и Последниот крал, меѓу кои најмногу ќе бидат претставени делата на Албрехт Дирер.
Божиќен албум на Трејси Торн Поранешната пејачка на „Евритинг бат д грл“, Трејси Торн, го најави новиот албум „Tinsel and Lights“, кој ќе излезе на 30 октомври. Освен двете оригинални песни, на овој албум таа препејува и мелодии на „Вајт страјпс“, Суфџан Стивенс, Ренди Њуман, Доли Партон, Џони Мичел и други. „Отсекогаш сакав да направам божиќен албум. Не само заради празникот, туку, пред сè, заради пристигнувањето на зимата“, изјавила таа.
Голема стрип-книга за „Битлси“ „The Fab Four“ или „Познатата четворка“ е наслов на новата стрипкнига која ги обединува стриповите за популарните „Битлси“, објавени во изминативе четири декади
К
нигата е, всушност, колекција на 200 цртежи и стрипови посветени на „Битлси“, од кои повеќето се ретки и недостапни, а кои Енцо Џентл успеал да ги собере. И четириесет години по нивната разделба, тие остануваат најголем феномен во музичката и мас-културата во светот. Оваа книга за првпат ги истражува и ги документира интересите на илустраторите, стрип-уметниците, издавачите и ентузијастите и ги прикажува нивните посебни релации со универзумот на стрипот - богати, разнобојни и разновидни стилови од различни делови на светот, создавани изминативе 40 години. Во некои приказни „Битлси“ се главни протагонисти, во други имаат специјално појавување, додека во трети текстовите од нивните песни се трансформирани во
Слинкачу: уметникот-бог на малите нешта
стрипови. Фасцинантен е бројот на различните стилови на стриповите и илустрациите; од ретро-естетика од 60-тите години до „Футурама“ изглед... Одлична можност да се види како културните темели ја одредувале имагинацијата на авторите. Објавена на 50 годишнината од постоењето на бендот, книгата го слави нивното постоење со радосно, забавно и оригинално дело, откривајќи димензија што не старее, „возејќи“ ги легендите низ годините и модните менувања.
Т
риесет и двегодишниот уметник Стујарт Пантол, кој глобално е познат по псевдонимот Слинкачу, го почнал серијалот „Мали луѓе“ во 2006 година, како одмор од неговата дневна работа во адвертајзинг агенцијата. Денес неговите мали скулптури и фотографии вредат и по 6.000 фунти. Слинкачу
Неговата популарност станува сè поголема. Веќе се закажани уште две големи изложби во Њујорк и во Лондон, како и книга што ќе ги содржи авантурите на неговите минијатурни јунаци. 22
www.gragjanski.mk
Артерија
17
уметници ќе настапат со свои дела на Фестивалот за визуелни уметности „Сексес“, посветен на истражувањето на сексуалните и на родовите идентитети. Како секоја година, така и оваа, патувачкиот фестивал, кој ќе трае од 25 октомври до 1 декември низ цела Австралија, е со богата содржина: изложби, филмски проекти, читања, театарски претстави и дебати на кои ќе се поставуваат прашања за машкиот и за женскиот принцип.
Нов ремикс на Дејвид Линч Тргнувајќи по стапките на „Фор Тет“ и Метју Дијар, американскиот режисер и музичар Дејвид Линч направи ремикс на песните на бендот „Ултраиста“, чиј фронтмен е Најџел Голдрич, инаку продуцент на составот „Рејдиохед“. Психоделичниот ремикс на песната „Strange formula“ ќе се појави на интернет во средината на октомври.
Абрамовиќ и Дефо во спот на „Ентони енд д Џонсонс“
П
оследниот сингл „Cut the world“ на њујоршкиот поп-барок колектив „Ентони енд д Џонсонс“ е „придружен“ со тежок и провокативен видеозапис во режија на енигматичниот Австралиец Набил Елдеркин (соработувал со многу артисти, од Канје Вест до „Бон Ајвер“). За разлика од Набиловите претходни видеа, ова е многу помрачно хипнотизирачка музика, елегантно, но клаустрофобично канцелариско опкружување и делови во сенка. Но, она што го предизвика вниманието се извонредниот актер Вилијам Дефо, ѕвездата на серијата „Игра на тронови“, Керис ван Отен и маркантната
Културен свет
Марина Абрамовиќ, во главна улога. Ова видео е едно од ретките во кои се спојуваат уметноста на музиката и визуелната естетика, со предупредување кон оние со послабо срце и трудниците: „Ова видео не е за сите гледачи“. Не се ни очекуваше поинаков концепт од мистериозниот фронтмен на составот и концептуален уменик Ентони Хагерти, сегашен директор на „Мелтдаун фестивалот“ во Лондон и близок пријател на Абрамовиќ. Во врска со жените во видеото тој вели дека ни треба повеќе мислење со естроген и повеќе од тој таканаречен „феминизам на иднината“. Само така ќе го направиме светот подобро место за живеење. Инаку, песната „Cut the world“ е оригинално напишана за оперското дело „Животот и смртта на Марина Абрамовиќ“, на режисерот Роберт Вилсон, во кое, исто така, играше Дефо, а беше изведено на годинешното издание на фестивалот. „Сцените во видеоспотот ве наведуваат да се запрашате како стигнавме овде“, рекол Хагерти, кој одговорот на ова прашање го дава во аудиодијалогот „Феминизам на иднината“.
уште е познат и како бог на малите нешта... „Отсекогаш ме интересираа малите нешта. Татко ми ми правеше воз од различни предмети, но јас никогаш не бев заинтересиран за возови, туку за фигури, куќи и дрва. Тоа е она што ме фасцинираше“, открива Слинкачу. Изминатите шест години ги минал во изработка и фотографирање минијатурни таблоа на улиците на Лондон. Забавно и трогателно, фантастично и непостојано - Слинкачу го поставува урбаниот живот под микроскоп. „Работници во базени во Пекинг, двојка пред џиновски екран во Москва... тоа се моите карактери. Не очекував толку многу да им се допаднат на луѓето, бидејќи не сме научени да ги гледаме малите нешта, што се многу, многу важни“. сабота, 6 октомври 2012
23
досие
Н
еговите незаборавни портрети на уметници, актери, пејачи и политичари, почнувајќи од Лили Ален до Барак Обама, носат силен печат на неговиот сензибилитет и се изложувани во најпознатите галерии низ цел свет. Она што Надав Кандер го прави мајстор на фотографијата е едноставноста, автентичноста и недореченоста на субјектите или пејсажите. Стана познат и по истражувањето и доловувањето на атмосферата во таканаречените „љубовни хотели“ во Јапонија, но најмногу поради потресните фотографии од реката Јангце во Кина. Бред Пит
Мајкл Фасбиндер
Барак Обама
Создавач на незаборавни фотопортрети Неговите фотографии откриваат чуден и необичен парадоксален сензибилитет - со кој ја изразува длабоката загриженост за човештвото. слично на археолог, Надав Кандер конструира моќно чувство за идентитет преку артефактите на нашата цивилизација. тој е еден од најпознатите фотографи на денешницата, статус што го стекна со фасцинантните портрети, уметнички едиторијали, надреални и трогателни пејзажи и провокативни рекламни кампањи
страст уште од детството. Тел Авив е негов роден град, а како дете најголем дел од времето минувал во воената база каде што работел татко му. Тој бил пилот на авионите „боинг 707“, но откако го изгубил едното око веќе не му било дозволено да лета, па одлучил со семејството да се пресели во нов град и таму да почнат нов живот. Го избрале Јоханесбург, Јужна Африка, каде што се преселиле во 1963 година. Воодушевен од широките и надреални пејзажи на околината на градот, единствено нешто што Кандер посакувал било фотоапарат, со кој сакал засекогаш да ги „запомни“ тие предели и бои. На 13-годишна возраст го добил токму тој подарок - апарат „пентакс“, со кој постојано фотографирал. Веќе знаел дека тоа е негова страст, љубов и професија за цел живот. Неколку години подоцна, додека служел во јужноафриканските воздухопловни воени сили, побарал да работи во темната соба, каде што развивал аерофотографии. Но, тоа било само добра практика. Жеден за повеќе знаење, видел можност во Европа и во 1986 година се преселил во Лондон и таму ја почнал својата фотографска кариера. И покрај тоа што го прошетал цел свет, а најголемите ангажмани му биле во САД, Кандер му оста-
нал верен на Лондон, каде што живее и денес со сопругата Никол и трите деца.
Том Јорк („Рејдиохед“)
Мајкл Кејн
делата на Кандер. По ангажманите за неколку маркетинг-агенции, одлучил да ì се посвети на фотографијата, но не на комерцијалната. Негови најпознати фотографии од периодот на 90-тите години се серијалите: „Возач“, „Солено езеро“, „Јута 1997“ (осамени жени гледаат во пространството на езерото), кои се на насловната страница на неговата монографија „Ништожноста на убавината“, објавена во 2001 година. Во книгата се опфатени и неговите ноќни фотографии „Надав Кандер - Ноќ“. Неговото портфолио е разновидно: пејзажи, портрети, лични проекти и реклами, но сето тоа доаѓало спонтано во неговиот живот, без интенција кон одреден концепт. Тие најразлични „објекти“, како што пишува Кандер во монографијата, никогаш не биле свесна одлука. „Добрите портрети поттикнуваат прашања. Во изминативе 150 години фотографите го користеле апаратот не за да снимат некого во одреден момент, туку за да создадат покомплексни, интригантни фотографии“, рекол Кандер, кој стана препознатлив по извонредните портрети. www.gragjanski.mk
Надав Кандер
сабота, 6 октомври 2012
Колку што е едноставно, толку е и тешко да се биде едноставен. Ги сакам чистата линија и сет. Цел живот сум под силно влијание на конструктивистичкото движење од 20-тите и од 30-тите години во Париз, што подразбира линии и композиции
25
Рубрика
Низ неговата фотографска леќа се добива свеж поглед, без разлика дали е тоа Ерин О‘Конор, Шерил Кол или, пак, Кристофер Ли. „Во секоја сесија правам по стотина фотографии, но само неколку од нив се портрети и тие содржат нешто многу повеќе од допадливост“. Со силни сенки и без сценски детали, сите портрети го изразуваат неговото скулпторско око. Додека работи, Кандер преферира одреден простор од субјектите пред објективот, одејќи на ризик со дистанцираната интеракција. „Сакам да создадам празнина меѓу мене и личноста која ја фотографирам, така сè може да се случи“. Во своите фотографии преферирал повеќе од допадливост и рекол: „Да се претстават луѓето онакви какви што се е целосно губење време. Да се покаже само позитивната страна од нивните животи и карактери, за мене е чиста измама. Најинтересни портрети се оние што ја покажуваат личноста зад ретушираната фотографија, зад камерата, зад длетото. Што и да направат субјектите, повторно доаѓа до израз личноста на фотографот, на уметникот. Не сакам техниката да биде меѓу мене и субјектот. Прво, мора да ја почувствувате емоцијата. Таа е пред техниката. Во создавањето портрети сè е спонтано, природно и интуитивно, невозможно е да се изрази со зборови“. За него, предизвикот е во она што се наѕира, а не во очигледното: „Многу е поинтересно да ги откриваме нештата отколку да ги гледаме пред нас. Тоа важи за сите аспекти на нашиот живот. Пример е Ротко. Неговите слики, кои се темноцрвено наспроти потемно црвено, речиси и не ‚кажуваат‘ ништо, но, сепак, ние чувствуваме. Како гле-
„Лошите момчиња“: Бенисио дел Торо, Марк Стронг, Малком Мекдовел, Рон Перлман, Џон Коукс, Џек Глисон и Валтон Гоџин
„Жалам што никогаш не ги фотографирав моите родители на мој начин“ 26
дач, одговараме со чувствата, а тоа е целта на уметноста. Ако сè правам со главата, тогаш ќе создавам само неемотивни дела, што ќе бидат сосема неинтересни за публиката. Тоа е начинот на кој работам“. Како дете често преспивал во куќите на своите другари, при што цели ноќи ги преслушувале винилите од колекциите на нивните родители. И оттогаш ја засакал музиката, изградил посебен однос кон неа, што е очигледно и во неговите фотографии на музичарите. „Музиката ми нуди креативна слобода. Заедно со фотографијата, тие две создаваат атмосфера што може да се почувствува подоцна и на фотографијата. Поради тоа, многу ми е важно да има и музика додека работам во студиото. Така се чувствувам повеќе свој и можам да го изразам и она што сум мислел дека е невозможно“, изјавил Кандер. Но, пред неговиот објектив застанаа не само личности од музичкиот www.gragjanski.mk
Надав Кандер
Патрик Стјуарт
Фотосеријалот за реката Јангце или Долга Река во Кина, за кои ја доби престижната награда „При Пиктет“
Надав Кандер учествуваше во изложбата „Патот до 2012“ во организација на Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, за која беа фотографирани учесниците на Параолимпијадата во Лондон 2012 свет, туку и голем број актери и политичари. Популарните ликови, според него, ги пребојуваат сенките во нашите животи, а тој се обидува да го „наслика“ со фотоапаратот она што сите го криеме. Без разлика кого, што и каде фотографира, имајќи ги на ум неговата образованост и биографија во однос на фотографијата, резултатот е секогаш воодушевувачки. Веќе бил изграден фотограф кога потпишал да соработува со продукциската компанија „Стокланд Мартел“, каде што ги реализирал и своите најамбициозни очекувања. „Лоши момчиња“ е едиторијалот за списанието GQ, од 2008 година. Идејата била да се фотографираат неколку познати негативци на Холивуд, фотографии што нема да бидат банално холивудски, туку автентични. Ова било можност за актерите да ги оживеат своите омилени филмски карактери и да им дадат друга димензија. „Не поминав многу време со актерите и секогаш го осветлувам сабота, 6 октомври 2012
просторот уште пред да стигнат гостите. Секогаш имам идеја како може да изгледаат интересно, во зависност од тоа кои се и според структурата на нивното лице. Уште пред да ја облечат избраната гардероба им правам брзи фотографии за да видам дали сум на вистинскиот пат. И сето тоа трае 10-15 минути, со секоја личност. Некогаш и подолго, 20 минути или половина час. Кога личноста ќе се смести удобно, тогаш премногу се олабавува. Затоа првите 10 минути од фотосесијата се особено важни“, вели Надав. Со секој портерт, тој сними и куси филмови во кои секој актер изведува мрачни и вознемирувачки монолози, што соодветствуваат со карактерот од фотографијата. Овие филмови значеа филмско деби за Кандер. Кога го почнувал проектот „Титани на сцената“ за „Њујорк тајмс“, од некоја своја причина одлучил да оди во театарот во Њујорк и таму почнал да работи со заднина. „Сакав
Кристофер Ли
Иан МекКелен
Бој Џорџ
да ги направам фотографиите театарски“, изјавил. Така излегоа фотографиите на кои актерот Патрик Стјуарт е ставен во необична положба. „Ме интересира модата, зашто мислам дека со неа многу повеќе можам да придонесам во портретот. Затоа на моите субјекти секогаш им велам да го облечат тоа што го сакаат. Стјуарт носи голема дебела наметка. Сакам пелерина. Но, не можевме да најдеме и затоа го искористивме тепихот во студиото, па сами скроивме пелерина. Потоа го прашав дали може да ја отвори устата и тој го направи тоа. Мислам дека може да се направи одлична фотографија од што било, затоа не сакам да им смислувам стајлинзи на луѓето, така ќе ја изгубат автентичноста“. Можеби најголемо внимание привлече во 2009 година, кога за списанието „Њујорк тајмс“ ја направи фотосесијата „Луѓето на Обама“, која сочинуваше 52 портрета на сите луѓе од кабинетот на претседателот на САД; од заменик-претседателот до секретарката, како и пејзажи на Вашингтон. Ова, всушност, е најголемата фотосесија на еден фотограф што била објавена во списание. Во октомври истата година бил избран и за победник на престижната награда „При Пиктет“ за фотографиите „Јангце, Долга Река“, негови лични фотографии на пејсажи и комуни во околината на кинеската река. Наградата му била доделена во Париз од Кофи Анан, почесен претседател на „При Питкет“. „Серијата фотографии ја следат реката од изворот до влевањето во големите води. Таа е најважниот симбол на Кина, зашто ги храни луѓето и физички и духовно. Но, поради инженерството и сите градби на реката, човештвото стана микроскопско, како мравките, џуџесто наспроти колосалните структури. Под нив, човековиот дух повторно преживува во сенките“, рекол Кандер. Овие негови фотографии истовремено се застрашувачки и прекрасни и го поставуваат универзалното прашање за односот на човекот и природата. 27
Стратегии
МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО СВЕТОТ
Панаѓурот во Скопје поважен од Саемот во Франкфурт Загрижени за ваквиот развој кон полошо - нема. Ни жалење ни првични процени на штетите од тоа што нема да учествуваме на Саемот на книгата во Франкфурт. Ниту издавачите реагираат ниту писателите пишуваат протестни писма, а не е револтирана ни министерката за култура Пишува Злате Лозановски
М
акедонија нема да учествува на Саемот на книгата во Франкфурт, најстарата и најголема книжевна смотра во светот. Нема потреба, оцениле стручњаци во Министерството за култура, откако виделе дека нема понуди за таа работа - ниту квалитетни изданија ниту заинтересирани издавачи. Нивниот заклучок е сосема на место, но ич не е на време: доцни најмалку една година. И, ако биле стручни и докрај искрени, требало да кажат дека навистина веќе нема потреба, ама не од учество во Франкфурт, туку од фрлање државни пари за издаваштво, кое потоа не може да исполни елементарна норма за пласман на оваа културна олимпијада. Ниту, пак, од стратегија за презентација на македонската култура во странство, ако во неа го нема овој светски настан. Речиси неподелено е мислењето на културните дејци, кои имаат лично искуство или доволно увид во оваа работа, дека нашето претставување надвор од државните граници - не само на книжевноста - е далеку од тоа што треба да биде. Ниту е добро организирано, ниту добро осмислено, ниту доволно репрезентативно. Ваквите сериозни сознанија и јавно искажани ставови ни малку не влијаат да се смени нешто во долгогодишната практика. Кога ќе дојде време да се оди некаде, и одбраните репрезентативци и нивниот селектор-покровител се однесуваат како да им е првпат, како ништо да не знаат. На државата, имено, многу поважни ì се статистиката, броењето манифестации, от28
Несфатливо е како државата прифатила да плаќа за објавување стотици книги од кои сега не може да се состави избор со кој достојно ќе се претставиме
колку мерењето на ефектите од настапот. На оние што заминуваат и натаму многу повеќе им значи каков одглас ќе има нивното гостување тука, во домашната јавност. Квантитетот секогаш бил единствен квалитет на државните планови. Последица од таквите фатални тактики и локални стратегии сега е нашето логично отсуство од Саемот во Франкфурт, кој ќе се одржи од 10 до 14 октомври. На овој планетарен книжевен бизнис-центар се очекува да учествуваат околу 8.000 издавачи од стотина земји, да се претстават половина милион изданија и да го видат стотици илјади посетители. Ако нашето издаваштво воопшто има потреба да биде некаде, тогаш тоа е вистинското место. Кога минатата година српските издавачи имаа организациски проблеми со учеството (годинава се презентираат и ресорното министерство и издавачите), генералниот секретар на Меѓународната асоцијација на издавачите, Јенс Бамел, им се обрати со писмо: „Самото присуство на овој Саем е важно за деловниот развој на српските издавачи. Саемот е културен настан на кој книгите се амбасадори на своите земји. Националните штандови го одразуваат односот на владите кон книгата и кон меѓународната размена на литературата. Затоа постои практика владите да ги поддржуваат колективните национални штандови. Јас цврсто препорачувам Здружението на издавачите и на книжарите на Србија и српската примери“. влада да ги следат овие примери“ Владата, односно Министерството за култура, со мали исклучоци, речиси целосно го субвенционира македонското издаваштво и ја прави програмата за презентација
во странство. Ако е така, тогаш е несфатливо како прифатила да плаќа за објавување стотици книги од кои сега не може да се состави избор со кој достојно ќе се претставиме. Каде биле стручњаците, членовите на комисијата за издаваштво и другите надлежни, навреме (при одобрувањето на програмата за годинашната продукција) - да предупредат дека предлозите од издавачите не се доволно квалитетни или, пак, да сугерираат изданија што ќе ги задоволат критериумите за настап на странскиот пазар? Каква е таа стратегија на државата во која не е планирано учество на најзначајните манифестации во светот? Загрижени за ваквиот развој кон полошо - нема. Ни жалење ни првични процени на штетите. Ниту издавачите реагираат ниту писателите пишуваат протестни писма, а не е револтирана ни министерката за култура. Таа смета дека „во изминатиот период направивме вистински позитивен исчекор во однос на меѓународната промоција на македонската култура“ и затоа се посвети на домашните предизвици: „Министерството ќе биде отворено за соработка и за поддршка на квалитетните проекти на граѓанските здруженија, бидејќи тие ги задоволуваат потребите на нашите граѓани и ја прават културата достапна до сите“, рече отворајќи ја, како покровител, ревијата на песни, музика и игри на пензионерите во Универзалната сала во Скопје. Добро е што наскоро во Белгија ќе изложиме стари ракописи со кои ќе покажеме дека писменоста на македонскиот простор почнала пред илјада години. Тоа нè обврзува да докажеме дека и не завршила тогаш. www.gragjanski.mk
ЕДНА ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДНА | ТЕМА | ИНТЕРВЈУ | АНАЛИЗА | ФАКТОГРАФИКА
Илија Димовски:
Павле Трајанов:
Со овој закон се прави голем чекор напред во регулирањето на оваа сфера. ВМРО-ДПМНЕ конкретно сработи нешто и предложи закон, а вие 10-15 години зборувате, а не сте донеле никакво законско решение од оваа сфера. Ние работиме, а вие само зборувате
Времената мерка за забрана треба да остане во законот. Замислете ако некој медиум тврди дека некоја вода е загадена и ако тоа го повторува со денови или со недели. Како да се одбрани сопственикот? Мислам дека треба да постои механизам за заштита како што е овој
Времената мерка треба да остане
леве та м и
Голем чекор напред
нот Зако
Убеден сум дека со овој закон нема да има поголем степен на независно новинарство. Има доста празнини околу декриминализацијата на клеветата и навредата. Ќе го поддржиме овој закон само затоа што е дел од претпристапниот процес на Македонија кон ЕУ
за к
Ердоган Сарач:
Нема да се обезбеди независно новинарство
на н из п рв ф илте р
КВОРУМ
Радмила Шеќеринска:
Свилен гајтан за медиумите
Со ваков закон и со овие казни кои, според вас, се „ситни“, ништо нема да се смени. Ова е свилен гајтан за македонските медиуми. И ЗНМ рече дека ако останат непроменети некои одредби, ваквиот закон ќе биде реквием за новинарството. На едни новинари им сечете раце и нозе, а други се недопирливи. Во оваа фарма, очигледно, некои животни се поеднакви од другите
Митре Велјановски:
Мачкање очи на ЕК Koj сопственик на медиум ќе си дозволи таков луксуз да плати 27.000 евра казна? Кој уредник ќе си дозволи да плати 10.000 евра казна? Ако власта имаше искрени намери за демократизација на медиумите, немаше да предложи вакви драконски казни. Овој закон е само мачкање очи на Европската комисија
Сафет Бишевац:
Без влијание во медиумскиот простор
Измените нема да влијаат врз медиумскиот простор. Токму медиумите што ги финансира државата си дозволуваат неодговорност во својата работа. Типичен пример е државниот сервис (МРТ) од пред неколку дена, а тоа, пак, резултираше со нешто што досега беше незамисливо - извинување од уредникот
Изет Зекири:
Сите забелешки да се усвојат Законот е добар, бидејќи делата за клевета и навреда се декриминализираат. Оваа мерка ќе ја зголеми одговорноста на новинарите. Но, и забелешките се в ред и треба да се усвојат - особено забелешките за докажување на вистинитоста, за тоа дека судот може да досуди привремена забрана да се објави некој текст и дека казните се драконски
Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, кој беше усогласен меѓу ЗНМ и Владата, во прво читање беше усвоен на пленарна расправа во Собранието. Решенијата за декриминализација на клеветата и навредата беа критикувани од пратениците од опозицијата кои се фокусираа на три законски одредби - утврдувањето и докажувањето на делото, висината на казните и можноста судот привремено да забрани медиумот да објави текст, за кој тужителот смета дека е клеветен или навреден сабота, 6 октомври 2012
29
катерина блажевска
распуштање на Владата и нови избори се најлоша опција за земјава пред годинашниот извештај на ек за македонија и во пресрет на декемвриските шанси, макар биле и најминимални, за добивање датум за почеток на преговори со еу
К
ога ќе го читате овој текст, ќе биде завршено гласањето недоверба на Владата и ќе ви биде познат исходот од она што Груевски го нарече владина криза, а Црвенковски - фингирана. „Граѓански“ нема да се занимава со прогноза, туку со оцена што е најдобро за земјава во овој момент. Распуштање на Владата и нови избори се најлоша опција за земјава пред годинашниот извештај на ЕК за Македонија и во пресрет на декемвриските шанси, макар биле и најминимални, за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ треба да продолжи да функционира, но не како „власт заради власт“ која постојано ќе нè информира за својот рејтинг и дневно-популистички потези, туку заради отворање и продолжување на одредени процеси од евроинтеграцискиот корпус. Со еден збор, ако идната платформа за соработка на двата партнера тргнува и се концентрира на прашањето дали и како да се реши кавгата околу законот за бранителите - тогаш, натамошното опстојување на Владата е ирелевантно од аспект дека нема да донесе некаков друг покрупен исчекор, па ни во сферата на стандардот, социјалата 30
СДСМ ќе мора да стане одговорна опозиција која на популизмот нема да одговара со популизам, туку со сериозна алтернатива
ТРЕ
ПОЛУВ и економијата, кои се длабоко таргетирани од актуелната криза. Нивната соработка треба да се темели на концепти за развој, а не да биде исцрпена само со предлози за кадровски трансфери што треба да бидат терапија за постслупчанската агонија. Со оглед дека и Груевски и Ахмети во кавгата дебело го заложија својот лидерски кредибилитет, сега е важно нивното ресетирање да не биде условено со концесии пред жртвеникот на помирувањето. Фактот дека ДУИ никогаш не го спомна зборот криза, туку, напротив, тврдеше дека и покрај недоразбирањата Владата функционира со полн капацитет, дава мала надеж дека византиските игри ќе бидат ставени во сенка на државните приоритети. Секаков друг исход, кој би го фокусирал вниманието на тоа дали Фатмир Бесими ќе остане министер за одбрана, дали ќе биде ротиран во друг ресор или на функција во меѓународна институција, би покажал дека двата партнера и натаму се заглавени исклучиво во сферата на менаџирањето на своите партиски, а не на државните интереси. Опстанокот на оваа Влада не смее да биде проследен со потезите и со манирите што доведоа до нејзина криза. Ако инфлацијата од производство на етнички „артефакти“ и натаму продолжи, како менталитет на натпревар
за тоа кој партнер ќе покаже повеќе мускули во својата етничка заедница, таква влада на никаков начин не ì е потребна на Македонија. Тоа ќе ги убеди и претставниците на меѓународната заедница дека пред себе немаат партнер кој се залага за стабилност, за функционирање на институциите и за насочување на целата енергија кон евроинтеграциските процеси, туку дека е соочена со два нископрофилни и нискоквалификувани субјекта со лимитирани капацитети, со два централни лобиста за локални политичко-лукративни цели, ослободени од каква било визија за предизвиците на новото време. Таа хипотека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ можат да ја тргнат од себе само ако се посветат на јавно декларираните цели. Во спротивно, ќе потврдат дека се на ист брод само од тривијални причини, што не ì се непознати на јавноста. Имено, повеќе од јасно е дека ДУИ немаше голем избор ни маневарски простор да му забие „нож во грб“ на Груевски, бидејќи ако на нови избори повторно освои мнозинство гласови во албанскиот електорат, можеби, пак ќе се соочеше со нужноста да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ. На граѓаните им е сосема јасно дека ДУИ се води од логиката оти е политички покоректно сега да ја рефрешираат коалицијата, отколку да се најдат www.gragjanski.mk
ЕТО
ВРЕМЕ во ситуација на „враќање на блудниот син“, позиција од која би стартувале со помалку доверба, а би им донела многу полоши позиции во однос на сегашните. Исто како што е јасно дека целта на последната анкета на институтот „Павел Шатев“ не беше да ја прикаже разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, туку да му се укаже на ДУИ дека ДПА му дише во вратот со еден отсто разлика и дека е таква и разликата меѓу персоналниот рејтинг на двајцата лидери - Ахмети и Тачи. Овие посредни „поздрави и честитки“ не смеат да останат главен комуникациски манир на Влада која сака или ветува стабилни коалициски односи. Нејзината егзекутивност не смее да биде дисперзирана во два штаба - во Мала Речица и во Скопје. Двовластието и паралелизмот треба да бидат заменети со усогласена политика, чии ефекти
треба да бидат видливи и мерливи. За сите чувствителни меѓуетнички прашања партнерите треба да договорат модалитети за нивно решавање, кои нема да ги заобиколат законските прописи и да ги супституираат со емоции од интонирање на албанската химна, од преименување на училиштата или од вербални престрелки меѓу началникот на ГШ на АРМ и министерот за одбрана. Со еден збор, досегашното повеќе популистичко отколу одговорно однесување на владината коалиција мора да биде заменето со рационална, ефективна и систематска посветеност на иднината на земјава. Ако тоа изостане, на граѓаните нема да им биде важно дали некоја опозициска партија поднела интерпелација, бидејќи новата шанса за промена на состојбите им се укажува веднаш „зад аголот“. Токму локалните избори во март ќе ги искористат за да ја казнат централната власт која не направила ништо, освен што покажала колку добро функционираат „рогови во вреќа“. Дотогаш Владата нема многу време, но има многу обврски. Ако однесувањето на ДУИ и во оваа и во претходните ситуации беше фикс, односно позната константа - што и да прави, нема да излезе од Владата, сега треба да покаже дека што и да прави, го прави тоа за интересите на земјата, а не за сопствените фотелји. Истото тоа важи и за ВМРО-ДПМНЕ, која веќе подолго време е заглавена во филмови за невидени успеси и рекорди што фигурираат во сферата на статистиката, но не и во практиката. СДСМ ќе мора да стане одговорна опозиција, која на популизмот нема да одговара со популизам, туку со сериозна алтернатива. Нејзината улога не е помала од онаа на Владата, освен ако опозицискиот статус се сфаќа како релативизирана одговорност за она што се случува во општеството. СДСМ и натаму не треба да се меша во внатрешните коалициски односи, но мора да се меша во фактите и во резултатите што тие ги произведуваат - да ги анализира, демантира, потврди или демаскира. Отсуството на таков однос ì остава и временски и маневарски простор на Владата да ги покрива сите прашања што опозицијата не ги актуелизира - од незнаење, од политичка летаргија или од чувство на немоќ. Исто така, опози-
Владата треба да добие „трето полувреме“, во кое со јасни цели, нова енергија и без популистички дриблинзи треба да оствари резултат, но ако не го искористи за квалитетна игра, многу брзо ќе се најде на резервна клупа сабота, 6 октомври 2012
цијата ќе мора да се помири и со фактот дека со последната интерпелација фактички чукна на блиндирана врата, а ја пропушти можноста тоа да го направи на отворена и тоа само за Фатмир Бесими. Владо Бучковски не е единствениот кој смета дека интерпелацијата беше задоцнет потег и дека таа требаше да се поднесе пред шест недели, кога почна владината криза, наместо во изминатиов период да се демонстрира страв и збунетост од помислата за евентуални предвремени избори. Таквиот став го делат голем број политички аналитичари, според кои, премногу е наивно да се верува дека СДСМ од незнаење и лоша процена го промаши вистинскиот момент за интерпелација. Кога Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ќе рече дека „предвремни избори не ì одговараат на опозицијата поради низок рејтинг и дека сламката за која може да се фати Црвенковски е техничка влада, односно влада без избори“, тоа не е далеку од вистината, без оглед на интенцијата тој став да биде прочитан само како зајадлив коментар од политичкиот опонент. Но, проблемот е што и во СДСМ се свесни дека овој интерпелациски удар со задршка е повеќе за уметнички впечаток, отколку за политичка добивка. „Грепката“ на СДСМ во ова коло, едноставно, е недобитна, без оглед на цврстата фундираност на интерпелациското образложение дека „ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги нарушуваат меѓуетничките односи и кредибилитетот на институциите и креираат проблеми во време кога земјава е соочена со катастрофална економска ситуација“. Таа констатација може да ја потврди и електоратот на двата коалициски партнера. Но, играта не ја водат тие, туку мнозинството во парламентот. СДСМ не треба да го чуди тоа што ДУИ не сака да го изгуби ексклузивитетот што го има сега, само за „да му заврши работа на Црвенковски“ и да биде заедно со ДПА во широкото октроирано друштво што го избрал лидерот на СДСМ. Кажано со јазикот на оваа партија, „ДУИ сака да избира друштво, а не да биде избирана“. Некој тоа ќе го нарече суета, некој политичка прагма, некој политика со лукративна основа. Во ДУИ тоа го нарекуваат партиска програма и идеологија, иако во моментов повеќе личи на еднократна стратегија за „минимум ризик и максимална добивка“. Со оглед дека од сите можни периоди овој е најлош за избори, Владата треба да добие „трето полувреме“ во кое со јасни цели, нова енергија и без популистички дриблинзи треба да оствари резултат. Пропуштањето на шансата третото полувреме да биде искористено за квалитетна игра, многу брзо ќе ги однесе коалициските партнери на резервна клупа. 31
ле Фи
ги став
и
н о г о п во сите адути за а ј и н о д Маке 32
т аро ерата с е ком во намва о р Ев рен ству упо издеј да у м да т
Од от прист ворањето со Ма апни прег о ќе им кедонија вори п регио аат сите в олза креир нот. Тоа ќе о и за р а атмосф е споро ешавање ра н т за и мето а
www.gragjanski.mk
Оптимизот кај македонската Влада дека во декември ќе добиеме датум за преговори со ЕУ, можеби, спласна, но информациите од Брисел велат дека комесарот Штефан Филе нема кренато раце. Напротив, активно работи за да ја извлече Македонија од ќор-сокакот во евроинтеграциите. Филе в среда пред колегите комесари ќе го презентира пакетот документи за процесот на проширување, меѓу кои е и годишниот извештај за Македонија. Документот што го прочита „Граѓански“ констатира дека земјава „доволно ги исполнува политичките критериуми“, што е доволно по четврти пат да биде повторена препораката за преговори. Тоа, пред сè, е резултат на Пристапниот дијалог на високо ниво, кој, иако не донесе спектакуларни реформски постигнувања, во Брисел е оценет за успешен зашто ја вратил земјата на европскиот пат. Сепак, тоа сè уште не е патот на пристапните преговори и затоа Филе не се задоволува со ова ниво. Тој смета, а тоа го пишува и во извештајот, дека исчекорувањето напред ќе ги направи реформите одржливи и ќе ги зајакне меѓуетничките односи, а од тоа ќе имаат бенефит сите во регионот. Во потрагата по излезно решение, за што ја има поддршката на значаен број земји-членки, еврокомесарот отпатува дури до Атина, каде што на грчките власти им порача дека деблокадата на македонските интеграции ќе доведе до вин-вин ситуација и ќе креира подобра атмосфера за решавање на спорот. Со други зборови, тој се залага пристапните и преговорите за името да се одвиваат паралелно. Формулацијата на која се работи во Брисел е еден вид нова условеност, а таргетот за отворање на преговорите е првата половина од 2013 година.
