Карпош Урбан бр.24

Page 1

Весник на локалната самоуправа јануари 2013 • бр. 24 • година 5

НАЈВИСОКА ОЦЕНКА ЗА КАРПОШ


2

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ


ВО ОВОЈ БРОЈ Весник на локалната самоуправа јануари 2013 • бр. 24 • година 5

ВЕТЕНО СТОРЕНО ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА НОВА УРБАНА ОПРЕМА ВО ОПШТИНАТА КАРПОШ

.................................................. 6

ИНТЕРВЈУ Андријана Цветковиќ, филмски режисер МАКЕДОНКА ВО РАБОТИЛНИЦАТА НА КУРОСАВА

НАЈВИСОКА ОЦЕНКА ЗА КАРПОШ

Издава Општина Карпош ул. „Демир Трајко“ бр.43 1000 Скопје, Р. Македонија тел.: 02 / 30-61-353 факс: 02 / 30-71-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk

НА КАФЕ КАЈ...

Издавачки совет Стевчо Јакимовски Даница Мартиновска Димче Мешковски

Ивко Панговски, легендарен радио репортер и стенограф

Главен и одговорен уредник Виолета Цветковска

................................................ 12

vikipr@karpos.gov.mk

ГОЛ, ГОЛ, НЕ, НЕ Е ГОЛ, ДРАГИ СЛУШАТЕЛИ

............................................... 20

Уредник Миле Раденковиќ mile.radenkovic@karpos.gov.mk

ОБРАЗОВАНИЕ Сертификати за младите актери од Карпош „НАШИ ГОДИНИ“ СО ЦЕПЕНКОВ

................................................ 24

СПОРТОРАМА ЛИКОТ И НАЛИЧЈЕТО НА СП ВО РАКОМЕТ

................................................ 30

Редакција Живко Трајановски Елена Кузмановска Ива Манова Игор Ѓуровски Технички уредник Зоран М. Гулевски Лектура Живко Трајановски Ангелина Николовска Фотографија Ива Манова М. Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

3


ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ НАЈВИСОКА ОЦЕНКА ЗА КАРПОШ

Пишува: Владо Поповски

Во последната 2012-та, Карпош, според перцепцијата на своите жители, доби највисоки оценки за услугите во областите на образованието, спортот и културата, а се забележува и континуирано подобрување на оценката за локалниот економски развој Вкупно задоволство по надлежност

4

Образование култура спорт

Почитувани граѓани, Досега, преку Вашето информативно гласило Карпош Урбан, ги пренесувавме активностите на локалната власт, трудејќи се да бидеме што потранспарентни. На неговите страници беа поместувани сите наши планови, видувања, остварувања на вашите желби и потреби. Се обидувавме да бидеме максимално усогласени со нив, но да одиме и чекор понатаму, да бидеме интерактивни, креативни, да ги слушаме вашите идеи, да ги следиме вашите успеси и да ги задоволиме вашите потреби. Во врска со сето тоа, ние градевме и изнесувавме наши ставови и гледишта, но ги регистриравме и вашите животни постигнувања, како и очекувањата што ги имате од нас. Овојпат, решивме да видиме што од сето тоа сме сработиле и колку добро. Затоа решивме да го слушнеме „Гласот на граѓаните“. За да не биде субјективна проценката, Општина Карпош, како и уште единаесет општини од државата, веќе трета година е вклучена во проектот “Транспарентна и ефикасна децентрализација”, а неодамна го добивме и последното истражување за задоволството на граѓаните од општинските услуги во Република Македонија, кое, како документ го изготви Фондацијата Отворено Општество – Македонија (ФООМ) и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД). Станува збор за трет последователен извештај, во 12 општини-партнери, кој се базира на теренско истражување за мерење на задоволството на граѓаните, од услугите што ги добиваат од локалните власти во периодот 2011-2012 година. Во извештајот беа опфатени општините: Боговиње, Велес, Гостивар, Дебар, Илинден, Карпош, Куманово, Неготино, Охрид, Старо Нагоричане, Струмица и Тетово. Во него учествуваа 1.761 граѓани, како репрезентативен примерок, меѓу кои и граѓаните на Карпош избрани по случаен избор од страна на професионалната агенција GFK Skopje, која на терен, „од лице, в лице“ го сублимираше мислењето на граѓаните. Според овој последен извештај, Општина Карпош има највисока оценка во однос на останатите општини-партнери. Вие како граѓани (оние што

Урбанизам

ЛЕР

Соц. заштита

Комун. деј.

Заштита...

Демократија, отчетност

Средна вредност

Куманово

3,24

2,96

2,53

2,72

2,94

2,97

2,76

2,89

Тетово

2,56

2,42

2,03

1,81

2,18

2,24

2,07

2,22

Гостивар

3,02

3,32

2,26

2,37

3,13

2,85

2,78

2,89

Карпош

3,90

3,67

3,24

3,14

3,68

3,81

3,61

3,60

Струмица

3,73

3,52

3,29

2,96

3,60

3,62

3,55

3,50

Велес

3,38

2,82

2,17

2,54

2,91

2,92

2,98

2,90

Охрид

3,37

2,60

2,15

2,35

2,96

2,89

2,50

2,75

Боговиње

2,99

3,42

2,91

1,53

3,24

3,05

2,69

2,89

Дебар

2,98

2,86

2,21

2,20

2,35

2,71

2,46

2,53

Неготино

3,73

3,32

2,49

2,91

3,08

3,03

2,62

3,08

Илинден

3,11

2,91

2,70

1,36

2,67

1,87

2,43

2,59

Ст. Нагоричане

2,89

2,34

1,71

1,39

2,24

2,72

1,83

2,16

Р. М. 2012

3,23

3,02

2,95

2,93

2,75

2,47

2,39

2,84

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24• ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ


го искажаа своето мислење) имавте шанса со оценка од 1 до 5, во зависност колку сте задоволни од услугите што ви ги дава локалната власт, да не оцените. Токму тука е лоцирана и нашата гордост. Општина Карпош со оценката 3,60 има највисока оценка на задоволство во однос на останатите општини. Во сите досега анализирани години, посебно во последната 2012та, Карпош, според перцепцијата на своите жители, доби највисоки оценки за услугите во областите на образованието, спортот и културата, а се забележува и континуирано подобрување на оценката за локалниот економски развој. Тоа, преведено со јазикот на практиката, значи дека несомнено вродија со плод нашите вложувања во реконструкцијата на сите основни училишта и градинки, инвестирањето во квалитетен едукативен кадар, во проширувањето на знаењата и вештините во наставниот процес, во формирањето на европско образование за нашите деца, во секој поглед. Инвестирањето во инфраструктурата, во изградба на патишта, петеки, тротоари, фекална и атмосферска канализација, во енергетско ефикасни фасади и објекти, во плоштади, во зелени површини, паркови, во натамошната урбанизација на општината, се токму оние моменти кои го носат позитивниот и нагорен тренд во локалниот економски развој. Значи, напредуваме. Тоа е вашата перцепција и ние за тоа сме ви благодарни. Идејата да се вклучиме во еден ваков проект, кој, по извесен период на практикување на власта, ќе ни даде колку што е можно пообјективна слика за нашата мисија и визија, беше директно поврзана со целта на овој проект. Таа е да се стимулира ефикасен, транспарентен и отворен процес на спроведување на децентрализацијата, преку следење, известување и јавно информирање, за пренесувањето и за извршувањето на надлежностите од страна на општините во областите: финансии, образование, урбанизам и урбанистичко планирање, локален и регионален развој и комунални дејности. Но, сите овие постигнувања не смеат да не фрлат во летаргија.Имаме уште многу полиња на кои треба да вложиме дополнителни напори. Социјалната грижа и благосостојба на карпошани ни се во преден план. Живееме во извонредно турболентни времиња, во економска криза и невработеност и се соочуваме со низа други предизвици. Од нив, заеднички треба да излеземе поцврсти, позадоволни, побогати и посреќни. Ова исклучително студиозно истражување, исто така, покажа дека според мислењето на граѓаните, најголемиот дел од нив, дури 70% би ја препорачале својата општина како добро место на живеење. Ние во сиот изминат период, многу сериозно работевме на тоа и мислам дека успеавме. Искрено се надеваме дека тој процент на задоволни граѓани од својата Општина, кај нас, во Карпош, како најубаво катче за живеење, е многу поголем.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

5


ВЕТЕНО СТОРЕНО ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА НОВА УРБАНА ОПРЕМА ВО ОПШТИНАТА КАРПОШ Во текот на месец јануари 2013 година, беа поставени нови 24 парковски клупи за седење и 13 корпи за отпадоци. Клупите и корпите (тип БВ) беа поставени на следниве локации: Парк на ул. „Иван Аговски“, УЗ Карпош 1 (7 клупи и 2 корпи) Парк помеѓу ул. „Соле Стојчев“ и ул. „Никола Парапунов“, УЗ Карпош 4 (7 клупи и 5 корпи) На детското игралиште во УЗ Влае 1 (10 клупи и 6 корпи)

Поставувањето чинеше 252.000 денари за клупите и 47.400 денари за корпите, средства од буџетот на Општина Карпош. Беа поставени и 17 метални ракохвати на скалилата на Порта Влае (кон бул. Партизански одреди), како и 48 заштитни метални огради во УЗ Карпош 3 (45 на ул. „Бледски договор“ и 3 на ул. „Пелистерска“). Оваа инвестиција изнесуваше 120.000 денари. Изведувач на овие активности беше фирмата Мастеф од Скопје.

Урбана опрема во УЗ Карпош 1

Детско игралиште во Бардовци

6

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ


ГРАДЕВМЕ НОВИ ПАТЕКИ, ТРОТОАРИ И ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА Зимските денови ни одат на рака. Повеќе сонце, помалку студ. Затоа продолживме со градење. Се работеше на изградба на нови тротоари и патеки во Влае 1 и Влае 2, како и на фекална канализација во Карпош 2. Улицата Љубица Георгиева во Тафралиџе 2 ќе ја красат нови тротоари во должина од 100 метри и широчина од 6 местри. Изведувач „Изградба Комерц“ од Скопје. Вредноста на зделката е 512.000

денари. На улица Иван Цанкар се градат четири нови пешачки патеки во должина од 455 метри. Изведувач беше „Еуроинвест инг“. Вредност на работите -1.793.777 денари. На „Бранислав Нушиќ“ во Карпош 2 се работеше на реконструкција на фекална канализација во должина од 20 метри. Изведувач беше „Да-Бо компани“. Работите чинеа 650.000 денари.

