Весник на локалната самоуправа декември 2012 • бр. 23 • година 4
СРЕЌНА НОВА 2013
2
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
окус
Стевчо Јакимовски
ОД МОЈ АГОЛ
ВИ ПОСАКУВАМ ГОДИНА НА ПРОСПЕРИТЕТ Почитувани сограѓани, Зад нас ја оставивме старата, веќе измината 2012 година и влеговме во Новата 2013 година. Ако направиме мала рестроспектива, еден поглед наназад, ќе се согласите дека имавме во голема мерка и во секој поглед турболентна, работна година со стотици активности. Не ни беше ни малку лесно, но не беше ни толку тешко. Напротив, ни беше задоволство да работиме за вас! Имавме многу проблеми, многу барања од Вас граѓаните на Карпош, но се обидовме, како Ваша општина, Ваш сервис, ако не за сите, барем за најголем дел од нив, да најдеме решение. Всушност, нашата максима уште од самиот почеток беше „Проблемите ги знаеме-решение имаме“. Вие предлагавте-ние работевме. Или „Ветено-Сторено“! Сега веќе старата 2012 година, можеме да ја одбележиме како градителска, но и хумана, одговорна, визионерска. На самиот старт си поставивме цел. Во преден план да ни биде изградбата, урбанизацијата, осовременување на нашата Општина Карпош. Во тоа успеавме, дури и ја надминавме поставената „норма“. Вложивме во реконструкција на сите основни училишта во Карпош, така што на нашата територија нема училиште кое не е со европски лик, енергетски ефикасно и современо. По повеќе од четири децении, нашите деца заслужија да имаат современи и пристојни услови за школување. Затоа што децата се нашата иднина. Се обидовме да им го збогатиме и социјалниот и културниот живот на карпошани, од најмала до најзрела возраст. Притоа се потрудивме да не заборавиме и да не запоставиме никого. За децата од најмала возраст изградивме бројни детски игралишта со најсовремена и еколошка и заштитна урбана опрема и реквизити. За пензионерите, неуморните шетачи по прекрасните патеки ставивме нови клупи за починка. Изградивме и два најсовремени
плоштади, места за зближување, за дружење и за разонода на нашите сограѓани. Ќе изградиме уште толку. Збогатувањето на културно-забавниот живот и јакнењето на спортскиот дух кај младата популација преку традиционалните училишни лиги, турнири и манифестации беше проткаено во целата измината 2012 година. На тој план имаме и многу повеќе амбиции и цели за оваа година која почнува да тече. Но, неј- се, да оставиме да видиме што сé подготвуваме да сториме на тој план. Она што е важно за сите нас, и што во ниту еден момент не смееме да заборавиме, е да го зачуваме човечкото чувство, хуманоста и солидарноста во нас, зашто Карпош е општина на меѓународна и екс-југословенска солидарност. Од љубовта и поддршката на пријателските народи по земјотресот во Карпош изникнаа цели населби. Ние, тоа, никогаш не го заборавивме! Денес, кога Карпош цврсто стои на нозе, ред е да возврати со филантропија и љубов кон оние кои се во тешка материјална состојба и кои времено се на социјалните маргини. За нив водиме грижа постојано. Осумпати во текот на годината ние, Општина Карпош, здружени, заедно со граѓаните на Карпош, организиравме хуманитарни акции, по повод поголемите празници Велигден, Нова Година и Божиќ, како и по повод роденденот на Општината 3-ноември. Но, финансиски, со лекови, помагала и на секој друг начин ги поддржувавме во текот на целата година. Ќе бидеме со нив и во оваа 2013-та, со искрена желба дека тоа е само времено, додека не зајакнат и самите не помогаат на другите на кои таква помош им треба. Во Карпош е најмала стапката на невработеност од сите општини. Со создавање на поволна бизнис клима и услови за нови инвестиции и отворање на нови работни места, се трудиме, невработеноста видно да ја смалиме. За секој граѓанин на Карпош сакаме да придонесеме во подигнување на неговиот животен стандард, до благосостојба и достоинствен начин на живеење. Нам, како локална власт избрана токму од граѓаните, тоа ни е основната визија. Токму со овие последни желби, за лично здравје, многу љубов, семеен мир и благосостојба, толеранција и успех во животот и во работата, Ви ја честитам Новата 2013 година и претстојните Божиќни празници на граѓаните од православна вероисповед. Вашиот градоначалник, Стевчо Јакимовски
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
3
ВО ОВОЈ БРОЈ Весник на локалната самоуправа декември 2012 • бр. 23 • година 4
ВЕТЕНО СТОРЕНО СРЕЌНА НОВА 2013
Издава Општина Карпош ул. „Демир Трајко“ бр.43 1000 Скопје, Р. Македонија тел.: 02 / 30-61-353 факс: 02 / 30-71-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk Издавачки совет Стевчо Јакимовски Даница Мартиновска Димче Мешковски Главен и одговорен уредник Виолета Цветковска
ГОДИНА НА ОСТВАРЕНИ ВЕТУВАЊА
..................................................... 6
СОРАБОТКА ОФИЦИЈАЛИЗИРАНА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ОПШТИНА КАРПОШ И FLEURY-SUR-ORNE
....................................................... 16
ПОТФАТИ
vikipr@karpos.gov.mk
Уредник Миле Раденковиќ mile.radenkovic@karpos.gov.mk
Редакција Живко Трајановски Елена Кузмановска Ива Манова Игор Ѓуровски Технички уредник Зоран М. Гулевски Лектура Живко Трајановски Ангелина Николовска Фотографија Ива Манова М. Раденковиќ
4
РАЗУБАВЕНО УЧИЛИШТЕ - СРЕЌНИ УЧЕНИЦИ, НАСТАВНИЦИ И РОДИТЕЛИ
..................................................... 23
ЕСЕЈ ЅВЕЗДА КОЈА СЈАЕ ..................................................... 24
СПОРТОРАМА НА ПРАГОТ НА ПРВАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА
...................................................... 31
КОЛУМНА
ХЕРОЈ НА НАШЕТО ВРЕМЕ ЦРНО
Изгледа Македонија повторно ја зафаќа националистичко лудило. Инфантилните властодршци (од македонскиот и албанскиот блок) си играат пак со фитиљот кој еднаш ќе ја изгореше земјата. Примери колку сакаш. И едните и другите ја „подмочуваат“ територијата со свои ѓоа белези кои по правило предизвикуваат реакција кај другите. Ја наполнија државата со многу железо и бетон, притоа не градејќи ниту еден мост на заедништво. Од нафталин вадат крвници и насилници на граѓаните на Македонија или анонимуси, па по нив именуваат улици и училишта, а на некои од нив им градат и монументални споменици. Без претходно подадена рака на помирување се поклонуваат секој на своите, а потоа глумат лутина надевајќи се на евтини политички поени кај својот електорат. Следниот момент за инает и за додворување кон своето стадо предлагаат акт во Собранието кој ја носи земјата во парламентарна криза. Во сред Македонија на универзитет кој се финансира од средствата на македонските граѓани се интонира химна на соседна држава, а притоа се „заборава“ да се стане и да се поздрави химната на Република Македонија. Или, да не сум премногу наивен? Да не е ова само игра на владејачкото мнозинство во која како победници, макар и привремено, треба да излезат и едните и другите пред своите гласачи. Велам привремено, оти на долг рок сите сме губитници, а најмногу Македонија.
БЕЛО
Пишува: проф. д-р Зоран Т. Поповски
Карпош е општина која отсекогаш зрачела со соживот и заедништво. За жал, во Карпош загина и херојот на нашето време – Мухамед Али Јашари. Херојот на овој црно-бел свет во кој живееме во последните дваесетина години
Има ли излез од овој рубикон? Има ли надеж за нас? Па надежта е тука, околу нас само ако имаме малку толеранција едни кон други, како жителите на Карпош кои со децении се обидуваат да одржуваат меѓуетничка хармонија помеѓу граѓаните од различна националност. Намерно не велам идила, затоа што е многу лицемерно да се каже дека тука немало понекогаш искри и недоразбирања. Имало, ама никогаш не ескалирале до таа мера за да го загрозат заедничкото живеење на граѓаните на Карпош. Таа толеранција не е преку ноќ создадена, туку е градена со децении. Поттикнувана на игралиштата низ спортските надигрувања, градена преку заедничко образование на деца од различна националност, негувана преку заеднички културно-забавни манифестации. Не велам дека тече мед и млеко и од оваа перспектива мислам дека треба уште многу, многу да се работи на тој план. Во годината што туку измина, на територијата на Општина Карпош се случи своевидна револуција во образованието. Во потфатот за изградба и реконструкција на училиштата, најмногу се инвестираше во симболот на соживотот, училиштето „Братство“ во Тафталиџе. Тоа воопшто не беше случајно. Луѓето знаат дека таа инвестиција е вложување во темелот на иднината на новите генерации кои ќе треба и понатаму да живеат заедно на овие простори. Се сретнав со соученици со кои сум одел во училиште пред 40-ина години и си се потсетивме на тие убави моменти од нашето детство. Тоа што сме од различна националност и зборуваме различни јазици, воопшто не ни попречи. Како што никогаш и не ни пречело. Следејќи ја културно-забавната програма што ни ја приредија учениците од ова училиште, уживав во настапите на сите деца независно од нивниот јазик. Сите беа убави, разиграни. Иако некои од песните и рециталите не ги разбирав и тие ми звучеа убаво. И во нив имаше душа и убавина. Музичкиот состав кој делови од исти популарни песни пееше и на едниот и на другиот јазик, баш ми изгледаше симпатично, како што гламурозно ми изгледаше и водителката на програмата која на двата јазика им се обраќаше на присутните. Вистински празник за душата и за очите. Е, кога ќе почнеме да се навикнуваме на овие работи, едни на други и во државата, тогаш ќе речам дека Македонија има шанса. Низ општествената сцена продефилираа многу луѓе кои, помалку или повеќе, се обидуваа да дадат некаков придонес во развојот на Македонија. Но, за мене херојот на нашето време се вика МУХАМЕД АЛИ ЈАШАРИ. Момчето кое не водејќи сметка кој е и од каде е неговиот соученик, истрча да го брани од разјарени хулигани, од чија рака за жал и загина. Да не зборувам за судскиот епилог кон убијците кои се сè уште на слобода, која е веројатно некаде и некако наплатена. Жал ми е што тој настан полека но сигурно паѓа во заборав и се прекрива со правот на национализмот кој секојдневно се сее од оние што ја водат државата. А напротив, тоа треба да се негува, луѓето да се потсетуваат на тоа, оти тоа треба да е магичната формула за соживот. Тоа херојство се случи на територијата на Општина Карпош и предлагам покрај толкуте прекрстувања на улици и градби на безобразно скапи споменици во градот, барем на овој наш херој да му оддадеме должна почит како граѓани на Општина Карпош со изградба на обележје кое секогаш ќе не потсетува на неговото јунаштво и ќе биде патоказ за идните генерации.
