Партнер на Вашето здравје бр. 2

Page 1

ಯಠರಲಭಥರ‫ٻ‬ಭಠ‫ٻ‬ಢಠಸಥಲಮ

ʈʗUYGˍGɸʌʖʙʌʓʉʗʏGYWX\

ಭ೅೓೐೎ೌ೅ೄೈೊೀ‫ٻ‬ ೑೅‫ٻ‬೅ೊೈ೏ೈ೐ೀ‫ٻ‬ೇೀ‫ٻ‬ новата болница Проф. Д-р Методи Чепреганов ಬ೎ೇ೎೗೅್‫ٻٻ‬೓ೄೀ೐‫ٻڈٻٻٻ‬ ೔ೀೊ೒೎೐ೈ‫್ٻ‬ೀ‫ٻ‬೐ೈೇೈೊ‫ٻ‬ ೈ‫ٻ‬೏೐೅ೂ೅್ೖೈࡗೀ

ೌೀೃೀೇೈ್‫್ٻ‬ೀ‫ڕ‬


ɉɈɅɂɄɅɂɇɂɄȺ

Во функција е ONLINE DOCTOR веб апликација на Neuromedica и NMD.mk Целта е да со оваа апликација луѓето кои имаат некаков здравствен проблем да побараат совет од докторите на Neuromedica преку поставување на прашање. Брзиот и хаотичен начин на живот во 21-от век придонесе повеќето луѓе да немаат време за себе и за своето здравје. Тие често немаат време да посетат доктор за да се консултираат и да направат испитувања за своите здравствени проблеми. Оваа апликација ќе овозможи на лесен начин да се дојде до првична информација за тоа дали некој симтом или болка е индикација за некој сериозен здравствен проблем и со цел превентивно да се делува. На апликацијата достапни се 16 различни специјалности на кои читателите може да постават прашање од соодветната област. Со тек на време, сите овие прашања и одговори ќе се оформат како база на податоци од која читателите ќе имаат можност да читаат стручни медицински насоки за одредени здравствени индикации и проблеми.

Проверете на www.nmd.mk


äá×ãÙÛàÓ ಯಠರಲಭಥರ‫ٻ‬ಭಠ‫ٻ‬ಢಠಸಥಲಮ

ʈʗUYGˍGɸʌʖʙʌʓʉʗʏGYWX\

ಭ೅೓೐೎ೌ೅ೄೈೊೀ‫ٻ‬ ೑೅‫ٻ‬೅ೊೈ೏ೈ೐ೀ‫ٻ‬ೇೀ‫ٻ‬ новата болница Проф. Д-р Методи Чепреганов ಬ೎ೇ೎೗೅್‫ٻٻ‬೓ೄೀ೐‫ٻڈٻٻٻ‬ ೔ೀೊ೒೎೐ೈ‫್ٻ‬ೀ‫ٻ‬೐ೈೇೈೊ‫ٻ‬ ೈ‫ٻ‬೏೐೅ೂ೅್ೖೈࡗೀ

4 | МОЗОЧЕН УДАР (Фактори на ризик и превенција) 6 | НЕУРОМЕДИКА се екипира за новата Болница 7 | Проф. Д-р Миодраг Врчаковски се приклучува на врвниот докторски тим на Неуромедика 8 | Македонецот Здравко Дејановиќ се искачи на врвот Анапурна 1 висок 8.091 метар 9 | Учениците од Нова беа на стоматолог во Неуромедика 10 | Заболувања на простатата 12 | Интервју: НЕУРОМЕДИКА гради најсовремена хируршка болница 14 | Болницата Неуромедика со забрзано темпо се гради 16 | Компјутерски визуелен синдром

ೌೀೃೀೇೈ್‫್ٻ‬ೀ‫ڕ‬

18 | Неуромедика официјална Поликлиника на Фудбалската репрезентација на Македонија

Издава: ПЗУ Неуромедика

19 | Официјална Поликлиника и спонзор на Ракометната репрезентација на Македонија

Уредник: Никола Митревски

20 | Проект РК Работнички - да го вратиме на врвот

Стручни соработници: Проф. Д-р Методи Чепреганов Прим. Д-р Мирослав Спасовски Спец. Д-р. Антон Кладорабски Спец. Д-р Сашо Ѓорѓиоски Спец. Д-р Тодор Стаменковски Д-р Анета Начевска Д-р Јулија Ранѓеловиќ Маркетинг и реклама: 071381315 nikola@neuromedica.com.mk Лектор: Катерина Ангеловска Фотографија: Дарио Јанковиќ Златко Димитров Дизајн: м-р Зоран Ефремов Европа92 - Кочани Печат: Европа92 - Кочани

21 | ФК Работнички го освои Купот на Македонија! 22 | НЕУРОМЕДИКА официјална Поликлиника на Скопски маратон 23 | По трет пат се одржа ЖЕНСКА ТРКА 24 | Neuromedica официјална Поликлиника на Месец на Спортот 2015 26 | Квалификациски турнир за пласман на Европското првенство во Футсал Србија 2016 28 | Заштита на бебињата и децата од сончевите зраци 30 | Стручен состанок - Штип 31 | Прва конференција за предизвици на транзицијата на семејните бизниси 32 | Умници (Импактирани заби) 33 | Најистакнат работник за првата половина на 2015 г. 34 | Панични напади 36 | Алергии - дијагноза и третман 38 | NEUROMEDICA со нови кабинети во Битола и Штип

НЕУРОМЕДИКА

Прва Приватна Поликлиника Since 1992 Партизански одреди бр. 42 1000 Скопје neuromedica@neuromedica.com.mk

Дирекција: 02/3 114-023 | Центар: 02/3 133-313 | Влае: 02/2 042-323 | Битола: 047/252-255 Тетово: 044/344-000 | Куманово: 031/414-033 | Штип: 032/385-355 | Кукуш, Грција: + 302 341 022-060 www.neuromedica.com.mk


ßáÚáêØà æ×Óã çóýąāăû Āó ăûúûý û ĂăøõøĀĉûěó Фактори на ризик? 1. Х Т А (покачен крвен притисок) Медикаментите не се единствената превенција. Хигиено-диететскиот режим: намалениот внес на сол, алкохол, животински масти, идеална телесна тежина, физичка активност, внес на витамини, зеленчук, овоштие, во бројни рефенци се акцептираат како превенција од МВА. 2. Хиперлипидемија (покачено ниво на масти во крвта) Секундарна превенција на МВА, редукција од 19 до 39% (просек 25%); примарна превенција: околу 15%; Статините го редуцираат и ризикот од деменции (бројПроф. Д-р. Методи Чепреганов ни студии во тек); СТАТИН се препорачува Специјалист по невропсихијатрија секогаш како превенција после мозочен Колку луѓе страдаат од оваа појава? исхемичен акцидент, во колку пациентот Епидемиологија: голем јавно здравствен има дури и граничен ниво на липиди. товар во светот; мозочниот удар е трета 3. Пушење најчеста причина за смрт кај светската популација; за инвалидитет кај адултната Активниот и пасивниот табагизам: планетарен проблем за МВА, но особено за популација и за дементни состојби; пулмоналните болести, со спуштање на Преваленција: 7.1 милиони нови болни старосната граница до 13 година. секоја година во светот. 4. Дијабет Во Македонија 6000 нови болни годишно, или 300 пац/на 100 000 жители. Во Скопје, Нормализацијата на шекерот ги намалува ризикот од појава на дијабетична МИКРОапроксимативно: 4,9 пац/на ден, или АНГИОПАТИЈА (нефропатија, ретинопа1800 пац/годишно. тија, неуропатија), но останува без ефект Кои се клиничките манифестации? во превенцијата на МВА. Кај сите дијабеИсхемичен мозочен удар, транзиторна тичари, постоењето на мултипли фактори исхемична атака, миокарден инфаркт, (Х Т А, хиперлипидемија, пушење) го ангина пекторис (стабилна, или дуплира ризикот од МВА. Надвор од дијанестабилна), периферна артериска бетот, хиперинсулинемијата, како и зголеболест (claudication intermitens, болка мувањето на резистенцијата на инсулин, во мирување, гангрена, некроза); се значајни фактори за: мозочни инфарКрварења (мозочни и субарахноидални). кти и каротидни атероматозни стенози. 5. Алкохол Превенција? Традиционално, превенцијата е поделена Прекумерна консумација, минимум над на примарна и секундарна. Примарната 150 мл. дневно: го зголемува ризикот од има за цел да ја превенира појавата на сите вариетети на МВА (суб арахноидални мозочен удар, додека секундарната хеморагии, мозочни хеморагии и инфарда ја спречи појавата на втор удар. кти) за 8,29%. Додека мала консумација, Факторите во превенцијата ги делиме испод 50 гр. дневно има протективен на ризико фактори, кои ги фаворизираат фактор за мозочни инфаркти. Ризикот мозочните удари и протективни фактори, кај алкохоличарите (над 500 гр. дневно кои ги превенираат. Оваа превенција ги било каков алкохол или минимум 5 чаши опфаќа сите вариетети на заболувања жесток алкохол на ден) за суб арахноина крвните садови (МВА=мозочни дална и мозочна хеморагија е зголемен васкуларни акциденти) на мозокот: за 4 до 6 пати, во однос на апстинентите и мозочна хеморагија; суб арахноидална тоа фаворизирачкиот ризик на алкохолот хеморагија; мозочен инфаркт со сите се појавува 24 часа после напивањето и етиопатогенетски суб-типови. перзистира за период од една недела.

6. Прекумерна телесна тежина (Обеситас) Прекумерна тежина процентуален ризик 2%, секогаш мултиплициран од асоцираните ризико фактори: Х Т А, дијабет, хиперхолестеролемија. 7. Орални контрацептивни лекови (ОКЛ) Се смета дека 78 до 85 милиони жени во светот употребуваат орални контрацептивни средства. Резимиран заклучок: ризикот се зголемува со зголемувањето на дозата на естрогенот и тоа над 50 микрограми се мултиплицира со фактор 5, особено кај жени над 35 годишна возраст, во асоцијација со други ризико фактори. Х Т А и пушењето го зголемуваат ризикот за 2,75%. ОКЛ е специфичен фактор на ризик за мозочни венозни тромбози.