Реконструкција на фекална канализација на ул. „Бранислав Нушиќ“ бр. 11

Урбана опрема во Влае 1

Реконструкција на тротоари на ул. „Љубица Георгиевска“

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

7


НОВИ УЛИЦИ ЗА БАРДОВЧАНИ Старите колски и пешачки патеки за Бардовчани се минато. На улицата број 20 целосно се направенни трите краци кои водат кон болницата. Поточно изградени со бекатон плочки се три краци во должина по 250 метри и широчина од по 3 метри, или вкупно 2.400 квадратни метри. Оваа инвести-

ција Општина Карпош ја чинеше 3,5 милиони денари, а зиведувач на работите беше фирмата „СМ компани“. Сега жителите на ова населено место слободно може да возат и да шетаат по нови, современи коловози и да заборават на старите истрошени патишта.

Трите крака на ул. „Скупи“ 20 во Бардовци

8

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ


КАКО СЕ „РАЃАШЕ“ ПЛАТОТО КАЈ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН? Граѓаните на Карпош добија уште едно прекрасно место за дружење. Тоа е платото кај т.н. Млечен ресторан, сосема нов урбан простор, кој го посакуваа со години,ако не и со децении. Конечно, во низата плоштади кои ги изгради (платото кај Педагошка академија, плоштадот во Карпош3) и ги гради ( Влае 2), актуелната локална власт влезе и во овој прекрасен урбанистички проект, во кој е внесен многу ентузијазам,креативност, но и упорност, пред сé од нашиот Креативен тим. Реконструкцијата ја направивме на барање на граѓаните од Млечен ресторан.На почетокот беше планирано само да се премачкаат постојните плочки на плоштадот со изолација и врз нив да се постават нови плочки и урбана опрема.Но, потоа, граѓаните кои имаат гаражи, инсистираа да се направи добра изолација бидејќи им протекувала вода во гаражите. Токму инженери од жителите кај Млечен ресторан инсистираа да се извадат старите плочки, да се искрши кошулката и да се постави двојна изолација, како и нова кошулка. Ова бараше дополнително време, а за таа цел фирмата „Адинг“ направи стручен проект за изолација и одводнување на висински коти, по што, отпочнавме со работа. Само да напоменеме дека овие зафати ја поскапеа инвестицијата за 40%.Во меѓувреме, на барање на граѓаните, а по претходно спроведена анкета, го тргнавме кошот,зашто се правело бука. На инсистирање на граѓаните од овој дел на Карпош, зголемени се тревните површини при што се поставени пет жардиниери, а исто така на нивно барање беше покриен влезот во гаражите.Таму се постави скапа урбана опрема и осветлување. Во меѓувреме, е реновирано и детското игралиште, а се планира и изградба на фонтана.

Што се однесува до безбедноста, од крајот на мај до крајот на септември, ќе има и физичко обезбедување, по 24 часот на полноќ, за да не се нарушува мирот на граѓаните. Сепак, тука мораме да го споменеме и „патешествието“ што го минавме во неговата изградба. Затоа, и им се извинуваме на граѓаните кои цело лето беа во прав и кал, поради одолговлекувањето на работите и пробивањето на роковите за градба од страна на фирмата изведувач „Урбан инвест“ со која моравме да го раскинеме договорот.Со новиот изведувач „Аполоинженеринг“ се обидовме, и мислиме дека успеавме, тој испуштен временски простор, да го надоместиме. Се работеше неуморно, дури и по ниски температури, за што моравме да поставиме тенди и шатори, да донесеме конвентори за загревање, со цел квалитетно да се изведат работите на поставување плочки.Ќе останеме запаметени како единствена општина која на теператури под 00C степени изведувавме градежни работи. Сепак, мислиме дека вложениот труд конечно се исплатиа. И за нас и за граѓаните. Задоволството е двострано, а ние сме среќни што уште една желба на граѓаните од овој дел на Карпош е исполнета. Креативен тим на Општина Карпош

Реконструкција на плоштадот кја Млечен ресторан

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

9


ПРИЗНАНИЈА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ - МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ Деновиве, во хотелот „Континентал“, на свеченa церемонија беа прогласени тројцата најдобри скопски градоначалници, избрани во анкетата што ја спроведе интернет порталот Skopjeinfo.mk. Граѓаните кои учествуваа во анкетата (по електронски пат), најмногу гласови им дадоа на градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, и на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, додека, третото место го зазеде градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ. Во спомнатата анкета, од 22 декември 2012 година до 15 јануари 2013 година, учествуваа повеќе од 20 илјади граѓани. До последен момент се воодеше „мртва трка“ во која Јакимовски водеше речиси до крајот, а Коневски победи во второто пролонгирање на анкетата. Е. К.

Во градинките во Карпош

ОБУКИ ЗА ЕВРОПСКИ КУЈНИ Деновиве, во просториите на КТЦ „КЛУЧ“, Општина Карпош, во соработка со Консалтинг и тренинг центарот „КЛУЧ“, се реализараше заедничкиот проект - Обуки за изработка на анализа на неопходни предуслови на кујните во секоја детска градинка на територија на општината. Раководителот на Секторот за социјална, детска, и здравствена заштита, Гордана Зафировска им се обрати на присутните образложувајќи ја Програмата за 2013 го-

10

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

дина при што напомена дека Општината и во иднина ќе продолжи со отворената поддршка во рамките на овие активности како и со грижата за здравјето на децата на сите нивоа. Општина Карпош е единствена општина во Македонија која презема вакви активности а воедно е членка на EHEDG (Европското тело за хигиенски инженеринг и дизајн). Согласно со нивните нормативи, во Карпош има овластено лице (м-р Ирена Милевска) која се грижи за контролата и безбедноста на храната во градинките на територијата на целата локална самоуправа. Спроведувањето на овие обуки е од особено значење за техничкиот и стручниот персонал од овие институции со цел да се подигне нивото на знаење и практична примена на HACCP системот, во функција на контрола и безбедност на храната. Обуките беа организирани за две групи посетители и се спроведоа во две етапи од по три дена. Предавањата ги одржа проф. д-р Владимир Какуринов – акредитиран тренер од HACCP - Alliance USA и редовен професор по микробиологија и имунологија на Ветеринарниот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола. По завршувањето на обуките присутните полагаа тест преку кој се здобија со меѓународно признат сертификат за имплементација на HACCP – системот во прехранбената индустрија. И. Ѓ.


НАШИ ГОСТИ Средношколци - членови на МОФ

ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КАРПОШ При крајот на минатиот месец, 40 средношколци - членови на Младинскиот образовен форум (МОФ) беа во посета на локалната самоуправа во Општина Карпош каде практично се запознаа со динамиката на секојдневните работи кои се одвиваат во Општината. Претседателот на Советот на Општина Карпош Трифун Трифуновски, ги запозна со програмските работи кои се во надлежност на Општината, по што се обрати и раководителот на Одделението за урбанистичко и просторно планирање Благица Блажевска, која презентираше неколку капитални проекти кои се од витално значење за граѓаните на оваа локална самоуправа. Куса презентација одржа и раководителот на Одделението за односи со јавноста Виолета Цветковска, која успеа да го привлече вниманието на присутните средношколци со своето излагање на

актуелни теми, од областа на социјалните медиуми и методи на комуникација. На презентацијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски кој говореше за надлежностите и обврските кои се дел од неговото секојдневие, како и за обемот на работа на локалната самоуправа. Во текот на оваа посета средношколците поставуваа прашања на теми кои се однесуваат на работата, обврските и идните програмски цели и определби на Општина Карпош. На крај, градоначалникот Јакимовски ја поведе групата средношколци во куса обиколка на Креативниот тим на Општината, каде тие и практично се запознаа со процесот на изработка на идејни решенија кои подоцна локалната самоуправа ќе ги спроведе на дело. И. Ѓ.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

11


ИНТЕРВЈУ Андријана Цветковиќ, филмски режисер

МАКЕДОНКА ВО РАБОТИЛНИЦАТА НА КУРОСАВА Самурајскиот филм „Пурпур и злато“ (Purple and Gold) чиј автор е македонската режисерка, Андријана Цветковиќ. минатата година, на фестивалот„ IAFOR-FilmAsia 2012.“, во Јапонија ја освои првата награда во категоријата краткометражен филм. Андријана е родена во Карпош, а факултет за филмска режија има завршено во соседна Бугарија, по што станува стипендист на јапонската влада, а потоа и прва македонка, доктор по филмската уметност Убави поводи за разговор со нашата “јапонка“ за Урбан.  Вашиот филм „Пурпур и злато“ минатата година во Јапонија беше прогласен за најдобар во категоријата краткометражен игран филм. За што се зборува во филмот и како го реализиравте? -“Пурпур и Злато” има многу интересна приказна. Моето сценарио победи на интернационален анонимен конкурс за краткометражен игран филм кое го организираа студијата во Јапонија, а на кој учествуваа уште 180 лица. Јас тогаш живеев во Токио, и веднаш добив повик од две големи телевизии коишто побараа да снимаат репортажи со мене. Филмот се снимаше во Шочику студиото, каде што

12

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

впрочем снимале најголемите филмски имиња како што се Куросава, Озу и Мизогичи. “Пурпур и Злато” ја имаше својата премиера на големиот Интернационален филмски фестивал “Хисторика”, а наградата на IAFOR FILMAsia2012 е прва, а се надевам нема да биде и последна за мојот филмски првенец. Наградата мене лично многу ми значи од две причини: прво затоа што на фестивалот се доделува само една награда во оваа категорија и е избран меѓу многу други успешни остварувања, а второ, затоа што во жирито беа филмски работници и научници, од Азија но и од Америка Дали приказната на “Пурпур и Злато” е инспирирана од Македонија? Да, филмот е инспириран од македонските преданија, поточно од легендата за жалната врба за која во нашиот фолклор постои предание дека била убава девојка, која чекајќи го својот сакан се претвора во жална врба. Интересно е што во Јапонија има иста таква легенда, и песна која ја опејува судбината на девојката што чека и се претворила во жална врба или во јапонски “јанаги”. Како личност која веќе долго време живее во Јапонија, можам да констатирам дека Јапонците и Македонците не се толку различни кога е во прашање емоционалноста и сензибилитетот, би рекла дури дека се многу блиски.  Во 2009 одбранивте и докторат во областа на филмската уметност на Универзитетот “Нихон” во Токио со што сте првата Македонка со докторат во областа на филмот?