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
5
ВЕТЕНО СТОРЕНО ГОДИНА НА ОСТВАРЕНИ ВЕТУВАЊА Зад нас ја оставаме 2012 година. Година на остварени 200 ветувања. Нашето мото „ВЕТЕНОСТОРЕНО“ го испочитувавме во целост. Ветивме дека ќе реализираме 200 проекти и тоа навистина го сторивме. Во текот на 2012 година асфалтиравме вкупно 54 улици во должина од 22.000 метри или 22 километри со површина од 110.000 квадратни метри. И не запревме тука. Изградивме и над 2,6 километри фекална канализација, 1,8 километри атмосферска канализација, 38,4 километри тротоари, 5,7 километри пешачки патеки, 8,4 километри паркиралишта или 670 нови паркинзи. Поставувавме урбана опрема, градевме пристапни рампи, го решивме и целосно го обновивме уличното осветлување. Ги реконструиравме сите десет училишта, почнавме и со градинките, градевме и водоводна мрежа, градиме плоштади. И не само што ветивме и сторивме. Дури и надминавме. Изградивме, во тек на реализација или во подготовка, на територијата на Општина Карпош се вкупно 204 проекти во вредност од 580 милиони денари Средената инфраструктура, хортикултурното уредување и урбанизираната Општина се нашата визија, нашето ветување и нашиот новогодишен подарок за сите жители на Карпош. Честити Новогодишни и Божиќни празници и ветуваме дека остануваме на истиот пат-на патот на напредокот. ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА 1*
Реконструкција на фекална канализација по ул. Руѓер Бошковиќ
2*
Реконструкција на фекална канализација по ул. Веселин Маслеша
3*
Реконструкција на фекална канализација по ул. Бранислав Нушиќ
4*
Реконструкција на фекална канализација по ул. Демир Трајко (позади слаткарница Рафаело)
5*
Изградба на фекална канализација по ул. Пијанец
6*
Изградба на фекална канализација по ул. Милан Марковиќ
7*
Реконструкција на фекална канализација по ул. 2 во с. Бардовци
8*
Изградба на фекална канализација по ул. Ловќенска
9*
Изградба на фекална канализација по ул. Братфордска
10*
Изградба на фекална канализација по ул. 6 во с. Бардовци
11*
Изградба на фекална канализација по по Новопроектирана улица 1 и ул. 2 во УЗ Карпош 3 (Филип Втори)
12*
Изградба на фекална канализација по непробиен дел од ул. Борка Талевски
13*
Изградба на фекална канализација по дел од ул. Скупи Вкупно фекална канализација 2.648м1, сума 15.500.000,00 денари
Изградба на фекална канализација по ул. Пијанец
6
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
Изградба на фекална канализација по ул. Милан Марковиќ
Изградба на атмосферска каанлизација по ул. Будимпештанска
Изградба на атмосферска канализација на дел од ул. Леринска
ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА 14*
Изградба на атмосферска канализација на дел од ул. Леринска
15*
Изградба на атмосферска каанлизација по ул. Будимпештанска
16*
Изградна на атмосферска канализација по ул.Московска
17*
Изградба на атмосферска канализација по ул. Кораб
18*
Изградба на атмосферска канализација по Новопроектирана улица 1 и ул. 2 во УЗ Карпош 3 (Филип Втори)
19*
Изградба на атмосферска канализација по непробиен дел од ул. Борка Талевски
20*
Изградба на атмосферска канализација на паркинг и пристапна улица од ул. Љубљанска
21*
Изградба на атмосферска канализација по крак од ул. Адолф Циборовски (Порта Козле)
Вкупно атмосферска канализација 1.786м1, сума 12.000.000,00 денари
Изградба на водоводна мрежа по дел од ул. 6 во с. Бардовци
Изградба на водоводна мрежа по ул. Адолф Циборовски
ИЗГРАДБА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА 22*
Изградба на водоводна мрежа по дел од ул. 6 во с. Бардовци
23*
Изградба на водоводна мрежа по ул. Адолф Циборовски
24*
Изградба на водовод по Новопроектирана улица 1 и ул. 2 во УЗ Карпош 3 (Филип Втори)
25*
Изградба на водоводна мрежа по непробиен дел од ул. Борка Талевски
26*
Ископ на ров за поставување на водоводни цевки во населба Средно Нерези Вкупно водоводна мрежа 3.100м1, сума 21.000.000,00 денари
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
7
ТРОТОАРИ НА УЛИЦИ
27*
Реконструкција на тротоари на ул. Стрезово
28*
Реконструкција на тротоари на ул. Братфордска
29*
Реконструкција на тротоари на ул. Пијанец и Крчин
30*
Реконструкција на тротоари на ул. Милан Марковиќ
31*
Реконструкција на тротоари на ул. Миле Поп Јорданов
32*
Реконструкција со проширување на тротоари и пешачки патеки на ул. Невеска и ул. Воденска
33*
Реконструкција на тротоари на ул. Хашка
34*
Реконструкција на тротоари по ул. Струшка
35*
Реконструкција на тротоари на ул. Никола Парапунов
36*
Реконструкција на тротоари на ул. Бранислав Нушиќ
37*
Реконструкција на тротоари на ул. Гаврил Лесновски
38*
Реконструкција на тротоари на ул. Његошева крак 2 и крак 3
39*
Реконструкција на тротоари на ул. Осло
45*
Реконструкција на тротоари на ул. Владимир Каваев
40*
Реконструкција на тротоари на ул. Бриселска со краци
46*
Реконструкција на тротоари на ул. Пресека со краци
41*
Реконструкција на тротоари на ул.Извор
47*
Реконструкција на тротоари на дел од ул. Ловќенска
42*
Реконструкција на тротоари на ул. Сливовска
48*
Реконструкција на тротоари на ул. Ловќенска 2
43*
Реконструкција на тротоари на ул. Кленоец
49*
Реконструкција на тротоари на ул. Скупи 3
44*
Реконструкција на тротоари на ул. Бабуна
50*
Реконструкција на тротоари на ул. Скупи 22
51*
Реконструкција на тротоари и патеки во Карпош 2
52*
Реконструкција на тротоари на ул. Ј. Гагарин од ул. Козле до бул. Т. Гологанов
53*
Реконструкција на тротоари на ул. Мраморец
54*
Реконструкција на тротоари на ул. Мокра
55*
Реконструкција на тротоари на ул. Беришка
56*
Реконструкција на тротоари на ул. Братфордска, дел 2
57*
Реконструкција на тротоари на ул. Копачка
58*
Реконструкција на тротоари на ул. 10, 12 и 14 во УЗ Бардовци
Реконструкција на тротоари на ул. Ј. Гагарин
8
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
Реконструкција на тротоари на дел од ул. Ловќенска
59*
Реконструкција на тротоари на ул. Кнез Хацон
60*
Реконструкција на тротоари на ул.Лесновска
61*
Реконструкција на тротоари на ул. Константин Презвитер
62*
Реконструкција на тротоари на ул. Трнодол
63*
Реконструкција на тротоари на ул. Поп Богомил
Вкупно тротоари 38.400м2 односно должина од 26 км и сума 67.200.000,00 денари АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ
Асфалтирање на ул. Разловечко востание 73*
Асфалтирање на пристапна улица (мавровска населба) Влае 1
64*
Асфалтирање на ул. Веселин Маслеша
74*
Асфалтирање на ул. Козле 9
75*
Асфалтирање на ул. Козле 11
65*
Асфалтирање на ул. Бранислав Нушиќ
76*
Реконструкција на крак од ул. Ванчо Мицков
66*
Асфалтирање на ул. Руѓер Бошковиќ
77*
Асфалтирање на ул. Бриселска
67*
Реконструкција на постоечка ул. Козле 2
78*
Асфалтирање на ул. Г. Лесновски
68*
Асфалтирање на ул. Копачка
79*
Асфалтирање на ул. Крчин
69*
Асфалтирање на ул. Будимпештанска
80*
Асфалтирање на ул. Пијанец
70*
Асфалтирање на ул. Разловечко востание
81*
Асфалтирање на ул. Леринска Асфалтирање на ул. Ловќенска
71*
Асфалтирање на ул. Осло
72*
Асфалтирање на ул. Каирска
82* 83* 84* 85* 86* 87*
Асфалтирање на Његошева крак 2 и крак 3
88*
Изградба на Новопроектирана ул. 1 и ул. 2 во УЗ Карпош 3 (Филип Втори)
89* 90* 91*
Асфлатирање на ул. Козле 2
92*
Асфалтирање на ул. Воденска со краци
93* 94* 95* 96* 97*
Асфалтирање на ул. Извор
Асфлатирање на ул. Стрезово
Асфлатирање на ул. Козле 2
Асфалтирање на ул. Стрезово Асфалтирање на ул. Брафтордска Асфалтирање на ул. Милан Марковиќ Асфалтирање на ул. Јуриј Гагарин од ул. Козле до бул. Теодосиј Гологанов
Асфалтирање на ул. Козле 3 Асфалтирање на ул. Невеска со краци
Асфалтирање на ул. Кленоец Асфалтирање на ул. Бабуна Асфалтирање на ул. В. Каваев Асфалтирање на ул. Пресека со краци
98* Асфалтирање на ул. Ловќенска 9 99* Асфалтирање на ул. Ловќенска 11 100* Асфалтирање на ул. Ловќенска 13
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
9
РЕКОНСТРУКЦИЈА И ИЗГРАДБА НА ПАТЕКИ
Асфалтирање на ул. Будимпештанска
101* Асфалтирање на ул. Ловќенска 15 102* Асфалтирање на крак од ул. Ловќенска
103* Асфалтирање на дел од ул. Ловќенска 9
104* Асфалтирање на ул. Скупи 6 105* Асфалтирање на ул. Радика со краци 106* Асфалтирање на ул. Огражден со краци
107* Асфалтирање на ул. Пелистерска со краци
108* 109* 110* 111* 112*
Асфалтирање на ул. Струма со краци
120*
Реконструкција на патека кај ОУ Јан Амос Коменски
121*
Реконструкција на патеки на ул. Јуриј Гагарин спротивно од студентскиот дом Гоце Делчев
122*
Поплочување на крак од ул. Фјодор Достоевски
123*
Поплочување на пристапна патека на ул. Ацо Шопов
124*
Поплочување на крак од ул. Козле 1
125*
Реконструкција на крак од ул. Козле (десно од црквата)
126*
Реконструкција на патеки во Влае 1
127*
Реконструкција на патеки во Карпош 4
128*
Реконструкција на патека на ул. Козле 5
129*
Изградба на пешачка патека од Германска амбасада до ул. Ловќенска 4
130*
Реконструкција на крак од ул. Козле (после мостот лево пред црквата
131*
Реконструкција на пешачка патека во УЗ ПБ Кочо
132*
Реконструкција на патека на Скупи 4
Вкупно реконструкција на патеки 5.750 м2 односно должина од 4 км сума 9.500.000,00 денари
Асфалтирање на ул. 2 Бардовци Асфалтирање на ул. 10 Бардовци Асфалтирање на ул. 18, Бардовци Асфалтирање на пристапен пат до пречистителна станица во Г. Нерези
113* Асфалтирање на ул. 8 во УЗ Бардовци
114* Асфалтирање на ул. 14 во УЗ Бардовци
115* Асфалтирање на ул. Миле
Поп Јорданов на потег од ул. Братфордска до ул. Козле
116* Асфалтирање на ул. Миле Поп
Реконструкција на патеки во Карпош 4
Јорданов на потег од ул. Козле до паркинг на кула бр. 40
117* Асфалтирање на ул. Рампо Левката 118* Изградба на крак од ул. Адолф Циворовски (Порта Козле) 119* Изградба на новопроектирана улица со пешачка патека од ул. Петар Чаулев до ул. Ацо Шопов Вкупно асфалтирање на улици 17.900м1, сума 113.000.000,00 денари
10
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
Реконструкција на патека на ул. Козле
УЧИЛИШТА И ДЕТСКИ ГРАДИНКИ
Изградба на паркинг простор на ул. Разловечко востание
Изградба на паркинг простор кај амбулантата и асфалтирање на ул. Козле 2 ИЗГРАДБА НА ПАРКИНГ ПРОСТОР
133*
Изградба на паркинг простор на ул. Вич дел 2
134*
Изградба на паркинг простор кај амбуланта на ул. Козле 2
135*
Реконструкција со проширување на паркинг простор и скали со рампа на ул. Јуриј Гагарин бр. 45
136*
Изградба на паркинг на ул. Воденска
137*
Изградба на паркинг простор и бетонска ограда пред дворот на ОУ Петар Поп Арсов на ул. Разловечко востание
138*
Реконструкција на тротоари на паркинг на ул. Миле Поп Јорданов
139*
Реконструкција на паркинг на ул. Никола Парапунов бр. 31
140*