8. Инфламација и инфекции Бројни референци сугерираат дека инфламацијата е фактор на ризик за атеросклероза, посебно покачувањето на Ц реактивниот протеин го удвојува ризикот за мозочен инфаркт. Према некои автори: дел од превентивниот ефект на аспиринот и статините се должи на нивните анти инфламаторни својства. Енормен број на студии се посветени на акутната и хроничната инфекција, примери: Chlamydia pneumoniae, Helicobacter pylori, цитомегаловирусите, периодонтална инфекција се ризик за мозочни инфаркти. 9. Хомоцистинемија Бројни судии ја потврдуваат врската помеѓу покачувањето на хомоцистеинот и ризикот од мозочен инфаркт 1,2 до 2,91%. Витаминскиот третман го намалува овој ризик.


ಯಠರಲಭಥರ‫ٻ‬ಭಠ‫ٻ‬ಢಠಸಥಲಮ

Протективни фактори? Мали дози на алкохол Према Physician’s Health Study , Framingham: консумација на алкохол, во доза помала од 50 мл., два до 4 пати во неделата го намалува ризикот од мозочен инфаркт за 25%. Спрема Manhattan студијата: две чаши вино за мажите и една за жените во тек на денот го намалува ризикот за 50%. Во сите студии се препорачува интерпретација на овие резулти со внимателност и голема претпазливост. Физичка активност Одредена физичка активност од рана возраст треба да следи секоја индивидуа во тек на целиот живот: го намалува ризикот од МВА и срцеви инфаркти и тоа многу покорисно е должината на траењето на физичката вежба, од интензитетот на физичките вежби. Нутритивни фактори Зголемувањето на консумацијата на КАЛИУМ и МАГНЕЗИУМ, на плодови, зелен зеленчук и цереалии се намалува ризикот за мозочни инфаркти. Витамините Ц и Е, како антиоксиданси имаат исто така докажан позитивен ефект. Превенција на мозочните хеморагии (МХ)? Прва и основната превенција на МХ (10 до 20% према различни студии) ја чини: антихипертензивниот третман, редукција до 80%.

Втора превенција: третман на алкохолизмот (над 50 мл дневно). Трета превенција: коректна и адекватна прескрипција на антитромботичните (антикоалулантните) медикаменти. Фактори од кои зависи: возраст; висина на Х Т А; присуство на леукоареоза во бела маса; асоциран алкохолизам; нивото на плакетарните елементи; постоење на хипергликемија; повторувани васкуларни акциденти. Четвртата превенција: откривање на мозочните васкуларни малформации и нивна превенција од руптура (аневризми и АВ малформации, каверноми). Симптоми кој ги откриваат: главоболки + епилептични кризи. Превентива: контрола на ХТА, забрана на ексцесивна консумација на алкохол, забрана на аспирин, на антитромботици, Хируршки третман, или тромболиза. Превенција на мозочните инфаркти? ПРИМАРНА Единствен студиран антитромботик за примарната превенција е АСПИРИН-от. Пред 15г. четири големи рандомизирани студии во Англија и во САД, кај пациенти без васкуларни акциденти, објективизирале: редукција на миокардните инфаркти, без модификација на ризикот за мозочни исхемии.

‫ڐڊڏ‬

СЕКУНДАРНА ПРЕВЕНЦИЈА АТТ Цоллаборатион, мета анализа на 135 000, од 287 студии, aspirin, tiklopidin, clopidogrel и dipyridamol: во глобала антиплакетарните (антиагрегантните) лекови го намалуваат комбинираниот ризик за морталитет од васкуларна болест, од миокарден и мозочен инфаркт во просек за 25%+, а само за мозокот: редукција на ризикот од ТИА и мозочен инфаркт за 22%. Заклучок ПРЕПОРАКИ од европската асоцијација Stroke во однос на ризико факторите: контрола на артеријалниот притисок (140/85 ммХг); контрола на гликемијата и нивото на холестеролот; кај пациенти со коронарна болест прескрипција на СТАТИН-И; кај пациенти со МВА: прескрипција на статин+плавикс, или клопидогрел, тиклопидин, аспирин, или дипиридамол (процентуално најуспешна комбинација АСПИРИН 100 мгр + Плавикс 75 мгр/ден); престанок на пушење; забрана на консумација на ексцесивни дози на алкохол, дозволено мали дози до 50 мл дневно; постојана физичка активност, без преголемо напрегнување; не се препорачува субститутивен хормонален третман во менопаузата; не се препорачуваат орални антикоагулантни лекови.


НЕУРОМЕДИКА СЕ ЕКИПИРА ЗА НОВАТА БОЛНИЦА Неуромедика со забрзано темпо се подготвува за новата Болницата. Изградбата е во втора фаза и активно се работи на градежното земјиште на ул. Јордан Мијалков бр. 62. Се очекува за 12 месеци да биде завршена градбата и да се направат првите прегледи во новите простории. Менаџментот на Неуромедика започна со екипирање на персонал за Болницата. Покрај досегашниот врвен медицински кадар, Неуромедика се засили со нови врвни доктори: - Проф. Д-р Миодраг Врчаковски - неврорадиолог - Спец. Д-р Никола Дамчевски - гинеколог - Спец. Д-р Ивона Палашевска - гинеколог - Спец. Д-р Ирена Најдоска - психијатар - Спец. Д-р Марија Милановска - невролог.

Д-р Никола Дамчевски има долго искуство во полето на гинекологијата и акушерството во јавното и приватното здравство со бројни успешни ин витро оплодувања и породувања. Во Неуромедика во одделот за гинекологија се прават сите гинеколошки дијагностичко-терапевтски процедури и иследувања (ултразвучна дијагностика 3D/4D, ПАП тест, колпоскопија, контрацепција, амбулантски интервенции и третмани, рано откривање и следење на бременост, скрининг на аномалии, приска тест и др.).

Спец. Д-р Никола Дамчевски - гинеколог

Д-р Марија Милановска завршува медицински факултет во 2008 година и веднаш се запишува на специјализација по неврологија. Станува специјалист невролог во 2014 година и се запишува на докторски студии во областа на клиничката неврофизиологија. Од месец мај активно работи како невролог во Неуромедика - Влае во одделот Неврологија под менторство на Проф. Д-р Методи Чепреганов. Д-р Милановска, заедно со радиолошкиот тим, одлично работи со современите невролошки дијагностички методи како ЕЕГ, ЕМГ, магнетна резонанца и компјутерска томографија, со кој се поставуваат најпрецизни дијагнози во државава и регионот. Спец. Д-р Марија Милановска - невролог

Д-р Ирена Најдоска има завршено Mедицински факултет на УКИМ во 2004 год. Работела како матичен лекар до 2010 год. кога запишува студии по специјалноста Психијатрија на Медицинскиот факултет на УКИМ, кои ги завршува во 2014 год. Има дополнителна едукација од две години за Системска и семејна психотерапија. Работи индивидуална и системска психотерапија (несоници, неврози, пореметувања на исхрана, панични растројства, социјални, школски и други фобии, пострауматски стресни растројства, анксиозни растројства, депресии, психози). Спец. Д-р Ирена Најдоска - психијатар

Спец. Д-р Ивона Палашевска - гинеколог

Д-р Ивона Палашевска е специјалист гинеколог акушер, која својата едукација и обука ја има здобиено на повеќе престижни светски медицински центри. Медицинскиот факултет го заврши во Скопје на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. По завршување на медицинскиот факултет се упати на стручно усовршување, односно магистерски студии кои успешно ги заврши на престижниот универзитет во Италија La Sapienza во Рим, како стипендист на Владата на Република Италија. Специјализираше во Ниш, Република Србија. Во текот на специјализацијата посети бројни медицински центри во ЕУ, САД и Канада каде се стекна со искуства од познати професори признати професионалци во сферата на гинекологијата и акушерството. Активно учесник на повеќе светски, европски и национални конгреси и симпозиуми. Моментално работи како специјалист гинеколог акушер во Neuromedica, а пациентките имаат можност да ја изберат за матичен гинеколог.


ಯಠರಲಭಥರ‫ٻ‬ಭಠ‫ٻ‬ಢಠಸಥಲಮ

‫ڒڊڑ‬

ПРОФ. ДР МИОДРАГ ВРЧАКОВСКИ СЕ ПРИКЛУЧУВА НА ВРВНИОТ ДОКТОРСКИ ТИМ НА НЕУРОМЕДИКА

Проф. Д-р Миодраг Врчаковски е лик кој долго време е во нашето здравство и како професор и како лекар од областа на неврорадиологијата. Од 1985-та година се бави со интервентна неврорадиологија и практично тој е основоположник на неврорадиолошките процедури во земјава, како на пример имболизации на хиперваскуларните тумори на мозокот, имболизација на малформации на крвните садови во мозокот и емболизација на мозочни аневризми, а сето ова претставува дел од почетоците на неврологијата, како што вели и самиот тој. Професор Врчаковски има објавено свои четири монографии:

1. приказна за дисхусхерниите 2. тајните на хипофизата 3. контрастни средства во магнетната резонанца и 4. моќта на протоните Исто така има направено и три научно едукативни филмови, реализирани преку советот за радиодифузија, а нивната тема е од областа на радиологијата. Своето работно искуство го започнува на институтот за неврохирургија, со тенденции да стане неврохирург, но потоа неговите интереси се насочуваат кон неврорадиологијата. Својот докто-

рат на тема „Радиолошка геометриска реконструкција“ го има одбрането во 1985-тата година. По неговото докторирање, како што вели тој, благодарејќи на својата „среќна ѕвезда“, веднаш станува доцент, па потоа вондреден професор, а за не многу долго време и редовен професор. Тој сеуште останува посветен на студентите и пациентите. Од месец април 2015г. Проф. Врчаковски започна активно да работи на најсовремената невродијагностика во регионот, во одделот за Радиологија на Неуромедика.