Политика
Комисијата цврсто верува дека преминувањето на земјата на следното скалило во процесот на пристапување е неопходно за да се консолидираат реформите, особено во поглед на правната држава, за да се обезбеди нивна одржливост и за да се зајакнат меѓуетничките односи. Целиот регион ќе има корист од тоа - пишува во извештајот на Европската комисија што ќе биде објавен в среда, а „Граѓански“ имаше можност да го прочита Пишува Светлана Јовановска Нема повеќе сомнение - Македонија повторно, четврти пат по ред, ќе добие препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ. На 10 октомври, заедно со препораката, на Македонија ќе ì биде испорачан годишниот извештај за напредок, кој ќе може да биде опишан како „позитивен“, со сериозна перспектива дека преговорите за членство навистина ќе можат да бидат отворени во текот на 2013 година. По долгиот македонски стаж со препорака, а без преговори, и малата надеж дека спорот за името може да биде решен во скоро време, легитимно е да се постави прашањето - како и зошто овојпат Брисел смета дека грчкото вето ќе биде надминато или заобиколено. Како ќе се натера Грција, на декемврискиот самит, кога земјите-членки го кажуваат одлучувачкиот збор, да се согласи со старт на долгоочекуваните преговори за членство. Но, да тргнеме по ред. Пред сè, според ЕК, најважни се реформите и резултатите од Пристапниот дијалог на високо ниво, кој започна во март годинава и кој пред нашата Влада постави редица реформски задачи. -Комисијата цврсто верува дека преминувањето на следното скалило во процесот на пристапување е неопходно за да се консолидираат реформите, особено во делот на правната држава, за да се обезбеди нивна одржливост и за да се зајакнат меѓуетничките односи. Целиот регион ќе има корист од тоа - пишува во годишниот извештај на Европската комисија (ЕК) што „Граѓански“ ексклузивно имаше можност да го прочита. Не е идеално, но е доволно за препорака. Годинашниов документ на ЕК констатира дека земјата продолжува „доволно да ги исполнува политичките критериуми“. Или, како што знаат да кажат овдешните дипломати, ситуацијата е далеку од идеална во поглед на политичките критериуми, но доволно е добра за да биде повторена препораката. Според ЕК, дијалогот на високо ниво и добриот извештај се единствена инвестиција што тие можат да ја направат на европскиот пат на нашата земја, во чии раце потоа останува спроведу34
вањето на договореното со Брисел. Не е тајна дека повторувањето на препораката е заслуга токму на дијалогот на високо ниво. Во извештајот Брисел констатира дека „Владата значително ја зајакна својата определба кон агендата на ЕУ и направи напредок во реформите поврзани со ЕУ“. Фаќањето во костец со, како што вели ЕК, „амбициозните реформски цели запишани во Пристапниот дијалог на високо ниво“ се постигнување на кое комесарот Филе и неговата екипа се особено горди. Во изјавите, но и во приватните разговори, во повеќе наврати ја подвлекуваат подготвеноста на премиерот Никола Груевски и неговата Влада да се задлабочат во европските реформи. Уверени се дека таа владина заложба е делумно нивна заслуга и, како што вели еден од нив, „веројатно единствен начин да се сврти целото внимание на општеството кон реформи наместо кон празни политичко-популистички препукувања,
Македонски сојузници во дипломатската игра за добивање датум се Германија, Данска, Холандија, Велика Британија, Австрија, Словенија, Шведска, а попроблематичните, како Франција, би биле замолени, ако веќе не даваат поддршка, да не бидат пречка чиј резултат може да бидат нарушени меѓуетнички односи, пораст на тензиите и инцидентите и, на крајот, можна нестабилност“. Во текстот на документот што ќе ни биде испорачан в среда, бриселската
екипа задолжена за Македонија се воодушевува од подобрувањето на законската изборна рамка и на Избирачкиот список. Според извештајот, зајакнат е и меѓуетничкиот дијалог преку евалуацијата на Охридскиот договор, кој „гради консензус врз постигнатите резултати и предизвиците што претстојат“. Извештајот се надева дека клеветата ќе биде декриминализирана до денот на неговото објавување. Документот е отворен за измени сè до среда, а верзијата што „Граѓански“ ја прочита датира од оваа недела, па затоа таа остава простор да биде додадена и декриминализацијата на клеветата, доколку, се разбира, дотогаш биде усвоена. Во секој случај, просторот оставен за коментар за овој закон покажува дека ЕК со нетрпение го очекува тоа. ЕК се надева дека Македонија ќе продолжи да работи на полињата што се дел од дијалогот на високо ниво. Од нашата земја се очекува напредок во областите, како што се слободата на изразувањето, правната држава и етничките односи, реформата на јавната администрација и зајакнувањето на пазарната економија. Загриженоста на Брисел најмногу се однесува на правната држава и на слободата на изразувањето, чија деградација пред една година го натера комесарот Филе да ì се закани на Македонија со одземање на препораката за членство. Овојпат, благодарение на дијалогот на високо ниво, Владата и новинарите седнаа на иста маса и почнаа да разговараат. Дијалогот и неговите резултати се предмет на отворена критика на дел од новинарската заедница, но, според ЕК, подобро нешто отколку ништо. Овој дијалог Комисијата го нарекува „корисен форум за да се решат клучните предизвици со кои се соочуваат медиумите“. Брисел, истовремено, најавува дека во текот на 2013 г. ќе се одржи нова конференција за слободата на изразувањето и на медиумите во регионот, која ќе треба да се задлабочи врз резултатите на претходната, одржана лани во мај. Со ова, ЕК става на знаење дека ќе продолжи да прави сè што е во нејзина моќ за да се дојде до европски стандарди во оваа клучна демократска област. Конечно, во оваа кратка анализа на овогодишниот документ треба да се спомне дека Комисијата е задоволна од начинот на кој земјата ги решава меѓуетничките инциденти на кои бевме сведоци, пред сè, во првата половина од годинава. -Владата зрело одговори на овој предизwww.gragjanski.mk
Политика вик и мора да гради врз постигнатото за зајакнување на меѓуетничките односи и помирувањето - вели ЕК во својот стратегиски документ. Со преговори до вин-вин ситуација. По сите добри вести што ЕК годинава им ги испорачува на земјитечленки на ЕУ во однос на Македонија, сега на ред доаѓа и спорот со Грција. Првпат во свој документ ЕК потсетува дека наскоро се навршуваат 20 години од приемот на Македонија во Обединетите нации (ОН), но дека спорот останува нерешен. Потсетува дека дијалогот во ОН е во тек, но без резултати, иако во 2009 г. на овие разговори им се придружија и билатералните средби на премиерско ниво. Во документот Брисел ја повторува познатата формула за потребата да се најде заеднички прифатливо решение без одлагање и дека потезите што ги нарушуваат добрососедските односи треба да се избегнуваат. Самитот на ЕУ во 2011 г. одлучи да не ì обрне внимание на пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг во корист на Македонија, донесена во декември минатата година. Овојпат таа има значајно место во извештајот на ЕК. Улога на Комисијата е да креира позитивна атмосфера за да се олесни решението и да им дава поддршка на сите иницијативи во таа насока. Вложувајќи во Македонија преку Пристапниот дијалог на високо ниво и позитивниот извештај, комесарот Филе и неговите соработници го прават токму тоа и искрено посакуваат да започнат преговорите за членство со нашата земја. Чехот Филе дури се одлучи на комплексна мисија, чиј резултат треба да биде надминување на грчката блокада и решение на спорот помеѓу двете страни. Откако стана јасно дека дијалогот на високо ниво треба да се искористи како алатка за решавање на спорот за името, Филе ì шепна на македонската Влада дека не би било лошо да се напише писмо до грчкиот премиер, во кое ќе се искаже подготвеност за преговори и за контакти. Премиерот Груевски го направи тоа. Иако не доби позитивен одговор од својот грчки колега, чекорот беше корисен. Потоа Филе дури и отпатува во Атина за да се сретне со тамошното раководство во обид да го натера да ì дозволи на Македонија да отвори преговори за членство во 2013 година. Комесарот во Атина не криеше дека темата е чувствителна и упати отворена критика на македонска адреса, барајќи од нашите власти да прекинат со националистичките тенденции. -Знаеме колку е важно за вас во региосабота, 6 октомври 2012
нот и за ЕУ оваа држава да продолжи со реформирање и надминување на националистичките тенденции - рече Филе пред Грците и додаде дека дијалогот на високо ниво покажал оти македонската Влада може да се посвети на решавањето на проблемите на европски начин. Филе, исто така, потенцираше дека во претходните три години ЕК предлагала да ì се даде датум за преговори на Македонија. „Отворањето на пристапните преговори ќе креира вин-вин ситуација“, изјави тој, додавајќи дека ова ќе помогне за интензивирање на реформите и консолидирање на меѓуетничките односи. „Би креирало и поволна клима за брзо наоѓање решение за името“, истакна Филе. Минатата година Комисијата охрабруваше да го следиме словенечко-хрватскиот пример за решавање на спорот. Годинава тонот е сменет. Брисел подвлекува дека Судот во Хаг ја осудил Грција за нарушување на Времената спогодба. Оваа, на прв поглед, незначајна промена е индикатор за напорот што Брисел го вложува кај сите инволвирани за да се реши спорот. По подолго време земјите-членки повторно се вклучени во играта. Според дипломатите со кои разговараше „Граѓански“, не станува збор само за надеж дека Грција, конечно, ќе се смилува да го крене своето вето поради тоа што ЕК по четврти пат препорачува преговори и поради тоа што овојпат извештајот е позитивен. Тие тврдат дека веќе подолго време зад сцената се одвива интензивна дипломатска активност во која, како што рековме, Комисијата игра сериозна улога, во која има значајно влијание и минатогодишната пресуда од Хаг.
Решението за позитивна одлука во декември се бара во формулација што повторно би била еден вид условеност. Токму за тоа разговарал комесарот Филе со грчкото раководство неделава во Атина - како да ì се дадат доволни гаранции на Грција дека ќе има напредок во спорот за да го повлече ветото
Излезот се бара во нова условеност. Дефинитивната формулација што ќе може да се прочита во извештајот сè уште не е финализирана и, најверојатно, ќе биде позната дури на 10 октомври, кога, колеџот на комесарите во ЕК, на чело со претседателот Жозе Мануел Баросо, ќе се согласи околу неа. Но, според нашите извори, не само што препораката ќе биде повторена, туку со неа ќе биде дадена и конкретна перспектива, преку која ќе се каже дека во првите шест месеци од 2013 г. ќе може да се определи датумот за старт на преговорите за членство. Останува да се види дали од Македонија ќе се бара прво да биде решен спорот за името. Но, дипломатите не веруваат дека проблемот со името може толку брзо да најде излез од досегашниот лавиринт. -Поголема е веројатноста дека ќе се оди на тоа да се почне со преговори за членство и дека ќе се најде формулација што ќе гарантира дека спорот ќе биде решаван во текот на преговорите, а конечното решение запечатено пред влезот на Македонија во ЕУ - ни вели еден дипломат. Се разбира, никој не се осмелува да прогнозира временска рамка, бидејќи не може да предвиди колку долго ќе траат преговорите за членство. Најдобро би било спорот да се реши колку што е можно побрзо. Но, прагматичните европски дипломати не веруваат во волшебно решение. Поверојатно е дека, по повторената препорака на ЕК, голем број земјичленки сега и отворено да го изнесат она што одамна го мислат, а тоа е дека е крајно време да почнат преговорите. -Не затоа што сакаат да ì направат услуга на Македонија, туку затоа што стравуваат дека ќе може да се загуби климата за реформи во земјата, но и кредибилноста на целиот процес на проширувањето и неговата условеност - објаснува еден дипломат. Според изворите на „Граѓански“, евентуалната формулација би била повторно еден вид условеност. Односно, ЕК би препорачала отворање на преговорите во определен временски период од, на пример, шест месеци, што значи до јуни 2013 година, но доколку бидат направени чекори за решавање на спорот. Документот би барал брзи чекори во таа насока, а токму тоа била тема на разговорите што Филе ги имал во Атина неделава со грчкото раководство. Како да ì се дадат на Грција доволни гаранции дека ќе има напредок во спорот што би ì дозволиле во декември делумно да го крене своето вето? Според друг дипломат, „привлечна понуда за Грција би можело да биде поглавјето 31 од преговорите“, кое се однесува на надворешната, безбед-
Придавката „македонски“ годинава се враќа во извештајот и тоа се прави на „мала врата“. Имено, ЕК не сака да се крева голем прав, бидејќи стравува дека тоа би можело да ја налути Атина и да го натера нејзиниот комесар во ЕК да се спротивстави и во последен момент да бара да се избрише, како што се случуваше во изминатите години носната и одбранбената политика на ЕУ. Македонија не би можела да го отвори ова поглавје сè додека не се реши спорот. Истиот дипломат, сепак, предупредува дека за оваа идеја, за која извесно време се дискутира, сè уште нема целосен консензус помеѓу земјите-членки. Без изненадување, македонски сојузници во оваа дипломатска игра се Германија, Данска, Холандија, Велика Британија, Австрија, Словенија, Шведска, а попроблематичните, како што е Франција, би биле замолени, велат дипломатите, ако веќе не можат да дадат поддршка, тогаш да се обидат да не бидат пречка. Во овој контекст мора да се спомне и грчкото претседателство со ЕУ во 2014 г., кога се очекува, по подолго време, проширувањето кон Балканот повторно да се искачи на врвот на европската агенда. За Атина ќе биде значајно раководењето со ЕУ да биде успешно, а една од ретките области во кои може да го стори тоа е токму Балканот. Шефот на грчката дипломатија во понеделникот, во Атина, не криеше дека цел на грчката Агенда 2014 е забрзувањето на балканската интеграција во ЕУ. Сумирано, како никогаш досега, ЕК е тргната во акција, чиј резултат треба да бидат преговори за членство и решен спор за името. Никој во Брисел не се осмелува прецизно да прогнозира дали тоа навистина ќе се случи, дали земјите-членки ќе запалат зелено светло и дали грчката и македонската Влада од зборови ќе преминат на дела, со тоа што навистина ќе покажат повеќе разбирање и толеранција едни за други. Она што, сепак, на сите им е јасно е дека сегашната статус кво ситуација станува неодржлива. 35
Политика
Македонија не само што четврти месец е без професионален лобист во САД, туку и сумата што ја плаќала од само 25 илјади долари месечно е неколкупати помала од буџетите на Србија (100 илјади долари), Косово (50 илјади) и Албанија (60 илјади)
Нашите лобисти и без пари и без приказна Пишува Васко Попетревски
М
акедонија четврти месец е без фирма-професионален лобист во САД, земја во која лобирањето во државните институции е озаконета и вообичаена практика. Последниот договор бил склучен со „Glover Park Group“, за периодот јануари-јули оваа година, откриваат документите од официјалниот регистар што го води американското министерство за правда. За месечен надоместок од 25 илјади долари, од името на македонската Влада, фирмата работела на лобирање и воспоставување контаксабота, 6 октомври 2012
Скромни
3
милиони долари потрошила Македонија во изминатите
20
години за лобирање во САД, бизнис во кој само лани се свртеле
4
милијарди долари
ти во законодавната и во извршната власт на САД, како и на олеснување на односите со медиумите и со јавноста. За споредба, соседите Србија, Косово и Албанија имаат активни договори за лобирање и одвојуваат дури и до четирипати поголеми суми за промовирање на своите интереси во Вашингтон. Српската влада плаќа месечен паушал од 100 илјади долари за таа намена, албанската 60 илјади, а косовската 50 илјади. Временскиот опфат на последниот договор на македонската Влада коинцидира со периодот на подготовка и одржување на Самитот на НАТО во Чикаго. Поврзаноста на ангажманот на „Glover Park Group“ со овој настан може да се претпостави и од фактот што една
и пол година претходно Македонија немала платен лобист во САД, како и од политичкоидеолошкиот бекграунд на избраната фирма. Иако по 2008 г. ангажира неколкумина високи службеници од тимот на Џорџ Буш, што упатува на добри врски со републиканците, „Glover Park Group“, сепак, е поблиска до демократите, зашто е формирана од група поранешни функционери од втората администрација на Бил Клинтон, кои имаат пристап и до актуелната постава во Белата куќа. Но, квалитетот и врските на лобистите, иако се важни, сепак, не се решавачки. Врските на лобистот не решаваат. Познавачите на начинот на кој функционира 37
американскиот политички систем, со кои контактираше „Граѓански“, велат дека пристапот и ефектите од лобирањето за странски влади зависат не само од контактите и од талентот на лобистичката фирма, туку и од меѓународната позиција на државата-клиент. Исто така, велат тие, треба да се води сметка и за отвореноста на Белата куќа за лобирање. -Администрацијата на Буш беше многу поотворена за разлика од оваа на Обама. Во тоа време некои од лобистите имаа активна улога во креирањето на политиките на администрацијата. Такво е искуството на Македонија со Јадранската повелба, која беше плод на лобирање и значеше директно покровителство на американскиот претседател на интегрирањето на Македонија, Хрватска и на Албанија во НАТО - вели еден од соговорниците на „Граѓански“. Конкретно, станува збор за фирмата „Orion Strategies“, која лобираше за македонските интереси во САД, пред сè, за зачленување на земјава во НАТО, во континуитет од 2003 до 2009 година. Фирмата е мала, примаше и мал надоместок од Македонија - само 10 илјади долари месечно, но нејзините резултати не се за занемарување. -Фирмата имаше помалку персонал во споредба со стандардните. На располагање беа помал број пониски службеници кои би помагале во дневните активности, како што се пишување говори и закажување средби, но тоа се компензираше со поголем пристап до главните луѓе во фирмата и уште повеќе преку нивниот пристап до администрацијата на Буш - вели нашиот соговорник. Основачот на „Orion Strategies“, Ренди Шонеман, беше близок соработник на секретарот
Факти
Иста фирма - „Podesta Group“, со одлични контакти кај администрацијата на Обама, лобира за интересите на Србија, на Косово и на Албанија
Косово, под името Република Косово, лобира во САД уште од 1992 година, иако Вашингтон ја призна за држава дури во 2008 година
Српскиот претседател Томислав Николиќ, во 2010 г., како лидер на Српската напредна партија, го ангажирал за советник-лобист американскиот ексамбасадор во Србија и во Хрватска, Вилијам Монтгомери, за месечен хонорар од 7.500 евра
Администрацијата на Буш била многу поотворена за лобирање од оваа на Обама, а резултатот од тоа за Македонија се Јадранската повелба и директното покровителство на американскиот претседател на амбицијата за зачленување во НАТО за одбрана Доналд Рамсфелд, а во 2008 година работеше и во кампањата на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Џон Меккејн. По номинацијата на Сара Пејлин за потпретседател, Шонеман ја презеде главната советничка позиција кај неа, но неколку дена пред изборите го напушти тимот на Меккејн и на Пејлин во не докрај разјаснети околности. Според една верзија, заминал самоволно поради разидување со другите советници, според друга, бил принуден на таков чекор поради тоа
што кампањата и промоцијата на Пејлин, кои тој ги креирал, оделе на штета на Меккејн. Сепак, независно од овој настан, неспорни се неговите, но и релациите на неговиот соработник Брус Џексон со републиканците, а како последица од тоа и користа за Македонија од тој период. -Шонеман и Џексон имаат големи заслуги за Јадранската повелба, но не треба да се заборави дека Македонија имаше многу покохезивна надворешна и внатреша позиција, изгледаше како успешна приказна и беше лесна да се „продаде“ како земја што може да произведе значајни бенефити, доколку се инвестира политички капитал за нејзина поддршка. Од тие причини, соработката со „Orion Strategies“ во времето на администрацијата на Буш беше многу попродуктивна од сè што може да се добие сега - смета изворот на „Граѓански“. Љубица Ачевска прва лобистка. Историјата на македонското искуство со ангажирањето професионални лобисти во САД почнува во 1992 година. Фактот дека Америка ја немала признаено Република Македонија во тој момент, не бил пречка македонската Влада да ја ангажира Љубица Ачевска за свој лобист во Вашингтон. Писмото со кое таа добива мандат да работи на мобилизација на меѓународната поддршка за земјава е потпишано од премиерот на првата Влада во независна Македонија, Никола Кљусев. Документите во
38
www.gragjanski.mk
Политика Се смета дека терминот лобист се појавил во 19 век, во лобито на хотелот „Вилард“ во Вашингтон (на фотографијата), каде што честопати престојувал американскиот претседател Грант, уживајќи во цигара и коњак. Луѓето кои се обидувале да му пристапат во лобито и да му влијаат на одредени одлуки, претседателот Грант ги нарекол лобисти. Другата верзија за етимологијата на овој термин вели дека се појавил во британскиот парламент, при собирањата на пратениците во лобијата пред и по парламентарните дебати.