-Никогаш не замислував дека ќе се насочам кон науката, мислејќи дека ќе работам исклучиво како режисер. Се запишав на докторски студии во Токио затоа што сакав да ја потврдам мојата теза за архетиповите во филмот, и успеав во тоа. По завршувањето на докторатот бев поканета да бидам научен соработник на научниот центар во рамките на Нихон Универзитетот, и така започна мојата научна кариера. Минатата година добив покана да работам во Центарот за интернационални јапонски студии во Кјото, каде работев на дополнителни истражувања за мојата книга и одржав многу предавања како во Центарот така и на други универзитети.  Вашите почетоци се токму во оваа општина во Драмскиот театар каде што како дете глумевте во претставата „Училиште за кловнови“? -Како дете бев член на детското драмско студио во Првата детска амбасада која ја водеа нашите актери Драган Спасов Дац и Роберт Вељановски. Од тука почна и мојата љубов кон театарот. Подоцна, со друга театарска работилница го поставив, на сцената на Драмски, мојот текст „Циркус“. Додека го режирав текстот се фатив себе си како користам многу филмски елементи во мизансценот и како сакам да постигнам ефект на филмска монтажа. Оттогаш решив да се посветам на филмот и да станам филмски режисер. Навистина сум среќна што избрав правилно, и иако оваа професија е многу тешка и бара многу жртвувања, сепак не би ја менувала за ништо.  Искуството кое го имате стекнато како истражувач, следниот месец ќе го споделите со студентите од Универзитетот ЕСРА? -На универзитетот ЕСРА би требало да одржам серија предавања со кои подобро ќе ги запознаам студентите со азискиот и поконкретно со јапонскиот филм. Јапонските методи на предавање се поврзани со користење на визуелен материјал како кратки видеа, инсерти од филмови, интервјуа со режисерите, и она што е клучно во наставата е вклучување на студентите во часот преку дискусии, нивни презентации и слично.  Како живеете во Јапонија? - Јас веќе речиси три години сум чест гостин на многу од јапонските телевизии, а сé започна со моето гостување во култната емисија COOL JAPAN на националната телевизија NHK. По првото гостување, тие ме поканија и во следната емисија, и веднаш по неа, побараа да склучат договор со мене. Се согласив и нашата соработка оттогаш е прекрасна. Во Кјото, пак, луѓето ме препознаваат како режисерот на ТЕД (TEDxKyoto.com), настан кој предизвика големи и позитивни реакции низ јапонските медиуми и јавност.

 Дали вашиот втор дом, Јапонија ќе остане ваша база за истражување и филмска дејност и во иднина? -Јапонија е дел од мојот живот и се разбира дека планирам во неа да ги продолжам моите нови походи кон науката и филмот, но јас дефинитивно сум дел од онаа млада интелектуална сила која не се ограничува со работењето на една географска должина. Мојот дом ќе биде секаде каде можам да го работам она што го сакам.  Омилени дестинации во кои уживате и ги полните батериите кога сте дома во Македонија? -Многу ја сакам Македонија, мојот Карпош особено. Но, секогаш кога сум тука, најубаво се одмарам во Охрид. Сум патувала многу низ светот, и

Во поглавјето петнаесет од учебникот по англиски јазик на американската авторка Joanie Mcconnele за средно образование, младите Јапонци можат да се запознаат со Андријана преку краткиот текст од кој се изведени и прашања. Поглавјето ја опфаќа нејзината биографијата во која се потенцира дека е филмски работник, по потекло од Македонија сум видела многу убави места но Охрид има нешто магично за мене, кое ми ја одмара и ми ја полни душата.  Кога да очекуваме и македонски филм? -Македонски филм може да се очекува во блиска иднина. Во моментов работам на сценарио, на тема која мене многу ме интригира, но не би ја откривала прерано. Мислам дека во себе ја имам приказната што сакам да ја раскажам Дарко Андоновски

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

13


СТИПЕНДИСТИ Кристијан Мирковски,стипендист на Општина Карпош

ТРИУМФ ВО МОСКВА Стипендистот на Општина Карпош, Кристијан Мирковски е апсолутен победник на фестивалот „Децата на Русија на 21 век“ кој се одржа во Москва, на 12-ти минатиот месец. Тој се натпреваруваше во категоријата на пијанисти, на возраст од 1012 години, каде што триумфираше, а потоа беше прогласен за апсолутен победник на фестивалот. Жири комисијата беше составена од видните руски уметници: Вера Б. Носина професор на Руската академија за музика, „Гнесин“, Александар Евгеневич Майкапар и Галина С. Журавлева, заслужни артисти на Руската Федерација. Овој шести фестивал - конкурс за млади пијанисти и органисти „Децата на Русија на 21. век“, се одржа во државната образовна институција за дополнително образование на децата на градот Москва. Станува збор за Детското музичко училиште „ Самуил Мојсеевич Майкапар“, кое е под управа на Северозападната административна област на градот Москва. Во рамките на фестивалот, кој се реализираше во Музејот Островски во Москва, се одржа концерт “Топло срце” на кој учествуваа деца со посебни потреби, каде настапи и нашиот Кристијан Мирковски со композицијата „Скерцино“ од Самуил М.Майкапар. По завршувањето на натпреварот беше организиран концерт на победниците а во центарот на вниманието беше нашиот стипендист и супер та-

14

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

лентиран пијанист, Кристијан ученик во ОУ „Јан Амос Коменски во Тафталиџе 1 и петооделенец во Државното музичко-балетско училиште „Илија Николовски Луј“ во класата на професорката Станислава Поцевска. И.Ѓ.


ТАЛЕНТИ

МИХАИЛ, ПАГАНИНИ НА ПИЈАНО Во училиштата во Карпош врие од талентирани девојчиња и момчиња, но само некои од нив имаат можност, да не речеме среќа, својата дарба јавно да ја верифицираат, во сферите во кои пројавуиваат особен интерес. Еден од таквите е и Михаил Димовски, ученик во четвртото одделение во ОУ „Лазо Трповски“, супер талентиран пијанист. Впрочем, неговото дружење со пијано, како такво го оценува неговата учителка, Јасна Кастратова Аврамов. - Јас музиката ја засакав уште од малечок бидејќи мојата баба Нада е наставничка по музичко и покрај неа почнав да учам да свирим на пијано. Освен што вежбам дома, одам и во нижото музичко училиште каде наставничка ми е Јасна Кастратова, со која се подготвувам за музички натпревари. Татко му на Михаило, Спасе Димовски вели дека тој самиот си пројавил интерес кон музиката, односно дека тоа нема врска со фактот дека во емејството имаат врвни музичари. Е, токму тоа, неговиот интерес, за нас, родитетлите е мотив повеќе целосно да му давам поддршка на Михаило. Спасе, како и секој родител на талентирано дете, има забелешки за, како што вели, негрижата на општеството за талентирани деца. - Ние, например мораме сами да ги сносиме сите трошоци за одење на натпревари, како во Републиката, така и надвор од неа, бидејќи единствен начин да знаете каде ви е детето во однос на врсниците, е настап на натпре-

вари на кој наученото го проценуваат и го оценуваат квалификувани музичари. Со идниот пијано мајстор Михаило разговаравме во миговите кога неговиот врсник Кристијан Мирковски од ОУ „ Јан Амос Коменски“, во Москва освои прво место за пијано, изведба на престижен меѓународен натпревар. - Да, и јас имам настапувано на повеќе натпревари и можам да се пофалам дека сум освојувал и награди. На два натпревари одржани во Скопје, двапати освоив второ место, а второ место имам освоено и на републичкиот натпревар во Гевгелија. Миахило вели дека сака да вежба и тоа го прави секој ден и со своето „Јамаха “ пијанино дневно се дружи најмалку по два часа, а кога се подготвува за натпревар тогаш времето за вежбање го удвојува. И додека Михаило објаснува дека му се омилени композициите на Бетовен, Моцарт и варијациите (за виолина) на Паганини, неговиот татко вели дека сака да ја искористи оваа можност и да ги пофали градоначалникот Јакимовски и локалната самуправа на Карпош, за нивната поддршка на талентирани ученици, додавајќи; „Се надевам дека таква поддршка ќе има и Михаило, бидејќи освен што е талентиран, музиката искрено ја сака и како што изгледа сега, таа ќе му биде животна преокупација. М.Р.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

15


КУЛТУРНИ ВИБРАЦИИ На меѓународен ликовен конкурс

ГРАН ПРИ ЗА СИМОНИДА ФИЛИПОВА КИТАНОВСКА Жирито кое ги оценуваше творбите пристигнати на Меѓународниот конкурс за избор на најуспешно дело во ликовната техника акварел, што го распиша Општина Карпош, во состав проф. д-р Данчо Ордев, проф. д-р Решат Амети и м-р Тони Шулајковски едногласно одлучи Гран при наградата „Теофил Тофе Шулајковски“, да и ја додели на Симонида Филипова Китановска. Освен оваа награда, која изнесува 30.000 денари, Општината додели и десет откупни награди со поединечен износ од по 10.000 денари. Меѓу наградените автори се: Анета Ивановска Симјановска, Ки- рил Бошков (Бугарија), Илија Кафкалески, Милан Ан-

16

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

дов, Бехард Холеман (Австрија), Илчо Симовски, Доне Милјановски, Илија Спасовски-Чендо, Томе Мишев и Росица Лазевска. Тричленото жири, едногласно одлучи на доајените на македонската уметност Владо Аврамчев и Александар Цане Јанкуловски, кои живеат и творат на територија на Општина Карпош, како учесници на годинешниов конкурс, да им додели специјални награди за посебен придонес во развојот на уметноста во Карпош и во Република Македонија. По промоцијата на наградените ќе се изработи каталог, а по едно дело од секој автор, ќе биде прикажано на посебна изложба. В.Ц.