Неуромедика - Општествено одговорна институција

МАКЕДОНЕЦОТ ЗДРАВКО ДЕЈАНОВИЌ СЕ ИСКАЧИ НА ВРВОТ АНАПУРНА 1 ВИСОК 8.091 МЕТАР Македонецот Здравко Дејановиќ се искачи на врвот Анапурна 1 на Хималаите висок 8.091 метар, кој се смета за еден од најсмртоносните и најопасни врвови за искачување. Дејановиќ врвот го искачи на 24 март годинава во 14.45 часот по локално време. На врвот Анапурна 1 досега се забележани само 192 искачувања од планинарски експедиции. Ова е огромен успех за македонското планинарство. Здравко Дејановиќ со ова стана прв и единствен Македонец кој до сега има искачено три врва над 8000 метра, а со ланското искачување на К2 и овогодишното на Аннапурна 1, како и со претходно искачениот Монт Еверест, до

денес е нашиот најуспешен ХИМАЛАЕЦ, чии успеси полека влегуваат и како врвни, светски достигнувања во Хималаизмот. Алпинецот, на 49 годишна возраст, со смрзнатини на прстите на десната рака од четврти степен, смрзнатини на прстите на левата рака од први степен, како и смрзнатини на прстите на нозете од прв степен се здобил на 24-ти март 2015 год. при својот алпинистички поход. Смрзнатината е здобиена кога ја извадил ракавицата од својата десна рака како би го поставил Македонското знаме на освоениот врв. Исто така тој ја поминал ноќта на висина од 7400 м. Не примал никакви лекарства четири дена и се јавил во клиника во Катманду на 28 Март 2015 год.

Пациентот е примен на преглед во Neuromedica на 1-ви април, веднаш по слетувањето на аеродромот во Скопје. Применети се сите современи мерки за локален третман и ординирана терапија. Пациентот го продолжува своето лекување во Neuromedica кое е во целост е покриено и овозможено од менаџментот и Директорот Д-р Емил Угриновски. За него се грижи Прим. Д-р Добрила Андоновска специјалист по пластична и реконструктивна хирургија. Тимот на Neuromedica ќе стори се за да му помогне на овој врвен македонски спортист да оздрави и да се врати во форма што поскоро.


ಯಠರಲಭಥರ‫ٻ‬ಭಠ‫ٻ‬ಢಠಸಥಲಮ

‫ڔڊړ‬

УЧЕНИЦИТЕ ОД НОВА БЕА НА СТОМАТОЛОГ ВО НЕУРОМЕДИКА Стоматологот Д-р Поповски љубезно ги пречека учениците од приватното училиште НОВА во стоматолошката ординација на Неуромедика. Тој им објасни како да се грижат за своите заби, одговараше на прашања од учениците и им направи контролни прегледи за да провери дали е се во ред со нивните заби. Презентацијата помина одлично и учениците беа задоволни. Тие раскажаа дека воопштно не било страшно да се оди на стоматолог и ветија дека редовно ќе ги четкаат забите. Повеќето ученици беа доста љубопитни околу докторската дејност, со внимание гледаа како работи докторот, прашуваа за медицинските апарати, а дел од нив кажаа дека сакаат да станат доктори кога ќе пораснат.


ÚóôāþĆõóĝó Āó ĂăāĄąóąóąó

Спец. Д-р. Антон Кладорабски Специјалист кардиолог Простатата е егзокрина жлезда која ја опколува уретрата во склоп на репродуктивниот систем кај мажите. Основна функција на истата е продукција, екскреција на алкална течност, за време на ејакулација, која е составен дел на спермалната течност и има значајна улога за преживувањето на сперматозоидите во киселата вагинална околина. Најчести заболувања на простатата се бенигна хиперплазија на простатата, воспаление (акутно и хронично) и карцином на простата. Бенигна хиперплазија на простатата е зголемување на волуменот на простатата која се јавува кај мажите со стареењето и е хормонално условено. Обично зголемувањето на простатата почнува во 5 декада од животот, додека речиси сите мажи на возраст од 70 и повеќе години имаат зголемена простата. Најчести симптоми на истата се: потреба за често мкрење, потешкотија при почнување на мокрењето, слаб млаз, чувство на недоиспразнетост после мокрење. Дијагноза на истата се поставува со помош на ултразвучен и ректален преглед. При изразени симптоми истата се лекува со помош на лекови или хируршки со отстранување на дел или пак целосно остранување на истата. Акутно воспаление на простатата (акутен простатит) најчесто го предизвикуваат грам негативни бактерии и најчесто се јавува кај младите и средновечните мажи. Акутниот простатит често се јавува во склоп на воспаление на другите делови на уринарниот систем (цистит-воспаление на мочен меур, уретрит- воспаление на уретра итн) и после инвазивни дијагностички процедури (катетеризација, биопсија на

простатата). Пациентите најчесто имаат потреба за често мокрење, уринарна инконтиненција, треска, висока температура, потешкотија во мокрењето, заматена урина, пелвична и перинеална болка. Истата се лекува со помош на антибиотици. Дијагноза се поставува со помош на ултразвучен преглед, крвна слика со ПСА, ректален преглед. Хроничното воспаление на простата е компликација на акутното воспаление, како резултат на недоволно лечење на истата. За разлика од акутниот простатит каде пациентот е акутно болен со очигледни симптоми, пациентите со хроничен простатит може повремено да ги имаат гореспоменатите симптоми во помал интензитет или да бидат асимпроматски и обично дијагнозата се поставува ако симптомите перзистираат повеќе од три месеци особено ако постојано во повеќе наврати се детектира присутна бактерија во урината. Карцином на простатата е втор најчест карцином кај мажите. Најчести ризик фактори се возраста, етничктата припадност, генетските фактори и во помал степен храната. Карцином на простатата ретко се јавува кај мажи на возраст помала од 40 години. Карцином на простатата е многу почест кај црната раса отколку кај населението од белата раса. Карциномот на простата е за два пати поголем кај мажите чии роднини од прво колено имале карцином на простатата. Присуството на БРЦА1 и БРЦА 2 мутациите го зголемуваат ризикот за карцином на простатата. Установено е дека консумацијата на животински масти, намалениот внес на заленчук го зголемува ризикот за карцином на простатата. Зголемениот внес на кафе е асоциран со намлен ризик за појава на високо агресивен карцином на простата. Пушењето, бројот на испушени цигари во текот на денот, е асоциран со почеста појава и рекуренција на инвазивни карциноми на простатата. 5 годишното преживување од карцином на простатата зависи од раширеноста на болеста која се движи од 100% преживување ако е карциномот ограничен на простатата, па до 30% кај оние со далечни метастази.

За карцином на простата како скрининг метода се користи определување на нивото на ПСА (простатичен специфичен антиген) во крвта. Установено е дека покачениот ПСА дури со години (5-10 години) може да биде предвесник за карцином на простатата. Но, треба да се земе во обзир дека истиот е покачен и кај простатит и кај бенигната хиперплазија на простатата. Кај простатит обично нивоата на ПСА за 6-8 недели се враќаат во нормала. Лековите за БХП го намалуваат нивото на ПСА. Зголемувањето на ПСА при терпија со лекови за БХП најчесто укажува за карцином на простатата. Како скрининг метода за рано откривање на карциом на простатата најдобро е одредување на ПСА и дигитален ректален преглед, поединечно или заедно, а во втор план и ехо на простатата. При позитивен наод потребно е да се направи биопсија на простатата за да се докаже присуството на карцином на истата. Скрининг за карцином треба да се започне кај мажите над 50 год., додека кај мажите со зголемен ризик (кои имале роднини со карцином на простатата) да се започне на 40-45 годишна возраст. Повеќето пациенти во рана фаза немаат симптоми на карцином на простатата. Лекувањето на карцином на простата (локализирана форма) се спроведува со радиотерапија или радикална простактетомија (хируршко остранување на простатата). Д-р Антон Кладорабски Специјалист кардиолог


ಯಠರಲಭಥರ‫ٻ‬ಭಠ‫ٻ‬ಢಠಸಥಲಮ

‫ڌڌڊڋڌ‬


Интервју со Д- р Емил Угриновски - директор на Неуромедика

НЕУРОМЕДИКА ГРАДИ НАЈСОВРЕМЕНА ХИРУРШКА БОЛНИЦА Според д-р Угриновски болницата е сопствена инвестиција на Неуромедика, вредна 7 милиони евра, а во неа ќе бидат вклучени повеќе хируршки дејности како ортопедија, торакална, пластична...

фото. Ѕ. Плавевски Валентина МАРЈАНОВИЌ Здравствениот бренд Неуромедика почна да гради нова болница лоцирана во центарот на Скопје. Болницата ќе има 8 ката, два под земја и 6 над земја и ќе опфаќа површина од 3.500 метри квадратни. Изминативе 23 години првата приватна поликлиника Неуромедика за македонските граѓани стана не само познат бренд, туку и синоним за здравје, бидејќи ја докажа професионалноста и стручноста во работењето. Изминативе години околу милион и пол граѓани од земјава и од странство поминале низ Неуромедика и ги користеле нејзините здравствени услуги. Новата болница ќе располага со најсовремена медицинска апаратура, истовремено ќе се прошири и нивната медицинската дејност со повеќе специјалности, а ќе има и нови методи на лекување. По тој повод разговаравме со д-р Емил Угриновски, генерален директор на Неуромедика, за да дознаеме нешто повеќе за оваа голема приватна инвестиција во домашниот здравствен сектор вредна околу 7 милиони евра.

