магазин од поинаков формат
број 24
сабота, 13 октомври 2012
www.gragjanski.mk
година I
20 денари
Извештајот најавува датум
Доаѓаат ли нашите 5 минути ПОЛИТИКА
Ханес Свобода
Отец Методиј Златанов
Муса Џафери во Вашингтон промовирал идеја за федерализација
На Грција ì е потребна помош од Европа, а во овој случај на Европа ì е потребна помош од Грција
Веронауката не е важна само за ученикот и за семејството, таа е важна, пред сè, за самиот образовен систем, од градинка до академија
Интеграцијата во сенка Можеме да ја убедиме Не треба просторот да се полни со на федерализацијата Грција да биде флексибилна храмови, туку храмовите со верници
Неделен магазин
Пишуваат за вас
Никола Маџиров Убаво е да... Стр 12
Директор и главен уредник на проектот ГРАЃАНСКИ Миле Јовановски Извршни уредници Катерина Блажевска, Злате Лозановски Арт директор Мишко Петковски Редакција Ида Протугер, Васко Попетревски, Митко Билјаноски, Теофил Блажевски, Андријана Атанасовска, Тони Димков
Ѕвездан Георгиевски
Никола Поповски
Виртуелен живот во бетонска коцка Стр. 26
Работни места Стр. 50
6
Отец Методиј Златанов
Не треба просторот да се полни со храмови, туку храмовите со верници
Контакт redakcija@gragjanski.mk тел. 02 55 14 205 Трајко Славески, Теа Јовановска, Никола Поповски, Стево Пендаровски, Димитар Димитров, Бруно Јовановски, Игор Тошевски, Бранислав Саркањац, Митко Хаџи Пуља, Горан Марковски, Гоце Смилевски, Огнен Георгиевски, Златко Славенски, Светлана Јовановска (Брисел), Ирена Поповска Графичка редакција Зоран Симоновски, Елена Џекова, Маја Пипонска Лектор Силвана Блажева Фото Кристиан Панов Издава Друштво за издаваштво РЕФЛЕКС КОМ ДООЕЛ извоз-увоз Скопје , ул. Народен фронт 19А / 3 кат - локал 21 Скопје Телефон 02 5514200 Телефакс 02 5514201 Жиро-сметка 300000003097731 Комерцијална Банка АД Дистрибуција Фокус Прес ул. Климент Охридски 58-2/2 Скопје Печати Европа 92 Директор на маркетинг Горан Дамјаноски marketing@gragjanski.mk Телефон 02 5514200
сабота, 13 октомври 2012
Трајко Славески Македонија-пазар во подем Стр. 54
Култура Интервју: 14 Владлен Александров
Никогаш не смееме да го изгубиме чувството за хумор
Масимо Савиќ: 17
Треба да сработам уште многу важни работи во животот
Економија 52 Неподнослива леснотија на управувањето со 5 јавните пари 56 Гасот ќе дојде во земјава, но не и кај граѓаните
Досие: 22
Селектор
Сергеј Параџанов
36
Ханес Свобода
Можеме да ја убедиме Грција да биде флексибилна
Политика По извештајот 32 датумот се познава Интеграцијата 38 во сенка на федерализацијата
44
Македонија е 47 без ефикасна контрола за ГМО
62 Од „дибек“ до нобеловец 66 На трибините како во дневна соба 68 Михаел Шумахер: Махер за победи и инциденти 74
Made in Канада:
За благодарноста
Бујар Османи
Не го менуваме односот кон законот за бранителите 3
4
Широк агол Меѓу сонот и стварноста Во текот на едно кратко патување низ Франција бев поттикната да го забележам искривениот одраз на барокната зграда во ултрамодерната огледална фасада, како миг во кој низ необичната игра на формите се спојуваат традиционалното и модерното, илузијата и реалноста, како што во секој миг од постоењето неповторливо се поврзуваат минатото и сегашноста, сонот и стварноста. Фотографијата е направена во Ница, 2009 година. Мартина Зафировска
5
Интервју
Отец Методиј Златанов, митрополит американско-канадски
Не треба просторот да се полни со храмови, туку храмовите со верници Воведувањето веронаука не е важно само за ученикот и за семејството, тоа е важно, пред сè, за самиот образовен систем, од градинка до академија, вели еден од најпосветените и интелектуално највоздигнатите водачи на Македонската православна црква - Охридска архиепископија Разговараше Злате Лозановски Фото Кристиан Панов
В
оведувањето веронаука како предмет во основните училишта повторно беше актуелизирано деновиве, на свеченоста по повод 45-годишнината од обновата на автокефалноста на Охридската архиепископија, во рамките на Архиепископскиот црковно-народен собор. Претходните два неуспешни обида ги посочивте како парадигма за тоа колку е страшна незаинтересираноста за просветната функција на црквата. Дали се сменило нешто во расположение или во административните процедури и зошто таа поучна функција на црквата треба да биде спроведена низ формалното, световно образование?
# Причината што ова прашање е не само
повторно, туку и постојано актуелно, и покрај двата неуспешни обида, како што и сами забележувате, пред сè, е насушната потреба од здрав духовен и морален темел што недостига не само кај младите и не само во процесот на образование, туку глобално во рамките на целото општество. Сликата е алармантна кога ќе се погледне од пристојна дистанција. Погрешното сфаќање и прифаќање на секуларните принципи во училиштето и во државата во целост, како и нивното поисто-
6
ветување со невешто маскираните атавизми на радикалниот антитеизам од претходните епохи, е само еден минорен проблем што кореспондира со инертноста во формирањето на јавното мнение по ова, како и по секое друго, витално прашање кај нас. За жал, не постојат општи приоритети. Главна причина е тоа што секоја инстанција, вклучена во овој проект, се обидува на свој начин или, ако сакате, во рамките на својата ментална матрица, да го контекстулизира воведувањето веронаука и заради таквата пристрасност се прават катастрофални компромиси. Етиката или историјата на религијата нема никаква врска со веронауката како таква. Седумнаесет векови нè делат од потпишувањето на Миланскиот едикт на Константин Велики и ние сè уште се плашиме од религиозните слободи во образовниот процес!? Воведувањето веронаука не е важно само за ученикот и за семејството. Тоа е важно, пред сè, за самиот образовен систем, од градинка до академија. Зборуваме за подигање на свеста и на духот во правец на постхуманизмот, а не за кокетерија со декадентниот либерализам.
$ Сè почесто луѓето изјавуваат дека ве-
руваат во Црквата, но не и во нејзиното раководство, во свештенството. Дали тоа е поради лошата слика за свештениците, која ја креираат медиумите или, пак, затоа што ја доживуваат како која
било бизнис-компанија што дава одредени „услуги“ и ги наплатува според ценовник што сама го одредува, накратко - зошто зборот црква сè помалку е синоним за духовност, мисија, соборност? # Надвор од Литургијата, човекот нема критериум за тоа што е Црква. Оваа реченица, во последно време, постојано ја повторувам. Веруваме во Бога, а во црквата живееме и се спасуваме. Во свештенослужителите не треба да веруваме, туку да ги почитуваме. Сè според зслугите, а не само според услугите. Ако на црковната мисија ì го одземеме литургискиот контекст, тогаш тоа што ќе преостане е формализиран сервис кој во многу нешта наликува на која било светска услужна дејност. Медиумите навистина креираат лоша слика за многу нешта, особено што кај нас преовладува перверзниот механизам според кој само лошата вест, всушност, е вест. Немаме сила ниту, пак, мотив да се израдуваме или да бидеме благодарни за тоа малку што го имаме. Девалвирањето на духовните авторитети, за жал, не ја менува состојбата. Само дезориентацијата станува пообемна. Атрибутите на црквата остануваат непроменети и беспрекорни, независно од лошите примери. Тие не може да бидат изговор за личната, духовната неосетливост и мрзливост. За среќа, во светов сè уште има свети луѓе, само треба да посакаме да ги видиме и да се угледаме. www.gragjanski.mk
$ Македонија, според годинашната ан-
кета на Галуп, е најрелигиозна земја во Европа (над 90 отсто анкетирани рекле дека се верници). Што, според Вас, покажуваат овие резултати: дека навистина има толку верници, дека луѓето кажале колку имаат потреба, односно колку им недостига религијата, дека ја сфаќаат како и кое било друго верување или е во прашање нешто друго, со оглед дека делбите, нетолерантноста, ниската солидарност и другите случувања во земјава (па, и отпорот кон веронауката) ни оддалеку не ја квалификуваат како најрелигиозна? # Статистиката, т.е. стереотипијата е секогаш еднодимензионална. Импонира фактот дека како народ сме мошне религиозни, но тоа не кажува ништо за квалитетот на побожноста и за духовноста, што како заедница ја живееме. Резултатите би биле поразлични ако прашањето е колкумина, процентуално, барем еднаш во својот живот ја прочитале Библијата или, имено, дали треба да се изучува веронаука во училиштата, но уште поважно би било прашањето колку внимателно се подготвуваме и колку често се причестуваме на светата Литургија? Не смееме да се залажуваме со проценти и со резултати од анкети. Прашањето на живата вера и побожноста е прашање на саможртвеност и делотворна љубов. Не е далеку од сабота, 13 октомври 2012
вистината дека сме кроток народ, полн со вродени доблести. Но, тоа е само потенцијал. Почетна состојба што треба да се развива. Древните манастири и храмови, артефактите на духовната култура, се показатели дека потекнуваме од побожни предци. Дали сме подготвени и ние да им оставиме на нашите идни поколенија автентично предание или само гола археологија? Сè што ни се случува во срцето, нашите потомци ќе може јасно да го прочитаат како неизбришливо наследство. Да се надеваме, а уште повеќе и да се потрудиме, тоа што ќе го видат да не ги разочара, туку да ги восхити и инспирира.
ција. Конечно, ако причината е жед за светост и духовна чистота, тогаш зарем со своето воплотување Бог не го освети сиот универзум? Затоа се вели: за чистите сè е чисто, за светите сè е свето. Вистинскиот предизвик и основен поттик за Црквата е да гради живи храмови, личности пар екселанс, вистински храмови на Светиот Дух. Сето она другото е од домостројот на времето што минува и материјата што неповратно се распаѓа. Квантитетот не раѓа квалитет по автоматизам. Треба да се потрудиме храмовите да ни бидат полни со посветени верници, а не само да го полниме физичкиот простор со празни храмови.
$ Како се случи масовното градење верски објекти, значи и цркви, да стане клучен доказ за нашата религиозност, иако физичката градба не може да се поистовети со значењето на зборот Црква? # Тука сте сосема во право. Иако во колоквијалниот говор многу често храм и црква се поистоветуваат, сепак, нивното суштинско значење е сосема различно. Ирелевантен е аргументот дали тенденцијата да градиме храмови како межници, обележувачи на територија, ни е увезена мода или сами си ја смисливме, но со неа, како и со градењето храмови мотивирано од суеверие, приватни параклисчиња и култни места, е само навреда на онтолошката промисла или логиката за тоа зошто постои храмот и која е неговата функ-
$ Сметате дека луѓето во својата природа
Патолошката екстровертност што ни ги измисли сите телефонски екранчиња, таблички, монитори, телевизиски екрани, билборди и софт-скринови ни го приврзува онтолошкиот фокус кон нешта што ни овозможуваат да забораваме, да не забележуваме, да не чувствуваме, да не си го слушаме срцето
не се монструми, но оти незнаењето може да предизвика монструозни последици. Технолошкиот развој нè промени во многу нешта (побрзи, поинформирани...), но не нè направи попаметни, подобри, почовечни. Вилијам Блејк опоменуваше дека глупавиот никогаш нема да влезе во рајот, колку и да е свет. Каде е местото на Црквата во новите комуникациски (социјални) мрежи, во спречувањето на натамошното „заглупување“, на стравотниот пад на знаењето и писменоста воопшто? # Човек на човека не му е волк, но сè почесто отуѓеноста, предизвикана парадоксално од развитокот на комуникациските системи, резултира со некоја форма на хипертехно7
лошко дивјаштво. Сајбер-дивјаштво што нè дееволуира во волци-самотници. Не велам дека Амишите се најсреќни луѓе на светот и дека технологијата ни е непријател, тоа е бесмислено. Сигурно сме побрзи и тоа е некоја предност, но не мислам дека сме поинформирани, само главите ни се полни со огромни количества информациски отпад и бескорисни податоци, а таа контаминација сериозно ни го уништува вниманието за она што е суштински важно во животот, а тоа е самиот живот. Интересна поента има мислата на Вилијам Блејк, иако по себе таа е апсурдум ин адјекто. Глупав светец е бесмислена квалификација. Да се биде свет значи да се биде просветен со божествена мудрост. Како тогаш оној што во себе го има блесокот на божествената мудрост може да биде глупав? Свет глупак, од друга страна, може да ни алудира на јуродивите заради Христа, а секоја друга конотација е повторно апсурдна. Затоа на рајот и не му е потребно сонце, бидејќи ја има мудроста како вечна светлина. Можноста црквата да помогне (дури и да предводи, што би било нејзина природна позиција) во спречувањето на идната идиократија, евидентна, имено, преку девалвацијата на знаењето и писменоста, е токму во нејзината просветителска мисија. Под просветителство не мислам само на формалното зачатие на писменоста и учебникарството, тоа е минат труд, туку во секогаш обновувачкото сведоштво за светоста на која секој човек е повикан предвечно. Сите ние сме повикани да станеме свети. Свети и оттаму мудри, преку светотаинското единство со Светата Мудрост во литургискиот принос. Со други зборови, црквата треба да му сведочи на светот дека литургијата е живот.
$ Критичарите на религијата велат дека
и таа треба да биде подложна на напредокот, нејзините доктрини да станат покорисни, накратко - напредокот во религијата, како и во другите сфери, треба да биде работа на сегашните истражувања, а не на минатата доктрина, односно догма. Како да се помират разумот и верувањето, како да се дебатира, односно да се стават на тест вечните вистини? # Пред да почнам со одговорот би сакал само да подвлечам дека нема збор што полошо е разбран и протолкуван од зборот догма. 8
Тоа е факт. Затоа и примерот што го наведува тој изгледа толку уверливо. И јас би посегнал по садовите со оган и со вода, ако тоа е решение на проблемот. Сите евангелски параболи што зборуваат за добродетелниот живот упатуваат на безусловната љубов. Сè друго е трговија. Невозможно е човек да напредува во светоста мотивиран од стравот од смртта, стравот од пеколот или стравот дека нема да го наследи рајот. Но, проблемот не е во рајот и пеколот, туку во патолошката фиксација со стравовите. Зашто стравот, како што експлицитно стои во Библијата, не е ништо друго, туку отфрлање на помошта што ни ја дава здравиот разум. Штета што Жижек ја нема како искуство диоптријата на источните отци. Но, за тоа е потребна веронаука.
Очаен недостиг на разбирање. Сосема сум согласен дека јазикот и методите на црковната мисија денес треба да бидат сфатливи и разбирливи за современите верници. Бесмислено е и контрапродуктивно да се давиме во маниризам и традиционализам, иако и тоа е една присутна аномалија. Сепак, тоа може и треба да ги допре само формалните аспекти на преданието. Да се ставаат на тест вечните вистини, ако во нив веруваме како во вечни вистини, тоа во најмала мера е безобразно. Таков би бил и обидот да се помируваат разумот и верата. Каква би била користа од мешање или поистоветување на рационалното и ноуменалното познание. Би се завртеле во гроб сите филозофи на светов, од антиката до денес, со исклучок на живите. Тие би умреле од смеење. Но, да се вратиме на прашањето. Примената на современа методологија во теолошките науки не е некоја новост. Можеби, сè уште нема доволно трудови од постхуманистичката теологија, но постмодернизмот секако е апсолвиран. Она што го сакаат критичарите на религијата, како и да се стекнале со таа титула, е религиозното искуство да го стават на Прокрустовата постела на светските теории, за да можат полесно да зборуваат за тоа што не го познаваат. Теологијата сведена на схоластика е травестија.
$ Според Вас, преобразбата, т.е. воспоставувањето идеален поредок е прашање на внатрешната преобразба во човекот, прифаќање на изворната природа по пат на духовна преродба, а не нихилистички, религиозно-филозофски или социјален преврат. Со оглед дека речиси „никој не работи на себе“, дали тоа значи дека сме премногу далеку од каква било (општествена) промена?
$ Славој Жижек наведува еден „настан“
од крстоносните војни. Некој Ив Бретон сретнал жена која во едната рака носела сад со оган, а во другата со вода. Огнот за да го запали Рајот, водата за да го изгасне огнот во Пеколот, зашто не сакала никој да прави добро за да биде награден со Рај или за да го избегне Пеколот, туку само од љубов кон Бога. Се согласувате ли со заклучокот на Жижек дека овој нејзин исправен христијански етички став денеска преживува, главно, во атеизмот, за кој смета дека е единствена шанса за мир?
# Славој Жижек зборува од позиција на ев-
ропски атеист и тоа што го тврди е валидно само во контекст на искуството на западното христијанство. Христијанството, чиј сензибилитет е дизајниран низ поетските парадигми на Дантеовата „Божествена комедија“. Не може да постои похристијанска реакција на западната схоластика од европскиот атеизам.
Надвор од Литургијата, човекот нема критериум за тоа што е Црква. Оваа реченица, во последно време, постојано ја повторувам. Веруваме во Бога, а во црквата живееме и се спасуваме. Во свештенослужителите не треба да веруваме, туку да ги почитуваме
# Кружејќи и кружејќи во сè пошироки спирали, соколот повеќе не може да го слушне гласот на соколарот... Оваа апокалиптична поетска слика од самиот почеток на Второто доаѓање на Вилијам Батлер Јејтс е одлична илустрација на амбисот што се отвора не само меѓу Бога и човекот, туку и внатре во нас, амбисот меѓу умот и срцето. Како сè на овој свет да е создадено да ни го одвлече вниманието од нас самите, од нашите вистински проблеми и предизвици. А, вината за тоа не треба да ја бараме надвор од нас. Патолошката екстровертност што ни ги измисли сите телефонски екранчиња, таблички, монитори, телевизиски екрани, билборди и софт-скринови ни го приврзува онтолошкиот фокус кон нешта што ни овозможуваат да забораваме, да не забележуваме, да не чувствуваме, да не си го слушаме срцето. Каква било промена ќе дојде неминовно, во сè пошироки спирали, до потполна самоотуѓеност, ако не се сетиме благовремено. Во тоа може да ни помогнат доброљубивите. Нив секогаш ги има. Во тоа е нашиот есхатолошки оптимизам. www.gragjanski.mk
ИНТЕРВЈУ | РОЛЕТНА | КУЛТУРЕН СВЕТ | УБАВО Е ДА... | АРХИТЕКТУРА | ДОСИЕ
Работниците умираат пеејќи
Фотографија: ана лазаревска
Во Македонскиот народен театар на 17 октомври (среда) ќе ја видиме претставата „Работниците умираат пеејќи“, на Олга Димитриевиќ, во режија на Анѓелка Николиќ, продукција на „Хартефакт фонд“ и „Битеф театар“ од Белград, која беше апсолутен победник на годинашново Стериино позорје - освои седум награди, меѓу кои и тие за текст и за режија. „Работниците умираат пеејќи“ победи на конкурсот за најдобар современ општествено ангажиран текст во 2010 година. „Овој експресионистички, социјално ангажиран мјузикл, напишан во клучот на Брехтовиот израз, на уметнички, филозофски и социјално освестен начин обработува исклучително актуелна и болна тема за страдањето на најзагрозената општествена класа во суровиот процес на неодговорната транзиција“, напиша жирито со кое претседаваше познатата драмска писателка Билјана Србљановиќ. Претставата во Македонија ја донесе Центарот за медиумски активности, во соработка со регионалната платформа за активизам „Лице в лице“. сабота, 13 октомври 2012
9
Ролетна
БАЛКАНЕ МОЈ ВО КРАЛСКИОТ МУЗЕЈ ВО МАРИЕМОНТ, БЕЛГИЈА, Е ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „СЛОВЕНСКИ РАКОПИСИ ОД МАКЕДОНИЈА ОД 13 ДО 19 ВЕК“. БУГАРСКИОТ ЕВРОПРАТЕНИК АНДРЕЈ КОВАЧЕВ НЕ УСПЕА ДА ГО СПРЕЧИ ТОА, ИАКО НАПРАВИ СÈ ШТО Е ВО НЕГОВА МОЌ. Пишува Злате Лозановски Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека е презентиран само мал дел од зачуваното наследство преку кое се потврдува македонската илјадагодишна писмена традиција. Ковачев тврди дека тоа што го кажала министерката не е точно и оти тој тука гледал бугарски средновековни книги. Така, со заеднички сили, како што им прилега на соседи, на фин, цивилизиран начин, без крвопролевање (бројот на полесно повредени сега не е ни важен), големиот настан го искористивме за да ì се претставиме на Европа како типични Балканци. Штета што таа под „типични Балканци“ не подразбира висококултивирани луѓе, потомци на креаторите на светската цивилизација, задоени и израснати во лулката на европската писменост и просветителство. Европа има доволно предрасуди и, за жал, уште повеќе причини под „типични Балканци“ да подразбира необразовани, нетолерантни луѓе, неподготвени за договор, сиромашни баратели на азил, расположени да направат сè само за инает, секогаш во кавга со себе, со своите, со соседите, со сите, ако треба. Во западните колективни претстави Балканот е мрачниот, најпроблематичен и најзаостанат дел на Европа, нејзино слепо црево. Простор на вечни конфликти, трајна нестабилност, во кој не се знае ни што е, ни чие е, ни кој до каде е, што е посебно, а што заедничко, во кој во сила се други правила од оние што важат во западниот свет. Се разбира, има патеписци (Ребека Вест, на пример) кои напишале и по некој добар збор, но сето тоа повеќе личи на екскурс, на исклучок, во секој случај на нешто немоќно да 10
го смени генералниот текст за полуостровот како за полусвет. Ваквата слика особено се изостри со крвавото распаѓање на Југославија. Европа со сите сили се трудеше да се огради од тоа буре барут: со визи, со високи критериуми, со бенчмаркови... Ì се придружија и Словенија, која автоматски се отцепи од Балканот, и Хрватска, која се обиде да ја „смени“ и географијата, само за да докаже дека не е балканска. Сепак, многу, многу поголема штета е што самите ние, кои немаме друго место освен Балканот, се однесуваме и се доживуваме како „типични Балканци“. Ние кои упорно инсистираме на тоа што нè одвојува, а не на тоа што нè спојува со соседот, ние кои подигаме огради и копаме непремостливи канали за да докажеме дека сме остров на полуостров, измислуваме разлики и таму каде што ги нема (особено таму), историјата ја пишуваме по свое, измислуваме минато што е само наше, токму поради тоа што знаеме дека со него, така спакувано, заедничката иднина ја правиме невозможна. Служејќи се со најлошите, најбалканските методи се обидуваме да докажеме кој од нас провинцијалците е поевропски. За да биде сè на ниво, ваквите делби доаѓаат токму од елитите - политички и, особено, културни. Тие од кои се очекува, или би требало да се очекува, да знаат што било и како треба да биде, никако ништо да научат од народот, уште помалку од бизнисот - од тие кои ги минуваат границите што им ги цртаат. Балканот, кој стана „буре пиво“, нема кој да го брани. Го напушти и последниот, сега митски, јунак: Џони Штулиќ.
Мода и бизнис
Шестата сезона на „Моден викенд Скопје“ ќе се одржи во два дела, од 14 до 18 и од 24 до 28 октомври. Првиот дел ќе биде резервиран за бизнис-програмата, чиј фокус е претставувањето иновативни техники и инструменти за промоција на модните брендови во Македонија и во странство.
Концепт с Втората половина на октомври, термин во кој се одржува „Скопје џез- фестивал“, стана синоним за колективен празник на македонските џезери
Пишува Тони Димков
Ч
овекот кој смело ги редефинира границите на американската џезмузика веќе четириесет години, ќе го отвори 31. издание на „Скопје џезфестивал“. Ентони Брекстон е џез-легенда. Музичката критика го нарекува „гениј“, „ненадминлива фигура во музиката“, „најплодниот музичар на нашето време“ и „брилијантен артист кој постојано наметнува нови предизвици“. Неговите заслуги се однесуваат на иновативноста или, уште повеќе, на револуцијата на џезот. Под влијание на американските композитори Џон Кејџ и Чарлс Ајвс, како и на пионерите на европската авангарда Карлхајнц Штокхаузен или Јанис Ксе-
Глобалните трендови во музиката веќе не дозволуваат групите да го дефинираат својот звук врз основа на еден, апсолутен, тоналитет или традиција. Влијанијата се многубројни, но внимателно избрани
www.gragjanski.mk
2
групи - еден концерт. Скопската „Хахаха“ и кумановската група СИЗ на 19 октомври во МКЦ, во живо, ќе ги промовираат своите најнови музички креации. Двете групи само што се вратија од европската турнеја на која ги свиреа песните од новите албуми „Сиромашни и богати“ и „Responsibility“.
„Просторни дистанции“ на Тања Балаќ
Сликарката и актуелна претседателка на ДЛУМ, Тања Балаќ, на 15 октомври во Галеријата „Око“ ќе ги претстави своите најнови дела. Циклусот „Просторни дистанции“ опфаќа дваесетина дела, работени во комбинирана техника, создадени во последните две години. Оваа година се навршуваат 20 години од првата самостојна изложба на Балаќ.
Културен свет
со прогресивен пристап СКОПЈЕ ЏЕЗ-ФЕСТИВАЛ 2012
ЏЕЗ-ЛЕГЕНДАТА ЕНТОНИ БРЕКСТОН, СО НАСТАП НА СЦЕНАТА ВО МОБ, ЌЕ ГО ОТВОРИ 31. ИЗДАНИЕ НА „СКОПЈЕ ЏЕЗ-ФЕСТИВАЛ“ накис, Брекстон создава уникатен музички систем, со сопствени класификации и графички базиран јазик. Поинаку и не може да се започне текст за најава на новото издание на „Скопје џезфестивал“. Светските ѕвезди на џез-музиката веќе три децении добро ја познаваат дестинацијата директно до Скопје и назад. Не случајно овој Џез-фестивал е еден од најзначајните македонски музички и културни брендови. Втората половина на октомври стана синоним за колективен празник на македонските џезери. Годинава дружењето ќе трае пет дена, од 19 до 23 октомври, а ќе има сабота, 13 октомври 2012
и оф-програма концерт на 28 октомври. Локациите за средба остануваат речиси исти. Стандардните вечери се одржуваат во Македонска опера и балет и во Универзална сала. Нов момент е што „Скопје џез-фестивал“ годинава промовира нова концертна сала. Станува збор за „Сити хол-центар“, поранешен „Хард-рок“, кој се наоѓа до Младинскиот културен центар, а ќе служи за полноќните концерти. Првата вечер, по Ентони Брекстон, ќе настапат Данците Пјер Дорг со „Њу џангл оркестра“, кои носат нови звуци во џез-музиката. Музиката на Дорг е микс од азиска, африканска, афроамерикан-
ска и европска традиција, а производ е на неговата љубопитност за други култури. Поради тоа, нивната музика е сместена во рамките на т.н. музика на светот. Програмата на Фестивалот содржи широк спектар од звуци и ритми. Глобалните трендови во музиката веќе не дозволуваат групите да го дефинираат својот звук врз основа на еден, апсолутен, тоналитет или традиција. Влијанијата се многубројни, но внимателно избрани. Така, на Фестивалот ќе слушаме и модерен и експериментален и фри-џез (иако е сè потешко да се направи разлика меѓу стиловите). Во следните денови ќе има и свинг, грув и бразилски форо и шоростилови и фламенко џез-фузија. Внимателниот избор на организаторот повеќе е во насока на групите што настапуваат на Фестивалот отколку на музичките влијанија, што ги носат со себе, но, сепак, конципирани во рамките на одредена вечер. Освен Ентони Брекстон, сите други за првпат настапуваат во Скопје. Тој факт најмногу зборува за прогресивниот пристап во конципирањето на програмата. Ако порано публиката можеше да се подели според концептите африканска, кубанска, јужноамериканска, американска или европска џез-музика, новите трендови инсистираат на мешање, односно сите да ги следат сите вечери, бидејќи во секоја поединечна вечер ќе може да се слушнат барем десетина различни музички влијанија. Уште еден факт од годинашната програма „боде в очи“, а тоа е простата математика: пет вечери по три концерти во траење од по еден и пол час е сериозно многу време што треба да се посвети на Џез-фестивалот. Кога станува збор за годишен џез-собир, тогаш не би требало да има проблем да се издржи. 11
артерија/убаво е да... Цртеж Теа
музика и кНиЖеВНоСТ
„Страста на Руми“ Шахрам Назери, (2007)
„Мост до душата“ Руми (2007)
Препорачува Никола Маџиров
Б
ерлинскиот фестивал за литература во антологијата не објавува песни од авторите-учесници, туку нивни омилени стихови. По едномесечно размислување се одлучив за Борхес и Загајевски. Процесот на естетска (есенцијална) редукција беше како фрлање потребни нешта од балон што полека паѓа. Архетипско е прашањето дали балонот ќе се поткрене или небото ќе се спушти, дали изборот на нештата е повеќе прашање на елиминација на другото отколку афирмација на првото. Како свои градови ги чувствувам не оние во кои престојувам, туку оние во кои се враќам. Како свои стихови не ги чувствувам оние напишаните, туку оние препрочитаните - кога страниците се одлепуваат од кориците како небото од тополите. Постојат многу книги и автори (Милош, Бахман, Свир, Фарукзад, Амихај, Картареску, Кавафис, Херберт, Ретке, Каплински, Транстромер, Дикинсон, Странд...) на чии редови постојано се враќам, како дете по татковите стапки во снегот. Некои режисери ме принудија да помислам на надворешна меморија, зашто моето сеќавање е тесно за динамиката на нивните слики и сонови (Фон Трир, Тарковски, Кјубрик, Кар Ваи, Киеростами, Алмодовар, Линч, Ким Ки Дук, Бергман, Годар, Чан Вук Парк, Џармуш...), или музичари чии албуми се како фотоалбуми на личното созревање надвор од семејните албуми (Арво Перт, Гарбарек, Горецки, Брахем, „Пинк флојд“, „Рејдиохед“, Џерет, „Масив атак“, Ник Кејв, „Смитс“, Том Вејтс...). Или сликите на Шиле, Сотин, Шагал... Драмските текстови на Мартин Мекдона, Берфус, Хандке, Стринберг, Шваб... Или кревката и разорна поетика на мислата на Башлар, Барт, Гадамер, Вирилио... Во песната „Пишување биографија“, Шимборска, набројувајќи ги фактите на нејзиниот живот, вели: „Од сите љубови доволна е брачната / а од децата само родените“. Би сакал да можам да ги споделам неродените дела или делата за кои не знаеме, а постојат во празните места на периодичниот систем на сетилата. 12
„Страста на Руми“ („The Passion of Rumi“) - албум што се појави 800 години по раѓањето на суфи-мистикот на зборовите и тишината - Мевлана Руми. Книгата „Мост до душата“, во превод на американскиот поет Колеман Баркс, беше објавена истата година. До нив стасав истовремено и затоа не можам да ги разделам, да ги направам два брега од еден духовен мост. Шахрам Назери ги пее стиховите на Руми како да се напишани за ослободени птици, а не за луѓе кои мораат да ги научат сите аз-
буки на животот. Неговиот син, Хафез Назери, со персиската лаута ги стопува монофоничните персиски мелодии во светско наследство како восок на неотворено писмо. Единствена е изведбата на овие теми на Назери во живо со Ерменскиот филхармониски оркестар. Современици сме на суптилен и надмоќен вокал кој, и кога зема здив, како да ги изговара стиховите од „Мост до душата“: „Биди чист, како огледало што не одразува ништо. Тишината е сè што можам да кажам“.
Духовни вертикали од периодичниот систем на сетилата кНиЖеВНоСТ
„Вертикална поезија“
Роберто Хуароз
И покрај слепоста, Борхес беше видлив и непредвидлив за оние што сакаа да видат. Аргентинскиот поет Роберто Хуароз остана во сенка на широчината на Борхесовиот свет, без оглед што градеше мисловни вертикали четириесет лета. Така беше и со антипоемите на чилеанскиот поет Никанор Пара: геопоетичката големина на Неруда направи светот допрва да трага по Никанор со мапа во духот. Роберто Хуароз објавил 14 кни-
ги со ист наслов „Вертикална поезија“, препуштајќи ја сета различност во очите на читачите и градителите на интерни вертикални светови. Првата ја објавил во 1958 година, а последната постхумно во 1997 година. На англиски јазик најмоќно прозвучува преку преводот на струшкиот венцоносец, американскиот поет Вилијам Мервин. Октавио Паз ќе го нарече „поет на апсолутните мигови“, а Кортасар ќе запише дека неговите песни се највозвишеното и најдлабокото што се појавило на шпански јазик во последно време. Хуароз, кој својата поетика ја градеше врз идејните темели на Хајдегер и Витгенштајн, во својата „Вертикална поезија“ пишува дека е добро понекогаш создавачот да се одмори од своето дело, а и делото од него, исто како што розата се одмора од својот градинар или спасителот од својот крст. www.gragjanski.mk
...прочитате ...видите ...слушнете Музика
Поезија
„A Love Supreme“
„Кога детето беше дете“ Џон Колтрејн (1964)
Петер Хандке, (Фрагмент од „Небото над Берлин / Крилја на копнежот“)
„A Love Supreme“ е албум што се шири во вертикала - рецитал кој почнува со тишина, а завршува со „амен“. Џон Колтрејн, Мекој Тајнер, Џими Герисон и Елвин Џонс - како четири страни на необележан свет - едниот како „Признание“ („Acknowledgement“), другиот „Резолуција“ („Resolution“), третиот „Согласност“ („Pursuance“) и самиот Колтрејн како „Псалм“, запаметен од света книга што не постои. „A Love Supreme“ е идна молитва за љубовта каква што се појавува во стварноста - хармонична, слободна, понекогаш атонална како аритмични воздишки отелотворени низ тенорот и сопранот на Колтрејн. „A Love Supreme“ не е традиција, туку ритуал.
често си седеше со нозете скрстени, ненадејно почнуваше да трча, во косата имаше излижан прамен, не правеше гримаси кога го фотографираа.
Кога детето беше дете чекореше мавтајќи со рацете, посакуваше потокот да биде река, реката да биде буен порој, а овој вир да биде море.
Кога детето беше дете, беше време за овие прашања: Зошто сум јас - јас, а зошто не сум ти? Зошто сум тука, а зошто не сум таму? Кога започнало времето и каде завршува просторот? Дали животот под сонцето не е само сон? Дали она што го гледам, слушам и мирисам не е само илузија на некој свет пред светот?
Кога детето беше дете, не знаеше дека е дете, сè беше една душа и сите души беа едно. Кога детето беше дете, немаше мислење за ништо, немаше ниту навики,
Филм
„Небото над Берлин“
Вим Вендерс
„Небото над Берлин“ („Himmel über Berlin“ / „Wings of Desire“). За второ, трето гледање. Дијалозите на ангелите не можам да ги запомнам и по десетина проекции, бидејќи не сум ангел. Вендерс, директно поттикнат од ноќта со „Дуинските елегии“ на Рилке во неговите раце, вози низ Берлин, сакајќи еден ден да насели ангели под сивото небо над Берлин. Пред неколку дена го посетив гробот на Томас Бернхард во Виена - невидлив поради ветрот и обраснатите растенија. сабота, 13 октомври 2012
Му раскажував во себе за Бруно Ганц, неговиот омилен актер, за неговите ангелски дијалози во филмот. Копнежот на ангелот да стане човек е поголем отколку човекот да стане ангел. Заради допирливоста на љубовта. Во еден разговор со Петер Хандке, сценарист на филмот, тој ме праша зошто сум се одлучил да станам татко... Одговорив дека децата можат да ги видат ангелите. Тука заврши разговорот. А, филмот почнува така: „Кога детето беше дете...“. 13
Рубрика Разговараше Тони Димков фотографија Кристиан Панов
Н
еколкупати сме се сретнале со режисерот Владлен Александров во периодот кога ги поставуваше своите претстави во македонските театри. Неодамна се дружевме и по претставите на МОТ. Некако во воздух висеше моментот кога ќе се случи и „официјалната“ средба. Како погоден момент ја искористивме премиерата на претставата „За секого има по една“, која по текст на Венко Андоновски е поставена во театарот „Комедија“. По претходните соработки со Штипскиот, Струмичкиот и со Драмскиот театар, Александров повторно се најде во ситуација да работи во Македонија. Повеќе од 15 години беше директор на театарот во Пазарџик, Бугарија, а веќе неколку месеци е слободен уметник и има доволно време и простор да ги реализира сите свои театарски концепти што ги одложуваше додека се занимаваше со административната директорска работа. Неговите искуства и размислувањата за театарот имаат главна улога во разговорот за „Граѓански“.