Реконструкција на паркинг со пристапна улица од ул. Љубљанска
141*
Реконструкција- асфалтирање на паркинг простор пред кула бр. 40 на ул. Миле Поп Јорданов
142*
Изградба на паркинг простор на крак од ул. Адолф Циборовки (Порта Козле)
Вкупно реконструкција на патеки 5.750 м2 односно должина од 4 км сума 9.500.000,00 денари
143*
Реконструкција на ОУ Братство, УЗ Тафталиџе 2
144*
Изградба на котларница во ОУ Братство
145*
Реконструкција на ОУ ХТ Карпош
146*
Реконструкција и санација на фасада на ОУ ХТ Карпош
147*
Реконструкција на јакострујна електрична инсталација во ОУ ХТКарпош
148*
Поставување на видео надзор, дојава за пожар и безжична компјутерска мрежа во ОУ ХТКарпош
149*
Реконструкција на громобранско заземјување во ОУ ХТ Карпош
150*
Замена на покрив на ОУ Аврам Писевски
151*
Изработка на фасада на ОУ Аврам Писевски
152*
Замена на покрив во ОУ Владо Тасевски
153*
Замена на столарија во ОУ Владо Тасевски
154*
Изведба на фасада на ОУ Владо Тасевски
155*
Градежно занатски работи во ОУ Вера Циривири Трена
156*
Замена на покрив во ОУ Вера Циривири Трена
Целосна реконструкција на ОУ Аврам Писевски
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
11
Темелно реконструирано ОУ Братство
168*
Дислокација и изградба на дворна ограда на улица Козле 2
169*
Итни интервенции на фекална и атмосферска канлизација
170*
Покривање на отворен атмосферски канал на локалитет Куршумлица
171*
Покривање на отворен атмосферски канал на ул. Козле 3
172*
Реконструкција на плато кај Педагошка Академија
173*
Демонтажа, дислокација и изведна на четврта и петта барака
174*
Изградба на спортско игралиште во населба Средно Нерези
175*
Одржување на сообраќајници во зимски услови
176*
Изградба на плоштад Влае градежен дел
177*
Изработка на округли бетонски елементи околу дрва на тротоари на територија на Општина Карпош
157*
Реконструкција на фасада на ОУ Вера Циривири Трена
158*
Замена на светилки во ОУ Вера Циривири Трена
159*
Замена на покрив на ДГ Пролет Козле
160*
Замена на покрив на ГД Пролет Влае 1
161*
Замена на покрив на детска градинка Орце Николов во Kарпош III
178*
162*
Целосна реконструкција на градинката Орце Николов во Kарпош II (проект со УНДП)
Изградба на Администртивен објект на Општина Карпош - градежен дел
179*
Соларни светилки за подземните гаражи на улица Јуриј Гагарин
163*
Реконструкција на ОУ Војдан Чернодрински
164*
Реконструкција на громобранско заземјување во ОУ Војдан Чернодрински
Вкупно останати инфраструктурни проекти сума 146.330.000.00 денари
Вкупно реконструкција на училишта 137.500.000.00 денари ОСТАНАТИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ
165*
Изградба на пристапна рампа со скали на ул. Милан Марковиќ
166*
Реконструкција на фасада на станбена зграда на ул. Никола Тесла бр. 2
167*
Изградба на плоштад Млечен ресторан- градежен дел
Нов плоштад и фонтана во Карпош 3
12
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
Нов плоштад - Млечен ресторан УРБАНА ОПРЕМА
180*
Изградба на нови детски игралишта и поставување на реквизити
181*
Изградба на ограда на ул„Ванчо Мицков“
182*
Постаувување на парковски клупи за седење - ТИП БВ
183*
Постаувување на корпи за отпадоци - ТИП БВ
184*
Изградба на ограда на спортско игралиште во уз. Нерези
185*
Реконструкција на урбаната опрема на плато Карпош 3
186*
Урбана опрема за плато Педагошка
187*
Изградба на тенда-натстрешница на дел од терасите и влезовите во станбена зграда за колективно домување на ул.„Никола Тесла“ бр.2 Вкупно урбана опрема сума 19.100.000,00 денари
Изградба на нови детски игралишта и поставување на реквизити ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
193*
Простор помеѓу зградите на улица Никола Русински и улица Карпошево востание
194*
Изведба на нова електрична инсталација на плато Карпош 3
195*
Изведба на нова електрична инсталација позади зградите на ул.Никола Русински 3, 3А и 3Б
196*
Реконструкција на улично осветлување
197*
Целосна реконструкција на електрична инсталација на ул. Бриселска
198*
Целосна реконструкција на електрична инсталација на ул. Копачка
199*
Поставување на ново осветлување на новопроектирана улица помеѓу ул. Ацо Шопов и ул. Петар Чаулев
200*
Изведба на нова електрична инсталација на ул.Манапо
201*
Осветлување на фасада на станбена зграда за колективно домување на ул.„Никола Тесла“ бр.2
188*
Реконструкција на улично осветлување на ул. Крчин
189*
Изведба на нова електрична инсталација на воздушна мрежа на ул.Теодосиј Синаитски-продолжеток
190*
Изведба на нова електрична инсталација на паркинг простори и пешачки патеки во УЗ Карпош 2
202*
191*
Паркинг простор на улица “Варшавска” 17
Хортикултурно уредување и автоматски систем за полевање на јавно зеленило на плато Карпош 3
203*
192*
Паркинг простор позади згради на булевар “Теодосиј Гологанов” бр.90 и 92
Хортикултурно уредување на жардињерите на двете страни од бул. Партизански Одреди на потег од мост Обединети нации до ул. Рузвелтова
204*
Систем за наводнување на жардињерите на двете страни од бул. Партизански Одреди
205*
Хортикултурно уредување на површина и поставување на систем за автоматско наводнување полштад Влае
Вкупно јавно осветлување сума 16.000.000,00 денари ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ
Вкупно проекти 205 сума 581.936.603,00денари
Целосна реконструкција на електрична инсталација на ул. Бриселска
* - Реализирано
Хортикултурно уредување на бул. Партизански Одреди
* - Во тек на реализација
* - Во подготовка
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
13
ПРИЗНАНИЈА НАГРАДА ЗА ХУМАНИСТОТ
ЗЛАТНА ПЛАКЕТА ЗА ЈАКИМОВСКИ ВО НИШ
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е добитник на „Златна плакета за поддршка на претприемништвото“ во регионални рамки. Ова високо признание, во Стопанската комора на Ниш му ја врачи претседателот на Унијата на претприемачи и занаетчии од Регионот на Јужна Србија. Организаторите на оваа манифестација, Унијата на претприемачи и занаетчии на Ниш која брои над 6.000 членови и Стопанската комора на Ниш која бележи „100 години посветени на стопанството“ се членки на повеќе регионални и европски асоцијации и граѓански иницијативи. Освен со поттикнување на претприемништвото, тие се ангажираат и на полето на намалување на сиромаштијата и помош на маргинализираните групи и на лицата со посебни потреби. Во 2012 година, „Златна плакета“, освен градоначалникот на Општина Карпош, доби и министерот за финансии и економија на Србија Млаѓан Динкиќ, за успех во намалување на давaчките и таксите за малите бизниси, како и претседателот на Собранието на Ниш, проф. д-р Миле Илиќ. Наградите на останатите 60-тина добитници, им ги врачи претседателот на Унијата на претприемачи и занаетчии од регионот на Јужна Србија, Среќко Докиќ. Заблагодарувајќи се на честа и признанието, градоначалникот Јакимовски рече: „Посебно ми е драго што нашите напори, и залагањата на Општина Карпош за поддршка на претприемништвото и воопшто за регионалната соработка и развој, се видливи и надвор од нашата општина, нашата држава, и пошироко во регионот на Југоисточна Европа. Карпош е најуспешна општина во Македонија, со најниска стапка на невработеност, општина со најмногу инвестиции, а во тоа несомнена улога имаат и малите бизниси и претприемачите кои, ние, како локална власт, сесрдно ги поддржуваме“. В. Цветковска
14
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
Во организација на невладината „ Детла Ексклузив“ и под спонзорство на Општина Карпош, во Домот на Армијата на Република Македонија, на крајот на 2012 година, шестипат по ред се одржа манифестацијата “Различни, а еднакви”. Овој настан се совпадна со Меѓународниот ден на човекови права, на кој присуствуваа политичари, спортисти, уметници, хумани луѓе, и се разбира, лицата со посебни потреби, за кои оваа манифестација и беше наменета. Настанот беше збогатен со културно-уметничка програма, што ја приредија естрадните уметници; Александар Митевски, Ребека, Зоран Џорлев ,Сара Марковска и други, осведочени хуманисти. Во програмата настапија и лицата со посебни потреби, кои преку музички, драмски и поетски перформанси покажаа дека не се разликуваат од останатите сограѓани. Во духот на манифестацијата, во повеќе категории, беа доделени награди “Различни а еднакви”. Меѓу наградените, се најде и градоначалникот на
Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој за својот ангажман во социјалната сфера и за активното вклучување на инвалидните лица во општеството двапати беше прогласен за најхумaн градоначалник. - Она што е најважно е, дали го имаш срцето, дали сакаш со срце. Оној што нема срце, тој е хендикепиран. Тоа што човекот го прави човек, без разлика дали е тој создаден таков или, пак, ќе ги промени своите навики, е способноста да сака додека е жив. Јас одбрав да сакам, и моето најголемо задоволство е да им помагам на луѓето додека сум жив рече градоначалникот Јакимовски, заблагодарувајќи им се за наградата. Инаку, пред две години, Институтот “Евро Балкан” ја прогласи Општина Карпош за општина со најголема социјална инклузија. И. Ѓ.
ХУМАНОСТ НА ДЕЛО Карпош се грижи за своите граѓани
ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ По повод меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, во просториите на Општина Карпош градоначалникот Стевчо Јакимовски на 30 лица со посебни потреби коишто живеат на територија на Општина Карпош им додели еднократна парична помош во износ од 10.000 денари, За да ја почувствуваат топлата пријателска атмосфера на добредојде, се погрижија и дечињата од градинката “Пролет” од Козле, кои преку изведба на песнички, им пратија порака на своите сограѓани дека и тие мислат на нив. Притоа, на своите гости им врачија подароци што ги изработиле со помош на своите родители. - Ова е наша традиционална манифестација, и овој ден ние го одбележуваме на ваков начин, со, би рекол, симболична поддршка на овие граѓани од Општина Карпош. Во изминатиот период, Општина Карпош водеше интензивна грижа за лицата со посебни потреби, а оние што имаат хронични болести во континуитет им доделуваме парични средства. Едновремено, онаму каде што имало потреба направени се пристапни рампи, а во основните училишта, локалната самоуправа плаќа стручни тимови, составени од социјален работник, психолог и педадог, со цел на овие ученици да им се посвети поголемо внимание .Она што е исто така битно, е дека даваме поддршка на лица со посебни потреби коишто спортуваат и учествуваат на меѓународни натпреварувања, и со гордост ја претставуваат Општина Карпош и Република Македонија – изјави градоначалникот Стевчо Јакимовски.