1. Камен-темелникот е веќе поставен, како напредуваат активностите со изградбата на болницата која се наоѓа на атрактивна локација во центарот на Скопје? - На 11 февруари стартувавме со активностите и на свечен начин го ставивме камен-темелникот на болницата што се гради во центарот на Скопје. Временските услови се одлични, се оди како што треба и затоа се планира крајот на овој месец да се изведува карабината. Се надевам дека и во иднина времето нема да биде пречка и сите градежни активности да се реализираат без застој. Објектот е ист како сите светски современи болници каде се применуваат современи принципи и правила. Изградбата е предвидено да се одвива во две етапи. Карактеристично за првата етапа е што приоритетно е да се отвори поликлиничкиот дел, бидејќи за него е потребно помалку време, отколку за болничкиот дел, оти не треба да се монтира апаратурата, туку само да се опреми со нов инвентар и мебел. Инвестицијата, односно изведбата на објектот, е 3 милиони евра, а 4 милиони евра е медицинската опрема. 2. Болницата ќе биде модерна и специјалност ќе и биде хируршката дејност. Според проектот за колку време ќе бидат овие услуги достапни за македонските граѓани? - Неуромедика ги поседува најсовремените апарати како што е магнетната резонанса и компјутерската томографија кои само ќе бидат дислоцирани од една на друга локација. Првата етапа е изградба на зградата и пуштање на поликлиничкиот дел при што период на завршување е меѓу 12 и 15 месеци, односно најдоцна до мај 2016 година. За реализација на втората фаза се потребни уште 6 до 8 месеци. Во тој временски период ќе бидат изградени потребните

болнички капацитети, односно ќе се направи се за целосно да се поврзат сите системи за се да функционира беспрекорно. Од камен-темелникот до завршување на болницата предвидени се 2 години. 3. Колкав ќе биде капацитетот во делот на поликлиничките и болничките услуги? Болницата ќе биде современа и според сите светски стандарди, бидејќи на изготвувањето на проектот се работеше детално 4 години и во него беа вклучени домашни врвни професионалци. Таа ќе биде на 8 ката, два се под земја од кои едниот паркинг, а другиот за третирање на најсовремените дијагностички процедури. Според сите светски стандарди ќе се гради специјален бункер каде најсовремени апарати ќе бидат ставени во систем каде ќе има заштита од зрачење. На приземјето ќе биде приемното одделение и за поликлиничкиот дел и за болничкиот дел. На првиот и вториот кат ќе бидат поставени 21 амбуланта, на третиот ќе бидат операционите сали и постинтензивната и интензивната нега. Четвртиот кат е резервиран за апартманите за сместување на болните лица кои ќе бидат еднокреветни, двокреветни и трокреветни. На последниот кат ќе биде сместена администрацијата и менаџментот. 4. Дали се работи за домашна инвестиција или преку Неуромедика влегува друг познат медицински бренд? Инвестицијата е целосно на Неуромедика иако имаше притисоци од разноразни инвеститори. Дел од нив беа болници од Турција, Германија, Швајцарија, но и македонски компании и банки кои нудеа заедничко партнерство. Сепак во конкретниов случај се работи за чисто македонска инвестиција. Но, како компанија сме заинтересирани да ангажираме стручњаци медицински лица од странство. Договорено е да работат двајца еминентни светски стручњаци


ಯಠರಲಭಥರ‫ٻ‬ಭಠ‫ٻ‬ಢಠಸಥಲಮ

кои значат многу на светско ниво во областа на ортопедијата и хирургијата. На тој начин сметам дека ќе се привлечат пациенти и од Косово, Албанија, Јужна Србија... 5. Дали планирате да го проширите кадарот, ќе има ли нови вработувања? Покрај постоечкиот кадар што го има Неуромедика од 100 лица ќе бидат вработени уште 60 и тоа доктори и средномедицински кадар. Тие ќе бидат дел од болницата која ќе биде специјализирана за хируршка дејност, но во неа ќе бидат вклучени ортопедијата, трауматологијата, општа хирургија, пластична и реконструктивна хирургија. Ќе има и ургентен центар, оти нашата добра локација неминовно го налага тоа, но нема да има кардиохирургија и гинекологија. Што се однесува на капацитетите тие ќе бидат прилагодени на домашниот пазар за да бидат максимално исполнети и рационално искористени. Рационалноста ќе биде корисна и за пациентите и за нас како компанија. На располагање ќе бидат 30 лежаи и според тоа ќе бидеме втора по големина приватна болница во земјава според бројот на кревети.

6. Зад вас е успешна година, колку пациенти лани се лекуваа во Неуромедика? - 2014 година ние ја завршивме со дадени услуги во сите дејностои на 147.000 пациенти, од кои околу 2.000 се странци. Со оваа бројка сме во топ 3 приватните здравствени установи по бројот на пациентите. Споредено со претходната година имаме раст од 10% во однос на 2013 година кога имавме 131.000 пациенти. Доколку од вкупната бројка пациенти само еден посто побараат болнички услуги тоа е околу 1.500 пациенти. Неуромедика е присутна во речиси сите региони од Македонија како што се поголемите градови Битола, Тетово, Куманово, Штип и со тоа ја покриваме речиси територијата на целата држава. 7. Вие сте една од ретките здравствени комании кои имаат инвестирано надвор од државата, односно во земја која е дел од ЕУ. Кои се вашите идни планови, особено ако се има предвит дека вие успешно работите 23 години како познат медицински бренд?

‫ڎڌڊڍڌ‬

- Неуромедика 10 година има Поликлиника во Грција и тоа е прва македонска инвестиција во Грција, за што сме горди оти опстојуваме на пазарот на европската унија. Во Грција годишно се третираат од 25.000 до 30.000 пациенти. Кај нас се лекуваат речиси сите претставници на странски компании, како и претставници на дипломатскиот кор, амбасадори, министри, тоа не прави да бидеме навистина горди на она што сме го изградиле. Но, ние во нашиот развој не застануваме продолжуваме со перманетно едуцирање на нашиот кадар, но и вработуваме квалитетен кадар. Неуромедика е основана во јуни 1992 година, годинава ќе направиме 23 години што само потврдува дека сме прва приватна здравствена ординација во РМ. Вработени се 115 лица од кои 100 во РМ, а останатите се во Грција. Околу 40% од вработените во земјава се лекари, односно стручен медицински кадар. Генерално речиси 90% од сите вработени се со високо образование и млади до 30 години. Новинар Валентина Марјановиќ


ÔāþĀûĉóąó àøĆăāÿø÷ûýó Ąā úóôăúóĀā ąøÿĂā Ąø öăó÷û Од поставувањето на камен темелникот во месец февруари 2015г. до сега активно и со забрзано темпо се гради болницата Неуромедика. Ископот на земјиштето и поставувањето на

темелите на Болницата беа завршени во предвидениот рок и веќе 2 месеци се работи на карабината. Изведувачите на проектот ги вложуваат сите свои ресурси за да изведбата биде по

дадениот рок и идејниот проект во кој е предвидено Болницата да биде на 8 нивоа од кои во 6 нивоа ќе биде сместен болничкиот дел на вкупна површина од 3.500 м2.


ಯಠರಲಭಥರ‫ٻ‬ಭಠ‫ٻ‬ಢಠಸಥಲಮ

‫ڐڌڊڏڌ‬


ÝāÿĂěĆąøăĄýû õûúĆøþøĀ ĄûĀ÷ăāÿ àó āõóó ąøÿó ĂûċĆõó äĂøĉ × ă äóċā ÆāăĖûāĄýû ĄĂøĉûěóþûĄą Ăā āćąóþÿāþāöûěó õā âāþûþûýþûĀûýó àØæãáßØ×ÛÝÓ

Дефиниција

Причини

Ако редовно користите компјутер, многу е веројатно да патите од компјутерски визуелен синдром. Овој синдром се состои од серија на едноставни проблеми со очите и видот, поврзано со честа употреба на компјутер и тоа го имаат речиси околу три четвртини од корисниците на компјутер. Иако не постои причина за паника, секако е препорачливо да се преземат одредени чекори како ситуацијата не би станала полоша.

Овој синдром има повеќе причини. Проблеми со очите за време на употребата на компјутер може да се должи на:

Симптоми Најчестите симптоми на синдромот се замор, напнатост на очите, суви очи, чувство на печење во очите, чувство на страно тело во окото или присуство на песок во очите, чувствителност на светлина, заматен вид, главоболки, осетливост на ненадејни движења, болка во вратот, рамената, грбот.

• Недоволен проток на солзите во очите поради намалено трепкање на очните капаци • Намалено трепкање (заборавање на трепкање) на очните капаци може да биде предизвикано поради премногу „зјапање“ во мониторот и поголема изложеност на светлина, одблесок на мониторот • Слабеење на видот се должи на зголемени напори на окото поради што треба да се земат нови очила или пак по прв пат треба да почнат да се носат.


ಯಠರಲಭಥರ‫ٻ‬ಭಠ‫ٻ‬ಢಠಸಥಲಮ

Лекување и превенција Проблемот се решава со прилагодување на мониторот така што рефлексијата на светлината кон окото е помала. После тоа, неопходно е да се посети лекар специјалист за очни болести (офталмолог) за очен преглед и евентуално препишување на очила доколку е потребно. Проблемот може да го подобрат и ергономски интервенции на работното место, - потребно е да седи во удобен канцелариски стол на соодветна височина, со потпирач на грбот и вратот. Очите треба да бидат во ниво на мониторот, а раката во ниво на тастатурата. Oчила со заштитен антирефлексен слој препишани од страна на очен лекар, исто така, може да ги намалат симптомите особено симптомите кои се предизвикани од рефлексијата што се одбива од мониторот. Лубрикантни капки кои ги подмачкуваат очите и кои спречуваат солзите да испарат од површината на очите се исто така потребни и можат да ги отргнат симптомите. Доволно се само 2-3 капки дневно. Доколку почувствувате вакви или слични тегоби можете слободно да се обратите на очниот оддел во Поликлиника Неуромедика за понатамошно иследување, потврдување или исклучување на овој проблем. Спец. Д-р. Сашо Ѓорѓиоски извршува офтамолошки прегледи, поставува дијагноза и третман со најсовремена медицинска апаратура. Во офталмолошката амбуланта во Поликлиника НЕУРОМЕДИКА може да се извршат следниве дијагностички процедури: 1. Општ офталмолошки преглед: биомикроскопија, директна офталмоскопија 2. Авторефрактокератометрија (компјутерско одредување на диоптрија); 3. Проба и фитување на меки контактни леќи со пробни сетови на контактни леќи ( CIBA Vision и Bausch and Lomb); 4. Тонометрија (мерење очен притисок со неконтактен тонометар); 5. Периметрија (компјутерско одредување на видно

