Olivella promo

Page 1

100% Девствено Маслиново Масло за убавина на кожата


Природна медитеранска нега за вашата кожа


Индекс на убавина

тврд сапун течен сапун гел за туширање шампон и кондиционер крем за раце крем за тело навлажнувач за кожа влажни марамчиња крем за трудници лосион за трудници купка за бебе крем за бебе масло за бебе

06 07 08 09 10 11 12 13 14 15 16 17 18


Нашите производи? Единствени од 100% Девствено Маслиново Масл Оливела производите од стопроцентно (100%) Девствено Маслиново Масло ги содржат сите својства на „благородна состојка“ во многу попрактична и погодна природна форма: како значаен дел од денес познатата медитеранска исхрана, сапуните, кремите и средствата за чистење од Девствено Маслиново Масло всушност треба да бидат дел од Медитеранската нега на нашата кожа. Античкото знаење за полезноста на маслиново масло за нашето тело сега може да се усвои во многу полесна и секако многу попогодна форма.

Клучни придобивки: ПРИРОДНИ СВОЈСТВА ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ ПРИРОДНИ АНТИОКСИДАНТИ БЕЗ СОСОТОЈКИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО БЕЗ SLS (Sodium Laureth Sulfate) БЕЗ ВЕШТАЧКИ БОИ (само природниот хлорофил на маслото) ДЕРМАТОЛОШКИ ТЕСТИРАНИ НЕ СЕ ТЕСТИРАНИ НА ЖИВОТНИ Активни природни состојки на Девственото Маслиново Масло: - Squalene -Бета-Каротен -a-Токоферол или Витамин E -восочни алкохоли и масни киселини - Алкохоли во долги синџири -Фитостероли и нивните естери -Феноли и фенолски киселини


• SQUALENE: Squalene го има до 40% во основната јаглеводородна содржина од сапунифицираното маслиново масло. Исто така, го има до 12% во секретот на лојните жлезди и оттука го заштитува дермисот, кој ја оддржува природната влажност на кожата.Присуството на squalene во маслиновото масло му овозможува да навлезе во длабоките слоеви од кожата и да го обнови хидролипидниот слој ослабен од сончевата светлина и средствата за чистење.Исто така, игра значајна заштитна улога против стрес оксидацијата на кожата и го прави епидермисот главен антиоксидантен агенс. • БЕТА-КАРОТЕН: Бета-каротенот е претходник на витаминот А(ретинол).Во маслинките е присутен во концентрации во ранг од 2 до 8%. Бета-каротенот има улога на антиоксидант, затоа што тој ги неутрализира слободните радикали и го декативра едноатомскиот кислород, главниот причинител за автооксидација.Тој често се вклучува во козметиката поради неговото значајно својство да дејствува против брчки и како филтер за ултравиолетовите зраци. • АЛФА-ТОКОФЕРОЛ: Алфа-токоферол, познат како витамин Е, е специфична компонента во маслиновото масло, кој сочинува 90% од мешавината на токофероли, додека во другите масла тој е само дел од компонентите. Алфа-токоферолот е моќен антиоксидант и е особено значаен за превенција на слободните радикали и оттука за стареење, исто така служи и како штит против сончевото зрачење и се користи во најдобрите козметички формулации. • CERE: се алкохли и естери на долги синџири од масни киселини. Восоците се соединенија отпорни на вода, и поради ова својство се користат во најнапредната козметичка индустрија. Тие, исто така, се наоѓаат во човечкиот себум, кој има заштитна улога. • ДОЛГИ СИНЏИРИ НА АЛКОХОЛИ: се сурфактанти кои широко се користат во најнапредната козметичка индустрија поради нивниот заштитен ефект и својство за чистење. • ФИТОСТЕРОЛИ И ЕСТЕРИ: се високо квалитетни компоненти кои се користат за козметички цели, каде што нивната употреба е ограничена од достапноста и високата цена. Активно учествуваат во формирањето на емулзии и заштитен слој на дермисот. • ТРИТЕРПЕНСКИ КИСЕЛИНИ И АЛКОХОЛИ: се специфични компоненти во маслиновото масло кои имаат исцелителен ефект. • ФЕНОЛИ И ФЕНОЛСКИ КИСЕЛИНИ: се мешавина од голем број на индивидуални компоненти чие дејство како соларен филтер е зголемено со феноменот на синергија


Тврд сапун 100% Девствено Маслиново Масло (100 гр. во кутија) Нашиот сапун е резултат од иновативна технологија со која се елиминираат традиционалните хемиски процеси кои се високо стресни за стеролите и масните киселини. Богатство од компоненти за заштита на кожата, го прават уникатен, споредено со другите сапуни. Нашето истражување покажа дека сапунот задржува висока содржина од благородните принципи на девственото маслиново масло, така што нема потреба да се менува, да се додаваат адитиви односно да се преобрази производот. Тој е збогатен поради Девственото Маслиново Масло од кое што е направен. Медитеранските ноти од мирисот на цитрус ќе го истакнат незаборавното искуство. Употреба: Со влажни раце нанесете од емулзијата на сапунот на лицето или телото. По третманот, исплакнете со топла вода.