$ Повод за разговорот е новата претстава што театарот „Комедија“ ја постави на својот репертоар и фактот дека повторно соработувате со Венко Андоновски. Има ли предисторија во вашата соработка? # Во 1995 година ме поканија да режирам во софискиот театар „Солза и смеа“. Текстот што ми го дадоа беше штотуку преведениот „Бунт во домот за старци“ од Венко Андоновски. Тогаш и двајцата бевме млади. Текстот многу ми се допадна и почнавме да ја подготвуваме претставата. Избравме необичен простор во еден подрум, каде што ја поставивме пиесата. Тогаш направивме многу убава претстава, а Благоја Стефановски нè покани да учествуваме и на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Уште тогаш ми стана јасно дека Венко во себе носи голем интелектуален капацитет, дека е автор кој го заслужил своето место во книжевноста и кој сака сериозно да размислува за современиот свет. Така, по 17 години, се случи повторно да работам на негов текст. Јелена Жугиќ ме покани да режирам во театарот „Комедија“. Со големо задоволство ја прифатив поканата и ми го испратија текстот „За секого има по една“. Видов дека текстот е работен во многу интересен жанр - црна комедија. Досега не сум работел на текст од тој жанр. Обично, беа почисти жанровите со кои сум работел. Во процесот на работа текстот го допишавме, малку го адаптиравме за сценска изведба со голема помош од Венко, кој допиша уште неколку сцени. За мене, текстот беше голема провокација зашто за првпат, по Шекспировата „Комедија од грешки“ што ја поставив во Струмичкиот театар, работам сличен тип драматургија од современ автор. 14
Владлен Александров, театарски режисер
Никогаш не смееме да го изгубиме чувството за хумор Естетиката на жестоката вистина, која Владлен Александров ја вградува во своите претстави, е предизвик да се толкуваат новите хоризонти на театарската уметност
Треба да си многу високо над нештата, да имаш голем духовен и мисловен багаж за да можеш да си дозволиш да се потсмеваш со некој друг човек
$ Нагласувате дека сте се обиделе да направите претстава што ќе биде повеќе од комедија. Што би требало тоа да значи? # Сакав да одиме понапред, да направиме претстава што ќе биде повеќе од комедија, да има апсурдни моменти, да има своја специфика, да не биде чиста комедија која треба да донесе само забава за публиката, само да се смееме на одредени штосови и гестови. Сакавме претставата да ја направиме во таков жанр да оди по „сечилото на ножот“, да е меѓу трагичното и комичното. Со актерите цело време зборувавме за тоа како да направиме чиста, добро конципирана и конструирана комедија. Многу жанрови има во текстот, а најважно е што тој не е страшен, независно што дејството се случува на гробишта, туку е исклучително забавен текст. Напишан е со голема духовитост. Тоа што мене ме изненади и беше причина да прифатам да ја работам претставата е што Венко покажува исклучителна смисла за хумор. Да се осмелиш да пишуваш за нашите хендикепи, грешки и за грдото околу нас, а сето тоа да го опишеш со вкус, тоа е големо достигнување и способност на авторот. $ Обично, се вели дека е тешко да се на-
прави трагедија, но уште потешко е да се направи комедија. Како Вие се снаоѓате во таа смисла?
# Комедијата е сложен жанр. Не е случајно тоа што најголем актер на нашето време во последните сто години е Чарли Чаплин. Тргнувајќи од трагедијата тој успеа да направи совршена комедија. Чаплин е човекот кој покажа дека комичното е повисок жанр, бидејќи во себе содржи сè, и трагедија, и сатира, и политички театар, и забава, и фарса, и мелодрама, и гротеска. Сите жанрови ги има во комедијата. Не е случајно тоа што комедијата се занимава со искривените, со смешните црти на човекот, со оние црти што веќе станале типологија на одредени карактери. Истото тоа се случува и во текстовите на Нушиќ, кои се напишани пред сто години, а се актуелни до денешен ден, бидејќи авторот успеал да го долови суштинското во човекот. Да можеш некому да му се потсмеваш, тоа веќе е висока форма на привилегија. Треба да си многу високо над нештата, да имаш голем духовен и мисловен багаж за да можеш да си дозволиш да се потсмеваш со некој друг човек. А, кога човек се потсмева со другиот, се потсмева и на самиот себе. Тоа значи дека никогаш не треба да го изгубиме чувството за хумор. $ Тука Ве познаваме како театарски режисер кој работел и на други проекти, како „Геноцид 21“ на Љубиша Георгиевски, „Жената како воено поле“ на Матеј Висниек. Дали би можеле да направите www.gragjanski.mk
Рубрика развива. Не можеме цело време да ги поставуваме само Чехов, Ибзен или Шекспир. Да, тоа се класици, тоа се големи автори, но театарот е изгубен без современа драматургија.
$$ Какви се Вашите искуства со условите за работа во театрите во Македонија? ## Мислам дека во театарот „Комедија“ има еден млад дух, што е многу важен во подготвувањето на претставите. Како жива уметност, понекогаш, театарот почнува да се заморува, да ја губи енергијата. Овој театар има многу силна енергија и се надевам дека долго време ќе ги држи. Во таа смисла, театарскиот систем во однос на подготовката на претставите е сличен. Проблемот што се појави со новата реформа на театарот во Бугарија е тоа што малку се отуѓивме, се појави резигнација, театрите се затворија сами во себе, секој си го гледа својот театар, си ја чува својата публика.
споредба како е да се работи во театрите во Бугарија и во Македонија? ## Во Бугарија веќе две-три години се одвива многу сериозна реформа во театарот. Таа реформа малку нè потресе, малку нè исплаши. Реформата е многу сериозна во однос на правењето театар, многу се скратени средствата за правење претстави. Сега, во Бугарија, финансирањето на претставите зависи од тоа колку билети се продадени, колку има публика, каков е репертоарот на театарот, дали има повеќе класични дела, дали има повеќе комедии. На некој начин дојде до ново распределување на општествените средства за културата. Финансиите што ги дава државата за театарот сега зависат од продадените билети и од бројот на публиката. Во одреден момент тоа малку го комерцијализираше театарот. Почна да се подготвуваат претстави што поедноставно се направени, кои се полесни за гледање и речиси е задолжително во нив да учествува некоја ѕвезда од телевизиските серијали, кои сè повеќе ги има во бугарскиот медиумски простор. Во овој период сериозна театарска продукција можат да си дозволат само богатите театри. Таму каде што има повеќе публика, каде што има поголеми средства, каде што може да се најдат повеќе спонзори. Некако покапиталистички почна да се гледа на организацијата на театарот во Бугарија. сабота, 13 октомври 2012
$$ Можно ли е театарот да функциони-
ра на комерцијална основа и колку во тој случај губи од уметничката вредност ако премногу се комерцијализира? ## Во принцип може, но е многу тешко. Исклучително тешко. Ми се чини дека државата не може да се тргне од театарската уметност, не може да се откаже од својот ангажман во создавањето театар, бидејќи театарот, балетот, операта се живи уметности. Тие се последните острови на живата духовност. Сè друго веќе може да се направи на компјутер. Киното стана една голема лага. Филмот можеш да го промениш, да го премонтираш, додека театарот се случува сега и тука. Ако денес го напишеш текстот, утре може да се случи истиот текст веќе да не функционира. Денес актерите го играат, а утре, можеби, веќе нема да има смисла. Во тој правец сакам да кажам дека театарот е најживата, најискрената, најреалната уметност. За да може театарот, како најреална уметност, да разговара со публиката за проблемите што се околу нас, државата треба да го поддржи. Не може да има национален театар без да има национална драматургија. Тоа е стара максима, но тоа е вистината. Огромна е поддршката на театарот во богатите држави, како што се Англија, Франција, Германија, Русија, особено за националната драматургија, а таквата драматургија дава можност театарот да се
Претставата „За секого има по една“ сакавме да ја направиме во таков жанр да оди по „сечилото на ножот“, да е меѓу трагичното и комичното
$$ Во однос на театарската естетика што ја поставувате на сцената како режисер и во однос на актерскиот потенцијал, дали повеќе сакате да се држите до класичниот пристап, таканаречен станиславски, или понекогаш сакате и да експериментирате? ## Секогаш е убаво да има експеримент. Мислам дека во македонскиот театар се појави една многу сериозна генерација млади актери. Тоа се млади луѓе кои се многу послободни во своето восприемање на светот. Во таа смисла и многу послободно прават театар. Неоспорно е дека и многу послободно го читаат Станиславски и го доразвиваат. Во моето лично образование, моите учители ме воспитуваа според традицијата на Станиславски и целата бугарска школа е таква. Некогаш буквално се земаа готови модели од Русија и се пренесуваа во Бугарија. Но, тоа не значеше дека требаше да се затвориме само во таа насока. Во последните неколку години направив одредени промени во мојот стил на режирање, а за тоа многу влијаеше еден голем бугарски режисер, Димитар Гочев, кој повеќе од 25 години работи во Германија и таму е еден од петте најзначајни театарски режисери. Неговите погледи ме натераа на поинаков начин да почнам да размислувам и за театарот и за светот. Инспирацијата од неговата работа, кај мене најмногу се гледа во претставите „Геноцид 21“ и „Жената како воено поле“. Тоа е естетика на жестоката вистина што е околу нас, на некаков хиперреализам во вистинска смисла на зборот. Тоа е очигледно и во двете претстави. Заедно со „Злосторство и казна“ од Достоевски, која ја поставив во националниот театар „Иван Вазов“ во Софија и која беше направена со слична естетика, се претстави што ми дадоа можност да влезам во други води, да употребам друга естетика. Така што воопшто не е чудно да се работи по Станиславски, но тоа да се случи на поинаков начин во согласност со времето во кое живееме. Сметам дека системот на Станиславски не е мртов ниту, пак, е некаков музеј, туку е создаден за да може да се развива. 15
Филм Пишува Златко Ѓелески
„Х
аракири: Смртта на самурајот“ е римејк на култниот самурајски филм „Харакири“ на Масаки Кобајаши од 1962 година, според новела на Јасухико Тагикучи. Овој филм содржи два долги флешбека во кои се прераскажуваат две страни на животната приказна на Мотоме, момчето кое бара да изврши харакири, односно сепуку, во богат самурајски дом, понесувајќи го со себе бамбусовиот меч и мислејќи дека самураите ќе се смилуваат за неговата молба за помош на болното и прегладнето семејство, молба што тие ја толкуваат како обид за посрамотување на самурајскиот код и сакаат од овој случај да стават крај на блефирањето на самоубиствата за изнудување сочувство и пари. Вонвременска приказна за одмаздата што се раѓа од срамот кој го нанесуваат бесчувствителните самураи. Филмот може да се вброи во продолженијата на серијалот на обработки на култни самурајски филмови што ги реализира Мике, каков што беше акциониот „13 убијци“, кој со својата тензичност е контрапунк на интимниот и ламентирачки „Харакири: Смртта на самурајот“. Црно-белиот оригинален филм на Кобајаши плени со својата фотографија и во сцените во кои самураите ги разглобуваат приказните и во борбените сцени среде поле, сцени за кои Мике знаел дека нема потреба да ги имитира и да се споредува со нив, па затоа неговите борбени секвенции остануваат во јапонските домови, на самото место на злосторството, давајќи му ги боите што ги заслужува филмот. Мике свесно се оддалечува од оригиналниот филм и во својот остава силен коментар за свирепоста, неправдата и за лицемерството на владејачката класа и нејзината немилост, на која ì се препуштени самураите кои не можат да најдат финансиски извор за издржување на своето семејство, фактографија што е сосема релевантна четири века подоцна - само што сè повеќе се зголемува јазот помеѓу класите. Самурајот е ì должен на својата судбина исто како и трагичните ликови од античките трагедии. Се смета дека како воин е достоинствено да умре со истиот меч со кој војувал. Достоинствено е со мечот, на кој му го посветил животот, и да си го одземе. Тоа е бушидо-кодот на кој подлегнуваат сите самураи кои живеат за честа и за достоинството на шогунатот. Филмот, исто така, смело се фокусира на честа на сиромашните кои треба да си го продадат своето достоинство и својот живот за членовите на нивното семејство да може да преживеат уште еден ден во земјата на изгрејсонцето. Овој филм не ги глорифицира самураите како што прават голем број јапонски филмови, туку ги потенцира нивните недостатоци како личности кои слепо го следат кодот, заборавајќи на тоа што значи да се биде 16
Смртта на самурајот никогаш не е залудна
Такаши Мике е еден од најзначајните јапонски режисери на сите времиња. Тој е мајстор на филмската уметност, а секој негов филм плени со својата величествена визуелна естетика човек. Тука се раѓа меланхоличниот тон на филмот кој одговара на интимната трагична животна приказна што треба да ги посрамоти „чесните и доблесни“ самураи. Секако дека приказната за Рашомон има оставено длабоки корени во јапонската култура, па не е спорно тоа што една трагична приказна се перципира од повеќе агли на гледање, односно раскажување. На едната страна на вагата Мике ги става честа, кодот, правилата, дигнитетот, посветеноста, а на другата хуманоста и сочувството на самурајот, кај кој, покрај
Име: „Hara-kiri: Death of a Samurai“ Држава: Јапонија Времетраење: 126 минути Жанр: драма, акција Режија: Такаши Мике Сценарио: Кикуми Јамагуши Улоги: Коџи Јакушо, Наото Такенака, Хикари Мицушима
тоа што носи самурајска облека и им служи на вредностите на самурајскиот код, се наоѓа човечко срце низ кое тече човечка крв. Маестралниот режисер има создадено незаборавна епска сцена во која мајката неуспешно се обидува да го спаси своето мртво бебе, додека во нејзиниот дом го носат мртвиот сопруг кој е жртва на нечовечноста на останатите самураи. На овој начин бавно и болно ја обелоденува трагедијата во филмот пред очите на гледачите. Лидерот на самураите одлучува да му дозволи сепуку на младиот самурај, со цел неговата смрт да послужи за пример, но наместо таа да биде пример за алчноста и за злоупотребата на самурајскиот код, неговата смрт станува сведоштво за бескрупулозноста, арогантноста и за свирепоста на самураите. Честа станува фарса. Филмот го поставува прашањето за тоа дали храброто одржување на зборот е доволно оправдување за одземање на еден човечки живот. Такаши Мике е еден од најзначајните јапонски режисери на сите времиња. Тој е мајстор на филмската уметност, а секој негов филм плени со својата величествена визуелна естетика, со која на бескомпромисен начин го прикажува тоа што не смее да се прикаже, го измислува тоа што не смее да се помисли и безрезервно навлегува во сржта на човечкото постоење, вршејќи вивисекција на човечките чувства и елаборирајќи ги стравовите со кои луѓето се плашат да се соочат. Дел од луѓето кои не можат да ја поднесат неговата екстремна визуелна поезија и со резерва и селективно го примаат и одобруваат неговото творештво, всушност, се примери за двојни стандарди и немаат никакво значење за авторот на бизарниот „Посетител Кју“, ригорозните „Убиецот Ичи“ и „Аудиција“ и сентименталниот „Харакири: Смртта на самурајот“. Мике се прифаќа целосно или се апстинира од него. Така гласи бушидокодот на самураите. Мике одлично го има доловено колоритот, едно од малкуте недостатоци на оригиналниот филм, прекрасно кадрирајќи ги сцените во сите годишни времиња што ја декорираат природата, а, од друга страна, останува верен на минималистичкиот декор во јапонските домови и на костимографијата што соодветствува на времето во кое е ситуиран филмскиот наратив. Одлично се кореографирани масовните борбени сцени на Ханширо и неговиот бамбусов меч и јатото самураи. Во овој филм тишината ја демонстрира својата моќ, дозволувајќи им на актерите да доминираат со своето присуство и актерска изведба во одлично доловените кадри. Секако, оваа измачувачка борба ниту ќе го врати достоинството ниту животот на починатите, туку само ќе биде симбол на уште едно крвопролевање во име на честа. Уште еден успешен смел потег на Такаши Мике, со кој ја збогати јапонската кинематографија. www.gragjanski.mk
Интервју
Рубрика Масимо Савиќ
Фото: Walter
Во годината во која Масимо го прослави својот 50. роденден и јубилејот 30 години музичка кариера, едно е сосема јасно. Тој е како старо вино - како што минуваат годините, така неговата изведба ги надминува границите на совршеното. Масимо, кој од 2004 година наваму освои шест престижни хрватски дискографски награди „Порин“ за машка вокална изведба, конечно, ќе може да го види и скопската публика, на голем концерт во Универзална сала, закажан за 7 ноември
Tреба да сработам уште многу важни нешта во животот Разговараше Иван Беќковиќ
В
о кариерата на Масимо Савиќ, еден од најдобрите машки вокали на сите времиња во регионот, има петнаесетина албуми, многу хитови, успешни соработки... Овој феноменален пејач и гитарист, кој веднаш привлече внимание на себе, музичката кариера ја започна во групата „Доријан Греј“, а во 1987 година го снима првиот соло-албум „Странец во ноќта“ и уште посилно ги зацврсти своите позиции на југословен-
сабота, 13 октомври 2012
ската музичка сцена. Со албумите „Вештина“ 1 и 2 во новиот милениум ја доживеа својата ренесанса во музиката, а успехот продолжи и со проектите „Сонцето повторно се раѓа“ и „Допри ме случајно“. Еден од ѕвездените мигови во неговата богата музичка кариера е и албумот „Масимо го пее Синатра“ и неодамнешниот настап со Оркестарот на Дјук Елингтон во Загреб. За помалку од еден месец Масимо ќе одржи прв самостоен голем концерт во Скопје. 17
Интервју $$ Кога пред неодамнешниот настап со „The Duke Ellington Orchestra“, првиот човек на „Аквариус рекордс“, Борис Хорват, Ве праша за Вашите услови, кажавте дека ништо не барате, бидејќи живеете за вакви мигови. Колку некому, кој е 30 години на сцената, му е важно да копнее по ваква ситуација? ## Според мене, сосема е нормално и понатаму да ја чувствувам уметноста како што сум ја чувствувал секогаш. Немаше да се занимавам со уметност доколку таа не ме развеселуваше до таа мера. Доколку гледав на уметноста како на работа, тогаш ќе бев сосема поинаква личност и не можам да замислам како би изгледало тоа. Од оваа перспектива, емоцијата што ја чувствувам за музиката, всушност, ја чувствувам и за уметноста, естетиката, животот..., бидејќи мене ме интересира буквално сè. $$ Концертот со „The Duke Ellington Orchestra“ доаѓа откако пред некое време го објавивте албумот „Масимо го пее Синатра“. Балашевиќ во една песна вели: „Главно, поминува сè, но останува блузот“. Во Вашиот случај тоа е џезот. Од каде потекнува фасцинацијата со оваа музика? ## Го сакам и блузот, бидејќи сум и гитарист, а не само пејач. Од неодамна во мојата колекција гитари е и еден прекрасен „Гибсон Лес Пол“ стандард и сега уживам свирејќи на него. Се враќам во својата совршена гитарска форма и гледам на албумите сам да ги отсвирам сите гитари. Што сакам да кажам... Кога некој е инструменталист, тој полесно го разбира и џезот и блузот, многу повеќе ужива во музиката. Сите најголеми пејачи во светот, ако малку ѕирнете низ клучалката во нивните станови, ќе видите - тие одлично свират или клавир или гитара... На тој начин како да ја заокружуваат својата уметничка личност. $$ Постои една легенда од Вашиот жи-
вот која вели дека како тинејџер во последен миг сте решиле да купите гитара наместо мотоцикл. ## Тоа е точно. Како дете копнеев и по гитара и по мотоцикл, но се случи една несреќа и пред да отидеме, на кредит, да го купиме мотоциклот. Всушност, некој плати со својот живот за денес јас да свирам гитара. Имав околу 16 години и ì ветив на мајка ми дека сам ќе собирам пари за да го враќам кредитот за гитарата, бидејќи таа беше против мотоциклот. Тогаш немав врска со свирење, но, по сè изгледа, таа дошла во вистински раце. За ова еднаш зборував со Влатко Стефановски... Целото знаење за гитарата го имав во прсти по шест-седум месеци. Така е кога човек ќе си ја открие својата вокација, својот инструмент за кој е роден... $$ Критиката вели дека актуелниот албум „Допри ме случајно“ е најзрел во Вашата кариера. ## Луѓето велат, а јас само ќе дополнам дека 18
Емоцијата што ја чувствувам за музиката, всушност, ја чувствувам и за уметноста, естетиката, животот..., бидејќи мене ме интересира буквално сè е многу убаво кога имаш еден ваков албум во својата биографија. Денес моите концерти се составени само од хитови, а меѓу нив се и новите песни. Го освежив репертоарот со нови, силни песни и тоа е голема работа. Но, секој албум е зрел сам за себе.
Горан Бреговиќ имаше идеја за една сосема нова концепција на „Дугме“, каде што јас и тој би биле напред, како двајца гитаристи, што значи дека немаше само да пеам во бендот. Навистина штета!
$$ Ги спомнавте хитовите... Некаде прочитав дека во животот не сте си дозволиле луксуз да снимите лоша песна. ## И јас имав песни во кои не верував докрај, но тоа се случува кога човек одлучува со својот тим, а таму секогаш постои некој што смета дека некоја песна треба да се сними по секоја цена... Сепак, публиката не ми забележа за тоа, бидејќи поголемиот дел од песните што ги отпеав, всушност, ги отпеав со верба во нив.
$$ Отпеавте и снимивте многу туѓи пес-
ни во текот на кариерата, но остана ли желба за некоја што не ја реализиравте? ## Секако, постојат уште многу прекрасни песни, со кои секогаш можете да си поиграте. Тогаш кога песната ви се допаѓа, вие ја пеете како своја. Затоа луѓето и ги обработуваат песните, затоа постојат верзии. Замислете што ќе се случеше доколку Ерик Клептон не ја снимеше „Cocaine“! Светот ќе беше посиромашен за една феноменална верзија... Но, со добрата музика никогаш немало проблеми. Добрата песна секогаш ќе го најде патот до слушателот.
$$ Сакам да демистифицираме една работа од крајот на 80-тите години од минатиот век. Дали е точно дека Горан www.gragjanski.mk
Масимо Савиќ
Кога песната ви се допаѓа, вие ја пеете како своја. Затоа луѓето ги обработуваат песните, затоа постојат верзии. Замислете што ќе се случеше доколку Ерик Клептон не ја снимеше „Cocaine“! Светот ќе беше посиромашен за една феноменална верзија... да ме викне и заедно да ја отпееме...
$$ Последниве години многу соработу-
вавте со музичарите од Македонија. Со Калиопи снимивте дует, а на Вашите албуми се најдоа и неколку песни што таа ги напиша. Тука е и соработката со семејството на Гаро Тавитјан и една релаксирачка верзија на „Елено ќерко“... ## Отсекогаш сум бил фан на македонската музика, а за гитарата најмногу научив од Влатко Стефановски. За хармонијата, пак, најмногу научив симнувајќи ги песните од првиот албум на „Леб и сол“. Тоа беше фантастичен бенд, а за мене Македонија секогаш имаше аура на врвно музицирање. Влатко и денес е совршен со гитарата, исто како и Гаро, Бодан и Кокан. Станува збор за феноменални, светски музичари, со светски квалитет и светска категорија, кои без проблем би можеле да застанат рамо до рамо со Стенли Кларк или да бидат во „Пинк флојд“. Многу ми се допадна и песната „Пурпурни дождови“ на Калиопи, па кога ја слушнав, си помислив дека требаше
сабота, 13 октомври 2012
Фотографиите се отстапени од: Aquarius rec.
Бреговиќ сакал да Ве види како вокал во „Бијело дугме“ и зошто ја одбивте понудата? ## Во еден момент дојде покана да снимам со „Дугме“, но одбив, бидејќи бев многу млад и не знаев како да го задржам тоа што го работам самостојно, а во исто време да работам и со нив. Едноставно, во еден муабет си ги затворив вратите и за себе и за Горан. А, можеше поинаку... Денес ми е жал што некои снимки не беа снимени. Бреговиќ имаше феноменална идеја за тоа што треба да се прави со мојот глас, за разлика од мене. Се плашев што може да прави мојот глас во „Дугме“, по високите гласови на Бебек, Тифа и Ален Исламовиќ. Горан имаше идеја за една сосема нова концепција на „Дугме“, каде што јас и тој би биле напред, како двајца гитаристи, што значи дека немаше само да пеам во бендот. Навистина штета!
Влатко и денес е совршен со гитарата, исто како и Гаро, Бодан и Кокан. Станува збор за феноменални, светски музичари, со светски квалитет и светска категорија, кои без проблем би можеле да застанат рамо до рамо со Стенли Кларк или да бидат во „Пинк флојд“
$$ Неодамна на социјалната мрежа се поведе дискусија за тоа дека е срамота еден врвен пејач, како што сте Вие, да нема одржано голем солистички концерт во Скопје. Кој е виновен? ## Еве ме, доаѓам. На 7 ноември ќе имам концерт во Универзална сала во Скопје. Јас сакам мојот концерт да го свирам на моја опрема, а тоа знае да биде скапо. Скопје е многу далеку, па авионските билети за десетмина чинат ѓавол и пол. Затоа мораме да патуваме со комби. Сега планот е следен: доаѓаме еден ден пред концертот, а на денот на концертот ќе уживаме во македонската храна и пијалаци, во дружба со пријателите. Навечер е концертот, а утредента се враќаме назад. Значи, во Скопје ќе останеме три дена. $$ На 6 јуни наполнивте 50 години, а оваа година се смета за јубилејна во Вашиот живот, бидејќи пред три децении влеговте во музиката. Колку музиката го смени Масимо како човек? ## Музиката не ме менуваше како човек, тоа го направи мојата жена. Тоа што ја сакам музиката, тоа е друга приказна. Но, да ги запознаеш вистинските луѓе во животот,
кои на тебе влијаат на вистински начин, тоа е нешто посебно. Низ животот тоа ме менуваше како човек.
$$ Наслушнав дека во новинарските кругови во Хрватска постои интерес за биографијата на Масимо. ## Некои луѓе веќе ме контактираа во однос на тоа прашање, бидејќи гледаат дека јас никако не почнувам да пишувам. Тие би пишувале додека јас зборувам, сè додека не се напише книгата. Но, за мене тоа е некоја постхумна ситуација или, и ако не е, за неа сè уште не е дојдено време. Треба да сработам уште многу важни нешта во животот...
19
Артерија „Пипи се вселува“ од Астрид Линдгерн и Индгрид Ванг Најман
„Детроит“, морничава комедија на Лиза Д’Аморе
Декада по објавувањето на оригиналните книги за Пипи долгиот чорап, во средината на овој месец, со оригиналните илустрации ќе биде објавен еден вид стрип-верзија со илустрации. Новото издание ќе биде составено од три томови, а издавач е „Дроу анд Квартерли“ од Монтреал, позната стрип-издавачка куќа.
Еми Рајан и Дејвид Швимер се главни ѕвезди на мрачната комедија „Детроит“, во режија на Ени Кофман, што ќе биде поставена на 28 октомври во театарот „Плејврајт хоризонс“ на Бродвеј, Њујрок. Тоа е приказна за искушенијата и за проблемите на една двојка од средната класа. Тие стануваат блиски со своите млади соседи, кои не се онакви какви што се прикажуваат.
„Фалсификување“, манипулирани фотографии
П
отребата за модифицирање на „сликите“ од камерата е стара колку и фотографијата. Единствено нешто што е променето се методите на нејзино преобликување или „поигрувањето“ со неа. Денес секое манипулирање со фотографијата го поврзуваме со дигиталните фотоапарати: „пеглање“ брчки, остарување луѓе или нивно бришење од фотографијата, дури и поставување нешта што никогаш не биле во кадар во реалност. Но, ова се експерименти што биле правени и пред 100 години, кога се развивало мануелното фотографирање. Оваа интернационална изложба се обидува да ја презентира историјата на манипулирањето со фотографијата од 1840 до 1990 година, кога постоеле мануелни техники за „преместување“ на нештата во делото. Повеќето од 200 изложени фотографии биле менувани, откако бил развиен негативот, со фотомонтажа, комбинација на принтови, натсликување, ретуширање или, пак, комбинација на сите овие техники. Без разлика дали биле модифицирани во служба на уметноста, политиката, вестите, забавата или рекламата, фотографиите содржат магични моменти. Тие го убедуваат окото, иако умот се бунтува на сценариото, како што е, на пример, фотографијата на која жена се капе во чаша со шампањ или, пак, онаа каде што човек жонглира со сопствената глава. Во минатите две декади, дигиталната технологија нè направи многу посвесни за растегливоста на фотографиите и постои жалење по веродостојноста на фотокамерата. Она што го постигнавме е свежа перспектива на историјата на медиумот и комплексноста на неговата релација со визуелната вистина. Поговорката „камерата никогаш не лаже“ оди во прилог на фактот дека фотографијата е врвна фикција.
20
„Фалсификување“ е наслов на изложбата на фотографии што ќе се одржи во „Метрополитен музејот“ во Њујорк, од 11 октомври до 27 јануари. Овие дела се создадени во почетокот на 20 век, кога не постоеле компјутер и програма фотошоп
Изложбата содржи 200 „монтирани“ фотографии, создадени кон крајот на 19 и во почетокот на 20 век, кои нудат поглед на тоа како порано мамеле фотографите и го реализирале хуморот Техниките што се користени вклучуваат повеќе изложени фотографии, комбинирани принтови, фотомонтажа, ретуширање на негативите
www.gragjanski.mk
7
Артерија Интернационален филмски фестивал во Рим ќе се одржи од 9 до 17 ноември. Вечниот град ќе биде гостин на многу светски филмски имиња. Во аудиториумот „Парко дела музика“ и на други места ќе се случуваат значајни интернационални премиери на филмови, како и на документарци, потоа изложби, концерти и работилници со актери од калибарот на Роберт де Ниро, Ал Пачино и Мерил Стрип и режисери како што е Мартин Скорсезе
Бенкс на турнеја Пол Бенкс, фронтменот на бендот „Интерпол“, ја најави англиската соло-турнеја. Неговиот нов албум под капата на „Матадор рекордс“, насловен едноставно „Бенкс“, ќе излезе на 22 октомври, по што ќе ги почне и солоконцертите што ќе траат до 24 јануари.
Музејот за современа уметност „Стеделијк“ во Амстердам беше повторно отворен по големото реновирање во изминативе девет години. Локалното население го нарекува „када“, поради дизајнот кој е во вид када за капење. По стариот изглед, градот доби совршено обликуван и дизајниран простор за изложување на делата на современите уметници од цел свет
Првиот музеј „Стеделијк“, создаден во 1874 година, содржи дела на врвни светски уметници, меѓу кои Ван Гог, Сезан, Пикасо, Кандински, Матис, Макс Бекман, Шагал, Полок, Казимир Малевич и Енди Ворхол. Таму за прв пат кубизмот ì бил претставен на Холандија, а биле изложени и делата на Мондријан, на холандскиот архитект Герит Риетвелд, како и на уметниците кои го создале движењето Де Стијл
сабота, 29 септември 2012
Д
Културен свет
Реновиран музејот „Стеделијк“
изајниран од Бентем Кроувел, зејот „Стеделијк“ е дизајн на Ричард Сера. објектот од 10.000 квадратни Белата „када“, создадена од 271 панел од метри, изграден од синтетички специјални карбонски влакна, ќе стане влакна, успеа да го постигне нов заштитен знак на Амстердам, градот она што А.В. Вајсман не успеа каде што современи зданија дебитираат со дизајнот за првичниот „Стеделијк“, речиси секој месец. Интересно е што стаоригинална зграда од викторијански пе- рата зграда на музејот сè уште постои на риод. Новиот музеј нуди засводени, прос- исто место и е инкорпорирана во новата, торни галерии, од кои една е најголема во во влезниот дел. Традиционалната зграХоландија, со аеродинамични движења да содржи 90.000 дела изложени уште во меѓу нив и лифтови, што им овозможу- 1870 година, меѓу кои е и контроверзното ваат на посетителите да преминат од на- „Осама“ на Марлен Дума и HM на Лик Тајтрупаните административни простории манс. Првата изложба со која се отвори во изложбените салони. Новата градба новиот музеј е „Зад имагинацијата“, дела има и ресторан со голема тераса и мала на современи холандски уметници, кои библиотека. Новото стаклено фоаје на му- создаваат и живеат во земјата. 21
Досие
Сергеј Параџанов
Незапирлив ексцентрик и маѓепсник Б
„Во филмовите многу се зборува. Има премногу зборови. Буквално, се давиме во нив. Единствено во балетот се гледа чиста убавина. Тоа е она по што тежнеам. Кога се разведував од мојата прва сопруга, таа ми рече: Знаев дека ме сакаш само кога молчеше. Кога почна да зборуваш, знаев дека ти е доста од сè! Се обидов оваа мисла да ја пренесем директно на екран“
22
ил човек со бунтовна страст за животот и за уметничката убавина, што го ставило во клинч во тогашниот советски политички систем и со филмското наследство полно со парадокси. „Сенките на нашите заборавени предци“ (1964), „Бојата на калинката“ (1970), „Легендата за сурамската тврдина“ (1984) и „Ашик Кериб“ (1988) се четири дела со кои Параџанов стана икона во интернационалната кинематографија и кои му направија големи проблеми во перестројката. На неразбирливо функционален начин Параџанов комуницира со гледачот, нудејќи му истовремено поезија, филм, театар, балет, ликовно дело, скулптура. Му нуди чиста музика, дело составено од молчење и неподвижност, зад што се наоѓа непрегледен, безграничен простор со симболи, алегории и метафори. Секој кадар во неговите филмови е загатка. Но, судбината на овој ерменски режисер е школски пример за тоа како уметникот визионер можел да настрада во советскиот социјалистички режим, ако не се вклопувал во системот. Опседнат со фолклорот. Сета негова уметност и талент потекнуваат од детството, кое било обележано со талкање по улиците на Тбилиси, престолнината на Грузија. Неговите родители - татко му Јосиф
Јосифович Параџанов и мајка му Сирануш Бејановова - биле Ерменци, кои одлучиле да живеат во грузискиот главен град, каде што е роден Сергеј. Како дете им се воодушевувал и им завидувал на занаетчиите и сето време го минувал во нивните дуќани. Татко му имал антикварница и таму мајка му Сирануш продавала стари предмети. На тој начин младиот Сергеј доаѓал во допир со минатото, со народните обичаи - грузиски, ерменски. Токму таа средба со традициите на различните народи силно влијаеле на неговото подоцнежно уметничко определување. Неговите филмови се исполнети со легенди, бајки и со историја. Иако како младо момче свирел виолина, а посетувал и кореографска школа во музичкиот конзерваториум во Тбилиси, сепак, по Втората светска војна се определил за филмска академија и студирал на московскиот ВГИК во класата на професорот Игор Савченко (бил асистент на неговите филмови). Украинскиот режисер Александер Довженко му ја врачил дипломата и го повикал да работи во Украина. Во 1951 година бил режисер на документарни филмови во филмското студио на Довженко во Киев. Во текот на следните години работел на неколку документарни и кратки филмови во кои се чувствувала неговата опсесија со фолклорните мотиви. Иако Довженко го сметал за романтичен синеаст, Параџанов не бил воодушевен
Сергеј Параџанов е еден од најбрилијантните и најконтроверзни личности во советската, а и во светската кинематографија. Многу легенди поврзани за ова режисерско име зборуваат за неговата генијалност, за начинот на кој маестрално си поигрувал со природата на филмот, создавајќи од секој кадар неповторлив уметнички детаљ. И со малиот опус засекогаш ги поместил границите на филмската уметност и покажал како од подвижната слика може да се создаде поезија
„Не ми е потребна маса гледачи. Чудо е ако еден од сто стане мој обожавател. Потребно е многу време за луѓето да дојдат до поетски филм, до тоа да ги сфатат метафорите и асоцијациите. Не сакам да кажам дека филмот треба да биде само поетичен и да ме копира мене. Не барам ни школа ни студенти. Не. Јас мора да останам сам во советската кинематографија, за да можам да сфатам дали на човештвото му е потребна мојата уметност“
www.gragjanski.mk
И покрај тоа што неговите европски колеги, Годар, Фелини и Бертолучи, го опишале како маѓепсник на киното, името на Параџанов секогаш било на маргините сабота, 13 октомври 2012
23
Досие од фактот дека снима филмови по порачка. Но, токму таму, во тоа студио, го снимил ремек-делото „Сенките на заборавените предци“, филм со кој преку ноќ го привлекол светското внимание и за кратко време освоил 16 награди на меѓународни фестивали. Со барокната и своеволна адаптација на „Ромео и Јулија“, приказна за двајцата љубовници разделени од нивните семејства, поради различните начини на живеење и религиозни ритуали, инспириран од својот приватен живот, ги шокирал критиката и публиката, но поради дрскиот формализам, во доцните педесетти и во раните шеесетти години, филмот бил отстранет од советските кина и на режисерот му донел морничава битка со властите. „Сенките на заборавените предци“ е, всушност, неговата љубовна судбина. Еден од најкомплексните сегменти во животот му била токму страста и кон жените, но и кон мажите подеднакво. Бидејќи во тогашниот систем бисексуалноста и хомосексуалноста биле нелегални, во 1948 година бил уапсен, но две години подоцна, на изненадување на сите што го познавале Параџанов, се оженил со Татарка, која подоцна била убиена од нејзиното семејство поради тоа што ги напуштила семејството и верата. Му требало време да ја прифати нејзината морбидна смрт и утеха нашол во втората сопруга со која се венчал во Киев и со неа имал син. Се развеле непосредно пред неговата смрт. Но, во тие заеднички години брак имал кратки врски со мажи, меѓу кои и двајцата главни актера во неговите филмови. Сепак, како сведоштво на таа бура во приватниот живот останал „Сенките“, круна на украинскиот период на Параџанов, што го маркирало во светската кинематографија како опсесивен трагач по националниот идентитет. Филмот ја открил и режисерската независност и индивидуалност, а на Параџанов му создал репутација на ексцентрик и маѓепсник, незапирлив и непредвидлив уметник, кој на публиката ì ја врати можноста да размислува. Но, од друга страна го означил и патот на маките на Параџанов, конфликтот со советскиот режим, што го загорчил неговиот живот. Денови на прогонство. Неговите сценарија постојано биле одбивани. Заедно со Тарковски и со режисерката, сценаристка и актерка Кира Муратова бил трн во окото на властите. Тројцата воделе тешки битки за да ги реализираат сценаријата што им биле одобрувани, но за крајниот резултат, филмот, никогаш не добивале официјално одобрување, па тие стоеле во архивите сè до распаѓањето на перестројката. Кога во 1970 година го снимил „Бојата на калинката“ или „Сајат нова“, филм за животот и за работата на монах-уметник во дворецот на грузискиот цар, се чинело дека е крај на неговата кариера. Неговото внимание го окупирала судбината на уметникот, чове24
Најпознатиот филм на Параџанов: „Сенките на заборавените предци“
Сцени од филмот „Легенда за Сурами тврдината“
кот како претставник на една нација, на нејзината историја, култура и традиција. Параџанов, како никогаш претходно, во ова ремек-дело ги слева во една целина сите видови уметничко изразување. Секој детаљ и реквизит, што се користени во овој филм, имаат силна симболика и метафора. Ги разнишал темелите на дотогашното сфаќање на природата и суштината на седмата уметност, преточувајќи ја во поезија, но му бил одземен во фаза на монтажа, по што бил сурово казнет, обвинет за буржоаска декаденција, естетски херметизам, национализам, аморалност и асоцијалност, како и за хомосексуализам, поттикнување на самоубиство и извршу-
вање илегални работи на црната берза. Добил пет години затвор, што значело и креативна апстиненција. За да ги издржи сите овие години во сибирскиот затвор, изработувал колажи од остатоци од предмети. Секој ден по еден. Сликал и цртал и надвор од затворот и зад себе оставил 800 дела. Но, пасија му биле куклите, што се забележува и во неговите филмови. За деновите минати во затворот изјавил: „Годините поминати таму ми подарија неверојатна бесмртност. Преживеав, бидејќи одлучив да бидам уметник и да создадам школа околу мене, флоризам. Бидејќи немавме бои, го користев сувото цвеќе за изработка на прекрасните цртеwww.gragjanski.mk
Сергеј Параџанов
Тарковски во неговиот живот
Главната улога во„Ашик Кериб“ му е доделена на 22-годишно момче, натуршчик, кој никогаш не бил пред камера. Од едноставна причина: момчето одлично го познавало истокот
Параџанов целосно го сменил пристапот кон филмот, откако го гледал „Иваново детство“ на Андреј Тарковски, кој подоцна станал негов добар пријател. „Тарковски, кој беше десет години помлад од мене, беше мој прв учител и ментор“, напишал Параџанов и додал: „Тој беше прв режисер кој во филмот користеше слики како од соновите и спомените, со силна алегорија и метафора“. Пријателството со Тарковски бил најсилниот креативен сојуз во животот на Параџанов, кој последниот филм „Ашик Кериб“ му го посветил токму на младиот режисер.