Иако, согласно со законските прописи, ние сеуште немаме надлежност во делот на социјалната заштита, сепак, одиме чекор предвреме, сметајќи дека државната грижа за одредена категорија на граѓани не е доволна. Дали се работи за лица со посебни потреби или за граѓани кои се нашле во потешка материјална состојба, сепак државната грижа не е доволна. Затоа сметаме дека со средствата кои се издвоени од нашиот буџет, за вакви намени се и тоа како целисходни, и сметаме дека на ваков начин придонесуваме да се олесни секојдневниот живот. Средствата кои ги донираме, сметаме дека вие ќе знаете да ги искористите најцелисходно, така што сами ќе одлучите дали треба да се набави некое помагало, дали треба нешто за лекување, за физикална терапија и слично. Општина Карпош и понатаму ќе продолжи со поддршка, на вас и на вашите семејства, рече градоначалникот Јакимовски, обраќајки им се на присутните. Тој ја искористи оваа пригода за да им ги честита претстојните новогодишни празници и им посака добро расположение. На присутните им се обрати и Викторија Иванова, една од примателите на финансиската поддршка – истакнувајќи дека, за разлика од државните институции, кои останале глуви за нејзините потреби, единствен кој го слушнал нејзиниот глас е токму, градоначалникот Јакимовски. Инаку, оваа хумана манифестација за Денот на лицата со посебни потреби, се одржува по вторпат и се надеваме ќе стане традиционална. Игор Ѓуровски
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
15
СОРАБОТКА ОФИЦИЈАЛИЗИРАНА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ОПШТИНА КАРПОШ И FLEURY-SUR-ORNE
16
Во периодот од 16-ти до 22-ри Декември, делегација на Општина Карпош составена од Роберт Јанковски, Член на Советот на Општината, Петар Теов, раководител на Сектор за заштита на животната средина и природата, Мирјана Ѓоргиевска, раководител на Секторот за финансиски прашања, Гордана Стојчевска – Зафировска, раководител на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, Евантија Стојановска, раководител на секторот за развој и Александра Теова, раководител на одделение за локален економски развој, беше во возвратна, работна посета на Општината Fleury-sur-Orne. При посетата, македонската делегацијата имаше можност одблиску да се запознае со работата на локалната самоуправа во Франција преку работните средби со општинската администрација. Свое прет-
зира нашата Општина. Спортот беше посебно интересна тема за соработка, пред сè поради фактот дека двете Општини имаат свои лиги во фудбал и кошарка. Беа договорени пријателски натпревари во младински категории во фудбал и во кошарка. Посебено мора да се издвои сесијата на која се дискутираше за заедничкото аплицирање со конкретни проекти во фондовите на Европската Унија, пред се поради фактот што ЕУ издвојува големи средства кога станува збор за соработка помеѓу општина од Европската Унија и општина која не е нејзина членка. Во таа пригода беше нагласено дека Карпош е единствената Општина во градот Скопје која има двајца сертифицирани експерти од областа на пристапните европски фондови, г-динот Петар Теов и г-ѓата Александра Теова.
ставување Општината Карпош имаше пред Советот на Општината Fleury-sur-Orne, при што, детално беше презентирана работата на градоначалникот, Советот и општинската администрација. Работните состаноци резултираа со конкретни проекти од областа на економскиот развој, социјалата, образованието, младите, културата и животната средина. Веќе за во април е договорена посета на ученици од основното образование од оваа франсуска општина, кои ќе имаат можност да се запознаат со културниот и спортскиот живот во Општина Карпош. Исто така, договорена е соработка од областа на културата, поточно, неколку еминентни француски сликари изразија интерес да учествуваат на ликовната колонија која традиционално ја органи-
Нашите француски пријатели беа пријатно изненадени од грижата која Општина Карпош ја посветува на социјално загрозените семејства како и на лицата со хендикеп. Целокупната соработка беше официјализирана преку меморандум за соработка кој во името на Општина Карпош го потпиша советникот Роберт Јанковски и градоначалникот на Fleury-sur-Orne, господиниот Marc Lecerf. Како круна на посетата беше приемот од страна на претседателот на Советот на Долна Нормандија задолжен за соработка со Југоисточна Европа, каде беше презентирана идната соработка помеѓу двете општини. Р. Ј.
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
ПРОЕКТИ
“ Транспарентна и ефикасна децентрализација”
поединечните детални анализи им се достапни само на општините-партнери, со цел, секоја сама за себе да си изврши споредба на резултатите и да ги спореди сопствените постигнувања со просекот на ниво на држава. Целта на овој проект е да се стимулира ефикасен, транспарентен и отворен процес на спроведување на децентрализацијата, преку следење, известување и јавно информирање, за пренесувањето и за извршувањето на надлежностите од страна на општините во областите: финансии, образование, урбанизам и урбанистичко планирање, локален и регионален развој и комунални дејности. И. Ѓ.
KАРПОШАНИ СО НАЈВИСОКА ДОВЕРБА ВО ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ При крајот на декември, во ОУ “Димо Хаџи Димов”, Фондацијата Отворено Општество – Македонија (ФООМ) и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД), во рамките на проектот “ Транспарентна и ефикасна децентрализација” го презентираа годинешниот извештај за децентрализација. Станува збор за трет последователен извештај, во 12 општини-партнери, кој се базира на теренско истражување за мерење на задоволството на граѓаните, од услугите што ги добиваат од локалните власти во периодот 2011-2012 година. Во извештајот беа опфатени општините Боговиње, Велес, Гостивар, Дебар, Илинден, Карпош, Куманово, Неготино, Охрид, Старо Нагоричане, Струмица и Тетово. Според овоj извештај, Општина Карпош има највисока оценка во однос на останатите општини-партнери. Во трите анализирани години, највисоки оценки имаат добиено услугите од областa на образованиетo, спортoт и културатa, а се забележува и континуирано подобрување на оценката за локалниот економски развој. Според структурата, извештајот се состои од три главни дела. Во првиот дел се изложува задоволството на граѓаните од услугите поделени по области на надлежности на ниво на Република Македонија. Во вториот дел се прикажани резултатите од генералните прашања со кои се мери општата перцепција на граѓаните за резултатите од процесот на децентрализација. Во третиот дел се презентирани генералните резултати за секоја општина-партнер, додека
Во ОУ “Братство”
ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА УНИЦЕФ Во просториите на ОУ “Братство”- Карпош, по повод денот на формирањето на УНИЦЕФ (11. декември 1946. г .), се одржа ликовна работилница со познатиот сликар и хуманист Живко ПоповскиЦветин. На работилницата присуствуваа педесетина ученици од I до V одделение, кои ја следат наставата на двата наставни јазика, (македонски и албански). Авторот на присутните ученици и наставници им подари по една од своите слики, а на училиштето му врачи благодарница за соработка, учество и придонес во реализација на караванот – “Цвеќе на мирот”. Децата со голем интерес го следеа Поповски, додека ги сликаше своите цветови, а потоа одговараше и на нивните љубопитни прашања. Децата гостинот го почестија со рачно изработени подароци и пригодна програма,изведувајќи ја монодрамата “Детските права”. И. Ѓ.
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
17
ОБРАЗОВАНИЕ ОУ „Лазо Трповски“ во меѓународен проект
ПОЛИТИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СЕДМООДЕЛЕНЦИ
Зададените четири теми учениците ќе ги реализираат, во рамки на воннаставните активности, како интердисциплинарен научно-истражувачки проект, (групна работа), во соработка со соодветни институции, здруженија на граѓани, установи и експерти Сојузната централа за политичко образование од Бон, Германија, третпат едноподруго го избра ОУ „Лазо Трповски” од Скопје, за проектно училиште, во реализацијата на задачи, од областа на политичкото образование. Во овој проект ќе учествуваат 140 основни и средни училишта од Европа. Организаторот од Бон, на ОУ „Лазо Трповски”, му додели четири проектни задачи кои учениците од седмо одделение треба да ги реализираат најдоцна до средината на март 2013 година. Темите, кои оваа реномирана германска образовна институција му ги додели на ова скопско училиште се: „Опасност од злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи“, „Потребата од прогласување на светски денови од страна на Обединетите нации и УНЕСКО, како на пример: Светски ден на детето и сл.“, „Целта на училишните приредби и манифестации“ и „Бразил, земја на фудбалот или...?!“. . Оваа меѓународна активност, претставува неофицијално европско училишно првенство за политичко образование, во кое секоја година активно учествуваат околу 60. 000 ученици од 29 европски земји.