Музичка работилница во ООУ„Ј.А.Коменски“

СЕ РАЃА НОВ ХОР Во кабинетот за музичка настава во ОУ „Ј. А. Коменски“, секој вторник и четврток, во попладневните часови ечи од убавата хорска музика. Во тој амбиент, почнувајќи од 16. октомври минатата година, вежбаат младите хористки, ученички од петто до oсмо одделение. Станува збор за хорот „Карпош госпел хор“кој го води нашиот реномиран музички педагог Сузана Турунџиева и во кој членувањето е врз доброволна основа. - Ние не сме класичен хор кој негува класична музика, ами пееме популарна литература сочинета од евергрини, негро спиритуали, латино теми, сонгови од познатите мјузикли, или попрецизно музика која ги привлекува и ги мотивира прекрасните девојчиња, сегашни членови на хорот, вели госпоѓа Турунџиева. Предизвикот да се биде дел од нешто по-

инакво е огромен а јас лично се гордеам бидејќи мојата намера да создадам нешто поинакво, успеа бидејќи интересот за членување во хорот е голем, додава нашата соговорничка, потенцирајќи дека е изненадена од барањето на девојчињата повеќе пати да имаат проби. Професорката Турунџиева вели дека има уште еден сон, хорчето да прерасне во вистински хор, во кој ќе стане традиција да се членува и по завршувањето на основното образование. Целта ми е овие девојчиња да продолжат да пеат и тогаш кога ќе станат сопруги и мајки, заклучува Турунџиева, повикувајќи ги заинтересираните девојчиња да дојдат на проба во училиштето „Коменски“, секој вторник и четврток во 14.30 часот. М.Р.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

17


ЈУБИЛЕЈИ 35-години на Здружението на пензионери “Карпош”

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ФОКУСОТ НА ВНИМАНИЕТО НА ОПШТИНАТА На 11-ти јануари во салата на Кинотеката на Македонија, се одбележа 35-годишнината од постоењето на Здружението на пензионери “Карпош”, едно од најстарите здруженија во Р.Македонија. На свечената седница, покрај членовите на Собранието, Извршниот одбор, другите органи и тела, како и раководствата на 7-те ограноци, присуствуваа и поголем број гости, меѓу кои: градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, претседателот на Советот на општината Трифун Трифуновски, претседателот на СЗПМ Драги Аргировски, претседателот на Извршниот одбор на СЗПМ Методија Тошевски, претседателот на СЗП на Град Скопје д-р Крсте Ангеловски, како и претседателите на ЗП на Тетово, Кичево, Прилеп, Неготино и Велес.

Свеченото одбележување на оваа значајна годишнина започна со химната на Р. Македонија во изведба на пензионерскиот хор на Здружението “Серенада”, а потоа, пригодно обраќање имаше претседателот на Собранието на ЗП “Карпош” Јован Гиновски. Во оваа пригода тој ги акцентираше најзначајните активности и карактеристики во развојниот пат на Здужението, при што оцени дека во последните години во фокусот на вниманието се прашањата поврзани со создавањето услови и решавањето на проблемите за достоинствен живот на пензионерите. Во своето обраќање, тој, посебно ја нагласи мошне добрата соработка со Општина Карпош и градоначалникот Стевчо Јакимовски кој, како што истакна, е секогаш присутен на позначајни-

18

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

те активности на Здружението и дава целосна поддршка во решавањето на потребите на пензионерите. Потоа, на присутните им се обрати покровителот на Јубилејот, градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој, притоа, оцени дека меѓу ЗП “Карпош” и Општината, во континуитет се остварува одлична соработка која, на обострано задоволство, ќе продолжи и во идниот период. “Пензионерите, како наши постари сограѓани, активно се вклучени во активностите и во манифестациите што ги организира Општината. Јас, со посебно задоволство се дружам со поензионерите кои, како популација ги уживаат сите права како и другите граѓани”. Тој исто така, нагласи дека и во годините што доаѓаат ќе го поддржува Здружението и финансиски ќе ги помага неговите програмски активности со желба во наредните јубилејни годишнини, двете здруженија на територијата на Општината да функционираат како едно. Поздравно обраќање до присутните на свечената седница имаше и претседателот на СЗПМ Драги Аргировски, кој, накусо потсети на активностите на Сојузот, на добрата соработка на ЗП “Карпош” со локалната самоуправа, потенцирајќи ја потребата од обединување на сите пензионери од Општина Карпош во едно здружение, со што ќе бидат посилни и ќе оставаруваат уште подобри резултати. Членот на Извршниот одбор на ЗП “Карпош” Лидија Јеремиќ ја промовира монографијата “Да не се заборави”, чии автори се Калина Сливовска-Андонова и Мендо Димовски. Таа оцени дека монографијата претставува трајно сведоштво за функционирањето на Здружението во минатото, но, истовремено е и патоказ за тоа како треба да работат ваквите здруженија во иднина. За успешна соработка и придонес во остварувањето на целите и задачите на Здружението, на повеќе институции, задруженија и поединци им беа врачени благодарници. Меѓу другите, благодарници добија: Општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски, СЗПМ, Драги Аргировски, Методија Тошевски, д-р Крсте Ангеловски, општинската организација на Црвениот крст во Карпош, како и ЗП од: Тетово, Кичево, Прилеп, Неготино, Битола и Велес. Живко Трајановски


ДАНОЦИ

КАРПОШ РЕКОРДЕР ВО НАПЛАТА НА ДАНОК Општина Карпош во изминатата 2012 година успеа да го зачува приматот на Општина во Градот Скопје која е најуспешна во наплатата на данокот на имот. Според сумарните податоци во Одделението за данок, од вкупното задолжување врз основа на данок на имот за 2012 година кое изнесуваше 34.513.407,00 денари, заклучно со 31.12.2012 година, се наплатени е 33.158.414,00 * денари што изнесува 96,07% успешност во наплатата. Ваквите показатели, освен што говорат за стабилност во приходите на Општината врз оваа основа и цврста финансиска подлога, како и професионалност на администрацијата во прибирањето на изворните приходи, говорат, пред се, за високата лојалност на граѓаните на Карпош, изразена токму преку исполнувањето на нивните обврски и довербата што ја имаат во локалната власт.Според показателите, од 24.411 издадени даночни решенија до граѓаните, навремено се доставени 22.165 решенија или 90.80%, што исто така придонесе за рекордната наплата на данокот на имот. Во текот на минатата година приходот од данок на имот по глава на жител изнесуваше 555,73 денари,додека приходот од данок на имот по даночен обврзник е 1.397,73 денари.Данокот на имот (физички и правни лица, камата за задоцнето плаќање на даноци од имот) учествува со 31,28% во вкупните даноци од имот за 2012 година.

Интересен е податокот дека најголема наплата на данокот е во текот на пролетните месеци, март, април и мај, поточно, кулминацијата е во месец април. Она, на што сме посебно горди во Општината е, што според официјалните, компаративни анализи Карпош е лидер во успешната наплата во споредба со сите 10 општини на Скопје. Иако, како сума, Општина Центар има поголем прилив на средства, тие имаат и поголемо задолжување (поширок опфат на даночни обврзници) кои успеваат сепак да ги наплатат со многу понизок процент од Карпош, додека споредбата со другите општини говори дека далеку предничиме во успешноста на наплатата на даноци. Според графичкиот приказ, заклучмо со 18.12.2012, тоа изгледа вака:

Навремено Аеродром е трета според наплатата на данок со 82, 57 отсто од даночното задолжување на своето население, Центар со 82,73 на второ место, а Карпош е апсолутен рекордер со наплата од 90,68%. Сепак, локалната власт презема активности за натамошно подобрување на наплатата на даноци, меѓу кои се: навремено доставување на даночните решенија до физичките и правни лица, изготвување на извештај за наплатата на данок на имот за првото полугодие за 2013 година, сè со цел, да се утврди динамиката на наплата на данокот на имот и преземање соодветни мерки во зависност од резултатите ,ангажирање на даночниот испектор во Општина Карпош, со цел за да се изврши проверка на состојбата и вредноста на недвижниот имот кој е предмет на оданочување, детален увид врз дневна основа во отворените стечајни постапки за правните лица, доколку поседуваат имот на територија на Општина Карпош, обврската врз основа на данок на имот да се пријави и да влезе во стечајно побарување, како и изготвување на опомени и решенија за присилна наплата за 2013 година. Никола Николовски, раководител на Одделението за даноци

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

19


НА КАФЕ КАЈ... Ивко Панговски, легендарен радио репортер и стенограф

ГОЛ, ГОЛ, НЕ, НЕ Е ГОЛ, ДРАГИ СЛУШАТЕЛИ Кога името ќе ви го поистоветат со професијата или обратно, можете да се сметате за успешен смртник. Со такво нешто може да се пофали човекот кај кој една врнежлива јануарска приквечерина се упатив на кафе. Поточно, кафето е убав изговор за средба и за разговор со Ивко Панговски, уште еден легендарен Карпошовец, славен радио репортер и еден од најпознатите стенографи на балканските простори. Додека го чекаме кафето од госпоѓата Панговска, мојот домаќин вели дека за почетокот на нашиот мубает би било убаво да ми прочита нешто. Се согласувам и неколку минути потоа останувам без збор. Колегата Панговски, веројатно од некое претходно искуство, решил да ми ја олесни работата и подготвил автобиографски текст, оставајќи ми можност да го препишам и да се потпишам. Го уважувам неговиот труд и од него препишувам само една реченица. Ивко Панговски е роден 1931 година во Галичник и на неполни две години со семејството се преселил во Скопје. Во неговото писание има „голи“ факти но ниту трошка од она поради што тој е една од живите новинарски легенди, веројатно ненадминат опишувач на спортските настани преку брановите на Радио Скопје. Кафето пристигна и ние го отворивме муабетот, целосно игнорирајќи го подготвениот концепт, освен неговата речиси вродена навика да, и кога раскажува за обземеноста со внучињата, како пред себе да има микрофон и спортска арена. Се разбира, преттставувањето на Ивко Панговски би било штуро ако не се потенцира дека неговиот дом во Тафталиџе 1

20

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24• ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