Негов најпознат филм е „Боите на калинката“, за животот на Михаил Кочубински, познат ерменски поет од 18 век. Параџанов бил инспириран од ерменските илуминарни ракописи, но интересно е што актерката Софико Чијаурели ги игра сите главни улоги, и машки и женски
жи. Кога ме ослободија, управата ги повикала моите студенти и им рекла да престанат да цртаат, бидејќи нивниот учител бил луд. Истите оние што ме прогласија за луд, додека бев во затворот, од мене бараа да цртам порнографски цртежи за да можат да мастурбираат, но јас не знам да цртам порнографија. Им нацртав слика на ритуал, на која царицата му се предава на јапонскиот цар во нивната свадбена ноќ. И двајцата беа во кимона и тоа ги налути стражарите, па ме тепаа по главата со стапови и со штици, затоа што не можев да ги задоволам нивните цинични желби“. И уште рекол: „Кога мислам за својата судбина понекогаш се прашувам кој е одговорен сабота, 13 октомври 2012
за оние 15 години целосна моја стагнација? Без плата, без средства за живот, опкружен со озборување, недоверба, изолиран. Јас сум единствениот синеаст во СССР кој трипати бил во затвор - под Сталин, под Брежњев и под Андропов. И повторно ќе ме испратат под некој нов изговор. Кој ќе ми се извини? Кој ќе ми ги даде моите елементарни права? Направив малку филмови, а имав сила за уште толку! Тоа е судбината на великаните на филмот и на театарот“. Но, престојот во затворот, прогонството и забраната за снимање филмови, сепак, не го уништиле несекојдневниот талент на Параџанов ниту, пак, го одвратиле
„Сергеј Параџанов: Хрониките на дијалогот“ е наслов на неговата биографија, е документ за деновите кога многу значајни личности од светската уметност престојувале во неговиот дом, меѓу кои Марчело Мастројани и Ален Гинзберг. Американската интелектуална елита му се воодушевувала и многу од нив посакале да го запознаат, па гостувале во неговиот дом и ги пишувале своите дела во кујната на неговата мајка
Тарковски бил еден од оние што најсилно протестирале против затворската казна на Параџанов. Нивното пријателство го надживеало и чудниот, честопати противречен, хумор на Параџанов. Во биографијата на режисерот е запишана една анегдота од нивното дружење, од јануари 1982 година, кога Параџанов му зборувал на Тарковски дека тој е талентиран, многу талентиран режисер, но не и генијалец. На тоа Тарковски го прашал Параџанов зошто мисли така, а тој му одговорил: „Бидејќи не си хомосексуалец и никогаш не си бил в затвор“.
од неговите визии и во првата прилика тој повторно ја воодушевил публиката. Филмот „Легендата за сурамската тврдина“, поетизирана, натопена со библиски елементи, но и со асоцијации за маките на „заѕиданиот“ уметник на кој му е забрането да твори. По 15 години професионален егзил, во 1988 година, Параџанов го снимил „Ашик Кериб“, екранизација на записите на Лермонтов, филм со кој ја завршил кариерата. Оттогаш, па до крајот на животот, како специјален гостин, бил поканет на повеќе меѓународни филмски фестивали, каде што се криел од медиумите. Постои видеозапис од една конференција што ја одржал во хотелската соба, кога од глава до петици бил покриен со бел чаршаф, на кој биле сервирани храна, топол чај, грузиско вино и ракија. Му било понудено да ги режира „Доктор Фауст“ во Германија и „Божествена комедија“ во Италија, но не успеал да реализира ниту еден проект. Починал додека го снимал филмот „Признание“, чии делови се содржани во документарниот филм посветен на неговиот живот и творештво, „Сергеј Параџанов: Последната пролет“, во режија на Михаил Вартанов, премиерно прикажан на Канскиот фестивал во 1992 година. Иако живеел во родниот Тбилиси, последните мигови ги проживеал во ерменскиот главен град, Ереван, во домот на неговите предци, на 20 јули 1990 година. Куќата во која починал била создадена за креативните бегалци, а денес е музеј посветен на Параџанов. Колоритното богатство во неговите филмови е неповторливо. Естетиката на Параџанов хипнотички го вовлекува гледачот во приказната, во кадрите што се еден вид визуелни и музички платна. Неговите дела се полни со етнографски елементи и со универзален квалитет и токму поради тоа се безвременски. 25
Артерија
ШОПИНГ-МОЛ
Виртуелен живот во забарикадирана бетонска коцка Македонскиот резидент мошне добро знае како изгледа да се живее виртуелен живот; да се живее во наводно отворен простор, од кој тешко се излегува и кој не трпи влијание од надворешниот свет... Затоа шопинг-моловите му се толку фамилијарни
Н
аспроти триумфалните порти, барокните фасади, најавените и одржаните фестивали, театарските и филмските премиери, спомениците..., се чини дека културен, па и културолошки, настан на сезоната е отворањето на новиот „Скопје сити мол“. И, се разбира, оваа констатација не ја влечеме од бизарната распродажба на евтина тоалетна хартија (иако и за тоа може да се дебатира), ниту од евидентниот факт дека во некои идни, далечни, времиња, некои тогашни археолози нема да го препознаваат нашето време по барокните споменици, туку по храмовите на нашата доба, маркерите на потрошувачкото општество во кое живееме - шопинг-моловите. 26
Не дека Скопје нема трговски простор. Напротив, го има и премногу. Речиси секое маало има не еден, туку повеќе, главно, неискористени трговски центри. Тогаш, што е тоа што жителите на македонската метропола ги тера непрекинато и масовно да ги посетуваат и досегашните два шопинг-мола („Рамстор“ и „Веро“), а таа навика, повеќе од јасно, ќе ја префрлат и на новиот шопинг-мол? Одговорот е парадоксален, иако е едноставен. Тоа е инстинктивното препознавање на сопствената положба наспроти себе и наспроти светот. Имено, основната разлика меѓу класичните трговски центри и шопинг- моловите е токму во нивната архитектонска поставеност. Трговскиот центар, по дефиниција, е отворен, транспарентен, видлив и препознатлив, со пристапи од www.gragjanski.mk
Моловите го претставуваат нашиот пат до совршенството. А, ако има и евтина тоалетна хартија, тоа му доаѓа како бонус. Затоа, ајде да се најдеме во „Скопје сити мол“!
сите страни. Во него лесно се влегува и излегува, а многу често служи и само како транзит, како простор низ кој луѓето поминуваат за да стигнат од точката А до точката Б. И тоа без задржување. Наспроти него, шопинг-молот е затворен. Опкружен со цврсти ѕидови. Нема излози и надворешниот свет не смее да види што се случува внатре. Надворешниот свет не влијае и не смее да влијае врз она што се случува внатре. Најчесто дури и не се дозволува ни пробивање на природната светлина. Значи, светлоста е вештачка и секогаш на исто ниво, така што се создава илузија на „силно светнал ден“. Едноставно, се брише анималната поделба на ден и ноќ. Дури се пазари - нема одмор. Се разбира, ако сакате да ѕирнете што се случува во тој свет, тогаш треба да влезете. Но, откога ќе се влезе, веќе тешко се излегува. Шопинг-молот, значи, е симулација на реалното егзистирање, своевиден виртуелен свет што е самодоволен и самозадоволен во сопствените граници, односно во своите четири ѕида. Со своите книжарници, киносали, кафеани, па и игротеки за децата, тој ги задоволува минималните културни и социјални потреби на човекот, а со својот асортиман на трговска стока го задоволува сето останато. Ако беше предвидено и место за преспивање, тогаш може лесно да се замисли дека еден просечен човек (или потрошувач, како што милуваат да кажат трговците) може да го помине цел живот во таа чудна бетонска коцка, без да има никаква потреба да дознае како живее надворешниот свет. Во таа смисла, шопинг-молот е прилично фамилијарен со македонскиот просечен граѓанин. Како да е граден по примерот на македонската држава. Македонскиот резидент мошне добро знае како изгледа да се живее виртуелен живот; да се живее во наводно отворен простор, од кој тешко се излегува и кој не трпи влијание од надворешниот свет, ниту има амбиции да влијае врз надворешниот свет; каде што, ако имате минимални културни и социјални потреби, место за преспивање и, се разбира, соодветен шопинг-мол, можете целиот живот да го поминете без да забележите (и, уште повеќе, без да ве интересира) што се случува таму некаде надвор. сабота, 13 октомври 2012
Перформансите, свирките, клупите... сето тоа на посетителот му говори дека се наоѓа во пријателско, безмалку домашно опкружување, односно му дава чувство на припадност или, уште повеќе, на заедништво
Опкружен со цврсти ѕидови. Нема излози и надворешниот свет не смее да види што се случува внатре. Надворешниот свет не влијае и не смее да влијае врз она што се случува внатре. Најчесто дури и не се дозволува ни пробивање на природната светлина. Значи, светлоста е вештачка и секогаш на исто ниво, така што се создава илузија на „силно светнал ден“. Едноставно, се брише анималната поделба на ден и ноќ. Дури се пазари - нема одмор.
миниград, заедно со станбени блокови, Парадоксот е токму во сличностите, а не клиника, училишта, парк, езеро..., при што во разликите. Зошто некој би одел некаде шопинг-молот би требало да биде центар да ја гледа симулацијата на сопствениот живот? Затоа што шопинг-молот не про- на урбаната целина. Но, инвеститорите, такви какви што се, остануваат заинтередава слики и претстави, ниту продава потреби, туку продава - желби. Тој е, нели, сирани само за оној дел од архитектонскивиртуелна стварност во барикадиран свет. те идеи што ќе влијаат врз психологијата на потрошувачите. Конечно, самиот Грин Шопинг-молот ви испраќа порака дека има изјавено дека сака да создаде таков и во затворен систем има надеж; дека е ентериер во кој „купувачите ќе бидат маѓеубаво да знаете дека сите ваши потреби може да се задоволат во тие неколку илја- псани од опкружувањето, па непрекинато ќе бидат поттикнувани да купуваат“. Бади квадратни метри; дека, иако просторот дијала изјавите на Грин во подоцнежните е релативно мал, ви треба многу време да го прошетате и дека, кога повторно ќе дој- години дека Саутдејл е „копиле“ на неговите идеи, веќе „интровертните“ центри, дете, ќе видите нешто ново. Историски гледано, шопинг-молот е само стануваат тренд на потрошувачкото општество. продолжување на прастарата трговска Иако Скопје не може да се пофали со гофилозофија на меркантилистичката лем број шопинг-молови, поточно, освен продуктивност: „да се продаде најмалку новиот „Скопје сити мол“, во вистинска корисната работа за најмногу пари“. Во случајот на овие шопинг-центри, оваа мак- смисла на зборот постојат само уште два: сима е малку видоизменета и би можела да „Рамстор“ и „Веро“, фактот дека најголемигласи: „на најмал можен простор да се пот- те инвестиции во Македонија, всушност, рошат најмногу пари“. Идејата, всушност, се инвестициите во овој тип трговски цене произведување на потребите кај потро- три, како и најавените следни потфати од шувачите - ако ви требало едно пакување овој тип, јасно говори дека кај нас ваквиот начин на продажба не е погоден од никатоалетна хартија, вие ќе купите десет; ако не ви треба ниту една паштета, вие ќе ку- ков тип финансиска криза. Конечно, во нашата земја речиси сите стопански гранпите пет. Во таа смисла, како претходница ки, на овој или на оној начин, се соочија на шопинг-моловите се спомнуваат разни речиси со сопственото пропаѓање. Освен пазари од античка доба, но вистински предок на овие потрошувачки монстру- шопинг-моловите, се разбира. Втората компонента што ги прави шопингми е обилно посетената од македонските туристи (секогаш кога имале можност) ис- моловите толку интересни за овдешниот консумент, секако, е пријателската атмостанбулска Капали чаршија, која, ако им се фера што тие ја создаваат. Перформансите, верува на историчарите, уште во XV век, на купувачите, во покриен простор, им нуде- свирките, клупите... сето тоа на посетитела разни, главно, непотребни „џиџи-миџи“. лот му говори дека се наоѓа во пријателско, безмалку домашно опкружување, односно Енциклопедиите и интернет-страниците му дава чувство на припадност или, уште посветени на оваа тема ви нудат увид и во Гостинскиот дворец во Санкт Петерсбург, повеќе, на заедништво со останатите посетители, нешто што толку недостига во кој на 53.000 квадратни метри ги отвори надворешниот микро и макросвет. Во таксвоите стотици продавници уште во 1785 ва ситуација лесно се одомаќинувате, па година. дури и закажувате средби со пријатели во Сепак, за она што денес го познаваме како шопинг-мол најзаслужен е натурализира- овие шопинг-молови. Конечно, психолозиниот американски архитект Виктор Деј- те велат дека шопинг-моловите се посебен свет, каде што преку купување се обидувид Грин, кој во 1956 година го проектирал вате да се вклопите во идеалите што ви центрот „Саутдејл“ во Едина, предградие ги наметнуваат маркетиншките пораки. на Минеаполис. Фактите велат дека уште Затоа е и толку тешко да им се даде отпор. во времето кога се викал Виктор Давид Гринбаум и студирал на Академијата за Тие го претставуваат нашиот пат до совршенството. А, ако има и евтина тоалетна убави уметности во родната Австрија, од каде што побегнал по аншлусот, Грин раз- хартија, тоа му доаѓа како бонус. мислувал за затворен трговски центар, кој, Затоа, ајде да се најдеме во „Скопје сити мол“! всушност, би требало да биде вистински 27
ЕДНА ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДНА | ТЕМА | ИНТЕРВЈУ | АНАЛИЗА | ФАКТОГРАФИКА
КВОРУМ
Аиво Орав:
Никола Груевски:
Паралелни преговори
Најпозитивен извештај
Комисијата е подготвена сега да ги започне преговорите со Македонија, без да биде претходно решено прашањето за името. Значи, преговорите и решавањето на спорот за името ќе може да одат паралелно. Засега не е поставен временски рок за решавање на спорот, но пожелно е тоа да биде што поскоро
Мислам дека ова е најпозитивен извештај што го добила Република Македонија. Работиме паралелно на многу реформи. Владата ќе го анализира детаљно извештајот и ќе продолжи со усогласувањето на македонското со европското законодавство
Преговори и за ЕУ и за името Ѓорге Иванов:
Теута Арифи:
Вределе сите битки
Вределе сите настојувања и политички битки за придавката „македонски“ да се врати во извештајот. Ако не се борите, однапред сте изгубиле. Затоа толку бев упорен кога во изминатите два извештаја на ЕК тоа беше изоставено. Сум реагирал и ќе реагирам кога се посегнува по кој било дел од нашиот идентитет
Гордан Георгиев:
И напредок и назадување
Иако има формален напредок, постои реално уназадување на состојбите со слободата на говорот и демократијата, а односите со соседите се наметнуваат како закана за нашите европски аспирации. Без разлика како се нотирани, меѓуетничките односи во земјата се затегнати и се влошуваат
Атмосфера за преговори
Треба да се користи овој позитивен моментум и да се следат препораките. Тоа што се обврзавме за добри меѓусоседски односи треба да остане наша ориентација. Позитивно е тоа што придавката „македонски“ е вратена, а ја нема кратенката ФИРОМ
Нано Ружин:
Нема простор за еуфорија
Одвивањето на преговорите е условено со изнаоѓање заемно прифатливо решение за името на РМ и тоа во едно од првите поглавја на преговорите со ЕУ. Во таа смисла, ЛДП ја поздравува одлуката на Европската комисија за овој позитивен извештај, но истовремено смета дека нема простор за еуфорија и триумфализам
Европската комисија по четврти пат препорача отворање преговори за членство на Македонија во ЕУ. Во извештајот е нотиран напредокот на Македонија, но и реформите што треба да бидат завршени. Најзначајна е подготвеноста на ЕК без одложување да презентира план за преговарачка рамка за решавање на прашањето за името во раните фази на преговорите за пристапување. Македонија го доби кандидатскиот статус во 2005 година, а од 2009 г. чека почеток на преговори за членство. сабота, 13 октомври 2012
29
Катерина Блажевска
Црта
ВЛАДИМИР КАЗАНЕВСКИ,
Украина Светската галерија на карикатури „Остен“
Добро утр Верувам дека Пол Кругман денес повеќе би сакал да се разбуди во Скопје отколку во Атина. Очигледно, два и два секогаш не се четири, дури и во пресметките на еден нобеловец
О
Постдемократската скепса тргнува од претпоставката дека демократијата веќе нема славно време пред себе, туку повеќе зад себе
30
ваа година немаше скакулци, а тоа е знак дека доаѓа рајот на Земјата, претскажа деновиве бившиот кандидат за претседател на Киргистан и лидер на „Народна академија“, Арстанбек Абдилдаев. Членовите на „Народна академија“ се познати по тоа што тврдат дека информациите за претстојните настани ги добиваат директно од космосот. Абдилдаев и неговите следбеници запишуваат „сè што ќе им биде соопштено од космосот“ и тие записи ги сметаат за пророштва. Како што соопштија руски медиуми, на прес-конференцијата Абдилдаев најавил дека во 2013 година на Земјата ќе се случат многу чуда и луѓето треба да бидат подготвени за тоа. Предупредил дека за да настапи рај, луѓето треба да се откажат од телесните наслади, егоизмот и од личните богатства. „Природата ќе оживее и земјината површина ќе се претвори во зелена рајска градина“, претскажал тој. Не треба никаква анализа за да се заклучи дека протагонистите на ова пророштво страдаат од апофенија или пареидолиjа. Тоа сe психолошки феномени www.gragjanski.mk
? = 2 + 2 ро, г. Кругман што се манифестираат кога разни коин- аголот, туку е многу далеку. И не зависи циденциии на луѓето им се причинува- од дефицитот на скакулци, туку од суфицитот на идеи за излез од кризата. А, аат како поврзани, кога во звуци или во нив како да ги има најмалку. Хрватската слики „препознаваат“ нешто друго. Во најбенигни случаи, препознаваат фор- и српската стручна јавност минатата недела имаа можност да го слушнат преми во облаците, нечиј лик во месечината или преслушуваат пораки на магнето- давањето на нобеловецот и професор по економија, Пол Кругман. Сите што фонски снимки емитувани обратно. Тоа е појава кога мозокот ги лоцира непозна- очекуваа изненадувања, останаа разочарани. Неговата главна препорака не тите звуци како да доаѓаат од космосот е нова: државното репресивно штедење или од друг извор и ги толкува како познати (аудиопареидолија) или, пак, води во спирала од која ќе биде многу тешко да се најде излез. Споредувајќи пронаоѓа поредок и смисла во потполно ги Европа и Америка, тој во својот фобезначајни околности (апофенија). кус го става фактот дека ЕУ сè уште Но, во ист ден навистина се случи една пареидолична коинциденција. Пара- не е држава, дека не постои заедничлелно со космичкото пророштво на Аб- ка политика и во контекст на тоа, па и буџетите што би можеле да послужат дилдаев за доѓањето на рајот, стигнаа за трансфери од богатите земји кон сии пророштвата за пеколот на земската ромашните, би биле премали за каква економија. Меѓународниот монетарен фонд ја намали својата прогноза за гло- било сериозна интервенција. балната економска експанзија годинава, Нобеловецот бил искрен и признал: а неговите стручњаци оценија дека рас- „Еден од најголемите ноќни кошмари те ризикот од сериозни проблеми. Еко- ми е да се разбудам како премиер на номското закрепнување продолжува, мала земја на периферијата на еврозоната“. Аналогно на тоа, веројатно, уште но со слабо темпо, а растот и натаму е премногу мал за да направи значител- полошо би било да се разбуди како на разлика во однос на невработеноста. премиер на мала земја надвор од евроИако нема да дојде до „тврдо приземју- зоната. Но, дали е навистина така? Ако вање“ за земјите во економски подем, Грција е соодветна за првиот пример, оваа и наредната година ќе бидат теш- Македонија би можела да биде вториот. Верувам дека Кругман денес повеќе би ки, оцени ММФ. Според овие земски сакал да се разбуди во Скопје отколку прогнози, рајот не само што не е зад
НЕДОСТИГОТ НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ОСТРИНА И ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА Е ПРЕЧКА ЗА ИЗЛЕЗ ОД ЕКОНОМСКАТА РЕЦЕСИЈА сабота, 13 октомври 2012
во Атина. Очигледно, два и два секогаш не се четири, дури и во пресметките на еден нобеловец. Времево во кое живееме одамна е дефинирано како постдемократија со економска „регистарска табличка“. Кога економистите молчат, политиколозите предупредуваат дека во постдемократијата се ограничува способноста на дејствување на државите од најмалку две страни. Од една страна, меѓународните пазари на капитал, рејтинг-агентурите и глобално активните хеџ-фондови добиваат сè поголемо влијание над конкретните услови за живот на граѓаните. Од друга страна, политички придружната појава на економските процеси на глобализацијата -наддржавните здруженија, интернационалните институции и транснационалните режими ја дефинираат рамката во која демократски избраните влади мора сè повеќе да се покоруваат. Постдемократската дијагноза се разликува од демократско-теоретскиот мејнстрим, бидејќи критичките описи на модерната демократија не ги посматра како основа за реформски агенди полни со надеж, на чиј крај секогаш има „повеќе демократија“. Напротив, многу повеќе се изразува скепса што тргнува од претпоставката дека демократијата веќе нема славно време пред себе, туку повеќе зад себе. Од тој аспект, реален антипод на една Абдилдаева утопистичка најава на рајот треба да биде фундирана верба во напредокот. Кругман верува дека постојат и знаење и средства за излез од оваа, не рецесија, туку депресија, со применување на проверени економски принципи, чија исправност ја потврдија неодамнешните настани. Единствената пречка на тој пат ја гледа во недостигот на интелектуална острина и политичка волја. Со еден збор, тие се денешните „скакулци“ на патот на напредокот. Колку што побрзо исчезнат, толку побрзо закрепнувањето ќе биде извесно. Тогаш Кругман нема да биде единствениот што ќе може спокојно да заспие, без страв каде ќе се разбуди и на која функција. 31
магазин од поинаков формат
број 21
сабота, 22 септември 2012
година I
www.gragjanski.mk
20 денари
ФИЛЕ ИМА КЛУЧ КАТАНЕЦ
32
www.gragjanski.mk
Пред три недели „Граѓански“ објави текст со наслов „Филе има клуч за грчкиот катанец“. Напишавме дека идејата на која работат Европската комисија и група земји-членки на ЕУ е прашањето за името да се вметне како тема во преговорите за членство и така да се деблокираат македонските евроинтеграции. Тоа беше само продолжение на серијата написи во магазинот, во кои велевме дека зад сцената активно се работи на план за отворање на преговорите без претходно да се реши прашањето за името. Текстот предизвика интерес, но многумина се посомневаа во неговата веродостојност, најмногу поради тоа што се совпадна со интервјуто на Штефан Филе за Радио Слободна Европа, во кое комесарот рече дека „би било наивно да се верува оти може да се донесат позитивни одлуки, паркирајќи го спорот за името некаде на напуштен паркинг на крајот на овој долг пат“. Насловите по ова интервју беа: „Нема преговори без решение за името“, иако Филе никаде во интервјуто не кажа такво нешто. Тој само предупреди дека спорот не смее да се остави за крајот на пристапниот процес. Токму тоа, решавање на прашањето за името во рана фаза од пристапните преговори, е еден од клучните елементи во планот на комесарот, официјализиран во средата во Брисел, кој треба да ì гарантира на Грција дека темата не се заборава и оти спорот не се паркира на напуштен паркинг за крајот на овој долг пат. И тогаш и денес велиме - интересот во Брисел за деблокада не бил никогаш поголем во последните години, но работата не е завршена. Конечната одлука треба да ја донесат земјите-членки во декември, со консензус, што значи и со грчка согласност.
Политика
Не постои земја-членка, ниту мала ниту голема, што е против отворање на преговорите многу брзо, со тоа што спорот ќе се решава во нивниот тек. Дури и актуелниот претседавач со ЕУ, Кипар, нема ништо против оваа перспектива - вели висок европски дипломат, според кого, тоа може да значи дека Кипар добил сигнали од Грција дека работите се тргнати во вистинска насока Пишува Светлана Јовановска
П
рвите трипати беа неуспешни. Дали четвртиот ќе ја смени поговорката од трета во четврта среќа? Во секој случај, Европската комисија (ЕК) и комесарот Штефан Филе, со сета негова екипа, длабоко веруваат дека е дојден моментот Македонија да почне да преговара за членство во ЕУ по долгиот кандидатски стаж. -Ете како може нешто да се направи по четврти пат и да се направи на поинаков начин - со задоволна и победничка насмевка забележа Филе на прес- конференцијата во средата во Брисел, по објавувањето на извештаите за напредокот на балканските земји кон ЕУ. Без да ја повторуваме, да потсетиме само дека оваа година препораката на ЕК е навистина нешто поинакво и слободно може да се рече - сосема ново. Но, за внимателните набљудувачи на целиот процес немаше големо изненадување во оваа четврта препорака за старт на преговори. Процесот започна без многу врева, со отворањето на Пристапниот дијалог на високо ниво, кој, очигледно, како главна цел немаше брзи реформи, и покрај изјавите во таа насока. Комисијата мно-
Од политичарите во двете земји, а тоа особено важи за Македонија, се очекува до декември да бидат конструктивни и воздржани во однос на прашањето за името, зашто најмало скршнување од оваа линија лесно би можело да уништи долги недели макотрпна работа 34
гу добро знае дека длабоките реформи што му се неопходни на македонското општество не можат и не смеат да бидат брзи. Дијалогот на високо ниво имаше три главни цели: да ја натера Владата да ì се врати на речиси целосно, во последните три години, напуштената европска агенда, да се влијае врз запирањето на меѓуетничките тензии што почнаа да изгледаат застрашувачки за стабилноста на државата и, конечно, да ì помогнат на самата ЕК да ја задржи кредибилноста која, во голем дел преку македонскиот случај, почна да ја губи, не само кај нас, туку и во целиот регион. Процесот на стабилизација и асоцијација, смислен пред десетина години за да го поттурне Балканот кон ЕУ, предолго остана заглавен во својата фаза на стабилизација, без да направи конкретни чекори кон пристапувањето. За Комисијата е дојдено време тоа да се смени и Македонија, а, можеби, и Србија, да ì се придружат на Црна Гора во пристапните преговори. Така, полека и трпеливо ЕК ја враќаше Македонија кон европската агенда, но, што е уште поважно, кон посмирени односи со Грција. Извештајот, очекувано, годинава бележи позитивно македонско салдо. Самата препорака ги воодушеви сите што на кој било начин се ангажирани или го набљудуваат спорот со Грција. Пред сè, ЕК подвлекува дека ова е четврта препорака по ред. Потоа, силно тропа на вратата на Европскиот совет и на земјите-членки, потсетувајќи ги дека „отворањето на пристапните преговори би придонело за креирање погодни услови за да се најде решение“. И тоа не е сè. Комисијата за првпат „е подготвена, без одлагање, да презентира преговарачка рамка за преговори, која ќе ја земе предвид потребата спорот за името да се реши во ран стадиум на пристапните преговори“. Препораката оди понатаму во давањето гаранции, пред сè, до Грција. ЕК ì става на знаење дека нејзиното кревање рака „за“ Македонија на самитот на ЕУ во декември, нема да значи вртење грб кон нејзините барања во спорот. -Всушност, препораката јасно става на знаење дека спорот за името сега станува услов за Македонија и дека спорот ќе мора брзо да се реши. Во спротивно, Комисијата ќе може да ги прекине или замрзне преговорите во кој било момент и со тоа вашата земја би се нашла во ситуацијата
на Турција, која отвори преговори што стојат во место - објаснува еден бриселски дипломат. Накусо, се случи она што Македонија го очекуваше, го бараше и го доби преку пресудата од Хаг во декември минатата година - да се почнат преговори за членство под привремената референција. Никој во Брисел не го крие задоволството од комисиската препорака за Македонија. Но, никој, исто така, не е подготвен да стави рака во оган дека во декември Европскиот совет ќе успее да ги конкретизира барањата на ЕК. Сепак, висок европски функционер за „Граѓански“ тврди дека оние што така велат не ги знаат сите заткулисни претпреговори што треба да овозможат старт на преговорите со ЕУ, а се водат веќе неколку месеци, не во Скопје и во Атина, туку во европските престолнини. -Ве уверувам дека не постои земја-членка, ниту мала ниту голема, која е против перспективата за отворање на преговорите многу брзо, со тоа што спорот ќе се решава во нивниот тек и, се раз-
бира, колку што е можно побрзо - вели тој. И додава дека дури и моменталниот европски претседавач Кипар нема ништо против оваа перспектива. А, тоа, според нашиот соговорник, може да значи само дека Кипар добил сигнали од Грција дека работите се тргнати во вистинска насока. Друг европски функционер оди дотаму што вели дека шансите за пробив во едно комплексно и толку одамна блокирано европско досие, кое почна да наликува на болен во кома заборавен од сите, освен од неколку болничарки, никогаш не биле поголеми. -Македонија овојпат е во фокусот на сите, Комисијата, Европскиот парламент, земјите-членки, аналитичарите... Толку многу што овој пробив во декември ќе биде вистинска европска револуција во која резултат нема да изостане - со увереност вели тој за „Граѓански“. Но, додава дека дискретноста во комуницирањето со јавноста ќе остане правило и во наредните месеци. -Избрзани изјави и заклучоци без осноwww.gragjanski.mk
Политика
Никој во Брисел не го крие задоволството од препораката на Комисијата, но никој не е подготвен да стави рака во оган дека во декември Европскиот совет ќе успее да ги конкретизира барањата на ЕК
Висок европски функционер тврди дека оние што се резервирани во очекувањата од декемврискиот самит на ЕУ, всушност, не ги знаат сите заткулисни претпреговори што се водат веќе неколку месеци, не во Скопје и во Атина, туку во европските престолнини сабота, 13 октомври 2012
ва можат сериозно да му наштетат на сето она што го правиме - испраќа тој предупредување, пред сè, до политичарите од двете страни, од кои се бара да бидат позитивни, конструктивни и воздржани за да испратат сигнал до своите општества дека сериозно ја сфатиле работата. Најмало скршнување од оваа линија лесно би можело да уништи долги недели макотрпна работа. Се разбира, детали за методологијата што треба да нè одведе во преговори, во име на успешниот финален резултат, никој не открива. Соговорниците на „Граѓански“ велат само дека сето тоа допрва треба да се договара со двете страни, кои сè уште не го кажале конечниот збор. Првиот знак беше грчкиот меморандум испратен на адреса на нашиот министер за надворешни работи. При читањето на овој документ, испратен само два дена по посетата на комесарот Филе на Атина, во Комисијата завладеа еден вид разочарување и страв. Страв дека Македонија нема да сака позитивно да одговори на толку детален опис на
предусловите, во кои се спомнува дури и фамозниот „ерга омнес“ - опсег на идното ново име. Еден од нив го нарече овој документ „невешт“. Но, прагматичните Европејци не би биле тоа што се доколку креваа раце пред ваква пречка. Иако уверени дека атинското писание можело да биде, за почеток, многу поумерено, сепак, тргнаа во акција којашто треба да го увери Скопје дека нашиот одговор на овој меморандум мора да биде позитивен и конструктивен. -Пред нас се уште неколку месеци работа врз целиот проблем. Ако отсега се налутиме и речеме „не“, нема да стигнеме далеку - велат во Брисел, во очекување на македонскиот одговор. Комесарот Филе го оцени меморандумот како „важен чекор“ и искажа почит за грчката желба спорот за името да го врати во своите приоритетни досиеја и покрај огромните проблеми со кои е соочена земјата во моментов. На македонска адреса тој упати порака дека очекува конструктивен одговор на меморандумот, во кој, исто така, ќе бидат набележани идеи за тоа како да се чекори напред. -Се надевам дека преку ова двете страни ќе можат да создадат поволна атмосфера - рече Филе. Нема сомнение дека доколку планот на Комисијата оди според предвидениот тајминг, Грција ќе бара решението за спорот да биде најдено најдоцна за време на нејзиното претседателство со ЕУ, во првата половина од 2014 година. Како и во 2003 година, кога беа направени првите конкретни балкански чекори кон ЕУ преку Солунската агенда, Грција ќе се фокусира врз Балканот и проширувањето, единствениот домен во кој може да даде вистински придонес за ЕУ и толку посакуваниот нејзин кредибилитет во регионот. Затоа, македонското досие мора да биде дефинитивно деблокирано најдоцна во почетокот на 2014 година. -Како, ако не со решение за спорот токму во тој период! - вели еден од наши-
те соговорници. Силното задоволство од досега постигнатото на актерите што се на европската сцена е истовремено и балансирано со нивната далеку позната прагматичност. Веќе во самата препорака Комисијата ì дава на својата земја-членка Грција гаранции дека Македонија нема да може да мине низ мрежата што се плете и која, кога ќе се извлече на површина, треба на голема врата да ја внесе нашата земја во ЕУ и тоа во разумен период од неколку години. И во самиот извештај Комисијата вели дека очекува „интензивен политички ангажман“ од сите страни. Но, проблемот е далеку од решен и Македонија, иако поблиску, сè уште е далеку од вистинскиот старт на преговори. Освен трошките грчка добра волја што можат да се детектираат и кои се, најверојатно, резултат на притисокот што врз Атина го прават земјите-членки, потсетувајќи ја, меѓу другото, дека веќе трета година ì помагаат да преживее и оти е време и таа да покаже флексибилност, голем знак на прашање е и однесувањето на Македонија во наредните месеци. Никој во Брисел, исто така, не се осмелува да прогнозира како ќе се одвива сето тоа во наредните месеци и како внатрешните политички превирања во Грција и во Македонија ќе влијаат врз овој прв сериозен европски обид да се надмине дваесетгодишниот спор. На масата веќе има идеи за деталите за кои, како што рековме, во име на успешен краен резултат, никој не сака отворено да зборува. Се потсетува на предлозите на Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ) од 2010 година, во кои се вели дека еден од начините за надминување на спорот е уставен амандман, со кој Македонија би го сменила името денес, што на Атина би ì дозволило да поддржи старт на преговори, но ова име би стапило во сила само во моментот кога Македонија ќе стане членка на ЕУ. Доколку во иднина оваа или некоја друга грчка влада, од кои било причини, го блокира пристапниот процес, тогаш Македонија нема да мора да го менува името. Овој предлог на ЕСИ го спомнуваме зашто најмногу ì одговара на реалноста и е единствениот кој, како што бара и ЕУ, на двете страни би им овозможил да прогласат победа. Зборовите што ги користи ЕСИ во својот документ неодоливо потсетуваат на она што неделава го слушнавме во Брисел: „Ова останува да биде тежок компромис. Ако биде усвоен, сепак, ќе стави крај на голема блокада и ќе испрати неверојатно силен позитивен сигнал низ целиот Балкан“. 35
Интервју Разговараше Светлана Јовановска
Н
ајголемиот дел од европската политичка кариера, започната во 1996 година, веднаш по влезот на неговата земја во ЕУ, Австриецот Ханес Свобода го мина посветувајќи му се на Балканот. Неговата работа како известувач за Хрватска во Европскиот парламент (ЕП) е едногласно оценета како исклучително конструктивна и заслужна за влезот на оваа земја во ЕУ. Од оваа година Свобода застана на чело на социјалдемократската алијанса во ЕП, каде што повеќе време им посветува на социјално-економските теми. Тој е еден од ретките, навистина добри, познавачи на состојбата во Македонија, човек кој одамна бара од земјите-членки да најдат начин за отворање преговори за членство.