18
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
Зададените четири теми учениците ќе ги реализираат, во рамки на воннаставните активности, како интердисциплинарен научно-истражувачки проект, (групна работа), во соработка со соодветни институции, здруженија на граѓани, установи и експерти. Конечната верзија на целосно завршените проекти што ќе бидат испратени во Бон, мора да биде доставена на германски јазик. ОУ „Лазо Трповски” од Скопје, проектот го реализира со финансиска поддршка од страна на фондацијата „Фридрих Еберт“, а покровител на овој глобален проект е претседателот на Германија, Јоахим Гаук Во рамките на проектот што претставува дел од тест фазата за следниот 43. Меѓународен училиштен натпревар за политичко образование, пријави поднесоа повеќе од илјада основни и средни училишта од Европа. Изборот на ОУ „Лазо Трповски“ се должи, меѓу другото, и на воспоставената меѓусебна соработка со Сојузната централа за политичко образование што трае континуирано изминативе седум години (од 2006 година). Стефан Симовски
ПАРТНЕРСТВО И градинката „Орце Николов“ - Карпош II
ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, раководителот на Секторот за енергетска ефикасност - Љупчо Димов, како и програмскиот раководител на регионалниот центар на УНДП, Стефан Лилер и заменикот постојан претставник на УНДП во Македонија, Алесандро Фракасети, ја посетија градинката “Орце Николов” во Карпош која е идентификувана како една од најдобрите активности спроведени оваа година на полето на енергетска ефикасност. По целосната обиколка на обновениот објект тие можеа да се уверат во придобивките на својот заеднички проект - потполна реконструкција на градинката “Орце Николов”, според стандардите за енергетска ефикасност. На состанокот, кој се одржа подоцна, беа разменети искуства од спроведувањето на заедничкиот проект “Енергетска ефикасност во градежниот сектор”, како и идната соработка во рамките на проектот “Создавање на одржлива средина за развој на енергетскиот менаџмент во Општина Карпош”, кој партнерски ќе се спроведува следната година. Вредноста на проектот е 300.000 $, од кои, учество на Општина Карпош е 150.000 $. Со овој проект ќе бидеме прва општина во Македонија која воведува комплетен енергетски менаџмент на управување со енергијата во сите објекти во надлежност на општината и јавното осветлување. Исто така, во два објекти ќе биде реализиран автономен систем на греење со обновливи извори на енергија. -Ова е еден извонреден пример, каде што ние ќе можеме да видиме, како со добра изолација, штед-
ливи потрошувачи на електрична енергија, со нови прозорци и нов изолиран покрив, ќе можеме да заштедиме дури 70% од потрошувачката на електрична енергија. Притоа, тие средства можеме да ги пренамениме за други потреби коишто ги имаат децата во оваа градинка, изјави градоначалникот Стевчо Јакимовски. Тој додаде, дека, Општина Карпош соработува со УНДП на три нови проекти, кои се однесуваат на уличното осветлување, на подобрување на енергетската ефикасност на другите градинки и училишта, со надеж дека по новогодишните празници ќе дојде до имплементација на овие три проекти. -УНДП соработува со многу општини во Македонија, посебно на проекти за енергетска ефикасност. Сакавме да започнеме со општини, кои се добро подготвени за имплементација на вакви проекти. Токму Општина Карпош е една од тие за кои сметавме дека е добро подготвена за ваква соработка– изјави, заменикот постојан претставник на УНДП во Македонија – Алесандро Фракасети. Тој потсети дека, до реализација на вториот меѓусебен проект, ќе дојде по новогодишните празници. И покрај тоа што, сите 10 училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош, се “енергетски ефикасни”, исто така, вредно е да се напомене дека, Општина Карпош е единствената општина во Македонија, која има и Сектор за енергетска ефикасност. Игор Ѓуровски
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
19
ВРАБОТУВАЊЕ Доделени сертификати за учесниците во проектот
“САМ СВОЈ ГАЗДА” Кон средината на минатиот месец, во просториите на Општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски свечено им ги врачи сертификатите на околу 60 лица кои успешно ја минаа обуката “Сам свој газда”. Проектот се реализираше во соработка помеѓу Општина Карпош и консултантската куќа “Вижн Консалтинг”. Обуката се одвиваше во две фази, од кои во првата беа вклучени млади невработени лица, додека во втората беа опфатени мали и средни претпријатија. Со неа треба да се создаде нова генерација на претприемачи, кои понатаму би биле идни работодавачи и би креирале работни места во заедницата. Конкретен резултат на оваа соработка е појавувањето на две нови фирми на македонскиот пазар кои целосно самостојно работат. Проектот “Сам свој газда” се одвива во континуитет, и има за цел да им овозможи соодветни ресурси на младите кои веќе работат одредена форма на услужен бизнис, но сеуште немаат регистрирано своја компанија. Веднаш по овој свечен чин, Општина Карпош и Фондацијата „ПСМ – инкубатор“ потпишаа Мемо-
рандум за соработка со кој 20 млади луѓе од Oпштина Карпош (преку отворен конкурс), ќе поминат три месеци во Yes Акцелераторот, каде ќе добијат бесплатен простор за работа од областа на ИТ секторот, како и совети од ментори, можност за вмрежување со потенцијални инвеститори и средби со успешни претприемачи кои ќе им помогнат да се соочат со предизвиците во текот на престојот. -И покрај тоа што Општина Карпош е општина со најмал процент на невработеност во Република Македонија, кој се движи околу 16 %, сепак ние како локална самоуправа, во наредниот период, многу повеќе ќе посветиме внимание на поддршката и отворање на нови работни места. Овие бенефиции ги нудиме за сите оние коишто сакаат да се надградуваат и да се подготвуваат за сферата на бизнисот, но исто така и за локалните фирми кои работат на територијата на Карпош, со цел отворање на нови работни места – изјави градоначалникот Јакимовски. И. Ѓ.
ЛЕГАЛИЗАЦИЈАTA- СО НЕСМАЛЕНО ТЕМПО Општина Карпош продолжува со процесот на легализација со несмалено темпо. Во текот на месец декември беа издадени 19 предмети за утврдување на статусот на бесправно изградените објекти. Од нив, 15 се урбанистички согласности со пресметки и четири решенија за легализација на објектите. Исто така беа донесени 30 заклучоци за
20
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23• ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
прекинување на постапката, до утврдување на правниот статус на објектите, поврзани со предмети за легализација. Во истиот период, до архивата на Општина Карпош беа доставени уште 43 предмети и поднесоци од страна на граѓаните, во кои главно доминаираат барањата по оваа основа.
СОЛИДАРНОСТ 70 хуманитарни пакети
ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА Ден пред Новата година, по повод претстојните празници, во просториите на општинската зграда (во населбата Нерези), градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, врачи 70 хуманитарни пакети на своите сограѓани кои се наоѓаат во потешка материјална состојба. Пакетите се состојат од прехранбени производи, пијалоци и средства за хигиена. Општина Карпош, во рамките на хуманитарната акција “Да бидеме хумани за нашите соседи“, која ја спроведе минатиот викенд (сабота и недела 22-23 декември), со несебичната помош на своите сограѓани кои пазареа во поголемите маркети во 14-те урбани и месни заедници во Општина Карпош, успеа да собере значителна количина на разновидни производи, со намера, тие да се најдат во домовите на нивните сограѓани кои се наоѓаат на социјалните маргини. Во оваа пригода, градоначалникот им ги честита Новогодишните и Божиќните празници, истакнувајќи: - Како Општина, досега водиме грижа за сите наши граѓани, без разлика дали се работи за медицинска заштита, за финансиски средства, или, пак, се работи за помош, за нашите сограѓани да можат подостоинсвено и повесело да ги одбележат Новогодишните и Божиќните празници. Со
овој чин, карпошани, уште еднаш, по осми пат, го покажаа својот хуман карактер и чувство за солидарност. Од друга, страна пак, локалната самоуправа се погрижи за своите сограѓани кои не се во можност, да им овозможи, и тие посреќни и повесели да ги дочекаат претстојните празници, во топла, семејна атмосфера, и трпеза како што доликува за секое семејство.
Во УЗ Нерези
ВРАЧЕНА ПОМОШ По повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници, во просториите на УЗ Нерези, претсе-
дателот на Советот на Општина Карпош, Трифун Трифуновски, и претседателот на УЗ Нерези, Стојан Димовски, врачија 30 социјални пакети на семејствата кои се наоѓаат во потешка материјална состојба. Во акцијата „Сите заедно да бидеме среќни”, која на три пункта ја спроведоа вработените од УЗ Нерези, солидарните граѓани, за своите соседи донираа облека и играчки. Заблагодарувајќи им на сите хумани граѓани од Карпош, г. Трифуновски најави дека во иднина општината ќе продолжи со реализација на проекти од ваков карактер: - И овојпат локалната самоуправа заедно со Градоначалникот Стевчо Јакимовски, вработените лица, Советот, урбаните заедници и пред се со граѓаните на оваа Општина, го покажаа својот хуман лик, а така ќе биде и во иднина, рече претседателот на Советот на Општина Карпош. И. Ѓ.
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23• ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
21
ЕКОЛОГИЈА ОУ „Јан Амос Коменски“ победник во натпреварот
Во Карпош
„МОЈА ЕКО КУЌА“ Во просториите на Општина Карпош, во присуство на претставници од локалната самоуправа, градоначалникот Стевчо Јакимовски, стручниот тим на тренинг центарот ЦеПроСард, и училишните тимови составени од ученици (од шесто до осмо одделение) и наставници-ментори, од девет основни училишта на Општина Карпош, се одржа завршната манифестација на натпреварот „Моја екокуќа“. Во рамките на оваа манифестација, учениците ги изложија своите трудови, макети на еко куќи, по што одржаа и куса презентација од областа на енергетската ефикасност на објектите и користење на енергијата од обновливи извори. Комисијата имаше тешка задача, но сепак на крајот одлучи проектот на ОУ "Јан Амос Коменски" да го прогласи за најдобар.
Победниците во оваа полезна активност во нашите основни училишта, локалната самоуправа и ЦеПроСард ги награди со печатар во боја. Градоначалникот Стевчо Јакимовски, им подели сертификати на сите учесници во овој проект кој беше реализиран во соработка на Општина Карпош и невладината организација ЦеПроСард. Во таа пригода градоначалникот ja потенцираше важноста на овој проект, и позитивните придобивки од него. Според него, вакви проекти се полезни бидејќи ги поттикнуваат најмладите жители во Општина Карпош, да ја развиваат свеста за заштеда на енергијата, како и за енергетската ефикасност. - Добро е што оваа свест ја развиваме кај нашите сограѓани уште од најмала возраст. Општината дава свој придонес на тој начин што сите училишта на нејзина територија, постепено ги претвора во енергетски ефикасни, со правење нови фасади и вградување нови прозорци, санирање на покривните конструкции и подовите. Сметаме дека реализацијата на ваквите проекти треба да продолжи понатаму, заклучи градоначалникот Јакимовски. К.Б.
22
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
МЕЃУНАРОДЕН ДЕТСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ Во средината на декември, во спортската сала „Форца“ и во трговскиот центар „Скопје Сити Мол“, а во рамките на Вториот меѓународен детски фолклорен фестивал „Разиграни новогодишни фолклористи“ при ОУ „Вера Циривири Трена“. се одржаа два концерта. Фестивалот е организиран од ансамблот за народни песни и ора – „Фолклорна Фантазија“ од Скопје и е под покровителство на Општина Карпош. Фестивалот за отворен го прогласи Мира Попоска, советник во Општина Карпош, која при тоа рече: Овој фестивал за прв пат се одржува во нашата Општина. Трудот и ентузијазмот на организаторите ги препознаваме и сме подготвени да ги поддржиме и во иднина. Општината ќе продолжи да ги поддржува воннаставните активности и да вложува во младите генерации“, заклучи Попоска. На фестивалот настапија ансамбли од повеќе градови од државата: КУД „Фолклористи“ од Крива Паланка, фолклорниот ансамбл„Бучим“ од Радовиш, КУД „Братство-Рос“ од Росоман, КУД „Карпош“ од Куманово, ансамблот „Ќерамичар“ од Велес, ансамблот „Билјана“ од Струга, ансамблот „Тиквеш“ од Кавадарци и други. На крајот на оваа убава културна манифестација, Сашко Јовановски, претседателот на ансамблот „Фолклорна фантазија“ им додели признанија за учество на сите ансамбли. Наша цел е овој фестивал да стане традиционален, рече притоа Јовановски.