официјалниот американски регистар откриваат дека Ачевска добивала месечен надоместок од 2.500 долари, плус пари за други трошоци и дека статусот лобист го имала сè до крајот на 1995 година, кога САД и Македонија воспоставија дипломатски односи. Тогаш таа е именувана за прв македонски амбасадор во Вашингтон, позиција на која остана сè до септември 2001 година. Првиот договор со професионална фирма е направен дури во 1999 година, во периодот на Владата на Љубчо Георгиевски, но освен информацијата дека „Advantage Associates, Inc.“ била најмена за период од една година, во регистарот нема други податоци. Во април 2001 година, во екот на конфликтот, Владата на Георгиевски склучила договор со „Barbour Griffith & Rogers, LLC“, во кој, покрај политичко лобирање во Белата куќа и во Конгресот, е предвидено и економско лобирање за зголемување на трговијата и на американските инвестиции во Македонија. Фирмата добивала 30 илјади долари месечно, а договорот од името на Владата го потпишал Никола Груевски, тогашен министер за финансии. Интересно е дека во документите пишува оти со таа сума ќе бидат покриени и активностите на Американецот Џејсон Мико, кој на македонската јавност ì е познат како аналитичарколумнист во повеќе наши медиуми. Името на Џејсон Мико се среќава во уште еден документ достапен во американскиот регистар. Тоа е договор меѓу него и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, склучен пред парла-
Педантното бележење на активностите на лобистите ги открива темите за кои лобираат, алатките што ги користат и нивоата до кои стигнуваат во Белата куќа и во Конгресот. Ова е запис за дел од активностите на фирмата „Quinn Gillespie & Associates, LLC“, во прилог на Република Македонија, непосредно по Самитот на НАТО во Букурешт и пред средбата на премиерот Груевски со потпретседателот Џозеф Бајден. Прегледот го содржи датумот на лобирањето, името на вработениот во фирмата-лобист, начинот на комуникација, адресата и лицето до кое се обратил и темата на која лобирал.
ментарните избори во 2006 година. Според договорот, на кој од име на ВМРО-ДПМНЕ е потпишана тогашната генерална секретарка, Гордана Јанкуловска, Мико ја советувал партијата во текот на кампањата, бил одговорен за странските медиуми, посредувал за контакти со официјални претставници во Вашингтон, пишувал говори и писма... За едномесечниот ангажман добил 7.500 долари. Во 20-годишното македонско искуство со професионалните лобисти во САД е регистрирано и ангажирањето на фирмата „White & Case, LLP“ во 2005 година. Договорот што го потпишал тогашниот министер за финансии Никола Поповски е за обезбедување консултантски услуги за издавање еврообврзница и за менаџирање на надворешниот долг на Македонија. Деветмесечниот ангажман на „White & Case, LLP“ чинел 175 илјади долари. Грубите пресметки покажуваат дека на професионално лобирање во САД, од 1992 година до денес, Македонија има потрошено околу три милиони долари, што е скромна сума споредено дури и со буџетите на некои од соседите, а не, пак, со вкупниот обрт на пари во овој бизнис.
ПрВ ПроФеСионАлен лоБиСт нА МАКеДонијА Во САД БилА ЉуБицА АчеВСКА, АнгАЖирАнА оД 1992 гоДинА зА МеСечен ХонорАр оД 2.500 ДолАри, А ПрВиот ДогоВор Со ФирМА-лоБиСт е СКлучен Дури Во 1999 г. оД ВлАДАтА нА ЉуБчо георгиеВСКи сабота, 6 октомври 2012
Факти
Грција нема активен договор за лобирање во САД, а последниот истекол пред неколку години
И Иран има свој лобист во САД - Марк Едмонд Кларк, кому му плаќа 4 илјади долари месечно
Од 1970 г. до денес, период во кој лобирањето доживува експлозивен раст во Америка, во овој бизнис се свртеле повеќе од 30 милијарди долари
Блокиравме прогрчки резолуции Антонио Милошоски зборува за искуството додека беше министер за надворешни работи, кога во периодот од 2008 до 2010 година Владата имаше договор со фирмата „Quinn Gillespie & Associates, LLC“, на која ì плаќала 32 илјади долари месечно. -Ваквите фирми имаат заднинска комуникација со различни институции и нудат различни пакети на услуги од подготовка на материјали, преку иницирање предлог-резолуции, до посредување за средби на повисоко државно ниво. Колку ќе платиш, толку ќе добиеш. Македонскиот буџет можеше да си дозволи само поскромен пакет на услуги, но и тоа беше корисно за комуникацијата со Вашингтон. На пример, во текот на 2008 и 2009 г., заедно со оваа лоби-куќа работевме на регрутирање на колку што е можно повеќе конгресмени во групата за пријателство со Македонија. Истовремено, во заднина, работевме на попречување на некои прогрчки нацрт-резолуции што беа во оптек во американскиот Конгрес. Соработката во тој дел беше успешна - сведочи Милошоски за „Граѓански“.
39
Интервју
Димитар Мирчев, професор по политички науки
На популизмот не треба да се одговара со популизам Додека не ни се подигнат материјалното, образовното и културното ниво, што е силен антивирус на популизмот, решението е во политичка борба со факти, бројки, сигурни проекции и демаскирање на „празните ветувања“ Разговараше Катерина Блажевска
Ј
авноста го познава како универзитетски професор, политиколог, поранешен амбасадор и личност со голем општествен ангажман. Но, во времиња кога молкот е подоминантен од зборот, Димитар Мирчев е многу повеќе од тоа - соговорник кој не калкулира со конјуктурата на политичкиот момент, објективен аналитичар на општественото секојдневје, подготвен за искрен разговор на теми што ја притискаат фрагилната македонска демократија. Годинава Мирчев е добитник на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката.
$ Популизмот навлезе во сите сфери во
општеството, не само кај нас, но тоа, секако, не треба да биде оправдување за негово толерирање. Зошто не постои општествена енергија за спротивставување на тој манипулативен дискурс во односот на политиката кон граѓаните? # Тврдењето е сосема точно, но, едноставно, таа класична девијација од демократијата денес, технолошки и технички, не може да се спречи или изредуцира. Со масовните комуникациски средства, фејсбуците, твитерите, е-владата, е-демократијата, со масовната пропаганда, рекламирањето, популизмот не е можно да се искорени или да се ограничи. Но, не е само тоа. Општествата што страдаат од депривација, од низок стандард , сиромаштија, криза, непросветеност, се многу поподложни на манипулации. Ако е точна традиционалната определба дека популизмот е апелирање на чувствата и на резонот на масите со едновремено преземање некои популарни мерки во полза на масите, многу е тешко тој да се оддели од една рационална демократска политика на барање масовна поддршка. Типичен е примерот на Маргарет Тачер. Два-три дена пред гласањето објави дека цените на путерот и на детергентите ќе ги намали за неколку пени. Ги доби изборите. За потоа да воведе драстични мерки на отпуштање, стегање на синдикатите, 40
образованието, здравството. Некои ја нарекоа популистка, а, всушност, тоа беа разумни антикризни мерки што ја извлекоа Британија од стагнација. Кај нас веќе 20 години се злоупотребуваат чувствата на граѓанството и се усвојуваат полумерки за излез од кризите. Се сеќавате кога пред избори се делеа зејтин и шеќер, па се поставуваа темели на спортски објекти што никогаш не се изградија, па бесплатна туршија, ученички тетратки... Или на отворањето на народната кујна, кога еден присутен изјави: Мене ми е срам што сум овде. Ми треба работа, а не бесплатен ручек. Но, народните кујни „запалија“. И денес не сме имуни на тоа.
$ Што е решение? # Додека не ни се подигнат материјалното,
образовното и културното ниво, што е силен антивирус на популизмот, решението е во политичка борба со факти, бројки, сигурни проекции, демаскирање на „празните ветувања“. Проблемот е што кај нас на популизмот се одговара со популизам, не со сериозни алтернативи.
$ Денес ниту едно граѓанско здружение
реално не може непречено да ги соопшти своите ставови и да ги артикулира своите интереси. На формално ниво тоа е можно,
Ме иритира константната појава на една од црквите на јавниот сервис, МТВ, со празници, светци, маченички и со идентификацијата со македонскиот народ и кауза. Или, кога министри, па и претседателот на влада, кумуваат со владики и попови на државни и јавни објекти
но неговите активности веднаш се релативизираат со активности на друго здружение, инстант формирано од власта, за да организира контрапротести. Зошто власта нема „стомак“ да издржи и најмал граѓански протест - заради недостиг од демократски капацитет, заради желба нејзиниот став да биде општонародно прифатен или нешто друго? # Проблемот е во комерцијализацијата и политизацијата на граѓанскиот сектор. Ние немаме автентичен, автономен граѓански сектор, кој сам се финансира, поведува граѓански иницијативи, па овие рационално се разгледуваат и прифаќаат од политиката. Најголем број од граѓанските здруженија, освен малку почетен ентузијазам и филантропски желби, стануваат мали погони за вработување и хонорари, за проекти, патувања, летни школи, често финансии од странство; потоа се политизираат и контролираат од неколку централи, а овие се партизирани. Така здруженијата стануваат опашка на политиката. Потоа се конфронтираат, се делат на наши и ваши, а ако нема наши - ги формираме. Ниту една власт, по дефиниција, не сака многу граѓански активизам. Едноставно не трпи супститути или пандани на својата политика, затоа што ако зајакнат можат да станат вистинска закана за нејзиниот статус. Оттука, секоја власт, а и нашата не е исклучок, прво, е претпазлива за граѓанскиот сектор - да не е под влијание на опозицијата; второ, настојува тој многу да не зајакне и надвладее во јавноста; и трето - настојува да го контролира. А, всушност, големите политички промени во модерната историја не ги наложувале владите, туку граѓанските движења. Во САД, во 60-тите години беше формиран борбениот „Феминистички кокус“ на Бети Фридн. Власта не се плашеше од него. Но, кога тој се претвори во граѓанско движење, власта ги усвои сите прописи за еднаква положба на родовите. Исто беше и со „Црните пантери“. Дури откако тој кокус, под водство на Лутер Кинг, стана масовно граѓанско движење и му пријдоа и белци, успеа да се укине дискриминацијата во Америка. Се сеќавате на кој начин и зошто од политиката отидоа Шарл де Гол и Ричард Никсон? Нема друго www.gragjanski.mk
Димитар Мирчев решение за нашите граѓански организации, освен да станат самостојни и без влијание на политиката. Тоа е тешко и бавно, но вреди. Како што рече Мајка Тереза, ако сакате да направите добро за заедницата, ќе ве плукаат и кудат, но сеедно - истрајте.
$ Дали Македонија, полека но сигурно,
прераснува во типичен модел на илиберална демократија, земја со демократска фасада, но без силна институционална и демократска суштина? # Моделирањето е многу деликатна и ризична постапка. Познатиот политолог Френсис Фукујама, во 1992 г., прогласи дека повеќе од половина од човештвото и повеќе од половина држави живеат во демократски поредок и дека во него преовладува либералната демократија. Четири години подоцна се коригира и напиша дека не било токму така. Подоцна, познатите политолози Линц и Степан ги поставија петте критериуми на т.н. либерална и транзициска демократија. Проценувам дека ние сè уште сме во фаза на транзициска демократија, дека имаме дефинирана цел на развој во насока на стабилна либерална демократија, но и под силни закани и спротивставувања на практиките на основните политички сили. Сè уште имаме тешки рецидиви од минатиот систем и неговата логика, имаме тешки проблеми со тоа како декларираниот мултикултурализам да го конвертираме во систем на граѓанска, либерална демократија (што е инаку основна цел на прифатениот Охридски рамковен договор и кој денес е секојдневно под закана), имаме битни тешкотии со константите на партиократизмот, лидерството, сè уште имаме надворешни закани и силни притисоци, како што се спорот за името, статусот на црквата, статусот на малцинствата кај соседите, притисоците за зачленување во НАТО и во ЕУ, а кои имаат и силни внатрешни консеквенции. Па, сепак, оптимист сум во поглед на демократскиот развој. Институционално, тој сè уште е фрагилен, но полека се стабилизира. Во последниов период немаме институционални промени во изборниот систем за парламентарни, претседателски, локални избори, изборни единици, во извршната и во локалната власт. Собраниското владеење, во надзорна смисла, колку-толку се подобрува. Приговори на поредокот од страна на Унијата има сè помалку. Оцените на судската власт и довербата на граѓаните за државните институции, здравството, полицијата по нешто
ЗАКОНОТ ЗА ЛУСТРАЦИЈА Е НЕПОТРЕБЕН, БЕСПРЕДМЕТЕН, КОНТРАПРОДУКТИВЕН, БИДЕЈЌИ НИ СОЗДАВА НОВИ РАСЦЕПИ И ОТВОРА НОВИ РАНИ, ОСНОВИ ЗА НОВИ ПОЛИТИЧКИ ПРЕСМЕТКИ И ПОДЕЛБИ сабота, 6 октомври 2012
41
Интервју / Димитар Мирчев растат. Имате право кога велите дека сè уште сме со демократска фасада без демократска суштина, но полека ја создаваме таа суштина. Целиот проблем е во социјалниот метаболизам на демократијата. Кога тој проработи - ќе проработи и демократијата. А, не може да проработи - со витаминско апче.
$$ Научната јавност подолг период е отсу-
тна со свои ставови за сите случувања во земјава. Дали нејзината општествена одговорност доброволно замина на „одмор“ или стравот од можни егзистенцијални и политички реперкусии ја претвори во молчалив апологет? Од кого да очекуваме концепти за насоката во која треба да се движи земјава? ## Долго време науката кај нас е запоставена како општествено влијателен и фактор на значајни одлуки. Вие, веројатно, мислите на тоа што неколкумина познати и угледни научници немаат глас или одглас во политиката, макар што некои од нив и имаат. Тоа е вистина, но вистината е малку поделикатна. Веќе две декади науката кај нас се деградира; сектор е на постојани материјални, буџетски и други рестрикции. Стигнавме до срамното ниво на 0,15 отсто од националниот доход во научниот и истражувачкиот сектор. Нивото на членките на Унијата е од 20 до 30 пати повисоко; нивото на вложувања во т.н. РДС е од пет до десет пати повисок во Албанија, Србија, Хрватска, Бугарија. Да не зборуваме за Словенија и Унгарија. Дали е тоа свесна политика или не, не можам да оценам. Но, фактите се такви. Дали стануваме научно пасивна, молчалива, научно стерилна наука? Немаме некои фундаментални, развојни проекти, бизнисот има малку апликативни проекти. Тогаш, што да очекуваме? Двајца, тројца економисти, политолози, социолози, да го кренат својот глас, со својот авторитет и да кажат - извинете, не во оваа насока, туку во поинаква насока? Не верувам дека се плашат да кажат некоја своја вистина. Едноставно, често нема доволна научна основа, резултати, критичка маса на колеги што ќе ги поддржат. А, нема излез без колективниот глас на науката.
$$ Се чини дека безидејноста го окупира
светот и во политичка и во економска смисла. Дефектите на демократијата и на капитализмот отвораат многу прашања, но и носат опасност да бидат затворени со понедемократски модели. Каде оди светот? Гледате ли идеи кај Вашите европски колеги за надминување на сеопштата стагнација или и идеите паднаа во рецесија? ## Пред неколку дена го слушав краткото интервју на Дојче веле, на професорот, ми се чини Штаутгарт, од хамбуршкиот Економски институт. Вели - големите имиња, Милтон Фридман, Штиглиц и други, некои од нив нобеловци, не дадоа одговор на светската криза. Некои ја предвидоа, но не дадоа проекти - како да ì се одговори. Потфрлиле? Пред дваесетина години, политологот Хантингтон предупредуваше на претстојниот судар на сабота, 6 октомври 2012
Идентитет на државата, нацијата и на црквата нема. Го има од 1967 година наваму, ама оттогаш сме секуларна држава. Или не? цивилизациите и религиите. Сите го оценија како интересно четиво, но не го земаа за сериозно. Денес светот се соочува не само со судар на религиите и цивилизациите, туку и со сопствената совест во однос на Хантингтон. Кај моите колеги гледам две тенденции; едната е глобална, нешто да се направи на меѓународно ниво. Универзитетот во Валенција лансира две големи кампањи: прво, ООН да усвои декларација за граѓанските должности и обврски, како пандан на Универзалната декларација за правата на човекот, и второ - да усвои декларација за искоренување на сиромаштијата како пандан на Милениумските цели на ОН. Се разбира, јас ги потпишав, во име на мојот Универзитет. Меѓутоа, вториот пристап беше - прагматичен: дајте на локално, национално ниво, предлагајте идеи, мерки, политики за излез. Ова второто ми е поблиско, но и помалку надежно. Нема многу одглас во јавноста и во политиката. Но, логиката ми е онаа, на Мајка Тереза. Истрајте.
$$ Што најмногу Ви пречи во домашната
политика и во нејзиното медиумско покривање? ## Прва работа што ми пречи и ме иритира е фактот на натамошната етничка сепарација и конфликтуализација на нашата заедница. Имено, во Преамбулата на Охридскиот рамковен договор, прва цел е изградба на цивилно, граѓанско општество и држава, потем има запирка, па пишува - со целосно почитување
на правата на етничките заедници. Во овие 11 години од тој договор, целото внимание и мерки беа насочени на одредбата по запирката. Како никому не му текна да се спомне и да ја истакне првата цел, пред запирката. Второ, во Уставот многу јасно е определено дека државата е одделена од црквата. Другите одредби, дека сите имаат право на вероисповед, се изведенки. Но, Уставот не се почитува. Ако државата е одделена од црквата, нема државно образование во кое е вклучено и црковно образование. Без разлика на религијата, на црквата и на божемните анкети со родителите. Крајно ме иритира константната појава на една од црквите, на пример, на јавниот сервис, МРТВ. Со празници, светци, маченички, итн. И со идентификацијата со македонскиот народ и кауза. Или, кога министри, па и претседателот на влада - кумуваат со владики и попови на државни и јавни објекти. Исто е и кај исламот. Никој не спомнува дека, на пример, создавачите на оваа држава и нација, Гоце Делчев и Јане Сандански, биле унијати, односно католици. Дека римскиот папа во 1890 г., во Солун, оформил Католички викаријат за Македонија. А, тоа е првото меѓународно признание на Македонија. Дека најмногу од илинденските војводи кои биле убиени, биле убиени во православни манастири. Идентитет на државата, нацијата и на црквата нема. Го има од 1967 година наваму, ама оттогаш сме секуларна држава. Или не? Да го промениме Уставот и да кажеме дека сме деистичка држава? Тоа не го велат ниту Ердоган и Ѓул.
$$ Како го оценувате Законот за лустрација и процесот на негово спроведување?