‫ڒڌڊڑڌ‬

поле особено значајно кај пациенти со покачен очен притисок); 6. Гониоскопски преглед (преглед на иридо корнеалниот агол - очниот агол со Goldman тространа призма - особено значајно кај пациенти со покачен очен притисок) 7. Страболошки преглед и одредување на диоптрија кај деца со скијаскопија и авторефрактокератометрија; 8. Ширмер тест, ТБУТ тест (тестирање на квалитетот на солзниот филм и степенот на сувост на очите); 9. Преглед и промивка на солзните канали; 10. Земање на брис од очи; 11. Отстранување на туѓо тело од око и понатамошно третирање; 12. Дијагностика и третман на разни воспалителни и невоспалителни патолошки промени на очите. Закажете преглед на телефонскиот број: 02/3 133-313 Спец. Д-р. Сашо Ѓорѓиоски Специјалист по офталмологија âāþûýþûĀûýó àØæãáßØ×ÛÝÓ


СП РТ го поддржува македонскиот

Неуромедика

НЕУРОМЕДИКА ОФИЦИЈАЛНА ПОЛИКЛИНИКА НА ФУДБАЛСКАТА

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

О

ваа година фудбалската репрезентација на Македонија играше квалификации за Европско превенство 2016 во Франција. Во групата C во дуел со 5 репрезентации или вкупно 10 наптревари, 5 се играа на арената Филип II на кои Неуромедика беше медицинско обезбедување по критериумите на УЕФА. Единствено во Р. Македонија само Неуромедика ги исполнува високите критериуми на УЕФА и заедно во соработка со ФФМ се грижиме за здравјето на нашата репрезентација и на сите гостински репрезентации.

Секој натпревар се обезбедува со 5 медицински екипи или вкупно 20 медицински лица кои се опремени со најсовремена медицинска опрема и помагала за брзо интервенирање и санирање на повреди при фудбалските натпревари. Мобилните екипи со санитетски возила се спремни во секој момент брзо и безбедно да транспортираат посериозно повредени фудбалери до најблиската болница за дополнителна дијагноза и лекување на тешки спортски повреди.


ОФИЦИЈАЛНА ПОЛИКЛИНИКА И СПОНЗОР НА РАКОМЕТНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЖЕНСКАТА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СЕ ПЛАСИРА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ШПАНИЈА 2015 По квалификацискиот турнир за Euro Handball Women‘s U19 Spain 2015 кој се одржа во Скопје во организација на РФМ, нашата младинска ракометна репрезентација со 3 победи лесно се пласира на првенството. Во подготовките за на Euro 2015, ракометарките беа под постојан надзор од докторите на Неуромедика кои се грижеа за нивното здравје и ја пратеа нивната кондициона и физичка подготвеност. Специјалисти од различни области вршеа целосни прегледи пред и после физичките подготовки за првенството, за да ја увидат разликата од припремата. Современите дијагностички методи и

искуството на докторите потврдија дека со квалитетни тренинзи, добра исхрана и медицински надзор физичката подготвеност може да се подигне на највисоко ниво. Првиот човек на Нeуромедика Д-р Емил Угриновски, кој во исто време е Директор и спонзор на Женската Ракометна Репрезентација посочи дека ракометарките ќе бидат будно следени и на ова европско првенство. Врвните спортски резултати секако дека зависат од физичките подготовки, но доколку не им понудиме постојана грижа тие нема да бидат на нивото што го бара овој спорт. Д-р Угриновски и Селекторот на женската младинска репрезентација, Симе

Симовски истакнаа дека подготовките поминале во најдобар ред. Тие имаат на располагање квалитетен состав од млади ракометарки, кои претставуваат огромна надеж за иднината на македонскиот женски ракомет. ЕП Шпанија 2015 за девојки до 19 години се одржa од 23. јули до 02. август 2015 во Валенсија. Македонија го освои 15-то место со биланс од 2 победи, 1 нерешен резултат и 3 порази. Оваа е одличен успех за нашата млада репрезентација, што ветува дека оваа генерација на млади ракометарки во иднина ќе напредуваат и ќе носат поголеми успеси на македонската ракометна сцена.


– Го поддржува македонскиот

СП РТ

ПРОЕКТ РК РАБОТНИЧКИ  ДА ГО ВРАТИМЕ НА ВРВОТ Д

олго очекуваниот и најавуван проект РК Работнички започна со реализација. Клубот кој има долга традиција во нов засилен состав под водство на тренерот Андон Бошковски и на неговиот помошник Благојче Весиќ почна со припреми за суперлигашките натпревари. „Проектот Работнички како клуб постои, тој е најстар клуб во Македонија. Тоа е клуб со традиција од кој излегле многу ракометари и клуб кој има многу дадено за ракометот во Македонија. Последниве години беше во некој застој. Влатко Неделковски и Александар Милошевски малку го подигнаа клубот, го внесоа во Супер лига и еве дојде до овој момент кога се вклучивме и ние и мислиме дека со добра работа, Работнички треба да стане еден добар стабилен клуб, пред се на финансиски план и да биде еден сериозен и конкурентен суперлигаш. Не велиме дека веднаш ќе бидеме како Вардар, Металург, еве сега Струмица, Пелистер. За Работнички во овој момент, сите тие се големи клубови во Супер лига. Тие ќе ни бидат еден репер, ќе се трудиме да ги достигнеме, а зошто да не по еден одреден период да бидеме и подобри од нив. Амбициите ни се да бидеме во плеј-оф од Супер лигата, во првите четири екипи“ – истакнува Ристо Чокрев, новиот претседател на клубот. Во новата управа на клубот е и Директорот на Неуромедика Д-р Емил Угриновски кој преку својата компанија Neuromedica како спонзор, финансиски ќе го поддржува клубот. Neuromedica официјално ќе биде Поликлиника на РК Работнички, ќе биде медицинско обезбедување на сите нивни натпревари и ќе се грижи за здравјето на ракометарите. Д-р Угриновски за проектот истакна: „Заедно со управата на клубот ќе се залагаме РК Работнички да го вратиме на врвот во македонскиот клубски ракомет. Идејата е уште годинава со макотрпна работа ќе се обидеме да стигнеме до посакуваното второ место кое води до СЕХА Лигата. За тоа ќе ни биде потребна сериозна посветеност на управата, упорност кај играчите, постојано вложување и унапредување во тимот и секако да не прати среќа. Планот е тимот да се гради и основата да бидат воглавно млади македонски ракометари, поткрепени со искуството на неколку искусни кои би ја направиле основната конструкција на новиот РК Работнички. Она досега што го направивме, брзото регрупирање, зголемувањето на финансиската состојба и формирањето на силен состав не го постигнал никој во првата сезона на трансформација. Сега работиме на тоа максимално физички и кондиционо да се подготвиме, да се работи на техничко уигрување на играчите и тактички да се поставиме кон секој конкурент поединечно. Она што останува оваа сезона, е да ги победиме сите наши конкуренти и да стигнеме до Final 4 со што ќе се обидеме да обезбедиме пласман во СЕХА Лигата.“ Во тимот на РК Работнички покрај младите ракометари кои го донеса клубот во супер лигата, управата ги ангажира македонските репрезентативци: браќата Велко и Никола Марковски, Ванчо Димовски, Мите Стоилов, Златко Мојсовски и интернационалците Илиќ и Марсениќ. „Се надеваме до крајот на преодниот рок дека ќе го засилиме тимот со уште некој квалитетен играч. Во игра се неколку македонски играчи кои и се добро познати на ракометната јавност, а во завршни преговори сме и со неколку странски играчи“ - изјави Андон Бошковски. NEUROMEDICA - Официјална Поликлиника на РК Работнички


ಯಠರಲಭಥರ‫ٻ‬ಭಠ‫ٻ‬ಢಠಸಥಲಮ

‫ڌڍڊڋڍ‬

ФК РАБОТНИЧКИ ГО ОСВОИ КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА! Н

ашиот партнер ФК Работнички ја одбрани титулата во фудбалскиот куп. Со одлична игра на арената Филип II го совладаа ФК Тетекс. Неуромедика со 5 медицински екипи беше медицинско обезбедување на финалниот натпревар. Неуромедика веќе втора сезона е официјална поликлиника на ФК Работнички. Докторите на Неуромедика константно се грижат за здравјето на фудбалерите на Работнички. Оваа сезона ФК Работнички играше квалификации за елитното европско натпреварување Лига Европа каде беше на праг да се пласира и да оствари историски успех за македонскиот клубски фудбал. Неуромедика беше медицинско обезбедување на сите наптревари од квалификациите за елитната европска лига организирани од УЕФА. Високите стандарди кои ги поставува УЕФА за организација на ваквите натпревари единствено ги исполнуваме само ние со нашиот оддел за Медицинско обезбдување и санитетски транспорт кој го води Д-р Никола Чамуровски.


– Го поддржува македонскиот

СП РТ

ОФИЦИЈАЛНА ПОЛИКЛИНИКА НА СКОПСКИ МАРАТОН 2015 О

д оваа година Neuromedica ќе биде спонзор и медицинско обезбедување на Скопскиот Маратон. Neuromedica и Скопски Маратон склучија 3 годишен спонзорски договор со кој Neuromedica се обврзува да се грижи за здравјето на натпреварувачите при маратонот. Оваа година поради неочекуваната вонредна состојба во државава Маратонот 2015 се одложи, Neuromedica иако спремна со 5 теренски екипи или 20 медицински лица беше спремна да го обезбедува најмасовниот спортски настан во државата. Наредна година во мај приклучете се и Вие! Спортувајте и грижете се за своето здравје!

NEUROMEDICA ДОДЕЛИ ВАУЧЕРИ НА СИТЕ НАТПРЕВАРУВАЧИ НА СКОПСКИ МАРАТОН 2015 Neuromedica како Официјална поликлиника на Скопски маратон 2015 на сите натпреварувачи им додели ваучери за Маратонски пакет со кој можеа да ја испитаат својата здравствена состојба и издржливоста при спортување. Ваучерите се делеа бесплатно во стартните пакети на натпреварувачите. Иако Маратонот не се одржа, околу 120 натпреварувачи го искористија ваучерот и ја испитаа својата здравствена состојба. Докторите на Неуромедика скоро на сите позитивно им препорачаа да се натпреваруваат и слободно да го оптеретуваат организмот на долги патеки. Секако, имаше и препораки да не се трча кај оние лица што имаа индиции за нарушена здравствена состојба.