06


Течен сапун 100% Девствено Маслиново Масло (во шишенце со пумпа 300 мл.) Оливела течниот сапун е иновативен продукт, направен за сите типови на кожа, и особено е погоден за честа употреба. Неговата тајна е едноставна: Оливела сапунот е целосно од растително потекло, содржи 100% Девствено Маслиново Масло, без состојки од животинско потекло, без вештачки бои и конзерванси. Благодарение на добриот состав богат со Девствено Маслиново Масло, ексклузивниот метод на „жешка“ обработка, во склад со античката традиција, предизвикува поголем дерматолошки ефект на липидниот слој од кожата споредено со сите конвенционални сапуни на пазарот. Медитеранските ноти од мирисот на цитрус ќе го истакнат незаборавното искуство. Употреба: Нанесете одредена количина од течниот сапун на лицето или телото. По третманот, исплакнете со топла вода.

07


Гел за туширање 100% Девствено Маслиново Масло (во шише од 500 мл.) Купката, гелот за туширање е наменет за сите типови на кожа и е погоден за честа употреба. Нежната пена ја прави кожата мазна и мека на допир. Купката и гелот за туширање предизвикува поголем дерматолошки ефект за омекнување и чистење на липидниот слој од кожата, споредено со конвенционалните пенливи купки на пазарот. Медитеранските ноти од мирисот на цитрус ќе го истакнат незаборавното искуство. Употреба: Нанесете одредена количина на телото и нежно масирајте. Исплакнете со топла вода.

08


Шампон и Кондиционер 100% Девствено Маслиново Масло (шише од 250 мл.) Направени од 100% Девствено Маслиново Масло. За нормална, сува или хемиски третирана коса. Шампонот ја прави косата сјајна, свежа и мека на допир. Кондиционерот, пак, ја хидрира, ревитализира и обновува вашата коса. Употреба: Шампонот е погоден за секојдневна употреба. Кондиционерот нанесете го на чиста, влажна коса и масирајте. Исплакнете по 1-3 минути. Најдобри резултати се постигнуваат заедно со редовно користење на Оливела шампонот.

09


Крем за раце 100% Девствено Маслиново Масло (туба од 75 мл.) Нежниот крем за нега на раце со Девствено Маслиново Масло ја подобрува хидратацијата на кожата, длабоко ја храни, оставајќи ја кожата мека без маслен остаток истовремено штитејќи ја од надворешните агенси. Нема вештачки бои и синтетички мириси. Бојата на кремот е природна и е последица единствено од Девственото Маслиново Масло. Медитеранските ноти од мирисот на цитрус ќе го истакнат незаборавното искуство. Употреба: Користете ја секојдневно, нежно масирајќи ја третираната површина. Особено е погодна за сува и испукана кожа. Лесно се апсорбира, оставајќи пријатно чувство на свежина и благосостојба.

10


Крем за тело 100% Девствено Маслиново Масло (туба од 150 мл.) Крем за нега на тело со Девствено Маслиново Масло, кој се карактеризира со лесна текстура, разладувачки ефект и со својства кои ја хранат, омекнуваат, навлажнуваат и зацврстуваат кожата. Нема вештачки бои и синтетички мириси. Бојата на кремот е потполно природна и е последица единствено од Девственото Маслиново Масло. Медитеранските ноти од мирисот на цитрус ќе го истакнат незаборавното искуство.

Употреба: Користете ја секојдневно, нежно масирајќи ја третираната површина. Особено е погодна за сува и испукана кожа. Лесно се апсорбира, оставајќи пријатно чувство на свежина и благосостојба.

11


Навлажнувач за кожа 100% Девствено Маслиново Масло (шишенце со пумпа, 50 мл.) Оливела навлажнувачот е направен од 100% Девствено Маслиново Масло. Наменет за нега на лице и тело, со природна мирисна есенција од нежните цветни ноти, длабоко ја хидратира и омекнува кожата. Збогатен е со Squalene од маслиновото масло, витамин Е и А, спречувајќи го феноменот на стареење на кожата. Медитеранските ноти од мирисот на цитрус ќе го истакнат незаборавното искуство. Употреба: Навлажнувачот има ублажувачки и смирувачки ефект. Користете го редовно во текот на целиот ден, се препорачува 10-15 мин. пред легнување и/или по туширање. Нежно масирајте 1 или 2 капки на лицето, вратот или телото, сè додека навлажнувачот, целосно не се апсорбира. Вашата кожа потоа ќе биде нежна, мека и мазна.