## Чисто непотребен, беспредметен, кон-
трапродуктивен. Ни создава нови расцепи и ни отвора нови рани, основи за нови политички пресметки и поделби. Законот би имал смисла некаде во раните деведетти, како и во другите источноевропски земји. Системската трансформација требаше да ја спречи конверзијата на стариот режимски кадар, сосе КОС-овците, УДБА-шите и полициските информатори во новата политичка елита и систем. Но, тоа не се случи. Некои од протагонистите на сегашниот Закон за лустрација, во тоа време беа цврсто против. Денес, се прават дисиденти и либерали. Кому му е грижа денес дали некој пред половина век и повеќе, денес едвај жив во своите деведесетти години - бил кодош или не? Велат, во тоа време - сè било законски: за секој случај имало пропис, одлуки, одобрувања. Сигурен сум дека немало одлуки за луѓето да се уценуваат, привилегираат, потплатуваат, мотивираат за да станат информатори и кодоши. И сигурен сум дека никој, по своја волја, не отишол во милицијата и рекол - еве, јас се пријавувам за кодош. И никој денес според законот не ги прогонува оние што ги чинеле тие злосторства, уцени, злоупотреби. Ги прогонуваат жртвите. Не знам како е според сегашниот закон за полиција. Дали се спречени и оневозможени тие практики? На кој начин, законски и демократски, се регрутираат информатори, кодоши, соработници? 43
Анализа
о Државите с
ајголем отпор маат и н тите и н а р иг на н ем јдо и ко бри практик
Интегрирани проблеми Контактите меѓу Македонците и Албанците, надвор од официјалниот протокол, се ретки, живееме во градови со маркирани етнички населби, предрасудите се поголеми од порано, а освен индивидуалната, имаме само уште етничка идентификација. Звучи парадоксално, но во комунизмот Македонците и Албанците беа поблиски меѓу себе Пишува Стево Пендаровски
П
олитичкиот новоговор во посткомунизмот изречно забрануваше дефинирање на државата како мултикултурна, сметајќи го тоа за предворје на распаѓањето. Теоретичарите на „умната сила“ веруваат дека ако мултикултурноста од општеството, каде што е неспорно присутна, случајно или намерно, се трансферира во државната структура - крајот е близу. Сепак, Рамковниот договор е школски пример на бикултура/ мултикултура како принцип на пополнување на државните органи, но и метод за нивна работа и одлучување на различни нивоа на власта. Во Европа никогаш не било ерес да се мисли на мултикултурата затоа што е столб на внатрешната кохезија на општествата. Апсурдно е што ние, кои со години овде живееме во паралелни светови, се чудиме на малиот број домашни интеграциски проекти, иако се сосема во согласност со балканскиот просек. Во продолжение да видиме како неколку значајни европски земји, и покрај кризата, ги помируваат разликите меѓу „своите граѓани“ и доселеничките заедници, а тоа не ги растура однатре затоа што прво, тоа не растура држави само по себе, 44
Наспроти кризата, во Европа компанијата „Форд“ објавува посебни конкурси за прием на припадници на малцинските заедници, Велика Британија не се откажува од законот со кој воведе т.н. „позитивна обврска“ за давање еднакви шанси на заедниците, а Шпанија не ги намали фондовите за интегрирање на мигрантите
а второ, затоа што пронашле суптилен баланс помеѓу културниот диверзитет и неопходното ниво на социјална кохезија. На Балканот редовно ги поздравуваме неуспесите на Западот во обид да се потврди вредноста на локалните политички и културни матрици. Од тој агол беа толкувани и изјавите на Камерон и на Меркел за неуспехот на мултикултурните модели кај нив, независно од политичкиот контекст кој е битен, бидејќи, за разлика од домашните производи, првиот е навистина десничар, а втората демохристијанка. Имено, десницата има долга традиција на критики кон мултикултурните мерки, затоа што не водат до заеднички национален идентитет, како што тие го замислуваат, за што, нормално, се виновни дојденците, кои наместо асимилација, наводно, доброволно избираат сегрегација. Нов факт во Европа во последнава деценија е тоа што и левицата се јавува со слична реторика, затоа што великодушните фондови за поддршка на културните специфики, според нив, го уриваат универзалниот принцип на еднаквост на луѓето. И двете страни зборуваат за непотребно ниво на културен сепаратизам, за кој, интересно, не велат дека автоматски води кон политички сепаратизам. Шведска е апсолутен светски шампион во индексот на интегрирање на мигранти, предводејќи го регионот кој е одам-
на „здодевен“: Скандинавците водат буквално во сите можни дисциплини во светот, од нивото на корупција до индексот на среќа на обичните луѓе. Уште во 60-тите години, кога регионалните економии почнаа да напредуваат побрзо од Западот, „студените“ релативно брзо ги изгласаа првите рестрикции заради мир во куќа. Жив доказ дека Швеѓаните први ќе ја напуштат планетата во потрага по покултурни комшии е законот со кој воведоа облигаторни работни дозволи за странци во далечната 1967 г., додека на Балканот беа во мода црно-белите телевизори, а Месечината изгледаше далеку и од Хјустон. По најновите балкански војни земјата на Билт има 12 отсто имигранти, а подолу, во Данска, дури половина од демографскиот раст во изминатите 35 години се должи на истата категорија. Но, само една паралела докажува дека живееме во различни светови: во моментов, социјалниот пакет за еден емигрант во Шведска е 7 пати повисок од просечната плата кај нас или во груб превод: таа држава за „туѓите“ издвојува значително повеќе отколку ние за „своите“. Иако она што тие луѓе денес го добиваат на истата локација не може да се мери со нивниот третман од пред 40 години, јасно е зошто некои туристички агенции од Скопје и од Куманово сè уште се прилично активни на северот на континентот. www.gragjanski.mk
Политика
е Шв
дс ка
еа псо лу
Неспорно е дека економските проблеми постепено ги нагризуваат старите митови, а самата бројка ги носи доселениците премногу блиску до културата со која реално малку се познаваат. Чудно, но старата дилема - дали е покорисен контакт меѓу заедниците или поголема дистанција за продуктивен заеднички живот - сè уште не е поткрепена со јасна емпирија. Традиционалистите беа сигурни дека ја добиваат дебатата, аргументирајќи дека контактите успешно ги уриваат стереотипите и ја зголемуваат довербата меѓу заедниците. Само Северна Ирска има стотици проекти на локално ниво, при што младите протестанти и католици се дружат преку спортски и музички активности, иако и таму се живи радикалите кои тврдоглаво чекаат „второ полувреме“. Во меѓувреме, Советот на Европа тивко го замени мултикултурализмот со помодерен израз - интеркултурализам, за кој велат дека се однесува на односот меѓу малцинската заедница, како целина, наспроти државата, за разлика од првиот кој ја опишува релацијата меѓу индивидуата и државата. Сепак, независно дали ја анализирате т.н. хоризонтална или вертикална релација, односите меѓу заедниците на континентот се влошуваат, иако ни приближно со такво темпо како овде. Претпоставувам дека не е препорачливо следнава теза да им биде соопштена на сабота, 6 октомври 2012
о потекло, е најнизок етничкот
ам игр ант и
од исно зав е н то, луѓе дардот на н а т с о т ш е му кад илна та ку стаб л а м ј та е на Држава
ен тен ањ р свет и гр ски ш нте ампион во индексот на и
нашите кои велат дека со „различните“ нема живејачка, но ред е да ја спомнеме, бидејќи ја зборуваат сериозни имиња во истата Европа. Имено, колку што поблиску, во физичка смисла, доаѓаат заедниците или групите едни до други, толку се зголемуваат тензиите меѓу нив, со истовремено зголемување на солидарноста на секој кон своите. Дури и кај нас, анализирајќи ги трендовите на криминал, возрасни професори аргументираат дека интеретничкиот криминал во Скопје и во Тетово нема висока стапка во некои предградија, затоа што во тие средини нема доволна бројка на етнички различни индивидуи кои би биле потенцијални насилници или жртви. Но, овие дилеми најдобро ги разрешува неодамнешната паневропска студија, направена на примерок од 30.000 испитаници, која убедливо докажува дека ниту контактот ниту дистанцијата меѓу заедниците играат пресудна улога за кохезијата на општеството. Врските меѓу луѓето се најслаби, а државата најмалку стабилна таму каде што стандардот на луѓето, независно од нивното етничко потекло, е најнизок. Наспроти кризата, еве дел од најновите стандарди кои никому во старата Европа не му паѓа напамет да ги укинува. Во Европа, компанијата „Форд“ објавува посебни конкурси за прием на припадници на малцинските заедници. Наспроти 30
Колку што поблиску, во физичка смисла, доаѓаат заедниците или групите едни до други, толку се зголемуваат тензиите меѓу нив, со истовремено зголемување на солидарноста на секој кон своите
отсто обоени или Азијци, кои воопшто не се опфатени во образовниот процес, Велика Британија, прва во светот, донесе закон со кој воведе т.н. „позитивна обврска“ за давање еднакви шанси на заедниците наместо само да работи на елиминирање на дискриминацијата. Шпанија се тетерави на работ на економскиот амбис и со својата стапка на невработеност ги загрозува европските шампиони Македонија и Косово, но во последниве 10 години ниту една влада не ги намали фондовите за интегрирање мигранти во земја која веќе има 5,7 милиони странски резиденти. Малку е познато дека Франција во времето на Саркози, кој ги нарече „шљам“ младите во париските предградија, ги зголеми фондовите за преквалификација на загрозените заедници и воведе ретка иновација, наречена „анонимна“ апликација за работни места, заради елиминирање на евентуалните предрасуди при изборот на кандидати. Интересно, анкетите покажуваат дека во државите што имаат најдобри политички практики кон емигрантите истовремено постои и најголем отпор на населението кон нив. Иако таа ситуација се одржува со години, визионерите во политиката секогаш водат сметка за перспективите на државите на долг рок наместо да ги следат екстремните повици што се пријатни за слушање и ништо повеќе. На крајот, да видиме каде сме ние според некои мерила за економската, социјалната и за законската димензија на интегрираните општества. Според обемот на приходи, кај нас разликите се поголеми меѓу мажите и жените или меѓу жителите во урбаните и во руралните средини, од оние меѓу Албанците и Македонците, бидејќи нивните бирократски плати се слични, без разлика дали одат на работа. Кај пристапот кон образование сме еднакви, само што секој се запишува на „својот“ универзитет. Во бизнисот е тешко за сите, но фактот дека имаме етнички стопански комори јасно кажува дека не работиме заедно. Контактите меѓу заедниците надвор од официјалниот протокол се ретки, живееме во градови со практично маркирани етнички населби, предрасудите се поголеми од порано, а освен индивидуалната, за жал, имаме само уште етничка идентификација. Звучи парадоксално, но во комунизмот Македонците и Албанците беа некако поблиски меѓу себе, веројатно, затоа што постоеше само една идеологија за сакање. Во посткомунизмот старата формула наречена братство-единство ја заменивме со фразите за ЕУ/НАТО. Најновата парола е „раѓајте деца“ против која, се разбира, не може да биде ниту еден домаќин. Меѓутоа, ако децата личат на овие што нè дотераа до овде... 45
Политика
Без град нема ни градоначалник Скопје сè уште не го добило својот Блумберг или Богдановиќ, бидејќи оперативната траекторија на градоначалникот почнува и завршува со тоа кој колку улици асфалтирал во својот мандат
Пишува Катерина Блажевска Њујорк гo имаше Рудолф Џулијани и по третпат го има Мајкл Блумберг. Москва беше преродена од Јуриј Лушков. Париз го има Бертран Делано. Некогаш го имаше Жак Ширак или, како што парижани иронично велат, повеќе Ширак го имаше Париз, алудирајќи на неговите злоупотреби на градската каса. Белград сè уште со гордее со својата икона Богдан Богдановиќ, иако во последната една и пол деценија тој се срамеше од Белград. Кој градоначалник стана бренд на Скопје? Може да се каже дека секој од нив остави свој белег, но факт е дека Скопје сè уште не го добило својот Блумберг или Богдановиќ. Прашањето е како да се излезе од политичката, партиската профилација на градоначалникот, чија оперативна траекторијата почнува и завршува со тоа кој колку улици асфалтирал во својот мандат, работа што е во надлежност на градските служби. Ваквата тривијализација на градоначалничката функција, колку што извира од природата на неговите законски определени надлежности, толку е резултат и на политичката култура која полесно плива во сферата на бројки - кубици и квадратни метри, отколку во сферата на она што значи визионерство, стратегија и менаџирање со духот и филозофијата на градот и со проекции за неговата иднина. Досега ниту една партија не се обидела да предложи кандидат надвор од својот партиски атар, 46
личност која, според својата професионална вокација, но и лична филозофија, ќе биде повеќе градоначалник стратег и визионер, а не само „комуналец“. Партиите не се многу расположени да разговараат на оваа тема, бидејќи секој искрен одговор би навлегол во зоната на нивните партиски математики, а тие не сакаат да ги обелоденат пред политичките опоненти. Со тоа, кај нив, изборот на градоначалник и натаму останува прашање на политичка прагма, а не на идеја. Вага за свест или за ѓубре. Зошто не може да се излезе надвор од овој манир? Ристо Пенов, поранешен градоначалник на Скопје во два мандата, вели дека денес профилот на градоначалник е лимитиран од надлежностите што тој ги има. - Од искуство знам дека на скопјани им е потребен градоначалник со силни урбанистички надлежности, но, за жал, во мое време тие беа во рацете на владата, а денес кај општинските градоначалници кои немаат никаква одговорност или поврзаност со скопскиот. Оваа надлежност не е потребна за осмислување на идниот урбанистички развој (затоа што планот на Кензо Танге ги предвидел и ги вклопил во себе најсовремените решенија на урбанизмот), туку повеќе за да го запре дивеењето што општинските кметови, во содејство со владините урбанисти, му го прават на Скопје. Да потсетам, во согласност со законот, секој што има парцела може да гради до максималните висини што ги одредуваат деталните планови и да внимава да не се доближи поблиску од еден метар од соседната ограда или тротоарот. Тоа е апсурд - вели Пенов. За да се одреди профилот на еден градоначалник во вистинска смисла, според него, најбитно е прво да се дефинира профи-
лот на гласачот кој него го избира. Колку сме далеку од компетенција и зрелост за таков чин, покажуваа едно неодамнешно „свечено сечење лента“. -Ми се чини дека многу лесно, во политичкиот амбиент во кој живееме, ги издевалвиравме вистинските вредности, па како резултат на тоа доживеавме сите заедно како вредност да го одбележиме во медиумите, на пример, пуштањето во употреба на вагата за ѓубре во Дрисла - укажува поранешниот градоначалник. Но, ако го разлистаме списокот на оствареното, вагата за ѓубре не е единствениот криозитет. Му претходеа свеченото врачување пластични канти за ѓубре во општината Кисела Вода, металните плочки на тротоарите со логото на Скопје, наголемо најавената поправка на сите градски часовници и други „капитални“ проекти. Збирштина од општини. Кога Пенов изразува резерва кон можноста да создадеме профил на градоначалник стратег, визионер или филозоф на градот, поаѓа од фактот дека најголеми проблеми се хигиената и сообраќајот, што значи дека е потребен градоначалник кој може да ги реши или барем да ги ублажи. -Иако на прв поглед изгледаат како технички или лесни за решавање, овие два проблема бараат огромно знаење, високо културно ниво, менаџерски и лидерски способности, како и урбанистичка визија за градот во многу поширока смисла. Овие проблеми во голем дел се наметнати и од правците на Тетово, Сопиште, Студеничани, Илинден, Петровец, Арачиново..., кои не спаѓаат под скопска јурисдикција, а вршат огромен притисок врз дневното функционирање на градот. Решавањето на овие проблеми е само прв чекор кон решавање на најголемиот - проблемот со загадениот воздух што веќе сериозно го загрозува здравјето на скопјани - тврди Пенов.
www.gragjanski.mk
Идејата контра прагмата Неговиот наследник на градоначалничката функција, Трифун Костовски, има слични дилеми. -Ќе бидам конкретен и директен: не каков профил на градоначалник му треба на Скопје, туку има ли и дали воопшто му е потребен градоначалник на Скопје! Колку и да изгледа апсурдно, според мене, оваа дилема е сосема оправдана. Според законите за територијална поделба и за локална самоуправа, од концептот и уставната категорија на Град Скопје, ние добивме конгломерат или, поточно, збирштина на рурални и урбани општини кои само формално се покриени од институцијата Град како ентитет. Ако на тоа се додаде и деструираниот концепт на фискална децентрализација, што е прв знак за отсуство на политичка волја за вистинска децентрализација, сликата станува комплетна - оценува Костовски. Тој смета дека доминацијата на централната над локалната власт и партиската исклучивост на локалните избори ја претворија локалната во подрачна единица на централната власт. -Како поинаку ќе го разберете реализирањето на концептот „Скопје 2014“ или, пак, протерувањето на најстарото градско јадро - Старата чаршија - во само една општина и тоа исклучиво по логиката на избирачки список! Прашањето е системско и законско. За Скопје навистина да биде главен град треба да се врати во своите урбани граници, да добие реален буџет врз основа на даноците што природно му припаѓаат и да се ослободи од партиското и од туторството на централната власт врз сите витални прашања: од урбанизмот и комуналните работи, па до културата, образованието, туризмот и вкупните развојни капацитети. Само во такви економско-социјални и политички услови можете одговорно да профилирате посакуван профил на градоначалник. Тој профил подразбира, пред сè, политичко партиска неутралност и, секако, капацитет да создава услови за економски и за социјален развој на градот и, врз таа основа, решавање на севкупните комунални и други потреби на граѓаните. Мора да се истакне важноста на љубовта и на припадноста кон градот. Тоа не е само прашање на чувство, туку и на препознавање и почитување на белезите, традициите и потребите на полисот - вели Костовски.
Данило Коцевски: Постои татко, но и духовен татко на градот. Тие две нешта се различни и многу ретко се споени во едно сабота, 6 октомври 2012
Како позитивни примери на градоначалници стратези и визионери, Костовски го посочува градоначалникот на Тирана, Еди Рама, и поранешните градоначалници на Белград и на Атина - Богдан Богдановиќ и Димитрис Аврамопулос. Михајловиќ како пример. Богдан Богдановиќ беше градоначалнички бренд на Белград, но во архитектонска и уметничка смисла неговата креативност беше дисперзирана на речиси целиот простор на тогашна СФРЈ. Дали можеме да препознаеме таков градоначалнички профил во некој од нашите современици и дали некогаш сме го имале? Данило Коцевски, писател и хроничар на Скопје, смета дека градоначалникот треба да има разбирање за широкиот спектар на човековите потреби и визии. -Визионерството е пресудна одлика што ретко некој градоначалник ја има. А, тоа значи следење на светските трендови и на меѓународните достигнувања во развојот на градовите, познавање на науката, образованието, културата, архитектурата, урбанизмот. Таков пример е предвоениот градоначалник, еден од најдобрите во историјата на Скопје, Јосиф Михајловиќ. Тој го зборувал англискиот јазик како мајчин, по професија бил архитект, вистински господин и џентлмен по дух и стил на однесување. Само таков човек можел да направи вистинска револуција во естетскиот и во архитектонско-урбанистичкиот изглед на Скопје. Македонската куќа што ја изградил, која служела за прием на гостите, постои и денес - вели Коцевски. Како визионер што оставил трајни белези на градот, Коцевски го посочува и Салих Асим Рустем-бег, кој на крајот на 19 и во почетокот на 20 век го изградил скопскиот кеј. Бил оженет со Натали, ќерка на рускиот конзул, професорка по француски и руски јазик. Еден период живееле во Арапската куќа. Рустем-бег го препознавале - не по функцијата, туку по визионерството и широчината на духот со кој го облагородувал градот. -И во поранешна Југославија имаше неколку добри градоначалници на Скопје. Се чини дека покојниот архитект Живко Поповски
Трифун Костовски: За Скопје навистина да биде главен град треба прво да се врати во своите урбани граници и да се ослободи од партиското и од туторството на централната власт
беше во право кога пред десетина години ми рече: „Сега е ред Скопје за градоначалник да има некој од областа на просветата“. Идејата му беше благородна, бидејќи нивната исклучително политичка провиниенција не е доволна. Под „просвета“ мислеше на еден широк, богат интелектуален дијапазон на луѓе од различни сфери. А, јас би додал: добро е градоначалниците да бидат различни и по генерациска припадност, затоа што секоја генерација, млада, средна или повозрасна, има свое гледање, концепт и визија за градот. Граѓаните, со кои често разговарам и кои постојано ми приоѓаат, велат: постои татко, но и духовен татко на градот. Тие две нешта се различни и многу ретко се споени во едно. За жал - вели Коцевски. Изгубени во градот. Во регионов, без сомнение, таков спој претставува Богдан Богдановиќ, архитект, уметник и филозоф, градоначалник на Белград од 1982 до 1986 година. Политиката ја напушти во 1993 г. заради судир со режимот на Слободан Милошевиќ и остана во Виена до крајот на животот, 2010 година. Кога Богдановиќ зборуваше за градот, тој не мислеше на хиперградови или мегаградови, туку на градот како културен и морален поим, како средиште на најкреативните човечки енергии. Никогаш не се помири со деструкцијата и поразот на градовите. Особено не со „умирањето на Белград како град“. Во едно од неговите последни интервјуа изјави: „Балканот два-три пати во својата историја го губеше урбанитетот, па повторно го добиваше. Денес и во светот веќе нема град. Има нешто поголемо од град, можеби, нешто подобро, но градот повеќе не е оној општествен и морален ентитет каков што беше во модерната историја. Внимавајте, во тоа е и парадоксот: денес една мала паланка може да биде град, а конгломерат во кој живеат три милиони жители да биде само збир од куќи“. Денес граѓаните сами може да оценат дали нивниот град е повеќе град затоа што има повеќе згради, трговски центри или катни гаражи. Дали некаде меѓу нив, во некоја градежна кота, е изгубен и заглавен духот на она што требаше да биде град и профилот на личноста која требаше да биде градоначалник.
Ристо Пенов: За да се одреди профилот на еден градоначалник најбитно е прво да се дефинира профилот на гласачот кој него го избира 47
Политика
КАМПАЊА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО САД
Обама ја губи магијата, ама не Белата куќа
Барак Обама
1 на финансискиот пазар Во продавниците за сувенири, како и на штандовите 2 контролиран дефицит на уличните продавачи пред Белата куќа преовладува ликот на Обама и тоа не како претседател на САД, туку 3 повеќе нови инвестиции
Пишува Коле Чашуле, специјално за „Граѓански“ од САД
А
мериканецот со кениско потекло, Барак Хусеин Обама, е на прагот на уште една изборна победа, со што ќе го добие вториот мандат во Белата куќа како претседател на, засега, сè уште најголемата светска сила. Првиот црн претседател на САД ја изгуби магијата што го донесе на власт во 2008 година, но би можело да се каже дека уште го следи победничката енергија. Според сите анкети, Обама, кандидатот на Демократската партија, е во водство пред својот ривал Мит Ромни, избраникот на републиканците. „Во овој натпревар Обама е во водство, само треба да внимава да го задржи додека не се слушне последниот свиреж“. Ова е, можеби, најпопуларната реченица што ја користат експертите во Вашингтон за да ги опишат изборите на само еден месец до гласањето. Актуелниот претседател е во водство од 2 до 4 проценти, во зависност од тоа кој ја најправил анкетата, а сликата од ваквите статистички операции е лесно забележ48
лива на улиците на Вашингтон, каде што изненадува отсуството на какви било изборни рекламни паноа. Во продавниците за сувенири, како и на штандовите на уличните продавачи пред Белата куќа преовладува ликот на Обама и тоа не како претседател на САД, туку како изборен кандидат. Сè уште се продаваат и маичките со зборовите „Да, ние можеме“, фамозниот слоган со кој Обама ги доби изборите во 2008 година. Републиканецот Ромни се појавува на шолји за кафе или на маички, само ако се потрудите да ги побарате, што се вели, под тезга. - За кого ќе гласаме? За Обама, нормално, за кој друг - едногласно одговорија тројцата бездомници кои решија ноќта да ја поминат на клупите во малиот парк пред седиштето на Светска банка во Вашингтон. Предвидувањата се дека Обама ќе ја добие поддршката од дури 93 проценти од црните гласачи, 81 процент од сè поголемото латино малцинство и дури 53 проценти од жените кои гласаат. Бројки што ретко некој кандидат за претседател ги имал за време на кампања. Во прилог на актуелниот претседател оди и скандалот наречен „47%“, односно катастрофалниот гаф на Ромни, кој, на една
4 ранливите категории државна помош за
5 богатите
повисоки даноци за
Факти
како изборен кандидат. Се продаваат дури и маички со „Да, ние можеме“, фамозниот слоган со кој Обама победи во 2008 година. Републиканецот Ромни ќе го видите на шолји за кафе или на маички само ако се потрудите да ги побарате под тезга
строги закони за контрола
93%
81%
Афроамериканци гласаат за Обама
Латиноамериканци гласаат за Обама
800.000 луѓе изгубиле работа за време на економската криза
Претседател и марихуана!? На гласачкото ливче во сојузната држава Колорадо, освен имињата на кандидатите за претседател, ќе стои и прашањето дали граѓаните се согласуваат со легализацијата на марихуаната. Веќе неколку години оваа држава има либерален пристап кон марихуаната и
www.gragjanski.mk
Политика
Мит Ромни
53%
од жените гласаат за Обама
3 телевизиски дебати, последната на 22 октомври
кратење на даноците за фирмите
1
укинување на рестриктивните закони во финансиската сфера
2
ослободување на бизнисот од државните стеги
3
нови 12 милиони вработувања
4
укинување на законот на Обама за здравствено осигурување
5
8,2% стапка на невработеност во 2012
таа смее да се користи во медицински цели и се добива само на рецепт. Сега граѓаните треба да решат дали да се дозволи употреба на оваа дрога во таканаречени рекреативни цели, односно да смее да се зема под исти услови како алкохолот. Анкетите покажуваат дека мнозинството се согласува со изедначување на марихуаната и алкохолот.
сабота, 6 октомври 2012
140
кандидати, но само 5 на гласачкото ливче
вечера со потенцијални финансиери на партијата, навреди голем број Американци кажувајќи дека 47 проценти од граѓаните на САД се мрзливи, зашто живеат од финансиската помош од државата. Тајно снимениот видеоматеријал пред еден месец се појави на сите поголеми телевизиски станици и поради него Ромни може да ги изгуби изборите. Шансите да дојде до некоја голема промена на расположението до 6 ноември се многу мали, но никој не сака со сигурност да ја исклучи можноста од изненадувања. Еден од клучните моменти се традиционалните телевизиски претседателски дебати, што ќе залепат милиони Американци пред ТВ-приемниците и може да имаат силно влијание врз конечните резултати. Тука се бие битка меѓу шармот на Обама и решителноста на Ромни. - Повеќето Американци веќе имаат идеја за кого ќе гласаат, сепак, може да се случи нешто што ќе го промени расположението на гласачите. Дебатата е важна, не мислам дека може да го одреди победникот, но сигурно ќе покаже во кој правец ќе се движи кампањата - изјави за „Граѓански“ Мајкл Меккури, поранешен портпарол на Белата куќа, а сега еден од членовите на комитетот за организирање претседателски дебати. Телевизијата е главно и најсилно орудие што го користат и демократите и републиканците. Отсуството на рекламни паноа низ градовите се дополнува со илјадниците ТВспотови со кои се бомбардирани граѓаните. Се проценува дека ова се досега најскапите избори во историјата на САД, дека двајцата кандидати со своите поддржувачи ќе потрошат над една милијарда долари во кампањата, а речиси половина од овие пари ќе се слеат во телевизиските спотови. - Американците се зависни од телевизија и поради нејзиното влијание сега сите гласаат за личноста, а не за неговата програма или партија - вели Тони Мишел Травис, професорка на Универзитетот „Џорџ Мајсон“ во Вашингтон. Обама го поседува потребниот шарм за на телевизија, но носи голем товар и стравување што на крајот може да го избрка од Белата куќа, а тоа е економијата. Америка не е во рецесија и полека почнува да заздравува, но финансиската ситуација во која се наоѓа мнозинството граѓани е далеку од таа на која се навикнати. Од почетокот на кризата во 2008 година, па досега, околу 800.000 луѓе останаа без работа и во изминатите неколку години земјата се соочи со, за нив, неверојатни 10 проценти невработеност. Предвидувањата се дека до крајот на 2012 година таа бројка ќе падне на околу 8 проценти, што е, сепак, висока стапка на невработеност за оваа светска економска сила. - Обама наследи хаос и на почетокот од мандатот му беше многу тешко да се соочи со проблемите. Затоа, во овие избори не може да се каже дека тој е сигурен фаворит - тврди во разговорот за „Граѓански“ Томас
Мен, експерт од институтот „Брукингс“ во Вашингтон. Можеби токму затоа неговиот ривал, бизнисменот Мит Ромни, со сета силина удри по економските теми и потроши стотина милиони долари во спотови во кои жестоко ја критикува актуелната администрација. - Ако Обама имаше слаба точка, тоа беше економијата и Ромни се обиде со сите сили таму да поентира - вели Сет Маскет, професор од Универзитетот „Денвер“. Пристапот на републиканците е дека власта премногу се меша во бизнисот со сè построгите и порестриктивни финансиски закони, дека државната администрација е преголема, премногу државни пари се трошат во стопанството и дека даноците станале превисоки. Ромни ветува дека ќе го ослободи стопанството (големите бизниси) од државните стеги, ќе ја намали државната помош, ќе ја скрати администрацијата и ќе ги намали даноците, со што економијата би зела залет и би се отвориле нови работни места. Ваквиот пристап најмногу им оди во прилог на големите бизниси кои се жалат дека државата премногу сака да им го контролира начинот на кој прават профит. Затоа зад Ромни стојат најбогатите луѓе во Америка, но и повисокиот слој од средната класа. Обама и демократите тврдат дека премногу либералниот финансиски пазар, всушност, е главната причина што доведе до кризата и затоа државата треба да ги одредува правилата на игра, државните пари да се користат за помош на најранливите категории и даноците за богатите Американци да останат високи. Ваквата економска политика им одговара на сè поголемата средна класа и на посиромашните граѓани, а тие се и базата на Обама. - Ќе бидат многу изедначени. Ромни се надеваше дека ќе му успее изборите да ги претвори во своевиден референдум, односно дека граѓаните на крајот ќе кажат: сигурно можеме подобро од ова. Но, не му успеа. Обама му возврати со стратегија дека сега се прави избор меѓу две личности, програма и агенда - вели Мен од институтот „Брукингс“. Токму во таквиот избор на личности, Ромни, кој е далеку од харизматичен, заостанува зад Обама и негов најголем хендикеп е тоа што, освен жестоките напади врз актуелната економска политика, тој ја нема јасно артикулирано својата визија за да го разберат повеќето граѓани. Републиканците многу очекуваат од трите телевизиски дебати, првата е во Денвер, зашто тие ќе бидат единствената можност за соочување на кандидатите лице в лице. - Ромни оди на избори со негативни резултати во анкетите и сега многу му е потребно нешто големо што ќе ја промени играта, со што ќе ги промени перцепцијата за себе пред јавноста и мислењето за Обама. Ако нешто му треба, тоа е добар резултат во дебатите - анализира професорот Маскет од Денвер. 49
Анализа
Унијата ќе мора да се бори со тековните проблеми на рецесијата и со невработеноста која може да остане на сегашното високо ниво, но и да мисли на својата долгорочна иднина и на позицијата во светската економија и постојано да презема мерки за таа да биде колку што е можно поизвесна и подобра Пишува Никола Поповски
М
акедонското напредување кон членство во ЕУ денес изгледа сосема безнадежно. Се чини дека и во догледна иднина тоа ќе остане така и тоа им е јасно на сите, вклучувајќи ги и оние што носат најмногу одговорност за тоа, иако овие последниве постојано лажно се трудат во јавноста да остават впечаток дека реално се надеваат на некакво чудо што ќе ја промени токму таа реалност. Но, реалноста е сурова и безмилосна. Целта за нашето членство е сè подалеку, а тоа на Македонија ì беше најпотребно. Попотребно од сè што во моментов се претставува како потребно. Нам местото требаше да ни биде таму - заедно со речиси најголемиот дел од европските народи и заедно со нив да ја одредуваме сопствената и заедничката сегашност и иднина. Но, ние потфрливме и сега сме во крајно лоша состојба. Иако проектот за самото постоење на ЕУ одамна ги надмина неговите чисти економски мотиви од почетоците на ЕЕЗ во 1956 година, таа до денешен ден во светот, со право, најмногу се распознава токму по тоа - нејзината економска моќ и влијание и затоа таа претставува, можеби, најважната економска групација во светот денес. Можеби, единствената поважна групација е онаа на САД, со 51 држава во себе. Но, таа позиција на сегашните мали и средни земји од ЕУ (во ЕУ нема ниту една голема земја со над 100 милиони население) немаше да биде таква ако тие не настапуваат заедно. Дури и меѓусебно интегрирани во ЕУ, сегашните 27 земји-членки, со малку над 500 милиони жители, имаат приближно ист годишен БДП од околу 15 илјади милијарди долари (пресметано според т.н. Атлас метод на Светска банка) со оној на САД кои во однос на ЕУ имаат „само“ 310 милиони жители. Идни на ранг- листата на економски моќници во светот се Кина и Јапонија, со по околу 5,5 илјади милијарди долари годишен БДП. Доколку интегрираната економска моќ на ЕУ не постоеше како таква, само Германија,
МАКЕДОНСКОТО НАПРЕДУВАЊЕ КОН ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ ДЕНЕС ИЗГЛЕДА СОСЕМА БЕЗНАДЕЖНО 50
со својот БДП од околу 3,5 илјади милијарди, ќе можеше да има некоја позначајна глобална економска моќ во светот, чиј вкупен БДП се проценува на околу 62,5 милијарди долари. Не е спорно дека да се биде дел од елитниот клуб на ЕУ е големо достигнување, па дури и чест. Таа не е високо рангирана само по нејзината апсолутна економска моќ. Таа високо котира во светот и според нејзиниот доход по жител, што е меѓу највисоките во светот; според нивото на извозот што претставува над 1/3 од нејзиниот БДП (во САД и во Јапонија извозот е околу 1/4 од нивниот БДП); според продуктивноста по вработен, итн. Но, ЕУ не е задоволна од својата сегашна економска позиција и таа грчовито се бори да се искачи на самиот апсолутен врв на светската економија. Се разбира дека таа има право на тој сон и на таа трка со останатите во светот, пред сè, со САД, а во не толку далечна иднина, веројатно, и со Кина. ЕУ постојано се подготвува за тоа и не седи чекајќи со „скрстени раце“. Таа постојано ја насочува својата заедничка економска политика и регулатива кон таа цел. Затоа не треба да чуди појавата и на еврото како парична единица. Тоа е дел од „големата приказна“ за иднината на ЕУ. Оттука и не треба да нè зачудува грчовитата борба за зачувување на еврото по првите детски проблеми што во моментов ги има оваа валута. Во март 2000 година, на средбата на Европскиот совет во Лисабон, се донесе познатата Лисабонска стратегија во која земјите од ЕУ зацртаа нескромна цел: до 2010 година ЕУ да стане „најконкурентна и најдинамична економија базирана на знаење во светот, способна да има одржлив економски раст и да создава повеќе и подобри работни места, едновремено остварувајќи поголема социјална кохезија“. За таа цел Унијата промовираше голем сет на мерки, приоритетни правци и политики, субјекти што ќе бидат носители на промените, како и мерки за финансиска и друга поддршка на промените и систем на мониторирање на остварувањата. Стратегијата беше со ниво на сериозност и сеопфатност што може да ја има само ЕУ. Реализацијата на целите од стратегијата, сепак, не одеше лесно поради низа неповолни надворешни фактори и домашни потфрлања. Тоа доведе до нејзино модифицирање и дополнување од страна на Советот во 2005 година, со фокус кон образованието, растот и создавањето нови работни места, но, сепак, модернизацијата на економијата остана во средиштето на вниманието. До 2010 година целите не
коно жилавос www.gragjanski.mk
Никола Поповски
ОНИЕ ЗЕМЈИ ШТО ПРИСТАПИЈА КОН ЕУ СЕ ЗАНИМАВААТ СО ПРОБЛЕМИТЕ НА ИДНИНАТА, А НИЕ СМЕ ЗАКОПАНИ ВО МЕСТО, БЕЗ ЕКОНОМСКИ ЈАСНА И ДОЛГОРОЧНА ЦЕЛ
омската ст на ЕУ сабота, 6 октомври 2012
беа остварени, но тоа не значи дека работите останаа непроменети. Сите земји вложија многу напори за нештата да се придвижат напред. Се разбира, во овој динамичен и компетитивен свет, во кој секој има своја стратегија и сака да биде подобар од другите, и самото зачувување на позицијата понекогаш е исклучително тешко, а за позиција при врвот, каква што има ЕУ, и повеќе од тешко. Македонија сега не е дел од овој процес, а можеше да биде и заедно со другите земји од ЕУ да се бори за примена на највисоките економски стандарди во светот. За жал, спротивно на тоа, Македонија се чини дека во економска смисла се провинцијализира и тоа што се цели и стандарди на ЕУ за нас се некое недопирливо ниво на осмислување на сопствениот развој. Но, без разлика на нецелосното остварување на целите зацртани за 2010 година, ЕУ не застана тука помирена со недоволниот успех, па може да се каже и со неуспехот. Таа продолжи по истиот пат макотрпно да ја осмислува и зацртува својата посакувана супериорна економска позиција во светот. Стратегијата „Европа 2020“ беше дизајнирана и усвоена подоцна, во 2010 година, како наследничка на Лисабонската стратегија. Актуелните цели сега се видоизменети, но слични и во иста насока со претходните: „ЕУ да е водач, да се натпреварува и да напредува како економија базирана на знаење, да биде поврзана, еколошка и поинклузивна, со брз и одржлив економски раст, едновремено креирајќи високи нивоа на вработеност и социјален напредок“. Во моментов, ЕУ и нејзиниот есенцијален дел - еврозоната се соочуваат со сериозни економски проблеми: економијата веќе половина година е стагнантна и на раб на формална рецесија, невработеноста во август годинава е 10,5 отсто во ЕУ и 11,4 отсто во еврозоната и е за околу еден процентен поен повисока од минатиот август; и, конечно, инфлацијата во еврозоната покажува блага тенденција на раст и достигна 2,7 отсто во септември оваа година. Овие проблеми се стандардни за секоја економија и заедно со должничката криза многу ќе го попречуваат развојот на ЕУ во иднина. Но, и покрај тековните проблеми, ЕУ во исто време целосно се залага да ги оствари и целите и нивните мерни индикатори од стратегијата „Европа 2020“. Тие, во основа, се однесуваат на следниве таргети што треба да се постигнат до 2020 година (состојбите на индикаторите за 2005, 2010 и за 2011 година се според податоци на Еуростат од 1 октомври оваа година): - пораст на вработеноста на 75 отсто (состојба од 68 отсто во 2005 г. и 68,8 отсто во 2011 г.); - ниво на одвојувања за истражувања и развој (ИР) од 3 отсто од БДП (состојба од 1,83 отсто
во 2005 г. и 2,00 отсто во 2010 г.); - емисии на штетни гасови на 80 отсто од состојбата со емисиите во 1990 година (состојба од 92 отсто во 2005 г. и 85 отсто во 2010 г.); - производство на енергија од обновливи извори во висина од 20 отсто од вкупната енергија (состојба од 8,5 отсто во 2005 г. и 12,5 отсто во 2010 г.); - намалување на примарната енергетска потрошувачка на 1.474 милиони тони нафтен еквивалент (состојба од 1.704 во 2005 г. и 1.647 во 2010 г.); - стапката на предвремено напуштање на образованието на популацијата од 18 до 24 години да е помала од 10 отсто (состојба од 15,8 отсто во 2005 г. и 13,5 отсто во 2011 г.); - завршено високо образование на над 40 отсто од популацијата на возраст од 30 до 34 години (состојба од 28 отсто во 2005 г. и 34,6 отсто во 2011 г.); - бројот на луѓе на граница на сиромаштија или социјална ексклузија да е под 20 милиони (состојба од 124 милиони во 2005 г. и 116 милиони во 2010 г.); - процентот на луѓе кои живеат во домаќинства со многу низок работен интензитет да исчезне (состојба од 10,3 отсто во 2005 г. и 10,0 отсто во 2010 г.); и - процентот на луѓе кои се сериозно лишени од материјални средства да исчезне (состојба од 10,7 отсто во 2005 г. и 8,1 отсто во 2010 г.). Реализирањето на овие мерки, кои треба да ги постигнат целите на стратегијата, не е и никогаш нема да биде лесно за ЕУ, а тие изгледаат далечни и утописки во време на класична рецесија и должничка криза на многу земји од ЕУ. Унијата ќе мора во исто време да се бори со тековните проблеми на рецесијата и со невработеноста која може да остане на сегашното високо ниво, но и да мисли на својата долгорочна иднина и на позицијата во светската економија и оттука постојано да презема мерки за таа да биде колку што е можно поизвесна и подобра. Спротивно на тоа, Македонија, нејзината економија, нејзините власти, најголем број од нејзините компании и огромниот дел од нејзините жители се борат да преживеат ден за ден. Ако Македонија веќе беше во ЕУ или пред самите нејзини порти, како што е сега Хрватска, тие навидум далечни проблеми од стратегијата „Европа 2020“ ќе беа и наши проблеми, со кои ќе мораше да се фатиме во костец, а со тоа и ние ќе бевме дел од оној елитен клуб на нации во светот кои на осмислен, долгорочен и ефикасен начин ја планираат својата иднина. Македонија ќе имаше многу полза од ваков вид и многу други ползи што ќе им дадеа поинаква перспектива на земјава и на нејзиното население. Но, шансата е испуштена и сега е мала извесноста за пристојна иднина, а извесноста да останеме на економската опашка од континентот, без јасна перспектива и координација со другите нации, е голема. Додека оние земји што пристапија кон ЕУ се занимаваат со проблемите на иднината, ние сме закопани во место, без економски јасна и долгорочна цел. 51
Eкономија
Зошто пропаѓаат тендерите за Чебрен и Галиште ?