$ Што прочитавте во стратегијата за проширување на ЕК неделава? # Комисијата јасно кажува дека проширувањето мора да продолжи и дека не смее да запре по влезот на Хрватска во ЕУ. Таа многу внимателно го набљудува развојот на на станите во секоја земја. Во име на Европскиот парламент и Советот на ЕУ, Комисијата станува постриктна отколку што беше во минатото, поради тоа што станува сè поочигледно дека проблемите мора да се решат пред земјите да влезат во ЕУ, а не по влезот, за да има вистинска стабилност во процесот на реформи. Значи, извештаите на Комисијата се критични за многу елементи, но, од друга страна, јасно е дека сакаме целиот процес да продолжи. $ Според Вас, постои ли јасна политичка волја во ЕУ да продолжи проширувањето? # Да, постои волја. Во моментов гледаме дека има многу други работи што се на врвот на актуелноста, како што е економската криза, тоа е јасно и разбирливо. Но, мислам дека Комисијата и Парламентот отворено кажуваат дека не смеат да бидат заборавени граѓаните од Балканот. $ Се согласувате ли со оние што тврдат дека проширувањето повеќе не е приоритет за земјите од Балканот? # Со оглед на тоа што ЕУ е во криза, неизбежно, има разочарувања и колебања околу влезот во ЕУ. Слушаме, исто така, дека постои верување оти Русија е алтернатива, на пример. Но, тука не постои географска поврзаност ниту, пак, вистинска промоција на модернизацијата на општествата од страна на Русија. Мислам дека во реалноста не постои алтернатива. ЕУ не треба да биде уценувана во надеж дека ќе стане потолерантна околу некои проблеми, бидејќи некои земји, особено Србија, се закануваат дека ќе тргнат кон Москва. Ако сакаат да одат, ќе се изолираат сами себе уште повеќе во самиот регион. Апсолутно е значајно ние да се држиме до нашата линија, кризата во ЕУ ќе биде надмината и повторно ќе се врати европската атрактивност. $ Како ги коментирате растечките национализми и популизми на Балканот и како 36
Ханес Свобода,
претседател на европските социјалисти и социјалдемократи
Можеме да ја убедиме Грција да биде флексибилна
Грција е во позиција во која ì е потребна помош од Европа, а во овој случај на Европа ì е потребна помош од Грција. Од нив не се очекува да попуштат за секоја точка, туку да помогнат во случајот на Македонија. Без уцени да ја убедиме Грција да биде пофлексибилна ЕУ може да влијае на нив, ако се има предвид дека и во самата Унија овие движења постојат и добиваат на важност? # Точно. Тоа е проблем. Не можеме да бидеме учители, кога и во земјите на ЕУ се нарушуваат овие принципи на демократијата, на човековите и фундаменталните права. Постои растечки популизам. Затоа мислам дека тоа е заедничка борба. Ни претстои вистинска борба против запоставувањето на вистинските проблеми на граѓаните, против недостигот на дијалог со граѓаните и против недостигот на решенија за проблемите на граѓаните. Особено на економски план и проблемите на невработеноста. Имаме голема невработеност и во ЕУ и на Балканот. Верувам дека наместо да се вперуваат прсти кон другиот, треба да соработуваме во размената на идеи и мора да имаме позиции во корист на демократијата и човековите права, треба јасно да ставиме на знаење дека популизмот и национализмот не се решенија за проблемите. Тие се убави зборови, но зборовите не ги хранат луѓето ни интелектуално ни конкретно.
$ Две големи блокади стојат на патот на балканското проширување - косовскиот проблем и спорот за името, а ЕК прави напори да се надмине тоа. Како Вие гледате на ова? # Знаеме дека ЕК прави напори и ЕП дава поддршка. Нашата позиција е дека преговори-
те со Македонија треба да почнат и покрај спорот за името, се разбира, доколку се работи на реформите. Може да се најде решение за овој спор, како што се случи со Хрватска и Словенија. Преговорите почнаа, но беше јасно дека не ќе може да бидат завршени доколку не се најде решение за проблемот, барем јасен процес на посредување што се движи кон решение. Тоа би можело да биде пример за Македонија. Грција е во позиција во која ì е потребна помош од Европа, а во овој случај на Европа ì е потребна помош од Грција. Целиот пакет треба да биде јасна порака за Грција дека очекуваме од неа да биде од помош. Од нив не се очекува веќе отсега да попуштат за секоја точка, но да помогнат во случајот на Македонија. Тоа е пораката. Солидарноста е заемна работа. Не треба да се уценуваат, но мислам дека можеме да ја убедиме Грција да биде пофлексибилна во дијалогот. Мора да го побараме тоа од нив. Многу им помагаме и мораме од нив да побараме да помогнат. Што се однесува до Косово, во Србија има разлики помеѓу ставовите на претседателот и премиерот околу некои работи. Немам многу симпатии кон претседателот и владата, но мислам дека друг излез, освен признавање на Косово, нема. Но, тоа не го гледам како предуслов за преговори. Мора, сепак, да се знае дека на крајот проблемот мора да биде решен и дека мора да се продолжи со двете земји, и Србија и www.gragjanski.mk
Ханес Свобода Косово, на сите теми, како што е, на пример, ослободувањето од визи за Косово или прашањето на преговори за спогодба за асоцијација. Најдобрата порака е ЕУ да стави на знаење дека не се работи за избор помеѓу Србија или Косово, туку и за едната и за другата земја, дека сакаме да им помогнеме и на Грција и на Македонија.
$ Дали земјите-членки работат во таа насока? # Да. Друго прашање е дали доволно силно. Но, јас се надевам дека е така. $ Значи, Вие верувате дека е можно во 2013 година Македонија да почне да преговара за членство, иако спорот дотогаш нема да биде решен? # Верувам дека тоа би требало да биде можно. Се разбира, долгиот период помеѓу добивањето кандидатски статус и почетокот на преговори не се случува само поради спорот за името. Многу работи во Македонија не беа направени на ефикасен и брз начин, но би сакал во 2013 година земјата да седне на преговарачката маса. Потребни се пет години нормално за да се стане членка по стартот на преговорите. Оттука, мислам дека треба да се почне сега за да може преговорите да завршат за време на следниот мандат на ЕП и ЕК. Мислам дека тоа може да се случи во исто време кога и некоја друга земја ќе ги заврши преговорите. Можеби со Црна Гора, а ако Србија тргне по европски пат, тогаш и со неа. Но, барем Македонија и Црна Гора би можеле заедно да се доближат до ЕУ. $ Извештајот на ЕК за Македонија годинава е навистина позитивен и не ì наоѓа многу мани на земјата. Мислите ли дека земјата тргна по патот на бараните реформи и оти процесот е неповратен? # Мислам дека постојат реформи, но извештајот, исто така, е мотив за да се продолжи. Треба да се знае дека сега е важна примената на тие реформи. Не е доволно да се донесе закон, ако тој не е применет. Не само затоа што некој го бара тоа од вас, туку затоа што општеството е уверено дека тоа е вистинскиот пат за прогрес. А, тоа сè уште го нема. Но, мислам дека може да се направи во наредните години. $ Дали и Вие, како многумина во ЕУ, сте загрижени за меѓуетничките односи во Македонија? # Па, очигледно е дека проблемите не се решени. Пред не толку долг период, за малку, Македонија ќе влезеше во граѓанска војна, работите се подобрија со Охридскиот договор, но треба да се знае дека тоа не е нешто што е решено еднаш засекогаш. Исто така, треба да ì се помогне на Македонија во стабилизирањето на состојбата, бидејќи, во спротивно, работите можат да тргнат во спротивна насока и во насока на идеи за голема и обединета Албанија. Однесувањето на албанската влада во тој поглед е позитивно, имав разговори со албанскиот министер за надворешни работи. Може да има добри меѓуетнички односи ако некој однадвор ви помага да ги држите луѓето сабота, 13 октомври 2012
заедно. Тоа е ЕУ. За долгорочна стабилност на Македонија ì е потребна ЕУ.
$ Често слушаме дека балканските влади се правдаат со лошата економска состојба во ЕУ. Колку лошата балканска економија е последица на кризата во ЕУ? # Тоа е делумно точно, но делумно не е. Точно е бидејќи побарувачката од европска страна не е силна колку што би можела да биде. Гледаме, на пример, дека Грција враќа луѓе во Албанија наместо да им даде работа. Но, од друга страна, она што е важно за земјите од регионот е да учат од погрешното во ЕУ. На пример, да анализираат што е тоа што тргна во погрешна насока во Грција и како да се спречи тоа да се повтори во нивната земја по 10 или 15 години, кога ќе бидат членки на ЕУ, а, можеби, и на еврозоната. За нив е значајно да градат ефикасни државни структури, даночни структури, да се борат против олигарси. $ Кога германската канцеларка Ангела Меркел ја посети Грција пред неколку дена, изјавивте дека таа треба да им се извини на Грците. Можете ли да ни објасните зошто? # Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка објавија извештај истиот ден кога Меркел допатува во Грција, во кој велат дека не биле во право и оти нивниот економски модел бил погрешен. Ако Меркел и претседателот на ЕК, Баросо, го користат овој погрешен модел за да бараат сè повеќе мерки за штедење од една земја, уништувајќи ги условите за живеење и животите на многумина, да, мислам дека треба да се извинат. Мерките за штедење убиваат повеќе отколку што лекуваат. $ Редовно ја повикувате ЕУ да се фокусира на раст наместо на мерки за штедење, на кои инсистираат речиси сите актери во кризата. Зошто сметате дека тоа е подобро? # Кога имате проблем, треба да се реформира, да имате држава која брзо им одговара на инвеститорите. Некогаш дури, можеби, треба и да ги замрзнете платите ако се превисоки. Но, од друга страна, ако само кратите пензии, плати и работни места, тогаш автоматски ја кратите и внатрешната побарувачка во земјата што може да креира работни места. Секоја земја сама, можеби, не може поинаку да реагира, но заедно... Ако заедно речеме дека треба да инвестираме, тогаш ќе помогнеме да се излезе од кризата. Имате или негативна линија што оди надолу како сега или, пак, позитивна. Мислам дека е време да се почне со позитивниот циклус на процесот. Тоа што сега го произведуваме како одговор на кризата е катастрофа и се надевам дека ова, за што се залагаме, ќе биде слушнато. Ако има промена во ориентацијата, мислам дека кризата може да заврши идната година или во 2014 г. Проблемот е во тоа што има сè повеќе социјални и политички проблеми, како што е крајната десница во Грција, која на улица напаѓа луѓе, а има и земји, како што е Велика Британија, кои од внатрешни причини туркаат надвор од ЕУ. Оваа мешавина на проблеми не е лесна за решавање. 37
Интеграцијата во сенка на федерализацијата идеологот на интегративците и шеф на владиното тело за спроведување на рамковниот договор, Муса Џафери, во вашингтон промовирал идеја за федерализација на Македонија како решение за меѓуетничките проблеми Пишува Васко Попетревски
Ф
едерализација на Македонија може да биде решение за проблемите. Да не беше Обединетата македонска дијаспора (ОМД) немаше да дознаеме дека ваков став изнел вицепремиерот од редовите на ДУИ, Муса Џафери, на дебата во Вашингтон во текот на неодамнешната посета на Соединетите Американски Држави. -За време на дискусијата околу Рамковниот договор, г. Џафери неколкупати алудираше дека со федерализација на Македонија би се решиле меѓуетничките тензии во земјата. Тој изјави дека најголема дилема што произлегла од Рамковниот договор е прашањето дали со децентрализација или со федерализација Македонија подобро би се соочила со предизвиците. Вицепремиерот Џафери напомна дека оваа дилема сè уште не е 38
Алтернатива на федерализацијата, која ќе го почитува унитарниот карактер на државата, би можело да биде воведувањето двостепена локална самоуправа, со доследно применување на децентрализацијата и евентуално проширување на овластувањата, велат уставни експерти
разјаснета и ги изрази своите лични сомневања дека Рамковниот ги задоволил потребите на луѓето - известија од ОМД, чиј претставник присуствувал на расправата на Универзитетот „Џон Хопкинс“, со која модерирал американскиот експерт за Балканот, Даниел Сервер. Наводите дека вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот изразил сомневање во целисходноста на договорот и отворено зборувал за федерализација останаа речиси нерегистрирани во македонските медиуми. Не дека досега не сме слушнале изјави што одат дури и чекор понатаму - дека формирањето влада од победниците во двата етнички кампуса е федерален принцип или дека „политиката во Македонија веќе има федерална форма, далеку од очите на јавноста и како џентлменска неформалност“ (Пандели Мајко), но тезите на Џафери интригираат зашто доаѓаат од идеологот на партијата што се колнеше во Рамковниот договор и ги критикуваше сите што го оценуваа за недоволен. Во отсуство на друг извор за настапот на вицепремиерот во Вашингтон, „Граѓански“ контактираше лично со домаќинот на дебатата, Даниел Сервер, за да ја провери веродостојноста на наводите од Обединетата македонска дијаспора. -Наведениот опис на тоа што го рече г. Џафери е прилично коректен - ни одговори Сервер. Џафери во Вашингтон, практично, оти-
шол еден чекор напред од изјавата што ја даде во интервју за ТВ Алсат М во Скопје, веднаш по ескалирањето на владината криза - дека ДУИ ќе бара промена на Уставот ако се донесе законот за бранители, зашто ќе се потврди дека сегашното уредување не може да ги заштити Албанците од мајоризација. Начинот на кој се менаџира кризата и по изгласувањето доверба на Владата, со потенцирање на разликите, а не со барање заеднички решенија, само придонесува за перпетуирање на темата. Граѓанскиот активист Алберт Хани дава уникатна дијагноза за состојбата во која се наоѓа Македонија. -Верувам дека на повеќето граѓани федерализацијата им асоцира на голема Албанија, но, реално гледано, предизвиканиот национализам и етноцентризам креираа мутирана верзија на федералните и на конфедералните системи, во која паралелниот свет не само што не остава допирни точки, туку создава сили на разединување, одбивање, непријателства и антагонизми меѓу различностите. Во моментов, Македонија е повеќе од федерална држава, таа е некоја паралелна држава која ризикува комплетно распаѓање - смета Хани. Изворот на главната фрустрација кај Албанците тој го лоцира во прашањето за т.н. „сопственост на државата“. Колку што повеќе се тераат Албанците да се чувствуваат како гости во својата држава, толку повеќе тоа ги предизвикува да www.gragjanski.mk
Политика ги мобилизираат силите за да се борат со истакнување на посебностите. -Сметам дека е самоуништувачко однесувањето на Македонците, како во филмот „Господар на прстените“, каде што прстенот претставува големо искушение што дава огромна моќ, но во исто време ги повикува околу себе сите зли сили што сакаат да го земат моќниот прстен - метафоричен, но сериозен е Хани во оцените.
Федерални ентитети во Македонија, ако се формираат, не можат да се одржат на подолг рок и би биле само кратка етапа до нивно припојување кон некоја од државите во соседството. Најголеми губитници ќе бидат Македонците, смета професорот Љубомир Фрчкоски
Правична распределба на ресурсите. Тој не гледа ништо лошо во федералните и во конфедералните политички системи, зашто ги смета за општествен договор со кој, пред сè, се врши еднаква алокација на ресурсите. Според Хани, лошото искуство од федералниот систем на Југославија нè тера да мислиме дека федерализацијата води кон отцепување, -Зошто ова прашање се отвора во редовни циклуси во Македонија? Кај Албано најмоќните држави во светот имаат нците, причина е зголемената фрустратокму такви политички системи. ција од етноцентристичката политика Правичната распределба на ресурсите на ДПМНЕ, на која не само што ДУИ му била аргумент и на вицепремиерот нема одговор, туку дополнително се Џафери при промовирањето на идејата понижува и, глумејќи конструктивност, за федерализација во Вашингтон. -Главна грижа за г. Џафери беше финан- го шири екстремизмот на Албанците во сирањето на сегашните општини, за кое „базата“. Но, кај Македонците овој концепт е поскриен и поопасен. Избива во смета дека е неадекватно. Ако можам да кажам лично мислење, иако тоа не е ситуации на криза (2001 г.) за поделба и денес во пософистицирана политика најрелевантно, овој проблем може да се на етноцентризам. Има јасен антиалреши во рамките на постојниот уставен бански став и омраза кон сопствениот систем. Не мислам дека федерализација мултикултурализам. Еден значителен на етничка основа е добра идеја - вели дел од ДПМНЕ е симбол на тој пристап Даниел Сервер. Политикологот Башким Бакиу од Инсти- и неговата денес божем промакедонистичка политика ја води земјата директтутот за истражување политики и добро владеење е приврзаник на идејата за фе- но кон темелна криза на поделба, што благо се нарекува опции на федералидерализација, но негов главен аргумент зација - напиша Фрчкоски во својата не е распределбата на ресурсите. Тој со жалење констатира дека елитите ја ис- колумна во „Фокус“. пуштиле можноста за креирање граѓан- Тој смета дека такви федерални ентитети во Македонија не можат да се одржат ски концепт. Исто така, смета дека со евентуалното надгласување околу зако- на подолг рок и би биле само кратка нот за бранителите, всушност, ќе се по- етапа до нивно припојување кон некоја каже дека и консоцијалната демократија, од државите во соседството. Главен губитник би бил македонскиот народ, кој воведена со Рамковниот договор, има свои слабости. Каков и да биде епилогот, „во дваесеттиот век би бил сведок на имаме проблем - ако се изгласа законот, блесок и брзо исчезнување на државата, тоа ќе биде надгласување на немнозин- во која ја организирал својата двовековските партии, ако, пак, продолжи блоки- на борба за слобода“. рањето во Комисијата за труд и социјала, -Територијалните поделби се речиси невозможни без насилство. Логиката на тоа ќе биде блокирање на институциите и доведување на Собранието во безизлез- етничките поделби е да создадат чисти федерални единки, а не повторно мулна ситуација. тикултурни. Затоа се агресивни кон -Овој нејасен модел е нефункционален и постојано ќе репродуцира криза помеѓу остатоците од малцинствата на нивна територија и се обидуваат со притисок албанските и македонските политички елити, што може многу лесно да ескали- да ги дочистат. Тоа е почеток на нера. Федерацијата е демократски поли- пријателство меѓу новите федерални ентитети и нивно одење по свој пат, а тички систем и од многу автори е посочен не градење функционална федерација како систем што овозможува спречување тензии и конфликти во мултиетнички и - предупредува Фрчкоски. мултилингвални општества - вели Бакиу. Но, универзитетскиот професор Љубом- Двостепена локална самоуправа. ир Фрчкоски смета дека федерализација- „Граѓански“ консултираше експерти по та не е опција за Македонија и оти актуел- уставно право, кои објаснуваат дека евентуално федерализирање, прво, ќе ната дебата е повеќе израз на фрустрација значи неопходност од крупни уставни од политиката на актуелната власт. сабота, 13 октомври 2012
Колку што повеќе се тераат Албанците да се чувствуваат како гости во својата држава, толку повеќе тоа ги предизвикува да ги мобилизираат силите за да се борат со истакнување на посебностите, вели аналитичарот Алберт Хани, кој во федерализацијата гледа можност за праведна алокација на ресурсите
измени, што ќе бидат спротивни на еден од петте базични принципи на Охридскиот рамковен договор, а тоа е гаранција за унитарниот карактер на државата. Со ваквиот чекор, велат тие, ќе се влезе во нов процес на уредување на меѓуетничките односи, со неизвесен исход. Ќе бидат потребни многу време, енергија и финансии за уредување на ова прашање наместо ресурсите да се посветат на други приоритети, особено имајќи предвид дека федерализацијата нема да ги реши проблемите, туку може да ги продлабочи. Во државата ќе постои удвојување на институциите на ниво на федерални единици, на пример, на претставничките тела, извршните органи, администрацијата и слично. Покрај ова, на ниво на федерација, ќе биде потребно повторно да се инкорпорираат принципите пропорционалност и соодветна и правична застапеност. Сојузните органи ќе имаат надлежности во одбраната и безбедноста, монетарната политика, надворешните работи, делови од фискалната политика и некои други надлежности што традиционално се во рамките на делокругот на сојузните органи. Алтернатива на федерализацијата, која ќе го почитува унитарниот карактер на државата, според уставните експерти, би можело да биде воведување двостепена локална самоуправа, со доследно применување на децентрализацијата и евентуално проширување на овластувањата. Сепак, аналитичарот Алберт Хани смета дека Албанците во Македонија се во процес на освестување и дека ги надминуваат апетитите за федерализација со фактот дека евроинтеграциите нудат нова перспектива. -Распаѓањето на Југославија ја даде можноста секоја република да ја искуси моќта на владеењето што нè доведе до самоизолација, но ЕУ во реверзибилен процес ќе ни ја даде можноста да ја искусиме моќта на соработката која, верувам, ќе нè однесе до благосостојба. Тогаш ќе сфатиме колку сме меѓузависни. Во ЕУ Албанците ќе го живеат сонот на голема Албанија, а Македонците на голема Македонија. Со европеизацијата, вистинските албански патриоти ќе сфатат дека соработката со Македонците ќе ги носи до Гевгелија, а не до Групчин, додека вистинските македонски патриоти ќе сфатат дека нема потреба да имаат дежурен непријател и корени во времето на диносаурусите за да покажат колку вредат во Европа - вели Хани. Повторувањето на препораката за почеток на преговори со ЕУ и инсистирањето за преминување во следната фаза, дури и без решение за прашањето за името, Европската комисија го објаснува со загриженост за меѓуетничките односи во Македонија и желба да придонесе за нивно релаксирање. 39
Политика Изет Зекири, пратеник од НДП
Јанкуловска има поголем буџет од сите министри Албанци заедно $ На што го темелите Вашето тврдење дека буџетските пари се поделени во сооднос 93 отсто за ВМРО-ДПМНЕ наспрема 7 отсто за ДУИ? # Моите тврдења и ставовите на Национална демократска преродба се засновани на анализи на поделбата на владините сектори и учеството на министерствата во целовитоста на државниот буџет. Очигледно е дека во сегашниот состав Албанците, главно, се на чело на министерства што имаат стратегиска важност за евроатлантските интеграции, но речиси воопшто не играат улога во имплементацијата на развојните и на инфраструктурните проекти, со исклучок на Министерството за животна средина и просторно планирање. Владата функционира по инерција, со речиси апсолутна незаинтересираност и инфериорност на министрите Албанци. За илустрација, сите сектори што се управувани од албански кадри заедно имаат буџет во износ 8.322.260.000 денари, односно само 7,4 отсто од вкупниот буџет на РМ за 2012 година. Во 2011 г. сите ресори управувани од кадри на ДУИ имаа заеднички буџет од 8.849.023.000 денари, односно само 5,53 отсто од вкупниот државен буџет. Во овој износ, со 74 отсто учествува Министерството за одбрана кое, пак, нема никаква улога во развојните и во инфраструктурните програми и проекти. Дури и земајќи го предвид Министерството за одбрана, не треба многу да се трудиме за да видиме дека сите ресори што се под водство на албански кадри заедно контролираат буџет што е помал од оној на Министерството за внатрешни работи, контролирано од Гордана Јанкуловска, која менаџира со буџет од 8.582.827.000 денари. Ако ги претставиме развојните и инфраструктурните проекти ќе видиме дека Албанците во реалност менаџираат многу помалку од 5 отсто. $ Вие, исто така, тврдите дека функционерите на ДУИ не ги користат дури ни парите што ги имаат на располагање. Какви, поконкретно, се податоците со кои располагате? # Моите тврдења дека министрите Албанци не ги користат доволно дури ни овие симболични буџети што им се на располагање, може да се докажат преку едноставна и брза анализа на извештаите за спроведување на сабота, 13 октомври 2012
буџетите. Анализата покажува, на пример, дека буџетите на Министерството за економија се имплементирани само 79 отсто во 2008 г., 73 отсто во 2009 г., 71 отсто во 2010 г. и околу 77 отсто во 2011 г. Министерството за животна средина ги има реализирано своите буџети само со 68, односно 70 отсто во 2009 и 2010 г. Уште поалармантна е состојбата со Министерството за локална самоуправа, каде што во 2009 г. буџетот е реализиран само 22 отсто, додека во 2010 г. Само 23 отсто. Замислете, Секретаријатот за имплементација на Охридскиот рамковен договор во 2007 г. реализирал само половина од буџетот, додека во 2008 г. од вкупниот буџет, во износ од 2.241.463 евра, се реализирани само 11 отсто, односно 254.148 евра. Но, да не се ограничиме само на министерствата. Стотиците милиони евра странски инвестиции привлечени од Владата, во која членуваат и функционери Албанци, исклучиво се насочени во региони со доминантно македонско население. Во „Бунарџик“ и во Штип веќе се инвестирани и планирани над сто милиони евра, а економската зона во Тетово воопшто не е предмет на државниот буџет. Или, пак, да се обидеме да утврдиме зошто не се гради коридорот за поврзување на Македонија со Албанија. Сметам дека ДУИ не губи само поради неспособноста на нејзините функционери да ги извршуваат буџетите, туку и поради неспособноста да ја анализираат ситуацијата во континуитет. Во овој контекст, се поставува прашањето како и зошто во 2009 г., кога на чело на Министерството за одбрана беше Коњановски, основниот буџет изнесуваше 8.110.000.000 денари, а во 2012 г., кога на чело е Бесими, изнесува само 6.040.080.000 денари. Или, пак, што толку многу се сменило во последните две години во Министерството за здравство за во 2009 г., кога на чело беше Бујар Османи, да има основен буџет само 1.233.867.000 денари, а во 2012 г., кога на чело е Никола Тодоров, тој да биде зголемен за четири пати и да изнесува 4.891.628.000 денари. Можеме да заклучиме дека при утврдувањето на буџетите навистина не се почитува никаков ред и редослед, а функционерите на ДУИ или се неспособни да ја видат оваа очигледна дискриминација и нивно лично потценување или, пак, им одговара да ги затвораат очите и да се преправаат дека сево ова е сон.
$ Забелешките дека плаќањето даноци не е силна страна на Албанците во Македонија не се нови. Имате ли податоци каков е придонесот во буџетот по етнички групи? # Ваквите тврдења се стари и лиферувани од извесни политички структури за да се создаде илузија дека Албанците не придонесуваат во буџетот, а сакаат да земаат пари од него. Вашето прашање е погрешно формулирано и не е упатено на точна адреса. Јас сметам дека оние што перманентно ја лиферуваат оваа дезинформација и очигледно имаат целосна контрола над институциите на системот, вклучувајќи ја и Управата за јавни приходи, треба со факти да докажат дека ваквите дезинформации се вистинити. Нека повелат т.н. аналитичари и професионалци и нека докажат дека Албанците не плаќаат даноци. Еве, на пример, јас ќе се повикам на фактот дека регионалната дирекција на УЈП - Битола, за фискалната 2010 г., има генерирано ДДВ во износ од 33,8 милиони евра, додека регионалната дирекција во Тетово има приходи од ДДВ во вкупен износ од 73,7 милиони евра, податоци презентирани во студијата „10 години Рамковен договор“ на Универзитетот на Југоисточна Европа. Што значи, иако населението под надлежност на регионалната дирекција - Тетово е поголемо само за 9 отсто споредено со дирекцијата во Битола, вредноста на генерираното ДДВ е поголема за 118 отсто. $ Има ли решение за праведна распределба на буџетските средства во рамките на постојните уставни и законски решенија? За финално да се реши ова прашање би требало при гласањето на буџетот, за одредени ставки, да се примени Бадентеровиот принцип, како што се областите на инвестициите во образованието, културата, здравството и капиталните инвестиции во инфраструктурата. Во тој случај, топката би била префрлена на албански терен и сè би зависело од способноста на албанските кадри да предлагаат проекти од интерес за Албанците во РМ. За жал, не помина мојот предлог за формирање фискален совет, кој би ги разгледувал прашањата поврзани со конципирање и извршување на буџетот. Предлагав тој да носи одлуки со мнозинство гласови, освен за областите на образованието, културата, здравството и инфраструктурата, за кои би се одлучувало со консензус. Но, Собранието го одби предлогот, тргнувајќи од стандардна лага дека буџетот се носи со консензус. 41
Анализа
Најдолгиот марш Најновиот домашен изум за федерацијата како, наводно, единствена алтернатива на Рамковниот договор е одамна не само пронајден, туку надграден и проширен: пред 21 година беше објавена книгата „Канада без Квебек“. Разликата е во тоа што таму политичките промени им претходат на тензиите, а овде прво се пука, па потоа странците букираат луксузни вили на езеро за нашите политичари Пишува Стево Пендаровски
Н
е ги разбирам коментарите дека обидот да се собори Владата било „веќе видена“ работа, кога е познато дека цикличните движења се здодевна, но редовна специфика на животот, уште повеќе на политиката. Сепак, за вознемирените: постои начин да се избегне тој синдром со едноставно укинување на изборите, во прва фаза, а потоа и на институциите за да можеме да се вратиме на слетовите и на трчањето со штафетата на младоста в раце. Причината е видлива: и 20 години по „крајот на историјата“ нема нови атрактивни, структурирани и одржливи идеологии на повидок, иако старите содржини се пакуваат во ребрендирани изданија за полесно заведување на масите. Дури и најновиот домашен изум за федерацијата како, наводно, единствена алтернатива на Рамковниот договор е одамна не само пронајден, туку над42
граден и проширен: пред 21 година беше објавена книгата „Канада без Квебек“, во која еден угледен професор убедливо ги аргументира предностите од „деконфедерирањето“ на Канада. Разликата е во тоа што таму политичките промени им претходат на тензиите, а овде прво се пука, па потоа странците букираат сместување за нашите политичари во луксузни вили на езеро.