наликува на спортски музеј, од влезот до под- кровјето. На ѕидовите и во витрините во сите простории во него, педантно се поместени фотографии, признанија, документи и сувенири кои се најречита илустрација за комплексноста на животот и делото на нашиот домаќин. Тука е и топката, подарок од последниот натпревар што го коментирал на брановите на Радио Скопје. Во пошироката јавност малку е познато дека маестро Панговски бил еден од најуспешните стенографи во поранешната Југославија, еден од ретките кој бил присутен на историските настани, отворени и затворени партиски и државни седници, изворно бележејќи ги исказите на водечките југословенски и македонски политичари. - Долга е приказната околу тој дел од мојот професионален ангажман, кој одеше напоредно со новинарството, односно радио репортерството. По сплет на околности, како мошне млад бев ангажиран да го стенографирам Другарот Тито и потоа и буквално ми беа отворени сите врати, секаде каде што требаше да се бележат изворни искази на политичари, револуционери, првоборци... Зад себе оставив илјадници дешифрирани страници од дебатите на државниот врв на Југославија и на Македонија, на МПЦ, од тајните и затворените заседанија, судски претреси и процеси... На тој начин имав можност да се сретнам со највлијателните личности во двете држави, од сферата на политиката, спортот, уметностите... Со многу од нив, трајно се спријателив, раскажува Панговски, а секоја приказна ја илустрира со


автентична фотографија на која е со Тито, Колишевски, Ранковиќ, Темпо, Крсте Црвенковски, Чемерски, Кардељ... Го потпрашувам, а тој ги евоцира спомените, разните згоди и незгоди како оние сврзани со судењето на Венко Марковски и реконструкцијата на загинувањето на Кочо Рацин, затворените ноќни седници на ЦК и на Собранието на кои се носени судбоносни одлуки за државите но и за судбината на поединци. На мојата забелешка дека тежината на таа работа веројатно не била во фаќање белешки туку во обврската за тоа, потоа, никому и никаде да не се раскажува. - Да. Таа лекција ја научив од еден постар колега кога пред половина век, на тогашниот дописник на белградска „Политика“, Јован Поповски му го издиктирав дневниот ред на една седница која беше затворена за јавност. Спомнатиот колега ми удри шлаканица велејќи ми; „Во ова работа правило број еден е; ништо не слушнав и ништо не видов“, и тоа ми остана вржано како заклетва која никогаш не ја прекршив. Слушнав сешто, видов сешто но тоа остана длабоко во мене. Драги слушатели, гол не е гол, е новата тема од нашиот разговор и однапред жалам почитувани читатели што не сум во можност со вас да ги споделам сите нешта сврзани со полувековното радио репортерство на колегата Панговски. Всушност, тој исказ на нашиот соговорник, изречен пред микрофонот на Радио Скопје е траен белег на легендата на македонското радио репортерство. - Јас имав обичај да одам на утакмица, да застанам некаде зад голот и да си пренесувам само за себе. Се разбира, сето тоа го снимав на магнетофон и подоцна правев корекции. Еден ден, колегата Радуле Костовски ме викна да одам со него на првенствен натпревар на Вардар. Отидов, седнав до него и слу-

шав како го коментира она што се случува пред нашите очи. Во еден момент, тој рече; „Почитувани слушатели, сега микрофонот му го препуштам на младиот колега Ивко Панговски“. Јас немав можност за никаква реакција, освен да продолжам со преносот и така, од тој ден, речиси до вчера, јас на гледачите им ги доближував настаните од илјадници спортски натпревари. Од неброените анегдотски настани, згоди и незгоди, ќе ја спомнам случката сврзана со преносот на натпреварот помеѓу Вардар и Сараево. Имено, колегата од Радио Сараево, Мирко Камењашевиќ ми се јави и ме замоли за нив да ја пренесувам таа утакмица. Од колегијални причини јас прифатив, натпреварот почна а почнав и јас но едно време ми се здосади да го кршам јазикот и продолжив да коментирам на македонски јазик. Се разбира, на гледачите им објаснив дека така ми е полесно и верувам дека ќе ме разберат. По натпреварот ми се јавува Мирко и ми вели: „Колега Ивко, браво, направио си прави шоу, пренос је био спектакуларан...“ Потврда на успешноста во некоја работа се и општествените признанија, а тие во професионалната кариера на Панговски имаат вистинска тежина. Да ги спомнеме најзначајните: Златно новинарско перо, Златен микрофон, Државната награда 25 Мај... - Горд сум заради сопствениот однос кон работата и луѓето со кои работев. Другите велат дека во новинарството сум имал мерка и одговорност, дека сум бил Радио репортер со срце, препознатлив, стил и глас, и ненадминат дебатен стенограф. Дел од личната енергија, искуство и знаење го оставив и во сферата на публицистиката, каде би го истакнал историскиот труд, монографијата „Скопски фудбалски незаборави 1903-1990“. Деновиве ги вршам последните корекции на новиот труд. Станува збор за вистинити анегдоти сврзани со мојот професионален ангажман и се надевам дека наскоро и тој ракопис ќе се појави пред читателската публика. Горд сум и заради фактот дека сум жител на најубавата и најурбанизираната општина во државата, во која е градоначалник г. Стевчо Јакимовски, човек кој во јавниот живот стартуваше токму во спортската редакција на Радио Скопје. На крајот од средбата, откако ги разгледавме стотиците фотографии и документи, трајни сведоштва за големината на неповторливиот радио репортер и стенограф, го прашувам колегата Панговски, што би променил во својот живот кога одново би се нашолна таа долга и возбудлива патека. - Ништо, ниту еден чекор и постапка не би променил. Откако знам за себе, се што сум работел, сум работел со чувство на мерка и одговорност и од тоа сум имал полза и на приватен и на професионален план. Миле Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24• ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

21


ЕКОЛОГИЈА Во „Скопје Сити мол“

НАГРАДИ ЗА НАЈУСПЕШНИТЕ ЕКОЛОГИСТИ Деновиве, во трговскиот центар „Skopje City Mall“ се одржа завршната манифестација од проектот „Собери ПЕТ за да добиеш (5)“ - за намалување на ста-

кленичките и токсични гасови (POPS). Проектот во соработка, со здружението ОРТ и партнерите - општините Карпош, Центар, Чаир и Аеродром, ЈП Комунална хигиена Скопје, беше спроведен во 30 скопски основни училишта, преку собирање и рециклирање на пластика и други видови на пластична амбалажа. Овој проект беше помогнат од Глобалниот еколошки фонд - Програма за мали, грантови во Македонија.

Како најуспешни собирачи на пластична амбалажа беа прогласени училиштата од трите скопски општини: ОУ “Петар Поп Арсов” – Карпош, ОУ “Лирија” – Чаир и ОУ “Кочо Рацин” – Центар, за што добија и соодветни награди во зависност од нивните потреби. И за другите училишта, учесници во овој проект, здружението ОРТ обезбеди награди: училишен прибор, спортски топки и реквизити, пластични корпи за отпадоци, маици и ЦД – плеери. Оваа “еко-дружба”, со пригодни музички точки ја збогатија талентирани ученици, а на истата присуствуваа претставници на Одделението за заштита на животната средина и природа од Општина Карпош како и првиот човек на општината, Стевчо Јакимовски. - Ова е значаен проект за најмалите жители од сите општини, кои уште од најмлада возраст се едуцираат и се ориентираат кон зачувување на животната средина, но во исто време сознаваат дека амбалажата што ја фрламе може да биде корисна и да овозможи заштеда. Мене ми претставува особено задоволство што овој проект е мошне успешен во Општина Карпош, како и во другите општини. Како локална самоуправа, ние сме подготвени и понатаму да го подржуваме овој и слични проекти, со цел најмладите, во иднина да развијат свест кон екологијата - изјави Јакимовски. И. Ѓ.

Заштеда на енергија

СОЛАРНИ БОЈЛЕРИ ВО ДВЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА Општина Карпош ја продолжува реализацијата на проектот за заменување на електричните бојлери со соларни вакуум системи за топла вода, во сите училишта и градинки на својата територија. Новите системи во двете училишта ОУ „Војдан Чернодрински“ и ОУ „Владо Тасевски“ ќе овозможат користење на санитарна топла вода во текот на 365 дена во годината, за во туш кабините во спортските сали и за потребите на учениците во редовната настава, како и за спортските екипи кои ги користат салите за тренинзи. Користењето на сончевата енергијата овозможува за повеќе од 80% да се намали потрошувачката на електрична енергија од постојните шест електрични бојлери за топла вода. Според програмата за 2013 година, Општина Карпош гради уште 43 соларни системи во училиштата и во градинките, така што, со веќе инсталираните 23 системи, целосно

22

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

ќе се заменат сите електрични бојлери во овие објекти кои се во надлежност на Општината. Оваа наша инвестиција за енергетска ефикасност, која се спроведува со средства на локалната самоуправа, не подлежи на субвенции од страна на Министерството за економија, кои беа декларирани за физичките лица кои вградуваат соларни системи во сопствените објекти до симболичната квота од 300 корисници. Општина Карпош, пак,со примената на “Правилникот за мерките за енергетска ефикасност“, кои треба да ги исполнат проектите планирани за изградба и на оние кои ќе бидат реконструирани, услов за добивање на одобрение за градење од Општина Карпош. Да потсетиме, на инвеститорите на таквите објекти ќе им биде дадена повластена комунална такса. И.М.


ВЕСТИ Ново урбано катче во Влае

НОВ ПЛОШТАД СО ФОНТАНА ВО ВЛАЕ Приказната за современата урбанизација на Општина Карпош продолжува и во годината која штотуку започна. Минатата недела, градоначалникот на Општината Стевчо Јакимовски, на пригодна свеченост го постави камен - темелникот на новиот плоштад во населбата Влае. Со тој чин, официјално започна изградбата на овој урбан проект за релаксација и за социјализација на граѓаните од населбата Влае и околината. Новиот плоштад ќе се протега на површина од 6.500 м², и според плановите, во употреба ќе биде предаден околу 15-ти март годинава. - Сметам дека е добро овој простор да го зафатиме со едно вакво извонредно решение, каде што граѓаните од овие две населби ќе можат да се релаксираат и да се дружат во текот на целата година и посебно во летниот период. Во наредниот период тука е предвидена изградба и на црква, како и поплочување на платото во комплексот Порта Влае, рече, покрај другото, градоначалникот Јакимовски. За реализацијата на овој проект, локалната самоуправа ќе одвои 31.575.714 денари, од кои за градежниот дел се предвидени 11.799.999 денари, изградбата на фонтаната ќе чини 8.302.823 денари, за

хортикултурното уредување ќе се искористат 4. 098. 730 денари. За урбана опрема Општината ќе одвои 4.360.548 денари, а за осветлување 3.013.614 денари. Архитектонското решение предвидува две партерни кружници, сплотени една во друга, поплочени со павер елементи како и изведба на кружна фонтана за поубав, урбан амбиент. Зелените површини ќе бидат хортикултурно уредени, со ниско и високо зеленило на површина од 3.192 м², збогатени со 10.000 цветни садници. Одржувањето на зеленилото ќе биде со систем „капка по капка“ и автоматско полевање. Просторот се предвидува да биде осветлен со 50 нови канделабри со современ дизајн и содржини од урбана опрема како што се: 60 нови клупи, 20 корпи за отпадоци, три фонтани за пиење вода, 15 држачи за велосипеди, информациона табла, и штитници за дрва. Овој простор ќе биде погоден за одржување на културно-забавни манифестации, музички концерти, театарски претстави и сл. Плоштадот ќе се гради во две фази, при што, сега, се работи на првата фаза, а во рамките на втората фаза, планирана е изградба на црква со вкупна површина од 130 м². В. Ц.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

23


ОБРАЗОАНИЕ Сертификати за младите актери од Карпош

„НАШИ ГОДИНИ“ СО ЦЕПЕНКОВ

Четириесет млади актери, ученици од основните училишта на Општина Карпош, се стекнаа со сертификати за успешно завршена школа за актерска игра која ја основаше Општина Карпош. Под раководство на доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски, генерацијата млади актери во 2012 година успешно ги совладаа вештините на актерската игра, а својот труд го крунисаа со прекрасната претстава „Наши години“ за која текстот го напиша познатата актерка Снежана Конеска, врз основа на кажувањата на Марко Цепенков, најголемиот собирач на македонски народни умотворби.