ПОТФАТИ Свеченост во ОУ „Владо Тасевски“
РАЗУБАВЕНО УЧИЛИШТЕ - СРЕЌНИ УЧЕНИЦИ, НАСТАВНИЦИ И РОДИТЕЛИ Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, свечено го пушти во употреба целосно реконструираното основно училиште “Владо Тасевски. Учениците и наставниот кадар од ова основно училиште, со топло добредојде го пречекаа Градоначалникот, притоа не криејќи ги своите емоции и чувства на возбуда, бидејќи токму тие сега го имаат едно од најубавите училишта во нашата држава. На радоначалникот Јакимовски добродојде му посака и директорката на ОУ “Владо Тасевски” - Елка Даскалова, упатувајќи му пофални зборови за поддршка на образовните институции на територија на Општината Карпош. -Менувајќи го ликот на училиштето, добивме оптимални услови за исполнување на етички и други стандарди во училиштето. Задоволни се учениците и наставниците што имаат светли и топли кабинети, задоволни се нивните родители, бидејќи нивните деца учат во вакво училиште, рече меѓу другото директорката Даскалова. Искрени зборови на благодарност искажаа и учениците од Владо Тасевски, кои се гордеат со новиот изглед на своето училиште, задоволни што тоа сега зрачи со чистина и топлина. Отсега тие ќе можат непречено да ги извршуваат своите училишни
обврски во топла и пријатна атмосфера, за како што велат тие: топлината во ова училиште ќе ни помогне да зрачиме со топлина и позитивна енергија и надвор од него. Затоа „ДА за Карпош, ДА за образованието “– порачаа учениците. Обраќајќи им се, со воодушевување говореше и градоначалникот Стевчо Јакимовски,. Тој откри дека ваквите зафати ја чинат општината над 300.000 евра, земајќи ја предвид целокупната реконструкција и санација на ова училиште. -Тоа не се многу пари, имајќи во предвид дека тука се воспитуваат нашите најмлади ученици. Но ние нема да застанеме тука. Образованието во Општина Карпош ќе биде во целост бесплатно, што значи дека ужинките и трошоците за останатите потреби ќе бидат на товар на локалната самоуправа – рече Градоначалникот. Тој им вети дека наредната година Општина Карпош ќе влезе во реализација на еден мега-проект, а тоа е гасификација на целокупната територија на општината. Овој проект ќе започне токму оттука, каде првите објекти кој ќе се гасифицира, се основното училиште “Владо Тасевски” и градинката “Пролет” која се наоѓа во непосредна близина на ова училиште. И. Ѓ.
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
23
ЕСЕЈ ЅВЕЗДА КОЈА СЈАЕ Авторот на најдобриот есеј во проектот „Десетка за Карпош“ е професорката по француски јазик Силвана Јорданова од ОУ „Вера Циривири-Трена“. Во наредните броеви на Урбан Карпош ќе бидат објавени второ и третонаградените есеи на наставничките од ОУ „Владо Тасевски“, Слободанка Бадаровска и Јованка Трпкова, и Соња Казанкова од ОУ „Јан Амос Коменски“. Есеите се своевиден, субјективен поглед на авторките за едно од соседните училишта на Општина Карпош Нарамени со низата изгреви и заоди, некогаш весели, некогаш сневеселени, некогаш победници, а некогаш победени, чекориме по своите патеки секогаш свесни дека животот е еден, наш и само наш без разлика колку се лесни нештата кои можеме да ги отфрлиме или тешки ониe кои мора да ги прифатиме. Животот познава многу победници. Победници имало секогаш, но најлесно е да се говори и да се пишува за нив. Во училиште им ракоплескаме на учениците-победници на разни натпревари, коишто, покрај талентот, имаат поддршка од семејството, соучениците, роднините, пријателите... Но, не се победници само добитниците на злато, сребро, бронза. Не се победници само добитниците на сертификати ... Победници се оние коишто успеваат да се исправат покрај проблемите надвиснати над нив. Победници ќе најдеме и во една друга категорија ученици, друга група родители, меѓу посебните деца, во посебниот свет. Победник најдов во холот на училиштето ,,Лазо Трповски“, во еден обичен ден, пред еден обичен состанок. Плач, река солзи, детско лице од кое не можам да го иставам погледот. Детето плаче силно повикувајќи ја својата мајка. Тука се наставничката, педагогот и директорката, го смируваа, но плачот не запира, плачот се крева високо, највисоко, излегува низ подотворената училишна врата низ која еве, влегува таа, неговата мајка, мајката-победник. *** Секојдневно, по завршувањето на часовите, го земам од училиште мојот најмал син. И денес го чекам додека окото ми пребарува по игралиштето. Таму се собрани куп деца, едни играат кошарка, дру-
24
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
ги навиваат, а трети седат раскажувајќи приказни за штотуку завршениот училиштен ден. Бам,бам, бам-бам-бам! Кошаркарската топка ме враќа неколку години назад. Моите две деца, момче и девојче, се подготвуваа да одат на одмор организиран од училиштето ,,Лазо Трповски“ – Општина Карпош. Имавме доверба во наставничките што го организираа одморот и затоа решивме да одат додека јас и сопругот имавме други обврски. Ги наполнивме куферите, а син ми отиде да се види и да поигра кошарка со другарите на игралиштето во училишниот двор. Беше средина на месец јуни и јунското сонце легнато високо на небото ги испразни улиците. И дрвјата,и луѓето во нивната сенка, се гушеа. Лисјата дишеа со последен здив, гранките се веднеа небаре подгрбавени баби. Трева-
та беше изгорена од сонцето и овде – онде имаше по некоја зелена трага. Ветер речиси и немаше, а дожд не се ни очекуваше. Ги затворивме куферите и јас отидов да го повикам син ми. Со лесен чекор се движев кон училишното игралиште. Ова жешко секојдневие воопшто не ми пречеше. Бев преокупирана со чекање радост. Ја чекав мојата трета рожба да излезе од мојата утроба и конечно да ја здогледа светлината на денот. Трето! Зошто да не ! Со мојот сопруг се смеевме и се радувавме. Исто семе посеано на исто место, во истата градина. Се беше исто! Трето! Зошто да не?! Во еден момент погледнав нагоре и видов ѕвезда на небото. Од жешкото, си реков и продолжив понатаму. Во учiлишниот двор и други родители чекаат ѕвончето да ја прекине наставата, детскиот џагор да го поплави училишниот двор. Син ми долета и ме прегрна, а заедно со него во мојата прегратка се втурна и гласот на едно девојче од неговото одделение: „Да побрзаме, му рече на својот татко, овој е лош другар, не разговара со мене!“ – Болен е! Не му се лути! – се втурна во мојата прегратка и гласот на таткото, а јас, вртејќи му грб на училиштето не успеав од него да ги истресам погледите и зборовите што сум ги слушнала многу пати ... По пат за дома се договарав со син ми што ќе јадеме, каде и како ќе го поминеме попладнето. Не сака да има изненадувања. Како се договораме, така правиме. Зошто? Мојот син не е болен, има состојба. Има аутизам – Аспергеров синдром. Има проблем со воспоставувањето комуникација и социјализација со други личности. Има натпросечна интелигенција , памети безброј работи но ... Ако се запознаеме со некој кој не ни се допаѓа ние се воздржуваме, но тој, мојот најмал син, во лице ќе каже не. Тој живее во еден поинаков свет, недопирлив за нас. Живее во свет без лаги, без лицемерие, без злоба. Во свет каде владее искреното, доброто. Може со часови да игра со една играчка без да трепне. Исто така, може со часови да гледа една работа. Нема потреба од друштво и сам себе си си е доволен. Не е досаден. Не може да му наштети никому. Ја обожува музиката, особено гитарата, свирењето на гитара. Злото не владее во неговиот свет. Ние не можеме да влеземе во тој свет, но мораме да му овозможиме да го допре и да го до живее нашиот затоа што нашиот е и негов свет. Ние родителите, ние сме наставници, педагози, психијатари ... *** Наставниците во училиште имаат некои предзнаења за инклузија, меѓутоа каде да се фокусираат побрзо, на наставниот материјал, на обичните ученици, на оние со помалку развиена моторика, на оние со послаб коефициент на интелигенција или на
талентираните. Тоа е час, а часот е еден, ученици се многу. Има многу луѓе, родители, кои не се сретнале со ваква состојба. Убаво е да се едуцираат, да прочитаат, да се распрашаат, за да знаат да им објаснат на своите деца како би добиле јасна слика за посебниот свет на нивните посебни другарчиња. Би требало институциите на системот да се заангажираат за овие деца и по обичната настава да организираат вежби со логопеди, дефектолози, кои сигурно повеќе имаат искуство и се далеку пооспособени за оваа состојба. Со вежби сигурно ќе биде сè поинаку, побрзо би се извршила социјализацијата, децата со таков синдром полесно би комуницирале а моториката би им се развила повеќе. *** Додека беше во утробата го чекавме со љубов, радост и нетрпение, ги броевме деновите, часовите и секундите. Бевме пресреќни кога дојде на овој свет. Никој не претпоставуваше оти токму таа љубов ќе донесе несекојдневна поврзаност. По неговото раѓање се беше нормално, а откако потпорасна и се појавија првите симптоми, со месеци и месеци се поставуваше дијагноза, а ние сè повеќе се организиравме за да продолжи нормално животот на цело семејство. Тоа и го направивме, се организиравме и сè уште се организираме како и колку да го сфатиме неговиот свет, а во исто време ги отвораме полека вратите на нашиот. Освен за музиката, син ми почна да се интересира за готвење. Толку е мал, а како вистински кувар ги знае сите состојки за еден рецепт. Денес бевме во најблиската продавница и купувавме што треба за ручек. Јас заборавив да земам компири и син ми ме потсети, а касиерката, која со години ме знае, ми рече: „Ели, да знаеш, ова не е дете туку ѕвезда која сјае на небото“. Горда сум на своето семејство посебно на ова дете, на овие невини очи, на ова чисто срце што ми дава сила да продолжам да го живеам животот и да се борам со сите предизвици и сите проблеми на кои ќе наидам. *** Овој новинарски текст под мотото ,,Десетка за Карпош“ го напишав за мајката-победник. За една храбра жена-мајка на аутистично дете, која многу добро го сфатила животот, оној живот во кој победниците не добиваат злато, сребро, бронза, не добиваат сертификати. Оваа мајка на три деца, со едното од нив влезена во посебен свет, е посебна мајка. Животот не познава победници и победени. Животот познава само луѓе и нелуѓе. Силвана Јорданова – проф. по француски јазик OУ „Вера Циривири-Трена“
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
25
КУЛТУРНИ ВИБРАЦИИ Во Карпош сите имаа талент
ДЕСЕТКИ ЗА ПРОЕКТИ, ЕСЕИ, ПЕСНИ, УБАВИ ДВОРОВИ И УЧИЛНИЦИ Наставниците од сите десет основни училишта во Општина Карпош имаат чиста „10“-ка за своите таленти кои, во очи на новогодишните празници, на задоволство на стотина присутни, перфектно ги демонстрираа. Домаќин на завршната манифестација “Десетка за Карпош”, која се реализираше во соработка со локалната самоуправа, беше ОУ “Димо Хаџи Димов”. Автор на овој проект е педагогот од ОУ “Лазо Трповски”, Рената Поповска, а на манифестацијата беа доделени дипломи (во пет категории) и пофалници (во две категории), за најуспешните наставници, кои во текот на оваа година, со помош на своите ученици и нивните родители, напорно работеа и дадоа голем удел во ефектниот епилог на овој оригинален проект. Во холот на ОУ “Димо Хаџи Димов” , наставниците и учениците со својот раскошен талент ги дигнаа на нозе присутните гости. Наставниците пред стручните комисии ги покажаа своите музички и пејачки таленти, но и дарба за пишувањето на убави стории за екологијата, хуманоста, и најубаво уреден училишен простор. Се доби впечаток дека доделувањето на дипломите е во втор план, откако наставниците и учениците со своите уметнички перформанси, успеаја да ги наполнат срцата на присутните, со што самата манифестација прерасна во прекрасна дружба на сите 10 основни училишта од Општина Карпош.