Ниска проодност заради високи брани Основна причина за пропаѓањето на многубројните тендери е нереалната желба и барање да се градат хидроцентрали со високи брани, велат експерти
Пишува Теофил Блажевски
Д
ваесетгодишната приказна за „Чебрен“ и за „Галиште“ влегува во фаза на завршен расплет - избор на најповолен инвеститор во последниот квартал од 2007 година. Во летото 2007 година ова го најави вицепремиерот Зоран Ставревски, кој тогаш беше задолжен за економски прашања, во колумна во „Дневник“, под наслов „Енергизирање на Македонија“. Пет години подоцна, т.е. пред околу еден месец, официјално е соопштено дека пропадна и последниот тендер за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“, големата економска и енергетска надеж на Македонија. Веста ја објави наследникот на Ставревски, Владимир Пешевски, вицепремиер задолжен за економски прашања. Причина за пропаѓањето на тендерот се „околностите што не биле познати, ниту можело да бидат познати во моментот на започнување на постапката за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроцентралите на Црна Река и учество во јавно-приватно партнерство со а.д. ЕЛЕМ“. Дали ваквата интригантна реченица значи дека, конечно, Владата го сфатила она што експертската јавност со децении го тврди „Чебрен“ и „Галиште“ се можни, но само ако не се предимензионирани. Нашето истражување го покажа токму тоа. Основна причина за пропаѓањето на многубројните тендери е исклучиво нереалната желба и барање да се градат хидроцентрали со високи брани, барања од времето на социјализмот што останале да се провлекуваат до денес. Основна потврда за нереалните барања, велат експертите, е тоа што сите компании кои досега пројавиле интерес или стигнале до завршна фаза - давање понуди, побарале екстра-услови за договор, што биле надвор од она што со тендерот го барала државата. Како започна? Генезата на грешката по прашањето за „Чебрен“ и за „Галиште“ нè враќа неколку децении наназад. Проектите за двете хидроцентрали датираат од шеесеттите години од минатиот век, кога се барало решение за брза замена на евентуално испаднат термоблок од термоцентралата „Никола Тесла“ на Сава, во северна Србија, каде што еден блок (од вкупно четири) има 630 MW инсталирана моќ. Така и настанала првичната идеја за високи брани што треба да имаат инсталирана моќност од околу 600 MW. Но, по повеќе од една деценија се дошло до нови сознанија, произлезени од проектот „Вардарска долина“, како што се викаше и истоимениот македонско-француски конзорциум кој постоеше од 1994 до 1999 година. Инженерот Јордан Ставров вели дека проектот бил автономен, сеопфатен и имал за цел испитување на можностите за изградба на каскадни хидроцентрали на целото Вардарско сливно подрачје, при што изградбата на хидроцентралите на Црна Река била само дел од проектот.
52
www.gragjanski.mk
Eкономија „Вардарска долина“ (1999) барала ниски брани Според оваа студија, најоптимално решение е изградба по варијанта „3+1“. Предвидена е изградба на мала брана „Скочивир“ со висина 40 метри и инсталирана моќност 40 MW, потоа „Чебрен“ со висина 120 метри и моќност 110 MW, па „Галиште“ со висина 115 метри и моќност 110 MW и давање на „Тиквеш“ под концесија од 20 години. Цената на проектот е 360 милиони американски долари, според податоците од 1999 година.
р. Вардар ВП Тиквешко Поле 22.500ha ВП Пелагонија 115.000 ha
ХЕ Тиквеш
н
ХЕ Галиште
ар
Цр
ка
ар д
р.
е аР
р. В
ека
сабота, 6 октомври 2012
Од Министерството за економија велат дека техничката документација, врз чија основа е направена тендерската документација, е изработена во 2003 година од грчкиот конзорциум „Exergia“ во рамките на програмата ФАРЕ Инвестициски можности во енергетскиот сектор. -Согласно со студијата, како најприфатлива варијанта за реализација на овој проект се ХЕЦ „Чебрен“ со висина на брана 192,5 метри, инсталирана моќност 333/347 MW (турбина/пумпа) и ХЕЦ „Галиште“ со висина на брана 141,5 метри и инсталирана моќност 193,5 MW - велат од Министерството. Во последните два тендера се додава и „Тиквеш“, кого Владата го нуди на концесија од 50 до 70 години, а во игра влегува и варијантата ЕЛЕМ да добие одреден процент на сопственост на објектите. Цената на проектот е над 700 милиони евра.
на Р
Проект „3 плус 1“. Идејата за браните на Црна Река се стари најмалку четириесетина години. Во социјализмот, во 1984 година, ЕСМ дури направило и идеен проект за една од централите - „Чебрен“. Тогаш, според експерти, по барање и на тогашните раководства за изградба на големи проекти, ЕСМ направило идеен проект за висока брана на „Чебрен“, која би изнесувала над 190 метри и би била една од највисоките во тогашна Југославија. Истражувањата, пак, што ги спровел конзорциумот „Вардарска долина“, со понови
„Exеrgia“ (2003) сугерирала високи брани
р. Цр
- „Вардарска долина“, како проект што ги опфаќа сите можни акумулации во Вардарското сливно подрачје, вклучувајќи ги и „Чебрен“ и „Галиште“, е мој идеен проект започнат и верифициран во македонската влада и собрание уште во 1989 година, кога тогашнот југословенски премиер Анте Марковиќ побара од сите републики да понудат перспективни проекти што би се финансирале од сојузните фондови и од странство. Откако ги мина филтрите во Македонија и откако во 1990 година беше првично поддржан од Франција, проектот замре зашто почнаа војните во поранешната држава, а ние сè уште не бевме меѓународно признати - вели Ставров. Во 1994 година, на негова иницијатива, биле обновени контактите со Французите. -Со одобрение и од тогашните државни органи се договоривме со Франција да формираме два конзорциума „Вардарска долина“. Еден во Франција, кој би се грижел за финансирање и оптимизација на податоците добиени од нас, и нашиот, „Вардарска долина“, основан од 16 членки - енергетски, водостопански, градежни претпријатија, банки и осигурителни куќи - вели Ставров. Во целиот процес биле инвестирани неколку милиони франци одобрени од француски фондови за развој и за помош на земји во развој, како и стотици илјади германски марки од членките на македонскиот конзорциум за административно-тековно работење. - Четиригодишното работење се состоеше од собирање и прецизирање на техничката документација која или постоеше, но требаше да биде дополнета, или ја немаше воопшто, потоа од оптимизација на податоците, усогласување на идејата за проектот со директивите на ЕУ за води и за животна средина и на крајот изработка на физибилити-студија - објаснува Ставров. Тој додава дека сето тоа било направено, документот минал ревизија и суперревизија од француски и од домашни експерти и во 1999 година бил предаден на тогашната Влада, т.е. на министерот за транспорт и врски во Владата на Љубчо Георгиевски, Душко Кадиевски, и на ЕСМ. Но, покрај првичната заинтересираност, ниту Кадиевски, ниту неговиот наследник Љупчо Балковски не покажале интерес за продолжување на проектот, ниту, пак, за натамошни контакти со Французите. Конзорциумот донел одлука да се распушти откако не добиле одговор на нивната препорака да се продолжи со активностите. На потег била Владата, но не одговорила.
ХЕ Чебрен Проектот „Вардарска долина“ со три ниски брани воопшто не бил земен предвид, иако е и меѓународно верифициран уште во 1999 година
ХЕ Скочивир Варијантата „3+1“ од 1999
влезни податоци што биле на преоцена и кај француските и кај домашните експерти, покажале нешто друго. Дека искористувањето на Црна Река за производство на електрична енергија е можно и економски исплатливо само ако се изградат повеќе, а не две акумулации и ако височината на браните биде значително намалена. -Истражувањата вршени во француското електростопанство EDF, во националната компанија за експлоатација на Рона - CNR, во компанијата за еколошка заштита и истражувања на површинските води HYDROLAK, недвосмислено покажаа дека единствено исплатлива варијанта е т.н. „3+1“. Оваа варијанта содржи три реални помали брани - „Скочивир“, „Чебрен“ и „Галиште“, како и веќе постојната „Тиквеш“, за која тогаш предложивме да биде дадена на идниот концесионер на користење во период од 20 години - вели Ставров. Со оваа варијанта ќе се добиело нешто помалку произведена електрична енергија, но затоа, пак, биле земени предвид количествата на реката, потребите на Пелагонискиот регион за вода за наводнување и за рибници, одржувањето на биолошкиот минимум, предвидената количина вода што треба да ја испуштаме во Грција со меѓународните конвенции и, конечно, помалиот сеизмички ризик.
Но, очигледно, оваа физибилити-студија не била земена предвид, зашто на сите тендери понатаму повторно се бараа високи брани и варијанти што не се економски исплатливи за инвеститорите. Впрочем, оправданоста на студијата ја потврди многу години подоцна еден од учесниците на тендерот, норвешката компанија „Статкрафт“, која не поднесе финална понуда, но ја извести Владата дека за нив, по долготрајни испитувања, исплатлива е варијантата со четири акумулации со пониски брани наместо две високи брани, и тоа на различни места од планираните, а со исто или уште поголемо производство на енергија од она што се бара со тендерската документација. Ставров, на барање на Министерството за економија, во 2007 година уште еднаш ја запознал Владата со физибилити-студијата од 1999 година, а идентично образложение упатил и на повеќе други адреси, меѓу кои и до МАНУ. Без резултат. Улогата на грчката „Exergia“. Што се случило во меѓувреме? Во 2002 година, на Македонија ì била дадена можност преку грчка консултантска компанија да искористи фондови од програмата ФАРЕ, наменета за економско зајакнување во време на претпристапниот процес на земјите што аплицираат за во 53
Gragjanski 240 x 305.indd 1
10/2/2012 3:24:42 PM
Eкономија Црна Река е лимитирана со вода Црна Река е лимитирана со вода во однос на можноста да полни големи акумулации - беше заклучено на јавната расправа во 2008 г., организирана од „Транспаренси интернешнл Македонија“. Според процените извршени од Станислава Додева, експертка за води, до 2020 година Пелагонискиот регион ќе има потреба од 554,9 милиони кубни метри вода годишно. Кога ќе се земат сите биланси, односно враќање на дел од таа вода, биолошкиот минимум во Црна Река и другите параметри, произлегува дека во 2020 г. кај Скочивир ќе се располага не со 680, туку со 378 милиони кубни метри вода годишно.
ЕУ. Овој проект предвидувал грчкиот консул- време на објавувањето на тендерот“ и со тоа тант „Exеrgia“, за 1,4 милиони евра, да напра- што двете компании имале барања што или не одговараат на тендерските услови или ви техничка документација за енергетиката за потребите на Македонија. Надлежните по- понудиле премал акционерски влог за ЕЛЕМ во идното јавно-приватно партнерство. Иако барале тоа да биде техничка документација со идеен проект за „Чебрен“ и за „Галиште“. на последниот тендер Владата отстапила од Кога грчкиот консултант ги побарал основ- дизајнот на браните (вклучувајќи ја и висината), таа практично барала иста инсталирана ните параметри, надлежните нагласиле дека сакаат две акумулации со високи брани. енергетска моќност, што, според експертите, е невозможно да се постигне со ист број акуПрактично, ги дале стариот идеен проект за „Чебрен“ од 1984 г. и идејното решение за „Га- мулации. лиште“ од 1978 година. Од тоа произлегува -Всушност, можно е, само ако се смета со многу поголем доток и искористување на Црна „Физибилити студија и управување со водите Река во акумулацијата само за производство за три големи хидроцентрали од 650 MW и една помала од 30 MW (‚Бошков мост‘) во рам- на електрична енергија, што значи дека се занемаруваат и потребите на Пелагонија ките на проектот ‚Инвестициски можности за наводнување и за пиење, како и биолошво енергетскиот сектор‘“. Така грешката се мултиплицирала. Влада- киот минимум, вели еден од експертите за та, кон крајот на 2006 година, објави тендер „Граѓански“. врз база на документацијата од 2002 година. Тендерот пропадна на крајот од 2007 година. Изгубено време и пари. Од првиот претквалификациски тендер во периодот 1996-1997 Непосредно пред вонредните избори во 2008 г., во јуни беше објавен нов тендер. Некол- година, па до денес се одржани вкупно четири постапки за доделување концесија за купати се одложуваше соопштението дека и тој тендер е пропаднат, сè до 2010 година. изградба на „Чебрен“ и на „Галиште“. Учествуваа многу реномирани западни компании, Владата, која во меѓувреме констатирала но на крај сите бараа екстра-услови, што дека нешто не е в ред, побара нов консултант покажува дека нема економски интерес со и го најде кај IFC, афилијација на Светска инсистирањето за изградба на висoки брани. банка. Но, консултантската фирма не нашла многу забелешки во проектот, туку во усло- Втор проблем што се јавува, а е поврзан со вите за тоа кој може да учествува на тенде- височината на браните, е вистинското количество вода на Црна Река. Сето ова го потвррот. Така, со многу пониски критериуми, на дуваат и од Министерството за економија на последниот тендер се јавиле 16 фирми во нашето прашање зошто компаниите бараа претквалификација. Десет ги исполниле условите, а на крајот финални понуди дале екстра-услови. само две - кинески конзорциум и грчка ком- -Прашањата и коментарите што ги поставувале понудувачите се однесувале на допреципанија. Пропаѓањето на овој последен тендер зирање на одредени одредби од тендерската беше објаснето со „непознатите околности во
сабота, 6 октомври 2012
Сите оние што се дрзнале да дадат некаква понуда, давале понуди што се неусогласени со тендерската документација или условувања за воопшто да потпишат договор за инвестирање или да приложат банкарска гаранција - велат експерти
документација. Допрецизирањата се однесувале на заштитата на животната средина, наводнувањето на земјоделското земјиште, учеството на АД ЕЛЕМ како јавен партнер, контрибуцијата на ХЕ „Тиквеш“ во заедничката компанија, изградбата на пристапните патишта до двете хидроелектрани, откупот на произведената електрична енергија и друго - велат од Министерството. Експертскиот став за неекономичноста на вака замислениот проект е недвосмислен. -Поради објективно зголемените трошоци за градба во однос од пред десет години, за да се изградат „Чебрен“ и „Галиште“ онакви какви што се бараат во тендерската документација, тоа би чинело 740 милиони евра. Капацитетот на двете централи да генерираат профит најмногу зависи од водниот капацитет на Црна Река, а сознанијата и прогнозите не се ни најмалку симпатични. Оттука, кога ќе се пресметаат веројатно оствареното производство и цените по кои таа енергија би се продавала на Балканот, се доаѓа до нетовредност на проектот од минусни 340 милиони евра. До таа бројка се доаѓа кога ќе се предвидат идните профити сведени на денешна вредност, минусирани за инвестициското вложување - вели еден од експертите со кои разговаравме. Тој додава дека токму затоа се барањата за „допрецизирање“, како што наведуваат од ресорот економија. Сите со кои комунициравме се согласуваат во едно. Македонија, со грешките што ги прави во тендерските услови и со нерешителноста да пристапи многу порано кон реализацијата на проектот, веќе изгубила стотици милиони евра од непроизведената и непродадената скапа енергија од хидроцентралите. Таа е позната како т.н. „вршна“ енергија за порамнување на дневните потреби на системот и како таква е една од најскапите по цена на чинење на пазарот. Токму таквата енергија од увоз Македонија ја плаќа меѓу 60 и 160 евра по мегават, за разлика од базната од термоцентралите која чини околу 40 евра.