Релевантни предвид у ва ња велат дека и следнава деценија ќе се возиме во модификации на основната верзија на машината измислена во американската и во Француската револуција. Еве маргинален пример дека и азиските лидери го користат умот, но не за трагање по идеолошка алтернатива на западот, www.gragjanski.mk
Политика туку во трката по пари. Во пристапниот протокол со кој Кина влезе во Светската трговска организација (СТО) е утврден транзициски период од 15 години за утврдување на нејзиниот статус на држава со пазарна економија. Цели четири години пред рокот се загреваат полемиките на двете страни дали тој статус ќе биде деклариран или утврден, со други зборови: дали во декември 2016 г. ќе видиме автоматска примена на одредбата или почеток на процес со неизвесен крај. Официјално, САД и ЕУ се децидни дека Кина во моментов не е пазарна економија според нивните критериуми: да нема државен инпут во трошоците на производство; да има сметководствени практики според меѓународни стандарди; минимална или никаква улога на неекономските субјекти (на пример, Централен комитет на партијата); гарантирани сопственички права, предвидлив правен амбиент и курсот на националната валута да биде резултанта на пазарните фактори. Во моментов само Сингапур и Хонг Конг му признаваат таков статус на Пекинг, а помал број земји им доделуваат пазарен статус или на одделни стопански гранки или на одделен извозен контингент. Претходново е важно затоа што ја открива намерата на кинеското раководство дефинитивно да ги испрати во историја командната економија и петолетките за стопански развој за да стане пазарна економија, се разбира, по западен терк. Патем, Кина и Русија, која од поодамна го има овој статус, поминаа сличен пат кон де факто капитализам, само што Пекинг дома не го соопшти тоа. Сталин до 1928 г. веќе го создаде системот на колхози со употреба на брутална сила, а Мао Це Тунг го копираше неговиот систем дури по победата против „внатрешниот непријател“ кој побегна на Тајван. Потоа со децении двете држави не признаваа дека се можни производни вишоци, затоа што не го признаваа легитимното богатење како категорија, немаат кредибилен банкарски систем и се повлекуваа кон внатре. Но, подоцна, Кина ги почна реформите пет години порано од пиринскиот Македонец, Горбачов, и нивното бавно темпо е веројатно клучот на постојаниот развој. Денг го либерализираше земјоделството во 1980/82 година и тоа враќаше со 8 отсто раст буквално секоја година во наредната деценија. Воспостави неколку слободни економски зони, од кои само Пудонг на периферијата на Шангај има 54 милијарди долари бруто-производ и 17.000 долари по глава на жител. Кога сабота, 13 октомври 2012
ЕДНО Е ИЗВЕСНО: КОГА УТРЕ ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕТО ЗА ПРОМЕНИ, ТИЕ ЌЕ ДОЈДАТ ПОВТОРНО ОД ЗАПАДОТ, ДОДЕКА ИСТОЧНИТЕ КОЛОСИ ЌЕ ИМААТ САМО ЕДНА ОПЦИЈА ПРЕД СЕБЕ - ДА ГИ СЛЕДАТ ТРЕНДОВИТЕ таму од куртоазија ќе ги прашате за активностите на локалните клубови на комунистичката партија, ќе ви кажат дека многумина во Пудонг не знаат за нивното постоење. Валутата ја направија конвертибилна (во некои нејзини аспекти) во 1994 г., што го зацврсти кинескиот углед на меѓународните пазари. Последно и најважно, социјалистичките претпријатија беа делумно „корпоратизирани“ преку давање поголема слобода на менаџерските тимови. Нивниот удел во целокупниот извоз го сведоа на околу 16 проценти, а заклучокот на западните експерти е дека денес во Кина постои специфичен модел на децентрализирана пазарна економија од средна категорија. Идентична е ситуацијата на меѓународен план, без сериозни обиди да се наруши или барем да се трансформира концептот на либералниот капитализам. Неодамна излезе интересна анализа за извиканата група БРИКС, која не можела повеќе да ја издржи американската ароганција и, според некои, решила да го менува светот. Вистината е дека наспроти сите одржани самити, до овој момент, групата нема најавено нов концепт за развој за светската економија или понудено алтернативи на постојните политички парадигми. Петте членки на групата досега само гласно приговараат за сопствената наводна маргинализација во истиот тој поредок. Еве ги фактите: Кратенката ја измисли Голдман Сакс со цел на западните бизнисмени да им ги посочи новите зони за инвестирање. И така беше: имено, постои емпириска корелација меѓу темпото и нивоата на американскиот „оутсорсинг“ и развојот на клучните кинески региони. Во целата декада пред почетокот на кризата, Бразил, Индија и Кина просперираа затоа што беа дел од меѓународниот синџир на производители и финансиски пазари, чии битни специфики се утврдени токму на американска почва пред 70 години. Една теза со придружна статистика, која „алтернативците“ воопшто не ја сакаат, е следнава: настрана од политичките декларации, ние сè уште не живееме во мултиполарен свет, иако сè повеќе стануваме меѓузависни. На американскиот и на европскиот пазар отпаѓаат по 30 отсто од т.н. приватна
САД и земјите на ЕУ штедат повеќе и трошат помалку, а тоа им прави штета на БРИКС-земјите кои произведуваат, но ги зголемуваат резервите, бидејќи големите потрошувачи не купуваат како порано. Каде е парадоксот? Новите „големи“ ги молат старите „големи“ да ги средат своите економии колку што е можно поскоро, за да можат да трошат како порано
глобална потрошувачка, а, заедно со Јапонија и со неколку други високо индустријализирани земји, вкупниот процент се искачува на три четвртини. За споредба, Кина е огромен пазар, но во моментов троши само 3 отсто од приватната глобална потрошувачка, што само по себе не може да го поддржи кинескиот развој. Што актуелно се случува? Заради финансиската криза, САД и земјите на ЕУ штедат повеќе од порано, но трошат помалку, а тоа директно им прави штета на БРИКС-земјите кои произведуваат, но ги зголемуваат резервите, бидејќи големите потрошувачи не купуваат како порано. Каде е парадоксот? Новите „големи“ буквално ги молат старите „големи“ да ги средат своите економии колку што е можно поскоро, за да можат вториве да трошат како порано и да прават поголем промет во дуќанот на првиве. Меѓутоа, западот (кој порано, кој подоцна) излегува од кризата на единствениот за него познат начин: државата постепено се повлекува и либералниот капитализам срамежливо се враќа на тронот од каде што беше безмалку истеран изминативе години. Приказните за новите господари, кои само што не ја презеле контролата врз светот, исто така, се јавуваат циклично: во 60-тите и во 70-тите западот имаше страв од СССР, во 80-тите години од Јапонија, денес од Кина, утре од групата на нејзините наводни пријатели. Во историска перспектива, промените на врвот секогаш биле логични затоа што империите имаат ограничен рок на траење. Меѓутоа, во реториката на денешните претенденти за иден глобален статус не слушаме за поинаков систем и идеологија, туку само за подобра стартна позиција, во постојните рамки. Чудно, но вистинито, интересите на Америка и на новите сили се компатибилни во обидот да ја задржат добрата кондиција на постојниот систем, додека старите Европејци се најмногу разочарани од постојниот поредок кој не може да го сервисира нивното ниво на (не)работа наспроти огромната државна администрација и буџети. Едно е извесно: кога утре ќе дојде време за промени, тие ќе дојдат повторно од западот, додека источните колоси ќе имаат само една опција пред себе - да ги следат трендовите. Во овие дебати, логично, за нас нема место од две причини, првата е процедурална, втората е суштинска. Како припадници на источнозападната цивилизација на Александар немаме јасна географска припадност, во исто време сме соседи и со Грција и со Пакистан, така што не знаеме кој влез да го користиме во зградата. Второ, нашите приоритети се различни: за граѓаните е од суштинска важност што Владата преживеа. 43
Интервју
Бујар Османи, портпарол на ДУИ
Не го менуваме односот кон законот за бранителите нема да дозволиме собранието, по пат на етничко надгласување, да донесе закон што е едностран, дискриминирачки и со силен општествено дезинтегрирачки потенцијал
Разговараше Катерина Блажевска
Б
еше министер за здравство во претходната Влада на Груевски, а денес повторно е посветен на лекарската професија. Како портпарол на ДУИ во сензитивниот период на владина криза, Бујар Османи успеа да ги артикулира ставовите на матичната партија, без да долева масло на огнот. Неговите изјави дека Владата функционира во полн капацитет беа претходница на минатонеделната собраниска завршница - гласање за опстанок на коалицијата на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Денес не крие дека сè уште не се надминати несогласувањата, но верува дека ќе се решат институционално. 44
www.gragjanski.mk
Интервју $ И покрај несогласувањата со ВМРОДПМНЕ, гласавте за опстанок на оваа коалиција, што не беше неочекуван потег. Кои беа главните аргументи на ДУИ за таква одлука? # Аргументите за гласање против недоверба на Владата би ги поделил на две групи. Во првата група се аргументите против образложението на иницијативата од опозицијата и во писмениот дел и во расправата. Ако внимателно ја следевте расправата, недовербата беше иницирана поради неколку причини - институционалното чествување на борците на ОНА во Слупчане, смената на имињата на неколку училишта во Чаир, интонирањето на химната на Албанците во некои училишта, автентичното толкување на законот за амнестија, употребата на албанскиот јазик во стратегиските документи на Владата, во армијата, употребата на знамето, што значи, всушност, интерпелацијата беше антиалбанска. Гледано од овој контекст, дебатата, но и гласањето на крај не беше гласање за доверба или недоверба на Владата, туку гласање за осудување или неосудување на овие активности со кои се идентификува ДУИ, односно Албанците во Владата. Оттука, беше очекувано каков ќе биде ставот на ДУИ во оваа гласање, но битен е фактот дека 68 пратеници, односно убедливо мнозинство во Собранието ја одби оваа антиалбанска иницијатива, гласаше против осудувањето на горенаведените активности. Втората група аргументи се тие што се однесуваат на процената дали во овој момент треба Владата да падне или не. Ќе се обидам да образложам поедноставно. За да биде една влада легитимна, стабилна и функционална мора да има т.н. двоен легитимитет, односно да биде составена од партија која има добиено мнозинство гласови кај македонското гласачко тело и со тоа е негов легитимен претставник и од партија која има добиено мнозинство гласови кај албанскиот електорат и е негов легитимен претставник. Секоја друга комбинација е нелегитимна и осудена на нефункционалност и неуспех. Оттука, имајќи ја предвид моменталната констелација на силите во Собранието, единствена легитимна влада е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Оваа комбинација може единствено да се смени на избори, а ставот на ДУИ е дека предвремени избори, во услови кога чекаме извештај од Европската унија и евентуално датум за преговори во декември, би било силен удар на нашите напори, но и на напорите на Европската комисија да ѝ се помогне на земјата во евроинтеграцискиот пат. Европската комисија прави максимални напори, а банален пример за тоа е фактот дека само оваа година господинот Филе беше дури четири пати во Македонија, што е без преседан. сабота, 13 октомври 2012
сО Жалење кОнстатИравме дека сдсм, кОЈа ПО кОнФлИктОт ПОкаЖа ХраБрОст да ПлОвИ сПрОтИвнО на БранОвИте на ЈавнОтО мИслење, кОЈа ПреЗемаше дрЖавнИчкИ чекОрИ За ПОмИрување, ПОдгОтвена И да ПлатИ ПОлИтИчка Цена, нО Имаше Јасна вИЗИЈа За ИнтересИте на дрЖавата, денес скршна Од тОЈ Пат самО За да се ПрИклОнИ на ПОПулИЗмОт $ Тој двоен легитимитет, за жал, резултира со двовластие, со две влади во една. Зошто не успевате да ја усогласите политиката во Владата? Не можете, не сакате, не зависи само од вас или опозиционерството во Владата носи повеќе поени пред електоратот? # Мислам дека во најголем дел политиките се усогласени. Самата владина програма за првпат е одраз на изборните програми на двете партии. Тоа значи дека ние стигнавме во ситуација желбите и потребите на две различни етнички заедници, кои изгледаат дека се толку оддалечени, да можат да се задоволат со една единствена владина агенда. Тоа е ветувачки момент за заедничката перспектива на овие два народа. Но, процесот на соочување со одредени нерешени прашања од минатото и конечното помирување меѓу двата народа не е лесен и без отпор. Сепак, убедени сме дека само така општеството ќе помине низ неопходната катарза што ќе доведе до прифаќање на новата реалност. $ Сепак, на седницата на централното
Најдобро решение би било кога новите албански имиња би ги добиле училишта во Струмица или во Гевгелија, а овие во Чаир би ги задржале имињата на македонските дејци. Тоа е сликата на Македонија што ја посакува ДУИ
претседателство на ДУИ, усогласувањето на ставот не одело толку мазно. Според партиски извори, шест пратеници биле подготвени да дадат оставка на функциите, заради фингирани игри меѓу Ахмети и Груевски. # Тоа е чиста шпекулација. Напротив, како ретко досега претседателството имаше едногласен став дека мотивите поради кои е поднесена иницијативата за доверба на Владата се анахрони. Дека таа иницијатива повеќе личи на собраниски стенограм од пред 2001 година. Со жалење констатиравме дека партијата која по конфликтот покажа храброст да плови спротивно на брановите на јавното мислење, партијата која преземаше државнички чекори за помирување на општеството, подготвена и да плати политичка цена, но со јасна визија за перспективата и за интересите на државата, денес скршна од тој пат само за да се приклони на популизмот, кој краткорочно, можеби, е политички исплатлив, но долгорочно води кон амбис. Тој пат, се разбира, е потежок и понеисплатлив, но е единствен кој гарантира европска иднина за генерациите во оваа заедничка држава.
$ Опстанокот на оваа Влада има смисла само ако се надминат причините за досегашните проблеми и недоразбирања.
Договоривте ли сега концепт како ефикасно да ги решавате чувствителните меѓуетнички прашања, што досега честопати беа злоупотребувани за градење партиски рејтинг во сопствениот електорат? # За жал, тоа што можеше да се заклучи од петочната седница е дека останаа разликите помеѓу коалициските партнери во однос на неколку прашања, како што се законот за бранители, статусот на инвалидите и семејствата на загинатите борци на ОНА, преименувањата на училиштата, целосната употреба на албанскиот јазик. Тие ќе се третираат и ќе се бара решение за нив во рамките на институциите и во согласност со Рамковниот договор и со уставните измени. Прашањата од меѓуетнички карактер бараат посебна внимателност и посветеност. Тие треба континуирано да се негуваат. Со вакви предизвици од меѓуетнички карактер ќе се соочуваме и во иднина, но дали тоа значи дека на нив секогаш ќе одговораме со дестабилизирање на институциите и со нови избори? Ние мораме да создадеме институционален капацитет да ги амортизираме и апсорбираме таквите предизвици, без да се нарушат нормалниот живот на граѓаните и реформскиот пат на државата. Помирувањето на општеството не е лесен процес, бара компромиси, бара жртвување на моменталниот комодитет, но има важна цел - да обезбеди одржлива перспектива на идните генерации.
$ Конкретно, на каков компромис е
подготвена ДУИ за да се реши некое од актуелните спорни меѓуетнички прашања? # Самиот факт дека министерот за одбрана, пред да оди во Слупчане, два пати отиде и се поклони пред бранителите е најдобар пример дека ова не е етноцентрична и националистичка агенда на ДУИ. Нашиот став дека најдобро решение би било некои македонски училишта да носат имиња од албанската култура и историја, и обратно, е пример за инклузивната и компромисната политика на ДУИ. Фактот дека ДУИ не бара права само за семејствата на загинатите борци на ОНА, туку за сите вклучени во конфликтот, најдобро зборува за таа политика на компромиси и на помирување.
$ Каков ќе биде сега вашиот однос кон законот за бранителите? 45
Интервју / Бујар Османи ## Нашиот став за тој закон е принципиелен
и останува непроменет. Нема да дозволиме Собранието, по пат на етничко надгласување, да донесе закон што е едностран, дискриминирачки и со силен општествено дезинтегрирачки потенцијал. Конфликтот во 2001 година имаше две страни и новата реалност што произлезе од него е плод на компромисот што се постигна помеѓу тие две страни. Новиот устав, а со тоа и целото општествено уредување во државата е плод на тој компромис. Со други зборови, новиот „софтвер“ на државата е плод на тој компромис и тој не препознава, односно отфрла секаков „фајл“ што е едностран и не е плод на таков компромис. Оттука, најдобро решение би било тој закон да се однесува на сите оштетени и жртви на конфликот, без разлика на национална и друга припадност. Со тоа ќе се направи еден државнички чекор на помирување и доверба меѓу двете етнички заедници.
$$ Што ќе се случи со преименуваните училишта? ## Се сеќавам на нашата прва изјава по реакциите за преименувањето на училиштата во Чаир. Таа гласеше дека најдобро решение би било кога новите албански имиња би ги добиле училишта во Струмица или во Гевгелија, а овие во Чаир би ги задржале имињата на македонските дејци. Тоа е сликата на Македонија што ја посакува ДУИ. Но, за жал, ситуацијата е поинаква. Нема ниту едно училиште со мнозинство ученици Македонци кое носи име на албански деец, а, од друга страна, училиштата со 100 отсто албански ученици носат македонски имиња. Веројатно тоа ги поттикнало родителските одбори да побараат смена на имињата на тие училишта, а општината, почитувајќи ги сите процедури и вклучувајќи го и гласањето по принципот на Бадентер, го има одобрено тоа барање. Од законски аспект целосно е испочитувана процедурата за преименување и тука нема ништо спорно. $$ Ако за сите прашања останувате на
исти позиции, тогаш на кој начин ќе покажете дека односите во коалицијата се менуваат во позитивна насока? ## Владата и сите институции функционираат непречено и постигнуваат одлични резултати во многу сфери. Позитивниот извештај што го очекувавме овој месец е резултат токму на таа функционалност на институциите, која, пред сè, се должи на добрата соработка меѓу коалициските партнери во спроведувањето на владината програма. За првпат владината програма на оваа коалиција се состои од целосно интегрирање на изборните програми на двете партии и таа програма е многу пообемна од разликите со кои се соочуваме сега како коалициски партнери. Сметам дека во интерес на одржувањето на меѓусебната доверба меѓу заедниците, на кохезивноста на општеството и на евроатлантската перспектива, треба да се надминат дневно-политичките интереси за да може меѓуетничките односи засекогаш да се тргнат од листата алатки за одржување на политичкиот рејтинг. 46
Прашањата од меѓуетнички карактер бараат посебна внимателност и посветеност и треба континуирано да се негуваат
$$ Во последниов период се пласираат
здравствениот работник. Вториот момент е самата софтверска алатка што помага во имплементирањето на тој концепт. Мислам дека лекарите, во принцип, немаат проблем со духот и со концептот на проектот, туку со методологијата. Не случајно методологијата беше пуштена да се испроба неколку месеци во одредени пилот-клиники за да се увидат маните и да се коригираат. Има простор да се зближат ставовите меѓу Министерството и претставниците на лекарите, бидејќи разликите не се концептуални, туку се методолошки. Лично сметам дека треба сериозно да се размислува наградувањето да биде од посебен извор, а не со префрлање од еден вработен на друг. Во однос на зголемувањето на платата, не верувам дека некој е против, но за тоа мора да се обезбедат одржливи извори. Сметам дека во услови на интензивен развој на приватниот сектор, но и со отворањето на можностите наши лекари да работат во странство, треба да најдеме начин и за финансиска стимулација на лекарите за да се задржат во јавниот сектор. Дали тоа ќе биде само со зголемување на платите, модификација на примањата од дополнителната дејност или трет начин, ќе треба да се реши во договор и според можностите. Сметам дека ова е прашање што бара максимално внимание.
многу негативни сценарија за Македонија. Поранешниот албански премиер Пандели Мајко изјави дека Македонија е веќе федерализирана, а можноста за федерализација пред десетина дена ја најави и вицепремиерот Муса Џафери, на дебата во Вашингтон. Зошто вашата партија, која се колне во Рамковниот договор, сега гледа друг „расплет“? ## ДУИ го нема променето ставот кон Рамковниот договор во ниту еден момент. Остануваме посветени на целосната имплементација на законите што се произлезени од него, но и на самиот дух на договорот. Тој е прифатен како рамка што има доволно механизми да ги заштити заедниците од меѓусебно надгласување и потчинување. Но, ако некој се осмели да ги поништи принципите на тој договор преку носење еднострани решенија, воспоставувајќи преседан на мајоризација по етничка основа, тогаш логично е Албанците да бараат нови механизми на одбрана.
$$ Бевте министер за здравство, а сега
работите на Клиниката за дигестивна хирургија, во време на најголемо незадоволство на лекарите од политиката на министерот Тодоров. Ги знаете двете страни на медалот. Има ли основа незадоволството на Вашите колеги? ## Лекарите во јавниот сектор имаат две основни барања. Модификација на проектот плаќање по учинок и зголемување на платите. Проектот плаќање по учинок беше дел од мерките што ги започна Министерството, со цел да се направи тоа што јас го нарекувам „шифт“ на епицентарот на здравствениот систем, од здравствениот работник на самиот пациент, за кого, всушност, и постои системот. Проектот има два момента: едниот е духот на самиот проект, а тоа значи сè во системот да се калкулира во согласност со тоа што пациентот го добива и плус да се вреднува индивидуалниот ангажман на
Во интерес на одржувањето на меѓусебната доверба меѓу заедниците, на кохезивноста на општеството и на евроатлантската перспектива, треба да се надминат дневнополитичките интереси за да може меѓуетничките односи засекогаш да се тргнат од листата алатки за одржување на политичкиот рејтинг
$$ Го исполнувате ли учинокот, господине Османи? ## На нашата клиника сè уште не е започнат проектот, сè додека нема епилог од разговорите меѓу Министерството и синдикатот. $$ Што би му сугерирале на министерот Тодоров од искуството што го имате како поранешен министер за здравство? ## Од искуство можам да кажам дека ниеден проект и реформа нема да дадат резултати, ако стејкхолдерите не се дел од нивното дизајнирање и имплементирање. www.gragjanski.mk
Здравје и храна
Никој не кажува дали јадеме генетски модифицирана храна
Македонија е без ефикасна контрола за ГМО Законската регулатива за генетски модифицирана храна и организми е обемна и квалитетна. Но, контролата не е. Ниту се формирани сите тела и комисии што треба да се занимаваат со оваа проблематика ниту, пак, надлежните вршат контрола во единствената и добро опремена лабораторија што ја поседуваме од 2006 година
Пишува Теофил Блажевски
М
ногу чувствително прашање за здравјето на луѓето, животните и за човековата околина - генетски модифицираната храна (ГМ) во Македонија се третира несериозно. Државата уште од 2001 година, со потпишувањето на Протоколот од Картагена за безбедност при модификацијата на живите организми, навлезе во законското регулирање на оваа материја. Но, и покрај многубројните и прецизни закони (Закон за ГМО, Закон за безбедност на храната, Закон за семенски и саден материјал...), не постои целосна и уверлива контрола што влегува во земјава, а е генетски модифицирано. Институциите што се надлежни за ова не ја користат единствената лабораторија за ГМО, која е опремена со современи апарати и е акредитирана уште од 2006 година. Тие
сабота, 13 октомври 2012
се потпираат само на сертификатите што ги приложуваат увозниците, иако сè што се увезува од земји надвор од ЕУ, а со кои немаме билатерален договор, треба да биде и дополнително контролирано во лабораторијата. Покрај ова, не знаеме и дали јадеме генетски модифицирана храна, зашто надлежните за контрола на храната воопшто не одговорија на нашите прашања. Надлежните, пак, за храна за животни и за семенски и саден материјал не регистрирале увоз на ГМ храна и семиња, но и тие ни потврдија дека нема лабораториски контроли. На рафтовите во продавниците не може да се сретне ГМ обележана храна, но тоа не значи дека ја нема, особено ако е увезена надвор од ЕУ, вели еден од нашите соговорници. Научните откритија не нè засегаат. ГМО (генетски модифицирани организми) е релативно нов термин и за него се зборува во последниве две-три децении. Во светот, во текот на овој период, се разви вистинска војна про и контра, а поделеноста е слична на блоковската за време на студената војна.
Минатиот месец светската јавност беше шокирана од откритието на француските научници кои, по двегодишно испитување, излегоа со податоци за штетноста на ГМ храна врз животните, конкретно за типови пченка од американската компанија „Монсанто“. Во Македонија надлежните не слушнале за ова. А, спомнатата компанија, како што неофицијално дознавме, има свој бизнис-партнер и во Македонија. Поставивме прашања до две клучни институции, дали во Македонија се регистрирани увоз и дистрибуција на ГМО храна за луѓе или за животни, дали има ГМО производи од спомнатата компанија, дали на нашите ниви се засадени култури базирани врз ГМО семенски материјал и, конечно, како се врши контрола. Официјален одговор добивме само од една, Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), додека Агенцијата за храна и ветеринарство остана нема, иако вети одговори, а и законски е обврзана да го стори тоа. -Во Македонија досега немаме регистрирано увоз или дистрибуција на ГМО семенски
47
Здравје и храна или саден материјал или, пак, увоз на храна базирана врз ГМО што би се користела за животни - вели директорот на ДИЗ, Румен Стаменов. Минатата година, на нивна иницијатива, извршиле проверка на увезено брашно од Србија, наменето за прехранбената индустрија. -Увозникот ни донесе потврда од српските лаборатории дека брашното, од аспект на ГМО, е чисто, односно произведено од конвенционални култури - изјави Стаменов, појаснувајќи дека со надлежното министерство од Србија имаат потпишано договор според кој сертификатите од нивните институции се признаваат во земјава. Стаменов вели дека, според сознанијата на Инспекторатот, во Македонија нема ниту насади од ГМО семиња или саден материјал за кој било тип земјоделска култура. Но, тука доаѓаме и до клучното прашање, како се прави контролата? Лабораторијата за ГМО не се користи. Во македонските закони за оваа материја секаде се провлекува една реченица - „...ако нема негативни ефекти врз здравјето на луѓето, животните и животната средина“. Токму ова го наметнува прашањето - како ќе знаеме дали некое семе, или храна за животни или за луѓе не се штетни за здравјето? Одговорот е едноставен - преку испитување што го вршат странци или ние. Но, Македонија сè уште не врши вакви научни испитувања ниту, пак, рутински испитувања за детекција на ГМО (освен делумно приватниот сектор), a и кадровските потреби за оваа проблематика не биле задоволени. -Во Инспекторатот имаме Одделение за хортикултура и ГМО, но поради недостиг од кадровски ресурси сè уште немаме инспектор со решение за ГМО. Но, набрзо ќе го решиме и тоа - вели Стаменов. Во однос на контролата, тој вели дека во земјава има само една добро опремена лабораторија за ГМО на Факултетот за земјоделство и храна, но сè уште не ја користат затоа што раководителот бил отсутен подолго време од Македонија. Но, и покрај тоа, Стаменов минатата година извршил обука на своите инспектори за брзо препознавање на сомневања за присуство на ГМО во храна. Професорот Зоран Поповски, кој раководи со лабораторијата, вели дека проблемот не е во неговото отсуство, туку во незаинтересираноста на надлежните, иако опремата е современа, со милионска вредност и засега ја искористиле, на своја иницијатива, само триесетина домашни компании. Останува нејасно како може државата, при поседување лабораторија за ГМО, да не ја користи или тоа да зависи од фактот дали раководителот е присутен во земјава или не. -Во Словенија постојат две акредитирани лаборатории, а државата е обврзана годишно да направи најмалку 50 проби, со цел постојано да ги држи во кондиција и опремени - вели Поповски. Очигледно, контролните механизми не функционираат целосно. Ако семенскиот 48
Која е „Монсанто“? „Монсанто“ е најголема светска компанија во сферата на биотехнологијата, најголем призводител на генетски модифицирани пченка и соја, најголем производител на хербициди со широка примена. Нивни производи се хербицидот „раундап“, кој масовно се употребува и во Македонија, и популарниот инсектицид ДДТ, кој е исфрлен од употреба поради утврдена штетност. Откако во 2005 г., за 1,4 милијарди долари, ја купи холандската групација „Семинис“, „Монсанто“ стана и најголем светски производител на класичен семенски материјал за зеленчук, чии производи се застапени и во Македонија. Со приход од 12 милијарди долари за минатата година и со потрошени десетина милиони долари секоја година само за легално лобирање, компанијата е широко инволвирана и во американскиот политички живот. Главниот човек за контрола на храната во САД, Роџер Тејлор, е именуван на таа позиција во 2009 година, откако со децении беше дел од раководството на „Монсанто“, а нивен адвокат порано. Човек кој доаѓа од „Монсанто“ е и заменик на шефот на американската Агенција за заштита на човековата околина, Линда Фишер, а имаат и свој човек во Врховниот суд на Америка, кој е судија, а порано, како адвокат, ги бранел во судски спорови. Најпознат поранешен претставник во политиката, а кој е поврзан со „Монсанто“, е Доналд Рамсфелд, кој поседуваше компанија што беше купена од „Монсанто“ во 1985 година.
Не можам да тврдам дека не консумираме ГМ храна Најмалку што треба да направиме е да воспоставиме систем што ќе оневозможи неконтролиран увоз и употреба на храна добиена со генетска модификација
Д-р Зоран Т. Поповски
професор на Факултетот за земјоделски науки и храна и раководител на Катедрата за биохемија и генетско инженерство во чии рамки се наоѓа лабораторијата за ГМО: Агенцијата за храна не одговара дали во земјава има генетски модифицирана храна за луѓе или за животни
$ Раководител сте на лабораторијата за контрола на ГМ храна за луѓе. Има ли таква храна во Македонија?
# Досега во малопрoдажната мрежа кај нас не сум сретнал прехранбен производ на кој е
истакната декларација дека е генетски модифициран. Согласно со актуелната регулатива во ЕУ и кај нас, ако производот содржи повеќе од 0,9 отсто ГМО, треба да е обележан како ГМ. Со оглед на строгиот надзор над ГМО во членките на ЕУ, не би очекувал дека храна увезена од тие земји би била несоодветно обележана. Но, имам резерви кон храната што се увезува од најголемите производители на ГМ храна во светот - САД, Канада, Австралија, Кина, Аргентина... Тие не се потписнички на Картагенскиот протокол, кој е клучен меѓународен документ во овој домен. Врз основа на тоа и на фактот дека немаме воспоставено ефикасен систем за контрола на ГМ храна, не можам со сигурност да одговорам дали во Македонија се консумира храна што е произведена со помош на генетска модификација. Оваа состојба би требало да ги загрижи одговорните во државата, кои, очигледно, имаат „поважни“ приоритети од здравјето на луѓето. www.gragjanski.mk
Здравје и храна материјал или суровините за производство на храна доаѓаат од земји на ЕУ, тогаш им се верува на документите на увозниците и на декларациите на некоја од мрежата од 120 лаборатории на ЕУ, овластени за сертификати за ГМО. Но, ако доаѓа од Азија, Северна или Јужна Америка, тогаш таквиот материјал треба да се испита од аспект на ГМО. Бидејќи не се вршат испитувања од овој тип, може да се констатира дека од аспект на генетски модифицирана храна Македонија само делумно знае што јаде.
Помор на глувци хранети со ГМО Она што го шокираше светот неодамна е научната студија спроведена од професори на Универзитетот во францускиот град Каен, која беше објавена на 19 септември во специјализираното американсмо списание „Храна и отрови“. По двегодишни испитувања врз 200 глувци, студијата предводена од Жил Ерик Саралини покажала исклучително штетни резултати врз оние глувци кои се хранеле со генетски модифицираната пченка на „Монсанто“, и пиеле вода во која имало мали количини на познатиот хербицид „Раундап“ на истата компанија. Во една група глувците биле хранети со ГМО, а во другата со конвенционална храна. Кај првата група, за 18 до 24 месеци се развиле огромни тумори, особено кај женките, умирале пребрзо, а храната предизвикала намален раст и други органски пореметувања. Туморите се јавиле кај 80 отсто од глувците хранети со ГМО, а само кај 30 отсто на оние хранети со конвенционална пченка. Дури 70 отсто од глувците хранети со ГМО умреле пред време, а во другата група тој процент бил само 20 отсто. Ова е прва студија во светот која е правена подолго од 90 дена и покажала дека за утврдување на штетните последици се потребни долготрајни испитувања.
$ Зошто државата не ја остварува својата улога на контролор на храната преку тестирања во
Вашата лабораторија? # Проблемот за ова треба да се бара во инертниот однос на надлежните државни органи, како и во преклопувањето на ингеренциите помеѓу нив. Законот за ГМО е донесен во март 2008 година, а надлежно е Министерството за животна средина. Во Законот е предвидено да се формираат две надлежни национални тела - Комисија за управување со ГМО и Научен комитет за ГМО. Но, четири години по донесувањето на Законот, тие тела постојат само на хартија. Од друга страна, до неодамна, за здравствената исправност на храната надлежна беше Дирекцијата за храна, која беше во состав на Министерството за здравство, од каде што во 2006 год. добивме овластување за контрола на ГМ храна. Сега надлежен орган е Агенцијата за ветеринарство и храна, со која сè уште немаме остварено соработка. Со години наназад им нудевме на овие органи можност за обука на инспектори и на други категории службеници за тоа што е ГМ храна, како се создава, кои се можните ризици, како се контролира, каква е регулативата... За жал, другата страна никогаш не изрази интерес за ваков вид соработка. Изгледа чекаме нешто да ни се случи, па тогаш да реагираме. Поради сето ова, ретки клиенти на нашите услуги се само компаниите што увезуваат и извозуваат храна, но не и надлежните органи за контрола на храната.
$ Што е со храната за животни и со семенскиот материјал за земјоделски култури? Кој контролира дали тие се генетски модифицирани?
# Таму состојбата е уште полоша. Во Македонија нема овластена лабораторија за контрола
на ГМ добиточна храна, а ни за контрола на ГМО во семе и семенски материјал. И покрај тоа што лабораторијата во 2007 година ја отвори тогашниот министер за земјоделство, тоа никогаш не стана партнер во воспоставувањето на ефикасен систем за контрола. Со оглед на распространетоста на ГМ пченка и соја, имам впечаток дека добиточната храна што се увезува содржи ГМ состојки. Храната што се произведува од животни кои се хранети со ГМ добиточна храна не треба да е обележана, но тоа не значи дека таа не треба да се контролира. Уште повеќе заради фактот што во 2008 година јапонски научници од Институтот во Тсукуба докажаа присуство на остатоци од ДНК од ГМ пченка во месо од риби хранети со ГМО. И покрај тоа што досега не е докажан штетен ефект на ГМ храна врз човекот, тоа не треба да нè прави комотни во поглед на користењето ваков тип храна. Нашите надлежни се однесуваат како да е најважно да се донесе закон врз основа на соодветните директиви и регулативи на ЕУ и декa автоматски некој друг ќе ја врши контролата на производството, пуштањето во промет и употребата на ГМО. ЕУ си воспостави соодветна мрежа од над 120 овластени лаборатории (European Network of GMO Laboratories – ENGL) за контрола, а во Македонија не е ставена во функција и таа што има овластување. Ние не можеме да го запреме тркалото наречено ГМ храна, но најмалку што треба да направиме е да воспоставиме систем што ќе оневозможи неконтролиран увоз и употреба на храна добиена со генетска модификација. сабота, 13 октомври 2012
Инспекторатот за земјоделство тврди дека нема ГМО во семињата и во храната за животни
ЕУ со двојна политика кон ГМО. ЕУ има променлива политика кон генетски модифицираната храна и производи, што е резултат на борбата на двете лоби-групи. Првично, во 1998 г. била широко прифатена храната што се одгледувала за комерцијална продажба или за храна за животни, а потекнува од ГМО култури, посебно пченката и компирот на најголемиот светски производител на ваков тип храна, „Монсанто“. Веќе наредната година ЕУ вовела мораториум што траел до 2003 година, кога ЕК донела директива според која не постои разлика помеѓу органската, класичната земјоделска храна или ГМ храна, со забелешка дека таа мора да биде безбедна за луѓето. Во оваа директива и во наредните на земјите им се препорачува да се придржуваат до начелата на слободен пазар, но им се дозволува да постапуваат и поинаку. Токму затоа, голем број земји од ЕУ, особено големите, имаат рестрикции кон некои ГМО култури и воопшто кон ГМО, а исклучок е Шпанија, која масовно произведува пченица и пченка, особено од 2005 година наваму. Од 2009 до 2011 година ЕК спровела повеќе истражувања на своето законодавство, со цел, конечно, да го затвори поглавјето ГМ храна и поделбите во Унијата. Како резултат на тоа, во 2010 г. бил поднесен нов предлог, сличен на директивата од 2003 г., со кој ГМ храната се третира како еднаква со другите, но на националните законодавства им се препорачува дека ако забранат некој тип, тогаш да дадат јасно објаснување и научна аргументација зошто го прават тоа. За лидери и целосно слободни ГМО-земји се сметаат Русија и Полска. Од друга страна, САД и Канада се лидери во производството и во комерцијалната употреба на ГМО храната, било за луѓе, било за животни, и покрај бројните негативни реакции и на дел од научната јавности на организациите за заштита на човековата околина. Тоа лидерство во Северна Америка и актуелната борба про и контра во цел свет се должи на два факта. Според светскиот печат, на големиот економски интерес, од една страна, и на корупцијата како помошно средство за остварување на првата цел, од друга страна. Најобвинувана за корупција, дури и од конгресмени во американскиот Конгрес, е компанијата „Монсанто“ - глобален лидер во производството и во истражувањето на ГМО храната. Нејзини најпознати производи се пченката отпорна на инсекти, култури од овес, зеленчуци и пестициди. 49
Анализа
Пишува Никола Поповски
П
ред само една недела Светска банка јавно го објави својот најнов „Извештај за светскиот развој 2013“ (World Development Report 2013), публикација што со децении ја објавува еднаш годишно, најчесто наесен и во која прави осврт на најновите и најважните трендови од развојот на светската економија. Таа воедно е и еден од највлијателните годишни извештаи за светската економија. Секоја година овој извештај, на кој долго време работат многумина значајни претставници на академската и на експертската јавност од цел свет под закрила на Светска банка, става акцент на некој специфичен економски проблем. Оваа година извештајот едноставно е наречен „Jobs“, односно „Работни места“. Вообичаено, тој е многу обемен, во случајов над 400 страници со формат А4 и со голем број статистички податоци, табели, графикони, дијаграми, илустрации, примери, додатоци, графички прикази и мапи, а сè тоа уредено според достигнувањата на најновите технологии. Овој извештај секогаш побудува голем интерес во јавноста, особено кај економистите и политичарите. Негова интерпретација, макар и кратка, тука е невозможна, но некои акценти од него може да се интересни за читателите. Особено е интересно светлото (фактите) во кое, во статистичкиот дел од извештајот, е прикажана нашата земја. Самиот фокус кон темата на работните места, сам по себе, е доволно иритантен за овој извештај внимателно и со задоволство да се чита и проучува. Во предговорот, претседателот на Светска банка, господин Јонг Ким, веднаш истакнува дека работните места денес се најголема грижа во цел свет. Денес во светот, кој брои над 7 милијарди луѓе, за плата или за надоместок работат околу 1,6 милијарди луѓе и уште 1,5 милијарди работат како самовработени или на свои фарми, но во светот има и над 200 милиони луѓе кои се невработени и многу повеќе од тоа, околу 2 милијарди зрели луѓе во работна возраст, најмногу од нив жени, доброволно или заради општествените односи, ниту работат ниту бараат работа и со тоа се исклучени од контингентот на работната сила. Проблемот ќе се заостри во идните 15 години, кога ќе биде потребно во светот да се креираат дополнителни 600 милиони нови работни места само за да се апсорбира растечката работна сила, особено во азиските и во африканските земји во развој, во кои и сега речиси половина од сите вработени се врзани со работа во ситното земјоделство и во самовработувачките бизниси.