26
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
Во првата категорија „Десетка за најдобра сторија„ во која наставниците пишуваа по еден есеј за своето соседно училиште, победи Силвана Јорданова од ОУ „Вера Циривири-Трена“ за сторијата „Ѕвездата која сјае„, второто место им припадна на наставничките од ОУ „Владо Тасевски“ Слободанка Бадаровска и Јованка Трпкова за сторијата „Зоки стотка“ за хаусмајсторот од Вера Циривири –Трена“, а третата, за Соња Казанкова од ОУ „Јан Амос Коменски, за сторијата „Кога сјаат камчињата“. Во категоријата најуспешно уреден училишен простор, првото место го освои Јане Ангеловски за уредувањето на Кабинетот по техничко образование во ОУ „Димо Хаџи Димов“, второто место и припадна на Ирена Лозановска за уредувањето на училница во ОУ „Петар Поп Арсов“, а третото на наставничките Марија Јошеска и Ирена Пантова за уредената училница во ОУ „Јан Амос Коменски“. Во оваа категорија беа пофалени и училишниот хол на ОУ „Владо Тасевски„ , училиницата за работа со децата со посебни потреби во ОУ „Јан Амос Коменски“ и училница уредена во ОУ „Лазо Трповски“. Во категоријата „Десетка за најуспешен проект“ победија Александра Блажевска и Емилија Чоловиќ од ОУ „Петар Поп Арсов“ за проектот „Зелени стапалчиња“, второто место и припадна на Радмила Петровиќ Јордановска од ОУ „Вера Циривири-Трена“ за проектот „Заеднички спортски игри“, а третото место на Дра-
гана Ѓорѓевиќ и Нада Блажевска од ОУ„Аврам Писевски“ за проектот „Од отпад до нов производ“. „Десетка за хуманост“ добија првонаградените Невена, Катица, Анета, Милка и Виолета од ОУ „Димо Хаџи Димов“ за пректот „Инклузија-секој може да учи“, второто место и припадна на Александра Блажевска од ОУ „Јан Амос Коменски“ за проектот „Ајварче за тебе, ајварче за мене“, додека третото место го освои ОУ „Војдан Чернодрински“ за проектот „Едно сонце за сите светови“. На крајот „блеснаа“ пејачките ѕвезди во категоријата „Наставниците пејат“ каде првото место суверено го добија Александар Панајотов,, Татјана Трпезановска и Весна Стоја-
новска, кои со своите ученици, музички таленти го отпеаја хитот „Луди летњи плес“ од „Фламингоси“. Фасцинираше и „ македонската Адел“, наставничката Симона Марочковска од ОУ „Димо Хаџи Димов“ со “Rolling in the deep“, а третото место го поделија музичкиот бенд „Џипси денс“ и „Есамс бенд“ со наставничката Мирјана Кочковска со Лина Вучидолова од ОУ„Јан Амос Коменски“ која со сопствен текст и музиката од песната на Калиопи ја испеа песната „Дали ме сакаш“, поветена на детскиот свет во Карпош. В. Цветковска
Во ОУ „Владо Тасевски“
НАСТАВНИЦИ ГЛУМЕА
Пред новогодишните празници, во просториите на ОУ „Владо Тасевски“, наставничкиот кадар организираше хуманитарна приредба - „Наставниците глумат “. Претставата беше реализирана во хуманитарни цели, а средствата собрани од неа, ќе бидат наменети за ученик од ова училиште кому навистина му е потребна помош. Наставниците имаа драмска изведба на театарска претстава, која самите ја режираа. Нивните ученици имаа можност да ги проследат своите наставници, кои во прекрасно изработените сценски костуми, успеаја да пренесат автентична драмска атмосфера. Тие беа толку креативни што и поканата за овој хуман настан ја направија во стихови: „Оваа претстава наша, на почеток ни беше каша. Од директорката во разговор идеја добивме- до 25. не ја пробивме. Со хумано срце сме сите, а со децата најслатко ни минуваат дните. Уште и на CD може да не погледнете ! Нас вработените од „Владо Тасевски“ и на улица да не сретнете, но и слатко да ни се насмевнете. И вака да продолжиме да говориме, нов весел јазик да измислиме и со него ќе твориме, животот бајка ќе ни биде во Новата година што иде.“ И.Ѓ.
Во ОУ „Димо Хаџи Димов“
ПРОМОВИРАН ПРВИОТ ДЕТСКИ ЕКО ВЕСНИК
Во просториите на ОУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае, во присуство на наставниците, учениците, родителите како и преставници од Одделението за заштита на животната средина при Општина Карпош, беше промовиран првиот детски еко весник „ОКО“. „Весникот понатаму ќе добие друга димензија во смисла на широчина на опфатот, всушност еко весникот ќе биде весник на сите училишта
во Карпош. Оваа идеја ќе ја прошириме преку соработка со сите училишта во нашата општина, истакна Зорка Ристова директорката на ОУ „Димо Хаџи Димов“. Главниот уредник Марјан Костовски, професор по македонски јазик ги престави содржините на весникот и рече дека тој е наменет за секој љубител на природата, без оглед каде живее, на која религија и припаѓа, и без оглед каков став има спрема животот. Во создавањето на „ОКО“ учествуваа и ќе учествуваат ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“, и од другите училишта од нашата Општина и од цела Македонија. На промоцијата, директорката Ристова и професорот Костовски изразија голема благодарност до градоначалникот Јакимовски, за неговата поддршка при издавањето на првиот детски еко весник во Македонија. И.М.
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
27
ГОСТУВАЊА „Friends Fest 2012“-Врњачка Бања
ПОБЕДНИЧКИ ПЕХАРИ ЗА КАРПОШ Со три пехари, од кои два за освоено прво место во шах, прво место во пинг понг- жени, и едно второ место во пинг понг- мажи, Општина Карпош во победнички стил се врати од X-те, јубилејни работнички зимски спортски средби на општини, стопанството, јавни претпријатија и установи, „Friends Fest 2012“во Врњачка Бања. На оваа голема спортска манифестација учествуваа 20 екипи со над 450 спортисти аматери од екс југословенските простори од: Србија, Црна Гора, Словенија и Македонија. Спортските игри се одржаа во периодот од 13 до 16 декември, а беа во организација на „Гранада“ ДОО Београд. На овие спортски средби, Република Македонија ја претставуваа спортистите од администрацијата на Општина Карпош. Тие настапија во четири дисциплини: фудбал, шах, пинг понг-жени и мажи, и притоа освоија три високи награди. На оваа престижна, спортско пријателска манифестација до израз дојде искреното другарување и толеранцијата, зачинети со пораките за добри односи со соседите, без оглед на поводот за средбите.
„Во време на Олимпијадите дури и војните запирале“, беше една од пораките кои можеа да се слушнат во Врњачка Бања, а нашите вработени имаа прилика да ги разменат и деловните искуства и да остварат многу нови контакти со учесниците од сите држави. Збогувајќи се победнички со Врњачка Бања, тие закажаа нова средба во Бања Лука, следниот домаќин на оваа прекрасна и традиционална манифестација. Е. Кузмановска
Македонска посна храна
НА ПОБЕДНИЧКИ ТРОН ВО СРБИЈА Во периодот од 7-9 декември Здружението „ХОА Ангелчиња“, потпомогнато од Општина Карпош успеа да победи на меѓународната манифестација „Srpski sto posne hrane“. Во конкуренција на познати кулинари од Босна и Херцеговина (Република Српска), Црна Гора, Хрватска и Србија, нашите претставници кои прв пат - во 14 годишната традиција на оваа манифестација, учествуваа и победија во категоријата „Традиционална маса“ која овојпат се одржуваше во местото Перуќац на Тара. Со тавче гравче, посна сарма од зелка и лозов лист, макало, пинџур, зелник,
28
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
македонско посно грне, гурабии и посна торта, нашите „Ангелчиња“ успеаја да ги освојат срцата на најпребирливите кулинари од сите држави, учесници на натпреварот. Посебен куриозитет беше посната салата изработена според кулинарскиот рецепт на Билјана Смилевска наречена – вардарска салата, изработена во форма на картата на Република Македонија и логото на Општина Карпош. Со освоената награда која ја доделува Здружението за развој на туризмот и угостителството во Србија, нашите „Ангелчиња“ се пласираа за финалниот натпревар во кулинарство, кој ќе се одржи во Ниш. И.Ѓ.
МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА – ХРОНОЛОГИЈА По повеќегодишна работа, годинава што изминува, во издание на издавачката куќа ,,МЕНОРА“ од Скопје, излезе од печат, обемниот труд под наслов ,,МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА-ХРОНОЛОГИЈА“ – 1939-1945, книга 1. Автори на ова дело се познатите македонски историчари: проф. д-р Владо Иваноски и проф. д-р
Проф. д-р Владо Иваноски
ИСТОРИОГРАФИЈА Вера Весковиќ-Вангели. Меѓу тоа, поради специфичностите на борбата на Македонцие во Егејска и во Пиринска Макдонија, во кн. 2, во хронологијата што следи, единиците за Егејска Македонија го опфаќаат периодот на граганската војна, заклучно со 1949 год., а за Принска Македонија заклучно со 1948 година, односно до донесувањето на Резолуцијата на Информативното биро (ИБ). Книгата изнесува повеќе од петстотини страници, енциклопедиски формат, во две колони. Како вовед, забележани се и најзначајните настани за периодот од 1920 г . до 1 септември 1939, почетокот на Втората светска војна, заклучно со формирањето на првата Народна влада на Федерална Македонија на 16 април 1945 година. Трудот е збогатен со фотографии, карти, скици, факсимили на документи. Неоспорно е дека за да се подготови вакво дело, авторите морале да вложат огромен труд и време, кое е за секоја пофалба и поздравување. Рецензенти се универзитетската професорка Славка Фиданова и проф. д-р Ораде Иваноски. Редактор е проф. д-р Владо Иваноски. Изданието е финансирано од Министерството за култура на Република Македонија. В.И.