55
Анализа
ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ - НИ ЌАР НИ ЗИЈАН
Инфлацијата ги „топи“ субвенциите Граѓаните кои се занимаваат со земјоделство како главна или споредна дејност претставуваат половина од активното население на земјава. Со оглед на тоа што тие се и потенцијални гласачи, во политиката на субвенции експертите прво гледаат мотив да се направат среќни фармерите, а второстепено, да се направи аграрот успешен сектор. Пишува Ида Протугер
П
оловина од работната сила во земјава или четвртина од популацијата се занимава со земјоделска дејност. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) за структурата на земјоделските стопанства, 435.467 лица се занимаваат со земјоделство. Со оглед на големината на оваа бројка, не е исклучено дел од овие граѓани да се вработени, а како земјоделци да работат на свој имот, но овој фрапантен податок покажува голема оправданост на вниманието кон оваа група граѓани и зголемувањето на сумите на субвенциите со кои тие се поддржуваат. Земјоделскиот сектор е поддржан со голема сума јавни пари, според изјавите на власта, 115 милиони евра само за 2011 г. Оттука, се наметнуваат две основни прашања врзани за оваа владина политика. Дали е тоа поддршка за развој на аграрот или социјална помош како економска мерка за поддршка на стандардот и, истовремено, обид за добивање гласови во политичка смисла. И второ, дали тој процес се спроведува фер и во корист на сите земјоделци, односно дали е воспоставен силен механизам за контрола кога се располага со толку голема сума буџетски средства. Скапи репроматеријали. Прашањето како овој владин концепт се одразува на економијата го дава самиот податок за учество на земјоделството во структурата на БДП. Во 2006 г. учеството на земјоделството во БДП било 10,5 отсто, а во 2011 г. е 9,8 отсто. 56
Академик Абдулменаф Беџети за овој тренд вели дека е голем парадокс што покажува дека концептот е политички, а не економски, односно не покажува дека намера е да се развива аграрот, туку да се обезбеди политичка поддршка од оваа голема група граѓани-гласачи. Но, ако овие пари не завршуваат за развој, колку го подобруваат стандардот на земјоделците? Според податоците на Државниот завод за статистика, од вкупно 192.082 регистрирани индивидуални земјоделски стопанства (податок од 2011 г.), 112.187 или 58,4 отсто, по економска големина се во правата, најниска класа, производство до 2.000 евра. Во високите класи со производство со економска вредност од 50.000 до 3.000.000 евра се само 429 земјоделски стопанства или 0,2 отсто. Тоа покажува дека најголем дел во структурата на земјоделските стопанства, всушност, се ситни земјоделци, што значи дека и нивниот профит е мал. Ако се земе за најверодостоен фактот со кој оперира власта за исплатени 115 милиони евра (наспроти 64,6 милиони евра според опозицијата која се повикува на завршната сметка на буџетот) и ако се подели на бројот на лица кои се занимаваат со земјоделство, произлегува дека за 2011 г. секој од нив, во просек, зел по 264 евра годишно или по 22 евра месечно. Тоа е мала сума за едно лице, но ако во едно семејство има повеќе земјоделци, нивниот месечен додаток од субвенции просечно изнесува 50 евра или 600 евра на годишно ниво (ако се смета податокот од ДЗС за 192.082 регистрирани земјоделски стопанства). Но, во исто време, трошоците на живот од 2006 г. значително се зголемени и растат
со многу поголема динамика од платите. На пример, во последните четири години, просечната плата во земјава е речиси непроменета, односно од 20.000 денари во 2009 г. сега изнесува 20.700 денари, а последниот податок за раст на трошоците на живот измери инфлација од 5,3 отсто на годишно ниво (септември во однос на истиот месец лани). Грубата споредба на цените од пред шест години и денес покажува значаен раст на речиси сите производи. Кај основните производи што ги мереше ДЗС до 2010 г. како дел од потрошувачката кошница (тој метод веќе не се користи), евидентно е значајно поскапувањето на неопходните продукти, особено маслото за јадење, чија цена во 2006 г. беше околу 50 денари за литар, а денес е околу 90 денари и не се намали ниту со намалувањето на ДДВ од 18 отсто на 5 отсто (табела 2). Сличен тренд има и со цените на пазарите. ДЗС не ги регистрира цените на земјоделските репроматеријали, па во овој дел за релевантни ги земаме изјавите на земјоделците кои велат дека речиси сите неопходни репроматеријали поскапеле најмалку за 30 отсто. Ако во 2006 г. вреќа вештачко ѓубре чинела од 650 до 850 денари, сега се продава по 1.5002.000 денари. Поскапувањето на пластичните фолии се движи од 20 до 50 отсто, а сличен тренд на раст на цените има и за семенскиот материјал, велат земјоделците. Ова поскапување се случува во услови кога Владата го намали данокот на додадена вредност (ДДВ) за репроматеријали од 18 отсто на 5 отсто. Имено, животните трошоци на земјоделците во последните шест години се толку зголемени, така што практично инфлацијата им ги јаде субвенциите. Задоцнета помош. Сепак, земјоделците се, главно, задоволни од владините субвенции, затоа што го поддржуваат нивниот низок стандард кој е уште повеќе под удар на растот на трошоците. Во однос на фер распределбата има задоволни и неза-
ФАРМЕРИТЕ БАРААТ ДИНАМИКА ВО ИСПЛАТАТА НА СУБВЕНЦИИТЕ СПОРЕД ПЕРИОДОТ НА СЕИДБА, КОГА ТРОШОЦИТЕ ЗА РЕПРОМАТЕРИЈАЛИ СЕ НАЈВИСОКИ www.gragjanski.mk
Економија доволни. Иако мнозинството земјоделци ì се благодарни на Владата, сепак, велат дека парите ги добиваат многу доцна, а најмногу им се потребни за време на сеидбата, кога имаат најголеми трошоци за репроматеријали. Според Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на фармери, најдобро е да се воспостави динамика на плаќање во зависност од периодот на сеидба на различни култури. - Ова барање го доставивме до Владата, но не знаеме дали ќе се прифати. Решението за воспоставување одредена динамика во исплатите во зависност од периодот за сеидба на различни култури е добро и за Владата која, пак, нема да биде под притисок одеднаш да врши исплата на големи суми - вели Шаклев. Според законот, „исплатите се вршат директно на земјоделските стопанства, во тековната календарска година, или во случај на недостиг од финансиски средства, или поради продолжено траење на административните постапки од објективни причини, најдоцна до 30 јуни следната календарска година“. Практиката покажува дека Владата најчесто го чека крајниот рок за исплата на субвенциите, а годинава (исплатите за 2011 г.) задоцнија еден месец. За субвенциите за 2012 г., рокот за доставување барања е продолжен до крајот на октомври, па така е извесно дека и овојпат ќе нема исплати во тековната година, туку повторно во наредната. Дел од фармерите се жалат и на дискриминаторски однос. Дејан Јанкулоски од село Загорани, Прилепско, ни достави документи дека тој и неговиот пријател од истото село, Трајан Ризески, ги исполниле сите потребни
ОД РЕГИСТРИРАНИТЕ ИНДИВИДУАЛНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА - 58,4 ОТСТО СЕ СО НАЈНИСКА ЕКОНОМСКА ГОЛЕМИНА, ПРОИЗВОДСТВО ДО 2.000 ЕВРА. ВО ВИСОКИТЕ КЛАСИ, ПРОИЗВОДСТВО ОД 50.000 ДО 3.000.000 ЕВРА, СПАЃААТ САМО 0,2 ОТСТО сабота, 6 октомври 2012
Цени од потрошувачка кошничка (во денари)
Кравјо млеко Леб тип 500 Масло за јадење Бензин Еуросупер 95
дек. 2006 28,58 36,29 57,44
дек. 2010 32,95 45,10 84,40
62,67
70,68
Цени на пазарите во денари (цени за килограм) август август 2006 2012 Ориз 53 63 Домати 22 33 Пиперки 23 29 Грав 92 111 Телиња (до 150 кг) 130 144 Јуниња 99 119 Јагниња 157 164 Прасиња (до 25 кг) 149 166 Просечна нето-плата по вработен 2012 (јули) 20.700 2011 20.800 2010 20.500 2009 20.000 2008 16.100 2007 14.580 критериуми, но, како што велат, сè уште чекаат по околу 2.000 евра за субвенции од 2011 г. - Ги имаме буквално сите потребни документи и потврда од Министерството дека сè е в ред во документацијата, но субвенции не сме добиле. За да се жалиме на Управен суд, како што налага законот, сакаме да ги дознаеме причините поради кои сме одбиени, но не можеме да дојдеме до соодветна информација - вели Јанкулоски. Тој додава дека се соочуваат со правен лавиринт во потрага по одговорот за судбината на нивните барања. Своите барања ги доставиле до Министерството за земјоделство (МЗШВ), но одлуката ја носи Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој. Ако барањето е одбиено, тие добиваат известување, но велат дека имаат проблем во потрагата по аргументи за да поднесат жалба. Во подрачната единица ги упатуваат во Агенцијата, а оттаму во МЗШВ. Постои случај во кој земјоделско стопанство од село Трубарево се жалело на Управен суд, донесена е пресуда во негова корист, но судската одлука не е спроведена. Во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, која ги врши исплатите на субвенциите, велат дека
исплатите се вршат во законскиот рок и оти фармерите навреме се известуваат ако нивните барања се одбиени, со дополнителни сугестии за тоа кои инструменти им се на располагање за натамошен тек на постапката. - Доставувањето на сите документи не претставува потврда дека се исполнети условите и критериумите утврдени во програмите. Исплата на одобрените субвенции е можна само доколку доставените податоци на барателот се валидни, вклучително и валидноста на трансакциската сметка - вели директорот на Агенцијата, Тони Димовски. Продолжениот рок за доставување барања за субвенции, како што појаснуваат во Агенцијата, е поради усовршување на системот за директни плаќања. - Годинава почна да се воведува т.н. интегриран систем за администрација и контрола. Новиот систем бара воспоставување релевантни регистри и нивно меѓусебно поврзување. На почетокот земјоделците мора да ги ажурираат податоците во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и да поднесат барање за субвенции. Со новиот систем се врши приспособување кон системите што ги користат земјите-членки на ЕУ - додава Димовски. Единствениот регистар на земјоделски стопанства не е јавен документ. Во него имаат увид само регистрираните фармери и тоа за сопствени податоци. Надлежните велат дека тој содржи лични податоци, адреси и матични броеви на земјоделците и затоа не ì е достапен на јавноста. Дел од експертите велат дека наспроти добрата волја да се делат субвенции, системот на контрола е слаб, особено по добиените субвенции. Бројот на инспектори не е доволен за да се направат детаљни проверки за тоа дали по одобрените барања за субвенции навистина никнале насади на културата за која се зеле парите. Надлежните веруваат дека со подобрувањето на системот се зголемува и контролата, но сè уште има податоци за негово изигрување. Од анализираните податоци и факти произлегува дека е значаен мотивот земјоделците да бидат задоволни. Јавните пари што се одвојуваат за нивна поддршка се големи, но постои консензус дека тие се потребни. Размислување на експертите е дека тие не се врзани за инвестиции во земјоделството и оттука немаат развојна компонента, туку едноставно го дополнуваат семејниот буџет на фармерите. Системот на контрола, не само за проверка на факите пред да се решава по барањето за субвенции, туку и по нивното добивање, е сè уште слаб. Така, засега сите заклучоци упатуваат на тоа дека субвенциите се средство да се обезбедат задоволни граѓани-гласачи, а не успешен сектор. 57
Економија
Банкарската унија е замислена да содржи три компоненти: заеднички супервизор за банките; заеднички систем за кризен менаџмент и решавање на проблематичните банки; и заеднички систем за гаранција на банкарските депозити Пишува Трајко Славески
Ф
инансиската криза во еврозоната ги исфрли на површина недостатоците што ја следат заедничката валута, еврото, од самиот почеток. На монетарната унија ì недостига централна влада што ќе спроведува заедничка фискална политика, која автоматски ќе амортизира некои шокови што се должат на економските циклуси. Исто така, мобилноста на работната сила во ЕУ е далеку од потребната за нејзино карактеризирање како оптимално валутно подрачје. Пред дваесетина години, во периодот на подготовка за воведување на еврото, на овие недостатоци укажуваа повеќе економисти. Преовладаа политичките аргументи кои го гледаа воведувањето заедничка валута како уште еден значаен чекор во јакнењето на интеграцијата и демократијата во рамките на ЕУ. Со вклучувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) и на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ЕУ успеа да го изолира евентуалното ширење на грчката криза со јавниот долг и напуштањето на еврозоната од страна на Грција, преку пакети за спас вредни околу 240 милијарди евра. Непосредно пред Самитот на ЕУ во Брисел кон крајот на јуни оваа година се надмина стравот за несогледливите последици од започнувањето процес на распаѓање на еврозоната. Се доби драгоцено време за осмислување и за преземање чекори за решавање на кризата. На краток рок, се очекуваше монетарната политика на ЕЦБ да помогне да се надмине паниката што ги парализираше финансиските пазари. И покрај сериозните правни пречки за директна монетарна интервенција преку купување обврзници од владите кои се соочуваа со проблеми за сервисирање на долговите, кои произлегуваат од базичните документи за основање на ЕУ, и сериозното спротивставување на Германија, новиот гувернер на ЕЦБ, Италијанецот Марио Драги, изнајде посреден начин за финансирање. Под негово раководство, ЕЦБ започна со одобрување неограничени кредити под поволни услови на
58
приватните банки, при што прифаќаше државни обврзници издадени од европските влади. Ова помогна за смирување на пазарите за обврзници и за намалување на каматните стаки на долгот. Европските лидери разбраа дека последиците од напуштањето на еврото би биле катастрофални. Кај земјата која го напушта еврото веднаш би следела навалица на банките за подигање на депозитите во евра, со што се поткопува новата валута на самиот старт, без да постои гаранција дека во догледно време ќе се смири паниката кај економските субјекти. Кризата би можела како зараза молскавично да се пренесе и во другите земји од еврозоната кои се соочуваат со финансиски проблеми и нерамнотежи. ЕЦБ, иако се чини дека заостанува по настаните, го исполнува ветувањето на својот гувернер дека ќе ги преземе сите можни чекори за спас на еврозоната. Се разбира, ефектите од монетарната политика, иако неопходни за смирување на состојбите на краток рок, се недоволни за трајно решение на проблемот. Стана јасно дека е потребен повисок степен на интеграција во рамките на ЕУ што би одел во насока на создавање фискална унија. Сепак, фискалната унија е само далечна перспектива, со силни противници, олицетворени во неколку земјичленки на ЕУ, предводени од Германија. Тие се концентрирани на северот од континентот. Покрај Германија, тука спаѓаат уште Холандија како членка на еврозоната и Шведска, Полска и некои други земји кои ги задржале сопствените валути. Тие цврсто застана на ставот дека не поддржуваат т.н. трансферна унија, која би ги покривала загубите настанати од, според нив, неодговорното однесување на некои членки на Унијата.
Банкарс да – но,
На 29 јуни годинава, на Самитот на ЕУ во Брисел, под притисок на Италија и на Шпанија, во завршните документи беа
Со банкарската унија треба да се пресече врската меѓу банките и националните буџети
усвоени заклучоци што одат во насока на создавање банкарска унија во рамките на ЕУ. Претходно од игра отпадна уште еден предлог на економистите, кој се однесуваше на издавање заедничка обврзница, зад која би застанале владите на сите земји од еврозоната. Повторно Германија и Холандија остро се спротивставија на оваа идеја, затоа што сметаа дека на тој начин би ја изгубиле контролата врз финансирањето на земјите кои се соочуваа со криза на јавниот долг, ставајќи ги во неповолна положба сопствените даночни обврзници. Основа за www.gragjanski.mk
Анализа
Неизвесноста со еврозоната ќе продолжи и во иднина - во догледно време ќе се исцрпат ефектите од мерките на монетарната политика, а проблемите ќе останат
ска унија не сега! насочување на активностите кон формирање банкарска унија претставува првата реченица од изјавата од Самитот: „Ние потврдуваме дека е императив да се затвори кругот меѓу банките и државниот долг кој предизвикува негативни последици“. Владите, соочени со проблеми во обезбедувањето купувачи за своите обврзници, вршеа притисок врз домашните банки за откуп на долгот, а кога банките ќе се соочеа со неликвидност, владите ги докапитализираа со пари од даночните обврзници. сабота, 6 октомври 2012
На почетокот на септември претседателот на Европската комисија (ЕК), господинот Баросо, го најави формирањето банкарска унија, што беше проследено со соодветни документи доставени на разгледување до Европскиот парламент. Банкарската унија е замислена да содржи три компоненти: заеднички супервизор за банките; заеднички систем за кризен менаџмент и решавање на проблематичните банки; и заеднички систем за гаранција на банкарските депозити. Со банкарската унија треба да се пресече врската меѓу банките и националните буџети. Се очекува дека, доколку постои заедничка супервизија и на ниво на ЕУ се обезбедени средства за помош на банките кои се соочуваат со проблеми, ќе се намали пазарниот притисок врз земјите-членки и ќе им се помогне да постигнат пониски трошоци при зајмувањето средства, што дополнително ќе ја олесни задолженоста. Сознанието дека сите банки во рамките на ЕУ се придржуваат на исти правила би ја зголемило довербата. Од трите елементи на банкарската унија предност се дава на заедничкиот супервизор. За оваа улога е определена Европската централна банка. ЕЦБ ќе биде надлежна за лиценцирање на кредитните институции и за нивното придржување кон клучните банкарски регулативи. Ако е потребно, ЕЦБ може и да затвори некоја банка. Првично се очекуваше дека првата фаза од воспоставувањето заедничка супервизија ќе почне од 1 јануари 2013 година. Другите два елемента на банкарската унија се оставени за некоја подоцнежна фаза. Но, веднаш се појавија проблеми. По сè изгледа, Шпанија, која неодамна објави дека има потреба од околу 60 милијарди евра за рекапитализација на своите банки, и Германија различно ги разбрале насоките од Самитот на ЕУ во јуни и ставовите на претседателот на ЕК. Како што објаснува „Фајненшл тајмс“ (1.10.2012), госпоѓата Меркел и нејзиниот министер за финансии, Волфганг Шојбле, нема да дозволат Шпанците да го префрлат сопствениот банкарски ризик врз Европскиот механизам за стабилност (ЕМС), наспроти очекувањата на Шпанија дека од почетокот на 2013 година, со основање на банкарската унија,
товарот за рекапитализација на банките ќе го преземе ЕМС. Германските лидери, во текот на изминатава недела, јасно ставија до знаење каква банкарска унија сакаат. Прво, тие се за ограничување на авторитетот на паневропскиот банкарски супервизор на неколку големи меѓународни банки. Најамбициозниот план би опфатил околу 6.000 кредитни институции на цела територија на ЕУ. Второ, определувањето на ЕЦБ за супервизор е во конфликт со нејзината улога на носител на монетарната политика. Поради тоа, неопходни се заштитни механизми за да се обезбеди независност во водењето на монетарната политика. Трето, засега нема да има заедничко осигурување на депозитите. Четврто, банкарската унија не треба да ги решава проблемите на банките во одделни земји од минатото, туку само такви што би настанале во иднина. Значи, проблемот со шпанските банки во моментов е проблем на Шпанија. Петто, ЕМС не може да започне со рекапитализација на банките пред претходно да се спроведат ригорозни стрес-тестови и додека целосно не се воспостави банкарската унија. Германците кажаа дека не очекуваат првата фаза на овој процес да започне пред крајот на 2013 година. Резервираноста на Германија по прашањето за банкарска унија во ЕУ се должи на тоа што таа, сепак, во неа гледа механизам за трансфер на средства, како што пред десетина дена се изјасни влијателниот претседател на германската централна банка (Бундес банка), Јенс Вајдман. Тие се против трансферна унија од каков било вид. Покрај нив, голем број забелешки за банкарската унија имаат членките на ЕУ кои се надвор од еврозоната, предводени од претставици на Шведска и на Полска. Тие не сакаат да прифатат аранжмани и обврски во системи во кои не би имале никакво влијание. Може да се заклучи дека неизвесноста со еврозоната ќе продолжи и во иднина. Во догледно време ќе се исцрпат ефектите од мерките на монетарната политика, а проблемите ќе останат. Тешко е да се предвиди исходот, но не се исклучени драми и вонредни собири на лидерите на кои, за жал, малку се решаваат суштинските проблеми. 59
ИНТЕРВЈУ | ТРЕНД | ЗДРАВЈЕ | ТЕХНОЛОГИЈА | ФЕЉТОН | КРСТОЗБОР | ХОРОСКОП | MADE IN КАНАДА
Александра Слаѓана Милошевиќ
Цел живот забранет уметник! Како врв во својата 35-годишна музичка кариера, Александра Слаѓана Милошевиќ, инаку психолог по професија, деновиве ја промовираше својата нова книга, капиталното дело „Цивилизацијата и жената: Машка жена“, каде што на над 1.700 страници пишува за положбата на жената низ вековите и цивилизациите и за нејзиното место во општеството. Во разговорот со Слаѓана допревме и низа други теми - оддалечувањето од музиката, пријателството со американската легенда Џеф Бакли, сеќавањето на Џони Штулиќ, неблагодарноста на Бора Чорба, поддршката за републиканецот Рон Пол и забраните што ја следеа во текот на долгата кариера сабота, 6 октомври 2012
61
Интервју Разговараше Иван Беќковиќ
Н
екогашната прва дама на југословенскиот рокенрол - Александра Слаѓана Милошевиќ - не престанува да ја воодушевува јавноста. По успехот на музичкото поле во 70-тите и во 80-тите години од минатиот век (со песните: „Ау, ау“, „Секси дама“, „Амстердам“, „Мики, Мики“, „Принцеза“..., албумите „Горам од желба да ја убијам ноќта“, „Неутрал дизајн“...), животот во САД и соработката со тамошните музичари во 90-тите, ì се врати на својата голема љубов и животниот повик - психологијата. Круна на кариерата, која трае околу три и пол децении, е новото дело на Слаѓана - двотомната книга во чест на ликот на жената која, според авторката, е нова сила на човештвото. $$ Деновиве беше промовирана Вашата нова книга „Цивилизацијата и жената: Машка жена“, капитално дело во два тома, на 1.726 страници. Од каде потекна идејата за вакво нешто? ## Книгата настана како продолжување на истражувањето започнато со мојата коавторска книга „Не лути се, Адаме“ (напишана со д-р Јасмина Малешевиќ, з.а.), објавена во 2001 година. Во таа книга главна личност беше митолошката Лилит, меѓутоа во една друга функција, повеќе како фиктивна личност која од митологијата премина во авторска фикција. Во тој период собирав материјали од секаков вид, историски, психолошки, теолошки... кои ми помогнаа при собирањето компоненти за, генерално, полесно да го разберам женскиот принцип. Од тој материјал сакав да напишам научна книга, a не забавна, за разлика од „Не лути се, Адаме“, која беше постмодерна, поетско-прозна метафорична литература. Ова е нешто сосема поинакво, научна литература која се надоврзува на моето образование, од областа на психологијата, воопшто проучувањето на психологијата, со што се занимавам уште од 1974 година. $$ Колку личното искуство придонесе за создавање на ова дело и колку Вам, како на жена, Ви беше тешко во светот на мажите да го остварите својот личен и уметнички интегритет? ## Тоа е друга тема... Мој сегашен приоритет е книгата на која работев цели 11 години. Сакав да ја осветлам улогата на жената во цивилизацијата, да ги истакнам (ако постојат) нејзините дела и најпосле да ги наречам со вистинското име. Тоа е еден аспект. Вториот е следење на развојот на човековата свест преку верата и развојот на научната свест. Поголемиот дел од книгата се занимава со митовите. Намера ми беше да откријам што се наоѓа во човековата митолошка матрица и која е улогата на жената во приказната. Имено, сè до пред крајот на 19 век, кога е усовршен модерниот микроскоп, се веруваше дека човекот се создава од ништо. Многу долго бевме во мракот, не знаејќи дека жената, всушност, е почвата, извор на раѓањето... Ми беше интересно да ги следам митолошките личности, врзани за 62
женскиот лик, да го следам менувањето на односот маж – жена низ вековите... $$ Ќе стигне ли книгата до Вашиот пријател Пауло Коелјо, еден од најголемите писатели на денешницата? Тој со прекрасни зборови ја пофали Вашата прва книга, посакувајќи Ви да продолжите со пишување. ## За книгата „Не лути се, Адаме“ е направен превод на англиски јазик, а токму издавачката куќа на Коелјо требаше да ја објави, бидејќи со неа потпишав договор. Но, мене воопшто не ми се допадна преводот, па договорот остана нереализиран. Не знам дали договорот сè уште е во сила, бидејќи во меѓу-
Сакав да ја осветлам улогата на жената во цивилизацијата, да ги истакнам (ако постојат) нејзините дела и најпосле да ги наречам со вистинското име
време бев зафатена со други работи и немав време да го поправам преводот. Тоа беше уметничка книга, многу тешка за преведување. Ова е нешто сосема друго. Ова е обемно научно дело, кое треба да биде објавено од некој традиционален издавач, како што е „Шамбала“ или „Penguin Books“, или од некој универзитетски издавач. Но, тешко ќе дојде до тоа, со оглед дека јас не сум студент од Оксфорд, туку ученик од некој многу помал колеџ во Америка. $$ Да преминеме на музиката. Насловот на Вашата песна „Легализирајте ја слободата“ („Legalize freedom“) се користи во САД како слоган во претседателската www.gragjanski.mk
Александра Слаѓана Милошевиќ кампања на републиканскиот кандидат Рон Пол. Знам дека, со оглед дека сте американска државјанка, ја поддржавте кандидатурата на Рон Пол, особено затоа што во американскиот Конгрес тој зборуваше со благонаклонетост за Србите. # Можеби, тој е единствениот кој јавно ја осуди американската интервенција во Косово. Тој остана на своите зборови, бранејќи ги правата на Србија. Сметам дека Рон Пол не е ниту републиканец ниту демократ, туку либерал на својата струја. Се залага за она за што не се залага ниту еден политичар во светот и во Америка - доследно почитување на американскиот Устав. Таков човек е неповторлив и апсолутно ми се допаѓаат неговите ставови, како што е оној дека САД не треба да се мешаат во внатрешните работи на другите држави, дека не треба да се вплеткуваат во воените судири, а уште помалку да ги започнуваат... Како американска државјанка и тоа како ме засегаат проблемите на американското општество и многу ги почитувам мислењата и ставовите на д-р Пол во делот на внатрешното уредување на државата. А, што се однесува до песната, на мојот прв повик до неговиот штаб, веднаш ме контактираа и постојано ме известуваат за текот на кампањата. Мора да го кажам и ова - човекот кој е многу блиску до владеењето со светот, а сигурно ќе биде во можност да влијае на светската политика, најде начин да му одговори на еден уметник од Србија, за разлика од еден домашен политичар, еден министер, кој е тука една година, а толку е „голем“ во својата глава, што не можете да го поканите ниту на промоција за книга. Тоа е невиден парадокс. Едноставно не можам да ја сфатам ароганцијата на домашните политичари... $ Работејќи на книгата, како да се оддалечивте од музиката!? # Во право сте! Невозможно е да се создаде вакво големо дело, а притоа нешто да не се жртвува. За да напишете книга од над 1.700 страници значи дека треба да напишете барем илјада или две илјади повеќе, па материјалот да го селектирате. А, за да напишете толку, треба да прочитате барем 10.000 страници научна и стручна литература. Книгата ја пишував 11 години, а последниве пет беа интензивни, па за музиката, едноставно, не остана време. Последнава една и пол година, додека се пеглаа деталите на книгата, буквално живеев во ќелија, како што живеат монасите. Воопшто не излегував од станот. Сега приоритет ми е промоцијата на книгата, тоа ми е единствена тема. $ Продадовте неколку милиони носачи на звук. Ви овозможи ли тоа сега да живеете удобно, во период кога не сте толку активни на тоа поле? # Нормално дека не! Затоа што во времето кога продавав милионски тиражи во Русија, всушност, не постоеја авторски права и потпишување договори, па тиражот од 1,7 милиони плочи беше залуден. Исто се случи и во Кина, каде што во почетокот на 90-тите години објавив албум. А, она што сабота, 6 октомври 2012