Работни места Макроекономската стабилност, поволното деловно опкружување, инвестициите во човечкиот капитал и владеењето на правото се клучни како за економскиот раст, така и за создавањето нови работни места
пичен пример за ова во периодот од шест години (од 2003 до 2008 г.), кога стапките на економски раст беа стабилни и релативно високи во границите од 4 до 6 отсто годишно, но динамиката на создавање нови работни места беше многу ниска, па стагнираше проблемот со невработеноста. Состојбата со мали разлики е присутна и во годините пред и потоа. Препораките од извештајот, пак, се во три насоки: прво, дека макроекономската стабилност, поволното деловно опкружување, инвестициите во човечкиот капитал и владеењето на правото се клучни како за економскиот раст, така и за создавањето нови работни места; второ, дека добро дизајнираните трудови политики можат многу да помогнат во прелевањето на растот во нови можности за вработување, но дека тие истовремено треба да се дополнуваат со мерки од поширокиот пристап за создавање нови работни места; и трето, дека властите треба стратегиски да ги идентификуваат работните места што придонесуваат за поголем раст во специфичниот контекст на соодветната
Извештајот нуди повеќе сознанија и препораки. Главните сознанија што произлегуваат од извештајот се дека „приватниот сектор е клучна машина за создавање работни места, а дека во земјите во развој се формираат дури 90 отсто од сите работни места, но дека властите играат витална улога со своите гаранции дека условите за приватниот сектор се поставени преку олеснување на ограничувањата што го спречуваат истиот да креира нови и подобри работни места за идниот развој“. Ова би можело да биде корисно сознание за нашите сегашни власти, чија програма за вработување, за жал, сосема спротивно на ова, сега најмногу се потпира на отворање нови и непродуктивни работни места во јавниот сектор. Друго важно сознание е дека во светот, статистички гледано, вработувањата се фактор што најмногу придонесува за намалување на апсолутната сиромаштија, многу повеќе од приходите по други основи или преку рекомпонирање на домаќинствата. Со оглед дека и статистички е утврдено оти сиромаштијата во Македонија е огромен проблем, ако не и најголем, властите би требало да се размислат за користењето и на ова сознание во намалувањето на превисоката сиромаштија. Третото, можеби, за Македонија особено важно сознание, е дека постоењето на успешни стратегии за раст и де факто обезбедувањето на самиот раст на економиите на задоволително ниво не се ниту гаранција ниту доволни за создавање доволно нови работни места и намалување на невработеноста. Впрочем, односот меѓу економскиот раст и вработеноста воопшто не е механички. Токму нашата земја е ти-
ДОБРО ДИЗАЈНИРАНИТЕ ТРУДОВИ ПОЛИТИКИ МОЖАТ МНОГУ ДА ПОМОГНАТ ВО ПРЕЛЕВАЊЕТО НА РАСТОТ ВО НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 50
www.gragjanski.mk
Никола Поповски земја и да ги отстранат препреките што го попречуваат приватниот сектор да создава повеќе од таквите работни места. Барем две и пол од овие три препораки треба нашите власти сериозно да ги сфатат и веднаш да ги прифатат, подготвувајќи се за нивно стратегиско разработување и имплементирање. Обемната статистичка поддршка, што заедно со анализите го следи извештајот, впрочем како и сите досегашни извештаи, е негова друга силна страна. Таа е еден вид доказен материјал за наводите во извештајот. Покрај тоа што зад секое тврдење и анализа во текстот се дадени многубројни квантитативни и статистички докази, на крајот, вообичаено, документот е поткрепен и со долги серии на стандардизирани статистички податоци од областа на работната сила за секоја земја од светот поединечно. Тука ќе почне нашето кратко патување низ фактите за земјите од светот и за позицијата на Македонија во него. Прво и основно, нашата земја е една од 156 рангирани земји. Според процентот на работоспособното население (70,6 отсто во 2010 година), спаѓаме во групата земји со ре-
лативно високо ниво од над 70 отсто во која се наоѓаат не повеќе од 20 земји. Но, од друга страна, само околу 2/3 од работоспособното население учествуваат во контингентот на работната сила, што значи дека во Македонија бројот на оние што воопшто не работат и не бараат работа, а би требало да работат или да бараат работа, е прилично висок и изнесува околу 1/3 од работоспособното население. Според клучниот податок - нивото на невработеност, за жал, Македонија е една од само неколкуте земји во светот со стапка на невработеност над 30 отсто. Другите такви земји, со мали исклучоци, најчесто се од Африка. Полоша е состојбата со стапката на невработеност кај младите, која изнесува дури 54 отсто и, се чини, е превисока и неодржлива. Според показателот за просечниот број години поминати во училиште на вкупната работна сила, Македонија стои, исто така, лошо (во извештајот недостигаат податоците за Македонија, но тие се познати). Со просечно околу 8,2 години поминати во формално училишно образование ние сме некаде на
СПОРЕД ИЗВЕШТАЈОТ НА СВЕТСКА БАНКА, МАКЕДОНИЈА Е ЕДНА ОД САМО НЕКОЛКУТЕ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ СО СТАПКА НА НЕВРАБОТЕНОСТ НАД 30 ОТСТО
сабота, 13 октомври 2012
дното во регионот во кој живееме (Албанија 10,2; Бугарија 9,9; Хрватска 9,0; Грција 10,7; Словенија 11,7; Србија 9,2) и во Европа (Белгија 10,5; Чешка 12,1; Франција 10,5; Полска 9,9; Русија 11,5; Норвешка 12,3 итн.), а сме во рамките на светскиот просек. Тоа е резултат што претставува наш хендикеп и не овозможува оптимизам во врска со можностите за работно ангажирање на најголем дел од моментно невработените лица. Слично е и со образовните постигнувања што ги имаат нашите ученици на универзалните тестирања во три области: читање, математика и физика/хемија. Вкупните резултати се под нивото што е соодветно на една европска држава. Тоа ја покажува инфериорноста на нашиот образовен систем и неговата ниска способност да создава кадри што ефикасно ќе се вклучат на пазарот на работна сила. Податоците за структурата на вработените по основните сектори во земјава покажуваат нелогичности. Имено, вработеноста во примарниот (земјоделски) сектор е висока и изнесува околу 20 отсто од вкупната вработеност, а во секундарниот е релативно мала, со нешто над 30 отсто. Таа структура е полоша од онаа во соседните земји: Бугарија, Грција и Хрватска, но подобра од соодветните во Албанија, Србија и во Романија. Земјите од Западна Европа и другите развиени земји имаат радикално подобра секторска структура на вработените и автоматски подобра продуктивност и ефикасност. Најголем дел од вработените во земјава работат за плата (над 70 отсто), а многу помал дел се самовработени (околу 10 отсто) или фармери (околу 20 отсто). Иако оваа состојба не е лоша, сепак, треба да се забележи дека бројот на вработени кои работат за плата во развиените земји достигнува над 90 отсто. Веројатно не е потребно посебно да се нагласува дека статистиките за висината на примањата (платите) на вработените, врз примерите за четири професии (сметководител, хемиски инженер, возач на автобус и шивач/ка), се проблематични. Иако во светски рамки тие може да изгледаат пристојно, за опкружувањето во кое се наоѓаме примањата се пропорционално многу ниски. Еден сметководител, хемиски инженер, возач на автобус или шивач/ка во Австрија, Грција, Холандија, Италија или во Данска годишно заработува по 10, па и 15 пати повеќе. Конечно, и продуктивноста мерена во долари по вработен во сите сектори покажува релативно заостанување во однос на соодветните, за споредба со нас, држави. Сите овие податоци упатуваат на недостиг од работни места, на катастрофалната положба на работната сила во Македонија и нејзината лоша перспектива. Гледано токму од тој агол, извештајот на Светска банка може да биде многу корисен за земјава и за нејзината иднина. Само треба да се има волја да се признае дека нашите досегашни политики се неуспешни и неупотребливи за во иднина, а во овој извештај да се побараат дел од продуктивните одговори токму за таа иднина. 51
Економија
ОПЕРАЦИЈА РАЗДОЛЖУВАЊЕ
Неподнослива леснотија на управувањето со јавните пари Од 76.686 фирми, колку што се регистрирани во централниот регистар, со блокирани сметки се 58.619 или 76 отсто од вкупниот број. најголема причина за тоа се долговите, главно, оние помеѓу фирмите. Според пресметките на ЕБа, долгот на владата за 2011 г. бил 220 милиони евра, што е 2,9 отсто од Бдп
Пишува Ида Протугер
критериум ги враќаат долговите и со која динамика.
Н
ејаснотии и контроверзии го следат процесот на враќање на долговите кон стопанството, но таа матна перспектива дава јасна слика за вистинскиот „Doing business“ или како практично се води бизнис во Македонија. Откако со ракоплескање ја примија веста дека премиерот решил да им го плати она што законски им следува, стопанствениците сега не знаат според кој критериум им се враќаат парите што им ги должи државата. Останува нејасно дали критериум е времетраењето на должењето, висината или нешто трето. Во Сојузот на стопански комори (ССКМ) и во Стопанската комора на Македонија (СКМ) за критериумите упатуваат на Владата, а нивните членови, бизнисмените, пасивно чекаат „да капне“ некој денар заостанат поврат на ДДВ на нивните трансакциски сметки, кои, како што велат, им се „на резерва“. - Нема друга информација освен она што беше најавено, првата половина од долгот да биде исплатена до крајот на ноември, а втората до крајот на февруари - кратко одговараат во ССК. Министерството за финансии не одговори на прашањето на „Граѓански“ според кој
52
Број на блокирани сметки на фирмите март 2012
56.486 септември 2012
58.619
извор: Народна банка на Македонија
неодговорно менаџирање со јавните пари. Целиот овој проблем на негирање на долговите, па нивно признавање, потоа одлука за задолжување на сите граѓани за нивно враќање и во исто време необјавување на висината на должничкиот износ, се само симпоми што укажуваат на неодговорноста во менаџирањето со јавните пари. Владата не е некој апстрактен центар на моќ, туку тоа е група луѓе на кои, во моментот на гласање на избори, граѓаните им го даваат правото да носат одлуки во нивна корист и да располагаат со јавните пари. Со оглед на тоа што јавните пари не се нечии приватни, граѓаните и стопанствениците имаат целосно право на увид во буџетот и контрола. Што се случува во Македонија? Нема информација колкав е долгот кон стопанството. Се крши законот за данокот за додадена вредност (ДДВ). Владата се задолжува на домашниот пазар над она за кое се обврзала со буџетот (220 милиони евра наспроти предвидени 60 милиони евра) и го зголемува буџетскиот дефицит без да побара согласност од парлaментот. Тоа покажува непочитување кон граѓаните кои ì ги даваат парите на распо-
лагање на гарнитурата на власт. Од друга страна, стопанствениците немаат информација дали долговите ќе им се враќаат со камата ниту, пак, е познат случај некој од нив да има поведено правна постапка за да си ги наплати парите што му ги должи државата. непринципиелни коалиции. Дел од менаџерите велат дека на проблемот со долговите треба да се гледа како на две страни на медалот. Од една страна постои перцепција дека тој што добива власт да управува со институциите, главно, ја консумира моќта од нивната „персонализиција“ и инструментализација. Во таков амбиент, кој постои од осамостојувањето, бизнисмените знаат дека бесполезно е да се обратат до судовите кога тие не се независни. Другата страна е однесувањето на самите бизнисмени, кои во голем дел не гледаат перспектива за бизнис подалеку од владините тендери. Оттука, нејасно е дали тие ги посакуваат или се против воспоставените правила што подразбираат непринципиелен однос влада - стопанство. Тие се карактеризираат со негување сервилен однос кон власта во замена за бизнис-зделка. Уште повеќе, тој однос во многу случаи вклучува коруптивни релации, иако зделките се со навидум чисти формални процедури. Таков „проѕирен“ пример на непринwww.gragjanski.mk
Економија ципиелни врски на релација влада - бизниссектор е зголемувањето на бројот на случаи во кои понудата на компанијата што победила како најевтина, потоа со дополнително потпишување анекс-договори, станува најскапа. За напуштање на овие нетранспарентни практики кај јавните набавки, во насока на средување на состојбите, се залагаат во Бизнис-конфедерацијата на Македонија. Според претседателот Миле Бошков, ако јавните набавки се вршат во целосно транспарентна процедура, тогаш целосно транспарентно ќе може да се побаруваат и парите за извршена работа. Долгорочно решение за надминување на проблемот со долговите Бошков гледа во контролата на финансиската и на даночната дисциплина. - Потребно е да се зајакне надзорот во спроведувањето на законите и обврските на целата територија на земјата и на сите учесници во трговскиот, производствениот и во услужниот промет. Така ќе се обезбеди сигурен прилив во буџетот и ќе се сервисира и долгот кон фирмите - вели Бошков. Зона на опасно задолжување. Со оглед на нетранспарентноста во управувањето со долговите, од достапните информации може да се извлечат неколку заклучоци. Ако Владата го зголемува буџетскиот дефицит за по 1 отсто годинава и идната година, тоа е приближно еднакво на 150 милиони евра (75 милиони евра годинава и 75 мил. евра во 2013 година, со оглед дека ќе се отплаќаат и во февруари што влегува во наредната буџетска година). Европската бизнис-асоцијација (ЕБА) оперира со податок од 220 милиони евра долгови само за 2011 г., што е еднакво на 2,9 отсто од БДП. Ако овој податок е точен, тогаш вистинскиот буџетски дефицит лани бил многу повисок од декларираниот, ако на 2,5 отсто се додадат и овие 2,9 отсто. Ако во европски рамки мастришките критериуми, кои определуваат која земја е финансиски стабилна за да го воведе еврото, предвидуваат годишен буџетски дефицит најмногу до 3 отсто од БДП и ако во исто време се земе предвид дека Македонија се задолжува за камата многу повисока од растот што го остварува, тогаш финансиската игра со јавните пари на терен е многу поинаква од бројките за ниска задолженост на земјата што се спомнуваат, па фискалната политика е веќе длабоко навлезена во зона „на опасно задолжување“. Премиерот, во својот говор пред стопанстве-
Се оперира со податок од 220 милиони евра долгови само за 2011 г., што е 2,9 отсто од БДП, а ако тоа е точно, тогаш вистинскиот буџетски дефицит лани бил многу повисок од декларираниот Миле Бошков,
претседател на македонската Бизнисконфедерација
Потребно е само успешно функционирање на институциите и контрола на трошоците
ниците минатиот месец, изјави дека иако е свесен оти „овие корекции во политиките, можеби, ќе имаат мала и краткорочна негативна рефлексија во оценките на рејтинг-агенциите, тоа ќе помогне да се надмине проблемот со доцнењата во исплатите од државните институции, вклучувајќи го и повратот на ДДВ“. Со оглед на тоа што рејтинг- агенциите ги намалуваат оценките за една земја ако видат ризици, тогаш јасно е дека Владата знае оти влече негативен потег. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), уште во извештајот објавен во јуни годинава, побара долговите кон стопанството да станат јавен податок во име на транспарентноста, но тоа не е направено. Пред два дена претставникот на ММФ во земјава, Александер Тиеман, изјави дека на ММФ му е потребен податокот за долговите за да може објективно да ги согледа потенцијалните ризици. Исто така, за ММФ е најасно како Владата ќе ги финансира новите трошоци што ги предвидува со фискалната политика на среден рок. - Владините планови за зголемување на капиталните инвестиции, за пораст на пензиите и на платите во јавниот сектор, заедно со намалувањето на придонесите за вработување, е тешко да се реализираат, без да се зголеми буџетскиот дефицит или да се намалат некои други трошоци. Владата треба да го направи овој тежок избор - изјави Тиеман. Трендот на раст на јавниот долг е нотиран и во извештајот на ЕУ за напредокот на земјата. - Бруто надворешниот долг порасна на 61,2 отсто од БДП во првиот квартал од 2012 г., споредено со 59,7 отсто во 2011 г. Главна причина за ова е порастот на јавниот долг за 2,2 процентни поени од БДП, додека во исто време приватниот долг се намали за 0,7 процентни поени - се наведува во извештајот на ЕУ и се предупредува дека финансирањето на буџетскиот де-
фицит, главно, се врши со заеми од странство, што води кон зголемување на јавниот долг. Околу 80 отсто од фирмите се со блокирани сметки. Дека стопанството не може веќе да ги финансира владините трошоци покажува кондицијата на буџетот. Приходите од даноци не се на ниво колку што планираше Владата. Фирмите немаат средства да влезат во нов инвестициски циклус и кога би имале идеја за бизнис. Претседателката на ЕБА, Александра Наќева-Ружин, искажа загрижувачки податоци за кондицијата на бизнис-секторот. - Фирмите ја започнаа 2012 г. без работен капитал, односно вкупните обврски беа за 2,4 отсто повисоки во однос на вкупните тековни средства. Значајно е да се нагласи дека најголем дел од побарувањата на бизнис-секторот се меѓу компаниите, додека 4,5 отсто од краткорочните побарувања, или околу 220 милиони евра, се од државата - рече Наќева-Ружин. За тоа каква е сликата на македонското стопанство најилустративно говори податокот дека од 76.686 фирми, колку што се регистрирани во Централниот регистар, со блокирани сметки се 58.619 (податок од септември) или 76 отсто од вкупниот број. Од март досега, бројот на блокирани сметки е зголемен за 2.133. Задолжницата, која како инструмент за наплата меѓу стопанствениците, а од кои е изземена Владата, засега не ветува успех. За еден и пол месец, според податоците на Централниот регистар, се потпишани само осум задолжници. Ова решение беше усвоено на предлог на ССК, а СКМ бараше закон за финансиска дисциплина. Бизнис-конфедерацијата, пак, не гледа решение во нови инструменти, туку само во почитување на законите и функционирање на институциите. - Задолжницата е производ на експерти кои немаат познавање за реалните состојби на пазарот. Постои документ наречен профактура, гаранција, хипотека, итн. Нема зошто да се воведуваат нови административни бариери, трошоци и да се губи време - вели претседателот Бошков. Натамошни лоши перспективи за стопанството навестува кризата. Во најновиот извештај за глобалните прогнози, ММФ предвидува 10 земји од развиените економии во Европа да ја завршат годинава во рецесија. За Македонија прогнозата за годинава е спуштена на 1 отсто раст, наспроти сè уште важечката владина прогноза за раст од 2,5 отсто.
Анализа Пишува Трајко Славески
В
о изминативе три-четири години Република Македонија ги трпи последиците од вториот голем економски шок, ако се изземат првите пет-шест години по осамостојувањето, обележани со енормната дезорганизација што настана како резултат од комбинацијата на повеќе фактори: крвавото распаѓање на СФРЈ и губењето на лавовскиот дел од заедничкиот пазар во кој дотогаш беше интегрирана македонската економија; промената на политичкиот и на економскиот систем, т.е. обид за едновремено развивање на демократијата и пазарната економија; губењето на источноевропските пазари по распаѓањето на Советскиот Сојуз и заедничкиот пазар на поранешните социјалистички земји од т.н „источен лагер“; директната економска блокада од Грција и индиректната што произлезе од санкциите на ООН спрема Србија; и др. По неколкуте економски просперитетни години (19972000), првиот голем шок на економски план беше предизвикан од внатрешниот воен конфликт во 2001 година. Санирањето на последиците од падот на БДП, нестандардно големиот буџетски дефицит, порастот на невработеноста и сл., траеше во наредните неколку години, а преткризните нивоа на спомнатите економски параметри се постигнаа дури во 2004-2005 година. Вториот шок беше резултат на глобалната рецесија во 2007-2009 година, чии последици се чувствуваат и денес. Сепак, погледнато во целина, може да се констатира дека македонската економија покажува знаци на отпорност на надворешните и на внатрешните шокови. Во пресрет на годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка, кои годинава се одржуваат во Токио и треба да завршат со работа во текот на овој викенд, ММФ ја објави својата традиционална публикација по овој повод со наслов „Светските економски изгледи“. Публикацијата, која е резултат на значителниот истражувачки капацитет на ММФ, ужива високо реноме кај стручната јавност од областа на економијата и финансиите, вклучително и кај носителите на економските политики во одделни земји. Покрај вообичаените анализи за движењата во глобалната економија и проекциите за во иднина по одделни региони и земји, во годинешниот извештај носечко место заземаат две теми што се обработени на исклучително аналитички и професионален начин. Првата тема (глава 3) се однесува на начините и на методите со кои земјите, во изминатите сто години, се соочувале со јавниот долг и лекциите што се релевантни за актуелните проблеми со долгот во некои земји во современи услови. Втората тема (глава 4) ги анализира причините за релативната успешност на земјите со пазари во подем (растечки пазари) и на земјите во развој во одолевањето на надворешните и на внатрешните шокови за нив54
ПОДОЛГО ВРЕМЕ ЗЕМЈАВА Е РЕГИОН НА ЦЕНОВНА СТАБИЛНОСТ - И ВО УСЛОВИ НА РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА И НА ЕНЕРГИЈАТА НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ, ДОМАШНАТА ИНФЛАЦИЈА ОСТАНУВА ЕДНОЦИФРЕНА
Македонија пазар во подем
Според ММФ, Македонија е во групата пазари во подем од Европа, заедно со Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Турција
www.gragjanski.mk
Економија ните економии, т.е. феноменот на нивната поголема отпорност на спомнатите шокови во споредба со развиените земји, во последниве две децении. Напредните економии, според ММФ, ги сочинува групата земји-членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), кои биле членки и пред 1990 година, со исклучок на Турција. Оваа група служи за споредба на економските перформанси на над 100 земји со пазари во подем и земји во развој, чиј раст е анализиран во последните 60 години. Втората група е поделена во две подгрупи: 51 земја со низок доход, кои се квалификуваат за заеми од ММФ со повластени услови, додека останатите 69 земји ги сочинуваат т.н. растечки пазари. Република Македонија е вклучена во групата пазари во подем од Европа, заедно со Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка Република, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Романија, Србија, Словачка Република, Словенија и Турција. Во периодот 2003-2007 г., т.е. во годините пред големата рецесија, земјите со пазари во подем и посиромашните земји во развој постигнаа висок економски раст, додека растот во развиените земји беше слаб. Почна да се зборува дека овие земји се „одвоиле“ од ефектите што произлегуваат од растот кај развиените земји. Дебатата стивна со налетот на глобалната економска криза што потекна од САД и од Европа, при што повеќе од половина од земјите со пазари во подем и земјите во развој забележаа пад на БДП во 2009 година. Но, тие брзо го повратија растот, при што речиси целокупниот раст на светската економија денес се должи на придонесот од овие земји. Заклучокот е дека подобрените перформанси кај овие економии се должат, прво, на добрите економски политики, и второ, на послабиот ефект од надворешните и од внатрешните шокови. Аналитичарите измериле дека адекватните економски политики придонеле со три петини (60 отсто) кон релативно подобрите перформанси, а остатокот од две петини (40 отсто) отпаѓа на зголемената отпорност кон шоковите. Екстерните шокови се манифестираат преку зголемувањата на глобалната неизвесност и светските каматни стапки, рецесиите во развиените земји, острите падови во условите за размена на една економија и наглите запирања на капиталните приливи. Домашните шокови, кои се со потенцијал да го загрозат економскиот раст, може да произлезат од енормно брзиот раст на кредитите и од банкарските кризи. Растот на кредитите може да доведе до бум во инвестициите и во потрошувачката и да ја зголеми ранливоста на економијата. Дополнителен проблем е опасноста од создавање меури во вредноста на средствата (недвижен имот, хартии од вредност и сл.), чие „пукање“ редовно е проследено со пад на економската активност. Банкарските кризи, од своја страна, редовно сабота, 13 октомври 2012
КОНФЛИКТОТ ОД 2001 ГОДИНА БЕШЕ СО ИЗРАЗЕНИ НЕГАТИВНИ ПОСЛЕДИЦИ ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ, ВРАБОТЕНОСТА И ЗА МАКРОЕКОНОМСКАТА СТАБИЛНОСТ, А СЕ ЧИНИ ДЕКА ТИЕ СЕ ПОТЦЕНУВААТ ПРИ АНАЛИЗИТЕ имаат сериозни макроекономски консеквенции. Макроекономските политики се однесуваат на успешноста на монетарната политика да обезбедува ниско (едноцифрено) ниво на инфлација. Кај фискалната политика, успешноста се мери преку фактот дали таа е антициклична (пожелно) или проциклична (помалку пожелно) и просторот за зголемување на јавниот долг (остварување буџетски дефицити), без притоа да се загрози неговата одржливост. Нивото на јавен долг за групата земји со пазари во подем и земји во развој станува „високо“ кога ќе се достигне учеството во БДП од 50 отсто. Кај политиката на девизниот курс, покрај адекватноста на избраниот режим во конкретниот случај, битни се состојбата во тековната сметка од платниот биланс (дефицит или суфицит), учеството на екстерниот долг во БДП (под или над 40 отсто) и нивото на девизните резерви. За отпорноста на економиите во подем и на земјите во развој во последниве две децении придонесува фактот дека домашните шокови се поретки и со послаб интензитет. На пример, банкарските кризи погодија повеќе земји во последната декада од минатиот век, но тие се проретчија во првата декада од 21 век. И покрај негативните последици од глобалната финансиска криза, во поново време само четири земји од оваа група (Латвија, Монголија, Нигерија и Украина) регистрираа системски кризи во банкарскиот сектор. Како резултат на ефектите и стравот од негативните последици од финансиската криза (2008-2009), поголем број земји ја затегнаа монетарната политика и го модерираа кредитниот раст, со што беше оневозможен кредитен бум. На полето на екстерните шокови, пак, во изминатата декада некои беа позачестени, а други поретки. Почести беа прекините во финансиските приливи и растечката глобална неизвесност, но позитивна околност беа помалата зачестеност на варијациите во условите за размена (пад на цените на некои стратегиски извозни производи) и рецесиите кај развиените земји во периодот 2000-2007 година во споредба со 80-тите години од 20 век. Екстерните шокови добија силен интензитет во периодот на глобалната криза од 2008/2009 година, но потоа се намали нивното дејство. Нестабилноста во тековите на капиталот, цените на берзанските производи и економската активност во развиените земји упатуваат на претпазливост заради можноста од интензивирање на екстерните шокови во иднина. Макроекономските и структурните политики, како што беше спомнато понапред, беа унапредени и позитивно влијаеја врз растот во земјите со пазари во подем и во земјите во развој.
Од аспект на отпорноста и способноста за генерирање економски раст, Република Македонија, генерално, манифестира карактеристики на економија во подем, својствени за соодветната група земји во која ја класифицира ММФ. Таа беше поштедена од домашни шокови како резултат на здравиот банкарски сектор. Исто така, кредитниот бум од периодот 2006-2008 година помина без некои видливи негативни последици по економијата. За неповолен може да се смета драматичниот пад на стапката на пораст на кредитите од 2009 година наваму, во споредба со претходниот период кога стапките надминаа 30 отсто раст на годишно ниво. Екстерните шокови се исти како и кај другите земји од соодветната група од Европа. Кај економските политики, во овој контекст, позитивна е улогата на монетарната и на политиката на девизен курс од аспект на економскиот раст. Македонија веќе подолго време е регион на ценовна стабилност, при што и во услови на екстерни шокови со раст на цените на храната и енергијата на светските пазари, домашната инфлација останува едноцифрена. Даночните реформи што започнаа во 2007 година (рамен данок, намалување на даночното оптоварување кај другите видови даноци и кај придонесите за социјално осигурување) создадоа простор во буџетот за одговор на негативните екстерни шокови сè до средината на минатата година. Во последнава година, за жал, тој простор е стеснет, поради намалените фискални приходи, од една страна, и масивните расходи од буџетот за социјални трансфери, субвенции и за некои форми на непродуктивни трошења. Јавниот долг, иако во пораст, сè уште е на безбедно ниво од аспект на економскиот раст и ризиците во иднина, но под услов со него да се управува многу внимателно. Во споредба со другите земји од групата, на растот во Република Македонија во изминатите две децении неповолно влијаеја два фактора. Прво, фактот дека станува збор за релативно мала економија со ограничен домашен пазар ја зголемува ранливоста кон екстерни шокови. Второ, воениот конфликт од 2001 година беше со изразени негативни последици за економскиот раст, вработеноста и макроекономската стабилност, а кои, се чини, се потценуваат при анализите или, можеби, постои свесна намера за нив гласно да не се зборува. Но, сепак, затоа што секоја активност има свои последици, не штети да се знае висината на претрпената штета од еден од најголемите шокови во историјата на Република Македонија по независноста. 55
Гасификација
На граѓаните не им се соопштува дека гасот нема да стане достапен за домаќинствата. За тоа е потребно да се изгради дистрибутивна мрежа, но државата не најавува дека би ја градела, а засега нема интерес ниту кај приватните инвеститори
Пишува Ида Протугер
Н
а 1 јануари 2015 година македонските граѓани ќе се разбудат со ценовен електричен шок - најмалку двојно повисоки сметки за струја. Ова се слободните процени на енергетските експерти за тоа колку ќе чини струјата кога целосно ќе настапи либерализација на енергетскиот пазар и граѓаните ќе мора да ја купуваат по пазарни цени. Најдобар начин да се ублажи овој голем ценовен удар е во обезбедувањето алтернативен енергент што би бил поевтин од пазарната цена на струјата, а тоа се гледа во гасот. Но, тој енергент, до денот „Д“, нема да биде достапен за граѓаните. Потребна дистрибутивна мрежа. Наспроти силните изјави дека Владата почнува со гасификација на земјата, на граѓаните не им се соопштува најважниот дел - дека тоа не значи оти гасот ќе стигне до нивните домови. Предвидениот проект за гасификација засега предвидува два дела: 1. Изградба на преносната инфраструктура, односно гасоводна магистрала со два крака: Скопје - Тетово - Гостивар и Клечовце - Неготино - Кавадарци - Прилеп - Битола.
Владата ветува изградба на магистрала и приклучување на „Јужен поток“, но не и гас до домаќинствата 56
Гасот ќе дој но не и к
2. Приклучување со крак на магистралата на „Јужен поток“. Според програмата на ВМРО-ДПМНЕ, која стана и владина програма, се предвидува првиот проект (изградбата на магистралата) да заврши во 2018 г. Тоа се осум години по рокот што првично го вети Зоран Ставрески како вицепремиер, кој во интервјуто од октомври 2007 г. вели: „Гасификацијата ќе се спроведува во неколку фази и ќе ја опфати целата територија на Македонија. Проектот ќе трае околу три години и ќе чини многу повеќе од првичните 60 милиони, колку што должи Русија. Очекуваме целосна гасификација да се спроведе најдоцна до 2010 година, иако некои градови ќе дојдат порано на ред за гасификација“. Сега, пет години по ова ветување и две години по крајниот рок што го соопшти Ставрески, работите се сè уште на почеток.
магистрала во Македонија ќе чини околу 300 милиони евра, а, според експертите, изградбата на дистрибутивната мрежа не е евтина работа и само за Скопје би чинела околу 200 милиони евра.
Дури и кога ќе се изгради гасната магистрала во земјава и ќе се приклучиме на „Јужен поток“, тоа само ќе отвори можност некој заинтересиран инвеститор да почне да гради дистрибутивна мрежа и потоа гасот да дојде до секој дом, коментираат експертите. Се разбира, дистрибутивните мрежи низ градовите може да се градат паралелно со магистралата, но ќе може да се приклучат на неа само кога ќе биде завршена. Второ, на пример, за Скопје, каде што веќе завршува постојниот гасовод и има можност да се гради дистрибутивна мрежа, нема заинтересиран инвеститор, а власта ниту навестила ниту најавила дека би се зафатила и со овој бизнис. Се проценува дека изградбата на двата крака на основната
лучат на постојниот гасовод и тоа го прават индивидуално, бидејќи гасот како енергент е поевтин од мазутот. Но, во однос на другите европски земји, кај нас цената на гасот е многу повисока затоа што е оптоварена и со трошоци за транзит низ земјите (популарно речено - патарина), а Македонија е последна во трасата. Но, ако на сегашната цевка се приклучат повеќе компании и се зголеми искористеноста на капацитетот, за индустријата ќе биде уште поисплатливо да се користи гасот - вели Димитров. Сепак, како што вели, со оглед на тоа дека цената на гасот е речиси идентична со онаа на струјата, сега на ниту еден инвеститор не му е исплатливо да гради дистрибутивна мрежа до домаќинствата.
Гасот - поевтин само од мазутот. Професор Константин Димитров, кој работеше на проектот за гасификација на град Скопје и го знае идејниот проект за изградба на дистрибутивна мрежа, кој го изработи турска компанија, потврдува дека главниот град може да се гасифицира и со постојниот гасовод, кој има капацитет од 1,2 милиона кубни метри, а сегашната искористеност не стигнува ниту до 400 кубици. Проблемот зошто нема заинтересиран инвеститор за овој бизнис, тој го гледа во цената на гасот. Тој е поевтин од мазутот, но не е конкурентен на струјата. - За компаниите е исплатливо да се прик-
www.gragjanski.mk
јде во земјава, кај граѓаните - Тоа е скап проект. Треба да се градат цевки, да се копа под земја и сето тоа треба да го плати некој краен корисник. Ако цената на струјата се зголеми двојно, како што се очекува во блиска иднина, тогаш веројатно ќе се зголеми и подготвеноста на граѓаните да платат малку поскапо за почетната инвестиција, а подоцна да користат поевтин енергент како во развиените земји, каде што струјата е три пати поскапа од гасот - верува Димитров. Тој наведува пример дека училиштата што досега се грееја на „Топлификација“ - чие производство во значаен дел се потпира на мазут, а кои добиваат можност да се вклучат на постојниот гасовод, ќе плаќаат речиси двојно помалку од она што сега го плаќаат за греење. Но, предупредува дека не треба да се креираат илузии оти цените на кој било енергент
боти на мазут, ќе се бара стратегиски партнер, со кој термоцентралата би се трансформирала во комбинирана и ќе користи и гас како енергент. Според голем број експерти, ќе се заштедеа многу пари и време ако Владата не го поништеше тендерот за ТЕЦ „Неготино“, која требаше да влезе во сопственост на ЕЛЕМ, затоа што австриската компанија најавуваше дека нејзина идеја е токму трансформацијата на термоцентралата во комбинирана - да користи и гас. Сега идеја на Владата е да најде малцински партнер за ТЕЦ „Неготино“ за истата цел, што е неизвесно.
ќе бидат пониски од сегашните. Може да бидат на сегашно ниво или повисоки, освен дрвата како огрев, но, како што вели, многу е тешко тие да се користат во широка употреба. Како што објаснува Димитров, дистрибутивната мрежа до домаќинствата практично би била конкурент на онаа на „Топлификација“ и кога граѓаните би имале избор, веројатно, конкурентската битка ќе ги намали и цените, само ако таков проект се реализира. Освен за топлинска енергија, гасот може да се користи и за електрична. Тоа би подразбирало изградба на гасни електрични централи, а потоа тие би им продавале струја на потрошувачите преку транспортниот систем на МЕПСО и дистрибутивната мрежа на ЕВН. Во владината програма е наведено дека за ТЕЦ „Неготино“, која ра-
Македонија, која задоцни со вклучувањето во железничкото поврзување на регионот, се чини, сега ќе го фати „последниот воз“ за гасното
Цената на гасот и на струјата е иста, така што сега на инвеститорите им е неисплатливо да градат дистрибутивна гасна мрежа до домаќинствата
сабота, 13 октомври 2012
Путин во Белград . Приклучувањето на Македонија на магистралата на „Јужен поток“ за експертите претставува голем потенцијал. Според нив, за гасификација на цела Македонија е потребна уште една цевка со капацитет како сегашната што е изградена до Скопје, или на располагање да има вкупен капацитет од 2,5 милијарди кубици на двете цевки. Според Димитров, важно е дека со договорот со испорачателот, руски „Гаспром“, Македонија ќе обезбеди непречено снабдување со гас, а многу важна придобивка е тоа што изградбата на гасоводната инфраструктура ќе отвори и многу нови работни места, но и постојани професии поврзани со монтирање и одржување на гасоводната мрежа. Во иднина, кога гасификацијата би се проширила и со дистрибутивни мрежи низ градовите, ќе се воведе и пазар за нови производи од бела техника, на пример, шпорети и греалки на гас. Но, таков развој на настаните сега е навистина далеку. Професор Димитров е дециден дека на Македонија ì недостигаат енергенти и приоритет е да се донесат, а второстепено е каде потоа ќе се користат. За да илустрира, тој вели дека ако Македонија направи железница кон Косово и оттаму носи јаглен, тој енергент би бил поевтин од гасот. Инаку, предвидено е изградбата на „Јужен поток“ да заврши до 2015 година. Македонија, која задоцни со вклучувањето во железничкото поврзување на регионот, се чини, сега ќе го фати „последниот воз“ за гасното. Иако трасата на „Јужен поток“ е исцртана без да се земе предвид Македонија, според претставниците на „Гаспром“, главен инвеститор, тоа лесно ќе се коригира со потпишување меѓудржавен договор меѓу Македонија и Русија, со што земјава официјално ќе стане дел од проектот. Рускиот премиер Владимир Путин, според најавите, на 11 декември во Белград ќе го означи стартот на изградбата на српската секција од „Јужен поток“. За крајот на годината се најавува Македонија да го потпише неопходниот меѓудржавен договор со Руската Федерација. 57
интервју
сергеј икоников,
претставник на „Газпром Експорт“ во Македонија
Партнерството со „Гаспром“ носи долгорочна корист В
о декември почнува изградбата на грандиозниот проект „Јужен поток“. Овој гасовод треба да испорача гас директно од Русија, заобиколувајќи ја Украина, до Бугарија, а подоцна и кон Грција, Италија, Србија, Унгарија и Словенија. Македонија треба да се приклучи на една од главните магистрали (од Србија или од Бугарија), откако ќе биде потпишан очекуваниот меѓувладин договор со Русија. Претставникот на „Гаспром експорт“ во Македонија, Сергеј Икоников, се надева дека тој договор ќе биде потпишан во ноември. Потоа, ќе се работи на корпоративно ниво и ќе бидат познати деталите за приклучувањето на „Јужен поток“. # Откако ќе се финализираат сите детали, вообичаено, „Гаспром“ и локалниот партнер ќе направат физибилити-студија за овој дел од проектот, а потоа ќе биде донесена, како што ја нарекуваме, конечна одлука за инвестирање. Кога таа ќе се финализира, тогаш ќе бидат јасни сите технички детали за приклучувањето на Македониjа во проектот. Засега има само план што треба да почне да се реализира. $ Гасоводот минува низ многу земји, зависи од многу влади. Верувате ли дека, според планот, ќе биде готов до 2015 година? # Да. Во првата недела од декември треба да почне изградбата на подводниот дел на гасоводот под Црно Море. Гасоводот ќе почне од рускиот град Aнaпa и ќе излезе кај бугарскиот град Варна, а потоа ќе оди по зацртана траса. Практика на „Гаспром“ е со секоја земја низ која ќе минува „Јужен поток“ да направи заеднички потфат, односно заедничка компанија во која акциите се во сооднос 58
„Гаcпром“ и македонија се пред почеток на стратегиско партнерство што ќе отвори нови перспективи во гасификацијата на земјата, а важна улога во ова треба да има планираниот крак од гасоводот „Јужен поток“. 50:50 или 51:49. Последен пат таква компанија беше основана во Словенија. Се планира во 2015 г. да биде испорачан првиот гас од Русија низ „Јужен поток“. Кога гасот ќе стигне до сите земји, всушност, зависи од техничките параметри, од маркетингот, од тоа дали нашите партнери го извршуваат својот дел од обврските. Но, верувам дека ќе се случи тоа.
$ Кај нас се планира да се формира
мешовита компанија „Македонија гас“. Имате информации? # Не, но, веројатно, ќе се формира по примерот на другите земји откако ќе се постигне договор меѓу двете држави.