ಯಠರಲಭಥರ‫ٻ‬ಭಠ‫ٻ‬ಢಠಸಥಲಮ

‫ڎڍڊڍڍ‬

НА 05.04.2015 ВО ГРАДСКИ ПАРК ПО ТРЕТ ПАТ СЕ ОДРЖА ЖЕНСКА ТРКА а 05.04.2015 во Градски парк по трет пат се одржа ЖЕНСКА ТРКА со една единствена цел: "Превенцијата од заболувањата започнете ја со вежбање". Со оглед на фактот дека жените имаат многу повеќе обврски а се помалку време за себе, време за вежбање, ризикот за заболувања е се поголем. Овој непобитен факт треба да се промени, почнувајќи макар и со трка на 1км со кој треба да се покрени совеста кај женската популација за водење на здрав живот. Neuromedica беше спонзор и медицинско обезбедување на овој настан со што во целост ја поддржуваме целта на настанот за превенција на заболувањата кај жените со спортување и практикување на здрави навики. Neuromedica имаше и свој претставник на трката Прим. Д-р Добрила Андоновска. Neuromedica - Партнер на Вашето здравје

Н


– Го поддржува македонскиот

СП РТ

NEUROMEDICA ОФИЦИЈАЛНА

ПОЛИКЛИНИКА НА МЕСЕЦ НА СПОРТОТ 2015 М

есец на Спортот е спортски турнир за бизнис единките во Македонија, наменет за развој на рекреативниот спорт и Team Building-от и е одлична можност за дружење и забава на голем број вработени од најеминентните македонски компании. Турнирот традиционално се одржува по осми пат годинава во СЦ ФОРЦА и СЦ Борис Трајковски. Настанот ги опфаќа спортовите: фудбал, баскет, одбојка, пинг понг, team building, картинг, пливање и куглање.

За време на натпреварите е обезбедена лекарска супервизија од медицински екипи на Neuromedica. Покрај медицинското обезбедување, Neuromedica како промотор на здравиот начин на живот учествуваше како натпреварувач и пријави екипи во спортовите: баскет, одбојка, пинг понг, куглање, картинг и пливање. Оваа година турнирот се одвиваше во одлична атмносфера исполнета

со спортски дух и дружење на вработените од најеминентните компании во Македонија. Нашите доктори медицински ги обезбедуваа сите натпревари. За среќа немаше сериозни повреди и интервенции за разлика од лани. Како натпреварувач, Неуромедика го освои второто место во картинг, четврто, петто и шесто место во пливање, осмо место во одбојка и десетто место во баскет.


ಯಠರಲಭಥರ‫ٻ‬ಭಠ‫ٻ‬ಢಠಸಥಲಮ

‫ڐڍڊڏڍ‬


– Го поддржува македонскиот

СП РТ

NEUROMEDICA - медицинско обезбедување на натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман на ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУТСАЛ СРБИЈА 2016 На овој турнир учествуваа репрезентациите на Македонија, Шпанија, Унгарија и Швајцарија. Македонија како домаќин на турнирот имаше огромна шанса за пласман на Европското Првенство во Футсал 2016 кое ќе се одржи во Србија. Киксот во последната минута со кој Унгарците изедначија на 3:3 и минималната победата над Швајцарија не беа доволни за да се освои второто место кое водеше до бараж за пласман на првенството. Но, репрезентацијата покажа дека е спремна за идни предизвици и за големи успеси во иднина. Neuromedica како официјална Поликлиника на ФФМ и македонските репрезентации со 3 екипи беше медицинско обезбедување на сите натпревари кои се одиграа во СЦ Борис Трајковски.


ಯಠರಲಭಥರ‫ٻ‬ಭಠ‫ٻ‬ಢಠಸಥಲಮ

‫ڒڍڊڒڍ‬


Неуромедика

Úóċąûąó Āó ôøôûĝóąó û ÷øĉóąó ā÷ ĄāĀĊøõûąø úăóĉû àó āõóó ąøÿó ĂûċĆõó × ă ËĆþûěó ãóĀöøþāõûğ Ăø÷ûěóąóă õā âāþûþûýþûĀûýó àØæãáßØ×ÛÝÓ àó āõóó ąøÿó ĂûċĆõó × ă ËĆþûěó ãóĀöøþāõûğ Ăø÷ûěóąóă õā âāþûýþûĀûýó àØæãáßØ×ÛÝÓ

ÞøąĀûąø ÿøĄøĉû Ąø õăøÿø ýāöó ÿĀāöĆÿûĀó ā÷ ĀóĄ ğø úóÿûĀóą Āó ā÷ÿāă Āó Āøýāû ā÷ ąĆăûĄąûĊýûąø þøąĀû ÷øĄąûĀóĉûû àā āĀó ċąā Āø ąăøôó ÷ó Ąø úóôāăóõû ø û ċąøąĀāąā ÷ø쥹õā Āó ĄāĀĊøõûąø æÕ úăóĉû ×āýāþýĆ Āø Ąÿø õĀûÿóąøþĀû Ćùûõóĝøąā ÿāùø ÿĀāöĆ ôăúā ÷ó Ąø Ăăøąõāăû õā ôāþøĀ ĂăøĄąāě õā ĈāąøþĄýóąó Ąāôó äā ĂăûÿøĀó Āó Ąāā÷õøąĀû úóċąûąĀû ÿøăýû ğø Ąû āôøúôø÷ûąø Āó Ąøôø û Āó Õóċøąā Ąøÿø쥹õā ôøúöăûùøĀ ĂăøĄąāě úó õăøÿø Āó Õóċûāą ā÷ÿāă Ăó û ÷āþöā āąýóýā ā÷ÿāăāą ğø úóõăċû

Изгореници од сончевите зраци, третман и превенција Лицата со потемен тен на кожата се помалку сензитивни на дејството на сончевите зраци, но ризик од изгореници постои кај сите луѓе. При полесни форми се појавува црвенило и, на допир, болна и топла кожа. Во потешките форми може да се развијат меури (везикули), треска, покачена температура, главоболки, општа слабост и останати тегоби. Потешките форми на изгореници водат и до брза дехидратација и некогаш бараат хоспитален третман. Везикулите на кожата може да се инфицираат и бараат дополнителен антибиотски третман. Бебињата и децата имаат сензитивна кожа и се изложени на поголем ризик од изгореници и оштетувања при подолготрајна изложеност на сончевите УВ зраци. Потребна е заштита на детската кожа од штетните сончеви УВ зраци при секој престој на отворено.

Што треба да правземете доколку дојде до појава на изгореници •

детето со поладна вода; •

локално медицински лосиони само по препорака на доктор;

да не се изложува на сонце детето се додека промените не се санираат во потполност.

Неколку корисни совети и препораки за заштита на децата од сончевите зраци: •

Бебињата на возраст под 6 месеци, не треба да бидат изложени директно на сончевите зраци, секогаш да постои заштита со чадори за сонце или под сенка од дрво;

При појава на изгореници од полесен степен со појава на црвенило на кожата: • интензивен внес на течности: вода или 100% овошни сокови за надомест наизгубените течности;

Да се носи удобна, памучна, лесна облека во светли тонови;

Да се користат очила за сонце и капи кои го штитат лицето, ушите и задниот дел од вратот на детето;

Да се избегнува изложеност на сонце во периодот од 10:00 до 16:00 часот во тек на денот, кога УВ зраците се најинтензивни;

аналгетик сируп Paracethamol или сируп Ibuprofen при појава на болка;

ладни облоги или туширање на

Да се користат заштитни креми кои штитат од УВБ и УВА зраците со висок заштитен фактор SPF (sun protection factor) од најмалку 15 до 50 SPF. Да се нанесе на сите експонирани делови од телото посебно на носот, образите, ушите, рамениците и тоа најмалку 15 до 30 минути пред изложување на сончевите зраци бидејќи е потребно време кремата да се абсорбира во кожата;

Да се нанесе нов слој од заштитната крема на секој 2 часа и по престој во вода бидејќи ниедна крема не е 100% водоотпорна;

Корисни совети за спречување на изгореници

При појава на изгореници кај деца под 1 година, веднаш да се консултира педијатар, а кај поголеми деца да се консултира педијатар доколку на кожата се појават меури (везикули), појава на покачена температура или болка.


ಯಠರಲಭಥರ‫ٻ‬ಭಠ‫ٻ‬ಢಠಸಥಲಮ

Да се користи заштитна крема и при облачно време, бидејќи до 80% од сончевите УВ зраци проаѓаат низ облаците;

При нанесување на заштитната крема да се внимава на контакт со очите. Доколку настане иритација да се измијат и избришат очите и рацете со памучна ткаенина. Доколку кремата ја иритира кожата да се проба друг препарат кој во својот состав содржи титаниум диоксид или цинк оксид. Доколку се развие алергиски исип од заштитната крема треба да се консултира лекар;

Зголемен внес на течности за да се превенира дехидратација.

Не заборавајте Незаштитената кожа може да се оштети и по престој од само 15 минути на интензивни сончеви УВ зраци, додека кожните промени ќе станат видливи 6 до 12 часа по изложеноста. Затоа превземете ги сите горенаведени заштитни мерки за да ги превенирате штетните ефекти на кожата од сончевите УВ зраци. Д-р Јулија Ранѓеловиќ Педијатар

тел. 070336161 • www.vilasvetigorgi.mk

‫ڔڍڊړڍ‬


– Континуирана медицинска едукација

СТРУЧЕН СОСТАНОК  ШТИП На 17.04.2015 во хотел Оаза - Штип Проф. Д-р Методи Чепреганов одржа Стручен состанок акредитиран од Лекарска комора на РМ на тема „Стресот и ние - Репетиториум и кратка променада“. На Стручниот состанок беа присутни околу 120 слушатели од кој најголем број медицински лица, професори и студенти од Медицинскиот факултет при УГД, доктори специјалисти од Клиничкиот Центар Штип, општи доктори, медиуми и заинтересирани граѓани. Неуромедика продлжува со организирањето на Стручни состаноци на кои докторите специјалисти го споде-

луваат своето знаење и искуство со своите колеги доктори. Оваа година во план е да се одржи есенскиот Стручен состанок во Скопје на кој е пред-

видено докторите од Неурмедика да ги презентираат своите нови научни достигнувања и стекнатите практични медицински методи и новитети.