12


Влажни марамчиња 100% Девствено Маслиново Масло (пакување од 30 марамчиња) За делотворно чистење на нечистотиите на кожата преку целиот ден без потреба од исплакнување и за отстранување и на најотпорната шминка. Содржи 100% Девствено Маслиново Масло, ја оддржува кожата мека, нежна и еластична, а по третманот ќе добиете фантастично чувство на свежина и чистота. Медитеранските ноти од мирисот на цитрус ќе го истакнат незаборавното искуство. Употреба: Нежно исчистете го лицето со едно марамче и завршете го третманот со миење со топла вода. По употребата, оставајте ја налепницата затворена за да не се исушат марамчињата.

13


Крем за трудници 100% Девствено Маслиново Масло (туба од 150 мл.) Нашата формула содржи 100% Девствено Маслиново Масло, витамин А и Е. Со редовно користење од првите месеци на бременоста, ја спречува појавата на стрии и други недостатоци на кожата, правејќи ја вашата кожа совршено еластична и цврста. Треба да го продолжите третманот и по бременоста, делумно и со Оливела лосионот за трудници. Медитеранските ноти од мирисот на цитрус ќе го истакнат незаборавното искуство. Употреба: Се нанесува на целото тело, посебно на стомакот, градите, задникот и бедрата по туширање или преку целиот ден.

14


Лосион за трудници 100% Девствено Маслиново Масло (шише од 250 мл.) Нашата формула содржи 100% Девствено Маслиново Масло, витамин А и Е. Со редовна употреба по бременоста помага во намалувањето на стрии и други недостатоци по породувањето, одржувајќи ја кожата совршено еластична и цврста и регенерирајќи ја природната текстура на кожата. Медитеранските ноти од мирисот на цитрус ќе го истакнат незаборавното искуство. Употреба: Се нанесува на целото тело, посебно на стомакот, градите, задникот и бедрата по туширање или преку целиот ден.

15


Купка за бебе 100% Девствено Маслиново Масло (шише од 200 мл.) Кожата на бебињата е посебно чувствителна на иритации и затоа ова е идеално средсво за чистење за секој ден, со високи перформанси на навлажнување. Нежноста на Девственото Маслиново Масло, по исплакнувањето ќе ја направи бебешката кожа нежна и мека на допир. Медитеранските ноти од мирисот на цитрус ќе го истакнат незаборавното искуство. Употреба: Нанесете мала количина и нежно масирајте да го исчистите телото на бебето. Исплакнете со топла вода. За сите типови на бебешка кожа, посебно за атопична, сува и проблематична кожа.

16


Крем за бебе 100% Девствено Маслиново Масло (туба од 100 мл.) Нашата формула содржи 100% Девствено Маслиново Масло, витамин А и Е. Со светла и мека текстура, ја навлажнува, штити и храни бебешката кожа во текот на целиот ден без иритација. Се препорачува со Оливела бебешкиот сапун или Оливела бебешката купка. Медитеранските ноти од мирисот на цитрус ќе го истакнат незаборавното искуство. Употреба: Нанесувајте го секој ден на лицето и телото на бебето. Лесно се апсорбира и остава чувство на свежина и благосостојба. За сите типови на бебешка кожа, посебно за атопична, сува и проблематична кожа.

17


Масло за бебе 100% Девствено Маслиново Масло (шишенце со пумпа, 50 мл.) Оливела Природна Есенција од грижливо одбрано 100% Девствено Маслиново Масло, со природни мирисни есенции од нежни цветни ноти. Збогатено со Olive Squalene, витамини А и Е, ја омекнува и храни бебешката кожа, спречувајќи ја сувоста. Медитеранските ноти од мирисот на цитрус ќе го истакнат незаборавното искуство.

Употреба: Нанесувајте го редовно во текот на денот. Се препорачува 10-15 мин. пред легнување. Масирајте на нанесениот дел сè додека серумот целосно не се апсорбира. Чувајте го продуктот на ладно место. За сите типови бебешка кожа, посебно за атопична, сува и проблематична кожа.

18


НУТРИ ВИТА ул. 29-ти Ноември број 15 локал 3 1000 Скопје, Р. Македонија тел. 02 32 30 777 e-mail: contact@nutrivita.mk www.nutrivita.mk

design a cura di digidesigns.it by ecostudiogroup



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.