24

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Пред многубројната публика во холот на ОУ „Димо Хаџи Димов“, учениците на актерската школа на Карпош ги преточија записите на Цепенков во неповторливо доживување, за тоа, како народните мудрости се родија од секојдневното живеење, обичаите и традицијата во македонското семејство. Како момчето да избере невеста, каков е редот во семејството, како жената го надмудрува мажот и свекрвата, како да се превоспита мрзливата невеста и дузина други итроштини, предизвикаа бура од смеа и задоволство пред воодушевената публика. Претставата, која беше целосно во етно стил, зачинета со најубавите изворни македонски песни: „Се посврши сербес Донка“,„На срце ми лежи...“ Две невесте тикве брале“... заврши со прекрасна порака, молитва за Цепенков, неговите мудрости да останат вечен спомен за македонскиот народ. На 24-те учесници во претставата и на сите ученици од училиштата во Карпош кои успешно ја завршија оваа школа, сертификатите им ги врачи првиот човек на Општината Стевчо Јакимовски, кој рече дека ова е обид да се надополни празнината на средно училиште за актерство кај нас, на што Општина Карпош и натаму ќе работи и ќе вложува. -Се надевам, рече на крајот градоначалникот Јакимовски, дека овие млади ентузијасти и таленти ќе израснат во вистински актери од светска класа, кои успешно ќе не презентираат ширум светот. В.Ц.


ТРАДИЦИЈА Во Карпош

ПРОСЛАВЕН СВ. АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ Традиционално, граѓаните на Општина Карпош, на свечен начин го одбележаа верскиот празник „Св. Атанасиј Велики“. По тој повод, на три локации во Општината: на спортското игралиште во населбата Влае, во Месната заедница Злокуќани и во црквата “Св. Троица” во Бардовци, се славеше во духот на вековната традиција. Меѓу граѓаните, на народните прослави, присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој им се придружи во чествувањето на овој верски празник. Свештените

лица одржаа куса литургија, и низ црковна церемонија ги благословија присутните верници. Според народните обичаи, се служеше пригодна посна храна, се делеше погача, а не изостанаа ниту топлите пијалоци и звуците на старите македонски песни. Овогодинешниот кум на верскиот празник „Св. Атанасиј“, Димитрија Цветковски од Злокуќани, упати покана до првиот човек на Општина Карпош Стевчо Јакимовски да го преземе кумството догодина, што, општинскиот татко го прифати со задоволство. Е.К.

НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ЗЛОКУЌАНИ При крајот на минатиот месец, во населбата Злокуќани, на пригодна свеченост, градоначалникот на

Општина Карпош, Стевчо Јакимовски го предаде во употреба новото детско игралиште. За изградбата на ова “среќно детско катче”, Општината издвои 479.982 денари, а проектот го изведе скопската фирма “Ла Пласт”. Во таа пригода, пред насобраните граѓани, градоначалникот Јакимовски посочи дека ова е првото игралиште на оваа територија, од вкупно три, кои се предвидени за реализација. Меѓу другото, ова ќе биде и мал комплекс кој во себе ќе содржи спортски терени и мини - парк. - Во исто време локалната самоуправа ќе гради уште спортски терени кои ќе бидат лоцирани во близина на мостот Газела, а жителите од населбата Злокуќани, но и останатите граѓани од територијата на Општина Карпош, во вечерните часови ќе можат да се среќаваат, да се дружат и да спортуваат рече градоначалникот Јакимовски. И.Ѓ.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

25


ЕСЕЈ ХАУСМАЈСТОРОТ ОД ОУ ВЕРА ЦИРИВИРИ – ТРЕНА Авторот на најдобриот есеј во проектот „Десетка за Карпош“ е професорката по француски јазик Силвана Јорданова од ОУ „Вера Циривири-Трена“. Во наредните броеви на Урбан Карпош ќе бидат објавени второ и третонаградените есеи на наставничките од ОУ „Владо Тасевски“, Слободанка Бадаровска и Јованка Трпкова, и Соња Казанкова од ОУ „Јан Амос Коменски“. Есеите се своевиден, субјективен поглед на авторките за едно од соседните училишта на Општина Карпош Пред неколку седмици, со мојата колешка, го посетивме ОУ „Вера Циривири – Трена“. Наша цел беше да оствариме средба со хаусмајсторот во училиштето, Зоран, познат како Зоки Стотка, и со него да споделиме неколку работи од неговиот живот кои многу говорат за неговата личност! Зошто токму Зоран!? Првиот интересен податок за него е тој, што Зоран Ѓоргиевски,е роден на 26 Јули 1963 година во Скопје, во 5 часот и 2 минути, само 15 минути пред страотниот земјотрес. Неговата мајка Стојанка, го раѓа на главната улица во Ѓорче Петров, како четврто дете, во џипот на чичко Зилче, татко на пратеникот Имер Селмани. Дали од тогаш, како што вели нашиот народ, ,, маја,, го фатила или пак има голема харизма или пак е нешто друго, Зоран е постојано во друштво и во близина на видни домашни и странски политичари, лекари, спортисти, познати луѓе како советничката на Блер, хрватскиот, германскиот, словенечкиот, бугарскиот и рускиот амбасадор во Македонија, како и групи од Полска, Романија и Бугарија... Како? Е, тоа е вториот интересен податок за него. Имено, на 5 Октомври 1985 година, Зоран стапува во брак со Виолета Донова од село Стојаково, Гевгелиско, а нивната прва средба била на Зелен пазар, во Скопје, каде си размениле гајба јагоди за гајба домати, па така јагодите и доматите биле една од причините тој и Виолета да се заедно до ден денес. На 1 Мај 1989 година, Зоран со сопругата и со своето друштво, отишле на излет на Матка, каде меѓу неколку-

26

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

те манастири, се наоѓа и манастирот „Св. Никола Шишевски“, кој постои од 26 Јуни 1336 г.Таа година, 20-тината млади луѓе, решиле да ги обноват манастирските конаци, па на 3 Мај 1989 година, Зорановото друштво, прераснато како здружение, оди кај тогашниот Поглавар на македонската православна црква, г-дин г-дин Гаврил, од кого добива дозвола за реновирање на манастирските конаци. Во 1990 година, од 3 Мај, Зоран со документ- тапија е назначен за домаќин на манастирот. Од 1997 година, семејството на Зоран Ѓорѓиевски, продолжува самостојно да се грижи за манастирот и конаците. Така, Зоран, останува единствен домаќин на манастирот „Св. Никола Шишевски“, кој секојдневно е посетен од многу видни гости, лекари, амбасадори на странски земји кај нас, спортисти, актери и сл. Во манастирот, Зоран и неговата сопруга, за гостите и за посетителите прават разни јадења и никогаш не оста-


ваат некој гладен и жеден да си отиде од кругот на манастирот. Често пати, некои од посетителите, меѓу кои и деца на амбасадори, шетајќи се по патеките низ Матка, се изгубиле, па за нивно пронаоѓање припадниците на Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст го ангажирале Зоран, кој патеките на Матка може да ги помине и со врзани очи. Понов случај, каде Зоран се докажал како хуман и несебичен човек, е случајот на спасување на унгарската амбасадорка. Хуманоста ја докажал и кога двајца посетители паднале од карпа, па ги спасил и двајцата. Не помалку вредно е да се спомне и случајот кога на еден посетител му прснал чирот, па Зоран, го носел човекот на грб до местото каде е преземен од медицинска екипа. На грб и со сопствените раце, Зоран носел и пренесувал материјали за градба на манастирските конаци, а тоа и ден денес го прави, и не само за манастирот во кој е домаќин, туку помага секогаш кога може и за реновирање на околните цркви и манастири и сето тоа го прави доброволно, со силна верба во Бога и со дух на голем хуман човек. При едно такво носење на материјал за реновирање на црквата „Свети Архангел Михаил“, паѓа од висока карпа, но за среќа поминува со помали повреди. Со свој пријател, доброволно работеле на изградба на голема работилница кај црквата „Света Богородица“, во која ќе се шие подоцна попската облека за свештените лица низ цела Македонија. Зоран е добар сопруг, татко и дедо. Има две внучиња од двете ќерки, од кои на едната и го дава името на неговата сестра, која починува млада и сакајќи да го зачува споменот на неа, покажува колкава е братската љубов. Зоран и неговата сопруга живеат во село Шишево од 1985 година, а и двајцата работат во ОУ „Вера Циривири Трена“ во Скопје и тоа Вики, неговата сопруга, работи како технички персонал од 1994 година, а Зоран во ова училиште е од 1 Февруари 1984 година како чувар градинар, а од 1994 година е хаусмајстор и честопати работел од 5-6 часот наутро до 20 часот навечер. Сегашното работно време му е од 5.00 до 15 часот, но честопати, останува подоцна. На работа доаѓа со автобус, но кога временските прилики се добри, тој на работа доаѓа со велосипед. Во училиштето соработува со сите, коректен е, трпелив, добродушен, истраен во работата и исполнителен. Нема работна обврска која ќе му се даде, а истата да не ја изврши. Во 2010 и 2011 година, во интерес на училиштето, не зема годишен одмор и цело лето по цели денови е на работа и сам го кречи целото училиште. Летото 2012 година зема само половина одмор и помага при изработка на фасадата на училиштето. Во еден период од својот работен век, Зоки Стотка, како што го викаат на надимок заради својата брзина со која ги извршува работните обврски, работи како испомош во ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ и во ОУ „Лазо