МЕ ОСТАВИЈА НА РААТ ОВИЕ НА МИЛОШЕВИЌ, НО МЕ НАЧЕКАА ОВИЕ НОВИ „ДЕМОКРАТИ“. ТИЕ, ЕДНОСТАВНО, НЕ САКАА ДА ЈА ДОНЕСАТ ДЕМОКРАТИЈАТА, ТУКУ ГИ ИНТЕРЕСИРАШЕ САМО ПРОМЕНАТА НА ВЛАСТА. И НИШТО ПОВЕЌЕ Еди Грант ì гостуваше на „Чорба“ само за мој атер. Јас го донесов во студиото, јас го однесов назад, благодарна сум му за тоа. Но, никако не можам да му кажам „благодарам“ на Бора Ѓорѓевиќ, кој еден месец подоцна помина покрај мене на улица без да ме поздрави
Човекот кој е многу блиску до владеењето со светот најде начин да му одговори на еден уметник од Србија, за разлика од еден домашен политичар, кој е тука веќе една година, а е толку „голем“ во својата глава, што не можете да го поканите ниту на промоција за книга. Тоа е невиден парадокс
се однесува на Југославија, тоа е смешно. Јас, како забранет уметник, воопшто не можев да живеам од својата работа, бидејќи тоа не ми беше дозволено. $ Како реагиравте кога пред две години Џони Штулиќ ја постави на „Јутјуб“ снимката како ја пее Вашата песна „Амстердам“? # Ми беше многу симпатично. Јас и Џони се знаеме многу одамна, бидејќи јас се занимавав со њувејвот пред сите други на овие простори. Но, колегите го сакаа она што јас го работам. Јура Стублиќ во едно интервју изјави: „Сите те имитиравме, а заради тебе ја носев онаа глупава фрузира“ (се смее). Џони многу ја сакаше мојата песна „Амстердам“ и редовно ми ја пееше. $ Знам дека ја имавте пресудната улога во убедувањето на Еди Грант да биде гостин на „Рибља чорба“ во нивната песна „Амстердам“. Што му шепнавте на уво кога беше на чекор да ја одбие, или практично ја одби, поканата за гостување? # Всушност, му шепнав нешто на неговиот менаџер, кој беше најдобар пријател на менаџерот на мојот соработник Алан Дарби, со кого во тој момент снимав албум во Лондон. Значи, се работи за многу директни лични врски. Ми беше многу лесно да го замолам, а тој ì гостуваше на „Чорба“ само за мој атер. Јас го донесов во студиото, јас го однесов назад, благодарна сум му за тоа. Но, никако не можам да му кажам „благодарам“ на Бора Ѓорѓевиќ, кој еден месец подоцна помина покрај мене на улица без да ме поздрави. За мене тоа беше шокантно, некому да му направиш животна услуга, а тој да не те познава, тоа е страшно. Посебно тоа што го зеде насловот од мојата песна. Тој со неговата, пак, ја врати старата слава, една година беше на врв на топ-листите... Кога Еди замина од студиото и отиде накај автомобилот, цела „Рибља чорба“, освен продуцентот Бата Ковач, клекна на коленици и така ме испрати од просторијата. Клечејќи одеа околу триесетина метри. Тогаш беа благодарни, но, ете, брзо ја заборавија добрината. $ Еден период од животот поминавте во Америка, остварувајќи контакти со голем број врвни музичари, меѓу кои и легендарниот и прерано починат Џеф Бакли. Точно ли е дека со Бакли навистина сте биле многу блиски пријатели? # Точно е. Одевме во Музичкиот институт за технологија во Холивуд, таму се запознавме. Дружењето беше интензивно, заедно компониравме... Втор пат се вратив во Америка само заради Џеф. Се дру-
жевме пет-шест години... Една работа сакам да Ви кажам, а која многу ме нервира. Кога почна да се работи сценариото за филм за Бакли, неговата мајка, таа е од Панама, која ме познаваше, со која се гледав во Лос Анџелес, која знаеше дека сме пријатели, дека му бев голема поддршка, дека некои песни заедно ги компониравме и дека многу песни тој ми ги имаше посветено мене... не ме вклучи во проектот. Не сакаа да се знае дека некој отстрана, некој од Србија, учествувал во создавањето на една американска легенда. Тоа многу ме изнервира, а не сакав да реагирам само затоа што не сакам да се добие впечаток дека собирам поени преку некој кој е светски познат. Но, приказната која јас ја знам за Џеф, не ја знае никој. И многу ми е жал што не можам да му ја раскажам на светот. $ На почетокот од музичката кариера соработувавте со македонскиот клавијатурист Мики Петковски, лидер на составот „Брег“ и член на легендарните „Смак“. Дали е точно дека Вашата песна „Мики, Мики“ му е посветена на Петковски? # Тоа не е точно, ни оддалеку. Таа песна му беше посветена на мојот бодигард, еден Далматинец... $ Во Вашата кариера посебно се издвојува една реченица во која велите дека повеќе од три децении трпевте забрани, критики, бојкотирање, судења, сослушувања и апсења. Звучи парадоксално дека Слаѓана Милошевиќ, за малку, ќе завршеше зад решетки за време на владеењето на Слободан Милошевиќ?! # И во времето на Тито беше исто. Тогаш не смееше да се зборува за тоа, но јас морав редовно да се јавувам во полиција на рапорт, заради моите мислења, ставови, дружења со некои „неподобни“ ликови. Дури ми беше забрането и патување во странство преку домашни концертни агенции. Поради тоа имав големи загуби... А, во времето на Милошевиќ, утредента по мојата прес-конференција со Г-17, каде што промовиравме нов дел од кампањата, дојдоа од полиција и без збор ме собраа. Тогаш немав дилема дека е дојдено време демократијата, конечно, да се всели на нашиот географски простор. За жал, таа демократија не ја доби формата што јас ја посакував, па повторно бев забранета. Ме оставија на раат овие на Милошевиќ, но ме начекаа овие нови „демократи“. Тие, едноставно, не сакаа да ја донесат демократијата, туку ги интересираше само промената на власта. И ништо повеќе. Како што вели една моја пријателка – на секоја опозиција јас сум ì опозиција. Цел живот забранет уметник! 63
Милијардите вредат сам Влијанието на супербогатите врз општеството е како две страни на една паричка. Само што сега сите ја гледаат „главата“, а не и „писмото“ Тие понекогаш градат подобра иднина за сите, не само за своите наследници Пишува Митко Билјаноски
Ф
инансиската криза го исфрли цел свет од колосекот на развој по кој долго време татнеше со голема брзина. Па, вообичаено за ваква ситуација, побрзо од барањето излез почна потрагата по виновници. Вината, секако не без причина, беше посочена кај милијардерите кои претходно беа посочувани за главен двигател на развојот. Движењето „Окупирај го Вол стрит“ сликовито ја објасни ситуацијата како конфликт меѓу 99 проценти од граѓаните, кои поседуваат само мал дел од вкупното богатство на општеството, и фамозниот 1 процент најбогати, кои поседуваат огромен дел од богатството. Со тоа е потврдена традицијата дека влијанието на супербогатите врз општеството е како две страни на една паричка. Само што сега сите ја гледаат „главата“, а не и „писмото“, на кое може да се види дека никој не би имал ништо против некој да се збогати ако на другите им понуди услуга со која го подобрува квалитетот на живот. И уште повеќе. Богатите, понекогаш, не само што не бараат пари за услугите, туку и одвојуваат дел од своето богатство за да придонесат за подобра иднина, не само за своите наследници. Чак Фини може да го забележите во воз, со весник или со пластично ќесе в раце. И по ништо не би го разликувале од другите пензионери, тој има 81 година. Најмалку би помислиле дека овој старец е основач на глобалниот синџир продавници „Дјути фри шоперс“ и оти од продажбата на коњак, цигари, парфеми и чоколада заработил 7,5 милијарди 64
долари. Неговото име никогаш не било на списокот најбогати луѓе во светот, иако со таква сума, секако, го заслужува тоа. Денес има 2 милиона долари, што му гарантираат повеќе од пријатни пензионерски денови. Не купува авионски билети за бизнис-класа, зашто знае дека со нив нема да патува побрзо. Нема „ролекс“, туку пластичен „касио“, што исто добро го мери времето. Не сака автомобили зашто му е тешко да бара паркинг во градските центри. Од јахти добива морска болест. Не поседува ни луксузен
Ворен Бафет и Бил Гејтс вложија огромен дел од своите милијарди за програми за помош на сиромашните деца и за изработка на вакцини за менингитис и маларија
ФИЛАНТРОПИТЕ ДЕНЕС АКТИВНО СЕ ВКЛУЧУВААТ ВО РАЗВОЈОТ, НО БАРААТ ДА ПОНУДАТ НЕШТО НОВО, НЕ ДА ИЗГРАДАТ НЕКОЈА БОЛНИЦА ЧИЕ ГРАДЕЊЕ БИЛО ЗАМРЗНАТО ПОРАДИ БУЏЕТСКИТЕ КРАТЕЊА
дом – престојува во три стана во сопственост на неговата фондација (во Даблин, во Бризбејн и во Сан Франциско), а во Њујорк, пак, во станот на ќерка му. Но, што се случи со другото богатство? Овој „обичен старец“ досега вложил 6,2 милијарди за развој на образованието, науката, здравствената заштита, грижата за стари лица и за одбрана на човековите права во САД, Австралија, Виетнам, Бермуди, Јужна Африка и за земјата на своите татковци - Ирска. И додека илјадници милионери во светот бараат начини како да стекнат милијарди, Фини со ист жар размислува како да банкротира. Последните 1,3 милијарди долари од своето богатство планира до 2016 година да ги вложи во разни проекти што заслужуваат внимание, а неговата фондација, конечно, ќе згасне во 2020 година. Фини решил да го даде своето големо богатство за решавање големи проблеми. За иницијативите за мир во неговата Северна Ирска, за модернизација на здравствениот систем во Виетнам по војната, па за преуредување на запуштениот њујоршки остров „Рузвелт“ во центар за технолошки развој. Не остава донации што само ќе ја замачкаат ситуацијата ниту, пак, прифаќа да учествува во фондови со други донатори. Настојува да лоцира ситуации во кои може да направи драматична промена и ги обезбедува средствата до последен цент. Секогаш презирал плакети, благодарници и експонираност во медиумите. Упорно ги прикривал своите активности. Многумина на кои им помогнал воопшто не дознале кој им ја наполнил касата. Услов за подарените пари бил да не се спомнува неговото име. www.gragjanski.mk
Филантропи
мо кога се подарени Напротив, настојувал да ги прошири паза- вложат барем половина од своето богатство рите, да понуди нови услуги и да ја совлада за добротворни дела. конкуренцијата. Но, уште повеќе се трудел - Кој ќе умре богат, умира засрамен - изјави да се ослободи од богатството, дури и побрзо пред еден век Ендрју Карнеги, кој, заедно со отколку што го стекнувал. Џон Д. Рокфелер, ја почна златната ера на Давањето пари за хумани цели не е лесна за- филантропијата. Карнеги направи огромно дача. Фондациите, како таа на Фини, мора да богатство во индустријата за челик, а Рокги изолираат проектите што ќе предизвикаат фелер од нафтата. Но, и двајцата настојуваа, максимален ефект врз општеството од секој барем со дел од своите пари, да остават печат вложен долар. Тоа значи дека не им се пода- врз општеството долго по смртта. И не умреа рува само на сиромашните, како милостина засрамени. или тапкање по рамо, туку се вложуваат пари Фондацијата „Рокфелер“ и корпорацијата во поголеми проекти што го подобруваат „Карнеги“ и денес продолжуваат да вложуваквалитетот на живот на цела заедница. Се ат големи средства во областите што ги дефивложуваат милијарди во истражувачки про- нираа нивните основачи - Карнеги во образоекти на универзитетите, бидејќи е докажано ванието, а Рокфелер во здравството. дека парите вложени за развој на науката се Насоката што ја поставија првите големи фивраќаат повеќекратно за општествата и за лантропи пред еден век, потоа ја прифатија заедниците. Сепак, еден од проектите со кои низа влади, особено во проектите за обновуФини најмногу се гордее (во него вложил 19,5 вање на уништувањата од двете светски војмилиони долари) е инвестирањето по 250 до- ни. Пред еден век филантропите биле првиот лари за хируршка операција на деца со „зајач- извор на градење општествени добра. Ако ка усна“, а која спаси многу деца од големи не изградиле болница во некој сиромашен трауми во животот. Но, никогаш не дозволил кварт, никој немало да ја изгради. Но, вланеговото име да биде врежано на некоја ин- дите во дваесеттиот век ги зголемија своето ституција или објект. влијание и моќ, невладините организации и Примерот на Фини ги поттикнал Бил Гејтс здруженијата на граѓани станаа поактивни и и Ворен Бафет да формираат фондација. погласни, па како резултат на тоа почнаа да се Во неа тие вложиле огромен дел од своите градат повеќе општествено полезни објекти. милијарди за програми за помош на сиро- Класичните филантропи, пак, се соочија со машните деца и за изработка на вакцини за предизвикот да изнаоѓаат начини како да менингитис и маларија. Гејтс и Бафет ги пови- помогнат со проекти надвор од мејнстримот. каа и другите најбогати луѓе на планетата да Актуелната должничка криза практично им помага поактивно да се вклучат во развојот, но и да понудат нешто ново, не да изградат некоја болница, која властите ја планирале, Модерни Прометеи но не ја изградиле поради буџетските кратења. Филантропијата се разликува од донаторството. Донаторите им даваат пари на луѓе во неволја, но Оваа ситуација придонесе за менувања и на тоа, обично, е еднократна помош, без да се имаат предвид причините за нивната неволја. Нешто самиот концепт на филантропијата. Луѓето како милостина или тапкање по рамо за утеха. Филантропите, пак, имаат визија, како модерна како Фини, чија цел е навистина да помогнат, верзија на Прометеј, што им го подарил огнот на луѓето. Од огромното богатство тие одвојуваат а не да си направат реклама, сметаат дека госредства за проекти од кои ќе има полза цела заедница, цело општество. лемите фондации стануваат пребирократски, со што се обременува принципот на барање големи проекти. Експертите сметаат дека фондацијата што ја направија Гејтс и Бафет долго време ќе остане последна од обемните филантропски проекти, а добродетелите на иднината ќе се фокусираат на поскромни дела, со побрз ефект. Фини нема причина за срам и не жали за милијардите од кои се откажал. Единствено се плаши дека нема да дочека го види реализиран својот голем, најголем проект – изградба на Силиконската долина на истокот - на до неодамна запуштениот њујоршки остров Рузвелт. Затоа ги подучува идните филантропи – не чекајте да ги давате парите кога ќе остарите, туку додека сте млади, додека имате енергија тоа да го проширите и кај другите.
Во текот на целиот свој живот Фини дал само пет интервјуа. Повеќе сака да зборуваат неговите дела. Како што се одделенијата на колеџот „Тринити“ во Даблин – од продавничката за сувенири, па сè до комплексот за генетика и лабораториите. Како што се Ирската светска академија за музика и танц на Универзитетот во Лимерик, новиот факултет за медицина и спортскиот центар на кој стотици деца секој ден тренираат фудбал и рагби. Фини израснал во сиромашен ирски кварт во Њу Џерси, во периодот по Големата депресија, а своето богатство го направил со вешти потези во бизнисот за продажба на нецаринети алкохолни пијалаци, цигари, парфеми и сувенири. Прво на морнарите од Атлантската флота, а потоа и на бранот туристи што како цунами излегле од Јапонија, откако властите во Токио ги укинале поствоените рестрикции за патување во странство. Изградил глобална мрежа и му останало само да ги собира плодовите. Во 1967 година добил дивиденда од 12 илјади долари, а во 1977 година веќе 12 милиони долари. Богатството му пораснало на стотици милиони, па бил извлечен од удобноста на анонимноста. „Форбс“, конечно, го вклучил во своите листи, проценувајќи го неговото богатство на 1,3 милијарди долари. Но, списанието направило две грешки во пресметката. Тој заработил многу повеќе, а поседувал многу помалку. Не се откажал од нагонот за правење пари.
ЧАК ФИНИ ЗАРАБОТИЛ 7,5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, А ДОСЕГА ВЛОЖИЛ 6,2 МИЛИЈАРДИ ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО, НАУКАТА И НА ЗДРАВСТВОТО
сабота, 6 октомври 2012
Остануваат делата
Карнеги хол (Ендрју Карнеги, 1891) вложена сума: 1,1 милион долари (25 милиони долари денес, со пресметана инфлација) проценета вредност денес:
515
милиони долари
Национален парк „Гранд тејтон“ (Џон Д. Рокфелер јуниор, 1950) вложена сума: 1,4 милиони (18,5 милиони денес) проценета вредност денес:
1,2
милијарди долари
Универзитет „Стенфорд“ (Лиланд Стенфорд, 1891) вложена сума: 39 милиони (381 милион денес) проценета вредност денес:
4,5
милијарди
Институт „Смитсонијан“ (Џејмс Смитсон, 1838) почетна донација: 500.000 долари (11 милиони денес) проценета вредност денес:
8,7
милијарди долари
65
Тренд
Лојалноста не се купува, туку се заработува Експертите за маркетинг истражуваат иновативни идеи за да привлечат нови клиенти, но многу повеќе енергија вложуваат за да најдат начини да ги задржат старите. Компаниите можат да го зголемат профитот дури за 100 проценти, само ако успеат да задржат пет проценти повеќе од своите верни потрошувачи
Д
Андријана Атанасовска
енес, кога потрошувачот ја има моќта да ја креира перцепцијата за брендот, компаниите повеќе не можат да гледаат на секоја трансакција како на низа од бројки и имиња. Иако успешното искуство при купување настанува со првиот контакт во самата продавница, сепак, на маркетарите им останува да ја добијат таа бесценета, нематеријална лојалност на потрошувачите. А, лојалноста треба да се заработи, а не да се купи, велат експертите. Купената лојалност ќе носи потрошувачи во продавницата каде што ќе можат единствено да купат нешто на попуст, но стекнатата верност ќе ги привлекува во продавницата цел живот. Значењето на градењето лојалност е особено важно во новата ера на маркетингот, при што социјалните медиуми придонесоа мислењето на секој потрошувач да биде од исклучително значење за компаниите. Според едно истражување спроведено оваа година во Канада, во кое биле опфатени повеќе од 6.500 потрошувачи и 59 програми за лојалност, типичниот потрошувач просечно поседува 6,4 картички за лојалност. Оваа бројка е речиси двојно поголема (12,3 картички за лојалност) кај потрошувачите кои заработуваат повеќе од 125.000 долари годишно. Истражувањето, исто така, покажало дека програмите за лојалност, кои ги имаат компаниите, покажуваат тенденција да убедат шест од 10 потрошувачи да продолжат да го купуваат тој бренд. 66
- Некои програми за лојалност, на мошне автентичен начин, завршиле многу добра работа во однос на поврзувањето со потрошувачите и им помагаат да согледаат дека ќе имаат одредена корист ако некој производ го купат од одреден бренд - вели Роб Даниел, потпретседател за лојалност и истражување во „Мариц Канада инк“. Но, бидејќи се појавуваат сè поголем број програми за лојалност, маркетинг-агентите сфаќаат дека не е доволно да се понудат само одредени награди. Тие мора постојано да ги развиваат своите стратегии за задржување на потрошувачите, а воедно и да наоѓаат дополнителни начини на кои би се поврзале со своите потрошувачи и би се разликувале од конкуренцијата. Тие тврдат дека лојалноста на потрошувачите практично нема цена. Со оглед на економската состојба, наградите за производите што ги купуваме секојдневно, како што се храна и бензин, стануваат сè попопуларни. Но, дури 41 отсто од испитаниците истакнале дека сакаат како награда да добијат нешта што не е во рамките на нивните финансиски способности. Па, затоа програмите за лојалност во поново време нудат уникатни награди што имаат за цел да ги изненадат и воодушеват потрошувачите. Кога станува збор за воодушевување на своите клиенти, компанијата „Амекс“ значително ги подигнала критериумите. Таа им нуди на своите премиум членови пристап до „бесценети“ настани, вклучувајќи и влезници за тенискиот турнир „Вимблдон“ (многу е тешко да се најдат) или, пак, ексклузивно гледање на доделувањето „Оскар“.
Односот помеѓу продажниот персонал и потрошувачите, како и тоа да направите потрошувачот да се чувствува и да изгледа прекрасно, е клуч за успех на бизнисот
www.gragjanski.mk
Војна за клиенти
ПРОГРАМИТЕ ЗА ЛОЈАЛНОСТ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ НАЧИН НА КОЈ ЌЕ СЕ ПРИВЛЕЧАТ ПОТРОШУВАЧИ - ДЕНЕС ТИЕ СЕ ИЗРАЗ НА ВИСТИНСКА БЛАГОДАРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ КОН КЛИЕНТИТЕ
Маркетинг-агентите мора постојано да ги развиваат своите стратегии за задржување на потрошувачите и воедно да се разликуваат од конкуренцијата
сабота, 6 октомври 2012
Минатата есен „Мастер кард ворлдвајд“ ја претстави својата програма „Бесценети градови“, која нуди неверојатно и ексклузивно искуство. Во програмата се опфатени часови за возење тркачки автомобили или следење натпревар на домашни спортски тимови. „Бесценети градови“ моментално е достапно во Торонто, Њујорк, Пекинг, Сиднеј и во Лондон, а планот е оваа програма да се прошири и во други градови на светско ниво. Во компанијата „Аероплан“, глобален лидер во менаџирањето на лојалноста, велат дека лани издале повеќе од 11.000 награди за своите членови. Дејвид Клаин, потпретседател на одделението за маркетинг и иновација, тврди дека овој број се зголемува за 30 отсто секоја година - статистика која укажува дека потрошувачите постојано сакаат да испробаат нешто ново и различно. - Потрошувачите сè повеќе сакаат да пробаат нови работи и да креираат долготрајни спомени преку искористување на поените наместо да остварат безначајна трансакција за да добијат бесплатни работи - вели Клаин. Некои од популарните награди од програмата вклучуваат учество на двочасовна работилница, каде што членовите можат да креираат свој парфем, како и тура со хеликоптер околу Големиот Кањон. Пред осум години „Аероплан“ нудеше награди за патувања со авион, а веќе три години ја има програмата „Парите не можат да купат“, која вклучува награди, како што се скејтборд со потпис на Аврил Лавињ или, пак, кожена јакна со автограм од Џорџ Клуни. Програмата за наградување на „Ер мајлс“, со повеќе од 10 милиони активни членови, во поново време ги има збогатено своите пакети за патување и нуди поразличен сет од искуства, како сафари во Африка или летање со воздушен балон. На членовите со картичка за лојалност, кои во текот на една година веќе поминале повеќе од 1.000 милји, им се нудат ексклузивни награди, како што се премиера на филм или дегустација на ново вино. Како гест на лојалност кон своите потрошувачи оваа година „Ер мајлс“ покани стотина од своите топ-колекционери на луксузно крстарење со брод околу Франција, Белгија, Амстердам. Ова значи сосема друго ниво за програмите за лојалност. Повеќе не се начин на кој ќе се привлечат потрошувачи. Денес тие
претставуваат вистински акт на благодарност на компаниите кон клиентите. Програмите за лојалност се креирани како добитна комбинација за двете страни - и за компанијата и за потрошувачот. Колку што повеќе труд ќе вложат компаниите во изразувањето благодарност кон своите потрошувачи, толку нивните потрошувачи ќе одговорат на тоа. Новиот модел за задржување на потрошувачите е да се слушаат нивните потреби, да се набљудува и да се понуди решение во зависност од потребата. Никогаш досега не било пофасцинантно да се добие награда за лојалност. Добриот бренд знае дека клучот до срцето на потрошувачот е креирањето незаборавно и лично искуство при купувањето, кога потрошувачот се чувствува важен и ексклузивен наместо како уште еден безличен купувач. - Односот помеѓу продажниот персонал и потрошувачите, како и тоа да направите потрошувачот да се чувствува и да изгледа прекрасно, е клуч за успех на бизнисот - вели Алекс Бокс, маркетинг-агент во компанија со 175-годишна традиција. „Холтс“ редовно организира настани за своите потрошувачи, каде што купувачите имаат шанса да ги запознаат омилените дизајнери, како што се Викторија Бекам, Дона Каран и Александар Вонг. Неодамна, „Холтс“ организирала состанок на една од своите најлојални клиентки со нејзиниот омилен дизајнер на накит во Лос Анџелес. Овој состанок вклучувал и ручек, а клиентката можела да ја погледне најновата колекција. Вработените постојано им испраќаат електронски пораки на клиентите за сите нови модни работи што се во согласност со нивниот вкус, барања и историја на купување. Компаниите имаат воведено електронска трговија како концепт на работа, но тврдат дека виртуелното купување не може да го замени концептот на продажба лице в лице. Евидентно е дека потрошувачите на т.н. луксузен пазар добиваат повисоко ниво на услуга и внимание. Димитриос Зарикос, потпретседател на синџирот хотели „Фор сизонс“, вели дека клучот е да се понуди нешто што самиот потрошувач не би го очекувал. Членовите на едно семејство од Кариби отседнале во хотелот во Торонто со цел прв пат во животот да видат снег. Но, токму тогаш времето било ведро и немало снег. Затоа вработените во хотелот направиле вештачки снег кој паѓал пред нивните прозорци и на терасата. Зарикос вели дека основата е да се слуша потрошувачот и да се предвиди што би можело да го направи незаборавен престојот во тој хотел. - Некој од вработените ќе слушне како гостинот вели „среќна годишнина, драга“, а ние ќе ги изненадиме со нешто за да се одбележи тој настан, со шампањ или торта, во зависност од нивните желби - вели Зарикос. 67
Фељтон
Салман ружди
Живот на конец Добар дел од своите 65 години Салман Ружди помина во илегала, како човек со друго име и друг идентитет. По објавувањето на романот „Сатански стихови“, ајатолахот Хомеини му изрече фатва, поради што го обезбедуваа како британската кралица. За тие долги 13 години, исполнети со трагедии, Ружди пишува во новата книга со мемоари, а при крајот на октомври ќе се појави како негативец на филмското платно Пишува Митко Билјаноски
Н
а Салман Ружди, се чини, му било судено цел живот да го помине како негативец. Во поголемиот дел од животот (65 години) писателот бил омразен како ѓавол во исламскиот свет, па дури и режисерите, со кои е личен пријател, постојано му нудат да глуми „лоши момчиња“. - Не знам зошто, но се чини дека тие гледаат некаква нишка на зло во мене - вели Салман Ружди, во период кога повторно станува актуелен за медиумите. Пред неколку недели ја објави книгата со мемоари, а при крајот на октомври ќе се одржи премиерата на филмот во кој ќе го глуми „Марлон Брандо со турбан“, како што вели самиот. Неговиот пријател Дипа Мехта ја режирал адаптацијата на Руждиевиот роман „Децата на полноќта“ (кој ја доби престижната Букерова награда) и настојувал Ружди да ја игра улогата на стариот кум, вплеткан во пресметката меѓу бандите на сиките во западна Кана-
68
да. И порано го барале да игра негативец. Во филмот „Лулу на мостот“, режисерот Пол Остер скроил улога за Ружди (сослушувач на главниот лик, кој го игра Харви Кајтел), но студиото не сакало да ризикува инцидент ниту дополнително да го одврзе ќесето за заштита на Ружди, по кого веќе била објавена фатва. Алан Робе-Гриле му понудил улога на сомничав доктор во камбоџанска џунгла. Ружди им се заблагодарил на режисерите и ги одбил улогите, но прифатил да глуми еден лик, многу сличен на него, во филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“, по сугестија на авторката на истоимениот роман. Бил одминат од кастингот кога во 1990 година е снимен пакистанскиот филм во кој главниот лик, Салман Ружди, по објавувањето на „Сатански стихови“ настојува да отвори казина и дискотеки низ Пакистан за сосема да го порази исламот во неговата колепка. На крајот од филмот Ружди е совладан, не од џихадистите, туку од молњите на три големи Курани што се појавуваат од небото и го претвораат во пепел.