ಯಠರಲಭಥರ‫ٻ‬ಭಠ‫ٻ‬ಢಠಸಥಲಮ

‫ڌڎڊڋڎ‬

Директорот на NEUROMEDICA Д-р Емил Угриновски учествуваше на ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРЕДИЗВИЦИ НА ТРАНЗИЦИЈАТА НА СЕМЕЈНИТЕ БИЗНИСИ На оваа Конференција учествуваа еминентни претприемачи кои го споделија своето искуство на темата. Идејата беше да се разработи една панел дискусија од која би се извлечиле заклучоци, како малите семејни компании прераснуваат во водечки на пазарот и како најдобро да се наследуваат од колено на колено. Д-р Емил Угриновски како успешен менаџер и хирург во македонскиот бренд Неуромедика е од самото основање. Со неговата упорност и креативност денес Неуромедика е бренд од кој треба да се земе пример како еден мал семеен бизнис може да прерасне во лидер во својата област. Тој на оваа Конференција го сподели своето искуство, ги сподели своите методи на работа, и конкретно на темата разработи теза како бизнисот полесно да се пренесува од колено на колено без да се изгубат квалитетот и вредностите кои долго време се граделе.


æÿĀûĉû ÛÿĂóýąûăóĀû úóôû Dentesserotini - трети молари, осмици, заби на мудроста, се само некои од имињата кои се однесуваат на умниците. Луѓето често не се свесни дека имаат умници. Непријатно чувство,будење од сон, отежнато отворање на уста (тризмус), отежнато голтање како и болка со различен интензитет се некои од причините поради кои пациетите се јавуваат кај стоматолог. Умниците се развиваат релативно доцна. Нивната минерализација завршува околу 13-та година од животот, а нивното никнување е во периодот од 18-25 години. Причините за импактиран заб се бројни, а најчести се: • недостаток на простор во забниот лак; • неправилна положба на импактираниот заб; • длабоко поставен заб во вилична коска; • склероза на коската; • присуство на прекубројни заби; • присуство на патолошки процеси (цисти, одонтоми); • наследноста е предоспонирачки фактор. Импактираните заби се откриваат од страна на стоматолог со помош на: • анамнеза • клинички преглед • РТГ снимки (панорамикс) - снимка на сите заби Компликации ако не се извадат импактираните заби: • pericoronitis (воспаление на мекото ткиво околу забот). Се манифестира со јака болка, отежнато отварање на устата (тризмус), отежнато голтање со црвенило и оток, како и со воспаление на лимфните жлезди под долната вилица; • создавање на парадонтален џеб околу соседниот заб;

• кариес; • болка; • создавање на ортодонски аномалии. Третман • хирушко вадење на импактираниот заб на основа на поставена дијагноза, клинчки преглед и анализа на РТГ снимката; • после операцијата на пациентот му се аплицира кортикостероид локално за да се редуцира отокот,болката,тризмусот.Се ординираат антибиотици,аналгетици, држење на ладно од надвор; Некогаш поради ортодонски причини потребно е хирушко вадење на импактираните заби (умници) кои немаат завршен коренов раст (зермектомија) и обично тоа се прави во 13 или 14 година од животот.

Спец. Д-р Тодор Стаменковски специјалист по орална хирургија и имплантологија

NEUROMEDICA www.neuromedica.com.mk


àÓËÛäåÓÝàÓå ãÓÔáåàÛÝ ЗА ПРВАТА ПОЛОВИНА НА 2015 г. Е ДР НИКОЛА ЧАМУРОВСКИ

Д-р Никола Чамуровски е Најистакнат работник за првата половина на 2015г. Тој собра најмногу гласови од своите колеги и најпозитивни критики од неговите пациенти со што менаџментот на Neuromedica и официјално го прогласи. Д-р Чамуровски е доктор по општа пракса, матичен лекар на над 1200 пациенти, раководител на општата служба и службата за санитетски транспорт и медицинско обезбедување на Neuromedica. Иако млад, Д-р Чамуровски има големо искуство во својата дејност. Тој во тимот на Neuromedica е од почетокот на својата докторска кариера што имаше одлична можност да учи од искусни и стручни доктори. Д-р Чамуровски од персоналот во Neuromedica е опишан како ведар, секогаш насмеан и забавен доктор и одличен пријател. Неговата харизма, љубезност и култура се репер како треба да постапува еден доктор и млад човек пред се. Како награда, менаџментот на Неуромедика му додели на Д-р Чамуровски пофалница и викенд во Охрид во Вила Св. Ѓорѓи.


âÓàÛêàÛ àÓâÓ×Û

Анета Начевска Специјалист по медицинска психологија

Напад на паника е емоционално пореметување кое се манифестира нагло, кое е пропратено со непријатни вегетативни симтоми (забрзана работа на срцето, отежнато дишење, потење, вртоглавица, тремор на рацете, поматување на видот и сл.), најчесто се јавува без никаква видлива причина. Наведените симтоми за време на паничниот напад забрзано се појачуваат и личноста чувствува дека не е во состојба да ги поднесе. Што всушност се панични напади? Најпрво паника е страв од страв. Нападот на паника понекогаш се јавува кај личности кои се склони кон анксиозни реакции (плашливи и сензитивни личности). Паничните напади не се јавуваат случајно и без никаква причина како што си мисли личноста која ги преживува. Јавувањето на првиот паничен напад најчесто е поврзан со непријатни случувања кои допринеле да се чувствува личноста анксиозно (вознемирено и напнато). Некои од тие случувања кои претходат на паничните напади се: хроничен стрес, трауматско искуство или серија на стресни случувања, хронична исцрпеност на организмот после напорна работа или неспиење,

губиток на блиска личност, интензивен бес, претерано конзумирање на токсични супстанци (дрога, кофеин, алкохол), физиолошки пореметувања (тахикардии, проблеми со работа на тироидната жлезда), хипервентилација и тн. Сите наведени причини можат да бидат причина за појава на напнатост, анксиозност и вегетативни хиперсензитивност. Некои луѓе се сензитивни, плашливи и покажуваат склоност да се уплашат од овие непријатни телесни симтоми. Кога личноста ќе се уплаши, сите горенаведени телесни симтоми се појачуваат, и личноста во тие моменти чувствува дека се случува нешто страшно. Во тие моменти се јавуваат страшни мисли како на пример „ќе умрам, ќе добијам инфаркт, ќе паднам во несвест, се гушам, ова е знак дека ќе полудам, морам да побегнам, морам ова да го спречам, јас ова не можам да го поднесам, ќе престане срцето да му чука и тн.“ Наведените мисли дополнително го зголемуваат стравот, а стравот телесните симтоми и на тој начин се создава магепсан круг кој предизвикува паника. Паничниот напад често повторно се јавува после некој извесен период. Тогаш личноста обично повеќе ќе се

исплаши и почнуваат да антиципираат (предвидуваат, очекуваат) нов паничен напад. На пример кога ќе излезат од домот или одат во некој ноќен клуб почнуваат да ги перцепираат своите телесни сензации. На тој начин ги провоцираат и предизвикуваат нов паничен напад. Кога паничниот напад ќе се појави повеќе пати, личноста почнува да избегнува да се вози во автобус, да поминува мостови, затворени простории со многу луѓе и тн. Со избегнување на овие ситуации се допринесува јакнење и одржување на паничниот страв. Секој пат кога личноста ќе побегне од ситуација во која


ಯಠರಲಭಥರ‫ٻ‬ಭಠ‫ٻ‬ಢಠಸಥಲಮ

очекува да се случи паничен напад, тоа има значење како да си кажува на самиот себе „јас ова не можам да го поднесам“... Нападите на паника доста успешно се третираат. Во поголем број од случаите доволен е психотераписки третман, а во некои случаи (потешки случаи, или се пропратени со некои други ментални или телесни пореметувања) потребно е покрај психотерапискиот третман да се примени и фармаколошки третман (земање на терапија која може да ја препише исклучиво психијатар). Когнитивно бихејвиорална терапија се покажала како најефикасна во третманот на нападот на паника. Личноста кога прв пат доживува паничен напад доста е уплашена и збунета и почнува да се запрашува што се случува со нејзиното здравје. Многумина одат кај своите матични доктори, специјалисти (кардиолог, пнумолог, и тн) да се прегледаат. Одењето кај доктор е секако корисно, со тоа ќе се елиминира можноста од некое органско пореметување. Кога на тие прегледи нема да се утврди никакво соматско заболување, докторите обично ги препраќаат овие пациенти кај психолог или психијатар. Што е важно да знаете доколку имате паничен напад: • Паничните напади сами по себе не се опасни и неможат да предизвикаат смрт или било кое телесно заболување;

• Паничните напади потребно е да се третираат затоа што во спротивно тие можат да траат до крајот на животот (нема да поминат сами по себе), од таа причина треба да се побара помош од психолог или прихијатар; • Паничните напади не се знак на лудило, ниту се знак за некое тешко душевно заболување, од паничниот напад неможе да се полуди или да се изгуби разумот и контролата; • Нападот на паника психотераписки доста успешно се третира. Психотераспискиот третман на паничите напади подразбира: Eдукативен дел: терапевтот му објаснува на клиентот што се напади на паника, како и зашто настануваат и како личноста ги создава и одржува истите. Тераписки интервенции: откривање, анализа, забавување на мислите и чувствата кои личноста ги создава и одржува паничните напади, учење на нов начин на мислење кој ќе и помогне на личноста да не ги доживува новите напади, примена на научените вештини и излагање на реални ситуации и тн. âāþûýþûĀûýó àØæãáßØ×ÛÝÓ