Трповски“-Скопје, каде за еден ден има направено рекордни 70 столчиња и ги воодушевува сите. Една цела година работел по 2 дена во ОУ „Христијан Тодоровски“-Карпош и 3 дена во ОУ „Вера Циривири-Трена“. За себе вели дека не трпи тензија на работа и не сака работа во и со стрес, а дека може да поднесе поголем број работни обврски во исто време и при тоа сите со конкретен рок за извршување. За колегите вели дека со сите си има добар збор и со сите соработува и дека за сестри во својот колектив ги смета психологот на училиштето Јадранка и учителката Маја Чинго, па и двете ги вика ДАДЕ. Зоки има завршено обуки за противпожарна заштита евакуација и спасување и Прва помош на работно место , обука за Интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем за проектот ,,Еко училиште“. Не за бадијала носи во својот џеб и пенкало, освен фазомер и шрафцигер. Има добра соработка и со родителите, особено со оние кои на крајот од учебната година доаѓаат кај него во манастирот со своите деца, ученици на одделенскиот раководител Маја Чинго. Со тие родители, Зоран го подига шаторскиот камп во дворот на манастирот, каде учениците и учителката Маја логоруваат по 2-3 деноноќија и тука учат, другаруваат и ја подготвуваат завршната приредба. Зоран и неговата сопруга Вики, се цело време со нив и се грижат за нивната исхрана, подготвувајќи ги оброците за учениците. Во јануари 2003 година, Зоран добива мозочен удар додека е на работа во манастирот, но брзо се опоравува и се враќа на работа. Во 2011 година, носејќи училишни документи во Општина Карпош, во него и неговиот велосипед удира автомобил но за среќа поминува со помали повреди. На 3 Септември, 2012 година во училиштето, при извршување на своите работни обврски, добива срцев удар и со помош на своите колеги од училиштето „Трена“, стасува до кардиологија во Клинички центар – Скопје , каде сè завршува во најдобар ред. За Зоран, Зоки Стотка, прекрасниот, сопруг, татко и дедо, одличниот работник хаусмајстор - професионалец и чесен работник, хуман човек и домаќин на манастир, може да се зборува и да се пишува уште многу, но ќе оставиме нешто и за некоја друга прилика. Полни со импресии за овој сенароден човек, го напуштивме ОУ „Вера Циривири –Трена“, со заклучок: Да, се уште постојат ВИСТИНСКИ ЛУЃЕ. Зоран не увери во тоа! Зоран е пример за ВИСТИНСКИ ЧОВЕК, човек со високи морални и етички вредности, работник кој секој би го посакал во своето училиште, во својата работна организација, човек кој секој би го посакал за пријател! Јованка Трпкова м-р Слободанка Бадаровска

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

27


СПОРТОРАМА Наши спортски супер таленти: Филип Бакоч, кошаркар на „Карпош Соколи 2000“

СЕ РАЃА НОВ ВЛАДЕ ДИВАЦ

Филип Бакоч со тренерот Дедиќ Освен што вонредно се посетени, во Скопје и надвор од него, натпреварите на кошаркарскиот клуб “Карпош Соколи 2000„, се карактеризираат и според редовниот коментар на спортските лаици но и на осведочени стручњаци. Забелешката гласи; „Запомнете го малион, четворката, тој ќе биде идната кошаркарска ѕвезда...“. А таа, „четворката“ навистина е младо, шеснаесетгодишно момче, но, веќе сега, е висок 203 сантиметри, и се вика Филип Бакоч. А приказната за Филип, како што вели неговиот тренер Огњен Дедиќ, не избрусениот дијамант на македонската кошарка“, може да има и поинаков почеток. Имено, во два наврати,градоначалникот Јакимовски, го спомнува „тоа талентирано момче“, велејќи; „Тоа момче заслужува да се напише нешто за него, а јас еве ќе ви помогнам околу насловот. Тој може да гласи „Се раѓа нов Владе Дивац“. Градоначалникот по пат раскажа дека како мал, во весникот за деца „Наш свет“ прочитал текст за тогаш надежниот боксер Аце Русевски. Насловот, вели градоначалникот, гласеше; „Се раѓа нов Мате Парлов“, и навистина, набргу потоа, Русевски го потврди пророштвото од статијата во „Наш свет“... Со надеж дека сторијата за Аце Русевски нема да биде исклучок, одам по трага на момчето за кое се зборува меѓу љубителите на кошарката во Оп-

28

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

штината но и во Републиката. Тренерот на „Карпош Соколи 2000“, Дениќ, не го крие задоволството што токму неговите играчи, во буквална смисла на зборот, предизвикуваа внимание. – Како човек да не биде горд кога не направил утка при изборот на играчи, а што се потврдува на теренот, преку нивната игра, вели Дедиќ, а потоа реди суперлативи за неговиот пулен Бакоч. „Тој има се што е потребно да се стане врвен кошаркар и ако продолжи да работи како сега, ние ќе добиеме вонсериски играч. Филип и сега ги обара сите рекорди, освен што е државен репрезентативец во категоријата до 16 години, во нашиот тим е незаменлив и со најдобра статистика. Јас како тренер, се радувам што во мојата работа со Филип, имам целосна поддршка на неговите родители и тоа е вистинскиот пат, тој, наскоро, за некоја година да ги оправда и да ги потврди сите сегашни прогнози и моите искрени очекувања„. Со Филип Бакоч се сретнав пред еден вечерен тренинг и кога го здогледав, сфатив дека тоа е истото она момче за кое, минатата есен, на еден натпревар ми расправаше Дане Стојковски, гуру на спортските случувања во Општина Карпош. При оваа, прва средба, заклучив дека, гледано однадвор и лаички, момчето ги покрива спомнатите епитети. Освен што е висок и симпатичен, Филип на секое прашање одговара, без вообичаена трема, со избрани зборови, како некој кој е свесен за себе и за своите вредности во спортот на кој целосно му се посветил. - Да, на кошарката целосно сум и посветен и мојот пристап кон таа игра видно се промени откако сум дел од тимот на „Соколи“ и тоа пред се благодарејќи му на Господ. Од каде сега господ си помислив, а Филип веднаш го разбра моето чудење, па се поправа, велејќи дека тренерот Огњен Дедиќ го викаат Господ, а тој мислел токму на тренерот. Го прашувам Филип од каде потекнува неговото невообичаено презиме Бакоч, а тој ми објаснува дека татко му е родум од Херцег Нови (Црна Гора), а мајка му е Македонка и дека е единец, роден на 2. мај 1996. год. во Скопје. Заради височината, според која секогаш се издвојувал во својата генерација, логично било што за свој спорт ја избрал кошарката. Со посериозно занимавање со кошарката почнал во „Квиско басект“, а потоа преминал во „Водно Санс“, а оттаму, по барање на тренерот Дедиќ, се стационирал во КК „ Карпош Соколи 2000“, каде, како што се надева, ќе остане долго. - Ние, сега сме многу блиску до влегување во Првата кошаркарска лига, а тоа значи дека пред ме-


не и пред целиот тим се отвораат нови можности за напредување. Филип вели дека нема многу слободно време, но дека тоа не му пречи да биде добар ученик во гимназијата „Корчагин„ и редовен на тренинзите на својот тим. - И покрај сите обврски околу спортот, сепак се наоѓа време за излегување и дружење со врсниците. Јас, покрај кошарката, ги сакам тенисот и ватерполото и секогаш кога ќе ми се даде можност, се фаќам за тенискиот рекет... Инаку, во клубот владее убава, другарска атмосфера и тоа позитивно се одразува врз нашата игра и пласманот на табелата. Јас не водам некоја посебна статистика околу моите настапи, но она што знам, е дека по натпревар имам 19 коша и 14 скока, што ме рангира за најдобар во нашата лига. Се разбира, таа статистика се должи и на несебичноста на моите соиграчи и на тренерот кој ми укажува доверба, односно поголема минутажа на секој натпревар. - Мојот пример во кошарката е Тодор Гечевски, а ги сакам и НБА играчите Хауард и посебно Кевин

Лав од „Минесота“. Би кажал уште дека за се ова што сега ми се случува се заслужни и моите родители од кои имам целосна поддршка. Кога на Филип му кажав дека за нашиот разговор е „виновен“ и градоначалникот Јакимовски, кој ми сугерираше и наслов на текстот, тој искрено се израдува, велејќи дека е среќен што е дел од тимот зад кој стојат локалнта самоуправа и градоначалникот на Општина Карпош. - Му благодарам на градоначалникот Јакимовски, и ќе се потрудам да ја оправдам прогнозата од неговиот убав наслов, рече талентираниот кошаркар на „Соколи„. Во текот на разговорот, го прашав Филип дали има девојка. Тој, смеејќи се, потврдно кимна со главата, но на крајот, кога се поздравувавме, рече: А она за девојката, ако може да не се спомне во весникот. Му ветив дека девојката нема да ја спомнам и ветувањето го одржав. М. Раденковиќ

Во „Форца„

ФУДБАЛСКИ ТУРНИР ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ На 26 јануари, во спортската сала “Форца” во организација на Здружението на Власи стопанственици од Македонија (ЗВСМ) “Мандра”, по четврти пат се одржа турнирот во мал фудбал по повод одбележувањето на 32 годишнината од раѓањето на нашата незаборавна поп ѕвезда Тоше Проески. Оваа година ЗВСМ “Мандра” во соработка со Општина Карпош, како покровител на оваа манифестација заедно се погрижија сеќавањето за Тоше да остане вечно. Манифестацијата ја облагородија песните на македонски ангел – Тоше Проески, како и изведба та на традиционалните влашки песни. На спортскиот терен, силите во мал фудбал ги одмерија екипите на „Мандра“ и „Мандра ветерани“ - Скопје,