Неговиот пријател Дипа Мехта ја режирал адаптацијата на Руждиевиот роман „Децата на полноќта“ (кој ја доби престижната Букерова награда) и настојувал Ружди да ја игра улогата на стариот кум, вплеткан во пресметката меѓу бандите на сиките во западна Канада
„International Gorillay“ бил класичен производ на пакистанската филмска индустрија и на гледачите на запад им изгледал комично. Британските цензори настојувале да го забранат поради содржината, но токму Ружди им се спротивставил, истакнувајќи дека цензурата само ќе го популаризира филмот низ светот. - Тоа беше ѓубре што можеше да стане скапоцен камен ако го забранеа - коментира Ружди. Сличен потег на иранскиот ајатолах Рухолах Хомеини направи „скапоцен камен“ од Ружди, повикувајќи ги (на Свети Валентин во 1989 година) сите муслимански верници да го убијат поради неговиот роман „Сатански стихови“. Фатвата не се однесувала само на него, туку и на издавачите на книгата, на книжарниците и на секој муслиман кој ќе му го прости гревот. Двајца колебливи свештеници во Лондон биле убиени. Ружди, пак, бил скриен на тајна локација во Англија и го обезбедувале како скапоцен камен. Втурнат во овој филм, Ружди морал да ја www.gragjanski.mk
салман ружди прифати улогата на Џозеф Антон, кого го играл 13 години. Ова е псевдонимот што го зел откако се повлекол во илегала во Британија. Новиот идентитет бил неопходен заради негова заштита, покрај постојаната придружба од четворица вооружени телохранители и блиндиран „јагуар“. Членувал во „Клубот прво ниво“, во кое, покрај него, имало уште двајца - кралицата и премиерот. Името Џозеф Антон го избрал како кованица од имињата на писателите Конрад и Чехов, а самиот вели дека „било пополезно за заштита од кое било индиско име“. Тоа име го имал до 27 март 2002 година. Џозеф Антон сега има нов живот. Тој е главен лик во мемоарите на Ружди, објавени неодамна како книга со 636 страници. Тринаесетте години на Џозеф Антон се полни со трагедии. Во тој период, неговата сопруга Клариса умира од рак. Му се распаѓаат вториот и третиот брак, четвртиот е на раб на пропаст, неговиот јапонски уредник е убиен, неговиот издавач во Норвешка е застрелан, неговиот италијански преведувач е избоден со нож. Стотици незнајни луѓе гинат во демонстрациите против објавувањето на неговата книга. „Сатански стихови“, пак, беа јавно фрлани на клада од Брадфорд до Исламабад. Авторите на кои им се восхитувал, како што се Џон Бергер и Џон ле Каре, го обвинија дека требало да ја повлече книгата од продажба. - Долго време воопшто не сакав да ги запишам страдањата на Џозеф Антон, бидејќи се плашев оти тоа ќе биде многу трауматично. Но, не беше. Мемоарите, вообичаено, се пишуваат за „израмнување на долговите со старите должници“. Ружди вели дека тоа не било случај со оваа книга. - Не сакав да создадам 600 страници за да израмнам некакви сметки. Настојував да биде разбирлива за сите и максимално критична кон мене. Решив да не ги разубавувам фактите. Авторот не е единствениот „соголен“ во мемоарите. Книгата ќе ги повреди чувствата на многу блиски луѓе на Ружди. Пред сè, на неговата втора сопруга, писателката Маријане Вигинс, која ја опишал како ментално растроена. Воопшто не ì го испратил текстот пред да ја објави книгата, но ì порача: „Може да си ја купи книгата и да си ја прочита“. Кон третата и четвртата сопруга, сепак, чувствувал поголема одговорност и се консултирал со нив за одредени детали. Исто така, и со синот Зафар од првата сопруга Клариса. - Елизабет (третата сопруга) е една од првите кои ја прочитаа книгата. Поправи неколку пасуси и ја потпиша. Елизабет не ја пречкртала епизодата во која е опишано како во Њујорк имала жестока средба со Падма Лакшми, својата наследничка во брачната постела на Ружди. сабота, 6 октомври 2012
И денес, 23 години по објавувањето на романот, Ружди не може да процени дали неговата војна во врска со „Сатански стихови“ завршила со победа или со пораз. Може да се смета за победа, бидејќи романот сè уште се печати и авторот не го снашло големо зло. Но, стравот и заплашувањата се зголемуваат. Не само против Ружди
Лакшми, која во бракот со Ружди издржа од 2004 до 2007 година, не сакала многу да чита. - Само кажи ми што има во книгата за да не останам подзината - побарала од поранешниот сопруг. Тој, пак, пред јавноста ги открива своите чувства што ги криел додека пред една свечена вечера во Холивуд неговата сопруга им позирала на папараците. - Таа има секс со стотици мажи во исто време, а тие не ја ни допираат. Нема шанси никој маж да се натпреварува со тоа. Но, не се штеди ни себеси. Си забележува поради тоа што станал „зомби на забарот“. На Бадник 1990 година, по барање на шестмина муслимански свештеници со кои прифатил да се состане во полициската станица „Падингтон грин“, потпишал документ во кој наведува дека со книгата „Сатански стихови“ немал намера да го навреди исламот и оти ја прифаќа религијата. Човекот кој го договорил состанокот, забарот Хешам ел Есави, настојувал да го врати Ружди кон верата. Набрзо по состанокот тој објавил текст во „Тајмс“ со наслов „Зошто сум муслиман“. Во текстот напишал: „Секако дека јас не сум добар муслиман. Но, сега можам да кажам дека сум муслиман. Всушност, ме обзема среќа кога откривам дека сум дел од заедницата, чии вредности отсекогаш ми биле најблиски до срцето“. Кога се „освестил“, тој текст никако не можел да си го прости. - По текстот се разболев психички. Чувствував дека сум го изгубил умот. Кога се навраќам на моите записи од тоа време, сметам дека тоа бил мој најлош период. Се гледам себеси како зомби на забарот. Си мислев дека тој ме извлекува од духовен амбис, но сите кои ме сакаа му кажаа дека сум полудел. Сестра ми Самин ми се јави на телефон и ми кажа: „Просто не верувам. Да не си се мрднал од умот?“ Пробле-
мот е што сè направив сам, без да се консултирам со семејството и со пријателите, кои ме поддржуваат. Сепак, тој не жали сосема за својот „зомби“ период. - Удрив во дното, а една од добрите последици на ударот во дното е тоа што знаеш каде е дното. Се обидел да ја поправи грешката. Се дистанцирал од религијата. Денес се опишува како „длабоко нерелигиозен човек од таборот на Хиченс“, спомнувајќи го својот пријател, веќе покојниот Кристофер Хиченс, автор на бестселерот „Господ не е Велик“. Почетокот на мемоарите терминолошки соодветствува со краткиот живот на Џозеф Антон. Се сеќава на денот кога преку една американска телевизија одговори на „честитката“ за Свети Валентин од ајатолахот Хомеини. „Посакувам да напишев уште повеќе критики во книгата. Не чувствувам дека книгата особено силно го критикува исламот“, изјави Ружди за ЦБС. И денес се чувствува горд на својата итна реакција. И сè уште стои зад своите зборови. - Горд сум затоа што успеав да го кажам тоа во состојба на шок. Дали денес би напишал книга со повеќе критики за исламот? О, да. Дефинитивно. Но, „Сатански стихови“ не се однесува на исламот, поточно не се однесува само на исламот. Тоа е приказна за потеклото на религијата, придржувајќи се до исламот. Таа е за природата на откровението, за појавувањето на визиите. Има блиски паралели меѓу прикажувањето на свети Јован пред Јованка Орлеанка и описите како архангел Гаврил му се прикажал на пророкот Мухамед. Мене тоа ми се чини на субјективна реалност, а не на објективна. Дали, ако би стоеле до Мухамед, и вие би го виделе овој голем ангел? Веројатно не, но во исто време Мухамед не измислувал што се појавило пред него. За него, тоа било
Дали денес би напишал книга со повеќе критики за исламот? О, да. Дефинитивно. Но, „Сатански стихови“ не се однесува на исламот, поточно не се однесува само на исламот. Тоа е приказна за потеклото на религијата, придржувајќи се до исламот 69
салман ружди
реалност, а не фикција. За тоа е интересно да се пишува - објаснува Ружди. Интересно му било да пишува и за „моментот кога Мухамед бил заведен од сатаната“. „Сатанските стихови“ од неговиот роман се однесуваат на „зборовите за кои Мухамед мислел дека му ги кажува архангелот Гаврил“. Дури подоцна, според романот, Мухамед ги исфрлил овие стихови, истакнувајќи дека бил заведен од ѓаволот преправен како архангел. Уште како апсолвент на „Кембриџ“, дваесет години пред да ги напише „Сатански стихови“, Ружди пишувал за историските колебања на Мухамед и се прашувал зошто пророкот пред 1.400 години го прифатил лажното откровение како вистинско. Еден од можните одговори, сметал Ружди согласно со некои учители на исламот на Запад, било тоа дека Мухамед бил политичка фигура, која во еден момент сфати-
Ружди морал да ја прифати улогата на Џозеф Антон, кого го играл 13 години, неопходен заради негова заштита, покрај постојаната придружба од четворица вооружени телохранители и блиндиран „јагуар“ 70
ла дека нестабилната база што ја имал во Мека може да се зацврсти ако монотеистичката религија, која ја создал, ја адаптира кон следбениците на тогаш популарните пагански натприродни суштества. Но, овој одговор на Ружди поттикнува мислење дека основачот на исламот бил повеќе политичар отколку божји гласник. Уште пострашно, во романот Ружди го нарекува пророкот „Махунд“, според името со кое го нарекувале крстоносците. Мнозинство муслимани го сфатија ова како напад од Ружди врз нивната религија и како подбивање со пророкот Мухамед. - Јас не се подбивам со Мухамед. Го опишувам како некој што се однесувал прилично добро. Кога триумфално се вратил во Мека, тој не убил многу луѓе - објаснува авторот. Но, и денес, 23 години по објавувањето на романот, Ружди не може да процени дали неговата војна во врска со „Сатански стихови“ завршила со победа или со пораз. Може да се смета за победа, бидејќи романот сè уште се печати и авторот не го снашло големо зло. Но, стравот и заплашувањата се зголемуваат. Не само против Ружди. Откако неодамна на интернет се објави филм навредлив за муслиманските верници, илјадници луѓе се кренаа на протести во многу градови. Најжестоки и најкрвави беа тие во Либија, во кои е убиен амбасадорот на САД. - Филмот е безвредно ѓубре. Цивилизираниот одговор кон авторот би бил: „Гони го, по ѓаволите. Да си продолжиме со денот“.
Но, не е цивилизирано Америка да се смета одговорна за сè што се случува во нејзините граници. Тоа се глупости. Дури и да било точно, недозволива реакција е да се тргне во одмазда со физички напади врз луѓе. Муслиманскиот свет мора да излезе од овој ментален калап - вели Ружди. Но, не е сосема сигурен дека тоа е возможно во денешната ситуација. Ја застапува тезата дека една од негативните последици на Арапската пролет е подемот на салафизмот. - Оваа екстремна форма на исламот се разви во земјите што поминаа низ револуциите на Арапската пролет - вели Ружди, а за уште полошо го смета тоа што западните либерали потклекнале пред чувствителноста на најекстремните муслимани. Затоа смета дека кога денес би ја напишал „Сатански стихови“, тешко би можел да најде издавач, а уште помалку купувачи. Го спомнува примерот на лондонската телевизија Ченел 4, која го откажа прикажувањето на документарната серија „Ислам: Нераскажаната историја“ по низата критики и закани кон презентерот, историчарот Том Холанд. - Постојано го слушаме рефренот: „Муслиманите може да се навредат и ние мора да ги почитуваме“. Тоа не е вистина. Кога луѓето прават кукавички потег, тоа не го прават од почит, туку од страв. Добро, тоа е за дебата, но секако е вистина дека ако Ченел 4 не потклекнеше, серијата на Холанд сè уште ќе можевме да ја гледаме на телевизија. Во мемоарите постојано се провлекува ставот дека Западот е подеднакво одговорен за подемот на исламскиот фундаментализам. Западот бил вклучен во соборувањето на владата на Мосадег, што придонело за Исламската револуција во Иран. Друг пример е поддршката на династијата Сауд. - Поставувањето на Куќата на Сауд на тронот што ги надгледува полињата со нафта, веројатно, е најголема грешка на западните сили, бидејќи Саудијците го искористија своето неограничено богатство од нафтата за да градат верски училишта, во кои се пропагира екстремистичката пуританска идеологија на нивниот омилен Мухамад ибн Абд ал Вахаб. А, како резултат на тоа, вахабизмот од мал култ се прошири низ арапскиот свет, поради што екстремистите добија голема енергија и самодоверба - вели Ружди. Одговорноста на исламскиот свет, пак, според него, е во дозволувањето сами да си создадат рани. - Кога бев момче, ми кажуваа за големите градови Бејрут, Багдад и Техеран. Тие беа модерни и убави места, во кои се мешале многу култури. За време на мојот живот тие станаа зони на катастрофи - смета Ружди. Тој неодамна го посетил реотвореното исламско крило во музејот за модерна уметност МОМА во Њујорк. www.gragjanski.mk
салман ружди
Постојано го слушаме рефренот: „Муслиманите може да се навредат и ние мора да ги почитуваме“. Тоа не е вистина. Кога луѓето прават кукавички потег, тоа не го прават од почит, туку од страв
сабота, 6 октомври 2012
Откако го заврши животот на Џозеф Антон, Ружди помина неколку години во Њујорк, иако сè уште го смета Лондон за свој дом. Њујорк му овозможува да се чувствува како имигрант, заедно со колегите во слична ситуација, таму има можност да ја обнови својата литературна култура
- Беа изложени експонати со убавина од која запира срцето. Разни богатства, накит, чинии... многу прекрасни предмети. Проблемот е во тоа што исламот се разви во тесна идеологија. Исламот од овој век не може да произведе такви скапоцени предмети. Откако го заврши животот на Џозеф Антон, Салман Ружди помина неколку години во Њујорк, иако сè уште го смета Лондон за свој дом. Њујорк му овозможува да се чувствува како имигрант, заедно со колегите во слична ситуација, таму има можност да ја обнови својата литературна култура. - Американската култура отсекогаш се базирала врз имигрантите. Денес писателите, како што се Јијун Ли и Жуно Дијаз, ја збогатуваат американската култура. И „Џозеф Антон“ е плод на тоа освежување. Сега сака да направи пауза и да се одмори. Ја очекува лондонската премиера на филмот за „Децата на полноќта“. Првичните критики на фестивалот во Торонто беа поволни. На премиерата нема да пристигне во блиндиран полициски „јагуар“ со вооружени телохранители. Одамна низ Лондон се вози со такси. Се надева дека уште долго ќе може да ужива во својата актуелна улога - слободен човек.
71
Време за пауза
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 Хоризонтално 1. Vid muzi~arki (Ana Kondratenko, Vanesa Mej) - likovna umetnost 2. Otpi{uvawe - otpadok pri struganica - italijanski akter, Fabio 3. Bibliska li~nost - jaka - sve~ena obleka - zvuk od glasno di{ewe, rkotewe 4. Vulkan vo Galapagos - nepravilnost - egipetski bog, Amon 5. Znak za lantan - model, obrazec drvena vle~ka - lamja, a`der (germ.) 6. Italija - holivudska akterka, Kruz - odbranben stav vo boksot solarnik 7. Zasu{ena ov~a pot - indisko bo`estvo (film na Xejms Kameron) - vid papagal - usloven svrznik 8. Bakaren xin od ostrovot Krit - voda~ na kamili - krivi~no delo - rendgen 9. Italijanski diktator, Musolini - du{evno raspolo`enie - slu`beno soop{tenie 10. Italijanski slikar, Antonio Kanaleto - selo vo ki~evsko - vojnik pe{ak (tur.)
11. Papski godi{en prihod holivudska akterka, Li - portugalski fudbaler - hrvatski golman, Pletikosa 12. Znak za natrium - pritoki pristani{te vo Samoa - kr{livo - Ivan To~ko 13. [panija - vid ribarska mre`a - pari~en prilog daden vo dobrotvorni celi- italijanski moden kreator, Xorxo 14. Prilog za mesto - vid igra so karti - na{a postara akterka, Mara - ju`en vetar kaj starite grci 15. Ma{ko ime (nag.) - grupa mali voeni brodovi - italijanski pisatel 16. Mitsko su{testvo od gr~kata mitologija - zastapnik Вертикално 1. Peja~ - lice {to kani 2. Najstar prevod na Biblijata tu|ina - starorimski pozdrav 3. Deskripcija - bebe{ka obleka mesto na Pele{ac 4. Angliski fudbaler, Gari priroda (lat.) - tritium 5. Istorisko mesto vo Mala Azija
- oblast vo Etiopija - grupa lu|e (razg.) 6. Znak za neutron - na{ akter, Angelovski - potko`en loen izrastok - znak za lutecium 7. Muslimansko ma{ko ime - istorisko mesto vo SAD - star naziv za skandium 8. Crtani romani - ve{ta zamena na ne{to 9. Grad vo Germanija - nemirni skapocen kamen (tur.) 10. Specijalitet od meso - japonski politi~ar, Kakuei - telefonski povik 11. Indira Gandi - ruski kosmonaut, Jurij - li~nost od gr~kata mitologija zaquben vo Tizba 12. Del od opti~ki pribor - zada~a, povik - znak za fosfor 13. Vid zanaet~ija - kowska zaprega - znak za ilinium 14. Spartanski vojskovoda~ - francuski vesnik 15. Prefiks vnatre - japonska dvokolka - pokraina vo Indija 16. Bibliska li~nost - vino pred
fermentacija - anglisko svetlo pivo 17. Avstrija - rimuvawe na ist na~in - NBA ko{arkar, Rondo 18. Zagar - `iteli na selo - silna `elba 19. Vid ribarska mre`a - stru~wak za gradba na ~ovekovoto telo - Vasil
Atanasov 20. “Teniski sportski klub” ras~lenuvawa - holivudska akterka, Bening 21. Den od sedmicata - selo vo vele{ko 22. Grad vo Japonija - muzi~ar {to gi ve`ba peja~ite
Решение од минатиот број
www.gragjanski.mk
Хороскоп од 06.10.2012 до 12.10.2012
Времеплов
Овен
Бик
21.03-19.04
20.04-20.05
Активно учествувајте во новите случувања што се однесуваат на вашите деловни и стратегиски планови. Треба да реагирате брзо и снаодливо за секоја добра деловна понуда. Не треба да се наметнувате, дозволете вашите резултати да ги илустрираат знаењето или способностите што ги поседувате. Во љубовниот живот следете ги чувствата. Заборавете на разумот. Нема потреба да се претставувате поинаку во друштво на љубеното лице.
Се соочувате со нови дилеми. Некој ве наговара да продолжите со почнатите проекти и да не потпаѓате под влијание на туѓи зборови или предупредувања. Чувствувате недостиг од волја и концентрација за извршување на некои рутински задачи. Не сакате да ги преминете своите овластувања и затоа ја одложувате конечната одлука. Во љубовниот живот ви недостига вистинска емотивна поддршка. Посакувате да се оствари една средба
Рак
Лав
21.06 - 22.07
23.07– 22.08
Упорно се обидувате да промените одредени околности или да влијаете на нечие мислење. Меѓутоа, тактиката на која инсистирате носи негативни резултати. Некој ќе ве стави пред свршен чин и нема да ви дозволи ново одложување на обврските. Избегнувајте зајмувања и намалете ги потрошувачките афинитети. Немате големо влијание на мислењето или на одлуките на партнерот. Не ви одговара некој друг да решава во ваше име.
Однесувајте се промислено пред лицето кое може да ве опише на погрешен начин или да ги употреби вашите изјави во своја корист. Деловната стратегија што ја спроведувате носи само делумни резултати, а тоа почнува да ве загрижува. На крај тешко може да се заклучи кој добива, а кој губи. На љубовен план ве очекува ново емотивно несогласување, зашто тоа што го правите не е по желба на саканото лице.
Вага
Скорпија
23.09 - 23.10
24.10 - 22.11
Имате можност да завршите многу корисни и практични работи што ќе ви донесат психолошко олеснување и добра материјална сатисфакција. Здружете ги своите деловно-финансиски интереси со екипата која ветува успешна и долгорочна соработка. Бидете доволно отворени за нови идеи и решенија. Во љубовниот живот треба да проверете дали партнерот има искрени намери и дали ве врзуваат слични желби и потреби. Некој ќе ве изненади.
Нарушените деловни односи или интригантни ситуации влијаат негативно на заедничките резултати, како и врз вашата ангажираност. Размислете за конкретни промени или за некој нов облик на соработка. Сè уште немате храброст да преземете одреден ризик. Очекувајте изненадување од партнеровото однесување, а емоциите може да предизвикаат ново сомневање. Ќе се обидете да ја дознаете причината за задоволството на партнерот.
Јарец
Водолија
22.12 - 19.01
20.01 - 18.02
19.02 - 20.03
Наидувате на неразбирање од околината, а ве очекуваат нови проблеми што ги компликуваат вашите деловни планови. Тековните проблеми ќе може да ги поднесете полесно, под услов да не бидете дополнително оптоварени од некое семејно случување. Доколку се случува нешто необично со вашиот партнер, детаљно испитајте ја ситуацијата. Не реагирајте врз основа на првиот импулс, туку почекајте страстите да се стивнат.
Потребни ви се екстра-енергија и трпение за да ги решите финансиските проблеми. Не можете да ги игнорирате барањата што ви ги наметнува една постара и влијателна личност. Сепак, секој труд се исплатува на крајот. Во љубовта не треба да критикувате ако нема причина за тоа и не преувеличувајте ги недостатоците на партнерот. Мудро почекајте прв да проговори или да ви се довери, тогаш работите ќе ви станат појасни.
Врз основа на нечии мерила, вашите идеи или приказна не наидуваат на позитивен прием. Затоа, резултатите на деловен план ги добивате со задоцнување. Не дозволувајте да се појави недостиг од оптимизам и волја во моментите на соочување со сериозни проблеми. Во љубовниот живот имате впечаток како партнерот да ужива во некои ситуации што вие ги доживувате на сосема поинаков начин. Обидете се да се ослободите од емотивната тензија.
сабота, 06 октомври 2012
8 октомври 1967
Во Боливија бил убиен Ернесто Че Гевара. Тој со Фидел Кастро учествувал во кубанската револуција и стана симбол на современ револуционер меѓу младите на Европа и на двете Америки
11 октомври 1941
Близнаци 21.05 - 20.06 Информациите што ги добивате ја потврдуваат материјалната добивка, односно успехот во деловната соработка. Сè ќе биде полесно доколку изгледате убедливо пред лицето кое се сомнева во вашите способности. Не дозволувајте поради ситни интереси да изгубите нечија доверба или поддршка. Сакате да направите некакви промени во љубовта, но партнерот не е подготвен за тоа. Обидете се да ги задржите самодовербата и оптимизмот. Девица 23.08 - 22.09 Во околината провејува професионална недоверба и има чести расправии поради различни деловни интереси. Притоа, некој се обидува да ве спречи во остварувањето на вашите намери и затоа трпите загуба или неправда. Внимавајте на зборовите што ги кажувате пред соработниците. Бидете воздржани. Во слободното време посветете ì се на рекреацијата, која влијае позитивно на вашата психофизичка рамнотежа. Очекувате премногу од партнерот. Стрелец
Почнала четиригодишната крвава НОВ на македонскиот народ против бугарскиот окупатор за конечно ослободување на земјата, која завршила со успех само во еден дел на Македонија
12 октомври 1984
Атентатот врз британската премиерка Маргарет Тачер бил неуспешен, но загинале петмина. Одговорноста за поставување на бомбата ја преземала ИРА
23.11 - 21.12 Во преговорите што ги водите посебно ви е важно точно да ги дефинирате заедничките односи, правила или поделби. Без лажна скромност сте подготвени на соработниците да им диктирате нови правила. Сакате да се изборите за подобри деловно-финансиски интереси и услови. Ве радуваат новите информации што ги добивате. Водите активен живот и сакате да се појавувате на јавни места. Риби
Made in Канада From: bardak_skopje@t-home.mk To: marko@bell.ca Subject: re: (matni) vesti Date: 7/11/2012
From: marko@bell.ca To: bardak_skopje@t-home.mk Subject: vesti Date: 7/11/2012 Јас сум во кафичот, во кој бев вчера; се потам и одам во место. Си го слушам срцево - ќе ми излезе од градите. Одеднаш, слушам цвилење, гровтање и копита, многу копита. Како облак прав истиснат од воз што пристигнува во метро-станица чувствувам како ме стигнува и престигнува облак смрдеа од цело стадо свињи. Го забрзувам чекорот, трчам, спринтам, ама никако да им избегам - ми гровтаат зад грб, се буткаат една во друга, во мене. Одеднаш, низ нозе ми се протнуваат една-две, златни! Златни свињи?! Да, златни. Три-четири скокнуваат пред мене и ми се вртат. „Гладни сме! Земи нè! Нахрани нè!“ - ми квичат. Едно прасенце ме гледа со тажните очички и ми го лиже левиот глужд. Се наведнувам да го помилувам, кога одеднаш, прасенцево гризе! Срипувам од кревет, а Макс се сепнува и со цвилење ја наведнува главата, како да погрешил нешто. Се соземам. Кошмар. Макс ме спаси. Ме разбуди како што ме буди секое утро. Недела е. Мамурен сум. Сите спијат. Рано е, ама ќе го прошетам Максо. Ќе го честам сланина денес. Надвор е сиво и тивко. Сите спијат. Сè уште недорасонет прелистувам епизоди низ мојот заспан ум: од каде свињине? И се сетив. Викендот не можев да се изначудам што сите вести ни објаснуваа како ќе нè снајде глобална криза за сланина! „Експертите тврдат дека светот е на раб на значаен глобален недостиг од сланина, поради зголемените трошоци за храна на свинската популација, која е во намалување“ - велат од Британската национална асоцијација за свињи. Поради суша во Америка расте цената на храната. Канадскиот совет за свинско потврдува: бројот навистина се намалува! Неколку дена луѓево овде само за тоа зборуваат, тоа го коментираат, за тоа се смеат, постираат онлајн-реакции. „Светот ќе заврши во недостиг од сланина?! Да не ги превел некој Маите погрешно?“, „Во Холивуд веќе снимаат нов Луд Макс, со сланина!“, „Снема хокеј, снема снег, а сега снема и сланина? Канада е во тешка криза!“, „Време ви е да бегате, пилиња!“, „Хомер Симпсон: Кременадли и сланина - моите две омилени животни“, „Снема сланина?! Добра причина да се тргне во војна!“, „За почеток, извадете ја сланината од сите слатки рецепти - советуваат експертите“ „За ова ни Асанж не знаеше!“... Цела сабота се зезавме за ова. И вечерта кога излеговме, Канаѓаниве се смееја кога им го раскажав сценариото што ќе ги снајде. „За некоја година, ќе криете прасиња во дворовите и ќе ги чувате за посебни прилики“; вегетаријанците ќе го кренат својот глас со скапи совети за надминување на „кризите за сланина“; тенките ќе им се ситат на дебелите затоа што, конечно, ќе мора да почнат да слабеат. А оние што се префрлиле на мисиркина сланина ќе воздивнат со олеснување! Нема веќе правење портрети на Џастин Бибер од мелено месо и сланина, драги мои! Истата вечер дојде и нова вест: „Љубителите на сланина може да се олабават“. Немало да има сериозна криза. Само ќе поскапела сланината. Толкава предигра за едно „ќе поскапи сланината?!“ Пред да легнам си помислив: „Шуќур, да се одморам од глупавава реалност“. Сонот почна во кафичот во кој бев вчера; се потам и одам во место...
Чудни ЕССТТИИ ВВЕСТИ И
Гласовите ги позајми Огнен Георгиевски
Барем ти сè уште знаеш што е јаве, а што лош сон. Овде одамна се измешаа двете. Баш поради тоа и не следам веќе вести. Ама, минатиот викенд, како што вртев по тоа каналите, застанав на МТВ, затоа што го чув спикерот како вели: „Како што најавивме, пред неколку часа почина Александар Самарџиев, студент кој беше претепан од активистите на грчката радикална партија, Златна Зора“. Молам?! Го вклучуваат Тодор Петров - претседателот на Светскиот македонски конгрес. Што па Тодор? Да не е таму човеков? И го прашуваат што, всушност, се случило во Солун? „Добровечер, поздрав до слушателите и гледачите на Македонската телевизија од Швајцарија“. Од Швајцарија?! Не пиев, не земам апчиња, не се дрогирам, а ова, сепак, се случува. Како ли ќе се заврти кругов до крај? Ќе има ли некаква смисла? Седам во Скопје и слушам вест од Швајцарија за студентот во Солун, кој бил претепан до смрт, затоа што не сакал да си го смени презимето. „Македонците од цел свет го осудуваат овој чин“ (иако, подоцна видов, во Канада стигнале некои други вести, за некои други кризи). „За Македонците, смртта на Александар Самарџиев е провокација за војна“. Војна?! „Господине Петров, ви благодарам на информациите - секако, се оградуваме од ставот за војна“ - вели спикерот на МРТ. „Став за војна?!“ Веднаш потоа, нова вест: „Грчката партија Сириза ќе се заложи за правата на бегалците од граѓанската војна“. Ајдеее... Ми се крена притисокот. Одам онлајн, да си проверам сам. Знаеш колку можеш да им веруваш овде на вестите. Иако, едно време фрштеа казни за клевети, нели. Гледам сè почнало од „Фејсбук“. Братучедот на Александар напишал за веста. Грчкото МНР вели: „Нема инцидент; случајот е морбидна фантазија“. Одам по форуми, на „Фејсбук“ - а, таму, цел Пекол од „око за око“ повици на војна. „Говор на омраза“ е комплимент за коментарите што ги читав цела ноќ. Следниот ден, Владата на РМ повикува на воздржаност, на профилот на премиерот, граѓаните го молат да преземе нешто... Приказната се замрсува: братучедот, Стилјан, го снемало! Читам и други наслови: „Во селото на Александар Самарџиев денес нема ни погреб ни свадба“. Свадба?! Други велат, сè било вистина, молчело семејството, не сакаат понатамошни проблеми. Македонска партија во Грција, наводно, ги контактирала родителите на Стилјан, „а овие им рекле дека нивното семејство нема никакви роднини во селата околу Воден и Солун“. Цел викенд читав гадости, заговори и повици на војна. Полека почна да се зборува и за тоа дека некој би требало да преземе одговорност за вистинитоста на информацијата за убиството. По какви сè форуми, блогови и сајтови нè забегав... Ама, кога налетав на фотографија од плакетата што канадската дијаспора му ја врачила на премиерот, на која пишува: „Благодарнос што го вративте духот и гордоста на Македонија и македоскиот народ“ (најверојатно, во хаосот од кризата по сланина, некој, од страв, голтнал две букви), решив повторно да престанам да следам вести... www.gragjanski.mk