02/3 133-313

ǻǮǧDzǼǯǾǼȀǼ ǺdzǿȀǼ

ž

ȾÒÃ

ǻǮ ǽǮǾȀǶǵǮǻǿǸǮ

Кафе за носење и достава

јато Маки о с Еспре но чи Капу 40

. ен

д

02 615 3507

Неска фе 50 ден.

e e f f o C 2 Go

Партизански одреди 42

‫ڐڎڊڏڎ‬

coffeedreammk


– Интервју со доктор

ÓÞØãÖÛÛ

÷ûěóöĀāúó û ąăøąÿóĀ àó āõóó ąøÿó ĂûċĆõó âăûÿ × ă ßûăāĄþóõ äĂóĄāõĄýû ĄĂøĉûěóþûĄą Ăā ÷øăÿóąāõøĀøăāþāöûěó û ĄĆôĄĂøĉûěóþûĄą Ăā ßāþøýĆþóăĀó ôûāþāöûěó ÕûĄāýāąā āôăóúāõóĀûø öā ĄąøýĀóþ õā ã ßóýø÷āĀûěó ó ĄĆôĄĂøĉûěóþûúóĉûěó û ÷ăĆöû ÿĀāöĆ ôăāěĀû āôĆýû û ÷āĆĄāõăċĆõóĝó öû ĄąøýĀóþ õā ĄąăóĀĄąõā öþóõĀā õā äÓ× û úóĂó÷ĀāøõăāĂĄýûąø ÷ăùóõû Óõąāă ø Āó ÿĀāöĆ ĀóĆĊĀû û ĄąăĆĊĀû ąăĆ÷āõû ÿøĖĆ ýāû !CUTE 5RETHRAL 3YNDROM IN WOMEN !)$3 !SSOCIATED 2EITER S 3YNDROM 3CREENING OF #HLAMYDIA TRACHOMATIS UROGENITAL INFECTIONS AMONG THE MALE AND FEMALE POPULATION OF THE 2EPUBLIC OF -ACEDONIA *%!$6 âăûÿ × ă ßûăāĄþóõ äĂóĄāõĄýû ûÿó Āó÷ öā÷ûċĀā ăóôāąĀā ûĄýĆĄąõā õā āôþóĄąó Āó ÷øăÿóąāõøĀøăāþāöûěóąó ó ÿāÿøĀąóþĀā ø ĀāĄûąøþ Āó ÷øěĀāĄąó ĄĂøĉûěóþûĄą Ăā ×øăÿóąāõøĀøăāþāöûěó õā âāþûþûýþûĀûýó àØæãáßØ×ÛÝÓ

Современиот свет се разви во индустријализацијата, во модернизацијата и во урбанизацијата. Овој процес на развој, за жал, оди со голема продукција на загадувачи, кои што се присутни во воздухот, во земјата и во водата. Тука постојат многу токсични супстанци, што се исфрлаат со индустриските процеси, кои во овие модерни времиња, се главна причина за појава на алергиски заболувања. Тие се одразуваат не само на кожата, туку и на слузницата. Кожата како надворешен фактор, не штити, но и слузниците кои се наша редуцирана кожа не штитат во дишните патишта, како и во патиштата за варење на храната. Во секој случај изложени

сме на еден атак од многу хемиски супстанци, што за жал го нарушуваат нашето здравје, не како инфекција, туку како алергија. Алергијата на некој начин е поразлично реагирање на организмот на штетни хемиски супстанци. Најчестите причини за појава на алергија се пулотантни загадувачи, меѓутоа тука спаѓаат и природните супстанци, како што се полените, конзервансите во храната и лековите во секојдневната употреба. Сите тие, можат да го направат организмот да биде алергичен. Тој може да почне да реагира поинаку, не со една умерена, туку со една воспалителна експлозивна реакција, што се одразува на кожата во вид на аутопии,

егземи и неуродерматити. Додека на слузницата, тие се уште потешки, како конјуктивитис – воспаление на очите, ринитис – воспаление на носот, ларингитис, бронхит на дишните патишта. Најголем степен на таа алергиска реакција е појавата на астма. Тоа е кулминација и по живот претешка состојба. Алергиите во поблаги форми лесно се контролираат, со антихистаминици, кои се бенигни супстанци. Освен мала поспаност, тие не учествуваат во оштетување на црниот дроб, бубрезите или на другите внатрешни структури. Ако овие алергиски реакции не успеат да се контролираат со антихистаминици, тогаш се оди со таа кортикостеридна терапија, со многу нус појави. Тоа е многу јака терапија и дава тешки компликации. Затоа дозирањето е многу внимателно и редовно се следи. Се прават чести контроли. Во целиот процес со алергиите, многу ни помагаат алерготестовите, со кои можеме да го докажеме причинскиот фактор, да докажеме дека алергијата е предизвикана од суспстанции кои се во воздухот, поленски супстанци, продукти од распадот на паразити што живеат на нашата кожа, како дерматофаги, потоа, влакната од миленичињата, мачиња, кучиња и пердуви, за тие што чуваат папагали дома. Во втората група, алергени во храната спаѓаат конзервансите и лековите како супстанци. Тие се користат кај хронично


ಯಠರಲಭಥರ‫ٻ‬ಭಠ‫ٻ‬ಢಠಸಥಲಮ

болните пациенти и можат да предизвикаат алергија. Пеницилинот кој порано беше број еден антибиотик во медицината, сега е опасност да се даде кај многу индивидуи, кои се алергични поради долготрајна употреба и заситеност на организмот. Кога направените тестови ќе откријат кои се причините, тогаш најдобра терапија е елиминација на сусптанцата што предизвикува алергија. Ако се открие, дека тоа е некоја постелнина од одреден материјал, тогаш таквата постелнина треба да се елиминира. Сега постојат антиалергиски материјали кои се користат и во облеката и во постелината. Исто е и со храната, ако се открие дека некој конзерванс е штетен, тогаш треба да се избегнува таков вид на храна. Најчести симптоми за алергија се црвенило на кожата. Тоа може да се појави кај дете, веднаш по раѓањето. Меѓутоа, најчесто се појавува кај дете, што е родено од мајка, која веќе има некаква алергија, а уште повеќе доаѓа до израз кога е родено од мајка и од татко, кои го имаат истиот проблем. Тоа е наследно, и тоа дете, од алергија ќе страда уште од раѓање. Настанува мутација на генот, тој се наследува и генерациски се зголемува. Порано се

раѓале околу пет проценти деца, кои страдале од алергии уште од самото раѓање, а сега таа бројка се зголемила на околу 20 проценти. Значи човекот може да стане алергичен на секоја суспстанца. Ако работи во услови на прашина, тогаш повеќе се зголемуваат шансите да стане алергичен. Во тој случај не може да се брани, пука одбраната и тоа му го руши организмот. Значи мора да нагласиме дека, кожата реагира со црвенило, со свраб, со создавање на меурчиња што пукаат. Постои и еден друг вид на алергија, пропратен со црвенило, свраб и пукање на меурчиња, ама тоа се вика атопичен дерматит. Многу луѓе, на одредени места кај што работат, стануваат алергични. Некои работат во хемиска индустрија, таму работат со тешки отрови или на места кај што се произведува гума. Кај хирурзите, исто така се појавува алергија на рацете. Проблемот се повеќе се продлабочува поради еколошките проблеми. Гушењето е крајниот степен, што ги зафаќа дишните патишта. Слузниците се како кожа, ама редуцирана кожа. Таа има четири слоеви на клетки и тие не

‫ڒڎڊڑڎ‬

чуваат во внатрешноста. Ако се случи шок на организмот, тогаш настанува тој феномен на гушење и се активира слузницата. Дијагнозата за заштита од алерија се воспоставува на дерматолог, ако е тоа манифестирано врз кожата, на офталомолог, ако е тоа манифестирано врз очите и на оторинголаринголог, ако се работи за носната слузница, или пулмолог, кој ќе констатира астма. Многу е важно да се каже дека превенцијата е во умереноста. Тоа значи, дека никогаш не треба да се злоупотребува некоја супстанца. Во овие модерни времиња, гледам дека се повеќе луѓе пијат некакви протеински супстанци, некои антиоксиданси за подобро здравје, но сите тие носат ризици. Дури и ако се претера со пиење вода, настанува труење со вода, а да не зборуваме за хемиските супстанци. Исто така, мора да се развива свеста кај луѓето… Факт е дека алергијата не може трајно да се излекува. Се користи вакцина, која го прави човекот имун на тие алергиски реакции. Прим. Д-р Мирослав Спасовски Специјалист по дерматовенерологија

Полиликлиника НЕУРОМЕДИКА


NEUROMEDICA

СО НОВИ КАБИНЕТИ

ВО БИТОЛА И ШТИП Менаџментот на Neuromedica во јуни 2015 одлучи да воспостави нови невропсихијатриски кабинети во своите поликлиники во градовите Битола и Штип. Замислата е да им се олесни на пациентите кои имаат невропсихијатриски проблеми полесно да ја добијат потребната дијагноза и трет-

ман. Проф. Д-р Методи Чепреганов заедно со својот тим на еминентни доктори како неврорадиологот Проф. Д-р Миодраг Врчаковски, неврологот Д-р Милановска и останатите медицински лица ќе патуваат во градовите во нашите поликлиники за да вршат прегледи и контроли на пациентите.

Во Неуромедика Битола има можност за поставување на дијагноза со најсовремените дијагностичките процедури како Магнетна резонанца, а во двете поликлиники може да се вршат дијагнози со стандардните ЕЕГ, ЕМГ, ЕКГ, лабораториски испитувања итн.


ಯಠರಲಭಥರ‫ٻ‬ಭಠ‫ٻ‬ಢಠಸಥಲಮ

РЕКЛАМА

‫ڔڎڊړڎ‬


НАЈСОВРЕМЕН

ДИЈАГНОСТИЧКИ ЦЕНТАР ВО РЕГИОНОТ


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.