Лилицеа ароши и Лилицеа Ароши ветерани - Велес, Крушува – Крушево и екипата на Општина Карпош од Скопје. На оваа свеченост присуствуваше и градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски кој во оваа пригода изјави; - Јас особено го почитувам Тоше, затоа што тој не напушти без ниту еден порок, и беше вистински пример за младите. Јас можам да ви ветам дека од наредната година, оваа манифестација ќе биде многу побогата, покрај Вас и локалната самоуправа ќе учествува со цел да го подигнеме нивото на оваа манифестација, во чест на нашиот великан Тоше Проески. И. Ѓ.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

29


Писмо од Шпанија: Светско првенство во ракомет

ЛИКОТ И НАЛИЧЈЕТО НА СП ВО РАКОМЕТ Екипата на „Карпошвизија“, имаше привилиегија да биде дел од македонската спортска експедиција на Светското првенство во ракомет, во Шпанија. Во двонеделната авантура, во една од најубавите земји во светот, нашиот репортерски тим, ексклузивно, со камера и перо забележа настани и случки, кои предизвикаа многу контроверзи во Македонија од еден ваков светски спортски настан. Патешествието може да се подели во неколку епизоди, од кои едната, импресиите од преубавата Шпанија, донекаде го ублажува непријатното чувство дека со децении доцниме зад светот во подготвеноста за настап на вакви врвни спортски случувања. „Најдолгиот Пат“од Дарко Дамевски, забележа нашиот известувач, е песна во споредба со нашето патешествие од Скопје до Севиља. Автобусот (опремен со специјални душеци и ќебиња), во кој беа играчите и стручниот штаб од хотел Скала, во три часот сабајле се упати кон Софија. На аеродромот во Софија стигнавме во седум ипол и тогаш започнаа нашите маки. Ниеден репрезентативец немаше комплетна бординг карта(со платен багаж до 20 кг,

30

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

плус рачна торба 10кг), и затоа не им беше дозволено да се чекираат, па чекаа 45 мин, како“банда“за најпосле да влезат во авион! А тој полета кон Рим во 9 часот, но наместо во престолнината на Италија слета во Тревизо!? По едночасовно „дремење“ во авионот, без никој да ни објасни што се случува, летнавме назад за Рим каде што не пречека ново „киснење“. Повторно проблем со тежината на багажот, па префрлање на друг аеродром каде повторно следеше циркус без пари. Нашите репрезентативци мораа „како шверцери“ да ги мерат торбите клекнати на коленици вадеа алишта и ги претураа во ранци или кеси за рачен багаж. Капак на се беше кога пакетот од 75 кг, со витамините и медикаментите (кои се неопходни за психофизичката подготовка на играчите) беше вратен од чекирање заради што докторите (Панчевски и Настов), со рента кар возило патуваа 2.600 км до Севиља! За тој подвиг им упатуваме јавна честитка.. По слетувањето во Севиља, нови тормозења и понижувања. Чекајќи автобус што ќе ги однесе до хотелот, играчите во очај, си направија вистинска


журка под отворено небо. По натпреварот со Чиле, нов шок, пак сврзан со префрлање од Севиља до Барселона.... Автобус, па воз, па автобус и директно, (без тренинг), на важен натпревар. Се разбира, тв гледачите тоа не го знаат, поточно не им е јасно зошто нашите момчиња десет минути не можат да постигнат гол... Втората фаза од нашето историско патешествие на СП во ракомет е сврзано со нашата репрезентација и нејзиниот настап и пласман. Вториот проблем е сврзан со фамозната реченица што со години се повторува, а гласи: „Ако не игра брат ми...“. На наша заедничка несреќа (резултати), истата ја употребуваат повеќето наши ракометари. Како што ни изјави Кире Лазаров, треба здрава рака, селектор кој цврсто ќе ги стегне работите и кој ќе ги искорени горенаведените маани. Се разбира, сето тоа се одрази со навистина слаби игри на нашата селекција, која на себе личеше само на средбата со Русија. Лошиот настап на македонскиот тим не смее да биде припишан само на играчите. Тука мора да се биде реален и сиве овие работи што ги посочуваме треба да се имаат предвид, при поголема, детална или стручна анализа, ако таква воопшто се случи. Факт е дека е неопходен чекор напред на организациски план при што, пред се, треба да се ангажира човек што ги познава играчите одблизу, кој може во секое време да ги решава нивните проблеми, во играта и надвор од неа.

Третата пизода од нашето патешествиое се однесува на земјата Шпанија. Убава држава, чиста, опремена со убави и широки сообраќајни решенија, преполна со ротонди, во чија средина висат големи палми, убави големи мостови што сјаат навечер, гордо поврзувајќи ги бреговите,топли луѓе-домаќини кои уживаат да раскажуваат за нивната култура и нивните историски знаменитости. Пријателски настроени туристи со кои можеш да размениш импресии (на англиски јазик), за тоа што треба да се посети. А тоа се, пред се, огромни цркви и катедрали кои безвремено бдеат и те восхитуваат... Во Барселона, во трговскиот центар “РИЛЛА“, имавме чест да се дружиме со нашето златно момче, член на ФК Барцелона, 18-годишниот Давид Бабунски, Македонец, главен играч за врска во младинскиот тим на „Барселона“ . Користам можност и на овој начин да им се заблагодарам за гостопримството на Софи и Кеке во Барселона, кои домаќински не пречекаа и убаво не нагостија. П.С. Искрено посакуваме ова да биде последно светско првенство или голем спортски настан, на кој државата ќе се однесува како што тоа беше случајот со нашите ракометари на СП во ракомет во Шпанија. Димитар Бадев, Одделение за спорт

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

31


„КА-РИНГ“- СПОРТСКИ БРЕНД НА КАРПОШ

Несомнен придонес во актуелниот епитет-Карпош-најспортска општина во државата, го дава и спортскиот колектив „Карпошовиот ринг“ (Ка-ринг). Годинава тие се шампиони на Македонија во боречките вештини, во се попопуларниот кик бокс. - Навистина имаме убав повод и причина да се пофалиме, државни прваци сме во спортот во кој се натпреваруваат 35 клубови од речиси сите поголеми градови во Македонија. Успехот е дотолку поголем ако се знае дека во изминатата натпреварувачка се-

зона остваривме 86 победи, вели младиот тренер и поранешен шампион во кик боксот, Алек Стојковски. „Ка-ринг“, постои три години, што е уште една илустрација за сериозноста со која приоѓаме во сите работи во клубот. Во нашиот клуб се застапени шесте дисциплини од кик боксот и во сите нив имаме активни борачи но и многу рекреативци. Нашата база е ОУ „Петар Поп Арсов“ и се надеваме дека и во иднина ќе бидеме еден од најуспешните спортски колективи во Општина Карпош. Нашиот клуб во своите редови ги има четирите репрезентативци; Димче Станковски, Дени Таировски, Јовица Ивановски и Цветан Трајанов, вели Стојковски и додава дека благодарејќи им на нив и уште десетина млади борци од други клубови, Македонија се наоѓа меѓу земјите во кои кик боксот е во голем подем. Имаме желба оваа година да организираме меморијален турнир, во чест на Љупчо Неделковски, таткото на кик боксот во Македонија. Токму преку една таква спортска манифестација би го популаризирале кик боксот, за кој меѓу младите има се поголем интерес. Бидејќи сме во постојана врска и во пријателски односи со познатите шампиони Иван Стругар и Сталко Зилкиќ, тие би биле наши гости и промотори на тој турнир, вели Стојковски и додава дека се надева дека за таква манифестација ќе добијат поддршка од локалната самоуправа и од градоначалникот Јакимовски. М. Р.

Божиќниот турнир во шах-КАРПОШ 2013

ПОБЕДНИК КИРИЛ ГЕОРГИЕВ ОД БУГАРИЈА Кирил Георгиев од соседна Бугарија, е овогодишен победник на Меѓународниот Божиќен шаховски тунир, кој традиционално го организира Општина Карпош. Интернационалниот мајстор Георгиев е и минатогодишниот победник на “Опен Карпош” – кој овојпат си замина дома со 21.000 денари, колку што изнесуваше првата награда на годинешниот Божиќен турнир. Второто и третото место им припадна на шахистите од Србија, Горан M. Тодоровиќ и Борољуб Златановиќ кои освоија по 15.000 односно 13.000 денари. По целодневното шаховско „војување“, кое се случуваше во сабота (05.01.2013), на кои фигурите „ги вкрстија“ 107 натпреварувачи од Македонија и странство, во вечерните часови градоначалникот Стевчо Јакимовски имаше чест и

32

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

задоволство да ги прогласи најуспешните натпреварувачи во оваа древна игра, при што, лично им ги врачи наградите.


КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

33


МЕЃУВРЕМЕ Секој ручек некој мора да го плати. Б.Таска Живеј со луѓето како Господ да те гледа, а зборувај со Господ како луѓето да те слушаат. Сенека Кој ве лаже, ќе лаже и против вас. (Хрватска поговорка) Ако сакаш нешто да кажеш, провери кој те слуша. (Грузиска поговорка)

Љубовта што се храни со подароци, вечно е гладна. (Еврејска поговорка) Колата почнува да чкрипи четириесет дена пред да се скрши.

Бернард Шо, кој инаку бил слаб често се дружел со колегата по перо Гилберт Честертон кој бил дебел и крупен. Еден ден, додека шетале, Честертон се пошегувал на сметка на изгледот на својот пријател, велејќи му; Кога човек ќе те види ќе помисли дека на светов владее апсолутна сиромаштија. На тоа Шо му возвратил; - Драг Гилберте, кога некој ќе погледа во тебе веднаш помислува дека за тоа се виновни таквите како тебе.

Малиот Трпе се вратил од училиште и и вели на мјака си. - Мамо за малку ќе добиев петка по математика. - Како тоа, за малку? - Па ја доби Кире, а тој седи до мене.

34

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 24 • ЈАНУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Подготвил: М. Раденковиќ

Со пари можеш да купиш функција ама не и почитување.


„Уметност на живеење Македонија“ Ви предлага работилници: Запознај го здивот – научи да управуваш со стресот Теодора Костовска: тел. 075 40 50 60 или theodoraаol@yahoo.com Елементи кои ја сочинуваат работилницата:  Практично знаење за да се справи со секојдневните предизвици на животот  Интерактивна вежби  Yoga вежби, истегнување за релаксација  Mедитација и моќни техники на дишење  Ujjayi, Pranayama, Bhastrika,  Sudarshan Kriya, уникатна техника


БАДНИК ВО КАРПОШ


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.