Седница на Собранието на ЗП „Карпош“
ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ На 28-ми декември се одржа седница на Собранието на Здружението на пензионерите „Карпош“ со која раководеше претседателот Јован Гиновски. Во фокусот на вниманието на овој работен договор беа повеќе актуелни прашања, меѓу кои, акцентот беше врз Програмата за работа во 2013 година. Во оваа програма планирани се поголем број активности и конкретни задачи од областа на социјалната заштита и пензиското и инвалидското осигурување во функција на обезбедување достоинствен живот и повисок општествен стандард каков што заслужува најстарата популација на граѓани. „Изградбата на пензионерски дом, поголем број клубови, домови за дневен престој, продлабочување на соработката со Советот и со градоначалникот на Општина Карпош, координирање на активностите на 7-те ограноци на ЗП, соработка со други здруженија и невладини организации, се само дел од планираните приоритетни задачи на раководствата и на членството на ЗП „Карпош“ во 2013 година. Покрај ова, Здружението ќе продолжи со организирањето на еднодневни излети низ Р. Македонија, организирање на спортски натпревари помеѓу
ограноците, на регионално и на републичко ниво како и организирање на трибини на актуелни теми“, ни изјави, меѓу другото, претседателот Јован Гиновски. По повод 35-годишнината од основањето на Здружението, на 11 јануари 2013 година во Кинотеката на Република Македонија ќе се одржи свечена седница посветена на овој значаен јубилеј. Ж. Трајановски
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
29
30
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
СПОРТОРАМА К К „Карпош-Соколи 2000.“
НА ПРАГОТ НА ПРВАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА Без оглед на сите субјективни и објективни пречки и проблеми, К. К. „Карпош- Соколи 2000.“, незапирливо ита кон враќање во првата лига, вели Огњен Дедиќ, првиот човек во еден од најуспешните спортски колективи во Карпош Карпош во спортот многу вложува и јас, еве можам да ветам дека К. К. „Карпош Соколи 2000“ веќе во 2013 година ќе стане прволигаш, изјави во една пригода првиот човек на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. Година дена потоа, спомнатиот спортски колектив е сосема блиску да го оствари пророчкото ветување на градоначалникот. Тоа е и повод за разговорот со Огњен Дедиќ, првиот човек на К. К. „Карпош Соколи 2000.“ - Господинот Јакимовски своето „пророштво“ го базирал врз своите сознанија за нашиот клуб, а тоа значи дека веќе подолго време е во тек со се она што се случува во него и во таа смисла и јас го делам неговото мислење; ние сме на чекор до враќањето во првата кошаркарска лига на Македонија, вели Дедиќ и додава: Би ја искористил оваа пригода да кажам дека нас, клубот, од најквалитетната лига не исфрлија со сила, со кршењето на правилникот на Кошаркарската федерација. К. К. „Карпош“, со години наназад е водечки спортски колектив во Општината, а вистинска трансформација доживува во 2000 година, кога во називот му се придодава и името на кошаркарската школа „Соколи“. Во тоа време, група кошаркарски фанатици на чело со г. Огњен Дедиќ, сите Карпошовци, прават целосна реорганизација на клубот, кој потоа влегува во првата лига и таму останува се до 2008. година. По спомнатото недоразбирање со челниците на тогашната Кошаркарска организација, клубот започнува нова битка за враќање во елитната лига. Со финансиска помош на Општина Карпош, стотина талентирани момчиња во сите категории, вредно тренираат, а управата е фокусирана на остварување на примарната цел- сениорската екипа да се врати во првата кошаркарска лига. - Без оглед на сите објективни пречки, ние не отстапуваме од зацртаната цел, вели Дедиќ и додава
дека главниот проблем на клубот е немање сопствена сала. Ние со години наназад сите натпревари ги играме во салата на „Работнички“, но од пред извесно време таму не сме добродојдени. За среќа, ја имаме спортската сала во училиштето „Војдан Чернодрински„ и по нејзиното реновирање, имаме оптимални услови за тренирање. Инаку, сите во клубот се надеваме дека ќе се реализира ветувањето на градоначалникот дека во Карпош наскоро ќе почне изградба на модерна и функционална спортска сала. Дедиќ вели дека, без оглед на сите субјективни и објективни пречки и проблеми, К. К. „Карпош- Соколи 2000.“, незапирливо ита кон враќање во првата лига. - Без оглед колку да звучи препотентно, ние во втората лига немаме сериозна конкуренција. Не ги потценуваме противниците, но играме добро што покажуваат резултатите, односно разликата со која ги победуваме конкурентите. Во вториот дел од првенството, сите осум натпревари ги играме дома (во спортската арена „Борис Трајковски“), што ни ја
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
31
олеснува работата во остварувањето на зацртаната цел... Нашиот соговорник посебно го потенцира квалитетот на играчите од сениорската екипа и нивното максимално залагање на секој натпревар, без оглед на квалитетот на противничката екипа. - Ние секогаш ја играме нашата игра, а тоа значи дека имаме тим кој лесно се справува и со најсилните екипи. Во тимот имаме неколку вонсериски играчи. Иако немам обичај посебно да ги истакнувам поединците, ќе кажам дека столбот на тимот е на-
шиот центар Тмушиќ, еден од најдобрите скокачи на овие простори. Значајно е да се нагласи дека во редовите на „Карпош- Соколи 2000.“ играат и играле играчи од сите националности. Кај нас е добредојден секој кој знае да игра кошарка и ја почитува нашата стратегија. Она што посебно сакам да го истакнам е дека во нашиот колектив речиси 80 проценти од играчите (во сите категории) потекнуваат од територијата на Општина Карпош... Миле Раденковиќ
“КФЦ“ - ШАМПИОН ВО ДЕТСКИ ФУДБАЛ Карпош-Фудбалски Клуб е новиот шампион во фудбал на Македонија во Детската лига (генерација 2003год.), во организација на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Детскиот фудбалски сојуз. На финалниот натпревар учествуваа најдобрите осум екипи во лигата, а КФЦ, во четвртфиналето ја победи екипата „Албарса“ со 3:2, потоа во полуфиналето ја „бомбардираше“ екипата на „Скупи“ со резултат 7:0 и конечно, во големото финале, ја совлада екипата на „Нови лисици“ со 2:1.Освен пе-
харот кој го додели директорот на Македонската фудбалска репрезентација Петар Милошевски, “КФЦ“ освои и пехар за најдобар стрелец, кој му припадна на Никола Придаенковски. Овој млад фудбалски клуб, кој своите тренинзи ги одржува во новата сала на ОУ„Христијан Тодоровски Карпош“, со тренерите Лазар Куновски и Димитар Бадев, зад себе ги остави реномираните фудбалски школи на Работнички, Металург и Форца, со што пријатно ги изненади сите искрени љубители на фудбалот во нашата држава.
МЛАДИТЕ ШАХИСТИ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Младите шахисти од Општина Карпош, заедно со своите родители и нивниот тренер, интернационалниот мајстор Марјан Митков, деновиве беа гости кај градоначалникот Јакимовски. Тие дојдоа да му ја искажат својата неизмерна благодарност за поддршката, што тој континуирано им ја дава. Благодарение на сопствениот труд, знаење и заложби, но и на несебичната помош од страна на Општината, тие постигнаа извонредни резултати на Европското првенство во шах кое летово се одржа во Прага..
32
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
Општина Карпош целосно ги покри трошоците за настапот на младите шахисти, а тие за возврат достоинствено ја претставија не само својата Општина, туку и Република Македонија. Во категоријата од 10-12 години, од вкупно девет, освоија дваипол поени. Како и секогаш до сега, градоначалникот Јакимовски на младите шахисти им вети целосна финансиска поддршка секогаш кога ќе учествуваат на значајни домашни и меѓународни натпревари во древната игра. И.Ѓ.
Нинослав Тмушиќ, асот на КК „Карпош- Соколи 2000.“
НЕБЕСКИ СКОКАЧ ПОД КОШЕВИТЕ По настапот за десетина кошаркарски екипи во сите балкански земји, „небескиот скокач“ од Пријепоље стаса во „Карпош- Соколи“ и вели дека сака во Скопје да ја заврши кариерата Нинослав Тмушиќ е вистински кошаркарски глобтротер. По десетгодишни патешествија низ балканските земји, минатата година стаса во Карпош, повикан да помогне во враќањето на К. К. „Карпош – Соколи 2000“ во наjелитната кошаркарска лига. Овој џин од Пријепоље, висок 205 см. во Карпош пристигна со епитетот „небески скокач “ и истиот го потврди на првите натпревари во составот на нашите „Соколи“. „Царот под обрачите“, како што му скандираат навивачите, за не цела година стана миленик на љубителите на кошарката и е алфа и омега во победничката концепција на „Карпош – Соколи 2000“. - Нино е фантастично подвижен за својата височина, има неверојатен одраз, прецизен шут и може и игра на повеќе позиции во тимот, вели неговиот тренер Огњен Дедиќ и додава: Јас едно време му бев тренер во Струмица и кога се зафативме со мисијата „Соколи“ да го вратиме во првата кошаркарска лига, посакував во тимот да имаме токму таков играч. За среќа, од наш заеднички пријател дознав дека е слободен и сторивме се да го доведам во клубот. А дека постигнавме полн погодок покажуваат неговите и резултатите на клубот, заклучува Дедиќ. Во едночасовното „чепкање“ по животната и спортската биографија на Тмушиќ, дознавме многу неверојатни детали, помеѓу останатото дека настапувал за кошаркарските тимови во Будва, Бјело Поље, Подгорица, Бањалука, Лазаревац, Ниш, Струмица, Русе, Јалибол, Јагодина... Во Будва (Црна Гора) бил прогласуван за спортист на годината, во Русе за најдобар странски играч, а во сите останати градови и тимови е запаметен како најдобар скокач и најкорисен играч. - Навистина, јас никогаш не водев лична статистика и не ги паметам сите рекорди, освен оние кои се сврзани со признанијата што ми се доделувани, главно за најдобар скокач. Се сеќавам дека во Бугарија на еден натпревар постигнав 42 поена и забележав 25 скока, инаку просекот на успешни скокови е над дваесет. - Ако ме прашувате за тренер кој влијаел врз моето оформување како играч, тоа е секако Рајко Тороман, а како играчи идоли ми биле Милета Лисица, Крешимир Ќосиќ, и разбирливо мојот сонародник Владе Дивац. Во текот на кариерата, како што веќе реков, сум играл за многу клубови но најубави спо-
мени носам од Русе и од Струмица. Се разбира, ако мерам според досегашниот престој во Скопје, се надевам дека на таа листа ќе биде впишан и Карпош. Овде навистина се чуствувам како дома, имам одлична соработка со тренерот и со соиграчите, задоволен сум од сите услови кои ми се дадени и се надевам дека ќе ми се оствари сонот со „Соколи“ да настапуваме во Балканска лига и, ако даде господ, и во некое европско натпреварување. Нинослав е оженет со Тамара и имаат две ќерки, Јулија и Софија, кои сега живеат во Крагуевац, градот во кој ја запознал својата сопруга и каде што постојано живеат. - Ми недостасуваат моите три дами, но за среќа, Крагуевац не е далеку и ја користам секоја можност да скокнам дома. Инаку, кога немам ообврски во клубот шетам низ градот и можам да речам дека Скопје е убав и модерен град, има што да се види. М. Раденковиќ
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
33
МЕЃУВРЕМЕ Доктор за добиток На некој прием, сакајќи да го понижи прочуениот лекар и бактериолог Роберт Кох, некој неранимајко го запрашал: -Дали сте вие лекар за добиток? - О, да, а што ве боли, му возвратил научникот. Што прави Чак Норис на отворен прозорец? - И удира ќотек на промајата.
Секогаш гласајте за оној кој последен ви ветува, бидејќи тој последен и ќе ве разочара. Бернард цБарух Ако твојата среќа зависи од постапките на другите, никогаш не можеш да бидеш среќен човек. Ричард Бач Од расфрланите камења по патот секогаш можат да се направат скалила. М.Таскин Не грижете се дека денес ќе се случи пропаста на светот. Во Австралија инаку веќе е утре. Чарлс Шулц
Во животот можеме да оствариме се што сакаме доколку на доволен број луѓе им помогнеме да го остварат тоа што го сакаат. Р. Гаридо
Подготвил: М. Раденковиќ
Губат само оние што не се натпреваруваат. Д.Р. Жилбер
Џентлмен е мажот кој жената ја штити - се додека не остане насамо со неа.
34
КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ
КАРПОШ ГО РАЗУБАВИ СКОПЈЕ СИТИ МОЛ
Од вкупно пријавените 200 фотографии на конкурсот ‘‘Скопје од мој агол‘‘за избор на најдобра фотографија од урбано Скопје, организиран од страна на Скопје Сити Мол и градот Скопје, во потесен избор влегоа 26 фотогра-
фии. Меѓу нив е и фотографијата „Поглед кон „Сити Мол“ на Ива Манова вработена во локалната самоуправа во Општина Карпош. Како најдобра, првото место го освои Ерина Богоева, со фотографијата “Jump for Skopje” .
ДЕДО МРАЗ И ВО ОПШТИНА КАРПОШ