$ Цената на гасот кај нас е ви-
сока, бидејќи е оптоварена со транспортни трошоци. Дали зголемената потрошувачка ќе ја намали? # Нашата цена се формира до границата на земјата каде што испорачуваме, во овој случај каде
што испорачува „Гаспром експорт“. Потоа таа се менува во согласност со внатрешните трошоци, земајќи ги предвид даноците, акцизите и сл. Каj вас тоа го прави Регулаторната комисија за енергетика. Секако, увозните компании мора да имаат комерцијална маргина. А, снабдувачот не влиjае на овој дел од цената. Транспортните трошоци и другите надоместоци, генерално, во Европа се од 30 до 50 отсто од крајната цена на производите. Исто така, мора да сфатиме дека цената се креира со долгорочен договор меѓу увозникот и извозникот, а потоа се формира според формулите наведени во тој договор. Таа е поврзана со цената на нафтата и нејзините продукти, што прави невозможно да се диктира. Цената на нафтата се определува преку меѓународната размена за трговиjа. Со природниот гас не е така. Затоа ние склучуваме долгорочни договори со партнери кои можат да го ублажат влијанието на острите флуктуации на цените на нафтата. На пример, цената на нафтата и на другите основни артикли во последните 10 години е зголемена за 4 пати, а на гас за Европа за 2,8 пати. Така, стапката на пораст на цените на нафтените производи е поголема.
$ Бидејќи „Гаспром“ гради, а неговата ќерка-фирма „Гаспром експорт“ испорачува гас, дали тоа значи дека ќе биде потребно да се потпише и посебен договор за испорака? # Капацитетот на испораките на гас и цените се утврдени во долгорочен договор меѓу извозникот и локалните дистрибутери. Обично, „Гаспром“ ги планира производството и снабдувањето за да се утврдат можностите за период од пет, 10 или дури и повеќе години. Досега во Македонија имаме договор со „Макпетрол“. Ако постојат други увозници, ние ќе разговараме и со нив. Ако има промени во однос на поврзувањето на Македонија со „Јужен поток“, ќе видиме какви измени ќе треба да се направат. $ Има ли некаква компаративна анализа за тоа како ќе се движат цените на енергентите во наредните 10 години? # Ова прашање не е во моја надлежност, но трендот на цената на гасот е ист како оној на нафтата, бидејќи тие се поврзани преку долгорочни договори со нафтени производи. Мора да се има предвид дека не постои единствен, глобален пазар на гас, туку неколку регионални пазари. Секој од нив има свои ценовни механизми што, на моменти, се многу различни едни од други. $ Нели во изминатите години немало големи осцилации кај цената на гасот во однос на нафтата? # Да, бидејќи, како што реков, склучуваме договори за редовна испорака и стабилни, предвидливи цени со нашите стратегиски партнери. Ова е предноста на долгорочните договори: цените на гасот се помали од тие на нафтата. www.gragjanski.mk
Директно од првиот телевизиски дуел Обама-Ромни
Обвинувањата за наместени анкети, пристрасни медиуми, сомнително финансирање кампањи, нелегално гласање, притисок врз гласачите, стратегии за поголема или помала излезеност, кои ние, на Балканот, сме навикнале да ги слушаме во речиси секој изборен процес, сега можеме со чудење да ги слушнеме и од устите на Американците, но овојпат за нивниот изборен процес
Американски избори со балкански вкус Пишува Коле Чашуле, Специјално за „Граѓански“ од САД
У
спехот на републиканецот Мит Ромни да го совлада актуелниот претседател Барак Обама во првата од вкупно трите претседателски телевизиски дебати драстично ја вжешти атмосферата во САД на само три недели пред гласањето. Малкумина очекуваа дека крутиот и безобразно богат кандидат на републиканците ќе успее да ги победи шармот и привлечноста на првиот афроамерикански претседател и ќе успее да ги сврти бројките во своја полза. Ромни покажа дека знае да биде тврд, агресабота, 13 октомври 2012
сивен, но и допадлив, со големо познавање на економијата; едноставно, за повеќето регистрирани гласачи во САД тој изгледаше претседателски. - Ја видовме разликата меѓу учител и ученик. Обама не изгледаше како да се обидува да бара од граѓаните да добие втор мандат за да ги доврши започнатите проекти, туку како да бараше втора шанса, бидејќи ја пропуштил првата и не направил ништо вели во изјавата за „Граѓански“ поранешниот градоначалник на Њујорк, популарниот републиканец Рудолф Џулијани. Не можејќи да ја оправдаат загубата на својот миленик, причината за слабиот и блед настап на Обама демократите ја лоцираа во таканаречениот „incumbent
syndrome“, односно синдромот на актуелен претседател. Повеќето досегашни претседатели во првата дебата се покажале како послаби дискутанти, затоа што во текот на мандатот ретко се наоѓаат во ситуација некој да има храброст да им се спротивстави на нивните ставови, за разлика од опозициските кандидати кои веќе настапиле во неколку дебати во трката за номинацијата од својата партија. - Ромни имаше силен настап. Се претстави во умерена варијанта, повлекувајќи се од порадикалните позиции на партијата и зазеде позитивен став по многу прашања. Обама сега ќе стори сè за да си ја поврати поддршката - вели Сет Маскет, професор од Универзитетот „Денвер“. 59
Политика Веќе утредента, на првиот митинг по дебатата, Обама не штедеше зборови да го растури новостекнатиот имиџ на својот противник. - Кој беше оној човек со кого вчера дебатиравме? Изгледа не беше оној истиот Ромни кој цели десет месеци зборува едно, а веќе вчера нешто сосема друго - рече Обама пред собраните илјадници граѓани. Очигледно ќе му треба многу повеќе од неколку митинзи за да ги залекува раните од поразот. Последните анкети правени по телевизиското соочување покажуваат дека конзервативниот Ромни сè повеќе им се допаѓа на Американците, пред сè, на неопределените, значи на најважните гласачи во моментов, додека некои агенции одат дотаму што тврдат дека сега тој е во водство за околу три-четири проценти. Токму ваквите невообичаени и драстични промени во резултатите од анкетите го растураат имиџот на САД како земја со најдемократски изборен процес во светот. Наместени анкети, пристрасни медиуми, сомнително финансирање кампањи, нелегално гласање, притисок врз гласачите, стратегии за поголема или помала излезеност на денот на изборите. Обвинувањата што ние тука, на Балканот, сме навикнале да ги слушаме во речиси секој изборен процес, сега можеме со чудење да ги слушнеме од устите на Американците, но овојпат за нивниот изборен процес. Во изминатите десет месеци, соочени со анкети во кои убедливо води Обама, републиканците на цел глас врескаат дека станува збор за наместени резултати и оти власта врши притисок врз рејтинг-агенциите. Во тоа местење, според нив, им помагале најмоќните медиуми кои биле под влијание на Белата куќа и пристрасно известувале само против кампањата на Ромни. - Не треба да им се верува на тие бројки. Сè тоа е под контрола на Обама и неговиот тим, како и повеќето медиуми што се наклонети кон актуелниот претседател - вели за „Граѓански“ Хозе Косио, локален републикански функционер кој работи во штабот во Феирфакс, во Вирџинија. Тој тврди дека демократите, соочени со можноста да ги загубат изборите, ќе сторат сè, па дури и да ги фалсификуваат изборите. Американецот со боливиско потекло обвинува дека Обама и неговиот тим ќе се обидат да манипулираат со гласовите на сиромашните, односно ќе дозволат некои луѓе да гласаат незаконски. Вакво обвинување може да се слушне и од повисоките функционери на Републиканската партија, кои веќе презеле чекори да се спречи фалсификатот. Во неколку сојузни држави, каде што републиканците се на власт, се усвоени закони со кои се вове-
„Spin hall“ или ходник за манипулирање Во големата хала на Универзитетот на Бостон, каде што беа сместени над 500 новинари кои ја следеа првата претседателска дебата, постоеше посебен дел или ходник што Американците го нарекуваат „spin hall“. Веднаш по завршувањето на дебатата ходникот се наполни со „спин доктори“, односно претставници на републиканската и на демократската партија, кои се обидуваа да ги убедат новинарите, но и јавноста, дека нивниот кандидат е подобар. Интересно е што тие влегуваат во халата со човек пред себе, кој, во стилот на римски знаменосец, на копје го носи името „спин доктор“.
дуваат одредени рестрикции во гласањето, меѓу кои и обврската тој што ќе гласа да мора да покаже документ за идентификација со слика, што за Американците значи возачка дозвола или пасош. Во САД, многумина не возат, а поголем е бројот на оние што цел животен век ќе го поминат без пасош. Ваквото ограничување на гласањето предизвика остра реакција од демократите кои тврдат дека републиканците се обидуваат да ги спречат луѓето од средната класа и сиромашните, кои вообичаено се симпатизери на Обама, да излезат да гласаат. Повеќето независни стручњаци од САД се согласуваат дека има проблем со изборниот процес, но оти тоа не е масовна појава. - Тоа се сериозни обвинувања, но тие не го дефинираат изборниот процесс. Не станува збор за појави што се распростанети низ цела земја, туку само во некои држави кои се важни за овие избори, но недостатоците ќе немаат пресудно влијание врз конечниот резултат - тврди професорот Маскет. Без разлика дали обвинувањата за изборни „местенки“ имаат вистинска поткрепа, повеќе од јасно е дека двата табора се навлезени во рововска битка што се бие околу одѕивот на изборите. - Овие избори се вртат околу одѕивот. Иако Обама водеше во анкетите, тоа не значи дека сите што така се изјасниле и ќе излезат на гласање. Двајцата кандидати сакаат да се осигурат дека нивните верни поддржувачи ќе се појават на гласачките места. Оној што ќе успее во тоа ќе ги добие изборите - изјави Синтија Харисон, професорка на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“. Аналитичарите сметаат дека „магичната“ победа на Обама во 2008 година се должи на фактот дека го мобилизира американското гласачко тело и го зголеми одѕивот за околу 5 милиони гласачи, со рекордна излезеност меѓу
Долар за секој реквизит За разлика од кај нас, каде што партиите, на митинзите, без пари ги делат сите реквизити (маички, беџови, пенкала, знаменца, налепници) за своите поддржувачи, во САД сè се наплаќа. Граѓаните кои сакаа на средбата со Ромни во еден хангар во Денвер и на митингот на Обама да имаат партиски обележја, за тоа мора да извадат по неколку долари од својот џеб. На влезовите се поставени штандови со реквизити што чинат од еден долар
60
за беџ, па до 20 долари за маичка. Но, разликата не е само во плаќањето на митинзите, туку и во тоа што за Американците е незамисливо некој кандидат да влече автобуси со поддржувачи само за да покаже пред камерите како сите го сакаат. Истовремено, илјадници луѓе своеволно доаѓаат на настаните и трпеливо, по неколку часа, чекаат во ред за обезбедувањето да ги пушти да присуствуваат.
Афроамериканците, латино-популацијата и жените. Сега, таквите бројки се речиси невозможни, пред сè, поради лошата економска ситуација и разочарувањето на граѓаните од тоа што „црниот претседател и не бил така магичен“. - Најголема грижа ни е дали ќе има голема излезеност. Одѕивот е клучна работа. Обама води во анкетите, но загрижени сме дали на гласачките места ќе се појават оние што нè поддржуваат - објаснува Рик Палацио, претседател на разгранокот на Демократската партија во Денвер, Колорадо. Ваквите стравувања ги натераа демократите да отворат рекорден број локални канцеларии и да ангажираат милиони волонтери кои, со сите сили, треба да ги мобилизираат своите поддржувачи да излезат на гласање. Целна група на кампот на Обама се средната класа и посиромашните слоеви, кои застанаа зад него и на минатите избори, но сега тешко дека ќе излезат да гласаат. - Обама ја изгуби енергијата и затоа одѕивот може да биде еден од најголемите проблеми за него - вели Тони Мишел Травис, професорка од Универзитетот „Џорџ Мајсон“. Ваквата разочараност и изгледите дека излезеноста ќе биде мала им одговара на републиканците, чија целна група се традиционалните, конзервативните и побогатите Американци. На минатите избори оваа група гласачи, главно, не излезе на гласање, пред сè, поради разочарувањето од осумгодишното владеење на Џорџ Буш. Републиканците се надеваат дека сега овие луѓе ќе излезат поради лошите економски резултати на Обама и покачувањето на даноците на богатите. - Нема да биде лесно, но мислам дека ќе ни успее. Сметам дека голем дел од неопределените ќе се свртат на наша страна - тврди Рајан Кол, претседател на штабот на Републиканската партија во Денвер. Како на Балканот, така и во Америка, гласачкото тело е длабоко поларизирано и оние што можат да ги решат овие избори се неопределените, кои се и најтешка и тотално аполитична група на граѓани. - Во оваа кампања нацијата се поларизираше рано, така што останаа само околу 5 проценти неопределени. Проблемот е во тоа што неопределените не ги интересира политиката - објаснува професорот Маскет. Неопределените во САД се целосно непредвидлива категорија граѓани, тие не гледаат вести, не ги интересира политиката, а најмалку гласањето. Тие можат во анкетите да тврдат дека ќе излезат на гласање, но ретко некогаш го прават тоа. Лошата економска ситуација само ги прави овие луѓе поапатични, бидејќи не му веруваат на богатиот Ромни, а разочарани се од владеењето на Обама. - Едниот тврди дека барем прави нешто, додека другиот не прави ништо. Ние сега треба да избираме меѓу помалото и поголемото зло. Тешко дека ќе гласам за такво нешто - вели Алехандро, возач на автобус, Американец со перуанско потекло. www.gragjanski.mk
ИНТЕРВЈУ | ТРЕНД | ЗДРАВЈЕ | ТЕХНОЛОГИЈА | ФЕЉТОН | КРСТОЗБОР | ХОРОСКОП | MADE IN КАНАДА
Образованието е тоа што останува откако ќе го заборавиме тоа што сме го учеле на училиште - алберт ајнштајн
Што би правеле без безнадежните? Нема ништо пострашно за ученик кога од наставникот ќе биде прогласен за „безнадежен случај“. Без оглед дали е научник, музичар или спортист, таквата оценка, обично, го крши духот на младите момчиња и девојки, преполни со идеи и амбиции. Ги повредуваат чувствата на нивните родители, кои стануваат колебливи дали да му веруваат на наставникот со диплома или на своето дете. Но, нема ни поголем мотив за отфрлените ученици да ги издржат критиките и да се обидат да докажат дека биле во право. „Не е важно што ќе прави, тој никогаш нема да постигне ништо“. Ова пред повеќе од еден век го кажал еден професор на Херман Ајнштајн, татко на „безнадежниот“ Алберт Ајнштајн. Со Роберт Годард се подбивала целата научна заедница, а тој, сепак, станал татко на модерниот ракетен погон. Вујкото почнал да го подучува Исак Њутн математика, оти внукот „не го бидувало за ништо друго“. Во поново време, Стив Џобс го отпуштија од „Епл“, телевизискиот проект „Фаличниот пансион“ беше отфрлен како „катастрофа“, на Елвис Присли му рекле дека „подобро е да вози камион“, а на „Битлси“ дека немаат иднина во шоу-бизнисот. Приказната продолжува со годинешните нобелови лауреати. сабота, 13 октомври 2012
61
Лауреати
Џон Гурдон како ученик бил опишан како „безнадежен случај“, но тој стана научник, долго ги носи титулата „сер“ и прекарот „кум на клонирањето“, a во понеделникот ја доби и Нобеловата награда за медицина, за откритието дека сите клетки во телото содржат исти гени
Од „дибек“ до н
Пишува Митко Билјаноски
В
о 1949 година, кога Џон Гурдон имал 15 години, сите се потсмевале кога ќе кажел дека сака да стане научник. На колеџот „Итон“ Џон важел за „дибек“ за биологија и добил најниска оценка од сите 250 ученици од неговата генерација. „Верувам дека тој сонува да стане научник, но со оглед на неговите актуелни познавања, тоа е смешно. Ако тој не може да научи едноставни факти по биологија, тој нема шанси да работи како специјалист и тоа би било непотребно губење време, како за него, така и за оние што треба да го подучуваат“, запишал во 1949 година неговиот професор по биологија, кој, всушност, бил музејски куратор, но по војната го ангажирале за наставник. Овој извештај денес виси урамен на ѕидот во канцеларијата на сер Гурдон. А, „дибекот“ не само што навистина стана научник, не само што долго ги носи титулата „сер“ и прекарот „кум на клонирањето“, туку во понеделникот ја доби и Нобеловата награда за медицина, за откритието дека сите клетки во телото содржат исти гени. Сер Џон ја подели наградата (и чекот на околу 1,2 милиони долари) со Јапонецот Шинја Јаманака, зашто ја урнаа старата теорија дека матичните клетки ги менуваат своите особини. До откритието на Гурдон се сметаше дека ако некоја клетка стане дел од кожата, таа ги губи генетските инструкции што можеле да ја направат и клетка од срцето, мозокот или од бубрезите. Ова откритие не е ново, но годинава Нобеловиот комитет оцени дека таа работа заслужува да се круниса со највисоката награда во медицината. Истражувањата на Гурдон отворија нови патеки на модерната медицина. Тие придонесоа за развој на идејата дека клетките од кожата може да се користат за обновување на другите оштетени делови од телото. И денес, на возраст од 79 години, сер Џон секој ден работи на истражувачки проекти на центарот што го носи неговото име на Универзитетот „Кембриџ“. Тој истакнал дека се 62
чувствува „неописливо почестен“, затоа што ја поделил наградата со својот јапонски колега Јаманака и најавил дека паричниот дел од наградата ќе го вложи за финансирање на младите научници на кои им е ментор. Денес со насмевка се сеќава на своите почетоци на „Итон“ и признава дека научните предмети навистина му биле слаба страна. Гурдон вели дека на еден испит освоил само два од можните 50 поени и постојано имал проблеми со професорите, зашто повеќе сакал да истражува и да работи на свој начин отколку да ги слуша. Иако бил „најслаб меѓу најслабите“, заминал да студира зоологија на Универзитетот „Оксфорд“. - Кога ќе се судрите со проблеми, кога некој експеримент не ви успева, а тоа се случува често, убаво е да се потсетите дека е можно навистина да не сте добар во тоа поле и оти наставникот од колеџот, можеби, бил во право - со насмевка говори сер Џон. Сонот да стане научник почнал да му се остварува кога како млад истражувач зел ге-
Џон Гурдон
Шинја Јаманака
нетски материјал од жаба, го ставил во празно јајце и набљудувал како се развива клетката. Така, уште во 1962 година станал првиот што клонирал животно, но и докажал дека и специјализираните возрасни клетки ги содржат сите генетски информации потребни за развој на сите делови од телото. Поминале десет години додека другите научници го прифатиле откритието на Гурдон. Јапонскиот професор Јаманака ја надградил работата на сер Џон и успеал, со помош на коктел од гени, да врати клетки од кожата во нивната ембрионска состојба. Овие постигнувања го прават клонирањето етички прифатливо, бидејќи со клетки од кожата може да се „поправаат“ други делови од телото. Од неколку клетки земени од кожата, во лабораториски услови, може да се одгледаат ново срце, сперма, јајце-клетки или ретина. Можно е дури и да се поправат делови од нервниот систем, оштетени од болести, како што е Алцхајмеровата или Паркинсоновата. Но, можеби, тоа ќе биде работа на некој нов „дибек“. www.gragjanski.mk
Нобелова награда за медицина и физика
нобеловец
Дејвид Вајнленд
Серж Арош
НАУЧНИЦИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА БИ БИЛО ГРЕВ ДА СЕ КОРИСТАТ СУПЕРМОЌНИ КВАНТНИ КОМПЈУТЕРИ ЗА ДА СЕ ПРОВЕРИ ЕЛЕКТРОНСКОТО САНДАЧЕ ИЛИ ДА СЕ ПОИГРА „ЕНГРИ БРДС“
Квантната иднина го засени бозонот. Микрочиповите се зрели за пензија. Следниот револуционерен исчекор во технологијата се квантните компјутери кои енормно ќе ги зголемат калкулаторската моќ и брзината на машините. Но, тие сè уште не се во оперативна фаза на развој, туку во сферата на теоретските пресметки и претпоставки. Сепак, деновиве тие се приближија чекор поблиску до нас. Добија неочекуван ветар во грб од експертите во Стокхолм, кои решија годинашната Нобелова награда за физика да им ја доделат на Серж Арош и на Дејвид Вајнленд, за нивните истражувања на полето на квантната оптика. Како и целата научна и светска јавност, Арош и Вајнленд ја примија веста со неверување. По славното откритие на „божјата честичка“ изолирана во гигантскиот Хадронски колајдер под швајцарските планини, сите беа убедени дека наградата нема да го одмине Питер Хигс, „таткото“ на Хигсовиот бозон. - Наградата на Арош и на Вајнленд им е доделена поради револуционерни експерименсабота, 13 октомври 2012
Откритието на Серж Арош и Дејвид Вајнленд може многу скоро да придонесе за конструкција на квантни компјутери, со незамисливо поголеми капацитети од сегашните „умни“ машини
тални методи што овозможуваат манипулација на индивидуални квантни системи – објави Нобеловиот комитет. Изборот на лауреатите, кои ќе поделат 8 милиони шведски круни (1,2 милиони долари), сепак, може да се покаже како исправен. Пред сè, за да се покаже дека светот на физиката не се врти само околу „божјата честичка“ и оти многу други истражувачи и научници имаат револуционерни откритија. А, откритието на колегите од Франција и од САД навистина е револуционерно и може многу скоро да придонесе за нови форми на комуникација и компјутеризација, со незамисливо поголеми капацитети од сегашните „умни“ машини. Теоријата на квантната механика говори дека светлината и материјата, кога се на ниво на елементарни честички, се однесуваат невообичаено. А, работењето со светлина и со материја на ова ниво било незамисливо пред Арош и Вајнленд да развијат решенија како да се изолираат, манипулираат и да се мерат поединечни фотони и јони, со што го отвориле овој теоретски микроскопски свет за разни истражувања и експерименти. За теоретските физичари, пак, ова откритие е важно поради иновативните техники за зачувување на деликатните квантни механички состојби на фотоните и на јоните, што со децении не можеа да се измерат во лабораториите. За сите нас е поважен потенцијалот за практична примена на овие елементарни честички во машините. Прва директна примена на техниките на Арош и на Вајнленд е во конструкцијата на часовници базирани на светлина, што го мерат времето сто пати попрецизно дури и од атомските часовници. Понатамошните испитувања, секако, ќе водат кон конструкција на суперкомпјутери што би имале неверојатно поголема моќ од сегашните. Квантните компјутери, засега само теоретски, ќе го ползуваат фактот дека фотоните и заробените атоми може да постојат во повеќе „суперпозиции“
во исто време и ќе можат паралелно да вршат калкулации во сите суперпозиции одеднаш. Во лабораториите во напредните центри веќе постојат микроквантни компјутери што можат да решаваат основни проблеми. Конструкцијата на вакви машини за употреба во домовите и на работните места е следниот чекор, но засега постои само на хартија. Скот Аронсон, експерт за теорија на калкулирање на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ), неодамна понуди награда од 100.000 долари за оној што ќе му докаже дека не може да се направи квантен компјутер за секое домаќинство. Убеден е дека ќе си ги задржи парите, но го објави облогот за да го зголеми интересот за ова поле. Сепак, не верува дека во скоро време квантните компјутери ќе ги истиснат оние со чипови. - Поминаа повеќе од 100 години од Чарлс Бабиџ и првиот транзистор. Време е да направиме нешто подобро од тоа. Веројатно нема да поминат уште сто години во кои луѓето ќе велат: „Изгледа одлично на хартија, но каде е?“ - објаснува Аронсон. Повеќето експерти денес не веруваат дека квантните компјутери ќе се користат во домовите за разни потреби, туку сметаат дека ќе бидат вградени во системи што истражуваат еден проблем, но за кој се неопходни огромен број пресметки. Други, пак, се убедени дека компјутерот на иднината ќе има и чипови и дел од новата технологија. - Дали за пет години ќе имаме квантен компјутер? Не, но ќе има такви делови. Како што денес во модерните компјутери има и главни процесори и графичка картичка. Тоа, секако, ќе биде достапно за пет години - тврди професорот Алан Вудворд. Но, и животните потреби се менуваат паралелно со технологијата. Денес научниците велат дека би било грев да се користат супермоќни квантни компјутери за да се провери електронското сандаче или да се поигра „енгри брдс“. Но, и пред половина век никој ниту замислувал ниту посакувал да има компјутер во својот дом. Кога и да е, некој ден квантните компјутери ќе се користат за забава, а дел од заслугата за тоа ќе имаат Арош и Вајнленд. 63
Феномени
Долгата редица на чекање е составен дел на општеството, но сè повеќе луѓе плаќаат дополнително за да добијат приоритетно место подалеку од опашката
Плати или ч
Андријана Атанасовска
В
ремето е пари. Чекањето во долги редици е една од формите во кои луѓето свесно вложуваат огромен дел од своето време за да заштедат некоја паричка. Или, пак, први да станат сопственици на некој новитет на пазарот, да гледаат филм што долго го очекувале, но и да ја надитрат инфлацијата, да наполнат резервоар пред да поскапи бензинот или да купат неопходен артикл што станал реткост поради економската криза. Редиците се својствени за сите општества. За разлика од стампедата, кога луѓето газат по други луѓе, чекањето во ред е подисциплинирана форма, во која понекогаш се гази само по своето достоинство за да се пробие напред. Станаа прочуени во земјите од поранешниот источен блок, кога постојаната криза ги принудуваше луѓето да ги прифатат како составен дел од животот, па и како можност за дружење, озборување и за флертување. Но, ги имаше и во „поразвиениот“ западен свет, пред маркетите што објавуваат попусти и распродажби, како и при промоција на нови телефони или конзоли за игри. Најзагреаните буквално кампираат пред влезните порти за да бидат меѓу првите. Кај нас, пак, немало голем ред во редовите и во времето на социјализмот и во новиот период на транзиција. Во турканиците се гази и по достоинството и по основните принципи на чекањето во ред – фер и еднаквост. Но, феноменот е универзален, па се третира научно и се истражуваат нови концепти на најнапредните институти и универзитети. До неодамна, долгата редица беше најзастапена и бизнисите беа горди на тој концепт. - Порано, во Њујорк, постоеше банката Хемикал, која тврдеше дека прва го вовела концептот на организирано чекање во ред. Овој модел се покажал како успешен затоа што повеќето членови на општеството се согласуваат дека најпрво треба да биде услужен оној што најдолго чека во редот - вели Ричард Ларсон, теоретичар од областа на чекање во ред 64
На американските аеродроми, приоритетните редици на чекање се застапени секаде - на шалтерите за чекирање на авиобилетите, кај обезбедувањето и на влезовите. Голем број авиокомпании ги сместуваат своите клиенти во зависност од сумата што ја платиле
на универзитетот МИТ. Но, денес, голем број Американци чекаат во поинаков тип ред - приоритетна редица на чекање, каде што одредени потрошувачи добиваат повисок приоритет затоа што платиле за тоа. На американските аеродроми, приоритетните редици на чекање се застапени секаде - на шалтерите за чекирање на авиобилетите, кај обезбедувањето и на влезовите. Голем број авиокомпании ги сместуваат своите клиенти во зависност од сумата што ја платиле. Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ е мошне непопуларна во Европа, а во исто време таа е и многу успешна. Луѓето се жалат дека треба да платат сума плус за да се качат први во авионот или за да добијат одредено место, но ни-
ските цени на летовите значат дека тие повторно ќе купуваат билети од оваа компанија. Приоритетните редици на чекање почнуваат да се појавуваат и во останатите аспекти на живеење на Американците - од автопатишта до забавни паркови. Забавниот парк „Сикс флегс вајт вотер“ во Атланта, на пример, во 2011 година имплементира систем за приоритетни редици на чекање. Некои луѓе чекаат во редици за да дојде нивниот ред. Оние што купуваат зелено-златна алка, која е опремена со радиофреквенција, може да пливаат во базенот или да ручаат пред да бидат известени дека доаѓа нивниот ред за користење на реквизитите. Гостите кои плаќаат поголем додаток, речиси двојно повеќе од цената на чинење на влезницата, добиваат златна пропусница што го намалува нивното време на чекање за половина. Компанијата вели дека овој систем доживеал огромен успех и дека се поставува во
Теорија на редиците!
Сè почнало во Данска пред стотина години, смета професорот Дик Ларсон, исклучително докажан научник кога станува збор за теоријата на редицата. Според Ларсон, редицата доаѓа со технолошкото чудо - телефонот. Доколку вашиот телефон е поврзан само со уште еден друг телефон, немате голема корист, но она што ја прави телефонијата вредна е можноста за поврзување со илјадници други телефони. Но, за тоа е потребна мрежа, повиците се „складираат“ и веднаш се испраќаат до избраната цел. Во 1909 година операторите ги „менаџирале“ повиците користејќи опрема за префрлање. За да остварат поголем профит телефонските компании треба да знаат колку оператори и прекинувачи се потребни за да излезат накрај со повиците. Доколку има дефицит на оператори и прекинувачи, повиците се испраќаат бавно, со што се создава редица нетрпеливи клиенти. Доколку, пак, се ангажираат премногу оператори и опрема, доаѓа до економска неефикасност. Секој менаџер треба точно да пресмета колку опрема или работна сила е потребна за работата да се одвива како што треба и сето тоа да биде економски исплатливо.
www.gragjanski.mk
Приоритетни редици
чекај во ред Некои луѓе, исто така, ја поздравуваат сите нивни забавни паркови низ САД. идејата. Јас многу сакав да ја користам златната пропусница, сè до моментот кога видов -Сакам кога имам можност да ги избегнам сите тие луди луѓе во сообраќајот. како една група девојки се гневни на Да стигнеш на работа навреме, свеж и друга група девојки кои носеа златни алки, па се запрашав дали овие приори- без стрес. Моето време вреди пари, мотетни редици додаваат уште нешто во ето време вреди долари. Многу е едносполаризацијата на американското опш- тавно - вели графичкиот дизајнер Клинт тество, што е актуелно политичко пра- Кинер. Но, сенаторот на Џорџија, Курт Томпсон, шање. Дали навистина е добра идејата и ги нарекува „анти-Американци“. понатаму да се делат граѓаните на прва - Тука не станува збор за подобрување на и втора класа? сообраќајот. Ова значи давање опции на Во октомври 2011 година Атланта вовела и приоритетна лента за возење на авто- оние што можат да си го дозволат тоа. патот за оние возачи кои имаат „пич пас“ Единствен резултат е креирање политика на завист. Ги дели оние што имаат од оние - цената за возење по лентата зависи од што немаат. Отсекогаш сме биле горди на тоа колку сообраќај има на неа. Овие ленти критичарите ги нарекуваат „лек- тоа дека не ги делиме луѓето на слоеви. На нашите предци не им светнала оваа сус ленти“, затоа што тврдат дека само богатите и оние што можат да си дозво- идеја - јас имам свое, ти најди си твое. Тоа не постои никаде во Уставот, во Повелбалат скапи автомбили имаат бенефит. та за правата или во Декларацијата за неПокрај цената за користење на овие брзи зависност. Но, токму оваа идеја ја создава ленти, некои возачи се вознемирени и таа слоевитост – вели сенаторот. затоа што се заменети лентите на кои може да возат автомобили со двајца и повеќе патници. Во текот на ноќта, сите возачи кои можеле бесплатно да се движат по овие ленти морале да почнат да се движат по обичните, со што уште повеќе се влошила состојбата со сообраќајот, освен за оние што ќе платат. Одделот за транспорт во Џорџија ја брани идејата за брзи ленти и тврди дека ова е можност со која им се нуди избор на фрустрираните возачи во Атланта.
Слободата на избор е фундаментално право што го имаме во САД. Во овој систем би било лудост ако некому му речете: „Да, имаш пари, но не можам да ти дозволам да избереш слободно затоа што не е фер“ - вели претседателот на колеџот „Санта Моника“, Чуи Цанг
НА КОЛЕЏОТ „САНТА МОНИКА“ ВО КАЛИФОРНИЈА СТУДЕНТИТЕ ПЛАЌААТ ЧЕТИРИ ПАТИ ПОВИСОКА ЦЕНА ЗА ДА ИМААТ ЗАГАРАНТИРАНО МЕСТО НА ПРЕДАВАЊАТА
сабота, 13 октомври 2012
Ако употребата на приоритетни ленти на чекање предизвика гнев кај некои жители на Атланта, воведувањето на овој концепт во американскиот колеџ-систем е уште поконтроверзно. Со години колеџите во Калифорнија им обезбедуваат на помалку имотните студенти пристап до високото образование. Но, потребата да се намалат трошоците принуди некои колеџи да го намалат бројот на понудени места на одредени часови, со што стана многу тешко да се присуствува на некое предавање. На колеџот „Санта Моника“ во Калифорнија видов голем број студенти кои седеа на подот или стоеја во ходниците со надеж дека ќе успеат да си обезбедат место на пребукираните предавања. - Нашите предавања се стопроцентно пополнети. Тоа е ужасно за нас, затоа што важиме за колеџ кој е достапен за сите вели претседателот на колеџот, Чуи Цанг. Сакајќи да овозможи поголем пристап, минатата пролет тој ја вовел програмата „Advance Your Dreams“. Неговиот план им овозможил на студентите да платат четири пати повисока цена за да имаат загарантирано место на предавањата, а со собраните средства би се овозможило воведување дополнителни предавања. - Тоа е како систем Робин Худ. Оние што можат да си го дозволат тоа ќе платат малку повисока цена, а дополнителниот профит ќе се искористи за оние што не можат да си ја дозволат таа цена - вели Цанг. Но, сите студенти не се убедени во системот. Претседателот на студентите, Харисон Вилс, вели дека овој предлог ги дискриминира посиромашните студенти. Несогласувањата околу системот „Advance Your Dreams“ доведе до протести, што излегоа од контрола и била потребна интервенција на полицијата. Тогаш калифорнискиот канцелар за образование побарал од колеџот да ја стави програмата во мирување. Цанг не се откажал од идејата и се надева дека ќе може повторно да ја активира во иднина. Вели дека сè уште е збунет од негодувањето што го предизвикала оваа програма. - Слободата на избор е фундаментално право што го имаме во САД. Во овој систем би било лудост ако некому му речете: „Да, имаш пари, но не можам да ти дозволам да избереш слободно затоа што не е фер“ - вели Цанг. Американците длабоко веруваат во пазарот и поради тоа што приоритетните редици на чекање генерираат профит, не е ни чудно што се застапени и во јавниот сектор. Но, дали традиционалните американски вредности, како што се фер игра и еднакви можности, се компатибилни со концептот некому да му се дозволи да си го купи патот до предниот дел од редицата на чекање? И што ќе се случи ако луѓето кои ќе платат повеќе имаат и поголеми очекувања? 65
На трибините како во дневна соба Додека технолошките гиганти се обидуваа (и во голем дел успеаја) во секој дом да ја пренесат атмосферата од спортските арени, сопствениците на салите и на стадионите се трудат да се приспособат на новите животни навики на навивачите и на трибините да пренесат дел од удобноста на домашната атмосфера Митко Билјаноски
Њ
ујорк, конечно, може да му парира на Лос Анџелес - кога станува збор за кошарката. „Мрежичките“ од Њу Џерси годинава се преселија во Бруклин и веќе имаат амбиции да создадат тим што за неколку години би ги надминал соседите од Медисон сквер гарден и би се борел за шампионскиот прстен во НБА-лигата. Њујорчани, пак, добија сосема нова сала во која ќе можат да следат спортски натпревари и концерти. Центарот „Барклис“ беше исполнет до последното место, кога на 28 септември беше отворен со концертот на рап-ѕвездата Џеј Зи. Објектот не е нова градба. Минувачите можат да ја забележат ’рѓата на надворешните челични столбови - тие создаваат портокалови дамки на плочникот. Но, новите сопственици вложија 1 милијарда долари за темелна реконструкција на внатрешноста и тврдат дека арената денес е технолошки најмодерна во светот. Кога ќе се земе предвид големината на сумата, се наметнува прашањето кога (и дали воопшто) вградените нови чуда на технологијата ќе им ги вратат вложените пари на инвеститорите. Арената, секако, ќе ја надживее актуелната финансиска криза 66
и ќе дочека време на повисок стандард на жителите на Њујорк. Поголем предизвик е да се надмине кризата со посетеност на спортските натпревари. Голем број домаќини на спортски тимови размислуваат да ги продадат брендовите на други градови поради сè послабите приходи од продажбата на влезници и „спортска занимација“ - сите сендвичи, пуканки, пиво и кола во пластични чаши и другите придружни дреболии без кои не може да се замисли посета на арените. Токму технолошкиот развој е посочен како една од главните причини зошто опаѓа посетеноста на натпреварите, дури и кога се зголемува гледаноста. Трибините, пред сè, се големи, па од последните редови речиси воопшто не може да се следи што се случува на теренот. Но, така било и порано. Разликата е тоа што сопствениците на клубовите бавно се приспособуваат на промените во општеството и својот интерес за рентабилно функционирање на салите го фокусираат претежно на продажбата на пуканки и пиво, како и на освежување на тимот со нови ѕвезди (заради продажбата на нови дресови). Тие останаа имуни на промените во надворешниот свет и на новите потреби на луѓето кои плаќаат и не толку евтини билети за натпреварите. Од друга страна, со екстремно голема брзина се развиваат технологиите за информатика и комуникација.
Кога „Каубоите“ од Далас се преселиле на новиот стадион, повеќето луѓе од трибините гледале во гигантскиот екран со висока резолуција наместо кон теренот
Одамна помина времето кога на телевизорите едвај можеа да се забележат броевите на дресовите на кошаркарите. Домашните кина денес нудат огромни екрани, големи колку половина ѕид, спроти удобниот кауч во дневната соба. Аудиосистемите имаат и по осум звучници за да се долови реалната атмосфера. И, секако, новата технологија 3-Д веќе не е само луксуз за најбогатите, односно сè повеќе домаќинства имаат можност да следат натпревари како да се веднаш зад клупата со резерви, а не високо на трибините. Преносите се вршат со десетици камери со висока резолуција, па во паузите, од каучот, навивачите имаат можност забавено да ги видат деталите што не ги забележале дури ни судиите, а да не зборуваме за луѓето на трибините. Најзагрозените, пак, покрај себе имаат и преносни компјутери или смарт-телефони на кои во реално време ги гледаат сите можни статистики. Секако, домашниот комодитет овозможува и со притискање на едно копче да се замине на друго дерби - од „Барклис“ во центарот „Стејплс“, на пример. Единствена предност на луѓето на трибините е тоа што во паузите може да ги следат клупските танчарки, и тоа во живо, наместо да бидат бомбардирани со рекламни пораки. И додека технолошките гиганти се обидуваа (и во голем дел успеаја) во секој дом www.gragjanski.mk
Технологија да ја пренесат атмосферата од трибините, сопствениците на „Барклис“ се потрудија, барем за нијанса, да се приспособат на новите животни навики на навивачите и да пренесат на трибините дел од удобноста на домашната атмосфера. Покрај метроата и авионите, спортските арени во САД се на лош глас како една од „жолтите точки“ на која не може да се фати силен сигнал од мобилните оператори. Тоа не може да го издржат зависниците од комуникација, па тие не се разделуваат од умните телефони и таблети. Овозможувањето чист сигнал за 18.000 луѓе на исто место, пак, е тежок предизвик. Тоа е цел град собран на едно место. Многумина успеаја на гледачите да им овозможат пристоен сигнал, кој барем ќе им ги задоволи потребите да се закачат на мрежите, како што се „Фејсбук“ и „Твитер“. Сопствениците на „Барклис“ направија чекор понапред. Нови технолошки решенија сега им овозможуваат на гостите во салата не само да имаат добар сигнал на џебните мониторчиња, туку и да ги добиваат сите статистички податоци, повторените снимки, дури и пренос од камерата насочена кон нивниот омилен играч, ако посакаат. Уште поголем е предизвикот со кој се соо-
сабота,13 октомври 2012
ЕДИНСТВЕНА ПРЕДНОСТ НА ЛУЃЕТО НА СТАРИТЕ АРЕНИ СТАНА ТОА ШТО ВО ПАУЗИТЕ МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДАТ КЛУПСКИТЕ ТАНЧАРКИ, И ТОА ВО ЖИВО, НАМЕСТО ДА БИДАТ БОМБАРДИРАНИ СО РЕКЛАМНИ ТЕЛЕВИЗИСКИ ПОРАКИ
чуваат големите стадиони, каде што и до 100.000 гледачи, сите со своите умни апаратчиња во џебовите, се собираат за да ги следат тимовите во американски фудбал. Кога „Каубојси“ од Далас во 2009 година го промовираа новиот стадион, десетиците илјади гледачи буквално не можеа да ги одделат погледите од гигантскиот екран висок 22 метри, на кој во висока резолуција можеа да го следат директниот пренос од натпреварот, со сите придружни елементи. Колку и да се чини апсурдно и парадоксално, повеќето луѓе од трибините гледале во екранот наместо кон теренот. Но, трикот успеа. Сега сите нови стадиони планираат да се опремат со такви екрани. Со силните Wi-Fi сигнали, домаќините имаат можност и за интеракција со гледачите, што не е возможно ако останат дома. Да ги анимираат во разни наградни игри, лотарии или за бодрење на својот тим. Непрогласената војна за навивачи почна одамна. Домашното кино тргна во силна офанзива, но спортските арени покажуваат дека не се поразени. Убедени се дека ако понудат нови искуства на трбините, сигурно ќе привлечат повеќе луѓе на стадионите, а анимирањето повеќе луѓе привлекува и повеќе спонзори и, секако, повеќе пари.
67
Михаел Шумахер
Махер за победи и за инциденти Нагаѓањата за тоа колку се големи можностите на трагично загинатиот Аиртон Сена, најталентираниот возач во Ф1 воопшто, се единствен аргумент со кој неговите фанови настојуваат да го оспорат она што тешко може да се оспори – дека Шумахер е најдобар пилот во историјата на Формула 1 68
www.gragjanski.mk
Фељтон
Пишува Митко Билјаноски
И
ли го сакате или го мразите. Кон него не можете да бидете рамнодушен. Михаел Шумахер постигна повеќе од кој било друг пилот во циркусот на четири тркала наречен Формула 1. А, малку е за верување дека некој некогаш воопшто ќе успее да се доближи до достигнувањата на Шуми. Седум титули и 91 победа на гран-при трките. Објавувајќи го своето второ и, веројатно, последно заминување од патеката, се чини дека Германецот разбрал оти повеќе нема енергија да се натпреварува со младите лавови. Годинава се бореше со уште петмина шампиони на патеката. Сепак, на преостанатите пет трки до крајот на сезоната ќе се обиде да даде сè од себе, да ја разбранува тесната трка за титулата, па зошто и да не победи на уште една трка. Тоа, сепак, ќе биде многу тешко, зашто сребрениот „мерцедес“ што денес го управува е бледа сенка на оној што беше вграден во „обединетите бои на Бенетон“, а да не говориме за трките поминати во црвеното „ферари“. Од кој агол и да се посматра, кариерата на Шуми е поделена на два дела. За тоа придонесе и тој самиот со првото повлекување. По трката во Монца во 2006 година, тој го информира светот дека се пензионира и медиумите веднаш го пренесоа тоа како крај на една ера. На возраст од 37 години, тоа беше и логично. Имаше постигнато сè што може да посака секој пилот на Ф1. Освен седум титули и убедливо најмногу победи, постави недостижни рекорди. Во сите трки во 2002 година беше на подиумот и ја освои титулата шест трки пред крајот на сезоната. Во 2004 година победи дури на 13 трки, а седум една по друга. сабота, 13 октомври 2012
Никој подобро од него не го разбираше и не го чувствуваше болидот. Во секој свијок, на секоја целна рамнина, знаеше што му недостига и како може да се подобри тоа. Потоа инженерите имаа лесна задача
Малку е познато дека Михаел Шумахер дал дури 50 милиони за добротворни проекти од оние стотици милиони долари што ги заработил како пилот и од реклами
По три години пауза реши да се врати. Му за- и мотив да продолжам. Постигнав толку многу... Уште во 2006 година кажав дека батериибележуваа дека така само ќе го затемни тоа те ми се празни. Не бев сигурен дали можам што го остави зад себе, дека местото не му е покрај новите шампиони, како што се Алон- повторно да ги наполнам. Сега чувствувам дека повторно е време да добијам слобода. со, Хамилтон и Фетел. Но, се чувствуваше должен да му помогне на „мерцедес“. А, само „Новиот“ Шумахер омекна, почна да прифаќа Шуми и можеше да му помогне на „мерцедес“. грешки. Повеќе ги почитуваше помладите колеги. Како да се врати на патеката не само Можеби ги немаше вродениот возачки талент и смелоста на Аиртон Сена, но никој подобро за да го развие „мерцедес“, туку и да ги измие гревовите од минатото, да ја заслужи почиод него не го разбираше и не го чувствуваше тта за своите постигнувања. На неколку трки болидот. Во секој момент, во секој свијок, на секоја целна рамнина, знаеше што му недос- пред второто заминување, се чини, му успеа тига и како може да се подобри тоа. Потоа ин- тоа. женерите имаа лесна задача да ги послушаат - Мислам дека тој е најдобриот возач на денешнината - изјави Рос Браун. Иако ваквата изјава советите на Шуми и да го направат болидот не би требало да е нешто ново за најуспешнипобрз и полесен за управување. Навистина, Шумахер не постигна многу по от возач во историјата, сепак, е тоа и стигнува во момент кога тој воопшто не победува и враќањето на патеката. Во три сезони само еднаш заврши на подиумот, и тоа на најни- кога стана „здодевен“. Колебањето не беше дел од „стариот“ Шумаското, трето, место. Искуството не можеше да хер. Пред првото повлекување беше самоувесе рамни со енергијата на младите Хамилтон рен, и кога му одеше лошо и кога победуваше и Алонсо, особено со сонародникот Фетел, кој со 23 години е најмлад двоен шампион, а го- со своето „ферари“. Знаеше дека кај фановите никогаш ќе ја нема аурата на Сена, на Хуан динава не е далеку ни од третата титула. Не Мануел Фанџо или на Џим Кларк, но на патебеше ни многу интересен за медиумите. ката беше безмилосен. Буквално ги туркаше Но, ја постигна својата цел. Кога дојде во „сребрените стрели“, тие заостануваа по не- настрана своите противници кога му беше потребно тоа. И никогаш не ја признаваше колку круга зад водечките болиди. Со помош на советите од Шумахер, годинава „мерцедес“ вината. Затоа и беше најомразен шампион во историјата. забележа една победа, иако на подиумот во Кина се искачи неговиот партнер Нико Роз- Дури и кога го врати „ферари“ на светскиот врв, Италијанците ги славеа неговите побеберг. Мисијата беше завршена. ди, но не го величаа Шумахер. Им пречеше - Долго време се колебав дали имам енергија 69
Фељтон што се однесуваше „премногу германски“ зад воланот на дивиот црвен болид. - Кога влегов во Формула 1 (за тимот на „џордан“ во 1991 година), веднаш целото внимание се насочи кон мене. Постојано бев под силен притисок. Премногу очекуваа и бараа од мене. Во текот на годините ми беше тешко да излезам накрај со тоа... Во периодот на паузата бев олабавен и слободен, па ми беше полесно да се најдам себеси. Кога се вратив, забележав дека е возможно да бидам отворен, да уживам, но во исто време и да не го изгубам фокусот. Тоа ми беше туѓо во првиот дел... Сега имав поголема слика, поголемо искуство, полесно излегував накрај со проблемите. Којзнае дали „олабавениот“ Шумахер ќе освоеше сè што освои „безмилосниот“. И самиот, веројатно, не би знаел дали би му се исплатело да менува неколку од своите титули за поголема почит од колегите и од публиката. Бидејќи, сепак, во историјата ќе замине како омразен шампион. Бидејќи многу победи и титули освои благодарение на својата „темна страна“.
Рубенс Барикело секогаш му помагаше да освои некој поен повеќе
Од последниот голем инцидент, на патеката во Малезија, се извлече без повреди
Победничкиот поход го почна со инцидент - на последната трка во 1994 го попречи Хил, кој тргна да го заобиколи. И двајцата завршија во аут, но титулата беше освоена еден поен предност во однос на Дејмон Хил. Ниту една сезона во Ф1 не била толку бурна како во 1994 година. Повеќето стари шампи- За да ја освои титулата, на последната трка они веќе се повлекле или биле пред замину- не смееше да заврши зад Хил. Шумахер тргна вање. По три трки во сезоната, на квалифи- добро, но Хил го гонеше. Под силен притисок, кациите во Монца загина Роланд Раценберг. Шумахер направи грешка и удри во оградата, Веќе следниот ден, на трката, трагично за- оштетувајќи го својот болид. Но, остана на патеката и кога Хил тргна во маневар за да го гина легендата Аиртон Сена. Заминувањето заобиколи, не се колебаше да го попречи. И на шампионите му го трасираше патот на Шумахер до титулата. До крајот на сезона- двајцата завршија покрај патеката, но првата титула беше освоена. та тој победи во девет трки. Но, ја покажа и својата темна страна. Неговиот тим „бене- Слична ситуација имаше и во 1997 година, тон“ постојано беше обвинуван дека мами. кога Шумахер веќе возеше „ферари“. На поИнспекторите од ФИА открија во болидот следната трка Жак Вилнев мораше да биде недозволен систем за контрола на тракцијата. пред Шумахер за да ја освои титулата. На почетокот на 48. круг Вилнев доцнеше само Откако болидот на неговиот тимски колега една секунда, но кога се обиде да го престигЈос Ферстапен пламна за време на Големата не, Германецот повторно направи маневар награда на Германија, истрагата утврди дека бил отстранет филтер од доводот за гориво. „камикаѕе“ и удри во Канаѓанецот. Сепак, овојпат остана дамката, но не беше постигната Неколку години подоцна Ферстапен тврдеше дека болидот на Шумахер содржел недозво- целта. Шумахер ја заврши трката, но Вилнев се врати на патеката, ги освои третото место лени елементи. Зад воланот, Шумахер се вклопи во „измам- и титулата. Шумахер, пак, беше казнет со ничкиот имиџ“ на „бенетон“. На трката во одземање на сите поени од таа сезона, но тоа не му беше многу важно. За него сè, освен поБританија беше дисквалификуван затоа што беда и титула, беше неуспех. го престигна Дејмон Хил во загревачкиот Инцидентите продолжија дури и кога „феракруг, а потоа беше казнет со забрана за настап на уште две трки зашто го игнорираше црно- ри“ беше апсолутно доминантен на патеката. Во Австрија, во 2002 година, на чело беше нето знаме за дисквалификација. По трката во говиот клупски колега Рубенс Барикело. Но, Белгија му беше одземена победата поради тимот му нареди да забави, за да може Шумапрекршувања на технички карактеристики хер да го стигне и да го престигне, за да освои на болидот. Така, и покрај деветте победи, во повеќе поени и да ì се приближи на новата последната трка во Австралија влезе само со 70
www.gragjanski.mk
Михаел Шумахер
Хамилтон ќе го замени зад воланот на „мерцедес“
Првите големи успеси ги постигна во „бенетон“
титула. Наспроти исвиркувањата, дури и од фановите, Шумахер го престигна Барикело на целната рамнина. Дури ни неговото инсистирање Барикело да застане на врвот на подиумот не ги стивна свиркањата од публиката и критиките од јавноста. Овие инциденти фрлаат голема сенка на возачките вештини на Шумахер, што се покажаа огромни уште на неговиот прв мегдан со најдобрите. Вратата во Формула 1 му ја отвори темпераментот на Бертран Гашо, кој заврши во притвор по физичката пресметка со таксист во Лондон. Вили Вебер, менаџерот на Шумахер, успеа да го турне младиот 22-годишен Германец во испразнетиот болид, претставувајќи го како одличен познавач на следната патека – во Спа Франкоршам. Шумахер, пак, воопшто не ја возел патеката и пред квалификациите пешачел по неа за да се запознае со нејзините свијоци. Сепак, на своето прво влегување во болид на Ф1 возеше седмо најдобро време на квалификациите, а дефектот на спојката во првиот круг го спречи да го прикаже во целост својот талент. Сепак, и квалификациите беа доволни за да привлече внимание. Веднаш потпиша договор со „бенетон“. Во бурната 1994 година имаше премногу инциденти на патеката и во гаражите, па малкумина го паметат подвигот на Шумахер во Барселона, што, практично, и му овозможи да ја освои својата прва титула на крајот од сесабота, 13 октомври 2012
„Новиот“ ШуМАхер оМекНА и приФАЌА греШки. кАко дА Се врАти НА пАтекАтА Не САМо зА дА го рАзвие „МерцедеС“, туку и дА ги изМие СтАрите гревови, дА јА зАСлужи почиттА зА Своите поСтигНувАЊА зоната. Беше на чело кога му се расипа менувачот и му се заглави во петта брзина. Сепак, Шумахер успеа да го дотурка болидот до победа, возејќи го во „петта“ до крајот на трката. Од 91 победа, за најбрилијантна ја сметаат таа во Нирбургринг во 1995 година. Иако доцнеше 42 секунди зад Жан Алеси, сепак, успеа да ја намали разликата за 27 круга и го престигна во претпоследниот круг. На крајот од сезоната Шумахер беше прв, 33 поени пред Дејмон Хил, а пред да си замине на „бенетон“ му ја донесе титулата. По преминувањето во „ферари“ се соочи со низа технички проблеми, но тој ја вадеше ситуацијата на асвалтот. Особено кога беше влажен. На трката во Каталуња брзо заостана на шесто место, но возеше феноменално на дождот и не само што ја обезбеди победата (со разлика од 45 секунди), туку го доби и прекарот Регенмајстер (крал на дождот). Во 1998 година водеше голема битка со Мика Хакинен, стариот ривал уште од времето кога двајцата возеа во Формула 3. Но, на последната трка, на која се решаваше титулата, „ферарито“ се прегреа уште на стартот и го изневери, враќајќи го на опашката, а оттаму не успеа да направи подвиг. Ни 1999 година не му ја донесе титулата на „ферари“, иако тој веќе стана доминантен болид. Почна добро, но во Силверстон излета од патеката и удри во заштитната ограда, при што скрши нога. Малку недостигаше на вториот возач Еди Ирвајн да му успее она за што беше ангажиран Шумахер. На неколку трки пред крајот тој беше на врвот на табелата, но од несфатливи причини, при едно вообичаено застанување во боксот, му ги извадија четирите гуми, а му ставија само три. „Заборавената“ четврта гума беше донесена дури по половина минута, со што на Хакинен и на „мекларен“, практично, им беше подарена титулата. Некои велат дека Ирвајн бил жртва на манипулациите во „ферари“. Уште со доаѓањето во „ферари“ Шумахер стана најдобро платен пилот во Ф1. Ако Ирвајн, кој добиваше речиси десет пати помалку пари, ја освоеше титулата за „ферари“, зошто тогаш толку многу би го плаќале Шумахер? Во 2000 година сè си дојде на свое место. Шумахер, овојпат во комбинација со Рубенс Барикело, ја освои својата трета титула и, конечно, го врати „ферари“ на врвот. А, Шумахер и „ферари“ останаа на врвот и следните четири години. Во 2005 година оваа партнерство не успеа да
рекордите НА ШуМи: титули:
7
(1994, 1995, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004) титули по ред:
5
(2000 – 2004) најрано освоена титула:
6
трки пред крајот на сезоната (2002) титула со најголема предност во поени:
67
(2002) победи:
91 7
победи по ред: (2004) победи во една сезона:
13
(2004) победи со еден тим:
72
(„ферари“) победи на едно гран-при:
8
(Франција) победи на различни гран-при:
22
најдолг период од првата до последната победа:
14 32
години и дена број на сезони во кои победил на гран-при:
15
(1992-2006)
стигне до титулата поради изменетите правила, можеби, воведени токму за да се запре нивната доминација. Следната година Шумахер веќе имаше сериозен противник - Фернандо Алонсо. Возеше добро, но не успеа да го надмине. Последната победа ја забележа во Шангај и на Големата награда на Јапонија го најави своето второ повлекување. Велеше дека ќе им се посвети на сопругата Корина и на децата Џина Марија и Мик, кои дотогаш успеваше да ги задржи подалеку од љубопитната јавност. Првата пензија ја помина со нив на имотот во Гланд, на брегот на езерото Женева, во куќа од 650 квадратни метри, со подземна гаража и со сопствена бензинска станица. Ќе може повеќе време да помине јавајќи коњ или талкајќи по природата со двете кучиња. Ќе има време да игра фудбал и да ги исполнува функциите како амбасадор на Сан Марино и на УНЕСКО (во чии фондови вложи 1,5 милиони евра). Ќе може поактивно да се посвети на програмите за безбедност на патиштата, во кои беше вклучен по казна, по инцидентот на патеката во 1997 година. Конечно, ќе може дел од своето огромно богатство (во 2004 година беше рангиран на второ место на списокот на најплатени спортисти) да подари во добротворни цели, како што правеше и досега. Веќе финансираше изградба на училиште за сиромашни деца во Дакар, Сомалија, а парично ја помага и болницата за деца-жртви на војната во Сараево. Во Перу, пак, го основа центарот „Палата на сиромашните“, кој им помага на бездомните деца да добијат храна, облека, лекови, засолниште и образование. Малку е познато дека дури 50 милиони, од стотиците милиони долари што ги заработил како пилот и од реклами, дал за добротворни проекти. Којзнае каква ќе беше кариерата на Шумахер ако не се случеше трагедијата на Аиртон Сена, кој загина на патеката во период кога постигна пилотска зрелост. Нагаѓањата за тоа колку беа големи можностите на Сена, најталентираниот возач во Ф1 воопшто, се единствен аргумент со кој неговите фанови го оспоруваат тоа што тешко може да се оспори - дека Шумахер е најдобар. Секој што го сакал Сена, инстинктивно чувствува презир кон титулите на Шумахер. Сите што во директен пренос ги следеле финалните трки пред десетина години нема да ги заборават сцените кога Шумахер удираше во Хил и во Вилнев. За новите генерации, пак, кои го „фатија релаксираниот Шумахер“, тој долго ќе остане како возач што понекогаш освојувал победи. Тие имаат нови идоли – Алонсо, Фетел и Хамилтон. Циркусот на четири тркала денес се потпира на млади и енергични возачи. Наскоро во нови шампиони ќе прераснат Серхио Перез, Пастор Малдонадо, можеби, некои нови пилоти што денес тропаат на портите на големите тимови. Ќе се раскажуваат нови легенди, но долго, долго, можеби, до самиот крај на Формула 1, тешко дека некој од нив ќе ги достигне резултатите што ги постигна Шумахер. А, до тој момент, го сакале тоа некои или не, Шумахер ќе остане крал на Формула 1. 71
Време за пауза
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 Хоризонтално 1. Slaven {panski slikar (Gernika) - na{ kompozitor, Kiril 2. Prefiks za zemjodelie - merka od sto litri - kotelec 3. Vid kowski od - mesarski no` - eskimska vetrovka - ma{ko ime (nag.) 4. Potomci na bogot Eak - ~ileanski fudbaler - dve bukvi 5. Toni Micevski - hrvatski kulturen rabotnik, Juraj [trosmaer - hristijanin (tur.) - amerikanska peja~ka, Hil 6. Imaginaren broj - rabotna soba okrug, podra~je - stoka 7. Amerikanska gimnasti~arka, Paterson - tricifren broj - odeci ruska akterka, Arepina 8. Adverb (skr.) - vid zarazna bolest - kradewe (razg.) - rendgen 9. Druga - holivudski akter, Kostner - snimatelska tehnika 10. Specijalist po svilarstvo - poznata pla`a vo Rio - sad za tol~ewe 11. Makar - sredstvo za orawe - pro-
storija, soba - star `itel na Potisje 12. Nikola Ristanovski - starorimski car - staroevrejski muzi~ki instrument - natprevari vo brzina - znak za galium 13. Avtoznak za Ohajo - ~uvar na bogatstvoto (razg.) - argentinski fudbaler, Abel - zol duh vo zendskata mitologija 14. Namotki - eden programski jazik - francuski peja~, Salvator - ezero vo Finska 15. Zimski vrne` - predmet kupen za spomen - sve{teni~ki ~in 16. Staro egipetska grobnica {panski fudbaler Вертикално 1. Golemo voodu{evuvawe; zanes istozna~en zbor 2. Staroto ime na Zagreb - turska poetesa, Kalide Edib - poznata svetska skija~ka, Person 3. Zaednica me|u ma` i `ena - xelat - ostrovi vo Karipsko more 4. Usni soglaski - NBA ko{arkar, Morning - tritium 5. Avtoznak za Oregon - pe~alba, }
ar - muslimansko `ensko ime 6. Znak za fosfor - holivudska akterka, Spejsek - rimska bo`ica na zorata - Udo Baer 7. Me|unarodno zdu`enie na hotelieri - prefiks vnatre - vid zelen~uk 8. Poznata svetska peja~ka - italijanski slikar, Antonio Kanaleto 9. Stara merka za te`ina - masa sli~na na kau~uk - boksersko borali{te 10. Pewu{ka - vid vle~uga, sli~na na zmija - italijanska peja~ka, Zadora 11. Znak za mala rokada - obuka pra`iteli na [panija 12. Tehnika na slikaweto - prodava~ na ikoni - znak za sulfur 13. Del od xamija - naziv za Mala Azija - pliva~ki klub (skr.) 14. Rasprskuva~, sprej - holivudska akterka, Karera 15. NBA ko{arkar, Batler - zalak NBA ko{arkar, Lamar 16. Dr`avna blagajna - na~in na vladeewe vo Star Rim - gr~ka bo`ica na odmazdata
17. Germanija - grani~en premin me|u Bugarija i Srbija - {pansko ma{ko ime 18. Izvik - italijanski polaren istra`uva~, Umberto - holivudski akter, Den 19. Falti - golem kazan (mn.) - Edi Irvajn
20. “Svetska zdravstvena organizacija” - japonski politi~ar, Seiti - golemo vodeno prostranstvo 21. [vajcarski {ahist, Viktor angliska dr`avni~ka, Ta~er (@ eleznata Ledi) 22. Sudska presuda (tur.) - staro slovene~ko kne`evstvo
Решение од минатиот број
www.gragjanski.mk
Хороскоп од 13.10.2012 до 19.10.2012
Времеплов
Овен
Бик
21.03-19.04
20.04-20.05
Засега плановите ќе ви останат само на хартија. Не губете надеж, бидејќи ќе успеете да го реализирате замисленото, но со одредено задоцнување. Само трпеливо и ладнокрвно. Слаба точка на овните се жлездите и хормоните. На нив не можете да влијаете, но треба да внимавате на исхраната. Комуникацијата со партнерот е еднострана. Како да не слуша што му зборувате. Слуша, но повеќе му одговара така да се однесува.
Работата бара усовршување за да напредувате во кариерата. Ѕвездите се поволни за биковите што се занимаваат со интелектуална работа. Стравот од реалноста и лошите навики се последица на неадекватната комуникација. Престојот во природа ќе ви помогне да постигнете внатрешна хармонија. Ракот е вистински избор за вас, не го одбивајте. Со неколку совети ќе ви помогне да го решите проблемот.
Рак
Лав
21.06 - 22.07
23.07– 22.08
Евидентна е деловната експанзија. Иако се работи за мали нешта, задоволно ги триете рацете. Без причина еден проект ве прави несигурни. Променливиот крвен притисок ви прави проблеми со срцето. Здравјето ќе ви биде подобро ако избегнувате конфликти и лица кои ви се мешаат во приватноста. Девиците ви се слаба точка. Со нив може да доживеете подеми, но и падови. Пожилави сте отколку што мисли партнерот.
Занимавањето со небитни нешта води кон губење на суштината и негативно се одразува на работата. Ги избегнувате советите што не ви се по волја. Зафатени сте со плановите, па немате време да размислувате за здравјето. Некои лавови ги очекува промена кон подобро, но откако ќе ги отстранат пречките. Сфативте дека со итрина можете да дојдете до срцето на партнерот. Колку што повеќе го мачите, толку тој повеќе ве сака.
Вага
Скорпија
23.09 - 23.10
24.10 - 22.11
Опкружени сте со лица кои не ви влеваат доверба. Не само што не ви помагаат, туку и ви одмогнуваат. Но, вам ви е лесно зашто имате многу конструктивни идеи. Здравствената состојба се манифестира преку променливото расположение и незадоволството во комбинација со стомачни тегоби. Вразумете се - јадете редовно. Бурните емотивни ситуации ги прават односите динамични.
Лесно ги завршувате работите. Постигнувате значајни резултати. Имате пари, но како да ви минуваат низ прсти. Постојано инвестирате во нешто ново. Можни проблеми со срцето и со хормоните поради претерување во задоволствата. Пожелно е да се најде златна средина за сè, па и за пороците. Го идеализирате партнерот и сè уште не ги согледувате неговите грешки. Кога ќе ги осознаете, ќе биде доцна.
Јарец
Водолија
22.12 - 19.01
20.01 - 18.02
19.02 - 20.03
Конфликтната ситуација бара ладнокрвност. За вистинско чудо, успевате во тоа. Владеете со ситуацијата, но го прикривате стравот дека нема да профитирате. Главоболката ја предизвикуваат синусите. Тоа ви е хронично слаба точка на организмот и сами најдобро знаете што треба да направите. Иако упорно му се наметнувате на саканото лице покажувајќи доминантност, партнерот без кавга го постигнува тоа што го наумил.
Очекувајте материјална добивка. Работата ви е здодевна затоа што не се случува ништо интересно. Но, барем паричникот ви е полн. Наредниот период може да биде непријатен поради проблеми со стомакот. Собирањето течности во организмот ве прави мрзливи и тромави, па пијте ги лековите. Врската со ракот е идилична, но размислувате колку долго ќе трае. Премногу ги анализирате чувствата за сметка на спонтаноста.
Успехот е очекуван, бидејќи сте амбициозни. Имате голема енергија и постигнувате значајни резултати, но не претерувајте. Депресијата, меланхолијата и празните планови прават да бидете лошо расположени, злобни кон околината. Тоа е начин на размислување, а не болест. Никако да го најдете вистинското лице и да се усогласите со партнерот. Огорченоста поради киксовите во минатото заменете ја со духовноста.
сабота, 13 октомври 2012
16 октомври 1793
Во Париз е убиена француската кралица Марија Антоанета, жена на францускиот крал Луј XVI, кој порано завршил на гилотина.
17 октомври 1878
Близнаци 21.05 - 20.06 Несвесно манипулирате со соработниците поради нерешителноста. Избегнувате одговорност и ангажирање. Сега сте во релативно добар период. Суетата е задоволена - уживате со лицето кое го сакате - сами себе. Партнерот секојдневно го става вашето трпение на проба. Кога ќе помислите да му свртите грб, тој прв се повлекува. Постојано се наметнувате и се докажувате. Не правете го тоа во погрешно време и место. Девица 23.08 - 22.09 Иако максимално се залагате, имате впечаток дека сè е залудно. Како работите да не ветуваат поволен исход. Нетрпението ве депримира. Болките во нозете, проблемите со вените и депресивната состојба се реална здравствена слика. Носете удобни обувки и не се обвинувајте сами себе. Врската е во криза. Преиспитајте си ги грешките. Чувствувате безизлезност и не знаете што да направите. Разговарајте отворено. Стрелец
Започнува Кресненското востание на македонскиот народ против османлиската власт, а за ослободување на Македонија и за создавање независна држава.
18 октомври 1867
САД официјално ја преземаа сопственоста на Алјаска од Русија. Земјата е купена за вкупно 7 милиони долари.
23.11 - 21.12 Одличен период за потпишување договори, закажување состаноци, учење и за образование. Избегнувајте судски спорови, може да бидат долготрајни. Болките во долниот дел од грбот не се поврзани со ’рбетот, туку се рефлексни. Веројатно станува збор за намалена функција на бубрезите. Партнерот го ставате на прво место. Не сте задоволни од случувањата, но знаете што можете да очекувате од него. Тука нема дилема. Риби
Made in Канада From: invictus@freemail.org To: ivan_kostadin@bell.ca Subject: re: za blagodarnosta Date: 12/10/2012
From: ivan_kostadin@bell.ca To: invictus@freemail.org Subject: fala i’ na kjurkata Date: 9/10/2012 Уште не сум го доживеал тоа, ама ми објаснуваат дека дента кога официјално ќе добијам канадско државјанство, една од четирите обврски што ќе ми ја зададе судијата е да се трудам да ги интегрирам новодојденците во ова општество. Денот на благодарноста како да е создаден со оваа мисла. Некогаш, во минатото, канадскиот парламент прокламирал дека „Денот на благодарноста е време да му се заблагодариме на Севишниот за плодната жетва со која била благословена земјата“. Денес, за најголемиот број Канаѓани, овој празник претставува ден во кој се дели оброкот со поширокото семејство. Се готви мисирка, полнета со разни интересни работи, се весели, се јаде, се разговара... И мора да признаам, засега, Денот на благодарноста во животот на еден македонски имигрант во Канада има многу интересно место. Минатата година, кога се доселивме овде, отидовме кај едни пријатели на мисирка. Оваа година, пак, ние викнавме едни пријатели кои дојдоа во Канада ова лето. Ние минатата година си поминавме супер, затоа што многу е убаво кога среде Торонто ќе отидеш кај некого на гости, па уште на ручек, па уште на традиционална софра (па, малку и ќе си се подраспрашаш што е што, па некој „наш“ ќе ти објасни што е што „кај нив“ за овој празник). Ми изгледаше дека оваа година и нашите гости си поминаа добро. Како и да е, сфаќам дека празникот е идеална прилика да им се каже „добредојде“ на новодојденците во земја полна со новодојденци. А, чудно е, мајката, како постои овој празник на место на кое, уште од првата секунда кога ќе слеташ, учиш да си благодарен за разни работи, што дома не ги ни регистрираш. Благодарен си за станот што ќе си го најдеш овде, за работите со кои ќе го „наместиш“, благодарен си за секој новосоздаден контакт што те изненадува пријатно, за секој долар што ќе го заработиш на новата работа. А, тогаш почнува да се случува и уште една интересна работа: стануваш благодарен за многу од работите што се ексклузивно твои - твоите родители, роднини, пријатели, твојот јазик, твојата планина, твојот залез, твоите места на искачање, убавите моменти поминати во твојата земја, во твојот град, во твојот стан „дома“, во твојот (поранешен) кревет... Благодарноста, пак, јасно те води до една друга интересна појава: почнуваш да се интересираш за сите оние работи што си ги земал здраво за готово, а кои веќе не се околу тебе, затоа што сфаќаш дека обврската за благодарност за македонските песни, приказни, книги, филмови, јазик или кујна, овде, во Канада, паѓа на мене. Па, ајде, препрочитувај го Цепенков пак, нарачувај го Зборникот на Миладиновци по луѓе, м’кни фотографии од Кораб и од Солунска Глава, окапувај со саати на телефон со тетка ти за оној нејзин неповторлив рецепт за пита... Ете ти - да ми зборуваше некој дека вакви мисли ќе ме преплават поради една мисирка, немаше да верувам. А, супер беше. Не дека сега ти се правам тебе интересен, ама мене првпат ми светна како едното води кон другото. Многу бев благодарен што се собравме и си поминавме добро. Не треба повеќе. Не смее помалку. Поздрав, Иван
За
БЛА ГО ДАР НО СТА Гласовите ги позајми Огнен Георгиевски
Кај си, бе, Иване, „куќо стара“ Арно се јави - се изгуби откоа отидовте. Видов си ме барал, ама извини пријателе - ја више бев авион направен. А, да ти кажам и арно што пиша, зашто како ми тргна со гужва на работа, ќе те заборавев, скроз... Добра ти беше поракана. Ние овде имавме шанса да вежбаме „благодарнос без мисирка“ (ко што вика бифеџијата наш), туку со сериозен повод: 11 октомври, ти текна? Коа ни шибнаа два кеца, за првата пушка во Прилеп, па ја тебе те викав „Просветениот“, а ти мене „Кашата“? Ти текнуе кој беа тие? Ама, пуст Балкан, знаеш како ти е овде со историјата: ја имаш на претек, у сто верзии и со секој настан од поновата историја се заборава, негира и се плука на некој претходен. Изгледа ко со секоја нова војна нормално да си доаѓа заборавот на жртвите од претходната. Не верувам дека ќе се роди балканско генијалче што ќе најде начин сите да се офајдиме од една интегрална историска компилација. Да не забегав...? Ама така си е со благодарноста овде, тоа е приказната. Поголемиот број луѓе, што ги знаеме јас и ти, вака, „од прва“ се тип луѓе што сфаќаат што имале само откоа ќе го изгубат истото. Немам јас некои просветлувачки примери од пријатели или познаници што се благодарни за разните ствари што ги уживаат во животов затоа што се свесни или совесни или просветлени. Обично, ко што порано викаше ти, овде човек најчесто е благодарен кога ќе види колку нема некој друг. Ексик нека е - кај нас, за жал, нашиве политичари си ја играат улогата на бандити одлично дење-ноќе, па нè држат преокупирани со депресивен број глупости, што ни ги сервираат као редовна доза седативи и нè прават рамнодушни за све. Рамнодушни и неблагодарни. Еве, за да не ме кара Ема, ко и увек, нема да зборам за сите, ама зборам за оние шо се мои (и твои) пријатели. Како они ја преведува(ле) благодарноста низ историјата: коа му благодарни на докторот, ќе се потрудат да покажат со флаша „Џек“, или фина „бомбоњера“ (кафе е веќе навреда - сеа сме минимум од „бајадера“ нагоре); ако се благодарни за оценката, ќе го покажат тоа од индексот свој - ќе ѕирне некоја паричка; а ако се благодарни за тендерчето - па, друже, нема крај на можностите со кои можат да ја покажат својата благодарност... Ти се радувам што дознаваш нови работи за себе. Ти ме знаеш, цел живот викам едно те исто: коа ќе го најдам она штркон што ме фрлил овде - тешко него ќе биде! Ама, (и пак, ти си еден од ретките што го знае целиов список) има работи, од овде, „наши“ за кои сум благодарен, ама нема никогаш да ги набројам со трескање во гради - ќе работам на тоа да ги заслужа. Ех, да ја ѕирне некој поракава од оние патриотите, кај мене, на работа, ќе се откаже од мене инстантно, затоа што без стотинка дилема, коа некој би ме прашал дали сум за нешто благодарен, секој октомври, мојот одговор е и ќе биде ист: да, за сите вечери на кои ќе одам да слушам џез! Поздрав, Виктор www.gragjanski.mk